ДОДЕКА СЕ СЛУЧУВА ВИСТИНСКА КРИПТО МАНИЈА ВО ЗЕМЈАВА
ПАНЕЛ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ
ПЕТ АМБАСАДОРИ НА ЕУ ЗЕМЈИ ДИСКУТИРАА ЗАЕДНО СО СТУДЕНТИТЕ НА ТЕМА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
МАКЕДОНСКИТЕ УГОСТИТЕЛИ САКААТ СВОЈ „БИТКОИН“
business magazine
БРОЈ 1117 l 3 декември 2021 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk
ИДНИНАТА НА НОВИНАРСТВОТО ВО ВРЕМЕ НА ОНЛАЈН ЕКСПАНЗИЈА
СЕ МЕНУВААТ АЛАТКИТЕ, НЕ И НОВИНАРСКИТЕ ВРЕДНОСТИ
И ПОКРАЈ МОЌНИТЕ ЕФЕКТИ НА ПАНДЕМИЈАТА, ПОБАРУВАЧКАТА ЗА КРЕДИТИ СЕ ВРАТИ
ДДВ-ТО ГО НАПОЛНИ БУЏЕТОТ ЗА ЧЕТВРТИНА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ МОНЕТАРНИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПРВИТЕ ДЕСЕТ МЕСЕЦИ
COVER STORY
АНАЛИЗА НА ЕИБ ЗА РЕГИОНОТ
БУЏЕТОТ ЗАКРЕПНУВА ОД КОРОНА – КРИЗАТА
МАРКЕТИНГ ВО (ПОСТ)ПАНДЕМИЈА
ТРЕНДОВИ НА КОИШТО ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ ОГЛАСУВАЧИТЕ ВО 2022
ПРОСЕЧНАТА КАМАТНА СТАПКА НА КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИ СЕ СПУШТИ ДО 3,55%, А ЗА ДОМАЌИНСТВА ДО 5,23%
3
КАПИТАЛ... 1117 04
14
COVER STORY
ЕКОНОМИЈА
Иднината на новинарството во време на онлајн експанзија
Буџетот закрепнува од корона – кризата ДДВ-то го наполни буџетот за четвртина повеќе од лани
Се менуваат алатките, не и новинарските вредности
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
18
ЕКОНОМИЈА
Монетарни движења во Македонија во првите десет месеци
Просечната каматна стапка на кредити за компании се спушти до 3,55%, а за домаќинства до 5,23%
28
КРИПТО СВЕТ
Додека се случува вистинска крипто манија во земјава Македонските угостители сакаат свој „биткоин“
24
ЕКОНОМИЈА
32
36
Панел на Универзитетот Американ Колеџ Скопје
Маркетинг во (пост)пандемија
ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Анкета на ЕИБ за кредитирањето
СВЕТ
И покрај моќните ефекти на пандемијата, побарувачката за кредити се врати
Пет амбасадори на ЕУ земји дискутираа заедно со студентите на тема иднината на Европа – перспектива од земја кандида
Трендови на коишто треба да внимаваат огласувачите во 2022
COVER STORY Иднината на новинарството во време на онлајн експанзија.......................................04 Се менуваат алатките, не и новинарските вредности
ЕКОНОМИЈА Анкета на ЕИБ за кредитирањето во Централна, Источна и Југоисточна Европа...........................................................................24 И покрај моќните ефекти на пандемијата, побарувачката за кредити се врати
ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Панел на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.......................32 Пет амбасадори на ЕУ земји дискутираа заедно со студентите на тема иднината на Европа – перспектива од земја кандидат
ЕКОНОМИЈА Буџетот закрепнува од корона – кризата..................................................14 ДДВ-то го наполни буџетот за четвртина повеќе од лани ЕКОНОМИЈА Монетарни движења во Македонија во првите десет месеци.................................18 Просечната каматна стапка на кредити за компании се спушти до 3,55%, а за домаќинства до 5,23%
КРИПТО СВЕТ Додека се случува вистинска крипто манија во земјава............................28 Македонските угостители сакаат свој „биткоин“
СВЕТ Маркетинг во (пост)пандемија.........................................36 Трендови на коишто треба да внимаваат огласувачите во 2022 СТАРТАП Know-how..........................................................41 Топ 5 совети за успех на стартап бизниси
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 П. ФАХ 503, 1000 Скопје Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија Тираж: 3.000 примероци Датум на печатење: 02.12.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми
Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
ДЕК. 2021
ДЕК. 2021
COVER STORY
4 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
СЕ МЕНУВААТ АЛАТКИТЕ, НЕ И НОВИНАРСКИТЕ ВРЕДНОСТИ
ИДНИНАТА НА НОВИНАРСТВОТО ВО ВРЕМЕ НА ОНЛАЈН ЕКСПАНЗИЈА
5
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Идеите за развој или насочување на трансформацијата на новинарството мора да бидат во согласност со професионалните етички стандарди. Сите проблеми на новинарството денес, во својата суштина, повеќе или помалку, се сведуваат на фактот што новите технологии овозможуваат и создаваат опасност за етичките кодекси да бидат побрзо, полесно и побрутално кршени. Ова значи дека клучниот предизвик на новинарството не е како тоа да се прилагоди на новите технологии само од аспект на бизнис логика, туку е неопходноста за промените што се неминовни да се подредат на основата на новинарската мисија – заштита на јавното добро и на јавниот интерес.
ДЕК. 2021
6 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Големата дилема на денешницата – дали социјалните медиуми го уништија новинарството, во Македонија е обременета дополнително со штетата создадена низ годините на политичка, економска и културна дисторзија на целиот информативен систем. Колапсот на медиумскиот пазар (создаден преку силни политички влијанија од една страна, и директна државна интервенција со истурање на народни пари во приватни медиуми, од друга) ги опустоши македонските редакции.
автор:
КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА
П
разни редакции, тешка финансиска состојба, слаба продукција, лош квалитет, ниска додадена вредност на информацијата – генералната слика за македонското новинарство денес тешко дека може да ни ја даде комоцијата што ја имаат странските колеги кога се прават анализите за иднината на професијата и предвидувањата за нејзиниот развој. Факт е дека новинарството е пред сериозни предизвици во светски рамки, но ситуацијата во Македонија е драстична и тоа може да се согледа низ неколку примери. Големата дилема на денешницата – дали социјалните медиуми го уништија новинарството е актуелна низ целата планета, особено низ демократските општества, каде што слободата на говор и самото новинарство се сметаат за едни од основите на политичкиот систем. Оваа дилема во Македонија е
обременета дополнително со штетата од годините на политичка, економска и културна дисторзија на целиот информативен систем. Колапсот на медиумскиот пазар (создаден преку силни политички влијанија од една страна, и директна државна интервенција со истурање на народни пари во приватни медиуми, од друга) ги опустоши македонските редакции. Финансиската состојба предизвикана од овие потреси, но и самиот притисок врз новинарите, предизвика бројот на вработени да се сведе на минимум потребниот за еден медиум да се одржи во живот, но никако не и за тој медиум да може да ја извршува својата вистинска задача - да обезбедува и обработува квалитетни информации: да информира, да забавува и да едуцира. Се изгуби професионалното новинарство во кое новинарите треба да „специјализираат“ во дадена област, а со тоа се изгубија и самите редакции. Наместо тимови од новинари, кои би покривале конкретни области (култура, образование, здравство, економија, финансии итн.,)
новинарите се принудени да бидат сестрани, трчајќи по информации од еден до друг сектор, во тешки маки да изградат и одржат структура на извори и да стекнат сериозно знаење на темата за која известуваат. Ваквите услови за работа, проследени со постојаните политички притисоци од разни центри на моќ, прават новинарството да станува сè помалку посакувана професија. Бројот на студенти кои се запишуваат на факултетите по новинарство е поразителен – десетина годишно. Ова е и ќе биде еден од главните предизвици на медиумскиот сектор денес, оти без разлика колкумина сметаат дека „секој може да биде новинар“ и дека за оваа професија не е потребно формално образование, ова не влијае само на квалитетот на медиумските производи, туку зборува и за третманот што самата професија го има во општеството. Ова исто така зборува и за неопходни итни реформи на самото новинарско образование кај нас, каде дипломата мора вклучува вештини неопходни за современиот тек на професијата, потребни за
7
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Она што сите аналитичари го укажуваат е дека дури и во многу изменетиот новинарски свет, известувањето, на едно најфундаментално ниво, сè уште се однесува на истражување и известување. Новинарството сè уште се базира на додавање на контекст, објаснување, позадина и сè друго што може да е потребно за публиката за да разбере што се случува во светот и да се трансформира во информирано и ангажирано општество.
УНИFlex ПАКЕТ
99 денари месечно
Плаќајте неограничено електронски Подигнувајте готовина на сите банкомати во земјата Уште многу други поволности
АКТИВИРАЈТЕ ВЕДНАШ!
ДЕК. 2021
8 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Интернетот е и агент и овозможувач на промените. Тој дава пристап до новата гигантска публика, не само преку веб -страниците, туку и преку Google и Facebook и останатите. Дистрибуцијата низ целиот свет е достапна дури и за најлокалниот провајдер, а трошоците, споредени со тие за печатење, се минимални. Некои експерти се загрижени дека вака се централизира премногу моќ во рацете на релативно мал број глобални технолошки гиганти, чијшто примарен интерес не е новинарството само по себе. Тоа се легитимни забелешки, а и дебатата за тоа како профитот од соработката треба да се подели помеѓу оние што ја произведуваат содржината и оние што ја циркулираат е постојана.
денешните редакции.
Дефинирање на константите во морето на промени
Овие процеси се неопходни за да се биде во чекор со светот и начинот на којшто се предвидуваат промените во професијата, во глобална смисла. Проширувањето на интернетот и дигиталната револуција се мотори на огромни промени во новинарството. Интернетот и социјалните медиуми создадоа динамични нови платформи и ја замаглија разликата помеѓу печатењето и емитувањето. Ова се чини го имаме разбрано, но битката да се прилагодиме додека се актуелни проблемите од погоре, е тешка. Можеби затоа не лошо да се размисли за чекор во место и дефинирање или враќање на основните постулати на самата професија, кои први и најмногу настрадаа во овие трансформации. Она што сите аналитичари
го укажуваат е дека дури и во многу изменетиот новинарски свет, известувањето, на едно најфундаментално ниво, сè уште се однесува на истражување и известување. Новинарството сè уште се базира на додавање на контекст, објаснување, позадина и сè друго што може да е потребно за публиката за да разбере што се случува во светот и да се трансформира во информирано и ангажирано општество. Интернетот овозможува неисцрпно поле за истражување на приказни, но повеќето вести сè уште се базираат на известување од прва рака од примарни извори (некои од нив преку Интернет) и преку разговор со луѓе. Техниките за откривање на информации се во голема мера исти, без разлика која е крајната идеја или цел за приказната. И техниките за нивна презентација - повторно, без
оглед на платформата - сепак бараат организација, јасност на мислата и добро пишување. Со овие елементи на маса и нивно дефинирање како неопходни константи во бурата од промени, треба да се прецизираат чекорите потребни за осовременување и промена на поимот за улогата и функционалноста на самите медиуми.
Печатот во слободен пад
Од ова се чини нема бегање. Бизнисот со весници и општо печатени медиуми е во опаѓање. Во последните неколку децении, дигиталната револуција ги урна повеќето столбови на традиционалниот бизнис модел за печатење. Сè помалку луѓе купуваат и читаат весници или огласуваат. Ние ги добиваме повеќето од нашите информации онлајн, каде што содржината е секогаш поажурна, отколку која било приказна напишана
9
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Трендот кон медиумска конвергенција во последно време значи дека медиумите, технологијата и мобилната комуникација се’ повеќе се испреплетуваат. Додека се движиме во вмрежено општество - каде што повеќе врски и комуникација создаваат нови функции и однесувања - ова треба дополнително да ја забрза дигиталната трансформација во иднината на медиумите и новинарството. Но, според едно истражувањето на Микаел Торнвел, шведски автор и новинар, ова не значи и нужно лошо. Тоа истражување https://www.ericsson.com/en/reports-and-papers/networked-society-insights/future-of-journalism ја анализира иднината на медиумите и новинарството во дигиталниот свет овозможени од интелигентните мрежи на следната генерација и нуди неколку концептуални совети за правецот во којшто вработените во овој сектор (и сопственици, издавачи и вработени, новинари) треба да ја развиваат својата професија. пред 24 часа. Приходите од реклами исто така се драстично намалени. Генералните забелешки за бизнисот со весници е дека тој е бавен, пребавен беше дури и за да предвиди и види какви промени доаѓаат, па затоа и бавно реагираше на истите. Дури и сега, некои печатени медиуми се движат многу побавно од другите во своите трансформации. Оние што се борат да држат чекор најчесто ги реконфигурираат редакциите, давајќи предност на дигиталните изданија. Се печатат и се продаваат само неколку илјади примероци, а фокусот е на дигиталните платформи и максимизирање на приходите што тие ги носат. Новинарите имаат примарна задача да работат прво на веб страниците и на социјалните мрежи, а на печатените изданија подоцна... ако остане време. Интернетот е и агент и овозможувач на оваа промена. Тој дава пристап
до новата гигантска публика, не само преку веб -страниците, туку и преку Google и Facebook и останатите. Дистрибуцијата низ целиот свет е достапна дури и за најлокалниот провајдер, а трошоците, споредени со тие за печатење, се минимални. Некои експерти се загрижени дека вака се централизира премногу моќ во рацете на релативно мал број глобални технолошки гиганти, чијшто примарен интерес не е новинарството само по себе. Тоа се легитимни забелешки, а и дебатата за тоа како профитот од соработката треба да се подели помеѓу оние што ја произведуваат содржината и оние што ја циркулираат е постојана. Новото новинарство што се појавува може да стане премногу зависно од технолошките компании за пристап до пазарот. Индивидуалните брендови и идентитети може да се изгубат во неразбирливите алгоритми на
пребарувачите. Токму затоа, како што пишува, на пример Џонатан Бејкер „за да бидеме на ниво на задачата што ни претстои, ќе ни требаат енергични млади новинари, кои се целосно „дома“ во дигиталниот простор, а паралелно продолжуваат да ги исполнуваат демократските одговорности на слободниот печат, здравите вредности, правилното однесување и принципиелна практика. Новите новинари треба да ги совладаат основните практични вештини за добро известување: барање на сигурни извори, евалуација на информациите и презентирање на она што го научиле на привлечен, ама и точен, професионален и фер начин“. Почитувањето на професионалните начела и етиката, останува константа што не смее да се менува.
Модели на новото време
Со овој краток увид во моменталната
ДЕК. 2021
10 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
состојба на медиумскиот пејзаж, кој се карактеризира со недостаток на одржливи бизнис модели во дигиталната арена и балони на социјалните медиуми, кои шират предизвици за одржување на новинарскиот професионализам, можеби малкумина експерти или аналитичари можат да бидат оптимисти за иднината на индустријата. Но, не е дека такви нема. Трендот кон медиумска конвергенција во последно време значи дека медиумите, технологијата и мобилната комуникација се’ повеќе се испреплетуваат. Додека се движиме во вмрежено општество - каде што повеќе врски и комуникација создаваат нови функции и однесувања - ова треба дополнително да ја забрза дигиталната трансформација во иднината на медиумите и новинарството. Но, според едно истражувањето на Микаел Торнвел, шведски автор и новинар, ова не значи и нужно лошо. Тоа истражување (https://www.ericsson. com/en/reports-and-papers/networkedsociety-insights/future-of-journalism) ја анализира иднината на медиумите и новинарството во дигиталниот свет овозможени од интелигентните мрежи на следната генерација и нуди неколку концептуални совети за правецот во којшто вработените во овој сектор (и сопственици, издавачи и вработени, новинари) треба да ја развиваат својата професија. Извештајот, исто така, дава и нови предвидувања за тоа каде се движат медиумите во едно вмрежено општество. Овие предвидувања вклучуваат создавање на сосема нови деловни модели, што ќе им овозможат на новинарите подобра работа со ограничени ресурси и да произведат попаметна содржина од досега можната. „Наместо дигитализација на традиционалните медиуми, треба да се појават нови и иновативни форми на новинарство, врз основа на можностите на вмрежено општество. Заборавете на старите правила - дигиталната ера бара поинаков пристап.“ пишува таму. А што тоа значи?
l ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ ВЕСТИ
Ова е еден од првите модели што се советуваат. Идните мрежи би можеле да овозможат постојано зголемување на низата насочени, адресибилни и трговски искуства што се мобилни и се преку екран. Иднината на новинарството може да види појава на сè повеќе и повеќе персонализирана содржина, интелигентни алгоритми и робот –новинари, како и можност да се „доживеат“ тие вести благодарение на импресивните VR и AR технологии. Во оваа иднина, вклучена е персонализирана содржина и паметни алгоритми - додека робот новинари
пишуваат за настаните, што медиумите компаниите инаку не би можеле да си дозволат да ги покријат. Yahoo! и Google веќе со години нудат персонализирани вести, сајтови - каде што содржината на предната страница на секој корисник е прилагодена со алгоритам, базиран на параметри и историја на пребарувањата. Пребарувањата за вести исто така варираат според историјата на пребарување. Многу онлајн весници (како што е на пример канадскиот Winnipeg Free Press) сега нудат персонализирани почетни страници. На пример, читателот заинтересиран за спорт гледа различна насловна страница од некој кој следи уметност или литература. Но, она што е интересно е и дека самата статија, исто така, може да се прилагоди - на пример, ако медиумот објавува приказна за нов проект во град, читател кој живее во близина и кој можеби веќе има одредено знаење за објектот ќе бара некои ситни детали, додека на некој од друг град му треба една поопшта слика и повеќе бекграунд. Или извештаи за сообраќај, на пример: оние кои користат метро за да стигнат на работа се заинтересирани за одложувањата што влијаат на нивната линија, но не за состојбата со линиите во другите делови на градот. Некои скандинавски медиуми одат и чекор потаму, па нудат персонализиран пристап во информирањето на своите читатели нудејќи информации и за нивните хипотекарни каматни стапки. Врз основа на претходните читања, паметен систем би погодил кои делови од приказната кому да му ги претстави. Ова е навистина извонреден пристап. Каде е ризикот? Оваа можност да се разбере секој потрошувач посебно, не може да не ја замагли границата помеѓу новинарството и услугите во иднина.
l ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ
Виртуелната реалност (VR) допрва треба да се избори за својот пат во мејнстрим медиумите, но неколку експерименти во последниве години веќе се направени на темата и покажуваат дека ова ќе биде исклучително интересен и важен процес во блиска иднина. Денес се користи основната VR технологија за да им се овозможи на читателите „вистинско искуство“ со емисија или вести преку VR технологија достапна за кој било екран. Една значајна пречка е тоа што VR очилата се обично скапи или не се со добар квалитет. Сепак, ова може да се промени наскоро (во САД има предвидување дека во медиумскиот сектор ќе бидат потрошени 150 милијарди американски долари на VR до 2025 година). Останува заклучокот
дека во просторот за вести, VR технологијата сепак има потенцијал да ги внесе читателите и гледачите подлабоко приказна отколку текст и 2Д слики што некогаш би можеле. И дека тој потенцијал допрва ќе се развива.
l МАЛИ И МОБИЛНИ РЕДАКЦИИ
Еден поглед на која било традиционална медиумска компанија е доволен за да се види дека тоа е една огромна организација со амбиција и ресурси за покривање на повеќе области. Национален медиум има редакции што опфаќаат голем простор - од меѓународни вести до уметност. Интернетот донесе промени и на ова. Потрошувачите сега може одеднаш да изберат само спортски вести или само експертски анализи за надворешна политика и веќе не им треба цел спектар, доколку не сакаат. Тие исто така можат да гледаат содржини преку интернет достапни од ТВ станици низ целата планета. Логиката на интернет – сајтовите се движи во процес кој нуди наместо голема организација, што опфаќа голем регион или држава, мали групи на известувачи (или еден известувач) кои би покриле многу помала површина. Технологијата го овозможи ова, со ниски трошоци, камерите и паметните телефони се евтини, а обезбедуваат фотографии и видеа со пристоен квалитет. Сепак, мало не мора да значи локално во однос на географија. Многу медиумски компании дури и со еден вработен имаат влијание кое продира надвор од дадената околина.
l ГРАЃАНСКО НОВИНАРСТВО
Новинарството не е лесно и не може секој да биде добар новинар. Од друга страна, не постојат правила за тоа што точно го дефинира новинарот како таков. Професијата свесно не е дефинирана со одредено образование или формална акредитација од која било организација, бидејќи строгата дефиниција може да донесе ограничувања на слободата на говорот. Кога зборуваме за граѓанското новинарство, обично мислиме на некој модерен тренд, но факт е дека тоа постои барем од пронаоѓањето на печатницата во 1440 година. Тоа доби на значење благодарение до интернет и намалените трошоци за користење на веб и мобилен телефон наместо печатење. Денес, низ целиот свет, гледаме како области, кои беа занемарени од големите медиумски компании со децении, се покриени со граѓанско новинарство. Користејќи мобилни телефони, луѓето можат да снимаат аудиа и видеа што подоцна се користат за известување и/или ги преземаат медиумите.
11
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
ДЕК. 2021
12 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
За време на Арапската пролет на Блискиот Исток, граѓански новинари објавија настани што професионалните новинари не можеа (или не се осмелија) да ги покријат. Главен предизвик за овој тип на новинарство е довербата и прашањето - како читателите да знаат кому да му веруваат!? Кога има новинар, со голема организација зад него, обично тој се смета за доверлив, оти лесно се лоцира одговорноста. Далеку е потешко е да се верува во вистинитоста на приказна објавена од непознати граѓани, особено во време кога дури и големите медиумски организации често пати се измамени од или и самите се извор на дезинформации. Останува да се памети случајот со интернет-страницата iReport на CNN, генерирана токму од корисници (публика), кога таму се сподели вест за наводни кардиолошки проблеми на сега веќе покојниот Стив Џобс. Веста се покажа како лажна, но пред да се повлече приказната, цената на акцијата на Apple падна за цели 10 проценти.
Заклучок
Во вакви околности, ако се додадат тука
и длабоките проблеми со продирањето на дезинформациите и преплетот на бизнис и политичките центри на моќ со медиумите, што кај интернет порталите е Гордиев јазол, оти таму е и потешко да се следи, јасно е дека предизвиците се големи. Точно е дека тука има опасност, како што вели Алан Русбриџер (кој дваесет години помина како главен уредник на „Гардијан“) - за прв пат во модерната историја, да се соочиме со перспектива како општествата ќе постојат без веродостојни вести - или како што пишува Џил Абрамсон од „Њујорк Тајмс“ дека „се останати уште многу малку места кои добро ги пренесуваат квалитетните вести, или воопшто имаат за цел да нив да ги произведат“. Но, еднакво е и точно дека развојот на технологијата и продирањето на интернетот нудат и можности што значат полесен и побрз пласман на информацијата, до многу поширока публика. Она што е клучно е идеите за развој или насочување на трансформацијата на новинарството да се водени од мислата дека мора да бидат во согласност со професионалните етички стандарди. Сите проблеми во својата суштина,
повеќе или помалку се сведуваат на фактот што новите технологии овозможуваат и создаваат опасност за етичките кодекси да бидат побрзо, полесно и побрутално кршени (во демократските општества тоа е без никакви или со благи санкции). Ова значи дека клучниот предизвик на новинарството денес не е како тоа да се прилагоди на новите технологии само од аспект на бизнис логика, туку првенствено од неопходноста промените што се неминовни да се подредат на основата на новинарската мисија – заштита на јавното добро и на јавниот интерес. Тоа е и ќе биде суштината, без разлика на формата што самата професија ќе ја избира за да опстане, низ годините на воведување на нови и нови технолошки алатки за остварување на основната цел – информирани граѓани и обезбедена демократија. Текстот е подготвен во рамки на проектот „Building Resilient Journalism in the Western Balkans”, што го координира Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), чија што членка е МИМ. Проектот е поддржан од „National Endowment for Democracy“ (НЕД).
ДЕК.. 2021
14 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
БУЏЕТОТ ЗАКРЕПНУВА ОД КОРОНА – КРИЗАТА
ДДВ-ТО ГО НАПОЛНИ БУЏЕТОТ ЗА ЧЕТВРТИНА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ
15
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Приходите од даноци во првите десет месеци од годината се зголемени за 18,9% и изнесуваат 1,66 милијарди евра. По одделни видови на даноци, најголема е наплатата на ДДВ, од кое што во државната каса се слеале 1,17 милијарди евра, што е 22,3% повеќе отколку истиот период лани и покажува дека годинава има значително поголема економска активност отколку во екот на корона – кризата. Потоа следува персоналниот данок на доход од којшто се инкасирани 257,9 милиони евра, и тоа е зголемување за 9,8% на годишно ниво. Од данокот на добивка, пак, годинава наплатени се 151,5 милиони евра, или 80,4% повеќе отколку за десет месеци во 2020 година. Се’ на се, сите буџетски приходи и од даноци, и од придонеси, и од царини, во периодот од јануари до октомври годинава изнесуваат 2,9 милијарди евра, што е 15,5% повеќе отколку лани кога приливите во државната каса значително се намалија поради ненадејната рецесија.
ФАТМИР БЕСИМИ
МАРЈАН ПЕТРЕСКИ
Главна карактеристика на Предлог-буџетот за 2022 година е дека дефицитот ќе се користи единствено за поддршка на позначителниот дел капитални инвестиции. Во 2022 година, според сите карактеристики, ќе имаме развоен буџет. Развојната компонента на Буџетот се гледа преку зголемените средства за капитални расходи за околу 27% во однос на 2021 година. Капиталните расходи следната година се на историски највисоко ниво од 14% во вкупните расходи.
Најголем дел од одржливото финансирање е поврзано со народни пари односно доаѓа од даночни приходи и поради тоа треба да се размислува даночната политика да се прилагоди со цел да поддржи одржливо финансирање. Уште поважна компонента е како прибраните буџетски средства ќе се трошат со цел да го поддржат одржливиот развој.
министер за финансии
автор:
АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ
П
риходите од даноци во првите десет месеци од годината се зголемени за 18,9% и изнесуваат 1,66 милијарди евра. По одделни видови на даноци, најголема е наплатата на ДДВ, од кое што во државната каса се слеале 1,17 милијарди евра, што е 22,3% повеќе отколку истиот период лани и покажува дека годинава има значително поголема економска активност отколку во екот на корона – кризата. Потоа следува персоналниот данок на доход од којшто се инкасирани 257,9 милиони евра, и тоа е зголемување за 9,8% на годишно ниво. Од данокот на добивка, пак, годинава наплатени се 151,5 милиони евра, или 80,4% повеќе отколку за десет месеци во 2020 година. Се’ на се, сите буџетски приходи и од даноци, и од придонеси, и од царини, во периодот од јануари до октомври годинава изнесуваат 2,9 милијарди евра, што е 15,5% повеќе отколку лани кога приливите во државната каса значително се намалија поради ненадејната рецесија предизвикана од пандемијата и придружните мерки за запирање на ширењето на вирусот. Од Министерството за финансии објаснуваат дека освен закрепнувањето на економијата, подобрата даночна наплата се должи и на низа мерки во таа насока. „Министерството за финансии заедно со Управата за јавни
универзитетски професор
приходи и меѓународните развојни партнери прави значаен чекор во обезбедувањето праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем којшто ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, а е во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Донесена е Стратегија за реформа на даночниот систем 2021-2025, која содржи пет приоритети за креаторите на даночната политика и органите во состав кои ги администрираат јавните приходи заедно со нивните клучни активности, резултати, одговорни субјекти и клучни индикатори за учинок. Потоа донесен е и Акцискиот план за сузбивање на сивата економија, согласно кој, интензивно се работи на реализација на активностите од истиот, а меѓу кои клучна е дигитализацијата на процесите и мерки што ќе влијаат на зајакнување на даночната свест како и на мотивирање на економските субјекти да ги реализираат своите активности во формалната економија“, вели министерот за финансии Фатмир Бесими на одбележувањето на Денот на даночните работници што го организира Управата за јавни приходи, а којшто претставува признание за посветеноста на даночните работници во ефикасното собирање на јавните приходи и во остварувањето на јавниот интерес којшто е од исклучителна важност за државата. „Вашата успешна работа се гледа во добрата реализација на даночните приходи, без која не може да има непречено извршување на функциите на државата. Преку собраните пари се инвестира во изградба на патишта,
ДЕК.. 2021
16 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
мостови, училишта, градинки, подобри здравствени и социјални услуги, подобро образование“, рече министерот Бесими.
Уште поголем буџет догодина
Буџетот за 2022 година, пак, ќе изнесува околу 4,4 милијарди евра, а истовремено планира да обезбеди приходи од нешто помалку од 3,9 милијарди евра. Тоа значи дека дефицитот е проектиран да изнесува околу 500 милиони евра, што е 4,3% од БДП – пари за кои државата ќе се задолжи. „Дефицитот единствено ќе се користи за поддршка на позначителниот дел од капиталните инвестиции кои изнесуваат 37,8 милијарди денари“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими кој додаде дека за капиталните инвестиции државата дополнително ќе даде средства од сопствени приходи. Капиталните инвестиции ќе бидат зголемени за 27% во однос на буџетот од годинава, а тоа е 14% од сите јавни расходи. Издвоени се 6 милијарди денари за патна инфраструктура: за Коридорот 8, за патот Тетово-Гостивар, Требениште-Струга и други, рече Бесими. Планирани се пари за железничката пруга на Коридорите 10 и 8, за инвестиции за гасификација, регионални енергетски капацитети, проекти во здравството за борба против Ковид-19, набавка на вакцини и други лекови, за проекти во образованието, земјоделието, рурална инфраструктура, програма за зелен развој. Бесими наведе дека глобално се очекува да се вратат стапките на економски раст на ниво пред ковид пандемијата. „Главна карактеристика на Предлогбуџетот за 2022 година е дека дефицитот ќе се користи единствено за поддршка на позначителниот дел капитални инвестиции. Во 2022 година, според сите карактеристики, ќе имаме „развоен буџет“. Развојната компонента на Буџетот се гледа преку зголемените средства за капитални расходи за околу 27% во однос на 2021 година. Капиталните расходи следната година се на историски највисоко ниво од 14% во вкупните расходи“, истакна министерот. Тој додаде дека одлика на овој Буџет е дека парите на граѓаните ќе се искористат таму каде што даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот. Според него, парите ќе бидат наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и во железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството. „За да се одговори на сè уште присутните предизвици од пандемијата на КОВИД-19, предвидени се повеќе средства во здравствениот сектор и истите се планирани на ниво од 120 милиони евра. Значителен износ се однесува на набавка на вакцини против КОВИД-19; потоа за реконструкција на ЈЗУ; набавка на медицинска опрема, реновирање и опремување вакцинални пунктови, како
Сè на се, сите буџетски приходи и од даноци, и од придонеси, и од царини, во периодот од јануари до октомври годинава изнесуваат 2,9 милијарди евра, што е 15,5% повеќе отколку лани кога приливите во државната каса значително се намалија поради ненадејната рецесија предизвикана од пандемијата и придружните мерки за запирање на ширењето на вирусот. (На фотосот е зградата на Министерството за финансии)
и други програми“, рече Бесими. Подобра ефикасност и ефективност во употребата на јавните пари ќе се постигне преку зајакнат мониторинг во рамки на механизмот за повисока реализација на капиталните расходи (CAPEF), воведување повеќе индикатори за мерење на успешноста на буџетските корисници и воведување Интегриран информациски систем за управување со финансии и Интегриран даночен информациски систем. Потврда за тоа дека фокусот ќе биде на капиталните инвестиции е и кратењето на тековните расходи до ниво од 86% од вкупните расходи. Со Предлог-буџетот тековните расходи се намалени за 2% на ниво од 3,8 милијарди евра. Притоа, кај расходите за стоки и услуги коишто се проектирани на ниво од 335 милиони евра има намалување за околу 6% како резултат на фискалната консолидација и сведување на минимум на оперативните трошења преку Буџетот. Останува определбата за оптимизација на администрацијата преку контрола на новите вработувања, како и подобрување на квалитетот на живот на
вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и целосно исполнување на работните задачи. Социјалните трансфери се проектирани во износ од над две милијарди евра, при што само за исплата на пензии наменети се повеќе од половина, односно 1,1 милијарди евра. Продолжува поддршката на земјоделскиот сектор преку исплата на субвенции и средства од ИПАРД програмата, потоа поддршката на приватниот сектор, активните политики и мерки за вработување, а повеќе пари ќе имаат и општините преку реформата за унапредување на фискалната децентрализација. Во 2022 година се очекува забрзан раст, кој е проектиран на 4,6%, при зголемување на бруто инвестициите за 8,5% на реална основа. Проектирано е зголемување на финалната потрошувачка за 3,1%, на извозот за 8,3%, а се очекува и раст на бројот на вработени за 3,1%. Исто така, се очекува стабилизација на стапката на инфлација којашто е проектирана на 2,4% во 2022 година, при
17
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
За да се одговори на сè уште присутните предизвици од пандемијата на КОВИД-19, во буџетот за 2022 предвидени се повеќе средства во здравствениот сектор и истите се планирани на ниво од 120 милиони евра. Значителен износ се однесува на набавка на вакцини против КОВИД-19; потоа за реконструкција на ЈЗУ; набавка на медицинска опрема, реновирање и опремување вакцинални пунктови, како и други програми
што ценовните притисоци како резултат на неизвесноста поврзана со цените на енергијата и на дел од примарните производи на светските берзи се очекува да се релаксираат од вториот квартал од годината. „Во 2022 година остануваме посветени на остварување на приоритетите за забрзан економски раст, со посебен фокус на здравството, фискалната консолидација, на тековните реформи, судство и евроитнеграцијата, зелената агенда, дигитализацијата, иновациите и технолошкиот развој, на развојот на човечки капитал, инвестициите во физичката инфраструктура, социјалната кохезија и на зајакнувањето на институционалните капацитети“, истакна Бесими.
Даночна политика за одржливо финансирање
Најголем дел од одржливото финансирање е поврзано со народни пари односно доаѓа од даночни приходи и поради тоа треба да се размислува даночната политика да се прилагоди со цел да поддржи одржливо финансирање. Ова е дел од заклучоците првата студија
која што се однесува на одржливото финансирање во Северна Македонија која што треба да ја отвори дебатата за финансирање на целите за одржливиот развој, изработена од Институтот за економски политики и истражувања Finance Think. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, смета дека уште поважна компонента е како прибраните буџетски средства ќе се трошат со цел да го поддржат одржливиот развој. „Северна Македонија не е исклучок од глобалните трендови и веќе буџетските финансии инкорпорираат буџетски линии кои се однесуваат на зелено финансирање, енергетска ефикасност, понатаму капитални инвестиции, јавно приватни партнерства, во инвестиции за одржлив развој“, рече Петрески, додавајќи дека и финансиските институции и приватниот сектор се клучни чинители во поддршка на одржливото финансирање и во инкорпорирање на стандардите за добро еколошко општествено и корпоративно управување. Од друга страна, студијата сугерира
фирмите во приватниот сектор да ги прилагодат своите основни бизнис модели со тоа што ќе ги инкорпорираат стандардите за добро, еколошко, општествено и корпоративно управување. Петрески вели дека и во земјата постојат позитивни примери каде што банкарскиот сектор останува доминантен, меѓутоа, како што рече, со растечки удел преку примери на зелено финансирање, поддршка на енергетски ефикасни проекти итн. Според него, вкупниот фонд на расположливо финансирање во студијата е проценет на околу 5,3 милијарди евра, односно близу 50% од БДП. „Се разбира, сега е потребен и понатамошен напор да видиме ние во колкава мера тие средства се насочени за остварување на целите за одржлив развој на среден рок, да тежнееме што повеќе тој финансиски плик да биде насочен во остварување на одржливите цели“, рече Петрески. Појасни дека тоа се средства кои доаѓаат од Буџетот, јавните претпријатија, од приватниот сектор. „Значи тука се финансиските институции, се разбира делот на позајмувањето и делот којшто значи меѓународно приватно финансирање. Целиот тој контингент изнесува 5,3 милијарди евра на годишно ниво, но сега треба ние понатаму да анализираме во која мера тие средства се насочени кон одржливиот развој“, додаде Петрески. Глигор Бишев, извршен директор и претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје изјави дека финансирањето на одржливиот раст базиран на чиста околина, на општествено одговорни вградени политики во однесувањето на банките и компаниите е голем предизвик за финансискиот сектор. „Финансискиот сектор и во изминатиот период и во иднина ќе учествува во финансирањето и поддршката на овие проекти. Гледано од тој аспект, денеска се проценува дека 20 до 25 проценти од вкупниот раст на новите кредити е насочен во таа област. Ова учество се повеќе ќе се зголемува. Во банките од ЕУ овој процент е околу 30 до 45 проценти. И покрај сопствените средства со кои банките располагаат, исто така овде се кредитните линии од Зелениот фонд на Европа, исто така од Зелениот фонд за економска поддршка на Европската банка за обнова и развој. Досега овие средства ги користат четири банки. Тие се насочени кон подобрување на енергетската ефикасност, за помало загадување и заштеди на енергија и досега значителни средства од овие средства се насочени во компаниите и во населението“, рече Бишев. Росана Дуџиак, постојан координатор, Обединети нации дополни дека денес истражуваат нови начини на кои земјата и различните партнери во заедницата – бизнисите од приватниот сектор, банките и Обединетите нации можат да работат заедно за да изнајдат иновативни начини за финансирање на одржливиот развој во земјата. nnn
ДЕК.. 2021
18 ЕKОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
МОНЕТАРНИ ДВИЖЕЊА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПРВИТЕ ДЕСЕТ МЕСЕЦИ
ПРОСЕЧНАТА КАМАТНА СТАПКА НА КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИ СЕ СПУШТИ ДО 3,55%, А ЗА ДОМАЌИНСТВА ДО 5,23%
19
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
ПРОСЕЧНА КАМАТА НА ВКУПНИ КРЕДИТИ
ПРОСЕЧНА КАМАТА НА ВКУПНИ ДЕПОЗИТИ
Извор: НБРСМ
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври. Таа се сведе на ниво од 4,45%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,77%.
Т
рендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2021 година. Имено, каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,45% и бележи месечен и годишен пад од 0,01 п.п. и 0,23 п.п., соодветно, се вели во соопштението на Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимално месечно намалување од 0,01 п.п. и изнесува 0,77%, додека на годишна основа оваа каматна стапка оствари пад од 0,21 п.п. Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,94%, што претставува месечно и годишно намалување од 0,09 п.п. и 0,27 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 0,79%, додека на годишно ниво е остварен раст од 0,02 п.п.
Каматни стапки на кредити и депозити кај корпоративен сектор
Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор,
во октомври, изнесува 3,55% и на месечно ниво е пониска за 0,03 п.п. Промената се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,04 п.п.), како и на каматните стапки на кредитите без валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,02 п.п., соодветно). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,22 п.п. Во октомври, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи месено намалување од 0,24 п.п. и изнесува 3,39%. Притоа, падот произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,61 п.п. и 0,26 п.п., соодветно), при раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,11 п.п.). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор забележа пад од 0,65 п.п. Во однос на претходниот месец, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 1,05%. Надолната
ДЕК.. 2021
20 ЕKОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во октомври, изнесува 3,55%, додека кај вкупните кредити на домаќинствата, во октомври, забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 5,23%
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во октомври, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечно зголемување од 0,5% и 1,0%, соодветно, како и годишен раст од 6,3% и 16,0%, соодветно. Автомобилските кредити, во октомври, се зголемени за 0,7% на месечна основа, додека на годишна основа се пониски за 14,1%.
промена се должи на падот на каматните стапки на депозитите во денари со и без валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,05 п.п., соодветно), во услови кога каматните стапки на депозитите во странска валута бележат раст (од 0,11 п.п.). Споредено со истиот период претходната година, оваа каматна стапка се намали за 0,18 п.п. Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор на месечна основа се намали за 0,09 п.п и се сведе на 0,53%. Гледано според валутната структура, падот целосно се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,06 п.п.), додека каматните
стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула бележат раст (за 0,56 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,14 п.п., споредено на годишно ниво.
Каматни стапки на кредити и депозити кај домаќинства
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во октомври, забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 5,23%. Месечното намалување во целост е резултат на пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), при
раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,28 п.п. Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,54%, што претставува месечно намалување од 0,07 п.п. Притоа, падот произлегува од намалувањето кај сите нејзини компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,08 п.п., 0,04 п.п. и 0,02 п.п. соодветно). Во
21
Тргувајте безбедно
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Осигурување на побарувања
Македонските компании своите производи и услуги ги продаваат во земјава и во странство, овозможувајќи им на купувачите одложена исплата. Осигурувањето на побарувања на Триглав ги штити компаниите и обезбедува навремена и целосна исплата на нивните побарувања. Овој производ им помага на компаниите да го стабилизираат своето финансиско работење и да ја подобрат конкурентноста. Осигурувањето на побарувања го штити осигуреникот од ризици како банкрот, или стечај, т.е. несолвентност на купувачот, како и ненавремено плаќање. Ова осигурување ја подобрува ликвидноста, заштитата на паричните текови, овозможува остварување на финансиските планови и буџети и придонесува кон подобрување на финансиските показатели на компанијата. Со тоа позитивно влијае и врз продажните резултати, овозможувајќи излез на нови пазари, како и обезбедување нови купувачи на постоечките пазари, а ја подобрува и конкурентноста, затоа што овозможува продажба со одложено плаќање, без банкарски гаранции и акредитиви. Осигурувањето на побарувања на Триглав може да се склучи за купувачи од целиот свет.
ДЕК. 2021
ДЕК.. 2021
22 ЕKОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
споредба со октомври минатата година, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата забележа зголемување од 0,05 п.п. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во октомври, е речиси непроменета и изнесува 0,73%. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,22 п.п. Во октомври, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата9 забележа минимално намалување од 0,01 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,93%. Притоа, промената во целост се должи на пониските каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п.п.), при раст на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,29 п.п.), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишно ниво, каматната стапка оствари раст од 0,06 п.п.
ГОДИШЕН РАСТ НА ВКУПНИ КРЕДИТИ
Раст на станбени, пад на автомобилските кредити
Во октомври, вкупните депозити бележат месечно намалување од 0,4%, што целосно се објаснува со падот на депозитите на корпоративниот сектор. На годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,1%, при раст кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити , во октомври, забележаа месечен раст од 0,6%, како резултат на растот на кредитирањето на двата сектора, при поголем придонес на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 6,7% и во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Во октомври, вкупните депозити на корпоративниот сектор остварија надолна месечна промена од 1,6%. Притоа, падот во најголем дел произлегува од намалувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, при помал придонес и на останатите компоненти. На годишна основа е забележан раст од 13,9% како резултат на зголемувањето на депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад на краткорочните и долгорочните депозити во денари. Кредитите на корпоративниот сектор , во октомври, бележат месечно зголемување од 0,7%, целосно заради зголеменото кредитирање во денари, во услови на остварен пад на кредитите одобрени во странска валута. Анализирано на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 5,6%, под влијание на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари. Во октомври, вкупните депозити на домаќинствата се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа забележаа раст од 7,2%. Нагорната промена е резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, при помал раст и на долгорочните депозити во странска валута, додека депозитите во денари (долгорочни и краткорочни)
ГОДИШЕН РАСТ НА ВКУПНИ ДЕПОЗИТИ
Извор: НБРСМ
забележаа намалување. Овој месец, кај кредитите на домаќинствата е остварен раст на месечна и годишна основа од 0,5 и 7,3%, соодветно. Анализирано според валутната структура, кредитите во денари имаат поголем придонес кон растот по двете основи. Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во октомври, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечно зголемување од 0,5% и 1,0%, соодветно, како и годишен раст од 6,3% и 16,0%,
соодветно. Автомобилските кредити, во октомври, се зголемени за 0,7% на месечна основа, додека на годишна основа се пониски за 14,1%. Овој месец, кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,5% и 10,8%, соодветно. Кај негативните салда на тековните сметки, во октомври, е остварен раст на месечна и годишна основа, од 1,5% и 1,3%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи забележаа месечно и годишно намалување од 1,3% и 29,8%, соодветно.
nnn
ДЕК.. 2021
24 ЕKОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
АНКЕТА НА ЕИБ ЗА КРЕДИТИРАЊЕТО ВО ЦЕНТРАЛНА, ИСТОЧНА
И ПОКРАЈ МОЌНИТЕ ЕФЕКТ ПОБАРУВАЧКАТА ЗА КРЕД
Побарувачката на заеми се зголеми, а пристапот до кредити е олеснет во Централна, Источна и Југоисточна Европа - но подобрувањата се првенствено наменети за домаќинствата, наместо за бизнисите.
А И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
ТИ НА ПАНДЕМИЈАТА, ДИТИ СЕ ВРАТИ
25
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
ДЕК.. 2021
26 ЕKОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
Е
вропската инвестициска банка (ЕИБ) го објави есенското издание за 2021 година на својата анкета за банкарското кредитирањево ЦИЈИЕ. Извештајот ги истражува стратегиите на меѓународните банки активни во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) и пазарните услови како што ги оценуваат банките кои работат таму. Извештајот обезбедува анализа и споредба на ниво на регион и на ниво на поединечни земји. Објавувањето на анкетата во есента 2021 година покажува позитивна перспектива за банкарските системи во регионот на ЦИЈИЕ, но со долготрајни жаришта на несигурност и одредени надолни ризици. И покрај моќните ефекти на пандемијата, побарувачката за кредити се врати, а условите за понуда за финансирање почнаа полека да се олеснуваат. Побарувачката на заеми е силна кај домаќинствата, а исто така заживува и во сегментот на фиксни инвестиции на фирмите. Условите на понудите за кредитирање се олеснуваат, но повеќе за домаќинствата, отколку за бизнисите, додека условите сè уште се затегнати, особено за помалите компании. „Анкетата покажува дека меѓународната и националната поддршка биле клучни за одржување на активностите на банкарските групи во регионот на ЦИЈИЕ по првичниот остар и нагол застој генериран од шокот со КОВИД-19 во 2020 година“, рече главниот економист на ЕИБ, Дебора Револтела. „Одржувањето на оваа силна јавна посветеност сега е од клучно значење за олеснување на пристапот до финансии за компаниите и олеснување на инвестициите во зелената и дигиталната транзиција. Банките во регионот имаат силен
Подружниците и локалните банки во ЦИЈИЕ известуваат за силно зголемување на побарувачката за кредити. По драстичното намалување во вториот и третиот квартал од 2020 година, побарувачката се зголеми, првенствено поддржана од барањата за обртни средства, заедно со позитивната перспектива на пазарот за домување, довербата и трошењето на потрошувачите. УСЛОВИ НА ПОНУДИТЕ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ПО ПАЗАРЕН СЕГМЕНТ ВО 2021 Г.
Извор: ЕИБ – Анкета за банкарско кредитирање во ЦИЈИЕ, есен 2021 година
КОЕФИЦИЕНТИ НА НЕФУНКЦИОНАЛНИТЕ КРЕДИТИ ВО ЦЕНТРАЛНА, ИСТОЧНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Извор: ЕИБ – Анкета за банкарско кредитирање во ЦИЈИЕ, есен 2021 година
27
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
партнер во Групацијата ЕИБ на кој можат да се потпрат за поддршка на финансирањето на локалните економии“. „Четириесет проценти од банкарските групи кои работат во регионот на ЦИЈИЕ имаат намера да ги прошират своите операции. Ова е добра вест по превирањата со КОВИД-19 предизвикани во 2020 година“, додаде Лука Гатини, раководител на Одделот за макроекономско сценарио. „Но, остануваат некои несигурности и надолни ризици. Пристапот до банкарско финансирање сè уште не им се олеснува на фирмите. Исто така, банкарските групи очекуваат застој на позитивниот развој на настаните кај нефункционалните кредити. Регулаторните и политичките мерки ќе треба да продолжат да докажуваат поддршка, особено за да се забрзаат многу потребните инвестиции во климатските активности и дигитализацијата“. Анкетата за банкарско кредитирање во ЦИЈИЕ е дел од известувањето и мониторингот што редовно го спроведуваат ЕИБ, ММФ, ЕБОР и Светската банка за „Виенската иницијатива“, рамка за заштита на финансиската стабилност на Европа во развој.
Посветеност и перспектива на банкарските групи за регионот
Изложеноста на банкарските групи кон регионот се зголеми во изминатите шест месеци, како дел од стратешката определба за одржување или дури и зголемување на операциите. Покрај тоа, тие објавија дека нивните операции во ЦИЈИЕ биле повторно профитабилни по привремениот пад во 2020 година. Прекуграничните банкарски групи сигнализираат позитивни стратешки намери за нивните регионални операции, што укажува на целосна поддршка за нивните подружници и изложеност таму во 2021 година. Околу 60 % од анкетираните банкарски групи имаат намера да ги задржат своите операции во ЦИЈИЕ, додека 40 % имаат намера да ги прошират.
Понуда и побарувачка на кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
Подружниците и локалните банки во ЦИЈИЕ известуваат за силно зголемување на побарувачката за кредити. По драстичното намалување во вториот и третиот квартал од 2020 година, побарувачката се зголеми, првенствено поддржана од барањата за обртни средства, заедно со позитивната перспектива на пазарот за домување, довербата и трошењето на потрошувачите. Поточно, поддршката за побарувачката обезбедена од инвестициските заеми повторно стана позитивна по острите контракции во 2020 година и почетокот на 2021 година. Овој пресврт сигнализира подобрување на реалните економски услови за компаниите. Условите за кредитирање се олеснија во изминатите шест месеци по заострувањето во 2020 година и почетокот на 2021 година. Сепак, додека кредитните услови се олеснија за
Седиштето на Европската инвестициска банка во Луксембург
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ u Европската инвестициска банка (ЕИБ) е институција за долгорочно
кредитирање на Европската Унија во сопственост на нејзините земјичленки. Таа овозможува долгорочно финансирање за квалитетни инвестиции со цел да се придонесе кон целите на политиките на ЕУ. ЕИБ поддржува инвестиции и надвор од ЕУ. u За Одделот за економија на ЕИБ Одделот за економија на ЕИБ обезбедува економски истражувања и студии, како и уникатни анализи на инвестициските активности во Европската Унија и пошироко. Ја поддржува банката во нејзиното работење и во дефинирањето на нејзините позиционирање, стратегија и политика. Главниот економист Дебора Револтела го предводи Одделот: тим од 40 економисти. u За анкетата на ЕИБ за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ Анкетата на ЕИБ за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ е единствена анкета која се спроведува на секои шест месеци, со анкетирање на околу 80 локални банки, банкарски групи и финансиски институции во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Таа собира информации за кредитните стандарди, условите за кредитирање и стапките на одобрување, како и за различните домашни и меѓународни фактори кои можат да бидат одговорни за промените во кредитирањето. Се истражува и побарувачката на кредити, со анализа на барањата за кредити и нивниот квалитет. Анкетата вклучува конкретни прашања за квалитетот на кредитите и условите за финансирање на банките. Таа е планирана да изгради панел на набљудувања што може да обезбеди проценка во речиси реално време за квалитетот на банкарскиот сектор во регионот на ЦИЈИЕ. Анкетата е развиена и управувана од Одделот за економија на ЕИБ и е дел од серијата извештаи кои се изготвени заедно со ЕБОР, ММФ и Светската банка за Виенската иницијатива (http://vienna-initiative.com)
домаќинствата, тие не го направија тоа и за компаниите, особено за малите и средните претпријатија. Квалитетот на кредитите повторно почна да се подобрува по благото влошување во 2020 година. Сепак, не се очекува враќањето да продолжи во следните шест месеци, при што банкарските групи сигнализираат зголемена неизвесност, а негативните бројки укажуваат на зголемување на коефициентот на нефункционални кредити. Банките кои работат во регионот известија дека регулаторните и
политичките мерки за поддршка на кредитирањето одиграле значајна позитивна улога. Поточно, банките кои ги искористија шемите за јавни гаранции покажуваат дека овие програми биле многу ефикасни во поддршката на продолжувањето на заемите - нешто што се повторува во последните три бранови на анкети. Банките што ги користат предностите на операциите за рефинансирање на централната банка сметаат дека овие олеснувања ги поддржале кредитните услови. nnn
ДЕК.. 2021
28 КРИПТО СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
ДОДЕКА СЕ СЛУЧУВА ВИСТИНСКА КРИПТО МАНИЈА ВО ЗЕМЈАВА
МАКЕДОНСКИТЕ УГОСТИТЕЛИ САКААТ СВОЈ „БИТКОИН“
29
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Од НУК велат дека неофицијално бројот на регистрирани сметки на македонски граѓани што тргуваат со крипто средства во моментов надминува 50.000
Н
Од Независната комора на угостители ги прашуваат надлежните институции како може законски да регистрираат македонска крипто менувачница; да издадат македонски крипто средства – токени за угостителската индустрија, како и да постават крипто АТМ апарати кај реномирани угостителски објекти низ повеќе градови.
езависната комора на угостители (НУК) ја разбранува деновиве домашната јавност со својата изјава дека е заинтересирана за инвестиции и законско тргување со крипто валути преку овластена македонска крипто менувачница, со можност за онлајн купување и продавање крипто средства. Од НУК во октомври месец годинава испратиле писмо до Народната банка, министерствата за финансии и економија, УЈП и Централниот регистар, со прашање како може законски да регистрираат македонска крипто менувачница; да издадат македонски крипто средства – токени за угостителската индустрија, како и да постават крипто АТМ апарати кај реномирани угостителски објекти низ повеќе градови. „Изминатите месеци сведоци сме на експанзија од локална и глобална популаризација на работење, тргување и издавање на крипто валути. Согласно постојната македонска законска регулатива и информациите на Народна банка за крипто валути инвестирање, тргување и содавање на крипто валути во Македонија не е забрането туку истото не е законски регулирано. Моментално сите трансакции и инвестиции во крипто средства се одвиваат преку разни странски крипто менувачници или со размена на крипто средства помеѓу физички лица при што не се води евиденција односно се нема контрола на готовинските текови на пари. Големата популаризација во инвестирање и трговија со крипто средства доведе до повеќе глобални усогласувања на
тргување и евиденција на сопствениците на т.н. крипто паричници (crypto wallets) со што во различни извештаи за крипто средства се наведуваат бројки од 25.000 регистрирани сметки на македонски граѓани (неофицијално бројот веќе надминува 50.000 сметки) на кои корисниците имаат вложено повеќе стотина милиони евра во крипто валути.“, се вели во писмото на НУК.
Комората смета дека ќе се помогне туризмот и угостителството
Поттикнати од овие сознанија, од НУК изминатиов период барајќи примери во разни земји за начини на користење и употреба на крипто средства во угостителската индустрија, ги разгледувале можностите и начините за користење, трговија и издавање на крипто средства кај македонските угостители. Преку концепт на проектмодел на работа со крипто средства усогласен со ЕУ регулатива запазувајќи ја и постојната домашна регулатива НУК планира да имплементира и овозможи инвестиции и законско тргување со крипто валути преку овластена македонска крипто менувачница со можност на онлајн купување и продавање крипто средства со целосна евиденција на паричниот тек заради евиденција на даночните обврски кои произлегуваат од работењето со крипто средства. „Воведувањето на законска можност за трговија и инвестиција во македонски крипто валути за угостителската индустрија во услови кога угостителите трпат енормни штети и загуби поради пандемијата со Ковид-19 ќе придонесе инвестиции во свеж надворешен капитал со што ќе може директно да се помогне во нивната ревитализација
ДЕК.. 2021
30 КРИПТО СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Официјализирање на работење со крипто валути со официјална регистрација на македонска менувачница на крипто валути со која ќе се воведат и крипто АТМ апарати во реномирани угостителски објекти (ресторани и хотели) ќе значи и законска размена на крипто валути низ цела Македонија за домашни и странски гости, велат од Независната комора на угостители.
и анимирање на туризмот и угостителството во привлекување на потенцијални странски гости-туристи кои ќе можат на лесен и брз начин да инвестираат и плаќаат со крипто валути кај македонските угостители со што ќе може да се зголемат и забрзаат приходите од туризмот. Официјализирање на работење со крипто валути со официјална регистрација на македонска менувачница на крипто валути со која ќе се воведат и крипто АТМ апарати во реномирани угостителски објекти
(ресторани и хотели) ќе може да се врши законска и официјална размена на крипто валути низ цела Македонија за домашни и странски гости.“, велат од Независната комора на угостители.
Во Македонија не е регулирано, но не е ни забрането тргувањето со крипто - средства
Во Македонија, засега тргувањето со крипто валути засега не е регулирано никако, што не значи дека е забрането. Начини за стекнување на крипто
средства постојат, иако можеби нешто покомпликувано одошто ако сте жител на ЕУ или САД. Постојат и неколку светски платформи за тргување со крипто средства коишто поддржуваат и македонски картички, но имаат свои правила, провизии, малку здодевен метод на верификација и сл. Од Народната банка велат дека постојано ги разгледуваат релевантните прашања во врска со крипто-средствата, вклучително и нивниот третман во глобални рамки. Имајќи ја предвид и
31
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
актуелноста на оваа тема на глобално ниво, во изминатиот период, тимот на Портата за иновации на Народната банка се осврна и на најчесто поставуваните прашања во јавноста, со цел да им даде соодветни препораки на сите лица од нашата земја коишто се интересираат за крипто-средствата. Еве ги најважните укажувања на Народната банка во врска со крипто – средствата: u Како и во други земји, така и кај нас, нема општо прифатена дефиниција за крипто-средствата. Во основа, крипто-средствата се сметаат за специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, коешто не е издадено, ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка или друг регулаторен орган, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем. u Крипто-средствата не претставуваат законско средство за плаќање во нашата земја. Согласно со постојната регулатива, плаќањата во земјата можат да се вршат во домашната валута и денарот. u Како и во многу други земји, така и кај нас, не постои регулатива со која се регулираат издавањето,
вложувањето и тргувањето со крипто-средствата. Прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство. Сепак, ова не значи дека работењето со крипто-средствата е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано. u Вложувањето во крипто-средства се смета за високо ризично. Сите коишто вложуваат или имаат намера да вложат во крипто-средства треба да бидат исклучително внимателни и добро да се информираат за потенцијалните ризици на кои се изложени и ефектите од таквите вложувања. u Високиот ризик што го преземаат лицата кои вложуваат во крипто-средства произлегува од исклучително високата променливост на нивната пазарна цена, што значи дека за краток временски период се можни исклучително високи промени во пазарната цена на крипто-средствата (како во нагорна, така и во надолна насока). Сите кои вложуваат треба да бидат свесни дека вредноста на крипто-средствата може да биде и нула.
u При вложувањето во крипто-средства,
лицата се изложуваат и на бројни оперативни ризици и други ризици од загуба на нивниот имот, посебно во услови на развој на голем број децентрализирани инфраструктури врз коишто се заснова поседувањето на крипто-средствата и нивната нерегулираност во глобални рамки. Со оглед на тоа дека издавањето, вложувањето и тргувањето со криптосредствата зависат од компјутерски системи и софтвери, во оваа сфера многу големо значење имаат ризиците поврзани со дигиталниот простор и можноста за т.н. хакерски напади и губење имот. u Финансиските институции можат да одбијат спроведување платежни трансакции што се поврзани со вложување во крипто-средства, доколку оценат дека таквите трансакции ги изложуваат нив или нивните клиенти на високо ниво на ризик од перење пари или финансирање тероризам. u Вложувањата во крипто-средства не се гарантирани и не постои механизам преку кој лицата ќе бидат обесштетени. Оттука, ако пропадне платформата преку која се врши тргувањето или субјектот кој издал некое крипто-средство, не постои механизам за обесштетување на имателите на крипто-средства. nnn
ДЕК.. 2021
32 ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
ПАНЕЛ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ
ПЕТ АМБАСАДОРИ НА ЕУ ЗЕМЈИ ДИСКУТИРАА ЗАЕДНО СО СТУДЕНТИТЕ НА ТЕМА ИДНИНАТА НА ЕВРОПА
ПЕРСПЕКТИВА ОД ЗЕМЈА КАНДИДАТ
33
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Студентите разговараа со амбасадорите за можностите за квалитетно образование, за прашањето за миграцијата на младите, геополитичките предизвици доколку не се интегрираат земјите од Западен Балкан, реформите на европските институции, за авторитарните тенденции во Европа, како и за прашањето како да се надминат ситуациите на блокада од една земја-членка поради сегашниот принцип на консензус.
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
М
акедонија несомнено заслужува да ги отпочне преговорите за членство во Европската унија, ветувањата кон земјите од Западен Балкан треба да се исполнат, бидејќи во спротивно, се разнишува кредибилитетот на Унијата. Ова беше една од пораките од панел дискусијата на пет амбасадори на ЕУ земји во земјава, одржана на Универзитетот Американ Колеџ Скопје деновиве, на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја кандидат за членство во ЕУ“. На настанот зедоа учество амбасадорите од Вишеградската група – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, како и амбасадорот на Словенија, земјата актуелен претседавач со Унијата. Панелот е дел од големата паневропска иницијатива „Конференција за иднината на Европа“ во која за
првпат можност за учество имаа и македонските граѓани, односно студентите од УАКС. Дискусијата ја отвори унгарскиот амбасадор во земјава, Ласло Иштван Дукс, којшто истакна дека „Конференција за иднината на Европа“ била иницирана од владите на Франција и Германија со цел заеднички да се адресираат предизвиците пред коишто е исправена ЕУ. „Принципот на овој процес е да се слушаат граѓаните, особено младите луѓе колку што е можно повеќе, околу тоа што очекуваат од европската соработка, кои се најважните проблеми за нив и како ЕУ може да помогне да се адресираат.“, рече Дукс. Тој додаде дека неговата земја, Унгарија, заедно со останатите членки на Вишеградската група се силни поддржувач на политиката на проширување на ЕУ, и затоа тие уште на почетокот се залагале да се вклучат земјите кандидатки во „Конференцијата за иднината на Европа“, со оглед дека нивните
Македонија има јасни перспективи како членка на Европската унија. Ветувањата кон земјите од Западен Балкан треба да се исполнат, бидејќи во спротивно, се разнишува кредибилитетот на Унијата, беше една од главните пораки на панел дискусијата на пет амбасадори на ЕУ земји во земјава, одржана на Универзитетот Американ Колеџ Скопје деновиве, на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја кандидат за членство во ЕУ“. Mожност за изразување на своите мислења добија и студентите на УАКС, кои отворија повеќе значајни теми за дискусија. Панелот беше дел од програмата организирана од страна на унгарското претседателство на Вишеградската група и УАКС со цел да се потенцира важноста од процесот на проширување и вклучување на граѓаните од земјите на Западен Балкан, посебно младите, во процесот на креирање на иднината на Европа. граѓани еден ден исто така ќе бидат граѓани на ЕУ. „Иако на крајот, земјите кандидатки не беа вклучени формално, веруваме дека е секако многу битно да се слушнат нивните идеи и ставови. Ова особено важи за младите луѓе, коишто како Европејци, и идни ЕУ граѓани , мора да имаат свој глас во овој процес. Земјите кандидатки имаат ветување од ЕУ дека штом ги исполнат критериумите, може да и се приклучат на организацијата. Вишеградската група на земји смета дека ЕУ треба да го почитува ова ветување и да го одржи кредибилен процесот на проширување. Нашите
ДЕК.. 2021
34 ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
На настанот зедоа учество амбасадорите од Вишеградската група – Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, како и амбасадорот на Словенија, земјата актуелен претседавач со Унијата. Панелот е дел од големата паневропска иницијатива „Конференција за иднината на Европа“ во која за првпат можност за учество имаа и македонските граѓани, односно студентите од УАКС.
земји и се придружија на ЕУ во 2004 година, ние досега имавме голем бенефит од членството и убедени сме дека земјите од Западен Балкан би имале исто така. Земјите од Вишеградската група на сите форуми досега се залагале за старт на преговорите за членство со Република Северна Македонија, како и со Албанија, без понатамошни одлагања. Се надеваме дека одлука за ова се уште може да се донесе за време на претседателството на Словенија до крајот на оваа година. “, рече Н.Е., амбасадорот Дукс.
Реформите да се прават заради себе, а не заради ЕУ
Мирослав Томан, амбасадор на Чешка, подвлече дека Европската унија би била нецелосна без земјите од Западен Балкан. Во јули 2022 г. започнува чешкото претседателство со Унијата и тој искажа надеж дека и пред тоа ќе се најде начин за забрзување на процесите на проширување. „Позициите на Чешката република, односно приоритетите за време
на нашето претседателство со ЕУ догодина би ги сублимирал во пет главни точки: Европа интерконектирана - понатамошен развој на заедничкиот пазар, дигитализација, транспарентен даночен систем, европска правосудна соработка, развој на транспортна инфраструктура; Силна и безбедна Европа - продлабочена соработка со НАТО, европски иницијативи за истражување на вселената, сигурни граници, енергетска сигурност; Одржлива и здрава Европа – квалитет на здравје, храна, вода, одржлив економски развој; Европа паметна и креативна – едукација, развој на конкурентноста; развој на нови технологии во Европа“, објасни Н.Е., амбасадорот Томан. Според Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачка, нештата треба да се погледнат од поинаква перспектива и да се зборува не само за проширување, туку за интеграција, односно приемот на новите членки треба да подразбира нивна ефективна интеграција. Притоа, неопходните реформи треба да се направат пред се’
поради придобивките на самите земји кандидати, а не исклучиво со цел да се добие членство во ЕУ. „Помогнете си прво себеси, за да ви помогне ЕУ“, беше пораката на амбасадорот Маркуш. Амбасадорот на Полска, Војциех Тицињски, го поддржува македонското членство во Унијата без какви било услови и, од геополитички аспект, смета дека треба многу да се внимава да не се дозволи влијание во регионот на земји што не ги споделуваат демократските вредности на Унијата. Милан Предан, амбасадор на Словенија, изнесе оптимизам за членството на земјата во ЕУ и покрај неповолните околности во овој период, особено фактот дека треба да биде избрана нова влада во Бугарија. Тој се надева дека ќе се постигне билатерален решение и дека ќе се надминат разликите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. „Словенечкото претседателство во втората половина од годинава беше прилично напорен процес, со оглед на неколкуте предизвици што
35
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Н.Е. Мирослав Томан, амбасадор на Чешка (со микрофонот), подвлече дека Европската унија би била нецелосна без земјите од Западен Балкан. Во јули 2022 г. започнува чешкото претседателство со Унијата и тој искажа надеж дека и пред тоа ќе се најде начин за забрзување на процесите на проширување. ги имавме. Клучното прашање е како да се подготви ЕУ за следните кризи, затоа што гледаме дека изминативе неколку кризи, како мигрантската криза од 2015, потоа корона кризата, бевме прилично затекнати и недоволно подготвени. На пример, требаше да увезуваме заштитни маски и респиратори од земји надвор од ЕУ, затоа што производството во меѓувреме се преселило на други континенти. Мораме да мислиме на автономија во стратешките производства, да не бидеме зависни од трети земји. Мора да се постигнат компромиси меѓу Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија околу некои прашања, што е доста исцрпувачки и напорен процес.“, рече Н.Е., амбасадорот Предан. Во моментот, смета тој, важно е фокусот да биде на реформите во земјава и нивната имплементација. Тој, исто така, ја истакна и важноста од квалитетното образование и враќањето на стручните кадри во земјата со цел за подобрување на општите услови на живеење.
Што ги мачи младите?
По амбасадорите, можност за изразување на своите мислења добија и студентите на УАКС, кои отворија повеќе значајни теми за дискусија. Меѓу другото, студентите разговараа со амбасадорите за можностите за квалитетно образование, за прашањето за миграцијата на младите, геополитичките предизвици доколку не се интегрираат земјите од Западен Балкан, реформите на европските институции, за авторитарните тенденции во Европа, како и за прашањето како да се надминат ситуациите на блокада од една земја-членка поради сегашниот принцип на консензус. Студентите имаа можност да добијат директни информации за темите што ги интересираат, а амбасадорите го слушнаа гласот на младите од Македонија и што значи за нив Унијата и членството во неа. Очекувано, најинтересни теми за студентите беа нивните перспективи во контекст на приближувањето кон ЕУ, проблемите на невработеноста,
одливот на кадри, и дали тој проблем ќе се влоши по евентуалното пристапување во Унијата, како што се случи на пример во Бугарија, Романија, итн. Амбасадорите сметаат дека одливот на мозоци, или brain drain, не мора да значи дека ќе биде голем проблем и за земјава, во перспектива. „Кога станувате членка на ЕУ, факт е дека се соочувате со првичен одлив на кадри, затоа што границите се отвораат, луѓето добиваат работни дозволи и сл. Некои луѓе и се враќаат дома по извесно време поминато во други земји, па потоа пак одат надвор, итн. Сега, на пример, оние што се во ЕУ на работа, а доаѓаат од земји што не се членки, се плашат да си дојдат дома, затоа што потоа има опасност да не можат пак назад, поради бирократски компликации и сл. Кога сите се членки на Унијата, флуктуацијата е многу полесна. Оние што сакаат да се иселат од државата, и сега наоѓаат начини за тоа, затоа мислам дека нема да има голема разлика“, смета унгарскиот амбасадор Ласло Дукс. Словенечкиот амбасадор Милан Предан, се надоврза со мислењето дека влегувањето во ЕУ носи со себе економски придобивки. nnn
ДЕК.. 2021
36 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Судејќи според објавените прогнози, 2022 година ќе биде обележана со два клучни тренда: пандемија и дигитализација. Се разбира, не треба да сте особено талентиран експерт за да дојдете до тој заклучок, но следната година сепак ќе донесе некои новини. За почеток, ќе се троши повеќе, а буџетите за рекламирање, убедени се медиумите, ќе се искачат на нивоа од пред пандемијата до крајот на 2022 година, на околу 254 милијарди долари.
МАРКЕТИНГ ВО (ПОСТ)ПАНДЕМИЈА
ТРЕНДОВИ НА КОИШТО ДА ВНИМАВААТ ОГЛАС
О ТРЕБА СУВАЧИТЕ ВО 2022
37
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
ДЕК.. 2021
38 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Според анализата на Hubspot, најдобро е видеото на Instagram да трае триесет секунди, на Twitter да ја повлечете границата на 45 секунди, а Facebook трпи брендирана видео содржина од една минута.
О
ва е период од годината кога почнуваат божиќните и новогодишните хитови да се пуштаат по радијата, а експертите за маркетинг и медиуми „ѕиркаат во кристалните топки“ и прават предвидувања за следната година. Судејќи според објавените прогнози, 2022 година ќе биде обележана со два клучни тренда: пандемија и дигитализација. Се разбира, не треба да сте особено талентиран експерт за да дојдете до тој заклучок, но следната година сепак ќе донесе некои новини. За почеток, ќе се троши повеќе, а буџетите за рекламирање, убедени се медиумите, ќе се искачат на нивоа од пред пандемијата до крајот на 2022 година, на околу 254 милијарди долари. Како што неодамна напиша на својот блог консултантскиот бренд специјализиран за проучување трендови, Exploding Topics, паметните огласувачи ќе ги инвестираат своите буџети во следните дванаесет месеци следејќи ги петте нови маркетинг трендови кои подеднакво го започнаа својот пат во светот со Ковид-19 и забрзаниот технолошки напредок, главно дигитализацијата.
Видео рекламите стануваат сè пократки
Така, на пример, сè пократките видео реклами се првиот голем тренд што го забележаа консултантите од Exploding Topics. Како што објаснија, корисниците денес имаат сè помалку време, нерви и трпение да консумираат долги видеа. Поточно, истражувањето покажа дека повеќе од четвртина од возрасните
корисници на Интернет го исклучуваат видеото по само десет секунди, а половина од нив издржуваат само двојно подолго, околу дваесет секунди. Според анализата на Hubspot, најдобро е видеото на Instagram да трае триесет секунди, на Twitter да ја повлечете границата на 45 секунди, а Facebook трпи брендирана видео содржина од една минута. Во наредните години оваа временска рамка дополнително ќе се скрати, па на огласувачите им се препорачува да бидат што е можно поконцизни и привлечни во првите секунди, односно пред корисниците да можат да кликнат на копчето „прескокни“. Одличен пример за тоа е видео кампањата на брендот Hefty од 2017 година, којшто ги рекламираше своите чаши за забава со видео кое прикажува луда канцелариска забава за само шест секунди. Техно музиката и ликовите кои неодоливо потсетуваа на култната хумористична серија „The Office“ беа доволни да го привлечат вниманието на корисниците кои кликнаа на копчето за повторување наместо прескокнување и уживаа во лудото видео од шест секунди коментирајќи дека тоа е „една од најдобрите реклами на сите времиња“... Покрај скратувањето на дигиталните видео реклами, се губи и аудио компонентата.
Не ги иритирајте корисниците
Сè повеќе и повеќе мудри огласувачи ги земаат предвид коментарите на корисниците, од кои меѓу најчестите е за автоматското прикажување на рекламите и со звукот засилен до крај. Истражувањата покажаа дека ова
иритира дури 66 отсто од корисниците, па затоа не треба да сте генијалец за да разберете дека таквите реклами нема да поминат најдобро кај потрошувачите и дека тие нема да бидат среќни да кликнат и слушаат до крај за тоа што сака брендот сака да им каже, односно продаде. Oвие outstream реклами стануваат се’ почест избор за огласувачите бидејќи се прикажуваат додека корисникот консумира/чита друга содржина. Според статистичките податоци, тие имаат повисок CTR (click-through-rate), но и подолга стапка на ангажираност од instream видео огласувањето. Исто така, истражувањата покажуваат дека 85 отсто од корисниците на Facebook и 79 отсто од корисниците на LinkedIn гледаат видеа со пригушен звук, така што огласувачите немаат друг избор освен да го задржат нивното внимание со интересни визуелни елементи или, на пример, графика. Комуникациската платформа Slack се истакнува во овој жанр и користи одлични анимации кои успеваат ефективно да пренесат порака до корисниците.
Гејминг индустрија и вештачка интелигенција
Третиот, прилично важен тренд кој, според Exploding Topics, ќе ја одбележи 2022 година е индустријата за игри, главно игри на паметни телефони. Уште во раните денови на пандемијата, побарувачката за мобилни игри силно порасна, а овој пазар порасна за 272 проценти во последните пет години. Повеќето љубители на мобилните игри (70 проценти од нив) рекле дека попрво би
39
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
ДОКАЖАН ПАРТНЕР НА БИЗНИСОТ Ни ден повеќе без камата на вашата сметка
0.5% за МКД и 0.3% за ЕУР ФЛЕКСИБИЛНО користење на средства во секое време 24/7 управување со сметката преку е-банкарство КАМАТА по видување со месечна исплата
mkd.info@procredit-group.com
www.pcb.mk
ДЕК.. 2021
40 СВЕТ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
Според анализата на Hubspot, најдобро е видеото на Instagram да трае триесет секунди, на Twitter да ја повлечете границата на 45 секунди, а Facebook трпи брендирана видео содржина од една минута. се откажале од социјалните платформи и телевизијата отколку од нивните омилени игри, така што тоа е, без сомнение, индустрија во која огласувачите ќе инвестираат многу пари во 2022 година. Покрај рекламирањето на нивните брендови со класични видео банери, тие ќе соработуваат со апликациите и ќе ги нудат своите производи во играта или ќе станат дел од програма за наградување за да го направат нивното присуство што е можно помалку наметливо, природно и ефективно. Компаниите како Unilever, Coca-Cola и Ford веќе инвестираат многу во рекламирање во самите игри (in-game), а другите големи брендови веројатно ќе им се придружат бидејќи индустријата за мобилни игри се проценува дека вреди 174 милијарди долари до крајот на оваа година ( во 2018 година вредеше 41,7 милијарди). На пример, само во Јужна Азија, со игрите за паметни телефони се забавуваат повеќе од 250 милиони корисници. Освен што се оптимисти за растот на индустријата, аналитичарите предвидуваат и бум на технологијата за вештачка интелигенција, но и нејзиното растечко влијание врз маркетинг светот. Индустријата за вештачка интелигенција имаше вредност од 9,5 милијарди долари само пред три години, а до 2027 година се проценува дека ќе порасне на 250 милијарди долари. Interactive Advertising Bureau наведе дека уште минатата година 80 отсто од дигиталните огласувачи ја користеле оваа технологија на некој начин. Алатките за вештачка интелигенција значително го подобруваат таргетирањето, квалитетот на податоците, перформансите на рекламирањето и, следствено, повратот на инвестицијата (ROI).
„Хуманоидни“ брендови
Сепак, напредокот во технологијата што ги подобрува резултатите нема да биде доволен доколку маркетерите не го интегрираат најновиот тренд во нивниот
Прилично важен тренд кој, според Exploding Topics, ќе ја одбележи 2022 година е индустријата за игри, главно игри на паметни телефони. Уште во раните денови на пандемијата, побарувачката за мобилни игри силно порасна, а овој пазар порасна за 272 проценти во последните пет години. бизнис во 2022 година - автентичноста. Имено, дури 75 отсто од потрошувачите, особено милениумците и претставниците на генерацијата Z, повеќе и веруваат на содржината на просечниот корисник отколку на оној што го пласира брендот. Свесни дека нивните клиенти претпочитаат „хуманоидни“ брендови, односно оние кои оставаат впечаток дека се луѓе, а не компании, тие прибегнуваат кон социјалните платформи каде објавуваат содржини генерирани од корисниците, ги повикуваат корисниците да дизајнираат содржина за нив или воспоставуваат соработка со влијателни лица кои стануваат нивни гласноговорници. И следната година, инфлуенсерскиот маркетинг ќе продолжи да доминира и да расте до 15 милијарди долари. Како добар
пример за прифаќање на овој тренд, консултантите го посочуваат примерот на брендот за садови Lenox, кој во една од своите кампањи ангажираше дури 32 инфлуенсери. Овие влијателни корисници на Instagram добија задача да ги претстават садовите за готвење Lenox во својот дом, но на уникатен, традиционален и нетрадиционален начин. Колку кампањата и се допадна на јавноста говори и фактот што таа го надмина планираниот досег за цели 400 отсто. Во секој случај, огласувачите кои држат до себе при креирањето кампањи за 2022 година треба да внимаваат на промената на навиките на потрошувачите, на фактот дека пандемијата ги доближи уште повеќе до дигиталните технологии, но и да ја ценат автентичноста повеќе од кога било.
nnn
41
ДЕК. 2021
KAPITAL.MK I БРОЈ 1117
ТОП 5 СОВЕТИ ЗА УСПЕХ НА СТАРТАП БИЗНИСИ Многумина се стремат да бидат шефови во сопствен бизнис, но почнување на бизнис може да биде многу тешко. Во прилог се пет чекори кои можат да помогнат да се стигне до успехот.
И
дејата за основање на бизнис на почеток е возбудлива, но за да успеете, критично е да сте подготвени колку што е можно повеќе и да бидете решени да издржите низ непредвидливото патување. Без разлика дали започнувате бизнис за шетање на кучиња или создавате апликација за да им помогнете на потрошувачите да управуваат со своите финансии, овие пет совети ќе ви помогнат полесно да дојдете до успехот:
Добро запознајте го пазарот
Пред да започнете да работите на бизнис планот, од клучно значење е да потрошите доволно време за истражување на вашата индустрија и производ или услуга што ќе ја понудите на пазарот. За да се осигурате дека вашите вештини се соодветни за да се натпреварувате со вашите конкуренти можете да се запишете и на некој дополнителен курс. Кога го проучувате вашиот пазар и конкурент, може да видите можност за вашиот бизнис да напредува во друг град или држава. На пример, Берлин беше магнет за основачите во 2017 година, при што инвестициите во ново-лансираните компании скокаа за 88% на 4,3 милијарди евра. Креирајте стратегија која ќе може
да привлече инвеститори
Привлекувањето на инвестиции од банки или некои други институции е клучен чекор за да го направите вашиот почеток успех. Затоа, од витално значење е да имате доверлив, концизен
и транспарентен бизнис план, пред да пристапите кон потенцијалните инвеститори. Треба да бидете во можност самоуверено да одговорите на прашања на вашите конкуренти и како да се издвоите во вашата индустрија. Исто така, ќе треба да бидете во можност да одговорите на прашањата за тоа каде ќе работи вашиот бизнис, каде ќе биде во следните пет, 10, 15 години и, конечно, колку вработени ќе ви требаат и за која улога конкретно. Финансиското планирање и буџетирање се од клучно значење за опстанокот на новиот бизнис, па затоа, како основно ниво, треба да бидете подготвени најмалку за една година однапред. Но, не заборавајте да одвоите пари и за некакви неочекувани и непредвидени трошоци. Слушајте ги клиентите
Вашите клиенти се оние кои ќе го направат вашиот бизнис успешен. Затоа слушајте ги нив и нивните мисли преку истражување на пазарот. Додека 89,5% од стартапите сметаат дека нивните производи се новина на пазарот, Fortune ја открива главната причина зошто новите бизниси не успеваат. Тоа е недостаток на потреба за нивните производи или услуги на пазарот. Може да се надевате дека вашата идеја е токму она што пазарот го сака, но навистина слушајте што вели вашите публика; ако велат дека не се заинтересирани, едноставно не вреди да губите време и ресурси да се обидувате да ги убедите поинаку.
Барајте совети од ментори
Во моментов, три од секои четири стартапи во Европа се основани независно - но тоа не значи дека се сосема сами во отпочнување на бизнисот. Со милиони бизниси кои работат низ Европа, постојат бројни деловни луѓе кои веќе биле на ваша позиција, кои најверојатно ќе имаат богатство совети за започнување на нов бизнис. Без разлика дали е од професионалец, пријател, член на семејството или колега, учење од искуствата и грешките на другите луѓе - особено оние кои работат во вашата индустрија - ќе ви помогне да се подготвите за слични предизвици како што се подготвувате да го отворите вашиот нов бизнис. Исто така, корисно е да побарате совет од професионалци, кои ќе ве водат низ сите закони што треба да ги почитувате во работењето. Упорноста е клуч за успех
Во морето активни претпријатија, треба да пронајдете начин да се издвоите и да останете релевантни. За да го направите ова, треба да имате ефективни тактики за промовирање и техники за поддршка на бизнисот, и онлајн и офлајн. Бидете активни на социјалните медиуми, вмрежување со вашите следбеници и ангажирање со вести од индустријата. Ова се одлични начини да бидете забележани од потенцијалните клиенти. Но, не ја потценувајте моќта на потрадиционалните техники, како што се промовирање на од уста на уста, односно преку задоволни клиенти. Како сопственик на бизнис, постојано треба да бидете во потрага по било каква можност да започнете разговор за вашите услуги. И тоа треба да го правите континуирано. Со само 40% од малите бизниси кои ги преживуваат првите пет години, важно е да останете фокусирани, да го ажурирате вашиот бизнис план и постојано да барате начини да се подобрите вие лично како сопственик на бизнис, како и услугите што ги нудите.