1123- Kapital magzin

Page 1

ПЛАНОТ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ ДО 2026 ГОДИНА

БРИФИНГ СО ТИМОТ ОД АКЦЕЛЕРАТОРОТ УКИМ

НА ДРЖАВАТА ГОДИНАВА Ѝ ТРЕБААТ 730 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДЕФИЦИТОТ ВО БУЏЕТОТ И ЗА РАЗДОЛЖУВАЊЕ

КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА ЗА РАСТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ

business magazine

БРОЈ 1123 l 25 март 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

STAND BY ЉУПЧО ЗИКОВ

COVER STORY АКО ВО 2021 НЕМАШЕ ЧИПОВИ ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА, ВО 2022 ЌЕ НЕМА ХРАНА ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

INTERVIEW

КОЧО АНЃУШЕВ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУПАЦИЈА „ФЕРОИНВЕСТ“

СО НОВАТА КОМПАНИЈА RES ЌЕ ПОНУДИМЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СТАБИЛНО СНАБДУВАЊЕ СО СТРУЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ ЗАПАДОТ НЕ САКА ПОВЕЌЕ ДА ЗАВИСИ ОД АЗИСКИТЕ МИКРОЧИПОВИ САД И ЕВРОПА ЌЕ ИНВЕСТИРААТ ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО НОВИ ФАБРИКИ

НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО ЦЕНИТЕ, БАВЕТЕ СЕ СО КОНЦЕПТИ!

ИНТЕРВЈУА Д-р ТАТЈАНА БАЕВСКА – ВУЧКОВИЌ

генерален директор на Никоб Медикал

РИКАРДО ГУТИЕРЕЗ

генерален секретар на Европска федерација на новинари

ФИЛИП СЕИБ

професор по новинарство и автор



3

КАПИТАЛ... 1123

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

04

STAND BY

Љупчо Зиков

Не гледајте во цените, бавете се со концепти!

25 МАРТ 2022

08

16

Инвазијата на Путин ја измести целата светска економија

Кочо Анѓушев

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Ако во 2021 немаше чипови поради пандемијата, во 2022 ќе нема храна поради војната во Украина

претседател на групација „Фероинвест“

22

ЕКОНОМИЈА

Планот за задолжување до 2026 година

На државата годинава ѝ требаат 730 милиони евра за дефицитот во буџетот и за раздолжување

36

30

Е-ТРГОВИЈА

ИНТЕРВЈУ

Д-р Татјана Баевска – Вучковиќ

42

генерален директор на Никоб Медикал НИКОБ Медикал е иновативна здравствена установа посветена на 24 часовна медицинска заштита на граѓаните

Гео-блокирањето пречка за поголем интернет шопинг бизнис Зошто 72,5% од е-продавниците во регионот продаваат онлајн само на домашни купувачи?

ИНТЕРВЈУ

Филип Сеиб

професор и автор Кремљ глобално ја изгуби информативната војна

STAND BY Љупчо Зиков.......................................................04 Не гледајте во цените, бавете се со концепти!

ЕКОНОМИЈА Планот за задолжување до 2026 година..................................................22

ИНТЕРВЈУ Рикардо Гутиерез,

COVER STORY Инвазијата на Путин ја измести целата светска економија......................08 Ако во 2021 немаше чипови поради пандемијата, во 2022 ќе нема храна поради војната во Украина

ИНТЕРВЈУ Д-р Татјана Баевска – Вучковиќ директорка на Никоб Медикал...................30 НИКОБ Медикал е иновативна здравствена установа посветена на 24 часовна медицинска заштита на граѓаните

Новинарите не смее да се таргет

ИНТЕРВЈУ Кочо Анѓушев, претседател на групација „Фероинвест“...................................16 Со новата компанија RES ќе понудиме за македонските компании стабилно снабдување со струја од обновливи извори

генерален секретар на Европска федерација на новинари................................46

СВЕТ Западот не сака повеќе да зависи од азиските микрочипови....................50 САД и Европа ќе инвестираат десетици милијарди долари во нови фабрики

Е-ТРГОВИЈА Гео-блокирањето пречка за поголем интернет шопинг бизнис........................36 Зошто 72,5% од е-продавниците во регионот продаваат онлајн само на домашни купувачи?

СТАРТАП СЦЕНА Разговаравме со тимот од Акцелераторот УКИМ...............................54 Континуирана поддршка за растот на македонскиот стартап екосистем

ИНТЕРВЈУ Филип Сеиб, професор и автор...............42 Кремљ глобално ја изгуби информативната војна

АНАЛИЗА Снежана Поповска, CMT, CFTe, технички аналитичар.......................................60

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 24.03.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


КОЛУМНА / STAND BY / /

НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО ЦЕНИТЕ, БАВЕТЕ СЕ СО КОНЦЕПТИ!

А

ко во 2021 година, на глобалниот светски пазар, немаше чипови поради пандемијата со ковид, сега во 2022 ќе нема храна поради нападот на Русија врз Украина. Ова е насловот на големата тема во овој број на Капитал, на нашиот Игор Петровски, која се занимава со тоа кои се најголемите ризици по светската економија и регионалните мали економии денес во време на една нетипично локална војна меѓу две земји кои, на пример, произведуваат 25% од вештачко ѓубриво во светот, произведуваат огромни количества пченица со што го држат светскиот пазар на храна. Цените на најважните енергенси се во небо и се исто зависни од состојбите таму ... Прочитајте ја оваа важна анализа како би имале пред вас поширока слика за тоа што точно во моментов се случува на светската економска сцена. Прашањето денес е не што се случило (сите знаме што се случува), туку зошто се случува (?) и како Македонија од ова ќе излезе. Дали уште послаба или ќе излезе по силна? Веројатно веќе и не броиме по кој пат во дваесеттиот и во дваесет и првиот век човештвото доаѓа на работ на катастрофа од глобални размери, во зона на силна економска и социјална загрозеност, закана од катастрофална војна, па и нуклеарна, силна медиумска војна, креирање на стрес кај граѓаните и кај компаниите. На крајот заклучокот е дека и Првата светска војна и

4

КАПИТАЛ

25 I 03 I 2022

Љупчо Зиков

Прашање за овие „голтариве во политиката„ што деновиве низ медиумите силно не забавуваат со промислата дека голтари влегле во политиката, а милионери излегле: Може ли еж, кој на патот е прегазен од автомобил, да сфати што е мотор со внатрешно согорување? Таков е односот на македонскиот политичар, директор и работник овде кон економијата и егзистенцијалните прашања. Поентата не е секој ден да гледате во екран колку е цената на нафтата и другите енергенси, и да се губите поради тоа, туку како македонската држава и економија подобро да се справи со сите шокови, и тоа на среден и долг рок. На краток рок секако ќе преживееме... Затоа што да се умре и да се плати никогаш не е доцна. Е за ова треба поголема сериозност и бавење со концепти, треба стратешка промисла и многу работа, а не тресење зелени. Втората светска војна, а веројатно и Третата ако ја има (некои велат дека веќе ја имаме и тоа не само во Украина, туку реално од порано!?) всушност се големи настани по кој се менува распоредот на големата економска мапа. Низ тој процес на мапирање,

се скицираат и им се дава легитимитет на новите економски сили. Се разбира потоа тоа ја менува и светската геополитика на моќните држави и влади. Нивниот број повторно нема да биде голем но сега веќе секому ми е јасно дека ќе биде зголемен.

Светската економија, е во инфлација. Некои научници ова време, втор пат во педесет години го нарекуваат стагфлација (прв пат во седумдесеттите години нешто по крајот на Виетнамската војна). Станува збор за состојба на стагнација на економските процеси во светот (пред се намалување на инвестициите), анемија на владините економски политики, и тоа проследено со зголемен раст на цените на најголемиот дел од производите ... Лично не сум сигурен дали можеме да ја мериме стагнацијата во светската економија во овој момент, но загубите што ги прават многу индустриски и енергетски сектори во моментот сигурно укажуваат дека и да немаме стагнација сега, таа би можела да стане присутна утре, поради високото ниво на финансиско истоштување. И на крај, како што велат ... пак „добри„ од се ова ќе излезат само банките. Затоа што и државите, и компаниите и граѓаните своите финансиски дебаланси ќе ги „испеглаат„ токму таму!? Како се ова ќе влијае врз граѓаните, и какви отприлика економски политики треба да се водат? Сигурно нема да кажеме ништо ново напишеме дека и во Македонија најголемиот товар и од овие кризи ќе го понесат компаниите и граѓаните. И дека владата треба да носи пакети економски и социјални мерки во разни сфери! Како што и прави владата. Пред десетина дена беа донесени клучни мерки за економијата ... Нив веќе ги анализиравме. Од друга страна она што фали е можеби добра анализа на концептот за тоа како треба да се движи македонската економија и компаниите во неа, не ljupco.zikov@kapital.mk



КОЛУМНА / STAND BY / / само во овие денови на криза, туку и воопшто ... Како да се покренат факторите кои го зголемуваат бруто домашниот производ чии стапки треба секогаш да бидат на нивото над 5% или 6%, па и повеќе. Како да излеземе од еден резон во кој функционираме од независноста во 1991 до денес и да влеземе во некоја претпоставена нова фаза, но со силна движечка енергија. Ера на новите универзални технолошки концепти имплементирани низ индустриите, зголемување на продуктивноста на компаниите, зголемување на продуктивноста на работниците, развој на претприемништвото и фаза на создавање на нови македонски компании кои ќе ја менуваат структурата на стопанството. Можеме ли се ова да го дигнеме на ниво на една нова мантра, која ќе не извлече од „комотната зона„ во која бараме милион алибија да докажеме дека ние сме сиромашни и дека ништо не можеме да направиме, во зона надвор од комоција во која ќе се фатиме за работа и од тоа и општеството и граѓаните и компаниите ќе почувствуваат силен позитивен ефект? Тоа е клучното прашање. Затоа што економските политики не се цел сама за себе кај владата туку со нив треба да се оствари целта а тоа е повисок животен стандард на граѓаните, по силни компании кои ќе ги прават среќни своите вработени, подобра инфраструктура, по цврсти институции ...

На пример, еве како за едно прашање размислува реформаторот на Полска Лешек Белцерович! “Мислам дека сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Сиромаштијата може да се намали преку инвестиции во реалниот сектор на компаниите и преку зголемување на продуктивноста и отворање на нови работни места. Сиромашните нема да станат побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Од друга страна, државата е должна да ги кине врските меѓу државата и моќни луѓе во бизнисите! Ако приходите на богаташите всушност доаѓаат 6

КАПИТАЛ

25 I 03 I 2022

од нивните врски со властите, тогаш тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста во можностите кои се дадени за секого во едно општество. Односно еднакво талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование. Би додал и еднаков пристап до можностите за бизнисот и пристапот до финансиите. Лешек Балцерович, кој е угледен професор на Варшавската школа, важи за архитект на трансформацијата на Полска од комунизам во капитализам (толку потребно на Македонија денес три децении од распадот на СФРЈ држава за која, ако ги прашате постарите ќе ви кажат дека ако некогаш Македонецот најубаво живеел тоа било во СФРЈ од 1945 до 1990). Што секако, како заклучок е за посебна социо-психолошка анализа, но за тоа во друга погодна прилика. Оттука, заклучоците на повеќе наши соговорници е дека проблем е концептот и пристапот кон реформите за растот на економијата, кој е се’ уште застарен. Нашите идеолошки гледања кон современата социологија на животот е ретроградна и кочничар на развојот. Македонското општество не е ниту до пола од патот на трансформацијата ... На пример, Балчеровиц, од позицијата на вицепремиер и министер за финансии во 1989 спроведувал „шок терапија“ за да се справи со хиперинфлацијата и од плански водена да создаде современа пазарна економија целосно ослободена од шепите на државата. Високите стапки на економски раст што и во време на економска криза ги остваруваше Полска во минатите години и притоа, во последните 25 години остана единствена земја во Европа што одбегна рецесија се доказ дека тој добро си ја завршил работата”. Не така одамна тој даде интервју за Капитал. Зборуваше за тоа што треба една држава да направи за да изгради стабилни темели за економски развој. „Државата е лош менаџер“, вели Балцерович и додава дека „ независноста на државните институции и администрацијата од политичките партии е клучна, бидејќи кога државата е окупирана од една групација демократијата ја снемува и тоа вообичаено се одразува лошо на економијата“.

Тој вели дека земјата треба да биде што поотворена, да се залага за задржување на ниски даноци, но во исто време да ја зајакне контролата на трошењето на народните пари!

Промена на концептот на македонскиот мисловен процес Многу професори и економски аналитичари имаат кажано дека во Македонија, речиси сите влади во триесетте години независност често прибегнуваа кон некакви квази популистички политики без подлабоки анализи кон што водат тие. Авторитарните политики на Никола Груевски видовме до што не донесоа. Но, на пример, во поново време со новата влада на Зоран Заев од 2017 година, таква политика, беше воведувањето на прогресивниот данок (денес коригирано и повторно враќање на рамниот). За прогресивниот данок се велеше дека ќе ги израмни социјалните разлики, што се покажува во цел свет како неточно. Оти, данокот сам по себе не може ништо да балансира. Тоа е само давачка. Други политики коригираат состојби. Имавме коментари од високи државни чиновници своевремено кога се воведуваше прогресивниот данок: „Како прво, се очекува да се намалат социјалните разлики, со што ќе се подобрат општествената кохезија и довербата помеѓу луѓето, односно она што економистите денес го нарекуваат општествен капитал! Второ, ќе се изврши редистрибуција од оние што заработуваат повеќе (!?), кон оние што заработуваат помалку. Поради тоа што оние што заработуваат повеќе имаат помала склоност кон потрошувачка, со ова ќе се зголеми вкупната потрошувачка во општеството, со што, пак, ќе се влијае позитивно врз економската активност (!?)„. Прво, во најново време се покажува дека на оние кои заработуваат малку, колку и да им ја зголемите платата тие денес излегуваат на меѓународниот пазар на работници и среќата си ја бараат на отворена светска сцена. И тоа го прават не само заради малите плати во Македонија, туку многу повеќе поради можностите за поквалитетен живот, можностите за добивање на нови квалификации, повеќе знаење и посилна професионална иднина и квалитетен живот за своите деца. За да социјалната нееднаквост ljupco.zikov@kapital.mk


КОЛУМНА / STAND BY / / се намали, и да се зголеми општествената кохезија, се потребни нови (квалитетни) работни места, и што е многу важно денес подобро платени. Денес е евидентно трансформација и транзиција на старите и конвенционални индустрии кои сега бараат многу нови инвестиции за да држат чекор со регионот и пошироко! Поради застареноста на индустриите и стариот пристап на македонските сопственици и менаџери, продуктивноста е многу мала, а мал и мотивот за работа! Следствено многу малку силните професионалци можат да напредуваат низ македонските компании и јавната администрација. Оттука, најдобра социјална политика е отворањето на новите работни места (се разбира не во јавната администрација, или не само таму, или помалку таму, а многу повеќе во македонскиот приватен сектор и компании основани од македонски граѓани). Што се однесува до зголемувањето на општествената кохезија на разните групи во Македонија, искажана од устата на политичарите (!?) таа е нарушена поради повеќе процеси во минатото, се нарушува веќе триесет години од независноста до денес. На пример од приватизацијата која започна некаде во 1993 година до денес. Од друга страна, после приватизацијата голем дел од општествените групи во земјата беа под силен удар на бесперспективноста на економијата и нејасните намери на новите сопственици на компаниите, кои многу малку се интересираа за бизнисот на претпријатијата што ги приватизираа, а многу повеќе се интересираа за финансиските трансакции меѓу фирмите што ги приватизираа и банките кои ги кредитираа. Компаниите се задолжуваа, голем дел од недвижностите на фирмите одеа кај банките во хипотека, парите се трошеа ненаменски ... Работниците почнаа да го губат мотивот на работа, оти немаше лидерство и стратешко промислување во компаниите. Немаше нови пазари, се губеа старите, компаниите се вртеа на внатре преку исклучиво врски со сите влади. Продуктивноста паѓаше и тоа е отприлика сликата денес ... Секоја чест на силните позитивни исклучоци. Коментар заслужува и ставот facebook.com/ljupco.zikov

Она што фали е можеби добра анализа на концептот за тоа како треба да се движи македонската економија и компаниите во неа, не само во овие денови на криза, туку и воопшто ... Како да се покренат факторите кои го зголемуваат бруто домашниот производ чии стапки треба секогаш да бидат на нивото над 5% или 6%, па и повеќе. Како да се зголеми продуктивноста кај компаниите и кај работниците. Од друга страна, можеме ли се ова да го дигнеме на ниво на една нова мантра, која ќе не извлече од „комотната зона полна со алибија„ во која бараме да докажеме дека ние сме сиромашни и дека ништо не можеме да направиме во врска со тоа, во зона надвор од комоција во која ќе се фатиме за работа

на политичарите дека со економски политики и длабоки промени можело да се оди кон прераспределба на богатството (од богатите демек кои заработувале повеќе кон оние кои не заработувале или заработувале

помалку). Заклучокот е дека со ваква идеолошко дефинирана платформа нема развој на економија, уште помалку повисоки стапки на раст на Бруто општествениот производ. Затоа што ниту тие што заработуваат повеќе се богати (заработката не е богатство!!??), а и не заработуваат кој знае колку! Ниту оние кои се сиромашни ќе бидат побогати или помалку сиромашни. Демагошки е и тежок товар на општеството е да се мисли дека ако се земе од групите кои заработуваат повеќе (директори, сопственици, интелектуалци, ИТ професионалци, спортисти, уметници), сиромашните ќе биле побогати. Па нели тие се само 1%. Со оглед на тоа дека нели немаме средна класа, тоа значи 99% се сиромашни. Ајде да речеме дека еден добар процент се накај средна класа. Па како тогаш 1% вакви богати како што ги гледаме низ улиците на македонските градови ќе ја подобрат состојбата на остатокот сиромашни? Оттука, наместо да ги гледате овие 1% професионалци, претприемачи, инвеститори, доктори, професори за кои треба да се бара можност како перманентно да остваруваат поголеми приходи затоа што се моторот на растот, секоја економска политика мора да се бави со целта - како да се зголемат приходите на останатите 99%! Во оваа поента треба да лежи основата на секоја идна сериозна и структурно фундирана економска реформа во земјата! Значи, како да се зголеми приходот на професионалците! Оти, зошто некој доктор би останал во оваа земја ако платата му е 800 евра, кога за истата работа во Словенија или Австрија би земал 1.500 до 2.000 евра, и при тоа никој нема да го праша на која партија е член!? Зошто приватен земјоделец би останал на својата земја чекајќи и субвенции за годишен принос од да речеме 1.500 евра месечно, кога без да му ја мисли и да чека субвенциите да му стигнат, тој во Швајцарија или Германија работејќи на земјата на некои други газди може да заработи и до 3.000 евра притоа работејќи повеќе работи? Не заборавајте дека зборуваме за најголем дел социјални категории на граѓани каде императивот им е голата егзистенција. Излезете малку од Малиот ринг на Скопје, посетете ја Македонија низ внатрешноста па ќе разберете што пишувам  КАПИТАЛ

25 I 03 I 2022

7


8 COVER STORY 25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

COVER STORY

ИНВАЗИЈАТА НА ПУТИН ЦЕЛАТА СВЕТСКА ЕКОН

АКО ВО 2021 НЕМАШЕ ЧИПОВИ ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА, ВО 2022 ЌЕ НЕМА ХРАНА ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА


9

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

автор:

На недоволно закрепнатата глобална економија од пандемијата, како долевање масло на огнот доаѓаат и последиците од војната во Украина – нарушени се практично сите синџири на снабдување, од енергенси, преку клучни метали, минерали и други суровини, но најзагрижувачко е веројатно загрозувањето на светското производство на храна. Украина и Русија се големи светски извозници на жито и други земјоделски култури, но и снабдувачи на многу економии со вештачки ѓубрива потребни за производство на храна. Цените на сите суровини се отидени до небо, а во тешка положба се и македонските земјоделци, чие што производство станува се’ понеизвесно.

Фото: James Gregg, Austin American Statesman

ИН ЈА ИЗМЕСТИ НОМИЈА

ИГОР ПЕТРОВСКИ

В

ештачкото ѓубриво не е многу секси тема за муабет, но деновиве и тоа како имаме причина да размислуваме околу оваа, навидум неинтересна ставка. И да бидеме дури и загрижени. Зошто? Затоа што војната во Украина е во голема мера поврзана со снабдувањето со вештачко ѓубриво во светот, без коешто нема земјоделски приноси, а без земјоделски приноси нема храна. Деновиве Блумберг, Њујорк Тајмс и други светски медиуми беа преплавени со наслови за тоа дека е загрозена глобалната понуда на вештачко ѓубриво, поради тоа што Русија, Украина и Белорусија обезбедувале преку 25% од светските потреби. Цените на овој инпут потребен за земјоделците се повеќе од двојно покачени за една година, и поради други причини: лимитираната понуда на минерали што се користат во производството на ѓубриво, високи цени на енергијата, зголемената побарувачка, релативно малата конкуренција во овој сектор, итн. Коментаторот на Блумберг, Хавиер Блаз, имаше драматичен твит деновиве на оваа тема: “Ова е, можеби, една од темите која најмногу ја запоставуваме во моментов, а ќе има огромни последици подоцна во текот на годинава“, напиша тој. Според Њујорк Тајмс пак, нарушувањето во снабдувачките синџири на ѓубриво и храна може да доведе до глобална криза со храната, што ќе значи качување на трошоците за овошје, зеленчук и други производи во САД и другите развиени земји, но опасност од глади хуманитарна катастрофа во сиромашните земји од т.н. трет свет. Да не заборавиме, Украина и Русија се исто така големи извозници на жито и други прехранбени производи, како и голем број суровини, метали, неметали, итн., а сето тоа сега е загрозено поради војната на самата територија на Украина и економските санкции кон Русија. Кризата со вештачкото ѓубриво е само една од тешките последици што по светската економија, се’ уште неизлезена од ковид – кризата, ја има војната во Украина. Ниту една земја каде што земјоделието е значајна ставка


25 МАРТ 2022

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

ДВИЖЕЊА НА ЦЕНИТЕ НА КЛУЧНИТЕ СУРОВИНИ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ БРЕНТ СУРОВА НАФТА ($/барел)

ПЧЕНКА И ПЧЕНИЦА ($/бушел)

ЕВРОПСКИ И АМЕРИКАНСКИ ПРИРОДЕН ГАС ($/MMBtu)

ИНДЕКС НА МЕТАЛИ (2016=100)

Извор: Bloomberg, USDA, Datastream, IMF

во домашната економија нема да остане имуна на овие последици, како ни Македонија. Земјоделците веќе неколку месеци се жалат дека ѓубривата им се драстично поскапени, а допрва ситуацијата ќе се влоши. Директорката на Рурална коалиција Лилјана Јоноски деновиве за македонските медиуми изјави дека според нивните сознанија, цената за вештачките ѓубрива за македонските земјоделци се речиси трикратно поскапени од почетокот на годинава. Според неа, цените на храната во вакви услови, неизбежно ќе растат. „Веќе сме сведоци на покачувањето на цените на производите од увоз, но тоа апсолутно ќе се случи и со домашното производство со оглед на тоа што целокупното поскапување на репроматеријалите, семенските

материјали, трошоците за одржување на земјоделските посеви, нафтените деривати, струјата ќе значи и поскапување на земјоделските производи и на храната воопшто“, вели Јоноски. Таа додава дека дел од ѓубривата кај нас се набавуваат од Србија, Бугарија, Грција меѓутоа тоа се далеку помали количини. Воедно, земјите започнуваат да го чуваат ѓубривото за свои потреби поради скапиот увоз од Русија.

Државата најави помош за земјоделците

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски на почеток од месецов најави финансиска поддршка за производителите на житни култури, односно за надополнување на разликата на цените за ѓубриво и на останатите репроматеријали, а се со цел да се анулираат зголемените трошоци за ѓубрива, за земјоделците да имаат рентабилно производство

во овие услови на зголемени цени на репроматеријалите. „Планирани се околу 120 милиони денари кои ќе бидат наменети за субвенционирање на трошоците за ѓубрива. Конкретно, според анализите поради регистрираниот пораст на цените на вештачките ѓубрива планирана е поддршка од 2.500 денари по хектар за направен трошок за набавени вештачки ѓубриња и тоа во количина најмалку од 200 килограми по хектар. Корисници на оваа подмерка се носители или членови на земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани површини со пченица и јачмен.“, објасни министерот Николовски. Покрај овие пари за вештачките ѓубрива, Министерството за земјоделие во интервентниот фонд предвидува уште 130 милион денари за поддршка


11

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

на земјоделците во останатите растителни култури и сточарите. Овие средства се надвор од директните плаќања за субвенции и се предвидени како дополнителна поддршка за земјоделците за ублажување на проблемите со скапата нафта, ѓубрива и други инпути. „Сите барања на земјоделците ќе бидат земени предвид. Се планира проширување на интервентниот фонд со дополнителни мерки за говедарство, живинарство и за други земјоделски гранки каде што е потребна помош. Субвенциите за трите мерки за набавка на вештачки ѓубрива, за предадени јагниња и гоеници во кланични капацитети ќе бидат исплатени до 30-ти јуни годинава. Ги следиме состојбите и навремено ги преземаме сите потребни мерки за земјоделците да имаат помали трошоци, одржливо производство, да има стабилност на пазарот на храна“, рече министерот Николовски во емисијата Топ тема деновиве. Тој исто така спомна дека во однос на пласманот

на земјоделските производи, мобилизирани се сите сектори во министерството но и дипломатско конзуларните претставништва, со кои е разговарано за изнаоѓање на алтернативни пазари за производите што се извезуваат во Украина и Русија, но и за набавка на вештачки ѓубрива.

Три главни канали на прелевање на кризата

Освен страдањата и хуманитарната криза од руската инвазија на Украина, целата глобална економија ќе ги почувствува ефектите од забавениот раст и забрзаната инфлација, вели и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот најнов осврт. Според ММФ, ефектите врз глобалната економија ќе бидат проследени преку три главни канали. Прво, повисоките цени на стоките како што се храната и енергијата дополнително ќе ја поттикнат инфлацијата, со што ќе се намали вредноста на приходите и ќе се намали побарувачката. Второ, особено економиите на

Русија и Украина, како и земјите од нивното непосредно окружување ќе се измачуваат со нарушената трговија, синџирите на снабдување и девизните дознаки од странство, како и со огромниот број бегалци. И трето, намалената доверба во бизнис секторот и нараснатата неизвесност кај инвеститорите ќе влијаат на цените на активата и сите видови средства, поради што ќе се затегнат финансиските услови и потенцијално ќе се поттикне на одлив на капитал од пазарите во развој. Русија и Украина се големи светски производители на суровини, а војната веќе предизвика голем раст на глобалните цени на практично сите суровини, особено на нафтата и природниот гас. Трошоците за храна скокнаа, а пченицата, каде што Украина и Русија сочинуваат 30 отсто од светскиот извоз, достигна рекордни ценовни нивоа. Освен глобалните прелевања на негативните ефекти од кризата, земјите што се директно зависни од трговија, туризам и финансиска


25 МАРТ 2022

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

К

ризата со вештачкото ѓубриво е само една од тешките последици што по светската економија, се’ уште неизлезена од ковид – кризата, ја има војната во Украина. Ниту една земја каде што земјоделието е значајна ставка во домашната економија нема да остане имуна на овие последици, како ни Македонија. Земјоделците веќе неколку месеци се жалат дека ѓубривата им се драстично поскапени, а допрва ситуацијата изложеност, ќе почувствуваат дополнителни притисоци. Економиите зависни од увоз на нафта ќе забележат поширок фискален и трговски дефицит и поголем инфлациски притисок, иако некои извозници како оние на Блискиот Исток и Африка може да имаат корист од повисоките цени. Поострите зголемувања на цените на храната и горивото може да поттикнат поголем ризик од немири во некои региони, од Субсахарска Африка и Латинска Америка до Кавказ и Централна Азија, додека тешкотиите во обезбедувањето храна веројатно дополнително ќе се зголемат во делови од Африка и на Блискиот Исток. Тешко е да се измерат овие негативни ефекти, но веќе гледаме дека нашите прогнози за раст веројатно ќе бидат ревидирани следниот месец кога ќе понудиме поцелосна слика во нашиот Светски економски преглед и регионалните процени, велат од ММФ.

Следи фундаментална промена на глобалниот економски и геополитички поредок

ќе се влоши. Министерот за земјоделие Љупчо Николовски на почеток од месецов најави финансиска поддршка за производителите на житни култури, односно за надополнување на разликата на цените за ѓубриво и на останатите репроматеријали, а се со цел да се анулираат зголемените трошоци за ѓубрива, за земјоделците да имаат рентабилно производство во овие услови на зголемени цени на репроматеријалите.

Подолгорочно, војната може фундаментално да го промени глобалниот економски и геополитички поредок доколку се променат каналите на трговијата со енергија, се реконфигурираат синџирите на снабдување, се фрагментираат платежните мрежи и ако земјите ги преиспитаат своите девизни резерви. Зголемената геополитичка тензија дополнително го зголемува ризикот од економска фрагментација, особено за трговијата и технологијата. За Европа конкретно, ММФ потврдува дека последиците за Украина веќе се огромни. Невидените санкции кон Русија ќе го нарушат финансиското посредување и трговијата, неизбежно предизвикувајќи длабока рецесија таму. Депрецијацијата на рубљата ја поттикнува инфлацијата и дополнително го намалува животниот стандард на населението. Енергијата е главниот канал за прелевање на кризата во Европа бидејќи Русија е клучен извор на природен гас за континентот. Поширок прекин на синџирот на снабдување исто така може

да биде последица. Овие ефекти ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе го забават закрепнувањето од пандемијата. Источна Европа ќе доживее зголемени финансиски трошоци и пораст на бегалците. Таа ги апсорбира повеќето од трите милиони луѓе кои досега избегаа од Украина, покажуваат податоците на Обединетите нации. Европските влади, исто така, може да се соочат со фискални притисоци од дополнителните трошоци за енергетската безбедност и буџетите за одбрана. Додека странската изложеност кон падот на руските средства е скромна според светските стандарди, притисоците врз пазарите во развој може да растат доколку инвеститорите бараат побезбедни засолништа. Исто така, повеќето европски банки имаат скромна директна изложеност кон Русија.

Силно ќе бидат погодени производителите на автомобилски делови во Македонија

Конкретно за македонската економија, ефектите се очекуваат да дојдат индиректно преку


50 х

20.000 МКД

Промотивно

до 31 Мај

Без

трошоци за проценка и одобрување

НЛБ Станбен кредит

Вистинска можност да живееш по свое!

Аплицирај за НЛБ Станбен кредит до 31 мај и учествувај во големата наградна игра „НЛБ за млади!“. Правилата за наградната игра се објавени на www.nlb.mk


25 МАРТ 2022

14 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Покрај секторот земјоделие, храна, трговија, многу значаен сектор за домашната економија кој е засегнат од војната од Украина е и секторот на добавувачи на светската автомобилска индустрија коишто работат во слободните економски зони и надвор од нив. Прогнозите се дека поради Украина ефектот во Европа ќе има 15% пад на производство, односно 1,7 милиони возила помалку. Во февруари веќе имаме пад на бројката на нови продадени возила во ЕУ за 6,7%, односно 6,4% за првите два месеци годинава. Во земјава моментално работат околу 50-тина фабрики за производство на автомобилски делови. Грубите пресметки покажуваат дека кај индустријата за автомобилски делови, односно компаниите од овој сектор во и надвор од зоните, се создава над 60% од вкупниот извоз на земјата.

намалување на надворешната побарувачка од европските пазари, каде што се продаваат над 90% од сите домашни производи. Директната трговска размена со Русија и Украина е мала, но сепак одредени сектори ќе претрпат штети и поради тоа. „Намалување на надворешната побарувачка е особено значајно за нас и видовме претходно во неколку други кризни ситуации дека тоа се одразува брз преку намалување на нашата економска активност. Вториот аспект се цените, ние како мала и отворена економија сме зависни од увоз на одредени стоки и во моментов за нас клучни се движењата на цените на енергенсите и на храната. Веќе досега сериозно ги почувствуваме поместувањата на пазарот во овој дел кои настанаа и поради други причини и тоа се рефлектираше со повисока цена и на електричната и топлинската енергија, а сега веќе и на нафтата и нафтените деривати“, рече универзитетскиот професор Марјан Петрески. Тој објаснува дека во овие околности, планираниот економски раст од околу 4% е тешко достижен, а последиците од тоа и од зголемувањето на цените, значително ќе ги почувствуваат граѓаните. Покрај секторот земјоделие, храна, трговија, многу значаен сектор за домашната економија кој е засегнат од војната од Украина е и секторот на добавувачи на светската автомобилска индустрија коишто работат во слободните економски зони и надвор од нив. Прво, војната директно ја погодува набавката на метали

и други суровини потребни за автомобилската индустрија, од друга страна Русија и Украина се големи пазари за автомобили, околу два милиони возила годишно. Дополнително, локдауните во Кина поради повторното разгорување на ковид-вирусот влијаат на целиот синџир на набавки ,затоа што таму се наоѓаат голем број на фабрики добавувачи на светските автомобилски брендови. Земјотресот во јапонската област Фукушима од пред десетина дена привремено затвори три фабрики лоцирани таму на Renesas, голем светски добавувач на електронски компоненти за автомобилската индустрија. „Прогнозите се дека поради Украина ефектот во Европа ќе има 15% пад на производство, односно 1,7 милиони возила помалку. Во февруари веќе имаме пад на бројката на нови продадени возила во ЕУ за 6,7%, односно 6,4% за првите два месеци годинава.“, вели Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство во земјава и директор на фабриката за автомобилски компоненти на германскиот гигант од оваа сфера Костал, лоцирана во Охрид. Мизо потсетува дека автомобилската индустрија во светот веќе беше погодена од пандемијата, најмногу преку недостигот на микрочипови, но и други компоненти, што резултираше со пад на производството и продажбите, при што особено беше погодена Европа, каде што се забележа најлошата година во последните

35 – пазарот на нови возила падна на нивото од 1985. Бројката беше за 1,7% пониска од 2020, која веќе беше ужасна година за овој сектор. Германија предничеше во падот, со 10,1%, најмногу поради намаленото производство на неколку клучни модели на Фолксваген. Не треба да заборавиме дека најголем дел од производството на автомобилски делови и компоненти од фабриките во Македонија одат токму за Германија. Во земјава моментално работат околу 50-тина фабрики за производство на автомобилски делови. Грубите пресметки покажуваат дека кај индустријата за автомобилски делови, односно компаниите од овој сектор во и надвор од зоните, се создава над 60% од вкупниот извоз на земјата. Во ТВ дебата пред неколку денови Мизо кажа дека уште од попладнето на 24-ти февруари, кога започна инвазијата на Украина, веќе се појавија негативните влијанија на производителите на автомобили во Европа. „Ова директно влијае и на компаниите во Македонија, бидејќи добар дел од нас, без разлика дали сме добавувачи од прв ред, што значи дека нашиот производ веднаш се доставува до крајниот производител на возила или пак добавувачи од втор ред, тие ќе ја видат реперкусијата за две до три недели.“ , изјави Мизо. Според него, веќе има компании кои го намалуваат обемот на работа и има компании кои дел од вработените ги праќаат на принуден одмор. nnn



16 INTERVIEW

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Во овие услови на нестабилност на пазарот на електрична енергија со големи варијации на цената, само компаниите кои имаат сопствено производство можат да гарантираат стабилност. Дотолку повеќе што за да се пласираат производи на западноевропските пазари предност имаат компаниите кои што користат електрична енергија од обновливи извори. RES на македонската економија ќе и го понуди токму тоа - стабилно снабдување од сопствени обновливи извори на енергија. На нашите клиенти ќе им понудиме во голема мерка фиксна и стабилна цена утврдена на квартално, полугодишно или годишно ниво.


17

INTERVIEW

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

КОЧО АНЃУШЕВ

претседател на групација „Фероинвест“

СО НОВАТА КОМПАНИЈА RES ЌЕ ПОНУДИМЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ СТАБИЛНО СНАБДУВАЊЕ СО СТРУЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

П

ретседателот на групацијата компании од повеќе дејности „Фероинвест“, д-р Кочо Анѓушев, воедно и професор на Машинскиот факултет во Скопје, пред извесно време објави нов бизнис потфат – со работа почна Renewable Energy Supply (RES), компанија формирана заедно со бугарскиот партнер Токи, членка на Реналфа групацијата, којашто ќе понуди

поголеми количини на струја од обновливи извори, со постабилни цени за своите клиенти на македонскиот, како и на бугарскиот пазар. Разговаравме со Анѓушев подетално околу плановите на RES, но и за други прашања, како што е актуелната економска криза која го зафаќа светот како последица на војната во Украина, и какви ефекти ќе има врз македонската економија Г-дин Анѓушев, гледаме дека војната во Украина почнува да влијае врз целокупните глобални економски текови, од коишто не може ниту Македонија да остане имуна. Како вие гледате

на актуелнава економска криза, којашто допрва се разгорува, а сè уште не закрепнавме ниту од ковид-кризата? Сметам дека актуелнава криза ќе се развие во потешка криза одошто ковид-кризата. Економијата светска, а и домашната, сè уште незакрепнати од пандемијата, се соочуваат со последиците што ги наметнува војната во Украина по глобалните синџири на снабдување. Македонија можеби нема голема директна трговска соработка со Украина или Русија, но снабдувањето со енергенси, на пример, ги засега


18 INTERVIEW

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

сите. Не можеме да очекуваме цената на енергијата да остане иста додека трае војната, но и откако ќе заврши. Еве, уште утре да прекине конфликтот, ќе требаат месеци, можеби и години додека се санираат последиците по цените на енергенсите, а и на многу други суровини. Сите знаеме дека цената на гасот уште пред да почне војната вртоглаво растеше на европските берзи речиси цела година, а од 24 февруари наваму видовме до кое ниво отиде цената. Ако лани во јануари цената на гасот беше околу 18 евра за мегават час, на крајот на годинава стигна и до речиси 150 евра за мегават час, за потоа да се спушти до кај 70 евра непосредно пред да почне инвазијата на Украина. Но, откако почнаа воените дејствија, веќе на 7 март имавме рекорд од 227 евра, за потоа да падне на стотина евра. Исто така, знаеме дека во добар дел од западна Европа гасот се користи за производство на струја, затоа што некои земји, предводени од Германија, следејќи ја зелената агенда, почнаа да ги исклучуваат нуклеарките и да ги исфрлаат фосилните горива, потпирајќи се на гасот како извор на енергија додека не постигнат целосно ниво на ЦО2 неутралност. Но, тоа не оди преку ноќ, и сега најдени се во ситуација кога гасот е поскапен енормно, а сè уште се зависни од рускиот гас којшто покрива околу 40% од потребите на Европа. Затоа и цените на струјата на европските берзи пораснаа и по 7, 8 пати за една година, за мегават час. Поскапата струја влијае врз цените на многу други производи и услуги и сето тоа е како една верижна реакција. Но, не е само енергијата. Растат цените и на многу суровини, Украина и Русија познато е дека се база за голем број суштински суровини, како жито, метали, минерали, итн. Гледаме каков скок се случи на цената на никелот, пченицата... Сето ова ќе предизвика дополнителен инфлациски притисок, врз она што веќе го имаме како глобална инфлација изминатиов период, прво предизвикана од пандемиските ефекти на глобалните синџири на снабдување. XШто X можат државите да направат во ваква ситуација? Од една страна западите земји, кон кои се приклучивме и ние како членка на НАТО и аспирант за ЕУ, воведоа досега невидено жестоки санкции кон Русија, но од друга страна последиците по

сите економии се несогледливи... Државите, во зависност од својата економска моќ, веќе почнаа на различни начини да им помагаат на граѓаните и компаниите. Па, имате директни субвенции, откажување од дел од даночните приходи, како што имаме случај и во земјава, субвенционирани кредити за поддршка на бизнисите, разни ваучери за струја и сл. и други мерки. Ако сте сега држава соочена со забавени или сопрени активности во многу бизнис сектори поради недостиг на одредени суровини и репроматеријали, вие ќе имате помали приходи во буџетот, а истовремено мора да ви пораснат расходите, за да може да ги финансирате сите тие програми за поддршка. Значи немате голем избор – или ќе се задолжувате, или ќе печатите пари (ако сте помоќна држава) или и двете. Како и да е, ефектот ќе биде нов инфлациски бран и она ниво на цени што важеше пред пандемијата, а сега пред војната во Украина, нема повеќе никогаш да го видиме. XШто X мислите Вие лично, еве конкретно за енергенсите, на какво ценовно ниво можеме да очекуваме дека ќе се стабилизираат, ако претпоставиме дека конфликтот може брзо да заврши? Јас пред да се случи војната во Украина имав некои проценки што ги споделував со медиумите, дека цената на струјата, на пример, за оваа година би требало да очекуваме да биде во просек од 130 до 150 евра по мегават час, а перспективно да се стабилизира на некое ниво од 80-120 евра, во период од 2-3 години. Но, сега веќе, овие прогнози би ги поместил кон ранг помеѓу 100, можеби и 150 до 200 евра за мегават час подолгорочно. XДржавата X донесе сет мерки за олеснување на положбата на граѓаните и компаниите од последиците што ги наметнува глобалната криза и инфлацијата. Силни буџетски средства се одлеваат за субвенционирање на цената на струјата и топлинската енергија. Загрижени ли сте дека можеби ќе западнеме во преголема задолженост, бидејќи, како што и самите рековте, владите немаат и некој голем избор во моментов за ублажување на последиците? Доколку граѓаните беа оставени на слободниот пазар на струја, како што се фирмите, поскапувањето ќе беше многу подрастично и

ударот врз животниот стандард ќе беше далеку потежок. Во земјава, пазарот сè уште не е либерализиран за делот на домаќинствата и затоа државата со субвенционирање на цената, ја одржува практично на релативно ниско ниво во споредба со тоа што се случува на европскиот пазар во моментов. Ние сме држава каде што голем дел од населението не е економски моќно да ги издржи пазарните цени на струјата што важат во моментов на европските берзи и значителна бројка домаќинства буквално нема да може да обезбедат основна егзистенција доколку државата не им помогне. И кога имате огромни буџетски средства што се одлеваат заради зачувување на социјалниот мир, а намалена економска активност, тие пари мора да ги обезбедите од некаде, значи со задолжување. Компаниите сè уште ја плаќаат пазарната цена на струјата и тешко веројатно дека во тој дел ќе има субвенции. До кое ниво може да издржиме задолжување? Имаме случаи на држави задолжени и преку 120% од својот БДП, но создаваат голем аутпут, имаат голем извоз на стоки и услуги со додадена вредност и можат да го одржуваат тоа ниво на задолженост. Кај економски послаби држави ова ниво може да заврши катастрофално. Голема е разликата дали се задолжувате за инвестиции, инфраструктура и сл., коишто понатаму создаваат вредност, или за поттикнување на општа потрошувачка. Посиромашни земји како нашата се задолжуваат за општа потрошувачка и мораат и оние капитални инвестиции што ги планирале, да ги пренаменуваат во социјални трансфери и субвенции. XВо X колкава мера, според Вас, ќе бидат погодени домашните компании од сето ова што се случува на глобално ниво? Сè зависи од тоа во кој сектор работат и колку се зависни од увозни суровини, удел на струја во производство и сл. Металургијата на пример, има голем удел на струјата во своето производство и тие веќе се погодени од високите цени на енергијата. Дополнително, загрозено е и снабдувањето со железо на пример, затоа што Украина е голем извозник на железо, исто како и Русија, којашто е сега под санкции. Од друга страна, компаниите имаат проблем и со формирањето на цените сега, затоа што со ваква


19

Кочо Анѓушев

25 МАРТ 2022

претседател на групација „Фероинвест“

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Ако сте сега држава соочена со забавени или сопрени активности во многу бизнис сектори поради недостиг на одредени суровини и репроматеријали, вие ќе имате помали приходи во буџетот, а истовремено мора да ви пораснат расходите, за да може да ги финансирате сите тие програми за поддршка. Значи немате голем избор – или ќе се задолжувате, или ќе печатите пари (ако сте помоќна држава) или и двете. Како и да е, ефектот ќе биде нов инфлациски бран и она ниво на цени што важеше пред пандемијата, а сега пред војната во Украина, нема повеќе никогаш да го видиме. динамика на промени на цените на инпутите што се случуваат од ден во ден, вам ви е сè потешко да ја формирате цената на крајниот производ. Што ако имате, како мојата компанија Брако, на пример, производство на возило коешто има 8.000 компоненти, а цените се менуваат не од ден во ден, туку од час во час што се вели. Ова е сериозен проблем за голем број на компании. Ниту можете адекватно планирање на трошоците на инпутите да направите, ниту пак соодветно да менаџирате со ценовната политика. Исто така, силно погодени ќе бидат и странските инвеститори

во слободните зони и надвор од нив, главно концентрирани во индустријата за автомобилски делови и компоненти. Светската автомобилска индустрија и пред украинската војна беше погодена од нарушување на синџирите на снабдување – фалат микрочипови, и многу други компоненти, па продажбите на нови возила драстично паднаа во 2021, а оваа година имаме и дополнително влошување, затоа што ќе фалат метали и други суровини за оваа дејност. Имаме и нови локдауни во Кина поради знаци на повторно распламтување на ковид вирусот, што значи затворени фабрики

таму, коишто се добавувачи на автомобилската и ред други индустрии во светот. XКога X го спомнавте Брако, како се носи компанијата со предизвиците од кризата? До каде е развојот на продажбата на еко-возилата Green Machines? Со Брако успеавме лани во услови на економски турбуленции поради ковид-кризата да оствариме раст на продажбите од преку 50% и околу 150 нови вработувања. Извезуваме во над 40 држави, што не е случаен резултат, туку последица на континуирани и сериозни инвестиции во нови технологии и проширување на


20 INTERVIEW

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

производната програма. Во рамки на компанијата имаме пет сектори, односно фабрики – за жичани производи, медицинска опрема, возила, конструкции за енергетски капацитети и машини. Машините ги извезуваме во земји од западна Европа, тоа се готови производи. Ова е прилично комплицирано за менаџирање, но е многу поволно од аспект на дисперзија на ризикот. Возилата од брендот Green Machines се бизнис којшто многу добро оди во моментов, имаме одлични производи, конкурентни на светскиот пазар и само во последниве неколку дена продадовме десетици возила за чистење на јавни површини во САД, В. Британија, Јужна Кореа, Франција, итн. XНа X почетокот од месецов објавивте формирање на нова компанија во енергетскиот сектор, Renewable Energy Supply (RES), за којашто најавивте дека ќе донесе нов квалитет на пазарот за електрична енергија од обновливи извори. Објаснете ни малку повеќе за овој Ваш нов деловен потфат. Да, почна со работа компанијата RES, како друштво со ограничена одговорност чија што цел е да понуди нов квалитет на пазарот во снабдувањето со електрична енергија и да понуди повеќе поволности како за крајните потрошувачи така и за производителите на електрична енергија од обновливи извори. Истовремено, RES ќе претставува компанија која што ќе ги интегрира производителите на електрична енергија од обновливи извори во еден центар кој што ќе обезбеди стабилно снабдување за македонските компании. Нејзини основачи се компанијата „Централинвест“, којашто е во моја сопственост и „Токи“, која што е една од најголемите компании во Република Бугарија во областа на обновливи извори на енергија и снабдување со електрична енергија. На јавноста и е веќе познато дека моето име се поврзува со едни од најголемите инвестиции во производство на струја од обновливи извори во Македонија. Преку компании што се во моја сопственост, како и во партнерство со други сопственици располагаме со портфолио од 25 мали хидроелектрани со инсталирана моќност од близу 24MW, инвестиција во биогасна електрана од 2MW, како и фотоволтаична централа од 8MW. Од друга страна, „Токи“ е брзо растечка

компанија специјализирана во снабдувањето со електрична енергија од обновливи извори и пазарен интегратор на овој тип на производители на електрична енергија во Бугарија. Оваа компанија е сопственик на најмодерната дигитална платформа за снабдување со електрична енергија на бугарскиот пазар и интегратор на значаен дел од произведената електрична енергија во Бугарија од обновливи извори (вода, сонце, ветер и биогас). „Токи“ е членка на Реналфа групацијата во доминантна сопственост на г-дин Иво Прокопиев која е активна во инвестиции во обновливи извори на енергија и е-мобилити. Тие се агрегатор на сите обновливи извори во Бугарија и имаат околу 400 мегавати инсталирана моќност во своето портфолио. Реналфа има завршено проекти на инсталирани фотоволтаици од над 6.000 MW за други инвеститори и за сопствени потреби во Европа и Блискиот Исток и со тоа таа е една од водечките европски компании во инсталација и одржување на фотоволтаици. На тој начин настанува здружување на двете најголеми компании од областа на производство на електрична енергија од обновливи извори од двете држави во Renewable energy supply (RES). XКакви X се бизнис плановите на RES, што ќе понудите на пазарот? Целта на новата компанија е најголем дел од сопственото производство да се пласира до крајните корисници односно фирмите во Македонија и Бугарија. Во овие услови на нестабилност на пазарот на електрична енергија со големи варијации на цената, само компаниите кои имаат сопствено производство можат да гарантираат стабилност. Дотолку повеќе што за да се пласираат производи на западноевропските пазари предност имаат компаниите кои што користат електрична енергија од обновливи извори. RES на македонската економија ќе и го понуди токму тоа - стабилно снабдување од сопствени обновливи извори на енергија. На нашите клиенти ќе им понудиме во голема мерка фиксна и стабилна цена утврдена на квартално, полугодишно или годишно ниво. Новата компанија исто така ќе биде и најголем агрегатор на електрична енергија од обновливи извори, нудејќи им на сите сопственици на производни капацитети најдобар и најсигурен откуп на електрична енергија. Фероинвест, дел од

групацијата што ја предводам, со својот SCADA мониторинг центар има капацитет да ги приклучи, мониторира и одржува сите капацитети за производство на енергија од обновливи извори и на тој начин на RES да и овозможи да биде најголемиот агрегатор односно целата енергија да биде регулирана од еден центар. Ваквата синергија меѓу компаниите ќе значи сопствено гарантирано производство за сопствени потрошувачи за стабилно и гарантирано снабдување. Значи, ние ги покануваме сите сопственици на производни капацитети на струја од обновливи извори, без оглед на нивната големина, да се приклучат во нашата балансна група по пазарни услови за коишто сметаме дека ќе бидат најповолни за нив. Мислам дека компанијата ќе има капацитет пред сè да ги собере сите извори на електрична енергија кои што ќе сакаат да пристапат. Веќе имаме договор со некои од производителите. Тоа ќе биде вертикално интегрирано претпријатие како што беше на времето Електростопанство на Македонија и тоа ќе може од сопствени извори да снабдува електрична енергија. Ќе може да се понуди снабдување со електрична енергија на околу 30% од компаниите во Македонија и очекуваме тој процент да постепено да порасне на 40 до 50% од пазарот. XКога X сме на темата обновливи извори и мали хидроелектрани, неодамна излезе државен ревизорски извештај, којшто вели дека имало незаконско издавање концесии, без контрола на терен, со штетни последици за животната средина, со исплатени 41 милион евра повеќе од пазарната цена на струјата, итн. Како го коментирате овој наод на Државниот завод за ревизија? Јас со тој ревизорски извештај апсолутно не се согласувам и ќе си земам слобода да кажам - извинете, но според мене тој е нестручно направен. Во него ја земале предвид цената на продадената струја од малите хидроелектрани која сите овие изминати години откако тие постојат изнесува околу 80 евра за мегават час, потоа колку била просечната цена на берза, а тоа е 41 евра за мегават час, и така дошле до разликата од 41 милион евра. Но, тоа не е така. Еве зошто ... Прво, пред и воопшто да почнат да се градат малите хидроелектрани,


Кочо Анѓушев

претседател на групација „Фероинвест“

Фероинвест, дел од групацијата што ја предводам, со својот SCADA мониторинг центар има капацитет да ги приклучи, мониторира и одржува сите капацитети за производство на енергија од обновливи извори и на тој начин на RES да и овозможи да биде најголемиот агрегатор односно целата енергија да биде регулирана од еден центар. Ваквата синергија меѓу компаниите ќе значи сопствено гарантирано производство за сопствени потрошувачи за стабилно и гарантирано снабдување. Значи, ние ги покануваме сите сопственици на производни капацитети на струја од обновливи извори, без оглед на нивната големина, да се приклучат во нашата балансна група по пазарни услови за коишто сметаме дека ќе бидат најповолни за нив.

21

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

беа на тендер, и на тој тендер платија еднократно на државата 17 милиони евра, авансно. Тие 17 милиони евра пред 10-15 години и денес не вредат исто. Од тие 40 милиони извадете ги прво овие 17 милиони евра. Потоа извадете 2% што плаќаат секоја година кон министерствата. Па потоа земете предвид дека ревизорите ја споредувале цената на европските берзи колку е. Но цената на берза и цената во Македонија не е иста, додека дојде од Европа до тука, има уште 2-3 евра по мегават за прегугранични капацитети. И кога ќе го земете сето тоа, ќе видите дека ефектот не е баш таков како што е прикажан во ревизорскиот извештај. Доколку имало незаконски издавања на концесии, тогаш, секако треба да одговара тој што го правел тоа. Но, вие не можете, што се вели, „поради еден пијан возач да ги исклучите сите возила од сообраќај“. Така што, мислам дека фамата околу малите хидроелектрани е вештачки создадена.... Ајде сега да го видиме денешниов парадокс. Денес, цената на струјата на европските берзи е над 200 евра за мегават час, варира постојано, беше 260, 300, беше и 400... Тие мали хидроелектрани и денес продаваат струја по 80 евра за мегават час. И кога ќе направите математика колку струја тие продаваат, и наместо да се увезува по 200, ќе видите дека сите тие електрани заедно во системот оставаат 200 илјади евра дневно. Па ако земете на месечно ниво тоа е 6 милиони евра. За шест месеци 36 милиони евра. Па ете, од сите 10 години наназад, ги вратија парите за шест месеци. Затоа, енергетиката не се гледа од денес за утре, туку долгорочно и стратешки. Секако дека треба да има баланс помеѓу искористувањето на природните обновливи извори и заштитата на природата. Но, дубиоза е тоа дека се прават без елаборати, дека само се уништува животната средина... Еве, јас ги поканувам сите да дојдат да видат што останува после 10 години работа на малите хидроелектрани, како изгледа теренот сега... Да, кога се градело, се копале канали, се уништиле некои дрва ..., но природата апсолутно после 10-15 години тоа го регенерира и сега имате само по два објекти од по 200 м2 што се над земја и тоа е сè. А, малите хидроелектрани ќе произведуваат струја 100 години. nnn


25 МАРТ 2022

22 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

ПЛАНОТ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ ДО 2026 ГОДИНА

НА ДРЖАВАТА ГОДИНАВА Ѝ ТРЕБААТ 730 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДЕФИЦИТОТ ВО БУЏЕТОТ И ЗА РАЗДОЛЖУВАЊЕ


23

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Според Фискалната стратегија 2022 – 2026, од странски извори се планира да се обезбедат 345 милиони евра, додека на домашниот пазар пак е планирано задолжување од околу 440 милиони евра. Разликата што ќе остане откако ќе се покрие буџетската дупка и ќе се отплатат долговите што доспеваат, ќе се акумулира како депозит на државната сметка. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, веќе навести дека предвиденото задолжување, можеби ќе се прави на надворешниот пазар, со оглед на актуелните состојби и движењата во странство, а со цел да се остават повеќе средства на домашниот пазар за економијата. Според среднорочната Фискална стратегија, особено голем предизвик ќе бидат следните години, конкретно 2025 и 2026 кога доспеваат поголеми суми за отплата на долгови, така што ќе треба да се позајмат 1,3 милијарди и 1,7 милијарди евра, соодветно. Во исто време, буџетскиот дефицит, кој што претставува разлика меѓу расходите и приходите во државната каса, се планира континуирано да се намалува што е препорака на сите меѓународни финансиски институции.

автор:

Д

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ одека властите се подготвуваат за ново задолжување на меѓународниот финансиски пазар и се’ уште не е познато колкава ќе биде сумата што ќе се позајмува со издавањето на деветтата еврообврзница, пресметките од последната ревидирана Фискална стратегија покажуваат дека за цела година, за финансирање на дефицитот во буџетот но и за раздолжување на стари долгови, ќе ни требаат вкупно 730 милиони евра. Според Фискалната стратегија 2022 – 2026, од странски извори се планира да се обезбедат 345 милиони евра, додека на домашниот пазар пак е планирано задолжување од околу 440 милиони евра. Разликата што ќе остане откако ќе се покрие буџетската дупка и ќе се отплатат долговите што доспеваат, ќе се акумулира како депозит на државната сметка. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, веќе навести дека предвиденото задолжување, можеби ќе се прави на надворешниот пазар, со оглед на актуелните состојби и движењата на надворешниот пазар, а со цел да се остават повеќе средства на домашниот пазар за економијата. Но, посочи дека не е исклучено дел да се направи на надворешниот, а дел на домашниот пазар. Тој истакна дека се прават сите подготовки за издавање еврообврзница, којашто е планирана со Буџетот за 2022 година. „Подготвено е сè. Се анализираат состојбите за да се излезе на пазарот тогаш кога ќе има најповолни услови, односно да се постигне најниска цена, со оглед на тоа што сега условите се сменети, како и каматните стапки, коишто за разлика од минатата година се повисоки. Ние како држава немаме проблем со ликвидноста, не се брзаме дека мора тоа да го направиме денес, утре. Чекаме најповолен момент и согласно експертските препораки, тогаш да го направиме“, изјави министерот Бесими. Рече дека тоа се прави со надворешните конзорциуми со кои се врши подготовката за издавање на еврообврзницата. Со нив и претходно беа спроведени успешни процеси, како и


25 МАРТ 2022

24 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

издавањето на еврообврзницата од минатата година со историски најниска каматна стапка. Според среднорочната Фискална стратегија, особено голем предизвик ќе бидат следните години, конкретно 2025 и 2026 кога доспеваат поголеми суми за отплата на долгови, така што ќе треба да се позајмат 1,3 милијарди и 1,7 милијарди евра, соодветно. Во исто време, буџетскиот дефицит, кој што претставува разлика меѓу расходите и приходите во државната каса, се планира континуирано да се намалува што е препорака на сите меѓународни финансиски институции. Етапната фискална консолидација, преку намалување на буџетскиот дефицит како процентуално учество во БДП почнува од 4,3% во 2022 година, 3,5% во 2023 година, 2,9% во 2024 година, 2,5% во 2025 година и 2,2% во 2026 година. И во Фискалната стратегија, е наведено дека во периодот 20222026, задолжувањето во странство може да се реализира преку издавање на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. „Притоа, изборот на конкретен извор за надворешно финансирање ќе се темели на тековните и очекуваните состојби на меѓународните пазари на капитал. Понатаму, задолжувањето на домашниот пазар ќе се реализира преку издавање на државни хартии од вредност, со што ќе се обезбеди дополнително финансирање под поволни услови, користејќи ги ниските каматни стапки и интересот на инвеститорите. Дополнително ќе се понудат и нови инструменти за финансирање како што се: зелена обврзница, инфлациона, проектна и развојна обврзница. Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, Министерството за финансии ќе продолжи да издава државни обврзници со подолги рочности, при што ќе се намали ризикот за рефинансирање на долгот. Со цел ефикасно управување со јавниот долг, Министерството ќе ја следи и можноста за предвремена отплата на дел од долгот, односно постигнување поповолна рочна, валутна и каматна структура на долгот“, пишува во Стратегијата. Инаку, во март лани, се издаде осмата еврообврзница во износ

од 700 милиони евра, со историски најниска купонска каматна стапка од 1,625% и рок на достасување од 7 години, и со истата се тргува на Лондонската берза за хартии од вредност. Еврообврзницата беше наменета за финансирање на буџетските потреби за 2021 година, како и за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра. Дополнително беше обезбедена и втората транша од ЕУ за макрофинансиска поддршка а до крајот на оваа година ќе се обезбедат и средства од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 160 милиони евра.

Каква фискална политика ќе се води до 2026 година

Клучни елементи на среднорочната фискална политика претставуваат редизајнирањето и подобрување на структура на јавните финансии, преку зголемено учество на капиталните расходи, како и намалување на буџетскиот дефицит до 2026 година. Главни приоритети во областа на даночниот систем се „праведност во оданочувањето, поголема ефикасност и ефективност во наплатата на приходите, зголемена даночна транспарентност, подобар квалитет на услугите кои ги даваат институциите на даночниот систем, на начин кој ги поедноставува и забрзува постапките и го намалува административниот товар преку повеќе дигитални услуги, како и воведување еколошко (зелено) оданочување, со цел стимулирање на даночните обврзници преку јавните давачки да придонесат за помало загадување. Главната цел на даночната политика е обезбедување на одржлив економски раст и развој притоа обезбедувајќи правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи“, пишува во Стратегијата. Расходната страна на Буџетот, како што се наведува за наредниот период, целосно е креирана во функција на остварување на стратешките приоритети, забрзување на економскиот раст, приоритетот за интегративните процеси на Македонија во ЕУ и обврските кои произлегуваат од членството во НАТО и друго. Реформата за унапредување на фискалната децентрализација нуди системско решение за стабилни финансии на општините што ќе претставува одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. Реформата се состои од три столба: зголемување

ФАТМИР БЕСИМИ

министер за финансии

Се анализираат состојбите за да се излезе на пазарот тогаш кога ќе има најповолни услови, односно да се постигне најниска цена, со оглед на тоа што сега условите се сменети, како и каматните стапки, коишто за разлика од минатата година се повисоки. Ние како држава немаме проблем со ликвидноста, не се брзаме дека мора тоа да го направиме денес, утре. Чекаме најповолен момент и согласно експертските препораки, тогаш да го направиме. на фискалниот капацитет на општините и зголемување на приходите на општините; зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење и зголемена транспарентност и отчетност. Преку политиката на управување со јавен долг се обезбедуваат неопходните средства за финансирање на буџетскиот дефицит и отплатата на долговите од претходни години, како и средства за проектно финансирање, без притоа да се предизвика неоправдано зголемување на долгот до ниво кое може да ја загрози стабилноста на економијата и економскиот раст на државата. Фискалната политика во периодот 2022-2026 се карактеризира со определбата за натамошно зајакнато управување со јавните


25

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

финансии и фискална одржливост, која треба да придонесе за задржување на макроекономската стабилност и етапна фискална консолидација. Во наредниот среднорочен период, властите се обврзуваат да се продолжи со стимулирање на приватната потрошувачка на граѓаните и дополнителна поддршка на стопанството во иновативни и извозни дејности, зголемување на конкурентноста, продуктивноста и модернизирање и дигитализација на процесите. „Приоритетите на среден рок ќе бидат насочен кон справување со последиците од здравствената и енергетската криза, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, унапредување и олеснување на инвестициската клима, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира

дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантни фондови, еквити фондови, фондови за ризичен (venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија. Притоа, се планираат јавни приватни партнерства, концесии и други инструменти за финансирање јавни капитални проекти, но и проекти на приватниот сектор“, пишува во Стратегијата. И понатаму останува определбата за фискална одржливост, поддршка на економијата со инвестиции на инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии. Проекциите на приходите во наредниот среднорочен период се на база на реализираните приходи од претходни години и ефектите

од планираните реформи во даночната и пензиската сфера. Согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025, се предвидува оптимизација на даночниот систем преку праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Во наредниот среднорочен период, анализирано од приходната страна клучни политики се оптимизацијата на даночниот систем и намалувањето на неформалната економија. Оптимизацијата на даночниот систем има за цел да обезбеди праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем, кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски


25 МАРТ 2022

26 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Дополнително ќе се понудат и нови инструменти за финансирање како што се: зелена обврзница, инфлациона, проектна и развојна обврзница. Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, Министерството за финансии ќе продолжи да издава државни обврзници со подолги рочности, при што ќе се намали ризикот за рефинансирање на долгот. Со цел ефикасно управување со јавниот долг, Министерството ќе ја следи и можноста за предвремена отплата на дел од долгот, односно постигнување поповолна рочна, валутна и каматна структура на долгот. раст. За остварување на оваа цел, предвидени се бројни мерки кои се насочени кон оптимизација на даночната основа, намалување на даночната евазија, намалување на заостанатите даночни долгови, подобрување на капацитетите на институциите како подобрувања во областа на акцизната политика и оданочувањето на моторните возила. За намалување на неформалната економија, предвидени се мерки насочени кон подобро детектирање на сивата економија, ефикасни инспекциски служби, јакнење на свеста

за неформалната економија и даночниот морал, како и адресирање и намалување на неформалната економија во е-трговијата. Главната цел на мерките поврзани со намалувањето на неформалната економија е воспоставувањето на фер и лојална конкуренција помеѓу сите учесници во општеството, што значи зголемени буџетски приходи, зголемена конкурентност и економски развој.

За што ќе се трошат народните пари следните пет години

Расходната страна на Буџетот

во наредниот период целосно е креирана во функција на остварување на стратешките приоритети, забрзување на економскиот раст и интеграциските процеси во ЕУ и НАТО. Просечното учество на вкупните расходи на Буџетот во периодот 2022-2026 година изнесува околу 34,4% од БДП. Определбата за редизајнирање на фискалната политика е преточена во план кој е усвоен од Владата и има за цел обезбедување на одржливост на јавните финансии со истовремено поттикнување на економскиот раст.



25 МАРТ 2022

28 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025, се предвидува оптимизација на даночниот систем преку праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Во наредниот среднорочен период, анализирано од приходната страна клучни политики се оптимизацијата на даночниот систем и намалувањето на неформалната економија. Во таа насока, властите велат дека ќе се преземат активности за континуирано подобрување на системот за планирање на буџетот, подобра контрола на трошоците и преземање на одредени мерки, и тоа на мерки на расходна страна, мерки на приходна страна и мерки поврзани со финансирањето. „Главните цели на политиката за намалување на тековните расходи се: зголемување на ефикасноста на работењето на јавната администрација преку оптимизација и рационализација на работните места; поефикасно користење на ресурсите за работа преку подобрено планирање и реализација на оперативните расходи, намалување на несуштинските расходи, како и воведување на стандарди на трошења; поквалитетни услуги во децентрализираните надлежности на општините преку редефинирање на критериумите за распределба на средства и поефикасно и наменско користење на средствата за дотации; обезбедување на поголем позитивен импакт врз економската активност преку поефикасно и таргетирано користење на средствата за субвенции и трансфери; и намалување на сиромаштијата преку правилно таргетирање на

користење на социјалната помош и поголемо учество на пазарот на труд“, пишува во Стратегијата. Кај политиката на подобрување на структурата и реализацијата на капиталните расходи, главната цел е зголемување на потенцијалот за раст на домашната економија, зголемување на конкурентноста, привлекување и поттикнување на инвестиции преку зголемување на нивото, квалитетот и динамиката на реализација на капиталните расходи. Проекциите на расходите на Буџетот за наредниот среднорочен период се подготвени врз база на три клучни основи: усогласеност на проекцијата на приходите со планираните економски активности; проекцијата на вкупните расходи на Буџетот обезбедува континуирана фискална консолидација; и планираните износи на расходи обезбедуваат редовно и непречено извршување на сите законски обврски. При проекцијата на износот и структурата на тековните расходи за наредниот период, властите се обврзуваат на редовна исплата на платите на вработените во јавниот сектор, навремена и редовна исплата на пензии, гарантиран минимален приход и останати

социјални надоместоци, исплата на субвенциите во земјоделството, поддршка на малите и средните претпријатија, како и субвенционирање на иновативните активности. Во среднорочниот период, фокусот на фискалната политика останува на обезбедување значително ниво на јавни инвестиции, кои се предуслов за подобрување на економските перспективи, како и подобар живот на граѓаните. „Во таа насока, планиран е значителен износ на капитални инвестиции до околу 1 милијарда евра во 2026 преку користење на средства од Буџетот, вклучително и средствата обезбедени со заеми од меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори. Планираните износи укажуваат на интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања за патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството“, пишува во Стратегијата. nnn



30 INTERVIEW

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Соочени бевме со предизвикот во тек на светска криза, која првенствено се одрази во здравствениот систем како прва линија, да создадеме здравствена установа која дава можност за услуги на корисниците кога е најпотребно. За една година сме препознаени од граѓаните како во главниот град, но и за сите останати во државата, бидејќи нема град во внатрешноста каде не сме интервенирале. Во животот најважно е да се има можност, а ние тоа го постигнавме со нашиот квалитет, ресурси и пристапни цени на услугите. Водени од задоволството на нашите корисници, довербата која ни ја даваат секојдневно, ни дава сила и потстрек за понатамошен развој.


INTERVIEW

31

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Д-Р.СПЕЦ.СУБСПЕЦ.

ТАТЈАНА БАЕВСКА – ВУЧКОВИЌ генерален директор на Никоб Медикал

ЗАДОВОЛСТВОТО И ДОВЕРБАТА НА НАШИТЕ КОРИСНИЦИ НИ ДАВА ЕЛАН ЗА ПОНАТАМОШЕН РАЗВОЈ РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ Г-ѓа Баевска –Вучковиќ, сега после една година од работењето на Никоб Медикал, каква оценка може да дадете за постигнатото, каква дополнителна вредност дадовте во областа на здравствената заштита на граѓаните? Здравствениот систем претставува интегрираност на примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита. Примарната е базата во системот на која се надоврзуваат останатите. Здравствениот систем во Република Северна Македонија услугите ги обезбедува преку јавно здравствени установи, но и преку приватни здравствени установи, дел комплетно приватни, дел во договор со ФЗОМ преку мрежата на здравствени установи. Целта на секој систем е достапност на услугите кон место на живеење, како и можност на избор на услуги за крајниот корисник – пациент. Следење на потребите на заедниците, можноста за доближување на услугите остава простор за планирање на зајакнување на постоечките

расположливи капацитети и установи со можност за отворање на нови приватни здравствени установи на различно ниво од интегрираниот здравствен систем. Можноста за капитални инвестиции во здравствениот сектор дава можност за услуги но допринесува и во севкупниот општествен развој на заедниците. Инвестиција во простор, опрема и кадар значително овозможува унапредување и зајакнување, можност за намалување на невработеност, задржување на млад кадар во државата, како и пред се можност на избор на здравствени услуги на секое ниво. Следење на трендот на висока концентрација на популација во големите градови, пред сè главниот град на државата, а проретчување во помалите места, допринесува за можност за развој на приватни здравствени установи кои логистички имаат капацитет за достапност на здравствени услуги. Примарната здравствена заштита со устав е загарантирана за секој граѓанин на државата и согласно тоа потребно е загарантиранo достапна услуга. Соочувањето со Ковид-19 пандемијата на светско ниво се покажаа слабостите на

системите на различно ниво, во однос на расположливи ресурси, во однос на кадар, хоспитализација, лабораториска дијагностика како и севкупна достапност до матичен лекар, служби за итна медицинска помош и домашно лекување. Согласно наведеното пред една година се основа ПЗУ Никоб Медикал-Поликлиника на примарно ниво, со здравствени услуги согласно листа на услуги од примарна здравствена заштита. Целта ни е да ја доближиме услугата до корисникот-пациент, тимот кон пациентот, за сите граѓани а пред сè за ранливи категории на пациенти. Примарната е базата во системот. Целта и фокусот ни е, на корисникот на услугата - пациент да пристапиме со доближување на услугата кон место на живеење и на тимот кон пациентот. Тоа значи услугата да може да се добие во ординација, но и во домашни услови и работна средина. Видот на услуги е според листа на услуги за примарна здравствена заштита. Услугите се достапни со пристапни цени според ценовната политика и севкупно секојдневно успеваме да се стекнуваме со сè повеќе доверба од нови корисници на нашите услуги.


32 INTERVIEW

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

XКакви X сè услуги всушност може да добијат граѓаните од Никоб Медикал ? ПЗУ Никоб Медикал е поликлиника на примарно ниво со 24 часовна здравствена услуга тимот према пациентот, здравствени услуги во ординација но и во домашни услови,а тоа опфаќа реализирање на физикален преглед, мерење на крвен притисок, ЕКГ, пулсоксиметрија, брзи тестови за проверка на шеќер, холестерол, триглицериди и анализа на урина, каде соодветно на наодот се дава совет, препорака или се ординира терапија. Исто така, како во ординација така и во домашни услови располагаме со широка палета на медикаменти, суплементи за корисниците со соодветна апликација во зависност од потребата, апликација на катетер и тоалета на бешика, постоперативна нега и грижа, тоалета на рана и преврски, итн., 24 часовна медицинска телефонска консултација на 15515, медицински транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани. Услугите се со пристапни цени односно прилагодени на економската моќ на граѓаните, бидејќи целта ни е да сме достапни, квалитетни и да имаме задоволни корисници кои секогаш кога им е потребна нашата помош да сметаат на нас. Корисниците нашите услуги можат да ги добијат преку 15515, апликација и веб страна.

Брзи, достапни 24/7 и квалитетни. За живот се работи! XКолкави X се капацитетите во моментов на Никоб Медикал, во смисла на број на доктори, екипи за домашна посета, возила за брза помош, итн.? Успеваме на начин за кој имавме план и активности и еве една година имаме реализација. Основачот, како еден од најголемите работодавци во државата сериозно вложува во секторот здравство со капитална инвестиција во однос на простор, опрема и кадар. Имено, располагаме со 10 најсовремено опремени амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посета. Современо просторно уредување и услуги овозможени од квалитетно обучени 25 тима составени од доктор, медицинска сестра/техничар и возач. Заедно со административно - техничкиот кадар броиме 80 вработени во установата. Покрај базичната обука, 6

доктори поминаа тренинг програм за професионални тренери за укажување на прва помош за професионалци и непрофесионалци, обука за прва помош на место на незгода како и обука за менаџирање со трауми во екстремни околности. Обуките спроведени во соработка со Rescue Training International CY LTD, членка на WSO-World Safety Organization,USA, Adult&Pediatric First Aid Training Provider, England. Вложуваме во млади и амбициозни тимови кои несебично колегијално го споделуваат знаењето и искуството. Исто така поддршка даваме и на 9 доктори кои од есента започнаа со специјализации од различни области. Креирање на сигурна, продуктивна работна средина допринесува максимален квалитет за крајниот корисник на услугите – пациент. Во тек на годината одговоривме на секој повик и барање од корисниците на услугите од различна природа и етиологија. Во тек на есенските и зимскиве месеци доминира Ковид-19 патологијата, домашни посети за преглед, апликација на терапија, тоалети на рани, преврски, апликација или промена на катетер итн. Секако имаме пациенти кои редовно си закажуваат превентивни пакети за превенција или следење на одредено хронично заболување. Во тек на целиот период имаме медицински транспорти, како и ангажирани сме за медицинско обезбедување на јавни настани. Со цел следење на потребите на заедниците и граѓаните, од есента имаме матичен лекар во Поликлиника Шуто Оризари, а од месец јануари и во Кисела Вода, при што ја зајакнуваме мрежата на матични лекари. Сериозно сме позиционирани во однос на медицинските транспорти, пред се согласно ресурсите со кои располагаме, а тоа богат возен парк со најсовремено опремени амбулантни и санитетски возила со кои за градот и околината поставено ни е максимум 30 минути пристигнување согласно локацијата и повикот. Граѓаните не добиваат на 15515 во тек на 24 часа, веб страна и мобилна апликација за закажување на интервенција/ преглед/домашна посета. Медицински транспорти имаме во соседни држави, регионално и како едни од подалечни рути ни се Венеција, Цирих, а најдалечна е Скопје-Бон-Скопје 4000км постковид пациент со кислородна поддршка. Асистираме и при авио- медицински транспорти во

доставување или преземање на пациент. Согласно медицинските и санитетските транспорти имаме одлична соработка како со јавните така и со приватните установи кои се на секундарно или терцијарно ниво. За една година работа реализиравме повеќе од 10.000 интервенции, доверба имаме од 4.600 пациенти регистрирани во нашата база, изминати повеќе од 35.000километри за медицински транспорти, како и 45 јавни настани сме обезбедиле со медицинска екипа и амбулантно возило. Реализациите се должат на брзи, достапни и квалитетни услуги со пристапни цени и најважното, можноста на достапност на овој вид на услуги како во градот така и на територија на цела држава и надвор од државата. XКои X беа најголемите предизвици со коишто се соочивте како нови здравствени организации на пазарот и како ги надминавте? Ми претставува чест и задоволство како прво вработена во ПЗУ Никоб Медикал и како генерален директор, заеднички со основачот Г-дин Кирил Лазаров да создадеме професионално семејство кое секојдневно расте и е комплетно подготвено да ја обезбеди здравствената услуга до нашите корисници кога е најпотребно, т.е. кога се работи за најважното во животот а тоа е здравјето. Трета година живееме во една од најтешките светски кризи, Ковид-19 пандемија, која покажа слабости во светски здравствени системи, но и во нашиот систем, за жал. Неконтинуирана, селективно достапна или целосно недостапна во одредени средини, сериозно се одрази на квалитет на живот, здравје, како и последици по здравјето. Соочени бевме со предизвикот во тек на светска криза, која првенствено се одрази во здравствениот систем како прва линија, да создадеме здравствена установа која дава можност за услуги на корисниците кога е најпотребно. За една година сме препознаени од граѓаните како во главниот град, но и за сите останати во државата, бидејќи нема град во внатрешноста каде не сме интервенирале. Во животот најважно е да се има можност, а ние тоа го постигнавме со нашиот квалитет, ресурси и пристапни цени на услугите. Водени од задоволството на нашите корисници, довербата која ни ја даваат секојдневно, ни дава сила и потстрек за понатамошен развој.


33

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Успешното позиционирање е резултат на макотрпна работа, тимска работа, надминување и соочување со различни ситуации и околности, но со јасно дефинирана цел за можност и доближување на здравствена услуга до секој корисник кога е најпотребно. Задоволство е да се работи со тимот кој секојдневно се зголемува и надградува, ентузијазмот и желбата за нови достигнувања. Водени од најважните вредности, на принцип, квалитет, квалитетна професионална средина, унифициран протокол на процедури, почитување на етички кодекс на работници од секое ниво, растеме и се развиваме во квалитетно професионално семејство, кое како такво може да го даде максимумот за квалитетна здравствена услуга. XУслугите X на приватната брза помош се новитет на македонскиот пазар, но исто така предизвикаа контроверзија, во смисла на некакви задни намери, приватизација на државната брза помош, итн. Сопственикот на Никоб објасни во јавноста дека инвестирал во сектор којшто подолго време е запоставен (домашна посета, брзата помош не може да постигне). Каков е досега искуството со оваа услуга, се користи ли често од граѓаните, или пак можеби и од приватните болници кога не можат да постигнат со своите капацитети? Како што и веќе напоменав, примарната здравствена заштита е првиот столб на интегрираниот здравствен систем. Услугите од примарна здравствена заштита се загарантирани според Уставот на

државата за секој нејзин граѓанин. Недостапна, селективно достапна или комплетно отсутна примарна здравствена заштита секако го повредува правото на пациентот за континуирана квалитетна примарна здравствена заштита. Услугите кои ги набројувате се токму дел од примарната здравствена заштита. Основачот вложува сериозен капитал во создавање на установата и развој на дејноста се со една цел, за квалитетна и достапна примарна здравствена заштита. Главниот град има најголем број на жители, кои трајни кои времени, додека внатрешноста на државата има сериозен недостаток на ресурси во овој дел на услуги, а јавниот сектор не е во можност да ги исполни потребите. Согласно тоа секако е потребно поддршка и зајакнување

на постоечкиот систем и токму поради тоа постои Никоб Медикал. Немаме намера, ниту потреба за приватизација на јавната служба за итна медицинска помош. Јавниот сектор е основата во системот, но кога тој систем се соочува со неконтинуирана достапност на услугите, потребно е зајакнување на ресурсите за почитување на правото на пациентот. XДали X според вас има простор за некакво јавно - приватно партнерство во делот на брзата помош, па приватни фирми како Никоб Медикал да ги пополнат тесните грла што се создаваат кај државната услуга, а тоа да оди на товар на ФЗОМ и да ги елиминираме оние ситуации кога граѓаните во очај молат за брза помош?


34 INTERVIEW

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Во националниот систем веќе е воспоставен систем со приватни здравствени установи за соработка со ФЗОМ, за различни видови на услуги, каде јавниот сектор не бил во можност и не можел комплетно да одговори на потребите на граѓаните, а дадено е можност за добивање на услуги во соработка со ФЗОМ. Примери за тоа се кардиохируршки интервенции, ин витро оплодување, мрежа на специјалистички услуги од различни области. Следење на потребите на граѓаните, развојот во општеството, секако налага во одредени сегменти да се прават измени и дополнувања во законските рамки, а се со единствена цел на достапни и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани кои со Устав им се загарантирани. XКакви X се плановите за понатамошен развој на Никоб Медикал? Што може граѓаните да очекуваат како новитети во услугите? Во блиска иднина планираме проширување на услугата за матичен лекар во делот на гинекологија и педијатрија, како би обезбедиле комплетна услуга за едно семејство - сè на едно место. Чекор по чекор одиме, се трудиме постепено да растеме и да се унапредуваме. Капиталната инвестиција од основачот во кризно време на светска криза со Ковид-19 пандемија има исклучително значење за постоењето на ПЗУ Никоб Медикал со можност и достапност на услугите со што се допринесува за зајакнување на капацитетот на националниот здравствен систем во државата. XЗа X вас како менаџер на здравствена организација, кои се клучните принципи по коишто се раководите, што е тоа што сакате да им го истакнете како клучни вредности на вашите соработници? Како професионалец со 24 години работно искуство кој започнал од првата скала, со многу труд, работа, едукација, успешно се искачував и имав можност да ја достигнам највисоката скала како директор на најголемата јавна здравствена установа - Здравствен Дом Скопје. Како педијатарпулмоалерголог работам со следење на раст и развој, па така тој дел од мојата професија, како и бројни едукации за здравствен менаџмент, како сертифициран и лиценциран менаџер за управување со здравствени установи, прифатив предизвик за основање, раст и развој на едно

За една година работа реализиравме повеќе од 10.000 интервенции, доверба имаме од 4.600 пациенти регистрирани во нашата база, изминати повеќе од 35.000километри за медицински транспорти, како и 45 јавни настани сме обезбедиле со медицинска екипа и амбулантно возило. Реализациите се должат на брзи, достапни и квалитетни услуги со пристапни цени и најважното, можноста на достапност на овој вид на услуги како во градот така и на територија на цела држава и надвор од државата.

ново дело во приватниот сектор. Успешното позиционирање е резултат на макотрпна работа, тимска работа, надминување и соочување со различни ситуации и околности, но со јасно дефинирана цел за можност и доближување на здравствена услуга до секој корисник кога е најпотребно. Задоволство е да се работи со тимот кој секојдневно се зголемува и надградува, ентузијазмот и желбата

за нови достигнувања. Водени од најважните вредности, на принцип, квалитет, квалитетна професионална средина, унифициран протокол на процедури, почитување на етички кодекс на работници од секое ниво, растеме и се развиваме во квалитетно професионално семејство, кое како такво може да го даде максимумот за квалитетна здравствена услуга. nnn


Q Новиот целосно електричен

Audi e-tron

Првото целосно електрично Audi. Новиот e-tron. Quattro електричен погон на сите тркала, моќност до 300 kW (408 КС) и досег кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри со едно полнење на батеријата. Подгответе се за возбудлива забава при возењето.

Audi Македонија Бул. Босна и Херцеговина 4 1000 Скопје Телeфон: 02 26 26 266 Email: office@porsche.com.mk www.audi.mk

РАТИ

%

КАМАТА


25 МАРТ 2022

36 Е-ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

ГЕО-БЛОКИРАЊЕТО ПРЕЧКА ЗА ПОГОЛЕМ ИНТЕРНЕТ ШОПИНГ БИЗНИС

ЗОШТО 72,5% ОД Е-ПРОДАВНИЦИТЕ ВО РЕГИОНОТ ПРОДАВААТ ОНЛАЈН САМО НА ДОМАШНИ КУПУВАЧИ?


37

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Д

Најчестите предизвици со кои се соочуваат е-трговците кои продаваат на други пазари, а воедно и главните причини зошто над 70% од е-продавниците не продаваат на други пазари се царинските давачки и процедури, но и проблемите со достава и различните регулативи и процедури во секој пазар, покажува анализата во врска со практики за геоблокирање во регионот на која Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) работеше изминатите неколку месеци, поддржана од Секретаријатот на ЦЕФТА.

ури 72.5% од е-продавниците во регионот не продаваат на купувачи надвор од нивниот домашен пазар односно имаат рестрикции базирани на локацијата на купувачот. Најголем дел (64% од 160 анализирани е-продавници) од овие рестрикции се поставени на е-продавниците во формата каде купувачот треба да внесе адреса за достава со што адресата според поштенски код не е прифатена ако е надвор од пазарот на продавачот. Ова се клучните сознанија од спроведената анализа во врска со практики за гео-блокирање во регионот на која Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) работеше изминатите неколку месеци. Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска ги презентираше клучните сознанија од анализата на онлајн настанот одржан деновиве, насловен „Отстранување на неоправданото геоблокирање во е-трговијата во ЦЕФТА“, а организиран од Секретаријатот на ЦЕФТА, во соработка со АЕТМ, фондацијата Либре од Бугарија и Асоцијацијата за е-трговија на Србија. На настанот присуствуваа близу стотина учесници од регионот меѓу кои претставници на владини институции, невладин и приватен сектор. Акциониот план за Заеднички Регионален Пазар 20212024 година на ЦЕФТА предвидува слободно движење на производи и услуги во ЦЕФТА регионот и доближување до веќе постоечкиот модел на т.н. Единствен пазар на ЕУ. Реализирањето на активностите од Акциониот план, меѓу кои е и отстранувањето на неоправданите практики за гео-блокирање ќе овозможат домашните купувачи да имаат поголем избор и да можат да нарачуваат онлајн од продавници од регионот, а домашните е-трговци да стигнат до поширока база на купувачи од регионот. Консолидираниот пазар на ЦЕФТА претставува нова можност за раст и проширување за бизнисите кои ги нудат своите производи или услуги онлајн. Пазарот се состои од 18 милиони луѓе со проценка од 1 милијарда евра во е-трговија и има потенцијал да им овозможи на локалните компании да растат и да го прошират својот бизнис. АЕТМ како лидер на проектот, во соработка со Асоцијацијата за е-трговија во Србија во изминатите три месеци работеше на анализата, направена со “мистери шопинг” на репрезентативен примерок од

160 е-продавници од регионот на ЦЕФТА - Албанија, Босна и Херцеговина, С.Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово. Беа спроведени и 44 интервјуа со претставници на е-продавниците со цел да се истражи дали е-продавниците овозможуваат купување од други пазари и дали се користат практики за гео-блокирање на купувачите.

Најголемите тешкотии за е-трговците

Ангеловска презентираше дека најчестите предизвици со кои се соочуваат е-трговците кои продаваат на други пазари, а воедно и главните причини зошто над 70% од е-продавниците не продаваат на други пазари се царинските давачки и процедури (високите царински такси што купувачите треба да ги платат и сложените процедури додаваат административни тешкотии и неизвесност. Како што истакнал Ерлис Линза, директор на компанијата Bestseller од Албанија, да се плати царинење за секоја нарачка значи дека единствениот изводлив начин е да се отвори целосен бизнис и магацин на секој пазар, наместо да се работи од сопствениот главен магацин. Урош Момировиќ, сопственик и менаџер на Мона од Србија, смета дека најголем блокатор се таксите. „Но и без нив нема да можеме да го направиме процесот на царинење правилно затоа што производите се држат на царина неколку дена, што го прави процесот комплициран за само еден производ.“ Потоа тука се и проблемите со достава (високите трошоци за испорака ги прават производите неконкурентни, а локалните курирски служби немаат воспоставено партнерства и процеси за справување со испораки во другите пазари) и различните регулативи и процедури во секој пазар (односно недостатокот во стандардизација и – јасни, униформни правила и регулативи, стандардизација и недостаток на поедноставени процеси го прават патот до испораките помеѓу пазарите уште потежок за е-продавниците). Дуња Јованиќ од Србија, основач на “Bebe by Dunja” вели дека за секоја нарачка надвор од Србија, внатрешно треба да подготват околу 7 документи за кои се потребни околу 30 минути по нарачка. „Потоа ги предаваме документите и пакетот на DHL, и од тој момент DHL се справува со испораката.“


25 МАРТ 2022

38 Е-ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

КАКО Е ПРАВЕНО ИСТРАЖУВАЊЕТО ВО ВРСКА СО ПРАКТИКИ ЗА ГЕО-БЛОКИРАЊЕ ВО РЕГИОНОТ

РЕГИСТРАЦИЈА НА Е-ПРОДАВНИЦИТЕ

Според Ангеловска постојат и други предизвици како што се ниските дигитални вештини кои се предуслови за е-трговија, недостаток на разбирање за различните царински и административни процедури, техничките прашања како што се повеќејазичните веб-страници и поддршката за корисници, различните валути, високите девизни курсеви од банките и платежните инструменти итн. „Иако близу 30% од е-продавниците продаваат на пазари надвор, домашниот пазар е доминантен со над 90% учество во вкупните продажби.“, вели таа.

Различни фази на е-трговија со различни типови на геоблокирање Гео-блокирањето се однесува на деловни практики каде што е-трговците наметнуваат ограничувања врз основа

на географската локација на купувачите, односно купувачите не можат да купат стоки или услуги од трговци лоцирани на друг пазар и се дискриминирани кога се обидуваат да пристапат до најдобрите понуди, цени или услови за продажба. Како резултат на тоа, економиите се заробени во сопствениот “балон” на содржини наместо да можат да пристапат до универзални информации, услуги и добра. Процесот на онлајн купување може да се подели на 4 фази за време на кои може да се појават различни типови на гео-блокирање: 1. Пристап – кога купувачот пристапува на веб-сајтот, 2. Регистрација – кога купувачот дава специфични информации за себе (лични податоци, адреса итн.), 3. Испорака – кога купувачот дава информации каде да биде доставена неговата нарачка,

Д-Р НИНА АНГЕЛОВСКА

претседателка на АЕТМ

Иако близу 30% од е-продавниците продаваат на пазари надвор, домашниот пазар е доминантен со над 90% учество во вкупните продажби на регионалните е-трговци., вели д-р Нина Ангеловска, претседателка на АЕТМ, организација којашто беше лидер на проектот, односно, спроведената анализа во врска со практики за геоблокирање во регионот.


39

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

ШТО Е ГЕО-БЛОКИРАЊЕ И ЗОШТО ПОСТОИ?

Г

ео-блокирањето се однесува на деловни практики каде што е-трговците наметнуваат ограничувања врз основа на географската локација на купувачот. Ова се однесува на ситуации кога купувачите не можат да купат стоки или услуги од трговци лоцирани на друг пазар поради причини поврзани со место на живеење или место на основање, па оттука се дискриминирани кога се обидуваат да пристапат до најдобрите понуди, цени или услови за продажба. Некои од практиките на геоблокирање се користат за почитување на домашните закони (услугите за коцкање или трговците со алкохол може да користат гео-блокирање за да го оневозможат пристапот на нивната страница до пазарите

каде што тоа е забрането или каде што тие не можат законски да работат) и како резултат на ограничувањата за лиценцирање. Сепак, постојат многу практики за геоблокирање кои се неоправдани. Овие практики ги отсекуваат

Хипотекарен кредит РЕФИНАНСИРАЊЕ НА СИТЕ ИЗЛОЖЕНОСТИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ СРЕДСТВА СО Фиксна каматна стапка од 3,95% БЕЗ административен трошок БЕЗ трошок за проценка на имот, освен првата година Полисата за РИЗИКО осигурување на живот вклучува осигурително

покритие и од КОВИД 19 Промотивно до 30.06.2022 г.

корисниците од меѓународните заедници и од глобалните пазари. Како резултат на тоа, економиите се заробени во сопствениот “балон” на содржини наместо да можат да пристапат до универзални информации, услуги и добра.

ЕДНА РАТА ЕДНА БАНКА


25 МАРТ 2022

40 Е-ТРГОВИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

КАКВО ГЕО-БЛОКИРАЊЕ СЕ СЛУЧУВА ПРИ ДОСТАВАТА Кај 64% од вкупно 160 анализирани е-продавници адресите за достава на мистериозните купувачи не беа прифатени. Од нив, речиси сите адреси (96%) не беа прифатени кога се опсервираа е-продавниците кои продаваат производи. ОПЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ КАЈ Е-ПРОДАВНИЦИТЕ ВО ЦЕФТА ПАЗАРИТЕ

Истата цена на производите се појавува во 99% од случаите без разлика од кој пазар се пристапува на е-продавницата. 76% од е-продавниците прифаќаат плаќање со кредитна или дебитна картичка (Visa, Mastercard).

4. Плаќање – кога купувачот го избира својот претпочитан начин на плаќање. Анализата се базираше на 4 истражувачки прашања: u Колку е честа практиката на геоблокирање при онлајн купување од друг пазар во рамките на ЦЕФТА? u Дали гео-блокирањето е почесто кај продавањето на услуги или производи? u Во која фаза од процесот на онлајн купување се јавува геоблокирањето и во каква форма? u Која е причината и оправданоста за користењето на практики на гео-блокирање? 98,4% од мистериозните купувачи можеле да пристапат на истата веб-страница кога ја оценувале од

друг ЦЕФТА пазар. Само 1,6% од сите обиди за пристап од страна на мистериозните купувачи до е-продавниците резултираа со автоматско пренасочување, веб-локација со различна пазарна екстензија, различно име на домен или од нив беше побарано да ја изберат нивната локација. Дополнително, 70,3% од е-продавниците се достапни само на локалниот јазик, а 29,7% од продавниците се достапни и на англиски јазик. Кај 64% од вкупно 160 анализирани е-продавници адресите за достава на мистериозните купувачи не беа прифатени. Од нив, речиси сите адреси (96%) не беа прифатени кога се опсервираа е-продавниците кои продаваат производи. Истата цена на производите се појавува во 99% од случаите

без разлика од кој пазар се пристапува на е-продавницата. 76% од е-продавниците прифаќаат плаќање со кредитна или дебитна картичка (Visa, Mastercard). Само 11% од е-продавниците кои продаваат производи немаат гео-блокирање, додека пак 74% од е-продавниците кои нудат услуги (т.е. хостинг, патнички услуги, билети за настани итн.) немаат гео-блокирање, односно не го ограничуваат купувањето од други пазари. Практиките за гео-блокирање најчесто се појавуваат при фазата за достава за време на онлајн купувањето (63.8%). Најчестата форма на гео-блокирање е ограничување на полето за адреса со тоа што е-трговецот не дозволува да се внесат адреси кои не се од истата земја. nnn


ПРИФАТЛИВИ ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНО МЕРКИ ЗА

АПЛИКАЦИЈА ЗА ГРАНТ ДО 20%

СОЛАРЕН ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ ВЕНТИЛАЦИЈА

СОНЧЕВ КОЛЕКТОР ЗА ТОПЛА ВОДА

НАДВОРЕШНА ВРАТА

ПРОЗОРЦИ СО ДВОЈНО/ТРОЈНО ЗАСТАКЛУВАЊЕ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ПОКРИВ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА НАДВОРЕШНИ ЅИДОВИ

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА НА ПОД

ПЕЧКА ИЛИ КОТЕЛ НА БИОМАСА ИЛИ ГАС АКУМУЛАЦИОНЕН БОЈЛЕР ЗА ТОПЛА ВОДА

ТОПЛИНСКА ПУМПА

НАЈПОВОЛЕН ЗЕЛЕН КРЕДИТ ЗА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСЕН ДОМ! 6% фиксна камата Без обезбедување Без сопствено учество

Консултации и информации

075 475 219 - 071 394 264

www.pcb.mk


25 МАРТ 2022

42 INTERVIEW

Филип Сеиб професор

КРЕМЉ ГЛОБАЛНО ЈА ИЗГУБИ ИНФОРМАТИВНАТА ВОЈНА

Филип Сеиб е почесен професор по новинарство и јавна дипломатија на Универзитетот во Јужна Калифорнија и автор на книгата „Информации во војна: новинарство, дезинформација и модерна војна“. Ви пренесуваме едно навистина впечатливо интервју што со него го прави Грахам Вајс, уредник во американски „Сигнал“, каде се разговара за клучните прашања поврзани со ефектите што украинската војна ги има врз системите за информирање низ западните општества и САД, но и за суштинските предизвици на професионалното новинарство во време на војна.

Фото: USC Center on Public Diplomacy

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123


43

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

THE SIGNAL

(опремата е редакциска)

Р

еалноста во која една авторитарна држава го напаѓа својот демократски европски сосед беше очигледно глобален шок. Сега се чини дека одговорот - од отпорот на теренот до владините санкции, протестите на граѓаните, евакуациите на компаниите и бојкотот на потрошувачите ширум светот – беше исто така шок - за Москва. Што и да се случи следно, јасно е дека живееме низ исклучително ужасен момент во современата историја. Во Соединетите Американски Држави и на други места, анкетите покажуваат дека огромно мнозинство луѓе посветуваат големо внимание - при што војната го зголемува рејтингот на телевизиските вести, го поттикнува ангажманот на дигиталните медиуми и продолжува да дава задебелени наслови во весниците. Филип Сеиб е почесен професор по новинарство и јавна дипломатија на Универзитетот во Јужна Калифорнија и автор на книгата Информации во војна: новинарство, дезинформација и модерна војна. Новинарите секогаш знаат, вели Сеиб, дека покривањето на војната сигурно носи повеќе гледачи и читатели - особено кога се чувствуваат вложени во конфликтот. И оваа во Украина нуди можност да се раскаже витална, речиси архетипска приказна, со невообичаено јасни морални влогови: добро наспроти лошо, херојство наспроти злобност, со животи на невини луѓе, не само на невини деца, во прашање. Сепак, и покрај сета пофална работа што Сеиб ја гледа од американскиот печат - особено од новинарите од првата линија кои застрашувачки ги ризикуваат своите животи на теренот во Украина - тој исто така смета дека некои од оние што се подалеку од конфликтот ја фаворизираат драмата наместо суштината, занемарувајќи го политичкиот и економскиот контекст. За Сеиб, американското покривање на војната во Украина ги покажува трајните сили на американското новинарство заедно со реалноста за тоа како може да ја поттикне потрошувачката на вести зајакнување на ограничениот опсег на внимание, фиксирање на личности и не задржување на посложените прашања што ќе одлучуваат за иднина за Украина и светот.

Руските напори за дезинформација навистина не успеаја многу на глобално ниво. Кремљ е сериозно надминат во битката за информации. Голем дел од светот го гледа украинскиот претседател Володимир Зеленски за херој, а Путин како врвниот негативец. Има толку многу недостатоци во пристапот на Русија кон целата работа - воена, политичка и информативна - и овој информативен аспект е значаен. Путин претходно изгледаше дека нема да биде сојузник, но можеби некој со кој Западот би можел да се справи. Сега тој е совршен негативец со нуклеарно оружје, како некој од филм за Џејмс Бонд. XКако X го оценувате досегашното покривање на американските вести за Украина? Мојата прва мисла е дека не треба да ја потценуваме храброста на новинарите во Украина. Добивањето информации од првите борбени линии бара почит, а веќе видовме убиени новинари кои известуваат за оваа војна. Сепак, генерално, покриеноста беше еднодимензионална - како што е често случај со секојдневно известување за војна. Има премногу акцент на обидот да се добијат „вонредни вести“ - термин без кој веројатно би можеле да го сториме тоа - и секогаш има чувство за некритичен ентузијазам околу покривањето, особено од новинарите кои не се на првите борбени линии и се безбедно опфатени со илјадници милји подалеку. Има фиксација на воените аспекти на војната, кои очигледно се голем дел од конфликтот, но војните се и политички и економски.

Политичките и економските агли на оваа приказна бараат повеќе внимание. Кои се долгорочните последици? Американците треба да бидат заинтересирани за тоа, иако ние во САД не се соочуваме со никаква физичка опасност од конфликтот. XКако X известувањето за војната во печатот во САД се споредува со начинот на кој американското новинарство се справи со другите воени конфликти? Па, партизацијата, односно поларизацијата во известувањето за војната не е ништо ново. Покривањето на Едвард Р. Мароу од Лондон [за време на Блицкригот во Втората светска војна] беше јасно про-британско и антигерманско, а ние не правиме многу врева околу тоа бидејќи тој беше на страната на „ангелите“. Големата разлика сега е технологијата - фактот што можеме да добиеме известување во реално време и, пошироко, има само огромен обем на


25 МАРТ 2022

44 INTERVIEW

Фото: World Vision/John Warren

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Во 1994 година, кога во Руанда беа убиени 800.000 луѓе за сто дена, печатот беше повеќе фокусиран на она што се случува на Балканот, каде што десетици илјади луѓе загинаа со години. Тоа е забележителна разлика. Денес, ако ги погледнете местата каде што не-белите луѓе се брутализираат уште полошо отколку во Украина - Бурма, Јемен и места во Африка - ќе препознаете дека ова е ендемичен проблем што отсекогаш постоел во новинарството. Исто така, постои комерцијален императив со кој треба да се справат новинските организации: американската новинска публика е поверојатно да реагира кога гледа загрозени бели деца во Украина отколку кога гледа загрозени кафеави деца во Бурма. Тоа е поголемо општествено прашање кое секако го надминува бизнисот со вести. Овие други места не можат да се заборават.

информации. Руските напори за дезинформација навистина не успеаја многу на глобално ниво. Кремљ е сериозно надминат во битката за информации. Голем дел од светот го гледа украинскиот претседател Володимир Зеленски како херој, а Путин како врвниот негативец. Има толку многу недостатоци во пристапот на Русија кон целата работа - воена, политичка и информативна - и овој информативен аспект е значаен. Вистинскиот предизвик за американските и западните новинари ќе дојде за една или две години, кога Украина сè уште ќе биде хаос. Сега сме во фаза кога новинарскиот адреналин навистина расте, но не знам колку долго ќе трае тоа. Зачудувачки е што денес сè уште постои интерес на САД за Украина, бидејќи повеќето Американци веројатно не можеа да ја најдат земјата на мапа. Најголемиот дел од тој интерес се должи на новинските организации кои признаваат дека нивната публика се грижи за луѓето, а не за политиката. Огромниот удар на американското покривање вести е она што го нарекуваме приказни од човечки интерес - судбината на цивилите, судбината на децата. Не се работи за Украина наспроти Русија како политички субјекти, се работи за луѓе. XЏек X Шафер, истакнат пишувач на Политико, имаше колумна во која се вели дека „огромното мнозинство американски новинари зазедоа попригушена позиција во врска со војната,

идентификувајќи се со Украина против агресорите Руси, но застанаа само за да не навиваат“. Сепак, тој тврдеше - со самосвесен провокативен јазик - дека новинарите ја „сакаат војната“ од различни структурни причини, вклучително и дека таа привлекува публика, игра во „негативната пристрасност“ на новинарството и може да ги унапреди новинарските кариери. Што сметате за тој аргумент? Новинските организации и поединечни новинари, свесно или несвесно, препознаваат дека постои одредена возбуда што милитаризмот ја обезбедува на публиката. Кога САД го нападнаа Ирак во 2003 година, имавте вклучени новинари и можевте да го вклучите CNN среде ноќ и да гледате престрелка во живо. Тоа постави нов стандард за она што го направија новинарите и што очекуваше публиката. Експлозиите на телевизискиот екран привлекуваат внимание. Има значителен акцент на добивањето на тие слики. Но, што значи сликата на еден ракетен напад? Кој е контекстот на тоа? Пренесувањето на ова е секогаш предизвик за новинарите кои покриваат војна, бидејќи е многу ретко една битка, или еден инцидент на бојното поле, да направи голема разлика. Хирошима беше еден од ретките исклучоци. Немаше доволно покривање на големата слика на приказната за Украина: Каде одиме одовде? Каде ќе бидеме за две години од сега?


45

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Денес можете да бидете во етерот во рок од 10 секунди откако ќе добиете нови информации, а тоа ја менува природата на новинарството. Има еден стар новинарски слоган: ‘Добијте ја први, но прво добијте ја точно’ (информацијата, н.з). Тоа чувство денес премногу често се остава настрана. Што ќе се случи во американската внатрешна политика, и со сите овие бегалци, и со глобалната криза со храна? Некои можеби ќе кажат дека тие прашања се предвремени сега, но тие се дел од целокупната слика на оваа војна. Во исто време, не можете да бидете премногу езотерични во вашето покривање, бидејќи тогаш ќе ја изгубите публиката. Покривањето на жртвите од насилството во војната во Украина е важно, и затоа што има публика и затоа што тоа е она што всушност е војната - не само претседатели и војници, туку и луѓе заробени на теренот. XВелите X дека покривањето што е премногу езотерично ги наведува новинарите да ја загубат својата публика. Кои други комерцијални реалности ги гледате како го обликуваат покривањето на војната? Раководителите на американските новински организации разбираат дека просечниот потрошувач на вести сака само толку многу информации, така што новинарите ги пренесуваат вестите во делови што јавноста може да ги свари, но мора да има повеќе од тоа. Имаме одговорност да ја третираме оваа војна со софистицираноста што ја заслужува. Овој предизвик не е ништо ново. Еден од првите извонредни примери за пренос на војна беше Едвард Р. Мароу во Лондон. Тој сакаше да емитува во живо за време на воздушните напади, бидејќи го разбра драматичниот

ефект од внесувањето на звуците на сирените, бомбите и пукотниците во американските дневни соби. Британската војска всушност го одби барањето на Мароу, но Винстон Черчил ги отфрли, бидејќи Черчил знаеше колку е важно таквото покривање да се пренесе на неутрална Америка. XКако X што велите, Мароу имаше перспектива за таа војна што го опфати неговото покривање за неа. Какви перспективи гледате како го обликуваат известувањето на американските новинари за Украина сега? Американските новински организации веројатно малку се радуваат што имаат јасен негативец. За некое време, Путин изгледаше дека нема да биде сојузник, но можеби некој со кој Западот би можел да се справи. Сега тој е совршен негативец со нуклеарно оружје, како некој од филм за Џејмс Бонд. Новинските медиуми сакаат да имаат јасно дефинирано чувство за добро наспроти лошо. Зеленски и неговите луѓе ја препознаа оваа динамика и брилијантно ја искористија. Зеленски е доброто момче. Сигурен сум дека тој повеќе би сакал да има борбени авиони Ф-35, но тој има вистинска предност во својата морална позиција, што ја подобрува покриеноста на вестите во САД. Каде би бил тој каде би била Украина - без ваков третман? Потрошувачите на вести гравитираат кон луѓе и личности - деца, бегалци, а потоа и лидери

како Бајден, Путин и Зеленски. XДруг X вид критика насочена кон покривањето на вестите од Запад е дека понекогаш е расистичко, кога новинарите ја опишуваат Украина како „релативно цивилизирано, релативно европско“ место каде што не би очекувале да се случи ваков вид војна - или кога се чини дека се идентификуваат повеќе со Украинците отколку со другите луѓе погодени од војна на други места во светот. Како го гледате ова? Тоа не е нова динамика. Во 1994 година, кога во Руанда беа убиени 800.000 луѓе за сто дена, печатот беше повеќе фокусиран на она што се случува на Балканот, каде што десетици илјади луѓе загинаа со години. Тоа е забележителна разлика. Денес, ако ги погледнете местата каде што не-белите луѓе се брутализираат уште полошо отколку во Украина - Бурма, Јемен и места во Африка - ќе препознаете дека ова е ендемичен проблем што отсекогаш постоел во новинарството. Исто така, постои комерцијален императив со кој треба да се справат новинските организации: американската новинска публика е поверојатно да реагира кога гледа загрозени бели деца во Украина отколку кога гледа загрозени кафеави деца во Бурма. Тоа е поголемо општествено прашање кое секако го надминува бизнисот со вести. Овие други места не можат да се заборават. nnn


25 МАРТ 2022

46 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Рикардо Гутиерез

генерален секретар на Европска федерација на новинари

НОВИНАРИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТАРГЕТ

Генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез вели дека ситуацијата на колегите кои известуваат од Украина е многу загрижувачка: "Имаме таргетирани напади и покажуваат дека руската армија напаѓа новинари таргетирано. Вакви напади нема од украинска страна. Меѓународните конвенции бараат новинарите да се третираат како цивили во вакви случаи. Ние не сме таргет, не сме дел од војната и државите мора да се потсетат дека имаат обврски, а обврските се и да се заштитат новинарите на терен".


47

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА XКаква X е ситуацијата на терен? Како се држат нашите колеги? Јас сум во дневен контакт со колегите во Украина, но и со колегите во Русија, ситуацијата во Русија е тешка. Во Украина, нашите две главни организации се релоцирани во западна Украина, блиску до полската и унгарската граница, па сега се на безбедно и лесно им е да работат од таму. Им помагаме, обезбедивме фондови, праќаме пари, а пред неколку дена разговаравме и за најдобрите опции за иднина, оти време е да се мисли на планови за евакуација. За нив е тешко да мислат на тоа, сметаат дека е предавство да си ја напуштат земјата, но, наша одговорност е да размислуваме на тоа и ќе креираме логистички центар на полската граница за да можеме да помогнеме на терен.

Бараме од сите страни да се внимава. Меѓународните конвенции бараат новинарите да се третираат како цивили во вакви случаи. Ние не сме таргет, не сме дел од војната и државите мора да се потсетат дека имаат обврски, а обврските се и да се заштитат новинарите на терен. XИмаше X многу напади врз новинари и вие бевте многу прецизни во реториката дека ова се воени злосторства. Имаше директни напади, вклучително и врз странски дописници. Пред една недела беше нападнат тим на Скајњуз, претходно врз швајцарски новинари. Ова беа таргетирани напади и покажуваат дека руската армија напаѓа новинари таргетирано. Вакви напади нема од украинска страна. Бараме од сите страни да се внимава. Меѓународните конвенции бараат новинарите да се третираат како цивили во вакви случаи. Ние не сме таргет, не сме дел од војната и

државите мора да се потсетат дека имаат обврски, а обврските се и да се заштитат новинарите на терен. XИ Xповикувате на одговорност исто така... Да. Затоа што забележавме дека многу млади новинари се праќаат во воена зона без никаква заштита, немаат панцири, немаат шлемови и ова не е нормално. Бараме од сопствениците на медиумите и медиумите да обезбедат соодветна заштита. Неодговорно е да пратите новинар во воена зона без соодветна заштита. XСе X разбира, тоа е основно. Како може да ги процените ефектите што ова ги има врз информациите


25 МАРТ 2022

48 INTERVIEW

Фото: Vjekoslav Skledar

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

секаде. Ја гледаме оваа цензура врз пропагандата од Кремљ, но вие сметате дека цензурата всушност и не помага? Како претставници на новинарите, ние се грижиме за слободата на говор и многу е важно да се зачуваа оваа вредност. Во време на војна, информацијата претставува дел од „играта“. За нив нормално е да креираат информациска војна, дополнително од таа што се случува на терен. Новинарите не смеат да бидат дел од таа информациска војна. Ние мора да ги задржиме нашите етички стандарди. Нашата поента не е да служиме на владите, туку на граѓаните и на јавниот интерес и затоа сме загрижени за обидите на владите да ги контролираат медиумите, понекогаш и да ги цензурираат, како што е тоа случај во Русија. Но, ние исто ја критикувавме и ЕУ кога реши да ги забрани руските канали, финансирани од Кремљ. Се разбира дека ние не ја поддржуваме или промовираме содржината од овие медиуми, но ова не е начин за справување со дезинформации. Треба да

Нашата поента не е да служиме на владите, туку на граѓаните и на јавниот интерес и затоа сме загрижени за обидите на владите да ги контролираат медиумите, понекогаш и да ги цензурираат, како што е тоа случај во Русија. Но, ние исто ја критикувавме и ЕУ кога реши да ги забрани руските канали, финансирани од Кремљ. Се разбира дека ние не ја поддржуваме или промовираме содржината од овие медиуми, но ова не е начин за справување со дезинформации. Мојот совет би бил - ве молам следете ги професионалните новинари од професионалните медиуми, тие кои се придржуваат до етичките принципи и внимаваат за интересот на граѓаните, како што кажав тоа е наша должност да служиме на јавниот интерес, не на владите или на некој приватен интерес. се промовира вистинската информација, етичкото новинарство, кредибилните медиуми, да се промовира медиумската писменост за граѓаните да можат да направат разлика помеѓу кредибилни медиуми и пропаганда. Во демократијата наша должност е да се бориме со дезинформации. Не сакам нашите држави да го следат примерот на господин Путин, кој користи строга цензура и затвора медиуми. Московско Ехо, Телевизија Дожд... многу новинари се под страшен притисок, не смеат дури ни да ги изговорат зборовите инвазија или војна. Мислам дека не е мудро да се следи неговиот пример. Ние имаме наши вредности и има начини како нашите демократии да се заштитат од пропаганда следејќи ги нашите вредности. XДа. X Не сакаме да се не сакаме да се претвориме во нешто против кое се бориме. Ова е истата линија што всушност ја следат и македонските новинарски организации. Може ли да споделите неколку совети како граѓаните да се заштитат

себеси од пропаганда? Ние како професионални новинари умееме да препознаеме лесно, но што со граѓаните? Мислам дека треба да бидат внимателни околу информациите што циркулираат на социјалните медиуми, знаеме дека на социјалните мрежи има најмногу дезинформации . Мојот совет би бил - ве молам следете ги професионалните новинари од професионалните медиуми, тие кои се придржуваат до етичките принципи и внимаваат за интересот на граѓаните, како што кажав тоа е наша должност да служиме на јавниот интерес, не на владите или на некој приватен интерес. Тоа би бил мојот совет, следете ги нив, има многу новинари кои добро работат. Граѓаните треба да се мудри, во вакви ситуации, има многу обиди за манипулација на јавното мислење, па ве молам бидете внимателни. Си ги знаете професионалните медиуми кај вас, немојте да следите руска, српска, а понекогаш и украинска пропаганда. Тоа е мојот најдобар совет - следете ги истакнатите и професионалните новинари и медиуми. nnn


Тргувајте безбедно Осигурување на побарувања

Македонските компании своите производи и услуги ги продаваат во земјава и во странство, овозможувајќи им на купувачите одложена исплата. Осигурувањето на побарувања на Триглав ги штити компаниите и обезбедува навремена и целосна исплата на нивните побарувања. Овој производ им помага на компаниите да го стабилизираат своето финансиско работење и да ја подобрат конкурентноста. Осигурувањето на побарувања го штити осигуреникот од ризици како банкрот, или стечај, т.е. несолвентност на купувачот, како и ненавремено плаќање. Ова осигурување ја подобрува ликвидноста, заштитата на паричните текови, овозможува остварување на финансиските планови и буџети и придонесува кон подобрување на финансиските показатели на компанијата. Со тоа позитивно влијае и врз продажните резултати, овозможувајќи излез на нови пазари, како и обезбедување нови купувачи на постоечките пазари, а ја подобрува и конкурентноста, затоа што овозможува продажба со одложено плаќање, без банкарски гаранции и акредитиви. Осигурувањето на побарувања на Триглав може да се склучи за купувачи од целиот свет.


25 МАРТ 2022

50 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

ЗАПАДОТ НЕ САКА ПОВЕЌЕ ДА ЗАВИСИ ОД АЗИСКИТЕ МИКРОЧИПОВИ

САД И ЕВРОПА ЌЕ ИНВЕСТИРААТ ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО НОВИ ФАБРИКИ


51

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Пандемијата и верижниот систем на последици предизвикаа голем светски недостиг на микрочипови од коишто зависи производството на речиси сè со коешто живееме и работиме. Ова ги натера американските и европските производители, но и владите што ги субвенционираат, да тргнат во инвестициски поход за да обезбедат стабилност во набавките, како и да ја намалат зависноста од азиските производители на микрочипови, коишто во моментов доминираат на светскиот пазар. автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

А

мериканскиот технолошки гигант Intel деновиве ја објави првата фаза од својот амбициозен план да инвестира дури 80 милијарди евра во свои капацитети во Европската унија следниве десетина години. Инвестициите на еден од најголемите светски производители на микрочипови ќе бидат распоредени низ целиот вредносен синџир – од истражување и развој, па се’ до најмодерните технологии на производство. За почеток, Intel планира да потроши 17 милијарди евра за производен капацитет во Магдебург, Германија, ценејќи дека на таа локација наоѓа доволен број квалификувани работници, извонредна инфраструктура и развиен екосистем на добавувачи и купувачи. Дизајнот на фабриката веќе е почнат, градбата треба да почне во првата половина на 2023, а првите микрочипови од производните погони се планира да излезат во 2027 година. Останатиот дел од огромниот инвестициски план на Intel за Европа, предвидува капацитети за истражување и развој, како и производство на микрочипови и во Франција, Ирска, Италија, Шпанија и Полска. Претходно, во јануари годинава Intel објави дека ќе инвестира 20 милијарди долари во две фабрики за микрочипови, лоцирани во Охајо, САД. Долгорочниот план за оваа локација е да биде домаќин на дури осум фабрики што би го чинело Intel околу 100 милијарди долари севкупно. Ова силно раздвижување на клучниот американски производител на микрочипови не е случајно. Глобалниот недостиг на микрочипови што се појави во екот на пандемијата во 2020 година и се’ уште не е надминат, предизвика огромни проблеми на големите играчи во повеќе индустрии – автомобилската, потрошувачката електроника, воениот комплекс... Затоа што, микрочипови се

Во напорите да ја поврати глобалната доминација и да го направи Западот помалку зависен од азиските производители, американски Intel планира да потроши 17 милијарди евра за производен капацитет во Магдебург, Германија. Во перспектива Intel планира инвестиции од вкупно 80 милијарди долари на неколку локации во Европа. вградуваат буквално во се’ со кое што живееме и работиме секојдневно – паметни телефони, таблети, лаптопи, кујнски апарати, играчки, автомобили, машини и опрема за безброј индустрии, па се’ до најсофистицираните цивилни и воени летала, ракетни системи, итн.

Зошто дојде до глобална јагма за чипови?

Овој светски проблем на пазарот за микрочипови особено ги погоди големите автомобилски производители од САД и Европа, но и останатите индустрии што зависат од микрочипови. Огромен дел од производните капацитети за микрочипови се лоцирани во Азија, каде што најголем производител е тајванската компанија TSMC која обезбедува преку 50% од глобалната побарувачка за микрочипови. Голем производител е и корејскиот Samsung, со 17% удел на светскиот пазар, како и кинеската SMIC, со 5%. Меѓутоа, пандемијата од 2020 година предизвика сплет од фактори коишто направија голем недостиг

на пазарот за микрочипови. Прво, се зголеми нагло побарувачката за лаптопи, таблети и други уреди за работа од дома, затоа што милиони луѓе низ светот поради новонастанатата ситуација мораа да работат на далечина или да следат настава од дома, да се одржуваат состаноци и конференции онлајн, итн. Подолгото останување дома на луѓето ја зголеми побарувачката и за телевизори, играчки конзоли и други уреди за разонода и забава. Второ, локдауните во Кина, Кореа и Тајван каде што се најголемите капацитети за микрочипови ги прекинаа производните процеси со недели или месеци. Трето, се нарушија и глобалните логистички синџири (и луѓето што работат на бродовите, камионџиите и сл., се разболуваат од ковид, исто така), па и оние микрочипови што беа произведени се’ потешко доаѓаа до крајните купувачи – а тоа се фабриките на Volkswagen, Ford, Apple, Sony и стотици други брендови што зависат од чипови.


25 МАРТ 2022

52 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Карактеристично за индустријата на микрочипови e што фабриките се исклучително скапи за изградба – рангот е од минимум една милијарда долари, па нагоре - и процесот трае прилично долго, затоа што мора да се запазат бројни безбедносно – технички стандарди, како што се максимално стерилна средина (и најмали честички прав може да ги оштетат чувствителните микро и нано делови од процесорите), контролирана температура и влажност заради минимизирање на статичкиот електрицитет, обезбедување на заштита од вибрации и уште цел список на стандарди што треба да се исполнат. Само една од последиците: во 2021 светските производители на автомобили произвеле 7,7 милиони возила помалку, што значи преку 210 милијарди долари помалку во нивните приходи.

Обезбедување на технолошка сувереност

Тука се враќаме на почетокот од приказнава и инвестициските планови на Intel. Како еден од симболите на американскиот технолошки напредок изминативе неколку децении, компанијата пополека го изгуби приматот во светското производство на процесори зад азиските конкуренти. Соочени со недостигот на микрочипови последниве две години и проблемите што тој го предизвика, САД не беа среќни со тоа колку нивната економија и воениот комплекс станале зависни од азиското производство на чипови. И затоа решија и да ги субвенционираат обилно своите производители, се’ со цел да станат поконкурентни и да се задоволи зголемената побарувачка, но и да се намали зависноста од Азија. Бидејќи, тука има и геополитика, трговски војни, безбедносни прашања, се разбира. Идејата за „технолошката сувереност“ ги натера американските политички лидери да го одврзат ќесето. Конгресот во моментов работи на регулатива

што ќе им обезбеди на домашните производители на чипови 52 милијарди долари субвенции. „Не сакаме да имаме ситуација каде што САД, коишто ја создадоа всушност индустријата за микрочипови и Силиконската долина, да станат комплетно зависни од други нации за овој производ“, вели Ал Томпсон, задолжен во Intel за односи со владините тела. Европската унија исто така не седи со скрстени раце, па во февруари Европската комисија усвои пакет од 15 милијарди евра за ново финансирање преку иницијативата EU Chips Act. Оваа програма треба да го зајакне европскиот екосистем на чипови (полупроводници), да обезбеди цврстина и отпорност на синџирите на набавка и да ја намали зависноста на европската економија од надворешни добавувачи, исто како и во американскиот случај. „Ова е клучен чекор за технолошката сувереност на ЕУ и ќе обезбеди Европа да ги постигне своите цели за зголемување на глобалниот удел во полето на чиповите на 20% следната декада“, е наведено во објаснувањето на EU Chips Act.

Ниту Азијците не спијат

Истовремено, и азиските производители не се само набљудувачи на ситуацијата додека Интел и останатите западни

производители инвестираат. Тајванскиот TSMC во јануари објави дека во 2022 ќе инвестира и до 44 милијарди долари во зголемување на своите капацитети. Претходно, во 2021, компанијата инвестираше рекордни 30 милијарди долари. Корејски Samsung пак, кон крајот на минатата година објави дека ќе гради нова фабрика за чипови, и тоа на американска почва, во Тејлор, Тексас, вредна 17 милијарди долари. Ова ќе биде најголемата инвестиција на Samsung во САД досега. Во Остин, исто така Тексас, Samsung веќе има една фабрика за микрочипови. Новата фабрика треба да биде оперативна до крајот на 2024 година. Карактеристично за индустријата на микрочипови e што фабриките се исклучително скапи за изградба – рангот е од минимум една милијарда долари, па нагоре - и процесот трае прилично долго, затоа што мора да се запазат бројни безбедносно – технички стандарди, како што се максимално стерилна средина (и најмали честички прав може да ги оштетат чувствителните микро и нано делови од процесорите), контролирана температура и влажност заради минимизирање на статичкиот електрицитет, обезбедување на заштита од вибрации и уште цел список на стандарди што треба да се исполнат. nnn



25 МАРТ 2022

54 СТАРТАП СЦЕНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

РАЗГОВАРАВМЕ СО ТИМОТ ОД АКЦЕЛЕРАТОРОТ УКИМ

КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА ЗА РАСТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ЕКОСИСТЕМ


55

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

Акцелераторот УКИМ преку програмите EIT Jumpstarter 2022 и АПА2022 им овозможува на македонските иноватори да го остварат својот сон: да го развијат бизнис моделот за технолошкото решение и да го освојат глобалниот пазар. Основан во 2018 година, Акцелераторот УКИМ уште од самиот почеток континуирано развива специфични програми за поддршка на растот на најперспективните технолошки претприемачи, стартапи, спин-оф и брзо растечки компании во Северна Македонија во соработка со неговата глобална партнерска мрежа. Акцелераторот УКИМ имаше прилично исполнета агенда во 2021, со повеќе активности, проекти и настани со заедничка цел – поддршка на македонскиот стартап екосистем. Со тимот од Акцелератор УКИМ, извршниот директор Александар Стамболиев, финансиската директорка Нина Атанасовска и оперативниот директор Перица Врбоски направивме преглед на најзначајните проекти што ги спроведе акцелераторот, кои се придобивките од нив за домашните претприемачи, но и активностите што допрва ќе се случуваат.

НИНА АТАНАСОВСКА

финансиска директорка на Акцелератор УКИМ XНина, X кои беа најзначајните активности на Акцелераторот УКИМ изминатиов период? Во текот на изминатата година, акцелераторот УКИМ беше доста активен преку учество во голем број на програми, проекти, како и сопствената акцелераторска програма АПА 2021. Ја започнавме годината со учество во глобалниот предизвик на ФИА Регион 1, а во соработка со АМСМ, во којшто 2 тима од Македонија стигнаа до глобалното финале. Понатаму, како локален партнер на Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ) за програмата EIT Jumpstarter, минатата година за првпат ја организиравме работилницата за Македонија, на којашто детално го објаснивме процесот од аплицирање до финалната фаза, како и сите можности коишто понатаму ги нуди оваа програма, распространети низ целата мрежа на ЕИТ. Имено, ЕИТ претставува организација формирана од страна на Европската унија во 2008 година и интегрален дел од програмата Хоризонт Европа, со цел да ги зајакне иновациите во Европа и во својата мрежа располага со голем број на универзитети, акцелератори и институции коишто ги поддржуваат иновациите, а EIT Jumpstarter претставува почетен чекор кон поврзување со нив. Минатата година, помеѓу вкупно 42 тима во големото финале се најдоа и два тима од Македонија, што го сметаме за особен успех. Горди сме што нашата соработка продолжува и оваа година, па веќе на 30 март ќе ја одржиме работилницата за 2022 година со што активно се вклучуваме во процесот на поддршка на нашите тимови коишто ќе аплицираат. Минатата година спроведовме и акцелераторска програма наречена АПА 2021, која имаме за цел да ја спроведуваме секоја година и би сакале да стане наш заштитен знак, а беше поддржана од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку програмата за поддршка на стартапи Star venture. XШто X претставуваше всушност оваа програма? Во неа учествуваа 17 стартапи во напредна фаза, коишто преку специјализирани сесии со реномирани

експерти го унапредија своето знаење и развија конкретни насоки за развој на своето решение/ производ. Областите коишто ги дефиниравме како најсоодветни на фазата на развој во којашто се наоѓаат учесниците, беа: валидација на решението/ производот; клиенти, конкуренција и пазар; продажба, маркетинг и ценовна стратегија и финансиски план и проекции. Програмата заврши со демо ден, на кој сите учесници го презентираа напредокот којшто го постигнале преку програмата, пред Одборот на директори на акцелераторот УКИМ и менторите. Од нив, Акцелераторот УКИМ избра две компании (Синдекс и Брандер Студио) за кои смета дека имаат најголем потенцијал и инвестираше по 25.000 евра, со можност за дополнителна инвестиција од по 75.000 евра во двете компании. Освен финансиската инвестиција, акцелераторот обезбедува поддршка на своите инвестиции во областите во коишто смета дека е најпотребно, како на пример, развивање на маркетинг и продажна стратегија, финансии и слично, со цел да помогне во скалирање и глобален успех на решенијата. nnn


25 МАРТ 2022

56 СТАРТАП СЦЕНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

АЛЕКСАНДАР СТАМБОЛИЕВ

извршен директор на Акцелератор УКИМ

10.000 евра за најдобрите учесниците во BAU EIT Jumpstarter 2022

Александар, кои се придобивките од учество на програмата EIT Jumpstarter за иноваторите и македонската академска заедница? Како што спомна веќе Нина, Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ) е независно тело на ЕУ формирано во 2008 година, ги поттикнува иновациите и претприемништвото низ Европа за да се обезбедат напредни решенија за некои од нејзините најголеми предизвици. Своите активности ЕИТ ги спроведува преку следниве специјализирани заедници за

иновации: Здравство – EIT HEALTH; Агро-храна – EIT FOOD; Суровини – EIT RAW MATERIALS; Производство – EIT MANUFACTURING; Урбана мобилност – EIT URBAN MOBILITY, Енергија – EIT INNO ENERGY, Дигитални решенија – EIT DIGITAL, Климатски промени – EIT CLIMATE и од 2021 новата ЕИТ БАУХАУС. Тоа е што е особено важно за македонската публика е програмата EIT Jumpstarter, која започна со работа во 2017 година, а од 2021 година Акцелераторот УКИМ е локален партнер за Македонија. Целта на EIT Jumpstarter да се

ослободи потенцијалот за иновации во новите европски региони на иноваторите и научниците од Јужна и Источна Европа обезбедувајќи меѓународни можности и пристап до знаење за да се овозможат поголеми шанси во комерцијализација на нивните решенија. За програмата во 2021 година се пријавија 548 апликанти, а се обучија 220 тима од 25 земји, од кои се креираа 25 стартап компании. Особено сме горди на 2 македонски решенија (ФИКСИГО и Скопје Зелен Град) кои пристигнаа во финалето.


57

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

XГодинава X има повторно повик за EIT Jumpstarter? Повикот EIT Jumpstarter 2022 е отворен до 10.04.2022 и нуди: u пристап до знаење за трансформација на истражувањето во бизнис идеја, u грантови од ЕИТ и можности за инвестиции од Акцелераторот УКИМ. Отворениот повик за иноватори со идеја за производ или услуга кои сакаат истиот да го пласираат на пазарите во следниве индустрии: здравство, агро-храна, суровини, производство, урбана мобилност, енергија и Баухаус, преку програмата EIT Jumpstarter во 2022 ќе ги добијат следните придобивки: (1) Поддршка за креирање на бизнис модел за вашата иновативна идеја: (а) како да ja валидирате вашата идеја, (б) сегментација на пазарот, (в) понуда за вредност на клиентите, (г) финансии и основи на инвестиции, (д) правни основи;

И

(2) Пристап до европските пазари и поврзување со шесте големи индустриски партнери на ЕИТ: GE Healthcare, Siemens, Philips, Roche, Bosch, Nestlé, Pepsico, Maspex и други; (3) Поддршка за патување и сместување и (4) Парична награда од €10.000 за најдобрите тимови во секоја категорија. За избраните идеи и тимови во EIT Jumpstarter 2022 следат неколку специјализирани обуки преку кои на најуспешните се обезбедени околу 100 часа знаење за креирање на нивниот бизнис модел низ: (1) Онлајн обуки (bootcamps) кои ќе се одржат во Мај и Јуни за 210 тимови, со следната селекција ќе бидат избрани 105 тимови за учество на (2) локалните обуки кои ќе се одржат во Јули и Септември што треба да ги номинира најдобрите 42 тимови во (3) финалето кое ќе се одржи во Ноември. На приложениот графикон слика (на претходната страница од овој текст, н.з.) можете да ги видите сите активности.

Со цел да се обезбедат поголема информираност на македонската заедница на иноватори и претприемачи, Акцелераторот УКИМ го организира EIT PreJumpstarter 2022 на 30 март на кој ќе може да дознаат што е EIT Jumpstarter, кој може да аплицира и придобивките од учеството, ќе научат како успешно да ја пополнат апликацијата за да ги изберат во EIT Jumpstarter 2022, ќе се запознаат со интересни бизнис идеи и ќе дознаат каде да добијат поддршка, ќе ги запознаат придобивките и како да ги користат во развојот на нивниот бизнис и ќе го вежбаат својот „elevator pitch“, кој ќе ги освои срцата на идните инвеститори. Ги покануваме да се приклучат на EIT Pre-Jumpstarter 2022 закажана на 30 март 2022, а за повеќе информации посетете не https://accelerator.ukim.mk/ eitjumpstarter2022/ nnn

ШТО РЕКОА ЗА БАУ АПА2021

скуството со коешто се здобивме преку акцелераторската програма АПА 2021 беше од големо значење за тим како нашиот, којшто работи на своето решение веќе 2 години во индустрија којашто не е многу застапена во Македонија. За времетраењето на акцелераторската програма, со помош и поддршка на тимот на акцелераторот

УКИМ и менторите, успеавме да навлеземе подлабоко во анализа на конкуренцијата и да ја развиеме основата на продажните и маркетинг канали. Многу сме им благодарни за можноста којашто ни ја дадоа и довербата да станат наш стратешки партнер во растот на компанијата“ - Михајло Штерјов од Синдекс и креатор на решението SciGirl: The Internship (на фотосот трет од десно).

„Оваа програма и менторите кои беа вклучени во неа ни помогнаа да го премостиме јазот меѓу тоа каде се наоѓаме и каде сакаме да бидеме пред лансирање на нашиот производ. Како резултат на ова, сега сме подобро подготвени за да ги предвидиме ризиците и да се соочиме со предизвиците на патот“ – Славе Ангелов од Брандер Студио, креатор на решението Листа (на фотосот трет од лево).


25 МАРТ 2022

58 СТАРТАП СЦЕНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

ПЕРИЦА ВРБОСКИ оперативен директор на Акцелератор УКИМ

25.000 евра за учесниците во БАУ АПА2022

Перица, што нуди Акцелераторската програма АПА којашто ја спроведовте лани? Минатата година, Акцелераторот УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР ја спроведе Акцелераторската Програма Есен 2021 година (AПA2021), во која се вклучија реномирани локални, регионални и глобални експерти, а четири глобални успешни стартапи ги споделија своите приказни, успеси и неуспеси. Преку менторската програма, експертите со своето разновидно искуство и знаење обезбедија вредни перспективи за усовршување на учесниците во АПА2021 и ги подготвија за инвестирање и освојување на пазарот. Како резултат на оваа програма, Акцелераторот УКИМ финансираше две решенија, решението Lista и во играта SciGirl: The Internship, и очекува да инвестира уште во неколку стартапи од учесниците во АПА2021. Основан во 2018 година, Акцелераторот УКИМ уште од самиот почеток континуирано развива специфични програми за поддршка на растот на најперспективните технолошки претприемачи, стартапи, спиноф и брзорастечки компании во Северна Македонија во соработка со неговата глобална партнерска

мрежа. Охрабрени од интересот за АПА2021 и бројот на прифатени стартапи за учество во минатата година (вкупно 17), Бизнис акцелераторот УКИМ и оваа година објавува повик за Акцелераторска програма (АПА 2022) за поддршка на напредните стартапи и брзо растечките компании кои се подготвени да го освојат глобалниот пазар. Новиот повик за апликации, отворен до 31 мај, претставува уште една одлична можност за македонските стартапи да добијат финансирање и менторска поддршка. Што ќе понуди АПА 2022? Поддршката на Акцелераторот УКИМ вклучува финансирање во рана фаза од минимум 25 илјади евра и приспособено менторство за пристап до регионални и меѓународни пазари и клиенти, продажба и маркетинг како и поддршка за подобрување на бизнис моделот и пристапот до финансирање. Овие области ќе им помогнат на стартапите да ги претворат своите иновативни решенија во профитабилен бизнис. Како ментори за поддршка на стартапите ќе бидат вклучени реномирани светски и регионални експерти. Ќе бидат организирани минимум 12 сесии со истакнати ментори и безброј часови посветена работа од страна на тимот на

Акцелераторот УКИМ со поддршка од своите локални и регионални партнери. Акцелераторската програма, вклучително работилниците и менторските сесии, ќе се одржуваат онлајн или комбинирано во зависност од актуелните здравствени антиковид-протоколи. Ќе бидат организирани и демо денови што ќе им овозможи на стартапите да го претстават својот напредок и потенцијал пред меѓународните и локалните ментори и инвеститори. Акцелераторот УКИМ очекува стартапи со посветен тим од најмалку двајца членови со иновативна идеја и глобална визија за раст, со минимум 51 процент македонска сопственост и со дефинирана интелектуална сопственост, кои се заинтересирани за работа со глобални експерти, да слушнат и споделат искуство со успешни стартапи, да добијат професионално менторство, мрежа на контакти, и финансирање од Акцелераторот УКИМ. Она што е карактеристично за оваа програма е што селектираните стартапи ќе добијат финансирање од 25 илјади евра пред започнување на програмата, која ќе се спроведува 12 недели во периодот од септември до декември 2022 година. 



25 МАРТ 2022

60 АНАЛИЗА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

ШТО ЗНАЧИ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА РЕФЕРЕНТНАТА СТАПКА НА ФЕД ЗА ПАЗАРИТЕ Пазарите реагираа позитивно на минатонеделното зголемување на основната каматна стапка за четвртина процентен поен, што го објави претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел. Сепак, поагресивен пристап на ФЕД може да го ограничи нагорниот потенцијал на акциите. Без сомнение, ФЕД внимателно ќе ја следи насоката на цените на суровините и инфлацијата.


61

З

а прв пат во повеќе од три години, претставниците на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) во средата, 16 март, одобрија зголемување на каматната стапка за четвртина процентен поен. Зголемувањето на стапката овој месец е првото зголемување на стапката на ФЕД од декември 2018 година. Каматните стапки од почетокот на пандемијата беа блиски до нула, но тие стапки сега ќе забележат зголемувања помеѓу 0,25%-0,50%. За време на прес-конференцијата на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, тој изјави дека секој од преостанатите шест состаноци на FOMC за годината може да претставува опција да се подигнат стапките најмалку на нивоа пред пандемијата. Според новите проекции, тоа би ја довело стапката на ФЕД на 1,875% до крајот на годината и до 2,75% до крајот на 2023 година. Потегот да се доведат каматните стапки во опсег од 0,25% до 0,5% се случува кога САД се соочуваат со највисоко ниво на инфлација во последните четири децении, поради нерамнотежата

25 МАРТ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

на понудата и побарувачката поврзани со пандемијата, повисоките цени на енергетските стоки и пошироките ценовни притисоци. Понатаму, забележаа дека руската инвазија на Украина, иако предизвикува „огромни човечки и економски тешкотии“, исто така, веројатно ќе создаде „дополнителен нагорен притисок врз инфлацијата и ќе влијае на економската активност“. Покрај зголемувањето на каматните стапки, ФЕД предвидува и намалување на билансот од 9 трилиони долари. Пазарите реагираа позитивно на минатонеделното зголемување на стапката. Сепак, поагресивен пристап на ФЕД може да го ограничи нагорниот потенцијал на акциите. Без сомнение, ФЕД внимателно ќе ја следи насоката на цените на суровините и инфлацијата. Да видиме што ни кажуваат графиконите. S&P 500 SPDR (SPY) се зголеми за 5,77% од вторник до четврток и ова беше најголемиот 3-дневен после порастот од 6,07% на 5 ноември 2020 година. Сегашниот пораст покажува сериозна краткорочна сила, но има некои клучни разлики помеѓу порастот сега и тој во ноември 2020 година.

СНЕЖАНА ПОПОВСКА CMT, CFTe Технички аналитичар

ГРАФИКОН 1

Извор: Stockcharts

На графиконот горе е претставен берзанскиот индекс S&P 500. Во периодот од септември до октомври 2020 година, можеме да забележиме дека индексот постигнува 6% пораст во три последователни денови, но тогаш имавме долгорочен нагорен тренд и индексот се наоѓаше над неговите 200-дневни подвижни просеци. Сега, ако го погледнеме индексот во март 2022 година, ќе забележиме дека имаме повторно 3-дневен пораст од 5,77%, но индексот се наоѓа под неговиот 200 дневен подвижен просек и долгорочниот тренд е сè уште во опаѓање. Потребно е да видиме значаен пробив над црвената линија пред да донесеме заклучок дека „мечкиниот пазар“е завршен.


25 МАРТ 2022

62 АНАЛИЗА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1123

За време на прес-конференцијата на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, тој изјави дека секој од преостанатите шест состаноци на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) за годината, може да претставува опција да се подигнат стапките најмалку на нивоа пред пандемијата. Според новите проекции, тоа би ја довело стапката на ФЕД на 1,875% до крајот на годината и до 2,75% до крајот на 2023 година.

Мечкин или биков пазар: дали ќе се повтори историјата? На графиконот бр.1 е претставен берзанскиот индекс S&P 500. Во периодот од септември до октомври 2020 година, можеме да забележиме дека индексот постигнува 6% пораст во три последователни денови, но тогаш имавме долгорочен нагорен тренд и индексот се наоѓаше над неговите 200-дневни подвижни просеци. Сега, ако го погледнеме индексот во март 2022 година, ќе забележиме дека имаме повторно 3-дневен пораст од 5,77%, но индексот се наоѓа под неговиот 200 дневен подвижен просек и

долгорочниот тренд е се’ уште во опаѓање. Потребно е да видиме значаен пробив над црвената линија пред да донесеме заклучок дека „мечкиниот пазар“ (тренд на надолно движење на цените на акциите, н.з.) е завршен. Дополнително, за да ја потврдиме нашата анализа дека може да очекуваме нови издигнувања кај берзанскиот индекс, тоа што сакаме да видиме подобрување на ширината на пазарниот индекс. Ширината се однесува на тоа колку акции учествуваат во даден потег на индексот. Анализите покажуваат дека бројките за ширина се подобруваат.

Во петокот минатата седмица забележавме дека над 90% од акциите на S&P500 се тргуваа над нивните 10-дневни подвижни просеци. Според Ed Clissold од NDR, за период од 1980 година до сега, нивната анализа укажува дека кога имало вакви читања на индикаторот, една година подоцна перформансите на индексот S&P 500 биле повисоки во 35 случаи од вкупно 36. Едно нешто што можеме да заклучиме е дека кога имаме позитивни читања на индикаторите за ширина, од искуство можеме да кажеме дека тоа е доказ за започнување на нови нагорни трендови, почеток на „биков пазар“ (тренд на нагорно движење на цените на акциите, н.з.). Друга интересна анализа ни доаѓа од Ryan Detrick. Неговата анализа покажува дека берзанскиот индекс имал 4 последователни дена од најмалку 1% пораст само 4 пати од своето формирање до сега (види Графикон 2). Според анализата, кога имало ваков 4-дневен пораст на индексот, една година подоцна тој растел за повеќе од 20%, или просечна добивка од 28%. Ова е интересен податок, кој може да претставува сигнал за нагорен тренд на индексот. Останува да видиме дали историјата ќе се повтори. Во меѓувреме, оваа недела продолжуваме да следиме како пазарите ќе реагираат на влошена пандемиска ситуација во Кина и продолжување на војната во Украина. nnn

ГРАФИКОН 2

Друга интересна анализа ни доаѓа од Ryan Detrick. Неговата анализа покажува дека берзанскиот индекс имал 4 последователни дена од најмалку 1% пораст само 4 пати од своето формирање до сега. Според анализата, кога имало ваков 4-дневен пораст на индексот, една година подоцна тој растел за повеќе од 20%, или просечна добивка од 28%. Ова е интересен податок, кој може да претставува сигнал за нагорен тренд на индексот. Останува да видиме дали историјата ќе се повтори.



Elegance is an attitude Kate Winslet

THE LONGINES LEGEND DIVER WATCH


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.