1105- Kapital magazin

Page 1

ИНТЕРВЈУА РОСАНА ДУЏАК

business magazine

постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија

МАРИЈА ТОМЕСКА

БРОЈ 1105 l 29 јуни 2021 вторник цена 200 ден. l www.kapital.mk

претседател на Управниот одбор на Еуролинк Осигурување

СЛАВИЦА СПИРОСКА

претседател на Управниот одбор на СОС Детско село

ПОЛИТИКА

COVER STORY

ПОЛИТИКА ВО ВРЕМЕ НА ПОСТ-ВИСТИНА ЛАГИ, ПРОКЛЕТИ ЛАГИ И ИНТЕРНЕТ

ЗА ПОЛОВИНА ГОДИНА РЕАЛИЗИРАНИ ЧЕТВРТИНА ОД КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

INTERVIEW

ВЛАДИСЛАВ ХАЏИДИНЕВ

извршен директор и член на УО на УНИБанка

УНИБАНКА СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ДИНАМИЧНА И АМБИЦИОЗНА БАНКА КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE

ОД ПОПУСТ ДО ОРГАНСКА ХРАНА, УМЕТНОСТ НА СЕГМЕНТИРАЊЕ НА ПАЗАРОТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

„ИГРАЊЕТО“ НА СТРАНСКИ БЕРЗИ СÈ ПОПРИВЛЕЧНО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ



3

КАПИТАЛ... 1105 12

18

ИНТЕРВЈУ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Владислав Хаџидинев

„Играњето“ на странски берзи сè попривлечно за македонските граѓани и фирми

извршен директор и член на УО на УНИБанка УНИБанка се трансформира во динамична и амбициозна банка

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

24

ИНТЕРВЈУ

Росана Дуџак

Прометот со акции на светските пазари поголем за 114%

постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија Секој треба да ја прифати Агендата 2030 како своја

36

42

06

COVER STORY

Повеќе планирани, помалку реализирани капитални инвестиции

За половина година реализирани четвртина од капиталните инвестиции

30

ОПШТЕСТВО

ИНТЕРВЈУ

Политика во време на пост - вистина

Марија Томеска

Лаги, проклети лаги и интернет

COVER STORY Повеќе планирани, помалку реализирани капитални инвестиции....6 За половина година реализирани четвртина од капиталните инвестиции ИНТЕРВЈУ Владислав Хаџидинев, извршен директор и член на УО на УНИБанка................................................12 УНИБанка се трансформира во динамична и амбициозна банка ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ „Играњето“ на странски берзи сè попривлечно за македонските граѓани и фирми......................................................18

ИНТЕРВЈУ

Славица Спироска

претседател на УО на Еуролинк Осигурување Водечка пазарна позиција во неживотното осигурување

претседател на Управен одбор на СОС Детско село Две децении се грижиме за тоа ниедно дете да не расте само

ИНТЕРВЈУ Росана Дуџак постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија..................24 Секој треба да ја прифати Агендата 2030 како своја

ИНТЕРВЈУ Славица Спироска, претседател на Управен одбор на СОС Детско село....................................................42 Две децении се грижиме за тоа ниедно дете да не расте само

ОПШТЕСТВО Политика во време на пост - вистина Лаги, проклети лаги и интернет......................30 ИНТЕРВЈУ Марија Томеска, претседател на УО на Еуролинк Осигурување...................................36 Водечка пазарна позиција во неживотното осигурување

КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE Империјата Aldi........................................................46 Од попуст до органска храна, уметност на сегментирање на пазарот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 25.06.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

ЈУНИ 2021


ЈУНИ 2021

4 ВО ФОКУС

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

ТИ БЛАГОДАРИМЕ

ГРАНДЕ!

Ги воодушевуваше италијанските коментатори своевремено додека играше во редовите на Лацио, Интер, Наполи, па и сега во последно време во дресот на Џенова, коишто врескаа „Pandev una magia” за магичните потези и голови на „мачедоне“. Ги освои симпатиите и довербата и на еден Жозе Мурињо во Интер, со своите вештини, посветеност на теренот и скромност во карактерот. Ја задолжи и македонската фудбалска репрезентација предводејќи ја на првото за нас Европско првенство. И после 122 меча за националниот тим, реши да се пензионира од репрезентативниот дрес, токму на последниот меч на Македонија на Европсково, против Холандија. Холанѓаните му направија голема чест подарувајќи му за збогум дрес со бројката од одиграни мечеви за својата земја. Ти благодариме Гранде за сè што направи за Македонија!


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Legend Diver Watch


ЈУНИ 2021

COVER STORY 6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

ЗА ПОЛОВИНА ГОДИНА РЕАЛИЗИРАНИ ЧЕТВРТИНА ОД КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ Реализацијата на капиталните инвестиции е четвртина од предвидената сума за цела година со иницијалниот Буџет или само 100 милиони евра се инвестирани во изградба на капитални објекти до средината на годинава, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Меѓутоа, и покрај слабата динамика на реализација на јавните инвестиции, властите со ребалансот уште повеќе ја зголемија планираната сума за оваа година. Капиталните расходи или инвестиции се планирани на ниво од 495 милиони евра што е за 105 милиони евра повеќе отколку првично планираното, односно раст oд 26,9%. Властите се надеваат дека со новиот механизам на следење на државните институции ќе ги поттикнат повеќе да ги реализираат предвидените проекти.


ПОВЕЌЕ ПЛАНИРАНИ, ПОМАЛКУ РЕАЛИЗИРАНИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ПОВЕЌЕ ПЛАНИРАНИ, ПОМАЛКУ РЕАЛИЗИРАНИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ

7

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105


ЈУНИ 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

И Владата и експертската јавност и меѓународните финансиски институции се согласни дека фискалниот стимул за стопанството и граѓаните мора да продолжи до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економски раст. Во насока на зголемување на капиталните инвестиции во Буџетот, тој посочи дека е извршено редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

С

амо 100 милиони евра се инвестирани во изградба на капитални објекти до средината на годинава, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Со тоа реализацијата е четвртина од предвидената сума за цела година со иницијалниот Буџет. Притоа, процентот на реализација варира кај различни државни институции од нула па до целосна искористеност на планираните пари. Според податоците од Министерството за финансии, најголема реализација е забележана кај институциите што имале на располагање најмали суми. Од оние коишто имаат најмногу пари

за инвестирање, најслаба реализација има кај Министерството за одбрана и тоа само 2,3%, за животна средина 7,3%, МВР со 11,5%, Министерството за транспорт и врски 12,5%, за образование и наука 17,5% Дирекција за ТИРЗ со 15,3%, а Министерството за здравство на ниво на државниот просек со 26,7%. Меѓутоа, и покрај слабата динамика на реализација на јавните инвестиции, властите со ребалансот уште повеќе ја зголемија планираната сума за оваа година. Капиталните расходи или инвестиции се планирани на ниво од 495 милиони евра што е за 105 милиони евра повеќе отколку првично планираното, односно раст од 26,9%. „Со овие измени и дополнувања на Буџетот за 2021 година извршено

е редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. Наша цврста заложба е да инвестираме во трајни добра. Се фокусираме на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина“, рече премиерот Заев образложувајќи го зголемувањето на капиталните расходи со ребалансот. Властите од годинава одлучија да применуваат нов модел на следење на реализацијата на капиталните инвестиции за да ги мотивираат


9

ПОВЕЌЕ ПЛАНИРАНИ, ПОМАЛКУ РЕАЛИЗИРАНИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, заштитата на животната средина. Поточно, во периодот од 2021 до 2025 година се планираат капитални проекти во вкупен износ од 3,1 милијарди евра, од кои со буџетски средства би се финансирале 1,16 милијарди евра, од донации (преку ИПА фондови) 112,8 милиони евра, а со средства од меѓународни финансиски институции/ билатерални кредитори капиталните инвестиции би се финансирале со износ од 1,84 милијарди евра“, образложи министерот за финансии, Бесими.

За кои капитални инвестиции има повеќе пари?! ЗОРАН ЗАЕВ премиер

Се работи на оригинален функционален КАПЕФ механизам за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции и развојните проекти, при што ќе биде воведена методологија за оценка на ефектите од инвестициските проекти врз економскиот раст. Тоа значи ‘казнување и наградување’ на буџетските корисници преку прераспределба на буџетските средства во текот на буџетската година од оние со слаба кон оние со поголема реализација на капиталните расходи.

државните институции да ги потрошат планираните пари за предвидените проекти. Премиерот објасни дека се работи на оригинален функционален КАПЕФ механизам за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции и развојните проекти, при што ќе биде воведена методологија за оценка на ефектите од инвестициските проекти врз економскиот раст. „Тоа значи „казнување и наградување“ на буџетските корисници преку прераспределба на буџетските средства во текот на буџетската година од оние со слаба кон оние со поголема реализација на капиталните расходи“, објасни Заев. По сектори, парите за капитални инвестиции се наменети за интензивирање на инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

ФАТМИР БЕСИМИ

министер за финансии

Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, околу 8 милијарди евра, ќе се реализира и истиот претставува дополнителен стимул за економски развој преку реализација на конкретни проекти. Најголемите инвестиции се планирани во енергетиката, гасификацијата, туризмот, здравството, преработувачката индустрија, производството.

Инаку, властите за прв пат претставија среднорочна фискална рамка за пет години, наместо за една како вообичаено досега. „Со овој буџет почнуваме нов концепт, одиме подалеку од фискалната година од 12 месеци и ја менуваме со 5-годишна рамка. Оваа среднорочна рамка го опфаќа растот, дефицитот, јавниот долг, како и капиталните проекти - кои вообичаено се реализираат во повеќе буџетски години и немањето на среднорочна рамка е една од причините за послабата реализација“, истакна Бесими. Па така, во среднорочната рамка на Предлог - Буџетот за 2021 година, презентиран е Планот за јавни инвестиции 2021-2025 и истиот ќе се следи и координира на највисоко во Владата, односно ќе се основа посебен Национален совет за инвестиции предводена од страна на премиерот. „Тоа ќе биде во насока на обезбедување на одржлив и инклузивен раст, согласно приоритетите од Програмата на Владата, и ќе се фокусира во координација на имплементацијата на капиталните инфраструктурни

ЈУНИ 2021

Министерот за финансии Бесими истакна дека и Владата и експертската јавност и меѓународните финансиски институции се согласни дека фискалниот стимул за стопанството и граѓаните мора да продолжи до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економски раст. Во насока на зголемување на капиталните инвестиции во Буџетот, тој посочи дека е извршено редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи. „Порастот на капиталните расходи од 26,9% е резултат на обезбедувањето потребни средства за реализација на дел од мерките на Владата, а коишто се однесуваат на кредити со 0% камата преку Развојната банка за најпогодените сектори од областа на туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани, приватните здравствени установи и др; кредитна гарантна шема преку Развојната банка во периодот април – октомври 2021 година и формирање Фонд за поддршка на истражување и развој преку Развојната банка. Кај буџетските корисници планирано е обезбедување дополнителни средства за капитални инвестиции за реконструкција на јавните здравствени установи, потоа инвестиции во областа на детската заштита, за реконструкција и опремување старски домови и опремување центри за лица со попреченост, во областа на патната инфраструктура, дополнителни средства за социјални станови, како и зголемен износ на средства за рурален развој“, рече Бесими. Тој посочи и дека новини во Буџетот се нова подпрограма за зелен развој, нови инструменти, како развојна обврзница и зелена обврзница во коишто ќе можат да инвестираат граѓаните, а истите ќе бидат наменети исклучително за инвестиции и зелен (одржлив) развој, како и Планот за финансирање забрзан раст којшто ќе овозможи нови инвестиции и нови работни места, а ќе биде презентиран наскоро.


ЈУНИ 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

„Инвестицискиот план на Владата е амбициозен и истиот треба да биде придружуван од дополнителни подобрувања во управувањето со јавните инвестиции, во насока на решавање на ‘тесните грла’, подобрување на ефикасноста на трошењата и ограничување на фискалните ризици.“, пишува во последниот Извештај на ММФ по завршувањето на мисијата во земјава

И премиерот и министерот за финансии уверуваат дека Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, околу 8 милијарди евра, ќе се реализира и истиот претставува дополнителен стимул за економски развој преку реализација на конкретни проекти. Најголемите инвестиции се планирани во енергетиката, гасификацијата, туризмот, здравството, преработувачката индустрија, производството. „Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 ги опфаќа сите инвестиции кои се планира да отпочнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори. Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи, како- вредност на планирани инвестиции од над 8 милијарди евра. Комплементарен план на ИПИ 20212027, во завршна фаза на подготовка е и Планот за финансирање на растот, со кој се отвораат сите можности за привлекување на приватниот капитал, комбинација на јавни и приватни инвестиции, преку создавање на законски можности за нивно спроведување, но и преку воведување на иновативни финансиски инструменти

атрактивни за приватниот капитал“, истакна Заев. Според него, владините приоритети до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија.

Закрепнување на среден рок

Властите очекуваат следните пет години економијата да расте со стапки кои се доближуваат и до 6% на годишно ниво. „На среден рок, стапките на економски раст ќе надминат 5%. Согласно основното среднорочно сценарио, економскиот раст во 2021 година е проектиран на 4,1%, а потоа 4,6% во 2022, 5,2% во 2023, 5,6% во 2024, 5,9% во 2025 и 5,7% раст во 2026 година. Просечниот раст за овој период би бил

5,4%. Основното сценарио се заснова на стојалиштето дека економијата ќе заздрави во 2021 година, по што ќе се интензивира економскиот раст“, пишува во најновата Фискална стратегија. За разлика од Владата, високите стапки на економски раст ги нема во долгорочните прогнози на меѓународните финансиски институции. Според ММФ, растот на економијата следните пет години може да достигне највисоки 4%. Според ММФ, постоењето на кредибилна среднорочна фискална стратегија може да помогне во решавањето на потребите од инвестиции во државата, истовремено создавајќи простор за фискален маневар. „Инвестицискиот план на Владата е амбициозен и истиот треба да биде придружуван од дополнителни подобрувања во управувањето со јавните инвестиции, во насока на решавање на „тесните грла“, подобрување на ефикасноста на трошењата и ограничување на фискалните ризици. Напорите за подобрување на наплатата на приходите би овозможиле простор


11

ПОВЕЌЕ ПЛАНИРАНИ, ПОМАЛКУ РЕАЛИЗИРАНИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ за подобрување на продуктивните трошоци во области како што се здравство, образование и инфраструктура. Постоењето на успешни јавни инвестиции ќе го поттикне растот и ќе помогне во трансформирање на економијата, но за да се заштити одржливоста на долгот, од суштинско значење е да се има сеопфатна фискална стратегија која, меѓу другото, ќе биде изградена врз реални претпоставки за раст“, пишува во последниот Извештај на ММФ по завршувањето на мисијата во земјава. Народната банка, на среден рок исто така предвидува натамошно закрепнување, но економскиот раст да биде 3,9% догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%. „Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Стапката на невработеност ќе се намали на 8,6%, стапката на вработеност ќе се искачи на 54,3%, просечната плата ќе расте со просечна стапка од околу 4%, бруто-инвестициите во 2026 година ќе се зголемат до 36,2%, додека извозот ќе расте со просечна стапка од околу 8,8%. Ова се проекции дадени во Фискалната стратегија 2022-2024, со изгледи до 2026 година, со којашто се продолжува практиката на Министерството за финансии со претходната ревидирана Фискална стратегија за подолгорочно планирање, со проекции за 5 наместо за 3 години. Владата вели дека државната поддршка преку различни економски мерки ќе продолжи во 2021 година, со цел поддршка на домашната економија за нејзино побрзо заздравување и создавање основа за повисок економски раст на подолг рок. Во однос на надворешното окружување, се очекува постепено стабилизирање на глобалните синџири за снабдување и раст на странската побарувачка, кои, заедно со

намалените притисоци од пандемијата во глобални рамки, се очекува позитивно да влијаат врз домашните економски текови во наредниот период, како врз трговската размена така и врз инвестициите и потрошувачката. Поволното меѓународно окружување и процесот на масовна имунизација во земјата се очекува да имаат позитивно влијание врз очекувањата и довербата на домашните економски субјекти и склоноста за инвестирање и потрошувачка.

Приватните инвестиции ќе пораснат

Инвестициите ќе имаат значајна улога во заздравувањето на економијата и нејзиното постепено интензивирање. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8% во 2021 година, а во периодот 2022-2026 година инвестициите се очекува да забележат просечен годишен раст од 8,8%. „Растот на инвестициите се заснова на очекуваниот раст на приватните инвестиции, во услови на постепено зголемување на довербата на деловните субјекти, поинтензивен прилив на странски инвестиции, очекуваниот фискален импулс, којшто ќе биде канализиран преку зголемени капитални расходи, но и зголемена поддршка за развој на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, поддршка на иновативната дејност и технолошкиот развој на претпријатијата“, пишува во Стратегијата. Извозот на стоки и услуги, со исцрпување на неповолните економски ефекти од пандемијата, како и со заздравување на глобалните синџири на производство и на надворешната побарувачка и повисока искористеност на производствените капацитети во земјата, се предвидува да забележи реален раст од 10,6% во 2021 година. На среден рок, во услови на очекувано стабилизирање на растот на надворешната побарувачка и зголемување на извозниот потенцијал во земјата преку прилив на странски инвестиции, извозот се очекува да има

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

БРОЈКИ:

495

милиони евра се предвидени за капитални инвестиции со ребалансот на буџетот

100

милиони евра се инвестирани во првата половина од годината во капитални објекти силен придонес врз економскиот раст, односно предвидено е да забележи просечен реален годишен раст од 8,8% во периодот 2022-2026 година. Според основното макроекономско сценарио, во 2021 година се очекува раст на бројот на вработени од 1%, додека во периодот 2022-2026 година се очекува раст на вработеноста со побрзо темпо, односно проектиран е просечен годишен раст од 3,6%. Растот на вработеноста во овој период се очекува да се одрази и врз понудата на работна сила, којашто е проектирано да се зголемува просечно за 1,7% годишно. „Ваквите движења на пазарот на трудот ќе придонесат просечната стапка на невработеност во 2026 година да се намали на 8,6%, додека просечната стапка на вработеност да се зголеми на 54,3%. Растот на просечната нето-плата во овој период се очекува да изнесува 3,8% годишно на номинална основа, со изгледи за умерено интензивирање на растот во чекор со продуктивноста“, пишува во Стратегијата. nnn


ЈУНИ 2021

12 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105


INTERVIEW

ВЛАДИСЛАВ ХАЏИДИНЕВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УО НА УНИБАНКА

13

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

ВЛАДИСЛАВ ХАЏИДИНЕВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УО НА УНИБАНКА

УНИБАНКА СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ДИНАМИЧНА И АМБИЦИОЗНА БАНКА Спремни сме за нов циклус. Ги имаме сите неопходни елементи за да бидеме меѓу лидерите на пазарот - одлично подготвен и мотивиран тим од експерти, организирани процеси, модерна ИТ инфраструктура и прудентен риск менаџмент. Нашата цел е да се развиваме и да бидеме една од најстабилните и најмодерни банки на македонскиот пазар, која ќе им понуди на своите клиенти продукти и услуги соодветни на нивните потреби.

ЈУНИ 2021


ЈУНИ 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Б

рзо одобрување и исплата на потрошувачки кредити; бесплатен токен за трансакции преку мобилен уред; перпетуална обврзница...се само дел од чекорите што УНИБанка ги воведе прва на македонскиот банкарски пазар и по кои што стана карактеристична како една од најиновативните банки во земјава. Минатата година, и покрај тоа што беше тешка за целата економија поради пандемијата, за УНИБанка беше рекордна според остварената добивка, од шест милиони евра. Со извршниот директор на банката и член на Управниот одбор, Владислав Хаџидинев, разговаравме околу главните фактори за овој успех на УНИБанка, како и плановите и перспективите за понатамошен раст и развој. XГ-дин X Хаџидинев, после пет години како извршен директор и член на Управниот одбор на УНИБанка, што може да кажете за нејзината

позиционираност денес: кои се главните постигнувања на банката во овој период? Мислам дека во текот на изминатите 5 години, УНИБанка успешно се трансформираше во динамична и амбициозна банка. Во овој период, многу пати докажавме дека можеме да бидеме иновативни и храбри. Се фокусираме да ги надминуваме очекувањата на клиентите и да бидеме добар конкурент на најсилните банки на пазарот во Македонија. Нашите услуги често имаат пионерски дух. На пример, во 2018 година бевме една од првите банки, која понуди одобрување и исплата на потрошувачки кредити во рамките на 30 минути. Тоа се должеше пред сè, на нашата способност да го искористиме потенцијалот на нашата ИТ инфраструктура, во комбинација со нашата експертиза во делот на управувањето со кредитниот ризик. Резултатот беше одличен. Во тој период, секој втор потрошувачки кредит во банкарскиот систем, беше исплатен од УНИБанка. Се разбира, го зголемивме пазарниот удел, но поважното е дека се

позициониравме како еден од главните фактори во сегментот население. Нормално, динамиката во порастот на кредитното портфолио и активата на Банката, не можеше да се случи без соодветно ниво на сопствен капитал. За последните пет години, УНИБанка беше меѓу најпрофитабилните банки на пазарот, со просечен поврат на капиталот (ROE) над 16%. За периодот, секоја година ја реинвестиравме добивката и практично го удвоивме сопствениот капитал, од близу 19 милиони евра во 2015 година на скоро 45 милиони евра во 2020 година. Мислам дека движењето на цената на акциите на банката за последните 5 години кои котираат на македонската берза, го потврдува успехот на банката во периодот. Меѓутоа, имаме потенцијал за дополнителен пораст. После тој петгодишен период, УНИБанка е спремна за нов успешен циклус. Ги имаме сите неопходни елементи за да бидеме меѓу лидерите на пазарот - одлично подготвен и мотивиран тим од експерти, организирани процеси, модерна ИТ инфраструктура и прудентен


ВЛАДИСЛАВ ХАЏИДИНЕВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УО НА УНИБАНКА

15

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

Оптимист сум и очекувам, дека во наредните пет години ќе се соочиме со зголемени инвестиции во приватниот сектор, што е главен мотор за економскиот раст. УНИБанка е подготвена да биде активен учесник во стопанскиот процес. Спремни сме да ги кредитираме македонските бизниси и домаќинства согласно нивните потреби. Брзината на нашите процеси и конкурентните цени на нашите кредитни производи ќе ни помогнат да го зголемиме задоволството на клиентите. риск менаџмент. Нашата цел е да се развиваме и да бидеме една од најстабилните и најмодерни банки на македонскиот пазар, која ќе им понуди на своите клиенти продукти и услуги соодветни на нивните потреби. XКакви X се перформансите на УНИБанка во првата половина од годинава, кога сè уште не е завршена пандемијата и се чувствуваат последиците од економската криза? Какви се вашите очекувања и прогнози за до крајот на 2021? Пандемијата создаде без преседан ситуација од аспект на последиците за економијата и финансискиот систем. Последиците веројатно ќе се чувствуваат и во наредните години, но и се надевам дека најлошото заврши. УНИБанка влезе во 2021 година во топ кондиција. Минатата година постигнавме нето добивка од 6 милиони евра, што беше апсолутен рекорд за нас. Како поврат на капитал, тоа беше над 18% (ROE), што не позиционира како најпрофитабилна банка во 2020 година, по тој параметар. Одржуваме високо ниво на ликвидност, а адекватноста на

капиталот е над 18%. Во контекст на банкарскиот систем, моите лични очекувања се дека 2021 година генерално ќе биде период на стабилизација. Сметам дека мерките што ги превземавме мината година беа адекватни и им помогнаа на бизнисите, на граѓаните и на нас банките да ги надминеме најсериозните ризици. Нормално, на сите ќе ни биде потребно време за да се вратиме во нормално темпо на работа и да се исчистат проблемите што се создадоа од т.н. “локдауни”. Стратегијата на УНИБанка за време на пандемијата беше насочена во два главни приоритета - да даде максимална поддршка на своите клиенти и да ја заштити банката од сите потенцијални ризици. Сега, на некој начин, навлегуваме во период каде што гледаме глобален тренд на олабавување на мерките и сметам дека тоа ќе даде можност за зголемена економска активност. Во таа насока, и ние планираме во вториот дел на 2021 година, да ги подзасилиме значително нашите активности, поврзани со кредитирањето и платежните услуги.

ЈУНИ 2021

XКако X ја оценувате моменталната состојба на македонската економија и како очекувате таа да се одрази врз понатамошниот раст и развој на банкарскиот сектор во земјава? Дали УНИБанка ќе дава повеќе кредити на краток и среден рок? Секако потенцијалот за понатамошниот раст на банкарскиот сектор е поврзан со потенцијалот за економски раст. Мислам дека, доколку глобалната и европската економија успеат во наредните години да продолжат во позитивен тренд, истото ќе се случи и со македонската економија. Оптимист сум и очекувам, дека во наредните пет години ќе се соочиме со зголемени инвестиции во приватниот сектор, што е главен мотор за економскиот раст. УНИБанка е подготвена да биде активен учесник во стопанскиот процес. Спремни сме да ги кредитираме македонските бизниси и домаќинства согласно нивните потреби. Брзината на нашите процеси и конкурентните цени на нашите кредитни производи ќе ни помогнат да го зголемиме задоволството на клиентите.


ЈУНИ 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

Нашата цел е да ја најдеме златната средина меѓу максимално дигитализирање на услугите и одржување на човечката врска помеѓу банката и клиентите. За таа цел, се фокусираме да нудиме дигитални услуги што се првенствено максимално безбедни и лесни за користење, и во исто време да ги подобруваме способностите на нашите вработени да комуницираат ефикасно со клиентите.

XСега, X после две и пол години од емитувањето на перпетуалната обврзница, како го оценувате овој потег на Банката? Дали и во блиска иднина е можен сличен процес за повторно прибирање на свеж капитал? Перпетуалната обврзница, што УНИБанка ја издаде во 2019 година, беше првиот финансиски инструмент од ваков тип издаден на македонскиот финансиски пазар. За целата екипа на банката, ова е еден од симболите на успех и иновативност во последните неколку години. Емисијата дефинитивно беше успешна, како за банката од аспект на нејзиното влијание врз капиталот и нејзината репутација, така и за сите инвеститори. Важно е да се потенцира дека емисијата беше купена од македонски инвеститори, што е доказ за довербата што УНИБанка ја има на локалниот пазар. Можноста за диверзификација на изворите на капитал е добра за банката. Оттаму, мислам дека е многу веројатно, во блиска иднина, УНИБанка да подготви нови слични капитални инструменти во согласност со нејзината стратегија и бизнис плановите. XПандемијата X очигледно само ги забрза процесите на дигитализација што неминовно доаѓаа. Како е во моментов позиционирана УНИБанка во делот на дигитализација на своето работење со клиентите и кои се според Вас клучните дигитални трендови што треба да ги очекуваат корисниците на банкарските услуги допрва? Дигитализацијата е еден од главните наши приоритети во последните 5 години. Потврда за тоа се многуте иновативни решенија што ги воведовме. Во 2018 година, први воведовме бесплатен мобилен токен, што дава највисоко ниво на сигурност при правење на трансакции од мобилен телефон. Во 2020 година пуштивме Пакет 99 денари, со кој практично нудиме неограничен број бесплатни трансакции за клиенти физички лица, преку мобилно и електронско банкарство. Мислам, овој производ засега е без пандан на пазарот. Пандемијата дефинитивно даде дополнителен фокус на дигитализацијата на целиот банкарски систем. Меѓутоа, сметам дека потенцијалот во таа област сè уште е многу сериозен и ќе насочиме многу ресурси во надградбата на услугите што нашите клиенти можат да користат директно преку мобилното и електронско банкарство. Нашата цел е да ја најдеме златната средина меѓу максимално дигитализирање на услугите и одржување на човечката врска помеѓу банката и клиентите. За таа цел, се фокусираме да нудиме дигитални услуги што се првенствено максимално безбедни и лесни за користење, и во исто време да ги подобруваме способностите на нашите вработени да комуницираат ефикасно со клиентите. XВо X услови на пандемија особено стана значаен ангажманот на бизнис секторот во делот на општествената одговорност. Каква е стратегијата на УНИБанка во овој домен? Кои се најзначајните CSR кампањи и активности што ги има спроведено банката?


ВЛАДИСЛАВ ХАЏИДИНЕВ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ЧЛЕН НА УО НА УНИБАНКА

17

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

Во 2020 година, УНИБанка во соработка со Министерството за образование и наука, реализира донација на 50 нови компјутери на ново отворената Математичко Информатичката Гимназија во Скопје. Фото: Хаџидинев со министерката Мила Царовска во училницата со донираните компјутери. Во последните неколку години УНИБанка учествуваше во различни иницијативи во делот на општествената одговорност. Најчесто се фокусиравме во поддршката на иницијативи поврзани со образованието и спортот. Во делот на високото образование, во 2019 година, Банката потпиша договор за стратешка соработка со Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Врз основа на тој договор се реализирани обуки на вработените и доусовршување на нивните способности, како и ангажирање на студентите и стекнување со практично искуство во финансискиот сектор, како и нивно понатамошно вработување. Во делот на средното образование во 2020 година, банката во соработка со Министерството за образование и наука, реализира донација на 50 нови компјутери на ново отворената Математичко - Информатичката Гимназија во Скопје, каде се подготвуваат идните генерации македонски математичари и информатичари. За нас образованието е област каде планираме и во иднина да помагаме, бидејќи е една од најприоритетните области за општеството. Во спортот, веќе неколку години имаме стратешко партнерство со спортскиот клуб МЗТ Скопје. Нивното влијание во општеството како спортски клуб со големи традиции е сериозно и сме среќни од можноста да бидеме партнери со нив во развивањето на спортскиот дух кај младите. XКаде X ја гледате УНИБанка на среден рок, за пет години, на пример? Кои се клучните стратешки цели што допрва треба да ги исполнувате заедно со целиот тим? Целта на УНИБанка за наредниот петгодишен период е да продолжиме да го зголемуваме пазарното учество и да се позиционираме како една од главните финансиски институции во државата. Тоа ќе го постигнеме преку фокус врз дигитализацијата, брзина на услугите и одржување на одлична комуникација со клиентите. Тимот на УНИБанка е подготвен, организиран и фокусиран врз постигнување на целите. Последните

Перпетуалната обврзница, што УНИБанка ја издаде во 2019 година, беше првиот финансиски инструмент од ваков тип издаден на македонскиот финансиски пазар. Фото: Хаџидинев со директорот на Македонска берза Иван Штериев при потпишувањето на договорот за котација на перпетуалната обврзница. пет години беа исполнети со различни предизвици и тимот докажа дека е способен брзо да се адаптира, за да работи успешно во различни пазарни ситуации. За банката, тимот е еден од најклучните активи и верувам дека УНИБанка располага со едни од најподготвените експерти во банкарскиот систем. XКако X вие лично гледате на „новата нормалност“ што ја наметнува пандемијата за бизнисот и секојдневниот живот, т.е. што ќе значи тоа за принципите на менаџментот кон коишто вие се придржувате, дали тие ќе се променат?

ЈУНИ 2021

Сметам дека пандемијата не’ потсети колку е важно да се придржуваме до добрите пракси во менаџментот. Основните принципи остануваат непроменети - дефинирање на бизнис цели, планирање како тие да се постигнат, ефикасно организирање на тимот, транспарентна комуникација и поддршка на мотивацијата во колективот. После кризата, мислам за целиот менаџерски тим на УНИБанка е јасно дека мора да бидеме постојано подготвени за непредвидени ситуации и да сме максимално адаптивни. Целите мора да се постигнуваат, независно од промените во бизнис околината. nnn


ЈУНИ 2021

18 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

„ИГРАЊЕТО“ НА СТРАНСКИ БЕРЗИ СÈ ПОПРИВЛЕЧНО ЗА

ПРОМЕТОТ СО АКЦИИ ПАЗАРИ ПОГОЛЕМ ЗА Од извештаите за прометот на Македонска берза во првите три месеци годинава, се гледа дека класичното тргување со акции и обврзници (без блок трансакции) изнесува околу 21 милион евра, додека за истиот период на странски пазари, според анализата на Комисијата за хартии од вредност е реализиран промет во износ од 1,38 милијарди денари (околу 22,5 милиони евра). Вкупниот промет на Македонската берза во овој период изнесува околу 43 милиони евра.


19

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ И ФИРМИ

НА СВЕТСКИТЕ 114%


ЈУНИ 2021

20 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

Во прометот реализиран на странски пазари во овој квартал најголемо учество има Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со 47.07 % од вкупниот промет, односно 653,7 милиони денари. По неа следува Комерцијална Банка АД Скопје која во овој квартал бележи реализиран промет од 568,5 милиони денари на странски пазари, што претставува 40.94 %, како трета е НЛБ Банка АД Скопје која во прометот на странски пазари учествува со 11.93 % и како последна е брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје со учество од 0,05%.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Т

ргувањето на македонските граѓани и фирми на странските берзи станува сè поголема конкуренција на домашниот пазар на капитал. Од извештаите за прометот на Македонска берза во првите три месеци годинава, се гледа дека класичното тргување со акции и обврзници (без блок трансакции) изнесува околу 21 милион евра, додека за истиот период на странски пазари е реализиран промет во износ од 1,38 милијарди денари (околу 22,5 милиони евра). Вкупниот промет на Македонската берза во овој период изнесува околу 43 милиони евра. Во однос на првиот квартал од 2020 година кога прометот на странски пазари преку домашни овластени учесници беше 648 милиони денари (10,5 милиони евра), евидентно е зголемување за 114,35%, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност. Прометот реализиран на странски пазари прикажан по месеци во Q1 во 2021 година, како и процентот на промена може да се види во табеларниот преглед. Од наведеното може да се заклучи дека во февруари е евидентиран најголем промет во ова тримесечје од 2021 година, односно 532,8 милиони денари или на

Промет со хартии од вредност (милиони евра) Македонска берза* Странски пазари

2020

1Q 2021

97,3

21

56,9

22,5

*Се однесува на прометот во класично тргување Извор: Македонска берза и КХВ овој месец отпаѓаат 38.37% од вкупниот промет во првиот квартал од 2021 година, што е приближно со остварениот промет во јануари кога е остварен промет од 532,5 милиони денари. Освен трите банки, овластени учесници на пазарот на капитал кои земаат учество во тргувањето на странски пазари (Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје), за прв пат на странски пазари почнува да тргува и брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје која во март 2021 година, учествува со скромни 759 илјади денари што претставува 0,23% од мартовскиот промет остварен на странски пазари. Учеството на оваа брокерска куќа во прометот реализиран во првиот квартал од 2021 година изнесува незначителни 0,05%. Во прометот реализиран на странски

пазари во овој квартал најголемо учество има Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со 47.07 % од вкупниот промет, односно 653,7 милиони денари. По неа следува Комерцијална Банка АД Скопје која во овој квартал бележи реализиран промет од 568,5 милиони денари на странски пазари, што претставува 40.94 %, како трета е НЛБ Банка АД Скопје која во прометот на странски пазари учествува со 11.93 % и како последна е брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје со учество од 0,05%.

Банките - брокери почнуваат поголем дел од прометот да го имаат на странски берзи

Доколку се анализира прометот на учесниците кои тргуваат на странски пазари, наспрема реализираниот промет на домашниот пазар , може да се заклучи дека дел од нив првенствено се насочени кон тргување на странските



ЈУНИ 2021

22 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

пазари. Имено, од приложеното може да се заклучи дека Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во првиот квартал од оваа година речиси целото тргување и е ориентирано на странските пазари. Кај оваа банка, од реализираниот промет во јануари 98,45% отпаѓа на тргување на странски пазари, во февруари овој процент е 96,65% од тргувањето на оваа членка, а во март 88,17% наспрема 11,83% на домашен пазар. Ваквиот тренд на тргување е забележан и во првиот квартал од 2020 година. Комерцијална Банка АД Скопје во првиот квартал од минатата година во најголема мера била ориентирана на домашниот пазар, а во 2 месеца од првиот квартал од 2021 година поголем дел од тргувањето го реализира на странските пазари наспрема домашниот пазар, единствено во февруари оваа банка поголем дел од прометот односно 59,22% од реализираниот промет е на домашниот пазар преку Македонска Берза АД Скопје. НЛБ Банка АД Скопје во првиот квартал од минатата година, најголемиот дел од својот промет го има реализирано на домашниот пазар, а овој тренд е застапен и во март од 2021 година, а во останатите два месеца од првиот квартал на 2021 година

(јануари и февруари) оваа банка од аспект на реализираниот промет е ориентирана спрема странските пазари.

Граѓаните ќе можат и сами да тргуваат на странските берзи

Во моментов, македонските физички и правни лица можат да тргуваат со акции и други финансиски инструменти на странски берзи само преку посредништво на три домашни банки, односно брокерските оддели на НЛБ, Шпаркасе Македонија и Комерцијална банка, како и преку брокерската куќа Инвестброкер од неодамна . Можноста на македонските граѓани да тргуваат на странски берзи беше дадена со промени во регулативата за девизно работење, коишто стапија на сила од средината на 2019 година. Минатата, 2020 година, македонските граѓани направиле промет од околу 57милиони евра на странските берзи, додека на Македонската берза прометот по сите основи изнесуваше 133 милиони евра, а само со во класично тргување со акции и обврзници 97 милиони евра. Меѓутоа, отсега со одлуката што ја донесе Народната банка неодамна, македонските граѓани освен во странска банка, за потребите на трансакции со хартии во

вредност од странство ќе може да отворат сметка и кај странски брокерски куќи, кај платежни институции или институции за електронски пари во странство заради комерцијални цели, но и за тргување со хартии од вредност ако истовремено се и овластени учесници на странска берза. Тоа значи дека и сами ќе може да тргуваат на странските берзи, без посредништво на домашните банки. Од изјавите на домашните банки посредници во тргување со акции во странство може да се заклучи дека инвеститорите повеќе се информирани и повеќе ги следат берзите во Америка отколку во Европа. Најмалите износи со кои излегуваат на странските пазари се движат околу 2.000 евра, просечните се околу 20.000 евра, а поголемите достигнуваат и до 500.000 евра. Во 2020 година, особено по силната корекција на светските пазари во март месец, бројот на индивидуалци од земјава кои инвестираат, а кои претходно немаат значително искуство во тргувањето со хартии од вредност, рапидно се зголеми, ни кажаа од домашните банки. Се работи за инвеститори со портфолија до 20.000 евра, кои целат кон фреквентно тргување. nnn



ЈУНИ 2021

24 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

INTERVIEW


25

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

РОСАНА ДУЏАК

ПОСТОЈАН КООРДИНАТОР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

СЕКОЈ ТРЕБА ДА ЈА ПРИФАТИ АГЕНДАТА 2030 КАКО СВОЈА За да се направат реални промени, што е од клучна важност за одржливиот развој, секој треба да ја прифати Агендата 2030 како своја. За жал, некои сè уште сметаат дека тоа спаѓа само во мандатот на ОН, што е далеку од вистината. Агендата 2030 и целите за одржлив развој не се разликуваат од државните цели за борба против сиромаштијата, зголемениот просперитет, обезбедување стабилност и здрава животна средина. Неопходно е да се промовираат и користат клучните карактеристики на Агендата, инклузивноста и партнерствата. Реална промена е возможна само ако сите сегменти од општеството придонесуваат и имаат придобивки од нејзиното спроведување.

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Ш

ефицата на мисијата на ОН во Северна Македонија или Постојан координатор, како што е официјално нејзината позиција во номенклатурата на светската организација, г-ѓа Росана Дуџак, го води и стратешки го позиционира тимот на ОН во земјата, кој вклучува 18 агенции од кои 12 имаат своја канцеларија или претставник во Северна Македонија. Истовремено таа е назначен претставник за развојни активности на Генералниот секретар на ОН. Во услови кога целиот свет се’ уште се справува со последиците од пандемијата и глобалната соработка е поважна од било кога досега, со г-ѓа Дуџак разговаравме за најзначајните аспекти од работата на ООН во Северна Македонија, односно во кои области со

помош на организацијата е постигнат најголем напредок кон исполнување на целите за одржлив развој, а каде имаме уште доста работа како општество. Каков е ставот на ОН по прашањето на дигитализацијата во образованието со оглед на жестоките дебати што се водат во земјата? Дигитализацијата не е само неизбежна, туку и пожелна, и колку поскоро ја прифатиме, толку подобар исход може да се очекува во земјата. Тоа особено важи за образованието поради напредокот на ИКТ и потребата, како што вели познатата изрека, „да ги подготвуваме децата денеска за работните места коишто сè уште не постојат”; затоа се чини дека дигитализацијата е неизбежна. Дигиталните технологии сè повеќе стануваат реалност во животот на децата и влијаат на начините на кои тие бараат информации, се социјализираат, си играат и учат. Меѓутоа, дигиталното учење треба да

биде само дел од основниот пакет на главни услуги за секое дете и млад човек. Истражувањата нудат убедливи докази дека дигиталните технологии можат да го поддржат образованието и да доведат до поголема ангажираност на учениците, помагајќи им да ги изградат вештините за 21 век коишто се неопходни за живот и работа во глобалното општество кога се користат како надополнување на традиционалната настава. Дигиталните учебници и останатите дигитални ресурси за учење имаат потенцијал да ја унапредат промената во парадигмата кон образование каде ученикот има централно место. Меѓутоа, за да успее овој процес, развојот на дигитални материјали за настава и учење треба да биде соодветно поддржан со развој на дигитална педагогија, дигитално стручни наставници и доследна техничка поддршка. Клучна улога во овој процес имаат наставниците, и тие треба да бидат поддржани за да достигнат ниво


ЈУНИ 2021

26 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

на дигитална стручност и соодветно да ги приспособат своите педагошки пристапи. Исто така, мора да се даде приоритет на најранливите деца и млади луѓе за да се поврзат и да имаат еднаков пристап до квалитетно дигитално учење коешто е во развој. Дигиталното учење треба да се стави на располагање на секое дете и млад човек, вклучително и на децата со попреченост, преку избор на методологии за учење каде што се зема предвид степенот на образование на детето и наставниот јазик. Секако, пристапот на секоја земја кон овие промени е различен, а решенијата треба да се прилагодат на собраните податоци и докази за потребите на учениците во таа земја. Агенциите на ОН спроведуваат бројни активности во поддршка на дигиталната трансформација и иновациите во разни области, од здравството до локалната самоуправа, и ние цврсто веруваме дека преку обезбедување пристап до овие услуги за сите може да се забрзува развојот и да се подобри на квалитетот на животот. XНа X што конкретно работи ОН со релевантните македонски институции изминативе неколку години за да се подигне квалитетот на образованието во Македонија? Во последните пет години, со поддршка од УНИЦЕФ, УНДП, УНФПА и други агенции на ОН, Северна Македонија забележа значителен напредок во пристапот, квалитетот и инклузивноста на образованието, преку собирање докази, меѓуресорско застапување, техничка поддршка и иновации. Заедно со Светска банка и ЕУ, го поддржавме порастот во стапката на запишани деца во предучилишно образование од 30 на 42 проценти. Користејќи ги наодите од сеопфатниот преглед на ОЕЦД за евалуација и оценување во образованието, УНИЦЕФ помогна да се идентификуваат главните системски празнини за слабите резултати од учењето. Тоа поттикна дијалог за политики за особено потребната реформа на образовниот систем. Започнувајќи со ревидирање на Акцискиот план за Националната стратегија за образование за 20182025, процесот на реформи продолжи со поголем број клучни образовни политики, како што се Законот за основно образование и Законот за наставниците и стручните соработници. Како резултат на тоа, според мерењата на ПИСА, од 2015 до 2018, процентот на ученици со лоши резултати по секој предмет (читање, математика и наука) се намали за најмалку девет процентни поени. Земјата забележа најголемо подобрување во резултатите по читање, втор најголем резултат по наука и трет по математика. Пандемијата со Ковид-19 не беше исклучок. Во последната година, значајна поддршка се даваше на Министерството за образование за брза промена на образовниот систем кон учење на далечина, обезбедувајќи образовна програма на националниот јавен сервис и видео лекции и други дигитални образовни ресурси преку националната платформа Едуино. Сега, кога пандемијата е повеќе во наша контрола, се застапуваме за безбедно

враќање на училиште и поддршка за Владата тоа да се направи безбедно и брзо. XКаде X имаме постигнато најголем напредок во исполнувањето на целите од Агендата 2030 во земјава и каде заостануваме? Она што треба да се знае е дека Агендата 2030 не е едноставен збир на 17-те Цели за одржлив развој (ЦОР), туку взаемно поврзана и неделива трансформација во пет категории: Луѓе, Просперитет, Планета (Животна средина), Мир (Добро управување) и Партнерство за која се заложија сите 193 земји потписнички. Во 2020 год., со поддршка од ОН и други меѓународни партнери, Владата го подготви првиот Доброволен национален преглед (ДНП), што ја дава основата за напредок во однос на ЦОР во Северна Македонија. За пофалба е што овој извештај беше подготвен во тешки времиња со пандемијата со Ковид-19, со консултативен приод и со вклученост на националните власти, младите, граѓанското општество, бизнисот и академската заедница. Според овој извештај, Северна Македонија ги оствари најголемите достигнувања во категориите Луѓе и Просперитет во однос на опаѓачкиот тренд на сиромаштија, нееднаквост и невработеност со текот на годините. Со поддршка од ОН, земјата успеа двојно да го намали процентот на смртност на новороденчињата од 11.9 во 2016 год. на 5.7 во 2018 год. и постојано да ја зголемува стапката на имунизација на децата. Подобрувања и континуирани заложби се забележани и во категориите Мир и Партнерство преку напредок во реформите за владеење на правото и добро управување, коешто заедно со подобрување на соседските односи, го возобнови евро-атлантскиот пристапен процес. Особено сакам да го пофалам постигнатиот напредок кон родова еднаквост и справување со насилството врз жените и девојчињата. Порастот на вработеноста на жените може да биде еден од таканаречените акцелератори на одржлив развој во Северна Македонија. Дополнително, земјата прави значителни заложби во борбата против организираниот прекуграничен криминал. Во 2020 год., откривањето на криумчарењето мигранти се зголеми за 17.3% од претходната година, и 91 лице беа кривично гонети во 65 предмети за криумчарење. Најслаб напредок е забележан во категоријата Планета. Меѓутоа, за кусо време по објавувањето на извештајот беа преземени конкретни активности, како што се владината заложба за поддршка на намалување на емисијата на стакленички гасови во земјата до 51% во 2030 год. споредено со 1990 год., како и планот за усогласување со Зелениот план на ЕУ за Западен Балкан. Меѓутоа, загриженоста од страна на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во регионот на Охрид и понатаму останува сериозна.. За потребите на ДНП, УНДП поддржа Брзата интегрирана проценка, преку којашто се направи мапирање и анализа на усогласеноста во поглавјата за ЕУ,

меѓународните конвенции и ЦОР, и покажа дека 83% од документите за планирање во земјата се усогласени со ЦОР. Ако тоа се надополни со 55-те ратификувани конвенции од страна на земјата, усогласеноста достигнува ниво од 98 %. XВо X кои области на ЦОР има најголемо вложување од страна на ОН во Северна Македонија? Неодамна го објавивме Годишниот извештај на ОН за Северна Македонија за 2020 год., последен во рамки на претходната Стратегија помеѓу ОН и Северна Македонија за периодот од 2016-2020, каде што се дава и преглед на постигнатите резултати од претходниот програмски период од 5 години. Во овој период, ОН, преку големиот придонес на нашите донатори, вложи над 130 милиони американски долари во пет различни области, коишто беа усогласени со владината програма за 2017-2020 и приоритетите од пристапувањето во ЕУ. ОН го поддржаа отворањето работни места со интервенции на сите нивоа – од градење институционални капацитети и унапредување на социјалниот дијалог, до поддршка за развојот на политики за работни односи и мали и средни претпријатија (МСП), прилагодување на наставните планови во образованието со потребите на пазарот на труд и спроведување на наменски активни мерки за вработување и програми за развој на вештини. Со оваа поддршка придонесовме да се отворат 6,298 работни места со полно работно време (од кои 38% жени) и 5483 нови компании (36% од млади луѓе), и обучивме над 50,000 луѓе. Во областа на добро управување, ОН го помогнаа инклузивното креирање и спроведување на политики и го поддржаа пристапниот процес во ЕУ преку јавно достапниот портал за Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА). Го поддржавме и ангажманот на националните чинители во рамки на меѓународните механизми за човекови права, а на локално ниво работевме на јакнење на општинските капацитети и услуги, меѓу - општинската соработка, меѓуетничкиот дијалог и социјалната кохезија. До крајот на 2020 год., 30 општини располагаа со интегрирани и инклузивни планови за локален развој, 21 општина воспостави родово одговорно буџетирање и над 1,000 општински советници беа оспособени да преземаат поголема улога во одлучувањето и надзорот на локално ниво. Како одговор на мигрантската криза во 2016 год., Гевгелија се здоби со депонија за цврст отпад и реновирана болница, а во болницата во Куманово беше отворено ново одделение за брза помош. Дававме силна поддршка и за иновациите, вклучително и за Центарот за иновации на Град Скопје, каде што се овозможи тестирање на различни модели на локално управување. Преку предизвиците за иновации UPSHIFT и Generation Unlimited се ангажираа голем број на млади луѓе преку отворени иновации, а локалните тимови финалисти учествуваа на глобалниот повик на Generation Unlimited, и во двете години беа


РОСАНА ДУЏАК

ПОСТОЈАН КООРДИНАТОР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

27

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

Постои многу простор во Северна Македонија за да се зајакне улогата на приватниот сектор во одржливиот развој. На глобално ниво, придржувањето до еколошките, социјалните и управувачките стандарди стана тренд во приватниот сектор, па се надеваме дека тоа ќе се случи и тука. победници на глобално ниво. ОН придонесоа за значајни резултати во социјалните услуги, цврсто потпирајќи ја нашата работа на создавањето нови податоци и статистика, што има голема важност за спроведување наменски политики со цел никој да не биде изоставен. Го помогнавме развојот и спроведувањето на политиките за социјална и детска заштита, образование, смртност кај новороденчињата и сексуалното и репродуктивното здравје, миграциите и заштитата на бегалците. Обезбедивме нови модели за инклузивно образование во 30 основни училишта и 25 детски градинки, поддржавме дигитализација и инвестиции во здравството; го унапредивме работењето на Центрите за социјална работа и капацитетите за хуманитарно гранично управување и кризен менаџмент во камповите. Особено сме горди на придонесот што го дадовме за затворање на специјалните основни училишта за децата со попреченост и укинувањето на посебните групи за деца со попреченост во предучилишното образование. До крајот на 2019 год., во големите институции повеќе немаше оставени деца без грижа, а за 30% порасна бројот на деца доделени кај згрижувачи и петкратно се зголемија додатоците за сиромаштија кај децата. За заштита на животната средина неопходни се уште повеќе напори од страна на државата и развојните партнери, меѓутоа, многу важни резултати се веќе постигнати со поддршка на ОН во последните пет години. Тука спаѓа и прогласувањето на нови национални паркови и заштитени подрачја, како Шар Планина , воспоставување на Национален инвентар за шуми и систем за мониторинг, вклучително и Зелен катастар за Град Скопје. Нашата поддршка е насочена и кон консолидирање на земјиштето, воведување на климатскопаметни земјоделски технологии, национално агро-еколошко зонирање и информациски систем за управување со земјишните ресурси за да се

подобри земјоделското производство и капацитетот за прилагодување на земјоделските производители. ОН го поддржаа и Планот за управување со сливот на Преспанското езеро, а потоа и за сливот на река Струмица, а надлежностите за заштита и управување беа префрлени на општините. Направивме истражување за практиките за загревање и загадување на воздухот во една од најзагадените области на Скопје. Започнаа активностите за чистење на опасниот отпад од едно од најголемите жаришта во земјата – фабриката ОХИС, којашто претставува еколошка закана за главниот град. Преку програмата за намалување на ризици од катастрофи во Полошкиот и Струмичкиот регион, 50% зголемување на одводниот капацитет на реставрираните канали во просек спречуваат економска загуба на годишно ниво од 50,000 до 100,000 американски долари

ЈУНИ 2021

поради поплави за кои постои голема веројатност. Во Пелагонискиот регион, спречените штети надминаа износ од 2 милиони американски долари за над 230,000 луѓе. ОН вложија значителни заложби за унапредување на родовата еднаквост. Усвојувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) е клучно достигнување на национално ниво, проследено со воспоставување на клучните институционални структури, вклучително и три центри за упатување жртви на сексуално насилство во болниците во Тетово, Скопје и Куманово. Над 6,000 државни службеници беа обучени за вклучување на родовата перспектива и родово - базирано буџетирање и по прв пат родово специфични одредби беа вклучени во методологијата за стратешко


ЈУНИ 2021

28 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

планирање на Владата, а вработеноста на жените се зголеми. XКои X се клучните предизвици за македонското општество, каде не посветуваме соодветно внимание, и кои се главните пречки за целосно остварување на ЦОР? Подготвената Заедничка анализа за земјата ја даде основата за формулирање на новата Рамка за соработка на ОН и Северна Македонија за 2021-2025, каде што се идентификувани клучните предизвици за спроведување на Агендата 2030 во земјата и 8 различни групи на луѓе кои се посебно ранливи и изоставени од развојните процеси. Тука спаѓаат млади луѓе кои не се вклучени во образование, вработување и обука, ранливи жени и девојчиња, Роми, деца, постари лица, лица со попреченост, бегалци, мигранти, лица без државјанство, ЛГБТ и луѓе од руралните области и мали земјоделци. Непостоењето на сеопфатна и долгорочна национална стратегија за одржлив развој и отсуство на прецизни и расчленети податоци за креирање политики, заедно со недоволен институционални капацитети и човечки ресурси се идентификувани меѓу основните предизвици за забрзување на развојот на земјата. На ниво на тимот на ОН постои консензус дека деградирањето на човечкиот капитал и понатаму е една од најголемите предизвици за земјата. Проблемот е комплексен и дологорочен, започнувајќи со лошите здравствени и образовни резултати па сè до севкупниот политички контекст во земјата што подолго време води кон иселување на младите. Ограничените и несоодветно наменети ресурси на локално и централно ниво, недоволните административни капацитети со значителен јаз во давањето дигитални услуги и трајната корупција оневозможуваат поробусно придржување до стандардите на ЕУ. Имајќи го тоа предвид, ОН и националните власти се одлучија за три национални стратешки приоритети за коишто ОН ќе даваат свој придонес во следните пет години: 1) Одржлив и инклузивен економски и социјален развој; 2) Климатска акција, природни ресурси и управување со ризик од катастрофи и 3) Транспарентно и одржливо демократско управување. Работата на 18 агенции на ОН, од кои 12 се со постојан статус во земјата, ќе се насочи на четирите области за да се постигне: инклузивен просперитет; квалитетни услуги за сите; здрава животна средина и добро управување. Исто така, со задоволство ве информирам дека со техничка поддршка од ОН преку УНДП како директен спроведувач и финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство во земјата започна процесот за подготовка на Национална стратегија за развој 2021-2041. Моментално со тимот на меѓународни и домашни експерти како и институциите на државата сме фокусирани на дефинирање на иновативна методологија заснована на интензивни консултации за градење на консензус и на предлог оперативна структура која ќе обезбеди формулирање, но и континуирано

следење и адаптирање на стратегијата за да остане релевантна и во следните 20 години. Дополнително, се надеваме дека претстојниот попис ќе обезбеди прецизни, навремени и расчленети податоци што се предуслов за одржлив развој и за работа со цел никој да не заостане. Меѓутоа, за да се направат реални промени, што е од клучна важност за одржливиот развој, секој треба да ја прифати Агендата 2030 како своја. За жал, некои сè уште сметаат дека тоа спаѓа само во мандатот на ОН, што е далеку од вистината. Агендата 2030 и ЦОР не се разликуваат од државните цели за борба против сиромаштијата, зголемениот просперитет, обезбедување стабилност и здрава животна средина, и на неа треба да се гледа само како на упатства и алатки за постигнување на резултати. Неопходно е да се промовираат и користат клучните карактеристики на Агендата, инклузивноста и партнерствата. Реална промена е возможна само ако сите сегменти од општеството придонесуваат и имаат придобивки од нејзиното спроведување. Постои многу простор во Северна Македонија за да се зајакне улогата на приватниот сектор во одржливиот развој. На глобално ниво, придржувањето до еколошките, социјалните и управувачките стандарди стана тренд во приватниот сектор, па се надеваме дека тоа ќе се случи и тука. UN Global Compact е најголема иницијатива за корпоративна одржливост во светот, преку која се усогласува на компаниското работење со универзалните принципи за човекови права, работни односи, животна средина, како и за спречување корупција и унапредување на општествените цели. Досега дванаесет македонски компании се членки на оваа иницијатива. Сепак, понекогаш доволно е да се започне само со повеќе информации, а тоа да доведе до поголема свесност и ангажман. Во тој поглед, неодамна дискутиравме со Народната банка за нивните планови да се зајакне следењето на “зеленото” кредитирање на компаниите преку нивната надзорна улога во финансискиот систем. Покрај тоа, новата буџетска реформа, кшто треба да воведе програмско буџетирање, дава одлична основа да се зголемат информациите за финансиските аспекти на одржливиот развој преку поврзување со ЦОР и воведување на родово буџетирање во стратешкото планирање на институциите. Тоа се одлични чекори за понатаму. XСЗО X како агенција при ООН е во центарот на случувањата во последната година и половина, и се чини дека во светот преовладува ставот дека од оваа агенција се очекуваше да направи повеќе за управувањето со здравствената криза – богатите земји ги земаа најголемиот број на вакцини, а голем број сиромашни земји заостануваат со имунизацијата, или со прости зборови, се покажа грдото лице на неправичниот свет. Колку реално може СЗО да направи за да се обезбеди поправична распределба на вакцините и останатите ресурси што се неопходни во борбата со пандемијата?

Иако развојот на вакцините за КОВИД беше неверојатно брз, понудата се’ уште не може да ја задоволи побарувачката. Состојбата со понудата на глобално ниво и понатаму е несигурна поради големата побарувачка за вакцини, неможноста на производителите да одговорат на глобалната побарувачка, складирањето на вакцините од страна на побогатите земји и трговските бариери. Амбицијата е КОВАКС да претставува единствен глобален инструмент за правичен пристап, односно механизам за правична дистрибуција на вакцините низ сите земји , целосно поддржан од ОН. Во последниве неколку месеци, многу земји склучија билатерални зделки и се снабдија со вакцини, меѓутоа, КОВАКС механизмот ќе ја задржи посветеноста за распределба на дозите во сите земји. За жал, разни фактори го нарушија снабдувањето со вакцини на глобално ниво, а веќе до крајот на јуни постои и недостиг од 190 милиони дози преку КОВАКС. Сепак, механизмот функционира, и досега се испорачани 65 милиони дози во 125 земји, и речиси една третина од тие земји немаше да бидат во можност да започнат со вакцинација без механизмот КОВАКС. Меѓутоа, функционалноста зависи од земјите и производителите кои треба да се придржуваат до обврските. Неопходно е заеднички да поставиме амбициозни цели за да се вакцинира возрасната популација во светот колку што може поскоро. Никој не е безбеден додека сите не се безбедни. XВо X контекст на пандемијата, но, и како поширока општествена појава, лажните вести, манипулациите и пропагандата, во ерата на дигитализацијата и глобалната поврзаност на интернет станаа ризик фактор за постигнување одржлив развој и просперитет. Каква е улогата на ОН во спротивставувањето на оваа глобална општествена појава? Иако темата за лажните вести нашироко се дискутира и анализира последниве десетина години, пандемијата со Ковид-19 покажа до кој степен оваа појава може да биде опасна, па дури и да биде закана по животот. Се покажа дека лажните вести можат и придонесат за луѓето да ги пропуштат можностите да се заштитат себеси и своите семејства. Всушност, многумина веруваа дека „инфодемијата” којашто произлезе од пандемијата беше уште поопасна отколку ширењето на вирусот и болеста. Има многу причини зошто оваа борба треба да ја водиме заеднички, не само затоа што влијае на нашите општества, туку, како што видовме и од пандемијата, тоа може да придонесе и за непотребна загуба на човечки животи. Тоа е едноставно неприфатливо. ОН работат на повеќе фронтови за да обезбедат дека луѓето имаат пристап до информациите што им се неопходни, од сигурни извори, во вистинско време. Од работа со единиците на локалната самоуправа за да се обезбеди поголема транспарентност и расположливост на нивните услуги, па сè до застапување за користење на сигурни извори за важни работи, како што е процесот на имунизација. Поголемиот дел е веќе


29

РОСАНА ДУЏАК

ПОСТОЈАН КООРДИНАТОР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

На ниво на тимот на ОН постои консензус дека деградирањето на човечкиот капитал и понатаму е една од најголемите предизвици за земјата. Проблемот е комплексен и дологорочен, започнувајќи со лошите здравствени и образовни резултати па сè до севкупниот политички контекст во земјата што подолго време води кон иселување на младите. направен, но преостанува уште многу повеќе да се направи, пред се преку обезбедување на анализи засновани на докази и иновации за да се зголеми отчетност за медиумите и поединците и подобри медиумската писменост меѓу граѓаните Она што е важно да се спомене тука е дека тоа е нешто со коешто не може да се избори една или неколку организации. Моќта на интернетот, и особено на социјалните мрежи, што во исто време е и најголем недостаток, е можноста на секое лице на планетата да може брзо да шири информации со стотици, илјадници, па дури и милиони луѓе. Отсуството на одговорност што често се поврзува со тоа, само ја влошува состојбата, и особено го усложнува справувањето со неа. Ова е битка што можеме да ја извојуваме само заеднички. XКакви X реформи на ОН се планирани и спроведени во последните години во однос на клучната улога да ги зачуваат и унапредуваат мирот и просперитетот? Што значат реформите

за позицијата и организацијата на ОН во Северна Македонија и дејствувањето во иднина? Главните реформи на развојниот систем на ОН имаат за цел поголема ефикасност на семејството на ОН, и внатрешно и надворешно, во давањето поддршка на земјите за постигнување на Целите за одржлив развој. На пример, воведувањето на системот со посебна канцеларија на Постојаниот координатор на ОН е столб на сите овие реформи за да се зголеми позитивното влијание, а да се намали дуплирањето и неефикасноста во нашата работа; да се прошират партнерствата; и да се намали оптоварувањето врз националните партнери и донаторите. Постојат докази дека новиот систем со постојан координатор помогнал да се зголеми соработката во тимовите на ОН за земјите и да се поттикне усогласеноста со националните приоритети и потреби во многу земји. Многу влади се изјаснија дека постојаните координатори и тимовите на ОН во земјите покажале

ЈУНИ 2021

зголемен капацитет за поддршка на националните развојни приоритети. Како што нè потсети и Ковид-19, и неопходно и итно е да се обезбеди дека Обединетите Нации остануваат релевантни и одговорни за предизвиците на дваесет и првиот век. Во Северна Македонија, преку овие реформи, успеавме да ја подобриме координацијата и да ја засилиме поддршката што ја даваме на нашите национални и владини партнери, но и постепено да ги мобилизираме другите партнери и поединци за Агендата 2030. Како семејство на ОН, задолжително е да го следиме начелото – Никој да не заостане –во секој дел од нашата работа. Причината за тоа е едноставна. Кога секому е дадена еднаква можност за опстанок и развој, целото општество е побогато и подобро. Кога никој не е оставен да заостане, можеме да постигнеме подобри резултати, да го подобриме квалитетот на нашиот живот и перспективите за сите идни генерации.

nnn


ЈУНИ 2021

30 ОПШТЕСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

ПОЛИТИКА ВО ВРЕМЕ НА ПОСТ - ВИСТИНА

ЛАГИ, ПРОКЛЕТИ ЛАГИ И ИНТЕРНЕТ

Експанзијата на дезинформациите што се случува во последните децении дефинитивно се должи на брзината и лесниот пристап не само до консумацијата на вестите, туку и во нивното креирање. Факт е дека лагите биле секогаш присутни во јавните наративи, но порано, додека беа познати како старата добра пропаганда, ја немаа моќта да бидат произведени и дистрибуирани насекаде и по безобразно ниска цена. Ова создава не само медиумско, туку и социјално и политичко растројство и од темел ги потресува не само општествата и личните животи на луѓето, туку и меѓудржавните односи.


31

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

автор:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

Л

аги, проклети лаги и статистика – веројатно многумина ја паметат познатата изрека на Марк Твен којашто денеска слободно може да се парафразира, па „почесното“ прво место на статистичките операции, да го заземе интернетот и сите активности низ мрежите. Експанзијата на дезинформациите што се случува во последната деценија дефинитивно се должи на брзината и лесниот пристап не само до консумацијата на вестите, туку и во нивното креирање. Факт е дека лагите биле секогаш присутни во јавните наративи, но порано, додека беа познати како старата добра пропаганда, ја немаа моќта да бидат произведени и дистрибуирани насекаде и по безобразно ниска цена. Многумина сите нарушувања во системите за комуникација и информирањето на граѓаните ги дефинираат со популарниот термин „лажни вести“, но голем број на експерти се согласни дека оваа кованица треба да се избегнува. Измислена од популистички политички авторитети, таа најчесто служи за дискредитација на основани и сериозни критики, кога носителите на јавни функции ги етикетираат нападите или прашањата од јавноста кон нив просто како лажни вести со цел да избегнат одговорност за своите постапки, но и да го изиграат начелото на транспарентност што мора да е основа за едно добро демократско владеење. Дополнително фразата самата по себе е оксиморон – веста не може да биде лажна. Барем не онаа, за којшто секој школуван новинар знае какви елементи треба да содржи при што токму точноста и проверката се основа за една информација да може да се нарече вест (нешто што обично е содржано и во првиот член од сите новинарски кодекси за етика во современите демократии). Но, како и да ги наречеме, факт е дека штетата што овие дисторзии ја прават врз општествата како целини е огромна. За само неколку децении сведочиме на целосни потреси на цели комуникативни системи, редефинирања на процесот на информирање, значењето на информациите и ефектот што лагите го имаат врз личните животи на луѓето и врз развојот на државите. Една од главните штети се состои во огромното нарушување на довербата на граѓаните во институциите. Живееме во време на сомнежот кога се почесто луѓето имаат тенденција да веруваат на информации прочитани на интернет од непроверени извори и исти такви медиуми, отколку од официјални институции. Се разбира тука големо влијание има и поразителното владеење во многу либерални демократии, што остава простор за раст на ваквите процеси. Но, факт е

Ваквите трендови се искористија за раст на популистичките движења и доближување или претопување на политичките со медиумските шоу ѕвезди. Можеби најинтересен пример е Владимир Зеленски, претседател на Украина, којшто стана татко на нацијата како ултра популарен комичар во ТВ комедијата „Слуга на народот“, каде што верувале или не глумеше – претседател на Украина. Очигледно му се допаднала улогата, па тој во март 2018 формираше партија, ја крсти, се разбира – Слуга на народот и ја освои највисоката државна функција.

дека има пад на довербата не само во политичките органи туку и во т.н. „институции за знаење“: универзитетите, медиуми, влади, експерти ... Најценета денес е вистината што доаѓа од индивидуалното искуство и мислење на луѓето и експертите велат дека причина за ова е креирањето на таканаречени филтер балони и еко комори, кога луѓето во својата виртуелна реалност се опкружени само со пријатели со коишто делат исти ставови. Затворајќи се во својот круг тие веруваат само во својата вистина, дури и кога таа тоа не е, па навистина е ѓаволски тешко за еден факт да продре низ тој систем на заштита од реалноста и да ја победи лагата макар била таа на ниво на апсурд (Земјата е рамна, на пр.). Ваквата пост - факт реалност, каде што мислењето или чувството доби позиција на факт, неминовно води до зголемена поларизација и радикализација и натамошно уривање на довербата во системот. Токму затоа на дезинформациите - и пошироко нарушувањето на информациите – треба да се гледа како симптом на едно социјално и политичко растројство, наместо како причина. Дезинформациите се ендемичен и сеприсутен дел од политиката низ целиот свет и Западниот Балкан, не само што не е исклучок, туку е и плодна почва за нивно виреење имајќи ја предвид и политичката и демократска култура, но и културата на владеење и начинот на којшто властодршците од регионот ја разбираат и политиката и комуникацијата со јавноста. Политичките партии исто така играат особено значајна улога во целиот регион, честопати координирајќи се со

поврзаните медиуми за да произведат и шират дезинформации за изборни цели. И тие, се разбира главно го користат интернетот за овие активности. Истражувањата на јавното мислење (извор: Balkan Public Barometar) покажуваат дека во Европа највисока доверба во државните институции има во Данска, Холандија, Луксембург, Финска и Шведска, а најниска во Бугарија, Хрватска и Словенија. Балканските земји надвор од ЕУ се подолу на листата. Во однос на довербата во социјалните мрежи (кои секаде се главен извор на дезинформации) додека на ниво на ЕУ таа е околу 20 %, Македонија е во првите десет, заедно со држави како Бугарија, Албанија, Турција. Романија, Црна Гора... каде што се верува во сè (или во многу) што ќе се прочита по социјалните мрежи.

Политиката како реално шоу

Ваквите трендови се искористија за раст на популистичките движења, насекаде низ регионот, континентот и светот. Сите овие групи имаат една главна карактеристика, а тоа е презентацијата на нивните лидери дека се „еден од масата“ заедно со тезите дека тие се борат против естаблишментот, тие се бунтовници, тие се нови херои и витези против страшниот капитализам и уште полошите капиталисти. Во последните години гледаме наплив на вакви инстант политички ѕвезди насекаде низ Европа, оние кои јаваат на бранот на незадоволство на граѓаните од властите и од политичките лидери, создавајќи нови групи на политички активисти што понекогаш се граничат со фикцијата.


ЈУНИ 2021

32 ОПШТЕСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

Русија претпочита да го практикува своето влијание со минимални трошоци, а таквите напори не би биле можни без поддршка од локални соработници. Затоа руската политика во Западен Балкан е во најголем дел насочена кон кооптација и субверзија отколку кон воени или невоени форми на принуда: Кооптацијата е инструмент на Русија по избор на Западен Балкан - изградени се партнерства и сојузи со локалните моќници во Србија и Република Српска во БиХ. На пример, Србија се усогласи со Русија за да добие моќ во врска со косовското прашање и да добие придобивки од инвестициите и деловните врски. Фото: Средба Вучиќ - Путин

Италијанецот Бепе Грило, комичар, актер и блогер, стана политичар и со своето популистичко движење на последните избори освои 32,7 проценти од гласовите во 2018 година со што стана прва партија во парламентот. Павел Кукиц, една голема рок ѕвезда со освоени 8,8 проценти стана еден од главните играчи и трета партија во Полска, а тука се и Слави Трифунов, којшто освои најголем број од гласовите на последните бугарски избори, а и Словенецот Марјан Шарец, автор, комичар и сатиричар, чијашто политичка кариера се развиваше од градоначалник до премиер на Словенија. Да не го заборавиме и Мирослав Шкоро, хрватски пејач, еден еднакво успешен јавач на популизмот, којшто беше пратеник, кандидат за претседател, формираше своја политичка партија и сега е потпретседател на Парламентот. Можеби еден најинтересен пример во оваа група на ѕвезди - лидери е Владимир Зеленски, претседател на Украина, којшто стана татко на нацијата како ултра популарен комичар во ТВ комедијата „Слуга на народот“, каде што верувале или не глумеше – претседател на Украина. Очигледно му се допаднала улогата, па тој во март 2018 формираше партија, ја крсти, се разбира – Слуга на народот и ја освои највисоката државна функција.

Политичкиот живот на овие новосоздадени политичари во чекор го следат медиумите преку еднаков третман на улогата што треба да ја имаат исклучиво гледајќи ја низ призмата на кликбајтс, негативизам, сензационализам или со еден збор медиа - популизам. Во држави со слаба политичка култура гледаме и медиумски интервенционизам, кога медиумите директно и сосема отворено се претворени во агитатори за дадена политичка опција, сосема заборавајќи на примарната улога за професионално информирање и грижа за јавниот интерес.

Средство за меѓудржавни битки

Но, не се само внатрешните потреси резултат на дезинформациите. Медиумите и сите социјални платформи се користат и за влијанија помеѓу државите станувајќи алатки во геополитичките битки. Кога се анализира Балканот, тука главниот судир е на два наративи – оној прозападниот и оној што тврди дека НАТО и ЕУ се штетни за националните интереси на државите. Многумина аналитичари се посветени на истражување на влијанието пред сè на Русија како главна противтежа на прозападните процеси и визии за земјите што (сè уште) ја имаат поддршката од мнозинството граѓани на Балканот, и од главните политички

актери (барем декларативно). Едно такво истражување е „Стратешки интереси на Русија и Алатки за влијание на Западен Балкан“ на проф. Димитар Бечев. Овој извештај го испитува местото на Западниот Балкан во стратегијата на Русија за зајакнување на нејзините геополитички интереси. Активностите на надворешната политика на Русија се водени од три главни цели: да се зачува стабилноста на сегашниот режим, да се задржи контролата над постсоветскиот простор и да се зачува нејзиниот статус на голема моќ во глобалните прашања. Југоисточна Европа е над она што Русија го смета за своја привилегирана сфера на геополитички интерес. Сепак, Русија гледа на Западниот Балкан како можност да ги поткопа ЕУ и НАТО со користење на сопствените слабости на земјите. Во овој поглед, Балканот е ранлива периферија на Европа каде што Русија може да изгради основа, да регрутира приврзаници и на крај да ја зголеми својата моќ над Западот. Акциите на Русија на Западен Балкан имаат за цел замрзнување на сегашната статус кво состојба (во случаите на БиХ и Косово), спречување на проширувањето на НАТО и ЕУ, како и искористување на слабостите во и меѓу земјите од регионот, долевајќи оган на отворените прашања. Свеж е примерот кога на Денот на сесловенските просветители,


33

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

Многумина сите нарушувања во системите за комуникација и информирањето на граѓаните ги дефинираат со популарниот термин „лажни вести“, но голем број на експерти се согласни дека оваа кованица треба да се избегнува. Измислена од популистички политички авторитети, таа најчесто служи за дискредитација на основани и сериозни критики, кога носителите на јавни функции ги етикетираат нападите или прашањата од јавноста кон нив просто како лажни вести со цел да избегнат одговорност за своите постапки, но и да го изиграат начелото на транспарентност што мора да е основа за едно добро демократско владеење.

амбасадите на Русија и во Скопје и во Софија упатија честитки до двете земји преку социјалната мрежа Твитер во кои и на двете им ја препишуваат заслугата за ширењето на писменоста помеѓу словенските народи (чии се Кирил и Методиј?) во време кога односите се затегнати токму на таква чувствителна линија. Во Извештајот погоре се вели дека кутијата со алатки за влијанието на Русија може да се подели на три дела: принуда, кооптација и субверзија. Русија претпочита да го практикува своето влијание со минимални трошоци, а таквите напори не би биле можни без поддршка од локални соработници. Затоа руската политика во Западен Балкан е во најголем дел насочена кон кооптација и субверзија отколку кон воени или невоени форми на принуда: Кооптацијата е инструмент на Русија по избор на Западен Балкан - изградени се партнерства и сојузи со локалните моќници во Србија и Република Српска во БиХ. На пример, Србија се усогласи со Русија за да добие моќ во врска со косовското прашање и да добие придобивки од инвестициите и деловните врски. Во исто време, меката принуда што се однесува на нарушување и мешање во домашните работи е далеку од ретка. Примерите вклучуваат трговски ембарго и сајбер напади, како на пример во Црна Гора за време на

КОВИД -19 РАКА ПОД РАКА СО ВИРУСОТ НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ Кога се анализираат овие процеси треба да имаме предвид дека пандемијата КОВИД-19 обезбеди плодна почва за дезинформација. Владите од многу држави низ целиот Западен Балкан се обидоа да го фалсификуваат нивните напори за справување со пандемијата, додека граѓаните инјектираа многу исто лажни тврдења низ јавниот простор. “Пандемијата КОВИД-19 и нејзините последици дополнително ќе ја поткопа довербата на јавноста во владите, како и реалното работење на тие влади. Ова, од своја страна, ја влошува основната причина за дезинформација, што е распаѓање на управувањето и социјалната кохезија“, вели професорката Маријана Грбеша, од факултетот за политички науки при Универзитетот од Загреб.


ЈУНИ 2021

34 ОПШТЕСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

последниот круг пред влезот во НАТО (2015-2017). Субверзијата е прикажана со тактики како што се (не) информативни кампањи и или скриена поддршка за радикални антизападни актери (партии и граѓански здруженија). На Западниот Балкан, најдобар пример се обидите на Русија да го блокира пристапот на Црна Гора во НАТО и да го наруши процесот околу Преспанскиот договор на Северна Македонија (Извештај Ризици и ранливост на Западен Балкан, Руфин Замфир, Глобален центар за фокусирање). Овој извештај ги идентификува ризиците и ранливоста што непријателските актери можат да ги искористат за да добијат влијание врз земјите во регионот на Западен Балкан. Врз основа на методологијата развиена во претходните студии на Глобалниот центар за фокусирање, овој извештај нуди индекс на пропустливост за мерење на ранливоста на секоја земја од малигни влијанија за да помогне во поддршката на напорите за градење на отпорност. Ранливоста се проценува во четири домени: Општество, економија, политика и надворешна политика и безбедност. Според Индексот, Северна Македонија и Албанија се признати како најмалку ранливи, додека Босна и Херцеговина е најранлива земја во регионот. Рангирањето на БиХ претставува комплицирано политичко, социјално и економско опкружување на земјата - што е најважно длабоките поделби помеѓу Република Српска и Федерацијата на БиХ (двата конститутивни ентитети), кои поттикнуваат конфузија околу стратешката ориентација на земјата. Политиката е област со најголем потенцијал на пропустливост во сите анализирани земји. Најчестите ризици се поврзани со концентрацијата на моќ, високи нивоа на корупција, државно фаќање и организиран криминал и неказнивост на политичките елити. Овие променливи придонесоа за чувство

РЕШЕНИЈА Дигиталните иновации се многу побрзи од регулативата. Регулативата за социјалните медиуми во демократиите е оставена на саморегулативните еснафски тела, но таа самата не може да биде доволна. Иницијативите за проверка на фактите се неопходни, но и тие сами по себе не се доволни. Решенијата затоа треба да бидат структурни. Тие треба да се фокусираат на негување доверба, градење на медиумска писменост и зајакнување на професионалните стандарди во традиционалните медиуми.

на разочарување од политичките елити од страна на јавноста. Друга ранливост во овој домен е генерирана од клиентелистичката, трансакциска и политичка конкуренција. Концентрацијата на моќ, исто така, му штети на политичкиот дијалог и ги влошува етничките националистички чувства, обезбедувајќи простор за маневрирање на малигните влијатели. Во доменот на Општеството, најголемиот дел од загриженоста е поврзана со растечката општествена поделба (вооружена од надворешни и внатрешни нарушувачи на Косово и БиХ) и етнички национализам. Медиумите, сепак, остануваат најдиректен пат до малигни влијанија врз општествата. Континуираните обиди на владата и сојузничките медиуми да ги поткопаат независните новинари ги оставија општествата без важен надзорник и бранител од пропаганда. Во доменот на економијата, најчестите

ранливости се поврзани со корупција, слаби економски политики и лошо планирање, како и манифестација на националистички чувства во економската политика (како што е одлуката на Косово да ги зголеми тарифите за српска и босанска стока во 2018 година). Организираниот криминал и корупцијата на високо ниво се уште една сериозна ранливост во сите анализирани земји. На енергетскиот сектор му треба обновување како што е замена на опремата за стареење и диверзификација на изворите. Оваа потреба создаде можности за надворешни чинители да соработуваат со локалните самоуправи. Во областа на надворешната политика и безбедноста, земјите со неможност да ги формулираат своите надворешни и безбедносни политики се поранливи на надворешно непријателско влијание.

nnn



ЈУНИ 2021

36 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

МАРИЈА ТОМЕСКА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

ОДГОВОРНОТО РАБОТЕЊЕ И ФОКУСОТ КОН НАЈДОБРА УСЛУГА ЗА КЛИЕНТИТЕ НИ ОБЕЗБЕДИ ВОДЕЧКА ПАЗАРНА ПОЗИЦИЈА


37

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

О

ваа, за жал, сè уште пандемична година, почна прилично добро за Еуролинк – водечка пазарна позиција во неживотното осигурување после првите три месеци е добар сигнал дека осигурителната компанија e на вистинскиот пат во прилагодувањето кон новата нормалност што ја наметна корона – кризата. Разговаравме со претседателот на Управниот одбор на компанијата, г-ѓа Марија Томеска околу клучните фактори за овој резултат, како и за перспективите на целата осигурителна индустрија и самата компанија во амбиентот што го наметна кризата. XГ-ѓа X Томеска, на што се должи овој значаен успех во период кога последиците од корона – кризата сè уште се чувствуваат? Првиот квартал од 2021 година го завршивме со пазарен удел од 14,67% и бруто полисирана премија од 333.590 илјади денари, што нè постави на врвот на индустријата. Се работи за извонреден резултат што е плод на долгогодишна посветеност и одговорност во работењето, и претставува големо признание за целиот наш тим. Еуролинк осигурување има стратегија на одржлив, умерен и стабилен раст на долг рок, па патот до првото место дојде постепено, после долги години цврста втора пазарна позиција. Во изминатата година се соочивме со нови предизвици кои побараа од нас флексибилност во секој поглед, додека клучно и неопходно за успех беше да се покаже стабилност и сигурност. Со одговорни одлуки и стратегија ориентирана кон најдобра услуга за клиентите, успеавме да останеме кохерентни како тим, да се посветиме целосно на поддршката на клиентите и да бидеме нивен стабилен партнер. За ова се заслужни сите 204 вработени во Еуролинк осигурување, кои го дадоа својот максимум и продолжија да бидат потпора за клиентите во извонредно тешки околности. Првата пазарна позиција во овој контекст е доказ дека граѓаните ја препознаваат оваа посветеност и ни ја доверуваат заштитата на работите кои им се највредни во животот. XКако X сте задоволна од поединечната застапеност на различните класи осигурување во вашето портфолио и какви се вашите очекувања за движење на осигурителниот пазар до крајот на годинава и генерално на кус и среден рок во корелација со општите економски трендови? Ние имаме постигнато оптимална дистрибуција на нашето портфолио со балансирана застапеност на секоја од класите. За разлика од многу други осигурителни компании, Еуролинк осигурување има избалансирано портфолио и нашата политика не дозволува поголема изложеност кон некоја класа. Задолжителното осигурување од автоодговорност учествува со 30% во целото портфолио, додека кај незадолжителните класи осигурувањето од незгода е застапено

со 17%, приватното здравствено осигурување е застапено со 11%, а имотното осигурување со 24%. Ваквата диверзификација ги намалува ризиците, нè прави поиздржливи во која било ситуација или криза и дава најдобра подлога за дедицирана услуга за сите потреби на нашите клиенти. Од аспект на застапеност на пазарот, Еуролинк осигурување е лидер во приватно здравствено осигурување со 41% пазарен удел, во осигурување од незгода со 18% пазарен удел и во осигурување од одговорност со 25% пазарен удел на крајот на 2020 година. Во овие класи сме лидери повеќе години по ред и на долг рок целта е да ја задржиме оваа позиција. Имајќи предвид дека најголем удар во тек на 2020 година доживеа патничкото осигурување каде имаше пад и до 95%, во втората половина од 2021 година се очекува со враќањето на патувањата да се подобри продажбата и да си го подобриме уделот и во оваа класа. Сепак, враќање на преткризното ниво се очекува дури при крајот на 2022 година. Во осигурителниот сектор на среден рок сè уште ќе се справуваме со отежната наплата и недостаток на доволно средства кај малите и средни претпријатија како последица на пандемијата со Ковид-19. Дури по подобрување на економските показатели, може да очекуваме раст кај незадолжителните класи кај физичките лица, и раст кај класите на имотното осигурување и одговорноста кај деловните субјекти. Ова е од причина што во услови на економска криза, овие класи на осигурување не се сметаат за приоритет. Поголем раст на среден рок очекувам единствено во делот на приватното здравствено осигурување, особено кај колективното приватно здравствено осигурување, имајќи ја предвид зголемената свест за придобивките од ова осигурување и ново воведените даночни олеснувања за компаниите. XКолку X ковид – кризата ги натера луѓето повеќе да се заинтересираат за дополнителното здравствено осигурување? Се забележува ли значителен пораст на побарувачката за овие полиси во Еуролинк? Еуролинк осигурување беше компанијата која во 2014 година за прв пат го воведе приватното здравствено осигурување на македонскиот осигурителен пазар. Нашата визија беше секој граѓанин да има опција за повисок стандард на здравствена услуги и за лесен пристап до приватните здравствени установи. Интересот за ова осигурување е во постојан раст, затоа што грижата за здравјето е секогаш приоритет. Верувам дека пандемијата го забрза тој процес кој секако постоеше, меѓутоа, заради финансискиот притисок што го носи кризата, реализацијата кај индивидуалните корисници и семејствата не е голема во овој период. Но, од друга страна, зголемен интерес и реализација има од компаниите кои се грижат за здравјето и благосостојбата на своите вработени, па во овој период вложија токму во приватно здравствено осигурување. Со крајот на 2020 година, Еуролинк

Во изминатата година се соочивме со нови предизвици кои побараа од нас флексибилност во секој поглед, додека клучно и неопходно за успех беше да се покаже стабилност и сигурност. Со одговорни одлуки и стратегија ориентирана кон најдобра услуга за клиентите, успеавме да останеме кохерентни како тим, да се посветиме целосно на поддршката на клиентите и да бидеме нивен стабилен партнер. осигурување има 41% пазарен удел во оваа класа, така што остануваме да бидеме број еден избор за граѓаните, а стапката на раст во 2020 година изнесува 30% во споредба со 2019 година. Неодамна спроведовме и сопствено истражување помеѓу нашите осигуреници кои користат приватно здравствено осигурување. Иако имавме многу малку поплаки, ние ги земаме предвид буквално сите забелешки на нашите клиенти. Истражувањето покажа дека особено задоволни беа правните лица кои имаат вложено во колективно приватно здравствено осигурување за своите вработени. Нивните вработени го користат нашето приватно здравствено осигурување за себе и своите семејства и се многу задоволни, а тоа за компаниите значи среќни, лојални и здрави вработени. Така што во следниот период можеме да очекуваме раст кај приватното здравствено осигурување заради добрата репутација и задоволство од начинот на кој го сервисираме овој продукт. XДали X приватното здравствено осигурување ќе биде новиот бум во осигурителната индустрија допрва, како што тоа беше своевремено со животното осигурување? Какви се вашите прогнози? Да, може да се каже дека тоа веќе и се случува. Да се има добро здравје е предуслов за среќа, квалитетен живот, па и за успех на кое било поле, и затоа квалитетната здравствена заштита е прва на листата на приоритети. Младите здрави граѓани се сè посвесни дека во добро здравје се вложува додека тоа добро ве служи. Па оттука на долг рок


ЈУНИ 2021

38 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

Планираме повисок степен на дигитализација во процесот на процесирање штети, што ќе подразбира целосен бесконтактен процес на пријава и решавање на штетите. Целта ќе биде клиентот да може целата работа да ја заврши преку својот мобилен телефон без физичко присуство. очекувам уште поголем раст во бројот на млади индивидуалци и семејства, кои со квалитетна здравствена заштита вложуваат во подобра иднина за себе и своите семејства. Имајќи предвид дека најголемото оптоварување со болести произлегува од хроничните незаразни болести, во класата на приватно здравствено осигурување следи фокус на превенција и стимулирање здрави навики, преку програми и производи кои ќе поттикнуваат здрави навики и промени во животниот стил. Тука би ги издвоила велнес и коучинг програмите, потоа користење нови технологии како на пример паметните фитнес алки, кои го следат здравјето и навиките и со тоа поттикнуваат свест и повеќе активност кај лицето што ја применува. Понатаму, сметам дека во рамки на приватното здравствено осигурување можеме да очекуваме воведување платформи базирани на телемедицина која на осигуреникот ќе му овозможи инстантна услуга и континуирано следење на неговата здравствена состојба. Тоа ќе се реализира преку креирање на еден цел еко систем на здравствени установи, доктори и аптеки кои ќе бидат поврзани и постојано достапни за клиентите кои имаат приватно здравствено. Ваквите платформи ќе можат да си ги дозволат само најдобрите осигурителни компании, што пак ќе поттикне модернизација во начинот на обезбедување здравствени услуги во целост и ќе го подобри здравјето на сите. Можеме да очекуваме дека и кај самите работодавци, кои вложуваат во приватното здравствено осигурување за своите вработени, ќе се појават програми за наградување или поттикнување на здрави животни навики со што би се намалило користењето на лекување, а тие би имале поздрави, посреќни и продуктивни вработени. XВо X кои осигурителни класи гледате исто така потенцијал на македонскиот пазар? Познато е дека во делот на имотното осигурување, на пример, се’ уште има голем простор, односно голем број неосигурени станови и куќи... Какви се вашите планови и активности на ова поле? Да, кај имотното осигурување има голем потенцијал. Согласно податоците со кои располагаме, можеме да процениме дека само околу 20% од домовите имаат некакво осигурување на имотот. Останатите немаат никакво осигурување, иако податоците на национално ниво покажуваат дека во просек во тек на една година има над 10.000 тешки кражби, неколку стотици пожари годишно итн. Тоа се случки кои не можеме да ги предвидиме и ретко можеме да ги спречиме, па осигурувањето нуди финансиска сигурност во таков случај.

Според нашите податоци за 2020 година, речиси секој петти наш осигуреник пријавил штета по основ на имотно осигурување и имал потреба да го искористи осигурувањето. Домот е една од најголемите инвестиции што ја создаваме во животот, а осигурувањето ја заштитува и ни дава мир. Оттука, нашите активности се континуирано во правец на едукација на населението за придобивките од станбеното осигурување и начините на кои тоа го подобрува квалитетот на живот. Дополнително, преку поедноставена процедура и ексклузивни попусти кои веќе важат само во нашиот вебшоп, сакаме да ја доближиме онлајн продажбата на станбеното осигурување до граѓаните. Целта е што поголем дел граѓани да увидат колку станбеното осигурување е достапно и колку е лесно да си ги намалат грижите со осигурен дом. Во блиска иднина ќе работиме на креирање на модерна платформа која освен лесниот пристап до осигурувањето, на едноставен начин ќе ги задоволува и сите другите потреби врзани со домот и ќе обезбедува привилегии за нашите корисници. XКои X се најзначајните промени што од аспект на дигитализација се случуваат во осигурителната индустрија и како е тука Еуролинк позиционирана? Што може да се очекува во делот на иновациите, новите продукти, канали за продажба и сл., во периодот што претстои? Продавањето осигурување онлајн, дигиталните полиси и првиот чекор во дигитализација на процесот за регистрација на возила се позначајните промени од аспект на дигитална трансформација во осигурителната индустрија. Сепак, како индустрија сме сè уште во рана фаза од достигнување корисничко искуство кое граѓаните го имаат при користење други услуги. Сметам дека кога е дигитализацијата во прашање, неопходно е да држиме поглед и чекор со другите индустрии, затоа што еден купувач, клиент или корисник на услуги го гради својот критериум и став собирајќи искуство од целата околина. Конкретно за Еуролинк осигурување, иновациите се движечка сила и континуирано воведуваме новитети кои го обликуваат и дефинираат македонскиот осигурителен пазар. Ние сме всушност првата компанија која започна со продажба на осигурување онлајн, тоа беше за почеток патничкото осигурување уште во 2012 година, и навистина сум горда што денес речиси една третина од целокупната продажба во оваа класа се реализира преку овој канал. Исто така, први воведовме 24/7 контакт центар и сме првата осигурителна компанија која креираше мобилна апликација за осигурување.

Потоа воведовме и електронска пријава на штети, електронско плаќање на рати и фактури, а последно во 2020 година ја пуштивме во употреба и првата онлајн филијала за осигурување. Од аспект на она што следи, од Еуролинк осигурување може да се очекува збогатување на вебшопот со проширување на осигурителните продукти што можат да се купат онлајн. Понатаму, планираме повисок степен на дигитализација во процесот на процесирање штети, што ќе подразбира целосен бесконтактен процес на пријава и решавање на штетите. Целта ќе биде клиентот да може целата работа да ја заврши преку својот мобилен телефон без физичко присуство. Клиентот на овој начин ќе може целосно и во секој момент да го прати процесот и да добива нотификации за статусот на пријавената штета, од пријава па сè до нејзино решавање и исплата. Ова ќе биде следниот голем исчекор напред за осигурителната индустрија кај нас. XШто X значи за компанијата влегувањето под капата на австриската групација Граве, дали се планира некакво ребрендирање и сл.? Вложивме многу труд и посветеност за да изградиме стабилна и силна осигурителна компанија која ќе понуди одржлив квалитет на пазарот за неживотно осигурување. Оттука, самиот интерес од реномираната групација ГРАВЕ за Еуролинк осигурување беше доказ дека сме успеале во тоа. Минатата година, непосредно пред почетокот на пандемијата и официјално станавме дел од групацијата ГРАВЕ од Грац, Австрија. Со ГРАВЕ споделуваме исти вредност и посветеност кон умерен и одржлив развој што носи стабилност на долг рок, така што оваа усогласеност во стратешкиот пристап е од огромна важност за брзо воспоставување синергија. Еуролинк е силен и препознатлив бренд, кој има вложено многу во општеството и во развој на осигурителниот пазар и кој со влегувањето во групацијата ГРАВЕ е дополнително зајакнат. Остануваме да функционираме со нашето добро препознатливо име, а воведовме само промени во нашето лого во кое отсега стои назнака дека сме дел од групацијата ГРАВЕ. Од неодамна ја преселивме и нашата Централа во нови простории на ул. „Пиринска“ 23 во Дебар Маало, во зграда која е во сопственост на групацијата ГРАВЕ, со што сме поблиску до нашите сестрински компании и до групацијата од која сме дел. Она што е најважно за нашите осигуреници и соработници е дека со станувањето дел од групацијата ГРАВЕ, зад себе имаме моќна осигурителна групација со повеќе од 190 години искуство и експертиза, што нè прави уште посилни и постабилни.


МАРИЈА ТОМЕСКА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

39

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

u Кажете ни нешто повеќе

Еуролинк осигурување има стратегија на одржлив, умерен и стабилен раст на долг рок, па патот до првото место дојде постепено, после долги години цврста втора пазарна позиција. Се работи за извонреден резултат што е плод на долгогодишна посветеност и одговорност во работењето, и претставува големо признание за целиот наш тим.

ЈУНИ 2021

за достигнувањето што го направивте периодов – МБА дипломата на престижната IMD школа во Швајцарија. Што е најскапоценото што го добивте за време на таа програма, како таа ќе го подобри вашиот личен, но и професионален капацитет ? Executive MBA од IMD е една од најпрестижните и најпосакуваните магистерски програми во областа на менаџментот. Програмата беше интензивна, бараше огромна посветеност, жртва, откажување од многу нешта во тек на речиси две години, но исто така беше извонредна можност да се учи од најдобрите професионалци во секоја област и наученото веднаш да се примени во пракса. Се радувам што сум прв магистер од Македонија и што бев одбрана за „валедикторијан“, односно првенец на генерацијата, но уште повеќе што навистина успеав да ги осознам најдобрите светски менаџерски практики и да ги пренесам и применам во нашата компанија. Знаењето и искуството стекнати таму секојдневно се применуваат и споделуваат со моите колеги, со кои заедно ја креираме нашата стратегија, растеме и се развиваме според највисоките стандарди за лидерство. Верувам дека знаењето и личниот напредок на секој член од тимот ќе направат значајна разлика за Еуролинк осигурување и нашите клиенти. u Какви се вашите лични размислувања за тоа колку ковид – пандемијата ќе ги промени актуелните менаџмент парадигми? Што нема повеќе да биде исто во доменот на релациите менаџмент – вработени , кои вредности ќе се ценат повеќе сега? Вистина е дека во секоја криза лежи шанса за подобрување. Оваа криза ни помогна да ги увидиме сопствените јаки и слаби страни, да си ги тестираме границите на издржливост но и на лојалност. Сметам дека лојалноста на вработените е највредна, затоа што во целата таа непредвидливост лојалните вработени проектираа стабилност, па клиентите но и работодавците ова допрва ќе го наградуваат. Исто така, сметам дека пандемијата и барањето начини да се справиме со последиците, на многу од нас ни покажа дека вработените се нашиот извор на идеи и дека нивната проактивност, индивидуалност и вклученост во процесите е иднината. Пандемијата ни покажа и дека нови знаења и вештини се секогаш потребни, така што ќе се ценат сите оние кои се подготвени постојано да се преиспитуваат, да вложат во себе, во надградба и континуирано учење. nnn



ЗДРАВО лето!

Здравствено патничко осигурување

Дојде време за патување! Уживајте во секој миг. Здравствено патничкото осигурување на Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19.

Обезбедете онлајн полиса на 5minuti.mk Повеќе инфо на triglav.mk

www.5minuti.mk


ЈУНИ 2021

42 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

СОС Детско село менува животи. Досега за овие 20 години се згрижени над 200 деца без родители, помогнати се 95 млади кои излегуваат од грижа, околу 400 семејства во социјални ризици и дадена поддршка и помош и на родителите и на скоро 1000 деца во рамките на тие семејства, преку проекти се помогнати 480 млади лица да стигнат до вработување или да ја зголемат својата вработливост на пазарот на трудот и за време на бегалската криза се дадени најразлични услуги на над 100 илјади деца и млади кои транзитираа низ нашата земја. Сето ова СОС детско село успешно го прави благодарение на помошта од Интернационалната мрежа на СОС Детските села, државата, компаниите но и сè повеќе граѓани кои сакаат да ја помогнат работата на СОС Детско село.

СЛАВИЦА СПИРОСКА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДВЕ ДЕЦЕНИИ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОА НИЕДНО ДЕТЕ ДА НЕ РАСТЕ САМО

Д

олгогодишен успешен стопанственик, сопственичка на консултантскиот бизнис Тим Консалтинг, Славица Спироска веќе 17 години е посветена и на една благородна мисија, а тоа е поддршката на организацијата СОС Детско село во нејзината мисија – што повеќе детски насмевки. СОС Детско село досега во 20-те години постоење има згрижено над 200 деца без родители и

уште многу други активности за коишто разговаравме со г-ѓа Спироска, односно, за тоа како оваа организација успева да ја остварува својата благородна мисија и каква привилегија, задоволство, но и голема обврска носи за неа функцијата претседател на УО на СОС Детско село. Што значи да се биде поддржувач на организација како СОС Детско село? Како одлучивте да се посветите на оваа организација?

Мојот интерес и поддршка за оваа организација е уште од нејзините почетоци. Се вклучив како член на Генералното собрание – тоа е всушност група на индивидуалци кои ги спојуваат слични вредности и желба да се помогне и да се направи промена во заедницата. Некогаш се прашувам дали јас го избрав СОС Детско село или тоа ме избра мене, меѓутоа веќе 17 години СОС Детско село е дел од мојот живот. И многу сум горда на


43

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

СОС Детско село во моментов згрижува деца во 17 посебни објекти во неколку општини (Гази Баба, Карпош и Бутел), а исто така има и еден Советодавен Центар во Општина Шуто Оризари, Советодавен Центар во Гази Баба во рамките на градинката Мајски Цвет а исто така и Национална канцеларија во Центар. тоа знаејќи дека мојот влог прави разлика во многу детски животи. XВашата X функција како Претседател на Управен одбор е волонтерска, колку ви одзема од приватното време и како го компензирате тоа? Јас бев член на Управниот одбор од 2010 година, а од 2019 сум и актуелен Претседател на Здружението СОС Детско село. Морам да признам дека како Претседател обврските се поголеми, а секако и одговорноста. Кога се има желба за нешто и кога се сака, се наоѓа време. Точно е дека и јас и членовите на Управниот одбор, двоиме дел од нашето приватно време за одржување на состаноците на УО...но не само за тоа....учествуваме на настани, состаноци со менаџментот, а и често имаме и интервентни средби за консултација во интерес на организацијата. Во периодов темата на средбите често беше поврзана и со новонастанатата КОВИД ситуација и какви мерки да се преземат за да се максимизира безбедноста на децата, но и на вработените. Голема предност е тоа што имам сопствен бизнис – консултантска куќа – Тим Консалтинг ДОО Скопје , и тоа ми овозможува да го планирам времето на начин и да ги завршам и професионалните и приватните обврски. XОдговорноста X како претседател на управен орган кој ги носи одлуките за иднината на организацијата е голема. Колку е тешко или лесно да се носат одлуки за иднината на многу деца? Да, одговорноста е голема. Често сме биле во ситуација кога требало да се носат тешки одлуки, а за тие да бидат исправни потребно е да имате навремени и точни информации. Соработката и довербата со менаџментот на организацијата е на високо ниво и тоа многу помага при носењето на одлуките и сигурноста дека тие се во најдобар интерес на децата и на организацијата. Менаџерите се тие кои располагаат со увид во состојбите а и стручност за повеќето прашања. Но сепак искуството и експертизата на членовите на Управниот одбор во разни области има важна улога а секако и независната перспектива на работите која ја имаме ние како надворешни лица. Мене како претседател ми е особена чест што овој состав на Управниот одбор е навистина стратешки фокусиран и се обидува да ја гледа големата слика заради што е зголемена ефикасноста на нашата улога и носењето на одлуките.

Морам да ги споменам и сите членови на Управниот одбор на СОС Детско село бидејќи нашата работа е тимска и во тоа е основата на функционалноста на ова тело: Потпретседател Д-р Александар Трајковски професор на Академијата за филмска уметност ЕСРА, Д-р Иван Трајков редовен професор на Филозофски факултет – Скопје, Институт за социјална работа и социјална политика, Д-р Филип Ивановски Извршен директор на Пакомак и професор на Универзитет Американ Колеџ Скопје и Сузана Андреев – пензиониран економист и вљубеник во идејата на СОС Детско село. XКои X се главните полиња на работа на СОС Детско село? СОС Детско Село згрижува деца без родители и родителска грижа, млади без родители до 18 годишна возраст, поддржува млади без родители кои излегуваат од грижа и им треба поддршка во осамостојувањето и семејства кои се во социјален ризик односно каде пред се децата се во ризик и може да го изгубат својот дом. Значи деца, млади и семејства на кои им треба помош и од државата, но и од заедницата. XОваа X година организацијата прославува 20 години јубилеј. Кои се главните резултати и промени кои СОС Детско Село ги прави во нашата држава? СОС Детско село менува животи. Досега за овие 20 години се згрижени над 200 деца без родители, помогнати се 95 млади кои излегуваат од грижа, околу 400 семејства во социјални ризици и дадена поддршка и помош и на родителите и на скоро 1000 деца во рамките на тие семејства, преку проекти се помогнати 480 млади лица да стигнат до вработување или да ја зголемат својата вработливост на пазарот на трудот и за време на бегалската криза се дадени најразлични услуги на над 100,000 деца и млади кои транзитираа низ нашата земја. Сето ова СОС детско село успешно го прави благодарение на помошта од Интернационалната мрежа на СОС Детските села, државата, компаниите но и се’ повеќе граѓани кои сакаат да ја помогнат работата на СОС Детско село. СОС Детско село исто така активно учествува во унапредување на стандардите и политиките за социјална заштита и во голема мера придонесе за подобрување на квалитетот на социјалните услуги во алтернативното згрижување како и иницијатива за склучување на социјални договори

односно државата да ги вклучи постоечките даватели НВО во давање на социјални услуги со што се подобрува и квалитетот но и бројот на услугите во заедницата. СОС Детско село обезбеди и лиценци за светски акредитираната методологија ПРИДЕ за подобрување на грижата на децата во згрижувачките семејства и обучи 200 згрижувачки семејства и над 100 професионалци во целата држава. СОС Детско село за овие 20 години стана сериозен чинител во државата и во делот на испорака на услуги но и во делот на унапредување на услугите и правната регулатива на национално ниво. XКолку X е тешко да се финансира вака голема организација како СОС Детско Село ? Услугите кои ги овозможува СОС Детско село се едни од најскапите социјални услуги односно сместување на деца и млади без родители. Освен државата ниту една друга организација не ја дава оваа услуга и можност. За да можете тоа да ги правите треба да се исполнат многу законски предуслови за што Здружението уште на своите почетоци основаше приватна установа – СОС Детско село Скопје. Критериумите за работата на установите ги одредува државата и тоа подразбира исполнување на просторни услови (објекти) кадар и многу други основни средства за работа. Организацијата во моментов згрижува деца во 17 посебни објекти во неколку општини (Гази Баба, Карпош и Бутел), а исто така има и еден Советодавен Центар во Општина Шуто Оризари, Советодавен Центар во Гази Баба во рамките на градинката Мајски Цвет а исто така и Национална канцеларија во Центар. Во моментот има 84 вработени. Тоа што СОС Детско село е дел од Интернационалната мрежа на СОС Детските Села навистина е предност за обезбедување на средства меѓутоа локалното финансирање е исто така многу значајно. Посебно што нашиот регион е се’ помалку фокус за финансирање и се очекува од нас во годините што следат да се финансираме 100% локално а во мала и сиромашна држава како нашата тоа навистина е голем предизвик. XСо X оглед на тоа што сте долго време во организацијата како член на Управен Одбор а сега и Претседател кои биле најголемите предизвици и како се менува работата на организацијата? Предизвици имаше уште од почетокот.


ЈУНИ 2021

44 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

СОС Детско село беше непознат концепт за нашата држава па откога се изгради СОС Детското село во 2002 година иако имаше 12 објекти за згрижување на деца, цела година имаше само 1 дете згрижено. Но тоа набрзо се надмина кога и државата се увери во тоа кои се предностите за децата без родители кои би се згрижиле во ваква различна форма на грижа. До 2014 година СОС Детско село немаше никаква финансиска помош од државата иако се згрижуваа деца без родители и тоа беше долгогодишна и тешка борба да се овозможат услови кои се правно ќе издржани за да се добијат средства од државата. За тоа организацијата мораше да направи компромиси и промени во начинот на своето работење меѓутоа тоа беше во најдобар интерес на децата. Во 2015 година требаше да се донесе одлука дали да се влезе во поддршка на мигрантската криза бидејќи тоа не беше главен фокус на работа на СОС Детско село. Меѓутоа, јасно беше дека судбината на многу деца беше во прашање.... иако не беа деца од Македонија, но сепак тоа беа деца. Управниот одбор едногласно донесе одлука дека СОС Детско село има должност да направи се’ што е можно и да им помогне на тие семејства и нивните деца во транзитните центри во Табановце( Куманово) и Вино југ ( Гевгелија ). Во тие 2,5 години СОС Детско село обезбеди најразлични услуги за околу 100.000 деца кои поминаа низ нашата земја. Од пакети со храна, млеко во прав, облека, ќебиња, ИТ катчиња (но и психосоцијална поддршка на оние семејства кои престојуваа со недели, а некои и со месеци. Имаше дури и бебиња кои се раѓаа во привремените објекти на СОС Детско Село. Во моментот сме во нова фаза на трансформација кога се усогласуваме за законската регулатива која овозможува лиценцирање на социјалните услуги и тоа повторно ќе значи промени и компромиси. Но, се додека сме сигурни дека тие промени се во најдобар интерес на децата и стабилноста на услугите и поддршката за корисниците ние ќе ги поддржуваме тие промени. XКога X ќе сметате дека СОС Детско село ја има исполнето својата мисија а и вие вашата? Организацијата со текот на годините се развиваше во секој поглед. Се зголеми бројот на услуги, бројот на корисници кои се помагаат расте а исто така и бројот на вработени. СОС Детско село ќе ја исполни својата мисија кога ќе биде 100% самоодржливо односно кога државата и бизнис заедницата и што повеќе граѓани ќе ја препознаат докрај важноста на она што го работи СОС Детско село и дека е потребно да има стабилност и континуитет. Бидејќи, за жал, има многу деца и семејства на кои им треба грижата и поддршката од СОС Детско село, а сите заедно можеме да обезбедиме во нашата држава сите деца да имаат достоинствен живот и еднакви шанси. Секој сам можеби не може да направи многу но со поголема поддршка СОС Детско село може. И кога помагате на било кој начин вие знаете дека и вие сте заслужни за промената на нечиј живот. Тоа е

навистина убаво и моќно чувство. XНа X кои други улоги сте посветени во вашиот приватен и професионален живот? Покрај професионалните обврски во мојата приватна фирма Тим Консалтинг, јас сум исто така и сопруга, мајка и баба на 4 внуци со кои морам да признам дека поминувам доста време и тие ме исполнуваат со позитивна енергија. Со нив уживам во секој момент, а посебно во нашата семејна викенд куќа во Лешок, каде што заедно со најстарата внука Луна сме одговорни за цвеќињата и одржување на дворот. Од друга страна пак предизвиците во приватниот бизнис се големи, но и задоволството од работата и резултатите е голема. Тоа чувство ти овозможува да вложуваш се повеќе во работата. За долгогодишното успешно работење, Тим Консалтинг ДОО Скопје има добиено повеќе домашни и меѓународни признанија, и тоа: Сертификат Century International Gold Quality Era Award издадена од Century International Quality Era Award, која го потврдува задоволството од клиентите, лидерските способности, стратешкото планирање согласно QC100 Total Quality Management системот, сертификат BIZZ за успешен деловен лидер кој работи на иновативен и систематски начин издаден од меѓународната компанија World confederation of businesses. Исто така компанијата поседува Сертификат за квалитет IASS 2020-2022, Сертификат за коректна фирма – за одлична репутација и етаблираност во бизнисот, како и за коректно спроведување на обврските кон клиентите и партнерите, како и Сертификат за амбасадор на добрината издаден од Inner Wheel Club Skopje Europea. XШто X би им порачале на оние кои сакаат да се вклучат во некоја хуманитарна активност ? Мислам дека солидарноста и филантропијата треба да се дел од секој човек бидејќи тоа е дел од човечноста. Не можеме да ги игнорираме послабите и оние кои не по своја вина немаат еднакви шанси. Се разбира дека тоа е лична одлука и секој има различни можности, но сметам дека секој може да направи промена. Со волонтирање, со препораки за поддршка, финансиски или со донација во услуги или добра....има многу начини. Би порачала да што повеќе

Организацијата со текот на годините се развиваше во секој поглед. Се зголеми бројот на услуги, бројот на корисници кои се помагаат расте а исто така и бројот на вработени. СОС Детско село ќе ја исполни својата мисија кога ќе биде 100% самоодржливо односно кога државата и бизнис заедницата и што повеќе граѓани ќе ја препознаат докрај важноста на она што го работи СОС Детско село и дека е потребно да има стабилност и континуитет.

граѓани се вклучат во индивидуалното посветено донаторство во СОС Детско село и од секој по малку да направиме многу, но која и друга организација да ја поддржите или пак некоја индивидуална иницијатива за доброто на другите, нема да погрешите зошто доброто со добро се враќа. nnn


ДОКАЖАН ПАРТНЕР НА БИЗНИСОТ Отвори сметка за Твојата компанија во дигитална банка!

ДОЗНАКИ ВО СТРАНСТВО СО ФИКСНА ПРОВИЗИЈА

ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА СО КАМАТА ПО ВИДУВАЊЕ

АВТОМАТИЗИРАНИ ПРИЛИВИ ОД СТРАНСТВО

ОНЛАЈН ОТВАРАЊЕ НА СМЕТКА

СЕФ ЗА ДНЕВЕН ПРОМЕТ – 24/7

ОНЛАЈН ПОТПИШУВАЊЕ ДОГОВОРИ

MASTERCARD БИЗНИС КАРТИЧКА ЗА БЕЗГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА, УПЛАТА/ ИСПЛАТА НА ДЕНАРИ НА БАНКОМАТ

www.pcb.mk 02/2446-000


ЈУНИ 2021

46

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

ОД ПОПУСТ ДО ОРГАНСКА ХРАНА, УМЕТНОСТ НА СЕГМЕНТИРАЊЕ НА ПАЗАРОТ


47

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

Ниските цени добиени од огромните купувачки групи, го карактеризираат намалувањето на моделот поставен од Карл и Тео Албрехт, основачите на „Aldi“ (контракција на Albrecht Discount), чии наследници сега се на чело на најголемото богатство на Германија. Овој гигантски малопродажник на храна кој е специјализиран за попусти, објави продажба од 106 милијарди евра во 2020 година. Со 210 000 вработени ширум светот, групацијата се наоѓа на четвртото место во светот помеѓу трговците на мало, после Walmart, Amazon и Swarzt (Lidl)

ОЛИВИЕР МОРЕ новинар

П

омеѓу индустриската област Шамбери и станбените населби, можноста за недвижен имот спои органски трговци и ланец специјализиран за попусти. За време на пазарењето, два навидум далечни начини на живот се разминуваат и игнорираат едни со други. Овие два социјални универзума пред сè претставуваат два целни клиенти. Ладен северен ветер ги разбранува пупките од липи подготвени да цветаат во авенијата Costa de Beauregard, кон центарот на градот Шамбери. Оваа оска ги дели рамницата Bissy, монополизирана од зона на активност, и периферните падини, заземени од станбени објекти. Понесена подалеку, кога не е во странство, индустријата од минатото им ги отстапи своите простории на деловните субјекти, како што е оваа локација на поранешна пиварница каде што „Biocoop“ и „Aldi“ се сега соседи. На еден час до полицискиот час, соседните паркинзи на двете марки оживуваат. Пет велосипеди ги окупираат металните потпори пред фасадата обложена со органско дрво. Во влезната сала, натписот потсетува на посветеноста на ланецот „100% да рециклира од отпадот генериран од активноста на продавницата“. Постер го рекламира пристигнувањето на свеж и локален полен. Поминувајќи низ вратите, се движиме низ четиристотини метри квадратни дрвени полици наредени со производи обележани со рефлектори кои емитуваат топла светлина, како во уметничка галерија. Нежен мирис на цитрус, зачини и кафе го придружува бавното лутање на клиенти убедени да

постигнат активистички гест или да го заштитат нивното здравје со купување килограм грутка шеќер за 3,89 евра или овошје и зеленчук. Органски – во просек 44% повеќе скапи од конвенционалните производи во Франција1. Носејќи неонско жолт шлем за велосипеди што не го тргна во продавницата, г-ѓа Елоди Ф., наставник во училиште за фармерки и чевли, ја товари својата приколка со хартиени кеси исполнети со житни култури : „90% од моето купување во продавница е за органски производи“, ни рече таа. Јас тоа го правам за планетата, за животната средина и, исто така, затоа што јадам вегетаријанска и без глутенска храна. Тука сум сигурна дека производите се навистина органски, не како во супермаркетите.“ Таа никогаш не ни оди во соседната продавница, која „ги крева цените и ги стиска производителите“, иако и таму има се повеќе производи со етикета дека се органски. Вработена во сектор за изработка на ножеви „Opinel“, г-ѓа Одри Г., која љубезно ги одговара нашите прашања, додава: „Јас целата моја храна ја купувам во продавници за органска храна за моето здравје, за да ги поддржам земјоделците и сите оние кои се борат против пестициди и ниска индустриска храна.“ Таа пред осум години, целосно се претвори во човек што јаде органска храна по здравствените проблеми : „Кога беше мал, мојот син тешко го разбираше мојот пристап, но како што растеше, тој се интересираше за тоа. На 17 години, тој сега ја има истата логика како мене. Тој се грижи за тоа како се произведува она што го јаде. Со татко ми, од друга страна, несогласувањето е целосно. Тој долго време се снабдуваше со храна од продавници специјализирани за попусти. Престојот и оброците кај него дома се спротивставени. Не се разбираме. Јас одам да пазарам секогаш кога го посетувам.“


ЈУНИ 2021

48

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

Културата и методите за управување со дистрибуција во големи размери не се вклопуваат добро во кооперативниот модел, кој се заснова на „правичност, одговорност и солидарност“ промовиран од видеоманифестите што се појавуваат во продавниците. Работата и „нездравата храна“ оставаат трага

Овие две млади жени, во своите триесетти и четириесетти години го сочинуваат најголемиот дел од клиентелата на „Biocoop de la Motte-Servolex“, на што се додаваат неколку тврдокорни обожаватели над шеесеттите години. Силуетите се појавуваат изострени од избраната диета и начинот на живот што заштедува време за практикување спорт на отворено, освен ако не ги искористиле лековите со сокови од бреза од Beaufortain, на продажба во близина на касата. Одејќи по стаклената и челична фасада на супермаркетот „Aldi“, украсен со фотографии од пици и бифтек во сос од пиперки, наоѓаме повеќе разновидност во согласност со реалноста на француското општество. Двајца млади во тренерки одат кон гајбите со пакет колачиња и шише минерална вода. Мајка во придружба на нејзиниот син, чии фудбалски патики удираат на подот од плочки, во својата количка додаваат килограм бел шеќер во зрна… за 79 центи. Тука, работата и „нездравата храна“ оставаат трага врз телата и облеката. Еден исончан работник, облечен во флуоресцентна портокалова заштитна јакна и еден домашен сликар тивко го истражуваат делот каде има контејнери од жица заедно со нордиски столбови за пешачење, ѓубриво за тревник, градинарска пумпа, клешти за скара. Неколку одбивања да одговорат на прашања, сведочат за недовербата на печатот. Широките и моќни раце на г. Мири Х., непропорционални во споредба со неговата крупна градба, сè уште се обоени со малтер и боја. По потекло од Косово, татко на три мали деца, тој го напушти Балканот во 2007 година за да работи во Германија, а потоа и во Франција. „Со сопругата, ние го правиме тука скоро целото наше пазарење“, се доверува тој. Тоа е најевтиниот супермаркет во областа.“ Како и 10% од Французите, тој никогаш не купува органски производи : „Скапо е и се одгледува на исто место како и сите други, така што не можам да им верувам. Дете, јас сум пораснат органски, без да знам за тоа. Порано со брат ми ја одгледувавме градината. Ние ја свртевме земјата со лопата и со ѓубриво. Се сеќавам на плускавците што ги добивме на раце.“ „Купив три зеленчуци и салата, и тоа ме чинеше 15 евра.“ Г. Оливие Г. има лоши спомени од своето уникатно искуство со органски производи во голема специјализирана продавница. Вработен во независен дел на печатот, дваесет години живееше низ последователните кризи на курирските услуги на секторот. Преживувајќи неколку бранови на отпуштања, овој скоро педесетгодишник заработува

1.600 евра нето плата и внимава на својот буџет : „Имам две ќерки, од кои едната е студентка. Намалуваме на облека и храна за да можеме и малку да патуваме. Доаѓам тука еднаш месечно да ги купам основните состојки. Мојата прва мотивација е да не губам време. Тука, не треба да ги споредувам цените помеѓу петнаесет типови путер и дваесет пакувања брашно.“ Се чувствува мирисот на алишта и производи за чистење во малопродажниот простор од илјада квадратни метри. Веднаш штом ќе влезете, неколку брендирани производи со намалена цена ги покануваат клиентите да се согласат на добра зделка и да ја продолжат својата потрага понатаму на полиците. Звукот на замрзнувачите и сигналите на каса одекнуваат низ магацинот кој е беспрекорно чист. Никој не кажува ни збор. Секој се фокусира на својата листа за купување. Производите се распоредени во кутии на металните полици, кои без проблем се таму поставени. Промотивните понуди се забележуваат со задебелени букви на етикетите со светло портокалова боја.

Продавница на 15 минути од секој Французин

Ниските цени добиени од огромните купувачки групи, го карактеризираат намалувањето на моделот поставен од Карл и Тео Албрехт, основачите на „Aldi“ (контракција на Albrecht Discount), чии наследници сега се на чело на најголемото богатство на Германија. Овој гигантски малопродажник на храна кој е специјализиран за попусти, објави продажба од 106 милијарди евра во 2020 година. Со 210 000 вработени ширум светот, групацијата се наоѓа на четвртото место во светот помеѓу трговците на мало, после Walmart, Amazon и Swarzt (Lidl)2. „Часовник на самопослуга“, според зборовите на г. Жан-Мари Малбранке, потпретседател и генерален директор на „Aldi“ Франција, заврши работна организација заснована врз ловење на застојот, наметна разноврсност и голем број вработени поделени по двајца према традиционалната дистрибуција од големи размери3. Интензивниот обем на работа се наградува со месечна плата од неколку евра над конвенционалните минимум, или 1 697,61 евра бруто месечна плата во 2020 година за вработен кој работи 36 часа односно 75 часа неделно. „Тие навистина не плаќаат повеќе од другите брендови, но прават разлика со елементите на компензација како што е споделувањето профит, жално кажува г. Седрик Хафнер, претставник на синдикатот „Aldi“ на Генералната конфедерација на трудот (CGT). Ова е она што досега овозможуваше да

се прифати менаџерскиот притисок и обемот на работа што ги исцрпува телата и размислувањата.“ Германската компанија штотуку го надмина „Leader Price“ и неговите 547 продавници, што му овозможува на г. Филип Демелеместер, менаџер на француската подружница, да сонува дека „секој французин има Aldi на петнаесет минути од дома4“. Оваа последна амбиција се придружува на онаа на г. Силвен Фери, назначен за извршен директор на „Biocoop“ минатиот ноември. „На долг рок, ние сакаме да имаме продавница петнаесет минути од секој Французин“, рече кога ја презеде функцијата оној кој штотуку помина дваесет години во „Carrefour“5. Ако цената остане кочница, 73% од населението се изјасни дека ќе консумира органски производи најмалку еднаш месечно. Овој ентузијазам поттикнува силен раст: 16,6% во 2020 година за мрежата „Biocoop“, која забележа продажба од 1,62 милијарди евра6 и ја отвори својата 700-та продавница во април 2021 година. Како и „Biocoop de la Motte-Servolex“, 60% од продавниците се франшизирани компании со ограничена одговорност (SARL), како во традиционалната дистрибуција со големи размери. Раните подружници, дизајнирани да ги здружат производителите и потрошувачите, станаа малцинство, а националното


49

ЈУНИ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1105

здружение создадено во 1986 година се врати во 2002 година на кооперативно ограничено друштво. Културата и методите за управување со дистрибуција во големи размери не се вклопуваат добро во кооперативниот модел, кој се заснова на „правичност, одговорност и солидарност“ промовиран од видео-манифестите што се појавуваат во продавниците. Во парискиот регион, во Стразбур и Поатје, во 2020 година вработените штрајкуваа со цел да го осудат видео надзорот, работењето во недела или на државни празници и да бараат зголемување на нивната плата по напорите направени за време на карантинот во пролетта

2020 година. Менаџментот на „Biocoop“ наведе специфични тешкотии и потсети на нејзината „силна препорака за минимална плата од 10% над минималната плата“. По пет години поминати во Biocoop, од кои две поминаа во исцрпувачки преговори за плата, поранешен вработен во западна Франција обелодени : „Тие регрутираат на 10% над минималната плата, но не на нивото што одговара на задачата за која сме ангажирани и со мал или без индивидуален развој после тоа“, објасни таа анонимно. По два штрајка и создавањето на дел од синдикатот, вработените добија ревалоризација усогласена со

Преведено од: Павлина Димовска Фусноти: 1. « Enquête – Fruits et légumes conventionnels et bio : le lieu d’achat et l’origine ont peu d’influence sur le prix », Consommation logement cadre de vie (CLCV), 14 декември 2020 година, www.clcv.org 2. « Top 50 Global Retailers 2021 », National Retail Federation, 24 март 2021 година, https://nrf.com 3. Cyrine Gardes, « Le coût des prix bas. Travailler dans le hard discount alimentaire », La Nouvelle Revue du travail, no 12, Париз, пролет 2018 година.

конвенционалните минимум на мрежата на гранки. „Сепак, излегов од убедување, заведен и од можноста да го поддржам органскиот сектор и од политиката за плати продадена во социјалната повелба „Biocoop“ прикажана во продавниците“, додава нашиот соговорник. Реалноста се покажа дека е далеку од говорот. Директорот не се обиде да ги знае нашите имиња. Ни кажаа за профитабилноста критикувајќи нè за премногу „разговор со клиенти“.“ И покрај нашите повеќекратни барања, управителите на продавниците „Aldi“ и „Biocoop“ не се согласија да одговорат на нашите прашања. Заедничка одлика што се поврзува со другите. nnn

4. Julie Delvallée, « Aldi: “On veut doubler notre parc actuel avant dix ans” », Libre Service Actualité, Париз, 1 декемри 2020 година. 5. Camille Harel, « Biocoop en forte croissance mise sur la relocalisation », Libre Service Actualité, 16 март 2021 година. 6. Camille Harel, « Excellent millésime 2020 pour les leaders du bio », Libre Service Actualité, 24 март 2021 година.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.