1120-Kapital magazin

Page 1

КОЧО АНЃУШЕВ ЛАСЕРСКИ ТОЧНО ГИ ОБЈАСНУВА ПРИЧИНИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

ОВА Е ПОВЕЌЕ ФИНАНСИСКА КРИЗА – СТРУЈА ИМА, НО Е СКАПА!

ИГОР ГЕШОВСКИ

основач и главен извршен директор на ЕЛС

КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ БРОЈКИТЕ РАСТАТ, ЛИДЕРИ СМЕ ВО ПРИВАТНАТА ДОСТАВА НА ПРАТКИ

business magazine

STAND BY БРОЈ 1120 l 11 февруари 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

ЉУПЧО ЗИКОВ

ЗА МЕДИУМИТЕ! МАКЕДОНИЈА

COVER STORY ПАДНА ДОГОВОР: МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ БИДЕ 18.000 ДЕНАРИ

ЕКОНОМИЈА

ИЗВОЗОТ ИЗЛЕЗЕ ОД КАРАНТИН

INTERVIEW

ДИОМИДИС НИКОЛЕТОПУЛОС

ГЕНЕРАЛЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

УСПЕХОТ НИ ОВОЗМОЖУВА ДА ПОДДРЖИМЕ И ПОГОЛЕМИ И ПОЗНАЧАЈНИ ПРОЕКТИ КАКО 15-ГОДИШНИОТ ДАВОР ГО СОЗДАВА СВОЈОТ МОДЕН БРЕНД

VANITY – ОБЛЕКА ЗА СИТЕ ШТО НЕ СЕ ПЛАШАТ ДА БИДАТ ПОРАЗЛИЧНИ

КОЛКУ СЕ БЕЗБЕДНИ МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?

МНОГУ НЕСРЕЌИ, НЕДОВОЛНО ОДГОВОРНОСТ

PROFILE COMPANY

РАЗГОВАРАВМЕ СО ЃОШЕ МИТЕВ, КОМЕРЦИЈАЛЕН ДИРЕКТОР НА „ВЕТЕКС“



3

КАПИТАЛ... 1120 04

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

06

STAND BY

COVER STORY

Љупчо Зиков

Падна договор: минималната плата ќе биде 18.000 денари

основач на Капитал За медиумите...

11 ФЕВ. 2022

14

ИНТЕРВЈУ

Диомидис Николетопулос генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД Скопје

22

ЕКОНОМИЈА

Извозот излезе од карантин

Зголемените цени го „набилдаа“ растот на извозот лани, за годинава поумерени прогнози

26

38

Кочо Анѓушев ласерски точно ги објаснува причините за енергетската криза

Колку се безбедни македонските патишта?

ЕНЕРГЕТИКА/КРИЗА

ИНТЕРВЈУ

Игор Гешовски

основач и генерален извршен директор на ЕЛС Конечно добри вести бројките растат, лидери сме во приватната достава на пратки STAND BY Љупчо Зиков, основач на Капитал.......04 За медиумите... COVER STORY Падна договор: минималната плата ќе биде 18.000 денари...............06 Во минималната плата се’ содржи се што македонскиот човек, било да е работник или газда, успеа да створи и направи во 30 години македонска независност! И затоа оваа тема е многу важна! ИНТЕРВЈУ Диомидис Николетопулос генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД Скопје....................................................................14

Успехот ни овозможува да поддржиме и поголеми и позначајни проекти

32

Ова е повеќе финансиска криза – струја има, но е скапа!

ЕКОНОМИЈА Извозот излезе од карантин................22 Зголемените цени го „набилдаа“ растот на извозот лани, за годинава поумерени прогнози ИНТЕРВЈУ Игор Гешовски, основач и генерален извршен директор на ЕЛС..............................26 Конечно добри вести - бројките растат, лидери сме во приватната достава на пратки ЕНЕРГЕТИКА/КРИЗА Кочо Анѓушев ласерски точно ги објаснува причините за енергетската криза.......................................32 Ова е повеќе финансиска криза – струја има, но е скапа! МАКЕДОНИЈА Колку се безбедни македонските патишта?...........................38

МАКЕДОНИЈА

Многу несреќи, недоволно одговорност

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Разговаравме со Ѓоше Митев, комерцијален директор на Ветекс АД Велес..............................................44 Врвни репроматеријали, квалитетни машини и вредни работници се клучот за нашиот успех КОЛУМНА Сашо Дуљанов, директор за односи со јавност во Публицис....................................50 КРЕАТИВНА ИНДУСТРИЈА Како 15-годишниот Давор го создава својот моден бренд................52 Vanity – облека за сите што не се плашат да бидат поразлични СВЕТ Спојувањата и преземањата достигнаа рекордни нивоа во 2021......................................................................58

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 10.02.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


КОЛУМНА / STAND BY / /

ЗА МЕДИУМИТЕ!

В

о македонското новинарство, со мали паузи, работам речиси триесет години. Дваесет и две години и како основач на овој магазин, портал ... Во меѓувреме тимски изградивме и една телевизија која во 2009 беше брутално превземена ... Денес не можете да ја препознаете оти е удавена во политичко – финансиската манипулација со парите од Будимпешта. Но, друго ми е поентата за денес ... Никогаш новинарството и медиумите не биле поевтини и на пониско ниво како што е денес. Да не можеш да препознаеш дали е новинарство или гола најевтина пропаганда. Не само кај политичкото новинарство, дури уште повеќе кај она што значи бизнис рипортинг, новинарството посветено на граѓанското општество и демократијата ... Површно, брзо, плитко ... Да не зборуваме дека во овој медиумски простор каков што го имаме денес не постојат основни медиумски содржини од типот на репортажи, документарни филмови, домашни продуцирани серии, обработка на културни настани (овде култура и настани од културата како и да не постојат, а постојат). Новинарите, со честа на исклучоците (има една силна профи групација таргетирана во неколку телевизии, весници и магазини и во мал број интернет портали), се се’ повеке лица кои од примитивно егзистенцијални причини се позиционирале во морето вебови, интернет сајтови, инфлуенсери 4

КАПИТАЛ

11 I 02 I 2022

Љупчо Зиков

Зборуваме за лаги и манипулации, за феноменот на фејк њуз ... манипулацијата со информациите, спинувањето на вести. Сведоци сме на драматично поевтинување на новинарскиот производ. Дојде такво време да еден просечен политичар може да организира буџет за финансирање на три портали и два до три инфлуенсери на фејзбук и да стане многу важен и вирален и читан. Иако не и релевантен во јавниот простор! Во тој јавен простор сместен во нашите телефони се судираат разни манипулации, шпекулации, политички и бизнис инсинуации ... корпоративни текстови, покани за настани и курсеви за учење, политички и партиски прогласи, вицеви и зезања ... И се тоа одеднаш како контент ние го консумираме по 3 до 5 часа на ден преку социјалните мрежи. Конфузија!

демек, разни партиски пропагандисти и ботови ..., каде се се’ сведува на еден таканаречен „софистициран рекет„. Се’ тоа денес се нарекува новинарство!?! Трудот на вистинските новинари е реално обезвреднет, а ваквите профили се повеќе можете да ги видете на тотално тривијални позиции во некои мали компании (а колкави можат да бидат во Македонија), портпароли на разни институции каде што во суштина ништо не кажуваат ... Партиите, пак, имаат свои вакви арсенали. И овој текст што сега го читате веќе за пет минути по објавувањето ќе наиде на илјадници „хејтери„, разни ботови, кои ќе тргнат фронтално против моите ставови. Тоа тој примитивен момент кај медиумите што ниеден надлежен не сака да тргне да го решава. Затоа овде многу дебати, добро поставени, завршуваат пред да почнат. Она што е иманентно за времето по падот на режимот на Груевски, па се до денес, е фактот дека во последниве четири до пет години ... со оваа власт предводена од СДСМ се инсистира на дебата за секое прашање (се разбира во голема мерка ваквата пракса е „китка на реверот„ на оваа власт, што таа сама си ја закачи, како длабоко демократско остварување. Колку е да е демократски овој пристап, оваа власт смета дека со било каква дебата се подобрува квалитетот на владината или општествената нова акција)!? Но, овде не се има предвид кои се актерите на дебатата и со какви намери влегуваат во неа. Кој стои на другата страна, зад тастатурите. Тоа се луѓе кои

дебатираат за минималната плата, ама нити знаат што таа значи, нити ги интересира ... Тие само заработуваат дневница која може да биде и повисока од месечната минимална плата!?! Една невладина организација од САД пред три месеци ме замоли да искоментирам на оваа тема. Значи се поставува прашањето, во вакви околности колку се одржливи независните медиуми? Заклучоците за тоа, што е тоа независност на медиуми денес, се производ и анализата на целиот „океан„ од се она што денес сметаме за медиуми воопшто: класични медиуми (телевизија, весници, радио), потоа интернет медиуми - веб страници, портали, интернет видео, подкасти, па се до сегментот што најверојатно ја прави и најголемата деструкција и дисторзија во таканаречениот медиумски простор, а тоа се социјалните мрежи на кои се налепени и сите останати медиуми што ги набројав претходно. Но, она што е веројатно проблем овде, е што за медиуми претендираат и гласила (физички лица или агентури) на компании, разни организации владини и невладини, политички партии, па се до конкретни физички лица (специјално платени) модерно наречени инфлуенсери ... Сите нешто пишуваат, сите станаа важни, ексклузивни ... или како што еден мој пријател од Србија неодамна ми вели ... „Брате сви нешто „инфлуеншишу„, и то се данас зове новинарство и медије ... Оттука, директната последица на оваа инфлација од контент е намалениот квалитет на содржините што се читаат или гледаат. На социјалните мрежи се судираме со многу содржина! Нема креативна ljupco.zikov@kapital.mk


уредувачка политика, нема креативност во текстовите! Портал правите за три дена, не ви се потребни нешто специјално обучени новинари, можете дури и сами од кујна да постирате текстови!?! Зборуваме за лаги и манипулации, за феноменот на фејк њуз ... манипулацијата со информациите, спинувањето на вести. Сведоци сме на драматично поевтинување на новинарскиот производ. Дојде такво време да еден просечен политичар може да организира буџет за финансирање на три портали и два до три инфлуенсери на фејзбук и да стане многу важен и вирален и читан. Иако не и релевантен во јавниот простор! Во тој јавен простор сместен во нашите телефони се судираат разни манипулации, шпекулации, политички и бизнис инсинуации ... корпоративни текстови, покани за настани и курсеви за учење, политички и партиски прогласи, вицеви и зезања ... И се тоа одеднаш како контент ние го консумираме по 3 до 5 часа на ден преку социјалните мрежи. Конфузија! Оттука, денес во голема мерка новинарството и медиумите се искомпромитирани, и затоа медиумите, особено класичните какви што ги знаеме на краток и среден рок имаат проблем со одржливоста. На долг рок ќе преживеат оние медиуми кои ќе се трансформираат и квалитетно ќе влезат во фазата на тотална дигитализација. При тоа да задржат квалитетна продукција на контент, препознатливост на брендот и квалитетна и одржлива уредувачка политика (карактерот на медиумот). Но сево ова на долг рок. Зошто? Сето ова е драматично поевтино за компанијата која огласува од порано. facebook.com/ljupco.zikov

Но, јас би додал дека тоа е неквалитетен оглас за компанијата затоа што компанијата огласувач го губи фокусот на својот оглас и што е поважно вниманието од страна на медиумот. Социјалните мрежи се големо море во кое пливаат милијарда мали риби, тоа е галаксија со се и сешто, па така од големото количество на контент произведен, големо количество останува и непрочитано и незабележано ... Оттука, колку и да е поевтино огласувањето во споредба со порано, ако го нема ефектот на квалитетна видливост и препознатливост огласот залудно е потрошен. Таквиот оглас е прескап за компанијата ... Моментот е таков да приходите кај класичните медиумите во голема мерка паѓаат во последните години, а приходите кај дигиталните медиуми не растат брзо ... Проценувам дека ќе слабее обемот и квалитетот на важниот контент, редакциите ќе губат луѓе поради неможноста да се обезбедат квалитетни плати, новинарите ќе „бајпасираат„ со тоа што ќе си прават свои портали и ќе се закачат на платниот список на агенциите, компаниите, политичките партии како инфлуенсери. Но, и таму нема место за сите. Така паѓа квалитетот и се’ поевтинува. Огласувачите, на крајот од денот, не добиваат ништо специјално за тоа што го трошат во маркетинг. Во овој момент најмногу можеби добиваат политичарите затоа што релативно евтино добиваат многу простор во она што се нарекува квази медиумски простор (јавниот простор на социјалните мрежи). Се зголемува нивното влијание со тоа што често се на социјалните мрежи, но се зголемува и манипулацијата. Се зголемува и бројот на новинари кои работат, не

Како да се продолжи напред? Единствено со силна дигитална трансформација! Но, паралелно на тоа инвестирање и градење на кредибилитет и силни медиумски брендови! Гледаме дека на светско ниво најголемите медиумски брендови во последните 20 до 30 години сепак не пропаднаа (или пропаднаа мал дел). Тие го задржаа карактерот и кредибилноста, уште и ги засилија сопствените брендови преку засилена дигитализација. Инвестирањето во квалитетна содржина во светот денеска е всушност главната мантра во опстанокот на медиумите. Компанијата се поевтино огласуваа и тоа не е ок. Тие трошат буџети, а добиваат неквалитетен оглас. Огласувачот го губи фокусот на својот оглас и што е поважно вниманието од страна на медиумот и јавноста. Социјалните мрежи се големо море во кое пливаат милијарда мали риби, тоа е галаксија со се и сешто, па така од големото количество на контент произведен, големо количество останува и непрочитано и незабележано ... Така и со огласите. Оттука, колку и да е поевтино огласувањето во споредба со порано, ако го нема ефектот на квалитетна видливост и препознатливост огласот залудно е потрошен. Таквиот оглас е прескап за компанијата ...!?

за политичкото известување, туку за политичари конкретно (како лични портпароли на ранг на лично обезбедување). Новинарството се претвора во гола пропаганда (евтино платена). Заклучок: во вакви услови намалува независноста на медиумите, а во голем број случаи нема независност. Значи ова е магичниот круг... Како да излеземе од него? Единствено со силна дигитална трансформација! Но, паралелно на тоа инвестирање и градење на кредибилитет и силни медиумски брендови! Гледаме дека на светско ниво најголемите медиумски брендови во последните 20 до 30 години не пропаднаа (или пропаднаа мал дел). Тие го задржаа карактерот и кредибилноста, уште и ги засилија сопствените брендови преку засилена дигитализација. Инвестирањето во квалитетна содржина во светот денеска е всушност главната мантра во опстанокот на медиумите. Мојата проценка е дека и на Балканот се случува истиот тренд иако многу бавно. Трендовите во овој правец ќе се засилат со доаѓањето на глобални медиумски корпорации во наредниот период. Тогаш веројатно ќе се зачисти и нашиот медиумски простор од шундот за кој пишував погоре. Значи излезот е во дигитална трансформација, градење на брендот, специјализација на медиумите, стабилна и предвидлива уредувачка политика. Новинарски тимови базирани на поголемо ниво на познавање и знаење на темите за известување и анализа. Ова на долг рок ... Доаѓа време кога контентот ќе стане најважен и тој ќе се плаќа. Ќе биде важно и од кого е се тоа напишано. Валутата во која ќе се плаќа ќе биде ВНИМАНИЕ од читателот (потрошеното време за читање или гледање).  КАПИТАЛ

11 I 02 I 2022

5


6 COVER STORY

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

COVER STORY

ВО МИНИМАЛНАТА ПЛАТА СÈ СОДРЖИ СЕ ШТО МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК, БИЛО ДА Е РАБОТНИК ИЛИ ГАЗДА, УСПЕА ДА СТВОРИ И НАПРАВИ ВО 30 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА НЕЗАВИСНОСТ! И ЗАТОА ОВАА ТЕМА Е МНОГУ ВАЖНА!


ПАДНА ДОГОВОР: МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ БИДЕ 18.000 ДЕНАРИ Зголемувањето на минималната плата, следствено и на другите плати во наредниот период, ќе предизвика две нешта: Прво, ќе се зголеми потрошувачката низ Македонија, таа потрошувачка ќе ја одржи понудата на пристојно ниво и ќе го врти кругот на прометот во трговијата ...Тоа е важно за економијата. Второ, ова зголемување ќе притисне кај менаџерите на компаниите за силно фокусирање на своите проекти во услови кога тие и така бараат работници (претпоставката е дека бараат мотивирани работници – мотивацијата се огледа во висината на платата, но и во напредокот на вештините на работниците, како и нивното напредување), и тука има многу работа и за сопствениците и менаџерите (сите тие работодавачи). Потребни се многу инвестиции. Темата е зголемување на продуктивноста на компаниите. Ќе мора нови инвестиции, барање нови пазари, поголем извоз, ако треба и здружувања за поголем обем на бизнис... Тоа ќе ја отвори потребата од нови работници со поголеми вештини... Тоа е таа спирала на развојот... Се тргнува од мотивацијата ... Затоа оваа одлука на Владата донесена во понеделникот навечер е добра!

7

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120


11 ФЕВ. 2022

8

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

COVER STORY

автор:

ЉУПЧО ЗИКОВ

Н

еделава што изминува беше дефинирана нова минимална плата - 18.000 денари, за 80.000 вработени во Македонија. Претходно, во последните 5 години таа беше зголемена од 9.000 денари на 15.000 денари. Значи речиси за еден мандат на сегашната владејачка коалиција предводена од СДСМ минималната плата е зголемена за 100%! Премиерот Димитар Ковачевски, кој неодамна дојде на местото на Зоран Заев на сите позиции (претседател на партијата и премиер) објаснувајќи ја оваа одлука произлезена од трипартитниот состанок Влада –Синдикати - Работодавачи (бизнисот и администрацијата), се повика на своето експозе при составот на владата – „кажав дека ќе има зголемување на минималната плата, веќе се одржаа два состанока на Економско – социјалниот совет, денеска и јас ќе присуствувам на состанокот и се надевам дека ќе изнајдеме решение на задоволство на вработените“. Решението беше најдено – 18.000 денари колку што очекуваа и Синдикатите. Ковачевски уште додаде: „Јас во неколку наврати имам кажано дека сум на страната на вработените, истото тоа го кажав и за законот за недела неработен ден. Секој вработен има право на недела неработен ден“, рече премиерот. „Никогаш не соопштувам бројки кои не се базираат на анализа, местото каде треба тоа да се каже е на Советот и да биде прифатено. Ако ме прашуваат лично сметам дека платите треба постојано да растат, но низ дијалог“, вели Ковачевски. На социјалните мрежи, на веб порталите и низ медиумите атмосферата се подгреа во двата правци. Она што остава впечаток е фактот, што по кој знае кој пат во македонскиот јавен дискурс, (по објавувањето на одлуката за новиот минималец во понеделникот навечер), дебатата екстремно се деформираше и си ја фати својата стандардна македонска логика – про власт и про опозиција. Аргументите на оние што нешто разбираат околу ова прашање беа тргнати во втор план. Се разбира дека ова прашање не е само економско, туку и социјално,

па и политичко ... Исто како што и сите процеси во Македонија во последните 30 години колку што е оваа држава независна минуваа низ партиско - политички филтер на расудување во услови на многу низок интелектуален праг на расудување, особено кога станува збор за партиските ламентирања... Исто така, кога сме кај ова со независноста на Македонија, користам прилика лично во овој текст да изразам жалење дека минатата година кога беше денот на Независноста 8 Септември (периодот пред тоа и потоа ) очекував дека ќе се отворат суштински теми за тоа што сите ние направивме со својата независност на својата држава во овие триесет години. Што направивме да го зголемиме нивото на живеење на македонскиот човек? Што можевме да направиме подобро од ова што го имаме денес, и зошто не направивме? И зошто, по ѓаволите по триесет години независност се доведовме денес да се сопнуваме за важни прашања на примитивен начин. Па на кантар да мериме дали на работодавачите (сопствениците на фабриките) им одговара 18.000 минимална плата или 2.000 денари помалку а остатокот да го субвенционира државата!? Ало бре ...!? Па во овие триесет години независност се случи приватизација, се случија „бракови„ меѓу приватизирани фирми и банките кои исто така се приватизираа, па минуваме се’ уште денес низ класична „тендерска“ економија каде сме сведоци на бракот меѓу државата и компаниите (повторно во најголем дел приватизираните од деведесеттите, или ако не компании тогаш личностите кои приватизираа, а кои денес едни те исти ви се појавуваат речиси во сите сектори). А погледнете ги компаниите ... Слаби, анемични, чиниш спиеле нивните газди со децении, презадолжени во банките, а нивото на задолжување не соодветствува со количината на нови проекти, нови вработувања (а голем е лелекот дека нема работници)! Каде им се инвестициите и кредитите за тоа! Извоз речиси никаков (ако не се инвестициите во зоните македонскиот извоз е катастрофален), нема нови пазари... Колку нема извоз толку повеќе се зголемуваат тендерите по дома, а тука некаде е и основата за големата корупција што го има приклештено општеството во сите три децении независност. Со еден

збор: немоќ! Да, да ... За сето ова требаше да зборуваме минатиот септември (на денот на независноста и потоа) до денес, ама изгоре болницата во Тетово и настапи „амнестија на оваа дебата“! Потоа имаше и друга трагедија - автобуската, локални избори ... па годината заврши драматично ... со оставки, и македонските граѓани останаа без анализа за здравјето на својата држава по 30 години независност! Некои личности овде, пак, се спасија од подлабока анализа за својата „специфична тежина и одговорност„ за стореното, и нестореното во трите децении, се разбира! А одговорности има многу, и тие треба да се бараат во секаков вид ... пред се’ како морална! А не едни исти политичари и интелектуални мислители да се „шуњаат“ во македонскиот јавен простор како први пера и први гласови на „македонската мала оперета“ , цели триесет години. Значи, кога опозицијата деновиве ќе ја анализира политиката на Ковачевски за зголемување на платите (на сите плати), ќе мора да се врати во времето на 11 годишното владеење на режимот на Никола Груевски, што тие правеа во тој период, освен што евтино преземаа бизниси (чекајќи да искрварат), со притисоци и однапред зададена цена! Обезвреднување на разни проекти и така мрзнење на платите на ниско ниво, како се’ би било поевтино во главната стратегија на преземање. И затоа денес сме тука каде што сме ... И за ова имам намера многу да пишувам во неделите и месеците што доаѓаат. Ајде малку да навлеземе подлабоко, онака хируршки прецизно во триесетте години македонска независност! Оти темата за платите е истата како и онаа за презадолженоста на компаниите, за немоќта на менаџерите, за безидејноста на газдите. Тоа е истата тема за тоа зошто овој народ овде не разви претприемачки дух (кој тоа блокираше), зошто не се дава шанса на новите бизнис лидери, зошто немаме интелигентни проекти, зошто нема амбиент за тоа!? Зошто македонскиот млад човек меѓу приватна фирма во која може да влезе да работи или своја приватна фирми сепак избира ПАРТИЈА, па администрација!? Но за се ова едно по едно во периодот што следи ...!


9

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Последица

Деновиве напишав може ли еж кој на патот е прегазен од автомобил, да сфати што е тоа мотор со внатрешно согорување ...!? Не може нели! Е па таков е статусот на залутаниот македонскиот приватен сектор и компании во однос на се што се случува во светот, па ако сакате и во некои земји од регионот! Споредете ги приходите на топ 20 домашни компании во Македонија, Србија, Хрватска и Словенија, анализирајте, и ќе сфатите што сакам да кажам. Драматични разлики се во прашање по 30 години независност. За какви плати ние всушност зборуваме ...? Голема е оваа тема за платите! Оти ако некој работник можеш да го плаќаш САМО 14.000 денари минималец и за тој минималец што сега треба да биде 18.000 дебатираш до бесвест, тогаш размисли ... тој можеби и не ти е потребен ...!? Тој можеби ти е прескап!? Можеби твојата индустрија е на пропаѓање, а со тоа и твојата компанија ... Тогаш зошто воопшто се мачиш?!? Што правиш за да ја направиш сопствена компанија пристојна средина за среќни работници кои ќе ја однесат твојата компанија во небесните височини!? Од друга страна, многу дебати во оваа земја завршуваат пред да почнат. Она што е иманентно за

времето по власта и режимот на Никола Груевски, па се’ до денес, е фактот дека во последниве четири до пет години ... со оваа власт се инсистира на дебата за секое прашање (се разбира во голема мерка ваквата пракса е „китка на реверот“ на оваа власт како длабоко демократско остварување. Таа смета дека со било каква дебата се подобрува квалитетот на владината или општествената нова акција)!? Но, овде не се има предвид кои се актерите на дебатата и со какви намери влегуваат во неа. Оти во многу вакви, демек дебати, влегуваат лица од типот „човек бомба“, колку да експлодира во дебатата и таа да заврши. А, се сеќавате дека во времето на Груевски никој не се осмелуваше да си го каже ставот по важни прашања ниту во колумни ниту на Фејсбук. Тивок телефонски повик ќе ве побараше или незгодна порака ќе добиевте на месинџер ... Денес секако е друго време, слобода насекаде, па затоа и прилично „чавки“ се појавија! Со други зборови, дебатите во Македонија даваат многу мал ефект за подобрување на решенијата и акциите за реализација за реформи, промени, имплементација на решенија. Причините се дека овде имаме „зналци за се“ кои едноставно

Премиерот Димитар Ковачевски, соопшти дека паднал договор – минималната плата ќе биде 18.000 денари. Во понеделникот, 07 февруари, по третиот состанок на Економско – социјалниот совет (Влада – Синдикати – Работодавци), Ковачевски рече: „Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Со договорот, работодавачите ќе го покријат целокупното нето зголемување на платите за своите вработени кои се на минимална плата. Државата пак, ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од сегашната минималната плата од 15.200 денари, до онаа која ќе се исплаќа за март од 18.000 денари. Станува збор за удел од страна на државата во износ од околу 16 милиони евра до крајот на годината. Веќе обезбедуваме субвенции за околу 130.000 граѓани кои веќе земаат повисоки плати во своите фирми, преку покривање на придонесите за таа намена издвојуваме 48 милиони евра годишно.“

дебатата ќе ја преселат на Фејсбук, а тука веќе таа е утепана. Киднапирана од лица кои до моментот кога ќе налетаат на неа, на социјалната мрежа, претходно коментирале фудбал, ракомет, временска прогноза, па некоја заебанција за премиерот, лидерот на опозицијата, па се изјасниле и за руско – украинската ситуација, го опцуле Бајден со се Макрон, се изјасниле и за Гоце Делчев, а дента пуштиле и некоја фотка од некоја софра запиени, па јагнето на маса унесреќено за кое телевизискиот


11 ФЕВ. 2022

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Во наредните недели и месеци, малку да навлеземе подлабоко, онака хируршки прецизно во триесетте години македонска независност! Може? Оти и таа тема, освен за илјада други нешта, е исто така темата за платите ... Оти темата за платите е истата како и онаа за презадолженоста на компаниите, за немоќта на менаџерите, за безидејноста на газдите, зошто нема силни инвестиции во секторите на македонските индустрии, зошто немаме силни домашни компании регионално позиционирани освен една до две, зошто извозот ни е катастрофален, а тендерите по дома најбарани. Тоа е истата тема за тоа зошто овој македонски човек овде не разви претприемачки дух (кој тоа блокираше), секоја чест на поедините исклучоци, зошто не се дава шанса за развој и раст на новите бизнис лидери, зошто немаме интелигентни проекти, зошто нема амбиент за тоа!? Зошто македонскиот млад човек меѓу приватна фирма во која може да влезе да работи, или своја приватна фирма, сепак избира ПАРТИЈА, па администрација!? Но за се’ ова едно по едно во периодот што следи...!

прилог оди дури и пред темата за минимална плата ... Новинарите веќе немаат сектори. Преземаат и крадат од веб порталите, не читаат, само пренесуваат и се тепаат за лајкови повторно на истиот тој Фејсбук, на кои се закачени и маркетинг агенциите и врз основа на тие „празни лајкови“ ги распределуваат буџетите. Е такви ликови дебатираат овде, а сите ние очекуваме длабока и корисна дебата која ќе резултира со решенија и реформи ... Нормално тие што нешто разбираат сакаат да се приклучат

на дебатата ама се двоумат оти ќе бидат „хејтани“ од овие првите. Тука се и ботовите од едната и другата страна и тоа е ... На крај дебатата ја снемува пред да започне ...!? Ете така, драги мои, таква е и дебатата за минималната плата во земјата. Ајде да се обидеме да дебатираме ... иако после вчерашниот мој статус на темава на фејзбукот најсилно од се’ беше „хејтањето“, отворено навредување од страна на „слабичите“ кои едноставно ништо не знаат, не следат, не читаат. Таа крајно деструктивна и примитивна

маса на луѓе без работа која цел ден дреме на компјутерот, и се храни со сопствениот „измет“ што ќе го опишат и напишат во статус.

Сега да одиме на конкретната тема

Кога зборуваме за минималната плата во Македонија треба да знаеме дека само таа е законски пропишана. Тоа значи дека за неа преговараат во трипартитна форма – работниците (синдикатите), работодавачите (бизнисот) и Владата. Во некои држави минимална плата не постои и се дефинира пазарно ...



11 ФЕВ. 2022

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

некаде постои, како во Македонија ... Сите други плати се формираат пазарно ... слободно. Она што не знаеме овде (барем јас уште не можам да проценам) е опфатот на лица кои се дефинирани со минимална плата. Кои се тие лица ...? Колку се? Каде работат? Кои се тие сектори и компании? За кого ние всушност дебатираме!? Ова е важно прашање затоа што една економија од година во година се менува. Таа не е иста. Или барем треба да се менува. Се менува ли македонската економија, или секоја година дебатираме едно те исто? Има сектори и компании кои уназадуваат и пропаѓаат (ниска продуктивност, големи трошоци, немаат нови пазари, нема извоз, увоз на многу поевтини производи на домашниот пазар ...). Од друга страна има компании и цели сектори кои драматично растат. Малку за јавната администрација пред да прејдам на главното – приватниот сектор! На примерот на Македонија, имаме една по малку несреќна ситуација каде секторот на јавна администрација е со ниво на плати далеку над минималната (имаат колективни договори со синдикатите, имаат солидни систематизации на работни места, заштитени се со дузина закони во Парламентот каде сите 120 пратеници гласале ЗА, оти по пола семејства им работат во администрацијата) Топ не ги бие, под чест им е да работат во македонска компанија чиј газда го презираат оти некако нејасно работел во деведесеттите години кога фирмата се приватизирала!? Во администрацијата законски е создадена една цела каста на таканаречени професионалци во јавната администрација. Во овој сектор никој не мери продуктивност, рентабилност, ефективност и ефикасност. А сите тие перформанси се многу слаби. Овде вечно се зборува за реформа на јавната администрација и таа, како и дебатата за неа завршува пред и да почне ... И затоа сите се буткаат да влезат во јавна администрација. Прво влегуваат во партиите, па од таму катапулт во администрација! Платите во администрацијата се повисоки од платите во одредени гранки во приватниот сектор!? Ова е лошо и треба да се посвети внимание! Важно е за оваа дебата ова да се има предвид.

За приватниот сектор...

Овде имаме различни аспекти!

Има сектори на кои им треба комплетно реструктурирање што би го направила државата во партнерство со банкарскиот сектор. Македонската пазарна економија и компаниите во неа дефинитивно ќе мора да се менуваат. Едноставно денес постои новата ера на индустрии и компании... Информатичката, високо технолошко опремено производство на храна, енергетски сектор, финансиски и не финансиски услуги, медицина и фармација, образование и едукација, туризам... Можеби некои сектори ги пропуштив, но во овие што ги набројав имаме шанси. Шанси имаме, но фокус немаме... Треба да се работи многу преку програми за нови инвестиции, нови технологии и технолошки процеси, иновации, овде го гледам инвестирањето во дуалното образование со најголем ефект, инвестирање во специфичното образование и во нови специфични вештини... Воведување на нови организациони форми и партнерства, јавно приватни партнерства. Инвестиции во подигање на сите нивоа – образовни центри, институти (може да се донесат веќе светски етаблирани овде). Сето тоа со крајна цел извоз, зголемување на капацитетите на таквите македонски компании, инвестиции на сопствениците на компаниите во тие капацитети и пак зголемување на извозот и отворање на се’ поинтелигентни работни места ... Сакате примери ... Нема многу овде, но сепак има ... Алкалоид, Брако, Макпрогрес, Витаминка, ИГМ, многу компании во ИТ секторот ... Знаете, важен е моментот и правецот ... Знаеме ли каде одиме. Имаме ли менталитет на победници или губитници ... Оти во компаниите што ги набројав погоре многу малку денес се зборува за минималната плата. Може ли еж кој на патот е прегазен од автомобил, да сфати што е тоа мотор со внатрешно согорување ...!? Не може нели! Е па таков е статусот на залутаниот македонскиот приватен сектор и компании во однос на се што се случува во светот, па ако сакате и во некои земји од регионот! За какви плати ние всушност зборуваме ...? Инвестираат во такви работници ... Може ли еж кој на патот е прегазен од автомобил, да сфати што е тоа мотор со внатрешно согорување ...!? Не може нели! Е па таков е статусот на

залутаниот македонскиот приватен сектор и компании во однос на се што се случува во светот, па ако сакате и во некои земји од регионот! За какви плати ние всушност зборуваме ...?

Порака

Пак ќе прашам. За кого ние зборуваме кога дебатираме за минималната плата!? Оттука, мојата порака до бизнис заедницата, особено онаа покрупната, е дека ако можат да издржат 16.300 денари минимална плата (како што вели Димитров), тогаш можат да издржат и 18.000 денари ... Но, за кого! Оти ако некој работник можеш да го плаќаш 14.000 денари минималец, тогаш размисли ... тој можеби и не ти е потребен ... Тој можеби ти е прескап. Можеби твојата индустрија е на пропаѓање, а со тоа и твојата компанија ... Тогаш зошто воопшто се мачиш?!? Како да го сменат пристапот! Едноставно ... Ќе ја зголемат продуктивноста, ќе намалат профитите кои ги прават и без многу "растривање" од работа, помалку непотребни трошоци, повеќе приходи (нови пазари и гранде извоз, потоа воведување нови производи, а не само плачење над сопствената судбина - "Седев крај реката Педра и плачев"), малку и државата ќе помогне секако и ете 18.000. Треба да се има предвид дека поголем минималец кај работниците ќе ја зголеми и потрошувачката во трговијата и тоа ќе биде добро за економијата. Не е тоа некоја кој знае каква промена, ама важно е правецот да се задржи. Вака бизнисот, оној покрупниот, (кој и не е така крупен што е проблем, оти некои сопственици дремеа триесет години и ништо важно не правеа со сопствените бизниси па дојде ден да се замараат со минималецот, хахаха), е такви од нив дел оставаат впечаток дека и не им е многу до тоа колку ќе биде минималецот ...!?!? Се мислам дека повеќе ги интересира која од двете партии (власт и опозиција) каков став застапуваат ... И пак фаќаат некаков приклучок ... Нема иднина со ваков менталитет. Мислам дека се во офсајд ... Ајде да се затвори прашањето за минималецот. Тој треба да расте и повеќе ... Има други поважни прашања што ги опишав на почетокот од овој текст.nnn



11 ФЕВ. 2022

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

INTERVIEW

Диомидис Николетопулос генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД Скопје

УСПЕХОТ НИ ОВОЗМОЖУВА ДА ПОДДРЖИМЕ И ПОГОЛЕМИ И ПОЗНАЧАЈНИ ПРОЕКТИ Стопанска банка бележи една од најдобрите години во својата историја и сето тоа се одразува на вработените, на заедницата и на економијата во целост. Благодарение на успехот во можност сме да поддржиме поголеми и позначајни проекти, силни сме доволно да надминеме глобални предизвици како што е пандемијата, продолжуваме да инвестираме во нашите луѓе кои потоа не’ водат уште понапред, инвестираме во нашите деловни простории и во технолошката инфраструктура и едноставно, можеме да погледнеме и да планираме понапред со цел да останеме едни од најдобрите, како во корпоративното банкарство, така и во банкарството за население.


генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД Скопје

15

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

ФОТО: Маја Аргакијева

Диомидис Николетопулос


11 ФЕВ. 2022

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Г

-дин Диомидис Николетопулос е еден од ветераните на македонската банкарска сцена, се разбира вклучително со неговото претходно искуство на високи менаџерски позиции и во родната Грција. На чело на Стопанска банка – АД Скопје е од 2013 година, а во самата банка е од 2009 – та и како што вели во ова интервју за Капитал, го радува тоа што е дел од локалната банкарска историја, особено во годините кога пазарот брзо се развивал, напредувал и станал многу попрофитабилен и консолидиран. „Сега пазарот е целосно поинаку поставен. Банките се модернизирани, ориентирани кон клиентите, водени од технолошкиот развој и нудат многу повеќе за заедницата и за економијата.“, вели Николетопулос. Со него разговаравме за моменталната позиција на Стопанска банка на домашниот пазар, причините за досега најуспешната година од аспект на добивката, како и за идните планови за раст и развој и соочување со предизвиците што ги наметнува ковид – кризата и периодот по неа. XОд X март 2020 година, пандемијата со КОВИД е глобална тема – како Стопанска банка се справи со неа? Да, сосема неочекувано веќе две години светот се наоѓа во непредвидлива криза која без преседан се одрази на општествениот и економскиот живот на сите нас. Светот се справува со нешто непознато што допре до секој дел од планетата, до секое семејство и до секој еден човек. Соочена со толку значајно пореметување, Стопанска банка како системска значајна банка, мораше веднаш да реагира и во новите околности да ги обмисли процесите за да обезбеди деловен континуитет и да им остане на располагање на корпоративните клиенти и на населението, нудејќи им стабилност за време на пандемијата. Фокусот на деловниот континуитет во исто време значеше барање на начини за одржливост и профитабилност, кои се клучни кога се зема во предвид нашето значење за националната економија. Горди сме што имавме значаен удел во раните решенија и активности кои ги презедоа

Владата и Народната банка со цел намалување на економскиот притисок врз клиентите и тоа што можевме во исто време да понудиме помош за здравствениот систем преку значајни донации за клучните клиники и ковид центрите. Нашeто размислување секогаш билo дека кога и да сме во можност да направиме нешто добро, ќе го направиме, а поттикот овој пат беше да бидеме дел од решението, дел од напорот да се излезе од ковид пандемијата и кризата која со себе ја донесе и верувам дека успеваме во напорите. XСепак, X се чини дека пандемијата со КОВИД прераснува во ендемска болест – кои се тековните предизвици кои ќе нè загрижуваат во блиска иднина? Ќе може ли овие ризици да влијаат негативно на банкарскиот сектор, односно да го нарушат процесот на наплата? После овие две тешки години, се чини дека општествата се подготвуваат за нормализирање, но во исто време остануваат големи предизвици кои мора да бидат адресирани. Покрај децениските политики за справување со економските проблеми во земјата, сега поради пандемијата новите предизвици со кои глобално се соочуваме се растот на цените на енергенсите, на репроматеријалите, на производите, транспортот и сл. но и растот на инфлацијата која од своја страна, порано или подоцна ќе донесе и нагорно придвижување на каматните стапки. Tука треба да се спомене и несигурноста која продолжува во врска со евроинтеграциските процеси на земјата, но и фактот што освен во градежништвото, нема адекватно ниво на инвестиции од локални и странски инвеститори. Зголемените трошоци за бизнисите и во секојдневното живеење негативно влијаат врз профитабилноста на компаниите и на расположливиот приход на граѓаните, што, пак влијае врз нивната намера и можност да пристапат до нови кредитни производи и врз можноста за редовно сервисирање на обврските кои произлегуваат од тековната кредитна изложеност. Очигледно, потребни ни се брзи и ефикасни одговори и решенија, за да се избегнат ефектите од ризиците и неизвесностите врз целата економија вклучително и банкарскиот сектор, поконкретно врз порастот на депозитите и кредитите, но и врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Сепак, ние во Стопанска банка остануваме оптимисти и имаме план за значаен развој во сите деловни сегменти. Спроведуваме оптимизирање на операциите кои ќе осигурат сличен континуитет, а не гледам зошто не и подобар, од успешниот начин на работа кој го имавме досега. Банката има воспоставено ефективен механизам, што ги опфаќа сите сегменти на работењето вклучително и целиот процес на кредитирање и и овозможува на Банката да го развива и успешно да го контролира квалитетот на своето кредитно портфолио. XРечиси X сите банки веќе ги објавија неревидираните финансиски извештаи од 2021 година и очигледно е дека добро сте сработиле – какви се резултатите на Банката во 2021? Да, банкарскиот сектор одработи многу добро во 2021 и тоа најмногу благодарение на силната основа и на адекватните нивоа на ликвидност кои овозможија понатамошен бизнис развој. Многу сме горди што гледаме дека Стопанска банка повторно и оваа година ги надмина конкурентите и оствари профит по оданочување од 40 милиони евра. Морам да нагласам дека како надополнување на долгорочниот многу успешен период на раст во кредитирањето на население, изминатите години посебен нагласок се стави на развојот на корпоративното кредитирање, како за големи компании, така и за средни, мали и микро компании. Наспроти негативните услови во економијата заради пандемијата, нето порастот на корпоративните кредити достигна 16% во 2021 и очекуваме овој тренд да продолжи и да се зајакнува во следните години. Банката ги задржа одржливите извори на средства, работејќи со ниски оперативни трошоци и одличен менаџмент на резервациите, дури и за време на ковид кризата која со себе донесе многу турбуленции и трошоци. XКоја X е причината за успешниот тек на работење на Банката толку години, особено во ек на вака сериозна криза? Откако пред 20 години Стопанска банка АД – Скопје стана членка на НБГ групацијата, континуирано имплементира современи банкарски деловни политики кои за Банката значат алатки за поставување на јасна и конзистентна стратегија за извршување на амбициозните деловни планови на успешен и ефективен начин. Континуираниот


Диомидис Николетопулос

генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД Скопје

17

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Морам да нагласам дека како надополнување на долгорочниот многу успешен период на раст во кредитирањето на население, изминатите години посебен нагласок се стави на развојот на корпоративното кредитирање, како за големи компании, така и за средни, мали и микро компании. Наспроти негативните услови во економијата заради пандемијата, нето порастот на корпоративните кредити достигна 16% во 2021 и очекуваме овој тренд да продолжи и да се зајакнува во следните години. успех нè донесе на позиција да сме Банка со највисок капитал и со најголемо кредитно портфолио на пазарот и Банка која работи со висококвалитетна актива, што, од своја страна, дозволува соодветно ниво на трошоци за исправка на вредност и резервации. Стопанска банка исто така оптимално ја користи депозитната база преку пласирање во структура на средства со адекватен принос, во интерес на сите вклучени страни. Успехот исто така ни ја дава големината да можеме да инвестираме во технолошки

напредни решенија кои го помагаат нашиот пристап со клиентот во фокусот градејќи притоа интерперсонални односи со клиентите и постојано зајакнувајќи го брендот. Имаме изградено генерации на високо професионален, искусен и лојален кадар и менаџмент кој проактивно е вклучен во понатамошниот развој на банкарскиот сектор преку учество во локални професионални мрежи и групи на тој начин дополнително зајакнувајќи го целиот систем.

XДепозитите X се чини растат од година во година, овозможувајќи им на банките да го зголемат кредитирањето кон населението и компаниите – дали верувате дека овој тренд ќе продолжи наспроти најниските каматни стапки досега? Банкарските депозити продолжуваат да растат наспроти историски најниските каматни стапки, што е значаен сигнал дека банкарскиот систем ужива голема доверба кај штедачите, иако треба да се признае дека на пазарот постојат ограничени


11 ФЕВ. 2022

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

алтернативи на штедењето. Движењата на каматните стапки е одраз на глобалните трендови и на стапките на инфлација. Пасивните и активните каматни стапки се поврзани, што создава услови кредитните производи да бидат со најдостапни каматни стапки и тоа да доведе до понатамошна кредитна експанзија и кај населението и кај компаниите кои ги користат кредитните производи за остварување на своите животни соништа и деловни амбиции. На пазарот, трите најголеми банки чуваат речиси 5 милијарди евра во депозити, со речиси балансирана валутна структура. Оваа значајна депозитна база го движеше кредитниот раст низ годините, меѓутоа како што нагласив претходно, растот на животните трошоци и намалувањето на расположливиот доход може да има негативен ефект врз нивото на заштедите. Токму бидејќи нивото на депозитите е еден од главните предуслови за развојот на банкарскиот сектор а со тоа и на целокупната економија, сите, а посебно носителите на економските политики, мора да имаат во предвид дека е потребна ефективна и паметна стратегија за привлекување на нови депозити и капитал, зборуваме најмногу за увозен капитал, а таа стратегија може да биде потпомогната со очекуваниот пораст на каматните стапки. XВладата X и други државни авторитети како Народната банка прогнозираат раст на економијата од 4% за годините пред нас – дали овој раст е задоволителен и доволен да создаде доволно приходи за бизнисите и граѓаните да може да преживеат во глобализираниот систем со бројните предизвици кои ги носи? Ја делиме истата проценка за перспективите на економијата. Меѓутоа, според мене, мора да бараме поголем раст, бидејќи овие нивоа можеби се задоволителни за развиените земји, но во нашиот случај БДП основата е многу ниска и овој процент на предвиден развој не е доволен да се соочиме со глобалните предизвици. Исто така, поради хроничната слабост и дисторзија во социо економските модели, сегашната креирана вредност како и претстојниот раст на БДП не се распределува пропорционално во сите слоеви на општеството, оставајќи притоа голем дел од населението надвор од пазарот, со што се оневозможени да дадат свој

придонес за економијата. Оттука, напорите на сите нас треба да бидат насочени кон поголем пораст на БДП но и негова дистрибуција на пофер начин низ општеството, создавајќи преку нормална дистрибуција на приходите силна средна класа, приближна на таа во развиените земји. XСогледувајќи X ги овие слабости, што мислите дека треба да се направи за економијата да ги надмине проблемите и да им даде на граѓаните нови перспективи за иднината? Република Северна Македонија е мала земја и мала економија од обем со отприлика 12 милијарди евра БДП што е само по себе недостаток. Меѓутоа, покрај други значајни предности со кои располага економијата, мора да се справуваме со неразрешените проблеми на т.н. „политички ризик и ризик за земјата“ кои за секој сериозен инвеститор се видливи уште пред да почне да размислува и анализира можности за бизнис во земјата. Оттука, сметам дека во случај ризиците на земјата некако да се премостат, на државата и на економијата ќе и остане да се бори со органската интроверзија. Неопходни се инвестиции во инфраструктурата која ќе ја отвори земјата за повеќе трговија, транзит, туризам што со себе носи повеќе работни места и можности и секако тоа не само за Скопје туку и за другите региони кои изобилуваат со потенцијал кој чека да биде употребен. На агендата за подобрување секако остануваат комплексната бирократија, нецелосно ефикасната администрација и хроничните посочувања за корупција и непотизам, ефикасноста на судскиот систем а притоа сето ова има значајно влијание врз економскиот развој. Континуиран и забрзан развој евентуално ќе ги разводни корените на овие негативни појави и земјата ќе стане уште поатрактивна за нови инвеститори кои ќе отворат нови работни места и дополнително ќе ја зајакнат економијата. Забележливо е пренасочувањето на едукативниот систем кон создавање на вештини кај студентите неопходни за модерните економии и верувам дека со соодветни програми можеме овие способни професионалци да ги задржиме во земјата, наместо да им ги сервираме на развиените економии како што е случајот во изминатите децении.

Од оваа гледна точка, покрај поттик за традиционалните бизниси кои нè прават горди и се главни конкурентски предности на земјата, потребно е дополнително да се обезбеди поддршка и за технолошките стартап бизниси кои можат да создадат нови полиња на конкурентски предности за нас. Како што може да се забележи, постои растечка фрустрација и дефетизам во социо - економскиот живот па, неопходно е да се искористи потенцијалот за да се создаде политичка, економска и духовна елита со визија, динамичност, оптимизам, верба и самодоверба од која ќе произлезат големи нешта. Сето ова може да помогне да се намали загрижувачкиот тренд на млади луѓе кои ја напуштаат земјата, да останат и да растат економски тука, создавајќи вредност за сите.


Диомидис Николетопулос

генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД Скопје

XКако X ветеран во домашниот банкарски сектор, како би го оцениле развојот на секторот односно каде најмногу напредувал и каде има се уште простор за развој? Откако од 2009-та се приклучив на локалниот пазар истиот е видно променет и тоа заедно со економијата и целосната бизнис клима. Ме радува што имам можност да бидам дел од локалната банкарска историја особено во годините кога пазарот брзо се развиваше, напредуваше и стана многу попрофитабилен и консолидиран. Сега пазарот е целосно поинаку поставен. Банките се модернизирани, ориентирани кон клиентите, водени од технолошкиот развој и нудат многу повеќе за заедницата и за економијата. На чело на Стопанска банка дојдов во 2013 - та година и гледано од сегашна перспектива, Стопанска

19

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Поради хроничната слабост и дисторзија во социо - економските модели, сегашната креирана вредност како и претстојниот раст на БДП не се распределува пропорционално во сите слоеви на општеството, оставајќи притоа голем дел од населението надвор од пазарот, со што се оневозможени да дадат свој придонес за економијата. Оттука, напорите на сите нас треба да бидат насочени кон поголем пораст на БДП но и негова дистрибуција на пофер начин низ општеството, создавајќи преку нормална дистрибуција на приходите силна средна класа, приближна на таа во развиените земји.


11 ФЕВ. 2022

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

банка ужива во една од најдобрите години во својата историја и сето тоа се одразува на вработените, на заедницата и на економијата во целост. Благодарение на успехот во можност сме да поддржиме поголеми и позначајни проекти, силни сме доволно да надминеме глобални предизвици како што е пандемијата, продолжуваме да инвестираме во нашите луѓе кои потоа не’ водат уште понапред, инвестираме во нашите деловни простории и во технолошката инфраструктура и едноставно, можеме да погледнеме и да планираме понапред со цел да останеме едни од најдобрите, како во корпоративното банкарство, така и во банкарството за население. XСтопанска X банка е значаен член на НБГ групацијата – како функционира групацијата особено по значајните реструктурирања кои се случија изминатите години? НБГ Групацијата помина низ значаен процес на реструктурирање кој почна по глобалната економска криза во 2008/9 година и успеа повторно да стане силна и отпорна, фокусирана на новата ера на банкарството. Во таа смисла, Групацијата пристапи кон програм за трансформација од голем обем кој придонесе да се постигне конкурентска предност и нов ефективен начин на работа и уверени сме дека до крајот на 2022 година Групацијата ќе ги постигне европските критериуми за квалитет на активата. Поконкретно, програмата за трансформација вклучуваше 6 клучни столбови, имено: “Чистење” на билансот на состојба, зајакнување на ефикасноста и агилноста, зајакнување на изворите на приходи, мобилизација на кадар, подобрување на контролите и значајно технолошко унапредување. Дигиталната трансформација даде импресивни резултати преку реинженерингот на клучните процеси, ослободувајќи им повеќе време на вработените да ги услужуваат клиентите. Благодарение на овој чекор НБГ во Грција опслужува речиси 1/3 од дигиталните клиенти што е доказ за огромниот ефект на трансформацијата која секако беше „помогната“ од пандемијата поради која клиентите побрзаа да најдат дигитални решенија како замена на физичките локации, тешко достапни со рестриктивните мерки. Групацијата сега е профитабилна, многу здрава од аспект на капиталната позиција, стапките

на нефункционални кредити се значајно намалени, а воедно и успева да одржува предност во однос на конкурентите со поголема ликвидност, но и со можноста да гледа напред со оптимизам за иднината очекувајќи да игра силна улога на регионално ниво. XВо X последните години гледаме забрзано и зголемено влијание на социјалните медиуми во нашите животи. Покрај позитивните елементи, исто така сведочиме и за негативни како што е објавувањето на лажни и неосновани вести при што и Вашата Банка имаше едно негативно искуство со овој феномен. Што мислите, како може да се справиме со тоа? Живееме во интересно време кога примаме многу повеќе информации на дневна основа отколку што нашите родители примаа месечно, па може и годишно. Многу е тешко да не изреагираме на обемот на информации особено кога тие доаѓаат од индивидуи кои користат прилика да шират дезинформации и тоа на измамувачки привлечен начин – најчесто извртувајќи ја реалноста, импровизирајќи и дури безочно лажејќи ја јавноста. Само погледнете каква штета предизвикаа дезинформациите во процесот на управување со пандемијата. Без обемните лажни вести и индивидуите (па и некои медиуми) гладни за внимание можеби порано ќе се изборевме со пандемијата и тоа со значително помалку човечки жртви. Ова е сега предизвикот на нашите генерации – да знаеме правилно да ги верифицираме фактите. Стопанска банка од прва рака ги почувствува лажните вести кои неодговорно и невнимателно беа проширени за нас. Тоа што секако ни помогна е фактот што располагаме со силна структура, нашите вработени се паметни и способни луѓе кои можат да им одговорат на прашањата од клиентите и нивното мислење е ценето во заедницата. Дополнително, сè уште на пазарот има медиуми вредни за почит, како Вашиот, кои можат да ја оценат опасноста од дезинформациите и кои наоѓаат начини да и помогнат на јавноста да го најде патот до вистината. Направивме значаен напор тогаш да ја увериме јавноста дека нашиот деловен процес е беспрекорен и дека лагите само правеа незабележителни вознемирувања на секојдневните активности. Мојата порака кон клиентите беше и останува да не заборават дека може секогаш

да ни пријдат, да разговараат со нас, да не прашуваат се што ги интересира или загрижува. Нам и во самата мисија ни е да помагаме во едукацијата на јавноста. Тука сме да помогнеме и клиентите да ги водиме низ морето информации кои дневно се објавуваат. Нашиот контакт центар е достапен 24/7 преку телефон, e-mail па и преку социјалните мрежи. Ја одржуваме редовно нашата веб страница со голем број на информации и податоци за Банката, производите и услугите. Развиваме видео туторијали кога е потребно, држиме презентации и учествуваме во кампањи за финансиска едукација ширум земјата и секако присутни сме со интервјуа и изјави во масовните медиуми. Сето ова е така поставено бидејќи сме почитувана и транспарента компанија со речиси 80 годишна историја и супериорни пазарни резултати. Оттука, навистина сме доверлив извор на информации, а дополнително на тоа сме постојано достапни. Мојот личен пристап кон процесирање на информациите од медиумите (ТВ, печатени, радио, веб, социјални мрежи и сл.) е секогаш внимателно да читам/ слушам, да ги проверам изворите, да ги проверам медиумите кои ми биле докажано релевантни порано и дури тогаш да донесам одлука дали одредена информација треба да ја прифатам или не. XЗа X крај, што може да очекуваме од страна на Стопанска банка во годините кои доаѓаат и како може да придонесете за развојот на бизнис климата која ќе дозволи да ја гледаме оптимистички иднината? Планирањето на годините пред нас станува сè поголем предизвик затоа што сме сведоци на тектонски промени во индустријата и во технологијата. Мора да останеме внимателно посветени на учење, да останеме блиски до нашите клиенти и да ги проценуваме нивните потреби, притоа преку развојот на производи и услуги да ги опслужуваме тие потреби на одржлив начин. Истото важи за сите индустриски гранки. Податоците постојат и мора да ги користиме за да се унапредуваме постојано. Оттука, тоа што со сигурност знам дека ќе се случува во следните години за сите банки, вклучително и Стопанска банка е дигитализација на интерните процеси, на комуникацијата и каналите за трансакции со клиентите и услугите. Сето ова ќе го правиме на безбедни и стабилни платформи,


Диомидис Николетопулос

генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД Скопје

отворени за постојани надградби и прилагодувања и ќе создадеме додадена вредност не само за нашите клиенти туку и за нашите акционери. Од аспект на клучниот бизнис, подготвени сме да им понудиме на клиентите финансиски совети и супериорни решенија кои ќе им помогнат да ги остварат своите цели. Стопанска банка е позната по тоа што е Банка која стои зад речиси сите значајни индустриски и инфраструктурни проекти во земјата и сме доволно силни да продолжиме да ја градиме таа репутација. Корпоративните клиенти имаат ширум отворени врати да ни се обратат со своите одржливи проекти и да ја добијат поддршката која им е потребна и да создадат нови можности за вработување во земјата. Во нашите скорешни планови е и градење на нов дом за Стопанска банка. Новата зграда ќе биде изградена согласно најновите еколошки стандарди и воедно ќе биде соодветна на нашиот бренд и имиџ. Ваквата значајна инвестиција оди во чекор со

нашата посветеност кон развојот на вработените и работната средина, затоа што тие се нашата сила потребна да се издржат периоди како што беше глобалната пандемија. Дополнително, Банката ќе ја прошири пазарната понуда преку воведување на лизинг деловна линија. Со тоа ќе се отворат повеќе можности за соработка со нашите клиенти во насока на целосно задоволување на нивните потреби и преференции за финансиски производи. И секако, продолжуваме со нешто што е тесно поврзано со имиџот на Стопанска банка: нашата посветеност кон заедницата. Изработивме нова Политика за општествено одговорно однесување развиена во согласност со најдобрите глобални трендови во корпоративното управување. Политиката ќе ни овозможи да пристапиме кон заедницата и да помогнеме заедно да изградиме нови еколошки навики (како велосипедски урбан транспорт), здрави навики (како спорт и рекреација особено кај децата и младите), додадена

21

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

вредност во образованието (со значителен фокус на финансиската едукација), зајакнување на здравствениот систем (преку инвестиции во опрема која се користи за илјадници граѓани), поддршка за културното наследство итн. Се надеваме дека со крајот на рестрикциите предизвикани од ковид пандемијата ќе можеме повторно да се најдеме на нашите најпопуларни настани “Вози право, вози здраво“ и “Сонуваме. Менуваме“ кои ни недостигаа и нам и на јавноста овие изминати 2 години. Откако три години по ред помагаме преку спортските ваучери на голем број спортисти, клубови и федерации оваа година станавме и дел од тимот кој стои зад Олимпискиот комитет на Северна Македонија, со што всушност стоиме зад нашите најнадежни спортисти и ги поддржуваме во нивните аспирации. За крај ќе кажам само дека Стопанска банка ќе продолжи да расте и да се подобрува и останува на ваша страна. nnn


11 ФЕВ. 2022

22 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

ИЗВОЗОТ ИЗЛЕЗЕ ОД КАРАНТИН

ЗГОЛЕМЕНИТЕ ЦЕНИ ГО „НАБИЛДАА“ РАСТОТ НА ИЗВОЗОТ ЛАНИ, ЗА ГОДИНАВА ПОУМЕРЕНИ ПРОГНОЗИ Речиси седум милијарди евра е вредноста на сите производи и услуги што ги продале македонските компании лани на странските пазари. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупниот извоз во 2021 е зголемен за 19,8% споредено со 2020 година. Меѓутоа, ако се анализира количински, извозот на производи во 2021 година е зголемен значително помалку, односно за 10,5%, што се објаснува со големиот раст на цените на многу суровини и влезни инпути кои ја зголемуваат вредноста на извозот. Со тоа, извозот минатата 2021 година го надмина нивото од претпандемиската 2019 година и е поголем за 7,6%. Прогнозите за извозната активност на домашните компании годинава се раст од 8,3% како резултат на понатамошно стабилизирање на глобалните синџири на производство и растот на надворешната побарувачка во услови на зголемената економска активност кај најзначајните трговски партнери, пред сè, Германија. Позитивно влијание ќе има и зголемената искористеност на производните капацитети како и зголемувањето на извозниот потенцијал во земјата преку странските инвестиции. Капитал анализира каква е економската перспектива на најголемите извозни пазари на Македонија и со тоа колкав е потенцијалот за раст на нашиот извоз.


23

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

БРОЈКИ

6,92

милијарди евра е вкупниот извоз остварен во 2021 година

19,8%

е растот на извозот лани изразен во евра

9,64

милијарди изнесува увозот на производи и услуги лани

2,71

милијарди евра е трговскиот дефицит, што е за речиси 50% повеќе отколку во 2020 година

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Р

ечиси седум милијарди евра е вредноста на сите производи и услуги што ги продале македонските компании лани на странските пазари. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупниот извоз во 2021 е зголемен за 19,8% споредено со 2020 година. Увозот пак во изминатата година се зголемил за 26,9% и достигна 9,64 милијарди евра. Со тоа трговскиот дефицит на крајот на 2021 година достигна 2,71 милијарда евра и е за 49,5% поголем во споредба со 2020 година. Покриеноста на

увозот со извозот во 2021 година изнесува 71,8%, што е намалување во однос на 2020 и 2019 година кога покриеноста на увозот со извозот изнесувала 76,1%, односно 76,2%. Меѓутоа, ако се анализира количински, извозот на производи во 2021 година е зголемен значително помалку, односно за 10,5%, што се објаснува со големиот раст на цените на многу суровини и влезни инпути кои ја зголемуваат вредноста на извозот. Со тоа, извозот минатата 2021 година го надмина нивото од претпандемиската 2019 година и е поголем за 7,6%, додека споредбата на извезените количини покажува дека ланскиот извоз е за 1,4% понизок во споредба со количините извезени во 2019 година. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо учество лани имале катализаторите, сетовите на проводници за палење за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот. Во увозот биле најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените деривати, платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба. Анализирано по сектори, податоците покажуваат дека извозот во 2021 година во сите сектори бележи раст во споредба со 2020 година. Најмал раст има кај извозот на пијалаци и тутун, од само 0,8%, кој лани надмина 195 милиони евра и кај извозот на храна кој лани пораснал за 7,2%, достигнувајќи 389,5 милиони евра. Извозот на нафта и минерални горива лани бележи раст од 56,6%, достигнувајќи 127,5 милиони евра. Извозот на хемиски производи, каде влегуваат и катализаторите на најголемиот извозник Џонсон Мети, лани бележи раст од 36,2%, надминувајќи 1,87 милијарда евра. Ако се гледа по региони, најголем извоз лани е остварен традиционално на пазарите во ЕУ, каде во текот на целата 2021 година биле извезени стоки вредни 5,35 милијарди евра или 77,3% од вкупниот македонски извоз, што е раст од 19,5% во споредба со 2020 година. Извозот во земјите од Западен Балкан, пак, растел повеќе од оној во ЕУ, и лани достигнал 817,5 милиони евра, што е годишен раст од 28,5%. Гледано по земји, Германија и понатаму останува најголем

извозен пазар за македонската економија, каде лани биле извезени стоки во вредност од 3,2 милијарди евра, што е раст од 19% во споредба со 2020 година. Втор најголем пазар останува Бугарија со извоз вреден 336 милиони евра (+23,4%), следуваат Косово со извоз од 302,7 милиони евра (+29,6%), Србија со извоз од 292 милиони евра (+30,9%) и Унгарија со извоз од 212 милиони евра (+23,8%).

Поумерен раст годинава

По падот на странската побарувачка од околу 5% во 2020 година, што е сличен пад како и во кризната 2009 година, се очекува закрепнување, со раст од 4,3% годинава, проценува Народната банка. Нагорната ревизија е одраз на очекувањата за поголем економски раст кај речиси сите земји, наши позначајни трговски партнери, а најмногу Италија, Србија, Грција и Бугарија, а во најголема мера се должи на очекувањата за поголема економска активност во Германија (раст од 4,6% наместо 3,9% проектирано во април). Во однос на извозот, по падот од 11% во екот на кризата во 2020 година и растот од речиси 20% лани, НБМ очекува на среден рок во просек да расте 6,8%, во услови на закрепнување и раст на странската побарувачка, постепено закрепнување на извозот на домашните компании со странски капитал и позитивен придонес од страна на традиционалниот извозен сектор, при поволна ценовна конјунктура на странските пазари. Растот на извозот и домашната побарувачка (коишто имаат голема увозна компонента) ќе доведат и до раст на увозот во просек од околу 9% во 2021 - 2023 година, со што нето-извозот ќе има негативен придонес. Според проекциите на Министерството за финансии, растот на глобалната економија во 2022 година се очекува да изнесува 4,9%, согласно октомвриските проекции на ММФ. За ЕУ, проектирана е стапка на раст од 4,4% за 2022 година, додека за Германија како наш најзначаен трговски партнер се предвидува раст од 4,6% во 2022 година. „Во 2022 година економскиот раст во земјата се очекува да забрза и да изнесува 4,6%, во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и стабилизирање на надворешната побарувачка. Бруто -инвестициите се очекува да се зголемат за 8,5% на реална основа, и се очекува да бидат значаен


11 ФЕВ. 2022

24 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Ако се гледа по региони, најголем извоз лани е остварен традиционално на пазарите во ЕУ, каде во текот на целата 2021 година биле извезени стоки вредни 5,35 милијарди евра или 77,3% од вкупниот македонски извоз, што е раст од 19,5% во споредба со 2020 година. Извозот во земјите од Западен Балкан, пак, растел повеќе од оној во ЕУ, и лани достигнал 817,5 милиони евра, што е годишен раст од 28,5%. Гледано по земји, Германија и понатаму останува најголем извозен пазар за македонската економија, каде лани биле извезени стоки во вредност од 3,2 милијарди евра, што е раст од 19% во споредба со 2020 година. фактор за растот во 2022 година, но и на среден рок, во услови на поинтензивен прилив на странски инвестиции и зголемени капитални расходи за подобрување на физичката инфраструктура, придружени со мерки и активности за нивна поголема реализација предвидени со Планот за забрзан економски раст“, очекува Министерството за финансии. Според властите, зголемувањето на довербата на деловните субјекти се очекува да придонесе кон раст на приватните инвестиции како и државната поддршка за унапредување на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, иновативноста и технолошкиот развој на претпријатијата преку обезбедување на алтернативни извори и инструменти за финансирање што е еден од клучните аспекти на Планот. Прогнозите на Министерството за финансии за извозната активност на домашните компании се раст од 8,3% во 2022 година,

како резултат на понатамошно стабилизирање на глобалните синџири на производство и растот на надворешната побарувачка во услови на зголемената економска активност кај најзначајните трговски партнери, пред сè, Германија. „Позитивно влијание ќе има и зголемената искористеност на производните капацитети како и зголемувањето на извозниот потенцијал во земјата преку странските инвестиции. Зголемената домашна побарувачка и растот на извозната активност во 2022 година условуваат зголемен увоз на интермедијарни, инвестициски и потрошувачки добра, со што реалниот раст на увозот на стоки и услуги е проектиран на 7,7%“, прогнозира Министерството за финансии.

Економски раст на сите извозни пазари

Според прогнозите на меѓународните финансиски институции, се очекува германската

економија да оствари солиден раст од 4,6%. Според последните проценки на ММФ, германскиот увоз годинава ќе порасне 6,9% споредено со лани, додека пак извозот ќе се зголеми за 5,9%. Овие индикатори влеваат надеж дека од пролет кога се очекува Германија и цела Европа да влезат во мирен период со стивнување на пандемијата, македонскиот извоз би можел годинава да надмине 3,5 милијарди евра. Втор најголем извозен пазар на земјава од којшто зависи закрепнувањето годинава е бугарскиот, но неспоредливо, помал односно само десеттина од германскиот. За годинава, ММФ проценува дека бугарската економија ќе порасне 4,4%. Увозот и извозот од Бугарија се проценува дека ќе се зголеми со иста стапка од 6,6% годишно. Трет по големина пазар на кој што најмногу се извезува од Македонија е Косово. ММФ за годинава прогнозира економски раст од 4,5%. Увозот во Косово се очекува да


25

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

порасне за 3,2%, а извозот 6,8%. Следна на листата најголеми извозни пазари на земјава е Србија а прогнозите се дека српската економија ќе закрепне со стапка на раст од 4,5%, при што увозот се очекува да се зголеми за 7%, а извозот за 6,7%. Првите пет најголеми извозни пазари на Македонија ги заокружува Унгарија за каде што според ММФ исто така има позитивни прогнози, со очекувана стапка на раст на бруто домашниот производ од 5,1%, раст на увозот за 6,5% и зголемување на извозот од 6,8%. Останатите извозни пазари според големината се исто така неколку земји од Европската Унија, каде што всушност оди речиси 80% од целиот наш извоз. Иако се проценува раст од 4,4% годинава во рамките на ЕУ, сепак постои голема неизвесност околу овие прогнози отсега гледано поради неколку ризици поврзани со пандемијата и растот на цените што потекна од енергетската криза.

Нови рекорди од индустриските зони

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски очекува рекордното ниво на извоз да се надмине во 2022 година врз основа на договорите што се потпишани во 2021 година или се во фаза на формално одобрување во Владата за отворање на нови капацитети во зоните во вредност од 188 милиони евра со планирани над 2.700 вработени. Во наредните 7 години просечната нето плата на овие 2.700 вработени треба да достигне до 843 евра, а вкупните приходи во Буџетот во наредните 10 години од овие вработувања се очекува да достигне до 150,8 милиони евра и извоз од 3,2 милијарди евра. „Заедно со овие 2.700 работни места во наредните 3 години очекуваме раст на вкупниот број на вработени од 19,3% и зголемување на нивото на извоз во следните 10 години од 106,7%. Тоа значи дека ќе го удвоиме нивото на извоз само од овие капацитети за кои имаме постигнато договори во 2021

година и од моментното ниво од 3 милијарди евра, во 2031 година очекуваме нивото на извоз без растот на постојните компании и новите инвестиции, значи само со тоа што е постигнато како договор во 2021 година да се искачи на некаде над 6 милијарди евра“, изјави Деспотовски неодамна. Во фаза на преговори, како што кажа, се инвестиции од околу 300 милиони евра со кои треба да се отворат нови 1.500 работни места, за кои очекува да се реализираат во тековнава година. Според анализата на ТИРЗ за 2021 година, бројот на вработени во ТИРЗ е нешто над 14.000 што е за 8,1% повеќе отколку во 2020 година. Се очекува да продолжи трендот на пораст на бројот на вработени во ТИРЗ и во тековната година, како и да се зголеми просечната плата од сегашните 480 евра на 843 евра во 2025 година. Лани во целата година во позитива бил нето извозот кој бил најголем во ноември и се очекува трендот да продолжи и годинава. 

Моj Банкар Нова услуга за правни лица Професионална Персонализирана Постојана поддршка

Лојалноста пред се! Закажете состанок: mojbankar@unibank.com.mk Инфо центар : 02/ 3 204 323 02/ 3 111 111


11 ФЕВ. 2022

26 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Игор Гешовски

основач и главен извршен директор на Еко Логистик Сервис

КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ БРОЈКИТЕ РАСТАТ, ЛИДЕРИ СМЕ ВО ПРИВАТНАТА ДОСТАВА НА ПРАТКИ


27

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Месечно компанијата доставува најголем број на пратки во Македонија и е лидер во е-commerce доставата. Моментално сме најголем приватен оператор во овој сектор, каде најуспешните брендови и компании ни ја имаат дадено нивната доверба за да ги доставуваме нивните продукти бидејќи сме компанија со најголем процент на успешна достава. За годинава си зададовме цел да се обидеме да направиме квалитетен сервис за регионално да можеме да одговориме на потребите на граѓаните и компаниите, затоа што во европските земји ова одамна се применува и дава одлични резултати. На овој начин сметаме дека ќе дадеме добра можност за македонските компании да ги пласираат своите производи во другите држави.

Г-дин Гешовски, објаснете за нашите читатели, што претставува Еко Логистик Сервис – ЕЛС, каква е нејзината позиција на домашниот пазар за поштенски услуги? ЕЛС е приватна компанија за достава на пратки (пошта) формирана во 2018 година, која ги поседува сите дозволи за вршење на оваа дејност во државата и надвор од неа. Почетокот на фирмата беше со една канцеларија во близина на Грчката амбасада во Скопје, со помалку од десетина ангажирани лица, со неколку велосипеди, 2 мотори и 1 автомобил (Југо) за вршење на локална достава во главниот град. Следуваше една година на собирање на искуство, анализи, подготвување на системи и во 2019 година започна со организирање на достава на целата територија во нашата држава. Денес компанијата е најбрзо растечка во регионот во овој бизнис, има вклучено повеќе од 200 возила за логистичка поддршка и вршење на достава на разни видови пратки, преку 250 лица се ангажирани во тој процес, со повеќе од 40 локални канцеларии низ целата држава и централен магацин со дирекција со површина од околу 3000 м2. Месечно компанијата доставува најголем број на пратки и е лидер во е-commerce доставата и е најголем приватен оператор во овој сектор, каде најуспешните брендови и компании ни ја имаат дадено нивната доверба за да ги доставуваме нивните продукти бидејќи сме компанија со најголем процент на успешна достава. Посебно сме горди на нашите активности во невладиниот граѓански сектор, поддршката на ранливи категории, активности поврзани со ковид пандемијата и нашето безрезервно учество во еколошките активности заедно со здружението ЕКО Алијанса. Како е поставена и како функционира ЕЛС? Во моментов компанијата има голема и распространета мрежа на канцеларии (мини магацини хабови) на територијата на целата држава и стратешки и логистички е поставена да може луѓето лесно да пристапат и да ги достават или подигнат своите пратки. Нашата централна логистичка база е во Институтот за заварување

– ЈУГ, кој е во Автокоманда, а таквата местоположба дава голема можност и поддршка за квалитетно и непречено доставување, дополнување и селектирање на пратките низ градот Скопје, како и низ целата држава. На тој начин овозможуваме редовен сервис низ сите градови на државата и тоа два пати во текот на денот, што нас не прави пооперативни и помобилни од останатите компании. Малите хабови се должни да ги примат нарачките и автоматски да им јават на клиентите, преку порака или телефонско јавување, дека пратката е во локалниот хаб, а потоа следи организирање на доделување на пратката, на начин кој е најповолен за примачот. Целиот процес е софтверски контролиран и надграден со мониторинг систем и GPS систем на возилата и доставувачите. Ваквата поставеност на терен и начин на работа ни дава целосна слика и поголема оперативност, а со тоа постигнување на подобри резултати. Сакам да напомнам дека големиот број на луѓе вклучени во овој процес овозможува ефикасно и брзо доставување на пратките на терен. Во густо населените места во големите градови во процесот се вклучени електрични автомобили, велосипеди и мотори, а тоа не прави пофункционални и помобилни. Сите учесници вклучени во доставата се опремени со уреди кои ги покажуваат: нивната рута на движење, геолокација и време на пристигнување. Треба да истакнам дека за секој процес имаме посебен оддел кој се грижи за функционалноста и е одговорен за делот за кој е поставен. Постојано се стремиме да создадеме средина што поттикнува можности за вработените да ги прошират своите потенцијали и целосно да ги искористат своите таленти, а со тоа постојано да обезбедуваме извонредни услуги за нашите клиенти. Кои се компаративни разлики и предности од Ваша гледна точка, што е она што Вашата компанија ја одвојува од конкуренцијата? Големината на компанијата, опременоста и поставеноста, како и софтверот кој го користиме и системските решенија, овозможуваат нашата компанијата да се разликува од останатите конкурентски компании. Исто така треба да се истакне дека моделот на спојување со неколку пошти, придонесе да го збогатиме и


11 ФЕВ. 2022

28 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

подобриме нашето знаење ВРЕДНОСТ НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИ СО ДОМАШНИ КАРТИЧКИ КОН ДОМАШНИ и начин на работа. Е-ТРГОВЦИ ВО МИЛИОНИ ЕВРА, ЗА ПЕРИОД ЈАНУАРИ – ЈУНИ 2020 И 2021 ГОДИНА Ние имаме најголема мрежа на отворени канцеларии на територијата на целата држава, имаме покриеност дури и на мали места, како на пример: Дебар, Македонска Каменица, Демир Хисар, Свети Николе, Крива Паланка, Ресен и многу други. Во поголемите градови имаме отворено по две или повеќе канцеларии, а во Скопје имаме повеќе од 10 канцеларии што ВРЕДНОСТ НА ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИ СО СТРАНСКИ КАРТИЧКИ КОН ДОМАШНИ Е-ТРГОВЦИ ВО МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПЕРИОД ЈАНУАРИ – ЈУНИ 2020 И 2021 ГОДНА не’ прави подостапни, пофункционални и поефикасни, и овозможува полесно да се справиме со предизвиците, односно носењето и преземањето на пратките, дури и во специфични услови на работење, како што е вонредната состојба со корона пандемијата. Имаме комплетен сервис за сите видови пратки, од најмали пратки до најголеми габаритни Извор: Народна банка пратки и во процесот имаме вклучено повеќе плаќање, односно задршка на контрола и надзор, повикувачки од 10 големи камиони центар,а исто така имаме и сопствен парите додека клиентот не потврди кои два пати дневно се обраќаат, дека доставената пратка одговара односно носат и превземаат сервис за поддршка на возниот на таа што ја нарачал, дигитални пратки од целата држава. Тоа ни парк и во секое време имаме фискални сметки, поддршка за овозможува да имаме достава резервни возила, во случај на на сите видови пратки, особено дефект веднаш да се направи нивна компаниите кои не успеваат сами да се трансформираат и да интересно за големите пратки да замена. Сакам и да истакнам дека излезат на е-commerce пазарот, бидат доставени во истиот ден и не’ голем дел од нашиот возен парк е медиумската поддршка за да се прави единствени и различни од составен од еколошки возила. објаснат предностите од ваквиот останатите конкурентски компании Сакам со пофални зборови да се вид продажби и услуги, итн. во овој сегмент на испораки. Секако, изразам за конкуренцијата, која Цената на доставата во нашата да не заборавиме да ги спомнеме во овој период добро се справува држава споредено со регионот и услугите за брзи пратки за со потребите и предизвиците на е најниска. Природно е во градот Скопје (Супер Брза пратка – пазарот. наредниот период да се очекува достава до 1 час), што овозможува Ние остануваме да сме силен зголемување на цената на услугата, комплетно да ги задоволиме и доверлив партнер со цел да и тоа да резултира со економска потребите на компаниите и обезбедиме највисок квалитет оправданост (издржливост) и граѓаните. на услуга на нашите клиенти во поквалитетна услуга. Се разликуваме по тоа што државата, а во блиска иднина и Можеби звучи нескромно, кај нас може да се остави надвор од неа, во оваа растечка ако кажам дека ЕЛС е на исто пратка и до полноќ во главниот дејност, во услови на пандемија и рамниште, па дури и во некои магацин, а имаме и 24-часовен други кризи. аспекти и подобар од доставните дежурен телефон кој помага во XКакво X е вашето мислење служби во регионот. Процентуално поддршка на клиентите, пред за состојбите со доставните ние како доставна служба имаме сè во организирање, носење и служби во регионот и пошироко, поголема покриеност на теренот преземање на пратките. споредено со македонскиот за разлика од нашите соседи. Нашите хабови, возила и пазар? Како пример би ги навел српските доставувачи се брендирани Видете, развојот на овој вид услуги, доставни служби кои немаат (униформирани), а доставувачите во последниот период, станува толкава мрежа во однос на имаат дополнително и сè повеќе актуелен кај нас и во територија и население. персонализирани карти, видливо регионот, додека во развиениот Исто така, сме во процентуална поставени, за клиентите да знаат дел од светот овие услуги се на предност и со застапеност на кој ја доставил или преземал повисоко ниво. За тоа секако возила кои опслужуваат еден нивната пратка. Се разликуваме и постојат причини и тоа на некои реон. Предност е и помалата по тоа што имаме посебни сектори, од нив би укажал, како што се: територија на нашата држава, како што се грижа за корисници, што овозможува побрза достава цената на достава, безбедносно комерција, финансии, маркетинг,


Игор Гешовски

основач и главен извршен директор на Еко Логистик Сервис

29

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Можеби звучи нескромно, ако кажам дека ЕЛС е на исто рамниште, па дури и во некои аспекти и подобар од доставните служби во регионот. Процентуално ние како доставна служба имаме поголема покриеност на теренот за разлика од нашите соседи. Како пример би ги навел српските доставни служби кои немаат толкава мрежа во однос на територија и население. Исто така, сме во процентуална предност и со застапеност на возила кои опслужуваат еден реон. Предност е и помалата територија на нашата држава, што овозможува побрза достава на пратките.

на пратките. Тоа се однесува и на големината на реонот што го покрива еден курир бидејќи колку е помал реонот, толку е поефикасна, поуспешна и поквалитетна доставата. Токму поради тоа и меѓународните пошти ни се обраќаат нам со цел ние бидеме нивен локален сервис. Тука можеме слободно да кажеме дека се споредуваме со најголемите и најдобри приватни пошти во регионот. Од нашето искуство што го увидовме на терен заклучивме дека Бугарија има повисоко ниво на услуги и подобар развој на овој бизнис од останатите држави. Додека, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија би ги ставиле во иста категорија, како земји во развој на овој сервис.

XКако X го оценувате развојот на онлајн продажбата и e-трговијата кај нас и во регионот? За 2021 година на европско ниво има покачување на оваа дејност од преку 40%, а за Македонија има официјални податоци дека растот е над 80%. Но, доколку ги вброиме и оние неевидентирани (нерегулирани) пратки од „дивите“ доставувачи, овој процент надминува 100%. Овие бројки внесуваат оптимизам бидејќи Македонија е последна во e- трговијата во Европа. Доколку се приклучи на европскиот тренд ќе може да се смета на подобар развој на доставата бидејќи логично ако има поголем број пратки ќе има и поголем буџет, што значи и зголемување на ресурсите, како

што се канцеларии, возила, луѓе и други технички алатки, што на крајот би резултирало со подобар сервис. Во првите 6 месеци од 2021 година во Македонија се регистрирани над 200 нови официјални е-продавници. Информациите укажуваат дека во првите 9 месеци од 2021 година домашните онлајн продавници инкасирале 215 милиони евра и тоа 94% од домашни купувачи, а дури 12,1 милиони евра од странски купувачи. Ако ја погледаме состојбата кај нас годишно се инвестира во стартапи околу 30 милиони евра за отворање на нови и усовршување на веќе постоечки бизниси. Во државава се’ уште постојат одредени предности, како што се евтина работна сила, одредени суровини,


11 ФЕВ. 2022

30 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

традиционални и фамилијарни бизниси што не’ прави интересни и конкурентни на пазарите. Онлајн продажбата е во голем развој, но главна пречка претставува меѓународниот транспорт на пратки. Замислете само еден производител кој инвестирал во својот бизнис и произведува нешто што има пазарна вредност 5 евра, а поштарината преку големите меѓународни пошти изнесува 50-тина евра. Со самото тоа иако има квалитетен и евтин производ нема рентабилност за излез на странскиот пазар. Сметаме дека и државата треба да даде свој придонес и да се вклучи во подигање и развој на овој сектор, како и развивање на сервиси и логистика што ќе овозможат полесен извоз на македонските стоки во регионот и подалеку. XАктуелното X прашање во последно време за АД Пошта на Северна Македонија е како државата може да се вклучи и да помогне во регулирање и развивање на овој бизнис? Пред сè, растот на приватните пошти се одвива со големи тешкотии бидејќи ниската цена, „дивите“ доставувачи, монополистичката положба на државната пошта и

инфериорниот однос на државата кон овој растечки сектор не дозволува да се развива со очекуваното и посакуваното темпо. Прво, мора да бидеме свесни дека во светот во тренд е растењето на приватните даватели на услуги или приватните пошти и има приватни пошти кои се со поголем финансиски учинок и поголем сервис од државните пошти, па тука ако сакаме да се приклучиме на светските трендови ќе мора државата да го промени односот кон приватните пошти. Да појасниме, ако на еден оператор му дадете монопол на одредена позиција, да бидам конкретен, ако треба да доставува писма или платежни картички, и вие како компанија или банка не сте задоволни од услугата, односно доцнат со денови или недели, државата го поддржува таквото (не) работење, а компаниите трпат штети и загуби бидејќи немаат можност да се префрлат на друг оператор, поради монополот што го дава државата. Би укажал и на уште една парадоксална ситуација, АД Пошта на Северна Македонија со години генерира загуби и додека сите доставни служби растат со сериозни бројки, таа стагнира

и опаѓа во работењето и покрај монополистичката позиција, ниските цени и поддршката што ја добива од државата. Дополнително непазарно се однесува давајќи лоши сервиси и ниски цени кои генерираат загуби и го попречува развојот на оваа дејност. Нема да објаснувам повеќе, но ве убедувам дека ние сме мала држава и доколку добиеме можност како приватни компании, нашите граѓани нема да имаат потреба за официјални документи (како на пример извод, венчални листови, разни дозволи и потврди итн..) да трошат време, други ресурси, да плаќаат паркинг, а тоа значи помал трошок, подобар сервис, помало загадување помал ризик од ширење на корона вирус. АД Пошта на Северна Македонија наместо да прави нелојална конкуренција генерирајќи загуби, треба да биде интегратор на овој сервис и да не дозволи многу приватни компании што се занимаваат со овој бизнис за жал, да згаснуваат поради неодржливоста и поставеноста на моделот со овие постоечки цени. Голема грешка ќе се направи доколку државата по секоја цена донесе странски оператор да го организира работењето на АД


Игор Гешовски

основач и главен извршен директор на Еко Логистик Сервис

Пошта на Северна Македонија, всушност тој би го редуцирал бројот на вработените и ќе ги зголеми цените на услугите, со што ќе стане профитабилна компанија. Исто така, мора да укажеме на проблемите со кои се соочуваме на терен со необележани улици и броеви на куќи и чести промени на имиња на улици, со постоечка нелојална конкуренција, неможност за издавање на дигитална фискална сметка, унифицирани електронски апарати за наплата со картичка од терен и други пропусти со кои се соочуваме секој ден. Сметаме дека треба да се направи пакет за модернизација на поштите, бескаматна финансиска поддршка, обука и лиценцирање на доставувачи. Ексклузивно за Вашиот медиум сакам да споделам дека во наредните неколку недели официјално ќе започне со работа Асоцијацијата на приватни пошти, која ќе има задача за поддршка, нормализација и унапредување на работата во оваа дејност. XКакви X се Вашите планови за развој на компанијата во иднина? ЕЛС во изминатиот период се покажа како активна и истрајна во сите развојни процеси. Нашите согледувања и анализи што ги работевме подолг период, покажаа дека на ниво на балканските држави нема домицилна приватна компанија која обезбедува и врши ваков вид на услуги, а потребата е огромна, ние ќе се обидеме да ја искористиме нашата местоположба затоа што сме раскрсница на Балканот. Ние си зададовме за цел оваа година да се обидеме да направиме квалитетен сервис за регионално да можеме да одговориме на потребите на граѓаните и компаниите, затоа што во европските земји ова одамна се применува и дава одлични резултати. Всушност, размената на стоки и добра се одвива непречено, а тоа допринесува за подобра стоковна размена и зголемување на економскиот раст. На овој начин сметаме дека ќе дадеме добра можност за македонските компании да ги пласираат своите производи во другите држави. Паралелно, ќе работиме на зголемување на капацитетите, зголемување на просторот за складирање, автоматско селектирање на пратките, пакување, ширење на мрежата низ државата и обука и едукација на нови кадри, се со цел подобрување на услугите и подобра контрола на работењето.

Следи втора фаза на развој и интеграција на локалните пошти и приватни компании со вклучување во нашиот систем како активни чинители на доставни услуги, а тоа е одлична можност на веќе разработен модул и фер бизнис кој има добра перспектива за понатамошен развој и заработка. Една од задачите која си ја зададовме е поставување на PUDO технологија (post box). Работиме на стандардизација и автоматизирање на одредени процеси и на подобра комуникација со клиентите. Нема да престанеме, туку напротив, ќе ја зголемиме нашата општествена одговорност со поактивно учество и поголема поддршка на невладини организации, асоцијации, граѓански здруженија и еколошки акции. Подготвуваме пакет на услуги со кои ќе бидеме единствени на пазарот бидејќи притисокот од надворешните сајтови и платформи за онлајн продажба го бараат тоа од нас. Со некои од нив веќе имаме склучено договори, а со некои сме во завршна фаза на склучување на договори. Сето ова планираме да го постигнеме благодарение на нашите вработени, кои се нашата сила, најголемото богатство на нашата компанија се луѓето. Разбираме дека поединците најдобро функционираат кога знаат дека се дел од ценет тим кој нуди развој и иднина. Ние се стремиме да останеме главен интегратор на компаниите и поединците, кои имаат повисоки цели, да бидат дел од ЕЛС семејството, да бидеме главен провајдер и сервис за сите компании во државата и надвор од неа нудејќи паметни и развојни решенија. Впрочем, и нашето мото е: ЕЛС ДОМАШЕН БРЕНД – СВЕТСКА УСЛУГА. nnn

31

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Растот на приватните пошти се одвива со големи тешкотии бидејќи ниската цена, „дивите“ доставувачи, монополистичката положба на државната пошта и инфериорниот однос на државата кон овој растечки сектор не дозволува да се развива со очекуваното и посакуваното темпо. Ексклузивно за Вашиот медиум сакам да споделам дека во наредните неколку недели официјално ќе започне со работа Асоцијацијата на приватни пошти, која ќе има задача за поддршка, нормализација и унапредување на работата во оваа дејност.


11 ФЕВ. 2022

32 КРИЗА/ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

КОЧО АНЃУШЕВ ЛАСЕРСКИ ТОЧНО ГИ ОБЈАСНУВА ПРИЧИНИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

ОВА Е ПОВЕЌЕ ФИНАНСИСКА КРИЗА – СТРУЈА ИМА, НО Е СКАПА! Ние ја делиме судбината на цела Европа практично, односно се соочуваме со оваа енергетска криза како што ја нарекуваат, иако јас попрво би ја окарактеризирал како финансиска криза, затоа што енергетска криза би значело недостиг на енергија, а струја како што гледаме има, но таа е многу скапа во моментов. Таа цена сите држави мора да ја платат, и нормално, подобро со оваа криза се справуваат државите што имаат поголемо сопствено производство и се помалку зависни од увоз на енергија“, кажа Анѓушев во интервјуто за ТВ Сител изминатава недела, кое Капитал го пренесува во целост во овој број.


33

К

очо Анѓушев, сопственик на групацијата Фероинвест и поранешен вицепремиер за економски прашања во владата на Зоран Заев, вели дека ова што сега се случува со цената на струјата во Европа не е енергетска криза, туку повеќе, финансиска криза. „Ние ја делиме судбината на цела Европа. Односно се соочуваме со оваа енергетска криза како што ја нарекуваат, иако јас попрво би ја окарактеризирал како финансиска криза, затоа што енергетска криза би значело недостиг на енергија, а струја како што гледаме има, но таа е многу скапа во моментов. Таа цена сите држави мора да ја платат. И нормално, подобро со оваа криза се справуваат државите што имаат поголемо сопствено производство и се помалку зависни од увоз на енергија“, вели Анѓушев. Владата направи зголемување на цената на струјата од нешто под 10%, што е своевидно минимално покачување според Анѓушев, со оглед на тоа што изминатиов период се случуваше со берзанските цени на струјата во Европа. „Дали успеа да го заштити стандардот на граѓаните? Тешко е да се одговори на ова прашање, најголема заштита би била да не се покачи воопшто цената на струјата, но сите сме свесни дека тоа е невозможно во овие околности. И ова минимално покачување на струјата за домаќинствата е благодарение на големите субвенции од страна на државата, што значи останување на старата цена би значело уште поголемо оптоварување на државниот буџет“. Според него, доколку граѓаните беа оставени на слободниот пазар на струја, како што се фирмите, поскапувањето ќе беше многу подрастично и ударот врз животниот стандард ќе беше далеку потежок. Во земјава, пазарот се’ уште не е либерализиран за делот на домаќинствата и затоа државата со субвенционирање на цената, ја одржува практично на релативно ниско ниво во споредба со тоа што се случува на европскиот пазар во моментов.

Зошто струјата толку поскапи во Европа? Сè тргнува од гасот

Анѓушев не смета дека либерализацијата на пазарот за електрична енергија беше грешка, затоа што ако гледаме наназад сите овие 12-13 години, фирмите плаќаа пазарна цена на струјата којашто

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

се движеше од 30 евра до 80 евра за мегават час. „И ако немаше либерализирање на пазарот, тогаш и компаниите ќе паднеа на товар на буџетот, исто како домаќинствата, па ќе имавме некакво упросечено поскапување за сите корисници, коешто сигурно ќе беше повисоко од 10%. Тоа можеби ќе му помогнеше на стопанството, но треба да бидеме свесни дека целата економија во Европа е во истата ситуација. Така што, нашите компании ќе ја изгубат конкурентноста во однос на другите економии од светот што не е толку или воопшто погоден од енергетската криза, како Америка или Азија, но во Европа сите се соочуваат со истиот проблем.“, вели Анѓушев. Домашните компании секако се погодени од повисоките сметки за струја, особено секторите каде што струјата има голем удел во цената на финалниот производ – металургија и слично, додека оние што се помалку енергетски зависни ќе бидат помалку погодени. Анѓушев понатаму вели дека Македонија има државна стратегија за енергетика, Донесена е 2018 година и според него, секоја политичка гарнитура оваа стратегија треба да ја препрочитува. „Таму е пропишано што треба да правиме како држава за да на долг рок ја зголемиме својата енергетска независност.“ Инаку, според него, проблемот со топлинската енергија што стана актуелен по новогодишните празници, особено за главниот град Скопје, има всушност ист корен како кризата со цената на струјата. Проблемот е повторно гасот. Тој обаснува каде е всушност проблемот со гасот. Гасот во Европа во најголем дел се увезува од Русија и постојат неколку начини на којшто тој се купува. Може да се набавува на таканаречениот spot market, што значи според моментална берзанска цена, или пак со долгорочни договори, според формула. На европските земји во периодот кога гасот беше евтин, повеќе им одговараше набавка на spot market, но потоа настана драстично зголемување на неговата цена. „Што се случи? Има повеќе причини. Покрај геополитиката, секако, се случи реална промена на страната на побарувачката. Кина и останатите азиски земји повлекоа наеднаш поголеми количини на гас, затоа што нивните економии побрзо излегуваа од ковид – кризата и фабриките почнаа да се

враќаат кон полн капацитет. Исто така, Кина почна драстично да го намалува производството на струја од јаглен, и да се префрла на гас, што дополнително ја зголеми побарувачката за гас. Истовремено, имаме тенденции во развиените европски земји, како Германија, на забрзано напуштање на производството на струја од нуклеарки, јаглен и останати фосилни горива, и префрлање кон обновливи извори. Но, додека се постигне целосно зелено сценарио, преоден период на производството на струја е гасот. Што значи, дека огромен дел од количините на струја во Европа се произведуваат од гас, а истовремено тој се користи и за загревање на домовите и сл. Сиот овој притисок од страна на побарувачката, во услови на ограничена понуда, доведе до драстично зголемување на цената на гасот, а со тоа и на електричната и топлинската енергија.“, објаснува Анѓушев. Но, тој додава дека има уште неколку генератори на кризата. Тука се таканаречените зелени сертификати, односно „пеналите“ што ги плаќаат оние што во Европа произведуваат струја од загадувачки извори. Цената на овие зелени сертификати порасна од 20 евра, на 60, 70 евра за мегават час. Од друга страна обновливите изворина енергија се одлични, но тие даваат енергија кога природата тоа го дозволува. А, изминатиов период имаше неповолна ситуација со ветровите во северните делови на Европа, на пример, каде што има инсталирано големи капацитети за енергија од ветер ... Друг генератор на високата цена на енергијата е и глобалната инфлација. Енергетиката е област поврзана со метали, масла, работна рака... чијашто цена на глобално ниво значително порасна, така што, според Анѓушев, и овој фактор мора да го земеме предвид во конечното поскапување на енергијата. „Кога ќе го земете сето ова предвид, што ви останува да правите во врска со греењето? Вие мора на нешто да се греете. Го имате централниот систем во Скопје, којшто зависи од гасот, којшто е пак драстично поскапен. Можете евентуално да видите дали може да договорите некакви цени на подолг рок, па да имате извесно упросечување кај цената. Инаку, ви остануваат фосилните горива, дрвата, коишто се загадувачки извори на енергија, како и струјата, којашто, повторно, е драстично


11 ФЕВ. 2022

34 КРИЗА/ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Малите хидроелектрани кои што беа предмет на државен ревизорски извештај со којшто апсолутно не се согласувам, и денес продаваат струја по 80 евра за мегават час. И кога ќе направите математика колку струја тие продаваат, и наместо да се увезува по 200 евра, ќе видите дека сите тие електрани заедно во системот оставаат 200 илјади евра дневно. Па ако земете на месечно ниво тоа е 6 милиони евра. За шест месеци 36 милиони евра. Па ете, од сите 10 години наназад, ги вратија парите за шест месеци. Затоа, енергетиката не се гледа од денес за утре, туку долгорочно и стратешки. поскапена. Прашање е на цената. Оваа цена на енергијата мора да се плати. Државата одлучи да ја субвенционира во делот на домаќинствата, а компаниите ја плаќаат според пазарните услови.“

„Ревизорскиот извештај за малите хидроелектрани е нестручно направен“

На прашањето дали ние како држава можевме да сториме повеќе околу сопственото производство на струја, Анѓушев одговори дека секако дека може да се зголеми домашното производство и колку повеќе струја обезбедиме од домашни извори, толку нејзината цена ќе биде пониска. Домашната струја секако е поевтина од увозната, и на крајот ќе добиеме еден просек, којшто секако ќе биде понизок доколку имаме повеќе наша домашна струја. „Јас не можам да ви одговорам зошто не произведуваме повеќе домашна струја, но можам во

овој контекст да дадам извесно оправдување, а тоа е дека ние мора да сме свесни за фактот дека рудникот Суводол кај РЕК Битола е пред исцрпување. Тоа значи дека тој јаглен, којшто и онака не е еколошки, ние го имаме се’ помалку. Во ТЕЦ Осломеј го нема повеќе воопшто, значи таму термоелектраната практично повеќе ја немаме, а тоа се 110 мегават часови капацитет, што не е занемарливо, додека во Битола, можеби и може да се зголеми ископот на јаглен, но и тој рудник, како што реков, е на згаснување“, вели Анѓушев. Неговиот заклучок е дека ние како држава мора да бараме други извори на енергија, и тие се точно опишани во енергетската стратегија, каде што има три сценарија. Едно од нив е зеленото, кон коешто според него треба да го следиме. Тој објаснува дека во светот електрична енергија се прави

на ограничен број на начини: од нуклеарна енергија, за којашто ние не можеме во брзо време да постигнеме, бидејќи не зависи само од нашата желба, има тука многу фактори; од јаглен, којшто е загадувачки извор; од мазут којшто исто така е загадувачки; од гас, којшто сега е драстично поскапен. Ова се конвенционалните начини. И ги имаме обновливите извори: енергија од ветерот, хидро потенцијалите, сончевата енергија преку фотоволтаиците, биогас и биомаса и тука завршува отприлика списокот на начини како се произведува електрична енергија. „Со оглед на фактот дека конвенционалните извори ние веќе ги немаме, остануваат обновливите извори на енергија. Е сега, дали ние доволно направивме и работевме на нив сите овие изминати години – тоа е вистинското прашање околу кое може да дебатираме. Колку брзо можеме да направиме нови


НЕМА ВЕЌЕ ИЗГОВОРИ ВОЗИ НА СТРУЈА! Бесплатно полнете го Вашето електрично возило со полначите на ПроКредит Банка Симнете Симнете ја ја апликацијата: апликацијата:

mkd.info@procredit-group.com mkd.info@procredit-group.com

02/2446-000 02/2446-000 || www.pcb.mk www.pcb.mk


11 ФЕВ. 2022

36 КРИЗА/ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

капацитети - и тоа е вистинското прашање.“ Европа силно се ориентира кон обновливите извори, но кај нас беше објавен државен ревизорски извештај, којшто вели, дека има незаконско издавање концесии за мали хидроелектрани, без контрола на терен, со штетни последици врз животната средина, исплатени се 41 милион евра повеќе од пазарната цена на струјата ... „Јас со тој ревизорски извештај апсолутно не се согласувам и ќе си земам слобода да кажам - извинете, но според мене тој е нестручно направен. Во него ја земале предвид цената на продадената струја од малите хидроелектрани која сите овие изминати години откако тие постојат изнесува околу 80 евра за мегават час, потоа колку била просечната цена на берза, а тоа е 41 евра за мегават час, и така дошле до разликата од 41 милион евра. Но, тоа не е така. Еве зошто ... „Прво, пред и воопшто да почнат да се градат малите хидроелектрани, беа на тендер, и на тој тендер платија еднократно на државата 17 милиони евра, авансно. Тие 17 милиони евра пред 10-15 години и денес не вредат исто. Од тие 40 милиони извадете ги прво овие 17 милиони евра. Потоа извадете 2% што плаќаат секоја година кон министерствата. Па потоа земете предвид дека ревизорите ја споредувале цената на европските берзи колку е. Но цената на берза и цената во Македонија не е иста, додека дојде од Европа до тука, има уште 2-3 евра по мегават за прегугранични капацитети. И кога ќе го земете сето тоа, ќе видите дека ефектот не е баш таков како што е прикажан во ревизорскиот извештај“, објасни Анѓушев. Доколку имало незаконски издавања на концесии, тогаш, според него, секако треба да одговара тој што го правел тоа. „Но не можете вие поради ‘еден пијан возач, да ги исклучите сите возила од сообраќај’. Така што, мислам дека фамата околу малите хидроелектрани е вештачки создадена.... Видете, јас секогаш кога зборувам на оваа тема, влегувам во ризик да бидам погрешно сфатен поради тоа што моето име се поврзува со сопственост на мали хидроелектрани. Јас сум сопственик на 15% од капацитетите на малите хидроелектрани во земјава и целата оваа дискусија некако се води еднонасочно. Време е да се каже вистината. Ајде сега да го видиме денешниов парадокс.

Денес, цената на струјата на европските берзи е 200 евра за мегават час, над 200 деновиве, беше 260, беше и 400... Тие мали хидроелектрани и денес продаваат струја по 80 евра за мегават час. И кога ќе направите математика колку струја тие продаваат, и наместо да се увезува по 200, ќе видите дека сите тие електрани заедно во системот оставаат 200 илјади евра дневно. Па ако земете на месечно ниво тоа е 6 милиони евра. За шест месеци 36 милиони евра. Па ете, од сите 10 години наназад, ги вратија парите за шест месеци. Затоа, енергетиката не се гледа од денес за утре, туку долгорочно и стратешки“. Во овој контекст Анѓушев јавно ги прашува сите оние на коишто им пречело што се исекле дрва при градење на малите хидроелектрани, дали сега не им пречи јаглен да се увезува? Дали не им пречи мазут да се увезува? „Сега на никого ништо не му пречи, само струја да има. Видете, за да имаме струја, ние мора да ги искористиме сите капацитети на обновливи извори. И на крајот на краиштата, не мора мене да ме слушаат. Еве да видиме што прави Европа? Извадив некои податоци за да бидам подготвен. Во моментов, во ЕУ функционираат преку 24.000 мали хидроелектрани, од коишто најголем дел се во Германија. Од овие 24.000, 3.936 се изградени во заштитени подрачја, значи национални паркови, а ние викаме во Македонија да не се гради во национални паркови, и јас сум согласен со тоа. Но, еве, во Европа и таму се гради. Во моментов 77 мали хидроелектрани се градат во заштитени подрачја во ЕУ. Да видиме во регионов што се прави... Според студија на ЕУ, Бугарија во 2005 година имала 95 мали хидроелектрани, во 2020 вкупно 200. Грција во 2005 има 50, во 2020 175. Словенија во 2005 има 201, во 2020 има 380 ... И сега овие земји не знаат што прават? „Секако дека треба да има баланс помеѓу искористувањето на природните обновливи извори и заштитата на природата. Но, дубиоза е тоа дека се прават без елаборати, дека само се уништува животната средина... Еве, јас ги поканувам сите да дојдат да видат што останува после 10 години работа на малите хидроелектрани, како изгледа теренот сега... Да, кога се градело, се копале канали, се уништиле некои дрва ..., но природата апсолутно после 10-15 години тоа го регенерира и сега имате само по два објекти од по

200 м2 што се над земја и тоа е сè. А, малите хидроелектрани ќе произведуваат струја 100 години. “

„Деновите на евтина струја се завршени – ќе се стабилизира на ниво од 80 – 120 евра за 2-2,5 години“

Анѓушев даде и свои прогнози за тоа како би се движела цената на електричната енергија на краток и среден рок. „Кризата, како што говорев, има свој варијабилен дел – тоа е цената на гасот, затајувањето на обновливите извори, зелените сертификати, што се политичка одлука ... и сето ова може да се измени. Но, има и реална компонента, што е инфлацијата, којашто е практично невозможно да се промени. Парите се вбризгани во светската економија за време на кризата, цените се покачени, се’ е поскапено: суровините, метали, нафта ... и тоа тешко ќе се врати на нивото што беше претходно. Мислам дека оваа година би требало да очекуваме некоја просечна цена на електричната енергија од 130, 140 до 150 евра по мегават час, а перспективно ќе се стабилизира на некое ниво од 80 до 120 евра, во период од 2-2,5 години“ Според него, државава на подолг рок нема капацитет да издржи субвенционирање на актуелните ценовни нивоа, значи ако овие цени се задржат пет, шест или седум години, ќе мора и сите ние да ја прифатиме реалноста, како што е реалноста за се’ друго... Како што е реалност дека има инфлација, дека платите мора да се покачуваат... „Работата е што ние треба да имаме економија, која што го полни буџетот... Ни требаат силни извозни компании, технолошки развиени, за да може да направат додадена вредност и да дадат повисоки плати... Затоа што државата не може вечно да се задолжува за да субвенционира енергетски сметки...“ Но, сите овие математики може да се компликуваат дополнително доколку се разгори ситуацијата во Украина... „Еден од главните гасоводи, магистрални, којшто доаѓа од Русија, особено битен за нашиот регион, поминува низ Украина... Гасот е и геополитика... Нормално дека ако се случи таму нешто, воени дејства, ако тој гасовод се оштети, или се прекине испораката на гасот, тоа неминовно ќе влијае врз снабдувањето со гас од Русија и на крајот на неговата цена“, проценува Анѓушев. nnn



11 ФЕВ. 2022

38 МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

КОЛКУ СЕ БЕЗБЕДНИ МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?

МНОГУ НЕСРЕЌИ, НЕДОВОЛНО ОДГОВОРНОСТ Ужасните сообраќајни несреќи кои резултираа со човечки жртви во главниот град ја отворија темата за безбедност на сообраќајот - колку ни се безбедни градските улици, но и патиштата низ земјата? Сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот, безбедноста на патиштата и соодветна патна инфраструктура, се едни од сегментите кои најмногу говорат за степенот на развој на една држава. Експертите бараат посериозна стратегија, државата вели работиме на тоа.


39

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

БРОЈКA

160 – 180

граѓани ги губат своите животи во сообраќајни несреќи годишно АНАЛИЗА НА АГЕНДА 35

У

жасните сообраќајни несреќи кои резултираа со човечки жртви во главниот град ја отворија темата за безбедност на сообраќајот - колку ни се безбедни градските улици, но и патиштата низ земјата? Сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот, безбедноста на патиштата и соодветна патна инфраструктура, се едни од сегментите кои најмногу говорат за степенот на развој на една држава. Во Македонија годишно во сообраќајни несреќи загинуваат од 160 до 180 лица, бројка која според професорката Верица Данчевска од Техничкиот факултет во Битола е висока, имајќи го предвид индикаторот по број на жители. Прилагодување на брзината и условите на патот, поголемо присуство на полицијата на терен, мониторинг на сообраќајот, едукација уште од најмали нозе, соодветно одржување на патиштата, се некои од мерките кои може да придонесат за зголемување на безбедноста и намалување на сообраќајните несреќи. „Со почетокот на пандемијата бидејќи беа ограничени движењата, бројот на жртви и сообраќајни несреќи малку се поднамали, но не изостанаа воопшто како што се очекуваше да се намалат. Не само што не изостанаа туку се случуваа со големи катастрофални последици и во урбаните средини и надвор од урбаните средини. Ако сме имале веќе некаква воспоставена пракса за мониторинг на сообраќајот и безбедноста, значи дека нешто недостасува и дека треба да се реагира на терен“, вели професорката. Според професорката Данчевска, има разлика доколку сообраќајната несреќа е

направена од небрежност или со умисла: „Кога го анализираме правниот аспект на криминалистичките дејствија во сообраќајот може да се анализираат два аспекти од небрежност и со умисла. Од небрежност може да се направи грешка кога инцидентно излегла ситуација и се реагирало непотребно, меѓутоа сообраќајните дејства како што се недозволено престигнување, движење со недозволена брзина, свртување полукружно на недозволено место, влегување во улица со забранет сообраќај се намерни дејствија во сообраќајот - воопшто не се случајни, значи возачот има намера да прекрши сообраќајно правило и прописи кои често пати предизвикуваат сообраќајни незгоди. Еден од проблемите исто така е, што учесниците во сообраќајот, правилата ги почитуваат додека ја добијат возачката дозвола, а потоа, истите тие правила ги прекршуваат“. Таа објаснува дека со 36 часа едукација во автошколите и со полагање во испитните центри не значи дека секој којшто ќе се стекне со возачка дозвола, подготвен е активно да се вклучи во сообраќајот. Уште повеќе што, голем процент од возачите кога се едуцираат и додека да положат за возачка дозвола ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а кога ќе добијат возачка дозвола се однесуваат и возат скратувајќи од тие правила, непочитувајќи било да се работи од случајна грешка или смислено дејствие. Сообраќајната култура е еден од најважните елементи на сите учесници во сообраќајот, а едукацијата треба да започне во основните училишта. „Сообраќајната култура се гради од најмали нозе, потребно е да се воведе сообраќајно образование од најмала возраст за да се едуцираат за кога ќе станат возрасни да бидат спремни личности кои ќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,а


11 ФЕВ. 2022

40 МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Експертите објаснуваат дека со 36 часа едукација во автошколите и со полагање во испитните центри не значи дека секој којшто ќе се стекне со возачка дозвола, подготвен е активно да се вклучи во сообраќајот. Уште повеќе што, голем процент од возачите кога се едуцираат и додека да положат за возачка дозвола ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а кога ќе добијат возачка дозвола се однесуваат и возат скратувајќи од тие правила, непочитувајќи било да се работи од случајна грешка или смислено дејствие. Сообраќајната култура е еден од најважните елементи на сите учесници во сообраќајот, а едукацијата треба да започне во основните училишта. не личности кои ќе земаат возачка дозвола и ќе се однесуваат како сакаат на патиштата со скапи и современи возила кои често пати не одговараат на квалитетот на патот и рангот на инфраструктурата и брзината со која што се движат.“ вели Данчевска. Според професорката сообраќајните несреќи се и трошок за општеството, па оттука државите треба да работат на нивно превенирање. „Доколку некој намерно ги прекршува сообраќајните правила и прописи треба да биде санкциониран. Меѓутоа треба да биде санкциониран во редовни контроли и постапки, не откако ќе се случи сообраќајна незгода, затоа што сме во настан во кој што сите имаат голема загуба. И учесниците во сообраќајната незгода, предизвикува големи трошоци од осигурителни

компании, адвокати, судови, обвинителство, вештаци,и на крај не ги пресметуваме општествените трошоци, односно екстерни трошоци како што се викаат, кои се едни од основните теми во транспортната економика во развиените земји. На пример се случува сообраќајна несреќа, се запира сообраќајот, додека трае увидот, кој ќе ги плати трошоците на сите оние кои се затекнале таму и кои планирале некое друго дејство, работа. Кој ќе ги плати трошоците од загадувањето од сообраќајот, застојот на возилата и сл.“ вели таа.

Користење на технологијата, но потребни се регулативи

Има многу примери од европските држави од кои државата треба да учи и да ги имплементира во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот. Шведска е првата земја од ЕУ која го развива системот „визија нула“,

односно намалување на жртвите од сообраќајните несреќи со цел до 2050 година да нема жртви од сообраќајни несреќи. Македонија ги прифаќа таквите стратегии, но за да имаме резултати во сето ова, потребно е да работиме многу на терен. Многу примери има од развиените земји, како да се мониторираат возилата, како да се санкционираат оние кои што намерно го прекршуваат законот, како нормално да се одвива сообраќајот и секој да си ги почитува своите права и обврски во сообраќајот, бидејќи сообраќајот е правно регулирана дејност и се знае кој каде може да помине и како треба да се движи, сето тоа е овозможено со сообраќајната сигнализација. За зголемување на безбедноста во сообраќајот во урбаните средини, потребно е и ставањето во функција на камерите по градските улици.


41

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

„Новите модерни трендови се значајни и доведуваат до зголемување на безбедноста во сообраќајот со центар за следење и управување со сообраќајот, каде што во урбаните средини се мониторираат преку камери, на крстосниците движењата, кој како се движи, дали намерно прави прекршоци, па дури може и да се забележи по регистарски број, меѓутоа, потребни се законски регулативи. Во Скопје тоа го имаат, Центар за управување во сообраќајот, и може да биде чекор, со којшто и понатаму тие податоци би се користеле и од МВР“, вели професорката. Професорката Данчевска објаснува дека многу често на социјалните мрежи луѓето теоретизираат како треба да се однесуваме во сообраќај, но праксата говори дали ги почитуваме сообраќајните правила или пак ги прекршуваме: „Па како нација ако може на социјалните мрежи да коментираме и ако секој кој што ќе положи за возачка дозвола се мисли за експерт во сообраќајот, тогаш да можеме да се едуцираме малку повеќе, да се преиспитаме себеси дали она што ние го знаеме и го коментираме, доследно го спроведуваме на терен, дали сме истите луѓе кои знаат едно да пишуваат и теоретски да кажуваат,а сосема поразлично возат, како се однесуваат во сообраќајот. Затоа што секогаш го застапувам мислењето, затоа што недозволените дејствија во сообраќајот, посебно дејствието на престигнување во простор во кој треба да се движат возилата од спротивна насока, не е само обичен сообраќаен прекршок туку е многу повеќе, за земање на просторот на движење на другиот кој доаѓа од спротивна насока, и тоа е загрозување на основното уставно право за движење и живеење.“

Што прави државата?

Во Министерство за транспорт и врски веќе е при крај подготовката на Законот за Агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата, бидејќи работата на терен во однос на безбедноста на сообраќајот опфаќа континуирана работа на сите надлежни институции, но најважно пред се е да се работи на превенцијата. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека оваа Агенција ќе помогне многу, оти планирана е по примерот на европските земји: „Не се работи само за формирање на ново тело што ќе се полни со администрација и ќе биде

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ

БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ

Имаме состојби во кои што ќе имате реакции бидејќи премногу полиција имате на улиците, за да после било каков немил настан, сосема оправдано, дури истите луѓе да реагираат дека нема доволно полиција. Фактот е еден, секој еден учесник во сообраќајот кога е од страна нема директно да учествува, секогаш гледа проблем на оние кои се учесници во сообраќајот, во возачите, итн., се до моментот додека тој не е дел од сообраќајот, тогаш сме помалку самокритични за тоа дека правиме одредени состојби на непочитување на сообраќајните правила или прописи.

При крај е подготовката на Законот за Агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата, бидејќи работата на терен во однос на безбедноста на сообраќајот опфаќа континуирана работа на сите надлежни институции, но најважно пред се е да се работи на превенцијата. Не се работи само за формирање на ново тело што ќе се полни со администрација и ќе биде неефикасно. Луѓето вработени таму ќе бидат од редовите на веќе вработените во администрацијата, во сите сектори кои имаат надлежност во оваа област и на тој начин ќе се постигне координирана работа.

неефикасно. Луѓето вработени таму ќе бидат од редовите на веќе вработените во администрацијата, во сите сектори кои имаат надлежност во оваа област и на тој начин ќе се постигне координирана работа за поголема безбедност во сообраќајот“ Бочварски исто така вели дека и инвестициите во магистралните патишта ќе имаат влијание на зголемување на безбедноста, а

особено го потенцира Коридорот 8 на којшто интензивно се работи. Со откочувањето на административните блокади за автопатот Скопје - Охрид, Бочварски предвидува истиот да биде завршен во рок од две години, со што дополнително ќе се зголеми безбедноста на овој важен патен правец. Од Министерството за внатрешни работи, пак, каде се директно

министер за внатрешни работи

министер за транспорт и врски


11 ФЕВ. 2022

42 МАКЕДОНИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Сообраќајните казни како споредба 2020 и 2021 година, во 2020 година имало 55.444 казни по сите основи во сообраќајот. Оваа година имаме 240.871 казна. Значи за четири пати се зголемува обемот на контроли на сообраќајот во државата. Според министерот Спасовски тука има податок кој е важен за МВР, за државата и е нивна цел која сакаат да ја постигнат, а тоа е во делот на бројот на жртви во сообраќајот, во периодот од 2013 до денеска е даден како податок. Во 2013 година сме имале 198 жртви за една година во сообраќај, 2016 има 165 жртви, и 2021 имаме 111. Заклучокот е дека секоја година имаме драстичен пад.

надлежни за санкционирање велат дека лани, за четири пати го зголемиле обемот на сообраќајни контроли за разлика од 2020 година. На забелешката дека малите бројки во 2020 година можеби се должат на ковид-пандемијата, затворањата, намалениот интензитет на сообраќајот, министерот Оливер Спасовски вели напротив, во таа година бројката на жртви во сообраќај изнесувала 125, наспроти 111 во 2021 година. Јавноста секојдневно е информирана за засилени акциски контроли на полицијата, за изречување на мерки, но кога ќе загинат двајца пешаци за неполна недела, граѓаните меѓу другото, ја осудуваат и работата на полицијата бидејќи не е доволно на терен за да превенира. Но, според министерот Спасовски, статистички податоци покажуваат колку полицијата е активна и на каков начин се третира прашањето за безбедноста во сообраќајот. „Сообраќајните казни како

споредба 2020 и 2021 година, во 2020 година имало 55.444 казни по сите основи во сообраќајот. Оваа година имаме 240.871 казна. Значи за четири пати се зголемува обемот на контроли на сообраќајот во државата. Тука има податок кој е важен за нас, за државата и е наша цел која сакаме да ја постигнеме, а тоа е во делот на бројот на жртви во сообраќајот, во периодот од 2013 до денеска е даден како податок. Во 2013 година сме имале 198 жртви за една година во сообраќај, 2016 има 165 жртви, и 2021 имаме 111. Заклучокот е дека секоја година имаме драстичен пад“, вели тој. Клучните цели на Министерството за внатрешни работи според министерот Спасовски се намалување на жртвите во сообраќајот, намалување на тешките телесни повреди и намалување на сообраќајни несреќи со големи материјални штети. „Санкции за возач почетник 2020 се 1.997, годинава 4.386. Санкции

за непрописно престигнување, во 2020 се 782, во 2021 се 4.227. Санкции за нерегистрирани возила 163 во 2020, 402 во 2021. Еве ја можеби најдрастичната разлика, санкции за пребрзо возење, тоа што сите се прашуваме зошто и на кој начин се вози по улиците, 2020 завршува со 4470 санкции, а во 2021 се 104.703 санкции. Ова само покажува колку полиција има на терен. Или санкционирани пијани возачи во 2020, 3.530 а во 2021 се 10.360 возачи под дејство на алкохол, санкции за управување без возачка дозвола, во 2020 17.480, а во 2021 се 24.053.“ вели тој. Според Спасовски, постои нелогичност во тврдењето дека во 2020 година сме имале локдаун и поради тоа имаме намалување на сообраќајните прекршоци. „Напротив, гледајте колку жртви во сообраќајот имаме во 2020, 125. Значи на локдаун кога нема движење, вие имате поголем број на жртви, а во 2021 година не беше година во која имавме какви било ограничувања во движењето е


43

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

111. Еве ја 2013, се 198. Ова само покажува за активноста на МВР на одделот за сообраќајна полиција во однос на обезбедување на поголема безбедност на патиштата. Поставувањето на камери за сообраќајни прекршоци на автопатиштата и регионалните патни правци беше најавено за лани, но за овој проект се работи на неговата финансиска конструкција. Значи, во овој дел комплетно ни е подготвен проектот, работиме на финансиската конструкција бидејќи тоа не се малку финансиски средства кои треба да се издвојат од буџетот. Има неколку варијанти врз основа на кои можеме да дојдеме до целосно завршување на овој проект, јас очекувам дека наскоро ќе го затвориме целиот овој процес и ќе можеме да преминеме на реализација на проектот кој што ќе значи пред се’ исклучување на човечкиот фактор во делот на следење на состојбите во сообраќајот, затоа што е важно

секој еден без селективност, транспарентност, да поднесе одговорност за она што го прави.“ објаснува првиот полицаец. За да постојат добри сообраќајни контроли и тоа да се прави во континуитет, министерот Спасовски го истакна и значењето од техничка опременост на одделот за сообраќајна полиција. „Само ќе напомнам, во 2015 година, во МВР имавме само 10 радари за мерење на брзина и само седум апарати за алко тестирање, тоа беа можностите на МВР и заради тоа мораше да се воспостават основи за нормално функционирање. Затоа набавивме најсовремени радари за дневно контролирање во сообраќајот. Прв пат во независна Македонија имаме и радари за ноќно снимање, огромен број на дрегери за алко - тестирање, сега имаме можност тоа да го правиме во континуитет и затоа го зголемуваме и обемот.“ вели тој. Министерот Спасовски истакнува

дека во подигнувањето на нивото на сообраќајната култура треба да учествуваат сите, граѓаните како поединци и функционирање на сите засегнати институции. „Имаме состојби во кои што ќе имате реакции бидејќи премногу полиција имате на улиците, за да после било каков немил настан, сосема оправдано, дури истите луѓе да реагираат дека нема доволно полиција. Фактот е еден, секој еден учесник во сообраќајот кога е од страна нема директно да учествува, секогаш гледа проблем на оние кои се учесници во сообраќајот, во возачите итн., се до моментот додека тој не е дел од сообраќајот, тогаш сме помалку самокритични за тоа дека правиме одредени состојби на непочитување на сообраќајните правила или прописи.“ Во зголемување на сообраќајната култура од голема важност е едукацијата во основните училишта, која што е инцидентна и е недоволно застапена. nnn


11 ФЕВ. 2022

44 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

ЃОШЕ МИТЕВ

комерцијален директор и член на УО на Ветекс:

Комбинацијата од врвни репроматеријали, квалитетни машини и вредни работници водеа кон позиционирање на Ветекс АД како доверлив партнер во текстилната индустрија. Во нашето производство имаме широка палета на конци за хеклање, везење и плетење која е достапна на љубителите на рачната изработка. Бројката на вработените се движи околу 190 во моментов.“

Разговаравме со ЃОШЕ МИТЕВ, комерцијален директор на ВЕТЕКС Во услови кога природните текстилни материјали се сè поскапи, се бараат иновативни решенија, кои ќе бидат еколошка супституција, а ценовно оптимални. Во вакви услови Ветекс АД Велес со финансиска поддршка од страна на Фондот за иновации и технолошки развој го разви проектот „4 СЕЗОНИ“, којшто значи производство на иновативни производи, предива и конци во кои ќе има соодветна мешавина на памук со акрил и волна. Природен производ кој покрај бенефитите од памукот, ги обезбедува и вредностите од другите материјали.


45

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

ВРВНИ РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ, КВАЛИТЕТНИ МАШИНИ И ВРЕДНИ РАБОТНИЦИ СЕ КЛУЧОТ ЗА НАШИОТ УСПЕХ разговарал:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

АД Велес

Ж

ивееме во едно динамично секојдневие, каде луѓето стануваат се’ попребирливи, со комплексни барања. Се’ повеќе преферираат производи кои се изработени од природни материјали, а не од синтетика. Облека за чие производство не се загадува животната средина, која има подолг животен век, и која може да се носи во сите годишни времиња. Во услови кога природните материјали се се’ поскапи, се бараат иновативни решенија, кои ќе бидат еколошка супституција, а ценовно оптимални.

Во вакви услови ВЕТЕКС АД Велес со финансиска поддршка од страна на Фондот за иновации и технолошки развој го разви проектот „4 СЕЗОНИ“, којшто значи производство на иновативни производи, предива и конци во кои ќе има соодветна мешавина на памук со акрил и волна. Природен производ кој покрај бенефитите од памукот, ги обезбедува и вредностите од другите материјали. „Тенденција е во Европа да се користат природни материјали за изработка на предива и конци за рачна изработка. Памукот како изворен природен материјал во комбинација со волна ги сублимира позитивните придобивки на двата материјали корисни за човекот во текот на целата година. “, објаснува г-дин Ѓоше Митев, комерцијален директор и член на УО на Ветекс за значењето на оваа иновација. Тој додава поради тоа што климатските


11 ФЕВ. 2022

46 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Целта на менаџментот на Ветекс е во иднина да продолжат да бидат доследни на сопствениот континуиран развој. Како што вели Митев, процесот на автоматизација, повторно, силно ќе влијае на квалитетот на производот.

промени придонесоа кон зголемување на просечните температури, со тоа зголемува можноста за употреба на памучна облека и во текот на студените месеци (доцна есен - зима рана пролет). Така памукот, од традиционално употребуван во топлите периоди (доцна пролет -лето - рана есен), се повеќе станува четири - сезонска суровина. „Истовремено желбата да се носат комотни и пријатни материјали, влијае да се користи се повеќе памукот во производството на текстилни производи.“, вели Митев.

Главни извозни пазари во ЕУ

Нашиот соговорник истакнува дека купувачите денес очекуваат да добијат облека која ќе ги опфати предностите на двата вида

суровини. Секојдневно се зголемува бројот на купувачи кои бараат производи кои можат максимално да се искористат и кои полесно и поефикасно би се одржувале со цел продолжување на нивниот животен век и помалку создавање на отпад и загадување на животната средина. Во Ветекс ги следат развојните трендови во индустријата, ја следат потребата на пазарот за нови еколошки иновативни производи, со што ќе ја подобрат конкурентноста и на нивните клиенти од европските пазари. „Наши главни извозни пазари во моментот се земјите од Европската унија – Германија, Франција, Австрија, скандинавските земји, како и Русија“, вели Митев. Финалните купувачи на конецот на

Ветекс го користат за изработка на разни плетени производи. Според него, единствена можност за соработка со останатите текстилни компании од Македонија е конецот за шиење, којшто повеќе не е дел од производната програма на Ветекс – поради конкуренцијата од Кина. „Од друга страна македонските текстилни фирми во најголем дел се конфекции коишто работат на лон принцип, при што им е доставено од купувачот се’ што им е неопходно од репроматеријали, вклучително и конец за шиење .“

Инвестиции во екологија и економичност

Инаку, почетоците на работата на компанијата се поврзани со производство на памучен конец за шиење.


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 0800 02 222 02 5102 222

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


11 ФЕВ. 2022

48 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Главни извозни пазари на Ветекс во моментов се земјите од Европската унија – Германија, Франција, Австрија, скандинавските земји, како и Русија. Финалните купувачи на конецот на Ветекс го користат за изработка на разни плетени производи.

„Комбинацијата од врвни репроматеријали, квалитетни машини и вредни работници водеа кон позиционирање на Ветекс АД како доверлив партнер во текстилната индустрија. Во нашето производство имаме широка палета на конци за хеклање, везење и плетење која е достапна на љубителите на рачната изработка. Бројката на вработените се движи околу 190 во моментов.“, објаснува директорот Митев. Целта на менаџментот на Ветекс е во иднина да продолжат да бидат доследни на сопствениот континуиран развој. Како што вели Митев, процесот на автоматизација, повторно, силно ќе влијае на квалитетот на производот. „Воедно и ќе го намали притисокот од потребата за бројна работна сила. Кога

говориме за вработените, и во иднина продолжуваме со нивниот развој. Со цел полесно да ги оствариме развојните планови и инвестиции, внимателно ги следиме финансиските програми за поддршка на приватниот сектор, коишто имаат вклучено и грант компоненти, а доаѓаат претежно од ЕУ програмите. “ Што се однесува до еколошката, но и компонента на економичност во развојот на Ветекс, Митев вели дека во тек е изградба на фотоволтаична централа на крововите од производните погони, која ќе и овозможи на компанијата намалување на трошокот за електрична енергија, чија тенденција е да расте. „ Анаеробна пречистителна станица како следна инвестиција треба понатаму дополнително да го

унапреди учинокот на фабриката за заштита на животната околина и имплементирање на ефикасен верификациски систем Detox to zero, кој подразбира имплементирање на критериумите на Greenpeace Detox кампањата. А, сите планирани заложби заедно да обезбедат одржлив развој на Ветекс.“, објаснува нашиот соговорник. Како најголем предизвик во моментов Митев го истакнува подобрувањето на квалитетот на нивните производи и зголемување на производството и пласманот во Европа и пошироко. „И покрај пандемијата нашата компанија успешно ја заврши 2021 година, со надеж дека 2022 година ќе биде уште подобра и поуспешна работна година.“. nnn


ИНВЕСТИЦИИ ВО ФОТОВОЛТАИЦИ ЗА СОПСТВЕНА УПОТРЕБА

3%

KAMATA

Фотоволтаични системи за компании - достапни преку кредитите на ПроКредит Банка. Искористете ги поволностите и аплицирајте за инвестиции во фотоволтаични системи за сопствена употреба и заштедете на трошоците за електрична енергија!

Кредитна линија за сите правни лица

0% провизија при исплата на кредитот

Стимулативна каматна стапка од 3% Трошоците за електрична енергија се намалатуваат и над 30%, вишокот произведена енергија се пласира на пазарот, а повратот на вкупната инвестиција се очекува за 5-7 години.

Повеќе информации:

mkd.info@procredit-group.com

02/2446-000

www.pcb.mk


11 ФЕВ. 2022

50 КОЛУМНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

ДАЛИ ПРАВИМЕ СÈ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА УСПЕХ НА ЕДЕН ПРОИЗВОД!

Денес луѓето не купуваат производи, туку ја купуваат идејата која е зад тој производ. Ја купуваат приказната за тој производ, што тој овозможува, како помага!

И

мате производ кој сте го креирале, резултат на вашата силна претприемачка страст, на вашата визија, нешто свое на што сте посебно горди. Сте го пласирале на пазарот, сте вложиле се што имате во него, и сега очекувате тој да успее, да биде прифатен и користен од целната група. Очекувате приходи и потврда од сите страни за она што сте го направиле! Но реалноста за повеќето претприемачи, посебно стартапи или мали компании кои вовеле некоја иновација не е баш поволна, па следи разочарување и еден куп прашања на кои

немате одговор. Природно се активира нашиот одбранбен механизам дека проблемот е на другата страна, дека пазарот не е спремен, дека луѓето се ограничени, дека државата не не’ поддржува, економската криза, пандемијата, и лошата политика во државата. Секако некои од овие фактори се важни и пресудни за нечиј неуспех. Но дали сме направиле се за производот да успее! Еден од најважните сегменти за производот да успее на пазарот е негова промоција, посебно ова важи за сите мали и средно големи компании кои вовеле нов производ или услуга, за стартапи и други компании кои се чувствуваат спречени, ограничени

во сопствениот развој. Го имаат производот или услугата но неговиот продажен потенцијал не е искористен. Дел од нив се ограничуваат само на домашниот пазар, заборавајќи дека денес благодарение на дигиталниот свет можноста да се види она што го имаме е достапна за сите, за цел свет.

Морате да бидете видливи за целната група Иако постојат исклучоци, па ќе сретнеме информација за интернационален успех на некоја наша компанија, генералната перцепција е дека тоа поретко се случува. Моите анализи и согледувања ми покажуваат дека една (потенцирам само една) од главните причина за


51

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

ова е невидливоста на нивните производи, услуги или решенија за јавноста, за целната група. Голем број од овие компании имаат многу интересни и иновативни производи, за кои сигурно треба да постои интерес, но тие го немаат завршниот чекор за да го затворат 4П Котлеровиот маркетинг процес, одамна етаблиран во овој високо конкурентен светски економски поредок. Овие компании немаат изградена, структурирана и релевантна комуникација со својата целна група, како домашна, така и интернационална. Срамежливо настапуваат во својата комуникација, сметајќи дека преку лични контакти можат да воспостават релации и да го пласираат, продадат својот производ. Немаат, или недоволно ги користат сопствените медиуми (веб страната им е неажурирана, немаат содржина на Фејсбук, Инстаграм, Линкедин) немаат креирано автентична приказна. Тоа што им е во глава за нивниот производ мислат дека сите го разбираат и дека го знаат и дека тие сега не треба нешто посебно да се трудат да направат. Но, баш напротив, сега нивниот напор треба да биде уште поголем, да дефинираат кои се главните бенефити од нивниот производ, за кого е наменет, како тој производ ќе помогне. Треба да информираат, да едуцираат на еден разбирлив и ефективен начин, за таа информација да влезе во потсвеста на луѓето. Денес маркетинг и ПР комуникацијата базираат на чиста психологија. Комуникацијата треба да понуди јасни и корисни информации, кои другата страна (целната група) кога ќе ги прими ќе добие впечаток дека со тој производ нешто ќе добие. Денес луѓето не купуваат производи, туку ја купуваат идејата која е зад тој производ. Ја купуваат приказната за тој производ, што тој овозможува, како помага! Токму затоа „Односите со јавноста“ се толку влијателни и ефикасни, а ниеден друг формат ја нема таа моќ. Со ефикасна стратегија и правилна и оптимална имплементација „Односите со јавноста“ менуваат навики, креираат потреба, создаваат нова или изменета перцепција. Живееме во динамично време кога треба да се биде активен, отворен за комуникација и транспарентен. Секоја неактивност е контрапродуктивна, и нанесува само штета на се досега што сме направиле. Некои компании се пасивни поради

страв дека не можат тоа самите да го направат, други од недостаток на чувство за потреба тоа да го дадат на професионалци, експерти за комуникација. А, во суштината градењето на релевантна комуникација е многу едноставен процес.

Приказна наместо суви податоци или класична реклама

За почеток треба да се охрабриме и да почнеме со првиот чекор! Да видиме која е нашата целна група, каде е таа во земјава, во странство, какви се нејзините карактеристики. Потоа да креираме клучна комуникација според нивните потреби, нивните очекувања. Содржината која ќе се креира треба да создава доверба, да биде автентична, дискретна, да поттикнува дијалог и интерес, да едуцира! Никој не го знае подобро производот од оној кој го креирал. Можеби е само потребна помош заедно со експерт за комуникации, тоа подобро да се структурира и прецизира. Потоа се одредуваат каналите за комуникација, форматите кои нашата целна група ги преферира, и содржината се пласира. Доколку се обезбеди конзистентност во пораката и континуитет во активностите, ја зголемуваме веројатноста за развој, и ја отвораме портата на успехот. Никој не може ништо да гарантира, но едно е сигурно - ако не ризикуваме, ако не сме активни, тогаш не создаваме шанси! Денес во услови кога буквално се’ е измислено, многу е тешко да се создаде производ кој е единствен на пазарот, кој нема конкуренција или пак во најмала рака нема супститут во својата категорија. Така што потребата од активна и релевантна комуникација е уште позначајна. Се’ сме направиле, да го направиме и последниот чекор! 70% од нашите одлуки за купување се емотивни наместо рационални. Приказните им се привлечни на нашите емоции, а знаеме дека раскажувањето како некој производ решил некоја „болка“ има многу поголемо влијание наместо суви податоци или класична реклама. А луѓето доколку се идентификуваат со туѓите искуства во приказната, тие веќе се чувствуваат како дел од неа. Науката за нервниот систем вели дека приказните ги помниме и остануваат во нашите мисли и се за 20% помоќни во инспирирањето и поттикнувањето на луѓето наспроти било која друга форма на комуникација. nnn

САШО ДУЉАНОВ директор за односи со јавност во Публицис

70% од нашите одлуки за купување се емотивни наместо рационални. Приказните им се привлечни на нашите емоции, а знаеме дека раскажувањето како некој производ решил некоја „болка“ има многу поголемо влијание наместо суви податоци или класична реклама. А луѓето доколку се идентификуваат со туѓите искуства во приказната, тие веќе се чувствуваат како дел од неа. Науката за нервниот систем вели дека приказните ги помниме и остануваат во нашите мисли и се за 20% помоќни во инспирирањето и поттикнувањето на луѓето наспроти било која друга форма на комуникација.


11 ФЕВ. 2022

52 КРЕАТИВНА ИНДУСТРИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

КАКО 15-ГОДИШНИОТ ДАВОР ГО СОЗДАВА СВОЈОТ МОДЕН БРЕНД

VANITY

ОБЛЕКА ЗА СИТЕ ШТО НЕ СЕ ПЛАШАТ ДА БИДАТ ПОРАЗЛИЧНИ


53

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Давор Матов има само 15 години, а веќе креира свој моден бренд, Vanity. Тешкиот период низ којшто минувал неодамна, негативните емоции коишто го обземале, решил да ги канализира низ нешто креативно и убаво и да ги спои љубовта кон цртањето и модерната облека. Така настанале дизајните Vanity, каде што во понудата засега има дуксери, маици, и беџови, но Давор се надева дека набрзо ќе може да понуди и тренерки, јакни, капи и други модни парчиња. Веќе подготвува нови дизајни кои во скоро време ќе ги објави и верува ќе бидат прифатени како и претходните.


11 ФЕВ. 2022

54 КРЕАТИВНА ИНДУСТРИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Сестра му на Давор, Матеа, веќе некое време дизајнира беџови со оригинален дизајн и уникатна порака под истото име, Vanity. Следејќи го нејзиниот пример одлучил и тој да ги спои љубовта кон цртањето и модерната облека. Започнал скромно со еден дизајн, по што инспирацијата почнала сама да доаѓа. Одлучиле да ги спојат облеката и беџовите под едно име и да понудат нешто уникатно на пазарот.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

С

екој човек во еден момент од својот живот поминува низ тежок период, па така и нашиот соговорник Давор Матов, 15-годишно момче од Скопје, којшто вели дека одлуката темнината да се претвори во светлина, односно негативната енергија да се канализира во нешто креативно и убаво, всушност е почетокот на приказната за Vanity, брендот на облека што тој го дизајнира. Инспирацијата дојде спонтано, вели Давор. „Мојата сестра веќе некое време дизајнира беџови со оригинален дизајн и уникатна порака под истото име. Следејќи го нејзиниот пример одлучив и јас да ги спојам мојата љубов кон цртањето и модерната облека. Започнав скромно со еден дизајн, по што инспирацијата почна сама да доаѓа. Одлучивме да ги споиме облеката и беџовите под едно име

и да понудиме нешто уникатно на пазарот.“, вели Давор за Капитал. Vanity како бренд е замислен да биде дел од т.н. street wear стил. Целната група на младиот дизајнер се сите оние коишто отворено зборуваат за тагата и бесот кои ги носат во себе, без разлика на нивната возраст. „Но, тоа не е само обичен street wear бренд. Vanity ја претставува мојата перспектива кон светот во поприлично тежок период од мојот живот. Поради овој период се чувствував многу изгубен, како да немам цел. Немав како да ги изразам ставовите и темните мисли за нашето општество кои беа предизвикани од сè што се случуваше во мојот живот. Тоа беше додека не сфатив дека можам да ги спојам со мојата љубов за модерна облека и цртање. Vanity е наменет за секој оној кој се осмелува да биде поразличен од сите други. Луѓе кои не ги засега туѓото мислење, кои не се плашат да покажат дека се поразлични од другите.“, објаснува Давор.

Пораката на дизајните е дека е во ред да бидеш поинаков, необичен, свој Под името Vanity досега Давор креирал пет дизајни, но вели дека набрзо планира уште два нови. Двата Welcome to Vanity дизајни биле направени без некое конкретно значење. Тоа била моментална инспирација, вели тој, која всушност претставувала само еден вовед за да открие што понатаму. „Со третиот и четвртиот дизајн наречени Оdd One Out и Odd Hearts Out веќе беше појасна идејата во кој правец ќе се движи Vanity. Овие два дизајна имаат подлабоко значење и за мене лично, но и за голем дел од нашите клиенти. Пораката на дизајните е дека е во ред да бидеш поинаков, необичен, свој. Последниот дизајн наречен Familiar Faces ги претставува мислењата и реакциите на луѓето од нашето опкружување. Некои ќе не’ повредат или критикуваат, некои само немо ќе посматраат, но на крај секогаш постојат оние позитивните кои неуморно не’


55

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

охрабруваат и поддржуваат.“ Во однос на беџовите, Давор и неговата сестра имаат осум дизајни кои пренесуваат саркастични пораки од типот „Bite me”, “Nice try”, “Chill pill” и уште неколку. Имаат модерен дизајн и пренесуваат уникатна порака која не секој се осмелува да ја каже. Давор ни открива дека на почетокот луѓето не можеле да ја разберат пораката што сакал да ја испрати. „Бидете свои и не дозволувајте другите да ви го диктираат животот. Сега веќе добивам многу позитивни реакции и луѓето се повеќе се пронаоѓаат во моите дизајни. Сите тие сакаат да ја испратат пораката дека се свои и единствени, дека се Odd One Out, и сакаат да бидат дел од Vanity семејството. “, порачува младиот дизајнер. И додава дека тој веќе го создал својот круг на Familiar Faces, оние што му ја даваат целосната поддршка, го инспирираат и го охрабруваат постојано да создава нови и уникатни дизајни. „Тоа се мојата сестра, мојата мајка и сите оние кои се пронаоѓаат во она што го правам. Тука морам да упатам особена благодарност до Рената Наумовска, Борче Стаменов и Снешка Трајковска кои безрезервно ме поддржаа во идејата и ми дадоа ветер во крилата. Без сите нив приказната за Vanity немаше да постои.“

Сон за меѓународно препознатлив бренд

Го прашувам Давор какви се неговите планови за понатаму, дали можеби има разговарано со текстилни компании околу шиење и пласман на неговите колекции. „Ние сме релативно нов бренд кој допрва треба да се развива. Уште е рано за некои големи планови, но секако дека во иднина би сакале да се прошириме и да оствариме соработка со некоја текстилна компанија. За сега, продажбата оди исклучиво преку Инстаграм, но секако се надевам дека еден ден ќе

За сега, продажбата на парчињата облека оди исклучиво преку Инстаграм, но Давор се надева дека еден ден ќе му се оствари и желбата Vanity да има своја продавница. „Веќе има интерес за нашите производи и надвор од Македонија, па се надевам дека ќе успееме брендот да биде препознатлив и на меѓународниот пазар.“

се оствари и желбата Vanity да има своја продавница. Веќе има интерес за нашите производи и надвор од Македонија, па се надевам дека ќе успееме брендот да биде препознатлив и на меѓународниот пазар. Тогаш со сигурност ќе ни биде потребна помошта од некоја од нашите текстилни компании.“, вели Давор. За крај ни открива дека има многу идеи коишто би сакал да ги реализира, но не сака да брза. Вели дека сака да го гради брендот

полека и квалитетно. „Во иднина би сакал да го прошириме бројот на производи. За сега имаме само дуксери, маици, и беџови, но се надевам дека ќе можеме да понудиме и тренерки, јакни, капи и друго. Веќе подготвувам нови дизајни кои во скоро време ќе ги објавам и верувам ќе бидат прифатени како и претходните. Се надевам дека сонот за меѓународно познат бренд еден ден ќе стане реалност.“ 


11 ФЕВ. 2022

56 МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

КОВИД-19 КРИЗАТА ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ ПАРАДИГМАТА ЗА УПРАВУВАЊЕТО КАКВО ШТО ГО ЗНАЕМЕ

ДОАЃА ЕРАТА НА “ПОСТ – МЕНАЏМЕНТОТ“

Директорите директоруваат, претседателите претседаваат и менаџерите управуваат. Така е во традиционалниот тип на организации. Но, сите овие активности додаваат многу помала додадена вредност од порано. Тие ги ограничуваат иновациите и ја задушуваат креативноста во потрагата по ред.

HARVARD BUSINESS REVIEW

К

лучот за менаџирање е да се ослободиме од менаџерите”, советуваше Рикардо Семлер, кој во својот TED -говор воведe термини како “индустриска демократија” и “корпоративeн реинженеринг”. Важно е да се истакне дека г-дин Семлер не е некој академик, ниту експерт во

теоријата на управување, тој е извршен директор на успешна индустриска компанија. Неговите ставови не ги претставуваат меинстрим размислувањата за организацискиот дизајн. Но, можеби е време да го редефинираме терминот “менаџер” и да се запрашаме дали идејата за “управување”, како што беше наследена од индустриската ера, ја надживеа својата корисност. Светската банка проценува дека глобалната работна сила достигнува околу 3,5 милијарди

луѓе, и во никој случај не очекувам, а уште помалку се залагам, дека оние кои се вработени денес ќе преминат во структура ослободена од менаџмент во блиска иднина или на среден рок. Најголемиот дел од работата што вклучува човечки труд сè уште најдобро се спроведува во традиционална организациска структура. Во светот на нестабилност, неизвесност, сложеност и двосмисленост, технолошките еднорози се тие кои најрано ќе


57

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

прифатат пост-хиерархискиот модел. Всушност, некои веќе го прифатија. Денешниот конкурентен пејзаж е дефиниран со еден збор: нарушување. Идеите за постепен напредок, континуирано подобрување и оптимизација на процесите едноставно не ја постигнуваат целта повеќе. Тие практики се неопходни, но недоволни. Сега е невозможно да се изгради траен успех без “интра-претприемништво ” или создавање на нови идеи од рамките на една организација.

Дилеми на „нарушувачите“

Организациските дилеми со кои се соочуваат амбициозните “нарушувачи” (disruptors) најдобро се покажуваат преку Netflix. Нивниот гуру за човечки ресурси, Пети МекКорд, идентификуваше проблем кој се појавува очигледно во ретроспектива: како бизнисите растат, така и нивната комплексност. Но, тоа доаѓа по цена на намалување на талентот, односно процентот на високи квалитетни луѓе со добри перформанси во рамките на една организација. Платформата што таа ја разви со извршниот директор на Netflix, Рид Хестингс, стана достапна онлајн, а Шерил Сандберг, вториот човек од Facebook,ja нарече можеби најважниот документ кој излезе од Силиконската долина. Пети МекКорд не ги заработи нејзините признанија со идентификување на проблемите. Она што ја задржа имагинацијата на сите се невообичаените решенија што ги нуди: “Со текот на годините дознавме дека ако ги замолиме луѓето да се потпрат на логиката и здравиот разум, наместо на формалните политики, поголемиот дел од времето добивавме подобри резултати и по пониски трошоци. ” Коментарите за корпоративната култура на Netflix често се фокусира на нејзините конкретни политики за човечки ресурси, како што се самоопределените одмори и отсуството на извештаи за патнички трошоци. Но, ова се само деривати на поголемата визија: високата деловна сложеност не треба да се управува со стандардни процеси и постојано растечки правилници. Пети МекКорд отсекогаш се залагала за спротивното: да се ограничи тиранијата на процедурите, да се донесат донесе високо квалитетни таленти и да им се овозможи самите да се управуваат во срединаво која има максимална флексибилност.

Контролирањето на луѓето е контрапродуктивно

Денес, менаџментот го дефинираме менаџментот како процес на справување со/ или контролирање на нештата или луѓето. И ако ова не е црвено знаме за извршен директор кој работи ништо друго освен фабрика за графичка контрола, не знам што е. Контрола на работите повеќе не се покажува како веродостојно, и контролирањето на луѓето е сосема контрапродуктивно. Стив Џобс го стави прстот на глава кога рече: “Нема смисла да се вработи паметни луѓе, а потоа да им кажете што да прават; ние ангажираме паметни луѓе за тие да можат да ни кажат што да правиме“. Џобс, ко-основачот на “Епл” со право се смета за еден од најголемите визионери на нашето време, но ако бил роден во, на пример, 17 век – или дури 50 години порано отколку што беше, јас се сомневам дека таквата негова изјава би наишла на разбирање од неговите современици. Ерата на пост-менаџмент е само почеток на разденувањето. И тоа е постојано забрзувачко темпо на технолошки напредок, кој е одговорен за уништување на старите парадигми. Да се имале паметни луѓе да им кажуваат на сопствениците на земјиште што да прават во прединдустриското општество, немало да доведе до подобри економски резултати. Во најдобро сценарио, тоа би предизвикало потсмев. Нема докази од тоа време кои сугерираат дека производството и порастот на населението не беа едно исто. Додека поделбата на трудот е белег на индустриската ера, денес станува сè потешко да се разгледува и да се распредели работата на “белите јаки” во форма на специфични задачи. Без оглед на тоа како го опишуваме сегашноста, дигиталната епоха или ера на четврта ера на индустриска револуција, она на што се сведува се е дека сите работи што бараат надзор се аутсорсираат преку роботи и алгоритми.

Хиерархискиот менаџмент не е веќе прилагоден за новите предизвици

Втората фундаментална промена што ја гледаме сега е дека стратегијата за изработка на план, а потоа и нејзино извршување веќе не е одржливо. Стратегијата како што ја знаеме е мртва. Справувањето со неизвесноста е број еден предизвик, и можеби

СТИВ ЏОБС

ко-основач на Apple

Нема смисла да се вработaт паметни луѓе, а потоа да им кажете што да прават. Ние ангажираме паметни луѓе за тие да можат да ни кажат што да правиме.

звучи како клише, истовремено и можност број еден.Крајното е дека хиерархискиот менаџмент не е веќе прилагоден за предизвиците на модерната економија. Секој столб на традиционална организација сега е нарушен. Статусот кво ситуациите се често заштитени со речникот на бизнисот: директорите директоруваат, претседателите претседаваат и менаџерите управуваат. Но, сите овие активности додаваат многу помала додадена вредност од порано. Тие ги ограничуваат иновациите и ја задушуваат креативноста во потрагата по ред. Контекстуалната свест, периферната визија, дизајнерското размислување и мултидисциплинарниот пристап – сите овие термини се тренди во модерната канцеларија. И заслужено. Организација базирана на проекти и ослободена од титули – каде вчерашниот член на тимот е лидер во тимот денес- може да ја испорача флексибилноста и агилноста за која бизнисите копнеат. Да се води проект не значи само некој да доделува задачи и да ги следи перформансите, туку да ги поттикне, да го дефинира поширокиот контекст и органски да ја поврзе работата на еден тим со останатиот дел од бизнисот. Така се ослободува целиот потенцијал на луѓето. nnn


11 ФЕВ. 2022

58 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

СПОЈУВАЊАТА И ПРЕЗЕМАЊАТА ДОСТИГНАА РЕКОРДНИ НИВОА ВО 2021

ЈАВНО ОБЈАВЕНИТЕ ЗДЕЛКИ ДОСТИГНАА 5.100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ


59

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Минатата, 2021 година, била рекордна на подрачјето на спојувања и преземања, како според количината на трансакции, така и според нивната вредност, покажува извештајот на глобалната консултантска куќа PwC. Бројот на направени трансакции лани ја надминал бројката од 62.000 на глобално ниво, што е незапаметени 24% повеќе во однос на 2020 година. Јавно објавените вредности на трансакциите достигнале рекордни 5.100 милијарди долари, вклучувајќи и 130 мегатрансакции со вредност на поединечна трансакција од 5 милијарди долари или повеќе, што е неверојатни 57% повеќе од 2020 година, со што е срушен претходниот рекорд од 4.200 милијарди долари поставен во 2007 година.


11 ФЕВ. 2022

60 СВЕТ

И

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

ако во 2021 година беше забележан невиден досега раст на вредноста и обемот на трансакциите, сепак значајниот број на планирани трансакции, достапноста на обилни износи на капитал и постојаната побарувачка за дигитални средства и средства што ги покренуваат податоци, укажуваат на тоа дека и 2022 година би можела да биде уште една исклучително продуктивна за областа на спојувања и преземања во светот, заклучок е на анализата на PwC за глобалните трендови во оваа област, Global M&A Industry Trends 2022. Анализирана е актуелната глобална активност на подрачјето на склопување трансакции, а анализата вклучува увиди на стручњаците на PwC за поедини сектори, за да се утврдат клучните трендови што влијаат врз количината на спојувања и преземања, како и мултипликаторите на вредноста. Минатата, 2021 година, била рекордна на подрачјето на спојувања и преземања, како според количината на трансакции, така и според нивната вредност. Бројот на направени трансакции лани ја надминал бројката од 62.000 на глобално ниво, што е незапаметени 24% повеќе во однос на 2020 година. Јавно објавените вредности на трансакциите достигнале рекордни 5.100 милијарди долари, вклучувајќи и 130 мега-трансакции со вредност на поединечна трансакција од 5 милијарди долари или повеќе, што е неверојатни 57% повеќе од 2020 година, со што е срушен претходниот рекорд од 4.200 милијарди долари поставен во 2007 година. „По рекордната година за активностите на спојувања и преземања, сите се прашуваат што е следно. Склучувањето на трансакции веројатно ќе остане на високо ниво и во 2022, со жестока конкуренција меѓу корпорациите, фондовите, приватниот капитал и специјализираните компании за преземања (анг. SPAC), но најголемите би можеле да испаднат од пазарниот натпревар, со оглед на се’ позначајните макроекономски и регулаторни препреки“, вели Брајан Ливај, глобален шеф на услугите трансакции за индустрија и партнер во PwS US.

И покрај тоа што оптимизмот е и понатаму висок и се предвидува успешна 2022 година, предизвиците во вид на повисоки каматни стапки, растечка инфлација, зголемени даноци и поголема регулација, би можеле да донесат структурни или финансиски препреки за заклучување на трансакциите. На финансиските пазари веќе е забележлива поголема нестабилност, глобалните синџири за набавки и понатаму имаат нарушувања, фискалниот долг е во пораст, а последиците од пандемијата и понатаму се чувствуваат на глобално ниво.

Предизвици за 2022

И покрај тоа што оптимизмот е и понатаму висок и се предвидува успешна 2022 година, предизвиците во вид на повисоки каматни стапки, растечка инфлација, зголемени даноци и поголема регулација, би можеле да донесат структурни или финансиски препреки за заклучување на трансакциите. На финансиските пазари веќе е забележлива поголема нестабилност, глобалните синџири за набавки и понатаму имаат нарушувања, фискалниот долг е во пораст, а последиците од пандемијата и понатаму се чувствуваат на глобално ниво. Поучени од искуството со пандемијата, учесниците во трансакциите би требало да бидат свесни дека следствено на новото забрзано темпо на промени овие или некои други фактори можат и порано да станат важни и тоа со поголемо влијание. „Во Хрватска, па и поширокиот регион, свесни сме за никогаш поголемиот број на заклучени трансакции. За мотивите на продавачите може да се шпекулира, но интересно е дека гледаме (потенцијални)

купувачи и од некои, порано помалку атрактивни пазари, како скандинавските земји. Верувам дека дел од зголемениот интерес за хрватските компании кои се предмет на трансакции лежи и во фактот што се приближуваме кон воведувањето на еврото со што ризикот за државата (или барем перцепцијата за него во очите на купувачите) се намалува“, смета Дамир Кецко, партнер и шеф на Одделот за трансакции во PwC Хрватска, за lider.media. Приватниот капитал продолжува да заклучува се’ поголем број на трансакции. Речиси 40% од трансакциите во 2021 година вклучувале приватен капитал, во однос на нешто повеќе од една четвртина во последните пет години, а компаниите со приватен вложувачки капитал склучуваат поголеми трансакции, претставувајќи 45% од вкупната вредност на трансакциите во 2021 година, во споредба со 30% во текот на претходните пет години. Со влезот во 2022 година, приватниот капитал го зголемил својот капацитет на склучување трансакции, достигнувајќи рекордни нивоа на


61

11 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

КЛУЧНИТЕ СЕКТОРИ НА ЕКОНОМИЈАТА ОБЕЛЕЖАНИ СЕ СО СЛЕДНИВЕ ТРЕНДОВИ u Потрошувачки пазари: Потрошувачките

преференции и во 2022 ќе служат како катализатор на активностите на спојувања и преземања, при што корпорациите и приватниот капитал ги реструктурираат своите портфолија за да ги искористат трендовите како што е „освестениот консумеризам“, коишто создаваат побарувачка за нови производи и услуги и потполно нови бизнис модели. u Енергија, комунални услуги и ресурси: ESG поттикнува изработка на стратегии во сите сектори. Спојувањата и преземањата ќе се користат за ребаланс на портфолијата и барање можности за создавање вредност во подрачјата на раст на ESG, како што се обновливи извори на енергија, складирање на енергија во батерии, водород, инфраструктура за пренос и други чисти технологии. u Финансиски услуги: Натпреварот за постигнување на стратешка пазарна предност и понатаму ги поттикнува активностите на спојувања и преземања, а најчести се трансакциите на подрачјето на технологии и иновации. Се очекува продолжување на оптимизацијата на портфолијата што ќе доведе до активности на продажба, како и трансакции поттикнати од способностите, затоа што компаниите настојуваат да ја искористат технологијата и да стимулираат ефективност. Проблематичните активи во секторот банкарство и осигурување би поттикнале бран на нови трансакции.

u Здравствен сектор: Фармацевтските компании

настојуваат да ги оптимизираат своите портфолија за да остварат раст врз основа на трансакции што ќе овозможат пристап кон нови технологии, како што се mRNA, како и клеточна и генетска терапија. На подрачјето на здравствените услуги, интересот на инвеститорите го привлекуваат платформи за специјалистичка здравствена заштита, теле – медицина, фирми за развој на технолошки решенија во здравството, како и компании за податоци и аналитика. u Индустриско производство и автомобилска индустрија: Стратешките ревизии на портфолијата и ESG покренуваат активности на спојувања и преземања, првенствено трансакции со коишто се забрзува дигиталната трансформација, а вклучуваат електрични и автономни возила, батерии и технологии на полнење, адитивно производство, материјали на следната генерација и производство со користење на нефосилни извори на енергија. u Технологија, медиуми и телекомуникации: Со оглед дека традиционалните индустрии се соочуваат со висок степен на промени, а иновативните технологии се придружуваат на доминантниот тренд побрзо одошто се очекувало, технолошкиот сектор и понатаму ќе бележи незапаметено ниво на активности на подрачјето на договарања трансакции, како и вредности на трансакциите, со оглед дека компаниите од сите сектори настојуваат да прибават клучна технологија или дигитални алатки.


11 ФЕВ. 2022

62 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1120

Глобалната вредност на приватниот капитал на крајот од 2021 година изнесувала 2.300 милијарди долари, 14% повеќе одошто на почетокот од годината, обезбедувајќи повеќе од доволно средства за активностите на спојувања и преземања во 2022 година. слободен приватен вложувачки капитал. Глобалната вредност на приватниот капитал на крајот од 2021 година изнесувала 2.300 милијарди долари, 14% повеќе одошто на почетокот од годината, обезбедувајќи повеќе од доволно средства за активностите на спојувања и преземања во 2022 година. Иако средства има во изобилство, ќе порасне притисокот врз приватниот вложувачки капитал да пронајде начини на создавање вредност во окружување на растечки каматни стапки, повисоки мултипликатори и притисоци поврзани со ESG (екологија, општествена и корпоративна одговорност, н.з.)

Жестока конкуренција помеѓу корпорации, фондови и т.н. SPAC-ови

Од PwC очекуваат во текот на 2022 година улогата на специјализираните компании за преземање (т.н. SPAC-s) и понатаму да биде значајна по повторниот залет на иницијални јавни понуди на SPAC кон крајот на 2021 година, земајќи го предвид и капиталот достапен за спојувања и преземања. Со оглед дека речиси 500 SPAC-ови допрва ќе најават

спојување, кратката временска рамка (обично две години) во којашто треба да ја заклучат трансакцијата ќе доведе до тоа SPAC-овите да се натпреваруваат со приватниот капитал и со корпоративните учесници во трансакциите за таргетираните фирми во 2022 и 2023 година. Ваквата жестока конкуренција меѓу корпорациите, приватниот капитал и SPAC-овите ќе ги задржи мултипликаторите за бараните имоти на високо ниво поради што изработката на сигурен план за создавање вредност преку спојувања и преземања е поважна од било кога. Што се однесува на корпорациите, од PwC очекуваат стратешко поместување кон дигиталните, иновативни и нови бизнис модели коишто прават промени во постојното окружување и со тоа понатаму ќе влијаат врз донесување на одлуките за спојувања и преземања. Покрај пазарните услови поради коишто управите на глобално ниво на посеопфатен начин би требало да размислуваат за создавање на вредност, претседателите на управите многу веројатно ќе се фокусираат на трансакции на

продажба во состав на ребалансот на своите портфолија, со цел да остварат долгорочен раст и профитабилност. Факторите поврзани со подрачјето на заштита на околината, општествената одговорност и управување (ESG) исто така се’ повеќе ќе влијаат на стратегиите на спојувања и преземања во текот на 2022 година. Активностите на спојувања и преземања во 2021 година во голема мера беа поттикнати од интензивната побарувачка за дигитална актива и актива основана врз податоци, а во PwC веруваат дека технолошките прилагодувања и понатаму ќе се наметнуваат како нужност во сите сектори во текот на 2022 година. Компаниите исто така ќе настојуваат да ја задржат предноста пред конкуренцијата и да реинвестираат со користење на средствата од продажбата на неуспешните фирми. Истовремено, учесниците на трансакциите мора да водат сметка за потенцијалните фактори коишто неповолно влијаат на склучување на трансакциите, како што се нестабилноста на финансиските пазари и макроекономските препреки.

nnn


Perfect dessert for perfect person * Производот може да се најде во сите поголеми продажни маркети



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.