1116- Kapital magazin

Page 1

РЕПОРТАЖА ОД АТИНА ГРЧКАТА ЕКОНОМИЈА НА ЧЕКОР ДА ПОСТАВИ ДВАЕСЕТГОДИШЕН ЕКОНОМСКИ РЕКОРД

ПОЛИТИКА „ХАРВАРДСКАТА ДВОЈКА“ НОВИ ЅВЕЗДИ НА БУГАРСКОТО ПОЛИТИЧКО НЕБО

business magazine

БРОЈ 1116 l 26 ноември 2021 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУА

COVER STORY

КОСТАС БАКОЈАНИС

БИЗНИСИТЕ ЛАНИ ПРОСЕЧНО НАПЛАТУВАЛЕ ВО РОК ОД 110 ДЕНА ПАНДЕМИЈАТА ЈА ВЛОШИЛА НАПЛАТАТА НА ПОБАРУВАЊАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА Е-ТРГОВИЈА

ШТО НАУЧИВМЕ ГОДИНАВА?

ГРАДОНАЧАЛНИК НА АТИНА

БРАНКО РОГЛИЌ

ОСНОВАЧ НА ОРБИКО, ХРВАТСКА

ИВО ЗИМОСКИ

ДИРЕКТОР НА ДИРЕКЦИЈА МРЕЖА НА ЕКСПОЗИТУРИ, УНИБАНКА

КОЛУМНА

БЛАГОЈЧЕ КОТЕСКИ

МАГИСТЕР ПО ЕНЕРГЕТСКО МАШИНСТВО

КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE

НЕКОНТРОЛИРАНИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГИЈАТА



3

КАПИТАЛ... 1116 08

14

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Бизнисите лани просечно наплатувале во рок од 110 дена

Костас Бакојанис градоначалник на Атина

Локалната власт треба да е ефикасна, не да троши време на бескрајни политички дебати

Пандемијата ја влошила наплатата на побарувањата

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

22

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Четврти пат по ред во организација на АЕТМ Конференција за е-трговија: што научивме годинава?

18

ЕКОНОМИЈА

Репортажа од Атина

Грчката економија на чекор да постави дваесетгодишен економски рекорд

28

34

ИНТЕРВЈУ

ИНТЕРВЈУ

Бранко Роглиќ

Иво Зимоски

38

ПОЛИТИКА

Кирил Петков и Асен Василев – нови ѕвезди на бугарското политичко небо

основач на Орбико и претседател на Надзорниот одбор

директор на Дирекција Мрежа на експозитури, УНИБанка

Во претприемништвото е најважно да се грижиме за луѓето, а не за луксузот

Дигитализацијата и иновациите ни овозможуваат да бидеме максимално атрактивни за нашите клиенти

COVER STORY Бизнисите лани просечно наплатувале во рок од 110 дена....................................................8 Пандемијата ја влошила наплатата на побарувањата

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Четврти пат по ред во организација на АЕТМ...........................................................................22 Конференција за е-трговија: што научивме годинава?

ПОЛИТИКА Кирил Петков и Асен Василев – нови ѕвезди на бугарското политичко небо.......................................................38 Нова политика и/или нова реторика?

ИНТЕРВЈУ Бранко Роглиќ, основач на Орбико и претседател на Надзорниот одбор.....28 Во претприемништвото е најважно да се грижиме за луѓето, а не за луксузот

КОЛУМНА Благојче Котески, магистер по енергетско машинство....................................42 Совршена енергетската бура или дел од „новото нормално“???!!!

ИНТЕРВЈУ Иво Зимоски, директор на Дирекција Мрежа на експозитури, УНИБанка......34 Дигитализацијата и иновациите ни овозможуваат да бидеме максимално атрактивни за нашите клиенти

КАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО LE MONDE DIPLOMATIQUE 25 години дерегулација на пазарите на гас и електрична енергија............................46 Неконтролирани цени на енергијата

ИНТЕРВЈУ Костас Бакојанис, градоначалник на Атина.................................14 Локалната власт треба да е ефикасна, не да троши време на бескрајни политички дебати ЕКОНОМИЈА Репортажа од Атина............................................18 Грчката економија на чекор да постави дваесетгодишен економски рекорд

Нова политика и/или нова реторика?

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 24.11.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

НОЕ. 2021


Elegance is an attitude Kate Winslet

The Longines Master Collection




МАКЕДОНИЈА ВО ТАГА Македонија деновиве ги оплакува жртвите во ужасната сообраќајна несреќа што се случи во Бугарија, во вторникот наутро, на 23 ноември. При запалување на туристички автобус којшто се враќал од Истанбул, загинаа 45 македонски граѓани, меѓу кои голем број деца и млади. Само седуммина од патниците ја преживеаја несреќата. Редакцијата на Капитал изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата и блиските на настраданите.


НОЕ. 2021

COVER STORY

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

ПАНДЕМИЈАТА ЈА ВЛОШИЛА НАПЛАТАТА НА ПОБАРУВАЊАТА


БИЗНИСИТЕ ЛАНИ ПРОСЕЧНО НАПЛАТУВАЛЕ ВО РОК ОД 110 ДЕНА

П

9

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

росечниот период на наплата на побарувањата во земјава лани се продлабочил од 102 на 110 дена, покажуваат податоците од Централниот регистар. По одделни сектори, најкратки рокови за наплата има во дејностите трговија, транспорт, складирање и угостителство каде компаниите наплатуваат просечно за 89 дена, што е за 10 дена повеќе отколку во 2019 година. Потоа следува секторот информации и комуникации каде што просечно се наплатувало за 97 дена, во индустријата рокот за наплата просечно е 102 дена, 138 дена се чекало за наплата во секторот земјоделство, и дури 254 дена во градежништвото. Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот исто така покажуваат дека македонските фирми лани ималo помалку пари за нормално работење, иако властите и Народната банка преземаа низа мерки со коишто требаше да се ублажат последиците од корона – кризата. Од друга страна, евидентно е дека антикризните мерки во Европа дале резултат. Најновите показатели на шведската консултантска компанија Интрум за 2021 година покажуваат дека дури и во време на пандемија, европскиот просек на наплата на побарувањата помеѓу бизнисите се скратил за осум дена, од 60 на 52 дена, главно поради владината поддршка.


НОЕ. 2021

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Најкратки рокови за наплата има во дејностите трговија, транспорт, складирање и угостителство каде компаниите во 2020 наплатувале просечно за 89 дена, што е за 10 дена повеќе отколку во 2019 година.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

K

омпаниите лани во екот на корона кризата, ги наплатувале своите побарувања осум дена подоцна отколку годината претходно. Просечниот период на наплата на побарувањата во земјава лани се продлабочил од 102 на 110 дена, покажуваат податоците од Централниот регистар. По одделни сектори, најкратки рокови за наплата има во дејностите трговија, транспорт, складирање и угостителство каде компаниите наплатуваат просечно за 89 дена, што е за 10 дена повеќе отколку во 2019 година. Потоа следува секторот информации и комуникации каде што просечно се наплатувало за 97 дена, во индустријата рокот за наплата просечно е 102 дена, 138 дена се чекало за наплата во секторот земјоделство, и дури 254 дена во градежништвото. Според големината на компаниите, големите фирми наплатуваат најбрзо и тоа за три месеци, средните компании во просек за 106 дена, малите за 127 дена, додека пак ситуацијата е најлоша со кај микро фирмите кои чекаат во просек подолго од една година, односно 414 дена. Компаниите што работеле со добивка очекувано наплатувале побрзо отколку загубарите. Првите во просек за 102 дена, а другите за 162 дена.

Народната банка анализирајќи ги клучните показатели за ликвидноста на компаниите, меѓу кои и просечните рокови на наплата на побарувањата, констатира дека корпоративниот сектор ја завршил годината со стабилна ликвидносна позиција а придонес за тоа имале мерките што ги донесоа Народната банка и Владата како одговор на кризата за да го ублажат првичниот ликвидносен шок од пандемијата. Показателите кои што покажуваат каква е ликвидноста во бизнис секторот покажуваат дека македонските фирми немаат доволно пари за нормално работење. Коефициентот за тековна ликвидност кој што го изразува соодносот меѓу тековните средства и обврски, би требало да изнесува 2 (граница која според економистите гарантира дека тековните обврски ќе бидат платени навреме), според податоците од Извештајот за финансиската стабилност за 2020 година, изнесува 1,32 и е благо намален во споредба со годината претходно, за 0,02 процентни поени. По одделни сектори, овој показател е највисок во секторот информации и комуникации каде што изнесува 1,56, потоа во индустријата 1,43, па во трговија 1,39, додека пак најнизок е во градежништвото и тоа 1,16 и земјоделство, шумарство и рибарство каде што изнесува 0,82. По големина на компаниите, кај големите компании тековната ликвидност изнесува 1,35, кај средните и кај малите фирми е 1,4 додека пак кај микро компаниите е најниска и

изнесува само 0,87. Логично, кај компаниите што лани оствариле добивка, тековната ликвидност е повисока и достигнува 1,51, додека пак кај загубарите е 0,87. „Ликвидноста на корпоративниот сектор и натаму е скромна и е под нивото што теоретски се смета за задоволително, а и е нерамномерно распределена по одделни субјекти. Изложеноста на ликвидносниот ризик е најголема за микросубјектите, коишто имаат најниско ниво на моментна и тековна ликвидност, видливо под просекот на корпоративниот сектор. Во 2020 година, карактеристично е зголемено доцнење при наплатата на побарувањата и плаќањето на обврските, што доколку се задржи и во следниот период може да ја влоши ликвидносната позиција на корпоративниот сектор, особено по истекувањето на антикризните мерки. Евентуалното влошување на ликвидноста на корпоративниот сектор, може да се одрази врз неговата способност за намирување на обврските и да ги влоши изгледите за одржливоста на долгот на корпоративниот сектор на среден и долг рок“, пишува во последниот Извештај за финансиската стабилност на Народната банка.

Во Европа роковите за наплата се скратија

Најновите показатели на шведската консултантска компанија Интрум за 2021 година покажуваат дека дури и во време на корона – криза, европскиот просек на наплата на побарувањата


11

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Најдолго за наплата во земјава лани се чекало во секторот градежништво, 254 дена.

Половина од европските бизниси веруваат дека нивната земја ќе исфрли кеш во рок од десет години Деновите на банкнотите и монетите се бројат, според многу бизниси ширум Европа. 48% од вкупно 11.855 анкетирани деловни субјекти велат дека нивната земја ќе биде без готовина во рок од десет години. Додека другиот дел, 52%, велат дека тоа ќе се случи подоцна или никогаш. помеѓу бизнисите се скратил за осум дена, од 60 на 52 дена. Наодите се засноваат на истражување на повеќе од 11.000 компании во 29 европски земји, спроведено помеѓу 25 јануари и 16 април 2021 година. Консултантите на Интрум заклучуваат

дека бизнисите се “помодрени“ од долгата истоштувачка криза предизвикана од пандемијата, но гладни за ново поглавје на раст. „Во последните 12 месеци, Ковид-19 клекна многу европски бизниси, а директорите предвидуваат неизвесност

за неколку години што доаѓаат. Сепак, без оглед на неизвесноста создадена од пандемијата, европските бизниси се повеќе ентузијасти за растот и иднината отколку што беа многу години“, пишува во Извештајот на Интрум за плаќањата во 2021.


НОЕ. 2021

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Со Предлог-измените на Законот за финансиска дисциплина што ги подготви Министерството за финансии се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии од 60 на 30 дена и намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена.

Објаснуваат дека јазот во плаќањата се намалил поради владината поддршка - но прашање е колку долго ќе трае, односно како компаниите ќе ја одржат ликвидноста откако Владите ќе ги укинат антикризните мерки. „Поддршката од државата, во комбинација со построгите услови за плаќање, ја поддржа ликвидноста и го намали платниот јаз во некои земји. Но, задоцнетите плаќања остануваат голема грижа. Ризикот од доцнење и неплаќање ќе расте бидејќи бизнисите ќе ги достигнат границите на ЕУ за државна помош и постепено се очекува да се повлече владината поддршка. Извршителите велат дека доцните плаќања го попречуваат растот и одржливоста; во некои земји повеќе од други“, констатираат од Интрум. Очигледно е дека во некои делови на Европа, владината поддршка гарантира ликвидност и го намали јазот во плаќањето, но, според консултантите на Интрум, ова веројатно ги маскирало вистинските промени во однесувањето на плаќањето и несигурноста на некои бизниси. „Како што фирмите поставуваат построги барања за плаќање и како што економска активност се рестартира, дури и компаниите коишто важат за здрави би можеле да се најдат себеси во ликвидносни предизвици. При управувањето со задоцнетите плаќања, бизнисите останаа прилично флексибилни, иако гледаме знаци дека компаниите се

построги за условите за плаќање. Третина (35%) од испитаниците нудат ревидирани услови за плаќање и 29% нудат попуст како алтернатива. Двете алтернативи се рангираат на врвот во 2021 година. Од друга страна, секој петти не преговара за условите за плаќање“, пишува во Извештајот дополнувајќи дека се забележува намалување од 20% на оние коишто велат дека прифатиле подолги рокови за плаќање за да ги заштитат односите со клиентите. Потресени од неизвесната економска позадина, компаниите поставуваат построги условите за плаќање заради зајакнување на нивното управување со готовина и конкурентна позиција. Ова е поместување од раните денови на кризата, кога задоволството на клиентите беше најважен приоритет. Во 2020 година, на пример, 69% од испитаниците рекле дека би прифатиле полоши услови за плаќање со цел да се заштитат односи со клиентите. Оваа година, процентот на оние што се спремни на тоа паднал на 49%. Но, повеќето фирми, на еден или друг начин, одлучиле да бидат проактивни кон ликвидноста при што 59% рекле дека Ковид-19 ги мотивирал подобро да го ублажат ризикот од задоцнети плаќања за нивниот бизнис.

Бизнисот се надева на ефикасни вакцини

Иако повеќето испитаници на Интрум очекуваат вакцината да има позитивно влијание врз нивните деловни перформанси – со тоа што

раководителите на малите и средни претпријатија се поголеми оптимисти, околу половина од директорите што се соочуваат со намалени профити велат дека нема да се работи нормално пред 2022 или дури и 2023 година. „Гледајќи ги регионалните разлики во очекувањата за пост – пандемиско закрепнување, има доста конзистентни одговори низ земјите во Европа, што може да биде изненадувачки со оглед на огромното влијанието на пандемијата во јужниот дел на Европа“, пишува во Извештајот на Интрум. Многу директори низ Европа се оптимисти за иднината и вклучувањето на програмите за вакцини. За време на истражувањето односно пролетта 2021 година, близу три од четири од бизнисите во Европа рекле дека вакцините ќе имаат позитивно влијание врз нивните деловни перформанси. Бизнисите во Холандија и Шпанија се најголеми оптимисти за позитивно влијание врз економиите од вакцините можеби поради важноста на туризмот и слободното движење на граѓаните како клучно за нивните економии, додека австриските и унгарските фирми се најмалку оптимисти дека имунизацијата ќе не врати во нормала.

Македонската влада поставува пократки рокови за плаќања во јавниот сектор Ќе се намалува рокот во кој јавниот сектор може да ги исплати обврските што ги има кон приватниот сектор. Со Предлог-измените на Законот за финансиска дисциплина што ги


13

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Свесноста за Директивата за навремено плаќање на ЕУ сè уште е прилично мала Последните неколку години, Европскиот извештај за плаќања го испитува влијанието на Директивата на ЕУ за доцно плаќање. Свеста за Директивата е сè уште прилично мала, бидејќи само 29% од европските бизниси се запознаени со тоа, што е малку повеќе од 28% во 2018 година.

подготви Министерството за финансии се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии од 60 на 30 дена и намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 на 60 дена. Во Предлог-текстот на законот, којшто е објавен на ЕНЕР, се предлага започнувајќи од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии да изнесува 50 дена, од јануари 2024 година 40 дена и од јануари 2025 година да изнесува 30

дена. Додека, пак, рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се предлага започнувајќи од јануари 2023 година рокот за намирување на паричните обврски на овие субјекти да изнесува 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година да изнесува 60 дена. Со измените се врши усогласување со роковите за исполнување на паричните обврски согласно Директивата за задоцнето плаќање. Во актуелниот Закон за финансиска дисциплина е уредено дека во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како

должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена. Исто така, со него се пропишува дека во деловна трансакција кога Фондот за здравствено осигурување на Македонија и корисниците на средства од Фондот, јавните здравствени установи и Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетските клиники, завод и ургентен центар се јавуваат како должници, не може да договорат рок за исполнување на паричната обврска подолг од 90 дена. Законот за финансиска дисциплина е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите. nnn


НОЕ. 2021

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115


INTERVIEW

15

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

КОСТАС БАКОЈАНИС градоначалник на Атина

ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ТРЕБА ДА Е ЕФИКАСНА, НЕ ДА ТРОШИ ВРЕМЕ НА БЕСКРАЈНИ ПОЛИТИЧКИ ДЕБАТИ Со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, разговаравме за градот, предизвиците и проблемите, ефектите од пандемијата, визијата за соработка, но и за улогата на локалната власт во една демократија. „Раскопани улици немаат идеологија, не знаат за лева или десна идеологија, дупките треба да бидат затворени. Ѓубрето не знае за идеологија, нема лево или десно ѓубре, тоа треба да си е собрано. Локалната власт е за вистинскиот реален живот, вистински решенија за реалните проблеми. Немаме ние ни време, ни енергија за бескрајни политички дебати. Ние мора да сме брзи и ефикасни.“ вели тој.

НОЕ. 2021


НОЕ. 2021

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА XБевте X избран за градоначалник во 2019. Што можете да кажете за развојот на градот во овие години? Знаете, пандемијата дојде во сурово време за Атина. Само што се опоравувавме од големата економска криза, наоѓавме една нова самодоверба, оптимизам и динамизам. Но, ова се добрите вести – за време на пандемијата ние успеавме да ги тргнеме партизацијата, популизмот и старите политики настрана и да се фокусираме на факти, вистина и транспарентност. XКако X успеавте да го сторите тоа? Во голем дел благодарение на премиерот, кој успеа рано да воведе низа мерки, но и храбри одлуки и сега одиме напред. Економијата заздравува, Атина и Грција скокаат напред и веруваме дека годините што доаѓаат ќе бидеме многу витални, затоа што после долго време сме на вистинската страна на историјата.

Во пандемијата клучно ни беше да ги заштитиме најранливите XСпоменавте X дека добро се справивте со пандемијата. Што беше за вас најголем предизвик? Како град, број 1 беше да се обезбеди оние кои се ранливи, оние кои не ги фаќа „радарот“, оние кои се неправедно невидливи, да бидат згрижени и заштитени. Ќе ви дадам пример, при првиот лок-даун создадовме ново засолниште за бездомници. Таму згриживме 400 луѓе. Тоа е еден од најмодерните вакви засолништа во Европа. Истовремено, ре-создадовме центар наречен „Домашна помош плус“ каде секој Атињанин може само да се јави и некој од општината ќе дојде, ќе му тропне на врата и ќе му донесе храна, лекови или каква било помош што ја побарал. Урбаните места имаат тенденција да се прекриени со осаменост. Сакаме да се бориме против тоа. За нас, и ова е грчкиот начин, ова е нашата традиција, ова е кои сме – се работи за солидарност, да се биде еден до друг и да се помогне на другиот, особено во криза. XПравевте X ли некакви кампањи за граѓаните? Како ги комунициравте овие препораки? На повеќе нивоа. На централно ниво имаше кампањи за луѓето да седат дома, потоа едукативни кампањи за оваа нова закана, вирусот со којшто се соочуваме. Улогата на експертите беше клучна, исто така. Ова не смее да се гледа само од горе надолу, туку и обратно – од долу нагоре. Ангажиравме различни заедници кои зборуваат различни јазици и со нив комунициравме како да се заштитат. XКолку X граѓаните ги следеа препораките на властите? Во голема мерка. Не случајно, Атина беше најдобар пример за справувањето со КОВИД. Има социјален договор во оваа земја. Многу сум благодарен на Атињаните и многу сум горд на нив. Имаше моменти кога граѓаните беа веќе истоштени, имаше голем психички

притисок, но мислам дека историчарите во иднина ќе заклучат дека и Атина и Грција добро се справија. Имавме можност исто така за едно ново себепретставување на светот, не само во соседството, туку и на целиот свет. Многу сме горди на Акропол и античката слава, Атина има 330 сончеви денови во годината, плажите се на 20 минути од центарот, а во исто време, Атина е една модерна, динамична метропола, каде нудиме високопрофесионални услуги за нашите граѓани, посетители и инвеститори. XГи X споменавте сите убавини на градот. Колку туризмот беше погоден од кризата? 2020 беше многу тешка година, нема збор за тоа. 2021 пак изгледа многу добро. Блиску сме до резултатите од 2019. -Значи летово беше добро? Беше многу добро лето. Сега додека зборуваме, крај е на октомври, ако прошетате низ центарот на Атина ќе забележите стотици и илјадници туристи, тоа е одлично. Но, се е поврзано – фактот што Атина и Грција имаа професионален, сериозен и одговорен одговор на кризата, ја даде потребната сигурност за туристите за да дојдат во Атина и не само да уживаат, туку и да споделат друг квалитет на живот.

Верувам во локална власт слободна од партиски притисоци и опструкции XПред X да станете градоначалник на Атина, веќе имавте искуство во локалната самоуправа. Како ја гледате улогата на локалната власт во едно општество? Верувам во силна локална власт и верувам во слободна локална власт. Слободна од партија или партизација и опструкции, слободна од политички интерес. Не заборавајте дека локалната власт има огромна привилегија – ние сме демократски најблиску до граѓанинот. Ние сме јадрото на демократијата и тоа треба да бидеме. Тоа е традицијата на Атина, демократијата била тука родена и ја сфаќаме многу сериозно. Имаше времиња во економската и финансиска криза кога Атина наликуваше на Вајмарската република и сепак излеговме од тие кризи. Ги изолиравме популистите и екстремистите, институциите се поцврсти од кога било и демократијата посилна од кога било. Ова не е случајност, ова беше можно затоа што Атина има демократска ДНК. XКако X ги комуницирате потребите на граѓаните со централната власт? Се гледате ли некогаш во улога на медијатор? Ах, не би рекол медијатор. Но, би рекол дека секој градоначалник во светот, е глас на својот граѓанин и мораме да го сфатиме тој глас многу сериозно. Треба отвореност, транспарентност, но и јасно согледување за тоа кои се потребите и аспирациите на градот. И ова треба да се потенцира не само на национално ниво, туку и на европско. XКако X ја цените соработката со другите општини? Ова за нас е многу важно. Соработуваме со сите општини во Грција

и имаме многу силни врски. Не е само важно за нас, туку е и многу практично - си споделуваме искуства и практики. Ова го правиме не само со грчките општини, туку и со градовите од светот. XИмате X ли вака добра соработка со градоначалници од други партии? О, апсолутно! Нема збор за тоа! Знаете раскопани улици немаат идеологија, не знаат за лева или десна идеологија, дупките треба да бидат затворени. Ѓубрето не знае за идеологија, нема лево или десно ѓубре, тоа треба да си е собрано. Локалната власт е за вистинскиот реален живот, вистински решенија за реалните проблеми. Немаме ние ни време, ни енергија за бескрајни политички дебати. Ние мора да сме брзи и ефикасни. XМоже X да ни кажете некои проекти што ги реализиравте? Ако прошетате низ Атина ќе видите град што се трансформира. Дали преку проектот за нашите „Урбани бели дробови“, каде инвестираме многу, поради климатските промени, или да бидеме прецизни – климатската криза, или низ проектите за ослободување и редизајнирање на јавниот простор, таков каков што ни треба на сите, а особено на младите, или низ дигиталните услуги, што сега во пандемија беа катализатор и ни помогнаа за да продолжиме напред, или пак низ мрежата за солидарност што ја шириме низ градот, или пак преку сериозната помош што ја даваме на нашата бизнис заедница што сакаме да излезе од оваа криза и да расте. Градот Атина е многу активен на многу нивоа, се бориме на многу фронтови. Нема напред без борба, тоа е така, ако сакаш нештата да успеат. XЗборувате X за предизвици и перспективи. Кои се најголемите проблеми на Атина? Каде ги лоцирате? Над се’, Атина има наследство на лошо урбано планирање, од пост воениот период, кога многу избрзани одлуки биле донесени и како резултат на тоа Атина не е организирана како што треба. Сега имаме можност да поправаме и лечиме. Не сум магионичар, треба трпение, но сум голем оптимист дека ова денес е моментот на Атина. Како што пред 10 години беше моментот на Лисабон или моментот на Барселона пред 30 години. Ова е моментот на Атина, ова е декадата на Атина. XОколу X односите со Северна Македонија, каде ги гледате можностите за соработка, можеби меѓуопштинска? Верувам дека има многу потенцијал и една позитивна агенда што можеме да ја изградиме, еден мост на разбирање и соработка. Мост на пријателство. Локалната власт може ефективно да ја изрази човековата емоција и човековата емоција кон луѓето и јас јасно чувствувам дека нашите луѓе сакаат да станат поблиски. nnn


17

КОСТАС БАКОЈАНИС ГРАДОНАЧАЛНИК НА АТИНА

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Бакојанис, како син на поранешната министерка за надворешни работи, Дора Бакојани и внук на актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, е дел од една од најголемите политички династии во земјата, кои ги креирале најкрупните државни политики и во Грција и надвор. Вели дека е време за едно ново лице на политиката, стивнување на национализмот и екстремистите: Имаше времиња во економската и финансиска криза кога Атина наликуваше на Вајмарската република и сепак излеговме од тие кризи. Ги изолиравме популистите и екстремистите, институциите се поцврсти од кога било и демократијата посилна од кога било. Ова не е случајност, ова беше можно затоа што Атина има демократска ДНК.


НОЕ. 2021

18 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

РЕПОРТАЖА ОД АТИНА

ГРЧКАТА ЕКОНОМИЈА НА ЧЕКОР ДА ПОСТАВИ ДВАЕСЕТГОДИШЕН ЕКОНОМСКИ РЕКОРД

Во главниот град на Грција, Атина, овој ноември е дијаметрално различен од ланскиот. Наспроти празни улици во време на локдаун, денес грчката метропола ја живее старата нормалност. Единствени видливи траги од пандемијата се маските коишто граѓаните ги носат во затворени простори. Но, Грците очигледно брзо им се вратиле на старите навики за купување во продавници, кафе или ручек во ресторани, брзајќи да надоместат се’ што пропуштиле дури и во време кога пандемијата повторно се заканува да наметне одредени рестрикции бидејќи бројот на заразени со корона руши неславни рекорди. Овој потрошувачки ентузијазам веќе се пресликува во последните економски индикатори до средината на годината – евидентиран е раст на продажбата на мало за 8,2%, на извозот од речиси 17% и вкупен економски раст од 16,2% заклучно со јуни. Но, освен зголемувањето на производството, извозот и потрошувачката, оптимизмот дека грчката економија годинава ќе оствари најдобар економски резултат во последните 20 години, произлегува од перформансите на туризмот како носечки столб. Петтина од целата економија на Грција е туризам. Инаку, Грција е еден од нашите најголеми трговски партнери, така што брзото закрепнување на грчката економија е добра вест и за нашите компании коишто економски соработуваат со јужниот сосед.


19

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Поривот на потрошувачите да го надоместат загубеното време додека седеа дома и ваквото физичко движење по улиците беше недозволено, истовремено и овозможи на грчката економија веќе да надомести 2/3 од сè што загуби за време на пандемискиот локдаун.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

П

отрошувачите во Грција очигледно брзо им се вратија на старите навики за купување во продавници, кафе или ручек во ресторани, дури и во време кога пандемијата повторно се заканува да наметне одредени рестрикции бидејќи бројот на заразени со корона руши неславни рекорди. Овој потрошувачки ентузијазам веќе се пресликува во последните економски индикатори до средината на годината – евидентиран е раст на продажбата на мало за 8,2%, на извозот од речиси 17% и вкупен економски раст од 16,2% заклучно со јуни.

Поривот на потрошувачите да го надоместат загубеното време додека седеа дома и ваквото физичко движење по улиците беше недозволено, истовремено и овозможи на грчката економија веќе да надомести 2/3 од сè што загуби за време на пандемискиот локдаун. „Со детски чекори но оваа година е подобро. Добра работа е што сме отворени и можеме да работиме. Со секој ден станува подобро, но сега доаѓа зима, туризмот е завршен, се надеваме на најдобро следната година“, вели Димитрис Папахристодолу, вработен во продавница за сувенири во Атина. „Од тоа што слушам навистина ја погоди економијата, многу бизниси се затворија, но мислам дека се враќа во нормала. Но стапката на вакцинација е многу ниска, мислам околу 52%, и треба да биде

повисока. Се надевам сè ќе биде во ред“, ни кажа Питер Панос, грчки иселеник во Њујорк којшто го затекнавме во Атина. „Нè погоди, особено минатото лето, бидејќи рестораните, клубовите и кафулињата беа затворени, но за среќа ова лето се беше отворено, многу туристи ја посетија Грција така што мислам дека сме на добар пат“, рече Николас Кондојанис, граѓанин на Атина. Дека грчката економија силно заживува ни кажаа и од Хеленската бизнис асоцијација за малопродажба. Според заменик потпретседателот, Антонис Заирис, досегашните податоци се многу охрабрувачки. „Денес кога веќе немаме локдаун, побарувачката се зголемува повторно, и грчката влада треба да се фокусира на специфични и конкретни прашања, на пример инвестициите, да се зголеми повеќе извозот со цел да се засили стапката на раст на БДП. Во однос на малопродажбата, бидејќи овој сектор е многу важен, учествува во БДП околу 16%, засега оди многу добро како резултат на враќањето на побарувачката од страна на потрошувачите, и имаме зголемување на продажбите на мало од околу 8% до 10% што е многу охрабрувачки податок“, истакна Антонис Заирис, заменик потпретседател на Грчка бизнис асоцијација за малопродажба. Но, освен зголемувањето на производството, извозот и потрошувачката, оптимизмот дека грчката економија годинава ќе оствари најдобар економски резултат во последните 20 години, произлегува од перформансите на туризмот како носечки столб. Петтина од целата економија на Грција е туризам. Генералниот директор на Фондацијата за економски и индустриски истражувања во Атина, Никос Ветас, е поголем оптимист дури и од грчката влада па и ММФ, така што неговите проценки за опоравувањето се уште попозитивни. „Економијата сега се опоравува многу брзо. Проценуваме дека во 2021 година реалниот БДП ќе порасне дури и до 8%, откако имавме длабока рецесија минатата година од околу 9%. Ова


НОЕ. 2021

20 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

НИКОС ВЕТАС

генерален директор на Фондација за економски и индустриски истражувања

Економијата сега се опоравува многу брзо. Проценуваме дека во 2021 година реалниот БДП ќе порасне дури и до 8%, откако имавме длабока рецесија минатата година од околу 9%. Ова се без преседан големи пресврти коишто и другите европски економии ги имаат, но во Грција и намалувањето и зголемувањето е поголемо отколку просекот. Причината е потпирањето на грчката економија на сектори што беа директно погодени од пандемијата и потоа се опоравија, вклучувајќи ги, прво туризмот, којшто има голем удел во економијата, потоа малопродажбата, угостителството и рестораните.

се без преседан големи пресврти коишто и другите европски економии ги имаат, но во Грција и намалувањето и зголемувањето е поголемо отколку просекот. Причината е потпирањето на грчката економија на сектори што беа директно погодени од пандемијата и потоа се опоравија, вклучувајќи ги, прво туризмот, којшто има голем удел во економијата, потоа малопродажбата, угостителството и рестораните, забавната индустрија, транспортот, сите беа погодени многу лошо, но сега опоравувањето е многу побрзо отколку што луѓето очекуваа. Да ги ставиме работите во контекст, Грција беше во длабока рецесија од 2010 година, тоа беше десетгодишна криза, со три програми за спасување, инволвираност на ММФ, и на некој начин земјата се справи успешно со оваа криза, но тоа остави кумулативна рецесија. Грчкиот БДП денес е многу помал од тоа што беше во 2008 година. Несреќна околност е што токму во времето кога економијата закрепнуваше, не погоди оваа пандемија и не повлече надолу, сега одиме повторно нагоре. Сега очекуваме следната година побрз раст“, истакна Никос Ветас, генерален директор на Фондација за економски и индустриски истражувања.

Предизвици и можности

Ветас објаснува дека грчката влада, како и речиси сите во светот, морала да им помогне на компаниите со антикризни мерки да ја пребродат кризата, да спречат масовни отпуштања, но во ограничен простор за менаџирање наметнат од огромните дефицити и долгови на земјата од претходно. „Постојат лимити колку владите можат да направат во вакви времиња без преседан. Рецесијата беше делумно ублажена преку мерките што ги презеде Владата, тие беа примарно таргетирани да ги поддржат бизнисите, со обврска тие да не отпуштаат вработени, како резултат на тоа немавме зголемување на невработеноста и покрај големата

рецесија, тоа беше главниот оброк од мерките – поддршка за бизнисите за луѓето да не бидат отпуштени. Во исто време, јавните трошења се зголемија во области како здравствените услуги, за болниците директно да се справат со луѓето на кои им требаше третман. Поради претходните дефицити, но и мерките коишто ја намалија економијата преку три успешни програми за прилагодување, грчкиот јавен долг има голем удел во грчкиот БДП, но да бидам искрен, за време на пандемијата ова не беше ограничување. Причина за тоа е што и монетарната и фискалната политика во Европа, отворија голем чадор да ги заштитат своите земји членки, вклучувајќи ги и оние со голем долг, не само Грција туку и поголеми економии како на пример Италија, и како резултат на тоа, цената на позајмување на глобалниот пазар е екстремно ниска за Грција“, додаде Ветас. Според него, лекциите од пандемијата може да се гледаат низ призмата на предизвици, но и како можности за грчката економија. „Има многу предизвици заедно со можности. Да почнам со можностите. Глобалната економија се опоравува брзо, и Грција има можност да стане поотворена економија, не само кога станува збор за традиционалните области како туризмот или испорака, туку и извоз на производство , вклучувајќи храна, лекови, механички делови. Видовме значаен напредок во овие области за време на пандемијата, затоа што глобалните вредносни синџири се променети, и Европа сфаќа дека не секогаш треба да се потпира на производството во далечните земји туку може да има преработувачка поблиску до дома, затоа што кризи како пандемијата може да се вратат во иднина, ова е можност за зголемување на производство во Грција. Една работа е што закрепнувањето е можност за големите бизниси да го зголемат својот извоз. Предизвиците се како да се

движиме побрзо на оваа патека. Тоа несомнено значи искористување не само на достапните ЕУ фондови, туку и да привлечеме повеќе странски инвестиции. Ова од друга страна, претпоставува дека ќе има подобрување во функционирањето на јавната администрација. Според моето мислење ова е главниот предизвик за Владата, со се што дискутиравме претходно. Во 2020 и 2021 година, грчката влада можеше да прави прилично големи буџетски дефицити, но тоа не е одржливо. Затоа треба да имате висок раст и истовремено да го намалувате дефицитот“, истакна Ветас. Но и покрај предизвиците во економијата, притисокот врз цените на храната и енергијата којшто властите се обидуваат да го ублажат со даночни олеснувања, и од друга страна постојаната трка на стапката на вакцинација со бројот на заразени, Грција се чини може малку да здивне. Грчката економија е веројатно една од оние коишто почувствуваа најголеми турбуленции во последните десетина години. Од бездна во екот на финансиската криза и длабока рецесија лани, денес овде владее оптимизам. Економијата закрепнува од последниот удар на Ковид и се очекува да порасне дури и до 8%.

Кога на соседите им оди добро, добро е и за нас

Ентузијазам за поголема бизнис соработка меѓу Грција и Северна Македонија откако двете земји ги затоплија политичките односи очигледно има кај партнерите од грчка страна. Иако Грција и претходно беше еден од трите најголеми трговски партнери на земјата, решавањето на политичките проблеми сега се гледа како основа за зацврстување и на бизнис релациите. Генералниот директор на Фондацијата за економски и индустриски истражувања во Атина, Никос Ветас, вели дека бизнисите во двете земји треба да се


21

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

АНТОНИС ЗАИРИС

заменик потпретседател на Грчка бизнис асоцијација за малопродажба

Денес кога веќе немаме локдаун, побарувачката се зголемува повторно, и грчката влада треба да се фокусира на специфични и конкретни прашања, на пример инвестициите, да се зголеми повеќе извозот со цел да се засили стапката на раст на БДП. Во однос на малопродажбата, бидејќи овој сектор е многу важен, учествува во БДП околу 16%, засега оди многу добро како резултат на враќањето на побарувачката од страна на потрошувачите, и имаме зголемување на продажбите на мало од околу 8% до 10% што е многу охрабрувачки податок.

поврзуваат и наместо конкуренти, да бидат сојузници во освојувањето на пазарите во регионот. А можности за соработка гледа во повеќе сектори. „Двете земји ќе имаат придобивки ако бидат поотворени во смисла на производството но и традиционалните сектори како туризмот, и секако треба да ги гледаме можностите за соработка во основната инфраструктура, транспортни врски и сл. Во сите овие области, вистинскиот начин на гледање е дека ова не се конкурентни односи дали е овде или таму, туку може да се изградат односи на соработка помеѓу бизнисите, бидејќи компаративната предност на двете економии не е иста, така што може да се соработува. До толку што, економиите во регионот ќе продолжат да растат, овие бизниси може да функционираат како локални хабови и да привлечат луѓе. Сите видови на производство, кое што ќе се потпира на човечки капитал и производство што ќе преработува, ќе ги користи локалните предности како храна, лекови. Во таа насока, важно е да ги прецизираме и правилата на играта. Знаете дека се уште има отворени прашања во врска со називот на производите и потеклото, така што правилата мора да бидат јасни многу брзо, така што бизнисите ќе имаат јасни правила и ќе може да инвестираат и да произведуваат“, истакна Ветас. Заменик потпретседателот на Хеленската бизнис асоцијација за малопродажба, Антонис Заирис, вели дека е охрабрувачки за бизнис секторот тоа што политичарите нашле заеднички јазик, но јазикот на бизнисот е поинаков, и се вика профит. „Бизнисот според мое мислење е независен од политичките мерки и политичките потези. Бизнисот се движи напред според сопствениот интерес, и нивното движење зависи од развојот на земјите. Сигурен сум дека постојат пазарни односи и трговска размена меѓу нашите земји и длабоко

верувам дека треба да ги потенцираме компаративните вредности меѓу двете земји, да направиме синергија за да имаме силна конкурентска предност за денот потоа, за заеднички бенефит на двете земји“, истакна Заирис. И Заирис и Ветас се оптимисти за идната бизнис соработка меѓу Грција и Северна Македонија. Значителен исчекор според нив, може да се направи откако земјава ќе ги надмине пречките и ќе зачекори по патот кон Европската Унија. „Мислам дека императив е да не ги затвораме границите, туку да ги отвориме, да се отвориме за размена, за инвестиции, за нови идеи и слободно движење на луѓето. Членството во ЕУ носи стабилност, но исто така и потребните пари за да се направи транзицијата, затоа што транзицијата не е секогаш без трошоци. Не е дека нашите економии се доволно големи во Европа, ниедна европска економија, дури и оние најголемите, не се доволно големи да бидат глобални играчи. Да имате ефективни, а не бирократски политики на европско ниво, е суштинско за благосостојбата на членките“, додаде Ветас. Инаку, од сите соседи со кои граничи земјава, економски најмногу соработува со Грција. Само во првите девет месеци од оваа година, бизнисите од двете земји размениле поголема вредност на стоки отколку цела 2020 година. До крајот на 2021ва, вкупната трговска размена се очекува да достигне до една милијарда евра. Ако се погледнат податоците низ годините наназад, јасно е дека двете земји имале добри трговски односи, меѓутоа, оптимизмот за зголемена соработка особено се подгреа откако се реши спорот за името со потпишувањето на Преспанскиот договор. „Со договорот што го потпишуваме денес, создадовме шанса. Имаме историска можност, да ја засилиме соработката за да изградиме посилни економски врски и заедно да постигнеме

повисок раст и развој. Имаме обврска да ги олесниме трговијата, инвестициите, протокот на луѓе и технолошкиот напредок“, изјави премиерот Зоран Заев, на 17 јуни 2018 година, на денот на потпишувањето на Преспанскиот договор. Една година потоа, трговската размена навистина благо пораснала, меѓутоа, тој тренд е прекинат лани во услови на пандемија која наметна дури и привремено затворање на границите. Но, досегашните податоци за годинава се охрабрувачки. Во трговската размена,ние повеќе увезуваме од Грција, одошто извезуваме производи на грчкиот пазар. Всушност, најголем дел од трговската размена отпаѓа на увозот на нафта и нафтени деривати од страна на ОКТА, а потоа најмногу се увезува железо и челик, плетени и текстилни материјали, котли, машини и механички уреди и пластични материјали. Во извозот од Македонија на грчкиот пазар, доминира железо и челик, а потоа следува тутун, облека, мермер и електрична енергија. Во минатото земјава имала и суфицит во размената со Грција, односно повеќе сме извезувале отколку увозот на грчки производи овде. Но, по големата финансиска криза во Грција, се намали и побарувачката за некои македонски производи, особено железо и челик. Што се однесува до директните инвестиции, досега во земјава се инвестирани над 500 милиони евра грчки капитал. Претставници на владите од двете земји последните години почесто се среќаваат а од средбите произлегуваат најави за проекти што ќе ја продлабочат економската соработка. Еден од најголемите проекти што треба да се реализира следниот период е изградбата на интерконектор за пренос на природен гас од Грција – проект којшто ќе чини 100 милиони евра, а треба да ја олесни трговијата со природен гас меѓу двете земји. nnn


НОЕ. 2021

22 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

ЧЕТВРТИ ПАТ ПО РЕД ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АЕТМ

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА Е-ТРГОВИЈА: ШТО НАУЧИВМЕ ГОДИНАВА?


23

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Четвртото издание на Конференцијата за е-трговија во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија беше првото хибридно издание и воедно најголемото досега. На конференцијата присуствуваа речиси вкупно 500 учесници, а свое излагање имаа 28 искусни говорници од 10 земји од светот. Програмата на конференцијата беше фокусирана на дигитализацијата и дигиталната нација кои се неопходни за да се задржи раст на е-трговијата предизвикан од глобалната пандемија, на безбедноста и на иновативните е-плаќања, како и на „триаголникот” на довербата, технологијата и регулативата, на влијанието на COVID-19 врз е-трговијата во Македонија и во Европа, на регионални и глобални лекции и трендови во дигиталниот маркетинг, како и на улогата на жените во дигиталниот свет и во е-трговијата.


НОЕ. 2021

24 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Заклучокот на овогодишниот панел на тема „Поврзаноста на довербата, технологијата и регулативата" на којшто зборуваа Игор Кузевски од македонската Агенција за заштита на личните податоци, Вања Манова од Mastercard и Киро Чадиковски од Комерцијална банка АД Скопје, беше дека потрошувачите треба да бидат внимателни, а не скептични, но со отворен ум (и очи) кон новите технологии и потенцијалот што истите го носат, додека од друга страна е-трговците за да ја зголемат довербата во своите бизниси треба да бидат подготвени да постапуваат транспарентно во секоја ситуација и да ја разберат целосно обврската која ја имаат кон личните податоци на потрошувачите.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

В

о организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, на 12-ти ноември се одржа Четвртата конференција за е-трговија, во хибриден формат, односно со истовремено физичко и онлајн присуство. COVID-19 значајно го забрза растот на е-трговијата - компаниите мораа да се адаптираат со цел да ги одржат своите бизниси, да стигнат до нови потенцијални клиенти и да компензираат за падот на физичките локации за време на рестриктивните мерки и карантините. Е-трговијата одигра исклучителна улога во процесот на адаптација. Како резултат, денес компаниите се подготвени или „Ready”, и поставени или „Set” за забрзан раст на нивниот бизнис или „Grow”. Оттаму и темата на ова четврто издание го носеше наслов „E-commerce: Ready, Set, Grow!”. Четвртото издание беше првото хибридно издание и воедно најголемото досега. На конференцијата присуствуваа речиси вкупно 500 учесници, а свое излагање имаа 28 искусни говорници од 10 земји од светот. Програмата на конференцијата беше фокусирана на дигитализацијата и дигиталната нација кои се неопходни за да се задржи раст на е-трговијата предизвикан од глобалната пандемија, на безбедноста и на иновативните е-плаќања, како и на „триаголникот” на довербата, технологијата и регулативата, на влијанието на COVID-19 врз е-трговијата во Македонија и во Европа, на регионални и глобални лекции и

трендови во дигиталниот маркетинг, како и на улогата на жените во дигиталниот свет и во е-трговијата. Во продолжение, ви ги претставуваме петте клучни заклучоци од овогодишната конференција:

Продолжува растот на е-трговијата во Македонија, особено кон домашните е-трговци

Е-трговијата значајно го промени однесувањето на потрошувачите и предизвика забрзан раст на онлајн продажбите. Едно од главните прашања кое се поставува е дали и колку овој раст ќе се задржи по олабавување на мерките и враќање на економијата во нормала. На конференцијата беше промовирана годишната Анализа на е-трговијата 2021 година со наслов „Преглед на е-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2021 година”, а Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска, која е ко-автор на истата ги презентираше клучните сознанија. Охрабрувачки е што согласно последните податоци на НБРСМ, во првото полугодие од 2021 година анализирано според обемот и вредноста на онлајн трансакциите растот продолжува со добра динамика. Во текот на првото полугодие од 2021 година, 195 милиони евра се слеале кон домашните е-трговци, од кои 63% од купувањата се реализирани од домашни купувачи, односно со домашни платежни картички. По троцифрениот раст од 135% во вредноста на е-трансакции реализирани кон домашните е-трговци, растот продолжува и во првата половина на 2021 изнесува 77%.

Евидентна е промената во структурата на онлајн трансакциите во полза на домашните е-трговци. Во првата половина годинава вкупната вредност на онлајн трансакциите изнесува 233 милиони евра, од кои 83% се кон домашни е-продавници. Во 2020 година учеството изнесуваше 74%, наспроти 43% од трансакциите во 2019 година. Придонес кон растечкиот тренд на е-трговијата секако има и зголемената понуда на производи и услуги онлајн - во првите шест месеци од 2021 отворени се над 200 нови е-продавници. Сето ова, придонесува кон раст на учеството на онлајн трансакциите во вкупните трансакции со платежни картички - со што изнесува со 5% во 2020 година, за разлика од 2019 година кога овој процент изнесувал скромни 2%. Инаку, од анализата што ја презентираше Ангеловска, се гледа дека македонскиот е-купувач во просек купува во три месеци еднаш до два пати, што е најмалку споредено со сите земји од Европа. „Значи најретко купуваме онлајн или над 70% од населението прави само една до две нарачки во три месеци. Најчестиот износ на нарачката е до 50 евра, исто како, што прават и соседните земји со што сме на дното во Европа по однос на висината на нарачките што ги прават. Се работи за помали трансакции. Најчесто се купува облека, спортска опрема…, што е исто и на ниво на Европа. Меѓутоа, Македонците најмалку од земјите во регионот и од Балканот купуваат онлајн мебел, производи за домаќинство и најмалку прават онлајн нарачки за храна, односно од ресторани“, рече Ангеловска.


25

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Да се зголеми користењето на дигиталните услуги, особено на интернет банкарството

Во Естонија, која е пионер во претворањето на јавните услуги во флексибилни е-решенија за нејзините граѓани и е-резиденти, секогаш се тргнува со промени во владата имајќи го општото добро на граѓаните, економијата и компаниите. Како резултат на ова, владата на Естонија во моментов е речиси 100% дигитализирана, истакна От Велсберг, главен офицер за податоци во естонската влада, којшто имаше своја презентација на Конференцијата. Значајно да се спомене е големата инвестиција која Естонија ја прави во владиниот виртуелен асистент наречен „Бирократ” преку кој можат да се извршуваат речиси сите јавни услуги, како и Агендата за дигитална влада 2030 во која главен фокус ќе се проактивните владини услуги, влада поддржана со вештачка интелигенција за управување со податоци и повторна употреба на податоците, дигитална влада насочена кон граѓаните и зелена дигитална влада. Во Македонија, пак, дигитализацијата на јавните услуги се’ уште е на почеток. Преку неколку конкретни примери за свои услуги, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на конференцијата истакна дека започнуваат со алатки за поддржување на проекти за дигитализација на владата - преку финансирање на дигитален асистент за вештачка интелигенција, во рамки на штотуку започнатата иницијатива за донесување на стратегија за вештачка интелигенција. Од неодамна е формирана и работна група за изработка на национална стратегија за вештачка интелигенција. Согласно последните достапни податоци од Еуростат (2020), само 19% од македонските интернет корисници користат е-банкарство, додека просекот во ЕУ е 66%. Покрај во е-банкарство Македонците се значајно под европскиот просек кога станува збор за користење на интернетот за праќање маилови, пребарување податоци за производи и услуги и сл. Значајно над европскиот просек се во телефонирање и видео повици и социјални медиуми, додека први во Европа се во користење на интернетот за ставање на содржини на социјалните медиуми. Но, мора да се нагласи дека едукацијата е клучен сегмент на кој е неопходно да се работи во иднина со цел што е можно повеќе граѓани да ја сфатат потребата на дигитализацијата. Граѓаните и компаниите треба да бидат свесни дека сaмо преку понатамошна трансформација кон дигитално и смарт општество и искористување на предностите на дигиталната економија може да се задржи растот на е-трговијата и воопшто да напредува државата во секој сегмент.

Безбедноста и довербата се клучни за е-трговијата Една од клучните теми во е-трговијата е довербата кон технологијата. Меѓутоа стекнувањето на довербата и обезбедување на соодветно ниво на заштита во онлајн светот носи многу предизвици и е доста комплексна тема

Во текот на првото полугодие од 2021 година, 195 милиони евра се слеале кон домашните е-трговци, од кои 63% од купувањата се реализирани од домашни купувачи, односно со домашни платежни картички. По троцифрениот раст од 135% во вредноста на е-трансакции реализирани кон домашните е-трговци, растот продолжува и во првата половина на 2021 изнесува 77%.“, истакна претседателката на АЕТМ д-р Нина Ангеловска, инаку организатор на настанот, при презентирање на анализата за напредокот на е-трговијата во земјава.

За напредокот на е-трговијата во Европа и најновите трендови зборуваше Сара Лоун, главен истражувач и аналитичар за е-трговија, развој и дигитализација при Универзитетот за применети науки во Амстердам, Холандија.

на која треба да се пристапи со големо внимание, особено земајќи го во предвид предизвикот кој новите технологии како блокчејн/криптовалути и вештачка интелигенција го носат. Заклучокот на овогодишниот панел на тема „Поврзаноста на довербата, технологијата и регулативата" на којшто зборуваа Игор Кузевски од македонската Агенција за заштита на личните податоци, Вања Манова од Mastercard и Киро

Чадиковски од Комерцијална банка АД Скопје, беше дека потрошувачите треба да бидат внимателни, а не скептични, но со отворен ум (и очи) кон новите технологии и потенцијалот што истите го носат, додека од друга страна е-трговците за да ја зголемат довербата во своите бизниси треба да бидат подготвени да постапуваат транспарентно во секоја ситуација и да ја разберат целосно обврската која ја имаат кон


НОЕ. 2021

26 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

На панелот насловен „Зошто, што и како до повеќе вклучени жени?“, Филомена Пљаковска Аспровска од CaSys, Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис и Марија Томеска од Еуролинк осигурување, три жени на водечки позиции кои креираат одлични перформанси за нивните компании, говореа за нивното искуство и ставови на оваа тема, како и за е-трговијата во нивните компании.

личните податоци на потрошувачите. Совршен пример за адаптација на нова технологија за која имало скептицизам во почетокот се безконтактните плаќања („contactless") со платежна картичка, чие успешно прифаќање на пазарот претставникот на Mastercard посочи дека се должи на едукација на крајните корисници - нешто што е од значително значење при адаптација на нови технологии и треба да го применуваат сите финансиски институции, регулаторни тела и останатите ентитети поврзани со имплементација. За актуелната регулатива за заштита на лични податоци, едногласно беше потврдено дека е од исклучително значење бидејќи става фокус на заштита на личните податоци уште од почетокот на отпочнување на еден проект, нуди насоки за како да се проценат ризиците и како да се постапи во ситуации во кои има нарушување на приватноста. Несомнени се бенефитите од овој тип на регулатива, меѓутоа истата не е совршена и има простор за подобрување. За воведувањето на дополнителни регулативи, на пример кои би ги регулирале алгоритмите и нивното користење, заклучокот беше дека за сега само-регулацијата е доволна, но размислувањето на учесниците во панелот беше дека во иднина многу веројатно ќе се соочиме и со закони кои би го регулирале начинот на работа на алгоритмите.

Инклузивноста и родовата еднаквост се потребни за подобри перформанси на компаниите Речиси сите студии на тема родова еднаквост на работното место водат до еднакво сознание - поголемата застапеност на жените на високи

позиции во компаниите води по подобри перформанси. И покрај тоа, застапеноста на жените на водечки позиции и понатаму е многу ниска (само 24 жени се CEO на Fortune 500 во 2020 година, или помалку од 2019 кога биле 32). На панел дискусијата на оваа тема, три жени на водечки позиции кои креираат одлични перформанси за нивните компании говореа за нивното искуство и ставови на оваа тема, како и за е-трговијата во нивните компании. На панелот насловен „Зошто, што и како до повеќе вклучени жени?“, зборуваа Филомена Пљаковска Аспровска од CaSys, Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис и Марија Томеска од Еуролинк осигурување. За поголема вклученост на жените потребен е холистичен пристап инклузивна корпоративна култура која ќе го валоризира подеднакво трудот и квалитетите и охрабрување на жените да целат и се стремат повисоко (недостатокот на амбициозност беше истакнат како една од причините, а која се должи во голема мера и на мајчинството). Говорничките на панелот се сложија дека воведувањето на квоти е потребно со цел забрзување на патот и креирање поголеми можности за еднаква застапеност. Тимовите со еднаква застапеност на мажи и жени се поефективни, а имаат подобри резултати и во креирање на профит и продажби. На крајот на сесијата беше најавена новата иницијатива на АЕТМ која наскоро ќе биде лансирана, т.н. „Алијанса за родова еднаквост на работното место” чија мисија е промовирање на родовата еднаквост на работното место и овозможување еднакви права, еднакви можности и еднакво валоризирање на трудот.

Потребно е постојано учење, менување и примена на нови алатки и тактики

Во денешниот свет на брзи промени, а особено по COVID-19 и зголемената онлајн побарувачка, компаниите мораат брзо да се адаптираат на новите услови со цел да го одржат нивниот бизнис. Тоа вклучува и учење, менување и примена на нови маркетинг алатки и тактики согласно моменталните услови на пазарот. Според споделеното искуство од регионалните маркетплејс платформи, може да се заклучи дека социјалните медиуми и еmail newsletter кампањите иако се едни од постарите дигитални алатки се уште носат одлични резултати кај потрошувачите. Гејмификација исто така е една од клучните тактики кои носат раст на бизнисите и кои носат одлични резултати во поглед на нови клиенти, подобри резултати и зголемување на продажбите. Потрошувачите сè повеќе се на мобилните уреди, а компаниите мораат не само да инвестираат во градење на мобилни апликации туку да креираат квалитетни процеси и UX. Но, покрај дигиталните алатки кои веќе подолго време се користат од компаниите, изнаоѓањето на иновативни начини за промоција - вклучувајќи ги апликациите за комуникации како Viber, апликациите за стриминг на музика како Spotify и користење на лајв стриминг, blind boxes или виртуелни чет ботови исто така може позитивно да влијае на резултатите од интегрираните маркетинг комуникации на компаниите. Компаниите треба постојано да се подготвени за учење и примена на нови и иновативни алатки и тактики.

nnn


Автомобилски кредит

ВОЗИ НА СТРУЈА! Најповолни услови за купување на нов/половен електричен автомобил

02/2446-000

mkd.info@procredit-group.com

2,9 ФИКСНА КАМАТА

7

ГОДИНИ РОК НА ИСПЛАТА

www.pcb.mk


НОЕ. 2021

28 INTERVIEW

Фото кредит: Tomislav Kristo/Cropix

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115


INTERVIEW

29

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

БРАНКО РОГЛИЌ

основач на Орбико и претседател на Надзорниот одбор

ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО Е НАЈВАЖНО ДА СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЛУЃЕТО, А НЕ ЗА ЛУКСУЗОТ Од самиот почеток на работата на компанијата, ја издигнав идејата над хиерархијата. Јас го направив тоа така што идејата да ја води компанијата, и дека хиерархијата е само структурата што ја спроведува таа идеја. Добро се покажа и тоа што го ставив човекот во преден план. Мислам дека во претприемништвото најважно е да се грижиме за луѓето, а не за луксузот. Добриот претприемач не купува јахти и не живее луксузно, а неговиот работник да живее со минимална плата и да нема доволно за неговата егзистенција во исто време. Повторувам, мое мислење е дека претприемништвото е грижа за луѓето. Така се однесував цел живот и така ќе биде.“


НОЕ. 2021

30 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

РОБОТИЗИРАНИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТРИ ШИРУМ ЕВРОПА Во Софија отвораме еден од најголемите логистички центри на компанијата Орбико. Пред пет месеци отворивме сличен центар во Варшава. Следната година планираме почеток на градба на логистички центар во Загреб. Соочени сме со тренд којшто пандемијата го забрза. Наместо класична продажба во дуќаните, се’ повеќе се развива продажбата преку интернет. И во едниот и во другиот случај логистиката ќе остане многу важен фактор во економијата. Во тие рамки развиваме роботизирана логистика којашто во најкраток рок ќе му ја достави стоката на купувачот, којашто е продадена во интернет продавница или во класичен дуќан.“

Орбико со долгогодишна напорна работа и ширење на бизнисот стана најголема хрватска компанија и најголем дистрибутер на стоки за широка потрошувачка во Европа. Има промет од околу 2,5 милијарди евра годишно, а годинава се очекува зголемување на приходите на речиси три милијарди евра, вели Бранко Роглиќ, основач на Орбико и претседател на Надзорниот одбор во интервју за Нови лист од Риека. Сепак, во споредба со глобалните мултинационални компании со коишто соработува, Орбико со своите 8.000 вработени во 20 држави на Европа, не е голем. Тие мултинационални компании имаат свои претставништва во поголемите земји и таму не им треба дистрибутер, додека Орбико е нивен дистрибутер во земјите каде што немаат свои филијали. Како ја пребродивте пандемијата? Какви последици имаше вашата компанија и како одговоривте на нив? Мислам дека на пандемијата многу добро одговоривме. Приходите на нашата компанија за време на пандемијата пораснаа за 120 милиони евра. Станавме практично најголема компанија што се наоѓа целосно во хрватски раце. Најголема компанија беше Ина, но во пандемијата загуби седум милијарди куни приходи (околу 930 милиони евра, н.з.) Така, по сплет на околностите, и затоа што добро реагиравме на пандемијата, станавме

прва компанија во нашата земја, а којашто е во хрватски раце. Поголема од нас е Фортенова (наследник на некогашниот Агрокор, н.з.), но таа само делумно е во хрватски раце. Како ја организиравте работата кога изби пандемијата на коронавирус? Најпрво, сите наши вработени кај што дозволуваше природата на работата, ги пративме да работат од дома. Во канцелариите останаа само шефовите што ги координираа работите. Во складиштата го променивме работното време така што од две смени направивме три. Намерно го проретчивме бројот на луѓе во складиштата коишто се во контакт. Ги дезинфициравме сите автомобили, простории и целата стока што доаѓа во магацин. Зборувате за мерки во Хрватска? Овие мерки ги спроведовме во сите 20 земји. Имавме само еден смртен случај меѓу вработените. За жал, почина наш млад работник во Бугарија. Имавме и неколку потешки случаи на Ковид-19. Сепак, мислиме дека епидемиолошките мерки многу добро ги спроведовме и дека човечките жртви и штетите во работењето ги ограничивме на најмала можна мерка. На што го припишувате растот на приходите за време на пандемијата којашто на многумина им нанесе штети во работењето? Нашите производи подеднакво се

барани, без оглед на тоа дали луѓето седат дома или нормално одат на работа. Се работи за производи за широка потрошувачка, како што се на пример, лична хигиена. Нивната продажба остана на исто ниво. Од друга страна, некои компании во кризата настрадаа, па нивните брендови ни припаднаа нам. Во некои подрачја нешто загубивме, да речеме, во туристичката дејност и продажбата на козметика. Меѓутоа, многу повеќе добивме кај прометот на модни производи, чевли и патики. Инфлацијата, којашто изминативе години речиси и да ја немаше во Хрватска, во септември стигна до 3,3%, а во земјите на еврозоната повисока е од 4% на годишно ниво. Зошто цените толку растат? Мојата проценка е дека инфлацијата во догледно време може да се качи и на 30%, кај нас и во Европа. Видете, за да се спаси економијата од последиците на пандемијата, потребни се огромни количини на пари коишто во државните буџети ги нема доволно. Затоа и централните банки печатеа пари. Мислам дека дополнително се испечатија околу 30% од паричната маса за да економијата остане на нозе. Немаше многу избор, затоа што ако економијата потклекне, ќе потклекнат и државите што ќе останат без приходи. Накратко, државите сторија се’ за спас на економиите, но тие додатни


БРАНКО РОГЛИЌ

ОСНОВАЧ НА ОРБИКО И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР

31

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Фото кредит: D. Kovačević

Работата е трошок, но работникот не е трошок. Кога создавате вишок вредност, треба правично да го споделите помеѓу себе, раководството и работниците. Јас секогаш сум внимавал работникот да биде награден со пристојна плата. Ако некој мисли поинаку, верувам дека со тоа ја поткопува конкурентноста на својата компанија."

30% испечатени пари би можеле да придонесат и за растот на инфлацијата до 30%. Цените вртоглаво растат во бројни области. Само во градежништвото челикот поскапи за 100%, а многу скокнаа и цените на дрвото, алуминиумот и останатите материјали што се вградуваат во становите, куќите и сл. Можеме да очекуваме дека становите ќе поскапат за некои 50%. На пример, во центарот на Љубљана становите веќе се продаваат за пет до седум илјади евра за квадратен метар, а во останатите делови од градот тешко е да се најде стан за цена помала од 4.000 евра по квадрат. Мислам дека мораме да бидеме трпеливи и дека излегувањето од кризата нема да биде едноставно. Бизнисмените често велат дека државата треба да ги растовари од даноците, придонесите и останатите давачки, за да работат полесно. Како да се одрече државата од приходите кога има се’ поголеми вонредни трошоци – за решавање на последиците од пандемијата и климатските промени? Државата не може дополнително да го оптовари бизнисот. Фирмите имаат мали профити, некои дури и загуби. Поедини фирми може да завршат и во стечај. Ако тоа се случи, тие веќе нема да плаќаат давачки на плата и на профит. Државите затоа мора да ги рационализираат своите трошоци.

Како државата ќе дојде до дополнителни пари ако не ги оптовари бизнисите? Не може повеќе од ова да ги оптовари. Државите затоа, како што веќе спомнав, беа присилени да печатат пари, затоа што во буџетите немаше доволно пари за да се носат со сите предизвици на пандемијата. Што се однесува на Хрватска, мислам дека решение се европските пари. Вистина, тоа не се хеликоптерски пари и не може да се добијат без исполнување на одредени услови. Тие пари доаѓаат за одредени проекти што мора да ги реализираме. Како го коментирате тоа што најголем дел од парите од европскиот Фонд за закрепнување, според досегашните информации, ќе отиде за изградба на инфраструктура во Хрватска? Мислам дека тоа не е најдоброто решение бидејќи инфраструктурните инвестиции бавно ги враќаат вложените пари. Мора да инвестираме во проекти кои брзо враќаат пари и отвораат нови работни места. Така, можеме значително да ја подобриме економската состојба во земјата. Ако приоритет е инфраструктурата, ќе изградиме пруги, училишта и градинки кои нема да има кој да ги користи, бидејќи нашите луѓе поради ситуацијата во земјата - ќе мора да продолжат да одат во Германија, Ирска и други земји. Видете, премиерот, г. Пленковиќ, има многу добар углед во Европската унија и

НОЕ. 2021

мислам дека Хрватска затоа доби повеќе европски пари отколку што би добила со оглед на нејзината големина. Тоа е многу добро. Меѓутоа, сега треба да се внимава каде одат тие пари. Не смее да одат кај веќе уништените државни и парадржавни фирми на коишто парите за кратко би им ја поправиле состојбата и би го одложиле неизбежниот колапс. Парите треба да одат во здрави компании кои се засноваат на постојните хрватски ресурси, способни да ги платат своите луѓе и да го сервисираат државниот буџет и се одржливи на долг рок. Се согласувате ли со останатите работодавци во приватниот сектор кои велат дека ќе добијат премал дел од колачот? Се согласувам. На мојата компанија, за волја на вистината, не и треба ништо. Меѓутоа, кога ќе се делат европските пари, како и останатите бизнисмени, ќе следам внимателно каде одат тие. Како ги оценувате мерките на Владата против пандемијата? Владата направи добро што им даде пари од даночните обврзници на компаниите пандемијата ги загрози на краток рок, за да може да останат на нозе и да може да закрепнат и да работат на долг рок. Да не беше тоа, денес ќе имавме многу потешка ситуација. Државата одговори и со добри мерки против ширењето на заразата. Сепак, мислам дека требаше да воведе


НОЕ. 2021

32 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

построги епидемиолошки мерки уште пред неколку месеци. Ситуацијата во Хрватска и во светот е многу сериозна, а ние како луѓе се однесуваме прилично ноншалантно. Што би требало да се стори со оглед на актуелниот пик на пандемијата? Да се затвори повторно економијата и да се ограничат собирањата, или да се воведе задолжителна вакцинација за граѓаните? Не сум за ново затворање. Се залагам за задолжително вакцинирање на луѓето. Сметам дека на никого што не е два пати вакциниран и нема Ковид потврда, не треба да му се допушти влез во дуќан, па ни во здравствени установи. Ако некој не сака да се вакцинира, треба сам да ги поднесе и трошоците за своето лекување од Ковид болеста. Значи, поддржувате законско воведување на задолжителна вакцинација? Да, затоа што ситуацијата со пандемијата е многу посериозна отколку што им изгледа на многумина. Сите мора да бидат вакцинирани, со оправдани исклучоци. Ако некој нема потврда за Ковид, не треба да влегува во продавница, училиште, болница, кино, каде што се собираат луѓе. Ако некој не сака да се вакцинира, може да живее дома, сам, додека не помине неволјата. А, ако смета дека вакцинирањето треба да остане негов слободен избор? Ако така мисли, во ред. Меѓутоа, ако се разболи од ковид, нека си го плати сам своето лекување. Во случај на бројни заразни болести вакцинирањето е задолжително. Зошто државите се колебаат околу воведувањето законски обврски за вакцинирање и против корона? Не ми е сосема јасно. Во моментов, 50 луѓе умираат секој ден од ковид во Хрватска. Кому тоа иде на душа? Би било логично некој во таква ситуација

Фото кредит: Neja Markičević/Cropix

Не сум за ново затворање. Се залагам за задолжително вакцинирање на луѓето. Сметам дека на никого што не е два пати вакциниран и нема Ковид потврда, не треба да му се допушти влез во дуќан, па ни во здравствени установи. Ако некој не сака да се вакцинира, треба сам да ги поднесе и трошоците за своето лекување од Ковид болеста. "

да каже: луѓе, ајде да направиме нешто. А некои не сакаат да се вакцинираат. Како тоа? Па, на сите ни го отежнуваат животот, а ги загрозуваат и оние кои се вакцинирани. Прашањето за задолжителна вакцинација го поставуваат пред се’ загрижените лекари и граѓани. Како го објаснувате фактот што политичките партии во Парламентот не покренуваат вакви иницијативи, како да пандемијата сама од себе да ќе исчезне? А станува се’ потешко. Политичките партии се борат меѓу себе и не секогаш гледаат на интересите на општеството. Секоја има своја оптика. Проблемот е што немаме општ правец на движење. Кога ги слушам нивните настапи во Парламентот, често се прашувам колку имаат врска со реалноста, а особено со економијата. Основата на секоја држава е економијата и без неа нема успешна држава. Економијата не’ храни сите и мораме да ја носиме како капка вода на дланка. Мора да имаме луѓе во институциите на државата кои знаат многу за економијата. A се плашам дека во Владата денеска речиси и да нема луѓе кои дојдоа на функција од стопанството, од реалниот сектор. На што го припишувате тоа што вашата компанија успеа да се одржи и прошири во Европа, и покрај острата меѓународна конкуренција? Од самиот почеток на работата на компанијата, ја издигнав идејата над хиерархијата. Јас го направив тоа така што идејата да ја води компанијата, и дека хиерархијата е само структурата што ја спроведува таа идеја. Добро се покажа и тоа што го ставив човекот во преден план. Мислам дека во претприемништвото најважно е да се грижиме за луѓето, а не за луксузот. Добриот претприемач не купува јахти и не живее луксузно, а неговиот работник да живее со минимална плата и да нема

доволно за неговата егзистенција во исто време. Повторувам, мое мислење е дека претприемништвото е грижа за луѓето. Така се однесував цел живот и така ќе биде. Токму на тоа го припишувате успехот на вашата компанија? Да. Добри, квалитетни работници и менаџери се конкурентни. Тогаш и фирмата е конкурентна, па добива нови бизниси. Ме интересира затоа што многу бизнисмени сметаат дека конкурентноста е само прашање на што помали трошоци, па во тој контекст гледаат на работниците да им дадат и што пониска плата. Работата е трошок, но работникот не е трошок. Кога создавате вишок вредност, треба правично да го споделите помеѓу себе, раководството и работниците. Јас секогаш сум внимавал работникот да биде награден со пристојна плата. Ако некој мисли поинаку, верувам дека со тоа ја поткопува конкурентноста на својата компанија. Мислам дека работник кој е добро платен и има можност за релативно добар живот во својата средина, помага за конкурентноста на компанијата. Доколку компанијата е поконкурентна, може да создаде нови работни места. Доколку има нови вработувања, компанијата има и поголема можност да плати работници. Ова не е единственото нешто за што еден претприемач треба да се грижи. Мора да ја земе предвид долгорочната одржливост на компанијата, нејзината конкурентност, стекнувањето нови работни места и не смее да дозволи нејзината технологија да застари. Ако не изградиме нови логистички центри со нова технологија, би можеле да изгубиме бизниси. Но, во сето ова важно е и добро да се плати работникот за да ја смета компанијата за своја. 



НОЕ. 2021

34 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Во иднина очекуваме да создадеме уникатна комбинација на современа деловна и продажна мрежа која ќе одржува трајни и партнерски односи со клиентите од една страна и максимално дигитализирани услуги, производи и процеси од друга страна. Сметаме дека најголем дел од услугите ќе се вршат преку дигиталните канали, но потребата од финансиско советување, консултација и поддршка на клиентите при носењето на нивните финансиски одлуки секогаш ќе постои и во таа насока ќе се развива и деловната мрежа.


35

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

ИВО ЗИМОСКИ

директор на Дирекција Мрежа на експозитури, УНИБанка

ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА И ИНОВАЦИИТЕ НИ ОВОЗМОЖУВААТ ДА БИДЕМЕ МАКСИМАЛНО АТРАКТИВНИ ЗА НАШИТЕ КЛИЕНТИ РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

В

о рамки на ново отворениот трговски центар East Gate Mall во Скопје, почна да работи и најновата експозитура на УНИБанка, за којашто оттаму велат дека е уникатна и досега невиден концепт во земјава. Со директорот во УНИБанка одговорен за мрежата експозитури, Иво Зимоски, разговаравме за овој новитет на банката, за актуелната понуда на финансиски продукти на УНИБанка, но и за тоа како традиционалното експозитурно работење ќе се прилагодува согласно трендовите на дигитализацијата и пост пандемичната состојба на „ново нормално“. XОбјаснете X ни малку повеќе за најновата експозитура на УНИБанка во East Gate Mall – по што е карактеристична, какви услуги ќе може да се добијат, која е нејзината уникатност? Експозитурата во East Gate Mall е прва од овој тип во државата во целосно отворен стил со многу природно зеленило и уникатна можност секој ден од понеделник до недела од 10.00 до 21.00 часот на нашите клиенти да им обезбедиме брз и квалитетен пристап до финансиско советување и можност за директна и непосредна комуникација со Банката, вклучувајќи и можност за аплицирање, одобрување и исплата на кредитни производи надвор од работното време на клиентите. Постоењето на експозитура во ваков тип на трговски центар, во која можат да се искористат широк спектар на услуги и тоа во поудобно време за клиентите, не е непознато на европскиот пазар, но е нов пристап на македонскиот пазар и сметам дека граѓаните и компаниите брзо ќе ги искористат предностите што ги нудиме. По повод отворањето на новата експозитура, го наградуваме секој нов клиент на експозитурата кој ќе аплицира за потрошувачки кредит, дозволено пречекорување или кредитна картичка

до 31.12.2021 година со ослободување од административен трошок за разгледување и обработка на кредитно барање, како и бесплатно кредитно животно осигурување за првата година со вклучено осигурување и од Ковид 19 кај кредитни картички и дозволено пречекорување. XДали X пандемијата ја промени структурата на услуги што ги бараат граѓаните во експозитурите, односно кои трансакции сега се извршуваат претежно електронски, а што останува стандардно да се бара на лице место? Дефинитивно пандемијата имаше големо влијание на промена во структурата на услуги кои ги бараат граѓаните, односно значително се зголеми користењето на е-услугите. УНИБанка и пред пандемијата во континуитет работи и вложува во унапредувањето на корисничкото искуство на клиентите при користење на електронските услуги и ги следи највисоките европски и светски стандарди за извршување на дигитални трансакции кои овозможуваат брзина, сигурност, заштеда на време при значително пониска цена во однос на традиционалните начини на плаќање. За последните 10 месеци во споредба со истиот период лани бројот на трансакции преку е-банкарството е зголемен за 80% и тоа за 70% кај компаниите и 145% кај граѓаните. Уште на почетокот на пандемијата УНИБанка ги помогна своите клиенти со намалување на тарифата за електронско банкарство. Исто така минатата година воведовме атрактивни и иновативни производи кои се без пандан на банкарскиот пазар, пред се’ тука е УНИФлекс пакетот од услуги за физички лица, со кој за само 99 денари месечно граѓаните добиваат: неограничен број на плаќања преку електронско и мобилно банкарство, уни смс известувања, месечно одржување на сметка во Македонија и повлекување на средства од сите банкомати во земјата без дополнителен надомест. Кај правните лица понудивме два

Е-пакети, во зависност од тоа дали компаниите работат само денарски или денарски и девизен платен промет. И кај двата пакети за една единствена цена на пакетот компаниите можат да добијат ослободување од месечен трошок за одржување на сметката, неограничени интерни плаќања без никаков надомест, 20 КИБС и 5 МИПС плаќања без надомест кон сметки во други банки додека Е-Пакетот + дополнително овозможува неограничени девизни приливи без надомест и 3 девизни плаќања без надомест. Секако, сметаме дека потенцијалот за раст на Банката во овој сегмент е многу голем, особено што нашите клиенти покрај стандардните плаќања преку електронското и мобилното банкарство, можат да отвораат сметки, креираат депозити и истите да ги надополнуваат, да активираат пакет или поединечни услуги, да аплицираат за кредит и да искористат уште многу бенефити. XКаква X иднина предвидувате за експозитурното работење на УНИБанка како што ќе се зголемува дигиталната писменост на граѓаните и дигитализацијата на општеството во целина? Кои услуги ќе останат уште подолго време со потребата да се извршат директно со клиентот? Во иднина очекуваме да создадеме уникатна комбинација на современа деловна и продажна мрежа која ќе одржува трајни и партнерски односи со клиентите од една страна и максимално дигитализирани услуги, производи и процеси од друга страна. За да ја оствариме оваа цел Банката постојано вложува ресурси да биде лидер во дигитализацијата и постојано воведува нови и иновативни решенија, а истовремено вложуваме во капацитетите на деловната мрежа за ефикасна понуда на нашите производи и услуги и успешна комуникација со клиентите. Сметаме дека најголем дел од услугите ќе се вршат преку дигиталните канали, но потребата од финансиско советување, консултација и поддршка на клиентите


НОЕ. 2021

36 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1115

Дефинитивно пандемијата имаше големо влијание на промена во структурата на услуги кои ги бараат граѓаните, односно значително се зголеми користењето на е-услугите. За последните 10 месеци во споредба со истиот период лани бројот на трансакции преку е-банкарството е зголемен за 80% и тоа за 70% кај компаниите и 145% кај граѓаните.

при носењето на нивните финансиски одлуки секогаш ќе постои и во таа насока ќе се развива и деловната мрежа. Дали во УНИБанка планирате проширување на мрежата експозитури на краток и среден рок? Покрај новата експозитура во East Gate, планираме уште едно проширување во следните месеци во населбата Капиштец во главниот град. Сметаме дека нашата мрежа од 32 експозитури е доволна во целост да ги покрие пазарните потреби на граѓаните и компаниите. Како што напоменав во последните години воведовме навистина атрактивни пакети на дигитални услуги со кои веруваме дека чекањето во ред ќе биде непознато за клиентите на УНИБанка, а од друга страна во целост ќе бидат пресретнати сите нивни финансиски потреби вклучително и советување од стручни професионалци. Македонија е земја во која тешко се продава животното осигурување. Кои се реалните бенефити за клиентите од осигурувањето на кредитот или од производот со животно осигурување? Бенефитите за клиентите од кредитното животно осигурување или популарно ризико кредити се навистина огромни и секој кредитокорисник добива дополнителна вредност – спокојство во годините на отплата на кредитните обврски, обезбедувајќи заштита на своето семејство и осигурително покритие во случај на непосакуван настан. Во деловната мрежа на УНИБанка во соработка со Кроација осигурување – Живот АД Скопје нудиме полиси за ризико осигурување на живот со вклучено осигурување од Ковид 19 интегрирано со сите наши кредитни производи. Кредитите со животно осигурување се со значително пониска каматна стапка споредбено со кредитите без животно осигурување, со што клиентите го користат бенефитот од заштитата и сигурноста што следи со осигурителната полиса.

Дополнително оваа есен воведовме дополнителен бенефит од осигурување на живот и кај своите револвинг производи кредитни картички и дозволени пречекорувања. При тоа со годишна премија од само 200 денари (бесплатно првата година) клиентите добиваат осигурена сума од 50.000 денари. Може да забележиме дека последните месеци се’ повеќе клиенти ги разбираат бенефитите од кредитното животно осигурување и побарувачката за овој производ постојано расте, а кредитните производи поврзани со осигурување очекуваме да бидат доминантен избор на клиентите. На пазарот во Македонија функционираат голем број финансиски друштва кои нудат различни услови во доменот на кредитирањето и штедењето. Како се справувате со конкуренцијата и по што се разликува УНИБанка во Македонија од останатите банки ? Конкуренцијата е важна за секој бизнис и постоењето на истата не прави подобри во начинот на нашето делување и организирање. Ние сме динамична и иновативна банка која ги идентификува потребите на клиентите, која секогаш ги следи модерните трендови во работењето и носи додадена вредност за своите клиенти. Нашата предност е што градиме со клиентите трајни врски, нудиме комплет пакет на услуги и ги наградуваме своите клиенти за лојалноста. УНИБанка има одлична програма за лојалност која нуди многу бенефити за постојните или идните клиенти кои ќе ги пренесат своите редовни приливи на трансакциска сметка во нашата банка меѓу кои нудиме пониски каматни стапки на кредитните продукти, односно повисоки каматни стапки на депозитите за клиентите што ќе се приклучат на програмата. Банката многу вложува во оптимизирање на процесите и во таа насока сме една од водечките банки во брзината на одобрување на потрошувачки кредити (за само 30 минути!), станбени

и хипотекарни кредити за физички лица. Особено го истакнуваме времетраењето на целиот процес од апликација до исплата на станбените и хипотекарните кредити каде мислам дека сме и најбрзи на пазарот, а при тоа со многу атрактивни услови. Во однос на штедењето, депозитите на УНИБанка се отворени и клиентите имаат уникатна можност за зголемување на основниот влог преку дополнителни вложувања се до истекот на рокот на депозитот. Со компаниите УНИБанка гради партнерски и трајни односи независно дали се однесува на финансирање на нова инвестиција, финансиска поддршка на тековното работење или избор на депозитен продукт кој е најсоодветен за самиот клиент. УНИБанка нуди и персонализирана услуга за правни лица Мој Банкар, која е бесплатна за лојалните клиенти на банката, а актуелен е и нашиот нов кредитен продукт за правни лица Бизнис кредит 12-ка со флексибилна отплата со рок до 12 месеци и можност за грејс период до 12 месеци. Атрактивните кредитни, депозитни и картични производи, брзите процеси, дигиталните услуги и врвното електронско банкарство комбинирано со високо ниво на услуга и грижа кон клиентите не издвојуваат на пазарот. Какви се Вашите очекувања за во иднина? Очекувам да продолжиме забрзано да се движиме во процесот на дигитализација, а иновациите и технолошкиот развој кои се наша стратешка цел, ни овозможуваат да бидеме максимално атрактивни за нашите клиенти. Од друга страна користењето на електронските канали од страна на клиентите ни дава поголема можност да се посветиме на нивните потреби, да имаме врвна непосредна и лесна комуникација преку деловната мрежа, а во брзината и достапот до нашите услуги да бидеме на самиот врв на банкарскиот пазар. 



НОЕ. 2021

38 ПОЛИТИКА Фото кредит: Стојан Ненов, Ројтерс

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

КИРИЛ ПЕТКОВ И АСЕН ВАСИЛЕВ – НОВИ ЅВЕЗДИ НА БУГАРСКОТО ПОЛИТИЧКО НЕБО

НОВА ПОЛИТИКА И/ИЛИ НОВА РЕТОРИКА?


39

НОЕ. 2021

Сите очи се вперени во победниците од изборите – нови бугарски политичари, кои барем во официјалните изјави влеваат надеж дека од исток ќе дуваат попријатни ветришта, со пристојна соседска политика, соодветна и за европските вредности и за векот во којшто живееме. Но, колку од оваа реторика, двајцата партнери – лидери на „Продолжуваме со промената“, Кирил Петков и Асен Василев, ќе успеат да ја имплементираат на ниво на нова официјална државна политика, останува да се види, имајќи предвид дека за дел од аналитичарите, новите политичари се проамерикански настроени, но дел ги поврзуваат со актуелниот претседател Радев, кој неделава ја шокираше западната јавност откако во ТВ дебата кажа дека Крим е руски. Шефот на бугарската држава, членка на НАТО, одамна се шпекулира дека е проруски настроен, но ова е прв пат тој најотворено да застапи ставови против оние на Алијансата, и тоа за едно од најчувствителните прашања во релациите помеѓу САД и официјална Москва.

Фото кредит: БТА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

КИРИЛ ПЕТКОВ, КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР

К

андидатот за премиер, Петков ги освои симпатиите на македонскиот печат откако во својата прва изјава по гласањето кажа дека идната Влада ќе се залага за силно добрососедство, но и дека не смее историјата да биде критериум на патот на Македонија кон ЕУ - една од официјалните тези на македонската политика. Петков кажа дека не треба да се урне целиот процес на добрососедство, дека треба да се формираат тимови што веднаш ќе работат на конкретно зближување и план, но и дека во односите со официјално Скопје треба да се отворат наместо историски, прашања од овој век – на пример инфраструктурното поврзување и економските релации. Петков кажа дека треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и Македонија, во кои, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот, културата и образованието. „Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за се што може да го поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече Петков. Тој посочи дека е уверен оти нема да има проблем со коалициските партнери по прашањето со Македонија. Според него, најлоша варијанта би било темата Македонија да се користи за политички пароли и цели. „Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа, а за тоа е потребен тим“, вели тој.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

С

о минута молк како израз на почит за настраданите македонски граѓани во големата трагедија со изгорениот автобус на автопатот Струма, во вторникот во Софија започнаа преговорите меѓу ПП, ДБ, ИТН и БСП за формирање на новата бугарска влада. Првите четири теми кои ги обработува партиските експерти се енергетика, економија, транспорт и правда. Состаноците се одржуваа секој ден од неделава (заклучно со еден закажан за утре) и се однесуваа на креирање на заеднички политики во 18 различни оддели. Она што за македонските граѓани е интересно е да се види каква позиција ќе заземе новата Влада во Софија во однос на македонското прашање. Ако се

имаат предвид и домашните политички настани, каде европските интеграции станаа главен стожер и во одржувањето на владата преку успешното избегнување на гласањето за доверба во Парламентот, сосема е очекуван интересот за развојот на бугарските преговори за нова влада и на ниво на официјалната македонска политика. Сите очи се вперени во победниците од изборите – нови бугарски политичари, кои барем во официјалните изјави влеваат надеж дека од исток ќе дуваат попријатни ветришта, со пристојна соседска политика, соодветна и за европските вредности и за векот во којшто живееме. Но, колку од оваа реторика, двајцата партнери – лидери на „Продолжуваме со промената“, Кирил Петков и Асен Василев, ќе успеат да ја имплементираат на ниво на нова официјална државна политика, останува да се види.


НОЕ. 2021

40 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

РУМЕН РАДЕВ

претседател на Бугарија

ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ

МОСКВА (И) ОТВОРЕНО ЗБОРУВА ПРЕКУ РАДЕВ

У

краина го повика бугарскиот амбасадор во министерството за надворешни работи откако претседателот на земја членка на НАТО Румен Радев изјави дека полуостровот Крим е дел од Русија од анексијата во 2014 година. За време на претседателската дебата во пресрет на вториот изборен круг, од којшто Радев излезе како победник, тој кажа дека западните санкции против Русија не ги дале очекуваните резултати и дека Европската Унија би требала да го обнови дијалогот со Москва, без разлика колку биле затегнати односите. „Многу е важно да се биде прагматичен во надворешната политика. Бугарија не треба да ја гледа Русија како непријател. ЕУ ги воведе санкциите поради Крим и Украина не доби ништо со тоа“, изјави Радев, за подоцна да додаде дека Крим очигледно е руски. Украинското министерство за надворешни работи побара од Радев

да ги повлече своите коментари. Веднаш реагираше и Амбасадата на САД во Софија. Американците му порачаа на Радев дека Крим е украински, а не руски „Ние сме длабоко загрижени за неодамнешните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев со кои Крим го означи како руски. САД, Г7, Европска Унија и НАТО беа јасни и единствени во својата позиција дека и покрај анексијата од Русија и постојната окупација, Крим е Украина“, се вели во соопштението на американската амбасада. Таа го потсети Радев дека и Бугарија ја поддржа иницијативата Кримска платформа во август годинава, со која се признава дека Крим е интегрален дел од Украина. Овој меѓународен механизам треба да помогне да се обноват односите помеѓу Русија и Украина така што ќе се поништи анексијата.

„Сите ние се обврзавме дека никогаш нема да ги признаеме напорите на Русија да ги озакони нелегалното заземање и окупацијата на полуостровот. Во изминатите денови, ние ја изразивме нашата загриженост и во Вашингтон и во Софија“, стои во соопштението. Русија изврши инвазија и го присвои полуостровот Крим во почетокот на 2014, во периодот на руско-украинскиот воен конфликт. За време на предизборната дебата во петокот, Радев кажа дека западните санкции против Русија не ги дале очекуваните резултати и дека Европската Унија би требала да го обнови дијалогот со Москва. „Бугарија не треба да ја гледа Русија како непријател. ЕУ ги воведе санкциите поради Крим и Украина не доби ништо со тоа. Крим е очигледно руски“, кажа Радев.


41

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Која е „харвардската двојка“?

Но, кои се всушност Петков и Василев? Нивната партија „Продолжуваме со промената“ е формирана на помалку од два месеци пред изборите, како резултат на бранот на масовни протести против корупцијата во земјата. Тие и обајцата се дипломирани студенти на Харвард, па медиумите кога пишуваат за нив ја користат кованицата „харвардскиот двоец“. „Продолжуваме со промената“ освои најмногу гласови на парламентарните избори, на кои граѓаните по третпат годинава гласаа, откако имаше два неуспешни обида да се формира Влада. Петков, кој се откажа од канадското двојно државјанство за да се квалификува за функција во Бугарија е бизнисмен и водел успешна фирма за пробиотици. Василев е и претприемач и деловен консултант. Бугарија одржа три парламентарни избори оваа година за да излезе од политичкиот ќорсокак откако земјата беше потресена од протести кои започнаа во 2020 година. Протестите беа предизвикани од гневот на јавноста поради повеќегодишната корупција, што резултираше со крај на владеењето на премиерот Бојко Борисов во април годинава. Партијата на Борисов, пак, иако водеше според сите анкети, доживеа тежок пораз од Петков и Василев и сега шансите за ГЕРБ да прави влада се непостоечки. Двата претходни изборни циклуси во април и јули завршија неубедливо, при што новите партии против корупцијата се покажаа добро, но не и доволно добро за да состават коалиција и да ја соборат централно-десничарската партија ГЕРБ на Борисов. Исто како и на минатите избори, нова антикорупциска партија излезе како победник на изборите на 14 ноември за 240-членото Националното собрание. Но, за разлика од минатите избори, оваа нова антикорупциска партија, „Продолжуваме со промените“ личи дека може да има доволно сојузници за да формира коалиција. Корупцијата долго време е доминантна политичка тема во најсиромашната земја во ЕУ, а гласачите ги полагаа своите надежи на последователните лидери кои им ветуваа дека ќе го исчистат јавниот живот од корупција, но потоа само гледаа нови скандали. За многумина во Бугарија, ендемската корупција е виновна за нискиот животен стандард во балканската земја со 7 милиони жители, каде што бруто домашниот производ по глава на жител е само 55% од просекот на ЕУ. Таа фрустрација предизвика нов бран на политички партии, внесувајќи нови лица и нови надежи, главно неисполнети досега. Бидејќи излезноста на 14 ноември се проценува на само околу 40%, а на претседателските нешто над 30, Бугарите исто така покажуваат знаци на замор од избори. Но, тие паралелно, се желни да видат брзо формирана нова влада за да се справи со страшната ситуација со Ковид-19, зголемените цени на енергијата и широко распространетата корупција.

nnn

ИЗБОРНИ РЕЗУЛТАТИ

К

ирил Петков, министерот за економија во техничката влада и претседател на новоформираната партија „Продолжуваме со промените“ во Бугарија е предложен за кандидат за премиер, кој се обидува да состави нова влада. Неговиот сопартиец, со кого ја формираа партијата, Асен Василев, ќе биде предложен за министер за финансии. Харвардската двојка, како што странскиот печат ги нарече двајцата поранешни бизнисмени Петков и Василев, според до сега прифатени протоколи од вчерашното гласање, освои 25,97%. Следат ГЕРБ/УДФ на Бојко Борисов со 21,42% МРФ е трет со 13,79%. „Има таков народ“ на Слави Трифонов заврши на четвртото место со 10,08%, следи БСП доби 9,99 отсто. Партијата на Каракачанов заврши со само 1% од гласовите.


НОЕ. 2021

42 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

СОВРШЕНА ЕНЕРГЕТСКА БУРА ИЛИ ДЕЛ ОД „НОВОТО НОРМАЛНО“???!!! Ако на енормното зголемување на цената на гасот, се додаде и елементот на намалување на производството на електрична енергија од ветерните фарми, лошата хидрологија, намалувањето на капацитети на ТЕЦ, тоа се и сериозни дополнителни елементи во прилог на „бурата“. Ова пак, генерира ценовна нестабилност и високи цени на електричната енергија на европскиот пазар, што се гледа по цените на берзите на електрична енергија. Ваквите нестабилни цени на енергијата се реален економски ризик во наредните години пред енергетската зелена транзиција да „застане на нозе“ т.е. пред промената да донесе очекуваната стабилност на пазарот.

Претпочитам да бидам оптимист во грешка, отколку песимист во право! Илон Маск Ништо не ги разгорува „страстите“ како стравот. Посебно стравот од непознатото, кој доаѓа од неинформираноста, што генерира неизвесност, а деновиве се пресликува во страв од енергетска криза, страв од економска криза, страв од совршена бура ... Но за да имаме совршена бура, потребни се повеќе елементи да работат на раст на бурата. Нормално ако се знаат елементите, може да се превенира а стравот да се замени со оптимизам, но да бидеме реални, тоа бара знаење, вистински луѓе во вистинско време и секако мнооогу работа.

Благојче Котески магистер по енергетско машинство

Македонскиот електроенергетски систем не е остров

За да направиме краток вовед и да го видиме коренот на нашата енергетска криза, мора да го видиме составот на нашиот

електроенергетски систем. Електричната енергија во електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија се произведува од термоелектроцентрали на јаглен (ТЕЦ), хидроелектроцентрали (ХЕЦ), комбинирани постројки (термоелектранатоплана - ТЕТО), ветерни паркови (ВЕЦ), мали хидроцентрали (МХЕЦ), фотонапонски електроцентрали (ФЕЦ) и термоелектроцентрали на биогас (ТЕЦ-БГ). Вкупната инсталирана моќност на сите електроцентрали е над 2.000,00 MW, ТЕЦ (околу 49%), комбинираните постројки (околу 14%) и ХЕЦ (околу 34% - вклучувајќи ги и МХЕЦ). Вкупното производство на електрична енергија од сите електрани во Северна Македонија во просек изминатите години се движи во рамки од околу 70% од вкупната побарувачка. Останатите 30% од побарувачката се задоволуваат од увоз. Потребно е да правиме разлика помеѓу инсталиран капацитет и производство. Производните капацитети - ТЕЦ се постари од 40 години. Истите се веќе на крајот на својот експлоатациски век, а јагленот од нашите


43

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

наоѓалишта е се посиромашен и го нема. Тоа значи дека не може да се надеваме на максимално производство од 49 – 50% од овие капацитети. Ако ја земеме во предвид, лошата хидролошка состојба, подолгиот сушен период кој резултира со празните акумулации, не може да се надеваме ни на максималниот капацитет од 34% од ХЕЦ и МХЕЦ. Ако овие два од трите носечки столба на кои се потпира нашето производство, не го даваат својот максимум, тогаш е логички да се зголемува процентот на увоз на електрична енергија. Тоа се случува и истите бројки ги потврдуваат дневните информации и статистички податоци. Цената на електричната енергија која ја увезуваме за да ги надополниме нашите потреби за електрична енергија, останува да се набави од пазарот на електрична енергија. Тоа се берзански цени. За разлика од цените на електрична енергија на отворен пазар, кај нас цената на електричната енергија се субвенционира и има социјална карактеристика. Тоа што денес се пресликува во Македонија, е енормниот раст на цените на енергија на европскиот пазар, што предизвика донесување на владината одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена (на барање на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, формирана од Министерството за економија). Според изјавите на министерот Крешник Бектеши, оваа одлука е донесена врз основа на процената на Комисијата дека постои ризик од настанување кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од АД МЕПСО за процената на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал од оваа година. Овој рекорден пораст на цените на енергијата се заканува не само кај нас туку и во Европа да го попречи економското закрепнување по пандемијата, да ги оптовари приходите на домаќинствата, па дури и да ја „оцрни“ зелената енергетска транзиција.

Бурата над Европа

Кои се пазарните, географски и политички фактори кои се споија во совршена бура? Оваа бура не покажува знаци на намалување бидејќи континентот влегува во зимска (грејна) сезона, температурите постепено се намалуваат а греењето станува неопходно. u Природниот гас Цените на природниот гас вртоглаво растат. Цената на гасот, сериозно влијае и на цената на пазарите на електрична енергија, бидејќи над една петтина од електричната енергија во Европа се генерира од природен гас. На холандската берза за гас, која е водечки европски репер, цените се зголемија од 16 €/MWh на почетокот на јануари на 88 €/MWh до крајот на октомври, што претставува зголемување за повеќе од 450% за помалку од една година. Ова, пак, доведе до вртоглаво покачување на цената на електричната енергија.

Иако Европската унија постепено ја намалува својата долгогодишна зависност од фосилни горива - обновливите извори на енергија станаа главен извор на електрична енергија во ЕУ за прв пат во 2020 година - промената не е доволно брза и широко распространета за да ги спречи последиците од кризата.

Заедно, природниот гас и јагленот сè уште обезбедуваат повеќе од 35% од вкупното производство на ЕУ, а гасот претставува над една петтина. Енергетскиот микс е многу различен во целиот блок: фосилните горива имаат маргинален удел во Шведска, Франција и Луксембург, но заземаат повеќе од 60% од вкупното производство во Холандија, Полска, Малта и Кипар. Бидејќи јагленот, како најзагадувачко гориво, постепено се исфрла од употреба, многу земји прибегнуваат кон природниот гас како преоден ресурс и балансна енергија за зелените алтернативи, како што се турбините на ветер и соларните панели. Понатаму, гасот се користи и за греење и готвење во домаќинства, што го прави порастот на цената уште позабележителен кај крајните трошоци на потрошувачите. Граѓаните во Шпанија, Италија, Франција и Полска сега се соочуваат со највисоки сметки за енергија што ги зголемуваат економските проблеми предизвикани од пандемијата. u Увоз на природен гас Увозот на природен гас во ЕУ примарно доаѓа надвор од нејзините граници, бидејќи домашното производство се намалува. Според Евростат ЕУ во 2019-та мораше да увезува скоро 90 % од потребите на природен гас. Русија е најголемиот извозник на природен гас во ЕУ, што претставува 43,4% од увозот во 2020 година, а потоа следи Норвешка со 20%.


НОЕ. 2021

44 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Складирањето на природен гас, е значително пониско од истото ова време минатата година. Очекуваното зголемувањето на потребата од гас во зимската сезона, за системите за греење и очекуваниот пад на понудата во зима, дополнително врши притисок на цените на гасот.

Владите опфатени од овoј систем ќе мора да излезат со привремени, транзициони и трајни решенија. Дел од привремените можни решенија се намалување на даночните стапки и давачки што се составен дел од сметките за енергија. Можни транзициони мерки се социјални програми за заштита на ранливите домаќинства и малите бизниси, ублажување на

u Траење на бурата Зелената транзиција е процес кој што трае. Главните проблеми може да се поделат во неколку сегменти: обезбедување на базната енергија во системи кои што зависат од обновливи извори на енергија, складирање на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија, балансирањето на ваквите системи, со еден збор нивната стабилност во однос на испораката на енергија на пазарот. Ако на енормното зголемување на цената на гасот, се додаде и елементот на намалување на производството на електрична енергија од ветерните фарми, лошата хидрологија, намалувањето на капацитети на ТЕЦ, тоа се и сериозни дополнителни елементи во прилог на „бурата“. Ова пак, генерира ценовна нестабилност и високи цени на електричната енергија на европскиот пазар, што се гледа по цените на берзите на електрична енергија. Цените по кои трговците со енергија ги набавуваат идните лотови на енергија, даваат можност за претпоставка дека овие цени може да се задржат во наредните месеци. Ваквите нестабилни цени на енергијата се реален економски ризик во наредните години пред енергетската зелена транзиција да „застане на нозе“ т.е. пред промената да донесе очекуваната стабилност на пазарот.

енергетската сиромаштија и спречување на семејствата да им се прекине снабдувањето со електрична енергија. Директни финансиски инјекции на готовина, за помош на оние кои се борат да ги платат сметките, што од друга страна може сериозно да влијае врз буџетот доколку цените го задржат овoј тренд на раст. Во транзициски мерки може да влезат и договорите со фиксна цена, кои можат да обезбедат конзистентна и предвидлива цена, дури иако цената не ја отсликува целосно реалноста на пазарот или вистинската потрошувачка на клиентот. Но и овие мерки имаат свои аргументи за и против. Бидејќи општеството во кое што живееме е се’ повеќе енергетски гладно, трајните решенија, се решавање на главните проблеми кои ги носи зелената транзиција. Зголемување на производството на чиста електрична енергија, обезбедување на базната енергија, складирање на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија, балансирањето на ваквите системи, со еден збор стабилност, предвидливост и планирање во однос на производството испораката на енергија на пазарот.

u Складирање на природен гас

Решенија

Бидејќи ни Северна Македонија не е остров, ваквата енергетска разврска не може да се реши само со одлуки на Влада од една држава, која пак е дел од еден заеднички енергетски систем. Ако се направи анализа на стапките на инфлација во рамките на ЕУ, може да се види дека во делот на енергија, стапката на инфлација е 17,4%.

Некои луѓе не ги сакаат промените, но треба да ја прифатите промената ако алтернативата е катастрофа – Илон Маск nnn


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 0800 02 222 02 5102 222

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


НОЕ. 2021

46

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE Фото кредит: Uva Rova/Pexels

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ГОДИНИ ДЕРЕГУЛАЦИЈА НА ПАЗАРИТЕ НА ГАС И ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

НЕКОНТРОЛИРАНИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГИЈАТА

Европските носители на одлуки се колнеа: конкуренцијата ќе ги намали цените на бензинот и електричната енергија, во корист на домаќинствата и бизнисите. Спротивното се случува во последниве дваесет години. Ако хаотичното закрепнување на економијата шокирана од пандемијата го објаснува потеклото на сегашниот пораст, дерегулацијата, сепак, генерира уште позагрижувачко структурно зголемување на цените.


47

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

Создавањето берзи за гас и електрична енергија, на кои се формираат пазарните цени, одговара на вториот основен принцип на неолибералниот модел на спомнатата Чикашка школа од САД. Тие се замислени како замена на тарифите регулирани и контролирани од државните органи. Во Франција, берзанската компанија Пауернекст ја отвори својата берза на електрична енергија во 2001 година и својата берза на гас во 2008 година, пред националните пазари постепено да се интегрираат на европско ниво.

ОРЕЛИЈАН БЕРНИЕ

Автор на книгата, Les voleurs d'énergie. Accaparement et privatisation de l’électricité, du gaz, du pétrole, Utopia editions, 2018 г., и на L'illusion localiste, Utopia editions, 2020 г.

О

д крајот на летото 2021 година, цените на енергијата се зголемуваат во сите региони во светот. Оттогаш, регулираната тарифа за гас во Франција се зголеми дури за 57% за домаќинствата од јануари о.г. Електричната енергија оди по истиот пат: за десет години, од 120 евра за мегават час до 190 евра, а сметката на физички лица ќе скокне до небото во 2022 година. Оваа криза ја доведе инфлацијата во еврозоната на највисоко ниво од 2008 година (3,4% на годишно ниво) и особено им се заканува на посиромашните слоеви и бизнисите. Иако многу економски коментатори гледаат само конјунктурни или актуелни пазарни причини, вистинските причини, сепак, треба да се бараат во самиот Брисел. На 19 декември 1996 година, земјите од Европската унија усвоија Директива за „заеднички правила за внатрешниот пазар на електрична енергија“. За регулирање на овој природен монопол, многу земји-членки изградија интегрирана јавна услуга, која обезбедува производство, транспорт и дистрибуција. Но, Брисел сака да се воспостави „и конкурентен и компетитивен пазар на електрична енергија“. Помалку од две години покасно, со друга директива се започна приватизацијата

на секторот на гас. Методот беше развиван од економисти од т.н. Чикашка монетаристичка школа, а што било тестирано во Чиле, а потоа и во самата Велика Британија. Тука се имплементираат два принципа. Целта на "делбениот биланс" е да се изолираат активностите претходно интегрирани во истото јавно претпријатие, а со цел потоа да бидат независни една од друга. Во овој контекст, мора да се посвети посебно внимание на активностите за управување со мрежата, и сметководствено, а потоа и правно, за да се понуди „фер“ третман за сите производители и добавувачи кои ќе се натпреваруваат на дерегулираните пазари. Во текот на 2000-тите, француската компанија за пренос на струја (РТЕ) и француската компанија за дистрибуција на струја (ЕРДФ, сега Енедис) беа, преку делбен биланс, одвоени од Електростопанството на Франција (ЕДФ). Кај француската државна гасоводна компанија ГДФ (која стана ГДФ Суец по нејзината приватизација, а потоа Анжи), гасоводната мрежа под висок притисок и активностите за дистрибуција беа префрлени, одвоено, на компаниите ГРТГаз и на ГРДФ. Така, создавањето берзи за гас и електрична енергија, на кои се формираат пазарните цени, одговара на вториот основен принцип на неолибералниот модел на спомнатата Чикашка школа од САД. Тие се замислени како замена на тарифите регулирани и контролирани од државните органи. Во Франција, берзанската компанија Пауернекст ја

отвори својата берза на електрична енергија во 2001 година и својата берза на гас во 2008 година, пред националните пазари постепено да се интегрираат на европско ниво. Неколку видови договори се пуштаат во оптек за да ги покријат потребите на добавувачите. Терминските договори за идни испораки (т.н. futures contracts), склучени на берзите, овозможуваат одложена испорака до следната година, квартал, месец или недела - за однапред склучена цена и количина (т.е. плаќаш сега, добиваш подоцна). Другите, т.н. спотдоговори или договори за лице место, се однесуваат на итни и моментални испораки, вообичаено за следниот ден или за следните неколку дена и набавки во реално време (по принципот: плаќаш веднаш, добиваш веднаш).

Политички влогови

Либерализацијата на секторите на гас и електрична енергија не ги имаше истите политички влогови или истите тешкотии. Треба да се потенцира дека Франција практично не произведува гас и мора да го увезе. Француските главни добавувачи на гас во 2020 година беа: Норвешка со 36%, Русија 17%, Холандија и Алжир 8% и Нигерија со 7%.1 Откако управувањето со мрежата ќе стане „независно“ од историскиот основач и државен монопол, неговите приватни конкуренти можат да купат гас од земјите-производители и да го продадат на потрошувачите со плаќање едноставна такса за користење на француската гасоводна инфраструктура. Најконкурентен снабдувач е оној кој купува по најдобра цена... или кој најдобро ги компресира своите оперативни трошоци.


НОЕ. 2021

48

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

KАПИТАЛ ВО СОРАБОТКА СО

LE MONDE DIPLOMATIQUE

Воведувањето конкуренција во секторот на електричната енергија беше многу потешко отколку за гасот. Не само што Франција произведува многу повеќе струја отколку што реално троши, туку ЕДФ ги поседува повеќето средства за производство и, особено, нуклеарните централи, за кои не станува збор дека државата евентуално би ги приватизирала, дури и само делумно. Европската унија нема друг избор освен да ја прилагоди либералната економска теорија на оваа француска ситуација. Во минатото, ГДФ склучуваше долгорочни и сигурни договори за снабдување со гас, обично за период од 10 до 15 години. Покрај сигурноста во снабдувањето, времетраењето на договорите нудеше и предност за финансирање на инфраструктурата (гасоводи, транспортери на ТНГ, терминали, итн.), без преземање прекумерен ризик. Во првите денови на приватизацијата, повеќето нови добавувачи на гас, исто така, ги купуваа своите резерви преку долгорочни договори. Но, под влијание на засилување на конкуренцијата, спот-договорите стануваат се повеќе од суштинско значење. Според Томас Реверди, социолог специјализиран за цените на енергијата, оваа тенденција се должи многу на опортунизмот на индустријалците. „Кога почнаа да паѓаат цените на спот-договорите, големите потрошувачи побараа од нивните добавувачи да им извлечат корист од овој пад. За да се исполни оваа побарувачка, добавувачите се откажаа од долгорочни договори и склучуваа договори за инстант испорака на самото место. Така, пазарот на овие спот-договори, сега, добива многу поголема важност во одредувањето на цените“.2 Тренд нагласен со порастот на течниот гас, чиј транспорт со специјални бродови ја зајакнува ликвидноста на пазарот, но и неговата нестабилност. Веќе во 2015 година, долгорочните договори за испорака сочинуваат само една третина од трансакциите на европско ниво. Секогаш подложни на економската конјуктура (економски услови, надворешни температури, итн.), цените на гасот стануваат многу почувствителни на шпекулативната логика и промените на берзата сега имаат подиректно влијание врз крајните потрошувачи. Воведувањето конкуренција во секторот

на електричната енергија беше многу потешко отколку за гасот. Не само што Франција произведува многу повеќе струја отколку што реално троши, туку ЕДФ ги поседува повеќето средства за производство и, особено, нуклеарните централи, за кои не станува збор дека државата евентуално би ги приватизирала, дури и само делумно. Европската унија нема друг избор освен да ја прилагоди либералната економска теорија на оваа француска ситуација.

Компромис помеѓу Париз и Брисел

Со цел да се отвори дупка во квазимонополот на ЕДФ, Брисел започнува со поддршка на приватниот развој на обновливи електрични енергии. Охрабрува систем за субвенционирање од нов вид: тарифа за набавка по гарантирана цена, многу повисока од просечната цена на производството на електрична енергија. Законот од 10 февруари 2000 година „за модернизација и развој на јавниот сервис за електрична енергија“, го воспоставува овој принцип во Франција. Финансирано од сите потрошувачи преку данок на потрошувачка, оваа помош пропорционална со количината на произведена енергија „обезбедува“ приватни инвестиции. Со појавата на производствените сектори во Азија, цените на фотоволтаичните модули и генераторите на ветер почнаа бргу да паѓаат пред десетина години. Благодарение на тарифата за преференцијални цени, развојот на овие електрични проекти за обновливи извори станува многу профитабилен и генерира вистинско лудило, не без перверзни ефекти со стихијна реализација на инфраструктурите. За периодот 20022013 година, Регулаторната комисија за енергетика (ЦРЕ) ја проценува цената на субвенцијата на износ дури од 7,4 милијарди евра. Во 2020 година, инсталираниот капацитет претставуваше

28 гигавати фотоволтаична и ветерна енергија, главно од приватни извори, и 93 гигавати за групата електрани на државниот оператор. Овој пробив на обновливите извори на енергија во инсталиран капацитет, сепак, мора да се оквалификува земајќи го предвид „факторот на оптоварување“, односно годишната стапка на искористеност на средствата за производство како такви. Во 2020 година, ова било само 14,4% за фотоволтаици, 23% за термички извори, 26,5% за ветер, 29% за хидроцентрали и 61% за нуклеарни централи. Знаејќи дека ЕДФ сепак ќе ја задржи решителната предност во однос на производството на струја, бидејќи ќе продолжи да располага со нуклеарни централи, Европската унија, всушност, сака да создаде конкуренција во однос на снабдувањето во овој сектор. Но, во овој случај, прашањето за цената е клучно, бидејќи за да се етаблираат, приватните добавувачи на електрична енергија мора да предлагаат конкурентни понуди. Како и да е, Париз и Брисел направија компромис пред неколку години. Од една страна, ЕДФ ќе остави една четвртина од своето производство на струја од нуклеарните централи на располагање на своите конкуренти на францускиот пазар секоја година, што ќе им го продава по стапка ограничена од државните органи. Овој систем се нарекува Регулиран пристап до електрична енергија од државните нуклеарни централи (т.н. Аренх). Од друга страна, тарифите регулирани од државните органи кои ги одразуваат трошоците за производство на ЕДФ, мора да отстапат место пред пазарните цени. За потрошувачите кои не се жители (сите потрошувачи освен физички лица), прашањето е решено со целосно отстранување на регулираните „жолти“ и „зелени“ тарифи во 2016 година. За


49

НОЕ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1116

домаќинствата, пресметката на „сината“ тарифа на ЕДФ е изменета и вклучува компонента што ја отсликува цената на електричната енергија на европската берза; на овој начин, ако пазарните цени растат, се зголемува и регулираната тарифа3, и без оправдување во трошоците за производство.

Цената на електричната енергија сега стана еден куп на берзански механизми. Соочени со големиот тековен ценовен шок од есента 2021 година, владите сега се обидуваат да интервенираат, но се затрупани од овој неверојатно комплексен механизам, особено затоа што тие ги жртвуваа повеќето од своите средства за регулација на олтарот на европската конкуренција.

Динамично формирање цени

Во поново време, Брисел сакаше да поттикне и еден нов вид комерцијална понуда наречена „динамично формирање цени“. Во овој систем за наплата, берзанските цени се пренесуваат во реално време (час по час) на потрошувачот благодарение на технологијата на познатите бројачи за комуникација „Линки“. Европската директива од 5 јуни 2019 година не само што го одобрува ваквото динамично формирање цени, туку и го наметнува на „секој добавувач кој има повеќе од 200.000 крајни корисници“. Овој метод на пресметка го префрла ризикот од берзата кон домаќинствата, локалните власти и компаниите-потрошувачи. Постепената замена на регулираните тарифи со пазарни цени не е банална промена. Во „стариот систем“ на електрична енергија, оној на францускиот јавен сервис, тарифите се дефинирани на таков начин што ќе им овозможат на потрошувачите снабдување по најдобра цена, а истовремено ќе му овозможат на ЕДФ да ги направи потребните инвестиции за правилно функционирање на мрежата. Државниот оператор ги користи своите средства за производство според „редоследот на заслуга“: најевтините за работење (ветер, соларна енергија, хидраулика на течението на реката и нуклеарна енергија) се повикуваат први, најскапите (термоцентрали) последни. Државата потоа применува тарифна регулатива која ги одредува цените платени од потрошувачите, што одразува „целосен трошок“ и оптимизиран енергетски микс. Со берзата на електрична енергија, работите стојат сосема поинаку. Цената на мегават-часот постојано варира во текот на денот, сосема во зависност од понудата и побарувачката. Во периоди на максимална потрошувачка, пазарот може да им понуди лесен профит на операторите на термо или хидроцентрали кои обезбедуваат рамнотежа на европската мрежа. За профитерски настроен оператор, примамливо е да се резервира стартување на овие постројки во моменти кога цените се највисоки... и со тоа да ги зголеми цените уште повисоко. Со оглед на тоа што електраните на гас учествуваат во просек со 20% од вкупното европско производство (во 2020 година) и особено во периоди на најголемото производство, зголемувањето на цената на ова гориво се рефлектира и во цените

на електричната енергија како таква. На ова се додаваат зголемувањето на цената на јаглеродот и флуктуациите на другите пазари изградени по истата шема: сертификати за заштеда на енергија, сертификати за потекло за обновливи енергии, сертификати за капацитетот што ги користат добавувачите за резервирање на средства за производство...

Барања за враќање на енергијата под капата на државата

Цената на електричната енергија сега стана еден куп на берзански механизми. Соочени со големиот тековен ценовен шок од есента 2021 година, владите сега се обидуваат да интервенираат, но се затрупани од овој неверојатно комплексен механизам, особено затоа што тие ги жртвуваа повеќето од своите средства за регулација на олтарот на европската конкуренција. Останува данокот на енергија, намален од Италија, Шпанија или Португалија, а со цел да се задржи зголемувањето на сметките. Во Франција, владата воведува „енергетски ваучер“ за речиси 6 милиони домаќинства со ниски примања и ги одложува планираните зголемувања на тарифите по октомври 2021 година за гас и февруари 2022 година за електрична енергија. Потрошувачите, сепак, ќе ја платат крајната цена, но подоцна, во период кога може да има и најави за пад на пазарните цени... или крај на националните избори.

Овие циклични реагирања не се илузија. Здруженијата на потрошувачи се поотворено го осудуваат овој систем и им се придружуваат големи индустриски потрошувачи кои се соочуваат со критична ситуација со зголемени трошоци за производство. Од своја страна, синдикатите ги зголемуваат иницијативите со кои се бара враќање на енергијата исклучиво под капата на државата. Во своето досие на анализа, Синдикатот за енергетика на Франција бара „електричната енергија да се тргне од пазарот и берзата“ и „да се врати на долгорочно, инвестициско планирање, со стабилни, лесно разбирливи и праведни тарифни стапки“.4 Од своја страна, Синдикатот на работниците во рударството и енергетиката се залага за "Прогресивната програма за енергија", а со цел да се изгради реновиран јавен сервис, вклучувајќи ефикасност и енергетски перформанси.5 Ако порастот на цените доведе до одложување на проектот „Херкулес“ за демонтирање на ЕДФ6, сепак не се предвидува промена од страната на Брисел, кој упорно опстојува во својата логика за дерегулација и приватизација. Оттука, извлекувањето на енергијата од пазарната логика покренува едно друго прашање, со многу пошироки последици: како да се ослободите од овој ултралиберален европски закон што им се наметнува на државите? nnn

Превел: Дарко Путилов 1 « Chiffres clés de l’énergie. Édition 2021 », ministère de la transition écologique, септември 2021 година. 2 Сп. Thomas Reverdy, La construction politique du prix de l’énergie, Presses de Sciences Po, Париз, 2014 година. 3 Прочитајте: Aurélien Bernier, « Électricité, le prix de la concurrence », Le Monde diplomatique, мај 2019 година.

4 « Augmentation des prix de l’électricité́ : dossier d’analyse », SUD-Énergie, 16 септември 2021 година, www.sudenergie.org 5 « Programme progressiste de l’énergie de la FNME CGT » достапно на: www.energie-servicepublic.com 6 Прочитајте: Anne Debrégeas et David Garcia, «Qui veut la mort d’EDF ? » Le Monde diplomatique, февруари 2021 година.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.