0 1из1да0 ни е business magazine
БРОЈ 1100 l 7 мај 2021 петок година 21 l www.kapital.mk
ПОЛИТИКА РАЗДВИЖУВАЊА НА ПОЛЕТО НА ПРАВДАТА
COVER STORY СТУДИЈА НА FINANCE THINK
ЕФИКАСНИ ИСТРАГИ ЗА КРИМИНАЛОТ СЕ ГЛАВЕН ТЕСТ ЗА РЕФОРМИТЕ
КОЛКУ ДРЖАВНАТА ПОМОШ СОЗДАВА ПОДОБРИ КОМПАНИИ?!
INTERVIEW
ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ
заменик претседател на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси
НА ГРАЃАНИТЕ ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД ДЕКЛАРАТИВНИ ЗАЛОЖБИ НОСИМЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ, ВОВЕДУВАМЕ СИСТЕМСКИ И ГЕНЕРАЦИСКИ ПРОМЕНИ ТЕШКО МОЖЕ ДА СЕ СРУШИ РЕКОРДОТ НА „ПАНДЕМИСКИОТ МАРТ“ ОД 2020
ПРОМЕТОТ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Е ЗА 36% ПОМАЛ ОД ЛАНИ
ДОДЕКА КРИПТОВАЛУТАТА ЕТЕР БЕЛЕЖИ РЕКОРДИ ВО ЦЕНАТА...
ДА ОБЈАСНИМЕ ЗОШТО Е БИТЕН ЕТЕРИУМ, БЛОКЧЕЈН ПЛАТФОРМАТА ШТО „РАБОТИ“ ВО ПОЗАДИНА
3
КАПИТАЛ... 1100 4
12
COVER STORY
ИНТЕРВЈУ
Студија на Finance Think
Љупчо Николовски
заменик претседател на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси
Колку државната помош создава подобри компании?!
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
20
ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Тешко може да се сруши рекордот на „пандемискиот март“ од 2020 Прометот на Македонска берза во првиот квартал е за 36% помал од лани
34
ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС
Додека криптовалутата етер бележи рекорди во цената...
Да објасниме зошто е битен Етериум, блокчејн платформата што „работи“ во позадина
26
30
ОПШТЕСТВО
Раздвижувања на полето на правдата
Ефикасни истраги за криминалот се главен тест за реформите
COVER STORY Студија на Finance Think..........................4 Колку државната помош создава подобри компании?! ИНТЕРВЈУ Љупчо Николовски, заменик претседател на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси..........................12 На граѓаните им е преку глава од декларативни заложби Носиме храбри одлуки, воведуваме системски и генерациски промени
ЗДРАВЈЕ
Со наука против пандемија
Следи борба за „вакцина над вакцините“ којашто ќе штити од нови вируси
38
КАРИЕРИ
Ковид кризата ви наметна работа од дома? 6 совети како да направите добар баланс
ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Тешко може да се сруши рекордот на „пандемискиот март“ од 2020.................20 Прометот на Македонска берза во првиот квартал е за 36% помал од лани
ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС Додека криптовалутата етер бележи рекорди во цената..............................................34 Да објасниме зошто е битен Етериум, блокчејн платформата што „работи“ во позадина
ОПШТЕСТВО Раздвижувања на полето на правдата.................................................................26 Ефикасни истраги за криминалот се главен тест за реформите
КАРИЕРИ Ковид кризата ви наметна работа од дома?.........................................................................38 6 совети како да направите добар баланс
ЗДРАВЈЕ Со наука против пандемија.........................30 Следи борба за „вакцина над вакцините“ којашто ќе штити од нови вируси
ЛИДЕРИ Мадс Микелсен, актер........................................41 Во секој лик на негативец може да се најде нешто реалистично, а во секој херој нешто погрешно
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 П. ФАХ 503, 1000 Скопје Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија Тираж: 3.000 примероци Датум на печатење: 06.05.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми
Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
МАЈ 2021
MAJ 2021
COVER STORY 4 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
КОЛКУ ДРЖАВНАТА ПОМОШ СОЗДАВА ПОДОБРИ КОМПАНИИ?!
СТУДИЈА НА FINANCE THINK
КОЛКУ ДРЖАВНАТА ПОМОШ СОЗДАВА ПОДОБРИ КОМПАНИИ?!
5
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Одговорот на ова прашање варира во зависност од моделот на финансиска поддршка. Студијата на Институтот за економски истражувања и анализи, Finance Think открива дека државната помош исплатена преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ) во голема мера е неефективна бидејќи не предизвикала речиси никакви разлики во продажбата, инвестициите, платите или профитот кај примачите, во споредба со тоа што беше утврдено кај споредбените претпријатија што не примиле помош. Од друга страна, државната помош исплатена преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) се покажала како значително ефективна. Благодарение на субвенцијата, примачите биле во можност да ги зголемат своите приходи од продажба, продуктивноста на трудот и инвестициите во технологија во нематеријална форма. Меѓутоа, не биле создадени повеќе работни места или повисоки плати. Оваа студија на Finance Think е прва од ваков вид во земјава која ги испитува ефектите од некоја програма за државна помош.
MAJ 2021
6 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
автор:
АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ
Д
ржавната помош исплатена преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ) во голема мера е неефективна бидејќи не предизвикала речиси никакви разлики во продажбата, инвестициите, платите или профитот кај примачите, во споредба со тоа што беше утврдено кај споредбените претпријатија што не примиле помош. Меѓутоа, придонела за создавање повеќе работни места, при што трошокот по создадено работно место изнесува речиси 28 илјади евра, заклучува Институтот за економски истражувања и политики, Finance Think во својата најнова студија. Од друга страна, државната помош исплатена преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) се покажала како значително ефективна. Благодарение на субвенцијата, примачите биле во можност да ги зголемат своите приходи од продажба, продуктивноста на трудот и инвестициите во технологија во нематеријална форма. Меѓутоа, не биле создадени повеќе работни места или повисоки плати. Вкупно, позитивните резултати предизвикани од ФИТР државната помош довеле до голем пораст на профитот, убедливо надминувајќи го порастот на профитот кај спарените претпријатија што не примиле помош, при што примачите биле преплавени со готовина, што може да сугерира дека вишокот профит не бил целосно воден од порастот на приходите, инвестициите и на продуктивноста, туку и од вишокот генерирана готовина во компанијата како резултат на државната помош.
Оваа студија на Finance Think е прва од ваков вид во Северна Македонија која што ригорозно испитува каква било програма за државна помош. Има потенцијал да го смени дискурсот на разгледување програми за државна помош од страна на носителите на политика во иднина, но и дискурсот на јавната дебата од субјективен и концентриран на износ, во воден од податоци и базиран на докази, притоа фокусирајќи се на ефикасноста на државната помош и на импликациите врз конкуренцијата. Ако претходно државната помош беше привилегија главно на странските инвеститори, оваа Влада ја прошири програмата во 2017 година, со цел да бидат вклучени и домашните компании преку субвенционирање за нивно проширување на производството, инвестиции, извоз, вработувања, меки мерки за зголемување на конкурентноста. Во 2017 година беше усвоен План за економски раст 2018-2021 година на владата. Тој се состои од три столба: поддршка на инвестициите и на вработувањата (столб 1), освојување нови пазари (столб 2) и поддршка на иновациите (столб 3). Првите два столба се операционализираат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ), усвоен во 2018 година (и изменет во 2019 година),додека третиот столб преку Среднорочната програма на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), со проценета (планирана) вредност од околу 100 милиони евра, односно околу еден процент од БДП.
Импакт евалуација – техника „разлика во разликите“
И додека со текот на времето државната помош доделена на приватни
претпријатија продолжи да се зголемува, сè уште има пропусти кај правилата за државна помош и преостанатиот простор за дискреција, што ја потценува нејзината ефикасност и транспарентност. Finance Think посочува дека властите со Законот за финансиска поддршка одат чекор напред на ова поле, но сè уште е многу тешко да се најдат уредни информации за тоа кој ја добил помошта. Главната загриженост во овој поглед дадена во Извештајот за напредок од ЕУ за 2020 година се однесува на фактот дека голем дел од државната помош што се доделува на ниво на фирми сè уште го поддржува нивниот работен капитал (нето-обртен капитал), наместо да ги подобри нивните способности да се натпреваруваат преку подобрување на продуктивноста или да ја зголеми домашната додадена вредност. Транспарентноста од ФИТР во овој поглед е на едно ниво погоре, како во однос на правилата за исплата на државната помош, така и во однос на врзувањето на исплатените средства со продуктивниот капацитет на компаниите повеќе отколку со нивниот работен капитал. Резултатите во оваа студија се потпираат на ригорозниот метод на импакт евалуација, поспецифично на техниката „разлика во разликите“, за да се изолира ефектот од државната помош со употреба на низа индикатори за ефикасност и за конкуренција. Од Finance Think објаснуваат дека ги набљудувале претпријатијата што добиле државна помош, наспроти споредбена група од слични претпријатија што почнале инвестиција или се обврзале да инвестираат, но кои не добиле државна помош. Анализирани се двете програми – поедноставени како ЗФПИ државна помош и ФИТР државна
КОЛКУ ДРЖАВНАТА ПОМОШ СОЗДАВА ПОДОБРИ КОМПАНИИ?! помош – реализирани за време на 2018 година или на крајот на 2018 година, со можност за споредба со 2017 година или 2018 година (пред доделувањето) и 2019 година (по доделувањето). „Наодот дека ЗФПИ државната помош е во голема мера неефективна е значајна причина за загриженост за носителите на политики. Отсуството на ефект врз продажбите, инвестициите, платите и профитот бара значителен ремонт на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Насоката на реформата може да биде водена од позитивните ефекти кои ги генерира ФИТР државната помош: да се доделува ЗФПИ државна помош за инвестициски проект кој допрва треба да се реализира, откако ќе се испитаат неговата изводливост, трошоците, стапката на поврат и пошироките ефекти, иако ова ќе бара повеќе труд и поголем трошок сносен од државата. Оттука, еден важен начин на трансформирање на ЗФПИ државната помош е да се претвори нејзината ex-post исплата во ex-ante исплата, подложна на проектна оценка“, е една од главните препораки на Finance Think. Дополнително, ова е неопходно во контекст на EU acquis, со оглед на тоа што аплицирањето за помош пред да започне инвестицијата е основен предуслов за да се смета дека ефектот на поттик е присутен (заедно со останати дополнителни предуслови), а присуството на ефектот на поттик е неопходно за да може да се одобри доделувањето
државна помош. Од друга страна, со оглед на ефективноста на ФИТР државната помош во однос на продажбите, инвестициите и продуктивноста, Finance Think сугерира таа во голема мера да продолжи да се доделува во сегашната форма. „Можна интервенција е потребата да се зајакнат правилата поврзани со оценувањето на предложените трошоци во буџетот на проектната апликација, особено трошоците поврзани со купување опрема, софтвер, трговски марки и друг вид интелектуална сопственост. Имено, каква било можност од вештачко зголемување на таквите трошоци како потенцијален начин за добивање повеќе пари преку ФИТР треба да биде сведена на нула. Дополнително или алтернативно, износите/интензитетот исплатени преку ФИТР државната помош треба да се ревидираат надолу exante, за да се елиминираат какви било ефекти на преплавување со готовина и за потенцијално да се зголеми трошочната ефективност на субвенцијата“, пишува во студијата на Finance Think.
Властите подготвени за реформа
Универзитетскиот професор Марјан Петрески, којшто е еден од авторите на оваа студија, на јавната дебата со носителите на политики токму во оваа област, ги потенцираше резултатите и сугерираше дека тие наложуваат одредени промени во насока на
7
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
поголема ефективност на трошењето на народни пари преку државна помош. „Очигледно е потребно да се направи реформа на Законот за финансиска поддршка на инвестициите што ќе осигури поттик, односно помошта да се дава пред инвестицијата и со ригорозна оценка на проектите. Од друга страна, препораката за доделената помош преку третиот столб односно Фондот за иновации и технолошки развој е да се задржи овој модел, бидејќи главно дава ефекти“, истакна Петрески. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, одговори дека не може да ги коментира заклучоците бидејќи има многу фактори. Притоа тој сподели дека за три години доделени се 62 милиони евра како субвенција и поддршка за инвестиции вредни 460 милиони евра, со што биле поддржани 795 компании и над 40 илјади работни места. „Планот за економски раст е сет од два пристапи – помош пред да започне инвестицијата преку ФИТР односно третиот столб, и двата столба преку ЗФПИ треба да поттикнат на среден рок инвестициски циклус. Мерењето на ефекти не се прави веднаш, туку после одреден временски период. Меѓутоа, се согласувам дека Законот треба да се реформира во одредени сегменти, и ние и досега направивме три промени. Годинава направивме неколку исчекори, и еден е додавање на мерка за рамномерен регионален развој односно поттикнуваме компании
MAJ 2021
8 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Finance Think на 06.05 организираше економски форум насловен „Дали субвенциите создаваат подобри претпријатија или подобрите претпријатија добиваат повеќе субвенции?“ со претставници од институциите носители на политики за државна помош и други засегнати страни, каде што се дискутираа наодите од студијата или колку државната помош навистина создава подобри компании.
кои своите инвестиции ќе ги направат надвор од развиени региони и за тоа ќе добијат дополнителна поддршка. Едно креирано работно место во Скопје и едно во североисточниот регион којшто е послабо развиен, не е исто. Уште повеќе, со повисока субвенционирана плата во послабо развиен регион ефектот врз животниот стандард е поголем“, истакна вицепремиерот Битиќи. На забелешките околу транспарентноста на државната помош, тој најави конкретен чекор во таа насока. „Не е проблемот само обелоденување на листата приматели на државна помош, таму ќе го видиме инпутот. Нас не интересира кој е ефектот. До крајот на годината ќе имаме единствен регистар на државна помош. Ќе ги дигитализираме сите 11 инструменти за државна помош преку различни институции со чекор понатаму, следење на ефектите од државната помош“, додаде Битиќи зборувајќи за овој проект на Владата заедно со Светска банка.
ЕУ има строги правила за државна помош
Фрејк Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ во Скопје, истакна дека тие ја набљудуваат државната помош преку два аспекти – фискален и во однос на правилата. Тој пред властите истакна дека од фискален аспект секоја влада треба да гарантира на своите даночни обврзници дека секој денар е добро потрошен. „Тоа значи секој денар државна помош води кон попродуктивен приватен сектор и повисок раст. Досега главно ја набљудувавме од аспект на правилата за државна помош а во последно
време и од фискален агол – колку чини и какви се бенефитите. Во последниот извештај од лани заклучуваме дека поголем дел од државната помош го поддржува работниот капитал наместо продуктивноста и додадената вредност. Ефективноста на државната помош е особено релевантна. Земји членки на ЕУ токму сега доставуваат таканаречени планови за опоравување, односно што ќе направат со милијарди евра добиени од ЕУ, без оглед дали се грантови или заеми, а Комисијата оценува дали овие потрошени пари имаат смисла, дали водат кон повисока продуктивност, дигитализација, поеколошка транзиција, и тоа е нешто што го гледаме и кај земјите кандидати“, истакна Јанмаат. Тој посочи дека ЕУ лани имала една препорака за ова – воспоставување на единствен регистар на државна помош кој што ќе понуди податоци за ефектите на субвенциите. „Ова е едно прашање за кое сум среќен што властите работат да го адресираат. Другиот аспект е правилата коишто произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација којшто е некако занемарен фокусирајќи се на почетокот на преговорите, а којшто всушност е еден вид на договор за слободна трговија. Овој договор ги обврзува земјите кандидати да имаат исти правила за државна помош како и членките на ЕУ. Основата на легислативата во ЕУ е да се избегне нелојална конкуренција или дискриминација. Ако е хоризонтална мерка којашто се однесува на сите фирми, тоа не е државна помош бидејќи не е дискриминирачка. Кога таргетира одредени фирми, тогаш станува збор за државна помош но исто така може
да биде прифатлива ако има одредена цел, на пример реструктурирање на индустријата преку обуки или развој на слабо развиените региони, да поттикне вработеност или заштита на животната средина. Тоа се прифатливи услови за државна помош. Кандидатите за членки на ЕУ треба однапред да ги пратат предлозите до ЕК па ако е во согласност со правилата, се дава согласност“, објасни Јанмаат. Сличен механизам и има и во земјава односно шемите за државна помош прво треба да бидат доставени до Државната комисија за заштита конкуренција која треба да се даде зелено светло. „Но ова не секогаш се случува. Можеби е во прашање свесноста за ова кај институциите даватели на помош, но ова е нешто што мора да се подобри. Ваков пример видовме и кај важниот закон за стратешки инвестиции, каде што Комисијата не беше консултирана. Два закони во моментов не ни се јасни. Едниот е за финансиска помош на аеродроми и другиот за поддршка на финансиски инвестиции. Всушност се сомневаме дали овие закони се во согласност со правилата за државна помош. Кај помошта за финансиски инвестиции станува збор за оперативна помош, односно поддршка за фирми без да има поттик да зголемат продуктивност или други цели. Ова е важно прашање, подобро да се адресира порано отколку подоцна. Таков беше примерот на Србија каде што исто така бев дел од Делегацијата на ЕУ кога ги почна преговорите во 2013, сите 5 бенчмаркови во делот на конкуренцијата беа поврзани со државна помош и со шеми кои не беа во согласност со ЕУ правилата. Зборувам
КОЛКУ ДРЖАВНАТА ПОМОШ СОЗДАВА ПОДОБРИ КОМПАНИИ?!
9
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
MAJ 2021
10 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
на пример за државната помош за Фијат во Крагујевац, или топилницата во Смедерево, а ова создаде проблеми понатаму што во некои случаи и до обврска за повлекување на помошта. Истото се случи и во Хрватска со бродоградилиштата во Ријека. Ова е нешто за што сакаме да ја подигнеме свеста“, истакна претставникот на ЕУ, Фрејк Јанмаат и додаде дека клучно е да се зголеми капацитетот на Комисијата за заштита на конкуренцијата особено во делот за државна помош. Актуелниот директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, којшто претходно раководеше со Фондот за иновации, истакна дека политиките треба да бидат креирани врз база на факти. „За еден денар што го дава државата, треба да знаеме колку денари влегуваат во Буџетот, и кога ќе влезат. Ќе излезат ли тие компании некогаш од шемата на државна помош или ќе ги држиме на ослободување од даноци. Немаме
ресурси за расфрлање, не мислам само на пари туку и на човечки капитал и земјиште. Овие елементи на селективност базирана на бројки веќе ги воведуваме, а за тоа ќе треба да се дефинира методологија презентирана јавно и транспарентно. Но од друга страна пак во делот на привлекување на инвестиции особено странски не мора да бидеме толку транспарентни затоа што комшијата ќе види колку даваме и ќе даде повеќе. Не мислам дека туку треба да предничиме во регионот, ниту мислам дека Брисел ќе ни забележи бидејќи сите земји тоа го практикуваат. Следењето на државната помош е нов елемент, и особено е важно што таа анализа не ја правиме ние од некоја државна институција, туку надворешна ревизорска куќа“, истакна Деспотовски. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, истакна дека иако препораката е нивната програма да се задржи бидејќи давале ефекти, тие сакале да ја подигнат
на повисоко ниво. „Кога зборуваме за државна помош најчесто тоа е во некоја негативна конотација. Би сакал поинаку да гледаме на тоа, како државата да биде партнер на приватниот сектор. Не би сакал ФИТР да се гледа како државна институција која дава пари туку како партнер во развојот на компаниите. Наша цел е да креираме стартап еко систем. Среќен сум но од друга страна и поразително што најголем инвеститор во стартапи во земјава е ФИТР. Целта е да создадеме одржливи стартапи кои ќе работат и кога државна помош ќе нема. Треба да се прашаме какви компании сакаме да поддржуваме. Неспорно е дека треба да привлекуваме странски инвестиции, но имаме огромен потенцијал дома, имаме компании кои одлично работат во делот на вештачка интелигенција, биотехнологија кои буквално може да бидат иднината на економијата“, истакна Петров.nnn
НОВ АВТОМОБИЛ НА УМ?
5%
фиксна камата
0%
сопствено учество
1%
провизија при исплата
075/475-219 mkd.Krediti@procredit-group.com
www.pcb.mk
MAJ. 2021
12 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
INTERVIEW
ЉУПЧО НИKОЛОВСKИ
ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
13
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ
ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
НА ГРАЃАНИТЕ ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД ДЕКЛАРАТИВНИ ЗАЛОЖБИ НОСИМЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ, ВОВЕДУВАМЕ СИСТЕМСКИ И ГЕНЕРАЦИСКИ ПРОМЕНИ Морам да потсетам, до пред неколку години воопшто не можевме да зборуваме за транспарентност, а уште повеќе да ја видиме како особина на минатата власт. Никој не знаеше ништо, имавме затворени институции, немаше транспарентност за што и како се трошат народните пари. Тоа време е завршено верувам засекогаш. Да, оваа власт е под лупа на јавноста и свесно влезе во таков ризик, но сме убедени дека по тој пат треба да одиме сите во иднина. Владиниот План за борба против корупција е производ на силна политичка волја и соработка преку која истиот се донесе и усвои. Носиме храбри политики за ред, правда, дисциплина, за враќање на довербата во институциите, за општество ослободено од корупција. На граѓаните им е преку глава од декларативните заложби кои ги слушаат изминативе 30 години. Со право бараат ефикасен и праведен систем кој никого не смее да привилегира, ниту пак да заштитува. Наша приоритетна цел е да воспоставиме модел за координирање на сите задолжени институции за борба против корупцијата, кој брзо ќе испорачува резултати. Да поставиме стандард кој ќе го преземат сите идни влади!“
MAJ. 2021
MAJ. 2021
14 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
разговара:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
Љ
упчо Николовски важи за човек од најблиска доверба на премиерот Зоран Заев, актуелен генерален секретар е на владејачката партија СДСМ и не е изненадувачки што токму тој беше поставен за вицепремиер во Владата чијашто примарна задача ќе биде да се бори против корупцијата во државата. На забелешката што му ја упатуваат критичарите околу тоа дали е соодветно висок партиски функционер да е токму именуваниот „прв борец против криминалот и корупцијата“, Николовски одговара дека тоа е вештачки наметната дилема. „Наметната токму од оние на кои не им одговара засилената и бескомпромисна борба против корупцијата и тоа е тоа! Токму мојата партиска должност е најдобра гаранција дека справувањето со високата корупција е највисок приоритет за оваа Влада. Пред 7 месеци, прв пат во историјата на македонскиот плурализам како Влада воспоставивме должност Заменик претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.“, вели Николовски во интервјуто за Капитал каде што, меѓу другото, го објаснува и подетално планот Акција 21, амбициозно најавен за борба против корупцијата, особено откако Транспаранси Интернешнал во својот Извештај истакна дека Северна Македонија не напреднала на скалата на држави рангирани според индексот на перцепција за корупција во општеството. XВо X услови кога двајца луѓе за коишто македонската јавност има перцепција дека се меѓу најголемите репрезенти на она што значеше криминал и корупција за време на минатата власт се во затвор и притвор, кога се водат постапки против уште неколку нивни „соборци“, кога и довчерашен висок функционер и близок соработник на премиерот Заев е во притвор - ние имаме извештај за полоша перцепција во државава во однос на корупцијата. Како е тоа можно? Дали борбата против корупцијата остава впечаток кај јавноста дека корупцијата се зголемила всушност? Свесни сме дека корупцијата е длабоко вкоренета, дека постои разочарување кај граѓаните, не велиме дека ќе се реши преку ноќ, но имаме политичка волја и сме одлучни да ја промениме состојбата, и нема откажување од тоа. Извештаите не не’ демотивираат, тие се поттик за нас уште повеќе, уште позасилено да преземаме мерки, да делуваме за спречување и искоренување на корупцијата. И кристално јасно е дека оваа Влада за разлика од тогашната (за жал и актуелна) гарнитура на ВМРОДПМНЕ е транспарентна за буквално се’, разрешува функционери кои ќе сторат незаконско дело, слободата на говор и делување ја доведе до незамисливо високи граници, како ниедна владејачка
структура во нашата историја влезе храбро да решава случаи и криминали на луѓе чие име не смееше да се спомене надвор од дома и најважно, го охрабри и остави правосудството да си ја врши работата без никакви притисоци. Но, пред да се случи тоа ние имавме состојба на 11 години режимско владеење кои ни ја уништија перцепцијата за сето она што значи нормално демократско општество, на начин како да така владееле претходни 100 години. Граѓаните имаат урната доверба во сопствената татковина благодарејќи на тоа, а уништената доверба не се враќа лесно. До омраза се доаѓа лесно, но тешко се враќа назад кон поддршка, доверба и љубов. Таков е случајот и овде. Ги следиме и прифаќаме сите извештаи кои ја отсликуваат состојбата, констатираат состојби, даваат препораки. Борбата против високата корупција и криминалот е високо на нашата агенда и тоа се гледа. Не го правиме истото затоа што ЕУ тоа го бара од нас, туку поради фактот дека без тоа никогаш нема да се ослободиме од синџирите кои не’ влечат надоле и не ни дозволуваат да станеме држава во која граѓаните ќе сакаат да живеат и ќе се гордеат. XЗа X случајот со поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова, имавте и лично статус на социјалните мрежи и се заложивте за нејзина итна смена. На Рашковски му се даде повеќе простор, но сепак се отвори истрага. Дали ваквите случаи на сомневања за корупција и криминал низ највисоките владини структури влијаат врз довербата кај граѓаните? Ако нешто покажуваат случаите, тоа е дека не постои компромис, секој што го прекршил законот, ја злоупотребил службената положба, го оштетил буџетот - мора да одговара и никој не е поштеден. Нема селективност во постапувањето...За секој случај каде постои било каков сомнеж за корупција или криминал, институциите имаат обврска да постапуваат, да отвораат истраги, без разлика за кој функционер станува збор, од власта или опозицијата. Пораката дека нема недопирливи е суштината на правната држава, не е празна флоскула. Искрено верувам дека набрзо граѓаните ќе го сфатат ова на уште пошироко ниво и ќе се вклучат уверливо во оваа заедничка борба, за резултати кои ќе ги почувствуваме сите. XПосле X неповолниот Извештај на Транспаренси Интернешнл, заедно со премиерот Заев најавивте амбициозен план за борба против корупцијата, Акција 21. Да објасните за нашите читатели Ве молам, кои се клучните точки од овој план, и што може да очекуваат граѓаните ако се имплементираат сите точки како што треба? Целиот план е основа од која ние како општество ќе видиме огромен бенефит во годините пред нас без разлика кој е на власт. Огромен дел од тој план оди во линија на зајакнати контроли и зголемена транспарентност. Мое лично верување е дека кога јавноста и оние кои тоа им е работа ќе имаат повеќе алатки на располагање, резултатите неминовно стигнуваат.
Морам да потсетам, до пред неколку години воопшто не можевме да зборуваме за транспарентност, а уште повеќе да ја видиме како особина на минатата власт. Никој не знаеше ништо, имавме затворени институции, немаше транспарентност за што и како се трошат народните пари. Тоа време е завршено верувам засекогаш. Да, оваа власт е под лупа на јавноста и свесно влезе во таков ризик, но сме убедени дека по тој пат треба да одиме сите во иднина. Владиниот План за борба против корупција е производ на силна политичка волја и соработка преку која истиот се донесе и усвои. Содржи 18 системски мерки, подготвени врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, невладини организации, независни тела, како и врз основа на релевантните домашни и странски извештаи. И ова се храбри политики за ред, правда, дисциплина, за враќање на довербата во институциите, за општество ослободено од корупција. Фокусот е ставен на дигитализацијата, како единствен механизам за елиминирање на човечкиот фактор, со цел да се намалат ризиците и да се спречи корупцијата. Планот содржи неколку мерки кои се однесуваат на дигитализација на процесите. Веќе е формирана работна група која има за цел да подготви соодветни измени и дополнувања на законите, со цел да се отстранат формалноправните пречки кои во моментот ги отежнуваат некои од постапките што се водат пред институциите од јавниот сектор. Дополнително, една од задачите е и целосна автоматизација на процесите кои се однесуваат на прибавување и размена на податоци по службена должност, но и целосна употреба на Националната платформа за интероперабилност, Централниот регистар на население и електронската идентификација за граѓаните и бизнисите при комуникација со органите. Едноставно мораме да ги искористиме придобивките кои ги овозможува четвртата индустриска револуција и да ги употребиме за сето она што значи стратешки приоритет за државата. Во моментов, секој орган, заради својата надлежност за одредена постапка, ги бара доказите директно од граѓаните, а истите тие докази веќе ги има кај себе или постојат кај друг надлежен орган. Во голем дел од постапките се бара копија од лична карта или пасош, извод од матична книга и државјанство. Нашата цел, преку целосна дигитализација на трите матични книги, ставање во полна функција на Централниот регистар на население, сите овие докази, органите автоматски да ги преземат од Централниот регистар на население, наместо граѓаните да ги приложуваат пред органите или да достават само извод од Централниот регистар на население, кој во себе веќе ги содржи податоците од овие три поединечни докази. Колку е помало влијанието на човекот, толку е помал просторот и ризикот од корупција. Нема повеќе изговори дека недостигаат одредени документи за постапките што ги водат граѓаните за да остварат некое свое право пропишано со закон. Оваа активност подразбира измена на стотина закони и подготовките за нејзино имплементирање се веќе започнати со формирањето на работната група. Овие
ЉУПЧО НИKОЛОВСKИ
ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
15
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
„НЕМА НЕДОПИРЛИВИ“ НЕ Е ПРАЗНА ФЛОСКУЛА Нема селективност во постапувањето...За секој случај каде постои било каков сомнеж за корупција или криминал, институциите имаат обврска да постапуваат, да отвораат истраги, без разлика за кој функционер станува збор, од власта или опозицијата. Пораката дека нема недопирливи е суштината на правната држава, не е празна флоскула. Искрено верувам дека набрзо граѓаните ќе го сфатат ова на уште пошироко ниво и ќе се вклучат уверливо во оваа заедничка борба, за резултати кои ќе ги почувствуваме сите.
процеси ќе им помогнат и на надлежните органи за борба против корупција и криминал, бидејќи податоците кои им се потребни на сите органи за спроведување на конкретни предистражни или истражни мерки ќе им бидат веднаш достапни и ќе бидат точни и ажурни. Со ова се гарантира и ефикасноста и ефективноста како во управните постапки, така и во кривичната постапка. Дел од мерките се однесуваат на дигитализација на истражните центри, воспоставување на Е-инспектор, создавање на централна база за издавање на лиценци и дозволи, воведување на систем за следење на предмети и претставки, измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, ограничување на бројот на членовите на управните одбори, итн. Планот содржи задолженија и препораки за институциите и општините, како што е подготовката на интерни процедури за јавни набавки, подготовка на годишна Антикорупциска програма, назначување на овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција. Голем број институции согласно Планот имаат задолженија за постапување, за што пред секоја владина седница информирам за статусот на постапување по мерките. Време за доследно почитување на законите, мерките, прописите и за нивно доследно спроведување. Ова е заедничка битка,
во која мора сите да се вклучат, ги охрабрувам и граѓаните да пријавуваат случаи за кои имаат сомнеж за корупција, затоа што колку сме повеќе, толку ќе бидеме посилни и поуспешни. XНајавувате X и нови мерки во Планот за борба против корупција, велите дека се подготвува и Закон за потекло на имот... Што ќе значи тоа? Ќе се застане ли конечно на патот на државни функционери, судии, обвинители, директори, итн., чиишто имотни листови драстично се „задебелуваат“ за време на мандатот? За прв пат добиваме Закон за потекло на имот, со што ќе се овозможи да се испитува како одредено лице го стекнало имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни оданочени приходи. Законот ќе ги опфати не само избраните и именувани лица, туку и сите граѓани. Конкретно, секој треба да докаже на кој начин го стекнал имотот и капиталот, доколку тоа ги надминува редовните оданочени примања. Готова е студијата за потребата од изработка на Закон за потекло на имот, формирана е работна група (меѓународни и домашни експерти и претставници од сите релевантни институции ДКСК, УЈП, Управата за разузнавање, МВР, Јавното Обвинителство, Финансиската полиција, Царинската Управа), која започнува со подготовка на овој закон. Ќе се проверува и имотот на поранешните функционери, бидејќи честопати избраните
MAJ. 2021
и именувани функционери имотот стекнат за време на мандатот го ставаат на туѓо име, на член од семејството или пријател, а по завршувањето на мандатот го впишуваат на свое име. Со ваквите системски реформи, воведуваме контрола на капиталот, со што го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот, спречуваме оштетување на буџетот и незаконско богатење врз грбот на граѓаните. Дополнително во истиот контекст, се планира нова мерка со која го прошируваме опфатот на лица до администрацијата кои ќе имаат законска обврска да поднесуваат анкетни листови за имотна состојба и изјави за судир на интереси т.е. сопственичка структура, акции и удели во трговски друштва. Оваа обврска ќе важи не само како досега за функционерите, туку и за службени лица вработени во јавниот сектор со посебни овластувања, инспекторите, царински службеници и сите раководни административни службеници. Недозволиво е едно раководно лице во администрација да биде и на таа позиција и паралелно да има консултантско друштво, а тоа да не го пријавува никаде. Во насока на проверка на имотот и капиталот, би споменал дека веќе е во функција уште една алатка, Регистарот на вистински сопственици, за што рокот за впишување на правните субјекти заврши на 27-ми април. Во рамки на законскиот рок својата обврска навремено ја
MAJ. 2021
16 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА ИМОТ И НА ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ За прв пат добиваме Закон за потекло на имот, со што ќе се овозможи да се испитува како одредено лице го стекнало имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни оданочени приходи. Законот ќе ги опфати не само избраните и именувани лица, туку и сите граѓани. Ќе се проверува и имотот на поранешните функционери, бидејќи честопати избраните и именувани функционери имотот стекнат за време на мандатот го ставаат на туѓо име, на член од семејството или пријател, а по завршувањето на мандатот го впишуваат на свое име.
ЉУПЧО НИKОЛОВСKИ
ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
завршиле 69.284 субјекти, односно близу 90% од субјектите кои се обврзани да поднесуваат пријави. Преку овој регистар, чиишто информации се јавно достапни, секој може на едноставен начин, да добие информација за тоа кои се вистинските сопственици на некој правен субјект, но и да провери дали и каде сè, некое конкретно лице се јавува како вистински сопственик. XКаков X ефект имаат досега мерките за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги за функционерите, уредба за подарок и сл., што ги донесовте неодамна? Како дополнително ќе се борите против злоупотребите на функционерските привилегии, ќе има ли мерки и за користењето на службените возила, на пример, една од сферите каде што „традиционално“ има злоупотреба од страна на функционерите? Ова е уште една од мерките кои што поставуваат фундамент за тоа како треба да изгледа една државна институција и еден службеник. Доколку на некој цел му била да има службени ручеци, да може да злоупотребува се’ што е државно, сега веќе тоа нема да го има. Работата ќе ја работат луѓе кои не се тука за привилегии. Можеби ова на некој му делува како банално и небитно, но верувајте во изминативе години со неограничувањата дававме сигнал дека секој може да прави што сака. Епа веќе тоа нема да го има. Не дозволуваме да се расфрламе непотребно. Веќе во функција се Уредбата за дар и Одлуката за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги за работните состаноци во угостителски објекти. Ова се дополнителни механизми за отчетно и одговорно трошење на буџетските средства, за ставање ред во користењето на службените трошоци од страна на сите државни функционери. Со Уредбата за дар точно се пропишани процедурите за примање на протоколарни дарови од странски и домашни, физички и правни лица. Воедно сумите за протоколарни подароци се ограничени до максимални 20 евра. Исто така, се применува и Одлуката за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци во угостителски објекти, и истата важи за сите државни функционери. Државните органи се обврзуваат остварените трошоци за угостителски услуги да ги објавуваат јавно на веб страните на институциите. Максималната сума која министрите може да ја трошат на работни состаноци е до 1.500 денари по лице присутно на работниот состанок. Износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок зависи од функцијата на корисникот. Претседател на Владата на РСМ до 2.500 денари по лице, заменик претседател на Владата на РСМ до 2.000 денари по лице, министер - до 1.500 денари по лице, заменик на министерот до 1.300 денари по лице, директор до 1.000 денари по лице. Корисникот на услугата задолжително мора да доставува и извештај за природата и целта на работниот состанок, број на присутни лица, време, место и датум на работниот состанок. Без известување (резервацијата) и извештајот за природата и целта на работниот
состанок, Секторот за финансии во државниот орган нема да изврши исплата. Во подготовка е и уредба за начинот на користењето на службени возила. За прв пат воведуваме унифициран и единствен начин на користење и одржување на службените возила со кој строго ќе се регулира начинот на користење на службените возила и ќе се знае кој, како и на кој начин го користи службеното возило. Со тоа, конечно се спречува злоупотреба на службените возила во приватни цели. XОд X ГРЕКО велат дека имплементацијата на Кодексот на однесување за лица со највисоки извршни функции од страна на заменик премиер кој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршување на истиот тој Кодекс, не е прифатливо и не е компатибилно со практиката на ГРЕКО. Што ќе сторите во врска со оваа забелешка на ГРЕКО? ГРЕКО во последниот извештај го поздравува носењето на Кодексот и особено фактот дека во него се предвидени и веќе се применуваат санкции за негово непочитување од страна на највисоките носители на извршни функции. Со новиот поприменлив Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, освен министрите и замениците министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата, до најниско ниво. А, дека се водиме од мотото неселективна правда, покажаа разрешувањата на функционери кои прекршија одредби од Кодексот. Уште во Ноември 2020 назначивме лице за интегритет и судир на интереси во Владата на Република Северна Македонија кое исто така е надлежно и за давање доверливи совети во врска со етички прашања поврзани со одредбите од кодексот. ГРЕКО во никој случај не ја критикува позицијата Вицепремиер за борба против корупција, ниту пак воведениот етички кодекс. Напротив, го поздравува истото, а забелешката е во делот на тоа дека не може едно исто лице да биде задолжено за имплементација на кодексот и за давање доверливи совети во врска со кодексот, па согласно на тоа одредбите од етичкиот кодекс, по препораката на ГРЕКО ќе следат и промени. Подготвени сме да ја прифатиме и имплементираме сугестијата и јасно да се пропише позиција на посебно лице за интегритет, надлежно за давање совети и насоки на министрите и другите функционери и нивните советници во случај на појава на етички дилеми кај нив. ГРЕКО дава експлицитен позитивен коментар за измената на Владината Уредба за примање подароци, подготвена од страна мојот Кабинет и Министерството за финансии. Го поздравува и транспарентното објавување на имињата на сите советници во Владата, на официјалната веб страна. Во извештајот е нотирано дека веќе е изработен тест за интегритет на советниците на функционерите, преку кој се утврдува нивото на интегритет и способноста за детектирање за евентуални ризици од корупција и слични други активности во
17
MAJ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ЌЕ ГО МИНИМИЗИРА ЧОВЕЧКИОТ ФАКТОР, А СО ТОА И КОРУПЦИЈАТА Колку е помало влијанието на човекот, толку е помал просторот и ризикот од корупција. Нема повеќе изговори дека недостигаат одредени документи за постапките што ги водат граѓаните за да остварат некое свое право пропишано со закон. Дигитализацијата на овие процеси подразбира измена на стотина закони и подготовките за нејзино имплементирање се веќе започнати со формирањето на работната група. Овие процеси ќе им помогнат и на надлежните органи за борба против корупција и криминал, бидејќи податоците кои им се потребни на сите органи за спроведување на конкретни предистражни или истражни мерки ќе им бидат веднаш достапни и ќе бидат точни и ажурни.
MAJ. 2021
18 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Имавме за прв пат директни внатрепартиски избори насока на подобрување на актуелните состојби. на кои членството учествуваше со висок одѕив од над 90% говори само за себе. Но ние не застануваме XВашето X име се шпекулира тука, новата демократска вредност на македонската повторно за висока политичка сцена, СДСМ, ќе продолжи дополнително партиска позиција СДСМ Е ФАВОРИТ НА сега пред партискиот да придонесува во развојот на демократските ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ конгрес во мај. Исто процеси во земјата и во напредокот на татковината. така, дали мислите дека Сето ова граѓаните го гледаат и го вреднуваат. Како партија со најголема е соодветно високи Впрочем затоа СДСМ шест пати досега победува на доверба од граѓаните, партиски функционери избори, односно ја добива довербата на граѓаните. да држат позиција како после шест изборни Огромна е разликата помеѓу демократска СДСМ, вицепремиер одговорен за реформирана, модерна, напредна, европска СДСМ, победи, врз основа на борба против корупција? и ВМРО-ДПМНЕ во која ништо не се менува и која резултатот од сработеното Најмалку е важно дали и длабоко е заглавена во режимската матрица на каква партиска должност на локално и централно Никола Груевски. Многу пати јавно сум ги повикал ќе извршувам после 16 мај. колегите од таа партија да почнат демократски ниво и политиките Ниту една лична кариера не промени, таму има одлични кадри кои за жал не може да биде поважна од кои носат напредок и доаѓаат до израз поради заробената партија, на ист иднината на СДСМ. Сигурен подобрување на животот начин како што беше заробена и целата држава. сум дека партијата под Би се надоврзал и на вашето прашање за локалните лидерството на Зоран Заев на граѓаните, СДСМ е избори. Како партија со најголема доверба ќе го задржи победничкиот фаворит на локалните од граѓаните, после шест изборни победи, врз менталитет и ќе продолжи да избори. Тоа го покажуваат се реформира во модерна основа на резултатот од сработеното на локално и европска партија со сите централно ниво и политиките кои носат напредок и релевантните анкети. нишани. После „лекцијата“ и подобрување на животот на граѓаните, СДСМ е После конгресот на 16 за внатрепартиската фаворит на локалните избори. Тоа го покажуваат демократија која ја одржавме и релевантните анкети. После конгресот на 16 мај мај ќе следи процес со првите непосредни избори, ќе следи процес на филтрирање и номинација на филтрирање и претседателот на партијата го на кандидати за градоначалници и советнички има најизворниот легитимитет номинација на кандидати листи. Неколкупати во јавноста имам акцентирано од членството на СДСМ и тој дека мислењето на граѓаните и мерит системот за градоначалници најдобро знае кои луѓе кои кој го воведовме ќе имаат клучна улога. Нема да и советнички листи. партиски должности треба да задоволуваме лични апетити туку ќе настапиме со ги извршуваат во наредниот Неколкупати во јавноста најдобрите кандидати пред граѓаните, со една силна, мандатен период. чесна понуда и убеден сум дека СДСМ ќе победи на имам акцентирано дека Дилемата дали е соодветно локалните избори. јас како актуелен мислењето на граѓаните Ценам дека ова му е јасно и на нашиот политички генерален секретар на и мерит системот кој противник, ВМРО-ДПМНЕ. Ако ја следиме нивната СДСМ паралелно да сум и деструктивност, обиди само нешто да блокираат, вицепремиер е вештачки го воведовме ќе имаат наметната од оние на кои да попречат, без понуда, без идеја и без став, клучна улога. Нема да не им одговара засилената заклучокот е дека освен блокади опозицијата нема и бескомпромисна борба задоволуваме лични што да им понуди на граѓаните. Знае дека народот против корупцијата и нема да ги поддржи, па одат на тоа да направат апетити туку ќе настапиме тоа е тоа! Токму мојата само штета, колку што можат повеќе. Едноставно е. со најдобрите кандидати партиска должност е Мислам дека им е кристално јасно на сите. најдобра гаранција дека пред граѓаните. XX Што мислите за опозицијата и нејзината справувањето со високата конструктивност или неконструктивност во корупција е највисок политичките процеси во Северна Македонија? Има приоритет за оваа Влада. ли конструктивна критика од нив? Пред 7 месеци, прв пат Како што споменав, од ВМРО-ДПМНЕ гледаме само во историјата на македонскиот плурализам како Влада воспоставивме должност Заменик претседател на Владата деструктивност, лажни вести и дејствување на штета на задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив интересите на државата и граѓаните. Од една страна е развој и човечки ресурси. коалициската Влада предводена од СДСМ која работи На граѓаните им е преку глава од декларативните заложби кои максимално посветено, со многу труд да што повеќе проблеми се ги слушаат изминативе 30 години. Со право бараат ефикасен и решат што побрзо, а од друга страна е апсурдното однесување праведен систем кој никого не смее да привилегира, ниту пак да на ВМРО-ДПМНЕ. На пример, во време на пандемија се обидоа заштитува. Наша приоритетна цел е да воспоставиме модел за да блокираат важни закони во Собранието за граѓаните и координирање на сите задолжени институции за борба против фирмите, ги блокираа пакетот мерки за помош на граѓаните корупцијата, кој брзо ќе испорачува резултати. Да поставиме и компаниите, па дури го блокираа и Законот за здравствена стандард кој ќе го преземат сите идни влади! заштита, се’ уште активно го блокираат новиот Клинички центар. XГледаме X пред Конгресот отворена битка на различни Обидите да се блокира работата на Собранието, во услови на партиски крила, па дури и најави за самостојни чистки од светска пандемија од КОВИД-19, не е политика. Тоа е срамно страна на некои локални партиски ограноци. Каква е вашата и неодговорно однесување. Очигледно Христијан Мицкоски прогноза за претстојните локални избори на есен? и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или Некој можеби гледа битка, јас гледам демократија, различни политика сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат мислења и ставови. Не како генерален секретар, како човек кој штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош. своите почетоци во партијата ги имав уште од младината, од Доказ е и гласањето на последните економски мерки, кои се СДММ знам дека тоа што го има СДСМ е демократска ризница, обидоа да ги спречат на сите можни начини. Нема што друго додадена вредност. Зборувам за вистински демократски да се каже освен дека водат борба против својот народ. Но, капацитет, одговорен начин на работа и функционирање, ние тоа не го дозволуваме. Гледате дека и покрај блокадите, јакнење на самата партија од внатре преку постојани промени. Одлика на нашето социјалдемократско семејство кое секојдневно парламентарното мнозинство успеа да ги донесеме законите во интерес на граѓаните. Ние така ќе продолжиме. расте и се развива е да се менуваме, подобруваме, за уште Граѓаните тоа го препознаваат и токму заради таквото подобро да служиме на овој народ и на оваа татковина. СДСМ однесување граѓаните шест пати ги казнуваат на избори и затоа воведе нов принцип на работа со зголемена транспарентност каде дури и внатрепартиските процеси се отворени за јавноста. ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција. nnn
NLB Pay - мобилен паричник
Плаќајте со NLB Pay за нов велосипед! Во периодот од 12.04.2021 до 30.05.2021, плаќајте со NLB Pay мобилниот паричник и искористете ја можноста да добиете велосипед. Секој петок во периодот до 30.05.2021 година, следува велосипед за корисникот со најмногу трансакции изминатата недела.
Pay www.nlb.mk
Контакт центар: 02 / 15 600
MAJ 2021
20 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
ТЕШКО МОЖЕ ДА СЕ СРУШИ РЕКОРДОТ НА „ПАНДЕ
ПРОМЕТОТ НА МАКЕДОНСКА ПРВИОТ КВАРТАЛ Е ЗА 36%
ЕМИСКИОТ МАРТ“ ОД 2020
А БЕРЗА ВО % ПОМАЛ ОД ЛАНИ
21
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Намалувањето на вкупниот промет по сите основи во првите три месеци е 36%, на 43 милиони евра, додека прометот со акции е помал за 49% и изнесува 21 милиони евра. Во првите три месеци годинава акциите издадени од Комерцијална банка АД Скопје бележат најголем пораст (9,25%). Потоа следат акциите издадени од Алкалоид АД Скопје (8,23%) и Стопанска банка АД Скопје (4,11%).
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
В
купниот берзански промет по сите основи во првите три месеци од 2021 година изнесува околу 43 милиони евра, што претставува намалување од 36% наспроти истиот период лани кога вкупниот промет изнесуваше 68 милиони евра. Основна причина за ваквото намалување е екстремно високиот промет со акции во март минатата година поради големата ценовна осцилаторност што настана лани како последица од избувнување на пандемијата, велат од Македонска берза. Следствено, прометот со акции во БЕСТ системот во првиот квартал оваа година изнесува околу 21 милиони евра и е за 49% помал во однос на истиот период 2020 година. Ваков тренд се забележува и кај просечниот дневен број на трансакции којшто во првиот квартал од 2021 година изнесува 91, додека просечниот дневен промет во Q1 од 2021 година изнесува околу 493 илјади евра. Од друга страна, подеталната aнализа на прометите со акции од редовно тргување во БЕСТ системот оствaрени во првите квартали во последните пет години покажува дека прометот во првиот квартал оваа година, со исклучок на ланскиот прв квартал, е втор најдобар резултат во последните 5 години. Исто така, за одбележување е многу високо зголемување на прометот остварен од тргување со обврзници, кој бележи пораст од 995% година за година. Ова, пред се`, се должи на новата емисија на обврзници на денационализација
MAJ 2021
22 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
во вкупна номинална вредност од 11,5 милиони евра, после едногодишната пауза. Од аспект на структурата на прометот во Q1, околу 68% од прометот е остварен од тргување со котираните компании, околу 31,6% е остарен преку блок трансакции, додека многу мал процент (0,22%) е реализиран од тргување со некотирани компании.
Индексот помина 5.000 поени за првпат по една година
Движењето на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните десет акции на Македонска берза, во првиот квартал од 2021 година бележи пораст од 2,98%, споредено во однос на последната вредност на индексот на крајот на 2020 година. Доколку се анализира по месеци после порастот во јануари (4,07%) и февруари (2,25%), во март индексот бележи пад од 3,23%. Највисоката вредност на индексот во Q1 изнесуваше 5.150,20 индексни поени (на 17.02.2021 година), додека најниската вредност на индексот беше 4.710,31 поен (на 04.01.2021 година). Карактеристично е што МБИ10 ја помина границата од 5.000 поени кон средината на февруари годинава, за првпат по 21.02 минатата година, односно периодот пред да почне корона – кризата и големиот пад на цената на акциите што се случи во март месец лани. Тогаш индексот загуби речиси 35% од вредноста и го допре дното на 27.03, со вредност од 3.257 поени. Веднаш потоа следеше нагло закрепнување, и до крајот на месец април се врати на 4.460 поени, по што следеше период на благи
АПРИЛ БЕШЕ МЕСЕЦ ВО ЗНАКОТ НА АКЦИЈАТА НА РЕПЛЕК
В
о април месец годинава, според извештајот на Македонска берза што излезе вчера, вкупниот промет на домашниот пазар на капитал изнесува околу 11,2 милиони евра и е за 9,4% помал од претходниот месец. Во класично тргување прометот е 8,6 милиони евра и е за дури 25% помал во однос на претходниот месец. Добро е тоа што прометот на акции е 8,3 милиони евра и е за речиси 60% повисок од тој во месец март, но затоа пак кај обврзниците бележиме пад на тргувањето од цели 80% или само 330 илјади евра во споредба со 1,67 милиони евра месецот претходно. Во блок трансакции прометот исто така бележи значителен пад, од 53%, на 2,54 милиони евра. Индексот на Македонската берза МБИ10 во април бележи раст од 4,02% и месецот го завршува со вредност од 5.039,99 поени. Најтргувана акција во месец април е на фармацевтската компанија Реплек, со промет од 1,88 милиони евра. Месец април го одбележаа превирања во компанијата, односно поларизацијата во акционерската структура, при што се случи и преседан во историјата на акционерските собранија во Македонија, кога извештајот за работењето во претходната година не беше изгласан со потребното мнозинство гласови. Во деновите пред акционерското собрание прометот со акцијата на Реплек достигна и до 90.000 евра за само неколку часа, со што цената стигна до речиси 114.000 денари за акција, а Берзата времено го прекина, па подоцна го продолжи тргувањето со овие акции. Други најтргувани акции во месец април се на Гранит, со 1,52 милиони евра промет, Комерцијална банка со 1,5 милиони евра, Алкалоид со 1,4 милиони евра, итн. Најголем пораст на цената во овој месец имаа акциите на Макстил, од 14,5%, Реплек, од 13,9%, НЛБ Банка од 8,5%, ТТК Банка од 7,1%, итн.
Извор: Македонска берза
23
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Извор: Македонска берза
Подеталната aнализа на прометите со акции од редовно тргување во БЕСТ системот оствaрени во првите квартали во последните пет години покажува дека прометот во првиот квартал оваа година, со исклучок на ланскиот прв квартал, е втор најдобар резултат во последните 5 години. Исто така, за одбележување е многу високо зголемување на прометот остварен од тргување со обврзници, кој бележи пораст од 995% година за година. Ова, пред сè, се должи на новата емисија на обврзници на денационализација во вкупна номинална вредност од 11,5 милиони евра, после едногодишната пауза.
Извор: Македонска берза
Карактеристично е што МБИ10 ја помина границата од 5.000 поени кон средината на февруари годинава, за првпат по 21.02 минатата година, односно периодот пред да почне корона – кризата и големиот пад на цената на акциите што се случи во март месец лани. Тогаш индексот загуби речиси 35% од вредноста и го допре дното на 27.03, со вредност од 3.257 поени.
MAJ 2021
24 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
осцилации и стабилен раст до крајот на годината. Анализата на ценовните движења на поединечните акции од актуелниот состав на МБИ10 индексот во три месеци од 2021 година покажува дека акциите издадени од Комерцијална банка АД Скопје бележат најголем пораст (9,25%). Потоа следат акциите издадени од Алкалоид АД Скопје (8,23%) и Стопанска банка АД Скопје (4,11%). Само кај три
акции, елементи на МБИ10 се забележува надолна корекција на цените. Во продолжение е прикажана ценовната перформанса на сите елементи на МБИ10 во првиот квартал од 2021 година. Најтргувани хартии од вредност во анализираниот период се акциите издадени од Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 11,98 милиони евра, потоа следат акциите издадени од НЛБ Банка АД Скопје со
вкупен промет од околу 3,40 милиони евра и акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупен промет од околу 3,21 милиони евра. Учеството на прометот остварен во БЕСТ системот на десетте акции во МБИ10 индексот во прометот со акции од класично тргување во БЕСТ системот за првите три месеци од 2021 година изнесува 93%, што е вообичаено висока концентрација на класичното тргувањето во овие акции.
Извор: Македонска берза
Извор: Македонска берза
Добра ноќ на грижите.
За вашето осигурување не размислувате често, но секој ден живеете со спокојот што ви го дава.
Триглав комплет + Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете до 40% со новиот пакет Триглав комплет+
Сè ќе биде во ред.
triglav.mk
MAJ 2021
26 ПОЛИТИКА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
РАЗДВИЖУВАЊА НА ПОЛЕТО НА ПРАВДАТА
ЕФИКАСНИ ИСТРАГИ ЗА КРИМИНАЛОТ СЕ ГЛАВЕН ТЕСТ ЗА РЕФОРМИТЕ
27
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Крупни процеси се отворија во Македонија на полето на правдата – крупни ѕверки се во притвор, крупни случаи чекаат своја завршница. Меѓу нив и сомневања за криминални поведенија на високи функционери од власта. Но, дали ова значи дека правдата е (конечно) неселективна, или пак е само доказ дека криминалот е навлезен во највисоките структури на власта?
автор:
КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА
К
рупни процеси се отворија во Македонија на полето на правдата – крупни ѕверки се во притвор, крупни случаи чекаат своја завршница. Меѓу нив и сомневања за криминални поведенија на високи функционери од власта. Но, дали ова значи дека правдата е (конечно) неселективна, или пак е само доказ дека криминалот е навлезен во највисоките структури на власта? Претседателката на Транспаренси Интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева смета дека за борба со корупцијата потребни се дела, не заложби и декларации. Таа вели дека од една страна имаме јасни ветувања за битка со криминалот, а од друга страна високи функционери за кои веќе се водат истраги и се сомничат за криминал. Тасева смета дека се уште има висок степен на недопирливост на високите функционери во однос на санкциите за коруптивно или криминално дејствување. „Ако се преземат потребните мерки за да се намали ризикот од корупција при вработување на пример или во спроведување на јавните набавки или да се зајакне капацитетот за истраги во Јавното Обвинителство и работата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и почитување на нејзините наоди, ако се има една ефективна заинтересираност и вистински мерки, тогаш ќе видиме и ќе почувствуваме дека нештата се движат напред. Не треба да се зборува многу за конкретни работи од кои веднаш може да се почувствува ефект, да се видат промени во коруптивните практики. За жал, и оваа Влада не отстапува од тоа функционерите во бројните агенции и јавни институции да ги назначува врз основа на клиентелизам и партиска припадност, а не врз основа на компетенција и квалитет.“ вели Тасева. Таа додава дека се уште тендери добиваат луѓе поврзани со власта, а на оставките кои се најавуваат откако некоја афера ќе излезе во јавноста всушност треба да им претходи разрешување. „Всушност, најдобро би било воопшто да не се именуваат функционери за кои има сомневања за вплетканост во криминал“ вели Тасева и додава: „Кај нас зборуваме за системска корупција, но највидлива и највпечатлива промена е да се решаваат случаите до највисоко ниво за таму да се покаже дека сите одлуки се носат врз законитост и интегритет“. Тасева смета дека точно е оти сепак има
раздвижување во процесите на правдата, но за да се оцени дали тоа навистина е реално треба да се почека: „Ние имаме ситуации кога правосилни пресуди не се извршени оти застарел предметот, имаме такви случаи за високи функционери, затоа велам дека има висок степен на недопирливост од која било власт. За да кажеме дека овие процеси сега навистина се во насока на ослободување и пробив треба да почекаме да ги видиме финалните резултати“. Од таканаречениот процес на прочистување на судството досега се разрешени 12 судии. Тасева вели дека таа лично смета оти ништо не е доволно без ветинг „Ние имаме тенденција да гледаме само процеси и случаи само во кривичното право и во Кривичниот суд, разни небулози, одлевања на информации, подигнување на решение од Обвинителство и така натаму. Но, забораваме дека во граѓанските судови каде што се решаваат правата на граѓаните, права на имот и слично на пример, има постапки, што траат и над 30 години и постојано имаме спротивставени одлуки од исти инстанци во судството. Што е тоа ако не корупција?“ Во меѓувреме Советот на Европа повика на сузбивање на корупцијата особено во време на Ковид пандемијата. Тасева вели дека предизвиците во пандемија се уште поголеми: „Имавме случаи во итна постапка да се склучуваат многу директни договори за активности кои навистина беа потребни и одговорни, од амбулантни возила, модуларни болници, набавка на кислород, лекови, итна и интервентна реакција и набавка, сето тоа мораше да се стори, но факт е дека има недоволна транспарентност“. Тасева се осврнува и на аферата „Мафија“ каде се откриени злоупотреби со издавање на 215 македонски пасоши на членови на меѓународни криминални групи. „Организиран криминал не е можен без соработка на мафијата со институциите, но овој пример овде каде се овозможува безбедно движење на криминалци од други држави и од светот е големо загрозување за позицијата на Македонија во сферата на безбедноста. Сме имале случаи за криминални вмрежувања во МВР, Царина, лица од внатре, но ова е скандал од светски размери. Затоа е важно да се потенцира дека овој скандал мора да се расчисти како што треба, оти покрај овие обвинети сигурно има уште барем три пати по толку за да се обвинат и истражат и да се дојде до врвот на таа пирамида.“
MAJ 2021
28 ПОЛИТИКА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Маричиќ: На вистинскиот пат сме со правдата
Министерот за правда вели дека си ја исполнува задачата – правдата да се испорачува, таа да важи еднакво за сите и да биде видлива за граѓаните. „Фактот што имаме крупни случаи, особено оние од поранешното СЈО за коишто јавноста долго очекува исход, (некои од нив имаат своја разрешница во прв, а некои и во втор степен) говори многу за нашата трансформација и европеизација како клучен процес. Зборувам за фактот што имаме пресуда за Таргет Тврдина, мајка на сите случаи на СЈО, плацевите на Водно, но и други случаи, заедно со овие против актуелните функционери. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, ја комплетира мисијата и пораката дека испорачувањето на правдата важно е да биде преку судството и професионалните институции“, вели тој. Прашан дали ова значи дека Законот за јавно обвинителство си ја врши работата тој одговара: „Ако некои се прашуваа зошто беше тешко да се донесе овој Закон сега еве одговор. Ни требаше двотретинско мнозинство и жолчно се боревме со поддршка и од граѓаните и од Меѓународната заедница за да се продолжи животот на оние случаи, без прејудицирање на пресудите се разбира, но важно е да има институционална завршница“. Маричиќ коментирајќи ги случаите на корупција во редовите на власта вели дека корупцијата ја има секаде и во регионот и во земји членки на ЕУ: „ Еве во Хрватска двајца судии се среде афера за поткуп. Корупцијата ја има секаде и сериозно во регионот, но кај нас различно од претходно е што се градат и на дело функционираат механизми за битка. Гледаме крупни функционери и директори на власта, заедно со поранешен владин секретар дека се товарат за криминал и тоа е порака дека никој не е недопирлив. Важна е оваа порака од институциите до граѓаните, за да знаат дека времето кога се апсеа само тие кои краделе салати или ќебапи е зад нас. Сега гледаме дека системот функционира за секого. Сепак, освен неселективноста треба и да се почитува пресумпцијата на невиност, да не се делат преку медиуми пресуди и преку социјалните мрежи, ама и не преку партиски прес конференции. Секој заслужува фер постапка, особено ако се работи за јавни личности со јавен углед и политички кариери.“ вели тој. Маричиќ објаснува дека и судовите и обвинителствата се многу внимателни и секогаш се донесуваат само оние мерки што мора, за да нема злоупотреба на притворот. Тоа некогаш прави тие да се и преблаги, па имаше случаи со бегства што создаваат целосна недоверба и нарушување на угледот на судската власт, како и отворени сомнежи дека на некое ниво има договор на власта со опозицијата за „спас“ на некои осомничени. За разрешувањето на судиите, Маричиќ вели дека тоа е процес што треба да го зајакне системот. „Донесени се Законот за судови, Судски совет и после и за ЈО, се конкретизираат критериумите за судии и обвинителки да
СЛАЃАНА ТАСЕВА
претседателка на Транспаренси Интернешнал Македонија
Ние имаме тенденција да гледаме само процеси и случаи само во кривичното право и во Кривичниот суд, разни небулози, одлевања на информации, подигнување на решение од Обвинителство и така натаму. Но, забораваме дека во граѓанските судови каде што се решаваат правата на граѓаните, права на имот и слично на пример, има постапки, што траат и над 30 години и постојано имаме спротивставени одлуки од исти инстанци во судството. Што е тоа ако не корупција!?
можат да бидат разрешени и таа оценка мора да биде мерлива. Претходно сите разрешувања беа поради нестручно и несовесно работење и сите беа разрешувања од иста причина, оваа причина што е општа и генеричка, сега мора да има конкретен наод и прекршување“ вели тој. Процесот на разрешување на судиите е силно поздравен од Европската Унија, со став дека се одвива професионално и правилно, низ институциите и рамките на судската власт, без да се остава простор за сомнежи за политички реваншизам.
Преку дигитализација до повеќе правда
Во меѓувреме усвоена е Стратегија за дигитализација на судството која се однесува на оперативниот план за дигитализација на правосудниот систем. „Ова е сериозен чекор, еден клучен столб за целосна дигитална трансформација во нашиот систем. Клучните елементи се засновани од потребата за развој на информатичката технологија и нови ресурси за користење а технологијата во правосудството, ефикасност, ажурност и економичност на постапките и да се подобри пристапот до правдата заедно со зголемување на владеење на правото.“ вели Лазар Нанев, претседател на Комисијата за дигитализација во правосудството. Оперативниот план предвидува активности што вклучуваат набавка на нова хардверска и софтверска опрема за да се подобрат услугите кон граѓаните од судовите, интероперабилност или процес на поврзување на правосудните институции со сите други органи и институции, брза, економична и двонасочна комуникација со сите органи
БОЈАН МАРИЧИЌ
министер за правда
Фактот што имаме крупни случаи, особено оние од поранешното СЈО за коишто јавноста долго очекува исход, (некои од нив имаат своја разрешница во прв, а некои и во втор степен) говори многу за нашата трансформација и европеизација како клучен процес. Зборувам за фактот што имаме пресуда за Таргет, Тврдина, мајка на сите случаи на СЈО, плацевите на Водно, но и други случаи, заедно со овие против актуелните функционери. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, ја комплетира мисијата и пораката дека испорачувањето на правдата важно е да биде преку судството и професионалните институции
и користење на податоците неопходни во постапките, како и алатки и систем на дигитални докази, ама и електронски документи и услуги, што ќе значи дека сите уверенија потврди и слично што се неопходни во една постапка ќе се користат дигитално. „Формирана е работна група за измени и дополнувања на законските решенија и истовремено се отвора важното прашање за електронска достава што беше една клучна кочница, како и воведување на можност за онлајн судења за зголемување на ефикасноста. Процесот на воспоставување на систем е еден од аспектите за цел во исклучителни ситуации кога има вистински пречки да се овозможи хибридно или онлајн судење, значи да не се физички присутни странките или само дел се дел се.“ објаснува Нанев. Тој вели дека безбедносната заштита е исто еден од столбовите на планот, утврден во динамиката на самиот планот, преку воведување на посебни информатички системи што ќе гарантираат заштита Предизвик во имплементацијата на овој процес ќе е зајакнување на капацитетите на човечки ресурси за воведување на овие решенија и за користење на овие ресурси и алатки и мониторингот на одржливоста на опремата што ќе биде обезбедена. „Ова е еден сериозен државен проект, ќе чини многу, не можеме да прецизираме точно финансиска рамка, само поврзување со еден орган е 40 милиони евра, а мораме да се поврземе со најголемиот дел на институции“ вели Нанев. Прогнозите се до крајот на годинава доволно поврзаноста да биде со 15 до 20 државни институции. nnn
MAJ 2021
30 ЗДРАВЈЕ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
СО НАУКА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈА
СЛЕДИ БОРБА ЗА
„ВАКЦИНА НАД ВАКЦИНИТЕ“ КОЈАШТО ЌЕ ШТИТИ ОД НОВИ ВИРУСИ
Во светот во рекорден рок, за само една година од појавата на коронавирусот регистрирани се вакцини во неколку земји, но продолжува потрагата за уште подобри вакцини и за вирусите што допрва ќе дојдат.
31
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
MAJ 2021
32 ЗДРАВЈЕ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Вакцината за овој коронавирус, SARS-CoV-2, беше пронајдена и развиена за рекордно време. За една година не само што имавме една, туку имаме и четири вакцини регистрирани во Европа и САД, и уште неколку, во некои земји, како Индија и Куба, коишто развиваат свои вакцини. Има, сепак, и неуспеси. Француската наука, односно земјата на Луј Пастер, човекот што е практично втемелувачот на вакцинацијата, воопшто не успеа да развие вакцина против новиот коронавирус.
О
ваа пандемија донесе нов замав во малку запоставената област на научен развој во последните години - вакцините. Да потсетиме, кога започна да се шири новиот коронавирус SARS-CoV-2, едно од главните прашања беше каде е вакцината, односно како тоа немавме вакцина за првиот SARS, епидемија која почна да се шири во Азија во 2002 година. Одговорот е брутално едноставен - кога престана ширењето на SARS во 2004 година (SARS беше далеку посмртоносен од својот наследник од 2020 година, но многу потешко се пренесуваше, н.з.), престана и потребата да се најде вакцина против него. Најчесто затоа што истражувањето за вакцини е исклучително скапо. Па така, нема да дознаеме дали ќе излезевме од оваа пандемија многу порано ако имавме платформа што ќе се покаже ефикасна во контролата на коронавирусот SARS. Но, вакцината за овој коронавирус, SARS-CoV-2, беше пронајдена и развиена за рекордно време. За една година не само што имавме една, туку имаме и четири вакцини регистрирани во Европа и САД, и уште неколку, во некои земји,
како Индија и Куба, коишто развиваат свои вакцини. Има, сепак, и неуспеси. Француската наука, односно земјата на Луј Пастер, човекот што е практично втемелувачот на вакцинацијата, воопшто не успеа да развие вакцина против новиот коронавирус. Пробивот дојде од Германија, каде што BioNTech прв претстави вакцина заснована на технологија која се развива со децении, но вакцина врз основа на неа беше регистрирана само дури за оваа пандемија. Се разбира, станува збор за mRNA технологија, „гласничката РНК“. Иако пандемијата нè измори сите нас и се чини дека трае со децении и нема крај, сепак во научни размери гледано сè е направено исклучително брзо. Една година е најмалку три години побрзо одошто е развиено било која вакцина презентирана до сега. Најбрзо развиена беше онаа против заушки од 60-тите години на минатиот век, за четири години, а вообичаениот очекуван рок е до десет години. И како тој брз успех да му ги отвори сите врати на развојот на науката за вакцините. Неодамна беше објавено дека по децении разочарувања, конечно осамнаа надежите за навистина ефикасна вакцина против маларија, која убива околу 400.000 луѓе годишно ширум
светот, претежно деца.
Вакцина против сите причинители?! Една мала клиничка студија спроведена од страна на Институтот Џенер на Универзитетот во Оксфорд, истиот институт што ја разви вакцината AstraZeneca против новиот коронавирус, покажа дека една експериментална вакцина против маларија задржува ефективност од 74 до 77 проценти кај децата во Западна Африка една година по администрацијата. И, тоа истражување беше спроведено во земја каде маларијата е ендемично заболување, Буркина Фасо. Таму, 450 деца на возраст од пет до 17 месеци примале три дози на вакцина во интервали од четири недели и дополнителна доза по 12 месеци. За да се зајакне основата на овој оптимизам, потребна е и фаза 3 од клиничкото испитување, тогаш вакцината ќе може да се одобри според побрза постапка утврдена со новата вакцина за коронавирус. Друг труд беше доставен за евалуација за објавување во едно од водечките научни списанија и зборува за тоа како ефективноста на вакцината може точно да се процени без спроведување на екстремно долги, тешки и скапи клинички испитувања во фаза 2 и 3. Ќе се постигне
33
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
со препознавање на имунолошки одговори кои се најважни при примена на одредена вакцина. Во лабораториски експеримент со мајмуни, се покажало дека антителата при употребата на вакцината на Moderna играат најважна улога во сузбивањето на новиот коронавирус меѓу сите други видови на имунолошки одговори. Друга таква студија ќе спореди како имунолошкиот одговор бил активиран кај оние кои биле вакцинирани и кај оние кои се заразиле и покрај вакцинирањето. И така, ќе дојде истиот одговор, за тоа кој е најважниот имунолошки одговор. Меѓутоа, среде оваа пандемија заживеа идејата за универзална вакцина, онаа што би можела да нè заштити од многу коронавируси и со тоа да ја спречи следната пандемија заснована на овие вируси. Пред четири години, три водечки ентитети за истражување на вакцини аплицираа за финансирање за да ја исполнат таквата амбициозна цел. Во тоа време, никој немаше вакцина што може да запре дури и еден бета коронавирус бета значи група на вируси кои можат да бидат фатални за луѓето, предизвикувајќи сериозен акутен респираторен синдром, односно SARS, но и респираторен синдром на Блискиот исток, MERS, како и неколку причинители на обични настинки и вируси кои доаѓаат кај луѓето главно од лилјаци. Јасно, и COVID-19. Изработка на вакцина против сите овие патогени микроорганизми е очигледно исклучително амбициозна работа. Но, рецензентите на овој научен проект на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, NIAID, проценија дека важноста за развој на ваква вакцина не е доволно голема, иако идејата како таква е навистина извонредна. Зборуваме за 2017 година, кога, како што се испостави подоцна , повеќето научници не сфатиле дека постои глобална опасност од коронавирус.
Имунитет против вируси
Со оваа пандемија, тоа се промени суштински. Во ноември минатата година, NIAID повика на итна испорака на проекти кои би добиле средства веднаш доколку се посветат на развој на „секоронавирусна“, универзална вакцина. Во напорите се приклучи и Коалицијата за приправност при епидемии, CEPI, која во март објави дека ќе потроши 200 милиони долари на нова програма за забрзување на развојот на вакцината за бета-коронавируси, која сега вклучува и SARS-CoV-2. Совршено е јасно дека едно од двете најважни научни списанија во светот, „Science“, посвети голем текст на оваа тема. Па, и затоа што исполнувањето на оваа задача нема да биде така лесно. Универзалните вакцини можат да бидат генетски вакцини со аденовирусни или липосомални носители, во кои генетскиот материјал мора да кодира заеднички дел од некој вирусен протеин кој се наоѓа во неколку различни вирусни видови или соеви. Според истата логика, овие можат да бидат т.н. subunit вакцини, односно вакцини кои носат дел од вирусот, обично
Среде оваа пандемија заживеа идејата напуштена пред неколку години, за универзална вакцина, онаа што би можела да нè заштити од многу коронавируси и со тоа да ја спречи следната пандемија заснована на овие вируси. Во ноември минатата година, Националниот институт за алергија и заразни болести на САД NIAID повика на итна испорака на проекти кои би добиле средства веднаш доколку се посветат на развој на „секоронавирусна“, универзална вакцина. Во напорите се приклучи и Коалицијата за приправност при епидемии, CEPI, која во март објави дека ќе потроши 200 милиони долари на нова програма за забрзување на развојот на вакцината за бета-коронавируси, која сега вклучува и SARS-CoV-2.
некој површински протеин, кој е присутен во иста форма на некои други вирусни соеви. Со ова покренатата имунолошка реакција против еден вид вирус би можела да покрие и други видови на вируси, бидејќи идентични делови од антигенот се наоѓаат на нив. Ваквите реакции на имунолошкиот систем се нарекуваат вкрстени реакции. Но, тука имаме и еден проблем. Имено, имунолошката реакција вклучува производство на низа различни антитела против еден антиген, на пример, протеин на шилецот на коронавирус, коишто на тој антиген препознаваат помали аминокиселински отсечки, т.н. антигенски епитопи. Така, против еден сложен антиген може да створите и повеќе десетици различни антитела коишто реагираат со различни антигенски епитопи. Затоа, на пример, вирусот SARS – CoV - 2 не успева целосно да го избегне
имунитетот со мутации, бидејќи со мутацијата менува некои епитопи, но не сите, така што некои антитела сè уште можат да го препознаат, иако понекогаш 6 или 10 пати помалку. Според тоа, ако со вакцинацијата предизвикувате имунолошки одговор само против делови од антигенот, коишто се заеднички за различни патогени, вие исто така го ограничувате бројот на епитопи против кои делуваат имунолошките механизми, така што целокупниот имунитет против секој поединечен антиген е послаб. Со други зборови, еднократно аплицирана универзална вакцина ќе предизвика имунитет против низа вируси коишто споделуваат антигенски епитопи, но овој имунитет против секој поединечен вирусен сој ќе биде послаб отколку што би бил ако се вакцинираме против секој од овие патогени одделно – велат имунолозите. nnn
MAJ 2021
34 ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
ДОДЕКА КРИПТОВАЛУТАТА ЕТЕР БЕЛЕЖИ РЕКОРДИ
ДА ОБЈАСНИМЕ ЗОШТО Е БИ ЕТЕРИУМ, БЛОКЧЕЈН ПЛАТФ ШТО „РАБОТИ“ ВО ПОЗАДИ
И ВО ЦЕНАТА...
ИТЕН ФОРМАТА ИНА
35
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Етериумот, една од најголемите иновации на 21 век, со својата разновидност во примената, од трансакции за финансиски услуги, па сè до дигитални записи во многу индустрии, се етаблира како една од најважните алатки во дигиталната трансформација. Меѓутоа, како што пишува TechRadar, Етериумот станува сè побавен и поскап одошто беше на почетокот. Дали Етериумот е жртва на сопствениот успех и каква е иднината на оваа блокчејн платформа? автор:
Е
ИГОР ПЕТРОВСКИ тер, криптовалутата зад којашто стои блокчеин технологијата наречена Етериум, деновиве ја помина вредноста од 3.400 долари, со што достигна нов историски рекорд. Накусо потоа, втората најпопуларна криптовалута после биткоинот, се спушти до нешто над 3.200 долари, за во моментот на затворање на овој текст нејзината вредност да е околу 3.300 долари. Оние што поседуваат Етер задоволно ги тријат рацете, додека аналитичарите се обидуваат да прогнозираат до каде може да оди неговата вредност и за колку време. Барем еден крипто – експерт на планетава шпекулира дека цената на Етерот може да достигне и 5.000 долари во следните недела дена. „Етерот е еден од главните добитници во пошироката експлозија што се случува на пазарот на криптовалути“, вели Најџел Грин, шеф и основач на deVere Group, глобална финансиска куќа со преку 10 милијарди во средства под управување. Грин објаснува дека изминативе месеци овој бум беше поткрепен од растечкиот интерес од главните институционални инвеститори на планетава, и сè поголемото прифаќање на реалноста дека дигиталните валути се иднина на платежните системи. „Овој моментум уште повеќе ќе расте на кус рок и очекувам Етер да достигне 5.000 долари во следните седум дена“, предвидува Грин. Платформата Етериум е лансирана во 2015 година од страна на Виталиј Бутерин, канадски програмер со руско потекло, којшто тогаш имал само 21 година, и неговите соработници Чарлс Хоскинсон и Гевин Вуд. Етереумот е создаден на истиот концепт што стои зад неговиот „постар брат“ биткоинот. Ако главната предност на биткоинот како дигитално средство беше тврдењето на ентузијастите дека тој е одличен чувар на вредноста и за валута до извесна мера, мрежата на Етериумот од многумина е посматрана како моќен, open – sourcе, децентрализиран „’рбет” на коишто може да се потпрат многубројни примени. Од најголемите приврзаници на етерот дури се пушта теоријата дека еден ден тој ќе ја надмине пазарната вредност на биткоинот, којшто е во моментов криптовалута бр. 1. Во моментов, пазарната капитализација на биткоинот изнесува преку 1.000 милијарди долари,
а на етерот околу 390 милијарди долари. Растот на етерот за една година е фантастични 16 -17 пати, а за четирите месеци од 2021 вредноста се качи речиси петкратно, од 750, на преку 3400 долари. Биткоинот за една година порасна околу седум пати, а од почетокот на годинава повеќе од два пати.
Етериум - жртва на сопствениот успех?!
Да објасниме сега малку повеќе околу Етериумот, една од најголемите иновации на 21 век, како што вели и угледниот онлајн магазин за технологија, TechRadar. Неговата разновидност во примената, од трансакции за финансиски услуги, па сè до дигитални записи во многу индустрии, го етаблираа Етериумот како една од најважните алатки во дигиталната трансформација. Меѓутоа, како што пишува Алан Веј од Aventus Technologies за TechRadar, Етериумот станува сè побавен и поскап одошто беше на почетокот. Може да поминат часови додека една трансакција се процесира преку мрежата, а и трошокот по трансакција (т.н. gas fee* - види рамка, н.з.) може да достигне и до 40 долари. Со растот на популарноста на т.н. NFT или non – fungible tokens** (види рамка, н.з.), што би значело, дигитална „стока“ којашто постои само во виртуелниот свет, односно во случајов на Етериум блокчејн платформата, побарувачката за процесирачка моќ само ќе расте, со што и цената на „горивото“ може да оди само нагоре, како и времетраењето на процесирање на една трансакција. Овој тренд го наметнува прашањето „дали бизнисите треба да го баталат Етериумот и да најдат алтернативен начин за процесирање на нивните трансакции?“ Никој не негира дека Етериумот ја надмина својата антиципирана побарувачка, но тоа не значи дека не може да ги победи со своите перформанси останатите опции за корисниците. Да погледнеме од поблиску кои се главните проблеми со Етериумот, и зошто не треба да се откажеме од оваа платформа, како и начините како да биде побрз, скалабилен и најважно, економичен.
Проблемите со Етериумот
Една од најчестите заблуди во врска со јавните блокчејн платформи, особено Етериумот, е дека е помалку сигурно и повеќе ранливо решение, одошто, на пример, приватна мрежа. Реалноста е дека Етериумот е многу безбедна, многу помалку лесна за хакирање мрежа одошто еден клауд сервер, со оглед дека е open source и јавно е валидирана низ
MAJ 2021
36 ТЕХНОЛОГИЈА И БИЗНИС
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
*Gas fee, или цената на горивото во Етериум светот се однесува на надоместот што е потребен за успешно да се изведе една трансакција или да се изврши договор на блокчејн платформата Етериум. Ценовно одредено преку мали делчиња од криптовалутата етериум, најчесто познати како гвеи (gwei), „горивото“ се користи за алоцирање на ресурсите на Етериум виртуелната машина (EVM), така што децентрализираните апликации, како на пример smart contracts можат да се извршат на безбеден, но децентрализиран начин. Точната цена на горивото е одредена од понудата и побарувачката помеѓу „копачите“ на мрежата, коишто можат и да одбијат да процесираат трансакција доколку цената на горивото оди над нивниот праг на толеранција, и од друга страна, корисниците на мрежата коишто имаат потреба од процесирачка моќ.
Платформата Етериум е лансирана во 2015 година од страна на Виталик Бутерин (на фотосот), канадски програмер со руско потекло, којшто тогаш имал само 21 година, и неговите соработници Чарлс Хоскинсон и Гевин Вуд.
цел свет. Вистинскиот проблем со Етериумот е околу капацитетот на протокот на податоци, односно т.н. bandwidth. Кога девелоперите за првпат ги поставиле основите на она што сега е познато како најголемиот јавен блокчејн протокол, немало шанси во тој момент да ги предвидат нивоата на побарувачка за Етериум. На својот врв, Етериум трансакциите може да достигнат бројка и од преку 1,4 милиони дневно. И додека ова е ништо во споредба, со, на пример, Visa мрежата за картични трансакции, каде што може да се процесираат преку 65.000 трансакции во секунда, кај Етериумот плафонот е многу понизок. Теоретски, мрежата може да поддржи само околу 2,59 милиони трансакции дневно. Исто така, не е проблемот само во високата цена на горивото кај трансакциските трошоци на Етериумот – се работи и за неконзистентноста на цената. Цената на горивото во даден момент е одредена од побарувачката на мрежата. Па така, во различно време на денот или околу одредени датуми во месецот, волуменот на трансакции што поминуваат низ мрежата флуктуира значително. Ова го прави речиси невозможно предвидувањето колку ќе чини една трансакција и го отежнува менаџирањето со вашиот паричен тек. Да речеме дека водите некоја кешбек картична шема користејќи Етериум за да ги процесирате вашите трансакции. Ако
37
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
еден од вашите партнери трговци нуди 10% кешбек на сите купувања, секое купување се состои од една трансакција каде што 10% од цената на стоката му одземате на трговецот, и уште една трансакција каде што тие 10% му ги враќате на купувачот. Во зависност од моментот, овие трансакции може да чинат помеѓу 0,2 долари и 40 долари, што во голема мера влијае врз профитабилноста на вашиот бизнис.
Зошто да се задржи Етериумот?
За многу примени, Етериумот е далеку најдобра опција, и покрај овие проблеми што ги наведовме. Етериум блокчејн солуција може да биде изградена, имплементирана и менаџирана бесконечно долго без било каков проблем, со низо ризик од измами и без малициозни упади од страна. Кога ќе размислите што Етериумот и овозможува на една компанија, јасно е дека е супериорен во однос на било која не – блокчејн солуција што може да се примени за истата работа. Во сржта на Етериумот за компаниска примена е т.н. smart contract – делчиња од програмски код што автоматски се извршуваат кога одреден сет на претходно дефинирани услови е исполнет. Ако ова го примените во нашиот пример од пред малку со кешбекот, многу едноставно ова значи дека кога купувачот ќе направи трансакција, е исполнет условот што овозможува автоматски да се наплати 10% од трговецот и да му се врати на купувачот неговиот кешбек. Ако вакво нешто сакате да го спроведете на приватен запис чуван на некаков клауд, нема начин како да го автоматизирате овој процес. Ако сакате да поставите мрежа од дозволи од било каков вид, или ќе треба сами да го сторите тоа преку ангажман на скапи девелопери и експерти, да платите голем надомест на некоја софтверска фирма да го развие тоа, или едноставно
да користите некакво out-of-the-box софтверско решение што е цврсто и добро развиено, но можеби ги нема сите функционалности што ви требаат. Најбитно, ако не сакате да управувате со целиот екосистем, Етериум го има автоматизирано. Како отворена јавна мрежа, тестирана со години, Етериум е инхерентно побезбеден од која било приватна мрежа и може да биде исклучително разновиден. Може да биде обликуван да работи во низа на примени. Во основа, токму оваа флексибилност и разновидност доведоа до главните проблеми поврзани со Етериум. Порано се нарекуваше „одличен за микротрансакции“ - денес тоа веќе не е точно, бидејќи толку многу луѓе ја користат мрежата за несогледлив опсег на примени - големи и мали.
Како Етериумот може и понатаму да биде функционален?
Ако Етериумот не функционираше исклучително добро, тогаш „давачките за бензин“ едноставно ќе се намалеа со текот на времето, бидејќи бизнисите и проектите ќе се вртеа кон алтернативни опции. Но, тоа не се случи - вредноста на Етериумот останува јасна за многу различни организации. Прашањето е, како луѓето можат сè уште да користат Етериум и покрај наведените предизвици и колку од овие проблеми можат да се отстранат во иднина? Постојат два главни правци на размислување кога станува збор за одржливоста на оваа мрежа. Првиот е Ethereum 2.0 - значително ажурирање на начинот на функционирање на Етериум што ветува дека ќе го зголеми својот проток на податоци и ќе ги намали давачките за гориво. Ethereum 2.0 моментално се тестира со „Medalla Testnet“, што вклучува над 20.000 валидатори ширум светот. Сепак, новиот Етериум беше засенет со многу одложувања и
**„Нефунгибилни токени“ или NFT добиваат на популарност последниве месеци, а инвеститорите и вљубениците во уметноста трошат милиони долари барајќи сопственост над нешто што постои само во дигиталниот простор. NFT токените засновани се на блокчејн (технологијата којашто стои во позадина на биткоинот, исто така) и не може да се заменат со нешто друго. Такви токени често се користат за дигитални колекционерски предмети. NFT се вид на крипто валути што овозможуваат разни дела, па и уметнички настанати на различен тип медиуми, да се „токенираат“ и продаваат по пат на слични механизми на дигиталната трговија, како и биткоинот. NFT добија на актуелност особено со веста дека Џек Дорси, основачот на Твитер, неодамна го продаде својот прв твит, всушност првиот твит во историјата воопшто, за 2,9 милиони долари, на јавна аукција. Твитот, којшто инаку не е ништо посебно во содржината („just setting up my twttr“) и е објавен на 21 март, 2006 година, е продаден како NFT, или non – fungible token. проблеми - главната мрежа требаше да започне да работи минатата година. Уште повеќе, меѓу многуте недоумици што се појавија во заедницата на девелопери е безбедноста на Ethereum 2.0, заедно со некои прашања за тоа дали е доволно скалабилен. Тестовите укажуваа на фактот дека 2.0 ќе може да постигне околу 3.000 трансакции во секунда - далеку подобро од 15-те на Ethereum 1.0, но сè уште далеку од 65.000 на Visa. Вториот правец на размислување е со решенија за Слој 2 (Layer 2). Овие се солуции дизајнирани да ги решат проблемите со Етериум преку справување со трансакциите надвор од главниот синџир Етериум, а притоа да ги искористат многуте придобивки што може да ги понуди мрежата. Овие солуции имаат можност да решат многу од проблемите со Етериум - од цената на горивото до брзината и скалабилноста. Постојат многу сетови од Слој 2 решенија што се на располагање на организациите. Клучот за секој бизнис што размислува да користи Слој 2 решение е да процени што точно сака да постигне. Врвните Слој 2 решенија можат целосно да ги ублажат проблемите околу трошокот, брзината и скалабилноста и да направат Ethereum да работи ефикасно и неограничено за секој случај на користење. nnn
MAJ 2021
38 KАРИЕРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
КОВИД КРИЗАТА ВИ НАМЕТНА РАБОТА ОД ДОМА?
6 СОВЕТИ КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДОБАР БАЛАНС
39
MAJ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Доколку на вработените им недостигаат вистинските алатки или пристап до информации, тие ќе се чувствуваат отсечено, неорганизирано и неангажирано. Па, затоа е клучно да се обезбедат вистинските алатки, дали било тоа компјутери, микрофони, камери, или пак потребниот софтвер и апликации.
HARVARD BUSINESS REVIEW
К Работењето од дома е нова нормалност за многу луѓе. Не се работи само за опрема и процеси што се потребни; вработените се соочуваат со нови проблеми, како што е изолираноста од канцеларијата додека истовремено се борат со нови притисоци дома. Бизнис лидерите треба да размислат за нови начини како да им помогнат на работниците да се справат со новите очекувања околу домот и семејството.
овид – 19 кризата ги соочи бизнисите и вработените со постојаниот предизвик на работа од дома, истакнувајќи ја потребата од вистинските алатки, планирање и поддршка со цел луѓето да останат здрави, поврзани и продуктивни. Менаџерите се фокусирани при овој начин на работа да обезбедат дека постои вистинската инфраструктура, не само во смисла на технологија, туку и на начин што поставува вистински очекувања, процеси и приоритети. Се разбира, доколку на вработените им недостигаат вистинските алатки или пристап до информации, тие ќе се чувствуваат отсечено, неорганизирано и неангажирано. Па, затоа е клучно да се обезбедат вистинските алатки, дали било тоа компјутери, микрофони, камери, или пак потребниот софтвер и апликации. За да креираат продуктивен екосистем, на вработените исто така им треба и лесен пристап до групата и споделените фајлови, како и план за поставување цели на тимот, и секако, рокови. Споделување на распоредот и документирање на претпочитаниот број работни часови за секој член на тимот, исто така е важно да се случи. Но, работењето од дома е нова нормалност за многу луѓе. Не се работи само за опрема и процеси што се потребни; вработените се соочуваат со нови проблеми, како што е изолираноста од канцеларијата додека истовремено се борат со нови притисоци дома.
Бизнис лидерите треба да размислат за нови начини како да им помогнат на работниците да се справат со новите очекувања околу домот и семејството. Ова значи дека менаџерите мора да се реалистични околу новите предизвици. Работењето од дома може да значи повеќе мултитаскинг. Некои работници може да се помалку продуктивни, па треба да се охрабрат да си постават дневни задачи и цели што може реално да ги постигнат. Ако тоа тргне добро, тогаш постепено да се поставуваат поамбициозни цели. Вработените треба да се согласат околу обемот на работа, проектите и приоритетите со својот менаџер и да го комуницираат тоа со тимот. Да се одржи целиот тим поврзан е клучно. Ако се влоши нешто во комуникацијата, тогаш тимската соработка е загрозена, фокусот кон клиентите ќе се замати, и иновациите ќе се закочат. Затоа е важно секој член на тимот да е свесен за проектите на другите, за нивните рокови и цели. Синхронизирањето на одговорностите и роковите со колегите помага во менаџирање на проектите, ја максимизира ефикасноста, и осигурува дека секој ќе си ја заврши работата. Онлајн состаноците треба да имаат јасна цел, агенда и резултат, па така испратете им на вработените на време информации околу сето тоа. Поврзаноста е само едно решение за да се овозможи работа од дома. Неуспехот да се снабдат вработените со потребната поддршка може да влијае врз нивната мотивација, продуктивност и балансирањето помеѓу работата и приватниот живот. Може лесно да се
MAJ 2021
40 KАРИЕРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
Да се одржи целиот тим поврзан е клучно. Ако се влоши нешто во комуникацијата, тогаш тимската соработка е загрозена, фокусот кон клиентите ќе се замати, и иновациите ќе се закочат. Затоа е важно секој член на тимот да е свесен за проектите на другите, за нивните рокови и цели.
појави депресија поради изолацијата, па така вработените треба да се охрабрат да размислат за овие чекори:
XX Договорете се со семејството околу работата од дома
Вработените треба да се охрабрат да се договорат со своите најблиски – партнерите, децата, итн. – околу распоредот, тивко катче во домот, време за пишување домашни, и кога е во ред да бидат прекинати во работата. Погрижете се да одвоите време за излегување на свеж воздух или малку рекреација и забава. Важно е да бидете флексибилни и да проверувате постојано дали тоа што сте се договориле со најблиските е во ред со сите нив.
XX Поставете граници на работната околина
Менаџментот треба да ги поттикне вработените да си направат свој простор, зона или местенце во домот што е одвоено од членовите на семејството кога ќе им треба приватност или се на конференциски повик, онлајн состанок и сл. Можете да носите слушалки, или пак да ставите знак на потпирачот од столчето или мониторот за да им дадете
јасен сигнал на домашните да ви остават малку простор.
XX Изградете рутина и грижете се добро за себе
Менаџментот треба да им помогне на вработените да изградат рутина што им помага да ја завршат работата ефикасно и ефективно. За некои луѓе ова значи дека треба да си ја „реновираат“ својата домашна канцеларија. За други пак, значи воспоставување на нова рутина. Важно е да се постават разумни граници за вработените да не се чувствуваат дека секогаш се на располагање кога работат од дома. Треба да се постават „кочници“ за да не дојде до burnout на вработените. Рутините треба да значат и да се остане поврзан со социјалните мрежи, професионалните заедници, платформите како Facebook, Instagram, итн.
XX Бидете флексибилни околу поставените агенди Работењето од дома не значи да се работи реактивно. Менаџментот треба да им даде слобода на вработените да иницираат спонтани состаноци, муабет во 5 до 12, особено оние што не се поврзани стриктно со работата.
XX Социјализирајте се со колегите Изолираноста е вообичаен проблем за оние што работат од дома, па сега е поважно од било кога да не се запостави социјализацијата. Обидете се да креирате “чет“ групи каде што членовите на тимот ќе може да разговараат за теми од заеднички интерес. Видео повиците се подобар начин да се остане конектиран со колегите, па макар и за неврзан муабет на крајот од работниот ден. Овој начин им помага исто така и на интровертните – коишто попрво не би се социјализирале – повремено да се поврзат со тимот.
XX Комуницирајте со јасност и позитивност
Работењето од дома значи дека комуникацијата, особено онаа по мејл или чет, мора да биде јасна и позитивна, во спротивно може да се доживее како незаинтересирана или студена. Среќни емотикончиња, смешни сликички, комплименти и сл., сè се тоа алатки за да се задржи моралот на повисоко ниво. nnn
41
ЛИДЕРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1100
МАДС МИКЕЛСЕН
АКТЕР
ВО СЕКОЈ ЛИК НА НЕГАТИВЕЦ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ НЕШТО РЕАЛИСТИЧНО, А ВО СЕКОЈ ХЕРОЈ НЕШТО ПОГРЕШНО
Данскиот актер Мадс Микелсен е вистинска икона во својата родна земја, прогласуван за најсекси маж неколку пати и најдобар актер безброј пати. „Њујорк Тајмс“ има напишано дека во Холивуд, Микелсен „стана одличен карактерен глумец со интригантна аура, но на домашен терен тој е нешто друго: ѕвезда, аксиома, лицето на воскреснатата данска кинематографија“. Поширока светска слава доби во 2006 година толкувајќи го негативецот Ле Шифр во „Казино Ројал“, првиот филм со Крег Дениел како Џемс Бонд, а периодов е актуелен со својот „домашен“ филм од 2020 година „Another round“ којшто освои Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје на неодамнешното 93-то по ред доделување. Не претпочитам по секоја цена да играм негативци. Многумина мислат дека тоа е позабавно за актерите, но ако сценаристот си ја завршил добро работата, може да најдете нешто реалистично во секој негативец, како и грешки во секој херој – сè е до тоа како е напишано.
Не сум амбициозен околу мојата кариера, но сум амбициозен околу секоја работа што ќе ја дофатам. Можам да бидам многу напорен за соработка.
Ја сум човек за пиво. Пробав со виски и скоч, но не ми оди некако. Ми мириса на девојка што не се избањала и само се наплискала со многу парфем.
МАЈ 2021
Веројатно никој не си го сака својот јазик како Французите. Не е битно колку добро го владееш – сè уште звучи ужасно за нивното уво.
Подобро да ме прогласат за „најсекси маж во Данска“ одошто за “најгрд маж во Данска“.
Можеби се прашуваме зошто сме го измислиле Господ, а по само 10 минути и Сатан. Зошто? Затоа што тој ни е потребен; секогаш има нешто фасцинантно поврзано со другата страна на паричката.