НОБЕЛОВЕЦОТ ВО СКОПЈЕ ШТО СÈ КАЖА ПОЛ КРУГМАН (ОСВЕН ЗА ЛОШИТЕ ПАТИШТА)
НЕШТО ИЗВОНРЕДНО СЕ СЛУЧИ НА ДОМАШНАТА СТАРТАП СЦЕНА МАКЕДОНИЈА ГО СРУШИ СВЕТСКИОТ ГИНИСОВ РЕКОРД ЗА НАЈДОЛГ БИЗНИС-МАРАТОН
business magazine
БРОЈ 1128 l 10 јуни 2022 петок година 22 l цена 200 ден. l www.kapital.mk
COVER STORY
ЛОШИ ПРОГНОЗИ ЗА СВЕТСКАТА И ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА
ИНТЕРВЈУА АНА БЈЕРДЕ потпретседателка на Светска Банка ЛИЛЈАНА ПАВЛОВА заменик претседателка на Европската инвестициска банка ДАРИЈАН СОТИРОВСКИ директор на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
КОЛУМНА СНЕЖАНА ПОПОВСКА технички аналитичар
INTERVIEW
ФАТМИР БИТИЌИ
вицепремиер задолжен за економски прашања
МИСИЈА МИ Е НА ГРАЃАНИТЕ ДА ИМ ДОКАЖАМ ДЕКА ПОЛИТИЧАР МОЖЕ ДА БИДЕ ВРЕДЕН И ЧЕСЕН КАКО ШТО СЕ И ТИЕ
ДАЛИ ГО ДОПРЕВМЕ ДНОТО?
3
КАПИТАЛ... 1128
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
14
20
26
Нобеловецот во Скопје
Ана Бјерде
ЕКОНОМИЈА
ИНТЕРВЈУ
Фатмир Битиќи
вицепремиер задолжен за економски прашања Мисија ми е на граѓаните да им докажам дека политичар може да биде вреден и чесен како што се и тие
Што сè кажа Пол Кругман (освен за лошите патишта)
ИНТЕРВЈУ
потпретседателка на Светска Банка Ќе имаме полоша економска година дури и од пандемиската 2020
6
COVER STORY
Лоши прогнози за светската и домашната економија
Трошоците за живот во Македонија повисоки за 12% за една година – храната поскапа за 17%, горивата за 44%
36
32
ИНТЕРВЈУ
ПОЛИТИКА
Лилјана Павлова
Њет за руски авиони, со министри или без внатре
заменик - претседателка на Европската инвестициска банка
40
ЕКОНОМИЈА
Може ли до раст во време на неизвесност и како потоа?
COVER STORY Лоши прогнози за светската и домашната економија.........................06 Трошоците за живот во Македонија повисоки за 12% за една година – храната поскапа за 17%, горивата за 44%
ОСИГУРУВАЊЕ Новина на осигурителниот пазар...30 Регулаторот ги обврзува компаниите квалитетно да ги информираат клиентите за ризикот при вложување во т.н. „unit linked” животно осигурување
Со признавањето на автокефалноста на црквата никој не губи, а сите добиваат
ИНТЕРВЈУ Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања.........................................14 Мисија ми е на граѓаните да им докажам дека политичар може да биде вреден и чесен како што се и тие
ПОЛИТИКА Македонската влада со одлука на линија со евроатлантските партнери..32 Њет за руски авиони, со министри или без внатре
АНАЛИЗА Снежана Поповска технички аналитичар.................................................52 Дали го достигнавме дното?
ИНТЕРВЈУ Лилјана Павлова, заменик - претседателка на Европската инвестициска банка.....................36 Нашата досегашна поддршка за македонската економија помогна да се одржат речиси 100 илјади работни места
STARTUP Нешто извонредно се случи на домашната стартап сцена.....................54 Македонија го сруши светскиот Гинисов рекорд за најдолг бизнис-маратон
ЕКОНОМИЈА Нобеловецот во Скопје.........................20 Што сè кажа Пол Кругман (освен за лошите патишта) ИНТЕРВЈУ Ана Бјерде
потпретседателка на Светска Банка................26
Ќе имаме полоша економска година дури и од пандемиската 2020
ЕКОНОМИЈА Скопски Економски Финансиски Форум - 2022......................................................40 Може ли до раст во време на неизвесност и како потоа?
ИНТЕРВЈУ Даријан Сотировски директор на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи.................................48
ЛИДЕРСТВО Рекоа за... Преземањето ризик..................60 КАРИЕРИ 5 причини зошто паметни и вредни луѓе не постигнуваат успех..................62
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 П. ФАХ 503, 1000 Скопје Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија Тираж: 3.000 примероци Датум на печатење: 08.06.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми
Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија
10 ЈУНИ 2022
4 ВО ФОКУС
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Американски работници протестираат поради високите цени на храната и горивото за време на економската криза во 1970-те години. Фото: Armstrong Roberts/ClassicStock / Getty Images
ДОАЃА ВИСТИНСКИ КОШМАР ЗА ЕКОНОМИИТЕ: СТАГФЛАЦИЈА КАКО ВО 1970-ТЕ!?
С
Светската банка во вторникот ја коригираше надолу прогнозата за раст на глобалната економија годинава, од 4,1% на 2,9%, за разлика од растот од 5,7% забележан лани. Една од најважните финансиски институции во светот со ова само се придружи кон големиот број песимистични аналитичари коишто излегуваат со лоши предвидувања за светските економски текови деновиве. Што е најлошо, од Светската банка алармираат дека многу земји би можеле да влезат во рецесија, односно во период на стагфлација карактеристичен за 1970-те години од минатиот век. Стагфлација е најлошото сценарио,
вистински кошмар за креаторите на економски политики, кога истовремено имаме висока стапка на инфлација, а економската активност забавува и невработеноста расте. Растот во земјите во развој, се очекува да биде 3,4%, за разлика од 6,6% во 2021, што е доста пониско од годишниот просек од 4,8% карактеристичен за периодот од 2011 до 2019 година. “Војната во Украина, локдауните во Кина, нарушените синџири на снабдување и ризиците од стагфлација го рушат економскиот раст. За многу земји, рецесијата ќе биде тешко да се избегне“, рече претседателот на Светската Банка Дејвид Малпас.
W W W. B O Z I N O V S K I . C O M . M K
6 COVER STORY 10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
COVER STORY
ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА ПОВИСОКИ ЗА 12% ЗА ЕДНА ГОДИНА – ХРАНАТА ПОСКАПА ЗА 17%, ГОРИВАТА ЗА 44% Наспроти смирувачките тонови на поедини светски економисти, како впрочем и Пол Кругман со неговото обраќање во Скопје деновиве, аналитичарите на Дојче Банк излегоа со далеку поцрни прогнози околу движењето на светската економија, во којашто Македонија сепак не е изолиран остров. Прво, лошите демографски трендови и „рикверцот“ на глобализацијата допрва ќе направат дополнителен притисок врз цените. Второ, факторите на инфлацијата се проширија, а пазарот на труд не може да го зголеми производството и да го апсорбира вишокот пари. Трето, инфлациската психологија се промени, и фирмите се’ почесто го префрлаат трошокот на инфлацијата кон потрошувачите. Четврто, инфлациските очекувања за во иднина растат, и ќе растат и понатаму, со што ќе ја поттикнат инфлациската спирала. Во меѓувреме, Државниот завод за статистика измери дека за една година храната е поскапена за 17,1%, при што лебот е поскап за 21,5%, месото за 13%, млекото, сирењето и јајцата за 16%, а маслата за јадење дури за 38%.
ЛОШИ ПРОГНОЗИ ЗА СВЕТСКАТА И ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА
7
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
10 ЈУНИ 2022
8 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат раст на трошоците за живот за речиси 12% во мај месец, во споредба со истиот месец лани. Храната е поскапа за 17%, горивата за 44%, гасот за 54%. Од основните прехранбени производи, најмногу поскапеле маслата за јадење, за дури 38%, лебот и житата се поскапи за речиси 22%, а млекото, сирењето и јајцата за 16%.
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
М
инатата недела, повеќето берзански стоки забележаа пад на цените во однос на неделата претходно. Ова беше предизвикано првенствено од оптимизмот поврзан со војната во Украина и можниот договор да се дозволи извоз на жито и масло преку морски пат од Украина. Освен тоа, се ближи крај на кварталот и полугодието. Финансиските институции се под притисок, па сакаат загубите што ги забележаа при падот на пазарите на акции да ги надоместат преку ликвидација на позициите со најголеми маржи. Сепак, тековнава седмица донесе обратна ситуација. Продолжувањето на судирите и нападот на терминалот за претовар во пристаништето Николаев за време на викендот, го разнишаа оптимизмот на инвеститорите, па речиси сите берзански стоки во понеделникот завршија „во зелено“, односно, цените пораснаа во однос
на петокот, некои и со доста силен раст. Многу веројатно дека падот на цените минатата седмица може да го опишеме со англиската фраза “bearish leg in a bull market” (мечкин коректор на биковиот пазар) На геополитички план ништо битно не се промени, односно, сите главни фактори и понатаму се присутни, од војната, преку инфлацијата и рецесијата, до фундаментите на поедини стоки. За жал, не е изненадувачки дека таквото макро окружување многу земји ги соочува со проблеми. Меѓународниот монетарен фонд проценува дека по, практично банкротот на Шри Ланка, уште 59 земји би можеле да ја доживеат истата судбина. Инфлацијата во еврозоната достигна 8,1%, додека македонската економија како отворена и главно зависна од увоз е под сериозен удар. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат раст на трошоците за живот за речиси 12% во мај месец, во споредба со истиот месец лани. Храната е поскапа за 17%, горивата за 44%, гасот за 54%. Од основните прехранбени производи, најмногу
поскапеле маслата за јадење, за дури 38%, лебот и житата се поскапи за речиси 22%, а млекото, сирењето и јајцата за 16%. И потпретседателката на Светската Банка, во интервјуто за Капитал што го објавуваме во овој број, искажува загриженост за земјава и регионот. „Инфлацијата е загрижувачка. Мислам дека минатата година почнавме да гледаме како инфлацијата оди нагоре мислејќи дека може да биде привремен феномен како што имавме заздравување. Сега гледаме дека е попостојана, и поверојатно дека ќе остане некое време. Причината што се грижиме за инфлацијата е што знаеме од нашата работа во нашата институција дека инфлацијата ги погодува најмногу сиромашните бидејќи се пренесува преку производите и услугите што најмногу ги консумираат сиромашните. Ако ја погледнете потрошувачката кошница на сиромашните и ги видите цените на храната сега, ова навистина ги погодува сиромашните домаќинства. Висока инфлација не
9
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
е добра работа за намалување на сиромаштијата или за заштита на оние што се најранливи.“, вели Бјерде.
Минлива или вградена инфлација?
Светска банка потврдува дека монетарната политика веќе презела чекори кон запирање на инфлациските притисоци преку зголемување на основната камата, а сугерира државата да направи приоритети во трошењето народни пари и да го зајакне собирањето приходи од даноци. Додека кај нас институциите се уште немаат нови проценки за стапката на инфлација годинава, ММФ веќе објави дека таа може да се искачи дури до 6,9%, што може значително да го ослаби животниот стандард на граѓаните. Во Западна Европа граѓаните веќе ги одложуваат набавките на некои добра како на пример нови автомобили или мебел за подоцна додека не дојдат подобри времиња. Сега инфлациските притисоци се на страната на понудата, главно
поради зголемувањето на цените на енергијата и прекини во синџирите на снабдување, но одложената потрошувачка може да создаде дополнителни притисоци подоцна и на страната на побарувачката, така што инфлацијата очигледно ќе создава проблеми подолго одошто се очекуваше. Во повеќето развиени земји, инфлацијата е на нивоа невидени 14 години откако во екот на глобалната економска криза таа растеше со двоцифрени стапки. Исклучок не беше ниту Македонија. Ова е нов тест и за политичарите и централните банкари коишто долго време пливаа во мирни води се додека пост ковид не се соочија со инфлација, а алатките на монетарната политика во вид на мерки се можеби подзаборавени. Постои причина за стравувањата од неконтролирано поскапување на стоките и услугите, а ни оддалеку не е само дека тоа „ја јаде заштедата“. Високата инфлација не е само уште еден алармантен показател - острата промена на
ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА
вредноста на парите, која е мерна единица на економијата, значи дека на сите им станува потешко да планираат и да буџетираат. Најпластично објаснето, ако нешто произведувате, тргувате или консумирате, одеднаш сантиметри, литри или килограми почнуваат да се менуваат секој месец. Таквата постојано висока инфлација неизбежно има психолошко влијание врз луѓето во управувањето со нивните лични финансии и бизниси. Тие обично ги зголемуваат инфлациските очекувања за иднината и постои ризик да ја свртат спиралата на индексирање на цените и платите, што е тешко да се прекине. И тоа нè води до најголемата опасност. Инфлацијата наместо минлива, може да испадне дека штом се појави, преку разни канали продолжи да се прелева низ целото ткиво на целата економија - нешто што економистите го нарекуваат вкоренета инфлација. Ако може да послужи како некаква утеха, нобеловецот по економија Пол
“ПЛАЌАЈ СО СТИЛ И ДОБИЈ АВТОМОБИЛ!” УНИБанка заедно со Mastercard® во период од 01.06.2022
– 31.08.2022
година ја наградува довербата на корисниците со доделување на вредни
награди. Секоја трансакција од минимум 1000 денари ти носи можност за учество: со ДЕБИТНА картичка: ЕДНА шанса со КРЕДИТНА картичка ДВОЈНА шанса
1x
3x
5x
10 ЈУНИ 2022
10 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Во повеќето развиени земји, инфлацијата е на нивоа невидени 14 години откако во екот на глобалната економска криза таа растеше со двоцифрени стапки. Исклучок не беше ниту Македонија. Ова е нов тест и за политичарите и централните банкари коишто долго време пливаа во мирни води се додека пост ковид не се соочија со инфлација, а алатките на монетарната политика во вид на мерки се можеби подзаборавени.
Кругман, гостин на неодамнешниот Скопски економски финансиски форум (читајте поопширно во овој број на Капитал), рече дека добрата вест е што оваа инфлација сега не е вкоренета во економијата. Барем засега. „Ситуацијата сега не е иста со 1979 година - во почетокот на 80-тите години очекувањата за висока инфлација беа многу подолгорочни, работниците како резултат на тоа бараа поголеми плати, додека работодавачите поради очекуваната инфлација беа подготвени да им исплатат повисоки плати, што резултираше со инфлациска спирала, која се смири после повеќе години со силната контракција на економијата. Сега инфлациските очекувања се пократкорочни - веќе следната година се очекува стабилизација.“, рече Кругман.
Шефот на најголемата американска банка: Доаѓа економски ураган!
Дека ситуација не е воопшто наивна уште пред месец и половина укажаа аналитичарите од германскиот финансиски гигант Дојче Банк (Deutsche Bank), коишто први од големите меѓународни банкарски организации прогнозираа доаѓање на рецесија, прво во САД, а потоа предупредија и на подлабока криза предизвикана од тенденциите на американската централна банка, Федералните резерви, да се борат против високата инфлација.
„Ќе дојдеме во голема рецесија“, напишаа економистите на Дојче Банк во извештајот доставен до клиентите. Проблемот е, според нив, во тоа што иако инфлацијата може да го достигнала веќе својот пик, ќе биде потребно долго време пред светот да се врати на почетната цел, сопирање на економскиот пад. Тоа сугерира дека централните банки, првенствено, американската, ќе ги подигаат каматните стапки толку агресивно, што тоа ќе и наштети на економијата. „Сметаме дека Федералните резерви ќе мораат посилно да притиснат на кочниците и ќе биде потребна длабока рецесија за да се доведе инфлацијата под контрола“, напишаа економистите на Дојче Банк во својот извештај со злокобен наслов, „Зошто претстојната рецесија ќе биде полоша од очекуваното?“. За да ги поткрепи овие тези, Дојче Банк креираше индекс којшто го следи односот помеѓу инфлацијата и невработеноста во изминатите 60 години и целите за таа метрика. Истражувањето открива дека по периодите на исклучително висока инфлација, централните банки се принудени да ги подигнат каматните стапки, што е всушност пат за рушење на економиите. Најсвеж во низата примери на искажан песимизам од страна на врвните банкари, е изјавата на извршниот директор на најголемата американска банка, ЏПМорган Чејс (JPMorgan Chase), Џејми Дајмон, кој кажал пред група аналитичари
и инвеститори деновиве дека наближува економски ураган. „Знаете, претходно реков дека наближуваат облаци со бура, но сега ќе се коригирам…доаѓа ураган“, Дајмон рекол деновиве на финансиска конференција во Њујорк, како што пренесе CNBC. “Подгответе се добро“, Дајмон им кажал на присутните аналитичари и инвеститори. „ЏПМорган се подготвува и ќе бидеме многу конзервативни со нашите биланси.“ Две клучни работи го загрижуваат Дајмон: прво, Федералните резерви сигнализираа дека ќе престанат со политиката на евтини пари и ќе ги “стопат“ своите биланси. Тоа значи дека ќе настапи политика на т.н. quantitative tightening (QT) или „квантитативно затегнување“, обратно од досегашната политика на „квантитативно олеснување“ (quantitative easing). Мерката треба да почне месецов и ќе достигне до 95 милијарди долари месечно преку намаленото поседување на обврзници од страна на централната банка. Претходно, Фед, како и многу централни банки во светот, имаа експанзивна монетарна политика со цел да вбризгаат повеќе пари во финансискиот систем, овозможувајќи им на банките да даваат повеќе кредити со стимулирачки историски најниски каматни стапки. “Не сме имале вакво квантитативно затегнување досега, што значи дека за ова ќе се пишува во книгите по историја за едно 50 години.
ВРШИ РАБОТА, ШТЕДИ ПАРИ! Со Триглав Каско добивате бесплатно електрично заменско возило додека Вашето е на сервис.
0800 02 222
#онакога не мораш да ги откажуваш плановите за викендот затоа што колата ти ја задржале на сервис. Во соработка со Avant Car.
10 ЈУНИ 2022
12 COVER STORY
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Што се однесува до квантитативното олеснување, неколку негови аспекти ни се удрија од глава, како што се негативните каматни стапки, на пример, коишто беа огромна грешка“, истакна Дајмон на конференцијата во Њујорк. Централните банки “немаат многу избор затоа што има премногу ликвидност во системот.“, додава извршниот директор на ЏПМорган. Другиот голем фактор што го загрижува Дајмон e војната во Украина и нејзиното влијание врз цените на стоките, најбитно врз храната и енергенсите. „Нафтата ќе оди нагоре со цените, а не се исклучени и 150, па и 175 долари за барел. А, ние не преземаме соодветни акции за да ја заштитиме Европа од најлошата енергетска криза досега, предизвикана од најстрашниот воен конфликт на континентот од Втората светска војна наваму.“ Дури и оние кругови што пред извесно време изразуваа каков – таков оптимизам, како што одминуваат деновите, почнуваат да гледаат се’ помалку розова слика за иднината на светската економија. Голдман Сакс (Goldman Sachs), уште еден гигант од друштвото на американските банкарски корпорации, пред околу два месеци призна дека ќе биде голем предизвик да се намали високата инфлација и растот на платите, но дека рецесијата не е неизбежна. Но, пред само 2-3 дена, претседателот и главен оперативен директор на банката, Џон Валдрон, рече дека во ова е едно од, ако не и најсложено динамично окружување кое го видел во својата кариера. „Факт е дека сме минале низ многу циклуси досега, но за мене овој број на шокови во системот е без преседан. Очекуваме тешки економски времиња допрва и потешко окружување за пазарите на капитал.“
Антиинфлациските мерки мора да бидат таргетирани
Во меѓувреме, како се справуваме дома со предизвикот на инфлацијата: по истекот на времените мерки коишто требаше да ги ублажат последиците од економската криза, силен бран на поскапувања ги опфати
Во меѓувреме, како се справуваме дома со предизвикот на инфлацијата: по истекот на времените мерки коишто требаше да ги ублажат последиците од економската криза, силен бран на поскапувања ги опфати основните и останатите продукти, поради враќањето на стапките на ДДВ и акцизите. Граѓаните, како и компаниите, најмногу стравуваат од сметките за струја, за коишто се шпекулира дека веќе од 1 јули ќе бидат значително повисоки. Владата најавува нов сет мерки во висина од 76 милиони евра кои ќе бидат донесени со новиот ребаланс на Буџетот, а ќе бидат насочени кон ранливите категории граѓани и стопанството. Опозицијата бара итно усвојување на предлог-закон со кој прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на годината.
основните и останатите продукти, поради враќањето на стапките на ДДВ и акцизите. Граѓаните, како и компаниите, најмногу стравуваат од сметките за струја, за коишто се шпекулира дека веќе од 1 јули ќе бидат значително повисоки. Владата најавува нов сет мерки во висина од 76 милиони евра кои ќе бидат донесени со новиот ребаланс на Буџетот, а ќе бидат насочени кон ранливите категории граѓани и стопанството. Опозицијата бара итно усвојување на предлог-закон со кој прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на годината. Ценовниот шок кој сега се случува, според нив е само распламтување на веќе постоечкиот ценовен шок. Тие дополнително бараат ДДВ за течните горива да биде пет отсто до крајот на оваа година со што Владата итно ќе влијае директно на пад на цените на горивата. Во пресрет на ребалансот на буџетот, бизнисот бара да се крати кај трошоците за јавната администрација, а не од капиталните инвестиции. Што е најефективно да се прави сега? Универзитетскиот професор Марјан Петрески за Дојче Веле
деновиве изјави дека мерките кои сега треба да се преземат треба да бидат насочени кон групите граѓани и компании на кои им се најпотребни, односно оние кои се со ниски приходи и кои се најпогодени од ценовниот шок. „Повисоките цени на храната и енергијата ги погодуваат сите, меѓутоа повисоко доходовните домаќинства и компаниите каде што електричната енергија е со низок до умерен удел во вкупните трошоци, ќе мора да го сносат товарот самите, од проста причина што ова се глобални тектонски промени, пазарите ја бараат новата рамнотежа, а нашиот фискален простор е многу тенок“, смета Петрески. Според него, со ребалансот се предвидува буџетскиот дефицит да порасне на 5.3%, потребата од ново задолжување се проценува на нови 900 милиони евра. „Тоа се цифри со кои треба да се управува со голема внимателност, па очекувањата не може да одат во насока дека државата ќе субвенционира си и секого во недогледно време. Неопходни се стриктно таргетирани мерки“, вели професорот Петрески за ДВ. nnn
INTERVIEW 10 ЈУНИ 2022
14 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
ФАТМИР БИТИЌИ
вицепремиер задолжен за економски прашања
МИСИЈА МИ Е НА ГРАЃАНИТЕ ДА ИМ ДОКАЖАМ ДЕКА ПОЛИТИЧАР МОЖЕ ДА БИДЕ ВРЕДЕН И ЧЕСЕН КАКО ШТО СЕ И ТИЕ Сметам дека на младите, во моментов им е неопходна јасна слика и визија за иднината во оваа земја, но и да веруваат дека таа е можна! Визија, која мора да биде доволно јасна, конкретна и во склад со нивните потреби што ќе им овозможи со неа тие да ги идентификуваат своите амбиции и животот кој посакуваат да го живеат и ќе сакаат да го реализираат во својата држава. Верувам дека им е потребно повторно да стекнат доверба во државата и нејзиниот систем и младите, но и сите наши сограѓани. И токму тоа е и мојата мисија, на граѓаните да им докажам дека политичар може да биде чесен и вреден како и тие.
15
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
10 ЈУНИ 2022
16 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
разговара:
ИГОР ПЕТРОВСКИ XГ-дин X вицепремиер, се наоѓаме во исклучително тежок период како економија, предизвикан од добро познатите надворешни фактори, на што масло долева и актуелната политичка затегнатост во државава. Какви се генерално Вашите прогнози и очекувања за периодот што следи на економски план, еве нека биде на кус рок, од година, година и половина, бидејќи е неблагодарно да прогнозираме за нешто подолго, со оглед на брзината со која се менуваат глобалните настани и предизвици? Интересно е како го завршивте прашањето, напротив, она во што верувам е дека мораме да имаме долгорочна визија за развој. Важно е да не останеме заробени во дневните, краткорочни превирања, без разлика што тие, се согласувам во вас, во моментов се вистина предизвикувачки. Но доколку си дозволиме нашето целокупно работење да го сведеме на реактивност на моменталната криза, тогаш ризикуваме многу за нашата иднина. Затоа и за време на ковид кризата а и во оваа продолжено воено – енергетска криза се осигуруваме дека имаме развојни компоненти во сите преземени акции и умешноста е брзо согледување на ситуацијата и преземање на брзи и соодветни модификации кои на подолг рок а не само моментално, ќе дадат подобар резултат. Во моментов живееме во последиците од четири последователни големи кризи: ковид, односно здравствена која се прелеа во економска криза, енергетска и воената криза, кои настапија каскадно и сакам само да се обидам да ги поврзам точките за вашите читатели и да ја отсликам сликата... Се наоѓаме во време во кое мораме да ги заштитиме најранливите и тоа делумно го направивме преку зголемувањето на минималната плата и утврдувањето на одржлив модел за пресметка на пензиите, да го помогнеме стопанството затоа што тоа е двигател на економијата и го полни буџетот, паралелно да се справуваме со сивата економија за која отсекогаш знаевме дека постои, но корона кризата значително ги извади на површина сите оние кои работат надвор од системот, а се јавија за помош со креирањето на пакети мерки за
помош во ковид. По ковид кризата за јави енергетската криза која сите очекувавме да заврши некаде отприлика до овој месец, но во февруари започна војната во Украина си оваа енергетска криза се продлабочи, бидејќи веќе не станува збор за цена, која првично се покачи поради „карбон таксингот“ кој го воведе Европската Унија на крајот на 2021, туку за тоа каде на нашиот континент, односно низ чии територии поминуваат цевките за спроведување на гас. И не смееме да заборавиме дека Украина учествува со 29% од вкупното производство на пченка и пченица на светско ниво како и голем дел од металите потребни за производство на полупроводници (чипови), од кои во најголема мера неонот во чие производство на светско ниво Украина учествува со околу 60%. Ова значително ја загрозува цела Европа, вклучително и нас како отворена и извозно зависна економија. За ова секако можеме да зборуваме уште многу, но прашањето беше, што правиме и што треба да правиме и дали се гледа крајот? Тешко е да се предвиди, бидејќи зависи од развојот на настаните од воениот конфликт во Украина. Но, дома работиме и ќе продолжиме да работиме на – намалување на сивата економија и поддршка на стопанството. Веќе активно работиме на реструктурирање на земјоделството. Сметам дека доволно долго земјоделецот спаѓаше во социјалната категорија и како таков се третираше. Време е да се врати достоинството, стабилноста и предвидливоста на земјоделецот и неговата професија. Бидејќи земјоделството е токму тоа, професија и треба да работиме на креирање додадена вредност во секој нејзин сегмент. Да продолжиме на развој на регионалната конкурентност и да ги носиме вредносните ланци близу границите на Европската Унија, бидејќи токму ова е она што ќе не однесе на следното ниво на развој, како држава но и како регион. И да ова се долгорочни процеси, но се работат и денеска и утре и денот потоа. За нивно реализирање ни треба конструктивност, општествен консензус и одговорно однесување од сите страни. XМногу X држави од светот и регионот, вклучително и С. Македонија се исцрпеа прилично на фискалната страна борејќи се со последиците од пандемијата
и поддржувајќи го економското заздравување, но гледаме дека цените на енергенсите, ефектите од војната во Украина, итн., нарушувањето на синџирите на снабдување, предизвикуваат и понатаму големи потреси на глобалната економска сцена. Како држава мораме да се задолжуваме, а од друга страна мораме да внимаваме на социјалниот момент и да не ја загрозуваме со евентуални фискални оптоварувања положбата на најранливите категории и сл. Што е според Вас оптимално како политики во вакви околности? Јавниот долг го одржуваме и ќе го одржуваме многу блиску до Мастришките 60% од БДП, односно јавниот долг кој сега е 57,1% од БДП до крајот на годината не очекувам да порасне значително над оваа граница вклучувајќи ги и новите задолжувања. Дебатата во јавноста околу задолжувањата имам чувство дека секогаш е извлечена од контекст и сувопарно се гледа тој мастришки процент... Да, имаше задолжување и да ќе има задолжувања и лично сметам дека во моментов се неопходни и оправдани. Токму за да се заштитат оние најранливите кои и Вие ги споменувате. Задолжувањата во време на криза за да се помогне на стопанството кое повторно ќе врати назад во економијата, за реализација на големи капитални објекти кои секако ќе носат повторно бенефит за развојот... затоа, секое дополнително задолжување кое ќе е во функција на целокупно подобрување на перформансите на нашата економија ќе биде потполно оправдано имајќи јасна цел каде тие средства ќе бидат потрошени. XЌе X успееме ли да ја држиме инфлацијата под контрола? Засега немаме радикални промени во политиката на Народната банка, но што ако продолжи растот на цените со забрзано темпо? Од друга страна, оваа инфлација е стимулирана пред сè од помалата понуда на светските пазари, во комбинација со зголемената побарувачка за одредени стоки како што олабавуваше пандемијата. Што ако се случи евентуално позначајно зголемување на каматните стапки и тоа уште повеќе ја отежни положбата на граѓаните и бизнисите? Дали ќе се загрози стабилноста на банкарскиот систем преку зголемувањето на лошите пласмани, итн.?
Фатмир Битиќи
вицепремиер задолжен за економски прашања
17
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Владата прави сè што е во нејзина можност за да го заузди покачувањето на цените, почнувајќи од интервенциите кои се прават преку државното ЕСМ кое ја произведува целокупната електрична енергија која е потребна за непречено снабдување на домаќинствата во Република Северна Македонија. Исто така ние како држава интервениравме и со намалување на даноците и кратење на маржите на основните прехранбени продукти, со што Владата го амортизираше очекуваното драстично зголемување на нивните цени колку што е можно со мерките кои ни стојат на располагање. Владата прави сè што е во нејзина можност за да го заузди покачувањето на цените, почнувајќи од интервенциите кои се прават преку државното ЕСМ кое ја произведува целокупната електрична енергија која е потребна за непречено снабдување на домаќинствата во Република Северна Македонија. Исто така ние како држава интервениравме и со намалување на даноците и кратење на маржите на основните прехранбени продукти, со што Владата го амортизираше очекуваното драстично зголемување на нивните цени колку што е можно со мерките кои ни стојат на располагање. Сметам дека инфлацијата го достигна пикот и тоа мислење го дели и експертската јавност, а потврда за тоа е и излагањето
на нобеловецот Пол Кругман на неодамнешниот економски форум кој се одржа во Скопје. Растот на цените на основните продукти започна лани кон средината на годината, односно јули 2021 е првиот месец каде што се бележи зголемена инфлација после подолго време од над 3% и оттогаш инкрементално се зголемува до сегашните 11,9% за месец мај. Зголемувањето на основната каматна стапка според сите очекувања е најсоодветниот потег на НБРСМ во чија надлежност е и контролата на инфлацијата, па со ваквото монетарно затегнување на ременот се очекува малку да „се излади“ побарувачката која потенцијално би можела дополнително да влијае на зголемените цени. Во врска со банкарскиот систем и
лошите кредитни пласмани би реферирал само на месечните монетарни податоци на НБРСМ каде согледуваме дека вкупните депозити и кредити на домаќинствата и компаниите во комерцијалните банки имаат стабилен раст. XВо X последно време сè поизразена е иницијативата за регионална соработка, затоа што земјите од Балканов сами по себе се премали да може да бидат влијателен фактор во привлекување инвестиции, производство, извоз, итн. Како според Вас најефективно треба да се оствари регионалната соработка, еве ја имаме платформата „Отворен Балкан“, првични резултати веќе има, што може да очекуваме понатаму?
10 ЈУНИ 2022
18 INTERVIEW
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Прво што е важно и есенцијално да го разбереме за Отворен Балкан е да го гледаме како шанса. Шанса за зголемување на конкурентноста на националните економии на целиот регион преку полесен проток на стоки, услуги, луѓе и капитал низ земјите од Западен Балкан што се впрочем и основните начела на заедничкиот пазар на Европската Унија. Шанса за нашата, но и за сите држави од регионот, за дополнителен развој и раст базиран на регионална мобилност и зголемена конкурентност која целиот регион го става на мапата на големи инвестиции со импакти што можат многу да значат за економии како нашите. Наместо конкуренција, ова иницијатива донесува соработка и заедничка конкурентност на глобалниот пазар, но и олеснување на сите трговски односи. Пораката што дополнително ја испраќа симболизира и сплотеност, соработка и стабилност - атрибути кои се особено значајни за овој регион. И за крај, Отворен Балкан е комплементарен процес на останатите иницијативи како што е на пример Берлинскиот процес, односно е само акцелератор на нашиот пат кон Европската Унија. Често велам дека нашата домашна економија мора и ќе биде подготвена кога и да дојде денот за влез во Унијата, на крајот на денот и тоа е процес како и сè останато, затоа чекорите кои ги преземаме денеска сите не водат до крајната цел, а тоа е интеграција и стабилен и предвидлив економски развој.
Јавниот долг го одржуваме и ќе го одржуваме многу блиску до Мастришките 60% од БДП, односно јавниот долг кој сега е 57,1% од БДП до крајот на годината не очекувам да порасне значително над оваа граница вклучувајќи ги и новите задолжувања. Дебатата во јавноста околу задолжувањата имам чувство дека секогаш е извлечена од контекст и сувопарно се гледа тој мастришки процент... Да, имаше задолжување и да ќе има задолжувања и лично сметам дека во моментов се неопходни и оправдани. Токму за да се заштитат оние најранливите и да се помогне економијата.
XЗемјите X од регионот веќе извесен период се соочуваат со проблемот на одлив на луѓе, и тоа најчесто млади луѓе, во профили што сè потешко се пополнуваат со кадар. Фалат лекари, инженери, мајстори, угостители...буквално сè. Како економии растргнати сме помеѓу потребата од привлекување инвестиции и свеж капитал и вистинскиот капацитет да ги задоволиме потребите од кадар на инвеститорите дури и да дојдат, кога веќе ни сопствените потреби од работници не можеме да ги задоволиме. Какво е вашето мислење за ова, што треба најприоритетно како општество да направиме? Доброто образование прилагодено на светските трендови е клучот, но еве, се мачиме со децении со разни реформи и програми, но некако тешко ги движиме работите... Мораме да се соочиме со фактот дека имаме образование кое многу малку или воопшто не ги мотивира нашите млади. Не сакам да укажувам на
Фатмир Битиќи
вицепремиер задолжен за економски прашања
19
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Мораме да се соочиме со фактот дека имаме образование кое многу малку или воопшто не ги мотивира нашите млади. Не сакам да укажувам на очигледното, но да, реформата е нужна. Кога сме во ситуација кога имаме универзитет кој е скоро на дното на ранг листите, а останатите не се ниту на листите, да тешко е да очекуваш дека истите ќе произведуваат кадар кој пазарот на труд ќе го впива, или со други зборови, кадар кој е вработлив. Еден од начините од кој сите ќе имаме бенефити е можеби носење на катедри од познати и реномирани странски универзитети кои во соработка со нашите универзитети, со партнерски однос ќе го поттикнат развојот на квалитетот во образованието. очигледното, но да, реформата е нужна. Кога сме во ситуација кога имаме универзитет кој е скоро на дното на ранг листите, а останатите не се ниту на листите, да тешко е да очекуваш дека истите ќе произведуваат кадар кој пазарот на труд ќе го впива, или со други зборови, кадар кој е вработлив. Еден од начините од кој сите ќе имаме бенефити е можеби носење на катедри од познати и реномирани странски универзитети кои во соработка со нашите универзитети, со партнерски однос ќе го поттикнат развојот на квалитетот во образованието. И ова е само една алка од големиот систем. Сметам дека на младите, во моментов им е неопходна јасна слика и визија за иднината во оваа земја, но и да веруваат дека
таа е можна! Визија, која мора да биде доволно јасна, конкретна и во склад со нивните потреби што ќе им овозможи со неа тие да ги идентификуваат своите амбиции и животот кој посакуваат да го живеат и ќе сакаат да го реализираат во својата држава. Токму затоа минатата година започнавме еден навистина инспиративен и сеопфатен процес на креирање документ / стратегија кој претставува заедничка визија за развојот на нашата држава и општество во претстојните две декади. Си даваме доволно време за да овозможиме најголема можна инклузивност и транспарентност за да ги слушнеме сите кои сакаат да придонесат кон заедничкото креирање на нашата иднина. Ова ќе резултира со креирањето на Националната развојна стратегија
2022 – 2042 година, која се надевам дека ќе им ја овозможи таа јасна слика во која секој од нив ќе може да се види и препознае. Националната развојна стратегија точно ќе ги измапира нашите најголеми потенцијали но и потреби, за најефективно да ги насочуваме нашите ресурси, а ќе даде одговор, помеѓу другото и на вашето прашање погоре каков и колку кадар ни треба, за да може пазарот на труд да го апсорбира а образовните институции да го креираат. И за крај, верувам дека им е потребно повторно да стекнат доверба во државата и нејзиниот систем и младите, но и сите наши сограѓани. И токму тоа е и мојата мисија, на граѓаните да им докажам дека политичар може да биде чесен и вреден како и тие. nnn
10 ЈУНИ 2022
20
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
ЕКОНОМИЈА
НОБЕЛОВЕЦОТ ВО СКОПЈЕ
ШТО СÈ КАЖА ПОЛ КРУГМАН
(ОСВЕН ЗА ЛОШИТЕ ПАТИШТА)
21
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
„Дали ќе има рецесија во техничка смисла на зборот е многу нејасно. Многу е можно дека ќе има ‘меко приземјување’, период на бавен раст, но не и негативен раст“, рече Кругман на Скопскиот економски финансиски форум, додавајќи дека никој не знае кои ќе бидат ефектите од мерките на монетарната политика и колку таа треба да се затегнува, односно колку ќе биде потребно да се зголемуваат каматните стапки за да се елиминира прегревањето на економијата. На прашањето од публиката, дали зголемувањето на каматните стапки е адекватниот одговор на инфлацијата, Кругман, рече дека, за жал, така е.
10 ЈУНИ 2022
22
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
ЕКОНОМИЈА
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
Д
ојде, го виде Охрид, ги искритикува нашите патишта, ни порача да не се секираме толку околу инфлацијата и кризата, му дадовме орден за државни заслуги, и си замина. Ете, вака отприлика во една реченица би можеле да го сублимираме гостувањето во Скопје на познатиот американски професор и нобеловец по економија, Пол Кругман. Поради тоа што повеќето од домашните медиуми се фатија за неговата изјава околу лошата инфраструктура (но, тоа е за жал цената што треба да се плати за да ги видите убавините на нашиот езерски бисер, освен ако не скокнете до таму со хеликоптер), во оваа прилика ќе ви пренесеме што сè кажа Кругман на отворањето на вториот по ред Скопски економски финансиски форум (СЕФФ) во организација на Министерството за финансии, што се одржа на 30 и 31 мај. Нобеловецот се осврна на неколку најгорливи економски теми што го мачат светот во моментов. Да почнеме со инфлацијата. Инфлацијата е неизбежна како последица од неколку фактори, но за среќа не е вградена во економијата, истакна Кругман. „Ќе имаме инфлација уште година, година и половина, но не и потоа. Ова не е 1979 година, или 2008, кога причините за економската криза беа сосема поинакви, и затоа многу веројатно е дека нема да поминеме низ подолг период на економски тешкотии“, рече Кругман. Тој се осврна на причините за моменталната инфлација во светот, меѓу кои клучни се намалената понуда на стоки поради нарушените логистички синџири како последица на пандемијата, и извесното зголемување на побарувачката, како последица токму на олабавувањето на пандемијата. „Мислам дека САД веќе го достигнаа пикот со инфлацијата, а мерките на Федералните резерви ќе придонесат до оладување на економијата, којашто во моментов е прегреана“. Сегашната инфлација, како што објасни тој, делумно е резултат и на многубројните фискални мерки коишто беа преземени во периодот на пандемијата во САД, Европа и остатокот од светот, за поддршка на економиите. „Треба да имаме предвид дека во основа ова е едноставна ситуација
која се однесува на поразвиените земји генерално, во Северна Америка и Европа. Пандемијата привремено ги намали во голема мера можностите за производство, а земјите успеаја да ги зачуваат приходите преку обилни монетарни и фискални мерки (читај: се истурија од печатење пари, финансиски стимули, намалување на даноци, итн., н.з.). Ова придонесе економските проблеми што ги предизвика пандемијата да не бидат преголеми, и да се случи релативно брзо закрепнување, што се гледа преку стапката на невработеност во САД, којашто е пониска дури и од предпандемиското ниво“, рече Кругман. Но, додаде тој, кога ќе се искомбинира огромна поддршка на приходите со намалени капацитети на производство, неминовна е инфлација. Ова е класична приказна, основи на економија – поголем или ист износ на пари со намалена понуда на производи и услуги, резултира со инфлација. Според него, ова не значи дека политиките на поддршка на економиите биле погрешни, туку дека едноставно некои работи не можеле да се предвидат. Инфлацијата сега е доста повисока од онаа пред 2 или 3 години, првенствено поради нарушувањата предизвикани од пандемијата, особено од промената на потрошувачките навики и влијанието на локдауните врз синџирите за снабдување. „Ако претходно никој не зборуваше за логистика, сега сите се преокупирани со прашањата како што се пристаништа, контејнери, сето она што некако не беше видливо претходно. Сите овие проблеми придонесуваат за повисока инфлација, а врвот на сите неволји е војната во Украина што имаше големо влијание врз нарушување на снабдувањето со енергија, суровини, итн. Глобално, ова може да предизвика сериозни проблеми поради пречките во снабдување со храна – како што знаеме, Украина е голема житница и извозник на маслодајни култури, а некои земји го ограничија или забранија извозот на жито што ќе предизвика поголеми проблеми во многу земји, особено сиромашните.“
Повеќе би било „меко приземјување“ одошто рецесија
Дали сево ова води во глобална рецесија? Ова прашање според Кругман по малку е
деликатно. Притоа, тој рече дека поголемите економии во моментов се прегреани, односно се над одржливите нивоа на искористеност, како и дека со монетарни мерки треба малку да се „оладат“ „Дали ќе има рецесија во техничка смисла на зборот е многу нејасно. Многу е можно дека ќе има ‘меко приземјување’, период на бавен раст, но не и негативен раст“, рече Кругман додавајќи дека никој не знае кои ќе бидат ефектите од мерките на монетарната политика и колку таа треба да се затегнува, односно колку ќе биде потребно да се зголемуваат каматните стапки за да се елиминира прегревањето на економијата. На прашањето од публиката, дали зголемувањето на каматните стапки е адекватниот одговор на инфлацијата, Кругман, рече дека, за жал, така е. „Јас би сакал ние да работиме на политиките на зголемување на конкуренцијата, на зголемување на понудата, но проблемот е во тоа што тие не се работи што може да ги направите брзо. Ризикот е сепак превисок. Никој не сака да ги повтори 1970-те. Не мислам дека централните банки ќе направат толку многу зголемувања на каматните стапки како што се очекува сега, бидејќи инфлацијата забавува.“ Кругман не исклучува рецесија, која во Европа технички е ако има два последователни квартали намалување на економскиот раст, додека во САД тоа е малку поинаку, но без оглед дали ќе биде прогласена или не „многу е веројатно дека ќе почувствуваме одредена економска болка“. Добрата вест, како што нагласи Кругман е дека нема знаци дека инфлацијата станува дел од најголемите економии, односно дека се вкоренува во глобалната економија, како што беше во осумдесеттите години од минатиот век кога сите очекуваа висока инфлација и ја пренесуваа во платите и цените. „Има многу цврсти докази, истражувања, анализи, очекувања на бизнисите и на финансиските пазари кои ја кажуваат истата приказна – дека очекуваат инфлацијата да биде присутна година две, но не и потоа. Што е навистина добра вест и покажува дека не мора да поминеме низ период како во осумдесеттите години од минатиот век кога се соочивме со подолг период на економско страдање“, вели Кругман.
10 ЈУНИ 2022
24
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
ЕКОНОМИЈА
НАЈЦЕНЕТИОТ И НАЈОМРАЗЕНИОТ ЕКОНОМИСТ ВО САД
П
ол Робин Кругман (69) е американски економист, професор на Универзитетот на Њујорк и колумнист на Њујорк Тајмс. Во 2008 година, Кругман доби Нобелова награда за економски науки, за неговиот придонес со „Новата теорија за трговијата“ и „Новата економска географија“. Кругман претходно бил професор и на Масачусетскиот институт за технологија (МИТ), потоа и на Принстон универзитетот, а има
Македонија има шанси да извлече корист од кризата, но да си ги среди прво патиштата
Кругман очекува некаде 20242025 година светот да се врати во состојбата некаде од 2019 година, но со променета ситуација во некои области. „Предизвиците што ги имавме пред пандемијата ќе останат и понатаму: ниските стапки на наталитет, како и новите навики и трендови што ги предизвика пандемијата, ќе доведат до недостиг на работна сила, вишок на деловен простор, итн. Ќе има и промени во светското производство и трговијата, иако не мислам дека тоа ќе значи повторно враќање на текстилните фабрики во САД или Германија, на пример, но веројатно нивно дислоцирање од земји како Кина,
почесна титула и на Лондонската школа за економија. Во една анкета од 2011 година, професори по економија го истакнаа Кругман како најомилен жив економист под возраст од 60 години. Според „Open Syllabus Project“, Кругман е втор најцитиран автор во наставните програми по економија на американските факултети. Како коментатор, тој има напишано стотици колумни на широк дијапазон теми, како дистрибуција на
и останатите земји во развој, во земјите од Југоисточна Европа, да речеме. Тука е вашата предност, како држава, да искористите од овие трендови на т.н. nearshoring, односно тенденција на светските брендови да ги донесат своите фабрики поблиску до себе, во политички постабилни подрачја, со цел да ги нормализираат драстично нарушените логистички синџири последниве две години“, објасни Кругман. Запрашан кои структурни реформи треба да ги направи Македонија за да постигне одржлив раст, Кругман рече дека за жал не знае доволно за економијата на нашата земја, но она што е очигледно е дека е важна логистиката. „Вие сте континентална земја,
приходите, оданочување, макроекономија, меѓународна економија, итн. Кругман себеси се смета за модерен либерал, според неговите книги, неговиот блог на Њујорк Тајмс, како и неговата книга од 2007 година, “The Conscience of a Liberal“. Мартин Волф, главниот економски коментатор на Фајненшл Тајмс, во една прилика го има опишано Кругман како „најомразениот и најценетиот колумнист во САД во исто време“.
транспортната инфраструктура е очигледно неопходна. На долг рок тука се образуваната работна сила, едукацијата, но она што е сега неопходно, ако сакате фабрики од Германија, од Холандија и сл. да ги убедите користат производство од тука, најважно прашање е инфраструктурата за да може тие производи да се транспортираат. Вашата локација е добра, политичките прилики се добри, но мора да ги подобрите патиштата.“, порача нобеловецот. Гостувањето на истакнатиот професор Кругман беше организирано со помош на американско-македонската бизнис комора АмЧам, со поддршка на Алкалоид, Халкбанк, ЕВН и Roche.
nnn
10 ЈУНИ 2022
26 ИНТЕРВЈУ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
АНА БЈЕРДЕ
потпретседателка на Светска Банка
ЌЕ ИМАМЕ ПОЛОША ЕКОНОМСКА ГОДИНА ДУРИ И ОД ПАНДЕМИСКАТА 2020
27
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
разговара:
АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ
Е
кономиите во Европа годинава ќе назадуваат повеќе дури и од пандемиската криза која што пред две години го парализираше светот. Прилично песимистични оценки доаѓаат од сите меѓународни финансиски институции, токму кога мислевме дека после Ковид, економиите конечно ќе може да здивнат и да надоместат се што загубија последните две години. Потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде, која што го покрива регионот на Европа и Централна Азија, сподели загриженост околу развојот на конфликтот во Украина, првенствено поради хуманитарната катастрофа што се случува, но и разорните економски последици после исцрпувачката пандемија. „Како што велите, од една криза во друга, имавме пандемиска криза во 2020, заздравување во 2021, работите изгледаа многу подобро и ветувачки, и потоа дојде оваа разорна војна во 2022. Загрижени сме за тоа, прво и најбитно за Украина, хуманитарниот импакт во земјата е огромен, изгубени животи, разделени фамилии, и разорно уништување на инфраструктурата и економијата и ќе биде потребно долго време за да се изгради повторно. Има и многу внатрешно раселени луѓе, но и луѓе што мораше да ја напуштат земјата“, вели Бјерде. Потпретседателката на Светска банка, Бјерде, ги сподели со нас конкретните прогнозите кои покажуваат дека економиите во Европа ќе почувствуваат подлабока криза отколку пандемиската, а последиците веќе се видливи. „За регионот е вистинско назадување, затоа што во 2021 во регионот на Европа и Централна Азија којшто го надгледувам за Светска банка, имавме заздравување со раст на БДП од 6,5%. Ова беше многу добро. Но сега, поради оваа војна моравме да ги ревидираме нашите прогнози за 2022 и сега всушност проценуваме намалување на економијата од 4%, споредено со падот од 2% во годината на Ковид. Значи ова е значително назадување за овој регион. И регионот ќе го почувствува и веќе го чувствува
преку директни и индиректни влијанија. Директен импакт ако земјата е трговски партнер со Украина или Русија, но дури и индиректно преку прелевања. На пример, Северна Македонија не е многу погодена директно, но индиректно бидејќи ја погодува Европа која што е огромен трговски партнер за земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Северна Македонија, но исто така бидејќи голем дел од природниот гас доаѓа од Русија преку Бугарија и ова е исто така погодено. Цените на храната и енергијата растат, инфлацијата исто така, а ова ќе беше многу подобро без оваа ужасна војна во Украина“, истакна Бјерде. За регионот на Западен Балкан, Светска банка проценува економски раст од 3,1% годинава, но тоа е драстично помалку од лани кога постпандемиското заздравување донесе поголема економска активност за 7,4%. За македонската економија, Светска банка има најпесимистични очекувања во регионот, а Бјерде вели дека ситуацијата е загрижувачка. „Изгледите за регионот се се уште позитивни но ги намаливме нашите прогнози, така што сега очекуваме многу помал раст, но не само помал раст, туку и многу стеснет фискален простор. Фискалниот простор веќе беше погоден од пандемијата кога владите требаше да трошат многу повеќе пари, почнуваа да создаваат поголеми приходи во 2021, и сега повторно поради ударот врз енергијата, храната и другите суровини, земјите почнуваат да чувствуваат ново
Изгледите за регионот се се уште позитивни но ги намаливме нашите прогнози, така што сега очекуваме многу помал раст, но не само помал раст, туку и многу стеснет фискален простор. Фискалниот простор веќе беше погоден од пандемијата кога владите требаше да трошат многу повеќе пари, почнуваа да создаваат поголеми приходи во 2021, и сега повторно поради ударот врз енергијата, храната и другите суровини, земјите почнуваат да чувствуваат ново затегнување. Јас сум загрижена, мислам дека Северна Македонија е во многу тешка ситуација поради ова, така што властите треба да продолжат да бидат претпазливи во трошењето, да го проиритизираат трошењето и да осигураат дека какво било мобилизирање на даночни приходи во овие тешки времиња е навистина направено.
10 ЈУНИ 2022
28 ИНТЕРВЈУ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
затегнување. Јас сум загрижена, мислам дека Северна Македонија е во многу тешка ситуација поради ова, така што властите треба да продолжат да бидат претпазливи во трошењето, да го проиритизираат трошењето и да осигураат дека какво било мобилизирање на даночни приходи во овие тешки времиња е навистина направено“, вели Бјерде.
Големото поскапување на храната и енергијата е клучен проблем
На прашањето како би требало да одговорат властите на оваа нова криза имајќи предвид дека сите земји се истрошија за време на пандемијата, Бјерде вели: „Со краткорочни и мерки на среден рок. На краток рок, многу е важно да се изградат повторно фискални тампони до ниво што е возможно, и еден начин на кој што е можно тоа е да се приоритизира трошењето. Со тоа мислам дека има многу земји што имаат генерално субвенционирање, односно субвенции за сите. Мислиме дека е многу попродуктивно да се има потаргетирана поддршка за оние на кои што навистина најмногу им треба. Ние всушност се залагаме за социјална помош, и Северна Македонија има добра социјална програма, исто така имаше програма за енергетска заштита на најранливите која што ја зема предвид токму ранливоста во делот на потрошувашката на енергија. Јас би ги искористила овие две програми, социјалната помош и специфичната енергетска програма да ги таргетирам субвенциите кон оние на кои што најмногу им требаат. Исто така би таргетирала помош за компаниите како што направивте за време на Ковид што е временски определено и таргетирано за фирмите што најмногу имаа потреба. Но, во исто време да се фокусирате и на среден рок, бидејќи растот може да дојде од структурни реформи. И има структурни реформи што се потребни овде, човечкиот капитал се уште бара многу инвестирање, конкурентската политика се уште треба да се засилува, и мислиме дека има реална можност да се зголеми земјоделската продуктивност како важен дел од економијата и диверзификација на енергетиката кон обновливи извори на енергија и мерки за енергетска ефикасност“, вели Бјерде.
Еден од најголемите предизвици во оваа криза е растот на трошоците за живот преку енормното поскапување на храната и енергијата пред се’. А растечките цени, најсилно ќе ги погодат посиромашните граѓани и тоа е причина за загриженост и кај Светската банка, инсититуција чија основна мисија е да стави крај на сиромаштијата. „Инфлацијата е грижа. Мислам дека минатата година почнавме да гледаме како инфлацијата оди нагоре мислејќи дека може да биде привремен феномен како што имавме заздравување. Сега гледаме дека е попостојана, и поверојатно дека ќе остане некое време. Причината што се грижиме за инфлацијата е што знаеме од нашата работа во нашата институција дека инфлацијата ги погодува најмногу сиромашните бидејќи се пренесува преку производите и услугите што најмногу ги конзумираат сиромашните. Ако ја погледнете потрошувачката кошница на сиромашните и ги видите цените на храната сега, ова навистина ги погодува сиромашните домаќинства. Висока инфлација не е добра работа за намалување на сиромаштијата или за заштита на оние што се најранливи“, вели Бјерде. Потпретседателката Бјерде вели дека стапката на сиромаштија во земјава е прилично намалена, но во услови на нова закана од кризата, потребни се дополнителни мерки на краток и среден рок, за да може сиромашните понатаму сами да се извлечат од тој круг. „Северна Македонија направи добар напредок во намалување на сиромаштијата. Ако погледнеме во 2009 година, со 5,5 долари на ден стапката на сиромаштија овде беше 36% од населението. Деценија подоцна, во 2019 година стапката на сиромаштија беше преполовена на 18%. Ова е добар напредок. За време на Ковид во 2020 проценуваме дека сиромаштијата се зголемила малку за 1,5 процентни поени. Се уште треба да бидеме претпазливи за намалување на сиромаштијата како приритетна развојна цел. Властите веќе почнаа да преземаат некои чекори, на пример минималната плата е зголемена, што ќе помогне да се ублажат некои удари врз сиромашните, но морам да кажам дека сугерираме
внимателно разгледување на кое било идно прилагодување на платите бидејќи треба да биде усогласено со продуктивноста. Во спротивно ќе се случи трошоците за работната сила да растат, и без продуктивноста, вусшност ќе се намали побарувачката за работници. Не треба да се случи тоа. А што треба да направат властите да им помогнат на сиромашните, има многу што да се направи. Таргетирана социјална помош е број еден краткорочна мерка што треба да се спроведе, но повторно се враќаме на реформите на среден рок коишто треба да помогнат да се прекине кругот на сиромаштијата. Кои се тие? Тие се поврзани со човечкиот развој односно пристап до добра здравствена заштита, пристап до образование, пристап до пазарот на сила особено фокусирајќи се на жените и младите, бидејќи всушност сакаме да видиме луѓето сами да се извлечат од сиромаштија“, вели Бјерде. Растечката инфлација веќе ја отвори дебатата за зголемување на каматите што значи дека времето на евтино задолжување е завршено, а ова е лоша вест за земјите како нашата што планираат да се задолжуваат. „Гледаме зголемување на каматните стапки за надворешното задолжување, и загрижувачки е затоа што доаѓа во време на стеснување на фискалниот простор. Многу влади ќе мора да прибегнат кон задолжување за да го надминиат овој тежок период. Земјите што можат ќе прибегнат кон домашно задолжување во случај надворешното да стане многу скапо, па дури и забрането или тешко, а во исто време јавниот долг како удел во БДП се зголеми, за овој регион проценуваме дека е зголемен уште 10% од БДП во просек последните 3-4 години и тоа е нешто што треба да се внимава. Нашата препорака е да се внимава при трошењето, и ако го финансирате буџетскиот дефицит, видете кои ви се опциите, ако финансирате развојни проекти осигурајте дека тие навистина ќе донесат реални бенефити за крајните корисници, населението во земјата“, истакна Бјерде.
Три конкретни чекори
За време на дводневната посета во земјава, Бјерде вели дека разговарала со македонските власти за идните чекори што
29
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Инфлацијата е загрижувачка. Мислам дека минатата година почнавме да гледаме како инфлацијата оди нагоре мислејќи дека може да биде привремен феномен како што имавме заздравување. Сега гледаме дека е попостојана, и поверојатно дека ќе остане некое време. Причината што се грижиме за инфлацијата е што знаеме од нашата работа во нашата институција дека инфлацијата ги погодува најмногу сиромашните бидејќи се пренесува преку производите и услугите што најмногу ги консумираат сиромашните. Ако ја погледнете потрошувачката кошница на сиромашните и ги видите цените на храната сега, ова навистина ги погодува сиромашните домаќинства. Висока инфлација не е добра работа за намалување на сиромаштијата или за заштита на оние што се најранливи.
треба да се преземат за да се обезбеди побрз економски развој. „Ние препорачуваме 3 конкретни чекори. Прво, изградете отпорност и направете го тоа на два начина, преку фискални заштеди и диверзфицирајте каде што сте најранливи како на пример кај енергетиката и големата зависност од природен гас од една земја кон други. Второ е навистина да се фокусирате на структурни реформи, и повторно морам да го спомнам човечкиот развој. Северна Македонија направи добри напори но има уште многу долг пат за да добиете добар бенефит од образовниот систем, подобри здравствени
услуги, таргетирана социјална помош, и поголемо учество на работната сила на пазарот, особено на жени и млади. И конкурентската политика исто така, гледаме многу можности што ќе ја прошират основата на економските оператори преку зголемена конкуренција, осигурувајќи дека ќе ја отворите економијата кон мали и големи инвеститори. Конкуренцијата како принцип кога гледате на голем развој како кај обновливите извори на енергија, мислиме дека тоа е добар начин. И трето, продолжете со добра и прудентна макроекономска политика како и независноста на
централната банка, затоа што тоа ќе ја одржува земјата добро. И конечно, зелената транзиција. Ова е тешко прашање денес бидејќи сите сакаат да обезбедат енергетска сигурност, а понекогаш таа доаѓа пред зелената енергија, мислиме дека е добро да се подготвите за зелена енергија преку зголемено распоредување на обновливата енергија – ветер и сонце за коишто веќе има некаквo искуство во земјата, но исто така и енергетската ефикасност бидејќи ако може да ја намалите побарувачката за енергија тоа е поевтино отколку да инвестирате во енергија“, потенцираше Бјерде.
nnn
10 ЈУНИ 2022
30 ОСИГУРУВАЊЕ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
НОВИНА НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР
РЕГУЛАТОРОТ ГИ ОБВРЗУВА КОМПАНИИТЕ КВАЛИТЕТНО ДА ГИ ИНФОРМИРААТ КЛИЕНТИТЕ ЗА РИЗИКОТ ПРИ ВЛОЖУВАЊЕ ВО Т.Н. „UNIT LINKED” ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ Животното осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови („unit linked“ осигурување) е висококвалитетен производ со голем потенцијал за оплодување на инвестицијата. Но, тој истовремено содржи и ризик од загуба на вложените средства затоа што вредноста на вложеното зависи од цените на уделите кои се формираат на берзите. Токму заради ова Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) ги задолжи осигурителните компании квалитетно да ги информираат осигурениците за ризикот од загуба на вложените средства. Со новиот правилник на АСО продавачите на „unit linked“ осигурување имаат обврска на секој потенцијален осигуреник да му дадат на увид ниво на ризик од загуба на вложеното на скала од 1 до 7.
31
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Осигуреникот има право да добие на увид податоци за очекуван просечен месечен раст на вредноста на вложеното за период од пет години во иднина. Ова се дел од новините кои произлегуваат од новиот правилник со кој АСО значајно ја зголеми транспарентноста при вложување во „unit linked“ осигурување живот.
А
генцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги задолжи сите осигурителни компании кои продаваат т.н. „unit linked“ осигурување живот на секој потенцијален осигуреник да му достават документ со клучни информации врз основа на кој ќе одлучи дали да вложи во овој осигурителен производ. Станува збор за унифициран документ кој содржи информации за нивото на ризик од можна загуба на вложени средства како и за очекуваната добивка од вложеното. Осигуреникот ќе биде информиран и за условите и последиците од предвремено раскинување на договорот за вложување. Исто така продавачот ќе ги прикаже и сите еднократни, периодични, повторливи, повремени и непредвидени трошоци што треба да ги плати осигуреникот. Воедно продавачот на осигурувањето ќе биде обврзан и да го информира осигуреникот и за правото да поднесе претставка односно приговор до АСО. Ова се клучните новини кои ги содржи новиот правилник што го донесе АСО со цел да ја зголеми транспарентноста при вложувања во “unit linked” осигурување живот.
Вредноста на уделите зависи од движењата на светските берзи
„Unit linked“ е релативно нова класа на осигурување живот кај која дел од вложените пари се инвестираат во удели на инвестициски фондови. Тоа се вложувања со висок квалитет, но факт е дека цените на уделите се променливи и зависат од движењата на глобалните берзи. Токму заради тоа и ризикот од вложувањето на средствата паѓа на товар на осигуреникот. Токму волатилноста на пазарите на капитал остава простор од ризик осигуреник да загуби дел од уплатените средства при вложување во „unit linked“ осигурување исто како што постои реална можност за солидно оплодување на вложените средства. Официјалните податоци на АСО покажуваат дека само во минатата година биле раскинати 941 договор за „unit linked“ осигурување живот во период кога вкупно биле склучени 2.726 договори. Дополнително на ова бројот на раскинати договори лани достигна 9 отсто од вкупниот број на активни договори во оваа осигурителна класа кој изнесува 10.628. Следејќи ја будно оваа состојба Советот на експерти на АСО одлучи да усвои подзаконски акт што значајно ќе ја зголеми
транспарентноста за овој осигурителен производ. Тоа во голема мерка ќе им помогне на сите потенцијални инвеститори при носењето на одлуките за вложување во “unit linked” да го проценат потенцијалниот ризик од ова вложување. Освен горенаведените клучни новини како мерки за подобро информирање на осигурениците новиот правилник предвидува продавачот да истакне дали вложувањата се во денари или во странска валута. Од причина што оваа информација може да влијае врз вредноста на вложувањето преку можни промени на девизниот курс на денарот. „Unit Linked“ е интернационален термин глобално прифатен и користен за овој вид осигурување живот. „Unit Linked“ значи дека вредноста на вложените средства директно зависи од вложувањата во удели на отворени или затворени инвестициски фондови. Вложувањата во животното осигурување во кое ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот (популарно наречениот „unit linked“) лани достигнале 383,2 милиони денари (над 6 мил.евра). Тоа е за 27 отсто повеќе од 2020 година. Правилникот ќе стапи на сила од почетокот на октомври годинава.
10 ЈУНИ 2022
32 ПОЛИТИКА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СО ОДЛУКА НА ЛИНИЈА СО ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ПАРТНЕРИ
ЊЕТ ЗА РУСКИ АВИОНИ, СО МИНИСТРИ ИЛИ БЕЗ ВНАТРЕ
И покрај тоа што одлуката на македонската влада да го затвори небото за прелет на руски авиони не е од вчера, забраната што ја доби авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да прелета над нас за да слета во Србија, каде планирана беше посета на официјален Белград и средба со српскиот претседател Александар Вуќиќ, ја разбранува јавноста. Северна Македонија застана заедно со Бугарија и Црна Гора – други две НАТО членки, комшии на Србија, кои исто така забранија државниот руски авион заедно со министерот Лавров да прелета над нив.
33
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ
И
покрај тоа што одлуката на македонската влада да го затвори небото за прелет на руски авиони не е од вчера, забраната што ја доби авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да прелета над нас за да слета во Србија, каде планирана беше посета на официјален Белград и средба со српскиот претседател Александар Вуќиќ, ја разбранува јавноста. Северна Македонија застана заедно со Бугарија и Црна Гора – други две НАТО членки, комшии на Србија, кои исто така забранија државниот руски авион заедно со министерот Лавров да прелета над нив.
Вучиќ во тесно
Со ова практично пропадна најавената посета, односно како што би рекол српскиот претседател – ситуацијата се искомплицира. Наместо со Лавров, Вучиќ како што е предвидено средбата ќе ја има со рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко (понеделник, 6 јуни), со што пропадна доста труд вложен од Вучиќ лично – ако се верува на премиерката Ана Брнабиќ, претседателот Вучиќ дури и лично се занимавал со логистиката на посетата на рускиот министер. Дојче Веле анализирајќи ја ситуацијата цитира неколку свои извори кои тврдеа дека Берлин сериозно размислувал дали германскиот канцелар Олаф Шолц, кој треба да пристигне во официјална посета на регионот на 10 јуни, воопшто би отпатувал во Белград, доколку Лавров бил таму неколку дена пред него. Според Александар Попов, директор на Центарот за регионализам, на самиот Вучиќ му олеснило што Лавров не доаѓа во пикантен политички момент. Имено, на Запад договорот за гас меѓу Србија и Гаспром беше дочекан како нов доказ за поткопување на заедничката европска политика. Затоа, вели Попов, пропаднатата посета на Лавров може да се гледа и како поставување политички барања до Белград во замена за поевтин гас. „Сè има своја цена. Нема вечно братство“, изјави Попов за ДВ. „Во интерес на Русија е да направи дупки во западните санкции. Присуството во Србија е прилика да се направи дупка и да се покаже дека се присутни на овие простори“. Еден друг истражувач, од
ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ премиер
Премиерот Димитар Ковачевски не одговори конкретно дали со одлуката Македонија да не го пушти рускиот авион со кој се превезува Сергеј Лавров да прелета над државата, ќе се нарушат и односите со Србија. Тој кажа дека забраната важи за сите: „Имаме одлука за забрана за прелет на руски авиони. Одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки. За конкретниот лет нема друг третман во однос на одлуката која е донесена.”
Белградскиот центар за безбедносна политика, Вук Вуксановиќ исто за Дојче Веле аналзиира дека Вучиќ е во тесно затоа што мора истовремено да се ценка и со Москва и со Западот, а на граѓаните да им се прикажува како „цврст лидер“, вели Вуксановиќ, кој истовремено е и соработник на Лондонската школа за економија и политички науки. „Се чини дека Белград се обидува да најде модел според кој би се приклучил на некои санкции на Европската унија“, изјави Вуксановиќ за ДВ. „Идејата е да се отстрани европскиот притисок без сосема да се налути Москва.“ Од рускиот напад на Украина, германскиот печат редовно оценува дека српското „седење на две столчиња“ станало неодржливо. Дојче Веле на македонски јазик ги пренесува и реакциите на германскиот печат за настанатата ситуација. Како што потсетува германската агенција ДПА, Лавров е „цел на западни санкции поради руската агресија во Украина. Покрај тоа, европскиот воздушен простор е затворен за руски авиони“.
Тиражниот таблоид „Билд“, пак, потсетува дека „хуманитарните и дипломатските летови“ инаку се изземени од санкции. Наместо да лета, Лавров ќе одржи пресконференција во Москва, на која вчера ненадејно покани странски дописници.
Македонија доследна
Од македонското министерство за надворешни работи го објаснија одбивањето на барањето на Руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација. Во врска со забраната се огласи руското МНР, кое оцени дека со ова се затвора уште еден канал за комуникација. „Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија комуникацискиот канал, не дозволувајќи да прелета авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше да ја посети Србија. Руската делегација требаше да
10 ЈУНИ 2022
34 ПОЛИТИКА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
пристигне во Белград на разговори. Државите членки на Европската Унија и на НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден комуникациски канал, изјави вчера портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, додавајќи дека „Москва не е таа што создава нова железна завеса, туку Европа е таа што ја оградува Русија“. Премиерот Димитар Ковачевски не одговори конкретно дали со одлуката Македонија да не го пушти рускиот авион со кој се превезува Сергеј Лавров да прелета над државата, ќе се нарушат и односите со Србија. Тој кажа дека забраната важи за сите: „Имаме одлука за забрана за прелет на руски авиони. Одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки. За конкретниот лет нема друг третман во однос на одлуката која е донесена. Оваа одлука на Владата, со исклучок на традиционалните проруски политички елементи кај нас, наиде на поддршка од јавноста.
Русија лута
Но, овој став не им се допадна во Москва од каде ценат дека ЕУ и НАТО се обидоа да спречат Србија слободно да ги избира своите партнери. Ова беше оценката на Лавров на видео-конференцијата со странските новинари во Москва. „Србија треба да има слободен избор“, вели шефот на руската дипломатија. Рускиот министер за надворешни работи критикува што некои „НАТО-членки“ го спречиле неговото патување. Западот го сака Балканот за себе, исто како што мисли за Украина, оценува Лавров. Затворањето на воздушниот простор е „срамно казнување“ на една земја, која сака самостојно да ја крои својата надворешна политика согласно своите национални интереси, рече шефот на руската дипломатија. Тој нагласи дека руските односи со Србија „никој нема да може да ги уништи“ и наведе дека наскоро во Москва ќе се сретне со српскиот колега Никола Селаковиќ. Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека акции како што е затворањето на воздушниот простор, би можеле да предизвикаат проблеми при планирањето на дипломатски средби, но тоа немало да ја спречи Русија да негува односи со пријателските земји. nnn
МАРИЈА ЗАХАРОВА
портпарлока на МНР на Русија
Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија комуникацискиот канал, не дозволувајќи да прелета авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше да ја посети Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Државите членки на Европската Унија и на НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден комуникациски канал. Москва не е таа што создава нова железна завеса, туку Европа е таа што ја оградува Русија.
СЕРГЕЈ ЛАВРОВ
министер за надворешни работи на Русија
„Нашата дипломатија сè уште не ја совладала телепортацијата“, изјавиле очигледни шегобијци вработени во руското министерство за надворешни работи за агенцијата Интерфакс. „Западот го сака Балканот за себе, исто како што мисли за Украина, оценува Лавров. Затворањето на воздушниот простор е „срамно казнување“ на една земја, која сака самостојно да ја крои својата надворешна политика согласно своите национални интереси, изјави самиот Лавров.
10 ЈУНИ 2022
36 ИНТЕРВЈУ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
ЛИЛЈАНА ПАВЛОВА
заменик - претседателка на Европската инвестициска банка
НАШАТА ДОСЕГАШНА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОМОГНА ДА СЕ ОДРЖАТ РЕЧИСИ 100 ИЛЈАДИ РАБОТНИ МЕСТА
37
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ
Е
вропската инвестициска банка (ЕИБ), банката на Европската Унија, пред неколку денови официјално го инаугурираше своето претставништво во Скопје во склоп на просториите на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. На свеченото отворање на претставништвото на ЕИБ во земјава беше присутна заменик – претседателката г-ѓа Лилјана Павлова, па ја искористивме приликата да поразговараме околу тоа какви придобивки ќе има македонската економија и општество од директното физичко присуство на ЕИБ во Северна Македонија, и што може допрва да очекуваме од плановите и активностите на Банката. XГ-ѓа X Павлова, какви задачи ќе има новото претставништво на ЕИБ во Скопје, што очекувате како придобивка од неговите активности? Ви благодарам за можноста да зборувам за магазинот Капитал. Со отворањето на нашето ново претставништво во Скопје, банката на ЕУ има намера да го зголеми своето локално влијание за да може уште подобро да им служи на потребите на земјата. За време на нашите неодамнешни состаноци со владините претставници, заеднички ја идентификувавме потребата да се забрза зелената транзиција, да се зајакне енергетската безбедност и да се зголеми нашата техничка поддршка за подготовка и имплементација на проекти. Ние, исто така, сме подготвени да ја поддржиме Северна Македонија во пристапот до средствата достапни според Економскиот и инвестицискиот план, кој вклучува значителен обем на грантови од Европската унија (ЕУ) за витални проекти. Дозволете ми да потсетам дека ова е во согласност со мисијата на „ЕИБ Глобално“ - новата филијала што Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја промовира во февруари оваа година за подобра поддршка на земјите надвор од ЕУ. Треба да ангажираме повеќе експерти на терен, кои ќе можат да ја забрзаат подготовката и имплементацијата на проектите во клучните области на дигитализацијата, обновливите извори на енергија и виталната инфраструктура која одговара на климатските промени и другите
глобални предизвици. Западен Балкан е составен дел од овие напори и ние веќе работиме на воспоставување партнерства со други институции на ЕУ, финансиски институции и локални партнери. XДосега X пишувавме многу за поддршката на ЕИБ за Северна Македонија, но не е излишно уште еднаш накратко да се спомене - каков е придонесот на ЕИБ за македонската економија, особено во изминатите две години каде што се соочивме со последиците на пандемијата? Пристапот на ЕИБ кон справувањето со кризата со КОВИД-19 е двостепен: мерки за итен одговор, за да се помогне во ублажувањето на најитните последици, заедно со долгорочна ориентација на политиката на банката, во основните области на климата и одржливоста, иновациите, дигитализацијата и малите и средни претпријатија. Во тој поглед, ја испорачавме нашата посветеност од 1,7 милијарди евра во рамките на финансискиот пакет на Тимот Европа за КОВИД-19 за Западен Балкан, и ја зголемивме нашата финансиска и техничка поддршка за подготовка на одржливи проекти, неопходни за градење на долгорочна отпорност на локалните економии. Конкретно за Северна Македонија, од почетокот на пандемијата во 2020 година, обезбедивме 156 милиони евра за да им помогнеме на малите и средни претпријатија побрзо да закрепнат и да овозможиме изградба на нова гасоводна мрежа меѓу Северна Македонија и Грција која ќе ја зајакне енергетската безбедност. За помош за побрзо закрепнување од пандемијата КОВИД-19, ЕИБ обезбеди 100 милиони евра на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ). Овие средства ќе бидат достапни под поповолни услови како непосредна поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) и средните компании. Операцијата обезбедува нови извори на поприфатливо финансирање, како за обртни средства, така и за подолгорочни инвестиции, со подолги рочности и пониски каматни стапки. ЕИБ, исто така, планира да потпише нов заем со РБСМ за да им помогне на компаниите да воведат практики за енергетска ефикасност и циркуларна економија, како дел од најновите владини мерки. Од почетокот на своето работење во земјата, ЕИБ обезбеди 1,1 милијарда евра
Со отворањето на нашето ново претставништво во Скопје, банката на ЕУ има намера да го зголеми своето локално влијание за да може уште подобро да им служи на потребите на земјата. За време на нашите неодамнешни состаноци со владините претставници, заеднички ја идентификувавме потребата да се забрза зелената транзиција, да се зајакне енергетската безбедност и да се зголеми нашата техничка поддршка за подготовка и имплементација на проекти. Ние, исто така, сме подготвени да ја поддржиме Северна Македонија во пристапот до средствата достапни според Економскиот и инвестицискиот план, кој вклучува значителен обем на грантови од Европската унија (ЕУ) за витални проекти. помагајќи во изградбата на побезбедни патишта, железница и водоснабдување и инфраструктура за отпадни води. Нашата поддршка за приватниот сектор резултираше со одржување на 99.000 работни места. Ја финансираме, исто така, и изградбата на пречистителната станица во Скопје, надополнето со грантови од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од Економскиот и инвестициски план и Зелената агенда. Тоа ќе ја зголеми отпорноста на Скопје на климатските промени, ќе го намали загадувањето и ќе го подобри здравјето и благосостојбата на неговите граѓани. XКако X ги оценувате актуелните економски перспективи на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан, во контекст на
10 ЈУНИ 2022
38 ИНТЕРВЈУ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Во тесна соработка со Владата, во моментов работиме на развој на нови проекти, како што се изградба и рехабилитација на инфраструктурата за водоснабдување и отпадни води за 80 општини, вклучително и вонредни мерки за заштита од поплави. Целта е да се зголеми снабдувањето со вода во урбаните и руралните области и да се подобри отстранувањето на отпадните води низ целата земја. Го оценуваме и проширувањето на железничката мрежа долж Коридорот 8 за да создадеме поодржлива транспортна инфраструктура за Северна Македонија и Западен Балкан.
влошените макроекономски услови поттикнати од војната во Украина? Што мислите, што им е најпотребно на овие економии во моментов како поддршка? Според најновата Анкета за претпријатија од ЕИБ, за време на КОВИД-19, две петтини од претпријатијата биле привремено затворени, додека 70% од нив доживеале намалена ликвидност или достапност на проток на готовина. До крајот на 2020 година, околу 4 проценти од фирмите престанаа да постојат, преку поднесување барање за стечај или едноставно затворање на нивниот бизнис. Тие изгубија 25 % од прометот и отпуштија 11% од нивната работна сила, при што пандемијата особено ги погоди услугите со интензивен контакт и помалите и средни бизниси. Овој процент е прилично низок во споредба со претходната криза, најмногу благодарение на невидената поддршка на владината политика. Според новиот извештај на ЕИБ, ММФ и ЕБОР, фирмите кои биле интегрирани во глобалните синџири на вредности, иновативните и дигитализираните компании и оние со подобар квалитет на управување се прилагодија подобро за време на пандемијата. Тие го проширија своето онлајн присуство, се префрлија на работа на далечина, го приспособија производството или поефективно ја искористија достапната поддршка од политиката. Сегашната криза предизвикана од војната во Украина дополнително го попречува закрепнувањето на компаниите. Ранливостите на компаниите ќе се зголемат главно на три канали: намалување на извозот, повисоки цени на енергијата и стрес за финансирање поради зголемување на одбивноста кон ризик. Хемиските и фармацевтските производи, храната и земјоделството, како и транспортот се најпогодените сектори, како и повеќето потрошувачи на енергија. Во контекст на актуелната криза, најпрепорачливи би биле брзите политички мерки кои ги штитат најранливите компании и домаќинства. Зголемувањето на инвестициите во одржливото земјоделство, за да се обезбеди безбедност на храната, исто така е приоритет во иднина. Банката на ЕУ работи со националните и локалните власти, националните промотивни институции и други договорни страни за да им овозможи итна финансиска и
39
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
техничка помош и да одговори на овие потреби. Неодамнешната криза, исто така, докажа дека потребата за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и технолошки иновации погодни за климата е поклучна од кога било. Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ ја поддржува оваа транзиција преку развој на ефикасна, безбедна и разновидна енергетска мрежа, поодржлива транспортна мрежа и капацитети за отпадни води, вклучително и инфраструктура која е отпорна на климатските промени или која придонесува за нивно ублажување. Важен дел од ова ќе биде можен благодарение на грантовите од ЕУ и заемите од ЕИБ што се достапни во рамките на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, кој треба да го поттикне долгорочното закрепнување, да ја забрза зелената и дигитална транзиција, како и да ја поттикне регионалната соработка и конвергенција со ЕУ. XКои X ќе бидат клучните приоритети на поддршката на ЕИБ за македонската економија и општество во наредниот период? Во тесна соработка со Владата, во моментов работиме на развој на нови проекти, како што се изградба и рехабилитација на инфраструктурата за водоснабдување и отпадни води за 80 општини, вклучително и вонредни мерки за заштита од поплави. Целта е да се зголеми снабдувањето со вода во урбаните и руралните области и да се подобри отстранувањето на отпадните води низ целата земја. Го оценуваме и проширувањето на железничката мрежа долж Коридорот 8 за да создадеме поодржлива транспортна инфраструктура за Северна Македонија и Западен Балкан. Понатаму, банката има намера да развие нови инструменти за гаранција и споделување ризик за приватниот сектор во соработка со Европската комисија. Според новиот Европски фонд за одржлив развој плус („EFSD+“), овие инструменти моментално се дизајнираат и потенцијално би можеле да бидат достапни на пазарот од 2023 година па натаму. Сепак, нема да застанеме тука и ќе продолжиме тесно да соработуваме со Европската комисија и нашите локални партнери за да ги идентификуваме потребите за стратешки инвестиции кои ќе ги поткрепат реформите и пристапниот пат на земјата во ЕУ. Посебен фокус ќе биде
енергетската ефикасност и дигитализацијата на приватниот сектор. За поддршка на компаниите, работиме со Министерството за финансии и Банката за развој на Северна Македонија на нова кредитна линија која ќе овозможи поповолни услови за финансирање. Неодамна отворивме претставништво на ЕИБ во Северна Македонија, што е во согласност со политиката на ЕИБ за воспоставување присуство во повеќе земји надвор од ЕУ. Ова достигнување ќе и помогне на банката на ЕУ подобро да ги разбере регионалните потреби за финансирање, да идентификува повеќе проекти и да воспостави потесни врски со државните органи и други засегнати страни. Бјорн Габриел е назначен за претставник на ЕИБ за Северна Македонија. До неодамна, тој го водеше тимот за Политики и операции во претставништвото на Групацијата ЕИБ за Европската Унија во Брисел, тесно соработувајќи со институциите на ЕУ, земјите - членки и групите експерти, за да помогне да се определи придонесот на банката за клучните политики и иницијативи на ЕУ во различни сектори, вклучувајќи го и регионот на Западен Балкан и политиката за проширување. Покрај финансиите, ние исто така сакаме да им помогнеме на нашите партнери да ги прошират своите способности за управување со проекти, за да помогнат во подготовката и реализацијата на инфраструктурни проекти со големо влијание, за да можат да напредуваат со зелената транзиција и економската отпорност. Презедовме и важни чекори на нашиот Патоказ на климатската банка со одобрување на нашиот План за адаптација и рамка што нè обврзува да им помогнеме на нашите договорни страни да се усогласат со климатскиот договор од Париз. XПотребата X за европска енергетска независност беше особено изразена во екот на руско - украинскиот конфликт, па кои ќе бидат стратешките приоритети на ЕИБ за поддршка на Северна Македонија во однос на развојот на нејзините енергетски капацитети и инфраструктура? Земјите од Западен Балкан (на пример, Србија, Босна и Херцеговина, но и Северна Македонија) можат значително да бидат погодени од актуелната криза, како најмногу земји од
Централна и Источна Европа, бидејќи голем дел од нивната енергетска мешавина се базира на гас, што главно доаѓа од Русија. Покрај тоа, регионот е многу зависен од јаглен, со мал дел од енергијата што произлегува од обновливите извори на енергија. Од клучно значење е да се намали зависноста од увоз на енергија и да се обезбеди тековно, стабилно снабдување. Минатата година потпишавме заем од ЕИБ за поддршка на изградбата на гасната интерконекција меѓу Северна Македонија и Грција. Проектот овозможува понатамошна интеграција на Северна Македонија на европскиот енергетски пазар во согласност со Директивата за безбедност на снабдувањето на ЕУ. Целта е диверзификација на снабдувањето со енергија, намалување на зависноста од еден доминантен снабдувач и зголемување на енергетската безбедност. Низ регионот, работиме со партнерите на развој на нови проекти за обновлива енергија за да го зголемиме внесот на одржливи енергетски ресурси. Пример е развојот на проектот за фарма на ветер во Влашиќ во БиХ, за кој ЕИБ обезбедува финансии и техничка поддршка. Планираме да реализираме слични проекти низ целиот регион. XВе X молиме, кажете ни нешто повеќе за новиот заем што ЕИБ треба да го потпише со македонската Развојна банка за поддршка на декарбонизацијата на економијата? Овој заем е дел од 26-те мерки што Владата на Северна Македонија ги донесе за економска заштита на граѓаните и компаниите во услови на актуелната криза. Новата кредитна линија што ќе се потпише со нашиот долгогодишен партнер, Развојната банка на Северна Македонија, има за цел да ги стимулира обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност меѓу компаниите во земјата. Ова ќе даде позитивен поттик за декарбонизација на локалната економија и одржлив раст на земјата. Веќе потпишавме 100 милиони евра со Развојната банка во 2021 година за поддршка на побрзо закрепнување на малите и средни претпријатија кои се соочуваат со кризата со КОВИД-19. Во април годинава беа исплатени две транши во износ од 18 милиони евра од заемот за поддршка на 45 проекти и одржување и отворање нови работни места. nnn
10 ЈУНИ 2022
40 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
СКОПСКИ ЕКОНОМСКИ ФИНАНС
МОЖЕ ЛИ ДО РАСТ ВО ВРЕМЕ НА НЕИЗВЕСНОСТ И КАКО ПОТОА?
41
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ
О
ИСКИ ФОРУМ - 2022 Пред неколку денови Скопје беше центарот на економската дискусија во регионот. Преку 400 гости од меѓународни рамки, регионот и од кај нас, беа дел од втората годишна конференција на Скопскиот економски и финансиски форум – СЕФФ, во организација на Министерството за финансии. Ако нобеловецот Јозеф Стиглиц беше во фокусот на годинешниот Светски економски форум во Давос, ние ја имавме честа да бидеме домаќини на уважениот професор и добитник на Нобеловата награда за економија, Пол Кругман, кој даде мошне интересен осврт кон каде оди економијата, за што подетално пишуваме во овој број на Капитал. Покрај нобеловецот Кругман, плејада на значајни имиња од економијата, финансиите и бизнисот од регионот, но и светски рамки, учествуваа на СЕФФ.
држување на растот во време на неизвесност и потоа“ е темата на Скопје Eкономски Финансиски Форум - СЕФФ, што во организација на Министерството за финансии по втор пат се одржа на 30 и 31 мај. Главен говорник на првиот ден од Форумот беше американскиот професор и нобеловец по економија Пол Кругман. Конференцијата ја отвори премиерот Димитар Ковачевски, а првиот панел беше посветен на монетарните и фискалните политики. Инфлацијата е неизбежна како последица од неколку фактори, но за среќа не е вградена во економијата, истакна Кругман. „Ќе имаме инфлација уште година, година и половина, но не и потоа. Ова не е 1979 година, или 2008, кога причините за економската криза беа сосема поинакви, и затоа многу веројатно е дека нема да поминеме низ подолг период на економски тешкотии“, рече Кругман. Тој се осврна на причините за моменталната инфлација во светот, меѓу кои клучни се намалената понуда на стоки поради нарушените логистички синџири како последица на пандемијата, и извесното зголемување на побарувачката, како последица токму на олабавувањето на пандемијата. Кругман очекува некаде 20242025 година светот да се врати во состојбата некаде од 2019 година, но со променета ситуација во некои области. „Предизвиците што ги имавме пред пандемијата ќе останат и понатаму: ниските стапки на наталитет, како и новите навики и трендови што ги предизвика пандемијата, ќе доведат до недостиг на работна сила, вишок на деловен простор, итн. Ќе има и промени во светското производство и трговијата, иако не мислам дека тоа ќе значи повторно враќање на текстилните фабрики во САД или Германија, на пример, но веројатно нивно дислоцирање од земји како Кина, и останатите земји во развој, во земјите од Југоисточна Европа, да речеме. Тука е вашата предност, како држава, да искористите од овие трендови на т.н. nearshoring, односно тенденција на светските
10 ЈУНИ 2022
42 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
брендови да ги донесат своите фабрики поблиску до себе, во политички постабилни подрачја, со цел да ги нормализираат драстично нарушените логистички синџири последниве две години“, објасни Кругман. За таа цел, додаде тој, Северна Македонија мора да поработи на својата инфраструктура и транспортна логистика. „Вашата локација е добра, политичките прилики се добри, но мора да ги подобрите патиштата.“, порача нобеловецот. Гостувањето на истакнатиот професор Кругман беше организирано со помош на американско-македонската бизнис комора АмЧам, со поддршка на Алкалоид, Халкбанк, ЕВН и Roche. Подетално за неговото излагање може да прочитате во посебен текст во рамки на овој број на Капитал.
Монетарната политика во рикверц
На кус рок - таргетирани мерки за поддршка на ранливите категории на граѓани и фирмите кои се директно засегнати од кризата и одржување на стабилноста. На среден и долг рок - поттикнување на конкурентноста и растот преку фокус на структурните реформи: зелена транзиција, енергетска ефикасност, дигитализација,
вложувaње во човечки капитал и поврзување со земјите во регионот. Ова беше пораката од првиот панел на СЕФФ, кој е се однесуваше на тоа како да се одговори на макроекономските предизвици во турбулентни времиња, а во насока на одржување на економскиот раст. На панелот учествуваа министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, министерот за финансии, труд и трансфери на Косово, Хекуран Мурати, министерот за финансии на Црна Гора, Александар Дамјановиќ, гувернерката на Народната банка, Анита АнгеловскаБежоска, алтернативниот извршен директор на ММФ, Лук Дресе, како и резидентниот претставник на ММФ, Стефани Ебле, Владимир Глигоров истражувач на Виенскиот институт, Глигор Бишев - претседател на Советот за едукација и стратешко истражување при Стопанската комора и Александар Стојков - универзитетски професор. Со панелот модерираа Зоран Јовановски - економист и Владимир Шимиќ - универзитетски професор на Факултетот за економија, бизнис и туризам во Сплит.
Како што беше истакнато, изминатите две години светот и економијата постојано беа соочени со нови шокови и искушенија - прво пандемијата, која е најдлабоката рецесија од Втората светска војна наваму, а потоа и нарушување на синџирите на добавување што предизвикаа раст на цените на примарните производи, особено енергенсите, како и затегнување на условите на финансиските пазари. Војната во Украина ја имаше улогата на катализатор во растот на цените на примарните производи, предизвика дополнителни нарушувања на синџирите на добавување и раст на претпазливоста кај инвеститорите и потрошувачите. Заканите од пандемијата се се уште присутни, а светската економија се соочува со повеќе кризи едновремено. На панелот беше посочено и дека кризата предизвикана од ковид-19 пандемијата, покажа дека економските и финансиските системи станаа пожилави од глобалната финансиска криза наваму. Креаторите на политики, исто така, беа побрзи во одговорите. Фискалните власти преку силен стимул, кај голем број економии, успеаја да го амортизираат влијанието на Ковид-19 врз економската
10 ЈУНИ 2022
44 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
активност. Од друга страна, како резултат на кризата, фискалниот простор е намален, додека јавниот долг и фискалниот дефицит зголемен. Ова наметнува потреба од потаргетирани фискални одговори за време на новата криза. Како што беше посочено, монетарната политика сега има сосема различна улога во однос на претходната криза. Ако за време на пандемијата преку прилагодливата монетарна политика се обезбеди потребната дополнителна ликвидност за одржување на економската активност и работните места, сега монетарните власти ја затегнуваат со цел да ги намалат инфлациските очекувања. Во дискусијата беше нагласена и важност од координацијата на фискалната и монетарната политика, со цел да се одржи стабилноста. Заклучокот е дека за да се одржи проспектот на раст, треба да се продолжи со структурните
реформи и во време на криза, бидејќи само на тој начин може да се унапреди конкурентноста, продуктивноста и да се постигне забрзан и одржлив економски раст на долг рок.
Отпорност и конкурентност
Преку градење сојузништва и зајакнување на меѓусебната соработка, економиите во регионот на Западен Балкан можат да станат поотпорни и поконкурентни. Во услови на криза, подобрувањето на врските, соработка на крупни инфраструктурни проекти, особено во областа на енергетиката и создавањето на одржливи синџири на добавување, можат да придонесат во голема мера во амортизирањето на ефектите од кризата. Ова беше посочено на СЕФФ во рамки на дискусијата на темата - Отпорност, конкурентност и економска соработка. Воведничари на темата беа Сузан Дангер, извршен директор на
АмЧам Европа и Мајк Зафировски од Заф групацијата и Македонија 2025. На панел дискусијата имаше повеќе претставници од стопански комори од земјава и регионот, како Драган Давитков од Ам Чам Северна Македонија, Петар Иванов од Ам Чам Бугарија, Елиас Спиртунас од Американскогрчката стопанска комора, Иван Милетиќ од Ам Чам Србија, Живко Мукаетов, извршен директор на Алкалоид, Ристо Јаневски од Стопанската комора на Северна Македонија, Трајан Ангелоски од Сојуз на стопански комори, Неби Хоџа од Економска комора на Северозападна Македонија и Анета Антова Пешева од МАСИТ. Модератор на овој панел беше Марјан Петрески, универзитетски професор. За време на дискусијата беше истакната важноста од иницијативите како Отворен Балкан со кои се олеснува движењето на работна сила, стоки услуги и капитал. Преку поврзување на пазарите,
10 ЈУНИ 2022
46 ЕКОНОМИЈА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
компаниите од земјите можат да добијат пристап до поголем број на потрошувачи и да го зголемат обемот на нивниот пласман. Исто така олеснувањето на движењето на стоки може да придонесе до олеснувањето на синџирите на добавување, особено во услови на криза. Дискутантите ја посочија и важноста од странските директни инвестиции за развојот на економиите преку внесување на свеж капитал и пренесување на нови технологии. Влезот на индустриски гиганти во регионот, не е само од значење за земјата каде ќе инвестираат, туку придобивки се креираат за целиот регион, преку отворање на работни места и поврзување со локални компании. Од големо значење за инвеститорите е владите да имаат солидна регулатива и конзистентни политики на кои тие ќе им веруваат. Во однос на подобрувањето на конкурентноста, беше сумирано дека и владите и компаниите можат многу да придонесат многу во нејзино подобрување, особено преку дигитализацијата. Учењето и применувањето на новите процеси може да придонесе многу во насока на креирање на поголем обем на производство, но и во насока на креирање додадена вредност.
Препораките на Тони Блер
Во тек е амбициозна инвестициона агенда во инфраструктурни
проекти во земјава. Инвестициите во патната инфраструктура од Коридор 8 и 10, автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, железницата, гасификацијата и поврзување со регионот, но и други структурни реформи како дигитализација и инвестиции во човечки капитал, ќе бидат драјвери на растот по кризата и основа за развој на економијата. Ова беше посочено во рамки на дискусијата за време на СЕФФ конференцијата кој беше посветена на предизвиците по кризата - односно како да се осигури одржлив економски раст. Преку видео врска до форумот се обрати и поранешниот британски премиер, Тони Блер, посочи дека за развој на една економија како нашата, потребни се четири важни промени - дигитализација за забрзување на растот, зелена и обновлива енергија, инвестиции во образование и инфраструктура, како и регионална соработка. Претседателката на Европската банка за обнова и развој Одил Рене Басо рече дека ЕБОР ги поддржува пан-европските коридори, железничкиот транспорт, кој е барем 50-60% почист од патниот транспорт. ЕБОР има инвестирано повеќе од милијарда евра во железничкиот транспорт во земјите од Западен Балкан, како и дека е сега вистинско време за инвестиции во инфраструктурата и приближување на земјите од регионот едни кон други, со што би се одговорило и на климатската
криза. Претставниците на меѓународните финансиски институции, како ИФЦ и ЕИБ исто така ја изразија нивната поддршка за земјава и регионот во насока на обезбедување на одржлив економски раст. Регионалниот менаџер за Централна и Југоисточна Европа на Меѓународната финансиска корпорација Ари Наим посочи дека не може да се потпираме само на јавни инвестиции, туку да се ангажира и приватниот капитал. Како што посочи, потребни се технички прилагодувања кои подобро ќе ја позиционираат земјата, како и дека време е за повеќе јавноприватни партнерства бидејќи дистрибуцијата е многу поважна од производството денес. Александро Брагози, раководителот на регионалното претставништво на ЕИБ за Западен Балкан ја истакна важноста на инвестициите во енергетскиот сектор од аспект на зголемување на производството на енергија и заштедата на енергенси. Тој посочи дека повеќе од 3,2 милијарди евра беа инвестирани во изминатите 10 години во Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, но и дека секогаш може уште повеќе. Тој истакна дека покрај развојот на патната инфраструктура, треба да се размислува и за поеколошки транспорт, како железничкиот.
nnn
НЛБ Mastercard Business картички
За бизнис и задоволство! Аплицирајте за НЛБ Mastercard Business кредитните или дебитните картички до 30.6.2022 година и искористете ја промотивната понуда!
10 ЈУНИ 2022
48 ИНТЕРВЈУ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
ДАРИЈАН СОТИРОВСКИ директор на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
СО ПРИЗНАВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА ЦРКВАТА НИКОЈ НЕ ГУБИ, А СИТЕ ДОБИВААТ
49
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
разговара:
АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ XНа X почетокот, Ве молам да објасните за нашите читатели, што всушност одлучи Синодот на СПЦ, што значи воопшто прифаќањето на автокефалниот статус на МПЦ од нивна страна? Што значи ова за статусот и третманот на МПЦ од страна на останатиот православен свет во иднина, како и за развивање на односите помеѓу земјава, Србија и останатите држави во регионот? Што значи ова за обичниот македонски православен верник на крајот на денот? После векови на туѓа црковна власт, по укинувањето на Охридската архиепископија од османлискиот султан, македонскиот народ копнеел за своја црковна самостојност и за обновување на својата древна црковна катедра. Во македонското национално движење за осамостојување и црковната независност била особено важна за многуте генерации ајдути, комити, илинденци, преродбеници, партизани. Ваквите народни стремежи биле преточени во одлуките на Првиот и Вториот црковно народен собор низ кои е најпрво возобновена Охридската архиепископија како Македонска православна црква (1958), а потоа и прогласена нејзината автокефалност, односно целосна црковна независност (1967). Со оглед на тоа што за време на Кралството Југославија целокупната територија била утврдена како територија под црковна јуриздикција на Обединетата црква на Србите, Хрватите и Словенците, ваквите одлуки од македонска страна не беа прифатени од Српската православна црква, која беше на цврсто становиште дека црковно македонската територија им припаѓа ним, а ние можеме да воспоставиме само автономна власт под нивната, но не и автокефална. Ваквиот јаз кој настана меѓу двете цркви траеше 55 години. МПЦ-ОА се развиваше и во татковината и во дијаспората, но за жал поради овој јаз беше изолирана од официјални контакти и богослужби од останатиот православен свет. Одлуката на Соборот на СПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦОА е историска поради тоа што го премостува конечно овој голем јаз, започнуваат да не почитуваат како рамноправни и независни и отпочнува ново поглавје во нашите
меѓусебни односи. Ова ќе овозможи на Вселенската патријаршија чист терен за формално официјализирање на автокефалниот статус, по што МПЦ-ОА ќе биде рамноправна со сите сестрински помесни цркви. На овој начин ќе се приближат православните народи и на Балканот, но и во еден поширок контекст, бидејќи овој неразумен спор правеше горчина во многу аспекти од ваквите односи во минатото. XКаде X е во приказнава своевремено одметнатиот од МПЦ епископ Вранишковски, којшто пак беше признаен токму од СПЦ? Во Белград учествуваше во заедничката литургија, во Скопје не го видовме. Каков ќе биде неговиот статус сега после одлуката на СПЦ? Тоа се прашања за црковните власти, бидејќи тие инстанци се надлежни за нивните внатрешни кадровски прашања. Државата мора да го негува чувствителното начело на секуларизам, па поради тоа не би си дозволил да прејудицирам можности за разрешување во тој домен. XЗошто X според Вас токму сега дојде ова признавање од страна на СПЦ, после 55 години квалификување на МПЦ како расколничка од нивна страна? Како е дојдено до сето ова? Знаеме дека СПЦ со децении беше раководена од тврдокорна струја кога се работи за МПЦ, дали задувале нови ветришта со поставувањето на патријархот Порфириј, дека тој е поумерен во однос на овие стратешки прашања за нив како црква, и за нас, секако? Колку е сето ова дел од некоја поширока геополитичка стратегија во однос на Балканот, каде што се судираат стратешките интереси на Западот, Русија, итн.? Сметам дека одлуката на Неговата Сесветост Вселенскиот патријарх Вартоломеј и процесот што по право на апелација го отпочна и водеше МПЦ-ОА пред првопрестолната патријаршија беше катализатор и освестување и за СПЦ. Откако на 9 мај беше донесена одлуката за признавање и отпочнување на канонско општење од страна на Вселенската патријаршија, следеше и одлуката од 24 мај на СПЦ. Важно е што во овој процес никој не губи, а сите добиваат. Доволно на Балканот се одржуваат замрзнати споровите, од тоа како што видовме никој не виде добро.
Одлуката на Соборот на СПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА е историска поради тоа што го премостува конечно овој голем јаз, започнуваат да не почитуваат како рамноправни и независни и отпочнува ново поглавје во нашите меѓусебни односи. Ова ќе овозможи на Вселенската патријаршија чист терен за формално официјализирање на автокефалниот статус, по што МПЦ-ОА ќе биде рамноправна со сите сестрински помесни цркви. На овој начин ќе се приближат православните народи и на Балканот, но и во еден поширок контекст, бидејќи овој неразумен спор правеше горчина во многу аспекти од ваквите односи во минатото.
XГледаме X дека претставници на владејачката партија и нивни поддржувачи деновиве го поврзуваат признавањето од СПЦ со успехот на нивната политика и сл. Колку според Вас е тоа всушност точно, дали може Владата или некој друг политички фактор да има заслуга во област што по дифолт треба да е одвоена од официјалната политика? Или сепак на крајот на денот се’ e политика на Балканот, а и пошироко? Државата посакувала разрешување на едно од најголемите прашања со кои македонската нација се соочуваше, па затоа сите генерации на носители на јавни функции биле позитивни во однос на нивната спремност да ги помогнат напорите на црквата за надминување на спорот. Автокефална црква е еден од најважните атрибути на суверена држава, па затоа ова прашање е значајно и за државата, во која најголем дел од населението се изјаснува како православно
10 ЈУНИ 2022
50 ИНТЕРВЈУ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
христијанско. Вистина е дека последните години државата даде голема жртва за да отпочне ново поглавје на отвореност кон светот, на различни начини да се подобрат односите со соседите и развијат партнерствата со други сојузи и држави, со цел нашата нација да добие долгорочни придобивки. Ова беше проследено и со силна поддршка на напорите кои МПЦ-ОА ги преземаше. Координираноста на државата и црквата сигурно дека даде значаен импулс во разрешницата. XПатријархот X на СПЦ изјави дека очекува сите помесни цркви да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ. Што во случај ако некоја од нив не го прифати овој статус на МПЦ? Времето ќе покаже како ќе се развива понатаму процесот. Кога ќе биде издаден томосот за автокефалност формално ќе се потврди она што МПЦ-ОА го има и го живее повеќе од 5 децении, но овој пат тоа ќе биде препознаено од целата православна екумена. Доколку некоја помесна црква не е подготвена да го препознае тоа, мислам дека ќе го набљудува развојот на настаните и прашање на време ќе биде кога
ќе се приклучи. МПЦ-ОА не е закана за никого, таа е црква која ќе придонесе за поголема толеранција и разбирање помеѓу помесните цркви, кои за жал во последно време имаат разидувања по повеќе прашања.
каде егзистира таа е Македонска православна црква согласно Уставот на црквата. Синодот и Архиепископот водат сметка за националниот интерес, да веруваме дека нема причина за грижа.
XВселенската X патријаршија на 9 мај ја призна МПЦ за канонска и валидна во сеправославниот свет, под името Охридска архиепископија, имајќи ја на ум како област на нејзина јуриздикција, владението во границите на државата Северна Македонија. Што значи ова, како всушност ќе биде името на МПЦ во иднина? Дали постои можност по примерот на промената на државното име, да биде на крајот Охридска архиепископија – Црква на Северна Македонија, на пример? Името кое црквата го носи на томосот за автокефалност е еклисиолошкото или црковното име на својата древна катедра. Така е со сите цркви во регионот. Нашата стара црковна катедра е Охридската архиепископија и затоа тоа е нашето еклисиолошко име. Таа е нашата многувековна историја и национална гордост, а поради народот кој во најголема мера ја црквува и државата
XКако X оди процедурата на признавањето на автокефалноста, дали прво треба сите помесни цркви да ја донесат истата одлука што ја донесе СПЦ и на крајот Вселенската патријаршија да одобри автокефалност на МПЦ? Не, тука во нашата ситуација на потег е Вселенската патријаршија. XСо X оглед дека Вселенската патријаршија ја призна МПЦ за канонска и валидна во рамки на владението во границите на државата Северна Македонија, што станува со епархиите на МПЦ во странство? Знаеме дека МПЦ имаше проблеми своевремено со епархијата во Австралија и сл. Што всушност значи ова, дека епархиите на МПЦ во земјите како Канада, САД, итн., нема да бидат под јуриздикција на „новопризнатата“ МПЦ (или како и да ќе биде нејзиното име на крајот на овој процес)?
51
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Не би сакал да прејудицирам, сè уште за тоа прашање нема релевантни информации. Гледано теоретски и црковно, епархии во дијаспората се проблематично прашање во православието, бидејќи сите влегуваат во јуриздикција на некоја помесна православна црква. Но, во услови кога други помесни цркви имаат свои епархии за црковните општини организирани од својот верен народ, не гледам причина зошто епархиите на МПЦ-ОА би биле исклучок. XКако X според Вас овие позитивни промени во статусот на МПЦ може да влијаат врз зголемување на довербата на православната јавност во Црквата и вербата во религијата воопшто, со оглед на тоа што доаѓаат нови генерации коишто се се’ помалку религиозни? Автокефалноста е административна работа, не е духовна, но единството кое преку неа се постигнува е духовна работа. Сметам дека МПЦ-ОА преку отвореноста и интеракцијата со православната екумена ќе биде впуштена во процес на компарација и поставување на нов курс во својот развој. Ова би требало да значи и нов однос со различните групи во општеството, особено посветување кон помладите, многу теренска работа и каритативна мисија, секако и односи со јавност во склад со успешните модели на други цркви. XКако X ги коментирате бизнис аспирациите на МПЦ коишто уште еднаш се потврдија со најавата за инвестирање во фотонапонски централи? Колку тоа според Вас влијае на имиџот на Црквата и генерално, довербата на верниците во неа? Црквите, верските заедници и религиозните групи во државата имаат право на сопственост што како стварно право подразбира и право на стопанисување и располагање. Оттаму, се што како заработка ќе оствари верскиот субјект од својата сопственост или активност е сума која се реинвестира во дејноста, бидејќи станува збор за непрофитни организации. Верските субјекти имаат и свои одговорности и проблеми за кои малку се говори во јавноста, а често се соочуваат и со проблеми во финансирањето. Во секој случај зголемената транспарентност по однос на инвестициите, причините и очекувањата за истите добро би дошла во јавноста. nnn
Автокефална црква е еден од најважните атрибути на суверена држава, па затоа ова прашање е значајно и за државата, во која најголем дел од населението се изјаснува како православно христијанско. Вистина е дека последните години државата даде голема жртва за да отпочне ново поглавје на отвореност кон светот, на различни начини да се подобрат односите со соседите и развијат партнерствата со други сојузи и држави, со цел нашата нација да добие долгорочни придобивки. Ова беше проследено и со силна поддршка на напорите кои МПЦ-ОА ги преземаше. Координираноста на државата и црквата сигурно дека даде значаен импулс во разрешницата.
10 ЈУНИ 2022
52 АНАЛИЗА
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
ДАЛИ ГО ДОСТИГНАВМЕ ДНОТО?
Инфлацијата и порастот на стапките разбудија зголемен песимизам кај пазарот на акции и обврзници. Доколку резултатите од затегнувањето на монетарната политика доведат до тековни знаци на умерена инфлација, би можеле да очекуваме повторно пораст на цените на акциите и да заклучиме дека инвеститорите веќе го имаат рефлектирано преголемиот страв од инфлација, стагфлација и рецесија во тековните цени.
С СНЕЖАНА ПОПОВСКА CMT, CFTe Технички аналитичар
о падот на цените во 2022 година, се чини дека глобалните акции влегоа во фаза на капитулација. Тоа нè наведе да си го поставиме прашањето дали глобалниот пазар на акции се ближи до своето дно или следуваат уште поголеми падови? Немилосрдниот пораст на инфлацијата која го поттикна зголемувањето на каматните стапки од страна на ФЕД доведе до страв и одржување на повисоки приноси кај американските обврзници, кои се придружувани од приносите на глобално ниво, но метриките за инфлацијата во САД почнаа да се менуваат кон подобро. Инфлацијата и порастот на стапките разбудија зголемен песимизам кај пазарот на акции и обврзници. Доколку резултатите од затегнувањето на монетарната политика доведат до тековни знаци на умерена инфлација,
би можеле да очекуваме повторно пораст на цените на акциите и да заклучиме дека инвеститорите веќе го имаат рефлектирано преголемиот страв од инфлација, стагфлација и рецесија во тековните цени. Графиконот во рамки на текстов го прикажува DSI Global (Индекс за дневен сентимент) за 23-дневен период кај акциите, од кој можеме да забележиме дека подвижниот просек паѓа на почетокот на месец март на најниски нивоа, кој последен пат е забележан на пазарот во дното формирано во 2020 година. Додека 23-дневното движење на индексот на државни обврзници го достигна своето најниско ниво од 2006 година. Намалувањето на интензитетот на цените кај берзанските стоки го одразува олеснување на проширените тесни грла и недостигот на снабдување поради затварањето
53
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Извор: Ned Davis Research
на Кина и војната на Русија врз Украина. Од 17 берзански стоки, само 41% се сè уште над нивните 50-дневни подвижни просеци, додека процентот на растечки измазнувања падна на 53%. Процентот на берзански стоки кои се наоѓаат над својот 200-дневен подвижен просек исто така се намали на 53%, помалку од 100% во средината на месец април. Со намалување на рејтингот на златото во неутрална позиција, слабеењето на трендот на
берзанските стоки е конзистентен со зајакнување на американскиот долар. Континуираното јакнење на доларот би ја ограничило увозната инфлација во САД, поддржувајќи ги изгледите за континуиран пресврт нагоре на пазарниот сентимент и 60% од тежината на индексот на САД MSCI ќе влијае во зголемувањето на глобалниот индекс на акции ACWI нагоре. Заклучокот е дека грижите околу макроекономска ситуација ги придвижија глобалните акции
во надолен тренд, кој може да се влоши и да оди уште подолу. Но, истовремено почнаа да се формираат нивоа на песимизам и волатилност кои имаат тенденција да го достигнат пазарното дно. Доколку сегашниот пад е проследен со процес на формирање на дно, и доколку имаме повторно позитивен моментум и позитивни читања за ширината на пазарот, наскоро може да очекуваме можности за повторно купување на акции.
nnn
10 ЈУНИ 2022
54
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
STARTUP
НЕШТО ИЗВОНРЕДНО СЕ СЛУЧИ НА ДОМАШНАТА СТАРТАП
МАКЕДОНИЈА ГО СРУШИ СВЕТСКИОТ ГИНИСОВ РЕ НАЈДОЛГ БИЗНИС-МАРА
55
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Во организација на компанијата Нетворкер (Networker) од Скопје и со поддршка на неколку компании, инвеститори и Акцелератор УКИМ, за време на викендот 28-29.05 македонски презентери на идеи, стартапи и проекти го срушија Гинисовиот рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори. 30,2 часа, 200+ учесници, 70 идеи, 10 судии и 5 инвеститори ја зближија стартап заедницата и покажаа дека кај нас и тоа како се зборува за бизнис. Ова е исклучително амбициозен и возбудлив формат на настан кој ја пренесува решителноста и поттикот што го имаат претприемачите, воедно и прв настан од ваков карактер кај нас каде секој може да ја презентира својата идеја и да дојде до инвестиција во почетна фаза.
РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ
СЦЕНА
КОРД ЗА ТОН
Во организација на компанијата Нетворкер (Networker) од Скопје за време на викендот 28-29.05 македонски презентери на идеи, стартапи и проекти го срушија Гинисовиот рекорд за најдолгата презентација во светот на бизнис идеите пред инвеститори. „30,2 часа, 200+ учесници, 70 идеи, 10 судии и 5 инвеститори ја зближија стартап заедницата и покажаа дека кај нас и тоа како се зборува за бизнис. Ова е исклучително амбициозен и возбудлив формат на настан кој ја пренесува решителноста и поттикот што го имаат претприемачите, воедно и прв настан од ваков карактер кај нас каде секој може да ја презентира својата идеја и да дојде до инвестиција во почетна фаза. Пет најдобри идеи добија инвестиција од 25 000 евра, а уште 5 други идеи продолжуваат во фаза на разгледување “, вели Сања Митровска од Нетворкер, организатор на настанот. Меѓутоа, самиот настан беше многу повеќе од едноставно рушење на рекордот за најдолга презентација пред инвеститори. Истиот, претставува прв инвеститорски подвиг во нашава држава каде 5 различни и комплементарни компании вложуваат во многу рана фаза на бизнисите т.е. фаза на идеја. Целта на ваквото инвестирање е поддршка на неколкуте добри идеи од големиот број на пријавени и синергија во напорите на претприемачите и инвеститорите со кои побрзо
би се стигнало до странски инвестициски пазари. Причината за настанот беше искуството на Нетворкер кое детектирало јаз помеѓу инвестицискиот капитал во нашава држава и добрите бизнис идеи, со капацитет за странски пазари. Односно, пракса на нашите инвеститори е да вложуваат во бизниси кои веќе имаат некакви резултати од работењето, без да преземат повисоко ниво на ризик. Од друга страна, најуспешните македонски стартапи токму во рана фаза кога домашен капитал им бил најпотребен не го добиле и пристапиле до странски инвестициски фондови. На овој начин сите загубиле по нешто. Македонските инвеститори пропуштиле прилика за добра инвестиција, додека пак некои стартапи пропаднале, а дел успеале бидејќи имале ИТ искуство за да изградат демо, но значително побавно отколку со поддршка, како што објаснува Митровска. Таа додава дека плановите за иднината се споменатово инвестирање да служи како студија на случај за другите инвеститори со чија помош ќе се охрабри инвестирањето во рана фаза, меѓутоа здружено во неколку бизниси одеднаш, заради намалување на ризикот. „Нетворкер пак, би служел како ‘осигурителна полиса’ за инвеститорите која користејќи ги своите Google Design Sprint методологии за 6 месеци ќе влијае на развојот на првото демо, негово прилагодување според потребите на пазарот и тестирање на go-
10 ЈУНИ 2022
56
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
STARTUP to маркет стратегијата со цел подготвување на идеите за следна фаза инвестиции. Што поточно значат овие Google Design Sprint методологии е тоа дека вклучуваат низа на креативни работилници за создавање, тестирање, добивање фидбек од клиентите и повторно прилагодување на продуктот додека не го најде својот маркет-фит. Оваа методологија компресира неколку месеци потрошени во дизајнирање, градење, лансирање и процесирање на идејата во само неколку дена.“
Неверојатно искуство од светска класа
САЊА МИТРОВСКА
сопственик на Networker, организатор на бизнис маратонот: Самиот настан беше многу повеќе од едноставно рушење на рекордот за најдолга презентација пред инвеститори. Истиот, претставува прв инвеститорски подвиг во нашава држава каде 5 различни и комплементарни компании вложуваат во многу рана фаза на бизнисите т.е. фаза на идеја. Целта на ваквото инвестирање е поддршка на неколкуте добри идеи од големиот број на пријавени и синергија во напорите на претприемачите и инвеститорите со кои побрзо би се стигнало до странски инвестициски пазари.
Настанот Longest Pitch Marathon имаше за цел да ги спои перспективите на овие две страни. Односно, да собере голем број на бизнис идеи од кои ќе се изберат најдобрите, со цел намалување на ризикот на инвеститорите. Но, истовремено овозможувајќи им на оние најдобрите поддршка од во многу рана фаза, односно само идеја. Дополнително, оние кои не добија инвестиција се охрабрија да размислуваат низ бизнис призма и преку директен нетворкинг со успешни претприемачи, научија што сè е потребно за да се поуспешни следниот пат. „Настанов зборува за огромниот потенцијал на македонската стартап заедница, но уште повеќе и за големата способност на организациите да донесат едно вакво случување од светски рамки и кај нас. Неизмерно ми е драго ми е што Monday се вклучи како партнерска организација и што бев дел од главните судии делејќи ја енергијата со 200+ визионери.“, рече Николина Цветановска, дел од главните судии и ко-сопственик на дигитална агенција Monday. „Ова беше неверојатно искуство од светска класа! Како еден од главните судии, би рекол дека беше повеќе од вредно да се биде концентриран точно 30 часа и 2 минути без одмор со цел да се слушаат, да се прашуваат, да им се даваат повратни насоки, како и да се евалуираат најиновативните идеи од македонските стартапи. Особено сум благодарен на Networker, WIDNET Solutions и Monday за тоа што бевме извонредни партнери во
57
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
организирање на овој настан, а благодараност и до Бизнис Акцелераторот УКИМ, СН Финансии и Марко Миленковиќ, кои заедно со Networker и WIDNET Solutions станаа ангел инвеститори на најдобрите 5 стартап идеи. Успеавме!“ беа зборовите на Мирослав Драганов, дел од главните судии. Драганов е инаку еден од основачите на компанијата WIDNET Solutions, чија примарна дејност е компјутерско програмирање на веб продукти и нејзиното прво уникатно софтверско решение е портал за ефикасно менаџирање со човечките ресурси. WIDNET Solutions беше еден од главните партнери во подготовката и спроведувањето на настанот Longest Pitch Marathon. Она што го постигна овој настан и што секако претставува негова најголема вредност е изместувањето на вкоренетиот начин на размислување на
овдешниот човек од "убаво кажано, но никогаш направено" во "добро направеното е подобро од добро кажаното". Успешноста на настанот нè обврзува да продолжиме во насока на правење на невозможното – возможно, е размислувањето на Марко Миленковиќ - дел од главните судии и инвеститор. „Пресреќен сум што бев судија и дел од рушење на Гинисовиот рекорд за најдолг pitch маратон! Ова е огромен успех за македонската стартап заедница! Огромен број идеи, ентузијастични тимови и неколку реални бизниси кои добија funding - беа продукт на она што Сања и целиот тим успеаа да го спремат и реализираат за неколку месеци!“, истакна Никола Велковски од Howitzer.
Наградените стартап идеи добија по 25.000 евра
Од Акцелератор УКИМ посочија дека ова е одлична можност да се
здружат силите со комплементарни инвеститори од екосистемот за стартапи и иновации со цел да се мобилизираат 150.000 евра и да се инвестира 25.000 евра за секоја од 5-те најнапредни стартап идеи и дополнително да се поддржи нивниот раст со континуирана менторска поддршка, пристап до пазар и пристап до следните инвестиции. Александар Стамболиев, извршен директор и ко-основач на Акцелераторот УКИМ изјави дека ова било „извонредна можност да запознаеме 60 високо мотивирани тимови кои ги претставија иновативни и алтернативни решенија за различни бизнис и општествени проблеми.“ „Ова не’ охрабри и во иднина да посветуваме особено внимание на иноваторите чија што идеја е во рана фаза на развој, се со цел да им ја дадеме неопходната поддршка. Во таа насока сакам да напомнам дека улогата на акцелераторите во екосистемот во
10 ЈУНИ 2022
58
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
STARTUP
Пет најдобри идеи од стартапите коишто презентираа на маратонот добија инвестиција од 25 000 евра, а уште 5 други идеи продолжуваат во фаза на разгледување, велат од организаторот.
Сертификатот од Гинисовата книга на рекорди, како потврда дека и официјално најдолгиот бизнис – pitch маратон во светот одржан досега, е токму во Скопје, организиран од Networker Club LLC.
развој за стартапи и иновации е клучна бидејќи ги поврзуваме талентите со финансирањето, пазарните можности со идеите засновани на технологијата и ги поддржуваме иноваторите да се прошират на глобално ниво. Континуираното подобрување на деловните вештини на талентите за иновации е единствениот начин да се трансформираат нивните идеи во профитабилен бизнис. На иноваторите и на младите стартапи им треба безбедно место за обиди и грешки, каде што ќе бидат истиснати од нивната комфорна зона за да учат од своите врсници и ментори и да ја потврдат реалната потреба од нивниот производ или услуга. Тоа е основната улога на Акцелераторот УКИМ која ја има во екосистемот за стартапи, да обезбедува пристап до знаење и финансии за развој на
вашиот иновативен производ или услуга.“, истакна Стамболиев. Нина Атанасовска, Финансиски директор на Акцелератор УКИМ: „Беше голема чест и привилегија да се учествува во една ваква иницијатива како инвеститор и судија и да се изберат најдобрите 10 идеи кои ќе се комерцијализираат. Честитки до сите тимови коишто придонесоа за развој на претприемачкиот дух во земјава, а најмногу до победниците коишто со нетрпение чекаме да ги поддржиме во исполнувањето на нивниот пазарен потенцијал.“ Покрај Нетворкер, поддржувачи на овој настан се: Monday Digital Agency, Widnet Solutions, AIESEC, Junus Centre at Faculty of Economics- Skopje, Macedonian Business Angels, Pikon Opus Investment, Startup Macedonia и уште многу други ентузијасти. nnn
10 ЈУНИ 2022
60 ЛИДЕРСТВО
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
РЕКОА ЗА ...
ПРЕЗЕМАЊЕТО РИЗИЦИ Ако за нешто сметате дека е навистина важно за вас и човештвото, дури и сите изгледи да се минимални и сè да е против вас, сепак треба да го направите.
ИЛОН МАСК
основач на Paypal и Tesla Motors.
АРИЈАНА ХАФИНГТОН основач на Huffington Post.
Треба да го прифатиме фактот дека нема секогаш да носиме правилни одлуки, понекогаш ќе ја утнеме работата колосално. Мора да сфатиме дека неуспехот не е спротивно нешто од успехот, туку е дел од него.
61
10 ЈУНИ 2022
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
Никој не може да биде вистински среќен или да ги постигне своите највисоки цели, доколку не преземе некаков ризик понекогаш. Ризик преземаме во многу ситуации во животот – од првиот чекор што го правиме кон остварување на нашите соништа, па до непријатниот разговор што можеби треба да го направиме со некој соработник. Ризик е кога вртиме нова страница во приватниот живот или кариерата, но ризик е и кога не преземаме ништо, седејќи во некаква си комфорна зона. Всушност, речиси секое решавање на проблем, или пак некаква иновација, си носи помал или поголем ризик. Но, без преземање ризик, нема никогаш да знаеме за што сè сме способни, туку ќе се предадеме на стравот, сомнежот и несигурноста.
Не треба да се фокусирате на тоа зошто не може нешто да направите, како што прават повеќето луѓе. Треба да се фокусирате на „а, што ако успее“ моментот, и да бидете исклучок од мнозинството.
Кога престануваме да преземаме ризици, ние престануваме да го живееме животот.
СТИВ КЕЈС
ко-основач на AOL
РОБИН ШАРМА
писател и мотивациски говорник
Преземај ризици: ако успееш, ќе бидеш среќен; ако не успееш, ќе бидеш мудар.
Проблемот со многу луѓе е што не сакаат да преземат ризик, да ризикуваат да бидат свои.
ЏОРЏО АРМАНИ моден креатор
СВАМИ ВИВЕКАНАНДА индиски филозоф и автор
Бродот закотвен во пристаниште е најбезбеден, но бродовите не се за тоа створени.
Големата љубов и големите достигнувања вклучуваат големи ризици.
ВИЛИЈАМ ШЕД американски теолог
ДАЛАЈ ЛАМА
тибетски духовен лидер
Секогаш го правам тоа што не можам да го правам, со цел да научам како да го направам всушност.
Сè е ризик, ако сакате гаранција за нешто, тогаш купете си тостер.
ПАБЛО ПИКАСО сликар
КЛИНТ ИСТВУД
актер, режисер и продуцент
10 ЈУНИ 2022
62 КАРИЕРИ
KAPITAL.MK I БРОЈ 1128
СТЕ БИЛЕ “ДЕТЕТО ШТО ВЕТУВА“, НО...
5 ПРИЧИНИ ЗОШТО ПАМЕТНИ И ВРЕДНИ ЛУЃЕ НЕ ПОСТИГНУВААТ ЗНАЧАЕН УСПЕХ
Не запознавате нови луѓе.
Најлесно е да се држите до луѓето што ги знаете долго време. Си ги знаете своите животни приказни и може да се смеете заедно на интерните шеги и сл. Проблемот со старите пријателства е што истите идеи, истите соништа или страсти се рециклираат постојано, и не сте во можност да си отворите нови перспективи надвор од вашиот меур. Веројатно е тешко одеднаш или за кратко време да запознавате многу нови луѓе, но почнете малку по малку. Зададете си лесно остварлива цел на почетокот, да речеме, да запознаете по една нова личност неделно.
Имате отпор кон промени.
Ако се наоѓате долго време во иста средина, многу потешко ќе се прилагодите на нешто ново. Добрата вест за вас е што промената отвора пат кон нови можности и иновации. Наместо да давате отпор кон промените, гледајте како да го извлечете најдоброто од нив. Можеби ќе налетате на некоја “дупка“ во пазарот што треба да се затвори или пак ќе ви се отвори нова перспектива за вашата иднина и понатамошен развој. Бидете отворени за нови концепти и љубопитни за нов свет околу вас.
Не сакате да ризикувате.
Паметните луѓе често одбираат сигурна варијанта во животот. Ја избираат истата професија како своите родители или врсници, или пак одбираат кариера што се смета за адекватна во нивната средина. Иако ова гарантира некаков степен на сигурност, може да биде многу здодевно. Многупати слушаме од паметни луѓе како се жалат дека нивната работа не ги исполнува и дека сакаат нешто друго да пробаат, но се плашат. Ако се двоумите околу тоа дали да нагазите во непознато, помислете си каков би бил вашиот живот после години и децении доколку не преземете никаков ризичен чекор. Дали ќе жалите за тоа, или ќе бидете среќни со својата одлука?
Има многу фактори што влијаат на постигнувањето успех, без оглед дали успехот значи добра кариера, одлични врски со луѓето, или пак одлично здравје. Да, паметта е дел од тоа, како и работливоста. Но, има и нешто повеќе од само овие две компоненти на успехот. Со помош на entrepreneur. com ви посочуваме пет можни причини зошто не можете да постигнете успех, и покрај тоа што сте паметни и вредни.
Верувате дека
Постојано се занесувате по
Сигурно сте слушнале луѓе или самите сте го мислеле тоа, дека заслужувате нешто затоа што сте интелигентни или имате добро образование и сл. Очекувате успехот да биде неизбежен за вас, благодарение на вашиот бекграунд, квалификации, итн. За жал, реалноста не функционира така. Во суровиот и студен свет, не постигнувате успех поради сопствениот потенцијал. Резултати се добиваат врз основа на комбинација од неколку фактори: напорна работа, стратешко размислување, и малку среќа. Ова последново може да го зголемите ако ги усовршите првите два.
Она што го имаат заедничко сите успешни луѓе е тоа што мразат да губат време. Паметните луѓе се премногу свесни за скапоценоста на своето време, затоа што времето и напорот потрошени на една работа, би можеле да значат потенцијално пропуштање на нешто друго. Од една страна тоа е добра особина, но може да значи и дека ќе се залетувате по секоја потенцијално добра прилика, не завршувајќи ги работите до крај од претходната. Да се почне било каков нов потфат или бизнис авантура е тешко, и надминувањето на пречките по патот бара трпение. Фокусирање на една цел носи многу подобри резултати на долг рок одошто да се скока од една на друга работа, па да ви здодее и таа последната, па да се бара нешто ново постојано.
заслужувате успех врз основа на вашиот бекграунд.
што и да е возбудливо во моментот.
ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ
www.stb.com.mk
ЖИВОТОТ СЕ СЛУЧУВА СЕГА!
НЕ ЧЕКАЈ. АПЛИЦИРАЈ СЕГА! • • • •
5,30% фиксна каматна стапка за првите 2 години за кредити со животно осигурување 5,50% фиксна каматна стапка за првите 2 години за кредити со осигурување од незгода БЕЗ административни трошоци Бесплатно домаќинско осигурување за 1 година
Промотивната понуда трае до 30.6.2022 Аплицирање 24/7 на:
(02) 15110 или
www.alokredit.mk
*Пример (април 2022) За клиенти со плата во Стопанска банка АД – Скопје за кредит од 400.000,00 денари, со осигурување од незгода со годишен трошок од 600,00 денари и со рок на отплата од 10 години, каматната стапка за првите 2 години изнесува 5,50% по што ќе се применува променлива каматна стапка која во моментов изнесува 7,43%. Ратата за првите две години изнесува 4.341,00 денари, додека ратата за останатиот период изнесува 4.661,00 денари (СВТ изнесува 7,20%). За кредит со животно осигурување со еднократен трошок за премија за осигурување од 10.679,00 денари кој при реализација се наплаќа од износот на кредит каматната стапка за првите две години изнесува 5,30%, по што ќе се применува променлива каматна стапка која во моментов изнесува 7,43%. Ратата за првите две години изнесува 4.302,00 денари, додека ратата за останатиот период изнесува 4.653,00 денари (СВТ изнесува 7,48%). Редовните административни трошоци изнесуваат 0% од износот на одобрениот кредит. Апликативните трошоци се наплаќаат еднократно и изнесуваат 600,00 денари. За кредити повисоки од 610.000,00 денари, клиентот треба договорот за кредит да го завери на нотар, за што следуваат и нотарски трошоци, во зависност од износот на кредит. За начинот на отплата на кредитот, трошоците и за сите други информации, вклучително и примери за клиенти што не се приматели на плата во СБ, информирајте се на нашата веб-страница www.stb.com.mk или во филијалите на Банката.
KHAKI NAVY SCUBA AUTOMATIC SWISS MADE
HAMILTONWATCH.COM