1122- Kapital magazin

Page 1

COVER STORY

ВОЈНА ВО УКРАИНА

n СВЕТОТ ВЛЕГУВА ВО НОВА КРИЗА, БЕРЗИТЕ ВО ХАОС n КАКВИ СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ПО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

business magazine

БРОЈ 1122 l 11 март 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

n ВО ВОЈНАТА ПРВА УМИРА ВИСТИНАТА, АМА ВАЖНО Е И КОЈ ЈА УБИЛ n КОЛУМНИ НА ТЕМАТА:

МЕТОДИ ХАЏИ-ЈАНЕВ

ЉУПЧО ПОПОВСКИ

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

УПРАВУВАЊЕТО СО ЛИКВИДНОСТА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА

INTERVIEW

БРАНКО ГРЕГАНОВИЌ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА НЛБ БАНКА СКОПЈЕ

ГЛАВЕН ФОКУС НА НЛБ БАНКА ОСТАНУВА ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ КАДЕ ЗАБРЗАНО СЕ ПРЕСЕЛУВААТ НАШИТЕ КЛИЕНТИ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАЕДНИЧКИ РЕГИОНАЛЕН ПАЗАР НА ЗАПАДЕН БАЛКАН СОБА ЗА ЧЕКАЊЕ ИЛИ БРЗА ЛЕНТА КОН ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ?

КИРИЛ БУХОВ Халбанк, АмЧам

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ СНЕЖАНА ПОПОВСКА

технички аналитичар

КРИПТО: ДВОЈНО ДНО ИЛИ УШТЕ ПОДЛАБОКА КОРЕКЦИЈА?



3

КАПИТАЛ... 1122

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

06

14

20

Светот влегува во нова криза

Штотуку почна да заздравува, економијата повторно ќе забавува

Методи Хаџи-Јанев

COVER STORY

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската инвазија предизвика крв и уништување, а допрва и глобална економска катастрофа

Забавувањето на економијата и растот на цените ни носат стагфлација

КОЛУМНА

универзитетски професор Накратко за тоа како дојде до војната

28

ВОЈНА НА ИНФОРМАЦИИТЕ

Пропагандата е дел од воените напади

Во војната прва умира вистината, ама важно е и кој ја убил

34

24

ЕКОНОМИЈА И ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

КОЛУМНА

Љупчо Поповски

Иницијативата за Заеднички Регионален Пазар на Западен Балкан

новинар Дали Путин сака нова Јалта?

Соба за чекање или брза лента кон економска интеграција во ЕУ?

COVER STORY Светот влегува во нова криза............06 Руската инвазија предизвика крв и уништување, а допрва и глобална економска катастрофа РУСКО-УКРАИНСКАТА ВОЈНА Штотуку почна да заздравува, економијата повторно ќе забавува..14 Забавувањето на економијата и растот на цените ни носат стагфлација КОЛУМНА Методи Хаџи-Јанев,

универзитетски професор............................20

Накратко за тоа како дојде до војната во Украина

ВОЈНА НА ИНФОРМАЦИИТЕ Пропагандата е дел од воените напади................................................28 Во војната прва умира вистината, ама важно е и кој ја убил ЕКОНОМИЈА И ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Иницијативата за Заеднички Регионален Пазар на Западен Балкан......................................................................34 Соба за чекање или брза лента кон економска интеграција во ЕУ? ИНТЕРВЈУ Бранко Грегановиќ Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје.................................................38

КОЛУМНА Љупчо Поповски, новинар........................24 Дали Путин сака нова Јалта?

Главен фокус на НЛБ Банка останува дигиталниот свет каде забрзано се преселуваат нашите клиенти

38

ИНТЕРВЈУ

Бранко Грегановиќ

Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје Главен фокус на НЛБ Банка останува дигиталниот свет каде забрзано се преселуваат нашите клиенти

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ Совети од експертите...............................44 Управувањето со ликвидноста во услови на криза е поважно од инсистирањето на приходите и рентабилноста СО АМЧАМ НА ТЕМА Кирил Бухов, Халкбанк, АмЧам Kомитет за дигитална трансформација......................50 Компјутерски криминал: Како да се заштитиме и да ја намалиме штетата МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО Пандемијата уште незавршена, почнува нова криза......................................54 Каков треба да е бизнис лидерот на новото време АНАЛИЗА Снежана Поповска,

CMT, CFTe, технички аналитичар...............60

Крипто: Двојно дно или уште подлабока корекција?

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 10.03.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


4

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

ВО ФОКУС

ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ

ПОРАНЕШНИОТ КОМИЧАР СЕ БОРИ СО НАЈГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА НА СВОЈАТА ЗЕМЈА

У

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и самиот е веројатно е цел на руските напаѓачи додека трае инвазијата, па сепак, се јавува често од својот кабинет во Киев, обраќајќи ѝ се на нацијата и на целиот свет, покажувајќи дека е тука, со своите луѓе. Кога се нафатил да ја води својата земја, поранешниот актер на комедијата веројатно не ни можел да сонува дека ќе дојде денот кога ќе биде предводник на украинскиот народ во најголемата трагедија со која се

соочува во модерното време. Западните земји наметнаа економски санкции врз Русија за да извршат притисок врз рускиот претседател Путин, но суштинската помош за Украина во вид на воена поддршка и сл., изостанува поради добро познатите констелации на односите помеѓу НАТО и Русија, коишто поседуваат нуклеарен арсенал. Апелот на Зеленски е во стилот “ве преколнувам луѓе, сторете нешто повеќе, бидејќи сега е во Украина, утре ужасот ќе биде и во вашиот двор.“


Tissot Le Locle lady Automatic SWISS MADE AUTOMATIC MOVEMENT

Скопје - плоштад Македонија, Citymall, Eastgate Mall |Битола - Широк Сокак Струга - Ново Шеталиште www.bozinovski.com.mk

T I SS OT WATCH E S .CO M


ВОЈНА ВО УKРАИНА СВЕТОТ ВЛЕГУВА

11 МАРТ 2022

6

ВОЈНА ВО Р

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

уската агресија врз соседот Украина се чини дека нема брзо да заврши. Западот предводен од САД и ЕУ, а поддржан и од земји како Јапонија, Јужна Кореа, Австралија и останатите сојузници, наметнаа силни економски санкции на Русија, невидени во поновата историја, со цел да извршат притисок врз

РУСКАТА ИНВАЗИЈА И УНИШТУВАЊЕ, А ГЛОБАЛНА ЕКОНОМ


ВО НОВА КРИЗА

7

УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

нејзиниот претседател Владимир Путин и негово стопирање на инвазијата. Но, прекинувањето на трговските и другите бизнис релации со Русија си има своја економска цена (секако, најскапоцени во целиов ужас се човечките животи и нивната загуба е немерлива): земјата е пребогата со нафта, гас и други природни ресурси, исто како и Украина, и вакво сериозно нарушување на ланците на набавка, сериозно ја разниша и целата светска економија. Цените на берзанските стоки

вртоглаво растат, додека акциите на компаниите потонаа. Во овој поширок блок содржини на тема војната во Украина, анализираме со помош на меѓународни и домашни експерти какви се можните сценарија за развојот и евентуалното завршување на воениот конфликт во Украина, како и последиците што ќе ги остави оваа војна врз глобалната безбедносна архитектура, светската и секако, македонската економија на краток и среден рок.

ПРЕДИЗВИКА КРВ ДОПРВА И СКА КАТАСТРОФА


11 МАРТ 2022

8

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

ВОЈНА ВО УKРАИНА

БАЈДЕН ГО СТОПИРАШЕ УВОЗОТ НА РУСКА НАФТА, БЕРЗИТЕ ПОЛУДЕА

П

ретседателот Бајден објави во средата дека САД го стопираат увозот на нафта од Русија, а Британија има план до крајот на годинава постепено да го направи истото. Берзите веднаш реагираа, и до моментот на затворање на овој текст, барел нафта на светските пазари надмина 130 долари и за кратко време може да ги надмине историски највисоките нивоа од преку 145 долари, од 2008. Bank of America прогнозира можен скок

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

И

зминатава седмица, нафтата, металите и останатите суровини бележеа скокови, додека акциите на светските берзи потонаа, откако САД објавија дека го стопираат увозот на нафта од Русија, со што порасна глобалната загриженост за општ раст на цените. Британија најави дека до крајот на годинава постепено планира да го укине тој увоз, а можно е и други земји од Западот да го следат тој чекор. Брент нафтата, меѓународен бенчмарк за „црното злато“, до моментот на затворање на овој текст имаше надминато 130 долари, но со оглед на паниката што се создава на светските

до 200 долари за барел, додека официјална Москва предупреди дека доколку Западот го стопира сосема увозот на нафта од Русија, тие ќе ги прекинат испораките на гас за Европа, а нафтата ќе достигне и до 300 долари за барел, ако не и повеќе. Цената на гасот на европските берзи деновиве руши историски рекорди и надмина и 3600 долари за 1000 кубни метри или околу 330 евра за мегават час.

пазари, многу веројатно е релативно брзо да го достигне историски највисокото ниво од преку 145 долари за барел, постигнато во 2008 година, во време на големата светска финансиска криза. Аналитичарите на Bank of America прогнозираа можен скок до 200 долари за барел, додека официјална Москва предупреди дека доколку Западот го стопира сосема увозот на нафта од Русија, тие ќе ги прекинат испораките на гас за Европа, а нафтата ќе достигне и до 300 долари за барел, ако не и повеќе. Цената на гасот на европските берзи деновиве руши историски рекорди и надмина и 3600 долари за 1000 кубни метри или околу 330 евра за мегават час. На денот пред руската инвазија на Украина, цената на никелот на светските берзи беше 24.000 долари за тон, а веќе на 4 март

се искачи на 29.500 долари, или речиси 25% пораст. Цената на никелот почна да се „загрева“ со недели пред почетокот на инвазијата, односно, од почетокот на 2022 досега е качена за преку 50%. Русија обезбедува 10% од светската потрошувачка на никел и инвеститорите се загрижени дека западните санкции против неа ќе ги нарушат испораките на сите суровини произведени во оваа земја. Ова се само дел од нарушувањата што се случија на светските пазари, а многумина аналитичари велат дека се само почеток од она што допрва ја очекува светската економија доколку не биде на повидок некакво смирување на состојбата во Украина. И Русија и Украина располагаат со залихи и се големи европски и светски производители и извозници на цела низа суровини,


9

11 МАРТ 2022

ЗЕЛЕНСКИ БАРАШЕ ЗОНА НА ЗАБРАНЕТИ ЛЕТОВИ НАД УКРАИНА, НАТО ОДБИ. ИМА И ПРИЧИНА.

З

еленски бараше Западот да воспостави зона на забранети летови над Украина, НАТО одби. Зошто? Што значи всушност ваквата зона? Во контекст на конфликтот во Украина тоа би значело дека никаков авион не смее да лета во украинскиот воздушен простор, вклучително и руските воени авиони. НАТО претходно имаше воспоставено вакви зони над не-НАТО членки, како БиХ и Либија. Меѓутоа, проблемот со воените зони на забранети летови е што тие треба да се одржуваат со примена на воена сила. Ако руски авион влета во таква зона пропишана од НАТО, тогаш силите на алијансата ќе метали, минерали и земјоделски производи. Било какво нарушување на производните процеси во овие две земји на подолг рок – во Украина поради тоа што буквално владее војна, а во Русија поради санкциите и потонатата економија – ќе предизвика силен ефект врз состојбата на целата светска економија. Повеќе детали за тоа што се’ произведуваат и какви залихи на природни ресурси имаат Русија и Украина може да прочитате во посебна рамка од овој текст.

„Блиц - кригот“ на Путин не успеа

Нападот на Русија врз Украина е настан кој ќе ја одбележи иднината на Европа и глобалниот светски поредок. Две недели откако режимот на Путин започна напад врз Украина, можно е да се идентификуваат одредени

Фото: USA Today Network

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

треба да преземат акција против тој авион, што на крајот може да резултира и со негово соборување. Тоа во очите на Русија ќе биде акт на војна од страна на НАТО и многу веројатно ќе ескалира во директен конфликт. Путин јасно кажа дека НАТО го гледа како директна закана за неговиот авторитет и постојано ја критикуваше експанзијата на алијансата кон Русија, користејќи ја како оправдување за неговата инвазија на Русија. Поради тоа, НАТО е екстремно претпазлив да не се меша директно во украинската војна и да дојде во судир со ривалот што поседува нуклеарен арсенал.

карактеристики на воената операција, нејзината меѓународна димензија, реперкусии и историски паралели. Најважниот факт е дека ова е воена операција, војна без преседан во модерната европска историја по завршувањето на Студената војна. Со напаѓање и водење војна, безмилосно, брутално и намерно се погазени и прекршени сите меѓународни правни, хуманитарни и други правила, кои го регулираат однесувањето на суверените и независните држави во меѓународните односи. Како што вели меѓународниот институт за политички истражувања IFIMES од Љубљана, „нападот е вооружен чин без преседан, преседан што треба да се запре, да се спроведе меѓународно посредување и преговори, да се склучи мировен договор и, соодветно, да се

санкционираат одговорните за извршените воени злосторства. Европската, но и светската, политичка, дипломатска, правна и воена историја имаат голем број примери и искуства како тоа се прави.“ Путин постојано тврдеше и ја мамеше светската јавност и водечките западни политичари дека нема да има војна, дека нема да има напади, дека единиците ќе бидат повлечени од пограничните области по воените вежби и сето тоа беше кажано со крајно циничен тон. Кога започна нападот, тој ја нарече „специјална операција“ како саркастично и арогантно избегнување на нејзиното вистинско име. После само неколку дена од нападот, се покажа дека пропадна воената тактика на Путин на препад, брзо освојување на Украина и нејзините институции


11 МАРТ 2022

10

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

ВОЈНА ВО УKРАИНА KИСИНЏЕР РЕЧЕ УШТЕ ВО 2014: НЕ ЗА УКРАИНА ВО НАТО

Х

енри Кисинџер, за чиешто значење во светската дипломатија нема потреба да трошиме зборови, уште во 2014 напиша во колумна за Washington Post дека Украина треба да има право слободно да ги избира своите економски и политички здружувања, вклучително и ЕУ, но дека не треба да влезе во НАТО. Деновиве, и самиот украински претседател Зеленски рече дека го загубил интересот за членство во Алијансата, затоа што, сфатил дека НАТО не е подготвено да ја прифати Украина. „Украина не сака да биде земја која моли на колена“, рече тој.

според „доктрината на шок“. „Блиц - кригот“ на Путин не успеа. Ова според аналитичарите е многу битна поука, а голем дел од причините се кријат во нискиот морал на војската што е окупатор, во нејзината немотивираност и неадекватната структура планирана за краткорочни копнени интервенции. Воено освојување на Украина е многу тешко, а на напаѓачот нема да му помогне ниту супериорното вооружување, кое не е погодно за герилско војување, за коешто се очекува да се појави по целата територија на Украина доколку не се постигне мировен договор за прекин на непријателствата и не се побара дипломатско решение, односно ако агресијата продолжи.

Каде погреши Западот?

Како што се зголемува ужасот на украинските граѓани со секој нов ден од руската инвазија на нивната земја, се’ повеќе се наметнува прашањето дали сето ова можеше да се избегне. Ако го прашате Хенри Кисинџер, поранешниот државен секретар на САД во времето на претседателот Ричард Никсон, веројатно да. Дипломатскиот „тешкаш“ уште во 2014 година, кога се случи конфликтот во источна Украина и Русија го анектираше Крим, напиша во колумна за Washington Post дека Украина не смее да биде истурена позиција на Западот против Русија, туку мост меѓу двете страни. „Украина треба да има право слободно да ги избира своите економски и политички

здружувања, вклучително и со ЕУ, но не треба да влезе во НАТО. ЕУ мора да признае дека нејзината бирократска бавност и приматот на нивните внатрешни политики во преговарањето за односот на Украина со Европа придонесе преговорите да се претворат во криза. Украинците живеат во земја со сложена историја и мултиетнички состав. Западот зборува украински, истокот претежно руски. Секој обид на едното крило на Украина да доминира со другото, на крајот ќе доведе до граѓанска војна или распад. Мудра политика на САД кон Украина би барала начин двата дела на земјата да соработуваат меѓусебно. Треба да бараме помирување, а не доминација на една фракција“, напиша Кисинџер. Веројатно највлијателниот светски дипломат во последниве половина век, напиша дека Русија не би можела да наметне воено решение без да се изолира себеси во време кога многу од нејзините граници се веќе несигурни. Од друга страна, демонизацијата на Владимир Путин не е политика на Запад; тоа е алиби за отсуство на политика. „Украина треба да биде слободна да избере влада компатибилна со изразената волја на нејзиниот народ. Мудри украински лидери тогаш би се одлучиле за политика на помирување меѓу различните делови на нивната земја. На меѓународно ниво, тие треба да држат позиција споредлива со онаа на Финска. Таа нација не

остава сомнеж за својата жестока независност и соработува со Западот на повеќето полиња, но внимателно избегнува институционално непријателство кон Русија. Некомпатибилно со правилата на постоечкиот светски поредок е Русија да го анектира Крим. Но, би требало да е можно односите на Крим со Украина да се стават на помирна основа. За таа цел, Русија би го признала суверенитетот на Украина над Крим а Украина треба да ја зајакне автономијата на Крим на избори одржани во присуство на меѓународни набљудувачи. Процесот би вклучувал отстранување на сите нејаснотии за статусот на Црноморската флота во Севастопол.“, беа препораките на Кисинџер. Тој посочи дека луѓето кои се запознаени со регионот ќе знаат дека нема сите точки да бидат пријатни за сите страни. „Но, не се цели кон апсолутно задоволство, туку кон избалансирано незадоволство. Ако не се постигне некакво решение засновано на овие или слични елементи, движењето кон конфронтација ќе се забрза. Тоа време ќе дојде брзо“, предупреди Кисинџер. За жал, излезе дека е во право.

Можни опции за излез од ужасот

Колку и да се трагични работите во Украина, тие најверојатно ќе станат уште полоши во деновите и неделите што доаѓаат. Владимир Путин заслужува секаков вид на казна што оваа војна може


11

11 МАРТ 2022

Фото: Peter Foley/Bloomberg

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

ПРЕКУ 250 ЗАПАДНИ КОМПАНИИ ЈА НАПУШТИЈА РУСИЈА ДОСЕГА

О

ткако почна инвазијата на Путин врз Украина, преку 250 меѓународни компании објавија дека се повлекуваат од рускиот пазар, според податоците на Школата за менаџмент при Јејл универзитетот во САД, којашто секојдневно ги следи активностите на западните бизниси присутни на рускиот пазар и ја ажурира листата. Некои брендови, како Apple, ги затвориле сите продавници во Русија, други, како DHL и eBay ги прекинале испораките на пратки до земјата, нафтениот гигант Exxon го прекинал партнерството со Роснефт, додека Hyundai престанал со производство на автомобили во тамошните фабрики.

да ја наметне на него, на бојното поле и на руската економија. Но, народот на Украина не заслужува казна; ниту мнозинството од рускиот народ. Затоа, како што вели американски Time во својот уреднички коментар, „не треба да бидеме задоволни со американско - западната политика која едноставно му наметнува болка на Путин само заради болка, бидејќи може малку да ги ублажи последиците од овој конфликт.“ Сегашните санкции како и заканата од уште повеќе санкции - треба да послужат како дел од стратегијата што ќе води до најмалку лошиот можен исход од оваа непотребна војна. Според аналитичарите што Time ги консултирал, суштината на било каков можен исход е, прво да се прекине огнот, и потоа руските трупи да се повлечат од Украина. Истовремено, да се затвори било каква опција за идно членство на Украина во НАТО (види рамка со Хенри Кисинџер, н.з.), а нејзината безбедност да се осигури на други начини. Овие елементи да

На листата од овие 250 компании што на некаков начин ги прекинале операциите во Русија се познати светски брендови од речиси сите бизнис сектори, меѓу кои и American Express, Amazon, Bloomberg, Disney, Ford, Heineken, Microsoft, Nike, Oracle, Panasonic и многу други. Јејл ги следи и компаниите што досега не престанале со своите операции во Русија, изложувајќи ги на тој начин на јавна критика, по што и некои од нив потоа објавуваат дека ја бојкотираат Русија. До моментот на затворање на овој текст меѓу тие што се’ уште работат во Русија од попознатите брендови се Citibank, Coca – Cola, Hilton, Kraft – Heinz, Mars, McDonald’s, Nestle, итн.

се стават и во украинскиот устав, како и своевидниот договор што НАТО би го постигнал со Москва. Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да ги предложи овие услови на Путин, но Западот да го охрабри и поддржи, смета Time. За да може сето ова да се реализира, Русија ќе треба да го признае јасно украинскиот суверенитет, да го врати регионот Донбас под контрола на Киев, да прифати мониторинг и евентуално мировни сили на украинска почва, како и да признае дека Украина би можела да се придружи на било која друга организација каде што би била поканета, еден ден можеби и ЕУ. Со Крим ќе треба да се изведат некои финеси, со оглед на историјата и руската чувствителност на тоа поле. Можеби некоја форма на двојно државјанство би била опција за луѓето што живеат таму, а САД да продолжат да не го признаваат анектирањето на тоа стратешко парче земја од страна на Русија, што се случи во 2014 година.

Русија исто така ќе треба да му се придружи на Западот во гарантирањето на безбедноста на Украина во иднина. Тоа е нешто што Москва всушност и го вети со Меморандумот од Будимпешта од 1994 година (додека Украина тогаш се обврза да го врати советското нуклеарно оружје што го имаше на своја територија, на Русија), но подоцна го прекрши ветувањето. Зошто ветувањата на Москва би биле кредибилни овој пат, се прашуваат западните аналитичари, но и сите што сакаат мир во Украина. И зошто Путин би ги зел предвид условите предложени погоре? Разликата е во тоа што овој пат, би отпаднала секаква можност Украина да и се придружи на Алијансата којашто практично го порази Советскиот сојуз во Студената војна. Надежда е сега дека со НАТО членството надвор од игра, Русија би можела да каже дека го стабилизирала безбедносниот поредок во Источна Европа на начин што не беше можен во 1994 (од 1994 наваму


11 МАРТ 2022

12

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

ВОЈНА ВО УKРАИНА

ДОСЕГА ПРЕКУ ДВА МИЛИОНИ БЕГАЛЦИ ОД УКРАИНА

П

реку два милиони граѓани на Украина досега ја напуштиле земјата бегајќи од хоророт што го предизвика руската инвазија, покажуваат податоците со коишто располага UNHCR, агенцијата на Обединетите нации, којашто стравува дека оваа бројка и понатаму ќе расте, до четири милиони, веројатно и повеќе. Најмногу од нив, 1,2 милиони се отидени во соседната Полска, додека останатите се претежно во Унгарија (околу 200 илјади), Словачка (140 илјади), Русија (100 илјади) во Романија и

НАТО приклучи 14 нови членки, сите од поранешниот советски блок и Балканот). Ако Москва и после се’, ги прекрши своите обврски, тогаш и ветувањето дека нема да се разгледува евентуално членство на Украина во НАТО паѓа во вода. Со ваков договор, Путин ќе почне да ја закрепнува руската економија, инаку ќе биде принуден да управува со држава која ќе падне во стагнација и економски хаос, до крајот на своето владеење, имајќи ги предвид ефектите од досегашните санкции на Западот.

Војната го загрозува снабдувањето на цел свет со жито, нафта, метали...

Kога говориме за Русија и Украина, сега е, за жал, моментот тие две земји да се согледаат и во контекст на берзанските стоки во светот и каде тие се наоѓаат во глобални размери, за да може подобро да разбереме и процениме што оваа моментална ситуација значи за светското движење на цените и

Молдавија по околу 80 илјади и во останати европски држави преку 210 илјади бегалци. Портпарол на ОН стациониран во Варшава изјави за BBC дека границата со Полска ја поминале претежно жени и деца, а некои чекале и по 24 часа. За да добијат статус на бегалци, луѓето треба да се украински државјани или да имале регулирано легален престој во земјата. Пријавени се случаи на луѓе од африкански земји на коишто им било оневозможено да ја напуштат Украина.

трговските текови и на светската економија воопшто. Генерално, за Русија знаеме многу повеќе поради нејзиното историско значење и глобална улога во последните век или два, но во овој контекст Русија не е само гас, нафта и јаглен. Русија има 17 милијарди тони нафта и е трет најголем светски производител на „црното злато“, а располага со 48 милијарди кубни метри гас, со што го држи првото место во светот според залихи на овој енергенс, но е втор најголем производител. Русија е земја многу богата со природни ресурси и затоа не чуди податокот дека повеќе од 10% од нејзиниот БДП доаѓа од природните ресурси, а се проценува дека речиси 50% од приходите во буџетот доаѓаат директно или индиректно од индустријата за нафта и гас. Русија е богата со наоѓалишта на метали и минерали, дрвена граѓа, а поради својата големина таа е трета најголема

земја на планетава според расположливата обработлива површина. Генерално, земјата поседува големи залихи на железна руда, кобалт, манган, хром, никел, платина, титаниум, бакар, олово, волфрам, дијаманти, фосфати, злато, итн. Всушност, Русија е четврта во светот според залихите на ретки метали, клучни за неколку индустрии, како што е автомобилската, електрониката и др. Се проценува дека Русија има околу 30% од светското железо, дека е шести најголем производител на јаглен, како и дека има втори по големина залихи на јаглен во светот. Голем производител е на челик, токму поради големите залихи на јаглен и железна руда. Русија е еден од најголемите производители на алуминиум, поради релативно евтиниот извор на енергија, но нивните залихи на боксит се релативно скромни. Токму оваа гранка беше заслужна за нивното економско закрепнување по


13

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

И РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ПРЕБОГАТИ СО ПРИРОДНИ РЕСУРСИ, ЗАГРОЗЕН Е ГЛОБАЛНИОТ СИНЏИР НА НАБАВКИ

И

Русија и Украина се земји пребогати со природни ресурси – нафта, гас, метали, минерали, жито, итн., па нивното влијание на глобалните стокови движења е многу големо. Оттаму, јасно е дека прекини во синџирите на набавка може да имаат несогледливи последици, не само за двете земји, туку за цел свет. Тоа многу

распадот на СССР. Најголемите шумски резерви се наоѓаат во Русија. Се проценува дека шумите во Сибир содржат 20% од светската дрвена граѓа. Освен тоа, Русија во последниве неколку години стана еден од водечките производители на пченица во светот, а пред тоа беше еден од најголемите увозници. Исто така, во контекст на земјоделието, Русија во последнава деценија вложи многу пари со цел да стане самодоволна во производството на храна – од овошје и зеленчук, до сточарски производи. Тие се најголем производител на шеќерна репа и осми најголем производител на шеќер во светот, трети во свет по производство на компири (зад Кина и Индија), десетти најголем производител на говедско месо, шести производител на млеко. Од друга страна, Украина за повеќето од нас во овој контекст е непознаница. Меѓутоа, и таа е земја многу богата со природни ресурси, особено со минерални залихи и седма во светот по залихи на јаглен. Украина се проценува дека е четврта во светот според вкупната вредност на природните ресурси. Малку кој знае дека

лесно се гледа ако се видат денес стоковите берзи. Речиси и да нема суровина чијашто цена не е порасната. Од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина цените на пченицата до моментот на затворање на овој текст (9 март) пораснаа за 50%, од 8, на преку 12 долари за бушел (околу 27 кг).

земјата е најбогата во Европа според докажани резерви на ураниумова руда, втора најголема во Европа според залихи на руда на титан ( и 10та во светот), по истражени резерви на манган (или 12% од светските резерви), по резерви на железна руда, жива, трета во Европа и 13 во свет по залихи на гас од шкрилци,и значаен извозник на разни руди и концентрати. Голем дел од економската активност на Украина се врзува со металургијата и сродните индустриски гранки, како и со производството базирано на природни ресурси. Така, земјата е значаен производител на амонијак, разни вештачки ѓубрива, голем производител на турбини за нуклеарни електрани, голем производител и извозник во воената индустрија, како и десетти најголем производител на челик во светот. Освен минерали и метали, Украина е голем производител на земјоделски производи и земјоделството е стратешка гранка на украинската економија. Затоа и неретко се слуша описот на Украина како житницата на Европа. Таа е најголема

во Европа по прашањето на обработлива површина (и тоа многу квалитетна земја, богата со хумус). Најголем извозник е на сончоглед и масло во светот, четврт најголем производител на компири, петти најголем производител на ориз, осми најголем извозник на пченица, деветти најголем производител на јајца... Се проценува дека потенцијалот на Украина е да ги задоволи потребите на храна за 600 милиони луѓе. Од горе наведеното се гледа дека влијанието на овие две земји на глобалните стокови движења е многу големо. Оттаму, јасно е дека прекини во синџирите на набавка може да имаат несогледливи последици, не само за двете земји, туку за цел свет. Тоа многу лесно се гледа ако се видат денес стоковите берзи. Речиси и да нема суровина чијашто цена не е порасната. Од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина цените на пченицата до моментот на затворање на овој текст (8 март) пораснаа за 50%, од 8, на преку 12 долари за бушел (околу 27 кг). nnn


14 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

ШТОТУКУ ПОЧНА ДА ЗАЗДРАВУВА, ЕКОНОМИЈАТА ПОВТОРНО ЌЕ ЗАБАВУВА

ЗАБАВУВАЊЕТО НА ЕКОНОМИЈАТА И РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НИ НОСАТ СТАГФЛАЦИЈА

Две работи се клучните последици од новата ситуација во која се најде светот и особено Европа – забавување на економскиот раст и повисоки цени од оние коишто дојдоа пост – ковид. Со други зборови, се проценува дека во економијата ќе се случи стагфлација. Економистите велат дека се уште е рано да се процени колкава ќе биде економската штета од руската воена инвазија во Украина и ќе зависи од развојот на ситуацијата и понатамошниот одговор на Западот. Конкретно за македонската економија, ефектите се очекуваат да дојдат индиректно преку намалување на надворешната побарувачка од европските пазари, каде што се продаваат над 90% од сите домашни производи. Директната трговска размена со Русија и Украина е мала, но сепак одредени сектори ќе претрпат штети и поради тоа. Во овие околности, планираниот економски раст од околу 4% е тешко достижен, а последиците од тоа и од зголемувањето на цените, значително ќе ги почувствуваат граѓаните.


15

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

П

ерспективата за светската економија целосно се промени откако се случи руската воена инвазија врз Украина и Западот воведе економски санкции како одговор. Штотуку почна да заздравува од двегодишната исцрпувачка пандемија проследена со рестриктивни мерки, сега економијата е погодена од нов шок од којшто веќе нема дилеми дека ќе има сериозни последици. Санкциите се покажува дека се моќна економска казна, но сигурно е дека тие нема да се задржат само во границите на земјата за која што се наменети, па дури и кога станува збор за држава голема како Русија, така што очигледно Западот е подготвен “да си пука во колено“ кога е во прашање економијата со цел да се спротивстави на воената агресија. Две работи се клучните последици од новата ситуација во која се најде светот и особено Европа – забавување на економскиот раст и повисоки цени од оние коишто дојдоа пост – ковид. Со други зборови, се проценува дека во економијата ќе се случи стагфлација. Економистите велат дека се уште е рано да се процени колкава ќе биде економската штета од руската воена инвазија во Украина и ќе зависи од развојот на ситуацијата и понатамошниот одговор на Западот. „Се уште е рано да се прават пресметки во колкава мера би бил погоден глобалниот економски раст, меѓутоа очигледно е дека ќе има одредено забавување. Дополнително, ова се случува кога интензивно зборувавме за растечки цени кои и претходно постоеја поради ребалансирањето на понудата и побарувачката како последица на пандемијата. Сега во оваа ситуација, имаме дополнителен притисок врз цените бидејќи се случува ново нарушување на страната на понудата на основни стоки коишто доаѓаа од Русија и Украина. Тука пред се зборувам за енергенсите како што е гасот, нафтата и нафтените деривати од коишто е во голема мера зависна Европа. Потоа, исто така и примарните производи како храната, но и металите. Кај сите нив главно Русија, а за некои и Украина се јавува како голем добавувач во

глобалната економија и сега таа понуда или ќе биде значително намалена или ќе ја нема, и тоа дополнително ќе притиска врз овие цени. Двата аспекта, забавувањето на економската активност и зголемената инфлација ја туркаат глобалната економија во фаза на стагфлација“, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. Конкретно за македонската економија, ефектите се очекуваат да дојдат индиректно преку намалување на надворешната побарувачка од европските пазари, каде што се продаваат над 90% од сите домашни производи. Директната трговска размена со Русија и Украина е мала, но сепак одредени сектори ќе претрпат штети и поради тоа. „Намалување на надворешната побарувачка е особено значајно за нас и видовме претходно во неколку други кризни ситуации дека тоа се одразува брз преку намалување на нашата економска активност. Вториот аспект се цените, ние како мала и отворена економија сме зависни од увоз на одредени стоки и во моментов за нас клучни се движењата на цените на енергенсите и на храната. Веќе досега сериозно ги почувствуваме поместувањата на пазарот во овој дел кои настанаа и поради други причини и тоа се рефлектираше со повисока цена и на електричната и топлинската енергија, а сега веќе и на нафтата и нафтените деривати“, додава професорот Петрески. Тој објаснува дека во овие околности, планираниот економски раст од околу 4% е тешко достижен, а последиците од тоа и од зголемувањето на цените, значително ќе ги почувствуваат граѓаните. „Имајќи ги предвид сите настани, прогнозата за раст од околу 4% станува прилично оптимистично очекување, меѓутоа се уште не може да се каже колку би одела надолу оваа проценка бидејќи ќе зависи од тоа колку долго и како понатаму ќе се развива овој конфликт. Но иако не може квантитативно од сега да се измери колку ќе биде погодена македонската економија, забавувањето во комбинација со растечките цени се очекува значително да се одрази врз животниот стандард на граѓаните. Мислам дека во ваква ситуација треба сите како економски агенти да бидеме подготвени – и Владата, и компаниите и домаќинствата да бидат особено претпазливи во периодот што следува. За Владата

ова е особено важно, бидејќи ако во екот на пандемијата имавме поголем фискален простор за поголеми задолжувања и одредени екстра трошења за да се ублажат последиците, и тој достигна до околу 10% од БДП. Сега тој простор е намален што значи дека властите ќе мора да обезбедат соодветна поддршка од Буџетот за да им помогне на најзагрозените граѓани во вакви екстремни ситуации како што се на пример губење на работни места, или намалување на доходот, па дури и намалување на нивната потрошувачка каско резултат на зголемувањето на трошоците на живот“, истакнува професорот Петрески.

Властите се подготвуваат за сите сценарија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, исто така потенцираше дека нашата економија, како мала и отворена е високо зависна од случувањата во европската економија. Според најновите проценки, засега не се очекува рецесија во Европската Унија. Европската централна банка, и покрај новонастанатата ситуација со Украина, очекува годинава ЕУ да има раст, иако помал од првично очекуваниот. Сепак, ризиците се присутни и тие зависат од развојот на настаните, санкциите и времетраењето на кризата, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. „Ние сме отворена економија со многу силни врски со европската. Европската економија е наш најзначаен трговски партнер, каде извезуваме 77% од вкупниот извоз. Европската централна банка излезе со три прелиминарни сценарија, во зависност од развојот на тековните случувања во Украина. Сепак, би потенцирала дека оваа состојба е навистина неизвесна и тешко е било која централна банка да ги прави проекциите тековно, токму поради голема неизвесност“, посочува Ангеловска Бежоска. Гувернерката вели дека засега се зборува за три канали преку кои руско -украинската војна би можела да ја погоди европската економија. Првиот канал е потрошувачката, поради нагорните придвижувања на цените на примарните производи - енергенсите и храната. Повисоката инфлација ќе значи понизок реален расположив доход на домаќинствата кој би се одразил врз приватната потрошувачка. Сепак, според некои аналитичари овој ефект може да се ублажи


16 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

МАРЈАН ПЕТРЕСКИ

АНИТА АНГЕЛОВСКА – БЕЖОСКА

ФАТМИР БЕСИМИ

Намалување на надворешната побарувачка е особено значајно за нас и видовме претходно во неколку други кризни ситуации дека тоа се одразува брз преку намалување на нашата економска активност. Вториот аспект се цените, ние како мала и отворена економија сме зависни од увоз на одредени стоки и во моментов за нас клучни се движењата на цените на енергенсите и на храната. Веќе досега сериозно ги почувствуваме поместувањата на пазарот во овој дел кои настанаа и поради други причини и тоа се рефлектираше со повисока цена и на електричната и топлинската енергија, а сега веќе и на нафтата и нафтените деривати.

гувернерка на Народната банка

преку акумулираното штедење во пандемискиот период, посочува Ангеловска Бежоска. Вториот канал преку кој руско украинскиот конфликт може да влијае на европската економија е преку инвестициите. Во услови на висока неизвесност, по правило има поголема воздржаност на инвеститорите. Од друга страна се смета дека овој ефект би можел да биде ублажен со поголеми инвестиции во енергетскиот сектор, поради намалување на изложеноста кон руската економија - инвестиции кои би значеле зголемување на енергетската ефикасност и вложување во обновливи извори на енергија. Третиот канал на влијание на тековната криза врз европската економија е трговскиот, посочува Ангеловска Бежоска. Сепак, трговската поврзаност на европската со руската економија

низ годините е значајно намалена, особено по анектирањето на Крим во 2014 година. Тековно, извозот на ЕУ кон Русија учествува со само 3%. Нашата економија нема директна изложеност кон руската и украинската економија. Сепак, постојат ризици преку нашата поврзаност со европската економија. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вели дека тешко е во овој момент да се зборува за исходот од оваа криза за глобалната економија. Тој вели дека војната по дефиниција е пораз за човештвото, особено во XXI век, кога неуспехот на дипломатските напори и ненаучените лекции од историјата се плаќаат со човечки жртви и лични трагедии. Исходот, според него, ќе зависи од тоа како ќе се одвива инвазијата и колку долго ќе трае, какви санкции ќе воведува Западот и дали Русија

Покрај директните ефекти врз македонската економија, преку трговската размена, развојот на настаните во Украина може да има и негативен ефект врз европската и глобалната економија, преку дополнителни нарушувања на синџирите за снабдување, односно негативен ефект врз странската побарувачка. Како мала и отворена економија која е високо поврзана со европската, ние би ги почувствувале тие нарушувања. Исто така, може да дојде до поголема претпазливост кај странските и домашните инвеститори, што би се одразило врз нивото на инвестиции. Ние будно ги следиме случувањата и развиваме соодветни сценарија за можните исходи. Стоковите резерви се на соодветно ниво, Буџетот е ликвиден и имаме средства да реагираме доколку се јави потреба од тоа. Имаме и инструменти да ставиме на располагање со цел прилагодување во услови на поголеми пореметувања на пазарите.

универзитетски професор

Ние сме отворена економија со многу силни врски со европската. Европската економија е наш најзначаен трговски партнер, каде извезуваме 77% од вкупниот извоз. Европската централна банка излезе со три прелиминарни сценарија, во зависност од развојот на тековните случувања во Украина. Сепак, би потенцирала дека оваа состојба е навистина неизвесна и тешко е било која централна банка да ги прави проекциите тековно, токму поради голема неизвесност. Засега се зборува за три канали преку кои руско -украинската војна би можела да ја погоди европската економија – намалена потрошувачка, помали инвестиции и пад на трговската размена.

министер за финансии

би реагирала со реципроцитет, на пример задржување на клучните испораки на гас за Европа, сајбер напади итн. „Како што видовме и во случајот со пандемијата, помалите прекини во еден регион можат да генерираат поголеми прекини глобално. Недостигот или порастот на цените на некои од стоките што ги извезуваат овие земји може да има ефект на снежна топка, особено бидејќи економијата е сè уште кревка од ударот на пандемијата. Имено, синџирите на добавување се сè уште затегнати, понудата прави ценовни притисоци, а Федералните резерви на САД


50 х

20.000 МКД

Промотивно

до 31 Мај

Без

трошоци за проценка и одобрување

НЛБ Станбен кредит

Вистинска можност да живееш по свое!

Аплицирај за НЛБ Станбен кредит до 31 мај и учествувај во големата наградна игра „НЛБ за млади!“. Правилата за наградната игра се објавени на www.nlb.mk


18 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

и Европската централна банка претходно најавија затегање на монетарната политика поради високата инфлација. Дополнително, политичката несигурност и нестабилност и тежат на економската активност“, вели министерот Бесими. Тој зборува за неколку канали преку кои може да се очекуваат негативни влијанија во домашната економија. Директната изложеност на нашата земја кон руската и украинската економија е релативно мала. Увозот и извозот кон секоја од нив гравитира околу 1%. Исто така, нивната застапеност во странските директни инвестиции во земјава, како и во приливот на паричните дознаки е под 1%. Учеството на извозот во Русија во вкупниот извоз кај нас во периодот од 2011 до 2021 година бележи благ пад, при што од 0,9% во 2011 година се намали на 0,7% во 2021 година (со остварен извоз од 47,6 милиони евра). Учеството на увозот од Русија во вкупниот увоз, пак, изминатите десет години бележи значителен пад, од 6,3% во 2011 година на 1,6% во 2021 година (со остварен увоз од 147,2 милиона евра). Во Русија од кај нас најмногу се извезуваат лекови, овошје и зеленчук, додека се увезува природен гас. Воедно, Русија е најголем извозник на природен гас во нашата земја и учествува со 96,5% во вкупниот увоз на природен гас кај нас. Во случај на поголема ескалација на воениот конфликт во Украина, ќе биде потребно да се бараат алтернативни пазари за извоз на овие производи и за снабдување со природен гас, а би можело да се очекува одреден недостиг на овој производ што би довело до покачување на цената на истиот. Во увозот од Русија во голем дел застапени се и плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик и таа е трет најголем извозник на овие производи во нашата земја, по Романија и Украина. Во случај на поголема ескалација на воениот конфликт, може да се очекува одредено влијание врз металопреработувачката и градежната индустрија кои ги користат овие производи и ќе биде потребно да се бараат алтернативни пазари како Србија, Турција и Кина. Извозот кон Украина во последните 10 години се намали од 2,1% во 2011 на 0,2% во 2021 година (со остварен извоз од 14,4 милиони евра). Учеството на увозот од Украина во нашиот вкупен увоз во последните

Како што видовме и во случајот со пандемијата, помалите прекини во еден регион можат да генерираат поголеми прекини глобално. Недостигот или порастот на цените на некои од стоките што ги извезуваат овие земји може да има ефект на снежна топка, особено бидејќи економијата е сè уште кревка од ударот на пандемијата. Синџирите на добавување се сè уште затегнати, понудата прави ценовни притисоци, а Федералните резерви на САД и Европската централна банка претходно најавија затегање на монетарната политика поради високата инфлација.

10 години бележи намалување, од 2,2% во 2011 година на 1,3% во 2021 година (со остварен увоз од 124,3 милиони евра). Најмногу извезуваме лекови, електрични акумулатори и земјоделски производи, додека увезуваме плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик, како што беше спомнато погоре. „Покрај директните ефекти врз македонската економија, преку трговската размена, развојот на настаните во Украина може да има и негативен ефект врз европската и глобалната економија, преку дополнителни нарушувања на синџирите за снабдување, односно негативен ефект врз странската побарувачка. Како мала и отворена економија која е високо поврзана со европската, ние би ги почувствувале тие нарушувања. Исто така, може да дојде до поголема претпазливост кај странските и домашните инвеститори, што би се одразило врз нивото на инвестиции. Ние будно ги следиме случувањата и развиваме соодветни сценарија за можните исходи. Стоковите резерви се на соодветно ниво, Буџетот е ликвиден и имаме средства да реагираме доколку се јави потреба од тоа. Имаме и инструменти да ставиме на располагање со цел прилагодување во услови на поголеми пореметувања на пазарите“, уверува министерот Бесими.

Војната ги застана македонските камионџии

Војната во Украина ќе предизвика прераспоредување на европскиот транспортен пазар, а најголема штета, според оценките на транспортната асоцијација МАКАМТРАНС, ќе претрпат превозниците од малите држави. Билјана Муратовска, генерален секретар на МАКАМ-ТРАНС вели дека воената состојба на територија на Украина ги застана македонските превозници кои во

последниот период од десетина дена, не се осмелуваат да прифатат превози за Украина, Русија и Белорусија кои ги вршеа од нашата држава и од други држави во соседството. „Спроведувањето на ембаргото кон Руската Федерација од страна на државите членки на НАТО, односно ЕУ е проблем кој ќе предизвика прераспределување на европскиот транспортен пазар, затоа што ќе се намали производството на голем број производи кои се извезуваат на големиот руски пазар, а со тоа ќе се зголеми нелојалната конкуренција затоа што секоја држава ќе ги штити сопствените превозници, особено на т.н. превози кои се вршат од и за трета земја. Најголема штета од новонастанатата ситуација ќе претрпат превозници од помали држави во кои спаѓа и нашата држава, особено поради увозната зависност, мала територија, што не дава можност за вршење на поголем обем на внатрешниот транспортен пазар“, оценува во изјава за МИА Муратовска. Поради растот на цените на енергенсите од МАКАМ-ТРАНС веќе доставиле барања за поддршка од државата за субвенции на литар гориво по примерот на одредени држави од ЕУ и враќање на дел од акцизата пресметана во горивата за комерцијални превози. Како што вели Муратовска, порастот на цените, општо на сите енергенси, има најголемо негативно влијание на превозните трговски друштва особено што трошокот за гориво учествува од 40 до 60 проценти во цената на превозот. „Можноста да се следи растот на цените е многу тежок и ќе биде уште потешко поради дополнителните проблеми кои се појавуваат со воената состојба во Украина и големата понуда на празни возила на европскиот транспортен пазар“, посочува Муратовска. nnn



20 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

НАКРАТКО ЗА ТОА КАКО ДОЈДЕ ДО ВОЈНАТА

П

ричината за ескалација на спорот во вооружен судир или решавање на проблемите со употреба на сила е комплексна, но истовремено и базична и би рекол многу опасна. Таа е одраз на идејата и борбата за ревизионизам на меѓународен план. Тој процес, барем како што можевме да видиме од низа изјави на Путин, но и на водството на Кина е замислен да се одвива преку предизвикување на доминацијата на либерализмот како правец кој ги дефинира и оформува меѓународните односи, а со тоа и начинот на уредување на управувањето и владеењето во поголемиот број на држави. Поинаку кажано, ревизионизмот е трка или барање за прераспределба на моќта на

меѓународен план изразена преку влијание во дипломатијата, економијата, информациите (доминација во иновациите и современите технологии, посебно во делот на регулативите за и околу истите) и начините на продолжување на политиката преку употреба на сила. Ревизионизмот оттука е барање за промена на тоа чија идеја, визија, приоритети, потреби, и во крајна линија вредности ќе доминираат и го одредуваат текот во меѓународните односи. За Путин, во поширока смисла конфликтот е отпор против либерализмот кој проповеда глобализам, униполарност, атлантизам, технократија и анти-традиција. Во таа смисла, конфликтот во Украина е операционализација на овие идеи и реакција на намерите за тоа. Семантиката, пак во пракса, е

следна. Според она што до сега официјално го изјави Русија, причините за инвазијата врз Украина (или како што Русија милува да го интерпретира специјалната воена операција) е базирана на три причини. Прво, егзистенцијалниот страв на Русија од проширувањето на НАТО кон исток или до границите на Русија. Второ, потребата Русија да ги заштити своите граѓаните и добра на туѓа територија (областите на истокот). Трето, за да може да го оствари тоа, промена на, според Русија, режимот во Украина за да државата се демилитаризира и ослободи од неонацистичките структури кои се инсталирани во државниот врв. Според Западот и Украина пак, (за волја на вистината и најголемиот дел од светската јавност) станува збор за агресија, која има за цел да се спротивстави


21

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

на правото на слободен избор на една нација да избере каде сака да членува и како да се развива - во смисла на зачленување во НАТО и ЕУ -како место кое треба да ги ефектуира амбициите за либерално демократските амбиции на нацијата. Имајќи предвид дека спорот е базичен и се храни од потребата за промена во позициите, според Русија употребата на сила беше неминовна. Во пракса пак, иако многумина знаеја дека Украина нема шанса да влезе во НАТО, или барем дека Путин ќе можеше да најде барем еден играч кој ќе ставеше вето на таа одлука (заради комплексниот механизам на одлуки со консензус), според официјалните ставови на Москва употребата на сила беше заради превентивно дејствување. Тука се клучни два момента. Прво, информациите кои наводно Москва ги имала за офанзива на Украина поддржана од Западот на исток и „задушување“ на бунтовниците во одметнатите покраини - сега унилатерално признати од Русија. Второ, се’ погласните амбиции или предлози за тоа Украина да остане надвор од НАТО, но унилатерално, надвор од Договорот за забрана на нуклеарно оружје (комплексен сет на меѓународни принципи), да стане нуклеарна сила. Тоа, според Русија е недозволиво и во значителна мерка е загрозување на нејзината безбедност. Теоретски до избегнувањето на конфликтот можеше да дојде ако условно, Украина, подлегнеше на барањата на Путин кои се нихилистички за водството на земјата. Тоа е, да сегашната влада која е легитимно избрана отстапи, само заради тоа што не е по мерка на Москва. На тој начин, според Западот (НАТО, ЕУ и посебно како фактор САД), на ваквиот потег на Москва гледа како атак врз демократијата. Лидерите во западниот свет многу добро ја разбраа опасноста од овој потег и најверојатно заради тоа барем засега се мобилизираа и обединија во поддршка на официјална Украина.

До каде е спремен да оди Путин?

Имајќи предвид дека ситуацијата е доведена до состојба да се биде или не, Путин сака да испрати порака дека е подготвен да се коцка до крај. Тој, демонстрира конзистентност, кој за либералната логика до сега барем не беше видлив. Причината за ова најверојатно лежи во моделот на функционирање кој тој успеа да го развие и искористување

или анулирање на временската рамка како фактор. Така, додека за либерално - демократските лидери времето има значајна улога (посебно заради инженерингот на управување – избори на циклус во период од 4 години, ако не и порано), Путин е тука засекогаш. За него времето во тој контекст е ирелевантно. Само навратете се наназад и следете го окрупнувањето на Русија (акумулирањето на моќ) на светската политичка сцена и ќе видите како се гледа конвергенцијата помеѓу историските амбиции, наративот на Путин за ревизионизам и делата - акциите во пракса. За разлика од тоа, западните лидери, нај повеќе заради фактот што после крајот на Студената војна имаа доминација на светскиот трон без фактор кој можеше да ги предизвика, се чини како да „подзаспаа“ додека Русија, а и Кина секоја на свој начин значително зајакнаа. Истовремено, евидентно е дека Путин, успеа да создаде корумпирана копија на либералното функционирање и да го преточи во негов начин на владеење со авторитарен префикс. Новиот продукт, во практикување на власта и проекција на меѓународен план заради тоа е тешко видлив за Западот. Условно, преку манипулација на инструментите на моќ посебно информациите -дезинформациите и економијата – создавање на модел на корпоративна држава, Русија создаде модел кој условно се храни од предизвиците со кои се соочува либерализмот, како на внатрешен така и на надворешен план. Во таа смисла, на пример се преседаните на меѓународен план во ек на потполна доминација на либералниот свет кои сега како лешеви Путин ги артикулира обидувајќи се да даде оправдување на илегалната операција. Во едни вакви услови, спречувањето на конфликт, ќе беше можно само ако Западот попушти и се откаже од тоа да ја брани либералната демократија. Оттука, можеби претседателот на Украина е во право кога апелира дека ако падне Украина тоа може да е крах и за Европа. Во оваа фаза за жал, генерално можни се неколку сценарија. Напомнувам дека не инсистирам дека тоа треба да се случи или дека ќе се случи, туку само ги нудам како опција и како размислување со отвореност за секаква дебата и професионална или академска критика на ставот.

МЕТОДИ ХАЏИ-ЈАНЕВ

универзитетски професор

Теоретски до избегнувањето на конфликтот можеше да дојде ако условно, Украина, подлегнеше на барањата на Путин кои се нихилистички за водството на земјата. Тоа е, да сегашната влада која е легитимно избрана отстапи, само заради тоа што не е по мерка на Москва. На тој начин, според Западот (НАТО, ЕУ и посебно како фактор САД), на ваквиот потег на Москва се гледа како на атак врз демократијата. Лидерите во западниот свет многу добро ја разбраа опасноста од овој потег и најверојатно заради тоа барем засега се мобилизираа и обединија во поддршка на официјална Украина.


22 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Имајќи предвид дека ситуацијата е доведена до состојба да се биде или не, Путин сака да испрати порака дека е подготвен да се коцка до крај. Тој, демонстрира конзистентност, кој за либералната логика до сега барем не беше видлив. Причината за ова најверојатно лежи во моделот на функционирање кој тој успеа да го развие и искористување или анулирање на временската рамка како фактор. Така, додека за либерално демократските лидери времето има значајна улога (посебно заради инженерингот на управување – избори на циклус во период од 4 години, ако не и порано), Путин е тука засекогаш. За него времето во тој контекст е ирелевантно.

Можни сценарија

Првото сценарио е Западот да остане на овој став и да не интервенира директно воено во Украина. Во тој случај, ако економските санкции успеат да ја истоштат Москва и се ефективни како што голем број на западни влијателни студии укажуваат, Путин ќе мора да се повлече. Од ова сценарио како последица се јавуваат три можни опции. Прво, Путин да падне, а демократијата да експлодира како во дел од земјите од Арапскиот свет по „Арапската пролет“. Тоа, може да е сериозен проблем за Западот. Акумулираната моќ во воен арсенал дури и нуклеарен, силниот кеш кој е максимално концентриран кај поединци и експлозија на демократијата дополнително да го воведе светот во една нова криза која потешко може да се контролира. Втората опција од ова сценарио е да има мирна и успешна демократска транзиција – како најпосакувана опција. Третата опција е да дојде диктатор кој, внимавајте, мора да е посилен од Путин за да успее поразот да го направи победа и да трча по нов ревизионизам кој може и да биде апокалиптичен. За таа цел за Западот многу е битно и прашањето за тоа што после Путин? Второ сценарио е ако Путин и неговите економисти биле во право дека може да ги преживеат санкциите, Западот да продолжи да ја поддржува Украина и конечно народот да победи. Во овој случај, ако дојде до пад во темпото на воените операции, се

плашам дека Путин може да стане апокалиптичен или да ја отвори таа опција, па гневот многу слично како Садам Хусеин во првата заливска војна да го натера да гаѓа цели кои се на дофат. Внимавајте, со влез во Украина Путин ја промени географијата дистанцата до досег на Европските градови. Дополнително ракетниот штит кој своевремено беше подигнат беше за поинаква поставеноста на руските сили – поголема дистанца. После Крим, а особено сега, тоа е променето. Путин свесен за својата инфериорност за водење на војна од дистанца наспроти НАТО на чело со САД, го искористи либералниот комфор на Европејците, па кога мислеа дека нема кој да ги предизвика геостратешки и додека се освестија дека ЕУ без воена сила не може да биде геостратешки релевантна, освои територија и сега нештата стојат поинаку. Ова пак, каскадно ќе повлече друг потег. Во оваа опција дури и да не е нуклеарно вооружувањето со кое ќе дејствува проблемот е голем. НАТО, а не ЕУ ќе биде ставена на тест. Со предлогот Полска да ја снабдува Украина со авиони, според Путин е можно Полска да стане легитимна цел за Русија. Тоа за волја на вистината е можно и согласно меѓународното право. Тогаш, сé е можно. Третото сценарио е некоја си подваријанта на второто, но е најпогубно за Украина. Во таа насока според ова сценарио НАТО и ЕУ директно нема да интервенираат. Тие треба да

продолжат со дипломатскиот притисок и економските санкции врз Русија, но таа сепак да опстои и да успее да инсталира сопствена (каква таква) власт во Украина која ќе и дозволи на Русија целосна контрола на делот кој ќе биде под нејзина окупација, многу слично како што е случајот со Белорусија (иако таму нема официјална окупација). Во таков случај, Москва да прифати некакво замрзнување на конфликтот и да се согласи спорот да се решава дипломатски. Тогаш сепак, состојбата ќе биде значително сменета во корист на Москва и лично мислам дека западните аналитичари грешат кога мислат дека крајната цел на Путин е да ја окупира Украина и да има постојано разместување овде со големи сили. Сметам, дека на сите, па верувам и на Путин му е јасно дека прво, народ никој не успеал да покори и второ, дека таквата авантура империите во поновата историја ги чинела пораз. Оваа опција не само што е погубна за украинскиот народ туку е сериозен проблем за Западот, бидејќи е можно империјалистичко какво такво економско закрепнување на Москва, но и пат кон дестабилизација на Балтикот и секаде каде ќе бидат загрозени интересите на Русија. Тоа, внимавајте како до сега не мора да значи дека ќе се случи веднаш. Во ваков случај повторно имаме ќор сокак, бидејќи сега Западот ќе биде под притисок да реагира и да направи смена на режим. Ако не успее со мирни методи (од внатре), тоа да го стори преку употреба на сила ваквата ситуација пак


23

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Условно, преку манипулација на инструментите на моќ посебно информациите -дезинформациите и економијата – создавање на модел на корпоративна држава, Русија создаде модел кој условно се храни од предизвиците со кои се соочува либерализмот, како на внатрешен така и на надворешен план. Во таа смисла, на пример се преседаните на меѓународен план во ек на потполна доминација на либералниот свет кои сега како лешеви Путин ги артикулира обидувајќи се да даде оправдување на илегалната операција. Во едни вакви услови, спречувањето на конфликт, ќе беше можно само ако Западот попушти и се откаже од тоа да ја брани либералната демократија. Оттука, можеби претседателот на Украина Зеленски (на фотосот) е во право кога апелира дека ако падне Украина тоа може да е крах и за Европа.

нé доведува до ќорсокак како во претходната ситуација. Само како за илустрација зошто опцијата дека Западот може да влезе во директен конфликт станува се’ поизвесна е отсликана во фактот дека како поминува времето и како ентузијазмот од победата во информациската и дипломатската војна ќе стануваат занемарливи за сметка на ситуацијата на терен (без разлика на хуманитарната катастрофа) така ќе станува сé појасно дека без воена интервенција Путин нема да се истера, барем засега. Овде покрај моралниот притисок врз Западот се наметнува и дилемата за тоа дали и како ќе успеат да го изведат Путин пред лицето на правдата кога ќе загуби. Поточно, прашање е дали, во тој случај Западот ќе успее да најде пукнатина во централизираното командување и да ја искористи во своја корист за да се покаже непослушност кон Путин и тој да загуби од внатре пред да стане

апокалиптичен. Иако Путин е многу нешта тој засега не е апокалиптичен и самоубиствен. Но, стресот и времето сето тоа искомбинирано со его може да сменат многу нешта. Само да потсетам дека ова се можни сценарија и дека се во контекст на разгледување на некои опции кои се можни како исход од целата ситуација и дека е далеку од тоа дека ова се единствените можни опции. Четврта опција која е многу ризична, но можеби е имплицитна за Западот за да спаси што се може од Украина е ако распореди сили во Украина до Лвов и на тој начин да го принуди Путин да преговара, односно да бара дипломатско решение. Тоа е погубно за Украина бидејќи со тоа Западот би барал компромис и можност да се легитимизира она што Путин најверојатно и сака да го постигне распад на Украина. Оваа опција е и многу опасна бидејќи ги доведува до борбен контакт двете страни после што

ситуацијата лесно може да излезе од контрола. Истата е крајно опасна. Таа подразбира дека Путин ќе биде разумен и дека нема да посегне по интервенција по овие сили. Сепак било какви експерименти во оваа насока може да завршат апокалиптично. Следна опција е ако Западот успее сепак, од внатре да го елиминира Путин. Тоа во минатото било пракса и метода за смена на режими. Сепак, засега оваа опција е тешко остварлива, но не е не возможна како што впрочем и ништо не е невозможно. Најповолната опција за човештвото е ако преовлада разумот. Ако се стави крај на насилството и ако преку дијалог се продолжи да се пеглаат разликите. Овде како можна дилема хуманистите оправдано ќе бараат правда. Тогаш може да биде проблем, освен ако моралната флексибилност пак не го растегне меѓународното право. nnn


24 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

Фото: Nikkei/AP

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Д

ДАЛИ ПУТИН САКА НОВА ЈАЛТА?

одека ги гледаме ужасните страдања на украинските граѓани, уништувањето на инфраструктурата, бесмислените жртви во бесмислената војна на двата братски народи, со недели, ако не и со месеци нема вистински одговор на прашањето – што го натера рускиот претседател Владимир Путин да почне ваква брутална инвазија на Украина која ги потресе темелите на досегашниот геополитички поредок. И што може да се изроди од ова кога оружјето ќе стивне: помоќна Русија, која повторно ќе дојде на полските граници, или можеби осакатена Русија (и воено, и економски, и политички) во која најголема жртва ќе бидат самите руски граѓани. Ако би оделе со старите синтагми би требало да се каже дека ова е прашање за милион долари. Но оваа синтагма за овој случај

изгледа не важи – ова е прашање е за многу поголема сума. Можеби за една, ако не и за 10 милијарди долари. Одмерениот и софистициран поранешен министер за надворешни работи на Русија од раните 1990-ти, Андреј Козирев (сега прецизен критичар на власта на Путин) пред некој ден преку повеќе постови на Твитер напиша дека „Путиновата инвазија на Украина е неморална, но од гледиштето на Путин не и ирационална“. Тој наведува три причини зошто за Путин руската инвазија е рационална: прво, самата Украина како земја, потоа состојбата на руската војска и трето, геополитичката ситуација на Западот. Можеби објаснувањата на Козирев не се сосем најточни, или некому да му се чинат пристрасни, бидејќи тој сега живее на пристојна дистанца од Москва – во Мајами, но сепак

длабоко ги познава руските поведенија, па може да му се верува во значајна мерка. Козирев вака го објаснува однесувањето на Путин: Тој е длабоко уверен дека револуцијата на Мајдан која почна есента 2013 во Киев е поттикната од Западот и дека со неа Украина објави дека сака да биде независна и не прокремаљска. Ако не може да биде таква со милост на властите во Киев (како Виктор Јанукович), тогаш ќе биде присилена на тоа. Според Козирев, Русија вложи многу пари во модернизација на својата армија за да ја направи технолошки модерна и во Кремљ мислеа дека со двете уништувачки кампањи во Чеченија и во Сирија успеале да го достигнат тоа ниво. Но, вели Козирев, голем дел од буџетот за армијата бил испокраден и потрошен на мегајахтите регистрирани на Кипар, а армијата стана „потемкинова војска“. Понатаму, руската


25

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

владејачка елита веруваше дека Џо Бајден е „ментално поткапацитетен старец“, а Европската унија толку многу разединета што ќе нема единствен одговор. Таквите прогнози во Кремљ ги темелеа со релативно благите санкции по анексијата на Крим. Можеби клучната тула во оваа хипотеза беше брзото повлекување лани летото на американските војски од Авганистан по 20 години бесполезна војна. Затоа е совршено рационално да се изврши инвазија на Украина и да почне да се враќа славата на Руското царство. „Путин погреши во сите три точки. Но тоа не го прави него луд“, вели Андреј Козирев.

Студената војна беше убава

Ако овие забелешки на поранешниот шеф на руската дипломатија се точни, барем во голема мерка, тоа што Путин „не е луд“ не значи дека не значи дека ситуацијата, особено за Европа, не е алармантна. Се чини дека Путин подлегна на неговата опсесија водена од егото и потхранувана од повеќе националистички мислители во последниве 80 до 100 години да го врати статусот на Русија како голема сила со своја јасно дефинирана сфера на влијание. Во таа опсесија се чини дека има еден главен сон - конференција како Јалта и Потсдам, каде што тој и неговите колеги лидери на големите сили, американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Ши Џинпинг, ќе го поделат светот меѓу себе. На таа нова Јалта, Путин и Ши ќе треба да го прераспределат светот, а на Западот да му остават помал простор за влијание. Експанзионистичката политика на Пекинг би требало да се концентрира на Азија, а руското влијание во Европа. Во прилог на оваа теза е и изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, од вторникот. Лавров изјави дека Русија и САД треба да се вратат на принципите на мирен соживот за време на Студената војна, за „искрен, взаемно почитуван дијалог“. Не беше јасно што точно мисли Лавров, но тој можеби алудира на фактот дека двете суперсили имаа сфери на влијание за време на Студената војна, во кои САД и Русија не си се мешаа еден на друг. Нина Хрушчова, правнука на советскиот лидер Никита Хрушчов, сега професор по меѓународни односи на американската „Нова школа“, прави одредени споредби

меѓу Путин и славниот нобеловецдисидент Александар Солженицин. Како и Солженицин, Путин долго време укажува на желбата да го обнови православното христијанско кралство Рус – основата на руската цивилизација – со изградба на „руска унија“ која ќе ги опфаќа Русија, Украина, Белорусија и етничките руски области на Казахстан, вели Хрушчова. Тој не ги сака империјалните територии во кои ќе бидат и централноазиските републики, туку собирање на сиот словенски – т.е. руски – народ под една капа. „И покрај напорите на Путин да ја исполни визијата на Солженицин, неговите воени дејства се отстапување од неа. Дури и во својата националистичка манија, Солженицин никогаш не го изгуби од вид основниот морал. Колку и да сакаше да ја врати историската Русија, невозможно е да се замисли дека го поддржува колежот на Украинците (и Русите) во тој процес. Путин, пак, тврди дека ја сака Украина додека им наредува на руските сили да ги бомбардираат нејзините градови“, вели Хрушчова. Во Путиновата соба со огледала државноста на Украина е фикција и со таа фикција треба еднаш засекогаш да се заврши. Но историјата сугерира нешто поинаку отколку фикции или фантазии. Ова погрешно читање на историјата е екстремно и за Путин. Историјата на Украина е комплицирана и трае повеќе од илјада години во кои се менувале религиите, границите и луѓето. Нејзиниот корен е во Киевска Рус, создадена од различни народи на трговскиот пат од Балтикот до Црното Море со крајна цел Константинопол. На таа Киевска Рус се повикува и Русија, иако Москва е формирана неколку века подоцна од Киев. Како и кај многу други блиски народи, историјата на Русија и Украина е испреплетена, и во религијата, и во обичаите, и во јазикот. Но тврдењата на Путин дека Украина е креација на големото Руско царство е намерно извртување на фактите. Монголските освојувачи ја освоија Киевска Рус во 13. век. Во 16. век војските на Полско-литванската унија напаѓаа од запад. Во 17. век оваа територија беше поделена на два дела по течението на реката Дњепар. На исток од реката територијата стана позната како „Лев брег“ и и припадна на Русија, а земјите на запад, или „Западен брег“ беа управувани од Полска. Во 1793 година западна Украина беше анектирана од Русија. Тогаш

ЉУПЧО ПОПОВСКИ

Се чини дека Владимир Путин изгледа опседнат со опсесијата за враќање на големото Руско царство, а не на Советскиот Сојуз. Во таа опсесија има еден главен сон - конференција како Јалта, каде што тој, американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Ши Џинпинг, ќе го поделат светот меѓу себе.


26 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

пропадна државноста на Полска и таа беше поделена од Русија, Прусија и Австро-Унгарија.

Русија како „жртва“

Кога во 1922 година СССР беше основан на територијата на поранешната руска империја, Украина беше една од четирите оригинални национални републики на Советскиот Сојуз. По некое време, повеќе административни единици беа формирани и распуштени, нивните граници беа преуредени, нивниот број зголемен. На крајот, тие завршија на петнаесет. Со распадот на СССР во 1991 година, Украина (како и другите републики) ги наследи овие „советски“ граници. Според наративот на Путин во неговиот озлогласен говор од 21 февруари, пред да биде признаена „независноста“ на двата сепаратистички региони, Донецк и Луганск, Украина е неблагодарна и се расфрла со рускиот „подарок“. Но во фикцијата или фантазијата на Путин има неколкугодишна дупка - што се случи помеѓу февруари 1917 година (кога рускиот цар абдицираше и ја распушти руската империјална автократија) и 1922 година. Не беше болшевичката револуција од октомври 1917 година што ја создаде можноста за Украина како независна национална држава, туку колапсот на руската империја девет месеци претходно, во февруари 1917 година за време на Првата светска војна. Оваа војна донесе распад на големите империи на континентална Европа. Империјална Германија, Австро-Унгарија и Отоманската империја не ја преживеаја војната, пропаѓајќи во 1918 година, исто како што се распадна Руската империја една година претходно. Украина беше дел од оваа голема политичка и географска трансформација. Од 1917 до 1921 година таа повеќе не беше поврзана со Руската империја. Но, исто така, сè уште не беше цврста во својата национална форма или идентитет. Таа падна под болшевичка контрола во 1921 година и беше инкорпорирана во Советскиот Сојуз во 1922 година. За да се најдат некои од одговорите што има на умот Путин пак треба да се навратиме на тој говор од 21 февруари. „Тие имаат само една цел: да го спречат развојот на Русија. Тие ќе го направат тоа на ист начин како што го правеа претходно, без да дадат ниту еден изговор, правејќи го тоа само затоа што постоиме“, рече тогаш Путин. Тоа се речиси истите зборови што ги употреби

во неговиот говор за Крим во март 2014 година: „Политиката на изолирање на Русија, која траеше во текот на 18, 19 и 20 век, продолжува и денес. Има постојан обид да нè турнат назад во ќош затоа што имаме независна позиција, затоа што се залагаме за себе“. Во оваа визија на Путин западниот свет гледа на Русија со љубомора. Додека руските олигарси живеат суперлуксузен живот на Запад и крстарат со нивните огромни јахти, кога директорите на државните руски компании се во врвот на најбогатите Европејци, од Кремљ се еманира фантазија дека Европа пропадна во декаденција, здробена од тежината на нејзиниот хуманизам и политички либерализам: уморна и поделена. САД се заглавени во материјалистичка култура без вистинска сопствена историја и се во фаза на пропаст како Римската империја. А Русија, со сите свои олигарси и сиромашниот народ е во подем во цивилизациска смисла. Секако, заедно со новиот сојузник Кина. Мишел Елчаниноф, главен уредник на магазинот „Филозофија“ и специјалист за руската мисла, дава вакво објаснување на она што би можело да се случува во главата на Владимир Путин: „Путин се потпира на чудна теорија изнесена од историчарот и етнограф од 20. век Лев Гумилев. Гумилев, кој е син на двајца од најпознатите руски поети, Николај Гумилев и Ана Ахматова, тврди дека секој народ поседува посебна животна сила: ‘биокосмичка’ внатрешна енергија или страсна супстанција што тој ја нарекува ‘пасионарност’. Путин можеби го познавал Гумилев во Санкт Петербург на почетокот на 1990-тите. Во секој случај, тој ги прифати неговите идеи и никогаш не пропушта можност да се осврне на нив. Во февруари минатата година тој рече: Верувам во ‘пасионарност’. Во природата како и во општеството има развој, кулминација и пад. Русија сè уште не ја достигнала својата највисока точка. На пат сме’. Според него, Русија ја носи моќта и потенцијалот на младите луѓе. ‘Ние поседуваме бесконечен генетски код’, рече тој. Покрај Гумилев, Путин се потпира на уште еден мислител - помала фигура во историјата на руската мисла. Минатиот октомври тој зборуваше дека редовно ја консултира збирката политички есеи насловена ‘Нашите задачи’, главното дело на Иван Илјин,

кој почина во 1954 година. Во еден од претпочитаните есеи на претседателот, ‘Што бара светот од распарчувањето на Русија?’, Илјин ги осудува ‘империјалистичките соседи’ на земјата, овие ‘западни народи кои ниту ја разбираат ниту ја прифаќаат руската оригиналност’. Во иднина, сугерира тој, овие земји неизбежно ќе се обидат да заземат територии како што се балтичките земји, Кавказ, централна Азија и, особено, Украина. Методот, според Илин, ќе има цел Русија да се трансформира во ‘џиновски Балкан’. Последната цел е ‘да се распарчи Русија, да се стави под контрола на Западот, да се растури и на крајот да исчезне’“, напиша Елчаниноф. Ова вечно чувство на жртва го трансформира рускиот претседател во самозамислен херој кој ќе се спротивстави Русија да изгледа понижена и навредена? Ако се навратиме на забелешките на Андреј Козирев и тоа е дел од неговата рационалност, без оглед дали ќе се покаже погрешна. За да одолее на овој западен план за изолирање и распарчување Русија мора добро да се подготви. Прво, добро да се вооружи, а потоа да ги исфрли сите странични мислења во општеството кои би можеле да ја поткопаат таа визија. А за тоа најдобар начин е да се воспостави авторитарност, на граница со полициско-воен режим.

Потемкинова војска

Со години од Русија стигнуваа вакви или онакви објави за испробување на супертехнолошки оружја кои треба да го застрашат светот, особено западниот. Постојаните воени маневри требаше да ја покажат несовладливата моќ на руската армија, од која на секого треба да му се стресат нозете при помислата дека треба да и се спротивстават. На огромно изненадување на руските генерали, а и на потесниот и поширокиот круг околу Путин во Кремљ, Украинците мислеа поинаку и жестоко ја бранат својата земја од инвазиските сили чии војници немаат јасна претстава зошто го напаѓаат и убиваат братскиот народ и присилија милиони луѓе да станат бегалци од сопствената земја. Она што требаше да изгледа како неколкудневен блиц-криг со триумфално заземање на Киев и инсталирање на некаква колаборационистичка влада, како онаа на маршалот Петен во Франција за време на Втората светска војна, сега почна да изгледа како образец за воените


27

11 МАРТ 2022

Фото: Bertrand-Gaudillere/ITEM

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

МИШЕЛ ЕЛЧАНИНОФ

главен уредник на магазинот „Филозофија“ и специјалист за руската мисла (на фотосот), дава вакво објаснување на она што би можело да се случува во главата на Владимир Путин:

Путин се потпира на чудна теорија изнесена од историчарот и етнограф од 20. век Лев Гумилев. Гумилев, кој е син на двајца од најпознатите руски поети, Николај Гумилев и Ана Ахматова, тврди дека секој народ поседува посебна животна сила: ‘био-космичка’ внатрешна енергија или страсна супстанција што тој ја нарекува ‘пасионарност’. Путин можеби го познавал Гумилев во Санкт Петербург на почетокот на 1990-тите. Во секој случај, тој ги прифати неговите идеи и никогаш не пропушта можност да се осврне на нив. Во февруари минатата година тој рече: ‘Верувам во пасионарност. Во природата како и во општеството има развој, кулминација и пад. Русија сè уште не ја достигнала својата највисока точка. На пат сме’. Според него, Русија ја носи моќта и потенцијалот на младите луѓе. ‘Ние поседуваме бесконечен генетски код’, рече тој.

аналитичари да мислат дека руската армија била „потемкинова војска“. Дека нејзината моќ, и покрај масовноста на трупите, не била толку голема. Трошоците за одбрана на Русија сочинуваат 4% од годишниот БДП, но самата сума е прилично скромна, ако се мери според стандардите на „големите сили“. Русија потроши околу 60 милијарди долари за одбраната во 2020 година, а Германија за истата цел издвои 50 милијарди долари. Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела најави дека Берлин на кус рок ќе потроши 100 милијарди евра на својата одбрана. Толкави пари за „големата“ руска

армија сега изгледаат како научна фантастика. Уште повеќе кога ќе стигнат сметките за масивните западни санкции против Русија. Во исто време, Русија треба да развива нови технолошки оружја, да ја осовременува своја флота на борбени авиони и да одржува огромна нуклеарна сила. Доколку тоа го направи со овие „скромни“ средства тоа би бил врвен научен и економски дострел. Оваа дискрепанција меѓу вистинската и посакуваната слика можеби најдобро се виде во дејствувањето на руските авиони за време на инвазијата на Украина. Според сите досегашни податоци, во нападот учествуваат само 75

авиони, иако нејзината флота изнесува 3.800 авиони. Никој нема целосно реално објаснување зошто ги нема руските авиони над Украина, чија бројка е 10 пати поголема од онаа на Украинците. Едно од толкувањата е дека многу од тие авиони не се во добра кондиција и дека пилотите не се најдобро обучени, затоа што годишно поминуваат само половина од потребните часови во воздухот. Зошто? Затоа што и таа обука е многу скапа. Војната е многу скапа работа. Ужасно скапа. А за Кремљ ќе стане неподносливо скапа ако таа се оддолжи на време кое што таму никој не го ни предвидувал. А во меѓувреме економските санкции со секој поминат ден ќе стануваат сè потешки за руската економија и општество. Познатиот руски економист Сергеј Гуриев, кој сега предава на славниот француски институт Сиенс по, вели дека замрзнување на резервите на руската централна банка е најважната вест во пакетот економски санкции. „Ова е многу важна вест, апсолутно неочекувана, никој не знаеше дека тоа е можно. Присуството на резерви беше еден од клучните столбови на макроекономската стабилност – тешко е да се предвиди што ќе се случува утре на девизниот пазар. Бидејќи никогаш не се случило. Ограничувањата за Свифт се важна симболична приказна. Бидејќи сите зборуваа за оневозможување на Свифт како клучен чекор, вододелница. Сите велеа дека тоа е невозможно. И сега е можно. Иако од моја гледна точка, санкциите против Централната банка се многу поболни од исклучувањето на Свифт; самото исклучување покажува дека она што вчера се сметаше за премногу страшно се разговара и се спроведува денес“. Изгледа дека доаѓаат мрачни времиња за руската економија. Како што вели Гуриев, она што изгледаше невозможно вчера е реалност денес. Така и со руската инвазија на Украина. Најголемиот дел од западната, украинската и руската јавност не веруваа во постојаните американски предупредувања дека руската инвазија е на прагот. Затоа што самата идеја изгледаше налудничава. Сега во Кремљ можеби на масите е прочуената мисла на Хенри Кисинџер околу војните: „Тестот на политиката е како да завршиш, а не како да започнеш војна“. nnn


ВОЈНА ВО 28 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

ПРОПАГАНДАТАЕДЕЛОДВОЕНИТЕНАПАДИ

ВО ВОЈНАТА ПРВА УМИРА ВИСТИНАТА, АМА ВАЖНО Е И КОЈ ЈА УБИЛ


УКРАИНА 29

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Фактот што професионалните новинарски организации се борат против цензура и сметаат дека забраната за руските канали нема да придонесе многу во борбата со пропагандата, не значи дека се игнорира опасноста врз општествата и институциите, туку напротив, дека мора да се најдат ефикасни методи за борба со лагите во медиумските простори, користејќи ги демократските алатки.


30 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Агресорите не се двоумат да таргетираат новинари на задача. Европската федерација на новинари овие напади ги смета за воени злосторства и повикува на формирање на специјален меѓународен трибунал. „Меѓународната заедница мора да ги гони сторителите на овие злосторства“, велат од ЕФН автор:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

Г

ледам вести на Русија 24. Првиот дел од вестите е лоша монтажа на Зеленски (претседателот на Украина, н.з.), брзи и бавни кадри додека зборува, така што делува како наркоман, па анализираа каква дрога користи. Вториот дел е компарирање на нацизмот во Украина и оној во Германија. Велат, Украинците немало да умираат за ‘нацистичка Украина’. Користат и материјали од BBC и CNN, секако синхронизирани, а украинските заробеници весели, насмеани... Пропаганда! Многу лошо водена! Шизофрена!“ пишува еден пријател на Фејсбук, кој притоа прашува како е можно здраворазумен човек воопшто да поверува во така лоша и евтина медиумска манипулација. Но, трикот на пропагандата е токму тој – да остане непознат. Низ вековите државните пропаганди, особено во воени времиња, иако често брутални, биле понекогаш толку смешни и

апсурдни што некој отстрана секако не би можел да најде логичен одговор на прашањето – како било можно да успеваат? Една или неколку небулози, повторувани постојано, организирано и оркестрирано стануваат дел од јавниот наратив, добиваат свои поддржувачи и веќе се реалност, без разлика колку се лажни. Каков апсурд! Лажи, лажи, лажи и од лагата нешто ќе остане – оваа девиза на нацистичкиот пропаганден монструм, се чини дека многу лесно живее во време на интернет кога и онака брзата лагата патува несопирливо до маси на луѓе низ целиот свет. Како да се борите со лагата? Голем дел од земјите од западниот свет донесоа одлука за забрана на руските канали, или препорака до телевизиските оператори за забрана за емитување. Кај нас, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по препорака на Владата, им укажа на кабелските оператори да ги исклучат руските канали што се реемитуваат во Македонија. Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ.

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“. Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.

Дали е цензурата решение?

Но, дали е ова решение? Руската инвазија е чиста агресија и политичко варварство во 21 век. Целиот слободен, демократски свет ја осуди користејќи многу прецизна реторика. Нема никакви заблуди или дилеми околу тоа што руската држава го стори и се уште го прави врз соседна, независна, суверена држава. Истовремено, сите организации и експерти кои следат дезинформации и се борат со медиумски непрофесионализам нема да имаат трошка сомнеж во одговор на прашањето од каде доаѓаат најголемите и најчести прекршувања на новинарските стандарди. Но, во однос на заштита од пропагандата преку цензура и забрана, има неколку дилеми кои исто така извираат од



32 ВОЈНА ВО УКРАИНА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

професионалните организации дали е цензурата можна во време на интернет (да не заборавиме пропагандата има и трансмитери, не само извор) и дали нема дополнително да ги мотивира приврзаниците, кои вака само ќе си ги засилат теориите дека има "нивна вистина" што некој организирано им ја крие!? Другата дилема што е впрочем суштинска е дали борејќи се со чудовиште нема да станеме самите чудовишта!? Да, натпреварот со диктатори е секогаш нерамноправен. Слободниот свет сериозно ги анализира своите реакции, одговорно земајќи ги предвид сите аспекти. Диктаторите се немилосрдни и целите им се секогаш императив во однос на б средствата. И тоа е една од клучните слабости на демократијата, таа нерамноправност. Но, дали е можна борба за вредности преку нивно газење? Европската федерација на новинари вели – не! Предизвикот мора да биде како да се одговори на медиумските напади врз нашите држави, општества, институции, комуникациски системи користејќи ги алатките на демократијата. „Вистинската борба со дезинформациите не може да биде цензурата, туку промоција на плуралистички, професионален, етички и остварлив медиумски екосистем, независен од центрите на моќ“ вели директорот на Федерацијата, Рикардо Гутиерез. Тој смета дека чекорите на забрана ќе бидат контрапродуктивни за оние кои ги следат овие медиуми и дека борбата треба да се одвива преку разоткривање и разобличување на пропагандата, потенцирање на финансиските врски на квази – медиумите. Македонските новинарски организации излегоа со став на иста линија, придружувајќи се на препораките и на оценките на европските колеги.

Скапо чини вистината

Во меѓувреме, новинарските екипи кои известуваат од Украина плаќаат висока цена за пренесувањето на вистинската слика, За само неколку дена, екипа на Скај њуз од Велика Британија, како и швајцарски независен новинар, беа нападнати од руските сили во Украина. Европската и Меѓународната федерација на новинари (EFJ-IFJ) остро го осудија целењето на медиумските работници како дел

од војната во Украина и повикуваа на формирање на специјален меѓународен суд за воени злосторства во Украина. На 6 март, швајцарскиот фоторепортер Гијом Брике беше застрелан и ограбен од руски војници додека работел во регионот на Миколајев, во јужна Украина. Новинарот го возел својот блиндиран автомобил со јасна ознака дека е новинар и штотуку го поминал украинскиот контролен пункт лоциран на бензинската пумпа Премиер Оил кога руските сили нападнале: Неколку куршуми го погодиле возилото и резултирале со повреди на лицето и подлактицата. Откако бил принуден да застане, руските војници му ги одзеле документите, парите, лаптопот, фотографиите, видеата и други вредни предмети за неговата работа и безбедност. Според Ukrinform, националната новинска агенција на Украина, Брике отишол на територијата на регионот Кировохрад што е можно поскоро каде украинската полиција од Кропивницки му помогнала да стигне до медицинска установа за да добие медицинска нега. Ова беше втор напад на руската армија врз меѓународни медиумски работници за само неколку дена. На 28 февруари, британска телевизиска екипа од Скај Њуз беше нападната од заседа додека известуваше за војната во Украина. И покрај тоа што гласно викаа дека се новинари, тие беа застрелани во различни моменти: куршум го погоди главниот дописник Стјуарт Ремзи во долниот дел на грбот, додека операторот на камера Ричи Моклер беше застрелан двапати во неговата јакна. Тие на крајот најдоа засолниште во блиската гаража и Ремзи и неговиот тим беа безбедно вратени во Британија во петокот на 4 март. На 26 февруари, двајца дански новинари, исто така, се здобија со прострелни рани откако непознати напаѓачи го нападнаа нивниот автомобил во Украина. Генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Беланџер, изјави: „Нападите врз новинарите треба силно да бидат осудени од меѓународните власти. Овие настани ја покажуваат итната потреба од колективен напор за заштита на медиумските професионалци во воените зони: овие злосторства не треба да останат неказнети“. Генералниот секретар на ЕФЈ, Рикардо Гутиерез, пак рече: „По нападот врз возилото на екипата на Скај њуз од страна на руска групна заседа во близина на

Киев во понеделникот, овој нов целен напад врз швајцарски фоторепортер покажува дека, во повеќето конфликти, завојуваните страни не се двоумат да таргетираат новинари на задача. Тоа се воени злосторства. ЕФЈ повикува на формирање на специјален меѓународен трибунал. Меѓународната заедница мора да ги гони сторителите на овие злосторства“. Меѓународната и Европската федерација на новинари ги повикаа и работодавците на медиумите да обезбедат заштита на новинарите што ги испраќаат во воените зони. IFJ, EFJ и нивните филијали во Украина, NUJU и IMTUU, забележуваат дека многу дописници во Украина немаат панцирни елеци, балистички шлемови или медицински комплети. Редакциите продолжуваат да испраќаат новинари во Украина без специфично осигурување и заштита, додека панцирните елеци стануваат сè потешко да се добијат во Европа. „Случаите на млади новинари кои се недоволно опремени, недоволно заштитени и недоволно платени се во пораст“, велат од ИФЈ и ЕФЈ. „Ги повикуваме работодавачите на овие новинари да преземат одговорност со тоа што ќе им ја обезбедат потребната опрема и ќе им платат според ризикот што го преземаат. Неколку дена пред овие, во напад загина украинскиот телевизиски снимател Јевгениј Сакун, заедно со уште четири лица, а повредена беше и данска новинарска екипа. Данскиот новинар Стефан Вајчерт и фотографот Емил Филтенбогр Микелсен беа застрелани во автомобил во градот Охтирка, околу 90 километри северозападно од Харков. За ова реагираше данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод, на својот твитер профил, со коментар дека ова е грозен потсетник за опасностите со кои секојдневно се соочуваат новинарите додека ги документираат ужасите на војната. После настаните во Украина, Данска одлучи да распише референдум за учество во заедничката европска одбранбена политика. Околу 30 години Данска се држеше до својата политика да не учествува во одбранбената европска соработка, но сега данската премиерка вели дека бесмислениот и брутален напад на Путин врз Украина најави нова ера и нова реалност во Европа. nnn



34 ЕКОНОМИЈА И ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАЕДНИЧКИ РЕГИОНАЛЕН ПАЗАР НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

СОБА ЗА ЧЕКАЊЕ ИЛИ БРЗА ЛЕНТА КОН ЕКОНОМСКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ? Пред реализацијата на новиот Акциски план за заеднички регионален пазар 2021-2024, остануваат неодговорени неколку клучни прашања: ЗРП иницијативата се базира на правилата и принципите на ЕУ, но до која мера ЗРП иницијативата помага во ЕУ интеграцијата на Северна Македонија, дополнително на унилатералното усогласување на земјата со стандардите за интеграција во ЕУ? Понатаму, политичките тензии кои постојат помеѓу земјите на Западен Балкан ги забавуваат индивидуалните процеси на земјите во ЕУ интеграцијата. Дали ЗРП може да ги намали политичките фрикции помеѓу антагонизираните соседи? И конечно, дали постојат економски ограничувања и ризици што ја прават реализацијата на ЗРП проектот „тврд орев“? , се наведува во новото истражување за регионална интеграција на Западен Балкан, објавенo деновиве од Finance Think.


35

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

И

ницијативата за Заеднички Регионален Пазар (ЗРП) за шесте земји на Западен Балкан претставува чекор напред кон продлабочување на регионалната економска интеграција која започна со ЦЕФТА2006 и треба да кулминира со интеграција на земјите на Западен Балкан во Европската Унија. Целта на иницијативата е да се искористат бенефитите од проширување на пазарот и зголемување на квалитетот на производите и услугите правејќи го регионот поатрактивен за странските инвеститори. Сепак, пред реализацијата на новиот Акциски план за заеднички регионален пазар 2021-2024, остануваат неодговорени неколку клучни прашања: ЗРП иницијативата се базира на правилата и принципите на ЕУ, но до која мера ЗРП иницијативата помага во ЕУ интеграцијата на Северна Македонија, дополнително на унилатералното усогласување на земјата со стандардите за интеграција во ЕУ? Понатаму, политичките тензии кои постојат помеѓу земјите на Западен Балкан ги забавуваат индивидуалните процеси на земјите во ЕУ интеграцијата. Дали ЗРП може да ги намали политичките фрикции помеѓу антагонизираните соседи? И конечно, дали постојат економски ограничувања и ризици што ја прават реализацијата на ЗРП проектот „тврд орев“? , се наведува во новото истражување за регионална интеграција на Западен Балкан, објавенo деновиве од Finance Think. Новата студија за регионална интеграција на Западен Балкан има за цел да ги нагласи бенефитите, но и главните ризици при реализацијата на иницијативата за ЗРП за Северна Македонија, како и комплементарноста на ЗРП со ЕУ интеграцијата, објаснуваат од Finance Think.

Две перспективи на гледање

Имено, ЗРП иницијативата може да се гледа од две перспективи, како регионална соба за чекање за одложена интеграција во ЕУ или брза трака кон економска интеграција која води до членство во ЕУ. Првото претпоставува дека ЗРП е посебен процес и секоја земја е одговорна за својот пат кон ЕУ, додека второто претпоставува комплементарност

Главна улога во дистрибуцијата на придобивките и загубите по интеграцијата, ќе ја имаат: големината на пазарот, акумулацијата на квалификуван кадар и развојот на инфраструктурата. Структурните карактеристики на индустриите на земјите од Западен Балкан може да предизвикаат промени во производната структура во регионот во текот на регионализацијата, во корист на поголемите и „опремени“ со квалификувана работна сила, предизвикувајќи регионални дисторзии и можни победници и губитници. помеѓу ЗРП и ЕУ интеграцијата и меѓузависност на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Студијата ги наведува следните три димензии како клучни во разбирањето на комплементарноста на иницијативата со ЕУ интеграцијата: Прво, економската димензија претпоставува дека проектот на ЗРП се соочува со објективни предизвици во поглед на ограничен потенцијал за трговска размена во рамките на Западен Балкан, нееднаква распределба на придобивките и загубите по интеграцијата и неусогласеност во градење на стратегии за привлекување на СДИ. u Тешко е да се аргументира дека ЗРП ќе ја зголеми интрарегионалната трговска размена имајќи ги во предвид опаѓачки тенденции во трговската размена. Имено, учеството на земјите од Западен Балкан во увозот и извозот на Северна Македонија опаднало од 19.5% во 2010 на 11.6% во 2019 година. u Главна улога во дистрибуцијата на придобивките и загубите

по интеграцијата, ќе ја имаат: големината на пазарот, акумулацијата на квалификуван кадар и развојот на инфраструктурата. Структурните карактеристики на индустриите на земјите од Западен Балкан може да предизвикаат промени во производната структура во регионот во текот на регионализацијата, во корист на поголемите и „опремени“ со квалификувана работна сила, предизвикувајќи регионални дисторзии и можни победници и губитници. u Не помалку важно, малите земји, како што е Северна Македонија, можат да имаат бенефит од планираниот координиран пристап во привлекување СДИ, предвиден во ЗРП, имајќи ја во предвид сегашната неконкурентна позиција на Северна Македонија во сегашното конкурентно окружување во рамките на Западен Балкан. Второ, формалната димензија претпоставува дека ЗРП


36 ЕКОНОМИЈА И ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Тешко е да се аргументира дека Заедничкиот регионален пазар ќе ја зголеми интрарегионалната трговска размена имајќи ги во предвид опаѓачки тенденции во трговската размена. Имено, учеството на земјите од Западен Балкан во увозот и извозот на Северна Македонија опаднало од 19.5% во 2010 на 11.6% во 2019 година. Не помалку важно, малите земји, како што е Северна Македонија, можат да имаат бенефит од планираниот координиран пристап во привлекување странски директни инвестиции, предвиден во Заедничкиот регионален пазар, имајќи ја во предвид сегашната неконкурентна позиција на Северна Македонија во сегашното конкурентно окружување во рамките на Западен Балкан.

иницијативата предизвикува прогрес во критериумите релевантни за ЕУ интеграција на секоја од земјите во Западен Балкан. „Нашата квалитативна анализа покажува дека ЗРП и ПГП РЕЗ (Повеќегодишниот план за регионална економска заедница) директно допира до 20 од 33 поглавја од критериумите за влез на Северна Македонија во ЕУ. Акцискиот план за ЗРП треба да предизвика прогрес во критериумите развиени да создадат функционална пазарна економија и изградат подготвеност на македонската економија

да се приклучи на европскиот интегриран пазар во иднина. Но, усогласувањето со обврските од ЕУ и развојот на стабилни институции кои гарантираат демократија, владеење на правото и заштита на основните човекови права останува во одговорност на Северна Македонија надвор од ЗРП иницијативата, доколку земјата има аспирации за забрзано интегрирање во ЕУ.“, велат авторите на студијата, Благица Петрески и Бојан Србиноски од Finance Think. Конечно, политичката димензија претпоставува дека економските сили водени од ЗРП и Отворен Балкан иницијативите ќе

го разбијат политичкото „лимбо“ на Западен Балкан и ќе ја променат политичката перспектива кон проширување на либерализацијата занемарувајќи ги постоечките политички тензии помеѓу земјите. Историјата на интеграцијата во ЕУ покажува дека сегашните членки успешно ги надминале сериозните политички конфронтации и војни во минатото и ги разбрале бенефитите од припаѓањето на поголем блок со што формирале „ЕУ клуб“ проширувајќи го во неколку наврати. 


За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 0800 02 222 02 5102 222

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


38 INTERVIEW

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

INTERVIEW Бранко Грегановиќ Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје

ГЛАВЕН ФОКУС НА НЛБ БАНКА ОСТАНУВА ДИГИТАЛНИОТ СВЕТ КАДЕ ЗАБРЗАНО СЕ ПРЕСЕЛУВААТ НАШИТЕ КЛИЕНТИ


39

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Фокусот на НЛБ Банка Скопје ќе биде ставен на развој на нашите производи и услуги во дигиталниот простор. Продолжуваме да работиме на натамошна интеграција на банкарските трансакции во експозитурите со производите во дигиталниот простор и унапредување на сите наши банкарски апликации, како што се мобилната банка и дигиталниот паричник. Податочниот капитал кој го поседуваме како Банка, мора поефикасно да го ставиме во функција на идентификација на потребите на клиентите. Тоа ќе ни овозможи да понудиме персонализирани решенија прилагодени на финансиските потреби на сите сегменти на клиенти и на секој клиент поединечно. разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

О

д почетокот на јануари годинава претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје е Бранко Грегановиќ. Тој е мариборчанин со повеќе од 30 години регионално и меѓународно искуство во банкарскиот, корпоративниот и јавниот сектор. Економија дипломира на мариборскиот факултет, а подоцна се стекнува со две магистратури, една од областа на економијата на Економскиот Факултет во Љубљана, Словенија и друга од областа на менаџментот од London Business School во Лондон, Bелика Британија. Почетоците на неговата кариера се врзани за работа во државни институции, во централната банка на Словенија, а подоцна и во Министерството за финансии, каде напредува до функцијата државен потсекретар, задолжен за управување со јавни долгови и гаранциите на државата. Во таа улога Грегановиќ ја води емисијата на првата и втората државна обврзница на Република Словенија на меѓународниот финансиски пазар. Кон крајот на 90-те години добива понуда да премине во приватен сектор и тоа е можеби, како што самиот вели, најважната пресвртница во неговиот професионален живот. По години поминати на водечки позиции во Сосиете Женерал Банка Словенија, Хипо Алпе-Адриа Банка во Австрија, Групацијата Дрога Колинска, но и како самостоен советник од областа на корпоративните финансии, спојувања и аквизиции и финансиско преструктуирање,

во 2014 година Грегановиќ доаѓа на чело на НЛБ Банка Белград, каде цели седум години ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор. Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прераснува во профитабилна и препознаена финансиска институција со забрзан раст на годишно ниво од 15 до 20 отсто. Ваквите резултати на НЛБ Групацијата на српскиот пазар и го отвораат патот за аквизиција на една од водечките српски банки Комерцијална банка Белград, во декември 2020 година. XГ-дин X Грегановиќ, од почетокот на годината и официјално ја презедовте функцијата претседател на УО на НЛБ Банка Скопје, а два месеци претходно веќе бевте во Скопје како помошник на УО на Банката. По речиси половина година, какви се Вашите впечатоци за Банката со која ќе раководите во наредните години? Половина година е краток период за да ја имате целата слика, но сепак како човек од системот - НЛБ Групацијата, јас знаев каде доаѓам и со каква банка ќе раководам, а моите првични впечатоци воопшто не отстапуваат од тоа. Впрочем, НЛБ Банка Скопје, освен што е банкарска институција со силна пазарна позиција во земјата, воедно е и една од банките на пазарот која значително се издвојува по своите перформанси и извонредните резултати во континуитет, што несомнено е заслуга на целиот тим. Со задоволство можам да констатирам дека гледано од секој аспект НЛБ Банка Скопје е успешна, стабилна и модерна финансиска институција, која ужива високо ниво на углед во секторот и во земјата и Банка во која има


40 INTERVIEW

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

голем потенцијал за натамошен раст и развој и зајакнување на пазарната позиција. Особено би ги истакнал луѓето во Банката кои се исклучителни професионалци, со големо искуство и експертиза и многу важно, лојалност кон клиентите и компанијата во која работат. Знаете, кога имате таков тим од луѓе силно посветени на својата работа, кои ја делат истата визија, истата позитивна енергија и ги следат заедничките вредности, имате „ветер во грб“ да поставувате нови и повисоки цели и заедно да ги совладувате сите предизвици. За мене лично, тоа е мотив да продолжиме да вложуваме во развојот на нашата Банка, посветени на грижата за нашите клиенти и натамошно градење на довербата со нив, проширување на понудата со иновативни производи, и секако многу важно, во придонесот во заедницата во која делуваме и целата економија на Северна Македонија. Уверен сум дека пред нас се најдобрите години. Со ваков тим и кондиционата подготвеност во која се наоѓа Банката сигурен сум дека ќе го задржиме трендот на искачување вертикали и ќе продолжиме да ја зголемуваме довербата и задоволството на нашите клиенти. XНЛБ X е една од трите најголеми и најуспешни банки во земјава, која континуирано бележи раст и позитивни резултати. Колку сте задоволни од резултатите за минатата година и какви се проекциите за следната година, што ќе биде фокус на Банката за да се задржи позитивниот курс? И покрај ефектите од пролонгираната пандемија, изменетите пазарни услови и бројните ограничувања во домашната и меѓународната економија, НЛБ Банка Скопје и во 2021 година оствари одлични финансиски резултати благодарение на деловната политика и продуктното портфолио кои се прилагодени на состојбите на пазарот, а пред сè на потребите на клиентите. Според неревидираните резултати, годината ја завршивме со раст на кредитите од 13,1% и раст на депозитите од 8,5% што е показател дека Банката продолжува да обезбедува значителна поддршка за граѓаните и стопанството, но и потврда за нивното задоволство и доверба кон нашата Банка. Задоволството на клиентите е и останува наш врвен приоритет. Искуството што го имаме нè позиционираше како предводник

на пазарот во воведување на напредни финансиски решенија и институција која може да понуди целосно и оптимално управување со сите финансиски предизвици на клиентите. Но, ние воедно сакаме да бидеме и Банка која на своите клиенти им овозможува врвно корисничко искуство, а кое сè повеќе го наоѓа своето место во дигиталниот простор, каде забрзано се преселуваат сите наши клиенти. Клиентите и натаму ќе го очекуваат тоа од нас, а ние се разбира сме подготвени тоа да им го овозможиме. Токму затоа и оваа година, фокусот на НЛБ Банка Скопје ќе биде ставен на развој на нашите производи и услуги во дигиталниот простор. Продолжуваме да работиме на натамошна интеграција на банкарските трансакции во експозитурите со производите во дигиталниот простор и унапредување на сите наши банкарски апликации, како што се мобилната банка и дигиталниот паричник. Податочниот капитал кој го поседуваме како Банка, мора поефикасно да го ставиме во функција на идентификација на потребите на клиентите. Тоа ќе ни овозможи да понудиме персонализирани решенија прилагодени на финансиските потреби на сите сегменти на клиенти и на секој клиент поединечно. Што се однесува до сегментот на стопанството, поголем акцент ќе ставиме на т.н. „зелени кредити“, односно на кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и унапредување на животната средина. Ова секако ќе бидат инвестиции со најголем раст во следниот период кои треба да овозможат економијата по Ковид, глобално гледано, да не отстапи од целите за одржливост и борба против климатските промени. Тоа е впрочем и дел од нашата агенда за одржлив развој и општествено одговорно делување на кое и годинава ќе посветиме големо внимание, не само во овој, туку и во секој друг сегмент од нашето работење со цел да придонесеме кон подобар квалитет на животот во заедницата во која работиме и кон одржлив економски, еколошки и социјален систем. Верувам дека сето ова ќе ни овозможи да оствариме уште подобри резултати во клучните сегменти од работењето и да ја задржиме високата ликвидност, стабилност и солвентност на Банката.

XКако X човек кој има навистина големо искуство во банкарството и воопшто во финансискиот сектор, кои се новите трендови во банкарското работење и што може клиентите да очекуваат во поглед на нови и иновативни банкарски услуги? Новите трендови во банкарското работење се нераскинливо врзани со дигиталната трансформација, впрочем како и во многу други индустрии кои, соочени со забрзаната дигитализација наметната од пандемијата и очекувањата на клиентите, сфатија дека дигиталната трансформација не е само модел за успех, туку и модел за опстанок. Но, дигиталната трансформација не е создавање нови производи и префрлување на понудата на дигитални канали, ниту пак е икона на десктопот или мобилниот телефон на клиентот. Тоа е процес кој создава нов дигитален свет кој досега не постоеше, што суштински ја менува средината во која работиме и од банките бара нов начин на размислување, нов пристап кон клиентите, кон продажба и маркетинг и кон сите други активности. Сега кога сме навикнати да го купуваме посакуваниот производ со неколку клика на мобилниот телефон за време на кафе пауза, истото го сакаме и кога работиме со нашата банка. Очекуваме ненаметлив партнер кој е тука за нас секогаш и секаде каде што ни е потребен, a особено во новиот, дигитален свет, каде сè повеќе го минуваме своето време и каде најчесто размислуваме и ги носиме одлуките за тоа што да купиме и каде да инвестираме. Забрзаниот развој на дигиталниот свет, кој и покрај сите негативни ефекти што ги донесе пандемијата може да се смета за своевидна придобивка од неа, како тренд ќе продолжи и оваа, но и во наредните години. Сега кога банките се свесни за својата агилност и дека можат успешно да ги трансформираат своите оперативни модели на подолг рок, тие ќе продолжат со трансформациите и надвор од пандемијата. Конкретно, банките сè повеќе ќе работат на воведување нови и иновативни банкарските производи во дигиталниот свет за да го олеснат пристапот на постоечките, но и да стекнат нови клиенти, особено помеѓу младата популација која е родена и живее токму во дигитален свет. Но и покрај забрзаниот развој на дигиталниот свет, продажната мрежа на банките и натаму


Бранко Грегановиќ Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје

41

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

НЛБ Банка Скопје и во 2021 година оствари одлични финансиски резултати благодарение на деловната политика и продуктното портфолио кои се прилагодени на состојбите на пазарот, а пред сè на потребите на клиентите. Според неревидираните резултати, годината ја завршивме со раст на кредитите од 13,1% и раст на депозитите од 8,5% што е показател дека Банката продолжува да обезбедува значителна поддршка за граѓаните и стопанството, но и потврда за нивното задоволство и доверба кон нашата Банка. ќе остане значаен простор во банкарското работење бидејќи за голем број клиенти, директниот контакт со банкарскиот комерцијалист и советувањето на шалтер претставува одлучувачки фактор при изборот на производ или услуга. Тоа не значи дека дигитализацијата нема да ги следи експозитурите. Напротив, работењето во физичкиот свет битно ќе се промени под влијание на зголеменото значење на дигиталниот, и тоа ќе биде насочено кон понатамошна информатизација на банкарските производи кои се нудат во експозитурите. Ова ќе го олесни пристапот на нашите клиенти до производите на Банката и ќе ја зголеми оперативноста на персоналот и брзината при извршување на банкарските услуги во експозитурите. Користејќи го токму потенцијалот на експозитурите, сметам дека во годините што следуваат, очекувањата на клиентите сè повеќе ќе бидат во насока на тоа банките да бидат место каде можат да се добијат сеопфатни финансиски решенија во дискретно интегрираниот дигитален и физички свет. Една од последиците е што ова ќе наметне банкарскиот сектор да почне поинтензивно да го развива сегментот на продажба на небанкарски финансиски

производи и услуги. Како Банка која веќе работи на ова поле, од нашето досегашно искуство можам да кажам дека во овој сегмент има голем потенцијал за иден раст на банките и унапредување на корисничкото искуство од аспект на оптимално управување со нивните средства, задоволување на нивните моментални финансиски потреби и финансиска стабилност во иднина. Како ја оценувате моменталната состојба на македонскиот банкарски сектор, каков е потенцијалот за негов натамошен развој? Дали и до која мера може пандемијата, економската неизвесност и енергетската криза да имаат влијание врз стабилноста на банкарскиот сектор во земјава? Со оглед на тоа дека сè уште живееме во време на пандемија, предизвиците и неизвесноста кои ги наметна здравствената криза ќе имаат влијание врз економските текови и во 2022 година. Сведоци сме и на нови предизвици поврзани со инфлацијата, енергетската криза, а тука секако сега е и воената криза во Украина, чие влијание врз економијата во овој момент не може со голема прецизност да се процени, иако е сосема јасно дека последиците ќе бидат големи. Но, мојата оценка е дека домашниот банкарски систем е подготвен да се носи со ваквите

предизвици, дотолку повеќе што банките, во две исклучително тешки пандемиски години, брзо се адаптираа на новата реалност, во континуитет ја испорачуваат поддршката за граѓаните и стопанството и ја задржаа својата стабилност, и пред сè, ликвидност. Она што е важно да се нотира е дека во овој момент сите банки се многу ликвидни, што овозможува континуирана стабилност која е исклучително значајна за стабилноста на целата економија, но истовремено и за зголемување на кредитирањето, ако и кога за тоа се создадат услови. Користејќи се со стручен речник, би можеле да кажеме дека постоечката криза претставува притисок на профитабилноста на банките, но тој притисок на профитабилноста не би требало да ја загрози нивната ликвидност од која зависи стабилноста на банкарскиот систем и на целата економија. Cпоменатите предизвици секако ќе влијаат на динамиката на натамошен раст и развој на банкарскиот систем која зависи пред сè од стабилноста, а понатаму и од растот на целокупната економија. Ако економијата не расте, ако во неа не се инвестира, не може да расте ниту банкарскиот сектор. Со оглед на тоа што во текот на минатата година економијата полека почна да закрепнува,


42 INTERVIEW

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

но сè уште не го достигнала предпандемиското ниво, најголем предизвик и натаму ќе биде да се поттикнат инвестициите во јавниот, а особено во приватниот сектор, за што е потребна долгорочна стабилност во економското и општественото опкружување. Мислам дека сосема е јасно дека моменталното економско опкружување не овозможува стабилност која е потребна за раст на инвестициите и економијата и тоа сигурно ќе го забави и растот на банкарскиот систем. Но, и во такви услови, фактот кој треба да се истакне е дека банкарскиот систем е ликвиден и дека тој, во периодот на неизвесност, е фактор на стабилност до забрзување на економскиот раст. XКолку X според ваша оценка нашите банки се подготвени да се соочат со предизвиците поврзани со растечката инфлација? Очекувате ли да се зголемат каматите на кредитите и кога би се случило тоа? Сметам дека банките, во основа, се подготвени да одговорат на предизвиците од порастот на инфлацијата и тоа пред сè заради веќе споменатата ликвидност која им дава сила да се соочат дури и со сериозни финансиски шокови. Инфлацијата секако претставува стрес за економијата и банкарскиот систем. Негативните последици за економијата произлегуваат, пред сè, од тоа што инфлацијата ја нарушува ефикасноста на ценовниот систем од кој непосредно зависи интересот за инвестирање. Ако постоечката инфлација се задржи подолг период, каматните стапки ќе мора да пораснат. Инфлацијата е всушност сама по себе посебен вид на каматна стапка. Инфлацијата е каматна стапка која не ја зголемува вредноста на парите, туку ја намалува и затоа таа секогаш најавува зголемување на каматните стапки. Инфлацијата и ценовните шокови кои доминираат на пазарот во овој момент, создаваат и дополнителен притисок врз кредитната способност на сите наши клиенти. Секој натамошен раст на цените, секако дека ќе ги зголеми трошоците на компаниите и на населението и ќе има влијание врз нивната финансиска моќ. Морам да забележам дека моменталната состојба на пазарот е непредвидлива во секој поглед, па и во однос на идните движења на цените. Во таа смисла, негативните ефекти од пандемијата, ограничената понуда на природен

гас, а сега и последиците од војната во Украина врз движењето на цените, всушност повеќе кореспондираат со описот на екстремни ценовни шокови отколку со описот на инфлација како зголемување на општото ниво на цените. Со други зборови, се чини дека актуелните ценовни шокови се повеќе сигнал на ризик од сериозен пад на вкупната деловна и економска активност како последица на трговски и вооружени војни, а не на ризиците поврзани со инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки во мирнодопски економски услови. XВо X НЛБ Банка Скопје дојдовте од Србија каде за краток временски период, како прв човек на НЛБ Банка Белград, постигнавте навистина одлични резултати и создадовте можност за аквизицијата на тамошната Комерцијална Банка? Во тој контекст, дали сметате дека е потребна понатамошна консолидација на македонскиот банкарскиот пазар и дали се можни аквизиции во периодот што следи? Консолидацијата е дел од закономерностите според кои функционираат сите индустрии, посебно индустрии со високо учество на фиксни трошоци, каква што е банкарството. Во одредена фаза од развојот на пазарот, таа е неизбежна, а јас би рекол и посакувана појава, од која произлегуваат позитивни ефекти за сите учесници на пазарот, вклучувајќи ги и клиентите, кои како резултат на овој процес добиваат поквалитетни и подостапни банкарски услуги. Кога велам дека консолидацијата на банкарскиот пазарот е неизбежна тргнувам од фактот дека развојот на банките е условен пред сè од приходите што ги остваруваат од каматните маржи, како и од потребите за вложувања во дигиталната трансформација на услугите. Во услови на намалување на каматните маржи што се должи пред сè на сè поголемата конкуренција на пазарот, како и сè поголемите потреби за инвестиции во нови банкарски производи и услуги во дигиталниот свет, ќе ги натераат банките да ја зголемуваат својата пазарна моќ и билансна сума преку спојувања со други банки или аквизиции. Ваквата појава на окрупнување на банкарскиот сектор е глобален тренд кој сè повеќе го зафаќа и нашиот регион, а се случува и на македонскиот банкарски пазар, преку спојувањето на две банки од

средна големина, што се заокружи во текот на минатата година. Оттаму, сметам дека натамошниот развој на македонскиот банкарски пазар, поттикнат од конкуренцијата и потребата за дополнителни вложувања во иновативни и квалитетни банкарски производи и услуги, неминовно ќе донесе нови спојувања и аквизиции на банки. XВо X земјава подолго време се најавува нова регулатива за платните системи и услуги со која треба да се отвори простор на пазарот за финтек компаниите? Какви ефекти очекувате од ваквите промени? Натамошната либерализација на пазарот на платежни услуги која ќе се овозможи преку донесување на најавената нова регулатива е неизбежен процес, кој е поттикнат пред сè од „жедта“ на клиентите за едноставни, достапни, корисничко ориентирани производи во физичкиот и дигиталниот свет. И покрај тоа што во последната деценија традиционалните банки инвестираа големи средства во развојот на дигиталниот банкарски свет, се обидуваа да го трансформираат своето работење и својата стратегија кон потребите на клиентот, најчесто понудата e ограничена само на постоечките производи од физичкиот свет, но во дигитален облик. Лично сметам дека иднината на современото банкарство е во прифаќање на моделот според кој функционира финтек секторот. Иднината му припаѓа на финтек банкарството, особено во делот на следење и задоволување на потребите на своите клиенти во дигиталниот свет, но и во делот на начинот и динамиката на комуникација со клиентите. Во овој момент можеби се’ уште не е јасно колку ќе трае преминот во претежно дигиталниот свет и по која патека ќе го минеме тој пат, но дестинацијата е јасна: иднината припаѓа на финтек банкарството. Не сум сигурен дека сите традиционални банки сфатија дека овој бран ниту можат, ниту треба да го спречат, туку дека единствено што треба да направат е да одлучат на кој начин и како во најкус можен рок ќе ја применат деловната филозофија и технологиите кои веќе фундаментално го трансформираат банкарството. Од овој аспект, јас го поддржувам процесот на донесувањето на новата регулатива за платните системи и услуги и нејзината хармонизација со регулативата на ЕУ во овој сегмент. Таква


Бранко Грегановиќ Претседател на УО на НЛБ Банка Скопје

43

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

и промените без кои едноставно не може да се изнаоѓаат ефикасни решенија за предизвиците што ги носи динамичното секојдневие и иднината. Ние во НЛБ силно веруваме во нашите луѓе и свесни сме дека сите наши планови зависат од квалитетот на нашите вработени, нивната меѓусебна соработка и придонесот што секој поединец од тимот го дава за реализација на нашата заедничка визија. Само од мотивирани вработени на кои им верувате и им давате можност да се развиваат и усовршуваат можете да очекувате компанијата во која се вработени да ја третираат како своја, да вложат максимум и на тој начин да придонесат за нејзината конкурентност и одржливост. За мене лично, од посебно значење е и двонасочната, отворена комуникација помеѓу сите членови на управувачкиот тим и вработените. Таа дава огромен придонес во задоволството на вработените и нивната лојалност без кои компанијата не може да напредува и без која, како се вели, „намигнува во темница“. Во таа смисла, здрава интерна комуникација обезбедува високо ниво на информираност и размена на мислења кои се потребни за воспоставување доверба, транспарентност во работењето, одговорно и ефикасно управување со Банката.  Задоволството на клиентите е и останува наш највисок приоритет  И во услови на непредвидливо економско опкружување,

банкарскиот систем е високо ликвиден и тој во периодот на неизвесност, е фактор на стабилност до периодот на забрзување на економскиот раст  Во овој момент можеби сè уште не е јасно колку ќе трае преминот во претежно дигиталниот свет и по која патека ќе го минеме тој пат, но дестинацијата е јасна: иднината припаѓа на финтек банкарството.

регулатива ќе помогне целиот пазар да се развие во вистинската насока. Она што го очекувам и на што се надевам е дека новата регулатива ќе донесе јасни правила на игра за сите учесници, како за традиционалните банки, така и за финтек компаниите што, се надевам дека ќе се сложите, ќе има големо значење за развојот на целокупниот финансиски пазар и е од интерес на сите. Кои се клучните принципи по кои се раководите во вашиот стил на менаџирање? Што е најбитното што го барате од своите вработени, а што сакате вие да

им пренесете како вредности? Мојот основен принцип е дека во бизнисот и воопшто во животот никој неможе ништо да постигне сам. За успешно делување на секој бизнис ентитет неопходна е јасна визија и тим составен од посветени и одговорни професионалци, со начин на размислување кој е насочен кон личен и организациски раст. За да може ваквиот тим ефикасно да функционира неопходно е лидерство, но истовремено и постојано учење и професионална надградба на индивидуално и организациско ниво, како и подготвеност да се прифаќаат различните мислења

Сосема за крај и едно лично прашање. Се навикнавте ли на животот во Македонија? Живееме во еден необичен период и моментално, запознавањето со Скопје и Македонија се’ уште ми е ограничено заради пандемијата со Ковид-19. Инаку, јас сум човек кој во својата кариера често ги менувал местата на живеење. Со годините се навикнав на тоа, а промената на домот стана составен дел од мојот живот. Заради работните обврски, но најмногу заради зимата и пандемијата, во изминативе неколку месеци за жал немав многу можност да го запознам градот, уште помалку земјата. Сепак, од порано имам многу пријатели и познаници овде, а за ова кратко време колку што сум во земјата нивниот број се зголеми, што ме прави да се чувствувам прифатен во оваа средина и особено среќен. Со нетрпение очекувам да запролети, за да можеме да го искористиме убавото време за движење што ќе ми овозможи да посветам повеќе време на тоа уште подобро да го запознам Скопје и цела Македонија. 


44 ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

СОВЕТИ ОД ЕКСПЕРТИТЕ

УПРАВУВАЊЕТО СО ЛИКВИДНОСТА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА Е ПОВАЖНО ОД ИНСИСТИРАЊЕТО НА ПРИХОДИТЕ И РЕНТАБИЛНОСТА


45

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

НИКОЛА НИКШИЌ економски советник, сопственик на Тренд партнер, Хрватска

В

о услови на криза и опаѓање на економската активност, патот од ликвидност до неликвидност и несолвентност е краток. Затоа, разбирајќи и користејќи ги информациите од надворешното и внатрешното опкружување, важно е континуирано да се анализира и предвидува деловното работење од перспектива на ликвидност, поврзана солвентност, активности и задолженост, што пак, индиректно ќе укаже на нивото на рентабилноста на работењето, и потенцијалите за нејзина заштита или подобрување. Во третата година (2010) од економската криза која започна на крајот на 2007 година, оперативните приходи на нешто помалку од 100.000 деловни субјекти кои објавуваат финансиски извештаи како корпоративни даночни обврзници во Хрватска, паднаа за 15% во споредба со 2008 година, односно за 107,1 милијарди куни (од 683,8 во 2008 година на 576,7 милијарди куни во 2010 година). ЕБИТДА (EBITDA, заработка пред оданочување, депрецијација и амортизација), како брз показател за ликвидноста, падна за речиси 10 милијарди или 16%, од 59,8 на 49,5 милијарди куни. Неколку години подоцна, во 2013 година, во периодот на најинтензивното спроведување на претстечајните спогодби, ЕБИТДА достигна најниска апсолутна вредност, 47,7 милијарди куни. Ако го погледнеме целиот период од 2008 до 2013 година, ЕБИТДА маржата варира во распонот од 8,1 до 9,4%. Растот на ЕБИТДА што следеше во тригодишниот период 2014-2016 година (54,3 - 59,0 - 60,7 милијарди куни), со маржи малку повисоки од 9% (9,1% - 9,4% - 9,4 %), беше запрен во 2017 година со случајот на Агрокор (пад на ЕБИТДА на 56,8 милијарди куни и маржа од 8,2%). Во периодот 2018-2019 година, забележан е силен пораст на апсолутната вредност (во 2018 година изнесува 74,4 милијарди куни, во 2019 година 86,1 милијарди куни), со маржи од 10 и 10,9%.

Во услови на криза и опаѓање на економската активност, патот од ликвидност до неликвидност и несолвентност е краток. Затоа, разбирајќи и користејќи ги информациите од надворешното и внатрешното опкружување, важно е континуирано да се анализира и предвидува деловното работење од перспектива на ликвидност, поврзана солвентност, активности и задолженост, што пак, индиректно ќе укаже на нивото на рентабилноста на работењето, и потенцијалите за нејзина заштита или подобрување. Со помош на нашите пријатели од Хрватска, Poslovni FM, ви пренесуваме анализа од експертот за финансиски менаџмент Никола Никшиќ, којашто се однесува на хрватскиот корпоративен сектор, но заклучоците и препораките можат сосема адекватно да се искористат и во македонски контекст. Во 2020 година, првата кризна година под влијание на пандемијата, ЕБИТДА се врати на нивоата од 2018 година, на 74,4 милијарди куни, со маржа од 10,2%. Ваквиот релативно благ пад во 2020 година во однос на 2019, со оглед на интензитетот на кризата, укажува дека компаниите, свесно или несвесно, многу подобро се подготвиле за пандемиската криза отколку за претходната долгорочна криза. Очигледно, „старата“ криза беше своевидна школа и донесе некои трајни придобивки. А тоа е: се штеди во добри времиња, кога се има и се може; трошоците се од менаџерска перспектива инвестиции; при одлуките за трошење и инвестиции внимателно се води сметка за потенцијалните приноси, соодветните финансиски и економски ефекти, рамнотежата на краткорочните придобивки и долгорочното одржливо и стабилно работење; кредитот е добар пријател, но лош господар. И да, кризата е составен и неизбежен дел од економскиот циклус.

Разбирање на ризиците и проблемите на неликвидноста и несолвентноста За да се разберат ризиците и проблемите на неликвидноста и несолвентноста, помага да се видат 13те симптоми и причини за кризи и пропаѓање на деловните субјекти, што ги истакнаа Слатер и Ловет во нивната книга „Како да се извлече секоја компанија од криза“. Повеќето од нив беа идентификувани како внатрешни (10) и помал дел (3) како

надворешни причини. Наведените надворешни причини (трајни промени во однесувањето и потенцијалите на потрошувачите; раст на конкуренцијата и глобализацијата; неповолните движења на цените поради хиперпродукцијата) се оценети како исклучително силни, а дел од внатрешните причини се однесуваат на недостиг на разбирање и принципиелна примена на принципите и алатките на менаџерското сметководство поврзани со управувањето со ликвидноста: u Лошо управување со обртните средства (недостиг на планирање на паричните текови и управување со ризиците; лошо организирани процеси и постапки во превенција на ненаплатливоста, заштитата и наплатата на побарувањата); u Високи трошоци и значителен удел на фиксни трошоци (раст на трошоците на сомнителни и спорни побарувања; раст на трошоците за активности за наплата на побарувањата); u Неконтролирана и прекумерна продажба (важно е добро да се сегментира пазарот; да се измери и да се управува со кредитните ризици и да се знае кога да се каже ‘не’); u Погрешни финансиски политики (прекумерно задолжување; употреба на несоодветни извори на финансирање; инвестиции со несоодветен поврат на инвестицијата и очекуван економски ефект);


46 ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Очигледно, „старата“ криза беше своевидна школа за хрватските компании и донесе некои трајни придобивки за однесување во пандемиската криза. А тоа е: се штеди во добри времиња, кога се има и се може; трошоците се од менаџерска перспектива инвестиции; при одлуките за трошење и инвестиции внимателно се води сметка за потенцијалните приноси, соодветните финансиски и економски ефекти, рамнотежата на краткорочните придобивки и долгорочното одржливо и стабилно работење; кредитот е добар пријател, но лош господар. И да, кризата е составен и неизбежен дел од економскиот циклус.

u Несоодветна финансиска

контрола (лоша сметководствена евиденција и сметководствени политики; неквалитетен и делумен финансиски контролинг). Финансиското реструктурирање, како една од двете форми на одбранбено реструктурирање (другата форма е оперативно реструктурирање), е концептот за тоа како компанијата се лекува од неликвидноста и ја превенира несолвентноста. Тоа мора да биде брзо, целосно и со краток век на траење. Краткорочно за да не се претера и да не стане навика што може да ја загрози способноста за долгорочно одржливо, стабилно и безбедно работење, засновано на континуирано стратешко реструктурирање и разумни инвестиции во развојот на компетенциите, капацитетите, новите производи и услуги, и бизнис модели. Теоретската рамка на финансиското реструктурирање ги дефинира и опишува постапките и активностите што обично мора (брзо) да се спроведат: u Наплата (намалување) на побарувања од клиенти и други должници; u Продажба на основни средства кои не се користат директно за генерирање тековен приход; u Преговори со добавувачите и

доверителите (репрограмирање на долгот, делумно отпис...); u Преговори со кредиторите (рефинансирање, поповолно задолжување во однос на каматите и рочноста); u Намалување на залихите; u Намалување на трошоците за набавка (консолидација на нарачки; здружување со други клиенти; намалување на бројот на добавувачи; зголемување на ефикасноста на работниците...) u Одржување на постоечките материјални средства наместо инвестирање во нови; u Докапитализација (конверзија на долговите во капитал или вклучување на нови инвеститори). За спроведување на овие активности, важно е добро да се разбере како се појавиле проблемите со ликвидноста. Индикаторите кои ја мерат ликвидноста, а благодарение на изумот на хрватскиот ум, двојното книговодство на Бенедикт Котруљевиќ, даваат добра можност за оние кои имаат соодветно знаење и вештини да ги прочитаат нивните вредности и трендови навремено да предложат, да направат и спроведат добри одлуки за да се спречи ризикот, да се оптимизира бизнисот и резултатите. При нивното набљудување, важно

е да се спомне дека тие секогаш треба да се набљудуваат во подолги временски периоди, на пример пет години. Ликвидноста, како еден од четирите клучни принципи на бизнисот, е способност на деловниот субјект да ги исполнува договорните обврски во нивните целосни износи и договорени рокови, а директно се толкува и мери на различни начини преку набљудување на односот помеѓу краткорочните средства и краткорочните обврски.

Покомплексни модели за анализа на ликвидноста

Нето обртниот капитал, оперативниот готовински тек по индиректен метод, коефициентите на тековната, забрзаната и моменталната ликвидност се показатели кои најчесто се користат при анализата на јавно објавените финансиски извештаи за сопствените компании, конкурентите, индивидуалните купувачи и/или добавувачи, како и пазарните сегменти (сектори, големини,...). Тука од голема корист може да бидат и покомплексните модели за анализа на ликвидноста, како што е пресметката на паричниот јаз (cash gap) (која вклучува и индикација за потребата од обртни средства и поврзаните трошоци за камата) и брзиот тест за финансиска стабилност на Краличек, исто така.


47

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

При сите овие аналитички постапки, важно е да се знаат разликите во карактеристиките на одделните пазарни сегменти од кои произлегуваат сосема различни референтни вредности на поединечни показатели. Не е исто да се набљудуваат вредностите на показателите за задолженост на малите и микро деловните субјекти, со пониски вредности на основниот капитал, во споредба со овие вредности за големите и средните, особено за акционерските друштва, како и локалните членки на меѓународни конгломерати коишто своите финансиски политики ги креираат набљудувајќи ги ефектите за целата групација. Укажувајќи на потребата добро да се избере она што се набљудува и споредува, вреди да се сврти вниманието на фактот дека во 2020 година меѓу нешто повеќе од 141 илјади хрватски деловни субјекти кои објавуваат финансиски извештаи, дури 43 илјади се без вработени, коишто 23,2 милијарди вкупни приходи

ги оствариле со нето загуба од 1,8 милијарди куни, со коефициент на ликвидност далеку под 1,0 (0,63), со коефициент на задолженост од 0,89, со коефициент на финансиска стабилност (долгорочни средства / сопствен капитал и резерви + долгорочни обврски) далеку над 1,0 (1,34). За овој сегмент, нето финансискиот долг (долгорочни и краткорочни обврски кон доверителите намалени за парите) во однос на ЕБИТДА за 2020 година изнесува 35,6 (толку години хипотетички треба за да со ЕБИТДА се намират долговите кон доверителите). Тоа се претежно „напуштени“ компании или таканаречени „громобрани“ (создадени или издвоени за преземање ризици), кои по големина се микро претпријатија и ја расипуваат сликата за „стандардниот“ вкупен сектор на микро - претприемништво, па треба да се знае кога и како да се изземаат при анализите. Во активностите на трговија и производство, залихите, нивната тековност и обрт се толкуваат

сосема поинаку, па така и референтните вредности на коефициентите на ликвидност. За разлика од услужните дејности, каде што учеството на залихите во основните средства е никакво или минимално, во трговијата, а особено во производството, ликвидноста се разгледува, меѓу другото, и преку разликата на вредностите на коефициентите на тековната и забрзаната ликвидност, за да се процени зависноста од залихите, односно колкав е притисокот да се уновчат што побрзо. Во услови на криза и стагнација во економскиот циклус, покрај мерењето на степенот на покриеност (01 или 02) на активата со сопствени средства или долгорочни извори, за производните компании станува важен (многу ригорозниот) индикатор за финансиска стабилност 02, кој ги мери долгорочните средства и залихи (коишто во криза поради контракцијата на потрошувачката и побарувачката можат да се


48 ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Ликвидноста, како еден од четирите клучни принципи на бизнисот, е способност на деловниот субјект да ги исполнува договорните обврски во нивните целосни износи и договорени рокови, а директно се толкува и мери на различни начини преку набљудување на односот помеѓу краткорочните средства и краткорочните обврски. претворат во долгорочни средства) во однос на долгорочните извори на финансирање (сопствен капитал и долгорочни обврски). Кога е поголем од 1, што значи дека долгорочните средства и залихите се финансираат и од краткорочни обврски, тоа укажува на потенцијална финансиска нестабилност предизвикана од нестабилно опкружување.

Како пандемиската криза влијаела на индикаторите на ликвидноста

Од трендовите на сите три показатели, од кои се пресметува паричниот јаз, а потоа и посочената потреба за финансирање на обртни средства (дневна потреба од готовина помножена со бројот на денови на паричниот јаз) од надворешни извори (краткорочни кредити) и соодветниот трошок за камата (значително зависен од можната каматна стапка), евидентно е колкаво е нивото на негативниот ефект од кризата во 2020 година. Но, исто така се гледа и покажува и колку одредени групи компании според големината, во претходните 4 години ги подобриле вредностите на некои од показателите. Микро фирмите деновите на

врзување залихи за 2020 година (54) во однос на 2016 година (67) ги скратиле, односно подобриле за 13 дена или за 20,2%, а останатите 3 категории компании (мали, средни и големи) за 12%. Во периодот 2106-2019 година, големите фирми ја свеле наплатата (денови на врзување на побарувања од клиенти) на 30 дена, а во 2020 година сите групи, освен микро, ја влошиле вредноста на овој показател за по 2 дена. Микро фирмите тука го платиле цехот на нивната мала преговарачка моќ, и бројот на денови кај нив се зголемил за 11. Во согласност со оваа негативна промена, индексот на квалитетот на продажбата (побарувања од купувачите/приходи од продажба) се влошил, односно се зголемил од 19,1% во 2019 година на 23,8% во 2020 година (за 4,7 процентни поени, или 25%). Големите ја искористиле својата способност и понатаму брзо да ги наплатуваат своите побарувања (позитивно) да го забрзаат намирувањето на своите обврски кон добавувачите, што им носи позитивни ефекти во вид на намалување на трошоците за набавка на ресурси и услуги, како

и на вложувањата. Средните компании значително „повлекле кочница“, ги продолжиле роковите на плаќање за 9 дена, а малите за 4 дена. Микро фирмите, делувајќи реактивно на продолжувањето на роковите за плаќање, го продолжиле рокот на плаќање за 9 дена. Прашањето е за каков ризик станува збор, односно колку може тоа да ги чини, или колку добавувачите можат да реагираат на таквото однесување со промена на политиките за цени и попуст, доцнење и опаѓање на квалитетот на испораката. На ова се надоврзува и прашањето колку компаниите можат дополнително да се задолжуваат заради заштита на ликвидноста, а еден од важните показатели за банките е односот на нето финансискиот долг (краткорочни и долгорочни обврски кон доверителите намалени за состојбата со пари на сметките и во каса) и ЕБИТДА. Кога одобруваат заем, комерцијалните финансиски институции сакаат да бидат сигурни дека компанијата е способна да управува со сопствениот долг и да ја отплати главницата на долгот во „разумен“ рок. nnn



50 СО АМЧАМ НА ТЕМА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ И ДА ЈА НАМАЛИМЕ ШТЕТАТА АКО СТАНЕМЕ ЖРТВА

Н

а овие простори подолго време владее комфор и заблуда дека сме безбедни од компјутерскиот криминал и измами коишто експоненцијално растат на светско ниво, само затоа што сме мала земја и мала економија која е неинтересна за овие криминалци. Ова е донекаде разбирливо бидејќи во последните неколку години имаше мал број на напади “создадени по мерка” и најчесто реализирани со “ransomware” (злонамерен софтвер кој ги енкриптира сите податоци на компјутерот и бара да се плати откупнина за податоците да се декриптираат), насочени пред сè кон компании и финансиски институции, поради поголемата веројатност за максимален профит од страна на криминалците.

Но, времињата се менуваат и според статистичките податоци за кривични дела во периодот од 2018-20201, бројот на кривични дела од овој тип е со пораст од 20% секоја година. Но, не се менува само бројот, туку и целната група на овие напади. Сè повеќе мета на напади стануваат граѓаните и за ова има конкретна причина и соодветно објаснување. Од една страна, компаниите и финансиските институции постојано ги подобруваат системите и ги едуцираат вработените за да создадат поголема отпорност на компјутерски напади и измами, што ги прави се’ потешки за освојување, додека од друга страна се граѓаните кои се многу помалку едуцирани и со тоа заштитени од вакви напади. Дополнително, побарувачката и цената на личните податоци на граѓаните (во кои спаѓаат и

финансиските) на црниот пазар постојано расте и дигитализацијата на трговијата и услугите, како и електронските плаќања го зголемуваат бројот на ”ранливи” точки на граѓаните.

Две групи на компјутерски напади кон граѓаните

Во основа, нападите кон граѓаните може да се поделат во две групи. Во првата група се нападите кои преку измама имаат за цел директно, незаконски да преземат/ украдат финансиски средства и тука спаѓаат измамите со платежни картички и преку електронско банкарство, додека во втората група се нападите кои имаат за цел да извлечат што е можно повеќе податоци за граѓанинот со цел подоцна истите да се продадат на црниот пазар или да се злоупотребат за финансиска измама.

Кривични дела - компјутерски криминал, извор: data.gov.mk

1


51

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

КИРИЛ БУХОВ директор на Сектор за операции и ИТ, Халкбанк, А.Д. Скопје и член на АмЧам Kомитетот за дигитална трансформација

Дигитализацијата на општеството и зголеменото користење на услугите преку паметен уред или компјутер од компаниите и граѓаните ја зголемува изложеноста и ранливоста кон компјутерскиот криминал. Додека повеќето компании имаат воспоставено процеси за намалување на овој ризик преку едукација на вработените и подобрување на системите за заштита, многу малку внимание се посветува на граѓаните. За да можеме сигурно да чекориме напред, потребно е да се подигне свесноста за постоењето на овој ризик кај целата јавност и едукацијата за заштита од оваа закана да се интегрира во образовниот систем со цел и новите генерации да бидат подготвени за иднината. Најсвеж пример за измама насочен кон граѓаните e оној реализиран на почетокот на февруари годинава, кога голем број од нив добија е-маил порака во која од нив, во име на АД Пошта на Северна Македонија се бара да платат трошоци за царинење на пратка во износ од 10,2 МКД. Првата причина за сомнеж е износот, бидејќи најмал апоен на денарот е 1 МКД и ниедно правно лице не смее да користи помала деноминација од оваа. Понатаму, е-маил пораката е испратена од сервер во Канада и упатува на онлајн портал за плаќање со платежна картичка кој е целосно уреден да личи дека припаѓа на АД Пошта на Северна Македонија со сите логоа и атрибути, а дури и URL адресата е конфигурирана да делува дека е легитимна

(https://posta-mk.ddns.net …). Откако ќе се пополнат сите податоци за платежната картичка, како и за секоја трансакција за електронска трговија, трансакцијата се препраќа од страна на криминалците на легитимна интернет продавница во Франција, но не е со износ од 10,2 МКД, туку со износ од 2000 до 4000 ЕУР, почнувајќи од поголемиот износ. За секоја трансакција корисникот добива порака со ОТП лозинка (лозинка за една употреба) од својата Банка во која се гледа реалниот износ на трансакцијата. Доколку корисникот ја внесе лозинката без да обрне внимание на реалниот износ наведен во пораката и притоа го има тој износ на финансиски средства на својата сметка, тогаш трансферот на истиот ќе се реализира. Во спротивно, доколку корисникот

го нема тој износ на финансии, трансакцијата ќе биде неуспешна, но најчесто криминалците повторно ќе се обидат да направат друга трансакција со двојно помал износ и така натаму. На овој начин, тие проверуваат дали внесената картичка е валидна и кој е нејзиниот лимит. Оваа измама спаѓа во категоријата на таканаречен „фишинг“ (phishing), каде што како своевидна мамка се праќа навидум валидна е-маил порака до голем број на корисници, преку која се наведуваат да ги дадат своите лични/финансиски податоци кои понатаму би биле злоупотребени од криминалците. За жал, над стотина граѓани подлегнаа на оваа измама.

Како да не дозволиме тоа да ни се случи и нам?

Прво и најосновно, треба многу


52 СО АМЧАМ НА ТЕМА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

претпазливо да пристапуваме кон секоја е-маил порака која бара од нас лични или финансиски податоци. Ова е особено важно ако ние први не сме иницирале комуникација или плаќање со испраќачот на пораката. Воедно, треба детално да ја провериме пораката на тој начин што ќе ги споредиме прикажаното име на испраќачот (display name) и реалната е-маил адреса од која е испратена пораката. Во добиената порака треба да се избере опцијата “прикажи детали”, каде можат да се видат сите детали за испраќачот и оригиналната е-маил адреса. Ако оваа адреса не завршува со официјалниот домен на претставениот испраќач (на пример …@posta.com.mk, доколку некој се претставува дека е од АД Пошта на Северна Македонија), голема е веројатноста дека се работи за измама. Доколку во пораката има некаков линк кој треба да се следи, треба детално да се провери каде тој води во УРЛ на интернет прелистувачот (во претходно споменатата измама води кон posta-mk.ddns.net , а не кон posta.com.mk). Не треба да се кликне на линкот, туку само да го поставиме покажувачот врз него, по што ќе се прикаже УРЛ адресата. Доколку е различен од официјалниот, најверојатно се работи за измама. Ова е особено важно бидејќи со кликнувањето на линкот може да бидеме наведени на малициозна веб страна која ќе инсталира злонамерен софтвер на уредот кој го користиме, преку кој понатаму може да бидеме жртва на повеќе типови на измама.

Ни се случи и што сега?

Доколку добиеме информација дека сме биле измамени и ни биле украдени финансиски средства, прво што треба да направиме е веднаш да ја блокираме платежната картичка со која е направена трансакцијата. Ова може да се направи преку повикувачкиот центар на банката издавач на платежната картичка, или кај некои банки кај кои постои таа можност, преку интернет банкарство или мобилно банкарство. Следниот чекор е да се пријави измамата со сите детали во најблиската филијала на банката издавач на платежната картичка и да се пополни таканаречен “cardholder letter”, којшто претставува изјава дека трансакцијата не сме ја направиле ние. Оваа изјава истовремено е и барање за поврат на средства и банката издавач на платежната картичка ја препраќа

Најсвеж пример за измама насочен кон граѓаните e оној реализиран на почетокот на февруари годинава, кога голем број од нив добија е-маил порака во која од нив, во име на АД Пошта на Северна Македонија се бара да платат трошоци за царинење на пратка во износ од 10,2 МКД. Првата причина за сомнеж е износот, бидејќи најмал апоен на денарот е 1 МКД и ниедно правно лице не смее да користи помала деноминација од оваа. Понатаму, е-маил пораката е испратена од сервер во Канада и упатува на онлајн портал за плаќање со платежна картичка кој е целосно уреден да личи дека припаѓа на АД Пошта на Северна Македонија со сите логоа и атрибути, а дури и URL адресата е конфигурирана да делува дека е легитимна (https://posta-mk.ddns.net …). до компанијата сопственик на платежната шема (најчесто VISA или MasterCard). По ова тие компании започнуваат истрага и врз основа на заклучоците кои ќе произлезат, може да ги врати средствата. Последниот чекор е да поднесеме барање за реиздавање на картичка во банката издавач на картичката. Дигитализацијата на општеството и зголеменото користење на услугите преку паметен уред или компјутер од компаниите и граѓаните ја зголемува изложеноста

и ранливоста кон компјутерскиот криминал. Додека повеќето компании имаат воспоставено процеси за намалување на овој ризик преку едукација на вработените и подобрување на системите за заштита, многу малку внимание се посветува на граѓаните. За да можеме сигурно да чекориме напред потребно е да се подигне свесноста за овој ризик кај целата јавност, и едукацијата за заштита од оваа закана да се интегрира во образовниот систем со цел и новите генерации да бидат подготвени за иднината. nnn


НЕМА ВЕЌЕ ИЗГОВОРИ ВОЗИ НА СТРУЈА! Бесплатно полнете го Вашето електрично возило со полначите на ПроКредит Банка Симнете ја апликацијата:

mkd.info@procredit-group.com

02/2446-000 | www.pcb.mk


54 МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

ПАНДЕМИЈАТА УШТЕ НЕЗАВРШЕНА, ПОЧНУВА НОВА КРИЗА

КАКОВ ТРЕБА ДА Е БИЗНИС ЛИДЕРОТ НА НОВОТО ВРЕМЕ

Сите “старомодни“ модели за лидерство, како што пишува Harvard Business Review, влечат корени од начинот на кој што се организирани армиите во светот, каде што има прецизно поставена хиерархија и луѓето ја слушаат командата на претпоставениот. Овие модели не функционираат во денешниот свет. Како што пополека „‘рѓосуваат“ бизнис моделите од индустриската ера, моќта се префрла од луѓето што продаваат, на оние што купуваат. Денешниот бизнис лидер мора, пред се’ да е добар слушател, да има разбирање и емпатија. Треба да знае како да ја мобилизира енергијата на луѓето и да ја насочи кон најважната цел – создавање поголема вредност за потрошувачот. Ова пак, за возврат создава повеќе профит за компанијата. Компаниите што постигнуваат високо ниво на задоволство на потрошувачите, но и на вработените, имаат подобри перформанси од оние што го немаат тоа.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

П

орано, лидерството беше едноставно да се опише: им кажуваш на луѓето што да прават. Менаџерите ги гледавме како некакви “херои“. Тие

требаше да решаваат проблеми, нивната техничка експертиза беше на цена, односно целокупното нивно знаење и искуство. Менаџерите требаше да се грижат компаниската машинерија да работи како подмачкана, ништо повеќе. Сите “старомодни“ модели за лидерство, како што пишува

Harvard Business Review, влечат корени од начинот на кој што се организирани армиите во светот, каде што има прецизно поставена хиерархија и луѓето ја слушаат командата на претпоставениот. Овие модели не функционираат во денешниот свет. Како што пополека ‘рѓосува бизнис моделите од индустриската ера, моќта се


55

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

префрла од луѓето што продаваат, на оние што купуваат. Денешниот бизнис лидер мора, пред сè да е добар слушател, да има разбирање и емпатија. Треба да знае како да ја мобилизира енергијата на луѓето и да ја насочи кон најважната цел – создавање поголема вредност за потрошувачот. Ова пак, за возврат создава повеќе профит за компанијата. Компаниите што постигнуваат високо ниво на задоволство на потрошувачите, но и на вработените, имаат подобри перформанси од оние што го немаат тоа. Ако алчноста, арогантноста и нечовечноста беа главните карактерни црти на менаџерот кој прави големи профити, менаџерот на 21 век е антипод на асоцијацијата за тоа како треба да изгледа и што треба да работи менаџерот. Менаџерот на новото време е спротивност на сите “Џек Велчови“ во нашето опкружување кои се убедени дека за да се постигнат саканите цели

во бизнисот треба да се гази и по мртви лешови. Новата економија бара менаџери кои ќе успеат да ги постигнат целите на компанијата и одлични финансиски резултати преку великодушен и фер однос кон вработените, клиентите и добавувачите, менаџер кој им помага на вработените да го најдат соодветното место на кое можат да го дадат својот максимум за остварувањето на визијата и целите на компанијата. Во текот на изминатите неколку години светот на бизнисот доживеа големи проблеми во смисла на доверба и лидерска криза, предизвикани од видовите на претприемништво и менаџмент кои се развија во изминатите неколку децении. Менаџментот се претвори во умешност за создавање вредност на акциите, на легален и нелегален начин. Тоа предизвика криза во легитимноста на бизнис -лидерството. Ковид – пандемијата само ги искомпликува работите уште повеќе. Или што би рекол Марк Бениоф, основачот и директор

Хипотекарен кредит РЕФИНАНСИРАЊЕ НА СИТЕ ИЗЛОЖЕНОСТИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ СРЕДСТВА СО Фиксна каматна стапка од 3,95% БЕЗ административен трошок БЕЗ трошок за проценка на имот, освен првата година Полисата за РИЗИКО осигурување на живот вклучува осигурително

покритие и од КОВИД 19 Промотивно до 30.06.2022 г.

на глобалната корпорација Salesforce, компаниските шефови мора да сторат повеќе одошто само креирање вредност за акционерите. „Голем број компаниски шефови се’ уште имаат прилично испран мозок мислејќи дека работата на еден бизнис е само бизнисот. Така ги научил Милтон Фридман, така се однесуваат и тоа е се’ што знаат да прават“, има изјавено Бениоф и ги разбранува духовите во американскиот и глобалниот корпоративен свет. „И за таквите директори, веројатно е дека никогаш нема да се променат; едноставно, ќе треба да почекаме да дојде нова генерација.“ Според експертите од ИЕДЦ – Бледската школа за менаџмент која е меѓу најдобрите такви школи во Европа, најголем предизвик на менаџментот во 21 век е да изградиме етички и општествено одговорни лидери, кои покрај постигнувањето на бизнис - целите, ќе го стимулираат развојот на општеството.

ЕДНА РАТА ЕДНА БАНКА


56 МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Менаџерите и лидерите денешницата и на иднината, секако, ќе мора да имаат основни професионални и функционални знаења и вештини. Ќе мора, како и денес, да ги разбираат и да се способни да ги применат основните знаења од областа на финансиите, маркетингот, организациските и бихевиоралните науки или човечките ресурси, комуникацијата и управувањето со проекти. Секако, овие теми треба да бидат надградени на меѓународно, па дури и на глобално ниво; на нивото на кое се заснова бизнисот, велат од ИЕДЦ. Значи и пред и после кризата квалитетите што треба да ги има успешен менаџер остануваат исти. Потребни се врвни квалитети во форма на знаење и вештини за управување со процеси, суровини, време и луѓе. Но, ако деталното познавање на бизнисот и процесот кој треба да се менаџира во минатото беа пресуден фактор за добивање на топ менаџерска позиција, денес од секој топ менаџер се очекува огромни способности на флексибилност и прилагодливост на пазарните услови кои се променливи и неретко и не докрај предвидливи. Тоа, пак, подразбира способност за брзо прилагодување, отвореност кон промени и нови предизвици. Искуството и исклучително познавање на современите алатки на информатичката технологија, социјалните мрежи, се веќе услов без кој ниеден топ менаџер не може да функционира, без оглед на тоа во која индустрија работи.

Наградата на менаџерите да не зависи само од профитот

По последната финаниска криза од 2008 – 2009 година, а особено сега среде актуелнава пандемиска криза, за топ менаџерите се’ повеќе станува значајно, покрај нивните технички, управувачки и лидерски капацитети, да поседуваат високи морални вредности, како што се чувство на правичност, чесност и лојалност кон фирмата што ја раководат, но и кон сите заинтересирани страни на фирмата, вклучувајќи ја и

SWOT AНАЛИЗА НА МАКЕДОНСКИТЕ БИЗНИС ЛИДЕРИ

ПОВЕЌЕ ОПАСНОСТИ ОДОШТО МОЖНОСТИ Со помош на неколку менаџмент консултанти од Македонија направивме “крвна слика“ на домашните бизнисмени/ менаџери

СИЛНИ СТРАНИ (Strengths) XXКај постарите бизнисмени постои вроден инстинкт за преживување XX Можност за снаоѓање во комплицирана и често корумпирана средина XX Познавање на бројни домашни играчи од сличен профил во приватниот и јавен сектор

СЛАБОСТИ (Weaknesses) XXНедостиг на знаење, вештини и вклученост во светските економски текови XXДолгогодишна ориентираност само на домашниот пазар и страв од извоз XXСтав дека државата треба да ги реши нивните проблеми XXНедоволно вложување во луѓе, развој и истражување, нови пазари... XXТенденција успехот да ги препишуваат на личните способности, а неуспехот на државата, системот и окружувањето XXВоглавно (пре)мали компании за европски или светски размери XXДел од нив сè уште се подготвени да прифатат мито и корупција како начин на добивање на работа XXИзразена бизнисменска суета која го опструира обидот за капитално поврзување, неспособност на делегирање и желба се да контролираат

МОЖНОСТИ (Opportunities) XXСо оглед на тоа дека поголемиот дел од фирмите се мали гледано во светски размери, кај дел од бизнисите постои можност за зголемување на обемот на работа кога би се свртеле кон извоз XXПомладите генерации на бизнисмени многу повеќе се вклучени во светските текови XXКапиталното поврзување со

други бизнисмени или отворање кон странски инвеститори

ОПАСНОСТИ (Threats) XXТерминот „бизнисмен“ се уште кај дел од луѓето преставува синоним за личност која на сомнителен начин остварува профит XXЗначајно влијание на државата на приватните текови, голема даночна пресија, безбројни административни препреки, трошоци во јавниот сектор, итн. XXОпшта ненаклонетост кон приватни иницијативи како реликт на бившиот систем XXНепостоење на адекватен наследник во втората генерација, и истовремено неподготвеност за продажба на бизнисот по релативна вредност XXПрисутност на мито и корупција како „нормално“, недостаток на етика во работењето XXСтигматизираноста во случај на неуспех многумина ги чини уште попретпазливи при одлуката дали да останат или да се откажат од претприемништво.



58 МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

СТАПИЦИ ЗА МЕНАЏЕРИ: ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ КАКО БИЗНИС ЛИДЕР НА НОВОТО ВРЕМЕ

Менаџирањето на вработените и гледањето како се развиваат професионално може да биде многу благодарно искуство, но од друга страна и предизвик проследен со тешкотии. Кога сите од вас очекуваат мудрост и ефективно лидерство, многу е важно да не ја загубите рамнотежата и треснете со лицето в земја. Избегнете ги најчестите менаџерски грешки и стапици во кои може да западнете, според Inc.com: XXНЕ ДАВАТЕ ПРИМЕР СО СВОЕТО ЛИДЕРСТВО

Вашите вработени гледаат во вас лидер. Затоа, внимавајте како се однесувате на работното место. Слушајте внимателно, комуникацијата нека ви биде јасна, и бидете отворени за идеи и прашања од страна на колегите. Ова однесување ќе биде пример и за вашиот тим. Не дозволувајте вработените да имаат впечаток дека работата им е наметната со сила. Кога им давате задачи и проекти, дозволете им да ви поставуваат прашања во врска со целите на проектот. Објаснете им зошто токму тие се одбрани за конкретната задача. На тој начин тие ќе знаат дека ним сте им ја доделиле задачата затоа што ја цените нивната работа и тоа исклучително ќе ги мотивира да ја сработат најдобро што можат.

XXЗАБОРАВАТЕ ДА ГИ НЕГУВАТЕ МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ

Иако може да постојат две или три хиерархиски скалила помеѓу вас и најмладите колеги по ранг, добро би било да го развивате нивниот талент преку тет-а-тет разговори со нив. На овој начин ќе откриете кои се всушност нивните професионални цели. Преку неформално муабетење со нововработените, ќе научите битни нешта за тоа каде се гледаат себеси во компанијата. Повеќето од младите вработени се желни да зграбат нови предизвици и можности, затоа искористете го тоа дознавајќи каков вид на задачи би сакале да преземат.

XXГИ ИГНОРИРАТЕ ПОСТАРИТЕ РАБОТНИЦИ

Понекогаш се чини дека сликата за најискусните работници како полека да бледнее. Тие ја извршуваат одлично својата работа, но нивната ефикасност и рутина како да не се забележува. Ова може да предизвика тие да се чувствуваат како секој да очекува дека треба да работат беспрекорно и никој не обрнува внимание на тоа. Елиминирајте го ова, со тоа што ќе ги охрабрите да преземат дополнителни

одговорности, за што тие ќе бидат прилично возбудени. Дури и најискусните работници можат да ги зајакнат своите вештини и способности.

XXИЗДАВАТЕ НАРЕДБИ, А НЕ СУГЕСТИИ

Никој не сака да му се шефува цело време. Иако вие сте шефот, треба ова да го имате на ум. Наместо постројано да ги бомбардирате вработените со тоа што треба да направат, дајте им сугестии и охрабрите ги да ги споделат со вас сопствените идеи за тоа кој е најдобриот начин да се заврши работата. На крајот, вашите вработени ќе се чувствуваат повредни, а во нивните очи ќе бидете повеќе лидер отколку армиски командант.

XXНЕ ЈА ПОТТИКНУВАТЕ КРЕАТИВНОСТА

Многу лесно може да заглавите во шемата “истото, па истото, секој ден” во вашата работна средина. Како менаџер, ваша задача е да внесувате свежина во сето тоа. Затоа, мора да стимулирате нови идеи од вашите вработени. Поставете кутија во која тие ќе ги уфрлаат новите идеи, сугестии и предлози, и по извесно време направете увид во неколку позначајни на состанокот со нив. Бизнисот станува подобар преку постојан проток на свежо, креативно мислење, и како менаџер мора да најдете начин да ја наградите креативноста на вашите колеги.

XXСЕ ДРЖИТЕ СТРИКТНО ДО ПРЕТХОДНО ВОСПОСТАВЕНА РУТИНА

Ако превземате менаџерска улога со веќе етаблиран тим, не плашете се да ги измените постоечката практика и процедури, со цел да постигнете поголема ефикасност. Само заради тоа што некоја активност била извршувана на одреден начин веќе подолго време, не значи дека нема место за подобрување. Со инволвирање на персоналот во промената на тие активности на

сигурен пат сте да ги вклопите во новите работни циклуси.

XXНЕ СПОДЕЛУВАТЕ КРИТИКИ И ПОФАЛБИ

Обезбедувајќи повратни информации на вашите вработени треба да е честа активност, а не нешто што се случува само во време кога се поднесуваат извештаи. Вработените треба континуирано да знаат дали работат добро или не, па ако чекате да им го соопштите тоа само кога е формално определеното време, и не е баш најпаметна стратегија. Ако почесто ги споделувате своите критики или пофалби , ќе има простор да се случат подобрувања кај вашите вработени.

XXСКРЖАВИ СТЕ НА ДАВАЊЕ КОМПЛИМЕНТИ

Имате играч во вашиот тим кој постојано работи беспрекорно? Погрижете се да му дадете соодветно признание, во спротивно би можеле да му ги дадете нешто

друго- документите кога ќе се реши да ја напушти фирмата. Ништо не може да го натера вработениот да бара нова средина за докажување, како што може потценувањето на неговиот придонес во резултатите на компанијата. Не штедете ги комплиментите, наградете ги вашите добри работници со бонуси и унапредувања, секогаш кога има прилика за тоа.


59

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

пошироката заедница. “Досега, менаџерите беа набљудувани, и тие така се однесуваа, како високо ефикасни деловни администратори, кои ги разбираат деловните процеси во фирмите, имаат цели на учинок кои треба да ги задоволат, на пример да смалат трошоци или да зголемат продажба или профит, или неколку од овие цели заедно. Тие доаѓаат во фирма, воведуваат некои промени, согласно целите кои ним им се зададени, обично не седат многу во компаниите, ги остваруваат целите (или не), земаат бонуси (или не) и си одат па доаѓаат нови“, велат домашни менаџмент консултанти за „Капитал.“ Според нив кризата го покажа ужасот на краткорочноста на ваквите стратегии и однесувања, од кои главно профитираа менаџерите. Организациската наука ќе мора да одговори на предизвикот менаџерите да бидат ставени во контекст да размислуваат и (нивните бонуси) да зависат од подолгорочни,

стратегиски цели, како на компаниите кои ги раководат, но и на заедницата во кои тие функционираат. “Познаваме менаџери, и во македонската практика, кои сакаат да им се допаднат на акционерите на начин што го зголемуваат профитот, дури и на начин што на долг рок не е одржливо. Ако тоа се прави со намалување на инвестициите во фирмата, и тоа не само во капитални средства, опрема, туку и во луѓе, заради претерано штедење, фирмата навистина може во определен период да има зголемени профити, но ако таа практика продолжи, фирмата може да ги изгуби добрите луѓе, да го изгуби чекорот со технологијата и пазарот и на крај, да изгуби добар дел од потрошувачите“, велат нашите соговорници. Значи дали е добар менаџер или не, не треба да се цени само според тоа што направил и каков ефект остварил во текот на своето управување, туку и кои се ефектите

што настанале за фирмата и другите заинтересирани страни со своето водство, откако тој си отишол. Во Македонија сè повеќе се развиваат менаџерите и менаџерските вештини, од друга страна, сè уште голем дел од менаџерите ја користат својата менаџерска интуиција, која кај некои од нив е доста развиена и која не треба да се занемарува, но има уште доста простор за учење, примена на добрите практики, па и експериментирање. Во реалниот бизнис свет важи поговорката дека теоријата за бизнисот е како високата мода. За неа се зборува, но не може да се носи секој ден. Kога станува збор за примена на новите и современи менаџмент трендови и принципи во пракса тогаш на добар дел од македонските менаџери менаџментот како наука и вештина им станува премногу тесен, а менаџмент теоријата премногу неприменлива за во македонски услови. nnn


60 АНАЛИЗА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

КРИПТО:

ДВОЈНО ДНО ИЛИ УШТЕ ПОДЛАБОКА КОРЕКЦИЈА?

П

озитивните вести и сè поголемиот интерес за инвестирање во криптовалути несомнено го привлекува нашето внимание и ни го отвора прашањето Дали е време за да почнеме да инвестираме во нив? Минатата недела, американскиот инвеститор и филантроп Бил Милер повторно изјави дека цврсто се обложува на пораст на цената на Биткоинот. Зголемениот интерес од страна на традиционалните финансиски институции кои сакаат да учествуваат на крипто пазарот постојано расте. Мултинационалната американска компанија за финансиски услуги Чарлс Шваб поднесе барање за регистрирање на крипто ЕТФ до

Комисијата за хартии од вредност на САД. Бугарската берза (BSE) овозможи крипто тргување на својата платформа. Овие и уште многу други вести, несомнено ни потврдуваат дека криптовалутите се класа на средства во кои можеме да инвестираме и дека уште долго време ќе останат на пазарот.

Што е криптовалута?

Криптовалутата е дигитална валута обезбедена преку еднонасочна криптографија. Се појавува на дистрибуирана книга наречена блокчејн која е транспарентна и се споделува помеѓу сите корисници на постојан и проверлив начин, при што е речиси невозможно да се лажира или пробие. Првичната намера на криптовалутата беше да дозволи онлајн плаќањата да се вршат директно од една до друга

страна без потреба од централен посредник од трета страна како банка. Меѓутоа, со воведувањето на паметни договори, незаменливи токени, стабилни коини и други иновации, дополнителните употреби и способности брзо се развиваат. Вредноста на криптовалутата произлегува од комбинацијата на нејзината дефлаторна природа и перцепцијата дека таа е складиште на вредност, анонимно средство за плаќање или заштита од инфлација. Инвеститорите криптовалутите можат да ги купуваат или продаваат директно на пазарот, можат индиректно да инвестираат на пазарот на фјучерси или со користење на инвестициски производи кои обезбедуваат изложеност во криптовалути.


61

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Што е Биткоин?

Биткоинот е дигитална или криптовалута, наречена така поради криптографијата или непроменливите техники за кодирање, вклучени во блокчејн кодот на кој тие постојат. Намерата на Биткоин е да овозможи онлајн плаќањата да се вршат директно од една до друга страна преку светски платен систем, без потреба од централен посредник од трета страна како банка. Биткоинот не е издаден од ниту една централна банка или влада и не е законско средство за плаќање. Како и многу нови технологии или производи, Биткоинот стана популарен и привлече приврзаници заинтересирани за иновации. Инвеститорите го гледаат како алтернатива на традиционалните инвестиции како што се акции, обврзници и готовина. Тргувањето и порастот на неговата цена го привлече вниманието на медиумите, што доведе до мејнстрим и негово прифаќање. Неодамна, компаниите, вклучително и PayPal, објавија дека ќе го поддржат или прифатат Биткоинот како начин на плаќање.

Додека биткоин не пробие 46.000, останете трпеливи

На графиконите 1 и 2 е прикажана цената на Биткоинот на дневна основа. Со порастот на Биткоинот минатата недела, првото прашање што си го поставуваме е дали имаме формирање на двојно дно или се’ уште сме во хаос и несигурност. Ако Биткоинот успее да покаже дополнителна сила над 46.000 долари, можеме да имаме силен аргумент дека имаме формирање на двојно дно и да започнеме да отвораме долги позиции и да купуваме. ГРАФИКОН 1

СНЕЖАНА ПОПОВСКА CMT, CFTe Технички аналитичар

Со порастот на Биткоинот минатата недела, првото прашање што си го поставуваме е дали имаме формирање на двојно дно или сè уште сме во хаос и несигурност. Ако Биткоинот успее да покаже дополнителна сила над 46.000 долари, можеме да имаме силен аргумент дека имаме формирање на двојно дно и да започнеме да отвораме долги позиции и да купуваме.


62 АНАЛИЗА

11 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1122

Крипто пазарот расте експоненцијално брзо и секојдневно има нови проекти кои решаваат некакви проблематики и нудат нови решенија. За сите што сакаат да бидат дел од него, им советувам да одвојат барем 100 долари како еден вид на школарина, да отворат сметка и да започнат да учат. Во крипто индустријата, изграден е цел финансиски систем наречен Децентрализирани финансии, каде можностите за пасивно инвестирање се огромни. Покрај инвестирањето во проекти кои имаат потенцијал за пораст, истовремено можете да ги позајмувате и/или да ги орочувате вашите токени со цел да остварувате дополнителен приход од вашата инвестиција.

Тоа што можеме да очекуваме е некаков вид на понатамошна контракција пред понатамошно движење нагоре. Додека Биткоинот не пробие 46.000, останете трпеливи. Нашата задача како технички аналитичари, не е да предвидуваме што следно ќе се случи на пазарот, туку да реагираме соодветно на тоа што ни го кажува пазарот. Само и единствено кога ќе имаме доволно докази и конфирмација за формирање на нов тренд на пазарот, сакаме да земеме учество и да бидеме дел од него со цел да оствариме профит. Крипто пазарот расте експоненцијално брзо и секојдневно

има нови проекти кои решаваат некакви проблематики и нудат нови решенија. За сите што сакаат да бидат дел од него, им советувам да одвојат барем 100 долари како еден вид на школарина, да отворат сметка и да започнат да учат. Во крипто индустријата, изграден е цел финансиски систем наречен Децентрализирани финансии, каде можностите за пасивно инвестирање се огромни. Покрај инвестирањето во проекти кои имаат потенцијал за пораст, истовремено можете да ги позајмувате и/или да ги орочувате вашите токени со цел да остварувате дополнителен приход

од вашата инвестиција. Исто така, од први март започна со работа првиот крипто клуб во Македонија. Неговото седиште е Крипто Хаус, каде сите заинтересирани и љубители на блокчејн технологијата имаат можност да научат повеќе за новата технологија и виртуелните средства, да се запознаат и да се дружат. Преку принципот на членство, на членовите ќе им биде овозможено да се дружат, разменуваат искуства за инвестирањето, трговијата и издавањето на крипто средства. За повеќе информации, можете да ја посетите нивната ФБ страна Crypto House. nnn

ГРАФИКОН 2

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција според вашата финансиска состојба.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.