1130- Kapital magazin

Page 1

IN MEMORIAM: ПРОФ. Д-Р МЕТОДИ ЧЕПРЕГАНОВ ПРИМИТИВНОСТА, ИНАЕТОТ И СУЕТАТА СЕ ГЛАВНИ КОЧНИЧАРИ НА ПРОГРЕСОТ ВО ЕДНА ДРЖАВА business magazine

БРОЈ 1130 l 15 јули 2022 петок година 22 l цена 200 ден.

INTERVIEW

СНЕЖАНА ХРИСТОВА, ИРЕНА СТОЈМЕНОВСКА И МАРЈАНА ВАНЕВА

ПРОФЕСОРКИ И ДЕКАНКИ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ - СКОПЈЕ

ПРОГРЕСИВНИ И ХРАБРИ, ПОСВЕТЕНИ НА СВОИТЕ СТУДЕНТИ

COVER STORY

КРАЈ НА ЕРАТА НА ЕВТИНИ ПАРИ, ПОЧЕТОК НА НОВ ЦИКЛУС НА РЕЦЕСИЈА



3

КАПИТАЛ... 1130

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

26

14

06

ЕКОНОМИЈА

ИНТЕРВЈУ

COVER STORY

Снежана Христова, Ирена Стојменовска и Марјана Ванева

Каматните стапки ќе продолжат да растат Крај на ерата на евтини пари, почеток на нов циклус на рецесија

15 ЈУЛИ 2022

Транзицијата почнува

професорки и деканки при Универзитетот Американ Колеџ - Скопје

Европскиот бизнис модел темелен на евтина руска енергија е готов

22

REAL ESTATE

Дали Скопје е зрел за свој “бизнис сити“?

Сериозни институционални инвеститори се интересираат за изградба на канцелариски простор во метрополата

44

30

СО АМЧАМ НА ТЕМА...

ПОЛИТИКА

По падот на британскиот премиер

Токсичноста на Борис Џонсон ничија репутација не можеше да го преживее контактот со премиерот

COVER STORY Каматните стапки ќе продолжат да растат................................................................06 Крај на ерата на евтини пари, почеток на нов циклус на рецесија ИНТЕРВЈУ Снежана Христова, Ирена Стојменовска и Марјана Ванева професорки и деканки при Универзитетот Американ Колеџ - Скопје.............................................14

Прогресивни и храбри, посветени на своите студенти REAL ESTATE Дали Скопје е зрел за свој “бизнис сити“?..................................................22 Сериозни институционални инвеститори се интересираат за изградба на канцелариски простор во метрополата

48

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

ИНТЕРВЈУ

Горан Бабушку

одговорен за развојот на концептот на паметен град во Стонингтон, Мелбурн, Австралија

Технологијата не ги прави паметните градови, туку луѓето

ЕКОНОМИЈА Транзицијата почнува................................26 Европскиот бизнис модел темелен на евтина руска енергија е готов ПОЛИТИКА По падот на британскиот премиер...................................................................30 Токсичноста на Борис Џонсон - ничија репутација не можеше да го преживее контактот со премиерот IN MEMORIAM Проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар – епилептолог........36 Примитивноста, инаетот и суетата се главни кочничари на прогресот во една држава Со АмЧам на тема... ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување...........................44

ИНТЕРВЈУ Горан Бабушку, одговорен за развојот на концептот на паметен град во Стонингтон, Мелбурн, Австралија..................................................48

Технологијата не ги прави паметните градови, туку луѓето ФИНАНСИИ Нова финтек услуга на македонскиот пазар....................................54 Лансирана е p2p.mk – онлајн платформа која ве поврзува со инвеститорите РЕКОА ЗА... Банките....................................................................58 ВРАБОТУВАЊЕ Младите и работодавачите бараа решенија на јавна дебата на ИДУЕП..60 Како до професии на иднината кои ќе ги задржат младите во земјава?

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков  Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 14.07.2022 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија


15 ЈУЛИ 2022

4 ВО ФОКУС

Фото кредит: NASA, ESA, CSA, STScl

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ЧОВЕШТВОТО „НУРНА“ ВО ВСЕЛЕНАТА 13 МИЛИЈАРДИ ГОДИНИ НАЗАД ВО ВРЕМЕТО

Д

Деновиве беше објавена првата слика во боја направена од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ и навистина е фасцинантна. Научниците објавија дека тоа е најдлабокиот, најдетален инфрацрвен приказ на вселената досега, којшто содржи светлина од галаксии на којашто ѝ требале многу милијарди години за да стигне до Земјата. Фотографијата што е пред вас почитувани читатели, прикажува неверојатна снимка на длабоката вселена која оди наназад во времето повеќе од 13 милијарди години. Некои од овие далечни галаксии и ѕвездени

јата никогаш претходно не се видени. „Џејмс Веб“ е телескоп вреден 10 милијарди долари и може да „нурне“ во атмосферата на егзопланетите и да набљудува некои од најстарите галаксии во вселената користејќи систем на леќи, филтри и призми за откривање на сигнали во инфрацрвениот спектар, којшто е невидлив за човечкото око. Развојот на овој телескоп почна уште кон средината на 1990-те и конечно беше лансиран во вселената во декември, 2021. Тој е најмоќен телескоп испратен во вселената досега, практично наследник на фамозниот „Хабл“. nnn


KHAKI NAVY SCUBA AUTOMATIC SWISS MADE

HAMILTONWATCH.COM


6 COVER STORY 15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

COVER STORY

КРАЈ НА ЕРАТА НА ЕВТИНИ ПАРИ, ПОЧЕТОК НА НОВ ЦИКЛУС НА РЕЦЕСИЈА Економистите ширум светот се повеќе се убедени дека Европа и САД ќе влезат во период на рецесија најдоцна до 2023 година. Експертите од двете страни на Атлантикот станаа поголеми песимисти по одлуката на Федералните резерви и Европската централна банка да ги зголемат каматните стапки и да стават крај на ерата на евтини пари. Растот на каматните стапки на меѓународните пазари несомнено го комплицираат и планот на земјава да обезбеди пари преку задолжување и дома, но особено во странство.


КАМАТНИТЕ СТАПКИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА РАСТАТ

7

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130


15 ЈУЛИ 2022

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Економистите сметаат дека ризиците од рецесија се највисоки во Европа, каде што растот на трошоците за живот предизвикан од инфлацијата е поврзан со можниот недостиг на гас. Ако Русија целосно го прекине снабдувањето со гас за ЕУ, рецесијата во еврозоната ќе стане новиот голем проблем за германската економија која ќе биде особено тешко погодена. А тоа веќе станува исклучително загрижувачко и за нашата економија, која над 80% од се што извезува го продава на европскиот пазар, од кои дури половина само во Германија.

автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

Е

кономистите ширум светот се повеќе се убедени дека Европа и САД ќе влезат во период на рецесија најдоцна до 2023 година. Експертите од двете страни на Атлантикот станаа поголеми песимисти по одлуката на Федералните резерви и Европската централна банка да ги зголемат каматните стапки и да стават крај на ерата на евтини пари. ФЕД донесе одлука невидена од 1994 година да ја зголеми својата каматна стапка за 75 базични поени за да се спротивстави на зголемената инфлација, додека пак ЕЦБ ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени со најава тоа да го стори уште еднаш во септември. Загрижувачки за Европа е зголемената неизвесност за снабдувањето со гас, што навестува тешка зима. Сето ова ги натера економистите да

веруваат дека рамнотежата сега е нарушена и повеќе се „наклонува“ во корист на економска контракција следната година во САД и Европа. Она што претходно беше зголемен ризик сега стана основно сценарио опција. Голдман Сакс го удвои ризикот САД да влезат во рецесија оваа година од 15% на 30%, со веројатност да се зголеми на 48% за следната година. Глобалната економска перспектива станува сè понегативна откако руската инвазија на Украина во февруари ги зголеми цените на енергијата и храната. Поради тоа ФЕД и ЕЦБ ги зголемија каматните стапки за повеќе од очекувањата на пазарот, а тоа им покажа на економистите дека централните банки се подготвени да сторат сè за да ја спречат инфлацијата, дури и ако тоа значи влегување во рецесија. Според некои економисти, сликата на инфлацијата во блиска иднина „не изгледа добро“, што значи дека централната банка можеби ќе треба да ги зголеми стапките уште поагресивно отколку што се

очекува во моментов. Но, дали растот на каматите ја туркаат еврозоната и во нова должничка криза? Задолжената Италија сега мора да плати 1,9 процентни поени повеќе од Германија за 10-годишните обврзници, што е речиси двојно повеќе од приносот од почетокот на 2021 година. Трошоците за позајмување за Шпанија, Португалија, па дури и Франција, исто така, нагло растат - а приносите беа дури и уште повисоки, пред да вети Европската централна банка во средината на јуни дека ќе им помогне на задолжените јужни членови на еврозоната. Исто како и во кошмарите од 2012 година, ЕЦБ работи на план за купување обврзници за да ги спречи слабите земји да тргнат кон банкрот. Повторувајќи го ветувањето на Марио Драги дека ќе стори „се што е потребно“ за да ја спаси еврозоната, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард на 20 јуни предупреди дека секој што се сомнева во решителноста на


9

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

централната банка „прави голема грешка“. Ветувањата на ЕЦБ засега треба најдат компромис помеѓу запирање на инфлаторната спирала, но и да избегнат криза. Сепак, на долг рок, потпирањето на централната банка за да ги подмири долговите на владите на еврозоната ја прави валутната унија исклучително кревка. Откако потроши 2 илјади милијарди евра за поддршка на своите економии за време на пандемијата, Европа сега е позадолжена од пред една деценија. Италија, третата по големина економија во блокот, има огромни нето долгови во вредност од речиси 140% од нејзиниот БДП, во споредба со 108% на почетокот на претходната евро - криза во 2010 година. Билансот на Франција изгледа речиси подеднакво сомнителен како и италијанскиот по глобалната финансиска криза. Високата инфлација донекаде ќе го олесни товарот оваа година. Но, како што ЕЦБ почнува да ги зголемува

каматните стапки за да ја намали инфлацијата, трошоците за сервисирање на долгот ќе се зголемат. Сепак, потребно е време за високите каматни стапки да имаат видливо влијание врз буџетите на земјите - заостанатиот долг на Италија има просечен преостанат рок за отплата од речиси осум години. Одложувањето и дава време на ЕЦБ да избегне криза во која стравувањата од неплаќање ќе стануваат неизбежни, зголемувајќи ги трошоците за задолжување. Инвеститорите очекуваат ЕЦБ да ги зголеми каматните стапки на 2% до крајот на годината. Како резултат на тоа, дури и стабилната Германија, која по дефиниција плаќа нула принос, сега плаќа 1,8% на десетгодишен заем, во споредба со негативните -0,5% од пред една година. Економистите, исто така, остро ги намалија своите изгледи за 2023 година за економијата на еврозоната, Велика Британија и

ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА

осум други земји следени од Consensus Economics. Тие сметаат дека ризиците од рецесија се највисоки во Европа, каде што растот на трошоците за живот предизвикан од инфлацијата е поврзан со можниот недостиг на гас. Испораките на гас за Европа станаа понеизвесни по одлуката на Русија да го намали протокот во многу земји. Нарушувањата на синџирот на снабдување што произлегуваат од кинеската политика на нулта толеранција за Ковид продолжуваат да влијаат на изгледите за раст. Меѓународната агенција за енергија оваа недела предупреди дека Европа мора веднаш да се подготви за целосно прекинување на извозот на руски гас оваа зима. Ако Русија целосно го прекине снабдувањето со гас за ЕУ, рецесијата во еврозоната ќе стане новиот голем проблем за германската економија која ќе биде особено тешко погодена. А тоа веќе станува исклучително загрижувачко и за нашата

“ПЛАЌАЈ СО СТИЛ И ДОБИЈ АВТОМОБИЛ!” УНИБанка заедно со Mastercard® во период од 01.06.2022

– 31.08.2022

година ја наградува довербата на корисниците со доделување на вредни

награди. Секоја трансакција од минимум 1000 денари ти носи можност за учество: со ДЕБИТНА картичка: ЕДНА шанса со КРЕДИТНА картичка ДВОЈНА шанса

1x

3x

5x


15 ЈУЛИ 2022

10 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Многу влади ќе мора да прибегнат кон задолжување за да го надминат овој тежок период. Земјите што можат ќе прибегнат кон домашно задолжување во случај надворешното да стане многу скапо, па дури и забрането или тешко, а во исто време јавниот долг како удел во БДП се зголеми, за овој регион проценуваме дека е зголемен уште 10% од БДП во просек последните 3-4 години и тоа е нешто што треба да се внимава, велат од Светска банка. економија, која над 80% од се што извезува го продава на европскиот пазар, од кои дури половина само во Германија.

Се комплицира и нашето задолжување

Растот на каматните стапки на меѓународните пазари несомнено го комплицираат и планот на земјава да обезбеди пари преку задолжување и дома, но особено во странство. Според најновиот Дополнет предлог ребаланс на буџетот што е во собраниска процедура, сумата за позајмување на пари на домашниот пазар останува иста, но значително се зголемува сумата што државата планира да ја обезбеди однадвор, а меѓу другото и преку издавање на еврообврзница. Вкупно, надворешното задолжување е зголемено од првичните 346 милиони евра, на дури 1,08 милијарди евра. Ова не значи дека сите пари се планира да се потрошат односно за толку да се зголеми буџетскиот дефицит, туку Министерството за финансии објаснува дека планира да обезбеди пари како депозит на државната сметка и за следната година. Прашањето сега е колкава ќе биде цената на новите задолжувања во услови кога каматните стапки почнаа да растат. „Со оглед на актуелните економски и надворешно - политички состојби, оваа година поголем фокус ќе биде ставен на финансирање од меѓународните пазари. Ваквата определба ќе овозможи повеќе пари од домашниот банкарски сектор да бидат искористени во македонската економија, а дополнително, преку надворешните

извори за финансирање ќе се зголемат девизните резерви на државата“, пишува во Дополнетиот предлог буџет. За можното комплицирање на надворешното задолжување веќе предупредија меѓународните финансиски институции. „Гледаме зголемување на каматните стапки за надворешното задолжување, и загрижувачки е затоа што доаѓа во време на стеснување на фискалниот простор. Многу влади ќе мора да прибегнат кон задолжување за да го надминат овој тежок период. Земјите што можат ќе прибегнат кон домашно задолжување во случај надворешното да стане многу скапо, па дури и забрането или тешко, а во исто време јавниот долг како удел во БДП се зголеми, за овој регион проценуваме дека е зголемен уште 10% од БДП во просек последните 3-4 години и тоа е нешто што треба да се внимава. Нашата препорака е да се внимава при трошењето, и ако го финансирате буџетскиот дефицит, видете кои ви се опциите, ако финансирате развојни проекти осигурете дека тие навистина ќе донесат реални бенефити за крајните корисници, населението во земјата“, истакна неодамна Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка. Според последните податоци од Министерството за финансии, во рамки на домашното задолжување, кое е предвидено на ниво од 432 милиони евра превидено е задолжување на домашниот пазар на државни хартии од вредност и/или заем. Задолжувањето со државни хартии од вредност на домашниот пазар ќе биде со

истовремена отплата на државни обврзници во износ од 83 милиони евра, при што ќе се реализира максимален износ на нето задолжување преку државни хартии од вредност во износ од 350 милиони евра. Овие пари ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2022 година како и за делумно финансирање на 2023 година. Задолжувањето во странство се реализира преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции наменети за финансирање на одделни проекти како и задолжување заради финансирање на буџетскиот дефицит. „За финансирање на буџетскиот дефицит се предвидени средства од ММФ, како и средства од меѓународниот пазар на капитал преку издавање на должнички хартии од вредност. Притоа, во услови на енергетска криза, здравствена пандемија и војна во Украина, условите на меѓународните пазари на капитал се променливи и тешко предвидливи. Затоа, со цел да се обезбеди непречено финансирање на буџетските потреби, како и да се намалат ризиците за рефинансирање, оваа година во буџетот се става готовински бафер, којшто нема да биде потрошен во тековната година, односно истиот ќе обезбеди средства за претфинансирање на следната година“, објаснуваат од Министерството за финансии.

Фискалниот простор за реакција е намален

Трендот на пораст на каматните стапки почна и во земјава откако


ЗДРАВО свету!

Здравственото патничко осигурување на Триглав ги покрива неопходните трошоци за лекување од Covid-19. Повеќе инфо и онлајн полиса на triglav.mk

Дојде време за патување! Уживајте во секој миг.

Здравствено патничко осигурување


15 ЈУЛИ 2022

12 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Народната банка во неколку наврати ја зголеми основната камата до сегашните 2%. Истовремено, НБМ ги ревидираше и проценките за економската активност годинава, која се очекува дека ќе забави во однос на првичните очекувања и ќе порасне околу 2,9% споредено со лани, додека пак инфлацијата, на годишно ниво се очекува да биде околу 8,8%. Меѓутоа, од денешна перспектива ниту овие прогнози не делуваат стабилно и многу веројатно е дека ќе се менуваат надолу доколку се остварат лошите сценарија за нова рецесија во Европа. Македонските власти велат дека веќе преземаат таргетирани мерки за да ги ублажат последиците од овој феномен кај посиромашните граѓани, бидејќи пандемијата не остави голем фискален простор за масовни трошења како последните две години. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, вели дека „за да ја надминеме инфлаторната криза потребни се храбри и одговорни економски одлуки, кои нема да се водат од дневно - политичката агенда. Тие ќе се засноваат на економските закони, силна анализа и јасна цел – стабилизација, надминување на кризата и економски раст“. „По пандемијата, фискалниот простор за реакција е намален, особено за земјите во развој. Оттаму, при креирањето на фискалните политики мора да се земе предвид и овој момент, со оглед на растот на цената на пазарите на капитал кој се очекува. Фискални мерки треба да има во секој случај, но фискалниот одговор за време на пандемијата и во текот на оваа ценовна криза, во секој случај треба да се различни, бидејќи различна е и природата на кризата и тековните услови за финансирање и спроведување на мерките“, истакнува министерот за

Откако потроши 2 илјади милијарди евра за поддршка на своите економии за време на пандемијата, Европа сега е позадолжена од пред една деценија. Италија, третата по големина економија во блокот, има огромни нето долгови во вредност од речиси 140% од нејзиниот БДП, во споредба со 108% на почетокот на претходната евро - криза во 2010 година. Билансот на Франција изгледа речиси подеднакво сомнителен како и италијанскиот по глобалната финансиска криза. Високата инфлација донекаде ќе го олесни товарот оваа година. Но, како што ЕЦБ почнува да ги зголемува каматните стапки за да ја намали инфлацијата, трошоците за сервисирање на долгот ќе се зголемат. финансии. Тој, исто така, наведува дека иако нашата земја има силен социјален систем, сепак одлуката за обемен пакет на фискални мерки од почетокот на годината бил во насока на забавување на инфлаторната спирала, поради високото учество на храната и енергијата, што е и постигнато. Понатаму, како што најавува министерот, ќе се оди со таргетирани мерки и задржување на стабилноста на економијата, но се уште нема ништо од овие најави. „Со ребалансот на буџетот продолжуваме со мерки за поддршка на граѓаните и фирмите. Издвоени се резервни средства за

нови антикризни мерки. Издвоени се дополнителни средства за поддршка на земјоделците за раст на домашните приноси, за да на тој начин се амортизираат ефектите од високата цена на увозната храна. Издвоени се дополнителни средства за ранливите категории на граѓани и за раст на пензиите на пензионерите. Сите овие се таргетирани мерки, бидејќи од особено значење, покрај поддршката за надминување на кризата е да се одржи макроекономската стабилност. Само стабилна економија може да продуцира силен и одржлив економски раст“, истакнува министерот Бесими. nnn



INTERVIEW 14 INTERVIEW

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

СНЕЖАНА ХРИСТОВА, ИРЕНА СТОЈМЕНОВСКА МАРЈАНА ВАНЕВА ПРОФЕСОРКИ И ДЕКАНКИ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ

ПРОГРЕСИВНИ И ХРАБРИ, ПОСВЕТЕНИ НА СВОИТЕ СТУДЕНТИ


15

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Разговаравме со три дами, извонредни професионалци, секоја особена на свој начин, но заедно тимски придонесуваат во синергијата на Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што се професорки и деканки. За својот универзитет велат дека го издвојува култура што поттикнува извонредност, агилна академска средина која се карактеризира со иновативност во наставните процеси и фаворизира систем на применливи и конкурентни знаења.


15 ЈУЛИ 2022

16 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ПРОФ. Д-Р СНЕЖАНА ХРИСТОВА

ДЕКАНКА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕЛОВНА ЕКОНОМИЈА И ОРГАНИЗАЦИСКИ НАУКИ ПРИ УАКС

ВО ВАКОВ ДИНАМИЧЕН СВЕТ НАЈМОЌЕН ИМПЕРАТИВ Е ЗНАЕЊЕТО РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ XПрофесорке X Христова, што го издвојува ФДЕОН од останатите факултети за економија во земјата, кои се неговите предности и специфики? Модерни и прогресивни. Нè издвојува култура која поттикнува извонредност, агилна академска средина која се карактеризира со иновативност во наставните процеси и фаворизира систем на применливи и конкурентни знаења. Сериозно респектирани и во меѓународното окружување. Тоа сме ние. Така растеме. Нашиот примарен фокус е развојот на студентите. Со студентите сакаме да воспоставиме близок и хуман однос, создавајќи окружување во кое исклучително се култивира персонализиран пристап и поддршка која трае во текот на целото студирање. Тоа во пракса значи дека сеопфатно ги следиме нашите студенти - како интелектуално се развиваат, ја респектираме нивната индивидуалност, го откриваме потенцијалот за развој на секој студент поединечно. Нашата цел сме ја оствариле само ако имаме задоволни студенти. А токму нивното задоволство ја поттикнува нивната интелектуална самосвест и создава внатрешна мотивација, рефлектирајќи се врз нивниот успех и посветеност. Водејќи го факултетот во претходните години, апсолутно сум убедена дека ефектот од ваквиот пристап е навистина конструктивен и кај студентите создава можност за максимално искористување на нивните капацитети за учење и развој. На пример, имаме трансфер на студенти од други факултети кои се извонредни, но за жал не успеале да се изборат со


17

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

предизвиците во образовниот систем таков каков што е, имаат проблем да се фокусираат, заглавиле некаде или се навикнати на површно учење. Нивната трансформација е многу брза. Тие се прилагодуваат одлично на средината и за кратко време евидентен е нивниот напредок. Затоа сметам дека личното задоволство на студентот, чувството за слобода во комуникацијата со нас професорите, како и праксата за пренесување на применливи знаења и конкретни вештини, се клучни детерминанти за нивниот напредок. Денес во глобален контекст постојано се говори дека универзитетите треба да подготвуваат наставни програми кои одговараат на трендовите и потребите на пазарот на труд. Во услови кога информациите се достапни насекаде, за секого и во секое време, сметам дека основната детерминанта која влијае врз постигнатите резултати на образовните програми е токму начинот на пренесување на применливо знаење. Можете да имате супер модерни програми и инфраструктура, но да не успевате да канализирате применливи знаења. Тука сме апсолутно супериорни. Воспоставуваме однос со студентите кој го влече напред нивниот потенцијал. Како за илустрација, предавањата по менаџмент ми започнуваат со музика, потоа следи воведна студија на случај, а по презентирањето на теоретските концепти задолжително следува тимска задача да се реши некој реален проблем или сценарио. На ваков начин се создава амбиент на инволвираност, го задржувате вниманието на студентот и не дозволувате нивниот ангажман да остане незабележан. Ова го афирмира нивниот интелект и ги прави љубопитни. Тука доаѓа до израз тој хуман однос кој го споменав и ги поттикнува активно да учат. Така се развива нивната самодоверба и се гради самодисциплина во навиките за учење. XKој X е вашиот бенчмаркинг, како се споредувате во меѓународен контекст? Двете меѓународни акредитации, американската ACBSP и ACCA, како и двојната диплома во соработка со Универзитет Тор Вергата од Рим, го позиционираат Факултетот не само во локален контекст, туку и глобално како меѓународна образовна институција. Предностите од

меѓународните акредитации и интернационализацијата како наш стратешки приоритет се повеќекратни. Втора година по ред, нашите студенти учествуваат во меѓународното Перегрин тестирање. Тоа е платформа која го мери знаењето односно резултатите од учење во областите економија (макро-микро), менаџмент, маркетинг, финансии, бизнис стратегија и интеграција и сл. Во извештајот од оваа година, нашите студенти постигнаа резултат од приближно 69%, што по методологијата на Перегрин е на рангот од 96 перцентили и покажува дека нашите студенти се подобри од 96% од популацијата студенти кои поминале низ тестирањето. Ова е резултат кој е подобар од просечниот на другите акредитирани факултети. Ова е одличен екстерен бенчмаркинг кој ни помага да ги следиме најновите трендови во образованието и да се споредиме со други факултети во различни земји. Дава можност да се унапредува квалитетот на настава, затоа што е еден ефикасен систем кој е споредлив, признат на меѓународно ниво. Ние сме навистина охрабрени од постигнатите резултати. Ако се земе предвид дека кај нас образованието со соочува со длабоки проблеми и наместо да се унапредува, како да се уназадува, притоа имајќи многу ниска свест и знаење за неопходноста од компаративни и екстерни тестирања, ми се чини дека ние навистина многу сме постигнале. XКако X ги подучувате студентите на реалниот бизнис контекст? Што значи да се изучува светот на бизнисот денес? Живееме во ера на исклучително непредвидливи и динамични промени условени од екстерните егзогени фактори. Сé се случува со брзина на светлината и во која времето и просторот не претставуваат никаква бариера. Дигитализацијата направи револуција во сите сфери на општеството. Во еден ваков динамичен свет, во кој единствена константа е промената, првиот и најмоќен императив е секако знаењето, односно градењето способности. Оттаму е и потребата за континуирано образование и учење. Дистинктивните компетенции се тие кои создаваат додадена вредност во светот на бизнисот. За вториот императив добра илустрација е познатата Дарвинова мисла која вели“не

преживуваат најјаките видови, ниту најинтелигентните, туку оние кои се најприлагодливи на промените”. Заради комплексното и конкурентско окружување, успехот се повеќе се разбира како способност да ги прифатат промените и брзо да се прилагодат. За третиот императив, инспирацијата ја исцрпев од Питер Дракер, големиот менаџмент гуру, преку неговата парадигма за трансформација во општеството во претприемачка економија. Тоа не значи дека секој од студентите треба да биде претприемач и да основа бизнис. Тоа е начин на гледање на светот, да се видат можности онаму каде што другите гледаат пречки, да се преземаат ризици кога другите се повлекуваат. Тоа е еден “мајндсет” на љубопитност и креативност. XНа X кои животни лекции ги учите студентите? Почитта е број еден лекција во училница и треба да биде применета во сите животни предизвици. Најпрвин кон нивните родители, а потоа кон колегите и професорите. Особено е важна почитта кон себеси. Пред сè, младите треба да станат личности со високи етички и морални вредности. Соработката е важна. Се трудам да ги научам да развиваат високо ниво на толеранција и да бидат отворени за соработка. Да развиваат способност за емпатија како императив и вредна компетенција во управувањето со меѓучовечките односи. Отворената комуникација исто така е есенцијална компонента во секојдневниот живот и работа и помага значајно да се подобрат интерперсоналните вештини. Добро е еден млад човек да научи да биде добар менаџер на својот живот. Треба да знаат што сакаат да постигнат, да имаат отворен ум и бистар поглед кон иднината. И постојано да бараат нови начини за стекнување на нови знаење и вештини. Учењето никогаш не смее да престане. Конечно, да трагаат по извонредност. Често ги охрабрувам да имаат големи соништа. Глобалниот пазар на труд, денес бара извонредност, не признава ниту површност, ниту импровизации. Во една своја изрека, Елон Маск, по мене еден од најголемите визионери денес, го вели следново “Мислам дека е можно сите луѓе да изберат да бидат извонредни. Личностите кои имаат големи соништа можат да бидат извонредни”. nnn


15 ЈУЛИ 2022

18 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ПРОФ. Д-Р ИРЕНА СТОЈМЕНОВСКА

ДЕКАНКА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И ИНФОРМАТИКА ПРИ УАКС

ГИ МОТИВИРАМЕ СТУДЕНТИТЕ ДА РАЗМИСЛУВААТ НАДВОР ОД РАМКИТЕ XПрофесорке X Стојменовска, што го прави Вашиот факултет поинаков од конкуренцијата и што им нуди на студентите? Универзитетот Американ Колеџ е генерално поинаков во однос на повеќе параметри: организацијата, пристапот, академската ширина, интернационалноста на која конзистентно работиме и секако посветеноста за квалитетно образование на нашите студенти, како императив. Конкретно, Факултетот за компјутерска техника и информатика претставува единствен спој на етаблирани професори со богато универзитетско портфолио кои на студентите им ја даваат потребната академска структура, како и искусни експерти од практиката исклучително успешни во своите професии, кои со нашите студенти работат на современи, up to date технологии. Tука се и визитинг професорите од различни универзитети надвор од земјата, кои пак со своите предавања отвораат нови хоризонти, перспективи и можности. Сето ова е проткаено со љубовта кон професурата која ја негуваме на УАКС. Внимателно вградуваме теориско и практично знаење, негувајќи упорност и поттикнувајќи љубопитност и критичко мислење. Младите тоа знаат да го препознаат и да излезат од својата комфорна зона, доколку доволно ги мотивирате и ги инспирирате. XКоја X е предноста на академското учење компјутерски науки во споредба со алтернативното, во смисла на курсеви, туторијали и самоукост? Што значи Вашата диплома во денешниот бизнис контекст? Без оглед на тоа што живееме во време на брзи решенија на


19

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

секое ниво, во ниту еден случај не можеме да го споредуваме академското образование со погоре набројаните типови неформално стекнување знаења и вештини. Универзитетското образование дава длабочина и ширина, која потоа може да се надградува со различни курсеви и туторијали, но не и обратно. Темелот е сепак, најбитен. Кадрите кои ги профилираме на нашиот Факултет освен преку теориско, академско образование, учат и низ конкретни проекти и примери. Целиот Универзитет има единствена и препознатлива димензија која се состои во постојана работа со нашите студенти и нивно обликување, почнувајќи од ентузијазмот низ образовниот процес, па сè до иницирање нелинеарно размислување на повеќе нивоа, што дава еден комплетен производ, на што сме исклучително горди. XКако X се промени перцепцијата за образованието од аспект на дигитализацијата во текот на пандемијата? Какви се Вашите искуства? Од психолошки аспект, пандемијата беше навистина тешка, за сите. Од технички аспект, нашиот Факултет, како и сите единици на УАКС, повеќе од успешно почна со онлајн настава уште од самиот почеток на пандемијата. Слободно можам да кажам дека во тој сегмент бевме пионери во земјава, но и покрај тоа, би рекла дека флуидноста во енергијата кога студентите ги имате со физичко присуство е незаменлива, барем за сега. Несомнено е дека Вештачката Интелигенција (AI) ќе интерферира и во овој домен преземајќи улога на предавач, и ми се чини дека тоа е веќе прашање на време. Но, вистината е дека и тогаш ќе има многу непознати варијабли, а наша цел е студентите да ги подготвуваме за најразновидни сценарија. Во тој контекст, пораката која постојано ја испраќаме е да размислуваат надвор од рамките, да не се задоволуваат со просечност и храбро да прифаќаат нови предизвици. Имаме задача да ги спремиме за новата ера и овде не мислам само на нови технологии и дигитализацијата во сите сфери на живеење, туку на фактот дека светот од ден на ден станува сè поинаков и сè понеизвесен.

Токму затоа младите мора да имаат отворен ум, развиена способност за анализа и синтеза, како и желба за континуирано истражување, адаптирање, ревидирање, повторно учење... и сето тоа да го прават со жар, пасија и визија. XКаков X е Вашиот личен пристап кон студентите, како професор и како декан? Кога ќе поминете низ сите фази на академски звања, од помлад асистент до професор, веќе имате доволно искуство и слобода да им дадете максимум на своите студенти. Јас сум математичар, со страст кон теориската математика веќе децении наназад, а во себе носам големо богатство пренесено од моите професори. Работејќи на универзитети со различни култури, се стекнав со практики кои негуваат индивидуален пристап кон секој поединец и ги воочив неговите предности. Се обидувам со студентите да бидам непосредна и да ги заинтересирам за материјата, да ги испровоцирам, не само интелектуално, туку и суштински. Неретко им велам дека постојат само два универзални јазици, кои се совршени самите по себе – јазикот на математиката и јазикот на музиката. Дискутираме елеганција и едноставност во решенијата, која потоа се отсликува и во начинот на мислење, делување и живеење. Им ја укажувам убавината на математиката, која најчесто е перципирана како ригидна наука, а таа во својата есенција е голема уметност. Во математиката има и слобода и креација, во кодирањето исто така, всушност токму тука на сцена доаѓа она вистинското, правиот „мајсторлак”. За да се стигне до ова ниво и да се почувствува тој ексклузивитет, мора најнапред озбилно да се засукаат ракавите и најпрвин да се биде извонреден „калфа”. Прво добро да се обучиме теоретски и практично, да ја разбереме суштината и совладаме техниката, па дури потоа можеме да еволуираме и да бидеме и креатори. Ваквиот пристап ги насочува студентите да размислуваат поинаку, на математичките проблеми да им пристапуваат со помалку отпор, барајќи во нив убавина и софистицираност, па така придобивките се повеќедимензионални. Приврзаник сум на идејата

за доживотно учење и преиспитување, во различни облици и прилики. Конструктивност и почит кон личноста е однос кој се обидувам да го негувам и емитирам. XКои X се перспективите на студентите денес? Колкава е нивната вработливост, побарувачка и атрактивност на пазарот? Како котираат студентите на УАКС и конкретно на Вашиот факултет, локално и глобално? Експоненцијалниот раст на ИТ индустријата нуди неограничени можности и во неа навистина има место за секој, а посебно за нашите студенти екипирани со теориски знаења, практични умеења, но и со кодекс на професионална етика. Речиси немаме дипломирани студенти кои се невработени. Имаме студенти кои по дипломирањето веднаш продолжуваат со мастер студии, други пак завршуваат како ИТ поддршка во различни компании (банки, мобилни оператори, и сл.), а некои пак, на мое големо задоволство, се развиваат во одлични инженеридевелопери. Значителен број од дипломираните студенти најчесто се вработуваат во софтверски компании, а во последно време сè повеќе имаме случаи веднаш по дипломирањето студентите сами да основаат свој стартап, па потоа се доразвиваат и напредуваат низ работата. Имаме УАКС алумни насекаде и неизмерно сме задоволни кога нашите студенти ги продолжуваат своите студии на престижни универзитети во Европа и светот, или пак работат на сериозни проекти во мултинационални компании. Низ секоја генерација, Факултетот за компјутерска техника и информатика се обидува да профилира далеку повеќе од компетитивни софтверски инженери и професионалци од областа на компјутерските науки и информациските технологии. Наша мисија е да создадеме енергични млади креативци потковани со знаење и самодоверба, доволно спремни да делуваат нетривијално и да придонесат во технолошки развој на општеството, притоа задржувајќи го својот интегритет и својата човечност. Тоа за нас како Факултет и Универзитет би била впрочем и најголема награда. nnn


15 ЈУЛИ 2022

20 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ПРОФ. Д-Р МАРЈАНА ВАНЕВА

ДЕКАНКА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ ПРИ УАКС

НАСКОРО И БРИТАНСКА АКРЕДИТАЦИЈА ЗА НАШАТА МАГИСТЕРСКА ПРОГРАМА Професорке Ванева, по што се истакнува Вашиот факултет од останатите факултети за странски јазици во македонскиот образовен систем, што им нудите на студентите? Како дел од Универзитетот, Факултетот за странски јазици се стреми да ги исполни целите што си ги има поставено институцијата – да понуди квалитетно и меѓународно признато високо образование на домашни и странски студенти кои се решени да вложуваат во себе и во својата иднина. Квалитетот на оваа институција опфаќа неколку нивоа: 1) меѓународна американска акредитација, 2) студиски програми дизајнирани да го отсликуваат профилот на професијата и составени според барањата на пазарот; 3) странски гости-професори; 4) експерти од пракса кои доаѓаат од деловната заедница, а ги поврзуваат академијата и бизнис секторот; 5) домашни професори со богато наставно и научно-истражувачко искуство; 6) академска средина од домашни и странски студенти; 7) настава во мали групи; 8) гости-предавачи кои разменуваат искуства од својата област и ја поврзуваат теоријата од час со случувањата во професионалниот свет; 9) размена на студенти и професори преку програмите ЕРАЗМУС и ЦЕЕПУС, што го зголемува и истакнува интернационалниот карактер на Универзитетот; и 10) постојано висок степен на вработливост на нашите студенти, што е доказ за признавање на нашата диплома и неспорна примена на знаењето. Покрај академската работа, Вашите студенти се активни во проекти и поинаков тип активности, како што е на пример натпреварот во читање, или пак бројните учества во меѓународни проекти и размена на студенти. Кажете ни нешто повеќе за вашите програми и пристапот и методологијата за образување на студентите?

*Професорката Ванева е и истражувач на University of Surrey, Велика Британија; уредник и рецензент во SAGE, САД и уредник во Cambridge Scholars Publishing, Велика Британија.


21

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ФСЈ нуди студии на прв и на втор циклус: на прв циклус, во насоките Деловна комуникација и превод на англиски јазик, и Настава по англиски јазик а, во зависност од претходното образование, вториот циклус студии нуди специјалистички и магистерски степен на образование во Деловна комуникација и превод, и Настава по англиски јазик. Новина во вториот циклус е насоката по Креативно пишување, која е единствена во земјава и регионот. По примерот на светските универзитети, развивме програма која им нуди на нашите додипломци и сите идни постдипломци да ги развијат своите вештини за пишување на домашен универзитет. Американската акредитација на Преведувачката насока и добро етаблираната Наставна насока со внимателно структурираните наставни програми се дел од предностите поради кои студентите го избираат ФСЈ на УАКС. Покрај тоа, почнавме и процес за стекнување со британска акредитација за нашата магистерска програма по Настава на англиски јазик. Наш партнер ќе биде Колеџот Тринити од Лондон, кој ќе го верификува знаењето што нашите студенти ќе го добијат на УАКС со сертификат за предавање англиски јазик на слушатели на кои англискиот не им е мајчин јазик. На тој начин, со магистерски студии кај нас, студентите ќе добијат и диплома од УАКС, и сертификат од Колеџот Тринити во Лондон. Горди сме што ние ќе го воведеме овој реномиран центар во нашава земја и со тоа ќе додадеме уште една странска диплома за нашите студенти. Поврзувањето на студентите по англиска лингвистика од нашиот факултет со студенти од Универзитетот Кил во Велика Британија, кој е издвоен како еден од најдобрите универзитети и номиниран за универзитет на годината во 2020 година (Times Higher Education 2020 awards); натпреварот во читање што традиционално се одржува секоја година, негувајќи ја љубовта кон англиската и американската литература; поврзувањето со странски студенти во рамки на предметот Глобално разбирање, дел од проектот „Глобални партнери во образованието“со Универзитетот на Источна Каролина во САД, заедничката работа на лингвистички проекти со студенти од Русија и Полска, студиските престои на нашите студенти на странски универзитети, учеството на меѓународни конференции, изведувањето пракса во

преведувачки агенции во Германија и Белгија, волонтирање на студентите во училишта со помагање на наставниците и давање консултации по англиски јазик на ученици се само дел од активностите на ФСЈ кои им овозможуваат на студентите да го развиваат својот интерес и да се усовршуваат во тоа што е нивна определба. XКако X влијаеше пандемијата во процесот на учење? Како се адаптиравте тогаш, а како сега, во пост-Ковид ситуацијата? Среќни сме што на УАКС пандемијата воопшто не се одрази на образованиот процес. Благодарение на отвореноста кон сè што е ново и подготвеноста да се справи со предизвиците на новото време, од кои пандемијата беше (и, за жал, сè уште е) глобален, светски шок, универзитетот остана цврсто исправен. Управата на универзитетот реагираше брзо со воведување на процесот на дигитализација, па така, наставниците ги претворија своите предавања и вежби во електронски формат и без прекин, наставата се префрли од физичка во виртуелна училница. Во таа глобално збунувачка ситуација, горди сме што нашите студенти покажаа исклучителна зрелост и умешност да се справат со непознатото, задржувајќи ја одговорноста во исполнување на своите задачи и продолжувајќи да работат како и дотогаш. Уште повеќе, нивната свест за состојбата ги направи погрижливи кон другите, кога им нудеа безрезервна помош на сите околу нив. За среќа, само општиот страв од непознатото беше единственото што го обележа тој период. Ако во тој пандемиски период квалитетот на образовниот процес беше недопрен, постпандемискиот период е уште полесен. Наставата во физичка предавална им недостасуваше на сите и со воодушевување го пречекаа враќањето во зградата. Но, и дигиталните алатки останаа опција – нешто што ќе може да се комбинира со традиционалниот метод на работа, надевајќи се дека ќе ги користиме во наставата кога ќе сакаме, а не кога ќе мораме. XВашиот X факултет е специфичен и бидејќи покрај едукативен, тој има и интегративен карактер, односно директно ги воведува студентите во деловниот свет, преку т.н. Деловен Совет. Како изгледа тоа и што тоа реално значи за студентите? Деловниот Совет е многу главна алка во севкупниот образовен

процес и се состои од институции чија дејност е тесно поврзана со профилот на кадрите кои произлегуваат од ФСЈ. Бидејќи нашите дипломци се професори по англиски јазик и преведувачи, членки на нашиот Деловен Совет се образовни институции и преведувачки агенции од земјава и од странство. Во зависност од насоката што избираат да ја студираат, студентите се упатуваат на пракса во соодветната членка на Деловен Совет. Со тоа, тие добиваат можност да ја вкусат работата што ги очекува, и да се зацврстат на тој пат, или да ја променат насоката, но и да ги комбинираат двете. Во текот на тој практичен процес, студентите учат за работата, стекнуваат вештини кои се продолжение на знаењето претставено во училница, учат од практичарипрофесионалци, се вмрежуваат со свои колеги, се поврзуваат со луѓе со слични интереси со кои им се нуди можност понатаму да создадат трајни кариерни вредности. XШто X значи дипломата по странски јазик денес? Колку таа се вреднува и колку се барани Вашите кадри? Да се знае странски јазик е богатство за секој поединец. Се разбира, духовно богатство, кога секој поединец што знае јазик има неколку предности: на практично, комуникациско ниво - во нова средина, во која не се зборува неговиот мајчин јазик, странскиот јазик е многу практичен медиум за разбирање и комуникација; на когнитивно ниво – учењето и зборувањето друг јазик ги изложува луѓето на нови ситуации, ги прави поснаодливи и умствено активни; и, најважната придобивка за нашите англисти, лингвистичкото ниво – учење на зборовните форми и на реченичната структура и запознавање со англо-саксонската историја и култура. Податокот дека наши дипломци се вработуваат уште во текот на првиот циклус студии, дека се сите вработени веднаш по дипломирањето и дека со продолжување на образованието добиваат само подобри работни места и повисоки позиции ни кажува дека е добро тоа што го правиме, и ни дава поттик да се подобруваме и за нас самите, и за нашите студенти. Свесни сме дека ја носиме обврската да бидеме пример за квалитетно образование бидејќи студентите го очекуваат тоа од нас, и среќни сме што УАКС е една успешна приказна која трае речиси седумнаесет години! nnn


15 ЈУЛИ 2022

22 REAL ESTATE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ДАЛИ СКОПЈЕ Е ЗРЕЛ ЗА СВОЈ “БИЗНИС СИТИ“?

СЕРИОЗНИ ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ИНТЕРЕСИРААТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОМЕРЦИЈАЛНИ НЕДВИЖНИНИ ВО МАКЕДОНИЈА Бизнис консултантите од ФортонМКА со коишто разговаравме сметаат дека на Скопје му недостига посебен дел, т.н. „бизнис сити“ по урнекот на Белград, Софија или Загреб ако се задржиме на регионов. Добрата вест е што последниве месеци во земјава за првпат доаѓаат меѓународни институционални инвеститори, со завидно портфолио на комерцијален недвижен имот (без вклучен сегмент домување) кој што го имаат во своја сопственост и управуваат со истиот, а се веќе присутни во регионот.


23

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

И она што нè радува, еве во оваа прилика и ексклузивно може да откриеме за Вашите читатели, е дека последниве месеци во земјава за првпат доаѓаат меѓународни институционални инвеститори, со завидно портфолио на комерцијален недвижен имот што го имаат во своја сопственост и управуваат со истиот, а се веќе присутни во регионот. На пример, една од тие компании во нашето поблиско окружување има под себе недвижнини во вредност од над една милијарда евра, откриваат за Капитал моите соговорници на темава. автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

И

ако во Скопје последниве десетина години се забележа своевиден подем на изградба на квалитетен деловен простор, следна фаза од развојот на комерцијалните недвижнини би бил еден посебен дел, т.н. “бизнис сити (анг.business city)”, каде што ќе бидат концентрирани неколку поголеми згради исклучиво наменети за бизнис активности во канцелариски простор, или „офис спејс (анг.office space)”. Тој бизнис сити може да биде малку подалеку од строгиот центар на градот, по урнекот на она што го гледаме во Белград, Загреб, Софија, ако се задржиме само во регионот, велат од од ФортонМКА, консултантска компанија за недвижности. „Освен неколкуте индивидуални згради лоцирани во центарот на Скопје, со околу 8.000 м2 простор за под закуп во секоја, следниот чекор во развивањето на сегментот канцелариски простор го гледаме во ‘бизнис сити’. Овие помали, т.н. mid size проекти ќе постојат и понатаму, но најголемиот фокус на инвеститорите според нас, треба да биде ‘бизнис сити’. Ова


15 ЈУЛИ 2022

24 REAL ESTATE

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

КАНЦЕЛАРИСКИОТ ПРОСТОР НИЗ БРОЈКИ

336.760 м2

13 евра/м2

Канцелариски простор во Скопје

Премиум закупнини (А класа бизнис центри)

12,0%

32.200 м2

Слободен простор

Во изградба

Извор: Анализа на ФортонМКА

се однесува на специјализиран проект, при чие планирање би се замале предвид специфичните технички и содржински потреби на компаниите, посебно од ИТ секторот. Предизвикот е повеќеслоен, со тоа што освен содржински, треба да се постигне и атрактивна закупнина. Затоа ваквиот програм, поставен надвор од централната бизнис зона (CBD Central Business District), димензиониран внимателно согласно пазарните трендови и предвидувањата на среден рок (околу 5 години) подразбира соодветна транспортна инфраструктура, како и примена на меѓународни стандарди за изградба на А класа на бизнис центри“, објаснува Катарина Николов, оперативен директор на ФортонМКА. Квалитетен работен простор, по највисоки стандарди, со сите удобности што ги пружа на вработените, станува се’ повеќе битен фактор за привлекување на кадар, процес што е сериозен предизвик за македонските работодавци во последно време.

„Освен ИТ секторот, се појавуваат и други комплементарни дејности, или пак сосема нови бизнис сегменти коишто ќе бидат заинтересирани за квалитетен канцелариски простор. На пример, последниве години видлив е подемот на call центрите коишто најчесто бараат голем простор, затоа што вработуваат и по неколку стотини луѓе“, додава Дарко Костадинов, консултант во компанијата . Според моите соговорници многу мал број бизнис центри во Скопје ги исполнуваат меѓународните критериуми и дефиниции за „класа А„. „Македонската класификација за класа А бизнис центар претставува систем на критериуми прилагодени согласно локалниот пазар. Затоа гледаме простор за развој на повеќе нивоа: технички, содржински, ценовно, големина на проект, креирање на Signature project – Носител на новини“, велат тие.

Клиентите бараат флексибилен канцелариски простор

Олга Дервенџи, менаџер за бизнис развој, се надоврзува со констатацијата дека се’ повеќе компании досега сместени во постарите деловни центри во Скопје бараат канцелариски простор на премиум локации или локации со лесен пристап до градската инфраструктура. „Се преферира флексибилен простор кој може да се приспособува според потребите на клиентите, со обезбедени доволен број на паркинг места, за што генерално се претпочитаат деловни згради, односно современи бизнис центри од класата А “, објаснува Дервенџи. Од ФортонМКА неодамна одржаа и презентација на својата анализа на пазарот за недвижности во 2021 година и трендовите за годинава, каде што во делот на канцеларискиот простор истакнаа дека ИТ компаниите со најголема застапеност од 36% учествуваат во вкупно изнајмениот канцелариски простор. Воедно, побарувањата за најголеми површини по компанија доаѓаат исто така од ИТ индустријата. Поради постојаното


25

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

МАЛОПРОДАЖНИОТ ПРОСТОР НИЗ БРОЈКИ

247 м2

Вкупна малопродажна површина на 1.000 жители, трговски центри Скопје (пр. Белград 322, Софија 324, Загреб 650, Љубљана 662)

132.026 м2

Вкупна организирана трговска површина, трговски центри

проширување, овие компании закупуваат површина која е одраз на предвидениот повеќегодишен раст. Исто така, анализата вели дека 80% од вкупните трансакции во 2021 година се лоцирани во централното градско подрачје во Скопје, но со инфраструктурниот развој во другите делови од градот, компаниите ги имаат предвид и бизнис центрите во новите градски урбани зони надвор од централното подрачје. Најчестите трансакции се однесуваат на закуп на канцелариски простор од 150 до 400 м2, но трендот на зголемување на површините во 2021 е обележан со трансакции кои достигнаа 4,000 м2.

Малопродажните паркови како алтернатива за моловите во помалите градови Што се однесува до малопродажниот трговски деловен простор, од ФортонМКА велат дека во 2021 година, овој сегмент стабилно закрепнувал од пандемијата. Клиентите се вратија на шопинг искуството

во традиционалните формати на малопродажба поради потребата за социјална интеракција и физичко присуство. Минатата година беше обележана со отворањето на најголемиот трговски центар во Македонија, East Gate Mall и влез на пазарот за група долго очекувани брендови. Покрај овој мол, и двата нови проекти што се во тек, Diamond Mall и Cevahir Mall, фокусот во развојот на малопродажниот сегмент е позициониран во градовите од внатрешноста на Македонија, со тенденција на отворање на малопродажни, т.н. retail паркови. „Недостигот на квалитетен простор, како и потребата за проширување на меѓународните брендови во другите градови освен Скопје, создава одлични можности за инвеститорите идните вложувања да ги насочат кон малопродажните паркови, но исклучиво според меѓународните стандарди за ваков тип проекти.“, вели Катарина Николов. Николов укажува и на еден феномен што се случува во делот на малопродажниот

0,8%

Слободен простор, трговски центри

39 евра/м2

Премиум закупнини, трговски центри

9,25%

Премиум принос од закупнини, трговски центри Извор: Анализа на ФортонМКА

деловен простор, а тоа е што понудата на простор надвор од организираните целини (трговски центри) значајно се зголемува и истата не е усогласена со реалната побарувачка. „ Ова е резултат на изградбата на компатибилни намени во сегментот домување, што резултира со предимензиониран малопродажен простор во голем број на станбени згради. Ако земете да преброите колку вкупно површина на деловен простор е предвидена под зградите што моментално се градат или ќе се градат во следните 2-3 години, би добиле простор од над 100.000 м2, што е околу три пати колку Skopje City Mall, или пак два и пол пати колку East Gate, на пример. Ова е предизвик за пазарот, затоа што се создава притисок врз инвеститорите, се губи контролата од страна на самите сопственици, се мешаат комерцијални активности со сегмент на домување, итн. Предлагаме поголемо внимание при планирањето и изградбата на објекти со компатибилни намени“, вели Николов. nnn


15 ЈУЛИ 2022

26

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ЕКОНОМИЈА

Загриженоста околу глобалната рецесија и потенцијално новите ограничувања поради ковид во Кина ги надминаа по интензитет упорните проблеми на страната на понудата. Изгледите за глобална рецесија за којашто се очекува дека ќе и наштети на побарувачката за енергија и понатаму доминираат со пазарното расположение, но истовремено пазарот и понатаму е нервозен поради плановите на западните земји да ги ограничат цените на руската нафта, а претседателот Путин предупредува дека понатамошните санкции би довеле до „катастрофални“ последици на глобалниот енергетски пазар.

ТРАНЗИЦИЈАТА ПОЧНУВА

ЕВРОПСКИОТ БИЗНИС ТЕМЕЛЕН НА ЕВТИНА Р ЕНЕРГИЈА Е ГОТОВ


27

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Кина работи со Русија, Индија, Бразил и другите БРИК нации на создавање алтернативна економија.

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

З МОДЕЛ УСКА

ад нас е уште една волатилна седмица на стоковите берзи. Почетокот на неделата беше продолжение на претходната, така што доминираше речиси панична распродажба на скоро сите стоки, од коишто голем број паднаа и под ценовните нивоа од пред почетокот на војната во Украина, а се’ во контекст на стравот од рецесија. Згора на се’, рестриктивната монетарна политика на централните банки, како и стравот од нов локдаун во Кина и поврзаниот со тоа пад на побарувачката, ги натера инвеститорите да ја намалат својата изложеност на берзите и да го земат профитот додека можат. Цената на нафтата падна на 100 долари за барел, а доларот речиси се изедначи со еврото. Меѓутоа, откако таргетираните нивоа за техничка корекција беа достигнати, крајот на неделата донесе пресврт, па цените на сите стоки значително пораснаа, а трендот продолжи и во понеделникот утрото. (овој текст е подготвуван во понеделник попладне, н.з.) Силната меѓународна побарувачка за земјоделски стоки го надмина стравот од рецесија и цените на сојата, пченката и пченицата пораснаа, како и на енергијата. Геополитичката ситуација и понатаму е непроменета, и како таква исто така е фактор што влијае на движењето на цените на стоките.

Пазарот на акции и американскиот индекс S&P500 имаа најлошо полугодие уште од 1970-те наваму, а индексот Dow Jones уште од 1962. Стравот од рецесија го стори своето, но оваа рецесија ако до неа дојде нема да биде како во 2008-та, предизвикана од финансиска криза. Во САД потенцијалната рецесија можеби би била повеќе рецесија на синџирите на набавка, затоа што нивната економија во моментов е прилично силна. Освен тоа, САД би можеле да го укинат данокот на 10 милијарди долари вредна кинеска стока, воведен уште во време на Трамп, што би помогнало да се ублажи инфлацијата и да се поттикне економската активност во Кина. Се чини како win-win ако притоа се занемари трговскиот дефицит помеѓу двете земји – што претходно беше и повод за воведување на царините на увоз на поедини стоки.

БРИК земјите градат алтернативна економија

Во Европа ситуацијата ќе биде малку поинаква, за жал понеповолна. Бизнис моделот на Европа (читај: Германија) што се темелеше последниве неколку децении на евтина руска енергија е завршен, и пред нас е трнлив, а веројатно и долготраен пат на транзиција. Од одлуките на Федералните резерви неделава, за понатамошно покачување на каматните стапки и борба против инфлацијата, ќе зависи


15 ЈУЛИ 2022

28

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ЕКОНОМИЈА

и понатамошното движење на цените на сите берзански стоки, но и на движењето на глобалната економија. Пазарот очекуваше (овој текст на Капитал е испратен во печатница пред одлуките на ФЕД, н.з.) ново зголемување на каматните стапки за 75 bps , по кумулативното зголемување за 150 bps од март до сега. Еврото додатно загуби вредност спрема доларот, и достигна најниско ниво во 20 години, поради загриженоста дека енергетската криза може да ја доведе еврозоната во длабока рецесија, ставајќи ја Европската централна банка (ЕЦБ) помеѓу чеканот и наковалната, додека се обидува да ја заузди инфлацијата и да го ублажи забавувањето на економијата. Пазарот ги намали очекувањата за зголемувањата на каматите на ЕЦБ годинава за 30 bps на 135 bps во последниве неколку недели затоа што инфлацијата достигна нов рекорд од 8,6%, а цените на гасот и понатаму се високи. Се очекува ЕЦБ да ги подигне основните каматните стапки за 25 bps подоцна месецов, што е прво зголемување во повеќе од 11 години. Кина продолжува да работи со другите БРИК нации на создавање алтернативна економија пред можниот потез за повторно спојување на Тајван со остатокот од Кина. Кон крајот на јуни на состанокот на земјите на БРИК, чијшто домаќин беше кинескиот претседател Си Џинпинг, а на којшто беа и Владимир Путин, како и челниците на Бразил и Индија, се одржаа расправи за тоа како би можеле овие земји да соработуваат за да ги задоволат своите потреби за храна и енергија. Тие земји сега преоѓаат на систем на користење на кинескиот јуан за плаќање на стоките, наместо американскиот долар којшто служи како глобална валута. Земјите исто така градат алтернативни системи за да го заобиколат SWIFT банкарскиот систем што Западот го искористи за да ја санкционира Русија кога ја нападна Украина. Индија штотуку плати за контингент на кинески јаглен со јуани, а купува и руска нафта со јуани, зголемувајќи ја побарувачката за кинеската валута, а намалувајќи ја за долари. Колку е во моментов ситуацијата замрсена можеби најдобро говори примерот каде што американската Citibank проценува дека нафтата ќе падне на ниво од 65 долари за барел, додека ЏПМорган пак вели дека во најлошо сценарио нафтата може да достигне и 380 долари

Еврото е на најниско ниво во последните 20 години.

за барел. Дијаметрално сосема спротивен поглед на движењето на цените. Фјучрсите за нафта моментално се движат околу нивото од 105 долари.

Каде ја згрешивме со енергијата?

Загриженоста околу глобалната рецесија и потенцијално новите ограничувања поради ковид во Кина ги надминаа по интензитет упорните проблеми на страната на понудата. Изгледите за глобална рецесија за којашто се очекува дека ќе и наштети на побарувачката за енергија и понатаму доминираат со пазарното расположение, но истовремено пазарот и понатаму е нервозен поради плановите на западните земји да ги ограничат цените на руската нафта, а претседателот Путин предупредува дека понатамошните санкции би довеле до „катастрофални“ последици на глобалниот енергетски пазар. Претседателот Џо Бајден, исто така, требаше да ја посети Саудиска Арабија оваа недела, поради напорите да се скротат високите цени на енергијата што ја оптоваруваат економијата. Денешните цени на нафтата се релативно блиску до историскиот рекорд постигнат во 2008 година, кога цената на нафтата достигна ниво од 148,5 долари/барел. Меѓутоа, доколку таа цена се приспособи на инфлацијата, тогаш тоа би било ниво од 200 долари/ барел, па во тој контекст излегува

дека цената на нафтата е се’ уште “ниска“. Всушност, акцентот цело време се става на побарувачката што ја диктира цената. Сепак, малку се прави за да се зголеми понудата. Пропагандата на зелената политика и пред - пандемискиот период на ниски цени резултираа со мали инвестиции во нафтената индустрија, односно во зголемување на капацитетите, а последиците сега ги чувствуваме. Дури и да падне цената на нафтата поради рецесијата и падот на побарувачката, за година-две кога ќе закрепне побарувачката, повторно ќе го имаме истиот проблем - понудата која нема да може да ја следи побарувачката. Во овој контекст, долгорочно гледано, иако краткорочно болно, глобалната економија најмногу би имала корист од останувањето/ растот на високите цени на нафтата доволно долго за инвеститорите да започнат инвестициски циклус во зголемување на капацитетот, кој потоа ќе може да доведе до пад на цените. Цените на природниот гас во Европа растат, со TFF термински договори од околу 170 евра/MWh, иако цените донекаде паднаа. Рускиот гасовод Северен тек 1, најголемата гасна рута до ЕУ, е затворен поради сезонско одржување од 11 до 21 јули, со што ќе се намали испораката на гас од Русија во ЕУ (Германија). Во исто време, потрошувачката на енергија е зголемена во многу делови


29

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

на Европа поради екстремните горештини. ЕУ има за цел да ги пополни нивоата на складиштата пред зимата, кога побарувачката се зголемува, но постои загриженост дека испораките на гас нема да се вратат на сегашните нивоа по одолговлекување на сервисирањето. Сето тоа не се одразува само на цените на самото место, туку и на цените за 2023 година, па дури и за 2024 година, кои растат.

Лошите временски услови додатно ја комплицираат кризата со храна

Кај земјоделските стоки, од фундаментална гледна точка, ситуацијата е далеку од идеална. Недостигот на врнежи во Западна Европа е причина за загриженост кога се гледа есенската жетва и приносите. Проекциите на синоптичарите велат дека претстојат топлотни бранови и топли и сушни периоди. Состојбата на посевите дополнително е влошена, и во САД и во Европа. Проценетата жетва на пченица

во ЕУ е на ниво од 125 милиони тони (3,4 отсто помалку од лани). Во Аргентина, сушата ги принуди локалните аналитичари да ја намалат проценката на засадената површина со пченица за 100.000 хектари, на вкупно 6,2 милиони хектари (наспроти 6,7 милиони хектари минатата сезона). Сеидбата е завршена на 85 отсто од површините досега. Во исто време, жетвата на пченка беше проценета на 49 милиони тони (наспроти 52,2 милиони тони минатата година). Досега жетвата на пченка е завршена на 53 отсто од површините. Подобро не е времето ниту во Бразил, каде оваа недела се очекува претежно суво и топло време, освен јужниот дел на земјата кој ќе го зафатат обилни дождови. Во Украина очекувано помал род од лани, додека Русија очекува рекордна жетва. Меѓутоа, кога се зборува за Русија, прашање е колку стоки всушност ќе можат да се извезат поради логистичките предизвици и санкциите.

Генерално, фундаментите сугерираат дека глобалната понуда ќе се намали. Конечните биланси на ЕУ велат дека во сезоната 2021/22, ЕУ извезла 27,47 милиони тони пченица (наспроти 25,71 милиони тони претходната сезона). Извозот на јачмен бил 6,97 милиони тони (наспроти 7,42 милиони тони). Увозот на пченка е 16,37 милиони тони (наспроти 15,22 милиони тони). Цените на бакарот на берзите паднаа на ниво од 3,44 долари/ фунта, што е петти последователен неделен пад. Рецесијата и стравот од ново локдаун во Кина се главните фактори на пазарот. На страната на понудата, производството на бакар во големиот рудник Лас Бамбас во Перу се врати на нормално ниво по двомесечниот прекин поради протести. Цената на алуминиумот, исто така, падна, на нивоа околу 2.400 долари/тон, што е најниско за повеќе од една година, поради послабата побарувачка и растот на производството. nnn


15 ЈУЛИ 2022

30 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130


31

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ПО ПАДОТ НА БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР

ТОКСИЧНОСТА НА БОРИС ЏОНСОН НИЧИЈА РЕПУТАЦИЈА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГО ПРЕЖИВЕЕ КОНТАКТОТ СО ПРЕМИЕРОТ Најочигледно, стандардите во британскиот јавен живот зависат од личноста на врвот. Министерскиот кодекс вели дека премиерот е крајниот судија за тоа што претставува прифатливо однесување. Кога престапникот е премиер, тој самиот си пресудува. Недоличното однесување на Џонсон и неговата толеранција кон тоа кај другите, влегоа директно во политичкото тело. Г-дин Џонсон не е причината за сето она што ја мачи Британија. Има енергија и шарм. Но, опасностите од седење околу таа кабинетска маса со него беа реални. Неговите маани ги оцрнија добрите луѓе. Тие ја отруја владата - а потоа и земјата.“, коментира The Economist.


15 ЈУЛИ 2022

32 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Британскиот премиер Борис Џонсон се повлече од лидерската позиција на неговата Конзервативна партија на 7 јули, но продолжи да ја извршува премиерската функција, додека не биде избран негов наследник. Оставката следеше по огромниот притисок извршен врз него изминатиов период, односно откако повеќе негови министри и редица владини соработници дадоа оставка во знак на протест. Повод за најновата владина криза беше афера со недолично сексуално однесување на партискиот колега на Џонсон, Крис Пичер. На виделина излезе информација дека премиерот бил запознат со слични претходни обвинувања против Пичер, а сепак го протежирал за висока функција, факт што портпаролот на Џонсон упорно го негираше во повеќе наврати.

THE ECONOMIST

С

екој добар филм околу некоја катастрофа има сцена во која ликовите сфаќаат дека се во смртна опасност, дека заканата од која сите се плашат е многу поблиска отколку што некој мислел. Ајкулата е во вода, демначот е во куќата, вирусот се пренесува во воздухот... Снимката од состанокот на владата на 5-ти јули - направена пред оставките на Риши Сунак, канцеларот задолжен за државната каса и Саџид Џавид, секретарот за здравство - обезбеди еквивалентен момент во тековното хорор шоу во Вестминстер. Лицата на највисоките британски политичари се пепелосани, расположението е видливо мрачно. Смртоносен отров ги загрозува нив и нивната партија, а таа претседава со состанокот. Фактот дека Борис Џонсон е сериски лажго и нема самодисциплина да се посвети себеси на тешки проблеми беше добро познат. Еден од тие министри во кабинетот со сиви лица, Мајкл Гоув, рече дека г-дин Џонсон не бил на ниво на задачата за лидерство во 2016

година. Изгледа дека степенот до кој г-дин Џонсон го отрул угледот на оние со кои работи, бил помалку ценет. Оваа токсичност не е само лична карактеристика. Тоа кажува и за политичкиот систем каде тој се искачи на врвот. Одвојте момент да размислите за некои од луѓето кои се оцрнети од изложеноста на г-дин Џонсон. Многумина беа политичари, испратени да го бранат интегритетот на премиерот, само за да си ги оспорат сопствените. Крајот на ерата на Џонсон беше предизвикан од паѓањето на Крис Пинчер, кој поднесе оставка како заменик-шеф на 30-ти јуни, откако беше обвинет дека пијан допирал двајца мажи. Министрите совесно им кажаа на интервјуерите дека г-дин Џонсон не бил свесен за претходните наводи за однесувањето на г-дин Пинчер и брзо открија дека тоа е невистинито. Во најдобар случај таквите политичари изгледаа како идиоти, во најлош случај како лизгави, исто како и нивниот шеф.

Мрзлив и себичен дилетант

Репутацијата за компетентност, како и чесноста, исто така, беа озрачени од г-дин Џонсон. Стив Баркли беше донесен како негов началник на кабинет во февруари

за да помогне да се размрда “Број 10“ во пресрет на Партигејт, серија собири во Даунинг Стрит што ги прекрши правилата за лок -дауни од ерата на Ковид. Г-дин Баркли беше прославен како страшно ефикасен менаџер. Неколку недели беше во близина на г-дин Џонсон, и се чинеше дека има толкав притисок како сад за чај ставен на скокалница. Неговото издигнување оваа недела за да го замени г-дин Џавид го смести повторно во ниска категорија. Но, вистинските жртви на токсичноста на Џонсон беа всушност неполитичарите. Парада на луѓе со истакната репутација и почести дозволија нивните имиња да бидат заразени. Заземањето на позицијата независен етички советник на премиерот звучи како убав начин да се надополни истакнатата кариера во јавна служба. Но, за време на г-дин Џонсон тоа беше сè друго освен тоа. Сер Алекс Алан ја имаше улогата речиси осум тивки години под водство на Дејвид Камерон и Тереза Меј, но траеше нешто повеќе од една година под г-дин Џонсон; тој поднесе оставка откако премиерот го игнорираше неговото откритие дека Прити Пател, министерката за внатрешни


НЛБ Потрошувачки кредити

За лето полно нови можности.

Промотивно до

31 јули

Аплицирајте за НЛБ Потрошувачките кредити и искористете ја промотивната понуда без трошоци за одобрување!


15 ЈУЛИ 2022

34 ПОЛИТИКА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Не беа загубените избори или опозицијата тие коишто го „суредија“ популистичкиот конзервативец, туку тоа беше неговиот карактер. На крајот, по серија скандали, по три години на функцијата, на премиерот се гледа како на лажго, прикривач и негатор. Неговиот кабинет и неговата партија дојдоа до заклучок дека некогашниот носител на надеж на крајот беше само срам. Борис Џонсон, кој секако има политички талент и е способен да освои власт и да ги убеди луѓето, на крајот падна поради хаотична мрежа од лаги, неисполнети ветувања и надмено самозадоволство. работи, ги малтретирала државните службеници. Неговиот наследник беше Сер Кристофер Гејдт, кој поднесе оставка во јуни. Тој откри дека премиерот постапил „немудро“ во врска со реновирањето на неговиот стан финансирано од донатори. Неговата непријатност поради Partygate беше болна за гледање. Местото останува празно: во одреден момент сфаќате дека не е етички да се советува некој без етика за етика. Сју Греј, државен службеник кој напиша извештај за Партигејт, беше пофалена од сите за нејзината челична независност, само за да биде обвинета дека ги влечела со тупаници соработнците кога не успеала да погледне во секој пијан испад. Сајмон Кејс, шефот на државната служба, треба да биде најпаметниот и најдобриот во својата генерација. Сега тој е само оној тип со брада што се забавуваше со Борис кога сите други се изолираа дома (КОВИД периодот). Карактерните недостатоци на Џонсон не секогаш ги кородираат оние околу него. Тој беше мрзлив, себичен дилетант кога беше градоначалник на Лондон, а од луѓето кои работеа со него тогаш не страдаа сите. Но,

позицијата премиер се разликува едноставно од градоначалникот по нејзината важност и по својата природа: помалку веселба и повеќе лидерство. Премиерот е исто така централен за целиот систем на владеење. Од неколку аспекти, позицијата е необично дизајнирана да шири отров ако одговорното лице е токсично.

Русокосиот „Чернобил“

Најочигледно, стандардите во британскиот јавен живот зависат од личноста на врвот. Министерскиот кодекс вели дека премиерот е крајниот судија за тоа што претставува прифатливо однесување. Кога престапникот е премиер, тој самиот си пресудува. Недоличното однесување на Џонсон и неговата толеранција кон тоа кај другите, влегоа директно во политичкото тело. Второ, кабинетот е обврзан со систем на колективна одговорност. Да се брани однесувањето на премиерот во емитуваните рунди е чин на лојалност. Приватните разлики околу политиката се препишуваат во име на единството. Тоа функционира кога владата е предводена од некој кој е компетентен и доверлив. Но, во случајот на г-дин Џонсон, тоа

служеше да ги направи колегите практично соучесници во неговите неуспеси. Г-дин Сунак вели дека постојано влегувал во линија, сè додека неговите несогласувања со шефот не станале премногу големи за да се издржат. Г-дин Џавид му рече на Парламентот на 6-ти јули дека „газењето на јажето помеѓу лојалноста и интегритетот стана невозможно“. Конечно, државната служба е особено изложена на вирулентен премиер. Иако државните службеници се непристрасни и независни, премиерот сепак е нивен конечен шеф. Тие треба да работат рака под рака со министрите; Г-дин Кејс седи во кабинетот, буквално десна рака на г-дин Џонсон. Кога се појавуваат пред пратениците, тие ги претставуваат ставовите на нивните избрани господари. И кога премиерот е токсичен, тие немаат имунолошки систем за да ги заштити. Г-дин Џонсон не е причината за сето она што ја мачи Британија. Има енергија и шарм. Но, опасностите од седење околу таа кабинетска маса со него беа реални. Неговите маани ги оцрнија добрите луѓе. Тие ја отруја владата - а потоа и земјата. nnn



IN MEMORIAM 15 ЈУЛИ 2022

36

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

IN MEMORIAM

Проф. д-р Методи Чепреганов невропсихијатар – епилептолог

ПРИМИТИВНОСТА, ИНАЕТОТ И СУЕТАТА СЕ ГЛАВНИ КОЧНИЧАРИ НА ПРОГРЕСОТ ВО ЕДНА ДРЖАВА


37

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Со длабоко жалење во Капитал ја примивме веста за смртта на почитуваниот професор д-р Методи Чепреганов, еден од најголемите интелектуалци што Македонија ги дала, невропсихијатар – епилептолог, човек којшто остави скапоцен придонес за македонската и светска наука. Чепреганов беше и голем пријател на магазинот и во негова чест го реобјавуваме интервјуто што го направивме пред 3 години, каде што хируршки прецизно ја дијагностицира менталната состојба на нашата нација и од што е всушност болно македонското општество. Во овие тешки моменти на колективна психоза и поларизираност во државата, да внимаваме на неговите зборови. Слава му.

разговара:

Биљана Здравковска Стојчевска

Ж

biljana.zdravkovska@kapital.mk

ивеејќи во време на несигурност, во кое секојдневието ни е исполето со стрес, агресија, насилство, арогантност и примитивност, партизираност во сите области и огромна поделеност помеѓу народот, сведоци сме на распаѓање на социјалните, моралните, етичките и духовните норми и вредности, но и на многу психосоматски болести. Се поголем е бројот на лица кои во неможност да се соочат со реалноста заболуваат од разни психосоматски болести и спасот го бараат во антидепресивите и лекови за смирување. Од почитуваниот професор и доктор Методи Чепреганов побаравме објаснување за тоа од што боледува македонското општество и како невронауката ги објаснува причините за се поизразената агресија и деструктивност. Одговорот на прашањето од што болува македонското општество е повеќе од комплексен и мултифакторијален, вели доктор Чепреганов, и потребна е постапност во елаборацијата на фундаментот на болувањето на едно општество, а тоа е матурацијата на една личност, зрелоста на нејзиниот психопрофил, зрелоста на психопрофилот на нацијата и колку успеала и успева таа личност (народот) да ја контролира и да управува со моќта на сопствениот деструктивен нагон, поточно колку една личност има високи норми на воспитание, со какво богатство и резервоар на знаења располага и како и на кој начин во нејзиниот психопрофил се инкорпорирани социјалните, моралните, етичките и духовните норми и она што е најбитно, кое е нивото на нејзината емоционална интелигенција. “И прашањето и одговорот се исконски, цивилизациски, вековни, биле актуелни, се актуелни и ќе бидат актуелни. Рецепцијата на инкорпорацијата на споменатите норми на матурација на психопрофилот на една личност и на еден народ или популациона група е процес, кој траел, трае и ќе трае, а во тоа зреење основниот фундамент го чини воспитанието, образованието со инкорпорација на енормен број на психолошки параметри, државата и нејзината социо-економска и политичка состојба, начинот на живеење, исхрана, климатски услови и тн. Агресијата, ароганцијата, суетата, инаетот, примитивниот и прост мисловен дуктус и бројни други карактерни настраности во психоархитектурата на една личност се само секојдневна клиничка манифестација во неговата екологија на духот, поточно во интерперсоналните односи во средината во која таа личност живее, твори и работи, колку е таа матурирана, или инматурирана, за да

има знаење, зрелост и капацитет да разговара, да почитува, да размислува, да биде флексибилна, да биде толерантна, секогаш со желба за позитивен и разумен исход на интерконтактот, бидејќи големите мислители, вајарите на цивилизацискиот ментум порачале: не можеме да бидеме вечни, но секој друг договор и взаемно почитување е можно ако се има разбирање и желба за договор. А еден голем кинески мислител многу одамна, во овој контекст порачал “во животот никогаш да немате за пријател, личност со хипертрофирано его, тој е полн со суета, инает и тврдоглавост, никогаш со него не можете да се разберете и договорите, бидејќи само тој знае и за се тој е најпаметен“. Вистина која вреди да се знае и почитува во животот, потенцира Чепреганов. Ако внимателно се прочитаат одговорите на почитуваниот професор Чепреганов, може да се најдат објаснувања за сето она кое ни се случува, за одговорноста на граѓаните, за масовната хистерија и упадот во Собранието, за емоциите и контролата над нив, за потребата од мониторинг и совети од страна, за политичката незрелост и партиската заробеност на граѓаните и државата. Одговорите за проблемите никако не треба да ги бараме во партиската припадност и заробеност, туку во умот и матурацијата на психопрофилот на една личност, потенцира Чепреганов. Но, за жал, вели тој, кај нас во партија се влегува само за личен интерес и тоа е основната наша трагедија, која за фундамент ја има партиската подобност, а не интелектуалната способност на еден индивидум. “Младите генерации мора и треба да се ослободат од овој општествен феномен, ако сакаат иднина на својата земја”, порачува Чепреганов. Агресијата се чини е се поприсутна во секојдневниот живот на обичниот човек? Кои се според Вас причините за тоа? Во секојдневната употреба, агресијата означува штетни дела на уништување или оштетување на се што не опкружува неживо и живо под дејство на деструктивни пулзии и импулси кои го нагонат индивидумот на штетно делување. Со едно многу симплифицирано прашање, имено, дали ирационалноста на сите недела што ги носи со себе агресијата и ароганцијата, ја чинат вродени деструктивни пулзии својствени само и единствено на човекот?. Денес, невронауката вели дека во поимот агресија се кријат две дијаметрално спротивни толкувања, и во овој контекст самиот збор треба да го сфатиме како “мост кој ја соединува биолошката адаптивна агресија (или уште нарекувана бенигна агресија), која нема зло во себе и човечката деструктивна агресија која е уништувачка и злобна (нарекувана малигна агресија) “. Бенигната агресија е дефанзивна уште поточно реактивна агресија, додека


15 ЈУЛИ 2022

38

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

IN MEMORIAM

малигната е офанзивна, деструктивна и свирепа, во која се инкорпорирани, за жал, специјалните човечки склоности за уништување и желба за апсолутно владеење и моќ. Оваа агресија ја манифестираат во своето однесување и интерконтакти карактерно променети психопрофили, со его на инает и суета, со вокабулар на омраза, злоба, завист, љубомора и параноја. XМоже X ли да го објасните психо-социјалниот аспект на анатомијата на човечката деструктивност и агресија? Денес, во векот на максималните технички и други достигнувања, за жал сведоци сме на невиден пораст на насилието и деструктивноста, како во национални, така и во светски размери. Вистина која не опкружува, со која стануваме и го поминуваме секојдневието, хроничен и пролонгиран стресоген фактор за секоја жива индивидуа на мајката планета Земја. Овој фактор кој ги “раѓа” сите психосоматски страданија на милиони луѓе во светот, секако дека бара истражувања и теоретски испитувања за евентуалната масовна превенција, како би животот бил похармоничен, со благосостојба за поквалитетно живеење . Во оваа смисла, проблемот на агресијата бил, е и останува актуелен. Напишани се бројни монографии и писанија, на сите континенти со една единствена цел за етологијата (грчки етхос, однесување, норма), односно за науката на однесувањето, за карактерот, за социјалните, моралните и етичките норми, религијата и за сите други, навистина мултифакториелни параметри и канони и догми, се со цел да се дојде до “некое похармонично друштво, однесување со почит и доверба, со поголема толеранција и флексибилност во интерперсоналните односи”. Во сите тие дела постои една и единствена теза и толкување: агресивното однесување на човекот, кое се манифестира во починетите злочини, во меѓучовечките секојдневни односи и расправии, како и во сите други човечки дејанија во кои се присутни деструктивни и садистички однесувања, сите тие произлегуваат од еден филогенетски програмиран и вроден инстинкт кој бара растеретување и го чека поволниот момент за да дојде до израз, под услов ако личноста не е матурирана и има карактеропатски особини, без капацитет за соответна контрола. XКои X се актуелните теории за агресивноста ? Толкувањата се навистина комплексни и во нив имплицират повеќе теории, секоја со свое толкување и гледиште . Најстарата теорија на Лоренз е наречена неоинстинктивизам, која не убедува во фактот “дека насилството

”Ќе дојде време кога моќта и злото ќе бидат обожавани, кога почитувањето према доброто ќе исчезне и никој нема да се противи против неделата“ Аксиом од грчката митологија произлегува од нашата животинска потреба, од нашиот несовладлив нагон за агресивност, така што” би требало да го прифатиме законот на еволуцијата со кој се објаснува моќта на тој деструктивен нагон“. Сепак, оваа теорија има големи прашалници. Спротивна на оваа теорија е бихевиористичкото учење, кое не го интересират субјективните фактори кои го терат индивидумот на едно одредено однесување и чувствување, туку битноста е во тоа “како се однесува поединецот и кој се и какви се друштвените и социјалните услови кои го обликуват таквото однесување”. Чекор понапред е необихевиористичкото учење на Скиннер, како најприфатена психолошка теорија во САД, според која “човекот е социјално битие, неговиот модел на однесување зависи од миљето во кое се раѓа, развива, учи, работи, постои. Луѓето се крајно рационално ориентирани, имаат малку чувства и чувствата не се тие кој ги раководат, тие се до максимум контролирани . Со цел да се изнајде некоја корелативност и вклопување на претходните теории, во “игра” е и теорија, наречена енвиронменталистичка, која всушност прави поврзаност помеѓу “човековата биолошка детерминација и неговата егзистенцијална ситуација, условена од условите и потребите на миљето во кое индивидумот се раѓа, расте, се едуцира, постои и твори. XШто X се подразбира под бенигна, а што под малигна агресија? Токму во овој контекст, веќе споменавме, кај човекот разликуваме два наполно различни видови на агресивитет. Првата е дефанзивната или бенигната агресија, потребна за опстанок на единката и врстата, агресија која човекот ја дели со животните, уште наречена филогенетски програмиран импулс за напад или бегство, одбрана, во моментите кога се загрозени виталните интереси на животното, односно човекот. Таа е биолошки прилагодлива и ја снемува во моментот, кога ја снемува и нејзината причина, поради која била активирана. Оваа

агресија е дел од човечката природа. Втората е малигната или деструктивната, или свирепата агресија, која е специфична исклучиво за човекот, која не е филогенетски програмирана и не е биолошки прилагодлива. Таа е ирационална, задоволството е во профитот, таа е биолошки штетна, нејзината главна манифестација е свирепост и бенефит, и што е “најстрашно”, како вели еден познат американски психолог, “степенот на деструктивност место да се намалува со матурацијата на цивилизацискиот ментум, тој расте, во корелација со се поголемиот развиток и напредок на цивилизацијата”. Апсурд кој ја застрашува и прави ирационална иднината на светот! Малигната агресија, не е инстинкт, но таа претставува вкоренет човечки потенцијал во услови на човечката егзистенција . Во контекст на малигната агресија, поточно, за да палетата на теоретските размислувања за анатомијата на човечката деструктивност биде комплетна, ќе го споменеме и Фројдовото учење, кој како прв модерен психолог ги проучувал човечките страсти, љубовта, омразата, амбициите, љубомората, злобата, зависта, сметајќи дека “овие страсти се сублимација, односно реакциски формации против разните манифестации на нарцисоидниот, оралниот, аналниот и гениталниот либидо“ . Денеска, толкувањата за човечките страсти се многу поинакви. Имено, се мисли дека сите” страсти и добри и лоши се обид на човекот да најде некаков смисол во животот“. Тие не се “банален психолошки комплекс за кој објаснување треба да бараме во траумите од детството”, никако, тие “се обид на човекот да ја сфати смислата на животот, за себе и према себе лично, да доживее највисок степен на интензивност и моќ и снага и да го доживее тоа во одредени услови на неговиот живот. Таа негова желба е негова религија, негов ритуал и култ кон возвишеното и прави дури и недозволени напори да ја оствари својата страст, која живее во неговиот карактер. Во овој контекст, една поголема група на психолози, особено во САД, многу се залага за т.н. теорија на фрустрациона агресија, која се заснова на фактот дека ”појавата на агресивното однесување секогаш претпоставува постоење на фрустрација и обратно, постоењето на фрустрација секогаш води кон некој тип на агресија“. При ова, најважниот фактор во одредувањето на појавата на фрустрацијата и нејзиниот интензитет зависат од карактерот на индивидумот, поточно од хармоничниот или дисхармоничниот конгломерат на неговите карактерни особини,


39

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ЗА МАКЕДОНСКИОТ СИНДРОМ

патопластицирани во текот на неговиот живот, понатаму, од неговата едукација и инкорпорација на социјални, морални, духовни и етички особини на личноста. Накрај, не би смеело да се заборави вистината (или апсурдот според некои психолози) на нашето “политички подобно секојдневие, дека сите наброени теории во себе имат имплицирано и политички и општествено социјални елементи, креирани, помалку или повеќе, во зависност од времето кога, како и на кој начин “требало да бидат толкувани и претставени пред народот”. Малку апсурдно, но сепак присутно и секојдневно, бидејќи секоја теорија на некој начин носи со себе и “печат на своето време кога е креирана”. Во актуелниот момент, тоа е фундаментот, на невронауката и еминентните психолози во светот за теорискиот концепт на анатомијата на човечката деструктивност. XШто X всушност претставува војната, како желба за моќ и владеење со другите? Моќта за владеење со другите е нов квалитет во агресијата. Развитокот на производните, економските, општествените, религиозните и социјалните норми на едно општество со тек на времето довеле до појава на една нова институција, наречена

освојување, владеење, моќ и потчинетост над другиот, како оружје, средство и начин, со цел за власт, слава, профит и владеење, со што се зголемува човечката деструктивност и свирепост. Порано, примитивната популација со примитивна култура, со низок ментален коефициент и низок или никаков степен на едукација, носела со себе и атрибут на крајна интолерантност, поточно, непостоење на праг на толеранција со афективни неконтролирани реакции со голема свирепост, деструктивност и убиства, факт кој и денеска е се уште присутен во одредени локалитети и популации . Меѓутоа, современите мислители, а особено психолозите се исправени пред еден апсурд кој веќе го споменавме и пак ќе си дозволиме да го повториме, со оглед на неговата актуелност. Имено, “степенот на деструктивност, место да се намалува со матурацијата на цивилизацискиот ментум, тој расте, во корелација со се поголемиот развиток и напредок на цивилизацијата” . Апсурд кој ја застрашува и прави ирационална иднината на светот!. Освојувањето, преку наметната војна, бидејќи војната е секогаш сценарио од некоја моќ, кон некого, за кого е “одлучено” да биде покорен, со палета од најразлични профити и цели, ги

XЧесто X зборуваме и се прашуваме дали постои македонски синдром? Како гледате Вие на ова? Геостратешката положба на нашата земја е на ветрометина низ која поминале повеќе цивилизации (византиска, римска, словенска, отоманска), сите тие оставиле енграми во колективниот ментум и архетиповите на македонскиот човек, владетелот со ригидно супер его и силна контрола, а егото на народот тивок, рудиментиран и притаен. Нашата потсвест е преполнета од психоемотивни напливи со негативна конотација. Откако останавме сами, сите негативни психоемотивни записи потиснати во потсвеста, излегоа во свесниост дел од личноста, нема супер его, го бараме, сите негативни пулзии го преплавија свесниот дел од личноста, нема контрола, секој знае, секој може, секој е поспособен од другите, сите сакат да бидат историски личности, знаменити, а ни фали воспитание, ни фали добра едукација, ни фалат морални, етички, социјални и духовни норми, чест на исклучоци, но огромниот дел од народот овие норми ги нема инкорпорирано, оти тоа е процес кој бара време и осмислено образование, со кадри, со стручна спремност и трае многу долго. Сепак, за колективното Јас сите цивилизации кои поминале низ нашите огништа оставиле и едно огромно богатство на полето на уметноста и креативноста, поезијата, сликарството, музиката, овој богат цивилизациски арсенал, полека ама сигурно со секој ден се открива и покажува пред светот. Но, за жал, во овој несреден хаос, постои и еден парадокс, самите почнуваме да се самоуништуваме, секој сака да владее и да има, никој никого не почитува, времето не гази, немаме норми за почит, за разговор, за идеи, за договор, за иднина, тапкаме во место и се уништуваме, и секогаш бараме некој друг да ни го реши проблемот. Не можеме да сфатиме дека клучот е во нас, актерите на нашиот живот и нашата иднина сме ние самите. Чудно, несфатливо и многу енигматично, забораваме дека умот царува, а не агресијата и моќта! Иднината е во наши раце. Можеби младите генерации со време ќе созреаат и ќе го одгонетнат овој парадокс. Можеби?


15 ЈУЛИ 2022

40

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

IN MEMORIAM

загрозува човековите витални интереси загрозувајќи ја неговата лична и општествена слобода. Желбата за слобода е биолошка реакција на човечкиот организам и во неа се длабоко инкорпорирани културата и едукацијата на секоја индивидуа . Историјата на цивилизациите, во суштина, секогаш била борба за слобода и слободен опстанок, бидејќи отсекогаш слободата била услов за успешен развој на една личност, за негово добро ментално здравје и благосостојба. Симболички кажано, слободата е олицетворение на виталниот биолошки интерес на човекот. Нејзиното загрозување предизвикува дефанзивна, одбранбена агресија кај индивидумот, исто како и кога се загрозени неговите витални интереси и функции. Токму поради овој природен феномен, кога огромни маси во неразвиените и сиромашните земји се лишени од слобода, во симболична смисла, поради немаштијата, светот не треба да биде изненаден од фактот што насилството и агресијата се постојано присутни, и тоа се повеќе и повеќе. XИма X ли корелација помеѓу агресијата и нарцисоидноста? Уште еден и тоа многу битен и важен фактор, кој се јавува како извор на агресија е повредата на нарцисоидноста. Нарцисоидноста ја опишуваме како состојба на искуство во која една личност, единствено “она” што е во врска со неа самата, со нејзините потреби, нејзиното тело, со нејзините мисли и чувства, со сето тоа што и припаѓа на неа, само овие свои и сопствени искуства ги доживува како “наполно вистински”, додека се друго што не е нејзино и не е дел од неа и од нејзините потреби, тоа не е нејзино, тоа не е вистинско и тоа останува без било каква афективна тежина во нејзините интимни доживувања. Се што и припаѓа на таа личност има значење, додека другите се без било какво значење, беспредметни и неважни, поточно речено, на таквата личност и недостасува способност за објективност и реалност. Во сите случаи кога “нејзината нарцисоидност” е загрозена и тоа “витално загрозена” таа реагира со интензивно лутење или бес и уште повеќе, нарцисоидната личност никогаш не ја заборава навредата и има голема желба за освета . Многу личности не се свесни за својата нарцисоидност. Ова важи особено за некој високи личности, политички лидери, актери, медиумски личности, така што некој психолози зборуват и за нарцисоидноста како “професионално заболување”. Нарцисоидниот вожд не ја употребува својата харизма само како средство за политички успех, туку нешто многу повеќе, нему му

МАСМЕДИУМИТЕ СЕ ЕНОРМЕН СТРЕСОГЕН ФАКТОР

П

рво и основно, енормен секојдневен стресоген фактор кај нас се масмедиумите со темпираните лажни информации и манипулации, како и арената на партиските надмудрувања и ветувања, отворени емисии и анализи, со една и единствена цел борба за власт и моќ. Како обичен граѓанин, кој 60 години се бави со науката за мозокот и психата, многу сум загрижен за мојата мала држава, за моето општество, кое е длабоко поделено и раслоено, и да бидам искрен многу се плашам поради непремостливиот јаз меѓу партиите да не дојде до нестанување на нацијата. Самите себе се јадеме и ќе се изедеме, а за прогрес се потребни двајца, кои се разбираат, договараат и гледат со отворени очи кон иднината. Немаме демократски систем, живееме во хаос со многу ниски и нечесни пресметки, заблуди, дејанија, манипулации и лаги на политичките неистомисленици, исклучиво во борбата за гола власт. Трагедија, и повеќе од трагедија За жал, насилството и карактерните промени на носителите на политичкиот факел, се фундаментот на кој почива нашето општество, немаме смисла и знаење за демократско однесување, не знаеме и никако и никогаш не можеме да се договориме, да седнеме да направиме компромис, креираме крвнички расправии, полни со одмазда, злоба,завист, параноја. Реков исплашен сум да не ја изгубиме и државата и нацијата во политичката стрвост и глад за власт. Во цивилизацискиот ментум е напишано со златни букви дека умот царува, а не моќта и силата, може ли да се вразумиме, да си подадеме рака и да се погледнеме во очи, ние сме тие истите, и денес и утре, и вчера бевме истите и пак сме истите и секогаш ќе бидеме истите. Оваа егзогена секојдневна психотраума го храни нашето општество повеќе од 27 години со социјална и егзистенцијална несигурност, со анксиозност, со депресија, со партиска обоеност, со краен лошотилак, кој го закрвува и раслојува ткивото на народот. Ова немирно море, од психотерен кој е многу кревок со манипулативните информации делува крајно морбидно, активирајќи механизам на реактивна пролонгирана – стресогено условена психичка состојба, која, за жал, секогаш завршува со некое психосоматско заболување. Каков ќе биде одговорот на оваа стресогена состојба која трае предолго зависи од психичката хармонија на личноста и констелацијата на психичките функции кој ги чинат карактерните особини на една личност, така што реагирањето може да биде брзо, поспоро, многу интензивно и помалку интензивно. Но, треба добро да запаметиме и да знаеме дека хроницитетот во одговорот на пролонгираната стресогена состојба секогаш има трајни реперкусии по нашето здравје на психосоматски план. Во секојдневниот живот кај секого од нас, оваа хронична стресогена реакција има влијание во личната, во семејната и во работната атмосфера и средина и делува на личноста, на неговата креативност, работоспособност, конечно тоа има влијание врз целото друштво, па ако сакате и државата. Значи масмедиите на некој начин го држат во тонус народот, го прават анксиозен, депресивен, мрзоволен, без животна радост и енергија. Многу е битно, како и на кој начин ќе му биде пренесена една информација, со каков емоционален трансфер ќе биде трансферирана кон обичниот човек, примитивно и агресивно, или, на начин адекватен и со вокабулар на емпатија. Тоа зависи од умешноста и професионалноста на новинарот. Невронауката, особено ја има елаборирано опасноста од масовна хистерија, кога афектот е во кулминација, свеста редуцирана, логичното размислување го нема, масата руши, убива, уништува се пред себе, без да може да го сфати тоа, едноставно лидерот, со хипертрофирано его управува со масата како сака и прави што сака, тој е секогаш во право, бидејќи во интерконтактот доминира неговата суета, инает и страст за моќ и власт. XИма X ли превенција? Невронауката вели, да, има, можеби само теориска, но има. Потребни се осмисленост и процес со многу работа на едукацијата и матурацијата на психопрофилот на секоја личност и психопрофилот на нацијата и народот, со зреење и законитост на сите други општествени, едукативни, воспитни, здравствени и социјални атрибути во фундаментот на државата. Долг процес, кој бара многу зрелост, смислена проекција на иднината и се разбира многу работа.


41

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Групната нарцисоидност се создава многу лесно и “многу евтино”, практично во сите општества. Треба да се најде или “роди” идеолог кој ќе ги формулира паролите што ја раѓаат групната, поточно општествената нарцисоидност. Најчест мотив е националната самобитност, нацијата и нејзиното постоење како идол и светост. “Никој не смее да не го прифати овој мотив, затоа што веднаш станува издајник и предавник на народот”, вели идеологот и додава “решението е негова ликвидација”. е потребен успех и аплауз заради својата сопствена ментална рамнотежа. Идејата за сопствената непогрешивост и величина се заснова на неговата болна нарцисоидна грандиозност, а не на вистинските негови вредности и достигнувања. Борејќи се за своите цели, нарцисоидната личност се бори за хармонијата на своето здравје, бидејќи тој не може да делува без својата замислена и болна нарцисоидна големина. Особините на самодоверба, љубов, висока свест со високи морални и етички доблести и верба во сето тоа, практички ги нема, за нив таа личност е сиромашна. Таквата личност живее за конфликти и се храни со конфликти, едноставно таа ги раѓа конфликтните ситуации, ги креира и ги измислува. Најдобриот пример во цивилизацискиот ментум за нарцисоиден диктатор, опишан од бројни автори е Хитлер. За жал постоеле, а постојат и многу други. Дали постои групна нарцисоидност? Сепак, во секојдневниот живот многу поголема опасност носи групната нарцисоидност, која создава еден многу опасен феномен на солидарност и кохезија на една одредена група или популација. На ваков начин “созреаната група” е многу лесна за манипулација и злоупотреба. Поединецот станува “голем и силен”, а групацијата непобедива, ништо не може да ја сопре, особено кога ќе се појави и градацијата

фанатичност и фанатизам, како еден од најкарактеристичните квалитети на групната нарцисоидност. Таа се создава многу лесно и “многу евтино”, практично во сите општества . Треба да се најде или “роди” идеолог кој ќе ги формулира паролите што ја раѓаат групната, поточно општествената нарцисоидност. Најчест мотив е националната самобитност, нацијата и нејзиното постоење како идол и светост. “Никој не смее да не го прифати овој мотив, затоа што што веднаш станува издајник и предавник на народот”, вели идеологот и додава “решението е негова ликвидација”. И токму во оваа параноидност, сите психолози ја гледат ирационалноста, апсурдот и злото на војните и на секојдневните политички партиски конфликти, кои биле и ќе бидат секогаш само за моќ, власт и пари. За жал, сите знаеле и знаат дека апсурдот ќе ги уништи и едните и другите, но сепак тргнуваат по патот на ирационалноста (!!!). Разумот едноставно исчезнува. Идејата“зрее” од ден на ден и конечно постигнува една усвитеност на масовна хистерија, која повеќе не може да се контролира, бидејќи општествената свест е веќе значително редуцирана, да не кажеме изгубена, логиката и реалноста повеќе не постојат, и масата може да се манипулира до максимум. Таа е спремна да убива, да линчува, да пустоши, во името на “барањето на правата и идеалите поставени

од вождот”. Нема сила што може да ја контролира усвитената масовна хистерија, кај која нема логично размислување, свеста е до максимум стеснета, а со тоа и манипулацијата е максимално можна. Има безброј примери во светската историја кои на дело ги покажуваат “дејанијата“ на усвитената масовна хистерија . Конечно, во вака “созреани услови“ се раѓа таканаречената инструментална агресија, што обичниот човек ја нарекува многу едноставно, војна или конфликт, а модерниот психолог “моќ на човековиот деструктивен нагон”. Секако во зреењето на овие услови имплицираат и други бројни фактори од економски, политички, воено стратешки и социјален карактер, како и амбициите и карактерните особини на вождовите, кои никогаш не треба да бидат заборавени и потценети. Проблемот е комплексен, крајно сериозен за иднината на светот, но изгледа нерешлив, затоа што (за жал) низ историјата досега ирационалноста на апсурдот наречен конфликт секогаш постоел, постои и ќе постои. Kаде е решението? Дали е можна рамнотежа или решение на вечната енигма? Секоја нова состојба на нерамнотежа го присилува човекот да трага за некоја нова и по можност подобра рамнотежа. Хипотезата е секогаш иста и останува иста, како да се дефинира постоењето,


15 ЈУЛИ 2022

42

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

IN MEMORIAM

односно природата на човекот? Секој поединец има потреба од задоволување на своите егзистенцијални потреби, кои се манифестират во човековите страсти, како некои психолози милуваат да ги именуваат карактерните особини: љубов, независност, вистина, омраза, нежност, желба за правда, садизам, мазохизам, нарцисоидност, деструктивност, параноја. Тоа би биле всушност човековите страсти кои се интегрирани во човековиот карактер, кој претставува “еден релативно постојан систем на сите неинстиктивни тежненија со помош на кои човекот се однесува кон човечкиот и природниот свет”. Всушност, карактерот ја претставува втората човекова природа. Разликите во карактерот потекнуваат од генетската диспозиција, но и од разликите во општествените состојби, поточно од миљето во кое се раѓа, едуцира и твори една индивидуа. Можен ли е некаков клуч на разум за подобра хармонија и квалитетен живот? Веројатно нема одговор, дури и големите мислитети останувале неми пред оваа животна енигма . Човекот отсекогаш во своето постоење имал свои култови и ритуали, задоволувајќи ги своите интереси преку материјалните добра. Овој, да го наречеме “примитивен човеков дух на постоење” се создавал низ илјадалетија. Иако примитивен и создаван на фонот на примитивни религии и ритуали и денеска немаме “вистински клуч” да го отвориме и одгонетнеме. Би требало да се сложиме со фактот дека примарното човечко искуство е само по себе вкоренето во нашето постоење, тоа е длабоко закопано во нашите архетипови, во нашето несвесно и ја претставува сржта на искуствата кај сите луѓе и култури. Логично е во овој контекст да се постави и наметне едно отворено и исконско прашање: дали е ”можно ова примарно искуство да го трансцедираме во еден нов дух, да го наречеме дух на изворен човек”? На поединецот му е потребна патоказна карта за неговиот природен и општествен свет, без која би бил неспособен да делува и твори. Но, се чини, дека таа патоказна карта не бил бил доволен водач за акција ако ја нема и целта, каде и кон што треба тој да оди . Животните го немат тој проблем, бидејќи инстинктите им се и карта и цел. Човекот има мозок кој му овозможува во кој правец да оди, каде и кон што да се стреми. Потребен му е пат што ќе го восхитува, одржува постојано, тој навистина, нема потреба од некоја прокламирана транзиторна вредност, таа е минлива, листопадна, туку обратно, нему му е потребна вистинска вредност, вредност што восхитува и е постојана. Тој пат на восхит и почит треба да ја

СТРЕСОТ СОЗДАВА БРОЈНИ ПСИХОСОМАТСКИ ЗАБОЛУВАЊА

С

тресот е посебен проблем, посебно пролонгираната стресна состојба која прави револуција во нашиот организам на три системи, на хормоналниот, на неуромедијаторите и неуромодулаторите и за жал крајниот исход се бројни психосоматски заболувања. “Ова ни се случува скоро 30 години. Несигурност, манипулации, лаги, непотизам, партизираност, со енормна ерозија на интелектуалната вредност и обезвреднување, кое го раскинува ткивото на обичниот граѓанин. Наводно, се се прави за народот, голема лага и манипулација, бидејќи реалноста е борба за власт, моќ и бенефит”, вели Чепреганов.

обединува неговата енергија, да го издигнува над неговата сопствена егзистенција и да му дава значење на неговиот живот. За огромен број од светската популација човековата трансцеденција е религијата, нејзините догми и канони, кои имаат една и единствена порака и цел за мир, почит, доверба, слога, љубов и благосостојба на земјата. Ова отвара нови погледи и нови размислувања, кои во моментот излегуват од рамките на нашата основна цел и тема. За други индивидуи тие патишта се атеистични и многу поинакви. Ако би се обиделе да заклучиме, мораме да признаеме дека дефинитивен заклучок немало и веројатно нема да има, вртелешката на животот се вртела, се врти и продолжува да се врти и понатаму. Сепак, бројни мислители и писанија го потврдуваат фактот дека сите конфликтуозни проблеми во историјата ги правеле и ги направиле вождови со сомнителни и посебно структурирани карактерни и интелектуални особини. Обратно, фундаментите на цивилизацискиот ментум, ако сакате

нашето колективно јас и нашите архетипови, ги правеле и граделе филозофи и мислители, кои не освојувале, не потчинувале, не се богателе, нивното богатство бил умот, кој го фундаментирале да царува, царувал и ќе царува. Иднината е во умот, знаењето, договорањето и екологијата на духот, никако во инаетот, суетата и деструкцијата. Емоционалната интелигенција и матурацијата на еден индивидум кој работи, твори и креира, биле основната цел и стремеж и ќе бидат за сите идни цивилизации. Малоумноста, интензивните психоемотивни напливи, поточно афектот, инаетот, суетата, примитивизмот и параноидниот начин на размислување, биле, се и ќе бидат главниот кочничар и уназадувач на една популација и држава. Бидејќи, невронауката покажа и докажа, дека така обоената и заробена екологија на духот во интерперсоналните односи во никој случај не води кон прогрес, туку обратно, кон регрес и заробеност во своите карактерни особини и страсти за моќ и личен бенефит. За жал, примери во нашето секојдневие има многу.nnn


Гризни за енергија !


15 ЈУЛИ 2022

44 СО АМЧАМ НА ТЕМА...

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ESG – НОВИОТ ПРЕСТОЛОНАСЛЕДНИК ВО КОРПОРАТИВНОТО УПРАВУВАЊЕ ESG е акроним од англиските зборови Environmental, Social и Governance, а се однесува на активностите на компаниите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето. Всушност, ESG е одговор на сè посилните барања кон компаниите да ги земаат предвид и факторите што влијаат врз животната средина и општественото опкружување при донесување на корпоративни одлуки, како и на притисокот за зголемена транспарентност при известување во врска со овие активности


45

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

АВТОР НА ТЕКСТОТ Е АМЧАМ КОМИТЕТОТ ЗА ESG

K

онцептот на корпоративна општествена одговорност одлично ја одигра својата улога во поставувањето на нови, повисоки стандарди во корпоративното управување. Многу општества ширум светот имаат бенефит од неговите идеи, принципи и вредности. Меѓутоа, ниту овој концепт не остана имун на потребата и неопходноста на современото време за континуирано подобрување и усовршување што резултираше со креирање на нов и унапреден концепт во корпоративното управување – ESG концептот. Истиот, во голема мера е резултат и на сè поголемите предизвици поврзани со климатските промени, потребата од јакнење на капацитетите за отпорност на општествата преку вложувања во човечкиот капитал, како и на сè позначајната улога на корпоративна култура врз развојот на опкружувањето. ESG е акроним од англиските зборови Environmental, Social и Governance, а се однесува на активностите на компаниите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето. Всушност, ESG е одговор на сè посилните барања кон компаниите да ги земаат предвид и факторите што влијаат врз животната средина и општественото опкружување при донесување на корпоративни одлуки, како и на притисокот за зголемена транспарентност при известување во врска со овие активности. Дистинкција помеѓу ESG и концептот на општествена одговорност Иако е вистински предизвик да се направи јасна дистинкција помеѓу ESG концептот и концептот на општествена одговорност, правењето паралела помеѓу овие два концепти е најдобриот пристап за претставување на ESG концептот, пред да се објасни значењето на секој од трите фундаменти врз кои се базира овој концепт. Воспоставувањето на практики и политики од страна на компаниите коишто имаат за цел позитивно да влијаат врз животната средина и, генерално, опкружувањето, е основното јадро на двата концепти. Меѓутоа, иако јадрото е идентично, овие два концепти се различни.

Целта на концептот на општествена одговорност е да осигури дека активностите на компаниите имаат позитивно влијание врз опкружувањето, односно компаниите имаат зголемена свесност и одговорност за влијанието на нивните одлуки. ESG концептот ја презема таа цел и се надоврзува на начин што дефинира конкретни критериуми и мерливи индикатори што го мерат влијанието на овие активности на компаниите. И двата концепти се однесуваат на реализација на активности што значат општествена одговорност, меѓутоа, ако кај концептот за општествена одговорност, спроведувањето на тие активности е крајната цел, кај ESG концептот, крајната цел е континуирано подобрување на резултатите од тие активности. Дополнително, ако концептот на општествена одговорност дава простор секоја компанија да може да се самодекларира како општествено одговорна, независно од активностите коишто се преземаат или степенот на нивното влијание, ESG концептот обезбедува конкретни квантитативни податоци базирани на унифицирани индикатори коишто овозможуваат, не само мерење на влијанието на активностите и докажување на својот напредок, туку и можност за компаративно согледување помеѓу компаниите од најразлични индустрии. Врз основа на направената паралела помеѓу овие два концепти, може да заклучиме дека ESG концептот значи и воспоставување на систем за мерење на резултатите на компаниите во делот на активностите поврзани со животната средина, општествените прашања и управувањето, како фундаменти коишто, согласно овој концепт, ја дефинираат агендата на компаниите за одржлив развој и општествена одговорност.

Креирање нови деловни можности за компаниите

За секој од трите фундаменти, дефинирани се цели, критериуми и индикатори што треба да се следат, мерат и анализираат со цел остварување на определбите за позитивно влијание врз опкружувањето. Активностите поврзани со животната средина (Environmental) се однесуваат, но не се ограничени, на справувањето со климатските промени, заштита на животната средина и природните ресурси. Индикаторите за влијанието на

Препознавајќи го значењето на ESG концептот, во рамки на Американската стопанска комора во Северна Македонија започна со работа Комитет за ESG. Целта на Комитетот е зголемување на свеста за ESG концептот преку споделување на најдобри искуства и практики, и едукација на компаниите за развој и подготовка на ESG стратегии и извештаи. Дополнително, овој Комитет служи и како платформа за проактивно алармирање за сите регулативни барања за компаниите што се воведуваат во однос на активностите поврзани со ESG концептот, вклучувајќи го и правото на Европската Унија. овие активности вклучуваат, на пример, мерење на емисиите на стакленички гасови, или потрошувачката на електрична енергија и вода. Општествените прашања (Social), во суштина, се однесуваат на социјалните односи, односно како компанијата влијае врз, и управува со, односите со своите вработени, клиенти, добавувачи, како и, генерално, на опкружувањето во коешто делува. Индикаторите коишто се мерат во овој сегмент може да бидат, на пример, стапка на обрт на вработени, број на часови на обуки за вработените, итн. Активностите поврзани со управувањето (Governance) се однесуваат на начинот на управувањето со компанијата,


15 ЈУЛИ 2022

46 СО АМЧАМ НА ТЕМА...

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Kолку e влијателна корпоративната култура фокусирана на континуирано подобрување, како од интерен аспект, така и од аспект на опкружувањето околу неа, покажува ранливоста на системите и општеството во однос на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваме изминатиот период. Поради тоа, премисата дека „најдоброто време за делување е денес” станува вистина, а имплементацијата на ESG концептот во корпоративното управување е вистинскиот чекор во таа насока.

односно на структурата на органите на управување, финансиската транспарентност, итн. Имајќи го предвид широкиот спектар на мерење на резултати, веројатно првиот впечаток е дека инвестирањето во ESG претставува значителен трошок за компаниите на краток рок. Меѓутоа, имањето и спроведувањето на долгорочна стратегија за ESG е во позитивна корелација со финансиската профитабилност. Има повеќе аспекти коишто делуваат во таа насока. Еден од тие аспекти е креирање на нови деловни можности за компаниите, што е главно резултат на новите генерации кои стануваат сè позначаен дел од базите на потрошувачи, но и на инвеститори. Овие генерации ја имаат таа тенденција да ги поддржуваат компаниите кои ги споделуваат нивните вредности, и се подготвени да платат повеќе за одржливите производи од тие компании. Исто така, друг аспект е тоа што ESG стратегијата може да придонесе кон унапредување

на оперативното работење на компаниите како резултат на зголемена продуктивност на вработените и намалени трошоци на производство преку зголемување на ефикасноста.

Индивидуален пристап за секоја компанија

Сепак, важно е да се потенцира и дека развивањето на стратегија за ESG бара индивидуален пристап за секоја компанија, што го прави самиот процес дополнителен предизвик. Имено, развивањето и спроведувањето на стратегија за ESG е долгорочен и континуиран процес во кој се земаат предвид и надворешните фактори кои влијаат на бизнисот, како што се социјалниот, економскиот и политичкиот контекст, како и индустријата и дизајнот и структурата на целиот синџир на снабдување/вредности. Меѓутоа, развојот на стратегија за ESG истовремено е и интроспективен процес, односно им помага на компаниите да ги подобрат своите активности, како и да ги пронајдат и да се поттикнат вистинските вредности на организацијата.

Оттука, ESG концептот станува сè попопуларен и затоа многу компании, често доброволно, го интегрираат известувањето за ESG во годишните извештаи за да покажат како аспектот на одржливост е вграден во нивниот бизнис модел. Иако, во изминатиот период сè почесто се воведуваат и регулативни барања за компаниите во врска со корпоративното известување за податоците од ESG, што е само уште еден показател за идната улога и важност на ESG концептот. Kолку e влијателна корпоративната култура фокусирана на континуирано подобрување, како од интерен аспект, така и од аспект на опкружувањето околу неа, покажува ранливоста на системите и општеството во однос на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваме изминатиот период. Поради тоа, премисата дека „најдоброто време за делување е денес” станува вистина, а имплементацијата на ESG концептот во корпоративното управување е вистинскиот чекор во таа насока. nnn



15 ЈУЛИ 2022

48 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

ГОРАН БАБУШКУ

одговорен за развојот на концептот на паметен град во Стонингтон, Мелбурн, Австралија

ТЕХНОЛОГИЈАТА НЕ ГИ ПРАВИ ПАМЕТНИТЕ ГРАДОВИ, ТУКУ ЛУЃЕТО


49

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Т

ој е електроинженер по вокација, доста време работел во ИТ секторот во Македонија и во Австралија, каде што се преселил пред повеќе од 20 години, но последниве неколку години е преокупиран со концептот на паметни градови или „smart cities”. „Сфатив дека со овој концепт којшто се базира на ‘интернет на нештата (IoT – Internet of Things)’ може да помогнете на многу поголем број луѓе да ги искористат придобивките од дигитализацијата“, вели Бабушку кого што го „уловивме“ за време на неговиот кус престој во Скопје деновиве. Не случајно предложив разговорот да го направиме на една од “паметните клупи“ во центарот на Скопје поставена пред година или две од градската администрација, за да го доловиме симболично контекстот на нашиот разговор. Се разбира, “паметен град“ е многу повеќе од клупа на која може да си го наполните телефонот или да добиете безжичен интернет, за што подетално ни објаснува самиот Бабушку во ова интервју. XГ-дин X Бабушку, Ве молам претставете ја за читателите на Капитал вашата позиција во моментов во градската администрација на Мелбурн и професионалниот бекграунд што водеше кон интересот за концептот на паметни градови? Јас сум Горан Бабушку, вработен во општина Стонингтон во Мелбурн како Smart City Delivery Lead (одговорен за развој на концептот паметен град). Во електрониката и телекомуникации се вљубив уште за време на основното училиште како член на Народна Техника. Средното училиште „Орце Николов„ и Електротехничкиот факултет ги завршив поради интересот за применетата електроника. Во меѓувреме се појавија компјутерите кои заедно со компјутерските мрежи сакав да ги искористам за поврзување на луѓе и објекти. Како вработен во ИТ индустријата во Мелбурн Австралија, IoT (Internet of Things) секогаш ми беше од интерес како додатна мрежа која поврзува електронски уреди и сензори. Сега научив дека IoT е далеку повеќе од само технологија, тоа е само дел од концептот на smart city, паметен град. Во оваа позиција на Smart City Delivery Lead почнав во 2020.

Од тогаш применивме неколку тест технологии, како на пример далечинска контрола на јавно осветлување, паметни клупи (smart benches) и сензори за мерење на број на пешаци, велосипедисти, скејтери и возила во фреквентни јавни места на активности и подземни сензори за места за паркирање. Сега се работи на проширување на овие пилот проекти на други места. Мојата задача е за почеток да им помогнам на моите колеги за сите прашања поврзани со технологијата, унифицирање и централизирање на софтверот и хардверот за полесно управување со јавните средства. Моите колеги се експерти во одржување на паркови и зеленило, управување со паркинзи, конзервирање на вода, процесирање на сметот но понекогаш не се експерти и во примената на различни нови технологии кои моментално ги имаме на располагање. Затоа тука се луѓето како мене да им помогнеме за тие да бидат уште поефективни во нивната работа, со примена на модерни технологии и нови начини на работа. Истовремено моја задача е заедно со тимовите во општината да стапиме и активно да бидеме во постојан контакт со различните локални заедници (пешаци, велосипедисти, трговски здруженија, економски загрозени семејства, млади, стари и др.) за да можеме да ги разбереме нивните проблеми и потреби. Концептот на паметен град, не се заснова на натпревар туку на соработка меѓу општините, градовите и индустријата. Заедно со претставници од 5 други општини јас активно работев на формирање на група со кои заеднички ќе работиме на решавање на проблемите на граѓаните, соработка со јавните претпријатија како водовод и електродистрибуција и друго. Ова е work in progress, концептот на паметни градови постојано и брзо еволуира. Можно е До крајот на ова интервју некаде во светот да дизајнираат некој уред или апликација која утре ќе стане mainstream, така да концептот на паметни градови е генерациски пренослив и постојано надградлив. XШто X всушност значи „паметен град“ (и во рамки на тоа терминот „дигитална инклузија“ или „дигитална еднаквост“ како што се среќава) и дали во моментов во светот веќе има градови што функционираат со имплементиран поголем дел од

Крајната цел на паметните градови не е повеќе технологија, туку повеќе можности за благосостојба на луѓето. Кога овој процес е мотивиран од профит, технологијата го зголемува егзистенцијалниот ризик. Кога со технологијата управуваат луѓето, таа му служи на општеството и може да овозможи поголема придобивка за сите. потребните елементи за да бидат вистински “smart cities”? Концептот на паметни градови се популаризира од пред 10-ина години но како што спомнав тоа е концепт кој еволуира истовремено меѓу сегашните и новите генерации. Дефиниции за smart cities има неколку, сублимирано - smart city е место каде технологијата, податоците (big data) и иновациите се спојуваат со цел да се подобри животот на локалните заедници преку подобрување на локалните економии, одржливиот живот (sustainability), безбедност и resilience (отпорност и флексибилност). Би започнал со дигиталната еманципација или еднаквост како што Вие ја нарекувате (‘Digital empowerment’) значи да се има знаење и вештина да се владее интернетот, паметните уреди и другата дигитална технологија, која во служба на луѓето им овозможува на сите да просперираат во дигиталниот свет на cyber безбеден начин. Дигиталната еманципација е клучно прашање за заедниците и луѓето кои одлучуваат за политиките за развој на глобално ниво, како последица или резултат на растечкото влијание на технологијата во општеството. Заради ова влијание, често се појавува предрасуда дека дигиталната инфраструктура, уредите, софтверот и податоците се единствените и најосновните


15 ЈУЛИ 2022

50 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

единици за изградба на дигитално оспособено општество. Напротив, искуството јасно покажува дека ЛУЃЕТО треба да бидат во центарот на дигиталниот и технолошкиот развој. Во екот на дигиталната револуција, честопати концептот на дигиталната еманципација на заедниците е потценет. Пандемијата ова ни го покажа на многу брутален начин. Кога затворањето започна со полициските часови и во скоро цел свет луѓето беа принудени да живеат и да работат од дома, децата се префрлија на онлајн настава. Тука се покажа јазот помеѓу оние кои ја имаат технологијата и оние кои ја немаат, помеѓу оние кои знаат да ја користат и оние кои не знаат, и се покажаа заедници на луѓе кои немаат еднаквост со другите по ова прашање. И тука ќе се надоврзам на изјавата на извршниот директор за технолошки развој во канцеларијата во Њујорк, САД: „Ние признаваме дека дигиталната сиромаштија е сиромаштија. Точка.“ Дигиталната инклузија е процес со кој треба заедниците кои немаат лесен и едноставен пристап на модерните технологии да се внесат во дигиталната ера. Владите во целиот свет имаат обврска да им служат на сите членови на сите заедници, каде дигиталната инклузија е клучен процес во дигиталната еманципација, вклучувајќи ги ранливите категории на луѓе без разлика на нивната возраст. Притоа мора да напомнам дека концептот на паметни градови е над политиката на локалните политички партии. Сите политички партии мора во целост да се заземат и пружат безрезервна поддршка на концептот на создавање паметни заедници, а администрацијата надпартиски континуирано да го обезбедува подобрувањето на животните услови на граѓаните. XКолку X е Мелбурн (или делот од градот во чијашто администрација сте ангажиран) во моментов „смарт“? Кои се работите што веќе се постигнати, а што допрва треба да се направи? Она што претходно го разграничивме, е дека еден паметен град го прави паметен е спојувањето, централизирањето и максималното искористување на технологиите за решавање на проблемите и потребите на граѓаните. City of Stonnington каде сум вработен е, преведено на македонски, општина во

поширокиот Мелбурн . Како што реков во соработка со внатрешните тимови пробуваме со имплементација на неколку технологии и работиме на нивно проширување. Други општини со кои активно соработуваме како на пример City of Casey се понапредни во имплементација на решенија за проблеми на граѓаните, така да во октомври 2021 тие го лансираа првиот план за дигиталната праведност наречен Digital Equity Framework во кој еден од приоритетите е унапредување на дигиталната еманципација во општината. Овој план развиен во соработка со жителите на Casey, бизнисите и заедниците во Јуни 2021 ги постави насоките и активностите да се овозможат дигитални ресурси и инфраструктура за да се подобри пристапот до интернетот, самодовербата во неговото користење и подобрување на дигиталната писменост на жителите во општината. Почетните активности во оваа сфера во Мелбурн, Стонингтон, Кејси и други општини вклучуваа зголемување на јавниот пристап до интернет, јавни бесплатни хотспот точки вклучувајќи и соларни станици за полнење на телефони и електронски уреди. Мелбурн и Кејси одат малку понатаму па податоците кои не вклучуваат лични информации (на пр. квалитет на воздух, број на пешаци и возила и сл.) јавно се споделуваат Овој план ги води и локалните власти и жителите како да ги користат податоците кои технологијата ги овозможува и да ги применат во градење на една поврзана, одржлива, инклузивна и иновативна општина. Многу од иновативните идеи се тестираа и почнаа да се применуваат, така да, би рекол дека да, Мелбурн е паметен град а соработката меѓу општините само ќе го забрза тој процес XДали X планирате понатаму да ги понудите искуствата од Мелбурн и на други градови во Австралија и пошироко? Тоа се подразбира. Веќе кажав, процесите кои еден паметен град го прават паметен, не се натпревар туку соработка, базирана на размена на искуства, и добри и лоши, комуникација со сите граѓани и сите сектори кои се дел од една општина. XЗапознаен X ли сте со проектот “Скопје паметен град“, развиван од градската администрација

и Телеком минатата година? Имаше доста коментари од граѓани проткаени со своевиден цинизам (во стилот на пр., дека ние ќе се удавиме во локви вода после дожд, или во ѓубре и сл., а ваму пропагираме некаков си “паметен град“)... Дали “паметните градови“ треба да се луксуз за развиените држави или тоа е голема заблуда? Со проектот 'Скопје паметен град' не сум детално запознаен а би сакал, но некои елементи на паметен град ги забележувам низ Скопје, и не мислам дека е тоа луксуз за развиените држави или заблуда, тоа е иднината, тоа е функцијата на паметниот град: да се овозможи собирање на податоци кои понатаму ќе придонесат во решавањето на проблемите, да се понудат услови за создавање на чист, одржлив и град отпорен на климатските предизвици. Град со далечински контролирано јавно осветлување, град во кој пешаците, велосипедистите, скутери, луѓето со тешкотии со движење (disabilities) ќе имаат предност над возилата, каде сообраќајот се одвива непречено со паметни раскрсници град каде дрвјата ќе ја намалат урбаната жештина. Примери за успешни паметни градови има низ цел свет како Барселона, Копенхаген, Базел, Филаделфија, Сеул, Сингапур, Лондон па и Мелбурн. Секој од нив има своја приказна базирана на проблемите со кои локалните населенија се соочуваат, и приказната за Скопје ќе биде индивидуална, а истото ќе важи и за другите градови во Македонија. Затоа треба соработка, технологијата ни ги дава сите потребни алатки, на нас е да ги употребиме. Оваа соработка во Македонија ја гледам на пример помеѓу локалните стартап компании како ДатаМајорис и други софтверски фирми со универзитетите и големите компании за развој на локални продукти, помеѓу организации како Донирај Компјутер и донаторите администрацијата, спонзорите и заедниците се' со цел долгорочно унапредување на условите на граѓаните. Сработеното треба активно да се промовира и споделува со цел граѓаните да се запознаени со напредокот на нивните општини. XОд X „Донирај компјутер“ се изненадени и воодушевени од сознанието, односно вашето укажување кон нив дека всушност нивната платформа е клучен дел на еден „паметен


51

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Дигиталната инклузија е процес со кој треба заедниците кои немаат лесен и едноставен пристап на модерните технологии да се внесат во дигиталната ера. Владите во целиот свет имаат обврска да им служат на сите членови на сите заедници, каде дигиталната инклузија е клучен процес во дигиталната еманципација, вклучувајќи ги ранливите категории на луѓе без разлика на нивната возраст. град“, односно дигиталната инклузија. Објаснете ни малку повеќе околу улогата на ДК во овие концепти и процеси? Донирај компјутер ми привлече внимание со нивните активности, и во март 2022 споделив нивен пост на LinkedIN како еден позитивен пример за дигитална инклузија од толку мала земја како Македонија. Така стапивме во контакт, тие ми пишаа и се интересираа за процесот на дигитална инклузија, и така дојдовме до тука. Ми беше мило да споделам со моите колеги на работа како група волонтери во Македонија прават дигитална инклузија и ја имаат

комуникацијата со локалните заедници и волонтерите (community engagement), со донаторите и партнерите (stakeholders engagement) и со медиумите (public relations). На пример во Австралија, и покрај тоа што е високо развиена земја, понекогаш имаме предизвици како лесно да пристапиме до локалните заедници и да го слушнеме нивниот глас, да се запознаеме со нивните потреби, проблеми за да им помогнеме во подигањето на нивниот стандард на живот и благосостојба. Мораме сите да разбереме дека во момент на драстичен развој на технологиите многу е важно

на сите граѓани да им биде овозможен пристап до модерните технологии. Неодамна Обединетите Нации се заложија за одржлив развој на заедниците вклучувајќи го пристапот кон модерните технологии, а активностите на Донирај компјутер се основен елемент во тој мозаик на дигитална инклузија. Тие веќе ја имаат поддршката од народот и дел од индустријата, имаат стратешки партнерства со неколку компании, едукативни институции, и тоа успешно го имплементираат во своите активности - преку 1700 семејства на кои им е дониран компјутер не е занемарлива цифра.


15 ЈУЛИ 2022

52 ИНТЕРВЈУ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Мора да напомнам дека концептот на паметни градови е над политиката на локалните политички партии. Сите политички партии мора во целост да се заземат и пружат безрезервна поддршка на концептот на создавање паметни заедници, а администрацијата надпартиски континуирано да го обезбедува подобрувањето на животните услови на граѓаните.

Овие активности не само дека треба да се пофалат туку активно да се поддржат и од властите, и остатокот од индустријата. XКако X треба понатаму да се развива ДК и од кого сè треба според Вас, да добие поддршка за да го зголеми уште повеќе својот придонес кон дигиталната инклузија и развојот на „паметните градови“? Гледајте го ова вака: на загрозените семејства може им е потребен компјутер, но исто така им е потребен и поволен пристап на интернет и/или обука за безбедно пристапување на интернет. Донирај Компјутер успеваат да обезбедат уреди, но за да се заокружи концептот на дигитална инклузија потребно е да се

обезбедат и бесплатен или поволен интернет, на пример преку спонзорства од телекомуникациски компании или преку градење на бесплатни безжични мрежи од властите и индустријата. Истовремено во партнерство со соодветните владини агенции ДК може и да понуди обука за безбедно користење на интернетот, компјутерска писменост, олеснување на живеењето преку користење на онлајн услуги за граѓани од сите возрасти, а да не зборуваме за дигиталната едукација на децата,. Со тоа ДК би имале капацитет потполно да им помогнат на социјално загрозените семејства да станат дел од модерните продуктивни заедници. Тука е важно да се спомне дека ДК со нивната идеа активно придонесуваат и за продолжување

на животниот век на навидум застарената технологија со што се намалува електронскиот отпад што е во основа циркуларна економија (Circular Economy). Запознавајќи ги Борче и Рената, ние почнавме некој трансфер на знаење кој јас им го ставив на располагање, и слушајќи ги нивните идеи и планови, заедно со моменталните активности, сигурен сум дека ДК има иднина и е битен дел од концептот на создавање паметни заедници. Од активностите на Донирај компјутер буквално сите имаат корист и сметам дека и локалната и централната власт треба да ги вклучат во креирањето на политиките за дигитална еманципација како битен процес од концептот на паметни градови.

nnn



15 ЈУЛИ 2022

54 ФИНАНСИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

НОВА ФИНТЕК УСЛУГА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

ЛАНСИРАНА Е P2P.MK

ОНЛАЈН ПЛАТФОРМА КОЈА ВЕ ПОВРЗУВА СО ИНВЕСТИТОРИТЕ Р2Р позајмување (анг. peer-to-peer lending ) може да се дефинира како директно финансирање помеѓу поединци без никакво посредување на финансиски институции (банки, факторинг друштва и сл). Посредник е самата платформа или веб сајт која директно ги поврзува примателите на заем со инвеститорите.


55

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

П

ред македонската јавност беше презентирана првата P2P онлајн платформа која ќе го олесни пристапот до изворите за финансирање кој е еден од темелните проблеми со кои се среќаваат бројни субјекти особено во банко - центричните финансиски системи, каков што има и Македонија. “Предизвик е да се работи на македонска P2P платформа, концепт кој е реално нов на нашиот пазар, а светот веќе го владее, но физичките лица и компаниите набрзо ќе ги увидат предностите и тоа ќе го добие потребното внимание на пазарот”, истакна Теодор Тодоровски менаџер на p2p.mk, која штотуку го означи својот почеток со работа во нашата држава. Тој појаснува дека Р2Р позајмување (eng. peer-to-peer lending ) може да се дефинира како директно финансирање помеѓу поединци без никакво посредување на финансиски институции (банки, факторинг друштва и сл.). Посредник е самата платформа или веб сајт која директно ги поврзува примателите на заем со инвеститорите. “Познато е дека најголемото ограничување кај банкарските кредити е обезбедувањето (хипотеки, меници … ), претераната документација, како и долготрајниот процес во донесувањето на одлуките. Од друга страна, некои физички лица и компании едноставно не се доволно кредитоспособни и како такви немаат пристап до изворите на финансии кај традиционалните финансиски институции, па затоа бараат решенија кај алтернативните понудувачи на финансии. Р2Р платформите се достапни 24-7 и не ви е потребен личен контакт”, истакна тој на официјалното лансирање на платформата пред бизнис заедницата и првите инвеститори, на настанот кој се одржа во Винаријата Камник. Според него предностите на финансирање на физичките лица и компаниите со Р2Р платформата е тоа што е онлајн, нема трошоци за отворање и водење на сметки, нема голема администрација и документација, а тоа привлекува многу физички лица и компании кои имаат негативни искуства со банкарската бирократија и

долготрајните процедури. „Постапката за peer-to-peer финансирање започнува кога ќе се пријавите на одредена платформа и кога ќе го вложите износот кој сакате да го позајмите. Тогаш започнува процес со понуда на заем од страна на заемопримателот кој бара финансирање, најчесто на платформата веќе има понудени заеми од кредитни друштва и Вие треба само да одберете кој заем да го купите. Со оглед на фактот што целиот процес се одвива онлајн, станува збор за дигитална трансформација на целокупното финансиско работење - Fintech“, додава Тодоровски. Како што вели тој на Р2Р платформите можете да позајмувате на поединци, на помали компании, па и на некои средни компании или уште појасно, сајтовите за Р2Р делуваат како пазар, финансиски пазар. Тие ги собираат луѓето и компаниите кои сакаат да позајмат пари со оние кои бараат заем. „Овој деловен модел е составен од три страни и тоа заемопримачи, платформа и инвеститори. Во последно време како заемопримачи се вклучуваат и разни кредитни институции кои ги отстапуваат своите побарување по кредити пласирани кон трети лица, а од другата страна привлечени од високите приноси кои стигнуваат и до 14% и од релативната безбедност на инвестицијата и стабилност на приносот на страната на инвеститорите се

ТЕОДОР ТОДОРОВСКИ менаџер на P2P.mk

Предностите на финансирање на физичките лица и компаниите со Р2Р платформата е тоа што е онлајн, нема трошоци за отворање и водење на сметки, нема голема администрација и документација, а тоа привлекува многу физички лица и компании кои имаат негативни искуства со банкарската бирократија и долготрајните процедури.


15 ЈУЛИ 2022

56 ФИНАНСИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

јавуваат и институционални инвеститори како инвестициски фондови, банки, пензиски фондови и разни хеџ фондови кои инвестираат во тие побарувања“, додава Тодоровски. Директното или взаемното Р2Р финансирање се развива од појавата на првите такви интернет платформи, британската „Zopа“ и американскиот „Prosper Maketplace“ кои започнаа во 2005, односно 2006. Меѓутоа, акцелератор на развојот беше глобалната финансиска криза 2008-2009. Во тоа време банкарското кредитирање беше скоро парализирано со оглед на тоа што кредитните ризици станаа големи и тешко беше да се предвидат. Истовремено, централните банки во Европа, САД и Јапонија започнаа да спроведуваат политика нулта па дури и да воведуваат негативните каматни стапки, како би го стимулирале кредитирањето. Според монетарната теорија, таквата политика требаше да ги извлече стопанствата од кризата. Меѓутоа, се покажа дека тоа не е толку корисно, парите или останаа на сметките на комерцијалните банки или се слеваа на берзаречиси без никаков влез во реалната економија.

Во 2016 година имаше 2.500 Р2Р платформи. И овој пазар во оваа сфера е најголем во светот. Во 2020 година онлајн Р2Р платформите во Кина остварија обрт од 251,9 милијарди американски долари. Во Европа, најголемиот пазарен удел во овој бизнис модел има Велика Британија, со неверојатни 72,5% од пазарот, следна е Германија, а во последно време и балтичките земји како Естонија и Латвија забрзано се приклучуваат во овај бизнис. На почеток инвеститорите финансираа само физички лица, но после кризата тој модел е пренесен и применет за финансирање и на мали и средни компании. После 2010 година Р2Р финансирањето почна да цвета во Кина. Прилично брзиот развој таму со годишен раст на пазарот од 150-200% од 2013-2017 се случи заради слабиот пристап на кредити до жителите. Кинеските банки главно се фокусираа врз државните компании. Па така за Кинезите моделот Р2Р изгледаше уште попривлечен, отколку за Европејците и Американците. Кај P2P платформите веќе се јавуваат како заемопримачи кредитни друштва кои даваат поголема безбедност кај инвеститорите. Најчесто овие друштва нудат „ Buyback guar-

antee“ со тоа тие всушност нудат откупување на кредитите од инвеститорите доколку сопственикот на кредитот не им платил рата од 60 до 90 денови. Оваа гаранција ги прави платформите доста сигурни и стабилни модели за инвестирање и затоа секаде во светот како инвеститори почнуваат да се јавуваат инвестициски фондови, банки, пензиски фондови и разни хеџ фондови. „Предизвик беше да се работи на овој концепт кој е реално нов на нашиот пазар, а светот веќе го владее, но физичките лица и компаниите набрзо ќе ги увидат предностите и тоа ќе го добие потребното внимание на пазарот. Плус, општата ситуација во која сме и ние и светот, за која погоре зборував е уште една отскочна штица за секторот, така што Р2Р заемите, реално сакаат кризи. Тоа значи времето за ваков проект е сега.“, вели Тодоровски. На настанот беше официјализирана и првата соработка на оваа иновативна Финтек платформа со Финансиското друштво СН финансии, а наскоро се најавени и нови соработки со институции од финансискиот сектор, но и поединци и компании. nnn



15 ЈУЛИ 2022

58 ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

РЕКОА ЗА ...

БАНКИТЕ Банка е место каде што ќе ти позајмат чадор кога надвор е сончево, а ќе ги ти го побараат кога ќе заврне.

Добро е што обичните луѓе не го разбираат банкарскиот и монетарниот систем, зашто ако го разбираа, мислам дека ќе имаме револуција до утре сабајле.

ХЕНРИ ФОРД

американски индустријалец

РОБЕРТ ФРОСТ американски поет


59

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

Понекогаш не можеме да ги смислиме, а од друга страна не можеме без нив. Нивните пари ни требаат за да ги купиме работите што инаку не може да си ги дозволиме. Ни требаат кредити за да инвестираме во раст на бизнисот, или пак едноставно за да врземе крај со крај во месецот. Да видиме што познатите ликови на планетава искоментирале на тема “банки“. Му верувам на онлајн банкарството. Знаете зошто? Бидејќи ако некој ми ја хакира сметката или кредитната картичка, погодете кој ќе ја трпи штетата? Банката, а не јас.

Банкарските неуспеси се предизвикани од вложувачите што не депонираат доволно пари за да се покријат загубите направени од лошото менаџирање.

ДЕН КВЕЈЛ

потпретседател на САД за време на претседателот Џорџ Буш постариот

КЕВИН МИТНИК

еден од најпознатите хакери на светот, сега консултант

Финансиските институции мора да испорачаат беспрекорна дигитална платформа, лесна за снаоѓање низ неа, којашто е многу повеќе од едноставна понуда на минијатурно онлајн банкарство

Едноставно, сакам да си ги чувам парите во банка, не сум некој голем ризикувач. Не знам ништо за берза... се држам подалеку од работи што не ги разбирам.

ВЕЈН ГРЕЦКИ

легендарен канадски хокеар

ЏИМ МЕРОУС автор и говорник

Неизбежна вистина е дека има премногу банки во оваа земја што се борат за премалку муштерии.

Регулација е потребна, особено во сектор како банкарскиот, кој што ги изложува државите и луѓето на ризик.

КРИСТИН ЛАГАРД

претседателка на Европската централна банка

ДИК РОЗЕНБЕРГ

поранешен директор на Бенк оф Америка

Не мислам дека може да ги оставиш банкарите да се контролираат себеси. Тие се како зависници од хероин.

Банка е место каде што ќе ви позајмат пари ако може да докажете дека не ви требаат.

БОБ ХОУП

британско – американски актер и комичар

ЧАРЛИ МАНГЕР потпретседател на Berkshire Hathaway


15 ЈУЛИ 2022

60 ВРАБОТУВАЊЕ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

МЛАДИТЕ И РАБОТОДАВАЧИТЕ БАРАА РЕШЕНИЈА НА ЈАВНА ДЕБАТА НА ИДУЕП

КАКО ДО ПРОФЕСИИ НА ИДНИНАТА КОИ ЌЕ ГИ ЗАДРЖАТ МЛАДИТЕ ВО ЗЕМЈАВА?

Младите бараат флексибилно работно време, можности за онлајн или работа од далечина, како и очекувањата за висока плата и примања. Бизнис заедницата вели дека недостасуваат кадри со практично знаење и сметаат дека државата треба да им даде поддршка во обука на новите млади кадри. Во рамки на дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, (ИДУЕП) насловена „Што сакаат младите - Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ младински, претставници на бизнис заедницата и граѓанскиот сектор разговараа за подигање на јавната свест за проблемот со младинска невработеност и како со конкретни предлози да се влијае врз креаторите на политики.


61

15 ЈУЛИ 2022

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

РЕДАКЦИЈА КАПИТАЛ

П

овеќе пракса отколку теоретска настава, поддршка од државата за обуки и развој на вештини на младите и развој на образовен систем кој ќе продуцира кадри според потребите на пазарот, како и поттик за развој на поширок спектар професии со кои вработувањето ќе биде загарантирано – ова се само дел од решенијата за тоа како професиите на иднината да се прилагодат и да бидат од интерес и на младите и на работодавачите. Во рамки на дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, (ИДУЕП) насловена „Што сакаат младите - Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ младински, претставници на бизнис заедницата и граѓанскиот сектор разговараа за подигање на јавната свест за проблемот со

младинска невработеност и како со конкретни предлози да се влијае врз креаторите на политики. „Целта на овие настани е да најдеме начини со кои ќе ги мотивираме младите да останат во земјава, да најдат работа по мерка или да отворат свои компании и да создадат нови типови на работни места, адаптирани на дигиталното време. Мора да се разговара отворено во македонското општество, директно да се каже кои се професиите на иднината, како и што бараат младите од една, а што очекуваат бизнисите од друга страна. Само на ваков начин може да се направи синергија и долго посакуваната поврзаност на двете страни на пазарот на трудот. Во втората фаза, планираме да ги вклучиме и креаторите на политики на централно и локално ниво, а целта на дебатите и проектот е до крајот на оваа година да извлечеме препораки кои ќе ги доставиме општествено-политичките чинители, бизнис заедницата и младински организации“, изјави

Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП.

Висок процент на младинска невработеност, а фалат кадри. Зошто е јазот?

Претседателот на Младинскиот сојуз, Методија Стојчески посочи дека младите бараат флексибилно работно време, можности за онлајн или работа од далечина, како и очекувањата за висока плата и примања. „Еден од проблемите е во тоа што можеби недоволно се цена т.н. секојдневни или основни професии на кои е неопходно да им се врати дигнитетот и почитта. Тоа се професиите како механичари, заварувачи, пекари итн., односно професиите кои во моментот ги нема во државата“, рече Стојчески. Според официјалната статистика, во земјава се бележи висок процент на младинска невработеност, а дел од компаниите велат дека има недостаток на кадри. Каде е јазот меѓу перцепцијата и бројките? И младите и граѓанските организации, но и бизнис секторот се согласни


15 ЈУЛИ 2022

62 ВРАБОТУВАЊЕ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1130

дека проблемот е во недостаток на пракса, како и дека треба да се вложува во конкретна обука и соодветно образование на младите за да се креираат профили според потребите на пазарот на трудот. Бизнис заедницата вели дека недостасуваат кадри со практично знаење и сметаат дека државата треба да им даде поддршка во обука на новите млади кадри. „Студентите немаат практично туку само теоретско знаење. До сега за секој вработен млад, истовремено вложуваме и месеци обука за да се научи да работи според правилата за работа во компанијата и секторот. Едноставно имаме недостиг на квалитетен кадар“, вели Иван Иванов, сопственик на ИТ компанија. Тој, како едно од решенијата, предлага државата делумно да ги ослободува од данок компаниите, а истовремено тие средства да бидат наменети за обука за практикантите. „Проблемот не е во недостиг на работни места туку во недостиг на соодветни кадри поради што мора да се вложува во обука“, смета и Деспина Жупан, која е сопственичка на маркетинг компанија. И таа решението го гледа во поддршка од државата и поволности за компании кои директно инвестираат во обука на вработените. Стефан Поп Ацев, дел од „Тим 40“ при Стопанската комора на Северна Македонија посочи дека желбата за работа кај младите треба да се развива и гради уште од најрана возраст како заедничка цел и стратегија на сите чинители во општеството. „Денес, многу често по завршување високо образование, голем дел од младите немаат практичка обука. Предлагам да се разгледаат можности како професорите да ги вклучуваат студентите и да работат заедно со нив на проекти и надвор од факултетот. Така ќе има бенефит и за академската заедница, но и искуство и пракса за студентите, како и побогато си-ви за нивните први вработувања“, истакна Поп Ацев.

Пракса и специјализација

Михаил Кирков, претседател на трговска комора при Сојузот на стопански комори смета дека генерално проблемот е и во недостаток на поширок спектар на професии. „Ги запоставивме малите професии каде што не треба факултетска диплома, но треба искуство, кое ќе ги направи вешти во својата професија и ќе бидат одлични, а така и добро платени. Треба да се

поведе сметка за сите професии – не само тие што се модерни и високо платени, туку да се креираат кадри за сите професии“, вели Кирков. Воведување на концепт на дуално образование и на повисоко ниво според германскиот модел кој е комбинација од теорија и пракса е можно решение на проблемот, посочи Теодора Бошкова од Институтот „Хајделберг“ Скопје. Според неа на овој начин се креираат кадри според потребите на индустријата и пазарот уште од студентско ниво. Праксата и специјализацијата се најважна алка за успех и мотивација, сметаат младите. Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци вели дека “вештините мора да им бидат пренесени на студентите“. „Завршувањето на факултетот не треба да биде првиот критериум за да се најде работа туку практичното знаење. На пример во Англија статистиката покажува дека матурантите од стручните училишта имаат пет пати поголеми примања отколку оние што завршиле факултет. А, кај нас ученици во стручните училишта стравувајќи од тоа дали ќе најдат работа само со завршено средно образование се запишуваат и на факултет и потоа се случува да не се вработат на соодветното место за кое се специјализирани“ рече Павиќевиќ. Според граѓанските организации нужен е процесот на континуирано учење и обуки. Билјана Стојчевска

од „Младински сојуз Крушево“ вели дека решението е во “стратегија за континуирано учење“, како и дека граѓанскиот сектор исто така има можности преку разни проекти да го надополни јазот што го нуди образовниот систем преку овозможување обуки за развој на вештини. Бојан Никовски, политиколог, кој во моментов работи во локалната власт смета дека многу е важна и мотивацијата за работа кај младите луѓе. „Пазарот самиот по себе е механизам за да ги мотивираме младите да работат. На пример, кога имаме дефицит на некоја професија, самата понудата односно платите природно се зголемуваат. Но, ако немаме млади желни за работа никогаш нема да ги пополниме празнините. И според мене тука е главниот проблем што треба да се реши“, вели Никовски. Ова е прва од серијата јавни дебати за тоа какви младински профили му се потребни на пазарот на труд, но и како компаниите да инвестираат во развој на соодветните вештини и знаења на вработените. Дебатите се во рамки на проектот „Што сакаат младите –Професиите на иднината бараат вештини денес“ кој се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Овој проект е субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот, а финансиран од Европската Унија. nnn



omegawatches.com

ZO Ë K R AV I T Z ’ S C H O I C E Actress and model, Zoë Kravitz is a stand-alone talent, with her own take on style. Zoë is on point, in demand – and one of the family. The shining light of Fantastic Beasts, Big Little Lies and The Batman measures every multi-talented moment with an appropriately unique OMEGA timepiece. Such as the Constellation 28 mm in stainless steel, with a patchouli blossom dial and matching Roman numerals.

CONSTELLATION COLLECTION


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.