1099- Kapital magazin

Page 26

АПР. 2021

26 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1099

ЧЕСТ Е ДА СЕ СЛУЖИ ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА Со задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал“ да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам“ последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици.

С

о задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал“ да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам“ последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици.

Ефектот на мерките врз националната економија

Ако реализацијата на мерките и нивните ефекти ја гледаме низ призмата на меѓународно прифатените стандарди на потрошувачкиот метод кој при пресметката ги сумира вкупната финална потрошувачка, бруто инвестициите и нето извозот можеме јасно да го видиме таргетирањето при нивното креирање, кое го започнавме пред една година. Според вкупната сума пресметана како конечен ефект врз БДП на земјата од спроведените мерки од околу 704,2 милиони евра, што е износ еднаков на 6,5% од БДП за 2020 година, превениран беше пад на економијата од околу 4,2% земајќи го предвид пондерираниот ефект на преземените мерки. Односно, антикризните економски мерки имаат 100% ефект врз домашното БДП, кое на крајот на 2020 година, ќе имаше пад од 8,7%, наместо 4,5% со кои ја завршивме годината.

Но, да ги погледнеме поодделно мерките во сите пакети низ призмата на одделните столбови на структурата на домашното БДП. Најголем дел од него во нашата земја, или 66% се креира преку финалната приватна потрошувачка. Токму затоа, поддршката на вкупната финална потрошувачка во првите четири пакети изнесува околу 500 милиони евра кои беа пласирани преку неколку мерки како: одложување на ратите за кредити на граѓаните и фирмите, потоа поддршката на плата и придонеси за вработените во приватните компании, но и мерките во кои директно ги таргетиравме граѓаните со мерките за директна финансиска помош на невработените, лица со ниски примања, и други ранливи категории кои во поодделните пакети и мерки беа опфатени со бројка од околу 550 илјади.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.