1127-Kapital magazine

Page 1

ПРВО ИЗДАНИЕ НА „ДЕН НА ИНВЕСТИТОРИТЕ“ ВО БЕЛГРАД НЛБ ГИ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА, ВЛАДЕ ДИВАЦ И НАЈМОЌНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА БАЛКАНОТ

ШТО ДА ПРАВИТЕ КОГА БЕРЗИТЕ ТРГНАЛЕ УДОЛУ ВОРЕН БАФЕТ ВЕЛИ: ТРПЕНИЕ, СПАСЕНИЕ!

business magazine ИСТРАЖУВАЊЕ

БРОЈ 1127 l 27 мај 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk

ЛИДЕРСТВО

COVER STORY

ШТО МОЖЕ ДА НАУЧИМЕ ОД ИЛИР СЕЛА, ОСНОВАЧОТ НА SLICE

КОГА РАСТАТ ЦЕНИТЕ НА СÈ „ЖИВО И ДИВО“ ШТО Е ЗАСОЛНИШТЕ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ?

INTERVIEW

КОСТАДИН КОСТАДИНОВ градоначалник на Струмица

ИНТЕРВЈУ

И ПОКРАЈ ГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ, СО МОЈОТ ТИМ СМЕ ФОКУСИРАНИ НА МОДЕРНА И ЕВРОПСКА ОПШТИНА ОДИЛ РЕНО – БАСО претседателка на ЕБОР

СИВАТА ЕКОНОМИЈА „ЈАДЕ“ ЧЕТВРТИНА ОД БДП

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ извршен директор и главен економист на Finance Think



3

КАПИТАЛ... 1127

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

12

24

Костадин Костадинов

Благица Петрески

6

COVER STORY

Кога растат цените на сè „живо и диво“

Засолниште за инвеститорите: ниту биткоин, ниту злато и сребро, туку берзански суровини

27 МАЈ 2022

ИНТЕРВЈУ

градоначалник на Струмица И покрај големите економски предизвици, со мојот тим сме фокусирани на модерна и европска општина

ИНТЕРВЈУ

извршен директор и главен економист на Finance Think Наместо да „гасиме пожари“, да ја поправиме економската инсталација

18

ИСТРАЖУВАЊЕ

Сивата економија „јаде“ четвртина од БДП За сивата економија повеќе се зборува, помалку се прави

36

28

ЕКОНОМИЈА

КОЛУМНА

Никола Кишин

бугарски интелектуалец Неуспешниот рестарт во бугарско-македонските односи COVER STORY Кога растат цените на сè „живо и диво“...................................................06 Засолниште за инвеститорите: ниту биткоин, ниту злато и сребро, туку берзански суровини ИНТЕРВЈУ Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица....................................12 И покрај големите економски предизвици, со мојот тим сме фокусирани на модерна и европска општина ИСТРАЖУВАЊЕ Сивата економија „јаде“ четвртина од БДП...........................................18 За сивата економија повеќе се зборува, помалку се прави ИНТЕРВЈУ Благица Петрески извршен директор и главен економист на Finance Think................................................................24

Самит Македонија 2025 по 11-ти пат

Дигиталната трансформација и лидерството во фокус КОЛУМНА Никола Кишин, бугарски интелектуалец.28 Неуспешниот рестарт во бугарско-македонските односи ИНТЕРВЈУ Одил Рено – Басо, претседателка на ЕБОР.30 Нашиот фокус во Северна Македонија се инвестиции во зелена економија, поврзаност и конкурентност на приватниот сектор ЕКОНОМИЈА Самит Македонија 2025 по 11-ти пат.36 Дигиталната трансформација и лидерството во фокус РЕГИОН Прво издание на „Ден на инвеститорите“ во Белград НЛБ ги собра на едно место Раде Шербеџија, Владе Дивац и најмоќните директори на Балканот........................................42

42

РЕГИОН

НЛБ ги собра на едно место

Раде Шербеџија, Владе Дивац и најмоќните директори на Балканот ПРЕТПРИЕМНИШТВО Што може да научиме од Илир Села, основачот на Slice...........................50 Лидерите мора да бидат агилни, да постават визија и да креираат и други лидери во тимот ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ Што да правите кога берзите тргнале удолу.....................................................52 Ворен Бафет вели: трпение, спасение! ТРЕНДОВИ Нова парадигма во маркетингот.....54 Едноставноста е на цена: кои се „наједноставни“ брендови на светот ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ Како не треба....................................................58 Лекции од најлошите директори во историјата ЛИДЕРСТВО Рекоа за...Трпението........................................60

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 26.05.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


27 МАЈ 2022

4

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ВО ФОКУС

ИСТОРИСКИ ЧИН: ОТВОРЕН Е ПАТОТ ЗА ЦЕЛОСНА АВТОКЕФАЛНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

И

Историски чин кој го трасира патот до целосна автокефалност на Македонската православна црква Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), се случи во понеделникот, на 24 мај, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Српскиот патријарх Порфириј информираше за одлуката на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) дека прифаќа МПЦ-ОА да стане автокефална и да биде примена во редот на признати Православни цркви. На заедничка литургија со Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по повод денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, српскиот патријарх рече дека се исполнети сите услови МПЦ-ОА да биде предложена за автокефална црква. Ова е почеток на

крајот на децениското настојување на македонските православни верници да ја возобноват славната Охридска архиепископија. На оваа посета на поглаварот на СПЦ Порфириј ѝ претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19-ти месецов во Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград. Со литургијата беше потврдено надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење. Одлуката на СПЦ следеше по онаа на Синодот на Вселенската патријаршија и Патријархот г. Вартоломеј, да ја прифатат Охридската архиепископија за канонска црква во нашата земја и да ја примат во литургиско и канонско единство. nnn


W W W. B O Z I N O V S K I . C O M . M K


6 COVER STORY 27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

COVER STORY

ЗАСОЛНИШТЕ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:

НИТУ БИТКОИН, НИТУ ЗЛАТО И СРЕБРО, ТУКУ БЕРЗАНСКИ СУРОВИНИ Во вакви околности, со пораст на цените на практично сите суровини и репроматеријали, како последица од повеќе фактори – нарушени синџири на снабдување поради короната, војна во Украина, временски неприлики, итн.- инфлацијата се врати на голема врата, почнувајќи уште од првите месеци на 2021 година. Многу инвеститори периодов го вртат погледот кон суровините/ берзанските стоки (commodities), поради добра причина: стоките генерално нудат заштита од инфлација. Меѓутоа, аналитичарите сметаат дека има и подобар начин да се влезе во овој сектор, преку пасивни вложувања во индексите на берзанските стоки.


МАЈ КОГА РАСТАТ ЦЕНИТЕ НА СЕ’ „ЖИВО И ДИВО“ 7 272022 KAPITAL.MK I БРОЈ 1127


27 МАЈ 2022

8

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

COVER STORY

Геополитиката и монетарната политика моментално се главните фактори коишто влијаат на пазарите, а пополека се приближуваме кон периодот кога и временските (не)прилики ќе имаат се’ позначајна улога за производството и родот на житарките и другите суровини на северната хемисфера.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

С

ветските берзи се повторно во минус и неделава, продолжувајќи го повеќенеделниот тренд на песимизам и неизвесност кај инвеститорите, предизвикан од глобалната ситуација со инфлацијата, војната во Украина и нарушените трговски синџири уште од пандемијата пред две и пол години. Особено се погодени големите технолошки компании, каде што има некои што загубија и по 50, 60 и повеќе проценти од својата пазарна вредност од почетокот на годинава. Технолошкиот сектор и тоа како цутеше за време на пандемијата,поради наглите промени на навиките на потрошувачите коишто многу повеќе време поминуваа на социјалните мрежи, гледаа содржини на стриминг платформите, купуваа онлајн, одржуваа состаноци онлајн итн., и со тоа им правеа многу поголем промет на компаниите како Google, Facebook, YouTube, Amazon, Netflix, Zoom и другите. Но, сега, скапо ја плаќаат кризата којашто како бран од плима голта се’ пред себе. Најнов во низата примери од технолошкиот сектор е медиумската

платформа Snap, која што само за два дена неделава загуби речиси половина од својата пазарна вредност, веднаш откако излегоа со податоци за заработката, објаснувајќи дека „макроекономското окружување се влошило повеќе и побрзо одошто очекувале“ и дека следните месеци прогнозираат поголем пад на заработката одошто проектирале на акционерското собрание во април. Во вакви околности тешко е иднината да се гледа низ розова призма, а тоа е основниот предуслов за било каков нов економски замав. Геополитиката и монетарната политика моментално се главните фактори коишто влијаат на пазарите, а пополека се приближуваме кон периодот кога и временските (не)прилики ќе имаат сè позначајна улога за производството и родот на житарките и другите суровини на северната хемисфера. Војната во Украина и понатаму е тука, а како што се чини, тешко и дека набрзо ќе заврши. Што е пострашно, расте стравот дека дури може и да се прошири на Финска и Шведска, по нивната одлука за итно пристапување во НАТО сојузот. Русија најави дека нема да биде нем набљудувач, па што и да значи тоа. Паралелно, ја стопираа испораката

на струја кон соседот Финска. Снабдувањето со гас на Европа е под знак прашалник, иако во периодов можеби и не е најидеален за руското уценување на Европа со гасот, затоа што доаѓа летото, времето се стоплува и сл. Но, за неколку месеци, повторно ќе се смени ситуацијата. Како во оваа глобална геополитичка партија шах сто Европа, најдобро покажува изјавата на шефот на германската Commerzbank, Манфред Кноф, којшто предупреди дека Германија ќе биде погодена од бран на банкроти како последица на санкциите кон Русија, а најмногу поради зависноста од руските енергенси. Според него, снабдувањето со енергија во Германија е под знак прашалник, поедини синџири на снабдување веќе се прекинати, а високата инфлација е реалност. Исто така, проценува дека веќе една третина од надворешната трговија на земјата ги чувствува последиците на растечките цени на берзанските стоки, инфлацијата и тесните грла во синџирите на снабдување. Меѓународниот монетарен фонд на Светскиот економски форум, кој се одржува неделава во швајцарски Давос, соопшти дека глобалната економија ја чека „можеби најголемиот тест од Втората светска војна“.


9

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Кога сме веќе кај инфлацијата, сега можеме да кажеме дека биткоинот не се покажа како заштита (hedge) против инфлацијата, но се чини дека ниту златото и среброто се тоа. Или инфлацијата е превисока или златото/среброто се премногу евтини. Она што се покажува е дека фјучерсите на стоки – земјоделски производи / метали / енергија навистина го задржаа својот тренд и се покажаа како засолниште за инвеститорите од инфлацијата. „Се соочивме со низа несреќни настани“, кажа извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева. Предупреди дека руската инвазија на Украина ги потенцирала негативните ефекти на пандемијата на ковид-19 на економијата, отежнувајќи го економското заздравување и разгорувајќи ја инфлацијата со растечки цени на храната и горивата. Државите ги оптоваруваат и растечките каматни стапки, а компаниите и домаќинствата мораат да се носат со големи долгови. Ризик претставуваат и турбуленциите на пазарот и постојаните прекини на синџирите на снабдување. Дополнително, проблеми создаваат и климатските промени. За да се намали стресот на економијата, ММФ повика на состаноци на шефовите на влади и бизнисмените во Давос за да разговараат за намалување на трговските бариери. Додека многу

земји се борат со сè поголемите животни трошоци на своите граѓани, некои одат во спротивна насока и воведуваат ограничувања на трговијата со храна и земјоделските производи кои можат да предизвикаат недостиг и да ги зголемат цените на глобално ниво.

Фокусот на пченицата

Сè што создаде глобализацијата во изминатите децении полека почнува да се распаѓа. Синџирите на снабдување се многу дискутабилни денес, а тоа е основен предуслов за глобализација. Ако не управувате со синџирот на снабдување, тогаш со што управувате? Згора на тоа, очигледно е дека интересот не’ обединува само во добри времиња, но кога ќе згусне тогаш секој се гледа себеси и за себе. Така, сè повеќе има примери на протекционизам на одредени земји врз одредени стратешки суровини, покрај тоа што под санкции е извозот/увозот на некои стоки од/ во Русија, а од претходно и нафта од Ирак.

Уште пред почетокот на војната сведоци бевме на високи даноци за извоз на жита и маслодајни култури во Русија и Аргентина. Потоа, со почетокот на годината и/или војната, Индонезија воведе ограничување на извозот прво ма јаглен, а потоа и на палминото масло. Србија воведе извозни ограничувања за извозот на масло, брашно, пченица и пченка. Унгарија се обиде да воведе забрана за извоз, но поради притисокот тој обид беше времено прекинат. Сега и Индија го забрани извозот на пченица, токму во моментот кога светот се понадева дека земјата може делумно да го замени украинскиот извоз. Многу е веројатно дека и некои други земји ќе направат сличен чекор во блиска иднина. Што ако Кина, како голема база на суровини, направи нешто слично? Или можеби овие строги локдауни и последователното забавување на сите пратки од Кина е всушност тоа, само различно спакувано?


27 МАЈ 2022

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Во светот на земјоделските стоки, пченицата е главна тема и целиот фокус е на неа. Покрај војната во Украина, којашто е голем светски извозник на пченица, сè дополнително се искомпликува откако Индија пред две недели одлучи да го забрани извозот, односно да воведе рестрикции на извозот поради неповолната климатска ситуација во земјата, но и да го заштити домашниот пазар од инфлација. Цената на пченицата само од почетокот на руската инвазија е зголемена на светските берзи за 70%, а во последнава година дена за преку 100%. Индексот на нестабилност на берзите (VIX), кој често се нарекува и индекс на страв, повторно е над 30, што врши притисок врз растот на доларот, а со тоа и на пазарот на капитал и на пазарот на криптовалути. Доларот во еден момент достигна 1,0378 во однос на еврото. Последен пат доларот беше толку силен во ноември 2002 година. Инфлација во САД од 8,3 проценти! Со оглед на најавите на американските Федерални резерви за натамошно зголемување на каматните стапки (пазарот очекува зголемување на каматните стапки уште два пати за 0,5 процентни поени до крајот на годината), доколку ЕЦБ не го забрза растот на каматните стапки планиран за оваа и следната година, еврото ќе плати данок. Во такви околности, прашањето за постигнување паритет евро/долар не е дали, туку кога! Кога сме веќе кај инфлацијата, сега можеме да кажеме дека биткоинот не се покажа како заштита (hedge) против инфлацијата, но се чини дека ниту златото и среброто се тоа. Или инфлацијата е превисока или златото/среброто се премногу евтини. Она што се покажува е дека фјучерсите на стоки – земјоделски производи / метали / енергија навистина го задржаа својот тренд и се покажаа како засолниште за инвеститорите од инфлацијата. Фјучерсите на нафтата, иако цената падна во еден момент минатата недела, до денес сè е вратено на почетната точка. Стравувањата на пазарот од слабата кинеска побарувачка доминираат, но и загриженоста за понудата.

Економските податоци од Кина се разочарувачки, што не е чудно кога ограничувањата поради короната се присутни на секој чекор. Европа сè уште нема донесено конечна одлука за ембаргото на руската нафта. Според податоците на ОПЕК, производството во април растело за 153 илјади барели дневно, што е значително помалку од максималните договорени 254 илјади барели дневно. Во светот на земјоделските стоки, пченицата е главна тема и целиот фокус е на неа. Сè дополнително се искомпликува откако Индија пред две недели одлучи да го забрани извозот, односно да воведе рестрикции на извозот поради неповолната климатска ситуација во земјата, но и да го заштити домашниот пазар од инфлација. Оваа сезона Индија извезе 10 милиони тони пченица, а пазарите видоа во Индија делумно замена за пченицата од Украина и Русија, но се чини дека ништо од тоа нема да се случи. Кога на ова ќе следи намалениот производствен потенцијал во Франција поради сушното и топло време, тогаш цените можат да одат само во еден правец. Состојбата со посевите во Франција е намалена за сите есенски култури поради недостиг на дожд (35 отсто од родот е погоден од суша), додека сеидбата на пченка се проценува на 92 отсто. Освен лошото време во Западна Европа и во САД е лошо. Во јужните сојузни држави е суво (поради тоа состојбата на посевите е многу лоша), а во северните студено и влажно, со опасност од мраз, што значително ја одложува жетвата на

соја и пченка. И Бразил и Аргентина исто така не стојат баш најдобро. Засега, состојбата на посевите изгледа добро само во Источна/ Централна Европа и Русија.

Како да се инвестира во стоки/суровини?

Во вакви околности, со пораст на цените на практично сите суровини и репроматеријали, како последица од повеќе фактори – нарушени синџири на снабдување поради короната, војна во Украина, временски неприлики, итн.- инфлацијата се врати на голема врата, почнувајќи уште од првите месеци на 2021 година. Многу инвеститори периодов го вртат погледот кон суровините/ берзанските стоки (commodities), поради добра причина: стоките генерално нудат заштита од инфлација. Меѓутоа, аналитичарите сметаат дека има и подобар начин да се влезе во овој сектор, преку пасивни вложувања во индексите на берзанските стоки. Во принцип, претежно зборуваме за суровини. Тоа не е исто што и стоките во инфлациската кошничка. Зборуваме за пченица, не за леб. Зборуваме за бакар, а не за автомобил или мобилен телефон. Но, растечките цени на суровините типично придонесуваат за раст на цените на процесираните материјали, што води кон поскапување на алатките и машините направени од овие материјали, што пак на крајот води кон раст на цените на услугите што се засноваат на овие алатки и машини, процесирани материјали и/или суровини. Со сето ова, растечките цени на берзанските


11

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

стоки се повеќе од составен дел на инфлацијата, што значи и индикатор за инфлацијата што допрва ќе дојде. И ова објаснува зошто инвестицијата во берзански стоки служи како заштита од инфлацијата. Во најмала рака, во случај на инфлација што е поттикната од факторот понуда, како што е случај во моментов во светот. Како да се инвестира во берзански стоки? Со оглед дека од пред речиси три години и на македонските физички и правни лица им е дозволено да тргуваат на светските берзи во повеќе типови на финансиски инструменти (акции, обврзници, индексни фондови, итн.) преку неколку овластени банки – брокери, корисно е да дадеме неколку совети за тоа како може да се вложува во берзански стоки/ суровини. Т.н. фјучерси (commodity futures) нудат директна изложеност на промените во цените на стоките. Извесни ETF - exchange traded funds (кошничка од стотици или илјадници акции или обврзници,

управувани од експерти, во еден единствен фонд којшто котира на светските берзи, како што е Њујоршката или NASDAQ, н.з.) исто така нудат изложеност на стоки. Ако, попрво би сакале да инвестирате во акции, може да изберете акции во компании што произведуваат/ продаваат извесна стока/суровина. Овие договори за фјучерси подразбираат дека инвеститорот треба да купи/продаде извезна сума од стоките во конкретно определено време по конкретно определена цена. Кога цената на стоката расте, вредноста на договорот на купувачот оди нагоре, додека продавачот претрпува загуба, додека, обратно, кога цената оди надолу, продавачот на фјучрс договоорт профитира за сметка на купувачот. ETF фондовите со изложеност кон берзански стоки се користени од повеќето индивидуални инвеститори. Некои стокови ETF фондови купуваат физички стоки и потоа нудат акции на инвеститорите коишто всушност претставуваат извесен дел од

конкретна стока. Некои ETF фондови користат и фјучрс договори. Меѓутоа, цените на фјучрсите ги земаат предвид трошоците на складирање на извесна стока. Затоа, стока што чини многу за да се складира може да не ви донесе добивка дури и кога моменталната цена на самата стока расте на берзата. Акции поврзани со извесна стока се исто така опција за инвестирање, односно акции на компании што произведуваат стоки/суровини. На пример, компаниите што црпат нафта или гас или компании што одгледуваат жито и го продаваат потоа на производителите на храна. Инвеститорите во вакви акции треба да знаат дека вредноста на овие компании не мора нужно да ја одразува цената на стоката што тие компании ја произведуваат. Она што е најважно е колку всушност од стоката компанијата ќе произведе во одреден временски период. Цената на акцијата на овој тип компании може да отиде надолу доколку тие не произведат толку колку што инвеститорите очекувале. nnn

УМНА ДЕПОЗИТНА СМЕТКА Растечка каматна стапка до 3% Колку повеќе вложувате, толку повеќе добивате!


INTERVIEW 27 МАЈ 2022

12 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

КОСТАДИН КОСТАДИНОВ градоначалник на Струмица

И ПОКРАЈ ГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ, СО МОЈОТ ТИМ СМЕ ФОКУСИРАНИ НА МОДЕРНА И ЕВРОПСКА ОПШТИНА Само со амбиција, планска работа и посветеност во реализацијата може да има успех. Тоа е мојата премиса во мандатот кој го добив за да управувам со Општина Струмица. Како прв и најодговорен човек, свесен сум дека посветеноста и фокусот кон жителите на општината се девизата за успех, воопшто во сите општествени сфери од функционирањето на градот и општината. Со координирана работа, се фокусираме на проектите кои имаат приоритет, и дел по дел, со план и програма, ги реализираме.


13 ИГОР ПЕТРОВСКИ

27 МАЈ 2022

разговара:

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

М

акедонската економија и општество периодов се соочуваат со големи предизвици на економски план, предизвикани од сплет на фактори – трагите што ги остави пандемијата, сега засилени со војната во Украина, коишто носат бран поскапувања, почнувајќи од енергенсите, па до буквално се’ без што не можеме да си го замислиме секојдневието. Во овие околности разговаравме со струмичкиот градоначалник, г. Костадин Костадинов, од редовите на СДСМ, којшто си постави прилично амбициозни цели откако ја презеде функцијата минатата есен, па разговорот го почнавме токму на темата што е моментално една од најгорливите во земјава, а тоа цената на струјата. Голем број компании, но и други правни субјекти – државни и локални институции, агенции итн. коишто се на слободниот пазар за снабдување со струја – се погодени од неколкукратно повисоки сметки за електрична енергија и нивното функционирање е загрозено.

XГ-дин X Костадинов, да почнеме од она што е најактуелно периодов, високите цени на енергијата... Како се справувате со актуелните цени на струјата, со оглед на фактот дека голем број општини во земјава се жалат поради неможноста да ги подмируваат сметките, самите администрации, како и јавните претпријатија во нивна надлежност? Сметам дека до сега успеавме успешно да се носиме со ситуациите кои директно или индиректно ни афектираат – од економските последици од светската пандемија и енергетската криза, до војната која моментално се одвива во Украина. Нескромно ќе звучам, но факт е дека визијата и гледањето напред во иднината се постулатите со кои се предводи и менаџира Струмица. Ние сме единствен град во државата со мрежа за користење гас како енергенс. Дополнително, интензивно се работи на планирање и третман на можностите од искористување обновливи извори на енергија. Секако, подигнувањето на јавната свеста за заштеда и разумно користење е секогаш земена предвид кога станува збор за третманот на енергијата. Тоа се начините со кои, преку една посветена и плодотворна работа во интерес на жителите на општината, ги бараме решенијата за справување со сите предизвици.


27 МАЈ 2022

14 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Како конкретна мерка со која излеговме во пресрет на струмичани, а воедно се справиме и со скокот на цените на електричната енергија, е реализацијата на ребалансот на буџетот за 2022 година, без кратење на ниту една ставка од капиталните проекти и инвестиции. Субвенционираме директно во цената на гасот за домаќинствата со 10 денари со што го балансираме и тој дел, чекор со кој, покрај економскиот импакт, директно влијаевме и врз намалувањето на загадувањето на воздухот во градот. Секако, како одговорен субјект, продолжуваме и понатаму будно да ги следиме светските, регионалните и локалните случувања и согласно тоа да се адаптираме за да го дадеме максимумот што можеме како општина за нашите жители. XТокму X во контекст на енергетската криза, каква е визијата на Вас како градоначалник и вашата администрација, во насока на развој на енергетски одржливи проекти во општината, но и стимулирање на изградба на капацитети за струја од обновливи извори и сл. На пример, дали периодов добивате зголемен број на барања за инсталирање на фото напонски централи од страна на заинтересирани инвеститори или пак за инсталирање панели на компании за сопствени потреби? Кога станува збор за третманот на енергијата, постојат две нивоа на делување – инвестирање и имплементација на енергетски ефикасни решенија и вложување во капацитети за енергија од обновливи извори. Нашиот примарен фокус е ставен на подобрување на енергетската ефикасност, затоа што пред сè, треба паметно да управуваме со енергијата која ја имаме на располагање. Во таа насока, во изминатиот период беа заменети дел од старите врати и прозорци во дел од основните и средните училишта на територија на општина Струмица, се работеше на имплементација на енергетски ефикасни решенија во објектите на општината и јавните претпријатија. Дополнително, се работи физибилити студија со надворешни експерти за искористување на кровните површини како можност за инсталирање на фотоволтаици со што значително би ги намалиле трошоците за електрична енергија и Општината размислува за искористување на своите парцели

и површини коишто ги има во своја сопственост за изградба на фотоволтаични централи и сме во почетна фаза на нарачка на физибилити студии. Како што веќе кажав, Струмица е пионер во прогресот и развојот на алтернативни извори на енергија. Така ќе биде и понатаму и токму затоа, пред мене и пред тимот со кој работам постојано е аспектот на стимулирање изградба на капацитети за енергија од обновливи енергетски извори, како што е опфатено и со Стратегијата за енергетски ефикасна општина. XКако X еден од најзначајните проекти во Вашиот мандат го најавивте проектот – социјална населба во општина Струмица. За што конкретно се работи, Ве молам објаснете подробно за нашите читатели? Струмица е една од поголемите и поразвиените општини во нашата земја. Градот, како урбана целина континуирано и стабилно се развива во модерен и европски, што е всушност мојата основна визија за Струмица. За таа цел, сметам и убеден сум дека современа и функционална инфраструктура на територијата на целата општина е еден од предусловите за развој, во секоја смисла на зборот. Во оваа насока, од голема важност е синхронизираното третирање на различни аспекти, посветено и со фокус на две нивоа – доближување на животниот стандард како пример од напредните, модерни градови од европски калибар и второ, делување во интерес на жителите, сé во правец на подобрување на нивното секојдневие. Токму затоа, еден од приоритетните проектите кои треба да придонесат за понатамошен развој на Струмица, а имаат голема социјална вредност и во прв план ги ставаат Струмичани, е токму реализацијата на станбената населба со објекти наменети за домување во месноста „Чамлк“, односно над новите турски гробишта во Струмица. Во рамки на овој проект, третирана е површина од 3,5 хектари каде е предвидена изградба на 100 куќи наменети за социјално-загрозени семејства кои моментално живеат во дивите населби на влезот од Струмица. Со оглед на тоа дека станува збор за обемен зафат кој опфаќа креирање на целокупна потребна инфраструктура за живеење, предвидена е реализација во неколку временски фази. Конкретно, до сега на терен беа реализирани серија

активности, како рушење на 20 позиции дивоградби коишто се на површината каде што треба да биде изградена социјалната населба во Турското маало. Проектот се наоѓа во фаза на проектирање и очекуваме во наредните 3 до 4 месеци согласно условите од јавната набавка, компанијата којашто го доби тендерот ќе ја подготви проектната документација за прва фаза Социјална населба во Турско маало. Според динамичкиот план, активностите од прва фаза за реализација на проектот треба да се завршат до крајот на 2022 година и во таа смисла ни претстои да ги реализираме земјишните работи и комплетната подземна инфраструктура за реализација на проектот. Заокружувањето на овој проект значи почит и респект за околу 100 семејства за кои ќе се овозможи подобрување на секојдневните услови за живеење. Со овој проект ќе се намали бројот на дивоградби во дивите струмички населби и истовремено, сообраќајните незгоди во овие делови на градот треба да бидат сведени на минимум. XШто X подразбира проектот „Струмица – велосипедски град“, што ќе добијат љубителите на велосипедизмот од општината? Проектот „Струмица – Вело Град“ се однесува на иновативно и ефективно решение со кое ќе се стимулира и поттикнува употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичен начин на мобилност. Во рамки на проектот, опфатени се серија активности за изградба и обележување на градски велосипедски патеки со надградба на постојната сообраќајна инфраструктура во должина од 10,6 километри. Дополнително, предвидена е набавка на опрема за одржување на патеките, механизми за поттикнување на користењето на велосипеди и најважно - промена на сообраќајната култура во Струмица. Покрај ова, дел од проектот предвидува развој и имплементација на дигитална апликација преку која жителите на Струмица ќе можат да изнајмат велосипед со локатор достапен на однапред дефинирани точки за изнајмување. Реализацијата на овој обемен, неколкугодишен проект е поделена во три фази, а оваа година во фокус е поставување на велосипедска инфраструктура. Целокупната реализација на проектот е планирана да заврши


15

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Прогресот на градот и општина Струмица задолжително мора да се следи. Трендовите и начинот на функционирање, како на граѓаните така и на деловните субјекти, на мене и на општинскиот стручен тим ни налагаат постојана работа во правец на усовршување, модернизација и развој на сообраќајната инфраструктура која, да не заборавиме е крвотокот на градот.“, вели градоначалникот Костадинов. во 2025 година. Со реализација на предвидените активности од „Струмица – Вело Град“, целта ни е да создадеме одржлив, „паметен вело град“ во кој, примената на велосипедите како примарно средство за движење ќе стане секојдневие за сите генерации. Од суштинска важност е фактот дека проектот е препознаен и финансиран од Европската Унија – показател кој ја потврдува нашата недвосмислена ориентација за европеизација на Струмица. Дополнително, горд сум на фактот дека со реализацијата на „Струмица – Вело Град“, општината ќе стане единствена во нашата држава која воведува нов вид на сообраќај, сé согласно сите меѓународните стандарди за системско обезбедување на основната инфраструктура за негово спроведување – велосипедски патеки. XВо X вашата програма го најавивте и проектот „Струмица – спортски град“. Почната ли е реализацијата на овој проект и што ќе се постигне со него? Проектот „Струмица – Град на

спортот“ исто така е неколкугодишен проект за кој, планирана е реализација во неколку фази. Опфаќа повеќе под-проекти, од изградба на различни спортски капацитети, до подобрување на постоечка инфраструктура и создавање на подобри услови за различни видови рекреативци и спортисти. Овој и погоре споменатите повеќегодишни проекти се од голем размер и бараат систематски пристап и соодветна адаптација, сé согласно промените кои ги носи динамиката на денешницата во која живееме. Во овој контекст, дел од предвидените активности се веќе поставени на конкретна временска рамка за реализација, додека дел ги адаптираме и соодветно го планираме нивното потенцијално реализирање. Конкретно, до сега се реализирани нова спортска сала во ООУ „Никола Вапцаров“, нова спортска сала во ООУ „Маршал Тито“ во Муртино, во фаза на реализација, а очекуваме да заврши до септември, комплетно нова спортска сала во СОУ „Јане Сандански“ финансирана 60 проценти од општината и 40 проценти самофинансирање од училиштето. Дополнително, во финална фаза на реализација е мултифункционалното спортско

игралиште во дворот на Домот на АРМ, во почетна фаза на реализација сме на ново мултифункционално игралиште на отворено во ООУ „Никола Вапцаров“ заради потребите и на училиштето, но и на граѓаните коишто живеат во Втора урбана заедница, планираме нови спортски игралишта во Турското маало и во населеното место Банско и рехабилитација на сите спортски игралишта во градот и во населените места. По техничкиот прием на спортската сала во населеното место Муртино, заедно со Министерството за образование и наука продолжуваме со изградба на нова спортска сала во ООУ „Сандо Масев“ со што по нејзиното завршување во наредните години, старата спортска сала во училиштето ќе биде специјализирана спортска сала за лица со посебни потреби. Со отворањето на новите трим патеки до Свети Илија, ја заокружуваме нашата заложба за Струмица – спортски град. Дополнително, преку Агенцијата за млади и спорт чекаме да заврши јавната набавка за изведба на затворен базен на потегот кај АТШ, околу кој со средства од општината ќе реализираме нов зелен парк со 4 игралишта за одбојка затоа што Струмица е и одбојкарски град и огромен дел од успесите во спортот ни се поврзани со одбојката. Во фаза на подготовка, односно, пред тендерирање ни е скејт паркот во дворот на Домот на АРМ.


27 МАЈ 2022

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Спроведувањето и реализацијата на проектот „Струмица – Град на спортот“ значи третман на еден многу важен социјален сегмент – спортот. Тука би сакал да укажам дека подигнувањето и одржувањето на оваа инфраструктура значи директна поддршка и стимулирање за што поактивен спортски живот, посебно на младите генерации. Девизата „во здраво тело, здрав дух“ е и ќе остане мој силен мотив за континуирана работа во правец на развивање спортски капацитети во Струмица. Само така ќе имаме терен за создавање шампиони! XЗа X решавање на сообраќајната ситуација во градот планирате неколку булеварски решенија. Кои се конкретните проекти и кои ќе бидат придобивките од нив? Третманот на урбаната инфраструктура и на сообраќајните решенија се од круцијално значење, особено за град како Струмица, кој континуирано расте и се развива. Токму затоа, на овој сегмент посветувам големо внимание. Во таа смисла, долгорочно е планирано реализирање на капиталните проекти, но за жал заради ценовните шокови, првата јавната набавка за изведба на булеварски мост на улицата „Братство Единство“ ни пропадна и сега правиме нови пресметки со што се надеваме дека при следната јавна набавка ќе се најдат мотивирани компании коишто се подготвени за изведување на проектите. Дополнително се нарачува проект за булевар „Климент Охридски“ со што ги заокружуваме двете најголеми изборни ветувања во однос на булеварското поврзување на Струмица и решаваме голем проблем на граѓаните. Секако, Општината обрнува внимание и на помалите, но големи по значење, инфраструктурни проекти како што е реализацијата на двете линиски улици во населбата наречена Софилар што беше голем проблем за граѓаните и веќе е завршено. Дополнително за 2022 година планираме асфалтирање со втор слој на 25 улици и пробивање и прв слој асфалт на уште триесетина улици низ градот и населените места. Во моментот работиме на спроведување на јавните набавки за прв слој пробивање и за втор слој на улиците коишто веќе ги спомнав. Со реализацијата на погоре наведеното, директно ќе биде подобрена функционалноста на градот и општината. Сето ова,

со основна цел – олеснување на пристапот до различни делови во градот, подобар проток и циркулација на возила и олеснето секојдневие на сите жители на општина Струмица кои гравитираат од и кон градот. Но, секако дека тука не застануваме. Прогресот на градот и општина Струмица задолжително мора да се следи. Трендовите и начинот на функционирање, како на граѓаните така и на деловните субјекти, на мене и на општинскиот стручен тим ни налагаат постојана работа во правец на усовршување, модернизација и развој на сообраќајната инфраструктура која, да не заборавиме е крвотокот на градот. XОбјаснивте X за неколку значајни проекти за општината, но ве молам објаснете за читателите како ќе обезбеди градот средства, дали дел ќе бидат јавно-приватни партнерства, или пак проекти финансирани од ЕУ фондови и сл.? За реализација на проектите, без разлика на нивната обемност и тежина, суштински важно е да бидат обезбедени финансиски средства. Тука недвосмислено сакам да укажам дека планирањето, одржувањето и најважно - полнењето на општинскиот буџет е сржта на целокупните проекти и активности на Општина Струмица. Финансирањето на предвидената програма за работа и директно, на активностите, примарно се реализира од сопствени, општински буџетски ресурси. Како градоначалник можам најодговорно да кажам дека Струмица е редок пример за точна и планска реализација на буџетот, како на приходната, така и на расходната страна. Дури и во време на криза, општинскиот буџет е во одлична кондиција, пред сé заради одговорното и домаќинско работење. Мора да се потенцира фактот дека комерцијалните субјекти и бизниси во Струмица, како еден од примарните генератори на приходи во буџетот се важната алка во локалната економија и токму заради тоа, интензивно се работи за третман и подобрување на условите за работа и секако, развој. Како за пример, воведов пракса на редовни, месечни средби со струмичките бизнисмени на кои, отворено се разговара за сите прашања, проблеми и дилеми со кои се соочуваат и заеднички и низ дискусија се изнаоѓаат решенија. Знаете, со седење во канцеларија

ниту можете да видите ниту да слушнете како е ситуацијата на терен. Дополнително на буџетот, при планирањето на проектите како значаен дел за финансирање се третирани дополнителни фондови и извори на финансирање како донации и директна финансиска помош од Амбасади во земјата, Европските фондови, можностите коишто ги дава Европската Унија, Швајцарската агенција за развој, Центарот за развој на Југоисточен плански регион преку Бирото за рамномерен регионален развој, Светска банка, Европската банка за обнова и развој и буквално сите извори на финансирање и секој повик Општина Струмица го искористува независно дали е од помал или поголем обем. Секако, не е изоставена и можноста која произлегува од ЕУ фондовите наменети за развој на локалната самоуправа и државата, воопшто. Тука, пред сé мислам на проектите за прекугранична соработка, за кои сметам дека Општина Струмица редовно демонстрира пракса за максимално искористување на потенцијалите од овој аспект. XКолкав X е всушност потенцијалот на Општина Струмица за искористување на можностите за прекугранични проекти, што би се финансирале од ЕУ? Дали размислувате и за нови проекти, на пример, од областа на туризмот, заштита на културното наследство, итн.? Општина Струмица поседува огромен потенцијал за користење на можностите од ЕУ проектите со предзнак „прекугранична соработка“. Овој потенцијал произлегува од неколку важни аспекти – локацијата на која се наоѓа, односно тромеѓата со Република Бугарија и Република Грција, економскиот развој и стабилноста на самата општина, како и основните сегменти кои обично се третирани со проектите за прекугранична соработка: туризам, култура, одржлив развој и слично. Дополнително и многу важно е да потенцирам дека голем бенефит за нас е досегашното работење, развојот и искуството на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови во кое се вработени десетина професионалци со практично познавање на тематиката. Основниот фокус на одделението е обезбедување на проекти кои се финансирани во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и други донатори,


17 17 27 МАЈ 2022

13 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ KAPITAL.MK 1127 I БРОЈ 1126

Воведов пракса на редовни, месечни средби со струмичките бизнисмени на кои, отворено се разговара за сите прашања, проблеми и дилеми со кои се соочуваат и заеднички и низ дискусија се изнаоѓаат решенија. Знаете, со седење во канцеларија ниту можете да видите ниту да слушнете како е ситуацијата на терен.

како и следење и обезбедување на друга странска помош. До сега, општина Струмица има учествувано во преку 50 проекти од ваков тип. Во моментов, во фаза на реализација се неколку прекугранични проекти, во чии рамки Општина Струмица соработува со Општина Серес од Република Грција во областа на спортот и спортската култура и со Општините Ќустендил, Благоевград, Петрич и Сандански од Република Бугарија. Сето ова е показател дека европеизацијата на Струмица се случува континуирано во изминатите дваесетина години, тренд кој за мене како градоначалник е голема обврска и задача на која сум максимално посветен и фокусиран. XИмате X зацртано повеќе амбициозни проекти за понатамошен развој на градот, кого што повеќето посетители го опишуваат како еден од најсредените и најчисти во земјава... Кои се најголемите предизвици за Вас, при остварување на овие цели? Само со амбиција, планска работа и посветеност во реализацијата може да има успех. Тоа е мојата премиса во мандатот кој го добив за да управувам со Општина Струмица. Како прв и најодговорен човек, свесен сум дека посветеноста и фокусот кон жителите на општината се девизата за успех, воопшто во сите општествени сфери од функционирањето на градот и општината.

Да, мора да потенцирам дека во Струмица е работено многу на тема хигиена и ред низ годините и она што Струмица е денес е плод на многугодишната работа и развој на градот од страна на моите претходници. Во овој контекст, наше е да продолжиме да работиме посветено и со цел – градот и општината да се уште почисти и посредени. Тука пред сè многу е важна координацијата и комуникацијата помеѓу сите инволвирани страни – од Општинската администрација, до јавните претпријатија кои функционираат на територијата на Општината. Со координирана работа, се фокусираме на проектите кои имаат приоритет, и дел по дел, со план и програма, ги реализираме.

Воведовме двосменско работење на комуналните инспектори, редовно се чистат дивите депонии, влезовите во градот и сите јавни површини. Го збогативме возниот парк на ЈПКД „Комуналец“ со половно набавени специјални возила за подигање на комунален отпад. Паралелно, работиме и на подигнување на свеста кај сите граѓани во правец на третман и заштитата на животната средина, а ни претстојат уште неколку проекти од оваа област. Ефектите од планската и координирана работа се несомнени – грижата за животната средина и хигиената во Струмица од ден на ден се зголемува и нескромно можам да кажам дека сме пример за останатите општини. nnn


27 МАЈ 2022

18

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ИСТРАЖУВАЊЕ

СИВАТА ЕКОНОМИЈА „ЈАДЕ“ ЧЕТВРТИНА ОД БДП

ЗА СИВАТА ЕКОНОМИЈА ПОВЕЌЕ СЕ ЗБОРУВА, ПОМАЛКУ СЕ ПРАВИ


19

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Најновата студија на Институот за економски истражувања и политики, Finance Think, покажува дека сивата економија зафаќа четвртина од бруто домашниот производ (БДП) и таа незначително се намалила по 2013 година, односно трендот е главно стагнантен. Во пандемиската 2020 дури и благо се влошува поради тоа што формалниот БДП доживеа поголем пад во однос на неформалниот БДП. Се проценува дека поради тоа, буџетот губи над 600 милиони евра годишно. Тоа е повеќе од големината на буџетскиот дефицит во нормални години, или просечен износ на една наша еврообврзница. Ефектите се негативни и за бизнисот; сивата економија ја прави бизнис климата тешка за функционирање, создава нелојална конкуренција за чесните играчи, ги обесхрабрува работниците кои работат без осигурување и другите права од формален работен однос.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

С

ивата економија веќе десетина години се одржува на високо ниво кое зафаќа околу една четвртина од бруто домашниот производ (БДП), односно околу 2,5 милијарди евра. Ова го покажува најновата студија на Институтот за економски истражувања и политики, Finance Think, базирана на познат метод во науката кој го мери вишокот готовина кој циркулира во економијата, а кој не може да се објасни со структурни фактори. Според наодите на студијата, сивата економија изнесувала 23,2% од БДП во 2020 година, што е намалување во однос на 31,6% во 2006 година.

Според економистите на Finance Think, иако има значително намалување на процентуалниот удел на сивата економија во брутодомашниот производ, сè уште голем дел од производството и услугите се дел од неформалното работење. „Најголемите намалувања на неформалната економија се случуваат по воведувањето на рамниот данок (2007 година), за време на финансиската криза (2009 година) и по воведувањето на минималната плата (2012 година). Сепак, особено е забележливо дека од 2013 година, уделот на сивата економија во БДП стагнира“, истакнуваат од Finance Think. Оттаму додаваат дека анализата вклучува две групи фактори со потенцијално значење за сивата економија: даночните политики и политиката на минимална плата. „Повисоките и скалести даноци ја зголемуваат сивата економија, слично како и поголемиот даночен товар (персонален данок и социјални придонеси) на платите. Од друга страна, поголемиот капацитет за собирање даноци од страна на даночните власти влијае врз намалување на сивата економија, но ефектот е статистички незначаен. Сепак, земени заедно, ефектот од повисоки даноци и ефектот од капацитетите на даночната управа укажуваат дека во услови на исцрпен простор за намалување на даночниот товар (со исклучок на парафискалните давачки), каква било потенцијална реформа на директните даноци, првенствено на даноците на трудот, ќе се одрази негативно врз сивата економија доколку не е придружена

со зајакнати капацитети на даночните власти за собирање на даноците и јакнење на даночниот морал на населението“, се вели во анализата на Finance Think.

Зголемувањето на уделот на минималната во просечната плата стимулира сива економија

Според нив, воведувањето на минималната плата во 2012 година придонело за намалување на сивата економија, што, како што велат, може да се толкува како формализирање плати што претходно се исплаќале во готовина. Но, анализата покажува дека зголемувањето на уделот на минималната во просечната плата стимулира сива економија. „Последново веројатно го опфаќа ефектот на деформализација на дел од плаќањата кон работниците со минимална плата кога работодавецот проценува дека таа станува голем товар за компанијата. Спротивен ефект, ефект на намалување на сивата економија, има буџетската поддршка (субвенција) на минималната плата, за која е неопходно да се земат предвид и буџетските импликации и префрлање на товарот врз даночните обврзници. Овој наод укажува дека минималната плата е неопходно да расте во согласност со продуктивноста на трудот, со паралелно јакнење на капацитетите за спроведување на регулативата во сферата на работните односи“, укажуваат од Finance Think. Генерално, наодите даваат


27 МАЈ 2022

20

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ИСТРАЖУВАЊЕ

Можноста сивата економија да се намалува преку системот на даноци е исцрпена, сметаат во Finance Think. Понатамошно намалување на даноците и придонесите не би имало никаков ефект врз сивата економија, а ќе отвори многу големи фискални проблеми. Второ, клучно е сивата економија да се дефинира како институционален проблем, односно проблем на капацитет на институциите да се справат со неа. Трето, исто така клучно е, проблемот да се сфати како проблем на повеќе чинители, односно тоа не е проблем само на владата и на инспекторатите, туку и на локалните самоуправи, на бизнис секторот и, во крајна линија, на граѓаните.

на знаење дека е неопходно дизајнирање политики за зголемување на продуктивноста на долг рок, и тоа преку создавање и стимулирање домашен конкурентен пазар преку релаксирање на регулативата и либерализација на трговијата, преку зголемување на квалификуваноста на работната сила преку реформирање на образовниот систем, преку насочување средства кон истражување и развој и преку зголемување на ефикасноста на јавната администрација за да се намали товарот врз приватниот сектор. На крајот, анализата ја проценува тежината на одделните фактори, при што три четвртини од варијацијата на сивата економија во 2020-та се должат на факторите поврзани со даночната политика, додека факторите поврзани со минималната плата и растот на формалната економија придонесуваат од третина во 2007 до четвртина во 2020 година.

Во однос на политиките што треба да ги преземат властите во насока на понатамошно намалување на уделот на сивата економија, од Finance Think велат дека потребни се одлични и конкретни чекори и спроведување на Стратегијата за формализација. „Можноста сивата економија да се намалува преку системот на даноци е исцрпена. Понатамошно намалување на даноците и придонесите не би имало никаков ефект врз сивата економија, а ќе отвори многу големи фискални проблеми. Второ, клучно е сивата економија да се дефинира како институционален проблем, односно проблем на капацитет на институциите да се справат со неа. Трето, исто така клучно е, проблемот да се сфати како проблем на повеќе чинители, односно тоа не е проблем само на владата и на инспекторатите, туку и на локалните самоуправи, на бизнис секторот и, во крајна линија, на граѓаните. Таков „повеќе

- чинителски“ пристап ќе не доведе и до позиција да сфатиме дека сите губиме од сивата економија и секој, во рамки на своето дејствување, да придонесе кон нејзино сузбивање. Секако, четвртиот аспект е техничкиот: јакнењето на инспекторатите, дигитализација на процесите, и влада со политичка волја сето тоа да го стави на брза лента и без компромиси“, додаваат од Finance Think.

(Не)реал(изира)ни економски ветувања

Сивата економија како еден од таргетите на политиките на властите е дел и од остварените ветувања коишто ги следи Finance Think преку таканаречената алатка Економски компас. Овде таа е квантифицирана преку уделот на работници кои работат без договор за вработување, до 14% во 2024 година, но оваа бројка беше постигната веќе во 2020 (13,6%), поради формализацијата која настапи со цел работниците да ги искористат владините мерки во


ВРШИ РАБОТА, ШТЕДИ ПАРИ! Со Триглав Каско добивате бесплатно електрично заменско возило додека Вашето е на сервис.

0800 02 222

#онакога не мораш да ги откажуваш плановите за викендот затоа што колата ти ја задржале на сервис. Во соработка со Avant Car.


27 МАЈ 2022

22

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ИСТРАЖУВАЊЕ

време на корона-кризата. Според Finance Think, последниот индикатор може да забележи и влошување во 2021/22, доколку во меѓувреме не се преземени мерки за задржување на корисноста од формализацијата во време на пандемија. Ова е дел од вкупно 27 идентификувани цели во програмата на Владата, произлезени од 27 ветувања дадени во економско социјалниот домен. Потребата од следење на исполнувањето на економските ветувања на властите произлегува од секој изборен циклус во кој изобилуваат политички ветувања од политичките партии. Една политичка партија беше прва во периодот 2006-2007 година што промовираше економска изборна програма која вклучуваше повеќе нумерички цели и посакувани резултати, како економски раст; инвестиции; вработеност; поголеми буџетски приходи при намалување на даноците; капитални трошења на државата; намалување на стапките на социјалните придонеси и слично. Оттогаш, политичките партии – особено поголемите – се трудат да ги квантифицираат своите економски ветувања. Но, општествената свест сврзана со предизборните ветувања не е на високо ниво. Од една страна, ветувањата се сфаќаат „здраво за готово“, без да се размислува за нивната изводливост и цена на чинење. Од друга страна, ветувањата, во голем дел брзо и се забораваат, затоа што не постои свест и/или механизам кој ќе ги држи политичарите кои ја освоиле власта одговорни за своите ветувања пред нивните гласачи. Од вкупно 27 мониторирани ветувања во сферата на економијата, според првите резултати на Finance Think, само 18% од ветувањата во економската програма на Владата (2020-2024) или пет од вкупно 27 се исполнети досега, покажува студијата „Големи економски ветувања, големи потфрлувања?“. Речиси половина или 44% од 27-те економски ветувања на изборите во јули 2020 година се остваруваат во спротивна насока од ветената, покажува анализата, 14,8% се во насока на исполнување, 7,4% се неисполнети, а за 14,8% се’ уште нема податок. „На прв поглед, бројката на исполнети економски ветувања не е висока, но мора да се има предвид дека поголем дел од ветувањата/целите се однесуваат

Генерално, наодите даваат на знаење дека е неопходно дизајнирање политики за зголемување на продуктивноста на долг рок, и тоа преку создавање и стимулирање домашен конкурентен пазар преку релаксирање на регулативата и либерализација на трговијата, преку зголемување на квалификуваноста на работната сила преку реформирање на образовниот систем, преку насочување средства кон истражување и развој и преку зголемување на ефикасноста на јавната администрација за да се намали товарот врз приватниот сектор. на 2024 година, па порелевантни се резултатите во групите ‘во насока на остварување’ и ‘спротивно од насоката на остварување’“, се вели во извештајот. Во групата исполнети ветувања главно се ветувањата за т.н. оперативни таргети во даночната сфера, односно намалувањето на стапката на ДДВ за ресторански услуги на 10%, на занаетчиски услуги на 5%, подигнувањето на регистрацискиот праг за ДДВ на 3 милиони денари, и незголемувањето на стапката на данокот на добивка. Четири ветувања, или 14.8%, се во насока на исполнување. Тие вклучуваат: одржлив и инклузивен раст од 4%, обем на СДИ до вкупен износ од 1 милијарда евра до 2024, зголемување на извозот до 8 милијарди евра во 2024, пораст на просечната плата за 20-30% до 2024. Политичките ветувања од економско-социјалниот домен преточени во Програмата за работа на Владата 2020- 2024 година се остваруваат со различна динамика, но вкупниот заклучок е дека остварувањето е недоволно за да може да се каже дека тие се исполнуваат, се вели на крајот од

извештајот на Finance Think. Скоро половина од дадените ветувања во економско – социјалниот домен, моментално се остваруваат во насока спротивна од даденото ветување. „Причините за оваа состојба вклучуваат нереалистично поставување на таргетите имајќи ги предвид претходните остварувања, нереалистично поставување имајќи предвид дека економијата е во криза предизвикана од пандемијата, како и поставување таргети кои може да го нарушат пазарот или кои може да блокираат неразумно голем контингент буџетски средства за ветувањето да се реализира“, велат од Finance Think. Оттука, Finance Think препорачува поставувањето на целите во програмите на политичките партии и, следствено, на Владата да биде реалистично и да води сметка за изводливоста и чинењето. Порамнувањето на политичките ветувања во економскиот домен со фундаментите на економијата, тековната фаза на развојот, како и со менталитетот на граѓаните и компаниите, ќе придонесе за подобри и поефективни економски политики. nnn



27 МАЈ 2022

24 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ

извршен директор и главен економист на Finance Think

НАМЕСТО ДА „ГАСИМЕ ПОЖАРИ“, ДА ЈА ПОПРАВИМЕ ЕКОНОМСКАТА ИНСТАЛАЦИЈА

Нашата платформа „Економски компас“ ги мери постигнувањата од владината програма, која во голема мера е преточена од политичката програма за време на последните избори. Проблемот со нереалните ветувања го лоцирам најмногу во тоа што ние како општество и економија немаме долгорочна визија, која ќе вклучува консензус од сите општествени чинители околу клучните исходи што сакаме да ги постигнеме. Потоа, политичките партии како што доаѓаат на власт би се разликувале по инструментариумот на политики и инструменти кои ќе ги користат за остварување на таквата визија. Во такви околности, работата на економските ресори се сведува на парцијални, ад-хок политики и она што колоквијално го нарекуваме „гасење пожари“.


25

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

разговара:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ XМониторингот X што го прави Finance Think за остварувањето на владините економски ветувања преку вашата платформа Економски компас, покажува дека само околу петтина од нив се реализирани, додека половина се неисполнети или дури и во спротивна насока на исполнување. Како тогаш ја оценувате работата на економскиот владин ресор? Неостварените ветувања првенствено се резултат на тоа дека се даваат нереални ветувања, а не значат по автоматизам дека работата на владиниот економски ресор е лоша. Нашата платформа „Економски компас“ ги мери постигнувањата од владината програма, која во голема мера е преточена од политичката програма за време на последните избори. Проблемот со нереалните ветувања го лоцирам најмногу во тоа што ние како општество и економија немаме долгорочна визија, која ќе вклучува консензус од сите општествени чинители околу клучните исходи што сакаме да ги постигнеме. Потоа, политичките партии како што доаѓаат на власт би се разликувале по инструментариумот на политики и инструменти кои ќе ги користат за остварување на таквата визија. Во такви околности, работата на економските ресори се сведува на парцијални, ад-хок политики и она што колоквијално го нарекуваме „гасење пожари“. Последните кризи – пандемиската, енергетската и воената криза во Украина, само ја зголемуваат потребата да се гасат економски пожари, и уште повеќе, како општество и како носители на политики, нè дефокусираат од визијата и долгиот рок. X-Според X наодите на Finance Think, пет ветувања главно во сферата на намалување на даночни стапки се исполнети, а четири се во насока на исполнување поврзани со економскиот раст, извозот, обем на странски инвестиции и раст на просечната плата. Како е ова постигнато и колку актуелната криза може да ги загрози и овие параметри? Клучното ветување, повисоки плати и просечна плата од 500 евра, се постигнати. За тоа неодамна се пофали и самата влада. Како граѓанин, за мене е охрабрувачки фактот што постои нагорен и солиден раст на платите. Како економист, поразителен е фактот

што тој пораст на платите се случува во услови на стагнантна продуктивност. Тоа често го дискутираме, но да го илустрирам. Колку ние како економија ќе може да поделиме преку плати зависи од тоа колку создаваме. Значи, продуктивноста е количник од бруто производот и бројот на вработени (или попрецизно бројот на работни часови). Од 2000 до 2021, просечниот раст на нашата продуктивност годишно бил само 0.7%, или за 20 години вкупно 13.4%. За споредба, во истиот период, продуктивноста во Чешка која денес има 2 пати поголем БДП по вработен од нас, пораснала за 51%, а во Германија која има 2.5 пати поголем БДП по вработен, за 27%, и генерално ако го погледнеме Европскиот континент, ќе видиме дека во тој поглед сме на дното. Дури и во ветувањата кои во вашето прашање ги имате наведено за остварени, порастот на платите е постигнат во услови на недоволно амбициозни очекувани бројки кај БДП, извозот, инвестициите. На пример, едно ветување гласи: одржлив и инклузивен раст од 4% годишно, што е некоја краткорочна реалност за земјава, но од друга страна со таков просечен раст ќе бидат потребни 80 години за да дојдеме до просечното ниво на животен стандард во ЕУ. Се разбира, овие параметри не зависат само од однесувањето и политиките на владата, бидејќи примарно приватниот сектор е тој кој треба да испорача производство, инвестиции и извоз. Последните кризи имаат драматично влијание, како што видовме БДП се намали и во 2021 сè уште не го постигна преткризното ниво, инвестициите се изразито волатилни, извозот е одреден и од сè уште актуелните карантини во Кина и геополитичките поместувања. Значи, реалноста е сепак дека ветувањата може да бидат и сериозно поткопани од вакви егзогени шокови, од кои барем два – пандемиската и украинската криза – се од тип и размер кој ретко кој можеше да претпостави дека ќе ги посведочи во својот животен век. XВо X делот на неисполнети ветувања, тоа е намалување на персоналниот данок на доход во ИТ секторот и зголемување на минималната пензија, а дури 12 ветувања одат во спротивна насока. Зошто според Вас овие ветувања тешко се реализираат? Затоа што се нереално поставени или затоа што имаат висока цена доколку се реализираат.

Издвојувате два интересни примери. Јас не верувам дека за ИТ секторот, кој исплаќа убедливо највисока просечна плата во земјава, клучен е персоналниот данок на доход. Ако го гледаме економски и преку платата, животниот стандард на вработените во ИТ индустријата воопшто нема да се промени ако се намали данокот на нивната висока плата; напротив, за да се креира уште поовозможувачка околина за такви високопродуктивни и оспособени професионалци, неопходни се други мерки. Ако го гледаме идеолошки, тоа целосно се коси со намерата владата да воведува прогресивност во системот на даноците; напротив, една ваква интервенција внесува регресивен елемент, којшто треба по секоја цена да се избегнува. Кај минималната пензија проблемот е високиот дефицит во пензискиот фонд, односно оној дел од пензиите кој се покрива од општото оданочување а не од придонесите за пензиското осигурување. Тој удел имаше драматичен раст до 2018, поради големите ад-хок популистички зголемувања на пензиите, а потоа со одредени промени во системот, меѓу кои и благ пораст на стапката на пензиски придонес, настана стабилизација. Во таа смисла, ограничувањето на последните промени само на индексирање на пензиите со платите и цените, а не и ад-хок зголемувања е коректен потег. Но, корекција на минималната пензија мора да биде многу повнимателна, бидејќи погорниот проблем ќе го влоши и претпоставувам заради тоа, тоа ветување не е испорачано. „Економскиот компас“ ги следи сите ветувања едно по едно и генералниот заклучок е дека неисполнувањето е резултат на нереални ветувања или на „скапи“ ветувања, односно такви кои ќе решат еден но ќе отворат повеќе други проблеми. XКои X би биле Вашите препораки до властите, како да се постигне подобра реализација на економската владина програма? Програмата е неопходно да се дизајнира почнувајќи од единствена визија, односно што сакаме да постигнеме во следните 5, 10, 20 години, значи да гледаме подалеку од еден политички мандат. Потоа, да дефинира мерки и инструменти кои тоа ќе го остварат. На крај, неопходно е да знаеме колку сето тоа ќе чини и како ќе се финансира. Притоа, програмата мора да елиминира популистички потези на политиките, што ќе


27 МАЈ 2022

26 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

биде одраз и на тоа дека нашево општество созреало. Наместо тоа, исклучив фокус на политики кои отстрануваат структурни тесни грла, кои решаваат клучни структурни проблеми, како што се типот и нивото на вештини кои ги испорачува образовниот систем, капитални инвестиции кои имаат јасен позитивен мултипликативен ефект за економијата, јавна администрација која е ефикасна и продуктивна, базира на мерит систем и јасни правила за високите позиции, кредибилни институции и владеење на правото, итн, итн. XЕдно X од ветувањата кое што констатирате дека е исполнето и го поткрепувате и со своја нова студија е намалување на сивата економија. Како измеривте дека неформалната економија е 23,2% од БДП? Истражувањето се базира на еден познат метод во науката кој го мери вишокот готовина кој циркулира во економијата, а кој не може да се објасни со структурни фактори. Тој вишок е т.н. прокси за сивата економија и, всушност, поважно е да ја презентира нејзината динамика, за да знаат носителите на политиките дали евентуалните мерки кои ги преземаат даваат резултати или не. Се употребуваат, во литературата, и неколку други методи, меѓутоа истражувања што постојат за други земји покажуваат дека тие често даваат меѓусебно слична магнитуда. Во секој случај, една четвртина сива економија од вкупната македонска економија е поразителен факт, од кој не сме изненадени, меѓутоа останавме изненадени од тоа што таа незначително се намалила по 2013, односно трендот е главно стагнантен. Се покажува дека повеќе за проблемот зборуваме одошто правиме конкретни и одлучни чекори. Државата има добро креирана Стратегија за формализација, но нејзината имплементација е бавна, а за многу од мерките не се направени никакви чекори. На ниво пониско од централното, на локално ниво, проблемот скоро и да не се третира. Владата треба овие аспекти да ги разгледа што поскоро, бидејќи сивата економија е голема неоданочена база. XКои X мерки и политики доведоа до намалување на сивата економија последните 15 години од 31,6% на 23,2% од БДП? Истражувањето покажа дека повидливи намалувања на сивата економија се случиле околу воведувањето на рамниот данок

и воведувањето на минималната плата. И тогашната влада го изнесуваше аргументот дека при пониски даноци, даночните обврзници ќе имаат висок трошок да останат во сивата економија, што сега низ истражувањето добива емпириска верификација. Тоа во никој случај не треба да се толкува како поддршка за рамниот данок; ако го земеме аргументот за потребата да се јакнат даночните приходи и да се елиминираат сите регресивни точки во даночниот систем, дебатата за негово реформирање е валидна, меѓутоа не смее да го занемари ефектот врз сивата економија. Всушност, и една анализа која ја публикуваше Министерството за финансии во поглед на ефектите од прогресивниот данок на доход во 2019 година покажа дека настанало даночно избегнување, пренесување на доходот на други лица и во други даночни јурисдикции, што индиректно укажува дека интенцијата секое брзоплето реформирање на даночниот систем кон повисоки стапки ќе ја зголеми склоноста кон функционирање во сивата економија. Всушност, истражувањето покажа дека реформирање на даночниот систем кон повисоки даноци ќе даде посакуван резултат само ако е придружено со високо ефикасна даночна администрација и со висока доверба на даночните обврзници во институционалниот систем и висок даночен морал, што се два аспекти кои не може да се променат преку ноќ. Наодот дека воведувањето на минималната плата во 2012 исто така ја намалило сивата економија ни беше до извесна мера неочекуван, но веројатно покажува дека дотогаш постоел голем износ на неформални плаќања, во кеш, со цел работодавачите да избегнат плаќање придонеси и данок. Со нејзиното воведување, тие немале друг излез освен да ги формализираат тие плаќања. Но, поинтересен е наодот дека наглите зголемувања на минималната плата потоа водат кон деформализација, односно поттикнуваат сива економија. Ова го потврди нашиот претходен аргумент дека секако повисоката минимална плата нема да ја зголеми невработеноста, но ќе ги зголеми неформалните работници или делот од платата кој тие го добиваат на рака. XКои X се штетите од сивата економија во земјава и како таа се одразува на бизнис

климата, особено како нелојална конкуренција на редовните плаќачи на даноци? Првенствено, сивата економија крие голем даночен потенцијал. Ако е проценета на 2.5 милијарди евра годишно помножено со 25% просечно даночно оптоварување (грубо, уделот на даночните приходи и придонеси во БДП), тогаш буџетот губи над 600 милиони евра годишно. Значи, тоа повеќе од големината на буџетскиот дефицит во нормални години, или просечен износ на една наша еврообврзница. Секако, ефектите се негативни и за бизнисот; сивата економија ја прави бизнис климата тешка за функционирање, ги деморализира чесните играчи, ги зголемува диспаритетите, ги обесхрабрува работниците кои работат без осигурување и другите права од формален работен однос. Вкупните ефекти на макро-ниво се недвосмислено негативни, иако на ниво на единка или претпријатие може да се има краткорочна корист. XКои X економски политики ја поттикнуваат повеќе сивата економија, а со кои треба да се продолжи во насока на понатамошно намалување на неформалниот сектор? На ова прашање не е лесно да се одговори во македонскиот контекст. Finance Think сега отпочнува иницијатива да ја разбере сивата економија во подлабок и посеопфатен контекст. Најпрво би рекла дека можноста сивата економија да се намалува преку системот на даноци е исцрпена. Понатамошно намалување на даноците и придонесите не би имало никаков ефект врз сивата економија, а ќе отвори многу големи фискални проблеми. Второ, клучно е сивата економија да се дефинира како институционален проблем, односно проблем на капацитет на институциите да се справат со неа. Трето, исто така клучно е, проблемот да се сфати како проблем на повеќе чинители, односно тоа не е проблем само на владата и на инспекторатите, туку и на локалните самоуправи, на бизнис секторот и, во крајна линија, на граѓаните. Таков „повеќечинителски“ пристап ќе не доведе и до позиција да сфатиме дека сите губиме од сивата економија и секој, во рамки на своето дејствување, да придонесе кон нејзино сузбивање. Секако, четвртиот аспект е техничкиот: јакнењето на инспекторатите, дигитализација на процесите, и влада со политичка волја сето тоа да го стави на брза лента и без компромиси. nnn



27 МАЈ 2022

28 КОЛУМНА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Од посетата на бугарскиот премиер Петков на Скопје

НЕУСПЕШНИОТ РЕСТАРТ ВО БУГАРСКОМАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ

Поради пропуштените можности, владите во Софија и Скопје имаат многу ограничен опсег на акции и поддршка во општеството, што може да ги турне Бугарија и Северна Македонија во политичка неизвесност, а додавајќи ја руската инвазија на Украина, Балканот може да заземе друг аспект. Се чини дека рестартирањето на бугарско-македонските односи ќе биде одложено. НИКОЛА КИШИН бугарски интелектуалец

В

о бугарско-македонските односи минатата година имаше добри, но и многу лоши постапки, кои уште многу години ќе ги враќаат односите меѓу двете соседни земји во раните 90-ти, кога Софија и Скопје излегоа од прегратките на Москва и Белград, односно поранешните СССР и СФРЈ. Токму овие историски и политички врски, акумулации и инструменти ги одредуваат бугарско-македонските

односи денес. „Длабоката држава“ многу вешто ги постигна своите цели да ги искара Софија и Скопје и да ги врати назад во времето. Пред една година имаше оптимизам откако бугарскиот претседател Румен Радев се качи во авион на пат за Рим, го покани со него и неговиот македонски колега Стево Пендаровски со цел да го посетат папата Франциск. Двајцата претседатели ја посетија базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде во IX век папата Адријан ја благослови словенската азбука и книгите напишани на неа од светите

браќа Кирил и Методиј. Тоа беше време на оптимизам и надеж дека односите може да тргнат напред. Дали се случи рестарт на односите меѓу Софија и Скопје, гледано од денешна дистанца, тешко е да се каже. Во таа една година Бугарија помина низ три изборни круга, што никогаш не се случило во 144 години откако тргна на својот пат кон независност. Кон крајот на 2021 година, Бугарија, по две преодни влади, конечно формираше влада предводена од Кирил Петков. Тој се обиде да ги стави односите меѓу Софија и Скопје


29

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

на прагматична основа и да ги раздвои темите на меѓудржавните односи и оние на историјата. Со новата влада во Софија, во Скопје се појави и нова влада на чело со Димитар Ковачевски. Се презедоа брзи дејствија од двете страни во обид да се надомести изгубеното во последните години и децении. Сигналите беа јасни дека ќе се бара нормализација на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Првата посета на странска земја на Кирил Петков беше токму во Скопје со неговиот новоизбран колега Димитар Ковачевски. Првиот резултат е дека планот за решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија од 5 + 1 стана 4 + 1 откако Скопје испрати нота до ОН којашто се вели дека името Северна Македонија се однесува само на нејзината територија и нема претензии за географската област Македонија. Во еден од неговите сегашни ретки јавни настапи, претседателот Георги П’рванов (2002-2012) ги критикуваше постапките на Софија и неговиот наследник Румен Радев, велејќи дека формулата 5 + 1 акумулира стари работи и не води до стратешки решенија. Иако скромни, сепак резултати од работните групи имаше и тие не се однесуваа само на ново воспоставената авиолинија Софија-Скопје, туку и за градење повеќе можности за двете соседни земји. Набрзо следеше руската воена инвазија на Украина, која ја промени глобалната слика, а целиот светски поредок на кој бевме сведоци по падот на Берлинскиот ѕид кон крајот на 1989 година и распадот на поранешниот Советски Сојуз почна да го реформира светот.

Сосема нови ризици за Европа

Денес, ризиците за Европа се сосема различни. Дали ќе има криза со храна, дали ќе има глад и како ќе влијае војната во Украина врз растот на светската економија. Зголемувањето на цените на енергијата ќе постави многу сериозни предизвици пред Европа. Денес, Бугарија се соочува со многу сериозен ризик поврзан со војната во Украина, која веќе ја напушти својата територија и веќе стана регионален проблем, не само во регионот на Црното Море, туку и на Балканот. По анексијата на Крим од страна на Кремљ во 2014 година, стратешката рамнотежа во Црното Море се промени, за што ниту една земја во регионот не беше подготвена, а руската инвазија на Украина ја потврди оваа оценка на експертите. По 10-годишно доцнење, случајно

или не, дури во лето ќе има очекувана гасна врска со Грција, што ќе обезбеди диверзификација во снабдувањето со гас откако Кремљ одлучи да ја прекине испораката на руски гас и да го прекрши постоечкиот договор. Така, Бугарија и регионот ќе имаат врска со гасоводот ТАНАП со гас од Азербејџан. И Романија и Северна Македонија ќе добиваат гас преку Бугарија се’ додека се гради вториот гасовод Петрич - Струмица, што ќе им овозможи на двете земји да имаат независни снабдувања со гас, но и да бидaт фактор на енергетската карта во регионот. Пример за тоа е можноста Бугарија да испорачува гас за Косово и Србија преку Северна Македонија откако ќе се изградат интерконектори со нив. Но, се чини дека некому не му се допадна оваа нова динамика во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Премиерот во Софија Кирил Петков беше критикуван од неговиот претходник Стефан Јанев, кој стана министер за одбрана во новата бугарска влада и одби да го именува она што се случува во Украина со неговото вистинско име. Реконструкцијата на владата во Софија и доведувањето на искусниот дипломат и претставник на Бугарија во НАТО Драгомир Заков на чело на Министерството за одбрана успеа да го стабилизира кабинетот и да го спаси. Интензивирањето на акциите на Москва на Балканот и желбата за разгорување на регионалните конфликти останува многу сериозен ризик. Зголеменото влијание во овој регион на Србија, но и на Кина и Турција, ја одредува нестабилната иднина со која ќе се соочи европскиот југоисток.

Некој „лови риба во матно“

Во Бугарија има израз „да се лови риба во матни води“, па изгледа некој навистина е заинтересиран да ја замати балканската вода и да го добие тоа што го сака уште еднаш. И овој Некој ќе се обиде да ги прекрои границите, да ги продлабочи противречностите и да ги кочи односите меѓу земјите од Западен Балкан. Александар Вучиќ, Виктор Орбан, Никола Груевски и Додик се оние кои по наредба на Кремљ ќе се обидат да го запрат патот на регионот кон ЕУ. Проруските сили во Бугарија се во акција, а обидите да се дестабилизира Бугарија со прекин на испораката на гас се само еден пример на ветер во нивните едра за да ги постигнат своите цели. Во последните 18 месеци во Бугарија беа откриени две шпионски групи кои работат за военото разузнавање на Русија, заинтересирани за стратешките цели на НАТО не само

во Бугарија, туку и во регионот на Црното Море. Ова покажува дека Софија ќе продолжи да биде важна цел на руското влијание на Балканот. Затоа, секој обид за отцепување од орбитата на Москва ќе биде проследен со многу сериозни обиди за спротивставување на Кремљ и дестабилизација на Бугарија. Агендата на Москва на Балканот вклучува не само зголемување на руското влијание во Србија и српскиот фактор во регионот, туку и одржување на отворени билатерални прашања како што се бугарско-македонските односи. Додека Софија и Скопје продолжуваат да гледаат назад, а не напред, Србија прагматично влегува во Северна Македонија со изградба на сопствен телеком, дистрибуирајќи повеќе од 30 телевизии, а некои скриени зад светските брендови ќе го зголемат сопственото влијание. Друг пример за растечкото српско влијание е обидот преку Српската патријаршија да се реши македонското црковно прашање, кое доби многу добар сигнал од вселенскиот патријарх Вартоломеј. Кога Бугарската црква имаше можност во 2018 година да биде активен играч во црковната дипломатија, не успеа да ја искористи оваа можност и денес СПЦ ја користи ситуацијата. Скопје, исто така, не успеа да го направи својот пат напред кон враќање на довербата во дијалогот со Софија. Изминатите пет месеци, и покрај тешката политичка ситуација во Северна Македонија и притисокот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица, можеа да се создадат механизми за контрола на говорот на омраза кон граѓаните на земјата со бугарско самоопределување, како и постапката за промена на учебниците каде што има текстови со навредливи квалификации кон Бугарите и Бугарија од времето на Втората светска војна. Требаше да се направат барем овие два чекори за да се види во Софија дека за толку краток временски период започнала акција во оваа насока. Исто така беше пропуштена можноста да се направи јасен календар на заложби за дијалог. Поради пропуштените можности, владите во Софија и Скопје имаат многу ограничен опсег на акции и поддршка во општеството, што може да ги турне Бугарија и Северна Македонија во политичка неизвесност, а додавајќи ја руската инвазија на Украина, Балканот може да заземе друг аспект. Се чини дека рестартирањето на бугарскомакедонските односи ќе биде одложено. nnn


30 30 ИНТЕРВЈУ ИНТЕРВЈУ

27 МАЈ27 МАЈ 2022 2022

KAPITAL.MKKAPITAL.MK I БРОЈ 1127 I БРОЈ 1127


31

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ОДИЛ РЕНО – БАСО претседателка на ЕБОР

НАШИОТ ФОКУС ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА, ПОВРЗАНОСТ И КОНКУРЕНТНОСТ НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено - Басо, ќе го посети Скопје на 31 мај за да се сретне со властите и да учествува на конференцијата на високо ниво, Скопски економски финансиски форум 2022 година. Во ексклузивно интервју за Капитал, таа ги коментира инвестициските планови за земјата и економското влијание на руската инвазија на Украина.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ XПоследните X прогнози на ЕБОР за економскиот раст во земјите од Западен Балкан не се разликуваат премногу во однос на претходните - некои се намалени од 0,1 до максимум 0,3 процентни поени. Дали тоа значи дека не очекувате силно економско влијание од украинскиот конфликт во регионот? Нашето ажурирање на прогнозата за март ја одразува првичната реакција на војната против Украина и затоа бројките од мај не се разликуваат многу. Генерално, економското влијание на војната во Украина се рефлектираше во речиси еден процентен поен намалување на нашите прогнози за регионот на Западен Балкан во споредба со предвоените прогнози од ноември 2021 година.

Економиите во Западен Балкан имаат ограничена изложеност на Русија, Украина и Белорусија во однос на директните економски врски како што се трговијата, инвестициите и дознаките. Сепак, овие земји не се имуни на индиректните влијанија како што се зголемувањето на цените на енергијата и суровините, забавувањето на извозните пазари во ЕУ, процеси што се особено релевантни за тешката индустрија во Северна Македонија, како и за општиот пораст на неизвесноста. XКолку X сте загрижени за случувањата меѓу Русија и Украина? Што мислите, какви се последиците за економијата во цела Европа? Ние сме длабоко загрижени за руската инвазија врз Украина, катастрофалната човечка катастрофа што се одвива во Украина и кризата што следува. Последиците ќе бидат обемни и

далекосежни. Светската економија се соочува со најголем шок од понудата барем од раните 1970ти. Русија и Украина снабдуваат голем дел од стоките - од енергија до метали, храна и ѓубрива. Недостигот на овие артикли има големо влијание врз светските и европските цени и ги нарушува синџирите на снабдување, додавајќи ги инфлациските притисоци, кои веќе се зголемуваа и пред февруари. Цените на прехранбените производи, нафтата, гасот и металите нагло се зголемија бидејќи пазарите очекуваа многу помал извоз од погодените земји. Другите канали на влијание се порегионални. Земјите од Централна Азија се поврзани со Русија преку трговија и дознаки од работнички мигранти; различни земји во регионите на ЕБОР имаат врски преку туризмот со Русија, Белорусија и Украина, додека Централна Европа е тесно


27 МАЈ 2022

32 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

интегрирана во синџирите на производство со Украина. Покрај тоа, конфликтот резултираше со големо принудно раселување на луѓето, со голем прилив на бегалци низ Европа. Се разбира, ЕБОР не го следи само економскиот развој - ние активно работиме со меѓународните партнери за поддршка на Украина. На годишното собрание на ЕБОР, кое се одржа од 10 до 12 мај во Мароко, акционерите на Банката ја изразија својата солидарност со Украина и ја сигнализираа својата силна поддршка за напорите на ЕБОР да одговори на кризата. Голем број меѓународни донатори презедоа обврски во висина од 1 милијарда евра за поддршка на проектите на ЕБОР во Украина и другите земји погодени од војната. ЕБОР објави првичен пакет од 2 милијарди евра за Украина и погодените земји во март оваа година, а ние веќе ги поддржуваме трговските финансии, енергетската безбедност и дел од критичната инфраструктура. XЗа X Северна Македонија останувате на првичната прогноза за раст од 3% оваа година, што е меѓу најслабите прогнози во регионот. На што се должи тоа? Прогнозата за Северна Македонија ги одразува глобалните несигурности од една страна и специфичните ранливости поврзани со структурата на синџирите на снабдување со производство од друга страна. Извозот на стоки е важен двигател на растот за Северна Македонија и очекуваме влијание врз растот на извозот поради очекуваното забавување на растот во земјите на ЕУ, главните извозни пазари на Северна Македонија. Очекуваме, исто така, домашната потрошувачка, уште еден важен двигател на растот, да биде под влијание на намалувањето на инфлацијата на расположливите приходи на домаќинствата и избледувањето на постпандемиската затворена побарувачка. Конечно, преоценувањето на геополитичките ризици во светлината на војната заедно со домашната политичка нестабилност придонесува за зголемено колебање на инвестициската страна.

Северна Македонија има стабилен девизен курс XКолку X сте загрижени за зголемената инфлација оваа година и колку мислите дека овој проблем ќе се продлабочи? Колку граѓаните ќе ја почувствуваат

инфлацијата преку сопствено осиромашување? Инфлациските притисоци во глобалната економија и во регионите на ЕБОР веќе беа високи поради закрепнувањето на глобалната побарувачка бидејќи ограничувањата за Ковид-19 беа постепено укинати, но дополнително беа влошени со неодамнешните зголемувања на цените на храната и енергијата. Знаеме дека зголемените цени на енергијата и храната ги погодуваат економиите во развој повеќе отколку напредните, а особено посиромашните домаќинства. Во Северна Македонија, како и во другите слични земји, најсиромашните домаќинства трошат значително поголем дел од нивната вкупна потрошувачка на храна и енергија и затоа овие домаќинства се соочуваат со уште повисоки ефективни стапки на инфлација. Позитивната страна е тоа што Северна Македонија е земја со здрави макроекономски основи и стабилност на девизниот курс одржувана од претпазлива и кредибилна институција и една од земјите во регионот која може и користи алатки на монетарната политика за да ги задржи инфлациските притисоци. Иако влијанието на растот на цените секако се чувствува, овој ефект може делумно да се ублажи со комбинација на ефективни монетарни политики и фискални мерки насочени кон најсиромашните XЕБОР X важи за еден од најголемите партнери во земјата во финансирањето на инфраструктурни проекти. Колку сте задоволни од динамиката на реализација на проектите во земјава, имајќи предвид дека некои од нив, како на пример во железницата, и по десет години се активни? Каде можете да видите простор за подобрување? Во моментов, портфолиото на ЕБОР во инфраструктурниот сектор е речиси 670 милиони евра распространето низ патиштата, железницата, воздушната навигација и општинските услуги (отпадни води и урбан транспорт), со уште 220 милиони евра во нафтоводот оваа година. Темпото на имплементација на кое сме сведоци се разликува од проект до проект. Тоа главно е под влијание на нивото на подготовка на проектот, кое понекогаш заостанува и го одложува почетокот на имплементацијата на проектот. Фазата на администрирање на договорот исто така може да биде предизвикувачка, со оглед на

ограничувањата на капацитетот за имплементација со кои се соочуваат некои клиенти, вклучително и со квалитетот на дизајнираните документи. За да се ублажат овие ризици, редовна практика на Банката е секој инфраструктурен проект да биде поддржан со техничка помош финансирана од грантови, доделена на субјектите имплементатори обезбедена од меѓународно признати консултантски компании. XКои X се вашите планови за идно финансирање во земјава? Каква поддршка и во кои сектори можеме да очекуваме? Нашите стратешки приоритети за Северна Македонија до 2024 година се фокусираат на поддршка на транзицијата на зелената економија, поврзаноста и регионалната интеграција и конкурентноста на приватниот сектор. Фокусирајќи се на овие приоритети, минатата година инвестиравме 135 милиони евра во преку 17 проекти. Очекуваме значително повисоки бројки оваа година бидејќи бараме да финансираме некои многу важни инфраструктурни проекти, како што е автопатската врска помеѓу Скопје и косовската граница и регионалното управување со цврст отпад за пет од 8-те региони во земјата. Дополнително, нашиот фокус ќе биде на финансирање на нови соларни проекти со ЕСМ, поддршка на малите и средните претпријатија преку нашиот нов производ за рестартирање на малите и средните претпријатија и воведување на нов зелен објект за финансирање за МСП во соработка со УНДП и Владата. Гледајќи напред, сметаме дека финансирањето на зелената транзиција е најважна и итна задача што претстои. Покрај тоа, ЕБОР обезбедува повеќе од само финансии за приватниот сектор. Банката обезбедува и деловни совети за да им помогне на приватните бизниси да растат и да се трансформираат преку нашата мрежа на меѓународни советници и локални консултанти. Во Северна Македонија секоја година обезбедуваме поддршка на бизнисот од почетни до корпорации преку повеќе од 60 советодавни проекти, обуки/семинари за компании и засегнати страни, вклучително и градење капацитети на партнерски институции и програми за забрзување во области кои се движат од дигитализација до зелена и


33

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Нашите стратешки приоритети за Северна Македонија до 2024 година се фокусираат на поддршка на транзицијата на зелената економија, поврзаноста и регионалната интеграција и конкурентноста на приватниот сектор. Фокусирајќи се на овие приоритети, минатата година инвестиравме 135 милиони евра во преку 17 проекти. Очекуваме значително повисоки бројки оваа година бидејќи бараме да финансираме некои многу важни инфраструктурни проекти, како што е автопатската врска помеѓу Скопје и косовската граница и регионалното управување со цврст отпад за пет од 8-те региони во земјата. инклузија, во согласност со нашите стратешки приоритети. XВо X време на актуелна енергетска криза, стана особено јасно дека земјите треба да се фокусираат на домашното производство на енергија, а особено од обновливите извори. Веќе финансирате неколку вакви проекти во земјава. Кои се вашите очекувања и зошто овие проекти од зелената агенда се всушност важни? Енергетска криза ја откри важноста на трошоците за енергија, енергетската безбедност, потребата да се има разновидна база на снабдување и интегрирани регионални пазари. Обновливите извори на енергија се важни, бидејќи обезбедуваат домашна енергија конкурентна на трошоците, што носи огромни

еколошки придобивки. Во овој контекст, сегашната средина дава можност за забрзување на инвестициите во обновливи извори (јавни и приватни) и ја нагласува потребата за подобрување на националните мрежи за електрична енергија и прекуграничните интерконекции заедно со повеќе пазари за ликвидна енергија. Затоа, и покрај сегашното меѓународно опкружување, Северна Македонија треба да остане фокусирана на својот пат со ниска содржина на јаглерод и заложбите за декарбонизација на енергетскиот сектор со цел да достигне нето нула емисии до 2050 година, во согласност со стратешките документи на земјата. Треба да го поедностави процесот на лиценцирање и издавање дозволи, за да ги стимулира

приватните и јавните инвестиции во нови капацитети за обновливи извори на енергија, со цел да ги исполни своите амбициозни цели за обновливи извори на енергија и да го постигне намалувањето на емисиите од 82% вградено во подобрените НДЦ. Треба дополнително да инвестира во мрежите за да ја олесни интеграцијата на обновливите извори на енергија и да работи на подобрување на ликвидноста на пазарот преку воспоставување пазар на електрична енергија и да напредува што е можно поскоро со пазарната спојка со Бугарија и Грција, со цел да се интегрира на европските енергетски пазари. Од наша страна, ЕБОР досега ги поддржа регулаторните и правните аспекти за воведување аукции за обновливи извори на енергија,


27 МАЈ 2022

34 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

како и објавување на три тендери за вкупен комбиниран капацитет од 162 MW сончева енергија, кои моментално се издаваат и се градат. Ја поддржавме земјата во нејзиниот прв чекор на енергетска транзиција со директно финансирање на ЕСМ за првата комунална фотоволтаична (ФВ) централа во Северна Македонија, ФВ постројка од 10 MW на исцрпениот рудник за јаглен на ТЕ Осломеј, која веќе е во функција. Дополнително, ЕБОР го одобри финансирањето на проширувањето на ФВ постројката од 10 мегавати во Осломеј и прилагодувањето на ФВ постројката од 20 мегавати на ТЕ Битола. И, се разбира, ние сме подготвени да ја поддржиме зелената транзиција на земјата со дополнителна поддршка во политиката, техничка помош и финансирање на капацитетите за обновливи извори на енергија и електричната мрежа. XКако X институција чија основна цел е финансирање структурни проекти во земјите од Централна и Источна Европа, како го оценувате фактот што земјата издвојува околу 14% од буџетот за инфраструктурни инвестиции, само 5% од БДП. Друга работа е што нивната реализација никогаш не е целосна. Колку е ова доволно за земја во развој? Јавните инвестиции во инфраструктурата се централни за развојната перспектива на економиите во развој бидејќи може да ги подигнат стапките на раст и да ја забрзаат економската конвергенција. Состојбата на јавниот капитал во Северна Македонија е слична на онаа во остатокот од регионот на Западен Балкан, но сепак значително заостанува од онаа на ЕУ. Ова сугерира дека има простор за зголемување на инфраструктурата и други јавни инвестиции кои ја зголемуваат ефикасноста во Северна Македонија. Покрај обемот на јавни инвестиции, важен е и квалитетот. Успешната инвестициска политика, исто така, вклучува соодветно одредување приоритети, институционален капацитет за спроведување на планираните проекти, спроведување здрава проценка на проекти, надзор и мониторинг на таквите проекти, како и евалуација откако проектот ќе биде завршен. XКои X би биле вашите препораки за македонските власти особено од економскиот сектор, кои реформи треба да се спроведат во следниот период?

Во Северна Македонија, како и во другите слични земји, најсиромашните домаќинства трошат значително поголем дел од нивната вкупна потрошувачка на храна и енергија и затоа овие домаќинства се соочуваат со уште повисоки ефективни стапки на инфлација. Позитивната страна е тоа што Северна Македонија е земја со здрави макроекономски основи и стабилност на девизниот курс одржувана од претпазлива и кредибилна институција и една од земјите во регионот која може и користи алатки на монетарната политика за да ги задржи инфлациските притисоци. Да се осигури дека фискалната политика е погодна за закрепнување и раст, додека останува претпазливо и насочено, имајќи ги предвид долгорочните импликации за одржливост, треба да биде на врвот на умот на сите. Властите треба да бидат претпазливи со прекумерното потпирање на економските субвенции и да се одлучат за обезбедување транспарентен и конкурентен процес на доделување на поддршката, како и поврзување на државната помош со исходот каде што е можно. Образовните реформи треба да се забрзаат за да се решат предизвиците на пазарот на трудот и да се подобри продуктивноста на трудот. Ги цениме тековните напори за решавање на неусогласеноста на вештините преку системот за стручно образование и се надеваме дека ова ќе остане во фокусот.

Подобрувањето на продуктивноста на трудот што може да произлезе како последица на образовните реформи е дополнително важен фактор за привлекување на повеќе инвестиции со висока додадена вредност во Северна Македонија. Конечно, стабилен и добро управуван енергетски сектор е поважен од кога било во сегашното опкружување опфатено со висока неизвесност. Неодамнешната енергетска криза беше тешка за повеќето земји во регионот, но има лекции што можеме да ги научиме. Сметаме дека зголемувањето на инвестициите во обновливите извори на енергија и напорите за енергетска ефикасност, заедно со обезбедувањето добро владеење на енергетските компании, може да ја одведе Северна Македонија понатаму во нејзината транзиција кон одржлива пазарна економија.

nnn


СТАНБЕН КРЕДИТ

www.stb.com.mk

ЖИВОТОТ СЕ СЛУЧУВА СЕГА!

НЕ ЧЕКАЈ. АПЛИЦИРАЈ СЕГА! • БЕЗ административни трошоци • БЕЗ трошоци за процена • БЕЗ нотарски трошоци за нови пласмани и дополнителен износ, од најмалку 15.000 ЕУР • Брза и едноставна процедура за одбрување • Подобри услови за клиентите што платата ја добиваат во Стопанска банка АД - Скопје Промотивната понуда трае до 30.6.2022 Аплицирање 24/7 на:

(02) 15110 или

www.alokredit.mk.

*Пример (април 2022) Кредит од 34.224 евра со 30 години рок на отплата со вклучена полиса за животно осигурување, за клиенти кои платата ја примаат преку СБ, каматната стапка изнесува 3,20%, гарантирана за првите 10 години, по што ќе се применува променлива каматна стапка која во моментов изнесува 4,23% за останатиот период. СВТ за овој пример изнесува 3.66% годишно. Месечната рата за овој кредит за првите десет години изнесува 148,01 евра. Износот на еднократна премија за животно осигурување изнесува 4.224 ЕУР, под претпоставка дека кредитобарателот на 40 годишна возраст, без здравствени нарушувања. Кредит од 34.224 евра со 30 год. рок на отплата за клиенти кои платата не ја примаат преку СБ, каматната стапка изнесува 3,90% гарантирана за првите 3 години, по што ќе се применува променливата каматна стапка која во моментов изнесува 4.70% за останатиот период. СВТ според овој пример изнесува 4.61% годишно. Месечната рата за овој кредит за првите три години изнесува 161,42 евра. Редовните административни трошоци изнесуваат 0% од износот на одобрениот кредит, апликативните трошоци изнесуваат 600 денари, додека нотарските трошоци и трошоците за осигурување на имотот зависат од износот на кредитот како и од карактеристиките на имотот кој се користи како обезбедување. За пример пресметки и дополнителни информации контактирајте со Стопанска банка преку филијалите, веб страната или 24/7 контакт центарот на (02)3100 109.


27 МАЈ 2022

36

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ЕКОНОМИЈА

САМИТ МАКЕДОНИЈА 2025 ПО 11-ТИ ПАТ

ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА И ЛИДЕРСТВОТО ВО ФОКУС


37

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

О

колу 430 гости од земјава и странство беа дел од годинешниот Самит Македонија 2025, што се одржа на 18 и 19 мај. Во рамките на самитот беа одржани 14 панели на значајни теми, а во нив учествуваа повеќе од 40 говорници, кои ги споделија своите искуства и знаења во неколку различни области. Панелите на Самит Македонија 2025, кој годинава се одржа по 11-ти пат, беа посветени на актуелни теми како што се дигиталната трансформација на бизнисите и општествата, лидерството во бизнисот, потенцијалот на популарните „блок-чејн“ технологии и крипто-валутите, односно можните пристапи на нивна имплементација. “Се надеваме дека Самитот инспирира и охрабрува промени во општеството и во економијата. Нашата главна цел беше да порачаме дека и малите можат да успеат доколку брзо и флексибилно се приклучат кон трансформацијата која се случува во светот. Вистинското лидерство носи успех и затоа важно е да одиме напред кон побрз и долгорочен економски развој,” истакна Никица Блажевска- Мојсоска извршен директор на Македонија 2025, заблагодарувајќи се на присутните.

Брнабиќ и Ковачевски најавија нови погодности од „Отворен Балкан“

Дигиталната трансформација на бизнисите и општествата, лидерството во бизнисот, потенцијалот на популарните „блокчеин“ технологии и крипто-валутите, односно можните пристапи на нивна имплементација, едукацијата, новите технологии, како и соодветната родова застапеност во технолошките и информатичките науки беа главните теми на панелите на кои се дискутираше на овогодишниот самит на Македонија 2025, 11-ти по ред, што се одржа во Скопје.

На значењето на регионалната соработка и интеграциите беше посветено свеченото отворање на Самитот Македонија 2025, а на оваа тема говореа и македонскиот премиер Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ. Тие порачаа дека економските и геополитички предизвици, упатуваат на неопходноста од градење партнерства со следење на позитивните примери за развој на регионот. „Ние веќе имаме тимови коишто работат на заедничка промоција на странските директни инвестиции и заедничка промоција на туризмот и производите што се комплементарни со оваа економска гранка. Земји како нашите со својата големина и политички габарит сами не може да извршат влијание и само преку регионално здружување може да ги зголемат своите индивидуални перформанси, а со тоа и перформансите на регионот како целина“, истакна македонскиот премиер Димитар

Ковачевски, на првиот панел од самитот. Тој уште еднаш ги истакна придобивките од „Отворен Балкан“, меѓу кои е и олеснувањето на нетарифните бариери на границите, каде што на пример, на границата помеѓу Македонија и Србија веќе постои посебна “зелена лента“ за транспортерите од двете земји. „Соработката ќе продолжи во голем број на области, се’ со цел да биде направен исчекор што ќе го намалува јазот помеѓу Западен Балкан и ЕУ. Самиот регион треба да стане попривлечен за компаниите од ЕУ затоа што никој нема да замижи пред пазар од 20-30 милиони луѓе. Крајна цел на Отворен Балкан е царинска унија во која ќе може најслободно да се тргува, инвестира, даваат услуги итн., што значи ќе бидат запазени сите основни принципи на слободата врз коишто почива ЕУ, која, да повториме уште еднаш, е нашата крајна дестинација. Затоа, Отворен Балкан не го гледаме како замена за ЕУ, туку еден преоден период“, истакна Ковачевски. Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, која беше и во официјална посета на земјава, на самитот најави дека следната голема работа што ќе ја промовираат на претстојниот самит на „Отворен Балкан“ што ќе се одржи во јуни во Охрид, ќе биде информациониот систем, преку кој граѓаните лесно ќе добиваат електронска идентификација, и не само што слободно ќе може да патуваат, туку и да работат во земјите членки на иницијативата, без потреба од вадење посебни работни дозволи, нивно постојано обновување, итн. “Таа флексибилност ќе значи не само подобра конкурентност, туку и отворање можности за младите генерации, шанса да останат тука во регионот, затоа што ќе се зголемат опциите за работа и лична благосостојба. Се надеваме дека откако бенефитите од оваа иницијатива ќе ги видат и граѓаните и бизнисите од останатите земји на Западен Балкан, дека и тие ќе извршат притисок врз своите влади да се приклучат кон иницијативата. Затоа што, нашата поголема конкурентност, ќе значи нивна помала конкурентност и тие практично ќе губат со нечленувањето во Отворен Балкан“, истакна Брнабиќ.

Вештачката интелигенција станува геополитичко прашање

Самитот обедини бројни домашни и регионални бизнис лидери,


27 МАЈ 2022

38

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ЕКОНОМИЈА

Во рамките на панелот посветен на родовата еднаквост, претставничките на бизнис заедницата од земјава и странство, презентирајќи ги своите успешни приказни, истакнаа дека преку заедничка посветеност на бизнисот и на владите, како и преку стратешко вложување во образованието, може да се постигне родова еднаквост. Учесниците во овој панел се согласија дека не постојат машки и женски професии, туку постојат само професии на иднината, во која сите мора да имаат еднакви можности.

општествени и политички чинители, експерти од академската заедница и претставници на граѓанскиот сектор во дискусии на разни актуелни теми. Забрзаниот развој преку употребата на нови технологии, вештачка интелигенција и иновации станува геополитичко и стратешко прашање во 21-от век, кое е подеднакво значајно за секоја земја. Затоа е важно навремено да се инвестира во соодветна едукација. Токму едукацијата, новите технологии, како и соодветната родова застапеност во технолошките и информатичките науки беа главните теми на панелите на кои се дискутираше. Во рамките на панелот посветен на родовата еднаквост, претставничките на бизнис заедницата од земјава и странство, презентирајќи ги своите успешни приказни, истакнаа дека преку заедничка посветеност на бизнисот и на владите, како и преку стратешко вложување во образованието, може да се

постигне родова еднаквост. Учесниците во овој панел се согласија дека не постојат машки и женски професии, туку постојат само професии на иднината, во која сите мора да имаат еднакви можности. Кати Ицева, софтверинженер во Мајкрософт и член на управниот одбор на Македонија 2025, ги презентираше последните трендови во корпоративната култура и системот за вработувања и унапредувања. Искуствата и чекорите што ги направила Канада во насока на постигнување на поголема родова еднаквост и вклучување на девојките и жените во технолошките и информатичките науки го пренесе Џајлс Норман, канадски амбасадор за Северна Македонија, Србија и Црна Гора. „Потребни ни се родови анализи кои ќе бидат вклучени во стратегиите за различни области, како што се: образованието, даночната политика, економскиот развој и останати области. Само така суштински ќе ја подобриме

родовата еднаквост. Дополнително, преку образованието можеме да ги поттикнеме девојчињата да се насочат кон овие науки”, заклучи канадскиот амбасадор, Џајлс Норман. На самитот се дискутираше и за актуелни теми, како што се: вештачката интелигенција, „блокчејн“ технологиите, иднината на развојот на работната сила и глобалните трендови, но и за нивниот потенцијал за развој на земјите и на цели региони, преку поголема соработка. Ацо Момчиловиќ, директор на Глобалниот институт за етика и вештачка интелигенција ги презентираше наодите од истражувањата за напредокот на земјите и важноста за брзо вложување и обучување на кадар во оваа област. „Вештачката интелигенција е геополитичко и стратешко прашање. Државите во регионот треба да бидат брзи, бидејќи оние земји кои доцна ќе се вклучат во вложувањето во вештачката


39

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

интелигенција ќе имаат проблем да ги почувствуваат придобивките од неа. Регионот мора да се обедини за да биде конкурентен со големите пазари и да може подеднакво да се развива, но сепак, секоја држава мора да го најде својот интерес и областа во која ќе инвестира и ќе ја развива”, заклучува Момчиловиќ.

Потенцијалот на блокчеин технологиите

На еден од панелите се дискутираше и за потенцијалот на популарните „блок-чејн“ технологии и крипто-валутите, односно за можните пристапи на нивна имплементација, како и за придобивките кои тие технологии ги носат. Учесниците беа согласни дека се работи за нови технологии кои имаат огромен број предности, но и ризици, поради што треба внимателно да се следат и соодветно да се употреби нивниот потенцијал во вистинска насока. Во оваа сфера има потреба од поголема едукација. Имено, истражувањата покажуваат дека 400 милиони деца ширум светот немаат основни математички

Се надеваме дека Самитот инспирира и охрабрува промени во општеството и во економијата. Нашата главна цел беше да порачаме дека и малите можат да успеат доколку брзо и флексибилно се приклучат кон трансформацијата која се случува во светот. Вистинското лидерство носи успех и затоа важно е да одиме напред кон побрз и долгорочен економски развој, истакна Никица Блажевска- Мојсоска извршен директор на Македонија 2025


27 МАЈ 2022

40

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ЕКОНОМИЈА

На еден од панелите се дискутираше и за потенцијалот на популарните „блокчеин“ технологии и крипто-валутите, односно за можните пристапи на нивна имплементација, како и за придобивките кои тие технологии ги носат. Учесниците беа согласни дека се работи за нови технологии кои имаат огромен број предности, но и ризици, поради што треба внимателно да се следат и соодветно да се употреби нивниот потенцијал во вистинска насока.

вештини, а со интензивна едукација во овие области, тие вештини би можеле многу побрзо да ги стекнат и да дадат реален придонес за развој и искористување на новите технологии и вештачката интелигенција. Сепак, за поголем резултат од вложувањата во области како што се здравството и образованието, покрај приватниот сектор и стартапите, неопходна е и поголема вклученост на владите, преку стратешки пристап. На панелот посветен на потенцијалите за глобално ширење на македонските компании, Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, истакна неколку интересни перспективи околу соработката меѓу локалните институции и приватниот сектор, како и директните странски инвестиции. „Имаме голем потенцијал, кој многу малку е искористен. Не треба да одиме подалеку, можеме да ги следиме примерите од соседството каде што соработката меѓу приватниот сектор и државните институции се одвива на високо ниво. Економскиот развој и просперитет треба заедно, рака под рака да го водат приватниот

сектор и локалните институции. Општините и државата треба да инвестираат во инфраструктура и корисни содржини, што на пример ќе создадат интерес за недвижности кај луѓето и туристите, приватниот сектор ќе го задоволи тој интерес со нови проекти и секако ќе плати соодветни даноци за тие бизниси назад кон државата, овозможувајќи нов циклус на државни вложувања. Златибор во Србија е одличен пример за оваа синергија. Општината ја изгради најдолгата жичарница во светот, а инвеститорите продадоа голема број недвижности хранејќи ја општинската каса преку даноците.” - истакна Душко Чифлиганец. Да потсетиме дека Адора токму на Златибор го гради маркантниот хотелско-резиденцијален објект „21st Century Zlatibor by Adora”, инвестиција вредна 20 милиони евра во двете насоки. На крајот на Самитот се обрати и претседателот Стево Пендаровски, кој го потенцираше значењето на Македонија 2025 и придонесот кој организацијата го дава за развојот на бизнисот во земјата. Пендаровски се осврна на предизвиците со кои се соочува земјата и светот

и истакна дека неопходно е да го зголемиме економскиот раст, за што е потребно да се фокусираме на имплементација на нови технологии, поголема дигитализација и грижа за животната средина. Македонија 2025 ја иницираше и Платформата за просперитетна иднина, која се базира врз 7 клучни области - образование и човечки капитал, конкурентност и водење бизнис, владеење на правото и борба против корупцијата, демократско општество, животна средина, јавно управување, дигитализација и дигитални вештини. Платформата нуди и алатка за мерење на напредокот на земјата во овие области со цел напредок во економскиот раст и развој. Од основањето, па досега, Македонија 2025 имплементираше програми за економски развој во вредност од 3,5 милиони долари. Дополнително на тоа, во сегментот на образование и лидерство, донирани се 1,6 милиони долари, а во овие програми досега беа вклучени над 650 менаџери, претприемачи и млади таленти од Македонија. nnn



27 МАЈ 2022

42 РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ПРВО ИЗДАНИЕ НА „ДЕН НА

НЛБ ГИ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА, ВЛАДЕ ДИВАЦ И НАЈМОЌНИТЕ ДИРЕКТОРИ НА БАЛКАНОТ


43

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ИНВЕСТИТОРИТЕ“ ВО БЕЛГРАД


27 МАЈ 2022

44 РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Добредојдовте во нашиот дом, добредојдовте во регионот на можности“, беше клучната порака на првиот „Ден на инвеститорите“ на словенечката банкарска групација НЛБ што се одржа пред десетина дена во Белград и кој привлече повеќе од 150 инвеститори од целиот свет, финансиски експерти, аналитичари и извршни директори на клучните компании од регионот. Вистински “деликатес“ за присутните беше и учеството како панелисти на спортската легенда Владе Дивац и актерот и музичар Раде Шербеџија, коишто ги споделија своите искуства за меѓународниот успех што го постигнаа.

автор:

Д

ИГОР ПЕТРОВСКИ обредојдовте во нашиот дом, добредојдовте во регионот на можности“, беше клучната порака на првиот „Ден на инвеститорите“ на словенечката банкарска групација НЛБ што се одржа пред десетина дена во Белград и кој привлече повеќе од 150 инвеститори од целиот свет, финансиски експерти, аналитичари, извршни директори на клучните компании од регионот, како што се: Атлантик Груп, МК Групација, Петрол, Фортенова, Алкалоид АД Скопје, Делта Холдинг, Комтрејд систем и многу други кои ги пишуваат успешните приказни за овој регион. НЛБ го започна патувањето за подигнување на свесноста и препознатливоста на регионот кај светските инвеститори со котација на акции на берзите во Љубљана и Лондон од ноември 2018 година, но денес нашата цел е поголема, објасни извршниот директор на НЛБ и претседател на управата, Блаж Бродњак, поздравувајќи ги гостите на настанот. „Покрај тоа што се претставивме себеси и нашите стратешки приоритети, поканивме и угледни говорници и панелисти да ги споделат со нас своите ставови, искуство и ентузијазам и да покажат дека нашиот регион навистина е полн со можности и тој, час поскоро ќе го добие заслуженото внимание и уште попродуктивни инвестиции, притоа задржувајќи ги нашите најталентирани луѓе овде“, рече тој. Бродњак додаде дека со овој настан, докажуваат дека бизнисот ниту познава, ниту прифаќа граници, бидејќи ги собира лидерите на некои од

„Со овој настан, докажуваме дека бизнисот ниту познава, ниту прифаќа граници, бидејќи ги собираме лидерите на некои од најзначајните бизниси од четири земји во регионот, кои делумно се и конкуренти. Искрено веруваме дека единствениот соодветен одговор на сè поголемиот јаз е поврзувањето и соработката“, рече претседателот на управата на НЛБ групацијата, Блаж Бродњак.

најзначајните бизниси од четири земји во регионот, кои делумно се и конкуренти. „Искрено веруваме дека единствениот соодветен одговор на сè поголемиот јаз е поврзувањето и соработката“, нагласи тој. Неговите размислувања ги повтори и Марко Чадеж, претседател на Трговскоиндустриската комора на Србија, кој нагласи дека обединет регион може да направи чуда. Според него, регионалната соработка е адекватен одговор на идните предизвици. „Можеме да ја искористиме можноста за привлекување нови странски инвестиции на најдобар начин

само ако работиме заедно, ако работиме како еден регион, една економија, како заеднички регионален пазар и единствена дестинација за инвестирање“, нагласи тој. Чадеж ја истакна и важноста на меѓусебната поврзаност во економските интеграции, што е нешто што Ричард Гривсон, заменик директор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, исто така го гледа како одлична можност за регионот. Тој смета дека регионот на Југоисточна Европа е многу флексибилен и со голем потенцијал, особено во однос на пристапувањето во ЕУ.


45

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

„На регионот му фали лидерство“

Во фокусот на настанот којшто се одржа во прекрасниот амбиент на Народниот театар во Белград, освен макроекономскиот поглед на регионот, неговата атрактивност како инвестициска дестинација и стратегиите за одржлива иднина, беа претставени и успешните приказни на водечки компании од регионот. На панелот насловен “Регион на успехот“ се приклучија и главниот финансиски директор на словенечки Петрол, Матија Битенц, потпретседателот на МК Групацијата од Србија и член на Управниот одбор на банкарската групација АЕК Банкинг Груп, Александар Костиќ; извршниот директор на Comtrade System Integration од Србија, Душан Милиќевиќ; извршниот директор на Фортенова од Хрватска, Фабрис Перушко; членот на Извршниот одбор на српскиот Делта Холдинг , Андреј Совровиќ; шефот на Атлантик Групата Емил Тедески и извршниот директор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов, коишто го споделија своето мислење за регионот на Југоисточна Европа како регион на можности. Секој од учесниците даде свој осврт на регионот како целина, од аспект на потребата од синергистичка стратегија за поголем економски раст и за подобра алокација на ресурсите, во согласност со локалната и со културолошката специфика на секој пазар. „Насочени сме кон креирање производи со додадена вредност, а за нас регионот е стартна точка од каде треба да се гради глобалната стратегија. И тука, дефинитивно, ни е потребна синергија. Поврзаност можеби е клучниот збор во овој случај. Алкалоид има производствен погон во Белград, хемиска лабораторија во Љубљана и тим за корпоративни правни работи во Загреб. Ние креиравме регионална фузија која му оди во прилог на деловниот развој и која ја создадовме сами“, истакна Мукаетов. Тедески од Атлантик група истакна дека според него, најголема мана на регионот е недостиг на лидерство. „Која и да ја земеме земја од Балканов за пример, како да има две општества: едно светло и едно темно. Не би правел остра поделба помеѓу јавен и приватен сектор, но генерално има недостиг на лидерство. Лидерите треба

„Која и да ја земеме земја од Балканов за пример, како да има две општества: едно светло и едно темно. Не би правел остра поделба помеѓу јавен и приватен сектор, но генерално има недостиг на лидерство. Лидерите треба да креираат амбиент за дијалог, размена на идеи. Луѓето со талент се околу нас, но дали сме способни да го сопреме овој егзодус на кадри што ни се случува. Си заминуваат квалитетните луѓе затоа што се фрустрирани поради немањето квалитетно лидерство во општествата: политичко, академско, религиско, бизнис...“, рече шефот на хрватската Атлантик група, Емил Тедески.

да креираат амбиент за дијалог, размена на идеи. Луѓето со талент се околу нас, но дали сме способни да го сопреме овој егзодус на кадри што ни се случува. Си заминуваат квалитетните луѓе затоа што се фрустрирани поради немањето квалитетно лидерство во општествата: политичко, академско, религиско, бизнис... За мене не е проблем само недостигот на инженери, на пример, инженери ќе продуцираме, ако треба и ќе увеземе, туку недостигот на лидерство.“ рече Тедески. Мукаетов се согласи дека најскапоцен ресурс се луѓето и дека треба да се бориме како општества да ги задржиме овде, во регионот. „Да се залагаме за промовирање на позитивни стории за да ги мотивираме квалитетните кадри да останат во регионов. Живееме во политизирани општества, дефинитивно треба да сме проактивни, поагресивни во промовирањето на добрите вредности. Не може да очекуваме премногу од некои сегменти од општествата, за жал, затоа мора и самиот бизнис сектор да

се ангажира во некои процеси со цел создавање стручен и мотивиран кадар, како што е дуалното образование, на пример. Ние како компанија стартуваме едукативен центар за потребите на нашиот бизнис развој, значи дефинитивно треба повеќе акција за да се мотивираат луѓето. Бизнис заедницата е еден од најбитните играчи во тој процес.“, истакна тој. Шефот на Атлантик, Тедески, ја сублимираше поентата за адаптирање на пазарните механизми и на понудата според реалните пазарни параметри низ тезата: „Населението ни старее, а со оглед на тоа што 'Бекутан' е еден од најпознатите брендови во регионот, потребни ни се што повеќе бебиња!“, со што поттикна позитивна реакција кај учесниците и кај присутната публика.

Дивац: Среќата треба да си ја заработите

„Денот на инвеститорите“ во Белград покрај присуството на голем број познати лица од светот на бизнисот и политиката во регионот и пошироко, имаше и свои вистински ѕвезди, селебрити во права смисла на


27 МАЈ 2022

46 РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

зборот. На панелот насловен „Од регионот кон светот: Глобални успешни приказни“ учествуваа прославениот српски кошаркар, сега активен во филантропијата, Владе Дивац, заедно со легендарниот хрватски актер, режисер и музичар, Раде Шербеџија. Шербеџија и раскажа на публиката, како на почетокот од 90-те, кога почнаа војните во поранешна Југославија, не можејќи да ја прифати таа состојба заминал во Лондон, каде што требало да почне од почеток. „Во мојата татковина играв главни улоги, во театар и на филм, а потоа одеднаш, се најдов себеси како одам по аудиции за да добијам било каква улога. Мојот англиски е со изразен балкански акцент и секако дека не можев да се надевам на нешто друго освен, за мене, веќе препознатливите ролји на некакви источноевропски криминалци и сл.“, малку шеговито се потсети Шербеџија. И тогаш дошла судбоносната средба со нашиот Милчо Манчевски, кој дошол во Лондон кај него да му донесе сценарио за филмот што се спремал да го сними, „Пред дождот“. „Го прочитав сценариото во еден здив, потоа уште еднаш и му реков

„Насочени сме кон креирање производи со додадена вредност, а за нас регионот е стартна точка од каде треба да се гради глобалната стратегија. И тука, дефинитивно, ни е потребна синергија. Поврзаност можеби е клучниот збор во овој случај. Алкалоид има производствен погон во Белград, хемиска лабораторија во Љубљана и тим за корпоративни правни работи во Загреб. Ние креиравме регионална фузија која му оди во прилог на деловниот развој и која ја создадовме сами“, истакна генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид, Живко Мукаетов.



27 МАЈ 2022

48 РЕГИОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

на Милчо, човеку, па ова е фантастично, а тој ми одговори дека улогата ја пишувал имајќи ме мене на ум. Потоа го снимивме ‘Пред дождот’, доби Златен лав во Венеција и останатото е веќе историја, сите го знаеме“, рече Шербеџија. Тој потсети дека после успехот со филмот на Манчевски, му се отвориле пошироко вратите и на мејнстрим холивудските продукции, а како големо откровение и придобивка, ја истакнува соработката со легендарниот Стенли Кјубрик на неговиот „Очи ширум затворени“, од 1999 година. „Иако имав мала улога, тие три месеци од работата со Кјубрик ми покажаа дека е тоа навистина посебен човек, иако тежок за соработка, сепак, искуството е непроценливо. И потоа, станав малку порелаксиран што се однесува на сигурноста во животот, можностите за добивање улоги и сл. Сакам да порачам дека не треба да се откажуваме и кога мислиме дека сме го допреле дното. Сепак, и малку среќа е потребно, но пред се’ мора да бидеме упорни и истрајни.“, рече актерот. Кошаркарската пак, легенда, Дивац, се согласи дека и среќа е потребно за успех, но пред се’ макотрпна работа. „Талентот без работа не е корисен премногу. Треба да си ја заработите среќата. Без работа и посветеност, што и да правите, нема да постигнете успех. Нема некој таен рецепт. Кај мене, конкретно, се работеше за љубов кон играта и да се трудиш секој ден да бидеш се’ подобар. Имав привилегија да играм со најдобрите кошаркари на планетава и притоа вистински да уживам. Не жалам за ништо што сум направил вака или онака, тоа се искуства што ви помагаат за во иднина.“, рече Дивац. Тој додаде дека еден од омилените совети му бил оној дека на патот кон успехот, не е битна толку самата цел, колку што е битно како поминуваш по патот. „Многумина стигнуваат до својата цел, но на крајот не се среќни. Дали пребрзо постигнале слава, па ги задушила, дали е нешто друго, битно не се среќни. Треба да сте среќни со своето постигнување“, порача Дивац. nnn

„Талентот без работа не е корисен премногу. Треба да си ја заработите среќата. Без работа и посветеност, што и да правите, нема да постигнете успех. Нема некој таен рецепт. Кај мене, конкретно, се работеше за љубов кон играта и да се трудиш секој ден да бидеш се’ подобар. Имав привилегија да играм со најдобрите кошаркари на планетава и притоа вистински да уживам. Не жалам за ништо што сум направил вака или онака, тоа се искуства што ви помагаат за во иднина.“, рече кошаркарската легенда Владе Дивац, споделувајќи ја својата успешна меѓународна приказна.

На панелот насловен „Од регионот кон светот: глобални успешни приказни“, славниот хрватски актер, режисер и музичар Раде Шербеџија, сподели со публиката како после распадот на СФРЈ морал буквално од поново да почнува на Запад и тогаш дошла судбоносната средба со нашиот Милчо Манчевски, кој дошол во Лондон кај него да му донесе сценарио за филмот што се спремал да го сними, „Пред дождот“. „Го прочитав сценариото во еден здив, потоа уште еднаш и му реков на Милчо, човеку, па ова е фантастично, а тој ми одговори дека улогата ја пишувал имајќи ме мене на ум. Потоа го снимивме ‘Пред дождот’, доби Златен лав во Венеција и останатото е веќе историја, сите го знаеме“, рече Шербеџија.



27 МАЈ 2022

50 ПРЕТПРИЕМНИШТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ШТО МОЖЕ ДА НАУЧИМЕ ОД ИЛИР СЕЛА, ОСНОВАЧОТ НА SLICE

ЛИДЕРИТЕ МОРА ДА БИДАТ АГИЛНИ, ДА ПОСТАВАТ ВИЗИЈА И ДА КРЕИРААТ И ДРУГИ ЛИДЕРИ ВО ТИМОТ

По потекло од Дебар, но долги години во Њујорк, Илир Села, реши да им помогне на малите локални пицерии низ САД да бидат конкурентни на големите брендови и така разви профитабилен бизнис. Неговата компанија Слајс (Slice) преку дигитална платформа и апликација им овозможува на илјадници потрошувачи во САД да можат да нарачуваат пици од своите омилени локални пицерии, нудејќи им на овие последните и техничка поддршка, маркетинг и други услуги. автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Т

алентот нема граници“ - тоа беше насловот на панелот во рамки на Самитот на Македонија 2025 одржан минатата седмица во Скопје, каде што Илир Села, претприемач по потекло

од Дебар, којшто долго време живее во САД, ги сподели своите искуства со сопствената компанија Слајс (Slice), дигитална платформа која им пружа поддршка за развој на бизнисот на илјадници мали, семејни пицерии во Америка. „Уште од првиот ден на Слајс, ова всушност е мое мото, дека

талентот нема граници, иако можностите понекогаш имаат. Замислата ми беше да ги скршам бариерите со помош на технологијата, и денес, навистина, за компанијата и мојот тим нема никакви граници. Патешествието почна во 2010 година, и сега имаме преку 700 вработени само во


51

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Македонија, коишто во реално време комуницираат со своите колеги во Белфаст и Њујорк, и ги исполнуваат целите и мисијата на Слајс“, рече Села во разговорот со Бојана Киселоски, претставник на Македонија 2025. На прашањето на модераторката кои се клучните работи, што според него треба еден бизнис лидер да ги поседува, Села одговори дека лидерите мора да бидат агилни, да постават визија и патека по којашто ќе се движи бизнисот, а како што компанијата расте, нивна задача е да поттикнат и други лидери во тимот. „Јас би сакал да сум тој што најмалку знае во Слајс денес, затоа што тоа значи дека ангажирам попаметни од мене. Три точки би издвоил што сметам дека се клучни за успешен развој на бизнисот: прво, дали компанијата се движи во правец на мисијата и визијата поставена од лидерот; второ, регрутирајте ги најдобрите, најталентираните, затоа што ништо не е можно без добар тим; и трето, гледајте никогаш да не ви снема пари, во ниеден момент.“ Тој додаде и дека активното слушање на своите соработници, клиенти и сите засегнати страни, е исто така многу битен елемент на доброто лидерство. „Многумина не слушаат всушност што им зборува соговорникот, едноставно чекаат само разговорот заврши или пак се фокусирани само на она што тие сакаат да го кажат. Активното слушање е еден од најважните квалитети, и јас постојано го учам, до пред неколку години не бев толку добар, но се трудам секојдневно да се подобрувам“, сподели Села со публиката.

Кога има проблеми, најмногу се напредува

Села со својата компанија и стана повеќе познат на македонската јавност последниве неколку години, откако почна, експоненцијално што се вели, да го зголемува својот тим на вработени, во канцелариите во Дебар, Охрид и Скопје. Да потсетиме, Слајс овозможува преку специјална платформа и апликација, илјадници луѓе во САД да можат да нарачуваат пици од своите омилени локални пицерии, со што всушност им помага на малите пицерии, најчесто во семејна сопственост со генерации, да останат конкурентни на пазарот покрај големите синџири како што се Доминос, Пица Хат и останатите. И самиот израснат во семејство што водело локални мали пицерии, Села, инаку дипломиран информатичар, дошол до идејата за Слајс откако увидел дека добар дел од прометот во овој бизнис го

„Три точки би издвоил што сметам дека се клучни за успешен развој на бизнисот: прво, дали компанијата се движи во правец на мисијата и визијата поставена од лидерот; второ, регрутирајте ги најдобрите, најталентираните, затоа што ништо не е можно без добар тим; и трето, гледајте никогаш да не ви снема пари, во ниеден момент.“, сподели Илир Села на деновиве одржаниот самит на Македонија 2025. прават всушност малите локални пицерии, но сепак тие работеле на традиционален начин како и пред 50 години. Тоа значело дека 90% од онлајн нарачките ги прават големите синџири на пицерии, па затоа Села решил тоа да го промени. Развојот на бизнисот барал голем ангажман и солидно познавање на информатичките технологии, па затоа основачот одлучил иднината на својата компанија да ја стави во рацете на талентираниот македонски млад кадар, од различни области, способен да ги задоволи потребите на инвеститорот. Тој смета дека оригиналноста и автентичноста се многу важни кога сакате да го пробиете својот бизнис. „Гледам дека многумина се обидуваат да копираат други, има доста повторувачко мислење и работење. Но, тоа е рецепт за катастрофа, јас би рекол, затоа што така или ќе бидете последни или ќе ве однесе матицата. На тој начин не може да сте лидери, да рушите бариери. Автентичноста подразбира критичко размислување. Бидете свои, бидете оригинални, искористете го во своја корист фактот што на планетава нема друг човек идентичен како вас, вие сте уникатни.“, порачува Села. Села почнал со еден вработен, а денес Слајс има преку 700 вработени само во Македонија, и компанијата опслужува преку 15.000 мали пицерии коишто генерираат приход поголем од една милијарда долари. Но, патот до успехот не бил така мазен, како што е вообичаено всушност за секој стартап. Села вели дека кога работите не одат, тоа е шанса да се подобрат процесите, да се научи повеќе за отпорноста на бизнисот. „Првите шест години немавме надворешно финансирање, а најголемиот дел од операциите

ни беше во Македонија, и се соочувавме со најразлични проблеми, снемуваше струја, интернет, па не можевме да ги услужиме нашите клиенти во САД. Тогаш не треба да се паѓа во очај и тоа се моменти кога најмногу може да се напредува.“

Најдобро се учи во компанија што расте брзо

Тој се сеќава на деновите кога ги донел инвеститорите во земјава, откако претходно им рекол дека ако сакаат да ги вложат своите пари во неговата идеја, мора да ја посетат Македонија. „Вечерта кога дојдовме, немаше интернет, и имаше еден тон заостаната работа... Потоа интернет конекцијата се врати, целиот тим се врати во канцелариите, и сите го дадоа својот максимум, тимски, пожртвувано, да помагаме да се реши проблемот. Сите беа во паника дека инвеститорите ќе се премислат после тој хаос, но нив ги освои нашата енергија, начинот на којшто се справувавме со предизвиците“, раскажува Села. За него, најдобро се учи за бизнисот ако се влезе во компанија којашто расте брзо. „Формалното образование, училиштата, факултетите, тоа е основата што можеме да ја добиеме, учиме за одговорност, дисциплина, стекнуваме навики... Но, формалното образование, заедно со специјализираните програми и обуки, мора да биде со отворени раце ко она што се случува во светот, како најнови трендови. А, за секој што бара работа, најдобра едукација е да влезе во било која компанија што расте со брзо темпо. Дури и да сум инженер, ако има отворен конкурс во компанија за продажба, а која расте брзо, јас веднаш би се пријавил за позицијата.“ nnn


27 МАЈ 2022

52

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ШТО ДА ПРАВИТЕ КОГА БЕРЗИТЕ ТРГНАЛЕ УДОЛУ

ВОРЕН БАФЕТ ВЕЛИ: ТРПЕНИЕ, СПАСЕНИЕ! И додека безброј инвеститори, особено оние помалите, коишто штедат за пензија и сл., се фаќаат за глава и се прашуваат што да прават во вакви услови на хаварија на берзите, „стариот волк“ Ворен Бафет вели дека одговорот е едноставен: Пробајте да не се секирате премногу околу сето ова. „Пророкот од Омаха“ отсекогаш велел дека инвеститорите коишто купуваат акции во „добри компании“ постојано, ќе видат резултати на подолг рок: 10, 20 или 30 години.


53

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

С

ветските берзи периодов се соочуваат со драстичен пад на вредноста на акциите, „распродажби“ какви што не се видени од големата светска финансиска криза во 2008 година, а во некои случаи и од „дот. ком балонот“ од 2001 година. Инфлацијата, растечките каматни стапки, војната во Украина и локдауните што Кина ги воведе поради ковид пандемијата предизвикаа своевидна „совршена бура“ и ги урнаа цените на компаниите од голем број индустрии. Особено се погодени акциите на технолошките компании, оние коишто изминативе неколку години доживеаја свој златен период и историски највисоки ценовни нивоа. Па така, Nasdaq, берзата на технолошките компании на Волстрит, од својот историски максимум во ноември лани, падна за околу 30%, при што последниве два месеци забележа седум последователни недели во минус, нешто што не се случило веќе 21 година. Индексот S&P500 поминува нешто подобро, но сепак за момент навлезе во „мечкина територија“ во петокот, на 20 мај, што значи дека достигна 20% пад од својот историски максимум. За да илустрираме преку примери на поедини компании, ќе спомнеме само неколку од технолошките гиганти. Акцијата на Amazon, до моментот на пишување на овој текст, падната е за преку 40%. Google загубил 27% од вредноста од 19 ноември наваму, а Facebook без малку 50%. Аpple поминал најдобро, со 22% пад на акцијата. Да не го спомнуваме пак Netflix, компанијата што достигна речиси 700 долари за акција во ноември, за сега да падне брутално на само 186 долари, што значи за цели 73%.

Трпение и без паника!

И додека безброј инвеститори, особено оние помалите, коишто штедат за пензија и сл., се фаќаат за глава и се прашуваат што да прават во вакви услови на хаварија на берзите, „стариот волк“ Ворен Бафет вели дека одговорот е едноставен: Пробајте да не се секирате премногу околу сето ова. „Би им рекол на инвеститорите да не го гледаат пазарот секоја минута и секунда од денот“, кажал Бафет за CNBC уште во 2016 година, во период на поголеми пазарни флуктуации. „Пророкот од Омаха“ отсекогаш велел дека инвеститорите коишто купуваат акции во „добри компании“ постојано, ќе видат резултати на подолг рок: 10, 20 или 30 години.

„Ако се обидувате да спроведувате купи – продај тактики, нема да имате добри резултати, напротив, може да отидете и во загуба. Пари се прават преку долгорочно инвестирање во добри компании, се’ друго е шпекулација и коцкање“, смета Бафет. Овие совети добро ќе им дојдат и на македонските инвеститори коишто изминативе 2-3 години се вклучени во инвестирање на странските берзи, најмногу американската, откако законската регулатива овозможи купување хартии од вредност во странство за физички лица и компании. Тоа претходно беше возможно само индиректно, преку купувањето удели во домашните инвестициски фондови, коишто потоа ги инвестираат на странските берзи. Многумина експерти, вклучувајќи го и Бафет, исто така препорачуваат купување удели во т.н. индексни фондови, коишто автоматски се диверзифицирани и практично на тој начин ја поседуваат секоја акција во одреден индекс. На пример, индексот S&P 500, ги вклучува големите брендови како Apple или Amazon.

Влези – излези тактиката ќе ви се удри од глава

Исто како и Бафет, и легендарниот, сега покоен, инвеститор Џон Богл, препорачувал стратегија на долгорочно поседување акции од компании. Тој своевремено има кажано дека таквиот начин на инвестирање е најдобар затоа што „емоциите ќе ве поразат доколку се обидете да ги продавате акциите во паника, на тој начин сакајќи да избегнете загуби и потоа да се вратите на пониски цени“. „Задржете го курсот. Не дозволувајте промените на пазарот, па и оние големите (како рецесија и сл.) да ве премислат, и никогаш, ама никогаш, не правете влези – излези на берзата. Секогаш бидете внатре.“ За повеќето инвеститори, многу веројатно е дека доколку се обидат да реагираат на пазарните трендови, тоа ќе им се удри од глава, велат финансиските експерти. Подобро е да се чека да поминат големите осцилации. „Ако имате диверзифицирано портфолио, ако купувате удели

Ако се обидувате да спроведувате купи – продај тактики, нема да имате добри резултати, напротив, може да отидете и во загуба. Пари се прават преку долгорочно инвестирање во добри компании, сè друго е шпекулација и коцкање, смета Ворен Бафет. во индексни фондови и сл., и имате зацртано долг период на оплодување на вашите пари, најдобро е едноставно да се возите по овие ролер-костери на пазарот“, вели за CNBC Make It, Аштон Лоренс, сертифициран финансиски планер и партнер во Goldfinch Wealth Management. Инвеститорите коишто продаваат кога пазарот оди надолу, можат да ги уништат своите долгорочни планови, вели Шон Пирсон, финансиски советник во Ameriprise Financial. „Пазарите никогаш не остануваат на дното. До моментот кога работите ќе изгледаат малку подобро, пазарот веќе закрепнал. И ако го испуштите тоа закрепнување, има многу голема шанса да си го отежнете остварувањето на вашите финансиски цели“. Затоа, наместо секојдневно да ја проверувате состојбата на вашето портфолио, едноставно игнорирајте ги случувањата, колку и да ви изгледаат катастрофално, вели Пирсон. „Јас сум професионален инвеститор веќе 20 години и не сум погледнал во моето портфолио од почетокот на моите вложувања. За многумина да го прават ова истото може да е најдобриот начин да спијат мирно во овие турбулентни моменти“. nnn


27 МАЈ 2022

54 ТРЕНДОВИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

НОВА ПАРАДИГМА ВО МАРКЕТИНГОТ

ЕДНОСТАВНОСТА Е НА ЦЕНА: КОИ СЕ „НАЈЕДНОСТАВНИ“ БРЕНДОВИ НА СВЕТОТ


55

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Многу освестени маркетинг директори сфатија дека комплексноста е непријател. Потрошувачите сакаат брендови што можат да ги разберат, кои се транспарентни, искрени, иновативни, свежи и корисни. Со еден збор - едноставни. Со оваа потреба за едноставност се занимава консултантската компанија Siegel + Gale, која неколку години по ред спроведува истражување „World’s Simplest Brands“ или „Наједноставните светски брендови“. За најновото издание од Siegel + Gale's спровеле истражување на повеќе од 15 илјади потрошувачи во девет земји за да откријат кои брендови им ги нудат наједноставните решенија и токму затоа ги сакаат.

Н

овата маркетинг парадигма која бара брендовите да го направат светот подобро место, да бидат достапни за потрошувачите, да играат улога на адвокати, наставници, пријатели, партнери, утешители и забавувачи, несомнено им наметна огромен притисок. Не е чудно што многу од нив, обидувајќи се да ги исполнат очекувањата, се загубија по патот и заборавија дека потрошувачите во сопствениот хаос најмногу сакаат само едно нешто од брендовите: да им го поедностават животот што е можно повеќе. Со оваа потреба за едноставност се занимава консултантската компанија Siegel + Gale, која неколку години по ред спроведува истражување „World’s Simplest Brands“ или „Наједноставните светски брендови“. За најновото

издание од Siegel + Gale спровеле истражување на повеќе од 15 илјади потрошувачи во девет земји за да откријат кои брендови им ги нудат наједноставните решенија и токму затоа ги сакаат. Како што објави магазинот The Drum, се покажало дека наједноставни се оние кои го ставаат овој атрибут во центарот на искуството на потрошувачите. Едноставноста, велат, ја продлабочува довербата, ја зајакнува лојалноста, но и подготвеноста на потрошувачот да потроши некој денар повеќе на својот омилен едноставен бренд. Ова е поткрепено со статистички податоци. Така, на пример, студијата покажала дека 76 отсто од испитаниците попрво би препорачале бренд кој нуди едноставно искуство, а 57 отсто од нив се подготвени да платат повеќе за тоа. Брендовите кои не можат да понудат едноставност губат парче од колачот вреден 402 милијарди долари. Значи, едноставно кажано, едноставноста не само што го олеснува животот на потрошувачите и го намалува нивниот стрес (особено купувањето), туку носи и финансиски придобивки за брендовите што ја прифаќаат.

Дигиталните услуги на врвот

Сега, деветтото издание на студијата вклучува листа на наједноставни брендови и открива што е едноставност, односно како потрошувачите ја дефинираат. Со други зборови, нема еднакво значење за сите: некои очекуваат едноставен производ, други едноставно купување, а трети ќе ја ценат едноставноста на маркетиншката комуникација. Но, она што е заедничко за сите

такви брендови е тоа што тие не ја третираат едноставноста како нуспроизвод или нешто поврзано со деловниот сегмент, туку го прифатиле во целост. Како што пренесува The Drum, на врвот на листата на наједноставни брендови на Siegel + Gale е семоќниот Google, кој преку многу од своите бизниси и платформи, од пребарувачи, cloud услуги, до аналитика, ја извршува истата мисија: организира информации и ги прави достапни и корисни за сите. Минатата година го презеде Fitbit за 2,1 милијарди долари и одлучи да ја прошири својата мисија во индустријата за здравје и wellness. Со интегрирање на сопствените производи и услуги со Fitbits, тој им овозможи на потрошувачите полесно и поефикасно да го следат нивното здравје и физичка кондиција. Втор на листата на наједноставни светски брендови е уште еден дигитален бренд кој, исто како и Google, профитираше од пандемијата. Во не толку далечната ера на одржување на социјална дистанца, Netflix им го олесни животот на луѓето со добра забава. Целта на оваа платформа за стриминг е да ја направи забавата достапна за секого и со само еден клик на копчето „play“ да го отвори целиот универзум на забавни содржини за различни генерации и вкусови.

И традиционалните индустрии сфатија „колку е часот“ Стариот добар Lidl, судејќи според истражувањето, заради едноставноста ја победи конкуренцијата на светскиот пазар. Овој германски ланец на т.н. „хард-дисконт“ маркети работи со мисијата „висок квалитет, ниски цени“ и се држи до неа уште од отворањето на својата прва


27 МАЈ 2022

56 ТРЕНДОВИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

На врвот на листата на наједноставни брендови на Siegel + Gale’s е семоќниот Google, кој преку многу од своите бизниси и платформи, од пребарувачи, cloud услуги, до аналитика, ја извршува истата мисија: организира информации и ги прави достапни и корисни за сите.

продавница. На современите потрошувачи особено им се допаѓа тоа што во последниве години ја зајакнаа својата понуда на растителни производи и на тој начин се прилагодија на нивните потреби. Според тоа, Lidl одлучи да игра на картата на одржлив развој и грижа за животната средина, па им вети на клиентите ширум В. Британија (и пошироко) дека ќе инсталира 350 станици за полнење за електрични возила веднаш до своите продажни места. YouTube е на листата веднаш зад Lidl, на четвртото место. Потрошувачите го издвоија поради едноставноста на интерфејсот, односно лесната навигација без прекумерен вишок на информации/ содржини. Овој дигитален гигант, исто како и Lidl (и многу други), одлучи да се позанимава со некои горливи прашања, како што е климата, и вети дека ќе забрани рекламирање на брендови / поединци кои ги негираат климатските промени. Холандскиот трговски ланец Aldi (петто место) беше пофален од потрошувачите бидејќи има иновативни цени, но и производи. Овој холандски малопродажен бренд ги воодушеви клиентите со иновацијата што ја нарече „Charcuterie Board of Directors“; во него членуваат блогери за храна, готвачи и познавачи кои им помагаат на купувачите да состават перфектен ордевер. McDonald’s, пак, се најде на шестото место поради едноставните производи, но и поради тоа што секој клиент точно знае што да очекува од одредени менија. The Drum, на пример, го издвојува нивниот помфрит, кој е едноставно вкусен, но и напорот да се

Стариот добар Lidl, судејќи според истражувањето, заради едноставноста ја победи конкуренцијата на светскиот пазар. Овој германски ланец на т.н. „хард-дисконт“ маркети работи со мисијата „висок квалитет, ниски цени“ и се држи до неа уште од отворањето на својата прва продавница.

поедностави животот на луѓето за време на пандемија и да им се помогне на оние што се во неволја. Од 2020 година, компанијата донирала милиони оброци на воспитувачите, луѓето на „првата борбена линија“ и здравствените работници.

Потрошувачкото искуство и инклузивноста – добитничка комбинација

Бидејќи се докажа во пандемијата, поради своите едноставни иновации, потрошувачите на седмото место го ставија Samsung. Така, на пример, во 2020 година беше лансиран The Frame - телевизор кој кога ќе се исклучи, се претвора во уметничко дело за секој да може да ужива во најдоброто сликарство, иако не

излегол од дома. На листата на наједноставни е гигантот за е-трговија Amazon, кој стана еден од највредните брендови во светот токму поради едноставноста и достапноста на производите. Неодамна реши да се обиде и во индустријата за подкасти, па воведе едноставна иновација: на неговата платформа може да се читаат (транскрибирани се) поедини подкасти за да можат да ги консумираат потрошувачите со проблеми со слухот. Поедноставувањето на потрошувачкото искуство и инклузивноста за Amazon беше полн погодок. Истото може да се каже и за јапонскиот Uniqlo, моден синџир кој привлекува купувачи низ светот преку интересни соработки


57

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

со икони од поп културата, како што се Sesam Street или Disney. Покрај тоа, брендот се заснова на квалитет, долготрајност и одржливост од своето основање до денес. Иако не е толку долго на пазарот, Spotify исто така беше издвоен од испитаниците како еден од десетте наједноставни брендови. Оваа платформа за стриминг на музика неодамна отиде чекор понатаму во поедноставувањето на своите услуги со додавање на Car Thing, уред кој му овозможува на корисникот да издаде гласовна команда на платформата и на тој начин да ја избере својата омилена музика. Многу освестени маркетинг директори, заклучува The Drum, сфатија дека комплексноста е непријател. Потрошувачите сакаат брендови што можат да ги разберат, кои се транспарентни, искрени, иновативни, свежи и корисни. Со еден збор едноставни. nnn

Бидејќи се докажа во пандемијата, поради своите едноставни иновации, потрошувачите на седмото место го ставија Samsung. Така, на пример, во 2020 година беше лансиран The Frame - телевизор кој кога ќе се исклучи, се претвора во уметничко дело за секој да може да ужива во најдоброто сликарство, иако не излегол од дома.


27 МАЈ 2022

58 ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

ЛЕКЦИИ ОД НАЈЛОШИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ИСТОРИЈАТА Успехот на една организација е длабоко поврзан со одлуките што ги носи нејзиниот челник. Со помош на The CEO Magazine ви даваме преглед на неколку од најлошите директори во историјата на бизнисот, така што може да научите од нивните грешки.

Е

дна од главните особини на добар бизнис лидер е желбата постојано да учи и се усовршува. Затоа, е огромен пазарот за алатки за себе-подобрување: од автобиографии на славни директори, до TED Talks и книги за менаџмент и успех. Но, колку всушност може да научите од успехот? Земете го Стив Џобс, на пример, којшто ја изгради империјата Apple. Можеме ли да ги идентификуваме клучните фактори за неговиот успех? Дали е тоа неговиот силен нагон и упорност? Неговата смисла за маркетинг? Или нешто сосема друго? Од друга страна, причините за неуспех е многу полесно да се лоцираат, особено откако некогаш успешна организација паѓа на дното. И иако важи правилото дека најдобро може да учиме од грешките, сепак тие грешки не мора да бидат наши. Ќе разгледаме случаи на шест најлоши директори во историјата и што сториле тие за да ја заработат оваа „титула“.

КЕЈ ВИТМОР

Eastman Kodak Ова е приказна за самозадоволство и недостиг на визија. Во 1990 година, првата година како директор на Кодак (Eastman Kodak), Кеј Витмор буквално заспал на состанокот со Бил Гејтс, шефот на Мајкрософт (Microsoft) на којшто се дискутирала интеграцијата на компаниските продукти со оперативниот систем Виндоус (Windows). Навистина, и покрај фактот дека Кодак всушност развил дигитален фотоапарат уште во 1975 година, Витмор не ја сфатил оваа технологија сериозно и одбивал да инвестира во неа. Како што дигиталните апарати почнале да го освојуваат светот, бизнисот на Кодак почнал да паѓа. После три години Витмор бил отпуштен, и тоа, главно поради неуспехот да ги скрати компаниските трошоци доволно. XЛекција: X Бекграундот на Витмор бил пред сè во областа на традиционалната филмска технологија, и тој едноставно не успеал целосно да ги сфати можностите на дигиталниот свет, којшто штотуку беше почнал да го освојува пазарот.

КАРЛИ ФИОРИНА

Hewlett Packard (HP) Кога Карли Фиорина станала главен извршен директор на производителот на ИТ опрема ХП (НР), таа себеси се опишала како „агент на промени“ – и навистина, ја променила компанијата, и тоа многу. До моментот кога си заминала од кормилото, после 6 години, компанијата загубила половина од својата пазарна вредност и илјадници вработени биле отпуштени, иако Фиорина за себе сепак земала „мрсни“ плати и бонуси. Една од лошите одлуки е обидот да се купи консултантскиот оддел на ПрајсвотерхаусКуперс (PricewaterhouseCoopers) за 14 милијарди долари; откако ја разубедиле дека цената е превисока, овој бизнис отишол во рацете на АјБиЕм (IBM) помалку од 4 милијарди долари. Во меѓувреме, спојувањето со Коппак (Compaq) нашироко беше оценето како катастрофа. Истиот ден кога Фиорина беше отпуштена, пазарната вредност на ХП порасна за 3 милијарди долари. XЛекција: X Фиорина успеа да ги раскара вработените и инвеститорите, додека очигледно никогаш не ги доведуваше во прашање своите сопствени одлуки. Слушајте ги оние околу вас, би била поуката.

ВОРЕН АНДЕРСОН

Union Carbide Ворен Андерсон беше директор на американската хемиска компанија Јунион Карбид (Union Carbide) кога во 1984 година, во нивната фабрика во Бопал, Индија, истекоа повеќе од 40 тони отровен гас, што предизвика смрт кај неколку илјади луѓе и тешки последици кај повеќе од 500 илјади жители во околните градови и села. Ова е досега најтешката индустриска несреќа во историјата. Андерсон имал храброст да се појави во Бопал неколку дена подоцна, бил уапсен од индиските власти и потоа пуштен со кауција, ни никогаш подоцна


59

27 МАЈ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

не се вратил во Индија каде што биле покренати судски процеси против него и уште неколкумина менаџери на компанијата. Компанијата потоа тврдела дека несреќата била предизвикана од гневен работник, и дека индиските власти биле виновни што дозволиле луѓе да живеат толку блиску до фабриката. Но, самиот Андерсон признал дека фабриката не ги исполнувала истите безбедносни стандарди како оние во САД. XЛекција: X Андерсон очигледно бил погоден од трагедијата, но сепак останува фактот дека одговорноста секогаш лежи кај врвот на организацијата.

некогашниот енергетски гигант Енрон (Enron) порасна во компанија вредна 100 милијарди долари – пред да загуби 99,7% од својата вредност во 2001 година. Леј ќе остане запаметен како по некомпетентноста, така и по нечесноста. Незаинтересиран за секојдневното раководење на фирмата, тој им дал одврзани раце на неколкумина неспособни подредени. Како што почнала компанијата да паѓа надолу, тој прифатил огромна сметководствена измама којашто требало да ја „нашминка“ финансиската состојба на фирмата. Леј починал од инфаркт во јули 2006 година, пред да биде осуден, а се очекувало да добие и до 30 години затвор поради неговото учество во криминалот. XЛекција: X Корпоративната култура на Енрон била фокусирана на зголемување на приходите по секоја цена. Осигурите се дека не поттикнувате затајување на етиката.

ЏОН СКАЛИ

Apple Џон Скали беше лично донесен во Епл (Apple) од Пепси (PepsiCo) од страна на Стив Џобс, поради неговото бизнис искуство и маркетинг вештини – но потоа го принуди самиот Џобс да си замине од компанијата што ја создаде и чијашто движечка сила беше. За Скали се смета дека го гледал Џоб, инаку и самиот извонреден маркетинг стратег, како ривал. На Скали му недостигала техничка експертиза и донел неколку проблематични одлуки во врска со продуктите, како што е лансирањето на Епл Њутн (Apple Newton) и навлегувањето во бизнисот со фотоапарати и ЦД плеери. На крајот, секако, Џобс беше вратен назад, откако Скали беше отпуштен, после декада на проблеми. XЛекција: X Не дозволувајте емоциите да ве водат во донесување на лоши одлуки.

КЕНЕТ ЛЕЈ

Enron Има елементи на грчка трагедија во приказната за подемот и падот на Кенет Леј. Под неговото лидерство,

ЏЕРАЛД РАТНЕР

Ratners Group Овој компаниски шеф направил само една вистинска грешка, но баеги голема, толку голема, што сега е позната како Ратнер Ефект. Во еден свој јавен настап во 1991 година, Ратнер, тогашен шеф на големата британска компанија за накит Ратнерс Груп (Ratners Group), повеќе како на шега, кажал дека неколку од нивните производи се „тотално ѓубре“. Не бил ни свесен каков ефект тоа ќе предизвика: потрошувачите почнале да ги бојкотираат нивните продавници и компанијата за кратко време загубила 500 милиони фунти, што значело практично колапс. Ратнер ангажирал нов претседател, кој пак потоа го отпуштил него самиот. XЛекција: X Секогаш третирајте ги потрошувачите со респект.


27 MAJ 2022

60 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

РЕКОА ЗА ...

ТРПЕНИЕТО Трпението е вештина, и јас учам да бидам трпелив. Тоа е тешка лекција, искрено.

Трпението не е пасивна работа, напротив, тоа е концентрирана моќ.

ИЛОН МАСК

основач на Tesla Inc., најбогат човек на светот

БРУС ЛИ

актер, мајстор на боречки вештини и филозоф



27 MAJ 2022

62 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1127

Како што може да прочитате малку понапред во ова издание на магазинов, легендарниот инвеститор Ворен Бафет советува трпение во вложувањето на берза, како впрочем и во животот воопшто. Или како што рекол еден друг мудар човек, никогаш не носете важни одлуки кога сте во најлошо расположение. Почекајте, бидете трпеливи. Бурата ќе помине, ќе се појави сонцето, и сè ќе биде појасно. Да видиме што имаат кажано за трпението неколкумина големи луѓе од различни сфери на општеството.

Трпението има свои граници. Ако отидете предалеку, веќе станува кукавичлук.

Сите големи достигнувања во животот бараат време.

ЏОРЏ ЏЕКСОН активист и автор

МАЈА АНГЕЛУ

поетеса и активистка

Биди трпелив и полн со разбирање. Животот е прекраток за да се биде одмаздољубив и малициозен.

Штом се научите на трпеливост, одеднаш вашите можности ќе се зголемат.

ФИЛИПС БРУКС свештеник и автор

РОБЕРТ ГРИНИ автор

Бизнисот е спринт сè додека не налеташ на прилика, потоа се претвора во трпение на еден маратонец.

Трпението е горко, но неговите плодови се слатки.

РОБЕРТ ХЕРЈАВЕЦ инвеститор и ТВ личност

ЖАН-ЖАК РУСО филозоф

Две нешта ве дефинираат: вашето трпение кога немате ништо и вашето однесување кога имате сè.

Како и сè останато во животот, за среќа е потребно време, упорност и трпение.

ЏОРЏ БЕРНАРД ШО писател

МАРК МЕНСОН

автор и мотивациски говорник



Elegance is an attitude Kate Winslet

THE LONGINES LEGEND DIVER WATCH


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.