1125- Kapital magazin

Page 1

ПОБЕДА НА МАКРОН НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА

ЕВРОПА (ЗА СЕГА) СПАСЕНА business magazine

ИНТЕРВЈУА Д-р. спец. субспец.

ТАТЈАНА БАЕВСКА – ВУЧКОВИЌ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА НИКОБ ЛАБ

ИВАН ИВАНОВ

ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА SCALEFOCUS ГРУПАЦИЈАТА БРОЈ 1125 l 29 април 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

ПРОФ. Д-Р ИВАН ДОДОВСКИ

ДЕКАН НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ, УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

COVER STORY

ПОМАЛ ЕКОНОМСКИ РАСТ, ПОГОЛЕМА “ДУПКА“ ВО БУЏЕТОТ КРИЗА

НАЈГОЛЕМИОТ РИЗИК ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗА КОЈШТО НИКОЈ НЕ ЗБОРУВА

INTERVIEW

ЈОВАНКА ЈОЛЕСКА - ПОПОВСКА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ПРОКРЕДИТ БАНКА С. МАКЕДОНИЈА И ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ПРОКРЕДИТ ХОЛДИНГ ГЕРМАНИЈА

КОНЦЕПТОТ НА ОДРЖЛИВОСТ Е КЛУЧЕН ДЕЛ ОД НАШИОТ БИЗНИС МОДЕЛ

ИЛОН МАСК ГО ПРЕЗЕДЕ ТВИТЕР ЗА 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ САКАМ ДА ЈА НАПРАВАМ ПЛАТФОРМАТА ПОДОБРА ОД БИЛО КОГА!



3

КАПИТАЛ... 1125

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

6

14

COVER STORY

20

ИНТЕРВЈУ

Јованка Јолеска - Поповска

Калкулации за ребаланс на буџетот

претседател на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка С. Македонија и член на Надзорниот одбор на ПроКредит Холдинг Германија

Помал економски раст, поголема “дупка“ во буџетот

29 АПР 2022

ЕКОНОМИЈА

Кина во локдаун

Најголемиот ризик за светската економија за којшто никој не зборува

42

ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА

Голем интерес за инвестирање во фотоволтаични централи Бизнисмените бараат побрзи процедури од страна на надлежните

28

24

ЕКОНОМИЈА

ИНТЕРВЈУ

Статистика на Народната банка

Иван Иванов

главен извршен директор на Scalefocus групацијата

Во март: намалени штедните влогови на граѓаните и фирмите

30

КАРИЕРИ

Вештини за иднината

Како со дигитализација до подобри работни места

COVER STORY Калкулации за ребаланс на буџетот....6 Помал економски раст, поголема “дупка“ во буџетот

ЕКОНОМИЈА Статистика на Народната банка.......28 Во март: намалени штедните влогови на граѓаните и фирмите

ЕВРОПСКА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА Победа на Макрон на изборите во Франција.........................................................46 Европа (за сега) спасена

ИНТЕРВЈУ Јованка Јолеска - Поповска,

КАРИЕРИ Вештини за иднината.................................30 Како со дигитализација до подобри работни места

СВЕТ Илон Маск го презеде Твитер за 44 милијарди долари.................................50 Сакам да ја направам платформата подобра од било кога!

претседател на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка С. Македонија и член на Надзорниот одбор на ПроКредит Холдинг Германија.............14

Концептот на одржливост е клучен дел од нашиот бизнис модел

ЕКОНОМИЈА Кина во локдаун.............................................20 Најголемиот ризик за светската економија за којшто никој не зборува ИНТЕРВЈУ Иван Иванов, главен извршен директор на Scalefocus групацијата.................................24 Им помагаме на нашите клиенти да растат, иновираат и успешно да го трансформираат својот бизнис

ИНТЕРВЈУ Д-р.Спец.Субспец. Татјана Баевска –Вучковиќ,

генерален директор на Никоб Лаб..............36

Достапноста и квалитетот на услугите не’ направи најбрзо растечка лабораторија во земјата ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА Голем интерес за инвестирање во фотоволтаични централи.......................42 Бизнисмените бараат побрзи процедури од страна на надлежните

ИНТЕРВЈУ Проф. д-р Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки на Универзитет Американ Колеџ Скопје........54

Создаваме личности што сакаат да се усовршуваат себеси и светот АНАЛИЗА Снежана Поповска,

CMT, CFTe, технички аналитичар..................58

Биткоинот не е инструмент за заштита од инфлација!

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 27.04.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


25 АПР. 2022

4

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ВО ФОКУС

СОВРШЕНА БУРА

С

Совршена бура (анг. perfect storm), е метеоролошки феномен кога се случува ретко поклопување на неколку фактори што доведуваат до ефект (ураган, бура и сл.) со разорни последици. Во секојдневието се користи како аналогија за опишување на некаква катастрофална ситуација предизвикана од комбинација на неколку истовремени настани. Војната во Украина, кинеските локдауни и стравот од инфлација во САД (а богами и пошироко). Ова се трите главни фактори што предизвикаа „совршена бура“ на светските пазари последниве недели.

Во центарот на светската финансиска моќ, Волстрит, изминатава седмица повторно почна во темно црвено. Особено настрадаа акциите на технолошките компании. Индексот Nasdaq Composite што го претставува овој сектор во вторникот, 26 април, загуби речиси 4% и падна на ниво пониско за 23% од својата историска највисока вредност, во ноември 2021. И што е најзагрижувачки, аналитичарите не знаат каде е дното. Ако САД влезе и официјално во рецесија, стравот е дека оваа „бура“ подоцна може да изгледа како лесно „развигорче“.


Elegance is an attitude Kate Winslet

THE LONGINES LEGEND DIVER WATCH


6 COVER STORY 29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

COVER STORY

ПОМАЛ ЕКОНОМСКИ РАСТ, ПОГОЛЕМА “ДУПКА“ ВО БУЏЕТОТ


КАЛКУЛАЦИИ ЗА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ Властите мора да го преуредат буџетот за годинава имајќи ги предвид новите околности во коишто се најде економијата – намален економски раст кој според најновите прогнози на ММФ ќе биде околу 3,2%, и значително повисока стапка на инфлација која според оваа меѓународна финансиска институција ќе порасне до околу 6,9%. Во исто време, се проценува дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит за околу 200 милиони евра односно 2 процентни поени, што значи дека од 4,3 % од БДП ќе порасне на околу 6,3% од БДП. Овој ребаланс ќе треба да ги опфати и договорените зголемувања на платите во образованието од 12% за да се продолжи со наставата по неколку дневниот штрајк на просветните работници. Според оценките на Фондот за време на Пролетните средби со Светска банка во Вашингтон, нарушувањата на глобалните синџири на добавување, како и повисоките цени на енергијата, храната и металите го поткопуваат закрепнувањето на економиите во пост пандемискиот период. Согласно пролетните проекции на Фондот, растот на светскиот БДП од 6,1% во 2021 година ќе забави на 3,2% годинава. Овие очекувања во голема мерка се резултат на кризата во Украина и ефектите кои ги има истата во глобалните синџири на добавување.

7

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

В

ластите мора да го преуредат буџетот за годинава имајќи ги предвид новите околности во коишто се најде економијата – намален економски раст кој според најновите прогнози на ММФ ќе биде околу 3,2%, и значително повисока стапка на инфлација која според оваа меѓународна финансиска институција ќе порасне до околу 6,9%. Во исто време, се проценува дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит за околу 200 милиони евра односно 2 процентни поени, што значи дека од 4,3 % од БДП ќе порасне на околу 6,3% од БДП. Овој ребаланс ќе треба да ги опфати и договорените зголемувања на платите во образованието од 12% за да се продолжи со наставата по неколку дневниот штрајк на просветните работници. ММФ оценува дека цела Европа ќе претрпи тешки економски последици и тоа во време кога закрепнувањето од пандемијата сè уште беше нецелосно. Новите прогнози за европската економија се исклучително важни за нас бидејќи над 85% од целиот извоз завршува на европскиот пазар. „Големите зголемувања на цените на суровините и сложените нарушувања на понудата дополнително ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе ги намалат приходите на домаќинствата и профитот на фирмите. Според тоа, растот на БДП за 2022 година е намален за не помалку од 1 процентен поен во однос на прогнозите од јануари 2022 година во повеќето земји, при што се очекува многу поголемо намалување на производството во Русија и особено во Украина. Се предвидува дека инфлацијата ќе достигне повеќедецениско високо ниво во многу земји. А нови ризици се наѕираат од ескалација на војната и прекини на критичните текови на енергија“,


29 АПР. 2022

8

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

COVER STORY

Големите зголемувања на цените на суровините и сложените нарушувања на понудата дополнително ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе ги намалат приходите на домаќинствата и профитот на фирмите. Според тоа, растот на БДП за 2022 година е намален за не помалку од 1 процентен поен во однос на прогнозите од јануари 2022 година во повеќето земји, при што се очекува многу поголемо намалување на производството во Русија и особено во Украина. Се предвидува дека инфлацијата ќе достигне повеќедецениско високо ниво во многу земји. А нови ризици се наѕираат од ескалација на војната и прекини на критичните текови на енергија“, проценува ММФ на Пролетните средби во Вашингтон. проценува ММФ на Пролетните средби во Вашингтон. Според оценките на Фондот, нарушувањата на глобалните синџири на добавување, како и повисоките цени на енергијата, храната и металите го поткопуваат закрепнувањето на економиите во пост - пандемискиот период. Согласно пролетните проекции на Фондот, растот на светскиот БДП од 6,1% во 2021 година ќе забави на 3,2% годинава. Овие очекувања во голема мерка се резултат на кризата во Украина и ефектите кои ги има истата во глобалните синџири на добавување. За креаторите на политиката во Европа, според ММФ главните предизвици се јасни: грижата за бегалците; помагање на ранливите домаќинства и фирми да се справат со повисоките трошоци за енергија; зајакнување на енергетската безбедност; и, во соработка со социјалните партнери, да се осигури дека очекувањата за платите и цените остануваат добро закотвени. Војната и нејзините последици, исто така, ќе придонесат за структурните предизвици со кои се соочува Европа по пандемијата. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, којшто учествуваше на годишните Пролетни средби на ММФ и Светска банка коишто секоја година се одржуваат во

Вашингтон, оттаму најави дека се преговара за нова кредитна линија од ММФ, таканаречената Линијата за претпазливост и ликвидност. Станува збор за финансиски инструмент кој ММФ го доделува единствено на земји со здрава економија, кои имаат позитивни оценки за економските политики и очекувања дека тие ќе продолжат и во иднина, вклучително и макроекономска и финансиска стабилност. Веќе се појавија шпекулации околу висината на кредитната линија што ја бара Македонија, прво се зборуваше за 600 милиони долари, потоа за 900 милиони. Но, колку ќе добиеме, ќе се знае до крајот на неделава, откако нивниот тим ќе ја скенира состојбата и ќе оцени дали ги исполнуваме условите. Во услови на глобални предизвици, кога како резултат на војната во Украина, растат ценовните притисоци, а се намалуваат очекувањата за раст на светската економија, според Бесими, овие средства ќе бидат значајна ликвидносна поддршка за нашата економија која има здрави перформанси. Со нив ќе се пружи поддршка за стопанството и граѓаните, односно ќе се насочат кон решавање на ценовната и енергетската криза, поддршка на стандардот на граѓаните и на

економијата. МН: Македонија бара средства од ММФ од инструментот за претпазливост и ликвидност Од Министерството за финансии, велат дека обезбедувањето на оваа линија е и во насока на заложбите на Владата за финансирање по најниски можни трошоци. „Добрите економски политики и економската стабилност ја квалификуваат Република Северна Македонија за користење на инструментот на ММФ за претпазливост и ликвидност, којшто се доделува исклучиво на земјите со здрави економски фундаменти“ - ова беше истакнато на состанокот помеѓу првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд, директорката Кристалина Георгиева, министерот за финансии, Фатмир Бесими и гувернерката на Народна банка на Анита Ангеловска-Бежоска, што се одржа во рамки на Пролетните средби во Вашингтон. Ова е прва официјална средба помеѓу министер за финансии на земјава и директор на ММФ изминатите години, што ја покажува поддршката на оваа меѓународна институција за нашата земја. Неделава, ММФ објави дека Георгиева пред Бордот на ММФ ќе го претстави барањето за


9

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Инфлацијата е глобален феномен. Таа се задржува на високо ниво, како во еврозоната, така и во целиот свет. ММФ предупреди дека неотпорноста на економиите на идни шокови може да доведе до големи проблеми и дека инфлацијата трае подолго и зајакна повеќе од очекуваното поради прекините во синџирите на снабдување, неочекувано силната побарувачка за стоки и климатските шокови, кои се одразија на цените на храната, како и повисоките цени на енергијата, кои се двигател на инфлацијата. користење на Линијата за претпазливост и ликвидност (Precautionary and Liquidity Line – PLL). Само земји со позитивни оцени од последната мисија на ММФ може да се квалификуваат за користење

на овој инструмент. Дополнително, Фондот врши и оцена на стабилноста на економските политики што ги практикуваат Владата и монетарните власти, како и финансиската стабилност

Хипотекарен кредит РЕФИНАНСИРАЊЕ НА СИТЕ ИЗЛОЖЕНОСТИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ СРЕДСТВА СО Фиксна каматна стапка од 3,95% БЕЗ административен трошок БЕЗ трошок за проценка на имот, освен првата година Полисата за РИЗИКО осигурување на живот вклучува осигурително

покритие и од КОВИД 19 Промотивно до 30.06.2022 г.

и статистичките податоци што се објавуваат. За време на средбите, министерот Бесими посочи дека фокусот на фискалната политика во претстојниот период ќе биде во

ЕДНА РАТА ЕДНА БАНКА


29 АПР. 2022

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Добрите економски политики и економската стабилност ја квалификуваат Република Северна Македонија за користење на инструментот на ММФ за претпазливост и ликвидност, којшто се доделува исклучиво на земјите со здрави економски фундаменти“ - ова беше истакнато на состанокот помеѓу првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд, директорката Кристалина Георгиева, и министерот за финансии, Фатмир Бесими насока на поддршка на стандардот на граѓаните и на стопанството, согласно предизвиците што ги наметнуваат ценовната и енергетската криза. На среден рок, определбата на Владата е насочена кон постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи. За време на Пролетните средби Бесими најави дека ќе се направи реструктурирање на буџетот. Министерот истакна дека се уште не е дефинирана прераспределбата на средства, но едно е јасно, дека тие ќе се насочат за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на предизвиците кои ги наметнуваат глобалните движења. Конечните проекции за БДП за 2022 ќе се знаат по завршување на анализите на Министерството за финансии, на кои се уште се работи. Во новите проекции ќе се земат предвид и најновите пролетни проекции на ММФ, кои излегоа пред неколку дена. Тој во рамки на Пролетните средби, имаше средби со високи

претставници на Светска банка и ММФ, како потпретседателката на Светска банка Ана Бјерде и директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, но и со Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, и високи претставници на Трезорот на САД. Во рамки на овие средби беше истакнато значењето на евроинтегративниот процес за понатамошниот развој на нашата земја, но и за стабилноста во регионот, како и за можноста за продлабочување на економската соработка и реализација на нови проекти во соработка со УСАИД и со Амбасадата на САД во земјава. Министерот на средбата со претставниците од Трезорот на САД ја истакна и важноста од потпишувањето на Договор за заедничка промоција и заштита на инвестициите, со којшто би се овозможило зголемување на приливот на странските директни инвестиции од САД во нашата држава.

Инфлацијата кон загрижувачки нивоа

Додека во земјава се уште нема нови проценки за годишната стапка на инфлација, а Заводот за статистика со неколку последователни месечни извештаи предупредува дека трошоците за живот нагло растат (8,8% во март, споредено со истиот месец лани), ММФ веќе излезе со своја проценка дека инфлацијата во земјава ќе достигне до 6,9%. Од Народната банка за време на Пролетните средби, објаснија дека преку своите политики оваа институција дава соодветен одговор на тековните економски предизвици, предизвикани од продолжената пандемија и воениот конфликт во Украина. Како последица на овие случувања присутен е продолжен и остар раст на глобалните цени на енергијата и храната, што делува на домашните цени и инфлациските очекувања. „Од тие причини, Народната банка соодветно реагира со умерено зголемување на каматната стапка, со цел стабилизирање на инфлациските очекувања во домашната економија. За


Vincinni

www.vincinni.com


29 АПР. 2022

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

И покрај глобалните предизвици, макроекономската стабилност и здравите економски фундаменти на нашата економија се задржани. Ова беше истакнато на состанокот кој со директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева го остварија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, во рамки на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, кои се одржаа во Вашингтон, САД. целиот овој период задржана е стабилноста на курсот на домашната валута, што со децении е сидро на стабилноста на домашната економија. На ваков начин, централната банка придонесува за одржување на макроекономската стабилност, во услови на последователни надворешни шокови“, пишува во соопштението од Народната банка. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, пак, истакна дека според него сега е достигнат максимумот на цените на прехранбените продукти. „Моите предвидувања се дека не би требало да одат уште повисоко поради тоа што нема фактори кои би требало да поттикнат уште поголем раст“, оцени Битиќи. Но, зголемувањето на трошоците за живот повеќе од растот на платите или пензиите, го нагризува животниот стандард на граѓаните. „Тоа што е најважно е животниот стандард на населението и нивната куповна моќ. Јас велам и отворено дека ние чувствуваме и гледаме дека куповната моќ на граѓаните опаѓа, затоа што растат цените. Јас не сум од тие што велат и прават споредби дали постојните цени на прехранбените продукти се најниски во регионот, затоа што не треба да се споредува, бидејќи куповната моќ е различна во регионот. Тоа што е важно е што

можеме ние да направиме. Фактот дека сме во слободна економија, секоја државна интервенција не е во согласност со пазарните правила. Но, и покрај тоа, ние направивме замрзнување на цените, замрзнување на маржата за добивка за одреден временски период, но и ова има лимити до кога може“, истакна Битиќи. Инфлацијата е глобален феномен. Таа се задржува на високо ниво, како во еврозоната, така и во целиот свет. ММФ предупреди дека неотпорноста на економиите на идни шокови може да доведе до големи проблеми и дека инфлацијата трае подолго и зајакна повеќе од очекуваното поради прекините во синџирите на снабдување, неочекувано силната побарувачка за стоки и климатските шокови, кои се одразија на цените на храната, како и повисоките цени на енергијата, кои се двигател на инфлацијата. Во повеќето развиени земји, инфлацијата е на нивоа невидени 14 години откако во екот на глобалната економска криза таа растеше со двоцифрени стапки. Исклучок не беше ниту Македонија. Ова е нов тест и за политичарите и централните банкари коишто долго време пливаа во мирни води се додека пост ковид не се соочија

со инфлација, а алатките на монетарната политика во вид на мерки се можеби подзаборавени. Постои причина за стравувањата од неконтролирано поскапување на стоките и услугите, а ни оддалеку не е само дека тоа „ја јаде заштедата“. Високата инфлација не е само уште еден алармантен показател - острата промена на вредноста на парите, која е мерна единица на економијата, значи дека на сите им станува потешко да планираат и да буџетираат. Најпластично објаснето, ако нешто произведувате, тргувате или консумирате, одеднаш сантиметри, литри или килограми почнуваат да се менуваат секој месец. Таквата постојано висока инфлација неизбежно има психолошко влијание врз луѓето во управувањето со нивните лични финансии и бизниси. Тие обично ги зголемуваат инфлациските очекувања за иднината и постои ризик да ја свртат спиралата на индексирање на цените и платите, што е тешко да се прекине. И тоа нè води до најголемата опасност. Инфлацијата наместо минлива, може да испадне дека штом се појави, преку разни канали продолжи да се прелева низ целото ткиво на целата економија - нешто што економистите го нарекуваат вкоренета инфлација. nnn


ИНВЕСТИЦИИ ВО ФОТОВОЛТАИЦИ ЗА СОПСТВЕНА УПОТРЕБА

3%

KAMATA

Фотоволтаични системи за компании - достапни преку кредитите на ПроКредит Банка. Искористете ги поволностите и аплицирајте за инвестиции во фотоволтаични системи за сопствена употреба и заштедете на трошоците за електрична енергија!

Кредитна линија за сите правни лица

0% провизија при исплата на кредитот

Стимулативна каматна стапка од 3% Трошоците за електрична енергија се намалатуваат и над 30%, вишокот произведена енергија се пласира на пазарот, а повратот на вкупната инвестиција се очекува за 5-7 години.

Повеќе информации:

mkd.info@procredit-group.com

02/2446-000

www.pcb.mk


29 АПР. 2022

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125


INTERVIEW

15

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ЈОВАНКА ЈОЛЕСКА - ПОПОВСКА

претседател на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка С. Македонија и член на Надзорниот одбор на ПроКредит Холдинг Германија

КОНЦЕПТОТ НА ОДРЖЛИВОСТ Е КЛУЧЕН ДЕЛ ОД НАШИОТ БИЗНИС МОДЕЛ Концептот на одржлива компанија не треба да се подразбере само како финансиска одржливост, туку и дека остварувањето на профит не предизвикува штети врз економско - социјалното опкружување. Во 2021 како групација имавме значајни достигнувања во рамките на одговорното однесување кон климатските промени и заштитата на животната средина, како на пример, значително намалување на CO2 емисиите за 56% кумулативно во однос на почетната 2018 година. Учеството на зеленото кредитно портфолио достигна 19% и се доближи до таргетираните 20% до 2023 година.


29 АПР. 2022

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Н

еодамна ПроКредит групацијата со седиште во Германија петти пат по ред го издаде Извештајот за одржливост, посветен на општествено одговорниот однос на оваа финансиска организација, пристапот којшто го има кон животната средина и своите вработени. По тој повод разговаравме со г-ѓа Јованка Јолеска – Поповска, претседател на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка С. Македонија и член на Надзорниот одбор на ПроКредит Холдинг Германија за тоа што значи овој извештај за групацијата генерално, но и за нејзината компанија – ќерка во земјава, односно, кои се всушност главните цели и постигнувања на нивната стратегија за одржлив развој. XГ-ѓа X Поповска, неодамна беше објавен Извештајот за одржливост на ПроКредит групацијата за 2021 година, ве молам објаснете за каков извештај станува збор и зошто е тој битен? Сите компании имаат обврска да ги објавуваат своите финансиски извештаи. Но принципот на транспарентност во финансиското известување, не го одразува целосното влијание на една компанија во рамките на општеството. Максимизацијата на профит по секоја цена може да направи огромни штети врз животната средина или на условите во кои работат вработените на таа компанија. Затоа сметаме дека секоја компанија освен објавување на финансиски извештаи треба транспарентно да објавува и дополнителни информации за други аспекти од своето работење како на пример: влијанието врз животната средина, условите за работење и третман на вработените, транспарентноста и третманот на добавувачите, соработниците, купувачите, конкуренцијата и другите засегнати страни. Концептот на одржлива компанија не треба да се подразбере само како финансиска одржливост, туку и дека остварувањето на профит не предизвикува штети врз економско - социјалното опкружување. Ваквиот концепт на одржливост е фундаментален дел од бизнис моделот на нашите банки уште од нивното основање. Ова е петта

година по ред откако започнавме со редовно подготвување и објавување на Извештајот за одржливост. Извештајот е подготвен според Стандардите за глобална иницијатива за известување (Global Reporting Initiative – GRI Standards). Овој формат на нефинансиско известување е усогласен со меѓународните регулативни барања и директиви за одржливо работење на Европската унија и Обединетите нации. Извештајот е посветен на нашиот социјално одговорен пристап, пристапот кој го имаме кон животната средина и нашите вработени. Така, некои од темите кои се опфатени годинава се: што значи одговорно банкарство, кој е нашиот став кон крипто валутите, како се мерат резултатите во одржливиот модел на работење, како управуваме со влијанието кон животната средина, кој е нашиот пристап кон финансирање на зелени инвестиции, но и кои се нашите етички вредности кои го дефинираат нашиот пристап во банкарството, како ги регрутираме нашите вработени и како работиме на нивниот развој и едукација. XКои X беа главните цели и постигнувања на стратегијата за одржливост на ПроКредит групацијата за 2021? Во 2021 имавме значајни достигнувања во рамките на одговорното однесување кон климатските промени и заштитата на животната средина, како на пример, значително намалување на CO2 емисиите за 56% кумулативно во однос на почетната 2018 година. Учеството на зеленото кредитно портфолио достигна 19% и се доближи до таргетираните 20% до 2023 година. Следејќи го сеопфатниот пристап кон одржливоста, беа поставени строги етички и еколошки барања во однос на изборот на добавувачите и бизнис соработниците, како и во однос на проценката на еколошкиот и социјален ризик при кредитирањето на малите и средни претпријатија. Развојот, обуката и здравјето на нашите вработени е исто така значаен аспект од нашата стратегија на одржливост. Во 2021, 425.010 часа обука им беше обезбедена на вработените или 16 дена на обуки по вработен. Во однос на понатамошната заштеда на енергетските ресурси беа преземени дополнителни мерки за зголемување на енергетската ефикасност на зградите на банките, што се потврдува со меѓународната

сертификацијата EDGE (Excellence in Design for Greater Efficiencies) на поголем дел од банките во групацијата. Дополнителни иницијативи преземени во тек на 2021 во насока на зајакнување на одржливоста беа и промовирање на е-мобилноста. Имено, во рамките на групацијата, ние веќе користиме електрични возила (60% од флотата возила). Од оваа година започнавме иницијатива за подобрување на инфраструктурата на електрични полначи во земјите во кои сме присутни. Од почетокот на годината до сега имаме поставено околу 200 полначи за електрични возила на јавно достапни локации и бесплатни за користење. Дополнително понудивме и кредити за купување на електрични возила по поволни услови во повеќето земји во кои е присутна групацијата.

Нашата цел е да ги унапредиме еколошките практики на нашите клиенти XОд X минатата година се приклучивте кон Partnership for Carbon Accounting Financials (PCAF), што преставува стандард за мерење и на јаглеродниот отпечаток генериран како резултата на процесот на кредитирањето. Ќе може ли да образложите што ви беше целта да почнете да го употребувате овој стандард? Мерењето на одржливоста е значајно во однос на нашите напори за разбирање и унапредување на влијанието кое нашите финансиски активности го имаат врз луѓето и животната средина. Квантифицирањето ни овозможува подобро да ги оцениме нашите постигнувања и уште поважно да ги комуницираме во рамките на институцијата и кон надворешниот свет на кредибилен и транспарентен начин. И токму заради тоа многу позитивно ја оценивме оваа иницијативата на Европската Унија да создаде заеднички јазик за изразување и мерење на одржливоста на одредена економска активност. Во услови кога одеднаш сите институции посакаа да станат еколошки зелени и одржливи, дел заради корпоративни вредности или наметната меѓународна регулатива, а поголем дел декларативно заради маркетинг позиционирање, стана исклучително релевантно да се квантифицира колку една институција е одржлива и какво влијание врз животната средина


Јованка Јолеска - Поповска претседател на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка С. Македонија и член на Надзорниот одбор на ПроКредит Холдинг Германија

17

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

има со своите кредитни активности. Мерењето и квантифицирањето на влијанието на објективен начин е многу комплексно и голем предизвик. Бара значителен ангажман и трошоци поврзани со собирање и анализирање на голема количина на податоци. Но, мора да се обидеме. Затоа што намалувањето на емисијата на стакленички гасови е императив за одржлив раст на економијата и секоја компанија треба да преземе максимална одговорност за нивно контролирање.

Следејќи го сеопфатниот пристап кон одржливоста, поставивме строги етички и еколошки барања во однос на изборот на добавувачите и бизнис соработниците, како и во однос на проценката на еколошкиот и социјален ризик при кредитирањето на малите и средни претпријатија. Развојот, обуката и здравјето на нашите вработени е исто така значаен аспект од нашата стратегија на одржливост. Во 2021, 425.010 часа обука им беше обезбедена на вработените или 16 дена на обуки по вработен.

XКое X поточно влијание го мерите и како тоа се одразува на вашето кредитно портфолио? Во доменот на финансирањето го мериме влијанието на нашето портфолио пласирано во зелени инвестиции, но и во сите останати инвестиции. Така, на пример на крајот од 2021 година на ниво на ПроКредит групацијата нашето зелено портфолио изнесуваше 19% од вкупното, или 1.3 милијарди евра. Овде вклучуваме кредити за енергетска ефикасност, проекти за обновливи извори на енергија и други зелени мерки како управување со отпад, рециклирање и слично. Благодарение на нашите зелени финансирања ние избегнавме емисија на 324.5 килотони CO2. Ова е споредливо со отстранување на 70.572 возила од сообраќај за една година. Горди сме на нашите резултати, но во меѓувреме сме свесни и дека секој исплатен денар кон нашите клиенти, малите и средни претпријатија (МСП) кој има позитивно влијание на општеството преку зголемување на вработувањата и бруто домашниот производ, има и негативно влијание врз животната средина и ограничените природни ресурси, па затоа сакаме да го мериме и со тек на времето да го намалиме ова негативно влијание. За подобро разбирање ќе го земам примерот на мерење на ефектот на емисија на CO2. Значителен дел од МСП немаат интерни евиденции за мерење на емисиите на јаглерод диоксид па во најголем случај се потпираме на секторски анализи и врз основа на тие, емисиите генерирани од нашите кредитни активности изнесуваат 644 килотони CO2. Иако овие методи не се најточни, веруваме дека употребата на овие принципи на мерење даваат дополнителна транспарентност за влијанието кое нашето кредитирање го има на животната средина.


29 АПР. 2022

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Мерењето на одржливоста е значајно во однос на нашите напори за разбирање и унапредување на влијанието кое нашите финансиски активности го имаат врз луѓето и животната средина. Квантифицирањето ни овозможува подобро да ги оцениме нашите постигнувања и уште поважно да ги комуницираме во рамките на институцијата и кон надворешниот свет на кредибилен и транспарентен начин.

XДали X концептот на одржливост и одговорност подразбира и поостри забрани и ограничувања во однос на тоа што кредитирате како банка? Има ли негативно влијание таквиот пристап на бизнис резултатите на банката? Да, точно така, да се живее овој концепт подразбира и свесно откажување од кредитирање на бизниси кои имаат негативно влијание врз животната средина и општеството. Имаме активна листа на индустрии и активности кои не ги финансираме, како на пример, производството на пластиката за една употреба. Ова подразбираше свесно прекинување на соработката со некои клиенти кои беа со нас од самите почетоци или онаму каде продолживме со соработка баравме исполнување на повисоки стандарди во производствените практики, како користење на рециклиран материјал или продолжување на еколошката одговорност со собирање на пластичните амбалажи по нивната употреба. Свесни сме дека загадувањето со пластика не е главна преокупација на финансискиот сектор затоа што секоја рестрикција во овој сектор би имала значително влијание во портфолиото на било која банка. Според нашето познавање, ниту една друга финансиска институција не е загрижена за оваа тема, ниту пак има воведено слични процеси. Без овие чекори тоа би било само “green washing”, само маркетиншки тактики со кои изгледа дека се грижат за животната средина, но во суштина се грижат само за остварениот профит. И на крај, загадувањето со пластика е глобален проблем, но регулативите за заштита на животна средина не се прифатени во сите не-ЕУ земји. Затоа нашата цел како банкарска групација е да ги унапредиме еколошките практики на нашите клиенти и на тој начин да ги подобриме условите за живот во земјите во кои не развивавме само бизнис, туку ги гледаме и како наш дом.

Крипто валутите се крајно ризични за инвестирање, а имаат и негативен ефект врз животната средина XКаква X е врската на вашата стратегија на социјално и општествено одговорна банка со крипто валутите, зошто таа тема е, исто така, дел од вашиот овогодишен извештај на одржливост? Во последните години има засилена


Јованка Јолеска - Поповска

19

претседател на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка С. Македонија и член на Надзорниот одбор на ПроКредит Холдинг Германија

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Ова е петта година по ред откако ПроКредит групацијата редовно го подготвува и објавува Извештајот за одржливост. Извештајот е подготвен според Стандардите за глобална иницијатива за известување (Global Reporting Initiative – GRI Standards). Овој формат на нефинансиско известување е усогласен со меѓународните регулативни барања и директиви за одржливо работење на Европската унија и Обединетите нации.

дискусија за оправданоста, практичната примена и исплатливоста од инвестицијата во крипто валути. Нашиот аргумент за неинвестирањето во крипто валутите е дека станува збор за многу ризични трансакции кои многу повеќе наликуваат на коцкање, отколку на реална инвестиција. Во најдобар случај крипто валутите се шпекулативно средство, брзо променливо, а со тоа и ризично. Во финансиите постои едно правило коа гласи: Колку е нешто понепредвидливо и променливо, толку е повисок ризикот, а со тоа е повисока и добивката или загубата. Многу од инвеститорите вложуваат во крипто бидејќи забележуваат ретка шанса за брзи пари за нешто за што се крева голема врева и неверојатен поврат на инвестиција во просек од 12 месеци. Советот за обичните луѓе е дека не треба заштедата да си ја вложуваат во вакви ризични средства и банките треба да се доволно одговорни за да го воочат истото. Нашето чувство е дека токму спротивното се случува во нашата земја. Со многу мала ликвидност и незрел пазар се вложуваат значителни средства во крипто валутите. Дополнително на ова, крипто валутите имаат многу негативно влијание врз животната средина. Процесот на “ископување” на

крипто валутите е преку интензивни компјутерски алгоритми, кои користат многу големо количество на електрична енергија а често се ископуваат во земјите кои произведуваат струја од јаглен и притоа придонесува за засилена емисија на стакленички гасови. Во нашата земја која е увозно зависна од скапа енергија ова дополнително прави огромен притисок на и така ранливиот енергетски потенцијал без никаков продуктивен поврат за економијата на државата туку за одредени поединци само. Колку моделот на одржливо управување во ПроКредит Банка прави разлика или служи за пример пред останатите финансиски институции на нашиот пазар? Мерките кои ние ги превземаме и тешките одлуки кои ги донесуваме не прават поразлични од другите институции. Ние сметаме дека треба да бидеме транспарентна банка и нашите клиенти треба да се запознаени кон што придонесуваме и кон што се стремиме. Не е доволно само декларативно да говориме за нашата одржливост, туку и да го поткрепиме тоа со бројки и докази. Нашата желба да бидеме одговорен придонесувач во општеството произлегува од

нашата посветеност дека нашиот профит не смее да се конфронтира со нашите вредности. Темата на одговорно и одржливо банкарство вклучува многу повеќе од само промовирање и финансирање на зелени инвестиции или обновливи извори на енергија, и поставување на клупи во парк. Одговорност на банката е освен финансискиот капацитет на клиентот, при носење на одлука за кредитирање, во предвид да бидат земени и ефектот од инвестицијата врз биодиверзитетот, ефектот врз животната средина, но и во какви услови работат работниците, не само на клиентите со кои директно работиме туку и на нивните соработници. Ова генерално многу малку се прави од останатите банки, заради што за жал сме сведоци на многу финансирани инвестиции кои придонесоа за еколошки штети или значајно го загрозија општественото здравје и безбедност. Ваквиот сеопфатен пристап на избор и проценка на социо еколошкото влијание на клиенти за соработка или проекти за финансирање резултира со свесно откажување од бизнис можности и дел од профитот за што не сите се подготвени. 


29 АПР. 2022

20 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

НАЈГОЛЕМИОТ РИЗИК ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА ЗА КОЈШТО НИКОЈ НЕ ЗБОРУВА Третина од Кина заглавена во карантин деновиве, нејзината економија страда, а последиците по светската економија ќе бидат пострашни одошто многумина перцепираат во моментов.


21

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

О

колу 400 милиони луѓе во 45 градови во Кина се во целосен или делумен локдаун, како дел од кинеската ригорозна нула-ковид стратегија. Во моментов овие луѓе сите заедно претставуваат околу 40% или 7,2 илјади милијарди долари од бруто домашниот производ на Кина, втората најголема економија во светот, според податоците на јапонската финансиска куќа Nomura Holdingds, коишто ги пренесува CNN Business. Аналитичарите се обидуваат деновиве да го вклучат алармот, но велат дека инвеститорите како да не согледуваат колку серозен ефект врз целата светска економија може да имаат овој пролонгиран карантин во кинеските градови. „Глобалните пазари веројатно се’ уште го потценуваат овој ефект, бидејќи повеќе се фокусирани на руско-украинскиот конфликт и покачувањето на каматните стапки од страна на Федералните резерви во САД“, напиша Лу Тинг, главниот економист на Nomura за Кина, во обраќањето минатата недела. Најалармантен е локдаунот на Шангај, којшто не се знае кога ќе заврши, а градот има 25 милиони жители и еден е од најголемите производни и извозни хабови на Кина. Карантините во овој град веќе доведоа до недостиг на храна, неможност да се дојде до медицинска помош, па дури се пријавени и усмртувања на домашни миленици. Исто така, најголемото пристаниште во светот остана со недоволно персонал периодов. Пристаништето во Шангај, коешто покри преку 20% од кинескиот бродски транспорт во 2021 година, практично е во застој. Прехранбените стоки заглавени во бродските контејнери стојат со денови без можност за складирање во ладилници и скапуваат. Она што доаѓа како увоз сега е заглавено во шангајските пристанишни терминали во просек во осум денови пред да биде транспортирано понатаму, што е 75% зголемување на времетраењето откако почна локдаунот. Времето на складирање на извозните стоки се намали, но тоа е веројатно поради фактот што не се испраќаат нови контејнери од магацините кон пристанишните докови. Карго авио компаниите ги откажале

Пристаништето во Шангај, коешто покри преку 20% од кинескиот бродски транспорт во 2021 година, практично е во застој. Прехранбените стоки заглавени во бродските контејнери стојат со денови без можност за складирање во ладилници и скапуваат.

сите летови кон и од Шангај, и повеќе од 90% од камионите што го опслужуваат синџирот на извоз и увоз во моментов не се оперативни.

Sony, Apple, Tesla… низата на светски брендови што зависат од Кина е долга

Шангај произведува 6% од кинескиот извоз, според кинескиот државен завод за статистика, и затворањата на фабриките во и околу градот само дополнително ги загрозуваат синџирите на снабдување во земјата и глобално. Фабриките што прават делови за Sony и Apple во и околу Шангај сега не се оперативни. Quanta, најголемиот производител на лаптопи којшто работи за повеќе светски брендови, а од неговите погони излегува и MacBook на Apple, целосно го сопре производството во фабриката во Шангај. Овој капацитет покрива околу 20% од целото производство на Quanta, a компанијата претходно имаше соопштено дека годинава ќе испорача 72 милиони лаптопи. Tesla, исто така, ja затвори својата фабрика во Шангај, од каде што излегуваат 2.000 електрични автомобили дневно. Пред неколку дена, кинеското Министерство за индустрија и ИТ изјави дека праќа екипа во Шангај да работи на планот за продолжување на производството во 666 клучни капацитети во градот што е под карантин. Менаџментот на фабриката на Tesla се надева

дека деновиве ќе го продолжат производството, со што би завршил најдолгиот застој откако фабриката е отворена во 2019 година. Досега, производителот на електрични возила загуби преку 50.000 возила, според податоците на Reuters. „Ефектот врз Кина од овие затворања на градовите е огромен, како и на целата светска економија. Сметам дека најмалку следните шест месеци ќе бидеме сведоци на уште поголема нестабилност на пазарите и социјални последици“, вели Мајкл Хирсон, шеф за пазарите на Кина и Североисточна Азија во Eurasia Group, глобална консултантска куќа специјализирана за проценка на политички ризици. Продолжените прекини на кинеското производство и транспортот би можеле да помогнат да се забрза клучната иницијатива на администрацијата на Бајден, чија цел е да се намали зависноста на САД од кинеските производи и синџирите на снабдување. Но, оваа задача доаѓа со сериозни непосредни економски реперкусии. Во извештајот објавен минатата недела, Светската трговска организација предупреди на најлошото сценарио кое вклучува тотална поделба на глобалните економии на два блока, поттикнато од руската инвазија на Украина, што може да го намали долгорочниот глобален БДП за 5%. Тоа е многу малку веројатно со


29 АПР. 2022

22 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Шангај произведува 6% од кинескиот извоз, според кинескиот државен завод за статистика, и затворањата на фабриките во и околу градот само дополнително ги загрозуваат синџирите на снабдување во земјата и глобално. Фабриките што прават делови за Sony и Apple во и околу Шангај сега не се оперативни. Quanta, најголемиот производител на лаптопи којшто работи за повеќе светски брендови, а од неговите погони излегува и MacBook на Apple, целосно го сопре производството во фабриката во Шангај. Овој капацитет покрива околу 20% од целото производство на Quanta, a компанијата претходно имаше соопштено дека годинава ќе испорача 72 милиони лаптопи. Tesla, исто така, ja затвори својата фабрика во Шангај, од каде што излегуваат 2.000 електрични автомобили дневно. оглед на длабоките финансиски врски меѓу Кина и САД. Инвестициите меѓусебно во акции и обврзници достигнаа 3,3 трилиони долари на крајот на 2020 година, според податоците на Rhodium Group. „Ова се сè уште многу испреплетени економии“, вели Хирсон. „Таа интеграција не е нешто што лесно ќе се смени бидејќи би било неверојатно скапо за САД и за глобалната економија.“

Крај на глобализацијата каква што ја знаеме три децении Шефот на инвестицискиот гигант Blackrock, Лери Финк, го рефлектираше овој сентимент во писмо до акционерите на компанијата. „Руската инвазија на Украина“, напиша тој, „ стави крај на глобализацијата што ја доживеавме во последните три децении.“ Во говорот пред Атлантскиот совет минатата недела, американскиот секретар за финансии Џенет Јелен рече дека САД внимателно ги следат политичките и економските врски на Кина со Русија. „Како што ќе минува времето, ќе биде сè потешко да се одделат економските прашања од пошироките размислувања за националниот интерес, вклучително и националната безбедност“, рече таа. Иако таа рече дека се надева дека може да се избегне „биполарен раскол“ меѓу Кина и САД, „односот на светот кон Кина и нејзината подготвеност да прифати понатамошна економска интеграција може да бидат погодени од реакцијата на Кина на нашиот повик за решителна акција

Во извештајот објавен минатата недела, Светската трговска организација предупреди на најлошото сценарио кое вклучува тотална поделба на глобалните економии на два блока, поттикнато од руската инвазија на Украина, што може да го намали долгорочниот глобален БДП за 5%. Тоа е многу малку веројатно со оглед на длабоките финансиски врски меѓу Кина и САД. Инвестициите меѓусебно во акции и обврзници достигнаа 3,3 трилиони долари на крајот на 2020 година, според податоците на Rhodium Group.

кон Русија“. Третина од Кина, во меѓувреме, е заглавена во карантин, а нејзината економија страда. Неодамнешниот одговор на пандемијата на Кина веројатно ќе чини најмалку 46 милијарди американски долари изгубено економско производство месечно, или 3,1% од БДП, според истражувањето на Кинескиот универзитет на Хонг Конг. Аналитичарите повеќе не веруваат дека целта на Кина за 5,5% економски раст во 2022 година, најмалку амбициозната цел на

земјата во последните три децении, е реална. Светската банка ги ревидираше своите проценки за кинескиот економски раст оваа недела на 5 отсто, но истакна дека ако продолжи нејзината рестриктивна политика за ковидот, тоа би можело да падне на 4 отсто. Економските тешкотии доаѓаат во политички чувствителен момент. Оваа есен, кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе поднесе барање за трет мандат како лидер на нацијата, кршејќи ја традицијата на максимум за два мандати.

nnn



29 АПР. 2022

24 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ИВАН ИВАНОВ

главен извршен директор на Scalefocus групацијата

ИМ ПОМАГАМЕ НА НАШИТЕ КЛИЕНТИ ДА РАСТАТ, ИНОВИРААТ И УСПЕШНО ДА ГО ТРАНСФОРМИРААТ СВОЈОТ БИЗНИС


25

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Scalefocus е компанија која активно работи на користење технологија и иновации за подобрување на животот на луѓето - нашите клиенти, нашите колеги и општеството. За 10 години успешно имплементиравме над 500 проекти за повеќе од 300 клиенти од целиот свет, на кои им помагаме да растат, да иновираат и успешно да го трансформираат нивниот бизнис. Меѓу нив се и Fortune 500 компании, лидери во индустрии како што се здравството, финансиите и осигурувањето, енергетиката,информатичките технологии и многу повеќе.

S

calefocus е водечка технолошка компанија која обезбедува флексибилни софтверски решенија и услуги во областа на дигитализацијата со цел да им помогне на своите клиенти успешно да иновираат, да растат и да одговорат на технолошките и деловните предизвици. Почнувајќи со една канцеларија во 2012 година, денес Scalefocus групацијата има 7 развојни центри во Бугарија, Северна Македонија и Турција, како и канцеларија за продажба во САД. Компанијата постојано е наградувана од организации како Forbes, Financial Times и Deloitte како една од најбрзо растечките во Европа и една од најиновативните во Бугарија. Главниот извршен директор на Scalefocus групацијата, Иван Иванов зборува за патот на компанијата, нејзините цели и идната стратегија.

Г-дин Иванов, Scalefocus е присутен на пазарот 10 години, што постигна компанијата за тоа време и која е нејзината мисија? Scalefocus е компанија која активно работи на користење технологија и иновации за подобрување на животот на луѓето - нашите клиенти, нашите колеги и општеството. За 10 години успешно имплементиравме над 500 проекти за повеќе од 300 клиенти од целиот свет, на кои им помагаме да растат, да иновираат и успешно да го трансформираат нивниот бизнис. Меѓу нив се и Fortune 500 компании, лидери во индустрии како што се здравството, финансиите и осигурувањето, енергетиката,информатичките технологии и многу повеќе. Работењето на сè покомплексни проекти за клиенти дава многу можности за развој на нашите колеги. Со текот на годините, нашиот тим достигна скоро 800 луѓе кои работат во 4 земји. Акумулираната експертиза и добри практики ги споделуваме со ИТ заедницата преку партнерства со водечки универзитети и

училишта, преку нашата сопствена академија Scalefocus Academy, како и преку организирање на различни технолошки обуки. Ние, активно работиме на поддршка на општеството со поддршка на различни општествено значајни каузи. Иновативноста и посветеноста повторно ја препозна Forbes, кој на јубилејот во Софија по втор пат ни даде награда за најиновативна компанија во 2022. Ова е уште еден мотив за нас, но и голема обврска да чекориме по патот на успехот и да растеме со нови иновативни проекти. Scalefocus направи експанзија не само на глобално ниво, туку и во Македонија. Во време на пандемија отворивте канцеларии во Скопје и Битола, од 10 вработени бројката достигна вкупно 130 луѓе кои работат за оваа етаблирана интернационална компанија. На што се должи овој тренд на брз раст? Scalefocus е присутна во Македонија од декември 2019 година како најголема странска инвестиција во ИТ секторот. Компанијата е со седиште во Бугарија, но меѓународно работиме во повеќе канцеларии ширум светот на пазарите во Северна Америка, Западна Европа и Блискиот Исток. Причината за проширување во Македонија, беше дел од нашата стратегија за проширување и подготвителен чекор за понатамошен раст во регионот на Западен Балкан. Иако почнавме со работа во вонредни услови, успеавме брзо да се адаптираме и да ги реализираме инвестициските

Престижниот Forbes по втор пат ја награди Scalefocus за најиновативна компанија во 2022

планови во Скопје. Денеска тимот во Македонија брои 130 луѓе, следната цел ни е да стигнеме до 200 вработени. Горди сме како менаџмент на постигнатиот успех, но огромна благодарност до нашите вработени кои ја препознаа компанијата како место за нивниот иден професионален развој и успех. Нашите вработени се нашиот најголем капитал во компанијата. По канцелариите во Скопје и Битола, кои други македонски градови се ваш таргети каде младите ИТ кадри може да очекуваат присуство на Scalefocus? Бизнис-планот на компанијата е да ги мотивира и задржи младите ИТ експерти да останат овде во земјата. Тоа е предност, но и умешност да се изнајдат заедничките вредности, со меѓусебно почитување и посветеност, за деловните успеси да се базираат на можноста да умеете да ги извлечете најдобрите вештини од вработените. Нашата визија е да ги собереме најдобрите ИТ таленти не само во Скопје и Битола, туку и во уште


29 АПР. 2022

26 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Иван Иванов е член на одборот на директори на Scalefocus групацијата и главен извршен директор на компанијата од октомври 2020 година. Има диплома за компјутерски системи и технологија на Техничкиот универзитет - Софија и магистер по компјутерски науки на Универзитетот во Пловдив „Паисиј Хилендарски“. Ја започнува својата кариера во 2002 година како софтвер инженер, а понатаму и како тим лидер во неколку софтверски компании. Иванов е дел од тимот на Scalefocus групацијата уште од основањето на компанијата во 2012 година. Бележи големи успеси на различни технички и менаџерски позиции, а денеска успешно ја води компанијата како главен извршен директор на Scalefocus групацијата.

неколку други градови во земјата. Стратегијата за проширување е поврзана и со децентрализацијата на локациите како развојни центри, со цел компанијата да може да ги привлече и вклучи во своите проекти најдобрите технолошки кадри од најразлични места, користејќи ја нашата политика за работа од било каде. Иако, гледано во светски рамки и Бугарија и Македонија се мали земји, но со нашите најдобри практики и политики, стекнати и инспирирани од меѓународните компании за кои работиме, успеавме да се разликуваме од конкурентите со нашиот квалитет и страст за совршеност, а кои се резултат на посветеноста на вработените и нивните вистински таленти. Затоа се трудиме да создадеме идеални услови за работа и младите да останат дома или да ги вратиме во нашите земји и да придонесеме за економски просперитет на регионот. XВо X која насока се развива компанијата и потребите на вашите клиенти? Со текот на годините, нашиот бизнис успешно се трансформираше во обезбедување услуги со висока додадена вредност за нашите клиенти. Главниот фокус е на услугите и обезбедувањето сеопфатни интегрирани решенија. Како дел од услугите, создадовме неколку развојни софтверски центри, кои денес остваруваат значаен дел од приходите на компанијата. Станува збор за долгорочни проекти, во кои се вклучени големи тимови од Scalefocus, одговорни за техничкиот домен и за интегрираните системи на клиентите. Во нив го развиваме целокупниот циклус на разработка на софтверот, архитектурата и дизајнот, преку разработка и тестирање, до имплементација и одржување за клиентите. XКако X успевате да ги задржите вашите ИТ специјалисти? Деловната трансформација на компанијата носи се повеќе долгорочни и големи меѓународни проекти во кои се вклучени нашите тимови. Ова им овозможува на нашите колеги да иновираат, учат и професионално да се развиваат, користејќи ги најновите технологии во нивната работа и следејќи ги најновите трендови во различните технолошки области во кои работи компанијата. Културата на споделување знаење и искуство во компанијата е од клучна важност за нашите колеги

преку голем број иницијативи - од програми за менторство, преку технолошки обуки и оние за развој на меки вештини, до различни формати во кои разговараме за најновите трендови и добрите практики стекнати во текот на работата на проекти на клиентите. Ние, исто така, активно го поддржуваме растот на лидерите во организацијата, бидејќи веруваме дека тоа им носи најголема вредност на нашите колеги и помага да се изгради единствена култура и идентитет на компанијата. Затоа ја воведовме програмата за лидерски вештини ‘LEAD’, која е од голем интерес. Приоритет за Scalefocus е создавање и одржување на пријатна и мотивирачка работна средина. Во последните години успешно воведовме модел за работа од било каде, кој им дава слобода на нашите колеги да изберат од каде да работат. Воведовме иновативен систем за флексибилни социјални бенефиции во различни категории и бевме меѓу пионерите во Бугарија. Во Македонија системот и растот досега е неспоредлив. Воведовме и програма за поддршка и грижа на вработените. XКако X ја одржувате технолошката експертиза во компанијата? Нашите технолошки тимови се профилирани вертикално за да постигнат максимален фокус во развојот на експертизата. Освен практичната работа, нашите колеги имаат можност да стекнат знаења и преку бројни обуки со надворешни и внатрешни обучувачи, како и преку различни програми за сертификација. Ја прифаќаме секоја можност за иновации и диверзификација на нашето технолошко портфолио. Пример за ова е нашиот новоформиран тим за Golang, иновативниот курс за програмски јазик на Google креиран во нашата Scalefocus Академија, во партнерство и со други ИТ компании, со што го решаваме постоечкиот недостиг на ваков квалификуван кадар на пазарот на трудот. XГо X споменавте и придонесот за целото општество. Што конкретно добива заедницата? Од своето основање, Scalefocus активно работи на развој на млади таленти за поддршка на ИТ екосистемот во земјите каде што работиме. Нашата бесплатна Scalefocus Academy обезбедува практични знаења и вештини за луѓе без професионално искуство


Иван Иванов

главен извршен директор на Scalefocus групацијата

27

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Scalefocus е присутна во Македонија од декември 2019 година како најголема странска инвестиција во ИТ секторот. Компанијата е со седиште во Бугарија, но меѓународно работиме во повеќе канцеларии ширум светот на пазарите во Северна Америка, Западна Европа и Блискиот Исток. Причината за проширување во Македонија, беше дел од нашата стратегија за проширување и подготвителен чекор за понатамошен раст во регионот на Западен Балкан. Иако почнавме со работа во вонредни услови, успеавме брзо да се адаптираме и да ги реализираме инвестициските планови во Скопје. Денеска тимот во Македонија брои 130 луѓе, следната цел ни е да стигнеме до 200 вработени. во областа на ИТ и создава квалификувани специјалисти за целата индустрија во Бугарија и Северна Македонија. Акумулираното искуство во различни проекти на клиентите во текот на годините не мотивира да го споделиме она што го научивме со ИТ заедницата. Активно соработуваме со водечки училишта и универзитети, развиваме сопствени иницијативи и настани на најразлични технолошки теми. Работиме и на иновативни општествено значајни проекти. Само во 2021 година реализиравме неколку. Развивме софтвер за управување со хардвер кој ги автоматизира процесите на рана дијагноза на рак за една од најголемите светски биотехнолошки компании. Имплементиравме и мобилна апликација која

им го олеснува животот на дијабетичарите овозможувајќи им да водат електронски дневник со нивните тестови за нивото на шеќер во крвта и да го споделат со својот лекар во реално време. Развивме и иновативни и паметни уреди за да им помогнеме на слепите лица со сензорски уред - SoundVision, кој може да го замени белиот стап и да помогне во голем број други секојдневни активности. Прототипот беше одобрен за сериско производство. Последно, но не и најмалку важно, активно учествуваме во про-боно проекти, иницијативи за донации и поддршка на општествено значајни проекти кои се важни за нашите колеги. XКакви X се идните планови и цели на компанијата?

Целта е Scalefocus да биде позитивен катализатор за развојот на целиот ИТ екосистем во регионот и пошироко. Ова секако ќе го реализираме преку Scalefocus aкадемијата , како и преку активни партнерства со водечки училишта и универзитети. Правиме стратегија за градење на Scalefocus како мултинационална компанија со фокус на обезбедување на комплетни решенија со висока додадена вредност за клиентите. Како што расте нашата база на клиенти во Северна Америка, Европа и Блискиот Исток, ние ги прошируваме нашите тимови. За да бидеме поблиску до нашите клиенти, се прошируваме и отвораме нови канцеларии во други делови од светот. nnn


29 АПР. 2022

28 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ВО МАРТ: НАМАЛЕНИ ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ НА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ

Вкупните депозити, во март, се намалени за 1,7% на месечно ниво, како резултат на падот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. На годишно ниво, вкупните депозити бележат раст за 3,5%, којшто во услови на зголемување на депозитите кај двата сектора, е поизразен кај секторот „домаќинства“, покажува извештајот на Народната банка.

С

амо за еден месец, штедните влогови на граѓаните во денари во домашните банки се намалиле за речиси 118 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка. Односно, ако на крајот на февруари, денарските депозити на домаќинствата во банките изнесувале 2, 427 милијарди евра, тие на крајот на март се спуштиле на 2,309 милијарди евра, се гледа од податоците на централната банка. Од овие 118 милиони евра, околу

28,5 милиони евра од денарските депозити многу веројатно дека биле претворени во евра, бидејќи во март за толку пораснале штедните влогови кои се чуваат во странска валута. Но, голем дел од депозитите на домаќинствата се целосно повлечени од банките и се ставени или под перница, што се вели, или инвестирани во нешто, како на пример недвижности, акции, можеби и крипто, и тоа 89 милиони евра. Вкупните депозити, во март, се намалени за 1,7% на месечно ниво, како резултат на падот на депозитите кај двата сектора, со

поголем придонес на секторот „домаќинства“. На годишно ниво, вкупните депозити бележат раст за 3,5%, којшто во услови на зголемување на депозитите кај двата сектора, е поизразен кај секторот „домаќинства“, покажува извештајот на Народната банка. Во март, кај вкупните кредити е забележан месечен раст од 1,7%, при годишен раст од 9,8%, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена се под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор. Во март 2022 година, вкупните


29

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

депозити на корпоративниот сектор се намалени за 2,4% на месечна основа. Притоа, надолната промена во најголем дел се должи на падот кај депозитните пари, при забележан пад и на долгорочните депозити во странска валута и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат раст. На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор забележаа раст од 3,9%, којшто пред сè произлегува од зголемените краткорочни депозити во странска валута, при позитивен придонес и на депозитните пари, а во услови на пад на краткорочните и на долгорочните депозити во денари. Кредитите на корпоративниот сектор, овој месец, бележат раст од 2,4%, којшто во услови на зголемено кредитирање во денари и во странска валута, е малку поизразен кај кредитите во странска валута. Годишниот раст изнесува 11,9% и во поголем дел се должи на повисоките кредити во денари. Во март, вкупните депозити на домаќинствата се намалени за 1,8% на месечно ниво. Надолната промена е резултат на падот на депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити во денари, додека краткорочните и долгорочните депозити во странска валута забележаа раст. Депозитите на домаќинствата бележат годишен раст од 3,9%, во најголем дел поради зголемените краткорочни депозити во странска валута, при помал раст и на долгорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари.

Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во март, кај најзастапените категории и потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 1,0% и 1,5%, соодветно, при годишен раст од 7,1% и 15,8%, соодветно.

Вкупните кредити на домаќинствата, овој месец, бележат нагорна месечна и годишна промена од 1,1% и 7,9%, соодветно. Анализирано според валутната структура, растот на месечна и на годишна основа се должи на повисоките кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во март, кај најзастапените категории и потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 1,0% и 1,5%, соодветно,

при годишен раст од 7,1% и 15,8%, соодветно. По падот во претходниот месец, автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички, овој месец, се повисоки за 0,9% и 0,7% на месечна основа, соодветно, додека на годишна основа бележат пад за 13,5% и 4,1%, соодветно. Во март, кај негативните салда на тековните сметки е остварен месечен и годишен раст од 1,1% и 0,7%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени на месечно и на годишно ниво за 2,3% и 32,9%, соодветно. nnn


29 АПР. 2022

30

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

КАРИЕРИ

ВЕШТИНИ ЗА ИДНИНАТА

КАКО СО ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ДО ПОДОБРИ РАБОТНИ МЕСТА Во рамките на проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работни места“, поддржан од Британската амбасада, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) неодамна организираше еднодневна медиа работилница насочена кон истражување на клучните теми кои беа и проектни активности во изминатиов период. Новинарите имаа одлична можност од прва рака да ги слушнат резултатите од проектите интервенции на терен насочени кон три клучни индустрии (текстилна индустрија, градежништво и обновливи извори) и тоа преку дигитална трансформација на работните процеси и усвојување нови вештини и креирање нови работни места.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

В

о рамките на проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работни места“, поддржан од Британската амбасада, Програмата за развој на Обединетите нации

(УНДП) неодамна организираше еднодневна медиа работилница насочена кон истражување на клучните теми кои беа и проектни активности во изминатиов период. Новинарите имаа одлична можност од прва рака да ги слушнат резултатите од проектите интервенции на терен насочени кон три клучни индустрии (текстилна индустрија, градежништво и обновливи извори) и тоа преку

дигитална трансформација на работните процеси и усвојување нови вештини и креирање нови работни места. Билјана Северинова, сертифициран тренер за дигитализација, на почетокот истакна дека за зголемување на конкурентноста на компаниите, но и за подобрување на личната конкурентност на секој од нас на пазарот на труд, во контекст на новата реалност


31

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

предизвикана од процесите на дигитализација, секој треба да се стреми кон дигитална трансформација на своите работни процеси и вештини. Дигиталната трансформација накусо кажано е процесот на интеграција на дигиталните технологии во сите оперативни области преку дигитален бизнис модел, објасни Северинова.

Што е, а што не е дигитална трансформација

„Што сè e , а што не е дигитална трансформација. Да ги расчистиме овие термини, пред се’. Дигиталната трансформација значи комплетно нова употреба на дигиталната технологија. Toa e дигитално решение кое води до нови видови на креативна иновација. Интеграција на комплексни дигитални технологии во различни домени на компанијата. Но, не е само за ИТ фирми и банки. И не подразбира само купување на нови компјутери за вработените, отворање на веб продавница, пренасочување на е-банкинг или да се имплементира нешто

што само почнува на ‘E’, како е-бизнис, е-комерц... Дигиталната трансформација не значи ниту користење на Facebook за маркетинг или поединечни обиди да се биде ‘иновативен’ и ‘агилен’. Дигиталната трансформација е начин на размислување, стратешка алатка за раст и развој на компанијата.”, објасни Северинова. Придобивките од дигитализацијата за една компанија се повеќекратни: се оптимизираат процесите на работењето; се добиваат нови и подобрени производи и услуги; се зголемува продуктивноста; се добиваат побрзи, подостапни и попрегледни информации за бизнисот; растат нарачките, продажбата и приходите; поголемо е задоволството кај клиентите и вработените; се зголемува транспарентноста; се отвора простор за иновации; се намалуваат трошоците за инфраструктура, итн. За жал, како што истакна Северинова, во Македонија според единственото истражување досега за дигиталната зрелост на малите

и средни компании, спроведено од Македонски Телеком и агенцијата Ипсос, само 28% од компаниите во примерокот од 530, покажале дека се дигитално зрели, додека 30% се со ниска дигитална зрелост и 42% со средна дигитална зрелост. Она што е карактеристично за дигитално зрелите компании е што 98% од нив имаат компаниска веб страна; практично 100% користат социјални медиуми; 90% користат софтверски алатки; 39% користат дигитален маркетинг, но само 12% од нив овозможуваат плаќања преку своите веб страници. Меѓу компаниите со ниска дигитална зрелост, ниту една нема компаниска веб страница; не користат социјални медиуми или дигитални алатки и промоции по дигиталните канали; додека најдобри се во делот на користење софтверски алатки релевантни за нивната дејност, каде што се покажало дека 61% го прават тоа. Само 32% користат некаква интернет заштита, и исто толкав процент користат дигитални сертификати.


29 АПР. 2022

32

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

КАРИЕРИ

Како препораки за дигиталната трансформација, Северинова истакна да се вклучат сите членови на компанијата во процесот на едукација и користење на дигиталните алатки, како и да се вклучат консултанти. „Потребно е да се интегрира дигиталната стратегија во секоја пора на компанијата и бизнисот, а исто така и технологии како cloud computing, вештачка интелигенција, виртуелна реалност, итн.“

Дигитална трансформација на градежништвото со помош на BIM

Градежната индустрија подразбира поставување и изградба на инфраструктура и други индустриски модели – основа на националните и глобалните економии. Новите технолошки методологии и алатки бараат од сите чинители во синџирот на градежни вредности да ги прилагодат и развијат своите стратегии за справување со новата „нормалност“ во индустријата и да направат промени кои се однесуваат на водечките технолошки процеси, неопходни во овој современ начин на живот. Една од најатрактивните и најбарани современи методологии е градежното информатичко моделирање (Building Information Modeling – BIM). Токму за придобивките од BIM зборуваше Игор Панчевски, експерт по нови технологии во градежништвото, којшто објасни дека тоа е всушност процес на креирање и менаџирање на податоците во градењето базирано на 3Д модели. „BIM овозможува да се централизираат сите информации за градењето во дигитален, уникатен и пресметлив модел. Оваа алатка обезбедува конзистентност и координација за време на целиот животен циклус на една градба, од дизајнот до рециклирањето. Овој процес помага да се решат проблемите пред тие да доведат до доцнење во градежните фази и поскапување на самиот проект. BIM на едно место ги носи сите технички информации поврзани со структурата на градбата и овозможува споделување на овие информации.“, објасни Панчевски. Со користење на BIM се здобивате со повеќе податоци и може да ги проширите и подобрите вашите стратегии. Според еден график што го сподели Панчевски на работилницата, а чијшто извор е EU BIM Task Group, продуктивноста во секторот градежништво заостанува зад сите

Билјана Северинова, сертифициран тренер за дигитализација, на почетокот истакна дека за зголемување на конкурентноста на компаниите, но и за подобрување на личната конкурентност на секој од нас на пазарот на труд, во контекст на новата реалност предизвикана од процесите на дигитализација, секој треба да се стреми кон дигитална трансформација на своите работни процеси и вештини.

Една од најатрактивните и најбарани современи методологии е градежното информатичко моделирање (Building Information Modeling – BIM). Токму за придобивките од BIM зборуваше Игор Панчевски, експерт по нови технологии во градежништвото, којшто објасни дека тоа е всушност процес на креирање и менаџирање на податоците во градењето базирано на 3Д модели. останати сектори во економијата, како што е производството, земјоделството, транспортот, комуналните услуги , итн. „Токму затоа BIM e вистински двигател за градежната индустрија. Во 2014 година Европската комисија објави во една своја директива препорака до сите земји членки да користат специјални дигитални алатки како што е BIM при договори за проектирање и изведба на јавни работи.“, рече Панчевски. BIM не е алатка што е измислена вчера, што се вели. Првиот BIM концепт претставен на персонален компјутер е уште од 1984 година, додека фразата „градежно моделирање“ е употребена првпат во 1986 година, од страна на Роберт Аиш, софтверски инженер, додека почетоците на она што се смета за модерен BIM се од пред дваесетина години. „BIM е еволуција, а не револуција“, истакнува Панчевски, објаснувајќи дека денес во повеќето развиени економии оваа алатка наголемо се користи во градежните проекти.

Норвешка, Данска, Финска и Шведска се глобални лидери во усвојувањето и спроведувањето на BIM за сите јавни објекти. Во САД, преку 70% од градежните фирми користат BIM, додека во Франција, до 2017 година 500 илјади куќи се проектирани со BIM. Панчевски истакнува дека во Македонија се соочуваме со речиси никаква побарувачка за BIM, недостиг на вештини за имплементација на оваа алатка, како и непостоење на култура за истовремена соработка на сите учесници во поедините фази на градењето – архитектура, машинство, електрика, итн., при проектирањето. „За да го фатиме чекорот со светот, свој придонес треба да дадат приватниот сектор (градежните компании, проектантските бироа), индустријата и професионалните тела (компаниите за градежни материјали, коморите и професионалните асоцијации), како и државните институции“, вели Панчевски.



29 АПР. 2022

34

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

КАРИЕРИ

Како текстилната индустрија да стане поконкурентна?

Текстилната, е уште една од традиционалните индустрии, покрај градежништвото, каде што беа насочени напорите на платформата Skills4Future.mk во рамки на проектот “Премостување на јазот кај вештините за создавање нови и подобри работни места“, за воведување нови технологии со цел да се постигнат промени на дигитална трансформација. Модниот дизајнер и професор Никола Булески, преку студија на случај, објасни кои се предностите на 3Д моделирањето во текстилната индустрија, наспроти традиционалното. „Со користење на 3Д дизајн софтверот Vstitcher, ние заштедуваме време, финансии и го намалуваме загадувањето.“, истакна Булески. Тој го претстави примерот на изработка на мостри за парче облека за еден клиент, моден бренд, каде што процесот со традиционалниот начин чини речиси два пати поскапо одошто со примена на 3Д моделирањето со помош на споменатиот софтвер. Намалениот трошок само за едно парче облека, на пример, долни женски тренерки, само за моделирањето, изнесува над 5.000 евра за една сезона. “Ова се новите технологии што ние мораме да ги користиме во нашата текстилна индустрија, ако сакаме да излеземе од стереотипот дека таа е со ниска додадена вредност, слабо платени работни места, неатрактивна... Таква ќе биде се’ додека користиме застарени машини и технологии. Новите технологии не се евтини во старт, но ги гледате ефектите на заштеда, а да не зборуваме за поголемата ефикасност и продуктивност. Нам клучни проблеми во текстилната индустрија ни се токму ниската продуктивност и недостигот на работна сила. Затоа, само со автоматизација, извоз на целосен пакет на производ, како и поврзување на индустријата со едукативните центри, може да излеземе од моменталната состојба“, порача Булески. И на крајот, професорот и претприемач Илија Насов, објасни за обновливите извори на енергија со посебен осврт на соларната енергија во комбинираните системи и потребата од нови работни места. Насов, којшто е еден од пионерите во домашното производство на фотоволтаични системи, објасни дека доколку продолжиме со моменталната стапка на

Модниот дизајнер и професор Никола Булески, преку студија на случај, објасни кои се предностите на 3Д моделирањето во текстилната индустрија, наспроти традиционалното. „Со користење на 3Д дизајн софтверот Vstitcher, ние заштедуваме време, финансии и го намалуваме загадувањето.“, истакна Булески.

Професорот и претприемач Илија Насов, објасни за обновливите извори на енергија со посебен осврт на соларната енергија во комбинираните системи и потребата од нови работни места. индустриски развој, експанзија на градежни проекти, потрошувачка на електрична енергија, нема да може да ги достигнеме зацртаните цели на ЕУ за нула емисија на стакленички гасови до 2050 година, колку и да се инвестира во обновливи извори на енергија, затоа што тие нема да бидат доволни во овие напори. „Има два начини да се реши овој предизвик: да се зголеми користењето на обновливите извори на енергија – сонце, ветер, хидроенергија, биомаса, геотермална енергија, зелен водород. Или пак да се намали потрошувачката на енергија. Само колку за илустрација, зградите користат 40% од целата енергија на планетава, и со 36% придонесуваат во емисија на штетните гасови во атмосферата. Тука е и индустријата, транспортот, итн. “, објасни Насов. Тој се осврна подетално на потенцијалите на сончевата енергија за производство на струја, спомнувајќи го фактот дека во 2019 година светскиот пазар за

фотоволтаици пораснал за 12%, на рекордни 115 гигават часови инсталиран капацитет, додека капацитетот на загревање со помош на соларната енергија достигнал 479 гигавати. „Побарувачката за фотоволтаици се зголемува постојано, особено сега во контекст на актуелните случувања со цената на струјата на коишто сме сведоци последниве месеци. Фотоволтаиците стануваат најконкурентната опција за производство на струја во растечки број на локации – за станбена или индустриска примена. “, рече Насов. Тој потоа објасни дека во оваа сфера постојано се случува напредок и иновации, и се лансираат нови типови на фотоволтаични панели со зголемена ефикасност, моќност, потоа флексибилни панели, повеќеслојни полу и целосно проѕирни панели, пловечки панели по водни површини, панели отпорни на прашина, панели за активни фасади на згради, итн. 



29 АПР. 2022

36 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125


37

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Д-Р. СПЕЦ. СУБСПЕЦ.

ТАТЈАНА БАЕВСКА –ВУЧКОВИЌ генерален директор на Никоб Лаб

ДОСТАПНОСТА И КВАЛИТЕТОТ НА УСЛУГИТЕ НÈ НАПРАВИ НАЈБРЗО РАСТЕЧКА ЛАБОРАТОРИЈА ВО ЗЕМЈАТА РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ XГ-ѓа X Баевска – Вучковиќ, честитки пред се’ за одбележување на првата година на Никоб Лаб, постигнавте импресивни резултати за кусо време. На што се должи тоа? Благодарам на честитката и покана за интервју за вашиот магазин. Никоб Лаб неодамна одбележа една година од основањето како нова приватна здравствена установа во делот на лабораториски здравствени услуги од националниот здравствен систем на државата. Секој почеток има своја тежина, па така и нашето основање на ПЗУ Никоб Лаб, пред сè што е во еден од најтешките периоди воопшто како во светот, така и кај нас поради пандемијата Ковид 19. Годината која измина е посебно важна и значајна за нас, бидејќи во најнеопходните и најтешките моменти за сите нас како граѓани коишто се соочуваме со светската криза на Ковид-19 пандемија, овозможивме достапна и квалитетна лабораториска услуга. Според податоците со кои располагаме, сме најбрзо растечка лабораторија во државата пред сè поради можноста и условите на достапност на услугите, капацитетот и ресурсите со кои располагаме, како и следење на потребата

Годината која измина е посебно важна и значајна за нас, бидејќи во најнеопходните и најтешките моменти за сите нас како граѓани коишто се соочуваме со светската криза на Ковид-19 пандемија, овозможивме достапна и квалитетна лабораториска услуга. Според податоците со кои располагаме, сме најбрзо растечка лабораторија во државата пред сè поради можноста и условите на достапност на услугите, капацитетот и ресурсите со кои располагаме, како и следење на потребата на граѓаните и заедниците во општеството. на граѓаните и заедниците во општеството. Најважното на кое што се должи брзиот развој е можноста која им се понуди на граѓаните за квалитетна услуга, а истата достапна по најниски цени, со што сериозно влијаеме на креирање, како на јавното мислење така и на креирање на пазарната цена на чинење на овој вид на услуги. Да се основа здравствена установа потребно е да се исполнат услови од правилник за простор, опрема и кадар согласно законските прописи. Водени од идеја, визија, концепт, лично професионално искуство од 24 години работен стаж, меѓу

другото и лиценциран менаџер за управување со здравствени установи, со многу труд, работа, посветеност и истрајност, денес сме горди на реализацијата и постигнатото. Сето наведено се должи на основачот и сопственик на Никоб групацијата г-дин Кирил Лазаров, кој одлучи да инвестира во здравствениот сектор со лична капитална инвестиција во зајакнување на националниот здравствен систем со нов правен субјект ПЗУ Никоб Лаб со лабораториска дејност во однос на биохемиска и молекуларна дијагностика.


29 АПР. 2022

38 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

XСо X каква палета на услуги располага во моментов лабораторијата и каков е човечкиот и техничкиот капацитет и потенцијал? Никоб Лаб според дејноста која ја извршува претставува лабораторија на секундарно ниво од интегрираниот здравствен систем од примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита. Лабораторијата на пазарот на здравствени услуги се претставува со широка палета на лабораториски услуги. Лабораториските услуги се достапни за корисниците во самата лабораторија, но обезбедена е и достапност и во домашни услови или работна средина. Располагаме со повеќе од 25 мобилни тимови кои земаат теренски материјал, а резултатите се добиваат електронски и на тој начин придонесуваме кон доближување на услугите и за оние кои не се во можност да се движат или се времено спречени. Во делот на биохемиските анализи располагаме со најсовремена биохемиска лабораториска опрема, односно, интегриран биохемиски апарат кој има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика во однос на комплетни биохемиски, имунолошки и серолошки испитувања. Молекуларната дијагностика исто така е овозможена со најсовремена апаратура, широка палета на услуги кои се валидирани и оптимизирани за специфично, сензитивно и високо репродуцибилно следење и анализирање на инфективни, неинфективни, генетски, наследни заболувања, како и проценка на ризик од појава на одредени неоплазми и/или развој на специфични заболувања, неинвазивна пренатална дијагностика и детекција на машки и женски инфертилитет. Согласно палетата на реагенси постигнуваме иследувања на сите системи, како во превентивни цели така и во дијагностички пакети. Покрај простор и опрема според правилникот за основање на здравствена установа располагаме и со соодветен кадар на здравствени работници – 2 доктори специјалисти по медицинска биохемија, здравствени соработници, 4 биохемичари, 24 медицински лаборанти, 9 молекуларни биолози, 1 фармацевт, 80 административен и технички персонал, од кои 6 возачи и 74

административни работници. Сите вработени во тек на подготовка на установите поминаа задолжителни обуки соодветни за лабораториска апаратура. Подготвивме упатства и протоколи за работа, современ и напреден софтверски систем, со цел овозможување на квалитетна средина и најсовремени можности за работа. Ја интензивираме тимската колегијална работна атмосфера со цел максимална ефикасност и продуктивност. XКои X беа најголеми предизвици со коишто се соочивте развивајќи ги своите услуги изминатава година, со оглед на пандемијата и сите ефекти што произлегуваат од неа? Секако ги следиме актуелните случувања како кај нас, така и во светот за актуелната Ковид-19 пандемија, според тоа пристапивме кон исполнување на условите за Ковид -19 тестирање со ПЦР тестови, брзи антигенски тестови како и детектирање на

антитела преку квантитативно одредување на титарот на антитела- RBD II генерација, како и биохемиски ковид и пост ковид-19 пакети, согласно исполнување на условите од 12.05.2021 година имаме решение за Ковид-19 тестирања и според тоа ја започнавме нашата оперативност и организациска поставеност. Организациски стартувавме со пункт во Општина Кисела Вода каде сме лоцирани како база на лабораторијата и водени од достапност и квалитетни услуги во однос на минимизирање на ризик од трансмисија на вирусот, обезбеден ни е посебен павилјон за земање на материјал за тестирање, лесен пристап со сопствен паркинг простор и електронски резултат во тек на денот, доставуваме сертификат со QR код и достапни цени. Реагенсите за сите анализи кои ги изработуваме се одобрени и се наоѓаат на листата на Светската здравствена организација. Покрај базата во Општина Кисела


Д-р. Спец. Субспец.

Татјана Баевска –Вучковиќ

генерален директор на Никоб Лаб

39

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Квалитетната комуникација претставува основа за професионалност, колегијалност, со почитување на постулатите на етички кодекс коишто дефинираат квалитетен работен процес, од кого што крајниот корисник на услугата, т.е. пациентот е задоволен. Максималната лична вложеност во секојдневна комуникација со вработените преку идеи, предлози, размена на искуство, како и решавање и надминување на тековни состојби придонесува за стабилна работна средина и ефикасна продуктивност. Вода, согласно препораките кои беа донесени за услови за патувања, пограничните општини не’ контактираа за можност за Ковид-19 тестирања и така започнавме со план и реализации на барањата. Исто така Аеродромската управа согласно протоколите за патување имаа потреба од зајакнување на овој вид на услуга за ковид-19 тестирање. Согласно тоа, од месец јуни поставивме пунктови во пограничните региони како Гевгелија, Дојран, Табановце, ТАВ Скопје и Охрид. За кратко време стигнаа многубројни барања од граѓани, локални заедници за можност за тестирања, па така со одредени рути пристапивме кон доближување на овој вид на услуга кога е најпотребно. Сето тоа им олеснува на граѓаните, им пружа квалитетна и достапна услуга, а во тек на летните месеци имавме и промотивна цена од само 1000 денари. Според оперативната достапност на

услугата присутни сме во Струмица, Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани. Располагаме со сериозен возен парк од 4 санитетски возила и 7 леки коли со кои услугата е доближена кон место на живеење. XОд X ваша менаџерска гледна точка, што е најбитното кога водите вака специфичен „бизнис“ како што е лабораторија, на што особено инсистирате и го пренесувате како вредност кон сите вработени? Квалитетната комуникација претставува основа за професионалност, колегијалност, со почитување на постулатите на етички кодекс коишто дефинираат квалитетен работен процес, од кого што крајниот корисник на услугата, т.е. пациентот е задоволен. Максималната лична вложеност во секојдневна комуникација со вработените преку идеи, предлози, размена на искуство, како и решавање и надминување на тековни состојби придонесува

за стабилна работна средина и ефикасна продуктивност. Колективот е составен од доста млади колеги, некои и со прво вработување, а целта ни е да имаат сигурност, стабилност и иднината да ја планираат во државата, како би биле пример на следните генерации. Колегите со поголемо искуство се пример за останатите, имаат одговорности во однос на планирања за тековни активности, а секако организациски и структурно поставени во хиерархиска вертикала. Континуираноста на процесите, посветеноста, лојалноста се темелите врз кои растеме и се развиваме и стремиме кон подобра и подостапна услуга за нашите корисници – пациенти кога е најпотребно. XКолкав X е билансот на услуги што успеавте да ги реализирате за една година – број на ковид тестови, друг вид на крвни анализи и сл.?


29 АПР. 2022

40 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Во делот на биохемиските анализи Никоб Лаб располага со најсовремена биохемиска лабораториска опрема којашто има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика во однос на комплетни биохемиски, имунолошки и серолошки испитувања.

Услугата која ја обезбедуваме за граѓаните се должи на нашето големо семејство од 120 вработени кои секојдневно максимално професионално се вклучени за квалитетно достапна услуга. Во тек на летните месеци работевме 24/7, а од есента сме лабораторија која има најголем временска рамка за земање на материјал, теренски екипи во градот, но и на територија на цела држава. Во тешки услови на живеење со светската криза на пандемија Ковид-19, максимално сме посветени кон потребите на граѓаните, а тоа и самите бројки на услуги, приеми, број на корисници на нашите услуги ни е најдобриот подарок за првиот роденден. За само 1 година сме оствариле повеќе од 520 000 услуги, лидери сме во однос на Ковид-19 тестирања со вкупно 287 780, од кои ПЦР 134 908 и брзи антигенски 152 872 тестови. Горди сме на довербата од 213 569 пациенти и 298 186 приеми во биохемиска и молекуларна дијагностика на Никоб Лаб. XНикоб X лаб стана позната во пошироката јавност по тоа што прва понуди поевтини тестови за ковид. Токму високата цена на приватните тестови откако почна пандемијата беше причина за огорченост кај јавноста, со наративот дека приватните лаборатории спечалија огромни профити среде здравствена и економска криза. Дали според вас можеше некое поизбалансирано решение да се најде, државата да субвенционира целосно или

делумно тестови во сите приватни лаборатории и сл.? Согласно состојбата во државата, пред сè поради Ковид -19 пандемијата, здравствената и економската криза, во нашата стратегија и пристап во однос на ценовната политика на пазарот за здравствени услуги, конкретно за лабораториска услуга Ковид-19 тестирање, пристапивме со доста поразлична цена од сите останати, пред сè заради можноста за достапна и квалитетна услуга кога е најпотребно. Истиот пристап и стратегија го имаме и за сите останати услуги, бидејќи целта ни е во системот да постоиме и да бидеме можност за корисникот на услугите, т.е. пациентот кога е најпотребно. Во животот можноста е важна посебно кога се работи за болест, подобро здравје или квалитетен живот. Во таа насока сведоци сме на широк дијапазон на цени на ист вид на услуги во различни установи. Разбирливо е таа појава да создава тензија и разочараност кај корисникот на услугите, а креаторите на националната политика во вонредна состојба и во кризна состојба имаат овластувања на сите правни субјекти во државата преку мерки, препораки и укажувања. XДали X Никоб Лаб има склучено договор со ФЗОМ за покривање на дел од крвните анализи како што имаат некои од другите приватни лаборатории? Во тек на месец мај очекуваме да комплетно се завршат

административните процедури со ФЗОМ и Министерство за здравство, со што официјално Никоб Лаб ќе биде дел од мрежата за упатување на корисници на услуга - пациенти за биохемиски анализи преку матичен лекар и специјалист од различна област. На овој начин услугата ја правиме да биде уште подостапна за граѓаните, имајќи упат тие не мора да доаѓаат, бидејќи располагаме со голем број на мобилни екипи за земање на материјал во ординации, домашни услови или работна средина. Воедно корисниците на услугите, односно пациентите со нашите резултати добиваат стручно мислење од лекар специјалист по медицинска биохемија, а за детската популација од педијатар субспецијалист пулмоалерголог. XКакви X се плановите за понатамошен раст и развој на Никоб Лаб? Никоб Лаб е лабораторија која ги следи потребите на граѓаните и заедниците и согласно тоа ги планира активностите. Во претстојните месеци работиме на проширување на дејноста на лабораторијата во дел на микробиологија со паразитологија и со тоа ја заокружуваме комплетната лабораториска дијагностика. Постојано работиме на промоции со различни видови на анализи со цел граѓаните да имаат можност за проверка или следење на постоечки состојби а и во насока на подигање на свеста за превенција која е клучна за јавното здравје. nnn


СТАНБЕН КРЕДИТ

www.stb.com.mk

ЖИВОТОТ СЕ СЛУЧУВА СЕГА!

НЕ ЧЕКАЈ. АПЛИЦИРАЈ СЕГА! • БЕЗ административни трошоци • БЕЗ трошоци за процена • БЕЗ нотарски трошоци за нови пласмани и дополнителен износ, од најмалку 15.000 ЕУР • Брза и едноставна процедура за одбрување • Подобри услови за клиентите што платата ја добиваат во Стопанска банка АД - Скопје Промотивната понуда трае до 30.6.2022 Аплицирање 24/7 на:

(02) 15110 или

www.alokredit.mk.

*Пример (април 2022) Кредит од 34.224 евра со 30 години рок на отплата со вклучена полиса за животно осигурување, за клиенти кои платата ја примаат преку СБ, каматната стапка изнесува 3,20%, гарантирана за првите 10 години, по што ќе се применува променлива каматна стапка која во моментов изнесува 4,23% за останатиот период. СВТ за овој пример изнесува 3.66% годишно. Месечната рата за овој кредит за првите десет години изнесува 148,01 евра. Износот на еднократна премија за животно осигурување изнесува 4.224 ЕУР, под претпоставка дека кредитобарателот на 40 годишна возраст, без здравствени нарушувања. Кредит од 34.224 евра со 30 год. рок на отплата за клиенти кои платата не ја примаат преку СБ, каматната стапка изнесува 3,90% гарантирана за првите 3 години, по што ќе се применува променливата каматна стапка која во моментов изнесува 4.70% за останатиот период. СВТ според овој пример изнесува 4.61% годишно. Месечната рата за овој кредит за првите три години изнесува 161,42 евра. Редовните административни трошоци изнесуваат 0% од износот на одобрениот кредит, апликативните трошоци изнесуваат 600 денари, додека нотарските трошоци и трошоците за осигурување на имотот зависат од износот на кредитот како и од карактеристиките на имотот кој се користи како обезбедување. За пример пресметки и дополнителни информации контактирајте со Стопанска банка преку филијалите, веб страната или 24/7 контакт центарот на (02)3100 109.


29 АПР. 2022

42 ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ

БИЗНИСМЕНИТЕ БАРААТ ПОБРЗИ ПРОЦЕДУРИ ОД СТРАНА НА НАДЛЕЖНИТЕ ПроКредит Банка организираше бизнис форум „Наше сонце, наша енергија, наши инвестиции“, на којшто ги собра на едно место заинтересираните инвеститори во фотоволтаични централи за производство на струја и сите релевантни чинители во врска со постапките и предизвиците во процесот на инвестирањето.


43

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, истакна дека периодот од просечно 18 месеци за да се реализира една инвестиција во производство на струја од фотоволтаици е предолг и бизнис заедницата бара тој да се скрати. „Секоја институција од своја страна има законски рамки и рокови, но кога се’ ќе се стави на куп, навистина е предолга постапката. Бизнис заедницата сака да инвестира, да се вложат наши, домашни пари, и затоа апел до надлежните, да се најде решение во насока на скратување на постапката. Овие објекти да се приоритет во однос на други објекти – згради, куќи, итн. – што влегуваат во процедурите за добивање дозволи, одобренија и сл.“

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

О

колу 18 месеци е потребно за една компанија што сака да произведува и продава електрична енергија од фотонапонска централа, да дојде од почетната подготвителна фаза, па до првата трансакција, односно продажба на струја на пазарот. Ова се сознанијата од искуството на ПроКредит банка со своите клиенти, коишто ги кредитира за инвестиции во фотонапонски централи, односно фотоволтаични системи за производство на електрична енергија. Како што истакна Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, на отворањето на неодамна организираниот настан „Наше сонце, наша енергија, наши инвестиции“ во организација на банката, ова е предолг период, и во име на сите потенцијални инвеститори во овој бизнис таа апелираше до надлежните државни институции пред коишто се поднесуваат барањата за дозволи, лиценци и сета потребна документација, да се прилагодат

на новата ситуација, односно сè поголемиот интерес за инвестирање во обновливи извори на енергија, особено во период кога Македонија е увозно зависна за електрична енергија, и потребни се што повеќе домашни капацитети за производство на зелена електрична енергија. Министерот за животна средина, Насер Нуредини, во своето обраќање пред да почнат панелите за дискусија, рече дека фокусот на актуелнава влада е насочен кон обновливи извори енергија, вклучително кон искористување на соларната енергија. „Скратувањето на целиот процес за обезбедување на потребна документација, градба и ставање во функција на инсталацијата е главниот предизвик и за институциите и за инвеститорите.“, рече Нуредини. Настанот, како што велат од ПроКредит, беше организиран со намера на едно место да се соберат сите релевантни чинители во врска со постапките и предизвиците во процесот на инвестирањево фотоволтаична централа наменета за продажба на електрична енергија. Конференцијата беше наменета за сите потенцијални клиенти кои сакаат да дознаат повеќе за


29 АПР. 2022

44 ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

инвестициите во фотоволтаични централи поставени на земја, наменети исклучиво за продажба на струја. Дискутираа повеќе учесници, претставници од министерствата за животна средина, економија, Регулаторната комисија за енергетика, Агенцијата за енергетика, ЕВН и компанијата КМГ Квазар, коишто, секој од својот ресор, ги објаснија постапките и процедурите потребни во сите фази на инвестицијата - од пренамена на земјиште, дозвола за градење, приклучок на мрежа, изведба на централата, па се’ до добивање лиценца за продажба, продажба на струјата на пазарот на енергија, како и можности за финансирање од страна на ПроКредит.

Процедури и чекори при една инвестиција во соларни централи за струја

Во првата панел дискусија беше презентирана државната програма за поддршка на инвестиции во соларна енергија, со фокус на сите чекори за добивање на неопходните дозволи пред изведба, почнувајќи од пренамена/ урбанизација на земјиштето, сè до дозвола за градење и согласност за приклучок на мрежа. Од Министерството за транспорт и врски истакнаа дека ако некој инвеститор добие желба за ваква инвестиција, потребно е најпрво добро да ја истражи локацијата. „Најчесто се работи за градби за производство на енергија од обновливи извори, најчесто надвор од населени места, надвор од претходно донесени урбанистички планови и документации. Тоа значи дека земјиштето на почеток е некое неградежно, земјоделско земјиште и за да се добие одобрение за градба, тоа мора да се трансформира во градежно. Потребни се неколку чекори за тоа, а на самиот почеток инвеститорот треба да е свесен колкав простор му е потребен. Треба да има пристап, некаков пат, треба да предвиди соодветно растојание помеѓу самите панели и други објекти што ќе бидат поставени на земјиштето, значи да остави простор и за некои пропратни објекти и сл. Исто така, инвеститорот да проучи дали има некакви катастарски објекти што ќе пречат во заокружување на парцелата“, рече претставникот од Министерството. Тој додаде дека интересот за инвестирање е значително зголемен, што се гледа по фактот дека до пред година – две, во Министерството имале по еден до два предмета годишно за градби за

обновливи извори, а сега имаат по неколку месечно. Претставникот на Електродистрибуција при ЕВН, Оливер Мирчевски, истакна дека електродистрибутивната мрежа во земјава своевремено е градена за моќности далеку помали од она што сега се бара од страна на инвеститорите во централи од обновливи извори да бидат приклучени. „Тоа значи дека постројките за производство на струја треба да се градат каде што има потреба, а потреба има каде што се потрошувачите. Доколку излегуваме од овие рамки и некој инсистира да гради капацитети каде што мисли дека нашол погодно земјиште и сл., приклучувањето на мрежата ќе биде потешко и ќе се соочуваме со проблеми. Дистрибутивната мрежа има капацитет да ги прифати новите извори на енергија од обновливи извори, но тој капацитет не е неограничен. Приклучокот е многу битен фактор, но не и најбитен. Целиот процес, целата инвестиција,

зависи од чекорите што се после приклучокот. Препорака наша е, инвеститорите да не се оддалечуваат од инфраструктурата, односно мрежите, па дури и ако има мрежа, не значи дека гарантирано ќе бидат приклучени“, објасни Мирчевски. Тој додаде дека тие како дистрибутер на струја, настојуваат да им ја дадат сликата на инвеститорите, информацијата, за овие да имаат претстава за тоа што ги очекува, да знаат однапред со какви сè проблеми може да се соочат по патот. „Порака до инвеститорите: потребно е еднозначно да ја определите катастарската парцела и моќноста што сакате да ја инсталирате, за да направиме анализа и одговор што ќе биде индикативен. До минатата година бројот на барања беше од 50-100 годишно. Од јануари годинава до сега имаме околу 680 барања за вкупно 6.000 мегавати инсталирана моќност на фотонапонски централи во земјава. Некогаш се 2 или 3 недели за одговор, и тој обично е


45

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Конференцијата беше наменета за сите потенцијални клиенти кои сакаат да дознаат повеќе за инвестициите во фотоволтаични централи поставени на земја, наменети исклучиво за продажба на струја и имаше голема посетеност од страна на бизнисмените. Дискутираа повеќе учесници, претставници од министерствата за животна средина, економија, Регулаторната комисија за енергетика, Агенцијата за енергетика, ЕВН и компанијата КМГ Квазар, коишто, секој од својот ресор, ги објаснија постапките и процедурите потребни во сите фази на инвестицијата - од пренамена на земјиште, дозвола за градење, приклучок на мрежа, изведба на централата, па сè до добивање лиценца за продажба, продажба на струјата на пазарот на енергија, како и можности за финансирање од страна на ПроКредит.

од информативен карактер, за да знаат отприлика инвеститорите колку би ги чинел приклучокот, и дали пред сè може да се приклучат на мрежа онаму каде што сакаат тие.“, рече претставникот на ЕВН Електродистрибуција.

Градење на фотонапонските централи и финансирање на проектите

Фокусот на втората панел дискусија беше самиот процес на градење на фотоволтаични централи, расположливата технологија и искуствата на пазарот, постапката за добивање на лиценца за производство и продажба, алтернативи за продажба на слободниот пазар, како и можностите за финансирање на инвестицијата. Горанчо Паунов, директор на компанијата КМГ ЕОЛ Квазар, која што се занимава со изведување на фотоволтаични централи објасни дека кај нив секој заинтересиран инвеститор може да се обрати и тие да одговорат на сите барања, по моделот „клуч на рака“. „Од самиот процес на достава на

понуда, до проектирање во сите фази, ревизии, аплицирање пред општина и добивање градежни дозволи... Ние можеме комплетно да ја водиме постапката на нашиот клиент, до набавката на опрема и изведба на самата централа. Досега имаме проектирано капацитети од преку 44 мегавати, а над 25 мегавати веќе сме инсталирале. Последниве две години драстично се зголеми побарувачката за нашите услуги и добиваме барања за различен капацитет, од мали електрани, до 100 киловати, од 100 до 500 и од 500 киловати до еден мегават моќност, но сега и за поголеми електрани.“, објасни Паунов. Тој рече дека на клиентите им сугерира да се одлучат за моделот „клуч на рака“, затоа што често пати тоа се бизнисмени чиишто основен бизнис нема врска со производството на струја и на овој начин се скратува времето, и некои други активности што би ги имал инвеститорот. „Многу е попрактичен овој пристап, одошто да се остават сами да

ги тераат сите процедури, да бараат сами опрема, итн. Има случаи кога инвеститорот сам набавувал опрема парцијално, од повеќе места, па после бара од изведувачот сето тоа да го вклопи, но така е многу потешко, и за реализација, а потоа и за одржување“. Претставникот на ПроКредит Банка, Александар Тодоров, ги објасни можностите за финансирање на ваквите проекти преку банката, којашто активно е вклучена во поддршка на еколошките проекти за производство на струја веќе неколку години. „Досега имаме финансирано над 30 мегавати капацитет на фотонапонски централи, прти што 60% се помали инвестиции, за сопствено употреба на струјата, додека 40% се за фотоволтаици на земја. Постапките за инсталирање панели за сопствени потреби се прилично кратки, најчесто инвеститори се самите компании што сакаат да произведуваат струја за своите потреби, и панелите се инсталираат на кровот од објектите и сл. Но, денеска зборуваме за инвестиции во централи на земја, каде што работите се покомплексни и бараат поголема стручност од нас како банка, затоа што ова е проектно финансирање, кое што треба да ги има предвид сите работи што досега ги зборувавме досега.“, рече Тодоров. Тој објасни дека условите за кредитирање зависат од самиот проект, максималниот рок е 15 години. „Повратот на овие инвестиции се намали на 6-8 години, овој рок за враќање на кредитот е прифатлив, а исто така и грејс периодот од 24 месеци, затоа што се предвидува дека за тоа време ќе се изгради капацитетот, иако многу ретко се случува, најчесто е пократко. Овие проекти носат ризици, тешко се проектира цената на струјата на долг рок и затоа е многу важно за клиентот да има обезбедено резервен фонд. Затоа што сега цените на струјата се високи, но со тој резервен фонд и фирмата и банката се заштитени од негативни шокови во иднина.“ Тодоров додаде дека инвеститорот треба финансиската конструкција да ја има заокружено на почеток. “Ние правиме официјален комитет, на којшто се разгледуваат почетните информации и на клиентот му ги адресираме одредените проблеми и ризици што може да ги има. Би било огромно губење на време да се изоди целиот процес и на крај да немате


29 АПР. 2022

46

ЕВРОПСКА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА Фото: Jeff J Mitchell/Getty Images

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ПОБЕДА НА МАКРОН НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА

ЕВРОПА (ЗА СЕГА) СПАСЕНА

Многу аналитичари, партии и организации пред изборите упатија повик да се спречи евентуална победа на Ле Пен и да се гласа за Макрон, повик што очигледно Французите го следеа - дури и ако всушност беа незадоволни од политиката на Претседателот. Затоа, за многумина аналитичари, оваа победа всушност не е толку израз на задоволство и на поддршка за досегашните претседателски политики, туку своевиден страв од тоа што Ле Пен претставува и за што се залага. Оттука, резултатите, како што и самиот Макрон кажа после гласањето не се гаранција, туку обврзуваат на вистински фокус кон европската иднина што европските поборници ја бараат и очекуваат, а која и натаму ќе биде под закана од силите на десницата. РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

С

о освоени речиси 60 проценти од вкупниот број на гласови (според прелиминарните резултати) Емануел Макрон, 44 – годишниот досегашен претседател на Франција, ја задржува фотелјата и останува

да биде шеф на француската Република. Со тоа Макрон стана втор француски претседател по Жак Ширак (1995-2002) и (2002-2007) кој добил втор претседателски мандат. Неговата противкандидатка, десничарската популистка Марин Ле Пен на своето изборно конто има 41,45% освоени гласови. Анализите покажуваат дека разликата во освоените гласови

сега е значително помала отколку на претседателските избори во 2017 година, кога Макрон ја победи Ле Пен со 66 отсто од гласовите, што можеше да се забележи уште после првиот круг од претседателските избори, кога практично и се запали црвениот сигнал дека популарноста на десницата расте и дека евентуална победа на Ле Пен може да биде опасна за


47

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

иднината не само на Франција, туку и на целата Европа, ако се земат предвид нејзините ставови и визии за иднината на ЕУ и на француското општество под нејзина палка. Многу аналитичари, партии и организации пред изборите упатија повик да се спречи победата Ле Пен и да се гласа за Макрон, повик што очигледно многу Французи го следеа - дури и ако всушност се незадоволни од политиката на Претседателот. Затоа, за многумина аналитичари, оваа победа всушност не е толку израз на задоволство и на поддршка за досегашните претседателски политики, туку своевиден страв од тоа што Ле Пен претставува и за што се залага. Самиот Макрон во својот говор се осврна на ова незадоволство во земјата по објавувањето на резултатите од изборите: „Свесен сум дека ова гласање ме обврзува за следните години“, рече тој, порачувајќи дека ја разбрал пораката што гласачите му ја испратија: „Знам дека многу гласаа за мене, не за да ги поддржат моите идеи, туку за да ги блокираат идите на екстремната десница. Сакам да им се заблагодарам. Ова гласање ме обврзува за годините што доаѓаат. Следните години сигурно ќе бидат тешки, но тие ќе бидат историски и заедно мораме да ги испишеме за новите генерации“, им рече Макрон на своите приврзаници во Париз, и додаде: „Избравте хуманистички, републикански, социјален и еколошки проект заснован на работа и креативност, проект за ослободување на нашите академски, културни и претприемачки моќи. Ќе бараме резултати и ќе бидеме амбициозни. Имаме многу да направиме, а војната во Украина е тука да нè потсети дека живееме во трагични времиња, во кои Франција мора да го најде својот пат“. Првичната реакција на Ле Пен за изборниот резултат беше прилично борбена. Таа порача дека играта сè уште не е завршена, затоа што сега почнувала борбата за парламентарните избори. Нејзината партија Национално обединување е отворена за секој што сака да се обедини против Емануел Макрон, рече Ле Пен. Според неа, резултатот на Макрон покажува „голема недоверба на народот“, па таа во поразот гледа „и надеж“. „Ќе ја продолжам мојата посветеност кон Франција и Французите со енергија, упорност и наклонетост што ги знаете од мене“, вети Ле Пен.

Што значи победата на Макрон за европската политика на проширување?

Резултатите од претседателските избори во Франција се разбира дека со големо внимание ги следеа и земјите од регионот, оние кои се на списокот за нови членки на Унијата. За Македонија, најзначајната одлука во политичката кариера на Макрон ќе остане онаа кога тој реши да ја менува методологијата на пристапниот процес токму пред одлуката за почеток на преговори со официјално Скопје. Тогаш (пред бугарското вето), за Македонија имаше уште една препрека - несогласноста на дел од земјите членки и Албанија да почне преговори, па новата методологија, во пакет со стравот од тоа каков сигнал би се пратил за регионот, ако Скопје тргне напред само, а Тирана остане позади, излезе одлично алиби за ЕУ да не дозволи Македонија да ги почне преговорите – процес што подоцна го блокираше Бугарија и до ден денеска е заглавен. Сепак, за многумина аналитичари, победата на Макрон носи шанса токму за земјава, и за самиот процес. Дојче Веле на македонски имаше интересна анализа барајќи одговор на прашањето - што значи победата на Емануел Макрон за Северна Македонија и земјите од Западен Балкан, кои со години чекаат пред вратите на ЕУ? Дали и и колку оваа победа Ќе влијае на патот на Македонија кон ЕУ во сегашните околности, безбедносни предизвици и соседски проблеми? „Прашањето за проширување на ЕУ не беше експлоатирано во оваа кампања на Макрон, но од неговите блиски соработници, од една страна јасна беше ревандикацијата на Украина за забрзан прием во ЕУ, а паралелно тука се и останатите држави од Западен Балкан“, вели професорот и поранешен амбасадор, Нано Ружин, за Дојче Веле. „Макрон е свесен дека државите од регионот покажаа проатлантско расположение, но немаат големи воени капацитети. Свесен е дека државите од Западен Балкан се ставаат во непријатна и опасна ситуација, кои можат да инклинираат кон руското влијание, но и да се разочараат од долгото чекање пред вратите на ЕУ. Добра вест е што Макрон е еврооптимист. Тој ги запозна државите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата, но исто така тешко е да се верува дека до крајот на јуни, кога истекува француското

претседателство со ЕУ, но и кога се одржуваат парламентарните избори во Франција, ќе преземе некој посериозен чекор. А кога се работи за новите аспиранти од Западен Балкан, јавното мислење не е многу наклонето кон проширувањето. Единствена утеха е што украинската криза ги зближи европските партнери и можеби токму во таква ситуација постојат извесни расположенија за Северна Македонија и Албанија“, смета Ружин. Во меѓувреме, општа констатација на светските лидери е дека со победата на Макрон „победила Европа“. Со таков став настапија и македонските официјални лидери во своите честитки „Честитки до Емануел Макрон за неговата изборна победа. Овој успех доаѓа во време на суштински предизвици каде што е важен проевропскиот избор. Се надеваме на продолжување на нашата соработка насочена кон приближување на нашите земји и народи“, напиша на Твитер претседателот Стево Пендаровски. „ Честитки за реизборот за претседател. Ова е победа за Франција и за ЕУ. Претстојат многу предизвици и со нетрпение очекувам да работиме заедно во интерес и на Франција и на Северна Македонија. Во интерес на иднината на Европа“, напиша премиерот Димитар Ковачевски. Аналитичарите ценат дека во следниот период Макрон ќе настојува на претстојните парламентарни избори (12-ти и 19-ти јуни) Франција да добие премиер кој ќе биде близок до неговите идеи, но во никој случај да не биде евроскептичната Марин Ле Пен, која сега се доживува како лидер на француската опозиција, смета дека ништо не е завршено и се надева на победа на парламентарните избори во јуни. „Франција му покажа на Макрон дека била разочарана од неговиот прв мандат и затоа ќе биде внимателен во своите потези. Свесен е дека голем број од неговите гласачи гласаа за него иако не ја прифаќаа неговата програма. Франција живее во една значајна констелација на социјална, културна и политичка фрактура, затоа тој ќе настојува да ги задоволува вкусовите на Французите“, оценува Ружин за Дојче Веле.

Деполитизација на политиката?!

Ружин потсетува дека една од основните изборни парадигми на


48

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ЕВРОПСКА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА

Аналитичарите ценат дека во следниот период Макрон ќе настојува на претстојните парламентарни избори (12-ти и 19-ти јуни) Франција да добие премиер кој ќе биде близок до неговите идеи, но во никој случај да не биде евроскептичната ултра - десничарка Марин Ле Пен, која сега се доживува како лидер на француската опозиција, смета дека ништо не е завршено и се надева на победа на парламентарните избори во јуни.

Фото: Le Monde

29 АПР. 2022

Фото: Leon Vidic/Delo

За Македонија, најзначајната одлука во политичката кариера на Макрон ќе остане онаа кога тој реши да ја менува методологијата на пристапниот процес токму пред одлуката за почеток на преговори со официјално Скопје. Тогаш (пред бугарското вето), за Македонија имаше уште една препрека несогласноста на дел од земјите членки и Албанија да почне преговори, па новата методологија, во пакет со стравот од тоа каков сигнал би се пратил за регионот, ако Скопје тргне напред само, а Тирана остане позади, излезе одлично алиби за ЕУ да не дозволи Македонија да ги почне преговорите – процес што подоцна го блокираше Бугарија и до ден денеска е заглавен.

Во Франција класичната левица и десница исчезнаа и дел од аналитичарите сметаат дека и во кампањата и од финалните резултати победиле деполитизирани политичари. Победата на Макрон може да се заокружи со надмоќната победа на парламентарните избори во Словенија на партијата на Роберт Голоб, 55-годишен менаџер за електроенергетски системи, којшто иако долго време е присутен во политиката, директно или индиректно, никогаш не бил поврзан со главните политички партии и во јануари годинава го формираше Движењето за слобода.

Макрон беше концентрирана врз екологијата, владеење на правото и битката против екстремната десница. Затоа, она што во неделата на 24 април го привлече вниманието во тој контекст, е и исходот од парламентарната изборна трка во една друга европска држава Словенија. Победник на изборите е партијата Движење Слобода предводена од менаџерот Роберт Голоб, 55-годишен стручњак за eлектронегеретски системи, поранешен државен секретар за енергетика во словенечкото Министерство за животна средина (1999 -2002 г.), а претходно и предводник на преговарачкиот тим на Словенија за енергетска политика во пристапните преговори со ЕУ. „Во Франција класичната левица и десница исчезнаа и дел од аналитичарите сметаат дека и во кампањата и од финалните резултати победиле деполитизирани политичари. Победата на Макрон може да се заокружи со надмоќната победа на парламентарните избори во Словенија на партијата на Роберт Голоб. Дали сме пред нов феномен на деполитизација на политиката?“, прашува Ружин. Тој посочува дека критиките кон Макрон досега се однесувале на неговата личност на доминатор и на неговиот ултралиберализам, па се очекува во идните пет години повеќе да инклинира кон социјалдемократијата. „Неговите жешки теми на внатрешен план ќе бидат подобрување на куповната моќ на Французите, битка против сиромаштијата, но и темите кои се однесуваат на ЕУ. Тој се надева на нов план за лансирање на Европа, потпирајќи се на своите европски партнери, меѓу кои германскофранцускиот мотор останува главна европска оска на дејствување, особено по пандемијата и украинската криза. Ќе прави напори за масивна финансиска и воена помош на Украина, со можност за ембарго кон увозот на руската нафта (15%), но и натаму останува отворено прашањето на ембарго кон рускиот природен гас од кого француската економија зависи 40%. Сепак, Макрон нема да ги затвори сите прозорци кон Москва. Неговиот телефон останува отворен за комуникација со Путин, бидејќи само со дијалог може да се дојде до мирот. Впрочем, со оваа ‘интелектуална победа’ како што констатира Бруно Дару, тој останува најзначајниот лидер на ЕУ“, оценува Ружин. nnn



29 АПР. 2022

50 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ИЛОН МАСК ГО ПРЕЗЕДЕ ТВИТЕР ЗА 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

САКАМ ДА ЈА НАПРАВАМ ПЛАТФОРМАТА ПОДОБРА ОД БИЛО КОГА!


51

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Се чини дека Илон Маск неизбежно ќе ја преземе контролата и сопственоста над Твитер, менувајќи го ликот на платформата во процесот што ќе следи. За некои од милионите корисници на Твитер, ова е добредојден развој, давајќи им поголема слобода да кажат и прават што сакаат. За други, тоа е загрижувачки развој со потенцијално застрашувачки последици. Што се однесува до акционерите, а и самиот Маск, работите изгледаат розово. РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Н

ајбогатиот човек на светот, директорот на Тесла и СпејсИкс, Илон Маск во понеделникот, на 25 април, стана сопственик на Твитер (Twitter), откако го доврши импресивното преземање на оваа социјална мрежа која што ја плати 44 милијарди долари. Така се заокружи процесот

што изминативе три недели се колебаше помеѓу договор и тотално фијаско. „Слободата на говорот е основа на функционалната демократија, а Твитер е дигитално урбано средиште каде што се дискутираат прашања од витално значење за иднината на човештвото“, рече Маск во соопштението за јавност објавувајќи го преземањето. Претседателот на управата на Твитер, Брет Тејлор, ја опиша зделката како најдобар пат во иднината за акционерите на

компанијата, пишува Wired. Договорот, исто така, стави крај на долготрајните шпекулации околу финансискиот интерес на Маск во Твитер. На 4 април јавноста дозна дека најбогатиот човек на светот стекнал 9,2 отсто од акциите во компанијата или 73,5 милиони акции по цена од околу 2,4 милијарди долари. Во тој момент, купувањето акции на Твитер беше поврзано со понудата на Маск да се приклучи на бордот на директори, која тој ја одби на 10 април.


29 АПР. 2022

52 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Твитер мора да биде платформа за слобода на говор Набрзо стави до знаење дека сака сè. На 14 април, Маск понуди да го откупи преостанатиот дел од компанијата за 54,20 долари по акција, што е за 38 отсто повеќе од цената што ја плати за својата почетна инвестиција. Пропратното писмо на Маск до претседателот на бордот на Твитер беше остро во критиките за самата платформа. „Верувам во потенцијалот на Твитер да биде платформа за слобода на говор ширум светот и верувам дека слободата на говор е општествен императив за функционална демократија. Сега сфаќам дека компанијата ниту ќе напредува, ниту ќе му служи на овој социјален императив во нејзината сегашна форма“, напиша Маск. Наместо тоа, тој сакаше да ја преземе компанијата приватно, нудејќи 44 милијарди долари во „најдобрата и последна“ понуда. Во тие моменти, аналитичарите беа поделени околу веројатноста за успех на понудата на Маск и колку таа беше исплатлива за акционерите. Имено, таа беше приближно на средина од вообичаеното додавање од 30 до 40 отсто над берзанската цена на акциите. Уште минатата година акциите вредеа значително повеќе од неговата понуда. Одборот на директори на Твитер соопшти дека ќе ја разгледа понудата. Маск постави своевиден преседан во смисла на тоа т.н. активист акционер, да презема компанија. Тоа е акционер којшто користи релативно мал удел којшто го стекнал во една компанија, за да изврши некаков притисок врз менаџментот. Пред него тоа го правеа Карл Ајкан со повеќе корпорации, и некои други, но не е толку вообичаено да се тргне по целата компанија, велат аналитичарите од Волстрит.

Маск е уникатен тип

Истиот ден кога ја даде понудата да го преземе целиот Твитер, Маск одржа говор во Ванкувер, каде што ја истакна својата визија. „Ова не е начин да се заработат пари. Моето силно интуитивно чувство е дека е исклучително важно да се има јавна платформа на која и се верува максимално и која е широко инклузивна.“ Поради тоа некои во рамките на Твитер, оние кои имаа големи удели во платформата, застанаа и размислуваа. Последните шпекулации сугерираа дека Твитер ќе се бори

да го одбие Маск затоа што извршниот директор на Тесла (Tesla Inc.) и Спејс Икс (SpaceX) влезе во расправија на Твитер за слободата на медиумите со саудискиот принц Алвалид бин Талал којшто преку државниот холдинг Kingdom Holding Company е еден од најголемите акционери во Твитер и рече дека ќе ја одбие понудата на Маск. Саудиска Арабија е, инаку, обвинета за убиство на новинарот Џамал Кашоги. Ваквите пресметки на социјалните мрежи се невообичаени кога се размислува за преземање на голема компанија, но и самиот Маск е необичен, како што вели Кери Купер, професор на Бизнис школата во Манчестер. „Тој не е традиционален бизнисмен. Тој е доста креативен и доста иновативен. Маск е уникатен тип и ги прави работите на начин на кој нормален бизнисмен не би ги правел. Тој не игра според нормалните правила на игра што би ги следел еден претприемач “, смета Купер. На 15 април, одборот на директори на Твитер покрена финансиска алатка за итни случаи – т.н. „отровна пилула“. Позната како план за ограничување на правата на акционерите, „отровната пилула“ ги повика акционерите да ги зголемат своите удели во Твитер за да ја намалат способноста на Маск да го претвори својот удел во контролен. Секој обид да го зголеми својот удел над 15 проценти ќе бара од него да преговара со раководството на Твитер. Активирањето на “отровната пилула“ би довело до брзо т.н. непријателско преземање, но понудата на Маск никогаш не ја напушти масата. На 21 април, Маск рече дека дошол до 44 милијарди долари во готовина потребни за да ја реализира својата понуда. Инвестициската банка Морган Стенли (Morgan Stanley) и други компании понудија да ја поддржат понудата на Маск, додека тој би платил околу 21 милијарда долари од своето богатство проценето на 263 милијарди долари. Ова ги пополни празнините на она што претходно беше карактеризирано како шпекулативна понуда и покажа колку сериозно Маск сака да го преземе Твитер. Ова потврдено финансирање, наводно, натерало некои од акционерите на Твитер кои биле првин скептични кон Маск да побараат од компанијата да го

сослуша. Наводно, состаноците се одржале во текот на викендот, а бордот на директори на Твитер се состанал на 25 април за да им го препорача договорот за преземање на акционерите. Тоа беше брз и изненадувачки пресврт. „Имаше толку многу скептицизам и цинизам во петокот, а сега сè изгледа како завршена работа“, вели Васан Дар, професор по информациски системи на Њујоршкиот Универзитет.

Што ќе направи Маск со Твитер?

Брзите потези на Маск ги затекнаа останатите потенцијални понудувачи. Но, се чини дека договорот го помина тестот за пари, барем за одборот на директори на Твитер, бидејќи основната одговорност на одборот е да обезбеди најголема можна вредност за акционерите, како што велат аналитичарите. Очигледно постојат прашања околу тоа што ќе стори со компанијата ако преземе контрола. Ќе мора да стори нешто повеќе одошто само да додаде опција за уредување на постовите, како што вели Тимоти Галпин, професор по стратегии и иновации на Универзитетот Оксфорд. Приватизацијата на компанијата би му овозможила на Маск многу побрзо да ги спроведе посакуваните промени. „Исто така, сакам да го направам Твитер подобар од кога било така што ќе го подобриме производот со нови функции, ќе ги направиме алгоритмите отворени за зголемување на довербата, ќе ги победиме спам ботовите и ќе ја провериме автентичноста на сите корисници на мрежата“, изјави Маск во соопштението за јавност во понеделникот. „Мислам дека ова го одигра одлично. Можеше да се очекува дека многу луѓе ќе кажат дека Маск е мегаломан и дека сето тоа го прави за сопствена промоција, но всушност мислам дека има многу повеќе од тоа“, изјави Васан Дар Њујоршкиот Универзитет за Wired. 



29 АПР. 2022

54 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125


55

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

ПРОФ. Д-Р

ИВАН ДОДОВСКИ

декан на Факултетот за политички науки на Универзитет Американ Колеџ Скопје

СОЗДАВАМЕ ЛИЧНОСТИ ШТО САКААТ ДА СЕ УСОВРШУВААТ СЕБЕСИ И СВЕТОТ XПрофесоре X Додовски, што го издвојува Факултетот за политички науки при УАКС од останатите, кои се неговите предности и специфики? УАКС е регионален топос на извонредност – на луѓе, идеи и можности. На нашиот факултет доаѓаат, главно, студенти што сакаат да ги надраснат локалните хоризонти и да го мислат глобалниот свет. Тие знаат дека и дома и во странство, врвниот професионализам е име на иднината. Нашите програми за меѓународни односи, за економска дипломатија и за психологија се дизајнирани да дадат уникатна комбинација на знаења и вештини што отвора можности за ангажман и личен развој во светот што доаѓа. Ние сме една, ако не и единствена домашна универзитетска институција што ги враќа во земјата македонските научници што докторирале или работеле на престижни странски универзитети за да можат тука да го пренесат она што е најново достигнување во светската наука. Покрај тоа, студентите кај нас добиваат внимание како личности, работат во мали групи во кои има студенти од различни земји и така се реализираат себеси со максимална посветеност. Конечно, тука е и соработката со други универзитети во Европа. На пример, деновиве, студентите од трета година се на

Има извонредни млади личности што доаѓаат со јасна свест за предизвиците на нашето време. Тие се отворени за дигиталната ера, информациите им се лесно достапни, комуникацијата со другите е, исто така, многу брза. Но, информацијата не е исто што и мудрост, ниту пристапот значи досегната смисла. Она во што ние се обидуваме да им помогнеме на студентите е да го избистрат погледот, критички да се пробиваат низ семиотичкиот шум од податоци и дезинформации, идеолошки замки, наследени предрасуди и од дистописки тенденции за да дојдат до свои квалитетни сознанија за процесите кај нас и во светот. едномесечен студиски престој во Унгарија, а во август друга група ќе оди на летна школа во Чешка. Поединечно студентите можат да поминат по еден семестар на универзитети со кои соработуваме – од Кипар до Португалија, од Обединетото Кралство, Франција и Германија до Грција и Турција. Тоа е едно неповторливо искуство и привилегија! XПокрај X класичното академско, односно теоретско образование, на вашиот универзитет се учи и низ конкретни проекти, примери и случаи од практиката. Како

изгледа тоа и како успевате да ги ставите студиите во реален контекст? Соработуваме со македонски министерства и државни органи, домашни установи, но и со амбасади, меѓународни организации и странски компании. Нашата вибрантна средина обединува професори-гости од Европа и од САД, како и професионалци од практиката, поранешни амбасадори, дипломати од кариера, државници, комуниколози и деловни луѓе од кои може да се учи непосредно. Наставата задолжително опфаќа


29 АПР. 2022

56 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

работа на проекти, симулациски вежби и анализи на тековни случаи (како, на пример, кризата во Украина, македонско-бугарските односи, евроинтеграциите, односите на САД и Кина, малцинските права во европските земји, доброто управување, хибридните закани, итн.). Она што е теорија треба да се провери и во практиката. Секој студент секоја година остварува практична работа во една од институциите со кои соработуваме. На пример, во изминатите години, најдобрите наши студенти стажираа во пет македонски амабасади во светот, како и во мисијата во ООН во Њујорк, се стекнаа со ретко искуство, но добија и пофалби за нивните знаења и вештини во работата. Какви се студентите денес, во споредба со времето кога вие бевте студент? Дали гледате храброст, свежина, нови идеи, визии што навистина можат да го променат светот? Има извонредни млади личности што доаѓаат со јасна свест за предизвиците на нашето време. Тие се отворени за дигиталната ера, информациите им се лесно достапни, комуникацијата со другите е, исто така, многу брза. Но, информацијата не е исто што и мудрост, ниту пристапот значи досегната смисла. Она во што ние се обидуваме да им помогнеме на студентите е да го избистрат погледот, критички да се пробиваат низ семиотичкиот шум од податоци и дезинформации, идеолошки замки, наследени предрасуди и од дистописки тенденции за да дојдат до свои квалитетни сознанија за процесите кај нас и во светот. Се разбира, секоја генерација има и свои ограничувања што треба да се надминат. На пример, потребни се повеќе општи познавања за цивилизациските референци од историјата, уметноста, религијата, литературата. Понекогаш студентите имаат проблем со претходно создадените навики на површност или имаат тешкотии да постигнат задлабочено внимание, што современата психологија го смета за ефект на когнитивниот и комуникацискиот модел наметнат од социјалните медиуми. Како и да е, ние сме тука да ја поттикнеме интелектуалната љубопитност на нашите студенти, да им укажеме на етичките аспекти на професијата и да создаваме личности што сакаат да се усовршуваат себеси и светот. Што мислите за перспективите на политичките студии како дисциплина? Што треба да имаат

Навистина ми е драго што нашите студенти и постдипломци добиваат стипендии и продолжуваат на докторски студии на најпрестижни универзитети во светот. Други, пак, наоѓаат работа во државни институции од министерствата за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи, до владини служби и други државни и локални установи. Исто така, некои се ангажирани во невладини и тинк-тенк организации, странски мисии и меѓународни организации, како, на пример, ИОМ, УНХЦР, УНДП и ОБСЕ.

предвид младите луѓе што сакаат да станат политолози? Човекот е „зоон политикон“, велеше Аристотел. Како дружевно, комуникативно битие, човекот е нужно упатен кон заедница со другите. Затоа разбирањето на моделите на заедница, начелата на полисот и уредувањето на односите се вечно актуелни прашања. И на микроплан и на макроплан, светот се соочува со исклучително тешки предизвици, промена на парадигми и ризици во размери што не постоеле претходно. Професионалци што ќе имаат добри знаења за меѓународните односи и вештини за лидерство и добро управување, денес се попотребни од кога било. Навистина ми е драго што нашите студенти и постдипломци добиваат стипендии и продолжуваат на

докторски студии на најпрестижни универзитети во светот. Други, пак, наоѓаат работа во државни институции - од министерствата за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи, до владини служби и други државни и локални установи. Исто така, некои се ангажирани во невладини и тинктенк организации, странски мисии и меѓународни организации, како, на пример, ИОМ, УНХЦР, УНДП и ОБСЕ. Во сите овие институции и организации веќе работат наши алумни. Навистина е задоволство да се види нивниот напредок. Од нив се очекува и понатаму да ја пренесуваат извонредноста што ја споделуваме на Факултетот за политички науки при УАКС, трудејќи се да ја оправдаат довербата и одговорноста што им е дадена.





29 АПР. 2022

58 АНАЛИЗА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

БИТКОИНОТ НЕ Е ИНСТРУМЕНТ ЗА ЗАШТИТА ОД ИНФЛАЦИЈА! ГРАФИК 1

СНЕЖАНА ПОПОВСКА CMT, CFTe Технички аналитичар

Никогаш немало докази дека Биткоинот е хеџ (заштита) против инфлацијата. И можеби еден ден тоа ќе се промени. Но, не можеме да инвестираме на пазар врз основа на тоа како мислиме дека треба да се однесува или како сакаме да се однесува. Треба да инвестираме на пазарот според тоа како што тој се однесува.


59

29 АПР. 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Ч

есто слушам дека Биткоинот е инструмент за заштита од инфлација поради неговата ограничена количина. Можеби еден ден може да биде. Но, до сега воопшто нема докази кои ја поддржуваат таа теза. Кога ќе ја погледнете историјата, ќе забележите дека цените на берзанските стоки се тие што растат со „инфлацијата“. И исто така, Treasury Inflation-Protected Security (TIPS), обврзници кои се дизајнирани да го прават токму тоа, особено во однос на обврзниците со номинален принос. Тоа можете да го видите на график 1. Никогаш немало докази дека Биткоинот е хеџ (заштита) против инфлацијата. И можеби еден ден тоа ќе се промени. Но, не можеме да инвестираме на пазар врз основа на тоа како мислиме дека треба да ГРАФИК 2

ГРАФИК 3

се однесува или како сакаме да се однесува. Треба да инвестираме на пазарот според тоа како што тој се однесува. Биткоинот е во корелација и се движи со акциите за раст (growth stocks) (видете график2) Во прилог анализа на Биткоинот и што може да очекуваме кај него. (график3) Една од карактеристиките на развојот на пазар во кој преовладуваат “мечкин тренд“ (пад на вредноста на акциите, н.з.) е лажниот пробив на цената. Токму тоа се случи кон крајот на март. Лажниот пробив обично е проследен со натпросечни потези во спротивна насока од пробивањето, додека трговците се обидуваа да се вратат на вистинската страна на трендот, што се чини дека се случуваше во последните неколку недели. Неуспехот на цената да го пробие својот 200-дневен MA е

уште еден знак на мечкин пазар. На дневна основа, нивото за следење сега е 35.000 долари, бидејќи тоа ја означува почетната точка на пораст во 2022 година. Ако тоа ниво се пробие, прогресијата на повисоки врвови и повисоки долини ќе биде обратна. Биткоинот продолжува да доживува постепено техничко влошување, но се’ уште е потребна конфирмација. Кога некој пазар брзо се зголемува во подолг период, навидум изгледа дека никогаш повеќе нема да падне, па самодовербата природно создава движечка сила. Тој оптимизам резултира со самозадоволство и невнимателни одлуки. Со рапидно растење на каматните стапки, што потенцијално ќе влијае на сметките за маржа, сега може да биде добро време да започнете со симнување на некои облози од масата. nnn


29 АПР. 2022

60 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

РЕКОА ЗА ...

БИЗНИС ЗДЕЛКИТЕ Познавај си го бизнисот и индустријата подобро од било кој друг. Сакај го она што го правиш, или не го прави воопшто.

Волстрит е единственото место каде што луѓе доаѓаат во Ролс Ројс за да слушнат совет од оние што пристигаат со метро.

МАРК КЈУБАН

американски бизнисмен, инвеститор и филантроп

ВОРЕН БАФЕТ

американски инвеститор и милијардер


Тргувајте безбедно Осигурување на побарувања

Македонските компании своите производи и услуги ги продаваат во земјава и во странство, овозможувајќи им на купувачите одложена исплата. Осигурувањето на побарувања на Триглав ги штити компаниите и обезбедува навремена и целосна исплата на нивните побарувања. Овој производ им помага на компаниите да го стабилизираат своето финансиско работење и да ја подобрат конкурентноста. Осигурувањето на побарувања го штити осигуреникот од ризици како банкрот, или стечај, т.е. несолвентност на купувачот, како и ненавремено плаќање. Ова осигурување ја подобрува ликвидноста, заштитата на паричните текови, овозможува остварување на финансиските планови и буџети и придонесува кон подобрување на финансиските показатели на компанијата. Со тоа позитивно влијае и врз продажните резултати, овозможувајќи излез на нови пазари, како и обезбедување нови купувачи на постоечките пазари, а ја подобрува и конкурентноста, затоа што овозможува продажба со одложено плаќање, без банкарски гаранции и акредитиви. Осигурувањето на побарувања на Триглав може да се склучи за купувачи од целиот свет.


29 АПР. 2022

62 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1125

Деновиве главна вест во светската бизнис јавност е преземањето на социјалната мрежа Твитер од страна на најбогатиот човек на планетава, Илон Маск, за 44 милијарди долари. И додека аналитичарите се преокупирани со тоа што ќе направи понатаму Маск со Твитер, една од најмоќните алатки за комуникација и креирање на јавното мислење, да погледнеме за миг што кажале некои од значајните луѓе во историјата на бизнисот токму на темата инвестирање, преземања и зделки.

Влезете во компанија што било кој идиот може да ја води – затоа што порано или подоцна, некој идиот веројатно и ќе ја води.

ПИТЕР ЛИНЧ

американски инвеститор и милијардер

САЈМОН СИНЕК

британско – американски автор и мотивациски говорник

Инвестирањето повеќе треба да е како да гледате уметничка слика да се суши, или тревата да расте. Ако сакате возбуда, земете 1000 долари и одете во Лас Вегас.

Компаниските спојувања се како браковите. Две индивидуи влегуваат во заедница. Ако не би се венчале со некого поради „оперативната ефикасност“ што ја нуди за водење на едно домаќинство, зошто тогаш би споиле две компании со различна култура и идентитет, од истата причина?

Најопасните четири зборови во инвестирањето се „овој пат е поинаку“

ПОЛ СЕМЈУЕЛСОН американски економист

СЕР ЏОН ТЕМПЛТОН

американско – британски инвеститор

Не барај ја иглата во стог сено. Едноставно, купи го стогот со сено!

Никогаш не сум се грижел за тоа колку нешто чини. Битно ми е колку вреди.

АРИ ЕМАНУЕЛ

американски бизнисмен, директор на Endeavor

ЏОН БОГЛ

американски инвеститор и бизнис магнат

Нашиот бизнис е многу едноставен. Кога ќе го погледнете зделката, ако нејзината структура личи на октопод или пајак, бегајте од таму.

Не е важно дали си во право или грешиш, туку колку пари правиш кога си во право, а колку губиш кога грешиш.

ТИМОТИ СЛОУН

американски банкар, директор на Wells Fargo

ЏОРЏ СОРОС

американски инвеститор и милијардер


50 х

20.000 МКД

Промотивно

до 31 Мај

Без

трошоци за проценка и одобрување

НЛБ Станбен кредит

Вистинска можност да живееш по свое!

Аплицирај за НЛБ Станбен кредит до 31 мај и учествувај во големата наградна игра „НЛБ за млади!“. Правилата за наградната игра се објавени на www.nlb.mk



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.