1104- Kapital magazine

Page 1

БАНКИ ИАКО ПАНДЕМИЈАТА И ПОНАТАМУ ОСТАНУВА ГЛАВНИОТ РИЗИК

business magazine

РЕЧИСИ 80% ОД ДОМАШНИТЕ БАНКИ ОЧЕКУВААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТА ГОДИНАВА

БРОЈ 1104 l 11 јуни 2021 петок година 21 l www.kapital.mk

РЕГИОН ПО САНКЦИИТЕ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ ВЛАСТИ

КРАЈ НА ЕРАТА “ПЕЕВСКИ“ ВО БУГАРИЈА

COVER STORY БУЏЕТОТ СЕ НАПОЛНИ СО ПАРИ И ОПТИМИЗАМ

СВЕТ ИСТОРИСКИ ДОГОВОР НА НАЈРАЗВИЕНИТЕ СЕДУМ ЗЕМЈИ (Г7)

INTERVIEW

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ претседател на Република Северна Македонија

ПАРТИЗАЦИЈАТА И ЕТНИЗАЦИЈАТА СЕ РАК - РАНА НА ОПШТЕСТВОТО КАРИЕРИ

ДАЛИ ГИ ПОДОБРИВТЕ ВАШИТЕ ВЕШТИНИ ВО ПАНДЕМИЈАТА

СВЕТ

ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА ЗА БЕРЗИТЕ

ЗБОГУМ НА ДАНОЧНИТЕ РАЕВИ, ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ДА БИДЕ МИНИМУМ 15%



3

КАПИТАЛ... 1104 4

10

Интервју

COVER STORY

Охрабрувачки знаци за заздравување на економијата

Стево Пендаровски претседател на државата

Партизацијата и етнизацијата се рак-рана на општеството

Буџетот се наполни со пари и оптимизам

KAPITAL.MK I БРОЈ 1103

24

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Уште една прекрасна изведба на легендарната песна и благородна акција во едно „Чукни во дрво“: Алкалоид со хуманитарен видеспот по повод 85-от јубилеј

16

БАНКИ И ФИНАНСИИ

Иако пандемијата и понатаму останува главниот ризик Речиси 80% од домашните банки очекуваат зголемување на профитабилноста годинава

26

32

По санкциите од американските власти за шест бугарски моќници

Историски договор на најразвиените седум земји (Г7)

РЕГИОН

СВЕТ

Збогум на даночните раеви, данокот на добивка да биде минимум 15%

Крајот на ерата “Пеевски“

COVER STORY Охрабрувачки знаци за заздравување на економијата............................................................4 Буџетот се наполни со пари и оптимизам ИНТЕРВЈУ Стево Пендаровски, претседател на државата........................................................................10 Партизацијата и етнизацијата се рак-рана на општеството БАНКИ И ФИНАНСИИ Иако пандемијата и понатаму останува главниот ризик.........................................................16 Речиси 80% од домашните банки очекуваат зголемување на профитабилноста годинава

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ Уште една прекрасна изведба на легендарната песна и благородна акција во едно..........................................................24 „Чукни во дрво“: Алкалоид со хуманитарен видеспот по повод 85-от јубилеј

36 СВЕТ

Пазари на капитал

Инвеститорите немаат алтернатива за берзите во моментов

СВЕТ Пазари на капитал................................................36 Инвеститорите немаат алтернатива за берзите во моментов

РЕГИОН По санкциите од американските власти за шест бугарски моќници........26 Крајот на ерата “Пеевски“

КАРИЕРИ Секое зло за добро или... што после короната?.........................................40 Ја искористивте ли пандемијата за подобрување на своите вештини и знаење

СВЕТ Историски договор на најразвиените седум земји (Г7).......................................................32 Збогум на даночните раеви, данокот на добивка да биде минимум 15%

ЛИДЕРИ Ричард Бренсон, основач на Вирџин Галактик.....................44 Вселенските патувања ќе бидат како и секој друг бизнис

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 10.06.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ЈУНИ 2021


ЈУНИ 2021

COVER STORY 4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

БУЏЕТОТ СЕ НАПОЛНИ СО ПАРИ И ОПТИМИЗАМ Државната каса годинава се полни значително повеќе отколку лани. Во првите четири месеци, наплатата на сите јавни давачки изнесува 1,1 милијарда евра што е 11,7% повеќе отколку истиот период лани. По одделни даноци, наплатата на ДДВ, кој што е показател и за економската активност, годинава е зголемена за 27,7% споредено со првите четири месеци лани. Од сите даноци заедно, од јануари до април наплатени се 18% повеќе пари отколку лани, додека пак од придонеси, 5,7% повеќе. Охрабрувачки се и податоците за закрепнувањето на економската активност, особено ако се погледне динамиката на извозот и индустриското производство. Оптимистичките податоци за динимиката на полнење на државната каса од почетокот на годината ги поттикна властите да го ревидираат и Буџетот. Со ребалансот, се покачуваат и приходната и расходната страна на Буџетот и тоа, приходната за 4,7%, додека расходната за 8,6% во однос на иницијалниот Буџет.


ОХРАБРУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗАНА ЕКОНОМИЈАТА ОХРАБРУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

5

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104


ЈУНИ 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Потрошувачката, исто така, е предвидено да го поддржи растот на домашната побарувачка. Приватната потрошувачка се очекува да забележи реален раст од 4%, во услови на враќање на довербата и оптимизмот со масовната вакцинација, опоравување на дознаките од странство, поддржана и од преземените фискални мерки за справување со пандемијата. Позитивни ефекти врз приватната потрошувачка се очекуваат и од кредитната поддршка на банките.

автор:

Д

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ ржавната каса годинава се полни значително повеќе отколку лани. Во првите четири месеци, наплатата на сите јавни давачки изнесува 1,1 милијарда евра што е 11,7% повеќе отколку истиот период лани. По одделни даноци, наплатата на ДДВ, кој што е показател и за економската активност, годинава е зголемена за 27,7% споредено со првите четири месеци лани. Од сите даноци заедно, од јануари до април наплатени се 18% повеќе пари отколку лани, додека пак од придонеси, 5,7% повеќе. Охрабрувачки се и податоците за закрепнувањето на економската активност, особено ако се погледне динамиката на извозот и индустриското производство. Во првите четири месеци, производството

во индустријата е за 3,7% поголемо отколку истиот период лани, меѓутоа евидентно е наглото зголемување во април кога растот изнесува 46,1% на годишно ниво. Извозот, пак, од јануари до април е зголемен за 40,7% забележувајќи огромен скок во четвртиот месец кога е речиси тројно поголем споредено со истиот период лани. Очигледни се позитивните трендови во економијата од месец април, додека пак првиот квартал според најновите податоците за движењето на бруто домашниот производ, се уште е во негатива од 1,9%. Oптимистичките податоци за динимиката на полнење на државната каса од почетокот на годината ги поттикна властите да го ревидираат и Буџетот. Со ребалансот, се покачуваат и приходната и расходната страна на Буџетот и тоа, приходната за 4,7%, додека расходната за 8,6% во однос на

иницијалниот Буџет. „Ребалансот на Буџетот е во насока на поддршка на развојот и растот на економијата, со фокус на капиталните инвестиции, стимулирање на стопанството, обезбедени се плати, пензии, субвенции за земјоделството, притоа не изостанува и поддршката за ранливите категории граѓани“, рече премиерот Зоран Заев кој заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими го презентираа утврдeниот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2021 година. Премиерот Заев истакна дека станува збор за продуктивен ребаланс што ги следи економските состојби, со запазена домаќинска грижа за јавните средства и максимална посветеност на справувањето со пандемијата. „Економијата е стабилна и ќе расте. Владините проекции за раст на економијата остануваат 4,1% и со ребалансот на Буџетот. Поволното


ОХРАБРУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

Ребалансот на Буџетот е во насока на поддршка на развојот и растот на економијата, со фокус на капиталните инвестиции, стимулирање на стопанството, обезбедени се плати, пензии, субвенции за земјоделството, притоа не изостанува и поддршката за ранливите категории граѓани. Од една страна, тука е навистина добрата наплата на приходите изминатите месеци, а од друга страна тука се потребите што треба да се обезбедат, како повеќе средства за ковидмерките, потоа зголемени потреби за здравство и вакцини, средства за земјоделството и поддршка на социјалните категории.

меѓународно окружување и процесот на масовна имунизација во земјата се очекува да влијаат позитивно врз очекувањата и довербата на домашните инвеститори. Во таа насока, инвестициите ќе имаат значајна улога во постепеното интензивирање на економијата“, изјави Заев.

Позитивни прогнози за двигателите на растот

Според најновите проценки на властите, реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8% во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции. Потрошувачката, исто така, е предвидено да го поддржи растот на домашната побарувачка. Приватната потрошувачка се очекува да забележи реален раст од 4%, во услови на враќање на довербата и оптимизмот со масовната вакцинација, опоравување на дознаките од странство, поддржана и од преземените фискални мерки за справување со пандемијата. Позитивни

ФАТМИР БЕСИМИ

министер за финансии

Порастот на капиталните расходи од 26,9% е резултат на обезбедува-њето потребни средства за реализација на дел од мерките на Владата, а коишто се однесуваат на кредити со 0% камата преку Развојната банка за најпогодените сектори. Кај буџетските корисници планирано е обезбедување дополнителни средства за капитални инвестиции за реконструкција на јавните здравствени установи, потоа инвестиции во областа на детската заштита, за реконструкција и опремување старски домови и опремување центри за лица со попреченост, во областа на патната инфраструктура, дополнителни средства за социјални станови, како и зголемен износ на средства за рурален развој.

ефекти врз приватната потрошувачка се очекуваат и од кредитната поддршка на банките. Растот на јавната потрошувачка е проектиран на 4,3% на реална основа, којшто делумно се должи на расходите за справување со пандемијата. Извозот на стоки и услуги се предвидува да забележи реален раст од 10,6%. Растот на извозната активност и на домашната побарувачка во 2021 година условуваат зголемен увоз на стоки и услуги, којшто се очекува да се зголеми за 11% на реална основа. „Креираме поволен деловен амбиент за отворање нови работни места, поттикнати преку активните мерки и програми за вработување и поддршката за отворање нови работни места“, додаде Заев и потенцираше дека растот на довербата на инвеститорите, новите инвестициски циклуси, значат раст и на побарувачката за работна сила. Според Владата, бројот на вработени годинава треба да се зголеми за 1%,

7

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

што ќе придонесе просечната стапка на вработеност да се зголеми на 47,5%, додека стапката на невработеност да се намали на 15,8%. „Од една страна, тука е навистина добрата наплата на приходите изминатите месеци, а од друга страна тука се потребите што треба да се обезбедат, како повеќе средства за ковид-мерките, потоа зголемени потреби за здравство и вакцини, средства за земјоделството и поддршка на социјалните категории“, истакна Заев. Со овој ребаланс, планирани се дополнителни 14,7 милијарди денари за тековни трансфери коишто се однесуваат пред сè на потребните средства за имплементирање на економските мерки за справување со пандемијата. Расходите за исплата на плати се проектирани на ниво од 31,6 милијарди денари во што е вклучен ефектот од строга контрола на нови вработувања со цел оптимизација на јавната администрација и исплата на регрес за годишен одмор согласно Гранскиот колективен договор за органи на државна управа, општини, Државно правобранителство, обвинителство, фондови, агенции. Премиерот додаде дека во расходите за субвенции и трансфери е планирана поддршка на земјоделскиот сектор со обезбедување дополнителни 3 милијарди денари, како и обезбедување средства за студентски оброк и дополнителни средства за радиодифузната дејност.

Планирани повеќе капитални инвестиции

ЈУНИ 2021

Капиталните расходи или инвестиции се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година, што е за 26,9% повеќе. „Со овие измени и дополнувања на Буџетот за 2021 година извршено е редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. Наша цврста заложба е да инвестираме во трајни добра. Се фокусираме на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина“, рече Заев. Министерот за финансии Бесими истакна дека и Владата и експертската јавност и меѓународните финансиски институции се согласни дека фискалниот стимул за стопанството и граѓаните мора да продолжи до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економски раст. Во насока на зголемување на капиталните инвестиции во Буџетот, тој посочи дека е извршено редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. „Порастот на капиталните расходи од 26,9% е резултат на обезбедувањето потребни средства за реализација на дел од мерките на Владата, а коишто се однесуваат на кредити со 0% камата преку Развојната банка за најпогодените


ЈУНИ 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

БРОЈКИ ЗА ПРВИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ОД 2021* (во споредба со истиот период лани)

27,7%

е повисока наплатата на ДДВ

18%

е повисока наплатата на сите даноци заедно

5,7%

е повисока наплатата на придонеси

3,7%

е повисоко индустриското производство

40,7% е зголемен извозот

* Во месец април има голем пораст на индустриско производство(46,1%) и извоз(40,7%), поради катастрофално лошиот април во 2020 – последица на корона – локдаунот.

Извозот на стоки и услуги се предвидува да забележи реален раст од 10,6%. Растот на извозната активност и на домашната побарувачка во 2021 година условуваат зголемен увоз на стоки и услуги, којшто се очекува да се зголеми за 11% на реална основа.

сектори од областа на туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани, приватните здравствени установи и др; кредитна гарантна шема преку Развојната банка во периодот април – октомври 2021 година и формирање Фонд за поддршка на истражување и развој преку Развојната банка. Кај буџетските корисници планирано е обезбедување дополнителни средства за капитални инвестиции за реконструкција на јавните здравствени установи, потоа инвестиции во областа на детската заштита, за

реконструкција и опремување старски домови и опремување центри за лица со попреченост, во областа на патната инфраструктура, дополнителни средства за социјални станови, како и зголемен износ на средства за рурален развој“, рече Бесими. Тој посочи и дека новини во Буџетот се нова подпрограма за зелен развој, нови инструменти, како развојна обврзница и зелена обврзница во коишто ќе можат да инвестираат граѓаните, а истите ќе бидат наменети исклучително за инвестиции и зелен (одржлив) развој, како и Планот за финансирање забрзан раст којшто

ќе овозможи нови инвестиции и нови работни места, а ќе биде презентиран наскоро. На прес-конференцијата и премиерот и министерот за финансии уверуваа дека Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, околу 8 милијарди евра, ќе се реализира и истиот претставува дополнителен стимул за економски развој преку реализација на конкретни проекти. Најголемите инвестиции се планирани во енергетиката, гасификацијата, туризмот, здравството, преработувачката индустрија, производството. Според нив, владините приоритети до


ОХРАБРУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија.

Подобра перспектива на среден рок

Властите очекуваат следните пет години економијата да расте со стапки кои се доближуваат и до 6% на годишно ниво. „На среден рок, стапките на економски раст ќе надминат 5%. Согласно основното

среднорочно сценарио, економскиот раст во 2021 година е проектиран на 4,1%, а потоа 4,6% во 2022, 5,2% во 2023, 5,6% во 2024, 5,9% во 2025 и 5,7% раст во 2026 година. Просечниот раст за овој период би бил 5,4%. Основното сценарио се заснова на стојалиштето дека економијата ќе заздрави во 2021 година, по што ќе се интензивира економскиот раст“, пишува во најновата Фискална стратегија. За разлика од Владата, високите стапки на економски раст ги нема во долгорочните прогнози на меѓународните финансиски институции. Според ММФ, растот на економијата следните пет години може да достигне највисоки 4%. Според ММФ, постоењето на кредибилна среднорочна фискална стратегија може да помогне во решавањето на потребите од инвестиции во државата, истовремено создавајќи простор за фискален маневар. „Инвестицискиот план на Владата е амбициозен и истиот треба да биде придружуван од дополнителни подобрувања во управувањето со јавните инвестиции, во насока на решавање на „тесните грла“, подобрување на ефикасноста на трошењата и ограничување на фискалните ризици. Напорите за подобрување на наплатата на приходите би овозможиле простор за подобрување на продуктивните трошоци во области како што се здравство, образование и инфраструктура. Постоењето на успешни јавни инвестиции ќе го поттикне растот и ќе помогне во трансформирање на економијата, но за да се заштити одржливоста на долгот, од суштинско значење е да се има сеопфатна фискална стратегија која, меѓу другото, ќе биде изградена врз реални претпоставки за раст“, пишува во последниот Извештај на ММФ по завршувањето на мисијата во земјава. Народната банка, на среден рок исто така предвидува натамошно закрепнување, но економскиот раст да биде 3,9% догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%. „Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Стапката на невработеност ќе се намали на 8,6%, стапката на вработеност ќе се искачи на 54,3%, просечната плата ќе расте со просечна стапка од околу 4%, бруто-инвестициите во 2026 година ќе се зголемат до 36,2%, додека извозот ќе расте со просечна стапка од околу 8,8%. Ова се проекции дадени во Фискалната стратегија 2022-2024, со изгледи до 2026 година, со којашто се продолжува практиката на Министерството за финансии со претходната ревидирана Фискална стратегија за подолгорочно планирање, со проекции за 5 наместо за 3 години. Владата вели дека државната поддршка преку различни економски мерки ќе продолжи во 2021 година, со цел поддршка на домашната економија за нејзино побрзо заздравување и создавање основа за повисок економски раст на подолг рок.

9

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Во однос на надворешното окружување, се очекува постепено стабилизирање на глобалните синџири за снабдување и раст на странската побарувачка, кои, заедно со намалените притисоци од пандемијата во глобални рамки, се очекува позитивно да влијаат врз домашните економски текови во наредниот период, како врз трговската размена така и врз инвестициите и потрошувачката. Поволното меѓународно окружување и процесот на масовна имунизација во земјата се очекува да имаат позитивно влијание врз очекувањата и довербата на домашните економски субјекти и склоноста за инвестирање и потрошувачка. Инвестициите ќе имаат значајна улога во заздравувањето на економијата и нејзиното постепено интензивирање. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8% во 2021 година, а во периодот 2022-2026 година инвестициите се очекува да забележат просечен годишен раст од 8,8%. „Растот на инвестициите се заснова на очекуваниот раст на приватните инвестиции, во услови на постепено зголемување на довербата на деловните субјекти, поинтензивен прилив на странски инвестиции, очекуваниот фискален импулс, којшто ќе биде канализиран преку зголемени капитални расходи, но и зголемена поддршка за развој на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, поддршка на иновативната дејност и технолошкиот развој на претпријатијата“, пишува во Стратегијата. Извозот на стоки и услуги, со исцрпување на неповолните економски ефекти од пандемијата, како и со заздравување на глобалните синџири на производство и на надворешната побарувачка и повисока искористеност на производствените капацитети во земјата, се предвидува да забележи реален раст од 10,6% во 2021 година. На среден рок, во услови на очекувано стабилизирање на растот на надворешната побарувачка и зголемување на извозниот потенцијал во земјата преку прилив на странски инвестиции, извозот се очекува да има силен придонес врз економскиот раст, односно предвидено е да забележи просечен реален годишен раст од 8,8% во периодот 2022-2026 година. Според основното макроекономско сценарио, во 2021 година се очекува раст на бројот на вработени од 1%, додека во периодот 2022-2026 година се очекува раст на вработеноста со побрзо темпо, односно проектиран е просечен годишен раст од 3,6%. Растот на вработеноста во овој период се очекува да се одрази и врз понудата на работна сила, којашто е проектирано да се зголемува просечно за 1,7% годишно. „Ваквите движења на пазарот на трудот ќе придонесат просечната стапка на невработеност во 2026 година да се намали на 8,6%, додека просечната стапка на вработеност да се зголеми на 54,3%. Растот на просечната нето-плата во овој период се очекува да изнесува 3,8% годишно на номинална основа, со изгледи за умерено интензивирање на растот во чекор со продуктивноста“, пишува во Стратегијата. nnn


ЈУНИ 2021

10 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104


INTERVIEW

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПАРТИЗАЦИЈАТА И ЕТНИЗАЦИЈАТА СЕ РАК-РАНА НА ОПШТЕСТВОТО Со претседателот Стево Пендаровски разговаравме на една многу важна тема - европските перспективи на граѓаните и на младите насликани преку нивните секојдневни битки со слабостите на системот - нефункционални и партизирани институции, но и слаби образовни и економски политики. Претседателот е дециден во пораката дека токму злоупотребата на системот на меритократијата е една од клучните причини за разочараноста на новите генерации, не само од политичката елита и од политиката како процес, туку и од самата држава.

11

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104


ЈУНИ 2021

12 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА XX Претседателе, имаат ли младите во Македонија перспективи и дали се тие европски? На хартија - да. Но, за жал во практичниот живот се помалку гледаме од таа европска перспектива. И низ праксата, но и низ годините и истражувањата гледаме дека тоа е една од главните мотивации за младите да останат во таа земја. Јас пред две години бев предмет и на критики и на пофалби за една изјава што ја дадов на конференција за млади во Нови Сад. XДа, X се сеќавам, рековте дека ако не сте претседател и Вие би се отселиле… Јас мислам дека нема ништо повистинито од тоа. Зошто? Ако Вие сте сега на пример на 20 години и до сега чекате 16 години со статус на кандидат за да почнете преговори и ако денеска ги почнете тие минимум ќе траат 6, 7, 10 години (секои нови траат повеќе) и сега како ќе му објасните на секој млад човек, и на секој човек, кој има само еден живот на располагање дека треба да чека 30 години за влез во таа Европа, каде стандардот ќе биде повисок и сите стандарди во образование, работа, животна средина… За жал, кабаетот е кај нас, кај политичките елити кои изминативе децении не беа на висината на таа задача, нема бегање од тоа, но мислам и дека Западниот Балкан и ние како регион практично сме на маргините на европската агенда. Без европската супервизија ние не можеме доволно брзо да стигнеме до европските стандарди. И за ова имав критика од некои наши поранешни функционери, но јас го реков тоа и не бегам од тоа. Ако ние имаме супервизија од Европа, нашата економија и цело општество ќе оди многу побрзо напред и за некои 20 години би можеле да дојдеме на денешниот европски просек на членките на ЕУ. Ако сме сами со практично никакво во историска смисла демократско искуство и во ваков еден регион ние ќе стигнеме таму за два до три пати подолг период и тоа е практично подолго од просечниот европски живот. XИ Xпремиерот го кажа тоа неодамна, дека Европа е кабаетлија во односот кон Македонија. Но, многуте истражувања на луѓе кои се занимаваат со проблематиката покажуваат дека за раст на евроскептицизмот кај младите голео влијание имаат и коруптивните скандали во општеството коишто демотивираат и бавната имплементација на реформите особено во делот на правдата и владеењето на правото. Како ги гледате овие домашни околности виза ви растечкиот евроскептицизам? Имаме многу лош извештај последнава година на Транспаренси Интернешанл и да не се лажеме и минатогодишниот беше лош - ако сега сме на 111 тогаш бевме на 105 место. Ги знам сите објективни околности - новата

политичка постава, 2016 и 2017 година што затекна во државата и дека треба долг пат да се измине за таа руина направена во претходната деценија од институциите и државата да се среди. Но, ние мораме побрзо да се движиме во таа насока, оти ако ги прашате младите зошто се иселувате од државата одговорот е тој. Или, на пример, има еден друг феномен што не се забележува само кај нас, а тоа е партиципативното учество на младите во политиката е на многу ниско ниво, не сакаат да учествуваат во политичкиот живот (зборуваме за млади од 18 до 28 години). Највозрасните најчесто учествуваат на избори, а младите не. А изборите се првичниот, иницијалниот чин на демократскиот процес. Тие не се задоволни од функционирањето на институциите. Прво, сметаат дека институциите се високо партизирани и дека без партиска книшка не можат ниту да се вработат, а камоли да направат кариера. И во последните години, со мали исклучоци во политиката на правичната застапеност, дел од институциите непотребно се етнизираат. Се распишува конкурс во којшто знаете дека одреден етникум мора да има даден број на места, а тоа не го пишува во конкурсот и таму конкурираат млади и од другите етникуми и одбиени се само затоа што не се од вистинскиот етникум. Во тој дел како држава моравме да бидеме попрецизни и појасни. Неспорна е потребата од правична и соодветна застапеност (годинава славиме 20 години од Охридскиот договор). Имаме огромни чекори направено во таа насока. Од 2,4 % застапеност на Албанците во администрацијата сега сме на 20 %. Но, дел од младите кои не припаѓаат на таа заедница си велат - кажете барем да не конкурираме. Корупцијата е исто проблем и претходно мислам дека младите се демотивирани и поради состојбите во образованието. XВо X која смисла? Младите не учат вештини во образовниот процес. Јас знам за неколку пионерски обиди низ годиниве во високо-образовните институции кога ги прашуваат стопанските комори какви кадри им требаат. За кога ќе излезат од клупите тие луѓе навистина да имаат шанса за вработување. За да немаме случаи да имаат парче хартија, диплома, а не и практична вештина. Па да не ги обвинуваме само бизнисмените кога велат ама немаме потреба од таков кадар. Еве јас да ви кажам колку беше лошо некогаш, а не мислам дека денес е драстично подобрено. Јас кога студирав на Правниот факултет во Скопје, во тие 4 години, осумдесеттите години се тоа, ние бевме само два пати на судење и немавме ниту една можност да напишеме тужба, жалба, било што… Излеговме со книшко знаење, а не со практично знаење. Не знам каква е ситуацијата сега на сите силни факултети што ги направивме во изминатите 20 години, ќе се изненадам ако е подобра.

Ова ниво на политичка култура кај нас, јас Ве убедувам, дека паметам подолго, го немаше не само во деведесеттите, туку ни во комунизмот. Доминираат лични навреди и квалификации, а не идеи. И најтешката квалификација за мене може да ја кажете на културен начин. Кај нас тоа не се прави. Тука има исклучоци и од нив треба да учиме, се разбира, но генерално, нивото на јавна дебата е на приземно ниво.

XНе X верувам дека е. Ќе се навратиме на образовните реформи. Претходно споменавте систем на меритократија во однос на имплементацијата на Рамковниот договор. Токму критиките и на поддржувачите на тој Договор се токму во насока дека се злоупотребува. Како да се испочитуваат обврските од Договорот, за којшто ќе се согласиме дека се неопходни, ама низ призмата на меритократија и квалитет? Проблемите за сите етникуми почнуваат во сферата на образованието, каде ние продуцираме деца што знаат фактографија, ама тоа знаење не можат да го продуцираат. Понатаму, политичките елити, од сите етникуми, не можеме да обвиниме една или друга или трета заедница, затоа што гледаа краткорочно - за следните избори, се грижеа повеќе да имаме бројки, како статистика за да кажеме дека правиме длабоки реформи. Присуството на сите етнички заедници е неопходно, во соодветен баланс, и една од причините за проблемите во 2001 беше тоа што во деведесеттите не сме воделе сметка за таа застапеност. Но, голата бројка што ќе ја презентираш на некој митинг па ќе кажеш - еве поради нас наместо 2 проценти имаме 8 или 10, тоа е


СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

една краткорочна политика што не води сметка за стратешките интереси. Стратешки интерес е да правите баланс помеѓу вештините на човекот и неговата етничка припадност. Ако водите сметка само за етничката припадност (еве да се само Македонци во прашање) тоа е етнизација. Етнизацијата и партизацијата е погубна за институциите. Тоа се двата клучни проблеми. Особено затоа што и оние кои биле во администрацијата и оние кои сега влегуваат немаат доволно европски вештини односно не ги опслужуваат граѓаните на неопходното ниво.

Треба подобра комуникацијата и презентација на новите образовни реформи XЌе X се согласиме дека образованието дефинитивно е клуч за сите промени и за отворање на овие перспективи за коишто зборуваме. Во моментов се актуелни образовните реформи односно најавите за нив. Гледаме силни реакции во општеството и различни коментари и критики. Како гледате на овие процеси не само суштински, од аспект на нивниот квалитет, туку и во однос на начинот на којшто се презентираат или се комуницираат со јавноста?

13

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Тоа се две различни прашања. XДа… X Ние политичарите имаме еден проблем, не само кај нас, туку и секаде во светот - како и најдобрата идеја да ја претставиме прво навремено на обичниот граѓанин за да не се исплаши. Луѓето се плашат од ново, влезени во една матрица на рециклирање на наученото од минатото не сакаат да учат ново. И мислам дека во тој дел на презентацијата има простор за големо подобрување. Пи Ар аспектот е многу битен. Јас тврдам дека значаен број на луѓе што протестираат на овие последните протести, да не зборувам за нивните родители, не знаат точно за што протестираат и што значи точно дигитализацијата во образованието. XИ Xкако е замислена… Да, како е замислена, во кои фази ќе се одвива, што во моментов сега како прва фаза се предлага. Инаку, не може да спорите за потребата од дигитализацијата, што е глобален процес, што пандемијата само ни го исфрли на површина и ни кажа - ова е иднината. Наместо само лошо, да видиме и нешто добро од тоа, наместо за 5 или 10 години да дојдеме до тој степен моравме побрзо

да се дигитализираме, целиот свет. Нема спор околу тоа. Не можам да сфатам зошто некој би бил против дигитализација кога сите ние и најмлади и најстари граѓани користат гаџети или разни апарати што ни го олеснуваат животот. Процесите што се почнати за осовременување на образованието се добри, мислам дека се и задоцнети, години наназад требало да се почнат. А околу презентацијата треба повеќе актери да се вклучат, медиуми, невладини, граѓани… XПа X и самата опозиција во има во својата програма вклучено планот за дигитализација И опозицијата треба да е вклучена. Е сега ако реши понатаму да бојкотира од политички причини тоа е легитимно. Но, значи медиуми во прв ред, невладини и граѓански здруженија мора да бидат вклучени повеќе во комуникацијата. Знаете, ние правиме кампањи или презентираме нешто дури откако ќе излезе работата во јавност и потоа со неколку спотови или пораки не може да се убедат луѓето. Штетата е веќе направена и не се допира до реципиентите на новото и одма има блок, наместо веднаш на почеток да се повикаат.


ЈУНИ 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

И Бугарија и Хрватска и сите кои имаат нови бранови на иселување, никој не кажува какви би биле ако не би биле членки на ЕУ. Кој може да каже дека ако Хрватска не би била членка немало да има далеку поголема дијаспора на млади? Неспоредливи се индикаторите и економски и демографски, далеку е подобро да си внатре со сите шанси. Разговарав со претседатели на две балтички држави минатата година и ми рекоа дека веќе кај нив иселувањето има обратен тек.


15

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Најголемото потфрлање на нашата демократија е во самите партии XЈа X споменавте апатијата на младите и немањето волја да се вклучат во политичкиот живот. Колку на ова влијае поларизацијата на општеството и неспособноста да се воспостави политички дијалог на едно ниво на дебата во кое ќе се слушне другиот, а нема само да се расправа? Тоа е главната причина зошто на младите политиката им одмилува. Нашите длабоки политички конфронтации често непотребни и на маргинални теми, или од чиста суета, одмагаат. Кога ќе видите приказ од некоја собраниска седница, или кампања или ТВ дебата, седите дома во својата дневна соба и гледате двајца кои само што не се заклале на телевизија треба да решите или за овој или за овој треба да гласам. Мислам дека политичката култура која се гради, тоа е генерациски, повеќе - геренациски проект, мораме да ја совладуваме. Ова ниво на политичка култура кај нас, јас Ве убедувам, дека паметам подолго, го немаше не само во деведесеттите, туку ни во комунизмот. Доминираат лични навреди и квалификации, а не идеи. И најтешката квалификација за мене може да ја кажете на културен начин. Кај нас тоа не се прави. Тука има исклучоци и од нив треба да учиме, се разбира, но генерално, нивото на јавна дебата е на приземно ниво. XТреба X ли повеќе работа со партиите и со нивните подмладоци? Неколку големи странски фондации

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

уште од деведесеттите се ангажирани со партиите и сега скоро видов една анализа на една од тие големи фондации што вели дека најголемото потфрлање на нашата демократија е во таа таканаречена внатрешнопартиска демократија. Ние допрва, 30 години од воспоставувањето на плурализмот гледаме дека една партија прави директни избори и тоа е претставено како светско достигнување и за жал, кај нас навистина е. Тоа требаше да го направат сите партии многу одамна. Или друг пример, не смеете да споменете институционализирање на фракција нешто што е во Европа и светот нормална работа. Или да имате Влада во сенка, па материјалите од Влада да ги давате на тие луѓе. Кај нас ние сме затворени во партиските атари, претходно и уште сме до некаде и во етничките табори и значи партизацијата и етнизацијата се двете рак-рани на општеството. XБи X го привршувала интервјуто со поентата од почетокот за европските перспективи. Колку отворањето на преговарачкиот процес ќе помогне за задржување или за зголемено одлевање на младите надвор? Тоа е стара дилема. Само е забрзана таа дебата оти гледаме што се случува во Хрватска или Бугарија каде што има иселување и покрај членството. Знаете што е разликата? Вистина дека ќе имате еднакви шанси на европскиот пазар на труд, полесно ќе биде иселувањето и во однос на визи или апликации за факултет, но факт е дека стандардот дома ќе се зголемува и ќе имате далеку

поголема шанса прво да почнете и да успеете и во својата земја, отколку да сте надвор од ЕУ и да се чудите - што да правиме со оваа држава што нема никаква перспектива. И Бугарија и Хрватска и сите кои имаат нови бранови на иселување, никој не кажува какви би биле ако не би биле членки на ЕУ. Кој може да каже дека ако Хрватска не би била членка немало да има далеку поголема дијаспора на млади? Неспоредливи се индикаторите и економски и демографски, далеку е подобро да си внатре со сите шанси. Разговарав со претседатели на две балтички држави минатата година и ми рекоа дека веќе кај нив иселувањето има обратен тек. XКакви X иницијативи преземате вие како институција и Вие лично за младите? Една од иницијативите што стана видлива е Канцеларијата за млади во Центарот на Скопје, во којашто дури и во време на пандемијата имавме секојдневно некакви ангажмани и е достапна за користење на која било младинска организација или поединци со некоја идеја, бесплатно се разбира. Јас, во сите мои настапи велам дека практично не е возможно да донесете закон со којшто само на младите ќе им биде добро, а на старите не, или обратно. Мораме на сите возрасни категории во државата да им овозможиме подобар живот. Нема држава во којашто имате добар живот за тие од 65 години, а катастрофален за тие од 25, така што не би ги двоел тие политики само за младите.

nnn


ЈУНИ 2021

16 ИАКО ПАНДЕМИЈАТА И ПОНАТАМУ БАНКИ И ФИНАНСИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

ОСТАНУВА ГЛАВНИОТ РИЗИК

РЕЧИСИ 80% ОД ДОМАШНИТЕ БАНКИ ОЧЕКУВААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТА ГОДИНАВА


ИАКО ПАНДЕМИЈАТА И ПОНАТАМУ ОСТАНУВА ГЛАВНИОТ РИЗИК

17

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Македонските деловни банки, и натаму, во најголем број, очекуваат зголемување на профитабилноста во наредните дванаесет месеци, покажува анкетното истражување на Народната банка. Сепак, видливи се знаци на зголемен песимизам, што се согледува преку зголемениот број на банки што не очекуваат раст на профитабилноста во следниот период (21%, наспроти 7% во претходната анкета). Се очекува дека растот на профитабилноста, според повеќето банки, ќе биде поддржан од зголеменото ниво на бруто каматните приходи и приходите од провизии, по што следуваат другите оперативни приходи. Kредитната активност на банките главно ќе биде насочена кон станбените и потрошувачките кредити (со рочност помала од осум години) и кредитите на малите и средните претпријатија, како три портфолија за коишто повеќе од половината од банките очекуваат дека ќе остварат најголем раст во текот на годината. Значителен е и бројот на банките коишто очекуваат зголемување на проектното финансирање и на кредитирањето на големите нефинансиски друштва, како и на „зелените кредити“

ЈУНИ 2021


ЈУНИ 2021

18 БАНКИ И ФИНАНСИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

П

овеќе од половината од домашните банки имаат преземено активности за одобрување „зелени кредити“ на домаќинствата и на корпоративниот сектор, при што дел од нив имаат развиено и систем за идентификување еколошки одржливи проекти. Во однос на дел од предизвиците од корона-кризата, банките имаат укажано, во најголем дел, на зголемување на степенот на автоматизација и дигитализација на процесите, унапредување на системите за управување со ризиците и зголемени вложувања во нови технологии, а дел од нив ги намалиле оперативните трошоци и понудиле нови иновативни производи и услуги. Согледувањата на учесниците во финансискиот систем за ризиците од окружувањето упатуваат дека, како и претходно, најголемите предизвици може да дојдат од домашното окружување, а гледано по поединечни ризици, очекувано се издвојува пандемијата на ковид-19, за којашто системот во актуелните околности има капацитет за соодветен одговор. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата за согледувањата на банките за деловните активности и ризиците од работењето во 2021 година и од Анкетата за оцена на ризиците врз финансиската стабилност, коишто Народната банка, согласно со досегашната практика, ги спроведе во текот на првиот квартал од годината.

u ДАЛИ ОЧЕКУВАТЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОФИТАБИЛНОСТА НА ВАШАТА БАНКА?

u КАКВА ПРОМЕНА ПЛАНИРАТЕ КАЈ СЕКОЕ ОД НАВЕДЕНИТЕ ПОРТФОЛИЈА?

u КАКВА ПРОМЕНА ОЧЕКУВАТЕ ВО КВАЛИТЕТОТ НА СЛЕДНИВЕ ПОРТФОЛИЈА?

Помалку банки очекуваат раст на профитабилноста за разлика од лани

Според Анкетата за согледувањата на банките за деловните активности и ризиците од работењето во 2021 година, банките главно имаат поволни очекувања за профитабилноста во 2021 година, и покрај неизвесноста поврзана со пандемијата на ковид-19. Исто како и минатата година, повеќето банки (64%) оцениле дека добивката од редовното работење го надминува трошокот на капиталот (англ. cost of equity), односно бараната стапка на принос на инвеститорите во акциите на банката, којшто поголемиот број од банките го оцениле на ниво пониско од 8%. Банките, и натаму, во најголем број, очекуваат зголемување на профитабилноста во наредните дванаесет месеци. Сепак, видливи се знаци на зголемен песимизам, што се согледува преку зголемениот број на банки што не очекуваат раст на профитабилноста во следниот период (21%, наспроти 7% во претходната анкета). Се очекува дека растот на профитабилноста, според повеќето банки, ќе биде поддржан од зголеменото ниво на бруто каматните приходи и приходите од провизии, по што следуваат другите оперативни приходи. Банките главно не очекуваат промени во структурата на приходите од провизии, во кои и натаму би преовладувале приходите од провизии од платежни

Извор: Анкетни истражувања на Народната банка за 2021 година

услуги, вклучувајќи го и картичното работење, како и провизиите поврзани со кредитирањето. Исто така, задржани се очекувањата на дел од банките (43%) за значителен придонес од производите поврзани со продажба на осигурителни полиси, што е позитивен показател за развојот на банкоосигурувањето. Според половината од анкетираните банки, поддршка на

профитабилноста во 2021 година се очекува и од намалувањето на каматните расходи, додека се очекува дека трошоците за исправка на вредноста (на финансиските и на нефинансиските средства) ќе имаат спротивен ефект. Неповолно влијание врз профитабилноста банките очекуваат и од страната на оперативните трошоци, коишто според 64% од нив ќе растат во текот на 2021


ИАКО ПАНДЕМИЈАТА И ПОНАТАМУ ОСТАНУВА ГЛАВНИОТ РИЗИК

19

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

година. Банките што планираат да преземат активности за намалување на оперативните трошоци, во најголем дел (79%) тоа би го направиле преку зголемување на автоматизацијата и дигитализацијата, како и намалување на општите административни трошоци (64%).

Потрошувачките кредити за население најризични

Главни предизвици со коишто се соочиле домашните банки како последица на корона-кризата се отежнатото оперативно работење и продажбата на производи и услуги на постојните и стекнување нови клиенти, како и отежнатото спроведување или одложување на важните планирани проектни активности. Резултатите од Анкетата покажуваат дека и во текот на 2021 година, банките планираат да продолжат со обезбедувањето кредитна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор, а истовремено очекуваат зголемување на трошокот за исправка на вредноста на кредитите, поради можно влошување на квалитетот на нивните кредитни портфолија под влијание на пандемијата на ковид-19. Банките не планираат промени во деловниот модел како последица на корона-кризата, но очекуваат дека таа ќе има продолжено влијание врз кредитоспособноста на населението и на корпоративниот сектор и во текот на 2021 година. Оценките се дека до 10% од кредитокорисниците кај банките, во сегментите на населението и на

Значителен е и бројот на банките коишто очекуваат зголемување на финансирањето проекти, на кредитирањето на големите нефинансиски друштва, како и на „зелените кредити“.

корпоративниот сектор, би можеле да имаат потреба од реструктурирање на долгот во наредните дванаесет месеци како последица на финансиски тешкотии предизвикани од корона-кризата. Притоа, кај населението преовладуваат оценки за можна потреба од реструктурирање во обем до 5% од кредитното портфолио, додека кај

корпоративниот сектор побројни се оценките за можно реструктурирање до 10% од кредитното портфолио. Сепак, има и банки што оценуваат можни поголеми потреби од реструктурирање на долгот на компаниите, коишто би опфатиле 2030% од кредитното портфолио. Сите банки, без исклучок, изразиле подготвеност за соодветно одговарање на потребите

Хипотекарен кредит

Кога, ако не сега? Рефинансирајте ги сите постоечки обврски со фиксна каматна стапка од 4,7% за првите 3 години

ЈУНИ 2021


ЈУНИ 2021

20 БАНКИ И ФИНАНСИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

на клиентите коишто се погодени од корона-кризата и во наредните дванаесет месеци. Банките претежно оценуваат дека корона-кризата ќе влијае врз зголемување на стапката на нефункционални кредити во обем до 3 процентни поени кај вкупните кредити, како и кај поединечните портфолија на потрошувачки, станбени и кредити на корпоративниот сектор. Има и помал дел од банките што очекуваат повисок раст на стапката на нефункционални кредити. Банките очекуваат најголем придонес кон растот на нефункционалните кредити од потрошувачките кредити одобрени на населението и кредитите одобрени во дејноста трговија, транспорт, складирање и угостителство, а одреден придонес се очекува и од градежништвото и индустријата.

u ДАЛИ ВАШАТА БАНКА ИМА АКТИВНОСТИ ВО ДОМЕНОТ

НА „ЗЕЛЕНОТО ФИНАНСИРАЊЕ“?

Слаба соработката со финтек - компании

Меѓу другото, особено значајно е што најголемиот дел од банките очекуваат натамошна посветеност на кредитната поддршка на малите и на средните компании, што би придонесло и за економијата во целина. Истовремено, значителен е и бројот на банките коишто очекуваат зголемување на финансирањето проекти, на кредитирањето на големите нефинансиски друштва, како и на „зелените кредити“. Резултатите од Анкетата покажуваат дека домашните банки (половината од нив и повеќе) имаат активности на одобрување „зелени кредити“ на домаќинствата и на корпоративниот сектор. „Зелените кредити“, кај повеќето банки, имаат учество до 10% од вкупното кредитно портфолио на домаќинствата и на корпоративниот сектор, каде што главно се насочени кон преработувачката индустрија (според половината од банките), по што следува дејноста „снабдување

u ДАЛИ ОЧЕКУВАТЕ ПРОДОЛЖЕНО ВЛИЈАНИЕ НА КОРОНА – КРИЗАТА ВРЗ

КРЕДИТОСПОСОБНОСТА НА НАСЕЛЕНИЕТО И КОРПОРАТИВНИОТ СЕКТОР?

u КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ СО КОИШТО СЕ СООЧИ ВАШАТА БАНКА КАКО ПОСЛЕДИЦА НА КОРОНА – КРИЗАТА?

Извор: Анкетни истражувања на Народната банка за 2021 година


ИАКО ПАНДЕМИЈАТА И ПОНАТАМУ ОСТАНУВА ГЛАВНИОТ РИЗИК

21

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Половината од банките пријавиле дека немаат тековна соработка со финтек-компании, а нешто помалку од една третина од нив планираат соработка во следниот период.

со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ и дејноста „транспорт и складирање“, со одредена застапеност и во градежништвото и други дејности. Кога станува збор за финансиските иновации, домашните банки се насочени кон самостоен развој на иновативни производи и услуги, без соработка со финтек-компании, за што се определиле 43% од анкетираните банки.

Соработката со домашни и странски финтек-компании, во форма на партнерства или основачки вложувања, и натаму е на скромно ниво, при што партнерство на комерцијална основа со постоечка финтек-компанија за развој на нови производи или услуги има кај 21%, односно три од анкетираните банки, а само 7% (или една банка) пријавила вклученост во воспоставување или

ЈУНИ 2021

поддршка на финтек-инкубатори. Половината од банките пријавиле дека немаат тековна соработка со финтеккомпании, а нешто помалку од една третина од нив планираат соработка во следниот период. Меѓу банките коишто во некоја форма соработуваат со финтек-компаниите, привлекувањето нови клиенти и следењето на пазарните трендови, се најзначајните мотиви за


ЈУНИ 2021

22 БАНКИ И ФИНАНСИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Банките очекуваат најголем придонес кон растот на нефункционалните кредити од потрошувачките кредити одобрени на населението и кредитите одобрени во дејноста трговија, транспорт, складирање и угостителство, а одреден придонес се очекува и од градежништвото и индустријата.

соработка, а потоа и зголемувањето на приходите и намалувањето на конкурентскиот притисок. И натаму е мал бројот на банките коишто веќе применуваат некои од новите финансиски технологии, меѓу кои, како најзастапени се издвојуваат т.н. услуги на облак. Втори по застапеност се употребата на биометриски својства за целите на идентификација на корисниците и т.н. НФЦ-технологии за дигитални паричници за мобилните плаќања, коишто се во примена кај зголемен број банки, а има и банки што применуваат методи на т.н. анализа на големи бази податоци и алгоритми за кредитни резултати и алгоритми за потврдување на квалитетот на влезните податоци за моделите. Само една банка пријавила примена на технологија заснована врз дистрибуирани дигитални записи (DLT) заради следење на трансакциите речиси во реално време и обезбедување усогласеност со прописите и дигитална идентификација на корисниците. Мал е и бројот на банките коишто се во фаза на планирање, развој или тестирање на примената на овие продукти и технологии, при што повеќето банки одговориле дека немаат искуство за финтек-активностите.

Пандемијата останува и натаму најголемиот ризик

Анкетата за оцена на ризиците врз финансиската стабилност покажува дека, слично како и во Анкетата за 2020 година, ризиците коишто произлегуваат од домашното окружување, од страна

на испитаниците, се рангирани како највлијателни врз работењето на домашниот финансиски систем во текот на 2021 година. Гледано по поединечни ризици, пандемијата со ковид-19, според испитаниците, е главниот извор на ризици за домашниот финансиски сектор и во текот на 2021 година. Овој фактор на ризик има највисоко оценето влијание врз домашниот финансиски сектор (просечен ранг од 3,4), при што дури 56% од испитаниците оценуваат висок ефект врз системот во случај на остварување на ризикот. Веројатноста за остварување на ризикот е исто така оценета на највисоко ниво (просечен ранг од 3,4), при што половината од испитаниците оцениле многу веројатно остварување на овој ризик во текот на годината со интензитет што би имал сериозни негативни последици врз домашниот финансиски систем и економската активност. Следни по значење се ризиците што потекнуваат од домашното окружување, при што како водечки се издвојува ризикот поврзан со домашниот економски амбиент (оценет просечен ранг на влијание од 3,2 и веројатност на остварување од 3,1). Малку повеќе од една третина од испитаниците оценуваат високо влијание врз системот во случај на остварување на ризикот, што според 28% од нив, е многу веројатно дека ќе се случи во текот на годината. Како ризици со поголемо значење, според оценетиот ефект и веројатноста за остварување, се издвојуваат и ризиците поврзани со кредитоспособноста на

домаќинствата и на корпоративниот сектор, политичките ризици и ризиците поврзани со динамиката на процесот на евроинтеграции, како и ризиците поврзани со нивото и динамиката на јавниот долг и долгот на корпоративниот сектор. Од ризиците што потекнуваат од надворешното окружување, испитаниците како најзначаен го издвојуваат ризикот поврзан со глобалниот економски амбиент (просечен ранг на влијание и веројатност за остварување од 2,7), по што следуваат ризиците поврзани со динамиката на глобалната трговска активност и динамиката на цените, како и ризиците поврзани со глобалните финансиски пазари и амбиентот на ниски каматни стапки. Од групата на другите ризици, покрај пандемијата со ковид-19, испитаниците како позначајни ги издвојуваат и ризиците поврзани со ИТ-системите и нападите од дигиталниот простор. Анкетата за согледувањата на банките за деловните активности и ризиците од работењето во 2021 година ги опфати сите банки што го сочинуваат македонскиот банкарски систем, додека Анкетата за оцена на ризиците врз финансиската стабилност покрај банките, ги опфати и останатите финансиски институции (штедилниците, друштвата за управување со пензиските фондови, осигурителните друштва, финансиските друштва, брокерските друштва, друштвата за лизинг и друштвата за управување со инвестициските фондови) и економските аналитичари. nnn



ЈУНИ 2021

24 ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

УШТЕ ЕДНА ПРЕКРАСНА ИЗВЕДБА НА ЛЕГЕНДАРНАТА ПЕСНА И БЛАГОРОДНА АКЦИЈА ВО ЕДНО

„ЧУКНИ ВО ДРВО“:

АЛКАЛОИД СО ХУМАНИТАРЕН ВИДЕСПОТ ПО ПОВОД 85-ОТ ЈУБИЛЕЈ Изведувана и преработувана повеќе од три децении од сериозни музичари од земјава и од регионот, овој пат довербата за изведба на „Чукни во дрво“ авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите. Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата кои се дел од проектот „Дајте музика“ ќе добијат и хуманитарна нота.


25

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Видеоспотот за новата верзија на „Чукни во дрво“ ќе биде поставен на дигиталните канали на „Алкалоид“ АД (YouTube, Facebook и Instagram). Од 10 јуни до 20 септември 2021 година, по повод својот 85 - годишен јубилеј, компанијата за секој преглед на видеоспотот ќе и донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести.

Е

дна од најпопуларните и најоптимистични македонски песни, антологиската „Чукни во дрво“, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија. Изведувана и преработувана повеќе од три децении од сериозни музичари од земјава и од регионот, овој пат довербата за нејзина изведба авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите. Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата кои се дел од проектот „Дајте музика“ ќе добијат и хуманитарна нота. Видеоспотот е во режија на Игор Иванов-Изи, за чија реализацијата се погрижи екипа од продуцентската куќа „Вертиго вижуалс“. Преработката на музиката, која се подготвуваше од јануари годинава, е во реализација на музичкиот продуцент Мите Димовски и студио „Тралала“. „Чукни во дрво“ е песна за пролетта, надежта, среќата и за еланот во

новите почетоци, кои во најновиот проект се заокружени под мотото „Здравјето пред сè“. Бендот кој во видеоспотот ја пренесува пораката на благодарност до најзасегнатите општествени категории, според замислата на режисерот Иванов, е омаж на легендарните „Битлси“ од верзијата на нивниот култен албум „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“. Приказната во видеоспотот поаѓа од изработка на картички, кои најмалите деца ги подготвуваат во училишниот двор, а се наменети за општествените категории граѓани кои, иако беа засегнати со пандемијата, во ниту еден момент не запреа со своите дејности. Картичките со порака: „Ви благодариме! Здравјето пред сè“ поголемите другари и членовите на бендот ги дистрибуираат до полицијата, фармацевтите, пекарите, градскиот превоз, уметниците, здравствените работници и други. Тие се хероите од времето на новото нормално, кои неуморно се грижеа за

навремена достава на храна, лекови и други основни намирници; се бореа за секој човечки живот, се грижеа за јавниот ред и мир, комуналната хигиена, редовниот превоз, доставата и за непречено функционирање на основните потреби на граѓаните за време на пандемијата. „Чукни во дрво“, со музика и текст на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, за првпат е објавена во 1989 година, како нумера од последниот студиски албум „Путујемо“ на култната група „Леб и сол“. „Алкалоид“ АД упатува посебна благодарност до Влатко Стефановски за пренесените права за користење на песната. Видеоспотот ќе биде поставен на дигиталните канали на „Алкалоид“ АД (YouTube, Facebook и Instagram). Од 10 јуни до 20 септември 2021 година, по повод својот 85 - годишен јубилеј, компанијата за секој преглед на видеоспотот ќе и донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести. nnn


ЈУНИ 2021

26 РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

ПО САНКЦИИТЕ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ ВЛАСТИ ЗА ШЕСТ БУГАРСКИ МОЌНИЦИ

КРАЈОТ НА ЕРАТА “ПЕЕВСКИ“

А

дминистрацијата на американскиот претседател Џо Бајден последниве недели донесе три важни одлуки што го засегаат регионот

на Балканот. Најпрво на црната листа на САД се најде поранешниот албански премиер Сали Бериша, а минатата недела и шестмина бугарски бизнисмени и лица блиски до врвот на поранешната владејачка партија ГЕРБ. Потоа, Бајден потпиша декрет за земјите од Западен Балкан со кој им се наложува на американските власти да ги стават на црна листа сите лица кои работат против клучните договори во регионот – Охридскиот рамковен од 2001 година и Преспанскиот од 2018. Санкциите и црните листи на САД ги разбрануваа политичките духови во регионов, а секако најголем „земјотрес“ предизвикаа во Бугарија каде што се познати и имињата на шестмината моќници коишто се отсега persona non

grata за Америка, но големи последици ќе трпат и нивните бизнис интереси. Од минатата недела Дељан Пеевски еден од доскоро семоќните господари на Бугарија, човекот што можеше да именува и разрешува министри, функционери, обвинители, судии и новинари, да земе што ќе посака од јавните пари и да уништува човечки судбини преку преземените обвинителства, судови и медиуми - се претвори во отпадник, пишува софиски „Капитал“. Со невиден потег за Бугарија во средата, американската влада го прогласи за корумпиран, исто како и поранешниот „крал на хазардот“ Васил Божков, заедно со уште неколку други лица. Соединетите држави им наметнаа на овие лица, според фамозниот закон „Магнитски“, една од најтешките санкции што странска држава може да ги наложи врз личности, организации и компании. Ефектот од овие санкции е многу потежок од јавното понижување.

Од бизнис гледна точка, оваа постапка е еднаква на смртна пресуда. Санкционираните не само што повеќе нема да влегуваат во САД, туку тие не можат да имаат никакви релации со американски компании или пак, деловни субјекти коишто сакаат да работат со американски компании. Ќе биде исклучително тешко за нив да работат и со банки, практично низ целиот цивилизиран свет. И, бидејќи САД се обидуваат да склучат билатерални договори според „Магнитски“ актот и со други земји, парите на овие лица, барем во западниот свет, ќе биде тешко да најдат прибежиште. Доколку сакаат да имаат каква било економска активност, ќе мора многу внимателно да го сокријат својот идентитет. Со нивниот бизнис, накратко, е завршено. Сепак, постапките на американската влада имаат последици далеку позначајни од судбината на човекот чие име стана синоним за корупција.


27

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

ЗА ШТО СЕ ОБВИНЕТИ? Главните точки според коишто САД ги прогласија Пеевски, Божков и Жељазков како корумпирани Документот, со кој Министерството за финансии на САД најави санкции против Дељан Пеевски, Васил Божков и Илко Жељазков, зборува за „значителна корупција“. Општата дефиниција за ова е лице, кое дало помош на различни начини заради корупција или помагање на корупција, вклучително и злоупотреба на државни или приватни средства и мито. Особено за Пеевски, се наведува дека тој бил вклучен во „трговија со влијание и мито со цел да се заштити од јавна контрола и да изврши контрола врз клучните институции и сектори во бугарското општество“.

Дељан Пеевски и Илко Жељазков u Во септември 2019 година, Пеевски работел

Од минатата недела Дељан Пеевски еден од доскоро семоќните господари на Бугарија, човекот што можеше да именува и разрешува министри, функционери, обвинители, судии и новинари, да земе што ќе посака од јавните пари и да уништува човечки судбини преку преземените обвинителства, судови и медиуми - се претвори во отпадник. Нападот на САД во срцето на корупцијата во Бугарија го елиминира најважниот сојузник на Бојко Борисов во бугарската политика и економија, а мотивите на санкциите јасно ги цртаат контурите на заробената држава и беспомошното државно судство, пишува софиски Капитал деновиве. Санкциите опфаќаат само едно од лицата на моделот којшто ограби повеќе од една деценија од развојот на Бугарија.

активно со цел да има негативно влијание врз политичкиот процес во Бугарија за време на локалните избори. Тој договарал со политичарите да им обезбеди политичка поддршка и позитивно медиумско покривање во замена за заштита од кривична истрага. u Според САД, од 2019 година е познато дека Жељазков управувал со шема преку која давал мито на високи владини функционери, од кои се очекувало да дадат информации, кои потоа би му биле предадени на Пеевски. Луѓето кои го прифатиле неговиот предлог потоа биле назначувани на влијателни позиции и Жељазков им обезбедувал месечно мито. u Пеевски и Жељазков „управувале“, се вели во соопштението, со службено лице на водечка позиција, коешто во 2019 година незаконски присвоило средства во нивна корист. Ниту едно име не е дадено, ниту е прецизирано точно како се одвивало присвојувањето. u Од почетокот на 2018 година, двајцата управувале со шема за продажба на документи за дозвола за престој во земјата. Се тврди дека претставници на компании плаќале мито на бугарските службеници за да се осигурат дека нивните клиенти веднаш ќе добијат документи за престој, а не по плаќање на депозит од 500.000 долари или по пет години легално процесирање на барањето. u Постојат докази дека Жељазков уценувал можен кандидат за бугарски министер заканувајќи се дека ќе поднесе кривична пријава во Обвинителството на Република Бугарија, доколку по неговото назначување министерот не му пружи дополнителна помош на Жељазков.

Васил Божков u Поткупувал државни службеници, вклучувајќи и

„актуелен политички лидер“, како и поранешниот претседател на сега затворената Државна комисија за коцкарски бизниси (ДКХ). Се цитира бугарското обвинителство, коешто тврди дека во февруари 2018 година, Божков му платил на тогашниот претседател на ДКХ 10.000 лева (6.220 американски долари) на ден за да им ги одземе лиценците за коцкање на конкурентските компании. u На почетокот на оваа година, Божков планирал да обезбеди сума на пари за поранешен бугарски функционер и за актуелен бугарски политичар со цел да му се помогне на Божков да создаде канал преку кој руските политички лидери можат да влијаат на претставниците на бугарската влада.


ЈУНИ 2021

28 РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

КОИ СЕ ПЕЕВСКИ, БОЖКОВ И ЖЕЉАЗКОВ u Дељан Славчев Пеевски, роден 1980 година,

ДЕЉАН ПЕЕВСКИ

бугарскиот тајкун ставен на црната листа на САД

Во врска со моето вклучување од страна на Соединетите држави во списокот со санкции, изјавувам дека сметам дека таквиот чин е апсолутно недопустлив, пристрасен и не е во согласност со духот и значењето на овој закон. Ова е така, затоа што не сум сторил ништо со коешто сум ги прекршил меѓународно признатите човекови права, не сум државен службеник и не сум бил вклучен во коруптивни дејства, а наведените причини за наложените санкции не содржат ниту еден единствен вистински факт.

Пеевски, олицетворение на моделот на заробена држава

Дељан Пеевски е олицетворение на моделот според кој се управуваше Бугарија во последните 15 и повеќе години. Во овој период, постепено сите основни типови на власт - извршна, законодавна, судска и медиумска - беа подредени на релативно мала група на луѓе обединети околу една цел - да украдат што повеќе јавни пари. Деценија и пол, голем дел од парите на бугарските и европските даночни обврзници беа пренасочувани на начини што сите ги знаат, но сега американската влада отворено ги нарече со нивните вистински имиња. „Поткуп“, „изнуда“, „присвојување на државен имот“, „злоупотреба“, „големи корупциски шеми“. До неодамна, сите овие зборови не можеа да се кажат јавно во комбинација со името на Дељан Пеевски или некој од другите јавно објавени во средата како корумпирани државни службеници и бизнисмени. Поради целосната подреденост на сите контролни органи

- полицијата, специјалните служби, обвинителствата и судовите - во последните години кражбата на јавни средства е практично неказнета. Во сите овие години, и покрај десетиците скандали и стотиците новинарски истраги за видливи злоупотреби, и покрај веројатно илјадници државни службеници, обвинители и судии вклучени во корупција на сите нивоа на власт, единствениата личност на кој и се суди е градоначалничката на софиската општина „Младост“ , Десислава Иванчева, а нејзиниот случај дури не е затворен во последна инстанца. Згора на тоа, таа нема никаква врска со ГЕРБ и ДПС партиите што ја држеа власта без исклучок во последната деценија. Тие одговараа на обвинувањата за корупција обично со нивно игнорирање, понекогаш жртвувајќи анонимен пион, а понекогаш реакцијата беше дури и отворено исмевање. Пред извесно време, еден од министрите за финансии на Борисов, Владислав Горанов, рече дека корупцијата во Бугарија е „измислица

е бугарски политичар, олигарх и медиумски могул. Бил пратеник во Бугарското национално собрание во четири мандати. „Радио Бугарија“ го нарече Пеевски “несомнен медиумски могул на Бугарија“. Според „Репортери без граници“ неговата медиумска империја „Нова бугарска медиумска групација“ се состои од шест весници и контролира околу 80% од дистрибуцијата на печатените медиуми. Пеевски поседува и уште 15-тина ТВ, радио канали и интернет портали, а наводно контролира или влијае и врз многу повеќе локални медиуми и вебсајтови, каде што официјално нема сопственост. Во извештајот на „Репортери без граници“ од 2018 година, Пеевски е обвинет за корупција, а се тврди дека ги користи своите медиуми за политичко влијание и лансирање на пропагандни кампањи против истражувачки новинари и останати негови противници. u Васил Крумов Божков, 64 – годишен, е бугарски политичар и бизнисмен, кој се смета за најбогатиот човек во земјата, со проценето богатство помеѓу 1 и 1,5 милијарди евра. Познат по прекарот „Череп“, во интерната коресподенција на американскиот Стејт департмент, Божков е опишан како „најозлогласениот гангстер во Бугарија“. Божков своето богатство почнал да го гради кон крајот на 1980-те години, со падот на комунизмот, со трговија на девизи, антиквитети и оружје, главно нелегална, се разбира. Потоа влегувал во бизниси со менувачници, коцкарници, банкарство, градежништво, спорт, итн., главно преку својата главна компанија „Нове Холдинг“, чиишто активности почесто се поврзуваат со сомнителни и нелегални аспекти, одошто со нормално бизнис работење. Божков е еден од бизнисмените во Бугарија чиешто име најмногу се споменува во контекст на релации со организираниот криминал и мафијата. Во моментов, Божков се крие во Дубаи од лицето на правдата, од каде што ја лансираше политичката партија „Бугарска пролет“ којашто освои 2,95% од гласовите на последните парламентарни избори во Бугарија на 4 април годинава, блиску до потребните 4% за влез во парламентот. u Илко Димитров Жељазков, е еден од шестемина санкционирани бугарски државјани од американските власти. Тој е актуелен потпретседател на државното Специјално биро за разузнавање. Тој е еден од помалите „ѕверки“ на американскиот список, познат во безбедносните служби на Бугарија, и неговата кариера е преплетена со областите како безбедност и енергетика. Во документот, Жељазков е спомнат како дел од мрежата на поранешниот парламентарец Пеевски. Од 1981 до 2007 Жељазков работел во бугарското контраразузнавање, од каде што се префрлил во Државните резерви, а потоа во Бугарскиот енергетски холдинг. Во 2018 година бил назначен за заменик претседател на Националното биро за контрола на специјалните разузнавачки средства, а за позицијата бил предложен од ДПС, партијата на Пеевски.


29

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Со текот на годините, двоецот Пеевски-Борисов постепено и сигурно тргна по патот на присвојување на јавните ресурси и практично ја приватизираше државата, пишува софиски „Капитал“. Дел од парите присвоени при јавните набавки и од фондовите на ЕУ беа инвестирани назад за корумпирање нови сегменти од државата, што донесе нови пари со коишто се корумпираа други, и така за десет години целата земја беше потчинета.

Во изминативе 15-тина години, постепено сите основни типови на власт во Бугарија - извршна, законодавна, судска и медиумска - беа подредени на релативно мала група на луѓе обединети околу една цел - да украдат што повеќе јавни пари. Деценија и пол, голем дел од парите на бугарските и европските даночни обврзници беа пренасочувани на начини што сите ги знаат, но сега американската влада отворено ги нарече со нивните вистински имиња.

на весниците“. Од оваа седмица, ситуацијата е поинаква. Многу поинаква.

Тешка артилерија на американски санкции

Во одлуката на американската влада да ги санкционира Пеевски, неговиот „човек за се’“ Илко Жељазков и бизнисменот Васил Божков има нијанси и информации што ќе бидат анализирани некое време. Сепак, на прво читање се издвојуваат две важни точки: 1. Ова е тешка артилерија на американски санкции за корумпирани странски државјани.

Постојат два режима во САД за казнување луѓе од други земји. Едната е Стејт департментот да прогласи некого за корумпиран и да му забрани влез во САД на него / неа и неговото / нејзиното семејство. Другиот начин е процедура според законот „Магнитски“, кој веќе се занимава со блокирање и конфискација на средства, како и забрана за работа со американски банки и платни системи. Пеевски и Божков беа казнети во средата со двата механизми истовремено. 2. Според официјалното соопштение на американската влада, објавата

за Пеевски, Божков и Жељазков е „досега најсеопфатната еднократна акција [на САД] насочена против корупцијата“. Глобалниот закон „Магнитски“ беше донесен во 2016 година и досега санкциите според него биле за многу помали прекршувања. Меѓу редови во соопштенијата за санкции и првите официјални и неофицијални коментари од различни претставници на американската администрацијата има и други важни пораки, од коишто може да има последици во наредните месеци. Казните сега се изречени на Дељан Пеевски и Васил Божков, но опишаните


ЈУНИ 2021

30 РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

шеми и однесувања вклучуваат многу повеќе луѓе. "Васил Крумов Божков, бугарски бизнисмен и олигарх, повеќекратно подмитувал државни функционери. Меѓу овие службеници е и актуелен политички лидер", се вели во соопштението. Ова е само еден пример на информација од американските власти, што сугерира дека и други луѓе се вклучени во криминалите, наводно, извршени од санкционираните. Можеме само да нагаѓаме кој е овој лидер, но опциите не се многу - Бојко Борисов, Красимир Каракачанов, Валери Симеонов или Волен Сидеров. Тоа се луѓето со кои последниве години имало логика да се „разбира“ Васил Божков. Слични информации има и на неколку други места, но вистината за тоа која е спомнатата личност, можеби нема да ја дознаеме наскоро или барем не од бугарските власти.

Шлаканица од Американците и за бугарското судство

Иако не се споменува директно во изјавата, една од гласните шлаканици во оваа приказна беше за обвинителството и лично за главниот обвинител Иван Гешев. Во првите јавни коментари по објавата, американската амбасадорка Херо Мустафа рече дека Иван Гешев не бил вклучен во серијата состаноци со претставници на разни бугарски власти пред официјалното објавување на санкциите. „Тоа сè уште не е на нашата агенда“, рече американската амбасадорка. Покрај тоа, на прашањето дали САД ќе ги достават достапните информации до бугарското обвинителство, портпаролот на Министерството за финансии на САД, кој дојде во Бугарија по објавата, рече дека локалните обвинители ќе имаат пристап „само до официјалното соопштение“. Во превод, ова значи целосен недостиг на доверба во бугарското судство. За време на состанокот со новинарите, амбасадорката Мустафа неколку пати повтори дека во Бугарија има „ендемска корупција“ и дека никој од инволвираните во неа не е заштитен од санкции слични на денешните. Иако не се споменува директно, уште една од најгласните шлаканици е за Бојко Борисов. Единствениот лидер на доминантната партија во изминатите десет години, вината за „ендемската корупција“ и специфичните шеми опишани од американската влада се главно негови. И одговорноста во овој случај мора да се сноси за многу повеќе од конкретно украдените јавни пари, имот и други средства. Во моделот по којшто се искраде Бугарија во изминатите 10 години, Дељан Пеевски обезбедуваше медиумска, судска и дел од политичката поддршка (ДПС или „Атака“), но извршната и законодавната власт беа скоро секогаш контролирани од Борисов.

Казните сега се изречени на Дељан Пеевски и Васил Божков (на фотосот), но опишаните шеми и однесувања вклучуваат многу повеќе луѓе. "Васил Крумов Божков, бугарски бизнисмен и олигарх, повеќекратно подмитувал државни функционери. Меѓу овие службеници е и актуелен политички лидер", се вели во соопштението. Можеме само да нагаѓаме кој е овој лидер, но опциите не се многу Бојко Борисов, Красимир Каракачанов, Валери Симеонов или Волен Сидеров. Тоа се луѓето со кои последниве години имало логика да се „разбира“ Васил Божков.

Како моделот Пеевски – Борисов ја приватизираше Бугарија

Со текот на годините, моделот ПеевскиБорисов постепено и сигурно тргна по патот на присвојување на јавните ресурси и практично ја приватизираше државата. Дел од парите присвоени при јавните набавки и од фондовите на ЕУ беа инвестирани назад за корумпирање нови сегменти од државата, што донесе нови пари со коишто се корумпираа други, и така за десет години целата земја беше потчинета. Клучна улога во ова имаше владеењето со обвинителството и судството, кое гарантираше истовремено неказнивост за кражбите, како и толчење на сите видови противници – конкуренти во корупцијата или нормални луѓе кои се спротивставуваа на оваа „окупација“ на државата. Контролата врз медиумите исто така многу помогна да се потисне отпорот. Тие беа користени за валкани кампањи и ниско квалитетна, но ефективна, пропаганда. Штетите од ова беа и се огромни.Фокусот на моделот „Пеевски - Борисов“ во кражбата на јавна вредност доведе до огромни штети оштетување во многу различни насоки: u Надвор од пренасочените буџетски и средствата од еврофондовите, беа исцедени две банки, големи за бугарско прилики - КТБ и ББР. u Влезот на Бугарија во еврозоната беше одложен за (досега) 10 години. u Влегувањето во Шенген зоната е одложено сè додека Бугарија не престане да биде квалификувана како „ендемично“ корумпирана држава. u Екстремно бавен економски развој во споредба со другите балкански земји како Романија и Србија.

u Енергетските реформи целосно

застанаа, што укажува на сериозна криза во следните месеци. u Силно руско влијание во службите, делови од политиката и енергетиката. И тоа не е сè.

Добри и лоши вести во казната за Пеевски

Штетата од практично уништената држава мора да се додаде на сметката. Во моментов, таа е устроена така што работи не за луѓето, туку за одредена корумпирана клика. Еден од одговорите на прашањето зошто квалитетот на бугарското образование или здравствена заштита е толку слаб е тоа што државата не се занимава со нудење јавни услуги, туку само со кражба на јавни средства. Има добри и лоши вести во казната за Дељан Пеевски од американската влада. Добрите работи се што една од клучните фигури во моделот што владее со Бугарија повеќе од една деценија е надвор од игра. Ова дава шанса да се промени и прилагоди државата така што таа ќе ја изврши својата вистинска задача. Фактот дека ова се случува со напори на странска влада ( ова е лошата вест) покажува дека отпорот на Бугарија не е доволно силен. Или барем не бил досега. Напорите на привремената влада во последните неколку недели покажуваат дека не е сè изгубено. Сепак, отпорот меѓу естаблишментот - за што сведочат постапките на обвинителството оваа недела или одбивањето на ББР да му се покорува на министерот за економија покажува дека враќањето на државата во нормала нема да биде ниту брзо ниту лесно. Текстот е преземен од „Капитал“, Софија, Бугарија



ЈУНИ 2021

32 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР НА НАЈРАЗВИЕНИТЕ СЕДУМ З

ЗБОГУМ НА ДАНОЧНИТЕ РАЕВИ НА ДОБИВКА ДА БИДЕ МИНИМ Најразвиените земји во светот се договорија данокот на добивка за компаниите да биде најмалку 15% и да се плаќа таму каде што се остваруваат приходите. Со тоа практично намерата е да се укинат даночните раеви и да останат милијарди во државните каси на секоја од земјите.

Н

ајразвиените земји во светот се договорија данокот на добивка за компаниите да биде најмалку 15% и да се плаќа таму каде што се остваруваат приходите. Со тоа практично намерата е да се укинат даночните раеви и да останат милијарди во државните каси на секоја од земјите. Министрите за финансии на групата најразвиени земји од Г7 се пофалија дека постигнале „договор на векот“ на состанокот во Лондон претходниот викенд. Тоа е дури формално скоро точно

бидејќи, кратко по Првата светска војна, во Лигата на нации за последен пат беше постигнат договор компаниите да плаќаат даноци таму каде што се наоѓаат нивните физички седишта. Овој принцип е прифатен практично од сите земји и е предуслов на сите договори за меѓународна трговија до денес, пишува Дојче Веле. И покрај појавата на дигитални гиганти како Амазон, Гугл или Епл, беше јасно дека таквиот принцип обезбедува бесконечен простор за машинерија. Бидејќи дури и со производствени погони каде што треба да биде јасно каде производот физички излегува од фабричката линија, постојат начини да


33

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Дигиталните гиганти како Гугл, Мајкрософт, Фејсбук и Амазон со години ги користат можностите на даночните раеви за да платат минимален данок од огромните профити. Со предлогот на Г7 земјите понатаму ќе треба да плаќаат најмалку 15% данок во земјите каде што ги остваруваат приходите. Сепак, има и противници на предлогот на Г7 меѓу членките на Европската унија: најгласна е, се разбира, Ирска, а ниту Холандија или Луксембург не се воодушевени - членките кои привлекоа меѓународни корпорации да ги отворат своите седишта за Европа токму со „пријателски“ даночни стапки. Ирскиот министер за финансии Паскал Донахју рече дека секој конечен договор за реформа на глобалните правила за данок на добивка мора да ги задоволи потребите и на малите и на големите земји.

ЗЕМЈИ (Г7)

И, ДАНОКОТ МУМ 15% се организира дистрибуција низ целиот ланец на компании, теоретски со седиште во земја со минимален данок. Министрите за финансии на Г7 сега се согласија принципот „штаб“ да биде заменет со принципот „сообраќај“. Едноставно и многу фер: компаниите да плаќаат даноци таму каде што остваруваат приходи, без разлика во каква форма. Ова значи дека Гугл и Фејсбук ќе плаќаат данок на доход на Германија кога ќе собираат податоци и продаваат реклами во оваа земја. Овој договор никогаш немаше да биде постигнат ако Џенет Јелен, новиот американски министер за финансии,

решително не се залагаше за тоа. Таа и американскиот претседател Џо Бајден првично бараа минимална даночна стапка од 21%, но тоа беше премногу за многумина. Јелен рече дека ова ќе биде поттик земјите да се натпреваруваат на позитивна основа, а слични оценки дадоа и други претставници на земјите од Г7. „Глобалниот минимален данок треба да помогне во просперитет на светската економија, со изедначување на условите за деловно работење и охрабрување на земјите да се натпреваруваат на позитивна основа, како што се образованието, истражувањето и инфраструктурата“, изјави Јелен.

Половина од меѓународните компании со седиште во Б.Британија не плаќаат ниту една фунта данок

Домаќинот, британскиот министер за финансии Риши Сунак, беше најодлучен, но сигурно му помогна пресметката на Универзитетот во Оксфорд: некаде околу половина од меѓународните компании со седиште во Велика Британија како една од земјите на Г7, не плаќаат ни една фунта даноци. Германскиот министер за финансии Олаф Шолц исто така потврди дека седумте најважни индустриски земји ја поддржаа оваа одлука и рече дека тоа е добра вест за даночната правда и солидарност, но


ЈУНИ 2021

34 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Овој договор никогаш немаше да биде постигнат ако Џенет Јелен, новиот американски министер за финансии, решително не се залагаше за тоа. Таа и американскиот претседател Џо Бајден првично бараа минимална даночна стапка од 21%, но тоа беше премногу за многумина. Јелен рече дека ова ќе биде поттик земјите да се натпреваруваат на позитивна основа, а слични оценки дадоа и други претставници на земјите од Г7.

лоша вест за даночните раеви ширум светот. „Компаниите веќе нема да можат да ги избегнуваат своите даночни обврски со објавување на нивниот профит во земјите со најниска даночна стапка. Стабилните даночни приходи се важни за да се осигури дека државите можат да ги извршуваат своите должности, што ќе биде уште попотребно по пандемијата„ Ковид 19", нагласи Шолц. По повод договорот, францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер, рече дека тоа е само почетна точка и дека неговата земја ќе се бори во наредните месеци да ја задржи таа минимална стапка на данок на добивка што е можно повисока. На прв поглед, се чини дека поради американските интернет гиганти, Вашингтон треба да биде последниот што се залага за ваков принцип на данок, но тие исто така имаат свои пресметки: бидејќи тоа ќе значи дека германскиот БМВ ќе плаќа даноци во Америка кога ќе го продава неговиот автомобил таму. Покрај тоа, Италија и Франција веќе ги воведоа своите „интернет даноци“ пред американските компании, кои ќе мора да се укинат кога ќе се променат правилата на игра. Некои финансиски експерти сметаат дека преговорите требало да се водат поупорно кон договарање повисока стапка на корпоративен данок и од 20%. „Тоа значи дека придобивката ќе биде многу помала отколку што можеше да биде. Богатите земји воспоставуваат правила за сите други тука. Треба да го примениме тоа во Обединетите нации и да склучиме договор што одговара на сите, не само на земјите од Г7 кои гледаат

во својата каса“, коментираат експертите. Германскиот министер за финансии Олаф Шолц е само воодушевен од оваа „даночна револуција“, како што тој ја нарекува. Тој нема дилема дека германската каса ќе биде уште пополна: според министрите, ова е најмалку 50 милијарди долари годишно што меѓународните корпорации досега ги влечеа во некои даночни раеви и беа само изговор да не плаќаат даноци таму каде што заработиле пари. Но, иако во Лондон беше постигнат принципиелен договор меѓу земјите од Г7, сè уште има простор за детали. Секако е огромен чекор кога вакво нешто ќе усвојат САД, Германија, Франција, Велика Британија, Јапонија, Италија и Канада Шпанија е исто така редовен гостин на овие состаноци.

Шансите се добри предлогот да стане реалност

Но, глобалниот данок ќе стане реалност само ако принципот биде прифатен од сите земји на Г20 откако овој предлог ќе се разгледа. Според познавачите, шансите се добри. Италија е домаќин на состанокот оваа есен на проширената група на најразвиени земји, на која доаѓаат и Кина, Индија, Бразил, Австралија или Јужна Африка. Заедно, тие сочинуваат две третини од населението на нашата планета и околу 90% од економскиот потенцијал. Ако се согласат, тогаш навистина ќе биде така - можеби не веднаш, но во догледно време. Дури и кога станува збор за Кина, постојат добри изгледи за согласност: таа е голем извозник, но на овој начин ќе може да смета на приходите од прометот на својот голем и сè побогат пазар.

Сепак, има и противници на таквиот принцип меѓу членките на Европската унија: најгласно е, се разбира, Ирска, а ниту Холандија или Луксембург не се воодушевени - членките кои привлекоа меѓународни корпорации да ги отворат своите седишта за Европа токму со „пријателски“ даночни стапки. Ирскиот министер за финансии Паскал Донахју рече дека секој конечен договор за реформа на глобалните правила за данок на добивка мора да ги задоволи потребите и на малите и на големите земји. „Во интерес на сите е да се постигне одржлив, амбициозен и еднаков договор за меѓународната даночна архитектура“, рече Донахју, пренесе Ројтерс. Министерот за финансии на Ирска, земја со даночна стапка од 12,5%, во коментар за одлуката на најбогатите земји во светот за поддршка на стапка на данок на добивка од најмалку 15%, рече дека очекува поширока дискусија за ова во ОЕЦД. „Очекувам да се приклучам на дискусиите во ОЕЦД. На маса има 139 земји и секој договор ќе треба да ги задоволи потребите на малите и големите земји, развиени и неразвиени“, нагласи Донахју. Многумина ја сметаат Ирска за даночен рај, поради нејзината даночна и економска политика. На пример, „Епл“, чие седиште е во Ирска, беше предмет на истрага на американскиот Сенат. Европската комисија еднаш побара компанијата да плати 13 милијарди евра, бидејќи со години не плаќала данок по основ на поволностите што ги давале ирските власти. nnn


Со НЛБ Mastercard® картичките, повеќе за Вас! Плаќајте со НЛБ Mastercard® кредитните и дебитните картички и добијте можност да освоите приватно здравствено осигурување! Со секоја безготовинска трансакција со НЛБ Mastercard® картичките на ПОС терминал или преку интернет во земјата или странство, во периодот од 20.5.2021 година до 30.6.2021 година, учествувате во наградната игра.


ЈУНИ 2021

36 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА ЗА БЕРЗИТЕ ВО МОМЕНТОВ

Приливот кон берзите продолжува бидејќи инвеститорите немаат алтернатива. Обврзниците одржуваат многу ниски приноси, инфлацијата рапидно ја намалува вредноста на парите, а недвижниот имот долго време дава многу ниски приноси. Инвеститорите продолжуваат да посветуваат поголемо внимание на цикличните индустрии, индустријата и финансиите, а исто така и здравствената индустрија се разбуди во последните денови.


37

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС

С

(опремата на текстот е редакциска)

коро сме на половина од 2021 година. Многу работи се случија за повеќе од 5 месеци, a единствените константи се новите рекорди на берзите. Земјите и централните банки продолжуваат да излегуваат со соопштенија дека безусловно ќе обезбедат пари и ликвидност, а пандемијата покажува знаци на (преодно) олеснување по успешната кампања за вакцинација во развиените земји. Летните одмори се приближуваат и земјите се повеќе се отвораат, едни само за вакцинираните, други за сите под одредени услови. Потрошувачката се качува кон високи нивоа и се активираат претходно акумулираните заштеди. Економските индикатори се поволни, има доволно пари, силниот оптимизам и силната побарувачка се ограничени само од логистички проблеми, ограничена понуда и недостаток на главни делови во некои сегменти од економијата и како последица на тоа, гледано низ призмата на последните 10 години, висока инфлација. Не би рекле ништо неочекувано, бидејќи ова е некако основно сценарио од почетокот на годината. Останува дилемата дали инфлацијата е минлива или е потрајна по природа, бидејќи има знаци за обете насоки. Најголемата вест од минатата недела е глобалниот договор за данок од 15% на мултинационалните компании. Како ова ќе се претвори во пракса, не е целосно јасно, бидејќи покрај проблемот како да се постави во законодавството, уште поголем проблем е спротивставувањето на некои за да се донесе во правна форма. Американскиот Сенат веќе изјави дека предлогот не е најамерикански и иако Швајцарија го поддржува, Ирска е доста силно против. Сопствените парцијални интереси се над глобалното позитивно влијание на ваквите измени во законодавството. Дури и локалните избори во Саксонија, Германија, каде ЦДУ ја изненади германска канцеларка во заминување Меркел, покажаа дека предизборните мерења на моќта остануваат прилично несигурна алатка. Резултатот дава надеж дека наесен, по германските избори, нема да има големи промени во германската политика. Од другата страна на земјината топка, има индикации дека регулаторниот притисок на Кина врз технолошките компании се намалува, што со оглед на добрата макроекономска состојба на кинеската економија, обезбедува добра основа за раст на азиските берзи. Можеме да заклучиме дека економската и политичката слика за следните летни месеци останува добра и охрабрувачка, што во голема мера ја намалува веројатноста за посилна корекција на сè уште прегреените берзи. Политиката „балон насекаде“ може да продолжи, бидејќи нема алтернативи.

Нивоата остануваат привлечни за долгорочните инвеститори

Берзите продолжуваат да растат умерено и поставуваат нови рекорди. Другите

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ЕВРОПСКИТЕ АКЦИИ ВО МОМЕНТОВ ПОПРИВЛЕЧНИ Меѓу регионите, Европа се издвојува според привлечноста, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина дојде во област која е интересна за купување по последната корекција. Поради убавите дивидендни приноси и привлечните проценки, нашиот регион на Централна и Југоисточна Европа е интересен и за мал дел од портфолиото. При диктирање на насоката и темпото на пазарите, пандемијата сè повеќе им отстапува место на инфлациските очекувања, а со тоа и на очекувањата за нивото на каматните стапки, а исто така расте и влијанието на геополитиката. Акциите на компаниите од областа на технологијата и е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот, но со високи проценки, геополитички тензии и стравувања од инфлација, инвеститорите остануваат претпазливи. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите прилагодени на очекувањата за инфлација се мизерни, главно негативни, и заедно со негативните приноси од банка, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно на инвестиции во акции и недвижнини. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде што отворањето на постпандемични економии ја зајакнува економската динамика или стимулативните мерки од страна на земјите ќе го променат деловното опкружување. Тежината во форма на индивидуални фондови треба да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографски трендови), индустрија, поради инфраструктурни стимуланси како и поради премин кон „зелена“ енергија и можеме да додадеме селективен потрошувачки сектор. Меѓу регионите, Европа се издвојува според привлечноста, на САД им треба поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина дојде во област која е интересна за купување по последната корекција. Поради убавите дивидендни приноси и привлечните проценки, нашиот регион на Централна и Југоисточна Европа е интересен и за мал дел од портфолиото. Енергијата и материјалите остануваат заштита од инфлација, иако проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во минатото, претпазливоста не е излишна. Финансиите, особено банките, остануваат шпекулативни инвестиции, особено ако инфлацијата ги надминува очекувањата. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, работењето во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови и фокусот на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.


ЈУНИ 2021

38 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

сегменти на пазарот продолжуваат да бидат во првите редови, а не толку акциите на технолошките компании, иако и тие не се далеку од рекорди. Добрите времиња за инвеститорите продолжуваат и очигледно ќе траат барем во текот на летото. Централните банки и земјите обезбедуваат ликвидност и го зајакнуваат економскиот раст преку стимулации, што компаниите ги користат за трансформација и нови видици. Приливот кон берзите продолжува бидејќи инвеститорите немаат алтернатива. Обврзниците одржуваат многу ниски приноси, инфлацијата рапидно ја намалува вредноста на парите, а недвижниот имот долго време дава многу ниски приноси. Инвеститорите продолжуваат да посветуваат поголемо внимание на цикличните индустрии, индустријата и финансиите, иако здравствената индустрија исто така се разбуди во последните денови по одобрувањето на лекот за Алцхајмеровата болест. Самиот лек има доста недокажани ефекти врз подобрувањето на состојбата на пациентите, што е уште поважно, целиот процес покажува дека ќе биде можно побрзо да се добијат регулаторни одобрувања за нови лекови во постпандемискиот период. САД и Европа остануваат прилично рамни во однос на приносите оваа година, а доларот, дава знаци на стабилизирање на околу 1,2-1,22 долари за евро. Позицијата на пазарите во развој исто така се подобрува, со економски податоци за првиот квартал кои се подобри од предвидуваните. Така, на пр. изненади Бразил, кој е еден од најтешко погодените земји. Притисокот од кинеските власти врз технолошките гиганти малку се намали и инвеститорите веднаш го наградија ова со повисоки стапки. Но, нивоата остануваат привлечни за долгорочните инвеститори. Ограничувањата на шпекулациите вродија со плод, бидејќи цените на стоките привремено се намалија, па акциите во индустријата не беа во центарот на вниманието на инвеститорите во последните денови. Инвеститорите од позадина се чини дека се повеќе фокусирани на диверзификација на широко портфолио отколку на концентрација на капитал во одделни приказни. Тоа е добро за пазарот, бидејќи предизвика интерес кај некои заборавени делови на пазарот (на пр. Телекомуникации, Дојче Телеком е една од попрофитабилните акции на европскиот пазар оваа година). Накратко, на пазарот сè е мирно во моментот, и сите ги следат најавите за инфлација што доаѓаат, што може суштински да ги разниша пазарите на капитал.

nnn

Од другата страна на земјината топка, има индикации дека регулаторниот притисок на Кина врз технолошките компании се намалува, што со оглед на добрата макроекономска состојба на кинеската економија, обезбедува добра основа за раст на азиските берзи.

Централните банки и земјите обезбедуваат ликвидност и го зајакнуваат економскиот раст преку стимулации, што компаниите ги користат за трансформација и нови видици.


Чекор пред другите!

ВИСТИНСКИ ИЗБОР ЗА ВАШИОТ БИЗНИС Кредитна картичка коjа има сe што на еден бизнис му е потребно!

МОЖНОСТ ЗА КРЕДИТЕН ЛИМИТ

ЗD SECURE ПЛАЌАЊА

ДО 10.000 ЕУР

ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ПАРИ НА СИТЕ БАНКОМАТИ

ПРОМЕНА НА ПИН НА БАНКОМАТ

ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВO

Повеќе информации можете да добиете на следнава е-маил адреса: mkd.info@procredit-group.com или на телефонскиот бро� 02/ 2 446 000

ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

www.pcb.mk


ЈУНИ 2021

40 КАРИЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

СЕКОЕ ЗЛО ЗА ДОБРО ИЛИ...ШТО ПОСЛЕ КОРОНАТА?

ЈА ИСКОРИСТИВТЕ ЛИ ПАНД ПОДОБРУВАЊЕ НА СВОИТЕ В


?

ДЕМИЈАТА ЗА ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊЕ

41

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Слободното време што го наметна пандемијата со своите локдауни и полициски часови беше идеална прилика за приватно, но и професионално надградување какво што, каква што можеби никогаш повеќе нема да добиеме. Прилика од своите домови да излеземе подобри и посилни, затоа што ќе имаме тешка задача да обновиме сè што короната оштети. Прочитајте за тоа кои вештини експертите од Harvard Business Review сметаат дека ќе бидат барани на пазарот кога епидемијата ќе помине.

Ж

ивотот во четири ѕида и социјалната дистанцираност наметнаа потреба да се свртиме кон самите себе. Карантиниските денови беа прилика за приватно, но и професионално надградување какво што, каква што можеби никогаш повеќе нема да добиеме. Прилика од своите домови да излеземе подобри и посилни, затоа што ќе имаме тешка задача да обновиме се’ што короната оштети. Еден од најчестите изговори на сите професионалци за недоволно учење и напредување е недостигот на време. Во силно забрзан ритам останува многу малку време за едукација и развивање на деловни вештини. Токму затоа периодот на застој од редовните професионални активности беше идеален за едукација, развој на постоечките вештини и учење на нови. На пример, Cordone University има одлична понуда, 30 денови бесплатен пристап кон огромна база на курсеви. Дигиталните вештини се’ повеќе се потребни, па за оние што сакаат да се бават со маркетинг на пример, одличен е Google Skillshop. YouTube, Coursera, TED, и уште еден куп извори на формална и помалку формална едукација се во изобилство, па вреди да се искористи тоа. МН: Кои компетенции работодавците најмногу ги бараат Иако желбата за додатна едукација заслужува пофалба, донесување на одлука за тоа кои курсеви да се одберат неретко и не е баш наједноставна работа на светот. Напросто, премногу понуда има на пазарот, а нашето расположливо


ЈУНИ 2021

42 КАРИЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

КАДЕ ДА СЕ ПОБАРААТ ЗНАЕЊА XАпликации X за учење странски јазици: Duolingo, Memrise, Busuu, Mondly XПлатформи X за онлајн курсеви од сите видови: EdX, Coursera, FutureLearn, Udemy, Canvas, ODEM, Open Education Europa. XБази X со стручни написи: Microsoft Academic, BASE, CORE, Google Scholar, JSTOR

време, дури и во моменталнава ситуација, сепак е ограничено. Некако е најлогично да се тргне од тоа што работодавците најчесто го бараат кога се во потрага по нова работна сила. Според традиционалното годишно истражување на хрватскиот портал MojPosao за пазарот на работна сила, работодавците во 40% од објавените огласи барале од кандидатите познавање на странски јазици и тоа првенствено англиски. Исто така, во секој трет конкурс за работа, како услов се наведува познавање на работа на компјутер, а во најголемиот дел се однесува на работа во Word и Excel. Од MojPosao забележуваат дека често и не мораме да се вртиме кон нешто ново, туку да поработиме на тоа што веќе го знаеме и конечно да ги пополниме оние дупки поради кои се црвенееме пред колегите, на пример да нацртаме дијаграм или да напишеме коректен службен допис на англиски. Како исправно да тргнеме во „карантинско“ јакнење на професионалните компетенции? Треба да си ги поставиме следниве три прашања: XКои X вештини треба да ги развивам? Одлуката за избор на одредена едукација донесете ја имајќи ги предвид

барањата и посебностите на работата со којашто моментално се бавите, односно работата со којашто сакате да се бавите. Размислете околу тоа на што треба да поработите за да бидете подобри, поквалитетни и попродуктивни во својата работа. На пример, ако вашата работа подразбира повремени состаноци со клиенти од други земји и комуникација на странски јазици, а сметате дека во тоа подрачје постои место за ваш напредок, можеби учењето на некој нов јазик е вистинско решение за вас. XКои X вештини сакам да ги развивам? Покрај компетенциите што „треба“ да ги развиваме за да напредуваме во професионална смисла, постојат и оние вештини кои можеби токму во овој момент и не ни се неопходни, но искрено сакаме да ги развиваме, и коишто еден ден можеби ќе се покажат корисни за нашата кариера. На пример, можеби нашето моментално работно место од нас не бара познавање на Photoshop, програм што отсекогаш сме сакале да го научиме, но со тек на време поседувањето на оваа вештина можеби ќе се покаже како влезница за некое ново работно место и напредување во рамки на компанијата, или пак пронаоѓање на нова, подобра работа.

Во идеално сценарио, избраната едукација претставува комбинација од „потребни“ и „посакувани“ вештини. XГи X имам ли сите услови за непречена работа? Пред да посветите еден дел од денот за збогатување на вашето знаење и учење нови вештини, потребно е да ги обезбедите сите услови за непречена и квалитетна работа. Одредете точно време коешто ќе го посветите на едукацијата и во вашиот дом пронајдете мирно катче каде што нема да ви пречат. Секако, со оглед дека зборуваме за онлајн едукација, стабилна интернет врска е неопходна, како и компјутер, лаптоп, таблет или смартфон.

Кои компетенции по завршувањето на епидемијата ќе бидат најважни

Гледањето во минатото помага, но за квалитетна одлука секогаш треба да ѕирнете и во иднината. Сега се наметнува прашањето кои компетенции после стивнувањето на епидемијата најмногу ќе се бараат. Harvard Business Review истакнува на пример, дека во новите услови нема да се промени важноста на стручните компетенции затоа што квалитетот и ефективноста на работата ќе бидат поважни од било кога.


43

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

Притоа, ќе биде нужно да се поработи на дигитални знаења, коишто станаа основен предуслов за работа, со цел да се искористат предностите на интернетот и работата во поврзани мрежи. Исклучително важни се и soft skills вештините, од управување со луѓе и стратешко планирање, до сопственото управување со времето, стресот и поставување на приоритети. Со оглед дека не’ чека и финансиска криза, повторно станува важно управувањето со ликвидноста и ризиците. Продажните вештини исто така ќе бидат клучни, затоа што продажбата многу потешко ќе оди одошто пред кризата и само најдобрите продавачи ќе успеат да ги исполнат своите планови. Деловниот свет и сите сегменти на неговото управување освен на стручните знаења, се темелат и на комуникацијата. Недостигот на комуникација лице в лице во новиве услови луѓето се обидуваат да ја компензираат со допишување преку разни апликации и лесно е да се уочи колку при некои пишани пораки фали тоа што не можеме да фрлиме поглед на личноста за да сфатиме дали се шегува или не, на пример, дали е лута или тажна, итн. Во секој случај, не постои време кое што не неприкладно за да поработите на своите комуникациски вештини. Секој како личност е единствен, еден и неповторлив и иста личност е независно дали е на работа или надвор од неа. Различно може да биде само она што го покажуваме, колку ги контролираме своите однесувања. Однесувањата што ги покажуваме се всушност компетенции и на нив можеме и треба да работиме цел живот. Со оглед на моменталното присилно седење дома, нема подобра прилика за тоа. Поради брзината на промените околу нас – од новите технологии до новите начини на работа – да не работите на својот развој, значи дека назадувате, велат консултантите од HBR. Ако сакате да читате – има многу книги што може да ги прочитате за разни компетенции и вештини. Ако сте повеќе тип за гледање – има изобилство видео материјали, туторијали, што може да ги погледате. Ако пак сакате интеракција и ви треба мотивација преку надворешни стимулации – постојат многу онлајн курсеви што може да ги почнете. Не е важно за која метода ќе се одлучите, се’ додека се држите до овие три правила: вложувате труд; се преиспитувате самите себе и искрени сте кон себе. Работете на комуникацијата! Колку и да ви звучи оваа реченица како некакво клише, денес е поважна од било кога. Комуникацијата отсекогаш била важна и за нејзиниот развој многу се зборувало, но денес кога голем дел од нас работат од дома, нејзината важност е уште поголема. Три совети што HBR ги дава за тоа како да се работи на комуникацијата се следниве: XРазбирање X на туѓите и сопствените емоции и управување со нив (емпатија, емоционална интелигенција); XПоставување X на прашања со цел подобро разбирање во рамки на тимот, организацијата, семејството, заедницата; XОдговорност X за себе и своето однесување кон себе и другите;

КОИ ДЕЛОВНИ КОМПЕТЕНЦИИ ДА СЕ ЗАСИЛАТ/РАЗВИЈАТ

Странски јазици; дигитални алатки за проект менаџмент и комуникација; управување со социјални мрежи; дигитален маркетинг; е – трговија; односи со купувачи; продажни вештини; програмирање; веб дизајн; анимација; графички дизајн; фотографија; видео продукција; меки и комуникациски вештини; еLeadership; управување со ризици; управување со луѓе.

Ова се можеби најважните компетенции што ни се потребни во моментов за да бидеме успешен и продуктивен член на тимот, семејството и заедницата.

Алатки за работа на далечина

Работните денови отсега ќе бидат на далечина и такви ќе останат многу подолго одошто во моментов си мислиме. Некои мислат дека со завршувањето на оваа криза сите луѓе повторно ќе се вратат на старите навики и ќе почне да одат на работа, но тоа во многу случаи нема да се случи, тврдат од HBR. Многу бизниси што поради природата на работата може да функционираат на далечина сфатија дека сосема нормално функционираат со работата од далечина периодов додека сите сме во карантин. Дури забележаа и дека се попродуктивни. На пример, Марко Буљан директор на хрватска агенција за дигитални услуги пресметал колку работата од дома штеди време што инаку би се потрошило на патување до работа и дошол до зачудувачки бројки. „Ако го земеме предвид времето потребно за подготвување и доаѓање на работа, како и тоа дека во најголемата гужва се враќате дома, да сметаме дека на тоа ни одат 1,5 – 2 часа дневно, зависно од тоа кој каде живее и работи.

Затоа може да кажеме дека во просек еден цел работен ден неделно сме потрошиле на доаѓање и заминување од работа. Сега одеднаш имаме еден ден во седмицата вишок на време. Тоа се месечно четири дена или годишно 40-50 дена. Звучи неверојатно, па морав два пати да ја проверам математикава“, вели Буљан. Со оглед дека работата на далечина е новата нормалност, дигиталните алатки за работа на далечина се на списокот компетенции што треба да се засилат или развијат. Еве што препорачуваат експертите. За инстант комуникација во реално време тука е задолжително апликацијата Slack. За зачувување податоци во облак што меѓусебно може да се споделуваат многу корисен е Drive на Google, како и Dropbox. Во низава припаѓаат секако и алатките за видео конференции и онлајн состаноци, како што се Meet, Zoom, Skype и др. За следење на потрошените работни часови и генерално профитабилноста на поедини проекти корисна е апликацијата Productive, производ на хрватската фирма Infinum. Треба да се размисли и за некои алатки за проектен менаџмент како што се Asana, Trello, Basecamp и слични. nnn


ЈУНИ 2021

44 ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1104

РИЧАРД БРЕНСОН

ОСНОВАЧ НА ВИРЏИН ГАЛАКТИК

ВСЕЛЕНСКИТЕ ПАТУВАЊА ЌЕ БИДАТ КАКО И СЕКОЈ ДРУГ БИЗНИС Сер Ричард Бренсон, харизматичниот британски претприемач, милијардер, основач на Вирџин групацијата којашто под својата капа има стотици бизниси, следниот месец ќе полни 71 година, но според ентузијазмот и немирниот дух повеќе наликува на некое 20 годишно момченце. Периодов е преокупиран со развојот на програмата за комерцијални летови на својата компанија Вирџин Галактик што ја основаше во 2004 година, со намера да го оствари својот сон – да летне во вселената, а тоа задоволство да им пружи и на многумина други -со подлабок џеб, се разбира. Да се потсетиме на некои фамозни изјави на Бренсон околу вселената, вселенскиот туризам, космонаутите... Вселенската програма што ја развиваме ќе ни овозможи да направиме летала со коишто луѓето ќе можат да патуваат од една до друга точка на земјата со неверојатни брзини.

Уште откако видов на времето како човекот слетува на месечината, а тогаш бев тинејџер, решив дека еден ден и јас ќе се вивнам во вселената.

Секој астронаут што се вратил од вселената доаѓа со определба да стори сè што може со цел да ја заштити.

Она што најмногу го одзема здивот кога ќе помислите на тоа да бидете во вселената, е всушност глетката на мајката Земја.

Вселенските патувања ќе бидат како и секој друг бизнис. Ќе има конкуренција.

Земјата е колевка на човештвото, но човештвото не може вечно да остане во колевката.

Вселената е концепт на инспирација што ти овозможува да сонуваш големи нешта.


ЗДРАВО лето!

Здравствено патничко осигурување

Дојде време за патување! Уживајте во секој миг. Здравствено патничкото осигурување на Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Обезбедете онлајн полиса на 5minuti.mk Повеќе инфо на triglav.mk

www.5minuti.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.