1124- Kapital magazin

Page 1

ПАНДЕМИСКИТЕ НАВИКИ ЗА ДИГИТАЛНО КУПУВАЊЕ ОСТАНУВААТ

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА „МАСОВНИТЕ ОТКАЗИ“

ЗА ЧЕТВРТИНА ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАЌАЊАТА СО КАРТИЧКИ

THE BIG RESIGNATION ПРИСТИГНА И НА БАЛКАНОТ

business magazine

БРОЈ 1124 l 8 април 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

МИХА МАЦИНИ

писател, сценарист, режисер, антрополог

АКО ГИ ЕЛИМИНИРАТЕ СПОСОБНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЗА ДА СЕ ОПКРУЖИТЕ СО ЛАСКАВЦИ ПРОПАЃАТЕ!

COVER STORY МАКЕДОНИЈА СПРЕМА ТЕРЕН ЗА ФИНТЕК СЕКТОРОТ

СЕРГЕЈ ЗАФИРОВСКИ “Инсајдер ИД”

INTERVIEW

ДИМИТАР СТОЈМЕНОВСКИ ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР НА НОВО НОРДИСК ВО МАКЕДОНИЈА

ПОТТИКНУВАМЕ СЕРИОЗНИ ПРОМЕНИ СО ХОЛИСТИЧКИ ПРИСТАП И ЕФИКАСНИ ИНОВАЦИИ ЕКО ДРАЈВ – ИНИЦИЈАТИВА НА ПРОКРЕДИТ БАНКА ПРИДОБИВКАТА ОД ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА Е ГОЛЕМА

ЕКОНОМСКАТА ЦЕНА НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ПОМЕЃУ МИНАТОТО И ИДНИНАТА



3

КАПИТАЛ... 1124 04

STAND BY

Љупчо Зиков

Не гледајте во цените, бавете се со концепти!

08 АПР 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

08

16

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Ќе дојдат нови играчи на пазарот за финансиски услуги: дали ќе бидат лути ривали или партнери на банките?

Димитар Стојменовски,

генерален менаџер на Ново Нордиск во Македонија

28

ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ

Еко драјв – иницијатива на ПроКредит Банка

Придобивката од електричните возила е двојна – заштеда на пари и заштита на животната средина

32

22

36

ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

ЕКОНОМИЈА

Лани имало 2,4 пати повеќе поплаки на осигурителните компании

Пандемиските навики за дигитално купување остануваат

АСО решила 2,5 пати повеќе претставки во корист на осигурениците

За четвртина зголемени плаќањата со картички

STAND BY Љупчо Зиков.......................................................04 Не гледајте во цените, бавете се со концепти! COVER STORY Македонија спрема терен за развој на финтек секторот......................................08 Ќе дојдат нови играчи на пазарот за финансиски услуги: дали ќе бидат лути ривали или партнери на банките? ИНТЕРВЈУ Димитар Стојменовски, генерален

менаџер на Ново Нордиск во Македонија.16

Поттикнуваме сериозни промени со холистички пристап и ефикасни иновации

Економија Пандемиските навики за дигитално купување остануваат................................22 За четвртина зголемени плаќањата со картички

ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ Еко драјв – иницијатива на ПроКредит Банка............................................28 Придобивката од електричните возила е двојна – заштеда на пари и заштита на животната средина ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ Лани имало 2,4 пати повеќе поплаки на осигурителните компании...................32 АСО решила 2,5 пати повеќе претставки во корист на осигурениците КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE Сергеј Зафировски, “Инсајдер ИД” и “Le Monde diplomatique – македонско издание”........................................36

Економската цена на македонската борба помеѓу минатото и иднината

КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE

Сергеј Зафировски

Економската цена на македонската борба помеѓу минатото и иднината

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Македонска берза купи 10% удел во Централниот депозитар за хартии од вредност.........................................................42 ИНТЕРВЈУ Миха Мацини, писател, сценарист, режисер, антрополог........................................46 Ако ги елиминирате способните соработници за да се опкружите со ласкавци - пропаѓате! РЕГИОН Избори во Србија и Унгарија...............50 Продолжува владеењето на моќните Вучиќ и Орбан СВЕТ И РЕГИОН Продолжува трендот на „масовните откази“.....................................52 The Big Resignation пристигна и на Балканот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 07.04.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


КОЛУМНА / STAND BY / /

НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО ЦЕНИТЕ, БАВЕТЕ СЕ СО КОНЦЕПТИ!

А

ко во 2021 година, на глобалниот светски пазар, немаше чипови поради пандемијата со ковид, сега во 2022 ќе нема храна поради нападот на Русија врз Украина. Ова е насловот на големата тема во овој број на Капитал, на нашиот Игор Петровски, која се занимава со тоа кои се најголемите ризици по светската економија и регионалните мали економии денес во време на една нетипично локална војна меѓу две земји кои, на пример, произведуваат 25% од вештачко ѓубриво во светот, произведуваат огромни количества пченица со што го држат светскиот пазар на храна. Цените на најважните енергенси се во небо и се исто зависни од состојбите таму ... Прочитајте ја оваа важна анализа како би имале пред вас поширока слика за тоа што точно во моментов се случува на светската економска сцена. Прашањето денес е не што се случило (сите знаме што се случува), туку зошто се случува (?) и како Македонија од ова ќе излезе. Дали уште послаба или ќе излезе по силна? Веројатно веќе и не броиме по кој пат во дваесеттиот и во дваесет и првиот век човештвото доаѓа на работ на катастрофа од глобални размери, во зона на силна економска и социјална загрозеност, закана од катастрофална војна, па и нуклеарна, силна медиумска војна, креирање на стрес кај граѓаните и кај компаниите. На крајот заклучокот е дека и Првата светска војна и

4

КАПИТАЛ

08 I 04 I 2022

Љупчо Зиков

Прашање за овие „голтариве во политиката„ што деновиве низ медиумите силно не забавуваат со промислата дека голтари влегле во политиката, а милионери излегле: Може ли еж, кој на патот е прегазен од автомобил, да сфати што е мотор со внатрешно согорување? Таков е односот на македонскиот политичар, директор и работник овде кон економијата и егзистенцијалните прашања. Поентата не е секој ден да гледате во екран колку е цената на нафтата и другите енергенси, и да се губите поради тоа, туку како македонската држава и економија подобро да се справи со сите шокови, и тоа на среден и долг рок. На краток рок секако ќе преживееме... Затоа што да се умре и да се плати никогаш не е доцна. Е за ова треба поголема сериозност и бавење со концепти, треба стратешка промисла и многу работа, а не тресење зелени. Втората светска војна, а веројатно и Третата ако ја има (некои велат дека веќе ја имаме и тоа не само во Украина, туку реално од порано!?) всушност се големи настани по кој се менува распоредот на големата економска мапа. Низ тој процес на мапирање,

се скицираат и им се дава легитимитет на новите економски сили. Се разбира потоа тоа ја менува и светската геополитика на моќните држави и влади. Нивниот број повторно нема да биде голем но сега веќе секому ми е јасно дека ќе биде зголемен.

Светската економија, е во инфлација. Некои научници ова време, втор пат во педесет години го нарекуваат стагфлација (прв пат во седумдесеттите години нешто по крајот на Виетнамската војна). Станува збор за состојба на стагнација на економските процеси во светот (пред се намалување на инвестициите), анемија на владините економски политики, и тоа проследено со зголемен раст на цените на најголемиот дел од производите ... Лично не сум сигурен дали можеме да ја мериме стагнацијата во светската економија во овој момент, но загубите што ги прават многу индустриски и енергетски сектори во моментот сигурно укажуваат дека и да немаме стагнација сега, таа би можела да стане присутна утре, поради високото ниво на финансиско истоштување. И на крај, како што велат ... пак „добри„ од се ова ќе излезат само банките. Затоа што и државите, и компаниите и граѓаните своите финансиски дебаланси ќе ги „испеглаат„ токму таму!? Како се ова ќе влијае врз граѓаните, и какви отприлика економски политики треба да се водат? Сигурно нема да кажеме ништо ново напишеме дека и во Македонија најголемиот товар и од овие кризи ќе го понесат компаниите и граѓаните. И дека владата треба да носи пакети економски и социјални мерки во разни сфери! Како што и прави владата. Пред десетина дена беа донесени клучни мерки за економијата ... Нив веќе ги анализиравме. Од друга страна она што фали е можеби добра анализа на концептот за тоа како треба да се движи македонската економија и компаниите во неа, не ljupco.zikov@kapital.mk



КОЛУМНА / STAND BY / / само во овие денови на криза, туку и воопшто ... Како да се покренат факторите кои го зголемуваат бруто домашниот производ чии стапки треба секогаш да бидат на нивото над 5% или 6%, па и повеќе. Како да излеземе од еден резон во кој функционираме од независноста во 1991 до денес и да влеземе во некоја претпоставена нова фаза, но со силна движечка енергија. Ера на новите универзални технолошки концепти имплементирани низ индустриите, зголемување на продуктивноста на компаниите, зголемување на продуктивноста на работниците, развој на претприемништвото и фаза на создавање на нови македонски компании кои ќе ја менуваат структурата на стопанството. Можеме ли се ова да го дигнеме на ниво на една нова мантра, која ќе не извлече од „комотната зона„ во која бараме милион алибија да докажеме дека ние сме сиромашни и дека ништо не можеме да направиме, во зона надвор од комоција во која ќе се фатиме за работа и од тоа и општеството и граѓаните и компаниите ќе почувствуваат силен позитивен ефект? Тоа е клучното прашање. Затоа што економските политики не се цел сама за себе кај владата туку со нив треба да се оствари целта а тоа е повисок животен стандард на граѓаните, по силни компании кои ќе ги прават среќни своите вработени, подобра инфраструктура, по цврсти институции ...

На пример, еве како за едно прашање размислува реформаторот на Полска Лешек Белцерович! “Мислам дека сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Сиромаштијата може да се намали преку инвестиции во реалниот сектор на компаниите и преку зголемување на продуктивноста и отворање на нови работни места. Сиромашните нема да станат побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Од друга страна, државата е должна да ги кине врските меѓу државата и моќни луѓе во бизнисите! Ако приходите на богаташите всушност доаѓаат 6

КАПИТАЛ

08 I 04 I 2022

од нивните врски со властите, тогаш тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста во можностите кои се дадени за секого во едно општество. Односно еднакво талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование. Би додал и еднаков пристап до можностите за бизнисот и пристапот до финансиите. Лешек Балцерович, кој е угледен професор на Варшавската школа, важи за архитект на трансформацијата на Полска од комунизам во капитализам (толку потребно на Македонија денес три децении од распадот на СФРЈ држава за која, ако ги прашате постарите ќе ви кажат дека ако некогаш Македонецот најубаво живеел тоа било во СФРЈ од 1945 до 1990). Што секако, како заклучок е за посебна социо-психолошка анализа, но за тоа во друга погодна прилика. Оттука, заклучоците на повеќе наши соговорници е дека проблем е концептот и пристапот кон реформите за растот на економијата, кој е се’ уште застарен. Нашите идеолошки гледања кон современата социологија на животот е ретроградна и кочничар на развојот. Македонското општество не е ниту до пола од патот на трансформацијата ... На пример, Балчеровиц, од позицијата на вицепремиер и министер за финансии во 1989 спроведувал „шок терапија“ за да се справи со хиперинфлацијата и од плански водена да создаде современа пазарна економија целосно ослободена од шепите на државата. Високите стапки на економски раст што и во време на економска криза ги остваруваше Полска во минатите години и притоа, во последните 25 години остана единствена земја во Европа што одбегна рецесија се доказ дека тој добро си ја завршил работата”. Не така одамна тој даде интервју за Капитал. Зборуваше за тоа што треба една држава да направи за да изгради стабилни темели за економски развој. „Државата е лош менаџер“, вели Балцерович и додава дека „ независноста на државните институции и администрацијата од политичките партии е клучна, бидејќи кога државата е окупирана од една групација демократијата ја снемува и тоа вообичаено се одразува лошо на економијата“.

Тој вели дека земјата треба да биде што поотворена, да се залага за задржување на ниски даноци, но во исто време да ја зајакне контролата на трошењето на народните пари!

Промена на концептот на македонскиот мисловен процес Многу професори и економски аналитичари имаат кажано дека во Македонија, речиси сите влади во триесетте години независност често прибегнуваа кон некакви квази популистички политики без подлабоки анализи кон што водат тие. Авторитарните политики на Никола Груевски видовме до што не донесоа. Но, на пример, во поново време со новата влада на Зоран Заев од 2017 година, таква политика, беше воведувањето на прогресивниот данок (денес коригирано и повторно враќање на рамниот). За прогресивниот данок се велеше дека ќе ги израмни социјалните разлики, што се покажува во цел свет како неточно. Оти, данокот сам по себе не може ништо да балансира. Тоа е само давачка. Други политики коригираат состојби. Имавме коментари од високи државни чиновници своевремено кога се воведуваше прогресивниот данок: „Како прво, се очекува да се намалат социјалните разлики, со што ќе се подобрат општествената кохезија и довербата помеѓу луѓето, односно она што економистите денес го нарекуваат општествен капитал! Второ, ќе се изврши редистрибуција од оние што заработуваат повеќе (!?), кон оние што заработуваат помалку. Поради тоа што оние што заработуваат повеќе имаат помала склоност кон потрошувачка, со ова ќе се зголеми вкупната потрошувачка во општеството, со што, пак, ќе се влијае позитивно врз економската активност (!?)„. Прво, во најново време се покажува дека на оние кои заработуваат малку, колку и да им ја зголемите платата тие денес излегуваат на меѓународниот пазар на работници и среќата си ја бараат на отворена светска сцена. И тоа го прават не само заради малите плати во Македонија, туку многу повеќе поради можностите за поквалитетен живот, можностите за добивање на нови квалификации, повеќе знаење и посилна професионална иднина и квалитетен живот за своите деца. За да социјалната нееднаквост ljupco.zikov@kapital.mk


КОЛУМНА / STAND BY / / се намали, и да се зголеми општествената кохезија, се потребни нови (квалитетни) работни места, и што е многу важно денес подобро платени. Денес е евидентно трансформација и транзиција на старите и конвенционални индустрии кои сега бараат многу нови инвестиции за да држат чекор со регионот и пошироко! Поради застареноста на индустриите и стариот пристап на македонските сопственици и менаџери, продуктивноста е многу мала, а мал и мотивот за работа! Следствено многу малку силните професионалци можат да напредуваат низ македонските компании и јавната администрација. Оттука, најдобра социјална политика е отворањето на новите работни места (се разбира не во јавната администрација, или не само таму, или помалку таму, а многу повеќе во македонскиот приватен сектор и компании основани од македонски граѓани). Што се однесува до зголемувањето на општествената кохезија на разните групи во Македонија, искажана од устата на политичарите (!?) таа е нарушена поради повеќе процеси во минатото, се нарушува веќе триесет години од независноста до денес. На пример од приватизацијата која започна некаде во 1993 година до денес. Од друга страна, после приватизацијата голем дел од општествените групи во земјата беа под силен удар на бесперспективноста на економијата и нејасните намери на новите сопственици на компаниите, кои многу малку се интересираа за бизнисот на претпријатијата што ги приватизираа, а многу повеќе се интересираа за финансиските трансакции меѓу фирмите што ги приватизираа и банките кои ги кредитираа. Компаниите се задолжуваа, голем дел од недвижностите на фирмите одеа кај банките во хипотека, парите се трошеа ненаменски ... Работниците почнаа да го губат мотивот на работа, оти немаше лидерство и стратешко промислување во компаниите. Немаше нови пазари, се губеа старите, компаниите се вртеа на внатре преку исклучиво врски со сите влади. Продуктивноста паѓаше и тоа е отприлика сликата денес ... Секоја чест на силните позитивни исклучоци. Коментар заслужува и ставот facebook.com/ljupco.zikov

Она што фали е можеби добра анализа на концептот за тоа како треба да се движи македонската економија и компаниите во неа, не само во овие денови на криза, туку и воопшто ... Како да се покренат факторите кои го зголемуваат бруто домашниот производ чии стапки треба секогаш да бидат на нивото над 5% или 6%, па и повеќе. Како да се зголеми продуктивноста кај компаниите и кај работниците. Од друга страна, можеме ли се ова да го дигнеме на ниво на една нова мантра, која ќе не извлече од „комотната зона полна со алибија„ во која бараме да докажеме дека ние сме сиромашни и дека ништо не можеме да направиме во врска со тоа, во зона надвор од комоција во која ќе се фатиме за работа

на политичарите дека со економски политики и длабоки промени можело да се оди кон прераспределба на богатството (од богатите демек кои заработувале повеќе кон оние кои не заработувале или заработувале

помалку). Заклучокот е дека со ваква идеолошко дефинирана платформа нема развој на економија, уште помалку повисоки стапки на раст на Бруто општествениот производ. Затоа што ниту тие што заработуваат повеќе се богати (заработката не е богатство!!??), а и не заработуваат кој знае колку! Ниту оние кои се сиромашни ќе бидат побогати или помалку сиромашни. Демагошки е и тежок товар на општеството е да се мисли дека ако се земе од групите кои заработуваат повеќе (директори, сопственици, интелектуалци, ИТ професионалци, спортисти, уметници), сиромашните ќе биле побогати. Па нели тие се само 1%. Со оглед на тоа дека нели немаме средна класа, тоа значи 99% се сиромашни. Ајде да речеме дека еден добар процент се накај средна класа. Па како тогаш 1% вакви богати како што ги гледаме низ улиците на македонските градови ќе ја подобрат состојбата на остатокот сиромашни? Оттука, наместо да ги гледате овие 1% професионалци, претприемачи, инвеститори, доктори, професори за кои треба да се бара можност како перманентно да остваруваат поголеми приходи затоа што се моторот на растот, секоја економска политика мора да се бави со целта - како да се зголемат приходите на останатите 99%! Во оваа поента треба да лежи основата на секоја идна сериозна и структурно фундирана економска реформа во земјата! Значи, како да се зголеми приходот на професионалците! Оти, зошто некој доктор би останал во оваа земја ако платата му е 800 евра, кога за истата работа во Словенија или Австрија би земал 1.500 до 2.000 евра, и при тоа никој нема да го праша на која партија е член!? Зошто приватен земјоделец би останал на својата земја чекајќи и субвенции за годишен принос од да речеме 1.500 евра месечно, кога без да му ја мисли и да чека субвенциите да му стигнат, тој во Швајцарија или Германија работејќи на земјата на некои други газди може да заработи и до 3.000 евра притоа работејќи повеќе работи? Не заборавајте дека зборуваме за најголем дел социјални категории на граѓани каде императивот им е голата егзистенција. Излезете малку од Малиот ринг на Скопје, посетете ја Македонија низ внатрешноста па ќе разберете што пишувам  КАПИТАЛ

08 I 04 I 2022

7


8 COVER STORY 08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

COVER STORY

ЌЕ ДОЈДАТ НОВИ ИГРАЧИ НА ПАЗАРОТ ЗА ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ: ДАЛИ ЌЕ БИДАТ ЛУТИ РИВАЛИ ИЛИ ПАРТНЕРИ НА БАНКИТЕ? Дали плаќаме со картичка во продавница, купуваме производи онлајн, префрламе пари преку дигитален канал или едноставно, вадиме пари од банкомат – сето ова е производ на употребата на финансиските технологии, или финтек, како што е меѓународно прифатената кованица за овој сектор. Она што во поново време се подразбира како финтек, се главно новите играчи, технолошки стартапи, што влегуваат на пазарот каде што доминираат традиционалните компании од типот на банки или картични брендови, коишто се трудат со своите иновативни решенија да понудат побрзи, поевтини, попрактични, но и побезбедни сервиси од традиционалниот финансиски сектор. Новата регулатива што се спрема во Македонија треба да го овозможи влезот на овие нови компании, што ќе донесе поголем број на опции и подобри услуги за потрошувачите, но и за малите бизниси, секако со сите свои предизвици, како што е безбедноста и сигурноста.


МАКЕДОНИЈА СПРЕМА ТЕРЕН ЗА РАЗВОЈ НА ФИНТЕК СЕКТОРОТ

9

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124


08 АПР. 2022

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Што значи финтек за просечниот човек? Многу повеќе одошто си мислиме – наједноставно кажано тоа е назив за компании коишто со помош на најнови технологии на поединецот му нудат иновативна замена за стандардните банкарски услуги. Или со други зборови, тоа е примена на технологија којашто решава проблем во финансискиот систем или гради нова финансиска услуга/иновација.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

В

о сенка на актуелните проблеми со коишто сите сме преокупирани периодов (поскапувањата, војна во Украина, најавени штрајкови, попис, итн.) некако бегло помина веста за меморандумот за соработка што го потпишаа регулаторите на финансискиот пазар во земјава во врска со една проблематика која и тоа како има влијание врз начинот на којшто живееме и работиме, а тоа е финансиската технологија или скратено финтек (financial technology – fintech). Имено, на иницијатива на Народната банка, а заради создавање услови за поддршка на развојот на финтек секторот, Народната банка (НБ), Министерството за финансии (МФ), Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) се договорија за соработка, односно создавање систем преку којшто регулаторите координирано ќе дејствуваат, секој во својата надлежност, во однос на спроведувањето на националната Стратегија за финтек секторот

чијашто прва верзија е веќе подготвена од Народната банка. Со оваа стратегија ќе се дефинираат решенијата и политиките со коишто ќе се поддржи развојот на иновативните технолошки решенија во финансискиот систем. Развојот на финтек секторот е од големо значење за јакнењето на економијата на една земја, пред се’ поради неговиот потенцијал за зголемување на финансиската инклузија, а за граѓаните развојот на финтек секторот значи повеќе можности и поевтини финансиски услуги, велат од иницијаторот за потпишување на Меморандумот, Народната банка.

Што значи финтек за просечниот човек

Да излеземе сега малку од овој административен речник и да објасниме што е всушност финтек, поимот за којшто толку многу се зборува, а во светот наголемо и се работи последниве години. Што значи финтек за просечниот човек? Многу повеќе одошто си мислиме – наједноставно кажано тоа е назив за компании коишто со помош на најнови технологии на поединецот му нудат иновативна замена за стандардните банкарски услуги. Или со други зборови, тоа е примена на технологија којашто решава проблем во финансискиот систем или гради нова финансиска

услуга/иновација. Но, во поширока смисла, и самите банки нудат услуги базирани на технологија, па дури и обичното вадење пари од банкомат, плаќањето со картичка, или пак електронското банкарство, се практично услуги базирани на финансиска технологија. Најголемите компании во светот како Visa и MasterCard се пионерите во областа на финансиската технологија, денес гиганти без коишто не може да си го замислиме секојдневното функционирање. Е, токму оваа „зависност“ на современиот човек од услугите на традиционалните играчи во финансискиот сектор, како банките и картичните компании, е предизвикот за новите компании во финтек, мноштвото стартапи коишто се појавуваат секојдневно со своите иновативни решенија, да го нарушат тој своевиден „монопол“ и да понудат полесно, побрзо, поевтино, попрактично решение за корисниците. Овие два света долго време се гледаа „преку нишан“ што се вели, но новите времиња бараат прилагодување, па сe’ поприсутна е соработката помеѓу традиционалните играчи и новите финтек компании. За наводното ривалство и конкуренција помеѓу банките и финтек стартапите, нашите


11

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

соговорници од овој бизнис велат дека е повеќе резултат на медиумската фама која се крева, околу тоа дека овие вторите ќе им го преземат бизнисот на првите, иако банкарите повеќе сакаат да кажат дека тие се партнери, а не лути ривали. „Нема потреба да нè ставаат на различни страни, ние соработуваме со неколку финтек компании и тие ни помогнаа во развојот на некои наши услуги. Поагилни се и подобри за соработка во големите системи. Малите фирми работат на производи што се поспецифични, побрзи се, поиновативни од банките, така што ние имаме услуга, којашто другите банки, на пример, ја немаат“, вели домашен банкар којшто сакаше да остане анонимен. Но, од друга страна, како што вели нашиот соговорник, банките имаат база на клиенти, поголема палета на услуги и клиентите сè уште повеќе им веруваат на банките одошто на финтек стартапите. Партнерството би било од корист за обете страни, смета тој. Дали финтек компаниите може

навистина да им го „преземат“ бизнисот на банките, односно да им бидат класична конкуренција? „Конкуренција се ако земат банкарска лиценца“, вели низ смеа нашиот соговорник. „Финтек компаниите личат на банки, но не сакаат да бидат банка. Кога ќе станат банка, можеме да зборуваме за конкуренција. Засега се партнери и постои простор за здружување, и можност да ни укажат на недостатоците што тие веројатно ги почувствувале решавајќи некој свој специфичен проблем“. Она што е сепак, најголемата предност на банките и практично нивното најголемо “богатство“, а тоа што финтек компаниите го немаат, е огромната база на клиенти, односно податоци за нив. Токму околу овој дел, односно достапноста до овие податоци за новите небанкарски компании што се појавуваат на пазарот, најмногу се кршат копјата при подготвувањето регулативи и законски рамки во сите држави од светот што го поддржуваат развојот

на финтек секторот. Затоа што тука се вовлечени многу елементи од аспект на безбедноста, заштитата на личните податоци, итн.

Придобивки и ризици

Токму овие безбедносни аспекти, се истакнати како клучни ризици и предизвици од развојот на финтек секторот во Македонија и од страна на учесниците во анкетата што Народната банка ја спроведе во октомври 2020 година во рамките на проектот за развој на финтек-секторот, со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ). Основна цел на анкетата беше да се утврди дали секторот за финансиски услуги во земјава е подготвен за финтек трансформација. Во анкетата учествуваа претставници од сите области на финансискиот екосистем во државава: банки, осигурителни компании, брокерски друштва, компании за алтернативно финансирање (или „брзи кредити“ како што ги знаеме), стартап акцелератори, инкубатори, регулатори на пазарот и одредени државни институции.


08 АПР. 2022

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ФИНТЕК НЕ Е ОД ВЧЕРА: КУС ПРЕГЛЕД НА ЕВОЛУЦИЈАТА НА ФИНАНСИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ

С

ите човечки достигнувања во периодот од 1886 до 1967 година се предуслов за создавање на концептот на финтек – од развојот на телеграфот, железницата и паробродот, праќањето на првите финансиски информации преку државни граници, првиот телеграм преку Атлантикот, како и првиот електронски пренос на пари преку Fedwire во 1918 година, кога биле резервирани средства од сметката на банката која праќа и кредитирање на сметката на банката примател. Следната голема пресвртница е појавата на кредитните картички кон средината на 20 век – прв беше Diners Club International во 1950 година, кога Френк Мекнамара својата вечера ја плати со парче картон, односно кредитна картичка. Со своите пријатели Ралф Шнајдер и Мати Симонсон истата година ја основа Diners Club – првата независна компанија за кредитни картички во светот. Неколку години им требало на основачите да ги уверат сопствениците на ресторани, продавници и давателите на различни услуги да го прифатат тоа парче пластика како средство за плаќање, но предностите од ваквиот начин на работење брзо биле воочени. Потоа се појавуваат и останатите брендови на платежни картички главно како резултат на банкарските иницијативи и здружувања, и од 1960-те почнува вртоглавиот развој на финансиските услуги обележан со преминот од аналоген на дигитален сигнал. Во 1967 се појавува првиот рачен

калкулатор и првиот банкомат на банката Barcley – што според многумина се смета за зачеток на модерниот финтек. u

Современиот финтек

Во 1970 година во Њујорк основана е NASDAQ, првата дигитална берза, а потоа во 1973 година се појавува SWIFT (Society For Worldwide Interbank Financial Telecommunications).Накусо кажано, тоа е процедура за праќање пораки помеѓу банките во светот, односно претставува меѓународно здружувања за меѓубанкарски финансиски телекомуникации. Онлајн банкарството се појавува веќе во 1980 година, а свој процут и поширока примена доживува во 1990-те со појавата на интернет и е-трговијата. До почетокот на 21 век сите банкарски процеси се дигитализирани, но во 2008 дојде глобалната финансиска криза и заврши едно поглавје во историјата на финансиските услуги. u

Ерата на стартапи

Од таа, 2008 година, па се’ до денес се појавуваат нови играчи на пазарот коишто покрај банките градат свои бизнис модели. Меѓу најважните е секако Google Wallet. Во 2011 година Google ја претстави својата услуга на плаќање со помош на смартфон, Google Wallet App чијашто цел беше да ги замени нашите паричници со мобилна апликација. Како што замисли Google, единствена пластика којашто луѓето треба да ја носат со себе е смартфонот, а тој и онака е секогаш со нас. Apple Pay од 2014 е пандан на услугата на Google, и исто така нуди

едноставна и сигурна опција за плаќање со помош на паметни уреди, а се разви и Smartphones Mobile Start UPS, конкурентски стартап на оние на Google и Apple. u

Бумот на криптовалутите

Иако стартапите за трансфер на пари се’ уште се фокусираат на „вистинските, опипливи“ пари, во светот веќе се случи револуција на дигиталните пари како биткоин и останатите криптовалути, коишто се создадени и чувани дигитално. Биткоин не е издаден и печатен од ниедна влада или некаков формален ентитет. Го „произведуваат“ милиони луѓе низ светот коишто со помош на компјутери и софтвер решаваат математички проблеми. Биткоинот и добар дел од останатите криптовалути базираат на т.н. блокчеин технологија, којашто е „следното големо нешто“ во областа на финансиските услуги и за којашто се’ повеќе се интересираат и мејнстрим финансиските организации, како банките. Иако се чини дека дигиталните пари нема толку брзо да влезат во масовно користење за плаќања, не може да побегнеме од реалноста. Тие се веќе тука, а кога на луѓето ќе им стане масовно попрактично и поисплатливо да ги користат, прашање е на време. Во моментов, за биткоин и етер, како најпопуларни криптовалути во светот, владее вистинска јагма, милиони луѓе од цела планета купуваат и продаваат секојдневно на светските платформи за тргување, а за тоа колкав е ризикот од влегувањето во овие крајно волатилни средства, секој нека си се грижи за себе.



08 АПР. 2022

14 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Народната банка (НБ), Министерството за финансии (МФ), Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) потпишаа Меморандум, односно се договорија за соработка и создавање систем преку којшто регулаторите координирано ќе дејствуваат, секој во својата надлежност, во однос на спроведувањето на националната Стратегија за финтек секторот чијашто прва верзија е веќе подготвена од Народната банка. Најголемиот дел од испитаниците сметаат дека финтек секторот може да обезбеди поголем број на опции и подобри услуги за потрошувачите, но и за малите бизниси. Меѓутоа, главен предизвик од развојот на финтек секторот се ризиците за безбедноста, заради можноста од кибер – напади, финансиски криминал, перење пари, итн. Тоа е всушност и најчесто споменуваниот ризик на глобално ниво, кога станува збор за развојот на финтек секторот, меѓутоа предизвик со коишто се соочуваат и традиционалните компании на пазарот. Анкетата на Народната банка покажа дека дигиталната трансформација е во фокусот

на сите страни вклучени во финансискиот екосистем, при што соработката на банките и небанкарските финансиски институции со компаниите што обезбедуваат услуги за поддршка на финтек секторот е во почетна фаза. Регулаторната рамка којашто поддржува иновативни решенија, притоа водејќи сметка за потенцијалните ризици, е во основата на развојот на финтек-секторот, дигиталната трансформација и модернизацијата на финансискиот систем. Сите групи испитаници ја посочуваат регулативата за платните системи како најголема пречка за развој на финтек-секторот.

Оваа пречка би се надминала со спроведувањето на новиот Закон за платните системи и платежните услуги, којшто би бил донесен оваа година. Со него ќе се создадат услови за влез на нови институции на пазарот. Со новата регулатива од областа на платежните услуги би се зголемила конкуренцијата, би се подобриле услугите за граѓаните и компаниите и на тој начин би се обезбедила поддршка на развојот на финтек-секторот. На владина седница на самиот крај од 2021 година беше утврден текстот на Предлог – законот за платежни услуги и платни системи којшто треба да го замени постојниот Закон за платен промет донесен во 2007 година. nnn


НЕМА ВЕЌЕ ИЗГОВОРИ ВОЗИ НА СТРУЈА! Бесплатно полнете го Вашето електрично возило со полначите на ПроКредит Банка Симнете ја апликацијата:

mkd.info@procredit-group.com

02/2446-000 | www.pcb.mk


08 АПР. 2022

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Сеопфатниот пристап кон предизвиците е најрационалниот начин како да се справуваме нив. Ако спроведуваме сериозна едукација на населението, работиме на превенцијата и одложувањето на хронични незаразни болести, дијагностицираме на време и пропишеме соодветен третман, тогаш ќе спречиме појава на сериозни компликации кои се тешки за лекување, чинат многу и секогаш има последици од истите. Многу често се поставува прашањето колку тоа ќе чини? Сигурно ќе чини помалку да се спречи со соодветна дијагностика и третман отколку да се лечи во напредната фаза. Ново Нордиск е тука, со своите производи и експертиза се нудиме партнерски да помогнеме и да го обезбедиме најдоброто за нашата држава и нашиот народ.


INTERVIEW

17

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ДИМИТАР СТОЈМЕНОВСКИ

генерален менаџер на Ново Нордиск во Македонија

ПОТТИКНУВАМЕ СЕРИОЗНИ ПРОМЕНИ СО ХОЛИСТИЧКИ ПРИСТАП И ЕФИКАСНИ ИНОВАЦИИ


08 АПР. 2022

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Н

ово Нордиск е компанија којашто не треба посебно да ја претставуваме – светски лидер во третманот на дијабетесот, хемофилијата и нарушениот раст како и други фармацевтски решенија коишто го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на луѓето. Меѓутоа, компанијата е многу повеќе од само развивач и производител на лекови, како што вели директорот на Ново Нордиск за Македонија, Димитар Стојменовски. Нејзината цел е со иновативните решенија, политиките за одржлив развој и новите технолошки достигнувања да придонесе кон поефикасно здравство, намалување на компликациите од хроничните незаразни болести и зголемување на превенцијата од истите. Со г-дин Стојменовски разговаравме за тоа колку е всушност важна грижата за здравјето и какви напори вложува Ново Нордиск за да биде лидер во позитивните промени во насока на, пред се’ на зачувување на здравјето, а со тоа и на целокупната благосостојба на општествата и државите каде што е присутна компанијата. „Еве, штотуку го одбележавме 7 Април, денот на здравјето, па најпрво би сакал да се заблагодарам на тимот на Капитал и на уредувачката политика за интересот да обработувате теми од областа на здравството во вашиот угледен економски неделник.“, ни кажа Стојменовски на почетокот од нашиот разговор. Тој вели дека здравството како индустрија е прилично комплексна проблематика и има значајно влијание врз сите текови во државата. „Уште повеќе, здравството и здравствените политики значајно влијаат врз стабилноста на државите и нивните системи, го отсликуваат економскиот и општествениот напредок, а во некои земји ефикасноста на здравството се гледа и како на сериозно безбедносно прашање.“ XГ-дин X Стојменовски, го одбележуваме Светскиот ден на здравјето, во момент кога како планета се’ уште не сме излезени од најголемата здравствена криза во поново време. Какви се Вашите согледувања околу

тоа како се снајдовме како човештво, како одговоривме на предизвикот? Изминативе две години, глобално, како држави и општества бевме изложени на еден долготраен „стрес тест“ од страна на пандемијата предизвикана од силниот и непредвидлив корона вирус со сите свои мутации. Сведоци бевме на многу шпекулации, лажни вести, помалку или повеќе добри или лоши проценки на ситуацијата и предвидувања, сведоци бевме на големи трагедии, последици со висока смртност и обиди сето тоа да се менаџира од страна на властите. Од една страна видовме дека не е само вирусот важен, туку и домаќинот кој е нападнат, неговата здравствена состојба, кондиција, тековни и минати болести, состојбата на имунитетот. Ковид кризата покажа дека пациентите со дијабетес и обезност (дебелина) најмногу страдаат. Од друга страна ги видовме сите силни страни на нашиот општествено економски и здравствен систем, но и сите помалку добри или слаби точки на истиот. Прашањето е дали извлековме некаква поука од тоа што ни се случи? Сега сме во фаза после шок, земаме малку здив, но ништо не е завршено, односно ништо нема да биде како порано. XКовид X кризата покажа дека не сме доволно спремни како држава, како здравствен систем да одговориме на предизвикот како што беше овој вирус – впрочем, високата смртност како последица од инфекцијата го покажува тоа. Каква поука ние извлековме од сето ова? Многу често поставувано прашање е каков е нашиот здравствен систем? Дали е добар? Колку е добар? Како знаеме и како ќе оцениме на кое ниво се наоѓа и како корисниците на здравствените услуги ќе оценат и ќе дадат доверба на истиот? Како се вклопуваме во модерните здравствени текови, дали одвојуваме доволно за здравјето, дали лечиме, како лечиме, каде лечиме, дали превенираме, колку сме едуцирани и која е нашата обврска како активни чинители или учесници во креирањето на здравствената политика да придонесеме за создавање и одржување на ефикасен и достапен здравствен систем на задоволство на сите. Сериозно прашање кое ќе има идни импликации е и тоа

каков ни е образовниот систем во здравството и каков кадар продуцираме? Кога се зборува за достапност на терапија и услуги многу често употребуван збор, многупати и несоодветно, е зборот заштеда? Што е во суштина заштеда во здравство? Многу дилеми, а малку одговори и малку дебата. Многу сакаме да ги отвориме овие теми и сериозно да се зафатиме за успешно да ги затвориме. Не смееме да заборавиме, здравјето е најголемо богатство. XКаква X е специфичната тежина на Ново Нордиск за државава и општеството во целина, дајте ни малку поширок контекст Ве молам? Ние како компанија постоиме скоро 100 години, а во Македонија оваа година правиме 30 години јубилеј, практично од самото осамостојување. Како растеше Ново Нордиск глобално, така растевме и ние во Македонија и ги пренесувавме сите знаења и вештини со кои го унапредувавме здравството и го менувавме на позитивно пристапот кон дијабетесот и хроничните незаразни болести. Во моментов сме една од најуспешните глобални компании во светот по многу параметри (пазарна капитализација, континуиран раст на вредноста на акциите, нови производи од напредни технологии, идни производи) и сериозно придонесуваме во развојот на медицината и фармацијата преку иновативни технологии кои се широко применливи и достапни за сите. Со еден збор, не сме веќе препознаени само како производител на лекови, туку како сериозна глобална здравствена компанија која се труди да го унапреди здравството глобално движејќи промени како главна карактеристика од самото основање во 1923 па се’ до денес. Сериозен процент од своите приходи компанијата ги вложува во технолошки развој и инвестиции во иновативни лекови и напредни решенија.

„Не ни е важно да бидеме најдобри во светот, туку најдобри за светот“ XОбјаснете X ни малку повеќе за девизата на Ново Нордиск “лидер на позитивни промени“, преку што поконкретно таа се рефлектира? Кога велиме дека сме лидери на позитивни промени сакаме


Димитар Стојменовски генерален менаџер на Ново Нордиск во Македонија

19

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Добра здравствена политика е таа која формулира динамични цели за намалување на компликации заради хронични незаразни болести. Имаме намален наталитет, односно нашата популација старее и живее подолго, но најчесто со хронични болести како покачен крвен притисок, дијабетес, канцер итн. Мораме да бидеме свесни за тоа дека здравјето не се добива на лекар, туку здравјето се чува со менување на лошите навики, подобрување на квалитетот на живот и секојдневно работење и посветеност на сопственото здравје. Што мислите дали дебелината е болест? Да, болест е и тоа многу сериозна и предизвикува тешки компликации кои чинат многу за да се решаваат. Како да делуваме? Да ја превенираме, а кај оние што постои да ја решиме.

да кажеме дека амбицијата за подобар и поздрав свет ни е на прво место или поточно кажано не ни е важно да бидеме најдобри на светот, туку најдобри за светот. Промените почнаа со првиот предизвик, а тоа беше дијабетесот и ентузијазмот на млад брачен пар научници од Данска кои ја почнаа храбро приказната за производство на инсулин веднаш по неговото откритие во Канада во 1921 година.

Промените продолжија со промена на перцепцијата за дијабетесот и неговата сериозност, дека не е тоа само покачен шеќер, туку дека таа состојба прави сериозни компликации врз здравјето на луѓето и ги оптоварува и истоштува здравствените системи. Голем предизвик, а потоа и голема промена беше обезбедување на доволни количини на инсулин за светот по пат на нова ДНК технологија. Развој на апликатори

и пропратни помагала кои ќе му го олеснат животот на пациентот и секако самодовербата на лекарот кој е заинтересиран за успешен третман. Како напредува науката и технологијата, така и промените продолжуваат во насока на менување на дијабетесот, менување на хемофилијата и нарушувањето на растот за да стасаме до главната промена во 21 век, а тоа е да го победиме


08 АПР. 2022

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

дијабетесот засекогаш и да најдеме решенија за сериозни ретки болести по пат на нови технологии достапни за сите. XКои X се другите сегменти, освен дијабетесот, каде што Ново Нордиск вложува напори за наоѓање решенија? Искуството и знаењето не’ однесе на повисоко ниво каде влегуваме и во други сегменти кои претходно не биле во нашата сфера на делување како што се обезноста, срцевите и бубрежните заболувања, Алцхајмеровата болест или деменциите, Паркинсоновата болест и ретките болести. Располагаме со ефикасни, модерни технолошки третмани на овие тешки заболувања и веруваме дека промената што ќе ја донесеме во овие области ќе биде револуција во лекувањето на истите. Употребата на матичните клетки и нивна трансформација по сопствена технологија, гликосензитивен инсулин и орални форми на лекови (таблети) за дијабетес со позитивни ефекти на срцето и метаболизмот и намалување на телесната тежина се најновите достигнувања кои прават разлика во лекувањето и ги постигнуваат посакуваните ефекти.

Искуството и знаењето не’ однесе на повисоко ниво каде влегуваме и во други сегменти кои претходно не биле во нашата сфера на делување како што се обезноста, срцевите и бубрежните заболувања, Алцхајмеровата болест или деменциите, Паркинсоновата болест и ретките болести. Располагаме со ефикасни, модерни технолошки третмани на овие тешки заболувања и веруваме дека промената што ќе ја донесеме во овие области ќе биде револуција во лекувањето на истите.

XНово X Нордиск е данска компанија, а Данците, впрочем како сите скандинавски нации се познати по својата иновативност. Какво е значењето на иновативноста во она што Новонордиск го прави во својата посветеност за свет со помалку болести, а не свет што треба да го лечиме од нивните компликации? Ова е нашиот фокус и нашата сфера на интерес. Но, да не заборавиме, уште поголем интерес е да придонесеме во превенцијата на болестите и компликациите кои ги предизвикуваат. Мораме да бидеме свесни за тоа дека здравјето не се добива на лекар, туку здравјето се чува со менување на лошите навики, подобрување на квалитетот на живот и секојдневно работење и посветеност на сопственото здравје. Што мислите дали дебелината е болест? Да, болест е и тоа многу сериозна и предизвикува тешки компликации кои чинат многу за да се решаваат. Како да делуваме? Да ја превенираме, а кај оние што постои да ја решиме. Има начин и има како. Во моментов и во нашата земја постојат иновативни медикаментозни решенија за решавање на обезноста или дебелината, а со тоа и сериозно подобрување на здравјето на пациентите по сите витални


Димитар Стојменовски генерален менаџер на Ново Нордиск во Македонија

параметри и подобрување на физичката, менталната кондиција и квалитетот на живот. Ако спроведуваме сериозна едукација на населението, работиме на превенцијата и одложувањето на хронични незаразни болести, дијагностицираме на време и пропишеме соодветен третман, ќе спречиме појава на сериозни компликации кои се тешки за лекување, чинат многу и секогаш има последици од истите. Многу често се поставува прашањето колку тоа ќе чини? Сигурно ќе чини помалку да се спречи со соодветна дијагностика и третман отколку да се лечи во напредната фаза.

„Еден денар вложен во превенција, заштедува 5 денари од лекувањето“ XШто X значи според Вас правилно водење на здравствена политика во едно општество, кои треба да се клучните водилки? Постојат повеќе индикатори по кои се оценува нивото на здравје и здравствена култура во една држава. Добра здравствена политика е таа која формулира динамични цели за намалување на компликации заради хронични незаразни болести. Имаме намален наталитет, односно нашата популација старее и живее подолго, но најчесто со хронични болести како покачен крвен притисок, дијабетес, канцер итн. Од друга страна, според последните статистики голем дел од младата популација ни е со поголема телесна тежина. И едниот и другиот показател нè водат кон заклучок дека ако не делуваме сега, ќе ги видиме наскоро сите последици од овие состојби. И што е најинтересно, овие состојби може да се превенираат. Ајде да го намалиме бројот на мозочни удари, инфаркти, малигни заболувања, ампутации, слепила, да го намалиме бројот на нови пациенти на кои ќе им треба дијализа, да го намалиме бројот на пациенти со нарушена работоспособност и отсуство од работа, инвалидитет итн. Да, изводливо е и тука се заштедите. Превенција, добра дијагностика, модерна навремена терапија, едуциран пациент, едуциран и добро мотивиран здравствен персонал ќе не’ донесе на ниво на модерно и ефикасно здравство што ужива голема доверба кај населението и меѓународна препознатливост и репутација. Ова е најисплатливиот пат по кој треба да одиме. Мораме да вложуваме во

21

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

превенцијата. Еден денар вложен во превенција, заштедува 5 денари од лекувањето. XОбјаснете X ни малку повеќе и за принципот на одржлив развој што Новонордиск го вградува во својата корпоративна организација и култура? Во поширок контекст на нашата индустрија вреди да се спомене и како работиме како фирма на нашата одржливост. Инклузивноста, еднаквоста и без дискриминација по секој основ, квалитетот и етичкото однесување се главни карактеристики на нашата компанија. Скандинавската култура на етичко однесување е со голема чувствителност кон препознавање и спречување на корупцијата и истата ја живееме и ја применуваме секаде каде сме присутни и имаме активности. Многу често сме на удар или потсмев дека ова не е Данска и дека прифаќање на „добронамерните“ совети за адаптација на локалните навики и практики е клуч за успех во средината каде што работиме. Но, не е така. Со најголемо почитување кон сите култури, нации и локални практики, но никогаш нема да делуваме спротивно на етичкото однесување во работата и почитување на законите. Нема бизнис без етика во бизнисот. Тоа ни е основната девиза и лиценца за работа и одржливост. Екологијата исто така е нераскинлив дел од нашата култура. И на ова поле решивме и сериозно инвестираме да бидеме двигател на промени кои ќе имаат глобален импакт. Секој производ излезен од производните капацитети на Ново Нордиск е произведен со 100% зелена енергија, а 96% од генерираниот отпад се рециклира. Тоа е уште еден показател дека не само луѓето, туку и човековата околина е важна за иднината и одржливоста. И овде имаме поставено корпоративна цел дека до 2035 година нашата компанија ќе биде 0 (нула) СО2 загадувач глобално. Тоа ќе го постигнеме преку користење струја од обновливи извори, производите ќе бидат еколошки и ќе соработуваме со компании кои ги делат овие вредности. Така ќе ги постигнеме сите цели во вредносниот синџир до 2045 година и ќе бидеме 0 (нула) нето загадувач. Здравјето и човековата околина е најголемото богатство што го имаме. Со сигурност знаеме дека загадувањето сериозно влијае на развој на болестите, посебно дијабетесот, обезноста и нивните

Многу често сме на удар или потсмев дека ова не е Данска и дека прифаќање на ‘добронамерните’ совети за адаптација на локалните навики и практики е клуч за успех во средината каде што работиме. Но, не е така. Со најголемо почитување кон сите култури, нации и локални практики, но никогаш нема да делуваме спротивно на етичкото однесување во работата и почитување на законите. Нема бизнис без етика во бизнисот. Тоа ни е основната девиза и лиценца за работа и одржливост.

компликации. Затоа мора да делуваме. За жал живееме во тешки времиња со многу предизвици, економски, еколошки, предизвици во одржувањето на глобалниот мир и стабилноста што сериозно влијаат врз здравјето на луѓето, физичко и ментално. Сеопфатниот пристап кон предизвиците е најрационалниот начин како да се справуваме нив. Ние сме тука, со нашите производи и експертиза се нудиме партнерски да помогнеме и да го обезбедиме најдоброто за нашата држава и нашиот народ. Минатите 30 години покажавме што можеме и како можеме да делуваме за доброто на заедницата. Убедени сме дека и во наредните 30 години можеме да придонесеме и повеќе за подобро и поефикасно здравство, да придонесеме за намалување на компликациите од обезноста и дијабетесот, да понудиме ефикасни решенија за некои ретки болести и сето тоа да биде економски исплатливо и на задоволство на сите. nnn


08 АПР. 2022

22 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Со 2,1 милион платежни картички коишто биле во циркулација на крајот од 2021 година, од коишто 68% независно од брендот и функцијата, се картички засновани на бесконтактна технологија, граѓаните вршеле плаќања на солидна инфраструктура составена од 30.061 уред на физичките места на продажба во земјата, од кои дури 84% ја поддржувале бесконтактната технологија. Притоа, бројот на картички заснован на бесконтактна технологија забележа годишен раст од 10%, при истовремен годишен раст од 7% и на уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат бесконтакната технологија.

ПАНДЕМИСКИТЕ НАВИКИ ЗА ДИГИТАЛНО КУПУВАЊЕ ОСТАНУВААТ

ЗА ЧЕТВРТИНА ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАЌАЊАТА СО КАРТИЧКИ


23

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Некои навики коишто ги наметна пандемијата дури и кај оние коишто имале одбивност кон дигитално купување и плаќање, очигледно останале да траат дури и откако физичкото купување во продавници се нормализираше со постепеното укинување на рестриктивните мерки. Плаќањата на граѓаните со платежните картички во трговијата во земјата во четвртиот квартал од 2021 година забележуваат висок годишен раст од 25% кај бројот и 21% кај вредноста на остварените трансакции. За извршување на електронските плаќања, висок годишен раст од 26% се забележува кај употребата на мобилните апликации од страна на граѓаните, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Н

екои навики коишто ги наметна пандемијата дури и кај оние коишто имале одбивност кон дигитално купување и плаќање, очигледно останале да траат дури и откако физичкото купување во продавници се нормализираше со постепеното укинување на рестриктивните мерки. Како што објави Народната банка, граѓаните, дигиталната револуција во плаќањата, којашто како тренд започна поодамна кај нас, а се засили во периодот на пандемијата на ковид-19, очигледно ги променила платежните навики и во последниот квартал од 2021 година граѓаните ги користеле придобивките и удобноста коишто ги нудат дигиталните канали на плаќањата, како и воспоставената инфраструктура за извршување на плаќањата. Со 2,1 милион платежни картички коишто биле во циркулација на крајот од 2021 година, од коишто 68% независно од брендот и функцијата, се картички засновани на бесконтактна технологија, граѓаните вршеле плаќања на солидна инфраструктура составена од 30.061 уред на физичките места на продажба во земјата, од кои дури 84% ја поддржувале бесконтактната технологија. Притоа, бројот на картички заснован на бесконтактна технологија забележа годишен раст од 10%, при истовремен годишен раст од 7% и на уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат бесконтакната технологија. Плаќањата на граѓаните со платежните картички во трговијата во земјата во четвртиот квартал од 2021 година забележуваат висок годишен раст од 25% кај бројот и 21% кај вредноста на остварените трансакции. Истовремено, висок годишен раст на бројот и на вредноста на трансакциите од 21% и 33%, соодветно, е забележан и кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери (т.н. платни налози). Иако граѓаните сè уште ги иницираат плаќањата со кредитни трансфери претежно на шалтерите на банките (69%), постепената промена на навиките со користење на придобивките од електронското банкарство е видлива и во последниот квартал од годината со висок годишен раст од 10%

кај бројот и 23% кај вредноста на плаќањата иницирани електронски. За извршување на електронските плаќања, висок годишен раст од 26% се забележува кај употребата на мобилните апликации од страна на граѓаните, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање. Менувањето на навиките на граѓаните придонесе за висок годишен раст од 25% на нивните плаќања со платежни картички во трговијата, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат, во текот на целата 2021 година. Во прекуграничен контекст на извршување на плаќањата со платежни картички, во текот на 2021 година со употреба на платежни картички издадени во земјата на уредите лоцирани во странство се остварени 8,8 милиони трансакции, што претставува висок годишен раст од 56% во значителен дел како резултат на олеснетите мерки за прекугранично движење на граѓаните во услови на пандемија. Најголем дел од овие трансакции се направени во земјите од регионот Србија и Грција. Во однос на интернет-трговијата, најголемиот број трансакции на виртуелните места на продажба се извршени во Луксембург и САД. Со странските платежни картички во текот на 2021 година се остварени 8,1 милион трансакции во нашата земја, што како резултат на олеснување на мерките за влез во државата бележи висок годишен раст од 83%. Најголемиот број од трансакциите на уреди на физичките и виртуелните места на продажба се остварени со картичките издадени од САД и Обединетото Кралство. За прифаќањето на платежните картички како дигитален начин за извршување на плаќањата, согласно со најновите податоци за 2021 година, просечниот надоместок којшто прифаќачите на платежните картички (банките и другите финансиски институции) го наплатиле од трговците изнесува 1,19% од вредноста на прометот и тој забележа намалување за 0,02 п.п., во споредба со 2020 година. Намалувањето на просечниот надоместок е пред сè резултат на намалувањето на надоместокот за 0,18 п.п. за плаќањата кај државните институции, понатаму 0,14 п.п. кај трговците со прехранбените производи, 0,13 п.п.


08 АПР. 2022

24 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Од последната анализа на Асоцијацијата за е – трговија (АЕТМ) се гледа дека македонскиот е-купувач во просек купува во три месеци еднаш до два пати, што е најмалку споредено со сите земји од Европа. Најретко купуваме онлајн или над 70% од населението прави само една до две нарачки во три месеци. Најчестиот износ на нарачката е до 50 евра, исто како, што прават и соседните земји со што сме на дното во Европа по однос на висината на нарачките што ги прават. кај бензинските станици и 0,12 п.п. во трговијата со текстил.

Регионот е пред нас

Инаку, од последната анализа на Асоцијацијата за е – трговија (АЕТМ) се гледа дека македонскиот е-купувач во просек купува во три месеци еднаш до два пати, што е најмалку споредено со сите земји од Европа. „Најретко купуваме онлајн или над 70% од населението прави само една до две нарачки во три месеци. Најчестиот износ на нарачката е до 50 евра, исто како, што прават и соседните земји со што сме на дното во Европа по однос на висината на нарачките што ги прават. Се работи за помали трансакции. Најчесто се купува облека, спортска опрема…, што е исто и на ниво на Европа. Меѓутоа, Македонците најмалку од земјите во регионот и од Балканот купуваат онлајн мебел, производи за домаќинство и најмалку прават онлајн нарачки за храна, односно од ресторани“, рече неодамна претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Во Естонија, која е пионер во претворањето на јавните услуги во флексибилни е-решенија за нејзините граѓани и е-резиденти, секогаш се тргнува со промени во владата имајќи го општото добро на граѓаните, економијата и компаниите. Како резултат на ова, владата на Естонија во моментов е речиси 100% дигитализирана. И додека оваа земја служи како модел по кој треба да се спроведува дигитализацијата и во наѓата земја, кај нас процесот се уште е на почеток. Согласно последните достапни податоци од Еуростат (2020), само 19% од македонските интернет корисници користат е-банкарство, додека просекот во ЕУ е 66%. Покрај во е-банкарство Македонците се значајно под европскиот просек кога станува збор за користење на интернетот за праќање маилови, пребарување податоци за производи и услуги и сл. Значајно над европскиот просек се во телефонирање и видео повици и социјални медиуми, додека

први во Европа се во користење на интернетот за ставање на содржини на социјалните медиуми. Но, мора да се нагласи дека едукацијата е клучен сегмент на кој е неопходно да се работи во иднина со цел што е можно повеќе граѓани да ја сфатат потребата на дигитализацијата. Граѓаните и компаниите треба да бидат свесни дека сaмо преку понатамошна трансформација кон дигитално и смарт општество и искористување на предностите на дигиталната економија може да се задржи растот на е-трговијата и воопшто да напредува државата во секој сегмент. Една од клучните теми во е-трговијата е довербата кон технологијата. Меѓутоа стекнувањето на довербата и обезбедување на соодветно ниво на заштита во онлајн светот носи многу предизвици и е доста комплексна тема на која треба да се пристапи со големо внимание, особено земајќи го во предвид предизвикот кој новите технологии како блокчејн/криптовалути и


25

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

вештачка интелигенција го носат. Експертите велат дека потрошувачите треба да бидат внимателни, а не скептични, но со отворен ум (и очи) кон новите технологии и потенцијалот што истите го носат, додека од друга страна е-трговците за да ја зголемат довербата во своите бизниси треба да бидат подготвени да постапуваат транспарентно во секоја ситуација и да ја разберат целосно обврската која ја имаат кон личните податоци на потрошувачите. Совршен пример за адаптација на нова технологија за која имало скептицизам во почетокот се безконтактните плаќања („contactless”) со платежна картичка, чие успешно прифаќање на пазарот претставникот на Mastercard посочи дека се должи на едукација на крајните корисници – нешто што е од значително значење при адаптација на нови технологии и треба да го применуваат сите финансиски институции, регулаторни тела и

останатите ентитети поврзани со имплементација.

Дигитализација на државата

Пандемијата и долгите периоди на карантини несомнено ја потенцираа потребата да влеземе во процес на комплетна дигитализиција во сите сектори вклучително и државатa со цел да се олесни работата на институциите и да им се обезбедат побрзи и поквалитени јавни услуги на граѓаните. Властите во неколку наврати веќе посочија дека Македонија ќе се огледа на примерот на Естонија, но дигитализацијата засега оди со побавно темпо. Балтичката земја е лидер во дигитализирање на јавните услуги. Земјава, пак, ги има подготвено документите и стратегиите за трансформација на бирократијата, но на терен се забележуваат неколку предизвици кои можат да се поделат во три категории - квалитет на услугите, инфраструктура и ресурси и кадар. Главната точка каде граѓаните ги

добиваат услугите без да одат на шалтер е Националниот портал за е-услуги кој е во функција повеќе од една година. Од анализата на граѓанскиот сектор за досега достапните услуги, се наведува дека сите услуги коишто се достапни на порталот не се целосно електронски. „За да се каже дека една услуга е целосно електронска треба да има неколку компоненти, а тоа е да можете да ги најдете електронски документите што сакате да ги поднесете, потоа да може да се плати услугата електронски, и да можете да ја добиете конкретната услуга, најчесто документи на домашна адреса. Две од овие компоненти не ги исполнуваме“, велат од Институтот за европски политики. Владините претставници коментираа дека не почнуваме од нула, туку напротив. „Со порталот е – услуги поставивме единствен електронски систем на кој се поврзани сите државни институции за давање јавни услуги


08 АПР. 2022

26 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Согласно последните достапни податоци од Еуростат (2020), само 19% од македонските интернет корисници користат е-банкарство, додека просекот во ЕУ е 66%. Покрај во е-банкарство Македонците се значајно под европскиот просек кога станува збор за користење на интернетот за праќање маилови, пребарување податоци за производи и услуги и сл. Значајно над европскиот просек се во телефонирање и видео повици и социјални медиуми, додека први во Европа се во користење на интернетот за ставање на содржини на социјалните медиуми.

за граѓаните, преку едно централно место. Уште на стартот на порталот беа достапни 127 електронски услуги, кои во меѓувреме се дополнија со уште десеттина други како што се нострификација на дипломи, апликација за студентски и ученички стипендии, упис во училиште, упис во градинка, апликација за грант за реновирање на училишта и многу други. Ова е уште еден чекор кон остварување на една од најважните реформски зафати, а тоа е реформата во јавната администрација, за создавање стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација, која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот и ќе ги заштити нивните права“, истакнаа неодамна од Владата. Во министерството за информатичко општество и администрација, како носител на процесот на дигитализација, постојано се работи на ажурирање на услугите. Се спроведува Стратегијата за јавна администрација, Националниот оперативен бродбенд план кој се однесува на воспоставување на интернет инфраструктурата и Националниот систем за управување со документи што треба да им овозможи на институциите размена на информации. Преку порталот е-услуги целосно онлајн се 62 услуги, 104 услуги се добиваат преку пренасочување на друга институција, а порталот содржи над

800 документи. „За да се спроведува една стратегија јас секогаш повикувам и сме во комуникација со сите важни и релевантни институции почнувајќи од министерствата. За да имаме една дигитална услуга повеќе, за да развиеме нови услуги, ќе треба да ја зголемиме соработката со други институции, на пример сега комуницираме со МВР за дигитализација на уште 20 услуги, или пак со УЈП. Следниот период клучно ќе биде да се поврземе со сите важни институции за да имаме повеќе дигитални услуги“, изјавија неодамна од ресорот за информатичко општество и администрација. Меѓутоа, експертите забележуваат дека институциите не се доволно меѓусебно поврзани во системот за интероперабилност што дополнително ја отежнува брзата комуникација и одговор на барањата на граѓаните. Според некои проценки од повеќе од 120 институции, само 32 се поврзани на системот. Најголемиот предизвик за спроведување на дигитализацијата, ќе биде наоѓањето и задржувањето на ИТ кадарот, за кој работата во јавната администрација не е атрактивна. Според истражување на Институтот за европска политика, 60 отсто од испитаните граѓани се свесни за постоењето на електронските услуги, но само 48.19 отсто од нив понекогаш или често користат е-услуги.

Инаку, Македонија е умерено подготвена во областа на електронските комуникации и информатичкото општество. Анализирајќи го поглавјето 10, Европската комисија забележува дека е постигнат одреден напредок лани, бидејќи земјата напредувала во подготовките на долгорочна стратегија за информатичка и комуникациска технологија. Но токму тоа е и една од главните забелешки на Комисијата – Македонија да ја финализира оваа стратегија. „Во однос на информатичкото општество, се подготвува долгорочна стратегија за информатичко-комуникациска технологија (ИКТ). Започна изготвувањето на стратегијата за развој на дигитални вештини, а дигиталната писменост е приоритет во новата стратегија за образование. Електронските потписи можат да се користат во новиот е-портал за услуги во земјата. Употребата на системот за интероперабилност меѓу институциите малку се зголеми за време на извештајниот период, иако многу нив не го користат и покрај тоа што имаат инсталирано опрема и софтвер. Подготовките за општата рамка и услуги за е-влада продолжија. Потребни се поголеми напори и подобрена координација помеѓу институциите за модернизација и дигитализација на јавната администрација“, пишува во Извештајот за напредокот на земјата. nnn



08 АПР. 2022

28 ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ЕКО ДРАЈВ – ИНИЦИЈАТИВА НА ПРОКРЕДИТ БАНКА

ПРИДОБИВКАТА ОД ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА Е ЗАШТЕДА НА ПАРИ И ЗАШТИТА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА


29

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ДВОЈНА НА

Иако електричните возила се сè уште поскапи од оние со мотор на внатрешно согорување, за релативно кусо време преку заштедата во трошоците за погон, стануваат исплатливи, а да не зборуваме за придонесот кон зачувувањето на животната средина – беше една од главните пораки на настанот што во вторникот, 5 април, го организираше ПроКредит Банка со цел пред своите партнери и клиенти да го промовира концептот на електрични возила. Целта на B2B собирот беше пред клиентите на банката, претставници на бизнис секторот, да се објасни придобивката од користењето на електрични возила, неколку добавувачи на електрични возила да ја претстават својата палета, а ПроКредит ги презентираше и условите за кредитирање за набавка на овој тип возила.


08 АПР. 2022

30 ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Претставничката на ПроКредит банка објасни за иницијативата за електромобилност на банката, како и самата учествува преку опремување на сопствениот возен парк со електрични возила, но и со поволната кредитна линија за набавка на вакви автомобили.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Е

лектричните возила се сè уште поскапи од оние со мотор на внатрешно согорување, но за релативно кусо време преку заштедата во трошоците за погон, стануваат исплатливи, а да не зборуваме за придонесот кон зачувувањето на животната средина – беше една од главните пораки на настанот што во вторникот, 5 април, го организираше ПроКредит Банка со цел пред своите партнери и клиенти да го промовира концептот на електрични возила. Целта на B2B собирот беше пред клиентите на банката, претставници на бизнис секторот, да се објасни придобивката од користењето на електрични возила, неколку добавувачи на електрични возила да ја претстават својата палета, а ПроКредит ги презентираше и условите за кредитирање за набавка на овој тип возила. Претставникот на здружението за промоција на користењето електрични возила Електромобилност, Оливер Велковски, ја претстави моменталната состојба со електричните возила во Македонија, којашто за волја на вистината се’ уште е прескромна во однос на потенцијалот и бенефитите од употребата на овие возила. „Ние имаме застарен возен парк во државава, еден од најстарите во Европа, каде што над 86% од возилата се постари од 10 години,

а само 2,2% се до две години старост. Зависноста од фосилните горива гледаме какви проблеми предизвикува, со порастот на цените во последно време, а возниот парк е причинител за над 20% од загадувањето на воздухот во земјава. Според процените на Светска банка, од 1.300 до 1.500 луѓе годишно во Македонија умираат од последици предизвикани од загадувањето на воздухот, а децата се најчувствителната група“, истакна Велковски. Тој додаде дека во здружението се свесни оти цените на електричните возила се’ уште се високи, а дека економската моќ на граѓаните и компаниите ниска, но дека имаат и конкретни предлози како да се стимулира поголема продажба, со оглед на фактот, дека во моментов има само околу 130 регистрирани електрични возила. „Иако се скапи, тие сепак не се недостижни. Се разбира, кога размислуваме како да станат подостапни за граѓаните и фирмите, веднаш размислуваме во делот на субвенции, тоа е еден од главните фактори што мотивира. Ние како здружение до државните органи имаме поднесено иницијативи и со други мерки, како што е намалување и на данокот за увозот на електрични возила, иако акцизата тука е 0%, сепак данокот од 18% се’ уште значително влијае врз нивната цена. Бесплатни патарини за корисниците на овие возила се исто така мотивациска мерка, потоа бесплатни паркинзи за електрични возила, намалена

цена за регистрација, итн. “, истакна Велковски. Велковски се осврна и на предизвиците поврзани со полнењето на батериите на електричните возила, односно дали во државава има соодветна инфраструктура на полначи. „Иако ова е предизвик, сепак треба да имаме предвид дека нашата земја е мала, од крај до крај не повеќе од 200 км, и за овие возила со автономија од 250-300км, не треба да е пресуден фактор. Во државава имаме околу 70 поставени полначи, некои се во функција, некои не се, дел се поставени од ПриоКредит Банка, дел од ЕВН, а има и полначи поставени по сопствена желба на некои компании, хотели и сл. По коридорите 10 и 8 потребни се брзите полначи, од коишто засега има еден на границата кон Грција кај Гевгелија. За луѓето што планираат подолго патување во земјата или странците коишто транзитираат низ Македонија, нашите пресметки велат дека по главните коридори потребни се не повеќе од 12 брзи полначи, што државата со сите трошоци, може да го направи за околу еден милион евра“, рече Велковски од здружението Електромобилност.

ПроКредит вклучена во електромобилноста на две нивоа

Од организаторот на настанот, ПроКредит банка истакнаа дека тие како организација на две нивоа се вклучени во концептот на електромобилноста – преку користењето електрични возила


31

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Гостите на настанот, околу 50-тина претставници на клиентите на ПроКредит имаа прилика да се запознаат на лице место со дел од понудата на електрични возила на неколку импортери во државава. во сопствениот возен парк, како и преку поволната кредитна линија за набавка на вакви возила. „Нашата транзиција одеше постепено, во 2015 година ги купивме првите е-автомобили, моделот E-up на Volkswagen. Во 2019 година 50% од нашиот возен парк стана електричен, во 2021 70%, или 10 од 15 автомобили се електрични, а за 2025 целта ние е да имаме целосно електричен возен парк на службени автомобили. “, истакнаа од ПроКредит. Од банката велат дека идентификувале неколку предизвици поврзани со набавката и користењето на електричните возила. Недостиг на електрични полначи за планирање на долги релации, самото купување возило е прилично скапа инвестиција, електричната енергија поскапува, недостиг на субвенции за електрични автомобили, нема полначи на паркинзите од поголемите станбени објекти. Во ПроКредит почнале да работат на надминување на дел од предизвиците, онаму каде што имаат реално моќ и капацитет, па така од октомври 2021 година почнале со инсталација на мрежа полначи низ целата земја и во моментот има 21 инсталиран полнач, а планот е да стигнат до 40. Потоа, на мрежата на полначи со поддршка од нивните бизнис клиенти на чии бизнис локации се поставени полначите, обезбедиле бесплатно полнење за период од две години. Креирале кредит за електрични возила со фиксна каматна стапка

од 2,9% за период од 7 години, што е исклучително поволна каматна стапка, пониска и од онаа за станбените кредити. Од ПроКредит велат дека процедурата за оваа еко понуда за електрични возила е максимално едноставна, со онлајн апликација и обработка на барањето, одговор за еден ден од комплетирање на документацијата, итн.

Неколкукратна заштеда во трошоците за гориво

Златко Муцунски, директорот на Порше Македонија, еден од партнерите на ПроКредит банка во форсирањето на концептот на електрични возила и зелената енергија, истакна дека ова е светски тренд и сликовито се изрази во стилот дека “возот во САД и ЕУ е веќе тргнат, и од нас зависи дали ќе се качиме на него или вечно ќе останеме надвор од колосекот“. „До 2030 година сите европски производители на автомобили се обврзаа дека ќе имаат доминантно портфолио на електрични возила. Порше Македонија, како лидер на пазарот за возила, се обидува да биде лидер и во новите технологии, како што се електричните возила. Електричната иднина е вистинската и нема алтернатива. Ние имаме неколку модели во портфолиото, во брендовите Volkswagen и Audi, a во рамки на програмата Porsche Destination Charging поставивме 12 полначи во земјава. Меѓутоа, ако сакаме да бидеме вистинска електромобилност, треба да имаме брзи полначи, турбо полначи, ние ги купивме првите два во Македонија, и тие се иднината,

затоа што за половина час имате 90% од капацитетот на батеријата. Целта ни е на нашите клиенти да им обезбедиме мобилност, и ако сакаме да таргетираме купувачи на електрични возила, мора да имаме и адекватна инфраструктура за полнење. Затоа од неодамна сме застапник и на полначи од познат светски бренд коишто им ги нудиме на нашите клиенти.“, рече Муцунски. Тој покажа и на конкретен пример колкава е заштедата во трошоците за гориво доколку возите електричен автомобил, и тоа со актуелните цени на струјата во скапа и евтина тарифа, како и моменталните цени на фосилните горива. Колку за илустрација трошокот за возење на струја на 100 км во скапа тарифа е 118 денари според т.н. WLTP светски просек, односно 154 денари во град, како што покажува праксата. Во евтина тарифа WLTP просекот е 59 денари, и 77 денари пракса, во град. Од друга страна, трошокот со еуродизел на 100 км според WLTP e 376 денари, а во пракса 585, додека кај безоловниот бензин 476 со 752 денари соодветно. Нема потреба да сметаме колкава е всушност заштедата, премногу е очигледно. На настанот програмите на електрични возила ги преставија и претставниците на импортерите Ми-Да Гранд Моторс, ABC Brother, Олимпија моторс, како и увозникот на електричните мотори, мопеди, скутери и велосипеди од брендот Hamachi. nnn


08 АПР. 2022

32 ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ЛАНИ ИМАЛО 2,4 ПАТИ ПОВЕЌЕ ПОПЛАКИ НА ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ

АСО РЕШИЛА 2,5 ПАТИ ПОВЕЌЕ ПРЕТСТАВКИ ВО КОРИСТ НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ


33

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Една од најособените, од вкупно 206 претставки што ги добила Агенцијата за супервизија на осигурувањето во 2021 е таа во која на осигуреник не му било продолжено осигурувањето поради тоа што во меѓувреме му бил дијагностициран канцер. АСО ги соочила двете осигурителни компании (од кои едната го предава, а другата го превзема осигуреникот) и ги разгледала условите и аргументите на трите страни. Случајот бил решен позитивно, при што двете компании се усогласиле, а осигуреникот добил полиса за животно осигурување која го обезбедува кредитот. автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

А

генцијата за супервизија на осигурување (АСО) добила 206 претставки од незадоволни осигуреници за работата на осигурителни компании и други учесници на пазарот во 2021 година. Бројот на претставки од осигуреници лани е зголемен за 2,4 пати во споредба со 2020 година, покажуваат официјалните податоци на АСО. Во овој период АСО, врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници, на три осигурителни друштва им изрече четири мерки од кои две се парични глоби. Осигуреници минатата година поднеле претставки за 18 учесници на осигурителниот пазар, а кај 16 од нив бројот на поднесени жалби е поголем во споредба во 2020 година. АСО решила 42 претставки во корист на осигурениците во 2021 година. Во однос на претходната година бројот на претставки решени во корист на осигуреници е поголем за 2,5 пати. Од сите поднесени претставки за 22 е утврдено дека се поднесени без основ, 12 се повлечени од подносителите, а 13 се во процес на постапување. Во корист на учесниците на осигурителниот пазар (компании, осигурителни брокери и други) се решени 65 претставки.

За што најчесто се жалеле осигурениците

Најчесто, поточно во 79 случаи, осигурениците се жалеле на основот на кој се исплатуваат штети кои биле покриени со договори за осигурување. За висината на износот што осигурителните компании го понудиле за исплата на штета се пожалиле 52 осигуреници. Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги

Најголем број претставки – 91 се поднесени за осигурени случаи од класата автоодговорност. За осигурување од незгода се поднесени 31 претставка, а за класата имот 21. За животно осигурување се поднесени 15 претставки, за приватно здравствено осигурување се поднесени 6 претставки. За другите осигурителни класи се поднесени 14 претставки. утврдува условите и околностите. За роковите за обработка на штети се поднесени 16 претставки, а за рокот на исплата на штетата се жалеле 8 осигуреници. По други основи се поднесени уште 25 претставки. Во 161 случај подносители на претставки се физички лица, а 39 претставки поднеле правни лица. Најголем број претставки – 91 се поднесени за осигурени случаи од класата автоодговорност. За осигурување од незгода се поднесени 31 претставка, а за класата имот 21. За животно осигурување се поднесени 15 претставки, за приватно здравствено осигурување се поднесени 6 претставки. За другите осигурителни класи се поднесени 14

претставки. Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.


08 АПР. 2022

34 ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Износот на исплатени штети повисок за 14% во 2021

Инаку, лани, на страната на исплатените штети, граѓани, фирми, здруженија и државни институции наплатија над 4 милијарди денари (66,2 милиони евра) од осигурителните компании за настаните штети покриени со неживотно осигурување. Вкупниот износ на исплатени штети (бруто исплатени штети - БИШ) минатата година е повисок за 14 отсто (8,2 мил. евра) во споредба со 2020 година. Лани се исплатени речиси 80.000 пријавени штети, покажуваат официјалните податоци на АСО. За пријавени штети врз осигурен имот осигуреници лани наплатиле 13 отсто повеќе од 2020 година. Сите 11 осигурителни компании за неживотно осигурување за штети врз осигурен имот лани исплатиле 710 милиони денари (11,5 мил. евра). Друштвата за осигурување лани исплатиле речиси 9.000 отштетни побарувања на своите осигуреници. За осигурен имот на физички лица се исплатени вкупно 316 милиони денари (над 5 мил. евра), а на правни лица 394 милиони денари (6,4 милиони евра). Кај најбрзо растечката класа – приватно здравствено осигурување, исплатата на штети го следи растот на продажба на осигурителни полиси. За минатата година девет осигурителни компании исплатиле 211 милиони денари (3,4 милиони евра). Тоа е двојно повеќе од износот на штети што го исплатиле во претходната 2020 година во која поради здравствената пандемија и почна да расте популарноста на оваа доброволна осигурителна класа. Кај осигурувањето од незгода ( најмасовна класа на доброволно осигурување кое покрива речиси 700.000 осигуреници) лани се исплатени штети во вкупна вредност од 434 милиони денари (7мил.евра). А тоа е за 8 отсто повеќе од претходната година. За штети врз каско осигурени возила осигуреници наплатиле 507 милиони денари (8,2 милиони евра) или 4 отсто повеќе од 2020 година. Од помалку застапените класи на доброволно неживотно осигурување импозантен раст на исплатени штети бележат три осигурителни класи. Исплатените штети за карго осигурување се зголемени за 7 пати во однос на 2020 година), а речиси е удвоен износот на исплати за осигурени штети од финансиски загуби. Кај осигурувањето кредити се исплатени 3,75 милиони денари

Најчесто, поточно во 79 случаи, осигурениците се жалеле на основот на кој се исплатуваат штети кои биле покриени со договори за осигурување. За висината на износот што осигурителните компании го понудиле за исплата на штета се пожалиле 52 осигуреници. Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите. За роковите за обработка на штети се поднесени 16 претставки, а за рокот на исплата на штетата се жалеле 8 осигуреници. По други основи се поднесени уште 25 претставки. (61.000 евра) додека во 2020 година немало исплати.

Само патничкото осигурување со пад на исплатените штети, поради ковид кризата Патничкото осигурување е единствената класа во која лани износот на вкупно исплатени штети е понизок во однос на 2020 година. Сите 11 осигурителни друштва исплатиле 40 милиони денари (0,65 милиони евра) што е за 15 отсто помалку од 2020 година. Во најголемата класа – осигурување од автомобилска одговорност 11 компании лани исплатиле 2,1 милијарди денари (34,2 милиони евра) за речиси 30.000 пријавени штети. Износот на исплатени штети лани е за 12 отсто повисок од претходната година.

Во вкупниот износ на исплатени штети лани АДОР „Македонија“и „Еуролинк“ учествуваат со по 362 милиони денари (6 милиони евра), „Триглав“ со 570 милиони денари (9,2 милиони евра), „Сава“ со 463 милиони денари (7,5 милиони евра), „Евроинс“ со 396 милиони денари (6,4 милиони евра), а „Винер“ со 341 милиони денари (5,5 милиони евра). „Граве Неживот“ лани исплатила 142 милиони денари (2,3 милиони евра), „Уника“ платила 408 милиони денари (6,6 милиони евра), „Осигурителна полиса“ 261 милиони денари (4,2 милиони евра), „Халк Осигурување“ исплатиле 512 милиони денари (8,3 милиони евра), а „Кроација Осигурување – неживот“ 250 милиони денари (4,1 милиони евра). nnn



08 АПР. 2022

36 КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE

Илустрација: Филип Ризов

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ЕКОНОМСКАТА ЦЕНА НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ПОМЕЃУ МИНАТОТО И ИДНИНАТА


37

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Зошто го избрав токму ваквиот наслов на овој напис „Економска цена на македонската борба меѓу минатото и иднината“? Бидејќи светот оди напред, сите земји сега се фокусираат на иднината и на она што таа ќе го донесе како просперитет, не само економски, туку и во контекст на благосостојба, квалитет на живот и, во крајна линија, посреќни народи. Како што напоменав претходно, со оглед на сето она што се случува во светот, живееме во многу турбулентни времиња, па ако не се планира иднината би имало катастрофални последици за земјата. Во нашиот македонски, или подобро кажано, балкански случај, сите ние се бориме да го докажеме нашето „значење“ во минатото, особено односите меѓу нашите народи, додека иднината „ни се лизга низ прсти“. Сепак, некои земји во регионот, како Бугарија и Србија, имаат стабилен и одржлив раст, додека се фокусираат и на историските прашања и на идните случувања.

автор:

СЕРГЕЈ ЗАФИРОВСКИ

генерален менаџер на “Инсајдер ИД” и главен уредник на “Le Monde diplomatique – Македонско издание”

И

нспирирани од децениите поминати фокусирајќи се на историски прашања наместо на иден развој во секоја пора од социо-економскиот живот на Северна Македонија, особено од политичарите, време е да се разгледа реалноста во која живееме. Ја слушаме истата реторика за идниот развој на земјата, но кога ќе дојде токму таа иднина, сè уште го слушаме разговорот за идниот развој. И тоа се случува не само во Северна Македонија, туку и во целиот регион. Вртењето во маѓепсани кругови со децении не создаде нешто вредно освен губењето важно време и генерации луѓе кои се „изгубени во преводот“. Ние сме само нуспроизвод - од економска гледна точка - на светските трендови, но тоа не сугерира дека не треба да се обидеме да создадеме просперитетни земји. Пред да ги разгледам македонските специфични прашања, би сакал да се осврнам на неколку глобални прашања. Во моментов, во Европа, живееме во најтурбулентниот период можеби по Втората светска војна. Русија влезе во отворена војна против Украина, додека ЕУ, САД и НАТО наметнуваат најкомплексни санкции кон Русија; затоа, најверојатно, до крајот на 2022 година ќе живееме во еден друг вид на свет. Ако се земе предвид дека пандемијата КОВИД-19 е зад нас, гледана како здравствен проблем, економската криза сè уште татни, додека нејзиниот врв допрва доаѓа. Инфлацијата во САД се очекува да достигне 7,5% до крајот на 2022 година, што е највисока од почетокот на 1990-тите, додека во некои земји на ЕУ таа е дури 12% (Естонија, декември 2021 година). Инфлацијата, дополнително поттикната од големото зголемување на цените на енергијата, особено на нафтата и природниот гас, ќе ја промени ценовната основа на бројни производи и услуги. Индексот S&P 500 е 4.373 поени (28 февруари 2022 година), бидејќи е три пати повисок од пред финансиската криза во 2007 година, кога изнесуваше 1.526 поени, додека NASDAQ е 14.028 поени (28 февруари 2022 година) во споредба со 2.619 поени (јануари 2007 година). Криптовалутите вршат притисок врз централните банки уште повеќе додека достигнуваат

неверојатни цени на слободните пазари, засновани само на шпекулации и мислења од одделни инвеститори. Новата војна во Украина ќе ги погоди и сите социо-економски сегменти, особено оние поврзани со енергијата и трговијата. Некои земји од ЕУ зависат од рускиот гас и до 50% од своите потреби. За некои земји кои воведоа рестрикции, рускиот пазар се смета за главно место за извоз на стоки и производи или за нивниот главен трговски партнер. Исклучувањето на Русија од SWIFT ќе биде економски удар не само за исклучената земја, туку, со оглед на важноста на Русија, за сите земји кои се во секој случај поврзани. Тоа ќе ја подгрее инфлацијата, ќе го зголеми бројот на затворени бизниси, ќе ја зголеми невработеноста и ќе ја зголеми макроекономската несигурност ширум светот. Северна Македонија зависи 100% од рускиот гас за своите потреби, додека Русија е еден од главните пазари за извоз на македонски непреработени земјоделски производи; оттука, ефектите ќе бидат недвосмислено тешки и негативни. Од другата страна на инфлацијата, цените и конфликтите, ги наоѓаме платите на работниците, кои стагнираат. Но, дури и да ги стигнат цените, краткорочно тоа ќе биде вештачко со зголемување на минималната гарантирана плата. Таквиот раст не е проследен со реално производство или продуктивност, па дополнително ќе ја поттикне инфлацијата. Следствено, спиралата на инфлација сега е широко отворена, додека во контекст на државните политики, никој не знае како успешно да се справи со ова, особено што има геополитички прашања на дофат, на кои многу малку земји можат да влијаат.

Додека на Балканот се бориме да го докажеме своето „значење“ во минатото, иднината „ни се лизга низ прсти“

Зошто го избрав токму ваквиот наслов на овој напис „Економска цена на македонската борба меѓу минатото и иднината“? Бидејќи светот оди напред, сите земји сега се фокусираат на иднината и на она што таа ќе го донесе како просперитет, не само економски, туку и во контекст на благосостојба, квалитет на живот и, во крајна линија, посреќни народи. Како што напоменав претходно, со оглед на сето она што се случува во светот, живееме во многу турбулентни времиња, па ако не се планира иднината би имало катастрофални


08 АПР. 2022

38 КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

последици за земјата. Во нашиот македонски, или подобро кажано, балкански случај, сите ние се бориме да го докажеме нашето „значење“ во минатото, особено односите меѓу нашите народи, додека иднината „ни се лизга низ прсти“. Сепак, некои земји во регионот, како Бугарија и Србија, имаат стабилен и одржлив раст, додека се фокусираат и на историските прашања и на идните случувања. Македонската економија функционира во континуирана кризна состојба. Само во изминатите 10 години, имавме неколку политички кризи, неколку меѓународни, една пандемија (КОВИД-19), а сега барем економска и тоа засилена со војната во Украина. Што направивме во изминатите три децении независност од економска гледна точка? Што направивме правилно, а што погрешно? Со неколку зборови, не многу! Фокусот и на јавноста и на владата, беше решавање на историските прашања, кои го блокираа патот на Северна Македонија кон интеграцијата во ЕУ и НАТО. Прво, имаше спор меѓу Северна Македонија и Грција за името на државата, а сега има бугарски барања за промена на официјалната историја и потеклото на македонската нација. И двата спора беа проследени со често вето, меѓународни блокади и бројни тензии меѓу земјите. Нема да навлегувам во природата на историските аргументи за и против двата спора, тие се такви какви што се, и не се чувствувам квалификуван да одговорам на нив, но сите ние ги знаеме економските последици од фокусирањето на главно историски проблеми, наместо да ја развиваме земјата. Како Македонец, не сугерирам дека историските прашања треба да се заборават или да се остават настрана, туку тие треба да се решат од експерти во одредени области, а не од луѓе, поединци или групи кои немаат доволно експертиза или знаење да направат така. Главно ние (како држава), бевме фокусирани на решавање на тие прашања, додека реалните проблеми поврзани со сиромаштијата, економијата, здравството, одржливоста, се очекуваше да се решат со пристап во ЕУ и НАТО. Од моја перспектива, наместо да се намалат разликите, да се фокусира на иднината и како земјите можат да донесат просперитет и

благосостојба на обичните луѓе, целиот регион се закопа во ровови, користејќи историски аргументи за супериорност во однос на другите. Ако постои можност да се споредат главните вести и политичката реторика во повеќето балкански земји, можеме да заклучиме дека сите тие ги обвинуваат другите за внатрешниот неуспех. Последниот заклучок е одржлив, без разлика која страна ја земате за пример. Додека се боревме да докажеме дали сме антички Македонци или не и чекавме да влеземе во ЕУ и неколку децении го чекавме и НАТО, според Државниот завод за статистика – бројот на новороденчиња од 31.421 во 1994 година паднал на 19.031 до 2020 година, или со едноставно кажано, повеќе од една третина. Во контекст на последниот попис, според неофицијалните информации за тоа колку граѓани биле статистички интервјуирани, Северна Македонија има население од малку повеќе од 1,83 милиони во 2021 година , што е намалување од 2,08 милиони во 2002 година. Во исто време, значителен (неофицијален) број луѓе живеат во странство, но тие сè уште се сметаат за жители на земјата. Миграцијата може да се прикаже со намалување на бројот на запишани ученици во основните училишта од 216.180 во 2008/09 година на 187.555 во 2020/21 година (28.165 ученици помалку) . Според Програмата на ОЕЦД за меѓународно оценување на учениците (ПИСА) , Северна Македонија го зазема 67-то место по математика, наука и читање, од 80 анализирани земји. Бидејќи нема официјална развојна стратегија за образованието, состојбата сама по себе нема да се подобри, па може да очекуваме и уште полоша состојба во иднина. Во моментов, еден од најголемите предизвици на македонската економија е недостатокот на квалификувана – или, во интерес на вистината - на било која работна сила. Со децении, немаше јасна стратегија и визија за тоа каде оди македонскиот образовен систем и каква работна сила ќе биде потребна за „земјата да тргне“. Помалиот број на запишани ученици во основното образование, укажува дека во иднина ќе имаме уште помалку работна сила на располагање. Само како куриозитет, најценетиот универзитет во земјава е “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, и е на место број 1.816 во светот, во

2020 година . Со намалувањето на бројот на новороденчиња, кој изнесуваше 4,1% во 2020 година (во споредба со 2019 година), и сериозната миграција особено на младите и висококвалификувани поединци (одлив на мозоци), ќе станеме „диносаурусна“ земја за само 10 години од сега. Додавајќи го на тоа и зголеменото стареење на населението и пензионерите, ќе добиете дека многу мал дел од популацијата се грижи за одржување на државата, а која, заедно со неефикасниот образовен систем и нискиот наталитет, ќе се намали во блиска иднина и ќе донесе уште повеќе проблеми. Имајќи предвид дека еден од главните двигатели на економскиот раст и квалитетот на животот, е растот на населението, кој обезбедува повеќе луѓе, повеќе работни места, повеќе трошење, повеќе даноци и, во крајна линија, еден поголем БДП. Што се однесува до главниот индикатор за споредба меѓу земјите, БДП, за кој сметам дека е многу несигурен показател, годишните стапки на раст се помеѓу -0,45% (2012) и 3,91% (2019) од 2010 до 2020 година, додека апсолутната вредност на БДП по глава на жител е 4.545 долари во 2010 година и 5.888 милијарди долари во 2020 година, или кумулативен раст од скоро 29,5%. Во споредба, на пример, со Бугарија, каде што во исто време БДП по глава на жител изнесуваше 6.812 американски долари во 2010 година, а достигна 9.975 американски долари во 2020 година, а со кумулативен раст од 46%. Македонската економија, ако се смета за една од земјите во развој, расте многу бавно и според стапката на раст може да се спореди со онаа од високо развиените земји, кои се очекува да имаат побавна стапка на раст. Да ги земеме Турција и Кина за пример, како земји во развој; тие имаат двоцифрен раст годишно, кој, во апсолутен број, изнесува милијарди долари, неколку децении по ред. Никој не може да го оспори развојот и зголемувањето на квалитетот на животот во овие две земји. Повеќето од „експертите“ ќе речат дека тие земји се големи и имаат стратегија, но и она што исто така не спречува да создадеме и да имаме одржлива стратегија. Единствената разлика, според мене, помеѓу успешни и неуспешни, не само земји, туку и луѓе, бизниси, домаќинства... е дали имаат долгорочна стратегија или не, и еден јасен фокус за спроведување на таквата стратегија.


39

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Од другата страна на инфлацијата, цените и конфликтите, ги наоѓаме платите на работниците, кои стагнираат. Но, дури и да ги стигнат цените, краткорочно тоа ќе биде вештачко со зголемување на минималната гарантирана плата. Таквиот раст не е проследен со реално производство или продуктивност, па дополнително ќе ја поттикне инфлацијата. Следствено, спиралата на инфлација сега е широко отворена, додека во контекст на државните политики, никој не знае како успешно да се справи со ова, особено што има геополитички прашања на дофат, на кои многу малку земји можат да влијаат. Како ќе го искористиме поголемото задолжување

Повеќето економисти се поддржувачи на јавниот долг како средство за подобар економски раст. Едноставно кажано, тие сметаат дека колку е поголема државната потрошувачка, толку ќе биде поголема и стапката на раст. Сигурно, дури и тие сметаат дека неефикасното трошење ќе биде товар и нема да донесе просперитет, а камоли раст. Северна Македонија го следи тој тренд на трошење на поголема сума пари од страна на централната власт и нејзините институции во споредба со вкупните приходи остварени од даноци и други јавни давачки. Јавниот долг достигна 60,9% за четвртиот квартал во 2021 година, од 32% пред само една деценија, во 2011 година . Во апсолутен и релативен број, долгот е неспоредлив со оној на Грција, кој се предвидува да изнесува околу 206% од нејзиниот БДП . И јавноста и експертите го споредуваат македонскиот долг со оној на грчката економија, на начин каде сме во подобра ситуација. Но, постојат неколку клучни разлики помеѓу можностите за финансирање на тој долг.

Единствено и најважно, на кое би сакал да се осврнам, е дека теоретскиот банкрот на грчката економија ќе го сруши целиот европски финансиски систем, вклучувајќи го и еврото, додека банкротот на македонската економија, тешко дека ќе има некаков ефект врз истиот систем. Така, земјите од ЕУ имаат многу голем интерес за интервенција во грчката економија. Според тоа, Северна Македонија има помалку простор за „маневрирање“ и треба да го задржи долгот на подносливо ниво. Постојат два начини на располагање, за решавање на проблемот со долгот. Првиот е преку заштеда и зголемување на приходите на државната каса (создавање на вишок), а вториот е отпишување на дел од долгот поради инфлација , или комбинација од двете. Вишокот може да се создаде преку интервенција во даночниот систем и намалување на трошоците на владините и јавните институции. Долгот може да не претставува проблем ако се користи за стратешки развој на земјата, меѓутоа, во Северна Македонија, поголемиот дел од државниот буџет се користи за трошоци како што се

плати за вработените во јавната администрација и пензионерите. Јавната администрација, или владата, е најголемиот „работодавач“ со повеќе од 131.000 вработени , не земајќи ги предвид оние со договори, владините добавувачи кои се плаќаат од државниот буџет и повеќе од 320.000 пензионери. Сепак, според јавното мислење, работењето во јавната администрација е попосакувано во споредба со работењето во приватниот сектор, со што владата и политичките партии се принудени да отворат уште повеќе работни места. Секако, просечниот македонски граѓанин има подобар квалитет на живот, во споредба со 1990-тите, невработеноста се намали на 15% во 2021 година, што е историски минимум, додека БДП по глава на жител, кога ќе се објави новиот попис, ќе покаже значителен раст на просечната вредност. Во некои периоди, земјата привлече значајни СДИ, кои донесоа придобивки за локалната економија, при што најважни беа вработувањето и развојот на неразвиените региони и носењето на меѓународно знаење за локалната работна сила. Некои ќе тврдат дека владата нуди значителни субвенции за СДИ,


08 АПР. 2022

40 КАПИТАЛ И LE MONDE DIPLOMATIQUE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Можеби не толку позитивно, но намалувањето на населението влијае на можностите и платите на оние кои остануваат во земјата. Кога претпријатијата се соочуваат со недостаток на работна сила, тогаш се подготвени да понудат нешто повеќе од порано, во контекст на финансиски и нефинансиски бенефиции. Главното прашање сè уште стои: дали е позитивно да се има зголемување, само затоа што има помалку луѓе во земјата? но од бизнис аспект, економската корист ја надминува државната финансиска (и друга) помош што компаниите ја добиваат. Просечната плата се зголеми од 349 евра во 2011 година (декември) на 488 евра во 2021 година , или, бруто пораст од 40%, но главно се должи на вештачкото зголемување на основната плата од страна на владата и не земајќи ја предвид инфлацијата во истиот период. Исто така, Владата има развиено неколку агенции, меѓу кои е и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), со главна цел да ги задржи високо способните поединци и да ги мотивира да иновираат во Северна Македонија. Можеби не толку позитивно, но намалувањето на населението влијае на можностите и платите на оние кои остануваат во земјата. Кога претпријатијата се соочуваат со недостаток на работна сила, тогаш се подготвени да понудат нешто повеќе од порано, во контекст на финансиски и нефинансиски бенефиции. Како една од најсветлите точки на македонската економија е стабилниот макроекономски амбиент, а кој Народната банка на Северна Македонија успеа да го задржи. Повеќе од 20 години, македонската валута има стабилен девизен курс со еврото, ниска стапка на инфлација (до неодамна), стабилни каматни стапки и, генерално, многу стабилна монетарна политика и банкарски систем. Фискалната

политика, исто така, придонесува за фазата на стабилност, со одржување на политиката на ниски и рамни даноци, која сè уште е една од најниските во Европа, а истовремено обезбедува до одреден степен стабилни приходи за државата преку даноци. Главното прашање сè уште стои: дали е позитивно да се има зголемување, само затоа што има помалку луѓе во земјата?

Ако не успеете да планирате, тогаш планирате да не успеете

Кога сте набљудувач и кога можете да ги анализирате минатите одлуки, тогаш е лесно да се каже што е или што тргнало наопаку; потешкиот дел е да се даде преглед за иднината и да се укаже кога треба да одиме реално. Европската иднина, или дали Северна Македонија треба да биде дел од ЕУ, не се доведува во прашање, но сепак, далеку поважното прашање е: дали сме подготвени да се фокусираме на себе и да ги решиме тешките внатрешни прашања. Процесот кон ЕУ ќе има потреба од дополнително време, до кога ќе треба стратешки да ја развиеме нашата економија и да ја зголемиме нашата благосостојба. Во спротивно, ќе се соочиме со уште една деценија на опаѓачко социо-економско опкружување, губење време со самото чекање и занимавање со истите прашања, користејќи го истиот речник, истовремено

надевајќи се дека членството во ЕУ ќе ги реши нашите проблеми како такви. Од мое искуство и перспектива, Северна Македонија има неискористен економски потенцијал, главно поради тоа што времето, енергијата и напорот на населението се фокусирани и оптоварени со прашања, а за кои обичниот граѓанин има мало или непостоечко влијание. Која е поентата да се докаже нешто, кога реалноста е дека сега, во овој момент, живееме со просечна плата од 450 евра, додека потрошувачката кошница е повеќе од 600 евра (и расте)? Која е поентата ако миграцијата постојано се зголемува, додека бројот на новороденчиња се намалува? Некои од овие прашања се специфични не само за Северна Македонија, туку и за целиот балкански регион. И овој напис е премногу краток за да ги опфати другите проблеми кои влијаат на секојдневниот живот на просечниот граѓанин, како што е загадувањето, но од моја гледна точка, структурните проблеми кои беа споменати претходно претставуваат главни прашања, што треба да се решат најпрвин. Иднината ќе покаже дали успеавме да ги научиме нашите лекции од минатото или цитатот на Бенџамин Френклин: „Ако не успеете да планирате, тогаш планирате да не успеете“, ќе продолжи да биде релевантен! nnn


ЗДРАВО свету!

Здравственото патничко осигурување на Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19. Повеќе инфо и онлајн полиса на triglav.mk

Дојде време за патување! Уживајте во секој миг.

Здравствено патничко осигурување


08 АПР. 2022

42

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

МАКЕДОНСКА БЕРЗА КУПИ 10% УДЕЛ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

СЕ ОТВОРААТ БРОЈНИ ЗАЕДНИЧКИ РАЗВОЈНИ МОЖНОСТИ И ЗА ДВЕТЕ ИНСТИТУЦИИ

„Ова подразбира воспоставување на уште поблиски деловни и стратешки билатерални релации и реализација на дополнителни синергии, заеднички проекти и инвестиции во повеќе сегменти, со особен нагласок на ИТ аспектите и набавката и користењето на ИТ опремата“, објаснува директорот на Македонска берза, Иван Штериев.


43

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

М

акедонската берза неодамна се стекна со акции во Централниот депозитар со хартии од вредност, одлука, за којашто директорот на Берзата, Иван Штериев, објаснува дека е мотивирана од повеќе причини и е нешто што како појава постои на многу други пазари. Со оваа трансакција берзата засега се стекна со 10% од акциите на Депозитарот и самиот потег значи спроведување на претходна одлука на Одборот на директори на Берзата за стекнување на сопственички удел во оваа институција. „Постојат бројни развојни можности и потенцијали во работењето и функционирањето на Берзата и Депозитарот во доменот на т.н. вертикална интеграција на овие две инфраструктурни пазарни институции. Ова подразбира воспоставување на уште поблиски деловни и стратешки билатерални релации и реализација на дополнителни синергии, заеднички проекти и инвестиции во повеќе

ИВАН ШТЕРИЕВ

извршен директор на Македонска берза

Постојат бројни развојни можности и потенцијали во работењето и функционирањето на Берзата и Депозитарот во доменот на т.н. вертикална интеграција на овие две инфраструктурни пазарни институции. Во моменталните услови, ова сопственичко поврзување е уште пологично поради постоење на иста структура на доминантните акционери во двете организации. Од аспект на Берзата, ова отвора можности во услови на ниски каматни стапки и одредени нормативни ограничувања за инвестирање на нејзините финансиски средства, тие ефикасно да се пласираат. сегменти, со особен нагласок на ИТ аспектите и набавката и користењето на ИТ опремата“, објаснува Штериев за Капитал. Приоритет на инвестициите во модернизирање на компјутерскиот систем беше истакнат и во интервјуто што пред неколку месеци го имавме во Капитал со директорката на Централниот

депозитар, Даринка Дамјановиќ. „Депозитарот е институција од финансискиот сектор која е меѓу таканаречените ‘over-regulated’ институции, која освен што работи во согласност со повеќе закони кои се поврзани со неговото функционирање, подлежи и на лепеза на подзаконски акти од кои дел се акти кои ги


08 АПР. 2022

44

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ „Истовремено, уверени сме дека со овој деловен потег ќе се зголеми акционерската вредност на моменталните акционери во Берзата и ќе се зголеми специфичната тежина на Македонската берза во процесите на регионалните интеграции.“

Регионалното поврзување на пазарите на капитал останува приоритет

ДАРИНКА ДАМЈАНОВИЌ

извршна директорка на Централниот депозитар за хартии од вредност

Започнавме со еден процес на анализа за степенот на усогласеност на нашето работење со европските регулативи и лоцирање на сегментите кои понатаму треба да се усогласуваат. Во одредени аспекти, ова усогласување имплицира и технички прилагодувања, но и концептуални промени во начинот на кој сега е воспоставена комуникацијата со членките и слично. Паралелно работиме на проект за модернизирање на компјутерскиот систем. Овие процеси се исклучително важни за нашиот мал тим кој сериозно е посветен на процесот бидејќи сме свесни за одговорноста која ја има депозитарот во општеството. донесува депозитарот, дел се акти на Комисијата за хартии од вредност како негов надзорен орган, потоа на Народната банка, Агенцијата за заштита на лични податоци, Управата за финансиско разузнавање и други. Во исто време во целиот изминат период се следат и сите меѓународни стандарди од областа. Сега, покрај домашната регулатива, за нас, првенствено заради нашите амбиции да ги следиме европските регулативи (бидејќи на тоа се уште не сме обврзани), започнавме со еден процес на анализа за степенот на усогласеност на нашето работење со тие регулативи и лоцирање на сегментите кои понатаму треба да се усогласуваат. Во одредени аспекти, ова усогласување

имплицира и технички прилагодувања, но и концептуални промени во начинот на кој сега е воспоставена комуникацијата со членките и слично. Паралелно работиме на проект за модернизирање на компјутерскиот систем.“, истакна Дамјановиќ. Во моменталните услови, како што додава директорот на Берзата, Штериев, ова сопственичко поврзување со Депозитарот е уште пологично поради постоење на иста структура на доминантните акционери во двете организации. Тој додава, дека од аспект на Берзата, ова отвора можности во услови на ниски каматни стапки и одредени нормативни ограничувања за инвестирање на нејзините финансиски средства, тие ефикасно да се пласираат.

Кога сме кај темата регионалните интеграции на пазарите на капитал, да потсетиме дека Загрепската берза веќе поседува удел во Македонската берза и минатата година се обиде да го зголеми позначајно, преку учество на јавната берзанска аукција, кога се продаваа 10% акции од Берзата што беа во сопственост на Еуростандард банка, која отиде во стечај. Меѓутоа, неуспешно, и како што вели Штериев, тоа го забави процесот на посериозно влегување на Загрепска берза во Македонска берза и сега таа поседува нешто над 7% од акциите. „Уште еднаш се покажаа разликите помеѓу деловниот резон и начинот на вреднување на акциите од страна на локалните пазарни играчи наспроти странските инвеститори. Воедно, во овој конкретен случај странскиот инвеститор мораше сите постапки да ги прави најтранспарентно, со што веројатно привлече конкуренција којашто има сосема други приоритети што не се поврзани со развој на домашниот пазар на капитал.“, смета Штериев. Тој потсетува, што е истакнато и во повеќе наврати досега, дека интегрирањето во некоја поголема берзанска групација е повеќегодишно настојување на Македонска берза како одговор на лимитираните автономни фактори за поекспанзивен развој и потребата од посеопфатен knowhow и бизнис вмрежување. „Поради ова, и нашите акционери одлучија во Одборот на директори да имаме и претставник на Загрепската берза. А, што се однесува до тековната соработка помеѓу нашите две берзи, таа е на завидно ниво во повеќе области, почнувајќи од проектите во рамките на СЕЕ ЛИНК, преку crowdfunding платформата Funderbeam, па се’ до заедничка понуда на едукациски обуки. Очекуваме поголема соработка на двете берзи и отворање на нови развојни проекти, чиешто интензивирање би било поврзано со евентуалното дополнително зголемување на сопственичкиот удел на Загрепската берза.“ nnn


50 х

20.000 МКД

Промотивно

до 31 Мај

Без

трошоци за проценка и одобрување

НЛБ Станбен кредит

Вистинска можност да живееш по свое!

Аплицирај за НЛБ Станбен кредит до 31 мај и учествувај во големата наградна игра „НЛБ за млади!“. Правилата за наградната игра се објавени на www.nlb.mk


08 АПР. 2022

46 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

МИХА МАЦИНИ писател, сценарист, режисер, антрополог

АКО ГИ ЕЛИМИНИРАТЕ СПОСОБНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЗА ДА СЕ ОПКРУЖИТЕ СО ЛАСКАВЦИ - ПРОПАЃАТЕ!


47

08 АПР. 2022

Фото: Матиц Кремжар

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Разговорот со еден од најпознатите словенечки и европски автори, д-р Миха Мацини го водиме во време на силни општествени потреси – од војната во Украина, преку глобалните закани за демократијата, па сè до предизвикот на граѓанинот да биде вистински информиран во време на информациска хистерија. Мацини смета дека вистинските демократии се изградени врз информации, дебата и судир на различни мислења. Но, лидерите, во желбата да останат на власт ги елиминираат способните соработници, плашејќи се да не ги загрозат, а се опкружуваат со опортунисти и ласкавци кои само им велат „да“. „Така и пропаѓаат“ вели тој. разговара:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА XГ. XМацини, голем дел од Вашето творештво се однесува на објаснување на човековата природа којашто просто инклинира кон бегство од реалноста. Ако човекот е конструиран на таков начин што секогаш ја избира слатката лага наместо горчливата вистина, тогаш каде е воопшто реалноста... во општествата, во информациските системи и во самите лични животи? Како да се дефинира реалноста? Во 1763 година Семјуел Џонсон и бискупот Беркли (Џорџ Беркли, н.з) дебатираа за реалноста. Беркли тврдеше дека сè постои во умот и дека тоа важи за секоја работа во универзумот. Џонсон тогаш клоца во камен со сета сила, извикувајќи: „Вака побивам“, сакајќи да го докаже постоењето на реалноста. Накратко, реалноста боли. Може да се обидете да се држите до реалноста со отворени очи и постојано да ве повредува по малку или можете повеќе да сакате да не гледате и да ослепите одеднаш, одеднаш многу да се повредите. Во овој момент има многу луѓе надвор од Украина кои велат дека војната не постои, дека сето тоа е фотошоп и актери итн. Ова им помага да го намалат стравот. Но, и кога сите би го вртеле погледот настрана цело време, бомбите порано или подоцна би почнале да паѓаат и врз нивните глави. Сите сме некаде на Гаусовата крива помеѓу ескапизмот и тврдиот реализам, тајната на животот е да не се оди во крајности. Ескапизмот можеби е сладок, но нè претвора во корисни идиоти, додека тешкиот

реализам не се разликува многу од клиничката депресија. XВојната X во Украина предизвика паника и страв низ Европа малкумина веруваа дека такво варварство е возможно во 21 век. Луѓето се исплашени. И кога ќе се соочат со емоции како што се страв и неизвесност, тие всушност имаат тенденција да се групираат. Дури и либералите... Но, ова групирање е и плодна почва за сеење на дезинформации. Во првата недела по руската инвазија го проверив словенечкиот дел на Фејсбук. Си го кршев свесно „балонот“ во којшто сум и читав постови на повеќе од 1000 луѓе неколку дена по ред. Прво: оние кои беа анти-ваксери станаа обожаватели на Путин. Оние кои не веруваа дека вирусот постои, сега не веруваат дека се води војна. итн. Видов дека студиите од многу други земји го потврдија истото. Кога групата верува во нешто, тешко дека можеме да ја премислиме - затоа што тоа би значело напуштање на групата. Ако групата се префрли од антиваксерство на обожување на Путин, ние ја следиме. Игнорирањето на реалноста нè смирува. Тоа што сме во група уште повеќе не’ смирува. Верувањето е дел од нашиот емоционален мозочен систем, а не од рационалниот. Никогаш не треба да го заборавиме ова.

Кликбајтот ќе го уништи светот XВелите X дека самиот концепт на медиумите се заснова на тоа што лошите вести природно оставаат поголема трага и ефект кај луѓето. Тоа е факт. Нема голема медиумска приказна, ниту пак досега имало награда за известување за големо достигнување на човештвото, нешто добро, некаква успешна


08 АПР. 2022

48 ИНТЕРВЈУ Фото: Миран Јуршич

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

КОЈ Е МИХА МАЦИНИ? Миха Мацини е моментално еден од најпопуларните словенечки писатели. Има објавено повеќе од 30 книги, преведени на 10 јазици. Неговите дела се застапени во многубројни антологии. Освен со проза, Мацини се занимава и со пишување на сценарија и режирање. Две од неговите сценарија за филм се наградени. Има магистратура за креативно пишување за филм и телевизија на Универзитетот во Шефилд, а докторат по антропологија на секојдневниот живот на Институтот за хуманитарни науки во Словенија. Член е на Европската филмска академија. Во издание на „Готен“ на македонски е објавен романот „Избришана“, во превод на Иванка Апостолова Баскар, а во издание на „Антолог“ објавена е неговата „Трошки“, во превод на Драгана Евтимова. Луцидноста, општествената критичност и духовитоста ги карактеризираат неговите книги.

приказна. Напротив, се бара корупција, скандали, конфликти, крв ...Точно е дека одговорноста на медиумите е да се грижат за јавниот интерес и да откриваат злоупотреби, но игнорирањето на позитивните примери не е ли подеднакво бегство од реалноста преку создавање на пострашна слика? Дали постои јавен интерес да се истакне на она што е успешно и добро? Амигдалата е дел од нашиот мозок кој ја скенира околината за опасност. Без него долго време бевме изумрени. Нашите предци шетаа по преријата и повремено амигдалата скокаше во акција: Лав! Змија! Во медиумите, секоја вест се обидува да биде лав или змија за да ја поттикне нашата амигдала. Тоа е брз начин да го привлечете нашето внимание. Проблемот е што не сме биле изградени за толку многу лавови и тигри цело време. Сосема сум сигурен дека медиумскиот зависник денес добива повеќе лоши вести во еден ден отколку што некој во средниот век ги добил во својот живот. Нашиот мозок е преоптоварен со страв и не е ни чудо што многу луѓе избираат да го прекинат контактот со реалноста. Една добра вест мора да биде пет пати посилна за да привлече исто внимание како и лошата. Дури и ако гледаме многу добри работи што се случуваат насекаде околу нас, лошите работи се лепат во нашиот мозок. Вака сме изградени. Но, секогаш можеме свесно и рационално да застанеме на добрата вест и да уживаме во неа. Всушност, добро е да се присилувате да го правите тоа и да набљудувате, а не само да го оставите да помине и да размислува за лошото. И зошто ни се потребни добри вести? Затоа што сме изградени да следиме пример. И ако гледаме само лоши примери насекаде околу нас, ќе ги следиме лошите. XВо X време на експанзија на интернет и социјални медиуми, се чини дека ова станува уште поважно. Ќе споменам една Ваша реченица: „Кликбајтот ќе го уништи светот!“ Дали? Напорно се работи за да се успее во тоа. Замислувам некои програмери во раните денови на интернетот, како џвакаат со нивните чоколадни стапчиња или парчиња пица и дискутираат како треба да знаат кои вести се поважни? Кој филм или книга е подобар? И одеднаш некој доби светла идеја:

оној со повеќе кликови. Во тој момент влеговме во култура каде што е важен бројот на кликови. Целосно е инфантилно, како во градинка, кога децата бројат кој има повеќе „пријатели“ да, Фејсбук се базира на ова. Возрасните може да се разликуваат помеѓу квалитетот и квантитетот и знаат дека првото и второто ретко кога се среќаваат. Ако кликовите се главен критериум, тогаш лошите вести ќе процветаат и ќе бидат кажани на најврескачки начин. Сè ќе биде само една голема катастрофа, нездрава храна без добри калории. XОваа X култура на „брза храна“ не е присутна само во медиумите, туку и во литературата. Вие сте писател. Како ја гледате литературата денес? Минатата година завршив нефикциска книга за врските раскажани од сосема интересна гледна точка. Ја испратив електронската пошта со барањето до американскиот агент и тој не побара да го прочита ракописот, туку бизнис и маркетинг планот (ова е документ каде што наведуваш колку следбеници имаш на социјалните мрежи, колку влијателни лица те поддржуваат итн.). Решив и направив чуден експеримент. Испратив 227 меилови за барање и сите, повторувам СИТЕ, од агентите побараа деловен и маркетинг план. Никој повеќе не го чита ракописот, сите само се распрашува за бројот на кликови. Замисли го тоа!

Разликата помеѓу „да се има“ и „да се биде“ XФокусот X на индивидуализмот, каде човекот е претставен како центар на Универзумот, веројатно е еден од клучните постулати во денешно време. Како да се создадат силни општества ако модерниот, либерален човек не верува во концептот на групата? Ја ставив следната реченица во устата на хероината од мојот роман „Избришана“: Лесно е да мислиш дека си центарот на универзумот кога работите одат добро. Но, кога ќе се случат „с..ња“ сфаќаш колку ти требаат другите. Потрошувачкото општество е изградено врз идејата дека вие, потрошувачот, сте надарени со божествени моќи и бидејќи длабоко во себе знаете дека тоа не е вистина, имате тенденција да купувате сè за што не сте целосно сигурни дека ви треба. А тоа е многу купување! Од совети за речиси сè (како да спиеме, како да се разбудиме,


49

08 АПР. 2022

Фото: Матиц Кремжар

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

XТенденцијата X на политичките лидери е да се опкружуваат со луѓе кои им се восхитуваат и никогаш не се критични кон нив. Велите дека ова е една од главните грешки - дури и царевите имале дворски шутеви кои им ја плескале вистината в лице.Зборувавме за граѓаните и медиумите, но колку елитите се далеку од реалноста и кој треба да ја игра улогата на дворски шут во демократиите? Најголемиот проблем на сите диктатори е што сакаат да создадат „среќно семејство“ околу себе. Па, добро, секој од нас го

како да појадуваме, како да ...) до секакви предмети што ќе нè одржуваат, наместо вистински човечки односи, од кои се плашиме. Првиот чекор е да бидете доволно силни за да признаете дека едноставно не можете да купите сè. Потоа да се сфати разликата меѓу битието и имањето. Можете да купите лажна диплома и ја имате. Но, само ако сте се посветиле на знаење, на совладување на нешто, тогаш вие сте вистински мајсторот. Во западниот свет, секојдневно голтаме огромни количини на витамини и на други додатоци во исхраната. Пред некој ден прочитав наслов дека мора да има нешто во вијаграта затоа што мажите што ја земаат имаат тенденција да живеат подолго. И сега многу мажи сигурно ќе земаат вијагра седејќи сами пред телевизор, ама знаете што - нема

сака тоа. Но, ако владеете со земјата и сите ви велат дека сте генијалец кој не може да згреши и дека вие можете да постигнете сè, наскоро ќе лебдите некаде во вселената, далеку од реалноста. Ова е многу опасно. И ако навистина сакате сите да ве фалат, тогаш мора да ангажирате луѓе кои се ласкавци и опортунисти и кои ќе ви кажуваат „да“, луѓе кои немаат талент и способност да ве загрозат. Тоа значи дека наскоро ќе работите со сè полоши и полоши

да живеат подолго. Затоа што за тоа потребна е добра и вистинска врска за да ви помогне да живеете подолго и подобро. Вијаграта е само спореден ефект кој може да ви помогне повеќе да уживате во врската. Ама тоа е само средство за цел, а не и цел. XПромоцијата X на индивидуализмот секако доаѓа до границата каде што се среќава со нарцизмот. Ја изгубивме ли емпатијата попатно? Нарцизмот е во пораст. Некои автори мислат дека сега има над 10% од популацијата со нарцисоидно растројство на личноста. Проверете го телефонскиот именик на вашиот телефон и замислете секој десетти да го има! Во земјоделските општества луѓето имаат деца како

соработници. И затоа порано или подоцна ќе пропаднете. Демократијата се гради на дебата, на судир на различни ставови. А медиумите и вистинските информации се главната основа на таа дебата. Ова е напорно, потребно е време, но на долг рок е вистински исправно. Не е розово, знам. Веројатно, не е многу добро познато: дури и Швајцарија имаше граѓанска војна во 1845 година (Сондербунд). Еве, изгледа дека тие многу добро го надминале тоа.

работна сила. Колку повеќе, толку подобро. Преселувајќи се од селата во градовите, децата добија нова функција: тие сега се идеалното јас на родителите. Ја знаете желбата: ние ги носиме децата во најдобрите училишта каде што мора да бидат совршени, потоа на балет, танцување, спортување, тие немаат ни минута да одвојат, тие ќе бидат одлични во сè што ние не сме. Под ваков притисок, кутрите деца навистина мислат дека се мали богови, додека длабоко во себе се чувствуваат празно и изгубено - а тоа е дефиницијата за нарцисоидност. Доналд Виникот има кажано дека родителите треба постојано да се потсетуваат себеси дека не мора да се совршени, туку доволно добри. Колку убав совет. nnn


08 АПР. 2022

50 РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА И УНГАРИЈА

ПРОДОЛЖУВА ВЛАДЕЕЊЕТО НА МОЌНИТЕ ВУЧИЌ И ОРБАН

Изборите од 3 април во Србија и Унгарија покажаа дека деградирањето на демократијата, на владеење на правото, длабоко вкоренетата корупција, организираниот криминал и широкиот дијапазон на посткомунистички национализам нема наскоро да исчезнат. Народот во двете соседни земји си ги избра повторно лидерите што практикуваат облик на владеење со цврста рака, проткаен со културен конзервативизам, пријателство со Русија и Кина и силна поддршка на дијаспората – на Унгарците во Романија, Словачка и Украина, односно на Србите на Косово и во Босна и Херцеговина.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

В

иктор Орбан повторно ќе биде премиер на Унгарија, Александар Вучиќ повторно ќе биде претседател на Србија. Така одлучија мнозинството

граѓани на двете земји, на изборите што се одржаа во исто време, на 3 април. На Орбан ова му е веќе петта победа на избори, а неговата партија Фидес доби повеќе гласови одошто и самата очекуваше. Вучиќ, пак, добива втор претседателски мандат, a неговата Српска напредна странка ја продолжува

деценијата на контрола над Србија. Претходно, Вучиќ беше потпретседател на српската влада и премиер, пред да стане претседател на државата во 2017 година. Фајненшл Тајмс во еден свој неодамнешен осврт напиша дека и покрај славењето на ослободувањето од


51

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

еднопартискиот комунистички систем во земјите на централна и источна Европа пред повеќе од 30 години, на ова достигнување сега му се заканува опасност од два правци. Од една страна, руската инвазија врз Украина и барањето да се преобликува европскиот безбедносен поредок, го прават регионот загрижен за тешко стекнатата независност. Од друга страна, според ФТ, некои земји доживуваат деградирање на демократијата, на владеење на правото, длабоко вкоренета корупција, организиран криминал и широк дијапазон на посткомунистички национализам. Изборите од 3 април во Србија и Унгарија покажаа дека, барем во овие две земји, овие подмолни трендови нема наскоро да исчезнат, вели ФТ. Овие две држави имаат многу заеднички нешта, и покрај тоа што Унгарија е во ЕУ и НАТО, а Србија не е. Фридом хаус во својот извештај за слободите во светот, обете земји ги категоризираше како „делумно слободни“. Орбан и Вучиќ практикуваат облик на владеење со цврста рака, проткаен со културен конзервативизам, пријателство со Русија и Кина и силна поддршка на дијаспората – на Унгарците во Романија, Словачка и Украина, односно на Србите на Косово и во Босна и Херцеговина. Меѓутоа, негувањето на блиските односи со рускиот претседател Владимир Путин не значи дека Унгарија и Србија отворено ја поддржуваат војната на Путин во Украина и ревизионизмот на Кремљ во источна Европа генерално. И Орбан и Вучиќ се изјаснија дека ја поддржуваат независноста и суверенитетот на Украина. Меѓутоа, и двете земји зависат од снабдувањето со гас од Русија, а Србија особено ја цени поддршката од Москва на својата политика кога се работи за прашањето на Косово.

Избори засенети со нееднакви услови за учесниците Кога се работи за внатрешните прашања, сличноста помеѓу Унгарија и Србија е упадлива. Една од нив е употребата на Орбан и Вучиќ на медиумите и правосудството во своја полза и користење на државните ресурси за своите владејачки партии. Впрочем, и меѓународните набљудувачи на изборите во Србија – претставници на ОБСЕ, ОДИХР, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Европскиот парламент - дадоа

оценка дека изборниот процес го одбележале нееднакви услови за учесниците, кои се последица на фаворизирање на владините претставници од страна на мнозинството медиуми, притисок врз вработените во јавните претпријатија и злоупотреба на административните ресурси. Слично и во Унгарија, тимот на набљудувачи на ОБСЕ изјави дека изборите биле „засенети“ од неизбалансирана кампања. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати целосна набљудувачка мисија на вчерашните избори во Унгарија, вторпат во земја членка на ЕУ, поради загриженоста за правичноста на гласањето. Тие констатираа дека иако гласањето било „добро администрирано и професионално управувано“, тоа било „засенето од недостигот на рамноправи услови“. Широките владини рекламни кампањи и пристрасното информирање во јавните и голем број приватни медиуми обезбедија сеприсутна изборна платформа за владејачката партија, се наведува во прелиминарниот извештај на ОБСЕ. Опозицијата речиси отсуствуваше од државните медиуми, кои станаа гласноговорник на владејачката партија Фидес во изминатите 12 години од владеењето на партијата. Недостигот на дебати меѓу клучните ривали дополнително ја ограничи „способноста на гласачите да направат информиран избор“, додека употребата на владините пораки во корист на Фидес „ја замаглува границата меѓу државата и партијата“, велат набљудувачите.

Како популисти и недемократи победуваат убедливо среде Европа Западните медиуми деновиве ја објаснуваат убедливата победа на Вучиќ во Србија, покрај другото, и со перцепцијата кај луѓето дека тој е гарант на стабилноста во сенката на војната во Украина. Неговата земја е кандидат за членство во НАТО, одржува блиски релации со „братска“ Русија и привлекува милијарди евра кинески, но и западни инвестиции. Критичарите го обвинуваат дека обезбедил речиси целосна контрола во општеството и го узурпирал целиот јавен простор. Вучиќ на изборите се претстави како единствен противотров за неизвесноста што произлегува од војната во Украина, со слоганот „Мир и стабилност“, вели француската агенција АФП и наведува дека претседателот

на Србија е горд што за време на своето децениско владеење со државата завршил огромни инфраструктурни програми, вклучително и мрежа на автопатишта. Многумина Срби му се благодарни што одби да ја признае независноста на Косово и што ги искористи своите меѓународни врски за да обезбеди за населението милиони вакцини против корона вирусот, кога тешко се доаѓаше до нив. Србија ја осуди руската агресија врз Украина, но одби да се придружи кон западните санкции кон Русија, којашто продолжи да ја снабдува со гас по повластени цени. Во соседна Унгарија пак, како што вели Дојче Веле, Орбан жртвуваше многу за новата победа. Со својот пријателски курс кон Русија ја загрози долгата традиција на полско-унгарското пријателство, како и соработката во рамки на В4. Освен тоа, унгарската влада стори сè за да ја затскрие енормната инфлација во земјата – на родителите им беше вратен данокот на приход, пензионерите добија уште една цела пензија, цените на бензинот и храната беа фиксно утврдени, а покачувањето на цената на струјата беше одложено со огромна државна помош. „Тоа не може да остане така, бидејќи унгарскиот буџет не може да ги издржи овие мерки на долг рок. Орбан мора да се сврти кон курс на штедење доколку не сака земјата да ја доведе до банкрот. И дипломатската изолација во која самиот ја вовлече земјата, мора да се промени. Мора да се рехабилитираат односите со земјите од Вишеградската група, како и позицијата на Унгарија во ЕУ.“, вели Дојче Веле во својот коментар. Изборните резултати ја потврдија екстремната поларизација на општеството. Јазот помеѓу градовите и селата и натаму се продлабочува, меѓу другото и идеолошки. Опозицијата ги освои големите градови, Фидес руралните средини. Овие паралелни светови постојат веќе со години – во едниот Орбан е амбасадор на мирот, кој се бори за правата на земјата и е спасител на нацијата, во другиот тој е корумпиран лажго, кој се држи за Путин и сака да ја извади Унгарија од ЕУ. „Но, ова мора да заврши. Орбан толку ги продлабочи овие ровови, што на крајот и самиот ќе падне во нив. Мора побрзо да стане свесен за тоа, инаку ќе му биде предоцна.“

nnn


08 АПР. 2022

52

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

СВЕТ И РЕГИОН

ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА „МАСОВНИТЕ ОТКАЗИ“

THE GREAT RESIGNATION ПРИСТИГНА И НА БАЛКАНОТ Она што почна како тренд во САД некаде пролетта 2021 година, потоа се прелеа и во земјите од западна Европа, сега пристигнува и во регионов – а тоа е дека сè поголем број вработени одлучуваат доброволно да си дадат отказ и да си бараат друго чаре. Феноменот доби и неформален назив, „The Great Resignation“ или „Big Quit“ како што е најновиот термин, односно масовен број на доброволни напуштања на работното место. Има повеќе причини за овој тренд, но суштината е дека пандемијата и новите околности во коишто се најдоа луѓето – карантините, намалената социјална интеракција, работата од дома – ги натера да ги преиспитуваат своите вредности, како и вредностите на компаниите за коишто работат.


53

08 АПР. 2022

Илустрација: Reagan Allen

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

T

he Great Resignation, или како уште го нарекуваат Big Quit, што во слободен превод на македонски би му дошло отприлика како „масовно напуштање на работното место“, „голем бран доброволни откази“ и сл., е тренд којшто започна во САД некаде пролетта 2021 година, кога невообичаено голем број на вработени почнаа да ги напуштаат своите работодавци, за разлика од периодот пред пандемијата. Американските аналитичари велат дека една од главните причини за Great Resignation е веројатно големиот број на слободни работни места во комбинација со пониските стапки на невработеност. Индустриите што беа најмногу погодени од пандемијата – хотелиерство, туризам, угостителство, забава, итн., сега како што се олабавуваат рестриктивните мерки имаат најголема побарувачка за работници. Меѓутоа, голем број на луѓе останувајќи без работа сред пандемијата, или поминувајќи

повеќе време со работа од дома, почнаа да добиваат поинакви идеи за тоа што би било идеална работна средина за нив. Како што велат американските експерти, работниците сe’ почесто се решаваат да го променат работното место доколку оценат дека нивниот актуелен работодавец не се грижи за нивната благосостојба.

„Дупка“ од пет милиони работни места во САД

Она што ги загрижува американските економисти е тоа што трендот на “масовните откази“ не стивнува. Во февруари годинава се зголемил бројот на Американци што си дале отказ на работа во однос на јануари, додека јазот помеѓу бројот на слободните работни места и бројот на невработените во земјата се зголемува, покажуваат бројките на Бирото за трудова статистика на САД објавени деновиве. Извештајот „Job Openings and Labor Turnover Survey” покажува дека 4,35 милиони работници си заминале од работодавците во февруари годинава, што е зголемување за 94.000 во однос на претходниот месец. Тоа е исто така за нијанса покачено ниво како процент од вкупната работна сила, од 2,8% на 2,9%.

Истовремено, во истиот месец имало 11,27 милиони огласени слободни работни места, што е мал пад во однос на јануари. Меѓутоа, како што пренесува CNBC, откако вкупниот број на невработени се искачи на 6,27 милиони, тоа сепак остава рекордни 5 милиони слободни работни позиции повеќе одошто расположливи работници. Или 1,8 работни места за секој невработен. Образованието и здравството се секторите со најголем број слободни работни места во февруари, 2,23 милиони, по што следат професионалните и бизнис услуги со 2,1 милион, како и трговијата, транспортот и комуналните услуги со 1,86 милиони. Се’ уште, рекордот по број на вработени што си дале отказ го држи ноември во 2021, кога 4,51 милион американски работници своеволно си заминале од работните места.

И Хрватите се „заразиле“ со Great Resignation

The Great Resignation не ги погодува само САД и високо развиените западни земји, туку пополека пристигна и во регионов. Хрватскиот портал MojPosao спроведе истражување на примерок од 800 вработени


08 АПР. 2022

54

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

СВЕТ И РЕГИОН

Она што ги загрижува американските економисти е тоа што трендот на “масовните откази“ не стивнува. Во февруари годинава се зголемил бројот на Американци што си дале отказ на работа во однос на јануари, додека јазот помеѓу бројот на слободните работни места и бројот на невработените во земјата се зголемува, покажуваат бројките на Бирото за трудова статистика на САД објавени деновиве. Извештајот „Job Openings and Labor Turnover Survey” покажува дека 4,35 милиони работници си заминале од работодавците во февруари годинава, што е зголемување за 94.000 во однос на претходниот месец. Тоа е исто така за нијанса покачено ниво како процент од вкупната работна сила, од 2,8% на 2,9%. во и 26 работодавци во различни сектори, при што вработените ги прашале дали во изминативе година дена повеќе размислувале за отказ одошто пред пандемијата. Дури половина од испитаниците (51%) што во последниве година дена имале работа, во тој период си дале отказ и ја промениле работната средина. Интересно е што само нешто над една третина (36%) од нив во моментот на напуштање на актуелниот работодавец имале веќе најдено друга работа, додека остатокот, значи две третини од луѓето напуштиле работа без да имаат „план Б“. Во истиот период, дури 88% од испитаните работодавци изјавиле дека забележале зголемена стапка на одлив на работна сила од нивните компании. Откази во нешто поголема мера давале мажите (54%) одошто жените (49%). Исто така, да го напуштат

работодавецот повеќе се склони оние со висока стручна спрема (51%), одошто оние со виша (46%) и средна стручна спрема (48%), како и оние испитаници со помалку години работно искуство. Имено, дури 84% од оние со една година работно искуство во последниве 12 месеци си дале отказ и само 18% од оние што имаат до 10 години работен стаж. Хрватите отказите ги давале најчесто поради лоши меѓучовечки односи, односно имале чувство дека фирмата недоволно ги цени. На трето место од причините се наоѓа прениската плата, потоа следи лошото влијание на работата врз здравјето, како и неможноста за професионално напредување, односно добивање на нови знаења и вештини. Од друга страна, работодавците се уверени дека главните причини за заминувањето на вработените се кријат во ниските плати, чувството

на потценување, како и подобрата понуда од страна на друг работодавец, иако оваа последна причина ја навеле само 16% од вработените што си заминале.

Зошто си заминуваат вработените?

Во однос на периодот пред пандемијата, вработените сè почесто размислуваат за давање отказ поради чувството на потценување и заситеност со работата, додека некогаш најважните фактори за донесување на одлуката да се замине од фирмата, како што се добивање на подобра понуда или ниска плата, сега паѓаат во втор план. Жените нешто почесто одошто мажите си даваат откази поради лошите меѓучовечки односи, додека мажите почесто ги напуштаат работодавците поради заситеност од работата, големата количина на прекувремени часови



08 АПР. 2022

56

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

СВЕТ И РЕГИОН

Во однос на периодот пред пандемијата, вработените сè почесто размислуваат за давање отказ поради чувството на потценување и заситеност со работата, додека некогаш најважните фактори за донесување на одлуката да се замине од фирмата, како што се добивање на подобра понуда или ниска плата, сега паѓаат во втор план. Жените нешто почесто одошто мажите си даваат откази поради лошите меѓучовечки односи, додека мажите почесто ги напуштаат работодавците поради заситеност од работата, големата количина на прекувремени часови и незадоволството од менаџментот на фирмата.

и незадоволството од менаџментот на фирмата. Ако се набљудува степенот на образование, работниците со висока стручна спрема почесто си заминуваат поради т.н. burnout синдром, односно истоштување на работното место, како и поради лошиот менаџмент и директно надредената личност, одошто тоа го прават испитаниците со виша и средна стручна спрема. Иако нешто повеќе од половината од испитаниците (53%) изјавиле дека пандемијата не влијаела врз нивната одлука за давање отказ, сепак голем број на луѓе (47%) токму во последниве две години почнале да размислуваат за пресврт во кариерата и тоа најмногу поради променетата ситуација во компанијата (работни услови, меѓучовечки односи, итн.) Половина од испитаниците (50%) има намера да ја промени

работата во следните година дена, а кон таа одлука нешто посклони се мажите (53%), одошто жените (48%). Секоја втора личност за давање отказ размислува повеќе сега одошто пред две години (51%), една петтина (22%) тоа го прави подеднакво како и пред пандемијата, додека 27% од испитаниците денеска поретко размислуваат околу тоа. MojPosao вели дека иако во претходниот период хрватските работници не ги напуштале работодавците исклучиво поради незадоволството со платата, повеќето работници новиот работодавец може да ги привлече со поголеми примања. На второ место се наоѓа имиџот на фирмата (би преминале во компанија за која сме уверени дека се грижи за вработените), а потоа следат подобрите финансиски пакети на

бенефиции, флексибилно работно време, работа од дома, подобра позиција во рамките на фирмата, како и поквалитетен нефинансиски пакет на бенефиции. Она што се наметнува како заклучок од истражувањето на MojPosao е дека The Great Resignation во Хрватска се’ уште не добил размери како во Америка, меѓутоа, дефинитивно е видливо дека вработените почнале да ги преиспитуваат, како своите, така и вредностите на компанијата и повеќе да размислуваат за тоа што е за нив подобро, одошто го правеле тоа пред две години. Лошите меѓучовечки односи, фирма која не ги цени доволно напорите на вработените, ниската плата и лошите услови за работи се она што ќе ги натера вработените да го преиспитаат својот работен однос. nnn



08 АПР. 2022

58

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ЕКОЛОГИЈА

ПАКОМАК:

ГРИЖАТА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ОБВРСКА ЗА СЕКОЈ ОД НАС


59

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат и да се надополнуваат. Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските апарати не смеат да завршуваат на депонија. Нивниот век на траење не завршува со една употреба.

K

омпанијата Пакомак континуирано спроведува активности за едукација и подигнување на свеста кај граѓаните, но и на другите фактори, дека решението за здрава средина е во секој од нас. Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано

да функционираат и да се надополнуваат. Селекцијата и рециклирањето на отпадот од амбалажа е само еден од аспектите на нашето одговорно однесување, но од исклучително значење за опстанокот на планетата. Најзначајна алка се семејствата што секојдневно мораат да го селектираат и да го одвојуваат отпадот што го создаваат. Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските апарати не смеат да завршуваат на депонија.

Нивниот век на траење не завршува со една употреба. Рециклирањето овозможува да се употребат повторно како секундарна суровина. На тој начин се заштедуваат ресурси, електрична енергија, а се продолжува и животниот век на депониите.

Непрекинато да функционира кругот на рециклирањето Една од најзначајните алки во системот, секако, се и колективните постапувачи со отпад од пакување, кои во нашата земја се финансирани од


08 АПР. 2022

60

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ЕКОЛОГИЈА

Од основањето на Пакомак, па сè до денес, компанијата како колективен постапувач има донирано стотици контејнери за селективно собирање отпад од пакување за Скопје и за другите градови од државата. Нивната цел е да овозможиме непрекинато да функционира кругот на рециклирањето. индустријата. Тие, во соработка со општините ја обезбедуваат потребната инфраструктура, контејнери во различни бои за граѓаните најлесно и најефикасно да можат да ја исполнат својата обврска за одвојување на отпадот. „Од основањето на Пакомак, па сè до денес, нашата компанија како колективен постапувач има донирано стотици контејнери за селективно собирање отпад од пакување за Скопје и за другите градови од државата. Нашата цел е да овозможиме непрекинато да функционира кругот на рециклирањето. Затоа покрај донацијата на контејнери и на канти, дел од средствата со кои располагаме ги инвестираме и во едукација на населението и во подигнување на јавната свест бидејќи тие процеси се тесно поврзани и зависни еден од друг и треба да се развиваат паралелно. Не

Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските апарати не смеат да завршуваат на депонија. Нивниот век на траење не завршува со една употреба. Рециклирањето овозможува да се употребат повторно како секундарна суровина. На тој начин се заштедуваат ресурси, електрична енергија, а се продолжува и животниот век на депониите.


61

08 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

треба тука да ја заборавиме и помошта која со години наназад ја очекуваме од државата и надлежните институции кој што треба да помогнат во решавање на големиот проблем со неформалните собирачи, бидејќи тие групи на луѓе борејќи се за егзистенција ги уништуваат контејнерите и скапата опрема која што ние ја поставуваме и донираме на општините“, изјави Ико Брдароски од Пакомак.

Одговорноста за одржлива иднина е во секоја индивидуа

Одговорноста за одржлива иднина лежи во секоја индивидуа, која со својот пример мора да ги поттикнува и другите околу себе да се однесуваат на ист начин. Кругот во кој секој треба одговорно да се однесува е затворен и доколку една од алките затајува, целиот систем нема да функционира. Во овој дел од особено големо значење е ефикасното функционирање на општинските комунални

претпријатија, кои се задолжени редовно да ги празнат контејнерите и селектираниот отпад да го транспортираат за рециклирање. Обврска на комуналните претпријатија е и секундарната селекција на отпадот, а главната цел е што помалку отпад да завршува на депонија. Пакомак има голема општествена одговорност бидејќи учествува во секој сегмент од системот и секојдневно презема активности за тој да функционира. Досегашните искуства на компанијата говорат дека населението станува свесно за проблемите што може да ги предизвика несоодветното менаџирање на отпадот. „Сите наши активности во делот што го работиме, отпадот од пакување, се одлично прифатени од населението. Треба време за да се променат навиките кај луѓето во однос на селектирањето на отпадот. Тоа е процес што

Хипотекарен кредит РЕФИНАНСИРАЊЕ НА СИТЕ ИЗЛОЖЕНОСТИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ СРЕДСТВА СО Фиксна каматна стапка од 3,95% БЕЗ административен трошок БЕЗ трошок за проценка на имот, освен првата година Полисата за РИЗИКО осигурување на живот вклучува осигурително

покритие и од КОВИД 19 Промотивно до 30.06.2022 г.

е веќе почнат и нема назад. Тоа што нè загрижува, за да може кругот на рециклирање беспрекорно да се одвива, е улогата на јавните комунални претпријатија и нивната инертност во однос на нивната одговорност и на обврските што ги имаат од една страна и нивната техничка неподготвеност од друга страна во однос на собирањето отпад од пакување од контејнерите што ги поставуваме. Ние секојдневно добиваме десетици коментари, поплаки, сугестии од разочарани граѓани дека одредени контејнери со денови не се испразнети за што редовно ги информираме надлежните институции. Очекуваме и се ставаме на располагање и ние да помогнеме во рамките на нашите можности во делот на организација на собирањето на отпадот од пакување бидејќи без тој дел кругот на рециклирање не може да функционира“, вели Брдароски.



ЕДНА РАТА ЕДНА БАНКА


08 АПР. 2022

62

KAPITAL.MK I БРОЈ 1124

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ПРИРОДАТА И ЛУЃЕТО ВО ФОКУС

ПРВАТА МАКЕДОНСКА КОМПАНИЈА ЗА ПРАВЕЊЕ ТОРТИЉИ СО ДОЛГОРОЧЕН ПЛАН ЗА ВРАЌАЊЕ КОН ЗАЕДНИЦАТА

T

he Baking Factory („Бејкинг фектори“), првата македонска компанија за правење тортиљи, овој месец стартува со долгорочна акција за донирање на дел од произведените тортиљи на Црвениот Крст. Веќе стационирана на македонскиот пазар од 2020 година, тортилјите на „Бејкинг фектори“ се познати под брендот Yummy. Со донацијата на калото во целост, „Бејкинг фектори“ не поседува кало, односно немаат загуби на количество и се фокусираат на практична помош. Донацијата се планира да биде доставувана секој месец до пунктот за бездомници на Црвен Крст на град Скопје и на кратокрочен и долгорочен план да се направи разлика и да се помогне таму каде што е најпотребно. Преку овој потег, првата македонска компанија за тортиљи, поставува пример, којшто е воедно и апел до сите македонски компании да се насочат повеќе кон грижа за општеството преку реализација во пракса на активности од општествена одговорност во различни сфери. Првиот дел од акцијата на „Бејкинг фектори“ е обезбедување на храна на оние на кои им е најпотребна, а тука спаѓаат сите лица од ранливи категории, кои се корисници на донации од Црвениот Крст, и кои ќе имаат можност вкусните тортилји подготвени од домашни производи, да бидат секојдневен дел од нивните трпези. Вториот дел од оваа општествено одговорна акција, е намалување, а во иднина и прекин на уништувањето на стока и амбалажа во Дрисла, со што директно се намалува емисијата на штетни гасови во воздухот. Со ваквиот потег, се влијае директно врз оперативниот обем на Дрисла, а со тоа и врз бројот на штетни емисии во воздухот. Позитивниот ефект во имплементирање на вакви акции, дури и чекор по чекор, коишто влијаат во намалување на загадувањето на воздухот и зачувување на самата животна средина, е нешто коешто треба да

„Бејкинг Фектори“ ќе донира дел од производството на Црвениот крст, а во иднина планира намалување, до целосно прекинување на уништување на стока и амбалажа во депонијата Дрисла. биде една од примарните цели на секоја македонска компанија, секој месец од годината. Во оваа насока и визија, директорот и основач на компанијата „Бејкинг фектори“, Дејан Миленковски вели дека со донацијата на калото за тие што им е најпотребна, тие извршуваат две многу важни активности од општествена одговорност - донација наменета да помогне на едни од најранливите категории на граѓани, како и заштита на животната средина. „Ова се две од едни од најалармантните теми и проблеми во државата, за коишто и ние во приватниот сектор треба да се ангажираме многу повеќе и да сме вклучени во ценењето на принципот што човечки е да се помогне на оној на кој му е најпотребна помош, а секако неизоставен дел од грижата на секоја компанија е фокусирање кон заштита на животната средина

на било каков начин. Воедно сакам да поттикнам домашните производители да се инспирираат од оваа акција и да го следат примерот на ‘Бејкинг фектори’. Идејата е да создадеме колективна навика да се помага повеќе и заеднички да ја нормализираме и зачестиме оваа акција преку бизнис сферата и приватниот сектор, којшто има капацитет за значителни донации, коишто можат да направат разлика.“, вели Миленковски. Месечно ќе се донираат околу 60.000 денари. „Бејкинг фектори“, како прва македонска компанија за производство на тортиљи, досега на македонскиот пазар има претставено 3 видови на тортиљи од брендот Yummy, a во иднина се подготвуваат нови видови на тортиљи и внесување на нови производи, досега непознати за македонскиот пазар. nnn



Elegance is an attitude Kate Winslet

THE LONGINES LEGEND DIVER WATCH


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.