1126-Kapital magazin

Page 1

„АЛКАЛОИД“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА СТЕЈТ ДИПАРТМЕНТ

ОТВОРЕНА НАЈМОДЕРНА ФАБРИКА ЗА КОНЦЕНТРАТИ ЗА ХЕМОДИЈАЛИЗА

ВЛАДАТА Е НАЈГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ - ТОА Е ОСНОВА ЗА КОРУПЦИЈА!

business magazine

ПЕСИМИЗАМ КАЈ БИЗНИСМЕНИТЕ ТОП МЕНАЏЕРИ ОД ЕВРОПА СТРАВУВААТ ОД ГОЛЕМА РЕЦЕСИЈА

БРОЈ 1126 l 13 април 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

COVER STORY

INTERVIEW

САНЕЛ КУСТУРИЦА, НИНА НЕДАНОСКА И АЛВИН АЛИЧЕВИЌ

членови на УО на Шпаркасе Банка АД Скопје

СО НАШИОТ ИЗВОНРЕДЕН ТИМ ЌЕ БИДЕМЕ ПАРТНЕР И ДВИЖЕЧКА СИЛА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ХРВАТСКИ НАУЧНИЦИ НАПРАВИЈА ПОДВИГ ОТКРИЕНА МОЖНОСТ ЗА ПОЕВТИНО ПРОИЗВОДСТВО НА МИКРОЧИПОВИ

КАКО РАБОТЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ



3

КАПИТАЛ... 1126

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

14

22

Санел Кустурица, Нина Неданоска и Алвин Аличевиќ

Светска банка прогнозира

6

COVER STORY

Анализа на резултатите на котираните компании во првиот квартал Кризата, како за кого...

13 МАЈ 2022

ИНТЕРВЈУ

членови на УО на Шпаркасе Банка АД Скопје

ЕКОНОМИЈА

најслаб раст на македонската економија во цел Западен Балкан

30

ЕНЕРГЕТИКА

Почна изградбата на терминалот за течен гас во грчки Александрополис, каде што и Македонија има свој удел Балканот во трка за енергетска независност од Русија

38

36

ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Банкарските кредити

„Алкалоид“

го зголемија двојно бројот на лица со животно осигурување

со нова инвестиција од 1,8 милиони евра COVER STORY Анализа на резултатите на котираните компании во првиот квартал....6 Кризата, како за кого... ИНТЕРВЈУ Санел Кустурица, Нина Неданоска и Алвин Аличевиќ – членови на УО на Шпаркасе Банка АД Скопје......................................14 Со нашиот извонреден тим ќе бидеме партнер и движечка сила на македонската економија ЕКОНОМИЈА Загрижувачки прогнози за економијата...................................................22 Светска банка прогнозира најслаб раст на македонската економија во цел Западен Балкан ЕНЕРГЕТИКА Почна изградбата на терминалот за течен гас во грчки Александрополис, каде што и Македонија има свој удел.......................30

40

ПОЛИТИКА

Владата е најголем работодавач тоа е основа за корупција!

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ „Алкалоид“ со нова инвестиција од 1,8 милиони евра......................................36 Отворена најмодерна фабрика за концентрати за хемодијализа

ТЕХНОЛОГИЈА И ИНОВАЦИИ Хрватски научници направија подвиг.......................................................................50 Откриена можност за поевтино производство на микрочипови

ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ Македонските граѓани за првпат вложиле над две милијарди денари во една година..................................................38 Банкарските кредити го зголемија двојно бројот на лица со животно осигурување

STARTUP Зошто стартапите пропаѓаат?...........54 Од неусогласеност на производите со пазарот до неслога во тимот, ги анализираме најчестите причини за неуспехот на стартапите

ПОЛИТИКА Извештај за човекови права на Стејт Дипартмент...................................40 Владата е најголем работодавач - тоа е основа за корупција! ЕКОНОМИЈА Песимизам кај бизнисмените..............46 Топ менаџери од Европа стравуваат од голема рецесија

МЕНАЏМЕНТ Еден од главните стратешки технолошки трендови во 2022..........56 Decision Intelligence за полесно донесување квалитетни одлуки ЛИДЕРСТВО Рекоа за.................................................................60 Патриотизмот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 12.05.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


13 МАЈ 2022

4

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ВО ФОКУС

ПАНИКАТА НА ВОЛСТРИТ ЗБРИША 1.000 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ КАЈ ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ ЗА ТРИ ДЕНА

Н

Најголемите светски технолошки компании загубија повеќе од 1.000 милијарди долари пазарна вредност за само три денови на тргување на американските берзи. Главните американски берзански индекси Dow Jones, S&P 500 и NASDAQ забележаа пад откако Федералните резерви пред десетина дена објавија зголемување на основната каматна стапка, но технолошкиот сектор особено беше погоден. NASDAQ Composite, индексот на технолошките компании, е за речиси 30% паднат во однос на историски највисоката вредност, од ноември 2021 година. Паничната распродажба на Волстрит предизвикана од неизвесноста

околу инфлацијата, војната во Украина и кинеските локдауни си го стори своето. Apple, компанијата со најголема пазарна капитализација на планетава, за само три дена тргување (5, 6 и 9 мај) загуби 220 милијарди долари вредност, додека Microsoft околу 189 милијарди долари. Падот на акциите збриша речиси 200 милијарди долари и од вредноста на Tesla, 173 милијарди на Amazon, 123 милијарди на Alphabet, компанијата мајка на Google, а Meta Platforms, под чија капа е Facebook, помина „најдобро“ помеѓу т.н. голема петорка на технолошки компании, со „само“ 70 милијарди долари загубена вредност. nnn



6 COVER STORY 13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

COVER STORY

КРИЗАТА, КАКО ЗА КОГО И во услови на отежнато работење како последица на сè уште незавршената ковид –пандемија, сето тоа засилено со ефектите од војната во Украина врз глобалната економија, дел од македонските компании од неколкуте клучни индустриски и услужни сектори успеаја да забележат добри резултати во првиот квартал од 2022. Со остварените профити предничат банките, со зголемувања во однос на лани и по 45%, при што трите најголеми банки во државава, имаат околу 40% од целокупната добивка на сите стотина компании котирани на берза. Сектори коишто поминаа добро се и нафтените деривати, фармацијата, додека градежништвото, на пример, се соочува со последици од нереализираните капитални инвестиции, поскапените инпути, итн.


АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ НА 13 МАЈ 2022 7 КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

...


13 МАЈ 2022

8

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

COVER STORY

Глобалната побарувачка на нафта и нафтени деривати бележи закрепнување во првиот квартал на 2022 година, продолжувајќи ги движењата постигнати во текот на 2021 година, што им донесе зголемени приходи и добивки на Окта и Макпетрол.

ИГОР ПЕТРОВСКИ

деривати, прехраната, фармацијата и финансиските услуги.

акедонската индустрија, како и услужниот сектор, влегоа во 2022 година со оптимизам дека последиците од ковид пандемијата пополека ќе почнат да се санираат и дека ќе останат предизвиците како што се отежнатите логистички синџири, зголемените цени на светските берзански стоки, намалената ликвидност, итн. Како сето тоа да не беше доволно, на крајот од февруари почна инвазијата на Русија врз Украина, којашто покрај ненадоместливите загуби на човечки животи и големите уништувања на инфраструктурата во земјата, предизвика и цела низа на последици врз глобалната економија: поскапување на енергенсите, цените на основните прехранбени производи, како и дузина метални и неметални суровини чиишто големи извозници се двете завојувани земји. Во такви околности, со сите овие надворешни притисоци, да видиме како работеа во првиот квартал компаниите што котираат на Македонската берза, каде што има претставници од неколкуте клучни сектори: базичната индустрија, градежништвото, нафтените

Во делот на базичната индустрија, челичарницата Макстил, првите три месеци од годинава ги заврши со значително зголемување на приходите од продажба и добивката, вклопувајќи се во позитивниот тренд на закрепнување на глобалната челична индустрија, кој почна минатата година, но како што велат во компанијата, полека паѓа во сенката на руско – украинскиот конфликт. „Во следниот период се очекува уште поголемо влијание од војната, непосредно преку зголемување на цените на енергенсите и берзанските производи, особено на влезните суровини потребни за челичната индустрија, како и постојаните прекини во синџирот на снабдување, којшто создаваше проблеми уште пред почетокот на воениот конфликт во Украина“, велат од Макстил. Компанијата за првите три месеци има речиси двојно зголемување на приходите од продажба, на 2,59 милијарди денари, поради зголемениот обем на испорачани количини на готови производи и променета структура на испораките во корист на сопствени продажби, за сметка на испораки по осно на

автор:

М

„Нафташите“ повторно ги дочекаа своите пет минути

договори за преработка, како и поради зголемување на цените на производите. Добивката пред оданочување во првиот квартал изнесува 258 милиони денари и е за повеќе од трикратно поголема во однос на истиот период лани. Нафтените компании во земјава, Окта и Макпетрол, исто така имаа успешен квартал, што се гледа по остварените приходи и добивки. „Глобалната побарувачка на нафта и нафтени деривати бележи закрепнување во првиот квартал на 2022 година, продолжувајќи ги движењата постигнати во текот на 2021 година, што претставува значајна промена во однос на 2020 година, кога индустријата за нафта и гас беше сериозно погодена. Порастот на побарувачката за бензин и дизел е резултат на континуираните патувања од страна на потрошувачите, како и закрепнувањето на деловната активност поради повторното отворање. И покрај зголемениот број на заразени со Ковид-19, индикаторите за мобилност останаа силни, додека геополитичката криза што се појави кон крајот на февруари, предизвика нарушување во снабдувањето со нафта и доведе до нагло зголемување на меѓународните цени на горивата.“, објаснуваат од најголемиот снабдувач со нафтени деривати во земјава, Окта.


9

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Приходите од продажба на компанијата во првиот квартал се зголемени за 2,6 пати, на 11,3 милијарди денари, при што приходите на домашниот пазар се зголемени за 2,7 пати на 8,9 милијарди денари, додека на странски пазар за 2,4 пати, на 2,4 милијарди денари. Трошоците на продадените производи и услуги се зголемени за 2,6 пати, на 10,7 милијарди денари. Бруто маржата во првите три месеци изнесувала 630 милиони денари, надминувајќи ги 286 милиони денари од минатата година, додека добивката пред оданочување достигна 478 милиони денари, речиси тројно поголема од лани. Макпетрол, исто така, има зголемување на приходите од продажба во првиот квартал, и тоа за 80%, на 7 милијарди денари, додека оперативните расходи се зголемени за 75%, на 6,84 милијарди денари. Добивката пред оданочување е неколкукратно зголемена во однос на првиот

квартал лани и изнесува 215 милиони денари.

Градежниците погодени од кризата, инфлацијата и нереализираните капитални инвестиции

Кај градежниот сектор, на Берза котираат неколку компании, од коишто ќе ги анализираме резултатите на Гранит и Бетон. Гранит има вкупни приходи во првите три месеци поголеми за 15%, и изнесуваат 778,8 милиони денари, додека вкупните расходи на компанијата се 772,9 милиони денари и бележат зголемување, за исто така 15%. Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 32% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали за изградба како и недостигот и доцнењата во нивна испорака. Компанијата има добивка од редовното работење во износ од 5,9 милиони денари, што е за 23% поголема од лани, додека

вкупна сеопфатна добивка од 125,3 милиони денари, како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции што ги поседува друштвото во прв квартал од 2022 година. “Секторот градежништво во времето на текот на пандемијата продолжи да функционира, но во изменети и новонастанати околности. Исто така, кризата во Украина како и зголемување на цените на енергенсите и континуираниот пораст на цените на суровините, порастот на минималната плата а со тоа и пораст на сите останати плати, ќе имаат влијание на пораст на трошоците на главните инпути во наредниот период.”, велат од Гранит. Кај Бетон, пак, се забележува големо намалување на приходите од редовно работење во првиот квартал, од дури 65%, на 69,2 милиони денари, додека расходите на компанијата се намалени за 4%,


13 МАЈ 2022

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Секторот градежништво во времето на текот на пандемијата продолжи да функционира, но во изменети и новонастанати околности. Исто така, кризата во Украина како и зголемување на цените на енергенсите и континуираниот пораст на цените на суровините, порастот на минималната плата а со тоа и пораст на сите останати плати, ќе имаат влијание на пораст на трошоците на главните инпути во наредниот период.

на 203 милиони денари. Резултатот е оперативна загуба од 136 милиони денари и нето загуба од 146 милиони денари. Во делот на индустријата на градежни материјали, Адинг бележи вкупен приход од 111,6 милиони денари, што е поголем за 22% од лани. Во првиот квартал компанијата има вкупни расходи од 102,4 милиони денари, поголеми за 18,2%. Остварена е добивка пред оданочување од 9,8 милиони денари, помала за 20% од лани. „Во период на намалена градежна активност во земјата, со последици предизвикани од пандемијата на Ковид-19 коишто се уште се чувствуваат, нереализираните капитални инвестиции од државата, сеприсутниот проблем со неликвидноста кај компаниите и војната во Украина која ја поттикна инфлацијата, Адинг редовно ги подмирува своите обврски кон компаниите, вработените, акционерите, финансиските институции и државата. Сето наведено придонесе за зголемување на кредитната задолженост за речиси 30 милиони денари“, објаснуваат од Адинг.

Фармацијата стандардно добра

Во делот на фармацијата, најголемата компанија во земјата во оваа сфера, Алкалоид, во првиот квартал има вкупни консолидирани продажби од 3,62 милијарди денари, што е за 11 % повеќе во споредба со првиот квартал лани. Консолидираната оперативна добивка достигнала 423 милиони денари и бележи раст од 5 %, додека, пак, консолидираната нетодобивка во износ од 361,4 милиони

денари е зголемена за 4 %. Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 9 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 12 %. Од вкупните консолидирани продажби 33 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 67 % се остварени на странските пазари. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 218, 6 милиони денари, што е за 22% повеќе во споредба со истиот период во 2021 година. Според компанијата, она што како тренд започна во 2021 година, а ќе доминира и во 2022 година е забележителниот раст на цените на голем дел од влезните суровини и материјали, енергенсите, како и порастот на цените на транспортот на глобално ниво, а особено и значителните пролонгирања на роковите за испорака. „Сето ова веќе започна да влијае и на стапката на инфлацијата што веројатно како тренд ќе биде уште понагласен во периодот што следи. Земајќи го предвид конфликтот помеѓу Русија и Украина, започнувајќи од 24 февруари 2022 година, Алкалоид презема неопходни мерки за заштита на инвеститорите, купувачите и вработените обезбедувајќи им сигурни услови. Како најголем предизвик и прв приоритет за периодот што доаѓа и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели.“, велат од компанијата. Реплек, пак, во првите три месеци

има консолидирани приходи од продажба зголемени за 2%, на 360,7 милиони денари, при што приходите на странски пазар се зголемени за 1,6%, и учествуваат со 71% во вкупните приходи од продажба, додека приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за 3,2%. Приходите од продажба на сегмент фармација се зголемени за 5,6% во однос на лани, додека приходите од продажба на трговија на разни стоки и угостителски услуги се помали. Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 57,9 милиони денари и е помала за речиси 30% во однос на лани, поради намалување на приходите од продажба кај трговијата на разни стоки и угостителски услуги (Реплек Маркет првиот квартал го заврши со загуба), додека кај консолидираните оперативни расходи се забележува зголемен трошок за електрична енергија, амортизација, трошок за вработени и зголемени цени на суровините и амбалажата. Во делот на земјоделието и прехранбената индустрија, ЗК Пелагонија има пораст на приходите од продажба за 26%, на 159,4 милиони денари, но и раст на останатите оперативни приходи, на износ од 62,6 милиони денари. Добивката на компанијата изнесува 82,2 милиони денари. Прилепска Витаминка, има пораст на приходите во првиот квартал за 17%, на 833 милиони денари, додека расходите се 839 милиони денари, пораст од 18%. Остварена е добивка од 13,7 милиони денари, што е поголема за 10% од лани. Од компанијата велат дека се



13 МАЈ 2022

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

задоволни од трендот на приходите, но дека е неблагодарно да се предвидува што ќе се случува до крајот на годината, поради големата макроекономска нестабилност. „Воениот конфликт во Украина, високата инфлација и геополитичката состојба и понатаму е непозната. Оперативниот тим на друштвото води посебна грижа за готовинскиот тек.“, велат од Витаминка. Кондиторската фабрика Европа од Скопје, во првите три месеци има зголемени оперативни приходи за 13,3%, на 200 милиони денари, додека вкупните приходи се зголемени за 11,6% на речиси 180 милиони денари. Добивката за првиот квартал е речиси 20 милиони денари и е за 5,2% поголема во однос на лани. Производителот од месната индустрија, Пекабеско, во првиот квартал има приходи од работењето од 1,16 милијарди денари, за 16% повисоки од лани и расходи од 1,14 милијарди денари, поголеми за 17%. Компанијата која што покрај преработките на месо, се занимава и со дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, има добивка од 15,2 милиони денари, пониска за 35% во однос на лани. Според менаџментот, главните причини за послабиот резултат се: состојбата на замрзнати продажни цени со владина одлука за период од 1.12.2021 до 28.02.2022 година; пораст на трошоците за енергија за 200% во однос на минатата година како и раст на сите влезни цени за набавка на суровини и репроматеријали; и појава на африканска чума и неможност да се извезува на некои нивни пазари во јануари и февруари.

За банките нема зима, профитите растат и по 45%

Банките продолжуваат со успешни резултати, односно зголемени приходи и добивки и покрај кризата и неизвесноста во која се наоѓа домашната економија генерално. Ќе ги анализираме резултатите на трите најголеми банки во државава, според износот на активата, Стопанска банка – Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка. Стопанска банка – Скопје во првиот квартал бележи зголемување на нето приходите од камати за 8%, на 991,5 милиони денари, најмногу како резултат на зголемените кредитни активности. Трендот на ниски каматни стапки е се’ уште присутен, со поголем ефект кај каматните расходи поради поголемиот износ на депозити во однос на кредити. Нето приходите

Банките продолжуваат со успешни резултати, односно зголемени приходи и добивки и покрај кризата и неизвесноста во која се наоѓа домашната економија генерално. Комерцијална банка има зголемување на добивката од 45%, додека Стопанска банка и НЛБ Банка од 30%. од провизии и надоместоци се поголеми за 5% и изнесуваат 214,2 милиони денари, најмногу поради зголемениот обем на активности во делот на платниот промет и картичното работење. Зголемени се и нето приходите од курсни разлики, за 40%, на 41,7 милиони денари, додека останатите приходи од дејноста се зголемени за 55%, на 133,5 милиони денари. Во првите три месеци, Стопанска –Скопје поради резервации за лоши пласмани издвоила 182,8 милиони денари, сума која е помала за 24% во однос на истиот период лани. Остварената добивка пред оданочување изнесува 736,4 милиони денари и е повисока за 30% во однос на лани. Комерцијална банка има зголемување на вкупните приходи од работењето за 6,7%, на 1,12 милијарди денари, при што нето приходите од камата се поголеми за 9,6% главно како резултат на зголемувањето на приходите од камата од кредити дадени на нефинансиски друштва, држава и домаќинства, како резултат на зголемено кредитирање, додека нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 250,8 милиони денари и се поголеми за 4%. Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 57,3 милиони денари и се зголемени за 37%, а останатите приходи од работењето изнесуваат 186,9 милиони денари и се намалени за 0,4%, во најголем дел како резултат на помалиот

износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот, додека приходите од наплатените претходно отпишани побарувања се зголемени. Комерцијална банка има добивка пред оданочување од 522,6 милиони денари, што е за 45% повеќе во однос на лани. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 1,1% поголема во однос на истиот период минатата година. НЛБ Банка, во првите три месеци има нето добивка од 653,6 милиони денари, што е зголемување од 30,9%, и како што вели во образложението на финансискиот резултат, ова се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката. Нето каматните приходи во првите три месеци се повисоки за 4,4%, нето приходите од провизии се повисоки за 6,7%, додека останатите некаматни приходи се намалени, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население. Вкупните приходи од работење изнесуваат 1,24 милијарди денари и се повисоки за 3,9%. nnn


ВРШИ РАБОТА, ШТЕДИ ПАРИ! Со Триглав Каско добивате бесплатно електрично заменско возило додека Вашето е на сервис.

0800 02 222

#онакога не мораш да ги откажуваш плановите за викендот затоа што колата ти ја задржале на сервис. Во соработка со Avant Car.


13 МАЈ 2022

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126


INTERVIEW

15

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Санел Кустурица, Нина Неданоска и Алвин Аличевиќ

членови на УО на Шпаркасе Банка АД Скопје

СО НАШИОТ ИЗВОНРЕДЕН ТИМ ЌЕ БИДЕМЕ ПАРТНЕР И ДВИЖЕЧКА СИЛА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА И покрај сите предизвици, посветени сме на нашата стратегија и Банката ќе продолжи да биде подеднакво присутна во сите сфери на банкарското работење, со поддршка на проектното финансирање, заедно со групацијата, како и поддршка на инфраструктурните проекти на приватниот и јавниот сектор. Ќе ги поддржиме и нашите клиенти во остварувањето на нивниот сон за нов дом, но и за сите оние мали нешта кои ги прават среќни. Продолжуваме заедно и тимски да градиме банка која ќе биде првиот избор на финансиски партнер.


13 МАЈ 2022

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Ш

паркасе Банка АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе групацијата, која бележи скоро 2 века постоење на финансискиот пазар во Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. На почетокот на мај, на челната позиција на Банката, претседател на Управниот одбор (УО), доаѓа Санел Кустурица, којшто и се придружи на Банката на почетокот на 2021 година, откако претходно беше на чело на Шпаркасе Банка во Босна и Херцеговина повеќе од 10 години. Нина Неданоска, досегашниот член на УО ја презеде позицијата заменик-претседател на УО, додека Алвин Аличевиќ, кој е член на УО на Банката од 2017 година, ќе продолжи да ја извршува својата функција на член на УО, одговорен за управување со ризиците. Од Банката проценуваат дека оваа непречена транзиција дополнително ќе придонесе кон севкупниот иден развој, потенцијал и репутација на Шпаркасе Банка АД Скопје како стабилна и прудентна банка, преку остварување на високо поставените цели. XКаква X е позицијата на Шпаркасе Банка моментално на пазарот, по аквизицијата на Охридска банка? Минатата година ја завршивте со рекордни бројки за банката, а какви се плановите и проекциите за оваа тековна, 2022, со оглед на сите економски предизвици? Кустурица: Во 2021 година, а и годината пред тоа, вложивме значителни напори за да направиме еден историски пресврт во банкарството во Република Северна Македонија, интегриравме две стабилни и успешни банки. Се разбира најзаслужни за тоа се нашите вработени, за што сме крајно благодарни. Од денот на спојувањето веќе имавме една поголема и помоќна Шпаркасе Банка, која со актива од 1,15 милијарди евра се позиционираше во групата на големи банки. Со својата експертиза и искуство, како и со поддршката која континуирано ја добиваме од нашите сопственици, Банката ја зацврстува својата позиција на доверлив партнер на сите наши клиенти. И покрај предизвиците

со кои се соочувавме минатата година пред се заради процесот на интеграција, но и сè уште актуелната криза предизвикана од Ковид пандемијата, успеавме да ја зголемиме клиентската база и да оствариме раст во сите сегменти на работењето. Во моментов Шпаркасе Банка е втора по големина банка според кредитно портфолио на правни лица од 455 милиони евра и пазарно учество од 15,2% односно трета во делот на кредити на физички лица со портфолио од 423 милиони евра и пазарното учество од 13,2% поддржувајќи го во голема мерка растот на економијата. Уделот на девизниот пазар е 25%, а банката е лидер во тргување со хартии од вредност извршувајќи над 50% од вкупните тргувањата со хартии од вредност во земјата на меѓународни пазари. Во сферата на соработката со меѓународните мултинационални компании присутни во Македонија, а особено оние во зоните, учеството на банката достигна и над 70 проценти. Шпаркасе Банка во моментот опслужува над 120.000 клиенти во земјата, преку 36 експозитури и широка мрежа на банкомати на над 100 локации ширум државата. Во 2021 год. Банката оствари рекорден нето профит од над 10,3 милиони евра, што е над поставените очекувања, а имајќи ја предвид годината во која се направија значајни инвестиции и трошоци. Со тоа придонесовме во остварувањето на вкупниот резултат на нашата групација која ја заврши годината со 307 милиони евра добивка. Стапката на трошоци/приходи од 50,9% заедно со стапката на поврат на капитал од 8,1% и ниското ниво на нефункционални кредити од 3,9% се потврда за силните оперативни перформанси на банката и перспективи за стабилен развој на долг рок. На сите овие постигнувања сме особено горди, но ова значи и многу поголема одговорност спрема нашите клиенти, нашите вработени и целокупната заедница. Благодарни сме за разбирањето и трпението што го имаа кога заедно поминувавме низ процесот на интеграција и стабилизација и максимално сме посветени да ја оправдаме дадената доверба. Токму затоа со засилено темпо ја започнавме и оваа 2022 година, во насока на остварување на високо поставените цели и исполнување на ветувањата дадени кон клиентите и на сите останати чинители во

економијата. Мислевме дека една голема криза оставаме зад нас, но ете уште на почетокот на оваа година се соочивме со нови кризи. Оваа 2022 година започна со многу предизвици во облик на висока стапка на инфлација, висока задолженост на приватниот и јавниот сектор, енергетска и воена криза, а Северна Македонија ќе продолжи да ја дели судбината на светската и особено на европската економија. И покрај сите предизвици, посветени сме на нашата стратегија и Банката ќе продолжи да биде подеднакво присутна во сите сфери на банкарското работење, со поддршка на проектното финансирање, заедно со групацијата, како и поддршка на инфраструктурните проекти на приватниот и јавниот сектор. Ќе ги поддржиме и нашите клиенти во остварувањето на нивниот сон за нов дом, но и за сите оние мали нешта кои ги прават среќни. Продолжуваме заедно и тимски да градиме банка која ќе биде првиот избор на финансиски партнер. Продолжуваме да инвестираме во дигитализација и унапредување на ефикасноста на банкарските процеси. Веќе се започнати многу проекти кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на услугата кон клиентите и истовремено ќе ја зголемат ефикасноста во работењето на Банката. XКако X го оценувате македонскиот банкарски пазар во споредба со развиените пазари? Кустурица: Банкарскиот сектор во Северна Македонија е стабилен и високо капитализиран. Потврда за тоа се изминативе кризни години, во кои се измени нашето секојдневие поради мерките за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот, а ние моравме постојано да се прилагодуваме и да бидеме поддршка на нашите клиенти во најтешките денови. И во вакви услови банкарскиот сектор остана стабилен и профитабилен пред се заради значајно зголемување на ефикасноста и продуктивноста и се разбира приспособливоста на новата ситуација, иако најчесто банките се перципирани како конзервативни институции кои не се спремни така брзо и лесно да се менуваат. Сплотени и консолидирани преку Македонската банкарска асоцијација и на почетокот на кризата, а и во следниот период, реагираме исклучително брзо на сите предизвици, како активни чинители во креирањето на монетарната политика, но и


17

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

учесници во бизнис заедницата. Сепак сме неизоставен дел од Европа, каде особено финансискиот сектор е строго регулиран и каде се почитуваат високи стандарди и принципи за водење на бизнис. Оценките за стабилноста на државата секако влијаат и врз оценките на стабилноста на банките и банкарскиот сектор. Согласно одлуката на Европската Комисија која беше донесена во октомври минатата година, со којашто Северна Македонија е вклучена во листата на земји чии што прудентни, супервизорски и регулаторни барања и активности за третман на изложеноста се еквивалентни со соодветните практики и регулативи на ЕУ, Народната банка доби значајно признанија за важната улога што ја има во стабилноста на финансискиот сектор и развојот и стабилизацијата на економијата во земјата, при тоа прудентно применувајќи ги европските супервизорски практики.

САНЕЛ КУСТУРИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

И покрај предизвиците со кои се соочувавме минатата година, пред сè поради процесот на интеграција, но и сè уште актуелната криза предизвикана од Ковид пандемијата, успеавме да ја зголемиме клиентската база и да оствариме раст во сите сегменти на работењето. На сите овие постигнувања сме особено горди, но ова значи и многу поголема одговорност спрема нашите клиенти, нашите вработени и целокупната заедница.

XКонкуренцијата X на банкарскиот пазар е прилично голема, банките се борат за секој клиент, особено во делот на кредитните понуди. Каква е динамиката на кредитирањето во Шпаркасе изминатиов период и кои се вашите конкурентски предности? Што може клиентите да очекуваат како новитет во овој дел? Неданоска: Точно е дека во банкарскиот сектор постои силна конкуренција во понудата на кредити и други банкарски производи и услуги, што секако е позитивно за корисниците на услугите, клиентите на банките, бидејќи имаат соодветен избор. Ние во Шпаркасе Банка се натпреваруваме сами со себе. Целта ни е со секој изминат ден да бидеме сè подобри и подобри, а тоа секако на крај ќе го оценат нашите клиенти. Ние сакаме да бидеме прв избор на клиентите во Македонија, високо рангирана банка според квалитетот на производите и услугите и според посветеноста на нашите клиенти. Потребно е време, но ние работиме напорно за да го постигнеме ова. Имаме веќе зацртан пат по кој треба да се движиме и би сакале да станеме банка лидер во сите сегменти од работењето. Притоа, ги земаме предвид потребите и можностите на пазарот и нашите клиенти, пристапуваме кон секого поединечно и се стремиме да понудиме квалитетни услуги во согласност со принципите на нашиот успешен бизнис. Тоа секако не значи дека не следиме што прави конкуренцијата, зошто


13 МАЈ 2022

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

НИНА НЕДАНОСКА ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

Со експертската поддршка која ни ја овозможува нашата матична банка Штаермеркише Шпаркасе, постојано ја унапредуваме понудата на производи и услуги со што нудиме отворени можности за финансирање на иновативни проекти за секој економски субјект, големи и средни компании и мали бизниси, старт ап и микро компании, индивидуално. Секако, заради рејтингот кој го има Банката, за нашите клиенти се достапни и различните кредитни линии од реномирани финансиски институции, кои им овозможуваат различни бенефити.

навистина здравата конкуренција е добредојдена и придонесува постојано да сме фокусирани на унапредување на понудата на производи и услуги, но и на сервисот кој го нудиме на клиентите. Во првиот квартал остваривме раст во кредитирањето согласно нашите планови, што е во линија на остварениот раст во банкарски сектор. Во моментов имаме активна понуда на потрошувачки кредити за физички лица со исклучително поволни каматни стапки од 4,99%. Исто така имаме атрактивна понуда за станбени кредити со фиксна каматна стапка од 2,9% за првите 10 години. Секако не се само кредитните производи во фокус. Депозитната понуда е исто така разновидна и атрактивна за клиентите особено новиот производ Прогрес депозит со скалеста, растечка стапка и можност за дополнување на износот преку дигиталните канали. Континуирано работиме на подобрување на нашата деловна мрежа и мрежата на банкомати за да им обезбедиме на клиентите подобра услуга и инвестираме во развој на дигитални услуги во согласност со современите банкарски практики. Што можат клиентите да очекуваат од нас? Најпрвин она што и до сега го добивале, грижа, посветеност и одговорност од страна на нашите тимови, разбирање на нивните потреби и надминување на нивните очекувања. Континуирано подобрување на палетата на производи и услуги, како и нови иновативни понуди на пазарот. Подобрување на ефикасноста и продуктивноста, со дигитализација како главен фокус во нашата развојна стратегија и појдовна основа во градење на модерен и иновативен концепт на работење и опслужување на клиентите. Сепак, нашиот балкански менталитет е да се чувствуваме сигурни и да уживаме најповолни услуги, а тука е Шпаркасе Банка, со својата 200-годишна традиција на обезбедување висококвалитетни банкарски услуги во Австрија и Европа, да ја обезбеди таа сигурност и доверба на долг рок. Со нашата определба да ги обезбедиме најдобрите услуги придонесуваме кон создавање на здрава конкуренција во банкарскиот сектор. XИмате X значајно пазарно учество во корпоративниот сегмент. Каква е вашата стратегија во оваа област од работењето, на кој начин ги привлекувате компаниите кај вас и што ќе биде во фокус следниот период? Неданоска: Шпаркасе Банка е


19 19 13 МАЈ 2022

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ KAPITAL.MK 1126 I БРОЈ 1126

второпозиционирана на пазарот според кредити на правни лица. Пазарното учество на крај на 2021 бележи пораст од 0,4% споредено со претходната година. Растот на кредитното портфолио во таква предизвикувачка година изнесуваше 11,4% и беше над пазарниот просек. Од друга страна пак пазарното учество во делот на депозити на крај на 2021 достигна 16,8% со пораст од 0.6% споредено со претходната година. Сето тоа е резултат на долгогодишната посветеност на нашиот тим и градењето на долгорочни деловни односи со нашите клиенти. Клиентот е секогаш во фокусот на нашето внимание. Спремни сме да ги слушнеме и разбереме нивните потреби, но и да ги советуваме во однос на нивните одлуки за одредени инвестиции. Со експертската поддршка која ни ја овозможува нашата матична банка Штаермеркише Шпаркасе, постојано ја унапредуваме понудата на производи и услуги со што нудиме отворени можности за финансирање на иновативни

проекти за секој економски субјект, големи и средни компании и мали бизниси, старт ап и микро компании, индивидуално. Секако, заради рејтингот кој го има Банката, за нашите клиенти се достапни и различните кредитни линии од реномирани финансиски институции, кои им овозможуваат различни бенефити. Склучивме договор со ЕБРД за нова транша од кредитната линија за енергетска ефикасност во вкупен износ од 7 милиони евра, од која веќе пласиравме 4,7 милиони евра. Дополнително се потпиша Договор за Кредитна линија за Мали и Средни Претпријатија со зелена компонента во износ од 4 милиони евра која е целосно искористена. Банката е спремна да го поддржи секој профитабилен проект, кој ќе ја подобри конкурентноста и ефикасноста на нашите клиенти, со изразен фокус на проекти кои ќе придонесат за подобрување на енергетската ефикасност и за обновливи извори на енергија. И во моментов сме лидери во овој сегмент со пазарно учество од

околу 60%, а тоа планираме да останеме и во иднина. Особено сме горди со завршувањето на првиот приватен проект за ветерници во Северна Македонија, „Богословец“, со инвестициска вредност од 51 милиони евра, кој беше реализиран во соработка со матичните банки Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе. Овој, а и уште неколку други проекти, уште повеќе ја издвоија Шпаркасе Банка на пазарот како уникатен провајдер на финансиски услуги и воедно финансиски експерт достапен на своите клиенти, што не прави доверлив партнер за соработка на долг рок. Горди сме на нашата прва специјализирана едукативна и менторска програма „Чекор по чекор“ за поддршка и пристап до финансиски средства во форма на банкарски кредит за стартап бизнисите со што придонесуваме во јакнење на домашната економија. Она кон што целиме е унапредување и модернизирање на палетата на производи и услуги во насока на дигитализација и автоматизација на производите


13 МАЈ 2022

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

и услугите, и да го поттикнеме што повеќе користењето на банкарските е-услуги во корпоративниот сегмент. А она па, што сигурно ќе го понесеме со нас и во иднина, е страста и задоволството од секој добиен нов клиент, од секој завршен и финансиран проект, од тоа кога гледаме дека нашите клиенти од година во година стануваат се поуспешни, а ние знаеме дека сме биле дел од тој нивен успех. XКакви X се вашите планови и проекции со оглед на неодамна зголемената референтна каматна стапка од страна на Народната банка. Колку ова ќе влијае врз поскапувањето на кредитите во банкарскиот сектор? Аличевиќ: Глобалните ценовни притисоци, забавувањето на растот на светската економија, нарушувањата на глобалните синџири на добавување, како и повисоките цени на енергијата, храната и металите значително го забавуваат закрепнувањето на економиите во пост - пандемискиот период. Централната банка очекувано се фокусираше на нејзиниот основен мандат за одржување на стабилноста на цените, во насока на усогласување на монетарната политика. Оцената на последните макроекономски показатели и на амбиентот на монетарната политика, упатија на потреба од промена во основната стапка, па Народната банка очекувано дејствуваше и презеде корективни мерки во таа насока. Во секој случај, очекувањата за кредитните производи се дека би останале на моменталното каматно ниво кое е навистина ниско, со назнака дека натамошен надолен тренд не е реално да се очекува. Будно ќе ги следиме сите движења на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на монетарната политика и по потреба ќе преземеме корективни мерки, за што секако транспарентно ќе ја известиме целокупната јавност. XКои X се според Вас клучните дигитални трендови што треба да ги очекуваат корисниците на банкарските услуги во иднина? Аличевиќ: Реалноста е таа дека светот се повеќе напредува во доменот на технологијата во секој аспект на работењето. Банките е потребно да имаат балансиран пристап во инвестирањето на

ресурси во нови технологии, со цел да ги исполнат очекувањата на клиентите. Банкарската индустрија моментално се соочува со зголемена употреба на дигиталните канали, а посебно во областа на мобилното банкарство, плаќањата, како и примената на автоматизација, односно вештачка интелигенција во многу процеси. Очекувањата на корисниците на банкарските услуги во Република Северна Македонија е нивната банка да ги следи овие трендови. Во согласност со овие очекувања, Шпаркасе Банка АД Скопје во следните две години планира значајно да го унапреди нивото на дигиталните услуги и да се позиционира во групата на дигитални лидери на пазарот. Нашата развојна стратегија е разбирањето на потребите на клиентите и нивно задоволување на најдобар и најефикасен начин, преку постојано инвестирање во дигитализација на услугите и производите. XСе X спрема нова регулатива за финансиските услуги, што треба да овозможи влез на нови играчи, т.н. финтек сектор на пазарот. Што ќе значи ова за банките, дали очекувате конкуренција или партнерства со овие компании? Аличевиќ: Најавените долго очекувани промени во Законот за платежни услуги и системи во кој се имплементираат повеќе европски директиви во сферата на платежните услуги, како и заокружувањето на процесот за воведување на дигитален идентитет значително ќе го олесни функционирањето на финансиските институции и ќе го охрабри развојот на финтек секторот во нашата земја. Генералните очекувања се дека отворањето на пазарот на платежни услуги за нови даватели од небанкарскиот сектор, а особено оние од финтек секторот, ќе ја поттикне конкуренцијата и ќе придонесе кон воведување иновативни решенија за извршување на плаќањата во електронската трговија со пониски трансакциски трошоци. Банките се регулиран посредник во работата со пари, па во таа смисла не се очекува децентрализирање на финансиите надвор од оваа воспоставена структура. Од друга страна, финтек компаниите обезбедуваат современи иновативни решенија во финансиската сфера. Ценам дека глобално финтек

компаниите и банките сфатија дека се комплементарни, дека се надополнуваат, па во последните години интензивно инвестираат во насока на соработка и партнерство. Партнерството помеѓу банките и финтек компаниите и иновативноста во оваа сфера очекуваме да овозможи побрзи, поевтини и поефикасни безготовински плаќања за населението и компаниите и повисок степен на дигитализација на домашната економија. XВо X последно време се слуша се повеќе за значителна флуктуација на кадри во банкарскиот сектор (ИТ секторот на пример, „краде“ доста од кадарот на банките). Како се справувате со предизвикот на мотивацијата на вашите вработени? Кои се начините и методите со кои што ги мотивирате, односно како ги привлекувате и задржувате талентираните луѓе во Шпаркасе Банка? Кустурица: Мотото под кое се водам секогаш, е дека за успехот на една компанија, клучни се вработените. Да се достигне одредена цел, не можеме сами, потребни ни се луѓе кои растат со нас. Сами сме паметни, но заедно сме брилијантни. Тоа секако сите го знаат, прашањето е само кој во пракса навистина покажува дека верува во тоа. А вработените сигурно ќе почувствуваат дали сте искрени во тоа што го кажувате. Кога развивате силен тимски дух, односот на доверба и пријателство е она што ги прави луѓето посветени. Нашата цел е сите вработени во Шпаркасе Банка да ја чувствуваат како свој дом, своја фамилија. Некогаш нештата и во една фамилија не се совршени, но кога има на кого да се потпреш, едноставно знаеш дека местото ти е тука. Јасно е дека во вакви процеси на интеграција на две институции, најспецифичен е моментот на спојување на тимовите, на интеграција на две корпоративни култури во една. Колку и двете засебно да биле совршени, нашата цел беше да се воспостави една корпоративна култура со вредности во кои сите ќе веруваат и ќе ги живеат секојдневно. И навистина сме среќни што во голема мера тоа и го постигнавме. Неспорно е дека дел од нашите вработени решија својата професионална кариера да ја продолжат во други институции и ние сме секако горди што тие се


21

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

АЛВИН АЛИЧЕВИЌ

ЧЛЕН НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

Очекувањата на корисниците на банкарските услуги се нивната банка да ги следи дигиталните трендови. Во согласност со овие очекувања, Шпаркасе Банка АД Скопје во следните две години планира значајно да го унапреди нивото на дигиталните услуги и да се позиционира во групата на дигитални лидери на пазарот. Нашата развојна стратегија е разбирањето на потребите на клиентите и нивно задоволување на најдобар и најефикасен начин, преку постојано инвестирање во дигитализација на услугите и производите.

посакувани вработени, бидејќи нашата цел е да градиме доблесни и морални, вредни луѓе, експерти во различни области. Од друга страна на нашата фамилија се приклучија нови колеги кои носат нова перспектива, експертиза, кои сакаат да бидат дел од ваква реномирана финансиска институција, а ние па сакаме да инвестираме во нивниот натамошен развој. Очигледно е дека пазарот на работна сила се менува постојано. Очекувањата на вработените се менуваат од година во година. И ако за одреден производ има права формула како би требало истиот да се креира за да ги задоволи потребите на клиентите, сигурно нема точна формула со која ќе можеш да го направиш среќен секој еден вработен. Но она во што знам и верувам, е дека треба да ги слушаме нашите вработени, секој ден, на секое ниво. Токму поради тоа, креираме средина во која секој поединец се цени, во која секогаш е динамично, но и возбудливо, посебно мотивирачка и инспиративна средина, со можност за континуиран професионален и личен развој. Знаењата, вештините и способностите на нашите професионални вработени континуирано се надградуваат преку обуки, програми за личен развој, како и тим билдинзи на различни теми. Со стартот на новата 2022 година, сите вработени на банката ја имаат на располагање бенефицијата од приватно здравствено осигурување, со која им пружаме дополнителна здравствена и финансиска сигурност. Се трудиме на вработените да им обезбедиме фер и конкурентни плати и бонуси, како и во текот на годината да организираме повеќе настани и активности за благосостојбата на вработените. Дополнително, нашите вработени ја имаат можноста за кариерна обука и можност за дополнителен кариерен развој во банкарската групација Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, а неколку наши вработени веќе се дел од овие Групации. Ние веруваме во нашите вработени и убедени сме дека заедно ќе продолжиме да градиме една модерна, успешна Банка, каде тие ќе бидат среќни, нашите клиенти задоволни, која ќе биде движечка сила на македонската економија. nnn


13 МАЈ 2022

22

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ЕКОНОМИЈА

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПРОГНОЗИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА

СВЕТСКА БАНКА ПРОГНОЗИРА НАЈСЛАБ РАСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО ЦЕЛ ЗАПАДЕН БАЛКАН


23

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Ризикот за економската перспектива на земјите од Западен Балкан е загрижувачки, а Македонија меѓу овие шест земји од регионот има најслаба прогноза за раст. Поради продлабочувањето на конфликтот во Украина, Светска банка ја намали прогнозата за економски раст од првичните 3,7% на 2,7%. Претходно и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за време на Пролетните средби на овие две меѓународни финансиски институции во Вашингтон, исто така објави попесимистична прогноза за раст од 3,2%. Од останатите земји од Западен Балкан, Светска банка прогнозира економски раст од 3,2% за Албанија и Србија, 3,6% во Црна Гора и 3,9% за Косово. Просекот за Западен Балкан е раст од 3,1%. Во меѓувреме, властите споделија дека се прави ребаланс на Буџетот за годинава за да се направат заштеди од непродуктивните трошоци и пренамена на дел од парите во други ставки.


13 МАЈ 2022

24

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ЕКОНОМИЈА

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Р

изикот за економската перспектива на земјите од Западен Балкан е загрижувачки, а Македонија меѓу овие шест земји од регионот има најслаба прогноза за раст. Поради продлабочувањето на конфликтот во Украина, Светска банка ја намали прогнозата за економски раст од првичните 3,7% на 2,7%. Претходно и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за време на Пролетните средби на овие две меѓународни финансиски институции во Вашингтон, исто така објави попесимистична прогноза за раст од 3,2%. За ризиците и начините како ќе се почувствува оваа криза во земјава, разговаравме со Сања Маџаревиќ Шујстер, виш економист на Светска банка за Западен Балкан и одговорна за Македонија. „Навистина ова се времиња без преседан, мислевме дека претходните две години ја имавме најголемата неизвесност, но за жал, војната во Украина ја подигна неизвесноста на повисоко ниво. Правењето проценки денес е навистина неблагодарно, и морам да ги направам сите оградувања бидејќи навистина не знаеме како ќе се одвива ситуацијата особено во Украина. Главната причина за намалувањето на растот е војната во Украина и неповолните последици. Можеме да кажеме дека директните врски на Северна Македонија со Украина и Русија се многу ограничени, не тргувате многу со овие земји, немате многу дознаки што доаѓаат од овие земји, ниту пак имате изложеност во финансискиот сектор. Како и да е, индиректно, последиците ќе имаат негативно влијание, особено преку европските трговски партнери. Влијанието врз автомобилската индустрија во Германија секако ќе има директно влијание врз македонските производители на автомобилски делови. Но, исто така и преку дознаките што доаѓаат од европските земји, проблемите со цените на струјата и гасот, како и храната, ова ќе бидат главните канали преку кои ќе се прелее кризата во Северна Македонија. Но, Северна Македонија не е единствена земја каде што ја намаливме прогнозата за раст, го направивме тоа за сите наши земји членки, вклучувајќи ја Европа, но и глобалниот раст се очекува да

САЊА МАЏАРЕВИЌ ШУЈСТЕР

ВИШ ЕКОНОМИСТ НА СВЕТСКА БАНКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН И ОДГОВОРНА ЗА МАКЕДОНИЈА Има неколку ризици за целиот регион и би сакала да почнам со политичкиот, бидејќи не само што геополитиката е еден од најголемите ризици и ќе видиме како оваа криза ќе се развива, но исто така тука секогаш има локални политички ризици коишто се надеваме нема да се остварат. Тоа е прва работа, што вклучува и рестрикции во трговијата помеѓу земји во регионот за кои се надеваме дека нема да се користат во иднина. Навистина веруваме дека интеграцијата на регионот а потоа последователно и интеграцијата во големиот европски пазар, е тоа што треба да се постигне за сите земји на Западен Балкан. Втор најголем ризик е инфлацијата, која што не е забележана во повеќе земји две децении и магнитудата што е прилично тешко да се предвиди. се намали годинава споредено со првичните проценки“, истакна Маџаревиќ Шујстер. Од останатите земји од Западен Балкан, Светска банка прогнозира економски раст од 3,2% за Албанија и Србија, 3,6% во Црна Гора и 3,9% за Косово. Просекот за Западен Балкан е раст од 3,1%. Има два главни ризици заради кои се стравува годинава. „Има неколку ризици за целиот регион и би сакала да почнам со политичкиот, бидејќи не само што геополитиката е еден од најголемите ризици и ќе видиме како оваа криза

ќе се развива, но исто така тука секогаш има локални политички ризици коишто се надеваме нема да се остварат. Тоа е прва работа, што вклучува и рестрикции во трговијата помеѓу земји во регионот за кои се надеваме дека нема да се користат во иднина. Навистина веруваме дека интеграцијата на регионот а потоа последователно и интеграцијата во големиот европски пазар, е тоа што треба да се постигне за сите земји на Западен Балкан. Втор најголем ризик е инфлацијата, која што не е забележана во повеќе


25

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

земји две децении и магнитудата што е прилично тешко да се предвиди. Најголемиот импакт врз инфлацијата доаѓа од цените на енергијата и на храната, коишто се одговорни за околу 80% од тековниот раст на цените. Ниедна од овие две не се во доменот на креаторите на политики, со што е многу тешко да се коригираат таквите инфлациски трендови. Ќе биде голем предизвик и за министерствата за финансии и за централните банки да го задржат понатамошниот раст на инфлацијата“, објасни Маџаревиќ Шујстер.

Реформи што ќе ја зголемат отпорноста на економијата

Светска банка потврдува дека монетарната политика веќе презела чекори кон запирање на инфлаторните притисоци преку зголемување на основната камата, а сугерира државата да направи приоритети во трошењето народни пари и да го зајакне собирањето приходи од даноци. Додека кај нас институциите се уште немаат нови

проценки за стапката на инфлација годинава, ММФ веќе објави дека таа може да се искачи дури до 6,9%, што може значително да го ослаби животниот стандард на граѓаните. „Ние имаме пооптимистичка прогноза за инфлацијата, во времето кога ги правевме овие прогнози, проектиравме стапка од 5,5%, но за жал надолните ризици за оваа прогноза за инфлација се високи, иницијалното сценарио беше дека конфликтот ќе заврши до крајот на април но тоа не се оствари и многу е тешко да се предвиди колку долго ќе трае. Очекуваме забавување на овој притисок врз растот на цените во втората половина од годината сигурно, и интензитетот кој што во моментов е прилично неизвесен. Инфлацијата секако ќе има влијание врз потрошувачката, и како што кажавте во намалување на животниот стандард, така што комбинација од политики коишто ќе се обидат да го заштитат животниот стандард особено на најранливите граѓани кои немаат

простор да се прилагодат на вакви стапки на инфлација, се исклучително важни. Ги советуваме сите земји во регионот, па и во светот, фокусот на политиките и мерките да бидат поврзани и добро таргетирани кон најранливите. Ако ја погледнете потрошувачката кошница на најсиромашните, цените на енергијата и храната заземаат околу 80% од нивната потрошувачка и оттука е многу важно овие мерки да бидат насочени кон најранливите“, истакна Маџаревиќ Шујстер. Според Светска банка, во Западна Европа граѓаните веќе ги одложуваат набавките на некои добра како на пример нови автомобили или мебел за подоцна додека не дојдат подобри времиња. Сега инфлаторните притисоци се на страната на понудата, главно поради зголемувањето на цените на енергијата и прекини во синџирите на снабдување, но одложената потрошувачка може да создаде дополнителни притисоци подоцна и на страната на побарувачката,

УМНА ДЕПОЗИТНА СМЕТКА Растечка каматна стапка до 3% Колку повеќе вложувате, толку повеќе добивате!


13 МАЈ 2022

26

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата секако ќе има влијание врз потрошувачката, вели Светска банка, и врз намалување на животниот стандард, така што комбинација од политики коишто ќе се обидат да го заштитат животниот стандард особено на најранливите граѓани кои немаат простор да се прилагодат на вакви стапки на инфлација, се исклучително важни. „Ги советуваме сите земји во регионот, па и во светот, фокусот на политиките и мерките да бидат поврзани и добро таргетирани кон најранливите.“

така што инфлацијата очигледно ќе создава проблеми подолго одошто се очекуваше. Во меѓувреме, меѓународните финансиски институции сугерираат земјата да ги спроведе потребните реформи и со тоа да ги усогласи стандардите со европските исто како да имаме формални преговори за членство во ЕУ. „Го разбирам нетрпението да ги почнете преговорите за членство во ЕУ, и тоа е некаква награда за сите реформи во последните петнаесетина години, но тоа што мислам дека е поважно од формалниот старт на преговорите е хармонизација на законите, стандардите и правилата со европската легислатива што мислам дека е добра основа што навистина помага да се приближи животниот стандард, владеењето на правото, со оние во ЕУ. Би рекла дека процесот е побитен отколку денот на почеток на преговорите, ќе помогне да се олесни интеграцијата

во европскиот пазар штом овој процес и формално ќе биде отпочнат, така што фокусот на спроведување на реформите бидејќи тие се навистина добри за луѓето, за бизнисот, е поважно од формалниот процес. Регионалната интеграција е добра бидејќи се навикнувате на интеграција во поголем пазар, така што ќе има бенефити од отстранување на тесните грла во трговијата со производи, услуги, движењето на луѓето, тоа е токму она што ќе се случи откако ќе се придружите на европскиот пазар. Де факто ова веќе го имате преку Договорот за асоцијација и стабилизација, имате многу странски инвеститори коишто доаѓаат од европски земји членки, бидејќи ја гледаат перспективата од членство, гледаат дека истите правила и стандарди повеќе или помалку се применуваат во Северна Македонија, така што мислам дека процесот на интеграција е веќе почнат,

освен формалниот старт којшто се надеваме дека ќе дојде еден ден“, посочи вишиот економист на Светска банка за регионот на Западен Балкан, Сања Маџаревиќ Шујстер. Таа има неколку препораки за македонските власти кога се во прашање приоритетни реформи за подобрување на животот на граѓаните. „Исклучително важно е да се фокусирате на оние реформи што ќе ја зголемат отпорноста на земјата, бидејќи она што порано го земавме здраво за готово, а тоа се мирот и стабилноста, веќе не се толку присутни. Безбедност и отпорност на енергетскиот сектор е исклучително важно, како и производството на храна кое е основно, но исто така и фокусирање на владеењето на правото, подобрување на владеењето е добро за луѓето, за бизнисите, за довербата и човечкиот капитал во земјата, и тие исто би биле на



13 МАЈ 2022

28

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ЕКОНОМИЈА

Индиректно, последиците од војната во Украина ќе имаат негативно влијание врз Македонија, особено преку европските трговски партнери. Влијанието врз автомобилската индустрија во Германија секако ќе има директно влијание врз македонските производители на автомобилски делови. Но, исто така и преку дознаките што доаѓаат од европските земји, проблемите со цените на струјата и гасот, како и храната, ова ќе бидат главните канали преку кои ќе се прелее кризата во земјава.

листата на моите приоритети. Потоа хармонизација на стандардите и законите за приватниот сектор, бизнис климата, конкурентската политика како соодветни правила за државна помош, се исто така многу важни. И последно но не помалку важно е развој на човечкиот капитал. За време на пандемијата изгубивме скапоцено време на децата во училиштата, а човечкиот капитал во Северна Македонија за жал е многу ниско рангиран споредено дури и со земјите од регионот, што е по малку и изненадувачки бидејќи делевме ист образовен систем во минатото, така што инвестирањето во учење на децата и младите, ќе им помогне потоа да учествуваат на пазарот на труд, да заработуваат подобри приходи, но и да привлечат странски инвестиции со поголема додадена вредност ќе биде важно за оваа земја“, потенцираше Маџаревиќ Шујстер.

Се прави ребаланс на Буџетот Во меѓувреме, властите споделија дека се прави ребаланс на Буџетот за годинава за да се направат

заштеди од непродуктивните трошоци и пренамена на дел од парите во други ставки. Премиерот Димитар Ковачевски најави дека во моментов се работи на ребаланс на Буџетот, кој ќе опфати дополнително кратење на уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци. „Ќе има дополнително кратење на 100 милиони евра непродуктивни трошоци, кои што не мора да се направат оваа година, дополнително на она што беше направено со кратењето од 8% на тековните расходи минатата година и со дополнителните мерки кои што се направија во првите 100 дена од Владата за ограничување на трошоците“, посочи Ковачевски. Тој додаде дека се планира до крајот на мај да биде завршен ребалансот на Буџетот и да биде ставен во собраниска процедура. „Во моментот, исто така се разгледуваат и сите опции за покривање на тој дефицит, бидејќи во овие времиња и цената на капиталот расте“, истакна Ковачевски, кој нагласи дека сите

разговори коишто се водат, сè со цел да се обезбедат финансиски средства со најниска можна цена на капиталот на пазарот во овие услови. Претходно, и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи објави дека според првичните проценки, со ребалансот буџетскиот дефицит ќе се зголеми за околу 200 милиони евра односно 2 процентни поени, што значи дека од 4,3 % од БДП ќе порасне на околу 6,3% од БДП. Во врска со финансирањето, Владата веќе објави дека се преговара за нова кредитна линија од ММФ, таканаречената Линијата за претпазливост и ликвидност. Станува збор за финансиски инструмент кој ММФ го доделува единствено на земји со здрава економија, кои имаат позитивни оценки за економските политики и очекувања дека тие ќе продолжат и во иднина, вклучително и макроекономска и финансиска стабилност. nnn


50 х

20.000 МКД

Промотивно

до 31 Мај

Без

трошоци за проценка и одобрување

НЛБ Станбен кредит

Вистинска можност да живееш по свое!

Аплицирај за НЛБ Станбен кредит до 31 мај и учествувај во големата наградна игра „НЛБ за млади!“. Правилата за наградната игра се објавени на www.nlb.mk


13 МАЈ 2022

30 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ТЕРМИНАЛОТ ЗА ТЕЧЕН ГАС ВО ГРЧКИ АЛЕКСАНДРОПОЛИС, КАДЕ ШТО И МАКЕДОНИЈА ИМА СВОЈ УДЕЛ

БАЛКАНОТ ВО ТРКА ЗА ЕНЕРГЕТСКА НЕЗАВИСНОСТ ОД РУСИЈА


31

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Деновиве почна изградбата на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас во Александрополис, Грција, преку кој се очекува за помалку од 20 месеци да потечат првите кубни метри течен природен гас (ЛНГ) од Азербејџан, односно од САД и други земји. Со проектот се очекува Македонија да ги зголеми капацитетите за дотур на гас во земјава што би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените. Течниот гас конкретно ќе се продава и на пазарите во Грција, Бугарија и во поширокиот регион; од Романија, Србија, до Молдавија и Украина.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

Д

еновиве почна изградбата на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас во Александрополис, преку кој се очекува за помалку од 20 месеци да потечат првите кубни метри течен природен гас (ЛНГ) од Азербејџан односно од САД и други земји. Со проектот кој е прогласен за проект од посебен интерес на Европската Унија која ја одобри грчката мерка за поддршка вредна 166,7 милиони евра за изградба на терминалот, се очекува Македонија да ги зголеми капацитетите за дотур на гас во земјава што би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените.

Договорот со Грција за изградба на прекуграничен интерконектор за природен гас во вредност од 100 милиони евра, нашата влада го потпиша во јули минатата година. Оваа можност се цени како нова независна енергетска порта за пазарите во Југоисточна и Централна Европа. Станицата ќе има капацитет за складирање на (ЛНГ) од 170.000 кубни метри и капацитет за снабдување со природен гас кој ќе надмине 5,5 милијарди кубни метри годишно. Течниот гас конкретно ќе се продава на пазарите во Грција, Бугарија и во поширокиот регион; од Романија, Србија и Северна Македонија, до Молдавија и Украина. Македонскиот удел во двата проекта значи инвестиција од 25% во гасната централа на природен гас од 800 мегавати, за која проценетата инвестиција е над 380 милиони евра, и 10% во гасниот терминал, чија што инвестиција е околу 370 милиони евра, што значи учество на Македонија е околу 133 милиони евра. За македонските власти, учеството во проектот е од историско значење. Очекувањата се дека покрај зацврстување на соработката на полето на енергетиката со компании од Грција, ќе се обезбеди трајно и стабилно снабдување на природен гас за земјата, но и дополнителна можност за негова дистрибуција и во регионот. Ова е прв пат по 30 години Македонија да обезбедува нова, уште една линија за проток на природен гас и да го обезбеди снабдувањето за наредните 15 години. „Ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енергетиката. Ова е проект за

долгорочна енергетска независност и за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време. Гасниот терминал во Александрополис е од огромно значење за регионот и од аспект на диверзификација и поголема сигурност во снабдувањето со природен гас со отворањето на овој дополнителен гасен коридор. Јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија. Поточно, со овој проект наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други земји. Ова значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи и диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна. Сето тоа ќе влијае и на намалување на цената на гасот како енергенс за индустриските и енергетски капацитети во нашата држава.“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александрополис.

Сигурност во снабдувањето

Експертската јавност нема дилеми дека учеството во вакви големи енергетски проекти носи бенефит, дилемите единствено се присутни за тоа какви и колкави ќе бидат тие пред се поради тоа што станува збор за инвестиција надвор од државата. Со овој важен проект очекувањата во регионот се да се диверзифицираат изворите за снабдување со природен гас, не само за секоја од земјите


13 МАЈ 2022

32 ЕНЕРГЕТИКА Фото: Ројтерс

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерите на Грција и Бугарија Мицотакис и Петков, српскиот претседател Вучиќ, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, како и американскиот амбасадор во Грција и градоначалникот на Александрополис, на 3 мај, при свеченото почнување на изградбата на гасниот терминал.

поединечно, туку и на целиот Балкански Полуостров. „Имаме три договора, плус резервација на капацитет за 15 годишна сигурност за снабдување со гас, што е многу, многу важно прашање иако тоа не може да се изрази во вредност. Но сигурноста во снабдувањето е огромна придобивка. Тоа се резервирани сигурни количини гас кои секогаш ќе ги имаме на располагање. Сите зборуваат за цената, но јас би рекол што значи цената на природен гас кога го немаш. Што значи тоа, ако има на пример само една криза на испорака на пример на гас од Русија. Колку тоа ќе чини и што тоа ќе значи. Придобивките од овој проект се огромни, а учеството значи додадена вредност за државата и компаниите кои ќе учествуваат во него“, изјави за Дојче веле Митко Андреевски, експерт по енергетика и советник во Владата. Оваа изјава е дадена пред повеќе од една година кога само беа почнати подготовките за учество во проектот, во време кога уште не ни насетувавме каква енергетска криза ќе дојде, почната уште и пред Русија да ја нападне Украина во февруари годинава. Освен стратешки, бенефитите

од учеството во проектот според него се и економски. Од делот на транспортот на природниот гас, па до цената на произведената електрична енергија: „Многу е битно да имате гасна електрана која е надвор од републиката, која се наоѓа на терминал каде немате дополнителни трошоци за транспорт на тој гас и многу е битно што сте дел од голема електрана. Ако направите такви постројки со исти мегавати тука ќе чини поскапо. Таму имате пристаниште, терминал и гасна електрана, кај нас тоа ќе чини многу поскапо. Дополнително, транспортната цена за електричната енергија која ќе се добие таму е многукратно пониска отколку транспортот на природен гас и може да работите со целосен капацитет преку цела година. Затоа што во зимскиот период кога на С. Македонија и треба повеќе електрична енергија ја создавате и ја носите во С. Македонија, кога во лето на Грција и треба повеќе ја продавате таму“, објаснува Андреевски.

Поддршка од САД

Договорот за учество на Македонија во оваа значаен

регионален енергетски проект не се случи преку ноќ, но се чини и дека разговорите меѓу тимовите од двете земји не траеја предолго. Во македонската јавност темата за првпат беше спомната во 2020 година во средината на септември, кога тогашниот премиер Заев учествуваше на 24-тата конференција организирана од магазинот „Економист“ во Атина. За време на таа посета, на покана на компанијата „Гастрејд“, Заев оствари средба со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд“. На средбата беше изразен взаемен интерес Северна Македонија да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис, како нова влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа. Беше оценето дека проектот ќе создаде можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за земјата, од каде потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот. Две недели подоцна, вицепремиерите за економски прашања и за борба против



13 МАЈ 2022

34 ЕНЕРГЕТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Во македонската јавност темата за првпат беше спомната во 2020 година во средината на септември, кога тогашниот премиер Заев учествуваше на 24-тата конференција организирана од магазинот „Економист“ во Атина. За време на таа посета, на покана на компанијата „Гастрејд“, Заев оствари средба со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд“. На средбата беше изразен взаемен интерес Северна Македонија да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис, како нова влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа.

корупцијата, Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, во Солун учествуваа на тркалезна маса „Регионална енергетска безбедност и соработка“, на која присуствуваа и тогашниот државниот секретар на САД, Мајкл Помпео и грчкиот министер за развој, конкурентност, инфраструктура, транспорт и врски, Костис Хаѕидакис. Дека не станува збор само за енергетско, туку и геополитичко прашање, посведочи и посетата на Скопје на помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Франсис Фанон во октомври 2020. Тој во ексклузивното интервју за Капитал рече дека САД апсолутно поддржуваат создавање на вистински енергетски пазар на Балканот со отворање на други можности за набавка на енергенси што до сега традиционално се обезбедуваа од Русија. Тој кажа дека желба за ослободување од оваа зависност секогаш постоела во регионот, но оти сега прв пат има и политичка волја кај државите: „Ако имате само еден снабдувач, на што било, тогаш пазар и воопшто нема. Особено, ако тој снабдувач ја користи и има историја на користење на енергијата за да доминира, принудува и манипулира“, рече Фанон во интервјуто за Капитал. nnn

Уште во октомври 2020 година, тогашниот американски помошник државен секретар за енергетски ресурси Франсис Фанон, при посетата на Скопје го најави проектот во Александрополис и кажа дека САД апсолутно поддржуваат создавање на вистински енергетски пазар на Балканот со отворање на други можности за набавка на енергенси што до сега традиционално се обезбедуваа од Русија. Во ексклузивното интервју за Капитал тој истакна: „Ако имате само еден снабдувач, на што било, тогаш пазар и воопшто нема. Особено, ако тој снабдувач ја користи и има историја на користење на енергијата за да доминира, принудува и манипулира.“



13 МАЈ 2022

36 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

„АЛКАЛОИД“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА

ОТВОРЕНА НАЈМОДЕРНА ФАБРИКА ЗА КОНЦЕНТРАТИ ЗА ХЕМОДИЈАЛИЗА Во изминативе 15 години „Алкалоид“ има инвестирано близу 200 милиони евра, алоцирани во производствени капацитети, лаборатории, во истражување и развој, нови технологии и во континуирана едукација на вработените, а таквиот тренд се задржа и во изминативе години во кризни услови.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

А

лкалоид“ пушти во погон нова инвестиција, вредна 1,8 милиони евра. Новата фабрика за производство на концентрати за хемодијализа, со потребните магацински простории за суровини, амбалажа и за готови производи, зафаќа површина

од 2.600 м2. Изведена е во согласност со строгите стандарди за добра производствена пракса, со законските прописи за производство на медицински средства и со директивите на системот за обезбедување квалитет. Следењето на најновите трендови во индустријата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни производи, кај кои

заштитниот знак на „Алкалоид“ АД е синоним за високото ниво на квалитет и на сигурност, е принцип кој е цврсто втемелен во корпоративната политика на компанијата, велат од компанијата. Во изминативе 15 години „Алкалоид“ има инвестирано близу 200 милиони евра, алоцирани во производствени капацитети, лаборатории, во истражување и развој, нови технологии и во континуирана едукација на


37

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Новите производствени капацитети се составени од 3 целини: подготовка на концентрати за хемодијализа, производство на прочистена вода и пакување на растворите. Автоматизацијата на процесите овозможува брзо, прецизно и доверливо работење. Полнењето и пакувањето на подготвените концентрати за хемодијализа се вршат со посебна роботизирана линија со капацитет од 7.500 литри на час. Снабдувањето со електрична енергија за овој производствен капацитет во голем дел се одвива преку сопствени обновливи извори за производство на електрична енергија. вработените, а таквиот тренд се задржа и во изминативе години во кризни услови. „’Алкалоид’ денес пласира над 65 % од својот асортиман во околу 40 земји во светот, а светските трендови во фармацијата, хемијата, фитотерапијата и козметологијата се имплементирани во нашите секојдневни операции. Растворите за хемодијализа се присутни во медицинското портфолио на компанијата од 1990 година, а денес, три децении подоцна, пуштаме во употреба најсовремени производствени капацитети за овој тип на производи, чии производни волумени од близу 15 милиони литри годишно ќе можат да ги опслужат барањата на пазарите во регионот и пошироко“, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

Полнење и пакување со посебна роботизирана линија

Новите производствени капацитети се составени од 3 целини: подготовка на концентрати за хемодијализа, производство на прочистена вода и пакување на растворите. Процесната опрема, која е составена од три реактори со мешалки и од подготвителен сад, е со вкупен волумен од 25.000 литри и е изведена за да ги задоволи сите потреби за најсовремено и за целосно автоматизирано производство. Автоматизацијата на процесите овозможува брзо, прецизно и доверливо работење. Полнењето и пакувањето на подготвените концентрати за хемодијализа се вршат со посебна роботизирана линија со капацитет од 7.500 литри на час. Снабдувањето со електрична

енергија за овој производствен капацитет во голем дел се одвива преку сопствени обновливи извори за производство на електрична енергија. Одделот за хемија, како дел од компанијата „Алкалоид“, е основан во 1957 година. На почетокот на 90-тите години во овој оддел започнува производството на раствори за хемодијализа, со сопствен развој и со сопствена контрола на квалитетот. Првично се произведуваат раствори за ацетатна дијализа, а подоцна се преминува и кон раствори за бикарбонатна дијализа, сè до денешната палета на производи, која опфаќа концентрирани раствори со различни разредувања, суви бикарбонатни полнења и цврсто-течни сетови соодветни за апаратите за хемодијализа на реномираните светски производители. Во 2010 година растворите за хемодијализа на „Алкалоид“ го добија сертификатот ЦЕ за сообразност со европската директива за медицински помагала.

Уште еден успешен квартал

Инаку, Алкалоид заокружи уште еден успешен квартал во своето работење, односно ја зголеми продажбата за 11% и добивката за 4% во периодот јануари – март 2022, како што се гледа од финансискиот извештај доставен до Македонската берза. Компанијата има приходи од продажба од речиси 2,7 милијарди денари (43,8 милиони евра), според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2022 година, покажува финансискиот извештај. Тоа е за 12% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните

консолидирани продажби, пак, достигнуваат 3,62 милијарди денари (речиси 59 милиони евра), што е за 11 % повеќе во споредба со првиот квартал лани. Оперативната добивка на компанијата според единечниот биланс изнесува 329 милиони денари (5,35 милиони евра) и е поголема за 5%, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 298 милиони денари (4,85 милиони евра) и е зголемена за 5 % исто така. Консолидираната оперативна добивка достигнала 423 милиони денари (6,87 милиони евра) и бележи раст од 5 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 361,4 милиони денари (5,87 милиони евра) е зголемена за 4 %. Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 9 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 12 %. Од вкупните консолидирани продажби 33 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 67 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 23 %, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 9 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Германија (раст од 146 %), Полска (раст од 114 %), Романија (раст од 102 %), Бугарија (раст од 69 %), САД (раст од 51 %), Албанија (раст од 24 %), Црна Гора (раст од 15 %), Косово (раст од 11 %), БиХ (раст од 8 %), Србија (раст од 7 %) итн. nnn


13 МАЈ 2022

38

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ПРВПАТ ВЛОЖИЛЕ НАД ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ВО ЕДНА ГОДИНА

БАНКАРСКИТЕ КРЕДИТИ ГО ЗГОЛЕМИЈА ДВОЈНО БРОЈОТ НА ЛИЦА СО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ За прв пат во 16 годишното постоење на животното осигурување вложувањата на граѓани надминаа 2 милијарди денари (32,5 милиони евра) во 2021 година. За одбележување е и тоа што лани бројот на лица кои имаат осигурување се зголеми за 95 отсто во однос на претходната 2020 година. Во значајна мерка тој раст се должи на врзувањето на новоиздадени банкарски кредити со животно осигурување.


39

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

КОЈ Е КОЈ НА ПАЗАРОТ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА Ред. бр.

Друштво за осигурување

Бруто полисирана премија 4К2021

1 2 3 4 5 Вкупно

Кроација живот Граве Винер живот Уника живот Триглав живот

688,28 518,45 348,21 247,42 199,42 2.001,77

4К2020

654,53 534,48 305,66 182,69 63,14 1.740,50

Δ%

5,16% -3,00% 13,92% 35,43% 215,86% 15,01%

МКД (во милиони)

Бруто исплатени (ликвидирани) штети 4К2021

293,46 165,40 76,54 36,79 22,83 595,03

4К2020

237,70 130,93 32,82 21,69 13,76 436,89

Δ%

23,46% 26,33% 133,22% 69,65% 65,91% 36,20%

Учество % 4К2021

34,38% 25,90% 17,39% 12,36% 9,96% 100,00%

4К2020

37,61% 30,71% 17,56% 10,50% 3,63% 100,00%

Извор: Агенција за супервизија на осигурување

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

В

купните вложувања на граѓаните во животно осигурување минатата година надминаа 2 милијарди денари (32,5 милиони евра). Ова е рекордно односно највисоко годишно ниво на вложувања во животно осигурување од востановувањето на пазар за животно осигурување во 2005 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Повеќе од 260.000 граѓани имаат полиси за животно осигурување на крајот на 2021 година. Бројот на нови осигуреници лани е зголемен за 127.000 лица односно 95 отсто во споредба со бројот на лица кои имале животно осигурување во 2020 година. Вложувањата во животно осигурување лани се зголемени за 261 милиони денари (4,2 милиони евра) во однос 2020 година. Од вкупните вложувања во животно осигурување лани над 1,6 милијарди денари (26 милиони евра) се инвестирани во класично осигурување живот кое опфаќа: ризико осигурување и осигурување со штедна компонента. Кај ризико осигурувањето се осигурува животот на осигуреникот и во случај на смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Кај овој вид осигурување доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија. Речиси 200.000 граѓани имаат ризико осигурување на крај на 2021 година. Во овој сектор, пазарен лидер е Кроација живот, со БПП од 11,2 милиони евра во 2021, пред Граве со 8,4 милиони евра, Винер живот со 5,7 милиони евра, Уника живот со 4 милиони и Триглав живот со

Најмногу се инвестира во осигурувањето со штедна компонента. Овој продукт овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со камата. Повеќе од 50.000 осигуреници имаат вакво осигурување живот и во овој продукт во 2021 се вложени 1,27 милијарди денари (над 20 милиони евра).

3,2 милиони евра. Најголем раст кај БПП има Триглав живот, од 215,9%, пред Уника живот со 35,4%, додека само Граве има пад на БПП од 3%.

Голем раст и на животното осигурување преку инвестициски фондови

Најмногу се инвестира во осигурувањето со штедна компонента. Овој продукт овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со камата. Повеќе од 50.000 осигуреници имаат вакво осигурување живот и во овој продукт во 2021 се вложени 1,27 милијарди денари (над 20 милиони евра). Вложувањата во животното осигурување во кое ризикот од инвестирањето е на товар

на осигуреникот (популарно наречениот “unit linked product”) лани достигнале 383,2 милиони денари (над 6 милиони евра). Тоа е за 27 отсто повеќе од 2020 година. Кај оваа класа парите се вложуваат во инвестициски фондови чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Токму заради ризикот што го носат овие висококвалитетни инвестиции бројот на раскинати договори е повисок во однос на бројот на прекинати осигурување со штедна компонента. Петте компании за осигурување живот во 2021 година исплатиле вкупно 595 милиони денари/9,7 милиони евра на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или по основ на ризик смрт. nnn


13 МАЈ 2022

40

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ПОЛИТИКА

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА СТЕЈТ ДИПАРТМЕНТ

ВЛАДАТА Е НАЈГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ ТОА Е ОСНОВА ЗА КОРУПЦИЈА!

Со забелешка дека не треба да се заборави дека борбата против корупцијата е човеково право амбасадорката на САД Кејт Брнз го „зачини“ својот говор кога го презентираше Извештајот на Стејт Дипартментот за состојбите со човековите права во Северна Македонија во 2021 година. И не случајно - самиот Извештај нотира забелешки за сериозна владина корупција и за проблеми со владеењето на правото. Покрај неколкуте проблематични области, она што останува голема системска слабост се токму недоволните и слаби резултати на полето на борбата со криминалот и корупцијата, како и преголемата вклученост на Владата во економијата, што според Американците е чиста основа за корупција.


41

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Фото: МИА

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

С

о забелешка дека не треба да се заборави дека борбата против корупцијата е човеково право амбасадорката на САД Кејт Брнз го „зачини“ својот говор кога го презентираше Извештајот на Стејт Дипартментот за состојбите со човековите права во Северна Македонија во 2021 година. И не случајно - самиот Извештај нотира забелешки за сериозна владина корупција и проблеми со владеењето на правото. Покрај неколкуте проблематични области, она што останува голема системска слабост се токму недоволните и слаби резултати на полето на борбата со криминалот и корупцијата, како и преголемата вклученост на Владата во економијата, што според Американците е основа за корупција. „Владата е најголемиот работодавач во земјата. До крајот на декември 2020 година 131 183 луѓе се вработени во јавниот сектор. Некои поединци што биле на платниот список на Владата, не биле поставени на реални позиции во администрацијата“, стои во Извештајот, каде не е заборавено да се спомене ниту разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, кој бунејќи се за овие состојби одби да ја спроведе владината одлука за распределување на 35 службеници во неговата институција. Извештајот забележува дека законот предвидува кривични казни за осудени официјални лица за корупција, но се нотира оти имало извештаи за функционери вклучени во корупција. Во него пишува и дека на 15. јули „претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска изјави дека и покрај зголемената перцепција за корупција во судството, само 20 отсто од претставките поднесени до ДКСК го вклучуваат судството, што укажува на јаз меѓу перцепцијата и искуството. На 13. април, како дел од случајот „Трезор“ инициран од поранешното СЈО, Кривичниот суд Скопје ги осуди поранешниот директор на Управата за контраразузнавање и безбедност Сашо Мијалков, како и тројца поранешни соработници, за злоупотреба на службената положба со измама за набавка на

Со забелешка дека не треба да се заборави дека борбата против корупцијата е човеково право амбасадорката на САД Кејт Брнз го „зачини“ својот говор кога го презентираше Извештајот на Стејт Дипартментот за состојбите со човековите права во Северна Македонија во 2021 година.

опрема за следење од компанија со седиште во Обединетото Кралство, што резултирало со мито од приближно 52 милиони денари (996.000 американски долари). Парите беа пренесени преку Финзи, компанија во сопственост на тогашниот деловен соработник на Мијалков, Орце Камчев, кој во тоа време беше во притвор во врска со одвоено кривично судење. Судот го осуди Мијалков на осум години затвор и му одреди продолжување на притворот, откако утврди дека е ризик од бегство“. Извештајот го забележува и случајот на поранешниот советник на Кабинетот на премиерот и генерален секретар на владата Драги Рашковски, кој беше уапсен по истрагата за измама за набавка на софтвер за следење на сообраќајот. „На 23. јули, затворската полиција ја префрли поранешната главна специјална обвинителка Катица Јанева од домашен притвор во скопскиот затвор Идризово, по одлуката на скопска Апелација да ја потврди нејзината пресуда од 2019 година во случајот „Рекет“, стои меѓу другото во извештајот. Во однос на состојбите со судскиот систем, Извештајот забележува дека има мала реализација на граѓанските пресуди, со што се повредуваат правата на граѓаните, а дека за време на пандемијата судењата биле со доцнења и намален обем. Дваесет судења (поради пензионирање на судија

поротник и разрешување на судија) се вратени на почеток. Проблем е што многу од нив биле веќе во поодмината фаза, а некои од нив се однесуваат на висока корупција и биле иницирани од страна на поранешното СЈО. Извештајот исто така забележува дека многу судења од висок профил биле одложувани порани најразлични причини (што процедурални, што здравствени).

Полициска неказнивост

Во него се нагласува дека „владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција“. „Значајните проблеми за човековите права вклучуваат веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и тешка пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство, и насилство и закани за насилство насочени кон лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или интерсексуални лица“, се вели во извештајот. Извештајот нотира дека „Народниот правобранител веруваше дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото“.


13 МАЈ 2022

42

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ПОЛИТИКА

„Владата е најголемиот работодавач во земјата. До крајот на декември 2020 година 131 183 луѓе се вработени во јавниот сектор. Некои поединци што биле на платниот список на Владата, не биле поставени на реални позиции во администрацијата“, стои во Извештајот, каде не е заборавено да се спомене ниту разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, кој бунејќи се за овие состојби одби да ја спроведе владината одлука за распределување на 35 службеници во неговата институција.

Извештајот ги оценува парламентарните избори во 2020 година како „вистински конкурентни“, и покрај ограничената способност на политичарите да спроведат теренски активности за време на пандемијата. „Во својата прелиминарна изјава за парламентарните избори во јули 2020 година и конечниот извештај во октомври 2020 година, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа забележа дека изборите генерално биле спроведени ефективно во услови на прилагодувања како одговор на пандемијата на ковид-19, но правната стабилност беше поткопана со суштинските ревизии на Изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на

вонредната состојба“. Според извештајот, националната полиција ја одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и спроведувањето на границите, но нагласува дека припадниците на безбедносните сили извршиле „одредени злоупотреби, вклучително и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари“

Нерасветлени напади врз новинари, медиуми поделени по партиски линии

Заклучно со 20. септември, Јавното обвинителство Скопје разгледа 17 кривични пријави за закани и физички или онлајн напади врз новинари, стои во извештајот, во кој се додава дека „обвинителите утврдија дека три од тие претставки заслужуваат дополнителни обвинителски истраги, а три се упатени до Министерството

за внатрешни работи поради квалификување како прекршоци. Останатите 11 не заслужуваа обвинителска проверка поради недостиг на докази кои докажуваат криминално однесување“. Извештајот нотира дека „додека медиумите и известувањата продолжија да бидат главно поделени по политички линии, бројот на независни медиуми кои активно изразуваа различни ставови без отворено ограничување продолжи да се зголемува“. „На први април, медиумите објавија дека на 31 март, врз основа на кривичните пријави на финансиската полиција, Скопското јавно обвинителство поднесе скратено обвинение за даночно затајување против компанија која наводно е сопственик на ТВ Алфа, комерцијална телевизија со национално покривање. Според


ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ

www.stb.com.mk

ЖИВОТОТ СЕ СЛУЧУВА СЕГА!

НЕ ЧЕКАЈ. АПЛИЦИРАЈ СЕГА! • • • •

5,30% фиксна каматна стапка за првите 2 години за кредити со животно осигурување 5,50% фиксна каматна стапка за првите 2 години за кредити со осигурување од незгода БЕЗ административни трошоци Бесплатно домаќинско осигурување за 1 година

Промотивната понуда трае до 30.6.2022 Аплицирање 24/7 на:

(02) 15110 или

www.alokredit.mk

*Пример (април 2022) За клиенти со плата во Стопанска банка АД – Скопје за кредит од 400.000,00 денари, со осигурување од незгода со годишен трошок од 600,00 денари и со рок на отплата од 10 години, каматната стапка за првите 2 години изнесува 5,50% по што ќе се применува променлива каматна стапка која во моментов изнесува 7,43%. Ратата за првите две години изнесува 4.341,00 денари, додека ратата за останатиот период изнесува 4.661,00 денари (СВТ изнесува 7,20%). За кредит со животно осигурување со еднократен трошок за премија за осигурување од 10.679,00 денари кој при реализација се наплаќа од износот на кредит каматната стапка за првите две години изнесува 5,30%, по што ќе се применува променлива каматна стапка која во моментов изнесува 7,43%. Ратата за првите две години изнесува 4.302,00 денари, додека ратата за останатиот период изнесува 4.653,00 денари (СВТ изнесува 7,48%). Редовните административни трошоци изнесуваат 0% од износот на одобрениот кредит. Апликативните трошоци се наплаќаат еднократно и изнесуваат 600,00 денари. За кредити повисоки од 610.000,00 денари, клиентот треба договорот за кредит да го завери на нотар, за што следуваат и нотарски трошоци, во зависност од износот на кредит. За начинот на отплата на кредитот, трошоците и за сите други информации, вклучително и примери за клиенти што не се приматели на плата во СБ, информирајте се на нашата веб-страница www.stb.com.mk или во филијалите на Банката.


13 МАЈ 2022

44

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ПОЛИТИКА

Во однос на состојбите со судскиот систем, Извештајот забележува дека има мала реализација на граѓанските пресуди, со што се повредуваат правата на граѓаните, а дека за време на пандемијата судењата биле со доцнења и намален обем. Дваесет судења (поради пензионирање на судија поротник и разрешување на судија) се вратени на почеток.

пријавата, компанијата затаила околу 62,5 милиони денари (1,2 милиони долари) данок на приходи од 2013/2014 година. Во соопштение до медиумите од 19. мај, ТВ Алфа се пожали на притисок од финансиската полиција за истрага на финансиското и програмското работење на станицата во 2019 и 2020 година и од инспекторите на Министерството за внатрешни работи за проверка на комерцијалното работење на станицата 2013-2020 година“, се вели во извештајот. Советот за етика во медиумите продолжи да работи на унапредување на саморегулацијата. Заклучно со 25. август, Советот примил 95 поплаки за неетичко известување и лажни вести, што е за 10 отсто помало од бројот примени во истиот период во 2020 година, пишува во извештајот.

Дискриминација и насилство врз жени - само две години затвор за фемицид, мажи гласаат наместо жени, 530 нападнати жени за една година Извештајот забележува дека спроведувањето на затворските законски казни поврзани со семејно насилство не е на задоволително ниво, но и дека многу жртви воопшто не бараат правда на суд. Во јануари 2021 Собранието има усвоено Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, со цел да се помогне во спречувањето на семејно и родово базираното насилство и да се заштитат основните човекови права и слободи на жртвите, но во периодот од следните шест месеци (до јуни 2021) регистрирани се дури 789 жртви на семејно насилство, од кои дури 530 жртви се жени, а во судовите во Гостивар и во Кавадарци пријавен е по еден случај

на фемицид. Основниот суд во Охрид на убиец на жртва пак досудил две години затвор. Народниот правобранител смета дека казните се преблаги и никако не придонесуваат за намалување и елиминирање на тешките облици на семејно насилство, ниту пак обезбедуваат доволна заштита на жртвите. Невладиниот сектор анализира и забележува преку податоци дека за време на пандемијата со КОВИД 19 насилството доживеало подем, а родовите разлики се продлабочени. На отворените линии жени секојдневно се јавувале и се жалеле на некаков вид злоупотреба и насилство во домот. Извештајот исто така забележува дека во некои заедници има практика (која трае и продолжува) мажите да им даваат насоки на жените како да гласаат на избори, или да гласаат наместо жените во нивните семејства. nnn



13 МАЈ 2022

46

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ЕКОНОМИЈА

ПЕСИМИЗАМ КАЈ БИЗНИСМЕНИТЕ

ТОП МЕНАЏЕРИ ОД ЕВРОПА СТРАВУВААТ ОД ГОЛЕМА РЕЦЕСИЈА

Еврозоната се соочува со истовремени економски шокови од војната во Украина и пораст на цените на храната и енергијата како последица од конфликтот, заедно со шоковите во синџирите за снабдување што произлегуваат од кинеската политика за нулта толеранија кон Ковид. Тоа поттикнува загриженост за „стагфлација“ – состојба со низок економски раст и висока инфлација - и евентуална рецесија.


47

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

И

звршните директори на неколку големи европски компании изјавија за CNBC дека стравуваат од голема рецесија што и се заканува на Европа. Континентот е особено ранлив на последиците од руско-украинската војна, поврзаните економски санкции и загриженоста околу снабдувањето со енергија, а економистите ги намалуваат прогнозите за раст на еврозоната во последните недели. Еврозоната се соочува со истовремени економски шокови од војната во Украина и пораст на цените на храната и енергијата како последица од конфликтот, заедно со шоковите во синџирите за снабдување што произлегуваат од кинеската политика за нулта толеранија кон Ковид. Тоа поттикнува загриженост за „стагфлација“ – состојба со низок економски раст и висока инфлација - и евентуална рецесија. „Сигурно е, гледаме рецесија што е во процес на создавање, значи се подготвува. Сè уште има преголема побарувачка поради кризата со Ковид која што секој момент треба да ја оставиме зад нас“, вели Штефан Хартунг, извршен директор на германскиот инженерски и технолошки гигант Бош (Bosch). „Ковидот сè уште е тука и гледаме дека силно ја погодува Кина, но гледате дека во многу области во светот, побарувачката е веќе значително зголемена во некои области“. Особено, Хартунг ја истакнува побарувачката за апарати за домаќинство, електрични алати и возила, но посочи дека тоа ќе се намали. „Тоа значи дека за одредено време, оваа побарувачка сè уште ќе постои, иако гледаме зголемување на каматите и зголемување на цените, но во одреден момент, тоа нема да биде само криза со понудата, туку ќе да биде и криза на побарувачката и тогаш сигурно сме во длабока рецесија“, додаде тој.

Ако Германија влезе во рецесија, опасно е за цела Европа

Инфлацијата во еврозоната достигна рекордно високо ниво од 7,5% во март. Досега, Европската централна банка остана повоздржана од нејзините пандани, како што се Банката на Англија и Федералните резерви на САД, кои и двете почнаа да ги зголемуваат каматните стапки во обид да ја зауздат инфлацијата.

13 МАЈ 2022

Главниот економист на германската инвестициска банка Berenberg (Беренберг), Холгер Шмидинг, во своето обраќање од минатата недела рече дека краткорочните ризици за економскиот раст се зголемени во Европа. „Влошувањето на ситуацијата со локдауните во Кина и претпазливото трошење на населението како реакција на високите цени на енергијата и храната лесно може да предизвикаат намалување на БДП на еврозоната во вториот квартал“.

Сепак, ЕЦБ сега очекува да го заврши откупот на средства во рамките на својата APP (asset purchase program) програма во третиот квартал, по што ќе има простор да започне со затегнување на монетарната политика, во зависност од економските изгледи. Главниот економист на германската инвестициска банка Berenberg (Беренберг), Холгер Шмидинг, во своето обраќање од минатата недела рече дека краткорочните ризици за економскиот раст се зголемени во Европа. „Влошувањето на ситуацијата со локдауните во Кина и претпазливото трошење на населението како реакција на високите цени на енергијата и храната лесно може да предизвикаат намалување на БДП на еврозоната во вториот квартал“, рече Шмидинг. „Итно ембарго за увоз на гас од Русија (многу неверојатно) може да го претвори тоа во посериозна рецесија. Ако ФЕД одигра погрешно и ги катапултира САД директно од бум до пад (помалку веројатно, но

не и целосно невозможно), таквата рецесија би можела да трае до следната година“. Сепак, Шмидинг сугерира дека еврозоната најверојатно ќе влезе во рецесија само „ако полошото дојде до најлошо“, и дека тоа не е основна претпоставка. Марк Бренсон, претседател на германскиот финансиски регулатор БаФин (BaFin), смета дека воената ескалација во Украина или понатамошно нарушување во снабдувањето со енергија, ќе биде сериозен ризик за растот на најголемата европска економија, чиишто индустриски сектори се особено ранливи на енергетската криза. „Веќе гледаме дека растот е сведен на речиси нула во многу економии од ЕУ, вклучително и тука, и тоа е мошне ранлива ситуација. Кревко е и поради шоковите што се поврзани со Ковид, а коишто се’ уште се случуваат“, рече Бренсон. „Имаме инфлација со којашто треба да се справиме, и тоа сега, така што овој сплет на фактори е многу тежок за економијата.“


13 МАЈ 2022

48

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ЕКОНОМИЈА Ола Калениус, извршен директор на Мерцедес (MercedesBenz), изјави за CNBC минатата недела дека ситуацијата во Кина и војната во Украина создаваат „тешко деловно опкружување“ за германскиот производител на луксузни автомобили на три различни начини. „Од една страна, имаме тековен недостиг главно поврзан со микрочипови. Згора на тоа, сега има нови локдауни во Кина, нашиот најголем пазар, што ќе влијае на нас во Кина, но исто така може да влијае и на синџирите на снабдување низ целиот свет, а покрај тоа, се разбира, и војната во Украина, така што деловната клима е многу тешка“.

Стравување од уште поголема инфлација

Славомир Крупа, заменик извршен директор во Сосиете Женерал (Societe Generale), изјави за CNBC вчера дека француската банка внимателно ја следи макроекономската слика. „Очигледно е фундаментална вест за макроекономскиот контекст и поттикнатата инфлација којашто доаѓа како последица на енергетскиот шок – нешто што постоеше и пред да почне војната во Украина – сега имате стравување од уште повисока инфлација и ризик за конечен, фундаментален импакт врз макроекономијата во вид на рецесија“, рече тој, додавајќи дека тоа потенцијално ќе влијае на „целиот систем, и банката, секако“. Ола Калениус, извршен директор на Мерцедес (Mercedes-Benz), исто така изјави за CNBC минатата недела дека ситуацијата во Кина и војната во Украина создаваат „тешко деловно опкружување“ за германскиот производител на луксузни автомобили на три различни начини. „Од една страна, имаме тековен недостиг главно поврзан со микрочипови. Згора на тоа, сега има нови локдауни во Кина, нашиот најголем пазар, што ќе влијае на нас во Кина, но исто така може да влијае и на синџирите на снабдување низ целиот свет, а покрај тоа, се разбира, и војната во Украина,

Извршниот директор на данскиот гигант Маерск (Maersk), Сорен Скоу, вели дека најголемата светска бродска компанија, исто така, внимава на ризиците од рецесија, особено во САД, но не очекува тие да дојдат до израз до крајот на 2022 година или почетокот на 2023 година. така што деловната клима е многу тешка“, објасни тој. Неговите коментари ги потврдува и извршниот директор на Фолксваген (Volkswagen), Херберт Дис, кој вели дека компанијата исто така се соочила со „отежнето опкружување“ од Ковид, недостигот на чипови и војната во Украина во првиот

квартал. Извршниот директор на Маерск (Maersk), Сорен Скоу, вели дека најголемата светска бродска компанија, исто така, внимава на ризиците од рецесија, особено во САД, но не очекува тие да дојдат до израз до крајот на 2022 година или почетокот на 2023 година. nnn



13 МАЈ 2022

50

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ТЕХНОЛОГИЈА И ИНОВАЦИИ

ХРВАТСКИ НАУЧНИЦИ НАПРАВИЈА ПОДВИГ

ОТКРИЕНА МОЖНОСТ ЗА ПОЕВТИНО ПРОИЗВОДСТВО НА МИКРОЧИПОВИ

Во Лабораторијата за микро и нано електроника (MiNEL) на загрепскиот Факултет за електротехника и компјутери (FER) велат дека го имаат најбрзиот чист силициумов биполарен транзистор на светот. Хрватскиот тим на истражувачи укажува на можноста трошоците за производство на овие кола, или чипови, да бидат значително пониски. Во услови на недостиг и се’ поскапи полупроводници и електронски компоненти врз основа на кои денес технолошки се врти светот, звучи спектакуларно.


51

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Н

ајбрза мрежа, најбрз пренос на податоци, најбрз чип, најбрз… Вестите за достигнувањата со кои телекомите и разните ИТ компании ги мамат клиентите да им „ги остават своите пари“ што е можно побрзо, се менуваат со брзина на светлината. Научниците и истражувачите од Лабораторијата за микро и нано електроника (MiNEL) на загрепскиот Факултет за електротехника и компјутери (FER), од друга страна, скромно, ако воопшто, го прославија својот успех: го развија најбрзиот транзистор во светот, како што пишува хрватски Poslovni dnevnik. Со предупредување за да се избегне и најмал сензационализам велат: Го имаме најбрзиот чист силициумов биполарен транзистор. Глобално. Станува збор за, објаснува првиот човек на MiNEL проф. д-р Томислав Сулигој, биполарен транзистор со хоризонтален тек на струјата (анг. Horizontal Current Bipolar Transistor - HCBT), каков што се користи денес во пософистицирани аналогни склопови, за оптички и безжични комуникации, извори на напојувања, оперативни

засилувачи, двигатели на дискови и екрани, итн. Тимот кој работеше на проектот - Марко Коричиќ, Јосип Жилак, Жељко Осречки и Филип Богдановиќ укажува на можноста трошоците за производство на овие кола, или чипови, да бидат значително пониски. Во услови на недостиг и се’ поскапи полупроводници и електронски компоненти врз основа на кои денес технолошки се врти светот, звучи спектакуларно. Сулигој мирно објаснува за што се работи: „HCBT во моментов се имплементира во чист силициум, што подразбира поедноставен производствен процес, односно поевтина технологија. Има фреквенција на единечно струјно засилување од 51 GHz (гигахерци), максимална фреквенција на осцилација од 61 GHz со пробивен напон (колектор-емитер) од 3,4 V (волти)”, вели тој. Самиот транзистор е, инаку, прилично мал - со големина од 1 микрометар (μm), со активен дел од 50 нанометри (nm).

Хоризонтален, наместо вертикален проток на струја

Ваквите транзистори се составени од колектори, бази и емитери - колекторот и основата се во силициумовата подлога, а во

HCBT основата е од страната на силициумовиот брег. Идејата на експертите на MiNEL била на таа страна да се сложи оптимален профил на примеси во внатрешното подрачје на транзисторот, каков што не е виден досега. Благодарение на ова, струјата низ транзисторот не тече вертикално, туку хоризонтално. „Концептот на хоризонтален проток на струја значи дека со поединечните транзисторски подрачја може полесно да се манипулира. Колата на различни напони на ист чип даваат дополнителна флексибилност на технологијата и овозможуваат додатна оптимизација на колата или реализација на кола со различни функции во иста технологија. Тоа би можело да значи дека некој електронски систем што се реализира денес со различни чипови би можел да се направи на еден и со тоа да ги намали трошоците на целиот систем и да ги подобри неговите перформанси“, објаснува професорот. Во HCBT, напомнува тој, може да се реализираат сите кола како и во останатите силициумови биполарни технологии, но со пониска цена на производството, поголема можност


13 МАЈ 2022

52

ТЕХНОЛОГИЈА И ИНОВАЦИИ

Фото: Жељко Хладика/PIXSELL

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Концептот на хоризонтален проток на струја значи дека со поединечните транзисторски подрачја може полесно да се манипулира. Колата на различни напони на ист чип даваат дополнителна флексибилност на технологијата и овозможуваат додатна оптимизација на колата или реализација на кола со различни функции во иста технологија. Тоа би можело да значи дека некој електронски систем што се реализира денес со различни чипови би можел да се направи на еден и со тоа да ги намали трошоците на целиот систем и да ги подобри неговите перформанси, објаснуваат експертите од Загрепскиот факултет за електротехника и компјутери.

за интеграција со други функции, потенцијално подобра ефикасност или помала потрошувачка. Кога зборуваме за транзистори и полупроводници, нивната главна примена е во ИТ индустријата, односно производството на кола за компјутери и сите останати електронски уреди. „Во моментов, главно сме фокусирани на дизајнирање кола за радиофреквенција за употреба во комуникациски уреди како што се мобилни телефони, базни станици, далечински управувачи и уреди за навигација кои можат да ја користат брзината на HCBT, но нивниот пазарен потенцијал е многу голем“, велат од МiNEL. Но, тие признаваат дека е тешко да се предвиди каде би билe најсоодветни, со оглед на сите технички и економски аспекти. Може да се додаде - и политички, имајќи предвид дека некои членки, вклучително и самата ЕУ, станаа свесни за потребата да се развијат технологии за полупроводници во сопствениот двор, со што би започнало локално производство. MiNEL ја заштити иновацијата со повеќе од 20 патенти, дали веруваат дека има моќ да се

Со предупредување за да се избегне и најмал сензационализам од загрепскиот Факултет за електротехника и компјутери велат: Го имаме најбрзиот чист силициумов биполарен транзистор. Глобално. Станува збор за, објаснува првиот човек на лабораторијата проф. д-р Томислав Сулигој, биполарен транзистор со хоризонтален тек на струјата (анг. Horizontal Current Bipolar Transistor - HCBT), каков што се користи денес во пософистицирани аналогни кола, за оптички и безжични комуникации, извори на напојувања, оперативни засилувачи, двигатели на дискови и екрани, итн. комерцијализира во Хрватска?

Можности за комерцијализација

„За производство на HCBT, треба да се имплементира развиен технолошки процес во многу сложена и скапа производна линија на полупроводнички компоненти,

која најчесто се базира на CMOS процесот. Таква производна линија или фабрика во Хрватска нема, единствен начин би бил да се изгради. Колку и да изгледа примамливо, тоа е многу тешко да се постигне на краток рок, не само поради многу високата


53

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

цена, туку и поради познавањето на технологијата, односно постоењето на критичко знаење и целокупното опкружување за такво софистицирано производство.“, порачува Сулигој. Меѓутоа, покрај технологијата, постојат голем број придружни активности во синџирот за развој на чипови кои се подеднакво важни за финалниот производ (дизајн на нови елементи и склопови, развој на нивните компјутерски модели, анализа на резултатите, пакување на чипови, комплицирани мерења и тестирања...). „Се надеваме дека Хрватска ќе се вклучи во подобрување и развој на европската технологија за полупроводници во една од овие активности, за која не е неопходно да се има технологија, туку самото процесирање може да се врши на друго место“, вели Сулигој. Затоа, и за него е поизвесно дека странски компании ќе бидат привлечени од загрепскиот HCBT, а овие играчи не се „полесни“ од неколку десетини милијарди долари. „Пореално е да ја имплементираме и евентуално да ја лиценцираме нашата технологија во некоја постоечка фабрика за полупроводнички компоненти. Оваа постапка е многу тешка и комплицирана, се однесува на најчувствителниот дел на секој производител, а тоа е технологијата на самите транзистори. Развојот на ваквите процеси се планира со години однапред и на компаниите им е тешко да се одлучат за технологија врз основа на значително поинаков концепт, кој покрај предностите неминовно носи и дополнителен ризик. Има интензивни контакти со различни компании, но потребни се многу други фактори покрај презентацијата на иновативна технологија, од доверливост и контрола на технолошкиот процес во обем на масовно

Во соработка со ЦЕРН (CERN), Европската организација за нуклеарни истражувања со седиште во Швајцарија, хрватскиот тим работи на многу чувствителни и прецизни детектори за честички, на оптимизирањето на структурата на полупроводничките детектори и проектирањето кола за читање сигнали од овие детектори, кои мора да бидат многу чувствителни, брзи и прецизни, но и отпорни на зрачење за време на судирите на честичките при брзини многу блиски до брзината на светлината во детекторите на CERN. производство до интелектуална сопственост, истражување на пазарот и останато што не е наша примарна експертиза , заклучува раководителот на лабораторијата за микро и нано електроника на Загрепскиот електротехнички факултет, Томислав Сулигој.

Соработка со ЦЕРН

„Во соработка со ЦЕРН (CERN, Европската организација за нуклеарни истражувања со седиште во Швајцарија, н.з.), работиме на многу чувствителни и прецизни детектори за честички, на оптимизирањето на структурата на полупроводничките детектори и проектирањето кола за читање сигнали од овие детектори, кои мора да бидат многу чувствителни, брзи и прецизни, но и отпорни на зрачење за време на судирите на честичките при брзини многу

блиски до брзината на светлината во детекторите на CERN. Работиме и на силициумови детектори со слој од аморфен бор, кои покажуваат рекордна чувствителност на ултравиолетово зрачење и електрони со ниска енергија, а се атрактивни за употреба во различни индустриски и физички инструменти“, велат хрватските научници. Тие, исто така, се занимаваат и со моделирање и симулации на понови полупроводнички материјали и елементи како што се транзистори со висока мобилност на електроните врз база на галиумнитрид или MOS транзистори базирани на галиум - арсенид. Дел од групата работи и на моделирање на својствата на дводимензионалните материјали графен, фосфорен и слично. nnn


54

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

STARTUP

ЗОШТО СТАРТАПИТЕ ПРОПАЃААТ?

Од неусогласеност на производите со пазарот до неслога во тимот, ги анализираме најчестите причини за неуспехот на стартапите.

З

ошто некои стартапи пропаѓаат, а некои не? Постојат мноштво причини, но во оваа прилика ќе издвоиме некои од најчестите грешки на претприемачите. Ако почнувате бизнис, статистиката е против вас, затоа што истражувањата покажуваат дека две третини од новоформираните компании никогаш не дочекуваат позитивен резултат. Добрата вест е што стартапите може да ја избегнат таа стапица со ригорозно дефинирање на проблемот што сакаат да го решат, со добивање повратни информации директно

од купувачите и со проверување на бизнис концептот со помош на реални купувачи во реалниот свет. „Еден од начините да обезбедиме внимание од страна на слушателите на нашите обуки е токму демонстрацијата на најчестите причини зошто стартапите не успеваат. Вообичаените виновници се тука – не постои потреба на пазарот, лош тим, недостиг на пари, пресилна конкуренција и лош бизнис модел“, вели за хрватски Lider Филип Стипанчиќ, партнер во Lean Startup Hrvatska и стартап евангелист. Списокот на причини за пропаста на стартапите е долг, затоа што

како што рекол Толстој ‘...секое несреќно семејство е несреќно на свој начин’, па така и секој неуспешен стартап има свој начин на којшто стигнал до таму. Сепак, од сето тоа може нешто да научиме, затоа што ако разбереме каде лежи заканата, тогаш полесно е да превенираме лош исход. Консултантската куќа CB Insights со години веќе прави истражувања post mortem на примерок од стартапи врз основа на коишто ги дефинираат најчестите причини, од коишто отсуството на пазарна потреба е секогаш при врвот.


55

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

XНедостиг X на пазарна потреба Често водечката причина од којашто произлегуваат разни други причини (пр. недостиг на пари или фокус) може да се спречи со примена на методологија на развој на корисници во којашто примарниот фокус на почетокот се става на разбирање на корисниците и откривање на нивните вистински потреби. Ниту еден современа стартап програма не ја заобиколува оваа фаза, и покрај тоа што и понатаму голем број на тимови тврдоглаво ги турка своите идеи наместо да ги решава вистинските проблеми на корисниците.

XЛош X тим Често почнува од самите основачи коишто немаат искуство или не се компатибилни, а продолжува со недостиг на компаниска култура и лоша организација на операциите. Стартапот е ентитет којшто креира во услови на голема неизвесност и односите помеѓу луѓето често подлежат на искушенија.

XНедостиг X на пари Ова е често последица на неодговорното управување со парите и времето, а освен тоа што може да се спречи, еден совет е да не се зависи исклучиво од надворешно финансирање, туку што побргу да се создаваат приходи коишто ќе ги покријат трошоците на работењето. XКонкуренција X Ако е избран доволно голем и растечки пазар, а постои и јасна диференцијација во предложените вредности за купувачите, конкуренцијата нема да ја доведе во опасност егзистенцијата на стартапот.

XЛош X бизнис модел Начинот на создавање вредност и одземање на вредност од пазарот се нарекува бизнис модел. Дефиницијата на стартапот е токму потрагата за одржлив бизнис модел којшто на иновативен начин ќе понуди и одземе вредност. Во процесот на развој, стартапот ќе се прилагодува на еден или друг начин, барајќи бизнис модел што може да го валидира и да го направи одржлив, но ако не успее во тоа, веројатно нема да опстане. Инспиративно е да се чуе за некој креативен бизнис модел, но понекогаш и едноставните и проверени модели се поефективни.

XПрерано X скалирање Во желба за изградба на компанијата и раст, стартапот може да тргне во скалирање (брзо зголемување на обемот на бизнисот: број на вработени, продажба) пред да биде подготвен за тоа, односно пред фазата на т.н. product market fit, што означува состојба кога целната група на корисници веќе го купуваат и користат продуктот, кажуваат и на други за него, во обем доволно голем што обезбедува раст и профитабилност. Последица на прераното скалирање е прекумерното трошење на придобивање на нови корисници, наместо фокус на нивна ретенција, односно кога сме сигурни дека тие повторно ќе купат од нас и нема да отидат кај конкуренцијата. На крајот ова доведува до негативен паричен тек што за стартапите е често пресуден. nnn


13 МАЈ 2022

56 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТРАТЕШКИ ТЕХНОЛОШКИ ТРЕНДОВИ ВО 2022

DECISION INTELLIGENCE ЗА ПОЛЕСНО ДОНЕСУВАЊЕ КВАЛИТЕТНИ ОДЛУКИ

Интелигенцијата на одлучување (decision intelligence – DI) аналитичарите на водечки глобални компании ја прогласија за една од најважните технологии за успешно работење, но попатно објаснуваат дека тоа и не е всушност технологија, туку дисциплина. Со нејзина помош компаниите стануваат агилни, а и вработените одлучни и претприемчиви.

Г

одинава менаџерите на најнапредните компании во светот тренираат нова дисциплина – интелигенција на одлучувањето (анг. decision intelligence, DI). Toa е тренд во менаџментот и подрачје коешто опфаќа низа методи за полесно донесување на поквалитетни одлуки. Интелигенцијата на одлучувањето

се базира на алгоритми на машинско учење и е прилагодена на организациското одлучување. Комбинира различни техники на одлучување коишто обединуваат вештачка интелигенција (AI), автоматизација, бизнис интелигенција и креативност во носењето одлуки, со цел со напредни одлуки втемелени на ефективни податоци да се постигне колку што е можно подобар

деловен успех. На компаниите коишто сакаат да ги надминат застарените форми на аналитика, интелигенцијата на одлучувањето им овозможува обработка на големи количини на податоци преку софистицирана комбинација на алатки, како што се вештачката интелигенција и машинското учење. Системите на интелигенцијата на одлучување им помагаат на компаниите да


57

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

гледаат во иднината со поголема леснотија и самодоверба, а на DI платформите да ги откријат ризиците и да дадат конкретни препораки за преземање активности како би се избегнале штетни последици. На пример, ако нешто го наруши синџирот на набавки, DI платформата може да послужи за успешно решавање на проблемот во реално време. Со употреба на DI може да се управува со сите елементи во деловниот процес со предвидлив успех. DI технологијата е извонредна во предвидувањето, на пример, кога одредени производи ќе станат повеќе барани, дали маржата достигнала или не точка во којашто менувањето на залихите има смисла, па на друг начин да се синхронизира понудата со побарувачката од потрошувачите. Интелигенцијата на одлучувањето ја елиминира потребата од долги разговори, а со помош на DI платформата менаџерскиот

тим е поврзан и достапни му се податоци на коишто може да им верува, затоа што се непристрасни, точни и сигурни, што овозможува побрзо делување и ги намалува несогласиците во рамки на тимот. Освен тоа, решенијата на дигиталната интелигенција, како што е машинското учење, можат да изведуваат алгоритми врз основа на податоците од клиентот собрани во најразлични бази на податоци. Така се открива совршен профил на корисникот и се споредува со податоци од трета страна за да се создаде целна група на потенцијални купци што ќе му послужи на маркетингот за креирање кампањи. Стратегијата помага да се идентификуваат специфични преференции на купувачите и да се дополнат нивните потреби. Меѓутоа, ова не е толку едноставно, затоа што успешните стратегии на одлучување бараат разбирање на начините на коишто се донесуваат организациските одлуки, како

и преданост кон евалуација на исходот, кон управувањето и подобрувањето на одлучувањето со повратни информации. „Ова не е технологија, туку дисциплина која се состои од многу различни технологии“, вели аналитичарот во глобалната консултантска куќа Gartner, Ерик Бретено. Според Gartner, интелигенцијата на одлучувањето е еден од главните овогодишни стратешки технолошки трендови, а се очекува дека повеќе од една третина од големите организации во светот ќе ја практикуваат оваа дисциплина до почетокот на следната година. Трендот се развива во време кога организациите мора да одлучуваат побрзо од било кога, и тоа во обем што досега не е виден. Според Бретено, интелигенцијата на одлучувањето помага да се обезбеди автоматизирано носење на одлуки, што може да им помогне на компаниите дао станат конкурентни и да ги задоволат


13 МАЈ 2022

58 МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Интелигенцијата на одлучувањето комбинира различни техники на одлучување коишто обединуваат вештачка интелигенција (AI), автоматизација, бизнис интелигенција и креативност во носењето одлуки, со цел со напредни одлуки втемелени на ефективни податоци да се постигне колку што е можно подобар деловен успех. барањата на пазарот. Но, заради тоа е потребно длабоко разбирање на процесите на одлучување, ризиците и добивките коишто ги носи секоја одлука, како и прифатливите граници на грешка. Воведување на интелигенција на одлучувањето во корпоративна пракса значи да се почне процес којшто е извонредно дефиниран, ниско ризичен и има голема збирка на примери. Тоа не е еднократен процес, поради што пристапот мора постојано да се прилагодува во согласност со повратните информации. Многу компании веќе имаат такви процеси, но не се сите се’ уште целосно автоматизирани. „Компаниите коишто се презафатени со секојдневни работи можеби нема да забележат дека ги пропуштаат тие прилики. Подоцна ќе се прашуваат зашто конкурентите им работат подобро, но ќе биде предоцна. Дури и кога процесот е веќе автоматизиран, додавањето на повеќе фактори во механизмот на одлучување може да ја зголеми точноста“, вели Реј Вонг, главен аналитичар и основач на Constellation Research. На пример, одлуката за оценка на ризикот може да се подобри ако се земе предвид времето од денот или локацијата на корисникот. Колку што процесот почесто се повторува и колку што се појасни резултатите, толку компанијата ќе има повеќе можности да го подобри. На пример, фирмата LexisNexis, позната глобално како провајдер на аналитички продукти и различни бази на податоци, го користи својот производ ThreatMetrixom за донесување на преку 300 милиони одлуки на ден, поврзани со измами, и иако тие

не се совршени, на купувачите им нудат голема вредност затоа што во 99% од случаите се исправни. LexisNexis применува алгоритми на машинското учење за сортирање на трансакциите во профили на однесување, со цел да предвиди дали некоја трансакција е лажна или сомнителна. „Автоматизацијата на интелигенцијата на одлучувањето може да се појави во тек на фазата на прибирање на податоци при одлучувањето, но не мора да донесува конечни заклучоци, туку може да се употребува за изработка на известувања или генерирање на трендови и корелации. Стариот начин, рачно прибирање на податоци и изработка на извештаи, денес не е веќе добра идеја. Покорисно е да имате автоматски прибрани и обработени податоци во реално време за да се донесе конечна одлука“, објаснува Ванг. Притоа е важно да се користат големи бази на податоци за да биде интелигенцијата на одлучување навистина ефективна, затоа што на мали бази на податоци многу тешко се утврдува дали една одлука била добра или не. „Квалитетот на исходот и квалитетот на одлуките не се иста работа. Понекогаш може да имате сјаен шпил на карти и носите исправни одлуки, но и понатаму губите. За жал, кога се во прашање комплицирани и ретки одлуки, компаниите најчесто немаат воспоставено механизми за мерење на нивниот учинок. Но, решавањето на тој проблем не е технологијата, првиот чекор е да се формализира одлучувањето во компанијата, па потоа да се размисли за додавање на софтвер

како поддршка на тој процес. Меѓутоа, тешко е да се приберат резултатите од тие одлуки и да се поврзат со процесот на носење одлуки. Моментално во тоа највешти се маркетинг тимовите“, вели Амареш Трипати, глобален шеф за аналитика во компанијата Genpact. Компаниите сè повеќе ги прифаќаат технологиите со вештачка интелигенција за да ги решат постоечките и новите проблеми во деловниот екосистем, да ги задоволат променливите барања на пазарот и да постигнат подобри деловни резултати, раст на приходите и влијание на пазарот. Но, еден од проблемите во интелигенцијата за донесување одлуки може да биде пристрасноста на податоците, бидејќи одлуките се исто толку добри како и податоците на кои се базираат. Луѓето произведуваат податоци кои често се засноваат на пристрасност, па и оние кои одлучуваат ќе бараат податоци што ја поддржуваат нивната пристрасност. На пример, ако менаџерот мисли дека на компанијата и требаат повеќе луѓе во секторот, тој многу лесно може да најде податоци за поддршка, што може да доведе до погрешни заклучоци. Решението е да се управува со пристрасноста преку учење од грешките од минатото. Иновациите, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција, компјутерскиот вид, интелигенцијата за одлучување и машинското учење, ќе имаат големо трансформациско влијание на пазарот во наредните години, правејќи ја интелигенцијата за одлучување неопходен механизам во деловниот процес. nnn


ДОКАЖАН ПАРТНЕР НА БИЗНИСОТ Ни ден повеќе без камата на вашата сметка

0.5% за МКД и 0.3% за ЕУР ФЛЕКСИБИЛНО користење на средства во секое време 24/7 управување со сметката преку е-банкарство КАМАТА по видување со месечна исплата

mkd.info@procredit-group.com

www.pcb.mk


13 MAJ 2022

60 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

РЕКОА ЗА ...

ПАТРИОТИЗМОТ Патриотизам е да ја поддржуваш твојата земја цело време, а владата само кога тоа го заслужува.

Не постои доволно големо знаме за да го покрие срамот од убивањето на невини луѓе.

МАРК ТВЕН писател

ХАУАРД ЗИН

историчар и филозоф



13 MAJ 2022

62 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1126

Несреќниот потег со фрлањето на државното знаменце на македонската претставничка на Евровизија деновиве покрена цела лавина на реакции во јавноста. Социјалните мрежи просто зовреа од говор на омраза сè до повици за линчување на кутрото девојче. За оладување на овие вжештени „патриотски“ глави донесуваме неколку мисли околу патриотизмот од некои од најмудрите луѓе што живееле на планетава.

Ја сакам Америка повеќе од било која друга земја, и токму поради тоа, инсистирам на правото да ја критикувам постојано.

Патриотите секогаш зборуваат за умирање за својата земја, но никогаш за убивање поради нивната земја.

ЏЕЈМС БОЛДВИН писател и активист

БЕРТРАНД РАСЕЛ филозоф

Секоја мизерна будала која нема ништо со што би се гордеела, како последно упориште на гордоста ја прифаќа гордоста за нацијата на којашто и припаѓа.

Никогаш нема да имате мирен свет сè додека не го исфрлите патриотизмот надвор од човечката раса.

АРТУР ШОПЕНХАУЕР филозоф

Во старите времиња се велело има нешто слатко и исправно во тоа да се умре за некоја земја. Во модерната војна, нема ништо слатко и исправно во твоето умирање. Ќе умреш како куче поради ништо.

ЏОРЏ БЕРНАРД ШО писател

Велат дека патриотизмот е последното прибежиште за коешто се држи никаквецот. Укради малку и ќе те пикнат во затвор. Укради многу и тогаш ќе те направат крал.

ЕРНЕСТ ХЕМИНГВЕЈ писател

БОБ ДИЛАН поет и музичар

Патриотот мора секогаш да е спремен да ја брани својата земја од сопствената влада.

Државата нема да биде добро место за живеење за било кој од нас, сè додека не ја направиме добро место за живеење за сите нас.

ЕДВАРД ЕЈБИ автор и активист

ТЕОДОР РУЗВЕЛТ

поранешен американски претседател



W W W. B O Z I N O V S K I . C O M . M K


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.