1121- Kapital magazin

Page 1

ВОЕНА И ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА

ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

ШТО ЗНАЧИ КРИЗАТА ВО УКРАИНА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАРИ ДАЛИ ЕВРОПА ЌЕ ПЛАЌА 2000 ЕВРА ЗА 1000 КУБИЦИ ГАС?!

ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР ГО НАДМИНА ШОКОТ ОД КОВИД-ПАНДЕМИЈАТА ПАЗАРОТ ПОРАСНАЛ ЗА 15% МИНАТАТА ГОДИНА STAND BY

business magazine

БРОЈ 1121 l 25 февруари 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

ЉУПЧО ЗИКОВ

ШТО ДА СЕ ПРАВИ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ И КАКО ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ РАСТОТ!?

COVER STORY ИНФЛАЦИЈАТА ЌЕ ОСТАНЕ МАЛКУ ПОДОЛГО И МАЛКУ ПОВЕЌЕ ОД ОЧЕКУВАНОТО

АНАЛИЗА СНЕЖАНА ПОПОВСКА

технички аналитичар

INTERVIEW

ФАТМИР БЕСИМИ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗАЗДРАВУВА - ИМАМЕ ПЛАН ЗА СИЛЕН РАСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ДОЛГ ТЕЛЕКОМ ЈА ПУШТИ ПРВАТА КОМЕРЦИЈАЛНА 5G МРЕЖА ВО ЗЕМЈАВА ТЕХНОЛОГИЈА ШТО СОЗДАВА ДОСЕГА НЕВИДЕНИ МОЖНОСТИ ЗА ЛУЃЕТО И БИЗНИСИТЕ

ВО КОИ АКЦИИ ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО УСЛОВИ НА РАСТЕЧКИ КАМАТНИ СТАПКИ



3

КАПИТАЛ... 1121 06

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

10

STAND BY

18

COVER STORY

Љупчо Зиков

Инфлацијата ќе остане малку подолго и малку повеќе од очекуваното

основач на Капитал Што да се прави во време на кризи и како да се обезбеди растот!?

25 ФЕВ. 2022

ИНТЕРВЈУ

Фатмир Бесими

министер за финансии Македонската економија заздравува - имаме план за силен раст и намалување на јавниот долг

34

ТЕХНОЛОГИИ

Македонски Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во земјава Технологија што создава досега невидени можности за луѓето и бизнисите

28

24

40

ЕКОНОМИЈА

ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

Осигурителниот сектор го надмина шокот од ковид-пандемијата

Пазарот пораснал за 15% во 2021 – вкупно уплатени 190 милиони евра за полиси во животно и неживотно осигурување STAND BY Љупчо Зиков,основач на Капитал.........06 Што да се прави во време на кризи и како да се обезбеди растот!? COVER STORY Трошоците на живот годинава ќе пораснат до 4,3%......................................10 Инфлацијата ќе остане малку подолго и малку повеќе од очекуваното ИНТЕРВЈУ Фатмир Бесими,

министер за финансии........................................18

Македонската економија заздравува имаме план за силен раст и намалување на јавниот долг

ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ Осигурителниот сектор го надмина шокот од ковид-пандемијата.............24

Истражување на Тинк-тенк „Аналитика“

Што мислат македонските извозни компании за иницијативата „Отворен Балкан“: речиси сите се надеваат за нови можности за нивните бизниси

ЕКОНОМИЈА Истражување на Тинк-тенк „Аналитика“........................................................28 Што мислат македонските извозни компании за иницијативата „Отворен Балкан“: речиси сите се надеваат за нови можности за нивните бизниси ТЕХНОЛОГИИ Македонски Телеком ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во земјава...............................................................34 Технологија што создава досега невидени можности за луѓето и бизнисите ЕКОНОМИЈА РЕГИОН Банката на ЕУ даде силна поддршка за зелени и дигитални проекти.........40 ЕИБ инвестираше 853 милиони евра во Западен Балкан во 2021 година

ЕКОНОМИЈА РЕГИОН

Банката на ЕУ даде силна поддршка за зелени и дигитални проекти ЕИБ инвестираше 853 милиони евра во Западен Балкан во 2021 година

АНАЛИЗА Снежана Поповска, CMT, CFTe, Технички аналитичар........................................46 Во кои акции да инвестираме во услови на растечки каматни стапки ВОЕНА И ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Што значи руско – украинскиот конфликт за европските енергетски пазари........................................50 Европа набрзо би можела да плаќа 2000 евра за 1000 кубици гас?! ЛИДЕРИ Најголемиот авантурист меѓу претприемачите и најголемиот претприемач меѓу авантуристите..................................................54 Што научи Ричард Бренсон од своите најголеми неуспеси

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 24.02.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


4

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

ВО ФОКУС

Украински војник во ров, источна Украина, јануари 2022 фото: АП/Андриј Дубчак

25 ФЕВ. 2022

ВОЈНА

Имавме осумнаесет години и штотуку почнавме да ги сакаме животот и светот; и моравме да ги распукаме на парчиња. Првата бомба, првата експлозија, прасок во нашите срца. Отсечени сме од активност, од стремеж, од напредок. Ние веќе не веруваме во такви работи, веруваме во војна.

С

Ерих Марија Ремарк, „На запад ништо ново“ Стравувањето на западните лидери дека Русија може да изврши тотална инвазија врз Украина се подгреа во вторникот, 22 февруари, откако Горниот дом на рускиот парламент го одобри експресно барањето на претседателот Владимир Путин за употреба на воените сили на земјата надвор од нејзините граници. Ова формално им дозволува на руските трупи да се стационираат во источна Украина откако Путин ги призна двете проруски самопрогласени републики Доњецк и Луганск. Од НАТО изјавија дека руските војници веќе се упатуваат кон источна Украина, што значи дека одобрението од Думата е нешто

повеќе од изведена формалност. Европа е на работ на голема воена криза на нејзиниот исток, за којашто во моментов само се шпекулира какви размери може да добие. Евентуалниот ескалиран воен судир, во комбинација со санкциите што Западот веќе почна да ги спроведува кон Русија и последиците од сето тоа, се закана практично за целата светска економија. Претстои недостиг на енергенси, храна, метали и други суровини, што само ќе ја продлабочи актуелната економска криза предизвикана од пандемијата. Очите на сите се вперени во Путин и неговите планови: до каде е спремен да оди овој пат...


Скопје - плоштад Македонија, Citymall, Eastgate Mall |Битола - Широк Сокак Струга - Ново Шеталиште www.bozinovski.com.mk


КОЛУМНА / STAND BY / /

ШТО ДА СЕ ПРАВИ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗИ И КАКО ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ РАСТОТ!?

С

ега е време за јакнење на свеста дека најголем резултат после оваа криза со корона вирусот е - да се сочува претприемачкиот дух и претприемачката слобода. Ниедна цена што ќе се плати не треба да биде во функција на уништување на претприемачкиот дух кај граѓаните. Тоа ќе има далекосежни и неповратни лоши ефекти по здравјето на македонската економија на среден и долг рок... Иако, што се однесува до блокирањето на развојот на слободното претприемништво и силната енергија кај младите луѓе да почнуваат свои проекти, сите овде разбираме дека тоа некој силно го посакува не само денес, туку и 30 години наназад!? Затоа и имате мал број ликови во државата кои поседуваат, за наши поими големи компании добиени на разни нејасни и нереални начини ...!? И сега, во вакви длабоки кризи, не знаат што да им прават!? Сега е згодно да потсетиме пак, дека на овие простори систематски триесет години е уништуван претприемачкиот дух кај луѓето! Од партиите и од владите. Отсутност, неработење, неносење одлуки, подметнување, рекетирање ...! Отсуство на стимулации за претприемништвото. Долга е таа приказна! И не е убава за читање и слушање. Околу претприемништвото ... Тоа најдобро до сега го разбра поранешната германска канцеларка 6

КАПИТАЛ

25 I 02 I 2022

Љупчо Зиков

Светот и Македонија полека излегуваат од пандемиската криза со корона вирусот (прогласена за ендемиска). Сега главна е енергетската и економско финансиската криза проследена со инфлација (последица на неработењето и сите финансиски стимулативни мерки дадени во двете години наназад во пандемијата). Светските енергенси бележат историски највисоки цени, малите и средните економии се во големи финансиски проблеми. Се повеќе се чувствува неликвидност. Безбедносните ризици како можната голема војна меѓу Русија и Украина (до овој момент на пишување на текстот Русија веќе ги зазеде двете области во Украина) се заканува да ја продлабочи енергетската и економската криза во Европа. Тука Македонија добро стои оти ние едноставно, како што може да се слушне од надлежните, не работиме со Украина, а речиси ништо немаме ни со Русија. А и не користиме гас ... Да станува збор за некоја друга посериозна држава во Европа ќе кажев интелигентна политика воделе македонските власти ... но, во нашиот случај тоа било само триесетгодишна немоќ ... Се спасивме со „не чинење„! Сепак ... Македонија плаќа висока цена ... која директно влијае на растот на економијата и удира по животниот стандард на граѓаните. Како да се менаџираат повеќето кризи?

Ангела Меркел. Претприемништвото е клучен ресурс за одлична економија, и темел на цивилизацијата, вели таа. Во времето кога почна пандемијата во 2020, Меркел им понуди (покрај сè останато) на сопствениците на компании атрактивен модел на докапитализација. Значи на сите компании до 250 вработени кои не можат да плаќаат (инсолвентни) и на кои поради тоа им се заканува банкрот, државата понуди финансиска помош. Но ... за возврат државата ќе влезе пропорционално и процентуално во сопственичката структура. Тоа е изнудена докапитализација на германското стопанство на средните компании во земјата. Но, идејата на концептот на Меркел беше кога ќе помине кризата сопственикот на компанијата да си го откупи делот од државата која таа го стекнала во времето на оваа криза. На овој начин паметната германска канцеларка прави две одлични работи за „денот потоа ...„? Прво, праќа недвосмислена порака дека државата и стопанството од криза може да ги извлече исклучиво претприемништвото, оние паметни и работливи херои претприемачи и сопственици на приватни компании, а не тоа да се чека од државата на која местото воопшто не и е во економијата. Второ, создава доверба и сигурност кај банките дека тие можат сега без страв што ќе се случи да кредитираат токму такви претприемачи. Погодувате ... По објавувањето на овој модел за помош и заштита ljupco.zikov@kapital.mk


КОЛУМНА / STAND BY / /

на претприемачите индексите на берзите низ Германија и ЕУ скокнаа.

Две школи

Во тој период на почетоците на пандемија, па се до овој момент, во САД и во ЕУ се појавија две големи „школи на мислење„ околу борбата со економската криза предизвикана од корна вирусот. Тоа сега важи за инфлацијата периодов во САД, но и енергетската и финансиската криза во Европа. Се заговараат две тактики. За нив веќе пишував, но не е лошо да повториме. Првата тактика е „general escape clause„! Втората е „дожд од пари врз компаниите„. Првата тактика е „клаузула за бегство„ за која се вели дека промовира забавено враќање на долговите (одлагање на отплата на даноците и кредитите). Втората тактика, пак, промовира истурање на дожд од пари, колку е потребно толку, заради зачувување на економската активност (зголемување на ликвидноста, државни субвенции и во суштина попуштање на сите кочници на монетарната и фискалната политика од страна на владите). Зголемување на платите, пензиите и со тоа зголемување facebook.com/ljupco.zikov

Кои производствени ланци се неповратно прекинати, а кои ланци можат брзо да се реанимираат? Кои производства се загрозени? Кои услуги исчезнуваат? Колку компании ќе пропаднат? Колку работни места ќе се угасат? Колку БДП-а (бруто домашни производи) ќе бидат „спржени„? Има ли пари да се затнат сите дупки, како опасно заразената економија и економии во светот не би почнале забрзано да пропаѓаат!? Прогнозите и предвидувањата стануваат се’ понесигурни и попесимистички и тоа од час во час и од ден во ден. Многумина велат дека дошло време на „бела смрт на белата експертиза„!

на потрошувачката, но и зголемување на инвестициската потрошувачка од страна на државата со цел зачувување на економската и деловната активност на компаниите и проектите. Тоа и се случува денес ... За разлика од економската и финансиската криза низ светот во 2008 година, кога неодговорните банкарски мешетари, па и влади ширум светот - „спржија„ илјадници милијарди долари и евра, а стопанствата и компаниите во нив, ги оставија на цедило, сега нештата се поразлични ... Гледаме дека државите и централните банки нудат стотици, илјадници милијарди долари и евра со цел имунизација на граѓаните и на стопанствата (зачувување на работните места и деловната активност). Крајната цел стопирање на бранот на банкроти од незамисливи размери со кои се соочува буквално секоја економија. Малите економии како македонската се посебно ранливи и ризични... Сите ние се бориме всушност со две пандемии: пандемија на вирусот (здравствен проблем), како и пандемија на паника (страв од економска пропаст за време вирусот).

Што ќе се случува во две три години на напред. Некако сега сите бегаат од пазарната економија, а се повеќе бараат држава – етатизам!? Од друга страна, сите сме свесни дека, секоја изгубена компанија подразбира крај на еден производствен процес, крај на еден дистрибутивен процес, отпуштања на вработени во фабриката, во дистрибуцијата, намалување на бизнисот и проблеми за добавувачот на суровини, помалку придонеси од плата во пензиските и здравствените фондови и помалку данок во Буџетот на земјата. Следствено државата е во проблем оти има помали можности за трошење. Дали носиме заклучоци? Дали конципираме стратегии? Што научивме, или што секојдневно учиме од овие многу кризи? Ако за 2020 и 2021 беше важно зачувување на работните места, оти таквите политики обезбедуваат агрегатната потрошувачка да остане на стандардно рамниште како и пред пандемиската криза, денеска македонската економија е во своја втора и трета фаза на криза кога државните мерки за заштита на работните места нема да бидат доволни, затоа што КАПИТАЛ

25 I 02 I 2022

7


КОЛУМНА / STAND BY / / компаниите, директорите, управните одбори и со еден збор сопствениците и инвеститорите ќе влезат во еден „волшебен„ круг на неликвидност. Тоа веќе се случува. Компаниите ќе запаѓаат во разни кризи. Инсолвентноста ќе се зголеми, поради намалувањето на ликвидноста (отсуство и стопирање на деловната активност – нема излезни фактури!? И плус на тоа многу тешко се наплатува претходно сработеното). Оттука, во светлото на благото закрепнување на европските економии, Британија и САД, за македонската економија и за земјите во регионот се поставуваат следните прашања ... Кои производствени ланци се неповратно прекинати, а кои ланци можат брзо да се реанимираат? Кои производства се загрозени? Кои услуги исчезнуваат? Колку компании ќе пропаднат? Колку работни места ќе се угасат? Колку БДП-а (бруто домашни производи) ќе бидат „спржени„? Има ли пари да се затнат сите дупки? Прогнозите и предвидувањата стануваат се понесигурни и попесимистички и тоа од час во час и од ден во ден. Многумина велат дојде време на „бела смрт на белата експертиза„! Пред извесно време група претприемачи и интелектуалци испивме едно неофицијално кафе, а потоа дискутиравме и онлајн онака ентузијастички ... Со вредно микроекономско, а и макроекономско искуство составивме еден список на можни мерки со показатели и конкретни предлог мерки во чиј центар се – буџетски суфицит (индуциран 8

КАПИТАЛ

25 I 02 I 2022

се разбира) и високите девизни резерви на земјата. Борбата со економската криза и падот на БДП треба оди преку промена на ПАРАДИГМАТА!? Ако во 2017 година, при промената на власта (доаѓањето на Зоран Заев за премиер) беше спасуван Буџетот од банкрот за да подоцна се спаси целата економија со тоа што ќе се обезбеди силен простор за капитални инвестиции, сега мора да се спасува стопанството – компаниите, за да се спаси Буџетот подоцна (пензиите, платите на администрацијата, јавните капитални инвестиции ...!? Таква е оваа криза и бара сосема спротивен пристап и мерки. Или како што во Хрватска на површина се популаризираше слоганот “Država sada mora da plaća privredi da bi privreda sutra mogla da plaća državi”

Како да се финансира растот? На Владата ѝ се сугерира дека не е време за штедење (се’ помалку има од што да се штеди), туку за трошење што повеќе пари е можно! „Масивен фискален стимуланс„. Како? Задолжување, се разбира. Стопанството да преживее да може да плаќа. Ова ќе има за последица зголемување на јавниот долг како процент од БДП и повеќе од 65%, или нешто под (но се заговара ако треба и повеќе, во ЕУ сега се дозволи затоа што го суспендираа Пактот за стабилност и раст). Најмногу пари од Буџетот државата би потрошила на покривање на минималната плата, пензии, стимулации за претприемачите. На Балканот и во Европа се

повеќе се заговара мерка – отпис, а не одлагање). За проблемите на среден рок, економисти и претприемачи предлагаат и поддршка на финансискиот сектор, на пример кај Развојната банка на Северна Македонија, со неколку стотици милиони евра. Пари кои директно ќе бидат пласирани во стопанството, не преку деловните банки, како секторска поддршка на посебни стопански гранки за кои ќе биде оценето дека се важни за економијата на државата. Најважната задача на Буџетот е непосредно да ги финансира сите трошоци на борбата за намалување на економската штета. За загрозените граѓани, и деловите на стопанството кои со оваа криза ќе бидат најмногу погодени. Затоа, потребно е поагресивно задолжување на државата. Еднократно, привремено зголемување на буџетскиот дефицит и јавниот долг (додека трае кризата економската и финансиската криза кои се производ и на пандемијата и енергетската криза) дури и во случај тоа задолжување и зголемување на јавниот долг биде релативно големо, под услов овие средства да се насочат рационално, одговорно и каде што треба. Многу е важно стопанството и економијата, исто така остро и брзо да влезе во зона на брзо закрепнување. Државата не смее да размислува на одлагање на било каква помош за стопанството. Таа мора се случи веднаш. Треба да се разбере дека покренувачите на бизниси, стопанствениците и претприемачите

престануваат да плаќаат даноци и придонеси оти немаат од каде, а не затоа што не сакаат. На работниците им плаќаат колку можат, а не дека не сакаат да ја почитуваат минималната плата. Ако бидат притиснати ќе мора да отпуштаат вработени ...!? Ако не се работи и десет дена огромен број претпријатија ги губат финансиските резерви, тешко доаѓаат до свежи пари и со тоа не можат да го компензираат недостатокот од приходи. Во нашиот случај наивно е да се верува дека претприемачите имаат некаква акумулација со која ќе ги финансираат трошоците во ваква ситуација ... Тие се сами со себе! Се преиспитуваат, и ги преиспитуваат своите бизнис модели, може ќе се селат надвор, може ќе одат во стечај (едвај чекаат некои од нив) ... Државата мора да го има ова предвид ... Како македонската економија ќе го финансира растот? Ако е преку задолжување, тогаш како да направиме добро задолжување? Прво, внатрешна буџетска резерва, задолжување на внатрешниот пазар на хартии од вредности и второ - задолжување на меѓународниот пазар на капитал. Може да се оди на лансирање на еврообврзница. Треба да се процени вистинското време за нејзино лансирање!?! Кога и колку ќе се задолжиме и по која камата? Во меѓувреме ММФ (Меѓународниот монетарен фонд) и Светската банка ни се на располагање ... Тие всушност цело време, три децении, ни се на располагање ... Што и како да се финансира и помогне на малите и средните ljupco.zikov@kapital.mk


КОЛУМНА / STAND BY / / бизниси? Една мерка која, економистите и претприемачите ја сугерираат е уште посилно помагање на гарантниот фонд. Основање на повеќе такви. Банките во тој фонд да внесат неколку стотици милиони евра, а државата да преземе одговорност, да гарантира за еден дел од тие милиони евра како би се финансирале малите бизниси. Друга добра мерка, која се’ уште овде не се практикува е издавање корпоративни обврзници за големите и средните компании за силно подигање на овие компании во брзо време.

Коперникански пресврт! До каде може да се оди со државен интервенционизам? Мислењата за улогата на државата во овие кризи се поделени. Но ... се чини дека никој во приватниот сектор, особено големиот бизнис, не сака да се откаже од помошта на Владата. Кај дел од стручната јавност најавите за силен државен интервенционизам предизвикуваат нервоза и паника. Некои упатуваат на прочуената мисла на Роналд Реган: „Најстрашната реченица во англискиот јазик е: Јас сум од Владата и тука сум да помогнам„. Анализите одат во правец на јасните заклучоци дека „социјализација на загубите„, со своите докажани погубни последици во комунизмот, секогаш звучи деструктивно затоа што на тој начин се уништува суштината на пазарната економија. Се создава долгорочно неодржлив раст на јавните долгови, а некаде може да се facebook.com/ljupco.zikov

Треба да се знае дека најважната задача на Буџетот е непосредно да ги финансира сите трошоци на борбата за намалување на економската штета. За загрозените граѓани, и деловите на стопанството кои со овие кризи ќе бидат најмногу погодени. Оттука се сугерира поагресивно задолжување на државата. Можеби зголемување на буџетските дефицити и јавниот долг (додека траат кризите) дури и тоа зголемување на јавниот долг биде релативно големо, под услов овие средства да се насочат рационално, одговорно и каде што треба. По острите падови во претходните две години, сега е многу важно стопанството и економијата, исто така остро и брзо да влезе во зона на брзо закрепнување.

стимулира и провоцира инфлација што на крајот ја плаќаат сите даночни обврзници. Сепак, и економската наука и бизнисмените и аналитичарите, горе долу, се согласни и предлагаат мерки како и сите влади во светот: со фискални стимулации да се угасат економските, политичките и социјалните пожари. Некои дури носат храбри заклучоци – дека зад овој коперникански пресврт, и вртење кон

државната интервенција во приватниот сектор и стопанството таа како клучен економски регулатор на редистрибуцијата, по се изгледа се крие веќе постигнат глобален консензус, да сегашната фискална комоција (долгот) на државите, за година две да се опрости, или да се репрограмира ... Веќе почна да се повикува размислување и за специјална меѓународна конференција за оваа цел.

Злоупотреба на државата – пандемијата и владиното арбитрирање Од друга страна, пак, познато е и на примерот на Македонија и од други примери во регионот дека компаниите особено нивните газди лесно влегуваат во разни односи со политичарите Откако во тој однос долго време „ќе се прави се’ и сешто„, и кога таа „љубовна врска„ доаѓа во криза обично работите завршуваат така - политиката го става во скут претприемачот ... и потоа „небото е лимит„ што се’ се случува. Што најмногу страда овде? Претприемништвото, секако. Дали е ова моментот на силното влијание на државата во борбата со економската криза предизвиканата од пандемијата? Или е можеби злоупотреба на државата која се нашла во комотна позиција да арбитрира? Еве, до какви дефекти доаѓа кога се зборува и чека помош и субвенции од државата, а не се зборува за реални економски индикатори и параметри кои ќе дадат можност компаниите кризата да ја надминат со пазарни механизми, законски

дефинирани и донесени од државата, секако. На пример, ако постојано зборуваме за помош (а ние во нашата паразитска економија зборуваме исклучиво за помош веќе 30 години од независноста до денес), тогаш се поставува прашањето како државата ќе бира приматели на помош, по кои критериуми ќе одлучува кому ќе ја даде помошта, кој тоа ќе го одлучува? Имајќи го предвид македонскиот менталитет ... Затоа што, масивните државни субвенции можат да бидат многу плодна почва за пораст на корупцијата. Затоа прашањето е дали ова ќе оди со субвенции или со евтини кредити!? Затоа што десетици и стотици милиони евра кои се споменува како долна граница на државни субвенции (!?), доволно е да Македонија биде лансирана во врвот на коруптивните држави. Одомаќинетиот принцип „рака раката ја мие„, преку евентуалните нови државни давања (нешто слично како во деведесеттите години), на среден рок, уште повеќе ќе го осиромаши населението, а од друга страна ќе им овозможи на „бизнисмените домашни љубимци„ на сите политички елити во земјата (без исклучок оти токму тие покажаа дека, без остаток можат да се „љубат„ со сите партии) да ги зголемат своите „мали задолжени феуди„. Случајот, пак, со уапсениот хрватски актуелен министер во владата на Пленковиќ, од пред неколку дена, доволно илустрира како завршува оваа приказна. Разликата е само во тоа што Хрватска е земја членка на ЕУ, а Македонија не е... Мала разлика нели...  КАПИТАЛ

25 I 02 I 2022

9


10 COVER STORY

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

COVER STORY

ИНФЛАЦИЈАТА ЌЕ ОСТАНЕ МАЛКУ ПОДОЛГО И МАЛКУ ПОГОЛЕМА ОД OЧЕКУВАНОТО


ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ ГОДИНАВА ЌЕ ПОРАСНАТ ДО 4,3%

11

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Трошоците на животот годинава ќе се зголемуваат повеќе одошто првично се очекуваше и тоа не е последица само на поскапувањето на енергенсите. Според најновите проценки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), потрошувачките цени односно инфлацијата годинава ќе достигне 4,3%, што е и повеќе од ланскиот просек од 3,2%. На овој растечки тренд веќе предупредија и последните податоци на Државниот завод за статистика којшто во јануари измери зголемени трошоци на живот за 6,7% споредено со истиот месец лани. Неизвесноста поврзана со ценовните промени и понатаму е нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со развојот и справувањето со пандемијата и актуелните геополитички тензии. Ова е нов тест и за политичарите и централните банкари коишто долго време “пливаа во мирни ценовни води“ се додека пост ковид не се соочија со инфлација, а алатките на монетарната политика во вид на мерки се можеби подзаборавени.


25 ФЕВ. 2022

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

И агенцијата за кредитни рејтинзи Стандард и Пурс вели во својот извештај за Македонија дека придвижувањето на стапката на инфлацијата е резултат на надворешни фактори, како растот на цените на енергенсите и на храната. Тие очекуваат стабилизирање на овие притисоци во 2022 година, како резултат на забавување на растот на цените на храната. Агенцијата очекува дека стапката на инфлација во земјава за годинава ќе изнесува 2,6%, за догодина 2% и за 2024 и 2025 година - 1,8% и 1,5%, соодветно.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Т

рошоците на животот годинава ќе се зголемуваат повеќе одошто првично се очекуваше и тоа не е последица само на поскапувањето на енергенсите. Според најновите проценки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), потрошувачките цени односно инфлацијата годинава ќе достигне 4,3%, што е и повеќе од ланскиот просек од 3,2%. На овој растечки тренд веќе предупредија и последните податоци на Државниот завод за статистика којшто во јануари измери зголемени трошоци на живот за 6,7% споредено со истиот месец лани. „Забрзувањето на годишната инфлација во јануари е одраз на порастот на регулираните цени на енергенсите, како и на растот на дел од прехранбените производи коишто имаат променлива динамика“, информираа од Народната банка по последната

седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. „Придонесот на базичната инфлација (инфлацијата од која е исклучено влијанието на цените на храната и енергенсите) кон растот на ценовното ниво е сè уште умерен и стабилен. Оттука, ценовните притисоци и натаму главно произлегуваат од фактори на страната на понудата, поврзани со промените на цените на глобалните пазари и влијанието на пандемијата. Остварената инфлација е над проекцијата, а очекувањата за идната динамика на увозните цени е коригирана во нагорна насока, со што ризиците за проекцијата на инфлацијата на краток рок се нагорни. Сепак, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на растот на овие цени во втората половина на годината и со тоа намалување на инфлациските притисоци“, оценуваат од Народната банка која засега има поумерена прогноза за инфлацијата годинава од 2,4%. Оттаму додаваат дека неизвесноста поврзана со

ценовните промени и понатаму е нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со развојот и справувањето со пандемијата и актуелните геополитички тензии. Во однос на идните потези, од Народната банка велат дека внимателно ги следат сите промени и доколку растот на цените е од продолжен карактер и позначително влијае на инфлациските очекувања, НБМ е подготвена за соодветна реакција со инструментите со кои располага. ММФ констатираше дека монетарната политика е соодветно приспособлива, бидејќи повисоката инфлација најмногу е одраз на глобални фактори. „Сепак, Народната банка треба да биде подготвена да ги заостри политиките доколку дојде до голема и постојана инфлација различна од нивото во еврозоната како што се очекува, или има постојани притисоци врз девизните резерви“, оценија од ММФ. ММФ објаснува дека Народната банка се согласила дека повисоката инфлација е


13

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

поттикната од глобалните фактори, посочувајќи на недостаток на притисок од домашната побарувачка. Вкупната инфлација изненади нагоре последните неколку месеци, како резултат на повисоки од очекуваните глобални цени на суровините, додека базичната инфлација исто така се зголеми како што се очекуваше. Високиот раст на платите во моментов, не влијае на нивото на цените“, констатира ММФ и дополнува дека неизвесноста за текот на глобалните цени на суровините претставува ризик за прогнозите за краткорочната инфлација. На среден рок, според ММФ инфлацијата се очекува да се стабилизира на 2%. Во услови на зголемена инфлација, НБМ потврди дека нема да има никакви промени во фиксниот курс на денарот, и повтори дека девизните резерви минатата година пораснале за 8,4%, како што се наведува во извештајот на кредитната агенција Стандард и Пурс. „Растот на девизните резерви, коишто достигнаа 3,6 милијарди евра во 2021 година, овозможува доволна девизна ликвидност за одржување на стабилноста на курсот на денарот. Од агенцијата забележуваат дека има и дополнителен заштитен механизам, односно дека Народната банка има можност за обезбедување дополнителна ликвидност во евра преку реполинијата од 400 милиони евра, којашто Европската централна банка и ја додели на Народната банка со можност на користење до март годинава. Досега, таа можност не е искористена, но може да се употреби при остварување екстерни ризици“, велат од Народната банка. Во соопштението се наведува дека придвижувањето на стапката на инфлацијата е резултат на надворешни фактори, како растот на цените на енергенсите и на храната, што е нагласено во извештајот од Стандард и Пурс. „Тие очекуваат стабилизирање на овие притисоци во 2022 година, како резултат на забавување на растот на цените на храната. Агенцијата за кредитен рејтинг очекува дека стапката на инфлација во земјава за годинава ќе изнесува 2,6%, за догодина 2% и за 2024 и 2025 година - 1,8% и 1,5%, соодветно“, соопштува Народната банка. Инфлацијата над очекувањата и неизвесноста што ја создава е еден и од најголемите ризици за

АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА

ФРЕЈК ЈАНМААТ

гувернерка на Народната банка

раководител на Сектор за економски работи во Делегацијата на ЕУ во Скопје

Ценовните притисоци и натаму главно произлегуваат од фактори на страната на понудата, поврзани со промените на цените на глобалните пазари и влијанието на пандемијата. Остварената инфлација е над проекцијата, а очекувањата за идната динамика на увозните цени е коригирана во нагорна насока, со што ризиците за проекцијата на инфлацијата на краток рок се нагорни. Сепак, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на растот на овие цени во втората половина на годината и со тоа намалување на инфлациските притисоци.

Најголемите ризици коишто ги гледаме и ги нотиравме во нашата економска прогноза објавена во ноември лани, се прво, како пандемијата со ковид ќе се развива, дали ќе има нови мерки за нејзино запирање или не, коишто имаат влијание врз економијата, и второ, актуелната енергетска криза, која што доведе до повисоки цени не само на енергијата, туку и за производите за кои се користи енергијата и тоа создава инфлација, создава неизвесност. Би рекол дека тоа се двете најголеми грижи што ги имаме.

економијата генерално. „Најголемите ризици коишто ги гледаме и ги нотиравме во нашата економска прогноза објавена во ноември лани, се прво, како пандемијата со ковид ќе се развива, дали ќе има нови мерки за нејзино запирање или не, коишто имаат влијание врз економијата, и второ, актуелната енергетска криза, која што доведе до повисоки цени не само на енергијата, туку и за производите

за кои се користи енергијата и тоа создава инфлација, создава неизвесност. Би рекол дека тоа се двeтe најголеми грижи што ги имаме“, вели Фрејк Јанмаат, раководител на Сектор за економски работи во Делегацијата на ЕУ во Скопје. Прогнозата на Европската комисија е раст од 3,8%, што е прилично попесимистична проценка од онаа на Владата, која очекува економски раст од 4,6%.


25 ФЕВ. 2022

14 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Европската комисија очекува забележително ублажување на ценовниот притисок за потрошувачите и за компаниите најрано пред крајот на 2022 година. Откако достигна рекордни 4,6% во четвртиот квартал од минатата година, инфлацијата во еврозоната се очекува да достигне врв на 4,8% во првиот квартал од 2022 година и да остане над 3% до третиот квартал од годината, велат од ЕК. Во повеќето развиени земји, инфлацијата е на нивоа невидени 14 години откако во екот на глобалната економска криза таа растеше со двоцифрени стапки. Инфлацијата глобален проблем

Инфлацијата е глобален феномен. Таа се задржува на високо ниво, како во еврозоната, така и во целиот свет. ММФ предупреди дека неотпорноста на економиите на идни шокови може да доведе до големи проблеми и дека инфлацијата трае подолго и зајакна повеќе од очекуваното поради прекините во синџирите на снабдување, неочекувано силната побарувачка за стоки и климатските шокови, кои се одразија на цените на храната, како и повисоките цени на енергијата, кои се двигател на инфлацијата. Европската комисија очекува забележително ублажување на ценовниот притисок за потрошувачите и за компаниите најрано пред крајот на 2022 година. Откако достигна рекордни 4,6% во четвртиот квартал од минатата година, инфлацијата во еврозоната се очекува да достигне врв на 4,8% во првиот квартал од 2022 година и да остане над 3% до третиот квартал од годината, велат од ЕК. Во повеќето развиени земји, инфлацијата е на нивоа невидени 14 години откако во екот на глобалната економска криза таа растеше со двоцифрени стапки. Исклучок не беше ниту Македонија. Ова е нов тест и за политичарите и централните банкари коишто долго време пливаа во мирни води

се додека пост ковид не се соочија со инфлација, а алатките на монетарната политика во вид на мерки се можеби подзаборавени. Постои причина за стравувањата од неконтролирано поскапување на стоките и услугите, а ни оддалеку не е само дека тоа „ја јаде заштедата“. Високата инфлација не е само уште еден алармантен показател - острата промена на вредноста на парите, која е мерна единица на економијата, значи дека на сите им станува потешко да планираат и да буџетираат. Најпластично објаснето, ако нешто произведувате, тргувате или консумирате, одеднаш сантиметри, литри или килограми почнуваат да се менуваат секој месец. Фактот дека инфлацијата се забрзува, особено во втората половина на 2021 година, поттикната главно од скапата струја и горивата, веќе не е новост и до јануари 2022 година таа веќе беше 7,5% во САД и 5,1% во еврозоната. Сосема е јасно дека растот на цените ќе продолжи барем до пролет. Таквата постојано висока инфлација неизбежно има психолошко влијание врз луѓето во управувањето со нивните лични финансии и бизниси. Тие обично ги зголемуваат инфлациските очекувања за иднината и постои ризик да ја свртат спиралата на индексирање на цените и платите, што е тешко да се прекине. И тоа нè води до најголемата

опасност. Инфлацијата наместо минлива, може да испадне дека штом се појави, преку разни канали продолжи да се прелева низ целото ткиво на целата економија - нешто што економистите го нарекуваат вкоренета инфлација.

Инфлацијата – „совршена бура“ која нема брзо да стивне Мантрата на централните банки во поголемиот дел од 2021 година беше дека има шок што ќе помине и се ќе се врати во нормала. Федералните резерви и Банката на Англија веќе се откажаа од тоа, па дури и ЕЦБ не сакаше да го промени својот тон. Но, постои огромен јаз помеѓу признавањето на ризикот и справувањето со него, особено затоа што идејата за притиснување на кочниците на економското закрепнување во моментов не звучи прифатливо за политичарите. Друг важен момент е тоа што често поскапувањето на суровините или изворите на енергија се одразува одложено во потрошувачката инфлација. Причините и временските рокови за овој одложен ефект варираат во зависност од секторот, во зависност, на пример, од степенот до кој фирмите имаат обезбедено набавки. И, исто така, од какви залихи на материјали и/или залихи, производи произведени по пониска цена, имаат компаниите и трговците. Проблемите со снабдувањето од 2021 година сега принудуваат многу компании да



25 ФЕВ. 2022

16 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Цените на клучните суровини, а особено на храната, продолжуваат да растат на светските берзи и во јануари 2022 година. А скоковите се драстични. Цената на нафтата, која е носител во речиси секое производство, достигнува долгорочни врвови над 95 долари за барел. Бакарот скокна за повеќе од 20% и е блиску до рекордните нивоа забележани порано во 2021 година, додека алуминиумот порасна за 50% до нивоа што никогаш не биле видени од 2008 година. Памукот се зголеми за повеќе од 50%, а кафето за повеќе од 70%. Повеќето жита и маслодајни култури се исто така двоцифрени, а цената на ѓубривата на крајот на 2021 година скокна за повеќе од 100% - нешто што ќе се почувствува во следната реколта. Значи сето ова ќе навлезе во цените на готовите производи во наредните квартали.

ги надополнат своите залихи, а веројатно е дека барем во блиска иднина стратегиите ќе бидат фокусирани на акумулирање на повеќе залихи за да се обезбеди континуирано производство. Ова само по себе е и инфлаторен фактор. Значи, гасот и електричната енергија се далеку од единствените детерминанти на инфлацијата во 2022 година. Дури и ако тие опаѓаат на годишна основа (особено во втората половина од годината, кога споредбата ќе се направи со рекордните нивоа од минатата есен), индустријата може да биде под притисок од зголемените цени на главните суровини што ги користат или на транспортот. Има основа за таква загриженост - цените на клучните суровини, а особено на храната, продолжуваат да растат во јануари 2022 година. А скоковите се драстични. Цената на нафтата, која е носител во речиси секое производство, достигнува долгорочни врвови над 95 долари за барел. Бакарот скокна за повеќе од 20% и е блиску до

рекордните нивоа забележани порано во 2021 година, додека алуминиумот порасна за 50% до нивоа што никогаш не биле видени од 2008 година. Памукот се зголеми за повеќе од 50%, а кафето за повеќе од 70%. Повеќето жита и маслодајни култури се исто така двоцифрени, а цената на ѓубривата на крајот на 2021 година скокна за повеќе од 100% - нешто што ќе се почувствува во следната реколта. Значи сето ова ќе навлезе во цените на готовите производи во наредните квартали. Другото нешто што може да поттикне пораст е очекувањето на инфлацијата. Логиката е дека во такво опкружување работниците почнуваат да очекуваат да им се индексираат приходите. Во услови на недостиг на квалификувана работна сила на пазарот на труд, тие имаат поголема моќ да преговараат со работодавците, особено во секторите каде што недостигот на квалификувани работници е се поголем и компаниите жестоко се натпреваруваат за својот персонал и се принудени да прават повеќе отстапки за да ги

задржат. Како што изгледа досега, сè звучи како совршена бура која нема брзо да стивне. Покрај тоа, на сегашните високи нивоа и прогнози може да се додадат ризици кои можат само да ги влошат работите. Најголемата е да се случи воена акција во Украина и, соодветно, да се блокира трговијата на Европа со Русија. Можните санкции против Кремљ и контрасанкциите со прекинување на снабдувањето со гас ќе ги доведат цените на енергијата на нови повисоки нивоа. Многу економисти сè уште веруваат дека ценовниот шок е минлив и целосно предизвикан од нерамнотежа и нарушувања во синџирите на снабдување по пандемијата, а нормализацијата ќе следни неминовно. Според анализата на некои инвестициски советници, долгот и берзите попрво укажуваат на рецесија и ако се покажат како вистинити овие индикатори „разговорите за инфлација нема само да престанат, туку ќе доживееме чудна носталгија по времињата на растот на цените“. nnn



25 ФЕВ. 2022

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

INTERVIEW Фатмир Бесими министер за финансии

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗАЗДРАВУВА

ИМАМЕ ПЛАН ЗА СИЛЕН РАСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ДОЛГ Министерот за финансии, Фатмир Бесими вели дека државата реагира(ла) проактивно во однос на енергетската криза и дека таа нема да ги поремети проекциите во амбициозниот План за забрзан економски развој, што вклучува раст на инвестициите, раст на БДП и намалување на јавниот долг.


Фатмир Бесими министер за финансии

19

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121


25 ФЕВ. 2022

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА XПрогнозите X за заздравувањето на европската економија се прилично оптимистични. Како гледате Вие на заздравувањето на македонската економија? После 2020, откако се соочивме со КОВИД, во 2021 во вториот квартал успеавме и статистички да излеземе од кризата. Значи, имавме позитивен раст. Првите квартали растот беше 4,6 проценти и проекциите се дека како што планиравме 4,1, растот ќе биде на тоа ниво или малку повеќе од тоа. 2022 продолжуваме со зголемување на стапката на раст. Очекуваме раст од 4,6 проценти и тоа базиран на неколку аспекти - зголемување на бруто - домашните инвестиции во земјата, зголемување на дел од потрошувачката, закрепнување на економијата. Но, во 2022 имаме други предизвици, кои не беа претходно, а тоа е енергетската криза, а која почна минатата година, во втората половина на годината, посебно во четвртиот квартал и оваа 2022, во почетокот, ги чувствуваме зголемувањата на цените на енергенсите на светските пазари, а со тоа и генерално цените на европските пазари што се пресликуваат и кај нас и ова ќе биде еден од предизвиците за остварување на овој раст. XА Xкакви ви се прогнозите? Со овие нови предизвици има ли шанса проектираниот раст да се оствари? Па ние реагираме проактивно во однос на енергетската криза. За време на пандемијата ние имавме пакети за поддршка и според нашите пресметки тој пад на БДП е ублажен за 4,2 проценти. Сега само за енергетската криза, ноември декември некаде околу 90 милиони евра беа потрошени и сега во текот на оваа година некаде околу 80 милиони во досегашниот период за да се покријат потребите за електрична енергија. Тоа беше едната работа за да нема застој и да нема рестрикции. Второ е цените на регулираниот пазар да бидат ублажени и тоа се по две основи - едното е ДДВ што беше минатата година и второто е што ЕСМ беше задолжено да оди со пониска цена од цената на чинење со цел да нема поголем раст на цената на електрична енергија кај домаќинствата. Друг момент, дополнителна мерка за

енергетската криза е за семејствата што се од социјално загрозени категории. Тоа се околу 35 семејства пријавени во Министерството за труд и социјална политика кои добиваат поддршка за електрична енергија и 9.000 пензионери со пониски примања (што чини околу 5 милиони евра) и дополнителна уште една програма за енергетска сиромаштија и тоа се воведе сега после прогласувањето на енергетската криза. Значи има неколку мерки и програми за нашата економија да може да ја надмине оваа криза и оваа состојба со енергетската криза. Гледаме од Буџетот да се финансира делот што е де факто поддршка за регулираниот пазар, односно да нема поскапувања на електричната енергија. XЗборуваме X за канали на помош особено кон најранливите групи граѓани. После периодот на експанзивно трошење што резултираше со зголемување на јавниот долг ќе треба да се стегне ременот. Каде конкретно мислите да скратите и како планирате дека со овие кратења ќе успеат да се реализираат капиталните инвестиции? Па, видете... Во литературата, во науката, познато е за алхемија. Дали има алхемија во финансиите? Кога зборуваме за период на криза, тоа значи да се најде начин како во исто време да се ублажи ефектот од кризата, а истовремено да се постигне и фискална консолидација. Ова би било возможно ако гледаме со уште еден фактор додаден во оваа равенка, а тоа е факторот време. Значи во кризниот период треба да се дефинира факторот време. Веднаш, ургентно се потребни мерки за да се ублажат ударите и да се спаси економијата во криза. На среден рок се поставуваат темелите за фискална одржливост и можам да кажам дека ние од минатата година тоа успеавме да го направиме. Во Буџетот 2021 дадовме петгодишна рамка покрај тоа што го имавме минатата година од 8,2 % буџетски дефицит 2020 година, 2021 беше проектиран 6,3%, а успеавме да го донесеме на 5,4 %, значи сериозно намалување, и оваа година проекциите ни се 4,3 %. Во наредните 5 години, односно до 2026 планираме буџетскиот дефицит да се сведе на 2,2 %. Што значи ова? Помал буџетски дефицит, со повисоки стапки на раст ќе придонесе кон намалување на јавниот долг. Номинално гледано јавниот долг

може да се зголеми за проектите што ги имаме во инвестиции. Тука, согласно Планот за забрзан раст, што го донесовме како документ, планираме во наредниот период да се зголемат бруто инвестициите и растот да се зголеми до 5,7 или 5,9 % до 2026. Во просек, ако во последните 10 години растот бил на годишно ниво 2,5%, во наредните 5 да биде во просек 5 %. Како да се постигне ова? Првенствено преку зголемување на инвестициите. Според овој план, ако бруто инвестициите биле во просек околу 30 % од БДП, проекциите се дека тие ќе се зголемат на 38,2 %. Со тоа придонесот на јавните инвестиции согласно планот ќе тежи 4 милијарди евра. На овие инструменти за финансирање додаваме 8 милијарди од приватниот сектор и околу 12 милијарди евра би била целата сума, толку ќе тежат инвестициите што треба да влезат во економијата во следниот период и ќе го подигнат растот. XВо X кои сектори ќе бидат овие инвестиции? Јавниот сектор, тука се инфраструктурата, енергетиката, патната и железничка инфраструктура, потоа и во делот на екологијата и дигитализацијата, но во овие два последни сектори, значајни се и инвестициите на приватниот сектор. За да се подигнат тие инвестиции и да се трансформира нашата економија во поконкурентна економија на европскиот пазар ние одиме со модалитети и нови форми, не само субвенции и поддршка од Владата за финансирање и државна помош, туку и пазарни инструменти преку Развојната банка и Фондот за иновации и технолошки развој, каде што ќе се поддржат претпријатијата, домашните компании што сакаат да инвестираат, но не можат да се кредитираат кај банките поради нивната изложеност. Затоа имаме гарантен фонд, каде што државата ќе им гарантира на банките. Овој инструмент значи дека државата не троши свои средства, туку банките дополнително се вклучуваат во развојот, а државата е само гарант. Таму сега имаме обезбедено 15 милиони евра во тој фонд и со тоа ќе се генерираат минимум 100 милиони евра пари од комерцијалните банки, тоа не се пари од Буџет. Овие 15 милиони евра не се потрошени, туку се само гаранција. Имаме и други инструменти со Европската инвестициска и


21

Фатмир Бесими министер за финансии

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Решението за зголемување на минималната плата ќе биде одржливо, оти не се гледа само по себе туку со другите компоненти што ги споменав во однос на инвестициите, поддршка и сл. Ние имаме исто така многу други програми каде што по разни основи ја зголемуваме поддршката за инвестициите на приватниот сектор и тоа е клучно. Ако се гледа само една мерка, само зголемувањето на минималната плата, тогаш да, има аргументи да се дебатира дали сега е моментот и како е постигнато ова решение, но ако се гледа поголемата слика и на ова ако се додадат мерките со кои се поддржува стопанството, тогаш сликата добива друга боја.

Европска развојна банка. Овие се модели според т.н. Јункеров план за време на финансиската криза каде мултипликаторот на едно инвестирано евро од јавниот сектор генерирало 15 други евра преку Европска инвестициска банка. Ние планираме со мултипликатор 2. Ако 4 милијарди евра се дадат од јавниот сектор треба да дадат 8, значи 12 милијарди евра резултат за 5 години. Дополнително има и други програми кои сметаме дека ќе можат да се искористат. Ќе ја зголемиме конкурентноста, извозот, технологијата за зелен развој и дигитализацијата. Согласно пак стратегијата за специјализација имаме инвестиции во развој на

човечки капитал, но и во тоа што се вика глобални синџири на создавање на вредност. Ова е пристапот што се случува на светско ниво. Ако сакаме да станеме поконкурентни не можеме да генерираме наш производ од нула до финален производ, туку можеме да станеме дел од глобалните синџири на создавање на вредности големи компании, меѓународни мултинационални компании. Ако порано постоеле разни фази на интернационализација на пазарите, сега овие глобални синџири се актуелни. Една меѓународна компанија за да биде конкурентна

на светскиот пазар има различни компоненти од различни држави. Илустративно, ако иновацијата на Форд била во специјализација на производството, сега тоа се случува на глобално ниво. Ова е теоријата на Пол Кругман. XЌе X следиме како ова теорија ќе ја примените во пракса. Една од мерките на која сте многу горди и вие како Влада и вие како коалициски партнер е зголемувањето на минималната плата на 18 илјади денари. Критиката вели дека ова е вештачко решение и не е одржливо... Видете, ова е еден дел од


25 ФЕВ. 2022

22 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Во Буџетот 2021 дадовме петгодишна рамка покрај тоа што го имавме минатата година од 8,2 % буџетски дефицит 2020 година, 2021 беше проектиран 6,3%, а успеавме да го донесеме на 5,4 %, значи сериозно намалување, и оваа година проекциите ни се 4,3 %. Во наредните 5 години, односно до 2026 планираме буџетскиот дефицит да се сведе на 2,2 %. Што значи ова? Помал буџетски дефицит, со повисоки стапки на раст ќе придонесе кон намалување на јавниот долг. програмата на Владата. Клучно е дека и во овој момент и во она што треба да следи во иднина треба да се подобри конкурентноста. Оваа мерка е еднократно зголемување за да се достигне нивото и да се зголеми учеството на минималната во просечната плата како ниво. Она што е системски е усогласувањето и промената на методологијата каде што 50 проценти се трошоци за живот и 50 проценти се раст на минималната плата и тоа е дел што се поврзува со продуктивноста. Клучно е дека економијата треба да ја зголеми продуктивноста, а со тоа и конкурентноста, оти со тоа,

со самата методологија ќе влече повисок стандард и повисоко ниво на минимална плата. Во законот веќе е системското решение. Јас би се фокусирал на овој дел каде тоа методолошки се решава да биде системско и одржливо решение. И ова решение ќе биде одржливо оти не се гледа само по себе туку со другите компоненти што ги споменав во однос на инвестициите, поддршка и сл. Ние имаме исто така многу други програми каде што по разни основи ја зголемуваме поддршката за инвестициите на приватниот сектор и тоа е клучно.

Ако се гледа само една мерка, само зголемувањето на минималната плата, да, има аргументи да се дебатира дали сега е моментот и како е постигнато ова решение, но ако се гледа поголемата слика и на ова ако се додадат мерките со кои се поддржува стопанството, тогаш сликата добива друга боја. Ако тука ги додадеме и стапките на раст според Планот за забрзан економски раст што е многу амбициозен се гледа дека продуктивноста на нашата економија и конкурентноста во наредните 5 години ќе се зголеми за 15 проценти, а во минатото бил негативен тој тренд. nnn


ПРИФАТЛИВИ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНО МЕРКИ ЗА

АПЛИКАЦИЈА ЗА ГРАНТ ДО 20%

СОЛАРЕН ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ ВЕНТИЛАЦИЈА

СОНЧЕВ КОЛЕКТОР ЗА ТОПЛА ВОДА

НАДВОРЕШНА ВРАТА

ПРОЗОРЦИ СО ДВОЈНО/ТРОЈНО ЗАСТАКЛУВАЊЕ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ПОКРИВ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА НАДВОРЕШНИ ЅИДОВИ

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ПОД

ПЕЧКА ИЛИ КОТЕЛ НА БИОМАСА ИЛИ ГАС АКУМУЛАЦИОНЕН БОЈЛЕР ЗА ТОПЛА ВОДА

ТОПЛИНСКА ПУМПА

НАЈПОВОЛЕН ЗЕЛЕН КРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСЕН ДОМ! 6% фиксна камата Без обезбедување Без сопствено учество

Консултации и информации

075 475 219 - 071 394 264

www.pcb.mk


25 ФЕВ. 2022

24 ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

ОСИГУРИТЕЛНИОТ СЕКТОР ГО НАДМИНА ШОКОТ ОД КОВИД-ПАНДЕМИЈАТА

ПАЗАРОТ ПОРАСНАЛ ЗА 15% ВО 2021

ВКУПНО УПЛАТЕНИ 190 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОЛИСИ ВО ЖИВОТНО И НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ Вкупната сума на бруто полисираната премија, односно вредноста на полисите што граѓаните, фирмите и институциите ги уплатиле за осигурување – животно и неживотно – лани изнесувала без малку 190 милиони евра, што е за 15% повеќе од 2020 година, кога секторот беше страшно погоден од ковид – кризата. Според Агенцијата за супервизија на осигурувањето, значајно зголемен интерес има кај осигурувањето имот, патничкото осигурување, приватното здравствено осигурување, осигурувањето од финансиски загуби, осигурување од општа одговорност и кај задолжителното автомобилска осигурување.


25

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Г

раѓани, фирми и институции вложија 9,63 милијарди денари (околу 157 милиони евра) во неживотни осигурувања минатата година. Продажбата (бруто полисирана премија – БПП) на осигурителни услуги во овој период порасна за 15,65 отсто (21,2 милиони евра) во споредба со истиот период во 2020 година, покажуваат прелиминарните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Податоците покажуваат дека продажбата на осигурителни продукти од палетата на 18 класи неживотно осигурувања во целост го надмина шокот што во 2020 година го предизвика здравствената пандемија на вирусот COVID -19. „Овие бројки се навистина позитивни во споредба со застојот во 2020, така што лани иако немаше некоја голема промена на општата состојба, сепак граѓаните покажале волја и свесност за осигурувањето. Кон оваа тенденција многу придонесува и банко-осигурувањето, што, исто така, доживува подем. Финансиските услуги, банкарските и осигурителните веќе извесно време работат заедно и ги прошируваат можностите на пазарот. Актуелната социо-економска ситуација дополнително го поттикнува развојот на заеднички производи. Така што, банко-осигурување дефинитивно ќе се развива а со посебен фокус на CPI – credit protection insurance производи. Овие производи се издвоени како перспективни во финансиските услуги и иновативни, така што создаваат многу можности за развој“, кажа во неодамнешното интервју за Капитал, директорот на Кроација неживот, Александар Манев. Сепак, тој истакна дека како економија далеку сме од врвот во осигурителниот пазар и имаме можности за уште поголем раст. „Меѓутоа потребни се извесни системски и регулаторни интервенции како и едукација.“, вели Манев. За бројот на склучени договори за осигурување за цела 2021 се’ уште не се објавени официјалните податоци од АСО, но гледано според бројките за првите девет месеци, кога имаше зголемување за 32 отсто и надмина 1,13 милиони, и вкупните бројки за цела 2021 година ќе бидат во таа насока.

И ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ СО ДВОЦИФРЕН РАСТ Раст на бруто полисираната премија бележи и секторот на животното осигурување, којшто 2021 ја заврши со вкупна БПП од нешто над 2 милијарди денари (32,5 милиони евра), што е раст од 15%. Бруто исплатените штети во овој сектор бележат раст од дури 36,2% на 9,7 милиони евра, но според познавачите на пазарот тоа се должи и на фактот што полека почнуваат да истекуваат периодите на договорените полиси помеѓу клиентите и компаниите (склучени на пример пред 10 или 15 години), при што осигурениците почнуваат да ги наплаќаат акумулираните суми, со оглед на тоа што животното осигурување има своја специфика. За разлика од неживотното, доколку не настане штета во периодот додека трае полисата, корисникот на крајот може да наплати сума во вид на заштеда. Во овој сектор, пазарен лидер е Кроација живот, со БПП од 11,2 милиони евра во 2021, пред Граве со 8,4 милиони евра, Винер живот со 5,7 милиони евра, Уника живот со 4 милиони и Триглав живот со 3,2 милиони евра. Најголем раст кај БПП има Триглав живот, од 215,9%, пред Уника живот со 35,4%, додека само Граве има пад на БПП од 3%. Инаку, крајот на 2021 година со најголема БПП го дочека Триглав, 1,33 милијарди денари (21,7 милиони евра), што е раст од 8,22% во однос на 2020 година. Следи Еурлинк со БПП од 18,3 милиони евра (+16,7%), Уника со 16,6 милиони евра (+ 23,75), итн. Најголем раст на БПП минатата година имала компанијата Кроација неживот, од 45,5%, на без малку 11 милиони евра. Според АСО, значајно зголемен интерес има кај осигурувањето имот, патничкото осигурување, приватното здравствено осигурување, осигурувањето од финансиски загуби, осигурување од општа одговорност и кај задолжителното автомобилска осигурување. Солиден раст на продажбата има во најголемата доброволна класа – осигурувањето имот. Бројот на склучени договори за осигурување имот за првите девет месеци (за

цела година се уште не се објавени податоците) надмина 107.000, а нивната вредност надмина 1,85 милијарди денари (30 милиони евра). Тоа е за 22 отсто (5,4 милиони евра) поголема продажба од истиот период лани. Од индустријата очекуваат овој тренд на пораст да се задржи и во 2022 година. „Генерално, очекувањата за 2022 година се позитивни, односно се очекува зголемено ниво на премија и наплата, иако неизвесноста која ја предизвикува пандемијата од Ковид 19 може негативно да влијае на резултатите. И покрај тоа, Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува да ја одржи водечката позиција на пазарот и да ја задржи профитабилноста и сигурноста во работењето. Планираната премија во 2022 година изнесува 1.495 милијарди денари , односно раст од околу 10% во однос на 2021 година.


25 ФЕВ. 2022

26 ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Добивката исто така се очекува да се движи во нагорна линија и да достигне 41,5 милиони денари во 2022 година.“, велат од Триглав осигурување во нивниот коментар на финансискиот резултат доставен до Берзата.

Сепак, напомнуваат дека работењето во осигурителниот сектор се одвива во отежнати макроекономски услови, а истовремено може да се очекува заострена конкуренција на осигурителниот пазар и неповолно

финансиско опкружување за остварување на принос од финансиските вложувања.

Бум на приватното здравствено осигурување

Најбрзо растечки осигурителен производ и лани било приватното

Осигурување на живот Ред. бр.

Друштво за осигурување

1 Кроација живот 2 Граве 3 Винер живот 4 Уника живот 5 Триглав живот Вкупно

МКД (во милиони) Бруто полисирана премија 4К2021 688,28 518,45 348,21 247,42 199,42 2.001,77

4К2020 654,53 534,48 305,66 182,69 63,14 1.740,50

Δ% 5,16% -3,00% 13,92% 35,43% 215,86% 15,01%

Бруто исплатени (ликвидирани) штети 4К2021 4К2020 Δ% 23,46% 293,46 237,70 26,33% 165,40 130,93 133,22% 76,54 32,82 69,65% 36,79 21,69 65,91% 22,83 13,76 36,20% 595,03 436,89

Учество % 4К2021 34,38% 25,90% 17,39% 12,36% 9,96% 100,00%

Неживотно осигурување Ред. бр.

Друштво за осигурување

4К2020 37,61% 30,71% 17,56% 10,50% 3,63% 100,00%

МКД (во милиони) Бруто полисирана премија

4К2021 1 Триглав 1.332,87 2 Еуролинк 1.124,30 3 Уника 1.023,46 4 Халк 991,89 5 Сава 941,57 6 Македонија- ВИГ 911,31 7 Винер 848,35 8 Евроинс 807,70 9 Кроација неживот 670,26 10 Осигурителна полиса 658,25 11 Граве неживот 317,97 Вкупно 9.627,93 Извор: Агенција за супервизија на осигурување

4К2020 1.231,61 963,58 827,54 821,73 848,40 862,86 712,13 727,00 460,76 602,98 266,82 8.325,40

Δ% 8,22% 16,68% 23,67% 20,71% 10,98% 5,62% 19,13% 11,10% 45,47% 9,17% 19,17% 15,65%

Бруто исплатени (ликвидирани) штети 4К2021 4К2020 Δ% 570,32 559,82 1,87% 362,05 373,30 -3,01% 408,49 317,53 28,65% 511,93 305,94 67,33% 463,29 371,77 24,62% 362,36 355,67 1,88% 341,22 327,21 4,28% 396,26 355,20 11,56% 250,28 191,89 30,43% 260,85 259,83 0,39% 142,15 150,46 -5,52% 4.069,19 3.568,61 14,03%

Учество % 4К2021 13,84% 11,68% 10,63% 10,30% 9,78% 9,47% 8,81% 8,39% 6,96% 6,84% 3,30% 100,00%

4К2020 14,79% 11,57% 9,94% 9,87% 10,19% 10,36% 8,55% 8,73% 5,53% 7,24% 3,20% 100,00%

Објаснување Податоците се земени од супервизорските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување и претставуваат прелиминарни податоци. По извршување на проверката конечните податоци се објавуваат во рубриката, Извештаи од осигурителната индустрија, на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување. Пазарно портфолио, 4К2021 Класа на осигурување

МКД (во милиони) Бруто полисирана премија

Бруто исплатени (ликвидирани) штети

Учество %

4К2021 11.629,70 2.001,77 9.627,93 2.166,93 758,58 1.408,34

4К2020 10.065,91 1.740,50 8.325,40 1.860,47 768,21 1.092,27

Δ% 15,54% 15,01% 15,65% 16,47% -1,25% 28,94%

4К2021 4.664,22 595,03 4.069,19 709,85 123,31 586,54

4К2020 4.005,50 436,89 3.568,61 630,20 191,10 439,10

Δ% 16,45% 36,20% 14,03% 12,64% -35,48% 33,58%

4К2021 100,00% 17,21% 82,79% 22,51% 35,01% 64,99%

4К2020 100,00% 17,29% 82,71% 22,35% 41,29% 58,71%

5.726,57 890,29 4.836,29 252,42

4.960,03 823,74 4.136,30 211,97

15,45% 8,08% 16,92% 19,08%

2.609,34 507,18 2.102,15 18,83

2.364,22 483,81 1.880,41 12,40

10,37% 4,83% 11,79% 51,88%

59,48% 15,55% 84,45% 2,62%

59,58% 16,61% 83,39% 2,55%

1.482,00 Извор: Агенција за супервизија на осигурување

1.292,93

14,62%

731,17

561,80

30,15%

15,39%

15,53%

Вкупно Вкупно живот Вкупно неживот, од кое: Осигурување на имот (вкупно) Имот од пожар и други опасности Имот останато Осигурување на моторни возила (вкупно) Каско моторни возила Автоодговорност (вкупно) Општа одговорност Останати класи од неживотно осигурување

Објаснување 1. Податоците се земени од супервизорските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување и претставуваат прелиминарни податоци. По извршување на проверката конечните податоци се објавуваат во рубриката, Извештаи од осигурителната индустрија, на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.


27

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

здравствено осигурување. Десет осигурителни компании од продажба на вакви полиси инкасирале 35 отсто повеќе од истиот период во 2020. Продажбата достигна 300 милиони денари (4,9 милиони евра). Бројот на договори за приватно здравствено осигурување порасна за 42 отсто, а склучени се над 12.800 договори. Вложувањата во полиси кои осигуруваат од општа одговорност пораснале за 27 отсто и за првите девет месеци од нив компаниите наплатиле 200,5 милиони денари (3,26 милиони евра). Склучени се 39.000 договори за осигурување што е за 15 отсто подобро од 2020. Осигурувањето од финансиски загуби, иако мала класа во структурата на доброволни осигурувања, во 2021 книжи раст од 10 отсто на вредноста на продадени полиси која надмина 1 милион евра. Очекувано, поради олабавување на рестриктивните здравствени мерки, лани имаше голем раст на продажба на патничко осигурување. Осигурителните компании за неживот продале 216.000 полиси за патничко осигурување, двојно повеќе од истиот период 2020 година. Од тоа инкасирале 118 милиони денари (1,9 милиони евра) или 92 отсто повеќе од 2020. Задолжителната автомобилска одговорност и понатаму останува класа со најголемо учество во вкупната продажба. За првите девет месеци се склучени 490.000 договори за осигурување, а нивната вредност е 3,68 милијарди денари (59,9 милиони евра). Продажбата на овие полиси е зголемена за 20 отсто во однос на 2020 година.

Износот на исплатени штети повисок за 14% во 2021 На страната на исплатените штети, минатата година граѓани, фирми, здруженија и државни институции наплатија над 4

милијарди денари (66,2 милиони евра) од осигурителните компании за настаните штети покриени со неживотно осигурување. Вкупниот износ на исплатени штети (бруто исплатени штети - БИШ) минатата година е повисок за 14 отсто (8,2 мил. евра) во споредба со 2020 година. Лани се исплатени речиси 80.000 пријавени штети, покажуваат официјалните податоци на АСО. За пријавени штети врз осигурен имот осигуреници лани наплатиле 13 отсто повеќе од 2020 година. Сите 11 осигурителни компании за неживотно осигурување за штети врз осигурен имот лани исплатиле 710 милиони денари (11,5 мил. евра). Друштвата за осигурување лани исплатиле речиси 9.000 оштетни побарувања на своите осигуреници. За осигурен имот на физички лица се исплатени вкупно 316 милиони денари (над 5 мил. евра), а на правни лица 394 милиони денари (6,4 милиони евра). Кај најбрзо растечката класа – приватно здравствено осигурување, исплатата на штети го следи растот на продажба на осигурителни полиси. За минатата година девет осигурителни компании исплатиле 211 милиони денари (3,4 милиони евра). Тоа е двојно повеќе од износот на штети што го исплатиле во претходната 2020 година во која поради здравствената пандемија и почна да расте популарноста на оваа доброволна осигурителна класа. Кај осигурувањето од незгода ( најмасовна класа на доброволно осигурување кое покрива речиси 700.000 осигуреници) лани се исплатени штети во вкупна вредност од 434 милиони денари (7мил.евра). А тоа е за 8 отсто повеќе од претходната година. За штети врз каско осигурени возила осигуреници наплатиле 507 милиони денари (8,2 милиони евра) или 4 отсто повеќе од 2020 година. Од помалку застапените класи

на доброволно неживотно осигурување импозантен раст на исплатени штети бележат три осигурителни класи. Исплатените штети за карго осигурување се зголемени за 7 пати во однос на 2020 година), а речиси е удвоен износот на исплати за осигурени штети од финансиски загуби. Кај осигурувањето кредити се исплатени 3,75 милиони денари (61.000 евра) додека во 2020 година немало исплати.

Само патничкото осигурување со пад на исплатените штети, поради ковид кризата

Патничкото осигурување е единствената класа во која лани износот на вкупно исплатени штети е понизок во однос на 2020 година. Сите 11 осигурителни друштва исплатиле 40 милиони денари (0,65 милиони евра) што е за 15 отсто помалку од 2020 година. Во најголемата класа – осигурување од автомобилска одговорност 11 компании лани исплатиле 2,1 милијарди денари (34,2 милиони евра) за речиси 30.000 пријавени штети. Износот на исплатени штети лани е за 12 отсто повисок од претходната година. Во вкупниот износ на исплатени штети лани АДОР „Македонија“и „Еуролинк“ учествуваат со по 362 милиони денари (6 милиони евра), „Триглав“ со 570 милиони денари (9,2 милиони евра), „Сава“ со 463 милиони денари (7,5 милиони евра), „Евроинс“ со 396 милиони денари (6,4 милиони евра), а „Винер“ со 341 милиони денари (5,5 милиони евра). „Граве Неживот“ лани исплатила 142 милиони денари (2,3 милиони евра), „Уника“ платила 408 милиони денари (6,6 милиони евра), „Осигурителна полиса“ 261 милиони денари (4,2 милиони евра), „Халк Осигурување“ исплатиле 512 милиони денари (8,3 милиони евра), а „Кроација Осигурување – неживот“ 250 милиони денари (4,1 милиони евра). 


25 ФЕВ. 2022

28 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТИНК-ТЕНК „АНАЛИТИКА“

ШТО МИСЛАТ МАКЕДОНСКИТЕ ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА „ОТВОРЕН БАЛКАН“: РЕЧИСИ СИТЕ СЕ НАДЕВААТ ЗА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА НИВНИТЕ БИЗНИСИ Високи 96,4% од анкетираните извозни компании во земјава рекле дека оваа иницијатива би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти само 3,6% кои го сметаат спротивното. Компаниите во истражувањето во најголем дел сметаат дека во моментов не постојат пречки за економска соработка во регионот. Девет од десет анкетирани (89,3%) рекле дека не постојат пречки за економска соработка помеѓу земјите во регионот додека 10,7% навеле конкретни проблеми и пречки. Најчесто споменувани пречки се долго задржување на границите, обемна документација и други административни проблеми кои го забавуваат или отежнуваат работењето.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Т

инк тенк организацијата „Аналитика“ изготви анализи и спроведе квантитативно истражување со извозно ориентираните компании во однос на придобивките и очекувањата од иницијативата „Отворен Балкан“. Иницијативата „Отворен Балкан“ произлегува од Берлинскиот процес и на својот почеток беше именувана како Напредна регионална иницијатива за соработка или како „Мини Шенген“. „Отворен Балкан“ во моментов е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнисите. Согласно наодите од истражувањето, многу голем процент од извозно


29

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Премиерот Димитар Ковачевски којшто се обрати на презентацијата на истражувањето, потенцираше дека иницијативата „Отворен Балкан“ отвора можност за бришење на границите како административни бариери и овозможува остварувањето на четирите европски слободи за движење на луѓе стоки, услуги и на капитал. Ковачевски кажа дека граѓаните во државите ќе имаат директни економски придобивки. „Отворен Балкан“ не е алтернатива за членство во ЕУ, туку комплементарна активност за примена на европските вредности на регионално ниво.

ориентираните компании сметаат дека иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компанијата. Високи 96,4% од анкетираните рекле дека оваа иницијатива би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти само 3,6% кои го сметаат спротивното. Компаниите во истражувањето во најголем дел сметаат дека во моментов не постојат пречки за економска соработка во регионот. Девет од десет анкетирани (89,3%) рекле дека не постојат пречки за економска соработка помеѓу земјите во регионот додека 10,7% навеле конкретни проблеми и пречки. Најчесто споменувани пречки се долго задржување на границите, обемна документација и други административни проблеми

кои го забавуваат или отежнуваат работењето. Тамара Мијовиќ Спасова од „Аналитика“ вели дека согласно истражувањето,во поглед на трговската размена, најголем број (70%) од компаниите тргуваат со Србија, 53,3% остваруваат трговска размена со Косово, 46,6% извезуваат во Албанија Потоа следат Црна Гора со 26,6% и Босна и Херцеговина 20%. Тука се гледа потенцијалот за уште поголема трговска соработка на Македонија со земјите од регионот. Од останатите анализи и прашања, се издвојуваат неколку важни наоди во однос на движење луѓето. Спасова од кажува дека согласно истражувањето, висок процент од компаниите сметаат дека иницијативата ќе го олесни движењето на луѓето во целост (79,3%,) или во голема мера (17,2%). Компаниите сметаат дека со ЦЕФТА беше предвидено само финансиски олеснувања, а со Отворен Балкан би добиле отворени граници и ова е главната разлика што е согледана. Во поглед на условите за извоз на стоки во споредба со изминатите години: седум од десет компании сметаат дека условите и процесите континуирано се олеснуваат;

Речиси три од десет компании сметаат дека истите се во стагнација. Најголем дел од испитаните компании немаат движење на капиталот. Ниту една компанија нема купено недвижен имот, ниту земјоделско земјиште или хартии од вредност во земјите од регионот. Компаниите не земале заеми од банка/финансиска институција и не поседуваат трансакциска сметка во странство, ниту пак инвестирале во форма на странска директна инвестиција. Компаниите сметаат дека најголемо олеснување за движење на капиталот е потребно кај директните инвестиции 41,7%, Личните движења на капитал (33,3%) и Финансиските заеми и кредити (16,7%). Мал процент од компаниите одговориле дека олеснување е потребно во инвестициите во недвижен имот(4,2%).

„Отворен Балкан“ отвора можности за 4-те европски слободи за движење на луѓе, стоки, услуги и капитал

Премиерот Димитар Ковачевски којшто се обрати на презентацијата на истражувањето, потенцираше дека иницијативата „Отворен


25 ФЕВ. 2022

30 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Најголем дел од испитаните компании немаат движење на капиталот. Ниту една компанија нема купено недвижен имот, ниту земјоделско земјиште или хартии од вредност во земјите од регионот. Компаниите не земале заеми од банка/финансиска институција и не поседуваат трансакциска сметка во странство, ниту пак инвестирале во форма на странска директна инвестиција. Балкан“ отвора можност за бришење на границите како административни бариери и овозможува остварувањето на четирите европски слободи за движење на луѓе стоки, услуги и на капитал. Тој очекува дека покрај Северна Македонија, Албанија и Србија, дел од Отворен Балкан да станат и другите земји. Потенцираше дека на таков начин ги поврзуваме економиите, стануваме поконкурентни и уште поподготвени за натамошен развој. Ковачевски кажа дека граѓаните во државите ќе имаат директни економски придобивки. „Отворен Балкан“ и оваа иницијатива не е алтернатива за членство во ЕУ, туку комплементарна активност за примена на европските вредности на регионално ниво. Фани Каранфилова -Пановска, извршната директорка на Фондација Отворено Општество – Македонија, организација со чија поддршка е спроведено истражувањето, посочи дека кога се зборува за Отворен Балкан се зборува, пред се’, за надминување на економските и трговските препреки, но, како што нагласи, генерално и на општествените препреки кои го забавуваат растот воопшто, а пред се растот на економијата во регионот. Таа потенцираше дека спроведувањето на четирите


31

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Иницијативата „Отворен Балкан“ произлегува од Берлинскиот процес и на својот почеток беше именувана како Напредна регионална иницијатива за соработка или како „Мини Шенген“. „Отворен Балкан“ во моментов е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнисите. Фотографијата со премиерите Вучиќ, Рама и Заев е од Самитот „Отворен Балкан“ што се одржа во Тирана, во декември 2021 година.


25 ФЕВ. 2022

32 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

слободи и воспоставувањето на единствениот регионален пазар по терк на пазарот на ЕУ има огромен потенцијал да ја поттикне трговијата и размената, да го поттикне и зголеми вработувањето, да го зголеми и да го економизира искористувањето на ресурсите во регионот, но и да ги зголеми инвестициите. Бојана Мијовиќ Христовска од „Аналитика“ смета дека Македонија има значаен придонес постигнато во слободното движење на капитал, посебно во делот на усогласување на домашната регулатива со законодавството на Европската Унија. Со дополнителната либерализација на капитално финансиските трансакции, правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство. Се подготви Нов Закон за платежни услуги и платни системи - со ова ќе се прошири листата на даватели на платежни услуги и сетот платежни услуги, ќе се отвори пазарот на платежни услуги за нови играчи, а особено за оние од финтек-секторот, од кои се очекува дека ќе понудат иновативни решенија за извршување плаќања коишто ќе бидат побрзи, поевтини и полесни за користење. Истовремено, воспоставен е регистар на вистински сопственици - Со пуштањето и активното функционирање на Регистарот на вистински сопственици, се надмина една од забелешките на ЕК нотирана во Извештаите за С. Македонија во претходните години. Ваквите иницијативи се добри и корисни за компаниите. Сепак, Христовска додава дека тие не може да го постигнат целосниот потенцијал заради тоа што земјите од Балканот се’ уште имаат нерешени билатерални спорови кои ја обременуваат и економската соработка.

Главни предизвици за земјите од Западен Балкан

Според „Аналитика“, главните предизвици пред кои се исправени земјите од Западен Балкан во нивната посветеност на европската перспектива како нивни одлучен стратегиски избор може да се поделат во неколку групи и тоа: Зајакнување на добрососедските односи и помирувањето и регионалната стабилност што бара координирани индивидуални и колективни дејствија од страна на земјите; Посилна борба со корупцијата и организираниот криминал и владеењето на правото; Продолжување со

МАКЕДОНСКИТЕ ИЗВОЗНИ КОМПАНИИ И „ОТВОРЕН БАЛКАН“: ГЕНЕРАЛНИ ЗАКЛУЧОЦИ u Позитивно мислење за иницијативата за соработка Отворен

Балкан;

u Иницијатива се гледа како нова можност за подобрување на

работењето на нивните компании;

u Главните бенефити ги гледаат во поедноставување на увозот и

извозот како и значително намалување на времето за чекање на границите и административна документација; u Воспоставување на слободна трговија и побрз проток на стока се најголемите очекување на испитаниците кои беа дел од ова истражување; u Олеснување на размената на работна сила помеѓу земјите преку признавање на професионалните квалификации на работниците; u Во однос на движење на капиталот, најголемо олеснување за движење на капиталот е потребно кај директните инвестиции и кај личните движења на капитал;

реформите за влез во ЕУ и понатамошно продлабочување на регионалната економска интеграција врз темелите на правилата и стандардите на ЕУ. Тамара Мијовиќ Спасова од „Аналитика“ додава дека економскиот развој е клучно прашање доколку земјите од Западен Балкан сакаат да направат подобар и побрз напредок кон европска интеграција. Дополнително, како земји кандидатки за членство во ЕУ, земјите се должни да го усогласат националното законодавство со законодавството на ЕУ. Оттука како значаен предизвик за земјите од Западен Балкан е да продолжат и во иднина континуирано да ја следат својата законска регулатива и истата да ја усогласуваат со законодавството на ЕУ со цел нивно приближување до внатрешниот европски пазар. Истражувањето е изработено во рамки на проектот „Економска

интеграција на Западниот Балкаб - мини-шенген, регионална економска соработка и заеднички регионален пазар - мапирање на напредокот - можност за приближување на Северна Македонија кон внатрешниот пазар на ЕУ”, што го спроведува Аналитика - Скопје, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Анализата е изработена на репрезентативен примерок од 30 извозно ориентирани компании кои имаат трговска размена со некоја од земјите: Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Хецеговина. Репрезентативниот примерок е согласно со застапеноста на бизнис секторот по дејности и бројот на вработени според последните достапни податоци од ДЗС за 2018. Најзастапени се компании со примарни дејности: транспорт и складирање, производство на прехранбени производи и трговија на големо и мало. nnn


НОВО

чоко крцкаво задоволство од


25 ФЕВ. 2022

34 ТЕХНОЛОГИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ПУШТИ ПРВАТА КОМЕРЦИЈАЛНА 5G МРЕЖА ВО ЗЕМЈАВА

ТЕХНОЛОГИЈА ШТО СОЗДАВА ДОСЕГА НЕВИДЕНИ МОЖНОСТИ ЗА ЛУЃЕТО И БИЗНИСИТЕ


35

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Воведувањето на 5G мрежата, којашто може да достигне од 10 до 100 пати поголема брзина од досегашната 4G мрежа, ќе придонесе за подобрување на мрежната врска, но ќе создаде и досега невидени можности за луѓето и бизнисите. Сето она што можеме да го направиме преку мобилните телефони, сега, со 5G мрежата, ќе можеме да го направиме уште побрзо и подобро. 5G ќе овозможи спојување голем број уреди и нивна сигурна комуникација со минимално доцнење, со што се отвораат огромен број можности за примена на оваа технологија. Ако таа се применува, да речеме, на автономните возила, тогаш тие ќе станат значително побезбедни за масовна употреба поради екстремно брзата реакција на примање информации. Оваа функција ќе овозможи и операции и дијагностика на далечина, што ќе направи револуционерен прогрес во медицината.


25 ФЕВ. 2022

36 ТЕХНОЛОГИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

С

о постојаниот напредок на технологијата во блиска иднина ќе успееме да ги поврземе физичкиот, дигиталниот и биолошкиот свет, а роботиката, виртуелната реалност, вештачката интелигенција... ќе бидат дел од нашето секојдневие. На прагот сме на нова индустриска револуција, која ќе почне со новата 5G технологија и не постои индустрија или област која ќе остане имуна на револуционерните промени. Откако пред речиси две година неколку земји во светот, меѓу кои Јапонија, Јужна Кореа и САД, ја пуштија во употреба 5G мрежата на дел од нивните територии, интересот за неа постојано расте и голем број земји веќе работат на подготовки за имплементација на 5G. 5G е петтата генерација технолошки стандард во телекомуникациската индустрија, кој не само што ги надградува брзината и апликативноста на неговиот претходник 4G туку оди и чекор понатаму. 5G мрежата има потенцијал да создаде огромен екосистем на Интернет на нештата (Internet of Things) кој истовремено ќе поврзува милијарди корисници (уреди – things) и ќе го редефинира начинот на кој ги користиме паметните телефони, дополнителната опрема, компјутерите и останатата технологија. Не беше толку одамна времето кога комуникациските уреди беа исклучиво врзани со кабел за ѕидот, а автоматизацијата на процесите беше неизбежно поврзана со комплексни мрежи базирани на кабли... Во последните децении тенденцијата кон поедноставување и олеснување на комуникациите зема се поголем замав, како за индивидуалните корисници, така и за поврзаните уреди, индустриски машини, паметни уреди итн. Покрај тоа што нивниот број многукратно се зголемува, во денешниот дигитален свет се поголем акцент се става на нивната мобилност, достапност и секако, врвни перформанси. Дел од овие предизвици беа успешно совладувани од претходните генерации на мобилни комуникациски мрежи, GSM, UMTS, LTE, но и Wi-Fi мрежите. Сепак, потребите на

„Од овој месец започна имплементацијата на 5G во Скопје и околината, а до мај, сите корисници од главниот град и поширокиот скопски регион ќе имаат пристап до 5G услуги. До крајот на октомври 2022 година, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени 26 градови во Македонија.“, рече деновиве Никола Љушев, главниот извршен директор на Македонски Телеком при промоцијата на првата комерцијална 5G мрежа во земјава. корисниците за повеќе капацитет и гигабитни брзини, педесеткратно пократки латенции (време на реакција) и комуникација во реално време, како и најмалку стократно зголемениот број на поврзани уреди на мрежите доведоа до потреба за примена на нова филозофија и архитектура во изградбата на мобилни мрежи која ќе може успешно да се справи со потребите на корисниците најмалку во следните 5-10 години. Мрежите од петтата генерација не само што се далеку побрзи и со зголемен капацитет во однос на претходните генерации, туку се и далеку пофлексибилни и подинамични со што овозможуваат, покрај постоечките, поддршка и за целосно нови и поинакви начини на обезбедување на комуникациските услуги, но и развој на успешни партнерства кои ќе резултираат во мноштво нови, иновативни услуги.

Македонската 5G засега на мал број смартфони

Деновиве Македонски Телеком ги одбележа ударните вести во земјава со пуштањето на првата комерцијална 5G мрежа во Македонија и овозможи користење на 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции. Подготовките за воведување на 5G технологијата започнаа во 2018 година со првата лабораториска демонстрација на 5G, а во 2019 година Телеком ја постави првата реална тестна мрежа преку којашто се постигнаа брзини на пренос на податоци од 1Gbps, десет пати поголеми од 4G. Македонски Телеком е во екот на имплементацијата на новата 5G радио пристапна мрежа и за половина година успеа да обезбеди покривање со 5G сигнал на 15 градови и нивните околини:


37

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

НЕКОИ ОСНОВНИ РАБОТИ ОКОЛУ 5G Главни карактеристики на 5G мрежата: u Од 10 до 100 пати поголема брзина во споредба со 4G u Латенција од една милисекунда u 1.000 пати поголем пропусен опсег (1000х bandwidth per unit area) u До 100 пати повеќе поврзани уреди на единица површина u 99,99% достапност u Доверлива комуникација во реално време u 90% помала употреба на мрежната енергија u До 10 години животен век на батериите на уредите со помала моќност поврзани на Интернет на нештата

Колку е брза 5G мрежата?

Досегашните тестирања на 5G мрежата покажаа дека таа достигнува брзини и до 100 пати поголеми од досегашните кои ги емитуваше 4G мрежата, односно обезбедува трансфер на податоци со брзина од 10 Gbps (гигабајти во секунда). Она што ја прави 5G мрежата значително побрза е употребата на повисоките фреквенциски опсези со поширок фреквентен спектар. Според комуникациските принципи, колку поширок фреквентен спектар (bandwidth) толку поголема брзина на пренос.

Што претставува „малата латенција“ на 5G мрежата? Латенција во технолошкиот

речник го претставува времето на реакција од испраќањето на информацијата од едната страна до примањето на информацијата на другата страна. 5G мрежата нуди екстремно мала латенција - од 40-50 милисекунди кај 4G мрежата, со 5G мрежата, таа се спушта на неколку (5-10) милисекунди. Времето кое му е потребно на просечниот човек за да емитува реакција на визуелна информација се проценува на околу 250 милисекунди. Сега, замислете ги потенцијалните можности што ги отвора 5G мрежата со дури 250 пати помала латенција од тоа. Ако таа се применува, да речеме, на автономните возила, тогаш тие ќе станат значително побезбедни за масовна употреба поради екстремно брзата реакција на примање информации. Оваа функција ќе овозможи и операции и дијагностика на далечина, што ќе направи револуционерен прогрес во медицината.

5G наспроти 4G - која е разликата?

Петтата генерација на безжичните мрежи ќе ја прошири употребата на интернет и ќе создаде масивен екосистем поврзан на Интернет на нештата (Internet of Things). Главната предност во споредба со денешните 4G и 4.5G (напредни LTE) е дека, освен огромните зголемувања на брзината на пренос на податоците, ќе се

создадат нови употребни случаи на Интернет на нештата. Преку 5G мрежата ќе биде возможно да се поврзат до 100 пати повеќе уреди на одредена територија. Според проценките, 5G сигналот ќе може да поврзе до милион уреди на квадратен километар. Малата латенција кај 5G мрежата ќе овозможи побрз пренос на податоци, а малата употреба на енергија во споредба со 4G мрежата ќе овозможи опремата и уредите во инфраструктурата на 5G мрежата да работат многу подолг период без човечка интервенција.

Поширока примена на 5G мрежата

Секоја нова генерација на безжична мрежа доаѓа со нов, широк спектар на нови употреби. 5G мрежата ќе биде насочена кон Интернет на нештата. Во одредени случаи, како што е примената на 5G мрежата при поврзување на автономните возила, се бара многу агресивна латентност (брзо време на одговор), така што за неколку години можеме да очекуваме револуција и во начинот на кој тие се користат во сообраќајот. Подобрувањата на брзината на преносот на податоци, пак, ќе придонесат за помасовна анализа на податоци кај компании, поединци и сите заинтересирани за тоа, со што ќе го олеснат овој процес во иднина.


25 ФЕВ. 2022

38 ТЕХНОЛОГИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Преку 5G мрежата ќе биде возможно да се поврзат до 100 пати повеќе уреди на одредена територија. Според проценките, 5G сигналот ќе може да поврзе до милион уреди на квадратен километар. Малата латенција кај 5G мрежата ќе овозможи побрз пренос на податоци, а малата употреба на енергија во споредба со 4G мрежата ќе овозможи опремата и уредите во инфраструктурата на 5G мрежата да работат многу подолг период без човечка интервенција. Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран. Од овој месец започна имплементацијата на 5G во Скопје и околината, а до мај, сите корисници од главниот град и поширокиот скопски регион ќе имаат пристап до 5G услуги. До крајот на октомври 2022 година, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени 26 градови во Македонија. Мрежата на Телеком е подготвена да овозможи супер брз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување на радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на АЕК. „Пред три години ги почнавме првите подготовки за технологијата на петтата генерација, а денес ја имаме првата комерцијална 5G мрежа. Изминатите години се подготвувавме, инвестиравме, тестиравме, градевме и зборувавме за иднината, сега можеме да кажеме дека 5G е тука. Го исполнивме еден од најважните предуслови за четвртата индустриска револуција, а со добивањето на новите 5G радиофреквенции, оваа технологија ќе го достигне својот вистински потенцијал, а нашите

корисници ќе ги добијат брзините кон кои целиме.“ , изјави Никола Љушев, главниот извршен директор на Македонски Телеком. Засега, 5G ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат некој од следните соодветно сертифицирани 5G уреди: Samsung S21, Xiaomi 11 Lite NE и Motorola Edge 20 Lite. Процесот на 5G сертификација со Apple се очекува да заврши во текот на второто тромесечие од годината. Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и мала латенција во комуникацијата. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови функционалности и досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери. Користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните години, заедно со растот на можностите на новите технологии.

5G отвора цело море на можности

Од конкуренцијата на Телеком, А1 Македонија, пред неполн месец

на нивната веб страна објавија дека и тие набрзо ќе ја лансираат својата комерцијална 5Г мрежа. „Телеком Австрија Групацијата е еден од пионерите на оваа нова технологија, која веќе комерцијално се користи во дел од земјите во регионот. Австрија, Бугарија, Хрватска, Словенија се дел од земјите каде 5G одобренијата се издадени од националните регулаторни тела и веќе се надградени неколку илјади А1 базни станици со 5G со што корисниците веќе можат да почувствуваат дел од придобивките кои ги носи оваа технологија. А1 Македонија успешно изврши тестирање на 5G технологијата и интензивно работи на надградба на својата мрежа за нејзина активација и примена веднаш штом бидат доделени фреквенции од страна на регулаторот.“, напиша Јовица Јошевски, програмски менаџер за 5G во А1 Телеком Австрија на компанискиот интернет блог. „Придобивките за корисниците се многукратни, покрај гигабитните брзини и тактилноста, се отвораат можности за огромен број на нови услуги и создавање на индустриски вертикали кои денес воопшто и не постојат. Можноста за обезбедување достап до интернет за домаќинства и деловни клиенти со перформанси слични на оптичка


39

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Латенција во технолошкиот речник го претставува времето на реакција од испраќањето на информацијата од едната страна до примањето на информацијата на другата страна. Времето кое му е потребно на просечниот човек за да емитува реакција на визуелна информација се проценува на околу 250 милисекунди. Сега, замислете ги потенцијалните можности што ги отвора 5G мрежата со дури 250 пати помала латенција од тоа. Ако таа се применува, да речеме, на автономните возила, тогаш тие ќе станат значително побезбедни за масовна употреба поради екстремно брзата реакција на примање информации. врска отвора прилики за нови услуги со значително подобрени, но и гарантирани нивоа на перформанси. Со дистрибуција на обработката на податоци (Compute) поблиску до секој индивидуален корисник наместо централно, како што е денес, Gaming во „облакот“ со далеку подобри перформанси одошто е тоа можно на било кој домашен компјутер, е една од првите придобивки која гејмерите ќе ја почувствуваат. Оваа технологија овозможува една цела нова палета на мрежни услуги и

решенија за корисници на кои им значи кратката латенција (тактилен интернет, аугментирана / виртуелна реалност, прецизно позиционирање и управување на автономни возила и роботи и многу, многу други).“, објаснуваaт од А1 Македонија. Network Slicing е уште една од придобивките на Сloudбазираната мрежна топологија. Со овозможување на автоматско креирање и реконфигурација на засебна, логичка мрежа со специфична конфигурација, топологија и мрежни елементи кои

точно одговараат на конкретните потреби на одреден корисник (или услуга) се отвора можност за дополнителни услуги со гарантиран квалитет. Ваквите мрежи имаат ненадминати нивоа на безбедност на податоците, еквивалентни на корпоративна/приватна мрежа. Безбедноста во 5G е исто така многукратно зголемена, со новите 5G безбедносни алгоритми нивото на мрежна безбедност е значително унапредено, објаснуваат од А1 Македонија.



Моj Банкар Нова услуга за правни лица Професионална Персонализирана Постојана поддршка

Лојалноста пред се! Закажете состанок: mojbankar@unibank.com.mk Инфо центар : 02/ 3 204 323 02/ 3 111 111


25 ФЕВ. 2022

40 ЕКОНОМИЈА РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

БАНКАТА НА ЕУ ДАДЕ СИЛНА ПОДДРШКА ЗА ЗЕЛЕНИ И ДИГИТАЛНИ ПРОЕКТИ

ЕИБ ИНВЕСТИРАШЕ 853 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО 2021 ГОДИНА


41

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Г

Европската инвестициска банка инвестираше 853 милиони евра во Западен Балкан во 2021 година, поддржувајќи вкупна мобилизација на речиси три милијарди евра инвестиции во регионот. ЕИБ обезбеди и близу 200 милион евра во дигиталниот сектор во регионот, како и 560 милиони евра за мали и средни компании што им помогна на бизнисите да ја одржат ликвидноста и инвестициите, да се прилагодат и зачуваат и создадат работни места.

рупацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ), банката на Европската Унија, инвестираше севкупно 853 милиони евра низ Западен Балкан во 2021 година за одржлив развој, зелената транзиција, дигитализација и поддршка за мали бизниси. Минатата година, ЕИБ инвестира 560 милиони евра во мали и средни претпријатија помагајќи им да закрепнат, да се адаптираат и да продолжат да обезбедуваат можности за вработување. Со приближно 200 милиони евра инвестирани во дигиталниот сектор на Западен Балкан од 2020 година, Групацијата ЕИБ стана еден од најголемите двигатели на дигиталната трансформација во регионот. Како дел од Тим Европа, ЕИБ ја исполни својата обврска за вбризгување на 1,7 милијарди евра за побрзото закрепнување од КОВИД-19, обезбедувајќи зелен, дигитален и одржлив раст. За да го прошири своето локално присуство и да ја зајакне финансиската и техничката помош за државите надвор од ЕУ, Групацијата ЕИБ ја лансира „ЕИБ Глобално“ – имајќи за цел да го забрза планирањето и имплементацијата на проектите преку соодветна поддршка обезбедена од експерти на терен. Западен Балкан може да ги искористи придобивките од ЕИБ Глобално, која исто така ќе биде еден од главните партнери на Европската Комисија во имплементација на иницијативата Глобална порта. Лилјана Павлова, потпретседателка на ЕИБ, која е одговорна за Западен Балкан, изјави: „Исклучително сум горда на постигнатите резултати, што ја покажува нашата силна посветеност во рамките на Тим Европа за зелената транзиција, дигитализација и развој на приватниот сектор. Нашата поддршка беше опиплива не само во финансирање, туку и преку зголемување на нашата техничка поддршка за имплементирање на Економскиот и инвестицискиот план, како и Зелената агенда во Западен Балкан која ќе го постави курсот кон почиста животна средина и подобри услови за живот. Ние му помогнавме на регионот да се адаптира на новата дигитална ера преку отклучување на значителни средства за подобрување на дигиталната

инфраструктура и вештини. Сега, со лансирањето на ЕИБ Глобално, ќе бидеме во позиција да реагираме веднаш и да допреме до конкретните потреби на терен, да го прошириме нашето партнерство и знаење и умеење до држави и региони на кои тоа им е најпотребно. Тоа отвора ново поглавје и го издигнува нашиот досег надвор од ЕУ, овозможувајќи ни уште поуспешно да го управуваме кормилото на дигитализацијата, активностите за климатските промени и инклузивен раст. “

Поддршка во зачувување на работни места, дигитална трансформација и климатска акција

Во 2021 година, ЕИБ обезбеди 560 милиони евра за мали и средни компании во регионот за помош на одржување на ликвидноста, да продолжат со инвестиции, да задржат работни места и да создадат нови можности за вработување. Овие средства беа достапни по поповолни, долгорочни и флексибилни услови, како дел од финансискиот пакет на Тим Европа за побрзо закрепнување од ковид-19 на регионот. Банката на ЕУ воведе нови финансиски алатки и производи, како кредитни линии за специјализирани климатски активности со цел за олеснување на дејаглеродизацијата на компаниите во регионот преку воведување на енергетско ефикасни практики. Други финансиски заеми за влијание се очекува да се имплементираат низ регионот за надополнување на оној веќе потпишан во 2020 година за Србија, во поддржување на фирмите за вработување на луѓе од ранливи социјални групи. „Преку новата гарантна институција на Западен Балкан и поблиска соработка со нашата специјализирана подружница за МСП – Европскиот инвестициски фонд, очекуваме да ја засилиме нашата поддршка на развојот на приватниот сектор.“, велат од ЕИБ. Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ ја засили својата техничка и финансиска поддршка за фокусирање на подготовка и имплементација на климатски и одржливи проекти, во линија со Економскиот и инвестицискиот план. Во 2021 година, таа отклучи вкупно 257 милиони евра за заштита на животната средина, побезбедни и ефикасни енергетски мрежи, одржлив транспорт и воведување на климатски погодни проекти меѓу малите компании.


25 ФЕВ. 2022

42 ЕКОНОМИЈА РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

ЕИБ дава исклучително силна поддршка на секторот мали и средни компании во земјава. Во 2021 година преку Развојната банка на Северна Македонија се изврши повлекување и пласман на првите две транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 59,1 милиони евра по исклучително поволни услови за стопанството. Со овој заем кој РБСМ го склучи со ЕИБ во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарно - капитализирани компании. ЕИБ досега инвестираше 550 милиони евра за поддршка на мали и средни компании во Северна Македонија преку Развојната банка на Северна Македонија

Финансирањето на ЕИБ стана достапно за поддршка за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Митровица и системи за дистрибуција на вода во Тирана, како и во општините Јајце и Зворник, што ќе обезбеди пристап до вода за пиење и санитарни услуги на над милион луѓе во регионот. Финансирањето на ЕИБ исто така ќе ги зајакне енергетските мрежи во Југоисточна Европа со воведување на безбедно, разновидно и ефикасно снабдување. Инвестициите на ЕИБ потпишани во 2021 година овозможија модернизација на урбаниот транспорт во Кантонот Сараево, за справување со сообраќајниот метеж и намалување на загадувањето на воздухот. Заедно со Европската комисија и другите партнери, ЕИБ планира да ја зголеми поддршката за да му помогне на регионот да го забрза спроведувањето на Зелената агенда.

Со 200 милиони евра инвестирани во дигитални проекти низ Западен Балкан од 2020 година, ЕИБ овозможи паметен, отпорен и инклузивен раст на регионот. Инвестициите на ЕИБ се однесуваат на дигиталниот јаз во регионот и овозможуваат надградби на постоечката 4G и воведување на 5G мрежа, како и дигитализација на преку 1500 училишта и развој на дигитални вештини. Долгорочно, тоа ќе ја зголеми продуктивноста на бизнисот, ефикасноста на јавните институции и вработливоста на младите во контекст на новата дигитална ера.

Економскиот шок од ковид-19 ги засили постоечките географски и социјални нееднаквости во ЕУ

Европската инвестициска банка го направи и својот редовен годишен Извештај за инвестиции, овој пат под името „Закрепнувањето како отскочна штица за промени“. Извештајот, најсеопфатниот,

редовен преглед на инвестициите во ЕУ, се осврнува на влијанието на пандемијата врз поединци, фирми и земји во Европската Унија. Еден од клучните наоди на Извештајот е дека Брзото враќање на инвестициите во Европа (со исклучок на Ирска, каде што реалните инвестиции заостануваат) покажува дека јавната поддршка била клучна за ублажување на влијанието на економскиот шок врз фирмите и домаќинствата. „Сепак, постојат знаци дека кризата од КОВИД-19 ги влоши постојните асиметрии и нееднаквости. Влијанието на пандемијата не се чувствува рамномерно низ Европа. Регионите се враќаат со различна брзина. Додека дигитализацијата и зелената трансформација на економијата ги забрзуваат длабоките структурни промени, Европа ризикува да стане повеќе нееднаква.“, се вели во извештајот. „Јавната поддршка беше и останува клучна за заштита на работните места и одржување на


43

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

бизнисот за време на пандемијата. Но, нашиот последен извештај за инвестиции покажува дека различните социјални и регионални ранливости што постоеја и пред кризата го влошуваат нерамномерното закрепнување и ја засилуваат постојната хетерогеност“, рече потпретседателот на ЕИБ Рикардо Мурињо Феликс. „Затоа ЕИБ постојано ќе се грижи можностите што ги нуди транзицијата кон позелена и дигитална економија да бидат споделени низ Европската Унија. Модернизацијата на инфраструктурата мора да биде придружена со понатамошни инвестиции во социјалната инфраструктура - а особено во таленти, вештини и обука - за да оваа историска транзиција биде праведна за сите“. Низ Европа, реалното бруто формирање на фиксен капитал мерка за инвестиции - значително се намали во 2020 година, но помалку од предвиденото. Покрај тоа, потребни беа само две години инвестициите да се оправат од пандемискиот шок, во споредба со повеќе од една деценија по глобалната финансиска криза. До крајот на вториот квартал од 2020 година, реалните инвестиции во Европската Унија паднаа за вртоглави 14,6 отсто во однос на четвртиот квартал од 2019 година. Меѓутоа, брзо се вратија, и до вториот квартал од 2021 година беа на нивото од 2019 година (со исклучок на Ирска). Додека првичниот шок од кризата со КОВИД-19 беше во голема мера недискриминирачки и сите земји во Европската Унија беа погодени, влијанието сега стана понерамномерно со обновувањето на инвестициите со различни брзини. До вториот квартал на 2021 година, реалното бруто формирање на фиксен капитал беше над нивоата пред пандемијата (во споредба со четвртиот квартал од 2019 година) во 20 членки на ЕУ, а под нивоата пред кризата во седум земји. „За помалку од две години, реалниот бруто домашен производ (БДП) и инвестициите се вратија на нивоата од пред пандемијата. Политичката поддршка беше клучна за закрепнувањето, но кризата не е завршена. Ранливостите и ризиците од асиметрии опстојуваат, додека капацитетот на фирмите и луѓето да се приспособат на новата нормалност сè уште треба да се тестира. Омикрон ги надополнува предизвиците, значително

зголемувајќи ја неизвесноста“, рече главниот економист на ЕИБ Дебора Револтела. „Ова е време да почнеме да се фокусираме на иднината. Потребите за инвестиции се огромни за да се адаптираат на новото нормално и да се искористат придобивките од зелената и дигиталната транзиција. Јавните и приватните инвестиции мора да се надополнуваат една со друга. Ова бара континуирано фокусирање на политиката кон јавните инвестиции и зголемени напори за катализирање на приватните инвестиции“. Извештајот за инвестиции на ЕИБ покажува дека јавната поддршка била широко распространета и насочена кон фирмите на кои им е најпотребна, но не и кон „зомби“ фирмите кои веќе биле финансиски слаби. Фирмите со ниски готовински бафери имале значително поголема веројатност да добијат поддршка од политиката. Сепак, показателите за долготрајна финансиска слабост, како што се прекумерниот долг, ниската камата или нискиот принос на средствата, немаа значајно влијание врз тоа дали фирмата добила помош. Она што е уште поважно е што поддршката на политиката им овозможи на фирмите да ги задржат своите инвестициски планови, без оглед на загубите од продажбата. Фирмите кои добија поддршка, исто така, имаа поголема веројатност да ги зачуваат своите инвестициски програми и така да ја забрзаат нивната трансформација.

Европските фирми се дигитализираа како одговор на пандемијата, но помалку од американските Европските фирми сега очекуваат да ги зголемат инвестициите оваа година. Процентот на фирми што инвестираа во изминатата година беше релативно низок (79%), но нето-салдо од +18% од фирмите се очекуваше да ги зголемат инвестициите во 2021 година, што е остар пресврт во однос на претходната година (-28%). Како што закрепнувањето покажува резултати, така показателите на расположението за економската клима и достапноста на внатрешните финансии се враќаат во позитива. Во Европската Унија, политиката беше успешна во зачувување на работните места и спречување значителен пораст на невработеноста во целина, но условите на пазарот на трудот се влошија за младите луѓе и оние со помало образование. Негативните

ЛИЛЈАНА ПАВЛОВА

потпретседателка на ЕИБ, одговорна за Западен Балкан

Нашата поддршка беше опиплива не само во финансирање, туку и преку зголемување на нашата техничка поддршка за имплементирање на Економскиот и инвестицискиот план, како и Зелената агенда во Западен Балкан која ќе го постави курсот кон почиста животна средина и подобри услови за живот. Ние му помогнавме на регионот да се адаптира на новата дигитална ера преку отклучување на значителни средства за подобрување на дигиталната инфраструктура и вештини.

ефекти врз вработувањето, иако севкупно ограничени, беа концентрирани кај помладите од 30 години и кај оние со пониско ниво на образование. Подобрувањето на вештините и преквалификацијата ќе треба да станат клучни цели на политиката за да се реши проблемот со прераспределбата на пазарот на трудот, избегнувајќи сценарио каде работниците се заробени, во голем обем, во опаѓачките индустрии и пропаднатите фирми. Сепак, уделот на фирмите што инвестираат во обука падна, и покрај мерките на политиката да им се овозможи на вработените да останат на своите работни места. Бројот на фирми кои инвестираат во обука падна за 10 процентни поени, иако 79% од фирмите сметаат дека недостатокот на квалификувани работници е пречка за инвестирање. Иако падот не беше значителен, тој ги влоши постојните структурни слабости. Оваа опасност од „заробување“ е поголема во регионите со


25 ФЕВ. 2022

44 ЕКОНОМИЈА РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ ја засили својата техничка и финансиска поддршка кон Западен Балкан за фокусирање на подготовка и имплементација на климатски и одржливи проекти, во линија со Економскиот и инвестицискиот план. Во 2021 година, таа отклучи вкупно 257 милиони евра за заштита на животната средина, побезбедни и ефикасни енергетски мрежи, одржлив транспорт и воведување на климатски погодни проекти меѓу малите компании. пониски приходи. Споредувањето на податоците за кохезивните региони (помалку развиените и регионите во транзиција) и поразвиените региони покажува дека дигиталната и климатската транзиција потенцијално може да ја попречат европската конвергенција, при што фирмите во регионите со пониски приходи се помалку подготвени да се адаптираат и да ги искористат достапните можности. Фирмите од ЕУ се дигитализираа како одговор на кризата КОВИД-19, но помалку од американските фирми. Околу 46% од фирмите во ЕУ одговорија на пандемијата со тоа што станаа подигитални, наспроти 58% во САД. Уделот на американските фирми кои веќе усвоиле напредни дигитални технологии е исто така поголем: 66% наспроти 61% во Европската Унија. Во Европската Унија, фирмите кои веќе имплементирале напредни дигитални технологии имаа поголема веројатност дополнително да се дигитализираат како резултат на пандемијата - што прави бавните усвојувачи на технологиите уште потешко да ги достигнат. Додека речиси половина од фирмите кои веќе имплементирале

напредни дигитални технологии рекоа дека ја зголемиле својата дигитализација како одговор на пандемијата, само една третина од помалку дигитално напредните фирми го кажале истото. Во Европа, 26% од фирмите спаѓаат во категоријата „ниту едно“. Тие не се ниту дигитално напредни, ниту на пат да станат подигитални како одговор на пандемијата. Ова се споредува со 18% од слични фирми во САД. Овој растечки дигитален јаз носи ризици за пазарот на трудот. Во Европа, 33% од работните места се поврзани со фирми кои не прават ништо во дигиталната сфера, во споредба со околу 20% во САД.

Растечки тренд на инвестиции во зелена технологија и борба против климатски промени Околу 43% од европските фирми инвестирале во климатски мерки за справување со физичките и транзициските ризици - повеќе отколку во САД - и покрај тоа што некои инвестиции запреа поради пандемијата. Процентот на фирми кои инвестираат во климатски мерки е маргинално под 45% пријавени во 2020 година, но растечки број фирми очекуваат да

инвестираат во наредните години. Генерално, уделот на фирмите од ЕУ кои инвестираат и очекуваат да инвестираат во климата останува значително повисок отколку во САД. Поддршката на иновациите меѓу фирмите кои се фокусираат на зелените технологии е клучен елемент на европската стратегија за нето нула емисии. Со намалување на трошоците за намалување на стакленички гасови или намалување на загадувањето, иновациите во зелената технологија може да обезбедат Европската Унија да ја достигне климатската неутралност на економичен начин. Финансирањето за иновациите во зелената технологија е во пораст во последниве години. По малото назадување од 2013 до 2016 година, ризичниот капитал и инвестициите во приватниот капитал во европските компании со зелена технологија нагло се зголемија од 2017 година наваму, како одраз на растечката општествена загриженост за животната средина и одржливоста и зголемениот фокус на креаторите на политиката на ЕУ кон приватното финансирање како катализатор за зелената револуција. nnn


Тргувајте безбедно Осигурување на побарувања

Македонските компании своите производи и услуги ги продаваат во земјава и во странство, овозможувајќи им на купувачите одложена исплата. Осигурувањето на побарувања на Триглав ги штити компаниите и обезбедува навремена и целосна исплата на нивните побарувања. Овој производ им помага на компаниите да го стабилизираат своето финансиско работење и да ја подобрат конкурентноста. Осигурувањето на побарувања го штити осигуреникот од ризици како банкрот, или стечај, т.е. несолвентност на купувачот, како и ненавремено плаќање. Ова осигурување ја подобрува ликвидноста, заштитата на паричните текови, овозможува остварување на финансиските планови и буџети и придонесува кон подобрување на финансиските показатели на компанијата. Со тоа позитивно влијае и врз продажните резултати, овозможувајќи излез на нови пазари, како и обезбедување нови купувачи на постоечките пазари, а ја подобрува и конкурентноста, затоа што овозможува продажба со одложено плаќање, без банкарски гаранции и акредитиви. Осигурувањето на побарувања на Триглав може да се склучи за купувачи од целиот свет.


25 ФЕВ. 2022

46 АНАЛИЗА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

ВО КОИ АКЦИИ ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО УСЛОВИ НА РАСТЕЧКИ КАМАТНИ СТАПКИ

П

очетокот на 2022 година започна со пад на берзата во САД како последица на загриженоста околу инфлацијата на прво место. Загриженоста овде е дека ФЕД и инфлацијата имаат моќ апсолутно да ја уништат економијата и пазарите на САД во 2022 година. Поточно, за борба против инфлацијата, ФЕД проектира дека агресивно ќе ги зголеми стапките и ќе ги преземе сите потребни мерки. Минатата недела, членот на Федералните резерви, Џејмс Булард изјави дека сака да ги зголеми стапките четири пати до јули. Сега, пазарот издвојува 88% шанса ФЕД да ја зголеми стапката најмалку седум пати во 2022 година. Сето ова придонесува најголемите играчи во светот да немаат друг избор освен да бидат интимно вклучени кај пазарите со фиксен приход. Значи, ако сте љубопитни на која страна се ниша нишалото, ќе можете да го видите кај обврзниците. Во прилог еден брз поглед на каматните стапки во САД кои прават нови издигнувања - приносите од 1 година до 10 години, тие се движат кон горниот десен агол.

Mногу од инвеститорите не ги претставуваат најголемите финансиски институции во светот, што значи дека и не мора задолжително да бидат вклучени во пазарот на обврзници. Па така се поставува прашањето: “Кои акции имаат тенденција да растат кога

растат и каматните стапки?” За да одговорам на тоа прашање, ќе користам интермаркет анализа на пазарот. Најпрво да го погледнеме графиконот на Proshares Equities For Rising Rates ETF, тикер $EQRR, кој во себе содржи акции кои котираат добро во услови на растечки стапки.

Извор: Allstarcharts.com


47

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Ако погледнеме внатре во него, скоро 60% од целиот индекс е претставен со акции од финансискиот и енергетски сектор. Интересно е кога ќе ја додадеме изложеноста на $EQRR со акции од секторот за материјали и индустриски производи, ќе забележиме дека близу 90% од целиот индекс е составен од 4 сектори: XLE, XLF, XLB и XLI. Ова се видови на имиња кои историски добро функционираат кога стапките растат. И како што се наметнува заклучок, тоа се секторите на кои им оди добро, особено кога ќе ги споредиме со областите кои се повеќе ориентирани кон раст, како што е технолошкиот сектор кој е навистина тешко погоден. На следниот графикон, можеме да погледнеме што правеа

другите берзански стоки. Овде можеме да ја видиме поделбата меѓу: основните берзански стоки, металите, земјоделските и енергетските стоки. Интересно е што благородните метали беа единствената берзанска стока што никој не ја сакаше до сега. Но, со зголемување на тензиите со Украина, предупредување дека веројатна е руска инвазија на Украина, инвеститорите ширум светот започнаa да продаваат акции и да купуваат злато кое обично се смета за традиционално безбедно засолниште во време на зголемени глобални тензии. На следниот графикон е прикажана цената на златото која прави нов пробив по 4ти пат од минатата година до сега. Прашањето е дали овој пробив сега е реален?

СНЕЖАНА ПОПОВСКА CMT, CFTe Технички аналитичар

Mногу од инвеститорите не ги претставуваат најголемите финансиски институции во светот, што значи дека и не мора задолжително да бидат вклучени во пазарот на обврзници. Па така се поставува прашањето: “Кои акции имаат тенденција да растат кога растат и каматните стапки?


25 ФЕВ. 2022

48 АНАЛИЗА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Во продолжение е графикон кој покажува дека златните акции SPDR (GLD) се издигнуваат над највисокото ниво од месец ноември и се обидуваат да постигнат нагорен пробив на жолтиот метал. Неделните барови покажуваат дека GLD се искачува на највисоко ниво во последните осум месеци и се движи кон тест на врвовите постигнати минатата пролет. Последниот нагорен пробив силно сугерира дека цената на златото оди повисоко.

Инвеститорите денеска го купуваат и VanEck Vectors Gold Miners ETF (GDX). Графиконот на VanEck Vectors Gold Miners ETF (GDX) покажува дека цената се зголемува до тримесечен максимум и се приближува до тестот на својот ноемвриски врв. Затворањето над претходното ниво на отпор би било позитивен знак за рударите на злато. Неделните барови покажуваат дека порастот на цената над тој ноемвриски пик ќе претставува нагорна линија за GDX. За крај, сакам да споделам дека во

нашата земја веќе ни се отворени многу можности за инвестирање и дека наша обврска е да се информираме и да се погрижиме за нашата финансиска слобода. Покрај можноста на инвестираме на светските берзи, за прв пат во Македонија можеме да купиме и физичко злато во една од нашите комерцијално банки. Исто така, имаме и Отворен инвестициски фонд – Златен фонд, кој вложува во сопственички хартии од вредност на издавачи во сегментот на производство на инвестициски и индустриски метали. nnn

Истото важи и за рударите на злато.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција според вашата финансиска состојба.



25 ФЕВ. 2022

50 ВОЕНА И ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

ШТО ЗНАЧИ РУСКО – УКРАИНСКИОТ КОНФЛИКТ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАРИ

ЕВРОПА НАБРЗО БИ МОЖЕЛА ДА ПЛАЌА 2000 ЕВРА ЗА 1000 КУБИЦИ ГАС?! РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

О

ткако рускиот претседател Владимир Путин ги призна двете самопрогласени сепаратистички републики во источна Украина во вторникот на 22 февруари, акциите на руските компании паднаа за дури 19 отсто, а според Блумберг, инвеститорите бараат засолниште во злато и американски државни обврзници. Периодов не поминуваат добро ниту европските и американските берзи, со оглед на стравот на инвеститорите од можна ескалација на конфликтот во Украина и влијанието од тоа врз светската економија. Руската рубља падна на најниско ниво од ноември 2020 година, иако повторно порасна, а тензиите исто така доведоа до скок на цената на нафтата до највисокото ниво во

последните седум години. Нафтата брент, меѓународна мерка, порасна за дури 3,2 отсто на 98,49 долари за барел, што е највисоко ниво од 2014 година. Цените на природниот гас исто така пораснаа. Многумина аналитичари сметаат дека ако оваа ситуација прерасне во тотална војна, цените на природниот гас во Европа ќе бидат најголемата закана за глобалната економија. Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев се огласи на Твитер откако германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија ќе го запре процесот на сертификација на гасоводот Северен тек 2. „Добредојдовте во сосема новиот свет во кој Европејците наскоро ќе плаќаат 2000 евра за 1000 кубни метри природен гас“, напиша Медведев. Што ќе ја снајде Европа доколку

Русија ги ограничи или сосема прекине испораките на гас кон континентот? Колку воената криза во Украина ќе влијае врз протокот на гас низ нејзината територија што е клучен за неколку европски земји?

За две децении значењето на Украина како транзит за гас падна за 70%

Украина порано беше клучен терминал во европскиот енергетски систем, но тоа е помалку случај денес, анализира угледниот аналитички портал Energy Monitor. Во 1990-тите, најголемиот дел од гасот што Русија го извезуваше во Европа одеше преку Украина. Меѓутоа, Русија оттогаш ги диверзифицираше правците, и тоа преку гасоводот Јамал Европа низ Белорусија и Полска, гасоводите Син тек и Турски тек до Турција и гасоводот Северен тек 1 до Германија (Северен тек 2 чека сертифицирање). Тоа го намали транзитот на гас преку Украина за


51

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Европа зависи од Русија за околу 40% од нејзиниот гас и 25% од увозот на нафта, а секое нарушување би ја влошило актуелната енергетска криза. Економските аналитичари сметаат дека ЕУ може да се справи со краткорочно запирање на увозот на руски гас, но ако го стори тоа ќе има „длабоки економски последици“ и ќе бара дополнителен увоз на втечнет гас ЛНГ и итни мерки за ограничување на индустриската побарувачка, како што се затворање фабрики. Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев се огласи на Твитер откако германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија ќе го запре процесот на сертификација на гасоводот Северен тек 2. „Добредојдовте во сосема новиот свет во кој Европејците наскоро ќе плаќаат 2000 евра за 1000 кубни метри природен гас“, напиша Медведев.

70 отсто помеѓу 1998 и 2021 година, пишува Energy Monitor. Новите гасоводи го намалија бројот на земји зависни од снабдувањето преку Украина. Денес, Украина е првенствено транзитен коридор за гас што оди кон Словачка, па натаму кон Австрија и Италија. ENTSOG, организација која ги координира националните оператори на системите за пренос на гас во Европа, заклучува во една неодамнешна анализа дека може да се менаџира со евентуалните ефекти од прекинот на снабдувањето од Украина, под претпоставка дека добро функционира пазарот и регионалната соработка. „Физичкиот прекин на протокот на гас низ Украина ќе влијае на Словачка, Австрија и Италија, од кои секоја има различни опции за справување“, напиша Никос Цафос, шеф на секторот за енергија и геополитика во Центарот за стратегиски и меѓународни

студии во САД. „Италија, со оглед на нејзиниот пристап до морето, има најмногу алтернативи. Отсекувањето на Украина би ја погодило и Полска, којашто, пак, има повеќе алтернативни опции од кога било. Молдавија би била во потешка позиција, иако нејзиниот увоз доаѓа преку друга артерија; дали гасот ќе биде исклучен ќе зависи од видот и времетраењето на конфликтот. Дали овие земји ќе можат да пристапат до алтернативи ќе зависи од условите на глобалниот пазар и количината на гас што се складира низ континентот“. Сопствената енергетска безбедност на Украина сè уште зависи од нејзината улога како транзитна земја, додава Цафос. Обезбедувањето соодветни залихи во земјата без таков транзит ќе биде значително потешко, но во спротивно, влијанијата врз европските залихи би биле „многу полокализирани и потесни“, заклучува тој. Сепак, постојат голем број на променливи во игра. „Конфликтот во февруари не е исто како конфликтот во април, откако ќе заврши зимата. Еднонеделна пресметка е поинаква од повеќемесечен ќор-сокак. Локализираните борби можеби нема да влијаат на протокот на гас, додека сеопфатната војна може да влијае. Гасната инфраструктура може да биде погодена по грешка или со намера да се добие воена предност. Штетата на инфраструктурата може да биде мала или голема. Овие параметри се непознати во овој момент“,

пишува Цафос. Едно сценарио: протокот на гас да се наруши бидејќи украинската инфраструктура може да е оштетена или ограничена. Меѓутоа, друго, посериозно сценарио е тоа гасот да се користи како средство за уцена, при што Русија би ги прекинала испораките за да изврши притисок врз Украина или Европа.

И Русија ќе плати огромна економска цена доколку го прекине гасот за Европа

Русија би можела да ги прекине и другите патишта за снабдување со нафта и гас во Европа. „Историјата ни кажува дека енергијата е слабо оружје за постигнување политички цели, но сепак може да се користи“, пишува Цафос. Всушност, многумина, вклучително и Меѓународната агенција за енергетика, тврдат дека Русија веќе го користи гасот како оружје, ограничувајќи ги испораките и покрај рекордните цени во Европа. Намалувањето на испораките од страна на Русија би имало огромна цена за руската економија. Сепак, нејзината економска зависност од продажбата на нафта и гас во Европа е помала отколку што беше за време на Студената војна, бидејќи сега постои глобален пазар за нафта и алтернативен пазар на гас во североисточна Азија. „Значи, не е баш односот на взаемна зависност каков што ЕУ сакаше да изгледа“, вели Џон Лаф, соработник во програмата за Русија и Евроазија на Четам Хаус. За Русија, тоа е деликатна размена меѓу економскиот


25 ФЕВ. 2022

52 ВОЕНА И ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Европа ја зајакна својата енергетска безбедност од енергетските кризи во 2006 и 2009 година наваму, инвестирајќи милијарди евра во инфраструктурата што и овозможува да увезува гас со брод и полесно да го пренесува горивото низ континентот. Сепак, факт е дека континентот останува зависен од рускиот гас. Тековниот конфликт го зајакнува мотивот на креаторите на политиките да ја забрзаат транзицијата кон чиста енергија. Тоа станува императив и за безбедноста на снабдувањето и за климатските активности. поттик за одржување на протокот на енергетски резерви и безбедносниот поттик да се осигури дека Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО. „Тие се гледаат себеси во прилично поволна позиција и покрај тоа што Европа се обидува да преземе чекори за да се оддалечи од фосилните горива, но во меѓувреме гасот е горивото за транзиција, а Германците го олицетворуваат ова: тие се направија, според мене, непотребно зависи од рускиот гас“, вели Лаф. Како одговор на секое нарушување на снабдувањето од Русија, Западот би можел да воведе различни санкции против нејзиниот енергетски сектор, вклучително и да забрани за земјите и компаниите да купуваат нафта и гас од руските енергетски гиганти Роснефт и Газпром. ЕУ и САД, исто така, наводно се подготвуваат да го санкционираат рускиот гас во случај на инвазија со сериозно ограничување на финансирањето и трансферот на технологија за нови проекти - што

се гледа како начин на удар на главната индустрија во земјата, додека се избегнува краткорочна главоболка за западните енергетски пазари. Сепак, какво било ограничување на рускиот гас веројатно дополнително ќе ги зголеми цените низ Европа. Во моментов, европските земји не размислуваат сериозно да ја запрат испораката на енергија од Русија, според Лаф. „Тоа е прашање за кое почнува да се дискутира на некои места, а санкциите против Русија таму би биле исклучително ефикасни затоа што со еден удар би избришале околу 50% од заработката во странска валута на Русија но мислам дека нема голема веројатност дека тоа ќе се случи“, вели тој. Една од мерките што Западот би можел да ги преземе би била да го спречи гасоводот Северен тек 2 од Русија до Германија. Гасоводот долг 1.225 километри, кој минува под Балтичкото Море, е дизајниран да го удвои извозот на руски гас во Германија, а изградбата траеше

пет години и чинеше 11 милијарди долари. Сепак, тој сè уште не е во функција, бидејќи регулаторите рекоа во ноември 2021 година дека не е во согласност со германскиот закон и го суспендираа неговото одобрување. На 27 јануари 2022 година, и американските и германските официјални лица рекоа дека проектот ќе се соочи со санкции во случај на конфликт. „Сакам да бидам многу јасен: ако Русија на еден или друг начин ја нападне Украина, Северен тек 2 нема да оди напред“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Целосната замена на рускиот гас е премногу скапа, ако не и невозможна мисија Сепак, и покрај реториката во Вашингтон, Германија не може едноставно да го откаже Северен тек 2, бидејќи гасоводот е веќе изграден. Земјата, исто така, има причина да го отвори, бидејќи постепеното исфрлање на нуклеарната енергија и јагленот паралелно ја прави


53

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

повеќе зависна од гас. „Германија во последно време согорува необично голема количина на јаглен, што очигледно се обидуваат да го намалат, па им треба гас - па од каде ќе го набават? прашува Лаф. „Но, мислам дека ако Русите би интервенирале на сериозен начин во Украина, тогаш Северен тек 2 нема да биде сертифициран, а тоа можеби е нешто што на крајот ги тера Русите да размислат двапати за последиците од нивните постапки“. Европа зависи од Русија за околу 40% од нејзиниот гас и 25% од увозот на нафта, а секое нарушување би ја влошило актуелната енергетска криза. Економскиот тинк-тенк Bruegel се согласува со ENTSOG дека ЕУ може да се справи со краткорочно запирање на увозот на руски гас, но ако го стори тоа ќе има „длабоки економски последици“ и ќе бара дополнителен увоз на втечнет гас ЛНГ и итни мерки за ограничување на индустриската побарувачка, како што се затворање фабрики .

„Меѓутоа, да се помине половина зима без руски увоз, но со малку гас во складиште е една работа – додека функционирање на европската економија неколку години без руски гас е поинаков предизвик“, вели Симоне Таљапиетра, виш соработник во Bruegel. Во последните години Европа го зголеми увозот на ЛНГ од САД, Катар и други земји. Во 2020 година, увозот на гас во ЕУ падна за 9%, а зависноста на регионот од Русија малку се намали. Сепак, земјата остана главен снабдувач на ЕУ, со 43% од увезениот гас, а потоа следат Норвешка и Алжир. Според Bruegel, резервниот инфраструктурен капацитет би можел да додаде 17 терават-часови неделен увоз на гас преку гасоводи од Норвешка, Северна Африка и Азербејџан, како и дополнителен волумен на ЛНГ - речиси заменувајќи го снабдувањето од Русија во последните недели. „Но, целосната замена на руските волумени е во најдобар случај

многу скапа, или не е можна“, вели Таљапитра. Европа ја зајакна својата енергетска безбедност од енергетските кризи во 2006 и 2009 година наваму, инвестирајќи милијарди евра во инфраструктурата што и овозможува да увезува гас со брод и полесно да го пренесува горивото низ континентот. Сепак, факт е дека континентот останува зависен од рускиот гас. Тековниот конфликт го зајакнува мотивот на креаторите на политиките да ја забрзаат транзицијата кон чиста енергија. Тоа станува императив и за безбедноста на снабдувањето и за климатските активности. На краток рок, тековната енергетска криза ја забавува енергетската транзиција бидејќи обновливите извори го заменуваат поскапиот гас наместо повалкан јаглен; на долг рок, нестабилноста на пазарите на гас може да ги забрза напорите на Европа да ја намали зависноста од руските испораки. nnn


25 ФЕВ. 2022

54 ЛИДЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

НАЈГОЛЕМИОТ АВАНТУРИСТ МЕЃУ ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ И НАЈГОЛЕМ ПРЕТПРИЕМАЧ МЕЃУ АВАНТУРИСТИТЕ

ШТО НАУЧИ РИЧАРД БРЕНСОН ОД СВОИТЕ НАЈГОЛЕМИ НЕУСПЕСИ

1. Кога неговата прва компанија не можела да заработи ништо.

Бренсон го напуштил училиштето во 1967 година, на 16 години, со намера да го почне својот прв бизнис: магазинот Студент. Сакал весникот да стане глас на неговата генерација, и за волја на вистината, Студент објавил интервјуа со неколку големи имиња, но не направил и големи пари. Кешфлоуто наскоро станало проблем за амбициозниот издавач. Доколку се држел до првичниот план, Бренсон би можел наскоро да потоне во бизнисот. Но, тој решил да биде флексибилен и скршнал

во друга територија, што подоцна се покажало како вистински потег, а тоа е музиката. Основал бизнис за нарачки на музички плочи преку пошта со попуст, и она што почнало како потфат за да се плати за магазинот, потоа прераснало во музичка империја вредна милијарди долари, позната како Вирџин Рекордс.

2. Кога Вирџин Атлантик Ерлајнс за малку ќе “слетала“ уште пред да полета.

Бренсон ја лансирал авиокомпанијата Вирџин Атлантик Ерлајнс во 1984 година со цел да им овозможи на патниците подобро

искуство во летањето. Гледал голем потенцијал во тој бизнис, но имал малку искуство и неговиот нов бизнис потфат речиси и ќе пропаднел уште пред да полета официјално првиот авион. За време на првиот тест лет на единствениот авион на Вирџин, изнајмениот Боинг 747, јато птици влетало во моторот, предизвикувајќи голема штета. Компанијата не можела да добие дозвола да почне со превоз на патници без функционален авион, а не можела да најде пари за поправка доколку не е сертифицирана. Наместо да паничи или да се откаже, Бренсон


55

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Милијардерот Ричард Бренсон поседува толку многу бизниси во рамки на неговата групација Вирџин, па во една прилика има кажано дека и самиот веќе не може да води сметка што се’ има во неговото портфолио. Неговото богатство денес се проценува на над 5 милијарди долари и според таа сума тој дефинитивно не е меѓу најбогатите 10 или 20 луѓе на планетава. Но поради неговиот карактеристичен глад за иновации и успех, неговата популарност во глобални рамки е огромна, а британската кралица му има дадено титула “сер“ поради неговиот придонес во развојот на претприемништвото. Сепак, и еден Бренсон, којшто во моментов е преокупиран со обидите да стане прв што ќе нуди комерцијални летови во вселената преку сопствената компанија Вирџин Галактик, немал баш цело време ѕвездени мигови во кариерата. Магазинот Entrepreneur ни дава преглед на неколкуте најголеми грешки што ги направил Бренсон и што може да научиме од нив. останал оптимист. Работел брзо, ги реструктурирал своите компании, па извлекол пари од други бизниси за да може поправката да се направи што побрзо. Авиопревозникот ја добил потребната дозвола и првиот лет на Вирџин од лондонски Гетвик до њујоршки Њуарк бил успешен.

3. Кога неговата компанија за газирани пијалаци пропаднала.

Вирџин повторно влегла на нова територија во 1994 година со лансирањето на Вирџин Кола, газиран пијалак создаден со цел да им конкурира на Кока – Кола и Пепси. Првичните тестирања на вкусот биле ветувачки, и на почетокот Бренсон имал големи надежи. „Кока – Кола е најпознатиот бренд во светот, и ако успееме да ja разнишаме, би било многу забавно“, рекол тој во една прилика. Но доста брзо станало јасно дека Вирџин Кола не се продава. Била премногу слична со другите кола пијалаци така што не можела да изгради свој идентитет. Компанијата пропаднала за неколку години, а Бренсон научил важна лекција притоа – ако не си уникатен, нема да бидеш забележан.

4. Кога патот околу светот за малку ќе го чинел живот.

Личните амбиции на Бренсон се големи колку и професионалните. Тој се обиде да сруши неколку светски авантуристички рекорди и беше првиот човек во историјата што пилотирал балон со топол воздух над Атлантикот. Но, неговиот пат околу светот не беше толку успешен потфат. Откако случајно испуштиле добар дел од горивото, Бренсон и неговиот ко-пилот се нашле над Пацификот соочувајќи се со силни ветрови. Без надеж за спас, тие пресметале дека имаат само 5% шанси да останат живи. Брансон има кажано дека се

соочиле со две опции, или да се спуштат долу и да си ја прифатат судбината, или да останат горе уште три дена обидувајќи се да дојдат до Северна Америка. На крајот успеале некако да стигнат до копното, а ова искуство го научило Бренсон за значењето на упорноста. “Никогаш не се предавајте“, рекол во едно интервју. “Дури и да звучи малку излитено, секогаш бори се, бори се, бори се за да преживееш.“

5. Кога Вирџин Автомобили го промашија знакот.

Вирџин Групацијата постигна голем успех со авионите и возовите, но со автомобилите беше друга приказна. Во 2000 година, Бренсон реши да ја лансира Вирџин Автомобили, онлајн бизнис со цел да го промени начинот на којшто се продаваат автомобили. Компанијата почна силно, но наскоро загуби здив и се затвори по неколку години. Бренсон за овој неуспех рече дека причина е тоа што се фокусирал на погрешна иновација. Заклучил дека она што треба да се менува кај автомобилската индустрија не е начинот на којшто се продаваат возилата, туку какви горива користат. Оттогаш тој многу инвестира во креирање на повеќе еколошки горива. Исто така, тој воведе ново правило за сите негови бизниси: Не може да има профит без јасно дефинирана цел.

6. Кога потрошувачите не ги прифатија неговите фустани. Бренсон имаше неколку безуспешни обиди за влез и во модната индустрија. Основаше и компанија за облека, козметички бренд, дури и марка на долна облека што требаше да и конкурира на Викторијас Сикрет. Можеби најизненадувачко беше отворањето на Вирџин Брајдс, бутик за венчаници што Бренсон го отвори во 1996 година. Бренсон

дури си ја избричи и брадата и облече еден од венчалните фустани по повод лансирањето на брендот, но неговата краткотрајна кариера на модел не успеа да ги предизвика значителни продажби. Неколкукратните обиди на Бренсон да ја направи Вирџин модерна ја рефлектираат неговата спремност на неуспех. Иако не се предава лесно при спроведувањето на проектите, тој исто така е непоколеблив и кога нештата не излегле според планот. Почнува одново со нов пристап.

7. Кога Вирџин Диџитал не постигна даунлодирања.

Вирџин Диџитал ги отвори своите врати онлајн во 2005 година. Тоа беше сајт за даунлодирање на музика, замислен во стилот на iTunes на Епл, којшто тргна со импресивна библиотека на песни и албуми. Исто така имаше и сервис за претплати на дигитална музика којшто беше предвесник на платформите што подоцна се појавија, како Спотифај и другите. За жал, она што Вирџин Диџитал го немаше беше iPod. Платформата се бореше против Епл и пиратските музички сајтови околу две години пред да се затвори конечно во 2007 година. Овој неуспех беше потсетник за Бренсон дека секогаш е подобро да си поставиш своја патека одошто да следиш туѓи чекори. Секој од овие неуспеси на Бренсон би можел да ја уништи целата негова кариера доколку тој го дозволел тоа, но одлика на вистинскиот претприемач е способноста да се адаптира на променетите околности. Вистински авантурист како во животот, така и во бизнисот, Бренсон продолжува да ги поместува своите граници, а ние сите може да научиме нешто од неговата сторија. nnn


25 ФЕВ. 2022

56 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

КОРОНА – КРИЗАТА САМО ГО ЗАБРЗА ОНА ШТО МНОГУМИНА ГО ЧУВСТВУВААТ ПОДОЛГО ВРЕМЕ

ДАЛИ ОНА ШТО ГО ЗНАЕВТЕ ЗА МЕНАЏМЕНТОТ НЕ ВАЖИ ПОВЕЌЕ?! Mенаџментот ја доживува својата „криза на средовечноста“ веќе некое време. Бидејќи капитализмот – светогледот што повеќето менаџмент теории и алатки веќе долго време го поддржуваат и унапредуваат – е на егзистенцијална раскрсница во моментов. Повеќе не се прашуваме само како да направиме нештата да функционираат. Сега многумина се прашуваат зошто (и за кого) постои капитализмот. Некои пак, се прашуваат и дали е одржлив понатаму.


57

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

ЏАНПИЕРО ПЕТРИЉЕРИ

INSEAD бизнис школа за Harvard Business Review

„Каде всушност новите менаџмент теории?“, ме праша акутен набљудувач на менаџмент трендовите на едно големо собирање на директори, научници и новинари, фокусирано на иднината на работните процеси. Тоа се случи пред неколку месеци, и никој не ни очекуваше дека иднината ќе дојде толку бргу како што дојде, или на начин на којшто дојде. Го имав слушнато ова прашање и претходно – тоа е своевиден декор на сите вакви собири – но за него почнав да размислувам многу откако работата каква што ја знаевме дојде до својот крај. Теориите ги спојуваат анализата и акцијата, и особено во време на промени, кога иднината станува непредвидлива, а нервозата расте, на менаџерите им требаат теории што ќе ги разбистрат нештата и ќе донесат поголема извесност. Научен менаџмент. Меѓучовечки релации. Конкурентска предност. Максимизација на вредноста за акционерите. Иновации што носат големи потреси на пазарот. Ова се само дел од теориите што го движеа менаџментот изминатиов век, нудејќи му рационален пристап, четиво, а неретко и оправдување за самите акции. Тие го обликуваа менаџментот, исто така, создавајќи слика за тоа кои всушност треба да бидат менаџерите. Еве да го земеме како пример научниот менаџмент – најмногу познат како Тејлоризам – веројатно една од најдолготрајните менаџмент теории воопшто. Таа вели дека менаџерската задача е да се зголеми ефикасноста во производниот систем. Тогаш, менаџерот, олицетворен во сликата на Др. Тејлор, мора да биде самостоен инженер којшто нурка низ податоци со цел да го најде најчестиот извор на грешките: луѓето. Јас лично треба да знам за новите теории, со оглед дека сум на крајот на краиштата, професор по менаџмент. Но, овој пат немав идеја. За волја на вистината, не недостигаа некакви нови менаџмент изблици дури и пред да се случи кризата поради пандемијата изминативе неколку месеци. Приказните за менаџментот опфаќаат цел опсег од епско преку комично до потполно трагично. Директорите имаат визии, за залагаат за верност кон доказите, па дури и кон пишаните манифести.

Се чувствувате заглавени помеѓу фрустрацијата и очајот, прашувајќи се кој е сега одговорен и што следи допрва. Чувствувате и гнев кон системот, да не ја спомнувам и недовербата исто така. Чувствувате осаменост и отсуство на било какво значење. Тоа не се само знаци на тага по начинот на живот што моравме да го промениме последниве неколку месеци – нашата тешкотија и очај се ‘крчкале’ уште долго пред тоа.

Но, нови теории? Како да ги нема никаде на видикот. Дури и научниците од менаџмент сферата се збунети, сомневајќи се дека старите менаџмент теории се’ уште се применливи во организациите што сега се водени од некакви алгоритми, и прашувајќи се дали некој работи на развивање на нови.

Средовечна криза на менаџментот

Но, овој недостиг на нови теории не ме загрижува само мене, мојот пријател од конференцијата, многумина менаџери и авторите што штотуку ги цитирав. Ве засега и вас исто така. Без оглед на вашата возраст, дали сте менаџери или не, вие сте фатени во она што можам да го наречам средовечна криза на менаџментот. Знаците на оваа криза се препознаваат низ секојдневните искуства. Можеби се чувствувате непријатно и вознемирено, чувствувајќи дека нема да се вратиме на „нормала“ на работното место, и тоа ако го имаме се’ уште. Или пак се чувствувате заглавени помеѓу фрустрацијата и очајот, прашувајќи се кој е сега одговорен и што следи допрва. Чувствувате и гнев кон системот, да не ја спомнувам и недовербата исто така. Чувствувате осаменост и отсуство на било какво значење. Тоа не се само

знаци на тага по начинот на живот што моравме да го промениме последниве неколку месеци – нашата тешкотија и очај се “крчкале“ уште долго пред тоа. Меѓутоа, колку што повеќе посегнуваме по нови теории, толку повеќе се чувствуваме непријатно и заглавено. Тоа е така затоа што прашањето на средовечната криза не наликува на повеќето од предизвиците што менаџментот е подготвен да ги анализира и решава. Тоа е егзистенцијално. И мора да се соочиме со него, затоа што нашиот живот зависи од тоа. Тоа е прашање на смртта – и прашање што всушност да се прави со тоа што ни останало од слободата, времето и енергијата. Да, добро прочитавте. Тврдам дека непријатноста што многумина ја чувствуваат на работа изминативе недели и месеци, па и години, а најмногу сега, среде глобалната здравствена, економска и општествена криза, не е поради неспособноста на менаџерите да ја подготват организацијата за иднината. Туку е поради неволноста на менаџерите да размислуваат за немањето на своја сопствена иднина, што станува се’ поочигледно. Немањето на иднина коешто го засега менаџментот како идеја и како пракса, а не само како судбина на индивидуалните


25 ФЕВ. 2022

58 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Хуманиот менаџмент ќе настојува да искажуваме грижа за слободите и благосостојбата на оние со коишто менаџираме, исто колку и за нивната продуктивност; дека ќе ги разгледуваме и еколошките, исто колку и економските ефекти на нашите стратешки избори; дека ќе престанеме да се правиме немоќни пред тиранијата на технологијата и ќе преземеме одговорност да ги одбиеме технологиите што ја овозможуваат тиранијата.

менаџери. Вакво негирање на реалноста, се’ уште присутно во многу организации, е опасно и несреќно. Средовечните кризи се често непријатни, но продуктивни теми. Смртта, кога можеме да се соочиме со неа, не’ присилува да размислиме околу тоа, не само како живееме, туку и зошто всушност постоиме. Таа го мобилизира нашиот интелект и имагинација кон наоѓање подобри начини за решавање на големи прашања. И додека почнува како отсуство на значење и надеж, средовечната криза може да биде извод и на двете состојби. Може да не’ преобрази – менувајќи не на опсежни и постојани начини. Може да не’ ослободи – помагајќи ни да не робуваме повеќе на навиките и дневните обврски. А може и да не очовечи – да ни ги продлабочи врските со останатите луѓе и со самите нас. Оваа хуманизација е повеќе од потребна, како што многумина имаат посочено, но мора да оди многу подалеку одошто вообичаената реторика на целисходното лидерство која подразбира полирање на хуманизмот за да менаџментот изгледа поубаво. Не, туку мора да

стане негова есенција. Има многу работа, ако сакаме да ја пребродиме оваа криза. Но, првин да видиме од каде доаѓа сето ова.

Капитализмот каков што го знаеме е мртов?!

Кризата на средовечноста не треба да биде одбележана преку сфаќањето на концептот на нашата реална, физичка смрт. Таа треба да се истакне преку свесноста дека светот каков што го знаевме, или светогледот што нам ни бил омилен, едноставно исчезнува. Средовечната криза избувнува на своите егзистенцијални пресвртни точки, помеѓу состојбата што не е повеќе видлива и онаа што се’ уште не е „зачната“. Гледан на овој начин менаџментот ја доживува својата криза на средовечноста веќе некое време. Бидејќи капитализмот – светогледот што повеќето менаџмент теории и алатки веќе долго време го поддржуваат и унапредуваат – е на егзистенцијална раскрсница во моментов. Повеќе не се прашуваме само како да направиме нештата да функционираат. Сега многумина се прашуваат зошто (и за кого) постои капитализмот. Некои пак, се прашуваат и дали е одржлив

понатаму. „Капитализмот каков што го знаеме е мртов“, рече Марк Бениоф на почетокот од 2020 година. Зборувајќи од главната сцена на преполниот аудиториум на Светскиот економски форум во Давос годинава, шефот на Salesforce направи своевиден епитаф на капитализмот. Бениоф ги повика своите „колеги“ во бизнисот да го пратат во историјата ултра – капитализмот којшто се занимава само со самиот себе, опседнат со раст и профити, и слеп, ако не и непријателски настроен кон неговиот социјален и еколошки контекст. Можеме сега да дебатираме дали ултра – капитализмот е мртов или не. Но, како што планетава „гори“, нееднаквоста расте, луѓето страдаат, а геополитиката станува се’ понапната, тогаш барем може да се согласиме дека е смртоносен. Поголемиот дел од штетата што ултра – капитализмот ја прави доаѓа преку менаџментот, или да бидам попрецизен, преку неспорната пракса на дехуманизираниот поглед на тоа како менаџментот всушност функционира и треба да функционира. Тоа е инструментално


ДОКАЖАН ПАРТНЕР НА БИЗНИСОТ Ни ден повеќе без камата на вашата сметка

0.5% за МКД и 0.3% за ЕУР ФЛЕКСИБИЛНО користење на средства во секое време 24/7 управување со сметката преку е-банкарство КАМАТА по видување со месечна исплата

mkd.info@procredit-group.com

www.pcb.mk


25 ФЕВ. 2022

60 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

стојалиште кое се смета за технолошки вид, средство за постигнување на цел, алатка за максимизирање на ефикасноста, усогласеноста и перформансите – дури и кога навидум делува дека се грижи за луѓето. Занемарува се’ што не е поврзано со перформансите, а неговото влијание оди толку длабоко што често го користиме да управуваме и со самите себеси, на пример, секој пат кога си велиме дека треба да спиеме, вежбаме или читаме книга за да бидеме попродуктивни на работа, а не заради тоа што така сме поздрави, побогати и послободни. Еве, да ги земеме за пример, повеќето од менаџмент истражувањата или популарните менаџмент трудови. Се поаѓа од тоа дека менаџментот, кога е добро практикуван, е начин за предвидување и решавање на практични проблеми. И посветен е на тоа да пронаоѓа и нуди “рецепти“ за менаџерите за да ги адресираат овие проблеми. Како да донесам одлуки? Како да бидам слушнат? Како да останам продуктивен? Како да му помогнам на мојот тим да успее? Во многу околности, теориите и алатките што помагаат во одговор на инструменталните прашања се доволни. Но, тие малку вредат кога излегуваат на површина егзистенцијални прашања, како на пример, уште колку време ќе бидеме тука? Дали сме битни? Дали сме одговорни? Ова се прашања карактеристични за средовечноста, за секој поединечно. И ова се истите прашања што ги поставуваме во контекст на менаџментот и овој егзистенцијален крстопат.

Криза на средовечноста

Овие прашања стануваат се’ погласни, и оние што требаа да го погребат ултра – капитализмот, ако ништо друго, брзаат на неговата смртна постела за да го оживеат тврдејќи дека нивниот претходен успех ги чини најподобни за решавање на општествени болести или го распродаваат нашето здравје и приватноста заради профит. Сакајќи да го промениме светот без да сакаме да го промениме нашиот сопствен свет е класичен знак за средовечна криза и вообичаен одбранбен механизам кога нашите светогледи колабираат. Само нудење на испружена рака и средства може да биде начин некој да се осигури дека е вреден и центар на внимание дури и во новиот свет. (Исто така е и начин да се тргне кон ултра – капиталистичките аспирации –

револуција без револуционери). „Се’ мора да се промени за се’ да остане исто“, изустува Принцот од Салина во ремек – делото „Леопард“ на Џузепе Томази ди Лампедуза. Сум чул како овој цитат се користи како позитивен пример за менаџерски прагматизам, но во новелата, ликот на принцот наговарајќи го своето семејство да ги лажира односите со армиите на ривалскиот монарх и семејството на бизнис лидерот е олицетворение на менување на обликот на моќта. Тој е заинтересиран само работите да останат какви што се и одложување на пропаста додека тој не си замине. Неговите зборови, се плашам дека нема да им бидат туѓи на оние што се залагаат за нови идеи и алатки, но само за да останат на своите позиции. Овој пристап, меѓутоа, не е доволен за крајната цел. Ако сакаме да го промениме светот, треба прво да го промениме нашиот сопствен свет. Ова значи дека оние што претендираат да му дадат нов лик на капитализмот мора прво да го елиминираат стариот имиџ на менаџментот. Кога велам дека треба да го убиеме менаџментот, не мислам на елиминирање на менаџерите, на луѓето. Заменувајќи ги со алгоритми, на пример, ризикувате да го направите менаџментот повеќе инструментален одошто е. Работна околина водена од вештачка

интелигенција постигнува нивоа на контрола што ги надминуваат и најлудите соништа на Фредерик Тејлор (американски инженер од почетокот на 20 век, познат по стремежот да ја подобри индустриската ефикасност, н.з.). Замената на старите менаџери со нови исто така нема да го реши проблемот. Ќе биде бескорисно, доколку новите раководители ги применуваат истите принципи, само на различен начин. Наместо тоа, кога јас велам да се убие менаџментот, мислам да се стопира начинот на којшто ние портретираме и практикуваме менаџмент. Ние, јас и вие, луѓето што се собираат на конференции и читаат трудови за иднината на работните процеси, како и сите други што го отелотворуваат менаџментот преку зборови, пишувајќи, или во нивната секојдневна работа – треба да ја промениме нашата концепција за менаџмент, за неговата функција во било која компанија. Со што да го замениме? Потребен ни е навистина човечен менаџмент, таков што ќе остави простор за нашите тела и души покрај нашиот интелект и вештини. Којшто се грижи за тоа што работата нам ни значи, какви чувства ни предизвикува и какви последици остава, а не само за тоа што можеме ние како работници да направиме на своето работно


61

25 ФЕВ. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Можеме сега да дебатираме дали ултра – капитализмот е мртов или не. Но, како што планетава ‘гори’, нееднаквоста расте, луѓето страдаат, а геополитиката станува сè понапната, тогаш барем може да се согласиме дека е смртоносен.

место. Менаџмент којшто ќе се одрекне од немилосрдната потрага по ефикасност и складност – и ќе ги велича, или едноставно да ги признае само недоследностите што не’ прават луѓе. Менаџмент којшто егзистенцијалниот раст ќе го следи подеднакво страствено како и инструменталниот раст – т.е. оној што ќе ја следи експанзијата на нашата свесност паралелно со нашите моќи. Менаџмент којшто ќе биде целосно хуман, со сите наши контрадикторности, во плуралистички институции. Хуманиот менаџмент ќе настојува да искажуваме грижа за слободите и благосостојбата на оние со коишто менаџираме, исто колку и за нивната продуктивност; дека ќе ги разгледуваме и еколошките, исто колку и економските ефекти на нашите стратешки избори; дека ќе престанеме да се правиме немоќни пред тиранијата на технологијата и ќе преземеме одговорност да ги одбиеме технологиите што ја овозможуваат тиранијата. Таков тип на менаџмент може

да го унапреди капитализмот и да ги направи систем заснован на љубопитноста и емпатијата, значи подобар во иновациите и инклузивноста одошто е во моментов. Зачетоци на ваков човечен поглед на менаџментот веќе може да се забележат. Може да ги забележите кај директорите коишто спомнуваат грижа за заедницата исто колку и за профитот. Може да ги забележите кај луѓето што се заинтересирани за своето значење во заедницата и како може да придонесат за нејзината благосостојба. Но за да не останат овие заложби и напори залудни, за да не останат овие гласови неслушнати, менаџментот каков што го знаеме мора да умре, навистина. Нема друг начин. Затоа што, за волја на вистината тој нема проблеми. Тој самиот е проблем.

На менаџментот му треба повеќе психоанализа

Предизвик за менаџментот сега не е недостигот на нови теории, туку силината на старите. Невозможно е да се изгради иднина користејќи

ги скиците од минатото. Тоа е исто како да одиме на пластичен хирург за да го промениме својот лик, а треба всушност да одиме кај психотерапевт за да го ослободиме својот ум. Токму ова му е потребно на менаџментот деновиве, за што се залагав и во еден мој скорешен труд. Повеќе психоанализа, тоа е. Не се шегувам со вас. И тоа делот од психоанализата што се занимава со системите на организација и искуствата на луѓето во организациите. Треба да се работи на идентификување на дисфункционалните култури во организациите и фасцинацијата на луѓето од невротичните лидери, со што ќе се ослободиме од стегите на минатото. Може да ја наречете психоанализата теорија, или алатка. Нема да противречам. Но тука ја користам како помош за една субверзивна конверзација. Однос којшто ни помага да откриеме зошто се плашиме од тоа што го сакаме и колку не’ чинат нашите теории кога ќе станат верувања. Тоа е, кога решенијата на старите проблеми стануваат причини за нашата заглавеност во едно место. Гледано низ оваа призма, есенцијата на кризата на средовечноста е заточеноста. Теориите коишто претходно сме ги научиле, и коишто ни помагаат да одиме понатаму, сега всушност не’ заробиле. За секој од нас, ова се обично лични теории за тоа како да се однесуваме. Мора секогаш да работиш напорно. (Зошто?) Може да здивнеш по следното унапредување на работа. (Навистина?) Докажи дека ова можеш да го направиш сам. (Но, зошто?) Секогаш гледај да се вклопиш во средината. (По која цена?) За менаџментот, ова се теории што сме ги научиле во школо, од книги, и од оние што ни давале пример на нашето работно место. Тоа се популарни теории како оние што ги спомнав претходно, или повеќе локални во нашите организации. Менаџерите требало да ги стават акционерите на прво место, и да ги држат работите под конец. Овие теории може да не држеле во безбедна зона и да не’ направиле успешни, во одреден момент. Тие ни користеле нам, а и ние на нив. Се’ додека нивната магија престанала, обично поради тоа што не сме можеле да се менуваме, сме биле соочени со смртта, или и двете. Овие теории не’ изневериле


25 ФЕВ. 2022

62 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1121

Потребен ни е навистина човечен менаџмент, таков што ќе остави простор за нашите тела и души покрај нашиот интелект и вештини. Којшто се грижи за тоа што работата нам ни значи, какви чувства ни предизвикува и какви последици остава, а не само за тоа што можеме ние како работници да направиме на своето работно место. Менаџмент којшто ќе се одрекне од немилосрдната потрага по ефикасност и складност – и ќе ги велича, или едноставно да ги признае само недоследностите што не’ прават луѓе.

подоцна бидејќи не покажувале како да одиме напред без да ни објаснат зошто. Кога е потребна промена или смртта е на видикот, ова нема да ни помогне. Прашањето што треба да си го поставиме не е повеќе “што најдобро делува?“; сега прашањето е „за што вреди да се живее?“ Психоанализата го поставува ова прашање и со тоа не’ ослободува кога стегите ќе станат преголеми. „Луѓето доаѓаат кај психотерапевт – или избираат некого за да разговараат – кога ќе сфатат дека повеќе не може да чуваат тајна“, вели ценетиот британски психоаналитичар Адам Филипс. „Она што некогаш било интимно, станало неподносливо.“ Средовечната криза е еуфемизам за сфаќањето дека инструменталните одговори што теориите ги генерираат врз основа на податоците не одговараат на егзистенцијалните прашања. Теориите без некаква цел, се само со ограничена употреба. Тие, на крајот, се неподносливи. Како што стана неподнослив и менаџментот којшто го негуваме веќе цел век. Еве зошто егзистенцијалните закани, кога ќе се соочиме со нив, може на крајот да ни помогнат. Тие го прошируваат нашиот хоризонт, потсетувајќи не’ дека ни требаат повеќе од теории и дека ние сме повеќе од само алатки.

Со правилно согледување и поддршка, често од средовечната криза излегуваме со многу поширок поглед на тоа кои сме, со поголем капацитет за простување, повеликодушни, поодлучни и потолерантни, со поголема веројатност да балансираме помеѓу природата, моралот и последиците на нашите дејства. Ако менаџментот може да се соочи со својата средовечна криза, тогаш, менаџментот може да биде на работ од својата вистинска трансформација. Дури може и да ја искористи моменталната здравствена и економска криза како шанса да ја демонстрира, а не само пропагира, својата посветеност на човештвото. Авторот е професор по организациско однесување на INSEAD, една ите бизнис школи во светот, со седиште во Франција и филијали во Сингапур, Абу Даби и Сан Франциско. Лекар – психијатар по вокација, Пертриљери го истражува и на студентите им предава за развојот на лидерството. Го раководи Програмот за унапредување на менаџментот при INSEAD, а организира и многу работилници на тема лидерство за различни глобални корпорации и организации. nnn




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.