КОЛУМНА
THE ECONOMIST:
ЉУПЧО ЗИКОВ
САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО СКОПЈЕ
ШТО СЕ СЛУЧИ? МНОГУ ПРОСТО!
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА ИНКЛУЗИВНОСТ И СОЛИДАРНОСТ
business magazine
БРОЈ 1114 l 29 октомври 2021 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk
COVER STORY
ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА, МАКЕДОНИЈА НЕ Е ИСКЛУЧОК
ЕКОНОМИЈА ГОЛЕМА ВРЕВА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА КОЈАШТО МАЛКУ СЕ КРЕВА КАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE
ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ОДРАСТОТ
INTERVIEW
ДАРКО ГАЦОВ
оперативен директор на Singular
ИНТЕРВЈУ
ГОРДИ СМЕ ШТО ГИГАНТ ОД НАШАТА ИНДУСТРИЈА ГО ПРЕПОЗНА КВАЛИТЕТОТ И ПОТЕНЦИЈАЛОТ ШТО ГО ИМАМЕ КУШТРИМ РАМАДАНИ
ДАРИНКА ДАМЈАНОВИЌ
генерален директор на АД МЕПСО
извршна директорка на Централниот депозитар
3
КАПИТАЛ... 1114 6
14
STAND BY
ИНТЕРВЈУ
Љупчо Зиков
Куштрим Рамадани
основач на Капитал
генерален директор на АД МЕПСО
Што се случи? Многу просто!
Енергетската состојба во земјава е алармантна – или ќе го зголемиме домашното производство на струја, или ќе плаќаме увоз по вртоглави цени
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
20
THE ECONOMIST: САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Унапредување на инклузивноста и солидарноста на Европа Западен Балкан и евроинтеграциите
8
COVER STORY
Енергетска криза го тресе континентот, Македонија не е исклучок
Како Европа се најде пред вратата на студена и темна зима?
28
34
ИНТЕРВЈУ
ЕКОНОМИЈА
Дарко Гацов
оперативен директор на Singular
Горди сме што гигант од нашата индустрија го препозна квалитетот и потенцијалот што го имаме
STAND BY Љупчо Зиков, основач на Капитал..........6 Што се случи? Многу просто! COVER STORY Енергетска криза го тресе континентот, Македонија не е исклучок.................................8 Како Европа се најде пред вратата на студена и темна зима? ИНТЕРВЈУ Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО....................................14 Енергетската состојба во земјава е алармантна – или ќе го зголемиме домашното производство на струја, или ќе плаќаме увоз по вртоглави цени
Инфлацијата наместо 2,2% може да порасне до 3,1%
42
ИНТЕРВЈУ
Даринка Дамјановиќ
извршна директорка на Централниот депозитар за хартии од вредност
Голема врева за инфлацијата којашто малку се крева
Две децении сме нераскинлив дел од функционирањето на македонскиот пазар на капитал
THE ECONOMIST: САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Унапредување на инклузивноста и солидарноста на Европа................................20 Западен Балкан и евроинтеграциите
ИНТЕРВЈУ Даринка Дамјановиќ, извршна директорка на Централниот депозитар за хартии од вредност.......42 Две децении сме нераскинлив дел од функционирањето на македонскиот пазар на капитал
ИНТЕРВЈУ Дарко Гацов, оперативен директор на Singular......................................................................28 Горди сме што гигант од нашата индустрија го препозна квалитетот и потенцијалот што го имаме ЕКОНОМИЈА Инфлацијата наместо 2,2% може да порасне до 3,1%...............................................34 Голема врева за инфлацијата којашто малку се крева
КАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE За едни изобилство, за други штедливост.......................................46 Повеќе да не се плашиме од одрастот
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 П. ФАХ 503, 1000 Скопје Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија Тираж: 3.000 примероци Датум на печатење: 27.10.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми
Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
ОКТ. 2021
ОКТ. 2021
6
Stand By
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Што се случи? Многу просто! ВМРО ДПМНЕ не победи на овие локалните избори! Напротив, ако си ги анализираат сопствените гласови немаат простор за радост! За конечна оценка ќе го почекаме вториот круг! Во секој случај Мицкоски во Скопје поддржа демек независен кандидат, а всушност класичен „командос со специјална мисија“ (многу брзо ќе видиме што е)... Во Куманово Мицкоски го шутна својот глумец и го „киднапира“ кандидатот кој беше останал без ангажман. Го зема демек за трофеј! Инаку... „Длабоката држава“ ја имате, како што гледате на политичката сцена овде, но, ја имате и во министерствата и во судовите, особено во јавните обвинителства, ако сакате ја имате и во медиумите ...
M
Малку од друг агол...
На првиот круг на локалните избори во Македонија се случи диверзија од страна на точки на моќ во земјата кои сигурно не се ВМРО ДПМНЕ, но, сепак некогаш беа СДСМ или моќ произведена од владеењето на СДСМ од почетокот на деведесеттите и подоцна после војната 2001. Заклучокот е дека е минирана силната демократска енергија (произведена од политичкиот концепт на Зоран Заев, а поддржана од меѓународната заедница САД и ЕУ) кој се нафати низ реформи да обезбеди длабоки демократски процеси, и искрен обид за правилно и по закон функционирање на институциите. Да наметне една нова парадигма за идниот развој на општеството преку концептот „Едно општество за сите“, да промовира минимум политичка идеологија, и длабока демократија кај партиите тргнувајќи со сопствен пример во својата партија, систем на политички вредности и цели до кои треба се стигне, како и коректна партиска демократија. Да промовира длабоки реформи со битни решенија кои не секогаш им се допаѓаат на граѓаните, но сето ова да не’ однесе и во остварување на втората стратешка цел, а тоа влез во ЕУ во догледно време (првата стратешка цел влез во НАТО е остварена). Овие две стратешки цели беа дефинирани како главна мантра на опстанокот на Македонија како држава уште на почетокот на независноста пред триесет години. Тогаш од Глигоров преку Љубчо и Бранко и Кљусев, сите ламентираа дека само остварувањето на овие две цели може да го гарантира опстанокот на државата. Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, дури во една колумна во Капитал порача дека Македонија е држава модус вивенди – поскапо ќе ја чини меѓународната заедница да ја распадне отколку да ја сочува ваква. Но, со крајна цел влез во НАТО и ЕУ.
Политички сили кои искрено ќе работат на овие цели не се беа појавиле со години наназад, се’ до Зоран Заев. Напротив, земјата потона во организиран криминал, корупција, во голема мерка криминална приватизација, па финансиски криминали преку банките во годините потоа, шпионажи, па се’ до војната во 2001 година ... македонските граѓани станаа модел за „деца на вечната транзиција„ која продолжи и во времето на долгото владеење на Никола Груевски. Оваа денешната енергија на Заев, проверувана секоја година во неговото владеење на некакви избори и „силувана„ од страна на опозицијата заради спасот на криминалците, денес е минирана од полови на моќ во општеството кои имаат сосема друга агенда за Македонија! Ним никогаш НАТО и ЕУ не им биле опција. Во таква опција тие се чувствуваат заложници. Немаат идеја како да работат. За нив не е добро НАТО и ЕУ оти нема да можат да работат со државата на тендери и далеку од законите. Сепак, на првиот круг на локалните изборите не победи ВМРО ДПМНЕ, туку изгуби СДСМ ... Како и зошто ќе има време неделите и месеците нанапред да анализираме. Тие анализи ќе се прават врз основа на два сегменти на идни случувања ... Прво, дали Македонија ќе почне преговори со ЕУ (значи некакво бандажирање на односите со Бугарија). Јас мислам не, но да проследиме. Вториот сегмент е процесот на борбата со организираниот криминал и корупцијата во годините наназад. Ќе засили или ќе забави. Мислам дека ќе засили, но да видиме!? Македонија има проблем не само со корупцијата од времето на Груевски, туку и со ресловите од корупцијата од пред триесет години. Оти прапричините и празлосторите за ова што денес се дефинира како колосална корупција која го убива општеството, едноставно се случија тогаш. Денеска ги гледаме само бруталните
7
ОКТ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
последици од тоа време, и во облик на менаџирање и инженеринг на изборен процес или појавата на многу евтини лица на политичката сцена ... Затоа овие процеси ќе одат тешко ... Наместо сега да ја зграбиме шансата и тргнеме напред ние одлучуваме да останеме во улогата на „фрустрираните деца на транзицијата„, жртви на таа „партискополициска- тајкунска фондација„ од раните деведесетти, производ на приватизацијата, чии, жени, деца, вујни и вујковци, и со се нивните деца, истите тие ги запоседнале институциите на државата, и не даваат простор за она на што упорно ние останатите слободоумни, демократи и пазарно ориентирани либерали работиме да се оствари – успехот за Македонија. Не ... ние сме глупави заложници на „едно туце ликови„ кои си го гледаат единствено својот газ. „Длабоката држава„ ја имате и во министерствата и во судовите, особено во јавните обвинителства, ако сакате ја имате и во медиумите ... Сега НАТО да објави дека дава илјада безбедносни сертификати на македонски граѓани ќе се избрукаме. Ќе нема кој да добие безбедносен сертификат. Пред Заев да потпише со Грција и Македонија да влезе во НАТО, токму тие сили беа против (не против договорот со Грција), тие беа против влез на Македонија во НАТО! Се виде дејството на таа „длабока држава„ и на референдумот и на претседателските избори ... Се виде и во неколку други ситуации. Се виде и на овие избори ... опозицијата не победи и не мрдна со гласовите нагоре. СДСМ изгуби од своите добро изменаџирани ... Потоа, малку се наштимаа, видоа кај дува ветерот, па почнаа да говорат ... ок НАТО, но не ни треба ЕУ!? Сега го живееме тоа време ... Истите тие точки на моќ слушам секојдневно денес лобираат по институциите како да добијат работа на проекти на НАТО (нели е објавено дека македонски фирми ќе можат да работат), но не сакаат почеток на преговори со ЕУ затоа што тука ќе бидат под дејство реформите (главите за преговарање) ... длабински снимања, „дебело црево„, „слепо црево„ систематски преглед ... Ќе ја нема темнината, помош на државата преку дотации и субвенции, со корупција ...!? Ќе има светлина...
Пред Заев да го потпише договорот со Грција, и Македонија да влезе во НАТО, таа „длабока држава“ беше против (не против договорот со Грција), тие беа против влез на Македонија во НАТО! Се виде нејзиното силно влијание и на референдумот и на претседателските избори ... Таа групација, зад завесата, и тогаш работеше против Заев и СДСМ! Сегашната цел им е ново парламентарно мнозинство, Мицкоски да ја преземе власта и потоа релативизација на сè што се случува низ обвинителствата и судовите каде имаат свои јатаци. Затоа пред изборите повикаа на седнување на една маса на сите политички чинители. Демек трета светска војна. При тоа не понудија ни агенда (за агендата читајте на крајот од овој текст). Резултатот на овие локални избори е токму тоа... Опозицијата не победи, и не мрдна со гласовите нагоре! СДСМ изгуби од своите кои не можат да ја видат голема шума на можности од само едно дрво...
Второ, евентуалната комплетна победа на ВМРО ДПМНЕ во вториот круг на локалните избори, секако ќе го блокира процесот на борбата со организираниот криминал и корупцијата. Оваа борба е започната прв пат сериозно со оваа влада на Заев. Затоа што претходно долга беше власта на ВМРО ДПМНЕ, видовме и слушнавме какви злодела беа креирани и направени. Дел од тоа е и правосилно пресудено. Резултат на тие процеси е фактот дека „капиталци„ од тие редови денес се во затвор, првиот меѓу нив е избеган во Унгарија, а уште дузина „капиталци„ чекаат да им биде пресудено. Зошто овој расплет со криминалот долго трае? Па просто е ... поради тоа што процесите се тераат демократски без реваншизам и со барање докази. Но, силно е влијанието на „длабоката држава„ во судовите и обвинителствата, што, пак, со право ги разгневи граѓаните кои гласаа во првиот круг. Токму тоа беше краткорочната политичка цел на Христијан Мицкоски и неговата партија, а беше помогнат од „сцената„ што ја опишав погоре. Тоа е еден длабоко менаџиран процес од страна на силите на „длабоката држава„, со која ова општество никогаш не успеа да расчисти. Оттука, имајќи го сето ова погоре напишано, и она што допрва ќе биде напишано овде, моето приватно мислење е дека чудното и контроверзно „дерење„ одненадеж, после подолго дремење, на Бранко Црвенковски, од салата на МАНУ, институција не чепната со реформи цели 30 години, и институција која квалитетно ги спиеше сите години на транзицијата немајќи став по ниту едно прашање важно за Македонија, е тој Бранко и од таа институција денес не може да понуди искрена агенда за седнување на маса на сите политички чинители, оти ја нема агендата!? А и кој воопшто повикува!!?? Всушност, тој имаше агенда ... Агендата беше да се осуети победата на СДСМ на овие избори, добар дел од членовите и симпатизерите да не излезат да гласаат, и евентуално така да се принуди Заев на следниот чекор – седнување на масата, во темна просторија на семинар за тоа како да се суспендира тоа што почнал. Попрво овој нервозен повик од Црвенковски (а очекувам да биде уште појасен после овие избори во кои евентуално тој и ВМРО би ја однеле комплетната победа) е порака до Заев да прикочи со борбата со организираниот криминал и корупцијата, и евентуално да размислува како да ги „релаксира„ веќе обвинетите и сите затечени во „криминалниот нужник„ на власта на Никола Груевски до 2016 година ...!? Да видиме ... тука сме ако треба нешто да додадеме. Во следните колумни ќе тераме едно по едно ...
OKT. 2021
COVER STORY
8 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
КАКО ЕВРОПА СЕ НАЈДЕ ПРЕД ВРАТАТА НА СТУДЕНА И ТЕМНА ЗИМА?
ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ГО ТРЕСЕ КОНТИНЕНТОТ,9 ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ГО ТРЕСЕ КОНТИНЕНТОТ, МАКЕДОНИЈА НЕ Е ИСКЛУЧОК
МАКЕДОНИЈА НЕ Е ИСКЛУЧОК
OKT. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Постојат повеќе причини за оваа загрижувачка ситуација со цените на енергијата, која што британски Телеграф ја опиша како „енергетска војна“ – почнувајќи од забрзаното економско закрепнување по пандемијата, големата побарувачка за енергија во Азија и руските калкулации во коишто се преплетуваат политиката и економијата, па сè до фазата на енергетската транзиција во Европа.
OKT. 2021
10 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Проблемот е што во моментов Македонија може да произведе едвај половина од потребните количини струја, а другото го повлекува од европските мрежи, дел со увоз, но дел ненајавено и недозволено, за што АД МЕПСО, електропреносниот оператор на земјава, веќе има добиено четири предупредувања од Свисгрид, центарот во Швајцарија што ја мониторира меѓу другите, и средноевропската електрична мрежа.
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
Г
раѓаните на Европа очекуваат дека ќе дојде до нагло зголемување на сметките за струја (во некои земји поскапувањата веќе се случија, како В. Британија и сл.) поради енергетската криза што ги погодува сите европски земји, предизвикана од повеќекратното поскапување на струјата и гасот во однос на минатата година. Македонските граѓани исто така стравуваат од повисоки сметки за струја, иако од Владата и Регулаторната комисија за енергетика изјавија деновиве дека до Нова година поскапување на струјата за домаќинствата нема да има, но после тоа не се знае. Домаќинствата во земјава трошат струја по субвенционирана цена, односно струјата за овој сегмент на потрошувачи се’ уште се смета за социјална, а не пазарна категорија, и снабдувачот ЕВН Хоум ја добива од производителот ЕСМ по цена од околу 36 евра за мегават – час, додека во моментов цените на струјата на европските берзи достигнуваат и вртоглави 270 и повеќе евра за мегават – час. Проблемот е што во моментов Македонија може да произведе едвај половина од потребните количини струја, а другото го повлекува од европските мрежи, дел со увоз, но дел ненајавено и недозволено, за што АД МЕПСО, електропреносниот оператор на земјава, веќе има добиено четири предупредувања од Свисгрид, центарот
во Швајцарија што ја мониторира меѓу другите, и средноевропската електрична мрежа. „Ова е голем проблем и јас апелирав неколку пати до сите засегнати страни – надлежните министерства, Владата, РКЕ, ЕСМ и ЕВН – производството и потрошувачката да се прилагодат. Мора да го зголемиме домашното производство како знаеме и умееме или ќе купуваме струја од увоз, по сегашниве цени коишто достигнуваат и по 270 евра за мегават – час, додека лани ова време цената беше 50-тина евра. Трето нема, инаку ќе останеме без струја и ќе имаме рестрикции.“, изјави во интервјуто за Капитал, генералниот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани.
Кои се причините за овие вртоглави цени на енергијата? Тој вели дека околу 4.500 мегават – часови дневно е разликата помеѓу производството и потрошувачката, што значи дека околу еден милион евра вредна струја секој ден, според сегашните цени на европските берзи. „Кога имаме дебаланс на производството и потрошувачката, а изминативе месеци имаме, преку кревањето на нивото на водата во акумулациите ги одржуваме напонските прилики во системот. А сега, хидроцентралите практично не ни работат, додека РЕК Битола работи само со еден блок, за којшто, како што знаете, треба да набавиме јаглен, а имаме тешкотии во тоа. Јаглен треба да набавиме и за РЕК Осломеј, додека ТЕЦ Неготино, којашто работи на мазут, исто така имаме проблем да ја вклучиме со целосен капацитет. Последица на сето
ова е што ние во моментов можеме да произведеме околу половина од струјата што ја трошиме секој ден, а остатокот мора да се увезе. А, замислете само дека температурите се се’ уште релативно високи и зимата ни е пред прагот, што значи дека потрошувачката на струја допрва ќе расте.“, вели Рамадани. Поради повлекувањето на струја од европската мрежа, МЕПСО ќе треба да плати 15 милиони евра за месец октомври, пари што, како што вели директорот, компанијата ги нема, и ако не интервенира Владата, операторот ќе стане неликвиден. Постојат повеќе причини за оваа загрижувачка ситуација со цените на енергијата, која што британски Телеграф ја опиша како „енергетска војна“ – почнувајќи од забрзаното економско закрепнување по пандемијата, големата побарувачка за енергија во Азија и руските калкулации во коишто се преплетуваат политиката и економијата, па се’ до фазата на енергетската транзиција во Европа. Западноевропските земји следејќи ја амбициозната агенда на ЕУ за елиминирање на сите фосилни горива како извори на енергија до 2050 година, почнаа да ги затвораат електраните на јаглен и нуклеарните централи, каде што Германија предничи, на пример. Во тој транзиционен период до потполно преминување на обновливи извори – ветер, сонце и вода – гасот е примарно гориво на коешто работат централите за производство на струја во европските земји. Гасот до пред извесно време беше евтин и немаше никакви проблеми со цените на струјата, но цената на гасот сега урива рекорди, затоа што Русија,
ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ГО ТРЕСЕ КОНТИНЕНТОТ, МАКЕДОНИЈА НЕ Е ИСКЛУЧОК којашто е главниот снабдувач на Европа со гас, си има некои свои сметки во контекст на глобалната геополитика, и следствено, цените на струјата нагло скокнаа. Второ, во западна Европа имаше неповолни хидролошки услови, значи хидро акумулациите не можеа да се наполнат, а и ветер снема во Германија, Шпанија и останатите земји што имаат значителни капацитети инсталирано во ветропаркови. И сега го имаме тоа што го имаме, цени на струјата и до пет пати повисоки во однос на претходната година, а што е пострашно, струја фали, односно количествата не се доволни да ја задоволат потрошувачката.
Структурна слабост на Европа во снабдувањето со гас
Русија е најголем снабдувач на Европа со гас, со 41%, потоа следи Норвешка со 16,2%, Алжир е на трето место со 7,6%, потоа Катар со 5,2%, а остатокот доаѓа од различни извори, пишува Ал Џезира. Овие бројки ја прават Европа многу зависна од рускиот гас за да ги задоволи своите енергетски потреби, што ги објаснува другите причини кои произлегуваат од тоа, како што е зголемувањето на сметките за енергија за 500% во текот на оваа сезона. Според британски Фајненшл Тајмс, ваквите случувања покажуваат структурна слабост на европскиот
11
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Русија е најголем снабдувач на Европа со гас, со 41%, потоа следи Норвешка со 16,2%, Алжир е на трето место со 7,6%, потоа Катар со 5,2%, а остатокот доаѓа од различни извори. континент во снабдувањето со гас. Минатата зима, за време на која температурите драстично се намалија во Азија и Русија, придонесе за исцрпување на капацитетот за складирање во Русија, кое достигна ниско ниво. Сепак, според европското толкување, Газпром не го направи она што беше неопходно за да ги поттикне европските земји да ги обноват залихите и одби да испорача
OKT. 2021
дополнителни залихи преку Украина, спротивно на договореното врз основа на долгорочни договори меѓу двете страни. Според руската верзија на приказната, предност треба да се даде на домашниот пазар со оглед на зголемувањето на локалната побарувачка. Во меѓувреме, Украина вели дека Москва сака да го „милитаризира гасот“ со цел да изврши
OKT. 2021
12 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
притисок врз Германија да го забрза одобрувањето на контроверзниот гасовод „Северен тек 2“, што ќе овозможи испорака на гас во Германија директно од Русија преку Балтичкото Море. Русија, исто така, почна да и испорачува гас на Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ преку претходно неискористените наоѓалишта на гас. Газпром размислува и за изградба на нов гасовод што ќе ги поврзе тие полиња во западен Сибир со Кина до 2030 година. Побарувачката на Азија за гас рапидно порасна за 50 проценти во последната деценија, предводена од зголемената побарувачка во Кина, чија потрошувачка се зголеми трипати во последните десет години. Студената зима и жешкото лето во Кина, а потоа и враќањето на економскиот раст, придонесоа за најсилно зголемување на побарувачката на енергија во земјата, што е причина за моменталната тамошна криза со електрична енергија. Кина ја намали потрошувачката на јаглен пред неколку месеци за да ги намали емисиите на загадувачки материи, но мораше да се врати на пазарот на јаглен за да ги покрене електраните, што доведе до рекорден пораст на цените на термалниот јаглен во Азија.
Зошто на Кина и фали толку многу енергија?
Кризата со електрична енергија во Азија се влоши поради поминувањето на Индија низ истите услови како Кина, каде што имаше невообичаено зголемување на побарувачката на енергија. Во моментов, сите економски показатели велат дека во Азија нема доволно јаглен за да ја покрие побарувачката. Производството на електрична енергија во Кина порасна за 616 терават часови, што е раст од 13 проценти во првите осум месеци годинава во однос на истиот период минатата година. Има предвидувања дека Кина ќе мора да ја укине забраната што претходно ја воведе за увоз на јаглен од Австралија за да одговори на домашната побарувачка. Кина започна план за намалување на емисиите на стакленички гасови, правејќи ја сè позависна од течен гас, што значи дека ќе стане конкурент на Европа во однос на увозот на гас. Европа влезе во енергетска транзиција за да постигне нула емисии, што ја намали подготвеноста на инвеститорите да инвестираат во подобрување на снабдувањето со фосилни горива, за што веруваат дека ќе стане минато во следните три децении. Домашните испораки на гас во Европа исто така се намалија за 30 проценти. Иако побарувачката за гас е главно поврзана со тешките индустрии, зависноста од овој извор на енергија значително се зголемува во зима во домаќинствата. На пример, во Велика Британија, на греењето на домовите отпаѓа околу 40 проценти од вкупната потрошувачка на гас. Една од причините за падот на залихите на гас во Европа е проблемот со кој се соочува наоѓалиштето Гронинген во Холандија, најголемото наоѓалиште на гас во западна Европа. Целта на ова поле беше да се одржи рамнотежата на
Една од причините за падот на залихите на гас во Европа е проблемот со кој се соочува наоѓалиштето Гронинген во Холандија, најголемото наоѓалиште на гас во западна Европа. Целта на ова поле беше да се одржи рамнотежата на европскиот пазар, но тоа стана товар за холандската влада, поради што беше донесена одлуката да започне со затворање. Сега се испумпуваат три четвртини помалку од наоѓалиштето отколку во 2018 година. европскиот пазар, но тоа стана товар за холандската влада, поради што беше донесена одлуката да започне со затворање. Сега се испумпуваат три четвртини помалку од наоѓалиштето отколку во 2018 година.
Сите европски земји ги чека енергетска криза
Сите европски земји зимава ќе доживеат енергетска криза, со предвидувања дека цената на енергенсите ќе се стабилизира следната година, се вели во најновиот билтен на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со забелешка дека штетите ќе се разликуваат од земја до земја. Франција нема да трпи големи последици бидејќи многу се потпира на технологијата на нуклеарните централи, поради што претседателот Макрон најави инвестиција од милијарда евра во такви централи до 2030 година. Што се однесува до Норвешка и Шведска, тие во голема мера зависат од хидроелектричната енергија, додека Португалија зависи од ветерот и водата за да задоволи половина од своите енергетски потреби. Велика Британија најверојатно ќе биде најтешко погодена од оваа криза бидејќи е силно зависна од природниот гас, чии цени вртоглаво растат. Покрај тоа, нема големи складишни капацитети и повеќе не е дел од европскиот енергетски пазар, што би можело да ја остави оваа земја без снабдување со енергија од Европа.
Струјата сигурно ќе поскапи, не се знае кога и за колку
Сериозна е ситуацијата во светот, односно во Европа, а Македонија ниту може да влијае негативно, ниту
позитивно, туку едноставно ќе ја дели судбината на цела Европа. „А последиците се знае кои се, ќе се зголеми цената на електричната енергија.“, неделава изјави за Фактор, Кочо Анѓушев, сопственик на Фероинвест и поранешен вицепремиер за економија во владата на Заев. „Цената на електричната енергија сега се држи заради тоа што ЕСМ дава евтина енергија во системот, ама тоа не може да биде неограничено. Значи, со тек на време, а кога не знам, струјата ќе мора да поскапи. Следно е дека индустријата ќе мора да плаќа поскапа енергија бидејќи е на слободниот пазар. Таа цена ќе се вкалкулира во секој производ, зависи со колкав процент во кој производ учествува струјата, некаде е 40%, некаде е 5%. Тоа нормално ќе влијае врз цените на крајните производи“, вели Анѓушев. Според него, добро е што државата се обидува да купи јаглен, за да се зголеми производството во РЕК Битола, со што преку оваа централа која е најголем снабдувач во земјава, ќе се зголеми понудата на струја. Меѓутоа, ЕСМ не успеа да набави јаглен за активирање на третиот блок на РЕК Битола. Пропадна тендерот со кој се бараше итно да се купат 900.000 тони јаглен. Понуди имало но количините кои се нуделе биле мали. Сега јаглен ќе се бара на нов тендер. За ТЕЦ Осломеј се бараа 300.000 тони јаглен. Понудите се прифатени, но дополнително ќе се избира компанијата од која ќе се купи. На тендерот за купување на вкупно 1, 2 милиони тони јаглен се пријавиле девет фирми од Косово, Албанија, Турција, Русија и БИХ. nnn
За секој случај.
SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.
Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 0800 02 222 02 5102 222
SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.
Ваш партнер за здравје.
triglav.mk
ОКТ. 2021
14 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
15
ОКТ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
КУШТРИМ РАМАДАНИ генерален директор на АД МЕПСО
ЕНЕРГЕТСКАТА СОСТОЈБА ВО ЗЕМЈАВА Е АЛАРМАНТНА – ИЛИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИМЕ ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА, ИЛИ ЌЕ ПЛАЌАМЕ УВОЗ ПО ВРТОГЛАВИ ЦЕНИ Со генералниот директор на државниот електроенергетски оператор АД МЕПСО, г-дин Куштрим Рамадани, разговаравме во екот на голема енергетска криза што ја тресе Европа и светот, а којашто се пренесува и на македонска почва. Цените на струјата на европските берзи достигнуваат вртоглави нивоа, за 4-5 и повеќе пати повисоки во однос на цените од пред една година, а Северна Македонија во моментов со сопствено производство може да задоволи само околу половина од потрошувачката на електрична енергија. Според Рамадани, се наоѓаме во ситуација кога мора да го зголемиме домашното производство, што е дискутабилна опција од повеќе причини, или да набавиме струја по цени што одат и преку 270 евра за мегават – час. Во спротивно, ќе нè чека неизвесна зима, со рестрикции во снабдувањето.
разговара:
ИГОР ПЕТРОВСКИ XГ-дин X Рамадани, ќе почнеме со најактуелното прашање во моментов: дали нè очекува тешка зима од аспект на снабдувањето со струја? Да, пред нас е голема неизвесност во поглед на снабдувањето со струја, иако обичниот граѓанин можеби во моментот тоа не го гледа затоа што нема никакви рестрикции во снабдувањето и сл.. Меѓутоа, ние во МЕПСО, коишто сме секојдневно соочени со одржување на стабилноста на мрежата и јас како прв човек на компанијава, одговорно ви тврдам дека ситуацијата е алармантна. Проблемите не се од денеска, туку уште пред 3-4 месеци ние забележавме дека цените на електричната енергија на европските берзи почнаа да одат нагоре. На почетокот на август јас побарав неформален состанок со Регулаторната комисија за енергетика на којшто се обидов да ги убедам колегите дека ќе ни претстои тешка зима. Цените на струјата во Европа почнаа нагло да растат, а
нам хидро акумулациите ни се скоро празни. Тогаш акумулираните резерви беа на околу 20%, сега се дојдени на 10%. Како што знаете немаше снег минатата година, а и сезоната беше сушна од аспект на дождови. XЗошто X се битни хидро акумулациите ако ние 70% - 80% од производството на струја го добиваме од термоцентралата РЕК Битола? Затоа што кога имаме дебаланс на производството и потрошувачката, а изминативе месеци имаме, преку кревањето на нивото на водата во акумулациите ги одржуваме напонските прилики во системот. А сега, хидроцентралите практично не ни работат, додека РЕК Битола работи само со еден блок, за којшто, како што знаете, треба да набавиме јаглен, а имаме тешкотии во тоа. Јаглен треба да набавиме и за РЕК Осломеј, додека ТЕЦ Неготино, којашто работи на мазут, исто така имаме проблем да ја вклучиме со целосен капацитет. Последица на сето ова е што ние во моментов можеме да произведеме околу половина од струјата што ја трошиме секој ден, а остатокот
мора да се увезе. А, замислете само дека температурите се сè уште релативно високи и зимата ни е пред прагот, што значи дека потрошувачката на струја допрва ќе расте. XКолку X струја ние треба да увеземе секој ден? Колкава е разликата помеѓу тоа што го произведуваме и трошиме како држава? Во понормални околности, еве во 2015 година на пример, на увезена струја отпаѓала 33% од потрошувачката, потоа во 2020 година имаме нагло покачување на увозот, а за 2021 ќе биде уште поголем уделот на увезената струја. Околу 4.500 мегават – часови е разликата помеѓу производството и потрошувачката дневно, значи ни фали производство, ни фали енергија во мрежата. Тоа се околу еден милион евра вредна струја дневно, според сегашните цени на европските берзи. Ние, бидејќи не можеме да произведеме колку што трошиме, повлекуваме од европската мрежа, значи нашиот дебаланс во мрежата, го пренесуваме во европската мрежа, што не би смееле да го правиме.
ОКТ. 2021
16 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Во моментов хидроцентралите практично не ни работат, додека РЕК Битола работи само со еден блок, за којшто, како што знаете, треба да набавиме јаглен, а имаме тешкотии во тоа. Јаглен треба да набавиме и за РЕК Осломеј, додека ТЕЦ Неготино, којашто работи на мазут, исто така имаме проблем да ја вклучиме со целосен капацитет. Последица на сето ова е што ние во моментов можеме да произведеме околу половина од струјата што ја трошиме секој ден, а остатокот мора да се увезе.
Поради тоа, во МЕПСО веќе четврти пат периодов добиваме предупредување од Свисгрид, центарот во Арау, Швајцарија, којшто ја контролира средноевропската мрежа на електрична енергија, односно нивниот софтвер нонстоп мониторира дали има некакви отстапувања, коишто пак предизвикуваат отстапувања во фреквенцијата на струјата во средноевропската мрежа, која мора да е 50 херци. Дозволено отстапување во фреквенцијата е 0,2%, и кога тоа е поголемо, може, на пример, да направи проблем во дигиталните часовници (будилници, часовници на железнички станици и аеродроми, во фабрики, итн.) коишто работат по дадената фреквенција. Ние значи, правиме упад во средноевропската струјна мрежа, и надлежните оттаму се прилично фрустрирани поради тоа. Ова е голем проблем и јас апелирав неколку пати до сите засегнати страни - надлежните министерства, Владата, РКЕ, ЕСМ и ЕВН – производството и потрошувачката да се прилагодат. XКако X ќе го прилагодиме тоа? Мора да го зголемиме домашното производство како знаеме и умееме или ќе купуваме струја од увоз, по сегашниве цени коишто достигнуваат и по 270 евра за мегават – час, додека лани ова време цената беше 50-тина евра. Трето нема, инаку ќе останеме без струја и ќе имаме рестрикции. XЗошто X цената на струјата во Европа стигна до овие нивоа? Што се случи на пазарот? Високата цена е последица од сплет на неколку фактори. Прво, западноевропските земји следејќи ја амбициозната агенда на ЕУ за елиминирање на сите фосилни горива како извори на енергија до 2050 година, почнаа да ги затвораат електраните на јаглен и нуклеарните централи, каде што Германија предничи, на пример. Во тој транзиционен период до потполно преминување на обновливи извори – ветер, сонце и вода – гасот е примарно гориво на коешто работат централите за производство на струја во европските земји. Гасот до пред извесно време беше евтин и немаше никакви проблеми со цените на струјата, но цената на гасот сега урива рекорди, затоа што Русија, којашто е главниот снабдувач на Европа со гас, си има некои свои сметки во контекст на глобалната геополитика, и следствено, цените на струјата нагло скокнаа. Второ, во западна Европа имаше неповолни хидролошки услови, значи хидро акумулациите не можеа да се наполнат, а и ветер снема во Германија, Шпанија и останатите земји што имаат значителни капацитети инсталирано во ветропаркови. И сега го имаме тоа што го имаме, цени на струјата и до пет пати повисоки во однос на претходната година, а што е пострашно, струја фали, односно количествата не се доволни да ја задоволат потрошувачката. XСакате X да кажете, дека и на развиените економии од ЕУ им фали струја во моментов? Да, струјата во моментов е глобален проблем, затоа што не е само во Европа
КУШТРИМ РАМАДАНИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АД МЕПСО
17
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Овие налудничави цени на струјата на европските берзи, на дневно ниво нас како оператор не’ чинат од 600 илјади до еден милион евра, а до крајот на месецот ќе стигнат 15 милиони евра, што ние треба да ги платиме и тоа ќе биде голем удар врз ликвидноста на МЕПСО. Ние имавме годишен прилив по основ на тарифи за пренос, од околу 30 милиони евра, а сега за месец дена ние пола од таа сума треба да ја дадеме поради отстапувањата во мрежата. Ако не интервенира државата, ние до крајот на месецот ќе станеме неликвидни оти нема да може да ги подмириме редовните обврски.
тешка ситуацијата, енергија фали и во Кина, најголемата „фабрика на светот“ во моментов, каде што струјата ја добиваат претежно од електрани на јаглен, а тие немаат доволни количества на јаглен, па мораат да увезуваат од Русија и сл. Поради влијанието на пандемијата, односно мислејќи дека локдауните ќе траат подолго, немаат добро испланирано потребни количини на енергија и сега фабриките им стојат, па трпи цел свет, односно сите индустрии коишто чекаат делови и репроматеријали од Кина. Во некои земји од западна Европа струјата е веќе поскапена за 40%, 50% и повеќе, а ситуацијата не оди кон подобро. Во ЕУ струјата е на целосно либерализиран пазар и домаќинствата веќе ги трпат последиците од ова дивеење на цените. Во Северна Македонија, како што знаете, струјата за домаќинствата е со регулирана, субвенционирана цена и засега е на исто ниво. XИма X ли шанси цената на струјата за домаќинства да поскапи набрзо поради сите овие фактори што ги наведовте досега? Видете, поради нискиот животен
ОКТ. 2021
стандард во земјава, пазарот за струја не е целосно либерализиран, односно струјата за домаќинства се третира како социјална категорија и нејзината цена се менува само со одлука на државата. Во моментов, струјата до домаќинства ја испорачува универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, којшто ја добива од производителот Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за околу 36 евра по мегават – час, што е 7-8 пати пониска цена од онаа што важи сега на европските берзи. Но, замислете да беше и пазарот на струја за домаќинства либерализиран и сега луѓето, ако плаќале 50 евра за струја месечно, да треба да плаќаат 200 или 300 евра?! Во западна Европа цените на струјата пропорционално гледано учествуваат со многу помал удел во месечната потрошувачка кошничка одошто во Северна Македонија, и кај нас државата решила да го заштити животниот стандард, колку и тоа да е непазарно. Но, тоа има своја цена, односно државата од буџетот ја компензира разликата помеѓу пазарната и регулираната цена за домаќинства. А, како што ви кажав, сега имаме намалено домашно производство на струја и
мораме повеќе да увезуваме одошто сме увезувале лани или претходните години. Со моменталните околности, не знам уште колку време ќе може државата да ја субвенционира цената за домаќинствата, и дали наскоро ќе има поскапување. Владата и РКЕ најавија дека до крајот на годината нема да има промена, но за потоа ништо не се знае. XА, X како се одразуваат ценовните шокови на струјата врз правните субјекти, бизнисите, затоа што тие купуваат струја на слободен пазар? Кога околностите се нормални, либерализираниот пазар е придобивка за потрошувачите, затоа што снабдувачите со струја се борат секој да понуди пониска цена, па имавме ситуација цената за малите потрошувачи, на пример, да биде пониска на слободен одошто на регулираниот пазар. Но, сега имаме глобален проблем, глобална енергетска криза и цените на струјата на европските берзи коишто вивнаа до небо, па увозниците на струја и снабдувачите не може да понудат ниски цени повеќе. Тие ги намалуваат своите маржи секојдневно за да понудат пониски цени, но колку може тоа реално да има влијание кога
ОКТ. 2021
18 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
цените стигнаа до 270 евра за мегават – час. Токму затоа и се случуваат тие откажувања на договорите од страна на снабдувачите, коишто се најдоа во незавидна ситуација, затоа што никој не можел да предвиди до каде ќе отидат цените на струјата на европските берзи. Државата може да им ги одземе лиценците, тие да пропаднат, но тие се капка во морето од проблеми што ги имаме сега. Компаниите потрошувачи на енергија секако мора да набават струја, затоа што мора да работат. А, јас веќе имам сознанија за компании што се големи потрошувачи на струја, дека веќе ги редуцирале производните капацитети. Компании коишто учествуваат со значителен дел во бруто домашниот производ и во македонскиот извоз. XДиректоре, X како влијае целиот овој контекст врз работата на МЕПСО? Минатата година компанијата прокнижи загуба од речиси 6 милиони евра, годинава веројатно уште полошо ќе биде... Врз МЕПСО како електропреносен оператор актуелнава енергетска криза влијае многу лошо. Прво, од аспект на управување со мрежата, како што би објаснив претходно, хидро акумулациите се празни и ние имаме тешкотии да го регулираме напонот во мрежата. Овие налудничави цени на струјата на европските берзи, на дневно ниво нас како оператор нè чинат од 600 илјади до еден милион евра, а до крајот на месецот ќе стигнат 15 милиони евра, што ние треба да ги платиме и тоа ќе биде голем удар врз ликвидноста на МЕПСО.
Ние имавме годишен прилив по основ на тарифи за пренос, од околу 30 милиони евра, а сега за месец дена ние пола од таа сума треба да ја дадеме поради отстапувањата во мрежата. Ако не интервенира државата, ние до крајот на месецот ќе станеме неликвидни оти нема да може да ги подмириме редовните обврски.. Лани загубата се должеше пред сè на намалените прекугранични капацитети, односно ако претходно сме наплаќале по 22-23 милиони евра за преносот на струја од Србија за Грција и сл., лани тој износ беше преполовен, односно 11 милиони евра, а годинава ќе биде околу 9 милиони евра. Тој прекуграничен пренос се намали поради пандемијата претежно, затоа што во Грција во летната сезона на пример, се повлекува многу струја од Србија и другите околни земји, а лани и годинава туристичката сезона е многу послаба. Така, сето ова влијаеше значително врз нашите финансиски резултати. XКако X влошувањето на финансиските резултати влијае врз проектите на МЕПСО коишто се во тек? Ние имаме десетина проекти коишто се во тек, би го спомнал само далноводот Битола – Елбасан, којшто ќе ни донесе голем бенефит во стабилноста на мрежата и ќе не поврзе подобро со западноевропската мрежа. Работиме и на ревитализација на мрежата низ целата територија на државата, затоа што допрва ќе се случуваат сè повеќе приклучоци на новите производители на струја од фотоволтаици и од ветер, и ние мора да сме спремни за тоа.
Но, проектите сега се проблематизираат, затоа што ние имаме влошена финансиска ситуација. За да ја користиме отворената кредитна линија од ЕБРД во износ од 100 милиони евра, ние мора да покажеме одредени финансиски показатели. Со минусот лани од 6 милиони евра едвај некако успеавме да ги задоволиме критериумите, и да успееме да повлекуваме пари од кредитите, но сега со овие показатели ќе биде практично невозможно. А, од друга страна имаме потпишано договори со подизведувачи како Кончар, Енергоинвест, Далековод Загреб, итн., коишто во случај на кочење на исплатите кон нив, може да бараат пенали и сл. XНа X скоро одржаниот Енергетски форум истакнавте дека бележите растечки тренд на барањата за приклучување на обновливите извори на енергија на електроенергетската преносна мрежа. Што значи тоа за МЕПСО конкретно, кои се најважните задачи за компанијата во овој контекст и како актуелнава криза ќе влијае врз нивно исполнување? Зеленото сценарио од Националната стратегија за развој на енергетиката предвидува до 2040 година да се интегрираат 750 мегавати капацитет од ветерници и уште 1350 мегавати од фотонапонски електрани, што значи преку 2 гигавати вкупно капацитет, а интересот за обновливите извори на енергија веќе сега е надминат за два-три пати. Интегрирањето на обновливите извори како клучен дел од планот за енергетска
КУШТРИМ РАМАДАНИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА АД МЕПСО
трансформација е вистински предизвик за операторите на преносните системи. МЕПСО има две важни задачи за исполнување, најпрво да создадеме услови за да им овозможиме на обновливите извори на енергија да се приклучат на преносната мрежа и второ, да ја менаџираме произведената енергија. За ефикасна интеграција на обновливите извори која ќе доведе до транзиција кон зелена енергија, потребни се инвестиции во електропреносната мрежа, зголемување на капацитетот и нејзината ефикасност со воведување на паметни технологии, стриктни правила за балансирање но и засилена регионална соработка, платформа за балансирање и воведување на системи за складирање на енергијата. Ние досега немаме одбиено ниту едно барање за приклучување на обновливи извори во мрежата, и правиме планови дали треба да се зголемат капацитетите на мрежата. Но, пак ќе кажам, сега се вонредни околности, се наоѓаме во страшна енергетска криза и наш приоритет сега како држава мора да биде ублажување на последиците и напори да не дојде до рестрикции во снабдувањето. XКаква X е според вас иднината на енергетиката во земјава, дали ние некогаш можеме да бидеме држава што е енергетски независна од увоз и сл.? Видете, ние во земјава имаме досега најавени околу четири гигавати капацитети на фотоволтаици и ветерници, додека на хартија, досега се „инсталирани“ два гигавати моќност. Овие капацитети допрва треба да се реализираат, но тоа се извори на енергија што се менливи во природата на производство. Фотоволтаиците не може да произведуваат струја ноќе или кога нема доволно сонце и сл., а и ветерот некогаш го има, некогаш не. Затоа предизвик за енергетиката на планетава е побрзиот развој на батериите коишто ќе може да ја складираат енергијата произведена од ветер и сонце кога ќе има вишок, а потоа да ја вратат во мрежата кога ќе има потреба. Се надевам дека за неколку години ќе има усовршени батерии и тој проблем полека, но сигурно, ќе се надминува. Но, како и да е, дебалансот помеѓу производството од обновливи извори и потрошувачката мора да се порамнува со она што се нарекува базна енергија, а неа може да ја добиеме од вода, јаглен и гас. Бидејќи јагленот веќе отпаѓа како опција, поради зелената агенда на Европа кон која се приклучивме и ние како држава, а гасот како што гледате го загуби веќе епитетот на евтин и сигурен енергенс, нас како добра опција ни е, на пример, проектот на хидроелектраната Чебрен. Проект, којшто за жал, стана историски според проблемите и одолговлекувањето што се случи, но ако конечно почне да се реализира, а имам сознанија дека постои интерес од сериозни играчи на европскиот пазар да влезат во изградбата, ќе биде добро за базната енергија, за да може мрежата да функционира без проблеми. nnn
19
ОКТ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Поради нискиот животен стандард во земјава, пазарот за струја не е целосно либерализиран, односно струјата за домаќинства се третира како социјална категорија и нејзината цена се менува само со одлука на државата. Во моментов, струјата до домаќинства ја испорачува универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, којшто ја добива од производителот Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за околу 36 евра по мегават – час, што е 7-8 пати пониска цена од онаа што важи сега на европските берзи. Но, замислете да беше и пазарот на струја за домаќинства либерализиран и сега луѓето, ако плаќале 50 евра за струја месечно, да треба да плаќаат 200 или 300 евра?!
ОКТ. 2021
20 EVENTS
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
THE ECONOMIST ГО ОРГАНИЗИРАШЕ ВТОРИОТ САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО СКОПЈЕ
КАКО ДА СЕ УНАПРЕДИ СОЛИДАРНОСТА И ИНКЛУЗИВНОСТА НА ЕВРОПА ВО ПОГЛЕД НА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ И НИВНАТА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА
21
ОКТ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Western Balkans Summit (Самит на Западен Балкан) се одржа по втор пат, во Скопје, на темата „Унапредување на европската инклузивност и солидарност“. Конференцијата беше во организација на лондонски „Економист“ (The Economist), а ексклузивен медиумски спонзор на настанот беше Капитал Медиа Гроуп. Говорници на настанот беа високи претставници од светската, европската и регионалната политика, од меѓународните финансиски институции и компании, владин и невладин сектор и академската сфера, како што се поранешниот заменик државен секретар на САД, Џон Негропонте, поранешниот германски вицеканцелар и министер за надворешни работи, Јошка Фишер, актуелниот заменик помошник на американскиот државен секретар, Габриел Ескобар, поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, актуелниот претседател на Трансатлантскиот центар при Германскиот Маршалов Фонд на САД, Јан Лесер, шефот на одделот за Адриатик при Европската инвестициска банка, Матео Ривелини и др.
ОКТ. 2021
22 EVENTS
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
Н
ашите заложби за предвидлив деловен амбиент и поволни услови за инвестирање се веќе потврдени и ги повикувам сите инвеститори да вложат во Северна Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на вториот Самит на Западен Балкан што неодамна се одржа во Скопје, во организација на британскиот магазин The Economist, а на којшто Капитал беше ексклузивен медиумски покровител. Темата на Самитот беше „Унапредување на европската инклузивност и солидарност“, а на настанот зборуваа високи претставници од светската, европската и регионалната политика, од меѓународните финансиски институции и компании, владин и невладин сектор и академската сфера. Модератор на сите панели на Самитот беше Џоан Хјуи, регионален директор за Европа на The Economist Intelligence Unit. “Економијата се стабилизира, а моменталната ситуација ветува пораст во блиска иднина. Нашите очекувања се дека до крајот на годинава извозот од земјава ќе порасне за 10,6%, а бруто инвестициите за 8,1%. Со координирана фискална и монетарна политика ги ублажуваме ценовните нестабилности што се јавуваат поради глобалната ситуација со цените на енергијата и суровините. Доказ дека економијата влегува во добар колосек се и бројките на извозот од ТИРЗ, каде што очекуваме извозот до крајот на годинава да стигне до 3 милијарди евра, што е рекорд. Само во третиот квартал, извозот од ТИРЗ е речиси 700 милиони евра, што е највисоко во последниве 4 години.“, рече Заев. Заев посочи и дека Северна Македонија планира силен развој на зелената
економија, дигитализацијата и здравството и образованието, како основни столбови на еден општествен развој. „Во насока на тоа дека создаваме поволна деловна клима и дека сме посветени на одржлив развој, е најновата објавена инвестиција, најголема во македонската економија досеа, на германската компанија WPD, којашто ќе вложи 500 милиони евра во ветропарк“, истакна Заев. Косовскиот премиер Албин Курти, којшто зборуваше исто така на воведниот панел на Самитот, рече дека бобата против корупцијата и организираниот криминал останува врвен приоритет за неговата земја на патот кон евроинтеграциите и изградба на функционална демократија. „Криминалот не познава нација или религија, криминалците успешно соработуваат без оглед на разликите. Вчера имавме акција на северот од Косово во којашто за жал, имаше повредени, и некој се обиде да даде етничка димензија на целата ситуација. Ќе ви кажам само дека налозите од судството и обвинителствата за вчерашна акција за разбивање на шверц, меѓу другите беа издадени и од Срби, а во акцијата имаше повредени и Срби и Албанци.“ Курти ова го кажа на почетниот дел од денешната конференција, а нешто подоцна, на панелот насловен „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревко глобално окружување“, државниот секретар во српското Министерство за надворешни работи, Немања Старовиќ, даде забелешка во врска со немилите настани во Митровица, коишто се случија на 13 октомври, дента пред одржувањето на Самитот на Западен Балкан во Скопје. „Иако сум оптимист во врска со европерспективите на регионот на Западен Балкан, она што може реално да не’ спречи на патот е национализмот. Она што вчера се случи во Косово е
прашање на прекумерно користење на сила, за да се спречи наводна повреда на царински регулативи и сл. Но, активирање на целосно вооружена полиција, солзавец, шок бомби, едноставно не е прифатливо. Ваква акција поради кутии со шверцувани лекови, наспроти ситуацијата за која сите сме свесни, со тони шверцувани цигари, едноставно е бесмислена“, рече Старовиќ.
Европа да покаже акција на терен
На панелот насловен „Визијата за Европската унија и Западен Балкан“ се дискутираше околу тоа зошто проширувањето на ЕУ со земјите од Балканот е критично за европската иднина. Можеби најголемата „ѕвезда“ на Самитот, поранешниот германски министер за надворешни работи Јошка Фишер, истакна дека не е песимист во врска со евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан, но Европа мора да работи заеднички на процесот на проширување којшто мора да остане основен принцип на ЕУ во понатамошниот развој. „Западен Балкан припаѓа во Европа, тој е дел од Европа, не само нејзино предворје. Мора да ги искористиме сите можности за што побрзо интегрирање на овој регион во ЕУ“, рече Фишер. Тој смета дека постои реална опасност од заземање на балканскиот терен од страна на неевропски играчи, коишто си ја бараат својата шанса за зголемено политичко и економско влијание во регионот. „Ќе бидам искрен... Сметам дека не е мудро да се отвори вратата за неевропски играчи, како Кина. На краток рок тоа можеби ќе донесе некакви економски бенефити, но на среден и долг рок ќе го разјаде евроинтеграцискиот процес.“, рече Фишер. Вицепремиерот за евроинтеграции во македонската влада, Никола Димитров, рече дека на последниот самит на ЕУ
23
ОКТ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
за Западен Балкан добивме јасна порака: дека ЕУ останува посветена на проширувањето. „ Визијата и ветувањето се дадени, но она што фали е напредок на терен.“, рече Димитров. Тој додаде дека мирниот развој на овој регион е врзан со евроинтеграцискиот процес и дека обединет Балкан е можен само ако има евроинтеграција. „ За да се обнови вербата на луѓето мора да се случи акција во регионот. Не е фер да се обвини за ова ЕУ како целина. Тоа е комплексен механизам со консензуални механизми на одлучување. Со цел да се обнови процесот, нашите соседи Бугарија треба да покажат лидерство и одговорност, затоа што сите губиме на крајот. “, порача Димитров. Тој истакна дека релацијата помеѓу ЕУ и Западен Балкан е како двонасочна улица. “Балканот добива од ЕУ, но и ЕУ добива од Балканот. Трговската размена во корист на ЕУ државите се мери со милијарди евра. Да не го заборавиме и одливот на кадри што постојано се случува од балканските земји кон западноевропските членки на ЕУ и којшто е рак рана на земјите од регионот и го загрозува нивниот економски и општествен развој на долг рок.“
ЕУ да одлучи дали сака да биде глобален играч или само посматрач
На Самитот на Западен Балкан преку видео конекција се обрати и Габриел Ескобар, заменик секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања при американскиот Стејт Департмент. Тој истакна дека САД целосно ја поддржуваат европската интеграција на земјите од Западен Балкан и во иднина членството ќе ја зајакне стабилноста на регионот. „Секоја земја која влегува во ЕУ носи и свои квалитети и придонесува за Унијата. Овие земји и географски припаѓаат на Европа и се дел од неа. Сакам да биде јасно дека целосната интеграција САД и ЕУ работат заедно и таа борба и заложба нема да престане. Останува да се затворат отворените прашања, да се спроведуваат зацртаните реформи, а во реформирањето Албанија, Северна Македонија, па и Црна Гора веќе имаа напредок“, рече Ескобар. Додаде дека сега е вистинска можност да се создадат вистински односи со сите земји во Западен Балкан. Во шесте земји од овој регион живеат 20 милиони луѓе, а сега очекуваат раст од околу пет отсто, па Ескобар смета дека има и многу можности. „Перспективите и можностите се огромни. И сега амбиентот е многу поразличен споредено со деведесеттите години. Сепак сакам да уверам дека ние сме присутни во регионот од Дејтон па се’ досега. Целосно ги поддржуваме европските напори на Албанија и Северна Македонија, сметаме дека и Црна Гора треба да се врати на тој пат, исто така да продолжи и напорот за интеграција на Босна и Херцеговина“, рече Ескобар. „Кога зборуваме за Западен Балкан, факт е дека некои од земјите на ЕУ не се среќни со проширувањето, и сега
ЈОШКА ФИШЕР
поранешен германски министер за надворешни работи
Западен Балкан припаѓа во Европа, тој е дел од Европа, не само нејзино предворје. Мора да ги искористиме сите можности за што побрзо интегрирање на овој регион во ЕУ. Постои реална опасност од заземање на балканскиот терен од страна на неевропски играчи, коишто си ја бараат својата шанса за зголемено политичко и економско влијание во регионот. Ќе бидам искрен... Сметам дека не е мудро да се отвори вратата за неевропски играчи, како Кина. На краток рок тоа можеби ќе донесе некакви економски бенефити, но на среден и долг рок ќе го разјаде евроинтеграцискиот процес.
ГАБРИЕЛ ЕСКОБАР
заменик секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања при американскиот Стејт Департмент
Секоја земја која влегува во ЕУ носи и свои квалитети и придонесува за Унијата. Овие земји и географски припаѓаат на Европа и се дел од неа. Сакам да биде јасно дека целосната интеграција САД и ЕУ работат заедно и таа борба и заложба нема да престане. Останува да се затворат отворените прашања, да се спроведуваат зацртаните реформи, а во реформирањето Албанија, Северна Македонија, па и Црна Гора веќе имаа напредок.
ОКТ. 2021
24 EVENTS
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
останува на ЕУ како ќе одговори на овие предизвици. Јас би сакала да дадам едно потсетување за сегашните европски лидери, на состојбите кога се распаѓаше поранешна Југославија, во смисла дека не е сеедно како ќе одговорите на одредени предизвици. Кога лошо ќе се прочита геополитичката реалност, тогаш настануваат такви состојби и затоа сметам дека Европа го нема луксузот лошо да ја прочита геополитичката реалност, која може да биде и сурова“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на панелот посветен на безбедносните предизвици во пост – ковид светот. Министерката нагласи дека сега на ЕУ е да одбере дали ќе се наметне како глобален играч, или ќе биде само посматрач. „Ако Европа сака да ја сфати улогата на глобален играч, сега е време да донесе храбри одлуки и да го покаже својот европски порив. Уште од 2018 година одекнуваат истите пораки, но на различни начини. Но, сите тие остануваат само како празни ветувања кои лошо зборуваат за сигналите што ги испраќа Европската унија“, потенцира Шекеринска. Таа нагласи дека нашата држава многу напорно работеше, односно го склучивме Преспанскиот договор, како и договорот за добрососедство со Бугарија, а направивме и многу во делот на слободата на медиумите. Значи, се беше реализирано, односно ние дури и повеќе испорачавме“, потенцира министерката за одбрана. „Фактот што станавме членка на НАТО ни даде малку простор, но останува потребата за членство во ЕУ. Еве сега гледаме како се развива состојбата меѓу Србија и Косово, и јас верувам дека не постои граѓанин во Северна Македонија кој не гледа со страв на овие високи тонови што сега се разменуваат меѓу Белград и Приштина. Но, благодарение на членството во НАТО сега нема таква загриженост“, ја објасни министерката сегашната состојба на земјава. Таа потенцира дека не е точно дека ја нема европската солидарност, што го покажа ковид кризата и пост - ковид периодот, иако имаше извесни застои и доцнења, но факт е дека тоаа постои и тоа не ја намали улогата на ЕУ. Сепак, недостига инклузивност, и ова удира во сржта на европската моќ и сигурност во целиот регион. „Пораката што сега како да ја слушаме е – немојте да забрзувате со реформите, бидејќи ние нема да испорачаме, дури и ако одлично сте сработиле“, објасни министерката. Шекеринска потсети дека кога во 2008 година не успеавме да влеземе во НАТО, сите мислеа дека тоа ќе се случи многу брзо. „Но, поминаа цели 10 години, време кое никогаш нема да се врати. Верувам дека сега ЕУ ќе ги најде своите сили за тоа да не се повтори и дека ЕУ нема да дозволи тука да се случи политички вакуум“, рече Шекеринска.
Да се работи на поврзаноста, дигитализацијата, зелената енергија
Претставници на нашите најголеми финансиски поддржувачи, Европската
МАТЕО РИВЕЛИНИ
раководител во Европската инвестициска банка
Две полиња на напредок се клучни што треба да се постигнат во регионот. Првото е да се направат големи инвестиции, за што се преземаат многу иницијативи и проекти. Втората работа, пак, што е клучна, тоа е поврзаноста. Притоа не мислам само на транспортот кога зборувам за поврзаноста. ЕИБ инвестираше милијарди евра во транспортната инфраструктура и на ова поле сакаме уште повеќе да се ангажираме. Но, кога станува збор за поврзаноста, треба да се постигне напредок и од аспект на дигиталната поврзаност.
инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, имаа значајни пораки за земјава на денешниот Самит на Западен Балкан, организиран од Економист. Порачаа дека мора да се зголеми поврзаноста меѓу земјите од регионот, дигитализацијата, транзицијата кон зелена енергија, а да се намали сивата економија и да се зголемат вештините на работната сила. „Регионот напредува во поглед на дигитализацијата, но се’ уште не можеме да кажеме дека напредува во поглед на висината на БДП по глава на жител. Во тој поглед регионот се’ уште е далеку од Европската унија“, констатираше Матео Ривелини, шеф на одделот Адриатик при Европската инвестициска банка, на панелот „Поплочување на патот кон раст и просперитет во пост – ковид светот“. Според него, не постои ниту напредок во поглед на тоа колку економскиот раст е достапен за сите граѓани. Од тие причини Европската инвестициска банка е постојано тука за да му помогне на Западен Балкан, вели тој. Две полиња на напредок се клучни што треба да се постигнат. Првото е да се направат големи инвестиции, за што се преземаат многу иницијативи и проекти. Втората работа, пак, што е клучна, тоа е поврзаноста. „Притоа не мислам само на транспортот кога зборувам за поврзаноста. ЕИБ инвестираше милијарди евра во транспортната инфраструктура и на
ова поле сакаме уште повеќе да се ангажираме. Но, кога станува збор за поврзаноста, треба да се постигне напредок и од аспект на дигиталната поврзаност“, рече Ривелини. Една од клучните работи според него, е и зелената транзиција во енергијата, што се однесува на обезбедување на електрична енергија од извори кои не загадуваат, а ЕИБ, како климатска банка, тоа секако дека го поддржува. „Свесни сме дека регионот има термоелектрани кои го загадуваат воздухот, а испуштањето на јаглерод од термоелектраните нема граници, не е само во регионот. Така што, потребен е ангажман за таа зелена агенда и тоа треба правично да се обезбеди“, рече Ривелини, додавајќи дека ЕИБ е ангажирана и на финансирање на системот за отпадни води на реката Вардар во земјава. Поранешниот претседател на Еврогрупата Јерон Диселблум рече дека мора да се работи на зголемување на продуктивноста на трудот, а за пост - ковид периодот дека клучни се фискалните, монетарните и структурните реформи. „На фискален фронт има доста можности и предизвици. Дали ги трошиме парите на вистински работи, тоа треба да се запрашаме. Сега е важно да се инвестира во образование, затоа што сега е добро и има изгледи за раст, но колку ова ќе трае. Нема ли да има следен нов шок? Што ако има? За ова треба да
Oрочен депозит
ПРОМОТИВНО ОВОЈ МЕСЕЦ, ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ПОНУДАТА И ОРОЧЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕНАРСКИ ЗАШТЕДИ СО 1,4 % ФИКСНА КАМАТА ЗА 24 МЕСЕЦИ Зошто да ја изберете ПроКредит Банка ? - Единствена банка со Германски капитал во земјата - Стабилен и долгоречен кредитен рејтинг на ПроКредит банка „БББ-“, потврден од меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” - Прва и единствена целосно дигитализирана банка во земјата можност за орочување на Вашата заштеда директно преку електронско и мобилно банкарство 24/7 - Уплатете ги Вашите заштеди самостојно и дискретно во Зона 24/7 * Промотивната понуда важи до 10.11.2021 само за штедни влогови во денари
02/2446-000
mkd.info@procredit-group.com
www.pcb.mk
ОКТ. 2021
26 EVENTS
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
се размислува. Во однос на монетарната политика исто така има некои можности, ЕЦБ вели дека нема лимити и ќе помогне но секако дека има. Таа треба да обезбеди инструменти за потенцијални шокови и да пресретне идни шокови“, рече Диселблум. Додаде дека најважни се структурните реформи и рече дека сите инвеститори треба да се сигурни и тоа треба да го обезбедат Владите. Кога зборуваме за инвестиции мора да се обезбеди дека тие инвеститори ќе имаат доверба во Владата. „Сите прашуваат дали може да инвестирам, дали можам да и верувам на Владата, дали ми е заштитен капиталот, дали ќе бидам заштитен како малцински акционер, дали има корупција, дали системот е ефикасен“, рече Диселблум.
Приоритети за финансискиот сектор
На панел дискусијата посветена на приоритетите на финансискиот сектор во актуелниот пост ковид контекст, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска истакна дека банкарскиот сектор беше дел од решението во надминувањето на ефектите од корона-кризата.
Стабилноста на банкарскиот сектор и неговата подготвеност за соочување со предизвиците коишто ги донесе кризата се должат пред сè на добрата кондиција на овој сектор стекната во претпандемискиот период, како резултат на бројни регулаторни мерки преземени од Глобалната финансиска криза наваму. Поради ова банкарскиот сектор успеа да апсорбира голем дел од ударот врз реалниот сектор, посочи АнгеловскаБежоска. Исто така, преку мерките коишто ги презеде Народната банка, како олабавувањето на монетарната политика и регулаторната флексибилност за да се овозможи мораториум на долговите, се придонесе за олеснување на ефектите на кризата врз корпоративниот сектор, но и домаќинствата. „За време на корона-кризата кредитната поддршка беше солидна, па дури и забрзана, движејќи се околу 6%, додека каматите и натаму опаѓаат, достигнувајќи го историски најниското ниво. Кредитната поддршка одигра важна улога во одржувањето на многу дејности и домаќинства, што, пак, е од клучно значење за одржувањето на економската активност“, посочи гувернерката. Ангеловска-Бежоска нагласи дека за натамошно зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем, во претстојниот период, Народната банка заедно со Министерството за финансии, ќе продолжи со работа на зајакнувањето на регулативната рамка и усогласувањето со регулативата на ЕУ. За таа цел се усвоени и Законот за финансиската стабилност, Законот за решавање банки и Законот за банките. Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека министерството соработува со НБРСМ, и дека е клучна соработката меѓу тие институции. Тој нагласи дека сега се трошат средствата од еврообврзницата од 700 милиони евра што ги зеде земјава, а ќе се обезбедат и средства од домашниот пазар, но и на други начини, за финансирање на долгот на државата. Нагласи и дека ќе се користат и проекти од иселениците во земјава. „Проекцијата на Владата и на Министерството за финансии е годинава растот на БДП да биде 4,1%, но позитивните движења во вториот квартал и случувањата и макроекономските политики во третиот и четвртиот квартал може да придонесат годинава да ја завршиме со повисок раст на БДП од проектираниот. Северна Македонија се фокусира на подобро искористување на традиционалните и воведување иновативни финансиски инструменти за поддршка на инвестициските проекти на приватниот и јавниот сектор, преку мобилизирање буџетски средства, средства од официјалните кредитори, како и средства од развојните партнери. Државата ќе издава развојни обврзници, зелени обврзници и проектни обврзници – тие ќе им бидат достапни не само на големите инвеститори, туку и на граѓаните, кои ќе имаат можност да ги вложуваат своите заштеди во сигурни инвестиции, со позитивно мултипликативно влијание во повеќе приоритетни области на економијата“, истакна министерот за финансии.“, истакна Бесими. nnn
ОКТ. 2021
28 INTERVIEW
Singular, компанијата што македонскиот претприемач Дарко Гацов ја формираше со интернационални партнери, и која што преку своите канцеларии во Скопје, Грузија и Малта развива софтверски платформи за потребите на т.н. iGaming индустрија, од неодамна е дел од британската корпорација Flutter Entertainment, водечки играч во сегментот на онлајн казината и обложувањето.
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
29
INTERVIEW ДАРКО ГАЦОВ
ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР НА SINGULAR
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
разговара:
Д
ИГОР ПЕТРОВСКИ
ДАРКО ГАЦОВ
оперативен директор на Singular
ГОРДИ СМЕ ШТО ГИГАНТ ОД НАШАТА ИНДУСТРИЈА ГО ПРЕПОЗНА КВАЛИТЕТОТ И ПОТЕНЦИЈАЛОТ ШТО ГО ИМАМЕ
ОКТ. 2021
арков Гацов, роден Скопјанец, има несекојдневна претприемачка сторија за споделување – од студентските денови во Виена, преку бизнис потфатите во Грузија, партнерството во компанијата Singular специјализирана за софтверски платформи за потребите на онлајн казина и спортски обложувалници, растот и развојот на стартапот, се’ до моментот кога глобалниот гигант во сегментот на т.н. iGaming, британската корпорација Flutter увидува дека потенцијалот на Singular е голем, па решава преку аквизиција да ги стави под својата капа. Токму овој најнов успех на Singular беше повод за ова интервју, па деновиве поминав неколку часа во прекрасен разговор со Гацов, при што го „покривме“ неговиот пат до успехот, фаза по фаза, колку што се можеше во тој ограничен тајминг, со надеж дека ќе извадиме инспиративни поенти за сите млади претприемачи или оние што размислуваат кој пат допрва да го фатат во својата кариера во ИТ секторот. Како што вели Дарко, македонскиот ИТ сектор е многу светол пример за успех и е гранка која овозможува здрава почва за надеж. „Надеж дека без разлика на сите регионални, пазарни и политички комплексности во државата и регионот, луѓето со своите идеи, едукација, посветена работа и претприемачки дух, можат да направат големи исчекори - не само за себе и многу луѓе околу нив туку и за целата наша земја.“ Дарко, раскажете ве молам, како почнува приказната на Singular? Од каде токму во Грузија? Приказната почнува со другарство на двајца странци во Виена, студенти на Webster University, едниот од Скопје, Македонија, другиот од Тбилиси, Грузија. Да, едниот сум јас, а другиот е еден прекрасен човек Ото Шаликашвили. Јас слепо амбициозен, академски посветен да бркам просек, бидејќи имав стипендија, а Ото прагматичен со цел да извлече знаење од факултетот, но само во теми за кои има интерес. Двајцата делевме глад за знаење, пасија за филозофија, за предизвикување на статус кво во сите работи и неуморно дебатиравме за тоа што преставува животот и кои вредности го прават човека човек. Преку заедничка работа на факултетските проекти, многу работа и неспани ноќи увидовме и дека делиме пасија за создавање вредност. Секако, тоа не беше од филантропски мотиви, бидејќи во Виена студентскиот живот е скап и истражувавме како преку претприемништво може да си обезбедиме покомотен живот во градот. За време на нашето школување, пробавме да направиме многу проекти, некои успешни, повеќето неуспешни. Секако тоа не ни беше причина да кренеме раце од идејата да создадеме вредност. Кога дипломиравме Ото
ОКТ. 2021
30 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
одлучи една година да ја истражува Виена, а јас почнав да работам за General Motors. Нашето дружење и нашите дебати, не престанаа. Речиси една година подоцна, беше сабота и седнавме на појадок во 15/16, место во Виена омилено и на двајцата каде отворивме една друга дебата за животот – овој пат за врските со нашите родители. Двајцата констатиравме дека веќе сме едноставно возрасни и дека треба вистински да поминеме време со нашите фамилии, што резултираше со одлука тој да се врати во Грузија, а јас во Македонија. Одлуката “падна“ уште на самиот појадок, но во 15/16 тоа саботно утро, не “падна“ само одлука, туку и ветување кое подоцна ни ги смени животите. Констатацијата која водеше кон ветувањето беше дека “Еден ден, ние мора да работиме заедно. Може да е утре, може да е после 5 години, но кога на едниот ќе му се создаде можност, треба да му се јави на другиот, а другиот, доколку можноста е подобра од тогашната негова работа, не смее да каже не.“ Ветување? Ветување! XШто X се случи подоцна? Како ви се вкрстија патиштата повторно? Речиси две години подоцна, јас вработен во Про Агенс, Ексел отворен на два монитори, правам систем за алокација на трошоци за Македонска Пошта кога ми го носат канцеларискиот телефон, бидејќи “Некој од странство ме бара“. Кревам една веѓа со што давам на знаење и на себе и на подавачот на телефонот дека не очекувам некој да ме бара, уште помалку тој некој да е од странство. - Ало? - Hey man wassup? Just to let you know, I got married! Од таа страна Ото, кој го немав слушнато долго време, само што ми кажа дека се оженил уште пред да ми каже здраво. После моите честитки и паралелното правење на математика како да стигнам до Тбилиси на свадба, Ото доста непосредно ми кажа дека свадбата била пред 6 месеци и дека ме бара да ме праша дали ми текнува на ветувањето од 15/16? Мислам дека и тоа прашање беше реторичко, бидејќи уште немав одговорено, а тој тргна да ми објаснува што се случило кај него. “Еден многу богат бизнисмен, има идеја да почне онлајн казино. Тој има физичко казино кое е познат бренд, но сака да отвори онлајн. Ме побара мене да го водам бизнисот, но јас знаеш дека сум маркетолог и му кажав дека јас нема да можам да го водам бизнисот туку дека ќе водам маркетинг. Но, исто му кажав дека знам кој може да го води бизнисот и дека ќе се нафатам на работата доколку тој те викне тука и заедно да работиме. Туку за ветувањето - сигурен сум дека оваа можност е подобра од екселите пред тебе, па си земав слобода да ти извадам авионска карта и да ти кажам дека за 14 дена леташ за Тбилиси, а јас ќе те чекам на аеродром. Се гледаме за две недели.“ Повикот делуваше повеќе како монолог на Ото, затоа што бев повеќе од збунет. Како го затворив телефонот, 10 минути останав да гледам во една точка и да ги
консолидирам мислите. Па јас, ќе треба со 100 евра во џеб да летам за Тбилиси?! Нејсе, после рефлексијата од 10 минути станав и влегов во канцеларијата на директорот на Про Агенс на кого му ги раскажав и ветувањето и содржината на телефонскиот повик. - И? Мислиш да одиш за 14 дена? - Па, се мислам, да. - Даркич, ветување си е ветување. Од мене имаш целосна поддршка, а твоето биро ќе го чувам празно се додека не ми се јавиш дека се е во ред во Тбилиси и дека се испаднало како што си очекувал. Со тој ветар во грб од директорот на Про Агенс, така и бидна. За 14 дена, на 1ви април 2011, стигнав во Тбилиси и со Ото го почнавме проектот adjarabet.com во стан од 50 квадрати на улица Абашидзе. Што поради пожртвувана работа и бескомпромисна посветеност, што поради вистинско време и место, аdjarabet.com уште истата година стана најбрзо растечкиот бизнис во нашата индустрија во последните 5 години на светско ниво. XДали X онлајн казиното во Грузија беше појдовната точка за Singular подоцна? Додека го градевме бизнисот, увидов дека во индустријата на онлајн игри на среќа, технологијата игра клучна улога и е тесно поврзана со успехот. Единствен начин да се има брз timeto-market и да може креативата во бизнисот да се преточи во реалност е со силен оперативен тим и со флексибилна технологија посветена на бизнисот. Тогаш веќе знаев дека за компанијата да има долгорочен успех, треба да го најдеме токму тоа парче кое тогаш недостасуваше и оваа цел ја споделив со една колешка. Таа не губеше време и веднаш ми сподели дека познава двајца млади момци кои студирале во Лондон, пред скоро време се вратиле во Грузија и отвориле фирма за технологија која прави игри за социјални медиуми. Така, летото во 2011 ги сретнав Акаки и Џорџ, прекрасни луѓе со брилијантни умови кои подоцна кон крајот на годината ми стануваат партнери во Singular. Акаки, екстровертен и самоуверен, тврдеше дека се’ што може да се смисли, може и да се направи. Џорџ, потивок и аналитичен, дофрлуваше поконкретни механизми на реализација. Уште на првиот состанок утврдивме неколку проекти кои тие ќе ги развиваат за остварување на моите планови во adjarabet.com. Проектите беа комплицирани, а времето за нивна реализација беше многу кратко, но и покрај сите овие неприлики Акаки и Џорџ испорачаа производи и решенија со многу висок квалитет. Тогаш јас веќе бев сигурен дека ја остварив целта да најдам добар партнер за технологија на adjarabet. com. Од друга страна Акаки и Џорџ биле сигурни дека сакаат да им станам партнер во Singular и да ја промениме главната дејност на компанијата од игри за социјални медиуми во игри на среќа. При крајот на 2011 тие ме повикаа на ручек и ми соопштија дека одлучиле да ми понудат партнерство во нивната
компанија за заедно да ја развиваме во оваа индустрија. Поставивме цел уште на истиот ручек – да ги направиме најмодерните, најмодуларните и најагилните решенија што индустријата ги видела додека притоа користиме само нови технологии. Никогаш не сум рекол ‘не’ на предизвик, а особено немав намера да одбијам предизвик кој имаше за цел да разбранува една цела индустрија која впрочем е многу динамична и бескомпромисна и во која професионално се идентификував. XКако X течеше развојот на компанијата? Кои се клучните моменти пресвртници? После овој состанок следеа неколку епохи во развојот на Сингулар. Првата беше создавање и развој на основите и траеше скоро 4 години. Тие четири години се работеше и дење и ноќе и беше еден од можеби најнапорните периоди во мојата професионална кариера. Но млад, полн со енергија, амбициозен и воден од визија во која се идентификував, не ми беше тешко. Главното прашање не ни беше кое е најдоброто решение кое го има направено индустријата или нашите идни конкуренти, туку како да направиме комплетно нов технолошки екосистем кој ќе ги реши и проблемите на иднината (no legacy – scalable – modular future proof tech). Најпрво отворивме центар за развој на технологии во Скопје и дел по дел ги направивме сите најважни технолошки вертикали, iGaming платформа, спортско обложување, казино платформите и P2P платформа и engine. Сите овие технологии беа ставени во пракса во adjarabet.com и истите покажаа перформанси кои претходно не беа забележани на глобалниот пазар. Singular почна да добива препознавање, но истото беше најмногу од локалниот пазар. Важно е да се истакне дека кога фирма за технологии работи на свои производи, развојот и иновацијата никогаш не престануваат. Производите и решенијата не се дестинација, тие се процес кој постојано и неуморно мора да се надградува. Цело ова време ја водев adjarabet.com и паралелно работев за Singular. Откако основите беа поставени, за наредните поглавја, мораше да се посветам само на една од тие две приказни. Со моето заминување од adjarabet. com, некаде во средината на 2015, почна втората епоха на Singular. Целта на оваа фаза беше еднаква ако не и повеќе амбициозна од првата –нашите технологии и решенија да се пробијат на меѓународен пазар и да добијат признание на глобално ниво. Оваа цел, како и првата, не се прави преку ноќ. Првиот чекор беше инкорпорација на Singular и во Малта која е препознатлива во Европа како центар за iGaming. Со тоа почна еден процес на патувања, меѓународни конференции и излагања на истите, средби на различни континенти со потенцијални клиенти и повеќе “пичови“ и демоа на производот од што можам да избројам. Приказната се развиваше чекор по чекор и почна со помали и понестабилни клиенти, но продолжи со посериозни проекти каде
31
ДАРКО ГАЦОВ
ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР НА SINGULAR
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Влегувањето под капата на Flutter секако е успех и на целиот тим на вработени во Singular во Македонија, во Грузија и Малта и воедно и признание за нивната стручност и посветеност, за сите кои се или некогаш биле дел од оваа приказна. Производот кој заедно го изградивме е нешто што одекна на светскиот пазар. Откако станавме дел од Flutter за Сингулар почнува нова епоха, како дел од најголемата компанија во индустријата. Отворени сме за нови предизвици како и за искористување на нови големи можности кои ги нуди глобалниот пазар низ призмата и искуството на Flutter и спремни сме да направиме нови исчекори и многу поголеми успеси.
Singular и учеше и имаше можност да се докаже. Неколку години подоцна, работејќи кон остварување на оваа цел, Singular порасна повеќекратно и почна да станува препознатлив бренд во индустријата. Цел овој период Singular растеше исклучиво органски и јас, Акаки и Џорџ уште од првиот ден не прекршивме еден постулат - дека сета материјална вредност која ќе ја направи компанијата ќе биде повторно искористена за нејзин раст, односно дека сопствениците нема да зимаат дивиденди од компанијата. Во ИКТ секторот, посебно во фирми кои работат на свој производ и тој е enterprise производ, доаѓа период каде производот е со докажана вредност на пазарот и за забрзано растење на фирмата е потребен капитал поголем од оној кој фирмата може органски да го обезбеди. Секако тоа е можно да се направи и органски, но за да се постигнат истите резултати ќе биде потребно повеќе
ОКТ. 2021
време. Во нашиот случај доколку имавме пристап до екстерен капитал ќе можевме наместо за 8 години, целите да ги постигнеме за 3 години. Така во 2020 доаѓа третата епоха на Singular во која јас, Акаки и Џорџ се согласуваме да ја отвориме приказната за екстерни инвестиции кои ќе овозможат забрзан раст и побрзо стигнување до целта. Сите фази си носеа свој предизвик, но воедно и можности за учење на нови работи. Можноста за учење е и движечката сила во мојата кариера. За да ги направиме првите чекори во оваа фаза, потребно беше да се документира се што Singular има направено и да се конкретизира вредноста, како сегашната, така и идната, на сите наши решенија и цели. Како дојде до моментот Flutter да се заинтересира за вас и да направи аквизиција? Во дискусиите со различните светски компании патот ни се вкрсти со Flutter Entertainment, која е најголемата
компанија во светот во оваа индустрија. Таа истата фирма во раните месеци на 2019 купува контролен удел и во adjarabet.com. Во дискусијата со нив ние сретнавме ентитет кој не само што ја препозна нашата вредност и можноста на нашите технологии, туку е компанија која дели многу блиски вредности со нашите и е центар на експерти и знаење што овозможува да продолжиме да се надградуваме и учиме. Иако целта на оваа фаза беше инвестиција за раст, во разговорите со Flutter препознавме посилна симбиоза и поголема вредност од она што го очекувавме и процесот резултираше со аквизиција на Singular. Ова секако е успех и на целиот тим на вработени во Сингулар во Македонија, во Грузија и Малта и воедно и признание за нивната стручност и посветеност, за сите кои се или некогаш биле дел од оваа приказна. Производот кој заедно го изградивме е нешто што одекна на светскиот пазар. Откако станавме дел од Flutter за Сингулар почнува нова епоха,
ОКТ. 2021
32 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Обртот во iGaming индустријата е со значителен износ, бидејќи ова е една сериозна индустрија која е исто така строго регулирана од локални или меѓународни регулаторни тела. Важно е да се истакне дека бројките и претпоставките се темелат на она кое може да се види преку регулираниот пазар. Имаме и ситуации кои биле обелоденети за многу земји каде онлајн игрите на среќа не се регулирани дури и пазари каде се нелегални, но сепак такви услуги се приредуваат од странски или домашни компании и истите им се достапни на граѓаните на тие земји. Да се направи некоја квантификација, претпоставката е дека во наредните 5 години пазарот ќе биде околу 130 милијарди евра бруто приходи од игри.
како дел од најголемата компанија во индустријата. Отворени сме за нови предизвици како и за искористување на нови големи можности кои ги нуди глобалниот пазар низ призмата и искуството на Flutter и спремни сме да направиме нови исчекори и многу поголеми успеси. XКолкава X е големината на спортското обложување и онлајн игрите во рамки на глобалниот онлајн пазар, за колкави бројки на приходи зборуваме годишно? Бројките се значителни бидејќи ова е една сериозна индустрија која е исто така строго регулирана од локални или меѓународни регулаторни тела. Важно е да се истакне дека бројките и претпоставките се темелат на она кое може да се види преку регулираниот пазар. Имаме и ситуации кои биле обелоденети за многу земји каде онлајн игрите на среќа не се регулирани дури и пазари каде се нелегални, но сепак такви услуги се приредуваат од странски или домашни компании и истите им се достапни на граѓаните на тие земји. Согласно на тоа верувам дека бројките и потенцијалот се уште поголеми од оние кои ни се достапни во проекциите денес. Да се направи некоја квантификација, претпоставката е дека во наредните 5 години пазарот ќе биде околу 130 милијарди евра бруто приходи од игри. XКако X сте задоволен од развојот на македонскиот ИТ сектор и неговата позиционираност во глобален контекст? Кои се според вас клучните доблести, а кои се слабости на домашната ИТ индустрија? Јас сум по природа човек што секогаш гледа како работите може да бидат направени уште подобро. За ова тргнувам најпрво од себе, а потоа за луѓето и работите околу мене, што често прави да изгледам критичен дури и кога работите резултирале дека се добри. Македонскиот ИТ сектор е многу светол пример за успех и е гранка која овозможува здрава почва за надеж. Надеж дека без разлика на сите регионални, пазарни и политички комплексности во државата и регионот, луѓето со своите идеи, едукација, посветена работа и претприемачки дух, можат да направат големи исчекори - не само за себе и многу луѓе околу нив туку и за целата наша земја. Од тој аспект, не можам да кажам дека не сум задоволен, бидејќи овој сектор е една од причините поради кои многу способни луѓе кои ги познавам одлучиле да не отпатуваат во странство туку да ги градат своите иднини и оние на нивните фамилии дома. Но секако, работите може да се уште подобри и ИТ секторот има потенцијал за поголем успех од оној кој до сега сме го оствариле. Да тргнеме вертикално, каде можело и може да се направи поголема вредност. Во правење на посилен и попрактичен образовен систем и создавање на центри на знаење, бидејќи и побарувањето и луѓето спремни да помогнат се тука. Во регулативата, од еден агол даночната за привлекување на големи технолошки фирми, од друг за онаа која ќе помогне за младите полесно да направат своја претприемачка приказна, од трет за
ДАРКО ГАЦОВ
ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР НА SINGULAR
прогресивни модели кои ќе излезат од комфорна и конзервативна регулативна позиција. Нема прогрес во комфорна позиција, а посебно во онаа која треба да е носечка во државата. Во охрабрување на бизнис модели кои помалку ќе се фокусираат на создавање на интелектуална сопственост на странски outsource компании, а повеќе на нешто што ќе даде долгорочна вредност на домашниот ИТ сектор. Во градење домашни брендови кои ќе одекнат во странство. Во истражувачки дејности и апликативни решенија за подобрување на домашниот пазар, па доколку успееме во тоа и во примената на тие решенија за подобрување и на странските пазари. Во создавањето наши продукти и услуги. Дека ова веќе се прави е точно, но дали може да е уште подобро - секако да и тоа многу. XКако X млад човек и менаџер соочен со реалноста на (пост)пандемичното доба, кои се според вас клучните предизвици со коишто допрва ќе се бориме на планетава? Секоја генерација си има свои предизвици. Секоја наредна ги доживува своите како потешки од претходните јас не сум исклучок. Дури мислам дека проблемите и предизвиците на наредните генерации ќе бидат уште поголеми од нашите денес. Ова прашање има и филозофска тежина. Како што стануваме се’ повеќе луѓе на ова парче во сончевиот систем, комплексноста на проблемите се’ додека нема значителна промена на просекот на свеста во нагорна линија, ќе биде се’ поголема. Еден клучен предизвик е менување на системот за образование. Како цивилизација одамна го имаме надминато системот во кој цел е се научат информации, бидејќи тие се веќе достапни на секого во секое време и во мера поголема од што може да ги обработи нашиот ум. Веќе немаме потреба за униформна подготовка на луѓе за да имаме конзистентност од една држава во друга. Имаме потреба за нови решенија и креација, за разбирање на комплексни системи, за градење на објективни и аналитички умови, кои ќе имаат за цел тоа што го прават да биде во баланс со природата. Имаме потреба за разбирање што значи градење на соживот и како тоа што го правиме за нас ќе се одразува и за тие околу нас и тие после нас. Колку поскоро направиме целосна промена на образовниот систем, толку побрзо ќе овозможиме проблемите на идните генерации да се помали од оние на претходните. Друг клучен предизвик е адаптирање на економскиот систем. Во ограничено парче земја, не може да засноваме систем кој се потпира на константен раст - тоа едноставно и пркоси на логиката. Уште еден клучен предизвик е адаптирање на политичките системи, чувствителна тема која веќе тие за кои е осетлива се свесни за потребата на менување. Клучни предизвици има многу, но луѓе кои ќе се спремни да жртвуваат време и енергија и да го посветат своето битие за да ги решат, ќе има повеќе. nnn
33
ОКТ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Веќе немаме потреба за униформна подготовка на луѓе за да имаме конзистентност од една држава во друга. Имаме потреба за нови решенија и креација, за разбирање на комплексни системи, за градење на објективни и аналитички умови, кои ќе имаат за цел тоа што го прават да биде во баланс со природата. Имаме потреба за разбирање што значи градење на соживот и како тоа што го правиме за нас ќе се одразува и за тие околу нас и тие после нас. Колку поскоро направиме целосна промена на образовниот систем, толку побрзо ќе овозможиме проблемите на идните генерации да се помали од оние на претходните.
OKT. 2021
34 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
ГОЛЕМА ВРЕВА ЗА ИНФЛАЦИЈАТА КОЈАШТО МАЛКУ СЕ КРЕВА
ИНФЛАЦИЈАТА НАМЕСТО 2,2% 35 МОЖЕ ДА ПОРАСНЕ ДО 3,1% ИНФЛАЦИЈАТА НАМЕСТО 2,2% МОЖЕ ДА ПОРАСНЕ ДО 3,1%
OKT. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Веќе има консензус дека цените годинава ќе пораснат малку повеќе одошто првично се очекуваше. Наместо 2,2%, сега инфлацијата се проценува дека може да достигне до 3,1% на годишно ниво. Но тоа е далеку од галопирачка инфлација за каква што сосема ноншалантно шпекулираат некои бизнисмени и политичари, во ек на кампања за локални избори обидувајќи се на тој начин да ги критикуваат актуелните економски политики и да ги придобијат гласовите на граѓаните. сите домашни и меѓународни финансиски институции потврдуваат дека ситуацијата со инфлацијата е стабилна и воопшто нема простор за паника. Растот на цените на енергенсите на светските берзи ќе предизвика и корекција нагоре на стапката на инфлација кај нас, велат од Народната банка. Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска уверува дека растот би бил умерен и дека нема простор за загриженост.
OKT. 2021
36 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
автор:
АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ
С
ите зборуваат за инфлација. Веќе има консензус дека цените годинава ќе пораснат малку повеќе одошто првично се очекуваше. Наместо 2,2%, сега инфлацијата се проценува дека може да достигне до 3,1% на годишно ниво. Но тоа е далеку од галопирачка инфлација за каква што сосема ноншалантно шпекулираат некои бизнисмени и политичари, во ек на кампања за локални избори обидувајќи се на тој начин да ги критикуваат актуелните економски политики и да ги придобијат гласовите на граѓаните. Од друга страна, самото претерано зборување за инфлација веќе создава поголеми инфлаторни притисоци од реалните. Одговорот на граѓаните кои постојано слушаат дека куповната моќ ќе се намалува ќе биде тие да купуваат сега наместо подоцна бидејќи парите ќе имаат помала вредност. За потрошувачите, тоа значи полнење на резервоари за гас, бензини, полнење на замрзнувачот, купување поголеми чевли за децата за следната сезона и слично. За
„На краток рок ќе имаме зголемена инфлација. На среден рок, почнувајќи уште од почетокот на наредната година, ќе имаме стабилизирање на инфлацијата. На долг рок се очекува нејзино зголемување како резултат на зелената енергетска транзиција. За употребата на јаглен во термоцентралите ќе треба да се плаќа данок. А и потоа, самата енергија од обновливи извори е поскапа. Цената на енергијата ќе влезе во сите други цени. Но, ние мора да го направиме тоа за да ја зачуваме нашата животна средина“, изјави Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист на Светска банка за земјите од Западен Балкан. бизнисите, тоа значи правење капитални инвестиции кои, под различни околности, може да се одложат за подоцна. За жал, поривот за трошење и инвестирање во услови на инфлација има тенденција да ја поттикне инфлацијата за возврат, создавајќи потенцијално уште полоша инфлаторна спирала. Како што луѓето и бизнисите трошат побрзо, економијата се наоѓа преплавена во готовина. Со други зборови, понудата на пари ја надминува побарувачката, а цената на парите - куповната моќ на валутата - паѓа со сè побрза стапка. Меѓутоа, сите домашни и меѓународни финансиски институции потврдуваат дека ситуацијата со инфлацијата е стабилна и воопшто нема простор за паника.
Растот на цените на енергенсите на светските берзи ќе предизвика и корекција нагоре на стапката на инфлација кај нас, велат од Народната банка. Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска уверува дека растот би бил умерен и дека нема простор за загриженост. „Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2%, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот циклус на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација“, истакна гувернерката Ангеловска Бежоска. Според последните објавени
37
ИНФЛАЦИЈАТА НАМЕСТО 2,2% МОЖЕ ДА ПОРАСНЕ ДО 3,1% податоци од Државниот завод за статистика, трошоците за живот во септември се зголемиле за 3,7% споредено со истиот месец лани. Народната банка прави и анкета на инфлациските очекувања и прашува експерти од областа, а според најновата, очекувањата за 2021 година упатуваат на просечна стапка од 2,8%, наспроти 2,3% во претходната анкета, меѓутоа, сепак далеку од драстично зголемување на цените. Експертите смируваат Малку повисоки се и очекувањата за 2022 и 2023 година, односно испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 2,5% во 2022 година наместо 2,1% во претходната анкета и 2,3% во 2023 година за која во претходната анкета сметале дека ќе има инфлација од 2%. „Слично како и во претходната анкета, испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања пред сè со постепеното стабилизирање на состојбата предизвикана од пандемијата на ковид-19
OKT. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА гувернерка на Народната банка Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2%, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот циклус на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација.
БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ
Институт Finance Think Во моментот не треба да генерираме било какви други мерки, затоа што во еден дел овие инфлаторни притисоци ќе бидат привремени, а што ќе се случува понатаму со електричната енергија чија цена расте треба да се следи будно ситуацијата и соодветно да преземеме мерки. Не треба да преземаме никакви други мерки затоа што на тој начин повторно ги креираме тие инфлаторни очекувања, а од друга страна секогаш зборуваме дека порастот на платите треба да ја следи продуктивноста така што во моментот сметам дека треба да ги следиме факторите кој влијаат и соодветно на нив да преземаме мерки
Кредитно животно осигурување кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка
Осигурителната полиса овозможува: • измирување на кредитен долг • осигурување и од Ковид 19 • поддршка и грижа на Вашето семејство.
OKT. 2021
38 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
којашто би довела до зголемена домашна побарувачка, како и повисоките цени на увезените добра, како што се цените на храната и енергијата. Исто така, испитаниците сметаат дека монетарните и фискалните мерки, и растот на платите би придонесле кон повисок раст на инфлацијата. Од друга страна, пролонгирањето на кризата и повторното воведување рестриктивни мерки за справување со вирусот, а со тоа и зголемување на неизвесноста и забавување на закрепнувањето на домашната економија, како и евентуално пониските увозни цени би можеле да доведат до пониска стапка на инфлација“, пишува во анкетата спроведена од Народната банка пред еден месец. Малку повисоки се очекувањата за инфлациските движења на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), според кој инфлацијата годинава ќе достигне 3,1%. Светска банка, пак, очекува до почетокот на следната година стабилизација на инфлацијата, а за годинава проценува дека ќе биде 2,4%. „На краток рок ќе имаме зголемена инфлација. На среден рок, почнувајќи уште од почетокот на наредната година, ќе имаме стабилизирање на инфлацијата. На долг рок се очекува нејзино зголемување како резултат на зелената енергетска
Самото претерано зборување за инфлација веќе создава поголеми инфлаторни притисоци од реалните. Одговорот на граѓаните кои постојано слушаат дека куповната моќ ќе се намалува ќе биде тие да купуваат сега наместо подоцна бидејќи парите ќе имаат помала вредност. За потрошувачите, тоа значи полнење на резервоари за гас, бензини, полнење на замрзнувачот, купување поголеми чевли за децата за следната сезона и слично. За бизнисите, тоа значи правење капитални инвестиции кои, под различни околности, може да се одложат за подоцна. За жал, поривот за трошење и инвестирање во услови на инфлација има тенденција да ја поттикне инфлацијата за возврат, создавајќи потенцијално уште полоша инфлаторна спирала.
транзиција. За употребата на јаглен во термоцентралите ќе треба да се плаќа данок. А и потоа, самата енергија од обновливи извори е поскапа. Цената на енергијата ќе влезе во сите други цени. Но, ние мора да го направиме тоа за да ја зачуваме нашата животна средина“, изјави Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист на Светска банка за земјите од Западен Балкан. Благица Петрески од Институтот за економија Finance Think вели дека во моментот нема потреба од паника за влијанието на инфлацијата на натамошни поскапувања.
„Во моментот не треба да генерираме било какви други мерки, затоа што во еден дел овие инфлаторни притисоци ќе бидат привремени, а што ќе се случува понатаму со електричната енергија чија цена расте тука треба да се следи будно ситуацијата и соодветно да преземеме мерки. Не треба да преземаме никакви други мерки затоа што на тој начин повторно ги креираме тие инфлаторни очекувања, а од друга страна секогаш зборуваме дека порастот на платите треба да ја следи продуктивноста така што во моментот сметам дека треба да ги следиме
ИНФЛАЦИЈАТА НАМЕСТО 2,2% МОЖЕ ДА ПОРАСНЕ ДО 3,1% факторите кој влијаат и соодветно на нив да преземаме мерки,“ вели Петрески. Поскапувањата на производите се резултат на зголемените цени на енергенсите, особено на цената на струјата и затоа според неа на краток рок државата треба да интервенира само во однос на домашното производство на електрична енергија. „Ние веќе долго време каскаме со таа зелена агенда и досега не сме направиле никакви чекори за инстантно да го зголемиме производството на струјата од обновливи извори. Значи ние треба на среден рок такви структурни прашања да решаваме и да го зголемиме и производството и од таков тип на електрична енергија, но на краток рок е да се обидеме оние потенцијали кои постојат во земјата како РЕК Битола на пример да ги искористиме максимално за да ги зголемиме понудата на електрична енергија и домашното производство“, вели Петрески. И премиерот Зоран Заев коментираше дека инфлацијата се движи во рамките на проекцијата до 3% откако некои производители од прехранбената индустрија предупредуваа на можни поскапувања и до 50%. „Инфлацијата кај нас е контролирана и е до 2,7%. Чувствително е кога инфлацијата ќе надмине 10%. Ние не можеме да бидеме изолирани од светот, затоа што сме отворен пазар, поврзани сме и зависни од европските пазари. Цената на струјата е главен индикатор за покачување на цените на производите, но таа учествува на просечно ниво не повеќе од 3%. Берзанските цени на струјата ќе имаат одредено влијание на цените на продуктите, но 2,7% инфлација е контролирачка. За сè што ќе ги надмине очекувањата, Владата е тука“, истакна Заев. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи неодамна изјави дека стапката на инфлација
е во рамки на проектираното и стабилна со можни мали поместувања. „Владата во соработка со приватниот сектор будно ќе ги следи состојбите и ќе интервенира онаму каде што е најнеопходно за да нема драстични поскапувања на прехранбените производи“, рече Битиќи. Енергетска криза Основата за зголемувањето на инфлацијата е во недостигот на енергија на пазарот. Ситуацијата со снабдување со струја во светот, а пред се во Европа, е многу сериозна и поради тоа цените почнаа рапидно да растат. Експертите предвидуваат извесно поскапување на електричната енергија и во земјава во следниот период иако властите се обидуваат да го амортизираат овој ценовен удар со зголемено домашно производство. „Сериозна е ситуацијата во светот, односно во Европа. Македонија ниту може да влијае негативно, ниту позитивно, туку едноставно ќе ја дели судбината на цела Европа, и тоа се последиците кои ќе ги дели и Македонија. А последиците се знае кои се, ќе се зголеми цената на електричната енергија. Цената на електричната енергија сега се држи заради тоа што ЕСМ дава евтина енергија во системот, ама тоа не може да биде неограничено. Значи, со тек на време, а кога не знам, струјата ќе мора да поскапи. Следно е дека индустријата ќе мора да плаќа поскапа енергија бидејќи е на слободниот пазар. Таа цена ќе се вкалкулира во секој производ, зависи со колкав процент во кој производ учествува струјата, некаде е 40%, некаде е 5%. Тоа нормално ќе влијае врз цените на крајните производи“, коментира за порталот Фактор, Кочо Анѓушев, сопственик на компанијата Фероинвест и поранешен вицепремиер за економски прашања. Според него, добро е што државата се обидува да купи јаглен, за да се зголеми производството во РЕК
39
OKT. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Битола, со што преку оваа централа која е најголем снабдувач во земјава, ќе се зголеми понудата на струја. Меѓутоа, ЕСМ не успеа да набави јаглен за активирање на третиот блок на РЕК Битола. Пропадна тендерот со кој се бараше итно да се купат 900.000 тони јаглен. Понуди имало но количините кои се нуделе биле мали. Сега јаглен ќе се бара на нов тендер. За ТЕЦ Осломеј се бараа 300.000 тони јаглен. Понудите се прифатени, но дополнително ќе се избира компанијата од која ќе се купи. На тендерот за купување на вкупно 1, 2 милиони тони јаглен се пријавиле девет фирми од Косово, Албанија, Турција, Русија и БИХ. Преку зголемување на домашното производство на струја владата планираше да го амортизира ударот од енергетската криза. Цената на струјата на светските берзи се зголеми за 4 пати и достигна и до 200 евра за мегават час. Откако снабдувачите почнаа да ги раскинуваат договорите со компаниите, Владата најави дека со интервентната набавка на јаглен ќе се обиде да им помогне и на компаниите и да понуди струја по пониска цена од берзанската. Цената за домаќинствата е гарантирана до Нова година, а дали догодина ќе има корекции ќе се знае откако ќе се пресметаат загубите на компаниите. Економски залет Во меѓувреме, и економијата покажува знаци на подобро закрепнување отколку што првично се очекуваше. Економската активност годинава ќе биде околу 4,6% поголема отколку лани со што се очекува да дојде до изедначување со преткризните нивоа. Ова е најновата прогноза на Светската банка, која сега има пооптимистична проценка за разлика од пролетоска кога прогнозираше раст на македонската економија од 3,6% во 2021 година. „Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Македонија во 2021 година благодарејќи на растот од 5,2% во
OKT. 2021
40 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
првото полугодие а по зголемената приватна потрошувачка, напливот од инвестиции и зголемената владина побарувачка во второто тримесечје“, пишува во најновиот Извештај за економиите на Европа и Централна Азија објавен неделава. Светската банка дава прогноза за брз развој и зголемена конкуренција по повлекувањето на Ковид-19 пандемијата. За економијата на Македонија се вели дека иако опаднала поради ударот од Ковид-19 во 2020 година, при што стапката на сиромаштија пораснала од 1 до 4%, владините мерки за борба со неа помогнале и економијата го обновила развојот во 2021 година. „Ова е помогнато од силната побарувачка однадвор и отворањето на приватната потрошувачка“, се вели во извештајот. Се додава дека се зголемиле извозот и увозот, со поголем увоз на штета на трговскиот баланс. Од Светска банка потенцираат дека е забележан раст на производството во сите сектори, со оглед на минатогодишната ниска стартна позиција. Најбрза обнова е забележана во трговијата, транспортот и туризмот, како и во индустриското производството и информатичко-комуникациските технологии.
Основата за зголемувањето на инфлацијата е во недостигот на енергија на пазарот. Ситуацијата со снабдување со струја во светот, а пред се во Европа, е многу сериозна и поради тоа цените почнаа рапидно да растат. Експертите предвидуваат извесно поскапување на електричната енергија и во земјава во следниот период иако властите се обидуваат да го амортизираат овој ценовен удар со зголемено домашно производство.
„Економскиот развој на земјата во 2021 година се очекува да скокне до 4,6%, до стапка на развој забележана пред ширењето на пандемијата. Почетниот показател е заснован на претпоставката дека стапката на вакцинација ќе продолжи, нема да има понатамошни карантини, довербата на потрошувачите и инвеститорите останува висока, а надворешната побарувачка продолжува“, велат од Светска банка. Оваа меѓународна финансиска институција прогнозира развој и постепена стабилизација на нашата економија и во 2022 година со раст на БДП од 3,7%, додека сиромаштијата да продолжи да се намалува во 2021 и годината потоа. Се очекува и постепено намалување на фискалниот дефицит по најновите
планови на Владата за зголемени капиталните инвестиции. На среднорочен план јавниот и државно гарантираниот долг е прогнозиран до 2023 година да се зголемува до 65% од БДП. „Со продолжителната обнова на економијата властите ќе треба да го засилат исполнувањето на даночните обврски, да го реструктурираат и приоретизираат трошењето, да ги решат долгорочните пречки во развојот и да го подобрат менаџирањето на јавните финансии. За да се интензивира развојот земјата треба да го насочи вниманието на изведба на структурни и институционални реформи“, се вели во извештајот на Светска банка.
nnn
ОКТ. 2021
42 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Централниот депозитар за хартии од вредност прославува 20 години од почетокот на своето функционирање. Со директорката на депозитарот, г-ѓа Даринка Дамјановиќ разговаравме за значењето на оваа институција за пазарот на капитал во земјава и општеството во целина, нејзината трансформација и подобрувањето на услугите низ годините, како и за плановите за иден развој.
ДАРИНКА ДАМЈАНОВИЌ извршна директорка на Централниот депозитар за хартии од вредност
ДВЕ ДЕЦЕНИИ СМЕ НЕРАСКИНЛИВ ДЕЛ ОД ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ
РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ Г-ѓа Дамјановиќ, за почеток честитки за 20-годишниот јубилеј на ЦДХВ и објаснете ни ве молам какво е значењето на оваа институција, односно нејзиното формирање пред две децении, за развојот на домашниот пазар на капитал?
Благодарам на честитките и би сакала да упатам и благодарност до сите чинители кои во 20 годишниот период придонесоа во развојот и работењето на депозитарот. Значењето на оваа институција треба да се потенцира од аспект на повеќе ентитети кои во тој период беа поврзани со работењето со хартии од вредност. Во периодот на основањето на депозитарот, веќе постоеше македонската берза на хартии од вредност која во тој момент вложуваше напори да го електронизира тргувањето со хартии од вредност. Меѓутоа, во услови кога хартиите од вредност, овде особено мислам на акциите, беа издавани во хартиена, материјална форма, целиот процес на комплетирање на трансакциите, односно нивно порамнување се одвиваше многу тешко и неефикасно. Поточно, по склучената трансакција, беше потребно да биде спроведен еден мануелен процес на предавање на хартиените потврди за акции и пријавување на истите до акционерските друштва, заради ажурирање на исто така хартиените акционерски книги. Самите акционерски друштва беа обременети со административен процес кој кај некои друштва кои и тогаш се сметаа за ликвидни, одземаше многу време и ресурси. Поради ова, и предвидените термини за порамнување на трансакциите во тоа време беа значително подолги. Со завршувањето на процесот на дематеријализација на акционерските книги на акционерските друштва, а со тоа и на сите издадени акции во државата, започна еден нов сосема различен начин на управување со истите, започнувајќи од нивното евидентирање како електронски записи на сметки за хартии од вредност, преземање на податоците од берзата за склучените трансакции исто така како електронски запис и нивно порамнување во значително пократок период. Од тогаш вообичаените периоди за порамнување од пет работни дена по денот на тргувањето, денес трансакциите се порамнуваат најдоцна за два работни дена по денот на тргувањето и ова е во согласност со сите меѓународни стандарди и регулативи. На кратко, со започнувањето со работа на депозитарот на многу институции и акционерски друштва, берзански посредници и инвеститори, им се упростија до тогаш неизбежно сложените процеси во работењето со хартии од вредност. Сега сите овие процеси станаа надлежност на една институција која целосно го централизираше, а во најголем дел го автоматизираше евидентирањето на сопственоста врз хартии од вредност и сите промени без оглед на основот од кој тие произлегуваа. Во исто време, со самото основање како дел од процесот на трансформација на поранешниот Завод за платен промет, беше преземен и регистарот на обврзници кои државата ги издаде за компензација на лицата кои имаа заробени девизни влогови. Подоцна, во 2005 година беше воведен и
43
ОКТ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
пазарот на државни хартии од вредност (записи и обврзници) кои се регистрираат и порамнуваат во депозитарот како електронски записи, а се тргуваат на пазарот преку шалтер организиран од Народната банка.
XСо X оглед дека основните функции и надлежности на ЦДХВ, односно на депозитарите генерално, не се доволни познати за јавноста, објаснете ги ве молам за нашите читатели.
Основните функции на овластен депозитар, кај нас се уредени со Законот за хартии од вредност кој е специјален закон кој покрај другото го уредува основањето, лиценцирањето и основните надлежности на депозитарот. Во основа тоа е евиденција на сите промени на сопственоста без оглед дали тие промени се резултат на примарни емисии, трговски или нетрговски преноси. Потоа, доделувањето на ISIN број на издадените хартии од вредност - уникатна ознака која ја добива секоја емисија на хартии од вредност и која се доделува согласно посебен ИСО стандард, понатаму сите корпоративни дејства кои за издавачите произлегуваат како обврска од издадените хартии од вредност како што се пресметки и исплати на дивиденди од акции, главници и камати од должнички хартии од вредност како и сите статусни промени кај трговските друштва кои предизвикуваат промени во сопственоста над акциите како што се спојувања и поделби на акции издадени од страна на едно друштво, спојувања и поделби на акционерски друштва и слично. Воедно, една од поважните функции е и известувачката функција. Депозитарот обезбедува различни извештаи за акционерските друштва и инвеститорите. Некои од овие се стандардни, но секој корисник во зависност од податоците кои му се потребни од депозитарот може да побара и таканаречени custom made извештаи. Освен ова, податоци се доставуваат и до сите овластени институции согласно закон, на нивно барање.
XСо X кои институции е поврзано функционирањето на ЦДХВ? Депозитарот имаше значајна улога во доприватизацијата (период 20002005), поточно кој беше придонесот во зголемување на ефикасноста на тие постапки?
Поради поврзаноста на депозитарите со повеќе засегнати субјекти (правни и физички лица како и институции) тие претставуваат своевидна раскрсница за нивно „разминување“ по строго утврдени правила. Поврзаноста на ЦДХВ со различни субјекти се одвива во повеќе насоки во зависност од потребата на нејзините корисници. Најпрво треба да се истакне поврзаноста на издавачите и имателите на хартии од вредност кои во депозитарот ги издаваат/ чуваат своите хартии од вредност. Тие се една категорија на корисници. Потоа, од аспект на тргувањето, важна е поврзаноста со членките на берзата, кои се истовремено и членки на депозитарот како и билатералната поврзаност на берзата и депозитарот. Членките на депозитарот се технички поврзани со системот на депозитарот така што пред продажбата на хартии од вредност имаат пристап до податоците за хартиите од вредност на нивните клиенти. По склучувањето на берзанските трансакции депозитарот ги презема од берзата, а потоа следи процесот на порамнување (размена на
хартиите од вредност за парични средства), која е една од најважните сервиси кои ги овозможува депозитарот. Паричната страна на тргувањата се порамнува на нето основа на сметки за порамнување на членките кои се отворени во Народната банка на РСМ. Слично како и берзата, депозитарот е саморегулирачка организација кој има Правила за членство кои ги уредуваат правата и обврските од таквото членство. Важна е да се спомне и поврзаноста со регулаторните тела, особено Комисијата за хартии од вредност на РСМ, која во депозитарот има централна точка за спроведување на надзор на сите случувања поврзани со промените на сопственост над хартиите од вредност имајќи предвид дека во базите на податоци се складира и целата историја на таквите движења. Поврзаноста со Народната банка на РСМ покрај сервисирањето на сметките за парично порамнување на членките, најмногу се огледа во улогата на Депозитарот за запишување на примарните емисии на државните хартии од вредност, како и порамнувањето на купопродажните трансакции со овие хартии од вредност на ОТЦ пазарот (пазарот преку шалтер) организиран од Народната банка. Од аспект на приватизациските процеси, како што е познато со имотот на државата кој се состоеше од акции, управувaше и располагаше Агенцијата за приватизација која згасна заклучно со 2005 година. По започнувањето со работа на депозитарот преку процесот на дематеријализација на акционерските книги на акционерските друштва овој имот беше евидентиран на сметката за хартии од вредност на Агенцијата со што во рамките на тој процес се дојде до конечниот биланс на тој имот. Во периодот 25.12.2001 24.12.2004 преку берзата се склучени 152 трансакции со акции во сопственост на Агенцијата издадени од 140 акционерски друштва во вкупен износ од 1.702.270.495 денари. Истовремено беше овозможена и продажба на акции во сопственост на Агенцијата со плаќање со обврзници за денационализација и сертификати кои беа издадени за надоместување на влоговите во пропаднатите штедилници. И овие сертификати беа издадени како хартии од вредност и евидентирани во депозитарот. Овие трансакции беа склучувани во периодот 27.06.2002 до 31.12.2004. Беа склучени трансакции во сопственост на Агенцијата издадени од 133 акционерски друштва во вкупна вредност од 1.090.447.801 денари. Паралелно со откупот на акциите на агенцијата беа создадени услови на многу полесен начин да се формираат пакети на акции кои беа во сопственост на вработените во компаниите со што купувачите пак полесно доаѓаа до таргетираниот процент на сопственост. Кон крајот на 2005 година, како дел од процесот на згаснување на Агенцијата, поголем дел од акциите во нејзина сопственост издадени од 67 акционерски друштва се пренесени на сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во вкупен номинален износ од 3.107.881.323 денари . Битно е да се спомне дека се работи за номиналната, проценета вредност на овие акции во времето на приватизацијата на компаниите кои ги издале, што секако е далеку од нивната пазарна вредност во тој момент.
И овој процес беше спроведен во неколку дена токму поради централизираната евиденција. Помал дел од акциите се пренесени и на сметки на Министерство за економија и на Министерство за финансии согласно законските измени со кои престана да постои Агенцијата за приватизација, а тие институции продолжија со нивно администрирање.
XX Oд приближно 700 активни акционерски друштва на почетокот, сега се околу 400? Зошто се случи овој негативен тренд? Причините за намалувањето на бројот на акционерски друштва се повеќе. Над повеќето од акционерските друштва беа отворени стечајни постапки. Со почетокот на функционирањето на депозитарот на крајот на 2001 година и почетокот на 2002 година, со масовната дематеријализација на акциите на акционерските друштва и нивна регистрација во системот на депозитарот беа регистрирани 665 акционерски друштва. Во текот на 2002 и понатаму, продолжи регистрирањето на ново основани акционерски друштва, но истовремено започна и процесот на отворање на стечајни постапки кај дел од друштвата. Во првите години од работата на депозитарот, беа регистрирани просечно 40-50 стечаи на акционерски друштва на годишно ниво. Бројот на активни регистрирани акционерски друштва се движеше од 537 акционерски друштва во 2006, 566 во 2010, 550 во 2011, за од 2012 да почне континуиран надолен тренд на отворени стечајни постапки кај 10тина друштва годишно. На крајот на 2020 година во депозитарот се регистрирани 473 активни акционерски друштва. Други причини се тоа што дел од акционерските друштва беа ликвидирани, а дел се преобразија во друштва со ограничена одговорност. Од друга страна гледаме дека е мал интересот на бизнисот при основањето да се присвои статусната форма на акционерско друштво или во подоцнежните фази од развојот на друштвата со ограничена одговорност тие да се трансформираат во акционерски друштва преку излегување на берзата. Од тој аспект нашиот пазар на капитал ги нуди потребните механизми, но изостануваат трансформациите и иницијалните јавни понуди преку кои компаниите на лесен начин можат да дојдат до евтин капитал. Како да постои некој страв од судрување со јавноста или пак преовладува ставот дека е тоа постапка која е сложена и дека се нема капацитет да се истрае во процесот. Но реалноста е токму спротивна, компаниите имаат можност преку евтина и ефикасна постапка да ги завршат сите процедури и во оптимални рокови да реализираат емисии на хартии од вредност, акции или корпоративни обврзници, а институциите на пазарот на капитал се спремни да ги водат и помогнат во процесот како никогаш до сега. Останува да видиме дали во наредниот период ќе се отстранат ваквите „кочници“, со што на пазарот би виделе компании кои ќе го побудат интересот на инвеститорите со јавни понуди.
XКои X се најзначајните подобрувања што се случија низ годините во поглед на услугите што ги дава ЦДХВ кон клиентите издавачи, членки и инвеститори? Системот на депозитарот е во функција
ОКТ. 2021
44 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
Дамјановиќ со својот тим вработени во Централниот депозитар за хартии од вредност од ноември 2001 година, а е изработен следејќи ги одредбите од Законот за хартии од вредност којшто беше тогаш на сила. Освен Законот за хартии од вредност, функционирањето на системот на депозитарот се темели и на одредбите од повеќе поврзани законски и подзаконски акти. Во целиот период, со промена на регулативата, соодветни промени претрпувале и актите на депозитарот, а секоја измена и дополнување на оваа регулатива на која се темели функционирањето на системот на депозитарот е имплементирана во системот од страна на нашите ИТ експерти. За изминатите 20 години, особен акцент при развојот на нови услуги беше ставан на дополнителните услуги за засегнатите страни - издавачите, членките и инвеститорите. Во таа насока се направени надградби на системот со вклучување на старателските банки во паричното порамнување, овозможување членките – берзански посредници самостојно да отвораат сметки за хартии од вредност, изработка на нови извештаи и функционалности за потребите на клиентите, а од 2018 година во функција е и Дистрибутивниот систем за инвеститори и издавачи преку кој клиентите можат во секое време користејќи дигитални платформи да ги добијат потребните услуги за известување без физичко присуство во просториите на депозитарот. Преку овие платформи, клиентите непречено ги добиваа потребните услуги и во вонредните услови на пандемијата на COVID-19 .
XКаква X е улогата на ЦДХВ во делот на заштитата на акционерските права? Што нуди депозитарот во тој поглед со оглед на отсуството на здружување на акционерите, а има примери кога се кршат правата на акционерите, особено помалите?
Најголемата придобивка од востановувањето на депозитарот од аспект на пристапот до податоци за акционерите се воведените одредби во Законот за
трговски друштва, со кои се предвиде било кој акционер да може да изврши увид во податоците од акционерската книга која се води во депозитарот. Во периодот пред да биде воведено ова право, малите акционери се соочуваа со опструкции од секаков тип токму поради неможноста да дознаат кој субјект го има доминантното учество во одредено акционерско друштво. Така, бевме сведоци на ситуации во кои кај некои акционерски друштва акционери кои имаа учество кое не може да се смета ни за значително, а камоли доминантно, управуваа непречено со сериозни компании. Во суштина, доминантната сопственост беше во рацете на овие мали акционери чиј глас не можеше да се слушне токму од причина што им беше оневозможуван пристапот до акционерската структура. По воведувањето на можноста за увид во акционерските книги, услугата во депозитарот е овозможена на самиот ден на поднесувањето на барањето, а најдоцна еден ден по поднесување на истото. Со ова и во праксата се намали бројот на злоупотреби од таков вид. Сега, дури и во кривичниот законик постојат кривични дела кои ја регулираат злоупотребата на акционерските права. Во денешни услови за одбележување е непостоење на здружување на акционерите со помало учество заради остварување на поголемо влијание при носењето одлуки, како своевиден коректив на менаџментот, во поглед на подобрување на корпоративното управување со крајна цел остварување на поголеми приноси од акциите. Така што сметам дека кршењето на правата на малите акционери на начин како што опишав погоре е заминато во историјата, особено што и во регулативата се транспонирани скоро сите европски директиви за заштита на малите акционери со што во исклучителни ситуации постојат механизми за побивање на штетните одлуки. Проблемот е во недостаток на активизам на страната на малите акционери за поттикнување на
менаџментите за подобри резултати во различни аспекти во работењето, со крајна цел додавање на вредност на нивните акции.
XКои X се плановите за понатамошен развој на институцијата, што останува како предизвик на краток и среден рок?
Депозитарот е институција од финансискиот сектор која е меѓу таканаречените “overregulated” институции, која освен што работи во согласност со повеќе закони кои се поврзани со неговото функционирање, подлежи и на лепеза на подзаконски акти од кои дел се акти кои ги донесува депозитарот, дел се акти на Комисијата за хартии од вредност како негов надзорен орган, потоа на Народната банка, Агенцијата за заштита на лични податоци, Управата за финансиско разузнавање и други. Во исто време во целиот изминат период се следат и сите меѓународни стандарди од областа. Сега, покрај домашната регулатива, за нас, првенствено заради нашите амбиции да ги следиме европските регулативи (бидејќи на тоа се уште не сме обврзани), започнавме со еден процес на анализа за степенот на усогласеност на нашето работење со тие регулативи и лоцирање на сегментите кои понатаму треба да се усогласуваат. Во одредени аспекти, ова усогласување имплицира и технички прилагодувања, но и концептуални промени во начинот на кој сега е воспоставена комуникацијата со членките и слично. Паралелно работиме на проект за модернизирање на компјутерскиот систем. Овие процеси се исклучително важни за нашиот мал тим кој сериозно е посветен на процесот бидејќи сме свесни за одговорноста која ја има депозитарот во општеството. Сите промени кои ќе произлезат од ова усогласување соодветно ќе ги презентираме и координираме со регулаторот, засегнатите институции и нашите членки бидејќи сите тие од свој аспект се вклучени во работата на депозитарот. nnn
46
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО
LE MONDE DIPLOMATIQUE
ЗА ЕДНИ ИЗОБИЛСТВО, ЗА ДРУГИ ШТЕДЛИВОСТ
ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ОДРАСТОТ
Фото: Ron Lach/Pexels
ОКТ. 2021
47
ОКТ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
И покрај огромните неодамнешни инвестиции, ветерот или сонцето се уште сочинуваат помалку од 3% од примарната енергија во светот, додека веќе предизвикуваат тензии во снабдувањето со одредени материјали како бакар, но и во користењето на простори. Затоа, енергетската транзиција може да се направи само со намалување на нашите енергетски најинтензивни активности. Така, за одрастот, имплементацијата на алтернативи на фосилни горива има смисла само во трезвени, солидарни, отворени и релоцирани економии.
Една меѓународната платформа за плодна дебата сега е анимирана околу поимот на „одраст“ (т.е. degrowth). Од доста очигледни еколошки причини, можноста за бесконечен раст во конечен свет повеќе не може да биде илузија. Во нееднаков, продуктивистички и потрошувачки свет, „секогаш повеќе“ ги достигнува своите реални граници. Според поддржувачите на овој концепт, одрастот отвора перспективи за социјална правда, еманципација и радост на животот. ВЕНСАН ЛИЖЕ
Инженер, ко-координатор на социјалната задруга Каргономија во Будимпешта, коавтор (со Анитра Нелсон) на Exploring Degrowth: A Critical Guide, Pluto Press, 2020 г., и (со Изабел Брокман) на Degrowth, fake or not, Tana Éditions, 2021 г.
В
раќањето во глобалната економија ги смирува медиумите, инвеститорите и креаторите на политиките. Но, сепак, дали враќањето на вчерашниот раст може одржливо да ја обезбеди иднината на човештвото? Постојат многу аргументи во корист на намалување на најштетните економски фактори; еден пристап кон еколошки, социјални, културни и демократски предизвици што премногу често се карикира. Една меѓународната платформа за плодна дебата сега е анимирана околу поимот на „одраст“ (т.е. degrowth).1 Од доста очигледни еколошки причини, можноста за бесконечен раст во конечен свет повеќе не може да биде илузија. Во нееднаков, продуктивистички и потрошувачки свет, „секогаш повеќе“ ги достигнува своите реални граници.
Според поддржувачите на овој концепт, одрастот отвора перспективи за социјална правда, еманципација и радост на животот. Според нив, растот што се мери денес со годишното зголемување на додадената вредност е физичка аберација, бидејќи е директно поврзана со производството и потрошувачката. Без разлика дали е црвено, зелено или црно, одржливо или инклузивно, неговата вечна потрага им изгледа апсурдна: раст од само 3% на годишно ниво, неизбежно води до двојно зголемување на нашето производство (и потрошувачка) на секои дваесет и четири години. Со ова темпо, за еден век, ние би произвеле дури осумнаесет пати повеќе отколку денес. Здравиот разум би сакал да излеземе од оваа потрага што ги исцрпи вчерашните придобивки во однос на социјалната заштита 2. Затоа што, навистина, кој може да тврди дека сега сме глобално три пати посреќни отколку пред педесет години? Движењето во спротивна насока би било подеднакво апсурдно. Предизвикот не е да се намали, туку да се „има одраст“, да се излезе од фетишот на раст по секоја цена и да се премине од тесно
квантитативен пристап, кој ги губи од вид целите на економијата, на квалитативно размислување за значењето на нашите активности и нашите животи воопшто. Да експериментираме и да поставиме други начини на поставување прашања. Да ги задоволиме нашите основни потреби на одржлив начин, се разбира, но и пријателски и праведно.3 И покрај се, ова фетишизирање на растот останува многу присутно, и десно и лево, па дури и меѓу многу еколози. За да се одговори на климатските итни предизвици, догмата сега се заснова на предизвикот за раздвојување: да продолжиме да го зголемуваме производството на стоки и услуги, додека значително ги намалуваме влијанијата врз животната средина и екстракцијата на ресурсите. Меѓутоа, иако успеавме да забележиме тука и таму делумно, регионално, секторско или привремено раздвојување, глобално раздвојување пропорционално на влогот никогаш не се има случено.4
Повик да ја преиспитаме иновацијата
Еден од најголемите предизвици на таквото раздвојување би било
ОКТ. 2021
48
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО
LE MONDE DIPLOMATIQUE
Бесконечниот раст на населението на Земјата е апсурден како и бесконечниот раст на енергијата. Проектот за одраст одговара на централното прашање за демографијата со истакнување на целта на глобалната социјална правда. Историјата учи дека популациите со пристојни услови за живот и широк пристап до образование го намалуваат нивниот број на деца по сопствен избор. Речиси сто земји, практично на секој континент, веќе имаат прираст на популација под ниво на регенерација.
драстичното намалување на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина. Но, освен ако не ги надминеме законите на физиката, се чини дека нема да можеме да ги замениме фосилните горива (нафта, гас, јаглен), кои сепак претставуваат 84% од нашата потрошувачка. Во отсуство на еквивалент кој е лесен за складирање и пренослив, густ во енергијата и - барем за момент - лесно се експлоатира, немаме друго решение освен дефинитивно да ја намалиме потрошувачката на енергија. И покрај огромните неодамнешни инвестиции, ветерот или сонцето се уште сочинуваат помалку од 3% од примарната енергија во светот, додека веќе предизвикуваат тензии во снабдувањето со одредени материјали како бакар, но и во користењето на простори. Затоа, енергетската транзиција може да се направи само со намалување на нашите енергетски најинтензивни активности. Така, за одрастот, имплементацијата на алтернативи на фосилни горива има смисла само во трезвени, солидарни, отворени и релоцирани економии 5. Во општество базирано на раст, се задржува само економската димензија на иновацијата, која стана синоним за технички напредок. Одрастот повикува да ја преиспитаме иновацијата, но сега во служба на други вредности како што се дружељубивост, автономија, радост на живеење, еко-феминизам,
заеднички добра, слободно време, ниска технологија, пермакултура, самоуправување или реципроцитет6. Нема отфрлање на техничката иновација кога е вкоренета во социјалната и културната рефлексија. Бесконечниот раст на населението на Земјата е апсурден како и бесконечниот раст на енергијата. Проектот за одраст одговара на централното прашање за демографијата со истакнување на целта на глобалната социјална правда. Историјата учи дека популациите со пристојни услови за живот и широк пристап до образование го намалуваат нивниот број на деца по сопствен избор. Речиси сто земји, практично на секој континент, веќе имаат прираст на популација под ниво на регенерација. Ако инерцијата на демографските феномени не доведе да бидеме повеќе од десет милијарди жители на Земјата за неколку децении, прашањето за контрола на растот на популацијата останува акутно само во дел од субсахарска Африка. Исто така, станува збор за споделување, особено храна и пристап до вода, што подразбира сомневање во нашите начини на производство и потрошувачка. Предизвикот на стареењето на популациите, исто така, бара повеќе средства и време да се посвети на здравјето, грижата, услугите и производството на квалитетна
храна, помалку месна, релоцирана и регенеративна за биодиверзитетот.7
Излез од капитализмот не е доволен
Колку и да е потребно, излез од капитализмот не е доволен. Предизвикот е, исто така, да се откажеме од продуктивизмот, потрошувачкиот менталитет и повеќе да не го перципираме и организираме општеството низ единствената призма на економијата на растот. Неопходно е на овој одраз да се додаде радикална критика на технонауката, ова отуѓување според кое технологијата може да реши буквално се. Не е случајно што одрастот настана околу критиката за развојот. Западниот модел на цивилизација беше наметнат со насилство, прво врз населението на териториите каде што се роди, како во Англија, со огради, во XVI век8, и во XIX век со индустриската револуција, потоа проширена на целата планета со колонизација. Ако Западњаците немаат легитимитет да им забранат на другите да ги следат во потрошувачкиот ќорсокак што беше нивен, сега тие имаат двојна обврска да ги препознаат своите одговорности во сегашните и идните катастрофи и да ја запрат експлоатацијата на земјите од Југот. Само намалувањето на потрошувачката на Северот ќе им овозможи да се надеваат дека ќе си ја
49
ОКТ. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1114
вратат својата судбина. Ова е неопходен услов за прекин на експлоатацијата на нивните ресурси што генерира политичко и економско мешање. Продолжувањето по истата патека со таканаречениот „зелен“ раст само ќе ја овековечи оваа колонијална динамика, како што потсетуваат примерите на Конго, стратешка земја по своите рудници за кобалт (неопходни за дигитални и нови технологии), или Боливија, со својот ресурси на литиум (се користат за електрични батерии, акумулатори и сл.). Достапноста на средните класи до западниот начин на живот во Кина, Индија или Бразил, не треба да не натера да ги заборавиме критиките за развојот, ниту важноста на неговите злодела во овие региони на светот. Бидејќи конечно, Кинезите се првите жртви на загадување поврзано со производството на она што потоа се консумира во западните земји. Бидејќи Северот е одговорен за повеќе од 90% од емисиите на стакленички гасови, ќорсокакот во кој е зафатена целата планета ќе биде прекинат само преку дијалог со Југот и земјите во развој, признавајќи ја оваа историска одговорност.9 Предизвикот веќе не е да растеш, туку да споделуваш. Размислувањето за одраст води кон интерес за поимите основен приход, бесплатни или локални системи за размена. Ова го наоѓаме во идејата за безусловно давање на автономија, што ја прави врската помеѓу основниот приход, слободниот пристап до јавните услуги и основните потреби10. Ова давање им гарантира на сите, од раѓање до смрт, поединечно и безусловно, достоинствени услови за живот. Ќе се распредели со влечење права за ресурси (вода, енергија, земја за домување или активности, храна), пристап до услуги (образование, здравство, транспорт, информации и култура), но исто така и со потпирање на други нешпекулативни системи за размена, како што се локалните валути. Повеќе директни и делиберативни демократски системи конечно би можеле да ги постават суштинските прашања: што се произведува, како, и за каква употреба?
Алтерглобалистката од Мали, Амината Траоре, често се присетува на итноста од раскинување со „силувањето на имагинацијата“ што го сочинува општеството базирано на раст. Да се еманципираме од тоа. Со амбиција да се стави изобилство таму каде што се шири бедата, и штедливост таму каде што се множат вишоците. Одрастот го доведува во прашање односот кон времето, кон териториите, кон другиот; кон активностите, потребите, намените
Заедно со барањето за максимален приход и размислување за прераспределбата на богатството, главниот вектор на нееднаквоста, овој општ проект, исто така, повикува на спроведување на ревизија на долгови (јавни и приватни) и размислување за улогата на централните банки и создавање на пари. „Леб и рози“, прогласена во минатиот век за песна од Џејмс Опенхајм, која стана химна на многу работнички движења. Секогаш ни треба леб, се разбира, но вкусен и по можност произведен на локално ниво, од органско брашно, од производни методи кои го обновуваат биодиверзитетот. Леб што го делиме со добрата храна, одвојувајќи време. И розите исто така, но не израснати во
ужасни социјални и еколошки услови во Африка, а потоа увезени преку авиони со фрижидер.11 Одрастот го доведува во прашање односот кон времето, кон териториите, кон другиот; кон активностите, потребите, намените. Тој го артикулира проектот за повторно присвојување на сопствените желби, како на Северот, така и на Југот на нашата планета, со ослободување од манипулација со реклами, како и од медиумите што врамуваат општество на нееднаквости и отпад. Алтер-глобалистката од Мали, Амината Траоре, често се присетува на итноста од раскинување со „силувањето на имагинацијата“ што го сочинува општеството базирано на раст12. Да се еманципираме од тоа. Со амбиција да се стави изобилство таму каде што се шири бедата, и штедливост таму каде што се множат вишоците13. nnn
Превел: Дарко Путилов 1. Сп. Rémi Noyon and Sébastien Billard, « Faut-il avoir peur de la décroissance ? », TheObs, Париз, 13 мај 2021 г. 2. Сп. Timothée Parrique et Giorgos Kallis, « La décroissance : le socialisme sans la croissance », Terrestres, 18 февруари 2021 г., www.terrestres.org 3. Прочитајте: Serge Latouche, « La décroissance ou le sens des limites », Manuel d’économie critique du Monde diplomatique, 2016 г. 4. Сп. Timothy Parrique et al., « Decoupling debunked : Evidence and arguments against green growth as a sole strategy for sustainability », European Environmental Bureau, Брисел, јули 2019 г. 5. Сп. Vincent Liegey, Stéphane Madelaine, Christophe Ondet and Anne-Isabelthe Veillot, « Ni protectionnisme, ni néolibéralisme mais une “relocalisation ouverte”, base d’une nouvelle internationale », Bastamag, 4 ноември 2015 г., www.bastamag.net 6. Многу од овие концепти и размислувања се длабоко анализирани во збирката „Les précurseurs de la décroissance“, во изданијата Le Passager clandestin.
7. Прочитајте: « La bombe humaine. Pression démographique sur la planète », Manière de voir, n° 167, октомври-ноември 2019 г. 8. Сп. Karl Polanyi, La Grande Transformation. Aux origines politiques et économiques de notre temps, Gallimard, coll. « Bibliothèque des sciences humaines », Париз, 1983 г. (1re éd. : 1944). 9. Jason Hickel, « Quantifying national responsibility for climate breakdown : an equality-based attribution approach for carbon dioxide emissions in excess of the planetary boundary », The Lancet, vol. 4, n° 9, Лондон, 1 септември 2020 г. 10. Сп. Vincent Liegey, Stéphane Madelaine, Christophe Ondet et Anne-Isabelle Veillot, Un projet de décroissance. Manifeste pour une dotation inconditionnelle d’autonomie, Éditions Utopia, Париз, 2013 г. 11. Прочитајте: Zulma Ramirez et Geoffroy Valadon, « Allons voir si la rose… », Le Monde diplomatique,, февруари 2021 г. 12. Aminata Traoré, Le Viol de l’imaginaire, Fayard - Actes Sud, Париз-Арл, 2002 г. 13. Сп. Jean-Baptiste de Foucauld, L’Abondance frugale. Pour une nouvelle solidarité, Odile Jacob, Париз, 2010