781 kapital magazin

Page 1

cover story

25 milioni evra za 20 dr@avni institucii za koi nikoj ne znae za [to postojat!

analiza

Monopolot na EVN ]e prodol@i so poddr[ka od Vladata

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

3

-та регионална конференција на деловни луѓе од повеќе од 6 држави на едно место

Повеќе начини на вмрежување за нови деловни можности

број 781 цена 100 ден. | 17 октомври, 2014, петок | година 16

www.kapital.mk

l 29. и 30.10.2014 l хотел Europe, Сараево

INTERVIEW

Zoran Jolevski министер за одбрана

makedonija e Podgotvena da ja prezeme odgovornosta od ^lenstvoto vo NATO




4

Капитал број 781 17.10.2014

содржина 06 КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска Како (не) се штити стандардот на граѓаните?

12 cover story

Државно управување 25 милиони евра за 20 државни институции за кои никој не знае за што постојат!

18 анализа

Европската енергетска заедница со силно обвинување за одложената либерализација на пазарот на електрична енергија: Монополот на ЕВН ќе продолжи со поддршка од Владата

22 Капитал анализа

Европската комисија опоменува: Голема политизација во медиумите, судството ... па и приватниот бизнис!

COVER STORY

25 MILIONI EVRA ZA 20 DR@AVNI INSTITUCII ZA KOI NIKOJ NE ZNAE ZA [TO POSTOJAT!

ANALIZA

MONOPOLOT NA EVN ]E PRODOL@I SO PODDR[KA OD VLADATA

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

www.kapital.mk

Издвојуваме 27 специјален прилог Финансиски производи и услуги 36 Интервју

Зоран Марковски

генерален директор на Мак Аутостар

За да создадете успешна приказна во бизнисот

42 Колумна

Митко Кoчовски директор за стратешко планирање во Макстил

Акцискиот план на Европската унија за челичната индустрија (2) Индустрија за динамизирање на растот и засилување на конкурентноста

За што постојат овие тела?

Секретаријати за рамковен, за европски прашања, за законодавство, Државен девизен инспекторат, Инспекциски совет, Совет за унапредување и надзор на ревизијата, комисии за заштита од дискриминација, за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, агенции за администрација, за иселеништво и за туризам и уште неколку други државни институции идната година ќе потрошат над 25 милиони евра. За голем дел од нив никој не знае ни дека постојат, а за останатите се прашуваме за што постојат. XX Стр. 12

12

3

-та регионална конференција на деловни луѓе од повеќе од 6 држави на едно место

ПОВЕЌЕ НАЧИНИ НА ВМРЕЖУВАЊЕ ЗА НОВИ ДЕЛОВНИ МОЖНОСТИ

БРОЈ 781 ЦЕНА 100 ДЕН. | 17 ОКТОМВРИ, 2014, ПЕТОК | ГОДИНА 16

www.kapital.mk

 29. и 30.10.2014  хотел EUROPE, Сараево

INTERVIEW

ZORAN JOLEVSKI МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА

MAKEDONIJA E PODGOTVENA DA JA PREZEME ODGOVORNOSTA OD ^LENSTVOTO VO NATO

Назив и адреса на седиштето и уредништвото на издавачот на медиум: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16, П. ФАХ 503, 1000 Скопје Име на одговорното лице на издавачот на медиум: Основач и директор Љупчо Зиков Име и презиме на одговорниот уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Назив и адреса на печатницата и датумот на печатење или препечатување: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје

РЕГИОНАЛНИ ПАРТНЕРИ на капитал

46 Интервју

Зоран Јолевски министер за одбрана

Македонија е Подготвена да ја преземе одговорноста од членството во НАТО

52 политика

И политичката криза без политичка тежина Како македонската политика стана ирелевантна?

Препорака добивме, ама...

И покрај шестата по ред препорака за отпочнување преговори за членство во ЕУ, Извештајот за напредокот нотира назадување во повеќе сфери: од висока политизација на секое ниво во државата, преку влошување на транспарентноста на фискалната политика и начинот на трошење на народните пари, до зголемување на влијанието на Владата врз конкурентноста на економијата преку директни субвенции и даночни ослободувања за странски инвеститори, инспекции и казни за фирмите на лице место и присилно одложување на договори за плаќање. XX Стр. 22

56 балкан бизнис и политика

„Светската влада“ доаѓа во регионот Трилатералната комисија го крева антирускиот гард на Балканот

62 на ручек со...

Владимир Четкар џез- музичар

Најголема сатисфакција е кога на твоите идоли ти ќе им станеш идол!

66 светот на виното

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА ВО ВИНАРСТВОТО Беспилотни летала во служба на енологијата

22



Капитал број 781 17.10.2014

6

www.kapital.mk

КапиталНО

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Vlasta kolku i da ima iskrena volja da gi za{titi gra|anite i doma}instvata od poskapuvawe na strujata, so odlo`uvaweto na otvoraweto na pazarot na elektri~na energija samo im pravi lo{a usluga. Ako nekoj ima vistinska i iskrena volja i cel da gi za{titi gra|anite od poskapuvawe na strujata, toga{ treba da pravi se {to e potrebno da go zgolemuva doma{noto proizvodstvo na struja. Samo na toj na~in mo`e da obezbedi poevtina struja, preku koja }e mo`e da go za{titi i standardot na naselenieto.

Како (не) се штити стандардот на граѓаните?

М

онополи, олигополи, картели, злоупотреба на доминантна позиција на пазарот, монополистичко однесување...Се се тоа феномени кои цело време ја пратат транзицијата на македонската економија од централистичкопланирана кон отворена пазарна економија. Феномени кои покажуваат дека во македонската економија конкуренцијата е непосакувана ситуација. Иако конкуренцијата е можеби клучната одлика на пазарните економии каква што декларативно се стремиме да бидеме. И секое отворање или либерализација на некој пазар во Македонија оди тешко, мачно и трауматично. Се одложува со години се додека не дојде работата до ѕид, кога разни европски комесари ќе мора јавно и децидно да не условат и да ни наложат дека либерализацијата мора да се случи. Веројатно, да не се европските принципи кон кои теоретски се движиме и ако се биде оставено на нашите нагони, монополите би можеле да останат засекогаш. Иако, и таму кај што пред 50 години немало конкуренција, денес се повеќе ја има, така да формални правни монополи, односно монополи кои го гушат развојот на економијата, денес речиси да нема во ниту една западна економија. Но, затоа има дуополи, олигополи, картелски здружувања против кои државните власти се борат и ги санкционираат. Но, најефикасна санкција за овие монополски форми се чини дека е слободниот пазар, односно целосното отворање на пазарите на кои ќе се дозволи брз и

евтин влез на секој кој сака да работи во тој бизнис. Е токму тука е најголемата болка. Барем кога станува збор за Македонија. Дури и кога монополите ќе се укинат на хартија, тие остануваат да постојат уште долго во пракса. Со тоа што се поставуваат еден куп видливи и невидливи пречки и трошоци за влез во некој бизнис, што автоматски го поскапува бизнисот за новите играчи. Тоа беше случај со државните монополи, но уште поевидентно се случуваше во областите каде долгогодишните државни монополи беа приватизирани, па со продажбата преминаа во приватни монополи. Кои по дефиниција се полоши и поштетни од државните монополи, особено во земји со слаби и неефикасни институции кои треба да ги спречат и санкционираат злоупотребите на монополските позиции од страна на приватниот газда. Такви ситуации имавме на пазарот на нафтени деривати, кој по продажбата на рафинеријата Окта беше долги години затворен за конкуренција, во телекомуникациите, во банкарскиот сектор, на осигурителниот пазар, на пазарот на електрична енергија, на пазарот со снабдување со гас... Најевидентна последица од постоењето на монополи и непостоењето на конкуренција е формирање на високи цени, односно високи маржи и остварување невообичаено високи профитни стапки од страна на оние кои се наоѓаат во привилегирана ситуација. Но, штетите се многу поголеми. Бидејќи постоењето на затворени


www.kapital.mk

Капитал број 768 18.07.2014

КапиталНО

Точно е дека секоја држава води посебна политика со енергенсите преку која може да влијае врз стандардот на населението, но и врз конкурентноста на економијата. Во Македонија индустријата и фирмите со години наназад плаќаат скапа струја. Поскапа во споредба со било која друга европска држава, што директно ги поскапува производите кои ги произведуваат, ги прави неконкурентни на светските пазари и го намалува извозот. и монополизирани пазари го гуши развојот на целата економија, го спречува развојот на многу постоечки и нови компании, кои доколку биле на слободен пазар и ги имале истите пазарни услови за водење бизнис би можеле да пораснат и да го повлечат развојот на економијата. Последен е примерот со либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Таман почна посуштински да се спроведува и дел од компаниите ги почувствуваат придобивките на отворен пазар, односно почнаа да користат поевтина струја, тој се одложува. Па сега имаме ситуација во која во наредните пет и пол години над 50 илјади мали фирми во Македонија за струјата што ја трошат ќе платат неколку десетици милиони евра повеќе, или за 10% до 40% повеќе во споредба со тоа што би го платиле за струјата ако пазарот би бил целосно отворен. Тие фирми, кои де фактот претставуваат над 95% од целата македонска економија, ќе имаат поголеми трошоци во работењето, што ќе им ја намали конкурентноста, ќе им го намали капацитетот за нови инвестиции и нови вработувања. Ако со еден ваков потег се ослабува моќта и конкурентноста на 95% од економијата, тогаш сулудо е да се очекува дека истиот тој потег ќе го заштити стандардот на граѓаните. Власта колку и да има искрена волја да ги заштити граѓаните и домаќинствата од поскапување на струјата, со одложувањето на отворањето на пазарот на електрична

енергија само им прави лоша услуга. Ако некој има вистинска и искрена волја и цел да ги заштити граѓаните од поскапување на струјата, тогаш треба да прави се што е потребно да го зголемува домашното производство на струја. Само на тој начин може да обезбеди поевтина струја, преку која ќе може да го заштити и стандардот на населението. Точно е дека секоја држава води посебна политика со енергенсите преку која може да влијае врз стандардот на населението, но и врз конкурентноста на економијата. Во Македонија индустријата и фирмите со години наназад плаќаат скапа струја. Поскапа во споредба со било која друга европска држава, што директно ги поскапува производите кои ги произведуваат, ги прави неконкурентни на светските пазари и го намалува извозот. И таа ситуација се држи со години, за да може на другата страна да се одржи социјалната цена на струја која ја плаќаат граѓаните. За сега пред да се случи целосното отворање на пазарот на јавноста да и се објаснува дека главниот мотив зошто тоа не било дозволено бил да им се олесни животот на граѓаните. Кој да им го олесни работењето на фирмите? Или тие мора да плаќаат скапа струја? Што е со граѓаните кои работат во овие над 50 илјади фирми? Вака дефинитивно се намалува нивниот стандард. Ако целата економија плаќа поскапа струја, чиј тогаш интерес штити државата со вакви потези?

7


Капитал број 781 17.10.2014

www.kapital.mk

8 НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

21%

е пониска цената на нафтат сега во споредба со јуни годинава. Во јуни цената на барел нафта изнесуваше 107 долари, а сега 84,7 долари

Сергеј Лавров

министер за надворешни работи на Русија

победник на неделата

Економиите во Европската Унија ќе загубат околу 40 милијарди евра оваа година поради санкциите кон Русија, а штетата ќе се зголеми на 50 милијарди евра во 2015 година. Ако се укинат санкциите, и Русија ќе се откаже од едногодишната забрана за увоз на храна од ЕУ.

“Пакетот што го баравте”

Супер понуда и супер

М

инатиот петок ОНЕ лансираше уште една уникатна понуда во мобилен пост пејд. Освен што станува збор за супер атрактивна и во моментов најконкурентна понуда на пазарот, ОНЕ уште еднаш изненади со уникатна маркетинг кампања. На прв поглед наликува на најава за холивудски трилер, но кога ќе ги забележите добро познатите македонски глумци ви станува јасно

Брисел губи контрола вр штети од украинската кр

Малала Јусафзај

+

Овогодинешната добитничка на Нобеловата награда за мир, настрана од тоа што е најмлада личност во историјата - лауерат на Нобел во која и да е категорија, е пример без преседан во борбата за човекови права. Нејзината кауза е заштитата на правото на образование на жените (девојчињата), кое Талибанците го забрануваат во одредени делови од Пакинстан (од каде што е Малала). Јусафзај уште на 11-12 години, во 2009 година, ја почна својата борба пишувајќи под псеводним блог за Би-Би-Си, во кој го опишуваше животот под талибанска власт, изнесувајќи ги притоа своите ставови во однос на образованието на девојчињата. Ова не можеше да остане без светски одек, што ја направи Јусафзај популарна, но и мета на Талибанците, кои во 2012 година, во училишен автобус извршија врз неа обид за атентат. Активистката беше тешко ранета во главата, но по лекувањето во Британија успешно закрепна и во неможност да се врати во Пакистан се пресели во Бирмингем, каде што го формираше Малала фондот за поддршка на групи кои се залагаат за локалното образование во Пакистан, во Нигерија, во Јордан, во Сирија и во Кенија. Нобеловата не е прва награда за Јусафзај (беше номинирана за истата и лани), а магазинот Тајм во 2013 објави насловна страница со нејзина фотографија прогласувајќи ја за една од највлијателните светски личности.

Статистичките податоци и кратокорочните проценки кажуваат дека економски катастрофи како последица на украинската криза допрва следуваат и дека неопходно е што поскоро да се стави крај на санкциите помеѓу Брисел и Москва. Останува да видиме до каде се спремни да одат европските челници во оваа за многумина сулуда војна на суети. пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

В

иенскиот Економски Институт делумно ја потврди неодамнешната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека поради украинската криза економиите во Европската Унија ќе

загубат околу 40 милијарди евра оваа година, а се проценува дека штетата ќе се зголеми на 50 милијарди евра во 2015 година. Според нивниот најнов извештај влијанието на поедини земји од ЕУ најмногу зависи од нивната изложеност и зависност од рускиот пазар. Во извештајот дословно стои. „Најмногу последици чувствуваат балтичките земји и Финска (30% од вкупниот увоз во Литванија е од Русија, во Бугарија и Финска околу 20%, во


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

НАВИГАТОР

мисла на неделата

реклама на ОНЕ

дека рекламниот спот е снимен дома , но продукциски направен по светски стандарди. “Целта на рекламата e, нормално, да го продава производот, а рекламата да го сврти вниманието на секогаш критички настроената македонска публика. Сите коментари одат во позитивна насока. Како и во нашите понуди така и во маркетиншкиот пристап се стремиме да отстапуваме од очекуваното и да се издвоиме по уникатниот пристап во морето реклами кои секојдневно ги гледаме”, велат во ОНЕ.

рз економските риза Грција 14%) и неколку нови членки на ЕУ, додека влијанието на Австрија е релативно мало. Во апсолутни бројни губитокот на германската економија од запирањето на трговската размена со Русија би можел да изнесува околу три милијарди евра. Во најзасегнатата Украина штетата предизвикана од воените дејствија во Донбас се проценува на шест милијарди евра, односно околу 6% од националниот БДП, додека се очекува економски пад на земјата од 10% на годишно ниво. Регионот на Донбас пред војната со својата индустрија придонесувал 16% во Украинскиот БДП и со четвртина од извозот на годишно ниво. Ако му се верува на Виенскиот економски институт земјата кон која најдиректно се насочени санкциите Русија, трпи најмали штети од целата криза и проценките се дека во најлош случај ќе изгуби 1% од БДП во периодот 2014-2016 и тоа најмногу поради заради зголемениот инвестиционен ризик, кој ги брка големите инвеститори. Најголемиот дел од увозот од Русија во ЕУ или, скоро 80% во просек изнесуваат енергенсите: природниот гас, сировата и рафинирана нафта. Официјална Москва сепак прва повлече помирувачки потег. Министерот Лавров минатата недела потсети дека одлуките на Брисел за санкции против Русија се донесени под силен американски притисок и понуди конкретно компромисни решение. „Да се укинат санкциите против Русија, кои се насочени кон државните претпријатија, како и кон поединци. Тогаш и Русија ќе се откаже од едногодишната забрана на увоз на храна од ЕУ, казна што може да ја чини ЕУ и до 6,6 милијарди долари во загубен извоз“, вели Лавров. Останува да видиме како ЕУ ќе одговори на повеќе од очигледниот и според бројките спасоносен предлог. Ако оваа игра на суети продолжи сосема е сигурно е дека задзравувањето на Европската унија ќе биде доведено сериозно во прашање, што индиректно ќе го почусствуваат сите европски земји, но и оние кои не се членки на ЕУ.

9

Успехот е лош учител. Ги заведува паметните луѓе, па тие мислат дека никогаш не можат да загубат Бил Гејтс основач на Мајкрософт

лидери

губитник на неделата

Жан Тирол

Французинот, кој е еден од највлијателни економисти на денешницата, ја доби Нобеловата награда за економија за неговите анализи за моќта на пазарот и регулацијата

Владо Поповски

Агенцијата за вработување организираше саем за да можат невработените да најдат работно место во некоја од 86 компании што учествуваа

не им беше неделата

Коце Трајановски

уште не почнаа зимата и грејната сезона, а маглата пристигна во главниот град и загаденоста на воздухот се искачи двојно над дозволеното ниво

Сигмунд Габриел

Германија објави понизок раст на економијата за годинава и за идната година со што ги потврди прогнозите дека состојбите не одат во добра насока

_

Беким Незири Министерот за економија Беким Незири кога ја соопшти веста дека либерализацијата на пазарот на струја се одложува за минимум година и половина немаше никаков проблем да признае дека приоритет за Владата сепак се граѓаните, а не фирмите. Граѓаните не смеат да плаќаат драстично поскапа струја. Фирмите мораат. „Kај нас цената на електрична енергија има една социјална нота бидејќи компаниите плаќаат малку поскапа, а граѓаните малку поевтина електрична енергија. Нас ни е пред с$ важно да ги заштитиме граѓаните од евентуален ценовен шок“, рече Незири. Значи бизнисот ќе мора да плаќа поскапа струја за да не мора граѓаните да го прават тоа. Тоа е едната причина. А, втората веројатно е моментот што кога фирмите ќе излезат на слободен пазар, на регулираниот снабдувач (ЕВН Македонија) ќе му останат само домаќинствата. А, нив никој не ги сака како потрошувач затоа што се уште плаќаат социјална цена на струјата. За овој момент од Незири не чувме образложение. Имајќи ја предвид оваа математика, Владата во последен момент одлучи да се откаже од либерализацијата на пазарот иако таа беше бомбастично најавувана до последен ден и беше обврска од Атинскиот меморандум од 2009 година. Од каде само министерот Незири го извади податокот дека „Македонија е лидер во регионот според либерализацијата на пазарот на електрична енергија“, со кој се вадеше пред Европската унија? Овој џокер не му вреди затоа што и други земји во Југоисточна Европа го тераат овој процес и тоа без одлагање.


Капитал број 781 17.10.2014

график на неделата...

Одобренија за градба по региони

Повеќе се гради за помалку пари

В

6 Вардарски

9 Североисточен

14

Југозападен

10

16

Пелагониски

23

3 факти за...

Извор: Државен завод за статистика

Југоисточен

33

Источен

Скопски

44

НАВИГАТОР

Полошки

10

www.kapital.mk

о август годинава се издадени 155 одобренија за градење, што е за 10,7% повеќе во однос на истиот месец лани, но предвидената вредност на објектите изнесува 14,7 милиони евра, што е за 54,2% помалку за една година. Најмногу ќе се градат висококатници.

> БРОЈКА

5.501

лице се пријавија на конкурсот за 180 вработувања во владините служби според Рамковниот договор. Тие ги полагаа испитите за државен службеник во 25 групи. Кандидатите не мора да имаат работно искуство.

93,1% 9,7%

29,7%

од македонските фирми имаат пристап до интернет

од фирмите направиле електронска продажба или набавка од фирмите сметаат дека ризикот од безбедносен пробив е главен ограничувачки фактор за е-трговија

Тешки облаци со бура над глобалната економ

Доаѓа нова криза, не с

светот низ медиумите... South China Morning Post Протестите во Хонг Конг наместо да се смируваат повторно добиваат на интензитет со стапување на контрапротестантите на дело. Медиумите предупредуваат дека нервите на властите во Пекинг се при крај и дека не е исклучена побрутална разврска на настаните во поранешната британска колонија на Југот на Кина. lll

Der Spiegel

Германскиот магазин пишува за „безбожната армија на Алах“ која од древна Месопотамија повторно се дига за да го освои светот. Во нивната анализа се потенцираат опасностите кои демнат врз светскиот поредок доколку идеите на ИСИС не се сосечат во самиот корен. lll

Newsweek

Австралискиот премиер отворено најави дека ќе се конфронтира со рускиот претседател Путин на самитот на Г-20 околу падот на Малезискиот авион. Засега не е познато со кој аргументи ќе настапи челникот на австралиската влада на самитот но дефинитивно се очекува заладување на односите помеѓу двете земји. lll

The Australian

Стигнуваат извештаи за првите австралиски граѓани загинати на страна на радикалните исламисти во Ирак. Медиумите ја обвинуваат државата дека нема контрола околу тоа колку нивни граѓани се борат на страна на тероризмот и повикуваат да се преземат итни мерки кои ќе ја заштитат државата и граѓаните. lll

пишува:

Спасијка Ефтимоска

П

spasijka.eftimoska@kapital.mk

азарите тонат, Германија и еврозоната се слаби и тука е алармот за ебола и за потенцијален банкарски балон. Мрачни беа темите на средбите на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка во Вашингтон минатиот викенд. На годишниот состанок учествуваа економисти и политичари од 187 земји, меѓу кои отсуствуваше добро расположение иако ММФ и Светска банка го славеа 70-от роденден. Бидејќи на кризата и нема крај, ММФ ги ревидираше сите прогнози. „Опоравувањето продолжува, но е многу слабо и нерамномерно. Најверојатно

развиените земји никогаш не ќе можат да се вратат на преткризните стапки на раст и затоа каматните стапки ќе мора да останат на историски најниско ниво“, изјави главниот економист во ММФ, Оливие Бланшар, и објави дека очекуваниот раст од 3,3% е за 0,4 процентни поени понизок од објавениот пролетва. Откако никој не успеа да ја спречи последната финансиска криза, ММФ сега предупредува на можноста долгорочното одржување на ниски камати да доведе до нови проблеми – недоволно преземање економски ризик за поддршка на растот, а во истовреме зголемен пристап до финансиски ризици. Тоа не е намерата на централните банки кога ги кратат трошоците за позајмување и создаваат електронски пари. Тие очекуваат евтините пари да го

Кристин Лагард директор на ММФ

Е

вропа мора да направи своја верзија на политиката на јапонскиот премиер Шинцо Абе, позната како „абеномикс“, која значи повеќе монетарна стимулација за полесно доаѓање до пари и поголема фискална стимулација преку поголемо јавно трошење, како и структурни реформи за да се направи економијата поефикасна.


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

проценки... > БРОЈКА

Емануел Макрон

11

13,27

министер за економија на Франција

На Европа и е потребен „new deal“ од 300 милијарди евра

Н

а Европа и е потребен „new deal“ вреден 300 милијарди евра за да се подобрат инвестициите и растот. Таквиот план ќе и обезбеди на Франција дополнителни 10 милијарди евра во инвестиции годишно. Во таква ситуација сите ќе добијат, а во моментот сите губат. Затоа сега сите сме сведоци на нов пад во вид на забавување на германската економија“, изјави министерот Макрон.

милиони евра даночен долг на Тутунскиот комбинат Прилеп државата ќе ги претвори во влог. Со тоа Владата, како претставник на државата, ќе го зголеми учеството во компанијата за 10,6% и ќе поседува 82,66% од акциите со право на глас.

ВЕСТИ...

омија

Агенцијата McCann најуспешна на фестивалот “Golden Drum”

се знае од каде! Н Иако во ММФ се плашат од нова криза, велат дека немаат кристална топка за да видат од каде таа ќе почне. Пазарите тонат, Германија и еврозоната се слаби и тука е алармот за ебола и за потенцијален банкарски балон.

поттикнат духот на претприемачите и да ги охрабрат да инвестираат. Но, наместо тоа, тие создаваат казино чипови за шпекулантите, коментира британскиот весник „Гардијан“. ММФ дијагностицираше три главни проблеми: Прво, иако банките се засилија преку прилив на нов капитал, тие не се доволно силни за да одговорат на потребите. Второ, ризикот премина од традиционалните банки кон „банкарството во сенка“, кое го прават хеџ фондовите, инвестициските банки и пензиските фондови кои не земаат депозити директно од граѓаните. Во ММФ сметаат дека следната криза може да почне од сенката на овие банки. Трето, ако каматните стапки останат ниски, може да ги направат инвеститорите безгрижни – веќе има мала разлика помеѓу безбедните и ризичните инвестиции. Иако во ММФ се плашат од нова криза, велат дека немаат кристална топка за да видат од каде таа ќе почне. Дали е тоа Европа? Сите симптоми се тука. Економијата се тетерави во и надвор од рецесија. Стапката на инфлација се движи околу нула. Населението старее. Затоа директорката на ММФ, Кристин Лагард, праша: Дали Европа е новата Јапонија? Нејзиниот одговор е ДА. Нејзиниот совет е дека Европа мора да направи своја верзија на политиката на јапонскиот премиер Шинцо Абе, позната како „абеномикс“, која значи повеќе монетарна стимулација за полесно доаѓање до пари и поголема фискална стимулација преку поголемо јавно трошење, како и структурни реформи за да се направи економијата поефикасна. Но, министерот за финансии на Германија смета дека потпишувањето чекови не е вистински одговор. Во духот на Кејнз, еден од основачите на Бретонвудските близнаци, од ММФ порачаа дека владите треба да ги зголемат трошењата за инфраструктурни проекти, посебно затоа што сега трошоците за позајмување биле многу ниски.

а фестивалот “Golden Drum” агенциската мрежа McCann за централна и источна Европа, во чии рамки работат и агенциите во составот на I&F McCann Grupa, е прогласена за најдобар комуникациски систем во овој дел на Европа. За освојувањето на ова значајно признание придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Тирана кои работат во рамките на I&F McCann Grupa освојувајќи една златна (Golden Drum) и две сребрени награди (Silver Drum). „По прогласувањето на McCann Белград за најуспешна агенција во нашиот регион за оваа година, наградата која McCann ја доби за најдобра агенциска мрежа во централна и источна Европа е само потврда за квалитетот на работата на сите McCann агенции. Горд сум што кон тој успех придонесоа и

агенциите McCann Белград и McCann Тирана освојувајќи награди на “Golden Drum” фестивалот. Нашата визија е да бидеме најпосакуваниот комуникациски партнер и покрај најдобрата услуга да бидеме агенција чии кампањи се препознатливи по својата креативност ”, рече по повод овој успех Срѓан Шапер, основач на I&F McCann Grupa. Фестивалот “Golden Drum” во Порторож е еден од најважните фестивали за рекламирање во овој регион на кој традиционално учествуваат најдобри светски агенции. Оваа година се одржа јубилејното дваесет и прво издание во организација на Словенечката огласувачка комора. На фестивалот учествуваа 30 агенциски мрежи и 291 агенции од 24 држави кои вкупно пријавија 1220 трудови.

Се зголемува фондот за микрофинансирање на УСАИД

П

роектот на УСАИД за микро и мали претпријатија имплементиран од Центарот за развој претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) минатата недела додели сертификати на 78 сопственици на микро и мали бизниси кои ги завршија програмите за претприемачи, финансии, маркетинг, енергетска ефикасност, продажба и извоз. Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, во вредност од 1,949 милиони долари наскоро ќе добие поддршка од швајцарскиот државен

секретаријат за економски работи (SECO) со што ќе ги прошири можностите за финансирање нови проекти. Овој петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до финансии, кој досега се спроведуваше во Скопскиот, Полошкиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион, годинава ќе се прошири на четири нови региони. Во текот на минатата година вкупно 166 претприемачи поминаа низ едукативните програми на ЦЕЕД.


Капитал број 781 17.10.2014

12

www.kapital.mk

COVER STORY: Државно управување

milioni evra za dr@avni institucii

Se mno@at dr@a n ite instiv tucii

za koi nikoj ne znae

za [to postojat!


www.kapital.mk

11,8

милиони евра ќе потроши Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор во 2015 година за да обезбеди соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во земјава. За истата или слична цел постојат и Агенција за остварување на правата на заедниците и Комисија за заштита од дискриминација, кои ќе чинат 212.000 евра.

3,9

милиони евра годинава ќе потроши Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Од Агенцијата не одговорија за што трошат толку многу пари, кои се ефектите од нејзиното работење, колку субвенции се поделени за 2013 и 2014 година, колку пари се дадени за проекти за развој на туризмот?

4,8

милиони евра ја чинат државната каса Националната агенција за европски образовни програми, Секретаријатот за европски прашања и Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, кои треба да ја тераат европската агенда на Владата и да носат пари од европските фондови. Досега и кај едното и кај другото нема голем напредок. Имаат вкупно 159 вработени.

Капитал број 781 17.10.2014

13

Секретаријати за рамковен, за европски прашања, за законодавство, Државен девизен инспекторат, Инспекциски совет, Совет за унапредување и надзор на ревизијата, комисии за заштита од дискриминација, за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, агенции за администрација, за иселеништво и за туризам и уште неколку други државни институции идната година ќе потрошат над 25 милиони евра. За голем дел од нив никој не знае ни дека постојат, а за останатите се прашуваме за што постојат. Дали некој во Владата води сметка што работат, колкави се ефектите од нивната работа и колку пари трошат? пишува:

Спасијка Ефтимоска

spasijka.eftimoska@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Н

ад 25 милиони евра идната година ќе потрошат 20 државни институции, кои немаат кој знае каков придонес во функционирањето на јавниот сектор, а уште помалку придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните или за подобар бизнис. За голем дел од нив никој не знае ни дека постојат, а за останатите се прашуваме за што постојат. Повеќето можат да функционираат и како сектор во рамките на поголема државна институција. Во Владата, која ги формира, секако имаат одговор зошто постојат Државен девизен инспекторат, Инспекциски совет, Совет за унапредување и надзор на ревизијата, Комисија за заштита од дискриминација, Комисија за заштита на правото за слободен пристап до

Институција

информации од јавен карактер, Агенција за администрација и ред други. Но, дали некој во Владата води сметка што работат, колкави се ефектите од нивната работа и колку пари трошат? „Капитал“ ги анализираше овие институции преку државниот Буџет за 2014 и 2015 година и утврди дека годинава тие ќе потрошат 22,8 милиони евра, а догодина уште повеќе - 24,6 милиони евра. Овие 20 државни институции годинава бројат 2.175 вработени, а догодина ќе се намалат на 2.056 лица. Најфантомска институција меѓу нив е Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, кој има најголем буџет (11,8 милиони евра за 2015) и најмногу вработени (1.778 во 2014, а 1.637 во 2015). Бројот на вработени се намалува затоа што дел од нив ќе се прераспределат во други државни институции, каде ќе треба навистина да добијат работа. Во Секретаријатот се само вработени, земаат плата, но не одат на работа. Оттука излегува апсурдноста на постоењето на оваа владина институција. Секретаријатот редовно годишно троши по околу 10 Буџет (во евра) 2014

Секретаријат за спроведување на рамковен договор

Број на вработени

2015

2014

2015

10.366.000 11.810.000

1.778

1.637

Агенција за туризам

3.881.000

3.463.000

18

21

Национална агенција за европски образовни програми

2.296.000

2.285.000

21

20

Секретаријат за европски прашања

1.625.122

1.862.000

106

98

Биро за регионален развој

1.260.943

1.322.797

19

20

Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош

603.073

643.496

32

33

Агенција за администрација

499.415

602.098

45

45

Агенција за иселеништво

313.463

316.634

20

20

Секретаријат за законодавство

301.187

274.195

22

25

Агенција за управување со одземен имот

273.187

313.382

33

46

Инспекциски совет

228.488

270.048

Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер

224.813

235.805

19

18

Комисија за односи со верските заедници

180.211

193.854

13

13

Регулаторна комисија за домување

119.675

137.073

9

7

Агенција за остварување на правата на заедниците

96.390

138.049

7

7

Совет за унапредување и надзор на ревизијата

86.423

85.480

2

4

Биро за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права

72.878

87.317

извор: Буџет на Република Македонија

7

4


Капитал број 781 17.10.2014

14

www.kapital.mk

COVER STORY: Државно управување

милиони евра од државната каса, а постои веќе седум години. Во Буџетот пишува дека задачата на оваа институција е да обезбеди соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во земјава, да ја следи имплементацијата на Законот за јазиците и на Рамковниот договор... За апсурдноста да биде уште поголема, паралено постојат уште две државни институции со речиси истата задача: Агенција за остварување на правата на заедниците и Комисија за заштита од дискриминација, кои во 2015 година ќе чинат 212.000 евра. Во Агенцијата има седуммина вработени, а во Комисијата нема вработени бидејќи веројатно заседава по потреба, па така годинава имала работа со

160 претставки. Комисијата има надлежност да постапува по претставки, покренува иницијатива за поведување постапки пред надлежни органи, дава препораки за мерки за остварување на еднаквоста, ја информира јавноста за случаи на дискриминација... Агенцијата за остварување на правата на зедниците има буквално иста задача како и Секретаријатот – да се грижи за спроведување на уставно загарантираните права на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Македонија вработување, образование, култура, информирање на свој јазик. Зошто не може една институција да биде надлежна за сите овие работи, кога сите се во доменот на правична застапеност и заштита од дискриминација? На ова

прашање нема одговор. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е уште една државна институција која има огромен буџет, несвојствен за улогата што ја има и ефектот што го даде досега (во македонскиот туризам доминира одливот на сметка на приливот на туристи). Годинава оваа Агенција има буџет од 3,9 милиони евра и 18 вработени, а догодина нешто помал, 3,5 милиони евра, и повеќе вработени (21). За што оваа институција троши толку многу пари? Според информациите објавени на веб-страната на Агенцијата, годинава нејзините вработени посетиле или учествувале на 16 туристички саеми во Утрехт, Виена, Измир, Лондон, Познан, Римини, Токио, Москва, Букурешт, Берлин... Како проекти кои

Што работат агенциите за администрација и за иселеништво?

Н

ад 600.000 евра догодина ќе потроши Агенцијата за администрација, која се грижи за статусот, правата, должностите и одговорностите на државните службеници. Оваа Агенција беше формирана иако за истата работа претходно беше формирано Министерството за информатичко општество и администрација. Колку овие две институции се поклопуваат во работењето и кои се ефектите од нивната работа? Од Министерството за информатичко општество и администрација не сакаа да ја коментираат потребата од постоење на оваа Агенција. „Агенцијата за администрација работи повеќе години како самостоен државен орган со својство на правно лице, која има повеќе надлежности за кои подетално можете да се информирате кај нив“, велат оттаму. Досега најголем дел од надлежностоте поврзани со јавната администрација беа во Министерството, кое меѓудругото требаше да изброи колку вработени има во јавниот сектор, да ја оцени нивната работа, а сега ќе прави и функционална анализа на јавните институции. Во овие активности Агенцијата не се споменува. „Позначајни новини во законите за административни службеници и за

вработените во јавниот сектор се јасна категоризација на вработените, новите форми на вработување, воведувањето систем за управување темелен на компетенции, измени во постапките за селекција и вработување и за унапредување на административни службеници, како и воведување систем за управување со ефектот. Функционална анализа во јавните институции опфаќа повеќе подактивности, како што се: обучување на претставници од администрацијата за спроведување функционална анализа, подготовка на методологија за функционална анализа и нејзино конкретно спроведување во неколку институции на централно и локално ниво. Целта на спроведувањето е да стане корисна алатка преку која ќе се идентификуваат главните прашања поврзани со постојната организациска структура и со функционирањето на секоја поединечна институција, како и да овозможи креирање конкретни мерки за подобрување на институционалната ефикасност“, стои во одговорот од Министерството. Агенцијата за иселеништво, пак, постои од поодамна, а има годишен буџет од над 300.000 евра. Таа треба да води сметка

за положбата и правата на иселениците од Македонија и да ги унапредува врските со нив и со нивните здруженија. Надлежна е и за одржување бизнис форуми на иселеници-бизнисмени, како и за мапирање на иселениците преку ажурирање на базата на податоци. Со оглед на бранот на иселувања од Македонија во последниве години, “Капитал“ побара податоци и коментар од Агенцијата за оваа состојба. „Агенцијата за иселеништво нема надлежност да води евиденција за бројот на иселени лица и за лица кои се иселуваат тековно, а податоците се добиваат од бироата за статистика на земјите во странство“, велат оттаму, иако во Буџетот пишува дека се надлежни за ажурирање на базата на податоци за иселениците. За тоа на кои проекти работат во моментот одговорија дека, согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа, се грижат за положбата и правата на иселениците од Македонија, го помагаат нивниот културен развој, ги унапредуваат врските со нив и нивните организации, ги запознаваат со состојбата во Македонија, создаваат услови за нивно враќање и за нивно вклучување во јавниот и економскиот живот во земјава.


www.kapital.mk

треба да ги реализира за развој на туризмот се изградба на планинарски патеки за пешаци и велосипедисти, развивање на параглајдерството, мапирање на спомениците од Османлиско време. Оваа Агенција треба да дели и субвенции за носење туристи во Македонија. Во однос на состојбите во туризмот, Агенцијата не објавува своја статистика, туку ја користи таа на Државниот завод за статистика. Агенцијата одобрува и пари за проекти развој на туризмот. За таа намена во јуни годинава одобрила 13.600 евра на 10 институции. Од Агенцијата за туризам не добивме одговор на прашањата на „Капитал“: Кои се ефектите од нејзиното работење, колку субвенции се поделени за 2013 и 2014 година, колку пари се дадени за

Капитал број 781 17.10.2014

соработка затоа што нема може да се развива туризмот, а во целата работа да не се вклучи хотелскиот комплекс“, велат во Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.

"Европските" институции трошат многу, а носат многу малку

Националната агенција за европски образовни програми, Секретаријатот за европски прашања и Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош се институциите кои треба да ја тераат европската агенда на Владата и да носат пари од европските фондови. Досега и кај едното и кај другото нема голем напредок. А, тие ја чинат државната каса 4,5 милиони евра годинава, а догодина 4,8 милиони евра. Имаат вкупно 159 вработени. Најброен е Секретаријатот за европски прашања, чија задача е следење и проучување на политиките евра ќе потрошат Регулаторната комисија за и законодавството домување, Комисијата за заштита на правото за на ЕУ, координација слободен пристап до информации од јавен карактер и стручна поддршка и Комисијата за односи со верските заедници, кои за приближување се од поново време и се уште е нејасно што воопшто на македонското работат законодавство до европското, имплементација на Спогодбата за евра се одвоени само за Секретаријатот за стабилизација и законодавство, кој постои за да обезбеди асоцијација со ЕУ. „конзистентност на правниот систем на Македонија Секретаријатот е и да дава стручни мислења за усогласеноста на надлежен и за испраќање предлог-законите и другите прописи со Уставот“. државни службеници За што тогаш постојат Министерството за правда, во Мисија во Брисел Уставниот суд и редица правни служби во секоја (четворица годинава), државна институција? да го преведува Службениот весник на ЕУ, да спроведува обуки и работилници. „Во наредната година евра догодина ќе потроши Агенцијата за активностите ќе бидат администрација, која се грижи за статусот, правата, насочени кон изградба должностите и одговорностите на државните службеници. Оваа Агенција беше формирана и зајакнување на иако за истата работа претходно беше формирано институционалната Министерството за информатичко општество и инфраструктура администрација неопходна за интеграција на Република Македонија во ЕУ, долгорочно планирање на ресурсите за поддршка на процесот евра годишно троши Агенцијата за иселеништво, за интеграција во која треба да води сметка за положбата и правата ЕУ, оспособување на на иселениците од Македонија и да ги мапира јавната администрација иселениците преку ажурирање на базата на за интеграција во ЕУ, податоци. На прашањето на „Капитал“ колку луѓе координација на мрежата се иселени од Македонија во последните години, од на одделенија за Агенцијата одговорија дека немаат надлежност да европска интеграција во водат евиденција за бројот на иселени лица и за лица кои се иселуваат тековно. За што тогаш постојат? министерствата и другите органи на државната управа, програмирање и планирање на проекти за развој на туризмот и што ќе приоритетите на Македонија за работат во иднина за да ги подобрат користење на странската техничка состојбите во домашниот туризам? помош...“, пишува во Буџетот за 2015 Во институциите кои се директно година. А, Македонија е се уште многу инволвирани во туристичката дејност далеку од интеграција во ЕУ. во земјава велат дека досега немаат Ревизорското тело за ревизија на развиено кој знае каква соработка со инструментот за претпристапна помош, Агенцијата. пак, треба да го контролира процесот „Нема соработка со Агенцијата каква на искористување на парите од ИПА што би требало да има. Сега договараме фондовите, кои патем многу малку се некои средби за да воспоставиме

566.732

300.000

600.000 300.000

15

користат. На пример, од фондовите на ИПАРД за земјоделство досега се искористени само 11%. Идната година ова тело треба да направи 33 ревизии, а годишно располага со буџет од околу 600.000 евра. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со буџет од 2,3 милиони евра се грижи за менаџирање и имплементација на програмите за Доживотно учење и Млади во акција, кои се насочени за европска интеграција на Македонија и обезбедување размена, соработка и мобилност во образованието. Посликовито, во 2015 година Агенцијата ќе обучува луца од училишта, универзитети, општини, јавни институции, НВО и индивидуалци за да им ја зголеми свеста и информираноста за ЕУ и за да се приклучат во мрежите за размени. Веројатно овие институции се нужно зло, но прашање е дали нивните буџети се оправдани и дали тие реално заслужуваат да трошат толку многу пари. „Овие тела мора да постојат. ЕУ бара тие да бидат одделни. Се согласувам дека се нужно зло, но тие својата оправданост за постоење треба да ја правдаат со што повеќе средства извлечени од ЕУ фондовите. Денес, само 30% од средствата се искористени. Значи за да постојат, тие треба да се исплатливи и да продуцираат што е можно повеќе проекти кои ќе донесат средства од ЕУ“, вели Малинка Ристевска Јорданова, директор на Институтот за европска политика.

Мали институции кои обезбедуваат удобни фотељи

Од Буџетот трошат пари и повеќе мали државни институции со чудни функции. Кога ќе се видат нивните годишни буџети, излегува дека тие трошат демек малку пари, но затоа обезбедуваат удобни фотељи. На пример, Советот за унапредување и надзор на ревизијата годишно ја чини државната каса околу 85.000 евра, а постои за да издава лиценци за работа на друштва за ревизија и овластени ревизори и за да го зајакне надзорот врз Институтот на овластени ревизори. Засега има издадено 15 лиценци. Во Советот работат двајца, а догодина ќе бидат четворица. Ова тело може да биде обичен сектор во друга соодветна државна институција. Секретаријатот за законодавство има уште поголем буџет, од околу 300.000 евра, а постои за да обезбеди „конзистентност на правниот систем на Македонија и да дава стручни мислења за усогласеноста на предлог-законите и другите прописи со Уставот“. За што тогаш постојат Министерството за правда, Уставниот суд и редица правни служби во секоја државна институција? А, во 2015 година, оваа институција ќе биде надлежна и за да го „јакне капацитетот на органите на државата за усогласување на законодавството на Македонија со ЕУ“. Истото што го прави и Секретаријатот за европски прашања. Неколку државни комисии: Регулаторната комисија за домување,


Капитал број 781 17.10.2014

16

www.kapital.mk

COVER STORY: Државно управување

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и Комисијата за односи со верските заедници, се од поново време и се уште е нејасно што воопшто работат. Регулаторната комисија за домување догодина ќе има буџет од 137.000 евра за да обезбеди „долгорочен, стандардизиран и хармоничен развој на домувањето, категоризација на станови, издавање лиценци за управители, посредување во решавање спорови во домувањето“. Досегашните ефекти на терен од нејзиното постоење воопшто не се видливи. Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер идната година ќе располага со 235.000 евра, а улогата и е да обезбеди јавност и отвореност на имателите на информации. Ако сите државни институции имаат ПР служби, зошто мора да постои и ваква Комисија? Нејасно е и постоењето на Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи како самостоен државен орган, со годишен буџет од 190.000 евра. Оваа Комисија треба да ги разрешува сите прашања што ќе се појават помеѓу верските заедници и државните органи и да подготвува извештаи за остварувањето на верските права и слободи во Македонија, а издава и решенија за издавање одобренија за привремен престој на странски верски лица.

Има Биро, ама нема регионален развој

В

о Македонија постои и Биро за регионален развој, кое користи средства од Буџетот за реализација на проекти за развој на подрачјата со специфични потреби и за развој на селата. За таа цел идната година ќе потроши 1,3 милиони евра. Иако постои со години, Бирото и за 2015 година има наведено дека се насочи на „обезбедување порамномерен и одржлив развој на целата територија на Македонија, намалување на диспаритетите во и помеѓу планските региони и зголемување на нивната конкурентност“. Па, што тогаш работело досега и кои се ефектите од тоа? Во Македонија се уште постои длабока нерамномерност во развојот

Во последно време се засилува потребата од постоење на некакви инспекциски органи во земјава. Во таа насока треба да дејствуваат и новоформираните Државен девизен инспекторат и Инспекциски совет, кои за идната година ќе имаат на располагање 385.000 евра. Девизниот инспекторат ќе врши „инспекциски надзор врз примената на прописите

и неразвиеност на руралните средини и планинските подрачја! Идната година од државниот Буџет ќе се одвојат 97.000 евра и за Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, кое ќе добие и четворица вработени. Годинава е без вработени, а има буџет од 73.000 евра. Оваа институција во 2015 година ќе ja претставува Македонија во постапките пред Судот, ќе врши анализа на пресудите и праксата на Судот и за тоа ќе ги известува домашните судови и државни органи, ќе го следи остварувањето на обврските на домашните судови и државни органи кои произлегуваат од одлуките на Судот.

за девизното работење на резиденти и нерезиденти“, област која веќе е во доменот на работата на Народната банка, Дирекцијата за спречување на перење пари и на уште неколку финансиски институции. Инспекцискиот совет, пак, ќе ја координира работата на сите инспекциски служби, ќе спроведува испит за инспектор, и ќе издава и одзема лиценци за инспектор...


ϯ͘ ̨̛̬̖̦̣̦̐̌̌ ̴̶̡̨̛̦̖̬̖̦̠̌ ̦̌ ̨̛̖̣̦̔̏ ̣̱̖̑ ̨̔ ̨̢̪̖̖̏ ̨̔ ϲ ̛̬̙̔̌̏ ̦̌ ̨̖̦̔ ̨̥̖̭̯

ʿ̨̢̖̖̏ ̸̛̛̦̦̌ ̦̌ ̧̥̬̖̙̱̖̏̏̌ ̌̚ ̨̛̦̏ ̨̛̖̣̦̔̏ ̨̨̛̥̙̦̭̯ ʿ̨̢̖̖̏ ̸̛̛̦̦̌ ̦̌ ̧̥̬̖̙̱̖̏̏̌ ̌̚ ̨̛̦̏ ̨̛̖̣̦̔̏ ̨̨̛̥̙̦̭̯ ʿ̨̛̦̯̌̚ ̛ ̛̛̦̏̔ ̛̛̪̦̖̣̭̯̌ ̢̖ ̸̱̖̭̯̱̏̏̌​̯̌ ̦̌ ̯̬̖̯̯̌̌ ̨̪ ̬̖̔ ̨̛̬̖̦̣̦̐̌̌ ̴̶̡̨̛̦̖̬̖̦̠̌ ̦̌ ̡̨̠̌ ̦̌̔ ϭϱϬ ̶̨̛̛̭̪̭̯̖̦͕̏ ̡̨̛̛̬̖̯̬͕̔ ̛̣̦̐̌̏ ̶̛̛̱̬̖̦̔ ̛ ̨̛̛̦̦̬̏̌ ̨̔ ̨̢̪̖̖̏ ̨̔ ϲ ̛̬̙̔̌̏ ̨̔ ̨̨̛̬̖̦̯̐ ̢̖ ̨̛̠̯̔̍̌ ̨̨̨̛̬̔̐̏ ̛ ̦̌ ̛̭̣̖̦̯̖̔ ̧̪̬̹̌̌̌͗ Ka̡̨ ̨̖̦̌̔̚ ̔̌ ̨̛̪̖̯̖̍̔ ̦̌ ̨̛̥̖̱̦̬̦̑̌̔ ̛̯̖̦̖̬͍̔ ʶ̨̡̣̱ ̭̥̖ ̛̭̪̬̖̥̦ ̌̚ ̶̛̛̛̣̖̬̣̠̍̌̌̌̚ ̦̌ ̡̨̛̖̦̖̬̖̯̭̯̐ ̪̬͍̌̌̚ ʶ̡̨̌ ̔̌ ̛̦̪̬̥̖̌̌̏ ̡̪̖̯̌Ͳ̬̦̙̥̦̌̌̌ ̨̔ ̨̛̯̱̬̥̯̚ ̛ ̨̛̥̹̦̯̖̔̌ ̶̛̛̛̭̪̖̠̣̯̖̯͍̌

Ϯϵ͘ ̛ ϯϬ͘ϭϬ͘ϮϬϭϰ ˈ̨̯̖̣ ʫ̨̱̬̪̖͕ ˁ̨̬̖̌̌̏

ʯ̨̪̦̠̯̖̌̌̚ ̨̛̦̏ ̛̪̬̯̦̖̬̌ ̨̔ ̨̨̛̬̖̦̯̐ ̛ ̨̭̯̬̖̯̖̏̌ ̨̛̦̏ ̨̛̖̣̦̔̏ ̨̨̛̥̙̦̭̯͊ ʶ̸̛̣̱̦ ̛̪̬̯̦̖̬̌ ̦̌ ʥ̛̛̦̭̚ ̪̣̱̭͗


Капитал број 781 17.10.2014

www.kapital.mk

18 анализа Evropskata energetska zaednica s za odlo@enata liberalizacija na

Monopolot na EVN so poddr[ka od Доколку процесот на либерализација продолжеше како што беше планирано извесно е дека ЕВН ќе изгубеше многу фирми кои ќе одбереа друга фирма која може да ги снабдува со поевтина струја, а кај неа ќе останеа речиси сите домаќинства на кои им се исплати да останат на регулиран пазар и да плаќаат социјална цена на струја, која е пониска од пазарната цена, заради што не се интересни за ниту еден друг снабдувач со струја. Сега со одложувањето на либерализацијата околу 50 илјади мали и средни фирми се “казнети” да плаќаат поскапа струја, со објаснување дека на тој начин се штитат граѓаните од поскапување на струјата.


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

19

so silno obvinuvawe pazarot na elektri^na energija:

VN ]e prodol@i d Vladata

пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

фотографија:

М

фотоархива на Капитал

ожноста за избор на снабдувач со струја, што е основно право, со нацрт Законот за енергетика ќе биде одложено и потрошувачите, вклучувајќи ги малите бизниси и домаќинствата, ќе бидат заглавени само на користење на струја од ЕВН, која има монопол на пазарот. Овој монопол ќе продолжи заради поддршката на Владата, која не се грижи најдобрите интереси за потрошувачите на електрична енергија. Оваа одлука е уште помалку разбирлива ако се земе предвид фактот дека пазарот на струја во Македонија за големите потрошувачи е веќе либерализиран, постои конкуренција и резултатите се многу охрабрувачки за сите, освен за компанијата снабдувач со струја која има монопол. Објаснувањата во врска со заштитата на потрошувачите со

Само една недела пред Владата да ја објави одлуката за одложување на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, првиот човек на Енергетската заедница Јанез Копач беше во посета на Македонија, но никој не нашол за потребно да го информира за оваа одлука, иако Македонија како држава има потпишано Договор во кој се има обврзано на либерализација на овој пазар

кои Владата се обидува да го извини овој јасен монопол на кој му дава поддршка се целосно замајување. Постојат начини за заштита на домаќинствата и малите компании од драматично високите цени, кои се поинакви и се во согласност со акито на Енергетската заедница”. Ова е дел од писмото што директорот на Енергетската заедница Јанез Копач го достави до македонското министерство за економија откако Владата одлучи да ја одложи либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Но, се чини никој од македонските власти не се потресе особено на ова писмо, бидејќи измените на Законот за енергетика со кои се одложува либерализацијата на пазарот на електрична енергија беа експресно прифатени и од Парламентот уште следниот ден, со објаснување дека со тоа се заштитуваат домаќинствата од поскапување на струјата. Копач вели дека е шокиран од одлуката на Владата за која не бил информиран ниту писмено, ниту за време на неговата посета на земјава само една недела пред објавувањето


Капитал број 781 17.10.2014

20

www.kapital.mk

анализа

Како ќе се одвива либерализацијата до 2020 година?

С

поред последните измени на Законот за енергетика се предлага либерализација да се одвива во пет фази, односно да почне од 1 јули 2016, а да заврши во јули 2020 година кога треба да излезат на слободен пазар и домаќинствата. Со измените се предвидува либерализацијата на пазарот на електрична енергија да започне на 1

на одлуката за одложување на либерализацијата. „Оваа одлука е уште помалку разбирлива ако се земе предвид фактот дека пазарот на струја во Македонија за големите потрошувачи е веќе либерализиран, постои конкуренција и резултатите се многу охрабрувачки за сите освен за компанијата снабдувач со струја која има монопол”, вели Копач. Тој смета дека објавувањето на одлуката за одложување на либерализацијата, само еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија од Европската комисија, не е воопшто случаен, бидејќи како што вели “ако овој предлог закон беше објавен порано, оценката на ЕК ќе беше сосема поинаква“. Она што засега е извесно е дека Енергетската заедница по усвојувањето на овие законски измени ќе покрене постапка против Македонија за прекршување на Договорот за енергетската заедница на кој Македонија е потписник уште од 2006 година, со кој меѓу другото земјата се обврзала на либерализација на пазарот на електрична енергија. Прекршочната постапка се чини не може многу да ги смени работите во пракса, но повеќе од сигурно е дека негативно ќе се одрази врз процесот на евроинтеграции на Македонија. Засега никој од владините министри не ги коментира острите обвинувања од Енергетската заедница, но во експертската јавност ова писмо се толкува како најостра и директна

јули 2016 година за корисниците со потрошувачка од над 1.000 мегават часови годишно, на 1 јули 2017 за оние со потрошувачка од над 500 мегават часови, на 1 јули 2018 за потрошувачите со потрошувачка од над 100 мегават часови, на 1 јули 2019 со над 25 мегават часови годишно и на 1 јули 2020 година за сите останати потрошувачи и за над 600.000 домаќинства. критика и обвинување на власта дека застанува во одбрана на приватен монопол.

Дали навистина се штитат граѓаните?

Според објаснувањето на Владата главната цел заради која се одложува либерализацијата на пазарот на електрична енергија е да се заштити стандардот на граѓаните, бидејќи анализите покажале дека либерализацијата ќе значела неминовно зголемување на цената на струјата за граѓаните. “Не станува збор за одлагање, туку за продолжување на рокот за либерализација на пазарот на електрична енергија. Најден е метод за да не се зголеми цената кај крајните потрошувачи. Ако го дозволевме тоа сега кај 620 илјади корисници ќе се зголемеше цената на сметката во просек за 1.000 денари”, појасни заменикминистерот за економија Христијан Делев бранејќи го одложувањето на либерализација пред пратениците. Претходно и министерот за економија Беким Незири изјави дека одлуката за одложување на либерализацијата била донесена по спроведените анализи и пресметки кои покажале дека доколку либерализацијата започне на 1 јануари 2015 година струјата за домаќинствата ќе поскапи од 17,7% до 20%. Но, првиот човек на Енергетската заедница Копач вели дека ваквото објаснување на власта е “замајување на јавноста кое има за цел да го оправда

Што е Енергетската заедница ?

О

бврските за либерализација на пазарот на електрична енергија произлегуваат од Законот за енергетика, како и од Договорот за основање на Енергетската заедница на кои Македонија е потписник од 2006 година, а кој има за цел создавање на интегрален пазар за електрична енергија и гас. Енергетската заедница е основана со Договор за Енергетска заедница кој е потпишан во Атина во 2005 година, кој има за цел создавање

на најголем интегриран пазар на електрична енергија и гас во светот. Со основање на Енергетската заедница, Европската унија го прошири својот внатрешен пазар на енергија и на регионот на Југоисточна Европа. Таа се заснова на спроведување на соодветното Аки за енергија и либерализација на домашните пазари за електрична енергија. Членки на Енергетската заедница се 27 членки на ЕУ, како и Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Косово.

продолжувањето на монополот на ЕВН”. „ Објаснувањата во врска со заштитата на потрошувачите со кои Владата се обидува да го оправда овој јасен монопол на кој му дава поддршка се целосно замајување. Постојат начини за заштита на домаќинствата и малите компании од драматично високите цени, кои се поинакви и се во согласност со акито на Енергетската заедница. Заштитата на потрошувачите најдобро се постигнува преку поддршка на социјално ранливите потрошувачи, а не преку субвенционирање на секое домаќинство, вклучувајќи ги и богатите, на начин што се оптоваруваат во поголема мера бизнисите”, дециден е Копач. Вистината е дека дури и либерализацијата да стартуваше од 1 јануари следната година домаќинствата во ниту еден момент немаше да бидат обврзани да излезат на отворен пазар и да купуваат сами струја од друг снабдувач по пазарна цена. Тие и во целосно либерализиран пазар имаат избор да останат на регулираниот пазар и да плаќаат и понатаму регулирана цена која е пониска од пазарната. Но, Регулаторната комисија, од сосема неразбирливи причини, ниту еднаш не излезе да го објасни и потенцира овој момент во јавноста. Напротив, снабдувачите на струја, кои веќе беа во процес на склучување договори со фирмите кои требаше да добијат поевтина струја, беа тие што јавно ги советуваа домаќинствата дека за нив е најдобро да изберат да останат на регулиран пазар. Можеби сега засега граѓаните ќе останат на краток рок заштитени од поскапување на струјата. Но, она што е повеќе од сигурно е дека цената на струјата неминовно ќе се зголемува и тоа е процес што не може да се спречи, најмалку со вакви потези. Цената на струјата која сега ја плаќаат граѓаните, сега има третман на социјална категорија, се одредува од страна на државата и е пониска од пазарната цена. Оваа цена обезбедува само социјален мир, но не и пари за потребните огромни инвестиции во енергетски објекти. А вистината која останува далеку од јавноста е дека Македонија ако продолжи со неинвeстирање во енергетски објекти ќе се соочи со ситуација во која ќе биде принудена да увезува се поголемо количество на струја од странство, чија пазарна цена е далеку повисока од онаа која сега се плаќа во Македонија. Како последица на тоа, поскапувањето на струјата е процес кој може само да се одложи, но не и да се спречи.

Десетици илјади фирми казнети да плаќаат поскапа струја Одлуката за одложување на либерализација беше донесена во последен момент, во време кога многу фирми склучуваа договори со снабдувачите за електрична енергија, очекувајќи и до над 40% пониски цени на струја. Имено фирмите до 15 ноември имаа рок до кога требаше да одберат фирма преку која ќе се снабдуваат


www.kapital.mk

со електрична енергија. Но, она штитат граѓаните од поскапување на што беше зачудувачки е што целиот струјата. овој период пред да се одложи Магазинот Капитал на 3 октомври либерализацијата, сите институции објави интервју со Кочо Анѓушев, кои се задолжени да го управуваат сопственик на фирмата за снабдување овој процес молчеа. Регулаторната со струја ЕДС, кое имаше за цел да комисија не излезе ниту еднаш во се објасни претстојниот процес на јавноста да го објасни процесот и да либерализација. даде некои насоки или совети за сите Анѓушев, чија фирма веќе снабдува кои на директен или индиректен начин со струја околу 60% од фирмите кои во ќе бидат погодени од отворањето на април годинава излегоа на слободен пазарот. Капитал пред околу еден пазар, тогаш процени дека фирмите месец објави и специјален прилог кои ќе одберат излезат и на слободен за претстојната либерализација на пазар да купуваат струја од 1 јануари пазарот на струја, но и Регулаторната 2015 година ќе добијат и до 40% комисија одби да даде било какви поевтина цена на струја. коментари за целиот процес, “Како и во секој процес на што упатува на можен заклучок либерализација станува збор за дека тие можеби и знаеле дека процес на создавање на конкурентски либерализацијата ќе биде одложена. амбиент во една држава. Во Како и да е, одложената Македонија на овој пазар досега либерализација значи дека фирмите имавме една класична монополска и понатаму ќе продолжат ситуација која да се снабдуваат функционираше врз со струја од ЕВН база на презентирање Во 2007 година Македонија, односно ќе и признавање на осум најголеми продолжат да плаќаат трошоци од страна во индустриски поскапа струја. Регулаторна комисија капацитети почнаа Од 1 април годинава и така се формираше да купуваат струја Македонија ја почна цената на струјата на слободен втората фаза на и за индустријата и пазар, а на 1 април либерализација на за домаќинствата. пазарот на електрична Индустријата во 2014 година им енергија во која околу Македонија до скоро се придружија 200 големи фирми со плаќаше цена на уште 211 големи над 50 вработени и електрична енергија компании. Со тоа годишен промет од од 96 евра по мегават во Македонија е над 10 милиони евра час кај големите либерализиран почнаа да купуваат компании па до 141 околу 30% од струја на отворен пазар евра по мегават час кај пазарот. Останатите од избран снабдувач на помалите фирми. Таа 70% ги сочинуваат електрична енергија. цена на електрична Тие сега плаќаат цена енергија е многу малите фирми и на струја од 75 евра повисока во споредба домаќинствата кои за мегават/час, што е со било која друга по одложувањето на околу 20 евра пониска европска земја. Зошто либерализацијата, од регулираната цена е тоа така? Бидејќи ќе продолжат да од 96,5 евра за мегават/ падот на цената на плаќаат струја по час која ја плаќаат електричната енергија цена која ќе им ја останатите помали на меѓународните одреди државата. фирми. Тоа е заштеда од пазари никогаш околу 14 милиони евра не стигна до на вкупната количина компаниите. Со која ја трошат овие либерализацијата тоа големи фирми. Малите фирми кои се случува. Она што е важно дека со заради одложената либерализација либерализацијата ако се спроведе ќе останат на регулираниот пазар и правилно нема да има губитници. Либерализацијата ќе предизвика понатаму ќе треба да плаќаат поскапа поголема конкуренција на пазарот, струја од пазарната цена на струјата што од друга страна ќе ги поттикне која би ја добиле доколку одлучат сите компании кои учествуваат во да се снабдуваат од некоја друга бизнисот со снабдување со електрична фирма снабдувач, а не од сегашниот енергија, да понудат поквалитетен и снабдувач ЕВН. Доколку процесот на поевтин производ за сите корисници либерализација продолжеше како и потрошувачи”, изјави Анѓушев во што беше планирано извесно е дека интервјуто за Капитал. ЕВН ќе изгубеше како потрошувачи ЕДС е само една од десетте фирми многу фирми кои ќе одбереа друга лиценцирани снабдувачи со струја фирма која може да ги снабдува со на кој оваа одлука за одложување поевтина струја, а кај неа ќе останеа на либерализација им го нарушува речиси сите домаќинства на кои им работењето. Имено, овие компании се исплати да останат на регулиран имаат направено бизнис модели, пазар и да плаќаат цена на струја, која огромни трошоци и инвестиции е пониска од цената која би ја плаќале за да се подготват да работат на ако излезат на слободен пазар. либерализиран пазар, кои сега им Заклучокот кој се наметнува е дека паѓаат во вода бидејќи целосната десетици илјади мали фирми се либерализацијата се одложува до казнети да плаќаат поскапа струја, 2020 година. со објаснување дека на тој начин се

Капитал број 781 17.10.2014

21


Капитал број 781 17.10.2014

22

www.kapital.mk

Капитал анализа

Golema politizac vo mediumite, sudstvoto... pa i privatniot biznis! Економската политика и управувањето со јавните расходи и понатаму се водени од ад хок проблеми, а не од долгорочните потреби на економијата

Долговите на Владата с$ уште претставуваат проблем за ликвидноста на бизнисите

Владата с$ повеќе има влијание врз конкурентноста на економијата преку директни субвенции и даночни ослободувања за странски инвеститори; инспекции и казни за фирмите на лице место; присилно одложување на договори за плаќање Законот за финансиска дисциплина содржи голем број на изземања и одложено влегување во сила за владините субјекти, што ја попречува неговата ефективност

Постојат сериозни грижи за владината контрола врз јавните институции и медиумите


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

Капитал анализа

acija

Evropskata komisija opomenuva :

Извештајот за напредокот нотира назадување во повеќе сфери, од висока политизација на секое ниво во државата, преку влошување на транспарентноста на фискалната политика и начинот на трошење на народните пари, до зголемување на влијанието на Владата врз конкурентноста на економијата преку директни субвенции и даночни ослободувања за странски инвеститори, инспекции и казни за фирмите на лице место и присилно одложување на договори за плаќање. Но, покрај сите критики и забелешки, имајќи го предвид кумулативниот напредок на државата од добивањето кандидатски статус досега, Македонија по шести пат доби препорака да почне преговори за членство во Унијата. пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

И

Секојдневната пракса на креирање на нови работни места на социјална или политичка основа вештачки го дуе јавниот сервис, и го поткопува принципот на заслуги и ефикасноста на јавна администрација

23

звештајот за напредокот нотира назадување во повеќе сфери, од висока политизација на секое ниво во државата, преку влошување на транспарентноста на фискалната политика и начинот на трошење на народните пари, до зголемување на влијанието на Владата врз конкурентноста на економијата преку директни субвенции и даночни ослободувања за странски инвеститори, инспекции и казни за фирмите на лице место и присилно одложување на договори за плаќање. Во овој извештај јасно се посочуваат и долговите на Владата дека с$ уште претставуваат проблем за ликвидноста на бизнисите. Но, покрај сите критики и забелешки, имајќи го предвид кумулативниот напредок на државата од добивањето кандидатски статус досега, Македонија по шести пат доби препорака да почне преговори за членство во Унијата. Јасна е оценката на Европската комисија дека македонската економија бележи напредок преку засилување на економскиот раст до 3,9% во првата половина од годинава, но јасно читливи во Извештајот на ЕУ се и критиките за назадување и влошување во повеќе сегменти. Наместо напредок, Извештајот забележува влошување во водењето на фискалната политика и квалитетот на трошење на парите што ги собира државата преку даноци и придонеси. Економската политика и управувањето со јавните расходи и понатаму се водени од ад хок проблеми, а не од долгорочните потреби на економијата, пишува во годинашниот Извештај за напредокот, потенцирајќи дека Владата два пати била принудена да донесе ребаланс на буџетот како последица на намалување на приходите во државната каса но и исплата на заостанатите долгови на државата кон приватните компании. Тоа, како и значителното зголемување

на пензиските исплати лани, доведе и до зголемување на дефицитот во буџетот од планираните 3,6% на 4,1% од БДП. Годинава, откако трошењето на државните пари се интензивираше во предизборниот период, буџетскиот дефицит се зголеми од 3,5% на 3,9% од БДП, а Европската комисија забележува дека релативно мал дел од само 12% од расходите од буџетот се наменети за капитални инвестиции. Влошувањето на фискалната дисциплина и транспарентност дополнително влијаеше врз капиталните трошења, забележува ЕК. Дополнителен проблем е што овие инвестиции се склони кон нецелосна реализација. Комисијата сугерира Владата да ги почитува горните граници на трошење и потенцира дека нема доволно детали за уставното ограничување на јавниот долг и буџетскиот дефицит што ќе осигураат добра примена на овие законски решенија. Фискалната дисциплина треба да се подобри, има значителен простор за подобрување на фискалната транспарентност, забележува Комисијата. Во Извештајот се наведува и дека јавниот долг на централната влада постојано расте од 2012 година наваму, достигнувајќи 40,8% од БДП пред задолжувањето со 500 милиони евра преку издавање на еврообврзницата во јули годинава. Ако на тоа се додадат и долговите на јавните претпријатија и другите владини обврски од должнички гаранции кој се проценува на околу 8% од БДП, Комисијата пресметала дека јавниот долг изнесува околу 50% од БДП со тенденција да продолжи да се зголемува со оглед на значителните финансиски потреби во врска со планираните инвестициски проекти. Комисијата посочува дека проценките на среден рок за економски раст до 4% и намалување на буџетскиот дефицит до 2,6% од БДП до 2016 година се оптимистички.

Долговите на Владата проблем за неликвидноста

Долговите на Владата с$ уште претставуваат проблем за ликвидноста на бизнисите и покрај неодамнешните затегнати законски услови, нотира Европската комисија во последниот


Капитал број 781 17.10.2014

24

www.kapital.mk

Капитал анализа

Извештај. Притоа, Комисијата проценува дека Законот за финансиска дисциплина што го донесе Владата годинава за справување со задоцнети плаќања би можел да ги олесни проблемите со долговите од владините плаќања кон приватниот сектор, меѓутоа, законот содржи голем број на изземања и одложено влегување во сила за владините субјекти, што ја попречува неговата ефективност. Европската комисија упатува сериозни критики до Владата и за зголемување на влијанието врз конкурентноста на економијата, иако поседувањето на економскиот капитал од страна на државата е релативно скромно, на околу 15 % од БДП. Развојот на конкурентен приватен сектор е попречен од потешкотии при спроведувањето на договори, чести законски измени без соодветна консултација на заинтересираните страни и нерамномерно спроведување на регулаторните барања. Спроведувањето на реформите за подобрување на деловната средина и понатаму се одвива споро, јасно стои во Извештајот за напредокот. Комисијата критикува дека Владата се служи со широк спектар на инструменти преку кои с$ повеќе има влијание врз конкурентноста на економијата, како како што се директни субвенции и даночни ослободувања, особено за странските инвеститори; инспекции и казни за фирмите на лице место; присилно одложување на договори за плаќање. Што се однесува до функционирањето на слободните економски зони, Извештајот нотира дека домашните компании не уживаат еднакви можности како странските компании во поглед на стимулациите. Условите за добивање на државна помош целосно се во полза на (поголемите) странски фирми, бидејќи локалните фирми ретко кога можат да ја постигнат потребната големина на инвестиции. Правната рамка за државна помош е зајакната со донесувањето на прописи за регионална помош, хоризонтална помош и услугите од општ економски интерес, транспонирајќи го соодветното законодавство на ЕУ во националното законодавство, но постои ограничено известување за државната помош, забележува Комисијата. Мониторингот на Европската комисија покажа дека започнувањето на бизнис станало за нијанса полесно, меѓутоа

Аиво Орав евроамбасадор

И

звештајот е напишан со искрен и јасен јазик. Постојат различни толкувања и за да нема недоразбирања морам да кажам дека политичките критериуми се доволно исполнети за земјава да добие препорака, но постојат сериозни забелешки во делот на политичкиот дијалог, слободата на медиумите, независноста на судството, администрацијата, на кои мора веднаш да се одговори бидејќи нема време. потешкотиите во поглед на добивање на дозволи останауваат. Постапката за затварање на бизнис и понатаму е долга, иако Владата презема одредени реформски чекори во вистинска насока, забележува Комисијата. Пристапот до финансиите се оценува како тежок, а небанкарските сегменти на пазарот треба дополнително да се развијат, со цел да се зголемат можностите за финансирање за приватниот сектор. Потребни се дополнителни напори за да се подобри деловната средина, особено постапките за затварање на бизнисите и пристапот до финансии, нотира Комисијата. Развојот на домашната економија според Европската комисија, ќе зависи од градењето на подобри врски помеѓу странските компании што инвестираат во Македонија и локалните претпријатија. Владата и понатаму останува посветена на политиките за раст и подобрување на вработувањето, фокусирајќи се на странските инвестиции и развојот на домашниот приватен сектор. Состојбата со пазарот на труд малку се подобри, но невработеноста упорно останува на високо ниво, особено меѓу младите лица, забележува Извештајот, истакнувајќи дека проблемот со невработеноста кај младите ескалира до стапка од над 50%. Загрижувачки според Комисијата е и што четири од пет регистрирани невработени лица се невработени една година или повеќе. Извештајот забележува подобрување во делот на невработеноста со пад на стапката до 28,2% годинава, меѓутоа, иако вработувањето во вториот квартал од 2014 година е за 1,3% повисоко отколку една година порано, голем дел од новите работи места, се отворени во нископродуктивните сектори во сивата економија и - поттикнати со јавни субвенции - во земјоделството, како и во

јавниот сектор, потпомогнато со значително зголемување на активните мерки за пазарот на труд. Иако не се обезбедени ниту објавени целосни информации за вработувањето во јавниот сектор, се смета дека неговиот удел во вкупните вработувања остана на околу 20 %. Пазарот на труд останува обележан со структурната ригидност, како што се ниско учеството на работната сила, недостаток на мобилност на работниците помеѓу секторите, несоодветно поврзување на вештините на работниците со потребите на работните места и бавни реформи на системот за обука и образование, ослабена иновациска активност од страна на фирмите и ниска продуктивност на трудот. Севкупно, реформите за справување со структурната ригидност на пазарот на труд постигнаа само ограничен напредок, заклучува Комисијата.

Не се 1200. Дури 1700 рамковни вработувања седат дома и земаат плата!

Иако вицепремиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Муса Џафери оваа година за прв пат се одважи да каже колку лица седат дома и земаат плата, сепак Извештајот на Европската комисија, открива дека математиката на Џафери не е точна. Место како што тврди тој дека 1000, најмногу 1200 лица чекаат да бидат распределени, сепак, според математиката на Извештајот, такви се 1700. Буџетот на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор е зголемен, главно за платите на околу 1.700 државни службеници кои допрва треба да бидат распоредени во државните органи на управата. Секретаријатот и Генералниот секретаријат продолжуваат


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

Капитал анализа со регрутирање граѓански службеници од немнозинските заедници, но без да ги прецизира работните места и описот на тие работни места, пишува во Извештајот. Но, вработувањето во администрацијата и создавањето на работни места без вистинска потреба, Извештајот го детектира не само кај рамковните вработувања, туку низ целата администрација и на државно и на локално ниво. Во однос на јавната администрација и управување со човечки ресурси, вработување во јавниот сектор продолжува да се зголемува, особено во јавните претпријатија. Секојдневната пракса на креирање на нови работни места на социјална или политичка основа вештачки го дуе јавниот сервис, и го поткопува принципот на заслуги и ефикасноста на јавна администрација, заклучуваат во Извештајот.

21 милиони евра од ИПА изгубени поради неефикасната администрација! Но освен политизирана, администрацијата во земјава е и некомпетентна и неефикасна. Само поради ограничениот капацитет на административците, Македонија во 2013 година изгубила 21 милиони евра од ИПА фондовите. За 2012-13 ИПА Националната програма, во вредност од 56.000.000 €, ќе

помогне да се модернизира земјата во неколку области кои се од клучно значење за процесот на пристапување, вклучувајќи го и правниот систем, економијата, земјоделскиот сектор и животната средина. Освен за овој вкупен износ, националните власти се директно одговорни за управување и со 470.000.000 € за децентрализираниот систем на имплементација. Сепак, имаше доцнење во набавката според тој систем, што резултира со губење на повеќе од 21 милиони € од крајот на 2013 година. Се уште постои загриженост дека ограничени национален капацитет за програмирање и апсорбирање на средствата од ИПА во системот за децентрализирано спроведување (ДИС) може да предизвика натамошни загуби во иднина. Властите затоа треба да покажат поголема посветеност на зголемување на капацитетот на администрацијата, со цел да се забрза имплементацијата и се зголеми влијанието на финансиската помош, советуваат во Извештајот. Но и покрај ваквата состојба во администрацијата и нивната неефикасност, платите во администрација само годинава пораснаа 4%, а секоја наредна година процентот постепено ќе се зголемува (?!)

Во судството има 88.000 спорни случаи

Неефикасноста на администрацијата се гледа и во судските инстанци. Комисијата

25

посочува на 88.000 спорни случаи, само од досега ревидираните, (а чекаат да бидат ревидирани уште 180.000) каде се забележува на процедури подолги и од десет години. Во сите судски инстанци, идентификувани се 3 155 случаи кои биле во судскиот систем повеќе од три години, од кои 822 случаи биле повеќе од пет години и 56 случаи повеќе од 10 години. Сепак, оваа ревизија досега беше ограничена на околу 88 000 спорни случаи и треба да се прошири за да се покријат сите предмети во судовите, вклучувајќи ги и процедуралните и вонпарнични предмети, кои во моментов изнесуваат околу 180 000, стои во извештајот. Политизираноста и пристрасноста на администрацијата е детектирана и тука. Комисијата посочува на селективно објавување на пресудите кое е спротивно на начелото за транспаретно работење на судството. И покрај законската обврска да се обезбеди транспаретнстност за работата на судиите преку јавно објавување на сите судски пресуди на веб страницата во рок од два дена, најважните и најконтроверзните пресуди, кои се од интерес на јавноста, воопшто не се обајавени, што води кој недостаток на јавна достапност на информациите и искривено медиумското известување, се вели во Извештајот.


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

31 MENAXER

ОКТОМВРИ 2014

 КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ МЕНАЏЕРИ ВО МОМЕНТОВ: лоша ликвидност, тешка наплата, намелени нарачки, мотивирање на вработените?!  Какви стратегии за надминување на проблемите се применуваат во различни констелации?  Колку македонските менаџери се добри лидери? Дали ги мотивираат и инспирираат луѓето во организациите?  Македонските менаџери и иновациите.  Три најголеми извори на стрес на работно место и како да се борите против нив.  КОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ МЕНАЏЕРИ СЕ ВО ТРЕНД СО ТЕХНОЛОГИЈАТА И СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Kакви паметни телефони, таблети, лаптопи користат? Дали се на Linkedin и останатите социјални мрежи за професионалци? Колку тоа им помага во успешно извршување на менаџерската функција?  Совети за бизнис лидерство од најголемите светски бизнис лидери  FINANCIAL TIMES ЈА ОТВОРА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ДИЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧУВА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ: Како да постигнете баланс помеѓу работата и приватниот живот?! Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување во истиот обратете се на е-mail: sanja.savovska@kapital.mk или на телефонскиот број: 02 3280 910

ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕНАЏЕР: Какви бизнис лидери се изградија изминативе 20 години VS каков профил на менаџер е потребен на македонската економија за да фати приклучок со светските менаџерски трендови?

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

САЊА САВОВСКА



Капитал број 781 17.10.2014

36 Интервју interview

Zoran Markovski генерален директор на Мак Аутостар

Za da sozdadete uspe[na prikazna vo biznisot potreben e odli^en tim

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Со гламурозна забава, како што и доликува на Мерцедес, застапникот на овој премиум автомобилски бренд во Македонија, Мак Аутостар пред неполн месец прослави 20 години работа на македонскиот пазар. Освен пријателите на Мак Аутостар, како и познати личности од јавниот живот, специјално за прославата допатуваа и главниот директор за продажба и маркетинг на MercedesBenz патнички возила за Централна и Источна Европа. Азија и Африка, г-нот Јоханес Фриц, потоа главниот извршен директор на Mitsubishi Motors за Европа,Томохиса Нишина, како и сопственикот на Мак Аутостар и еден од сопствениците на групација Betz, г-нот Tомас Бец. Директорот на Мак Аутостар, кој што е во компанијата од самиот почеток, г-нот Зоран Марковски, не е човек кој што е наклонет кон интервјуа и за овие две децении има дадено едвај 2-3, од кои едно во Капитал, пред десетина години. Капитал се обиде повторно да го има за свој соговорник, со аргументот „ако не сега по повод овој значаен јубилеј, тогаш кога?“. Вели дека претпочита искуството на клиентите и нивната лојалност кон брендовите Мерцедес и Мицубиши да говорат повеќе за неговата работа, одошто тој самиот. Сепак, “украдовме“ малку од неговиот работен ден и поразговаравме за актуелните предизвици на компанијата, за одговорноста да се биде импортер на еден од најпрестижните автомобилски брендови, за идните планови...

Капитал број 781 17.10.2014

37


Капитал број 781 17.10.2014

38

www.kapital.mk

Интервју Новaта S-Class Coupe дојде во Скопје и пред светската премиера XX Куриозитет е што на прославата на 20-годишниот јубилеј на Мак Аутостар ја претставивте и новата S-Class Coupe пред гостите, практично две недели пред нејзината официјална светска премиера. Интересно е за Мак Аутостар што има политика, новите модели на Мерцедес да доаѓаат во нашиот салон во исто време како и светската премиера. Отсекогаш сум инсиситирал кај соработниците во Штудгарт, македонскиот да биде рамноправно третиран со останатите, големи пазари. Така се случи и со новата“S класа купе“, Бевме упорни во намерата и воедно наидовме на разбирање од страна на Мерцедес, моментно еден од најпосакуваните автомобили во светот да биде присутен за време на прославата на јубилејот на Мак Аутостар во Македонија и тоа неколку недели пред сите останати во светот. Со тоа само се потврди високиот углед и кредибилитет на Мак Аутостар, како рамноправен член на семејството Мерцедес.

разговарал:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

фотографија:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

XX Што значи 20 години да бидете во овој бизнис, односно кои се најзначајните промени на кои што вие како директор на компанијата бевте сведок, заедно со вашиот тим, се разбира? Период од дваесет години е реалитивно долг период, како за оваа индустрија, така и за останатите бизнис сектори и општеството во целост. Во изминатите 20 години се бележи огромен напредок во технологијата, особено во делот на електрониката и телекомункациите, што, пак, од друга страна го измени начинот на живот, водењето бизнис, начинот на комуникацирање. Сето тоа се рефлектираше и во автомобилска индустрија, во крајниот производ - возилото, но и во останатите нејзини сегменти, како што е начинот на кој што функционира секторот на продажба и постпродажбата, грижата за корисници, итн. Промените, пак, во финансиското

Првокласниот менаџер се опкружува со првокласни соработници

З

а да создадете и одржувате една успешна приказна на компанија во изминативе 20 години, неопходно е да сте опкружени со одличен тим. Освен фокусирањето на градење цврста, но во истовреме флексибилна структура и организациска култура, со сите свои вредности, постојано инвестираме во човечките ресурси, како најважен потенцијал на компанијата и најважен елемент според кој може да ве оддели од конкуренцијата. Во една прилика цитирав една максима, а тоа е дека првокласниот менаџер се опкружува со првокласни соработници, додека второкласниот избира третокласни луѓе околу себе. Затоа нашето компаниско мото е “Посветени како никој друг“, кое сосема јасно ја објаснува вредноста на брендот Мак Аутостар. работење, како воведувањето на ДДВ, безготовинското плаќање, царинење по поедноставени постапки-локално, извршија големо влијание во правец на олеснување на начинот на водење бизнис. Имајќи предвид дека тогаш беа и зачетоците на приватниот бизнис во Македонија, многу компании беа пионери во својата област со огромна потреба за знаење. Од непроценлива вредност е сето „ноу хау“ што го добивавме од нашите принципали, во нашиот пример Мерцедес, а подоцна и Мицубиши. XX Велите дека големо искуство е преземено од странските компании.

Можете ли да ни кажете поконкретно што тоа значи во однос на стандардите и процедурите? Среќен сум што од самиот почеток на моето влегување во овој бизнис имав привилегија да работам за автомобилскиот бренд број еден во светот. Од самиот почеток, во Мак Аутостар направивме своевидно “copy-paste“ на начинот на работа и стандардите што ги бара Мерцедес и никогаш не отидовме чекор подолу. Високите стандарди успеавме да ги воспоставиме и кај останатите брендови што ги застапуваме, автомобилскиот Мицубиши и моторните масла Мобил. На тој начин, низ годините се градеше


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

39

Од прославата на 20- годишниот јубилеј на Мак Аутостар и брендот Мак Аутостар, за да стане синоним за висок квалитет на услугите кои веднаш го препознаваат и ценат нашите купувачи, соработници и партнери. Но, за да создадете и одржувате една успешна приказна на компанија во изминативе 20 години, неопходно е да сте опкружени со одличен тим. Освен фокусирањето на градење цврста, но во истовреме флексибилна структура и организациска култура, со сите свои вредности, постојано инвестираме во човечките ресурси, како најважен потенцијал на компанијата и најважен елемент според кој може да ве оддели од конкуренцијата. Во една прилика цитирав една максима, а тоа е дека првокласниот менаџер се опкружува со првокласни соработници, додека второкласниот избира третокласни луѓе околу себе. Затоа нашето компаниско мото е “Посветени како никој друг“, кое сосема јасно ја објаснува вредноста на брендот Мак Аутостар. XX Што значи да се живее со вакви брендови секојдневно? Тоа значи секогаш да се понуди

најдоброто. Ако се земе предвид дека брендовите содржат или ги комуницираат сите видливи или невидливи дополнителни вредности, наша задача е тоа да им го овозможиме на купувачите, кои од нивна страна, секогаш имаат причина емотивно да се поврзат со истиот. Така на пример, мотото на Мерцедес е “Најдоброто или ништо – The best or nothing“. Тоа доволно кажува за пораката што сака брендот да ја испрати кон своите корисници. Од друга страна, во случајот на Мицубиши се работи за бренд на исклучително квалитетни возила, на глобално ниво повеќе препознатлив по своите врвни теренци, иако и лимузинските верзии не заостануваат. Мак Аутостар посветува огромно внимание кон своите клиенти да добијат, не само врвно искуство како возачи на Мерцедес и Мицубиши, туку и врвна услуга во делот на одржувањето на возилата, како наш одговор на нивната лојалност. Интересен е фактот што може да се сретнат и три генерации од едно исто семејство кои со години се клиенти на Мак Аутостар. Се

Германците те учат на дисциплина и одговорност, Јапонците на посветеност и напорна работа XX Како се најдовте Вие во приказната на Мерцедес во Македонија? Што работевте претходно? Како дипломиран машински инженер моето прво работно искуство беше во поранешниот Металски Завод - Тито. Во тоа време имав ретко убава можност да научам како функционира еден голем систем, да се извлечат и научат сите оние позитивни карактеристики кој истиот ги поседува.Тоа е една придобивка што можеби денес не им е достапна на младите кадри. Во Мак Аутостар сум скоро од самиот почеток, што ме прави особено горд на с$ што е постигнато до денес. Да работиш за Мерцедес и Мицубиши е голема привилегија, но и одговорност. Сето тоа си носи свои бенефити, во смисла на прифаќање на нивната работна етика, дисциплината и одговорноста по која се познати Германците, или, пак, посветеноста и напорната работа карактеристична за Јапонците. Изминативе две децении, беа исполнети со предизвици, но со нетрпение ги очекувам следните.


Капитал број 781 17.10.2014

40

www.kapital.mk

Интервју

сеќавам и на моментот од минатата година, кога еден од највозрасните купувачи не само во Македонија, туку и воопшто, на свои 90 години повторно по трет пат купи нов Мерцедес. XX Како ја коментирате актуелната ситуација со автомобилска индустрија на глобално ниво и во Македонија? Светската финансиска криза почна во периодот 2008 - 2009, па прерасна во глобална рецесија, за потоа да добиеме сигнали дека завршува, па сега гледаме дека повторно се случуваат некакви негативни трендови... Како и да е, изминативе неколку години автомобилската индустрија во светот гледана како целина претрпе удар од кризата. Од друга страна, додека во западната хемисфера продажбите паѓаа, или имаат незначителен раст, се отворија кинескиот и индискиот пазар како најголеми во Азија, каде што претежно се пробиваат премиум брендовите. Мерцедес има преку 30% раст овој период во Кина, а добро се држат и блискоисточните пазари на богатите со нафта држави, кои што се традиционални добри клиенти. Како и да е глобално, прогнозите се оптимистички и засега Мерцедес е најбрзо растечки премиум бренд. И во Македонија сметам дека доаѓа

подобар период по огромните падови во продажбите во изминативе неколку години. За негативниот тренд во автомобилскот бизнис, освен либерализираниот увоз на половни автомобили, како причина се наметнува и прашањето колку реално може да апсорбира домашниот пазар. Дополнителен отежнувачки момент е и фактот што речиси сите автомобилски брендови се застапени во продажбата на вака мал пазар. Околу тоа колкаво влијание имаше либерализираниот увоз на половни возила врз пазарот на нови автомобили,на ниво на бизнис сектор, ние импортерите многу зборувавме на оваа тема, што јавно, што на нашите состаноци во бизнис коморите – заклучокот е дека овој увоз секако го погоди пазарот на нови возила, но мојот коментар, како и на секој импортер би бил субјективен. Независно од продажбите, од аспект на граѓанин кој живее и работи во Македонија и од она што го следиме од медиумите, се почесто во јавноста се појавуваат прашања кои се однесуваат на еколошкиот и моментот на безбедноста во сообраќајот. Накусо, сметам дека увоз на половни возила отсекогаш имало и треба да има, единствено треба со големо внимание да се регулираат критериумите за увоз на овие возила.

Мак Аутостар е најдобар меѓу импортерите на Мерцедес

М

ак Аутостар е на врвот за „најдобра услуга“ кон своите клиенти во конкуренција на салони на Mercedes-Benz во 120 земји во светот Мак Аутостар со Mercedes-Benz во Македонија е прогласен за најдобар салон за автомобили во однос на останатите на Mercedes-Benz, во над 120 земји ширум светот, во делот на задоволството на купувачите. Ова го покажуваат независни истражувањата извршени за MercedesBenz, во текот на минатата годината, а мерењата опфаќаат повеќе категории, но во основа е однесувањето на вработените во компанијата кон купувачот, за време и по извршената продажба. Исто така, Мак Аутостар, според агенцијата за маркетиншки истражувања СВОТ, во 2011 г. беше рангирана на прво место како компанија која нуди најдобри услуги за своите купувачи во однос на останатите автосалони во Македонија, но и во однос на другите стопански гранки, како што е бизнисот во телефонијата, маркетите и во банкарскиот сектор.


think IT. plan IT. do IT. innovation and future IT trends

Проектот е финансиски поддржан од Европска Унија


Капитал број 781 17.10.2014

42

www.kapital.mk

колумна

Акцискиот план на Европската унија за

Индустрија за дина растот и засилувањ Митко Кoчовски директор за стратешко планирање во Макстил

Organizacijata za ekonomska sorabotka i razvoj (OECD) predviduva deka do 2025 godina svetskata pobaruva~ka na ~elik od postojnite 1,5 milijardi toni }e porasne za preku 50% i } e dostigne nivo od 2,3 milijardi toni, prvenstveno kako rezultat na pobaruva~kata na sektorite grade`ni{tvo, vozila i ma{instvo i toa posebno od zemjite so dinami~en ekonomski rast.

A

кцискиот план за челичната индустрија на Европскиот парламент во јуни минатата година му беше претставен како документ од стратешко значење за поддршка на овој сектор кој се соочува со бројни предизвици, особено заради ситуацијата во која нема знаци дека опоравувањето на европскиот пазар на челик и челични производи е на повидок, дека потрошувачката продолжува да биде потисната, односно останува зависна од извозот, а предимензионираноста на капацитетите е силно нагласена. Планот можеби за прв пат толку експлицитно ја истакнува пораката дека реалната економија, односно реиндустријализацијата на европската економија треба да е главниот чинител на нејзиното економско опоравување, а челичната индустрија при тоа сектор од стратешко значење и генератор на нејзиниот иден раст. Планот исто така набележа политики за поддршка на преструктуирањето на челичната индустрија во Унијата која после Кина е втор најголем производител во глобални рамки со 11%, односно со цца 178 милиони тони кои се произведуваат на 500 локации во 23 земји членки и годишен обрт од преку 190 милијарди евра, не вклучувајќи ја тука пратечката индустрија на влезната и на излезната страна и која обезбедува преку 360.000 работни места. Акцискиот план како што во таа прилика беше истакнато не предвидува директна финансиска помош за челичната индустрија, но ги поставува основите за зголемување на нејзината конкурентност преку стимулирање на иновациите, растот и создавањето услови за отворање на нови работни места. Станува значи збор за значајни иницијативи покренати за решавање на суштествените проблеми, побарувачката на челикот, пристапот на странските пазари, високата цена на енергенсите, кредитната поддршка од страна на деловните банки, падот на вложувањата, недостатокот на квалификувана работна сила, вложувањата во екологијата и регулторниот товар заради влијанието на конкурентноста на гранката.

Светло на крајот на тунелот

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) чии анализи на движењата во светската економија се исклучително релевантни предвидува дека до 2025 година светската побарувачка на челик од постојните 1,5 милијарди тони ќе порасне за преку 50% и ќе достигне ниво од 2,3 милијарди тони, првенствено како резултат на побарувачката на секторите градежништво, возила и машинство и тоа посебно од земјите со динамичен економски раст. Бидејќи актуелните состојби во секторот челик наложуваа и конципирање на нова развојна стратегија, поконкретно мерките предвидени со

планот се насочени кон остварување на неколку стратешки цели: корекција на регулаторната рамка и преиспитување на целокупниот административен товар; зголемување на побарувачката за челик, односно имплементирање на таргетирани активности за стимулирање на побарувачката особено во автомобилската индустрија и градежништвото; подобрување на пристапот на странските пазари и обезбедување на еднакви услови за настап на пазарот, справување со нелојалната конкуренција и пристап до пазарот на суровини, вклучително и на старо железо; обезбедување на прифатливи цени на енергенсите, воспоставување на единствен европски пазар на енергија и диверзификација на понудата на енергенси; мерки во доменот на климатската политика; поддршка на иновативните активности; поддршка на реструктуирањето и на обезбедување на квалификувана работна сила. На планот на поттикнувањето на потрошувачката, предложените мерки се насочени кон поттикнување на растот на побарувачката на челикот и челичните производи првенствено во автомобилската индустрија и во градежништвото, а предвидени се и мерки за подобрување на пристапот на странските пазари, мерки за сузбивање на нелојалната конкуренција и конечно мерки за пристап до пазарите на суровини и на старо железо. Ова и заради фактот што Унијата иако е отворен пазар, многу често е соочена со трговски рестрикции или дисторзии во доменот на трговијата вклучувајќи царински бариери, нецарински мерки, извозни стимулации и субвенции воведени од страна на неевропските земји за заштита на сопственото челично производство. Со оглед на фактот што енергетските трошоци претставуваат 40% од оперативните трошоци, кон опоравувањето на челичната индустрија на Унијата и подобрувањето на нејзината конкурентност се насочени и мерките за обезбедување на прифатливи цени на енергенсите, воспоставувањето на единствен европски пазар на енергенси и диверзификација на нивната понуда. Економско - социјалниот комитет, единственото советодавно тело во институционалната структура на Унијата што го сочинуваат претставници од различни области на организираното граѓанско општество (работодавачите, синдикатите и останатите интересни групи) и кој како интегрален дел во процесот на одлучувањето во ЕУ е задолжително консултиран пред донесувањето на одлуките кои се однесуваат на економските и социјалните политики и покрај начелната поддршка на Акциониот план упатува сериозни забелешки на воопштеноста на предложените мерки и неадекватниот однос кон цикличната димензија на кризата. Како би се обезбедило секторот


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

колумна

43

а челичната индустрија (2)

амизирање на ње на конкурентноста челик да остане стратешки сегмент на индустриското производство на Унијата и значаен чинител на решавањето на проблемите поврзани со вработеноста, Економско-социјалниот комитет повикува на превземање итни мерки за детално преиспитување на перспективноста на постоечките капацитети, соодветна валоризација на секундарните суровини и спречување на нивниот нелегален извоз, обезбедување соодветно секторско насочување на средствата од структурните фондови на Унијата, обезбедување јавна поддршка за усвојување на привремени мерки за задржување на работниците во челичната индустрија, стимулирање на побарувачката во секторите на продажбата на челикот, обезбедување на многу посилна, вклучувајќи и јавна поддршка за вложувања во развој на нови технологии и процеси и воведување на воздржлив модел на производството на челик и на крајот насочување на средствата од Европскиот фонд за прилагодување на предвидување на промените, олеснување на воведувањето на нови технологии и едукација на работниците за прилагодување на истите. Дури и по прашањето на прилагодувањето на гранката на новите европски еколошки стандарди кои стануваат детерминирајќи фактор на физиономирањето на новите развојни опции и се повеќе определувачки финансиски параметар, и покрај поддршката на „зелената агенда“, се погласни се ставовите дека „од екологијата не можеме да се прави религија“ и дека не може да се жртвува европската индустрија за климатските цели кои се нереални и не се применуваат секаде во светот.

Каде сме ние?

Aко Европа гради ваков однос кон челичната индустрија, би било нелогично нашата држава да не го следи тој пример ако се има во предвид фактот дека идните развојни визии се насочени кон ЕУ. И за жал ние и во ситуација кога немаме големи развојни алтернативи и кога челичната индустрија, односно производството на основните метали учествува најдиректно со 9,4% во БДП (податоците се пресметани по тековни цени и се однесуваат на 2011, преку поврзаните индустрии уште и многу повеќе, во структурата на индустриското производство цца 11,5%, во структурата на извозот во истиот период цца 30% (во 2013 тоа релативно учество е сведено на 23%) и во вкупниот број на вработените со 14%, при што преку репродукциските поврзаности таа бројка неколкукратно се зголемува, и која заради редицата дополнителни трошковни специфичности и системски решенија се соочува со проблеми кои во моментов добиваат загрижувачки размери и претставуваат закана за драматичен развој на настаните и сериозно забавување на економската активност во земјава, остануваме се

уште без одговори на многу прашања. Прашањата за местото на индустријата, првенствено на преработувачката во динамизирањето на економскиот развој на земјата на долг рок, прашањата за изборот на индустриските гранки кои ќе бидат носители на развојната динамика и прашањата на определувачките детерминанти на тој индустриски развој и конечно прашањата, по примерот на креаторите на економските политики во Унијата, за местото и улогата на челичната индустрија во контекстот на современите технички, технолошки, сопственички, корпоративни и пазарни констелации, стануваат нашиот клучен проблем и бараат неодложни одговори. Неспорен е фактот дека реструктурализацијата на современите економии во светот оди во правец на примена на најновите технолошки достигнувања во индустриското производство базирани на современите комуникациски и информатички технологии, висококвалификувана работна сила, високопродуктивни процесни линии, подобрена енергетска ефикасност и еколошки перформанси и дека нашата производна структуираност формирана во основа во втората половина на столетието што измина развојно заостанува зад овие процеси. Но, исто така е неспорен фактот, наспроти тврдењата дека челичната индустрија е индустрија помалку или повеќе статична кога станува збор за современите текови на индустрискиот прогрес, дека е и таа исто така подложна на интензивни технолошки осовременувања и е индустриска гранка со нагласен иновативен динамизам. Од тие причини загрижува фактот што кај нас постојат се уште различни гледања, дури и неверици и резерви кога станува збор за челичната индустрија, па и за останатите основни метали и отсуство на јасно дефинирана индустриска политика имајќи го во предвид фактот (што Акциониот план за челичната дека во проекциите на индустрискиот развој на секоја современа економија постои јасно дефинирана стратегија за развој на металургијата и на нејзините основни развојни претпоставки. Раководејќи се од фактот за нејзината висока застапеност во структуираноста на националната економија и силните репродукциски поврзаности што таа ги развива и нагласените генерирачки потенцијали на самата гранка, дури и во единствениот документ од понов датум, во суштина прилично декларативен по своите карактеристики - „Индустриската политика на Р.Македонија за периодот 2009-2020“ и „Националниот развоен план за периодот 2009-2013“ челичната индустија го немаше добиено своето вистинско место, дотолку повеќе што овие документи беа работени во предвечерието на големата глобална криза, која особено

силно ја имаше погодено токму челичната индустрија, што пак од своја страна имаше крајно неповолни рефлексии на вкупните економски состојби во земјата. Дури и владините антикризни мерки за помош на гранката донесени во летото 2012 (кои набрзо беа и напуштени) со кои за прв пат во поново време се напушти принципот на хоризонтален пристап при донесувањето на мерките, кога вниманието на извршната власт на Европската унијата веќе беше сериозно фокусирано на челичната индустрија и кои кај носителите на дејноста во земјава создадоа илузија дека конечно нешто ќе биде превземено за ублажување на последиците од глобалната економска депресија, кои во основа и не значеа никаков финансиски товар за државата, туку само корекции на одредени решенија во доменот на навремениот поврат на данокот на додадената вредност за ублажување на последиците од нарушената ликвидност на компаниите, на енергетската потрошувачка во насока на формирањето на балансни групи на поголемите металуршки капацитети, на пролонгирањето на роковите од интегралните еколошки дозволи за усогласувањето со оперативните планови и за решавање на имотно правните односи во индустрискиот круг на Железарницата, не беа соодветниот одговор на длабочината и времетраењето на проблемите. И на тој план како многу поучно може да ни биде искуството на Владата на Словачка и поддршката што таа и ја обезбеди на United States Steel Corporation раководејќи се од значањето на американската компанија за националната економија и вработеноста во земјата со бројните субвенции и фондови за надминување на кризните состојби. Значи доколку го следиме примерот на ЕУ, потребен ни е добро обмислен концепт на индустриски развој, концепт на реиндустријализација на земјата се разбира на современи основи, мерки не со „хоризонтална“ опфатност, туку со селективен пристап, мерки во чие средиште ќе биде челичната индустрија индустрија како окосница на тој индустриски развој и како основа за осовременување на индустриската структура на земјата во насока на повисоки фази на индустриска финализација, вработување и извозна експанзија, заради постојната структуираност на националната економија но и зареди силните генерирачки потенцијали на гранката и во догледен период и на долг рок. И уште самата таа флоскула за неопходноста од промени во стопанската структуираност во насока на поголема застапеност на терцијарниот сектор нема реална основа, виси во воздух, без посериозни поместувања кон реиндустријализација на економијата, она што на стратезите на економскиот развој на ЕУ со задоцнување, но конечно им стана јасно.


Капитал број 781 17.10.2014

44

www.kapital.mk

политика

Венецијанска комисија: Меѓународната финансиска зона би била „држава во држава“

М

еѓународната финансиска зона регулирана со посебен „орган на управување”, кој може да добие прешироки овластувања, да не одговара пред државните органи и може зоната да ја претвори во зона на валкани пари. Оваа зона ќе стане еден вид на "држава во држава " одвоена од постојните уставни структура. Ова е мислењето на Венецијанската комисија во последниот извештај во кое дава мислење за најавените уставни измени во Македонија. Во својот извештај, оваа комисија нотира дека во моментот не постојат услови за менување

на Уставот поради отсуството на опозицијата во парламентот. „ Во принцип, опозицијата треба да ги изрази своите ставови во парламентот и бојкотот е оправдан само во исклучителни ситуации. Од друга страна, процесот на измена на Уставот бара најширока политичка поддршка. Дури и ако владејачката коалиција го има потребниот број на гласови, тоа не ја ослободува Владата од обврската за спроведување на вистинска, инклузивна дебата, а Собранието е најдоброто место за то, порачува Венецијанската комисија“, пишува во извештајот на Комисијата.

> БРОЈКИ

5

најголем проблем во Македонија е корупцијата покажува последната анализа на Македонскиот центар за меѓународна соработа

200

Претставки од граѓаните стигнале до Атникорупциска за судир на интереси, соопштија од Антикорупциска комисија

50

Барања за испитување на имотната состојба до УЈП доставиле антикорупционери

facebook 1

Богдан Илиевски

„Потврдено: Нема ебола во Македонија“? Ам шо да имат море, нормално си е то. Македонци се селив у Африку по бољи живот, немат шо да тражив Африканци у Македонију.

2

Sasho Aleksov

3

Sead Džigal

Македонец: Ако не ја уништи својата, ќе растури некоја друга кариера. Битно нешто да се работи. Кога го избркаа Жељко Митровиќ од Македонија кој можеше да претпостави дека неговата освета ќе биде трансформација на пола домашни телевизии во Пинк канали.

DPA go reizbra liderot - vo DUI trijat

Ta^i e „ednostavno n protivnik po vkus n пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Д

осегашниот начин на комуницирање меѓу ДУИ и ДПА не остава простор како политичка култура да се протолкува брзањето и милозвучноста со која лидерот на владејачката албанска партија, Али Ахмети, му го честита реизборот на Мендух Тачи за претседател на опозициската ДПА. Впечатокот кој се доби во јавноста е дека односот на силите меѓу ДУИ и ДПА е таков, што Ахмети може комотно

да го спушти гардот, и да му посака на Тачи „добро здравје и успех во работата како на лидер на опозициската партија на Албанците“. Со други зборови, ако во македонскиот политички блок опозиција, во смисла на закана за власта, нема, тогаш во албанскиот ситуацијата е уште полоша. Тачи два пати се среќаваше со членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, и во контекстот тврдеше дека ќе прави влада со македонската партија која е на власт од 2006 година. Во меѓувреме го одработи својот дел иако претходно најавуваше неучество, истакна кандидат (Илјаз Халими) на претседателските избори, со што ја оневозможи проблематичната за ВМРО-


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

бум-трес Бесими искрен: Македонија не е најдобар пример во спроведувањето реформи

В

ицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими коментирајќи го извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, рече дека тој е реален приказ на стореното и дека Македонија не е најдобар пример за спроведување на реформите. „Од денеска натаму мораме да се фокусираме на предизвиците и не смееме да дозволиме да се

дефокусираме од реформската агенда“, рече Бесими. Поздравувајќи го враќањето на ДПА во Собранието, Бесими рече дека фактот што недостасува отворен и активен политички дијалог не влијае позитивно на имиџот на земјата и треба сериозно да се земе во предвид укажувањето на ЕК дека потребна е заедничка одговорност да се надминат отворените прашања.

Реизбраниот лидер на ДПА, Мендух Тачи, с$ почесто си дозволува да дава изјави во кои единствената „вредност“ е директноста со која го пренесува уличниот политички резон. Јавноста го толерира, но тоа не треба да го радува. Причината е што неговата политичка тежина е с$ подалеку од онаа што се очекува од еден лидер на партија од „големата“ четворка, а с$ поблиску до таа на Невзат Халили, претседателот на таканаречената Република Илирида

45

Александар Вучиќ

премиер на Србија

али барате од мене да Д наредам да се врати емисијата на Б92 или да им се јавам во РТС да ја емитуваат за да покажам дека имам влијание врз медиумите? Епа нема. Вучиќ открива дека никогаш нема јавно да ја открие својата улога во уредувачките политики на српските телевизии.

Аиво Орав

амбасадор на ЕУ во Македонија

е е гарантирано дека Н и идната година ќе има препорака. Не беше ни оваа, но на празните закани од ЕУ веќе никој не им се плаши... Најмалку Груевски.

Тито Петковски

лидер на НСДП

race:

najdobar"... na Ahmeti!

ДПМНЕ намера на ДУИ за сеалбански бојкот на истите. За возврат Тачи не доби ништо, барем не нешто со што може да се излезе во јавност. Од најавите дека ќе прави влада со Груевски останаа само да се раскажуваат како вицеви неговите изјави дека „ако бил толку тежок Груевски, ако толку тешка била ВМРО, зашто гласале да се стави орелот во листата на Илјаз Халими?“ (на ДПА во Државната изборна комисија & помина партиското лого со двоглав орел) и оти на лидерот на ВМРОДПМНЕ „му ги соблекол чевлите за да го внесе во џамија“. Со слична семантика прозвучи и „Simply the best“ - песната на Тина Тарнер, која Тачи си ја порачал за неговото излегување на сцената на

партискиот конгрес на ДПА, на кој по трет пат беше избран за претседател. А како тој вистински се чувствува во својата политичка кожа, покажа со грубиот вербален напад врз новинарот на дневниот весник Коха (во присуство на повеќе други новинари), пришто се пофали и дека го пробил личниот Фејсбук профил на нападнатиот, и имал увид во неговата лична комуникација. Вакво нешто да направеше политичар од која и да е друга партија во Македонија, а да не зборуваме за лидер, тоа ќе беше издигнато до ниво на најголем скандал. Но, од Тачи како да не се очекува поинаку да се однесува. Со слична толеранција во јавноста помина и изјавата на лидерот на ДПА (дадена на партискиот конгрес), во која побара помош од Албанија и од Косово за решавањето на албанското прашање во Македонија, зашто истото „не можело да се реши со пријателски совети, туку со јасен став за националните барања и со дефинирање временска рамка за нивно спроведување“. За да го сфаќаме посериозно, ќе мора неговото однесување и политичка тежина да бидат поблиску до оние на Ахмети, отколку на Невзат Халили, претседателот на таканаречената Република Илирида.

ема никаков тендер, Н ниту некакво пазарење. Ние сме лојални партнери

на СДСМ... Отсекогаш било така. Особено во 2006-та.

twitter 1

Internal brain error@karabinatia2h

2

Џото@giotto_mkd3h

3

®orschach@zocikubanac4h

И Кавадарци стана метропола. Ќе им ставаат зонско паркирање. Следи брод да им изградат на Луда Мара, а за врби ако останат пари саем за вработување во сц борис трајковски. бидејќи наоѓање работа во мкд е екстремен спорт Они можат да го забранат абортусот, али паѓањето по скали не можат.


Капитал број 781 17.10.2014

46

www.kapital.mk

Интервју

interview

Zoran Jolevski министер за одбрана

makedonija e Podgo da ja prezeme odgovornosta od ^lenstvoto vo NATO


www.kapital.mk

M

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски во интервју за „Капитал“ порачува дека македонската држава е сосема подготвена да ја преземе одговорноста од членството во НАТО, но дека и покрај сите исполнети реформи, главна пречка за реализација на овие заложби е спорот за името со Грција.

otvena

NATO

Капитал број 781 17.10.2014

47

пишува:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

фотографија:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

XX Господине Јолевски, какви приоритети поставивте пред Вас со доаѓањето на функцијата? Како Вие ја гледате современата македонска одбрана? Република Македонија уште од своето осамостојување започна активно да работи на развојот на нејзината Армија, која и согласно Уставот е гарант на суверинетот и територијалниот интегритет, како и на безбедноста и стабилноста на нашата татковина. Мене ми е огромна чест, но и одговорност, што сум на кормилото на одбраната. Армијата на Република Македонија е модерна, современо опремена, мобилна и професионална, чии припадници се подготвени да се справат со бројни предизвици. Нашата Армија може да се носи рамо до рамо со армиите на земјите-членки на НАТО-алијансата. Мисиите за поддршка на мирот во кои учествуваме се доказ за ова. Уште поважно, нашата Армија во секој момент е подготвена да му даде поддршка и помош на својот народ и на своите граѓани, без разлика од каква природа е опасноста со која тие се соочуваат. Впрочем тоа може да се види секојдневно, а особено кога Македонија беше погодена од природни катастрофи како што се пожари и поплави. За да може да ги извршува со Уставот дефинираните задачи, како и другите обврски, во АРМ мораме да имаме високо мотивирани индивидуи. Токму затоа мој приоритет е секој војник, секој подофицер и секој офицер во Армијата да биде високо обучен и да се здобие со вештини и знаења за извршување на поставените задачи. Заедно со Претседателот на Република Македонија кој е Врховен командант, Владата, Министерството за одбрана и Генералштабот работиме на тоа да создадеме најдобри можни услови за функционирање на АРМ. Секако, од големо значење е модернизацијата на Армијата, која ќе се врши етапно, во повеќе фази, но континуирано и без застој. Имајќи ги предвид висината на буџетските средства и цената на воената техника, ние мораме ефикасно да ги користиме средствата што се на наше располагање. Стратегиското планирање, дефинирањето на приоритетите и мудрото искористување на располиживите средства се клучот за успехот во нашите активности за развој на одбраната. Македонија има Армија достојна за почит, како од нејзините граѓани, така и од партнерите во Алијансата. XX Има забелешки за правичната застапеност на етничките заедници во АРМ. Поделеноста во општеството по етничка линија се уште не е

надмината. Колку е ова опасно кога Армијата е во прашање? Успева ли АРМ да ги обедини различните етникуми во Македонија? Македонската армија има јасно дефинирана структура и хиерархија. Таа се почитува на сите нивоа и затоа нејзиното функционирање воопшто не се доведува во прашање. Во Армијата имаме припадници од сите етнички заедници во Република Македонија. Впрочем според најновите податоци, над 27% од составот на АРМ се од заедниците кои не се мнозинство во Македонија. Тоа е факт со кој се гордееме. АРМ има компактна структура која навистина функционира беспрекорно. Впрочем во нашите мировни мисии, кои се во мошне опасни области, единиците на АРМ се со мултиетнички состав - Македонци, Албанци, Турци, Срби и други. Тие заедно, компактно и успешно ги извршуваат и најопасните задачи кои им се доверени и за тоа добиваат највисоки оценки од НАТО.

Паралелно со економскиот раст на државата ќе расте и Буџетот на АРМ XX Неодамна во јавноста се отворија сугестии за проширување на постоечкиот воено-безбедносен концепт, односно враќање на регрутниот состав во активниот дел на армијата, како и зголемување на резервниот состав. Што мислите за овие идеи? Македонија беше првата земја во регионот која пристапи на целосно професионален состав на Армијата. Тоа беше високо оценето и од НАТО алијансата, а беше и реформа која донесе бенефит и за нас. Во денешно време светот ретко се соочува со конвенционални закани како во минатото. Тоа, пак, е уште помалку веројатно на Балканот, каде сите земји одат на патот на интеграцијата, особено кон НАТО и Европската Унија. Она кон што мораме да се концентрираме во овој момент е развојот на капацитети за борба против асиметричните закани. Тоа е она што е предизвик во овој момент, а на тоа не се одговара со бројка, со масовност, туку со знаење и вештини. Нашата намера е Армијата да биде високо обучена, модерна, технолошки опремена сила која ќе одговори на сите потенцијални закани. Затоа и во активниот резервен состав ќе имаме индивидуи кои ќе располгаат со вештини потребни за современото војување, каде технологијата има голема улога. Заради ова ќе има и одредени реформи во Воената Академија, Командата за обука и сл. Како пример ќе ја наведам иницијативата за формирање на единица во резервиот состав за заштита од сајбер напади. XX Во кои се мисии во моментот учествуваат нашите војници? Армијата на Република Македонија во моментов има свои припадници во неколку меѓународни мировни мисии, од кои најмногу во рамките на силите ИСАФ во Кабул, потоа во операцијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, ЕУФОР-АЛТЕА, а придонесуваме и во мисијата на Обединетите Нации во


Капитал број 781 17.10.2014

48

www.kapital.mk

Интервју

Либан, УНИФИЛ. Нашите мировници во Авганистан се високо ценети и познати по својата исклучителна професионалност. Мисијата ИСАФ е во Авганистан за да им помогне на Авганистанските безбедносни сили целосно да ја преземат одговорноста за мирот и безбедноста на својата земја. Нашите мировници заедно со сојузниците имаат за цел да приодонесат за зајакнување на мирот, демократијата и слободата во оваа земја. Македонија ќе продолжи да биде дел и од новата мисија Одлучна поддршка, која ќе ја наследи мисијата ИСАФ од 1 јануари идната година. Дополнително, како што споменав, ние сме дел и од операцијата во Босна и Херцеговина, каде придонесуваме со медицински тим во базата Бутмир во Сараево. Воедно ги испитуваме можностите Македонија да даде свој придонес и во мировните мисии на ОН, познати како сини шлемови. Тука треба да напомнам дека со учеството во овие мисии, нашите војници и офицери се стекнуваат со непроценливо искуство. Повеќе од 3300 македонски војници имаат поминато низ операциите во Ирак и Авганистан, со што сериозно се зајакна капацитетот на АРМ за справување и со најголемите предизвици. Војниците и офицерите кои поминуваат низ овие мисии сериозно го пододбруваат нивото на обученост. Учеството во овие мисии го гледам како двонасочен процес, во едната насока заедно со партнерите од НАТО и ЕУ придонесуваме за зајакнување на мирот

и слободата во други делови на светот, но истовремено припадниците на АРМ се стекнуваат со огромно искуство, знаење и вештини. Одржувањето на овие стекнати капацитети е мошне значајно за Република Македонија. Од идната година 4 предмети од третата година и 4 предмети од четвртата година на Воената академија ќе се предаваат на англиски јазик. Ние мора да ги подготвиме идните офицери да бидат НАТО офицери, способни да извршуваат задачи заедно со партнерите на Алијансата. Академијата веќе има регионален карактер, но цел ни е да имаме кадети од Европа, САД, Канада и други земји. XX Неминовно е прашањето за константното намалување на Буџетот на македонската армија. Што е преземете Вие во врска со тоа? Кога станува збор за буџетот, мора да имаме предвид дека Република Македонија е дел од светската економија и дека сите текови на глобално ниво влијаат и врз нашата економија. Факт е дека буџетот за одбраната имаше еден тренд на намалување минатите години. Тоа беше рефлексија на забавувањето на светската економија. Но ова не е карактеристика само за Македонија, туку и за скоро сите останати земји од регионот, Европа и пошироко. Дури и во САД има намалување на буџетот за одбрана. Значајно е што буџетот на Република Македонија и политиките на Владата придонесуваат за остварување на економски раст, кој е меѓу највисоките

Jолевски ја коментира изјавата на рускиот министер Сергеј Лавров, дека ширењето на НАТО со Македонија (и Црна Гора и БиХ) е провокација:

"Стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во Европската Унија... Македонските граѓани во континуитет даваат поддршка за влезот на Македонија во НАТО и ние мораме тоа да го почитуваме... Но, тоа не ја исклучува можноста и потребата од развој на соработката и со други држави. Ние соработуваме и со Руската Федерација, со Украина, со Народна Република Кина, но и со многу други земји, без оглед на тоа дали се членки на Алијансата или не." во Европа. Економскиот раст е предуслов за поголем буџет во иднина и со тоа ќе се зголеми колачот од кој, дел ќе земе одбраната. Паралелно со растот на македонската економија, кој е јасно видлив, ќе работиме и на тоа фазно, етапно да расте и буџетот за одбраната. Така ќе имаме можност да намениме с$ повеќе средства во процесот на модернизација кој е еден од основните приоритети за мене како министер. И што е најважно е Владата не се откажува од модернизацијата, туку напротив, ние ќе работиме и на нејзино забрзување. Кога на ова ќе се додаде мудрото, планско и ефикасно искористување на расположивиот дел од колачот, тогаш сум сигурен дека резулатите ќе бидат одлични.


www.kapital.mk

Македонската политика во спорот со Грција не зависи од тоа кој ни е преговарач XX Васко Наумовски ќе биде нашиот четврт официјален преговарач, додека Грција од друга страна има потврда политика во однос на менувањето на преговарачите. Предност е или хендикеп според Вас, внесувањето на нови луѓе? Амбасадорот Наумовски, кој воедно е и преговарач за името, во еден период беше потпретседател во Владата на РМ задолжен за евроинтеграции, а потоа универзитетски професор што е доволен доказ за неговите способности. Сигурен сум дека ќе биде добар амбасадор во Вашингтон и добар преговарач во разговорите за надминување на разликите со Грција под покровителство на ОН. Позицијата на Македонија е добро позната и дефинирана. Политиката на Република Македонија во спорот со името е конзистентна без оглед на тоа кој е на таа позиција. Во едно од моите интервјуа по именувањето за министер за одбрана кога заради неспоиливоста на оваа функција ја напуштив преговарачката, изјавив дека преговарачот, иако е многу важен елемент, е само дел, односно само една алка од целиот процес. Моите претходници беа вешти преговарачи, чии искуства ми беа корисни. Сметам дека поставувањето на амбасадорот Наумовски за преговарач е одлична одлука и тој успешно и вешто ќе претставува Македонија во овие разговори. Ова е мошна одговорна и тешка задача, затоа е неопходно сите заедно, политичарите, граѓаните и медиумите да му дадеме силна поддршка. Товарот што тој го носи е многу голем и тежок. Нашето единство и безрезервна поддршка ќе му помогнат во извршувањето на оваа задача.

Капитал број 781 17.10.2014

НАТО е наш приоритет, но тоа не ја исклучува соработката и со други држави! XX Дали спорот за името со Грција е единствена пречка за македонската интеграција во НАТО Алијансата? Одговорот на ова прашање е едноставен и јасен. Тој е јасно посочен и во заклучоците од сите досегашни самити, почнувајќи од самитот на Алијансата во Букурешт во 2008 година. Република Македонија е подготвена да стане полноправен член на НАТО уште денеска. Тоа е факт голем колку планина. Единствената пречка која стои на патот на Македонија до оваа стратегиска цел е ова отворено прашање со јужниот сосед. Ние ќе продолжиме да работиме на сите реформски процеси и зафати во рамките на Министерството и на Армијата. Само така ќе останеме подготвени да ја преземеме одговорноста која произлегува од членството во секое време. XX Уште од 2008-та после Самитот во Букурешт во сите јавни настапи се вели дека Македонија ги има исполнето сите други критериуми, па дури и дека де-факто се однесува како земја членка. Во што се состојат тие критериуми и што се има исполнето земјата во овој контекст? Република Македонија од денот на целосното осамостојување покажа и докажа дека ги споделува демократските вредности на цивилизираниот свет, на современото време. Институциите на државата овозможуваат за секој граѓанин да може да ги ужива придобивките на слободата, на демократијата, правната држава, пазраната економија по секоја основа. Тоа се основните вредности и на НАТО алијансата и сосема природно е нашата стратегиска определба да биде членството во оваа организација, исто како што е природна и целта да бидеме дел од Европската Унија. Тука најважно е да се истакне дека тоа што го постигнала Република Македонија, како и реформите што денеска и во иднина ги правиме, се пред с$ за граѓаните на Македонија. Точно е дека тие паралено се важни и за интеграцијата во НАТО и ЕУ. Вградувањето на принципите на слободата, демократијата, пазараната економија во општеството ги правиме пред с$ за самите себеси,

49

како граѓани на Република Македонија, и паралелно со тоа и за интеграција во НАТО и ЕУ. Сигурен сум дека сите ќе се согласиме дека реформирањето на АРМ, нејзината професионализација и модернизација е подеднакво битна, за граѓаните на Република Македонија, а паралелно е важно и за интегративниот процес за НАТО. Ние ги исполнивме сите услови да бидеме поканети во НАТО. Нашите војници учествуваат во најголемата НАТО мисија во историјата, добиваат највисоки оценки за нивниот ангажман и затоа со целосно право можеме да кажеме дека ние „де факто“ се однесуваме како земја-членка. Тоа го кажуваат и нашите партнери. Нема да ги заборавам зборовите на генералот Рој, кој во Сенатот на САД пред неколку сенатори изјави: „Војниците на АРМ кои беа дел од единиците кои ги комадував во Авганистан рамо до рамо се бореа со моите војници за зачувување на трите принципи и вредности на НАТО: слобода и демократија, почитување на правата на човекот“. Зарем тоа не говори колку сме посветени и колку ги почитуваме вредностите и принципите врз кои почива Алијансата? Инаку технички, оценката на исполнување на критериумите се оценува преку механизми како Акциониот план за членство, Годишната национална програма за членство и Процесот на планирање и анализа на НАТО. Тоа подразбира интензивен и индивидуален дијалог помеѓу НАТО и земјата аспирант во неколку области и тоа политичките, економските, одбранбените, воените и безбедносните прашања, како и одбранбените ресурси. Знам дека некои ги потенцираат забелешките кои нашите партнери ни ги даваат. Тие забелешки се битни и треба да работиме на нивно отстранување, но тоа не значи дека Република Македонија не ги исполнува критериумите. Има многу членки на кои може да им се најдат забелешки. Ќе споменам неколку квантитативни, кои обејктивно можат да мерат. На пример се препорачува буџетот за одбрана на членките на НАТО да биде најмалку 2% од бруто домашниот производ, или, пак, за членките на евро-зоната буџетскиот дефицит да биде помал од 3%, вкупниот јавен долг помал од 60%


Капитал број 781 17.10.2014

50

www.kapital.mk

Интервју

од бруто домашниот производ. Самите можете да заклучите колку држави не ги исполнуваат овие критериуми. Но ќе повторам многу е битно да се трудиме и правиме напори забелшките кои ни се упатуваат да ги исправиме, бидејќи тие реформи се значајни и за нас како граѓани и за нашата татковина. Затоа и Министерството за одбрана и Армијата вниматално ги проучуваат заклучоците од завршните сесии на годишните акциони планови и преземаат активности за нивна имплемантација. XX Како игрите во геополитиката, оваа

се поинтензивна тензија присутна помеѓу Вашингтон и Москва се рефлектираат врз нашата земја? Како ја цените изјавата на рускиот министер за надворешни работи Лавров, во која вели дека ширењето на НАТО со Македонија (и Црна Гора и БиХ) е провокација? Зошто немаше официјален коментар од македонска страна за ова очигледно мешање во нашите државни приоритети? Стратегиски цели на Република Македонија се членството во НАТО и во Европската Унија. За ова постои консензус

21st - 22nd October 2014 Hotel Alexander Palace Skopje, Republic od Macedonia

Matthew Whalley

Vanessa Alarcon Duvanel

Berwin Leighton Paisner (London, UK)

Winston & Strawn (Geneva, Switzerland)

Patrick Vézina

Alenka Znidarsic Kranjc

Ministry of Justice of Canada (Ottawa, Canada)

Prva group (Ljubljana, Slovenia)

Toma Fila

Irina Trickovska

/DZ RI¿FH )LOD %HOJUDGH 6HUELD

White & Case (Brussels, Belgium)

Zvonko Kremljak, PhD

0DUFR /RUH¿FH

ONE Telekom Slovenia Group (Ljubljana, Slovenia)

London, UK

Dimitar Gelev, PhD

Tobias Mahler, PhD

,XVWLQLDQXV 3ULPXV )DFXOW\ RI /DZ 6NRSMH 0DFHGRQLD

7KH )DFXOW\ RI /DZ LQ 2VOR 2VOR 1RUZD\

Magnus Steen

Dastid Pallaska

Contract Business Intelligence Nordic AB, (Sweden)

Pallaska & Associates (Pristina, Kosovo)

Sandra Roberts

Celia Bernal

Sandra Roberts Consulting LLC (California, USA)

Attorney at Law (California, USA)

www.akademikconference.mk

меѓу сите политички партии, а што е уште поважно и силна поддршка од граѓаните на Македонија. Македонските граѓани во континуитет даваат поддршка за влезот на Македонија во НАТО и ние мораме тоа да го почитуваме. НАТО за нас е важен не само од безбедносен аспект, туку и од аспект дека ние припаѓаме во семејство со кое ги споделуваме истите вредности. Тука ќе се повикам на членот 10 од Спогодбата со која е формирана НАТО, во која се вели дека секоја држава која сака да стане членка на Алијансата и која ги исполнува условите има прави да стане членка на овој Сојуз. Тоа е случај со Македонија. Но, тоа не ја исклучува можноста и потребата од развој на соработката и со други држави. Ние соработуваме и со Руската Федерација, со Украина, со Народна Република Кина, но и со многу други земји, без оглед на тоа дали се членки на Алијансата или не. u Има ли воопшто алтернатива за Македонија и можеби некаква друга посилна гаранција за нејзината безбедност освен НАТО? Ви одговорив во претходното прашање u Колку Македонија е во опасност со појавувањето на Исламската држава? Како ја цените подготвеноста на земјата да одговори на оваа глобална закана? Секој вистински верник без оглед на која религија припаѓа е добар човек. Но радикализмот, без разлика на која страна и во кој контекст се развива е опасен за секое општество. Народите на Балканот имаат долга традиција на меѓусебно почитување, особено во однос на религијата. Македонските граѓани без оглед на нивната религиозна припадност со векови живеат во мир и имаме долга традиција на соживот. Македонското општество е европско општество и како такво тоа се развива во духот на слободата, еднаквоста, почитувањето на правата на граѓаните и почитувањето на нивната етничка и верска припадност. Сепак, треба да бидиме многу внимателни со можноста за надворешно влијание. Тоа што денес се случува во однос на Исламската држава е сериозен глобален предизвик со кој мораме да се соочиме. Потребно да се работи со помладите да им се објаснат опасностите што ги носи радикалиниот ислам. Соработката, размената на информации меѓу државите е мошне значајна за справување со овој предизвик.


WWW.DAVID.COM.MK

ПРЕДНОСТ ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

ФИСК ЛНИ AП Р ТИ СО НАЈДОБАР КВАЛИТЕТ ПО НАЈДОБРА ЦЕНА

Фискалните апарати од Давид Компјутери се во тек со најновите правни и технолошки регулативи. Eдноставни и интуитивни за користење, со брз печат и едноставна промена на ролна, тие се вистинска предност за Вашиот бизнис. Широката сервисна мрежа, која се простира низ целата земја, Ви овозможува брза професионална и навремена поддршка и сервис.

Булевар “Јане Сандански” бр.72 | +389 2 2450 372 | info@david.com.mk

Гуте Фрухте - најпродаван сок во месец август!

Г

уте фрухте, само неколку месеци по лансирањето стана исклучително препознатлив и купуван производ. Дотолку што во месец август, период од годината кога исклучително многу се конзумираат освежителни пијалоци, “Мултифрут” вкусот на Гуте Фрухте го достигна самиот врв како најпродаван сок во маркетите на Тинекс, најголемиот и најуспешен малопродажен синџир кај нас. Успехот не застанува тука, па високите позиции на целиот бренд се задржани и во текот на септември. Но, како успеа Гуте Фрухте да стане најпродаван за толку кратко време по лансирањето?  Гуте Фрухте се прави по швајцарски рецепт од најголемиот мајстор за вкусови во светот, швајцарски Givaudan, компанија која го држи приматот за најдобра во нејзиното поле - создавање квалитетни рецептури за врвни брендови.  Ценовното позиционирање покажа дека може да се има квалитетен производ кој нема да бркне длабоко во нашиот џеб. Сокот е пакуван во еколошка Тетрапак амбалажа со FSC

стандард, што значи дека за секое исечено дрво при производството се наседени доволен број на дрва за да не се наруши балансот во природата.

 Забележителна е и нивната општествена ангажираност. Гуте Фрухте го отвори првиот клуб за деца со оштетен вид во училиштето за слепи лица “Димитар Влахов”, набави два Брајови печатачи, еден компјутер со специјализиран софтвер и помогна во решавањето на дел од проблемите на овие лица. Направија исклучително интересен “Ice Bucket Challenge” и се придружија кон глобалната порака за хуманост. Со намера да ги потикнат и другите компании да бидат хумани, донираа 30.000 денари на момче на кое средствата му беа повеќе од потребни. За најзагрозените социјални категории граѓани пак, донираа речиси два тона нивни производи. Наскоро започнува производството на исклучително квалитетните 100% Гуте Фрухте сокови со вкус на портокал и боровница (вкус кој за прв пат се воведува во асортиманот). Гуте Фрухте соковите се без конзерванси, без вештачки бои и ароми.


Капитал број 781 17.10.2014

52

www.kapital.mk

Политика

I kata ^ ti bez i l po riza ^ka k iti a l po e@in t пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

фотографија:

фотоархива на Капитал

Р

оковите за решавање на политичката криза во Македонија се приближуваат до нов „краj“, а леснотијата со која се пробиваат покажува дека нема доволно силен

Kako makedo stana irelev интерес или закана за власта и за опозицијата што би можеле да му дадат ургентност на процесот. Ако претходниот рок беше објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, сега тој е 10 ноември, до кога на опозициските пратеници во услови на бојкот може да им трае мандатот, а како краен „дед-лајн“ се смета декември, кога ќе заседава Советот на Европската унија. Од сценаријата за развој на ситуацијата, за граѓаните и за општеството најнепосакувано е она што би завршило со нови предвремени

избори кои не би смениле буквално ништо. Односот на силите меѓу власта и опозицијата, и во македонскиот и во албанскиот политички блок, е толку јасен, што дефинитивно е ред на оваа Влада да & се даде да го одработи мандатот докрај. Да видиме што може да направи за четири години, кога веќе тврди дека остварила и повеќе од ветеното и со претходните кабинети распуштани поради предвремени избори, најдоцна во третата година од мандатот. Во контекст, пак, на кризата, а во пресрет на Извештајот за напредокот на Македонија, медиумите возбудено


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

Политика

53

onskata politika evantna? известуваа и за напредокот во условите за продолжување на разговорите на преговарачките тимови на власта и на опозицијата. Неименувани партиски извори прво најавуваа дека тукушто не почнале преговорите - проблем било само барањето на опозицијата да стои оти механизмите за подобрување на изборниот процес ќе доведат до фер и демократски избори, што не било прифатливо за власта, зашто ваквата формулација значела дека претходните избори не биле фер и демократски. Истата вечер се состана Извршниот одбор на СДСМ, а партискиот лидер,

Зоран Заев, повторно според анонимни партиски извори, таму реферирал дека во дотогашната комуникација со ВМРО-ДПМНЕ (преку меѓународниот посредник), до 95 % било усогласена агендата за продолжување на преговорите, но работите запнале околу барањето техничка влада, без кое лидерот на социјалдеморатите не прифаќал преговори. Веќе следниот ден се виде дека формулациите се најмалиот проблем и оти преку ситничарењето околу нив се опструира обновувањето на преговорите. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека СДСМ „не

успева да ја види реалноста, но оти ја чекаат да се разбуди од филмот и од светот кој сама, заедно со луѓето кои ја советуваат и мотивираат, си го креира“, а социјалдемократите вратија оти власта ја „изгубила реалноста за тоа што е разумно и нормално“. Оттогаш придвижување нема, а при разгледувањето на сценаријата за понатамошен развој мора да се има предвид дека е јасно оти прифаќањето на барањето за техничка влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ не влегува во ниедна калкулација, макар и модифицирано според предлогот на


Капитал број 781 17.10.2014

54

www.kapital.mk

Политика

Тоа што на анкетите за рејтинг на политичките партии најбројни се оние кои не гласаат за никого или не знаат за кого да гласаат, е очигледно и од апатијата со која граѓаните „го следат" развојот на политичката криза меѓу власта и опозицијата. Сеедно им е дали опозицијата ќе се врати во Собранието, а уште помалку решение гледаат во нови предвремени избори. Во вакви услови, и при јасен однос на силите меѓу власта и опозицијата, се чини најдобро е оваа нова Влада од серијата на ВМРО-ДПМНЕ конечно да одработи еден мандат докрај. А СДСМ, додека ја чекаме да му дорасне на противникот, да престане да се однесува како незаменлива, „од Бога дадена" опозиција, и да остави простор за евентуалните други претенденти лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски (три месеци пред денот на изборите актуелните министри за внатрешни работи, за правда и за финансии, како и директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Бирото за јавна безбедност, да се заменат со експерти кои не се членови на политички партии, со мандат до завршување на изборите. Ова решение Георгиевски предлага да важи пред секои парламентарни избори). Сценариото кое предвидува среќен крај на евентуалните преговори и враќање на опозицијата предводена од СДСМ во Парламентот до 10 ноември

Арсим Зеколи

политички аналитичар:

то и да прави опозицијата понатаму, Ш освен ако не преземе некои драстични чекори со кои ќе ја анимира јавноста,

станува с$ поирелевантно дали ќе остане надвор или ќе се врати во Парламентот. Последните чекори, како тој со прославата во театарот, покажуваат дека опозициското дејствување е сведено само на вербализам. е скоро невозможно, зашто би значело целосен пораз за Заев - повторуваме, во среќен крај кој би значел прифатено барање за техничка влада не веруваат (веројатно) и најголемите оптимисти во опозициските редови. Друг можен развој на настаните би придвижило истекувањето на рокот по сила на Уставот - шест месеци, за важење на мандатите на опизициските пратеници кои биле толку време неоправдано отсутни од Собранието (а во меѓувреме земале добра пратеничка плата). На Заев ваквата варијанта му одговара, зашто би ја снемало заканата за нови кршења на опозицискиот бојкот. Тогаш, пак, власта би била ставена во ситуација да организира парцијални избори - варијанта што не & одговара на ВМРО-ДПМНЕ која нема ништо против опозицијата во Парламентот да е бессилна, но сака барем да биде автентична. Третото сценарио, кое барем според одредени аналитичари е најверојатно, предвидува враќање на дел од пратениците на опозицијата во Собранието, и формирање на нивна пратеничка група независна од волјата на Бихаќска. Под ваква закана Заев не би можел да чека да проработи стратегијата на СДСМ со четирите столба, туку би морал да оди со „поинаквиот начин“, кој ќе обелодени и причини за срам за Македонија, како што самиот рече во интервјуто за Радио Слободна Европа: „Тој поинаков начин е адресирање на одредени чувствителни работи во општеството кои оставаат една дебела срамна нишка врз Македонија направена од оваа власт, а ќе биде доволна причина власта да ги реши проблемите во државата“. Големо прашање е зошто Заев и досега не посегна по овој „џокер“, и дали не треба да биде предмет на интерес на Јавното обвинтелство тоа што тој крие докази за такво (не)дело сторено од власта од кое не само премиерот Никола Груевски, туку и целата нација би била засрамена? А според драматиката со која го најавува компроматот против Груевски, логично е да се очекува дека

по неговото објавување би следела оставка на премиерот и соодветен пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Како тогаш лидерот на СДСМ вели дека така ќе ја принуди оваа власт да ги решава проблемите? Зарем во таков случај не би требало тоа да биде сегашната опозиција, како нова власт? Како и да е, најопштото прашање што го поставуваат сите наведени сценарија е - ќе има ли нови предвремени избори? Зашто во ситуација кога Заев толку инсистира да ги делегитимира претходните избори (со оваа цел, на крајот на краиштата, опозицијата и го бојкотира Парламентот) на кои СДСМ претрпе висок пораз, логично би било да бара нови предвремени парламентарни избори. Но, тоа нему никако не му одговара, барем во догледно време, покажа и анкетата на Меѓународниот Републикански институт (ИРИ), на која предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ е 3:1. Овде се поставува прашањето колку е демократски во вакви услови СДСМ да го узурпира целиот опозициски простор, не оставајќи место за никого чие дејствување не се асоцира со неа? Ако „со оваа власт Македонија е во голема неволја“, како што соопштија од СДСМ на 11 октомври, има ли право оваа партија да бара сите да ја чекаме (а ја чекаме веќе многу долго) да му стане порамноправен противник на ВМРОДПМНЕ, само затоа што таа се доживува како единствена опозиција, со истата „од Бога даденост“ на која сметаше додека беше на власт?

Вистинското прашање е кон што партиите го водат општеството

На прашањето во кој правци може да се развива политичката криза, аналитичарот Арсим Зеколи одговара релативизирајќи го проблемот до степен на сеедност на можните решенија. „Бројките кажуваат многу сами по себе - над 40% од граѓаните не веруваат во ниту една политичка партија, што покажува дека што и да прави


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

Политика Владимир Божиновски политички аналитичар:

одека не се тргне предусловот за Д техничка влада, што едноставно го брка другиот кој треба да седне на преговарачката маса, ситуацијата ќе биде статус кво. Мислам дека и Заев сфаќа дека тој предуслов мора да го тргне, и оти сега главниот негов проблем е како да го повлече, а да не излезе поразен во целата ситуација. опозицијата понатаму, освен ако не преземе некои драстични чекори со кои ќе ја анимира јавноста, станува с$ поирелевантно дали ќе остане надвор или ќе се врати во Парламентот. Последните чекори, како тој со прославата во театарот, покажуваат дека опозициското дејствување е сведено само на вербализам, а тоа не гледам веќе дека некого може да го анимира“, вели Зеколи, кој, осврнувајќи се и на последните пораки од меѓународниот фактор, смета дека во ваква ситуација е смешно да се зборува за евроинтеграциите на Македонија и тоа да се врзува со политичиот контекст кај нас. Според него не е исклучено понатамошното продлабочување на кризата во општеството да резултира со посегнување по илегални средства на

политичка борба: „Кога ќе ги одземете сите инструменти на демократски текови и промени, кога немате Парламент, немате слободни медиуми, а имате девалвирани избори, тогаш вие ги присилувате опонентите да одат, така да кажеме, во илегала, и да наоѓаат понекогаш дури и подземни начини на изразување на своето незадоволство. Ние за тоа можеме да се чудиме, да паѓаме во несвест, да го осудуваме, но треба и да се запрашаме кон што нашите политички партии го водат ова општество? Она што сега се смета за неможно, многу наскоро може да стане многу возможно“, смета Зеколи. Политичкиот, пак, аналитичар, Владимир Божиновски, не гледа можност да се мрдне од мртвата точка до која стигна политичката криза, с$

55

дури Заев инсистира на прифаќање на барањето за техничка влада како услов за да продолжат преговорите барање кое како да го поставува само во својство на кочница за процесот. „Целата ситуација зависи од Заев. Додека не се тргне предусловот за техничка влада, што едноставно го брка другиот кој треба да седне на преговарачката маса, ситуацијата ќе биде статус кво. Притоа мислам дека се свесни и во СДСМ дека немаат поддршка од самите гласачи, и дека може да им се случи дел од пратениците, особено од помалите коалициски партнери, во услови кога подршка за барањето техничка влада нема ниту одвнатре, ниту однадвор, да се вратат во Собранието, по примерот на тројцата, и да се формира пратеничката група надвор од контролата на СДСМ. Мислам дека и Заев сфаќа дека тој предуслов (техничка влада) мора да го тргне, и оти сега главниот негов проблем е како да го повлече тој предуслов, а да не излезе поразен во целата ситуација“, вели Божиновски. На крајот, главната опасност е во тоа што на најголемите партии им одговара политичката апатија на граѓаните, поради која изборите ги одлучуваат догматски определените партиски активисти. А во социологијата е познато дека апатијата доведува до стагнација во развојот на кое и да е општество.


BIZNIS I POLITIKA

www.kapital.mk

„Svetskata vlada" doa\a vo regionot

Trilateralnata ko antiruskiot gard пишува:

Максим Ристески

М

maksim.risteski@kapital.mk

есецов „светската влада во сенка“ ќе се собере во регионов - во главниот град на Србија, Белград, од 31 октомври до 2 ноември ќе се одржи годишниот состанок на европската група

од Трилатералната комисија. Поканети се премиерот на Србија, Александар Вучиќ, и неговите министри, но и други лидери од западен Балкан. Засега нема информација дека Македонија ќе има свој претставник на настанот, но затоа таму ќе биде претседателката на Косово, Атифете Јахјага, која, како што соопшти нејзиниот портпарол, во Белград ќе отпатува по покана лично од претседателот на европската Трилатерала, Жан-Клод Трише. Токму доаѓањето на Јахјага е главна тема во

српскиот печат поврзана со претстојниот состанок на Трилатералната комисија, бидејќи станува збор за прва официјална посета на косовски функционер на Србија. „Оваа посета би била епохален исчекор во односите на Белград и на Приштина, и силна порака за стабилизацијата на регионот“, изјавил за српските медиуми извор близок до еврокомесарот за проширување, Штефан Филе. Со оглед на тоа што агендата на состанокот во Белград сеуште не е објавена, од пораката


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

57

Неслучајно лани е оформена српската група од Трилатералната комисија, а месецов во Белград ќе се одржи годишниот состанок на европските „трилатералци“. Организацијата која ги застапува интересите на САД, на западна Европа и на Јапонија, и (заедно со Билдерберг групата) ја нарекуваат „светска влада во сенка“, ги збива редовите во балканските држави желни за евроатланско интегрирање, за да го намали руското влијание во регионот во контекстот што го создаде украинската криза. Трилатералната комисија во Белград ја покани Јахјага за да го фокусира српскиот поглед кон Брисел, но засега нема информација дека на состанокот ќе има претставник и од Македонија, што значи оти ние и ако бидеме тема, и во оваа западна кампања можеме да се надеваме само на повторување на фразите од типот - Скопје и Атина треба да бидат конструктивни

komisija go kreva na Balkanot што Трилатералата ја испраќа со контекстот на поканата до Јахјага, може да се извлече претпоставка дека и евроатланските перспективи на Македонија и грчко-македонскиот спор за името ќе се најдат на дневниот ред. И шпекулациите се такви - дека во Белград ќе се разговара за регионот, но и за прашањето на еврото, за проблемите во Европската унија и за нејзините односи со светот. „Станува збор за размена на мислења која се одржува зад затворени врати. Членовите разгледуваат како

проблемите на глобално ниво влијаат на економските прилики, залагајќи се за нивна стабилизација“, изјави претседателот на српската група „трилатералци“, Јован Ковачиќ, во својство на домаќин, а во пресрет на состанокот што ќе се одржи во Белград. Инаку, Трилатералната комисија е во тесна врска со Билдерберг групата основана е од Дејвид Роквелер, кој е постојан член на Советодавното тело на Билдерберг. Последниот со години барал на Билдерберг конференциите

(кои се одржуваат еднаш годишно, секоја година од 1954) да се поканат и претставници од Јапонија, но економските успеси на „земјата каде што изгрева сонцето“ кои Роквелер ги имал предвид, „билдербергерите“ ги сфаќале поинаку од него, сметајќи ги како закана за интересите на САД и на Европа. Управниот одбор на групата никако не сакал да отстапи од својот атлантицизам, па, така, актуелниот патријарх на едно од најбогатите светски семејства, во 1973 година одлучил да ја


www.kapital.mk

BIZNIS I POLITIKA

Бугарската „трилатералка“ Цветелина Бориславова, беше дологодишна невенчана сопруга на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов основа Трилатералната комисија со цел промовирање на блиски односи меѓу САД, Европа и Јапонија (оттука и името на организацијата) - далекуисточната земја, која според Роквелер, станала трет центар на она што во неговите кругови се нарекува демократски капитализам. Ако Билдерберг и Трилатералата додека траеше Студената војна многу од својата енергија трошеа на Советскиот Сојуз, денес целосно се свртени кон ширење на либерализмот и на слободниот пазар, и варијантата на демократија што најмногу им одговара на овие две вредности. „Трилатералец“ како и „билдербергер“, се станува само по покана, а огранизацијата која на почетокот планирала трите региони чии интереси ги заштитува да бидат застапени со подеднаков број претставници, денеска има над 170 членови од Европа (највисока национална квота има Германија, претставена со 20 членови; Франција,

Обединетото Кралство и Италија со по 18, а Шпанија со 12; останатите се застапени со од 6 до 1 член), над 120 од Северна Америка (90 од САД, 24 од Канада, 13 од Мексико), и над 100 од пацифичко-азискиот регион (најбројни се Јапонците со 85 члена). За разлика од Билдерберг, Трилатералната комисија во своето членство не прима носители на функции во државните управи - ако некој нејзин член биде избран на ваква позиција, го напушта членството во организацијата. Но, на Трилатералата не & се неопходни актуелни функционери за да ја спроведува својата агенда. Зарем некој би го спорел влијанието на еден Збигњев Бжежински, кое тој го има и кога официјално не е на државна фукција? Американецот со полско потекло одиграл една од главните ролји во формирањето на Комисијата и бил нејзин директор од основањето до 1976 година. Неговиот излет надвор

од Трилатералата се должи на погоре споменатото правило, односно на тоа што станал советник за национална безбедност на САД во администрацијата на Џими Картер (во 1976 година, а кога Картер ја напуштил функцијата во 1981, истото го направил и Бжежински, и се вратил во организацијата). Интересно е што од Трилатералната комисија во истиот кабинет на високи позиции се преселиле и потпретседателот на САД, Волтер Мондејл, државниот секретар, Сајрус Венс (нам познат како посредник во преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот со името), неговиот заменик, Ворен Кристофер, министерот за одбрана, Харолд Браун, првиот човек на Федералните резерви, Пол Вокер, а нешто пониски функции во Белата куќа добиле и (исто така, „трилатералците“) Ричард Холбрук и Семјуел Хантингтон, авторот на „Судирот на цивилизациите“. Не е потребна голема имагинација за да се претпостави како им изгледа на


www.kapital.mk

љубителите на теориите на заговор вака високата концентрација на „трилатералци“ (најголем дел од нив се и „билдербергери“) во власта на најмоќната светска држава.

Интересна екипа од балкански „трилатералци“ Тајмингот кога Трилатералната комисија одлучи да се прошири со членови од Србија, од Хрватска и од Словенија, никако не изгледа случаен. Во овие балкански земји, иако и претходно имало соработка со Комисијата од страна на поединци-промотори на атлантизмот, официјални трилатерални групи беа оформени во 2013 и на почетокот на 2014 година. Во овој период конфронтацијата меѓу Западот и Русија, која зема залет со руско-кинеските ветоа на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации за странска воена интервенција во Сирија, се приближуваше до кулминација преку Евромајданот и Кримската криза во Украина. Балканот тогаш доби на значење како поприште на руско-западниот конфликт, во ситуација кога и Србија почна преговори со Европската унија, а Русија ја сметаше (Србија) за клучен дел од својата природна географска зона на влијание и на интерес (Словени, православни). Секако, ова е причината и што следниот состанок на европската Трилатерала ќе се одржи месецов во Белград две недели по посетата на рускиот претседател Владимир Путин. Во пресрет на оваа посета се огласи директорката на белградскиот Центар за евроатлански студии, Јелена Милиќ, со изјава што го потврдува погоре кажаното: „Главната цел на Русија е да го задуши процесот на евроинтеграции во Србија, во Босна и во Црна Гора. Русија ја провоцира Европската унија и настојува да увери дека европските интеграции не се толку популарни, како што некогаш биле во источна Европа“. Дека со вакви тези е формирана српската трилатерална група, тврди и професорот Ненад Ѓорѓевиќ (работел во Службата за државна безбедност на Србија и како професор на Криминалистичко-полициската академија во Белград). Според документацијата до која дошол, на состанокот на кој во Белград е формирана групата било побарано да се направи с$ за да се отежни продорот на Русија на Балканот. Се разговарало и за тоа како да се закочи проектот Јужен поток. Овде доаѓаме до поранешната министерка за енергетика на Србија, Зорана Михајловиќ, (во моментов е потпретседател на Владата и министер за градежништво, инфраструктура и сообраќај), која ја сомничеа дека го опструирала почетокот на изградбата на Јужен поток. Дел од српскиот печат токму во неа го пронајде неименуваниот „поединец од власта кој го кочи проектот“, а на кој се пожалил првиот човек на Гаспром, Алексеј Милер, на состанок со српската Влада во март 2013 година. Интересно е што Михалјовиќ е член на Советодавниот одбор на организацијата East West Bridge, чиј претседател, Јован Ковачиќ, претседава и со српската трилатерална група. Ковачиќ е поранешен известувач

Капитал број 781 17.10.2014

од воено-кризни региони за медиумските мрежи CNN, ABC, NPR, BBC, со американска диплома на магистер за комуникации и менаџмент во медиуми. И останатите два члена на српската група „трилатералци“ се од организацијата East West Bridge - Тахир Хасановиќ е нејзин извршен директор, а Дејан Новаковиќ копретседател - последниов е поранешен државен секретар во српското Министерство за енергетика; секако, од времето на Зорана Михајловиќ. Во Хрватска најголемо внимание предизвика поканата за членство во Трилатералната комисија на Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешната министерка за надворешни работи и за европски интеграции, поранешен амбасадор на Хрватска во САД, и денеска помошник на главниот секретар на НАТО за јавна дипломатија. Ласкавата покана за членство во Трилатералата ГрабарКитаровиќ ја објасни вака: „Моето име е предложено како некој кој е член на ХДЗ, и ги застапува конзервативните гледишта на десниот центар. Зошто конзервативниот глас не би требало да се чуе во либерално опкружување? Зарем мислите дека една конзервативна политичарка и државничка како Ангела Меркел би посветила неколку часа од своето драгоцено време за да одржи говор и да одговара на бројни прашања на состанок на Трилатералната комисија во Берлин, ако станува збор за опскурна организација?“. Боите на Хрватска меѓу „трилатералците“ ги бранат и најмоќниот и најбогатиот адвокат во земјата, Маријан Ханжековиќ, кој е и масон од највисок, 33 степен, и тоа во ценетиот Шкотски ред. Тројката Хрвати ја заокружува еден од најдолговечните банкарски шефови во Европа, Фрањо Луковиќ, кој цели 22 години беше претседател на Управата на Загребачка банка. Банкар е и единствениот словенечки член на Трилатералната комисија, поранешниот извршен директор на Нова Љубљанска банка (NLB), Марко Вољч. Многу е интересна ситуацијата со бугарските „трилатералци“. Првата од нив е Цветелина

59

Бориславова, поранешната долгогодишна невенчаната сопруга на поранешниот и (најверојатно) иден бугарски премиер, Бојко Борисов. Втората е Меглена Кунева, лидерката на партијата „Бугарија на граѓаните“ која е дел од Реформаторскиот блок - коалицијата која својата поддршка на идната влада на ГЕРБ ја услови со барањето Борисов да не биде премиер. Бориславова, инаку, е успешна бизнисжена и во различни својства е дел од повеќе компании, а најпозната е како главен акционер и претседател на Надзорниот одбор на Бугарскоамериканската кредитна банка. Кунева, пак, е поранешен министер за европски прашања на Бугарија и поранешен комесар на Европската комисија за заштита на правата на потрошувачите. Трет член на Трилатералата од Бугарија е поранешниот претседател на државата, Петар Стојанов, кој е дел и од Управниот одбор на погоре споменатата East West Bridge. Трилатералата во Грција ја чинат поранешниот грчки премиер (технократ, кој доби мандат за да ги исполни обврските на Грција од програмата за спас, финансирана од ЕУ и ММФ), потоа, Одисеас Кирјакопулос, поранешен претседател на Федерацијата на грчките индустрии, и Александра Папалексопулу, директор за стратешко планирање во Titan Cement Company (сопственик на скопската цементарница УСЈЕ).


ПОКАНА На 11 декември 2014 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 15. сесија на Клубот на истражувачи, каде што ќе бидат презентирани следниве трудови: XX „Индекси за мерење на финансиската стабилност“, автор: Елена Мучева-Михајловска; и XX „Пост-кризно забавување на кредитната активност во ЈИЕ - Враќање во нормала“ (Post Crisis Credit Slow-Down in SEE-Return to Normality), автори: Бранимир Јовановиќ, Егзона Хани и Љупка Георгиевска.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на 15. сесија на Клубот на истражувачи најдоцна до 9 декември 2014 година на тел. +389 2 3298110; и електронска пошта kontakt@kapital.com.mk. Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачи е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

59

"Milenium" e pretesen za qubitelite na germanskiot film

С

о премиерното издание на филмот ‘’Два живота’’ во петокот започна Фестивалот на новиот германски филм, традиционално во организација на германските институции Амбасадата на СР Германија и ПроКредит Банка. Без претенциозна помпа, но затоа со топлина која ве следи од влезот на киното Милениум, организатори кои срдечно Ве поздравуваат и се заедно со вас за да разменат збор два за очекувањата од овој фестивал, па се до фактот дека самите тие остануваат на нога, се чувствува дека е направено се за “неговото Височество Гледачот”. 80-тина гледачи навистина останаа без столче поради тоа што за првиот ден на Фестивалот, влезот е слободен и има промотивна функција, а и несомнено говори дека овој фестивал има веќе познат сензибилитет и верна публика. Како и секоја година, фестивалот ја задржа својата автентичност-затоа што во сите 10 години остана доследен да ги истакне карактеристиките на германската кинематографија: длабочина, простор за размислување, тематика од германското секојдневие, па и историја. Организаторите, ПроКредит Банка и

Со гладна публика за добар германски филм започна јубилејното 10 издание на Фестивалот на новиот Германски филм Амбасадата на СР Германија се горди со својот проект кој го негуваат од новороденче, се разви созреан 10 годишник кој е способен да го задоволи истенчениот вкус на македонскиот граѓанин. За таков фестивал потребни се германски карактеристики: долгорочно партнерство, професионализам, упорност, истрајност и јасен фокус. Ако ја проследите програмата од 14 филмови и изборот за самото свечено отворање чувствувате дека организаторите го отсликуваат германското потекло: скромни и фокусирани да понудат загарантиран квалитет и нешто поинакво, за кое несомнено има публика во Македонија. Амбасадорката на СР Германија, д-р Кристине Алтхаузер, во своето кратко обраќање го искажа своето задоволство

од посетеноста на фестивалот и задоволна го отвори јубилејното 10. издание на Фестивалот на Новиот германски филм. ‘’Уште од самите почетоци на фестивалот, верувавме во квалитетот на германската кинематографија. Затоа како единствена германска банка во Македонија 10 години сме организатори на овој фестивал и верен партнер на германската култура”, изјавија од ПроКредит Банка. По најавата дека треба да се живее премиерно, бидејќи животот нема реприза, премиерно се прикажа наградуваниот филм “Два животи”. И овој пат, организаторите направиле одличен избор, претставувајќи една драма од времето на функционирањето на шпионската служба на Западна Германија - Штаси. Земајќи туѓ идентитет, една од активистките на службата ја гради својата лична среќа и новиот живот, кој во еден момент се руши како кула од карти, бидејќи се излегува на површина. Фестивалот продолжува во кино Фросина до 16 октомври, а и во останатите 9 града (Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Штип, Велес, Куманово).


Капитал број 781 17.10.2014

62

www.kapital.mk

на руЧек со...

Владимир Четкар

џез- музичар

Najgolema satisfa e koga na tvoite id ti ]e im stane[ id


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

на руЧек со...

63

Нашето мени Од богатото мени на ресторанот Арабеска се одлучивме за Шеф салата и рижото.

akcija doli dol!

Со светски реномираниот џез музичар, Владимир Четкар, разговараме во време кога неговиот втор албум „Heavenly” доживеа огромен успех насекаде во светот. Освен за тоа што значи да се биде џезмузичар, со Четкар разговаравме и за џез сцената во Македонија, за музиката воопшто како и за неговите планови во иднина. А ако сте сметале дека џезот е снобовска музика, ритам кој е повеќе депресивен и меланхоличен, Четкар ќе ви го докаже спротивното. пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk фотографија:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Д

околку не ја знаете големината која тој ја преставува, артист кој настапува на една од најдобрите сцени за џез музика главно во Њујорк, но и секаде во светот, воопшто нема да претпоставите дека спроти вас седи славна личност од светски размери. Кога разговарате со светски реномираниот џез – музичар, Владимир Четкар, имате чувство дека разговарате со пријател кој долго време го познавате. Со Четкар зборуваме во момент кога неговиот втор албум “Heavenly” доживеа огромен успех во Јапонија, а истоимената песна од овој албум е веќе вистински хит по радио- станиците во Унгарија, Мексико... Критиките се дури и повеќе од позитивни. „ Некои од моите најголеми идоли, сега јавно изјавија дека јас сум нивен идол. Тоа е најголема потврда за тоа што го правам. Од тие што учев, сега тие ме фалат и ми пишуваат критики. Има ли поголема сатисфакција од тоа? Тоа вреди многу. Многу повеќе од пари“, низ насмевка вели Четкар. За разлика од останатите музичари, Четкар е артист кој не им подлегнува

на трендовите. Насочен е најмногу на квалитетот и стилот кој тој го работи. “Трендот постојано се менува. Затоа јас сакам стил. Како што рекол и самиот Ив Сент Лорен – само стилот е вечен. Јас верувам во истата мантра“, објаснува Четкар.

Со книги од Холандија учев сам да свирам џез

Иако денес важи за врвен гитарист, како дете Четкар свирел виолина. Веројатно поради фактот што и неговата мајка свирела на овој инструмент. Но, како што и самиот раскажува, старата гитара која со години стоела во ќошот во нивниот дом, отсекогаш му го привлекувала вниманието. Имал само пет години кога ја земал во своите раце, трудејќи се да отсвири песна од филмот на Роман Полански, Балот на вампирите, која му оставила силен впечаток . „Гледав филм од Роман Полански, Балот на вампирите. Имаше „саундтрак“, кој ми се свиѓаше многу. Пробав да го отсвирам на гитарата и успеав во тоа. Тоа ме заинтересира. Тогаш имав пет години“, раскажува тој. Посериозно со изучување на гитара почнал во средношколските денови, кога и свирел во некои бендови. Иако денес е познат џез- гитарист, во почетоците и Четкар бил под влијание на светски познатите гитаристи и музичари како Лени Кравитц и Џими Хендрикс. Но, за кратко. Веќе во втора година гимназија почнува да се интересира за џезот. „Тогаш почнав да слушам малку поинаква музика. Пред тоа слушав Стиви Вондер, Крусејдерс, Кул анд д генг. Тоа ми беа омилени бендови. Меѓи нив беше


Капитал број 781 17.10.2014

64

www.kapital.mk

на руЧек со...

и Џорџ Бенсон и тој ме насочи повеќе во џез музиката. Никогаш не слушав многу рок гитаристи, што беше типично во тоа време. Повеќе сакав џез. Но, во тој момент немаше никој да ме научи дека станува збор за посебна мајсторија. Огромната страст која ја негував кон оваа музика ме натера да нарачам книги од Холандија, и сам да учам“, објаснува Четкар. Иако денес актуелен тренд е младите се почесто да се иселуваат со цел да бараат подобри животни услови, сепак Четкар не бил под влијание на таквата мантра. Заминал во Америка само поради тоа што ниту во Македонија, ниту пак во регионот, немало Џез Академија каде ќе може да го изучува тоа што го сака. Дури и ден денес, речиси две децении подоцна, откако заминува за САД, тој поседува само еден пасош- македонскиот, а низ светот патува со виза за артисти. И покрај тоа што со години веќе живее во Америка, нема „грин карта“, ниту, пак, размислува за американски пасош. Не чувствува ниту притисок да го промени своето име, како што е случај со многу наши иселеници, со цел полесно да се вклопат во странство, и е горд на фактот што е Македонец и што преку својата музика, освен што се преставува самиот себе, ја преставува и Македонија.

Од врата на врата, патот до успехот го градев сам

Во последната година од средното училиште, Четкар аплицирал на Џез Академијата во Ротердам, Холандија. Станува збор за сестринска школа на Беркли Џез Академијата во Бостон. Но, без да знае брат му пуштил апликација во име на Четкар и на Беркли Акдемијата во Бостон. Во моментот кога тргнал за Скопје да вади студентска виза, стигнала поканата од Беркли за

аудиција во Италија. „Тоа беше најблиската дестинација каде можев да одам на аудиција. Тоа беше време без мобилни телефони, интернетот уште беше во зачеток. Мејл уште никој не користеше. Во тоа време беше многу потешко да заминеш некаде. Сега тоа е доста олеснето. Тоа за мене беше голем чекор, на неполни 18 години да заминам на аудиција во Италија. Бев во Италија, ме примија, добив половична стипендија и потоа заминав во Бостон. Тоа беше септември 1996“, се присетува Четкар. Неговата авантура во Америка, почнува уште на самиот аеродром. По слетувањето, Четкар сфатил дека куферите му се изгубени, па така, само со својата гитара се упатува во студентскиот дом каде требало да се смести. Првата слика таму била доста непријатна, зошто својата соба морал да ја дели со наркоман. Но полека се привикнува на условите и се посветува на она што најмногу го сака- гитарата. Вели дека наставата биле доста напорна и тешка. Со денови не спиел за да научи дел од предметите кои биле потешки. А освен наставата, по часовите секој ден Факултетот организирал и практична настава, во која особено уживал. „Имаше клубови кои соработуваа со Беркли каде студентите имаа право да настапуваат. Имавме многу интересна концепција, која е непозната за овие наши простори. Таму со професорот си како со другар. Нема персирање, а и не сакаат титули. Кај нас сите сакаат титули. Дури и на гроб си ги пишуваат. Таму факултетите нудат одлични услови за практична настава. Тие ти ги нудат истите услови со кои ќе се соочите после факултетските денови, како кога би работеле во студио“, раскажува Четкар. Но, потрагата по работа, вели Четкар секаде е тешка задача. Патот до успехот

го градиш сам. Мораш сам да тропаш од врата на врата, за да најдеш место каде ќе можеш да настапиш. Ќе добиеш 1000 не и едно да. Професорите помагаат многу, но по завршувањето тие те чувствуваат како конкуренција. Идолите ти стануваат конкуренција. Тие што си ги слушал и си учел од нив, потоа треба да делиш иста сцена со нив. Секако тоа е голема чест, но во моментот тој е конкуренција оти ти живееш од продажба на карти, како и тој. А конкуренцијата е неверојатна и мора постојано да си добар, и не можеш да се опуштиш во ниту еден момент.

Џезерите ја имаат таа мана да бидат снобови! Тоа е погрешно

Првиот настап во Бостон, Четкар го има во склоп на колеџот. Вели дека тогаш имал многу трема. Таа со тек на времето се намалила, но дури и до ден денес е присутна. „Тремата мора да ја имаш, оти без трема значи дека ти е сеедно и дека ништо нема да дадеш од себе за време на свирењето“, вели Четкар. Во Македонија, пак, првата свирка ја имал во „Џез Ин“ во Охрид. Меѓу Америка и Македонија, повеќе трема чувствува во Америка. „ Не знам зошто викаат дека дома е најтешко да се настапува. Кај мене е обратно. Тука ги гледаш пријателите во публика, фамилијата. Многу е порелаксирано. Во Њујорк, свириш на пример после Пат Метени, а тие што го слушале Метени очекуваат стандард како тој на Матени. И тука е тремата“, вели тој и додава: во Њујорк е цел свет. Њујорк не е Америка. Тоа е вистински светска сцена. Во самата публика имаш луѓе од минимум 20 различни држави. А и кога ќе свириш не знаеш кој се може да те слушне. Дали ќе добиеш рецензија утре дента или не, никогаш не можеш да знаеш. Треба да имаш

Лакомоста денес е најлошата болест

И

ако многумина џезот го доживуваат како страна музика, нешто што потсетува на меланхолија и депресија, Четкар вели дека сепак својата инспирација ја црпи само од среќните моменти и она што го прави да се чувствува убаво и позитивно. „Инспирацијата ја барам во моментите кога сум релаксиран, кога се чувствува најубаво. Кога ми е пријатно. Затоа и првиот албум се вика „We will never end”. Зошто ние како луѓе не сме програмирани да размислуваме дека нешто ќе заврши. Постојано мислиме што е следно. Тоа ми е инспирација. Сакам да ги славам убавите и среќни моменти. Тажните моменти никогаш не ми се инспирација. Тоа никогаш нема да го правам, се надевам“, вели тој. Според него секојдневието е се повеќе опкружено со меланхолија. Токму поради тоа, смета Четкар, фали позитивна музика. А денес, вели тој, се помалку се внесува љубов во работата. „ Денес е многу лесно да се уништи атмосферата. Тешката задача е да му направиш на човек да се чувствува добро. Заборавивме да се смееме. А со една насмевка луѓето подобро се чувствуваат. Лакомоста денес е најлошата болест. Желбата да се уништат сите околу тебе, со цел да се постигне успех“. Разговаравме и за силното влијание на турбофолкот, особено присутен меѓу младите. Иако не сака да критикува ниту еден жанр, сепак вели Четкар дека со турбофолкот се губат рецепторите за финост и за квалитет. Затоа препорачува, оние што слушаат турбофолк, паралелно да слушаат барем и друг вид на музика.


www.kapital.mk

Капитал број 781 17.10.2014

на руЧек со...

страшна енергија, вели тој. Во однос на џез сцената во Македонија, тој вели дека таа треба да биде поотворена. „Секако и пристапот треба да се промени. Не треба да си сноб. Обично џезерите ја имаат таа манатие се снобови. Многу сакаат да ги потценуваат другите жанрови што не е во ред. Јас го почитувам секој жанр. Потребна е искреност со публиката. Дури и ако никогаш не слушала џез, а настапиш со многу љубов и енергија, публиката ќе го осети тоа, и ќе створи љубов кон овој правец на музика. Тоа е всушност задача на секој уметник. Јас кога успевам да го направат тоа сум најсреќен“, вели Четкар. Освен во Македонија и Америка, Четкар е популарен и настапува и во многу други држави низ светот. Меѓу по омилените сцени, му е џез сцената во Лондон. Но сепак, вели, убавината при настапите најмногу му ја прави публиката. Италија, Унгарија, Австрија, Гватемала, Панама, Централна Америка, Бразил, Мексико, се само дел од државите каде патува и има свои настапи. Но, освен веќе споменатите земји, Четкар го освојува и далечниот Исток. Својот втор албум го работел во Јапонија, каде се направени преку 20.000 копии од неговото „ЦД“ кои физички се продаваат насекаде низ

земјата. Следи промоцијата во Тајланд и Тајван, а наскоро и во Кина. „Интересно е што Јапонија, иако е технолошки најнапредна, таму без физичко „ЦД“ исто како да не си направил промоција или албум. Тие сакаа да имаат физичко „ЦД“ и потпис на истото. Со оглед на тоа дека Јапонците се најбројни туристи во Њујорк, кога свирам таму многумина од нив доаѓаат и бараат автограм од мене“, вели тој. Четкар позади себе има оставено два албума. Само подготовката на последниот албум траела три години. Вели секогаш се труди да направи софистициран производ кој пред се ќе понуди квалитет, а не квантитет. Неговиот начин на работа е доста поразличен од она што денес масовно се прави. Во време на развиена технологија, многу од музиката се прави инстантно, компјутерски. Но, тој не е фан, на како што вели оваа „фаст фуд“ музика. Напротив сака на секој свој продукт да остави парче душа. „Тешко оди подготовката на албумот, зошто снимам исклучиво со живи инструменти. Сам го аранжирам албумот, сам сум композитор, диригент, вокалист, пратечките вокали сам ги пеам, текстовите сам ги пишувам. Но, и многу музичари се инволвирани, со разни секции. Тоа е многу скап

65

проект. Се е снимано со топ музичари, продуценти. Сакам да се соживеам со продуктот. Сакам да ставам парче душа на албумот. Инаку да снимаш албум преку авто - пилот е многу лесно. Но, тоа е безначајно. Ако немате емоција, тогаш тој продукт е ништо. Вака се работело во време на 70-тите години. Со многу страст, емоција. Денес веќе никој вака не работи. Никој не сака да се мачи. Но звукот е различен. Па така на крај тоа е квалитетот што јас го носам. Јас сум малцинство, денес се повеќе луѓе полесно сакаат да ја завршат работата“, вели тој. По настапот во Скопје, заминува во Њујорк каде ќе има турнеја за албумот. Потоа се враќа во Европа со турнеи низ Австрија, Германија и Швајцарија. По овие настапи повторно се враќа во Македонија. На долг рок, останува со музиката. „Сакам што повеќе луѓе да го запознаат овој звук. Да се направи повеќе дистрибуција на албумот. Сакам да се побие митот дека таква музика ние во Македонија не знаеме да ја правиме“. Во слободно време сака да вози велосипед, да спортува, оди на фитнес и на пливање. За сега не размислува да се врати во Македонија. „Годишно во Македонија сум 4-5 месеци. Ова формула засега ми е единствена и најуспешна“, вели тој.


66

Капитал број 781 17.10.2014

светот на виното

Сателитите и беспилотните летала (дронови), с$ почесто се користат во лозарството. Најзначајни корисници засега се познатите вински куќи од Бордо

НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА ВО ВИНАРСТВОТО

Bespilotni letala vo slu@ba na enologijata

S

ателитите, а сега и беспилотните летала (дронови) стануваат неопходно помагало за лозарите. Тие помагаат да се формираат карти кои ги откриваат процесите во листот на лозата кои се прецизни индикатори за состојбата на родот. Овие податоци се од голема корист за лозарите и според нив се управува фертилизацијата на пролет, одржувањето на теренот во зима и на крајот го одредуваат почетокот на реколтата на есен. Претходно, вакви податоци се собирале со хеликоптери, но тоа се поакажало како мошне скапо и комплицирано. Потоа се определиле за сателитски снимки што овозможува да се одредат работите во насадите зимно време, да се одредува кастрење, особено кога лозјата претходно давале слаби резултати. Сателитите Спот 5 и Формосат 2 се способни да прават инфрацрвени слики, но можат да функционираат само кога нема облаци и кога видливоста е потполна. Овој сателитски систем на групацијата ЕАДС (Европска аеронаутичка одбранбена и вселенска компанија) функционира веќе четири години и соработува со Задружниот институт за вино кој пак им дава услуги на лозарите и винарите. Овој сателитски систем на ЕАДС се користи уште од 1996 година и дава податоци за одгледувачите на житните култури.

Беспилотните летала се покажале многу поедноставни и уште попрецизни. И тие исто така прават инфрацрвени клишеа. Со нив се создаваат карти кои говорат за состојбата и силината на лозата и родот. Еден од познатите винари кои користат дронови е прочуениот Бернар Магрез, човекот кој поседува 40 шатоа (винарници) во Бордо. На неговите имоти се користат дронови со четири елиси, кои носат фото апарат и со него се бележат сите податоци за секој дел од лозјата, така што во секое време се добиваат податоци за состојбата на секој сегмент од лозјата. Магрез е првиот кој обезбедил и свое сопствено беспилотно летало, кое собира податоци од 4 негови најдобри поседи. Дронот е наречен “Кон извонредното”. Инфрацрвената карта од која се прават соодветни клишеа, помага да се одреди оптималната зрелост на грозјето на секој дел од лозјето и со тоа да се одреди најповолниот термин за берба. Ако се добие податок дека еден крај од набљудуваната парцела е со помала зрелост, односно дека грозјето се уште не дозреало, веднаш се бере, за да не се помеша со зрелото грозје од останатиот дел на лозјето. Зошто? Доколку, на пример, тој дел лозјето има недостаток од вода, грозјето се “успива” и зреењето запира. Затоа се собира веднаш, за киселините во останатиот дел да не “паднат” и сокот од грозјето да добие несакани

вкусови, односно да биде како “сварен”. Во минатото, кога така се случувало, недозреаното грозје се мешало со останатото што, пак, се одразувало на квалитетот на целото вино. Потребно е парцелите од каде што се добиваат врвни вина да се одржат што е можно похомогени и ферментацијата во садовите да се одвива на начинот на кој е одреден за севкупноста на таа парцела. Ова е особено важно кога се работи за оние вина кои се асамблажи од повеќе видови, добиени од повеќе парцели. Сепак, дроновите не можат се да сторат, признаваат лозарите кои ги користат овие летала. Затоа, лабораториските анализи за киселоста, шеќерноста и концентрацијата на фенолите, како и дегустацијата на грозјето на лице место, во лозјето, остануваат како многу важни за целата слика на состојбата на лозјето и грозјето. Затоа, пак, податоците за бербата кои се собираат од леталата во текот на целата година дозволуваат да се одреди секојдневната активност во лозјето, затоа што со картите добиени од леталата се покриваат сите важни точки од процесите во него, што не би било можно доколку тоа се прави без нив. Гледано од небо, полесно е да се утврди целината на состојбите, затоа што се добиваат податоци за секој сегмент на лозјето посебно и се детектираат разликите во секој поглед. Со тоа се постигнува голема прецизност.

Трендови

Кина пие помалку скапи вина

В

о Кина се води кампања против претераниот луксуз и екстраваганција во сите домени. Властите меѓу другото донеле прописи и препораки според кои некои од најпопуланите луксузни производи, омилени кај кинеската висока класа, серизоно се доведуваат во прашање. На овој список се најде и францускиот коњак и најскапите вина од Бордо. Па така, овие два француски извозни артикли во првиот квартал од оваа година бележат сериозен пад. Кај виното тој пад изнесува повеќе од 7%, кај коњакот падот е за 12%. Единствено се “држи” шампањското кое дури има и пораст во увозот во Кина од 6%. Во последните пет години, побарувачката на вино и алкохол во

Кина е зголемена за 168%. Минатата година, на пример, Франција извезла вино и жестоки пијалоци во вредност поголема од 11 милијарди евра. Независно од забраните и на кинескиот пазар се случуваат промени. Така, сега и средната класа го открива виното и се разбира нив не им се достапни фамозните марки кои чинат по сто или двесте долари за шише. Затоа во Кина се настојува да се понудат поскромни вина, но со висок квалитет. Кинезите кои со години беа фиксирани на француските вина, сега се свртуваат и кон вината од други земји.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.