24
КОЛУМНА:
Бесими
финансии
енергетската и ценовна криза: владини
одржливост
реформи во јавните финансии
Габриел
на ЕИБ во Република Северна Македонија Со отворањето на локалната канцеларија, ЕИБ ќе ја засили својата поддршка на македонската економија
Во текот на вчерашниот ден се појави една „длабока економска мисла“ во јавноста, на тема ММФ (Меѓународен монетарен фонд и заемот од 530 милиони евра за Македонија) од наши економски дејци, која беше лансирана онака „телевизиски“ од ракав - демек да објасни каква ни била економската ситуација во моментот!?... но и да послужи како „тематско топовско месо“ на опозицијата за да ја истера неделата до викенд со теми за прес конференција... Забелешката парафразирано оди –штом до ММФ дојдовме, се гледа до каде сме...!? Веднаш поларизација... оние опозициските настроени со разни вокабулари против аранжманот со ММФ, оние што не разбираат онака бегло и лекомислено пишуваат – пак не задолживте (гробот да не ви се знае да даде господ)...!?
Малку несмасна, а добро пресметана изјава и многу интелигентно пласирана во една „специфична телевизиска дружина“ од нашиот јунак по економија, наш народ, доколку разбере, на прва ќе рече еве ги нашите „бабачко“ бизнисмени фатиле страна опозициска !?, но не е така, верувајте ми ... Тие само некако шалтаат накај десно, за да може да прошалтаат и накај лево (кога ќе дојде време) па да се смират во својата „рамнотежна точка“ –каде смирувањето ќе биде преку индуцирана енергија во пари и да се исфинансираат со
Ова што енергично се враќаме на позициите на ММФ е важно за иднината на реформите во Македонија. Длабоки реформи мора да има. Оттука, веста не е колку ќе земеме од ММФ, туку колку реформи ќе направиме во следните три години! И не е нешто што значи дека „ако сме дојдени до ММФ се гледа каква ни е состојбата“, како што вели еден наш економски деец. Напротив, кога не бевме со ММФ, а земавме кредити со издавање обврзници во Лондон, државата беше „село без кучиња“ и видовме до каде ја донесоа!? Денес тие кредити и така се скапи. Алтернатива е ММФ ... или можеби, пак, Вучиќ ... Ајде малку достоинство!
најавениот пакет мерки на владата од 350 милиони евра (што премиерот Ковачевски го најави пред некој ден, како нов пакет
повеќето до сега, и во низата што наскоро ќе бидат креирани).
како што обично бидува по долината на Вардар, додека платените
анализа се прават
(околу ММФ
конкретниот случај)
таканаречениот
приватен
анвајормент“,
од државата веќе
намирисани, листите
„македонски бабачко
за прием на
се прават,
внимавајте во исто време со ламентирањето дека штом ММФ сме го зеле за партнер до тука е дојдена работата!? ... Народ вели –кај шуто па боде!
Една стара руска досетка вели – ако нешто не знаете што се случува во политиката, и на политичката сцена во една ваква држава ... и не ви текнува за што се работи ... тогаш сигурно се работи за пари. Долго паметам ... веќе 30 години низ целата независност на Македонија, и можам да кажам ... веќе видено десетина пати!?
Аранжманот со ММФ и алтернативите! Не пие вода
проблематизирањето од одредени полови на моќ во земјава, деновиве на овој најнов пакет аранжман со ММФ од нешто повеќе од 500 милиони евра со 1% до 2% камата кој земјава ќе го повлекува годинава и во следните две години. Еве зошто?
Прво, овие средства, во услови на голема економска и енергетска криза, со кои кризи устите ни се полни од сабајле до вечер, токму влијаат во држење на кондицијата на финансиите на државата во справувањето со кризата (девизни резерви, Буџет ...). Тоа е и смислата на постоењето на ММФ. Оттука, одлуката на Владата да се задолжи кај ММФ е вистински потег. Евтини пари на подолг рок на враќање. Второ, многу држави во светот го користат овој механизам на фондот од Вашингтон.
Elegance is an attitude
Трето, ако тргнеме од фактот за кој не треба да имаме илузии да го докажуваме, дека земја како Македонија несомнено има финансиски проблеми во тешки времиња (две и пол години ковид криза и сега енергетска криза предизвикана од безобразната воена агресија на Русија врз Украина и деструкција на целиот европски енергетски систем), тогаш кои се алтернативите за финансирање на економските активности во земјава? Како да се финансираат и помогнат компаниите да работат, работните места да не се затворат, приходите да се зголемуваат, даноците да се плаќаат, а буџетот да се полни!? Во услови кога ММФ пласира пари со 1% до 2%!? Ајде да погледнеме што се случува на меѓународниот приватен финансиски пазар во Лондон и Њујорк од каде сме се позајмувале преку обврзници многу пати!? Колку се каматите таму? Прави ли некој овде споредбени анализи. Треба да се направат пред да се излезе и да се зборува...
А не она стандардно што знаеме 30 години - нема пари за бизнисот, и државата треба да помогне. Закана со отпуштање на вработени. Па Буџетот е прецизно конципиран и се знае за што служи! Да ... треба да се помогне на бизнисот и компаниите оти го полнат Буџетот и затоа што отвораат работни места, работниците работат, се троши во економијата и се плаќаат давачките во фондовите!? Тоа е круг. Плус на ова струја нема, и скапа е... а Вучиќ нема гас за себе а не за нас, ќе рече некој! Ах тој Вучиќ, јака му душа! И сега имате ... „ама не од ММФ ... штом до тука дојдовме се гледа каде сме?“
Но, знаеме каде боли ... ММФ има друга и долга листа на услови кога ги дава средствата. Тие финансирања се секогаш условени со реформи внатре во економијата и воопшто системот на прибирање даноци, сива економија, корупција, правен систем, системот на даноци...!?
Но, обично се смета дека кога владата на една држава се насочува кон средствата на Меѓународниот монетарен фонд, таа влада практично изразува политичка подготвеност за длабоки реформи. Таква земја беше Македонија до
2006 година кога на власт дојде Никола Груевски, а со процесите завладеа неговата концепција која видовме, а и можевме да слушнеме на телефон ... како се одвивала и како заврши на крајот.
Што е тука фактографски
значајно да се каже...
Се сеќавам дека се појави во јавноста една иницијатива од страна на опозициската ВМРО -ДПМНЕ демек нивните економски експерти да помогнеле на сегашната влада во справувањето со кризата. Се изнасмеав откако низ глава ми се сврти набрзина се што е правено од експертите на оваа „трејд марка партија“ на политичката сцена во нивното напорно и долго владеење од 2006 година до 2016 или 2017. Вака сега. Никола Груевски во 2006 година наследни полна каса пари непотрошени од владата на Бучковски (продажбата на ЕВН). Со тие пари во голем дел, и со други тековно што се прибираа Груевски се расчистуваше со ММФ. На дузина прес конференции се фалеше како се намалува долгот на Македонија кон ММФ. И што е клучно во оваа доктрина беше ставот на Груевски дека – нема нам ММФ да ни кажува што да правиме со нашата економија и какви реформи ќе правиме – (ова парафразирана од моја страна таа доктрина, читај доктрината на Виктор Орбан!?) Откако „квалитетно“ ја раздолжи Македонија кај ММФ, владите на Никола Груевски потоа во годините на напред 2006, 2007, 2008, па понатаму, квалитетно ја задолжуваа кај приватните комерцијални банки на меѓународните финансиски пазари каде речиси нема други услови освен висока камата – обврзница, продажба на обврзници, добивање кредити со високи камати ... Банките не ви ставаат услови како да ја водите државата и дали правите реформи спроведувате пазарна демократија. Нив ги интересира само да ги вратите со 5%, 6%, 7% (знае тоа добро лицето задолжено за финансии кај „ние сме лудаци“ без кое Груевски не можеше да дише).
Што се случуваше потоа? Па, потоа се случуваа македонски народни приказни, во продукција на владите на Груевски кои се реобновуваа на
секои две години. Тие влади немаа притисок да спроведуваат реформи! Немаше коректор и извештаи за нивното работење од ММФ. Имаше редовни извештаи од страна на ЕУ какви што има и денес околу напредокот на земјата на тој пат, но не и механизми за притисок за реформи!? Затоа што немаше напредок во клучни прашања за преговори со ЕУ (замрзнат грчко - македонски спор, исто како што денес ВМРО ДПМНЕ бара да се замрзне македонскобугарскиот спор!? Ви текнува на матрицата). Груевски беше дигнал раце од ЕУ, ЕУ од Груевски ... се си беше анти проширување на ЕУ. Не ме чепкај, не те чепкам ... А дома во Македонија, „семејно насилство“! Сето тоа придонесе за неодговорно трошење на државните пари. Примери има многу за кои ќе пишувам и во наредниот период: Проект Чебрен - Галиште (енергетски проект) за кој денес веќе и бебињата зборуваат. Во време на ВМРО ДПМНЕ девет неуспешни тендери!? Една амбасадорка од една клучна земја во ЕУ во тоа време ми рече дека е нелогично девет тендери неуспешни, и дека станува збор за притисок за мито кое компанијата од нејзината земја нема намера да го даде. Значи девет тендери за најголемиот проект на сите македонски времиња во единаесет години власт!? И ние денес зборуваме за енергетски проблеми на Македонија??!! Но, јас не слушнав во тоа време македонските големи бизнисмени нешто специјално да се бунат и даваат совети како треба да се направи проектот Чебрен - Галиште да помине како треба. Немаше ниту совети како со ЕСМ ... и така натаму. Тоа време беше време на „паметно молчење и дупе уза зид„!
Втор пример се кинеските кредити за патишта (или она ако сеќавате - 15 на СЕ’!? Од познатите телефонски разговори). За каков тип кредити од Кина и со каква цел беа земени никому овде не му е јасно. Ниту до крај јасна
процедура, ни како
вистински
патиштата
проект компјутер за секое
... околу
се
милиони
ljupco.zikov@kapital.mk
Aко тргнеме од фактот за кој не треба да имаме илузии да го докажуваме, дека земја како Македонија несомнено има финансиски проблеми во тешки времиња (две и пол години ковид криза и сега енергетска криза предизвикана од безобразната воена агресија на Русија врз Украина и деструкција на целиот европски енергетски систем), тогаш кои се алтернативите за финансирање на економските активности во земјава? Како да се финансираат и помогнат компаниите да работат, работните места да не се затворат, приходите да се зголемуваат, даноците да се плаќаат, а буџетот да се полни!? Во услови кога ММФ пласира пари со 1% до 2%!? Ајде да погледнеме што се случува на меѓународниот приватен финансиски пазар во Лондон и Њујорк од каде сме се позајмувале преку обврзници
се зборува...
компјутери се виде, ни од софтвери, ни од напредок во образованието, а рака на срце и се’ помалку деца во Македонија. Четврто, автобусите за Скопје, двокатни, џоа Лондон!? Цела зделка близу 100 милиони евра ...!? Ефектот гледајте го сами по улиците ... Петто, од многу потрошени пари, особено потрошени во проектот Скопје 2014 (накај 700 милиони евра) снемаа пари да враќаат ДДВ кај компаниите. Баснословни суми требаше да се враќаат. Кој од бизнисмените, оние „бабачко македонските“, ќе се побунеа, следуваа разни инспекции, притисоци и казни за „несоодветно
понашање за свои пари“! Не видов тогаш дека големите македонски бизнисмените нешто специјално се возбудија.
Имам уште многу
опишаните проблеми денес не постојат. Денес имаме зборлести бизнисмени со многу креации... што е добро! Од секогаш ни фалела
реформи. Токму
потребно
што
О
сновни прехранбени продукти, производи за лична хигиена, средства за чистење, производи за бебиња и домашни миленици, според грчките медиуми, се дел од категориите вклучени во таканаречената „кошница за домаќинствата“ што ќе ја воведат супермаркетите во Грција и за конкретните производи ќе треба цените или да останат непроменети или да има минимално покачување, јави дописничката на МИА од Атина. Поради инфлацијата, конкретната иницијатива на Министерството за развој и инвестиции на Грција била договорена на минатонеделната средба на надлежниот министер со претставниците на големите супермаркети. Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата, да се задржат на што е можно пониско ниво и евентуалните зголемувања да бидат минимални. Според грчките медиуми, „кошницата за домаќинствата“ содржи 31 категорија со 50 производи меѓу кои и: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко, јогурт, сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, чај, какао, вода, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн. Ова е само една во низата мерки што европските земји, погодени со незапаметена инфлација, ги воведуваат периодов заради заштита на животниот стандард на населението и колку толку полесно пребродување на кризата. Покрај монетарните мерки што ги преземаат Федералните резерви во САД, В. Британија, и Европската централна банка во еврозоната, со рекордното качување
основната каматна
на ЕУ
заедно
членство,
истите
земјите
најразлични
на
80% од струјата за 661.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи, фирми кои вработуваат речиси 98% од работниците во Македонија; u Над 330.000 пензионери ќе добијат повисоки пензии согласно новата методологија; u 6.000 денари во наредните 4 месеци ќе добијат пензионерите кои земаат до 11.525 денари пензија;
u 3.000 денари во наредните 4 месеци ќе добијат и пензионерите кои земаат од 11.526 денари до 14.000 денари пензија;
u 3.000 денари еднократна помош за 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош;
u 3.000 денари месечно во наредни 4 месеци ќе се исплатат на речиси 42.000 лица од ранливи категории; u 365 основни и 109 средни училишта ќе се на регулиран пазар за струја, за да може образовниот процес да тече непречено; u Болниците и мерните станици за водни пумпи ќе купуваат евтина струја од ЕСМ; u Предвидени се повеќе евтини кредитни линии за стопанството за одржување на ликвидноста; u Обезбедени се средствата за поврат на ДДВ и пред законскиот рок од 30 дена за да има зголемена ликвидност;
средства за граѓаните корисници на „Мој ДДВ”;
субвенции
земјоделството
приноси, стимулирање
обезбедување
Италија,
Европа. Иако
поздравен
финансиските пазари, предизвика загриженост во другите земји од ЕУ коишто не може да си дозволат да потрошат ниту мал дел од
платите и цените. „Со оглед на силното прелевање на европските енергетски пазари, ќе ги координираме нашите мерки за зачувување на еднакви услови и интегритет на единствениот пазар, вклучително и воздржување од штетни даночни прилагодувања. “, пишуваше во соопштението после состанокот на европските министри за финансии. Британската нова влада, пак, на чело со премиерката Лиз Трас, кон крајот на септември исто така донесе пакет за поддршка на домаќинствата и бизнисите, кој што вклучува и намалување на даноците, плафон за сметките за енергија, итн. Новиот британски министер за финансии планира и да го повлече планот на претходниот премиер Борис Џонсон за зголемување на даноците на компаниските профити. Според аналитичарите на британската банка Barclays, целосната вредност на овој пакет мерки би можела да достигне околу 235 милијарди фунти, што е многу повеќе од пакетот за заштита на работните места донесен за време на пандемијата. Британската влада исто така објави шестмесечен план за покривање на околу половина од трошоците за енергија на бизнисите. Ова следи откако премиерката Трас веќе лансираше програма за замрзнување на цените на енергенсите за домаќинствата следните две години. Со тоа, просечно домаќинство ќе има годишна сметка за енергија од максимум 2.500 фунти до 2024 година. Цената на струјата и гасот за фирмите, како и за болниците, училиштата и хуманитарните организации, ќе биде ограничена на половина од очекуваниот трошок на отворениот пазар. Македонскиот пакет на мерки: за власта таргетиран, заопозицијата задоцнет Богатите земји полесно ќе ја
поминат кризата. Имаат тие “масни наслаги“, односно резерви, буџети и фондови со коишто може да им олеснат во голема мера на граѓаните и бизнисите во време на шокантни цени на енергијата, и се’ што понатаму повлекува таа во синџирот на стоки и услуги. Што им останува да прават сиромашните земји во развој, како Македонија? Оние што имаат поголем капацитет за сопствено производство на енергија, ќе ги зауздат некако цените на струјата. Но, оние што си „спиеле на увцето“ дека струјата вечно ќе биде 50-60 евра за мегават, и ќе можат да увезат колку сакаат и кога сакаат, и 30 години не изградиле ниту еден посериозен енергетски капацитет, сега ќе се фаќаат за глава, плашејќи се како ќе ја преживееме зимава. Граѓаните се револтирани од секојдневното качување на цените на речиси сите артикли (инфлацијата во септември е 18,7%, некои артикли, како лебот, поскапени се 50% за една година), фирмите очајно бараат да им се помогне со високите сметки за струја, синдикатите алармираат дека потрошувачката кошничка надминала три минимални плати, а Владата го донесе најновиот пакет на антикризни мерки. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека „со новиот пакет мерки од 360 милиони евра никој нема да биде оставен сам да се справува со последиците“. „Со мерките кои ги донесовме во текот на 2022 година, вкупниот пакет на антикризни мерки изнесува досега 750 милиони евра. По длабоки и долги консултации со експертите, со претставници на работодавачи, на здруженија на пензионери, со претставници на Стопански комори инсистирав да делуваме на повеќе нивоа за да може буквално сите да бидат опфатени. Од една страна, нашата, мојата цел
за оваа зима е да ги искористиме максимално ресурсите со кои располагаме, контактите со нашите пријатели од Европа, од регионот, контактите со најблиските соседи и да го исполнуваме нашиот план за обезбедување ресурси и пред се електрична енергија за семејствата, за училиштата, за болниците, за претпријатијата. Од друга страна, усвојуваме таргетирани мерки кои ќе бидат поддршка за најранливите граѓани, што од друга страна е и препорака на меѓународните финансиски институции.“, рече Ковачевски при презентирањето на мерките деновиве. Некои од експертската јавност поздравија дел од мерките, особено оние што се насочени кон ранливите категории граѓани, додека други критикуваат дека нема доволно мерки насочени кон бизнисите. Опозицијата пак, рече дека мерките што ги нуди владата се гол маркетиншки трик. „Тие ниту се навремени, ниту се таргетирани, ниту се решение за проблемите. Тие се само купување време, додека кризата метастазира“, обвини ВМРОДПМНЕ. Тие предлагаат сет од пет конкретни мерки за ублажување на кризата: ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕСМ во текот на викендите да се понуди на домашното стопанство; Владата да покрие половина од разликата меѓу цената на струјата која ја плаќаат компаниите и цената на регулираниот пазар; За граѓаните да се воведе викенд без ДДВ за основните прехранбени производи; Одложување на воведувањето на скалесто оданочување кое го планира власта; Да се обезбедат повеќе свежи пари за стопанството преку дестерилизација на благајничките записи во Народна банка. nnn
целосна помош и поддршка од Владата, АД ЕСМ успеа да ја изменаџира енергетската и топлинската криза во 2021/22. Пред нас е нова, уште потешка кризна состојба во 2022/23, во која АД ЕСМ влегува со обврска за целосно обезбедување на електрична енергија за граѓаните и малите потрошувачи, и на парно греење за граѓаните на Скопје.
од премиерот Ковачевски и од целиот тим министри, пред се од економскиот тим, како што тоа беше и во текот на претходната
Заедно со Владата, бараме начин како да помогнеме на стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас, за да се вклучат дополнително и дел од останатите капацитети, за таа енергија да ја произведеме и да ја понудиме на бизнис секторот и на институциите, сè со цел да помогнеме и на слободниот пазар , каде што цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар, кој ЕСМ го снабдува.
ние самите во АД ЕСM штедиме, иако ја произведуваме струјата и можеби некој мисли дека ни е лесно достапна. АД ЕСМ ги повикува сите, и граѓани и институции, согласно можностите, доследно да се придржуваат кон мерките за штедење на електрична енергија, како дел од севкупното движење во Европа за намалување на потрошувачката на електрична енергија. АД ЕСМ како производител на 70% од вкупната електричната енергија во државата, што ја покрива 100-процентно целокупната потреба на граѓаните и малите потрошувачи (мали фирми и јавни институции), апелира секој поединец да даде максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, со свој личен влог. АД ЕСМ ќе ги вложи сите напори да ја произведе целата електрична енергија која е потребна за граѓаните до крајот на грејната
сезона и истата да ја има во доволни количини, но граѓаните треба да знаат дека секој киловатчас кој ќе го заштедат, ќе значи помалку трошење на јаглен, мазут и гас за неговото производство. Тоа значи заштеда на големи средства од државниот буџет, средства кои се на сите нас, бидејќи цените за набавка на енергенсите се енормно зголемени. Со почетокот на глобалната енергетска криза, цената на мазутот е зголемена за речиси 100%, на јагленот за над 200%, а на гасот за 700%. Цената за набавена електрична енергија е покачена за 1000%. Ваквите цени, во услови на криза, државата и граѓаните тешко ќе можат да ги поднесат. Доколку се придржуваме на мерките, енергијата која ќе се заштеди, АД ЕСМ ќе може да ја пренасочи кон стопанството, посебно кон големите фирми и институциите, кои купуваат струја
на слободниот пазар по енормно високи цени, и на тој начин ќе можеме да им понудиме одредена количина по пониски цени, со што ќе се намалат нивните трошоци за работа. Само со штедење на електричната енергија, сите ние можеме многу да им помогнеме на болниците, училиштата, градинките, како и на нашата економија, и заедно да излеземе од оваа наметната криза. X Како течат инвестициите? Очигледно е дека мора да се градат нови електрани, нови
криза АД ЕСМ не го изгуби од вид значењето на инвестициите во енергетиката како единствено издржано долгорочно решение за надминување на евентуални идни енергетски кризи. Во тек e реализација на 12 проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760 MW, што е повеќе од постоечката инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420 MW. Од 2018-2022г имаме нова инвестиција 30 MW во когенеративна гасна електрана КОГЕЛ и 10 MW фотоелектрична централа Осломеј 1. Треба да се потенцира дека ЕСМ ја изгради и ја стави во функција фотонапонската електрана во Осломеј - Кичево токму во услови на ковид криза и на енергетска криза. Оваа соларен капацитет е прва фотонапонска електроцентрала во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник за јаглен. Следува уште една сончева електроцентрала од 10 MW и една од 100 MW. Ние сме особено горди на овој проект бидејќи со него почна енергетската транзиција во Р. Северна Македонија и по неговото комплетирање ние ќе имаме целосна замена на капацитетот од 120 MW на термоелектраната Осломеј со капацитет од сонце од 120 MW. За овој наш зафат добивме голема поддршка и проектот од страна на Енергетската заедница е даван за пример во други земји каде исто така се спроведува енергетска транзиција. Уште 4 фотонапонски електрани од 280 MW ќе се градат во РЕК Битола каде заедно со новата планирана гасна електрана од 250-400 MW ќе треба да ja заменат комплетната термоелектрана Битола во следната деценија и да се заврши со користењето на јаглен. Го шириме ветерниот парк Богданци, а во постапка е финализирање на процесот за Чебрен. И мора да се има во предвид дека во енергетиката резултатите доаѓаат по подолг период и ефектот од тоа што денес се работи
кажам. Одговорно тврдам дека за целиот период додека сум директор на АД ЕСМ, нема ниту една јавна набавка на којшто била повикана само една фирма и никогаш не се случила набавка во 4 очи. Секогаш кога се спроведувала постапка, без претходно објавување оглас (една од постапките согласно Законот за јавни набавки), без исклучок биле повикувани најмалку 3 фирми, понекогаш и многу повеќе, пред сè заради конкурентност, и секогаш постапката била транспарентна и секогаш се избирал понудувачот што имал најниска цена. Меѓутоа, кога некој секојдневно ве обвинува за склучување договори во 4 очи и го вперува прстот кон вас, цело време додека трае кризата, не е прифатлива таа негова лична перцепција, без оглед дали е опозициски лидер, новинар, организација итн. Таа магла создадена во јавноста од различни субјекти мора да се расчисти и да не доведуваат граѓаните во заблуда со звучни изрази и реченици кои немаат никаква врска со реалната состојба. X Почнавте да добивате нови транши од буџетот за поддршка за новата енергетска криза, но од парламентот, односно од опозициските пратеници и други партиски претставници добивте забелешка дека нема отчет за дел од веќе потрошените средства. Како го коментирате ова? ЕСМ остро ги демантира и ги отфрла наводите изнесени од опозициската партија и нејзини функционери. Нема никаков недостиг на средства во енергетската криза, се води детално сметководство и евиденција на трошоците и употребата на средствата од буџетот префрлани на наменска сметка. Станува збор за извртување на податоците, некомплетно толкување и мешање датуми. Одговорот е дека во моментот кога е даван отчетот на АД ЕСМ, а тоа е 1.4.2022г, тие пари ( 18 милиони
како се успеа истата да се надмине без ниеден ден рестрикција на струја и без ниеден ден прекин на греењето во главниот град. Во овој момент АД ЕСМ прави пресек на потрошените средства заклучно со 31.8.2022г., односно до почетокот на новата енергетска кризата. Во тој преглед, кој ќе биде доставен до владата, ќе биде даден збирен преглед на средствата што биле префрлени на ЕСM од државниот буџет, за справување со двете кризи- со електрична и со топлинска енергија, како и тоа и по кои ставки истите се потрошени, колку свои средства трошел ЕСМ кои се рефундирани од државниот буџет итн. X Опозицискиот лидер Мицкоски излезе со тврдења дека во време кога тој бил генерален директор на АД ЕЛЕМ во 2017 година, фирмите плаќале многу поевтина струја отколку сега, според одредени рангирања на 4 место, додека сега на 8 место. Ваш коментар? Мицковски споредува неспоредливи временски периоди. Во 2017 ниту имало некаква криза, ниту бил соочен со ова со што денес и ЕСМ и државата и сите се соочуваме. Која држава колкава цена плаќа зависи колку производни капацитети има и дали произведува своја струја или ја купува на берза. Поевтина струја денес имаат државите кои сами произведуваат, ние за жал 30 отсто од струјата, а тоа се тие 30 отсто кои се потребни за големите фирми и за институциите, ги купуваме на слободниот пазар, односно сами си ги купуваат фирмите и институциите. Вистинското прашање тука е колку електрани изгради Мицковски за државата додека беше директор на ЕСМ и претходно додека беше советник за енергетика на Груевски? Се разбира, освен сопствените хидроелектрани, тоа не се смета. Значи ништо. Само е изграден половина капацитет од ветерниот парк Богданци од 35 MW.
ЕСМ во последните 3 години изгради фотонапонска електрана
компанија
и транспарентно беше
пред целата јавност
беше менаџирана кризата
Осломеј од 10MW и ja интегрираше гасната електрана Когел од 30MW. Значи ЕСМ за три години стави години 40MW во системот. А во моментов се градат уште електрани, и сончеви, и се шири ветерниот парк, и во постапка е Чебрен, овозможивме со законот за енергетика да се градат приватни електрани од обновливи извори, тоа е исто така домашна струја во системот.
Васко
И за неколку години ние ќе имаме повеќе домашно производство и пониска цена. Но, денес оваа цена за стопанството е последица на 12-те години владеење на партијата на Мицкоски и нивните енергетски политики на неинвестирање во енергетиката. И на сите други претходно. Енергетиката не е дејност од денес за утре. И некоректно е Мицкоски да се фали, кога тој во енергетиката нема ама баш никаков придонес, освен придонесот за себе.
X Имавте многу впечатлив настап во РЕК Битола, го нарековте ,,Час во природа”, на кој и објаснувавте на опозициската партија и на нејзиниот лидер околу продажбата на вишоците. Дали се расчисти таа тема, бидејќи доста време беше форсирана во јавноста? Тоа што тие го зборуваат за ноќни вишоци електрична енергија , нема никаква врска со реалната ситуација и со енергетиката. Ако професорот Мицкоски и поранешен директор на ЕЛЕМ не знае која е разликата меѓу ,,ноќни вишоци и банд енергија” и ,,пик енергија’’ тоа е штета за државата што такво лице било на толку значајна функција. А доколку знае која е разликата, тогаш е недозволиво намерно да ја лаже јавноста и да ги извртува фактите. И срамота е, затоа што има стручна јавност, експерти и луѓе што работат во енергетиката и кои што знаат дека сето тоа е лага и дека Мицкоски и неговите лажат. Мицкоски секој ден пишува како ЕСМ продава ноќни вишоци. И тоа го прави театрално како да е некаква информација. Прво, тоа се јавни објави и јавни аукции на АД ЕСМ. АД ЕСМ продава ноќни вишоци на електрична енергија по пат на јавна аукција и наддавање од заинтересираните купувачи. На аукциите на АД ЕСМ за ноќни вишоци енергија од 02-07ч. може да се пријави да купи секој субјект кој е на слободниот пазар: трговци, стопански субјекти, државни институции итн., доколку имаат потреба од електрична енергија во тие часови. ЕСМ не врши продажба на енергија на HUPEX, туку продава во земјата. Сите трошоци понатаму доколку таа енергија се носи надвор, ги поднесува купувачот, како што се закуп на прекугранични капацитети и други издатоци на берзанското тргување, кои ја покачуваат крајната цена на берзата. Еве еден пример: за периодот 20.8.26.8.20022г продадени се 1750 MWh по
Иако како компанија се најдовме под силен удар на енергетската криза и вложивме натчовечки напори за нејзино менаџирање и успеавме во тоа, ние истовремено со енергетската криза продолживме да ги спроведуваме и инвестициските проекти, пред се’, во обновливи извори. Во тек e реализација на 12 проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760 MW, што е повеќе од постоечката инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420 MW.
Понуди дале четири понудувачи, и нивните последни понуди на крајот на наддавањето биле:140, 266, 293 и 303 евра за мегават - час. Избрана е највисоката понуда која е добиена. Со оглед на цените кои се добиени од повеќе понудувачи, јасно се гледа дека постигната цена е таа која е реална за предметните шест дена. Ист е случајот и со другите пакети ноќни вишоци за кои зборува.
и побарувачка. Кога веќе Христијан Мицкоски сака да говори на темата купување и продавање електрична енергија, повторно
негов
време кога струјата се продаваше по 70 евра за MWh. Секој човек со барем малку лично достоинство ќе размисли пред да влегува
АНИТА АНГЕЛОВСКА –БЕЖОСКА гувернерка на Народната банка Плаќањата сè повеќе стануваат безготовински. Според Светската банка, во глобални рамки, две третини од возрасното население врши дигитални плаќања, притоа 95% во развиените економии, а 57% во економиите во развој. Трендот на сè поголема дигитализација е присутен и кај нас, поточно 74% од возрасните вршат дигитални плаќања.
извршуваат и следат плаќањата полесно, додека за банките е можност за подобрување на својата услуга кон клиентите. Придобивките за потрошувачите се во насока на брзи и ефикасни платежни услуги што ќе им помогнат да заштедат време и да бидат подетално информирани за извршените плаќања. Отвореното банкарство, исто така ќе им овозможи на фирмите да управуваат полесно со своите платежни сметки, користејќи уникатни производи и услуги. Вицегувернерката Емилија Нацевска, при освртот на заклучните согледувања, посочи дека на национално ниво се работи на подзаконски акти со кои ќе се синхронизираат отвореноста на системите на банките која ја носи новиот Закон за платежни услуги и платни системи, и безбедноста на платежните услуги. Имено, вицегувернерката истакна дека овој пристап носи одредени
ЈОРГОВАНКА ТАБАКОВИЌ
гувернерка на Народната банка на Србија Овој напредок донесе бројни придобивки за човештвото. Како што одминуваат годините, се појавуваат нови теми, се постигнуваат нови успеси, а платежните услуги и мрежата на пазарни инфраструктури стануваат сè пософистицирани.
предизвици за креаторите на политиките и регулаторите, при што довербата е клучна за успешната имплементација на концептот отворено банкарство. Холандското искуство
На панел дискусијата „Дигитална трансформација: отворено банкарство и засилена автентикација“, учествуваа Ниликса Девлукиа, претставничка на „Пејментс солвд“, Михал Калина претставник на „Рабобанк“ и Холандската асоцијација за плаќања, Макс Герлинг, претставник на „Каренс“, а истата беше модерирана од Горан Јанковски од Народната банка, кој
отвореното банкарство. Тие го споделија своето искуство за процесот на подготовка на регулативата за отворено банкарство
ИНГЕ ВАН ДИЈК
директорка на Секторот за плаќање, Банка на Холандија Она што нè обединува и за што треба да се залагаме заедно додека се движиме кон просперитетна иднина за дигитални плаќања е одржувањето силна и безбедна инфраструктура за плаќање во услови на поголема дигитална зависност.
имплементација. Пред панелот, беше одржана презентација од страна Марк ван дер Марел од Банката на Холандија, на тема „Влијанието на Директивата за платежни услуги 2 во Холандија – на конкуренцијата, иновациите, безбедноста, потрошувачите и заштита на податоците“. Тој ги истакна придобивките за холандскиот пазар на платежни услуги,
зголемена
Р
азлични кризи бараат различни решенија. Најдобриот одговор е секогаш оној кој ќе даде најдобри резултати на подолг рок, додека политиките кои се носат за „денес“, секогаш треба да го земат предвид и „утре“. Тоа е вистинскиот пат за надминување на една криза. Со ова ја започнувам колумната која ќе ја посветам на борбата против тековната криза и мерките кои се преземаат за да се олеснат нејзините ефекти. Новиот пакет на мерки е само едeн дел од целиот сет на економски политики кои се водат со цел задржување на социјалната и економска стабилност. Оттаму преку овој текст ќе се обидам да ја дадам целосната слика од тоа што е направено и што претстои. Во изминатите три години светот се соочи со неколку кризи кои се преклопија. Како резултат на неекономски фактори –пандемијата, климатските промени и војната во Украина, светот се соочува со најголемата економска криза од Втората Светска војна наваму. Прво, пандемијата предизвика остар пад на економската активност. Понатаму, со заздравување на економската активност, се создадоа тесни грла во понудата, особено кај енергентите, што предизвика глобални ценовни притисоци. Војната во Украина дополнително ја распламти енергетската криза и инфлацијата. Цената на енергентите, влијанието на увозните врз домашните цени и инфлациските очекувања ќе бидат најголеми предизвици во следниот период. Пандемијата ја надминавме,но дојдоа нови кризи коибараат нови одговори Одговорот на фискалната политика на ефектите на пандемијата врз економијата беше енергичен. Забавената економска активност беше стимулирана преку поттикнување на јавната и приватната потрошувачка. Во координација со монетарната политика се дејствуваше кон зголемување на ликвидноста во економијата. Преку шест пакети на антикризни мерки во вредност од 1,2 милијарди евра, Владата ги поддржа ранливите категории на граѓани, фирмите погодени од кризата и работните места. За оваа цел беше внесен и свеж капитал од странство, чија цена за време на пандемијата беше на историски ниски нивоа, поради олабавената монетарна политика на централните банки. Но, ова
Со октомврискиот, најнов пакет на мерки кои Владата ги претстави во неделата, во вредност од околу 360 милиони евра, одиме повторно со таргетирани мерки насочени кон најранливите категории граѓани, таргетирана поддршка за јавни и здравствени установи, поддршка на ликвидноста на компаниите и инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел да дадат најоптимални резултати. се одрази и на зголемување на јавниот долг за десетина процентни поени, како што беше случај впрочем и со сите земји во развој. Но, целата стратегија даде резултати и падот беше значително ублажен. Следната година економијата продолжи да заздравува и оствари раст од 4%. Сега сме исправени пред поинакви предизвици. Првичните ефекти од пандемијата беа надминати, но нееднаквото заздравување на понудата и побарувачката, создаде тесни грла кај глобалните синџири на добавување. Како резултат на тоа се појавија поизразени ценовни притисоци, пред се кај енергентите и кај другите примарни производи. Со почетокот на војната во Украина во февруари годинава и санкциите кон и од Русија, овие ценовни притисоци станаа уште поизразени, земајќи ја предвид улогата на Русија и Украина во глобалните синџири на добавување (пред се енергенти и житни култури). Историски највисоки цени на енергентите и храната,инфлација и трговски дефицит Цената на нафтата, гасот и електричната енергија се искачија на историски највисоки нивоа. Цената на природниот гас забележа огромен раст од втората половина на 2021 и понатаму во 2022 година. Така, во 2021 година во Европа, просечната цена на гасот порасна за 370% споредено со 2020 година. Во периодот јануари - август 2022 просечната цена на природниот гас во Европа достигна 1.389,5 $/1000m3, што е раст од 143,7% споредено со просекот од 2021. Во август цената на гасот достигна 2.478,2 $/1000m3. Следствено, порасна и цената на електричната енергија. Во периодот јануари – август 2022 година, просечната цена на електрична енергија изнесува 272,7 EUR/MWh што е за 139,4% повисоко во однос на просечната цена од 2021 година. Во текот на септември просечната цена на електричната енергија
изнесува околу 390 EUR/MWh, што е извесно намалување во однос на август 2022 година, кога просечната цена достигна 495 EUR/MWh. Исто така и цените на храната, особено на житарките, се на историски највисоко ниво во светски рамки во последните 22 години, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации и ММФ. Цената на пченката во 2021 беше повисока за 56,9% споредено со 2020 година, додека заклучно август годинава, просечната цена е повисока за 22,6% во однос на 2021. Цената на пченицата во 2021 година забележа раст од 23,7% споредено со 2020 година, а просечната цена во периодот јануари-јули 2022 е повисока за 35,6% во однос на просекот од 2021 година. По историските нивоа во периодот март-мај, цената на пченицата забележа намалување
во јуни и јули 2022. Цената на сончогледовото масло во 2021 е повисока за 59,4% споредено со 2020 година, додека во периодот јануари–август 2022 просечната цена е 1.820,6 долари за тон што е дополнителен раст од 29,7% споредено со 2021 година. Во март цената достигна 2.361,1 долари, што е историско највисоко ниво, додека во август се спушти на ниво од 1.496,2 долари. Цените на говедското и пилешкото месо, исто така, забележаа раст на светските берзи. Како мала и отворена економија ние исклучително сме подложни на овие глобални движења. Пред се, тука е прелевањето на увозните цени врз домашните цени на производите и услугите, што резултираше со забрзување на инфлацијата од почетокот на годината заклучно август за 11,6% на годишно ниво. Растот на цените на прехранбените производи, нафтените деривати и електричната енергија учествуваа со 73% во растот на инфлацијата во овој период. Базичната инфлација,
енергетската и ценовна криза изнесуваше околу 400 милиони евра за директна поддршка на граѓаните за подобрување на животниот стандард и поддршка на стопанството и компаниите. Мерките за намалување на ДДВ за електрична енергија (од 18% на 5%) и за основни прехранбени производи (од 5% на 0%) влијаеја на намалување на инфлацијата за околу 3 процентни поени, при што стапката на инфлација за периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 10% наместо 13% (колку што би изнесувала кога би ги немало овие мерки). Притоа дел од мерките, кои се однесуваат на даночни ослободувања и евтини кредити за фирмите од овој пакет се пренесоа и понатаму, односно до крајот на годината. Владата исто така обезбеди трансфери кон ЕСМ со цел ублажување на ефектите од растот на пазарната цена на електричната енергија, односно на регулираниот пазар сега се плаќа само 20% од реалната пазарна цена. Дополнително со ребалансот на Буџетот за 2023 година, беа донесени и нови мерки, кои беа потаргетирани во споредба со мартовскиот пакет. Имено со ребалансот се зголеми социјалната гарантирана минимална помош за права од социјална заштита, за 36.000 домаќинства. Понатаму, обезбедивме дополнителни 73 милиони евра за покажување на пензиите на над 330.000 приматели на пензија. Дополнителни 17,5 милиони евра обезбедивме за субвенции за придонеси за покачување на платите во приватниот сектор. За субвенции и трансфери за земјоделците обезбедивме дополнителни 52 милиони евра, во насока на полесно справување со кризата за снабдување со храна. Беа обезбедени и дополнителни средства за трансфери кон енергетските компании со цел одржување на цената на електричната енергија на пониски нивоа. Со октомврискиот, најнов пакет на мерки кои Владата ги претстави во неделата, во вредност од околу 360 милиони евра, одиме повторно со таргетирани мерки насочени кон најранливите категории граѓани, таргетирана поддршка
установи,
поддршка за околу 42.000 корисници на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лица со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице , а не користат право заради попреченост, самохрани родители корисници на гарантирана минимална помош, невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници). Тие ќе добија четирикратно по 3.000 денари месечно, односно вкупно 200 евра финансиска поддршка за полесно соочување со кризата. Исто за примателите на пониски пензии предвидени се финансиски додатоци, и тоа за оние кои примаат под 11.500 денари месечно ќе добијат вкупно 100 евра и оние од 11.500-14.000 денари ќе добијат 50 евра. Станува збор за околу 160.000 корисници на пензија. Во рамки на мерките за поддршка на компаниите се предвидува проширување на опсегот на компании кои се корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање. Понатаму, предвидена е директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци и занаетчии од производствената дејност. Ќе се забрза и зголеми поврат на ДДВ, коригиран за ефектот на инфлацијата и реалниот раст и ќе се продолжи мерката преку Развојната банка и комерцијалните банки за кредитирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, а дополнително ќе се помогне и за консултантски услуги за изработка на проектите. Продолжува и субвенционирањето на енергетските компании за одржување на пониска цена на електричната енергија од пазарната,
им се продава електрична енергија по цена пониска од пазарната. Продолжуваат и дел од мерките донесени со мартовскиот пакет на антикризни мерки. Примената на повластена даночната стапка на ДДВ од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата ќе трае до крајот на годината. Исто така ќе продолжи директната финансиска поддршка
за ранливи потрошувачи на електрична енергија (Програма за енергетска сиромаштија). Ослободувањето од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување ќе продолжи до крајот на годината. Исто така продолжува да е на располагање и кредитна линија за зелена транзиција преку Развојната Банка. Усвоен План од Владата: Фискална консолидацијаза фискална одржливост Покрај пакетите мерки за поддршка на најранливите граѓани и фирми, Владата презема мерки и во насока на задржување на макроекономската стабилност. Тука би го спомнал Планот за фискална одржливост кој во неделата го усвои Владата за буџетските корисници, покрај пакетот на мерки. Во рамки на планот е содржана консолидација на трошоците за плати преку рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор врз основа на функционалната анализа, како и реорганизација на начинот на извршување на работните обврски во зависност од нивната природа и воспоставување работа од дома, до 30% од вработените, со нивно ротирање, без да се наруши редовното функционирање на институцијата. Понатаму, предвидена е консолидација на расходите за стоки и услуги, преку штедење на режиски и патни трошоци и канцелариски материјали. Исто така се предвидуваат и нови механизми за реализација на капиталните расходи, вклучително и механизмот КАПЕФ, кој досега покажа добри резултати. Едновремено ќе продолжи да се работи на подобрување на наплатата на давачките преку понатамошно унапредување на даночната регулатива
анализа, како и реорганизација на начинот на извршување на работните обврски во зависност од нивната природа и воспоставување работа од дома, до 30% од вработените, со нивно ротирање, без да се наруши редовното функционирање на институцијата. на соработката со релевантните агенции во земјите на ЕУ и меѓународните институции. Исто така, се зајакнуваат активности за спречување на даночната евазија, како и подигање на јавната свест за штетните последици од сивата економија и јакнење на даночниот морал. За реформите во управувањето со јавните финансии, пишував претходно, пред се за новиот Закон за буџети, а ќе пишувам и понатаму пошироко во некоја од следните колумни. Борба на повеќе нивоа На крајот би сакал да нагласам, треба да имаме предвид дека оваа битка ја биеме на повеќе фронтови и дека секоја акција која ја преземаме има влијанија на повеќе нивоа. Настојуваме на најоптимален начин, со најмали последици
да
оваа криза.
пребродиме
верувам
со економската криза предизвикана од пандемијата, што го нотираат и меѓународните финансиски институции. Со ладна глава
акцизните документи и зголемување на ефикасноста на акцизните контроли
воведување на таргетирани контроли на високоризични
ИГОР ПЕТРОВСКИ
На Македонија ѝ е потребен механизам за проверка (скрининг) на странските директни инвестиции (СДИ), за да превенира влез на т.н. корозивен капитал, којшто може да предизвика повеќе штета, одошто корист за националната економија. Ова е заклучокот од анализата што ја подготви Институтот за демократија, изработена од тројца експерти, чиишто наоди беа презентирани деновиве во Скопје. Корозивниот капитал, како што објаснија учесниците на конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“ во организација на Институтот, претставува финансирање, без разлика дали е државно или приватно, на кое му недостасува транспарентност и отчетност и кое наместо остварување економски бенефит, за цел има политичко влијание. „Најчесто, но не ексклузивно,
потекнува од авторитативни режими и ги искористува институционалните слабости и законските недоречености за да влијае на економските, политичките и/или социјалните случувања во земјата. На тој начин, корозивниот капитал доведува до ослабување на владеењето на правото и институциите, како и засилување на олигархијата и корупцијата во државата.“, објасни Зоран Јовановски, економист и експерт, еден од авторите на анализата за скринингот на СДИ. Тој наведе и неколку примери за тоа како би можел да изгледа корозивниот капитал во пракса. „Да речеме имате три најсилни ТВ куќи во државата и доаѓа странски инвеститор којшто сака да ги купи. Не само што постои опасност од монополизирање на информативниот простор во земјата и диктирање на условите на маркетиншкиот пазар и сл., туку поседувањето на најголемиот дел од медиумскиот бизнис од страна на еден сопственик ќе му
овозможи доминантно влијание врз креирањето на јавното мислење, монополизирање на информациите, политичко влијание, што на крај ќе го загрози демократскиот амбиент на државата. Друг пример е инвестиција во некоја наменска индустрија, којашто може да произведува делови за воениот комплекс и сл. Замислете да дојде некој странски инвеститор со капитал од сомнително потекло и со сомнителни намери и да купи фабрика која што е од стратешко значење за безбедноста на земјата?“, истакна Јовановски. Светски примери Виктор Мизо, директор на Костал Македонија, една од странските инвестиции во земјава, којашто доаѓа од германски гигант во индустријата за авто делови и компоненти, истакна три примери на светско ниво каде што поради скенирањето на потенцијалниот корозивен капитал, но и реакциите произлезени од тоа, не се реализирале големи инвестиции.
инфраструктурни објекти да се дадат во раце на странци. И до ден денес таа трансакција уште не е случена. Затоа што ова за САД
не е само економско, првенствено
е безбедносно прашање. Потоа, американски Pfizer сакаше да ја купи британската Astra Ze neca. Британскиот регулатор
Зошто? Тие си знаат,
принцип, немаат обврска да објаснат зошто не даваат зелено светло за некоја аквизиција. Повторно, може да се работи за стратешко-безбедносни прашања
на државата. Трет пример: голем синџир на супермаркети во Франција не доби дозвола да биде преземен од канадски гигант во малопродажбата.
примери
во Унијата, но и во Македонија преку процесот на пристапување во ЕУ. „Механизмот за скрининг на СДИ е дел од
транспорт на енергија, нуклеарни инсталации, воздушен транспорт, пристанишни активности, банкарски услуги, финансиски пазари, активности за управување со технолошки
деловни кампуси, снабдување со критични ресурси, вклучувајќи
безбедност
најдобро
тесна
X Господине Габриел, на почетокот, честитки за новата позиција на претставник на ЕИБ за Северна Македонија, на која неодамна бевте назначен. Да потенцираме уште еднаш каква додадената вредност ќе донесе специјалната канцеларија на ЕИБ во Скопје за македонската економија и општеството воопшто? Ви благодарам за добрите желби и за можноста да зборувам за вашиот ценет медиум. Отворањето на канцеларијата на ЕИБ во Северна Македонија е дел од нашиот план за постепено проширување на нашата финансиска и техничка поддршка за Западен Балкан. Во февруари оваа година, на барање на земјите членки на ЕУ, ја формиравме „ЕИБ Глобално“ – посебен огранок на ЕИБ насочен кон подобро задоволување на потребите на земјите партнери на ЕУ. ЕИБ е долгогодишен партнер на Северна Македонија. На нејзина територија работиме 45 години, а од 1991 година банката има инвестирано 1,1 милијарди евра за поддршка на развојот на виталната инфраструктура и малите и средни претпријатија (МСП). На тој начин изградивме доверлива и долгогодишна соработка со мноштво македонски колеги. Отворањето на нашето претставништво во Северна Македонија е природно продолжување на оваа плодна соработка со земјата. Тоа ќе ни помогне уште подобро да ги разбереме и да им служиме на специфичните финансиски потреби на нашите партнери во централната и локалната власт, како и на приватниот сектор. Накратко, ќе ни помогне да донесеме повеќе ресурси за регионот и во форма на грантови и заеми за техничка помош и повеќе финансиски и секторски експерти на терен. Благодарение на овој нов тим исклучиво посветен на земјите од проширувањето на ЕУ, ќе можеме целосно да се фокусираме на локалните проекти. Како резултат на овие напори, се надеваме дека ќе донесеме практични придобивки за македонските граѓани кога станува збор за животниот стандард и деловните активности, како и дека ќе помогнеме во понатамошниот процес на интеграција на земјата во ЕУ.
X Кои ќе бидат приоритетите на поддршката
принцип,
на ЕУ се раководи според политиките на ЕУ и приоритетите на рамката за соработка меѓу ЕУ и Северна Македонија. Значи, јасно е дека Економскиот и инвестициски план на Европската комисија, Зелената и дигиталната агенда и најновата иницијатива „Глобална порта“ се клучни двигатели на инвестициската и советодавна поддршка на ЕИБ Глобално во широк опсег на сектори. Во текот на оваа година планираме да ја одобрат новата инвестиција за изградбата и рехабилитацијата на водоснабдувањето, собирањето на отпадните води и вонредните мерки за заштита од поплави за општините низ Северна Македонија. Оваа инвестициска програма ќе се реализира под раководство на Министерството за животна средина и просторно планирање. Таа ќе и помогне на земјата да го зголеми пристапот до вода за пиење, санитарните услуги и отпорноста на климатските промени, бидејќи проектот ќе помогне во заштитата на јавното здравје и животната средина. Мило ми е што можам да кажам дека ќе ја поддржиме инвестициската програма со дополнителна техничка помош од нашата т.н. Иницијатива за економска отпорност. На овој начин, на располагање е дополнителна експертиза за идентификација, подготовка и реализација на конкретни проекти за инвестиции за вода во општините. Покрај тоа, планираме да потпишеме нова кредитна линија со Развојната банка на Северна Македонија за поддршка на декарбонизацијата на македонските компании и воведување еколошки и енергетски ефикасни технологии. Оваа нова инвестиција е во согласност и со климатските амбиции на ЕИБ и со мерките донесени од владата на Северна Македонија како одговор на актуелната енергетска криза. Исто така, тука размислуваме да го надополниме нашето финансирање со техничка поддршка во корист на РБСМ, комерцијалните банки и евентуално деловните здруженија. Работиме и на финансирање на пругата на железничкиот Коридор VIII, делницата од Крива Паланка до бугарската граница, вклучително и обезбедување на дополнителна техничка поддршка за реализација на проектот. Како една од водечките инвестиции во рамките на Економскиот и инвестициски план, проектот ќе има корист и од каналот за грантови на ЕУ преку
Европската инвестициска банка е долгогодишен партнер на Северна Македонија. На нејзина територија работиме 45 години, а од 1991 година банката има инвестирано 1,1 милијарди евра за поддршка на развојот на виталната инфраструктура и малите и средни претпријатија (МСП). Отворањето на нашето претставништво во Северна Македонија е природно продолжување на оваа плодна соработка со земјата. Тоа ќе ни помогне уште подобро да ги разбереме и да им служиме на специфичните финансиски потреби на нашите партнери во централната и локалната власт, како и на приватниот сектор.
Инвестициската рамка за Западен Балкан. Но, нема да застанеме тука. Како приоритетни ќе ги разгледаме и начините за поддршка на енергетската транзиција, дигитализацијата и инклузивниот раст на Северна Македонија. Исто така, ќе ги истражиме начините за мобилизирање на инвестициите во приватниот сектор. Затоа, Банката има намера да развие нови инструменти за гаранција и поделба на ризикот за приватниот сектор во соработка со Европската комисија. На крај, дозволете ми да споменам дека обемот на нашите активности не опфаќа само финансиска поддршка, туку вклучува и услуги за размена на знаење и советодавни услуги. Тие даваат поддршка за подготовка на проекти со високо влијание, спроведување пошироки инвестициски програми или реформски напори во конкретен сектор, на пример, во банкарскиот сектор. Во овој контекст, нашето
локално присуство ќе помогне да се создадат нови партнерства и да се пренесе релевантната експертиза на ЕИБ Глобално, на пример, кога станува збор за зазеленување на финансискиот систем во согласност со таксономијата на ЕУ за одржливи финансии. X Кои се тековните кредитни линии од ЕИБ кои им помагаат на македонските бизниси, а со кои управуваат Развојната банка и комерцијалните банки? За поддршка на побрзо закрепнување од пандемијата на КОВИД-19, ЕИБ потпиша договор во висина од 100 милиони евра со Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) во 2021 година. Овие средства беа ставени на располагање под поволни услови во локалните комерцијални банки, како непосредна поддршка за малите и средните претпријатија (МСП) и средно пазарно капитализираните претпријатија што работат во трудово - интензивни сектори, како што се производството и услугите. Во јуни оваа година, РБСМ ја повлече последната 5-та транша од овој заем, којшто е планиран да поддржи 43 проекти кај малите бизниси. Со вкупниот заем досега се поддржани 770 нови работни места. Финансирањето е дел од иницијативата „Тим Европа“ и финансискиот пакет на ЕИБ Глобално за помош на Западен Балкан додека регионот закрепнува од КОВИД 19. Според истиот аранжман, Банката и додели кредитна линија од 15 милиони евра во 2020 година на групацијата ПроКредит во Северна Македонија за обезбедување на многу потребното финансирање на компаниите и решавање на нивните потреби за обртен капитал, ликвидност и инвестиции. X Неодамна беше објавен Извештајот на ЕИБ, ЕБОР и ММФ за отпорноста на компаниите
при што пандемијата особено
тешко ги погоди услужните дејности со интензивен контакт и помалите и средните бизниси. Сепак, масовната поддршка за политиката помогна да се спречат големи стечаи, при што само 3 % од фирмите во регионот поднесоа барање за неликвидност или трајно затворање. Извештајот покажува дека фирмите кои биле интегрирани во глобалните синџири на вредности, оние кои биле поиновативни во минатото, оние кои биле повеќе дигитализирани и оние со подобар квалитет на управување подобро се адаптирале за време на пандемијата. Тие го проширија своето онлајн присуство, се префрлија на работа на далечина, го приспособија производството или поефективно ја искористија достапната поддршка за политиката. Сепак, со оглед на актуелната криза, постои итна потреба да се продолжи со дигитализацијата и зелената транзиција. Според анкетата, фирмите на Западен Балкан заостануваат во практиките на зелено управување, особено во поставувањето на целите за користење на енергијата и емисиите. Во текот на изминатите три години, само 21 % од нив инвестирале во енергетската ефикасност. Помеѓу пречките, фирмите го споменуваат пристапот до финансии, особено младите иновативни фирми и стартапите, поради недостатокот на кредитна историја и зависноста од нематеријални средства коишто е тешко да се обезбедат. Згора на тоа, нашата анкета за кредитирање на банките покажува дека банките сигнализираат потенцијално затегнување на понудата на кредити и можно влошување на квалитетот на кредитите. Со текот на времето, политиката на повисоки стапки ќе се претвори во построги услови за финансирање, при
јазот меѓу побарувачката
МСП.
ќе биде уште
трендови
енергетски независна. Кои ќе бидат стратешките приоритети на ЕИБ за да и помогне на Северна Македонија да ја изгради својата енергетска инфраструктура и капацитет? ЕИБ Глобално ја финансира изградбата на интерконектор за гас од Северна Македонија до Грција со заем од 28,9 милиони евра, којшто е надополнет со грант од ЕУ во висина од 12,43 милиони евра, како приоритетни проекти во рамките на Економскиот и инвестициски план. Тој има за цел да ја поддржи диверзификацијата на снабдувањето со енергија, да ја намали зависноста од еден доминантен снабдувач и да ја зголеми енергетската безбедност, што е еден од приоритетите што војната во Украина ги изнесе на површина. Покрај овој проект, ЕИБ Глобално бара нови можности за финансирање на енергетската транзиција во Северна Македонија. Веќе ја ставивме на располагање нашата техничка и финансиска поддршка за ваков вид проекти во Западен Балкан. На пример, во Босна и Херцеговина обезбедуваме техничка поддршка за подготовка на проектот за обновлива енергија на Влашиќ, којшто ќе ја олесни изградбата на паркот со ветерници од 50 MW во регионот на Травник. На глобално ниво, ЕИБ обезбеди 13 милијарди евра за финансирање на енергетскиот сектор во 2021 година, од кои 4,7 милијарди евра за проекти за енергетска ефикасност и 5,7 милијарди евра за проекти за обновлива енергија. Го поддржуваме целиот опсег на технологии за обновлива енергија (соларна, ветерна, хидро, биомаса, геотермална), како и нивната интеграција во енергетскиот систем преку паметни мрежи, проекти за дигитализација и складирање, како и проекти наменети за претворање на обновливата енергија во други носители на
се стравуваше. Тие изгубија 29 % од прометот и отпуштија 9 % од нивната работна сила,
на континуираното испуштање непречистени отпадни води во реката Вардар. Во тек се две меѓународни набавки, за работи и услуги, при што двата договора се во завршна фаза на проценка
набавка. Се надеваме дека наскоро ќе видиме успешно завршување на тековната проценка на понудите и доделување на соодветните договори за овој значаен проект. И покрај предизвиците околу овој проект, тие нема да ја спречат ниту посветеноста, ниту амбициите што ја поттикнуваат работата на Банката на ЕУ во Северна Македонија. Баш напротив. Но, тие служат како корисен потсетник дека секој трансформациски проект бара стратешки поглед, основен политички консензус и долгорочна посветеност кога станува збор за акциските приоритети и начините на нивно спроведување, во интерес на јавноста. X Во моментов, централните банки ширум светот се борат против инфлацијата со зголемување на каматните стапки, па како мислите дека тоа ќе влијае на економиите во развој, каква што е Северна Македонија, коишто се веќе погодени од кризата што започна со пандемијата? Може да се каже дека војната во Украина ја наруши брзината на обновата на Западен Балкан и цела Европа. На суверено ниво, регионот може да се соочи со различни дополнителни кредитни ризици што произлегуваат од конфликтот во Украина, со понатамошни притисоци на цените и зголемена одбивност од страна на инвеститорите. Зголемувањето на долгот може да стане премногу скапо и на земјите може да им биде тешко да пристапат до пазарите на капитал. Овие трендови би можеле да се влошат поради политичката несигурност, ненаменските мерки за поддршка и понатамошното нарушување на трговијата поради геополитичките тензии. Северна Македонија е на добар пат кон развивање функционална пазарна економија и е умерено подготвена да се справи со притисокот од конкуренцијата. Поддршката на растот на приватниот сектор преку структурни реформи, зајакнување на човечкиот капитал, забрзување на енергетската транзиција и процесот на пристапување кон ЕУ ќе биде од суштинско значење
продолжување на овие позитивни трендови. Истовремено, насочената заштита на ранливите претпријатија
Балкан. Тој се очекува да генерира значителни подобрувања на квалитетот на животната средина и здравствени придобивки преку обезбедување прочистена вода и избегнување
еден чекор кон унапредување на оваа професија чиешто значење за економијата и општеството воопшто, е многу поголемо одошто е општата перцепција во јавноста.“, истакна Младеновска – Крцкоска. Препознатлив европски проценувач – марка на одличност во проценка на недвижности Таа објасни дека РЕВ е ознака за препознатлив европски проценувач – марка на одличност во проценка на недвижности. РЕВ статусот демонстрира на меѓународни и локални клиенти дека проценувачот е квалификуван да ги применува високите европски стандарди за проценување. РЕВ ознаката овозможува проценување на европско ниво и дава можност на македонските членови да го прошират своето работење и да вршат процена во сите земји на ЕУ. „Постапката за стекнување со РЕВ ознаката не е едноставна, треба да се почитуваат сите пишани правила од страна на ТЕГоВА, тоа значи прво поминување на едукација – Процена на недвижности, која едукација Асоцијација на независни проценувачи ја спроведува заедно со Националната асоцијација на проценувачи на Србија, потоа се спроведува писмен и устен испит, па се спроведува РЕВ интервју и на крај доколку кандидатот успешно ги помине испитот и интервјуто, комисијата го одобрува РЕВ сертификатот. Јас се стекнав со РЕВ сертификатот уште во 2014 година и морам да потенцирам дека ознаката РЕВ ми овозможи подготвување на процена за голем број на меѓународни компании, кои го препознаа квалитетот на Европските стандарди за проценување. На први декември, осум акредитирани членови на Асоцијацијата на независни проценувачи се стекнаа со РЕВ ознака.“ Младеновска – Крцкоска додаде дека следни чекори за унапредување на професијата проценувач во земјава ќе бидат едукација и развој на програма за имплементирање на бизнис стандарди во проценувањето, како и издавање на РЕВ-ЕБ сертификата, односно Препознатлив европски бизнис проценувач. На конференцијата имаше неколку презентации и излагања
Надица Младеновска – Крцкоска, претседател на македонската Асоцијација на независни проценувачи, во рамки на деновиве одржаната меѓународна конференција – „Иднината на професијата проценител и европски стандарди за проценување“ во Скопјe објасни што значи всушност европскиот сертификат за проценување- РЕВ (препознатлив европски проценувач).
Србија,
објасни
во зоната Косел, кај Охрид, продолжува според зацртаните планови кои предвидуваат фабриката во Македонија да ги прошири своите
капацитети во уште еден град и да стане најважна локација во Европа во глобални рамки, каде ќе се произведуваат софистицирани делови за автомобилската индустрија.
Ова го изјави генералниот
директор на Костал Македонија
процедурите за поставување фотоволтаици, да може полесно и поефикасно да се направи тоа, да нема лимит на јачината на
индустриските развојни зони. „Во контекст на справување со енергетската криза, потребно е зголемување на продуктивноста и ефикасноста на самите компании, што подразбира и мерки на штедење и рационализација на работниот процес, како што се спојување на празници и викенди и оптимизација на процесите, со што се намалуваат трошоците“, додаде Мизо. Според него е исклучително важно сега државата да го поддржи стопанството, за што се разговара на ниво на комори со владини претставници. „Чекаме да видиме кои ќе бидат мерките на Владата за поддршка на индустријата, бидејќи гледаме дека до сега најголемиот број од мерките се за поддршка на крајните потрошувачи и домаќинствата и некои мали микро компании. Но, цената за големата индустрија е значително повисока во споредба со земјите во регионот каде што има регулирани цени на електрична енергија, што е неопходно и за нашата конкурентност на поширокиот европски пазар, но и за задржување на сите работни места, бидејќи ако се започне со затворање или намалување на обемот на работа тоа негативно
ќе влијае. Дотолку повеќе што станува збор за обучен кадар кој доколку го испуштиме како фирми и држава, ќе имаме проблем, и за обврските на државата кон тој кадар од финансиска гледна точка, а истовремено е прашање дали тој кадар ќе остане тука.“рече Мизо за OhridNews. Трет циклус на инвестиции, од 50 милиони евра Одредени компании најавија отпуштање до 50% на вработените, што не е случај и со Костал, без оглед на тешката ситуација предизвикана на светскиот пазар од актуелната криза. „Бидејќи струјата сепак кај нас не влијае толку на крајниот
Годинава Костал Македонија ќе ја заврши со обрт од 100 милиони евра, а догодина се планираат 140 милиони евра. На глобално ниво Костал Македонија треба да стане главната локација во Европа за производство на системи за електрични и плагин хибридни возила., изјави директорот на компанијата Виктор Мизо за порталот OhridNews.
Во моментов Костал во својата фабрика крај Охрид вработува 1030 лица. Тој број до крајот на 2022 треба да порасне за 200 нови вработувања поради новите инвестициски проекти. „Во наредните две години ќе навлеземе во нов, трет циклус на инвестиции, во вредност од 50 милиони евра, пред сè за системи за енергетска електроника за Фолксваген групацијата, но и за дополнителни проекти за Мерцедес, што значи дека обемот на производството од тие неколку проекти од 2024 до 2030 година ќе биде над 1,1 милијарда евра во тој временски период.“ посочи Мизо. Годинава Костал Македонија ќе ја заврши со обрт од 100 милиони евра, а догодина се планираат 140 милиони евра. На глобално ниво Костал Македонија треба да стане главната локација во Европа за производство на системи за
кризата,
ќе биде
можам да коментирам“, истакна Мизо.
nanas e-commerce, платформа за онлајн купување со седиште во Србија, купи 100% сопственост во македонската компанија Vebspot од Payten. На овој начин Ananas стана сопственик на брендовите за онлајн шопинг Grouper.mk и Paopao.mk. Намерата за купување на овие македонски брендови беше објавена во средината на септември. На македонскиот пазар, Grouper.mk е познат по бизнисот со продажба на ваучери за т.н. групни попусти, додека неодамна отворената веб-страница Paopao.mk е пазар за онлајн купување на производи. Аквизицијата на Grouper, како водечки играч во е-трговијата на македонскиот пазар со речиси 300.000 корисници и 3.000 трговци, го претставува првиот чекор на Ananas кон регионалното проширување. Оваа аквизиција ќе му овозможи на Ananas брзо да навлезе на македонскиот пазар со воведувањето на новите концепти и новитети . Инаку, Grouper лани во февруари стана дел од полската групација Asseco SEE, односно нејзината компанија ќерка Payten. Еден од основачите и поранешна директорка на Grouper, Нина Ангеловска, којашто беше и министер за финансии во една од поранешните македонски влади, ќе биде директорка за меѓународен развој во Ananas, сега веќе нов сопственик на Grouper. „После долгогодишно искуство, предизвици и менување на македонската е-трговија, прво со Grouper, а потоа и со Македонската асоцијација за е-трговија, со истата пасија како и до сега, се впуштам во нов предизвик наречен Ананас. Ако некој
A
поранешна
беше
на Grouper,
министерка за финансии,
меѓународен развој
сопственик
e-commerce! Ресурси, знаење, професионалци со кои ќе ми биде задоволство да работам, јасна визија и пасија која е клучна за успех.“, објави деновиве Ангеловска на социјалните мрежи. Регионален е-шопинг гигант во најава Marketplace Ananas е дел од корпорацијата Delta Holding со седиште во Белград. Првата трансакција на оваа страница се случи во летото 2021 година, а денес Ananas на своите клиенти им нуди повеќе од 150.000 различни производи преку разгранета
помалку
партнери.
една година, Ananas.
Grouper.
Ananas, сега
за да
промениме е-трговијата на Балканот
милион клиенти.
посетија
во развојот на овој бизнис, но и во развојот на
целата е-трговија во Македонија. Имаме план да го понудиме најголемиот пазар во оваа земја со широк асортиман на производи, сигурна и брза испорака, сигурно плаќање и многу иновативни решенија кои сега ги знаеме само на поразвиените пазари“, изјави Марко Царевиќ, извршен директор на Ананас за српскиот портал Bonitet.com. На почетокот на нивниот бизнис, Ananas најави дека српскиот пазар е само почетна точка и дека амбицијата на акционерите и самата компанија е овој пазар да се појави на пазарите во регионот на Западен Балкан. „Со
секој потенцијален осигуреник да
му дадат на увид ниво на ризик од загуба на вложеното на скала од 1
до 7.
Исто како што имаат обврска
пред продажбата на „Unit Linked“ осигурување на осигуреникот да му дадат детален приказ на структура на сите трошоци на вложување кои ќе треба да ги плати. Осигуреникот има право да добие на увид податоци за очекуван просечен месечен раст на вредноста на вложеното за период од пет години во иднина. Ова се дел од новините кои произлегуваат од новиот правилникот со кој АСО значајно ја зголеми транспарентноста при вложување во „Unit Linked“ осигурување живот. Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги задолжи сите осигурителни компании кои продаваат „Unit Linked“ осигурување живот на секој потенцијален осигуреник да му достават документ со клучни информации врз основа на кој ќе одлучи дали да вложи во овој осигурителен производ. Станува збор за унифициран документ кој содржи информации за нивото на ризик од можна загуба на вложени средства како и за очекуваната добивка од вложеното. Осигуреникот ќе биде информиран и за условите и последиците од предвремено раскинување на договорот за вложување. Исто така продавачот ќе ги прикаже и сите еднократни, периодични, повторливи, повремени и непредвидени трошоци што треба да ги плати осигуреникот. Софистицирано вложување, но со повисок ризик Воедно продавачот на осигурувањето ќе биде обврзан и да го информира осигуреникот и за правото да поднесе претставка односно приговор до АСО. Ова се клучните новини кои ги содржи новиот правилник што го донесе АСО со цел да ја зголеми транспарентноста при вложувања во јунит линкд осигурување живот. „Unit Linked” е релативно нова класа на осигурување живот кај која дел од вложените пари се инвестираат во удели на инвестициски фондови. Тоа се вложувања со висок квалитет, но факт е дека цените на уделите се променливи и зависат од движењата на глобалните берзи. Токму заради тоа и ризикот од вложувањето на средствата паѓа на товар на осигуреникот. Токму волатилноста на пазарите на капитал остава простор од ризик осигуреник да загуби
„Unit Linked” е релативно нова класа на осигурување живот кај која дел од вложените пари се инвестираат во удели на инвестициски фондови. Тоа се вложувања со висок квалитет, но факт е дека цените на уделите се променливи и зависат од движењата на глобалните берзи. Токму заради тоа и ризикот од вложувањето на средствата паѓа на товар на осигуреникот.
дел од уплатените средства при вложување во „Unit Linked“ осигурување исто како што постои реална можност за солидно оплодување на вложените средства. Официјалните податоци на АСО покажуваат дека само во минатата година биле раскинати 941 договор за „Unit Linked“ осигурување живот во период кога вкупно биле склучени 2.726 договори. Дополнително на ова бројот на раскинати договори лани достигна 9 отсто од вкупниот број на активни договори во оваа осигурителна класа кој изнесува 10.628. Следејќи ја будно оваа состојба Советот на експерти на АСО одлучи да усвои подзаконски акт што значајно ќе ја зголеми транспарентноста за овој осигурителен производ.
информирање на осигурениците новиот правилник предвидува продавачот да истакне дали вложувањата се во денари или во странска валута. Од причина што оваа информација може да влијае врз вредноста на вложувањето преку можни промени на девизниот курс на денарот. „Unit Linked“ е интернационален термин глобално прифатен и користен за овој вид осигурување живот. „Unit Linked“ значи дека вредноста на вложените средства директно зависи од вложувањата во удели на отворени или затворени инвестициски фондови. Вложувањата во животното осигурување во кое ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот (популарно
наречениот „Unit Linked“) лани достигнале 383,2 милиони денари (над 6 мил.евра). Тоа е за 27 отсто повеќе од 2020 година. Правилникот што ја регулира оваа материја е достапен на следниот линк https://aso.mk/wp-content/ uploads/2022/05/pravilnik-udelivo-investicziski-fondovi-sl-vesn ik-109-2022-2.pdf
подобро
супер финале од 48-часовниот хакатон кое се одржа вчера попладне. Тимовите AERTH и YCCC-SPACE EAGLES подеднакво ги освоија гласовите на членовите на жирито со понудените решенија за предизвиците. И во двата случаи стануваше збор за висококвалитетни и добро промислени проекти, иновативен пристап, голем обем на сработени активности за само 48-часа и високо ниво на тимска
оваа поддршка благодарение на извонредниот настап на сите финалисти од вчера се приклучи и Фонд за иновации и технолошки развој, предводен од директорот Фестим Халили. “, вели Ирена Чаушевска – Даниловска, генерален менаџер на NewMan’s Business Accelerator и организатор на натпреварот во Македонија Тимот AERTH креираше решение со чија помош корисниците можат да го следат, но и предвидуваат движењето на Меѓународната Вселенска Станица Interna tional Space Station притоа учејќи многу интересни и значајни факти за силите кои влијаат на нејзината траекторија. За изработка на ова решение, тимот користеше знаења од математика, орбитална механика, физика и програмирање. За да го испробате нивното решение продолжете на нивната веб страна https://aerthisstracker.study Нивниот целосен проект е достапен на https://2022.space appschallenge.org/…/teams/aerth/ project И основци меѓу младите иноватори Тимот YCCC-SPACE EAGLES , пак, се фокусираше
достапен на https://2022.space appschallenge.org/…/space…/ project
И двете решенија вклучуваа изработки и на потребните
3D модели, во првиот случај на Месечината, а во вториот на Меѓународната Вселенска Станица. Најмладите учесници кои го оформија тимот THE EXPOS
Најмладите
направија кликнете на https:// www.moonquakes.earth Нивниот целосен проект е
ERS креираа прототип на сонда опремена со независен систем за напојување со енергија за да може да издржи и 60-дневни мисии која имаше задача да ја истражува планетата Венера. Во овој тим членуваа основците Бодан Николов (12) од QSI Inter national School of Skopje, Миа Чаушевска (12) од NOVA Interna tional Schools и Јаков Здравевски (13) од IPS. Во тимот AERTH членуваат средношколците Мирослав Мишоски, Илин Московски, Леонид Индов, Марио Блажевски, Матеј Крстески и Калин Јовановски на возраст од 16 и 17 години од СУГС „Р.Ј. Корчагин“ и СУГС „Орце Николов“ Скопје. Ментор на тимот е Марко Лазетиќ од Машински факултет. Во тимот YCCC-SPACE EAGLES пак членуваат средношколците Анди Ганиу, Ендрит Шаќири, Јасир Идризи, Кренар Ахмет и Дијар Селами на возраст од 17 и 18 години од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ -Скопје, кои исто така се членови и на младинскиот центар од општина Чаир. Ментор на тимот е Ндерим Нагавци. „Особена благодарност упатуваме и до Шериф Мифтари, директорот од Центарот за стручно образование, кој ја препозна и поддржа идејата што повеќе средношколски тимови од целата земја да земат учество во
натпреварот. Посебна благодарност упатуваме и до минатогодишниот победнички тим TeamySeed Тијана Костовска и Климент Младеноски , кои со својот успех инспирираа и многу други млади да се охрабрат и да се натпреваруваат. Бесценетата поддршка и гостопримство на Netaville и Net cetera Macedonia го направи овој прв хибриден пост-пандемиски хакатон незаборавен за сите учесници. Посебна благодарност до менторите кои посветено и професионално ги поддржаа сите тимови и секако до нашето жири кое имаше тешка задача и голем предизвик при изборот и рангирањето на најдобрите и најуспешните во решавање на овогодинешните предизвици.“, вели Чаушевска – Даниловска. Во жири комисијата за време на првиот настап на тимовите и за време на финалето членуваа: Стојанчо Туџарски, експерт по Вештачка интелигенција; проф д-р Ѓорѓи Маџаров, професор по машинско учење и софтверско инженерство; Мерита Рамадани Алими, претприемач и член на бордот на Стопанската Комора на Северо-западна Македонија; проф д-р Милош Јовановиќ, со научен интерес во графови на знаење, наука за податоци, отворени податоци и семантички веб технологии; Маја Кољозова, Професор по математика, физика и роботика; Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој; Филип Сарџовски, експерт за нови технологии во Netcetera Macedonia; Ирена Чаушевска Даниловска, генерален менаџер на NewMan’s Business Accel erator и лидер на натпреварот во Македонија. nnn
С
огласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2022 година од страна на Народната банка на Република Северна Македонија трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите и понатаму
значителен. Македонците потрошиле речиси 195 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 70% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции. И во текот на првата половина од 2022 година, Македонците најмногу купуваат од домашните е-продавници, но темпото на пораст во однос на двете последни години е со помал интензитет. После остварениот пораст од 169% во првата половина од 2020 година и 83% во 2021 година, во текот на првите шест месеци од 2022 година Македонците со домашни картички кон домашни е-продавници потрошиле речиси 195 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 22% во однос на истиот период претходната година (согласно ревидираните податоци за 2021 година на НБРСМ од март и јуни 2022). “Не е обесхрабрувачки што порастот е значително помал споредено со претходните две години, ако имаме предвид дека е од значително повисока основа која е резултат на пандемијата
случај, неопходно е да напоменеме дека преку податоците од НБРСМ ја следиме е-трговијата во потесна смисла на зборот, односно само трансакциите реализирани онлајн додека се’ повеќе растат онлајн нарачките за кои плаќањето се извршува при прием на пратката за кои отсуствуваат податоци.“, вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), д-р Нина Ангеловска. Таа додаде дека неодамна АЕТМ во соработка со Државниот завод за статистика организираше тркалезна маса со учество на сите засегнати страни со цел подобрување на сеопфатноста и квалитетот на податоците за е-трговија. „Се надеваме дека дефинираните активности кои произлегоа ќе бидат имплементирани и ќе придонесат за да може да ја согледаме целосната слика. Растот и развојот на е-трговијата е во интерес на сите и во интерес на развој на домашната економија, а за да креираме соодветни политики и промени потребно е да носиме одлуки кои ќе бидат базирани на точни и квалитетни податоци”, вели Ангеловска. Расте и бројот и вредноста на е-трансакциите Бројот на трансакции кои што Македонците ги направиле кон домашните е-трговци изнесува 6.1 милион и претставува пораст од 15% во однос на истиот период минатата година, па соодветно расте и вредноста на просечната трансакција која изнесува 32 евра и тоа кај физичките лица –30 евра, а кај правните субјекти – 37 евра. Со странски картички кон домашните е-трговци во првото полугодие од 2022 година реализирани се скоро 11 милиони евра односно 43% повеќе отколку во истиот период минатата година, во 292 илјади трансакции. Просечната трансакција на странците кон домашните интернет продавници изнесува 37.7 евра. Македонците во странство направиле трансакции вредни 71 милиони евра во првите шест месеци од годинава што преставува 66% раст во однос на минатата година. При тоа правните лица имаат поголем пораст во вредноста на направените онлајн трансакции или скоро 70% во однос на претходната година. Со тоа се зголемува учеството на правните лица во вкупните трансакции на скоро 32%. Бројот на направените трансакции од Македонци во странство изнесува 1.7 милион и расте со 31% во однос на истиот период лани. Просечната трансакција изнесува 40.1 евра, и тоа 31.3 евра кај физичките лица и 118.3 евра кај правните лица. Просечна вредност на онлајн нарачка е 34 евра Во првото полугодие од 2022 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата од Македонци и странци и во странство од Македонци, изнесува скоро 277 милиони евра, што претставува пораст од 31.7% во однос на истиот период минатата година. Бројот на вкупните онлајн трансакции во истиот период изнесува 8.1 милион и расте со помал интензитет (19%) од вредноста на вкупните онлајн трансакции во истиот период минатата година, што значи дека е зголемена вредноста по трансакција т.е. нарачка и таа изнесува 34.2 евра. При тоа просечната трансакција на правните лица е поголема (44.8 евра) во однос на физичките лица (30.9 евра).
Во Македонија заклучно со 30.06.2022 година активни се 1.762 виртуелни или интернет продажни места. Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (интернет продажни места), заклучно со 30.06.2022 година во Република Северна Македонија активни се 1.762 продажни места. Во вториот квартал на 2022 година се отворени 110 нови виртуелни продавници.
заемите се користат за добри инвестиции. Неуспехот на банките гипродлабочува кризите Бен Бернанке, кој беше гувернер на американската централна банка од 2006 до 2014 година и ја водеше ФЕД токму во времето на големата финансиска криза, ја анализираше Големата депресија од 1930-тите, најлошата економска криза во модерната историја. Неговото истражување меѓу другото покажа дека неуспехот на банките е одлучувачки фактор кој ја продлабочува и продолжува кризата. Колапсот на банките значеше и губење на вредни информации за кредитокорисниците, а создавањето нова база на податоци беше долгорочен процес. Како резултат на тоа, способноста на општеството да ги канализира заштедите во продуктивни инвестиции е значително намалена, откри поранешниот гувернер на американската централна банка. „Увидите на лауреатот ја подобрија нашата способност да избегнеме и
сериозни кризи и скапи спасувачки пакети “, рече Торе Елингсен, претседател на Одборот за награда за економски науки. Наградата за економија е основана во 1968 година по повод 300-годишнината од шведската централна банка. Потоа беше додадена на другите Нобелови награди кои се доделуваат од 1901 година според волјата на шведскиот индустријалец и пронаоѓач на динамитот, Алфред Нобел. Кандидатите ги избира Шведската кралска академија на науките, а правилата за избор на кандидати се пропишани во Статутот на Шведската народна банка. Ова американско трио на тој начин им се придружува на ѕвездите како Пол Кругман
Бен Бернанке, кој беше гувернер на американската централна банка од 2006 до 2014 година и ја водеше ФЕД токму во времето на големата финансиска криза, ја анализираше Големата депресија од 1930-тите, најлошата економска криза во модерната историја.
nnn
некои од карактеристиките што ги има лошиот шеф, според Entrepreneur.com: u Сака да контролира сè Постои јасна разлика меѓу шеф и лидер. Добриот лидер знае како да ги мотивира луѓето и да ги направи вработените околу него подобри. Лошиот шеф повеќе сака да контролира и да делегира работи, тој се фокусира само да ги оптовари со обврски вработените без да им објасни зошто го прави тоа. u Неодлучeн е Лошите менаџери можат да бидат неодлучни кога треба да се заврши некоја работа. Ова е поради тоа што не ја анализираат ситуацијата доволно за да видат каков би бил резултатот на крај. Тие мислат дека се потребни само „добри идеи“ и се водат само од нив, без да се разгледаат добрите и лошите страни на таа идеја. Кога ќе ја разгледаат подобро не се сигурни дали сакаат да продолжат понатаму бидејќи не знаат што точно сакаат да постигнат, и доколку згрешат, се плашат дека тоа ќе биде лошо за нив. u Тврдоглав е Тие секогаш веруваат дека се во право, не сакаат да слушнат друго размислување, и покажуваат незаинтересираност кон потенцијално добра идеја... или на крај ја земаат заслугата за истата. Тврдоглавите менаџери може да го скршат духот на одделот во кој работат и тоа да влијае лошо за растот на компанијата. Затоа пак, лидерите се отворени за нови идеи и знаат дека секој во канцеларијата е еднаков и секој може да има нова идеја со што ќе придонесе за компанијата.
u Не сака промени
Лошите менаџери најчесто стагнираат и не сакаат промени во канцеларијата. Луѓето генерално
не сакаат да прават нешто што бара промени, сепак, тоа што менаџерите не сакаат промени може да биде лошо по самата компанија.
Растот во бизнисот бара постојано “ресетирање“ на атмосферата во канцеларијата и барање на нови концепти кои ќе им овозможат на вработените да работат подобро и да ги задоволат клиентите. u Микроменаџира Шефот кој постојано ја надгледува работата што ја прават неговите подредени е лош шеф. Така ги демотивира вработените и го уништува квалитетот на нивната работа. Најдобрите места за работа се таму каде што се поттикнува автономноста на вработените и им се дава слобода да ги завршат задачите онака како што сметаат дека треба да бидат завршени. На тој начин атмосферата е поопуштена и за менаџментот и за вработените. u Влева страв Овие тактики можеби беа добри порано, но денес нема место за вакво однесување на лидерот. Прототипот на модерниот работен ден е многу повеќе либерален и стравот не се користи од страна на менаџментот. Сите сме ги гледале тие стари филмови каде менаџментот им се заканува на вработените со отказ доколку не завршат одредена задача. Но, постои причина зошто таквите менаџери во тие филмови се лошите карактери. Таков менаџмент веќе не функционира. u Фаворизира Нема место за непотизам во работната средина. Добрите шефови не треба да имаат омилени ликови во канцеларијата,
особено ако сакаат некого да промовираат на подобра позиција. Менаџерот може да биде пријател со вработените, но треба да знае кога треба да се одвои личното пријателство од бизнисот. Лидерите прават разлика помеѓу работата и личните работи, и тие се трудат најдобро што можат да постигнат добри односи со секој во канцеларијата. u Арогантен е Слично како и тврдоглавоста, ароганцијата може да ја уништи работната атмосфера. Лошите шефови ќе го носат тоа лошо однесување што ги прави да изгледаат како најмоќните луѓе на светот. Но тоа е погрешно. Нема место за вакво однесување во канцеларијата, а добрите лидери своето его го оставаат зад вратата. Тие знаат дека посветените вработени се добиваат кога сите работат како тим, без да се фрли сенка и на личните достигнувања. u Префрла вина Ова личи на некој кој се правда цело време во канцеларијата. Овој вид на менаџер секогаш ќе сака вината да ја префрли на некој друг место врз себе. Лидерот кој ја префрла вината секогаш ќе ги анализира работите кои не се завршиле како што треба и вината ќе им ја префрли на вработените. Добриот лидер е способен да се обвини за секоја грешка што вработените ја прават, а уште поимпресивно, најчесто ја земаат вината врз себе за сите грешки што ги прават вработените. nnn
Цените на енергијата нема
никогаш да се вратат нанивото од пред војната во Украина Високите трошоци за работна сила и други трошоци во Германија принудуваат многу компании да преселуваат делови или комплетниот бизнис на поевтини локации во европските економии во развој и други делови од светот или барем да ја разгледаат таа можност. Ларс Фелд, економски советник на германскиот министер за финансии, изјави дека енергетската криза и скокот на цените на гасот по намалените испораки од Русија го забрзале тој процес. „Индустриските компании кои размислуваат за преселба ќе сакаат да проверат како функционира ограничувањето на цената на енергијата. Тоа е важен психолошки стимул. Сепак, нема да можеме да се вратиме на цените на енергенсите како што беа пред војната во Украина“, рече Фелд. Германската индустрија плаќа и до 10 пати повисоки цени на енергијата од пред две години, а дури една петтина од инженерските компании предупредуваат дека би можеле да преселат барем дел од своето работење во странство, покажува минатомесечното истражување на синдикатот IG Metall. Деиндустријализација? Индустриските асоцијации првично изразија задоволство од презентираниот пакет енергетски олеснувања, кој вклучува привремено ограничување на цените на струјата со цел субвенционирање на основната потрошувачка за граѓаните, малите и средните претпријатија, а дел од компаниите се оптимисти. Производителот на текстил Wuelf ing изјави дека ќе се откаже од плановите да го префрли производството во Португалија или Пакистан, доколку владата ги ограничи цените на енергијата на ниво двојно повисоко од она во 2020 година. „Ќе помогне, но сè уште не знаеме точно што да очекуваме“, изјави Јоханес Дове, извршен директор на Wuelfing. Германското здружение на мали и средни претпријатија (DMB) соопшти дека не гледа конкретни индиции за зголемено преместување на производството во странство, бидејќи кризата со цените на енергијата ги погодува сите европски земји. „Друга работа е кога зборуваме за плановите
на Boegra, Тобијас Линсер. nnn
нивните
испратија производителите Samsung Electronics Co. и Ad vanced Micro Devices Inc. (AMD) коишто ја известија јавноста за нивните разочарувачки продажни резултати кои беа со милји далеку од проекциите што овие компании. Samsung - најголемиот светски производител на мемориски чипови деновиве објави пад на оперативниот приход од 32 отсто, додека производителот на компјутерски процесори AMD рече дека ќе ја промаши претходната прогноза за околу 1 милијарда долари. Тие катастрофални бројки следеа по мрачните коментари од производитe на мемориски чипови Micron Technologies Inc. и Kioxia Holdings Corp., кои ја намалија потрошувачката и производството во обид да ги стабилизираат цените коишто се во слободен пад. Акциите на AMD исто така се во пад, како и акциите на останатите производители на чипови, вклучително и Nvidia Corp. и Intel Corp. Но,
со остар пад на побарувачката, иако трошоците за испорака и материјали остануваат високи. Стравот од рецесија го прави намалувањето на трошоците како нова норма во технолошката индустрија, а компаниите кои трупаа залихи од чипови две години по ред сега решаваат да ги откажат или одложат нарачките
да ја искористат залихата. Индустријата за полупроводници, исто така, се бори со извозните ограничувања од американската
заработката на производителите на меморија дополнително ќе се влоши“, смета Сеок. Сегментот на персонални компјутери, кој со години е во опаѓање, изгледа особено ранлив, но сериозната рецесија би ја загрозила побарувачката и во областите кои досега беа солидни, како што е cloud computing. Падот на побарувачката, исто