1109- Kapital magazin

Page 1

ПОЛИТИКА АНАЛИЗА НА КАСИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ОПШТИНИ НАМЕСТО ЗА ПРОЕКТИ, ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ СЕ ТРОШАТ ГЛАВНО ЗА ПЛАТИ!

business magazine

БРОЈ 1109 l 27 август 2021 петок година 21 l www.kapital.mk

ПАЗАР НА КАПИТАЛ

КАКО РАБОТЕА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ НА 2021 СЕ ЗГОЛЕМУВА УЧЕСТВОТО НА АКЦИСКИТЕ ФОНДОВИ ВО ВКУПНОТО ПОРТФОЛИО

СТАВ АНДРЕЈ ПЕТРЕСКИ Амчам/Циско

РЕГИОНАЛНА КИБЕРБЕЗБЕДНОСТ ЗА ПОЧЕТНИЦИ

COVER STORY

START UP

ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА ЈА МАЛАКСА ЕКОНОМИЈАТА ЕКОНОМСКИ БУМ ИЛИ ТРЕС НАЕСЕН?!

ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ

КАКО ВИРЏИН ГАЛАКТИК ПЛАНИРА ДА ГИ ПОБЕДИ БЛУ ОРИЏИН И СПЕЈСЕКС

СВЕТ

ШТО ТРГНА НАОПАКУ ВО АВГАНИСТАН?

ВИСТИНИ И ЗАБЛУДИ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ДА, МОЖЕ ДА ОСНОВАТЕ СТАРТАП, НО НЕ СЕКОЈ Е СПРЕМЕН ДА БИДЕ ПРЕТПРИЕМАЧ



3

КАПИТАЛ... 1109 4

COVER STORY

Делта варијантата ја малакса економијата Економски бум или трес наесен?!

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

18

22

Анализа на касите на најголемите општини

Анализа

СВЕТ

ПОЛИТИКА

Наместо за проекти, општинските буџети се трошат главно за плати!

Што тргна наопаку во Авганистан?

10

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

Како работеа инвестициските фондови во првото полугодие на 2021 Се зголемува учеството на акциските фондови во вкупното портфолио

28

ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ

Битка на милијардерите Како Вирџин Галактик планира да ги победи Блу Ориџин и СпејсЕкс

COVER STORY Делта варијантата ја малакса економијата...........................................................4 Економски бум или трес наесен?! ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Како работеа инвестициските фондови во првото полугодие на 2021.......................................................................10 Се зголемува учеството на акциските фондови во вкупното портфолио

36

СО АМЧАМ НА ТЕМА...

Андреј Петрески, АмЧам/Циско

40

STARTUP

Вистини и заблуди за претприемништвото

Регионална кибербезбедност за почетници

Да, може да основате стартап, но не секој е спремен да биде претприемач

ПОЛИТИКА Анализа на касите на најголемите општини........................................................................18 Наместо за проекти, општинските буџети се трошат главно за плати!

СО АМЧАМ НА ТЕМА... Андреј Петрески, АмЧам/Циско...........36 Регионална кибербезбедност за почетници

СВЕТ Анализа.........................................................................22 Што тргна наопаку во Авганистан? ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ Битка на милијардерите...............................28 Како Вирџин Галактик планира да ги победи Блу Ориџин и СпејсЕкс

STARTUP Вистини и заблуди за претприемништвото......................................40 Да, може да основате стартап, но не секој е спремен да биде претприемач ЛИДЕРИ Рекоа за......................................................................44 Криптовалутите

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 26.08.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

АВГ. 2021


АВГ. 2021

COVER STORY

4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

ЕКОНОМСКИ БУМ ИЛИ ТРЕС НАЕСЕН?!


ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА ЈА МАЛАКСА ЕКОНОМИЈАТА

5

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА ЈА МАЛАКСА ЕКОНОМИЈАТА


АВГ. 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Обезбеденоста на производството со нарачки во јули во однос на јуни годинава, е понеповолно, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети, покажува последната анкета на Државниот завод за статистика.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

В

раќањето на работа што за септември го планираа повеќе компании повторно се пролонгира откако четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта варијантата на коронавирусот дојде порано и посилно од очекуваното. Со вакцинирана четвртина од населението и рестрикции во движењето за останатите граѓани коишто не примиле вакцина, наместо есенски економски бум, веќе е извесно дека до крајот на годината ќе изостане посакуваниот постпандемиски залет. За тоа сведочат и последните песимистички проценки на бизнисмените во врска со деловните тенденции следниот период. Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули годинава е намален за 0,1 процентен поен во однос на месецот претходно и изнесува 14.9, но во однос на јули 2020 година е зголемен за 2,6 процентни поени. Според оваа анкета на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со нарачки во јули во однос на јуни годинава, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во

наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јули 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2021 година изнесува 70,7% од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,7%, неизвесното економско опкружување со 15,5%, недостигот на квалификувана работна сила со 16,7% и недоволната домашна побарувачка со 13,3%. Дека веќе се евидентни намалувањата на прометот денови по воведувањето на новите рестрикции што ги таргетираат невакцинираните граѓани, предупредуваат менаџерите од оние сектори кои што се најсензитивни на Ковид. Така, угостителите пријавуваат пад на приходите за дури 70% откако властите им наложија да примаат само вакцинирани гости. Освен нив, реагираа и сопствениците на дуќани и трговските центри, кои велат дека прометот е намален за 40%. „Уште од почетокот на пандемијата,

трговските центри и дуќаните воедно и брендовите комплетно ги применуваат мерките за поголема борба против вирусот. Вработените и посетителите константно носат маски, имаме ограничувања на посетителите во продавниците, како и сигнализација на далечина, се користи дезинфекција, сите системи за вентилација редовно се чистат, дезинфицираат. Сепак и покрај сите овие мерки, втората мерка за вакцинирани лица целосно или со едно доза, ни направи да прометот се намали за 40%, што повторно се соочивме со уште еден бран на економски пад на нашите брендови, посочуваат од Фешн Груп. Тие велат дека максимално ги поддржуваат напорите на институциите за да се изборат со вирусот но сметаат дека мерките се остри и треба да се најде начин како да се регулира сето тоа, бидејќи во моментов трговските центри се речиси празни, посетеноста е намалена за 60% во споредба со минатиот месец. „Како трговски центар регистриравме големи загуби во последните 1,5 години од почетокот на пандемијата, само за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30 до 40 проценти, токму тие вложија големи напори да ја одвиваат својата работа по прописи. Можеби треба да се размисли за нова евентуална итна мерка, поточно посетителите во затворените молови да влегуваат со негативен брз тест, како што е пример во


ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА ЈА МАЛАКСА ЕКОНОМИЈАТА

поголемите европски земји“, сугерираат од Сити Мол. Од страна на бизнис секторот велат дека на ваков начин ја отежнува работата на бизнисите и драстично се намалува работата во дуќаните, како и затворање на своите бизниси доколку продолжи со ваквата мерка, така што треба да се најдат други начини да ги охрабрат граѓаните да се вакцинираат или да

овозможат брзи тестови со ниски цени. На овие апели од бизнис секторот, се огласи вицепремиерот за економски прашања на Владата, Фатмир Битиќи. „Моментално ја следиме ситуацијата колку преземените мерки ќе имаат финансиски компликации. Во минатото сме биле претпазливи, ја следевме состојбата и сме преземале мерки доколку навистина беше потребно.

7

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Враќањето на работа што за септември го планираа повеќе компании повторно се пролонгира откако четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта варијантата на коронавирусот дојде порано и посилно од очекуваното. Со вакцинирана четвртина од населението и рестрикции во движењето за останатите граѓани коишто не примиле вакцина, наместо есенски економски бум, веќе е извесно дека до крајот на годината ќе изостане посакуваниот постпандемиски залет. Дека веќе се евидентни намалувањата на прометот денови по воведувањето на новите рестрикции што ги таргетираат невакцинираните граѓани, предупредуваат менаџерите од оние сектори кои што се најсензитивни на Ковид. Угостителите пријавуваат пад на приходите за дури 70% откако властите им наложија да примаат само вакцинирани гости. Освен нив, реагираа и сопствениците на дуќани и трговските центри, кои велат дека прометот е намален за 40%.


АВГ. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Секако, мерките се привремени, сметам дека сите сме свесни дека мораа да се донесат. Доколку има потреба ќе разговараме со стопанските комори, претприемачите и ќе видиме која е моменталната можност за помош“, истакна Фатмир Битиќи.

Растот би можел да биде помал во 2021

Угостителите пријавуваат пад на приходите за дури 70% откако властите им наложија да примаат само вакцинирани гости.

Сопствениците на дуќани и трговските центри, велат дека посетите од граѓаните се преполовени, а прометот е намален за 40%.

Четвртиот бран на пандемијата беше еден од главните ризици што го антиципираа релевантните институции за економското закрепнување годинава, само што никој не може точно да предвиди колкава штета ќе нанесе бидејќи не се знае колку долго ќе трае и какви рестриктивни мерки ќе бара за негово ублажување. Властите во земјава а и глобално, се обидуваат што побрзо да го вакцинираат населението, меѓутоа, новите соеви на вирусот се шират побрзо отколку стапката на вакцинација и ја доведуваат во прашање ефикасноста на вакцините во превенирање на заразата и со тоа постигнување на колективен имунитет. По падот на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5% минатата година, и намалување на економската активност за 1,9% првите три месеци оваа година, се доведува во прашање остварувањето на планираната стапка на раст од околу 4% до крајот на 2021 година. Меѓутоа, алтернативните сценарија на финансиските институции, како на пример на Народната банка, предвидуваат помал раст во услови на пролонгирана пандемија. „Ризиците за растот и натаму се надолни и поврзани со справувањето со пандемијата. Нашето алтернативно сценарио покажува побавно закрепнување и понизок раст на домашната економија во 2021 и 2022 во просек за околу 1 п.п., во споредба со основната проекција“, потенцираа неодамна од Народната банка. Според проценките на оваа институција од пред неколку месеци, се очекуваше постепено закрепнување со раст од 3,9%. На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, односно економскиот раст да биде ист и догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%. „Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година, исто како во октомвриските проекции“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Во однос на структурата на растот, како и при октомвриските проекции се очекува позитивен придонес на домашната побарувачка, а негативен на нетоизвозот. Во рамки на домашната побарувачка најголем позитивен придонес се предвидува од инвестициите, кои по високиот пад од 10% изминатата година се очекува да растат во просек оваа и наредната година за 9,4%, како резултат на раст на странските директни инвестиции (СДИ), интензивирање на државните и приватните домашни инвестиции при постабилен амбиент и натамошна солидна кредитна поддршка. Личната потрошувачка исто така, по падот од 5,4% минатата година, се предвидува да расте во просек 3,7%, при зголемена склоност за потрошувачка со


ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА ЈА МАЛАКСА ЕКОНОМИЈАТА засилување на процесот на имунизација, пораст на расположливиот доход како резултат на поповолни движења и на пазарот на трудот, како и натамошна кредитна поддршка. Во однос на извозот, по падот од 11% минатата година, НБМ очекува оваа и наредната година просечен раст од 7% во услови на закрепнување на странската побарувачка и позитивни ефекти од капацитетите со странски капитал, но и од дел од традиционалниот извозен сектор при поволна ценовна конјунктура. Растот на извозот и домашната побарувачка (кои имаат голема увозна компонента) ќе доведат и до раст на увозот, со што нето-извозот ќе има негативен придонес. Според последните податоци од Заводот за статистика, охрабрувачки е растот на извозот во првата половина од годината од 39,1% споредено со истиот период лани, додека пак индустриското производство до јуни е за 6,6 поголемо на годишно ниво.

Оптимизам кај кредитните агенции Справувањето со последиците од пандемијата врз економијата е една од позитивните забелешки на Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ којашто го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ- со стабилен изглед. Стабилниот изглед, како што е нотирано во извештајот за Северна Македонија а го објавува Агенцијата, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско заздравување на нашата

држава ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит следната година. Агенцијата нотира дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики. Аспирациите за пристапување на нашата држава кон ЕУ може да бидат сидро за таквите институционални подобрувања и напредок на структурните реформи, се истакнува во извештајот. „Економијата на Северна Македонија закрепнува од последиците од пандемијата. И покрај контракцијата во првото тримесечје, очекуваме дека економијата ќе оствари раст од 3,7 проценти. Растот е придвижен од закрепнувањето на странската побарувачка, којашто ги рефлектира спецификите на интеграцијата на Северна Македонија во меѓународните синџири на добавувачи, како и на приватната потрошувачка, како резултат на придобивките од заздравувањето на приватните трансфери и од владините мерки за поддршка на стопанството коишто го ублажија расположливиот доход“, се вели во извештајот. Потенцијалното влошување на состојбата со пандемијата и придружните ограничувања остануваат ризик за економското закрепнување, но како што забележува Агенцијата, „извозот

9

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

на земјата се покажа отпорен на наметнатите ограничувања“. „Задржување на кредитниот рејтинг на истото ниво се базира на фактот дека мерките дадоа ефект за ублажување на кризата. Нашата економија во текот на годината, како што е наведено и во нашите проекции, ќе излезе од кризата, односно ќе има економски резултат и раст на БДП. Фискалната рамка како и одржливите фискални политики и економските мерки придонесоа да го задржиме кредитниот рејтинг“, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими. Во однос на ризиците што се наведени, Бесими вели дека едниот е од неекономска природа, како што е влошување на состојбата со пандемијата, додека вториот се однесува на европската перспектива и започнување на преговорите што ќе влијае на инвестициите. Отворањето на преговорите и реформските активности се очекува да влијаат врз подобрување на рејтингот. „Надворешната отпорност на земјата се огледува во способноста за привлекување странски инвестиции, особено во областа на извозниот сектор, што може да се види и во состојбата на дефицитот на тековната сметка. Овој позитивен тренд се очекува да продолжи и во периодот од 2021 до 2024 година“, се вели во извештајот на „Стандард и Пурс“. Во однос на државниот долг, „Стандард и Пурс“ очекува истиот да достигне 58 проценти од БДП до 2024 година. 

СТАНБЕН КРЕДИТ

• До 100% финансирање • Камата од 2,95% за првите 10 години • Без трошоци за аплицирање • Пакет услуги • Кредитна картичка со лимит до 60.000 ден *Полисата вклучува осигурително покритие и од Ковид 19

Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


АВГ. 2021

10 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

КАКО РАБОТЕА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНД

СЕ ЗГОЛЕМУВА УЧЕСТ ФОНДОВИ ВО ВКУП


11

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

ДОВИ ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ НА 2021

ТВОТО НА АКЦИСКИТЕ ПНОТО ПОРТФОЛИО Нето вредноста на средствата на инвестициските фондови со кои управувале друштвата на крајот на вториот квартал од 2021 година изнесувала 9,958,284,162.01 денари или околу 162 милиони евра, што во однос на нето вредноста на крајот од претходниот квартал претставува зголемување од 4.82%, односно раст од 5.89% на годишна основа, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност. Паричните фондови ја задржуваат доминантната позиција и во Q2 од 2021 со 54% удел во вкупната вредност на портфолиото, меѓутоа нивното учество на квартално ниво е намалено за 2.65 п.п односно за 10.52 п.п на годишно ниво, за сметка на зголемување на учеството на акциските фондови за 3,37 п.п односно 10,14 п.п.


АВГ. 2021

12 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

В

о вториот квартал од 2021 година во земјава работеа вкупно 5 друштва за управување со инвестициски фондови кои управуваат со 19 отворени инвестициски фондови, со што бројот на друштва за управување во однос на првиот квартал, се зголеми за едно друштво (Комисијата за хартии од вредност на 29.06.2021 донесе решение со кое даде одобрение за основање на Друштво за управување со инвестициски фондови Вега Фондови АД Скопје), а бројот на отворени инвестициски фондови се зголеми за два фонда (на самиот крај од 2020 година ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент се припои кон ДУИФ Генерали Инвестментс, со што тоа друштво престана да постои, а ДУИФ Генерали Инвестментс го презеде управувањето на фондовите Илирика Југоисточна Европа, Илирика Глобал Растечки Пазари и на Илирика Кеш Фонд), додека фондовите КБ Публикум Златен и КБ Публикум – Акции кои што со одобрение од Комисијата беа основани во Q1 2021 (Март), почнаа со работа во Q2 од 2021. Нето вредноста на средствата на инвестициските фондови со кои управувале друштвата на крајот на вториот квартал од 2021 година изнесувала 9,958,284,162.01 денари или околу 162 милиони евра, што во однос на нето вредноста на крајот од претходниот квартал претставува зголемување од 4.82%, односно раст од 5.89% на годишна основа, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност. Гледано од аспект на поединечните друштва за управување со инвестициски фондови, квартален раст на нето вредноста под нивно управување е забележан кај сите друштва со исклучок на ново-основаното Друштво за управување со инвестициски фондови Вега Фондови АД Скопје. Од друга страна, податокот за 100% годишен пад на нето вредноста под управување на ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје се должи на нивното припојување кон ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје , со што тоа друштво престана да постои, а ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје го презеде управувањето на фондовите Илирика Југоисточна Европа, Илирика Глобал Растечки Пазари и Илирика Кеш Фонд. Во графиконите прикажани во рамки на текстов е претставено процентуалното учество во кварталниот раст (4,82% односно 457,742,964.30 денари ) на нето вредноста на секое од друштвата, односно на разликата на нето вредноста на отворените инвестициски фондови со кои тие управуваат на квартална основа. Гледано во апсолутни износи, највисок индивидуален позитивен придонес на ниво на Друштво за управување има зголемувањето на нето вредноста на инвестициските фондови под управување на ДУИФ КБ Публикум инвест АД Скопје (55,4% од евидентираното квартално зголемување), во чии рамки растот на нето вредноста се должи на двата нови фондова, КБ Публикум - Златен Фонд и КБ Публикум-Акции.

Извор: Комисија за хартии од вредност

Исто така, солиден позитивен придонес во кварталниот раст на нето вредноста има и ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје (35,5% од евидентираното квартално зголемување). Анализирано по индивидуални инвестициски фондови, најголем придонес во кварталниот раст има ВФП Премиум Инвест и Генерали Кеш Депозит со учество од 36,4% и 23,2% соодветно. Од друга страна , седум инвестициски фондови (од кои 4 се под управување на ДУИФ Генерали инвестментс АД Скопје ) забележаа квартален пад во распон од околу 6% до 62%. Најголем квартален пад во проценти забележа Илирика Кеш Фонд (16,40%), додека во апсолутен износ КБ Публикум – Паричен со квартален пад од 979 илјади евра. Впрочем, во рамките на паричните фондови само Генерали Кеш Депозит бележи зголемување на квартална основа, додека останатите три бележат пад од -1,88% до 16,40%.

Кеш фондовите сè уште доминираат со вредноста

Во графичкиот приказ е претставено процентуалното учество на секое од

друштвата, односно на отворените инвестициски фондови со кои тие управуваат, во вкупната вредност на сите отворени инвестициски фондови. Притоа, може да се забележи дека поединечните друштва, на крајот од вториот квартал од 2021 година, со минимални отстапки, го задржуваат истото учество во вкупната нето вредност на сите отворени фондови, во однос на претходниот квартал. Имено, со најголем процент (49,75%) од нето вредноста на отворените инвестициски фондови продолжува да управува ДУИФ КБ Публикум Инвест АД Скопје, а најмало учество со помалку од 1% во нето вредноста на средствата под управување во текот на истиот период има ДУИФ Иново Статус АД Скопје. И покрај тоа што во вториот и во првиот квартал од 2021 година во споредба со Q2 од 2020, ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје управува со плус 3 фондови, односно вкупно 7 инвестициски фондови, а заради намалување на нето вредноста на средствата на дури 5 инвестициски фондови, не дојде до зголемување на нивното пазарно учество. Припојувањето


13

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Во текот на првото полугодие од 2021 година, во инвестициските фондови се уплатени вкупно 9.659,56 милиони денари (≈157 милиони евра), а се одлеани 9.072,54 милиони денари, креирајќи позитивна нето разлика од 587,02 милиони денари, односно ≈9,54 милиони евра. Најголем процент од приливите, односно одливите во првото полугодие од 2021 година, како и од 2020 година се од домашните банки, на кои отпаѓа скоро 50%, по што следуваат други домашни нефинансиски правни лица и други домашни финансиски институции.

Извор: Комисија за хартии од вредност


АВГ. 2021

14 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

на ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје кон ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје, односно нивното учество од 6,18% не се одрази за зголемување на учеството во нето вредноста на Генерали Инвестментс. Паричните фондови ја задржуваат доминантната позиција и во Q2 од 2021, меѓутоа нивното учество на квартално ниво е намалено за 2.65 п.п односно за 10.52 п.п на годишно ниво, за сметка на зголемување на учеството на акциските фондови за 3,37 п.п односно 10,14 п.п. Ваквите движења на агрегираните квартални податоци за нето вредноста на паричните фондови се резултат на вкупниот пад во апсолутен износ од 116 милиони денари на три фондови (од вкупно 4 парични фондови) кои што делумно беше неутрализиран од порастот на нето вредноста на еден фонд од 106 милиони денари. Акциските фондови бележат најголем пораст на нето вредноста на средствата (14,29%) во однос на првиот квартал од 2021 година, додека истите во споредба со истиот период претходната година бележат раст од 41.1%. Ваквите движења на акциските фондови делумно произлегуваат од ново-основаните акциски фондови (2 во Q1 од 2021 и уште еден во Q2 од 2021). Имено, придонесот кон растот на акциските фондови ВФП Дивиденда , КБ Публикум - Златен Фонд и КБ ПубликумАкции е со 26,8% на годишна основа и со 52,9% на квартална основа. Дополнително, годишниот раст од 41,1% е значително одраз и на закрепнувањето на загубата од првиот квартал од 2020 година како реакција на кризата, предизвикана од глобалната пандемија. Анализата по видови фондови упатува на позначително поместување во надолна насока кај нето вредноста на обврзничките фондови, коишто остварија квартален пад од 7,33% со што се намали и нивното учество во вкупната нето вредност на сите видови фондови, главно како одраз на негативниот ефект на кварталното намалување на нето вредноста на ВФП 100% БОНД за 11,61% односно за 713 илјади евра во апсолутен износ.

Две третини од парите инвестициските фондови ги вложуваат во Македонија

Набљудувано по структура на дејности, највисоко учество на вложени средства на крајот на првиот квартал од 2021 година е забележано во три клучни сектори: финансиски услуги (22,4%), здравство (16,2%) и информатичка технологија (11,1%). Средствата вложени во овие три сектори на крајот од извештајниот период во однос на крајот од 2020 година го задржале скоро истото учество. Имено, кумулативно вложените средства во овие три сектори претставуваат скоро 50%. Во продолжение е прикажана структурата на вложување по дејности. Од аспект на географската структура на вложувањата на инвестициските фондови, во континуитет доминираат вложувањата во Република Северна Македонија, кои на крајот на извештајниот период изнесуваат 6.758 милиони денари, што претставува

Извор: Комисија за хартии од вредност


15

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109


АВГ. 2021

16 ПАЗАР НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Со најголем процент (49,75%) од нето вредноста на отворените инвестициски фондови продолжува да управува ДУИФ КБ Публикум Инвест АД Скопје, а најмало учество со помалку од 1% во нето вредноста на средствата под управување во текот на истиот период има ДУИФ Иново Статус АД Скопје.

учество од 66,86%. Во земјите членки на Европската Унија, инвестициските фондови на крајот од истиот период вложиле околу 13% од вкупно собраните средства. Помал дел од вложувањата се насочени кон САД (8,26%), додека средствата вложени во Русија имаат незначително учество во вложувањата на инвестициските фондови од географски аспект. Релативно ниската променливост на географската структура на вложувањата претставува директна рефлексија на вложувањата на фондовите во депозити кои согласно законот може да бидат пласирани само во македонски банки. Анализата на валутната структура на

вкупните вложувања на инвестициските фондови на крајот од извештајниот период, укажува на благ раст на вложувањата во американски долар во однос на крајот на првиот квартал од 2021 година од 2,06 процентни поени, за сметка на намалувањето на учеството на вложувањата во денари за 2,58 процентни поени. На годишно ниво се забележува и зголемување од 4,07 п.п на вложувањата во евра како резултат на зголемените вложувања во акциски фондови кои инвестираат на пазарите од ЕУ. Сепак, значително високата ориентираност на вложувањата во денари и понатаму останува непроменета.

Во текот на првото полугодие од 2021 година, во инвестициските фондови се уплатени вкупно 9.659,56 милиони денари (≈157 милиони евра), а се одлеани 9.072,54 милиони денари, креирајќи позитивна нето разлика од 587,02 милиони денари, односно ≈9,54 милиони евра. Во текот на првото полугодие од 2020 година, забележана е позитивна нето разлика од 987,57 милиони денари (≈16,06 милиони евра). Најголем процент од приливите, односно одливите во првото полугодие од 2021 година, како и од 2020 година се од домашните банки, на кои отпаѓа скоро 50%, по што следуваат други домашни нефинансиски правни лица и други домашни финансиски институции. nnn


ПРИФАТЛИВИ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНО МЕРКИ ЗА

АПЛИКАЦИЈА ЗА ГРАНТ ДО 20%

СОЛАРЕН ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ ВЕНТИЛАЦИЈА

СОНЧЕВ КОЛЕКТОР ЗА ТОПЛА ВОДА

НАДВОРЕШНА ВРАТА

ПРОЗОРЦИ СО ДВОЈНО/ТРОЈНО ЗАСТАКЛУВАЊЕ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ПОКРИВ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА НАДВОРЕШНИ ЅИДОВИ

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ПОД

ПЕЧКА ИЛИ КОТЕЛ НА БИОМАСА ИЛИ ГАС АКУМУЛАЦИОНЕН БОЈЛЕР ЗА ТОПЛА ВОДА

ТОПЛИНСКА ПУМПА

НАЈПОВОЛЕН ЗЕЛЕН КРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСЕН ДОМ! 6% фиксна камата Без обезбедување Без сопствено учество

Консултации и информации

075 475 219 - 071 394 264

www.pcb.mk


АВГ. 2021

18 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

АНАЛИЗА НА КАСИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ОПШТИНИ

НАМЕСТО ЗА

ПРОЕКТИ,

ОПШТИНСКИТЕ

БУЏЕТИ СЕ ТРОШАТ ГЛАВНО ЗА

ПЛАТИ!

ГРАД СКОПЈЕ Градоначалник: ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ Вкупно приходи: 98,2 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупно расходи: 95,9 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 24 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 25 МИЛИОНИ ЕВРА Главниот град лани, според податоците од завршната годишна сметка на Буџетот доставена до Собранието, остварил приходи од 98 милиони 288 илјади евра, од коишто во ставката даночни приходи се обезбедени 31, 6 милиони. Во даночни приходи спаѓаат приходи остварени преку даноци од доход, од добивка и од капитални добивки, даноци на имот, даноци на специфични услуги, такси на користење или дозволи за вршење на дејност. Како неданочни приходи (претприемачки приход и приход од имот, глоби, судски и административни такси, такси и надоместоци) реализирани се 3,5 милиони евра, а капиталните приходи изнесуваат 1,6 милиони. Трансферите од другите нивоа на власт изнесуваат 53,6 милиони евра. Градот има пријавено домашно задолжување од 7,4 милиони евра. Град Скопје е единствен којшто повеќе троши за капитални расходи, отколку за плати – 25 наспроти 24 милиони евра. Вкупните расходи на градот се 95, 9 милиони евра.

ОПШТИНА АЕРОДРОМ Градоначалник: ЗЛАТКО МАРИН Вкупни приходи: 14 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 13,9 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 7,1 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА Во 2020 општина Аеродром има остварено приходи од 14 милиони евра, од коишто даночни приходи се 5,3 милиони, а неданочни се 500 илјади евра. Капиталните приходи на општина Аеродром изнесуваат 54 илјади евра, а трансферите од централната власт се 7,9 милиони евра. Вкупните расходи на општината се 13,9 милиони евра, од коишто 7 милиони одат за плати, а само 1,5 милиони за капитални трошоци (пет пати помалку од тоа што е предвидено).

Политичко влијание, распоред на картите со коишто ќе се игра на следните парламентарни избори, но пред сè – пари! Обемната анализа на „Капитал“ преку завршните годишни сметки на некои клучни општини ви открива зошто е толкава тепачката за градоначалничките фотелји, но и како локалните властодршци ги полнеле и ги празнеле општинските каси во 2020 година.


19

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

ОПШТИНА БИТОЛА

ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градоначалничка: НАТАША ПЕТРОВСКА Вкупни приходи: 26 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 24, 4 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 12, 6 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА

Градоначалник: АЦЕ КОЦЕВСКИ Вкупно приходи: 12,5 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупно расходи: 11,5 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 6,9 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА

Општина Битола, во текот на 2020 година остварила приходи од 26 милиони евра што е за 10 милиони помалку од тоа што планирала да го оствари. Притоа, 5,3 милиони евра се остварени како даночни приходи, а 896 илјади евра како неданочни (што е повеќе од двојно помалку од тоа што било планирано во оваа ставка). Во ставката трансфери и донации (тука спаѓаат парите добиени од централната власт) Битола обезбедила 17 милиони евра. Вкупните расходи на општината се 24,4 милиони евра, од коишто дури 12,6 милиони одат за плати и надоместоци. Иако градоначалничката планирала да потроши 9, 9 милиони евра за капитални расходи, за таа ставка потрошени се само 3,3 милиони.

Во 2020 општина Велес собрала 12 милиони 559 илјади евра, од коишто 2 милиони се добиени како даночни приходи. Како неданочни се водат 300 илјади евра, што сведочи за многу лоша реализација, оти по овој основ планирани биле дури 1,5 милиони евра. Како капитални приходи се нижат 235 илјади, што е уште една слаба реализација, оти планирани биле 878 илјади евра. Трансферите од централната власт тука се 9,7 милиони евра. Вкупните расходи се 11,5 милиони, од коишто дури 6,9 милиони се трошат за плати и надоместоци. За капитални расходи потрошени се само 1,4 милиони евра.

ОПШТИНА ГОСТИВАР ОПШТИНА ОХРИД Градоначалник: КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕВСКИ Вкупни приходи: 16 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 15,6 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 8,4 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА Општина Охрид во текот на минатата година реализирала приходи од 16 милиони евра, од коишто 6,1 милиони евра се водат како даночни, а 320 илјади евра како неданочни приходи. Капиталните приходи се 537 илјади евра, а парите добиени од централната власт се 8,8 милиони евра. Општина Охрид може да се пофали и со донации од странство во вредност од 164 илјади евра. Вкупните расходи на општината се 15, 6 милиони евра, од коишто 8,4 милиони одат за плати и надоместоци. Два и пол милиони евра општина Охрид потрошила за капитални расходи.

Градоначалник: АРБЕН ТАРАВАРИ Вкупни приходи: 16, 6 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 16 МИЛИОНИ Расходи за плати и надоместоци: 11,2 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА Минатата година Таравари ја завршил со собрани 16 милиони и 624 илјади евра. Ако се анализираат приходните ставки се гледа дека 2,7 милиони евра се собрани како даночни приходи, а 353 илјади како неданочни. Има потфрлање во проекцијата на капиталните приходи, па наместо планираните 600 илјади евра, по овој основ општината собрала приходите од 273 илјади евра. Парите што ги има добиено преку трансфери од Владата се 13 милиони евра. Општина Гостивар има пријавено и домашно задолжување - се задолжила за 134 илјади евра. Вкупните расходи на Гостивар се 16 милиони евра, од коишто дури 11,2 милиони општината троши за плати и надоместоци. За капитални расходи потрошени се скромни еден и пол милион евра.

автор:

А

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА нализата на „Капитал“ покажува дека најголем дел од парите во општинските каси доаѓаат преку трансфери од централната власт, а се трошат главно за плати и за надоместоци. Милионските суми што годишно се одлеваат по оваа основа се просто скандалозни, имајќи предвид дека (освен во Град Скопје) секаде половина или дури и повеќе од половина од вкупните општински трошоци се за

исплата на многубројната администрација. Со ова, се разбира, страда квалитетот на услугите што граѓаните ги добиваат и проектите коишто треба да се капитални и од јавен интерес, а не можат да дочекаат реализација. Целата анализа сведочи за сериозна нефункционалност на локалната власт, еден огромен системски проблем, за којшто требаат коренити реформи и којшто, за жал, не може да се реши со заокружување на кое било бројче на гласачкото ливче. nnn


АВГ. 2021

20 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

ОПШТИНА ТЕТОВО

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Градоначалник: ТЕУТА АРИФИ Вкупни приходи: 24,5 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 24,2 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 16,9 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Градоначалник: МИТКО ЈАНЧЕВ Вкупни приходи: 12, 6 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи:12,4 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 2,6 МИЛИОНИ ЕВРА

Во 2020 општина Тетово остварила приходи од 24 милиони 560 илјади евра. Даночни приходи што општината ги има собрано се 2, 7 милиони евра, што е повеќе од двојно помалку од предвиденото, со што општина Тетово е на врвот на општини што не успеваат да наплатат даноци и такси. Слаба е и реализацијата на неданочните приходи, па наместо планираните 1,3 милиони евра, собрани се само 563 илјади. Капиталните приходи се само 179 илјади, иако предвидени биле дури 2,3 милиони. Трансферите од државната каса изнесуваат 20 милиони евра, а лани општината се задолжила за 821 илјада евра. Расходите изнесуваат 24,2 милиони евра. Од нив, речиси 17 милиони евра се трошат за плати и надоместоци, а само 1, 5 милиони се капитални трошоци.

Во 2020 година општина Кавадарци остварила приходи од 12 милиони 678 илјади евра. Од нив 2, 6 милиони се даночни приходи што е блиску до она што било и планирано да се собере по оваа основа. Потфрлање има кај неданочните приходи, па наместо 2,1 милион евра, собрани се само 657 илјади. Капиталните приходи на општината се 324 илјади евра, а трансферите од централната власт се 8,1 милиони евра. Општината е задолжена и на домашниот пазар со 440 илјади евра. Вкупните расходи се 12,4 милиони, а половина од нив се трошат за плати и надоместоци – 6,5 милиони. За капитални расходи се трошат 2,6 милиони.

ОПШТИНА ПРИЛЕП Градоначалник: ИЛИЈА ЈОВАНОВСКИ Вкупни приходи: 20,2 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 19,4 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 10,4 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА Општината Прилеп лани има реализирано 20 милиони 286 илјади евра. Како даночни приходи се водат 2, 9 милиони евра, а 546 илјади како неданочни. Капиталните приходи се 770 илјади евра, а трансферите од Владата се 15,5 милиони евра. Вкупните расходи се 19, 4 милиони евра. Десет и пол милион евра се трошат за плати, а 3,5 се капитални трошења.

ОПШТИНА КУМАНОВО Градоначалник: МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ Вкупни приходи: 28,5 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 26,4 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 16,2 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 3,2 МИЛИОНИ ЕВРА Општина Куманово во 2020 година има реализирано 28 милиони 551 илјада евра, од коишто даночни приходи се 7,2 милиони (што е повеќе од планираното), а неданочни се 803 илјади. Капиталните приходи се само 317 илјади евра, што е двојно помалку од она што општината го проектирала дека ќе го оствари по овој основ. Трансферите од Владата се 19, 5 милиони евра. Вкупните расходи се 26,4 милиони евра, од коишто повеќе од половината – 16,2 милиони се трошат за плати и надоместоци, а само 3,2 за капитални расходи.


21

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Градоначалник: АЛЕКСАНДАР НАУМОВСКИ Вкупни приходи: 7 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 6,7 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 3,7 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 1 МИЛИОН ЕВРА Општина Ѓорче Петров има слаба реализација на приходите во 2020 година, односно има голема дупка помеѓу она што било предвидено да се оствари и она што се остварило. Вкупните приходи се 7 милиони евра. Наместо 3,2 милиони евра проектирани дека ќе се соберат како даночни приходи, општината успеала да собере само 2 милиони, а наместо предвидените 2 милиони како неданочни приходи реализирани се само 194 илјади евра што е најголемо потфрлување кај оваа ставка. Капиталните приходи се 352 илјади евра, а трансферите од централната власт се 4 милиони евра. Вкупните расходи се 6,7 милиони евра. 3,7 милиони се трошат за плати, а еден милион евра се капитални расходи.

ОПШТИНА СТРУГА Градоначалник: РАМИЗ МЕРКО Вкупни приходи: 14,8 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 14,3 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 9,4 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА Во 2020 година општината под водство на еден од најконтроверзните градоначалници остварила приходи од 14 милиони 825 илјади евра, од коишто како даночни приходи се пријавени 2,7 милиони, а неданочни се 203 илјади евра. Капиталните приходи изнесуваат 172 илјади евра, што е речиси четири пати помалку од тоа што било планирано дека ќе се реализира. Трансферите што општина Струга ги добила од власта се 11,6 милиони евра. Расходите на Струга се 14,3 милиони, од коишто 9,4 милиони се пари одлеани за плати и надоместоци, а 1,3 за капитални трошоци (иако биле планирани повеќе од 3 милиони).

ОПШТИНА КАРПОШ Градоначалник: СТЕФАН БОГОЕВ Вкупни приходи: 13 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 13 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 7,3 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА Во 2020 година општина Карпош има остварено 13 милиони евра, од коишто 5,1 милиони евра се обезбедени како даночни приходи, што е сепак речиси двојно помалку од она што општината планирала да го собере. Слаба е и реализацијата на неданочните приходи, па наместо планираните 1,1 милион евра, собрани се само 439 илјади. Капиталните приходи се 161 илјада евра, а парите добиени како трансфери од централната власт се 7,3 милиони евра. Општина Карпош има пријавено расходи од 13,1 милион евра. За плати и надоместоци се даваат 7,3 милиони евра, а 1,2 милиони за капитални расходи.

ОПШТИНА ЦЕНТАР Градоначалник: САША БОГДАНОВИЌ Вкупни приходи: 13,9 МИЛИОНИ ЕВРА Вкупни расходи: 13,9 МИЛИОНИ ЕВРА Расходи за плати и надоместоци: 6 МИЛИОНИ ЕВРА Капитални расходи: 3 МИЛИОНИ ЕВРА Општина Центар лани остварила 13 милиони 928 илјади евра приход, од коишто 5,5 милиони се даночни, а 1,5 милиони евра се неданочни приходи. Капиталните приходи изнесуваат 174 илјади евра. Трансферите од централната власт се 6,2 милиони евра. Општината има пријавено задолжување од 280 илјади евра. Вкупните расходи се 13,9 милиони евра, од коишто 6 милиони се трошат за плати, а 3 милиони се капитални расходи.


АВГ. 2021

22 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

ШТО ТРГНА НАОПАК


23

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

КУ ВО АВГАНИСТАН?

Неколкумина интелектуалци, дипломати, високи државни советници, професори на престижни американски универзитети, поранешни војници – дадоа свое видување за Wall Street Journal околу тоа зошто 20 – годишната мисија на Запад во Авганистан предводена од САД не успеа. Во две продолженија ви ги пренесуваме во целост овие согледувања.


АВГ. 2021

24 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

2002

Традиционален авганистански голем совет, наречен Лоја Џирга, се одржа на 11 јуни во Кабул со цел да се избере преодна влада. Во Советот беше вклучен и контингент на жени. Фото: Natalie Behring/Getty Images

Н

ие Американците сакаме да се залажуваме себеси. Сакаме да веруваме дека има добра и лоша војна. Втората светска војна беше добра војна, лакирана со патината на историјата. Виетнам беше лоша војна, нејзината реалност беше надмината од популарните културни наративи. Еднаш, во деценијата по 11 септември, Авганистан беше добра војна, а Ирак лоша, војна на „избор“, а не неопходност. Сега и двете се лоши. Слично на тоа, ни се допаѓаат нашите победници и нашите губитници добро дефинирани. Но, оние на полето на битката се ретко Капетан Америка и неговата непријателка Хидра. Има многу работи што тргнаа наопаку во Авганистан. Стратегијата беше слаба, а непријателот упорен. САД честопати беа нефокусирани во своите цели, со недоволни ресурси дури и во нашите ограничени напори. Нашите сојузници на теренот - не само Авганистанците, туку и членовите на коалицијата која теоретски се стремеше кон „Трајна слобода“ - честопати беа многу помалку способни отколку што можеа да бидат. Но, ниту еден од овие проблеми не беше фатален за нашите напори да се осигураме дека екстремистите нема да

ја контролираат земјата. И покрај нашите - и авганистанските - достигнувања, сукцесијата на претседателите ги направи да изгледаат помалку вредни. Барак Обама, Доналд Трамп и сега претседателот Џо Бајден го кажаа горе – долу истото: Дека нашите сојузници не сакаат да се борат (иако за волја на вистината десетици илјади Авганистанци загинаа во борба); дека демократијата не вреди да се бориме за неа (имаше шест избори во Авганистан од 11 септември 2001); дека американските војници кои ја одржуваат стабилноста во Авганистан немаат никаква цел (без оглед на постојаните загуби на Талибанците благодарение на нашата блиска воздушна поддршка и разузнавање); и дека откако командосите го убија Осама бин Ладен, нашата битка беше завршена. Повеќе од една деценија, ние немавме претседател подготвен да нè убеди дека борбата во Авганистан има смисла, ниту да ја искористи својата информативна моќ за да го пофали напредокот на таа нација. Никој не нè потсети дека токму авганистанскиот народ го презеде товарот да нè заштити, одложувајќи го враќањето на деновите кога терористите го користеа тоа подрачје за да планираат враќање на калифатот. Ниту еден водач не беше подготвен

да го спушти гардот и да каже: Со неколку илјади војници, ние победуваме според условите што ги утврдивме, оневозможувајќи им упориште на Ал Каеда. Наместо тоа, претседателот Бајден застана пред американскиот народ оваа недела, по еден од најлошите стратешки и дипломатски дебакли во последниот половина век и рече: Поминаа 20 години, а ние не победивме. Да се откажеме. По краткиот момент на бес, ќе се свртиме и ќе кажеме, да, тоа беше лоша војна, Авганистанците не беа достојни. Немаше Капетан Америка момент. Но, неизбежно ќе се најдеме себеси назад во Авганистан, никогаш не сфаќајќи дека откако победивме, избравме да загубиме. За нашата сопствена безбедност, ќе треба повторно да победиме. Даниеле Плетка, висок соработник по надворешна и одбранбена политика на American Enterprise Institut

Мисија уништена од контрадикции САД не успеаја во Авганистан од многу причини, но две се на чело на листата. Прво, избраната мисија - претворање на Авганистан во либерална демократија од западен стил - немаше да успее, колку долго и


25

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

да останавме. Второ, креаторите на политиките и воените команданти кои ја водеа оваа кампања се лажеа себеси и јавноста за напредокот што се прави и перспективите за успех. Како и во повеќето војни, вистината беше првата жртва. Ремоделирањето на Авганистан според нашиот лик беше будалеста работа. Историјата покажува дека промената на режимот наметната од страна ретко води кон демократија, особено во општествата кои се сиромашни, главно неписмени, етнички поделени и во конфликти. Со усвојување на оваа цел, САД преземаа монументален проект за социјално инженерство во земја што едвај ја разбираа. Како што подоцна призна генералот Даглас Лут, поранешниот координатор за авганистанската стратегија: „Немавме ни најмаглива идеја за она што го преземаме“. Напорите беше проследени со контрадикторности уште од самиот почеток. Обидот да се трансформира авганистанското општество направи од нас окупатор и создаде огорченост кај локалното население. Преголемото потпирање на беспилотните летала и воздушните напади убиваа цивили и предизвикуваа уште поголем отпор. Програмите за искоренување на афионот ги осиромашуваа земјоделците и само помогнаа во регрутирањето на борци во редовите на Талибанците. Обидот да се обучат Авганистанците да се борат како Американците, ги остави нивните сили зависни од американските советници за логистика, одржување и борба. Трошењето милијарди за поддршка на централната влада ја поттикна корупцијата и го поткопа и онака кревкиот легитимитет на владата. Покрај тоа, Талибанците секогаш можеа да го контролираат темпото на војување со претопување во локалните заедници или со преминување во соседен Пакистан. И бидејќи нашето присуство зависеше од патиштата за снабдување низ таа земја, Вашингтон не можеше да го натера Исламабад да престане да ги поддржува Талибанците. Смислување победничка стратегија под овие услови беше невозможно. Сепак, оваа војна што не можеше да се добие продолжи затоа што креаторите на демократската и републиканската политика и високите воени лидери не и ја кажуваа вистината на јавноста, а медиумите ретко ги оспоруваа нивните оптимистички проценки. Американските команданти постојано истакнуваа дека авганистанските безбедносни сили брзо се подобруваат, но интерни документи објавени од Вашингтон пост во 2019 година откриваат дека тие всушност знаеле оти нивните оптимистички проценки се лажни. Деталните извештаи на Специјалниот генерален инспектор за авганистанска реконструкција раскажаа слична приказна, но не успеаја да го нарушат официјалниот наратив за постојан напредок. Во меѓувреме, цивилните лидери постојано наметнуваа произволни рокови кои немаа врска од реалноста. Американскиот надворешнополитички естаблишмент работеше катастрофално

2005

Авганистан ги одржува своите први парламентарни избори, на 18 септември. Фото: Caren Firouz/Reuters

2008

Претседателот Џорџ Буш во посета на воената база Баграм, на 15 декември. Фото: U.S. AirForce/Staff Sgt. Samuel Morse

2011

На конференција во Бон по повод 10 години од инвазијата, германската канцеларка Ангела Меркел во разговор со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, 5 декември. Фото: Frank Augstein/Associated Press


АВГ. 2021

26 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

2013

Офицери на гардата на авганистанската армија ја чуваат претседателската палата во Кабул, јуни 25, една седмица откако НАТО силите ја предадоа контролата на државната безбедност. Фото: Omar Sobhani/Reuters

за време на овој долг и трагичен конфликт, оставајќи ги американските војници и авганистанскиот народ да ја платат цената. Сепак, досега, оние што се одговорни не понесоа одговорност. Напротив, архитектите на поразот продолжија со профитабилни кариери во разни во тинк тенкови, консултантски куќи, универзитети или приватниот сектор и сè уште се сметаат за експерти за војната што не успеаја да ја добијат. Оваа 20-годишна трагедија ја разоткри надворешнполитичката елита која никогаш не постави реалистични цели во Авганистан или призна дека нивната избрана цел е надвор од дофатот на Америка. Во нашиот пораз, дискредитираните сега сакаат да ги обвинат другите за нивните неуспеси. Ако успеат, ние ќе продолжиме да учиме погрешни лекции и да ги повторуваме истите грешки. Стивен Волт, професор по меѓународни односи на Харвард универзитетот и автор на книгата „Пеколот на добрите намери: Американската надворешно – политичка елита и падот на американската надмоќ“ (The Hell of Good Intentions: America’s Foreign Policy Elite and the Decline of U.S. Primacy)

Бирократска рутина и недостиг на политичка волја

Кога американските сили за првпат беа распоредени во Авганистан во есента

2001 година, планерите и скептиците споделија погрешно мислење: дека Авганистанците ќе се борат жестоко и компетентно против која било странска сила. За доказ, некои искористија момент од авганистанската историја за која малку знаеја, масакрот на британскиот гарнизон во Кабул кој се повлекуваше во 1839 година. Всушност, тој дебакл подоцна беше објаснет со крајната неспособност на британскиот командант и беше проследен со успешна втора одмаздничка инвазија. Сепак, народната мудрост за „гробиштата на империите“, во комбинација со достапноста на новите воени технологии, ги натера планерите да изберат „лесна нога“, наместо да испратат неколку бригади на лесна пешадија за да ја докрајчат Ал Каеда. Скептиците беа изненадени кога Авганистанците ги пречекаа американските сили со добредојде. Тоа беше пропуштена прилика. Во текот на авганистанската војна, американските лидери покажаа мала љубопитност за земјата, нејзиното општество и поновата историја, и уште полошо, за ефикасноста на сопствените политики. Така, бројните западни бирократии ги вршеа своите работи и ги следеа сопствените рутини, поттикнувајќи контрапродуктивни однесувања (рации што ги навредуваа

и отуѓуваа Авганистанците, ротации што ги лишија американските команданти од локалното знаење) и го тргаа на страна она што беше најважно: изградба на некорумпирани авганистански безбедносни сили што ќе бидат одржливи (со надворешна поддршка, да се разбереме) со децении. Западот, исто така, потфрли преку недостиг на подготвеност да истрае - дури и кога жртвите беа практично нула, а товарот врз нашите колективни вооружени сили беше минимален. Почнувајќи со претседателот Обама во неговиот прв мандат, САД ја сигнализираа својата желба да се извлечат од Авганистан - и тоа го забележаа Авганистанците. Налетот на Талибанците не може да се совлада со воен „чекор“ експлицитно дизајниран да купи простор за дишење за евентуалното повлекување. По 12 години сознание дека двајца американски претседатели сакаа да ги измијат рацете од нив, можеме ли да се изненадиме што авганистанскиот морал се распадна кога третиот претседател демонстрираше дека тоа го мисли? Сето ова сега е надополнето со чиста неспособност. Неспособното политичковоено планирање на администрацијата на Бајден за спиралата на очај и предавство што го создаде во Авганистан - и нејзината самоизмама


27

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

во пресрет на падот на Кабул беше исто толку депресивно како и потсмевот за оние што ги напуштавме и рамнодушноста кон нивните судбина. Во 1989 година, по една деценија во Авганистан, Советите се повлекоа - во одличен ред, мора да се забележи - како резултат на пропаѓањето на нивната империја од други причини. Нивните клиенти од Авганистан траеја уште три години. Советите беа длабоко непопуларни, но не истерани, и покрај тоа што имаа помалку војници таму од нас и имаа многу поефикасни непријатели кои беа вооружени и опремени од САД со напредна технологија што им недостасуваше на Талибанците. Нашиот непријател беше лукав, упорен и ефективен; Пакистанските засолништа и непријателство ја одиграа својата улога; задачата беше енормно комплицирана и напорна, работа на децении, а не години. Но, грешките, исто колку и кармата ја завршија својата работа. Елиот Коен, професор на Џонс Хопкинс универзитетот и советник на Американскиот Стејт Департмент од 2007 до 2009 година.

Незаинтересираност за етничката и племенската реалност

Американскиот неуспех во Авганистан беше првенствено политички. Никогаш немаше стратегија, само серија тактички потези: 20 годишни планови за 20 години, наместо еден план што би можел побрзо и поуспешно да ја заврши мисијата кога би била јасно дефинирана. САД се вклучија по нападите на 11 септември за да го истераат бруталниот режим на Талибанците затоа што ја штитеше Ал Каеда. Но, администрацијата на Буш претпоставуваше дека Талибанците нема да претставуваат закана откако Ал Каеда ќе биде деградирана и направи малку за да спречи прегрупирање на талибанските водачи преку границата во Пакистан. Во меѓувреме, високо централизирана владина структура беше запишана во авганистанскиот устав, принудувајќи ги етничките заедници и племиња да се борат за дел од власта во Кабул. Резултат: Легитимитетот на племенските моќници, кои го задржаа влијанието во нивните области, беше разводнет бидејќи беа принудени да изразат верност кон централните власти, кои останаа слаби. Пакистанскиот воен диктатор, генерал Первез Мушараф, помогна да се уапсат многу фигури на Ал Каеда, но како што подоцна призна, тој исто така продолжи да ги поддржува Талибанците, за да се заштити од индиското влијание во Авганистан по евентуалното повлекување на САД. Мушараф очекуваше САД да заминат за неколку години и беше клучен во помагањето на Талибанците да ги напаѓаат странските сили во Авганистан за да го забрзаат нивното заминување. До 2006 година, американските службеници веќе почнаа да зборуваат за пакистанска „двојна игра“ и се обидоа да користат дипломатско

заканување за да ја прекинат, но тие никогаш не препознаа дека политиката на Пакистан е формирана од нејзините несигурности кон Индија, и затоа не беше потресена од тие стратегии. За време на администрацијата на Обама, американските дипломати се обидоа да микроменаџираат со внатрешните политики на Авганистан, претпочитајќи технократи школувани на Запад, како Ашраф Гани, додека влијателните политичари од локално ниво беа оцрнети како „воени команданти“ и се сметаа за вишок, што не помогна да се изгради влада што ќе ја одразува авганистанската етничка и племенска реалност. Во меѓувреме, американските службеници со дипломи за развојна економија и решавање конфликти, но со недостиг на разбирање за динамиката на Авганистан, имаа огромно влијание врз тоа каде и како да се распоредат американските ресурси посветени на стабилизација на земјата. Дури и авганистанската армија што САД се обидоа да ја обучат беше направена според американскиот имиџ, премногу високо - технолошка за ниско - технолошка земја и зависна од американските наемници за технички совети и одржување. И иако се потребни децении за некој да стигне до генералски чин во американската армија, фокусот на САД кон заминување значеше дека авганистанските офицери беа унапредувани премногу брзо за да може да обезбедат зрело лидерство. Наместо решавање на кој било од овие проблеми, дискусијата за Авганистан на крајот се сведуваше на тоа дека е најдолгата војна на Америка. Кога претседателите Трамп и Бајден одлучија директно да разговараат со Талибанците за повлекување на САД, тоа дополнително ја поткопа авганистанската влада и го зајакна моралот на Талибанците. Откако се грижеа премногу за тоа свое предолго останување, САД на крајот го оставија Авганистан во рацете на истите екстремисти со коишто всушност се бореа кога влегоа во земјата. Хусаин Хакани, директор за Јужна и Централна Азија при Хадсон Институтот. Хакани бил и пакистански амбасадор во САД од 2008 до 2011 година.

Задоцнет обид за градење држава/нација

Најфундаменталната критика на американската политика во Авганистан, онаа што ја повтори претседателот Бајден, е дека градењето држава/ нација таму беше осудено на неуспех, а САД погрешија што воопшто се обидоа. Авганистан, секако, беше лош кандидат за таков проект: ендемична корупција, традиција на сомневање кон странците и популарна идентификација со племе и етничка група наместо со било што со национален предзнак, ја направи земјата многу поинаква од Германија и Јапонија, каде што градењето нација (во реалноста градње на држава ) успеа по Втората светска војна. Проблемот, сепак, не беше во тоа што САД се одлучија за градење нација,

туку дека направија многу малку од тоа кога се појави можноста во есента 2001 година. По соборувањето на Талибанците, администрацијата на Буш работеше со племенските водачи за да свика традиционален претставнички совет што доведе до нова авганистанска влада. Но, требаше да го забрза развојот на националната армија способна да дејствува независно. Наместо тоа, процесот се одвиваше глацијално, со само околу 5.000 авганистански војници обучувани годишно помеѓу 2001 и 2006 година. Во исто време, на многу припадници на Талибанците им беше дозволено да избегаат преку границата кон Пакистан - уште една кобна грешка. Соединетите држави, исто така, погрешија кога не извршија поголем притисок врз Пакистан да престане да обезбедува засолниште за нив. Со текот на времето, Талибанците се реконструираа и продолжија со операциите во Авганистан. Во овој период, јас бев шеф на персоналот за планирање политика во Стејт департментот, како и координатор на САД за иднината на Авганистан. Се залагав за прилично поголем број американски и сојузнички војници да останат во земјата привремено за да и помогнат на новата авганистанска влада да воспостави контрола над нејзината територија и да ги обучи своите вооружени сили. Во тоа време, сепак, многу од моите колеги ја сметаа задачата за речиси безнадежна со оглед на историјата и природата на земјата. Администрацијата на Буш брзо го насочи својот фокус кон Ирак. Не можев да кажам тогаш и не можам да кажам сега дека градењето нација во Авганистан ќе успееше. Но, знам дека ја пропуштивме најдобрата и единствената вистинска шанса што ја имавме. Талибанците станаа посилни и поактивни, владата не можеше да се натпреварува со нив, а зголемувањето на војската од страна на администрацијата на Обама го поткопа легитимитетот на авганистанската влада и домашната поддршка за напорите во САД. Исто така, да се тргнете од Авганистан по соборувањето на Талибанците во 2001 година, исто така, би било погрешно. Како што администрацијата на Обама научи на потешкиот начин една деценија подоцна во Либија, неодговорно е да се отстрани авторитетот, каков и да е, и да не се работи на негова замена. Партнер со капацитет за одржување на јавниот ред и безбедност може да помогне да се неутрализираат заканите и да се намали товарот врз САД. Исто така, може да се поттикнат политичките слободи и економските можности. За ова се работи при изградба на нација; не успеавме да го сториме тоа сè додека не беше веќе доцна во Авганистан, со трагични резултати. Ричард Хаас, претседател на Советот за надворешни односи, непрофитен тинктенк од Њујорк. Негова скорешна книга е „Светот: Краток вовед“ (The World: A Brief Introduction) nnn (продолжува во следниот број на Капитал)


АВГ. 2021

28 ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

БИТКА НА МИЛИЈАРДЕРИТЕ

КАКО ВИРЏИН ГАЛАК ДА ГИ ПОБЕДИ БЛУ О


КТИК ПЛАНИРА ОРИЏИН И СПЕЈСЕКС

29

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109


АВГ. 2021

30 ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

В

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ ирџин Галактик (Virgin Galactic) ги привршува подготовките за последните тест летови на своето летало Јунити (Unity) што треба да се случат до крајот на годинава, а веќе следната, 2022, да почнат и официјално туристичките вселенски летови, односно компанијата да почне реално и да прави пари од она што основачот Сер Ричард Бренсон повеќе од 15 години го подготвува поведен од своите соништа и планови да биде прв што ќе овозможи комерцијално летање во вселената за тие што можат тоа да си го дозволат, се разбира. Кога Бренсон го заврши успешно својот прв лет со Јунити во јули годинава, заедно

со придружниот екипаж, предизвика голема бура во јавноста, а Вирџин Галактик набрзо после тоа ја покачи цената на билетите на 450 илјади долари, што аналитичарите го протолкуваа како сигнал дека има голем интерес за вселенските летови на Бренсон. Но, цело време има и скептици коишто не веруваат дека Вирџин Галактик ќе успее финансиски да се одржи во целата оваа приказна, особено затоа што и конкурентите како Блу Ориџин (Blue Origin) на милијардерот Безос и СпејсЕкс (SpaceX) на основачот на Тесла, Илон Маск, исто така се спремаат интензивно за своја понуда на комерцијални вселенски летови. Некои од берзанските аналитичари на Волстрит веруваат, дека и покрај притисокот врз акцијата на Вирџин Галактик во последно време, тоа е компанија што ќе го редефринира начинот на којшто размислуваме за

вселената и искуствениот туризам, и затоа сè уште и предвидуваат голем раст во иднина.

Тридневно доживување

И додека Вирџин Галактик, Блу Ориџин и СепјсЕкс ги тераат своите подготовки за вселенските летови, битно е да се потенцира искуството што тие ќе го нудат од почетокот до крајот на авантурата. Клиентите плаќаат 450 илјади долари или повеќе за целосно искуство. Тоа не се само моменти во вселената (или на работ од вселената, како и да е), туку потполно искуство, коешто секој потенцијален корисник на овие услуги треба да го има предвид. Вирџин Галактик, на пример, го ангажираше Џо Роудe како „архитект на искуството“ со цел да го испланира тридневното искуство коешто ќе кулминира со утрински лет во вселената.


31

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Вирџин Галактик нуди различно искуство во однос на конкурентите и во поглед на изведбата на самиот лет. За разлика од Блу Ориџин и СпејсЕкс, Вирџин Галактик има носечко летало, т.н. mothership наречен White Knight Two, којшто полетува хоризонтално, исто како било кој комерцијален лет со авион. Откако леталото носач ќе се искачи на висина од околу 15 километри од него се ослободува вселенското летало Unity што со помош на ракетен погон се искачува кон границата помеѓу земјината атмосфера и она што значи всушност вселена. Откако ќе направи еден круг се враќа кон земјината површина лебдејќи и се спушта на пистата исто како обичен авион.

Вирџин Галактик (Virgin Galactic) ги привршува подготовките за последните тест летови на своето летало Јунити (Unity) што треба да се случат до крајот на годинава, а веќе следната, 2022, да почнат и официјално туристичките вселенски летови, односно компанијата да почне реално и да прави пари од она што основачот Сер Ричард Бренсон повеќе од 15 години го подготвува поведен од своите соништа и планови да биде прв што ќе овозможи комерцијално летање во вселената за тие што можат тоа да си го дозволат, се разбира. Роудe е искусен професионалец, којшто четири декади има поминато во Дизни Имаџинииринг (Disney Imagineering), меѓу другото и како главен дизајнер за Animal Kingdom, а работел и на Pandora – The World of Avatar, меѓу многуте други проекти. Тој е задолжен за тридневното искуство што завршува со летот коешто

не само што ќе ги подготви клиентите за вселенскиот лет, туку ќе има многу забава и прекрасни доживувања за коишто тие плаќаат. А, Роудe е секако има огромно искуство кога станува збор за креирање одлични искуства. Целосното искуство се’ уште не е докрај откриено, но Вирџин Галактик ги опишува

тридневните подготовки на следниов начин: Обуката пред летот ќе осигури дека секој астронаут е ментално и физички подготвен за да ја издржи секоја секунда од вселенскиот лет и целосно опремен да исполни било какви лични цели. Медицински експерти постојано ќе


АВГ. 2021

32 ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Обуката пред летот ќе осигури дека секој астронаут е ментално и физички подготвен за да ја издржи секоја секунда од вселенскиот лет и целосно опремен да исполни било какви лични цели. Медицински експерти постојано ќе бидат на располагање за било какви совети и помош, како и да ја проверат психо – физичката состојба на летачите. Компанијата ќе се потруди обуката и подготовките да бидат забавно и исполнувачко искуство, во вистински Вирџин Галактик стил. бидат на располагање за било какви совети и помош, како и да ја проверат психо – физичката состојба на летачите. Компанијата ќе се потруди обуката и подготовките да бидат забавно и исполнувачко искуство, во вистински Вирџин Галактик стил. Компанијата има специјално изграден полигон за обуката, а клиентите ќе бидат возени до нивните објекти за сместување во брендирани теренци од луксузната марка Ленд Ровер. Вирџин Галактик нуди различно искуство во однос на конкурентите и во поглед на изведбата на самиот лет. За разлика од Блу Ориџин и СпејсЕкс, Вирџин Галактик има носечко летало, т.н. mothership, којшто полетува хоризонтално, исто како било кој комерцијален лет со авион.

Откако леталото носач ќе се искачи на висина од околу 15 километри од него се ослободува вселенското летало што со помош на ракетен погон се искачува кон границата помеѓу земјината атмосфера и она што значи всушност вселена. Откако ќе направи еден круг се враќа кон земјината површина лебдејќи и се спушта на пистата исто како обичен авион. Ова е тридневното искуство со се’ летот во вселената од неколку минути за коешто има луѓе спремни да платата и по половина милион долари.

Ексклузивност и членство во клубот на ретките

Тешко е да се квантифицира вредноста на „искуството“ од одење во вселената или на престижот што доаѓа со тоа, но може да добиеме некаква претстава за тоа како

се вреднуваат искуствата ако погледнеме примери на производи или услуги за коишто луѓето плаќаат премиум цена. Едно Ферари ќе ве однесе од точка А до точка Б исто како и една Киа, но возилото чини 20 пати повеќе. Ферари нашол преку 9.000 купувачи минатата година и инкасирал речиси 3,5 милијарди евра од продажбата, од коишто 1,1 530 милиони евра чиста добивка. Ферари има мал пазар во премиум ценовниот сегмент, исто како и Вирџин Галактик, и е доказ дека голем бизнис се прави со ексклузивните искуства. Јахтите, на пример, имаат многу мала практична примена наспроти останатите форми на транспорт, ако не се смета ексклузивното искуство, а според анализите на Grand View Research,


33

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109


АВГ. 2021

34 ВСЕЛЕНСКИ ТУРИЗАМ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

пазарот на изнајмување јахти во 2019 година вредел 6,5 милијарди долари. Цената за изнајмување на една супер луксузна јахта може да е повисока од билетот за вселената, што го прави вселенското искуство мошне привлечно. Разбирањето дека луѓето може да платат многу пари за искуства е клучниот фактор за успех кај Вирџин Галактик. Со Џо Роуде како креатор на целиот пакет, компанијата гради комплетно искуство што ќе ги стави клиентите во друштво на помалку од 1.000 луѓе коишто ја посетиле вселената за одредено време. Тоа е нешто за што луѓето се спремни да платат, и веројатно дека цената од 450 илјади долари не е висока за голем број милионери и милијардери на планетава.

nnn

Кога Бренсон го заврши успешно својот прв лет со Unity во јули годинава, заедно со придружниот екипаж, предизвика голема бура во јавноста, а Вирџин Галактик набрзо после тоа ја покачи цената на билетите на 450 илјади долари, што аналитичарите го протолкуваа како сигнал дека има голем интерес за вселенските летови на Бренсон.



АВГ. 2021

36 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Андреј Петрески Претседател на Комитетот за дигитална трансформација на АмЧам/ Менаџер за продажба на Cisco за Северна Македонија и Косово

Киберпросторот не може да се затвори во рамките на географските национални граници и дека секогаш мора да бидеме свесни за ефектот на прелевање. Регионалната кибербезбедност бара високо ниво на соработка и доверба, проследени со конкретна синхронизација на активностите и процедурите кај сите шест земји од Западен Балкан. Значи, да заклучиме: мора да соработуваме, бидејќи ако не го правиме тоа, порано или подоцна сите ќе станеме жртви на киберкриминалот.

РЕГИОНАЛНА КИБЕ ЗА ПОЧЕТ


СО АМЧАМ НА ТЕМА...

ЕРБЕЗБЕДНОСТ ТНИЦИ

Н

37

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

еодамна, на 15-ти/16-ти јули, одбележавме една специфична „годишнина“ во Северна Македонија. Минатата година, на тој датум, нашата земја беше жртва на софистициран кибернапад кој влијаеше врз еден важен јавен процес. Како потсетник за оние кои заборавиле (искрено, кој се сеќава на кибернападите освен нивните жртви) вебстраницата на Државната изборна комисија беше нападната и срушена на изборната ноќ и следните неколку дена, сериозно попречувајќи го изборниот процес. Потребни беа денови веб- страницата повторно да проработи и официјалните изборни резултати да бидат објавени онлајн. Истата ноќ, најголемиот агрегатор на вести во државата – порталот TIME.mk, беше исто така нападнат од повеќе од 35 милиони веб-страници од целиот свет, од групата хакери „ Anonopsmkd“, која презема одговорност за двата напади. Колку што ми е познато, сè уште не се идентификувани групите или лицата кои стојат зад DDoS нападите кои ја срушија најважната веб-страница во државата и најпознатиот портал за вести. Инспириран од гореспоменатата „годишнина“, се прашувам колку е безбеден нашиот регион кога е во прашање кибербезбедноста? Иако Балканот (особено шесте земји од Западен Балкан) сè уште се наоѓа на периферијата на глобалната кибервојна, тоа не значи дека сме безбедни. Киберкриминалците никогаш не мируваат. А околу нас се случуваат длабоки и сериозни дигитални реформи. Овој краток осврт на лошите и добри момци може да ни помогне малку подобро да ја разбереме ситуацијата.

Лошите момци

АВГ. 2021

На почетокот на Ковид-19 пандемијата, граѓаните на Словенија, Србија, Хрватска и Северна Македонија беа мета на фишинг напади, добивајќи електронска пошта која наводно е испратена од државните здравствени установи со цел лажно да ги наведат да се регистрираат за бесплатна заштитна опрема. Линкот за регистрација во електронската пошта содржеше малвер кој може да го оштети компјутерот и мрежата на жртвата. Словенечкиот CERT (Computer Emergency Response Team) ги предупреди своите српски колеги за оваа опасност, кои помогнаа во изолацијата и елиминацијата на овој малвер. Градовите се легитимни цели за хакерите. Задната намера на ваквите напади често останува нејасна, но секогаш се движи помеѓу политика и „класична“ уцена. На пример, Нови Сад, еден од најголемите градови во Србија, беше жртва на рансомвер напад, каде хакерите бараа 400 000 евра од локалните власти за да им го вратат пристапот до системот за јавни податоци. За време на оваа дигитална опсада даночниот систем не работеше, платите во градската управа не се исплаќаа, дозволи не се издаваа, а стопирано беше функционирањето на севкупната градска администрација. Во мај 2020, грчката хакерска група „Моќна грчка армија“ проби десетици адреси за електронска пошта и лозинки на вработени во министерствата за финансии и економија на Северна Македонија, како и на вработени во Локалната самоуправа на Струмица, град на истокот од земјата. Во 2019, во соседна Бугарија, на повеќе од 5


АВГ. 2021

38 СТАВ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Кибербезбедноста, полека но сигурно, станува една од најважните теми во претпристапните преговори со ЕУ. Таа ги надминува рамките на личната, корпоративната, па дури и националната кибербезбедност и станува чадор за севкупната регионална безбедност и усогласување со стандардите и активностите на ЕУ.

милиони луѓе им беа украдени личните податоци во напад на Националната даночна агенција. Романија, пак имаше среќа, бидејќи доколку огромниот рансомвер напад на болниците низ земјата се случеше за време на Ковид-19 пандемијата, штетата на здравствениот систем можеше да биде неповратна. И Црна Гора е цел на напади. Од официјални извори дознаваме за повеќе од 7 600 малвер напади без конкретна цел како и неколку високопрофилни кибернапади. Недоволниот број на експерти за кибербезбедност не е проблем само во Црна Гора, туку и во другите земји од регионот. Кибербезбедноста е динамична област каде решенијата се менуваат на дневна основа. Во оваа комплексна игра, државите може да се најдат на двете страни, понекогаш како извор на нападот, но и како одбранбен механизам против истите тие напади. Ваква е ситуацијата секаде, како на глобално, така и на регионално ниво. Албанија, и покрај тоа што е држава со релативно напредна кибербезбедност во смисла на воспоставени процедури, постапки, ресурси, индустриска поставеност и подготвеност, сепак беше еден од првите пет извори на кибернапади во Европа, есента 2020 година. Од друга страна, Албанија има донесено четири сеопфатни полициски акции за спречување на киберкриминалот во 2020 година, борејќи се против детската порнографија, крадењето лични податоци итн. Албанија сериозно ја сфаќа кибербезбедноста,

како земја во која 63,25 % од населението има пристап на интернет. Уште еден пример се фабриките за ширење лажни вести од Северна Македонија кои, заедно со оние од Филипините, беа вклучени во ширењето дезинформации и теории на заговор за Ковид-19 и беа исклучени од страна на Facebook. На крајот, за да ја комплетирам сликата, ќе потсетам на кибернападите на два популарни интернет-портали во Босна и Херцеговина, Бука и Журнал, кои остро беа осудени од страна на ОБСЕ.

Добрите момци

Ова е само едната страна од паричката. На другата се наоѓа мрежа од организации и институции кои се грижат за регионалната безбедност и заеднички го градат софистицираниот систем за кибербезбедност преку законски и подзаконски акти, дигитални стратегии и агенди, акциски планови и други документи и процедури. Овој систем, иако на прв поглед не е очигледен, претставува ефикасна заштита од киберкриминалот во регионот. Наједноставен начин да ја разберете оваа комплицирана ситуација е да ги прочитате и споредите националните извештаи Cyber Capacity Maturity Model (CMM) кои редовно се објавуваат на Global Cyber Security Center. За темелна анализа на овие извештаи ќе ми треба многу подолг текст од овој, но накусо, регионалната споредба на нивото на киберзрелост на земјите од Западен Балкан може да ја погледнете на

инфо графикот во прилог на овој текст. Гледаме дека технологијата, спротивно од популарното верување, е само еден од многуте аспекти на приказната. За ефикасна кибербезбедност потребни се стандарди, политики, стратегии и пред сè, образование. Впрочем, најефикасната одбрана од киберкриминалот е „огнен ѕид“ од луѓе, а тие, според мене, се највредниот ресурс што една држава го има кога станува збор за кибербезбедноста. Резултатите прикажани во графикот, базирани на достапните национални извештаи, посочуваат дека има многу простор за напредок во целиот регион. Важно е да се разбере дека киберпросторот не може да се затвори во рамките на географските национални граници и дека секогаш мора да бидеме свесни за ефектот на прелевање. Регионалната кибербезбедност бара високо ниво на соработка и доверба, проследени со конкретна синхронизација на активностите и процедурите кај сите шест земји од Западен Балкан. Значи, да заклучиме: мора да соработуваме, бидејќи ако не го правиме тоа, порано или подоцна сите ќе станеме жртви на киберкриминалот. Стратегијата на ЕУ за кибербезбедност, објавена во декември 2020 година јасно посочува дека „Градењето на киберкапацитетите во ЕУ треба да продолжи да биде фокусирано на земјите од Западен Балкан и соседството на ЕУ [...] Активностите на ЕУ треба да го поддржат развојот на законодавството и политиките на земјите партнери во


СО АМЧАМ НА ТЕМА...

39

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Извор: DCAF

согласност со релевантни политики и стандарди за кибердипломатија на ЕУ“. Тоа значи дека целиот регион на Западен Балкан, на патот кон ЕУ, мора многу сериозно да ја сфати кибербезбедноста. Згора на тоа, неодамнешниот Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан – документ на кој се заснова поддршката на ЕУ за економски развој на регионот, ја разработува рамката за инвестирање во регионална инфраструктура за кибербезбедност. ЕУ ги повикува земјите од Западен Балкан да се фокусираат на реформските приоритети, вклучувајќи ги „градењето на капацитети за кибербезбедност и борбата против киберкриминалот, особено преку имплементацијата на сетот алатки на ЕУ за справување со ризиците по кибербезбедноста на 5G мрежите.“ Така, кибербезбедноста, полека но сигурно, станува една од најважните теми во претпристапните преговори со ЕУ. Таа ги надминува рамките на личната, корпоративната, па дури и националната кибербезбедност и станува чадор за севкупната регионална безбедност и усогласување со стандардите и активностите на ЕУ. Гореспоменатиот пример каде словенечкиот CERT соработуваше со своите српски и хрватски колеги за да спречат фишинг кампањи за дезинформација на населението за време на Ковид-19 пандемија е пример за најдобра практика во регионот. Една од најочигледните последици од

Кибербезбедноста е динамична област каде решенијата се менуваат на дневна основа. Во оваа комплексна игра, државите можат да се најдат на двете страни, понекогаш како извор на нападот, но и како одбранбен механизам против истите тие напади. Ваква е ситуацијата секаде, како на глобално, така и на регионално ниво.

кризата со Ковид-19 е дека драстично се забрзува дигиталната трансформација, а заедно со неа, и нивото на регионална координација. На крајот, не смееме да заборавиме дека кибербезбедноста нè засега сите. Примерите кои ги разгледавме не посочуваат на фактот дека со кибербезбедноста треба да се занимаваат некои мистериозни, тајни

АВГ. 2021

агенции или само националните инфраструктури. Џејмс Бонд нема да ги реши случаите на крадење на Вашиот идентитет на интернет или пак нападите врз корпоративните бази на податоци. Сите треба да се однесуваме одговорно, да сме запознаени со оваа тематика и подготвени да препознаеме кибернапад, веднаш да го пријавиме и соодветно да реагираме. nnn


АВГ. 2021

40 STARTUP

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

ВИСТИНИ И ЗАБЛУДИ ЗА

ДА, МОЖЕ ДА ОСНОВ СЕКОЈ Е СПРЕМЕН ДА


41

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Од перспектива на менталитет, неуспехот на многу стартапи, мали и средни компании произлегува од фактот што нивниот центар, каде што го живеат сопственото „зошто постоиме“, не е цврст, уште помалку јасен. Токму поради оваа причина не сите оние што преземаат претприемачки потфат се подготвени за тоа; во смисла на ресурси можеби и се, но во човечка смисла треба многу повеќе стомак за да се издржи сето тоа.

А ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО

ВАТЕ СТАРТАП, НО НЕ А БИДЕ ПРЕТПРИЕМАЧ


АВГ. 2021

42 STARTUP

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Пред сè, се работи за една трка на издржливи при што треба да се развие специфичен менталитет за бизнис, и тоа не само стратешко размислување или неоснован позитивизам: потребен е мајндсет да знаете што треба да направите како човечко суштество во различни моменти и фази на бизнисот.

ENTREPERENUR.COM

В

о светот на претприемништвото, имањето идеја е само првиот чекор да се започне долгиот пат што обично не е воопшто лесен. Многу често се верува дека имањето добар концепт во главата и нешто заштеда во џебот се доволни за почнување бизнис; луѓето се „венчаваат“ со тој план и основаат стартапи со визија тие да станат мали, средни или големи компании еден ден. Меѓутоа, малку се зборува за човечкиот напор што е потребен и за личните работни алатки неопходни за издржување на тој пат. Марта Ро, којашто работи како тренер за личен развој во Мексико, за Entrepreneur вели дека лично, како сопственик на компанија, сведочела на ентузијастичкиот полет на младите да бидат претприемачи, особено во актуелниов контекст на пандемијата во којшто бројот на загубени работни мести во нејзината земја во 2020 година достигнал до 650 илјади. Решението да се задоволат различните потреби на пазарот и алтернативата која значи подобри можности за развој во Мексико отсекогаш било претприемништвото, вели Ро, дури и пред појавата на Ковид – 19.

Но, ако изгледа така лесно, зошто не секој е спремен за претприемачки потфат? Во реалноста проблемот настанува од моментот на „зачнување“ на стартапот па сè додека стане микро, мало, средно или големо претпријатие. Претприемачите, или оние што себеси се гледаат како такви, го почнуваат својот проект фокусирани на тоа што го прават, а не на зошто го прават тоа. Тие се убедени, смета Марта Ро, во успехот на својот продукт или услуга, но нивната мотивација речиси секогаш е надворешна: да се прошири нивната идеја и да биде препознаена; да се создаде повеќе приход; да не се зависи од шеф/газда и сл. Тоа е во ред и е сосема нормално затоа што во земја во развој како што е Мексико, немаме автентична култура на лидерство што може да нè води да работиме за задоволување на нечии други потреби. Ова многу често ги збунува претприемачите кога ја дефинираат целта на своите бизниси, нивното „Зошто?“ или „За што?“. Тие знаат што прават, но не и зошто го прават, што е основниот мајндсет кога се презема ризик и се почнува бизнис.

Трка на издржливост

Од перспектива на менталитет, неуспехот на многу стартапи, мали и средни

компании произлегува од фактот што нивниот центар, каде што го живеат сопственото „зошто постоиме“, не е цврст, уште помалку јасен. Токму поради оваа причина не сите оние што преземаат претприемачки потфат се подготвени за тоа; во смисла на ресурси можеби и се, но во човечка смисла треба многу повеќе стомак за да се издржи сето тоа. Пред сè, се работи за една трка на издржливи при што треба да се развие специфичен менталитет за бизнис, и тоа не само стратешко размислување или неоснован позитивизам: потребен е мајндсет да знаете што треба да направите како човечко суштество во различни моменти и фази на бизнисот. Или, претприемачот треба да развие бизнис вештини и мајндсет пред да се одлучи на стартап авантура, односно да биде шеф на својата сопствена компанија. Зошто има претприемачи што успеваат и оние што заостануваат, или пропаѓаат? Затоа што претприемништвото не е за секого. Многумина ја имаат можноста, но малкумина ја преземаат одговорноста да останат во колосек. Постојат неколку вообичаени грешки што ги прават луѓето избирајќи го претприемништвото како алтернатива за традиционалниот модел на работа, односно да работите за некој друг. Да разгледаме неколку од нив:


43

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Ако одеднаш сте се нашле во улога на шеф на вашиот стартап, тоа не значи дека сте лидер. Лидерот си го поставува прашањето зошто го работи тоа што го работи, каква промена сака да направи во светот и првенствено гледа каков бенефит може да има неговиот производ или услуга за другите луѓе.

Како не треба да влегувате во претприемачки води u Почнувате бизнис од потребата

да се избега од животниот шаблон. Претприемништвото не значи само бегање од шефот/газдата и шемата која ве принудува да почитувате агенди, хиерархии и процеси. Претприемништвото бара многу издржлив стомак, што се вели, затоа не секој е способен да издржи на тој пат. Покрај сето она што некој го знае или може, претприемништвото бара храброст, затоа што тоа е својствено за лидерите. u Верувате дека претприемништвото ќе ви даде слободно време. И ова е погрешно очекување. Реалноста е дека претприемачот ја има слободата да го менаџира своето време, но тоа не значи и имање на слободни моменти за себе. Претприемништвото, најчесто значи работење по 10-15 часови секој ден и покривање на различни позиции додека стартапот не го фати својот ритам. u Немате развиено мајндсет на издржливост. Од надвор, идејата да се биде сам свој газда, господар на своето време и своите приходи, изгледа многу привлечно. Меѓутоа, ова е ризична работа затоа што постои само фигурата на претприемачот додека не оформи свој тим. Ризична е затоа што ако сè оди по планот, тогаш добро сте сработиле,

но ако сè отиде наопаку, исклучиво ваша грешка е дека не сте сториле нешто поинаку. Не секој е спремен да се соочува со ова секој ден, или да носи одлуки што можат да ги подобрат нештата или да доведат до банкрот, да се биде во константно движење, да се управува со конфликти, итн. u Не сте спремни да ја платите цената. Да се биде претприемач исто така значи и дека нема сè да излегува како што сте замислиле и планирале. Мора да сте спремни да се справувате со неуспех, да прифатите одбивање. Секој што ќе се труди да работи на себе и ќе биде одговорен за сите моменти од животот, има поголеми шанси за успех. Секој што е спремен да го тренира и преиспитува својот ум и одлуки може да има натпросечен успех, не само на финансиско поле. u Го мешате значењето на тоа што значи да се биде шеф, а што значи лидер. Ако одеднаш сте се нашле во улога на шеф на вашиот стартап, тоа не значи дека сте лидер. Лидерот си го поставува прашањето зошто го работи тоа што го работи, каква промена сака да направи во светот и првенствено гледа каков бенефит може да има неговиот производ или услуга за другите луѓе. Бенефитот за другите е прв приоритет на лидерот, наместо неговата лична корист.

Неколку препораки

Следат неколку препораки пред влегување во светот на претприемништвото, без разлика за каков бизнис профил се работи: u Запрашајте се зошто сакате да почнете бизнис. Ако сте начисто со мотивот, секогаш ќе се отвори простор за начините како да го направите тоа. u Работете на сопствениот личен развој. Сите настани се неутрални, секоја личност одбира со каков став ќе се соочи со предизвиците на бизнисот, тоа е тренинг на менталитетот. u Изградете мускулатура на креативност. Да се биде креативен соочувајќи се со предизвиците ни овозможува да ги одвоиме од останатите можности; решение за многу проблеми е креативноста. u Обезбедете капитал во вредност на двегодишна потреба на бизнисот додека ја постигнете точката на стабилност за да ја преживеете статистиката која вели дека 75% од стартапите пропаѓаат пред својата втора година. u Практикувајте, односно живејте свесно лидерство како интерна пракса во вашата организација на бизнисот: активно слушање, тимска работа, служење на заедницата, итн. nnn


АВГ. 2021

44 ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

РЕКОА ЗА...

КРИПТОВАЛУТИТЕ

Додека биткоин повторно „збесна“ периодов и достигна вредност над 50.000 долари, да видиме што познатите светски претприемачи, поборници за блокчејн и криптовалути, но и нивни противници имаат кажано за дигиталните валути и технологијата што стои зад нив.


45

АВГ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1109

Биткоин е исклучително криптографичко достигнување и способноста да се креира нешто што не може да се дуплицира во дигиталниот свет има огромна вредност.

Побитната работа околу биткоин не е биткоин сам по себе, туку што таа децентрализирана технологија навистина може да придонесе.

ЕРИК ШМИД

поранешен директор на Google

ЕШТОН КУЧЕР

американски глумец и продуцент

Мислам дека биткоин се првите енкриптирани пари што имаат потенцијал да го сменат светот.

Биткоин ќе им го направи на банките тоа што и-мејл им го стори на поштите.

ПИТЕР ТИЛ

ко-основач на PayPal.

РИК ФАЛКВИНГ

лидер на шведската Пиратска партија

Силно верувам дека земји како САД би можеле и би требало да се движат кон дигиталните валути, иако има битни предизвици како што се приватноста, сајбер – безбедноста. Но, секако овде има и многу предности.

ЏОЗЕФ СТИГЛИЦ нобеловец по економија

ВИТАЛИК БУТЕРИН

Наместо да го исфрли таксистот од бизнисот, блокчејн го исфрла Убер од бизнисот, со тоа што им овозможува на таксистите директно да работат со клиентот. Вака сликовито би ја објаснил блокчејн технологијата.“

ко-основач на Етереум.

Бегајте подалеку од тоа. Тоа е фатаморгана, во основа. Во поглед на криптовалутите, генерално, ќе кажам дека со сигурност нема да завршат добро.

Секој што се смета себеси за добро информирана личност мора да знае за биткоин, затоа што криптовалутата можеби е едно од најважните достигнувања во светот во моментов.

ЛЕОН ЛОУ,

јужноафрикански автор и говорник

ВОРЕН БАФЕТ

инвеститор и милијардер

Биткоин е најважното откритие во историјата на светот, после интернетот.

РОЏЕР ВЕР

првиот светски инвеститор во биткоин стартапи

ТАЈЛЕР ВИНКЛВОС американски инвеститор во крипто и претприемач

Одбравме да ги ставиме нашите пари и верба во математичка рамка што е ослободена од политика и човечки грешки.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.