1112- Kapital magazin

Page 1

business magazine

COVER STORY ОПШТИНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ДАНОЦИ, НО ЗА ШТО ЌЕ ГИ ТРОШАТ?!

БРОЈ 1112 l 29 септември 2021 среда година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУА ЛИЛЈАНА ПАВЛОВА

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЕСТОНИЈА НИ СТАНУВА ЗЕМЈА – ПАРТНЕР ЗА ДИГИТАЛИЗИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ УСЛУГИ

потпретседателка на ЕИБ одговорна за Западен Балкан

САШКО ДАЕВ

директор на РЕХАУ Дооел Скопје

ВИКТОР СТОЈМАНОВСКИ

менаџер на суровини во Бимилк

INTERVIEW

БИЛАЛ КАРА

генерален менаџер и сопственик на Санте Плус Групација

ВРВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА, ЗНАЕЊЕТО И ЕМПАТИЈАТА СЕ НАШИТЕ АДУТИ ВО ГРИЖАТА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ЕНЕРГЕТИКА

ОДРЖАН ЧЕТВРТИОТ МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ФОРУМ МАПИРАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ИДНИНА

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

„АЛКАЛОИД“ СЛАВИ 85 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ ОДБЕЛЕЖАН СО РЕТРОСПЕК-ТИВНА ИЗЛОЖБА И ДОНАЦИЈА ЗА ДЕТСКАТА КЛИНИКА



3

КАПИТАЛ... 1112 6

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

20

14

COVER STORY

ЕНЕРГЕТИКА

ИНТЕРВЈУ

Поголема фискална децентрализација за побрз локален развој

Билал Кара

генерален менаџер и сопственик на Санте Плус Групација Врвната технологија, знаењето и емпатијата се нашите адути во грижата за пациентите

Општините ќе добиваат повеќе пари од даноци, но за што ќе ги трошат?!

Одржан четвртиот Македонски енергетски форум

Мапирање на енергетската иднина

32

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

САД смислија како да продолжат македонските европски реформи Естонија ни станува земја – партнер за дигитализирање на јавните услуги

28

36

ИНТЕРВЈУ

ИНТЕРВЈУ

Сашко Даев

Виктор Стојмановски

40

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

„Алкалоид“ слави 85 години постоење

директор на РЕХАУ Дооел Скопје Со нашите решенија секој изграден квадратен метар добива додадена вредност

менаџер на суровини во Бимилк Со обуки, поддршка и помош за фармерите, Бимилк кон долгорочно подобрување на квалитетот на млекото

Големиот јубилеј одбележан со ретроспективна изложба и донација за Детската клиника

COVER STORY Поголема фискална децентрализација за побрз локален развој....................................6 Општините ќе добиваат повеќе пари од даноци, но за што ќе ги трошат?!

ИНТЕРВЈУ Сашко Даев, директор на РЕХАУ Дооел Скопје.............................................................28 Со нашите решенија секој изграден квадратен метар добива додадена вредност

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ „Алкалоид“ слави 85 години постоење.40 Големиот јубилеј одбележан со ретроспективна изложба и донација за Детската клиника

ИНТЕРВЈУ Билал Кара генерален менаџер и сопственик на Санте Плус Групација.........................................14 Врвната технологија, знаењето и емпатијата се нашите адути во грижата за пациентите

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА САД смислија како да продолжат македонските европски реформи.......32 Естонија ни станува земја – партнер за дигитализирање на јавните услуги

ЕНЕРГЕТИКА Одржан четвртиот Македонски енергетски форум................................................20 Мапирање на енергетската иднина

ИНТЕРВЈУ Виктор Стојмановски, менаџер на суровини во Бимилк...........................................36 Со обуки, поддршка и помош за фармерите, Бимилк кон долгорочно подобрување на квалитетот на млекото

ИНТЕРВЈУ Лилјана Павлова, потпретседателка на ЕИБ одговорна за Западен Балкан.................................................42 Инфраструктурата, дигитализацијата, зелените инвестиции и иновациите се во фокус на нашите идни финансирања во Северна Македонија LE MONDE DIPLOMATIQUE Како поранешниот британски премиер стана многу заинтересиран за филантропијата ......................................................46

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 27.09.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

СЕП. 2021


СЕП. 2021

4 ВО ФОКУС

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

КОЈ Е ОЛАФ ШОЛЦ

ВЕРОЈАТНО НАСЛЕДНИКОТ НА АНГЕЛА МЕРКЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА КАНЦЕЛАР НА ГЕРМАНИЈА?

О

лаф Шолц, актуелниот германски министер за финансии има најголеми шанси да биде мандатар на новата германска влада, по парламентарните избори што се одржаа во неделата, на 26.09. Лидерот на социјалдемократите ја предводеше својата партија СДП до тесна победа, од 25,7% спрема 24,1% освоени гласови на демохристијанската унија ЦДУ, чијшто лидер е Ангела Меркел, канцелар на Германија последниве 16 години. Иако овој тесен резултат не значи и дека автоматски Шолц ќе биде следниот германски канцелар, тој сепак е во најдобра позиција да почне коалициски преговори со „зелените“, коишто освоија 14,8% од гласовите и со либералната ФДП која има 11,5%. Шолц и Меркел се познаваат многу добро, всушност,

тој е министер за финансии во сегашната влада на широката коалиција, а тој беше министер за труд и социјални работи во првата таква влада на Меркел од крајот на 2000-те. Во 2011, тој беше избран за градоначалник на Хамбург, функција што ја држеше до 2018 година. Оттогаш е на позицијата вицеканцелар и министер за финансии, многу моќна позиција во германската национална политика. Иако, врз градоначалничкиот мандат на Шолц црна дамка фрли невештото справување со протестите во Хамбург за време на Г20 самитот во 2017 година, неговата популарност значително порасна како министер за финансии во периодот кога ги раководеше германските обемни програми за поддршка на економијата поради последиците од пандемијата последниве година и половина.



СЕП. 2021

COVER STORY

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

ОПШТИНИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД ДАНОЦИ, НО ЗА ШТО ЌЕ ГИ ТРОШАТ?!


ПОГОЛЕМА ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА 7 ПОГОЛЕМА ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОБРЗ ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

ЗА ПОБРЗ ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

Сите 80 општини и Град Скопје, лани располагале со приходи од вкупно 552,6 милиони евра, од кои најголем дел односно 390 милиони евра се трансфери и дотации од централниот буџет, 128,5 милиони евра се даночни приходи, и ситни капитални и неданочни приходи. Од друга страна, општините лани потрошиле 564 милиони евра, но над 80% или 457,5 милиони евра за тековни потреби. На пример, речиси 300 милиони евра за плати и надоместоци. За изградба на капитални објекти, градоначалниците лани потрошиле 106,5 милиони евра. Капитал веќе пишуваше за овој лош сооднос помеѓу купувањето на политички мир или гласови, што најчесто се гледа во партиската превработеност (на којашто алармираат сите анализи за македонската администрација) и реалните потреби на граѓаните, што најчесто се согледуваат во капиталните инвестиции и трошоци наменети за подобрување на животот и услугите кон даночните обврзници. Меѓутоа, со новата реформа која што уште повеќе ќе им ги наполни касите на општините, премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, уверуваат дека ќе им овозможи тие да бидат функционални и финансиски стабилни и непречено и квалитетно да ги извршуваат обврските и услугите кон граѓаните.


СЕП. 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

П

овеќе пари ќе добиваат општините за да ги подобрат услугите за граѓаните е главната цел за донесување на измените и дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа што ги предложи Владата. Целта на реформата е со стабилни приходи на општините да се поттикне засилен локален развој. Инаку, вкупната сума што ја трошат годишно единиците на локалната самоуправа и сега надминува половина милијарда евра. Сите 80 општини и Град Скопје, лани располагале со приходи од вкупно 552,6 милиони евра, од кои најголем дел односно 390 милиони евра се трансфери и дотации од централниот буџет, 128,5 милиони евра се даночни приходи, и ситни капитални и неданочни приходи. Од друга страна, општините лани потрошиле 564 милиони евра, но над 80% или 457,5 милиони евра за тековни потреби. На пример, речиси 300 милиони евра за плати и надоместоци. За изградба на капитални објекти, градоначалниците лани потрошиле

Во насока на зајакнување на фискалната одговорност на општините со законските измени се очекува и зголемување на транспарентноста на работењето на општините, со кое општините ќе имаат обврска на транспарентен начин да објавуваат финансиски податоци на своите веб страни, како и зголемена отчетност во трошењето на сите средства кои се доделени од страна на државата. 106,5 милиони евра. Капитал веќе пишуваше за овој лош сооднос помеѓу купувањето на политички мир или гласови, што најчесто се гледа во партиската превработеност (на којашто алармираат сите анализи за македонската администрација) и реалните потреби на граѓаните, што најчесто се согледуваат во капиталните инвестиции и трошоци наменети за подобрување на животот и услугите кон даночните обврзници. Во меѓувреме, во ек на кампања за локалните избори додека постојано слушаме ветувања за пристап до чиста вода за пиење или канализација во 21 век, за нови тоалети во градинките или училишта со греење, овие бројки нека сведочат за сериозната нефункционалност на локалната власт. За еден огромен и системски проблем, за којшто требаат коренити реформи, и којшто, за жал, не се решава со

заокружување на кое било бројче на гласачкото ливче. Меѓутоа, со новата реформа која што уште повеќе ќе им ги наполни касите на општините, премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, уверуваат дека ќе им овозможи тие да бидат функционални и финансиски стабилни и непречено и квалитетно да ги извршуваат обврските и услугите кон граѓаните. „Како централна власт работиме заедно со општините за реализација на развојни проекти за граѓаните да добиваат навремени, ефикасни и квалитетни услуги. Истовремено должни сме, и како централна и како локална власт, да ги подобриме условите за живот на сите граѓани во секој град, општина и населено место. Процесот на децентрализацијата мора да се заокружи на системски начин кој ќе им овозможи на општините да бидат функционални и финансиски стабилни,


9

ПОГОЛЕМА ФИСКАЛНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ЗА ПОБРЗ ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

а од друга страна непречено и квалитетно да ги извршуваат обврските и услугите кон граѓаните“, истакна премиерот Заев.

Реформа од три столба

Министерот за финансии Фатмир Бесими нагласи дека реформата се состои од три столба: зголемување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на приходите на општините, зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, и зголемена транспарентност и отчетност. Мерките и активностите, како што додаде, ќе обезбедат дополнителна демократизација на општеството, поефикасно и поекономично обезбедување и испорачување на услугите, како и засилен локален и регионален развој. Со новото законско решение општините ќе добијат повеќе приходи од личниот данок на доход и од стапката на дотација од ДДВ. „Со цел зајакнување на фискалниот капацитет на општините во овој закон предвидено е постепено зголемување на приходите од личниот данок на доход од 3% на 6% до 2024 година, односно процентот за 2022 година ќе

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

Како централна власт работиме заедно со општините за реализација на развојни проекти за граѓаните да добиваат навремени, ефикасни и квалитетни услуги. Истовремено должни сме, и како централна и како локална власт, да ги подобриме условите за живот на сите граѓани во секој град, општина и населено место. Процесот на децентрализацијата мора да се заокружи на системски начин кој ќе им овозможи на општините да бидат функционални и финансиски стабилни, а од друга страна непречено и квалитетно да ги извршуваат обврските и услугите кон граѓаните.

СЕП. 2021

ФАТМИР БЕСИМИ

министер за финансии

Согласно проекциите со предвидените 3% од данокот на личен доход средствата за општините сега изнесуваат 600 милиони денари. Дополнителните 3%, согласно Фискалната стратегија и планираните приходи, во 2024 година средствата за општините ќе изнесуваат 1,562 милијарди денари, односно 781 милион денари повеќе. По основ на дотација од ДДВ во 2024 година со 4,5% предвидени се 2,8 милијарди денари, додека со 6% ќе добијат 3,7 милијарди денари. Тоа е една милијарда денари повеќе. Вкупиот ефект во 2024 година ќе биде 1,7 милијарда денари повеќе пари за општините на годишно ниво.

СТАНБЕН КРЕДИТ

• До 100% финансирање • Камата од 2,95% за првите 10 години • Без трошоци за аплицирање • Пакет услуги • Кредитна картичка со лимит до 60.000 ден *Полисата вклучува осигурително покритие и од Ковид 19

Инфо центар: 02 3 111 111 www.unibank.mk


СЕП. 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

БРОЈКИ

564

милиони евра потрошиле лани сите 80 општини во земјава и Град Скопје

298

милиони евра од нив биле наменети за плати и надоместоци

106,5

милиони евра градоначалниците лани инвестирале во изградба на капитални објекти

изнесува 4%, за 2023 година 5% и за 2024 година 6%. Овој приход општините го добиваат од приходот од данок на личен доход од плати од физички лица наплатен во општината во која се пријавени со постојано живеалиште и престојувалиште“, рече министерот Бесими. Додаде дека дополнително во насока на подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините во Законот се предлагаат и измени за постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ од 4,5% на 6%. Со ова се овозможува обезбедување приходи од ДДВ во

Дополнително во насока на подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините во Законот се предлагаат и измени за постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ од 4,5% на 6%. Со ова се овозможува обезбедување приходи од ДДВ во висина од 6% од наплатениот ДДВ остварен во претходната фискална година започнувајќи од 2024 година. Исто така, и тука е предвидено порастот да биде постепен така што во 2022 година ќе изнесува 5% и во 2023 година 5,5%. висина од 6% од наплатениот ДДВ остварен во претходната фискална година започнувајќи од 2024 година. Исто така, и тука е предвидено порастот да биде постепен така што во 2022 година ќе изнесува 5% и во 2023 година 5,5%. Средствата ќе се распределуваат во три фонда и тоа: Основен фонд 4,5% од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година и во Фондот за перформанси и Фондот за изедначување по 0,75% од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година. Министерот истакна дека со ова општините ќе имаат 1,7 милијарди денари повеќе средства. „Согласно проекциите со предвидените 3% од данокот на личен доход средствата за општините сега изнесуваат 600 милиони денари. Дополнителните 3%, согласно Фискалната стратегија и планираните

приходи, во 2024 година средствата за општините ќе изнесуваат 1,562 милијарди денари, односно 781 милион денари повеќе. По основ на дотација од ДДВ во 2024 година со 4,5% предвидени се 2,8 милијарди денари, додека со 6% ќе добијат 3,7 милијарди денари. Тоа е една милијарда денари повеќе. Вкупиот ефект во 2024 година ќе биде 1,7 милијарда денари повеќе пари за општините на годишно ниво“, појасни министерот за финансии. Реформата предвидува и активности во насока на зголемување на финансиската дисциплина и ефикасност, намалување и репрограмирање на доспеаните, а ненамирени обврски. Новина, како што истакна, е дека финансиска недисциплина ќе се прогласува по сила на закон, со исполнување на критериумите за настанување на финансиската дисциплина. Додаде дека идејата не е да се блокираат општините, туку тие ќе имаат


ДОКАЖАН ПАРТНЕР НА БИЗНИСОТ Ни ден повеќе без камата на вашата сметка

0.5% за МКД и 0.3% за ЕУР ФЛЕКСИБИЛНО користење на средства во секое време 24/7 управување со сметката преку е-банкарство КАМАТА по видување со месечна исплата

mkd.info@procredit-group.com

www.pcb.mk


СЕП. 2021

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

на располагање три инструменти, односно можност за користење на условен кредит (standby) од Министерство за финансии, издавање општинска обврзница за познат купувач – Министерство за финансии и издавање структурна обврзница од страна на Министерството за финансии. За користење на еден од инструментите, кои се со времетраење до 10 години, општините ќе доставува барање до Минстерството за финансии врз основа на Планот на мерки за надминување на финансиската нестабилност. Во насока на зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, со реформата предвидени мерки за реално планирање на приходите и расходите на општините, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на обврските, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување финансиска нестабилност, издавање општински обврзници и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија. Исто така, во насока на зајакнување на фискалната одговорност на општините со законските измени се очекува и зголемување на транспарентноста на работењето на општините, со кое општините ќе имаат обврска на транспарентен начин да објавуваат финансиски податоци на своите веб страни, како и зголемена отчетност во трошењето на сите средства кои се доделени од страна на државата.

Две децении децентрализација

Обидите за спроведување на оваа реформа траат од поодамна. Во 2002 година беше донесен Законот за локална самоуправа со кој

се дефинираа надлежностите на општините, односно општините да можат самостојно да ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење. Помеѓу другите принципи и начела, во тоа време авторите посебно се воделе од т.н. принцип на субсидијарност, односно сè што може да се реализира поефикасно и поефективно на локално ниво за граѓаните, да се пренесува таму – принцип кој до ден-денес и по две декади не е исполнет во очекуваниот обем и динамика. Спроведувањето на процесот на децентрализација се извршуваше во повеќе фази. Во „нултата фаза“ се обезбедија минимум неопходни капацитети за финансиско управување од општините. Во првата фаза следеше преземање на имотот и обврските од децентрализираните надлежности. Во втората фаза општините ги преземаа надлежностите за донесување одлуки во врска со функционирањето на буџетските корисници. Фискалната децентрализација, исто така, се спроведуваше во неколку фази во кои трансферите од Буџетот и буџетите на фондовите се реализираа истовремено со трансферот на надлежностите, согласно Законот за локална самоуправа и другите закони од соодветните области. Процесот се одвиваше според принципот „финансиите ги следат функциите“ (finance follow function). Сериозен исчекор во доменот на фискалната децентрализација беше направен во јули 2005 година, кога беа изменети низа закони од областа на финансирањето, поточно Законот за даноци на имот, Законот за комунални такси и Законот за административни такси. Во првата фаза од фискалната децентрализација, на општините им

беа пренесени одредени надлежности, а финансирањето на истите во најголема мера беше спроведено преку трансфери од централната власт. Моделот преку трансфери (блок или наменски) од централна власт повеќе личи на деконцентрација отколку на децентрализација. Трансферите од централниот буџет повеќе служат за вертикална отколку за хоризонтална рамнотежа во развојот. Втората фаза на фискалната децентрализација започна на 1 јули 2007 година. Општините мораа да исполнат одредени критериуми како што се кадровското екипирање и зајакнување на финансискиот капацитет за да влезат во втората фаза, којашто предвидува надлежности во културата, социјалната заштита, основното и средното образование и примарната здравствената заштита. Сите општини се влезени во втората фаза. Градењето добро поставен систем на јавни финансии е обемен процес, којшто се состои од повеќе сегменти. Меѓу нив е и фискалната децентрализација, еден од приоритетите коишто произлегуваат од Пристапното партнерство на Република Северна Македонија со Европската Унија. Понатамошна децентрализација е и еден од приоритетите поставени со Програмата на Владата 2021-2024 година. Придобивките од децентрализацијата, како процес воопшто, се дополнителна демократизација, пренесување на надлежностите на властите поблиску до граѓаните и нивните потреби и со тоа пружање поефикасни и поекономични услуги за граѓаните. Повеќе академски истражувања покажуваат дека постои корелација помеѓу повисокиот степен на децентрализација со повисок степен на економски развој. nnn



INTERVIEW

СЕП. 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

БИЛАЛ КАРА

генерален менаџер и сопственик на Санте Плус Групација

ВРВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА, ЗНАЕЊЕТО И ЕМПАТИЈАТА СЕ НАШИТЕ АДУТИ ВО ГРИЖАТА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ


15

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Санте Плус Групацијата од Турција, своите почетоци во здравствените услуги ги има пред 20 години со првоотворената болница во Истанбул, а во Северна Македонија со свои активности е присутна од пред десетина години. Денес, Санте Плус има две болници во Скопје коишто ги опслужуваат пациентите од земјава, но и од соседните земји, во повеќе медицински гранки - гинекологија, ИВФ, ортопедија, урологија, ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија, медицина на труд, интерна медицина, итн. Со г-дин Билал Кара, генерален менаџер и сопственик на Санте Плус Групацијата, којашто е присутна со свои болници и здравствени центри уште и во Србија, Албанија, Косово и Црна Гора, разговаравме за местото што го има групацијата во здравствената заштита на Балканот, но и за неговата улога во економската дипломатија, исто така, каде што придонесува активно за подобрување на трговската и другите видови размена помеѓу Турција и Северна Македонија.


СЕП. 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ XГ-дин X Кара, кога почнавте да ја развивате Санте Плус Групацијата и каков е вашиот професионален бекграунд? Роден сум во 1980 година во Анкара. По потекло сум од Трабзон/Чајкара. По завршувањето на основното и средното образование во Истанбул, дипломирав на Универзитетот Богазичи, насока бизнис администрација. Потоа, во 2006 година, ги завршив постдипломските студии за финансии и маркетинг на Универзитетот Једитепе. Моментално во тек ми е докторатот по Болнички менаџмент на “University of Peace and Development”, агенција на Обединетите нации со седиште во Рим. Од 2003-та година наваму активно работам. Сопственик сум и генерален менаџер на Групацијата Болници Санте Плус, која има 7 општи болници и 5 здравствени центри, работи во Турција и на балканските земји. Покрај тоа, сум претседател на Деловниот совет на Турција – С .Македонија при Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК). Во исто време, сум претседател основач на Балканскиот оддел на Асоцијација на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) и сè уште сум претседател на Балканскиот комитет. XКаде X сè групацијата има болници во моментов и дали имате планови за понатамошни ширење во регионов? Санте Плус го започна својот работен век со нашата прва болница што ја отворивме во Истанбул во 2001 година, денес прерасна во групација со 7 болници и 5 здравствени центри кои активно работат во вкупно 6 земји, растејќи без да се запостави нашиот принцип “здравје за секого” при спроведување на висококвалитетни здравствени услуги. Нашата групација, која веќе 20 години опслужува стотици илјади пациенти со тим составен од еминентни лекари специјалисти и медицински сестри преку нашата високо - технолошка здравствена инфраструктура, е позната по нашите чести здравствени инвестиции, особено во балканските земји. Санте Плус која е „Најголемата група на болници на Балканот“, е исто така првата и единствена здравствена инвестиција воспоставена со „100% турски капитал“. Нашата групација, која моментално работи во Турција, Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово, се стреми да ги претстави во најдобро светло турската медицина и турскиот здравствен систем во приватниот здравствен сектор во овие земји. Нашата здравствена групација нуди услуги на Балканот со турски и локални лекари и медицински сестри во 12 различни гранки на медицината, како што се ортопедија, ОРЛ, кардиологија, општа хирургија, урологија, пластична и реконструктивна хирургија, гинекологија и ИВФ, со успешни операции во овие земји, особено во хируршките гранки, коишто често се појавуваат во медиумите.

Покрај тоа, нашите пациенти на кои им е потребна дополнителна и поспецифична нега и третман особено од областа на онкологијата, неврохирургијата или трансплантација на органи, ги носиме во нашите болници во Турција и ги лекуваме, и со тоа на пациентите им нудиме здравствени можности во нашата земја и придонесуваме кон развој на здравствениот туристички потенцијал на нашата земја. Исто така, од почетокот на пандемијата, нашите болници и во Турција и на балканските земји беа ценети и од локалните здравствени власти и од локалната јавност, благодарение на успешно третираните „Ковид-19“ пациенти. Наша цел е да го продолжиме овој тренд на успех што го постигнавме во приватниот здравствен сектор на Балканот, со ставање во функција на нашите болнички комплекси, кои ќе ги привлечат пациентите со својата здравствена инфраструктура и капацитети за кревети, што ќе започнеме да ги градиме наскоро во Северна Македонија. Нашата цел за во иднина е да ја продолжиме мисијата за претставување на турскиот здравствен сектор во странство, што успешно ја извршувавме досега, и да извршуваме социјално одговорни активности и заради јавното здравје и здравствениот сектор во нашата земја и во земјите во кои инвестираме. XКога X почна да работи Санте Плус во Македонија и какви капацитети имате во земјава сега? Санте Плус Македонија го започна својот работен век во 2010 година со активности во секторот истражување на пазар и здравствен туризам. Нашите пациенти контактираа со нашите болници во Истанбул преку нашиот здравствен центар во тоа време, и тие одеа во Турција на лекување преку нашата установа основана овде. Особен интерес имаше за здравствените бранши како што се онкологија, радиохирургија, хируршрки третман на рак и неврохирургија. Со текот на времето, бројот на пациенти кои заминуваа на лекување во нашите болници во Турција се зголемуваше како резултат на успешните третмани кои беа спроведени нa претходните пациенти, кои имаа навистина прекрасно искуство при престојот во Турција во Санте Плус. Со тоа Санте Плус болниците станаа познат и доверлив здравствен бренд за македонскиот народ, особено во одделите за кои е потребна напредна технологија и експертиза. Ова, се разбира, ни причини задоволство и нé охрабри да инвестираме во оваа земја во име на здравјето. Како прво, започнавме да ги опслужуваме нашите пациенти во Скопје со отворање поликлиника во 2012 година, а потоа во 2015 година, ја отворивме нашата прва болница во Ѓорче Петров во Скопје. Конечно, во 2019 година, ја отворивме нашата втора болница во градот и го комплетиравме нашиот ланец на услуги. Денес, нашите болници во Северна Македонија, кои опслужуваат 24/7 во сите здравствени бранши како што се гинекологија, ИВФ, ортопедија,

урологија, ОРЛ, офталмологија, дерматовенерологија, медицина на труд и интерна медицина, се меѓу најуспешните и најефикасните болници во нашата групација. Нашите болници во Северна Македонија, со нашиот здравствен персонал и здравствени технологии на високо ниво што ги воспоставивме заедно со нашите лекари и медицински сестри од македонско и турско потекло, станаа препознатливи и во други земји и од јавното мислење во земјата и од нашите пациенти од другите соседни земји во регионот. Особено, нашата акушерска клиника, која има највисок број на раѓања во Северна Македонија во споредба со сите други приватни болници, и гранките како био - потпомогнато оплодување, ОРЛ и орална хирургија, каде што примаме пациенти на лекување дури и од соседните земји, нé прават горди со нивниот успех. Освен тоа што нашите болници обезбедуваат најквалитетна услуга за луѓето во Северна Македонија под најповолни услови, тие исто така прифаќаат пациенти од Косово, Србија и Албанија и обезбедуваат девизен прилив во земјата. Во исто време, придонесуваме за економијата на земјата благодарение на инвестициската средина и вработувањата што ги овозможуваме благодарение на нашите институции. Покрај тоа, ние продолжуваме да испраќаме голем број на пациенти месечно за радиохирургија и неврохирургија во нашите болници во Истанбул со цел да ја добијат најдобрата здравствена услуга соодветна на нивните здравствени потреби. XКоја X е според вас најголемата конкурентска предност за Санте Плус болниците? Групацијата за болници Санте Плус ги започна своите активности со принципот „Здравје за сите“ и не направи отстапки со текот на годините. Нашата цел е да стигнеме до секој наш пациент и да ги спроведеме нивните третмани со највисок квалитет и прифатливи економски услови. Пред да се започне со третманот, првата обврска на секој наш доктор е на пациентот да му даде детални информации за третманот, да го започне третманот откако ќе се добие согласност од нашиот пациент и откако ќе сме сигурни дека нашиот пациент е комплетно информиран за неговата здравствена состојба, и во секоја фаза од третманот, пациентот да е информиран за состојбата и текот на лекувањето. Најважната карактеристика по којашто болниците Санте Плус се издвојуваат од другите болници е емпатијата на вработените во нашите институции. Најважната карактеристика што ја бараме при изборот на нов вработен во која било дејност е способноста на тој вработен правилно да комуницира со пациентите секогаш кога е потребно, и да сочувствува со пациентот кога е најпотребно. Од друга страна, медицината е динамична наука која постојано се развива. Поради оваа причина, ние ја продолжуваме нашата работа без прекин со цел да ги следиме промените, развојот и новите техники


БИЛАЛ КАРА ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР И СОПСТВЕНИК НА САНТЕ ПЛУС ГРУПАЦИЈА

17

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Нашата групација, која моментално работи во Турција, Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово, се стреми да ги претстави во најдобро светло турската медицина и турскиот здравствен систем во приватниот здравствен сектор во овие земји. Нашата здравствена групација нуди услуги на Балканот со турски и локални лекари и медицински сестри во 12 различни гранки на медицината.

и методи на лекување со текот на годините. Постојано инвестираме во нова опрема, следејќи ги најновите технологии. Ние придонесуваме за дополнителна доедукација и експертиза на нашите лекари и медицински сестри и им овозможуваме да присуствуваат на програми за обука и конгреси за да бидат во тек со новите методи и техники на лекување. Покрај тоа, ние се стремиме да ги информираме за развивање и обновување на методите на лекување преку организирање семинари и конгреси не само за нашите сопствени лекари, туку и за сите лекари од Северна Македонија, заедно со Лекарската комора на Северна Македонија и Министерството за здравство. Како болници Санте Плус, освен приватните болнички услуги, ние исто така спроведуваме многу проекти за општествена одговорност за поддршка на луѓето во Северна Македонија. Заедно со невладините организации и Амбасадата на Република Турција во Скопје обезбедуваме бесплатни здравствени услуги на граѓаните со нашите доктори и медицински сестри со тоа што повремено формираме теренски болници, особено во селата каде што нема пристап до здравствени услуги. Дали болниците на Санте Плус се вклучени во системот на приватно здравствено осигурување, дали имате договори со македонските осигурителни компании? Секако. Сите корисници на приватно

здравствено осигурување можат да ги искористат можностите за лекување во нашата болница во рамките на сопственото осигурување. Покрај тоа, имаме договор со македонскиот државен здравствен фонд за био - потпомогнато оплодување и им даваме услуги на овие пациенти во рамките на здравствениот фонд. Дали нудите здравствени услуги за македонските граѓани коишто можат да бидат извршени само во Санте Плус во Турција и каков е интересот за нив? Во текот на последните 10 години, стотици македонски пациенти успешно се лекуваа во нашата болница Санте Плус во Турција. Нашите пациенти сè уште ја препорачуваат нашата болница во Турција во области за кои е потребен специфичен третман, како што е онкологија, операција на мозокот и 'рбетниот мозок, и тие се консултираат со нашите лекари во Турција со пријавување на нашиот оддел во Скопје. Плановите за лекување подготвени од нашите специјалисти лекари во Турција според заболувањата на нашите пациенти им се презентираат додека сè уште се во Северна Македонија, а фазите на лекување им се објаснуваат во детали. Кога нашите пациенти ќе одлучат да заминат во Турција, дочекувани се на аеродром со сопствен преведувач на мајчин јазик и возило, а ги сместуваме заедно со нивната придружба во удобни соби во нашата болница. За време на нивното лекување, обезбеден е за нивните потреби преведувач кој може

СЕП. 2021

да зборува македонски/албански за нивниот престој во болницата да биде олеснет. Нашиот пациент е под контрола на неговиот лекар за цело време при неговото лекување, при исписот од болница, но и по враќањето во својата земја, а информациите за неговата здравствена состојба постојано се следат и контролираат. Како Ковид пандемијата влијаеше врз работењето на болниците од Санте Плус Групацијата? Почетокот на пандемијата навистина го афектираше приватниот здравствен сектор како и сите сектори. Ги известивме државите каде имаме институции дека сме подготвени да им помогнеме со целата наша болничка инфраструктура во случај на каква било мобилизација. Всушност, ние успешно ги завршивме процесите за дијагностицирање и лекување на овие пациенти во нашите болници со воспоставување на ковид единици во многу наши болници. Кај некои од најтешките случаи и во случаи кога капацитетите за интензивна нега се ограничени, ги испраќавме нашите пациенти во нашите болници во Истанбул со авионски амбулантни возила, дозволувајќи им да го продолжат третманот таму. Од друга страна, полицискиот час во рамките на мерките за изолација што започнаа во Северна Македонија и во други земји го отежнаа пристапот на болниците на пациентите кои не се заразени со Ковид, освен за итни здравствени услуги. Многу пациенти


СЕП. 2021

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Најважната карактеристика по којашто болниците Санте Плус се издвојуваат од другите болници е емпатијата на вработените во нашите институции. Најважната карактеристика што ја бараме при изборот на нов вработен во која било дејност е способноста на тој вработен правилно да комуницира со пациентите секогаш кога е потребно, и да сочувствува со пациентот кога е најпотребно.

имаа тешкотии да доаѓаат во болниците за да го продолжат својот рутински третман започнат пред пандемијата. Поради оваа причина, ние, како здравствена групација, веднаш формиравме единица за домашно лекување и нега во рамките на нашите болници и започнавме да ги спроведуваме третманите за овие пациенти во нивните домови без потреба да доаѓаат во болница. Овие мобилни здравствени тимови, составени од лекар и медицинска сестра, беа присутни во домовите на пациентите со мобилна здравствена опрема и се грижеа за пациентите за да не се влоши нивната дијагноза и да има континуитет во потребниот третман. Како друг проблем, со зголемувањето на бројот на пациенти заболени од Ковид, многу одделенија на јавните болници ги прекинаа своите активности и започнаа да се трансформираат во ковид центри. Во овој период, ние исто така се обидовме да го затвориме јазот во однос на јавното здравје со изведување на одредени операции во нашите болници. Кажете ни нешто повеќе за вашата друга општествена улога, онаа во економската дипломатија? Како бизнисмен кој работи со години во странство, сметам дека економската дипломатија е многу важна. Според мое мислење, ние деловните луѓе треба да се стремиме да бидеме претставници на нашата земја во областа на бизнисот со кој се занимаваме во странство и да се стремиме да ги одржуваме добрите односи со локалните деловни луѓе во оние земји каде што работиме бизнис на највисоко ниво. Заради истото, работам активно во деловниот совет Турција - Северна Македонија при ДЕИК (Одбор за

надворешни економски односи) што работи под Министерството за економија на Република Турција, каде од 2017 година два мандати сум и претседател. Во нашиот Бизнис совет, има компании од високо ниво и деловни луѓе кои инвестираат во бизниси, особено во Турција и Северна Македонија. Нашата примарна цел е да ја максимизираме меѓусебната соработка преку зголемување на трговските и инвестициските односи меѓу двете земји, заедно со нашата партнерска организација, Стопанската комора на Северна Македонија. Со активностите во последните четири години, се обидовме да ги доближиме трговските и инвестициските можности на Северна Македонија на потенцијалните инвеститори во Турција, за да можат да инвестираат во оваа земја, да придонесат за вработување и да ја развијат економијата во земјата. Во прилог на ова, ние гарантираме дека комерцијалните односи меѓу двете земји ќе продолжат без прекин преку справување со проблемите со кои нашите компании се соочуваат во комерцијалниот живот со одредени институции. Како според вас најдобро може да се зголеми уште повеќе трговската и другите типови на соработка помеѓу Турција и Северна Македонија и какви ќе бидат вашите заложби во таа насока? Турција и Северна Македонија се две земји со многу заеднички историски и културни врски. Откако прогласи независност, Северна Македонија со Турција имаше восхитувачки дипломатски односи во регионот како две братски и пријателски земји.

Работиме континуирано и интензивно со нашите членови на деловниот совет со цел да го видиме ефектот на овие веќе многу успешни дипломатски и културни односи и во областа на економијата. Северна Македонија е земја со многу висок потенцијал, сместена во срцето на Балканот. Во исто време, таа има заслужена позиција да биде сјајна ѕвезда на Балканот во блиска иднина, што покажа голем развој на моментумот со процесите на НАТО и ЕУ што започнаа минатата година. Во светлината на сите овие случувања, сакаме турските бизнисмени да ги зголемат своите инвестиции во износ од 1,2 милијарди долари и да спроведуваат активности со висока додадена вредност во вистинските области во оваа земја. Ние веруваме дека секоја добро планирана инвестиција што треба да се направи во вистинските области во Северна Македонија за многу кратко време би дала одлични резултати. Благодарение на состаноците што ги организираме и со Владата и со стопанските комори и институции во земјата, ние сме во можност да запознаеме сè повеќе турски компании со можностите за инвестирање во оваа земја и да го привлечеме нивното внимание. Цврсто веруваме дека трговскиот обем на двете земји, кој денес изнесува 600 милиони долари, во блиска иднина ќе го надмине износот од една милијарда долари, благодарение на деловните панели, Б2Б состаноци што ги одржавме со учество на нашите компании - членки и компаниите - колеги во Северна Македонија и деловните патувања што ги организиравме за да ја испитаме инвестициската средина на двете земји на лице место. 



СЕП. 2021

20 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

МАПИРАЊЕ НА ЕНЕР


ОДРЖАН ЧЕТВРТИОТ МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ФОРУМ

ГЕТСКАТА ИДНИНА

Каков е придонесот на Западен Балкан кон Зелената агенда на ЕУ; Што значи праведна енергетска транзиција и како Северна Македонија го спроведува тој процес; Природниот гас како транзициско гориво на патот кон енергија без јаглеродни емисии; Идниот развој на обновливите извори на енергија во регионов; „Зелено“ финансирање и расположливи инструменти... беа само дел од темите и прашањата на коишто се дискутираше на четвртиот Македонски енергетски форум што се одржа на 13 и 14 септември во Скопје.

21

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112


СЕП. 2021

22 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

С

еверна Македонија е лидер во Западен Балкан во однос на зелена трансформација и е првата земја во регионот која што прави енергетска транзиција на една термоелектрана во капацитет кој ќе произведува електрична енергија со фотоволтаици, беше посочено на дводневниот Македонски енергетски форум кој по четврти пат се одржа во Скопје на 13 и 14 септември, во организација на ЗИП Институтот, Владата и Амбасадата на САД во земјата, а Капитал беше ексклузивен медиумски покровител. Агим Селами, директорот на ЗИП Институтот посочи дека четвртиот енергетски форум e насочен кон енергетската иднина на регионот и ќе ја мапира енергетската иднина на земјите од Западен Балкан и додаде дека се покажа оти соработката ќе биде главен двигател во иднина. „Ќе зборуваме за напуштање на јагленот како начин на греење и производство на електрична енергија. Знам дека тоа е прилично тешко зашто зависиме од јагленот, но климатските промени влијаат на нашиот секојдневен живот и затоа треба да зборуваме за достапни и чисти извори на енергија. Затоа сакаме да ја зголемиме свесноста на граѓаните за овие прашања“, рече Селами посочувајќи дека важен ресурс во енергетската транзиција е природниот гас. Премиерот Зоран Заев во своето обраќање се осврна на досегашните и на идните енергетски проекти нагласувајќи дека во нив учествуваат повеќе реномирани европски компании. „Ние сме земја на сонцето, тоа сите го знаеме, за жал во минатото истото не било искористено соодветно, меѓутоа сега во последните 3,4 години, во фаза на градба се веќе 60 мегавати на фотонапонски електрани по пат на премиум тарифи, и 100 мегавати во Осломеј по пат на јавно приватно партнерство кој ќе го заменат РЕК Осломеј. Донесовме Закон за стратешки инвестиции, за големите инвеститори да ја препознаат заложбата на Владата и да бидат похрабри во донесувањето на одлуки за инвестирање во Република Северна Македонија. Веќе неколку сериозни инвеститори доставија официјални проекти за стратешки инвестиции како што се WPD од Германија за изградба на 415 мегавати ветерна електрана, EFT Group за изградба на 80 мегавати фотонапонска електрана, неколку сериозни инвеститори искажаа интерес за инвестирање во големи енергетски инфраструктурни објекти како што се Митилинеос од Грција, Akuo Energy од Франција, проекти вредни стотици милиони евра.“ , рече Заев. Тој рече дека земјава во целост го поддржува европскиот зелен договор и зелената транзиција и ја нагласи помошта која што земјата ја добива од Европската комисија во однос на дијагнозата за праведна транзиција и како таа успешно да се спроведе и во нашата земја.

„Зелената транзиција нема да биде успешна доколку не е праведна. Односно, доколку во целиот процес не се земат во предвид и човечката димензија, како и економските и социјалните аспекти. Во услови на здравствено - економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот.“, истакна Заев. Aмбасадорката Кејт Мери Брнз, посочи дека Амбасадата на САД пред четири години го иницираше првиот МЕФ затоа што ја препозна критичната важност за мапирање на енергетската иднина на регионот. „Модерниот енергетски систем ни овозможи да живееме удобно, но не направивме доволно и да се справиме со негативните последици од користењето на фосилните горива. Загадувањето во Скопје предизвикува значителни здравствени проблеми за граѓаните и треба да преземеме мерки во насока на транзиција на енергетскиот систем“, рече Брнз. Таа нагласи дека итно треба да се преземат мерки за справување со климатските промени. „Треба да го промениме начинот на консумирање на енергија и тоа е наша улога во транзицијата што претстои“, рече Брнз и додаде дека САД го прават својот дел со преземање обврска за намалување на емисијата на стакленички гасови до 55 отсто во 2030 година. Фокусирани сме, посочи, да им помогнеме на земјите од овој регион за да се чувствуваат енергетски сигурни во нивниот пат за намалување на користењето на јаглеродот. „Владите ширум Балканот објавуваат планови за финансирање на ОИЕ во наредните шест години и дополнителни инвестиции во преносните капацитети. Ќе ве поддржиме за да можете тоа да го направите“, рече Брнз. Ќе се поддржи енергетската транзиција, прецизира, со фондови за поддршка на зелени проекти.

„Со проактивност и преминување на енергетски ефикасни уреди и подигнување на свесноста за енергетската ефикасност и зелената енергија, со воведувањето на технологиите за намалување на стакленичките гласови ќе се создадат огромен број на работни места. Животот на нашите деца ќе бие многу побезбеден доколку сега успееме да ги ублажиме климатските промени“, потенцира Брнз.

Северна Македонија лидер на Западен Балкан во енергетската транзиција

Курт Донели, заменик помошник на секретарот за енергетски ресурси во американскиот Стејт Департмент, преку видео обраќање од Вашингтон порача дека САД е тука да ја обезбеди енергетската сигурност на своите сојузници и партнери, меѓу кои е и Северна Македонија. „Енергетската сигурност за САД значи дека и нашите партнери имаат пристап до достапни и сигурни извори на енергија. На Балканот гледаме одредени промени во енергетските политики, а сега е време за декарбонизација, затоа што во овој регион доминира јагленот и го зголемува загадувањето. Затоа треба да се преземат мерки за негово постепено напуштање како енергетски извор. Целта е да се направи диверзификација на изворите на енергија и целосно ги поддржуваме мерките зацртани во Зелената агенда на ЕУ. Улогата на САД ќе биде во зголемување на диверзификацијата на изворите на енергија, со цел да се понудат поповолни цени на енергија за граѓаните и бизнисите.“, рече Донели. Тој истакна дека оваа енергетска транзиција ќе бара инвестиции и силни регионални партнерства, а тука се и безбедносните прашања. „Се’ повеќе имаме кибер напади на нашите енергетски извори. Во мај годинава во САД имавме пример за таков голем кибер напад (хакерскиот напад врз цевководот Колонијал којшто пренесува бензин, дизел и авионско гориво за повеќе американски сојузни држави, н.з.) и затоа мораме во иднина да се осигуриме дека целокупната опрема е набавена од сигурни добавувачи, бидејќи безбедноста на


23

ОДРЖАН ЧЕТВРТИОТ МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ФОРУМ оваа опрема е клучна за обезбедување енергија на сигурен начин. Со цел да се елиминираат кибер нападите во енергетската инфраструктура, енергетската транзиција ќе се реализира со силна меѓународна соработка. За таа цел, САД ги обнови своите партнерства, го зазеде своето лидерско место и секоја земја треба да се приклучи во овие напори“, порача Донели. Флоријан Ермакора, шеф на Одделот за соседски политики и меѓународни односи во Директоратот ЕНЕР при Европската комисија, исто така се обрати преку видео врска од Брисел и рече дека во моментов, околу 8% од глобалните стакленички гасови доаѓаат од ЕУ и затоа треба да се соработува со партнерите на Западен Балкан. „Лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот во 2020 во Софија се посветија на мисијата до 2050 кај нив драстично да се намалат емисиите на јаглерод. Имаме впечаток дека Северна Македонија е лидер во поглед на оваа иницијатива, од она што го гледаме во моментов, и другите треба да ве следат. Гледаме дека имате зацртано висок процент на намалување на емисии на јаглерод до 2030 година, од 66%. Исто така гледаме дека сте посветени на решавање на проблемите врзани со РЕК Осломеј и РЕК Битола, слушнавме и дека транзицијата кон обновливи извори за вас е важно прашање и ви честитаме за тоа“, рече Ермакора. Тој додаде дека транзицијата кон чиста енергија значи дека треба да се преземат практични чекори и да се земе предвид дека сето ова ќе има влијание на голем број сектори, економски и во животот на луѓето. „Особено е важно за Северна Македонија да постави цели за декарбонизација и заедно со нас од ЕУ да направиме предлози за реформирање на законската регулатива. Природниот гас е добар за транзицискиот период, но треба внимателно да се разгледа неговата понатамошна улога.“

Гасификацијата клучен момент во енергетската транзиција

Министерот за економија Крешник Бектеши говореше на панел сесијата насловена „Придонесот на Западен Балкан кон Зелениот договор на Европската унија„ „ Северна Македонија е прва држава што изработи Национален план за енергија и клима кој опфаќа декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност кој ќе биде донесен во октомври оваа година“, кажа министерот Бектеши и додаде дека Северна Македонија е лидер меѓу земјите договорни страни на енергетска заедница со изготвувањето на овој план. Министерот потенцираше дека енергетската транзиција поттикнува намалување на стакленичките гасови поради што се размислува за затварање на термоцентралите во земјата, но и изградба на нови хидроцентрали, гасни централи и зголемени инвестиции во изградба на фотонапонски централи.

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

ЗОРАН ЗАЕВ премиер

Во услови на здравствено - економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот. Северна Македонија во целост го поддржува европскиот Зелен договор и зелената транзиција и особено е значајна помошта која што ја добиваме од ЕУ во однос на дијагнозата за праведна транзиција и како таа успешно да се спроведе и во нашата земја.

КЕЈТ МЕРИ БРНЗ

амбасадорка на САД

Модерниот енергетски систем ни овозможи да живееме удобно, но не направивме доволно и да се справиме со негативните последици од користењето на фосилните горива. Треба да го промениме начинот на консумирање на енергија и тоа е наша улога во транзицијата што претстои. Фокусирани сме да им помогнеме на земјите од овој регион за да се чувствуваат енергетски сигурни во нивниот пат за намалување на користењето на фосилните горива. Животот на нашите деца ќе бие многу побезбеден доколку сега успееме да ги ублажиме климатските промени.

АГИМ СЕЛАМИ

директор на ЗИП институтот, организатор на настанот

Четвртиот енергетски форум е насочен кон енергетската иднина на регионот и ќе ја мапира енергетската иднина на земјите од Западен Балкан. Се покажа оти соработката ќе биде главен двигател во иднина. Ќе зборуваме за напуштање на јагленот како начин на греење и производство на електрична енергија. Знам дека тоа е прилично тешко зашто зависиме од јагленот, но климатските промени влијаат на нашиот секојдневен живот и затоа треба да зборуваме за достапни и чисти извори на енергија. Затоа сакаме да ја зголемиме свесноста на граѓаните за овие прашања.


СЕП. 2021

24 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

ТАТКОТО НА СВЕТСКАТА МЕГА ЅВЕЗДА ДУА ЛИПА ЗБОРУВАШЕ НА МЕФ 2021

Д

укаѓин Липа, на пошироката јавност веројатно најпознат како таткото на мега светската ѕвезда со потекло од Косово, Дуа Липа, беше ексклузивен гостин говорник на сцената на Македонскиот енергетски форум. Оние што ја познаваат работата на г-дин Липа не се изненадени од неговото присуство на Форумот, затоа што тој е значајно инволвиран во разни „зелени“ иницијативи, програми и проекти, како што е на пример Sunny Hill фестивалот што се одржува во Косово, еден од првите музички фестивали во светот, со вградена мисија да биде eco – friendly фестивал. „Првото издание на фестивалот беше во 2018 година, покрај Дуа Липа, се разбира, имавме и голем број на други актрактивни имиња од светот и регионот, а се трудиме да промовираме еколошка одржливост, да ја зголемиме свесноста кај младите и сите останати, за тоа дека мора да ја прифатиме идејата за одржлива енергија и развој. Имаме соработка со УНДП, коишто се заинтересирани заеднички да го промовираме рециклирањето, што е многу важно за фестивали како нашиот, каде што се собираат многу луѓе и се создаваат големи количини на пластичен, стаклен отпад и сл.“, рече Липа. Липа е и советник на главниот менаџер за иновации во американскиот стартап Faraday Future, чијашто цел е не само развој на електрични возила, туку и целосен интелигентен екосистем за мобилност што ќе ги стимулира сите да се движат, поврзуваат, дишат и живеат слободно. „Целиот пазар на електрични возила

е во насока на чист еколошки превоз и зачувување на животната средина. На Западен Балкан, поради релативно нискиот животен стандард, се’ уште не сме масовно заинтересирани за електричните возила, но како што ќе станува нивната цена подостапна, верувам дека оваа перцепција ќе се смени.“, смета Липа. Липа е инволвиран и во стратешкиот развој на транспортот на иднината Hyperloop од Лос Анџелес, директор е на Republika Communications, и одговорен за односите со јавност и менаџментот на активностите на неговата ќерка, пејачката Дуа Липа.

“Министерството за економија во 2019-2020 година успешно спроведе тендерски постапки за доделување на право на користење на премија за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште за вкупен инсталиран капацитет од 62 MW, по што беа склучени вкупно 35 Договори за право на користење на премија. Досега изградени се вкупно 4 фотонапонски електроцентрали на приватно земјиште со инсталиран капацитет од 2,5 MW. Минатиот месец беше објавен нов Јавен оглас за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали на приватно земјиште за вкупен инсталиран капацитет од 80 MW и истиот е отворен до 05.10.2021 година“, кажа министерот Бектеши и потенцираше дека покрај ова Владата даде согласност за изградба на две фотонапонски централи по принцип на јавно-приватно партнерство со вкупен инсталиран капацитет од 100 MW и ќе се

градат на постојната инфраструктура на ТЕЦ Осломеј.“ Бектеши потенцираше дека гасификацијата на Македонија е уште еден клучен момент за енергетската транзиција и диверзификација на енергетските ресурси. “Во моментов има еден прекуграничен гасовод со Бугарија, имајќи ги предвид целите за намалување на емисии на стакленички гасови и енергетската ефикасност, како и за подобрување на сигурноста во снабдувањето со конкурентни цени, целта на Македонија е да се спроведат проектите за изградба на гасоводи на природен гас кон Грција, Косово и Србија. Преку гасоводот кон Грција, Македонија може да пристапи до Транс-јадранскиот гасовод преку грчкиот преносен систем (DESFA), кој носи природен гас од Каспискиот регион во Европа, но исто така ќе овозможи пристап до светските пазари и на ТНГ преку Грција. Се очекува овој проект да овозможи пристап до ликвидни пазари

Дукаѓин Липа не е познат само по менаџирањето на кариерата на неговата ќерка, пејачката Дуа Липа, туку е инволвиран и во повеќе проекти и иницијативи за зелена енергија и одржливо живеење. „Јас сум роден во Приштина, вљубен сум во својот роден град, иако живеам во Англија 30 години. Кога ќе видиме што се случува на Западен Балкан, сфаќаме дека не напредуваме со посакуваното темпо, повеќе сакаме да сме во конфликт едни со други, одошто да соработуваме. Со планетарниот успех на Дуа, докажавме дека луѓето од Балканот се талентирани, креативни и дека напорно работат. Сега треба како што знаеме да соработуваме едни со други надвор од Балканот, така да соработуваме и дома. Се надевам дека тоа ќе го постигнеме со помош на музиката и уметноста.“, порача Дукаѓин Липа на крајот.

и да го стимулира влезот на трговци на природен гас на македонскиот пазар. Ова ќе овозможи поголема конкуренција и пазарно поставени цени на природниот гас што ќе обезбеди одржливост на секторот, со конкурентни цени. Во моментов, проектот е во фаза на финализирање на меѓусебната физибилити студија по што треба да следи поднесување на апликација за финансирање и започнување со изградбата“, кажа министерот и додаде дека гасоводот кон Србија и Косово може да обезбеди дополнителен алтернативен извор и можност за транзит.

Не само „зелена“, туку и праведна енергетска транзиција На Македонскиот енергетски форум се дискутираше и за тоа како ќе се одвива енергетската транзиција во Македонија, односно што значи заложбата таа да не биде само “зелена“, туку и праведна. На панелот „Праведна транзиција: сеопфатен приод кон премин на чиста


25

ОДРЖАН ЧЕТВРТИОТ МАКЕДОНСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ФОРУМ енергија“, директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, рече дека тие се веќе почнати со енергетската трансформација – во РЕК Осломеј е во изградба нивна сопствена фотонапонска електрана од 10 мегавати која што во октомври треба да е готова; исто така во процедура е проект за уште една таква електрана, од 10 мегавати. ЕСМ исто така, штотуку потпиша договор за голема фотонапонска електрана од 100 мегавати преку јавно приватно партнерство, со партнери од Турција и Бугарија. „Овие капацитети од вкупно 120 мегавати со фотоволтаици, всушност го покриваат капацитетот на РЕК Осломеј која работи на јаглен, што значи се врши целосна супституција со енергија од обновливи извори“, објасни Ковачевски. Што се однесува до ситуацијата со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во Македонија, којашто работи на јаглен лигнит, трансформацијата во обновливи извори ќе оди во неколку фази. “Прво, ќе се прави подготовка и тендерска документација за изградба на гасна ко-генеративна електрана со моќност во прва фаза од 200 мегавати, подоцна до 400 мегавати, којашто ќе се користи и за загревање на Битола и околните населени места. Таа ќе биде супституција на двата блока од РЕК Битола. Планираниот почеток на работите за оваа инвестиција се од наредната година и завршување до 2026 година. Исто така, во кругот на РЕК Битола планирани се пет фотонапонски електрани, прво две од по 10 мегавати, како во Осломеј, потоа една од 40 мегавати и на крајот две од по 50 мегавати, коишто ќе бидат по принципот на јавно – приватно партнерство. И уште еден важен проект во Битoла е топловодната мрежа, со што освен загревањето на градот и околината, ќе се намали загадувањето“, истакна Ковачевски. Гасната електрана, фотонапонските централи и топлификацијата се инвестиција од вкупно 350 милион евра од страна на ЕСМ. Ковачевски додаде и дека се работи на зголемување на капацитетот на производство од обновливи извори и на други локации, како во Кавадарци, на пример, каде што ЕСМ има хидроелекетрана и можност да се изгради 100 мегаватна фотонапонска електрана, а тука е и препораката на Владата да и се даде на ЕСМ концецијата за иградба на најголема фотонапонска електрана од 350 мегавати на местото каде што требаше да биде изграден карго аеродромот во Штип. Тоа би била најголема фотонапонска електрана во овој дел на Европа. Паралелно се работи на зголемување на капацитетите за производство на енергија од ветер, во Богданци да се зголеми капацитетот со уште четири турбини и да се заокружи инсталираната моќ на 50 мегавати, а во почетна фаза е и новиот ветропарк во Миравци, исто така од 50 мегавати. „Целта на сите овие проекти е да се засили енергетската трансформација којашто е во тек, а за којашто имаме највисоки оцени од Европската енергетска заедница за ваквиот начин на пренамена на изворите од јаглен во

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

ВАСКО КОВАЧЕВСКИ

генерален директор на ЕСМ

Планираната гасна електрана во Битола, фотонапонските централи кај РЕК Осломеј и подоцна кај РЕК Битола, топлификацијата во Битола се инвестиции од вкупно 350 милиони евра од страна на ЕСМ и дел со јавно – приватно партнерство. Работиме и на зголемување на капацитетот на производство од обновливи извори и на други локации – фотоволтаици, ветропаркови, водна енергија. Целта на сите овие проекти е да се засили енергетската трансформација којашто е во тек, а за којашто имаме највисоки оцени од Европската енергетска заедница за ваквиот начин на пренамена на изворите од јаглен во обновливи.

КУШТРИМ РАМАДАНИ

генерален директор на МЕПСО

Бележиме растечки тренд на барањата за приклучување на обновливите извори на енергија на електроенергетската преносна мрежа. ‘Зеленото’ сценарио од Националната стратегија за развој на енергетиката предвидува до 2040 година да се интегрираат 750 MW од ветерници и уште 1350 MW од фотонапонски електрани, а интересот за ОИЕ веќе сега е надминат за два-три пати. АД МЕПСО има две важни задачи за исполнување, најпрво да создадеме услови за да им овозможиме на обновливите извори на енергија да се приклучат на преносната мрежа и второ, да ја менаџираме произведената енергија.

ШТЕФАН ПЕТЕР

претседател на УО на ЕВН Македонија

Транзицијата кон енергија добиена од вода, сонце и ветар е важен процес, за кој требаат сериозни финансиски средства и уште веднаш треба да почнеме да работиме на соодветно информирање за сите аспекти од овој сложен процес, бидејќи цената за неговата реализација ќе ја платиме сите. Притоа треба да внимаваме и на создавање на систем кој ќе се базира на балансирана енергија, бидејќи неопходна ни е континуирана одржливост. Имено, јас сакам да готвам или да гледам ТВ и кога не дува ветар, а за тоа треба да се обезбедат балансирани извори на енергија.


СЕП. 2021

26 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

обновливи“, вели Ковачевски. Прашањето е колку ќе биде праведна оваа енергетска трансформација? Што ќе стане со луѓето што работат во РЕК Битола, во рудниците на јаглен и сл.? Што ќе стане со компаниите што соработуваат со РЕК Битола или РЕК Осломеј, како транспортери, добавувачи, логистика и сл.? Ковачевски вели дека во ЕСМ прават напори ниту еден вработен да не ја загуби работата и паралелно со капацитетите ќе се врши и социјална транзиција. На пример, приватните инвеститори во фотонапонската електрана од 100 мегавати ќе повлечат 100 вработени од ЕСМ. Потоа, како што објасни Ковачевски, новите капацитети – гасните електрани во Битола и Гази Баба – Скопје, хидрокапацитетот Чебрен, исто така голема стратешка инвестиција во најава, ќе повлечат дел од вработените. „Паралелно со оние што ќе заминат во пензија, подготвуваме и социјални пакети за оние што имаат уште неколку години, да заминат предвреме во пензија. “, вели Ковачевски.

Зголемувањето на интересот за обновливи извори на енергија си носи свои предизвици

Куштрим Рамадани, генерален директор на преносниот електроенергетски оператор МЕПСО, рече дека забележуваат растечки тренд на барањата за приклучување на обновливите извори на енергија на електроенергетската преносна мрежа. “Зеленото сценарио од Националната стратегија за развој на енергетиката предвидува до 2040 година да се интегрираат 750 MW од ветерници и уште 1350 MW од фотонапонски електрани, а интересот за ОИЕ веќе сега е надминат

за два-три пати. Интегрирањето на ОИЕ како клучен дел од планот за енергетска трансформација е вистински предизвик за операторите на преносните системи. АД МЕПСО има две важни задачи за исполнување, најпрво да создадеме услови за да им овозможиме на обновливите извори на енергија да се приклучат на преносната мрежа и второ, да ја менаџираме произведената енергија. Досега до нас стигнаа барања за приклучување на мрежата од 2000 MW за ветерни електрани и преку 1000 MW за фотоволтаици”, истакна тој. За ефикасна интеграција на ОИЕ која ќе доведе до транзиција на зелена енергија, рече Рамадани “потребни се инвестиции во електропреносната мрежа, зголемување на капацитетот и нејзината ефикасност со воведување на паметни технологии, стриктни правила за балансирање но и засилена регионална соработка, платформа за балансирање и воведување на системи за складирање на енергијата”. Стратегијата за развој на енергетиката која што беше донесена во 2019 год. предвидува до 2040 год. да се намали потрошувачката на енергија за 27% а учеството на ОИЕ да се зголеми од сегашните 18% на 45 %. Во таа насока беше и главната тема на форумот, како да продолжи енергетската трансформација кон зелена енергија, како да се дојде до инвестиции и како од социјален аспект да се справиме со повисоките цени што доаѓаат, било да е тоа од данокот за јаглен или од поскапата струја добиена од ОИЕ. Штефан Петер, претседател на УО на ЕВН Македонија, рече дека неговата компанија целосно ја поддржува транзицијата на енергетскиот сектор и

спроведувањето на „Зелениот договор“ во земјата и дава свој конкретен придонес. Но, за да го реализираме успешно овој процес не е доволно да имаме само цел, неопходно е да имаме и план и тоа на две нивоа, технички и финансиски, истакна тој. „Покрај прецизен технички и финансиски план, потребна е и подготовка на мрежата, која е стара повеќе од 100 години и нема можност за двонасочност, со што енергијата само се испорачува до корисниците, но тие не можат да ги вратат и продадат вишоците што ги создаваат. Транзицијата кон енергија добиена од вода, сонце и ветар е важен процес, за кој требаат сериозни финансиски средства и уште веднаш треба да почнеме да работиме на соодветно информирање за сите аспекти од овој сложен процес, бидејќи цената за неговата реализација ќе ја платиме сите. Притоа треба да внимаваме и на создавање на систем кој ќе се базира на балансирана енергија, бидејќи неопходна ни е континуирана одржливост. Имено, јас сакам да готвам и да гледам ТВ и кога не дува ветар, а за тоа треба да се обезбедат балансирани извори на енергија“., рече Петер. Имајќи го предвид искуството на ЕВН во повеќе земји, компанијата веќе реализираше неколку проекти кои создадоа солидни предуслови за оваа голема транзиција. Компанијата работи на зголемување на свеста за енергетска ефикасност, а е една од првите компании која создаде инфраструктура за поголемо користење на електричните возила во земјата. ЕВН изгради систем на 50 електрични полначи, кои овозможуваат поголема електро мобилност во земјата.

nnn



INTERVIEW

СЕП. 2021

28 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

САШКО ДАЕВ директор на РЕХАУ Дооел Скопје

СО НАШИТЕ РЕШЕНИЈА СЕКОЈ ИЗГРАДЕН КВАДРАТЕН МЕТАР ДОБИВА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ Интернационалната компанија РЕХАУ на македонскиот пазар е активно присутна веќе 22 години. Компанијата е водечки светски бренд за решенија кои се засновани на полимери, во градежниот, автомобилскиот и индустрискиот сектор, со повеќе од 21.000 вработени во целиот свет. Разговаравме со г-дин Даев околу тоа што значи квалитетот и иновативноста на решенијата на РЕХАУ, меѓу кои препознатливи за широката јавност се прозорските системи, за благосостојбата на живеењето и работата во резиденцијалните и деловни простории каде што се вградени.


29

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ XГX дин Даев, објаснете ни го значењето на РЕХАУ како инженерскиот напредок го подобрува секојдневниот живот и работа на луѓето – какви решенија нуди компанијата, кои се ваши соработници и клиенти? Во последниве децении, РЕХАУ прерасна во силен, меѓународен бренд во деловното опкружување. Инсталaтeрите, производители на прозорци, архитектите и градежните компании го познаат и веруваат во брендот РЕХАУ. РЕХАУ претставува техничка експертиза, висок квалитет и партнерство. Со нашиот нов слоган „Инженерски напредок. Подобрување на животот’’ ги поврзуваме двата света: Инженерски напредок, кој означува долгогодишно искуство на РЕХАУ во полимерни материјали, технологии и процеси. Подобрување на животот го претставува влијанието на производите на РЕХАУ врз животот на нашите крајни клиенти. Без разлика дали станува збор поздрав или поудобен живот, нашите производи директно или индиректно го подобруваат квалитетот на животот за секого. РЕХАУ е во бизнисот со прозорски решенија од 1974 година, и со својата иновативност, од деценија во деценија само го има доведувано до совршенство прозорскиот систем, а со постепеното поскапување на трошоците за греење, се повеќе до израз доаѓа значењето на квалитетниот прозорски систем со добра изолација, за еден стан, куќа или деловен објект. Кога станува збор за енергетски ефикасни прозорци, на сцена стапува U -вредноста на прозорците. U вредноста е коефициентот на топлотна спроводливост. Тој служи за оценка на топлинската изолација на еден прозорец и ја одредува количината на топлина која протекува низ една површина од 1 m² за еден час. Колку е пониска оваа вредност, толку е поголема топлинската изолација. Нашите прозорци имаат врвни вредности од 0,85 W/m²K. Тоа е извонреден напредок ако ви го кажам фактот дека конвенционалните прозорци со едноставно застаклување се со U-вредности од просечно 5,8 W/m²K. Прозорците на РЕХАУ поседуваат и индивидуално безбедносно засилување, кое го отежнува нивното насилно отворање. Повеќе од една третина обидите за насилно отворање се неуспешни, благодарение на безбедносната опрема, која ја имаат, а различните нивоа на звучна изолација овозможуваат, престој во сопствените четири ѕида, без да се слуша бучавата однадвор. Така се зголемува квалитетот на живеењето. Нашата главна цел е да градиме мрежа на производители коишто на најквалитетен можен начин ќе ги преточуваат нашите системи во готови прозорци и заслужено ќе го носат епитетот “РЕХАУ партнери“. Градежните компании во Македонија, кои строго се држат до своите принципи за создавање на квалитетни градби и станови со трајни вредности, се повеќегодишни купувачи на прозорци од

Исклучително сум горд на фактот што во Македонија во моментов се користи најголема количина на енергетски ефикасни градежни материјали на ниво на цел регион, дури во некои сегменти може да се споредиме со Австрија, се разбира мерено по број на жители, куповна моќ и сл. системите на РЕХАУ. Тие се етаблирани како изведувачи на квалитетни објекти и станови, на коишто најголем дел од становите им се веќе продадени во текот на нивната градба. XОбјаснете X ни малку повеќе за вашиот најпрепознатлив производ – прозорските системи: во што се состои нивната уникатност? Најсофистициран е прозорскиот профил ГЕНЕО, кој овозможува висока енергетска ефикасност. ГЕНЕО е направен од иновативен материјал Рау-фипро, засилен со стаклени влакна. Материјалот е претходно применуван само кај тркачките спортови и авионската индустрија. РЕХАУ е првиот производител во светот, кој започна да ги комбинира најдобрите својства на ПВЦ -то и стаклените влакна. Сега во профилот има уште поголем удел на стаклени влакна, и тоа за 50% повеќе. Тоа е прозорскиот профил Рауфипро-икс, со исклучително високи перформанси, којшто овозможува т.н. изолациска моќ со вредност од само 0,73 W/m²K а со вградување на тројно изолациско стакло, може да се постигне 0,60 W/m²K. Прозорскиот профил ГЕНЕО, со својата изолациска моќност 0,73 W/m²K, единствен на пазарот, во својата класа, е одлично препознаен од крајните корисници во Македонија, па така се вградени огромен број на ГЕНЕО прозорци во приватни и деловни објекти. Во 2021 година следејќи го трендот во светот, кога се повеќе се зголемува популарноста на лизгачките врати и прозорци со големи димензии, бидејќи се совршена можност за

создавање на импресивна и автентична архитектура, РЕХАУ воведува ново системско решение за лизгачки врати и лизгачки прозорци на пазарот. Лизгачкиот систем Синего Слајд е врвно решение за ситуации каде што е потребна максимална и рационална искористеност на внатрешниот простор, бидејќи од него се изработуваат лизгачки балконски врати но и лизгачки прозорци. Така делот од просторот околу прозорците останува слободен. XПознато X е дека РЕХАУ има и други производи во областа на градежните материјали. За што конкретно се работи? РЕХАУ има голема понуда на производи кои наоѓаат важна примена во градежништвото. Важен сегмент се производите од дивизијата објектна техника. Во овој дел РЕХАУ е понудувач на врвни решенија и системи за површинско греење и ладење. Тоа се системи, кои во земјава добиваат се’ поголема примена. Ако пред 20 – тина година имаше еден површински систем за греење, она што го викаме подно греење, денес овој систем е многу поразвиен и истиот наоѓа примена и во лето, кога треба просториите да се ладат. Со еден систем, се добива систем за греење во зима и за ладење во лето. Само една споредба: за да загреете една просторија со радијатор, треба влезна температура од 60-65 степени, а влезната температура на подното греење е 35 – 40 степени. Тука веќе имаме 50% помалку енергија за да се загрее и помали трошоци на крајот за корисниците, што е исклучително


СЕП. 2021

30 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Производителите на прозорци, покрај тоа што од РЕХАУ ги добиваат прозорските профили за производство, тие од РЕХАУ добиваат и техничка експертиза, едукација, а при изградба на големи објекти и финансиска поддршка, каде што има прозорци во вредност од 500-600 илјади евра. РЕХАУ целосно стои зад своите партнери.

РЕХАУ – ПОВЕЌЕ ОД 7 ДЕЦЕНИИ ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКА СУПЕРИОРНОСТ

У

спехот на РЕХАУ се темели на иновации. РЕХАУ постојано работи на забрзување на технологијата и придвижување на дигиталната трансформација. Инвестициите во нови производи, процеси и бизнис модели се всушност инвестиции во иднината на компанијата. Пазарот е подложен на постојани промени. Барањата на нашите клиенти се менуваат. Потребни се производи, кои ќе бидат убедливи не само во однос на квалитетот, туку кои имаат и дополнителни функции. Следејќи го чекорот на времето, кое се наоѓа во засилена дигитализација, РЕХАУ создаде паметен прозорец кој проветрува додека е затворен на пример, паметен систем за заштита на прозорците од насилно отворање, паметно засенување на прозорците, паметен регулатор на температура во просториите, паметен контролер на вода, паметна чешма. РЕХАУ постојано се фокусира на нови полиња на работа, нови материјали, нови технологии и нови бизнис модели.

важно за нив. Системот обезбедува рамномерна распределба на топлината во целата просторија. Така, не се создаваат студени или премногу топли зони. Системот е управуван од софистицирана автоматика, која овозможува регулирање на собната температура онлајн преку интернет. Не помалку важен да се спомене е системот за водоводна инсталација во објектите од РЕХАУ, кој овозможува да се задржи квалитетот на водата за пиење, има исклучителна улога за хигиената на водата, како најважен елемент за животот. На овој начин, практично, се заокружува целината: добра термичка изолација на објектот со фасада со камена волна, во комбинација со доброизолирачки прозорец, заедно со површински системи за греење и ладење – добиваме објект каде што потребната енергија да се загрее или излади е сведена на минимум. Како домашниот пазар ги прифаќа овие енергетско – ефикасни решенија за објектите, на задоволително ниво ли е свесноста за потребата од вакви производи? Исклучително сум горд на фактот што во Македонија во моментов се користи најголема количина на енергетски ефикасни градежни материјали на ниво на цел регион, дури во некои сегменти може да се споредиме со Австрија, се разбира мерено по број на жители, куповна моќ и сл. Минатите години цената на прозорските системи беше пресудна, но денес пресудна е побарувачката е висококвалитетен производ. Градежните компании во Македонија, кои се држат на висок квалитет во нивната градба, во голема мера ги користат решенијата на РЕХАУ, особено прозорските решенија, но има случаи кога во објектите се вградува целата програма на РЕХАУ, како што е системот за водоводна инсталација, системот за површинско греење и ладење и секако заедно со останатите градежни квалитетни материјали становите добиваат голема додадена вредност. Почнавте во 2000 година со претставништвото во Скопје, а сега функционирате на три пазари. Како течеше развојот на РЕХАУ Дооел Скопје? Од 2000 година РЕХАУ Македонија ги опслужува пазарите во Македонија и Косово, а од 2004 и пазарот во Албанија. Во Косово имаме претставништво со четворица вработени, исто така и во Тирана имаме своја канцеларија со двајца вработени. Вкупно сме 25 вработени, а почнавме пред дваесетина години со мало претставништво во центарот на Скопје, и 4-5 вработени. На сите три пазари најпрво беа воведени прозорските системи, за денес РЕХАУ да има околу 25% пазарен удел во прозорските системи во Македонија, 22% во Косово, а во Албанија процентот е понизок, затоа што во оваа земја традиционално е популарен алуминиумот во прозорските системи, но има растечки тренд во изминативе неколку години.


31

САШКО ДАЕВ ДИРЕКТОР НА РЕХАУ ДООЕЛ СКОПЈЕ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Еден од најважните фактори во еден објект е греењето, а стремежот на сите станари нормално е, како тој трошок да биде поекономичен. За поголема економичност при потрошувачката на енергија, потребна е нејзина заштеда, односно спречување на непотребно губење на топлината низ прозорците. Прозорските системи на РЕХАУ, од коишто најсофистициран е прозорскиот профил ГЕНЕО, овозможуваат висока енергетска ефикасност. Високите изолациски вредности овозможуваат ниска потрошувачка на енергија и тоа до 76% помалку енергија, отколку кај старите прозорци.

XКако X влијаеше пандемијата врз работењето на вашата компанија? Минатата, 2020 година, започна многу добро. Првите два месеци беа одлични, градежништвото зеде замав, имаше побарувачка за системите на РЕХАУ. Веќе март и април месец особено, поради карантините и полициските часови што ги наметна пандемијата, градежните активности драстично паднаа, за потоа од месец мај повторно да се размрда пазарот. Во текот на летните месеци, со оглед на фактот што голем број граѓани не заминаа на одмори надвор од земјата, па ни внатре, решија да го искористат времето и парите, да ги реновираат своите домови, викендички и сл. Така, во втората половина од годината, ние успеавме 2020 ја завршивме според планот. Карактеристично е што на крајот на годината во билансите, предност од некаде 60% спрема 40% имаа нарачките

СЕП. 2021

од индивидуалните домаќинства споредбено со градежните компании, додека годинава соодносот на е повторно 50% спрема 50%. XОбјаснете X ни ја вашата релација со партнерите - производители на прозори...која е предноста за двете страни од таа соработка? Покрај тоа нашите клиенти од РЕХАУ го добиваат материјалот, тие добиваат и техничка поддршка и едукација, а при изградба на големи објекти и финансиска поддршка, каде што има прозорци во вредност од 500-600 илјади евра. РЕХАУ целосно стои зад своите партнери. Преку 90% од нашите партнери компании кои произведуваат прозорци, се лиценцирани од РЕХАУ и постојано контролирани од наша страна за квалитетот на производството. Нашата цел е да имаме партнери, кои ќе растат заедно со нас. Многу од нив партнери, се навистина професионално

опремени и може да држат чекор со производители од Австрија, Германија... И не само што произведуваат за домашниот пазар, туку и извезуваат во земји од ЕУ. Некои постигнуваат капацитет и до 200 единки во смена, но обрнуваат внимание на квалитетот на производот, за да не може купувачот од странство да најде замерка. Нашите партнери, производители на прозори се дисперзирани низ цела Македонија, имаме партнери во речиси секој град од земјава. Некои се и повеќе од 15 години со нас, и во овие 22 години само двајца производители престанаа да работат со нас, нешто по нивна, нешто по наша одлука. Кога ќе видиме дека квалитетот паѓа, РЕХАУ ја прекинува соработката. Квалитетот ни е на прво место, сакаме здрав раст, а не само брз раст. nnn


СЕП. 2021

32 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

САД СМИСЛИЈА КАКО ДА ПРОДОЛЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРОПСКИ РЕФОРМИ

ЕСТОНИЈА НИ СТАНУВА ЗЕМЈА – ПАРТНЕР ЗА ДИГИТАЛИЗИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ УСЛУГИ

Целосна трансформација на јавните услуги преку дигитализација се ветува со новиот проект поддржан со 350 илјади долари, американски и естонски пари што ќе влезат во Македонија. Главната цел на проектот што е насочен во повеќе области е искоренување на корупцијата во административните процеси и целосна модернизација што ќе води до поквалитетни услуги кон граѓаните. Носител на проектот дома е Секретаријатот за европски прашања.


33

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

А

мериканско – естонски обид за продолжување на македонската европска агенда ќе се одвива во полето на дигитализацијата - Естонија ќе го сподели своето искуство од дигитализацијата за да помогне на Македонија и да ги дигитализира своите јавни услуги и да продолжи напред кон Брисел без оглед на ветото од Бугарија. Владата потпиша Меморандум за разбирање меѓу македонскиот Секретаријат за европски прашања и Естонскиот центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е - управување, со којшто се дефинираат областите на соработка, и тоа во мапирање на моменталната состојба во однос на дигитализацијата и е - управувањето, подготовка и предлагање решенија за подобрување на правната, рамката на политики и институционалната рамка за дигитализација и е - управување, како и размена на експертиза и искуство во однос на моделите за интероперабилност и дигитализација на јавните услуги помеѓу страните. Првата фаза од проектот се фокусира на дигитализација и е - управување, а во план е и создавање силен национален јавен медиумски сервис и засилување на одбраната од сајбер нападите. Почетната 18-месечна фаза на проектот ќе се финансира со грант од 250.000 американски долари од САД и 100.000 долари од Естонија. Проектот ќе го спроведува Естонскиот центар за меѓународен развој (ЕСТДЕВ) со седиште во Талин, кој работи под покровителство на Министерството за надворешни работи на Естонија. Експертите на ЕСТДЕВ се веќе на терен во Скопје од 19 септември за да ги утврдат фактите и за да разговараат со владата, претставниците на граѓанскиот и приватниот сектор и донаторската заедница, за да утврдат каде точно нивните средства би можеле да бидат од најголема корист за напредокот на процесот на дигитализација на Македонија. На прашањето дали овој проект е насочен кон надминување на блокадата од Бугарија, од амбасадата во Скопје одговорија дека САД немаат намера да ги заоструваат прашањата со Софија ниту пак да и конкурираат на ЕУ во Македонија, туку да бидат партнери на процесот. Главната цел, според најавите, е поради блокадата на Бугарија на почетокот на преговорите со ЕУ, да се задржи моментумот во реформите бидејќи Македонија нема време за губење. Целиот проект не го гледаат како алтернатива на ЕУ или против Бугарија, туку како помош на Македонија да продолжи со реформите, оти во Македонија ветото делуваше многу деморализирачки. Според оценките во амбасадата, ако се спроведе правилно дигитализацијата, таа значајно ќе помогне во борбата против корупцијата, како во Естонија, и ќе ја зголеми јавната доверба во институциите. Естонија, велат тие, се соочи со истите преодни предизвици во 1990-тите години со кои се соочува Северна Македонија денес, и преку ЕСТДЕВ може да ги примени научените лекции од нејзиното

СЕП. 2021

НИКОЛА ДИМИТРОВ вицепремиер за европски прашања

Дигитализацијата е важен аспект од процесот на европеизација бидејќи ќе се подобри квалитетот и ефикасноста во обезбедувањето на услуги за граѓаните, ќе се осигури континуитетот и непречената работа на институциите, но воедно е и успешна алатка во борбата против корупцијата. Пренесувањето на естонското искуство во соработка со стратешки партнер како што е САД е одлична можност да создадеме успешна дигитална приказна во Северна Македонија. реформско патување на денешната ситуација овде. За Соединетите држави геостратегиски интерес е Македонија да биде демократска и просперитетна. Тие очекуваат дека проектот, покрај промовирањето на дигитализацијата, ќе и даде на Владата извор за совети и насоки додека продолжува со реформите. Покрај тоа, оваа иницијатива може да обезбеди основа за двете земји да соработуваат во други клучни сектори, како што се младите, граѓанското општество и приватниот сектор, станувајќи на некој начин земји партнери. На прашањето зошто токму Естонија, од амбасадата посочија на неколку факти. Во 1990 -тите, Естонија се соочи со слични предизвици како Северна Македонија денес. Одливот на мозоци, корупцијата и внатрешните етнички поделби беа сериозни предизвици за аспирациите на земјата кон ЕУ и НАТО, како и за целокупната стабилност во регионот. Земјата успешно се справи со овие проблеми, а денес се истакнува како успешна приказна и модел за други земји кои преземаат слични транзиции. Таа е приближно со иста големина како Северна Македонија и се соочи со внатрешни поделби по етничка линија што се заканија да ја поткопаат безбедноста на земјата. Во Естонија имаше ниско ниво на јавна доверба, таа страдаше од значителна миграција и се мачеше во справувањето со корупцијата. Денес се смета за успешна приказна на ЕУ – една од најдигитализираните земји во светот, стабилен НАТО сојузник со високо ниво на доверба во јавноста и со значително подобрена етничка кохезија, порачаа од амбасадата на САД. Првата средба на заменик претседателот на Владата задолжен за европски

ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР

заменик помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски работи

За Бугарија, без оглед на тоа каков е исходот на изборите - нашите пораки ќе бидат исти, дека билатералното прашање не треба да го блокира стратешкиот императив за влегување на овие земји во Европската Унија. Има решенија и имаше некои добри решенија за решавање на ова билатерално прашање меѓу Северна Македонија и Бугарија. Значи, ние ќе притискаме без разлика на се. Ова е билатерално прашање, тие го направија мултилатерални и сега не засега сите. прашања Никола Димитров со тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од Амбасадата на САД се одржа неделава и таму се реафирмираа целите на проектот и беа прецизирани активностите кои ќе се спроведуваат во следниот период, при што вицепремиерот Димитров ја нагласи важноста на процесот на дигитализација во контекст на процесот на европска интеграција и се заблагодари за партнерството и поддршката со кои се унапредува принципот на добро управување. „Дигитализацијата е важен аспект од процесот на европеизација бидејќи ќе се подобри квалитетот и ефикасноста во обезбедувањето на услуги за граѓаните, ќе се осигури континуитетот и непречената работа на институциите, но воедно е и успешна алатка во борбата против корупцијата. Пренесувањето на естонското искуство во соработка со стратешки партнер како што е САД е одлична можност да создадеме успешна дигитална приказна во Северна Македонија“, вели Димитров. Овој проект претставува прва трилатерална соработка меѓу Северна Македонија, Естонија и Соединетите американски држави, насочено кон поддршка на процесот на приближување кон европските стандарди и напредок во европската интеграција. Предвиден е и студиски претстој во Естонија за претставници од домашните јавни институции, помош при развој и спроведување на посебно ИТ-решение, како и размена на експертиза и искуства при развојот на алатките за комуникација за подигање на јавната свест во однос на примената на ИТ-технологии во земјава.

Американска интервенција во застојот на европските интеграции

Иако, официјално од САД велат дека овој


СЕП. 2021

34 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Во 1990 -тите, Естонија се соочи со слични предизвици како Северна Македонија денес. Одливот на мозоци, корупцијата и внатрешните етнички поделби беа сериозни предизвици за аспирациите на земјата кон ЕУ и НАТО, како и за целокупната стабилност во регионот. Земјата успешно се справи со овие проблеми, а денес се истакнува како успешна приказна и модел за други земји кои преземаат слични транзиции. Една од најдигитализираните земји во светот, стабилен НАТО сојузник со високо ниво на доверба во јавноста и со значително подобрена етничка кохезија

проект не треба да се сфаќа како обид за преземање на кормилото во заглавениот процес на македонските европски интеграции, американски дипломатски извори што ги цитираше СДК јасно велат дека се загрижени и дека сметаат дека блокадата за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ) ги загрозува геостратешките интереси за безбедност на регионот и Југоисточна Европа. Тие, како земја што не е членка на ЕУ бараат начин деблокадата да се изведе со европска земја-партнер која цврсто ќе застане зад Македонија во Унијата. Ова, особено откако не успеа ангажманот на Германија за време на нејзиното претседавање со ЕУ минатата година да го деблокира проширувањето. Впечатокот на САД е дека иако сите европски земји, освен Бугарија, декларативно, а некои и со конкретни потези го поддржуваат членство на Македонија, сепак ниту една од нив не се зафатила отворено да ја поддржува и да ја застапува во институциите на ЕУ, како на пример што беше случајот со Германија и Хрватска од 1990-те. Загрижувачки е и тоа што во Македонија по бугарското вето е падната поддршката за ЕУ на околу 50% со страв дека може да се приклонуваат кон други интереси.

Во меѓувреме, американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи Габриел Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа прати јасна порака дека за Вашингтон е неприфатлива блокадата од Софија. Тој вели дека постојат и други начини да се реши ова прашање, без да се блокира европската интеграција на Македонија. „Јас нема да ја отфрлам загриженоста на една малцинска група во Европа. Но, тоа е билатерално прашање, а тие го претворија во мултилатерално прашање, што не засега сите нас. Постојат компромисни решенија и ние ги охрабруваме да се однесуваат конструктивно и стратешки за да се реши ова прашање. Постојат и други начини за да се адресира ова прашање, освен блокирањето на нивната интеграција во Европската Унија“, вели Ескобар. На прашањето дали претстојните избори во Бугарија ќе сменат нешто во односите меѓу Бугарија и Македонија, Ескобар со став: "За Бугарија, без оглед на тоа каков е исходот на изборите - нашите пораки ќе бидат исти, дека билатералното прашање не треба да го блокира стратешкиот императив за влегување на овие земји во Европската Унија. Има

решенија и имаше некои добри решенија за решавање на ова билатерално прашање меѓу Северна Македонија и Бугарија. Значи, ние ќе притискаме без разлика на се. " Американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи порачува дека американската политика на Балканот е конзистентна што подразбира целосна поддршка за европска интеграција на земјите од Западен Балкан. Сепак посочува дека земјите треба да ги исполнат реформите за да ги усогласат нивните интереси и вредности со оние на Европската Унија. „Малку е разочарувачки да се види дека и после 20 години откако го нашуштив Балканот, бидејќи таму бев во 2001 година, дека нема многу напредок во оваа област. Така што се надевам дека преку американското партнерство и американските пораки и американскиот ангажман, можеме да ги вратиме двете страни на вистинскиот пат. Овој беше еден од најспорите процеси на проширување досега. Кога ќе погледнете колку брзо тој процес се одвиваше за другите земји во регионот. Би сакале да ја вратиме таквата динамика “, вели Ескобар во интервјуто. nnn


35

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Иако Американците официјално велат дека овој проект не треба да се сфаќа како обид за преземање на кормилото во заглавениот процес на македонските европски интеграции, американски дипломатски извори откриваат дека САД се загрижени и дека сметаат оти блокадата за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ) ги загрозува геостратешките интереси за безбедност на регионот и Југоисточна Европа

ПОМОШ И ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Министерката за образование и наука, Мила Царовска после состанокот со делегацијата од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на САД на кој се разговараше за планираните активности во делот на дигитализацијата на образованието и развојот на дигиталните вештини, преку проект поддржан од Естонскиот центар за источно партнерство (ЕЦИП) и финансиран од Естонија и САД, изјави: „Проектот којшто го започнува Секретаријатот за европски прашања, а е во насока на поддршка на дигитализацијата во Северна Македонија МИЛА ЦАРОВСКА е дел од приоритетите на Владата за министерка за образование носење европски вредности дома, меѓу кои и дигитализацијата на образованието. Министерството за образование и наука е мапирано како релевантно министерство за споделување искуства и информации, како и за состојбите во однос на дигитализација на процеси и услуги во образованието, со цел поефективно планирање и дефинирање на понатамошните активности на проектот“, велат од МОН. Целта на проектот, како што додаваат, е да се споделат најдобри практики и искуства од естонската дигитализација, а дел од активностите на проектот вклучуваат: обуки и менторство за релевантните државни службеници и институции во Северна Македонија, развој и имплементација на решение за е -управување и техничка поддршка и управување со промени. Проектот ќе се спроведува во времетраење од 18 месеци, а почнува преку средби и заеднички работилници со претставници од релевантни институции и други чинители од Северна Македонија.


СЕП. 2021

36 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

ВИКТОР СТОЈМАНОВСКИ МЕНАЏЕР НА СУРОВИНИ ВО БИМИЛК

СО ОБУКИ, ПОДДРШКА И ПОМОШ ЗА ФАРМЕРИТЕ, БИМИЛК КОН ДОЛГОРОЧНО ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА МЛЕКОТО


37

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Во пресрет на 70-годишнината од своето постоење, Битолска млекара и денес претставува најголем производител на млеко и млечни производи и лидер на македонскиот пазар во овој сегмент. Со обемот на својата работа, пристапот, политиките што ги креира кон квалитетот на конечниот производ и партнерскиот однос со фармерите, претставува најголем фактор со влијание врз целокупната млечна индустрија во државата. Виктор Стојмановски, доктор по ветеринарна медицина и менаџер на суровина во Бимилк, ја објаснува улогата на Бимилк во однос на млекото и квалитетот, како и компаниските политики и методите со кои влијае врз пазарот.

Како една од најголемите компании за преработка на млеко, откупувате голем дел од суровото млеко во државата. Врз основа на ова, каков е квалитетот на млекото од македонските фарми? Битолска млекара е најголем производител на млеко и млечни производи која следната година ќе прослави 70 години од своето работење. Денес компанијата може да се пофали со годишен капацитет за преработка на над 40 милиони литри сурово млеко и производство на повеќе од 50 производи. Бимилк, покрај тоа што е лидер во производство, исто така сме лидер и во откуп на сурово млеко. Токму затоа, при откупот особено внимание се обрнува на квалитетот на суровото млеко. Секој литар откупено млеко мора да ги задоволува законските критериуми за квалитетна суровина. За да се дојде до тоа особено внимание се обрнува на изворот, фармата од каде доаѓа суровината. Секоја фарма, секој млекопроизводител претставува значаен дел од ланецот на производство на млеко. Квалитетот на откупеното млеко зависи од повеќе фактори, почнувајќи од начинот на молзење, дали е рачно, со молзалици, со систем за молзење, следно е опремата за молзење и нејзиното миење, дезинфекција и складирање (чување) и како последна фаза до преработката е запазување на ладниот ланец. Години наназад Бимилк е во постојан контакт со фармерите и со спроведените обуки и честите консултации, секоја година има напредок и на квалитетот и на количината млеко. Со постојаните посети, обуки и воопшто комуникација со нив работиме на долгорочно подобрување на квалитетот на млекото. Битолска млекара има воспоставено релации со фармерите веќе подолго време. Каква е оваа соработка и што е во основата на ова партнерство? Дали ги стимулирате и како влијаете врз вашите кооперанти? Зад секој успешен бизнис мора да постојат две страни кои даваат свој максимум за да успеат. Така и Бимилк не може да биде најголема без своите кооперанти кои се и наши најважни партнери. Соработката помеѓу Бимилк и фармерите е од самите почетоци. Со постојани посети, комуникација и стручни совети, соработката се одвива во континуитет. Партнерството меѓу нас и фармерите се базира на взаемната соработка која резултира со просперитет на двете страни – ние добиваме квалитетна суровина, а фармерите континуиран и постојан развој. Нашиот пристап се заснова врз постојана комуникација и соработка со фармерите, затоа што кооперантите се нашите најважни партнери и нивната економска стабилност за нас значи континуитет на добри производни резултати. Имаме долгорочна цел и стратегија


СЕП. 2021

38 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

за одржување и развивање на македонската база за производство на сурово кравјо млеко, па со тоа предвидени се и одредени видови помош и асистенција при набавка на сточна храна, земјоделска механизација за поголеми приноси при производство на храна како и фармерска опрема со која се добива како квантитет така и квалитет на суровото млеко. Исто така, треба да се истакне дека во сферата на примарното производство и понатаму основен проблем е обезбедување на евтина добиточна храна, посовремени услови за одгледување, подобрување на расовиот состав на добитокот, подобрување на микробиолошкиот квалитет на млекото и друго. Особено внимание се посветува на програмата за увоз на стелни јуници со кои ќе се подобри квалитетот на сточниот фонд. Ние, како компанија стоиме зад своите фармери како гаранција при увозот на јуниците. Грижата кон своите кооперанти во голема мера придонесува да се одржи постигнатиот стандард како и бренд со врвен квалитет. XИмате X стриктна политика за квалитет како на суровинската база, така и на крајниот производ. Врз основа на што се прави изборот за откуп на сурово млеко? По што се одредува квалитетот на суровото млеко и какви сè контроли се спроведуваат за на крајот да имаме и квалитетни млечни производи? Несомнено, квалитетот на млекото што влегува, како и производот кој излегува е најважен како за нас така и за крајните потрошувачи. Постојано се вложува во овој дел и континуирано се зголемуваат стандардите. Македонското млеко е дел од нашата традиција која треба да ја негуваме и што ни дава обврска да го унапредуваме создавањето, процесот и секако крајниот резултат. Квалитетот на суровото млеко е дефинирано со неколку фактори, меѓу кои се хемискиот состав, вкупен број соматски клетки, вкупен број бактерии, температура на чување и сензорниот квалитет. Целосниот квалитет на млекото што ние го испорачуваме до граѓаните започнува од суровинското млеко, чиј основен квалитет со нашата современа методологија и технологија го надградуваме и на тој начин влијаеме и за зголемување на стандардите на млечната индустрија воопшто на македонскиот пазар. Контролите кои се преземаат секој ден стануваат поригорозни за да може да се одговори на зголемените стандарди. Нашата контрола започнува уште на терен при преземање на количините млеко, а потоа продолжува во нашата лабораторија и надворешните акредитирани лаборатории. Имаме договори како со акредитирани лаборатории, така и со неколку високи установи кои ни асистираат во одржувањето на квалитетот почнувајќи од суровината па се до конечниот производ. XКолкава X улога игра квалитетот на суровото млеко во квалитетот на крајниот производ? Млекото и млечните производи се високо квалитетни производи кои се незаменливи во нашата исхрана, а

особено во исхраната на младите чиј организам е сè уште во развој. За да се одржи нивната хранлива вредност и да може млекото да се преработи потребно е тоа да биде испорачано и употребено со истиот квалитет кој е добиен при молзење на здрави, добро чувани и правилно хранети животни. Без квалитетна суровина не може да се добие квалитетен конечен производ. Така и во млечната индустрија доколку немате квалитетна суровинска база, не може да се добие квалитетен млечен производ. Млеко со добар хемиски квалитет, добри микробиолошки параметри, чувано и транспортирано со запазен ладен ланец е гаранција за добивање на производи со врвен квалитет. XДали X и во кој степен фармерите млекопроизводители имаат удел во квалитетот на суровото млеко? Млеко добиено од здрави и правилно хранети животни е гаранција за понатамошен успех и напредување. За да се добие квалитетна суровина потребно е здраво стадо кое е чувано во објекти кои одговараат на сите стандарди за запазување на благосостојбата на животните. За добра профитабилност на една фарма најмногу придонесува добриот фармерски менаџмент. Со примена на добриот фармерски менаџмент секој фармер лесно го контролира своето стадо и произведува квалитетно млеко. Трендовите на модерно фармерско производство секојдневно се прошируваат и зголемуваат и доколку не ги следиме нема да може да се добие потребната суровина онака како што стандардите наложуваат. Работиме на развој на млекопроизводството преку воведување на современи техники и технологии, осовременување на фармите, едукација на фармерите, за да се обезбедат доволни количини на сурово млеко со квалитет кој ги задоволува највисоките светски стандарди. Поддршката што Бимилк им ја дава на своите кооперанти е во насока на стимулација на фармерите и во насока на градење и негување на долгорочните партнерски односи со нив, со цел да се обезбеди доволна количина квалитетно сурово млеко, што пак е и предуслов за квалитетни млечни производи. XКои X се светските трендови во производството на сурово млеко? Потребите за здрава и квалитетна храна секојдневно се зголемуваат. За да може да го прати трендот на раст и развиток секој фармер мора да ги применува светските стандарди. Иако се дефинирани како основи за развој на модерна фарма, сепак станува збор за опсежна листа од мерки што треба да се следат, како набавка на генетски квалитетно стадо кое има потенцијал за производство на квалитетно млеко, придржување до стандардна исхрана, во доволни количини. Исхраната е исклучително важна, затоа што во спротивно и квалитетот и квантитетот на млекото ќе варира во тек на една година. Еднакво се внимава и на начинот на чување на животните, така што потребен е објект каде се запазени сите услови за благосостојба на животните – стандардни лежишта, по можност да биде пуштен

систем на држење, добри амбиентални услови со обезбедена питка вода во секое време. Правилниот фармерски менаџмент е неспорно силен фактор. Примена на сето ова треба да придонесе за економска искористливост на животните – лактација од 305 дена, една година едно теле, зголемена литража на млеко во лактација. Секој фармер за да успее, мора да ги прати модерните трендови на фармерско производство и да учи од добрите практики на фармерите во светот. Како добар пример може да се земе развојот на фармерското чување на молзни крави во Кина, каде правејќи ги модерните трендови и со плански развој за краток период успеваат да добијат фарми со крави со висока лактација. Прво почнале со правилна генетска селекција на грлата и замена на старите со нови со висок генетски потенцијал. Потоа се преземени чекори во унапредување и примена на фармерскиот менаџмент со навремена набавка на доволни количина храна, правилен ремонт на стадото – замена на непродуктивните со нови млади јуници, избалансирана исхрана, примена на софистицирана опрема за следење на кравите, употреба на роботи за молзење и на крај употреба на квалитетна генетски тестирана сперма за вештачко осеменување на кравите. Многу битен фактор во развојот на фармите е превенирана заштита на кравите од појава на маститиси. Појавата на маститис – воспаление на млечната жлезда на кравите доведува до големи финансиски штети кај фармерите. Првин млекото од животните не смее да се употребува поради присуството на антибиотик – една финансиска загуба, ветеринарскиот третман со антибиотици – втора загуба и доколку не се преземе навремена терапија може да дојде до пресушување на кравата пред време, па дури и до нејзино угинување – што е најголема финансиска загуба. Модерните трендови предвидуваат правилна исхрана за време на лактацијата, особено во периодот пред и после засушување. Нашата пракса и советодавните услуги на фармерите се бонус за понатамошен развој и развиток на сточарството. XМакедонската X млечна индустрија подолго време се соочува со пад на сточниот фонд и количините на сурово млеко што се нудат, па каква е состојбата во моментов? Има ли некакви поместувања во позитивна насока? Развојот и перспективите на млекарството во Македонија треба да се градат интегрирано, а посебно значаен дел во реформите треба да се посвети на интензивирање на примарното производство, подобрувањето на квалитетот на суровото млеко. Според својата структура и ориентација краварските фарми, во најголем дел се традиционални и нископродуктивни со 2000 до 3000 литри млеко по крава во лактација. Најмногу преовладуваат фармите со големина до пет грла. Фармите кои поседуваат одреден потенцијал за производство на млеко се фармите со големина од 21-50 грла кои се специјализирани за


39

ВИKТОР СТОЈМАНОВСKИ МЕНАЏЕР НА СУРОВИНИ ВО БИМИЛК

млекопроизводство и се применува соодветна технологија на одгледување. Тоа се мали семејни фарми кои имаат најголем потенцијал за развивање и напредок. Во одржливоста на фармите големо влијание имаат и климатските услови и температурните разлики. Ова беше тешко и суво лето и приносите на храна не се на задоволително ниво. Сепак, во последните години има благо стабилизирање во овој дел кое се должи на развојните политики и можностите за просперитет на фармерите. Млечната индустрија е одржлива и нема пречки за тоа, но за подобар стопански напредок потребно е овој развој во чекор да го следат и фармерите млекопроизводители. XШто X и е потребно на млечната индустрија на среден и долг рок со цел да се спречи натамошниот пад на суровинската база, а потоа да се премине и на развојна компонента? Кои би биле вашите клучни барања до креаторите на политиките во оваа област? За да може да опстане млечната индустрија и да се спречи натамошниот пад на суровинската база потребни се системски промени во сите структури на производство почнувајќи од фармерите, млекопреработувачите па се до државните институции. Само со взаемна соработка помеѓу млекопреработувачите, фармерите и релевантните институции, како и со меѓусебна поддршка, размена на искуства и знаење, заеднички ќе оствариме позитивни резултати, раст и развој и одржливост, без оглед од која страна на процесот доаѓаме.

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Зад секој успешен бизнис мора да постојат две страни кои даваат свој максимум за да успеат. Така и Бимилк не може да биде најголема без своите кооперанти кои се и наши најважни партнери. Соработката помеѓу Бимилк и фармерите е од самите почетоци. Со постојани посети, комуникација и стручни совети, соработката се одвива во континуитет. Потребно е воведување на современи техники и технологии, изградба на нови фарми, како и едукација на фармерите за да се обезбеди доволна количина квалитетно млеко кое ги задоволува највисоките светски стандарди. Потребно е навремено и адекватно субвенционирање на фармерите и контрола на субвенциите за да бидат правилно искористени и вложени за развој на фармата. Исто така, како една мерка е доделување обработлива земја за производство на доволни количини квалитетна сточна храна, за да не зависат од увезена храна. Развивање на свеста кај фармерите за задругарство со цел за поефикасно, но и поевтино производство. Фармерите се соочуваат со големи предизвици, од една страна раситнетоста кај производителите, односно големото мнозинство мали семејни фарми, со ниска продуктивност и големи трошоци и од друга страна секогаш присутната опасност и зависноста од временските

СЕП. 2021

прилики и надворешни фактори, како сушниот период и недостатокот на сточна храна од природен извор и неопходноста да се набавува скапо и со задолжување. Фармерите секогаш ќе имаат потреба од помош и поддршка на нивната функција и улогата во синџирот на одржливоста на млечната индустрија. Покрај помошта за фармерите кооперанти која доаѓа од нас потребно е и научните институции да бидат вклучени во советодавни услуги за развој на фармите. Потребно е континуирано инвестирање во македонската млечна индустрија на повеќе различни начини, особено во примарното производство на млеко. Ние продолжуваме со нашата поддршка за нашите партнери кооперанти, бидејќи од исклучителна важност е да вложуваме во квалитетот на примарната суровина доколку сакаме да имаме квалитетни производи на полиците и да ги задоволиме нашите високи стандарди.

nnn


СЕП. 2021

40 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

„АЛКАЛОИД“ СЛАВИ 85 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ ОДБЕЛЕЖАН СО РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА И ДОНАЦИЈА ЗА ДЕТСКАТА КЛИНИКА Ретроспективна изложба за историскиот развој на „Алкалоид“ и донација од четири милиони денари на Клиниката за детски болести од Скопје го одбележаа прославувањето на големиот јубилеј на скопската фармацевтска компанија.

П

рвиот филм за „Алкалоид“ од 1950 година, најстарото кутиче и оригиналното одобрение за производство на лекот „Кафетин“, првите пакувања „Бекутан“, најстарите индустриски машини и голем број други компаниски експонати се поставени во изложбената поставка во Музејот на Град Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“. „Јубилеите вообичаено ги одбележувавме во поширок состав, бидејќи ‘Алкалоид’ е компанија за сите! Приликите за овој јубилеј ни наложија друг формат, па се одлучивме нашето минато и нашата сегашност да ги отвориме за сите! Цела година собиравме драги спомени и на простор од околу 300 м2 ги спакувавме најзначајните моменти од нашата и ваша историја“, истакна

генералниот директор на компанијата, Живко Мукаетов. „Алкалоид“ годинава го започна јубилејот со промовирање на хуманитарниот видеоспот од антологиската „Чукни во дрво“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, во изведба на дечињата од Проектот „Дајте музика“, при што за секој преглед на дигиталните канали, од 10 јуни до 20 септември, компанијата назначи дека ќе и донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести. „Со овој видеоспот дечињата пренесоа пораки на благодарност, оптимизам и емпатија до најзасегнатите општествени категории на граѓани со пандемијата. За сета позитивна енергија и добри мисли, споделени со прегледите на ова видео, одлучивме да донираме наместо еден,

по два денари од преглед или износ од 4.099.448 денари на Клиниката за детски болести во Скопје“, рече Мукаетов. Симболичниот чек децата актери од Проектот „Дајте музика“ и го врачија на проф. д-р Аспазија Софијанова, која истакна: „Сензитивноста во лекување на децата претстави еден голем чекор напред во однос на ова што го правите денес. Сакам искрено да ви се заблагодарам затоа што во овој тежок период она што го покажавте е здравјето пред сè. Здравјето на оние коишто се најранливи, најсензитивни и значат вистинска иднина“. „Алкалоид“ промотивно прикажа уште едно свое јубилејно видео, за кое се користени стари, автентични филмски кадри за фабриката од 1950 и 1962


41

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

Првиот филм за „Алкалоид“ од 1950 година, најстарото кутиче и оригиналното одобрение за производство на лекот „Кафетин“, првите пакувања „Бекутан“, најстарите индустриски машини и голем број други компаниски експонати се поставени во изложбената поставка во Музејот на Град Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“.

година, споени со модерни процеси, кои денес се изведуваат во производствените погони на компанијата. Паралелата меѓу минатото и сегашноста е заокружена со маестралната графика специјално изготвена за алкалоидовиот јубилеј, чиј автор е познатиот македонски уметник Михаил Корубин. Во потрага по безвременски мотив, перцепцијата на овој наш голем уметник се заштитата и моќта, кои се претставени преку човечките раце, и сонцето, кое ја симболизира животната сила, каде што е сместено логото на „Алкалоид“.

Посветеност кон мисијата – глобализација на брендот

По повод големиот јубилеј, генералниот директор и претседател на УО на компанијата, Живко Мукаетов имаше видео обраќање до јавноста, во коешто се осврна на 85- годишниот развој на компанијата, како и за предизвиците и плановите за во иднина. „Почетоците беа скромни, кога во 1936 година во август , покрај патот од Скопје кон Велес беше отворен еден од

најстарите капацитети за преработка на алкалоиди во тогашната југословенска заедница. Од само двете постројки со 15 вработени, денес Алкалоид, после 85 години развој достигна до бројка од 60.000 м2 производни капацитети со над 2.500 вработени, во базата во Скопје и 20-те подружници распоредени во 15 земји во светот.“, ја почнува својата видео порака до јавноста генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид, Живко Мукаетов, по повод големиот јубилеј, 85 години од почетоците на компанијата. Алкалоид денес има годишна продажба од преку 150 милиони евра, а 60% од своето производство пласира во странство, на преку 40 пазари. Изминативе 15 години компанијата има инвестирано 200 милиони евра, во производни капацитети, технологија, лаборатории, истражување и развој, како и во континуирана едукација на своите вработени. „Континуираниот деловен успех и одржлив развој на Алкалоид се должи пред сè на квалитетот на производите, на квалитетот на кадрите кои работат во

компанијата, на брендот Алкалоид и на поединечните брендови копи ги имаме, а кои ги граделе генерации пред нас, години наназад.“, истакнува Мукаетов и додава дека сите во компанијата ќе останат посветени на мисијата за глобализација на брендот Алкалоид. „Алкалоид“ и Фондацијата „Трајче Мукаетов“ на разни начини помагаат во развојот на македонското здравство и фармација, а инвестираат и во културата, спортот, образованието и во други општествени сфери. „Во оваа втора по ред пандемиска година исполнета со бројни предизвици и неизвесности би сакал да се заблагодарам на сите генерации членови на големото семејство алкалоидовци за посветената работа и натчовечките напори вложени за непречено одвивање на процесите. Главни приоритети на ‘Алкалоид’ и понатаму ќе останат грижата за вработените, акционерите, животната средина, деловните партнери, здравствениот систем и здравјето пред сè“, додаде Мукаетов во своето обраќање. nnn


СЕП. 2021

42 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

ЛИЛЈАНА ПАВЛОВА

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕИБ ОДГОВОРНА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

ИНФРАСТРУКТУРАТА, ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЗЕЛЕНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ И ИНОВАЦИИТЕ СЕ ВО ФОКУС НА НАШИТЕ ИДНИ ФИНАНСИРАЊА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Потпретседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова, на 6 и 7 септември годинава беше во посета на земјава, при што оствари повеќе средби со претставници на државниот врв, надлежните финансиски институции, а беше учесник и на првата Годишна конференција на Министерството за финансии на тема „Заздравување и раст по Ковид“. Со Павлова разговаравме околу проектите што ги финансира ЕИБ во Северна Македонија, успехот кредитните линии за поддршка на бизнисите што веќе 13 години се сервисираат преку Развојната банка, како и за понатамошните инвестициски планови поврзани со Западен Балкан.


43

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ XГ-ѓа X Павлова, како ЕИБ ја оценува моменталната состојба на македонската економија во период на сè уште активната борба против коронавирусот и закрепнувањето што очигледно ќе биде долготрајно? Неизвесноста за текот на пандемијата останува, што сериозно ги погодува бизнисите во сите сектори. Анкетата за претпријатија од ЕИБ покажува дека 40 % од компаниите во Северна Македонија биле привремено затворени за време на пандемијата и околу 70% од нив доживеале намалена ликвидност или достапност на прилив и одлив на парични средства. Ова води кон намалување на продажбата и зголемување на невработеноста, која во Северна Македонија забележа 16,4 % во 2020 година. Покрај тоа, 15% од фирмите пријавија јаз во инвестициите, а некои бизниси мораа целосно да се затворат, што може да значи дека влијанијата од пандемијата ќе бидат присутни уште некое време. Истата анкета покажува дека 42% од МСП и понатаму се кредитно ограничени поради неповолните каматни стапки. Затоа, тековната финансиска и политичка поддршка за приватниот сектор во Северна Македонија ќе биде од суштинско значење за брзо закрепнување и адаптација на КОВИД-19 и околностите поврзани со климата. Новата кредитна линија што ЕИБ неодамна ја потпиша со РБСМ за мали и средни претпријатија (МСП) ќе ги реши овие ликвидносни ограничувања и ќе обезбеди финансирање под флексибилни услови. Овој тип поддршка од меѓународните финансиски институции и локалната власт им помага на компаниите да ги ублажат тековните негативни ефекти и да го ублажат шокот предизвикан од непредвидливиот тек на пандемијата. Од позитивната страна, истите анализи на ЕИБ укажуваат дека една четвртина од фирмите во Северна Македонија ја зголемија деловната активност преку интернет за време на пандемијата, додека иновацијата останува еден од силните сегменти на локалната економија. XСпоред X анализата на ЕИБ, кои се најголемите предизвици за македонската економија во наредниот период? Среќни сме што гледаме дека економијата на Северна Македонија постепено закрепнува. Државниот завод за статистика неодамна објави дека економското производство на земјата пораснало за 13,1% на годишно ниво во вториот квартал на 2021 година. Како една од земјите во регионот која во голема мера е зависна од извозот и е високо интегрирана во глобалниот вредносен синџир преку земјите од ЕУ, што се одразува и во посилното производство, повторното стабилизирање на синџирите на производство и снабдување ќе биде од клучно значење за идниот раст. Како понатамошен чекор, политиките треба ефикасно да ги решат клучните

пречки со кои се соочуваат приватните фирми. На пример, образованието на работната сила сè уште е од клучно значење за нив, заедно со неизвесноста настаната од кризата со КОВИД-19. Понатамошното искористување на иновативниот потенцијал на земјата, исто така, ќе ја зацврсти нејзината позиција на глобално ниво. Нашата анализа покажува дека фирмите од Западен Балкан усвојуваат иновации наместо да го водат или да го зголемуваат процесот на истражување и развој. Имплементацијата на приоритетните инфраструктурни проекти останува од огромно значење. За да се забрза процената и подготовката на проектот, ЕИБ активно ја поддржува Северна Македонија да го зголеми својот капацитет за планирање, подготовка и имплементација. ЕИБ е подготвена да игра конструктивна и активна улога во ова опкружување, исто така, во контекст на зголемено локално присуство. XКои X проекти ги поддржа ЕИБ во Северна Македонија во 2021 година? Како сте задоволни од динамиката на реализација на тие проекти и каде има простор за подобрување? Со гордост можеме да кажеме дека веќе ја исполнивме нашата обврска кон регионот во износ од 1,7 милијарди евра, усвоена во мај 2020 година во рамките на финансиската програма Тим Европа за социоекономско закрепнување на Западен Балкан. ЕИБ е убедена дека оваа значителна поддршка ќе ја зголеми отпорноста на локалните економии и ќе ја олесни трансформацијата кон поиздржлив и поодржлив модел. За Северна Македонија, веќе доделивме 100 милиони евра во 2021 година во соработка со нашиот докажан партнер Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) и се надеваме дека средствата ќе бидат брзо исплатени на повеќето погодени компании преку партнерските комерцијални банки. Му се радуваме на претставувањето на Економскиот и инвестицискиот план на Европската комисија со нашата обемна финансиска и експертска советодавна поддршка, која веќе е распоредена во корист на нашите партнери во регионот. XКои X се клучните области на македонската економија што ЕИБ ќе ги поддржи во следниот период? Со закрепнувањето што веќе е започнато оваа година, вниманието треба да се префрли на долгорочниот развој и одржливоста. Освен кон дигитализацијата, како климатска банка на ЕУ, се обидуваме да ги насочиме нашите иницијативи и кон климатско одржливи проекти и ги советуваме компаниите да се справат со негативните климатски влијанија. Сепак, ќе бидат потребни многу повеќе активности за справување со брзите климатски промени со кои се соочуваме. Усвојувањето мерки за енергетска ефикасност не е широко распространето на Западен Балкан, бидејќи повеќето фирми не ги гледаат мерките за енергетска ефикасност како приоритет, според Анкетата за претпријатија од ЕИБ. Проектите што планираме да ги поддржиме во наредниот период се поврзани со одржлива мобилност

и заштита на животната средина. Таков проект е модернизацијата на пругата вдолж коридорот VIII во Северна Македонија, што ќе ги поврзе Бугарија и Албанија. Експертите на ЕИБ од советодавниот тим JASPERS ја поддржаа владата во подготвителната фаза. Вториот проект се однесува на општинското водоснабдување и собирањето отпадни води низ различни општини во Северна Македонија. На долгорочна основа, подобрувањето на здравствената заштита, дигиталната и енергетската инфраструктура, се основните области во фокусот на ЕИБ, заедно со тековната поддршка за приватниот сектор. Приватниот сектор е многу важен за економскиот раст. Така, ние ќе го поддржиме формирањето и финансирањето финансиски инструменти во корист на МСП. XКакви X се резултатите од кредитните линии што ЕИБ ги пласираше досега преку државната Развојна банка? Среќни сме што имаме таков доверлив партнер во регионот како Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) што обезбедува директна поддршка за приватниот сектор. Во време на криза каква што е КОВИД-19, овој тип на соработка е уште поважен бидејќи овозможува итно и ефикасно финансирање на малите и средни претпријатија кои се соочуваат со ограничувања на ликвидноста и обртните средства. Во 2021 година, потпишавме 100 милиони евра финансирање за малите бизниси низ целата земја за да им помогнеме да ги задржат работните места, работењето и производството. Овие средства се дел од финансиската програма на Тим Европа за Западен Балкан, усвоена со појавата на пандемијата, за да се забрза закрепнувањето и економската трансформација. Тоа е комбинирано со поповолни услови како што е исплаќање однапред за да се забрза распоредувањето на капиталот, целосната флексибилност, продолжените рокови на доспевање и пониските каматни стапки. Докажаната 13 годишна успешна соработка помеѓу ЕИБ и РБСМ резултираше со шест договори во вкупна вредност од 550 милиони евра. Пет кредитни линии исплатени претходно поддржаа 2.090 компании во повеќе индустрии, главно за долгорочни инвестиции, додека истовремено беа отворени над 8.000 нови работни места. За да помогне во економската трансформација, ЕИБ истражува нови финансиски инструменти со РБСМ за поддршка на компаниите во усвојување зелени и дигитални деловни модели. XКои X се стратешките точки на кои ќе се фокусира кредитирањето на ЕИБ на среден и долг рок? Што можат земјите од Западен Балкан да очекуваат во иднина како поддршка од ЕИБ? Би сакала да истакнам два сектори кои во моментов се во нашиот фокус – дигиталниот и енергетскиот. Ова се столбовите на економската трансформација кон поиздржлив и поодржлив модел. ЕИБ веќе ја истражува можноста за подготовка и


СЕП. 2021

44 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

финансирање на дигитални проекти во Северна Македонија. Веќе имплементираме два проекти во Србија за поддршка на дигитализацијата на училиштата, во партнерство со локалните министерства и УНИЦЕФ, како и за мали и средни компании преку Европскиот инвестициски фонд, дел од групацијата ЕИБ. Подобрувањето на дигиталните инфраструктура и вештини ќе играат клучна улога во економската конкурентност, а земјите и компаниите кои размислуваат кон иднината ќе можат да добијат предност на глобално ниво. Другата област што е многу важна за ЕИБ е воведувањето ефикасна, сигурна, разновидна енергетска мешавина на Западен Балкан за да се овозможи постепено поместување од производство на јаглен кон ресурси со помали емисии на СО2 и обновлива енергија. Понатаму, мерките за енергетска ефикасност во станбените згради и поддршката за да се приспособат градовите на климатските промени, треба да помогнат во ублажување на загадувањето на воздухот што влијае на животот на луѓето низ регионот. Областа на транспорт ќе треба да претрпи драстични промени, како еден од секторите што сè уште придонесува за зголемување на емисијата на стакленичките гасови, а напорите на ЕИБ за одржлива мобилност веќе се манифестираат преку различните проекти во железничката, водената и урбаната транспортна инфраструктура. Сите овие иницијативи одат рака под рака со нашата климатска амбиција да ја поддржиме Европа да стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година. Патоказот на климатската банка на ЕИБ ја потврди нашата заложба за забрзување на климатските активности и финансирање на одржливоста на животната средина до 50% од вкупниот годишен инвестициски опсег до 2025 година и доделување 1 трилион евра за вакви проекти во текот на оваа деценија. Во овие напори, Западен Балкан нема да биде заборавен и ние веќе распоредуваме разновидна техничка и финансиска поддршка за забрзување на зелената транзиција и подготовка на проекти за обновливи, енергетски ефикасни, еколошки и климатски адаптации. Истовремено, развојот на виталната инфраструктура, особено водата, отпадните води, заштитата на животната средина и здравствената заштита ќе останат во нашиот фокус. Овие сектори се од суштинско значење за зголемување на отпорноста кон идни кризи и ублажување на негативните ефекти од климатските промени што веќе се рефлектираат во регионот преку масивни врнежи, поплави, суши и шумски пожари. Сите овие проекти се составен дел од Економскиот и инвестицискиот план и ЕИБ е подготвена да ги поддржи Северна Македонија и регионот да добијат пристап до инструменти од повеќе милијарди евра за поттикнување на транзицијата кон повисока одржливост на локалните економии. XШто X се разговараше со македонските претставници за време на средбите со нив на 6 и 7 септември во Скопје? Со задоволство ја зајакнавме нашата плодна соработка со премиерот Заев,

Докажаната 13 годишна успешна соработка помеѓу ЕИБ и македонската Развојна банка резултираше досега со шест договори во вкупна вредност од 550 милиони евра. Пет кредитни линии исплатени претходно поддржаа 2.090 компании во повеќе индустрии, главно за долгорочни инвестиции, додека истовремено беа отворени над 8.000 нови работни места. вицепремиерот Битиќи, министерот Бесими и целата влада на Северна Македонија и нашите локални партнери, особено Делегацијата на ЕУ и РБСМ. ЕИБ ќе обезбеди целосна поддршка за забрзување на закрепнувањето од КОВИД, за зајакнување на економскиот и социјалниот развој, првенствено преку приоритетна инфраструктура, како и за дигитализација, зелени инвестиции и

иновации. Во соработка со Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Тимот Европа е подготвен да ја зајакне својата поддршка за зајакнување на земјата на патот кон полноправно членство во ЕУ преку зајакнување на техничката и финансиската поддршка за големата инфраструктура, тековните реформи и процесот на правична транзиција. nnn


Добра ноќ на грижите.

За вашето осигурување не размислувате често, но секој ден живеете со спокојот што ви го дава.

Триглав комплет + Осигурете ги вашето здравје, домот и автомобилот и заштедете до 40% со новиот пакет Триглав комплет+

Сè ќе биде во ред.

triglav.mk


СЕП. 2021

46

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

КАКО ПОРАНЕШНИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР СТАНА МНОГУ ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ФИЛАНТРОПИЈАТА

ИНСТИТУТОТ „ТОНИ БЛЕР“ ВО ПОТРАГА ПО БИЗНИС ВО АФРИКА


47

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

РЕМИ КАРЕЈОЛ новинар

В

Кога ја напушти резиденцијата на британските премиери во јуни 2007 година, оставајќи ја Лабуристичката партија во тотален распад, Тони Блер убаво си ги искористи вредните контакти што ги имаше собрано во текот на неговата деценија на чело на Велика Британија, за да се зафати со меѓународен бизнис.

о африканската држава Мали, националниот суверенитет не е шега. Кога, на 23 март 2021 година, владата, произлезена од државниот удар од 18 август 2020 година,1 објави дека партнерство за „техничка поддршка“ било склучено со Институтот за глобални промени „Тони Блер“, кој ќе ја советува при изработка на нов Устав на Мали, крвта на патриотите повторно зовре. Во памфлет објавен на својата Фејсбук страница, Брахима Фомба, локален експерт по уставно право, протестираше што гледа дојдени странски експерти, кои ги нарече „мршојадци“, како седат на иста маса со министрите, судиите и високите функционери на Мали. За време на прес-конференција на 22 мај 2021 година, Шогуел Маига, еден од лидерите на Движењето на 5 јуни - Собирање на патриотските сили (М5-РФП), опозициска коалиција, ја осуди одлуката како „несреќна“, а која тој ја нарече „навреда за интелигенцијата на нашиот народ, за честа и достоинството на малиските стручњаци“. Во ноември 2020 година, откако преодната влада едвај се инсталираше, емисарите од Институтот, предводен од Тони Блер, веднаш отидоа во Бамако, главниот град на Мали. Малата армија на технократи, школувани во врвните кралски универзитети на Велика Британија и кои управуваат со Институтот „Тони Блер“, вклучува одлични претставници за продажба и маркетинг, кои, според зборовите на еден поранешен соработник, „би продале дури и песок на бедуините“. Поранешниот британски премиер самиот ја финализираше операцијата за заведување со состанок, на 22 март, со привремениот претседател на Мали, Бах Н'Дау. По нивниот состанок, Тони Блер, очигледно многу задоволен, отиде дотаму што, наспроти сите докази, изјави дека периодот на транзиција е „погоден за воспоставување основа за стабилизација“ на самата африканска земја. Два месеци подоцна, на 24 мај, Н'Дау и неговиот тим беа отстранети од своите функции по еден нов пуч, и Институтот „Тони Блер“ ја прекина својата мисија во оваа африканска држава. Иако ова кусо партнерство предизвика голем гнев кај локалните јавни личности, тоа исто така предизвика и неразбирање кај неколку директори или поранешни директори на Институтот „Тони Блер“. „Ова навистина немаше смисла“, проценува еден од нив, а кој бара да остане анонимен. „Институтот се гордее со фактот дека работи на длабински реформи на долг рок. Ова не е улогата на преодниот режим во Мали. Напротив. А да не зборуваме, дека сето ова е еден процес со големо инволвирање на армијата на земјата.“ Оваа неприродна соработка ја илустрира избезумената потрага на Тони Блер за големи и профитабилни деловни договори на африканскиот континент, вклучително и со режими кои не ги почитуваат темелните човекови права или имаат слаб легитимитет.

Искористување на контактите од премиерското време

Кога го формираше Институтот „Тони Блер“ во 2016 година, поранешниот британски премиер дури и инсистираше на непрофитната природа на новата организација и на фактот дека нема да има профит или плата од сето тоа. Така тој се обиде да ги натера луѓето да ги заборават контроверзиите предизвикани од активностите што ги правеше по крајот на вториот мандат како премиер. Всушност, кога ја напушти резиденцијата на британските премиери во јуни 2007 година, оставајќи ја Лабуристичката партија во тотален распад, Тони Блер убаво си ги искористи вредните контакти што ги имаше собрано во текот на неговата деценија на чело на Велика Британија, за да се зафати со меѓународен бизнис. Така, Блер си создаде голем број консултантски фирми и други компании преку заеднички вложувања: Тони Блер Асосиејтс, Виндраш Венчрс Лимитид, Фајраш Венчрс Лимитид, итн. Има потпишано огромни и неверојатни договори со мултинационални компании и влади што ги советувал по највисоки цени: Џеј Пи Морган, Цирих Фајненшел, ЛВМХ, Инвестицискиот фонд на Емиратите Мубадала, владите на Казахстан на Нурсултан Назарбаев, и на Египет на Абдел Фатах Ал-Сиси2... Блер одржал многу профитабилни предавања, а неговиот хонорар често надминувал и 100.000 евра. Во исто време, тој формира и друга непрофитна организација, Африканска иницијатива за управување, која бесплатно им ги нуди своите услуги на африканските држави. Само за неколку години, Блер успеал, според лондонскиот весник Гардијан, да натрупа богатство од најмалку 27 милиони фунти (над 31 милиони евра) и да изгради империја на недвижен имот проценета на неколку милиони евра: околу десет куќи и - дури дваесет и седум станови3. Блер дури може и да се заколне дека неговата мотивација не е да натрупа лично богатство; но, во Велика Британија, контроверзиите растат. Тони Блер е обвинет за неплаќање данок, за мешање бизнис и филантропија, дека направил првото да расте со извлекување корист од второто, па дури и дека го злоупотребил неговиот статус како посебен емисар на Големата четворка за Блискиот исток,4 за да си тера свој бизнис во тој регион. Како и да е, во 2016 година, Тони Блер, во потрага за респектабилност бидејќи неговата популарност пропадна, објавува дека ги затвора своите консултантски фирми и компании со заеднички вложувања за да се фокусира на добротворни активности и борби кои високо ги цени: борба против климатските промени и верски екстремизам, како и поддршка за „добро управување“. „Јас повторно ќе прифатам некои лични консултации за да ги осигурам своите приходи“, тој е многу внимателен во прецизирањето, додека ветува дека ќе се посвети дури 80% од своето време за добротворни цели. Крај на правните субјекти како Тони Блер Асосиејтс и на Африканска иницијатива за управување. Отворено е место за појавување на сцената на Институтот „Тони Блер“.


СЕП. 2021

48

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

Новиот Институт ги зголемува партнерствата, главно во Африка, што му овозможи на Тони Блер да го облече костумот на белиот витез кој е дојден да го извади континентот од својата мизерија. Негов прв „клиент“ е Руанда на претседателот Пол Кагаме.

Многу брзо, новиот Институт ги зголемува партнерствата, главно во Африка, што му овозможи на Тони Блер да го облече костумот на белиот витез кој е дојден да го извади континентот од својата мизерија. Негов прв „клиент“ е Руанда на претседателот Пол Кагаме. „Вие сте човек со голема визија, еден лидер на кој секогаш му се восхитував. Сега ви требаат совети за добро владеење, а јас сум точно таквиот ваш човек“, ќе му рече на претседателот Кагаме во 2007 година во Лондон, според неговиот биограф Том Боуер5. Во следните години, Блер лично го запознава претседателот на Руанда со елитата на светски лидери и бизнисмени, претставувајќи го дури и како олицетворение на модерна и претприемничка Африка, додека внимателно ги изоставува масакрите и грабежите за кои е одговорна армијата на Руанда во соседната Демократска Република Конго или атентатите врз противниците во егзил.

“Единица за успех на премиерот“

Од друга страна, Тони Блер успева да го искористи влијанието кое го има претседателот на Руанда Кагаме врз неговите колеги на континентот, за да ги продаде своите услуги таму. Па, 3 така, Институтот „Тони Блер“ сега советува околу петнаесет африкански влади, вработува 231 лице и - има обрт дури од 46,3 милиони долари (38 милиони евра). На хартија, станува збор за поддршка на структурните реформи и реализација на големи проекти. Тони Блер навистина има намера да го пренесе своето искуство во Африка. „Кога бев британски премиер,“ му има кажано на претседателот Кагаме во 2007 година, „се соочив со сопирачката што може да претставува една владина машина. Воспоставив една т.н. „Единица за испорака“ и тоа беше голем успех. Трансформираше сè.“6 Во 2001 г., за време на неговиот втор мандат, основачот на Новите лабуристи

ефективно ја формираше Единицата за испорака на премиерот, т.е. „единицата за успех на премиерот“. Се работеше за една постојана структура на неколку технократи, директно поврзана со неговиот кабинет и фокусирана на неговите приоритети - вклучително и реформата на јавните служби. Претставено како идеално оружје за размрдување на една вчаурена администрација која не сака да се менува, оваа алатка ја прифатија неколку влади, во Канада, Перу, Саудиска Арабија итн. Но, без некој голем успех. Во белешката објавена во 2017 година, тинк-тенкот Тера Нова, инкубатор на неолиберални идеи во рамките на француската левица, сепак се изјасни во корист на создавање на такви „единици“, притоа признавајќи мешани резултати7. Тони Блер сепак успева да го продава концептот токму на африканските лидери. „Идејата е следна“, резимира еден поранешен вработен во Институтот споменат погоре: „Кога една земја во развој не ги спроведува потребните реформи, затоа што администрацијата е воздржана или затоа што наидува на политички отпор, тогаш ние пристигнуваме на лице место, со нашата кутија со алатки. Поставуваме структура што ќе ни овозможи да ги надгледуваме досиејата и да предаваме понатаму информации. Кога ова се блокира, ние одблокираме користејќи ја нашата директна врска со претседателот.“ Непријател на Институтот „Тони Блер“ не се финансиите, туку администрацијата. „Вистинскиот предизвик не е недостатокот на стратегија на државите, туку времето потребно за извршување на проекти, поради преоптовареноста на администрациите,“ објаснува во 2020 година Антоан Хус, директор во Институтот „Тони Блер“ за франкофонска Западна Африка. „Ние им помагаме да се „спакуваат“ проектите, така што тие ќе бидат фино претставени пред финансиерите“8.

Институтот „Тони Блер“ има голема предност во надминување на ситуации на неподготвеност или на неволност: многу често, неговите совети, финансирани од дарежливи донатори, не ги чинат државите ништо. Па, така, кога Институтот потпиша договор за партнерство со африканската држава Буркина Фасо во 2019 година, претседателството на земјата, кое не плати ништо, доби канцеларија составена од тројца експерти одговорни за обезбедување на имплементација на приоритетите на владата на оваа земја. Билансот? „Многу просечно“, признава еден советник на претседателот Рош Марк Кристијан Каборе, кој исто така бара да остане анонимен. „Досиејата не напредуваа толку брзо како што се надевавме. Не е виновен Институтот „Тони Блер“: тие си завршија добра работа. Но, сопирачките за кои мислеа дека се отстранети, се уште ги има.“ Еден поранешен соработник на Тони Блер зборува за „очигледни успеси“, како во Руанда или Того, но исто така препознава и „многу неуспеси“, пред да отпаднат како Институт: „Честопати, и не правиме многу.“ Друг соработник, кој останува убеден во придонесот на Институтот „Тони Блер“, признава дека Институтот рециклира стари методи, истовремено подобрувајќи ги: „Тоа е всушност ажурирана форма на техничка помош што ја 4 практикуваат со децении традиционалните донатори или приватни фирми, но сега и со поширока мисија. Институтот „Тони Блер“ ги става своите експерти што е можно поблиску до администрацијата: тие ги земаат предвид и техничките ограничувања и политичките прашања. Имам тенденција да мислам дека вака е поефикасно.“

Институтот „Тони Блер“ често се етаблира во земји во развој богати со суровини Во рамките на Институтот „Тони Блер“, интервенцијата во африканската држава Того се смета за успешна.


49

СЕП. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1112

По својот избор на функцијата во 2010 година, претседателот на Гвинеја, Алфа Конде, ги побара советодавните услуги на Тони Блер и - на Џорџ Сорос. Преку своите фондации, Британците и Американците го убедуваа да ги ревидира сите договори за рударските концесии на странски фирми во оваа африканска земја.

Институтот особено придонесе за формирање во Ломе на кол-центар на гигантот на секторот, Мажорел; за потпишување договор со кувајтската компанија Аџилити, за изградба на логистички парк; или дури и за дискусии со ПВХ, американска мултинационална компанија за облека. За Тони Блер, спасот на Африка отсекогаш бил преку приватниот сектор9. „Во сите досиеја што ги надгледувал“, се жали еден поранешен министер од Того, „сепак станува збор за промовирање на неолиберална визија за економијата, зголемување на странските инвестиции и јавно-приватно партнерство.“10 Поддржувачите на поранешниот британски премиер подвлекуваат дека неговите совети се непристрасни. Ова не ја намалува идеолошката и политичката содржина на неговите услуги. „Не е ништо повеќе или помалку од т.н. мека моќ“, констатира еден независен консултант кој го забележува големиот интерес на Институтот за земјите од француско говорно подрачје во Африка. „Со тоа, Тони Блер го брани неолиберализмот, но и британското и американското влијание таму.“ За да се увериме во горното, доволно е само да се фрли поглед на списокот на финансиерите и донаторите на Институтот „Тони Блер“: Американската агенција за

меѓународен развој (УСАИД); Светската банка; најголемите мултинационални компании - како што е Мајкрософт; филантропско-капиталистичките фондации, како што е Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ (која му има дадено на Институтот „Тони Блер“ дури 18,5 милиони УСД во последниве пет години, од кои 6,8 милиони УСД само за 2020 година); и разноразни белосветски „реформаторски“ здруженија, како што е, на пример, Африканскиот центар за економска трансформација (АЦЕТ), или за промовирање на „модернизација“ на земјоделството - со употреба на генетски модифицирани организми (ГМО), како што е Форумот на зелената револуција во Африка (АГРФ). „Тони Блер мисли дека му е дадена мисија“, објаснува поранешен негов соработник. „Но, можеме да се запрашаме и за неговите лични интереси во овој контекст. Кога донесува странски инвеститори во некоја земја во развој, тие понекогаш се и добри пријатели со него. Со Тони Блер, бизнисот никогаш не е далеку.“ Овој поранешен соработник на Тони Блер исто така аналитички заклучува дека Институтот „Тони Блер“ често се етаблира во земји во развој богати со суровини. Но, од друга страна, Институтот јавно демантира каков било судир на интереси. Но, големата сенка на

сомнежот сепак останува. По својот избор на функцијата во 2010 година, претседателот на Гвинеја, Алфа Конде, ги побара советодавните услуги на Тони Блер и - на Џорџ Сорос. Преку своите фондации, Британците и Американците го убедуваа да ги ревидира сите договори за рударските концесии на странски фирми во оваа африканска земја. Неколку месеци покасно, во ноември 2011 година, инвестицискиот фонд на Абу Даби, Мубадала Девелопмент Компани, на која Тони Блер несебично му ги даваше своите совети, откупи неколку фирми и објекти во таа земја. Потоа, во ноември 2013 година, за време на конференцијата на приватните партнери и странски инвеститори со владата на Гвинеја организирана, се разбира, во... Абу Даби, Тони Блер одлучи јавно да го пофали диктаторот од Гвинеја, кого го претстави како претседател со 5 големи визии. Во исто време, се дознава и за потпишување на договор - вреден 5 милијарди долари - помеѓу државата Гвинеја и Гвинеја Алумина Корпорејшн, компанија во сопственост на веќе спомнатата Мубадала Девелопмент Компани, и компанијата Дубаи Алуминиум од ОАЕ, за експлоатација на рудникот за боксит во Сангареди... nnn

Превел: Дарко Путилов 1. Види: Anne-Cécile Robert, « Au Mali, coup d’État dans un pays sans État », Le Monde diplomatique, октомври 2020. 2. Види: Ibrahim Warde, « Blair Inc. », Le Monde diplomatique, ноември 2012. 3. Hilary Osborne, « Tony and Cherie Blair’s property empire worth estimated £27m », The Guardian, Лондон, 14.03.2016. 4. Види: Hussein Agha et Robert Malley, « Abou Mazen, le dernier Palestinien », Le Monde diplomatique, февруари 2005. 5. Tom Bower, Broken Vows : Tony Blair : The Tragedy of Power, Faber & Faber, Лондон, 2016.

6. Ibid. 7. Abdeldjellil Bouzidi et Antoine Hardy, « Vers une “Delivery Unit” à la française ? », Terra Nova, Париз, 30.06.2017. 8. Цитирано во: Rémy Darras, « Tony Blair, l’homme qui murmure à l’oreille des présidents africains », Jeune Afrique, Париз, 23.02.2020. 9. Види: Demba Moussa Dembélé, « Les masques africains de M. Anthony Blair », Le Monde diplomatique, ноември 2005. 10. Види: Jean-Christophe Servant, « Marchés de dupes en Afrique », Le Monde diplomatique, ноември 2020.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.