business magazine
БРОЈ 1103 l 4 јуни 2021 петок година 21 l www.kapital.mk
ПАЗАР НА КАПИТАЛ ТРГУВАЊЕТО СО АКЦИИ ВО СТРАНСТВО СТАНУВА СЕ’ ПОПРИВЛЕЧНО
ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ПРОМЕТОТ НА СТРАНСКИ БЕРЗИ ПОГОЛЕМ ЗА 114%
COVER STORY
ОПТИМИСТИЧКИ ВЛАДИНИ ПРОГНОЗИ ВО НОВАТА ФИСКАЛНА СТРАТЕГИЈА ДО 2026 ГОДИНА
КОЛКУ СЕ ДОСТИЖНИ ВЕТЕНИТЕ 5% ЕКОНОМСКИ РАСТ?! СТАРТАП САМИТ
КОЛКУ Е БЛИСКУ ИЛИ ДАЛЕКУ МАКЕДОНИЈА ДО РЕГИОНАЛЕН СТАРТАП ЦЕНТАР
РЕГИОН ЕВРОПСКО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ
ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА „РАСТУРИ“ НА ЛОКАЛНИТЕ ВО ХРВАТСКА
СВЕТ БЕРЗИ
СТРАВОТ ОД ПОВИСОКИ КАМАТНИ СТАПКИ ГО ДВИЖИ ПАЗАРОТ
3
КАПИТАЛ... 1103 4
16
COVER STORY
STARTUP
Оптимистички владини прогнози во новата Фискална стратегија до 2026 година
Одржан првиот Национален Стартап Самит
Колку се достижни ветените 5% економски раст?!
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
22
РЕГИОН
Европско влијание на Балканот
Колку е блиску или далеку Македонија до регионален стартап центар
Зелената агенда „растури“ на локалните во Хрватска
32
37
10
ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
Тргувањето со акции во странство станува се’ попривлечно за македонските граѓани и фирми
Во првиот квартал прометот на странски пазари поголем за 114%
28 СВЕТ
МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО
Пазари на капитал
Новиот пат до главните раководни позиции
Стравот од повисоки каматни стапки го движи пазарот
Како да се стигне и да се остане на врвот?
COVER STORY Оптимистички владини прогнози во новата Фискална стратегија до 2026 година...........................................................4 Колку се достижни ветените 5% економски раст?! ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Тргувањето со акции во странство станува сè попривлечно за македонските граѓани и фирми...............12 Во првиот квартал прометот на странски пазари поголем за 114%
STARTUP Одржан првиот Национален Стартап Самит..........................16 Колку е блиску или далеку Македонија до регионален стартап центар
ЛИДЕРИ
Бернар Арно
претседател на групацијата LVMH Парите се само последица на добро завршената работа
МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО Новиот пат до главните раководни позиции...................30 Како да се стигне и да се остане на врвот?
РЕГИОН Европско влијание на Балканот...............22 Зелената агенда „растури“ на локалните во Хрватска
ЛИДЕРИ Бернар Арно, претседател на групацијата LVMH................37 Парите се само последица на добро завршената работа
СВЕТ Пазари на капитал................................................28 Стравот од повисоки каматни стапки го движи пазарот
МЕНАЏМЕНТ Know - how....................................................................38 Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 04.06.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми
Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
ЈУНИ 2021
ЈУНИ 2021
COVER STORY 4 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
КОЛКУ СЕ ДОСТИЖНИ ВЕТЕНИТЕ 5% ЕКОНОМСКИ РАСТ?!
ОПТИМИСТИЧКИ ВЛАДИНИ ПРОГНОЗИ ВО НОВАТА5 ОПТИМИСТИЧКИ ВЛАДИНИ ПРОГНОЗИ ВО НОВАТА ФИСКАЛНА СТРАТЕГИЈА ДО 2026 ГОДИНА
ФИСКАЛНА СТРАТЕГИЈА ДО 2026 ГОДИНА
Кога се во прашање стратегиите или владините програми, напишаните проценки за растот на домашната економија се прилично оптимистички. Најновата Фискална стратегија, на пример, покажува дека властите очекуваат следните пет години економијата да расте со стапки кои се доближуваат и до 6% на годишно ниво, но колку се реално остварливи овие прогнози?! За разлика од Владата, високите стапки на економски раст ги нема во долгорочните прогнози на меѓународните финансиски институции. Според ММФ, растот на економијата
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
следните пет години може да достигне највисоки 4%. Додека властите се оптимисти за економската иднина на земјата, од реалниот сектор доаѓаат загрижувачки оценки. Најновата анкета за оценка на бизнис климата во земјава од страна на германските инвеститори, покажа големо незадоволство и очекувања за спроведување на потребните реформи. Дури 59% од големите германски инвеститори во земјава ја оцениле како лоша работата на актуелната Влада, а половина од нив за лоша ја сметаат и економската состојба во државата.
ЈУНИ 2021
6 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
автор:
K
АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ ога се во прашање стратегиите или владините програми, напишаните проценки за растот на домашната економија се прилично оптимистички. Најновата Фискална стратегија, на пример, покажува дека властите очекуваат следните пет години економијата да расте со стапки кои се доближуваат и до 6% на годишно ниво, но колку се реално остварливи овие прогнози?! „На среден рок, стапките на економски раст ќе надминат 5%. Согласно основното среднорочно сценарио, економскиот раст во 2021 година е проектиран на 4,1%, а потоа 4,6% во 2022, 5,2% во 2023, 5,6% во 2024, 5,9% во 2025 и 5,7% раст во 2026 година. Просечниот раст за овој период би бил 5,4%. Основното сценарио се заснова на стојалиштето дека економијата ќе заздрави во 2021 година, по што ќе се интензивира економскиот раст“, пишува во најновата Фискална стратегија. Желбата на оваа Влада да држи економски лекции и да достигне просечен економски раст од 5% во текот на мандатот е позната откако премиерот Зоран Заев дојде на власт, меѓутоа, тоа досега не му успеа. За разлика од Владата, високите стапки на економски раст ги нема во долгорочните прогнози на меѓународните финансиски институции. Според ММФ, растот
на економијата следните пет години може да достигне највисоки 4%. Според ММФ, постоењето на кредибилна среднорочна фискална стратегија може да помогне во решавањето на потребите од инвестиции во државата, истовремено создавајќи простор за фискален маневар. „Инвестицискиот план на Владата е амбициозен и истиот треба да биде придружуван од дополнителни подобрувања во управувањето со јавните инвестиции, во насока на решавање на „тесните грла“, подобрување на ефикасноста на трошењата и ограничување на фискалните ризици. Напорите за подобрување на наплатата на приходите би овозможиле простор за подобрување на продуктивните трошоци во области како што се здравство, образование и инфраструктура. Постоењето на успешни јавни инвестиции ќе го поттикне растот и ќе помогне во трансформирање на економијата, но за да се заштити одржливоста на долгот, од суштинско значење е да се има сеопфатна фискална стратегија која, меѓу другото, ќе биде изградена врз реални претпоставки за раст“, пишува во последниот Извештај на ММФ по завршувањето на мисијата во земјава. Народната банка, на среден рок исто така предвидува натамошно закрепнување, но економскиот раст да биде 3,9% догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%. „Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022
година“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Оптимистички најави на Владата Стапката на невработеност ќе се намали на 8,6%, стапката на вработеност ќе се искачи на 54,3%, просечната плата ќе расте со просечна стапка од околу 4%, брутоинвестициите во 2026 година ќе се зголемат до 36,2%, додека извозот ќе расте со просечна стапка од околу 8,8%. Ова се проекции дадени во Фискалната стратегија 20222024, со изгледи до 2026 година, со којашто се продолжува практиката на Министерството за финансии со претходната ревидирана Фискална стратегија за подолгорочно планирање, со проекции за 5 наместо за 3 години. Владата вели дека државната поддршка преку различни економски мерки ќе продолжи во 2021 година, со цел поддршка на домашната економија за нејзино побрзо заздравување и создавање основа за повисок економски раст на подолг рок. Во однос на надворешното окружување, се очекува постепено стабилизирање на глобалните синџири за снабдување и раст на странската побарувачка, кои, заедно со намалените притисоци од пандемијата во глобални рамки, се очекува позитивно да влијаат врз домашните економски текови во наредниот период, како врз трговската размена така и врз инвестициите и потрошувачката. Поволното меѓународно окружување и процесот на масовна имунизација
7
ОПТИМИСТИЧКИ ВЛАДИНИ ПРОГНОЗИ ВО НОВАТА ФИСКАЛНА СТРАТЕГИЈА ДО 2026 ГОДИНА во земјата се очекува да имаат позитивно влијание врз очекувањата и довербата на домашните економски субјекти и склоноста за инвестирање и потрошувачка. Инвестициите ќе имаат значајна улога во заздравувањето на економијата и нејзиното постепено интензивирање. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8% во 2021 година, а во периодот 2022-2026 година инвестициите се очекува да забележат просечен годишен раст од 8,8%. „Растот на инвестициите се заснова на очекуваниот раст на приватните инвестиции, во услови на постепено зголемување на довербата на деловните субјекти, поинтензивен прилив на странски инвестиции, очекуваниот фискален импулс, којшто ќе биде канализиран преку зголемени капитални расходи, но и зголемена поддршка за развој на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, поддршка на иновативната дејност и технолошкиот развој на претпријатијата“, пишува во Стратегијата. Извозот на стоки и услуги, со исцрпување на неповолните
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
За разлика од Владата, високите стапки на економски раст ги нема во долгорочните прогнози на меѓународните финансиски институции. Според ММФ, растот на економијата следните пет години може да достигне највисоки 4%.
Моj Банкар Нова услуга за правни лица Професионална Персонализирана Постојана поддршка
Лојалноста пред се! Закажете состанок: mojbankar@unibank.com.mk Инфо центар : 02/ 3 204 323 02/ 3 111 111
ЈУНИ 2021
8 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ПРОГНОЗИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ
58%
од германските инвеститори во земјава ја оценуваат како лоша работата на Владата
48%
од германските фирми оценуваат дека и економската состојба е лоша
ПАТРИК МАРТЕНС
директор на Делегација на германско стопанство
Резултатите не беа премногу изненадувачки, македонското стопанство е загрижено поради последиците кои ги предизвика пандемијата. Членовите на Македонско-Германското стопанско здружение посочија на проблеми кои се однесуваат на владеењето на правото, како и на политички проблеми“
економски ефекти од пандемијата, како и со заздравување на глобалните синџири на производство и на надворешната побарувачка и повисока искористеност на производствените капацитети во земјата, се предвидува да забележи реален раст од 10,6% во 2021 година. На среден рок, во услови на очекувано стабилизирање на растот на надворешната побарувачка и зголемување на извозниот потенцијал во земјата преку прилив на странски инвестиции, извозот се очекува да има силен придонес врз економскиот раст, односно предвидено е да забележи просечен реален годишен раст од 8,8% во периодот 2022-2026 година. Според основното макроекономско сценарио, во 2021 година се очекува раст на бројот на вработени од 1%, додека во периодот 2022-2026 година се очекува раст на вработеноста со побрзо темпо, односно проектиран е просечен годишен раст од 3,6%.
4
е просечната оценка за антикризните мерки на скала од еден до пет, каде што пет е најлошо
70%
од германските инвеститори повторно би инвестирале во земјава Растот на вработеноста во овој период се очекува да се одрази и врз понудата на работна сила, којашто е проектирано да се зголемува просечно за 1,7% годишно. „Ваквите движења на пазарот на трудот ќе придонесат просечната стапка на невработеност во 2026 година да се намали на 8,6%, додека просечната стапка на вработеност да се зголеми на 54,3%. Растот на просечната нето-плата во овој период се очекува да изнесува 3,8% годишно на номинална основа, со изгледи за умерено интензивирање на растот во чекор со продуктивноста“, пишува во Стратегијата. Во однос на фискалната политика во периодот 2022-2026 година властите планираат натамошно зајакнато управување со јавните финансии и фискална одржливост, којашто треба да придонесе за задржување на макроекономската стабилност и етапна фискална консолидација.
„Приоритетите на среден рок ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, унапредување и олеснување на инвестициската клима, отворање нови работни места преку активните мерки за вработување, како и преку поддршка и развој на микро, малите и средните претпријатија. Во среднорочниот период, фокусот на фискалната политика останува на обезбедување значително ниво на јавни инвестиции, коишто се предуслов за подобрување на економските перспективи, како и подобар живот на граѓаните“, пишува во Фискалната стратегија. Вкупните приходи на Буџетот на РСМ (централeн буџет и фондови) за периодот 2022-2026 година се планирани во висина од околу 31,3% од БДП. Просечното учество на вкупните расходи на Буџетот во периодот 2022-2026 година изнесува околу 34,4% од БДП. Заложбите за постепена фискална консолидација остануваат приоритет, проектирано е постепено намалување на буџетскиот дефицит до 2,2% во 2026 година, односно 4,3% во 2022 година, 3,5% во 2023 година, 2,9% во 2024 година, 2,5% во 2025 година и 2,2% во 2026 година. Се бараат економски реформи Додека властите се оптимисти за економската иднина на земјата, од реалниот сектор доаѓаат загрижувачки оценки. Најновата анкета за оценка на бизнис климата во земјава од страна на германските инвеститори, покажа големо незадоволство и очекувања за спроведување на потребните реформи, Дури 59% од големите германски инвеститори во земјава ја оцениле како лоша работата на актуелната Влада во анкетата што редовно ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Половина од нив, односно 48% сметаат дека и економската состојба во државата е лоша. Само 2% од компаниите како ДХЛ, Кнауф, ОДВ Електрик, Кеслер, Дракслаер, Кромберг и Шуберт и другите ја оцениле како добра работата на Владата, а како најголерм ризик се наведува недостигот на стручна работна сила во земјата. Дури 31% одговориле дека не би инвестирале повторно, што е најголем процент од 2012 до
ОПТИМИСТИЧКИ ВЛАДИНИ ПРОГНОЗИ ВО НОВАТА ФИСКАЛНА СТРАТЕГИЈА ДО 2026 ГОДИНА сега. Најлоша оценка има борбата против корупцијата и криминалот, а потоа политичката и социјалната безбедност, јавната администрација, правната безбедност и предвидливоста на економската политика. „Резултатите не беа премногу изненадувачки, македонското стопанство е загрижено поради последиците кои ги предизвика пандемијата. Членовите на Македонско-Германското стопанско здружение посочија на проблеми кои се однесуваат на владеењето на правото, како и на политички проблеми“, изјави Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава. Негативна е генералната оценка за мерките за ублажување на последиците од пандемијата, при што на скала од еден до пет, каде што пет е најлошо, германските инвеститори дале четворка. Што се однесува до сопствената економска ситуација, само 8% од фирмите ја сметаат сопствената деловна состојба како добра (2019: 29%), а 53% од испитаниците како задоволителна (2019: 61%). Очекувањата кои ги имаат стопанствениците во однос на извозот се исто така полоши во споредба со 2019 година. Само 34% од нив претпоставуваат дека извозот на нивните добра и услуги ќе се развие подобро во споредба со претходните години (2019: 51%). „Како Директор на Делегацијата на германското стопанство, во соработка со Германската амбасада во Скопје ќе продолжиме да водиме дијалог со македонската Влада за подобрување на овие рамковни услови во земјата. Скоро 70% од
9
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
Народната банка, на среден рок исто така предвидува натамошно закрепнување, но економскиот раст да биде 3,9% догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%. „Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска.
инвеститорите кои веќе инвестирале, повторно би го сториле истото во Македонија. Ова е солидна основа од која може понатаму да се развиваат германско-македонските стопански односи“, вели Мартенс. Најпозитивни оценки, пак, од германските инвеститори има за продуктивноста и подготвеноста за работа, трошоците за трудот,
ЈУНИ 2021
квалификации на вработените и високото образование. Инаку, Германија е најголем трговски партнер на земјава со вкупна размена од 3,8 милијарди евра лани. Со извоз од речиси 2,8 милијарди евра, половина од се што македонските компании произведуваат, се продава токму на германскиот пазар. nnn
ЈУНИ 2021
10 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ТРГУВАЊЕТО СО АКЦИИ ВО СТРАНСТВО СТАНУВА СÈ П
ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ СТРАНСКИ ПАЗАРИ П Во прометот реализиран на странски пазари во овој квартал најголемо учество има Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со 47.07 % од вкупниот промет, односно 653,7 милиони денари. По неа следува Комерцијална Банка АД Скопје која во овој квартал бележи реализиран промет од 568,5 милиони денари на странски пазари, што претставува 40.94 %, како трета е НЛБ Банка АД Скопје која во прометот на странски пазари учествува со 11.93 % и како последна е брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје со учество од 0,05%.
11
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ПОПРИВЛЕЧНО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ И ФИРМИ
Л ПРОМЕТОТ НА ПОГОЛЕМ ЗА 114%
ЈУНИ 2021
ЈУНИ 2021
12 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
Од извештаите за прометот на Македонска берза во првите три месеци годинава, се гледа дека класичното тргување со акции и обврзници (без блок трансакции) изнесува околу 21 милион евра, додека за истиот период на странски пазари е реализиран промет во износ од околу 22,5 милиони евра. Вкупниот промет на Македонската берза во овој период изнесува околу 43 милиони евра.
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
Т
ргувањето на македонските граѓани и фирми на странските берзи станува сè поголема конкуренција на домашниот пазар на капитал. Од извештаите за прометот на Македонска берза во првите три месеци годинава, се гледа дека класичното тргување со акции и обврзници (без блок трансакции) изнесува околу 21 милион евра, додека за истиот период на странски пазари е реализиран промет во износ од 1,38 милијарди денари (околу 22,5 милиони евра). Вкупниот промет на Македонската берза во овој период изнесува околу 43 милиони евра. Во однос на првиот квартал од 2020 година кога прометот на странски пазари преку домашни овластени учесници беше 648 милиони денари (10,5 милиони евра), евидентно е зголемување за 114,35%, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност. Прометот реализиран на странски пазари прикажан по месеци во Q1 во 2021 година, како и процентот на промена може да се види во табеларниот преглед. Од наведеното може да се заклучи дека во февруари е евидентиран најголем промет во ова тримесечје од 2021 година, односно 532,8 милиони денари или на
Промет со хартии од вредност (милиони евра) Македонска берза* Странски пазари
2020
1Q 2021
97,3
21
56,9
22,5
*Се однесува на прометот во класично тргување Извор: Македонска берза и КХВ овој месец отпаѓаат 38.37% од вкупниот промет во првиот квартал од 2021 година, што е приближно со остварениот промет во јануари кога е остварен промет од 532,5 милиони денари. Освен трите банки, овластени учесници на пазарот на капитал кои земаат учество во тргувањето на странски пазари (Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје), за прв пат на странски пазари почнува да тргува и брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје која во март 2021 година, учествува со скромни 759 илјади денари што претставува 0,23% од мартовскиот промет остварен на странски пазари. Учеството на оваа брокерска куќа во прометот реализиран во првиот квартал од 2021 година изнесува незначителни 0,05%. Во прометот реализиран на странски
пазари во овој квартал најголемо учество има Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со 47.07 % од вкупниот промет, односно 653,7 милиони денари. По неа следува Комерцијална Банка АД Скопје која во овој квартал бележи реализиран промет од 568,5 милиони денари на странски пазари, што претставува 40.94 %, како трета е НЛБ Банка АД Скопје која во прометот на странски пазари учествува со 11.93 % и како последна е брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје со учество од 0,05%.
Банките - брокери почнуваат поголем дел од прометот да го имаат на странски берзи
Доколку се анализира прометот на учесниците кои тргуваат на странски пазари, наспрема реализираниот промет на домашниот пазар , може да се заклучи дека дел од нив првенствено се насочени кон тргување на странските
13
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ЈУНИ 2021
14 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
пазари. Имено, од приложеното може да се заклучи дека Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во првиот квартал од оваа година речиси целото тргување и е ориентирано на странските пазари. Кај оваа банка, од реализираниот промет во јануари 98,45% отпаѓа на тргување на странски пазари, во февруари овој процент е 96,65% од тргувањето на оваа членка, а во март 88,17% наспрема 11,83% на домашен пазар. Ваквиот тренд на тргување е забележан и во првиот квартал од 2020 година. Комерцијална Банка АД Скопје во првиот квартал од минатата година во најголема мера била ориентирана на домашниот пазар, а во 2 месеца од првиот квартал од 2021 година поголем дел од тргувањето го реализира на странските пазари наспрема домашниот пазар, единствено во февруари оваа банка поголем дел од прометот односно 59,22% од реализираниот промет е на домашниот пазар преку Македонска Берза АД Скопје. НЛБ Банка АД Скопје во првиот квартал од минатата година, најголемиот дел од својот промет го има реализирано на домашниот пазар, а овој тренд е застапен и во март од 2021 година, а во останатите два месеца од првиот квартал на 2021 година
(јануари и февруари) оваа банка од аспект на реализираниот промет е ориентирана спрема странските пазари.
Граѓаните ќе можат и сами да тргуваат на странските берзи
Во моментов, македонските физички и правни лица можат да тргуваат со акции и други финансиски инструменти на странски берзи само преку посредништво на три домашни банки, односно брокерските оддели на НЛБ, Шпаркасе Македонија и Комерцијална банка, како и преку брокерската куќа Инвестброкер од неодамна . Можноста на македонските граѓани да тргуваат на странски берзи беше дадена со промени во регулативата за девизно работење, коишто стапија на сила од средината на 2019 година. Минатата, 2020 година, македонските граѓани направиле промет од околу 57милиони евра на странските берзи, додека на Македонската берза прометот по сите основи изнесуваше 133 милиони евра, а само со во класично тргување со акции и обврзници 97 милиони евра. Меѓутоа, отсега со одлуката што ја донесе Народната банка неодамна, македонските граѓани освен во странска банка, за потребите на трансакции со хартии во
вредност од странство ќе може да отворат сметка и кај странски брокерски куќи, кај платежни институции или институции за електронски пари во странство заради комерцијални цели, но и за тргување со хартии од вредност ако истовремено се и овластени учесници на странска берза. Тоа значи дека и сами ќе може да тргуваат на странските берзи, без посредништво на домашните банки. Од изјавите на домашните банки посредници во тргување со акции во странство може да се заклучи дека инвеститорите повеќе се информирани и повеќе ги следат берзите во Америка отколку во Европа. Најмалите износи со кои излегуваат на странските пазари се движат околу 2.000 евра, просечните се околу 20.000 евра, а поголемите достигнуваат и до 500.000 евра. Во 2020 година, особено по силната корекција на светските пазари во март месец, бројот на индивидуалци од земјава кои инвестираат, а кои претходно немаат значително искуство во тргувањето со хартии од вредност, рапидно се зголеми, ни кажаа од домашните банки. Се работи за инвеститори со портфолија до 20.000 евра, кои целат кон фреквентно тргување. nnn
ЈУНИ 2021
16 STARTUP
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ОДРЖАН ПРВИОТ НАЦИ
КОЛКУ Е БЛИСКУ ИЛИ ДО РЕГИОНАЛЕН
Работите во македонскиот стартап екосистем се поместени на подобро во последниве неколку години, но сè уште го чекаме првиот unicorn од оваа земја. Дилемата е дали фалат пари за поддршка на стартапите, или едноставно фалат стартапи на домашната сцена. Државата преку Фондот за иновации досега поддржала околу 60%
17
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ИОНАЛЕН СТАРТАП САМИТ
ДАЛЕКУ МАКЕДОНИЈА СТАРТАП ЦЕНТАР
од активните стартапи, но дали треба таа да е стратешкиот партнер во целава приказна или корпоративниот сектор треба да се разбуди и соработува со стартапите. На овие и уште многу други дилеми и предизвици, одговор пробаа да најдат учесниците на првиот Национален Стартап Самит што се одржа на 28 мај во Скопје.
ЈУНИ 2021
18 STARTUP
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
П
од мотото „Заеднички влијаеме“, во рамките на првиот Национален Стартап Самит, над 20 претставници од македонската стартап заедница, заедно со претставниците на македонската влада, ги дефинираа следните чекори кои треба да се преземат за државата да се позиционира како регионален стартап хаб. На Самитот кој се одржа минатата седмица во Скопје, главниот говорник Себастијан Дијаз Меса, кој е поранешен директор на Стартап Чиле, ја презентираше стратегијата за развој на стартап екосистемот во Чиле и своето видување за следните активности во нашата држава. „Верувам дека со поттикнување на иновациите може да се постигне континуиран и одржлив развој на една земја, а за да имаме иновативен процес, потребни ни се стартапите. Државите, екосистемот, компаниите или било која организација може да стане иновативна доколку ги стави луѓето на прво место и ги поттикнува преку меѓусебна комуникација, базирана на доверба, диверзитет и заедничка цел, односно приказна. Убеден сум дека со активностите кои ги презема Македонија за поддршка на претприемништвото, вие сте на прав пат да станете регионален стартап хаб на Балканот“, посочи Дијаз Месa.
Диаз Меса се осврна и на фактот дека Чиле немал ниту една компаративна предност за развој на сопствениот стартап екосистем. „На крајот на светот, од една страна високите Анди, од друга страна Тихиот океан, јужно Антарктик... како изолиран остров на планетава. Затоа, кога почнавме да го градиме Стартап Чиле, отидовме низ цел свет за да собереме искуства, да донесеме луѓе од различни меридијани, да ни кажат што и како да правиме. Привлекувавме луѓе да дојдат да работат во земјата, да ги развиваат стартапите во нашиот екосистем. Им дававме разни бенефиции, за возврат требаше нивните проекти да имаат некаков социјален импакт. Но потоа следеше процесот на нивно скалирање, глобална експанзија“, објасни гостинот од Чиле. Тој додаде и дека Македонија во моментов има и предност во однос на Чиле кога почнувал да го развива својот стартап екосистем, а тоа е располагањето со податоци. „Ние немавме податоци, немавме информации, немавме никакви бројки. Вие сега имате, имате мапирање на вашиот стартап екосистем, имате информации за искуства на другите, за тоа како државата може да помогне на тој пат. Освен тоа, среде Европа сте, кај вас многу лесно може да дојдат луѓе од секаде, искусни претприемачи што може да менторираат, млади претприемачи што може да ги градат своите стартапи овде, може да се случуваат многу работи.“
Дали фалат пари, или фалат стартапи
Според истражувањето кое го направи Стартап Македонија, Фондот за иновации и технолошки развој е институција која за над 60% од стартап компаниите во државата е најголемата финансиска и стратешка поддршка во нивниот развој. „Заедно со Владата, со Стартап Македонија и сите наши партнери и корисници направивме многу во изминатите седум месеци. За прв пат имаме Национален стартап совет. За прв пат клучните чинители на екосистемот заедно со претставниците на Владата седат на една маса и разговараат за предизвиците на екосистемот, за трендовите во екосистемот, но и за чекорите кои треба да ги преземеме за негова трансформација. Овие разговори ги преточивме во документ и во нареден период барам сериозно сите заеднички да поработиме на законските измени кои и тоа како се потребни за трансформација на екосистемот”, изјави Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Петров упати и порака до сите чинители во македонскиот стартап екоситем, заеднички да работат кон креирање на нова, уникатна, модерна, глобална македонска приказна, да продолжат да го слушаат гласот и да ја следат визијата на стартап хероите, а тие да продолжат да не инспирираат и да докажуваат дека може навистина да се успее од нашата земја. Во рамките на првата панел дискусија „Македонскиот стартап екосистем: Каде сме и каде сакаме да бидеме? 2016-
19
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
2026” модерирана од Игор Маџов од Стартап Македонија, Гого Рафајловски од SEEU Tech Park, Петар Ниновски од Бреинстер, Весна Иваноска од Seavus Accelerator и Светлана Кордумова од Pixyle.ai го презентираа своето искуството во развојот на нивните стартапи и организации и заклучија дека на стартап компаниите во државата им е потребна поголема поддршка и насока од другите чинители во македонската економија, со цел да развијат подобри стратегии за пробивање на локалниот и глобалниот пазар. Петар Ниновски, основачот на платформата за едукација и кариерно усовршување Бреинстер, рече дека на почетокот, најтежок предизвик му било да ги најде вистинските луѓе што ќе работат со него, и понатаму, да направи организација којашто ќе се адаптира лесно на промените. Секако, предизвик било и финансирање на растот на компанијата. „Ако во 2015-та предизвик беше да се направи т.н. flat структура на организацијата во компанијата, сега сме повеќе од 30 луѓе и мора да имаме структура што е флексибилна кон промените“, рече Ниновски. Тој додаде дека како организација сакаат да понудат флексибилност, работа на луѓето кога сакаат, од каде сакаат, вредности и компаниска култура добро искомуницирани од самиот почеток. „Друга работа што е важна е самиот импакт што може да го направи организацијата врз заедницата, да менува нечии животи. Во Бреинстер луѓето добиваат едукација која што може да им донесе промени во кариерата, преквалификација, подобрување на личниот капацитет, зголемена конкурентност не само на домашниот, туку и на светскиот пазар.“ На прашањето на што е клучно да се подобри за подинамичен развој на стартап сцената, учесниците на овој панел имаа интересни размислувања. Гого Рафајловски, раководител на технолошкиот парк SEEU Tech Park смета дека треба да се стави поголем фокус кон инвеститорите и повеќе т.н. венчр фондови да дојдат и да инвестираат во македонски стартапи. „Мислам дека ова ќе се случува во следниот период. Ние како акцелератор минатата година обезбедивме преку 300 илјади евра за инвестиции во нашите клиенти – стартапи, верувам и годинава ќе биде добра, и верувам дека се’ повеќе стартапи ќе ги бараат услугите од технолошкиот парк како што се вреднување, проценка на интелектуална сопственост, итн.“ Весна Ивановска, раководител на Сеавус Акцелераторот, додаде и дека не само венчр капитал фондовите, туку и сцената на бизнис ангелите треба да се размрда. „Колку повеќе гледаме вакви трансакции, толку повеќе ќе се охрабруваме дека тоа е нормална активност, затоа што мислам дека се’ уште ни е табу тема. Овој наш сон за стартап екосистем е возможен и да се биде стартап нација е стратешка определба“., рече Ивановска. Ниновски од Бреинстер, пак, имаше едно поинакво видување на работите. „Во последниве пет години имаме големи промени во делот на поддршката,
СЕБАСТИЈАН ДИЈАЗ МЕСА
поранешен директор на Стартап Чиле
Со поттикнување на иновациите може да се постигне континуиран и одржлив развој на една земја, а за да имаме иновативен процес, потребни ни се стартапите. Државите, екосистемот, компаниите или било која организација може да стане иновативна доколку ги стави луѓето на прво место и ги поттикнува преку меѓусебна комуникација, базирана на доверба, диверзитет и заедничка цел, односно приказна.
организации за поддршка на стартапите, институции, еве Фондот за иновации и технолошки развој... Но, недостасуваат стартапи, а не инвеститори. Ако има стартапи, ќе има и инвестиции. Една работа што може да ја направиме е да видиме како да ги мотивираме оние компании што веќе функционираат, да нема потреба детските болести да ги лечат со помош на организации, туку ние поискусните стартапи да им помогнеме.“, смета Ниновски. Тој додаде дека фали присуство на меѓународни стартапи коишто ќе пренесат искуства на македонските. „Полесно може да најдеме космонаут, одошто човек што знае да развива продукт, да продаде. Мора да развиваме кај луѓето вештини за продажба, дигитален маркетинг, дата сајенс, итн. Луѓето што завршуваат обуки кај нас да формираат свои стартапи, во тој правец треба повеќе да работиме и да ги мотивираме и во следниот период на тоа ќе се посветиме“
Социјалниот импакт на стартапите
На Самитот беа презентирани и успешните приказни на иновативните компаниите Стратум РиД, Кодвел, Оренгс Хололеа и Фјучр Иновејшнс кои со финансиска помош на Фондот за иновации и технолошки развој успеаја да развијат успешни бизнис приказни и да бидат мотивација на многу иновативни компании. Претставниците потенцираа дека секој почеток носи многу предизвици и ризици, но никако не треба да се потклекне, зашто секој чекор носи и многу можности кои треба да се искористат за да се успее. Пристапот до финансии беше една од клучните теми на самитот. Коста Петров од ФИТР, Ели Жабевска од SC Ventures, Игор Андреев од XFactor Accelerator, Драган Димитров од ЦЕЕД клуб на бизнис ангели и Милан Дамчевски од ПроКредит Банка беа согласни дека е потребна поголема вклученост на корпорациите, бизнис ангелите и инвестициските фондови во поддршка на
ЈУНИ 2021
20 STARTUP
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
КОСТА ПЕТРОВ
директор на Фонд за иновации и технолошки развој
За прв пат имаме Национален стартап совет. За прв пат клучните чинители на екосистемот заедно со претставниците на Владата седат на една маса и разговараат за предизвиците на екосистемот, за трендовите во екосистемот, но и за чекорите кои треба да ги преземеме за негова трансформација. Овие разговори ги преточивме во документ и во нареден период барам сериозно сите заеднички да поработиме на законските измени кои и тоа како се потребни за трансформација на екосистемот. стартап заедницата. На панелот беше презентирана и стратегијата за развој на Инвестицскиот фонд на ФИТР кој се очекува да биде регистриран до крајот на годината. Темата на последната панел дискусија на Самитот беше социјално претприемништво и импакт бизниси водени во државата. Бистра Кумбароска, претставник на Стартап Советот; Владимир Вуксановиќ од Оргалајф, Асиб Зекир од Реди Рециклажа и Горјан Јовановски од Мој Воздух -Горјан Јовановски. Импакт компаниите во нашата земја се партнери и големи поддржувачи на стартап екосистемот, со самото тоа што го пренесуваат своето искуство на новите стартапи кои сега започнуваат. Говорниците потенцираа дека секој почеток е навистина тежок, односно додека се се’ уште во развој компаниите се соочуваат со многубројни ризици и предизвици. Тие порачаа дека за да се успее треба да се ризикува, да се започне иницијатива и да се искористат сите можности. „Се надевам дека овој прв стартап самит ќе прерасне во годишен стартап самит и следната година ќе бидеме во уште поголем број, да ги прославиме сите успешни и неуспешни приказни бидејќи од нив се учи и да покажеме дека навистина заеднички можеме да го ја трансформираме новата економија во нашата земја.“, изјави Нина Николиќ која е ко-основач на Стартап Македонија. Првиот национален Стартап Самит се одржа во организација на Стартап Македонија, Бизнис Импакт Лаб, Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската претприемачка програма (Swiss EP). Воведни обраќања на самитот имаа и претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и Амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија Сибил Зутер Техада.
nnn
НИНА НИКОЛИЌ
ко – основач на Стартап Македонија
Се надевам дека овој прв стартап самит ќе прерасне во годишен стартап самит и следната година ќе бидеме во уште поголем број, да ги прославиме сите успешни и неуспешни приказни бидејќи од нив се учи и да покажеме дека навистина заеднички можеме да го ја трансформираме новата економија во нашата земја.
Станбен кредит
ТВОЈ ДОМ. ТВОЈА ПРИКАЗНА.
3,35% фиксна камата за 10 години 0% провизија при исплата 20 години рок на отплата Без учество
Кредит за купување и опремување на новиот стан Онлајн апликација и процесирање Одлука во рок од 3 работни дена
Купување и опремување на нов стан/куќа/Изградба и опремување на куќа/ викенд куќа/Рефинансирање на постоечки станбен кредит во друга банка
mkd.info@procredit-group.com
02/ 2 446 000
www.pcb.mk
ЈУНИ 2021
22 РЕГИОН
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
Големо внимание во македонската јавност привлекоа хрватските локални избори, не само оти и ние сме на неколку месеци од избор на нова локална власт, туку и поради фактот што хрватското политичко небо има нова ѕвезда – кандидатот на коалицијата „Можеме“ Томислав Томашевиќ, кој стана градоначалник на главниот град, Загреб. Изборот на Томашевиќ, кој е левичар и активен борец за животната средина и зелените политики, дава една нова слика за хрватската политика каде се очекува овие теми да бидат клучни во следните политички процеси, не само на локално ниво. Ако се има пак предвид дека на последните европски парламентарни избори, токму „зелените“ направија бум јасно е дека овие процеси во коишто темите поврзани со значењето на животната средина се наметнуваат како дел од клучните политики, полека се наметнуваат и кон Балканот.
ЕВРОПСКО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ
ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА „РАС НА ЛОКАЛНИТЕ ВО ХРВ
СТУРИ“ ВАТСКА
23
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
Xрватското политичко небо има нова ѕвезда – кандидатот на коалицијата „Можеме“ Томислав Томашевиќ, кој стана градоначалник на главниот град, Загреб. Томашевиќ, левичар и борец за зелените политики, успеа да извлече голем број на Хрвати од своите домови за време на пандемија и да ја победи апатијата, што во неколку изборни циклуси беше една од главните карактеристики. Нешто повеќе од 47% од избирачите излегоа на гласање, што според аналитичарите покажува дека Загрепчани се решија темелно да го променат режимот на починатиот Милан Бандиќ. РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ
Г
олемо внимание во македонската јавност привлекоа хрватските локални избори, не само оти и ние сме на неполна година од избор на нова локална власт, туку и поради фактот што хрватското политичко небо има нова ѕвезда – кандидатот на коалицијата „Можеме“ Томислав Томашевиќ, кој стана градоначалник на главниот град, Загреб. Томашевиќ, левичар и борец за зелените политики, успеа да извлече голем број на Хрвати од своите домови за време на пандемија и да ја победи апатијата, што во неколку изборни циклуси беше една од главните карактеристики. Нешто повеќе од 47% од избирачите излегоа на гласање, што според аналитичарите покажува дека Загрепчани се решија темелно да го променат режимот на починатиот Милан Бандиќ. Тие веруваат дека ова може да го постигне токму Томислав Томашевиќ, кој беше апсолутен фаворит уште од почетокот - поддршката за него беше толку голема што во првите излезни анкети дури имаше двоумење дали воопшто ќе има потреба од втор круг. Сепак на крајот Томашевиќ освои „само“
високи 45,15% од гласовите, а огромно разочарување доживеа досегашната заменичка на Бандиќ, Јелена Павичиќ Вукичевиќ. Иако се очекуваше дека таа ќе успее барем да влезе во вториот круг, неа ја претрка „вечниот кандидат“ за разни функции, Мирослав Шкоро од Татковинското движење (12,1% наспроти 11,1%) По објавувањето на резултатите Шкоро изјави дека успехот на Томашевиќ е „одење кон екстремно лево и тоа ќе биде запрено, со божја помош“, но за успех во вториот круг кој е за само две недели навистина би му била потребна натприродна моќ. Од друга страна Томашевиќ порача „ќе победиме, без да си ја продадеме душата“, што исто така може да биде избрзана порака, како што ценат некои. За големи и длабоки промени во водењето на градот секако е потребна и целосна поддршка од Градското собрание, но таму платформата “Можеме!“ ќе мора да прави коалиција: тие освоија 40,83% од гласовите, по нив следи ХДЗ со 11,3%, Татковинското движење 10,59%, Партијата на работа и рамноправност, на Бандиќ освои 9,04%, СДП 8,88% и Мост 6,20%.
ЈУНИ 2021
24 РЕГИОН
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
КОЈ Е ТОМИСЛАВ ТОМАШЕВИЌ, НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЗАГРЕБ? Т омашевиќ е млад политичар, попознат на пошироката јавност по неговиот активизам во областа на екологијата, отколку по неговиот политички ангажман. Роден е на 13 јануари 1982 година во Загреб. Раното детство го поминал во областа Запруше во Нов Загреб, а потоа се преселил во Запрешиќ со неговата мајка Иванка, таткото Смилјан и братот Тихомир. Во основно училиште го добил прекарот Сенф, како што многумина го нарекуваат и денес. Кога имал 20 години, се вратил во Загреб. Живеел во Трње, во Доњи град и во Трешњевка. Одел во гимназија во Загреб, а во 2000 година се запишал на Правниот факултет. Во третата година го напуштил Правниот факултет, па во 2006 година се запишал на Факултетот за политички науки, каде што ги завршил студиите по политички науки. Магистрирал во 2013 година на престижниот британски универзитет Кембриџ како корисник на стипендија, на тема од областа на животната средина, општеството и развојот. Три години подоцна, тој се оженил со наставничката по јога Ива Мертиќ, со која и денес е во брак. Како тинејџер се заинтересирал за активизам во животната средина и се приклучил на Здружението за зелена акција Подоцна тој ќе стане нејзин претседател (од 2006 до 2011 година). Тој се вклучил во голем број горливи проблеми во Загреб: од борбата против исклучувањето на фабриките во Каменско и изградбата на согорувач на отпад во Ресник, до помагањето на жителите на улицата Купска по уривањето и спротивставување на приватизацијата на загрепската „Чистоќа“. Кулминација на активизмот на Томашевиќ беше борбата да се задржи улицата Варшавска во центарот на Загреб како пешачка зона, како и против фаворизираниот инвеститор Томислав Хорватинчиќ, што, се разбира, го протежираше Милан Бандиќ, пренесува Индекс.хр Томашевиќ и група активисти беа меѓу првите кои се осмелија да му се спротивстават на Ивица Тодориќ, некогаш недопирливиот сопственик на концернот „Агрокор“. Едно утро во 2009 година, Томашевиќ и неговиот тим се појавија пред замокот Кулмерови двори и побараа да изнајмат соба. Имено, државата и градот Загреб му овозможија на Тодориќ да го реновира и да живее со своето семејство во тој историски објект, кој беше официјално регистриран како хотел. Се разбира, Томашевиќ не успеа да добие соба
За разлика од романсираните биографии на политичарите коишто кариерите ги остварија во државни канцеларии и партиски хиерархии, Томашевиќ својата кариера ја градеше на улица, воден од идејата за подобро општество за сите. во дворецот, но со други активисти, како што е блискиот соработник на Теодор Целакоски, тој укажа на привилегираната позиција на Тодориќ кога малкумина во Хрватска се осмелија да го сторат тоа. Во 2017 година, Томашевиќ одлучи да се кандидира за градоначалник на Загреб на локалните избори. Тој ја предводеше коалицијата „Загреб е наш“ и освои четири места во градското собрание на Загреб. Томашевиќ беше меѓу избраните советници од коалицијата и беше гласен критичар на тогашниот градоначалник Милан Бандиќ. Во февруари 2021 година, Томашевиќ ја објави својата кандидатура за градоначалник на Загреб на локалните избори. На парламентарните избори во 2020 година, тој беше избран за член на хрватскиот парламент на чело на коалицијата Зелена левица. Неговиот парламентарен мандат започнува на 22 јули. До крајот на јули, тој се
приклучи на четири парламентарни комисии. После изборите тој порача: „Граѓаните на Загреб рекоа да се сменат, дека како град можеме, можеме да бидеме позелени, поправедни, потранспарентни, подобри“, рече Томашевиќ, кој освои убедливо најмногу гласови на изборите за градоначалник на Загреб и влегува во втор круг. Тој истакна дека коалицијата направила чекор и половина од „ослободувањето на градот од корумпираниот октопод“ и посочи дека „потребен е само половина чекор за промена на моделот на управување со овој град“. „Имаме голема предност во однос на противникот во второто коло, но нема релаксација. „Ни претстојат уште две недели борба и повторно ќе дадеме се од себе“, истакна Томашевиќ и ги повика граѓаните на Загреб за две недели да одат на вториот круг од изборите, пренесува Бета.
25
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
Со НЛБ Mastercard® картичките, повеќе за Вас! Плаќајте со НЛБ Mastercard® кредитните и дебитните картички и добијте можност да освоите приватно здравствено осигурување! Со секоја безготовинска трансакција со НЛБ Mastercard® картичките на ПОС терминал или преку интернет во земјата или странство, во периодот од 20.5.2021 година до 30.6.2021 година, учествувате во наградната игра.
ЈУНИ 2021
26 РЕГИОН
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
И во другите градови низ Хрватска имаше изненадувања, но во основа при гласањето пресудни беа желба за поголема транспарентност, незадоволство од непотизам во политиката, корупција... Се чини дека главниот град на Хрватска ќе има можност да покаже дали воопшто може поинаку, што се разбира ќе биде и сигнал за следните парламентарни избори. Слика за другите градови
И во Сплит се случија промени. Како што пишува „Дојче Веле“ на Сплиќани очигледно им здодеал начинот на кој се раководи со градот, но тие не ја гледаат алтернативата во платформата „Можеме!“ туку во кандидатот на Центар, Ивица Пуљак кој освои 26,82% од гласовите. Но, нему се’ уште му претстои тешка битка со кандидатот на ХДЗ, Вик Мијановиќ кој освои 23,33% од гласовите. Уште поголем проблем во Сплит ќе има во Градското собрание. Таму на прво место според освоените гласови е ХДЗ (23,27%) што е за 3% повеќе од Центар. Во сплитското собрание со сигурност влегуваат и ХГС на Жељко Керум (11,86%), СДП (9,76%) и Можеме! (9,54%), како и листата на Томислав Мамиќ (6,09%). Додека и во Сплит на гласачките места излегоа околу 44% од гласачите, во Риека поголемиот дел решија да останат дома. Излезноста во овој град беше речиси 37% и покрај тоа што се избираше наследник на „вечниот“ градоначалник Војко Обреснел. Неговиот заменик и партиски колега од СДП, Марко Филиповиќ освои 30,25% од гласовите, но во вториот круг граѓаните ќе одлучуваат помеѓу него и кандидатот на група избирачи, Давор
Штимац кој освои 16,1%. Ќе биде шарено и во риечкото Градско собрание. СДП има освоено 28,5% од гласовите, ХДЗ 16,3%, ПГС 8,62%, Можеме! успеа да добие 7,64%, и последна е Акција на младите со 5,58%. Исто како што во „Црвената Риека“ традиционално се води натпревар меѓу левото политичко крило, така во Осиек се води борба помеѓу кандидатите на десницата. Како и што се очекуваше Иван Радиќ од ХДЗ освои 38,69% од гласовите, но тој во вториот круг ќе мора да се натпреварува со бизнисменот и заеднички кандидат на Татковското движење и Мост, Бериша Млинаревиќ кој освои 19,63%. Радиќ е уверен дека граѓаните во вториот круг ќе го изберат за градоначалник, исто како што и Иван Анушиќ е уверливо избран за жупан на таа жупанија веќе во првиот круг. Од друга страна Млинаревиќ очекува дека „ќе се победи злото кое му се случи на Осијек“ и празните ветувања кои ХДЗ со години му ги дава на овој пропаднат град. И во другите градови низ Хрватска имаше изненадувања, но во основа при гласањето пресудни беа желба за поголема транспарентност, незадоволство од непотизам во политиката, корупција...
Пред се’ се чини дека главниот град на Хрватска ќе има можност да покаже дали воопшто може поинаку, што се разбира ќе биде и сигнал за следните парламентарни избори. Она што е интересно е што низ Европа во последните години се чувствува зелениот политички бран. На европските избори во Германија во 2019 според процентот на освоени гласови на прво место излезе Партијата на Зелените, со што на победи Демохристијанската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел ставајќи ја на втората позиција. И на самите европски парламентарни избори голем подем остварија зелените и либералите со што се промени сликата за составот на Европскиот парламент. ЕПП и СД имаат вкупно 78 пратеници помалку во новиот состав на парламентот. Зелените, остварија одлични резултати не само во Германија, туку и во Франција, Шведска и Финска, имаат 70 пратеници, дури 20 повеќе од претходно, додека Либералите освоија 101 место, што е исто огромен успех и зборува за типот на политики што се и допрва ќе стануваат актуелни на европско тло. Со резултатите од Хрватска се виде дека овој тренд дефинитивно се проширува и на Балканот. nnn
ЈУНИ 2021
28 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
СТРАВОТ ОД ПОВИСОКИ КАМАТНИ СТАПКИ ГО ДВИЖИ ПАЗАРОТ Интервенцијата на Кина на финансиските пазари го забави растот на цените на суровините и енергијата. Расположението на инвеститорите варира помеѓу очекувањата за прв пораст на каматните стапки во втората половина на 2021 година па до тоа дека каматните стапки ќе останат на постојните нивоа во текот на неколку години. Ова останува главен двигател на пазарот, бидејќи проценките остануваат високи и инвеститорите не се убедени дека дури и повисоките проценки се оправдани во постоечките околности.
29
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС
П
(опремата на текстот е редакциска)
оследните денови од мај не донесоа некои поголеми промени на пазарите. Недостатокот на позначајни вести за раздвижување на пазарите е очигледен. Пандемијата покажува знаци на смирување и вакцинацијата е доста успешна во развиениот дел на светот, затоа се ветуваат нормализирани одмори. Оптимизмот останува висок, но сепак постојат темни облаци на хоризонтот. Најголеми се инфлациските стравови. На 10 јуни следува објавата за инфлацијата во мај во САД, што ќе даде многу добра слика за тековните инфлациски притисоци во американската економија. Одредени производи нагло ја зголемија својата цена во текот на минатата година, така што можеме да очекуваме прилично висока бројка. Но, се појавуваат првите знаци дека ситуацијата барем привремено се смирува. Понудата на нови недвижнини на пазарот се зголемува, што веројатно ќе го забави растот на цените на недвижностите. Интервенцијата на Кина на финансиските пазари го забави растот на цените на суровините и енергијата. Расположението на инвеститорите варира помеѓу очекувањата за прв пораст на каматните стапки во втората половина на 2021 година па до тоа дека каматните стапки ќе останат на постојните нивоа во текот на неколку години. Ова останува главен двигател на пазарот, бидејќи проценките остануваат високи и инвеститорите не се убедени дека дури и повисоките проценки се оправдани во постоечките околности. Затоа, тие го загреаја глобалниот пазар само полека повисоко, до нови рекордни вредности. Нешто полоши економски податоци доаѓаат од пазарите во развој во последните неколку дена. Економската активност на Индија и растот на БДП беа потешко погодени од короната при последниот бран, а кинеските економски податоци во некои сегменти исто така укажуваат на одредена слабост. Ова може да укажува на забавување на побарувачката за потрошувачки добра во најголемите западни економии. Кина е оптоварена и со падот на новородените, кој зема замав во последните години. Затоа, тие ја сменија политиката на две деца и го зголемија лимитот на 3 деца, но слични искуства од други земји покажуваат само мало влијание на овие политики врз бројот на новороденчиња. Континуираните тензии во односите меѓу САД и Кина, кои во никој случај не опаѓаат, имаат поголемо влијание врз пазарите.
Акциите на производителите на луксузни стоки од Европа се новиот NASDAQ
Лабавата политика на централните банки се повеќе се заменува кај земјите, па најновиот нацрт буџет на САД предвидува дефицит од скоро 2 трилиони или повеќе од 30% дефицит. Се појавува прашањето, зошто Италија беше скоро исфрлена од ЕУ пред неколку години заради само неколку %? Слабиот долар
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ
ОНИЕ СЕКТОРИ ШТО ЗАГУБИЈА НАЈМНОГУ ВО ПАНДЕМИЈАТА, СЕГА СЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде што отворањата на пост-пандемиските економии можат да ја зајакнат економската динамика или стимулативните мерки од страна на земјите ќе го променат деловното опкружување. Со диктирање на насоката и темпото на пазарите, пандемијата сè повеќе повлекува инфлациски очекувања, а со тоа и очекувања за каматните стапки, а исто така расте и влијанието на геополитиката. Акциите на компаниите од областа на технологијата и е - трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот, но со високи проценки, геополитичките тензии и стравувања од инфлација, инвеститорите остануваат претпазливи. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите прилагодени на очекувањата за инфлација се мизерни, главно негативни и заедно со негативните приноси од банка, тие продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите главно во инвестиции во акции и недвижнини. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде што отворањето на пост-пандемиските економии можат да ја зајакнат економската динамика или стимулативните мерки од страна на земјите ќе го променат деловното опкружување. Тежината во форма на индивидуални учества треба да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографските трендови), индустрија, поради инфраструктурните стимуланси, како и поради премин кон „зелена“ енергија и можеме да додадеме селективен потрошувачки сектор. Меѓу регионите, Европа се издвојува според атрактивноста, додека за САД треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите и Кина која по последната корекција стана интересна за купување акции. Поради убавите дивидендни приноси и привлечните проценки, нашиот регион на Централна и Југоисточна Европа е интересен за мал дел од портфолиото. Енергијата и материјалите остануваат заштита од инфлација, иако проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во минатото, претпазливоста не е излишна. Финансиите, особено банките, остануваат шпекулативни инвестиции, особено ако инфлацијата ги надминува очекувањата. Инвеститорите со долги цели на заштеда треба да истраат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата потребно е да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, работењето во согласност со општествените норми и придржувањето кон таканаречените ESG препораки се долгорочни трендови, a фокусот на долгорочните трендови историски е важна компонента во постигнување натпросечни приноси.
ЈУНИ 2021
30 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
Најголеми се инфлациските стравови. На 10 јуни следува објавата за инфлацијата во мај во САД, што ќе даде многу добра слика за тековните инфлациски притисоци во американската економија. Одредени производи нагло ја зголемија својата цена во текот на минатата година, така што можеме да очекуваме прилично висока бројка. останува на околу 1,22 УСД за евро и секое движење кон 1,25 ќе има негативно влијание врз европската економија, така што можеме да очекуваме акција од ЕЦБ и Европската комисија. Обврзниците претрпеа зголемување на цената поради помалиот страв од инфлација, но секој посилен скок на обврзниците ќе бара доказ дека инфлацијата е всушност само минлива појава. Акциите на производителите на луксузни стоки од Европа се новиот NASDAQ. Овие акции се едни од добитниците на пандемијата и оптимистичките очекувања ја поттикнаа групацијата LVMH и другите конкуренти на нивоа каде тие се ценети повисоко од NASDAQ. Ова покренува многу прашања или нови ризици, бидејќи растот многу веројатно не е одржлив. Сепак, овој подсектор останува еден од најдобрите на европскиот пазар и еден од ретките што оди во чекор со САД. Технолошките акции остануваат заробени на моменталните нивоа поради очекувањата за инфлација, слично на спротивното од акциите на финансиските корпорации и материјалите. Шпанските медиуми објавија дека по последниот силен пораст на цената на електричната енергија на берзите, владата размислува за воведување на специјален данок од 10 евра за мегават за нуклеарна и хидро енергија, што практично би поништило сè што имаат добиено акциите на производителите на електрична енергија оваа година. Ова покажува дека земјите кои позајмиле многу во пандемиските денови стануваат креативни во наоѓањето нови буџетски ресурси и дека инвеститорите сè повеќе треба да го очекуваат неочекуваното. Можеби глобалната даночна стапка од 15% не е последна, бидејќи и САД сè повеќе бараат начини да го полнат буџетот со дополнителни ресурси. Регионално, европските акции се одржуваат добро, со италијанскиот индекс највисок по 2008 година и
Акциите на производителите на луксузни стоки од Европа се новиот NASDAQ. Овие акции се едни од добитниците на пандемијата и оптимистичките очекувања ја поттикнаа групацијата LVMH и другите конкуренти на нивоа каде тие се ценети повисоко од NASDAQ. Ова покренува многу прашања или нови ризици, бидејќи растот многу веројатно не е одржлив. францускиот по 2000 година. Генерално, опкружувањето на берзата во моментов е поповолно за европските од американските акции, поради поголемите пондери на енергија, материјали, финансии и циклични компании во индексите. Отворањето на Европа и нормализацијата на летната
туристичка сезона, исто така, нудат некои можности за подобрување на приносот на европските акции. Кинеските акции и покрај поинтересните проценки, во моментов се нешто настрана, бидејќи интервенциите на кинеските власти бараат повисоко ниво на претпазливост и трезвеност.
Добра ноќ на грижите.
За вашето осигурување не размислувате често, но секој ден живеете со спокојот што ви го дава.
Триглав комплет + Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете до 40% со новиот пакет Триглав комплет+
Сè ќе биде во ред.
triglav.mk
ЈУНИ 2021
32 МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
НОВИОТ ПАТ ДО ГЛАВНИТЕ РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ
КАКО ДА СЕ СТИГНЕ И ДА СЕ ОСТАНЕ НА ВРВОТ? Различни времиња и различни околности бараат различни лидерски вештини. Угледниот магазин Harvard Business Review врз основа на голем број истражувања и интервјуа објаснува кои се квалитетите кои за овие функции ги бараа компаниите во изминатата деценија, квалитетите кои се бараат денес и тие кои врз основа на искуството и раните показатели се очекува да бидат најбарани во иднина. Целта е да се исцрта патната мапа за амбициозните менаџери, која ќе им помогне при преземањето на идните чекори во професионалните кариери.
33
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ЈУНИ 2021
34 МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
З
наеме дека различни времиња и различни околности бараат различни лидерски вештини. Така, кога станува збор за менаџирањето на вашата кариера, како се подготвувате за сопствениот напредок? Какви способности треба да развиваат идните директори додека избираат компании, функции и работни позиции? И кои вештини треба да ги усовршуваат додека се стремат кон повисокото ниво? Ова не се ни малку лесни прашања. Трендовите се разликуваат според функцијата, географската положба и индустријата – и секако, според компанијата. Иако дефинитивно можеме да ги издвоиме вештините кои ги бараат компаниите денес, да посочиме кои од нив би биле корисни во иднина би било на ниво на шпекулација. Откако компанијата за потрага по менаџери Хејдрик и Страглс испитала стотици профили на извршни директори во текот на изминатата деценија и интервјуирала голем број врвни менаџери за условите потребни за да се стане главен раководител, добиле неколку јасни знаци во врска со развојот на раководните позиции. Тие се објавени и во угледниот магазин Harvard Business Review. Кога некој ќе стигне до раководната позиција, техничката и функционалната експертиза веќе не се толку значајни колку што се важни лидерските вештини и доброто познавање на основите на бизнисот. Информатичките менаџери
треба да знаат како да создадат бизнисмодели; финансиските менаџери како да развијат стратегии за управување со ризици; ХР-менаџерите како да изработат план за наследување на работните позиции, како и структура на таленти која ќе обезбеди конкурентност. Со други зборови, вештините кои ви се потребни за да стигнете до врвот нема да ви бидат доволни кога ќе се најдете таму. Можеме да забележиме дека главните извршни директори имаат повеќе заеднички точки со нивните колеги со иста функција отколку со луѓето од секторите со кои раководат. А од денешните членови на високиот менаџмент се очекува не само да го поддржат извршниот директор во бизнис-стратегиите, туку и да понудат сопствени видувања и придонес во клучните одлуки. Во овој текст подетално се истражува овој тренд и се објаснуваат фактите за вештините кои се потребни во три раководни позиции: главен ИТменаџер, главен менаџер за маркетинг и продажба и финансиски директор. Кои се квалитетите кои за овие функции ги бараа компаниите во изминатата деценија, квалитетите кои се бараат денес и тие кои врз основа на искуството и раните показатели се очекува да бидат најбарани во иднина. Целта е да се исцрта патната мапа за амбициозните менаџери, која ќе им помогне при преземањето на идните чекори во професионалните кариери.
Главен ИТ-менаџер
Кон крајот на 80-тите и средината на
90-тите години повеќето ИТ-менаџери ја надраснаа својата функција следејќи ја стандардната шема од бизнисаналитичар до директор или беа сметководствени професионалци со познавање на информатичките системи. Најчесто, директорската позиција беше крајната цел. ИТ-лидерите беа ориентирани кон детали, со логички и последични размислувања. Но, кон крајот на овој период, кога можностите на Интернетот стапија на сцена, компаниите почнаа да бараат постратешки начини за примена на технологијата – користејќи го Интернетот за да истражат нови пазари, да привлечат нови клиенти и да ги рационализираат процесите. Во минатото типичниот ИТ-менаџер не беше особено поврзан со бизнисстратегиите или со „големата слика“. Технолошките оддели беа премногу крути и затворени и не успеваа да одговорат доволно брзо на новите бизнис-предизвици и можности. Повеќето ИТ-директори притискаа со технички причини зошто нешто не може да се направи или, пак, пребрзо прифаќаа одредени барања без притоа рационално да размислат и да ги одредат своите можности (и тогаш редовно се соочуваа со неуспех). Ширум светот во разни сектори се јавуваа сериозни бариери – во однос на лидерското однесување и капацитетот – меѓу бизнис-функциите и технолошките функции. Неколкумината кои успеваа да се снајдат и во двата света беа на многу висока цена. Во втората половина на 90-тите
НОВИ БАРАЊА ЗА ГЛАВНИОТ ИТ-МЕНАЏЕР u Способност да се согледа бизнисот
на холистички начин, надвор од функционалните, секторските и регионалните ограничувања;
u Ориентација на процесот и
способност за организациски дизајн;
u Познавање на информатичка
анализа; способност да им се помогне на компаниите да ги сортираат и искористат информациите;
u Експертиза при распределбата
на инвестиции и користење на враќањето на инвестиции при донесувањето одлуки за идните трошоци во ИТ-секторот.
Главен менаџер за маркетинг и продажба
Во најголемиот дел од 20 век функциите на продажбата и маркетингот имаа ограничено делување во рамките на бизнисот и дејствуваа како силоси. Исто така, двете функции се концентрираа на различни области: продажбата се занимаваше со односот меѓу компаниите и управувањето со директните продавачи; маркетингот се занимаваше со односот меѓу компанијата и потрошувачите. Маркетинг-директорите беа речиси ексклузивно одговорни за креативни
иницијативи во рекламирањето и создавањето брендови; директорите на продажба беа задолжени за управување со односите со клиентите и за контактот со нив. Добро избалансираните компании, во кои беа интегрирани и маркетинг и продажба, претставуваа реткост; најчесто едната функција ја надвладуваше другата. На почетокот од новиот милениум маркетингот и продажбата сè уште функционираа одвоено, но и двата сектори почнаа да ги прошируваат своите полиња на дејствување со појавата на нови канали. Продажбата и понатаму го засенуваше маркетингсекторот, но интернет-продажбата ги принуди лидерите на продажба да се зафатат со некои од одговорностите кои беа типични за маркетинг-секторот, како, на пример, како да се пласираат пораки за брендот директно преку Интернет. Со побарувачката за овие проширени вештини се зголеми бројот на позиции за менаџери за маркетинг и продажба, кои станаа честа појава во сè повеќе компании. Две децении подоцна границите меѓу маркетингот и продажбата и понатаму се заматени. Трендовите како crowdsourcing го забрзуваат процесот на иновации, а социјалните технологии,
интерактивноста и мобилноста станаа составен дел од потрошувачкиот медиум. Поради тоа што маркетингот и продажбата мораат хомогено да одговорат на новите можности преовладува комбинирање на овие две позиции. Појавата на нова позиција, главен менаџер за трговија, ја одразува оваа промена. Создавањето на оваа позиција сведочи за потребата на извршниот директор да има еден единствен контакт кога е во прашање трговијата, лице кое ќе знае да управува со иновации, развој на производи, маркетинг и продажба – и во однос на дигиталните платформи и на физичките. Технологијата – особено, дигиталните канали - ќе продолжи да доминира во идните стратегии за маркетинг и продажба. Побарувачката за способност за сегментација ќе порасне со обидот на компаниите да се обраќаат на различни популации на потрошувачи, кои очекуваат приспособени производи и услуги, како и високо ниво на услуги. Менаџерите на маркетинг и продажба ќе управуваат со работна сила која пораснала во дигиталната доба и ќе услужуваат клиенти кои имаат сe’ поголема желба за брзина и лесна интеракција.
35
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
години, како одговор на недостигот од умешност за бизнис кај ИТ-персоналот се јави нова позиција – главен ИТменаџер (CIO). На оваа функција се наоѓаше главен менаџер кој ги разбираше новите технологии, но и нивната примена во бизнис-стратегиите. Овие нови членови на извршниот тим успеаја да ја подобрат комплексната врска меѓу бизнис-лидерите и ИТсекторот. Тие не се занимаваа ексклузивно со самата технологија, беа понасочени на тоа како со неа може да се постигне конкурентна предност и повеќе се фокусираа кон лидерство и организациска ефикасност. Во меѓувреме, се јави уште еден феномен: глобализацијата. ИТ менаџерите мораа да се справат со интеграција и стандардизирање на процесите и платформите во мноштво компании, групациски работења и региони. Потоа, со финансиската криза 2008-2009 година, бизнис-потребите одново се променија. Иако ИТ-секторот подобро се усогласи со бизнисот (барем кога станува збор за подобрување на односите), ИТ-менаџерите сега мораа да донесуваат комплексни одлуки засновани на ригорозни анализи за враќањето на инвестициите. Нивната работа помалку се сведуваше на добро управување со проекти, а повеќе на добро управување со вистинските проекти. Поголемите технолошки трошоци мораа да се оправдаат. Голем број ИТ-менаџери се најдоа во нешто што ги надминуваше нивните
можности: функција што бара лидер кој ја разбира сè поголемата комплексност на бизнисот и како се вкрстуваат ИТ-стратегијата, бизнис-стратегијата, управувањето со ризици и финансиите. Во догледна иднина се очекува зголемување на побарувачката за софистициран микс на вештини, кога е во прашање позицијата на главен ИТ-менаџер. Компаниите ќе бараат „хибридни“ ИТ-менаџери, кои нема да имаат само познавања од бизнисот, туку и искуство во анализи, организациски дизајн и инфраструктура и ќе знаат како да го поврзат тој холистички систем со кој ќе го поддржат глобалниот раст. Во голем број случаи претходното комерцијално искуство ќе биде предност. Познавањата од областа на продажба и маркетинг ќе бидат добредојдени кога се во прашање иницијативите за интернет-трговија, како и тие од областа на управување со синџир на набавки и логистика. Најбараните ИТ-менаџери ќе знаат како компаниите можат да го искористат океанот од информации кои ги собираат. Како што објаснува главниот ИТ-менаџер од една глобална компанија за стока за широка потрошувачка, „Околу нас се случува експлозија на податоци, но се чувствуваме подготвени да ја истражиме оваа можност и да ја употребиме како конкурентна предност во нашите компании. Начинот на кој ги споделуваме нашите идеи и добиваме фидбек од потрошувачите е многу нов и возбудлив“. nnn
НОВИ БАРАЊА ЗА ФИНАНСИСКИОТ ДИРЕКТОР u Искуство кое одговара на
моменталните потреби на компанијата – на пример, искуство во купувања и спојувања ако станува збор за компанија која расте или силна контрола ако станува збор за компанија која доживеала преуредување или повреди на приходите
u Намален фокус на
сметководствените вештини, а зголемен фокус на стратешкото размислување
u Способност да се пронајде
поврзаност меѓу сметководството и новите бизнис-модели и стратегии;
u Разбирање на ризиците и умешност
да се балансира со нив при работењето
u Посилен надворешен фокус,
особено кога станува збор за инвестициски односи (иако финансиските директори треба и понатаму да бидат добри контролори на сметководственото поле)
u Глобален, наместо национален,
финансиски пристап.
ЈУНИ 2021
36 МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
НОВИ БАРАЊА ЗА ГЛАВНИОТ МЕНАЏЕР НА МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА u Значително секторско искуство; u Искуство со справување со
предизвиците и можностите во маркетингот, како последица од појавата на нови канали;
u Способност да се биде единствено
лице за контакт на извршниот директор во однос на маркетинг, продажба и интернет-трговија;
u Познавање на софистицирана
технологија, поради тоа што дистрибуцијата станува неутрална во однос на каналите; вештина за управување со односите меѓу трговските и технолошките менаџери;
u Вештини за управување со кризи и
со репутацијата;
u Способност за промовирање на
транспарентност и управување со заедницата на потрошувачи и јавните дискусии;
Главен финансиски директор
Пред почетокот на 21 век типичниот финансиски директор бил „бројач на пари“, претежно одговорен за финансиски извештаи, прецизно мерење на постигнатите резултати и управување со процесот на ограничена власт во компаниите. Финансискиот директор поседувал сметководствени и финансиски способности, како и силни квантитативни вештини, но нивниот делокруг бил прилично тесен и најчесто бил ограничен само на нивниот сектор. Типичниот финансиски директор најчесто бил национално насочен, дури и во компании со меѓународни претставништва, водејќи се од теоријата дека регулаторните разлики ги прават глобалните финансии премногу комплицирани. Но, денес регионалните разлики се поголеми од кога било, а меѓународните компании го немаат луксузот да ги чуваат финансиите во рамките на географските граници. Управувањето со финансиите на некоја компанија стана исклучително сложено. Повеќето големи компании имаат и шеф на сметководство покрај финансискиот директор, а тој, пак, има многу постратешка улога. Како што објаснува финансискиот директор на една голема американска малопродажна компанија, пред една деценија тој бил добар „клучар“, но бизнисот го гледал претежно низ призмата на сметководството, а не преку призмата на стратегија и создавање вредности. Ова не е случај со денешните финансиски директори. Главната финансиска позиција денес
подразбира и помагање на извршниот директор и бизнис-лидерите да се најдат нови можности и да се проценат сттратешките и финансиските заслуги и ризици. Бидејќи управувањето со ризици добива се’ поголемо внимание во рамките на компаниите – прво, кога се очекуваше Y2K, а потоа, по случувањата на 11 септември 2001 година и бизнис-скандалите – шефот на финансии се претвори во партнер на извршниот директор при донесувањето амбициозни, но рационални одлуки за широк спектар на прашања. Претходно управувањето со ризици не беше популарна дисциплина и ретко влегуваше во директорската агенда, па финансиските директори мораа да се подготват за тоа. Главната финансиска позиција денес бара многу пошироки познавања отколку претходно. Како што истакна пензионираниот шеф на финансии од една американска компанија за производство, финансиските директори денес треба да имаат искуство со капиталните пазари, спојувања и информатичките технологии. Во многу бизниси од финансиските директори се бара да играат поактивна улога во управувањето со надворешни акционери, особено со инвестициски преговори. Исто така, се очекува да имаат искуство и во останатите корпоративни функционални области – и да ги поттикнуваат своите подредени
да извршуваат вкрстени задачи со цел да ги прошират и продлабочат вештините на нивните тимови. Идниот финансиски директор ќе дејствува на глобално ниво, во повеќе временски зони и редовно ќе соработува со нефинансиските бизниссектори во врска со иницијативите за раст и меѓународно проширување. Поради тоа, ќе им бидат потребни трговски осет и глобално размислување (некои од најдобрите компании сега на своите финансиски лидери им доделуваат меѓународни задачи, со цел да развијат таков начин на размислување). И додека денешните финансиски директори треба да можат да развиваат и применуваат системи и процеси со кои ќе се мерат буџетот и резултатите, во иднина од нив ќе се бара да обезбедуваат моментални работни и финансиски податоци и анализи за менаџерскиот тим. Тие ќе продолжат да ги извршуваат традиционалните функции поврзани со управување на финансиите, намалување на трошоците и воспоставување на соодветна контрола, но стратешкото размислување ќе биде поважно. Еден пензиониран шеф на финансии смета дека за идниот финансиски директор #задачата да биде главен придонесувач за компетитивната предност на фирмата ќе биде посуштинска отколку останатите аспекти на неговата традиционална улога#.
37
ЛИДЕРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
БЕРНАР АРНО ПАРИТЕ СЕ САМО ПОСЛЕДИЦА НА ДОБРО ЗАВРШЕНАТА РАБОТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУПАЦИЈАТА LVMH
Французинот Бернар Арно ги наполни светските насловни страници изминатава недела откако застана на челото на листата најбогати луѓе на светот, пред американските милијардери Џеф Безос и Илон Маск. Богатството на Арно се искачи до фантастичните 186,3 милијарди долари по вртоглавиот скок на цената на акциите на LVMH, конгломератот каде што Арно е шеф и најголем акционер, инаку групација под чија капа влегуваат цела дузина брендови од т.н. луксузен сегмент: Луј Витон, Фенди, Диор, Мое Шандон, Дом Перињон...Откако почнаа вакцинациите и постепените отворања на светските економии, овој сегмент на потрошувачки стоки забележа зголемено ниво на продажба и со тоа акциите на компаниите од овој бизнис нагло пораснаа.
Забавно ми е да се обидувам да ја трансформирам креативноста во бизнис реалност, низ целиот свет. За да го сторам тоа, мора да сум поврзан со иноватори и дизајнери, но исто така, нивните идеи да ги направам конкретни и употребливи.
Парите се само последица. Секогаш му велам на мојот тим, не грижете се премногу за профитабилноста. Ако си ја завршите добро работата, профитабилноста ќе дојде.
Креативност – да, но реализирана на начин што луѓето ќе го сакаат крајниот резултат и ќе може да го користат.
ЈУНИ 2021
Целта на еден стартап не е само колку да се каже модерен збор како „стартап“. Целта на стартапот треба да е да порасне и да стане голема компанија.
Ме интересира само промоцијата на моите брендови, никогаш мојата лична.
Во бизнисот, мислам дека најважната работа е да се позиционирате себеси на долг рок и да бидете трпеливи, а јас сум по природа нетрпелив морам да го контролирам тоа кај себе.
ЈУНИ 2021
38 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
ДАЛИ СТЕ САБОТИРАНИ ОД СОПСТВЕНАТА ЦЕЛ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ ПОГОЛЕМА ПРОДАЖБА?
О
вие прашања упорно ни се врежуваат во глава, и тоа со добра причина. Голем број професионалци за продажба, често се притиснати да достигнат норма или да се здобијат со одредено ниво на професионалност. Месечните продажби го насочуваат вниманието кон премијата и крајниот резултат, но тие исто така можат да нанесат повеќе штета отколку да донесат благодет, пишува Harvard Business Review. Често ги слушаме продавачите како велат, „Резултатите не се остваруваат
доволно брзо.“ На крајот од секоја месечна продажба, стресот и фрустрацијата се тие кои преовладуваат, а продавачите се обидуваат најдобро што можат да ја заокружат продажбата и да ги добијат очекуваните резултати. Ако продажбата е, во еден дел, пренос на чувства, помислете на чувствата кои им ги пренесувате на вашите потенцијални клиенти. Стресот и вознемиреноста кои се јавуваат при желбата да се оствари што поголема продажба, ненамерно ставаат уште поголем притисок врз вашите клиенти и уште од стартот создаваат една нездрава врска.
Парадокс
Иронично е тоа што постојаната навалица за постигнување на добра продажба ве држи фокусирани на целта и го одвлекува вложувањето напор подалеку од усовршу-вањето на процесот на продажба кој е неопходен за создавање на бизнис. Збрката која потоа произлегува од ова е „Премногу сум зафатен за да работам на моето усовршување. Морам да достигнам норма“. Размислете за овој парадокс: Резултатот е процес. Со други зборови, што ако го пренасочите вниманието подалеку од вашата норма или крајниот резултат и го
39
ЈУНИ 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1103
u Дали ги соборувате
вашите рекорди?
u На колку повици
одговоривте денес?
u Колку високо
квалитетни договори закажавте за овој месец? u Колку нови зделки склучивте овој месец? насочите кон процесот на усовршување? Сепак, што е целта на јадењето пакување чоколаден сладолед: да се стигне до крајот или да се ужива во секој залак? А што е со целта што си ја поставуваме при режимите на вежбање? Ако тоа не ви е професионалност, целта е да се одржи здравјето, виталноста и поради лична сатисфакција. Истото ова важи и за мерењето на продукти-вноста, одржувањето на мирен дух и чувството на исполнетост и достигнување на крајот од денот. Сепак, вие не го правите резултатот; вие го извршувате процесот. Резултатот е природен нуспродукт на сопствените напори. Во тоа е парадоксот. Со искажувањето почит кон процесот, можете да уживате во предноста што ќе знаете дека со сигурност ќе ги постигнете вашите цели, затоа што процесот ќе ви даде сè што сакате. Замислете да треба да градите куќа без шематски план!
Водени од процесот, а не од резултатот
За да се постигнат подобри резултати, мора да го промените она што досега сте го правеле или да го промените начинот на размислување. За и понатаму да ги надминувате вашите цели за подобра продажба и подобро да си ја контролирате умствената состојба, променете го вашето мислење да стане водено од процесот, а не водено од резултатот. Запрашајте се дали во моментот имате процеси- за продажба, потенцијални, за склучување зделка, управување со време, служба за клиентите- на кои можете да им верувате. Кога ќе го погледнете вашиот дневен распоред, дали тој ги нагласува специфичните задачи и активности во кои треба да се ангажирате за да ве движат кон вашата цел? Исходот е дека продавачите кои се фо-кусираат само на крајниот резултат, немаат процес во кој имаат доверба. Како такви, тие се повеќе сконцентрирани на контролирањето на исходот; настојувајќи да го добијат она што го сакаат, а не обрнуваат внимание на процесот. Всушност, не можеш да му веруваш и управуваш со процесот, доколку воопшто немаш процес! Обидот да се постигне што повеќе, без процес кој ќе ве води, е како да возиш со кола од Њујорк до Калифорнија без патна
КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ
ПЛАН ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО XОрганизација X на време. Завршете ги задачите. – Не одолговлекувајте X XБидете сигурни дека се концентрирате на важните работи – Одредете ги приоритетите во работата X XРазмислете како навистина го минувате времето – Дневник на активности X XПланирајте го решавањето на проблемите – План за работа
карта и со врзани очи. Не само што ова е стресно, туку со сигурност ќе залутате некаде подалеку од вашата предвидена дестинација. Одвојте време за развој на вашиот процес за постигнување на секоја ваша замисла, со цел да имате јасна слика пред вас. За почеток, направете преглед на вашите претходни успешни зделки. На пример, ако сакате да склучите одреден број зделки секој месец, кои секојдневни активности ќе ви помогнат да ја постигнете таа цел? Кои вештини и средства треба да се подобрат? На пример, работете на подобрувањето на вашето пропратно писмо или email, направете добар образец за апликација на идните клиенти и подобар пристап кон говорните пораки, и почесто праќајте повратни информации. Самото размислување и извршување на овие задачи, ви го насочува вниманието на процесот.
Познавање на сопствените граници
Кога еднаш ќе си ја одредите насоката и ќе создадете формула за успех по која ќе работите - X број на повици дава
X XПочнете со поважните задачи – Листа со приоритети X XОдлучете кои се вашите лични приоритети – Одредување на лични цели X XПланирајте како најдобро да го искористите вашето време – Ефективен распоред на задачите X XПреглед на резултатите од менаџментот на време Ретроспектива
X број на потенцијални клиенти кои даваат X број на продажба - овозможете правењето, кое е во процесот, да биде наградата и задоволството, а не само крајниот резултат. Вака сами ќе бидете одговорни за вашите идни цели, без да се грижите за нив. Ако и понатаму ја продолжите потрагата фокусирани на целната линија, нема да уживате во патувањето. Затоа, внимавајте иднината да не ве фати на јадица и уживајте во процесот на постигнување цели денес. Познавањето на сопствените граници, ви дава слобода да му верувате на процесот кој сте го усвоиле. Сепак, секогаш има недовршени работи. Секогаш има нешто да се доврши на работа, по дома, или во вашиот живот; уште еден повик кој треба да се направи или e-mail да се прочита. Поминувањето на месечната норма на продажба ќе биде резултат на заедничките напори кои ги правите и секојдневните активности во кои се ангажирате. Кога сте свесни за процесот, имате можност да ги препознаете и да им се радувате на своите достигнувањадури и на најмалите- подобро отколку да настојувате и да чекате да дојде „крај“. Но всушност, дали тој некогаш доаѓа?
nnn