на
истрагата
криминално
обиди
влијае на економските и на политичките одлуки на Европскиот парламент, како и за наводите за корупција и перење пари. Извршени се 16 претреси и пет апсења. Меѓу другото, одземени се и 600.000 евра во готовина, како и мобилни телефони. Каили на 21 ноември во Европскиот парламент одржа говор за актуелното Светско првенство во Катар. Овој спортски настан го опиша како доказ дека „спортската дипломатија може да донесе историска промена во земјата чии реформи го инспирираа арапскиот свет“. Таа рече и оти Катар е пионер кога се во прашање работничките права.
Народната банка констатирала дека во ноември, за првпат оваа година бил прекинат трендот на забрзување на годишната инфлација, под влијание на забавениот раст на прехранбената компонента, а во согласност и со промените на цените на меѓународните пазари. „Сепак, ризиците од посилни преносни ефекти врз базичната инфлација од цените на енергијата и на храната, коишто сè уште постојат, како и подигнувањето на инфлациските очекувања наметнуваат потреба од натамошна монетарна реакција.
Во третиот квартал, македонската економија порасна за 2%, на годишна основа. Како што велат аналитичарите на Finance Think, овој раст е остварен во услови на растечка неизвесност во економијата, односно забрзан раст на цените на храната и енергентите, како и значителен ризик од намалување на надворешната побарувачка. Особено погодена од овој контекст е индустријата, која во кварталот оствари пад од 1.7%, а само преработувачката индустрија пад од 2.9%, првенствено како резултат на ограничувањето на производството поради скапите енергенси. Пад на домашната индустрија Во услови на затегната монетарна политика, односно поскапување на кредитите, очекувано ќе забави и кредитната активност, што во краен случај не е добро за економијата. Борбата е сега, како и во другите земји од Европа и пошироко, меѓу двете зла: дали да се остави инфлацијата да избега од контрола, или да се загрози економскиот раст со монетарното затегнување. Во третиот квартал, македонската економија порасна за 2%, на годишна основа. Како што велат аналитичарите на Finance Think, овој раст е остварен во услови на растечка неизвесност во економијата, односно забрзан раст на цените на храната и енергентите, како и значителен ризик од намалување на надворешната побарувачка. „Особено погодена од овој контекст е индустријата, која во кварталот оствари пад од 1.7%, а само преработувачката индустрија пад од 2.9%, првенствено како резултат на ограничувањето на производството поради скапите енергенси.“, велат од Finance Think.
Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, при одлучувањето влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, за којашто се очекува дека ќе продолжи со зголемувањето на каматните стапки во следниот период.“, објаснуваат македонските монетарни власти. Сега, основната каматна стапка изнесува 4,75%, што е највисоко ниво во последниве 12 години. Последен пат каматната стапка била над ова ниво, во септември 2010 година, кога била 5%. Зголемувањето на основната каматна стапки значи посилно стегање на монетарната политика, односно намалување на паричната маса во оптек, со цел да се намали трошењето. Ова зголемување на основната каматна стапка е осмо по ред од април годинава, и неминовно ќе следи и покачување на каматните стапки кај деловните банки, односно поскапување на кредитите, она што најмногу ги засега граѓаните и компаниите.
кај KAPITAL.MK I БРОЈ 1137 16 ДЕК. 2022 9
и хотелиерството.
сé уште не е значајно материјализиран, бидејќи извозот и увозот ја задржаа својата динамика на раст од 17.8% и 19.4%, соодветно, додека неизвесноста позначајно се рефлектираше кај бруто инвестициите кои бележат побавен раст од претходно
на
во третиот квартал
благо се
на 14.3% од претходните 14.5% (К22022). Вработеноста стагнира на 47.3%, па падот на невработеноста е остварен како резултат на пасивизација на населението на пазарот на трудот, што е неповолен тренд кој започна уште за време на пандемијата. Во третиот квартал од 2022, инфлацијата забрза на 17.2% на годишна основа. Овој раст на цените и понатаму е доминантно движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но пренесените ефекти
врз пошироката потрошувачка кошничка и растот на личната потрошувачка го оправдуваат монетарното затегнување кое започна во вториот квартал и неопходно налагаат поголема внимателност и рестриктивност од страна на фискалната политика. Неизвесноста во економијата
почетокот
идната
ценовните притисоци се очекува постепено да ослабат. Оттука, Finance Think останува на проекцијата за раст на БДП во 2022 на 2.1%, додека нагорно ја ревидира проекцијата за стапката на инфлација на 13.9% (од претходните 12.2%). Проекциите за 2023 година изнесуваат: раст на БДП од 2.4%, раст на цените од 8.9%, двете со нагласена неизвесност.
Морган
аналитичарите на инвестициската банка. За 2023 година предвидуваат раст на глобалната економија од 2,2 отсто, што е под најновата проценка на Меѓународниот монетарен фонд за раст од 2,7 отсто. За следната година, Морган Стенли предвидува поделба меѓу развиените економии „во рецесија или блиску до неа“, додека економиите во развој „скромно ќе закрепнат“. Скромен раст на развиените економии догодина Се проценува дека кинеската економија ќе порасне за пет отсто
следната година, над очекуваниот раст од 3,7 отсто за пазарите во развој, додека просечниот раст во групата 10 развиени земји е проектиран со стапка од само 0,3 отсто. Централните банки ширум светот ги зголемуваа каматните стапки оваа година за да ја зауздат инфлацијата. Најновата одлука на американските Федерални резерви е покачување на основната каматна стапка за 0,5 процентни поени, со што е достигнато највисоко ниво на каматната стапка од 2007 година наваму. Иако најновото покачување е со помала стапка од досегашните потези на американската централна банка,
кога скокот одеше по 0,75 процентни поени, Морган Стенли проценува дека ФЕД ќе ги задржи високите стапки во 2023 година бидејќи инфлацијата ќе остане висока откако ќе го достигне врвот во четвртиот квартал од оваа година. Американската економија за малку ќе избегне рецесија во 2023 година, но приземјувањето поради значителното забавување на растот на вработеноста нема да биде толку меко, додека стапката на невработеност ќе продолжи да расте – се вели во извештајот, кој предвидува раст на американскиот БДП од 0,5 отсто во 2023. „Кумулативниот ефект од строгата монетарна политика во 2023 година ќе се прелее во 2024 година, што ќе резултира со две многу слаби години“, се додава. На глобално ниво, врвот на инфлацијата треба да дојде во последниот квартал од оваа година, пишуваат аналитичарите, „со намалување на стапките на инфлација што ќе ја води приказната следната година“. Пазарот сугерира дека рецесијата е многу веројатна Инвеститорите во периодот што следи ќе посветат посебно внимание на комуникацијата помеѓу ФЕД и Европската централна банка и курсот на монетарните политики во 2023 година. Пазарите како обврзниците така и акциите се во интересна позиција, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс. „Пазарот на обврзници сугерира дека рецесијата е многу веројатна, бидејќи кривата е инверзна практично на целата должина. Тоа значи дека приносите на краткорочните обврзници се повисоки од долгорочните, а во берзанскиот свет тоа е еден од главните показатели за здравјето на економијата. Од друга страна, берзите растат бидејќи очекуваат пониска инфлација и пред сè, намалување на каматните стапки во втората половина на 2023 година.“, велат од Генерали. Моментално берзите земаат предвид многу мали надолни корекции, практично без рецесија. Ова може да претставува проблем за 2023 година доколку работите не одат според очекувањата. Интересно е што повеќето големи инвестициски банки очекуваат рецесија во нивното основно сценарио и дно на берзите во првиот или вториот квартал од следната година. Оттука, јазот помеѓу состојбата на пазарот и очекувањата е многу голем. Од една страна, тоа покажува дека има уште многу слободен капитал од пандемијата, а од друга страна, дека инвеститорите продолжуваат со инвестирање во акции и покрај песимизмот, бидејќи тие ги гледаат како долгорочна можност. nnn
азговаравме со г-дин Ило Ристовски, од неодамна претседател на Управниот одбор и генерален директор на Халк Осигурување АД Скопје, компанија за неживотно осигурување присутна на македонскиот пазар од 2007 година и дел од Групацијата Халкбанк. Тој ги споделува искуствата и резултатите за работењето во 2022 година, којашто беше исклучително тешка на економски план за сите, како и плановите за следната година. X Како го оценувате моменталното ниво на развој на македонскиот осигурителен пазар и позицијата на Халк осигурување во него? Македонскиот осигурителен пазар сè уште се класифицира во недоволно развиени осигурителни пазари, причини има многу и би се осврнал на неколку од нив кои според мое мислење имаат најголемо влијание на степенот на развој на осигурителниот пазар. Осигурителната индустрија е дел од економското опкружување во државата и сите трендови, проблеми и предизвици во македонската економија директно или индиректно се отсликуваат и во услужните дејности како што е осигурувањето. Подинамичен развој на македонската економија е еден главните предуслови за развој и на осигурителниот бизнис. Недоволната осигурителна образуваност и перципирањето на осигурувањето како непотребен трошок, се фактори кои исто така придонесуваат домашниот осигурителен пазар бавно да се развива. За жал, конкурентноста во овој бизнис од страна на клиентите сè уште се сфаќа само како нудење на ниски премии за осигурување, додека вистинската конкурентност
има голем раст и прераснува во еден од најважните продажни канали. Можеме гордо да истакнеме дека согласно податоците за осигурителниот пазар за Q3 2022, Халк Осигурување според полисираната премија е пазарен лидер во делот на банкоосигурувањето со пазарно учество од 28,34%. Меѓутоа, нашите активности во 2022 година не беа насочени само во делот на банкоосигурување туку во сите сегменти на осигурителното работење, сè со цел адекватна и навремена исплата на отштетни побарувања и подобрување на корисничкото искуство на нашите клиенти. Доколку се земат предвид сите микро и макро влијанија и околности, за оваа година може да кажеме дека беше тешка за сите економски субјекти, вклучувајќи ја и нашата компанија. Но, како што напоменав, со интензивни активности во сите сегменти и тимска работа успешно ќе ја завршиме 2022 година со цел многу поуспешно работење во 2023-та. X На позицијата генерален директор сте од неодамна, кои се вашите цели и стратешки определби за 2023 година, и генерално на среден рок? Управниот одбор во Халк Осигурување се оформи пред два месеци кога и бев назначен на позицијата генерален директор, а во Управниот одбор покрај мене како претседател, членови се и колегите Селин Шакарер и Игор Доневски. Сакам да истакнам дека Управниот одбор е составен од професионалци со најмалку 20 годишно искуство во осигурителната дејност и имаме јасна визија, цели, планови и знаење за тоа во која насока треба да се движи и развива Халк Осигурување.
финансиската моќ на компанијата и профитабилно работење. Истото ќе го постигнеме преку воведување на нови продукти и услуги, развој и проширување на нашата продажна мрежа, користење на современи информатички решенија, транспарентен и професионален однос кон клиентите и создавање на амбиент нашите вработени да се чувствуваат како дел од големото Халк семејство во кое се ценат и вреднуваат нивното знаење, залагање и придонес. Нашите вработени се најважниот ресурс во нашата компанија и нашите вработени се тие кои се најзаслужни за подобрување на корисничките искуства на нашите клиенти.
услуги за клиентите преку банкоосигурувањето, продажен сегмент кој во последните години
исплаќање на отштетните побарувања и надминување на очекувањата на нашите клиенти. На среден рок, а воедно и за 2023, имаме за цел зголемување на нашето пазарно учество, зајакнување на
X За кои категории осигурување имаше најголема побарувачка годинава во Халк осигурување? Со оглед на тоа што македонскиот осигурителен пазар не е доволно развиен, исто како и претходните години доминантен продукт од делот на неживотно осигурување е задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Меѓутоа, кај одредени незадолжителни осигурителни продукти граѓаните и компаниите го препознаа бенефитот од нив, што резултираше и со зголемена побарувачка. Тука, пред сè, мислам на приватното здравствено осигурување. Растот на осигурителниот пазар во земјава во делот на неживотно осигурување заклучно со третиот квартал во 2022 изнесува 7,12%, додека растот кај приватното здравствено осигурување за истиот период е преку 75%. Тоа значи дека остварениот пазарен раст во голема мерка се должи на зголемувањето на продажбата на приватното здравствено осигурување. Од останатите незадолжителни осигурувања позитивен тренд во 2022 година бележи и патничкото осигурување и истото се должи на релаксирање на условите за патување после две пандемиски години. Трендовите кај останатите незадолжителни осигурителни продукти се во рамки на очекувањата без некои значајни осцилации. Можам да кажам дека овие пазарни трендови во 2022 година се отсликуваа и во Халк осигурување односно приватното здравствено осигурување беше најбараниот продукт. Покрај приватното здравствено осигурување зголемена
типови незадолжително осигурување? Морам да истакнам дека несреќни случаи во реалниот живот се случуваат и за жал тие се најсуровиот потсетник за потребата од осигурување. Навиките на граѓаните и свесноста за придобивките и бенефити од осигурувањето во секој случај се менуваат и подобруваат, но како што и напоменав не се единствениот и одлучувачки фактор при носење на одлуката за обезбедување на осигурително покритие. Дејноста осигурување има и социјална димензија, имено кога клиентите претрпеле штета, во тие за нив тешки моменти наша обврска е да го надоместиме финансискиот дел од претрпената загуба, со што како дејност придонесуваме за подобрување и на квалитетот на животот на граѓаните. Исто така, обврска на осигурителната индустрија и на нашата компанија е и финансиска едукација која ја спроведуваме на различни начини и преку која дополнително би се подигнала свесноста за осигурувањето. Во насока на подигање на свесноста
нашето здравје. Приватното здравствено осигурување, како што спомнав, во 2022 е продукт со најголем раст и очекувам овој тренд да продолжи најмалку и во наредната 2023 година. Од страна на граѓаните овој продукт е препознаен и прифатен и преку овој продукт за граѓаните ги правиме подостапни услугите на приватните здравствени институции, со што во одредена мерка и се растоварува и државно финансираното здравство. Во таа насока за поздравување се и даночните олеснувања во случај кога премијата за осигурување за своите вработени ја плаќа работодавачот и таа мерка треба да остане во сила имајќи ги предвид погоре наведените сеопшти придобивки. Овој осигурителен продукт е меѓу нашите приоритетни продукти и во таа насока веќе и подготвуваме измени и подобрувања на постојниот продукт, којшто ќе почне да се продава од почеток на 2023 година со што ќе биде подостапен за поголема категорија на граѓани според нивни избор и потреби. X Кои се новитетите што Халк осигурување ги спрема во понудата? Што ќе биде вашиот адут во 2023? Имајќи предвид дека осигурителниот бизнис е комплексен, нашата стратегија е континуиран, стабилен и одржлив развој и во таа насока не би истакнале еден адут, туку може да зборуваме за збир на повеќе адути преку кои ќе ја реализираме нашата долгорочна визија. За 2023 година подготвуваме доста новитети од аспект на осигурителни продукти, што подразбира измена и модификација на постоечките најпродавани продукти со цел да бидат поатрактивни, потранспарентни, појасни и подостапни за нашите клиенти. Исто така, планираме и воведување на нови продукти
акцент ќе ставиме на нашата интерна продажна мрежа која е главен столб на продажбата и истата ќе ја прошириме и дополнително зајакнеме, а истовремено континуирано ќе ја едуцираме. Воведувањето на нови информатички решенија во 2023 ќе ни овозможи поголема оперативна способност, забрзување на сите процеси на работење и истовремено воведување на дигитални решенија со кои ќе ја доближиме компанијата до корисниците на нашите услуги. Преку каналот банкоосигурување во 2023 почнуваме со продажба на нов продукт осигурување на кредитокорисниците со кој дел од ризиците за неисплата на кредит се осигуруваат. Кои се најголемите предизвици со коишто се соочува осигурителниот сектор периодов? Со оглед на динамичноста на времето во кое живееме и работиме секогаш пред нас се појавуваат нови и нови предизвици кои треба да се решаваат и истото се отсликува и во осигурителниот сектор. Промените во регулативата, промените во технологиите, економските осцилации, пазарните трендови, менувањето на навиките и потребите на клиентите, како и приближувањето на Македонија до европските процеси и асоцијации се фактори кои иницираат промени, а со тоа и предизвици со кои се соочува осигурителната индустрија. Се разбира дека за истите треба да се креираат и адекватни решенија. Предизвици со кои осигурителната индустрија се соочува има многу и
на здравствените услуги е голем предизвик за најбрзо растечката класа на осигурување – приватното здравствено осигурување. Профитабилноста на осигурителниот бизнис која споредена со други услуги од финансискиот сектор е драстично помала е исто така предизвик кој сериозно треба да се земе предвид од причина што скоро сите осигурителни компании се странски инвестиции и сосема оправдани се нивните очекувања за пристоен поврат на вложениот капитал. X Трошоците растат, колку тоа се рефлектира во цените на премиите? Постои ли некој системски или друг проблем што им ја отежнува работата на компаниите во неживотното осигурување? Оваа година што завршува е веќе трета година по ред во која се јавуваат тешкотии и турбуленции на глобално ниво кои на директен или индиректен начин се рефлектираат на македонската економија, а со тоа и на осигурителната дејност. Поскапувањето на енергенсите во секој случај и директно и индиректно влијае на осигурителниот бизнис и повлекува верижна реакција на зголемување на сите цени и зголемување на инфлацијата. Би ги спомнал драстичните покачувања на цените на здравствените услуги, цените на автомобилите, цените на резервните автомобилски делови, цените на градежните материјали, цените на сите видови на услуги, односно имаме поскапување скоро на сите влезни параметри кои ја дефинираат висината на настанатите штети. Од сето ова заклучокот е дека во 2022 година имаме значителен пораст на износот на просечна штета скоро кај сите осигурителни класи. Зголемувањето на цените на енергенсите, пред сè неколкукратно повисоката цена на електрична енергија ги зголемува и трошоците на работењето и во осигурителната индустрија. Сето погоре наброено комбинирано со инфлациските движења влијае доста негативно на финансиското работење. Како компанија во делот на незадолжителните класи на осигурување воспоставуваме механизми преку кои висината на премијата ќе биде одредена преку објективни критериуми за оцена на преземениот ризик, што значи висината за секој поединечен клиент ќе биде различна. Кај некои
на УО и генерален директор на Халк Осигурување
Управниот одбор во Халк Осигурување се оформи пред два месеци
кога г-дин Ристовски беше
директор,
работа
претставници на бизнис секторот во Македонија, се согласија дека мора да има политичка волја за брзи промени, а сивата економија мора да се намали и постепено во догледно време да ја снема. Оттука произлегува и препорака за засилена борба против корупцијата. Енергетскиот проблем да се реши побрзо преку инвестирање во нови капацитети и државата да стане извозник на струја, а тоа може само преку брзи стратешки одлуки. Штефан Петер, генерален директор на ЕВН нагласи дека државата е увозник на струја и дека е потребен поголем капацитет кој можеби ќе го реши тој проблем. „Енергетската транзиција е потребна, меѓутоа истата е бавна, не се реализира на правилен начин и не е доволно финансирана.“, смета Петер. Според него, фотоволтаиците можат да бидат некаква мерка за ублажување на проблемот, но истите нема да ги решат нашите проблеми бидејќи истите не произведуваат струја навечер.
„На крајот на денот сè се сведува на одговорот на прашањето: Колку сакате да платите за струјата за да ги заштитите вашите граѓани? Инвестицијата може да биде приватна, но Владата мора да биде инволвирана најмалку заради контрола и сигурност. Од друга страна државите се докажани како лоши градители, не само во Македонија туку и секаде во светот. Од овие причини јавно приватно партнерство има најмногу смисла.“, истакна Петер.
Промени и нов пристап во менаџментот Претседателот на управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, нагласи дека не треба да ни бидат изненадувања бројките и проекциите, коишто не се поволни. Тој смета дека компаниите во вакви ситуации треба да се водат од два принципа: собирање податоци и управување врз основа на тие податоци. Потребно е производство на производи со додадена вредност наместо полупроизводи. Особено
во земјоделието, кога нашите производи не се конкурентни и кога увезуваме храна. „Мора да се иницираат промени во менаџментот и нов пристап. Особено ако земеме предвид дека имаме многу ниска продуктивност, а недостаток на работна сила која ќе треба да почнеме да ја увезуваме. Секако, и нашите вработени ќе мора да имаат повисоки плати. Ова значи дека ќе мора компаниите поинаку да буџетираат.“, рече Јаневски. Тој посочи неколку причини и пречки, но понуди и предлог решенија за проблемите. Даночната евазија; зависноста од увоз на храна; отежнати мерки за влез на странски инвестиции; структурата на македонската економија, која е увозно зависна и тоа историски е голем проблем, истакна Јаневски. Потребно е да се прават брзи и ефикасни чекори за олеснување на предолгите процедури за решавање на итни проблеми. „Македонија треба да најде земја
систем ќе биде уште постабилен.“, објасни Стефкова Штериева. Зголемувањето на каматните стапки не е добра ситуација за банките, додаде таа, иако тоа некому му звучи чудно, бидејќи од
една страна се зголемува цената на чинење на депозитите , а од друга страна, бидејќи тоа се пренесува и на кредитите, постои можност за влошување на кредитното портфолио. „Државата никогаш не била приоритет на банките за кредитирање, бидејќи рочната структура не соодветствува на барањата и потребите на државата, на која и треба долгорочно финансирање. Доминантен интерес на банките е кредитирање на компаниите
и населението. Зголемување на нивните приходи значи и поголем промет, плати што значи и поголема побарувачка
и Сања Маџаревиќ Шустер, кои подетално се осврнаа на предизвиците пред кои е исправена домашната економија и чекорите што треба да се преземат за нивно полесно надминување. Во своето обраќање, главниот економист на Народната Банка Анета Крстевска ги претстави најновите макроекономски проекции на централната банка за македонската економија, а професорката Маја Кадиевска Војновиќ зборуваше за факторите кои влијаат за ранливоста на македонската економија во услови на криза. „Во вакво неизвесно опкружување, кога анализите на сите релевантни институции не се оптимистички, улогите и одлуките на носителите на економските политики треба да бидат мудри, со цел предизвиците со кои се соочуваме да се претворат во предност и да донесат бенефит за опстанок и развој на земјата. Одлуките треба да направат преобразба – еволуција на слабост во јакост, еволуција на загубата во профит, еволуција на ризикот во успех. Накратко, на нашата земја и е неопходна еден вид ‘дијалектичка еволуциска економија’ ”, рече извршната директорка на М6 Едукативниот центар, Елена Младеновска Јеленковиќ nnn
факултет, Brainstеr Next College. Годинава во Бреинстер (Brainster), најуспешната Еd-Tech организација во земјава, сè оди во нагорна линија. Но, оттаму велат дека успесите никогаш не си ги препишуваат сами на себе, бидејќи сè постигнале заедно со својата заедница
ПЕТАР НИНОВСКИ основачот на Бреинстер и на Бреинстер Некст колеџ Сиот наш успех што го постигнавме во 2022 година е рефлексија на напорна работа, вештини, посветеност, тренинзи за вработените, инструкторите и професорите и довербата што ни ја даваат нашите партнери и илјадници студенти. Ова можеби изгледа лесно однадвор, но сепак, градењето на образовна организација е една од најмалку едноставните работи што постојат. Затоа, благодарам на сите за сè.
и
меѓу
и понатаму ќе продолжиме
применуваме
и за тимот. Бранкица Василева, тим лидер на Student Success тимот во Бреинстер
ни ја даваат, а доказ за тоа се најуспешните уписи што сме
ги имале досега“, вели Василева. Таа открива дека голем дел од запишаните студенти доаѓаат во Бреинстер по препорака на некој алумни. Ова, за нив претставува потврда дека севкупната грижа за секој од студентите е ценета од нивна страна и дека тие се задоволни. Она што постојано го прави тимот на Бранкица е континуирано следење на секој студент во процесот на учење, следење на успешноста на секоја група на студенти и одговор на фидбекот што го добиваат од нивна страна. „Ние ги следиме студентите постојано, а добиваме и неделен фидбек од нивна страна за програмата и модулите што ги изучувале, за инструкторите, за работата во група со колегите итн. И секако, соодветно одговараме на тој фидбек, сè со цел, секој студент да биде задоволен од она што
Co-Innovation & Hiring. Годинава, студентите работеле на вкупно 125 реални проекти, а организирани биле 21 хакатон. Како јаготка на шлагот, пред само неколку недели во просториите на Бреинстер се одржа најголемиот Хакатон во живо на кој имаше 125 учесници. На истиот, студентите 48 часа работеа на решение за мобилна апликација и интерна апликација за REDI и REDI рециклажа која ќе ја поврзе организацијата со домаќинствата, ќе им го организира пристапот до селектираниот отпад на нивните формални собирачи (зелените агенти) и ќе им помогне поефикасно да комуницираат меѓу себе. Идејата е со дигитализација на услугата за бесплатно собирање на неопасен отпад како хартија и пластика, собирачите на отпад да се поврзат со заедницата и на достоинствен начин да го прибираат селектираниот отпад. Победничкото решение се избра на
REDI SUMMIT. Инаку, тимот за Co-Innovation&Hiring соработува со 161 компанија од Македонија и од странство. Овие компании вработуваат студенти од Бреинстер академиите
Јанева, менаџер за човечки ресурси во Бреинстер вели дека компанијата може да се опише како организација која има холистички пристап кон своите вработени, нудејќи поддршка во сите сфери, професионално и приватно, односно организација која во целост се грижи за своите вработени. „Позитивната компаниска култура, која се состои од континуирано учење и професионално надградување на сите вработени, постојаната поддршка од лидерите на тимовите, менторството и давањето насоки во текот на работењето, а особено тимскиот дух кој е клучен фактор за успешно работење, придонесуваат за градење на успешна Бреинстер приказна“, вели таа. Од Бреинстер потенцираат дека овие рекордни резултати се постигнати со многу труд, знаење, тимска работа и посветеност и дека во годината што ни претстои, ќе продолжат да работат уште попосветено со цел да продолжат да нудат образование за кариерите од иднината. „Со сето наше знаење и многу труд, ние на поединците им овозможуваме подготовка на кариерен развој, преку совладување на дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет. Нашата визија е да ја поддржиме дигиталната трансформација на глобално ниво, преку создавање на подобра иднина за што повеќе луѓе во текот на целиот процес“, велат од Бреинстер. nnn
технолошки ентузијасти и експерти. Со таков брз развој на вештачката интелигенција, со право се поставуваат прашањата дали системите како ChatGPT можат и дали на крајот ќе ги заменат професиите кои зависат од создавањето содржина, а тука се на удар новинарите, па дури
Пробавме да видиме како ChatGPT работи, па му поставивме прашање „Дали знаеш нешто за Македонија?“ Ни одговори дека “Македонија е земја во балканскиот регион на Европа, којашто стекнала независност од Југославија во 1991 година и е членка на Обединетите нации“. ChatGPT знае и дека земјата е позната по својата богата историја, култура и природни убавини, вклучително езера, планини и национални паркови. Ко-основачите на OpenAI сакаа овој четбот да му користи на човештвото, да функционира на принципот на материјали со отворен код (open source) и да работи како
непрофитна организација. Судејќи според неодамнешниот твит на Маск, ниту една од овие цели не е постигната
така,
директор на OpenAI, изјавил дека ChatGPT е само „демо верзија“ на она што ќе стане возможно да се генерира со помош на вештачка интелигенција. „Наскоро ќе можете да имате корисни асистенти кои ќе разговараат со вас, ќе одговараат на прашања и ќе даваат совети. Подоцна, ќе може да имате нешто што ќе ги заврши задачите наместо вас. На крајот ќе можете да имате нешто што се активира и открива ново знаење за вас“, објасни Алтман. nnn
или телевизија од A1, заедно со комбинирано осигурување на домот и осигурување на опремата за електронски комуникациски услуги. Притоа, месечниот надоместок за осигурувањето изнесува само 199 денари и ќе биде вклучен во сметката за користење на услугите од А1. Повеќе информации за понудата побарајте на веб-страниците A1.mk и triglav.mk.
работите галопираат надолу, и дека има мала надеж за спас. Ваквите лоши резултати, објаснуваат истражувачите, се резултат на несоодветните владини политики, слаб одговор на растечките климатски предизвици што ги тераат младите да се чувствуваат разочарани. Бидејќи владејачките гарнитури се фокусираа на други проблеми (ако воопшто решаваат некои) и глобалната ситуација не ветува ништо добро, организациите како Универзитетот East Anglia решија да ги преземат работите во свои раце. Во партнерство со организациите за ментално здравје Norfolk и Waveney Mind, универзитетот ја лансираше програмата „Mindfulness and Active Hope“ (Свесност/ будност и активна надеж), единствениот курс од ваков вид во В. Британија и пошироко. Во текот на шест неделни сесии, студентите добиваат поддршка, учат вештини за справување со реалниот свет и како да се трансформира екоанксиозноста во „активна надеж“.
Техниките на будност/свесност или „mindfulness“ им помагаат да ги смират негативните мисли, да го свртат вниманието кон сопственото, внатрешно битие и да изградат рутина на грижа за себе. Курсот се базира на меѓународниот бестселер на Џоан Мејси и Крис Џонстон „Активна надеж: Како да се соочиме со нередот во кој сме без да полудиме (Active Hope: How to Face the Mess We‘re in without Going Crazy) “, во кој авторите презентираат методи на зајакнување во време на лична или макрокриза, кои се базираат за идеи од светот на митологијата, духовноста, холистичката наука и модерната психологија. Иако книгата е напишана пред точно десет години, таа е потребна сега повеќе од кога било и останува да се надеваме дека домашните организации (особено политичките) ќе го следат примерот на британскиот универзитет и ќе се
на младите, на чиј грб иднината навистина почива. nnn
Курсот се базира на меѓународниот бестселер на Џоан Мејси и Крис Џонстон „Активна надеж: Како да се соочиме со нередот во кој сме без да полудиме (Active Hope: How to Face the Mess We‘re in without Going Crazy) “, во кој авторите презентираат методи на зајакнување во време на лична или макрокриза, кои се базираат за идеи од светот на митологијата, духовноста, холистичката наука и модерната психологија.
www.stb.com.mk