сосема други вредности, нема крај. И како капак на се’, домаќинот забрани точење на пиво на стадионите, на само два дена пред почетокот на првенството, иако претходно се беше согласил. Преседан! Фудбал без пиво е како риба без вода, велат разочараните навивачи. Како и да е, фудбалот тешко дека ќе го промени Катар, но дека после Катар фудбалот нема повеќе да биде ист, тоа е сигурно. nnn
-0,5%
каматна стапки значи посилно стегање на монетарната политика, односно намалување на паричната маса во оптек, со цел да се намали трошењето. Ова зголемување на основната каматна стапка е седмо по ред од април годинава и е најголемо досега – прво, каматната стапка од 1,25% се зголеми на 1,50%, па на 1,75%, на 2,00%, по што следеше поголем пораст од 0,5 п.п. на 2,50%, па на 3,00%, на 3,50%, за сега да има покачување од цели 0,75 п.п. на актуелните 4,25%. Со оваа најнова промена, неминовно ќе следи
граѓаните и компаниите. Банкари со коишто разговаравме деновиве ни рекоа дека ова е разбирлива и очекувана одлука на монетарните власти, затоа што мора да се дестимулира трошењето, со цел да се заузди растот на цените. „Моменталните просечни
стапка за кредити во евра бележи зголемување за речиси три процентни поени оваа година, каде од негативна вредност од -0,5% со почетокот на оваа година, достигна до ниво 2,3% кон средината на И EURIBOR, која е референтна каматна стапка за кредити во евра бележи зголемување за речиси три процентни поени оваа година, каде од негативна вредност од
овој месец. Како резултат на овие промени, следствено ќе се зголемат каматните стапки на ново исплатените продукти, но и на кредитите со варијабилна каматна стапка, кај кои клиентите ќе имаат зголемување на месечните ануитети. „Па така, на пример, кај инвестициски бизнис кредит, исплатен на почетокот на оваа година, на износ од 300,000 евра со рок од 10 години износот на месечна рата за компанијата бил 3,000 евра до сега. Со моменталното ниво на каматна стапка новата рата ќе изнесува 3,300 евра.“, објасни членот на Управниот одбор на ПроКредит Банка Македонија, Милан Дамчевски во интервјуто за Капитал што го објавуваме во овој број. Зголемувањето на каматните стапки и поскапувањето на кредитите во македонскиот банкарски сектор е само делумно рефлектирано оваа година, додава Дамчевски, а поголем скок на каматите ќе има со почетокот на 2023 година,
со оглед на тоа што динамиката на зголемување на референтните каматни стапки значително се забрза во втората половина на годината. „Фактот што инфлацијата како во земјата, така и во светот се’ уште не е ставена под контрола, укажува на тоа дека голема е веројатноста каматните стапки да продолжат да растат и во 2023 година, а со тоа, можам да констатирам дека долгогодишниот период и циклус на ниски каматни стапки како на светско ниво, така и во земјава е веќе завршен.“, заклучува нашиот соговорник. Над 4% каматна стапка
последен пат сме имале пред 12 години Ниво на основната камата од над 4,00 проценти сме имале последен пат во економијава во 2010 година, после што од почетокот на 2011 каматната стапка се намалила на 4,00% и на тоа ниво се задржала некаде до средината на 2012. Во периодот што следел се намалила до 3,25%, по што во средината на
2016 повторно се зголемила на 4,00%. Кон крајот на истата година била намалена на 3,75%, за потоа следните неколку години да се спушта постепено до 1,25%, што е историски најниската вредност, постигната во март 2021 година. Но, откако инфлацијата почна да покажува се’ повисоки вредности кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, Народната банка од пролетва наваму почна да ја зголемува каматната стапка. „Промените во поставеноста на политиката на Народната банка се реакција на зголемените ценовни притисоци. Инфлацијата во последните месеци забрза, за што растот на цените на храната има најголем и растечки придонес. Тоа го нагласува влијанието на увезените ценовни притисоци од храната и енергијата врз домашната инфлација, врз коишто монетарната политика нема директно влијание. Сепак, имајќи ги предвид преносните ефекти и подигнувањето на инфлациските
–БЕЖОСКА гувернерка на Народната банка
Иако ова не е класичен шок од страна на побарувачката, инфлациските притисоци траат подолго време, подисперзирани се, влијаат на инфлациските очекувања и оттаму централните банки мора да реагираат. Нашата реакција започна уште минатата година, преку користење на повеќе различни инструменти, а пред се преку интервенција на девизниот пазар со којшто оптимално се регулираше ликвидноста којашто е во оптек. Оваа година
пример за тоа како покачената основна каматна стапка ќе ги поскапи кредитите за компаниите и граѓаните, даден од банкарите: Кај инвестициски бизнис кредит, исплатен на почетокот на оваа година, на износ од 300,000 евра со рок од 10 години износот на месечна рата за компанијата бил 3,000 евра до сега. Со моменталното ниво на каматна стапка новата рата ќе изнесува 3,300 евра.
очекувања, овие поместувања во инфлацијата наметнуваат потреба од монетарна реакција. Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка. “, изјавија од Народната банка по повод најновата одлука за затегнување на монетарната политика. Инфлацијата во ЕУ и кај нас не е иста Гувернерката Анита Ангеловска –Бежоска во интервју за МРТВ деновиве рече дека иако ова не е класичен шок од страна на побарувачката, инфлациските притисоци траат подолго време, подисперзирани се, влијаат на инфлациските очекувања и оттаму централните банки мора да реагираат.
Оваа година продолживме со
каматната стапка, меѓутоа не само основната каматна стапка, се зголеми и каматната стапка на кредити преку ноќ, депозити преку ноќ, седумдневни депозити. Понатаму, реагиравме и со задолжителната резерва, веќе во
четири наврати, а преземавме и други мерки коишто се во насока на постепено затегнување на монетарната политика, како на пример, воведувањето на противцикличен заштитен слој." истакна гувернерката АнгеловскаБежоска. Ангеловска-Бежоска посочува и дека има позначајна разлика помеѓу инфлацијата кај нас и просечната инфлација во ЕУ и причините за тоа се неколкукратни. Прво, има голема разлика во степенот на отвореност и увозна зависност на европската економија и нашата економија, трговската отвореност кај нас изнесува 140% од БДП, а во ЕУ околу 70%. Колку е поголема увозната зависност толку економијата е поранлива на надворешни шокови. Особено висока е увозната зависност кај енергентите, но и ние трошиме повеќе енергија за производство на единица БДП од ЕУ. Значаен фактор е и структурата на потрошувачката кошничка, имено, кај нас на храната и енергијата отпаѓа околу 50-тина проценти од потрошувачката кошничка, додека во ЕУ е само 30%, а шокот е токму во тие сегменти. Дополнително, значајна улога има и видот на мерките коишто се преземаат од страна на носителите на политиките, но и степенот на конкуренцијата во домашната економија.
Стимулирање на штедењето, наместо на трошењето Дека монетарните власти имаат намера да притиснат врз потрошувачката да се намали, а да го стимулираат штедењето се гледа и во мерките, како и во наративот што го слушаме периодов оттаму. На својата последна седница Советот на Народната банка донесе одлука за промена на стапките на задолжителна резерва на банките, заради натамошно стимулирање на штедењето во домашна валута. Измената на овој инструмент, којашто е четврта по ред оваа година, опфаќа зголемување на стапката на задолжителна резерва на банките за обврските во странска валута од 18% на 19%. Зголемен е и делот од задолжителната резерва во странска валута којшто банките го исполнуваат во евра, од 75% на 77%, со што се зајакнува ефектот од промената во овој инструмент. Се очекува дека со мерката ќе се засилат започнатите промени во каматната политика на банките и дека банките ќе понудат поповолни камати за сите категории денарски депозити, придонесувајќи за
посилен раст на штедењето во домашна валута. Истовремено, со оваа промена би се придонесло за оптимално управување со ликвидноста. Инаку, досега годинава актуелен беше трендот на раст на кредитната поддршка, како и на депозитите. Најновите податоци покажуваат годишен раст од 4,3% на вкупните депозити и од 10,1% на вкупната кредитна поддршка во октомври 2022 година. На годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,3%, во поголем дел како резултат на растот на депозитите на домаќинствата. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 10,1%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор. Гувернерката истакна дека од почетокот на годинава штедните влогови на граѓаните се зголемени за 130 милиони евра. “Се забележува и зголемување на каматите на денарските депозити. Довербата во домашната валута се задржа,
на девизниот пазар, односно од јули наваму се откупуваат девизи, рече гувернерката АнгеловскаБежоска во интервјуто за МРТВ. „Кога започна војната во Украина, депозитите се намалија на месечна основа на 1,8%, меѓутоа потоа без прекини се остварува раст на депозитите на населението. Според последните бројки годишниот раст е некаде околу 5,3%, а вкупно од почетокот на годината депозитите пораснаа за 130 милиони евра“, истакна гувернерката. Таа посочи и дека се забележува и раст на каматните стапки кај денарските депозити. За ова придонесуваат мерките коишто ги презема Народната банка со нормализирање на монетарната политика, но и мерките за поттикнување на денаризацијата. „Повидливи се промените кај каматните стапки на депозитите, и тоа кај депозитите во денари, затоа што дел од нашите мерки беа насочени токму кон поттикнување на штедењето, особено денарското“, вели
одинава се приближува кон својот крај, а со оглед на сè она што се случи на геополитички и економски план во светот, подобро и да ја заборавиме што побргу. Нарушувањата на светските пазари, растот на цените на суровините и енергијата, и инфлацијата што ја предизвикаа се прелеа и во македонската економија која ги преживува едни од најтешките моменти од осамостојувањето досега. Во таков амбиент е исклучително важно да се задржи стабилноста на банкарскиот сектор, со цел понатамошна поддршка на бизнисите и граѓаните во надминувањето на актуелните предизвици, но и како основа за понатамошен развој на економијата. Со членот на Управниот одбор на ПроКредит Банка Македонија, Милан Дамчевски, разговаравме за тоа како банката, особено позната по финансирањето на развојот на малите и средни компании во земјава, ја завршува оваа тешка година полна со турбуленции, и какви се перспективите за развој на домашните компании во глобалниот економски амбиент кој доживува тектонски промени. X Се приближува крајот на годината, па како ПроКредит Македонија ќе ја заврши 2022? Колку сте задоволни од растот на депозитите, кредитите и другите перформанси, со оглед дека поминуваме исклучително тешка година? Евидентно е дека тековните глобални случувања ги ставија македонската, но и светската економија пред голем предизвик, каде бројните екстерни, политички и макроекономски движења резултираа со негативни ефекти врз економската клима. Оваа затегната атмосфера
секој клиент, чија важност пазарот знае да ја препознае сè повеќе од година во година, особено во услови на финансиска криза кога на клиентите особено им значи навремен и квалитетен совет. Во однос на депозитите, во ПроКредит ќе ја затвориме и оваа година со зголемено пазарно учество, како и значителен раст на депозитната база - над просекот на банкарскиот сектор во Северна Македонија. Посветеноста на банката кон промоција на култура на штедење, а од друга страна и сигурноста на банката, како единствена во земјата со германски капитал и единствена банка со меѓународен Фич рејтинг, се клучен фактор клиентите да нè одберат за партнер на кој ќе му ги доверат
своите заштеди. Кај кредитите бележиме раст и во бизнис и во портфолиото на физички лица. Особено значајни за нас се инвестициите во обновливи извори на енергија, каде инвестираме многу во едукација и поддршка на клиентите, со цел да се намали ефектот на енергетската криза. Годината ќе ја завршиме со близу 100 милиони евра во зелени кредити или 20% учество во вкупното портфолио на банката, што е далеку над просекот на банкарскиот сектор во нашата земја. Вреди да се спомне дека и во овие отежнати услови за работа, квалитетот на кредитното портфолио на банката останува на стабилно, ниско ниво, под просекот на банкарскиот сектор, а финансискиот резултат на банката ќе биде значително подобар од остварениот претходната година. X Колку инфлацијата, и соодветните мерки од Народната банка,
од над 15% на базата на клиенти – правни лица, како и значајно зголемување кај физичките лица. Тоа е резултат на нашата долгорочна посветеност, исклучително квалитетната услуга како и индивидуалниот пристап кон
која ја одредува цената на кредитите во Македонија во моментов е на ниво на 4,25%, што е за цели 3 процентни поени повисоко од почетокот на годината. Динамиката на менување на оваа референтна каматна стапка
е најизразена во последниве 3 месеци, каде каматата расте на месечно ниво, а во ноември го забележавме највисокото еднократно зголемување од 0.75 процентни поени. И EURIBOR, кој е референтна каматна стапка за кредити во евра бележи зголемување за речиси три процентни поени оваа година, каде од негативна вредност од -0,5% со почетокот на оваа година, достигна до ниво 2,3% кон средината на овој месец. Како резултат на овие промени, следствено ќе се зголемат каматните стапки на ново исплатените продукти, но и на кредитите со варијабилна каматна стапка, кај кои клиентите ќе имаат зголемување на месечните ануитети. Па така, на пример, кај инвестициски бизнис кредит, исплатен на почетокот на оваа година, на износ од 300,000 евра со рок од 10 години износот на месечна рата за компанијата бил 3,000 евра до сега. Со моменталното ниво на каматна стапка новата рата ќе изнесува 3,300 евра. Зголемувањето на каматните стапки и поскапувањето на кредитите во македонскиот банкарски сектор е само делумно рефлектирано оваа година, а поголем скок на каматите ќе има со почетокот на 2023 година, со оглед на тоа што динамиката на зголемување на референтните каматни стапки значително се забрза во втората половина на годината. Фактот што инфлацијата како во земјата, така и во светот сè уште не е ставена под контрола, укажува на тоа дека голема е веројатноста каматните стапки да продолжат да растат и во 2023 година, а со тоа, можам да констатирам дека долгогодишниот период и циклус на ниски каматни стапки како на светско ниво, така и во земјава е веќе завршен. X Познати сте во домашниот економски амбиент како пионери во т.н. „зелено“ финансирање, па колку актуелната ситуација со високите цени на струјата влијаеше врз побарувачката за “зелени“ кредити, на пример? Каде е поголема заинтересираноста, кај физичките или правните лица за овој тип на кредити? Веќе неколку години наназад постојано работиме на зголемување на свесноста меѓу компаниите за потребата од енергетска ефикасност, но и за производство на сопствена, соларна електрична енергија.
Кај кредитите
бележиме раст и во бизнис и во портфолиото на физички лица. Особено значајни за нас се инвестициите во обновливи извори на енергија, каде инвестираме многу во едукација и поддршка
на клиентите, со цел да се намали ефектот на енергетската криза. Годината ќе ја завршиме со близу 100 милиони евра
во зелени кредити или 20% учество во вкупното портфолио
на банката, што е далеку над просекот на банкарскиот сектор во нашата земја.
обновливите извори на енергија. Покрај правните субјекти, во последните месеци забележуваме зголемен интерес и кај физичките лица, кој во моментов сè уште е на релативно ниско ниво. За таа цел, започнавме циклус на едукативни настани за клиентите одблиску да се запознаат со процесот, технологијата и предностите од инвестицијата, со надеж дека истото ќе резултира во зголемен интерес за инвестиции во соларната енергија.
X Како во актуелниов геополитички контекст (дефинитивно ништо повеќе нема да биде исто) да се однесуваат македонските компании?
За мене, најдобриот пристап е фокус на квалитетот. Нашата конкурентност треба да се гради врз основа на квалитетен инпут, квалитетен кадар и тоа да го извезуваме, односно да се направи промена од пристапот на најниска цена, во фокус на зголемен и гарантиран квалитет. Овој бизнис модел е долгорочно одржлив, а истовремено носи големи бенефити за економијата, земајќи предвид дека поголема домашна додадена вредност значи и подобар нето извоз. Дополнително, кога разговараме за долгорочна одржливост, дефинитивно треба да се даде голем акцент на инвестиции во фотоволтаици и енергетска независност. Инвестициите треба да одат и во насока на решенија за автоматизација на производните процеси, кои ќе придонесат кон зголемена ефикасност и квалитет во производството. Исто така, треба да се размислува и во доменот на оптимизација од повеќе аспекти, како на пример кај тековните процеси, нивото на залиха, логистиката, но и за ревидирање на профитните центри на компанијата, па дури и откажување од недоволно профитабилните
користат ресурсите со
една компанија располага.
кризите и предизвиците
работењето нè прават и покреативни, подисциплинирани, но и похрабри и детерминирани, па во пракса гледаме и бизниси
кои прават крупни чекори токму во оваа насока. Направената оптимизација и воведените реформи го прават претпријатието поиздржливо и поеластично за да може да се носи со работењето во овие комплексни економски услови, но уште поважно создаваат перспектива за иден раст и развој. На нашиот пазар има голем, неискористен потенцијал за развој на нови производи за кои нашата земја веќе има потреба, но во моментов нивната набавка се врши преку увоз од странски пазари. Независноста од увоз на суровини и производи перспективно ќе доведе до полесно менаџирање на синџирот на набавка, а исто така и ќе ја намали инфлацијата и ќе ги балансира потенцијалните шокови од идните глобални движења. Важно е да се потенцира значењето и на услужните дејности, кои со зголемената дигитализација низ текот на годините, доживеаја експоненцијален раст. Доколку сакаме да постигнеме конкурентност, потребно е да се насочиме кон развој на услужната индустрија, поддршка на ИТ секторот и извоз на интелектуален труд, каде што сметам дека навистина имаме голем квалитет и сè уште неискористен потенцијал. X Кои се чекорите што ПроКредит банка, освен самото кредитирање, ги прави во насока на поддршка на компаниите да се соочат со актуелните предизвици? ПроKредит Банка, како партнер на бизнисот, активно ги поддржува и охрабрува овие промени. Со нашите клиенти сме во редовна комуникација , каде ги анализираме и отворено разговараме за сите проблеми, но и можности со кои се соочува нивниот бизнис. Даваме финансиска поддршка, но и совет како компаниите полесно и посилни да излезат од оваа криза. Дополнително, преку организација и поддршка на разни B2B настани, но и активна соработка со банките од ПроKредит групата, каде сме позиционирани кај едни од најголемите трговски партнери на нашата земја, го олеснуваме и поттикнуваме пристапот, а со тоа и го зголемување извозниот потенцијал на македонските компании кон странски пазари. nnn
се со штедна компонента . Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Најновиот осигурителен продукт од палетата на животни
345
денари (5,6 мил.евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или по основ на ризик смрт. Раст на пазарот од 8% Во делот пак на неживотните осигурувања, граѓани и фирми вложиле 5,4 милијарди денари (87,7 мил.евра) во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период лани вредноста на вложените средства во осигурување е повисока за 8 отсто односно осигурителниот пазар пораснал за 401 милион денари (6,5 мил.евра), покажуваат податоците на АСО. Бројот на склучени договори за осигурување за првите шест месеци пораснал за 20 отсто. Од почетокот на годината до сега осигуреници склучиле над 761.000 договори
шест месеци се склучени
договори за патничко
е двојно повеќе од истиот
2021 година. Овој тип на осигурување овозможува граѓаните, при патување во странство, да го пренесат ризикот од можни штети врз компаниите за осигурување. Во овој тип осигурување граѓаните во првите шест месеци вложиле 89,9 милиони денари (1,5 мил.евра). Голем интерес за приватното здравствено осигурување Очекувано, најголемо учество во вкупните вложувања во осигурување за овој период има во класата осигурување од автомобилска одговорност (АО). Кај ова осигурување, кое е задолжително со закон, ризикот го превзема осигурителната компанија што ви ја продала полисата доколку вашето возило предизвика штета врз други возила и учесници во сообраќајот. Склучени се 426.000 договори за осигурување, вклучувајќи ги и зелените карти кои се обврзувачко осигурување на покритие штети кои може да ги предизвика вашето возило при патување во странство. Бројот на продадени полиси со кои се осигурени возила во првите шест месеци годинава во однос на истиот период лани е зголемен за 8 отсто. Во осигурување од автомобилска
Во осигурувањето имот, најголемата класа на доброволно осигурување во првите шест месеци осигуреници вложиле 1,3 милијарди денари (21,2 мил.евра). Тоа е за 7 отсто помалку од истиот период лани. Речиси 70.000 граѓани, фирми и правни лица го осигуриле нивниот имот во првото полугодие годинава. Кај најпопуларната класа – приватното здравствено осигурување компаниите и осигуреници склучиле 13.000 договори и тоа е за 32 отсто повеќе од истиот период лани. Осигурениците во овој производ
вложиле над 385 милиони денари (6,3 мил.евра) за првите шест месеци и тоа е за 66 отсто повеќе од истиот период лани. Паралелно со растот на вложувањата во ова осигурување уште подинамично растат исплатите на штети за што причина е прекумерното користење на овој производ од страна на осигурениците и зголемените цени на услугите од приватните болници. Токму заради тоа некои од осигурителните компании не ја исклучуваат можноста од рационализација на овој тип осигурување.
843,12734,23 14,83% 250,08243,382,75%15,62%14,70%
Еуролинк 641,69623,95 2,84% 192,76191,000,93%11,89%12,49% 3 Уника 565,12535,28 5,57% 196,54199,72 -1,59% 10,47%10,72% 4 Македонија- ВИГ 548,48541,37 1,31% 199,08164,3021,17%10,16%10,84% 5 Сава 538,52464,87 15,84% 218,81200,389,20%9,98%9,31% 6 Евроинс 501,92400,43 25,35% 203,54221,74 -8,21% 9,30%8,02% 7 Кроација неживот 500,52306,61 63,24% 167,38137,6421,60%9,27%6,14% 8 Винер 424,75385,65 10,14% 195,86164,0119,42%7,87%7,72% 9 Халк 353,85552,44 -35,95% 209,72222,56 -5,77% 6,56%11,06% 10 Осигурителна полиса 332,84303,61 9,63% 128,35127,140,95%6,17%6,08% 11 Граве неживот 145,70146,94 -0,85% 59,3464,76 -8,37% 2,70%2,94% 5.396,494.995,38 8,03%2.021,45 1.936,634,38%100,00%100,00%
Кој е кој на пазарот Во делот на неживотното осигурување, лидер и понатаму е Триглав, со 15,6% пазарен удел во бруто полисираната премија, пораснат од минатогодишните 14,7%, пред Еуролинк со удел од 11,89%, но понизок во однос на лани кога изнесувал 12,5%. На трето место е Уника, со 10,47% пазарен удел, благо опаднат во однос на лани. Најголем раст кај брутополисираната премија се забележува кај Кроација неживот, од 63,2%, на околу 500 милиони денари во првите два квартали, додека најголем пад бележи Халк, од 36%, на 353 милиони денари. На Халк во однос на лани речиси двојно им паднало пазарното учество, од 11% на 6,56%. Компаниите за неживотно
друштва исплатиле на клиенти кои барале обесштетување за медицински трошоци покриено со нивното приватно здравствено осигурување. Годинава, за првпат во историјата на осигурувањето, се случува дури 40 отсто од бројот на сите исплатени штети да бидат
помал, износот идентичен
вредност во истиот период е повисока за 4 отсто, покажуваат податоците на АСО. Над 18.000 штети осигурителните
Во овој период за осигурување имот се исплатени 290,4 милиони денари (4,7 мил.евра). При тоа бројот на исплатени штети е намален за 11,5 отсто, а исплатениот износ е речиси идентичен како истиот период лани. За каско осигурување возила компаниите исплатиле 248,2 милиони денари (4 мил.евра) и тоа е за 11 отсто повеќе од минатата година. Најголем раст на вредноста на исплатените штети има кај патничкото осигурување. Осигурителните друштва платиле 24,5 милиони денари (398.000 евра) или 2,7 пати повеќе за обесштетување штети при патувања на наши државјани надвор од земјава. При тоа бројот на исплатени штети надминал 900 и тоа е за 3 пати повеќе од истиот период во 2021 година. Во овој период штети исплаќале сите 11 друштва за неживотно осигурување. nnn
Б Шенкер (DB Schenker) e
за логистички услуги формирана пред 150 години во Виена од Готфрид Шенкер, а од 2002 во сопственост на германската државна железница Дојче Бан (Deutsche Bahn). ДБ Шенкер е еден од водечките глобални играчи во океанскиот транспорт, авионскиот транспорт, договорната логистика и ред други услуги во логистичкиот бизнис, денес присутна во повеќе од 130 држави, со преку 85.000 вработени. Компанијата е присутна и на македонскиот пазар повеќе од 20 години, а со директорот на ДБ Шенкер Македонија, г-дин Зоран Лазороски разговаравме за досегашните постигнувања на компанијата, нејзината позиција на пазарот, предизвиците што ги наметна пандемијата и актуелната економска криза во светот, како и околу плановите за идниот раст и развој на фирмата во земјава. X Прво, честитки за двата јубилеи на глобално и локално ниво, и за почеток, како е позиционирана ДБ Шенкер на македонскиот пазар на логистички услуги во моментов? Големо задоволство е да се биде дел од една успешна приказна повеќе од 20 години и да се следи растот на компанијата во еден таков временски интервал. Од четири вработени кои започнавме во далечната 2001 година, денес ДБ Шенкер Македонија брои повеќе од 80 вработени, присутни сме на четири локации во државата (Главен терминал и дирекција во Илинден, дедициран логистички склад во Чојлија, канцеларија на Табановце и канцеларија во Струга). Моментално располагаме со повеќе од 6000 м2 царински и нецарински складишен простор и ги нудиме сите услуги од широкото портфолио на ДБ Шенкер глобално. Како и нашиот основач Готфрид Шенкер пред 150 години, кој го иновирал концептот на збирен транспорт и консолидација, сметам дека и ние, можеби нескромно, сме направиле многу за развој на нашата индустрија во Македонија со тоа што први понудивме одредени услуги и продукти: од редовен збирен секојдневен транспорт, првиот збирен контејнер (ЛЦЛ) во Македонија, првата имплементација на договорна логистика, први понудивме логистички решенија за саеми и изложби и сл. Денес, опслужуваме повеќе од 1.200 клиенти нудејќи најразлични
услуги и комплетен сервис кој ги вклучува сите можни транспортни решенија, складирање, царинско застапување и сл. Делот од пазарот е тешко да се процени од причина што ние ги нудиме сите можни услуги, а одредени конкуренти се фокусирани само на одреден тип транспорти, но со голема сигурност можам да кажам дека во било кој сегмент на транспортните и логистички решенија сме или лидери или во топ 3 на македонскиот пазар зависно за кој тип на транспорт зборуваме. Оваа 2022 година и покрај сите предизвици и неочекувани ефекти од фактори вон наша контрола, ќе биде уште една успешна година за Шенкер, каде очекуваме речиси 15 милиони евра промет, со што ќе прикажеме раст од повеќе од 20% споредено со 2021, и ќе ги исполниме или надминеме очекувањата на нашиот принципал за годината. X Какви сè всушност услуги пружа ДБ Шенкер за своите клиенти и кои се најзастапените услуги на македонскиот пазар? ДБ Шенкер е глобален интегриран логистички провајдер со комплетно портфолио на сите можни продукти во индустријата. Ние сме еден од водечките глобални играчи во океанскиот транспорт, авионскиот транспорт, договорната логистика, нудиме организација на логистика на саеми, изложби и селидби, а во копнениот транспорт, нашата мрежа во Европа е апсолутно број еден и по локации, мрежна сврзаност и покривање дури на најдалечните точки на целиот континент. Македонија е поврзана со таа мрежа со секојдневно отпатување на збирен камион од ЕУ, без исклучок, од понеделник до петок. Сите тие услуги ги нудиме на нашите клиенти и во Македонија, а дополнително на тоа и складирање, договорна логистика, локално застапување во царинските постапки и директна достава до секоја точка во државата. Нашата огромна глобална мрежа, достапноста до повеќе од 130 земји, 1850 канцеларии и 85.000 вработени е нашата најголема конкурентска предност. Горди сме да бидеме оne-stop-shop за сите потреби на нашите клиенти и во Македонија и глобално, давајќи им пристап до целата таа моќна глобална мрежа на ДБ Шенкер. X Дали се чувствува намалување на обемот на трговија од страна на вашите клиенти во земјава, поради актуелната криза?
ДБ Шенкер отсекогаш играл важна улога во поддршката на домашната економија и истото ќе продолжи да го прави и во иднина поткрепувајќи ја индустријата. Плановите како и секогаш се понатамошна експанзија, зголемување на нашата инфраструктура и локации низ земјата, како и имплементирање на нови дигитални решенија и платформи каде клиентите сами ќе можат, не само да ги следат своите пратки, туку и да добиваат цена на услугите и сами да букираат транспорт.
После евидентниот пад на глобалната економија во првата година на КОВИД кризата, на светско ниво забележавме голем скок на меѓународната размена, пред сè како резултат на надоместување на периодот пред тоа, но и како резултат на желбата на многу компании да се снабдат со репроматеријали и производи, во случај на идни непредвидени нарушувања на ланците на испорака. Тоа предизвика еден економски залет во одреден краток период, кој за жал повторно беше нарушен со почетокот на војната во Украина. Иако во моментов економската активност е сè уште на едно прифатливо ниво и во Македонија и во околината, загрижувачки се сценаријата за рецесија во Западна Европа која нема како да не одмине и нас, знаејќи дека речиси целата македонска економија е директно зависна од размена со тие пазари. Кога на сето тоа ќе ја додадеме високата инфлација и зголемувањето на цената на речиси сите инпути на производство, во најмала рака треба да бидеме подготвени за
економски предизвици во периодот кој следи.
X Дали е нормализирана состојбата во глобалните логистички ланци која што беше силно нарушена со пандемијата или сè уште постојат предизвици? (во Кина се уште има карантини и сл.) Како ДБ Шенкер се справуваше со целата таа ситуација? Пред пандемијата од 2020, или поточно во последните 20-тина години, глобалните ланци на снабдување прераснаа во едни од најкомплексните форми на економска соработка на човечката цивилизација. Постојаната тенденција на подобрување на ефикасноста и рентабилноста на глобалното производство на технолошки продукти, доведе до извонредно комплексни решенија во ланците на снабдување со извонредно висока ефикасност и just in time испораки. За жал, пандемијата покажа дека истите тие ланци и не се толку робусни како што се мислеше, и непредвидливите и неочекувани прекини во процесот, доведоа до големи нарушувања на системот. Истовремено, дури и за најнеинформираните потрошувачи, стана јасно колку е важна улогата на транспортот и логистиката во снабдувањето дури и со најелементарните производи на кои бевме свикнале секогаш да се достапни. Во целата таа криза, горди сме да кажеме дека ДБ Шенкер не престана да работи ниту еден ден, сите наши терминали во Европа работеа дури и во најстрогите карантини и успеавме да им помогнеме на нашите клиенти да си ја задржат динамиката на производство колку е можно повеќе. Во 2021 година, со гордост ја промовираме кампањата #We KeepEuropeMoving затоа што навистина и беше така. Дури и во неочекуваните карантини кои сè уште ги гледаме во Кина, ДБ Шенкер беше еден од ретките логистички провајдери кои имаа дозвола да продолжат со работа и во услови на карантин. Предизвици повторно ќе има, живееме во т.н. VUCA свет (Vision, Understanding, Clarity, Agility: Визија, Разбирање, Јасност, Агилност, н.з.), но ние секогаш се адаптираме и наоѓаме решенија за нашите клиенти и нивниот бизнис. X Пандемијата, потоа војната во Украина и поскапувањето на горивата, сето тоа несомнено направи големи
одреден период како и многуте сериозни прекини на глобалните
на
Важно е да се спомне дека
на цени во последните месеци. Услугите поврзани со договорна логистика и складирање исто така имаа одредени нагорни корекции предизвикани од зголемената цена на чинење на влезните фактори, пред сè енергетските расходи на инфраструктурата. X Какви се плановите за понатамошен раст и развој на ДБ Шенкер на македонскиот пазар? Како и во изминатите 21 година, така и во иднина, нашата филозофија секогаш била дека ние
сме во служба на македонската економија, на производителите и трговците и нивната
важна улога во таа поддршка на економијата и истото ќе продолжи да го прави и во иднина поткрепувајќи ја индустријата. Плановите како и секогаш се понатамошна експанзија, зголемување на нашата инфраструктура и локации низ земјата, како и имплементирање на нови дигитални решенија и платформи каде клиентите сами ќе можат, не само да ги следат своите пратки, туку и да добиваат цена на услугите и сами да букираат транспорт. Како и секаде во светот, остануваме посветени на еколошката одржливост и уште повеќе ќе се фокусираме на предлагање зелени транспортни решенија за нашите клиенти. И конечно, и за мене многу важно, ќе продолжиме да ја афирмираме нашата индустрија и пред сè ДБ Шенкер, како многу атрактивна кариера за младите луѓе кои сè повеќе осознаваат дека логистиката и транспортот, иако се понекогаш „зад сцената“, се исклучително важни за функционирање на светот како што го познаваме, и се интересно и возбудливо место за работа и професионален развој. nnn
до успех – како изгледа успехот. Презентациите, панел дискусиите и неформалните разговори беа испорачани од меѓународни и домашни експерти и говорници со докажано искуство во областа на е-трговијата, дигитален маркетинг, дигитализација и многу други области од екосистемот за е-трговија. Во Македонија побрзо ќе стигне пратка од Кина, одошто од Србија или Босна Традиционално, на почетокот претседателката на АЕТМ ги презентираше актуелните состојби и напредокот на е-трговијата во Македонија, споредено со земјите од регионот и ЕУ. „Македонските
бирократија, недоволно кадар и логистика, се само некои од пречките. “Во Македонија конкретно, се соочуваме и со проблеми од типот постојано менување на имиња на улици, немање поштенски сандачиња, итн. Генерално доставата е клучниот предизвик во е-трговијата, а тука фали логистика, квалитетни вработени, дигитализација, истакна Игор Гешовски од компанијата за курирски услуги Еко Логистик Сервиси на еден од панелите. Тој упати една поразителна забелешка во врска со логистичките предизвици за е-трговијата во регионов: „Трагично, но вистинито, во Македонија побрзо ќе стигне пратка од Кина, одошто
ресторани“, рече Ангеловска. Владите од регионов, помалку или повеќе работат на олеснување на е-трговијата помеѓу балканските држави, но се’ уште постојат доста бариери за нејзин побрз развој. Царински бариери, преголема
во подобрувањето на овој
На овој начин освен што
подобрува понудата, исто така
зголемува и бројот на клиенти кои се одлучуваат да пазарат и
да користат online услуги. Кога би се искористил потенцијалот што го имаме, успехот на сите би бил неизбежен. Модерен купувач сака да ги има своите нарачки сега и одма, а целта е тоа да се овозможи што е можно побрзо. Технологијата, податоците и автоматизацијата се клучни Панел сесијата предводена од Филомена Аспровска Пљаковска, извршен директор на Casys беше токму на оваа тема. Тосин Оке,од Payoneer (Велика Британија), Боркица Шеќерова од Netcetera (С.Македонија), Елена Панова од А1 Македонија (С. Македонија), Никола Иванов од Cloudcart (Бугарија) и Војдан Карапетковски од Кара5 (Македонија) учествуваа во оваа дискусија, а она што потенцираа е дека автоматизацијата и користењето на технологијата може многу да придонесат во успехот на компанијата. Со интегрирање на вистинските системи, може да заштедите време, да добиете релевантни податоци и анализи, зголемување на профитот, како и оптимизирање на буџетите. Сите овие предности доведуваат до предвидливост на пазарот, а тоа носи раст на компанијата. „Зграпчете ја онлајн
прав пат. Ова
кој брзо расте
иднина за многу бизниси. Она што Google може да ви го понуди на вас е успех, не само на локалниот пазар, туку и глобално, на голем број пазари. На пример Google Ads ви овозможуваат да бидете видени насекаде во светот, преку Search или Display рекламите. Спојот на повеќе услуги на Google можат да го зголемот вашиот приход, бројот на следбеници, корисници… затоа што нашата Display мрежа покрива 90% од светот. Надоброто од Google е тоа што, се што ќе направите е мерливо, односно може да гледате како работи вашиот бизнис, кој ја гледа вашата веб страна, а и кој.“, истакна Сиала. Тој сподели интересни податоци дека во Македонија најпребарувани категории се спорт и фитнес, електроника, а трета категорија која има голем раст е убавина. „Она што треба да знаете
Facebook, Instagram i WhatsApp) презентираше Петар Јевтиќ, Регионален сениор партнер за клиенти за Meta од Httpool, Србија. „Текстот од рекламата е првото нешто што го гледаат вашите клиенти - Мит. Се додека немате добра фотографија или видео, текстот нема да биде забележан, а трета работа која се гледа од еден пост е дали истиот е спонзориран. Следни неколку митови кои треба да ги знаете се поврзани за рекламите на Мeta платформата, а најчести се оние кои велат дека рекламите не се квалитетни ако кампањите се поставени за најмногу кликови, потребни се различни сетови за различни пласмани или ако рекламата има слаби перформанси тогаш буџетот
стратегија
е-комуникација од 21-от век
Ненад Мирковиќ, раководител на маркетинг и digital @ Philip Morris International, Југоисточна Европа. „Луѓето не го купуваат тоа што го правите, туку затоа што го правите.
И кога тоа зошто е избалансирано, автентичноста е постигната, а крајниот купувач се чувствува исполнето. Во е трговијата, потребно е да знаете која е вашата заедница и на кого му се обраќате, затоа што истата таа заедница може да го движи растот на вашата компанија. Сè уште најдобриот маркетинг е комуникацијата од корисник на корисник, а тоа е, затоа што тие личности не зборуваат за вас и вашиот продукт, туку го истакнуваат нивниот добар избор. Со цел да ја зголемите вашата заедница потребно е да остварите активна врска со вашите клиенти, а најдобриот начин за ова се социјалните мрежи и алатките преку кои го промовирате брендот“. За тоа како врвната автоматизација ја промени играта во е-трговијата, говореше Драган Јосифовски, основач и извршен директор на Paket.mk , онлајн супермаркет. „Со цел да може да се наречеме marketplace потребно е да понудиме голем број на категории и голем број на услуги во нашиот систем. На поизводите кои имаат висок обрт на средства, веќе можеме да има дадеме комплетна услуга, односно, покрај тоа што ги нудиме на нашата веб страна, го обезбедуваме и нивното складирање. Во текот на нашето постоење вклучивме голем број на автоматизирани процеси, кои во овој момент на некој начин не прават хибриден marketplace“ nnn
X Забавувањето на инфлацијата во САД донесе бран на оптимизам на берзите, но како да беше со краток здив. Инвеститорите очигледно очекуваат нешто повеќе опипливо на коешто може да ги темелат своите очекувања, а светската економска ситуација се уште не го пружа тоа. Кои се вашите лични очекувања за движењата на светските пазари на капитал во периодот пред нас? Да започнеме најпрво со берзанскиот индекс на акции S&P500. Минатата недела видовме доста големо придвижување на берзата кое беше неопходно да се случи како сигнал за пресвртница кон подобро за американските акции. Ако го погледнеме индексот S&P 500, “биковите” успеаја да направат пробив над 3.900 поени. Но, тоа што треба да следиме во наредните неколку недели, е најпрво да видиме дали S&P ќе успее да го „скрши“ својот надолен тренд од 2022 година, да го расчисти својот пат и да ја достигне цената од септември во близина на 41.000? Доколку се случи тоа, можеме да очекуваме придвижување повисоко се до 43.000, кое претставува клучно ниво и силна линија на отпор. Оттука може да очекуваме нови издигнувања и повисоки ценовни врвови. Податокот дека 26% од берзанскиот индекс S&P го сочинуваат акции од технолошкиот сектор, секако укажува на потребата да видиме заживување и поддршка од акциите од технолошкиот сектор. Па така, тој беше со најдобри перформанси минатата недела (+10,4%), а лидерството во овој сектор беше предводено од индустриите на микрочипови и софтвер. Исто така, приносот на 10-годиншните државни обврзници забележа голем пад. Клучно ниво кое треба да го следиме е пробив под 3,50. Се’ уште е можно приносот кај 10-годишните обврзници да отскокне и повторно да се врати на своите највисоки ценовни
Секако
и ако грешам, ова би било ништо друго освен краткорочна корекција на пазарот. Дополнително, ако ги погледнеме графиконите на Nasdaq Com posite Index и US Dollar Index, ќе забележиме силна корелација која укажува на потребата од продолжување на слабеење на американскиот долар која оди во корист на акциите.
Не може да кажам дека сме целосно надвор од опасност, но мината недела беше многу добар почеток што би можело да биде продолжување на 9-годишниот секуларен пазар на бикови. X Дали сметате дека инвеститорите сега треба да ја следат девизата на Ворен Бафет, „биди алчен кога другите се плашат, а плаши се кога другите се алчни“, односно дали е сега токму погоден момент да се влезе во корпорациите коишто загубија многу од својата вредност годинава, мислам пред сè на технолошкиот сектор? Би било многу наивно ако ја земаме здраво за готово девизата на Ворен Бафет. И покрај тоа што пазарот има тенденција да направи пресврт токму во тие екстремни нивоа на песимизам или оптимизам, треба да знаеме кои сектори и индустрии имаат релативна сила и се победници на пазарот, па од таму да изнаоѓаме акции кои сакаме да ги поседуваме. Точно е дека Ворен Бафет купуваше во неколку наврати изминатиов период, и тоа беа акции од енергетскиот сектор, кој се’ уште се движи нагоре и има близу 70% пораст од почетокот на годинава. Сметам дека грешката на многу инвеститори е во тоа што се обидуваат да го пронајдат дното и да купат на пониска цена (потценети акции) само затоа што тоа е “добра компанија”. Веројатноста е многу поголема ако пазарот е во надолен тренд да продолжи да се движи во таа насока, отколку да направи пресврт. Компаниите од технолошкиот сектор, особено младите брзо растечки технолошки компании беа најсилно погодени од порастот на каматните стапки. И покрај неодамнешните надолни ревизии за заработка, многу компании остануваат преценети по падот во 2022 година. Доколку ФЕД продолжи со зголемување на каматните стапки
Сметам дека грешката на многу инвеститори е во тоа што се обидуваат да го пронајдат дното и да купат на пониска цена -потценети акциисамо затоа што тоа е ‘добра компанија’. Веројатноста е многу поголема ако пазарот е во надолен тренд да продолжи да се движи во таа насока, отколку да направи пресврт. Доколку ФЕД продолжи со зголемување на каматните стапки со цел да го намали економскиот раст, а со тоа и да ја забави инфлацијата, се зголемува ризикот од рецесија кое секако ќе предизвика уште поголемо намалување на заработките и се чини многу веројатно дека моменталните пазарни цени имаат простор за уште надолен пад.
Би било многу наивно ако ја земаме здраво за готово познатата девиза на Ворен Бафет – „биди алчен кога другите паничат, а плаши се кога другите се алчни“. И покрај тоа што пазарот има тенденција да направи пресврт токму во тие екстремни нивоа на песимизам или оптимизам, треба да
знаеме кои сектори и индустрии имаат релативна сила и се победници на пазарот, па од таму да изнаоѓаме акции кои сакаме да ги поседуваме. Точно е дека Ворен Бафет купуваше во неколку наврати изминатиов период, и тоа беа акции од енергетскиот сектор, кој сè уште се движи нагоре и има близу 70% пораст од почетокот на годинава.
X Гледаме дека македонските инвеститори сè посериозно “играат“ на странските берзи, откако регулативата го дозволи тоа пред 3 години. За оние што веќе влегле во светските корпорации со своите пари, но и за оние што размислуваат за тоа, кој е вашиот совет за најдобриот начин да го сторат тоа: дали индивидуално, дали преку инвестициски фондови, дали да побараат совет од професионален асет менаџер? Инвестирањето и тргувањето на финансиските пазари е една од најтешките активности, која бара многу знаење, вештини и дисциплина и затоа е најдобро да се обратиме на професионалци кои го работат тоа и да побараме совет од нив. Тоа што сите треба да поседуваме е основна финансиска писменост за потребата и значењето на инвестирање на своите средства. Сметам дека тоа што недостига во нашата земја се повеќе инвестициони советници кај кои би се обратиле за совет каде и како да ги инвестираме нашите пари. Многу голем дел од населението па дури и компаниите токму поради тој недостиг на информации и знаење за можностите кои се нудат на домашниот и меѓународниот пазар, се одлучуваат за депозити како единствена опција што ја познаваат. Тоа што тие не го знаат е дека историски гледано тоа е најлошиот избор. Наместо да ги чуваат своите пари во депозити и во други готовински (кеш) инструменти, кои едвај може да ја победат инфлацијата, тие треба да ги пренасочат своите пари во инвестиции со соодветен рок на инвестирање. Најдобар начин е
и да го зголемат приносот. Инвестирањето во фондови и/или ЕТФ-и има предност бидејќи се инвестира во диверзифицирано портфолио кое го намалува ризикот и од друга страна, минималниот
износот потребен за почетна инвестиција е многу помал. Секако тука се и професионалните асет менаџери кои за одредена провизија се спремни да управуваат са вашите пари, сè со цел да остварат повисок принос на вашето портфолио. X Каков е вашиот став за инвестирањето на домашната берза, односно регионалните берзи? Има мноштво добри компании во Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, итн., каде што македонските инвеститори може да влезат и преку посебна платформа, но никако да се случи некој позначителен интерес на домашните инвеститори за овие можности... Зошто е тоа така, според вас? Според мене главна причина е затоа што нема доволно инвестициони советници кои да ги советуваат нашите инвеститори за можностите кои се нудат на регионалните берзи. Не сакам да звучам лошо, но реалноста е дека на нашата берза активно се тргуваат три акции и тука немаат дилема која акција да ја купат. За да постои интерес, на нашите инвеститори треба да им се понудат информации со анализи за регионалните компании кои имаат потенцијал за пораст и да се советуваат зошто би требало токму тие акции да бидат дел од нивното портфолио. X Што мислите за инвестициското злато како опција за вложување на слободните средства на поединците и компаниите? Благородниот метал не остана имун на економските случувања и заедно со обврзниците, како инструментите кои важеа за безбедно засолниште во услови на економска нестабилност, оваа година се движеа во надолен тренд. Инвестициското злато и сребро не ги гледам како главна опција за вложување на слободните парични средства, туку попрво заради диверзификација на инвестициското портфолио. Со оглед на тоа дека сега и во нашата земја може да се купи инвестициско (физичко) злато, мое мислење е дека секој поединец па дури и компаниите треба да поседуваат еден мал дел. Сепак зборуваме за еден од најликвидните инструменти на пазарот, кој во секое време може да го размениме за валута по моменталната берзанска цена. X Да одиме малку во крипто светот... По банкротот на FTX, третата по големина крипто-продавница, се разниша довербата на големите
ја познаваат. Тоа што тие не го знаат е дека историски гледано тоа е најлошиот избор. Наместо да ги чуваат своите пари во депозити и во други готовински (кеш) инструменти, кои едвај
безбедни.
покрај
како што се NFT, DeFi и DAO. Сепак, сè уште има големи предизвици за нивната употреба, поради што централизираните платформи поради нивната погодност остануваат стандардна
протоколи
што вербата на
беше разнишана
случувањата во крипто индустријата, верувањето во основниот потенцијал на технологијата ги одржува градителите да градат, а не цената на крипто средствата. На криптото можеби му беше потребно ова пресметување. Луѓето кои ја преживуваат оваа зима, се многу добро поставени да ја сфатат вредноста која ја носи оваа технологија. nnn
кцелераторот УКИМ деновиве објави почеток на соработката со програмата на Microsoft за поддршка на стартапи. Microsoft for Startups Founders Hub (MSFH) е лансирана минатата година, а Акцелераторот УКИМ е првата организација од Македонија која станува партнер на оваа програма, односно компанијата Task&GO којшто е дел од акцелераторот и доби инвестиција од него, е првиот стартап што ќе ги користи ресурсите на MSFH. “MSFH е платформа смислена да ги помогне амбициите на основачите на стартапите, нудејќи им ресурси и алатки што ќе им помогнат да ги претворат нивните идеи во реалност. За да постигне успех еден стартап, најчесто не е доволна поддршката само од една страна, дали е тоа акцелератор, инкубатор, ангел инвеститор, туку здружени ресурси на повеќе субјекти коишто ќе доведат до крајната цел –пласман на продуктот и негово глобално скалирање. Нам ни е
чест што од Microsoft ја препознаа нашата заложба изминативе четири години да го издигнеме македонскиот стартап екосистем на едно повисоко ниво помагајќи им на стартапите во нашата програма да излезат на светскиот пазар, и што сме први нивни партнери во земјава“, истакна Александар Стамболиев, главен извршен директор на Акцелератор УКИМ, на настанот што се одржа во Скопје како дел од Глобалната недела на претприемништвото (GEW). Помош за побрз развој на стартапите преку пристап до алатките на Microsoft Microsoft for Startups Founders Hub е формирана врз основа на фидбекот што го добиле во Microsoft од илјадници претприемачи низ целиот свет со различен бекграунд и платформата е дизајнирана да помогне во надминување на најчестите предизвици со коишто се соочуваат стартапите. Али Адил, програм менаџер за стартапи во MSFH ја претстави подетално програмата и го објасни нејзините можности.
„Платформата ги елиминира традиционалните бариери со коишто се соочуваат стартапите, како што се критериумите на венчр капитал фондовите или валидација од трета страна, со цел да им помогнеме на сите основачи да бидат успешни без оглед на бекграундот, локацијата или пристапот до финансии. Следејќи го животниот циклус на стартапот, платформата им помага на основачите да го забрзаат развојот преку слободен пристап до нашите алатки, како GitHub и Microsoft Cloud со можност да добиваат и дополнителни ресурси со текот на времето. За да ги адресираме најчестите предизвици на стартапите, ние се здруживме и со иновативни компании како OpenAI, глобален лидер во истражувањето на вештачката интелигенција и нејзината примена, којашто ги развива AI системите GPT-3 и Co dex, коишто им овозможуваат на стартапите ексклузивни бенефити и попусти.“, рече Адил. Тој додаде дека за да се биде основач на стартап не е повеќе
пресудно “кого знаеш“. Преку платформата, стартапите може да се поврзат со голем број искусни професионалци од разни индустрии, да добијат пристап до тренинзи и обуки специјално скроени за нивните потреби, како и да иновираат многу побргу со помош на техничко водство од експерти. „Основачите постојано велат дека стартап патувањето е непредвидливо и исполнето со неизвесност. Сакаме да обезбедиме флексибилност за стартапите да работат со Microsoft додека ги обликуваат своите бизниси. Со платформата, стартапите можат да ги градат своите бизниси со сопствено темпо со Microsoft Azure во вредност до 150 илјади долари. Како што се зголемува потребата, основачите можат да отклучат дополнителни кредити со текот на времето. На пример, ако основачот е во фазата ‘Идеја’ и развива прототип, ќе обезбедиме 1.000 долари за една година. Доколку стартапот ги искористи тие кредити за неколку месеци, може да побара повеќе од платформата и ние ќе ги преместиме во фазата „Развој“ со 5.000 долари за една година. Платформата овозможува слободен пристап до моќни алатки за развој и продуктивност, вклучително GitHub, Microsoft 365 и други.“, истакна Адил.
дел од Акцелератор УКИМ Аритон Занев, ко-основач и директор на Task&Go, стартап којшто е дел од програмата на Акцелераторот УКИМ и неодамна доби инвестиција од него, објасни што значи за неговата компанија учеството во акцелераторската програма и можноста да ги користите погодностите на Microsoft for Startups платформата. „ Task’N’Go е нашата алатка која ја развиваме последниве две години, и нуди автоматизација на веќе постоечки таск и проект менаџмент платформи, чија цел е да го пополни недостатокот помеѓу платформите
Главниот извршен директор на Акцелератор УКИМ, Александар Стамболиев, ја објави соработката со Microsoft for Startups Founders Hub
Task ‘N Go, каде што нашите корисници ќе имаат можност да работат во повеќе организации, листа на нивните проекти, таскови, вработени, нотификации преку кои можат да менаџираат со работните задачи и многу други функционалности.“,
објасни Занев. Тој додаде и дека учеството во програмата на Акцелераторот УКИМ во голема мера им помогнало да унапредат некои свои способности, особено во делот на маркетинг и продажбата, каде што им фалеле вештини. Средствата од инвестицијата од акцелераторот планираат да ги искористат во најголем дел за развој на останатите верзии на апликацијата, а дел ќе бидат вложени и за продажба и маркетинг. На настанот денеска се презентираа себеси и уште три стартапи што имаат добиено инвестиција од Акцелератор УКИМ – Viseq, којшто работи во областа на 3D, Virtual Reality и Augmented Reality; Cryptearn којшто нуди можност преку онлајн игри да се заработат криптовалути, како и Common, стартап што развива апликација што ќе им помогне на салоните за убавина и сличните понудувачи на услуги да работат поефикасно поврзувајќи се со своите клиенти. Овие стартапи пред неколку месеци добија по 25.000 долари инвестиција од Акцелератор УКИМ како победници на бизнис маратонот, којшто го сруши Гинисовиот рекорд за најдолга презентација во светот на бизнис идеи пред инвеститори.
копје, 10 ноември 2022 година. Компанијата dm дрогерие маркт во изминатата деловна 2021/22 година во Република С. Македонија оствари промет од 1,79 милијарди денари, со што забележа раст од 27,7% во однос на претходната година. Со ова компанијата ја одбележа јубилејната десетта година работење на македонскиот пазар, со зголемување на фреквенцијата на своите купувачи за 24,5%. Јубилејот, компанијата
промет од 13,581 милијарди евра, ја прошири продажната мрежа на 3.945 дрогерии, а бројот на вработените во целиот концерн надмина 71.620 Во нашата земја, години наназад dm е препознаен како приоритетен ланец за снабдување, со комплетна понуда на повеќе од 14.500 производи Со понуда на повеќе од 4.700 производи, dm е и најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар. Висококвалитетните, но и ценовно достапни dm марки, како Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit, и многу други, гарантираат идентичен квалитет на производите во сите 14 земји, каде dm е присутен на пазарот. Во јубилејната десетта година, dm
посади 27.000 нови стебла, односно нови 10 хектари зелена површина. Во рамките на овој проект, dm дрогерие маркт донираше повеќе од 1 милион денари во набавка на садници и модернизација на опремата на Јавното претпријатие „Национални шуми“ Во изминатата јубилејна десетта година, како посебен знак на благодарност кон своите вработени, компанијата исплати дополнителна 15. плата во пропорционална висина на индивидуалниот работен стаж во компанијата. Покрај овие многубројни придобивки, секој вработен во текот на годината добива дополнителни стимуланси во форма на ваучери за пазарување, како и ваучери за приватни здравствени прегледи. Изминатата година, вработени од компанијата за прв пат земаа и учество во концернското образование „dm Академија“ одржано во Хрватска, со што македонскиот пазар ги доби првите сертифицирани
ќе
итер Адамс е американски претприемач, инвеститор, автор и едукатор, директор на Rockies Venture Fund, инвестициски фонд со седиште во Колорадо којшто поддржува стартапи во рана фаза, претежно во секторите технологија, здравство и природни науки. Адамс е и извршен директор на Rockies Venture Club, најстарата асоцијација на бизнис ангели во САД и основач на Rockies Venture институтот, првата непрофитна организација во земјата специјализирана за креирање акцелераторски програми за поддршка на инвеститори и стартапи. Г-дин Адамс неодамна беше во Скопје, каде што во просториите на Акцелераторот УКИМ одржа серија на предавања преку практични примери за претприемништво, иновации и инвестиции. Главен „виновник“ за неговото гостување и предавања пред македонските претприемачи и други учесници во стартап екосистемот е младата претприемачка Олга Рајчиќ, којашто претходно имала прилика да се запознае со работата на организациите каде што е основач и раководи Адамс во Колорадо. Ја искористивме приликата да поразговараме со него околу тоа што значи всушност да бидеш бизнис ангел, како е организирана заедницата на бизнис ангели во Колорадо и како може богатите поединци да се стимулираат да станат ангел – инвеститори. X Зошто бизнис – ангелите се битни за еден стартап екосистем? Бизнис ангелите, или ангелинвеститорите, како милувате, пополнуваат сериозна празнина во финансирањето на стартапите. На младите иновативни компании обично им треба 3-4 години за да влезат во финансиска позитива, ако воопшто влезат. Затоа, банките во принцип не се опција за нивното финансирање во раните фази на развој на продуктот. Практично, нема друг извор на капитал за стартапите освен оној на бизнис ангелите или фондовите за ризичен капитал (venture capital), и секако сопствените средства на претприемачите. Така што, бизнис ангелите се апсолутно важни за развојот на секој стартап екосистем. Без нив би немале технолошки стартапи, коишто потоа ги креираат оние високо платени работни
места, го зголемуваат извозот и го подобруваат платниот биланс на земјата. X Во Македонија, на пример, досега имаше повеќе обиди да се мобилизира капиталот на поединци што би можеле да бидат бизнис ангели, но ефектите не се баш импресивни. Зошто тоа оди некако тешко, што препорачувате со оглед на вашето големо искуство во оваа област? Точно е, мотивирањето и мобилизирањето на луѓето да бидат ангели – инвеститори е прилично тешко. Знаете, постои мит дека вие едноставно ќе соберете претприемачи и богати луѓе на една место, овие првите ќе ги презентираат своите идеи, а овие вторите ќе им напишат чек на крајот. Но, тоа е далеку од вистината, верувајте, сум поминал низ сето тоа. Поентата е во тоа што луѓето што имаат пари, во принцип се плашат да инвестираат во стартапи. Има голема разлика помеѓу човек што само има многу пари и бизнис ангел. Богатите луѓе обично размислуваат за инвестиции во акции, недвижности и други традиционални видови на средства. Тие си велат, „јас немам време и интерес за ова, или едноставно ми изгледа премногу ризично“. Затоа, ако сакате да ги мобилизирате бизнис ангелите, вие не може претходно да идентификувате кои се тие, па да ги соберете на едно место и координирате. Вие треба всушност да ги создадете бизнис ангелите. Тоа значи дека одбирате богати поединци коишто за себе и не мислат дека се бизнис ангели и потоа ги едуцирате за самиот стартап екосистем, неговото значење за економијата генерално, но и за тоа дека тие можат да придонесат за негов развој, истовремено и да уживаат, и секако, да заработат од сето тоа. X Како можат државите и локалните власти да дадат поддршка, да го стимулираат креирањето на бизнис ангелите во редовите на луѓето што имаат повеќе пари? Ова е интересно прашање, затоа што во основа, властите не се одушевени да ги поддржуваат бизнис ангелите. Зошто? Бидејќи, бизнис ангелите по дефиниција се луѓе што имаат многу пари. И зошто тогаш владата би трошела пари на даночните обврзници за луѓе коишто и онака имаат многу пари. Затоа, едно од решенијата
е парите да ги дадете не на
бизнис ангелите директно, туку на луѓето што нив ги координираат и мобилизираат, за овие да ја остварат својата улога, која ја споменавме претходно:создавање нова вредност, креирање работни места, итн.
X Како е организиран екосистемот на бизнис ангелите во Колорадо, сојузната држава во САД од каде што доаѓате, или во самата земја генерално? Какви стимулации даваат централните и локалните власти?
Прво, постојат даночни привилегии, и тоа многу важно на локално ниво. Во државата Колорадо, на пример, има програма за стимулации којашто му дава на бизнис ангелот назад 25% од средствата што ги вложил во стартап. Така што, само 75% од капиталот му останува во ризик, што е сепак некоја придобивка. Потоа, практично сите американски сојузни држави имаат даночни повластици за инвестирање во стартапи што се во рана фаза. Федералната влада има посебна одредба со којашто плаќате нула данок на повратот на парите што сте ги вложиле како бизнис ангел, и ова е многу популарно. Па така, на крајот на денот, со сите тие повластици, секој што влегува во категоријата на богати поединци може да размисли и да види дека и инвестирањето во стартапи може да е привлечно како вложувањето во портфолија на акции, фондови и сл. Но, сепак, јас лично им препорачувам на луѓето да инвестираат најмногу до 10% од своите расположливи средства во оваа категорија. X Неретко е пракса успешни претприемачи, потоа да стануваат бизнис ангели и да поддржуваат други стартапи во нивниот развој, веројатно затоа што самите најдобро знаат низ што се’ поминале во обидот да се финансираат. Каква е ситуацијата во стартап екосистемот од каде што доаѓате? Да, во принцип е така, се согласувам. Иако, за волја на вистината има и познати лекари, адвокати и сл., коишто стигнале до завидно лично богатство и стануваат бизнис ангели. Но, сепак повеќето од бизнис ангелите всушност и самите се претприемачи и поминале низ сето тоа низ коешто сега проаѓаат
е битно за една успешна стартап приказна, но една клучна работа што јас ја гледам е излезната стратегија (exit strategy), односно како тимот всушност размислува да го продаде својот стартап на крајот. Предноста на бизнис ангелите коишто и самите се претприемачи е во тоа што тие не чувствуваат дека инвестираат во нешто непознато, необично за нив, затоа што тие го поминале тој пат, го живееле животот на стартапите. Знаат кои се ризиците, и кои се можностите. Ние во нашиот фонд за ризичен капитал постојано им велиме на претприемачите, “сега инвестираме во вас како во стартап, а вие вратете се по 10 години како бизнис ангели“.
Ќе речете, како сега излез, а сме на самиот почеток?! Да, звучи нелогично и помалку застрашувачки, но видете, тука е најголемото недоразбирање и меѓу инвеститорите и меѓу стартапите. Излезот, односно продажбата на компанијата, не е само едноставно заминување на основачите. Напротив, добра излезна стратегија може да ја направи компанијата повредна одошто било замислено од старт. Ќе ви дадам пример: во Денвер од каде што доаѓам, постои компанијата Ping Identity, од областа на софтвер за интернет безбедност. После 10 години развој, тие се продадоа на приватен еквити фонд за 600 милиони долари, и потоа, после една година, компанијата имаше излегување на берза, при што собра 1,2 милијарди долари. Значи, ним им требаше деценија да изградат бизнис вреден 600 милиони, потоа да бидат преземени, да добијат ресурси за и самите да направат некои аквизиции и да пораснат, и потоа, да имаат IPO со вредност двојно поголема одошто
преземањето. И сето тоа за една година.
значи дека излезот, односно
Една клучна работа што јас ја гледам е излезната стратегија (exit strategy), односно како тимот всушност размислува да го продаде својот стартап на крајот“, објасни Адамс на предавањето во Скопје, во просториите на Акцелераторот УКИМ. „Ќе речете, како сега излез, а сме на самиот почеток?! Да, звучи нелогично и помалку застрашувачки, но видете, тука е најголемото недоразбирање и меѓу инвеститорите и меѓу стартапите. Излезот, односно продажбата на компанијата, не е само едноставно заминување на основачите. Напротив, добра излезна стратегија може да ја направи компанијата повредна одошто било замислено од старт.“
ресурси при универзитетот Шефилд. Работи во семејната компанија, а воедно го развива и својот стартап. Има учествувано на многубројни натпревари за претставување на бизнис идеи пред инвеститори, a воедно има волонтирано како ментор и судија на локални и регионални стартап натпревари. Таа е активeн член во женската менторска мрежа Stela - Women's Mentorship Network. Дополнително работи како консултант во полето на социјално претприемништво. Продукт на нејзиниот стартап е Challenger, апликација која ги наградува корисниците кои пешачат и возат велосипед. Неодамна го развија решението Challenger @ WORK кое им помага на компаниите да ги мотивираат своите вработени да се движат повеќе и да одбираат одржливи методи на транспорт. (велосипед и пешачење) Воедно со брендираниот dashboard секоја компанија добива
искуства, предизвици и можности“.
конструкција за набавка на нов дом на најдобрата локација во Скопје станува многу полесна и подостапна. Преку станбените
внатрешниот распоред и др. Но, цената на посакуваниот стан нека не ви задава грижи затоа што со станбените кредити на банките партнери на инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“ може да добиете атрактивен рок на отплата и поволна месечна рата. u Гарантирана каматна стапка
на кредитни рати.
сите оние кои одлуката за свој нов дом ќе ја донесат до крајот на месецот ноември постои можност за 100% ослободување од административните трошоци, целосно ослободување од трошоци за процена, како и ослободување од нотарски трошоци за станбен кредит за вашиот нов дом во идното обележје на градот објектот „Гранд Ривер“. За да се информирате за сите поволности кои ги овозможуваат банките партнери на МГ Фешн, Комерцијална банка и Стопанска банка, може да ја посетите официјалната веб-страница
„Гранд Скопје“
. Детален одговор на сите ваши прашања пак може да добиете во продажниот салон на комплексот, кој се наоѓа на првиот кат во ГТЦ, во близина на киното „Милениум“, секој работен ден од 08 до 18 часот или, пак, да го контактирате тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.