cover story
Zo[to makedonskite biznismeni odat da pravat biznis vo Srbija?!
exclusive
Gunter Otendorfer
главен технички директор на Телеком Австрија
Korisnicite gi sakaat najinovativnite operatori
politika Zo[to Ahmeti ne spie mirno, iako Arifi ne mo@e da napravi „DUI Narodna”?
број 789 цена 100 ден. | 12 декември, 2014, петок | година 16
www.kapital.mk
МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА
INTERVIEW
Diomidis Nikoletopulus генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје
Stopanska banka AD Skopje
70
godini brend na va[a strana
4
Капитал број 789 12.12.2014
содржина 05 КапиталНО Биљана Здравковска Стојчевска Ниско летање
12 cover story
Капитал истражува: Зошто македонските бизнисмени одат да прават бизнис во Србија?!
14 интервју
Диомидис Николетопулус, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје Стопанска банка АД Скопје- 70 години бренд на ваша страна
www.kapital.mk
Издвојуваме 22 интервју
Гунтер Отендорфер главен технички директор на Телеком Австрија Корисниците ги сакаат најиновативните оператори
24 Специјален прилог
станбени кредити Станбените кредити најевтини досега Градежниците се надеваат да продадат повеќе станови
26 анализа
Капитал истражување Од кого државата купува најмногу компјутери и софтвери?
Преселби на север
Информацијата дека македонски фирми се селат во Србија можеби звучи нелогично, со оглед на фактот дека Македонија, а не Србија е земја која во секое истражување се фали за реформите за полесно водење бизнис и за ниските даноци. Капитал направи истражување кај повеќе македонски фирми и информациите не само што се потврдуваат, туку се очекува во иднина засилување на овој тренд. Што е тоа што домашните бизнисмени да си заминат од Македонија и да прават бизнис во Србија? XX Стр. 10
18 Инфраструктура
Kинезите ќе градат супер брза пруга помеѓу Солун и Будимпешта Инфраструктурна револуција, кинеска доминација или научна фантастика
10
Брза пруга
Kинеско-централно и источно европскиот Самит кој на 16 декември ќе се одржи во Белград се очекува да биде почеток на финализацијата на договорот за изградба на брза железница помеѓу Будимпешта и Атина. Неофицијално и Македонија е сериозно заинтересирана да се вклучи во овој проект кој ќе ги поврзува Будимпешта и Белград со Солун и Атина, токму преку Скопје. XX Стр. 18
36 политика
Партијата од Мала Речица со внатрешни прегрупирања Зошто Ахмети не спие мирно, иако Арифи не може да направи „ДУИ Народна“?
40 балкан бизнис и политика
Со Русија не се караме, но во ЕУ сакаме Дали Балканот ќе биде следниот мегдан на Западот и Русија
42 на ручек со...
Драган Мијалковски музичка легенда Хуманоста секогаш се исплатува
Moжна ли е “ДУИ Народна“? Дали Теута Арифи којашто важеше за битна и маркантна фигура во партијата но и воопшто на политичката сцена ќе може да се наметне како алтернатива на лидерот Ахмети, како што најавува? И дали таа планира тоа да го стори преку внатрешно „опозициско дејствување“ или можеби формирање на нова партија? XX Стр. 36
Квадрати
Каматната стапка на станбените кредити се спушти до историски најниските 2,9%, а компаниите што градат станови се надеваат дека тоа ќе ја зголеми побарувачката, големиот вишок станови на пазарот ќе се расчисти, а цената на станбениот квадрат ќе остане стабилна. Капитал разговараше со домашните банкари и бизнисмени што градат станови околу тоа кои се реалните можности за раст на пазарот, со оглед дека на побарувачката не влијаат само каматите на станбените кредити, туку и други фактори. XX Стр. 24
46 Специјален прилог здравје Капитал ве советува Кои превентивни прегледи мора да ги направите во „доцните, млади“ години? 100% поддршка во битката со ракот на дојка
58 светот на виното
ПОЗНАТИ ВИНА Брунело ди Монталчино
24
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 11.12.2014
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
КапиталНО
5
Ниско летање Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Se ~ini deka nitu edna reforma vo sebe nema dovolno iskrenost da dojde do kvalitetot ili ona najdobroto vo sekoja oblast. I zaradi toa vo Makedonija ne mo`e da dojde do izraz kvalitetot. Kriteriumite se postaveni mnogu nisko, za da mo`e da nadvladee nekvalitetot. Za da ne se dozvoli kvalitetot da se izdvoi visoko od ona {to ne e kvalitet. I zatoa sme vo vakva agonija tolku dolgo vreme. Se ma~ime da izgradime sistem koj }e mo`e da isfrli kvaliteten proizvod, bilo da e toa vo biznisot, naukata, umetnosta, sportot...Kako mo`e da se o~ekuva kompaniite da se razvivaat, da proizveduvaat i izvezuvaat brendovi, ako se nosat merki i politiki bez prethodno da se pra{aat {to im e potrebno za da se razvivaat? Toa e sostojba na nisko letawe. No, ne treba da se zaboravi deka koga lastovicite letaat mnogu nisko zna~i deka doa|a nevreme.
И
лјадници студенти излегоа јавно да го кажат своето несогласување со воведувањето на „екстерно образование“ или „државен испит“ со кој треба да се провери нивното знаење. Прилично јасно кажаа дека тие не се виновни за лошите состојби во образованието. Ниту, пак, се виновни за фактичката ситуација, односно како што се изрази министерот за образование, за јавната тајна дека во Македонија се купуваат дипломи. Оваа “искривоколчена вредност” во нашата држава не се решава со тоа што ќе се “казнат” сите студенти и со тоа што ќe се воведат уште два испита. Ако треба да се бараат виновници, тие секако треба да се бараат во редот на оние кои ја управувале или не ја управувале политиката во образованието. Студентите учеле според програми и онолку колку што се барало од нив. Положувале испити според критериуми кои им биле зададени. И не може да бидат казнети заради претпоставено незнаење. Дури и ако не знаат, вината не е нивна. Туку на оној кој дозволувал во високото образование да се толерира незнаење. Премногу долго во Македонија трае ситуацијата во која на кој како ќе му текне си воведува или менува програми во образованието, а отпосле само да се констатира дека нема знаење. И за тоа никој да не биде одговорен. Ако треба да се извлече некој општ заклучок или порака од овие протести тие се сведуваат на тоа дека на македонското образование му е потребна голема реформа и уште една многу поважна дека големи реформи не можат да се прават без да се обезбеди поддршка од оние на кои се однесуваат реформите. Оваа реформа која власта ја
најавува во високото образованието не може успешно да се спроведе ако во неа не се вклучени луѓе и експерти кои ги знаат работите, но и луѓе кои треба секојдневно да ја реализираат таа реформа. Недозволиво е професорите и студентите да бидат оставени настрана во реформите кои се однесуваат на високото образование. Во Македонија во изминативе години стана пракса да се почнуваат реформи во кои не се вклучува никаква експертска јавност и без никому да му е грижа дали тие реформи имаат поддршка кај оние на кои се однесуваат. Реформите во здравството се почнуваат без да се вклучат или консултираат лекарите, реформи во бизнисот се прават без да се обезбеди поддршка од бизнисмените, на судиите реформски им се наложува како треба да судат... Се чини дека ниту една реформа во себе нема доволно искреност да дојде до квалитетот или она најдоброто во секоја област. И заради тоа во Македонија не може да дојде до израз квалитетот. Критериумите се поставени многу ниско, за да може да надвладее неквалитетот. За да не се дозволи квалитетот да се издвои високо од она што не е квалитет. И затоа сме во ваква агонија толку долго време. Се мачиме да изградиме систем кој ќе може да исфрли квалитетен производ, било да е тоа во бизнисот, науката, уметноста, спортот...Како може да се очекува компаниите да се развиваат, да произведуваат и извезуваат брендови, ако се носат мерки и политики без претходно да се прашаат што им е потребно за да се развиваат? Тоа е состојба на ниско летање. Но, не треба да се заборави дека кога ластовиците летаат многу ниско значи дека доаѓа невреме.
Капитал број 789 12.12.2014
6
www.kapital.mk
НАВИГАТОР ИЗЈАВА НА неделата
> БРОЈКА
1,94
милијарди долари изнесува трговскиот дефицит за првите десет месеци од 2014 година
Фатмир Бесими вицепремиер
победник на неделата
Ангела Меркел
+
Ѕвездата на Ангела Меркел свети посјајно од кога и да е, иако веќе над девет години се троши на неблагодарната канцеларска функција. Реизборот на Меркел за претседател на германските демохристијани (CDU) беше чиста формалност - прашањето беше само дали ќе го подобри резултатот од пред две години, кога освои 97,9% од гласовите на делегатите за избор на претседател на партијата. Поради огромната популарност во рамките на десницата, но, и пошироко меѓу гласачите (последните анкети покажуваат задоволство кај високи 67% од Германците од работата на канцеларката), некои аналитичари дури прогнозираа дека таа ќе го повтори досега неповторениот резултат на првиот канцелар на Сојузна република Германија, Конрад Аденауер, со добивање на 100% од гласовите на конгресот во Келн. Весникот Билд пишува дека и покрај трите мандати по ред, 56% од Германците сакаат да ја видат Меркел и по четврти пат на чело на својата влада. Се чини, за актуелната канцеларка, ќе нема достоен противник и на парламентарните избори закажани за 2017 година. Во вакви околности американски „Форбс“ четврта година по ред ја прогласува Меркел за најмоќна жена на светот, „помоќна од мажите кои владееле пред неа - од Аденауер до Шредер“, а и „Њујоркер“ и „Венити фер“ без задршка се воодушевуваат од неа.
За земјите кои ја подржуваат Република Македонија во евроинтегративнот процес, декемврискиот самит на Европскиот совет претставува одлична можност за да ја изразат нивната подршка па на Македонија да и се даде зелено светло за започнување со преговори
Спојувањето на ВИП и ОНЕ
З
а две до три недели ќе се знае дали мобилниот оператор ВИП ќе се спои со конкурентот ОНЕ. Во моментов, иако Телеком Австрија го купи ОНЕ, до Комисијата за заштита на конкурентноста нема доставено барање за спојување, бидејќи не е завршена длабинската проценка на компанијата. Според генералниот директор на ВИП Никола Љушев штом тие резултати ќе бидат познати ќе биде позната одлуката за продолжување понатаму.
Масовен протест против воведување на државен
Ќе попушти ли Влада под притисокот на ст
Н
е марширам против вас, марширам против вашите мерки“, „Прочитајте го Уставот“, „Денес овде држам час“ ... беа само дел од паролите со кои неколку илјади студенти, поддржани од своите родители, пријатели и дел од универзитетските професори, го одржаа вториот студентски марш, откако владата најави воведување на државен испит за студентите кои ја завршуваат втора и четврта година од студиите со цел проверка на нивното знаење. Сигурно не му е лесно на министерот за образование деновиве, додека неколку илјадници студенти
Што бараат студентите? XX Разговор за позитивни реформи XX Место државен испит, разгледување на акредитациите што им се дадени на универзитетите XX Разгледување на студентските програми XX рангирање протестираат против реформата за „екстерно образование“ или „државен испит“, штом дава изјави дека не ги разбира ниту демонстрантите, ниту причината за
www.kapital.mk
Е се уште чека одобрување „Во тој момент ќе биде формално информирана Комисијата за заштита на конкуренцијата преку достава на документ, нотификација со која ќе се бара одобрување од регулаторните органи. Тоа не е случено во моментов, формална нотификација до Комисијата за заштита на конкурентноста не е доставена“, вели Љушев. Официјално е најавено и дека ако дојде до спојување со ОНЕ, ВИП нема да се откаже од кабелскиот оператор „Близу“ кој исто така е во сопственост на Телеком Австрија.
Капитал број 789 12.12.2014
НАВИГАТОР
ата тудентите? Неколку илјади студенти излегоа на вториот протест против воведувањето на државен испит за студентите кои ја завршуваат втора и четврта година од студиите со цел проверка на нивното знаење и јасно ги презентираа своите барања. Студентскиот пленум бара наместо државен испит, разгледување на акредитациите што им се дадени на универзитетите и студентските програми и ако тие не се добри, да се укинат. нивното незадоволство. „Не ми е јасно зошто студентите протестираат“, беше ставот на министерот непосредно пред новиот втор марш на студентите. Сепак, академските граѓани на протестот прилично јасно и гласно кажаа зошто протестираат и кои се нивните барања. „Ние сме подготвени да разговараме за позитивни реформи. Пленумот бара наместо државен испит, разгледување на акредитациите што им се дадени на универзитетите и студентските програми и ако тие не се добри, да се укинат. Кога министер излегува со изјава дека јавна тајна е дека во Македонија се купуваат дипломи, вината е нивна и тие треба да ги разгледаат лошите одлуки што ги донеле. Со колективна казна не можеме да направиме позитивни промени во образованието“, изјави Анастасија Петреска од Студентскиот пленум. До затварање на весникот, ниту од Министерството за образование, ниту пак од Владата, немаше реакции на протестите на студентите.
мисла на неделата
> БРОЈКА
241
одобрение за градење се издадени во октомври годинава, што е за 63,9 % повеќе во однос на лани
лидери
н испит
7
Ако немаш многу капитал, тогаш не мораш да работиш многу за него да го одржиш. Затоа посиромашните луѓе имаат повеќе време за себе
Хозе Мухик претседател на Уругвај
губитник на неделата
Џејмс Хоган
„Етихад ервејс“ шеста година по ред ја добива наградата „Водечка авиокомпанија во светот“ што ја доделуваат „Ворлд Травел Авордс“
Михаил Цветков
За прв пат се воведува гарантен фонд со кој сигурно ќе се олесни добивањето на парите од ИПАРД
не им беше неделата
Марк Р. Стоун
холандската модна куќа Mexx, со 315 продавници низ светот и над 6.000 вработени, прогласи банкрот
Влатко Попоски
Педесет илјади е разликата во математиката на Агенцијата и на Заводот за статистика кога се работи за пребројување на невработените.
_
Жан Клод Јункер Претседател на Европската комисија Жан Клод Јункер повторно е во европските медиуми за аферата за даночно затајување во времето кога бил премиер на Луксембург. Европските медиуми деновиве повторно објавија нови откритија за користени даночни шеми за даночно затајување во Луксембург од светски компании во време кога Јункер бил премиер. Самиот Јункер веќе јавно признава дека скандалот Лукликс и откритијата за избегнувањето на корпоративни даноци му ја слабеат позицијата во Европа. Меѓународниот конзорциум на истражните новинари откри уште тајна информација дека Walt Disney, Skype, Koch Industries, Microsoft и други светски компании успеале да скријат даноци за милијарди долари во Луксембург. Скандалот Лукликс избувна минатиот месец, откако новинари истражувачи објавија дека Луксембург помогна на повеќе од 340 меѓународни компании да избегнат плаќање на милијарди долари даноци во периодот 2002-2010 година, период во кој Јункер бил премиер на Луксембург. Иницирано од евроскептиците, гласање во парламентот не помина, бидејќи главните партии го поддржаа Јункер и еврокомесарите .
Капитал број 789 12.12.2014
8
www.kapital.mk
НАВИГАТОР
график на неделата...
Просечна годишна плата ($) 196.270 117.040
Специјалисти по ортодонција
Физичари
110.440
106.930
Астрономи
Инженери по хардвер
103.310 Математичари
Висока плата со низок стрес
Д
-р. Лоренс Шаткин, истражувач во областа на кариерите од САД, направил листа на професии во кои што во САД може одлично да заработите, при што нивото на стрес е релативно ниско во споредба со други професии што често се и многу пониско платени.
> БРОЈКА
3 факти за...
4,14 8,8%
93,8%
милијарди долари е десетмесечниот ивзоз на Македонија, што е раст од 19,1% во споредба со истиот период лани е намален извозот во Западен Балкан во првите десет месеци годинава
е зголемен извозот на машини и транспортни уреди
Голем самит на Кина и земјите од југоисточн
5.000
тони тутун е вишокот на произведен тутун за кој е неисвесно кој ќе го откупи
Сите балкански лид ги сакаат кинескит
светот низ медиумите... The Times
Агентите на ЦИА мора да бидат казнети за тортура, малтретирање и нечовечко однесување. Ова го бара светската јавност по скоро објавените информации дека за време на војната против тероризмот американските агенти користеле неконвеционални мерки. lll
Der Spiegel
Германскиот магазин се занимава со иднината на учењето и студирањето. Според нив, современата технологија целосно го менува начинот на кој идните генерации студенти ќе доаѓаат до знаењето. Истите проценки велат дека апсолвирањето на поголем квантитет знаење ќе оди многу полесно. lll
South China Morning Post
Падот на цените на хартиите од вредност во Кина е топ тема во сите кинески медиуми. Според нивните согледувања, ефектот е уште толку поголем поради фактот што бизнисмените во таа земја одамна заборавиле како изгледа вистинска криза. lll
The Wall Street Journal И американските бизнис медиуми се занимаваат со случувањата на берзите во Кина и со евентуалните нусефкети кои може да се одразат на американската и на целата светска економија. Останува да видиме дали песимистите овој пат навистина грешат во однос на негативните долгорочни прогнози. lll
пишува:
Максим Ристески
А
maksim.risteski@kapital.mk
ко обезбедувањето при посетата на Белград на државната секретарка на САД (сега поранешна), Хилари Клинтон, броеше 4.000 полицајци, а за неодамнешното гостување на рускиот претседател, Владимир Путин, на одбележувањето на седумдесетгодишниот јубилеј од ослободувањето на главниот град на Србија, беа ангажирани 7.000 од нив, Самитот на Кина и на земјите од југоисточна и од централна Европа, што на 16 декември почнува во Белград, ќе го обезбедуваат дури 10.000 припадници на полицијата. Поради ова Самитот некои го нарекоа и „Самит на полицијата“, но, поинаку и не може да биде со оглед на очекуваната концентрација на премиери, меѓу кои, од безбедносен апсект особено се истакнува албанскиот, Еди Рама, чија „популарност“ во Србија ја зголеми
епизодата со дронот на стадионот на белградски Партизан. Информациите кои ги пренесува српскиот печат се дека само делегацијата на официјален Пекинг предводена од премиерот на Кина, Ли Кеќанг, ќе брои 700 претставници, со уште неколку стотини од нивната придружба. Во Белград, на 15 декември, истовремено се очекува да допатуваат претставниците (во најголем дел и на премиерско ниво) на Полска, на Романија, на Словенија, на Унгарија, на Словачка, на Чешка, на Латвија, на Литванија, на Естонија, на Босна и Херцеговина, на Хрватска, на Македонија, на Црна Гора, на Бугарија и на Албанија. Потпретседателката на српската Влада, Зорана Михајловиќ, и немаше потреба да потенцира дека Самитот ќе биде најважен настан во овој дел од стариот континент. И одлична можност за претставување на Србија, и за договорање на нови бизниси. Михајловиќ информираше дека програмата на Самитот ќе почне со билатерални разговори на кинескиот премиер со неговите колеги од централна и од
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
9
проценки... ЕБОР: Иловица ќе стане најголем рударски центар во регионот
> БРОЈКА
Е
вропската банка за обнова и развој (ЕБОР) се вклучува во експлоатацијата на бакар и злато во рудникот Иловица во Југоисточна Македонија. Банката е пред потпишување договор од 5 милиони долари со канадската компанија „Еуромакс рисорсис“, кои ќе бидат инвестирани во акции. Во ЕБОР оценуваат дека, во наредните
30 години, Иловица ќе стане најголем рударски центар во регионот. Според истражувањата на канаѓаните, во Иловица има резерви од 120 тони злато и 700 илјади тони бакар.
чна и од централна Европа
идери те милијарди
Само официјалната пекиншка делегација предводена од премиерот Ли Кеќанг, ќе брои 700 претставници, а за економскиот форум во рамките на Самитот се регистрирани над 2.000 учесници
источна Европа, а ќе се продолжи со заеднички самит на кој ќе се разговара за досега направеното и за идните инвестиции. Говорејќи за значењето на настанот осмислен за приближување на „големиот источен змеј“ со централна и со југоисточна Европа, вицепремиерката спомена дека во пресрет на Самитот се регистрирани над 2.000 учесници за економскиот форум што ќе се одржи во неговите рамки, а сето ќе го покриваат дури 950 акредитирани претставници на медиумите. Се очекува премиерите на Кина и на Србија, при крајот на Самитот, да го отворат мостот преку Дунав, меѓу Земун и Борча, граден со заеднички, српско-кинески сили. Според најавите еден од важните проекти за кои ќе се разговара е модернизацијата на железничката линија Белград-Будимпешта, од која 200 километри поминуваат низ Србија. На самитот се очекува и да се потпишат договорите за брзата пруга од Солун до Будимпешта, која ќе поминува и низ Македонија, а за која можете повеќе да прочитате во овој број на Капитал на страна 18. За домаќините е важно што ќе стане збор и за кинеските вложувања во модернизацијата на термоелектраната Костолац, како и за завршувањето на Коридорот 11. Белградскиот Самит е трет од ваков вид - претходните два се одржаа во Варшава и во Букурешт. Домаќините не очекуваат да бидат погрешно сфатени од страна на Европската унија поради ваквото свртување на погледот кон истокот. На темата проговори амбасадорот на Кина во Белград, Ли Манчанг: „Вашата Влада има право да води сметка за интересите на својата земја. Другите земји немаат право да изнесуваат забелешки или критики на ваша сметка“, изјави тој, потенцирајќи ги „одличните кинеско-српски односи“ и одлучувачката улога за Самиот да се одржи во Белград на посетата на српскиот премиер, Александар Вучиќ, на Пекинг. Паролата под која ќе се одржи белградскиот Самит е „Ново мото, нова сила, нова платформа“.
152
илјади лица или 22,5% од вкупниот број на вработени се неформално вработени
ВЕСТИ...
Вишоците ќе ја срушат откупната цена на тутунот
З
аради врнежливото време, но и заради фактот што речиси секое семејство во Прилепско и Битолско годинава засади тутун, се очекува околу шест илјади тони вишок тутун за кој производителите немаат договори со откупните компании. Тутунарите бараат заштита и начин да го пласираат вишокот, а откупните фирми засега молчат и го одложуваат почетокот на откупот. Напнатата ситуација ја смирува Министерството за земјоделство кое потсетува дека законски откупот мора да почне до 15 декември и дека имаат ветување дека целиот тутун ќе биде откупен.
„Тутунските компании побаруваат 24 илјади тони, а ќе се произведе преку 30 илјади тони тутун. Оваа година временските услови се поволни и нема оштетување, што значи дека ќе има вишок на тутун кој не е застапен во договорите помеѓу производителите и откупувачите. Наше е да укажеме на овој проблем, а од тука натаму нека гледа државата. Веројатно тоа ќе ја намали и цената на тутунот, но останува да го дочекаме 15 декември кога би требало да почне откупот за да можеме да кажеме со сигурност“, смета Данчо Милески, претседателот на Здружението на тутунари.
Гарантен фонд од 25 милиони евра за поголемо искористување на парите од ИПАРД
сновање на гарантен фонд О од 25 милиони евра со цел поголемо искористување на
финансиската поддршка на земјоделците од ИПАРД фондовите, најави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што изјави ресорниот министер, Михаил Цветков, фондот ќе биде проектиран на околу 25 милиони евра со можност за финансирање проекти до максимум 100.000 евра и се
очекува да профункционира од февруари или март идната година. „Нашите земјоделци не се толку богати за да го предфинансираат проектот и да чекаат 50 отсто од парите назад, по неговото реализирање. Затоа предлагаме формирање гарантен фонд преку кој 100 отсто ќе им ги обезбедиме средствата, односно целосно ќе им ја гарантираме инвестицијата", најави Цветков.
Советот на Европа ќе ги испитува Бошков Мост и Луково Поле
С
оветот на Европа отвори истрага за хидроелектраните „Бошков мост“ и „Луково поле“. Официјално е потврдено дека на последниот состанок во Стразбур постојаниот комитет на Бернската конвенција, кој е обврзувачки меѓународен правен инструмент на Советот на Европа во областа на заштитата на природата,
започнал предмет во кој ќе испитува дали изградбата на планираните хидроцентрали во националниот парк „Маврово“ ќе ја прекршат Конвенцијата за заштита на природата. Експерти на Комитетот во идниот период ќе извршат процена на планираните проекти во паркот „Маврово“, а нивните препораки ќе бидат обврзувачки за Македонија.
Капитал број 789 12.12.2014
cover story storymakedonski 10 cover
www.kapital.mk
firm
Zo[to makedonskite biznismeni odat da pravat biznis vo Srbija?! Информацијата дека македонски фирми се селат во Србија можеби звучи нелогично, со оглед на фактот дека Македонија, а не Србија е земја која во секое истражување се фали за реформите за полесно водење бизнис и за ниските даноци. Капитал направи истражување кај повеќе македонски фирми и информациите не само што се потврдуваат, туку се очекува во иднина засилување на овој тренд. Што е тоа што домашните бизнисмени да си заминат од Македонија и да прават бизнис во Србија? пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
М
фотографија:
фотоархива на Капитал
акедонија, земјата која секоја година е се повисоко рангирана во извештаите за водење бизнис и која се рекламира како топ дестинација и даночен рај за странски инвестиции доживува одлив на домашни компании во
соседните земји. Во последнава година оваа тема е се почесто дел од разговорите во македонската бизнис заедница, бидејќи се поголем е бројот на фирми кои се одлучуваат да го затворат или намалат бизнисот во Македонија и да го преселат работењето во Србија. Неодамна и српските медиуми пишува дека македонските компании во последно време ја прекинуваат работата во својата земја и се селат во Србија поради бројните олеснувања кои ги нуди српската држава и уште побројните предности на осум милионски пазар.
Иако првично гледано оваа информација звучи нелогично со оглед на фактот дека Македонија, а не Србија е земја со најниски даноци во регионот и земја која е највисоко рангирана на извешатите Дуинг Бизнис, сепак поширокото истражување на Капитал ги потврдува овие информации. Србија и српскиот пазар имаат многу што да понудат на македонските бизнисмени и компании, и според многу бизнисмени логично е да се очекува овој тренд да се интензивира, дополнително и заради фактот што Србија следната година ги започнува преговорите со Европската унија.
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
mi vo srbija
cover story
11
dano^ni stapki vo srbija
20% 15% 20% данокот на додадена вред ност
данок на доход
придонеси од платите на работниците
Договорот за слободна трговија со Русија е голема предност за Србија
С
рбија со години наназад е интересна за инвеститори од цела Европа и поради Договорот за слободна трговија со Русија. Оваа нејзина позиција уште повеќе станува интересна со ембаргото кое взаемно го воведоа ЕУ и Русија со што останаа само неколку земји во Европа кои имаат право да извезуваат на 140 милионскиот пазар. Информациите на Капитал велат дела многу македонски извозни компании кои се занимаваат со производство на храна размислуваат да отворат фабрики или погони во Србија токму заради Договорот за слободна трговија со Русија за да може полесно и поевтино да ги пласираат своите производи на рускиот пазар. Но, многу компании од Македонија ја разгледуваат опцијата да се здружат со српски партнери за преку нив без царина да го испратат производството во Русија. За извоз на македонски производи во Русија од Македонија сега се плаќа 16% царина, што ја намалува конкурентноста на македонските извозни производи.
Капитал во изминатиов период консултираше повеќе бизнисмени за да ги слушне нивните размислувања за тоа што е тоа што ги тера да отвараат фирми во Србија - дали се тоа полесните услови за водење и желбата за ширење и освојувања на нови пазари или
Домашните бизнисмени не се свои на своето Многу бизнисмени со кои разговаравме велат дека се повеќе фирми се посилно го чувствуваат теретот да се работи како домашна фирма во Македонија. Додека странските инвеститори во
земјава ги добиваат сите поволности и не плаќаат речиси никакви трошоци, неданочните давачки кои домашните фирми мора да ги плаќаат се повеќе ги истоштуваат домашните фирми. Додека домашните бизнисмени со децении молат за да добијат основни инфраструктурни услови и даночни олеснувања кои природно би им следувале во како инвеститори во секоја нормална земја, странските инвеститори се ослободени од даноци, од придонеси за вработените, добиваат идеални ифраструктурни услови без да платат ниту денар, а добиваат и секаква друга можна поддршка на државата и
18%
придонеси на товар на работодавците
Капитал број 789 12.12.2014
12
www.kapital.mk
cover story Трајан Ангелески
Марија Зарезанкова Потевска
отивот за нашето одење во Србија беше неможноста да ги искористиме сите човечки потенцијали кои ги поседуваме на вака мал пазар како македонскиот. Кога отидовме во Србија навистина видовме што значи поголем пазар и како треба да се однесуваме на таков пазар. Преку работењето и искуството во Србија ја отворивме вратата на пазарите кон Западна Европа. Јазична бариера не постои, има добро инфраструктурно поврзување и навистина добар однос и прифатливост на македонските инвеститори од буквално сите фактори во Србија.
исоките казни ги плашат и сериозно ги оптеретуваат македонските компании. Кога тоа ќе се искомбинира со ограниченоста на пазарот и малите можности за развој не е чудо што нашите фирми се обраќаат кај најблиската можна алтернатива, а тоа е соседна Србија. Пожелно и природно е македонските компании да се развиваат и шират што нормално позитивно се одразува на целата економија. Но, лошо е ако фирмите и бизнисмените комплетно се иселуваат во Србија и други земји. За жал постојат се повеќе такви примери.
Ариљеметал
универзитетски професор
М
сите нејзини институции. Ова се само дел од причините заради кои некои македонски бизнисмени се одлучиле да започнат со бизнис во Србија, со надеж дека таму ќе имаат подобар третман како странски инвеститори. „Македонски фирми се привилегирани во Србија и не се под постојан притисок од државата. Воопшто не е чудно што се регистрираат фирми во Србија во се поголем број. Во Србија освен што имаат пристап до многу поголем пазар од нашиот, фирмите може полесно да добијат тендери, ако се регистрирани како српски фирми. Законската регулатива таму е многу потолерантна од таа кај нас, казните за фирмите и трошоците за вработените се помали“, вели македонски бизнисмен кој добро ги познава состојбите за водење бизнис и во едната и во другата држава. Универзитетската професорка Марија Зарезанкова Потевска вели дека Србија сепак има потолерантна регулатива за бизнис, а фактот што во Македонија може лесно да се отвори фирма, никако не значи дека лесно може да се развива и бизнис. „Високите казни ги плашат и сериозно ги оптеретуваат македонските компании. Коа тоа ќе се искомбинира со ограниченоста на пазарот и малите можности за развој не е чудо што нашите фирми се обраќаат кај најблиската можна алтернатива, а тоа е соседна Србија. Информациите од бизнис заедницата велат дека веќе има одлив на компании и кон другите соседни земји како Бугарија и Албанија, кои и покрај очигледните пречки се повеќе напредуваат во однос на минатото“, вели Потевска. Во однос на ефектите што ваквите трендови би можеле да ги имаат врз
македонската економија, професорката Зарезанкова Потевска смета дека е пожелно и природно е македонските компании да се развиваат и шират. “Но, лошо е ако фирмите и бизнисмените комплетно се иселуваат во Србија и други земји. За жал, постојат се повеќе такви примери. Тоа е класичен одлив на капитал од земјава“, вели Зарезанкова Потевска.
Големината на пазарот е голем аргумент во бизнисот
Капитал стапи во контакт и со повеќе македонски бизнисмени кои на било каков начин се поврзани со Србија. Од сите нив добивме сличен одговор дека без разлика на патриотските чувства, српскиот пазар нуди многу поголеми можности. Компанијата Ариљеметал од Скопје е присутна во Србија од 2000 година, односно од времето на најголемите кризи во таа земја. Сопствениците уште на самиот старт ни кажаа дека во ниеден момент не зажалиле што инвестирале во Србија, а како причина ни дадоа навистина опширно образложение. „Мотивот за нашето одење во Србија беше неможноста да ги искористиме сите човечки потенцијали кои ги поседуваме на вака мал пазар како македонскиот. Кога отидовме во Србија навистина видовме што значи поголем пазар и како треба да се однесуваме на таков пазар. Преку работењето и искуството во Србија ја отворивме вратата на пазарите кон Западна Европа“, вели Трајан Ангелески од Ариљеметал. Тој смета дека секоја малку поголема фирма од Македонија како втор чекор во развојот размислува како да обезбеди присуство на српскиот пазар. „Јазична бариера не постои, има добро инфраструктурно поврзување и
В
навистина добар однос и прифатливост на македонските инвеститори од буквално сите фактори во Србија“, вели Ангелески. Кумановскиот бизнисмен Бобан Тодоровски, поранешен сопственик на фабриката Стилкон веќе неколку години води свој бизнис во Србија и тврди дека причините за неговото инвестирање таму се чисто прагматични и бизнис исплатливи. „Едноставно природата на мојот бизнис е таква да морам да поседувам своја фирма и во Србија. Законската регулатива дозволува размена на работници и добра помеѓу двете земји и од тој аспект работите функционираат добро. За даночни олеснувања не би можел да речам дека се подобри од македонските бидејќи се знае дека ние имаме пониски даноци. Но, големината на пазарот е навистина пресудна. Пазар од осум милиони нуди четири пати поголеми можности од пазар од два милиони и нема тука што повеќе да се размислува“, вели Тодоровски.
Србија има и геостратешки потенцијал на Србија
И бизнисменот Кочо Анѓушев, кој е сопственик на велешки Брако уште пред 15 години за време на најголемата криза ги видел бизнис потенцијалите на Србија. „Како што веќе растеше Брако почнавме да го чувствуваме проблемот со транспортот. Ние во Македонија немаме евтин транспорт. Се сеќавам дека имав трошок од 25 евра по тон само за да го пренесам товарот од Велес до Солун. Значи губев 5% од производот кои всушност се и профитот. Со оглед дека моите извозни пазари беа концентрирани на и околу реката Дунав почнав да барам објект кој е на самата река. Некако дојдов до информации дека може да се купи
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
cover story
13
Бобан Тодоровски
Кочо Анѓушев
дноставно природата на мојот бизнис е таква да морам да поседувам своја фирма и во Србија. Законската регулатива дозволува размена на работници и добра помеѓу двете земји и од тој аспект работите функционираат добро. За даночни олеснувања не би можел да речам дека се подобри од македонските бидејќи се знае дека ние имаме пониски даноци. Но, големината на пазарот е навистина пресудна. Пазар од осум милиони нуди четири пати поголеми можности од пазар од два милиони и нема тука што повеќе да се размислува.
орано имав трошок од 25 евра по тон само за да го пренесам товарот од Велес до Солун. Значи губев 5% од производот кои всушност се и профитот. Со оглед дека моите извозни пазари беа концетрирани на и околу реката Дунав почнав да барам објект кој е на самата река. Некако дојдов до информации дека може да се купи хала во УТВА во Панчево некогашната стара воена индустрија каде што се изработуваше Авионот Галеб 4. Халата која што јас ја купив со 10.000 м2 е на 500 метра од пристаниште.
бизнисмен од Куманово
Е
хала во УТВА во Панчево некогашната стара воена индустрија каде што се изработуваше Авионот Галеб 4. Мојот дел конкретно кој го купив го продаваа самите работници кои беа се уште со социјалстички менталитет и одеше многу тешко. Обично луѓето се плашат од такви ситуации и бегаат, но јас успеав да го искористам како предност. Сето беше руинирано, но јас увидов дека има потенцијал. Халата се продаде за 56 евра метар квадратен. Со толку пари не можеш да ставиш ниту бетонска плоча“, раскажува Анѓушев.
сопственик на Брако
П
Според Анѓушев огромна грешка е што во тој момент силните фирми во Македонија не ја искористија можноста да купат поголем имот во Србија која буквално се распродаваше. „Халата која што јас ја купив со 10.000 м2 е на 500 метра од пристаниште. Тогаш беше шансата кога Македонија можеше да искористи. Иако фабриките беа руинирани инфраструктурата и предиспозициите на Србија беа тука. Тогаш македонското стопанство требаше да ја препознае таа шанса. Мојот став е дека ние битката не треба
да ја водиме внатре. Мораме да сме извозно ориентирани. За домашен пазар исплатливо е да се произведува само леб, млеко и слични производи. Во сите други големи индустрии мора првенствено да се ориентираш кон извоз. Сите тешки производи не трпат голем транспорт и треба да се дислоцира производтсвото на повеќе места. Ние во Србија за партнер го зедовме тој што ни беше најголем препродавач за Србија. Таму денес имаме наш док, а халите ни станаа магацин за препраќање на робата од Велес“.
Капитал број 789 12.12.2014
14 Интервју interview
www.kapital.mk
Diomidis Nikoletopulus генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје
Stopanska banka AD Skopje
70
godini brend na va[a strana “Во годината кога Стопанска банка прославува 70 години од своето постоење, бележиме и историски најдобри резултати во однос на профитабилноста, капиталот и ликвидноста, имајќи истовремено најголема депозитна база и кредитно портфолио. Овој тренд се очекува да продолжи и во 2015 година. Претпазливи сме во нашите проценки бидејќи трендовите и изгледите за економскиот раст во Европа сеуште не се сосема јасни, што пак директно влијае врз домашната економија како и врз перформансите на сите компании и банки во земјата. Сепак, доколку нема посериозни проблеми од надворешни фактори”, вели Николетопулус во интервјуто за Капитал.
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
Интервју
Редакција Капитал
15
XX Стопанска банка Скопје прослави 70 годишен јубилеј, а како главен аспект на прославата е хуманитарната акцијата Подари насмевка со која подаривте опрема на неколку детски клиники. За што станува збор и колку сте задоволни од крајниот ефект на оваа акција? По повод одбележувањето на важен момент во својата историја, Стопанска банка организираше голема хуманитарна акција „Подари насмевка“. Акцијата ја започнаа вработените на Стопанска банка, „донирајќи“ ги првите насмевки, и за многу краток период, од јуни до октомври, собравме над 1 милион насмевки од граѓаните, при што за секоја насмевка дониравме финансиски средства за купување медицинска опрема за детските болници. Сакавме да го посветиме овој значаен јубилеј на нешто навистина корисно и незаборавно за нашата заедница, за нашите клиенти и сограѓани и да потврдиме дека Стопанска банка АД – Скопје не е само лидер во банкарскиот сектор, туку и во областа на општествената одговорност, за што сме особено горди. Хуманитарната акција заврши со донација на софистицирана опрема за детските болници во земјата. Станува збор за донација на специфична медицинска опрема која е единствена во земјата, па дури и во регионот, со што ќе се овозможи подобра дијагностика и соодветен медицински третман на сите деца. Медицинската опрема е наменета за Клиниката за детски болести во Скопје, како и за болниците во Струга, Струмица, Куманово и Прилеп, со што ќе има поширока примена и поддршка за децата од останатите региони. XX Ретко која компанија во Македонија може да прослави јубилеј од 70 години. Што е највредното што Стопанска банка успеа да го постигне и изгради во овие 70 години? Постојат важни карактеристики кои една компанија мора да ги поседува со цел да биде успешна, особено на одржлива основа. Верувам дека најважното нешто што Банката го создаде, одржува и постојано зајакнува е нејзиното име, позитивната перцепција од клиентите, всушност, со еден збор, нејзиниот корпоративен бренд, кој е еден од најпрепознатливите и највредни брендови во земјата. Брендот на Стопанска банка е значително зајакнат во последните години, кој главно ја разликува Банката од нејзината конкуренција и кој одразува стабилност, иновативност, ефикасност и општествена одговорност препознаен од страна на пазарот и општеството. XX Брендот на Стопанска банка има голема тежина. Низ сите овие години Стопанска банка беше доживувана како банка на граѓаните и банка која обезбедуваше поддршка за клучните компании. Колку денес Стопанска банка успеа да го задржи овој статус? Ништо не е дадено еднаш засекогаш во бизнисот и економијата, како и што е впрочем генерално во животот и е резултат на сериозна и напорна работа и континуирано прилагодување на условите на пазарот и трендовите во економијата.
Капитал број 789 12.12.2014
16
www.kapital.mk
Интервју
Покрај јачината на брендот и името, Банката имаше и сериозни наследени проблеми. Трансформацијата на Банката до сегашниот статус се создаваше преку спроведување на сериозна и конзистентна бизнис стратегија, со постојано прилагодување на својот оперативен модел и клиентски ориентиран пристап, исполнувајќи ги очекувањата на нашите клиенти на најдобар начин. Како резултат на ова, Банката во моментов има средства во износ од приближно 1,4 милијарда евра, база на клиенти која го вклучува скоро секој трет граѓанин во земјата, истовремено таа е најголемиот чувар на депозитите кои достигнуваат скоро 1.1 милијарда евра и кредитно портфолио кое ги покрива домаќинства, компаниите и државата од 1.3 милијарда евра, и е системска банка, еден од основните столбови на економијата. XX Пред 14 години НБГ стана стратешки инвеститор во Стопанска банка Скопје. Какви промени донесе новиот стратешки инвеститор? Која е додадената вредност што банката ја има денес од оваа продажба? Доаѓањето на НБГ беше клучен фактор во еволуцијата на Стопанска банка, бидејќи тоа се случи во вистинско време, кога пазарните реформи во банкарскиот сектор беа повеќе од потребни. Така, Банката имаше доволно време да продолжи со потребните инвестиции и реорганизација со цел да биде во можност, подоцна, да ги искористи состојбите на банкарскиот пазар, овозможувајќи денес да биде силна, стабилна и високо профитабилна банка. Инвестициите направени од доминантниот акционер беа во голем обем и на сите нивоа, почнувајќи од сериозни инвестиции во капитал, во човечки ресурси, во системи и технологија, во алтернативни канали, и во сè друго што е потребно за една модерна банка да функционира успешно во конкурентна средина. Покрај значајните инвестиции, НБГ пренесоа и сопствено know-how и вредности, како што се корпоративната култура, соодветно управување со ризиците, унапредување и вреднување според заслугите, транспарентност во сите трансакции и односи со сите инволвирани страни (клиенти и партнери, државните органи, Централната банка, итн), етика и корпоративно управување, кои придонесоа Банката да биде лидер во банкарскиот сектор во земјата. XX Каква е позицијата на Стопанска банка денес? Колкаво пазарно учество има во сегментот на работа со население и со фирми? Како што често споменуваме, водечката и доминантната позиција на Банката на пазарот не се рефлектира само преку перцепцијата која ја има мнозинството домаќинства и компании во земјата, туку и во нејзината големина и основни финансиски индикатори кои веќе ги споменав, а секако и во компаративните податоци помеѓу банките. Вкупниот удел на пазарот на Банката е 25%, додека пак во кредитирањето на граѓаните достигнува до 35%. Оваа позиција на пазарот како и големината на Банката, за сите нас значи голема одговорност за продолжување со ефикасна финансиска поддршка за
Стопанска банка АД Скопје во моментов има средства во износ од приближно 1,4 милијарда евра, база на клиенти која го вклучува скоро секој трет граѓанин во земјата. Истовремено, таа е најголемиот чувар на депозитите кои достигнуваат скоро 1,1 милијарда евра и кредитно портфолио кое ги покрива домаќинства, компаниите и државата од 1,3 милијарда евра, и е системска банка, еден од основните столбови на економијата. компаниите и домаќинствата, а во исто време одговорност за оддржување на целокупната стабилност на банкарскиот систем и економијата. XX Стопанска банка во изминативе години се наметна како пионер во воведувањето на нови производи и услуги на пазарот? Дали и иако планирате да ја задржите оваа лидерска позиција и што ново може да се очекува во блиска иднина? Да се биде лидер во банкарскиот сектор во земјата во денешно време е речиси недозволиво за нас да не ја предводиме промената на иновациите и во иднина, бидејќи тоа го очекуваат нашите клиенти и не обврзуваат да создадеме најдобар можен производ и услуга достапни преку сите канали на комуникација и испорака. Целта на СБ е да се овозможи omni банкарство, не како хипотетички концепт, туку како одговор на суштинската желба на клиентите за контрола на времето, местото, каналот и информациите потребни за вршење на банкарските активности, приближувајќи се покрај на останатите сегменти и на оние демографските сегменти кои растат во светот на дигитализација и се иднината на банкарството. Ние би сакале да
спроведеме конзистентно корисничко искуство низ различните канали преку неколку промени во користење на уредите што ќе и овозможи на Банката да ги следи очекувањата и однесувањето на клиентите. Нашата стратегија е капитализирање на традиционалната вредност на доверба, истовремено прифаќајки ги новите можности, што ќе создаде конкурентната разлика во однос на останатите учесници во банкарската индустрија. Банката ќе биде во можност да добие подобра информација за клиентот од различни канали, така што ќе може да изгради комплетна слика за неговите потреби, со цел да се креира соодветна понуда на вредности што ќе одговара на профилот. XX Неодамна Стопанска банка прва ги намали каматите на станбените кредити на историски најниски 3%, потег кој го следеа другите банки. Која е причината за големото намалување на каматите на станбените кредити и кои ефекти ги очекувате од овој потег? Банката прославува 70 години од своето постоење и оваа понуда за корисниците беше чин на благодарност за нивната континуирана подршка сите
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
Интервју овие години. Без разлика што и други останати банки понудија слични каматни стапки за станбените кредити, условите на пазарот се уште не се на ниво да овозможат генерално банкарски понуди до домаќинствата и компаниите со толку ниски каматни стапки. Од друга страна, важно е да се истакне дека постојните каматни стапки се на историски најниско ниво што значително им помага на позајмувачите да ги реализираат нивните планови со минимален финансиски трошок. Сепак, во мера во која пазарните услови, особено на меѓународно ниво, дозволуваат да продолжи овој тренд, формирањето на ниските каматни стапки на депозитите и кредитите дефинитивно ќе водат кон поголема кредитна експанзија со очигледни придобивки за целата економија. XX Многу банки во изминатите неколку години влегоа во кредитирање на изградба на станбени и деловни објекти? Што очекувате да се случува во следниот период? Какви движења очекувате на пазарот на недвижности на кој моментално има голема понуда од изградени станови? Она што вообичаено се случува во останатите земји и пазари, како во развиените така и во помалку развиените земји, е феноменот на иницијално здравиот развој на градежништвото како важен параметар за економскиот развој, поддржан од банкарскиот сектор, со добри идни предвидувања. За жал, по ова често следуваат нерационални очекувања и од купувачите и од градежните фирми, влијаејќи дополнително врз зголемувањето на цените, во многу случаи создавајќи „феномен на меур“, проследени со прекумерни понуди за нови недвижности, понуда која не може да биде апсорбирана, создавајќи проблем за целата економија. Иако не во обем како во другите соседни земји, ние веќе можеме да забележиме елементи од овој феномен и во земјата; сепак понудата и цените на новите станови веќе соодветно е прилагодена на пониско ниво од 5-15%. Издадените дозволи за изградба на станови e драстично намален во претходната година и главно постои голема концентрација во Скопје, што покажува заситување на понудата на новоизградените станови. Со најавата на новата регулатива, сите нови или стари недвижности нема да може да се продаваат доколку немаат сертификат за енергетска ефикасност, ќе се ограничи понудата на старите станови се додека истите не се прилагодат на барањата согласно регулативата. Следствено, очекуваме становите да следат скромен растечки тренд без некакви значителни промени во цените. Истовремено, на пазарот се нудат голем број на нови деловни недвижности, заедно со постоечките; а пазарот сепак не е толку активен и способен да ја апсорбира целата понуда, и комбинирано со големиот број на слободни деловни простори, веќе врши голем притисок врз цените, што резултира во пад на цените за купување или изнајмување дури и до 30%. XX Каква е ситуацијата со кредитирање на фирмите? Се уште многу фирми имаат големи проблеми да добијат
кредитна поддршка од банките? Како ја оценувате состојбата во која се наоѓаат македонските компании и дали може да се очекува заживување на корпоративното кредитирање? Точно е дека некои компании немаат или пак имаат ограничен пристап до средствата за кредитирање од страна на банките. Се обидуваме да ги објасниме причините за ова, иако не секогаш успеваме да бидеме правилно разбрани и изгледа дека некои важни параметри во банкарството сеуште не се препознаваат. Многу често слушаме критики кон банките дека недоволно ги поддржуваат компаниите, ширејќи наоколу нерационални коментари дека банкарите се заинтересирани само за профит, занемарувајќи дека банките не можат да прават профит без прудентно позајмување на средствата на своите депоненти. Дозволете ми да укажам дека за жал ова е полесниот начин за префрлање на одговорноста, наместо да се превземат сите неопходни мерки со цел да се подобри работењето на компаниите и истите да се квалификуваат за финансиска поддршка од банките. Не постои банка во развиениот свет која кредитира компанија која не ги исполнува кредитните критериуми, а доколку ова се спроведува, банките и главно депонентите ќе се соочат со сериозни проблеми кои пак можат да се прелеат во целата економија. Стопанска банка е целосно свесна за нејзината клучна улога во поддршката на економијата и е способна да ги оцени реалните потреби на компаниите (не на сопствениците) користејќи соодветни банкарски критериуми, како и имајќи ги предвид транспарентноста и одговорноста. Кога еднаш ќе се исполнат неопходните предуслови за финансирање на нивните потреби за обртни средства и/или пак инвестициони проекти кои креираат дополнителна вредност и изгледи за просперитет на компанијата, нема никаков сомнеж дека Банката ефективно ќе ги поддржи нејзините кредитни барања со најдобри можни услови. XX Со какви резултати Стопанска банка ја завршува оваа 2014 година и какви се очекувањата за работењето на Банката, но и во целост за македонската економија во 2015 година? Среќни сме и горди што во годината кога Стопанска банка прославува 70 години од своето постоење, бележиме и историски најдобри резултати во однос на профитабилноста, капиталот и ликвидноста, имајќи истовремено најголема депозитна база и кредитно портфолио. Веќе ги објавивме резултатите за третиот квартал за 2014 година, и со голема веројатност ќе бидат исто така успешни и резултатите до крајот на годината. Овој тренд се очекува да продолжи и во 2015 година. Претпазливи сме во нашите проценки бидејќи трендовите и изгледите за економскиот раст во Европа сеуште не се сосема јасни, што пак директно влијае врз домашната економија како и врз перформансите на сите компании и банки во земјата. Сепак, доколку нема посериозни проблеми од надворешни фактори, очекуваме уште една успешна година за Стопанска банка.
17
Капитал број 789 12.12.2014
18
www.kapital.mk
Инфраструктура
]e e r zitsupe e n Ki dat ruga n grarza p Solu ta b e\u e[ p pomudim iB
Infrastrukt kineska domi ili nau^na f
пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
К
инеско-централно и источно европскиот Самит во Белград кој на 16 декември ќе се одржи во Белград се очекува да биде почеток на финализацијата на договорот за изградба на брза железница помеѓу Будимпешта и Атина. Српските медиуми веќе објавуваат дека на 16 декември ќе биде потпишан договор за изградба на брзата железница од страна на шефовите на владите на Кина, Србија, Унгарија, Грција и Македонија. Иако ништо конкретно се уште не е потврдено веќе се знае дека во ноември 2013 година, Кина, Србија и Унгарија потпишуваат Меморандум за разбирање
Ефектите и бенефитите од секое инфраструктурно напредување се познати и позитивни. Прашањето кое го поставува експертската јавност е дали самиот проект е реално остварлив и финансиски исплатлив. Секако тука мора да се додаде и прашањето дали ваквото засилено кинеско инвестирање во инфраструктурата е повод за ширење на кинеската доминација во регионот. за изградба на унгарско- српска брза железница, поврзувајќи ги Белград и Будимпешта за транспорт од грчките пристаништа до европските пазари. Ова е прв пат предложено во февруари 2013 година, а градежните работи се очекува да почнат во 2015 година и да завршат во 2017 година. Јасно е дека проектот вреден 2,5 милијарди долари ќе ги смени односите помеѓу Кина и земјите од Источна Европа, а ќе направи
и пресврт во полесен пристап на кинеските производи во Западна Европа. Неофицијално и Македонија е сериозно заинтересирана да се вклучи во овој проект кој ќе ги поврзува Будимпешта и Белград со Солун и Атина, токму преку Скопје. Целиот проект за брза пруга ќе биде преставен на претстојниот самит на лидерите на земјите од Централна и Источна Европа кој ќе се
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
Инфраструктура
19
turna revolucija, inacija fantastika одржи во декември во Белград под покровителство на Кина. Земјите на самитот ќе можат да презентираат инфраструктурни и енергетски проекти кој Кинезите ќе ги финансираат низ фондот за инвестиции во Централна и Источна Европа вреден десет милијарди долари.
Колку е остварливо оваа решение и како ќе изгледа?
Околу изводливоста на овој проект веќе почнаа да владеат поделени мислења. Првичните проценки се дека најверојатно ќе нема потреба од изградба на целосно нова линија, туку само реконструкција и доградба на постоечката мрежа која е дел од коридорот 10. Во прилог на ова одат и фактите дека делови од оваа линија која се протега од северот до југот на земјава веќе се реконструирани со пари од европските фондови. Согласно на тоа се
Србија, Кина и Унгарија во ноемаври 2013 година го потпишаа првичниот договор за брза пруга СолунБудимпешта
Капитал број 789 12.12.2014
20
www.kapital.mk
Инфраструктура делови и подлогата, финансиски средства. бидејќи најголем проблем „Во овој момент, без се самите кривини. Дали соодветна финансиска можете да замислите воз поддршка од меѓународните со брзина од 200 или еве финансиски институции и милијарди долари да речеме 300 км на час да без поширока регионална се проценува влезе во кривини и тунели финансиска поддршка, која првичната како оние во Демиркаписка би се реализирала преку вредноста на брзата или Таорска клисура? заеднички регионални пруга помеѓу Значи потребно е целосно проекти, а во ситуација на Будимпешта и нова траса и целосно нова исцрпена финансиска моќ на Солун пруга изградена по сите стопанството, таа, реално, стандарди за безбедност не е во можност на истите на брзи железници“, вели соодветно да одговори“. Трпевски. Што може да очекува А на нашето прашање бизнисот? км на час е колку би чинело сето тоа Околу економската најголемата брзина Трпески ни даде интересна исплатливост на овој проценка. која се споменува проект контактиравме со „Ако километар на обична за оваа пруга повеќе луѓе од економската пруга чини два три до пет експертска јавност и бизнис милиони евра, брза пруга заедницата. би требало да чини барем Стопанската комора на 7 до 8 пати повеќе. Тоа се Македонија позитивно ја светски стандарди од кои км на час е оценува иницијативата нема бегање. Останува моментална брзина за изградба на „брза да се види дали има на македонската пруга“ на релацијата економска исплатливост за Будимпешта-Солун која пруга долж тоа“, смета Трпевски. повторно се актуелизира Коридорот 10 Од Македонската по неодамнешната посета транспортна асоцијација на кинеската стопанска се поголеми оптимисти, делегација на Србија. но и тие додаваат дека Потребата од реализација гледано од трошковен и на еден ваков капитален технички аспект, може да км од Коридорот проект за македонското дојде до неусогласеност 10 поминуваат низ стопанство и за државата на постојните решенија Македонија во целина може да има кои се однесуваат на огромно значење од повеќе модернизирање на пругата аспекти. Имено, и покрај тоа на делот од Коридорот 10 што најголемиот бенефит во Македонија со потребите од реализација на истиот, на „брзата пруга“, бидејќи пред се’, ќе го почувствува дена би требало сегашното модернизирање стопанството на Унгарија да се скрати на пругите во Македонија и на Србија, не треба да транспортот на се прави за брзина на се запостави и корисноста кинеската роба кон возовите од 120 километри што нашата земја би ја Западна Европа на час, не за брзина од 160 имала. Подобрувањето после изградбата километри на час, колку на инфраструктурните на брзата пруга што се предвидува за карактеристики на „брзата пруга“. постојното железничко „Доколку се прифати поврзување по трасата на учество во овој проект, Коридорот 10 значително ќе го забрза тогаш ќе треба одделни делови од протокот на стоките и патниците до пругата во земјава да се изградат крајните дестинации, ќе го скрати одново, а останатите делови само да се времето на превозот, ќе го подобри приспособат на планираната брзина од квалитетот во транспортот, ќе ја 160 километри на час“. подигне конкурентската способност на Од Асоцијацита сметаат дека железницата на повисоко ниво во однос значајно е да се нагласи дека за да на другите видови превоз, ќе го зголеми може Македонија да одговори на бројот на корисници на железнички овие предизвици ќе има потреба од услуги, а ќе се почувстуваат и позитивни обезбедување на високи износи на ефекти од еколошки аспект поради
2,5
Дејан Трпевски Локо Транс
С
о брзини од 200 км на час никаде во светот не може да се транспортира било каков товар. Тоа е небезбедно, ризично и просто речено неизводливо. Значи, пругата таква како што се најавува ќе биде единствено за транспорт на патници. Патници кои за жал на овој потег помеѓу Будимпешта, Белград, Скопје и Солун скоро и да ги нема. За жал, возовите на Балканот се користат само од мал број луѓе кои не се спремни да платат поголема сума. Кај брзите железници цената на картите е блиска со онаа авионската. Затоа сум скептик дека кога Кинезите ќе ги направат овие анализи на пазарот многу брзо ќе се повлечат од проектот.
смета дека ќе се потребни многу мали корекции. Но, многумина експерти имаат тотално различно мислење. Според нив, ако Македонија навистина влезе во овој проект ќе треба да се замени цела постојна пруга долж Коридорот 10. Македонската пруга долж Коридорот 10 со последните реконструкции од 2012 година е проектирана брзина на возовите од 120 километри на сат, а брзите железници бараат истата да може безбедно да издржи возови кои ќе се движат со брзина помеѓу 160 и 200 километри. Во некои проценки се зборува дури и за 300 км на час. Дејан Трпевски, претставник на чешката Локо Транс во Македонија и човек кој цела работна кариера е во бизнисот со железници се обиде да ни ги доближи дилемата околу тоа како би требало да изгледа или да се гради новата супер брза пруга. „Ако навистина Кинезите сакаат да достигнат брзини на движење како оние што ги пренесуваат медиумите, тогаш дефинитивно им е потребна целосно нова траса на пругата. Значи не станува збор само за промена на металните
300 120
180 7
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
Инфраструктура
Многу геополитика...
К
ина во последно време се повеќе се споменува како главен инвеститор на Балканот, особено кога се работи за инфраструктурата. Македонија случајно или не веќе е влезена во нивната инфраструктурна "прегратка". Како што е познато, двата автопати кои се градат во моментов во Македонија спрема Кичево и Охрид се финансирани од кинески пари. Подолго време се зборува и за влез на кинески капитал во солунското пристаниште како еден од најважните инфраструктурни објекти за македонската економија, а колку и да звучи неверојатно се уште активно се дискутира за прокопување на каналот Дунав- Морава- Вардар со кинески пари. Е сега природно се наметнува прашањето дали сето ова е случајно и е резултат на кинескиот „филантропизам и неохуманизам“ или, пак, многу пологично најголемата светска економија сака да оствари политичко влијание на Балканот како важно делче во нивната сложувалка за геополитичка доминација. Според Глобалниот центар за истражување и анализи на фондацијата Џејмстаун, унгарско-српскиот железнички проект е важен дел од кинеската стратегија за проширување и подобрување на нивниот поморски пат кон Европа. „Атинското пристаниште Пиреја веќе делумно е во сопственост на кинеската државна компанија КОСКО потег кој се смета за влезна точка Кинеските добра во Европа. Кина веќе покажа интерес и за пристаништето во Солун, Игуменица, па дури и Бар. Понатаму, кинеските инвестиции во железничката инфраструктура во неразвиените земји се најдобар начин Кина да стави нога на европско тло и тие понатаму да се алатка за полесно освојување на пазарите во Западна Европа“, стои во Истражувањето на Ффондацијата Џејмстаун објавено на 23 октомври оваа година. Дополнително во истиот текст се констатира дека кинеската влада е свесна дека неопходно за одржување на конкурентноста на нивните производи во Европа е редуцирање на времето на патување на робата од Кина до Европа. Со сите овие инвестиции времето би можело да се скрати за една недела. Од Македонската транспортна асоцијација не сакаат да коментираат како овој проект ќе се одрази геополитички, но тврдат дека стратешки сигурно ќе го зголеми значењето на Коридорот 10. „Гледано од стратешки аспект, изградбата на брзата пруга ќе овозможи да дојде до полн израз значењето што Коридорот 10 заслужува да го има во рамките на останатите пан-европски коридори и на земјата да и го потврди геостратегиското значење од транспортен аспект. Корисноста уште повеќе би дошла до израз ако се земе предвид дека Македонија е крстосница на двата значајни транспортни коридора за балканските земји кои поминуваат преку нашата земја, Коридорот 10 и Коридорот 8“, велат од таму.
употребата на посовремена технологија во целокупниот процес“, велат од Стопанската комора на Македонија. Од експертската јавност исто така даваат поддршка на идејата за ваков проект и се на став дека би требало да се придружиме на регионалниот проект без двоумење, бидејќи тој ќе ја олесни трговијата и ќе ни овозможи полесен пристап до земјите од ЕУ како наш најголем трговски партнер. Веројатно најголема придобивка ќе биде брзиот и квалитетен транспорт на патници кој перспективно ќе претставува сериозна конкуренција за авионскиот транспорт. Дејан Трпески од Локо Транс на ова додава дека ако се оди според досегашните најави транспортот на патници ќе е единствена придобивка,
21
бидејќи за транспортот на товар важат некои поинакви стандарди. „Со брзини од 200 км на час никаде во светот не може да се транспортира било каков товар. Тоа е небезбедно, ризично и просто речено неизводливо. Значи, пругата таква како што се најавува ќе биде единствено за транспорт на патници. Патници кои за жал на овој потег помеѓу Будимпешта, Белград, Скопје и Солун скоро и да ги нема. За жал, возовите на Балканот се користат само од мал број луѓе кои не се спремни да платат поголема сума. Кај брзи железници цената на картите е блиска со онаа авионската. Затоа сум скептик дека кога кинезите ќе ги направат овие анализи на пазарот многу брзо ќе се повлечат од проектот“, вели Трпевски.
Капитал број 789 12.12.2014
www.kapital.mk
22 Интервју exclusive Gunter Otendorfer главен технички директор на Телеком Австрија
KORISNICITE GI SAKAAT NAJINOVATIVNITE OPERATORI пишува:
Игор Петровски
К
igor.petrovski@kapital.mk
акви услуги во блиска иднина ќе овозможи преносот на глас преку напредната 4Г ЛТЕ мрежа (VoLTE) и преку безжична мрежа (VoWiFi) беше фокусот на презентацијата што Гунтер Отендорфер, главниот технички директор на Телеком Австрија, сопственикот на Вип оператор, ја одржа деновиве во Скопје. Вип е меѓу првите во регионот што ја презентира оваа услуга, демонстрирајќи го VoLTE со комбинирање на LTE технологија и виртуелизациска технологија (NFV), што во следните 2-3 години ќе му овозможи на операторот многу поголема автоматизација на мрежите и многу побрзо воведување на нови услуги. XX Г. Отендорфер, во време кога приходите од говорните услуги на телеком операторите паѓаат, фокусот се става на новите технологии и иновативни услуги. Што ќе понуди во тој поглед Вип оператор како дел од Телеком Австрија во следниот период во Македонија?
Вип оператор е активно вклучен во поставување на технолошките насоки, како што може да се види и од денешната презентација “Виртуелизација во пресрет на корисникот”. Со забрзаната изградба на ЛТЕ мрежа и на нашите системи, Македонија е идеална основа за развој на иновативни водечки решенија за нашите корисници. Како член на Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор има пристап на развојните патеки и синергија на сите пазари на Групацијата. XX Вие сте ја промовирале една од првите ЛТЕ мрежи во светот. Колку 4Г мрежите практично навлегоа во секојдневието на луѓето земјите каде што е присутен Телеком Австрија? Да, Tелеком Австрија Групацијата е многу иновативна и соодветно на тоа го следи и развојот на VoLTE (гласовни услуги преку ЛТЕ мрежа). Оваа услуга беше тестирана и во Австрија, а се подготвуваат и презентации и во другите пазари каде имаме ЛТЕ. Телеком Австрија Групацијата гледа на извонредната телекомуникациска инфраструктура како на важен диференцијален фактор. Мобилната мрежа на Групацијата достигнува вкупно
40 милиони население во сите пазари на коишто работи, а ЛТЕ услугите ги нуди на четири од осумте пазари. Следејќи го купувањето на потребните фреквенциски спектруми, фокусот на мрежата е ставен на ЛТЕ. До денес мрежата на А1 (Австрија) достигна поркиеност на население од над 52% во Австрија. Со тоа А1 станува дел од основните услуги за сите корисници со паметни телефони кои поддржуваат ЛТЕ. Корисниците се привлечени од високиот квалитет на звук (автоматски се вклучува доколку телефоните ја имаат таа опција) и од краткото време за воспоставување на повик што е значително подобро од 2Г и 3Г. Врвниот квалитет на мрежата неколкукратно е потврден и на меѓународно ниво, а меѓу нив е неодамнешното Futurezone тестирање на мрежа од септември 2014, што покажа дека мрежата на А1 е најдобра мобилна мрежа на сите времиња во Австрија и оваа недела магазинот Connect, ја става мрежата на највисока позиција во D-A-CH регионот и тоа во 8 од 9 категории во Австрија. Во Симобил (Словенија) од купувањето на фреквенциите, кои вклучуваат и фреквенциски спектрум со посебни обврски за покриеност, интензивно се
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
Интервју
работи на проширување на ЛТЕ мрежата. До сега, компанијата донесе најбрз 4Г интернет до повеќе од 60% од популацијата и обезбедува покриеност на 80 т.н. бели точки. На 6 локации во Словенија Симобил започна да нуди напредно ЛТЕ (LTE Advanced), технологија на иднината, која овозможува значително поголеми капацитети на мрежа со брзини поголеми од 300 Мбпс. Симобил со ЛТЕ мрежата сега покрива повеќе од 500 населени места со по 300 жители. До крајот на оваа година плановите на Симобил се да достигнат 75% покриеност на население, а до средината на 2017г. импресивни 95%. Симобил ќе ги надгради со ЛТЕ сите локации кои имаат 2Г покриеност, што значи ќе ја опфати целата земја. Најновата технологија и брзиот интернет се навистина достапни до сите корисници на Симобил. Випнет (Хрватска) го направи последниот чекор во овој сегмент користејќи повеќе фреквенциски опсези на ЛТЕ технологијата и воведувајќи LTE Advanced во 2013. Кога зборуваме за широкопојасен интернет, важно е да се напомене дека овој телекомуникациски сегмент постојано расте и бара континуирани инвестиции во проширување на достапноста, капацитетот и технологијата. Речиси сите нови атрактивни мобилни уреди поддржуваат ЛТЕ технологија и евидентно е дека корисниците се прилагодуваат на ЛТЕ технологијата многу побрзо отколку на претходните технологии, особено заради подобреното корисничко искуство. ЛТЕ технологијата како сегмент на хетерогени мрежи најпрвин се развива во областите со најголеми потреби за капацитети, како што се градските средини и многу важно за Хрватска – туристичките места. Бројот на корисници на 4Г мрежа постојано расте, а податочниот сообраќај во мрежата на Випнет за само една година порасна за 220 проценти. Препознавајќи го овој тренд Випнет постојано ја проширува својата 4Г ЛТЕ покриеност.
Македонците најмногу користат смартфони со Андроид XX А, каква е ситуацијата во Македонија со 4Г мрежата? Во август 2013, Вип оператор доби одобрение од македонската Агенција за електронски комуникации за фреквентен спектар 2x10MHz@DD 800 MHz и 2x15MHz@ DSC 1800 MHz со што беа овозможени 4G LTE услугите. Одобрението вредно 10,3 милиони евра има важност од 20 години, со обврска Вип да обезбеди 70% покриеност на населението во Македонија во период од 6 години од датумот на неговото стапување на сила. Вип оператор ја промовираше својата 4Г ЛТЕ мрежа во јули 2014. Моментално Вип има најголема 4Г ЛТЕ покриеност на население во Македонија, покривајќи повеќе од 40% од населението во Македонија, во сите поголеми градови, иако со Лиценцата е обврзан да има двапати помала покриеност во првите две години. 4Г ЛТЕ брзините се вклучени во новите тарифни модели, а 4Г ЛТЕ мрежата на Вип е достапна за мобилни податочни услуги за постпејд корисниците. XX Ако направите компарација помеѓу нивото на користење на паметните телефони во Австрија и останатите
23
Ние правиме с$ – инвестираме обемно, постојано ја подобруваме нашата мрежа со цел Вип оператор да обезбеди најдобри услуги за корисниците во Македонија. Направени се значајни подобрувања, ја прошируваме нашата 4Г ЛТЕ мрежа и ќе продолжиме да го правиме тоа. Понекогаш, во овој процес се среќаваме со пречки и правиме с$ за да ги избегнеме и да го намалиме влијанието врз корисниците. развиени пазари, и Македонија, Србија и сл., од друга страна, кои се најголемите разлики? За што Австријците најмногу ги користат паметните телефони, за што Македонците? Е-меил пораките, пребарувањето и социјалните медиуми, стриминг и различните апликации се слични во сите земји. Локалните вести ги надминуваат меѓународните провaјдери. Австриските корисници на паметни телефони покажуваат зголемена употреба на корпоративни апликации и ВПН. Во Вип оператор над 55% од корисниците користат паметни телефони, со тенденција на понатамошен раст, посебно имајќи предвид дека над 80% од телефоните во портфолиото на Вип се паметни телефони, а споредено со изминатите години растот е двоцифрен. Следејќи ги светските трендови, корисниците во Македонија најмногу користат Андроид оперативен систем. Вип секогаш во своето портфолио ги нуди најновите паметни телефони по пристапни цени, и секогаш прв на пазарот ги понудува најновите достигнувања во овој сегмент. XX Вип оператор во земјава досега имаше во повеќе наврати проблеми со стабилноста на мрежата, што предизвика незадоволство кај корисниците. Како прв човек за технологија на компанијата мајка на Вип, гарантирате ли дека вакви проблеми нема да има во иднина? Вистина е дека Вип оператор имаше одредени проблеми предизвикани од различни фактори. Ние правиме с$ – инвестираме обемно, постојано ја подобруваме нашата мрежа со цел да обезбедиме најдобри услуги за нашите корисници. Направени се значајни подобрувања, понатаму ја прошируваме нашата 4Г ЛТЕ мрежа и ќе продолжиме да го правиме тоа во иднина. Понекогаш, во овој процес се среќаваме со пречки и правиме с$ за да ги избегнеме и да го намалиме влијанието врз корисниците. На нашите корисници им овозможуваме најнови технолошки достигнувања и веќе обезбедивме најголема покриеност со 4Г ЛТЕ, како предуслов за услугите на иднината како што е VoLTE што го презентираме денес. Не постои гаранција дека нема да има испади на мрежа во иднина. Ова е едноставно така поради природата на мрежите. Телеком Австрија Групацијата обезбедува телекомуникациски услуги со висок квалитет што може да се види и од бројните награди кои ги има добиено во повеќе земји, како на пример “Најдобра мрежа според 6 параметри“ оваа година во Австрија.
На ред е 5Г технологијата. Ќе биде забавно! XX Што конкретно значи позицијата CTO (Chief Technology Officer - Главен технички директор)? Кои се најголемите предизвици пред вас како висок менаџер во АТ? Главни задачи се постојаните иновации во мрежата за да се подобри корисничкото искуство и услугите за корисниците. Потоа зборуваме за одржување на конкурентноста и ефикасноста на нашите мрежи, за да се постигне висока флексибилност и агилност за задоволство на корисниците. Корисниците ги сакаат најиновативните оператори и оние кои се грижат за нив. И ние треба да го поведеме целиот тим на тој пат и да им излеземе пресрет на сите потреби на корисниците. Тие компании победуваат на долг рок. Главниот технички директор се грижи компанијата никогаш да не се умори од овој пристап. XX Што значи да се соработува со најбогатиот човек на светот, мнозинскиот акционер во Австрија Телеком, Карлос Слим? Сте имале ли воопшто лични контакти до сега? Америка Мовил е одличен акционер за нас со нивната посветеност за инвестирање на пазарите каде што работиме и за понатамошната експанзија на Групацијата во Европа. XX Како човек од технолошкиот сектор, каква е вашата визија за светот во кој ќе живееме за 10 или 20 години, гледано од технолошки аспект? Ќе биде забавно! Моментално веќе имаме нови технологии од која една покажавме денес во Македонија: NFV (Виртуелизација на мрежни елементи). SDN (Software defined networking) е слична технологија која многу ветува. И двете заедно ќе доведат до многу поголема автоматизација на мрежите, што пак, ќе придонесе до многу побрзо воведување на нови услуги. Во меѓувреме се разговара за 5Г технологиите, кои ќе овозможат до сега невидено време на пренос на од-крај-до-крај услуги – за помалку од 1 msec. Кога ќе се воведат овие технологии кои ќе ги исполнуваат барањата од овој тип, ќе се реализираат целосно нови идеи, како на пример автомобили кои сами возат, далечински контролирани роботи, само-достава за логистика, далечинска хирургија, аугментирана реалност, игри, итн. Кога нашите мрежи ќе можат да ги поддржат услугите од овој вид, ќе видиме многу нови услуги кои ќе дојдат, но не само од операторите, туку и од независни трети страни – и секако дека ќе биде забавно!
| Специјален прилог | Станбени кредити |
2011
2010
2009
9,6%
7,8%
7,5% 289
255
228 2009
2010
2011
Stanbenite krediti najevtini dosega
Grade@nicite da prodadat po Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Р
аст на продажбата, намалување на вишокот станбен простор кој со години го гуши пазарот и целосно раздвижување на капиталот во бизнисот со недвижности. Ова се трите главни очекувања на градежниците во земјава по падот на каматните стапки на
24 | 12 декември, 2014
Каматната стапка на станбените кредити се спушти до историски најниските 2,9%, а компаниите што градат станови се надеваат дека тоа ќе ја зголеми побарувачката, големиот вишок станови на пазарот ќе се расчисти, а цената ќе остане стабилна.
станбените кредити кај комерцијалните банки. Во време кога изградбата на станови стагнира поради презаситеност на пазарот, повеќето банки во земјава направија своевидна акција со која каматите за станбените кредити ги спуштија под 3%. Каматите континуирано паѓаат подолго време и тоа очигледно
дава добри резултати ако се анализираат податоците за кредитирањето годинава. Според бројките од Народната банка, кредитирањето за изградба или реновирање на станови и деловни простори заклучно со октомври се зголеми за 14,7% на годишно ниво. Во пари, тоа значи дека за една година банките одобриле 42,1 милиони евра
Специјален прилог | Станбени кредити |
2014
5,8%
2013
6,1%
2012
7,1%
362
323
Камати на долгорочни кредити за граѓани
Станбени кредити (милиони евра)
2012
405
2013
2014
e se nadevaat pove]e stanovi повеќе станбени кредити, додека пак вкупното станбено кредитно портфолио достигна 404,4 милиони евра. Како оди продажбата на становите не може со сигурност да се каже бидејќи не постои податок во земјава што ќе го покаже тој тренд, меѓутоа, коцките се местат за да бидат задоволни и банкарите и градежниците, но и граѓаните. Според проценките, најмалку една третина од изградените станови не се продадени, така што не е изненадување тоа што Народната банка евидентираше забавување на изградбата на станбени згради. „Во вториот квартал од годинава
продолжи забавувањето на годишниот раст на додадената вредност во градежништвото, додека вредноста на извршените градежни работи забележа пад. Од аспект на типот на градежни објекти, послабата градежна активност се објаснува со пониската изградба на станбени згради, како и со падот на активностите во доменот на хидроградбата. Останатите активности од областа на високоградбата и нискоградбата бележат умерен годишен пораст“, анализираше Народната банка во својот последен квартален извештај. Според извештајот, овој тренд веројатно е од привремен карактер
бидејќи раководителите на градежните претпријатија ја оцениле тековната состојба во овој сектор како поповолна во однос на претходниот квартал, а имале и пооптимистички очекувања за третиот квартал во поглед на состојбата со продажните цени и вработеноста во овој сектор.
Остра конкуренција меѓу банките
Во последните неколку месеци повеќе банки една по една објавуваа промотивни понуди на станбени кредити со камати пониски и од 3% за првите три години. Острата конкуренција во
12 декември, 2014 | 25
| Специјален прилог | Станбени кредити |
Тони Стојановски
Стефан Туати
П
К
член на Управен одбор на Стопанска банка
о повод значајниот јубилеј кој го прославуваме оваа година, 70 години постоење на Стопанска Банка АД Скопје, органите на Банката донесоа одлука за промотивна каматна стапка на станбените кредити од 3% за ограничен период од 3 месеци. Ваквата промотивна понуда која вклучува големи поволности за нашите клиенти, заедно со мошне поволните станбени кредити кои ги нудиме преку Владината програма ‘Купи куќа – Купи стан’, секако обезбедува натамошен раст на станбеното кредитирање во земјата.
член на УО на Охридска банка
аматните стапки и претходно беа на ниско ниво, а оваа нова понуда на пазарот е ограничена само на првите три години. По тој период, каматата е често мултиплицирана со повеќе од два, во некои случаи и со три периоди со три различни каматни стапки...Кога ќе се земе во предвид фактот дека просечниот станбен кредит трае повеќе од 20 години, важно е јасно да се ублажи тековниот тренд. Ние секогаш ги советуваме нашите клиенти на мудрост и сигурност. Целта е да ги реализираат нивните проекти, но не со надминување на семејните ресурси – така ќе ги избегнат тешкотиите кои може да настанат во случај на непланиран настан.
банкарскиот сектор доведе тие да ги благајничките и државните записи, спуштат каматите на рекордно меѓутоа, големо влијание најниско ниво со што се на овој тренд имаше изедначија со нивоата и заострувањето на на каматите дури и во конкуренцијата. Тоа развиените земји. доведе до историско Банкарите очекуваат намалување на кв ад ра тен стан е просечната атрактивните услови каматите на најбарана големина на на станбените кредити станбените кредити ст ан уште повеќе да ги под 3% и тоа во земјава заинтересираат никогаш до сега граѓаните да се не се случило кај одлучат да инвестираат нас. Ова е добра во нов стан. можност за клиентите „По повод значајниот кои планираат јубилеј кој го прославуваме оваа да инвестираат во година, 70 години постоење на недвижности бидејќи трошокот Стопанска Банка АД Скопје, ќе им се намали и се органите на Банката надевам дека овој потег донесоа одлука за на повеќето банки ќе ја промотивна каматна поттикне продажбата стапка на станбените и на станови кредити од 3% за и на деловни Од становите во Македо ограничен период простори“, изјави ни ја во моментов се непрoдaд од 3 месеци. Ваквата Ѓорѓи Јанчевски, eн и сп неофицијални процен оред промотивна понуда претседател на која вклучува големи Управниот одбор на градежниците. ки на поволности за нашите НЛБ Тутунска банка. клиенти, заедно со Дека станбените мошне поволните кредити важат за станбени кредити кои ги најсигурни пласмани нудиме преку Владината за банките докажуваат и програма ‘Купи куќа податоците од Народната – Купи стан’, секако банка, според кои обезбедува натамошен само 3,9% од нив раст на станбеното доцнат за наплата кредитирање во и спаѓаат во лоши е најниската каматна ста земјата“, вели Тони кредити. Самиот може да се најде во ма пка која Стојановски, член на факт што имаат ке до нс ки те банки за станбен кред Управниот одбор на недвижен имот како ит Стопанска банка. обезбедување ги „Намалувањето на прави станбените каматите на станбените кредити сигурни а кредити е чиста со тоа и клиентите се економска логика. Тоа е одраз поажурни во редовната на цената на парите бидејќи репер за отплата на своите месечни обврски. одредување на каматите кај нас се Дури и стрес тестовите на Народната
50
30%
2,9%
26 | 12 декември, 2014
банка покажаа дека доколку се остварат најлошите можни сценарија, лошите станбени кредити може да достигнат најмногу до 19,1% од вкупното портфолио. Од Комерцијална банка велат дека станбените кредити не се единствениот фактор кој влијае на продажбата на станови, но очекуваат ниските каматни стапки да придонесат за зголемување на побарувачката за станбени кредити. „Континуирано ги следиме пазарните трендови, активностите на конкуренцијата и нивото на каматните стапки. Тоа е дел од нашата политика за управување со стратегиски ризик. Во таа смисла се извршени и последните промени на каматните стапки за станбените кредити“, вели Габриела Стојановска, директор на Сектор за работа со население во Комерцијална банка. Во Охридска банка, пак, не очекуваат спектакуларен пораст на продажбата на становите, иако каматните стапки го достигнуваат историски најниското ниво. “Каматните стапки и претходно беа на ниско ниво, а оваа нова понуда на пазарот е ограничена само на првите три години. По тој период, каматата е често мултиплицирана со повеќе од два, во некои случаи и со три периоди со три различни каматни стапки... Кога ќе се земе во предвид фактот дека просечниот станбен кредит трае повеќе од 20 години, важно е јасно да се ублажи тековниот тренд. Ние секогаш ги советуваме нашите клиенти на мудрост и сигурност. Целта е да ги реализираат нивните проекти, но не со надминување на семејните ресурси – така ќе ги избегнат тешкотиите кои може да настанат во случај на непланиран настан“, вели Стефан Туати, член на УО на Охридска банка.
| Специјален прилог | Станбени кредити |
Зоран Дабевски
Никола Велковски
градежна компанија Дабар
В
еќе почнаа да се чувствуваат ефектите од намалувањето на каматните стапки на станбените кредити. Едно е 5% камата, а сосем друго 2,9%. Дополнително банките од пред некое време дозволуваат предвремена отплата со отпис на недостасаните камати што во минатото не беше случај. Сето ова се фактори кои придонесуваат бизнисот со недвижности повторно да станe интересен.
претседател на Здружение на градежници при Стопанска комора на Македонија
Н
е треба да се очекува намалување на цената на квадратен метар станбен простор бидејќи трошоците за градба растат. Во потесното градско подрачје не сум сигурен дека цените на становите ќе се намалуваат. Може да се случи инцидентен пад на цените, само како моментално намалување кога на градежниците би им требале итно пари.
Огромната понуда на станови во новоградби на пазарот ги натера градежните фирми да се служат и со невообичаени маркетиншки методи за да привлечат купувачи. Бесплатно комплетно опремување на новокупениот стан, попусти за одредени професии, пониска цена за втор купен стан од истата фирма, гратис подземна гаража, се само дел од понудата на градежните фирми. Повеќе се бараат станови во новоградба, за разлика од порано
Огромната понуда на станови во новоградби на пазарот ги натера градежните фирми да се служат и со невообичаени маркетиншки методи за да привлечат купувачи. Бесплатно комплетно опремување на новокупениот стан, попусти за одредени професии, пониска цена за втор купен стан од истата фирма, гратис подземна гаража,
28 | 12 декември, 2014
се само дел од понудата на градежните фирми. Агентите за недвижности велат дека во моментов цените на новоградбите во Скопје се движат од 800 до 1.300 евра. Но, потенцираат дека честопати купувачите со инвеститорот во четири очи се договараат за одреден попуст. Искуството на агенциите покажува дека сега многу повеќе се бараат станови во новоградби отколку стари станови, како што беше во минатото. Сепак, посочуваат
дека кога станува збор за атрактивна локација, речиси и да нема разлика во цената меѓу стар и нов стан. Според Зоран Дабевски од градежната компанија Дабар без разлика дали падот на каматите е резултат на пазарна “војна“ помеѓу банките или на некаков вид државна интервенција факт е дека тоа позитивно се одразува на пазарот. " Веќе почнаа да се чувствуваат ефектите. Едно е 5 % камата, а сосем друго 2,9 %. Дополнително банките од пред некое време дозволуваат предвремена отплата со отпис на недостасаните камати што во минатото не беше случај. Сето ова се фактори кои придонесуваат бизнисот со недвижности повторно да стани интересен " Новонастанатата состојба на пазарот ја поздравува и потпретседателот на Сојузот на стопански комори Сеад Кочан кој и самиот доаѓа од градежниот сектор, со нагласок дека сето ова требаше да
| Специјален прилог | Станбени кредити |
Ванчо Чифлиганец
генерален директор на Адора инженеринг
Н
агорниот тренд на продажба на станови во Адора Инженеринг, аргументирано докажува дека не опаѓа продажбата на станови во Македонија, а цената на становите е стабилна и покрај повисокиот квалитет и зголемените трошоци на градба. Доколку се задржат ниските каматни стапки на станбените банкарски кредити, очекуваме да продолжи и натаму експанзијата на високоградбата во Македонија, како резултат на цврстата монетарна политика повеќе години наназад, стабилниот банкарски сектор и здравото банкарство и добрата соработка со градежниот сектор.
Зошто се случи криза на пазарот за станови?
С
опственикот на Трансмет, Сеад Кочан даде свое видување за тоа што навистина се случуваше во изминативе години во градежништвото и зошто дојде до одредени кризи. Според него најважно е дека поголем дел од проблемите се веќе зад нас и дека може да очекуваме ново поглавје во целиот бизнис. „Во Македонија имаше петгодишен Сеад Кочан градежен бум кој им донесе доста сопственик на пари на инвеститорите кој не само Трансмет: што си ги повратија кредитите Во изградба туку и направија профит. Тие пари на станови повторно се реинвестираа во нови влегуваше кој згради, но покрај нив измамени од стигне, затоа успехот во градежништво влегоа и настана и други бизнисмени кои ова не вишок на им беше примарна дејност. Така пазарот. настана вишокот на пазарот кој не се регулираше бидејќи го создаваа луѓе со вишок пари кои можеа да чекаат и калкулираат. Единствена позитивна нус појава од целата криза е што ја расчисти оваа ситуација. Сега на пазарот повторно останаа само луѓе кои живеат од градежништво и планираат професионално да се занимаваат со него.
дојде многу порано. значајно да се намалат " Не знам дали банките конечно бидејќи трошоците за ги послушаа нашите апели или до работа остануваат исти, намалување на каматите дојде по да се плати работната природен пад, но факт е дека од сета рака и материјалите оваа состојба имаме големи очекувања, за работа, чии цени а ефектите иако времето е кратко веќе се не се намалуваат, а гледаат. Генерално секогаш е позитивно не очекувам тоа да да се поттикнува потрошувачката и се случи во иднина“ да се наоѓаат начини да се раздвижи – вели Велковски кој капиталот. Ова е еден од таквите начини" посочува дека токму Предвидувањата на градежници се локацијата е пресудна дека намалените каматни стапки ќе го за цената на станот, а олеснат купувањето станови, но не и не други надворешни интересот и понудата како за станбен пад на цената на квадратниот метар, што фактори кои се шпекулираат во јавноста. така за деловен простор и становите значи дека граѓаните немаат потреба да станаа помалку интересна дестинација за “Се потрошија тие што стравуваат за вложените пари. Според вишокот на пари. купуваа по пет стана“ нив голема е разликата од 2 или 3 Ваквата состојба ја детектираат и Во Македонија во изминатава деценија процентни поени камата која сериозно се од здружението на градежниците. станови купуваше буквално секој одразува на крајната цена на станот која Претседателот Никола Велковски кој може и не може да си го дозволи треба да ја плати купувачот. вели дека последните кризни години тоа, велат познавачите на пазарот. Никола Велковски, расчистија околу тоа кој и за што купува Недвижностите претседателот на станови. од овој тип здружението на „Купците кои купуваат по три градежниците при или пет станови и ги користеа стопанската комора за бизнис се заситија. Тие ги на Македонија вели потрошија вишокот пари и веќе дека не треба Го го имаат она што сакаа да го ди ни е пр ос ечниот милиони евра вкуп да се очекува добијат. Сега повторно ние период на станбен намалување пласирале банките но градежниците треба да се за на цената на кредит купување станови досе посветиме на оние природни квадратен метар га наши купувачи. Млади брачни станбен простор парови или било каков друг бидејќи трошоците тип на луѓе кои имаат вистинска за градба растат. потреба од нов станбен простор. “Во потесното Досега тие беа занемарени поради градско подрачје не сум сигурен дека неможноста да ги плаќаат високите се третираат и како станбен простор и цените на становите ќе се намалуваат. каматни стапки. Но со сите последни како цврста валута и како начин да се Може да се случи инцидентен пад случувања мислам дека се создаваат дојде до редовен месечен приход преку на цените, само како моментално одлични услови до стан да дојдат токму добра кирија и готово. Веројатно поради намалување кога на градежниците би оние кои тоа им е најпотребно.“ тоа падна цената на издавање, падна им требале итно пари. Цените не можат
15
400
Деловниот простор повторно се враќа во игра
К
апитал пред само една година пишуваше дека вложувањето во деловен простор во тој момент е чиста загуба. Во нашиот текст беше истакнато дека освен во централното градско подрачје сите други деловни простории или зјаат празни или се издаваат или продаваат по смешно ниски цени. Постоеше тренд дури и на пренамена од деловен во станбен простор што е навистина чудна пракса и за светски прилики.
30 | 12 декември, 2014
Среде оваа најголема криза на деловниот простор случајно или не дојде новата законска измена со која точно се дефинира и се ограничува можноста за пренамена од станбен во деловен простор. Иако имаше доста полемики околу оправданоста и спроведливоста на оваа одлука, градежниците и од нејзе имаат големи очекувања. Лично очекувам дека оваа законска измена ќе го врати во игра деловниот
простор, ќе ја стабилизира неговата цена и ќе го подигне интересот кај граѓаните и фирмите. Природно е ако не може да се пренаменува да мора да се купува и изнајмува нов деловен простор. Тоа после подолго време повторно ќе ги направи актуелни и деловните простори надвор од централното градско подрачје“ оптимистичен е во своите најави Никола Велковски, претседател на Комората на градежници.
Специјален прилог | Станбени кредити |
Klientot e na[iot dolgoro^en prioritet
К
аков е интересот на граѓаните за станбените кредити и која е причината што каматите се спуштија на рекордно ниско ниво? Способноста на банките за кредитирање во моментот е голема и всушност оттука потекнува овој важен потег на пазарот. Станбениот кредит е најпродаваниот производ на Охридска банка, но ние одлучивме да не учествуваме во оваа трка. Сепак и покрај ваквиот избор, во изминатите денови забележливо порасна интересот за информации. Ние во Охридска банка сметаме дека аплицирањето за станбен кредит е клучен момент во релацијата со нашите клиенти. Од нас се очекува да го олесниме процесот на купување на нов дом. Во оваа насока, нашата понуда е потполно транспарентна и ги претставува сите услови за добивање на станбен кредит. Најважно од се, со оглед на тоа што ова е долгорочна обврска, нашата понуда е една од најконкурентните за цело времетраење на кредитот, а не само за време на три години. Брзото и значително намалување на каматните стапки на некој начин предизвика изненадување и доза на несигурност кај граѓаните. Тие првично гледаат можност и брзо ги прават калкулациите, што на крајот ја намалува атрактивноста на моменталнта понуда на пазарот. Такви ниски понуди не треба да бидат генератор на пораст на останатите
секојдневни банкарски провизии за случај на непланиран настан. „компензирање“ на банката. Охридска банка исто така нуди Ние во Охридска банка нудиме кредитно животно осигурување што е транспарентост и стабилност за навистина ценето од нашите клиенти клиентите. и со сигурност важно за таков тип на одлука. Со избор на оваа опција, Колку оваа своевидна акција на нашите клиенти како бенефит имаат повеќето банки да ги намалат уште поповолни услови. Оваа понуда каматите на станбенните кредити покрај за станбените е може да придонесе да се зголеми валидна и за останатите продажбата на становите, какви се кредитни производи на вашите очекувања од оваа понуда? банката. Наша цел е да Ако се земе во предвид само ниската ги задоволиме и да им месечна рата на почетокот на кредитирањето, да навистина може да се излеземе во пресрет на нашите клиенти колку поддржи извесен пораст на продажбата што е можно повеќе. на станови. Охридска банка Ние не очекуваме силен пораст иако дејствува за разумен каматните стапки го достигнуваат и стабилен пазар, историски најниското ниво. поддржувајќи Каматните стапки и претходно беа одговорно кредитирање: на ниско ниво, а оваа нова понуда на Клиентот е нашиот пазарот е ограничена само на првите долгорочен три години. По тој период, каматата е приоритет. често мултиплицирана со повеќе од два, во некои случаи и со три периоди со три различни каматни стапки... Кога ќе се земе во предвид фактот дека просечниот станбен кредит трае повеќе од 20 години, важно е јасно да се ублажи тековниот тренд. Ние секогаш ги советуваме нашите клиенти на мудрост и сигурност. Целта е да ги реализираат нивните проекти, но не со надминување на семејните ресурси – така ќе ги избегнат тешкотиите кои може да настанат во Член на Управен одбор на Охридска банка
Stefan Tuati
12 декември, 2014 | 31
Капитал број 789 12.12.2014
32
www.kapital.mk
анализа
Kapital istra@uvawe
Od kogo dr@avata kupuva najmnogu kompjuteri i softve Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
фотографија:
фотоархива на Капитал
Б
лизу 5 милиони евра потрошиле државните и јавните институции во последните десет месеци за ИТ модернизирање и осовременување. Анализата што ја направи Капитал, врз основа на податоците од Бирото за јавни набавки,
Во изминатите десет месеци, државните и јавните институции распишале 180 тендери за набавка на продукти од ИТ секторот. Вредноста на истите е нешто помала од 5 милиони евра, а најчести набавувачи се болниците, јавните претпријатија и министерствата. Софтверските решенија кои институциите најмногу ги бараат се програми за евидентирање на плата и надоместоци на вработените покажува дека во изминатите десет месеци институциите објавиле 180 тендери преку кои бараат набавка на ИТ опрема. Тоа значи дека просечната
вредност на еден тендер е 27 илјади евра. Меѓу нив најчести набавувачи се јавните здравствени установи односно болниците, јавните претпријатија и
КОМПАНИИ ОД КОИ НАЈМНОГУ СЕ НАБАВУВА ИТ ОПРЕМА ВО 2014 Име на компанија Друштво за информатичка технологија НЕКСТСЕНС ДОО Скопје Друштво за производство,трговија и услуги КОДЕКС КОМПЈУТЕРИ ДООувоз-извоз Кавадарци Трговско друштво за информатика и инжињеринг ИНФО СОФТИНГ Борис ДОО увоз-извоз Скопје Друштво за производство,трговија и услуги ВЕНИКОМ СОФТВЕР ДООЕЛ експорт-импорт Скопје Друштво за информатички инженеринг НЕОКОМ АД увоз-извоз Скопје Трговско друштво за производство, услуги и промет АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје Друштво за истражување и развој во техничките и технолошките науки УЛТРА ДОО Скопје Друштво за производство,промет и застапување МАКЕДОНСКИ БИЗНИС СИСТЕМИ,Ѓорѓи Божиновски ДООЕЛ увоз-извоз Скопје МАКПЕТРОЛ Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати Скопје Производно трговско друштво АНХОЧ ДОО Скопје
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
анализа
33
КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИ НАБАВУВАЧИ ВО 2014 Број на постапки 45 22 25 6 5 12 13
Договорен орган Јавни здравствени установи Министерства Јавни претпријатија Општини и Град Скопје Влада Агенции Факултети
Половина од тендерите се правени во „четири очи“
Р
eri? министерствата. Најголем број од тендерите, вкупно 108 се распишани за набавка на нов или одржување и надградба на веќе постоечки софтвер во институциите. По нив следуваат тендерите за набавка на компјутери и компјутерски делови, а на крај се тендерите кои се однесуваат за набавка на хардверска опрема. Така, за нови софтверски решенија, институциите оваа година потрошиле, околу 3 милиони евра, за компјутери и компјутерска опрема околу 1,5 милиони, и пола милион евра се потрошени на набавка на хардвер. Најчести софтверски решенија кои ги
Број на тендери 6
Вредност (вкупно) 183.793 евра
7
94.538 евра
5
39.740 евра
7
18.760 евра
13
397.384 евра
12
1.455.855 евра
6
243.073 евра
5
63.542 евра
12
138.047 евра
6
193.615 евра
ечиси половина од тендерите преку кои се набавувало ИТ опрема се направени во „четири очи“, односно преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас. Од вкупно 180 тендери направени во минатите десет месеци, дури 85 се направени преку ваква постапка. Токму тендерите без објавување оглас, велат познавачите кои прават мониторинг на јавните набавки, ја зајакнуваат веќе создадената перцепцијата дека овие тендери не дозволуваат конкурентен натпревар меѓу компаниите, во нив постои реална можност за корупција, а постои опасност и потребната опрема за набавка да се плати по повисока цена од реалната.
барале институциите се софтверски решенија за евидентирање на плата и надоместоци, канцелариско работење, за материјално- финансиско работење, како и анти-вирусни решенија. Од страна на компјутерска опрема, пак, најмногу се набавувале нови компјутери (најчесто преносни), печатари, скенери и други компјутерски делови.
НЕОКОМ, АССЕКО и Макпетрол се компаниите од кои најмногу се набавува Во изминатите десет месеци институциите набавиле ИТ опрема од речиси 100 ИТ компании. Сепак, НЕОКОМ, АССЕКО и Макпетрол се компаниите од кои најмногу набавувале. Така, од вкупното 180 тендери, најмногу односно 13 има добиено друштвото за информатички инжинеринг НЕОКОМ, 12 тендери трговското друштво за производство, услуги и промет АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ и исто толку акционерското друштво за промет со нафта и нафтени деривати Макпетрол, кои се инаку застапници на ДЕЛ во земјава. Гледано по вредност на тендерите, се издвојува компанијата АССЕКО, која во изминатите месеци заработила речиси 1,5 милиони евра само од тендерите кои ги распишале институциите. Следна е
5
милиони евра потрошила државата за набавка на ИТ опрема модернизација на институциите
45
тендери за ИТ опрема распишале јавните здравствени организации, што ги прави најголеми набавувачи на ИТ опрема во последните десет месеци
547
илјади евра- е највредниот тендер за ИТ опрема направен оваа година, а го распишал Централниот регистар за набавка на софтвер и компјутерска опрема
27
илјади евра - е просечната вредност на еден тендер распишан оваа година за набавка на ИТ секторот компанијата НЕОКОМ, која од продажба на компјутери и компјутерска опрема на државните институции зарадботила 400.000 евра. На трето место е друштвото за истражување и развој во техничките и технолошките науки УЛТРА ДОО Скопје, која од набавката за софтвер и хардверска опрема заработило речиси 250.000 евра. Највредниот тендер го распишал Централниот регистар кој за сукцесивна набавка на информатичка опрема и софтвер и платил пола милион евра на фирмата АССЕКО. Договорот е направен во јули месец оваа година, а тендерот бил спроведен преку отворена постапка, на која се пријавиле четири фирми, а на кој критериум за доделување на тендерот бил најниска цена.
Капитал број 789 12.12.2014
34
www.kapital.mk
политика
Сите за Германија - 8197 Македонци побарале азил годинава
З
а период од 11 месеци годинава, 8.197 македонски државјани побарале азил во Германија. Како што соопшти германското министерство за внатрешни работи, Македонија е во групата на земји од каде и натаму доаѓаат најголем број политички азиланти. Главната причина е финансискиот мотив, но, според германските закони, на секој возрасен барател, покрај обезбеден престој, храна, медицинска грижа, облека и образование за децата, му следува и помош од 130 евра месечно. Инаку, македонските азиланти се на 6. место според бројот на барања, кои годинава во Германија се за 57 проценти повеќе од лани, а најмногу во последните 14 години.
> БРОЈКИ
338
македонски државјани побарале азил во Шведска во изминатите 11 месеци, а од нив само пет лица го добиле, покажува статистиката на канцеларијата за емиграција на оваа држава
9
фирми оваа година добија дозвола за откуп на тутун, а треба да откупат 25.000 тони соопштуваат од Министерството за земјоделство
13-то
местото го зазема Скопје на ранг листата на најдостапни светски градови во 2014 година според индексот на цените за сместување, покажува истражување спроведено од веб страницата „GoEuro“.
1
2
3
Damir Neziri
Демократска партија на заокружените
Mome Martinoski
Dragi Makedonci, dzabe mi pisuete. Posten politicar ovde, ni ja ne mozem da najdem. Dedo Mraz
Srgjan Stojancov
Празниот мев ќе добие грб.
Koj e Ivo Vajgl, noviot izvestuva^ za M
Slovene^ki diplo makedonskite int Во пошироката јавност, Вајгл важи и за успешен преговарач, односно олеснувач во дијалозите меѓу две или повеќе „закарани“ страни. До сега бил вклучен во повеќе вакви ангажмани, меѓу кои и во дијалогот меѓу Палестина и Израел. Колку ваквото искуство и знаење може да придонесе во македонскогрчкиот спор, допрва ќе се види. Иако очекувањата не се преголеми, со оглед на тоа дека надминувањето на ова прашање најмногу лежи во волјата за изнаоѓање решение и во Македонија и во Грција, сепак дел од проценките се дека Вајгл поактивно ќе бара решение, како, и со овој спор, Македонија да ги започне преговорите со Унијата
европските институции, откако неговиот претходник, Словенецот Зоран Талер беше обвинет за корупција. Пораките на новиот известувач, Вајгл, продолжуваат во иста насока како и на неговите претходници- итно почнување на преговорите на Македонија со Унијата. Иако е се уште рано да се оценува каков ќе биде неговиот придонес за Македонија (секако тоа најмногу зависи од консензусот на државите членки, а не од нашите „застапници“ во ЕУ), сепак ревноста со која настапува Вајгл, но и амбициозните предлози кои ги иницира во Брисел (итен почеток на преговори и отворање на поглавја кои не ги засегаат соседните држави) ветува во најмала рака дека Македонија ќе има претставник во Брисел кој ќе даде нови и свежи идеи во застапувањето и промоцијата на интересите на земјава во Унијата. Очекувањата од новиот известувач уште повеќе се зголемуваат не само поради фактот што станува збор за граѓанин на Словенија, земја пријател на Македонија и евроентузијаст кога станува збор за политиката на проширување на ЕУ, туку и поради неговата богата политичка и дипломатска кариера, како и неговата активност во воспоставување дијалог меѓу држави соочени со конфликт.
Кој е Иво Вајгл? пишува:
Габриела Делова
М
gabriela.delova@kapital.mk
инатата недела јавноста во Македонија и официјално го запозна новиот известувач за Македонија во Европскиот парламент, Словенецот Иво Вајгл, кој оваа функција ја презема од Британецот Ричард Ховит кој две години ја преставуваше Македонија во
Новиот известувач за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл е роден во 1943 година Марибор, Словенија. Иако е дипломиран агроном, сепак првиот професионален ангажман го има како новинар во информативната агенција Танјуг за Словенија. По неколку години поминати во новинарството, Вајгл преминува во дипломатските води. Прво, работел како портпарол на Министерството за надворешни работи во Белград, а по распадот на Југославија, е и првиот портпарол на словенечкото Министерство за надворешни работи. Амбасадор бил
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
бум-трес
35
Основана платформа за антикорупција
П
етнаесет граѓански организации неделава ја основаа Платформата за антикорупција, со цел поактивно и подинамично да биде коректив на состојбите. Оттаму најавуваат дека ќе соработуваат и комуницираат со сите засегнати страни вклучувајќи ги државните институции, политичките партии, бизнис заедницата и меѓународната заедница, а истовремено најавуваат и постојано следење на ефективноста, транспарентноста и интегритетот на сите релевантни институции. Платформата ќе поттикнува и поддржува иницијативи за поголема транспарентност во донесувањето и спроведувањето на Буџетот на РМ и буџетите на единиците на локална самоуправа, а ќе го следи и финансирањето на политичките партии и користењето јавните ресурси за партиски интереси. Исто така ќе биде покрената и иницијатива за полесен пристап до (статистички) податоци.
Иџет Мемети
народен правобранител
епублика Македонија Р е длабоко поделено општество. Има делби и по
национална, и по верска, по политичка, и по секаква основа. Вака изгледа кога народниот правобранител „ја открива Америка“
Makedonija vo Evropskiot parlament?
omat ]e gi brani nteresi vo EU
Петре Шилегов
портпарол на СДСМ
а сите нас стажот во Н матичните фирми престана да ни тече и
насилно бевме пријавени во заводот за вработување како пратеници. Шилегов објаснува како „со сила“ биле натерани да земаат пратеничка плата за седење дома.
Еди Рама
премиер на Албанија
талијанците се И Албанци облечени во Версаче.
Рама сака да покаже дека регионот припаѓа во ЕУ, со став дека облеката го прави човекот Европјанин.
twitter во неколку држави, меѓу кои Шведска, нордиските и балтичките земји, во Австрија, во ОБСЕ и Германија, а во 2004 година ја добива функцијата шеф на дипломатијата на Словенија. На оваа функција е неполна година, а потоа четири години работи како советник на претседателот на државата за прашања поврзани со надворешната политика. Вајгл е член на Европскиот парламент од 2009 година, што значи дека веќе има нешто повеќе од пет годишно искуство во политиките и одлуките на европските институции. Потврда за неговите достигнувања и заложби во Европскиот парламент е и меѓународната награда Џовани Лосардо. За неговите активности во меѓународните односи познавачите
пишуваат: „Вајгл е секогаш подготвен да им даде право на глас на сите страни од конфликтот“. Инаку, досега Вајгл бил вклучен во спроведување и олеснување на дијалог во повеќе спорови, меѓу кои и воспоставување дијалог во палестинскоизраелскиот конфликт. Колку ваквото искуство на Вајгл, во билатерални спорови, може да биде искористено и во дво- деценискиот спор меѓу Македонија и Грција допрва ќе се види. Иако е јасно дека надминувањето на овој спор пред се зависи од двете вклучени државни, Македонија и Грција, но и од лидерите на европските држави, сепак дел од проценките се дека Вајгл поактивно ќе бара решение, како, и со овој спор, Македонија да ги започне преговорите со Унијата.
1
Д-р Скопски Пеер@skopski_peder32m
2
Бејтманолоџи@hasawatermark23h
3
Чејс@chasework9 Dec
Одиш на аеродром да се отселиш. Чекаш чек-ин, листаш твитови. Ја гледаш сликата од #СтудентскиМарш и си викаш: - Чек не си одам има надеж!
Дека баба Ванѓа е македонска државјанка потврдува нејзиниот бугарски пасош! - па ова е генијално! у 7мо цел клас се договоривме за претседател да ја гласаме најголемата бараба. класната ги поништи изборите. никад овде немало демократија.
Капитал број 789 12.12.2014
36
www.kapital.mk
политика
Partijata od Mala Re^ica so vnatre[ni pregrupirawa
Zo[to Ahmeti ne spie mirno, iako Arifi ne mo@e da napravi "DUI Narodna"? пишува:
Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk
Н
ема повеќе да стојам во сенка на претседателот на ДУИ Али Ахмети, туку ќе се обидам да се наметнам како важна политичка фигура, како алтернатива на сегашниот концепт на дејствување“. Со оваа изјава Теута Арифи, актуелен потпретседател на владејачката и најголема партија во албанскиот политички блок ДУИ ја разбранува јавноста отворајќи дилема до каде можат да се развијат несогласувањата меѓу неа, нејзиниот блок од една страна и второто, таканаречено воено партиско крило, од друга. За интересот околу нејзиниот лик и дело, (за волја на вистината подзаборавен во последно време), да биде уште поголем се погрижи самата, зачинувајќи ја изјавата со вокабулар нетипичен за неа, далеку
од дамски, но многу блиску до повик за отворена пресметка: „ Што се однесува на соочувањето за градот Тетово, нека повели кој сака, доколку му стиска и што смета дека може да освои 25 илјади гласа, го чекам на мегдан, затоа што мажите на мегдан се соочуваат“ Арифи овие пораки ги испрати откако на Собранието на огранокот на ДУИ во Тетово ја загуби битката од двајца други ривали, рангирајќи се трета, со 21 глас од 120-мина делегати што учествуваа во гласањето. Делот со „мажиштата“ се однесува на сопартијците кои по поразот во огранокот во Тетово, преку социјалните мрежи, ја повикаа да даде оставка од градоначалничката функција, дека легитимитетот да раководи со градот го црпи од 24 илјади гласови добиени на последните локални избори. Со ова изјава, Арифи најави кандидатура за втор мандат за градоначалник на Тетово, без разлика дали зад нејзината кандидатура ќе застане ДУИ.
„Јас победив со 14 000 гласови добиени од различни партии – тие што се сомневаат дали ме подржува базата нека се соочат со мене на наредните локални избори “ вели таа. Новоизбраниот претседател Абдурахмани е релативно анонимен актер, иако беше секретар на поранешниот тетовски градоначалник Хазби Лика, а сега директор на Агнецијата за стокови резерви. Тој вели дека никој не му ја оспорил победата и ги отфрла обвинувањата дека на делегатите им ветувал вработувања „Теута може повеќе од мене да вработи“ вели тој. Дел од сопартијците му даваа најмалку шанси за победа бидејќи средно и високо образование има завршено како возрасен „Тоа е бидејќи кога требаше да завршам четврта година бев во затвор во Идризово и ако некој алудира дека кај Рамиз Мерко сум купил диплома, тоа треба и да го докаже- ова се ниски удари“ изјави Абдурахмани. Како успеа човек со ваков бекграунд да
КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
политика
Дали Теута Арифи којашто важеше за битна и маркантна фигура во партијата, но и воопшто на политичката сцена, ќе може да се наметне како алтернатива на Ахмети, како што најавува? Дали таа тоа планира да го изведе преку внатрешно „опозициско дејствување“ или пак можеби формирање на нова партија? И партиски извори и аналитичари велат дека Теута Арифи одамна ја загубила лидерската аура, но дека Али Ахмети се соочува со внатрешни притисоци ставен пред дилемата – се работи ли само за бенигни разлики во мислењата или следува период на едни силни потреси во самата партија? ја победи европски спакуваната Арифи навистина е интересно да се анализира. Факт е дека Арифи после напуштањето на вицепремиерската функција и заземањето на градоначалничката фотелја во Тетово, изгуби многу во очите на своите поддржувачи, особено што и Тетовчани не се многу воодушевени од нејзиниот градоначалнички перформанс. Но, сепак, малкумина очекуваа дека токму Абдурахмани ќе ја замени во градот во којшто (иако Скопјанка) би требало да биде неприкосновена.
Внатрешно незадоволство
Не е прв пат Арифи да биде во отворен или потаен конфликт со лидерот, но несогласувањата во ДУИ овој пат отидоа толку далеку што дел од нив се решаваа и преку вооружени пресметки. Познатата поделба на интелектуално и воено партиско крило одамна важи, но прашањата коишто сега се наметнуваат е до каде може да оди овој раскол, дали Арифи којашто важеше за битна и маркантна фигура во партијата но и воопшто на политичката сцена ќе може да се наметне како алтернатива на лидерот и секако - што тоа би значело, дали Арифи планира тоа да го стори преку внатрешно „опозициско дејствување“ или можеби формирање на нова партија? Освен овие прашања, случувањата во ДУИ алудираат и на една поширока политичка криза. ДУИ е најголемата партија во албанскиот политички блок. Што можат да значат и какви се ветрови да донесат овие настани кај нив? Се работи ли само за бенигни разлики во мислењата или следува период на една силна реформација на самата партија, со различни прогнози за каналот по којшто таа може да се движи? Според партиски извори голем дел од членството, но што е поважно и од самото партиско раководство, не е задоволно од политиките на партијата. ДУИ, којашто пред своите гласачи излегува со главно ветување за европски и НАТО интеграции на Македонија, пет години е на власт со ВМРО – ДПМНЕ, а никако не успева да го испорача овој пакет. Политиката којашто е сведена на закани пред секој Самит на ЕУ или на НАТО дека ДУИ ќе ја напушти Владата доколку Македонија не добие полноправно членство, се покажува како комплетно празна веднаш со завршувањето на тие настани, откако лидерот или некои
партиски функционери ќе дадат изјава дека тоа што го кажале не важи и дека остануваат во друштво со ВМРО – ДПМНЕ, „за доброто на граѓаните и на оние коишто ги избрале.“ Се чини дека години наназад ДУИ просто нема друга стратегија освен оваа. Слаба економска платформа, слабо учество во економските проекти на Владата, министрите на ДУИ дури и ги нема на прочуените „роуд – шоуа“ на премиерот Никола Груевски, слаба економска активност... па останува впечатокот дека наместо со реалните потреби на албанските гласачи чијшто интерес тие го претставуваат, ДУИ останува посветена исклучиво на Рамковниот договор (презентиран преку континуирани рамковни вработувања) и по некоја посета надвор од земјава, средби со претставници на Меѓународната заедница (или нивни амбасадори дома), на којашто како по шаблон Ахмети и неговите ја повторуваат мантрата дека за Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО. Ваквата поставеност на партијата што треба да биде еден од клучните носители на државни политики го урива многу нејзиниот углед, но прави и дисторзија на целата политичка сцена. Дали внатрешните микро - препукувања се одраз на неуспешното менаџирање на Ахмети на макро ниво? Да не беа изборите за претседатели на локалните ограноци можеби ова немаше да биде толку видливо, но токму овие избори ги извадија на површина несогласувањата и пукнатините во ѕидовите на Мала Речица. Иако партијата категорично негираше дека тоа и се случува, пресметките со оружје помеѓу приврзаниците на Рафиз Алити и Блерим Беџети, инцидентот во Тетово кога Џевад Адеми едвај се спасил и избегал од партискиот состанок пред да биде натепан од сопартијци, случувањата во Куманово каде што исто така вриеше за изборот на локален шериф, покажуваат дека најевропската партија во земјава, за каква сака ДУИ да се претставува, многу неевропски си ги пегла внатрешните разлики.
Ахмети е среќен само затоа што нема соодветна опозиција
Аналитичарите се едногласни дека во ДУИ има движења коишто допрва ќе стануваат интересни за посматрање и коишто можат да влијаат на целата
37
gazeli специјална едиција
19
компании кои растат и во време на криза
ДЕКЕМВРИ 2014
KOI SE KOMPANIITE KOI RASTAT I VO KRIZA?
К
апитал Медиа Гроуп, во соработка со експерти и аналитичари, ја подготвува втората по ред годишна специјална едиција Газели на Македонија, која ќе излезе на 19 декември. Во едицијата Газели која има за цел да го поттикне растот и развојот на најбрзорастечкиот дел во приватниот бизнис во Македонија, ќе бидат рангирани 200 најбрзорастечки претпријатија во Македонија. Изборот на компании кои ќе се најдат во едицијата Газели ќе биде направен според точно дефинирани и строго одбрани критериуми и параметри: да постојат четири последователни години 2010-2013 да имаат растечки приходи во изминатите 4 години (2010-2013) да имаат остварени приходи над 6.000.000 денари во 2013 година да имаат добивка во изминатите 4 години (2010-2013) да имаат над 5 вработени Едицијата Газели е опширен преглед на најдинамичниот дел на македонската економија со конкретни податоци за работењето на компаниите во последните четири години. Во рангирањето ќе бидат прикажани податоците за растот на приходите, добивката и бројот на вработени на македонските газели во периодот од 2010 до 2013 година, како и податоци за тоа во кои дејности работат. ВО ЕДИЦИЈАТА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ СЛЕДНИВЕ АНАЛИЗИ: Кои се македонските газели за 2013 година? Тајните на компаниите кои растат и во криза Како европските земји ги поттикнуват бизнисите побрзо да растат? Кои се најефикасните мерките за поддршка на брзорастечките компании? Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-mail: gordana.mihajlovska@kapital.mk телефонскиот број: 02
3280 910
ЛИЦА ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА gordana.mihajlovska@kapital.mk САЊА САВОВСКА sanja.savovska@kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
38
www.kapital.mk
политика
Алберт Муслиу аналитичар
Д
УИ се премногу комотни што немаат некоја сериозна опозиција, па наместо со вистинска политика се занимаваат сами со себе. Овие тензии кај нив, сепак не се идеолошки, туку се интересни и групациски. Не верувам дека може да се случи расцепување на партијата, но интересно ќе биде да се види како ќе се развива несогласувањето понатаму. Еве и за новиот грб има различни струи, се разбира доколку сето тоа не е дел од добро смислен спин заедно со коалицискиот партнер. политичка сцена. Тие како сценарио ја отфрлаат можноста ДУИ да се распадне или подели на две партии од неколку причини, но пред се, според нив, најбитно е тоа што во нивните редови не се гледа некој друг лидер освен Ахмети. „Најмалку Теута. Таа одамна го изгуби својот политички кредибилитет. “ велат тие. Поголемиот проблем според нив е тоа што во албанскиот блок нема никаква сериозна опозициска партија, па оттука Ахмети може да биде многу опуштен. Аналитичарот Алберт Муслиу за Капитал вели дека штетно е за целата политичка клима тоа што Ахмети нема сериозен „противкандидат“ во опозицијата, но дека и покрај тоа, тој не може да биде мирен, токму поради внатрешните притисоци: „ДУИ се премногу комотни што немаат некоја сериозна опозиција, па наместо со вистинска политика се занимаваат сами со себе. Овие тензии кај нив, сепак не се идеолошки, туку се интересни и групациски. Не верувам дека може да се случи расцепување на партијата, но интересно ќе биде да се види како ќе се развива несогласувањето понатаму. Еве и за новиот грб има различни струи, се разбира доколку сето тоа не е дел од добро смислен спин заедно со коалицискиот партнер“ вели тој. Со него се согласува и Мерсел Биљали којшто укажува на незадоволството во партијата од актуелните политики.
Мерсел Биљали аналитичар
В
о ДУИ има незадоволство кај дел од членството од актуелните партиски политики, па затоа се случува ова. Кандидатите за претседатели по ограноците не се по мерак на лидерството и потоа има вакви испади. Но, Теута Арифи е веќе истрошена фигура и не верувам дека таа може да обедини поголем број приврзаници. Не само таа, никој друг освен Ахмети. Таа партија е силно концентрирана околу лидерот.
Беса не му прави проблем на Ахмети... засега
В
о меѓувреме, на политичката сцена никна нов субјект на Албаците во Македонија – Беса, како „комплетно ново политичко и општествено уредување на државата.“ Биљаљ Касани од иницијативниот одбор порача дека постоечкото уредување не ги задоволува правата на Албанците кои се дискриминирани во многу сфери и дека треба да се изгради нова држава која нема да биде ниту како онаа од 45тата година , ни како од 91тата, или пак онаа од 2001та година „Досега, не само рамковниот договор, туку и претходните уредувања на Македонија беа донесени во војна. Треба да седнеме и да сфатиме што понатаму со оваа држава бидејќи вака веќе не оди“ порача тој на промоцијата на оваа политичка замисла. Со оваа платформа се поврзаа преку шпекулации многу албански политичари, но пред се Руфи Османи и Имер Селмани. Тие и двајцата јавно немаат потврдено учество внатре, но аналитичарите сметаат дека оваа нова партија ќе умее да направи сериозен прогрес само ако најде вистински лидер, нешто што тешко се препознава меѓу вакви „политичари со искуство“. „Беса имаат бришан простор и треба да умеат да го искористат, само залудно доколку нема лик, лидер. Тоа е тоа што недостасува“ вели Биљали.
„Во ДУИ има незадоволство кај дел од членството од актуелните партиски политики, па затоа се случува ова. Кандидатите за претседатели по ограноците не се по мерак на лидерството и потоа има вакви испади. Но, Теута Арифи е веќе истрошена фигура и не верувам дека таа може да обедини поголем број приврзаници. Не само таа, никој друг освен Ахмети. Таа партија е силно концентрирана околу лидерот.“ вели тој.
Сепак, аналитичарите сметаат дека Ахмети и тоа како е немирен во сопствената фотелја деновиве. Таман и да е убеден во моќта да остане на позицијата, тој се наоѓа во средина на вкрстени огнови. Балнасирањето помеѓу разликите кај сопствените функционери и партиската идеологија , сугестиите од Меѓународната заедница и нивните совети и владините проекти и учеството во самата коалиција, го пореметува комодитетот на којшто тој се навикна.
Капитал број 789 12.12.2014
40
www.kapital.mk
Балкан бизнис и политика
So Rusija ne se karame, no vo EU sakame:
Dali Balkanot ]e bide sledniot megdan na Zapadot i Rusija пишува:
Максим Ристески
Б
maksim.risteski@kapital.mk
ез разлика дали западниот интерес во Украина е демократизација на земјата, при што Русија посредно трпи штета, или, пак, Украина е само параван зад кој главно се цели кон Кремљ, развојот на тамошната криза с$ појасно покажува колку е притеснет Владимир Путин. Падот на цената на нафтата е следен од стрмоглавувањето на вредноста на рубљата, што, поради совпаѓањето со интересите на Западот (да се покажат санкциите за Москва како ефикасни), ги поттикна теориите дека цената на „црното злато“ намерно се урива за да & се наштети на Русија чиј буџет најмногу приходува од продажбата на нафта и на гас. Шефот на надворешноразузнавачката служба на Русија,
Михаил Фрадков, директно ги обвини Вашингтон и западните сојузници дека со санкциите кон Русија и со манипулациите на светскиот нафтен пазар влијаат врз падот на рубљата, која од јули во однос на еврото ослабе 30%, а во однос на доларот дури 38%. На продолжувањето на овој тренд ќе влијае одлуката на државитечленки на ОПЕК да не го намалуваат нивото на производство на нафта и покрај нејзината ниска цена. А Русија проекциите за приходите во буџетот ги темели токму на цената на нафтата, сметајќи на приближно 100 долари по барел, и јасно е каков проблем за неа претставува намаленото очекување поради наглиот пад на центата на енергенсот, кое за 2015 година изнесува 80 до 90 долари по барел. Во вакви околности рускиот претседател го одржа својот последен говор, обраќање до нацијата, кој западниот печат го оцени како обид за свртување на вниманието од реалните (економските) проблеми
со помош на национал-романтична реторика. Путин говорот го заврши со воскликот „ние ќе победиме“, а за тоа да им звучи уверливо на Русите не е доволно анектирањето на Крим - треба да им се покаже дека Русија игра и на терен на којшто Западот веќе ставил рака, а тоа, секако, не може да биде Белорусија. Теренот е Западниот Балкан, чии словенски, посткомунистички, православни држави, се или членки на Европската унија или стремат кон тоа. Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, за време на посетата на Босна и Херцеговина, побара Западниот Балкан да се држи надвор од моменталните тензии меѓу ЕУ и Русија. А германската канцеларка, Ангела Меркел, во интервјуто за германскиот весник Welt am Sonntag, изјави дека „Москва се обидува да ги направи земјите од Западен Балкан економски и политички зависни од Русија со цел да го наметне своето
www.kapital.mk
Рускиот интерес, изнуден од развојот на украинската криза, за поголемо влијание на Балканот, државите од регионот кои знаат како, го користат и ќе го користат за поповолно пазарење со ЕУ, кадешто недвосмислено им се свртени погледите. На Путин му останува да се обиде да им ја прикаже ситуацијата на Русите како тој да & прави проблеми на Унијата влијание во тој регион“. Претходно канцеларката прилично драматично ја опиша опасноста од политиката на Путин кон земјите кадешто може да применува „поцврста“ дипломатија. „Не сакам оживување на времето на Германската демократска република, кога без согласност на Москва не беше можно никакво движење. ЕУ не е како ГДР, која се наведнуваше пред Москва. Во спротивно човек би морало да каже - ние сме преслаби, внимавајте луѓе, ние не можеме веќе никого да примиме (во членство во ЕУ, н.з.), мораме кај Москва да се распрашаме дали можеме да го направиме тоа“, изјави Меркел во говорот одржан на Лоуи институтот за меѓународна политика, по неодамнешниот Г20 Самит во Бризбен. Ако воопшто постои дилемата дали овој степен на алармантност одговара на големината на заканата што Путин може да ја испорача на Балканот во актуелниот контекст, неа лесно ја разрешува недвосмислено негативниот одговор на прашањето - дали рускиот претседател може да изврши таков притисок врз балканските држави што тие или би се дистанцирале од членството во ЕУ, или, барем, како членки (на ЕУ) проруски би влијаеле на одлуките на Унијата? Како и да е, ваквиот аларм одредени балкански држави умешно го искористуваат, за наместо само тие да ја молат ЕУ, таа постојано да мора да ги уверува дека пристапувањето кон Унијата е во нивен интерес. Поинаку и не би можело во услови кога ЕУ мораше да вети дека нема да има следен бран на проширување барем до 2020 година. Изјавата на претседателот на Европската комисија, Жан Kлод Јункер, дека до споменатата година ќе нема ново проширување - нешто што е јасно само по себе ако се има предвид темпото на преговорите на земјите што веќе истите ги имаат започнато, беше дадена само за да се успокојат Европјаните кои не сакаат нови членки.
За српските „браќа“ Русите нула, Европјаните 4,2 милијарди евра
Најдобар образец за мерење на значењето на руското влијание на
Капитал број 789 12.12.2014
41
Мирче Адамчевски
поранешен дописник од Москва:
Р
усија ја загуби политичката битка на Балканот уште во времето на Елцин. И Србите ќе го сменат мислењето понатаму. Таму сега народот повеќе се држи до емотивните врски со Русија. И за Црна Гора беше познато она - „ние и Русите триста милиони“, меѓутоа, иако Русите таму влегоа економски со милиони, ако не и милијарди, се сменија работите - Црна Гора на Русија & воведе санкции.
Балканот е секако Србија, која во фаза на отворање поглавја од преговорите со ЕУ, на рускиот претседател, Владимир Путин, му го посвети седумдесетгодишниот јубилеј од ослободувањето на Белград, му даде да си направи српско-руски хуманитарен центар во Ниш, да отвори медиумски сервис, а му направи и споменик на рускиот цар Николај Втори Романов ... Но, во меѓувреме, онаму кадешто се води големата политика, Србија ревносно се бори што побрзо да почне да отвора поглавја од преговорите со ЕУ, а на Русија „& ја фрла коската“ дека нема да ги поддржи западните санкции кон неа. Српскиот премиер, Александар Вучиќ, заедно со претседателот, Томислав Николиќ, кој иако самиот се декларира како русофил, на Путин на парадата во Белград му порачаа дека „Србија се наоѓа на патот кон ЕУ и од тој свој пат не се откажува“, и оти, „ова е Србија која не се срами и која води јасна надворешна политика“. Ваквата позиција на Србија лесно ја објаснуваат бројките, односно економскиот интерес. Германскиот дневен весник Sueddeutsche Zeitung пишува за неоснованоста на мислењето на дури петтина од Србите дека Русија е најголем финансиски поддржувач на нивната земја. Од Русија на Србија не & стигнала никаква бесповратна помош од 2000-тата година наваму, а во истиот период со вкупно 4,2 милијарди евра Европската унија и нејзините членки како Германија, Италија, Холандија, го помогнале нашиот северен сосед. Односот на Москва кон Белград Sueddeutsche Zeitung го илустрира на примерот со продажбата на нафтената компанија НИС (Нафтена индустрија на Србија) во 2008 година, на руски Газпром, кој платил помалку од петтина од пазарната вредност, односно само 400 милиони евра. Ваквата цена српските власти тогаш ја правдаа со очекувањата од поголемиот енергетски пакет, што требаше да стигне со гасоводот „Јужен поток“, на чија изградба Белград очекуваше домашните фирми да заработат најмалку половина милијарда евра, а од чија транзитна употреба државниот буџет требаше да се полни со до 300 милиони евра годишно. Германскиот весник потенцира дека Русите во договорот за продажбата не преземале никаква обврска да ја обештетат Србија на која „за беспари“ & го земаа НИС, во случај „Јужен поток“ да пропадне, а токму тоа го најави Путин. Мислење за тоа колку руската стратегија за Балканот може да им ги помати европските сметки на
државите од регионот, побаравме од поранешниот дописник од Москва за Нова Македонија, Мирче Адамчевски. „Русија ја изгуби политичката битка на Балканот уште во времето на Елцин. Тогаш и самата Русија беше слаба, па немаше капацитет да игра на Балканот. Кога дојде Путин промовираше нова стратегија за Балканот наречена „економија и култура“, и тој доследно се држи до неа до денеска. Резултат е економската соработка, која, на пример, во Словенија достигна размена од милијарда евра“, изјави Адамчевски за „Капитал“. За разликата што треба да се прави меѓу политиката и економијата, кога политичкиот интерес е членство во ЕУ, а дел од економскиот (интерес) е поврзан со Русија, Адамчевски го наведува примерот на Црна Гора: „И Србите ќе го сменат мислењето понатаму. Таму сега народот повеќе се држи до емотивните врски со Русија. И за Црна Гора беше познато она - „ние и Русите триста милиони“, меѓутоа, иако Русите таму влегоа економски со милиони, ако не и милијарди, се сменија работите - Црна Гора на Русија & воведе санкции. Значи се прави разлика меѓу политиката и економијата - Ѓукановиќ си води друга политика“, вели Адамчевски. Во контекстот, фрустрациите на Москва ги покажа советникот на Путин, Сергеј Глазјев, кој побара Подгорица да биде казнета за поддршката на санкциите кон Русија со намалување на бројот на чартер летови кон Црна Гора, односно со пренасочување на руските туристи кон Крим. „Русите се истиснуваат од сите сфери на животот во Црна Гора: на големите компании им се одзема имотот кој потоа се препродава, како што се случи со железарницата во Никшиќ, со рудникот за боксит, комбинатот за алуминиум КАП, неколку хотели, и не им се дава пристап до државните тендери“, пишува „Росискаја газета“ во текстот кадешто е пренесена изјавата на Глазјев. Адамчевски остава простор и за кокетирање со Русија во функција на стекнување подобар преговарачки влог со ЕУ, но смета дека тоа за да има ефект треба да биде поткрепено со конкретни потези: „Ако сакаш да му покажеш нешто на Западот ќе направиш гест кон Русија. Ние ништо такво не сме направиле. Србија го направи со тоа во Ниш, со српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш (за кој постојат сомневања дека функционира како воена база, н.з.). Тоа се гестови што служат утре за пазарење, кога ќе дојде Западот да ја притиска Србија“, смета Адамчевски.
Капитал број 789 12.12.2014
42
www.kapital.mk
на руЧек со...
Драган Мијалковски музичка легенда
Humanosta seko se isplatuva
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
на руЧек со... Нашето мени Од богатото мени на Арабеска избравме салата со рукола и пармезан
koga[
43
Малите ѕвезди на естрадата секогаш се вообразени, оние поголемите се поскромни и посамоуверени, а Драган Мијалковски е веројатно категорија сам по себе. Тој комотно може да служи на идните генерации како единица мерка за скромност и хуманост, за професионалност и тимска работа. разговарал и фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
М
акедонија во изминативе 70 години на слободно живеење успеа да извади дури пет генерации извонредни пејачи или музичари . Секој од нив посебно одбележува одреден период, одреден правец и одредена ера, за секој од нив јавноста има одредени мислења, фалби и критики, можат да се слушнат добри и лоши мислења. Но, кога се работи за Драган Мијалковски мислењето е едно единствено и недвојбено. Јавноста и после 45 години од почетоците на неговата кариера се поистоветува и го идолизира спојот на еден извонреден вокал кој излегува од една многу стабилна и можеби претерано скромна личност. Во рубриката На ручек со, Мијалковски ни ја раскажа неговата животна приказна и со што освен музиката го исполнува неговиот живот.
Почнав од загрепското сиропиталиште на Мајка Тереза
Малкумина знаат дека Мијалковски е всушност роден во Бјеловар, денешна Хрватска каде воената служба ја извршувал неговиот татко. На само две годишна возраст неговите се разведуваат и мајка му се враќа во Скопје, а татко му во неможност да го гледа го дава во загрепскиот дом за деца без родители од каде после кратко време е даден на посвојување. "Буквално во последен час благодарение на моите баба и дедо јас сум вратен во Скопје кај мојата мајка. Јас бев многу мал и не се сеќавам, но старите кажуваа дека посвојувањето во хрватско семејство било скоро завршена работа. Така почна мојата скопска приказна во Пајко Мало, покрај опожарената црква Света Богородица, во домот на моите баба и дедо со кои поминав голем дел од младоста". Позната е опсесијата на Мијалковски кон култот на Мајка Тереза. Во текот на изминатата година тој одржа бројни хуманитарни концерти во амфитеатарот покрај нејзината спомен куќа, а целата оваа ангажираност ја круниса со песна испеана врз база на запишан текст на најславната скопјанка која подоцна ја поклонува на градот. Но, уште поинтересно е дека на цели 65 години Мијалковски открил од каде потекнува неговата врска со оваа света жена. "Сосема случајно во документите открив дека сиропиталиште во кое сум
престојувал во Загреб е посветена на Св. Тереза идолот на Гонџа Бојаџиу, а е финансирано директно од организацијата Мајка Тереза. Ете на крај се констатира дека ништо не е случајно и дека оваа жена која ја делат само неколку чекори од прогласување на светица кај мене и преку мене си ја одиграла својата улога".
Уште од најмали нозе бев предодреден за уметност
Неоспорниот уметнички талент на Мијалковски е забележан уште во основното училиште Кочо Рацин во Скопје од неговиот тогашен професор по музика. Малиот Драган на помалку од десет години веќе користел повеќе инструменти, а неговите таленти стануваат прочуени. "Првиот јавен настап со виолината го имав во големата сала на прочуениот Офицерски дом под светлината на огромниот кристален лустер. Тоа беше навистина едно големо доживување на кое и ден денеска се сеќавам. Но, тоа кажува и колку многу години се поминати од кога се занимавам со оваа работа, бидејќи познато е дека Офицерскиот дом е срушен уште пред педесет и една година во катастрофалниот скопски земјотрес". Од тој прв настап, кариерата на Мијалковски оди само по нагорна линија. Тој покрај генерациска, скопска, македонска станува и југословенска ѕвезда која крстосува по концерти пред преполни сали и стадиони ширум Европа и ветот. Еве која според него била тајната на неговиот успех.
Не се трудам да бидам скромен, туку прагматичен и човечен
Прва карактеристика која другите ќе ви ја кажат за Драган Мијалковски, а лесно и самите ќе ја забележите е дека станува збор за невидено приземен и ненаметлив човек. Нешто навистина тешко споиво со големиот дар и големото име кое го носи. Мијалковски не се доживува така себеси и вели дека не треба да се идолизира особина која секој човек би требало да ја поседува. "Јас никогаш не сум верувал и се уште не верувам во концептот на индивидуален успех или слава. Моите концерти биле добри поради многу фактори, а најмногу поради трудот и кохезијата на многу различни луѓе. Значи, од првиот до последниот концерт кој неодамна го одржав во Универзалната сала јас се сметав за тимски играч кој извршува само одредена улога од сета таа сложувалка. Секогаш сум пазел да не се правам ѕвезда пред оркестарот, пред менаџерот, пред
Капитал број 789 12.12.2014
44
www.kapital.mk
на руЧек со...
Првиот јавен настап го имав уште во кристалната сала на поранешниот офицерски дом
За време на Југославија настапував и пред публика од близу сто илјади луѓе
Не мора човек да е скромен, но треба да е реален и прагматичен кон околината околу него
Хуманоста не треба да се промовира, туку што почесто да се применува
К
олку песни и концерти Мијалковски направил од хумани побуди и без никаков хонорар и самиот не може да изброи. Тој е еден од основачите и на првата детска амбасада Меѓаши каде долги години е активен член. Токму од тие денови се сеќава на еден чудотворен настан за кој вели дека вреди многу, многу повеќе од сите хонорари за сите негови бесплатни настапи заедно. "Кога помагам тоа пред се го правам поради луѓето на кои тоа навистина им е потребно, но и затоа што јас имам потреба, а јавноста воопшто и не сакам да ја вклучувам. Така додека беа бегалците од Босна во Македонија еден ден ја зедов гитарата и им направив мала забава.
техничките организатори, туку напротив најненаметливо и најпрофесионално да си ја одиграм мојата улога и со тоа да им олеснам на другите". Мијалковски кажува дека со таквиот принцип на работа кариерата може да се помине без многу потреси, а истовремено да се остават зад себе и големи резултати. "За време на Југославија правевме повеќе месечни турнеи. Тоа е еден поинаков начин на живот во кој се инволвирани повеќе луѓе кои се неопходни за да се направи еден настап
Сакав да ги разведрам и барем малку да им олеснам на тие луѓе кои доаѓаа од пеколот на војната. На крајот на претставата ги собрав малите деца и им отпеав една брза популарна песничка на која тие играа вовче. Наеднаш кога заврши песната несвојствено слушнав плачење од една мајка која буквално ме нападна со зборовите "кој ли те прати ". Јас малку и се уплашив се додека не им објасни дека ќерка и токму во тој момент и на таа песна за прв пат прозборела после цели пет месеци од кога и експлодирала бомба во непосредна близина. Затоа, ако некој мисли дека хуманоста не ми се исплатува, не можам да најдам поубав пример за да го демантирам".
или еден концерт. Јас секогаш си поминував добро и без проблеми, бидејќи го правев она што другите го правеа. Ако тие креваа опрема и јас им помагав, ако ја поставуваа сцената јас ја правев истата за многумина мачна и валкана работа. Е сега некој што ме гледа од страна можеби ќе речел каква е оваа музичка ѕвезда која се однесува како обичен барабанџија, но тоа е веројатно само еден злобник помеѓу илјада добри луѓе кој мене нема да ми наштети, а ваквиот мој човечки однос напротив многу ќе ми
помогне и мене и на другите". И навистина Мијалковски долгата кариера уште на млади години ја крунисува со победи на домашни и меѓународни фестивали, а за своето име ќе успее да обезбеди вечно место во музичката историска бесмртност.
Семејството ме заштити од пороците на естрадата и замките на славата
"Мојата кариера ја градев дури откако го формирав семејството. Со сопругата се зедовме на нецели дваесет години,
www.kapital.mk
Капитал број 789 12.12.2014
45
а исто така и децата ги добивме како многу млади. Така да додека на моите колеги заработката од концертите им беше џепарлак, јас со неа купував храна и облека за малите деца. Имам настапено на преку илјада концерти од кои само 600 во поранешен СССР, а не се сеќавам да сум се напил нешто повеќе од едно единствено лесно пиво и тоа многу ретко. Така да фамилијата кај мене најдобро можно си ја одигра големата улога". Денеска големиот Драган Мијалковски меѓу другите успеси може да го додаде и фактот дека е горд дедо на четири внучиња кои му го разубавуваат и подмладуваат животот. "Моите две деца Дарко и Искра како мали многу сакаа да слушаат приказни. Од кога ги исцрпив сите за мене познати басни и сказни почнав да составувам мои. Ги составував на тој начин што гледав секогаш да пренесуваат некоја порака за чесност, трудољубивост, хуманост. И навистина верувам дека тие приказни имаа сериозно влијание на моите деца. Се обидувам и ќе се обидам тоа да го пренесам и на внуците".
Од долгата кариера на Мијалковски
Потребна е поголема професионализација на естрадата
Мијалковски во 45 годишната музичка кариера во два наврати бил и претседател на друштвото на естрадни уметници. Од тука, проблемите на музичарите во Македонија ги познава изворно. Во ова интервју ни кажа и неколку интересни предлози како тие да се разрешат или барем да се ублажат. "Во скоро пет децении кариера јас никогаш сум немал некаква книшка на која пишува што сум и со што се занимавам. Тоа во нормална држава би било недопустливо. Јас разговарам со луѓе кои да речеме не ме познаваат и кој кредибилитет го имам пред нив ако не изнесам никаков доказ за професијата што ја извршувам. Ова е само мал пример околу тоа колку е се неорганизирано. Ние кариерата ја поминавме во едни полупрофесионални услови и затоа останува на младите наши наследници да се организираат подобро и да се изборат за своите права, но и да ги дефинираат своите обврски". Мијалковски е самокритичен и кон својата фела за која вели дека често
знае и да е нереална. "Оваа, како и секоја друга работа бара максимална концентрација, професионалност, но и економска логика. Јас лесно можам да кажам дека нема да настапам никаде за помал хонорар од илјада евра. Но, ако се ставам во кожата на менаџерот што ме најмува и ако пресметам дали тој реално може да ги извлече тие пари од мене за да остане и за двете страни, тогаш или ќе се спуштам на земја или ќе седам дома како многу наши музичари. Дополнително, ако веќе се договорам за одредена цена, колку и да е мала јас морам парите да ги одработам чесно. Не смее да се дозволи личните фрустрации да се рефлектираат на публиката. Тие платиле да гледаат еден концентриран, расположен и мотивиран
уметник и тоа на крај мора да го добијат". На крај Мијалковски ни кажа дека не се гордее особено ниту со своите лични, ниту со успесите на некој од своите колеги, туку дека најмногу е импресиониран од успесите на македонските фолклори друштва. "Сето она што ние како познати пејачи го имаме на играорците им недостасува. Јавноста им дава мал, а често и никаков публицитет. Хонорари не само што немаат, туку често и од дома носат пари за да покријат трошоци. Но, тоа не пречи за да освојуваат десеткратно и стократно повеќе светски награди од нас и затоа лично им се воодушевувам, а и на другите колеги им препорачувам да учат од нивниот пример".
| Специјален прилог | здравје |
Kapital ve sovetuva
Koi preventivni mora da gi naprav „docnite, mladi" 46 | 12 декември, 2014
pregledi vite vo godini?
Специјален прилог | здравје |
Модерниот „лајфстајл“ за многумина по дефиниција подразбира поздрав начин на исхрана и физичка активност. Но во услови на забрзано темпо на живеење и зголемен стрес, дали е тоа доволно? Капитал, во разговор со врвни доктори од реномираните клиники во земјава ве советува кои превентивни прегледи задолжително треба да ги направите за да имате поздрав и поквалитетен начин на живот дури и ако се чувствувате потполно здраво пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
М
одерното време носи модерни болести. Оваа фраза стана белег на современиот начин на живот. Брзото темпо на живеење, зголемениот стрес, брзата исхрана, отсуството на физички активности носат со себе многу нови болести, кои честопати, место да ги превенираме, ги игнорираме. Застрашувачки е податокот дека во услови на развиена технологија и постојани нови научни достигнување, кардиоваскуларните болести и малигните заболувања стануваат најчести болести на современието, не само во светот туку и во Македонија. Податоците на Институтот за јавно здравје во Македонија покажуваат дека 15% од вкупно лекуваните во 2011 година се лица со кардио- васкуларни болести, а 13,3% од лекуваните се со малигни заболувања што се воедно и првите најчести болести во земјавата. Според податоците од Државниот завод за статистика, пак, во 2012 година од болести на циркулаторниот систем (каде спаѓаат кардио- васкуларните заболувања) починале речиси 12 илјади лица, од кои нешто помалку од 6 илјади се мажи, а нешто повеќе од 6 илјади се жени, со вкупна стапка на смртност од 578 на 100 илјади жители. Ништо подобри не се ниту податоците околу малигните заболувања. За 10 години морталитетот кај лицата со овие болести се зголемил дури за 13,5%. Ова само докажува дека, брзината на достигнувањата во технологијата во секое поле, која честопати се опишува и како молскавична, очигледно се уште капитулира пред брзината со која се
12 декември, 2014 |47
| Специјален прилог | здравје |
Што препорачуваат од Клиничката болница „Аџибадем Систина“?
В
рвните доктори од реномираната Клиничка болница „Аџибадем Систина“ ги препорачуваат следниве пакети:
Check up пакет за жени менаџери:
MR на мозок CT на бели дробови и медијастинум Клинички преглед , ехо на дојки и дигитална мамографија Ехо на уринарен тракт и абдомен Спирометрија Check-up преглед – executive Стоматолошки преглед со РТГ панорамикс Dexa scen на коски Ортопедско травматолошки преглед Аудиолошки пакет 1 (аудиометрија и тимпанометрија) Комплетен ендоскопски преглед на уво, нос и грло Ехосонографски преглед на тироидна жлезда Коронарен стрес тест Дуплекс скен на каротиди Ехокардиографски преглед – ТТЕ Кардиолошки преглед појавуваат болестите на модерното време. Затоа превентивата, советуваат лекарите е најважен процес да се зачува
48| 12 декември, 2014
Електрокардиограм-ЕКГ Комплетен гинеколошки преглед (ПАП, колпоскопија, ултразвук) Цитодијагностика на размаски, пап размаски Урина за уринокултура со спонтана микција Брис од грло за патогени бактерии и габички Комплетна лабораториска анализа и уринарен статус
Check-up пакет за мажи менаџери:
Уролошки специјалистички консултативен преглед MRI на мозок CT на бели дробови и медијастинум Ехо на уринарен тракт и абдомен – Check –up Спирометрија Check –up преглед executive DEXA скен на скелет Аудиолошки пакет 1 (аудиометрија и тимпанометрија) Комплетен ендоскопски преглед на уво, нос и грло Ехосонографски преглед на сопственото здравје. Оттука, редовните прегледи се многу важни дури и кога се чувствувате сосема здраво.
тироидна жлезда Коронарен стрес тест Доплер иследувања на периферна циркулација Дуплекс скен на каротиди Ехокардиографски преглед – ТТЕ Кардиолошки преглед Електрокардиограм –ЕКГ Брис од грло за патогени бактерии и габички Крв за антитела на Helicobacter pylori lgG Комплетна лабораториска анализа и уринарен статус Секако во 30-ти години повеќе од нас веќе длабоко се навлезени во остварување на животниот пат
| Специјален прилог | здравје | кој го одбрале- градење кариера, посветеност на работа, независност од родителите, градење семејство. Притоа, мнозинството од нив се здрави и среќни, речиси недопрени од ефектите на стареењето, нешто што се очекува да стане видливо подоцна. Секако, кај многумина можеби се јавуваат првите бели влакна, или неколку килограми повеќе, понекогаш се чувствуваат и непознати болки во некои предели од телото, притоа без да им се даде некое посебно значење. Така, посветеноста на кариерата или семејниот живот, честопати води до занемарување на здравјето. Но без разлика колку и незначајни да изгледаат промените кои настануваат во овој период, лекарите препорачуваат постојана претпазливост и преземање превентивни мерки зошто токму овие години се многу значајни за градењето на добро здравје и квалитетен живот понатаму. Во потрага по совети како да се превенираат застрашувачки болести на современото време, Капитал разговараше со врвните и искусни доктори од неколку реномирани клиники во Македонија. Од нив побаравме совети за тоа како да се превенираат овие болести и кај мажите и кај жените. Прашавмекои се превентивните прегледи кои тие ги препорачуваат со цел да го зачувате вашето здравје и без проблем да ги исполнувате своите обврски
при градење на кариерата или пак создавање на семејство. Секако здравниот начин на исхрана и физичките активности се само дел од советите кои се препорачуваат. Но сепак, доброто здравје и квалитетниот живот се нешто повеќе од само здрава исхрана и вежбање. Затоа, превентивните прегледи се многу важни во секоја година од вашиот живот, советуваат тие.
Кои прегледи за жени ги препорачуваат лекарите? ПАП тест Зошто токму овој тест? ПАП тестот е едноставен начин да го превенирате карциномот на грлото на матка, карцином за кој е познат причинителот, а тоа е ХПВ вирусот. Се препорачува првиот ПАП-тест да го направите веднаш штом ќе станете сексуално активни и доколку нема ризик-фактори истиот да го правите еднаш годишно. Прегледот е безболен, но за некои жени е непријатен. За време на ПАП тестот се зема примерок од грлото на матката кое понатаму се носи на лабораториска анализа. Доколку се утврди присуство на ХПВ, се прави типизација за да се утврди за кој тип вирус се работи. Во зависност од резултатот вашиот гинеколог ќе ви ги даде понатамошните насоки со цел да се превенира карциномот на грлото на матката.
Мамографија и ехо на дојки Колку порано се открие карциномот на дојки, толку се поголеми шансите за негово излекување. Секоја жена или девојка на возраст над 25 години мора да прави редовни ехо прегледи, а над 36-40 годишна возраст еднаш годишно мамографски прегледи на дојка. Мамограмите се ниски дози на х-зраци и можат да детектираат мали димензии на тумори, кои не можат да се напипаат и немаат никакви симптоми. Но она што е најважно е што овие тумори во голем процент може да се излекуваат. Висок крвен притисок Како што стареете расте ризикот од висок крвен притисок. Не само возраста туку и современиот начин на живот надополнет со стресот се главна причина за хипертензија. Високиот крвен притисок кај повеќето се јавува без симптоми, но може да предизвика сериозни проблеми како мозочен или срцев удар, но и оштетување на бубрезите. Доколку навреме се открие и се почне со терапија, долгорочно ќе ги превенирате кардио-васкуларните заболувања, како и проблемите со бубрезите. Dexa скен По менопауза жените губат дел од својата коскена маса. Како резултат на оваа состојба коските стануваат слаби и кршливи и при најмал пад. Остеопорозата може најлесно да се дијагностицира со Dexa скен. Со помош
NASTINKA – PODOBRO DA SE SPRE^I, ODO[TO DA SE LE^I
П
роменливото време, а особено високите температури во есенските денови, придонесуваат за брзо ширење на вирусите и појава на настинки и грип. Затнатиот нос, болката во грлото и кашлицата се оние вообичаени симптоми кои се знак за појава на настинка, а во овој период тие најмногу ги погодуваат дечињата. Како да ги заштитите дечињата уште при првите симптоми на настинката и да го зајакнете нивниот имунитет? Како со време да го спречите можниот развој на воспалението, наместо да лечите подоцна? Д-р Тајс Мукоплант Традиционални хербални лекови во третманот на респираторните заболувања Секој родител може сосема безбедно да го заштити своето дете со употреба на традиционални хербални лекови, како оние од линијата Мукоплант на Доктор Тајс. Традиционалниот Мукоплант Сируп од тегавец против кашлица поседува тројно дејство: го намалува дразнењето, го разредува густиот секрет и ги ослободува дишните патишта кај децата и возрасните. Воедно влијае и благо противвоспалително, антимикробно и имуностимулативно, со што идеално се спротивставува, уште во првата фаза, на можниот развој на2014 воспалението. 50 | 12 декември,
Новиот Мукоплант Сируп од тегавец и ехинацеа е збогатен со екстракт од Echinacea purpurea и покрај третманот и лекувањето на настинката проследена со кашлица, придонесува и за зајакнување на имунитетот. Во неговата формула нема шеќер и алкохол. Особено е препорачлив при третман на повторно воспаление на дишните патишта. Мукоплант Еукалиптус балсамот С против настинка на Д-р Тајс видливо ги олеснува потешкотиите при воспаленија на дишните патишта, а подобрување се чувствува веќе по првиот ден од употребата. Балсамот, благодарение на етеричните масла од бор и еукалиптус, има клинички докажано брзо и ефикасно дејство, а правилната и навремена употреба успешно ги решава тегобите. Се употребува надворешно при некомплицирани случаи на настинка, грип и бронхитис - за втривање на кожата на градите и грбот или за инхалација. Особено се препорачува да се втрие на кожата пред спиење, а по потреба повторно и во текот на ноќта. Топлината треба да се одржува со соодветна облека или облога. Етеричните масла во текот на сонот го намалуваат застојот на секретот во дишните патишта, делуаат благо антисептично во бронхиите, а истовремено го загреваат целиот граден кош. Балсамот не содржи ментол со што е погоден за употреба и кај помали дечиња.
МАЛИ СОВЕТИ:
Инсистирајте на редовно и често миење на рацете, особено во училиште или градинка. Научете го детенцето да избегнува да го фаќа лицето и да не ги става рацете во уста. Витамините и минералите се важни за зајакнување на имунитетот, а најдобро е тие да се внесуваат по природен пат. Затоа се препорачува секојдневно консумирање свежо овошје и зеленчук. Погрижете се детето да спие доволно! Долгиот и мирен сон е гаранција за добар и силен имунитет. ”Пред употреба внимателно да се прочита упатство! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.” Избегнете ја опасноста од можниот развој на воспалението и овозможите си себе и на Вашите најмили брзо опоравување со правилна и навремена употреба на традиционалните хербални лекови. Направете ги неизоставен дел од вашата домашна аптека, консумирајте и подарете здравје од природа!
| Специјален прилог | здравје | на овој апарат се мери густината на коските, а со тоа и нивната цврстина. Секоја жена над 50 години мора да прави редовен скрининг за остеопороза. На тој начин ќе ја превенира болеста, а со тоа и скршениците кои бараат долг период на заздравување и рехабилитација. Кај жени со зголемен ризик од остеопороза (рана менопауза, слаби и тенки жени со светол тен, по лекување на карцином на дојка, хронична бубрежна инсуфициенција, белодробни и гастроинтестинални заболувања) се препорачува многу порано да се почне со скрининг тестови.
Прегледи кои лекарите ги препорачуваат за мажи!
PSA во крв и консултација со уролог Карциномот на простата е еден од најчестите тумори кај машката популација. Главен ризик фактор е возраста. Ризикот е поголем доколку еден или повеќе членови во семејството имале карцином на простата. Еден од најважните превентивни прегледи што треба да бидат направени кај секој маж над 50 години е прегледот на простатата, кој се состои во ехо и ректален преглед на простатата. Најчесто простата не покажува никакви симптоми до 40-тата годишна возраст. Составен дел од овој „машки пакет“ е и одредувањето на ПСА во крвта. Ова е еден вид на туморски маркер кој може да открие присуство на карцином во простата во многу рана фаза. Кај мажи со семејна историја за карцином на простата, како и кај пушачи овие прегледи треба да започнат да се спроведуваат веќе од 45-тата година. Интернистички преглед Стресот, исхраната и недоволната физичка активност се главните виновници за високиот крвен притисок, зголеменото ниво на масти во крвта и појавата на дијабетес. Карактеристично за сите овие болести е што се јавуваат тивко, без симптоми, но може да бидат причина за сериозни срцеви и кардиоваскуларни проблеми, како и проблеми со бубрезите. Со редовни рутински прегледи на мажите над 30-годишна возраст сите овие болести може многу едноставно да се дијагностицираат. Еднаш годишно е задолжително да направите лабораториски анализи кои можат да ви го спасат животот. Доплер на каротидни артерии Се препорачува кај мажи со покачен крвен притисок, со семејна историја оптоварена со кардио-васкуларни заболувања и кај мажи со шеќерна болест и/или бубрежна болест. Исто така, исклучително важен преглед е ехото на срце и прегледот на каротидните артерии. При преглед на артериите се мери соодносот на двата внатрешни и средниот слој на ѕидот од артериите. Се изведува со цел да се одреди присуство на атеросклеротична болест на крвните садови кои се задолжени за носење кислород на крв до мозокот. Двете каротидни артерии се наоѓаат на двете страни од вратот и крвта која проаѓа низ нив може да биде делумно или целосно попречена од
52 | 12 декември, 2014
Што препорачуваат од ПЗУ „Ремедика“?
В
рвните доктори од реномираната ПЗУ „Ремедика“ апелираат дека превентивните прегледи се најдобри за добро здравје и квалитетен живот. Оттаму ги препорачуваат следниве пакети:
Менаџерска понуда за дами помлади од 40 години: Клинички преглед на цело тело (ЕКГ, пулмонални тестови, адуфиометрија и БМИ) Рентген на бели дробови и срце GPS- global postural screen (дигитална анализа за држење на телото со детектирање на деформитети) Комплетна лабораториска анализа Кардиолошки преглед Гинеколошки преглед (ПАП тест, ултразвук, колпоскопија) Микробиолошки испитувања (хламидија, уреоплазма, микоплазма, брис од цервикс) Интернистички преглед (консултативен преглед, ехо на абдомен) Комплетна дијагностика на гради Одредување на ниво на стрес на работно место Профил на личноста (психолошки тест за структура на личност)
Менаџерска понуда за господа помлади од 40 години: Клинички преглед на цело тело (пулмонални тестови, ЕКГ, аудиометрија и БМИ) масните наслаги. Ваквата блокада може да го намали доводот на крв во мозокот и да предизвика мозочен удар. Затоа, тестот се изведува еднаш годишно кај луѓе над 50 години.
Прегледи кои се важни и за мажи и за жени! Колоноскопија Колоректалниот карцином или ракот на дебелото црево, сe повеќе зема замав. Она што е загрижувачки е што се намалува и старосната граница и сe повеќе млади луѓе заболуваат од оваа подмолна болест. Најчесто настанува од полипи, кои се развиваат во канцер, но тие може да се превенираат доколку навреме се откријат со колоноскопија и отстранат. Колоноскопија е скрининг тест за карцином на дебелото црево. Се изведува со анестезија, така што пациентот не чувствува никакви непријатности или болка. Се препорачува за сите жени на возраст над 50 години, и мажи на возраст помеѓу 50 и 60 години. Но доколку сте ризична група, односно во семејството имате заболен од оваа болест, тогаш со скрининг мора да почнете многу порано. Но без оглед на возраста колоноскопија мора да се направи веднаш доколку ги
Рентген на бели дробови и срце GPS- global postural screen (дигитална анализа за држење на телото со детектирање на деформитети) Комплетна лабораториска анализа Кардиолошки преглед (ултрасонографски преглед на срце, толкување на ЕКГ) Интернистички преглед (консултативен преглед, ехо на абдомен) Комплетна дијагностика на гради Одредување на ниво на стрес на работното место Профил на личноста (психолошки тест за структура на личност)
Прегледи кои ПЗУ „Ремедика“ ги препорачува и за мажи и за жени: Колоноскопија Гастроскопија имате следниве симптоми: појава на крв во столица, нередовно празнење, чувство на недоиспразнетост. Дерматолошки преглед Меланомот е најопасниот тип карцином на кожата кој на почетокот нема никакви симптоми. Ризикот од овој карцином се зголемува како резултат на предолгото изложување на сонце и ултравиолетови зраци. Секоја жена мора да прави редовна проверка на бенките и да следи дали има промени во бојата, големината или формата. Но во поголем ризик се мажите, според статистиките, тие имаат 2-3 пати поголем ризик да развијат меланом за разлика од жените на иста возраст. Според досегашната пракса, меланомите кај мажите доцна се откриваат зошто за разлика од жените, тие не го набљудуваат своето тело и не може навреме да ги забележат промените на кожата. Како превенција од карциномот на кожа се препорачуваат редовни самопрегледи на кожата. Затоа по секоја промена која ќе ја забележите на своето тело веднаш побарајте совет од дерматолог, а еднаш годишно, особено пред летото, направете дерматоскопија. Лекувањето на карциномот на кожа е многу ефикасно, но само ако се открие навреме.
| Специјален прилог | здравје |
100% П
ациентите во Македонија заболени од рак на дојка имаат стопроцентна поддршка водена од врвни домашни експерти од оваа област, беше истакнато на неодамнашната прес конференција организирана од страна на приватната болница Ре-Медика во Скопје. Вклучени се експерти во делот на дијагностицирањето на ракот на дојка, оперативното лекување, пред и постоперативните патохистолошки и имунохистохемиски анализи, онколошките и радиолошките третмани па се до естетската реконструктивна хирургија. Овој тим го сочинуваат доктори од приватното и јавното здравство: Проф. д-р Андреја Арсовски, стручен директор на ПЗУ Ре - Медика, Д-р Елизабета Бабушку и Д-р Наде Петановска од ПЗУ Ре - Медика, Д-р Сашо Банев од ПЗУ Биопсија, Проф. д-р Љубе Ивковски од ПЗУ Хистолаб, Д-р Нино Васев, Д-р Мери Пешевска и Д-р Марија Вукашиновиќ од Клиниката за радиотерапија и онкологија при Универзитетскиот клинички центар, како и Д-р Огњен Даскалов од ПЗУ Д-р Даскалов. „Борбата против ракот на дојката мора да се води мултидисциплинарно и со
54 | 12 декември, 2014
poddr[ka vo bi so rakot na dojk
Мултидисциплинарниот пристап во борба против ракот на дојка во Македонија, со поддршка на приватната болница Ре-Медика ги обедини специјалистите и супспецијалистите радиолози, патолози, хирурзи, онколози во намерата да се спасат што повеќе животи и пациентите да може да го продолжат животот со поголема самодоверба, охрабрени, мотивирани и излекувани. индивидуален пристап кон секој од пациентите. Со овој тим секој пациент ќе биде сигурен дека од нас добива 100% поддршка во битката со ракот“, вели Проф. д-р Андреја Арсовски, торакален хирург и стручен директор на Ре - Медика. Мултидисциплинарниот пристап, според него, ги обединува специјалистите и супспецијалистите радиолози, патолози, хирурзи, онколози во намерата да се спасат што повеќе животи и пациентите да може да го продолжат животот со поголема самодоверба, охрабрени, мотивирани и излекувани. “Овој тим покажува дека неопходна е соработка, дека кај нас пациентот е на
прво место и тоа не е само флоскула, туку и реалност. Како доктори и специјалисти сепак стоиме на ставот дека најдобри резултати во третманот на ракот на дојката се постигнуваат со раното откривање и навремената интервенција “, додава Арсовски. Ре - медика располага со најсовремен дигитален мамомат, надграден со систем за стереотактични инвазивни процедури кој е единствен во Македонија и ултразвучен апарат со специјално конструирана мултифреквентна сонда, со можност за правење на доплер студија и MICRO PURE студија за детекција на микрокалцификати. “Тука се изведуваат сите инвазивни
Специјален прилог | здравје |
Проф.д-р Андреја Арсовски стручен директор на Ре – Медика
вој тим покажува дека неопходна е О соработка, дека кај нас пациентот е на прво место и тоа не е само флоскула, туку и
реалност. Како доктори и специјалисти сепак стоиме на ставот дека најдобри резултати во третманот на ракот на дојката се постигнуваат со раното откривање и навремената интервенција.
Д-р Наде Петановска ПЗУ “Ре – Медика“
ентарот за дојка во Ре-Медика располага со Ц најсовремен дигитален мамомат надограден со систем за стереотактични инвазивни процедури кој е единствен во Македонија и ултразвучен апарат со специјално конструирана мултифреквентна сонда, со можност за правење на доплер студија и MICRO PURE студија за детекција на микрокалцификати.
Д-р Нино Васев
Клиника за радиотерапија и онкологија
ниверзитетската клиника за радиотерапија У и онкологија е вклучена во најмодерното лекување на ракот на дојка со основа во
медицина базирана на докази применувајки ги најмодерните методи на зрачење, хемотерапија и хормонотерапија, како и терапијата со биолошки антитела за селектирани случаи. Во основа е индивидуализираниот пристап кој се базира на претходно добиените информации од хирургот и патологот кој и ги прави основните имунохистохемиски испитувања. Може слободно да се каже дека од лечењето во Mакедонија никој не е исклучен. Се лекува апсолутно секој кој има потреба за лекување.
Д-р Елизабета Бабушку
itkata ka дијагностички процедури за додиференцирање на патолошките промени водени под ехо и мамографија. После извршениот хируршки зафат, оперативниот материјал се испраќа во хистопатолошка лабораторија, на понатамошно испитување. Целта на овие испитувања е да се одредат сите карактеристики на малигните клетки како и стадиумот на болеста. Овие параметри се клучни за правилен, современ третман со хемотерапија, хормонална терапија,херцептин, зрачна, како и најсовремена таргет терапија“, вели др. Наде Петановска од Ре-Медика. Потполното излекување подразбира комплетно враќање на пациентите во сите професионални, семејни и други активности за што честопати е потребно да се направат и реконструктивни естетски интервенции како и континуирана психолошка поддршка. Во дијагностичкиот дел од центарот за дојка при ПЗУ Ре-Медика работи високо стручен тим на супспецијалисти специјалисти и специјализирани радиолошки технолози. Универзитетската клиника за
ПЗУ “Ре – Медика“
о центарот за дојка се изведуваат сите В инвазивни дијагностички процедури за додиференцирање на патолошките промени
(Core биопсии, FNAB- тенкоиглена аспирациона биопсија и маркирање со жица водич) водени под ехо и мамографски.
Д-р Огњен Даскалов ПЗУ “Др. Даскалов
ознанието дека пациентот може да го С продолжи својот живот без естетско нагрдување, дава огромна морална и
психолошка поткрепа за да може полесно и со поголема сомодоверба да го преброди целиот процес, од хируршко отстранување на дојката, хемо и радио терапија па и реконструкцијата на дојка и со тоа да продолжи со својот нормален тек на животот како и претходно. Моето искуство говори дека тие се охрабрени, мотивирани, и дека не се во ништо поразлични од претходниот начин на живот, па и од другите. Најчести хируршки зафати се со користење на импланти или користење на сопственото ткиво, од самиот пациент.
радиотерапија и онкологија пак, е вклучена во најмодерното лекување на ракот на дојка со основа во медицина базирана на докази применувајки ги најмодерните методи на зрачење, хемотерапија и хормонотерапија, како и терапијата со биолошки антитела за селектирани случаи. “Во основа е индивидуализираниот пристап
кој се базира на претходно добиените информации од хирургот и патологот кој и ги прави основните имунохистохемиски испитувања. Може слободно да се каже дека од лечењето во Mакедонија никој не е исклучен. Се лекува апсолутно секој кој има потреба за лекување“, рече д-р Нино Васев од Клиниката за радиотерапија и онкологија.
12 декември, 2014 | 55
| Специјален прилог | здравје | Дозволете да ви 3. падне стомакот: Знаеме дека вело-дресот што
го носите на нашиот Spinning® час е тесен и ви доаѓа да го вовлечете стомакот. Немојте. Само го намалувате местото за квалитетен кислород. Истегнете го торзото: Флексибилноста и издолжувањето на телото ќе ви помогнат целосно да ги истегнете белите дробови. Мислете како да може да направите најмногу место во вашето торзо додека возите. Опуштете го лицето: Стегнато чело, стегната долна вилица, стискањето со јазикот на горната вилица, сето ова и пречи на дијафрагмата да работи како што треба. Дишете од грбот: Контрадикторно, да. Но половина од мускулите за дишење се лоцирани на грбот и доколку ги опуштиме ќе ни се успори дишењето и сигурно ќе се спушти срцевиот пулс. Дозволете рамењата да се рашират нанадвор и потоа вратете ги во првобитната положба, потоа сконцентрирајте се на ребрата и на крај на долниот дел од ‘рбетот. Според Breathing Techniques to Enhance Performance and Reduce Exercise Stress, дишењето од грбот е техника која треба да ја користите додека возите во Strength Energy Zone™ Spinning® часови. “Кога се возат искачувања, возачите имаат тенденција да се вкочанат. Ако учиме техники за опуштање додека вежбаме, срцевите артерии се слободни и циркулацијата станува подобра”. Дишете ритмично: Spinning® - от е околу ритамот и бројот на вртежи на педалите. Па користете ја “каденцата”. На рамен пат пробајте да вдишете во пет вртежи и да издишете исто така во пет. Додека пак на качување можеби на секој вртеж ќе мора да вдишувате и издишувате. Толку голема приказна за едноставно дишење, кој би рекол, едноставно земете длабоко воздух (баш така како што правите во моментов) и сте на добар пат. Се гледаме на час.
4. 5.
6.
Zemete vozduh
Што ако врне? Што ако паѓа снег? Што ако ми недостига асфалт за возење? Што ако во текот на ноќта повеќе пати ме буди неодоливиот плач на моето бебе? Што ако сакам да возам велосипед и сите овие “што ако” се случат заедно? Што ако се случуваат постојано! Како да земам воздух?
К
ако и во сите приказни каде на главниот лик ненадејно му светнува сијаличката, се зафаќа со работа и создава нешто што комплетно ќе ги реши сите оние “што ако” ситуации од претходно. Така и во нашава има таков лик, тој стои исправен пред
56 | 12 декември, 2014
предизвикот, размислува, му светнува сијаличка, ги засукува ракавите и..Spinning® е “роден”. Spinning® е единствената програма за возење велосипед во затворено. Таа е единствена и единствена. Главниот лик се вика Johnny Goldberg и тој е за Spinning® она што е Томас Едисон за сијалицата. Брза историја: 1991 првиот Spinner® е направен во гаражата на главниот лик, 1994 Rolling Stone Magazine ја именува Spinning® програмата “hot” ууу, во 1996 веќе има 1000 Spinning® студија - брзо премотување нанапред - во 2014 има 35000 Spinning® студија а 5 кучиња се секојдневно присутни во Spinning® HQ. Земете воздух.
Како да дишете
Никој не мора да ве потсети да дишете - така само дишете нели? Дишењето е дишење, физиолошка потреба која не свесно ја правиме, нели? Но дишењето може да биде и свесно, тоа и треба да биде свесно додека, да речеме возите велосипед.
Кога дишеме не свесно секое вдишување ни е кратко и не ефикасно. Дишењето со горниот дел од градите ни ги собира мускулите и ја ограничува количината на внесен кислород, тоа влијае на секоја клетка, секоја клетка на крај влијае на нашите перформанси. Едноставно земете длабоко воздух (баш така како што правите во моментов) и сте на добар пат. Има повеќе специфични техники кои ќе го подобрат дишењето, изджливоста и крајно, вашиот спортски перформанс. Користете ја дијафрагмата: Наместо да користите секундарни мускули вратните и рамењата, на пр. - за да дишете, користете ја дијафрагмата за да внесете кислород преку носот, дозволете да ви се “наполни стомакот”. Полека никаде не брзате: Не навременото дишење го забрзува срцевиот пулс. Издишете целосно пред повторно да земете воздух.
1.
2.
7.
1 2 3 1
! " "# $
" %&$ ' $(&$) *+ )&, $&( "+- * .+/& % . 0&* 4 3 4
58
Капитал број 789 12.12.2014
светот на виното ПОЗНАТИ ВИНА
Brunelo di Montal^ino
D
о пред четириесетина години виното Брунело од околината на градот Монталчино било познато само локално, во Тоскана. Во осумдесеттите години на минатиот век, виното е забележано како исклучително и од тогаш неговата слава постојано се зголемува. Брунело ди Монталчино се смета за врвот на италијанското винарство, иако во оваа земја има навистина силна конкуренција. Италија е водечка светска сила во винарството и по количество и по квалитет. Но, ова подрачје во прочуената винска и гастрономска Тоскана е сепак нешто посебно. На овие простори винската традиција се мери со илјадници години наназад, но славата на Брунело ди Монталчино е нова. Една од главните причини е една изведена сорта односно клон на многу раширената сорта грозје “санџовезе”. Заслугата за добивањето на оваа сорта ја има Феручо Бјонди-Санти кој во 1870 година ја засадил новата сорта на својот имот во Монталчино. Ја нарекол “санџовезе гросо” (голем) иако има поситни зрна од обичниот “санџовезе”. Но, оваа сорта се покажала како мошне резистентна на климатските осцилации и отпорна на болеста филоксера. Така е создадено и виното од Монталчино кое се прави само од оваа сорта. Истиот тој Бјонди-Санти е и иноватор. Го менува начинот на елаборација на виното кое се правело во тие краишта и наместо лесни трпезни вина почнува да создава вино со силна структура. Меѓу другото тој своите вина ги “одлежувал” во дабови буриња и по 4 години. Останало забележено дека првиот ваков Брунело бил направен од бербата во 1888 година. Најинтересно во приказната за Брунело
ди Монталчино, како што напомнавме, е тоа што до седумдесеттите години на минатиот век Брунело било познат сосема локално. Сто години по експериментот на Бјонди - Сарти ова вино станува вино со највисока репутација во Италија. Правилата за подготовката на ова вино се утврдени во 1967 година со создавањето на Конзорциумот на вината Брунело ди Монталчино. Тогаш и околните насади добиваат класификација и заштита. Целата лозарска област на Брунело ди Монталчино се протега околу средновековниот град Монталчино, ситуиран на околу 40 километри од Сиена градот кој е центар на областа. Насадите се протегаат на помалку од 1.350 хектари, со 270 имоти . Виното со оваа апелација се добива од “санџовезе гросо”, а приносот е ограничен на максимални 40 хектолитри по хектар. Освен тоа, дозволено е полнење во рамките на апелацијата, односно на лице место. Продажбата е исто така регулирана, таа може да започне петтата година од бербата во јануари. Тоа значи дека бербата од 2006 година се продавала од јануари 2011 година. Задолжително е одлежувањето од две години во дабови буриња и минимум одлежување од 6 месеци во шише. За оние со ознака “резерва” се додава уште една година во буре и уште една година повеќе за почеток на продажбата. Вината мораат да имаат минимум 12,5% алкохол, како и органолептички својства кои се во согласност со карактеристиките на “санџовезе гросо”. Климатските и другите особености на областа се особено карактеристични. Монталчино се наоѓа на 40 километри
Кога ќе помислите дека во виното нема возбуда и некои драстични промени, веднаш ќе бидете демантирани, затоа што и понатаму се откриваат региони и посебности кои го воодушевуваат винскиот свет од брегот на Медитеранот и 100 километри од масивот на Апенините. Климата е медитеранска, но со силни примеси на континентална. Сите главно се согласуваат дека областа околу Монталчино има особено изразени микроклиматски особености. Летата се по правило суви, но често има и силни дождови. За време на созревањето на грозјето има благи денови и многу сонце што овозможува лесно созревање. За ова вино е многу пишувано со неподелено воодушевување на оние кои го оценуваат и прикажуваат. Се истакнуваат неговите ароми на црни плодови и на кожа исто така. Првичниот вкус е импозантен, длабок и комплексен. Вината ги одбележува и балсамико арома. Има богатство на зачински вкусови, фантастичен баланс на танини... Шише Брунело ди Монталчино се продава од 30 до 100 евра за најдобрите, со тоа што и во подолните ценовни категории има мошне добри вина.
Новата етикета на Шато Мутон Ротшилд 2012
Е
дно од најпознатите вина во светот Шато Мутон Ротшилд ја носи најпознатата етикета на светот. Од 1945 година досега етикетата ја краси дело од некој од најпознатите актуелни сликари. На етикетата за виното од бербата 2012 година, кое наскоро ќе се појави ќе биде мотив од фреската на каталонскиот сликар Мигел Баркело. Изборот го направила Филипина Ротшилд сопственичката на ова вино која почина во август годинава. Најновата етикета од каталонскиот сликар Мигел Баркело не е изненадување затоа што се работи за многу познат сликар кого го сметаат за продолжувач на делото на Дали и Пикасо. Мотивот на етикетата е од неговата фреска на која се претставени два јарца во борба.
Шишињата со овие етикети се многу барани од колекционерите, а сликите по кои се изработени се изложени во Музејот на винарницата Мутон Ротшилд.
Со секоја купена Тортина 450г од Винчини донирате 5 денари за децата со посебни потреби во Виница, Штип, Куманово и Струмица