1102- Kapital magazine

Page 1

business magazine

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ОГРОМНИ ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ

БРОЈ 1102 l 28 мај 2021 петок цена 200 ден. l година 21 l www.kapital.mk

COVER STORY ЕКОНОМИЈАТА ПОСТ-КОВИД ЗАКРЕПНУВА ПОВЕЌЕ ОДЕЈЌИ ОТКОЛКУ ТРЧАЈЌИ INTERVIEW

АНТОНИО АРГИР претседател на УО на НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Е БАНКА ОД ДОВЕРБА СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА СÈ ШТО СЛЕДИ!

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ

вицепремиер за борба против корупција

НОСИМЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ, ВОВЕДУВАМЕ СИСТЕМСКИ И ГЕНЕРАЦИСКИ ПРОМЕНИ НИКОЛА БЕРТОЛИНИ

раководител на сектор за соработка во ДЕУ

МАКЕДОНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА РАБОТИ САМО ПОД ПРИТИСОК

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

РАСТЕ ЦЕНАТА ШТО СОФИЈА ЈА ПЛАЌА ЗА БЛОКАДАТА КОН СКОПЈЕ

КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE

ПРОТИВ АМАЗОН, СИНДИКАТИТЕ ЈА ЗАГУБИЈА БИТКАТА ЗА АЛАБАМА



3

КАПИТАЛ... 1102 6

12

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Економскиот раст годинава меѓу 3,7% и 4,1%

Антонио Аргир

претседател на УО на НЛБ Банка АД Скопје, заедно со уште тројца членови на бордот НЛБ е Банка од доверба со јасна визија за сè што следи!

Економијата пост-ковид закрепнува повеќе одејќи отколку трчајќи

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

20

ЕКОНОМИЈА

Зоран Заев најави огромни енергетски проекти значајни за земјава Северна Македонија ќе стане главна транзитна точка за гас на Западен Балкан

22

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Како работеше фондовската индустрија во првиот квартал од 2021 Ако по утрото денот се познава...

26

34

ИНТЕРВЈУ

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Љупчо Николовски

Уште едно „да се биде или не“ на патот кон Брисел

заменик претседател на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси

Расте цената што Софија ја плаќа за блокадата кон Скопје

COVER STORY Економскиот раст годинава меѓу 3,7% и 4,1%.......................................................................6 Економијата пост-ковид закрепнува повеќе одејќи отколку трчајќи ИНТЕРВЈУ Антонио Аргир, претседател на УО на НЛБ Банка АД Скопје, заедно со уште тројца членови на бордот..............................12 НЛБ е Банка од доверба со јасна визија за сè што следи! ЕКОНОМИЈА Зоран Заев најави огромни енергетски проекти значајни за земјава......................20 Северна Македонија ќе стане главна транзитна точка за гас на Западен Балкан

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Како работеше фондовската индустрија во првиот квартал од 2021............22 Ако по утрото денот се познава... ИНТЕРВЈУ Љупчо Николовски, заменик претседател на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси..............................26 На граѓаните им е преку глава од декларативни заложби Носиме храбри одлуки, воведуваме системски и генерациски промени ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Уште едно „да се биде или не“ на патот кон Брисел...................................................34

38

ИНТЕРВЈУ

Никола Бертолини

раководител на сектор за соработка во ДЕУ Македонската администрација работи само под притисок

ИНТЕРВЈУ Никола Бертолини, раководител на сектор за соработка во ДЕУ........................38 Македонската администрација работи само под притисок КАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE Медиумска кампања којашто не успеа да ги убеди вработените да се организираат.............................................................42 Против Амазон, синдикатите ја загубија битката за Алабама СВЕТ Науката против пандемијата.....................48 Ќе се развие ли „вакцина над вакцините“ којашто ќе штити од нови вируси?

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 27.05.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

МАЈ 2021


МАЈ 2021

4 ВО ФОКУС

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ИЛОН МАСК

човекот што си игра ролер – коустер со криптовалутите Прво, кон крајот на јануари, го додаде хаштагот #bitcoin на својот Твитер профил. Најпопуларната криптовалута скокна за 5.000 долари за само еден час. Целата крипто заедница почна да трие раце сфаќајќи го ова како сигнал дека Маск дефинитивно е фан на криптовалутите, а неговото влијание е огромно, ако земеме предвид дека на Твитер има 56 милиони следбеници. После неколку дена, овој негов сигнал се официјализираше во веста дека неговата компанија Тесла купила биткоини за 1,5 милијарди долари. Цената веднаш од 39.000 долари се искачи на преку 44.000. Маск најави и дека Тесла ќе почне да прифаќа плаќање во биткоини за нивните производи. Биткоинот во меѓувреме достигна рекордна вредност од 64.000 долари, а потоа се спушти до кај 55.000 и извесно време се вртеше околу оваа граница. Кон средината на мај, Илон Маск повторно го „украде шоуто“. Неговиот твит дека Тесла се премислила, и сега нема да продава коли за биткоини поради загриженоста за претераната потрошувачка на енергија при копањето на биткоините, ја тресна вредноста на биткоинот од 57 на 46.000 долари. Надополнето со објавите дека Кина воведува големи рестрикции поврзани со криптовалутите, вредноста на биткоинот и етерот, втората по важност криптовалута, отидоа во амбис, губејќи и до 50% од вредноста за само неколку дена. Деновиве, Маск имаше повторно пријателски твит кон криптовалутите, што веднаш ја порасна нивната вредност за 5-10%. Кој ќе го запре овој човек?


#ThisIsYourTime

TISSOT seastar 1000 chronograph. OUR SWISS MADE HIGH-PERFORMANCE DIVING WATCH.

TI S S OT WATC H E S .CO M


MAJ 2021

COVER STORY 6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ЕКОНОМИЈАТА ПОСТ-КОВИД ЗАКРЕПНУВА ПОВЕЌЕ ОДЕЈЌИ ОТКОЛКУ ТРЧАЈЌИ


ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ГОДИНАВА МЕЃУ 3,7% И 4,1%

7

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ГОДИНАВА МЕЃУ 3,7% И 4,1% Од 3,7% до 4,1% е распонот на прогнозираниот економски раст за годинава, така што која проценка и да се оствари, нема да биде доволна да ја надомести загубата на бруто домашниот производ лани којшто во екот на пандемијата се намали за 4,5% на годишно ниво. Преткризните економски нивоа сепак, ќе се достигнат дури во 2022 година, доколку не се случат други непријатни изненадувања. Иако се очекуваше поголем постпандемиски бум на економијата, со нагло зголемување на потрошувачката и зголемена инвестициска активност, сепак пролонгирањето на пандемијата и одолговлекувањето на имунизацијата го издишаа надуваниот оптимизам.

MAJ 2021


MAJ 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

О

д 3,7% до 4,1% е распонот на прогнозираниот економски раст за годинава, така што која проценка и да се оствари, нема да биде доволна да ја надомести загубата на бруто домашниот производ лани којшто во екот на пандемијата се намали за 4,5% на годишно ниво. Преткризните економски нивоа сепак, ќе се достигнат дури во 2022 година, доколку не се случат други непријатни изненадувања. Иако се очекуваше поголем постпандемиски бум на економијата, со нагло зголемување на потрошувачката и зголемена инвестициска активност, сепак пролонгирањето на пандемијата и одолговлекувањето на имунизацијата го издишаа надуваниот оптимизам. „Економското опоравување е во тек, реалниот раст на БДП се предвидува да достигне 3,8% во 2021 година, поддржан од зголемената стапка на вакцинација, по првичниот недостиг од вакцини на почетокот од годинава. Побрзата дистрибуција на вакцините од очекуваната, и нивната употреба, е можно да ги зголеми прогнозите за растот, додека, пак, појавата на нови соеви на вирусот може да доведе до помал раст“, заклучи Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Берглјот Баркбу, која одржа виртуелни состаноци со властите за да ги дискутира најновите економски случувања и политики. „На краток рок, главен приоритет останува да биде решавањето на здравствената криза. Фискалната политика треба да продолжи да го поддржува заживувањето на економскиот раст, да поттикнува создавање работни места и да обезбеди заштита на ранливите категории. Владата донесе закон за продолжување на мерките за поддршка и во 2021 година, вклучително и субвенционирање на платите, стимулации за инвестиции и поддршка на ликвидноста на фирмите. Врз основа на тоа, мисијата проектира дефицитот да достигне 5,4% од БДП во 2021 година. Доколку е потребно, понатамошната тагретирана поддршка кон домаќинствата кои имаат најголема потреба од тоа и кон фирмите, во форма на привремени инвестициски кредити и субвенции за вработување може да помогне во закрепнувањето“, истакна шефицата на Мисијата на ММФ, Баркбу. Според ММФ, постоењето на кредибилна среднорочна фискална стратегија може да помогне во решавањето на потребите од инвестиции во државата, истовремено создавајќи простор за фискален маневар. „Инвестицискиот план на Владата е амбициозен и истиот треба да биде придружуван од дополнителни подобрувања во управувањето со јавните инвестиции, во насока на решавање на „тесните грла“, подобрување на ефикасноста на трошењата и ограничување на фискалните ризици. Напорите за подобрување на наплатата на приходите

„Генерално очекуваме инфлација да остане умерена на среден рок. За оваа година правиме умерена нагорна ревизија имајќи ги предвид поизразените нагорни корекции на цените на примарните производи на светските берзи, пред се нафтата и храната, а за 2022 и 2023 година ја задржуваме проекцијата за инфлација од 2%“, посочуваат од НБМ.

би овозможиле простор за подобрување на продуктивните трошоци во области како што се здравство, образование и инфраструктура. Постоењето на успешни јавни инвестиции ќе го поттикне растот и ќе помогне во трансформирање на економијата, но за да се заштити одржливоста на долгот, од суштинско значење е да се има сеопфатна фискална стратегија која, меѓу другото, ќе биде изградена врз реални претпоставки за раст“, додаде Баркбу од ММФ. Во однос на монетарната политика ММФ оценува дека останува соодветна. Банкарскиот систем во целина е добро капитализиран и ликвиден. Предупредување има за наплатата на кредитите. „Нефункционалните кредити веројатно ќе забележат определено зголемување, со изминувањето на регулаторната флексибилност и со постепеното намалување на фискалната поддршка за фирмите. Важно е да се задржат строги правила за класификација на ризикот и за издвојување на резервации за кредити, за да им се овозможи на банките да издвојат доволно резерви со кои би ги покриле потенцијалните загуби. Привременото нераспределување на дивиденда од страна на банките треба да го поддржи овој процес“, потенцираат од ММФ.

Инфлацијата се зголемува

Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и храната ја зголеми инфлацијата. Иако е веројатно дека ќе има некои пренесени ефекти,

инфлацијата се очекува да се намали во втората половина од годината, во услови на нецелосно искористување на потенцијалот на економијата. „Потрошувачките цени се очекува да растат со умерено темпо од 2,2% во просек во 2021 година. Последното зголемување на инфлацијата најмногу се должи на глобалните фактори и тоа се очекува да биде привремено“, оценија од ММФ. Иста проценка за движењето на инфлацијата има и Народната банка која што ја корегираше стапката од првично очекуваната 1,5% на 2,2%. „Генерално очекуваме инфлација да остане умерена на среден рок. За оваа година правиме умерена нагорна ревизија имајќи ги предвид поизразените нагорни корекции на цените на примарните производи на светските берзи, пред се нафтата и храната, а за 2022 и 2023 година ја задржуваме проекцијата за инфлација од 2%“, посочуваат од НБМ. Дополнително, според НБМ очекуваното закрепнување на домашната побарувачка нема да создаде позначителни притисоци врз цените, при оцени за мал позитивен производствен јаз во периодот на проекцијата. Ризиците за проектираната патека на инфлација се главно поврзани со неизвесноста околу увезените цени на примарните производи кои се многу променливи, можните ограничувања на понудата поврзани со пандемијата, како и евентуалниот побрз и поцелосен пренос на растот на цените на инпутите врз


ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ГОДИНАВА МЕЃУ 3,7% И 4,1%

9

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

финалните цени на производите.

Растот би можел да биде и помал

По падот на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5% минатата година, оваа година Народната банка предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9%. Тоа значи дека централната банка ја задржа истата проекција за растот како и во октомври лани. На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, односно економскиот раст да биде ист и догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%. „Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година, исто како во октомвриските проекци“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Во однос на структурата на растот, како и при октомвриските проекции се очекува позитивен придонес на домашната побарувачка, а негативен на нето-извозот Во рамки на домашната побарувачка најголем позитивен придонес се предвидува од инвестициите, кои по високиот пад од 10% изминатата година се очекува да растат во просек оваа и наредната година за 9,4%, како резултат на раст на странските директни инвестиции (СДИ), интензивирање на државните и приватните домашни инвестиции при постабилен амбиент и натамошна солидна кредитна поддршка. Личната потрошувачка исто така,

MAJ 2021

„Економското опоравување е во тек, реалниот раст на БДП се предвидува да достигне 3,8% во 2021 година, поддржан од зголемената стапка на вакцинација, по првичниот недостиг од вакцини на почетокот од годинава. Побрзата дистрибуција на вакцините од очекуваната, и нивната употреба, е можно да ги зголеми прогнозите за растот, додека, пак, појавата на нови соеви на вирусот може да доведе до помал раст“, заклучи Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)


MAJ 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

по падот од 5,4% минатата година, се предвидува да расте во просек 3,7%, при зголемена склоност за потрошувачка со засилување на процесот на имунизација, пораст на расположливиот доход како резултат на поповолни движења и на пазарот на трудот, како и натамошна кредитна поддршка. Во однос на извозот, по падот од 11% минатата година, НБМ очекува оваа и наредната година просечен раст од 7% во услови на закрепнување на странската побарувачка и позитивни ефекти од капацитетите со странски капитал, но и од дел од традиционалниот извозен сектор при поволна ценовна конјунктура. Растот на извозот и домашната побарувачка (кои имаат голема увозна компонента) ќе доведат и до раст на увозот, со што нето-извозот ќе има негативен придонес „Ризиците за растот и натаму се надолни и поврзани со справувањето со пандемијата. Нашето алтернативно сценарио покажува побавно закрепнување и понизок раст на домашната економија во 2021 и 2022 во просек за околу 1 п.п., во споредба со основната проекција“, потенцираше гувернерката.

Светот се надева на постпандемиски бум

Здравствената криза доведе до севкупна економска криза, која истовремено ги погоди сите економии во светот и тоа со интензитет од невидени размери. Но, според процените на ММФ, интензитетот ќе беше и до трипати поголем доколку не беше обезбедена монетарна и фискална поддршка, како и мерки во финансискиот сектор, кои во оваа криза беа значајно повисоки од периодот на големата финансиска криза. „Токму поради силната монетарна и фискална поддршка, ММФ проценува дека оваа криза (во споредба со 2008) ќе остави помали долготрајни последици врз билансите на реалниот сектор и ќе овозможи релативно побрзо закрепнување, особено кај економиите со подобри основи кои обезбедија поголема поддршка“, анализираат од Народната банка. Ова е видливо, велат тие, и преку подобрите остварувања измината година, односно глобалната економија забележа пад од 3,3%, наспроти претходно очекуваниот пад од 4,4%, рефлектирајќи ги подобрите остварувања во втората половина од годината. За 2021 и 2022 година сега се проектира раст од 6% и 4,4%, соодветно (наспроти 5,2% и 4,2% во октомври), поради подобри остварувања изминатата година, очекувана зголемена фискална поддршка, особено во САД и ЕУ и забрзан процес на масовна имунизација. „Притоа, се очекува нееднаква динамика на закрепнувањето – прилично голема дивергенција по земји, но генерално побрзо кај брзорастечките земји (просечен раст од 5,9%), а послабо кај развиените земји (просечен раст од 4,4%). Главни ризици остануваат да бидат побавен процес на имунизација против Ковид-19 (поради кој може да се очекува понизок раст оваа година

„Враќањето на јавните приходи веројатно ќе биде поддржано со постојани подобрувања во управувањето со јавните финансии, како што е спроведувањето на Стратегијата за реформа на даночниот систем, усвоена од Владата во декември, што може да ја зајакне мобилизацијата на приходите. Додека Владата планира да се врати на фискалната консолидација од 2021 година, таа не претстави конкретни мерки за поткрепа на ова. Сè уште високите фискални дефицити и плановите за позајмување во 2021 година со цел да ги надополнат депозитите во централната банка, веројатно ќе го зголемат нивото на долг понатаму, особено во 2021 година“, оценуваат од ЕК. за 1.5 п.п. и 1 п.п. следната година), прерано повлекување на монетарната и фискалната поддршка што би резултирало со поголеми и потрајни ефекти врз економиите и позначајно затегнување на меѓународните финансиските пазари“, оценуваат од Народната банка. Движењето на глобалната економија, а особено на европската е критичен за нас поради влијанието врз трговската размена. По падот на побарувачката од околу 5% минатата година (сличен пад како и во 2009 година), се очекува постепено закрепнување од 3,6% оваа година и 4,1% наредната година, што претставува умерена надолна корекција за оваа година и нагорна корекција за наредната година (за по околу 1 п.п. за двете години). „Корекциите во најголема мера се должат на очекувањата за германската економија, која е наш најзначаен трговски партнер (околу 50% од нашиот извоз) за која се очекува нешто помал раст за оваа година, а повисок наредната година (3,6% раст оваа година и 3,9% раст во 2022 година). Притоа, помал раст се очекува во услужниот сектор, а не во индустријата којашто е од клучно значење поради вклученоста во германските синџири на производство на автомобили“, оценува Народната банка. Ризиците за проекциите за растот на странската побарувачка се главно надолни (условени од времетраењето на пандемијата, спроведувањето на процесот на вакцинација, продолжувањето на мерките за

поддршка на економиите, како и брзината на враќање на довербата и стабилизирање на очекувањата кај потрошувачите и инвеститорите). Солидниот раст на странската побарувачка за оваа и наредната година, има позитивни ефекти врз закрепнувањето на извозот, којшто има позитивни мултипликативни ефекти врз повеќе сегменти во нашата економија.

Оптимизам и во Европа

Европската Комисија очекува економското опоравување на земјава, кое нагло запре во 2020 година, бидејќи пандемијата ја погоди домашната и странската побарувачка, во текот на 2021 и 2022 година, да добие цврста основа. Според пролетните проекции на Комисијата, реалниот раст на БДП во просек би изнесувал 3,7%, а во 2022 ќе биде 3,8%. Како што брифираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, додека закрепнувањето се очекува да се забрза во текот на годинава, што се должи главно на домашната побарувачка, производството се очекува да ги надмине вредносите од преткризниот период дури следната 2022 година. Со понатамошно укинување на мерките за ограничување, трошоците на домаќинствата се предвидува да се зацврстат со зголемена брзина во 2021 и 2022 година, поткрепени со понатамошно зголемување на платите, зголемување на вработеноста и заживување на дознаките. Во делот на очекувањата во инвестициите, како што истакна на средба со новинари Фрејк Јанмаат,


11

ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ГОДИНАВА МЕЃУ 3,7% И 4,1% раководител на Сектор за економски прашања во Делегацијата на ЕУ во Скопје, се очекува тие да бидат поттикнати со барем делумно реализирање на амбициозните планови на Владата да инвестира во патна, железничка и комунална инфраструктура. Закрепнувањето на странската побарувачка, особено од Германија и Кина, поддржано од обновување на синџирите на снабдување, според него, го поттикнува растот на извозот. Сепак, надворешната рамнотежа веројатно ќе го намали растот во двете години, како резултат на силната побарувачка за увоз, како одраз на зголемената домашна побарувачка и извозното производство зависно од увозот. Кога станува збор за пазарот на трудот, се оценува дека тој се покажал отпорен во текот на целата година, поради владини субвенции за плати и придонеси. Загубите на работните места останаа ограничени, но растат секој квартал, а работната сила се намалува последователно. Со заздравувањето кое се зацврстува во 2021 година, и ако владината поддршка за работодавачите и работниците продолжи барем оваа година, како што е предвидено во петтиот владин пакет усвоен од Парламентот во април, вработувањето, се посочува, најверојатно ќе расте со забрзано темпо во однос на прогнозата. Проценката е и дека се зголемува притисокот врз потрошувачките цени како резултат на инфлацијата. Имено, таа се зголеми во втората половина на годината, водена од растот на цените на храната, горивата, вклучително и повисоките акцизи за нафтените производи и законскиот пораст на цената на електричната енергија во август. Додека зголемувањето на цените на храната се очекува да се смири, основниот ефект од цените на електричната енергија продолжува во првата половина на 2021 година. Двете, зголемувањето на увозните цени на стоките и засилувањето на домашната побарувачка, како што беше посочено, се очекува да ја одредат динамиката на инфлација.

Нивото на долгот се зголеми, како резултат на големите финансиски барања поврзани со кризата. Јавните финансии се влошија во 2020 година, откако се активираа автоматските стабилизатори, а владата спроведе мерки на дискреција за поддршка во вкупна вредност од околу 3% од БДП. Опоравувањето на даночните приходи во последниот квартал на 2020 година, делумно се должи на приливот на одложени плаќања за данок на доход, а се зголемија и социјалните придонеси од државните субвенции во споредба со претходната година. За да се помогне во финансирање на повисоки трансфери, капиталните расходи беа намалени. Во однос на БДП, тој излезе скоро непроменет од претходната година, од 3,1%. Во согласност со економското закрепнување, јавните финансии се очекува да се подобрат во текот на прогнозираниот временски хоризонт. Трансферите и трошоците поврзани со кризата за стоки и услуги се предвидува постепено да опаѓаат, додека капиталните трошоци, кои силно ја реализираа својата цел во 2020 година, се очекува значително да пораснат. „Враќањето на јавните приходи веројатно ќе биде поддржано со постојани подобрувања во управувањето со јавните финансии, како што е спроведувањето на Стратегијата за реформа на даночниот систем, усвоена од Владата во декември, што може да ја зајакне мобилизацијата на приходите. Додека Владата планира да се врати на фискалната консолидација од 2021 година, таа не претстави конкретни мерки за поткрепа на ова. Сè уште високите фискални дефицити и плановите за позајмување во 2021 година со цел да ги надополнат депозитите во централната банка, веројатно ќе го зголемат нивото на долг понатаму, особено во 2021 година“, оценуваат од ЕК. Во однос на ризиците за прогнозираните вредности, се наведува дека неизвесноста за текот на пандемијата може да ги намали очекувањата за порастот, особено во врска со дознаките

MAJ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ПРОГНОЗИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ

3,7% 3,8% 3,9% 4,1%

Европска Комисија

ММФ

Народна банка

Влада

и автомобилските ланци за снабдување. Негативните случувања што создаваат потреба за понатамошни мерки за поддршка, исто така, ќе предизвикаат ризици за фискалните изгледи. Покрај тоа,се додава, прогнозата за приходите, може да биде оспорена од слабата посветеност на реформите за мобилизација на приходите, како што се плановите за нови намалувања на даноци и изземања од даноци. Од друга страна, брзото спроведување на клучните одредби од новиот закон за органски буџет и спроведувањето на неодамнешниот Акциски план за управување со јавни инвестиции може да ги подобри изгледите. ЕК четири пати годишно излегува со прогнози за економскиот раст во земјите кандидати за членство и во земјите аспиранти за членство во ЕУ. nnn


MAJ. 2021

12

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

Би сакал оваа прилика да ја искористам и да се заблагодарам на мојот верен НЛБ тим кој стои зад секој наш успех и позитивни резултати. Имавме интензивна година, која на повеќе наврати нè ставаше на тест, но упорноста, доследноста и страста за она што го работиме се клучните фактори на нашиот успех. По ова невообичаено пандемиско искуство сплотени сме како никогаш досега и верувам дека секој од нас со себе понесува непроценливо професионално и лично искуство. НЛБ е Банка од доверба со јасна визија за сè што следи!“


INTERVIEW АНТОНИО АРГИР ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА

НЛБ Е БАНКА ОД ДОВЕРБА СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА СÈ ШТО СЛЕДИ! Согласно последното спроведено независно истражување за перцепција на брендот во 2020 година, можеме со задоволство да истакнеме дека имаме најдобро перципиран бренд на пазарот со високо ниво на углед и доверба, како и највисоко оценети физичка и дигитална достапност и квалитет на услуги.

13

MAJ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102


MAJ. 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ XКапитал X за првпат ја има честа да разговара со сите 4 членови на УО откако функционирате во овој состав. Во тек е вашиот втор мандат во функција на претседател на Управниот одбор. Kако човек кој го држи во раце кормилото на НЛБ Банка Скопје 6та година по ред, би сакал да поразговараме во една поопшта рамка за работењето на Банката во период од 35 години колку и постоите на пазарот. Кажете ни нешто повеќе за почетоците, но и носечката стратегија и мисија на Банката која и ви овозможи да го уживате денешниот успех. НЛБ Банка АД Скопје e една од водечките банкарски институции во Република Северна Македонија со постојан тренд на пораст и континуирано позитивни резултати од нејзиното основање, па се до денес. За првпат основана во 1985 година како интерна банка на тутунската индустрија, а од 1993 година работи како комерцијална банка којашто ги извршува сите банкарски услуги за клиентите од земјата и од странство. Нашата Банка е дел од едно широко семејство кое работи и функционира под закрила на НЛБ Групацијата. Членството во рамките на оваа Групација датира од 2000 година со што Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана е стратешки акционер со 86,97% учество во вкупниот капитал на Банката. Изминатата година ја имавме честа да прославиме јубилејни 35 години постоење во РС Македонија и 20 години присуство на НЛБ Групацијата во нашата земја. Банката е еден вид економски амбасадор на Словенија и истовремено е и една од најуспешните словенечки инвестиции во нашата земја. Во сите изминати години од нашето постоење бележиме континуирано успешна работа на НЛБ во Македонија, посветени на нашите клиенти и унапредување на продуктите и услугите. Со цел подобро опслужување и поголема достапност во последните 20 години имаме направено значајни инвестиции за развој на нови сервиси и функционалности во вредност од околу 100 милиони евра. Воедно, инвестиравме и во зголемување на капиталот на Банката, кој во истиот период е зголемен за речиси 200 милиони евра, со што дополнително се овозможува раст на Банката и зголемување на сопствените потенцијали за поддршка на клиентите во нивните активности и на економијата воопшто. Низ годините успеавме да изградиме силна позиција на пазарот и денес можеме да се пофалиме дека сме втора системски најзначајна банка, трета по актива, со 16,5% пазарно учество според вкупната актива, 17,5% кај вкупното кредитирање, односно над 21% кај кредитите за физички лица, а секој четврти примател на плата и пензија своите приходи ги прима на сметка во НЛБ Банка. Опслужуваме околу 813.000 илјади клиенти, физички и правни лица, од кои активни се околу 410.000. Исто така, особено сме активни во кредитирање и поддршка на сите поголеми проекти во државата каде сме вклучени како носители или како активни учесници. Нашите вложувања и заложби се потврдуваат и се препознаени директно и

од страна на клиентите, што се потврдува преку спроведените истражувања на пазарот. При тоа, согласно последното спроведено независно истражување за перцепција на брендот во 2020 година, можеме со задоволство да истакнеме дека имаме најдобро перципиран бренд на пазарот со високо ниво на углед и доверба, како и највисоко оценети физичка и дигитална достапност и квалитет на услуги. За да се постигнат вакви извонредни резултати и да се одржи континуитет сиве овие години потребна е добра пазарна стратегија, јасна визија, но и несебична посветеност кон работата и клиентите. Нашата мисија е да бидеме меѓу водечките финансиски институции во земјата, лидер во иновациите, но и да обезбедиме уникатно корисничко искуство, современа продуктната понуда, високо ниво на квалитет и поголема достапност за нашите клиенти. Тука е и општествената одговорност и грижата за средината во која работиме и делуваме и на која посветуваме огромно внимание, при што градиме взаемна доверба со нашите клиенти, вработени и акционери. Имајќи ја предвид посветеноста на клиентите, во континуитет носиме нови технологии и воведуваме новини во банкарското работење, поради што сме перципирани како иновативна и дигитално напредна Банка. Ќе продолжиме да работиме на нашата дигитална трансформација, со цел оптимизација и поедноставување на работењето со клиентите, но и оптимизација и автоматизација на внатрешните процеси во Банката. Нашата цел е да станеме еден вид финтек компанија со банкарска доверба што ќе ни овозможи супериорна позиција на пазарот. Притоа, развојот на нашите решенија можеме да го постигнеме преку сопствени инвестиции, но и да бидеме партнери со некои иновативни финтек компании. На овој начин ќе продолжиме да бидеме пионери во генерирање на новите трендови во банкарството кои секогаш ќе го имаат во фокус подобреното клиентско искуство, поддржани со технолошки иновации. Но, не би биле тука каде што сме, без нашиот најголем капитал, а тоа се нашите вработени, кои со несебична посветеност, огромна љубов и ангажман секојдневно ги извршуваат своите обврски и го вложуваат сето свое знаење и умешност за остварување на нашата мисија. Веруваме во нив и неуморно инвестираме во нивна едукација, раст и развој. Сакаме да бидеме Банка од која ќе произлезат впечатливи кариери на професионалци кои ќе остават траен печат во банкарската фела. Само на овој начин, преку градење лојалност, доверба и постапувајќи одговорно со своите вработени, Банката ќе биде во позиција да создава вредност за сите засегнати страни. XГ-дин X Аргир, зад нас е една кризна година како што беше 2020, а се ближи и заокружувањето на вториот квартал од годинава, па како сте задоволни од динамиката на развојот и растот на НЛБ Банка во ова комплексно време и кои се очекувањата за клучните перформанси до крајот на годинава? Како очекувате да се развива економската ситуација на краток и среден рок, кои се според

Вас најголемите макроекономски предизвици и како истите ќе влијаат и врз работењето на банкарскиот сектор и Вашата банка? Она што му се случи на светот во 2020 година, несомнено предизвика широко распространета економска штета, со долгорочни импликации врз глобалните синџири на снабдување, растот на продуктивноста и државните долгови. Но, би рекол негативните ефекти се чувствуваат и многу пошироко, во секоја сфера на општественото живеење. Едноставно, немаше земја, но и човек, кој не беше на лично и професионално ниво засегнат од промените и предизвиците кои за многу кусо време направија сериозни поместувања. Иако условите за работа беа исклучително тешки, со голема гордост, можам да кажам дека и во услови на пандемија од глобални размери, покажавме голема зрелост и успешно се справивме со сите предизвици, што се гледа и преку остварените одлични финансиски резултати во 2020 година, но и во првиот квартал од 2021 година. Успешно го задржавме деловниот континуитет и од почеток на корона кризата заклучно со првиот квартал во 2021 година, успеавме да оствариме пораст на вкупното кредитно портфолио од 6,7%, при што порастот кај кредитите на население изнесува над 11%. Од аспект на клиентската база добивме повеќе од 70.000 нови клиенти, со истовремен значаен пораст на корисниците на дигиталните канали, каде бележиме зголемување на плаќањата и за повеќе од 100%. И покрај Ковид кризата и одржаниот бизнис континуитет кој беше наш приоритет, не ги одложивме зацртаните проекти и планови и во ниту еден момент не запревме со кредитирањето на физичките и правните лица со цел поддршка на нивните инвестициони активности, а се јавивме и во улога на банка лидер на синдицираниот заем за финансирање на изградбата на трговскиот центар East Gate Mall. Во вонредни услови на работење, и покрај продолжените негативни ефекти од пандемијата, успеавме да ја зачуваме и одржиме високата ликвидност и солвентност на Банката, деловниот континуитет и високиот квалитет на услугите. Дополнителна потврда за нашето успешно работење е и петтата по ред награда за Најдобра банка во нашата земја за 2020 година доделена од страна на финансискиот магазин ЕМЕА. Со оглед на тоа дека 2021 година ќе биде година на заздравување на економијата, особено на најпогодените сектори, ќе останеме силно посветени на нивна поддршка за излез од кризата. Нашиот фокус и понатаму ќе биде кредитирање на населението и претпријатијата, ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите клиенти во проектите за рестартирање на бизнисите и реализација на нивните активности. Неоспорно е дека и во идниот период ќе се соочуваме со нови предизвици, но и нови можности во сите сегменти од работењето. Дигитализацијата, особено по изминатата година и понатаму ќе го има главниот збор и ќе биде една од нашите стратешки определби. Нашиот план е и понатаму да го прошируваме продуктното портфолио со иновативни


15

MAJ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

продукти и услуги во согласност со светските трендови, но истовремено ќе продолжиме да ги модернизираме нашите експозитури за едно поинакво и подобро клиентско искуство. Во однос на клучните перформанси до крајот на годината, очекуваме пораст на кредитното портфолио како и пораст во користењето на дигиталните канали. Нашиот фокус ќе биде зголемување на пазарното учество во сегментот мали и средни претпријатија при истовремено одржување на висок квалитет на кредитното портфолио. Исти така очекуваме зголемување на активностите и пренос на платните операции преку дигиталните канали, а ќе работиме и на воведување на нови дигитални продукти за физички лица. Од сегашна гледна точка, сметам дека оваа криза ќе потрае и покрај извесноста за окончување преку колективната имунизација која е во тек. Дури и по завршување на здравствената криза, очекувам извесен период неопходен за заздравување на

економијата. Она што е важно во овој момент е да бидат донесени и применети долгорочни мерки кои ќе ја одржат и поттикнат економската активност на приватниот сектор. Од аспект на макроекономијата најголем предизвик очекувам да биде справување со зголемената задолженост на државата и обезбедување на доволно и редовни јавни приходи со цел реализација на буџетските активности на државата. Враќањето во форма на економиите во регионот ќе биде поткрепено со заживување на потрошувачката и капиталните трошења, како и постепено олеснување на ограничувањата поради Ковид-19 низ целиот свет, потоа зголемената надворешна побарувачка и отворање на границите. Исто така, важен фактор во процесот на заздравување е закрепнувањето на трговските партнери на земјите од ЕУ. Приватната потрошувачка и фиксните инвестиции ќе се вратат во раст, делумно поддржани со фискални стимулативни мерки, додека зголемувањето на побарувачката од

странство ќе го зголеми извозот. Како високо капитализирана Банка очекувам да бидеме еден од главните двигатели на економијата кај нас, и тоа преку обезбедување на кредитна поддршка за населението и фирмите. При солиден раст на депозитната база како главен извор на финансирање, нема сомнеж дека кредитирањето ќе игра главна улога во процесот на закрепнување на економиите и нивен понатамошен раст и развој. Покрај тоа, во периодот кој следи Банката ќе продолжи да биде сериозен партнер и поддршка за сите сегменти од општественото живеење, а грижата за општото добро ќе остане еден од нашите највисоки приоритети. Во тој правец ќе продолжиме со поддршка на проекти во областа на културата, спортот, образованието, животната средина, децата и младите и со тоа генерално да придонесеме кон подобрување на целокупниот квалитет на животот на поединците, семејствата, и општеството во целост.


MAJ. 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

XШто X значи за потенцијалите на НЛБ Македонија регионалното ширење на матичната групација од Љубљана (аквизицијата на Комерцијална Србија) кое не застанува и во овие кризни времиња? Купувањето на Комерцијална Банка а.д. Белград беше стратешки важен чекор со што НЛБ Групацијата ја зацврсти својата позиција како водечка меѓународна банкарска групација со седиште во Југоисточна Европа чиј главен фокус е токму овој наш регион. Со инвестицијата на НЛБ во Србија, ја заокружуваме нашата стратешка определба да држиме една од водечките пазарни позиции во сите земји од регионот каде НЛБ е присутна. Со оваа аквизиција, имаме можност за уште поголема поддршка на сите клиенти на Групацијата како и на нашите клиенти кои се увозно-извозно ориентирани и кои соработуваат на двата пазари. На овој начин овозможуваме уште поголема банкарска поддршка, зголемени можности за соработка и појака оперативна поддршка за реализација на проектите на нашите клиенти. Исто така, со оваа аквизиција гледаме синергија во однос на работењето во рамките на Групацијата низ целиот регион, бидејќи ќе донесе придобивки и за нашите вработени преку програми за обука и можности за раст. Ние сме една од поголемите Групации во овој регион, што ни дава големи можности да станеме регионален шампион. XАктуелниот X состав на УО на Банката функционира веќе една година, во мешан интернационален состав, па кажете ни каква синергија постои меѓу 4-те членови и кои беа најголемите предизвици за вас како топ менаџмент откако започна пандемијата? Почнувајќи од 2020 година, Управниот одбор на НЛБ Банка функционира во подновен и проширен состав, при што покрај мене дел од тимот на Управниот одбор се колегите: Игор Давчевски, член на Управен одбор надлежен за оперативни операции, кој во својата експертиза е главно насочен кон операциите со посебен фокус на дигитализацијата; Петер Зелен, член на Управен одбор надлежен за управување со ризици, кој управува со темите поврзани со ризиците во работењето; Гинтер Фриедл, член на Управен одбор надлежен за управување со финансиите, кој е задолжен за ликвидноста и финансиското управување на Банката. Со ова успеавме да обезбедиме фокус на сите клучни сегменти од работењето на Банката, а секој член на УО има своја област која со високо ниво на стручност и знаење ја покрива. Воспоставувањето на новиот интернационален состав на Управниот одбор на Банката претставува одраз на новите трендови на интернационализирање на Банката, но и воспоставување на поголема интерна мобилност и размена на кадри во целата Групација. Целта е во иднина да се зголеми групациската интермобилност на клучните стратешки, тактички и експертски позиции, што би значело дека на овој начин се отвораат можности клучните стратешки позиции во НЛБ

Групацијата, вклучително и во Словенија, да бидат пополнети со клучни кадри од банките членки, а со тоа и од НЛБ Банка Скопје. Преку последните промени во Управниот одбор се соочивме со низа предизвици од повеќе аспекти: спојување и усогласување на различни култури, поинаков начин на работа и комуникација, јазични бариери итн. Прилагодувањето на промената беше дотолку поголем предизвик имајќи ја предвид кризата која се појави по само неколку месеци од воспоставување на новиот состав. Но морам да нагласам дека како млада Банка, со високо флексибилен тим, предизвиците многу брзо ги совладавме и лесно се прилагодивме. Преку ноќ се соочивме со длабоки промени кои го изместија нашиот воспоставен начин на работа, но подеднакво брзо успеавме да одговориме соодветно на секоја од нив. Во таа ситуација повеќе од 6 месеци функциониравме целосно на дистанца, онлајн. Со професионалниот пристап кон работата, дури и во такви вонредни околности успеавме да оствариме синергија и да изградиме складен тим, но и одлична соработка која постои не само меѓу членовите на Управниот одбор, туку и пошироко меѓу целиот менаџерски тим на Банката. Затоа, не само што успеавме да го одржиме деловниот континуитет, туку и ја завршивме работата со висок степен на ефикасност и успех, на што сум навистина горд. Од сегашна перспектива гледано, новиот состав на УО на НЛБ Банка, можеби соработува нешто повеќе од една година, но како резултат на кризата која од повеќе аспекти беше многу комплексна, споделува искуства како за многу повеќе години соработка. Во овој контекст би сакал да ги нагласам и останатите промени во менаџерската структура кои во континуитет ги спроведуваме, а кои пред сè, се од интерниот човечки капитал во Банката. Покрај промените во Управниот одбор, во изминатите неколку години, во континуитет беа реализирани повеќе промени и на другите тактичкоменаџерски позиции. Клучната менаџерска екипа во овој момент поради смената на генерации е променета, подмладена и проширена и најголем дел од промените се реализирани од интерниот човечки потенцијал. Имајќи ја предвид нашата стратегија за интерна мобилност, вложување и развој во интерните кадри, можам комотно да кажам дека токму ова се позициите од каде се гради и потенцијалот за идни промени во составот на Управниот одбор на Банката. За крај, би сакал оваа прилика да ја искористам и да се заблагодарам на мојот верен НЛБ тим кој стои зад секој наш успех и позитивни резултати. Имавме интензивна година, која на повеќе наврати нè ставаше на тест, но упорноста, доследноста и страста за она што го работиме се клучните фактори на нашиот успех. По ова невообичаено пандемиско искуство сплотени сме како никогаш досега и верувам дека секој од нас со себе понесува непроценливо професионално и лично искуство. НЛБ е Банка од доверба со јасна визија за сè што следи! nnn

XГ-дин X Давчевски, пандемијата очигледно само ги забрза процесите на дигитализација што неминовно доаѓаа. Како е во моментов позиционирана НЛБ Банка во делот на дигитализација на своето работење со клиентите и кои се вашите најсилни адути во овој домен? Клиентите со право имаат големи очекувања, имајќи предвид, пред сè, какво „нарушување“ на секојдневниот живот направија мобилните телефони и услугите кои секојдневно ги користиме преку нив. Независно од пандемијата, која во јавноста се перципира за главен двигател на дигитализацијата, банкарскиот сектор, генерално, систематски и подолг период инвестира во тој процес. Со гордост можам да кажам дека НЛБ Банка е предводник во тој поглед. Како потврда за тоа се 436.000 корисници на дигиталните канали и овој број има тенденција да расте и понатаму. Како податок би го споделил и порастот на корисниците на дигиталните канали, каде имаме зголемување на плаќањата и за повеќе од 100%. Исто така, согласно неодамнешното истражување на задоволството на клиентите, електронските канали (мобилното и електронското банкарство) се продукти од кои клиентите се најзадоволни. Дигитализацијата која го доживеа својот забрзан развој за време на пандемијата би рекол дека и во иднина ќе биде една од нашите стратешките определби. Ќе развиваме нови иновативни услуги, во согласност со светските трендови, но и ќе ги дигитализираме останатите продукти како што тоа го направивме со воведувањето на НЛБ мКлик мобилниот кредит. Ќе работиме на поголема достапност и поедноставување на банкарските услуги и софистицирано и современо корисничко искуство скроено според потребите и барањата на клиентите. Притоа, во развојот нема да се ограничуваме единствено на мобилното банкарство, иако тоа станува примарен канал кон клиентите. Во нашиот фокус останува и развојот на електронското банкарство - НЛБ Kлик. Дополнително на ова, нашата Банка може да се пофали со најголема мрежа на банкомати во државата, кои постојано се трудиме да ги модернизираме и унапредиме прилагодувајќи се на новото и модерно време. Во таа насока први на пазарот воведовме безготовински и готовински сервиси за плаќање на сметки за режиски трошоци, надополнување на ваучери за припејд телефони, депонирање на средства на сметки и обврски кон кредитни картички. Исто така, повеќе од 70% од банкоматите се надградени да може да се користат без картичка, доволно е клиентот со себе да го носи својот мобилен телефон и да ги има дигитализирано своите картички преку НЛБ Pay апликацијата. Ја користиме секоја прилика да ја зголемиме интеракцијата со клиентите и да овозможиме достапност на нашите услуги во секое време, преку сите допирни точки, без притоа да имаат потреба од посета на експозитура. Во оваа насока креиравме посебен наменски портал за доверливо, брзо и едноставно ажурирање на личните податоци на клиентите. Исто така го поддржавме сетот мерки на


17

MAJ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ИГОР ДАВЧЕВСКИ

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА, НАДЛЕЖЕН ЗА ОПЕРАТИВНИ ОПЕРАЦИИ

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ЌЕ БИДЕ НАША СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА Следејќи го трендот на дигитализација и свесни за брзите промени во навиките и очекувањата на клиентите, Банката продолжува да работи на иновативни продукти и услуги и постојано подобрување на функционалностите на каналите кои водат до Банката.

владата за финансиска поддршка на граѓаните за време на Ковид кризата и бевме единствена Банка на пазарот која овозможи достава на платежните картички на домашна адреса. Целиот процес се одвиваше електронски, при што на овој начин успеавме да издадеме повеќе од 100.000 платежни картички и да ги заштитиме граѓаните во периодот кога

тоа беше најнеопходно. XКои X се според Вас клучните дигитални трендови што треба да ги очекуваат корисниците на банкарските услуги допрва и дали банкарскиот сектор се подготвува за напливот на т.н. финтек компании и останатите промени што ги носи дигиталното време?

Банките, генерално, ја извршуваат својата дејност во многу комплексна бизнис средина соочувајќи се со високи очекувања од регулаторите, а од друга страна се воведуваат нови прописи во областа на системите за плаќања кои драматично го олеснуваат влезот и работењето на финтек компаниите. Во светот ова е тренд во последната декада и има јасна цел да се направи дополнителна конкуренција од која бенефит ќе имаат клиентите. Јас често велам дека во тој натпревар, кој изгледа како трка на 100 метри, банките трчаат со товар на својот грб, имајќи го пред сè на ум регулаторното оптоварување. Истото, сепак е разбирливо земајќи ја предвид нашата улога во општеството. Плаќањата, кои во основа се прва цел на финтек компаниите, за нас се само мал дел од пошироката дигитална трансформација. Податоците


MAJ. 2021

18

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

кои ги поседуваме, трансакциски и контекстуални, се наша привилегија, но и обврска, земајќи предвид дека клиентите ги препознаваат банките како најсигурни на пазарот во поглед на заштитата на нивните податоци. Наша цел е, користејќи ги овие податоци, да направиме соодветно персонализирање на целокупното банкарското искуство на нашите клиенти. Следејќи го трендот на дигитализација и свесни за брзите промени во навиките и очекувањата на клиентите, Банката продолжува да работи на иновативни продукти и услуги и постојано подобрување на функционалностите на каналите кои водат до Банката. Посветено работиме на подобрување на постојните и воведување на нови функционалности на сите канали кои овозможуваат поголема достапност и подобрено искуство за клиентите. Согласно новите технолошки промени и променетите преференции на клиентите кон дигиталните услуги, наша цел е да овозможиме Omnichanel пристап, кој ќе пружи идентично искуство на клиентот, во ист момент, на сите канали на Банката за што е потребно сеопфатно управување со податоците и целосен преглед на интеракцијата со клиентот низ сите допирни точки со Банката. Потврда за нашите заложби се новитетите кои ги пласираме во континуитет, а еден од најзначајните секако се мобилните потрошувачки кредити (сега достапни и преку електронското банкарство) кои се единствени на нашиот пазар. Се работи за еден комплетно дигитализиран процес кој завршува за неколку минути, а средствата се одобрени и достапни на трансакциската сметка на клиентот веднаш по одобрувањето на кредитот. Исто така, минатата година воведовме уште два нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик - мобилното банкарство. Станува збор за иновативни платежни решенија „Плати на пријател“ и „Подели сметка“ кои на клиентите им овозможуваат да префрлат средства или да поделат сметка со своите пријатели, едноставно само со избирање на контакт од нивниот телефонски именик. Кај овие услуги имаме реализирано околу 100.000 налози во период од една година, што претставува 7% од вкупниот број на реализирани електронски трансакции. Во оваа прилика можам да најавам дека клиентите многу брзо треба да очекуваат комплетно дигитално банкарско искуство, без притоа да имаат потреба воопшто да доаѓаат во банкарските експозитури, дири ни за иницијалното склучување на деловен однос при првото отворање на сметка во Банката. Во моментов, независно од функционалностите кои ги развиваме за клиентите, интензивно работиме на нашите внатрешни процеси и нивна оптимизација и автоматизација, подготвуваме развој и изработка на нови податочни модели базирани на вештачка интелигенција, истовремено подготвувајќи се за “отвореното банкарство”. Сето ова, севкупно ќе доведе до наша комплетна дигитална трансформација со силен фокус на клиентот и антиципирање на неговите желби и навики, создавајќи дигитален екосистем како дел од новото глобално „дигитално“ општество. 

Очекувам трендот на намалување на каматните маргини, кој е присутен во целиот регион, да продолжи и во следниот период, што ќе донесе дополнителен притисок за зголемување на некаматните приходи и уште поголем фокус и контрола на трошоците, каде ќе се фокусираме на оптимизација на работењето и понатамошна засилена дигитализација. Во овој контекст, ефикасното управување со ликвидноста и капиталот, ќе бидат едни од главните предизвици кои ќе бидат во фокусот на нашето работење и во идниот период.


INTERVIEW

19

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ГИНТЕР ФРИДЕЛ

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА, НАДЛЕЖЕН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ФИНАНСИИТЕ

ЕФИКАСНОТО УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА И КАПИТАЛОТ ЌЕ БИДАТ ГЛАВНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ Г-дин Фриeдл, со какви финансиски резултати очекувате НЛБ Банка да го заврши вториот квартал од оваа година и дали оваа година ќе биде подобра од минатата? НЛБ Банка Скопје неодамна ги објави своите резултати од првиот квартал од 2021 година, и покажа нето добивка од 8.1 милиони евра што претставува пораст за 19% во однос на истиот период минатата година, согласно локалните сметководствени стандарди. Ова јасно ја покажува издржливоста и високиот квалитет на Банката како резултат на одржливиот деловен модел и покрај предизвиците на продолжената Ковид-19 пандемија. Успешните резултати од првиот квартал продолжуваат и во вториот квартал, при што се соочуваме со континуиран притисок врз нето каматните приходи, кој Банката делумно го компензира со поголем приход од надоместоци и провизии. Нашиот деловен модел е стабилен и одржлив, што исто така се докажува преку високата и стабилна депозитна база, која е јасен индикатор за угледот и довербата кои ги уживаме кај нашите клиенти. Очекувам дека и во идниот период ќе продолжиме со исто темпо и ќе оствариме уште подобри резултати до крајот на 2021 година, поддржани со понизок трошок на ризикот. Позитивните резултати кои ги очекуваме дополнително сe поддржани со нашиот проактивен пристап и ангажман во континуирано изнаоѓање на можности за оптимизација на процесите, воспоставување на повисоко ниво на интерна синергија, но и цврста контрола на трошоците, што е изразено преку извонредно ниското ниво на трошоци наспрема приходи кое се движи околу 40%. Земајќи ги предвид моменталното макроекономско опкружување и условите за работа на деловните субјекти, како ги проценувате тековната ликвидност и капиталната позиција на Банката на пазарот и какви се вашите очекувања за следниот период? Во 2021 година очекуваме закрепнување на БДП од околу 3.5% до 4% врз основа на зголемувањето на домашната и

странската побарувачка, бидејќи ограничувањата кои се на сила во земјата и во странство, постепено се олабавуваат. Овој економски раст секако зависи од напредокот на процесот на вакцинација и медицинскиот третман на Ковид-19 во земјата. По зголемувањето на државниот долг во 2020 и 2021 година од владините фискални мерки насочени кон ублажување на негативните ефекти од Ковид-19 пандемијата, понатаму очекувам постепена фискална консолидација на среден рок, со поголемо потпирање на домашните извори на финансирање. Во однос на поволните финансиски услови на меѓународните и домашните пазари, Северна Македонија беше активна во 2021 година со издавање на еврообврзница од 700 милиони евра, додека преостанатите потреби за финансирање се очекува да бидат покриени со домашно издавање, меѓународни финансиски институции и фискални резерви. За цело времетраење на пандемијата НЛБ Банка Скопје управува со стабилна и силна ликвидносната позиција при што Банката значително ја надминува стапката на покриеност со ликвидни средства пропишана од страна на НБРСМ. Континуираното зголемување на депозитната база како главна основа за финансирање, е одраз на довербата која ја уживаме кај нашите клиенти и перцепцијата за Банката како сигурно место за чување на нивните заштеди. Нашиот сооднос на заеми наспроти депозити (LTD) од 73% останува на високо ниво, а индикаторите за ликвидност ги одржуваме високо над регулаторните барања, што е и потврдување на ниската толеранција на ризик за ликвидност на Банката. Во однос на очекувањата за идниот период, сметам дека банките во услови на окружување на висока ликвидност на целиот банкарски сектор, ќе продолжат со активно зголемување на нивните кредитни активности, со што ќе се овозможи поддршка за реализација на различни инвестициони проекти во бизнис секторот, како и обезбедување на атрактивни кредитни продукти за задоволување на потребите на населението. Како

MAJ. 2021

банка нудиме конкурентни и иновативни кредитни продукти и напорно работиме на проширување на понудата и достапноста на продуктите не само преку традиционалните канали – експозитурите, туку и преку дигиталните канали, со особен фокус на мобилното банкарство. Зголемената кредитна активност на Банката предизвикува зголемување на ризично пондерираната актива, што влијае на намалување на капиталот, но остануваме високо капитализирани со ниво капитал од 15,71%, односно за 0,71% над законскиот минимум пропишан од НБРСМ. Во услови на постојан раст на ликвидносен вишок на ниво на банкарскиот систем, проследено со постојано намалување на каматните стапки на домашниот пазар, ве молиме образложете го вашиот став за можностите за оптимизирање на профитабилноста на ликвидните средства на Банката, истовремено одржувајќи стабилно ниво во наредниот период. Генерално, во рамките на целиот банкарски сектор има високо изразена конкуренција, особено во сегментот на кредитирање, каде што се соочуваме со висок притисок од страна на конкурентските банки, со нагласок на цените на кредитните продукти. Заради тоа нето-каматната маргина е постојано под притисок и истата е намалена во споредба со претходните години. Во вакво окружување, олеснителна околност е што успеавме да оствариме повисоки приходи од инвестиции во хартии од вредност издадени од страна на Министерството за финансии. Очекувам трендот на намалување на каматните маргини, кој е присутен во целиот регион, да продолжи и во следниот период, што ќе донесе дополнителен притисок за зголемување на некаматните приходи и уште поголем фокус и контрола на трошоците, каде ќе се фокусираме на оптимизација на работењето и понатамошна засилена дигитализација. Во овој контекст, ефикасното управување со ликвидноста и капиталот, ќе бидат едни од главните предизвици кои ќе бидат во фокусот на нашето работење и во идниот период. 


MAJ. 2021

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ПЕТЕР ЗЕЛЕН

ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА, НАДЛЕЖЕН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ

НИЕ СМЕ ПАРТНЕР НА КЛИЕНТИТЕ ПРИ ИЗБОР НА НАЈОПТИМАЛНО ФИНАНСИСКО РЕШЕНИЕ XГ-дин X Зелен, како НЛБ го изменаџира зголемениот ризик по работењето со оглед на корона – кризата и кои категории кредитокорисници се покажаа поранливи – населението или компаниите? Околностите кои ни ги наметна пандемијатa беа силен предизвик за Банката во однос на одржувањето на деловниот континуитет, но и успешно справување со една низа нови ризици кои произлегоа од ситуацијата. Банките генерално имаат таканаречени Планови за деловен континуитет кои може да се активираат при вонредни услови. Но, овој пат состојбата на шок бараше огромен напор од сите засегнати страни, бидејќи кризата практично преку ноќ ја претвори секојдневната рутина во кризен режим на работење, при што во ниту едно кризно сценарио не е земена во предвид толку сериозна здравствена криза со импликации врз целата економија. Во оваа ситуација, нашиот фокус беше да го зачуваме континуитетот на работењето, а во исто време да го зачувуваме здравјето на нашите вработени и клиенти и да ги задржиме стабилноста и квалитетот на кредитното портфолио. Во овој правец, уште на самиот почеток на кризата имаше брза и ефикасна реакција од сите инволвирани страни. Тука се донесените уредби од страна на владата, мерките од НБРСМ, но и соодветната реакција, учество и поддршка од страна на банките, кои значително придонесоа за стабилизирање по првата состојба на шок. Преку овозможување на одложено плаќање на кредитните обврски за клиентите, притисокот беше значително намален. Ваквиот чекор претставуваше значајно олеснување на нивните финансии, но и симнување на голем психолошки товар во услови на тешка и неизвесна ситуација на потенцијално губење на работа, намалување на редовните приходи, дополнително проследени со страв за сопственото здравје. НЛБ Банка како системски значајна банка со големо кредитно портфолио имаше особено значајна улога во оваа активност. Самиот факт што повеќе од 120.000 граѓани и 700 фирми кои вработуваат околу 30.000 лица, ја прифатија понудата за одложено плаќање говори за тежината, влијанието и значењето на оваа можност. На овој

начин максимално им излеговме во пресрет на засегнатите граѓани и фирми во време на силни предизвици поради пандемијата. Во рамките на кризата едни од најпогодените индустрии беа HORECA индустријата, туризмот и транспортот, кои директно го осетија ударот од кризата врз нивното работење, пред сè поради ограничувањата за движење полицискиот час и ограничувањата за патување. Закрепнувањето можеме да го очекуваме од 2022 година, бидејќи пандемијата сè уште не е замината. Останатите индустрии се чини дека веќе ги прилагодија своите деловни перформанси на новите околности. Во однос на физичките лица, сметам дека сегментот на население генерално покажува поголема стабилност и досега релативно полесно се справи со кризата во однос на правните лица. Сепак, клиентите на кои им беше одобрено второ одложување на обврските, носат зголемен кредитен ризик, кој со соодветно структурирано финансирање соодветно ќе го минимизираме. Дополнителна и многу значајна поддршка за сите клиенти е тоа што Банката во континуитет, за цел период, дури и во текот на кризата, продолжи со своите кредитни активности. Ги кредитиравме физичките лица со цел задоволување на нивните потреби, но бевме подеднакво активни и во кредитирање на фирмите за поддршка на нивните инвестициони активности, заживување на нивните бизниси и излез од кризата. Нашата мисија не застанува овде, свесни за одговорната улога која ја имаме во општеството, како системски значајна Банка, ќе продолжиме активно да учествуваме во процесот на заздравување на домашната економија. Работиме со висока ликвидност и ќе продолжиме преку кредитирање да ги поддржиме нашите клиенти во нивните идни проекти и потреби за рестартирање на бизнисите. XДали X Банката се поставува како консултант, а не само обичен кредитоодобрувач на компаниите, со тоа инсистирајќи на добри проекти, добар потенцијал за успех и за полесно враќање на кредитот? Функционираме во време кога промените

се случуваат многу брзо во секој аспект на нашето живеење, а бизнис секторот се развива со голема динамика, при што се бара брз и соодветен одговор од кредиторите. Банката треба добро да го разбере бизнис моделот за да може соодветно да го процени нивото на кредитниот ризик на кој ќе биде изложена. Во таа насока, неопходно е да дејствуваме како силен партнер на нашите клиенти и да додадеме вредност преку заедничка детекција на бизнис потребите и можностите, да ги процениме потенцијалните ризици, да најдеме соодветните кредитни продукти, но и консултативно да влијаеме на нивното работење во правец на надминување на детектираните ризиците. Консултантската функција на Банката има клучна улога во овозможување на финансирање на квалитетни проекти со потенцијал за раст кои ќе овозможат остварување на одлични резултати за компаниите и Банката, но кои истовремено ќе придонесат и за раст на економијата во целост. При одобрување на кредитна изложеност за една фирма, од особено значење е детектирање на вистинската причина за потребата за финансирање која може да има различни импликации во иднина. Затоа од особена важност е соодветно да се дефинира и структурира целата финансиска конструкција и да се изврши повеќестрано разгледување на конкретното кредитно барање. На овој начин, ликвидносната позиција станува поотпорна на евентуалните недостатоци на бизнис плановите што се вообичаени за деловните субјекти. Поставување на правилната финансиска конструкција на самиот почеток има огромно влијание на понатамошното намалување на ризикот и потребата од рефинансирање на нивните кредитни обврски. Токму поради тоа себеси се гледаме како партнер кој ги советува своите клиенти при избор на најоптимално финансиско решение. Континуирано ги користиме и се потпираме на нашата експертиза и знаење при одобрување на структурираното финансирање со учество на специфични кредитни продукти и кредитни линии за малите и средни претпријатија, како и за проектно финансирање на поголемите проекти.

nnn


21

MAJ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

Поставување на правилната финансиска конструкција на самиот почеток има огромно влијание на понатамошното намалување на ризикот и потребата од рефинансирање на нивните кредитни обврски. Токму поради тоа себеси се гледаме како партнер кој ги советува своите клиенти при избор на најоптимално финансиско решение.


MAJ. 2021

22 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ЗОРАН ЗАЕВ НАЈАВИ ОГРОМНИ ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ ЗНАЧАЈНИ ЗА ЗЕМЈАВА

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ГЛАВНА ТРАНЗИТНА ТОЧКА ЗА ГАС НА ЗАПАДЕН БАЛКАН


23

MAJ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

КАПИТАЛ РЕДАКЦИЈА

Ц

елиот свет е посветен на темата инвестирање во обновливите извори, енергетската ефикасност, заштеда на енергијата, енергетиката и дигитализацијата - генерално и ние сме посветени на овие приоритети”, изјави деновиве во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, македонскиот премиер Зоран Заев, посочувајќи дека при неодамнешната посета на Грција и средбите со неодамнешното раководство во фокусот на средбите биле поддршката на странските инвеститори и проектите од областа на енергетика, инфраструктура и гасификацијата. Притоа тој ги спомена македонската инвестиција во терминал за течен гас во Александропулис, гасната централа 400 милиони евра, 370 милиони евра вреден гасниот терминал, како главни геостратегиски приоритети, посебно нагласувајќи ги и нафтените инвестиции и гасоводниот систем кој е важен за Северна Македонија како главна транзитна точка за гасот од Грција, Северна Македонија, Србија, Косово и оди кон Западна Европа, со што, како што беше нагласено, ќе се надмине монополот во областа на снабдување со гас. „Сето ова влијае на намалување на цената на гасот, на стабилизирање на цената на електричната енергија, но и на потрошувачката, екологијата дома, заменувањето на фосилните горива. Огромни се проектите кои се развиваат со соседна Грција и тоа во сите области, треба да знаат граѓаните дека веќе развиваме програми во кои создаваме Фонд за обновливи извори на енергија и следуваат сериозни предизвици за да го намалиме влијанието на климатските промени“, посочи премиерот Заев, оценувајќи дека во сферата на енергетската транзиција Северна Македонија е понапред од повеќе европски земји во постапките за затворањето на централите кои работат на јаглен.

При неодамнешната посета на Грција во фокусот на средбите биле поддршката на странските инвеститори и проектите од областа на енергетика, инфраструктура и гасификацијата, истакна премиерот Зоран Заев во скорешното интервју за Слободна ТВ. Притоа ги спомена македонската инвестиција во терминал за течен гас во Александропули, гасната централа од 400 милиони евра и 370 милиони евра вредниот гасен терминал, како главни геостратешки приоритети, посебно нагласувајќи ги и нафтените инвестиции и гасоводниот систем кој е важен за земјава како главна транзитна точка за гасот од Грција, Северна Македонија, Србија, Косово и оди кон Западна Европа, со што, како што нагласи, ќе се надмине монополот во областа на снабдување со гас.

Проекти и во екологијата и железницата

Енергетиката беше и во фокусот на едно од обраќањата на премиерот Заев во рамки на Виенскиот Економски форум, што се одржа на 19 мај. Премиерот Заев истакна дека двата проекти за техничка помош се гасната врска помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија како и спроведување на енергетска ефикасност на јавните институции. Останатите пет проекти се доставени за искористување на грантови како приоритетните од Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан. „Станува збор за станица за третман на отпадни води во град Скопје од 71,3 милиони евра за проектирање и изградба на централна постројка за третман на отпадни води во две фази. Понатаму за изградба на дел од железничкиот коридор 8, Крива Паланка – Деве Баир, за изградба на 23,4 км од третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија и за електрификација

за првата и втората делница. Следно е воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив регионален систем за отпад за Полошкиот регион, со цел да се исполнат пропишаните стандарди и регулативите на ЕУ за депониите. Четвртиот Проект e за соларен фотоволтаик Битола 1 од 20MW, вклучувајќи набавка и инсталација на дополнителни 10MW наменети за Осломеј 2, а петтиот е за набавка и инсталација на фотоволтаик од 10MW за Осломеј 1 како продолжение на заложбите за премин на нашиот енергетски сектор кон обновливи извори на енергија“, рече Заев. Во однос на поддршката на интересите на странските инвеститори премиерот Заев рече дека за една година во услови на пандемија, имаме 12 нови странски директни инвестиции, кои се во фаза на реализација, потпишување на договори или во фаза на преговори. „Во моментов, има 34 капацитети, во

сопственост на странски инвеститори од САД, Канада, Народна Република Кина, Германија, Италија, Турција и други земји кои работат во зоните и генерираа приближно 3,3 милијарди евра извоз во 2020 година, што е 47% од извозот на Северна Македонија. Досега овие компании инвестираа приближно 1 милијарда евра. Овој успех е резултат на новиот пристап на Владата за поддршка и промовирање на високо квалитетни инвестиции кои носат поголема додадена вредност во земјата, генерираат солиден профит, со што придонесуваат за буџетот на државата, создаваат стабилни и добро платени работни места и вклучуваат повеќе локални капацитети во синџирите на снабдување“, рече Заев и додаде дека новиот пристап вклучува едношалтерски сервис, внимателно следејќи ја меѓународната практика за бенефитите на инвеститорите и државата да бидат загарантирани. nnn


МАЈ 2021

24 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

КАКО РАБОТЕШЕ ФОНДОВСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2021

АКО ПО УТРОТО ДЕНОТ СЕ ПОЗНАВА... автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

А

ко во 2019 година домашните инвестициски фондови имаа одлични резултати, при што со приносите предничеа акциските фондови – ВФП Премиум (25%), Генерали Топ брендови (16%), КБ Публикум МБИ-10 (33%), итн., минатата, 2020 година, случувањата на светските берзи, поточно паниката која настана во март месец поради локдауните и затворањата на економиите, којашто се прелеа и на Македонската берза (каде што на пример, вложува акцискиот фонд КБ Публикум МБИ-10), не можеа поинаку да се одразат на резултатите на македонските инвестициски фондови. Од прегледот што го дава Македонската берза на својата веб страна, се гледа дека фондовите што вложуваат во акции за периодот 31.12.2019 – 31.12.2020 претежно имаа негативни стапки на принос - Илирика Југоисточна Европа (-10,2%), Генерали Брик (-11,9%), Илирика Глобал Растечки пазари (-4,4%), ВФП Премиум инвест (-4,57%), итн. Од акциските фондови позитивен принос имаа само Генерали Топ брендови (+1,12%), КБ Публикум – МБИ 10 (1,99%) и Граве Глобал (1,67%). Паричните фондови имаа нешто подобри перформанси, што е разбирливо, бидејќи вложуваат во банкарски депозити и државни обврзници (приносите им се движат од 1,3% - 1,5%) , како и обврзничките фондови, со приноси помали и од 1%, па до речиси 2%. Во меѓувреме се случија и промени на домашниот фондовски пазар, односно, друштвото за управување со инвестициски фондови Генерали Инвестментс на самиот крај од 2020 година го презеде ДУИФ Илирика Фонд Менаџмент, со што практично сега на пазарот има вкупно 4 друштва за управување со фондови наместо 5, коишто управуваат со вкупно 17 фондови. Меѓу нив е и најновиот фонд на пазарот, наречен ВФП Дивиденда, којшто е управуван од ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент. На почетокот од 2021 година, односно после првите три месеци, најголем принос од инвестициските фондови на македонскиот пазар имаше ВФП

Премиум инвест, од 8,4%, пред Граве Глобал со 8,19%, Генерали Топ Брендови со 6,43%, Генерали БРИК со 5,7%, Иново Статус Акции со 5,25%, итн. Најниски приноси, очекувано, имаат паричните фондови на друштвата Генерали, ВФП и КБ Публикум, во ранг од 0.2-0.3%. После приносите за цела 2020 година, за овие бројки што ги гледаме сега по првиот квартал, особено кај акциските фондови, аналитичарите на овој пазар и претставници на фелата сметаат дека се оптимистични, односно најавуваат подобра година. Сепак, се’ зависи од случувањата на најголемите пазари каде што инвестираат овие фондови, САД, Западна Европа и Азија, односно од степенот на отворање и закрепнување на светската економија по најкритичниот период на пандемијата. Американските главни индекси, на пример, Dow Jones и S&P 500 во првиот квартал покажаа раст од 9,1% и 7,3% респективно. „Корекции на светските берзи се случуваат постојано, непредвидливи кризи како оваа актуелната здравствена исто така се случуваат, и тогаш имаме значителни корекции на светските пазари. Секако тоа се одразува на перформансите на инвестициските фондови што вложуваат во акции. Токму затоа, ние и во нашиот проспект на фондот, имаме наведено дека вложувањето во акциски фондови е претежно наменето за подолг рок, од 10 години па натаму. Затоа први правиме едно профилирање на нашите клиенти, анализираме повеќе фактори, како што е нивниот временски хоризонт на чекање, склоноста кон ризик, возраста, стабилноста на приходите, итн., со што му препорачуваме каков избалансиран пристап да направи при креирање

на своето портфолио. Се разбира, на тој што му е потребно управување со ликвидните средства на краток рок тука се паричните фондови, за среден рок се соодветни обврзничките, додека за подолг рок, односно со намера да се штеди за школување на деца и сл., најлогичен избор се акциските фондови.“, објаснува за Капитал, директорот на ДУИГ ВФП Фонд Менаџмент, Петар Андреевски.

ВФП Фондови со најголем раст помеѓу првите квартали од 2020 и 2021

Што се однесува пак, на нето вредноста на фондовите, на крајот од првиот квартал годинава, нето вредноста на средствата на сите инвестициски фондови со коишто управувале друштвата изнесувала 9,5 милијарди денари (околу 155 милиони евра) што во однос на нето вредноста на крајот од претходниот квартал претставува зголемување од 6,17%, односно зголемување од 24,37% на истата во однос на крајот на првиот квартал од 2020 година, покажува извештајот за пазарот на Комисијата за хартии од вредност. На приложените графици може да се види динамиката на вкупната нето вредност на средствата на отворените инвестициски фондови со кои управуваат друштвата во првиот квартал од 2021 година, со состојба на крајот од секој месец, како и истата вредност на крајот од првиот квартал во претходната година. Ваквото нагорно поместување од 6,17% (551,9 милиони денари, односно 8,96 милиони евра) на вкупната нето вредност на средствата на инвестициските фондови на квартална основа, се должи на зголемување на вкупната нето вредност на инвестициските фондови кај сите


25

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

друштва за управување, во распон од 3% (ДУИФ Генерали Инвестментс) до 13% (ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент). Од друга страна пак, гледано во однос на крајот на првиот квартал од 2020 година, растот од 24,37% на вкупната нето вредност на средствата со кои управуваат друштвата на ден 31.03.2021 година, пред се е детерминиран од растот од 54% на нето вредноста на инвестициските фондови со кои управува ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, како и растот на нето вредноста на инвестициските фондови со кои управуваат останатите друштва во распон од 9% до 19%. Во приложениот графикон е претставено процентуалното учество на секое од друштвата, односно на отворените инвестициски фондови со кои тие управуваат, во вкупната вредност на сите отворени инвестициски фондови во првиот квартал од 2021 година, со состојба на последниот ден од месецот, како и со состојба на крајот на првиот квартал од 2020 година. Притоа, може да се забележи дека поединечните друштва, на крајот од првиот квартал од 2021 година, со минимални отстапки, го задржуваат истото учество во вкупната нето вредност на сите отворени фондови, во однос на претходниот квартал. Имено, со најголем процент (49%) од нето вредноста на отворените инвестициски фондови повторно управува ДУИФ КБ Публикум Инвест, а најмало учество со само 1% во нето вредноста на средствата под управување во текот на истиот период има ДУИФ Иново Статус. Во однос на крајот од првиот квартал од 2020 година, само ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент го зголемило своето учество за 6 процентни поени, за сметка на намалувањето на учеството на другите друштва за управување.

Паричните фондови и понатаму со 60% во вкупното портфолио

Kога ќе се споредат крајот на првиот квартал од 2021 година и крајот на последниот квартал од 2020 година (квартална промена), најголем пораст на нето вредноста на средствата на ниво на поединечни инвестициски фондови бележат отворените фондови КБ Публикум Балансиран, ВФП Кеш Депозит и Граве Глобал, чија нето вредност во споредуваниот период се зголемила за 19%, 13% и 12% последователно. Нето вредноста на средствата на отворените инвестициски фондови на крајот на првиот квартал од 2021 година во споредба со крајот на првиот квартал од 2020 година (годишна промена) е зголемена кај сите инвестициски фондови, со исклучок на ОИФ Илирика Кеш Фонд, при што импресивен раст бележат отворените фондови Генерали Топ Брендови, КБ Публикум МБИ10 и ВФП Премиум Инвест од 105%, 80% и 70% соодветно. Ваквата слика делумно се должи на зголемувањето на вредноста на портфолијата на овие акциски фондови, имајќи предвид дека некои финансиски инструменти во кои вложуваат тие, после драстичниот пад во првиот квартал на 2020 година предизвикан од глобалната пандемија, бележат континуиран раст на берзите, што пак соодветно резултира во

зголемена атрактивност на истите Принос на инвестициски и привлекување на зголемен број инвеститори. фондови во прв квартал 2021 Иако месечната динамика на нето вредноста на трите видови Фонд принос (%) инвестициски фондови (парични, акциски и обврзнички) во првиот ВФП Премиум Инвест 8,40 квартал од 2021 година има променлив карактер, структурата Граве Глобал 8,19 на истата според процентуалното Генерали Топ Брендови 6,43 учество на видовите фондови во вкупната нето вредност, останува Генерали БРИК 5,70 непроменета во континуитет. Имено, паричните фондови Иново Статус Акции 5,25 и понатаму ја задржуваат КБ Публикум - Балансиран 4,10 доминантната позиција со учество кое се движи од 57%-60%. Учеството Генерали Нова ЕУ 3,76 на акциските фондови се движи во распонот од 34%- 37%, додека Илирика Југоисточна Европа 2,49 обврзничките фондови учествуваат КБ Публикум-МБИ 10 2,17 со 6% во вкупната нето вредност. Паричните фондови ја задржуваат Илирика Глобал-Растечки пазари 1,94 позицијата и кога ќе се споредат крајот на првиот квартал од 2021 КБ Публикум - Обврзници 1,34 година со крајот од првиот квартал од 2020 година, меѓутоа нивното ВФП 100% БОНД 0,40 учество во тој период е намалено КБ Публикум Паричен 0,32 за 10 процентни поени, за сметка на зголемување на учеството Генерали Кеш Депозит 0,32 на акциските и на обврзничките фондови за 9 и 1 процентен поен ВФП Кеш Депозит 0,20 соодветно, што покажува дека Илирика Кеш Фонд 0,15 интересот на инвеститорите за вложување во другите видови на Извор: Македонска берза фондови, особено во акциските, се зголемува. додека во однос на крајот на првиот Зголемувањето на нето вредноста на квартал од 2020 година, учеството на средствата со кои управуваат друштвата вложувањата во финансиски услуги е на на крајот на првиот квартал од 2021 истото ниво, а учествата на вложувањата година, споредено со претходниот во здравството и информатичката квартал, се должи пред се на пораст на средствата под управување на акциските технологија се намалиле за 1 процентен поен, односно зголемиле за 2 процентни фондови за 11,98%. Нето вредноста на поени соодветно. паричните и на обврзничките фондови Во текот на првиот квартал од 2021 за истиот период се зголемила за 2,40% и година, во инвестициските фондови се 8,84% соодветно. уплатени вкупно 4,57 милијарди денари Најмногу вложено (74,3 милиони евра), а се одлеани 4,23 во финансиски услуги, милијарди денари (68,7 милиони евра, здравство и ИТ креирајќи позитивна нето разлика од Акциските фондови бележат најголем 346,44 милиони денари, односно околу 5,6 пораст на нето вредноста на средствата милиони евра. (68,23%) и при споредба со крајот Значително подобрената нето разлика на првиот квартал од 2020 година, помеѓу приливите и одливите на додека нето вредноста на паричните и средствата во јануари е доволно голема обврзничките фондови се зголемила за да ги неутрализира негативните нето 4,51% и 49,68% соодветно. приливи од останатите два месеца и Вредноста на портфолиото со акции во да креира позитивни нето приливи на кои инвестирале акциските фондови квартално ниво. од крајот на првиот квартал од 2020 Најголем процент од приливите во првиот година, до крајот на првиот квартал од квартал се од домашните банки, на кои 2021 година бележи континуиран пораст. отпаѓа 50%, по што следуваат други Имено, и покрај волатилноста на цените домашни нефинансиски правни лица на финансиските инструменти во кои со 22% и други домашни финансиски вложуваат овие фондови, вредноста на институции со 18%. акциското портфолио на крајот на Q1 од Најголем процент на повлечени средства 2021 година е за 70% повисока од истата од инвестициските фондови во првиот вредност на крајот на Q1 од 2020 година, квартал на 2021 година, односно 54% има односно 13% повисока кога ќе се споредат од страна на домашните банки, по што крајот на првиот квартал од 2021 година следуваат други домашни нефинансиски со крајот на 2020 година. правни лица со 23% и други домашни Набљудувано по структура на дејности, финансиски институции со 13%. највисоко учество на вложени средства на Доминантното учество на домашните крајот на првиот квартал од 2021 година банки како на страната на приливите, е забележано во три клучни сектори: така и на страната на одливите на финансиски услуги (23%), здравство (17%) и средства, се должи на фактот што кога информатичка технологија (11%). тие вложуваат во парични фондови, Средствата вложени во овие три заради интерни пресметковни цели, на определени пресечни датуми ги сектори на крајот од извештајниот повлекуваат средствата од фондовите, а период во однос на крајот од 2020 потоа повторно ги враќаат. nnn година го задржале истото учество,


MAJ. 2021

26 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1100


INTERVIEW

ЉУПЧО НИKОЛОВСKИ

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

27

KAPITAL.MK I БРОЈ 1100

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

НА ГРАЃАНИТЕ ИМ Е ПРЕКУ ГЛАВА ОД ДЕКЛАРАТИВНИ ЗАЛОЖБИ НОСИМЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ, ВОВЕДУВАМЕ СИСТЕМСКИ И ГЕНЕРАЦИСКИ ПРОМЕНИ Морам да потсетам, до пред неколку години воопшто не можевме да зборуваме за транспарентност, а уште повеќе да ја видиме како особина на минатата власт. Никој не знаеше ништо, имавме затворени институции, немаше транспарентност за што и како се трошат народните пари. Тоа време е завршено верувам засекогаш. Да, оваа власт е под лупа на јавноста и свесно влезе во таков ризик, но сме убедени дека по тој пат треба да одиме сите во иднина. Владиниот План за борба против корупција е производ на силна политичка волја и соработка преку која истиот се донесе и усвои. Носиме храбри политики за ред, правда, дисциплина, за враќање на довербата во институциите, за општество ослободено од корупција. На граѓаните им е преку глава од декларативните заложби кои ги слушаат изминативе 30 години. Со право бараат ефикасен и праведен систем кој никого не смее да привилегира, ниту пак да заштитува. Наша приоритетна цел е да воспоставиме модел за координирање на сите задолжени институции за борба против корупцијата, кој брзо ќе испорачува резултати. Да поставиме стандард кој ќе го преземат сите идни влади!“

MAJ. 2021


MAJ. 2021

28 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Љ

упчо Николовски важи за човек од најблиска доверба на премиерот Зоран Заев, актуелен генерален секретар е на владејачката партија СДСМ и не е изненадувачки што токму тој беше поставен за вицепремиер во Владата чијашто примарна задача ќе биде да се бори против корупцијата во државата. На забелешката што му ја упатуваат критичарите околу тоа дали е соодветно висок партиски функционер да е токму именуваниот „прв борец против криминалот и корупцијата“, Николовски одговара дека тоа е вештачки наметната дилема. „Наметната токму од оние на кои не им одговара засилената и бескомпромисна борба против корупцијата и тоа е тоа! Токму мојата партиска должност е најдобра гаранција дека справувањето со високата корупција е највисок приоритет за оваа Влада. Пред 7 месеци, прв пат во историјата на македонскиот плурализам како Влада воспоставивме должност Заменик претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.“, вели Николовски во интервјуто за Капитал каде што, меѓу другото, го објаснува и подетално планот Акција 21, амбициозно најавен за борба против корупцијата, особено откако Транспаранси Интернешнал во својот Извештај истакна дека Северна Македонија не напреднала на скалата на држави рангирани според индексот на перцепција за корупција во општеството. XВо X услови кога двајца луѓе за коишто македонската јавност има перцепција дека се меѓу најголемите репрезенти на она што значеше криминал и корупција за време на минатата власт се во затвор и притвор, кога се водат постапки против уште неколку нивни „соборци“, кога и довчерашен висок функционер и близок соработник на премиерот Заев е во притвор - ние имаме извештај за полоша перцепција во државава во однос на корупцијата. Како е тоа можно? Дали борбата против корупцијата остава впечаток кај јавноста дека корупцијата се зголемила всушност? Свесни сме дека корупцијата е длабоко вкоренета, дека постои разочарување кај граѓаните, не велиме дека ќе се реши преку ноќ, но имаме политичка волја и сме одлучни да ја промениме состојбата, и нема откажување од тоа. Извештаите не не’ демотивираат, тие се поттик за нас уште повеќе, уште позасилено да преземаме мерки, да делуваме за спречување и искоренување на корупцијата. И кристално јасно е дека оваа Влада за разлика од тогашната (за жал и актуелна) гарнитура на ВМРОДПМНЕ е транспарентна за буквално се’, разрешува функционери кои ќе сторат незаконско дело, слободата на говор и делување ја доведе до незамисливо високи граници, како ниедна владејачка

структура во нашата историја влезе храбро да решава случаи и криминали на луѓе чие име не смееше да се спомене надвор од дома и најважно, го охрабри и остави правосудството да си ја врши работата без никакви притисоци. Но, пред да се случи тоа ние имавме состојба на 11 години режимско владеење кои ни ја уништија перцепцијата за сето она што значи нормално демократско општество, на начин како да така владееле претходни 100 години. Граѓаните имаат урната доверба во сопствената татковина благодарејќи на тоа, а уништената доверба не се враќа лесно. До омраза се доаѓа лесно, но тешко се враќа назад кон поддршка, доверба и љубов. Таков е случајот и овде. Ги следиме и прифаќаме сите извештаи кои ја отсликуваат состојбата, констатираат состојби, даваат препораки. Борбата против високата корупција и криминалот е високо на нашата агенда и тоа се гледа. Не го правиме истото затоа што ЕУ тоа го бара од нас, туку поради фактот дека без тоа никогаш нема да се ослободиме од синџирите кои не’ влечат надоле и не ни дозволуваат да станеме држава во која граѓаните ќе сакаат да живеат и ќе се гордеат. XЗа X случајот со поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова, имавте и лично статус на социјалните мрежи и се заложивте за нејзина итна смена. На Рашковски му се даде повеќе простор, но сепак се отвори истрага. Дали ваквите случаи на сомневања за корупција и криминал низ највисоките владини структури влијаат врз довербата кај граѓаните? Ако нешто покажуваат случаите, тоа е дека не постои компромис, секој што го прекршил законот, ја злоупотребил службената положба, го оштетил буџетот - мора да одговара и никој не е поштеден. Нема селективност во постапувањето...За секој случај каде постои било каков сомнеж за корупција или криминал, институциите имаат обврска да постапуваат, да отвораат истраги, без разлика за кој функционер станува збор, од власта или опозицијата. Пораката дека нема недопирливи е суштината на правната држава, не е празна флоскула. Искрено верувам дека набрзо граѓаните ќе го сфатат ова на уште пошироко ниво и ќе се вклучат уверливо во оваа заедничка борба, за резултати кои ќе ги почувствуваме сите. XПосле X неповолниот Извештај на Транспаренси Интернешнл, заедно со премиерот Заев најавивте амбициозен план за борба против корупцијата, Акција 21. Да објасните за нашите читатели Ве молам, кои се клучните точки од овој план, и што може да очекуваат граѓаните ако се имплементираат сите точки како што треба? Целиот план е основа од која ние како општество ќе видиме огромен бенефит во годините пред нас без разлика кој е на власт. Огромен дел од тој план оди во линија на зајакнати контроли и зголемена транспарентност. Мое лично верување е дека кога јавноста и оние кои тоа им е работа ќе имаат повеќе алатки на располагање, резултатите неминовно стигнуваат.

Морам да потсетам, до пред неколку години воопшто не можевме да зборуваме за транспарентност, а уште повеќе да ја видиме како особина на минатата власт. Никој не знаеше ништо, имавме затворени институции, немаше транспарентност за што и како се трошат народните пари. Тоа време е завршено верувам засекогаш. Да, оваа власт е под лупа на јавноста и свесно влезе во таков ризик, но сме убедени дека по тој пат треба да одиме сите во иднина. Владиниот План за борба против корупција е производ на силна политичка волја и соработка преку која истиот се донесе и усвои. Содржи 18 системски мерки, подготвени врз основа на сите препораки и предлози од надлежни институции, невладини организации, независни тела, како и врз основа на релевантните домашни и странски извештаи. И ова се храбри политики за ред, правда, дисциплина, за враќање на довербата во институциите, за општество ослободено од корупција. Фокусот е ставен на дигитализацијата, како единствен механизам за елиминирање на човечкиот фактор, со цел да се намалат ризиците и да се спречи корупцијата. Планот содржи неколку мерки кои се однесуваат на дигитализација на процесите. Веќе е формирана работна група која има за цел да подготви соодветни измени и дополнувања на законите, со цел да се отстранат формалноправните пречки кои во моментот ги отежнуваат некои од постапките што се водат пред институциите од јавниот сектор. Дополнително, една од задачите е и целосна автоматизација на процесите кои се однесуваат на прибавување и размена на податоци по службена должност, но и целосна употреба на Националната платформа за интероперабилност, Централниот регистар на население и електронската идентификација за граѓаните и бизнисите при комуникација со органите. Едноставно мораме да ги искористиме придобивките кои ги овозможува четвртата индустриска револуција и да ги употребиме за сето она што значи стратешки приоритет за државата. Во моментов, секој орган, заради својата надлежност за одредена постапка, ги бара доказите директно од граѓаните, а истите тие докази веќе ги има кај себе или постојат кај друг надлежен орган. Во голем дел од постапките се бара копија од лична карта или пасош, извод од матична книга и државјанство. Нашата цел, преку целосна дигитализација на трите матични книги, ставање во полна функција на Централниот регистар на население, сите овие докази, органите автоматски да ги преземат од Централниот регистар на население, наместо граѓаните да ги приложуваат пред органите или да достават само извод од Централниот регистар на население, кој во себе веќе ги содржи податоците од овие три поединечни докази. Колку е помало влијанието на човекот, толку е помал просторот и ризикот од корупција. Нема повеќе изговори дека недостигаат одредени документи за постапките што ги водат граѓаните за да остварат некое свое право пропишано со закон. Оваа активност подразбира измена на стотина закони и подготовките за нејзино имплементирање се веќе започнати со формирањето на работната група. Овие


ЉУПЧО НИKОЛОВСKИ

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

„НЕМА НЕДОПИРЛИВИ“ НЕ Е ПРАЗНА ФЛОСКУЛА Нема селективност во постапувањето...За секој случај каде постои било каков сомнеж за корупција или криминал, институциите имаат обврска да постапуваат, да отвораат истраги, без разлика за кој функционер станува збор, од власта или опозицијата. Пораката дека нема недопирливи е суштината на правната држава, не е празна флоскула. Искрено верувам дека набрзо граѓаните ќе го сфатат ова на уште пошироко ниво и ќе се вклучат уверливо во оваа заедничка борба, за резултати кои ќе ги почувствуваме сите.

процеси ќе им помогнат и на надлежните органи за борба против корупција и криминал, бидејќи податоците кои им се потребни на сите органи за спроведување на конкретни предистражни или истражни мерки ќе им бидат веднаш достапни и ќе бидат точни и ажурни. Со ова се гарантира и ефикасноста и ефективноста како во управните постапки, така и во кривичната постапка. Дел од мерките се однесуваат на дигитализација на истражните центри, воспоставување на Е-инспектор, создавање на централна база за издавање на лиценци и дозволи, воведување на систем за следење на предмети и претставки, измени на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, ограничување на бројот на членовите на управните одбори, итн. Планот содржи задолженија и препораки за институциите и општините, како што е подготовката на интерни процедури за јавни набавки, подготовка на годишна Антикорупциска програма, назначување на овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција. Голем број институции согласно Планот имаат задолженија за постапување, за што пред секоја владина седница информирам за статусот на постапување по мерките. Време за доследно почитување на законите, мерките, прописите и за нивно доследно спроведување. Ова е заедничка битка,

во која мора сите да се вклучат, ги охрабрувам и граѓаните да пријавуваат случаи за кои имаат сомнеж за корупција, затоа што колку сме повеќе, толку ќе бидеме посилни и поуспешни. Најавувате и нови мерки во Планот за борба против корупција, велите дека се подготвува и Закон за потекло на имот... Што ќе значи тоа? Ќе се застане ли конечно на патот на државни функционери, судии, обвинители, директори, итн., чиишто имотни листови драстично се „задебелуваат“ за време на мандатот? За прв пат добиваме Закон за потекло на имот, со што ќе се овозможи да се испитува како одредено лице го стекнало имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни оданочени приходи. Законот ќе ги опфати не само избраните и именувани лица, туку и сите граѓани. Конкретно, секој треба да докаже на кој начин го стекнал имотот и капиталот, доколку тоа ги надминува редовните оданочени примања. Готова е студијата за потребата од изработка на Закон за потекло на имот, формирана е работна група (меѓународни и домашни експерти и претставници од сите релевантни институции ДКСК, УЈП, Управата за разузнавање, МВР, Јавното Обвинителство, Финансиската полиција, Царинската Управа), која започнува со подготовка на овој закон. Ќе се проверува и имотот на поранешните функционери, бидејќи честопати избраните

MAJ. 2021

и именувани функционери имотот стекнат за време на мандатот го ставаат на туѓо име, на член од семејството или пријател, а по завршувањето на мандатот го впишуваат на свое име. Со ваквите системски реформи, воведуваме контрола на капиталот, со што го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот, спречуваме оштетување на буџетот и незаконско богатење врз грбот на граѓаните. Дополнително во истиот контекст, се планира нова мерка со која го прошируваме опфатот на лица до администрацијата кои ќе имаат законска обврска да поднесуваат анкетни листови за имотна состојба и изјави за судир на интереси т.е. сопственичка структура, акции и удели во трговски друштва. Оваа обврска ќе важи не само како досега за функционерите, туку и за службени лица вработени во јавниот сектор со посебни овластувања, инспекторите, царински службеници и сите раководни административни службеници. Недозволиво е едно раководно лице во администрација да биде и на таа позиција и паралелно да има консултантско друштво, а тоа да не го пријавува никаде. Во насока на проверка на имотот и капиталот, би споменал дека веќе е во функција уште една алатка, Регистарот на вистински сопственици, за што рокот за впишување на правните субјекти заврши на 27-ми април. Во рамки на законскиот рок својата обврска навремено ја


MAJ. 2021

30 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА ИМОТ И НА ПОРАНЕШНИ ФУНКЦИОНЕРИ За прв пат добиваме Закон за потекло на имот, со што ќе се овозможи да се испитува како одредено лице го стекнало имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни оданочени приходи. Законот ќе ги опфати не само избраните и именувани лица, туку и сите граѓани. Ќе се проверува и имотот на поранешните функционери, бидејќи честопати избраните и именувани функционери имотот стекнат за време на мандатот го ставаат на туѓо име, на член од семејството или пријател, а по завршувањето на мандатот го впишуваат на свое име.


ЉУПЧО НИKОЛОВСKИ

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА, ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

завршиле 69.284 субјекти, односно близу 90% од субјектите кои се обврзани да поднесуваат пријави. Преку овој регистар, чиишто информации се јавно достапни, секој може на едноставен начин, да добие информација за тоа кои се вистинските сопственици на некој правен субјект, но и да провери дали и каде сè, некое конкретно лице се јавува како вистински сопственик. XКаков X ефект имаат досега мерките за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги за функционерите, уредба за подарок и сл., што ги донесовте неодамна? Како дополнително ќе се борите против злоупотребите на функционерските привилегии, ќе има ли мерки и за користењето на службените возила, на пример, една од сферите каде што „традиционално“ има злоупотреба од страна на функционерите? Ова е уште една од мерките кои што поставуваат фундамент за тоа како треба да изгледа една државна институција и еден службеник. Доколку на некој цел му била да има службени ручеци, да може да злоупотребува се’ што е државно, сега веќе тоа нема да го има. Работата ќе ја работат луѓе кои не се тука за привилегии. Можеби ова на некој му делува како банално и небитно, но верувајте во изминативе години со неограничувањата дававме сигнал дека секој може да прави што сака. Епа веќе тоа нема да го има. Не дозволуваме да се расфрламе непотребно. Веќе во функција се Уредбата за дар и Одлуката за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги за работните состаноци во угостителски објекти. Ова се дополнителни механизми за отчетно и одговорно трошење на буџетските средства, за ставање ред во користењето на службените трошоци од страна на сите државни функционери. Со Уредбата за дар точно се пропишани процедурите за примање на протоколарни дарови од странски и домашни, физички и правни лица. Воедно сумите за протоколарни подароци се ограничени до максимални 20 евра. Исто така, се применува и Одлуката за ограничување на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци во угостителски објекти, и истата важи за сите државни функционери. Државните органи се обврзуваат остварените трошоци за угостителски услуги да ги објавуваат јавно на веб страните на институциите. Максималната сума која министрите може да ја трошат на работни состаноци е до 1.500 денари по лице присутно на работниот состанок. Износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок зависи од функцијата на корисникот. Претседател на Владата на РСМ до 2.500 денари по лице, заменик претседател на Владата на РСМ до 2.000 денари по лице, министер - до 1.500 денари по лице, заменик на министерот до 1.300 денари по лице, директор до 1.000 денари по лице. Корисникот на услугата задолжително мора да доставува и извештај за природата и целта на работниот состанок, број на присутни лица, време, место и датум на работниот состанок. Без известување (резервацијата) и извештајот за природата и целта на работниот

состанок, Секторот за финансии во државниот орган нема да изврши исплата. Во подготовка е и уредба за начинот на користењето на службени возила. За прв пат воведуваме унифициран и единствен начин на користење и одржување на службените возила со кој строго ќе се регулира начинот на користење на службените возила и ќе се знае кој, како и на кој начин го користи службеното возило. Со тоа, конечно се спречува злоупотреба на службените возила во приватни цели. XОд X ГРЕКО велат дека имплементацијата на Кодексот на однесување за лица со највисоки извршни функции од страна на заменик премиер кој има надлежност да истражува и санкционира прекршувања и истовремено треба да обезбеди и доверливо советување и собирање докази за прекршување на истиот тој Кодекс, не е прифатливо и не е компатибилно со практиката на ГРЕКО. Што ќе сторите во врска со оваа забелешка на ГРЕКО? ГРЕКО во последниот извештај го поздравува носењето на Кодексот и особено фактот дека во него се предвидени и веќе се применуваат санкции за негово непочитување од страна на највисоките носители на извршни функции. Со новиот поприменлив Кодекс за етичко однесување на именуваните функционери, освен министрите и замениците министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата, до најниско ниво. А, дека се водиме од мотото неселективна правда, покажаа разрешувањата на функционери кои прекршија одредби од Кодексот. Уште во Ноември 2020 назначивме лице за интегритет и судир на интереси во Владата на Република Северна Македонија кое исто така е надлежно и за давање доверливи совети во врска со етички прашања поврзани со одредбите од кодексот. ГРЕКО во никој случај не ја критикува позицијата Вицепремиер за борба против корупција, ниту пак воведениот етички кодекс. Напротив, го поздравува истото, а забелешката е во делот на тоа дека не може едно исто лице да биде задолжено за имплементација на кодексот и за давање доверливи совети во врска со кодексот, па согласно на тоа одредбите од етичкиот кодекс, по препораката на ГРЕКО ќе следат и промени. Подготвени сме да ја прифатиме и имплементираме сугестијата и јасно да се пропише позиција на посебно лице за интегритет, надлежно за давање совети и насоки на министрите и другите функционери и нивните советници во случај на појава на етички дилеми кај нив. ГРЕКО дава експлицитен позитивен коментар за измената на Владината Уредба за примање подароци, подготвена од страна мојот Кабинет и Министерството за финансии. Го поздравува и транспарентното објавување на имињата на сите советници во Владата, на официјалната веб страна. Во извештајот е нотирано дека веќе е изработен тест за интегритет на советниците на функционерите, преку кој се утврдува нивото на интегритет и способноста за детектирање за евентуални ризици од корупција и слични други активности во

31

MAJ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ЌЕ ГО МИНИМИЗИРА ЧОВЕЧКИОТ ФАКТОР, А СО ТОА И КОРУПЦИЈАТА Колку е помало влијанието на човекот, толку е помал просторот и ризикот од корупција. Нема повеќе изговори дека недостигаат одредени документи за постапките што ги водат граѓаните за да остварат некое свое право пропишано со закон. Дигитализацијата на овие процеси подразбира измена на стотина закони и подготовките за нејзино имплементирање се веќе започнати со формирањето на работната група. Овие процеси ќе им помогнат и на надлежните органи за борба против корупција и криминал, бидејќи податоците кои им се потребни на сите органи за спроведување на конкретни предистражни или истражни мерки ќе им бидат веднаш достапни и ќе бидат точни и ажурни.


MAJ. 2021

32 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

Имавме за прв пат директни внатрепартиски избори насока на подобрување на актуелните состојби. на кои членството учествуваше со висок одѕив од над 90% говори само за себе. Но ние не застануваме XВашето X име се шпекулира тука, новата демократска вредност на македонската повторно за висока политичка сцена, СДСМ, ќе продолжи дополнително партиска позиција СДСМ Е ФАВОРИТ НА сега пред партискиот да придонесува во развојот на демократските ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ конгрес во мај. Исто процеси во земјата и во напредокот на татковината. така, дали мислите дека Сето ова граѓаните го гледаат и го вреднуваат. Како партија со најголема е соодветно високи Впрочем затоа СДСМ шест пати досега победува на доверба од граѓаните, партиски функционери избори, односно ја добива довербата на граѓаните. да држат позиција како после шест изборни Огромна е разликата помеѓу демократска СДСМ, вицепремиер одговорен за реформирана, модерна, напредна, европска СДСМ, победи, врз основа на борба против корупција? и ВМРО-ДПМНЕ во која ништо не се менува и која резултатот од сработеното Најмалку е важно дали и длабоко е заглавена во режимската матрица на каква партиска должност на локално и централно Никола Груевски. Многу пати јавно сум ги повикал ќе извршувам после 16 мај. колегите од таа партија да почнат демократски ниво и политиките Ниту една лична кариера не промени, таму има одлични кадри кои за жал не може да биде поважна од кои носат напредок и доаѓаат до израз поради заробената партија, на ист иднината на СДСМ. Сигурен подобрување на животот начин како што беше заробена и целата држава. сум дека партијата под Би се надоврзал и на вашето прашање за локалните лидерството на Зоран Заев на граѓаните, СДСМ е избори. Како партија со најголема доверба ќе го задржи победничкиот фаворит на локалните од граѓаните, после шест изборни победи, врз менталитет и ќе продолжи да избори. Тоа го покажуваат се реформира во модерна основа на резултатот од сработеното на локално и европска партија со сите централно ниво и политиките кои носат напредок и релевантните анкети. нишани. После „лекцијата“ и подобрување на животот на граѓаните, СДСМ е После конгресот на 16 за внатрепартиската фаворит на локалните избори. Тоа го покажуваат демократија која ја одржавме и релевантните анкети. После конгресот на 16 мај мај ќе следи процес со првите непосредни избори, ќе следи процес на филтрирање и номинација на филтрирање и претседателот на партијата го на кандидати за градоначалници и советнички има најизворниот легитимитет номинација на кандидати листи. Неколкупати во јавноста имам акцентирано од членството на СДСМ и тој дека мислењето на граѓаните и мерит системот за градоначалници најдобро знае кои луѓе кои кој го воведовме ќе имаат клучна улога. Нема да и советнички листи. партиски должности треба да задоволуваме лични апетити туку ќе настапиме со ги извршуваат во наредниот Неколкупати во јавноста најдобрите кандидати пред граѓаните, со една силна, мандатен период. чесна понуда и убеден сум дека СДСМ ќе победи на имам акцентирано дека Дилемата дали е соодветно локалните избори. јас како актуелен мислењето на граѓаните Ценам дека ова му е јасно и на нашиот политички генерален секретар на и мерит системот кој противник, ВМРО-ДПМНЕ. Ако ја следиме нивната СДСМ паралелно да сум и деструктивност, обиди само нешто да блокираат, вицепремиер е вештачки го воведовме ќе имаат наметната од оние на кои да попречат, без понуда, без идеја и без став, клучна улога. Нема да не им одговара засилената заклучокот е дека освен блокади опозицијата нема и бескомпромисна борба задоволуваме лични што да им понуди на граѓаните. Знае дека народот против корупцијата и нема да ги поддржи, па одат на тоа да направат апетити туку ќе настапиме тоа е тоа! Токму мојата само штета, колку што можат повеќе. Едноставно е. со најдобрите кандидати партиска должност е Мислам дека им е кристално јасно на сите. најдобра гаранција дека пред граѓаните. XX Што мислите за опозицијата и нејзината справувањето со високата конструктивност или неконструктивност во корупција е највисок политичките процеси во Северна Македонија? Има приоритет за оваа Влада. ли конструктивна критика од нив? Пред 7 месеци, прв пат Како што споменав, од ВМРО-ДПМНЕ гледаме само во историјата на македонскиот плурализам како Влада воспоставивме должност Заменик претседател на Владата деструктивност, лажни вести и дејствување на штета на задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив интересите на државата и граѓаните. Од една страна е развој и човечки ресурси. коалициската Влада предводена од СДСМ која работи На граѓаните им е преку глава од декларативните заложби кои максимално посветено, со многу труд да што повеќе проблеми се ги слушаат изминативе 30 години. Со право бараат ефикасен и решат што побрзо, а од друга страна е апсурдното однесување праведен систем кој никого не смее да привилегира, ниту пак да на ВМРО-ДПМНЕ. На пример, во време на пандемија се обидоа заштитува. Наша приоритетна цел е да воспоставиме модел за да блокираат важни закони во Собранието за граѓаните и координирање на сите задолжени институции за борба против фирмите, ги блокираа пакетот мерки за помош на граѓаните корупцијата, кој брзо ќе испорачува резултати. Да поставиме и компаниите, па дури го блокираа и Законот за здравствена стандард кој ќе го преземат сите идни влади! заштита, се’ уште активно го блокираат новиот Клинички центар. XГледаме X пред Конгресот отворена битка на различни Обидите да се блокира работата на Собранието, во услови на партиски крила, па дури и најави за самостојни чистки од светска пандемија од КОВИД-19, не е политика. Тоа е срамно страна на некои локални партиски ограноци. Каква е вашата и неодговорно однесување. Очигледно Христијан Мицкоски прогноза за претстојните локални избори на есен? и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или Некој можеби гледа битка, јас гледам демократија, различни политика сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат мислења и ставови. Не како генерален секретар, како човек кој штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош. своите почетоци во партијата ги имав уште од младината, од Доказ е и гласањето на последните економски мерки, кои се СДММ знам дека тоа што го има СДСМ е демократска ризница, обидоа да ги спречат на сите можни начини. Нема што друго додадена вредност. Зборувам за вистински демократски да се каже освен дека водат борба против својот народ. Но, капацитет, одговорен начин на работа и функционирање, ние тоа не го дозволуваме. Гледате дека и покрај блокадите, јакнење на самата партија од внатре преку постојани промени. Одлика на нашето социјалдемократско семејство кое секојдневно парламентарното мнозинство успеа да ги донесеме законите во интерес на граѓаните. Ние така ќе продолжиме. расте и се развива е да се менуваме, подобруваме, за уште Граѓаните тоа го препознаваат и токму заради таквото подобро да служиме на овој народ и на оваа татковина. СДСМ однесување граѓаните шест пати ги казнуваат на избори и затоа воведе нов принцип на работа со зголемена транспарентност каде дури и внатрепартиските процеси се отворени за јавноста. ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција. nnn



МАЈ 2021

34 ПОЛИТИKА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

УШТЕ ЕДНО „ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ“ НА ПАТОТ КОН БРИСЕЛ

РАСТЕ ЦЕНАТА ШТО СОФИЈА ЈА ПЛАЌА ЗА БЛОКАДАТА КОН СКОПЈЕ

Нов рок за надминување на сагата со македонските европски интеграции – како што се ближи јуни повторно се зголемуваат надежите дека тоа што не им успеа на многу земји до сега (вклучително и на Германија), ќе им тргне од рака на Португалците, па во време кога тие го имаат кормилото на ЕУ, македонскиот случај конечно да добие позитивна завршница. Добар знак е што се повеќе изгледа дека во прашањето се вклучува и најважната членка на ЕУ: САД. Со распоредот на картите и на играчите во Меѓународната заедница по однос на прашањето станува јасно дека застојот на македонските интеграции овој пат нема да ја чини скапо само Македонија. Кој е подготвен да ја плати таа цена?


35

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Н

ов рок за надминување на сагата со македонските европски интеграции – како што се ближи јуни повторно се зголемуваат надежите дека тоа што не им успеа на многу земји до сега (вклучително и на Германија), ќе им тргне од рака на Португалците, па во време кога тие го имаат кормилото на ЕУ, македонскиот случај конечно да добие позитивна завршница. Граѓаните се изморени, аналитичарите внимателни и не сакаат да подгреваат надежи после многуте разочарувања и драма на македонскиот европски пат. Внимателни се и политичките лидери, кои особено во последните недели, во еден усогласен став праќаат пораки дека влогот овој пат е огромен и дека нов пораз ќе значи целосен дебакл за самата ЕУ којашто за волја на вистината тешко дека некогаш стоела послабо на Балканот и поради Македонија и поради неуспехот со обезбедување на вакцини и слабиот одговор на пандемијата. Сепак надежта е тука. Премиерот Зоран Заев на еден свој настап деновиве, веднаш после посетата на Брисел (на којашто пак и претходеше уште една посета на Брисел, но и на Мадрид и на Атина) кажа дека се гради стратегија како ЕУ да го врати својот кредибилитет: „Со лидерите на ЕУ зборувавме за Западен Балкан и перспективите. „’Кабаетлукот’ на ЕУ е несомнен и се градат стратегии како конечно Европа да го врати својот кредибилитет овде. Сите знаат дека ниту една земја, аспирант за членство не чекала толку долго како нас. Цели шеснаесет години“, вели тој изразувајќи оптимизам дека во наредните недели во разговорите на челниците на Португалија и еврокомесарот Оливер Вархеи, заедно со двете страни, нашата и на Бугарија, ќе се оствари Првата меѓувладина конференција кон крајот на јуни. Премиерот Заев кажа дека Брисел е целосно запознаен со македонските црвени линии и дека нема никакви отстапки по однос на јазикот и на интегритетот: „Граѓаните треба да ја согледаат реалноста, Бугарија има техничка влада, но тоа не значи дека не треба да направиме се за да се најде решение. Мислам дека и за бугарската страна е добро да има решение. Граѓаните на изборите им порачаа дека политики кои носат непријателство, блокади и кочници не се поздравени и поддржани. Впрочем, и претседателот Радев кој многу често зборува за европеизација и за европски манири треба да ги направи овие чекори. Не сакам да креваме очекувања нереално, па после пак да бидеме скршени, но оваа година очекуваме пробив“ рече Заев. Тој истакна дека новината е што португалското претседателство разработува цела една стратегија со којашто ќе настапи пред Софија и пред Скопје: „Верувам дека тоа ќе се случи деновиве. Бевме во Брисел и им рековме – ако ги допрете македонскиот јазик и идентитетот тогаш се тргаме од преговори. За тоа никој никогаш не разговарал.“, дециден е

премиерот и додава: „Нема да чекаме септември за да се создаде новата бугарска Влада. Ние и сега разговараме. Двајцата претседатели разговараат (Пендаровски и Радев). Ние преку португалското претседателство и еврокомесарот Вархеи исто разговараме како две влади“ вели тој.

Се стега обрачот околу Бугарија

Во меѓувреме, нервозата кај европските лидери за неодржливите бугарски позиции спротивни на основните европски вредности се повеќе расте. Се поголем е бројот на челници и на држави што најотворено застануваат во одбрана на Македонија и притискаат кон Софија. Последен во низата беше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој многу отворено и без никакви дипломатски ракавици кажа што мисли за „спорот“ со коментар дека Бугарија навлегува во интимниот простор на Македонија барајќи нејзината верзија за историјата да биде единствено исправна – незамислив потег во ова време. Милановиќ, потоа зборувајќи на пресконференција по самитот Брдо-Бриони во Крањ, рече дека условите што ги поставувала Словенија за Хрватска пред нејзиниот влез во ЕУ му изгледале и сега му изгледаат рационални, и на Словенија не и било целта да и наштети или да ја понижи Хрватска, за разлика од барањата на Бугарија кон Македонија, за кои тој вели дека е навлегување во интимниот простор, што е недозволиво. „Словенија и Хрватска имаа многу жив, динамичен однос, Словенија поставуваше некакви услови, тие услови и тогаш и сега ми делуваа како нешто што ми е рационален материјален словенечки интерес. Словенија тука сакаше да добие нешто за себе, контакт со отворено море, значи животно важна работа, но никогаш не сум имал чувство, ниту сум видел дека Словенија сака да и напакости на Хрватска и да ја спречи или понижи. Беа упорни, понекогаш и здодевни, нешто се договоривме, па на крајот не се договоривме. Животот оди понатаму. Ова што сега службената политика на една членка на Унијата и прави на Северна Македонија е она што јас го нарекувам влегување во туѓо, односно влез во интимен простор. Се бара од еден аспирант, кандидат, кој е среде преговорите за членство, во учебниците по историја да ја дефинира својата национална генеза онака како тоа го бара соседната држава. Тоа е влегување во интимен простор, тоа не се прави. И на тоа отворено ќе се спротивставувам, се разбира во рамките и досегот на она колку што е тежок мојот збор, зашто имаме искуство во тоа и не можеш преку се’ да преминеш. Некогаш цврсто се бориш за своите интереси, бараш решение, но ако ти е целта да го уништиш послабиот од себеси само зашто е послаб, тоа никогаш не завршува добро. Тоа е една од пораките што денес не ги испративме во текстот на декларацијата. Не се занимававме со работите кои се од егзистенцијална важност за земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ. Каде се тука владеење на правото, правда, правичност, либерално - демократските вредности? Никаде, туку чист притисок од позицијата на посилниот. Хрватската историја и искуство кажуваат дека тоа секогаш

завршува лошо по оној кој притиска“, кажа Милановиќ на заедничката пресконференција со словенечкиот претседател Борут Пахор. Милановиќ зборуваше за проблемите со кои се соочува Македонија на патот до членство во ЕУ иако беше прашан за средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ на самитот, и рече дека Македонија била принудена да си го смени името, а сега се наоѓа во невозможна ситуација. „Ние сме овде да им помогнеме на нашите соседи од регионот при влезот во европските интеграции, да не комплицираме премногу. Тоа е тоа. Не се сите во иста точка на зрелост, напредок на преговорите. Некои се понапред, некои поназад. Македонија, односно Северна Македонија, како што сега официјално се вика, зашто тоа го бараа од неа, се наоѓа во една невозможна позиција. Тоа е тема што воопшто не сме ја допреле во денешните разговори, ниту во текстот на декларацијата, ниту Македонците воопшто инсистираа на тоа. Се работи за условите што им се поставени во една зрела, гестациска фаза на преговорите со ЕУ, а се однесуваат на содржината во некои учебници по историја во Македонија“, вели Милановиќ. Настапите на хрватскиот претседател ги вознемирија Бугарите, па хрватската амбасадорка во Софија Јасна Огњановац беше експресно викната на разговор во бугарското министерство за надворешни работи од генералниот директор за европски прашања, Румен Александров, кој ја опишал изјавата на претседателот Милановиќ како неприфатлива и неоправдана. Но, се чини дека Александров, а и неговите шефови ќе имаат доста работа во следниот период, ако се има предвид колку се амбасадори би требало да викнат „на кафе“. Истите пораки и истиот став што го има Милановиќ, го делат и други. И тие се и стануваат се погласни. Австријците во неколку наврати порачаа дека немаат разбирање за бугарските позиции: „Северна Македонија е кандидат за пример и сакам јасно да порачам, за време на португалското претседателство брзо да се финализираат преговарачките рамки за првата конференција. Сè што е одложување понатаму ќе нè остави да бидеме губитници. Искрено велам дека немам разбирање за тоа дека Бугарија и понатаму блокира „Апелирам до Бугарија, овој отпор да го заврши. Ние понудивме, во Виена, како неутрално место да продолжат разговорите. Досега оваа понуда не беше прифатена, но сакам јасно да кажам дека настанува вакуум ако оваа перспектива на пристапување не ја претвориме во дела и тој вакуум ќе биде пополнет со други земји што сакаат да извршат влијанија, како Кина, Русија .“ изјави министерката за Европа и за Устав, Каролине Едштадлер. Нејзиниот колега, министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг изјави дека апсурдно е во ЕУ да се трга на страна земја – кандидат за пример, каква што е Македонија. Тој остро ги критикуваше изјавите на комесарот Вархеи дека има опција да се даде зелено светло само за Албанија, а не и за нашата земја: „Во процесот на проширување важи правилото дека секоја земја ќе биде


МАЈ 2021

36 ПОЛИТИKА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

оценувана според сопствениот напредок. Секако не може да се исклучи дека би се презел таков чекор. Но токму Северна Македонија го смени името, изврши огромни реформи и мислам дека по тоа прашање мораме да бидеме многу претпазливи какви сигнали ќе испраќаме“. На иста страна застана и шефот на словачката дипломатија Иван Корчок, кој отиде и чекор понатаму и вели дека „веродостојната политика на проширување на ЕУ“ веќе треба да нема „вето во Советот“, а и германскиот министер за европски прашања, Михаил Рот, кој вели дека: „ Обете земји ги исполнија ветените реформи – сега и ЕУ мора да го исполни ветеното. Дополнителното одложување го поткопува кредибилитетот на ЕУ и стабилноста во регионот“. Со ваквите директни ставови, на оние кои ги носат одлуките, ем пропадна идејата на еврокомесарот Вархеи дека може воопшто да се дебатира за некакво раздвојување на двете земји (став што очигледно се користеше како дополнителен притисок врз македонската страна, имајќи предвид какви потреси би можело да предизвика зеленото светло само за Албанија), ем само се зголеми притисокот кон официјална Софија да се соочи со штетата што ја прави не само врз меѓусебните односи, туку и врз иднината и перспективите на целиот регион и на самата политика на проширување.

Отплеткување

Македонските аналитичари кои долго време го следат процесот велат дека сепак мириса на некаква „завршница“. Петар Арсовски во последната колумна за „Дојче веле“ вели дека влегуваме во крајната фаза на „редукција“ – согорување и отплеткување – на спорот меѓу Македонија и Бугарија, што ќе покаже дали решение воопшто е можно, и ако не, заради кого: „Спорот помеѓу Македонија и Бугарија влегува во завршница, односно, драмски речено, кон кулминација. Зависно од тоа како ќе се одвиваат различните политички тактики во наредните два месеци, ќе знаеме дали нашава драмолетка ќе има и перипетија и расплет. Во основа, ние влегуваме во крајната фаза на „редукција“ – согорување и отплеткување – на позициите на Македонија и Бугарија кон ова прашање, што ќе покаже дали решение воопшто е можно, и ако не, заради кого. Така, од однесувањето на двете земји, па и од ангажманот на меѓународната заедница, во следниов период, ќе зависи со каков кредибилитет и резултат, ќе излезе секоја од засегнатите страни на крајот од овој процес. Зошто мислам дека овој период реално се етаблира како последен разумен рок за решавање на ова прашање? Прво, возот од Балканот кон Брисел постојано се оддалечува од земјите кои останаа надвор од проширувањето, и интересот за реактивирање на некаква активна агенда по прашање на евроинтеграциите ќе се намалува со текот на времето. Последниот вагон лесно може да ни се изгуби во зајдисонцето, а тоа би било пораз и за нас и за ЕУ. Понатаму, ако не успееме во овој период, до крајот на јуни или јули, кога се закажани самитот и советот на ЕУ, наредната прилика да се навратиме на ова прашање ќе се отвори дури во декември, зашто во меѓувреме

ЗОРАН ЗАЕВ

ЗОРАН МИЛАНОВИЌ

Верувам дека тоа ќе се случи деновиве. Бевме во Брисел и им рековме – ако ги допрете македонскиот јазик и идентитетот тогаш се тргаме од преговори. За тоа никој никогаш не разговара. Нема да чекаме септември за да се создаде новата бугарска Влада. Ние и сега разговараме. Двајцата претседатели разговараат (Пендаровски и Радев). Ние преку португалското претседателство и еврокомесарот Вархеи исто разговараме како две влади“ вели премиерот потпирајќи се на пораките од официјален Лисабон и оставајќи простор за договор во овие недели.

Се бара од еден аспирант, кандидат, во учебниците по историја да ја дефинира својата национална генеза онака како тоа го бара соседната држава. Тоа е влегување во интимен простор, тоа не се прави. И на тоа отворено ќе се спротивставувам, зашто имаме искуство во тоа и не можеш преку се да преминеш. Некогаш цврсто се бориш за своите интереси, бараш решение, но ако ти е целта да го уништиш послабиот од себеси само зашто е послаб, тоа никогаш не завршува добро.“ вели шефот на хрватската држава како последен во низата на европски лидери без разбирање за бугарските позиции.

премиер

има локални избори во Македонија и претседателски избори во Бугарија. Тогаш пак (во декември), интересот ќе биде помал, Меркел нема веќе да биде активна, а претседавањето со ЕУ ќе го преземе Словенија, за која, судејќи по нонпејперите кои циркулираа по медиумите последниов период, евроинтеграцијата на Балканот не е на листата на приоритети – напротив, тие изгледа имаат други идеи како да се „развива“ регионот. Затоа, ако по ова прашање не направиме пробив до јули, шансите понатака драматично ќе се намалуваат.“ пишува Арсовски и додава: „Последиците, доколку не се направи некакво поместување, и Македонија и Албанија не ги започнат преговорите летоска, би биле далекосежни. Прво, Европската Унија и меѓународната заедница воопшто, ќе изгубат огромен дел од својот кредибилитет во општествата кои ќе бидат жртви на ваквиот неуспех. Спротивставените меѓународните сили, најмногу Русија, која активно работи на саботажа на овој проект, од нејзини стратешки интереси, ќе го засилат и дополнително ќе го етаблираат своето влијание во Македонија, но и во Бугарија, па со тоа, и на целата оска од Полска до Турција. Локалните политичари кои се промотори на евроинтеграцијата ќе изгубат волја, но и поддршка од домашните електорати, за продолжување на про-европските

претседател на Хрватска

реформи. Политичките елити кои се противат на Преспанскиот договор, на дијалогот со Бугарија, на компромисниот начин на наоѓање решенија, со еден збор, евроскептиците, ќе добијат ветер во грб. Политичките сцени во Македонија и Албанија ќе западнат во нова морална и етичка декаденција, оставени во вакуум просторот без европска перспектива. Ќе се разгорат етничките амбиции и мегаломанските национални проекти. Дијалогот Косово – Белград ќе стане беспредметен. Босна и Херцеговина ќе остане без никаква перспектива на европската агенда. Со еден збор, реално сценарио е регионот да отиде по ѓаволите.“ Тој сепак смета дека мрачните завршници ќе бидат избегнати оти има еден интересен момент - во процесот изгледа се вклучува најважната членка на ЕУ: САД. Апсолутно е за очекување дека ова сценарио е веројатно. Поради потребата за итна стабилизација на регионот – каде две земји членки на НАТО се блокирани во европските перспективи – САД имаат значаен интерес во разрешувањето на ова прашање. Нивната дополнителна мобилизација ќе значи дека сите линии на крупните сили, во геостратешки предизвик, ќе се фокусираат на ова прашање во наредниот период, што носи и засилена динамика, и „кршење раце“. А тоа, на Балканот, барем досега, секогаш било добар знак. nnn



MAJ. 2021

38 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

НИКОЛА БЕРТОЛИНИ РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА СОРАБОТКА ВО ДЕУ

МАКЕДОНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА РАБОТИ САМО ПОД ПРИТИСОК разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА Г - дин Бертолини, со оглед на развојот на политичките настани и одложувањето на преговорите граѓаните се природно разочарани и Европа изгледа се подалеку од дофат. Но, европската помош е тука. Колку и како е Европа присутна тука преку европските пари? Ви благодарам за ова интервју. Мислам дека луѓето се разочарани и тоа е оправдано. Ова одложување не помага, но од друга страна, како што кажавте ние сме тука долги години и ќе бидеме тука. Наша работа е да ја подготвиме државата за денот кога ќе се приклучи кон ЕУ. Мислам дека ги трошиме европските

пари правилно и екстензивно во текот на последните години и ќе продолжиме така. Секоја година трошиме од 90 до 100 милиони евра преку многу активности и проекти и го гледаме напредокот и разликите. Државата секоја година добива признание дека е подготвена преку Извештајот за напредокот. Одлуката е на државите – членки, но за нас како Комисија ние го гледаме напредокот. Има многу проекти... аплициравме за изградба на пречистителна станица во Скопје и финализација на Коридорот 8. До каде се овие проекти? Ова се европски пари... Овие проекти веќе се поддржуваат, со години. Ова се големи инфраструктурни проекти што бараат многу време и пари. За станицата во Скопје го финализираме колекторот долж реката Вардар. Со ова

загадената вода ќе се канализира и ќе минува низ пречистителната станица, што веќе се планира. Државата аплицираше за уште еден грант за кофинансирање на целокупниот трошок и ова барање е во фаза на проценка и има позитивни сигнали. Другиот проект е железницата до Софија. Велам дека ова е мојот сон – да летам до Софија, па да фатам воз за Скопје и да скокнам во реката Вардар што до тогаш треба да е чиста. Проектот со железницата е долгорочен, ние веќе го поддржувавме со над 80 милиони евра во различни фази. Сега зборуваме за третата фаза – конекцијата помеѓу Крива Паланка и границата. Овој проект е подготвен, а подготвена е и финансиската структура. Овој проект е исто во фаза на проценка, но и тука мислам дека ќе добиеме позитивен одговор.


39

MAJ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

Со господинот Бертолини имавме чест да го направиме последното интервју пред истекувањето на неговиот мандат посветен на имплементација и помош во искористувањето на европските пари преку проектите од европските фондови и програмите за претпристапна помош. Годините работа со македонските власти тој ги оценува преку мошне јасен заклучок администрацијата е политизирана и недостасува стручност и посветеност. „Институциите кај вас се така структурирани за секогаш да биде комплицирано да се реши некој проблем“ вели тој. Бертолини објаснува дека за каква било работа да се заврши мора да се врши притисок врз четири или пет различни институции кои не се меѓусебно поврзани и не одговараат пред еден ист шеф:„ Има премногу авторитети, премногу институции, можат да прават што сакаат оти не зависат од едно исто министерство“ вели тој.

За некој комплексен проект да тече ние мора секој ден да се јавуваме и да притискаме XКако X ја оценувате ИПА 2 програмата што веќе се имплементира и кои се клучните и најчувствителните области? ИПА 2 беше успешна приказна. 633 милиони евра е целата програма и повеќе од 50 % е веќе искористена, а остатокот се користи. Имаме големи области кои ги поддржуваме – владеење на правото, демократија, реформа на јавната администрација... и гледаме дека резултатите доаѓаат. Имаме голем дел и во социјалниот развој, образованието, трудот, земјоделството, економијата, конкурентноста. Можеме да кажеме дека многу е сторено. Двете области каде што има застој се животната средина и транспортот. Зошто? Затоа што овие два сектори се имплементираат и преку државните власти. Има уште многу да се стори, парите од ИПА 2 не се потрошени. Оваа година треба да биде година во којашто три нови проекти од областа на животната средина треба да бидат склучени работиме на тоа. Мислам дека на крајот на годината ќе кажеме дека имаме поместување, но навистина беше огромен предизвик за воопшто да ги помрднеме напред овие сложени проекти. На пример, ќе споменам само еден – управување со цврст отпад во северно - западниот регион. 15 општини се вклучени заедно, градат компанија, 6 станици за транспорт се лоцирани, документите се средини и на крај - дозволите не се дадени... или локациите за овие станици не се соодветни оти излегува дека на тие локации минува автопат. Значи секакви проблеми ни излегуваат на патот. Со години се алоцираат повеќе од 45 милиони евра во ова и ние успеваме да потрошиме само малку, со некои камиони, контејнери, но, проблемите со меѓу - институционалната соработка во оваа држава се огромни. Значи мораме да притискаме, секој ден да се јавуваме, да туркаме и бараме состаноци за да може работата да си тече. Кога има комплексност во имплементацијата на некој проект - државата не е подготвена. Значи, ова е голем проблем и слабост што го гледам тука и сега и за иднина. XСе X сеќавам на последното интервју со Вас, пред речиси три години. Бевте навистина конкретен во критиките кон јавната администрација, не само од аспект на недоволната стручност, туку и за значењето што значи да се биде јавен службеник. Вие заминувате летово. Каков Ви е впечатокот за администрацијата сега? Па, да кажам дека пандемијата не помогна. Можам да заминам со задоволство за тоа што земјата постигна, но можеше многу повеќе. Ќе Ви кажам еден пример што функционира добро. За одговор на кризата со КОВИД – 19 создадовме за многу кратко време проект вреден 40 милиони евра за поддршка на малите бизниси и невработените. XДа, X тоа беше првата помош всушност... Да, првата помош. Ова беше апсорбирано во многу краток рок и многу ефикасно од Македонската банка за поддршка и развој и Агенцијата за вработување и имавме повеќе од 3000 компании кои имаа бенефит и над 2500 невработени лица кои добија помош или повторно се вработија. Значи

кога има итност за да се направат работите нештата се движат. Мислам дека има врска со културните обележја, менталитетот на јавната администрација да работи под притисок. Под притисок администрацијата испорачува и видовме многу добри резултати. Но, ако нема притисок, таа се опушта. Секогаш велам дека само неколкумина јавни службеници навистина работат и се посветени, а другите не. Има разлика во нивниот пристап да се биде на услуга на граѓаните. Но, исто велам и дека државните институции се структурирани на таков начин што е секогаш комплицирано да се реши проблем. Има премногу авторитети, премногу институции, можат да прават што сакаат оти не зависат од едно исто министерство. Ќе го земам за пример транспортот. Железница не одговара пред Министерството. Агенцијата за патишта исто така – не одговара пред Министерството. Ова си се различни институции со коишто ние мораме да се справуваме... XЕдна X по една? Токму така. И тоа станува тешко. Мислам дека Македонците имаат вештини, образовани се, способни... тоа што мора да се направи е да се избегне политичкиот притисок и ваквиот тип на политизација на јавната администрација што е ужасен и со ова ќе се решат многу проблеми. Јас се надевам во новите генерации. Гледам млади луѓе кои се многу активни и можат и ги менуваат нештата.

Треба мерит систем за вработување во јавната администрација, можности за кариерен развој на службениците и поголеми плати XЗборувате X всушност за една длабока реформа на јавната администрација . Секогаш сме пишувале дека имаме премногу институции и администрацијата е огромна. И тоа што го кажувате само го потврдува ова. Велите дека гледате надеж во младите луѓе. Како да се надминат овие слабости? Само помалку политички притисок и помалку политички дискусии што не даваат резултати. Ни требаат институции и луѓе што нештата ги прават во насока на подобрување и развој. Младите луѓе си заминуваат од земјата. Мора да сториме се што можеме за ова да се спречи и први одговорни за ова се политичките XНо, X политичките лидери го користат токму ова политизирање на јавната администрација за вработување на нивните партиски кадри... Токму така. Затоа, ни треба регрутација базирана на мерит – систем, вистински кариерен развој, подобри плати за да се привлечат добри луѓе, делегација на овластувања, реструктурирање на институциите... Имаме еден одличен проект сега што креира многу можности за институциите да бидат споени, ставени под исто министерство. Има многу можности сега, а има и обврзување, политичко обврзување дека ова ќе се направи, значи има политичка можност што не смее да пропадне.

Има малку навистина способни луѓе во јавната администрација, бизнисот и невладините – тие сите треба да се здружат XОтпуштањето X на јавните службеници кај нас е практично невозможно, нив ги


MAJ. 2021

40 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

штити Законот. Како да зборуваме за одговорност ако нема санкции? Да се зборува за отпуштање на јавни службеници е тешка тема, точно, но може на пример, кога службениците одат во пензија, а секоја година одат, наместо да се вработуваат нови треба да се погледне што се има внатре за да се даде можност на луѓето внатре да растат и напредуваат. Да се концентрираат новите работни места за обучени профили, оти државата има потреба од стручни луѓе и во јавната администрација. Државата е толку мала и мојата препорака е да се има на ум дека има малку луѓе кои се навистина способни во јавната администрација, во приватниот сектор, во невладините организации – мора да се спојат сите овие сили за да помогнат на преговорите. Преговорите ќе ја донесат земјата пред тешки избори и тие избори и одлуки ќе бидат добро направени ако се разберат добро од граѓаните. Секоја промена треба да биде објаснета, мора да им биде објаснето на луѓето со зборови што тие ги разбираат. Големи процеси се ова, големи реформи низ коишто треба да се помине и она што ние го правиме е да се доближат овие промени до граѓаните. Не треба да работиме само со централната власт. Всушност 45 % од нашите проекти се со општините. 5 % од 400 милиони евра се за невладиниот сектор и имаме се повеќе ангажмани со приватниот сектор. Мислам дека многу е важно државата да го разбере предизвикот и да изгради коалиција помеѓу властите, бизнисот и граѓаните за да се изоди овој пат што е полн со предизвици, но е многу единствен. Да се приклучите на група на нации преку делење на принципи, права и обврски е дефинитивно предизвик. Во мојот живот сум работел во многу земји во развој, но среќен сум што во последните 12 години работа на европскиот проект за проширување, оти процесот на привлекување на нови држави е голема задача. Знаете ли друга голема нација што ова го прави? Не, само ЕУ. Затоа процесот е и тежок и граѓаните треба да се вклучени за да разберат, да ги разберат сите предности и недостатоци на овој процес. XАко X ја тргнеме настрана јавната администрација, какви други тешкотии има? Кои се другите пречки за искористеноста на европските пари? Можеби злоупотреби? Тука пак не можете да ја тргнете на страна јавната администрација оти злоупотребите се пак таму. Имаше такви случаи и сигурно ќе продолжи да има. Добро е што овие случаи се идентификувани, виновниците се фатени и се зад решетки. Овие нешта се случуваа, но мислам дека ова е еден природен феномен. XДа, X Македонија не е уникатен случај... Од друга страна, трошиме пари за борба против корупција. Сметаме дека оваа земја не заслужува да биде толку ниско на Извештајот на Транспаренси Интернешнал. Сепак, има уште доста работа. Работиме заедно со Владата, ДКСК и невладиниот сектор. Ова е многу важно оти граѓаните не смеат да изгубат надеж во политичките лидери. Задача на лидерите е да бидат подобри, а на сите други да објаснуваат каква е задачата на лидерите и кои се предизвиците. Не е лесна игра ова. Не играме лесна игра.

Да се зборува за отпуштање на јавни службеници е тешка тема, точно, но може на пример, кога службениците одат во пензија, а секоја година одат, наместо да се вработуваат нови треба да се погледне што се има внатре за да се даде можност на луѓето внатре да растат и напредуваат. Да се концентрираат новите работни места за обучени профили, оти државата има потреба од стручни луѓе и во јавната администрација. Државата е толку мала и мојата препорака е да се има на ум дека има многу малку луѓе кои се навистина способни во јавната администрација, во приватниот сектор и во невладините организации – тие мора да се здружат, да се спојат сите овие сили

Комплексно е и затоа од македонска страна ни требаат посветени луѓе и повеќе и повеќе такви. Добро е што Владата е посветена, добро е што Парламентот го олеснува воведувањето на нови легислативи, но треба да видиме напредок во имплементацијата на големите програми. Еве го имаме економскиот инвестициски план. Најавата за него не е само најава. Двата проекти што ги споменавте на почетокот се дел од тој план. Но, имаме и наши проекти. Многу ми е драго што доаѓаме во завршна фаза од проектот за Преспа. Мора да ја зачуваме Преспа. Да не ја претвориме Преспа во Охрид. Ова се важни проекти што во овој период. Важно е да работиме заедно за да се создадат овие проекти. Оти, запомнете проектите се извонредни активности за да го променат и подобрат обичниот, секојдневен живот. Ако не се

искористат овие активности животот ќе остане ист. Ова е нашата филозофија. XНа X крај, оти си заминувате ќе Ве прашам само дали можете да споменете проект што за Вас е успешен пример за користење на европските пари? Ќе го кажам повторно тој со парите дадени за битката со КОВИД – 19. Три илјади компании, над 2.500 граѓани искористија помош и ова беше испланирано, одобрено и имплементирано во помалку од година. Ова е уникатен проект во историјата на Северна Македонија, но и во историјата на земјите од Западен Балкан. Многу ми е драго што бев тука и служев на граѓаните на оваа земја оти мислам дека сосема го заслужувате местото со сите други држави во Европската Унија. nnn


циа е с е 36 м каматн сна фик тапка с

и шоц е о р т њ Без рува б о д за о

о јте д а р и ц Апли -ви мај 1 3

НЛБ Потрошувачки кредити

За нештата кои Ви значат! Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити без трошоци за одобрување, со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци и можност да добиете НЛБ haPPy кредитна картичка! Понудата трае до 31-ви мај! • Брза и едноставна процедура. • Поволни услови.

www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600

ПРИМЕР ЗА ПРЕСМЕТКА ЗА ВИОЛЕТОВ ПЛУС ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ Износ: 600.000 МКД, каматна стапка 5,2% фиксна за првите 36 месеци (СВТ: 6,72%), рок на отплата 120 месеци, 0% манипулативни трошоци, 600 МКД трошок за апликација, месечен ануитет: **6.683 МКД, вкупен износ за враќање: 819.558,00 МКД. *Каматната стапка од 5,2% е фиксна за првите 36 месеци, за остатокот од периодот каматната стапка е варијабилна и во моментот изнесува 6,31% (НРКС + 5% фиксен додаток). Висината на НРКС (национална референтна каматна стапка) се утврдува на месечно ниво и истата се објавува на веб страната на НБРСМ секој 25-ти во месецот. ** Во пресметката ануитетот е вклучен и месечниот надомест за Сигурност-плус осигурувањето како пропорционален дел од годишната премија.


МАЈ 2021

42

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

Lev Radin | LightRocket | Getty Images

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

МЕДИУМСКА КАМПАЊА КОЈАШТО НЕ УСПЕА ДА ГИ УБЕДИ ВРАБОТЕНИТЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ

ПРОТИВ АМАЗОН, СИНДИКАТИТЕ ЈА ЗАГУБИЈА БИТКАТА ЗА АЛАБАМА

За да се надмине безизлезната ситуација, некои предлагаат бојкот на Амазон. Но, дури и овие активисти несвесно ја збогатуваат мултинационалноста, без разлика дали со купување преку интернет од конкурент како eBay, за кој Амазон испорачува производи, или со користење на Netflix или Google, бидејќи Amazon Web Services напојуваат големи мрежи на интернет и ги складираат нивните бази на податоци.


43

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

Од специјалниот дописник на Le Monde Diplomatique Максим Робин, Новинар

„Ефект на Амазон“

Во текот на изминатите години, Амазон има изградено 110 центри со големина на BHM1 на национално ниво и планира да изгради уште 33 центри. Со скоро еден милион луѓе кои работат под нивна капа или скоро еден од 150 вработени во државата, компанијата е втора по големина приватен работодавач на национално ниво (се очекува да го надмине ланецот супермаркети Walmart во рок од две години). Здравствената криза, со масовниот развој на купувањето преку интернет, дополнително ги зголеми нејзините активности, до тој степен што е тешко да се измери стапката со која денес регрутира Амазон. Вработувањето е сè полесно бидејќи вирусот одеднаш исфрли милиони работници од работа. Според историчарите, ова е досега невидена ситуација – освен можеби во раните четириесетти години на 20 век, кога

Dustin Chambers / reuters

Д

авид против Голијат“. Споредбата постојано се спомнува кај активистите кои минатиот март одржаа референдум за создавање синдикатски оддел во „BHM1“, огромниот магацин на Амазон во Бесемер, Алабама. Сепак тој не беше узурпиран. Работнициракувачи, од кои мнозинството беа афро-американци, ја предизвикаа една од најмоќните компании во светот, сопственост на најбогатиот човек на планетата – г. Џеф Безос. Но, ако, во Библијата, малиот Давид го поразил големиот Голијат, во Амазон, Голијат го скрши Давид. Од 5 805 вработени на оваа локација од осум хектари, само 738 вработени гласаа „за“ и 1 798 „не“. Г. Стујарт Апелбаум, раководител на Retail, Wholesale Department Store Union (RWDSU), синдикатот за масовна дистрибуција, веднаш го оспори резултатот, обвинувајќи го Амазон за нарушување на неутралноста на гласачкото ливче. По неуспехот на претходниот обид во Делавер во 2014 година, гигантот за продажба преку интернет го потврдува својот статус на непобедлива тврдина за работничките организации. Во САД, воспоставувањето на синдикат во компанија е макотрпен пат. Побарани од страна на вработен, магационер кој во август телефонски се јавил на RWDSU – организацијата прво мора да му докаже на федералната агенција за трудово право, National Labor Relations Board (NLRB), дека 30% од работниците од веб страницата сакаат да си создадат свој дел. Откако ќе се преземе овој чекор на крајот на суровата кампања, се организира референдум. Борбата е фабрика по фабрика, супермаркет по супермаркет, ресторан за брза храна по ресторан за брза храна: ако победи „да“ во Бесемер, тоа нема да ја промени ситуацијата во другите магацини на Амазон. За работниците да се вклучат во ваков процес се води долга и макотрпна битка, каде во случај на пораз, одмаздата против оние што побарале помош од синдикатот – честопати резултира со откази. Под овие услови е тешко да се изненадиме, што само 6,3% од вработените во приватниот сектор се синдикални во САД.

Во текот на изминатите години, Амазон има изградено 110 центри со големина на BHM1 на национално ниво и планира да изгради уште 33 центри. Со скоро еден милион луѓе кои работат под нивна капа или скоро еден од 150 вработени во државата, компанијата е втора по големина приватен работодавач на национално ниво (се очекува да го надмине ланецот супермаркети Walmart во рок од две години). индустриите се обидуваа да регрутираат за да ги поддржат воените напори. За да ја опише важноста што ја претпоставува компанијата, новинарот Алек Мекгилис зборува за „ефект на Амазон“ кој ја комбинира американската територија според хиерархијата на три нивоа: на врвот, „градовите што се домаќини на седиштето на Амазон и кои се високо платени, со дипломи за високо образование“, како Сиетл, Вашингтон или Бостон; потоа „градови со магацините“, кои добиваат „ракување и работни места со значително помали плати“; и, конечно, остатокот од земјата, каде што локалната трговија е оптоварена со раст од купувањето преку интернет, без возврат за создавање работни места, освен на позициите за испорака. Бесемер припаѓа на втората категорија: градови со магацини. Симбол на малите индустриски центри во опаѓање, со ослабеното општествено ткиво од затворањето во деведесеттите години на минатиот век во фабриката „Pullman“, којашто произведуваше товарни вагони, наликува на други локалитети избрани од Амазон за да ги постави своите гигантски логистички центри, како Sparrows Point, предградие на Балтимор, или King of Prussia, блиску до Филаделфија. Градовите кои се во криза се свртуваат наназад за да привлечат мултинационалност, со што на тој начин ја охрабруваат трката кон најниска даночна понуда. „Бесемер нуди конкурентни даночни кредити, достапен комерцијален закуп, обучена работна сила и ниски трошоци за живот“, може да се пофали веб-страната на трговската комора, чии службени лица не одговорија на нашето барање за интервју. За време на синдикалната кампања, демократскиот

градоначалник Кенет Гули, одговорен од 2010 година, се воздржа од заземање став. Минатиот февруари, за време на неговиот „говор за состојбата на градот“, тој го пофали доаѓањето на Амазон и ја посочи „про-деловната атмосфера“ на неговиот град, без да каже ниту еден збор за конфликтот. Вистина е дека синдикатите не секогаш имаат добра репутација кај избраните функционери на југот. Алабама е дел од клубот на дваесет и седум „rightto-work states“ („држави со право на работа“), каде законот им овозможува на вработените да не плаќаат придонеси, де факто ослабувајќи го протокот на пари на работничките организации. Самото деловно законодавство и оданочувањето поттикнаа формирање на големи автомобилски групи, особено германски и јапонски, со кои се формираа цел екосистем на подизведувачки договори. Алабама е единствена по тоа што е дом на единствената не-синдикална фабрика на Мерцедес во светот. Во овој контекст, кампањата започната во Бесемер и беше изненадување: BHM1 е нов магацин (отворен е во март 2020 година); нуди шест илјади работни места со почетна плата од 15,30 американски долари на час, двојно помала од минималната плата во Алабама. Малку полошо од работата во фабрика за автомобили, но подобро отколку во „Walmart“ (11 долари на час) или во ресторан за брза храна (каде што платата има тенденција да се усогласи со минималната плата). Амазон нуди и здравствено покритие од првиот ден на работа, што е далеку од правилото во приватниот сектор во САД. Кога ќе поминеме покрај просториите


МАЈ 2021

44

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

на RWDSU во Бирмингем, главниот град на Алабама, на крајот на март, линиите се повлекуваат. Видливо уморни од неколкумесечен маратон, организаторите добиваат силна поддршка во мали групи. Актерот Дени Гловер носи капче од Newark Eagles, франшиза на Negro National League, бејзбол-лигата само за црната раса, за време на сегрегација. Тој дојде да ги мотивира луѓето, да ги тапка по грб организаторите и да ја раскаже својата приказна. Соочувајќи се со него, во салата за состаноци во боите на RWDSU (чиј амблем претставува црна рака што се ракува со бела рака), ги наоѓаме работниците кои го симболизираа движењето во медиумите, вклучувајќи ја и г-ѓа Џенифер Бејтс, која сведочеше за неговите услови за работа во Сенатот на покана на г. Берни Сандерс. Низ полуотворената врата може да го видите и г. Дарил Ричардсон, работникот кој телефонски разговарал во август. Во разговор кој трае повеќе од еден час, „Glover“ назименично ги снимаат несериозните и посериозните моменти, особено кога тој зборува за неговите предци кои биле родени како робови во Луисвил, во соседна Џорџија, и за неговите баби и дедовци кои собирале памук за земјопоседник од бела раса. Бабата на комичарот ги игнорираше сопствеништвото и заканите на сопствениците испраќајќи ги своите деца на училиште наместо да ги тера да работат на нива. Неговата мајка ја напушти Џорџија за Сан Франциско и стана поштарка. Актерот се сеќава на бунтовната атмосфера која владееше во неговиот дом. Како тинејџер, тој читаше во весниците приказни за активисти од црната раса на југот кои „застанаа во одбрана на своите права“ и се држеа до столиците во рестораните кои беа наменети само за луѓе од бела раса : „Тие беа мои херои.“ За возврат, г-ѓа Бејтс му раскажа за непопустливиот тајминг што важеше во Амазон, неисцрпната желба што беше невозможна да се задоволи со оглед на големината на хангарот, прекувремената работа во последен момент што го комплицира чувањето на децата и неговата негрижа да ги гледа неговите задачи определени и темпирани од страна на алгоритам. „Никогаш нема да разберам како разумна личност може да организира ваков систем и да очекува луѓето да живеат исполнет живот. Со десет, единаесет, дванаесет часа на ден, како се справувате со семејството? Се загрижуваме за децата што се дружат надвор, но дали системот е направен да ги има мама и тато дома за нив?“ На прашањето од „Glover“, г-ѓа Бејтс појаснува дека нејзините деца се веќе пораснати и дека таа е баба на седум внучиња, предизвикувајќи извици и смеа од восхит. За нив се бори, вели таа : „Ако не се справиме со проблемите сега, знаеме што ќе им претстои подоцна.“

Сè уште стартап

Ова чувство не се должи на случајноста. И покрај својата огромна величина, Амазон сè уште се смета себеси за „млад раст“ на почетоците, start-up од „првиот ден“. „Да се премине на втор ден би значело стагнација. Проследено со бескорисност. Проследено со бавно, болно опаѓање. Проследено со смрт. Затоа во Амазон

секогаш ќе бидеме на првиот ден “, рече г. Безос (исто така сопственик на „Washington Post“) во писмото до акционерите во 2016 година. За да се одржи оваа трескавична атмосфера, компанијата мора немилосрдно да ја зголеми продуктивноста и да ги намали трошоците за работна сила. Оттогаш па натаму, таа гледа на појава на против сила како егзистенцијална закана. Метис, во неговите педесетти години, г. Пери Конели стигна во BHM1 откако ја изгуби работата како чувар на аеродромот за време на пандемијата. Парите што ги заработува денес „се еквивалентни на она што [тој] го плати како данок на претходната работа“ – начин да се каже дека неговото доаѓање во Амазон го гледа како целосна назадување. Овој stower (магационер) е одговорен за скенирање на производите и нивно поставување на полиците опремени со бар-кодови. „За ручек, тоа е трка: да отидам во тоалет, да отидам во просторијата за одмор, да отидам да земам за јадење, да одморам. Ми остануваат уште колку, дванаесет минути за да јадам?“ Ова е прв пат во неговата кариера да биде со таков временски распоред : „Јас се идентификувам на компјутер, ги скенирам бар-кодовите. Компјутерот го пресметува изгубеното време помеѓу две скенирања.“ Ова е познатата „time off task“ („задача надвор од времето“) или скратено ТОТ, за која зборуваат сите вработени. „Во основа, за машината, тоа е време кога не правите ништо. Тие сакаат ТОТ да биде што е можно понизок, но тоа зависи многу од производите што ќе дојдат во ваши раце.“ Неисправен бар код, купон за попуст и проблемите започнуваат. Г. Конели нервозно се смееше додека зборуваше за очајната атмосфера во магацинот, помеѓу моралот и временото ривалство. „Тие организираат натпревар цело време. Кој ставил најмногу производи на полиците, нему му даваат дополнителна петнаесет минути пауза или маица на кратки ракави.“ Пред референдумот на синдикатот, Амазон понуди бонус за оставка, така што вработените кои беа незадоволни, не учествуваа на гласањето. „Од почетокот на кампањата, тие отпуштија и 250 лица“, вели управителот. Во оваа конзервативна област, каде повеќе од четворица од десет афроамерикански гласачи му го дадоа својот глас на г. Доналд Трамп во 2016 и 2020 година, синдикалните активисти сепак инсистираа нивниот пристап да биде продолжување на борбите за граѓански права на пасторот Мартин Лутер Кинг и движењето „Black Lives Matter“ („И црнечкиот живот вреди“), осудувајќи го лицемерието на Амазон за овие работи. „Тие не се грижат за црнечките животи“, изјави г. Ричардсон за New York Magazine. Тие се обидуваат да направат да изгледа како да се грижат, особено за Мартин Лутер Кинг. Имаат брошури и слики од него низ ходниците. Тие се преправаат. Бидејќи црнците се мнозинство во фабриката.“ Упатувањата на „King“ се сеприсутни во регионот. Пасторот беше приведен во Бесемер на 30 октомври 1967 година, бидејќи без овластување организирал марш за еднаквост. Случајот заврши на Врховниот суд, кој одби да ја разгледа неговата жалба, оставајќи му на пасторот петдневен притвор и парична

казна од 50 американски долари. На денот на неговото убиство, во Мемфис, 4 април 1968 година (пушката беше купена во Бирмингем), Мартин Лутер Кинг дојде да го поддржи штрајкот на црнците – собирачи на ѓубре, кои бараа подобра плата и подобар третман. Високите демократи (избрани на Конгресот, влијателни верски лидери …) кои го наследија Бесемер пред анкетата во Амазон ја поддржаа стратегијата на синдикатот, зборувајќи за градот како за „нова Селма“. Друг поддржувач, раперот Killer Mike, дури го спореди г. Безос со „градинар“, а условите за работа во складиштата (особено топлината и брзината) со оние на полињата со памук. Оваа огнена реторика воопшто не ја убеди работната сила (85% црна раса, според проценките на синдикатот), а како ретроспектива, неуспешната кампања на Бесемер наликува на огромна фатаморгана. Еден набљудувач кој добивал информации само преку социјални мрежи, медиуми и видеа на интернет, би се обложил дека таборот „да“ ќе победи, бидејќи неговите приврзаници беа многубројни и видливи. Моќните синдикати, како што се играчи на професионална фудбалска лига (NFL) и сценаристи на Холивуд, но исто и уметници и академици ја поддржаа иницијативата. Дури и претседателот Џозеф Бајден јавно зазеде став две недели пред затворањето на избирачките места – што претставуваше невидена поддршка од потстанарот на Белата куќа после Франклин Рузвелт.

„Ловци на синдикати“

Понекогаш романтичното, идеализирано покривање на конфликтот помага да се поттикне илузијата за победа на „да“ во јавното мислење, искривувајќи ја реалноста на терен. Пандемијата, присуството на медиумите и синдикалните немири пред фабриката ја затегнаа атмосферата и топографијата на местото – огромен магацин без прозорци, во индустриска област, паркинг што го чуваа полициски автомобил и чувари. Синдикалците мавтајќи со плакати на најблиската раскрсница – го отежнуваа, ако не и невозможното: да комуницираат со работниците, освен десетина управувачи кои јавно беа ангажирани во синдикатот или работниците апсолутно задоволни од нивната судбина изложени од страна на комуникациите во компанијата. Јасно е дека Амазон ги искористи своите неограничени ресурси и целата технолошка софистицираност со која располага за да влијае врз вработените. Зад вратите на магацинот, раководството организираше колективни и задолжителни „информативни сесии“ за последиците од воспоставувањето на синдикат во фабриката, а телефоните на вработените беа бомбардирани со СМС-пораки кои го опишуваа синдикатот како напаѓач. „Не дозволувајте странци да го поделат тимот што победува! Ние веруваме дека не треба да плаќате посредник да зборува за вас или да плаќате членарина за да го добиете она што веќе го имате бесплатно“, се чита на екранот обезбеден од страна на вработен. Амазон исто од 25 јануари, вработуваше во складиштето специјализирани консултанти (неколку илјади долари на


45

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

Во оваа конзервативна област на Бесемер, Алабама, каде повеќе од четворица од десет афро-американски гласачи му го дадоа својот глас на г. Доналд Трамп во 2016 и 2020 година, синдикалните активисти сепак инсистираа нивниот пристап да биде продолжување на борбите за граѓански права на пасторот Мартин Лутер Кинг и движењето „Black Lives Matter“ („И црнечкиот живот вреди“), осудувајќи го лицемерието на Амазон за овие работи.

ден), озлогласените union busters („ловци на синдикати“). Исто така, кружеа застрашувачки гласини дека Амазон може едноставно да ја затвори фабриката во случај на „предавство“ на вработените – како Walmart, кој одлучи во 2009 година да ги прекине своите активности во Жонкиер, Канада, по конституирањето на синдикатот. Со своите интереси во прашање, мултинационоста не се двоумеше да го прекрши законот за работни односи за да ја разбие кампањата ; како и да е, NLRB нема моќ да ја санкционира финансиски. Сведоштвата од поранешни вработени кои се обидоа да го организираат својот магацин во Делавер и Вирџинија укажуваат на брутално однесување, заканите и одмаздата, вклучувајќи нефер откази, како што е онаа на вработен на боледување при операција на коленото. Во Честер, Вирџинија, санкцијата на властите по истрагата, требаше да го принуди Амазон да објави во сала за состаноци, на лист хартија А4, список на активности што вети дека нема да ги направи. „Нема да ви се закануваме дека ќе ве отпуштиме; нема да ве прашаме за вашите синдикални активности; ние нема да ве следиме; нема да ви се закануваме со казни.“ Документот би требало да ги разубеди вработените, но може да има и спротивен ефект со нагласување на ризиците на кои се изложени бунтовниците. Фрустриран бидејќи не може да разговара со вработените во Бесемер, еден американски новинар упадна на паркингот во магацинот, дури и ако тоа

законски значеше влегување во неволја, за да му го подаде случајно микрофонот. Неговата хавајска кошула се судри со катранот. Мајк Елк (35 годишен) е петти пат на насловна страница на синдикалната кампања на југот (сите пет пати ќе бидат изгубени). Самиот тој, отпуштен од медиумите „Politicо“ за обид за организирање на уредничкиот персонал, ја реинвестираше својата опремнина во создавањето на сопствен медиум, „Payday Report“ („дневник на денот за исплата“), чија цел е да ги „покрие социјалните вести во медиумските пустини“. Оптимист на почетокот на движењето, кое го следеше од својата база во Питсбург, тој еднаш се предомисли, забележувајќи за време на состанокот на г. Сандерс пред просториите на синдикатот во Бирмингем на 26 март, дека новинарите дошле повеќе бројни од работниците. Тој успеа да интервјуира четворица управувачи пред да биде избркан од безбедносниот чувар од просторот на магацинот. Сите беа од црна раса; сите се подготвуваа да гласаат „не“. „Повеќе сум против, бидејќи не знам многу за синдикатите, никогаш не сум се занимавал со нив“, му рече Ешли, 32 годишна. Еден 19 годишен вработен го споредил синдикатот со „крадец“ кој сакал да му земе дел од своите тешко заработени пари. Ова беше главниот аргумент што го користеше Амазон за време на своите колективни информативни сесии; компанијата дури создаде и посебна веб страна „Do it Without Dues“ („Направете го тоа без придонеси“).Трет, постар работник рече дека го видел RWDSU на дело на

претходна работа, но тоа не ја подобрило неговата состојба. Последниот носеше синџир беџови во форма на животни околу вратот повикувајќи да се гласа „не“: „[Менаџерите] ги дистрибуираат во магацинот, сите ги носат.“ Супервизорите кои даваат курсеви за синдикатите беа опишани како „кул“, кои во никој случај не се закануваа: „Тие само ни објаснија за што служи синдикатот.“ Емитувањето на овие интервјуа го чинеше Елк навреди на социјалните мрежи; тој беше обвинет за навивање за раководителите. Тој одговори дека е од клучно значење „да се разбере психологијата на„ анти“ чувствата на работниците во фабриката“ и дека тој не навива за никого „освен за вистината“.

Бојкот на Амазон?

Невозможно е да се знае каков ефект имала стратегијата за асоцирање на синдикалната кампања врз гласањето за борбата за граѓански права. Покрај тоа, работниците кои случајно ги сретнал Елк не изгледале брутално пријателски расположени кон синдикатите : тие едноставно не биле свесни за нивната корисност. „Лесно е да се обвини Амазон, но виновни се и синдикатите“, рече новинарот. Според него, победничките избори мора да изгледаат како едноставна формалност, да се победат однапред, на некој начин, откако синдикатот веќе водеше кампања и ја убеди критичната маса на вработени, кои поради тоа повеќе не се плашат да ги искажат своите убедувања пред нивниот сосед во компанијата. Во случајот на BHM1, RWDSU користеше


46

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

друга тактика, наречена „hot shopping“ во жаргон на американскиот синдикат. Станува збор за „превртување“ на фабрика веднаш штом се отвори, искористувајќи го ненадејното незадоволство кај работниците – за ужасните санитарни услови во магацинот, во случајот на Бесемер. Целта е да се искористи елементот на изненадување, без да се изора земјата пред време, со тоа што свесно ќе се стави плугот пред воловите. Ова може да доведе до занемарување на суштинска работа. Така, за време на оваа кампања ретко се приближуваше до локалните верски водачи, за разлика од активистите преку интернет и тешка категорија на Демократската партија, кои доаѓаа во голем број. Други проблеми: високата стапка на промет на персоналот, недостатокот на време за комуникација во фабриката (како заради условите за работа, така и заради пандемијата, што ја прави невозможна секоја споредна активност, како што е синдикалната скара) и недостатокот на перспективи за кариера во магацинот. Кој знае дали тој сè уште ќе работи тука за една година? Зошто да инвестира и да го ризикува своето место за работа на која не се гледа себеси на подолг период? Во двоумење, работниците во BHM1 можеби се плашеа дека ќе имаат повеќе да изгубат (нивната работа, нивната плата, здравствено осигурување покриено од Амазон …) отколку да добијат (не знаеја што точно). Како и да е, сагата Бесемер беше можност за државата да направи преглед на состојбата на законот за работни односи. Неколку анкети го покажаа јавното мислење силно во корист на „да“, а уредниците беа во согласност. „Се разбира, падот на синдикатите е главната причина што богатите се збогатуваат, а сиромашните осиромашуваат“, напиша дури и либералниот колумнист Џо Ноцера во текст во форма на mea culpa. Како и многу демократи од мојата генерација, и јас не обрнував внимание на тоа. Синдикатите не ги зголемуваат само платите на нивните членови : фабриките кои не се од синдикати честопати треба да се усогласат. Недостатокот на синдикати во оваа земја значи дека компаниите не се под никаков притисок да ги зголемат платите.“ Броењето на гласовите на Бесемер беше следено во живо на веб страната на New York Times, со истата почит како и за националните политички избори – невидени за корпоративни избори. Го прашавме г. Конели, чувар на продавницата на Бесемер, што би се случило со него доколку победи „не“. „Менаџментот на магацинот ќе искористи комбинација, каков било изговор за да ме отпушти“, одговори тој. Јас сум подготвен за тоа ; тоа е цената што треба да се плати

AFP

МАЈ 2021

Еден набљудувач кој добивал информации само преку социјални мрежи, медиуми и видеа на интернет, би се обложил дека таборот „да“ ќе победи, бидејќи неговите приврзаници беа многубројни и видливи. Моќните синдикати, како што се играчи на професионална фудбалска лига (NFL) и сценаристи на Холивуд, но исто и уметници и академици ја поддржаа иницијативата. Дури и претседателот Џозеф Бајден јавно зазеде став две недели пред затворањето на избирачките места – што претставуваше невидена поддршка од потстанарот на Белата куќа после Франклин Рузвелт. за таа да се промени. Ако победи „да“ и можам да го претставувам синдикатот, ќе останам. Ако победи „не“, нема да бидам долго тука.“ На денот на победата за „не“, работниците во центарот на Чикаго спонтано застанаа со работа. Други дејствија беа најавени во околу 50 градови. Дали ќе доживеат друга судбина? За да го објаснат поразот на Бесемер, активистите постојано го обвинуваат Амазон, неговите закани, заплашувањето. Во текот на март, претставничкиот дом изгласа „Protecting the Right to Organize Act“ („Заштита на правото на организирање“), или „закон за УЈП“, кој има точно за цел да го елиминира притисокот што го врши работодавачот за време на кампањите на синдикатот, особено со забрана на задолжителните „информативни сесии“. Доколку овој проект оди во вистинска насока, тој може да згасне пред портите на Сенатот, поради недостаток на поддршка кај републиканците. Покрај тоа, тој не ги оправдува синдикатите и демократските лидери да учат од нивниот бродолом во Алабама, ставајќи ја во прашање

Преведено од: Павлина Димовска Фусноти: 1. „Map of Amazon warehouses”, CNBC, 19 јануари 2020 година, www.cnbc.com 2. Karen Weise, “Pushed by pandemic:Amazon goes on a hiring spree without equal”, The New York Times, 27 ноември, 2020 година. 3. Franceska Paris, “The gaps have grown”: Reporter Alec MacGillis talks Amazon, regional inequality and his hometown of Pittsfield”, The Berkshire Eagle, Pittsfield, 7 април 2021 година. 4. Споредете “Presidential results”, 2016 и 2020, National Public Radio, www.npr. org 5. Цитирано од Sarah Jones, “It’s not fair to get fired for going to the bathroom”. An Amazon worker in Alabama on the fight fir a union”, New York Magazine, 16 март 2021 година, www.nymag.com

нивната стратегија. Инаку, дури и ако се појават нови кампањи од Бесемер, и тие ризикуваат да завршат со неуспех. За да се надмине безизлезната ситуација, некои предлагаат бојкот на Амазон. Но, дури и овие активисти несвесно ја збогатуваат мултинационалноста, без разлика дали со купување преку интернет од конкурент како eBay, за кој Амазон испорачува производи, или со користење на Netflix или Google, бидејќи Amazon Web Services напојуваат големи мрежи на интернет и ги складираат нивните бази на податоци. За време на видео конференција на синдикатот на 6 март, активист беше изненаден што Амазон го поседува и ланецот супермаркети Whole Foods (специјализиран за „органски“ производи и откупен во 2017 година). Друг праша како да се „бојкотира Амазон“, не знаејќи дека самото присуство на овој состанок беше корисно за компанијата, на која „Zoom“ се потпира за неговиот компјутерски облак. Во виртуелен монопол – во земјата на слободна конкуренција… – бизнисот на г. Безос стана речиси невозможен да се избегне. nnn

6. Прочитајте Sylvie Laurent, “Le dernier combat de Martin Luther King”, Le Monde Diplomatique, април 2018 година. 7. Во врска со маршевите организирани во 1965 година помеѓу Селма и Монтгомери во знак на протест против забраната за гласање на црнците на југот на САД. Прочитајте Adolf Reed Jr, “Selma et la legend noire”, Le Monde diplomatique, март 2015 година. 8. Lee Fang, “Amazon hired Koch – backed anti – union consultant to fight Alabama warehouse organizing”, The Intercept, 10 февруари 2021 година, www.theintercept.com 9. David Streitfeld, “How Amazon crushes unions”, The New York Times, 16 март 2021 година. 10. Joe Nocera, “Unions are back in favor. They need to seize the moment”, Bloomberg Businessweek, 21 март 2021 година, www.bloomberg.com


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


МАЈ 2021

48 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

НАУКАТА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА

ЌЕ СЕ РАЗВИЕ ЛИ „ВАКЦИНА НАД ВАКЦИНИТЕ“ КОЈАШТО ЌЕ ШТИТИ ОД НОВИ ВИРУСИ? Во светот во рекорден рок, за само една година од појавата на коронавирусот регистрирани се вакцини во неколку земји, но продолжува потрагата за уште подобри вакцини и за вирусите што допрва ќе дојдат.

О

ваа пандемија донесе нов замав во малку запоставената област на научен развој во последните години - вакцините. Да потсетиме, кога започна да се шири новиот коронавирус SARS-CoV-2, едно од главните прашања беше каде е вакцината, односно како тоа немавме вакцина за првиот SARS, епидемија која почна да се шири во Азија во 2002 година. Одговорот е брутално едноставен - кога престана ширењето на SARS во 2004 година (SARS беше далеку посмртоносен од својот наследник од 2020 година, но многу потешко се пренесуваше, н.з.), престана и потребата да се најде вакцина против него. Најчесто затоа што

истражувањето за вакцини е исклучително скапо. Па така, нема да дознаеме дали ќе излезевме од оваа пандемија многу порано ако имавме платформа што ќе се покаже ефикасна во контролата на коронавирусот SARS. Но, вакцината за овој коронавирус, SARS-CoV-2, беше пронајдена и развиена за рекордно време. За една година не само што имавме една, туку имаме и четири вакцини регистрирани во Европа и САД, и уште неколку, во некои земји, како Индија и Куба, коишто развиваат свои вакцини. Има, сепак, и неуспеси. Француската наука, односно земјата на Луј Пастер, човекот што е практично втемелувачот на вакцинацијата, воопшто не успеа да развие вакцина против новиот коронавирус. Пробивот дојде од Германија, каде

што BioNTech прв претстави вакцина заснована на технологија која се развива со децении, но вакцина врз основа на неа беше регистрирана само дури за оваа пандемија. Се разбира, станува збор за mRNA технологија, „гласничката РНК“. Иако пандемијата нè измори сите нас и се чини дека трае со децении и нема крај, сепак во научни размери гледано сè е направено исклучително брзо. Една година е најмалку три години побрзо одошто е развиено било која вакцина презентирана до сега. Најбрзо развиена беше онаа против заушки од 60-тите години на минатиот век, за четири години, а вообичаениот очекуван рок е до десет години. И како тој брз успех да му ги отвори сите врати на развојот на науката за вакцините. Неодамна беше објавено дека по децении разочарувања, конечно


49

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1102

осамнаа надежите за навистина ефикасна вакцина против маларија, која убива околу 400.000 луѓе годишно ширум светот, претежно деца.

Вакцина против сите причинители?!

Една мала клиничка студија спроведена од страна на Институтот Џенер на Универзитетот во Оксфорд, истиот институт што ја разви вакцината AstraZeneca против новиот коронавирус, покажа дека една експериментална вакцина против маларија задржува ефективност од 74 до 77 проценти кај децата во Западна Африка една година по администрацијата. И, тоа истражување беше спроведено во земја каде маларијата е ендемично заболување, Буркина Фасо. Таму, 450 деца на возраст од пет до 17 месеци примале три дози на вакцина во интервали од четири недели и дополнителна доза по 12 месеци. За да се зајакне основата на овој оптимизам, потребна е и фаза 3 од клиничкото испитување, тогаш вакцината ќе може да се одобри според побрза постапка утврдена со новата вакцина за коронавирус. Друг труд беше доставен за евалуација за објавување во едно од водечките научни списанија и зборува за тоа како ефективноста на вакцината може точно да се процени без спроведување на екстремно долги, тешки и скапи клинички испитувања во фаза 2 и 3. Ќе се постигне со препознавање на имунолошки одговори кои се најважни при примена на одредена вакцина. Во лабораториски експеримент со мајмуни, се покажало дека антителата при употребата на вакцината на Moderna играат најважна улога во сузбивањето на новиот коронавирус меѓу сите други видови на имунолошки одговори. Друга таква студија ќе спореди како имунолошкиот одговор бил активиран кај оние кои биле вакцинирани и кај оние кои се заразиле и покрај вакцинирањето. И така, ќе дојде истиот одговор, за тоа кој е најважниот имунолошки одговор. Меѓутоа, среде оваа пандемија заживеа идејата за универзална вакцина, онаа што би можела да нè заштити од многу коронавируси и со тоа да ја спречи следната пандемија заснована на овие вируси. Пред четири години, три водечки ентитети за истражување на вакцини аплицираа за финансирање за да ја исполнат таквата амбициозна цел. Во тоа време, никој немаше вакцина што може да запре дури и еден бета коронавирус - бета значи група на вируси кои можат да бидат фатални за луѓето, предизвикувајќи сериозен акутен респираторен синдром, односно SARS, но и респираторен синдром на Блискиот исток, MERS, како и неколку причинители на обични настинки и вируси кои доаѓаат кај луѓето главно од лилјаци. Јасно, и COVID-19. Изработка на вакцина против сите овие патогени микроорганизми е очигледно исклучително амбициозна работа. Но, рецензентите на овој научен проект на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, NIAID, проценија дека важноста за развој на ваква вакцина не е доволно голема, иако идејата како таква е навистина извонредна. Зборуваме за 2017 година, кога, како што се испостави подоцна , повеќето научници не сфатиле дека постои

Вакцината за овој коронавирус, SARS-CoV-2, беше пронајдена и развиена за рекордно време. За една година не само што имавме една, туку имаме и четири вакцини регистрирани во Европа и САД, и уште неколку, во некои земји, како Индија и Куба, коишто развиваат свои вакцини. Има, сепак, и неуспеси. Француската наука, односно земјата на Луј Пастер, човекот што е практично втемелувачот на вакцинацијата, воопшто не успеа да развие вакцина против новиот коронавирус.

глобална опасност од коронавирус.

Имунитет против вируси

Со оваа пандемија, тоа се промени суштински. Во ноември минатата година, NIAID повика на итна испорака на проекти кои би добиле средства веднаш доколку се посветат на развој на „секоронавирусна“, универзална вакцина. Во напорите се приклучи и Коалицијата за приправност при епидемии, CEPI, која во март објави дека ќе потроши 200 милиони долари на нова програма за забрзување на развојот на вакцината за бета-коронавируси, која сега вклучува и SARS-CoV-2. Совршено е јасно дека едно од двете најважни научни списанија во светот, „Science“, посвети голем текст на оваа тема. Па, и затоа што исполнувањето на оваа задача нема да биде така лесно. Универзалните вакцини можат да бидат генетски вакцини со аденовирусни или липосомални носители, во кои генетскиот материјал мора да кодира заеднички дел од некој вирусен протеин кој се наоѓа во неколку различни вирусни видови или соеви. Според истата логика, овие можат да бидат т.н. subunit вакцини, односно вакцини кои носат дел од вирусот, обично некој површински протеин, кој е присутен во иста форма на некои други вирусни соеви. Со ова покренатата имунолошка реакција против еден вид вирус би можела да покрие и други видови на вируси, бидејќи идентични делови од антигенот се наоѓаат на нив.

Ваквите реакции на имунолошкиот систем се нарекуваат вкрстени реакции. Но, тука имаме и еден проблем. Имено, имунолошката реакција вклучува производство на низа различни антитела против еден антиген, на пример, протеин на шилецот на коронавирус, коишто на тој антиген препознаваат помали аминокиселински отсечки, т.н. антигенски епитопи. Така, против еден сложен антиген може да створите и повеќе десетици различни антитела коишто реагираат со различни антигенски епитопи. Затоа, на пример, вирусот SARS – CoV - 2 не успева целосно да го избегне имунитетот со мутации, бидејќи со мутацијата менува некои епитопи, но не сите, така што некои антитела сè уште можат да го препознаат, иако понекогаш 6 или 10 пати помалку. Според тоа, ако со вакцинацијата предизвикувате имунолошки одговор само против делови од антигенот, коишто се заеднички за различни патогени, вие исто така го ограничувате бројот на епитопи против кои делуваат имунолошките механизми, така што целокупниот имунитет против секој поединечен антиген е послаб. Со други зборови, еднократно аплицирана универзална вакцина ќе предизвика имунитет против низа вируси коишто споделуваат антигенски епитопи, но овој имунитет против секој поединечен вирусен сој ќе биде послаб отколку што би бил ако се вакцинираме против секој од овие патогени одделно – велат имунолозите.

nnn



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.