КОРОНА - КРИЗАТА НОСИ СТАПИЦИ ЗА ДИРЕКТОРИТЕ ПРАШАЊА ШТО ТРЕБА ДА СИ ГИ ПОСТАВИ ТОП МЕНАЏМЕНТОТ business magazine
БРОЈ 1111 l 10 септември 2021 петок година 21 l www.kapital.mk
COVER STORY
ШТО СЕ СЛУЧИ ВО ТЕТОВО? СЕ БАРААТ ОДГОВОРИ, СЕ ЧЕКА ОДГОВОРНОСТ!
ЕКОНОМИЈА ИМПРЕСИВНИ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА ВТОРИОТ КВАРТАЛ СÈ Е РЕЛАТИВНО ПА ДУРИ И ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 13,1% ПРВА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ЕКОНОМСКО ЗАЗДРАВУВАЊЕ И РАСТ ПО КОВИД ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
НЕГАТИВНИТЕ КАМАТНИ СТАПКИ ГИ ТУРКААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ КОН АКЦИИ
СВЕТ
ЗОШТО APPLE, AMAZON, FACEBOOK И ОСТАНАТИТЕ ГИГАНТИ БРЗААТ ДА РАЗВИЈАТ СОПСТВЕНИ ЧИПОВИ?
3
КАПИТАЛ... 1111 4
COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
16
24
Прва годишна конференција на Министерството за финансии
Пазари на капитал
СВЕТ
ЕКОНОМИЈА
Делта варијантата ја малакса економијата Економски бум или трес наесен?!
Економско заздравување и раст по Ковид
Негативните каматни стапки ги туркаат инвеститорите кон акции
10
EКОНОМИЈА
Импресивни статистички податоци за вториот квартал
Сè е релативно па дури и економски раст од 13,1%
28
34
СВЕТ
МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО
Придвижувања во технолошкиот сектор
Корона – кризата носи опасност од стапици за директорите
Зошто Apple, Amazon, Facebook и останатите гиганти брзаат да развијат сопствени чипови?
36
ЛИДЕРИ
Рекоа за... Ризикот
Прашања што треба да си ги постави топ менаџментот
COVER STORY Што се случи во Тетово?..................................4 Се бараат одговори, се чека одговорност! EКОНОМИЈА Импресивни статистички податоци за вториот квартал.............................................10 Сè е релативно па дури и економски раст од 13,1%
ЕКОНОМИЈА Прва годишна конференција на Министерството за финансии...................16 Економско заздравување и раст по Ковид СВЕТ Пазари на капитал...............................................24 Негативните каматни стапки ги туркаат инвеститорите кон акции СВЕТ Придвижувања во технолошкиот сектор..............................................................................28 Зошто Apple, Amazon, Facebook и останатите гиганти брзаат да развијат сопствени чипови?
МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО Корона – кризата носи опасност од стапици за директорите.......................34 Прашања што треба да си ги постави топ менаџментот ЛИДЕРИ Рекоа за.................................................................36 Ризикот
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 П. ФАХ 503, 1000 Скопје Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија Тираж: 3.000 примероци Датум на печатење: 09.09.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми
Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
СЕП. 2021
СЕП. 2021
COVER STORY
4 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
СЕ БАРААТ ОДГОВО СЕ ЧЕКА ОДГОВОР
5
СЕП. 2021
ШТО СЕ СЛУЧИ ВО ТЕТОВО? ШТО СЕ СЛУЧИ ВО ТЕТОВО?
ВОРИ, РНОСТ!
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
СЕП. 2021
6 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
автор:
КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА
С
трашната трагедија со пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово, каде животот го загубија 14 пациенти, кои буквално живи изгореа, ја потресе Македонија на Денот на независноста. Пожарот се проширил многу брзо и за 6 минути изгорен е целиот објект, со што немало никакви шанси да се спасат сите 26 пациенти, коишто биле згрижени во тој момент. Прашањата се наметнаа уште ноќта и се движеа на линијата од сомнежи за квалитетот на градбата, преку информации за непочитување на протоколите и редот во самата болница, па се до шпекулации за саботажа. Неколку дена подоцна, шокот и неверицата дека една ваква катастрофа воопшто можеше да се случи, се повеќе се заменуваат токму со две клучни прашања поврзани со откривање на вистината – што го предизвика
Страшната трагедија со пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово, каде животот го загубија 14 пациенти, кои буквално живи изгореа, ја потресе Македонија на Денот на независноста. Пожарот се проширил многу брзо и за 6 минути изгорен е целиот објект, со што немало никакви шанси да се спасат сите 26 пациенти, коишто биле згрижени во тој момент. Неколку дена подоцна, шокот и неверицата дека една ваква катастрофа воопшто можеше да се случи се заменуваат со две клучни прашања поврзани со откривање на вистината – што го предизвика пожарот и зошто целата болница изгоре толку брзо? пожарот и зошто целата болница изгоре толку брзо? За одговорите ќе треба да се почека. Посетите надвор од протокол – зголемен ризик од човечки фактор како виновник Истата вечер тим од обвинители и форензичари излегоа на терен, а и јавната обвинителка за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска ја побара целата документација од Бирото за јавни набавки за набавката на деветнаесетте модуларни болници за одделна истрага. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ова се тажни
денови за нашата земја и огромна трагедија којашто не потресе сите нас. „Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите во оваа несреќа. Длабоко ме потресе она што се случи во Тетово. Од вчера и во текот на целата ноќ целокупните капацитети на Министерството и сите други институции се целосно мобилизирани за што побрзо да се утврдат на причините за оваа трагедија“ вели тој. Филипче додава дека во истрагата на домашните експерти ќе им помогнат и експерти од странство,
7
ШТО СЕ СЛУЧИ ВО ТЕТОВО?
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ
СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ
Министерот кон кого најмногу е истурен бесот на јавноста во моментов одбива да си даде оставка од морални причини. Засега, тој вели дека ќе почека да заврши истрагата, а потоа ако треба немало да бега од одговорност. Но, одговорност нема и од никој од раководството на тетовската болница од каде отворено признаа дека биле кршени протоколи за работа.
За разлика од сомневањата кои ги отвораат луѓето од фирмата “Ари и Том“ кои тврдат дека целата ситуација личи на саботажа, Претседателот смета дека засега нема индиции оти се работи за подметнат пожар, но дека тоа на крајот треба сепак да го каже истрагата.
министер за здравство
со цел спроведување на независна и темелна истрага. Тој, упати апел сите наоди од истрагата да бидат презентирани во јавноста и како што кажа тој, од одговорност никој нема да биде изземен доколку истрагата тоа го утврди. „Во ковид-центарот во Тетово, за време на овој страотен настан биле хоспитализирани 26 пациенти. Телата на настраданите се предадени на Институтот за судска медицина. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Освен класичните обдукциони наоди, ќе се прават и анализи на ДНК за што се информирани и членовите на пациентите“, објасни министерот Филипче. Кон него, инаку, е најмногу истурен бесот на јавноста во моментов, но Филипче одбива да си даде оставка од морални причини. Засега, тој вели дека ќе почека да заврши истрагата, а потоа ако треба немало да бега од одговорност. Овој став, се разбира, не е доволен за да се смири бесот на граѓаните по социјалните мрежи, кои со право сметаат дека чинот на морална оставка и неговата смисла постои токму пред каква било
СЕП. 2021
истрага. Она што дополнително вознемирува е фактот што и никој од раководството на самата болница не беше разрешен. Без разлика кои се причините за катастрофата, јасно е дека некаде системот затаил и несфатливо е како оние кои директно се надлежни да не си понесат одговорност први. Информациите дека во таа болница не се почитувале протоколите и бил дозволен влез и посети од роднини и пријатели ги потврди и самиот министер: “Како и колку придружници биле во ковид-болницата, најпрво ќе направиме анализа која ќе почне од утре од страна на ДСЗИ. Засега знаеме дека биле двајца луѓе во посета. Посетите за ковид-пациенти начелно се забранети насекаде, но добив информација дека со серификати за вакцинација, роднините биле пуштани да ги посетат пациентите, а не да ги чуваат. Тоа е нешто што е традиционална глетка во нашите болници и од лично искуство знам дека тоа е тешко да се изменаџира“, посочи министерот. За инфектолозите оваа „традиција“ е скандалозна. Доктор Фадил
претседател
Цана, специјалист инфектолог на Клиниката за инфективни болести во емисијата 24 анализа, вели дека како лекар смета дека за оваа трагедија треба да се сноси договорност. „Сметам дека било кој, не само министерот, да беше во таа позиција и во било која држава, морално би требало да се сноси одговорност и да им се отвори пат на органите за истрага. Морална е обврската да се даде оставка, а пред тоа би требало прво што е до негова надлежност, сите одговорни во раководењето на тетовската болница да бидат разрешени.“ рече Цана. Доктор Цана смета дека правно треба да се одговара и некој да сноси вина ако тоа го пкаже истрагата. Шокантно е да се дознае дека во тој ковид центар имало и роднини на пациенти. Тие внатре влегувале и излегувале кога сакале и тој ковид центар не служел само за лекување, и од негова гледна точка тоа било жариште за проширување на инфекцијата. Смета дека сето тоа се одвивало со знаење на персоналот и министерствто и затоа треба да сносат морална и правна одговорност.
СЕП. 2021
8 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Раководителот на КОВИД центарот Гзим Нуреднини признава дека биле кршени протоколите:
пеплоса за неколку минути целиот објект.
“Формираме комисија во болницата за да видиме кои вработени ги пуштале посетителите. Сега сите зборуваат за тоа, а година дена никој не ме прашал“ вели тој алудирајќи на фактот што информациите за тоа како си влегувале роднини во оваа болница со месеци кружат низ Тетовци, ама и низ целата држава.
„Ќе кажам кратко дека нашиот внатрешен увид покажа дека сите вградени материјали во објектите има сертификат за материјалите и а-тест на електрична, водоводна и канализациона инсталација. За појаснување сè што е вградено од материјалите е со сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со а-тестирање. Сето тоа е под надзор на акредитирана компанија што контролира дали се обезбедени сите сертификати за буквално секој материјал што се вградува во модуларната болница. По завршување на сите постапки, сите надзори и техничкиот прием, модуларниот центар се примопредава на болницата во градот, на понатамошно управување и одржување на објектот. Поставувањето на сите модуларни ковид-центри се по строгите критериуми и претходна согласност од Светска банка“.
Семејствата и роднините пак велат дека нивното присуство покрај пациентите било неопходно оти немало доволно медицински персонал и токму тие се грижеле за своите болни блиски. Во секој случај, фактот што не се почитувале протоколи како и фактот што имало поголема концентрација на луѓе од што е предвидено ги зголемува можностите за евентуален човечки фактор – виновник за избивањето на пожарот. Европа има протоколи за овие болници токму поради ризиците од пожар Второто прашање што е клучно да се одговори е поврзано со самите болница и квалитетот на градба, имајќи предвид дека пожарот го
Министерот Филипче за ова вели:
Од фирмата вклучена во изградба на болниците „Ари и Том“ од Валандово велат дека стојат зад тоа што го направиле и дека се работи за саботажа: „„Стоиме зад тоа што сме го
направиле. Ние сме мирни, но жално е за луѓето што загинаа во несречата. Нашето искуство кажува дека е невозможно да се запали панел од контејнерот.Или е човечки фактор или е настаната некаква експлозија“, објаснува управителот Роберт Том Исиров во разговор за ММС. Роберт вели дека се шокирал кога видел дека изгорела целата конструкција на контејнерите. – Имаме изградено 75% од камповите во Ирак за бази, монтажата беше наша. Сме граделе насекаде, но никаде не се случило ова. Да, некаде имало бомбардирање и биле оштетени контејнерите, но ваков пожар не се случил никаде. Тоа треба да биде многу голема температура затоа што има лим и внатре е полиетиленот. Се запрепастив. Многу ми е чудно, не е можно вака да гори. Ќе видиме истрагата што ќе покаже. Панелите се сертифицирани и колку што знам, треба температура од најмалку 200 степени целзиусови за да се запали полиетиленот – изјавува тој за ММС. Тој вели дека полиетиленот не можел да се запали ниту од инсталацијата, а тоа му го кажале и од фирмите во Италија со кои веднаш се консултирал:
9
ШТО СЕ СЛУЧИ ВО ТЕТОВО?
– Се јавив во Италија во фирми што работат само тоа за да ги прашам, ми рекоа дека не е можно да се запали болницата од инсталацијата, освен од експлозија при што би се развила голема температура и ќе го запали панелот. Тие панели имаат сертификат, не можат сами од себе. Има панели што се огненоотпорни со камена волна, тие што се користат за фабрики каде што има поголем ризик од експлозија и пожар. Овие панели не се огненоотпорни, но треба да се развие висока температура. Знам дека објектите имаа технички прием и дадени се сите сертификати од материјалите што се користени во градбата- додаде Роберт Том Исиров. Семејната фирма освен на Блискиот исток, градела и во Мозамбик, Африка, рече дека за ваков пожар има различни икс-причини и дека според него се работи за чиста саботажа на болницата. Претседателот Стево Пендаровски веднаш по посетата на местото на несреќата кажа дека нема индиции дека се работи за саботажа. Од Брако, компанијата на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев велат дека се згрозени што нивното име е ставено во контекст на евентуални виновници за трагедијата:
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
„Во интерес на објективно информирање на јавноста, сакаме да потенцираме дека оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет. Пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои беа наша обврска се тестирани и проверени, за што впрочем е доказ уредниот технички прием на објектот, кој е потоа предаден во употреба, а согласно ригорозните стандарди на Светската Банка како финансиер на проектот, а преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика. Апелираме и повикуваме, оваа трагедија и губитокот на човечки животи да не се користи како средство за дневно политички и лични препукувања. Најостро ги демантираме сите шпекулации чија единствена цел е оцрнување на нашата компанија, а не откривањето на вистинските причини за трагичниот настан“, стои во соопштението на БРАКО. Европската комисија во мај годинава донела препораки за заштита од пожарите во КОВИДцентрите токму имајќи го предвид високиот ризик од пожари поради огромните количества на кислород. Препораките се ажурирани на 13 јули годинава откако Европската
комисија од почетокот на пандемијата до јуни регистрала 36 пожари во вакви болници ширум Европа во кои се повредени или загинати над 200 луѓе. Во препораките стои дека сите болници треба да имаат стратегија за управување со ризиците кои ги носи управувањето со кислород, односно сите да ги користат како пример стратегиите за безбедност при пожари предизвикани од хемиски реакции или запалливи материи. Она што не е познато дали КОВИДцентрите во Македонија, каде како шт гледаме не се почитуваат постоечките протоколи за псоети, имаат воопшто вакви протоколи за работа. Тендерот за изградба болниците, меѓу нив и тетовската, минатата година го доби велешката фирма „Брако“. Преку заем од Светската банка, државата за таа намена исплати 3,6 милиони евра. Роберт и неговиот брат Аристотел раководат со фирмата „ЈБТ-Ари и Том ДООЕЛ“ која изгради пет од вкупно 19 модуларни болници во Македонија. Тие биле подизведувач на објектите во Гевгелија, Куманово, Струмица, Охрид и Ресен, но не и во Тетово.
nnn
СЕП. 2021
10 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
ИМПРЕСИВНИ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ ЗА ВТОРИОТ КВАРТАЛ
СÈ Е РЕЛАТИВНО ПА ДУРИ И ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 13,1%
11
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
СЕП. 2021
12 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2021 година, номинално се зголеми за 14,9 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 70,2%.
автор:
АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ
Е
кономската активност во вториот квартал од годината е за дури 13,1% поголема отколку истиот период лани, објави неделава Државниот завод за статистика. Ова е исклучително висока стапка на економски раст, но доколку минатата година не беше евидентиран дури и поголем минус, односно пад на бруто домашниот производ од 14,9%. Токму поради ниската споредбена основа, високиот раст на економијата годинава не треба да не изненадува а уште помалку да не воодушевува. Слични високи стапки на еконмски раст во вториот квартал годинава, забележуваат повеќе европски економии чија активност истиот период лани беше нагло прекината поради воведувањето локдаун во обид да се спречи првиот бран на ширење на коронавирусот. Податоците покажуваат дека економијата годинава се опоравува, но во услови на забрзано ширење на делта варијантата на коронавирусот и бавното темпо на имунизација, се чини дека преткризните нивоа на развој сепак ќе ги достигнеме догодина. Според податоците на Заводот за статистика, во второто тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46%; потоа кај Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување
Економската активност во вториот квартал од годината е за дури 13,1% поголема отколку истиот период лани, објави неделава Државниот завод за статистика. Ова е исклучително висока стапка на економски раст, но доколку минатата година не беше евидентиран дури и поголем минус, односно пад на бруто домашниот производ од 14,9%. Токму поради ниската споредбена основа, високиот раст на економијата годинава не треба да не’ изненадува а уште помалку да не воодушевува. Слични високи стапки на еконмски раст во вториот квартал годинава, забележуваат повеќе европски економии чија активност истиот период лани беше нагло прекината поради воведувањето локдаун во обид да се спречи првиот бран на ширење на коронавирусот. Податоците покажуваат дека економијата годинава се опоравува, но во услови на забрзано ширење на делта варијантата на коронавирусот и бавното темпо на имунизација, се чини дека преткризните нивоа на развој сепак ќе ги достигнеме догодина. со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4% и Информации и комуникации од 5,7%. Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2021 година, номинално се зголеми за 14,9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2%, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4%.
Заев: Економијата е стабилна и ќе расте
Премиерот Зоран Заев деновиве истакна дека националната економија е стабилна и ќе расте, соопшти дека после една година, според официјалните статистички податоци, може да се каже дека кризата и официјално одминува а економијата заздравува. „Со растот на бруто-домашниот производ од 13,1% во вториот квартал, првата половина од годината ја заокружуваме со раст од 5,6%, За годинава проектираме раст од 4,1%, со очекувања извозот да забележи раст од 10,6%, a брутоинвестициите раст од 8%“, рече
13
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Според последните податоци од Заводот за статистика, охрабрувачки е растот на извозот во првата половина од годината од 39,1% споредено со истиот период лани, додека пак индустриското производство до јуни е за 6,6 поголемо на годишно ниво.
премиерот Заев. Потенцира дека остануваме посветени на подигнување на стандардот и условите за живот во Северна Македонија. „Пандемијата нè научи дека е неизбежно да се обединат општествата, владите и компаниите, да се адаптираат на новата реалност и да се дизајнираат политики фокусирани на градење еднаквост, инклузивност и одржливост на економиите“, рече премиерот и додаде дека она што следи понатаму, е подобрување на инвестициската и бизнис клима, отпорност на шоковите, осврт кон зелените инвестиции и дигитализацијата, зајакнување на здравствениот и едукативниот систем како основа за човечкиот капитал, зајакнување на националните институционални капацитети и истовремено одржување
фискална консолидација“, истакна Заев. Најави дека владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата. „Во таа смисла, Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 ги опфаќа сите инвестиции предвидени да отпочнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори. Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи, како што се вредност на инвестиции, клучни инвестициски области, инвестициски пристап итн. Како комплементарен план на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, е подготвен и Планот за здравување и финансирање забрзан раст“, рече премиерот. Основна цел на Планот е да го
финансира закрепнувањето на економијата од ковид-19, како и да поддржи забрзан одржлив раст, при едновремено одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата. Планот дава комплетна слика околу пристапот, односно создавањето законски можности за спроведување на истото. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, истакна дека зад нас е период на најголемата здравствена и економска криза на овој век, во која како човештво се соочивме со доста големи загуби, загубивме животи, загубивме доста блиски луѓе, некои загубија блиски роднини, пријатели, колеги, други, пак, ги загубија работните места, поранливите
СЕП. 2021
14 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Враќањето на работа што за септември го планираа повеќе компании повторно се пролонгира откако четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта варијантата на коронавирусот дојде порано и посилно од очекуваното. Со вакцинирана четвртина од населението и рестрикции во движењето за останатите граѓани коишто не примиле вакцина, наместо есенски економски бум, веќе е извесно дека до крајот на годината ќе изостане посакуваниот постпандемиски залет. категории се соочија со поголеми потешкотии, многу дејности се затворија. „Денес сме тука да кажеме дека ковидот нема да нè победи. Ние сме дел од една глобална алијанса за борба против коронавирусот и денес тука ќе зборуваме за опоравување и не само за тоа, туку и за повеќе од опоравување, ќе зборуваме за раст, развој, подобар, забрзан развој, зелен развој“, истакна министерот за финансии. Потсети дека минатата година се соочивме со најголем пад на БДП во споредба со изминатите три децении. „Предвидовме пад од 4,5% на БДП во 2020 година и според нашите пресметки истиот ќе беше и поголем, но успеавме да го олесниме, да го намалиме да не стигне до 8,7%. Потрошивме 11% од БДП како фискално олеснување за да се поддржат економијата, здравствениот сектор, да се заштитат работните места и да се заштитат бизнисите. Имаше мерки за ранливите категории, да се задржат работните места, да им се помогне на бизнисите да ја преживеат кризата. Делувавме на страна на понудата и потрошувачката. И продолжуваме во 2021 година со два дополнителни пакета коишто се таргетирани и се повеќе со развојна компонента, вклученост на инвестиции и зголемување на бројот на вработени со цел опоравувањето да прерасне во развој“, рече министерот Бесими.
Потенцира дека нашиот одговор преку политики да се заштитат животите и да се спаси економијата значеше фискален притисок и долг, но дека сме одлучни да се фокусираме на фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, согласно фискалните правила, на 3%, односно 60% од БДП. „Учиме од минатото, да делуваме во сегашноста, а се подготвуваме и за иднината. За годинава проектиравме раст од 4,1% и просечен годишен раст од 5,4% за наредните пет години. Со цел да осигуриме дека ова нема да остане само желба, подготвивме финансиски план за забрзување на економијата со цел нејзино опоравување по ковид и да се овозможи забрзан и одржлив развој, истовремено со одржување на фискалната стабилност преку мобилизација на капиталот од приватниот сектор, како дополнување на предвидените средства од Буџетот“, истакна Бесими.
Пролонгирање на заздравувњето
Враќањето на работа што за септември го планираа повеќе компании повторно се пролонгира откако четвртиот бран на пандемијата предизвикан од делта варијантата на коронавирусот дојде порано и посилно од очекуваното. Со вакцинирана четвртина од населението и рестрикции во движењето за останатите
граѓани коишто не примиле вакцина, наместо есенски економски бум, веќе е извесно дека до крајот на годината ќе изостане посакуваниот постпандемиски залет. За тоа сведочат и последните песисмистички проценки на бизнисмените во врска со деловните тенденции следниот период. Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули годинава е намален за 0,1 процентен поен во однос на месецот претходно и изнесува 14.9, но во однос на јули 2020 година е зголемен за 2,6 процентни поени. Според оваа анкета на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со нарачки во јули во однос на јуни годинава, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јули 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2021 година изнесува 70,7% од
15
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,7%, неизвесното економско опкружување со 15,5%, недостигот на квалификувана работна сила со 16,7% и недоволната домашна побарувачка со 13,3%. Четвртиот бран на пандемијата беше еден од главните ризици што го антиципираа релевантните институции за економското закрепнување годинава, само што никој не може точно да предвиди колкава штета ќе нанесе бидејќи не се знае колку долго ќе трае и какви рестриктивни мерки ќе бара за негово ублажување. Властите во земјава а и глобално, се обидуваат што побрзо да го вакцинираат населението, меѓутоа, новите соеви на вирусот се шират побрзо отколку стапката на вакцинација и ја доведуваат во прашање ефикасноста на вакцините во превенирање на заразата и со тоа постигнување на колективен имунитет. По падот на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5% минатата година, и намалување на економската активност за 1,9% првите три месеци оваа година, се доведува во прашање остварувањето на планираната стапка на раст од околу 4% до крајот на 2021 година. Меѓутоа, алтернативните сценарија на финансиските институции, како на пример на Народната банка, предвидуваат
помал раст во услови на пролонгирана пандемија. „Ризиците за растот и натаму се надолни и поврзани со справувањето со пандемијата. Нашето алтернативно сценарио покажува побавно закрепнување и понизок раст на домашната економија во 2021 и 2022 во просек за околу 1 п.п., во споредба со основната проекција“, потенцираа неодамна од Народната банка. Според проценките на оваа институција од пред неколку месеци, се очекуваше постепено закрепнување со раст од 3,9%. На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, односно економскиот раст да биде ист и догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%. „Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година, исто како во октомвриските проекци“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Во однос на структурата на растот, како и при октомвриските проекции се очекува позитивен придонес на домашната побарувачка, а негативен на нетоизвозот. Во рамки на домашната побарувачка најголем позитивен придонес се предвидува од инвестициите, кои по високиот пад од 10% изминатата година се очекува да растат во просек оваа и наредната година за 9,4%, како
резултат на раст на странските директни инвестиции (СДИ), интензивирање на државните и приватните домашни инвестиции при постабилен амбиент и натамошна солидна кредитна поддршка. Личната потрошувачка исто така, по падот од 5,4% минатата година, се предвидува да расте во просек 3,7%, при зголемена склоност за потрошувачка со засилување на процесот на имунизација, пораст на расположливиот доход како резултат на поповолни движења и на пазарот на трудот, како и натамошна кредитна поддршка. Во однос на извозот, по падот од 11% минатата година, НБМ очекува оваа и наредната година просечен раст од 7% во услови на закрепнување на странската побарувачка и позитивни ефекти од капацитетите со странски капитал, но и од дел од традиционалниот извозен сектор при поволна ценовна конјунктура. Растот на извозот и домашната побарувачка (кои имаат голема увозна компонента) ќе доведат и до раст на увозот, со што нето-извозот ќе има негативен придонес. Според последните податоци од Заводот за статистика, охрабрувачки е растот на извозот во првата половина од годината од 39,1% споредено со истиот период лани, додека пак индустриското производство до јуни е за 6,6 поголемо на годишно ниво.
СТАНБЕН КРЕДИТ
• До 100% финансирање • Камата од 2,95% за првите 10 години • Без трошоци за аплицирање • Пакет услуги • Кредитна картичка со лимит до 60.000 ден *Полисата вклучува осигурително покритие и од Ковид 19
Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk
СЕП. 2021
16 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
ЕКОНОМСКО ЗАЗДРАВУВАЊЕ И РАСТ ПО КОВИД
ПРВА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ
17
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Економската криза како последица на здравствената криза предизвикана од глобалната ковид – пандемија остави и се’ уште ќе остава длабоки траги во сите држави во светот, вклучително и Северна Македонија. Како се справивме како држава со последиците од кризата, дали можело подобро, што треба да направиме допрва за закрепнување и понатамошен развој – беа главните точки околу коишто се дискутираше на првaта Годишна конференција на Министерството за финансии.
СЕП. 2021
18 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Пандемијата нè научи дека е неизбежно да се обединат општествата, владите и компаниите, да се адаптираат на новата реалност и да се дизајнираат политики фокусирани на градење на еднаквост, инклузивност и одржливост на економиите. Она што следи понатаму, е подобрување на инвестициската и бизнис клима, отпорност на шоковите, осврт кон зелените инвестиции и дигитализацијата, зајакнување на здравствениот и едукативниот систем како основа за човечкиот капитал, зајакнување на националните институционални капацитети и истовремено одржување на фискална консолидација.“, истакна премиерот Зоран Заев на конференцијата.
автор:
K
ИГОР ПЕТРОВСКИ реаторите на политиките, претставниците на меѓународните институции, на граѓанското општество, академици, експерти, деловната заедница, како и сите засегнати страни што можат да делуваат врз подобрување на политичкиот дијалог за економски и финансиски теми од национален и регионален интерес ги собра на едно место првата Годишна конференција на Министерството за финансии, што се одржа на 6 и 7 септември во Скопје. Конкретните резултати од оваа конференција се пораките да бидат дел од креирањето на политиките. „Оваа иницијатива не е брзо да сработиме нешто, туку имаме шанса сите заедно и успешно да стигнеме далеку и не еден или друг, туку сите да ги собереме резултатите“ , порача на Конференцијата министерот за финансии Фатмир Бесими.
Во двата дена високи гости дебатираа на тема „Глобални и регионални предизвици и изгледи за закрепнување и раст“, „Макроекономските политики и јавните финансии во време на пост-пандемија“, „Добро владеење и социјална кохезија“, „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност“,„Паметен и зелен раст на економијата“ и „Човечки капитал и инклузивен раст“. Конференцијата официјално ја отворија со обраќања премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, а вториот ден воведни обраќања имаа претседателот на државата Стево Пендаровски и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов. „Денес сме тука да кажеме дека ковидот нема да нè победи. Ние сме дел од една глобална алијанса за борба против коронавирусот и денес тука ќе зборуваме за закрепнување и не само за тоа, туку и за повеќе од закрепнување, ќе зборуваме за раст, развој, подобар, забрзан развој, зелен развој“, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на отворањето на Конференцијата. Тој потенцира дека учиме од минатото,
да делуваме во сегашноста, а се подготвуваме и за иднината. „За годинава проектиравме раст од 4,1% и просечен годишен раст од 5,4% за наредните пет години. Со цел да осигуриме дека ова нема да остане само желба, подготвивме финансиски план за забрзување на економијата со цел нејзино закрепнување по ковид и да се овозможи забрзан и одржлив развој, истовремено со одржување на фискалната стабилност преку мобилизација на капиталот од приватниот сектор, како дополнување на предвидените средства од Буџетот“, истакна Бесими.
Знаци на стабилизација на економијата Премиерот Зоран Заев во своето обраќање, оцени дека националната економија е стабилна и ќе расте, упатувајќи на последните статистички податоци за раст на БДП во вториот квартал од 13,1 отсто, според кои може да се каже дека кризата и официјално одминува, а економијата заздравува, што е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe. Потенцира дека владиниот економски
ПРВА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ
тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата и ги посочи Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 кој ги опфаќа сите инвестиции предвидени да почнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори. „Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи, како што се вредност на инвестиции, клучни инвестициски области, инвестициски пристап итн. Како комплементарен план на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, е подготвен и Планот за здравување и финансирање забрзан раст“. Основна цел на Планот е да го финансира закрепнувањето на економијата од ковид-19, како и да поддржи забрзан одржлив раст, при едновремено одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата, рече премиерот. Планот дефинира прецизно поставена владина структура на единици и поделба на ингеренции што ќе водат до успешна имплементација.
„Првпат велиме да воспоставиме Delivery Unit, Monitoring Unit и PIM преку кои ќе имаме навремен, целосен увид за одредени приоритети, реализација, слабости, пречки и најургентни задачи. Јас искрено верувам дека ова е начинот со кој ќе ги совладаме институционалните слабости и ќе ги зајакнеме нашите капацитети“, потенцира премиерот Заев.
Имунизацијата е клучниот фактор за излез од кризата
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на конференцијата посочи дека глобалната економија се уште е ранлива, а предизвиците се големи и порача дека во овој момент за жал не можеме да дадеме соодветна проценка уште колку ќе трае оваа состојба и какви ќе бидат економските консеквенции на крајот. „За разлика од лани општата економска прогноза е подобрена иако закрепнувањето според очекувањата се одвива бавно. И нашата економија не е исклучок од светските трендови. При носењето на сите мерки за заштита на населението, примарна цел беше да се минимизираат загубите
19
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
во економијата и да се помогне на најзагрозените сектори, се разбира тоа колку што беше возможно во тие услови. Во тој контекст компаниите се бореа да продолжат со својата дејност, а при тоа да ги зачуваат своите вработени, и да го задржат квалитетот на производите и услугите што ги испорачуваат. Јасно е дека загубите се огромни и ќе треба време за закрепнување на македонското стопанство кое и пред пандемијата не беше во завидна состојба, но она што е значајно дека имаме информации и анализи да процениме кои одлуки биле погрешни и не треба да се повторуваат, а кои продуцирале позитивни ефекти“, порача претседателот Пендаровски. Потенцира дека како поединечни држави не сме изолирани енклави и дека со индивидуални напори не може да се спротивставиме на опасноста која и се заканува на целата човечка цивилизација и затоа е потребно заедничко делување на глобален план. „Имунизацијата е клучниот фактор за излез од кризата и во тој процес не смее да се дозволи забавена динамика или нерамномерна дистрибуција на
СЕП. 2021
20 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
За годинава проектиравме раст од 4,1% и просечен годишен раст од 5,4% за наредните пет години. Со цел да осигуриме дека ова нема да остане само желба, подготвивме финансиски план за забрзување на економијата со цел нејзино закрепнување по ковид и да се овозможи забрзан и одржлив развој, истовремено со одржување на фискалната стабилност преку мобилизација на капиталот од приватниот сектор, како дополнување на предвидените средства од Буџетот“, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.
вакцините. Во кризни времиња сме уште поупатени еден на друг. Верувам дека нашата заедничка цел е да изградиме побезбеден свет во кој приоритет ќе бидат благосостојбата, здравјето и среќата на луѓето, истакна претседателот Пендаровски.
Мерки за поддршка во кризата, но и за развој по кризата
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на еден од панелите зборуваше за економските мерки што ги донесе Владата за поддршка на компаниите и граѓаните во справувањето со последиците од ковид – кризата, како и за ефектите од спроведените мерки. „Подготвивме мерки кои се вкупна вредност од 1,1 милијарди евра или околу 11% од БДП, тоа се јавни средства кои се наменети за справување со последиците од корона - кризата, а тоа резултираше да бидеме една од земјите со најмал пад на нивото на БДП, некаде околу 4,5% на крајот на 2020 година. Според нашите проекции и анализи, доколку не ги спроведевме шесте пакета мерки, БДП би бил за 8,7% понизок во однос на 2019 година и
мислам дека тоа што го направивме е навистина значаен успех”, рече Битиќи. Битиќи ги посочи и активностите кои ги презема Владата за да се намали притисокот врз јавниот долг и да се одржи ликвидноста на буџетот. „Сите економски мерки кои Владата ги креираше во изминатата година, покрај за поддршка на компаниите во текот на кризата, се наменети и за закрепнување по кризата, со оглед на тоа колку нашата економија е кревка. Треба да признаеме дека се соочивме со повеќе глобални предизвици; првиот се синџирите на производство на виталните индустрии, кои беа силно погодени. Тука размислувавме дали да подготвиме мерки за поддршка на локалната економија, да биде поконкурентна, или да работиме на мерки за поддршка на регионалната економија да стане поконкурентна. Ние во Владата се одлучивме да работиме на двете. Да работиме на подигнување на конкурентноста на локалните компании да бидат што е можно поконкурентни на регионалниот и на меѓународните пазари. Единствениот пат кон побрзо
економско заздравување во постковид периодот е регионалниот пазар, земјите од Западен Балкан да станат важен дел од глобалните синџири на производство.“, рече Битиќи. Ана Бјерде, заменик – претседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, истакна дека пандемијата нема да заврши се’ додека сите не добијат пристап до вакцинацијата, вклучително и неразвиените земји. Забавувањето на вакцинацијата ќе го забави и економското закрепнување, истакна Бјерде. „Вакцинацијата не само што спасува животи, туку претставува и единствена можност за економско закрепнување. Еден од клучните предизвици за побрзо економско закрепнување е да се вакцинира што е можно поголем број од населението. “, рече Бјерде. Одржливото закрепнување е неопходно, подвлече Бјерде, а пандемијата не предизвика само пречки, туку даде и можности. „Климатските промени и социјалните нееднаквости се клучни предизвици за кои се потребни акции и политики. Фокус треба да се стави и на зелената
ПРВА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ
21
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
СЕП. 2021
22 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
економија. Тоа значи забрзување на енергетските транзиции и инвестиции за подобрување на квалитетот на животот и здравјето на луѓето. До нови работни места, раст и продуктивност може да доведат и инвестициите во образованието“, рече Бјерде. Таа потсети и на прогнозите кои годинава предвидуваат раст на глобалната економија од 5,6%.
Огромен дел од компаниите планираат инвестиции во следниот период
Од претставниците на бизнис секторот, потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија Јелисавета Георгиева – Јовевска истакна дека инвестициите се клучот за заздравување на македонската економија во периодот на пандемијата, но подолгорочно и за остварување на неопходните стапки на раст на БДП од над 5%, со цел да се оствари побрза конвергенција со дел од земјите од ЕУ. Таа сподели дека според анкетата на Комората на тема “Инвестиции на компаниите членки на СКСМ во следните 12 месеци“, 94% од анкетираните бизниси планираат
инвестиции. „Вкупниот планиран износ на инвестиции на овие компании изнесува 600 милиони евра. Според видот на инвестициите, најголем број од анкетираните компании планираат инвестиции во машини и опрема (35%), во информациско -комуникациска технологија и опрема и софтвер (25%), истражување и развој (15%), згради и земјиште (15%), додека 10% од компаниите планираат инвестиции во други капитални инвестиции.“, објасни Георгиева – Јовевска. Но, за да може приватниот сектор да ги реализира најавените инвестиции, освен внимателното дизајнирање на мерките за борба против пандемијата, потпретседателката на СКСМ истакна дека треба да се решат и децениските системски слабости кои влијаат врз конкурентноста на македонската економија: висината на парафискалните давачки, недоволната ефикасност на администрацијата и на централно и на локално ниво, посебно во однос на издавање на одобренија за градба и разни
други документи од кои зависи реализацијата на инвестициските проекти, подобрувањето на патната и железничката инфраструктура, како и олеснувањето на протокот на камиони низ границите. „Дел од овие предизвици се во тек на решавање, но значајно е посебно во овие тешки услови за фирмите, да се забрзаат овие процеси за да се реализира потенцијалот за приватни инвестиции.“ Претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа, нагласи дека приватниот сектор докажа дека нивната улога е клучна во тешките и турбулентни периоди како што е кризата КОВИД-19. „Нашите бизниси докажаа дека имаат храброст и со одговорност се справуваат со кризата во клучните моменти за нашата земја, инвестирајќи во периодот кога сите мислеа дека не е вистинското време. Нивната професионалност и знаење им овозможува на бизнисите да се соочат со било каква пречка, без оглед на природата на предизвикот.“, рече Хоџа. nnn
Станбен кредит
ТВОЈ ДОМ. ТВОЈА ПРИКАЗНА.
3,35% фиксна камата
за 10 години 0% провизија при исплата 20 години рок на отплата
Без учество Онлајн апликација и процесирање Одлука во рок од 3 работни дена
Купување и опремување на нов стан/куќа/Изградба и опремување на куќа/ викенд куќа/Рефинансирање на постоечки станбен кредит во друга банка
mkd.info@procredit-group.com
02/ 2 446 000
www.pcb.mk
СЕП. 2021
24 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ
НЕГАТИВНИТЕ КАМАТНИ СТАПКИ ГИ ТУРКААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ КОН АКЦИИ
Неодамнешно истражување на данските инвеститори во акции покажа дека речиси половина од инвеститорите инвестираат во акции само за да избегнат негативни каматни стапки. Ова укажува дека структурата на инвеститорите на берзите е нестабилна и во случај на скок на каматните стапки, берзите исто така може сериозно да се разнишаат. Но, на краток рок, глобалните инвеститори не се заинтересирани за ова и пазарот продолжува да расте.
25
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Важна порака и од САД и од Европа е дека, и покрај оладувањето, економските податоци остануваат во зелена зона и претпоставуваат раст на економиите и бизнисите. Повеќе внимание ќе се посвети во наредните денови на состанокот на Управниот совет на ЕЦБ, каде што вниманието повторно ќе биде насочено кон информации за евентуални идни намалувања на програмите за ликвидност. ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС
П
(опремата на текстот е редакциска)
рвата недела од септември носи повеќе мали вести и повеќе продолженија на старите приказни. Пандемијата останува на насловните страници, иако се чини дека е повеќе во нашата локална средина отколку во глобалните медиуми. Делта варијантата се шири, но бројот на хоспитализирани и особено смртни случаи е помал отколку во претходните бранови. Останува неизвесноста пред есенското затворање и инвеститорите се загрижени како ќе закрепнат економиите. Последните податоци сугерираат дека полетот од пролетта и летото почнал благо да опаѓа со влошување на макро податоците. Очекувањата за раст на американскиот БДП благо опаднаа во втората половина од годината, бидејќи бројот на нови вработени минатата недела беше многу разочарувачки. Но, тоа исто така значи дека ФЕД ќе биде многу внимателен во повлекувањето на стимулативните мерки и не се очекуваат промени на седницата во септември. Со врвот на пост-коронскиот „бум“, Европа донекаде заостанува зад Соединетите
држави, но дури и овде економските податоци веќе почнаа да покажуваат знаци на оладување. Важна порака и од САД и од Европа е дека, и покрај оладувањето, економските податоци остануваат во зелена зона и претпоставуваат раст на економиите и бизнисите. Повеќе внимание ќе се посвети во наредните денови на состанокот на Управниот совет на ЕЦБ, каде што вниманието повторно ќе биде насочено кон информации за евентуални идни намалувања на програмите за ликвидност. Не очекуваме големи промени, бидејќи закрепнувањето е кревко, но сепак зголемената инфлација загрижува дел од бордот на гувернери, особено Германците. Дека повисоката инфлација ќе остане многу подолго отколку што беше предвидено пред неколку месеци, покажува и понатамошниот раст на цените на материјалите и суровините. На глобално ниво, алуминиумот беше во првите редови во последните денови, поставувајќи нови рекорди, како и пластиката и ПВЦ, додека цените на бензинот и електричната енергија нагло пораснаа во Европа, исто така поради емисиите на СО2, што води до повисоки цени на производите најдоцна до
почетокот на следната година, вршејќи притисок врз семејните буџети наредната зима.
Инвеститорите очекуваат продолжување на лабавата монетарна политика
Остануваат уште добри две недели до изборите во Германија, а според последните анкети, социјалдемократите, кои сакаат коалиција со Зелените, продолжуваат да водат. Аналитичарите се релативно опуштени со оваа коалиција, бидејќи очекуваат вклучување на друга, про-економска партија. Затоа, нема големи промени во економската политика на Германија, но историјата не’ учи дека изненадувањето доаѓа кога најмалку го очекуваме, така што инвеститорите сепак треба да внимаваат што се случува. Кина беше помалку присутна на насловните страници во последните денови, а пазарот се зајакна како резултат на тоа и на ветувањето дополнителни стимулации за ликвидност за економијата. Но, промените во деловното опкружување и законодавството продолжуваат, a неизвесноста останува висока. Затоа, инвеститорите остануваат претпазливи. Непопуларниот јапонски премиер објави дека нема да учествува
СЕП. 2021
26 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Дека повисоката инфлација ќе остане многу подолго отколку што беше предвидено пред неколку месеци, покажува и понатамошниот раст на цените на материјалите и суровините. На глобално ниво, алуминиумот беше во првите редови во последните денови, поставувајќи нови рекорди, како и пластиката и ПВЦ, додека цените на бензинот и електричната енергија нагло пораснаа во Европа на претстојните избори и јапонскиот пазар реагираше многу позитивно бидејќи очекува позитивни промени во економската политика и клинички практично мртвиот јапонски пазар повторно даде знаци на живот по долго време. Берзите продолжуваат да растат и да поставуваат нови рекорди. Инвеститорите очекуваат продолжување на лабавата монетарна политика и можно многу бавно затегнување на ременот. Пазарите на обврзници забележаа помал раст на каматните стапки минатата недела. Американската 10-годишна обврзница моментално се движи околу 1,36%, а германската 10-годишна обврзница на -0,34%, но промените остануваат мали. Негативните приноси на пазарите на обврзници и во банките продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите да инвестираат во акции.
Пазарите во САД и Европа се движеа во тандем
Неодамнешното истражување на данските инвеститори во акции покажа дека речиси половина од инвеститорите инвестираат во акции само за да избегнат негативни каматни стапки. Ова укажува дека структурата на
Непопуларниот јапонски премиер Јошихиде Суга објави дека нема да учествува на претстојните избори и јапонскиот пазар реагираше многу позитивно бидејќи очекува позитивни промени во економската политика и клинички практично мртвиот јапонски пазар повторно даде знаци на живот по долго време.
27
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ
ДЕЛ ОД ПОРТФОЛИОТО МОЖЕ И ВО ЦЕНТРАЛНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Меѓу регионите, Европа се издвојува во однос на атрактивноста, за САД се бара поголема претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и пазарите во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочните инвеститори бидејќи е тешко да се предвиди деловното работење. За трпеливите долгорочни инвеститори, поради поволните вреднувања, се појавуваат одредени можности за инвестирање. За мал дел од портфолиото, добрите дивидендни приноси и привлечните вреднувања ја одржуваат атрактивноста на нашиот регион во Централна и Југоисточна Европа.
Н
асоката на пазарите е диктирана од очекувањата за нивото на каматните стапки и ликвидноста обезбедени од централните банки. Очекувањата за инфлација остануваат високи и повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста. Пандемијата останува најголемата непозната, геополитика или она што се случува во Кина го додава својот удел во промените на пазарот. Акциите на компаниите од областа на технологија и електронска трговија и работа од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот базиран на долгорочни трендови, така што тие остануваат атрактивни, но пониските прогнози со најновите резултати во комбинација со високите вредности ги намалија очекувањата за раст. Со високите вредности, геополитичките тензии и несигурните идни политики на централните банки, инвеститорите остануваат претпазливи и акциите нестабилни. Несигурноста во технолошкиот сектор и азиските пазари се воспоставува со мешање на кинеските власти во економијата и самата структура и правила на пазарот. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите прилагодени за инфлациските очекувања се мизерни, главно негативни, и заедно со негативните банкарски приноси, тие продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите главно да инвестираат во акции и недвижен имот. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет и препорачливо е портфолиото да се подели на различни класи, меѓу акции, обврзници или пари. Инвестициите надвор од технолошкиот сектор остануваат атрактивни поради пониските вредности и различната динамика на развој на индустријата. Тежината во форма на индивидуални учества треба да ја претставуваат индустриите кои подобро би ја преживеале кризата и каде вреднувањата не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографски трендови), делови од индустријата, поради инфраструктурни стимули и транзиција „зелена“ енергија. Сепак, можеме да додадеме селективна индустрија со тесна и широка потрошувачка. Меѓу регионите, Европа се издвојува во однос на атрактивноста, за САД се бара поголема претпазливост
инвеститорите на берзата е нестабилна и во случај на скок на каматните стапки, берзата исто така може сериозно да се разниша. Но, на краток рок, глобалните инвеститори не се заинтересирани за ова и пазарот продолжува да расте. Скапите, брзо растечки, особено технолошките акции, продолжуваат да бидат во првите редови, иако зелената боја е расфрлана релативно широко меѓу индустриите и акциите. Пазарите во САД и Европа се движеа во тандем и сличен тренд може да се очекува во наредните денови, бидејќи не се гледаат големи промени.
поради големата тежина на ИТ компаниите, а Кина и пазарите во развој остануваат ризични поради неодамнешните настани и со тоа помалку привлечни за пократкорочните инвеститори бидејќи е тешко да се предвиди деловното работење. За трпеливите долгорочни инвеститори, поради поволните вреднувања, се појавуваат одредени можности за инвестирање. За мал дел од портфолиото, добрите дивидендни приноси и привлечните вреднувања ја одржуваат атрактивноста на нашиот регион во Централна и Југоисточна Европа. Енергијата и материјалите и повеќе шпекулативните финансии, особено банките, остануваат како заштита од инфлација, особено ако инфлацијата ги надмине очекувањата. Инвеститорите со долгорочни цели за штедење треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголем износ, истиот треба да го распоредат во подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, електронската трговија, работата од дома, почистата енергија, работењето во согласност со општествените норми и почитувањето на таканаречените препораки за ЕСГ се долгорочни трендови и фокусот на долгорочните трендови историски е важна компонента на постигнување натпросечни приноси.
Очекувањата за корпоративниот раст остануваат оптимистички и инвеститорите го наградуваат ова со дополнително купување акции. Со завршувањето на сезоната на објавување резултати, компаниите можат да продолжат да купуваат сопствени акции, што е важен генератор на растот на акциите, а годинашните откупи се очекува да бидат рекордно високи. Особено, купувањето на трезорски акции од страна на финансиските компании, посебно банките, се засили во последните недели. Забавувањето на мешањето на
кинеската влада во кинеските компании донесе извесно закрепнување на технолошките акции, но тие остануваат неколку десетици проценти под нивото достигнато на почетокот на годината и како такви остануваат атрактивни во однос на проценките. Ова, се разбира, е статичен поглед, без да се земат предвид промените во деловното опкружување, што е исклучително тешко да се процени поради правилото на уредби, но знаеме дека околината нема да биде иста во иднина. nnn
СЕП. 2021
28 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
ПРИДВИЖУВАЊА ВО ТЕХНОЛОШКИОТ СЕКТОР
ЗОШТО APPLE, AMAZON, FAC ГИГАНТИ БРЗААТ ДА РАЗВИ Apple. Amazon, Facebook, Tesla и Baidu пополека ги одбегнуваат веќе етаблираните производители на чипови и одредени аспекти од нивниот развој почнуваат да префрлаат кај себе, според компаниски соопштенија и медиумски стории што може да се прочитаат периодов. Моменталниот глобален недостиг на чипови е една од причините зошто големите технолошки фирми размислуваат два пати пред да одлучат од каде ќе набавуваат чипови.
29
CEBOOK И ОСТАНАТИТЕ ИЈАТ СОПСТВЕНИ ЧИПОВИ?
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
СЕП. 2021
30 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи зборува за третата генерација чипови за вештачка интелигенција.
Н
е задоволувајќи се со тоа да се потпираат на стандардните чипови за коишто во моментов во светот постои вистинска јагма поради недостигот на понуда, некои од најголемите светски технолошки компании се обидуваат да развиваат свои сопствени микропроцесори, пишува CNBC. Apple. Amazon, Facebook, Tesla и Baidu пополека ги одбегнуваат веќе етаблираните производители на чипови и одредени аспекти од нивниот развој почнуваат да префрлаат кај себе, според компаниски соопштенија и медиумски стории што може да се прочитаат периодов. „Се повеќе, овие компании сакаат специјално направени за нив чипови што ќе ги задоволат потребите на нивните апликации, одошто да ги користат истите генерички чипови како нивните конкуренти. Тоа им дава поголема контрола врз интеграцијата на софтверот и хардверот и истовремено прави да се разликуваат од конкуренцијата“, вели Суед Алам, шеф на глобалниот оддел за чипови во Accenture, огромна светска корпорација во областа на ИТ услугите. Рас Шо, поранешен директор во британската компанија Dialog Semiconductor, вели дека т.н. custom – designed (направени по нарачка) чипови може да функционираат подобро и да бидат поевтина солуција на крајот. „Овие специфично дизајнирани чипови може да помогнат при намалување на потрошувачката на енергија на уредите
и продуктите од одредена технолошка компанија, без оглед дали се работи за смартфони или за клауд сервиси“, вели Шо. Моменталниот глобален недостиг на чипови е уште една причина зошто големите технолошки фирми размислуваат два пати пред да одлучат од каде ќе набавуваат чипови, вели Глен O’ Донел, директор за развој во аналитичката фирма Forester. „Пандемијата направи големи проблеми во синџирите на снабдување со чипови, што само ги забрзува напорите на технолошките гиганти да развијат свои чипови.“ Според него, многу од нив веќе се чувствуваат ограничени во своите иновациски напори поради заглавеноста во распоредите на производителите на чипови.
Од вештачка интелигенција до клауд сервиси
Во последно време, не поминува месец без барем една голема технолошка компанија да не објави некој нов проект во врска со чипови. Најеклатантниот пример можеби беше минатата година во ноември, кога Apple објави дека преминува од архитектурата х86 на Intel кон правење на сопствен М1 процесор, којшто сега работи во новите лаптопи iMac, како и таблетите iPad. Нешто подоцна, Tesla објави дека развива свој “Dojo” чип со цел да ги испробува мрежите на вештачка интелигенција во своите податочни центри. Производителот на електрични возила во 2019 година почна да склопува
автомобили со свои чипови за вештачка интелигенција што помогна во тоа софтверот во возилата да донесува одлуки како реакција на тоа што се случува при возењето. Baidu, попозната како „кинескиот Google”, минатиот месец лансираше чип за вештачка интелигенција, дизајниран да им помогне на уредите да процесираат огромни количини на податоци и да се зголеми моќта на компјутерот. Baidu тврди дека “Kunlun 2” чипот може да се користи во области како што се автономно возење, и дека веќе е влезен во масовно производство. Некои од технолошките гиганти избраа да држат одредени проекти за чипови под превезот на тајноста. Google наводно се приближува кон лансирање на сопствени централни процесорски единици – CPU, за своите Chromebook лаптопи. Гигантот планира да ги користи овие CPU во Chromebook лаптопите и таблетите што работат на оперативниот систем Chrome од некаде 2023 година, според извештајот на Nikkei Asia објавен на 1 септември. Google се’ уште не одговорил на барањето на CNBC за коментар околу овие наводи. Amazon, којшто оперира со најголемиот светски клауд сервис, развива свој мрежен чип за да ги напојува хардверските склопки што ги движат податоците низ мрежите. Ако ова делува, ќе ја намали зависноста на Amazon од производителот на чипови Broadcom. Amazon, којшто веќе дизајнира повеќе видови на други чипови, исто така не одговорил веднаш на барањата на CNBC
31
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
СЕП. 2021
32 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Во оваа фаза, никој од технолошките гиганти не настојува целиот развој на чиповите да го прави сам. За да се направи модерна фабрика за чипови, како онаа на TMSC во Тајван, треба околу 10 милијарди долари и потребни се неколку години. за коментар. Главниот научник на Facebook за вештачка интелигенција кажа за Bloomberg уште во 2019 година дека компанијата работи на нова класа на процесори што би можеле да функционираат „многу поразлично“ одошто повеќето постоечки дизајни на чипови.
Хардвер инженерите се сè помалку
Во оваа фаза, никој од технолошките гиганти не настојува целиот развој на чиповите да го прави сам. „Сè се врти околу дизајнот и перформансите на чипот“, вели Шо. „Во оваа фаза, не се работи за физичко производство, што е многу скапо.“ За да се направи модерна фабрика за чипови, како онаа на TMSC во Тајван, треба околу 10 милијарди долари и потребни се неколку години. „Дури и Google и Apple се воздржуваат од градење на вакви фабрики. Тие попрво ќе се обратат до TSMC или дури до Intel за да им ги направат чиповите.“, вели О’Донел. Тој додава дека има недостиг на кадар во Силиконската долина со вештини потребни да се дизајнираат врвни процесори. „Силиконската долина стави премногу акцент на софтверот изминативе неколку декади што доведе до тоа хардвер инженерите да се гледаат како своевиден анахронизам. Стана некако многу ‘некул’ да се работи хардвер. И покрај своето име, Силиконската долина сега вработува релативно малку вистински силициумски инженери. “ nnn
Силиконската долина стави премногу акцент на софтверот изминативе неколку декади што доведе до тоа хардвер инженерите да се гледаат како своевиден анахронизам.
СЕП. 2021
34 МЕНАЏМЕНТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
КОРОНА – КРИЗАТА НОСИ ОПАСНОСТ ОД СТАПИЦИ ЗА ДИРЕКТОРИТЕ
ПРАШАЊА ШТО ТРЕБА ДА СИ ГИ ПОСТАВИ ТОП МЕНАЏМЕНТОТ
Организациите од сите видови го чувствуваат притисокот од тоа истовремено да се борат за преживување на актуелната криза, но и да се подготвуваат за радикално променета иднина. Како да се споделат економските последици со акционерите? Како да се реанимираат синџирите на набавка со цел да бидат поотпорни утре? Како да се избегнат грешките што се правеа во последната финансиска криза – на пример, предолгото чекање за реакција; претераната реакција со преголемо кратење на трошоци или едноставно, кратење на погрешни места?
В
HARVARD BUSINESS REVIEW лијанието на Ковид – 19 пандемијата врз светската економија и општествата од ден на ден е се’ поголемо. Организациите од сите видови го чувствуваат притисокот од тоа истовремено да се борат за преживување на актуелната криза, но и да се подготвуваат за радикално променета иднина. Како да се споделат економските последици со акционерите? Како да се реанимираат синџирите на набавка со цел да бидат поотпорни утре? Како да се избегнат грешките што се правеа во последната финансиска криза – како што беше тоа предолгото чекање за реакција; претераната реакција со преголемо кратење на трошоци или едноставно, кратење на погрешни места? Компаниите ширум светот се соочуваат со ниво на опасност невидено досега од Втората светска војна наваму. Нивните лидери и управни одбори се соочуваат со огромна нервоза и притисок не само поради заканите за опстанокот на компаниите, туку и поради
опасностите по здравјето на вработените, потрошувачите, како и самите тие и нивните семејства. Токму во моментот кога бизнис лидерите треба да се прилагодат за да се соочат со екстремно голем број на опасности и непознаници, овој стрес значи дека многу менаџерски тимови и директорски одбори може да станат жртви на т.н. „threat rigidity“, што во суштина значи замрзнување на иновациите и поголемо приклонување кон активности што се покажале успешни во минатото одошто форсирање на нови пристапи во бизнисот. Оваа тенденција, како и рестрикциите за социјално дистанцирање што во основа ги спречуваат луѓето од лидерските тимови и компаниски одбори да се состануваат лично на формални и неформални средби, во голема мера ги зголемуваат шансите дека тие нема да одговорат адекватно на предизвиците. Врз основа на неодамнешните истражувања на консултантите од Harvard Business Review, нивната пракса и долгогодишен интерес за ефектите на притисокот во работната средина, тие нудат неколку начини како да се избегнат три можни стапици за бизнис лидерите.
35
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Стапица бр.1: Тесноградо мислење
На прва веројатно ќе си помислите дека кризата ги прави луѓето повеќе иновативни, во стилот „нуждата е мајка на инвенциите“. Но, реалноста е дека нашата природна тенденција е да бараме комфор и извесност – да се потпреме на веќе познатите “лекови“, всушност она што го правиме добро најчесто. Извршните тимови и директорските одбори може да ја надминат оваа стапица така што ќе си ги постават следниве клучни прашања: u Што прават сега другите организации – особено оние потенцијални нови конкуренти на нашиот пазар? Фокусирајте се на оние играчи што влегуваат во вашата индустрија, географска територија или потрошувачки сегмент, затоа што помалку веројатно е тие да имаат некои веќе застарени методи на коишто би се потпирале. u Дали кризниот план што го креиравме и вежбавме е соодветен за оваа конкретна криза? Отворено дискутирање на ова прашање ќе им помогне на менаџерите да сфатат дали ненамерно го прифаќаат делумно или целосно постојниот план поради тоа што е најдобар начин да се справат со предизвиците или затоа што несвесно го избегнуваат потешкиот пат – да креираат сосема нов пристап. u На кои надворешни советници може да се потпрете за да ви помогнат во проверката на вашите претпоставки и во проникнувањето во индустриите и пазарите? Значителен број на постојни советници на компанијата (адвокати, консултанти, ревизори, итн.) коишто работат со широк круг на клиенти, индустрии и земји, можат да им помогнат на лидерските тимови да размислуваат пошироко и да ги искористат најефективно потенцијалните решенија.
Стапица 2: Вртење кон лидерот
Кога се чувствуваат загрозено, луѓето имаат тенденција да се вртат кон лидерот барајќи инспирација, знаење и сила. Но, директорите мора да одолеат на нагонот за инстинктивно вртење кон највисоко рангираниот лидер во компанијата и наместо тоа, да се осигурат дека ќе ги искористат потенцијалите и вештините на сите лидери и менаџери. Во тоа ќе помогне доколку си ги постават следниве прашања: u Дали ги согледувате перспективите на вашите независни директори? Особено ако претседателот на УО е и извршен директор истовремено, клучно е да обезбедите независните членови на компанискиот борд слободно да предлагаат алтернативни гледишта. u Дали директорите се потпираат премногу на претседателот на УО во носењето на одлуки? На пример, дали извршните комисии се собираат за да решаваат „жешки“ теми и потоа обезбедуваат доволно материјал за дискусиите на бордот во целосен состав. u Дали директорите од високите нивоа се потпираат премногу на главниот извршен директор во носењето одлуки, планирањето на идните чекори и комуникациите со
Научните истражувања, како на пример оние на психологот Ирвинг Џенис, покажуваат дека во криза постои силна тенденција кон конформизам со цел да се постигне хармонија. сите засегнати страни? Треба целиот тим да биде вклучен во креирањето решенија и комуницирањето на она што се случува со јавноста. Осигурете се дека секој си го извршува својот дел од задачите.
Стапица бр.3: Конформизам
Научните истражувања, како на пример оние на психологот Ирвинг Џенис, покажуваат дека постои силна тенденција кон конформизам во криза со цел да се постигне хармонија. Некои од овие нагони се вродени: едноставно, не сакаме да ги попречиме или забавиме акциите за решавање на кризата, па така се цензурираме себеси во дискусиите. Друга слична тенденција е онаа на мнозинството во групата, еднаш штом е постигнато прелиминарна одлука или согласност за првичен план, да ги притисне останатите да се согласат и тие на консензус, со цел да се добие унифицирана акција. Како резултат, групата не троши повеќе време да истражува потенцијално подобри опции. Овој вид на колективно размислување придонело до такви фијаска во историјата, како што е на пример американската инвазија во Заливот на свињите на Куба за време на претседателот Кенеди, или пак одлуката на компанијата Форд да го развие брендот Edsel, кој неславно помина на пазарот во 1960-те. За да се избегнат овие стапици, тимот треба да си ги постави следниве прашања: u Дали секој ги има добиено целосните информации и шанса да формира сопствено мислење пред да ги чуе другите? Дали секој целосно ги разбира проблемите и има можност
да поставува прашања пред да се презентираат предложените решенија? Дали директорите, на пример, имале пристап до релевантни менаџери надвор од највисокото ниво, а чиешто знаење е клучно за адресирање на кризата (на пр., шефот на набавки, којшто вообичаено не учествува на состаноците на бордот). u Дали сите експерти ја споделуваат својата експертиза? Секој експерт треба да го види проблемот низ сопствена перспектива и би можел да има помалку или повеќе различни препораки. Дали топ менаџментот има прилика да ги согледа сите овие перспективи? u Дали топ менаџментот или бордот на директори едноставно го прифаќа првото изгледно решение, или продолжува да бара алтернативни, потенцијално подобри решенија? Тимот треба да се труди да дојде до поширок опсег на можни опции за секое сценарио. Поставувајќи ги овие прашања и барајќи искрени одговори понекогаш може да изгледа дека ќе ја забави реакцијата на кризата. Меѓутоа, менаџмент тимовите што поставуваат тешки прашања сега, поверојатно е дека ќе трошат помалку време и пари подоцна, за да спроведуваат она што на крајот ќе се испостави за застарен концепт и пристап во решавање на проблемите. Ако сега потрошат време да одговорат на клучните прашања што ги поставивме погоре во текстов, многу поверојатно дека ќе ја завршат работата подобро при подготовката на бизнисот за предизвиците што ќе се појават во иднина. nnn
СЕП. 2021
36 ЛИДЕРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 111
РЕКОА ЗА...
РИЗИКОТ
Во својата книга „Skin in the game“, Насим Талеб, еден од најактуелните мислители на денешницата и поранешен инвеститор на берза, вели дека „Колку навистина ‘веруваш’ во нешто може да се манифестира само преку моментот колку си спремен да ризикуваш за тоа“. Овој избор на цитати од познати личности низ историјата може да фрли малку светлина фрз фактот колку е навистина важна способноста за преземање ризик за успех во личниот и професионалниот живот.
37
СЕП. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1111
Најголемиот ризик е да не се презема ризик. Во свет којшто се менува извонредно брзо, единствената стратегија што гарантирано нема да успее е да не се преземаат ризици.
Ако не се осмелиш за ништо, тогаш на крајот на денот ништо ќе биде се’ што ќе постигнеш.
МАРК ЗАКЕРБЕРГ основач на Facebook
НИЛ ГЕЈМАН британски автор
Ако се одлучиш за безбеден живот, никогаш нема да дознаеш како е да се победува.
Преземајте пресметани ризици. Тоа е многу различно од да се биде налудничаво храбар.
ЏОРЏ ПАТОН
американски генерал
РИЧАРД БРЕНСОН британски претприемач
Постојат ризици и цена што се плаќа за секоја акција. Но таа е далеку помала од долгорочниот ризик од комфорно не преземање ништо.
Луѓето коишто не преземаат ризици обично прават две големи грешки годишно. Луѓето коишто преземаат ризици обично прават две големи грешки годишно.
ПИТЕР ДРАКЕР
теоретичар на науката за менаџментот
ЏОН Ф. КЕНЕДИ
поранешен американски претседател
Дваесет години отсега ќе бидете повеќе разочарани поради тоа што не сте го направиле, одошто поради нештата што сте ги направиле.
Промашуваш 100% од шутевите што не ги правиш
ВЕЈН ГРЕЦКИ
легендарен канадски хокеар
МАРК ТВЕН
американски писател
Слободата е секогаш поврзана со преземањето ризик, без оглед дали тоа доведува до неа, или произлегува од неа.
Сигурноста е едно обично суеверие. Животот е или храбра авантура или ништо.
НАСИМ ТАЛЕБ
американско- либански мислител и автор
ХЕЛЕН КЕЛЕР
американска авторка и политички активист