791 792 kapital magazin

Page 1

interview Jovanka Joleska popovska

генерален директор на ПроКредит банка Македонија

kristof Frajtag

член на Управен одбор на ПроКредит банка Германија

InovacII vo bankarstvoto I sIlna poddr[ka za bIznIsIte spored germanskI standardI

број 791-792 цена 100 ден. | 26 декември, 2014, петок | година 16

www.kapital.mk

МАГАЗИН ЗА БИЗНИС И ПОЛИТИКА

makedonskIte bIznIsmenI I bankarI prognozIraat




4

Капитал број 791/792 26.12.2014

содржина 05 КапиталНО Биљана Здравковска Стојчевска Сметката за бесплатниот ручек стигна за наплата

06 cover story

Деловна 2015 Македонските бизнисмени и банкари прогнозираат: Уште една сушна година за бизнисот

18 анализа

Капитал анализа Кои се најбрзорастечките компании во Македонија?

www.kapital.mk

Издвојуваме 28 политика

Следи година на протести, партиски игри и политички бомби Кој и како политички ќе ја преживее 2015-та?

34 Деловно знаење 10 бизнис трендови за 2015

36 Балкан бизнис и политика

Балканот во 2015 Клучно е регионалното поврзување и заедничкиот настап на странските пазари

24 интервју

Повторно тешка година

Следната 2015 ќе биде тешка и неизвесна за бизнисот судејќи по прогнозите на повеќе генерални директори на најголемите македонски компании и банки. Ако се анализираат пак прогнозите на меѓународните финансиски институции или Народната банка, се проценува дека македонската економија во 2015 година ќе порасне околу 4%. Меѓутоа, овој статистички пораст во целост ќе дојде од новите странски инвестиции и како и фискалниот стимул од државата преточен во инвестиции во инфраструктурата. Останатиот дел од економијата ќе биде на стенд бај без сила да испорача нови инвестиции, вработувања и поголем раст. XX Стр. 6

Кристоф Фрајтаг

член на Управен одбор на ПроКредит Германија

Јованка Јолеска Поповска генерален директор на ПроКредит Македонија

Иновации во банкарството и силна поддршка за бизнисите според германски стандарди

06

Газели

Обидот да се издвојат и анализираат македонските брзорастечки компании е прилично тежок предизвик. Посебно во период во кој главниот економски раст се креира со проекти и во индустрии со јавни инвестиции, односно со финансии обезбедени од државниот буџет или преку задолжување на државата, и преку странски инвестиции кои во изминативе неколку години привлечени од бројните и големи субвенции отворија десетина фабрики во Македонија. XX Стр.18

42 Exclusive

Бранко Роглиќ

сопственик на Групацијата Орбико, најголем дистрибутер во Европа

Профитот секогаш го инвестирав во компанијата

46 свет

Светот во 2015 Жешките точки тешко дека доволно ќе се оладат, пред да се појават нови

50 Технологии и бизнис Технолошки трендови за 2015 ИТ се сели во „облаците“, 3Д принтерите кај „масите“, ќе им расте „IQ-то“ на машините

Облаци, 3Д принтери, интелигентни машини...

И просечниот, барем повремено ажуриран корисник на благодетите на модерната технологија, лесно може да ги фати конците што водат до она што ќе се случува на технолошки план во новата година. Водечките светски аналитички фирми, IDC, Gartner, Forrester, трендовите ги измерија и во бројки, за да нема сомнеж во која технологија да инвестирате за најдобро да ви се врати. XX Стр. 50

Евтини игри

Неизвесна година е пред главните политички ликови во Македонија, а тешка ќе биде и за граѓаните коишто ќе сведочат на серија потези како дел од партиските тактики за освојување или задржување на власта. Уморни од овие партиски евтини игри, граѓаните веќе отворено го манифестираат револтот преку протести коишто според најавите ќе продолжат и во годината што следува. Тука некаде, според очекувањата, треба да се појави и таканаречената „бомба“ на СДСМ, серијалот информации коишто наводно опозицијата ги поседува како докази за криминал во владините редови. XX Стр. 28

54 на ручек со...

Тодор Чепреганов историчар

Нема полошо од селективното пикање под тепих на очигледни историски факти

58 светот на виното

ПРАЗНИЧНИ ВИНА Неизбежниот пенливец

28

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул.Партизански одреди бр. 17-1/16 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 25.12.2014


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

КапиталНО

Сметката за бесплатниот ручек стига за наплата

С

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Mo`ebi Makedonija slednata godina navistina }e uspee da go ostvari ekonomskiot rast od okolu 4% koj se predviduva. No, doma{nite firmi definitivno nema da bidat stolbot na koj }e se potpiraat rastot i razvojot na makedonskata ekonomija. Rastot vo Makedonija go predvodat dr`avata so javnite grade`ni proekti, stranskite investicii i nekoi kompanii koi uspeale da dobijat tenderi ili biznis zdelki na ovie proekti. Vrtoglaviot rast na sportskite oblo`uvalnici koj ni se slu~uva vo izminatite nekolku godini e samo otslikuvawe na ekonomskata nemo} vo koja se davi makedonskiot gra|anin. Nevraboten i bez nagon da zaraboti pove}e so sopstveni sili i znaewe, site nade`i za zarabotka gi stava na sre}noto liv~e koe }e mu donese mnogu pari bez rabota.

ветски познатата консултантстка компанија Mckinsey неодамна ги објави резултатите од истражувањето на стотици менаџери од целиот свет, кои покажуваат дека менаџерите најмногу стравуваат од меѓународни воени конфликти. Ова е ситуација која сакале или не ќе влијае врз сите политички и деловни прогнози и одлуки во 2015 година. Економската неизвесност и несигурност која се посилно се шири низ целиот свет остава голем простор за наметнување на автократските лидери и нивните политики за наводна заштита на националните политички и економски интереси. Веќе видовме дека во ова зачувување на светските економски и геостратешки позиции во игра ќе бидат ставени сите оружја-војна со валути, со природни ресурси, трговски ембарга, нови технологии, сајбер напади, нови вооружени конфликти...Затоа, што и да се предвидува и прогнозира за следната година, во вакви неизвесни услови, може многу брзо да заврши како неточна прогноза. Што во бизнисот би можело да чини многу пари и изгубени инвестиции. Прогнозите за тоа како ќе се води бизнис во Македонија се уште потешки. Од причина што покрај овие надворешни фактори, македонските бизнисмени се изложени на наши локални ризици и неизвесности. Брзото носење на законски измени без никаква претходна најава, а кои директно влијаат врз деловните потфати и инвестициите може да биде погубно за бизнисите кои немаат доволно знаење и експертизи за брзо да се приспособат. Неколку такви законски измени, кои по итна постапка беа донесени на средина на изминатата година, стартуваат од почетокот на годинава. Многу од нив директно им ги нарушуваат деловните потези на многу фирми. Неликвидноста е уште еден фактор кој може да биде погубен за многу фирми. Законот за финансиска дисциплина и задолжителната задолжница за сите зделки, сигурно ќе донесе банкрот на многу мали фирми. Тие немаат кондиција да издржат наплата на сработеното со доцнење од 120 дена. Пракса што што власта ја легализираше и со закон. А така набилдани со ненаплатени побарувања се премногу ризични за банките да им дадат кредит. Од годинава бизнисите ќе бидат натоварени со уште поголеми давачки. Оданочување на добивката која што нема ја реинвестираат, зголемувањето на трошоците за работна сила, задолжителен со закон К-15 за вработените, поголема минимална плата...Се се ова причини заради кои многу фирми веќе во старата година почнаа да отпуштаат работници и да кратат секаде каде што може да се крати. Се се тоа економски многу логични

5

и очекувани потези од страна на бизнисот. Секое поскапување на некој ресурс значи дека тој ресурс помалку ќе се користи. Пазарните законитости и сили делуваат многу силно. Но, за жал, државата која се повеќе расте ги потиснува овие пазарни логики. Пазарот полека ја губи битката со социјалната држава. Најголемата цена од ваквите политики, која ја плаќаме сите, е слабеењето на приватните компании. Од анкетата која Капитал ја направи меѓу повеќе директори на фирми и банки дефинитивно се наметнува заклучокот дека компаниите работат со последни сили. Можеби Македонија следната година навистина ќе успее да го оствари економскиот раст од околу 4% кој се предвидува. Но, домашните фирми дефинитивно нема да бидат столбот на кој ќе се потпираат растот и развојот на македонската економија. Растот во Македонија го предводат државата со јавните градежни проекти, странските инвестиции и некои компании кои успеале да добијат тендери или бизнис зделки на овие проекти. Вртоглавиот раст на спортските обложувалници кој ни се случува во изминатите неколку години е само отсликување на економската немоќ во која се дави македонскиот граѓанин. Невработен и без нагон да заработи повеќе со сопствени сили и знаење, сите надежи за заработка ги става на среќното ливче кое ќе му донесе многу пари без работа. Силната заштитничка улога на државата полека почнува да доминира во менталниот склоп на македонските граѓани. Се е исто како во социјализмот. Полека се успиваат во топлата прегратка на државата. Интересен е феноменот дека и покрај се поголемите зафаќања на државата, досега никој не се побунил да се намали улогата на државата и да се остави економијата на слободниот пазар. Никој не побарал да сопрат вработувањата во јавната администрација. Напротив, се поголем е бројот на обични луѓе и бизнисмени чиј единствен сон е да се вработат во државна институција или да добијат тендер од државата. А после ни смета кога државата сака да собере повеќе даноци. Па имаме ситуација на протести организирани против поголемото оданочување, на кои главен слоган е социјална правда или работнички права. Тоа се две неспоиви работи. Социјалната правда значи дека некој што заработува и има повеќе ќе треба да плаќа и за оној кој не заработува ништо. Тоа е токму тоа што го гледаме изминативе неколку години. Бесплатните ручеци со кои државата гоштеваше многу луѓе не се бесплатни. За нив некој мора да плати. Е сега сметките за бесплатните ручеци стигнаа за наплата. И дури кога државата стави рака во нивниот џеб се сетија на оваа мантра.


Капитал број 791/792 26.12.2014

6

cover story

cover st www.kapital.mk

Makedonskite bi i bankari progno


story: Деловна 2015 www.kapital.mk

iznismeni oziraat

Капитал број 791/792 26.12.2014

cover story

7


Капитал број 791/792 26.12.2014

8

www.kapital.mk

cover story

Следната 2015 ќе биде тешка и неизвесна за бизнисот судејќи по прогнозите на повеќе генерални директори на најголемите македонски компании и банки. Ако се анализираат пак прогнозите на меѓународните финансиски институции или Народната банка, се проценува дека македонската економија во 2015 година ќе порасне околу 4%. Меѓутоа, овој статистички пораст во целост ќе дојде од новите странски инвестиции и како и фискалниот стимул од државата преточен во инвестиции во инфраструктурата. Останатиот дел од економијата ќе биде на стенд бај - без сила да испорача нови инвестиции, вработувања и поголем раст. пишува:

Александар Јанев

Н

aleksandar.janev@kapital.mk

ишто подобра од оваа нема да биде следната 2015 година за бизнисот судејќи по прогнозите на повеќе генерални директори на најголемите македонски компании. Тешка и неизвесна година е заеднички именител на сите нивни одговори на прашањето каква ќе биде 2015-та. Ако се анализираат пак прогнозите на меѓународните финансиски институции или Народната банка, тогаш бројките даваат поголема надеж за оптимизам. Се проценува дека економската активност во 2015 година ќе порасне околу 4%, меѓутоа, овој статистички пораст

се очекува да го обезбедат „новите странски инвестиции, како и фискалниот стимул од државата преточен во инвестиции во инфраструктурата“. Економистите коментираат дека оваа стапка на раст веројатно и ќе се оствари ако се знае дека странските инвестиции што отворија фабрики во земјава произведуваат за однапред познат купувач и имаат фиксен извоз без оглед на тоа дали побарувачката од странство ќе се намалува или не. Тие што најсилно ќе почувствуваат дали нарачките од странство ќе се откажуваат поради продолжувањето на кризата во Европа се домашните извозници. Влошената економска состојба во европските економии каде што се извезуваат 70% од македонските производи Народната банка ја изрази со проценка за скромен раст на странската побарувачка од само 1,5% идната година.

Освен неизвесноста на нарачките, еден од најголемите проблеми од кои стравуваат бизнисмените е тешката наплата на побарувањата и неликвидноста што владее во економијата. Македонија влегува во Новата година со 42.450 блокирани фирми и просечен период за наплата на една фактура од четири месеци. Најмалите компании за наплата чекаат и по цели 10 месеци. Во обид да се стави ред на хаосот со плаќањата се донесоа и неколку законски решенија што почнуваат да важат од следната година, но бизнисмените се скептични колку тие ќе успеат да го сменат финансиското поведение на фирмите ако токму тие одредби дозволуваат рокот на плаќање да достигнува до 120 дена, а притоа не важат за јавниот сектор?! Законот за финансиска дисциплина стартува на први јануари, предвидува да


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

cover story

9

Еден од најголемите проблеми од кои бизнисмените стравуваат дека ќе им го влоши вработувањата е тешката наплата на побарувањата и неликвидноста во која е целата економија. Македонија влегува во новата 2015 година со 42.450 блокирани фирми и просечен период за наплата на една фактура од четири месеци. Во обид да се стави ред на хаосот со плаќањата се донесоа и неколку законски решенија што почнуваат да важат од следната година. Но, бизнисмените се во паника дека токму овие законски решенија, кои ја изземаат државата, а го озаконуваат четиримесечното доцнење во плаќањето меѓу фирмите, ќе принудат многу фирми на драстично намалување на бројот на вработени и другите трошоци со цел да се спасат од банкроти.

1,5%

пораст на странска побарувачка

се плаќа во рок до 60 дена, но дозволува двете страни да се договорат да се плати и во рок од 120 дена. Од април пак, станува задолжително издавањето задолжница за сите обврски над пет илјади евра. Овој инструмент исто така не го опфаќа јавниот сектор и бизнисот веќе оцени дека повеќе ќе ги блокира деловните односи отколку што ќе ги решава проблемите. Од Нова година компаниите ќе се соочат со уште неколку нови законски решенија што според бизнисмените, уште повеќе ќе го отежнат работењето. На пример, се враќа обврската за плаќање на данок на добивка од 10% за нераспределениот

9%

кредитен раст

износ од позитивниот финансиски резултат, наместо само на исплата на дивиденда што беше воведено како антикризна мерка во 2009 година, се намалува прагот од два на еден милион денари годишен промет за ДДВ обврзниците, се воведува обврска за плаќање на социјални придонеси за сите приходи по основ на договори на дело. Во услови кога сметките на компаниите се празни, дополнителен проблем е и слабата кредитна поддршка од банките. Според проценките, кредитниот раст идната година се очекува да достигне до 9%, меѓутоа, банките повеќе ги кредитираат граѓаните отколку фирмите

8%

Проценки за 2015-та година

пораст на бруто инвестиции

бидејќи се уште перципираат висок ризик во бизнис секторот. Каква ќе биде следната година најдобро може да илустрираат оние што директно учествуваат во движењето на македонската економија. Капитал побара прогнози и очекувања од многи директори на компании и банки за тоа каква година ќе биде 2015 година за бизнисот. Во продолжение ви ги пренесуваме главните поенти од нивните ставовите и размислувањата. Целосните одговори и очекувања на водечките бизнисмени и банкари ќе бидат објавени на веб страницата www.kapital.mk.


Капитал број 791/792 26.12.2014

10

www.kapital.mk

cover story

Глигор Бишев

Живко Мукаетов

Хари Костов

Банките се инфицираат со вирус на банкротства

Соочени сме со низа неизвесности

Големата неликвидност кај фирмите главен предизвик за банките

Sparkasse банка

Е

кономската обнова на светската и европската економија ќе продолжат. Се очекува да дојде и до првото зголемување на каматните стапки во САД, по економската криза. Во ЕУ ќе останат ниските каматни стапки и монетарното олабавување. Структурните реформи, финансиската консолидација и екстерното финансирање ќе останат предизвик за балканските земји. Растот на македонската економија се очекува повеќе да биде воден од приватниот сектор и извозот. Согласно со тоа, за динамиката на растот клучно ќе биде одржувањето на конкурентноста што ќе бара нови инвестициони вложувања и преструктуирање на компаниите. Финансискиот сектор ќе биде под голем притисок од случувањата во ЕУ и зголемената домашна конкуренција. Тоа ќе ја забрза консолидацијата на овој сектор и отпочнување со нова фаза на иновативно банкарство. Високата ликвидност и ограничената квалитетна кредитна побарувачка доведуваат до склоност ризикот да не се вградува соодветно во цената на кредитните банкарски производи. Тоа беше распространето пред кризата од 2007-2009 во високо развиените земји, што доведе до потреси во банкарските системи и банкротства на голем број на банки, меѓу кои и банки со долготрајна традиција – Lehman Brothers. Изгледа, во последните месеци, македонскиот банкарски сектор започнува да се инфицира со тој вирус. Неговото ширење на долг рок ќе ја поткопа здравоста на финансискиот сектор. Sparkasse банка ќе продолжи со својот модел на работење: да обезбедува сатисфакција за клиентите, вработените, заедницата и сопствениците.

Алкалоид

Б

изнис климата во нашава земја не може да се гледа одвоено од севкупните настани во светот, а пред сè во регионот. 2014 година беше исклучително тешка на економски план, година во која ние како компанија со сите вложени напори, објективни и субјективни предизвици успеавме да генерираме позитивни финансиски резултати. Соочени сме со низа неизвесности, како континуираниот притисок за намалување на цените на производите на одредени пазари, отежната наплата, а особено сме погодени од неизвесноста после украинската криза и падот на курсот на руската рубља. Сите овие предизвици би можеле да имаат негативно влијание на пласманите и деловните одлуки, одолжување на планираната реализација на дел од зделките и слично. Но, сепак, ние ќе продолжиме да го движиме Алкалоид по неговиот оптимистички курс, фокусирани на зацртаните позитивни економски резултати, општествено-одговорни активности и новите инвестиции како, нов Центар за квалитет, Логистички центар и нова производна опрема со кои ќе одржиме чекор со динамиката на трендовите во фармацевтската индустрија. Во изминативе 9 години (20052014), вкупниот обрт на Алкалоид порасна од 53 милиони на околу 120 милиони евра, продажбите растеа во континуитет од година за година, при што успеавме да го одржиме балансот помеѓу нашата цел, потребите на потрошувачите, заедницата и имателите на удели а планираме на тој курс да останеме и во претстојнава 2015 година, секако со добро здравје, пред сè.

Комерцијална банка

С

ледната година се очекува да биде слична на 2014 година, со приближно еднакви стапки на раст, под претпоставка да не дојде до поголеми надворешно политички и економски промени, кои би се одразиле на македонската економија. Комерцијална банка ќе продолжи да развива нови производи и услуги со кои ќе настојува подобро да ги задоволи потребите на клиентите. Кредитната поддршка ќе биде на ниво на раст на БДП, што би била логична стапка на раст која не би го загрозувала квалитетот на портфолиото. Финансиските резултати се очекува да бидат во насока на понатамошно стабилизирање на портфолиото, исполнување на законски пропишаните издвојувања на резервации за преземен имот, а големо влијание ќе има и уредноста на компаниите во подмирување на своите обврски. Конкретни квантификации на резултатите ќе се објават по одобрување на планот (буџетот) за 2015 година, од надлежните органи. Најголеми предизвици за банкарскиот сектор и понатаму остануваат проблемот на квалитетот на предложените проекти за кредитирање, влијанието на промените на законската регулатива врз деловните потфати и инвестиции на клиентите и високото ниво на неликвидност и финансиска недисциплина кај субјектите.


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

cover story

11

Никола Љушев

Глигор Цветанов

Иван Бановски

Следува година на прегрупирања на пазарот

Најголем проблем и догодина ќе биде неликвидноста

Инвестираме многу во тежок период за нас

ВИП

2014

година беше година на предизвици за Вип оператор. Како резултат на намалувањето на големо продажните цени за терминација во мобилните мрежи и силниот притисок врз малопродажните цени, приходите и профитабилноста на Вип бележат намалување во однос на претходната година, појава којашто е изразена и кај другите оператори на пазарот. Она што не радува е постојаниот пораст на постпејд претпланичката база, како и фактот што оваа година ја воведовме 4Г ЛТЕ мрежата со најголема покриеност на население во Македонија. Така, во декември веќе имаме 13 града во Македонија со 4Г ЛТЕ покриеност, богато порфолио на уреди кои поддржуваат 4G LTE и одлична понуда за корисниците за неограничена комуникација. За првпат во Македонија тестиравме и VoLТЕ, останувајќи посветени на донесување на најнови технологии за корисни-ците. 2015 година очекуваме да биде година на структурни прегрупирања на пазарот и на големи предизвици кои со нетрпение ги очекуваме.

Макпрогрес

О

чекувам и 2015 година да биде успешна за Макпрогрес како по раст на продажбата така и по раст на добивката. Овој оптимизам го базираме на стабилните цени на суровините, ниската цена на нафтата како и инвестицијата во проширување на производствените капацитети која деновиве ја објавуваме. Јубилејот од 25 години постоење планираме да го одбележиме со пуштање во производство на два нови производни погони за како и нова инвестицијата во производна линија од 2,5 милиони евра од која очекуваме повеќекратен ефект: зголемување на капацитетот за постоечките производи, лансирање на нови производи и брендови на пазарот, нова современа амбалажа и поконкурентно производство. Ние сме сигурни дека со овие инвестиции Макпрогрес ќе биде чекор понапред во исполнување на визијата: да се биде лидер во кондиторската индустрија во регионот на Централна и Југоисточна Европа и дека растот ќе биде во рамките на дваесетина проценти. Најголеми економски предизвици и понатаму ќе бидат обезбеду-вањето на ликвидност во работењето и обезбедувањето на квалитетна работна сила. Во општина Виница има многу ниска невработеност која е на ниво од 8% од кои активни баратели на работа се само 4%. Нашите напори и понатаму ќе бидат да се задржат постојните и да се привлечат нови кадри на кои ќе се базира понатамошниот раст на компанијата.

Макстил

В

о делот на нашиот бизнис, производство на челик и челични полуфабрикати, не очекуваме да има позначајни придвижувања, што значи ни претстои уште една тешка година. Сето ова размислување и очекување се должи на повеќе реални фактори – состојбите во Русија, кризата во ЕУ, падот на цената на нафтата... – што кај инвеститорите дава одредена несигурност во носењето на одлуки за реализација на поголеми проекти. Нашите планови за 2015 година во поглед на производството ќе бидат таргетирани на околу 50 % од капацитетот на Макстил. Поради нестабилната побарувачка, компанијата ќе биде принудена да работи дисконтинуирано и кампањски, што ќе се одрази врз на нивото на производните трошоци и влошување на економските перформанси по тој основ. Во вакви околности очекуваме државата да има целосно разбирање за ситуацијата и да н$ ослободи од бројните често неразбирливи и менливи системски и решенија како што се задолжницата, финансиската дисциплина, добивката, хонорарно ангажираните лица, задолжителното вработување на инвалидизираните лица и редицата други наметнати законски решенија кои социјалната функција на државата ја пренесуваат на реалниот сектор и кои воопшто не кореспондираат со определбите за „doing business“. На почетокот на 2015 очекуваме да ја завршиме нашата моментално најголема инвестиција вредна 11 милиони евра, од делот на екологијата, односно новата филтерска постројка. Исто така, во март очекуваме да завршиме и со реконструкцијата на електролачната печка и реконструкцијата на шаржирната 160 тонска дигалка, инвестиција вредна 2,2 милиони евра.


Капитал број 791/792 26.12.2014

12

www.kapital.mk

cover story

Констанинос Даскалакис

Златко Муцунски

Ѓорѓи Јанчевски

Кратиме трошоци и инвестираме за да останеме конкурентни

Ќе донесеме нови модели од нашите брендови

Економијата и во 2015 година неизвесна

Фени Индустри

О

сновите на пазарот на никел за 2015 година се добри, меѓутоа никелот е тесно поврзан со глобалната економија која во изминатите месеци е прилично проблематична. Имено, растот на Кина забавува, Русија е блиску до колапс, според економските резултати Европа е поделена во северен и јужен блок, единствено САД се стабилни и се движат во позитивна насока, после подолг период на стагнација. При една таква глобална економска состојба на несигурност, тешко може да се даде прогноза за цената на никелот. Од една страна очекуваме повисоки цени бидејќи повеќето производители на никел со моменталната цена прават загуби, што е неодржливо на долг рок. Меѓутоа, поради глобалните состојби, мораме да продолжиме во насока на кратење на трошоците, зашто пред сé, ФЕНИ не се натпреварува на локално ниво туку со меѓународни производители и оттука мора да бидеме подобри од другите производители или во најмала рака како нив, за да останеме во игра. Во врска со нашите планови и инвестиции за 2015 година, ова е тесно поврзано со кратењето на трошоците односно нашето опстојување на долг рок. Ние дури и во време на криза ние не престанавме со инвестиции токму со цел да постигнеме производен трошок на едно глобално одржливо ниво. Вкупниот инвестициски реализиран буџет се движи меѓу 12 и 15 милиони долари, сличен инвестициски буџет е предвиден и за следната година. Покрај овие инвестиции ќе ги споменам и оние на ниво на групација, кој всушност се од исклучителна важност за ФЕНИ а, тоа се инвестициите во рудни ресурси, поточно сопствени рудници во Централна Америка.

Порше Македонија

Ј

а знаете познатата изрека на Ганди “биди промената што сакаш да ја видиш во светот”. Ние се водиме токму по таа изрека. Не очекуваме ништо да се случи само по себе. Ние сакаме годината да ни биде подобра од минатата и затоа се трудиме ние да бидеме подобри и со тоа да постигнеме подобри резултати. Што се однесува до економската ситуација околу нас, како вечни оптимисти се надеваме дека ќе има подобрувања на тоа поле. На крајот на секоја година имаме практика да правиме саморефлексија и да ги откриеме слабите точки во минатата година. За следната година планираме тие слаби точки да ги отстраниме и така засилени уште повеќе да им се посветиме на клиентите. Што се однесува до брендовите кои ги застапуваме, секако дека покрај освежувањето на старите модели, ќе донесеме и нови модели, кои засега не би ги откривал, но секако, нашите верни клиенти ќе бидат мошне задоволни. Во врска со бизнис климата, сметам дека е потребно намалување на бирократските процедури, олеснување на процедурите за странските инвеститори, воедно сметам дека фирмите би работеле подобро доколку навреме би ги добивале финансиските средства за извршената работа, да се намали долгот и од нивните соработници, но и од државата. Секако, со новиот закон за финансиска дисциплина сето ова е регулирано и ефектот треба да се види веќе во 2015.

НЛБ Тутунска банка

Т

ешко е да се превиди 2015 година, кога светот исчекува како ќе заврши политичката криза помеѓу најголемите воено-политички и економски сили, САД, Европската унија и Русија. Изминатава година стана јасно дека современите војни ќе се водат преку дисторзија на финансиската моќ на земјите, што неизбежно ќе има негативно влијание на меѓународните пазари на стоки и пари. Во такви услови, економската состојба во Република Македонија, која главно е извозно ориентирана кон пазарот на Европската унија, исто така е делумно неизвесна. Најголем предизвик за банките следната година ќе биде изнаоѓањето добри проекти за кредитирање бидејќи банкарскиот сектор е преликвиден, каматите на кредитите се снижија на најниско ниво до сега, а добри проекти за кредитирање кај компаниите има многу малку. Истовремено, банките ќе мора да се справат со нефункционалното портфолио кое минатава година континуирано расте и достигна 12% (од кои кај фирмите 16%, кај населението 6%). Споредено со останатите земји во окружувањето овој процент е се уште подобар, меѓутоа портфолиото е товар за банките и предизвикува дополнителни трошоци. Плановите на НЛБ Тутунска банка за 2015 година се амбициозни. Фокусот на работење е на зголемување на кредитирањето за 7% и тоа пред се кај малите и средни претпријатија, микробизнисот и населението.


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

cover story Ванчо Чифлиганец

Кочо Анѓушев

Дане Јованов

Почнуваме голем инвестициски проект во 2015-та

Година на проектирање и подготовки

Остануваме фокусирани на нови производи и нови пазари

Адора Инженеринг

З

а Адора инженеринг 2014та беше уште една успешна година, за што потврда е рекордната продажба на преку 300 станови, што е за 11 % повеќе од продажбата во 2014-та година. Врз основа на анализите и потребите на пазарот на недвижности, очекуваме 2015-та година да биде позитивна, бидејќи согласно бизнис планот за 2015-та и 2016-та година, ќе започнеме голем инвестициски проект за изградба на нови 600 елитни станови во општина Аеродром, Скопје, што е двојно повеќе од нашите инвестиции во 2014-та година. Влегувајќи во Новата 2015-та година со целосно подмирени обврски кон деловните партнери, државата и општините, без банкарски задолжувања и со целосно сопствени средства за инвестициските зафати, Адора инженеринг очекува успешниот развоен тренд на овој градежен лидер во високоградбата во Македонија, да продлжи и во 2015-та година. Вклопувајќи се во поволната бизнис клима во македонската економија и особено во секторот градежништво-високоградба, Адора инженеринг очекува да продолжи инвестицискиот бум во изградбата на недвижностите, каде оваа компанија е синоним за сигурни еко домови, тестирани со вештачки земјотрес, со енергетски пасош А-класа, што е препознаено, барано и валоризирано од страна на купувачите и граѓаните на Македонија. Позитивни ефекти со раздвижување на паразот на недвижностите во Македонија има и проектот „Купи куќа, купи стан“, што ја зголеми продажбата на станови, од што позитивни ефекти имаат сите субјекти во градежниот сектор, инвеститорите, производителите на градежни материјали, државата и најмногу граѓаните од сите социјални и економски категории, кои во Адора инженеринг со државни субвенции од почетокот на проектот купија 50-тина еко станови.

Фероинвест

З

а 2015 година не очекувам некои поголеми разлики во однос на годинава, ќе биде исто така тешка година за стопанството. Во металната индустрија предизвик ќе биде барањето на нови пазари, дисперзија на производството и на ризикот и колку што може да се ориентира фирмата кон извоз. Ние сме веќе 96% ориентирани кон извоз, досега извезуваме во 19 држави и се надеваме дека тој број ќе го зголемиме. Што се однесува до енергетиката, снабдувањето и трговијата, ЕДС и тука гледа да го интензивира работењето. Да не биде фирма која што работи само во Македонија туку и да работи интернационално, во регионот и пошироко. И тука сме среќни што ги имаме првите договори, во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Романија и Унгарија - значи веќе ЕДС дојде во позиција половина од своето портфолио да го има надвор од Македонија, што е значително и во таа насока го гледаме развојот во тој сектор. Кај бизнисот со обновливите извори и проектите со малите електрани, треба да ги завршиме и пуштиме во употреба проектите од претходниот тендер кои што се веќе во крајна фаза, а почнавме веќе да проектираме и обезбедуваме документација за нови проекти. Имаме околу 1213 проекти кои допрва ги почнуваме и ќе бидат во следните две до три години реализирани. Следната година ќе биде година на проектирање и подготовки.

13

Винарија Стоби

В

инарија Стоби, од своето основање бележи постојан пораст во продажбата на домашниот и извозните пазари, а истовремено остварува финансиски резултати во рамки на воспоставената петгодишна стратегија 2010 – 2014 година, која беше поставена со самото основање на компанијата. Изминатиот период, друштвото интензивно инвестираше во развој на сопствениот бренд и во препознатливоста на вината Стоби на странските пазари, ставајќи ги финансиските показатели во служба и во целост подредени на оваа стратегија. Природата на индустријата и сезонските флуктуации, велат дека следи најзначајниот период во годината, кога остваруваме најголем дел од продажбата. Винарија Стоби веќе ги има надминато годишните таргети за 2014 и очекува подобар резултат од планираниот. Стратегијата на компанијата и понатаму е соработка со познати партнери со цел да обезбеди одржливи и стабилни резултати. Винаријата следи стратегија на подобрување на структурата на своето продажно портфолио, со цел достигнување и подобрување на профитабилноста, а истовремено е со постојан фокус на своите потрошувачи, едукација на вработените и снабдувачите. Во однос на наредната 2015-та, очекуваме да биде тешка поради глобалните политичко - економски случувања кои сепак имаат голем ефект и врз локалната економија, но сепак сме оптимисти. Се надевам дека ќе успееме во реализирање на нашите планови во однос на инвестиции во проширување на капацитетите како и воведувањето на нови производи на пазарот, а следствено на тоа и освојување на нови пазари.


Капитал број 791/792 26.12.2014

14 5% 2008

www.kapital.mk

cover story

Раст на БДП 2,9% 2010

3,4%

2013 2,5%

2,8% 2012 -0,2%

*проценка на ММФ

-0,9% Комора на северозападна Македонија

Не очекувам поголеми раздвижувања на пазарот

В

о однос на плановите на нашата компанија, очекувам да нема поголемо раздвижување во следната година ниту кај извозот, ниту пак на домашниот пазар, затоа што ние покрај централната власт, имаме проблем и со локалните власти кои се кусогледи и неспособни кога е во прашање преземањето на стратешки одлуки. Проблем останува што немаме ист третман како странските инвеститори. Во пошироки рамки може да се каже дека ослабувањето на еврото ќе има негативен ефект во надворешно – трговското работење на компаниите. И економските движења во регионот ќе имаат влијание. Намалувањето на цената на нафтата ќе ги намали трошоците на производство и транспорт.

*2015

*2014

2011

2009

Мендерес Кучи

3,6%

Виктор Петков Випро

Н$ очекува уште една неизвесна година полна со предизвици

2015

година ќе биде неизвесна, полна со предизвици. Бизнис климата како и севкупното деловно опкружување за фирмите кои работат во Македонија се извонредно важни бидејќи тоа или ви помага или одмага во остварување на вашите планови. Сметам дека домашните фирми го немаат местото кое треба да им припаѓа како стожери на идниот развој на економијата. Нашите планови за идната година се во рамки на повеќегодишните цели, а тоа е раст на извозот од 20-30% на годишно ниво. За таа цел ги проширивме нашите производни погони, ја подобривме внатрешната инфраструктура и интерна комуникација во погоните, техничко технолошки се доопремивме со современа опрема, изградивме современ ладилник , воведовме опрема за брзо замрзнување, го зголемивме магацинскиот простор.

Сеад Кочан Трансмет

Следната година ќе биде подобра за градежниот сектор

Н

е очекувам поголеми промени во 2015 година, овој курс ќе се тера, мислам дека оваа динамика на влез на странски инвестиции ќе биде запазена. Тоа е многу битно за нас како економија, но и за градежниот сектор посебно, да се задржи таа динамика на влегување на инвеститори во технолошките зони, каде што ние можеме да добиеме работа на изградба на нивните капацитети, придружната инфраструктура и сл. Ненадејни промени не очекувам да се случат, европската економија и очекуваме дека ќе има уште повеќе работа за македонските извозници. За градежниот сектор веќе кажав дека има најава на огромен број на проекти, делници на автопатот се градат, се реконструираат патишта, се најавува пругата кон Бугарија, се најавуваат клинички центри во Штип и во Скопје, така што сето тоа дава основа за оптимизам дека и наредната година ќе биде добра за нашите компании и стопанственици.



16 Balkanot vo 2015 Капитал број 791/792 26.12.2014

www.kapital.mk

cover story

Godina na reformi

С

ите балкански земји се во тешка економска ситуација. И за таа да се надмине ќе бидат потребни конкретни чекори. Времето за популистички мерки и политики, кое беше главно оружје на политичарите од регионот полека истекува. Економската криза ги истошти економиите и намалените буџети се потешко ги поднесуваат социјалните политики и трошења на државна сметка. Иако главниот предизвик доаѓа од надвор, главниот фокус на политичките елити од регионот во 2015 година ќе биде ставен на фискална консолидација и спроведување на структурни реформи. Словенија ја очекуваат санација на банките и финансиско преструктуирање или приватизација на многу големи и презадолжени компании. Хрватска се соочува со најдолга досега економска рецесија и власта се наоѓа под голем притисок како со ограничените буџетски средства да го поттикне производството и вработувањата во приватниот сектор кои се замрени. Србија влегува во големи и тешки досега реформи. Ќе следи намалување на вработените и платите во јавниот сектор, намалување на пензиите , што сигурно ќе ја намали потрошувачката. За Црна Гора 2015 година ќе биде изборна година, па власта ќе биде соочена со притисок како да најде баланс помеѓу предизборните трошења и потребните кратења во буџетот. Економската судбина на БиХ во 2015 година ќе зависи од тоа дали ќе се почнат потребните реформи кои треба да ги намалат трошоците на бизнисот. Капитал заедно со Бизнис плус, во кој во кој членуваат шест медиумски куќи од регионот, подготвија проекции за тоа што ќе го очекува регионот во 2015 година. Анкетиравме повеќе економски аналитичари за тоа кој ќе бидат главните реформи и што може да се очекува на економски план во земјите од регионот.

(Продолжува на 36 стр)


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014 PROEKCII ZA 2015

извор: ММФ

cover story srbija Раст на БДП

17

1,04%

БДП по глава на жител

5.967 $ hrvatska Раст на БДП

0,50%

БДП по глава на жител

13.994 $ slovenija Раст на БДП

1,38%

БДП по глава на жител

24.550 $ crna gora Раст на БДП

3,39%

БДП по глава на жител

7.919 $ BiH Раст на БДП

3,50%

БДП по глава на жител

5.299 $ kosovo Раст на БДП

3,34%

БДП по глава на жител

4.333 $ makedonija Раст на БДП

3,60%

БДП по глава на жител

5.687 $


Капитал број 791/792 26.12.2014

18

www.kapital.mk

Капитал анализа

Koi se najbrzoraste^ kompanii vo Makedonija? Обидот да се издвојат и анализираат македонските брзорастечки компании е прилично тежок предизвик. Посебно во период во кој главниот економски раст се креира со проекти и во индустрии со јавни инвестиции, односно со финансии обезбедени од државниот буџет или преку задолжување на државата, и преку странски инвестиции кои во изминативе неколку години привлечени од бројните и големи субвенции отворија десетина фабрики во Македонија. Капитал анализира кои се најбрзорастечките компании чиј бизнис пораснал повеќе од десеткратно во изминатите четири години. пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Б

рзорастечките фирми или како што во светот се нарекуваат газели се срцето на секоја економија. Тие го покажуваат потенцијалот кој го носи идниот економски развој, новите трендови и правци во кои е најпрофитабилно да се прави бизнис, тие отвораат многу нови работни места. И додека во развиените пазарни економии првата асоцијација за брзорастечките фирми е некоја иновативна технолошка фирма или некоја уникатна бизнис претприемничка идеја која носи огромна заработувачка со која се наградува претприемничкиот ризик во Македонија компаниите кои брзо растат се далеку од таа приказна. Обидот да се издвојат и анализираат

македонските брзорастечки компании е прилично тежок предизвик. Посебно во период во кој главниот економски раст се креира со проекти и во индустрии со јавни инвестиции, односно со финансии обезбедени од државниот буџет или преку задолжување на државата, и преку странски инвестиции кои во изминативе неколку години привлечени од бројните и големи субвенции отворија десетина фабрики во Македонија. Капитал направи истражување за тоа кои се компаниите во Македонија кои најбрзо растат. За потребите на истражувањето побаравме податоци од Централниот регистар на Македонија. Критериумите кои ги поставивме беа компаниите да имале раст на приходите во изминатите четири години, односно во периодот од 2010 до 2013 година, во целиот овој период да работеле со профит и да имаат над 5 вработени. Добивме многу интересни резултати. Имено, базата на Централниот регистар

покажа дека само 1.400 фирми во Македонија работеле со постојан раст на приходите и со профит во изминатите четири години. Тоа се само 2% од сите фирми во Македонија кои ги исполнуваат овие критериуми. Првиот факт, кој како заклучок се наметнува и во анализата за најбрзорастечките фирми е дека во изминатите четири години, кои беа години на економска криза, главен носител на економскиот раст во Македонија беше државата, преку инвестиции во инфраструктурни проекти и изградба на објекти кои беа дел од големиот градежен проект Скопје 2014 од една страна и странските инвеститори од друга страна. Затоа и меѓу компаниите кои најбрзо растеле во изминатите четири години има многу градежни фирми, фирми за мебел и опремување кои добиле зделка на некој од овие капитални државни проекти, како и фирми кои работеле на изградбата на производните


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

Капитал анализа

19

^kite

a?

хали на странските инвестиции во земјава. Но, фактот дека некоја фирма добила бизнис на некој голем проект не значи дека таа има капацитет да го одржува растот на приходите и профитабилноста и во следниот период. Во истиот овој период поголем број од приватните фирми во Македонија се соочуваа со пад на продажбите, со намален извоз, со намалување на производството, со намалување на бројот на вработени, неможност да дојдат до поволни бизнис кредити... Составот на брзорастечки компании во Македонија и индустриите во кои тие ги прават парите неизбежно наметнува покрај економска и социолошка анализа. Како со економски термини да се објасни фактот дека во земја во која речиси секој трет е невработен, меѓу компаниите кои најбрзо растат има дури три спортски обложувалници, кои прават огромни приходи и профити. Анализата дали брзорастечките фирми

во Македонија имаат капацитет и одржливост на еден среден рок да прават пари и како ги прават парите останува без јасен заклучок. Или со заклучок кој одговара на состојбата во која се наоѓа целата економија. Обично сите истражувања и анализи на фирмите кои брзо растат во пазарниот свет завршуваат со заклучок дека тие се новата економија. Дека тие се фирмите кои се идните носители на економскиот раст. Но, дали тој заклучок е можен и за Македонија? Колку од македонските фирми кои најбрзо растат воопшто имаат одржлив модел на бизнис на создавање на приходи? Кај некои фирми моделот на остварување на поголеми приходи се сведува единствено на добивање на голем тендер или бизнис зделка со државна институција, јавно претпријатие или странски инвеститор, изградба на станбени или деловни згради чија продажба и изградба е субвенционирани од државата, остварување на приходи за

пазар кој е затворен за конкуренција или благодарение на субвенциите кои некоја фирма ги добива по разни основи. Меѓу фирмите кои брзо растат има и многу трговски и дистрибутивни компании, кои се отсликување на реалните услови за водење бизнис во Македонија, во кои увозот е многу лесен и евтин. Многу е помал бројот на производни фирми кои успеале четири последователни години да работат со раст на приходите и профит. Од 200те најбрзорастечки фирми само околу десетина се производни фирми. Меѓу фирмите кои брзо растат има и такви фирми кои се развиваат благодарение на уникатниот бизнис модел кој го одбрале, производни фирми со оригинерен раст во бизнисот, фирми од ИТ индустријата чиј раст се потпира исклучиво на нивните вештини, знаење, или квалитетниот производ или услуга кои ја нудат на домашниот или на странски пазар. Но, станува збор за фирми кои се малку на


Капитал број 791/792 26.12.2014

20

www.kapital.mk

Капитал анализа

10 најбрзорастечки мали фирми (со приходи до 2 милиони евра) Компанија

Град

Дејност

КЕША ИНЖЕНЕРИНГ ТРГО ФЕР ЕКО ИНЖЕНЕРИНГ-НС ФИЛИП ПРИМА ЕКСКЛУЗИВ ИСОУРЦЕ БАЛЕКО-ТРАНС ФЕШН ЛИНК 2010

Скопје Велес Струмица Скопје Битола Штип Прилеп

ПРИМА ЛИФТ

Скопје

МУЊА ИНТЕР-КОНСТРАКШН

Куманово Гевгелија

Градежна индустрија Трговија Геодетски работи Градежна индустрија Аутсорсинг услуги Транспорт Текстилна конфекција Сервисирање на лифтови Градежна индустрија Градежна индустрија

Приходи Раст на приходи во 2013 (евра) (2010-2013) 493.107 46 пати 1.776.869 27,7 пати 810.661 17 пати 1.044.226 17 пати 213.785 15,6 пати 192.187 15,5 пати 849.642 14,8 пати 213.427

12,2 пати

1.569.200 1.972.122

11,8 пати 11,2 пати

Извор: Централен регистар на Р.М.

10 најбрзорастечки средни фирми (со приходи од 2 до 10 милиони евра) Компанија

Град

Дејност

ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК КОДИНГ ДИСТРИБУЦИЈА

Скопје Скопје

БАШИНО-ГАС

Велес

ПРОМО

Скопје

ГОЛДЕН АРТ ПЕРПАРИМИ СЕТЕК КОНСТРУКТОР Рената ЕЛЕКТРО ЛАБ НАСТЕЛ

Скопје Кичево Скопје Скопје Скопје Скопје

Дистрибуција Дистрибуција Трговија со технички гас и опрема Сервиси и трговија со телеком.опрема Градежна индустрија Градежна индустрија Трговија со техника Градежна индустрија Електроинсталации Градежна индустрија

Приходи во 2013 Раст на приходи (евра) (2010-2013) 8.519.535 460,5 пати 3.949.754 68,2 пати 3.657.597

9,4 пати

3.658.897

9,2 пати

2.869.028 2.907.119 7.212.105 2.305.021 3.469.205 6.443.156

7,3 пати 7,1 пати 6,9 пати 6,4 пати 5,4 пати 4,6 пати

10 најбрзорастечки големи фирми (со приходи над милиони евра) Компанија

Град

ЗЛАТНА КОПАЧКА - ЕДЕН

Скопје

ЦРНА РЕКА ПЕТРОЛ

Кавадарци

СПОРТ - ЛАИФ ТРЕЈД

Скопје

АКТИВА МАРКОВСКИ КОМПАНИ

Штип Битола

БЕТ - ПРО ВИЛ ХИЛ

Скопје

АТЛАНТИЦ ТРАДЕ ЏОНСОН МЕТИ ОАЗА ЕКСТРА-СКОПСКО

Скопје Скопје Штип

Дејност Спортска обложувалница Трговија со нафтени деривати Спортска обложувалница Градежна индустрија Градежна индустрија Спортска обложувалница Дистрибуција Автомобилски делови Дистрибуција

Приходи во 2013 (евра)

Раст (2013-2010)

41.539.505

83 пати

48.567.930

13 пати

70.986.218

9 пати

20.238.722 11.422.069

8,2 пати 7,3 пати

11.949.214

6,7 пати

25.731.553 631.212.188 10.954.644

5,6 пати 4,8 пати 4,7 пати

Капитал ги изводи 10-те најбрзорастечки мали, средни и големи фирми во Македонија и индустриите во кои работат, кои во изминатиот период имале најголем раст на приходите и кои може да ги видите во табелите кои се дел од анализата. број и мали по обем на работење. Секоја голема фирма некогаш кога го почнувала бизнисот била мала фирма. Многу фирми растат во бизнисот и стануваат големи, а голем е бројот и на оние кои остануваат мали. Клучот за успехот во бизнисот не е во големината на фирмата. Суштината е фирмата да има бизнис модел и услови кои ќе и овозможат да има раст и профитабилност. Проблемот е во тоа што додека во Македонија повеќето фирми едвај преживуваат, други фирми имаат десеткратен раст на приходите. За потребите на оваа анализа ги опфативме само првите 200 најбрзорастечки фирми. Овие 200 најбрзорастечки фирми на крајот на 2013 година имале вкупни приходи од околу 1 милијарда евра и во изминатите четири години тие се зголемиле за 489,43%, во споредба со 2010 година кога овие 200 најбрзорастечки фирми имале вкупни приходи од 179 милиони евра. Профитот на овие 200 најбрзорастечки компании во 2013 година изнесувал 67,3 милиони евра, што е раст од 1.456% во споредба со 2010 година кога нивниот вкупен профит изнесувал 4,3 милиони евра. Просечната профитна маржа на сите овие 200 брзорастечки компании во 2013 година била 6,38%, но меѓу нив има и компании кои имале профитни маржи и до 60%. Во 200-те најбрзорастечки компании лани работеле 5.218 лица, што е зголемување за 167% или за 3.267 лица во споредба со 2010 година. Бидејќи не ставивме ограничување на приходите во групата на најбрзорастечки фирми се јавија и микро фирми кои почнале со работа пред четири години, но и големи фирми кои постојат повеќе од четири години со приходи поголеми од 10 милиони евра и повеќе од 250 вработени. Дури 170 фирми од 200-те најбрзорастечки се микро и мали фирми кои заклучно со



Капитал број 791/792 26.12.2014

22

www.kapital.mk

Капитал анализа

лани имале приходи до 2 милиони евра. Дваесет и една фирма имале приходи поголеми од 2 милиони евра и помали од 10 милиони евра, што според дефиницијата на Законот за трговски друштва се групираат во категоријата на средни фирми. Само 9 фирми меѓу овие 200 најбрзорастечки се големи фирми со приходи поголеми од 10 милиони евра.

Кои се фирмите кои најбрзо растат?

Најбрзорастечка фирма во Македонија во изминатите четири години е скопската дистрибутивната компанија Тотал Плус Логистик. Оваа фирма минатата година ја завршила со приходи од 8,5 милиони евра и профит од 178 илјади евра. Во 2010 година оваа компанија имала приходи од 18.500 евра, што е седумцифрен процентуален раст или зголемување од 460

пати. Во 2010 година во Тотал Плус Логистик биле вработени 14 лица, додека во 2013 година бројот на вработени се зголемил на 82. Втора најбрзо растечка компанија во Македонија е спортската обложувалница Златна Копачка-Еден која 2013 година ја завршила со приходи од 41,5 милиони евра, кои се за над 83 пати поголеми во споредба со приходите кои оваа обложувалица ги имала во 2010 година од 500 илјади евра. Профитот на Златна копачкаЕден во 2013 година изнесувал околу 640 илјади евра. Во 2010 година во Златна Копачка биле вработени 93 лица, додека во 2013 година бројот на вработени се зголемил на 233 лица. Покај Златна копачка-Еден меѓу најбрзорастечките фирми во Македонија има уште две спортски обложувалници. Спорт лаиф трејд која 2013 година ја заврши со приходи од близу 71

милион евра, за изминативе четири години имала дури деветкратен раст на приходите. И обложувалницата Бет про вил хил се најде во најбзорастечките фирми која во 2013 година направила приходи од близу 12 милиони евра, околу 7 пати поголеми во споредба со 2010 година. Трета најбрзорастечка компанија е Кодинг дистрибуција, фирмата задолжена за дистрибуција на минералната вода Горска. Ланската 2013 година оваа фирма ја завршила со приходи од близу 4 милиони евра, што е 68 пати повеќе во споредба со 2010 година. Во Кодинг дистрибуција на крајот на 2013 работеле 45 лица, девет повеќе во споредба со 2010 година. Покрај Тотал плус и Кодинг Дистрибуција на листата на најбрзорастечки компании има уште две дистрибутивни компании меѓу кои се Атлантик трејд и штипската Оаза Екстра скопско, кои исто така имаат огромен петцифрен процентуален раст на приходите во изминатите четири години. Скопската градежна фирма Кеша Инженеринг, која е тотално непозната на јавноста, и која 2013 година ја завршила со приходи од 493 илјади евра е четврта најбрзорастечка фирма, чии приходи во изминатите четири години се зголемиле за 46 пати. Петта најбрзорастечка е фирмата Трго фер, кој е трговска фирма и која во 2003 година заедно со Феро инвест стана еден од сопствениците на велешката фирма Брако. Велешката Трго фер 2013 година ја заврши со приходи од 1,78 милиони евра, што е 28 пати повеќе во споредба со 2010 година. Покрај овие пет најбрзорастечки фирми во Македонија, на листата има уште десет компании кои имале повеќе од десеткратно зголемување на приходите. Меѓу нив се струмичката фирма Еко Инженеринг-НС, која нуди услуги од областа на животната средина, градежната фирма Филип Прима Екслузив, битолската фирма за аутсорс услуги Исоурс, штипската транспортна фирма Балекотранс, прилепската текстилна конфекција Фешн линк 2010, понатаму еден од поголемите нафтени дистрибутери Црна Река петрол од Кавадарци, скопската фирма за сервисирање на лифтови Прима лифт, кумановската градежна фирма Муња, гевгелиската градежна фирма Интер-констракшн, скопската транспортна фирма Дудо АГ. Како и општиот тренд во целата економија на листата 200 најбрзорастечки фирми има дури 27 фирми од градежната индустрија. Меѓу градежните

фирми кои најбрзо растеле во изминатите четири години се фирмите Сара Инженеринг од Струмица, Актива од Штип, битолската Марковски компании, скопската Настел... Бидејќи транспортот е една од дејностите кои најбрзо се развиваше во изминатите четири години на листата на брзорастечки компании се најдоа 13 компании од оваа дејност. Најбрзо растечка меѓу нив е струмичката Јавор Транс, која во 2010 година имала приходи од 3.600 евра и профит од 516 евра, за да 2013 година ја заврши со приходи од 1,1 милион евра и профит од 630 илјади евра. Од производствените фирми најбрзорастечка е скопската фирма за производство на павер елементи Техно Павер, која во 2013 година работела со приходи од близу 1,5 милиони евра, кои се за 8,5 пати поголеми во споредба со 2010 година. Меѓу 200-те брзорастечки фирми во Македонија има само една млекара, тоа е радовишката Ѓорѓиеви, која во 2013 година имала приходи од 1,8 милиони евра, кои се зголеми за шест пати во изминатите четири години. Охридската компанија Братство Инокс која лани работела со приходи 1,2 милиони евра исто така се најде меѓу брзорастечките фирми заради фактот што во изминатите четири години успеала да ги зголеми приходите за 4,4 пати и во целиот период работела со профит кој во 2013 година изнесувал 280 илјади евра. На листата најбрзорастечки компании се најде и странската инвестиција Џонсон Мети, која иако остварува големи приходи од 630 милиони евра, во изминатите четири години успеала да ги зголеми за 4,8 пати. Меѓу брзо растечките фирми се најдоа многу фирми кои во изминатиов период имале раст на приходите меѓу другото и како резултат на нивната вклученост во капиталните проекти од Скопје 2014 и во изградбата на фабриките на странските инвестиции во зоните. Меѓу нив се Касвер.ц, која меѓу другото изработувала и рамки за уметничките дела во Музејот на ВМРО и која 2013 година ја завршила со приходи од 1,3 милиони, што е 4,5 кратен раст во споредба со 2010 година. И скопската фирма Електро лаб која била ангажирана на поставување на електроинсталации во новите фабрики на неколку странски инвестиции се најде меѓу најбрзорастечките фирми. Во 2013 година оваа фирма работела со приходи од околу 3,5 милиони евра, кои се за 5,4 поголеми во споредба со приходите од 2010 година.



Капитал број 791/792 26.12.2014

24

www.kapital.mk

Интервју

Inovacii vo bankarstvo za biznisite spored ger

Доминантниот акционер на ПроКредит Групацијата, ПроКредит Холдинг во Македонија е присутен со три инвестиции: ПроКредит банка, ПроКредит регионалната академија во Велес, Quipu ИТ регионална компанија за ИТ консалтинг за ПроКредит Групацијата. Сите три инвестиции успешно се развиваат. ПроКредит банка е пример како една странска директна инвестиција може да има позитивен придонес за развој на реалниот сектор.

К

ако вие како странски инвеститор ја оценувате бизнис климата во Македонија? Што би требало да се подобри? Фрајтаг: Неодамна присуствував на Форумот на потенцијални странски инвеститори во Франкфурт, во организација на Владата на Република Македонија. Бев во улога на претставник на ПроКредит банка Германија, единствена германска инвестиција од банкарскиот сектор во Македонија со цел да го споделам позитивното искуство на ПроКредит како германски инвеститор во Македонија. Доминантниот акционер на ПроКредит Групацијата, ПроКредит Холдинг во Македонија е присутен со три инвестиции: ПроКредит банка, ПроКредит регионалната академија во Велес, Quipu ИТ регионална компанија за ИТ консалтинг за ПроКредит Групацијата. Сите три инвестиции успешно се развиваат. Ние сме задоволни од работењето на нашата банка во Македонија за овие 11 години. ПроКредит банка е пример како една странска директна инвестиција може да има позитивен придонес за развој на реалниот сектор. Моменталното кредитно портфолио на банката во Македонија е 222 милиони евра. Тоа претставува значајна кредитна поддршка за развој на малите и средни бизниси и дава голем придонес за економското раздвижување и креирањето на нови работни места во Македонија. Македонија е стабилна, сигурна земја за странските инвеститори, со

Kristof Frajtag член на Управен одбор на ПроКредит банка Германија стратешка географска местоположба и континуирано подобрување во неколку значајни аспекти - администрацијата, правниот и даночниот систем. Банкарскиот сектор е стабилен и ужива доверба и од граѓаните и од претпријатијата. Мерките на Народната банка одат во насока на постојано одржување на солидна ликвидност на банките. Ние тоа го користиме за активно да пласираме средства во реалниот сектор за развој на малите и средни претпријатија во Македонија. Она што е најважно во банкарството се всушност луѓето. Во Македонија најдовме исклучително добар кадар на високо едуцирани, подготвени млади луѓе кои сакаат да се усовршуваат во областа на банкарството и финансиите.

Тоа е голема придобивка за клиентите и факт што нас како институција особено не радува. XX Може ли компаниите во Македонија да очекуваат поголема финансиска поддршка од ПроКредит и конкурентна камата каква што добиваат фирмите во Германија? Фрајтаг: Да да се биде германска банка значи да се биде синоним за стабилност, сигурност и модерна услуга. Работејќи со нас, странските и домашните и бизниси во Македонија имаат пристап до високо квалитетна услуга и модерна технологија иста како во банката во Германија. Во моментот сме во преговори за бизнисите од Македонија да се финансираат директно од нашата банка во Германија. Тоа ќе значи и


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

Интервју

oto i silna poddr[ka rmanski standardi

25

ПроКредит банка ги следи германските стандарди за современ развој на банкарството, што значи инвестиции во напредна технологија, модернизирање на услугите и уште поиндивидуално прилагодена услуга кон секоја целна група.

Jovanka Joleska Popovska генерален директор на ПроКредит банка Македонија намалување на каматните стапки на кредитите за добрите и перспективни бизниси кои сакаат да инвестираат во проекти за развој на бизнисот. Тоа е голема предност за нас како банка и работиме со цел да ја овозможиме оваа придобивка за клиентите. XX Какви се плановите на ПроКредит за регионална соработка? Фрајтаг: Во Македонија, секој бизнис кој работи во повеќе земји во кои ПроКредит има своја банка може да користи меѓународен финансиски лимит. Тоа значи комплетна финансиска поддршка за потребите на сите меѓународни претставништва на еден бизнис кои работат во земјите каде има ПроКредит банка од само еден и единствен партнер. На пример ако

бизнисот кој работи во матичната земја со добри финансиски извештаи, сака да земе кредит во земјата каде што отворил претставништво и започнува, а при тоа финансиските извештаи се послаби, тогаш ќе се гледа севкупното работење на бизнисот. Работењето на овој начин за клиентите ќе биде многу полесно. Претпријатијата ќе знаат на кого може да сметаат без разлика каде работат. XX Кои се предностите што ги нуди банката во Македонија користејќи ги знаењата и искуството од Германија? Може ли клиентите да очекуваат нови иновативни производи според германските стандарди? Јолеска-Поповска: Германските банки се добро капитализирани, ликвидни,

стабилни и добро регулирани од страна на Германските државни органи за банкарска супервизија (BaFin и Bundesbank). Германскиот банкарски систем без потешкотии ја помина финансиската криза. Оттука, германското банкарство е европски пример за стабилност, сигурност и иновативност. ПроКредит банка ги следи германските стандарди за современ развој на банкарството што значи инвестиции во напредна технологија, модернизирање на услугите и уште поиндивидуално прилагодена услуга кон секоја целна група. Примарни клиенти на ПроКредит банка се претпријатијата. Специјализацијата на нашата банка во тој сегмент значи постојани промени и адаптација за


Капитал број 791/792 26.12.2014

26

www.kapital.mk

Интервју

ПроКредит банка ги следи германските стандарди за современ развој на банкарството што значи инвестиции во напредна технологија, модернизирање на услугите и уште поиндивидуално прилагодена услуга кон секоја целна група. Банкарството сега и во иднина треба да е многу ефикасно, брзо и едноставно за клиентите. За таа цел воведуваме новитети кои во Германија се веќе секојдневие: деноноќна услуга за едноставни операции со примена на автомати за уплата и исплата на готовина, електронски плаќања за сите клиенти во Зона 24/7 која ќе функционира во склоп на сите експозитури во Македонија. работа со нив. Банкарството сега и во иднина треба да е многу ефикасно, брзо и едноставно за клиентите. За таа цел воведуваме новитети кои во Германија се веќе секојдневие: деноноќна услуга за едноставни операции со примена на автомати за уплата и исплата на готовина, електронски плаќања за сите клиенти во Зона 24/7 која ќе функционира во склоп на сите експозитури во Македонија. Дополнително, банката ќе биде таму каде што се клиентите преку современи канали; електронско банкарство, мобилна веб апликација за информации за банката и сметките за клиентот а и преку услугата за дигитално потпишување на договори – клиентите нема да имаат потреба да доаѓаат во банката за секојдневни трансакции. Сепак во ПроКредит покрај иновациите и развојот, основен темел на кој се основа работењето е кадарот. Само со добро обучен и квалитетен кадар можеме да кажеме дека развиваме долгорочни релации со клиентите. Токму поради тоа одвојуваме значителни средства – над 600.000 евра годишно - за обука и професионален развој на вработените во ПроКредит банка. XX Какви се вашите очекувања за следната година? Може ли домашните фирми да сметаат на поголема кредитна поддршка? Јолеска-Поповска: Во 2014 година растевме со стапка од 10,5 % што е многу повисок пораст споредено со растот на кредитирањето кон претпријатијата на ниво на банкарскиот сектор од 4%. До крајот на оваа 2014 година нашето тековно кредитно портфолио ќе изнесува 230 милиони евра, средства исплатени на многу мали, мали,

средни бизниси. Ова портфолио е најквалитетно во банкарскиот сектор – нефункционалните кредити изнесуваат 3,4% во споредба со просекот на банкарскиот сектор од 12,2% заклучно со третиот квартал на 2014 година. И во следната 2015 година ќе ги кредитираме фирмите кои работат квалитетно и имаат добра визија за развој во иднина. Условите во кредитирањето веќе се адаптираат на сезоналноста и карактеристиките на бизнисот на клиентот. ПроКредит е матична банка за бизнисите, што значи комплетна финансиска услуга од една банка. Тоа нуди поефикасно, побрзо и поекономично работење за еден бизнис. Оваа пракса на работење ја прифаќаат с$ повеќе бизниси. Банкарството го гледаме низ призма на партнерство кое се темели на вредности како одговорност, доверба и сигурност. XX Во кои сектори во економијата најмногу вложува ПроКредит? Каде има најголем потенцијал да се развиваат домашните фирми? Јолеска-Поповска: ПроКредит банка како специјализирана банка за работа со претпријатија најмногу инвестира во она што Македонија има потенцијал да го понуди, развие и извезе.

Особено внимание посветуваме на претпријатија кои развиваат препознатлив домашен производ било да е тоа дел од примарното, секундарното производство или услугите. Дел од секторите каде има потенцијал да се развива автентично македонско производство и за домашниот и за странските пазари се примарното земјоделство, прехранбено преработувачката индустрија, органското производство. Силна поддршка даваме на храбрите иницијативи и визија за развој на најдоброто од Македонија. Само во земјоделскиот сектор имаме пласирано над 65 милиони евра како кредитна поддршка на агро бизнисите. Имаме специјален фокус кон претпријатијата кои се модернизираат, иновираат или развиваат конкурентност преку примена на енергетско ефикасни решенија. Досега имаме пласирано над 15 милиони евра кредитна поддршка за бизниси кои почнале да користат посовремена опрема и машини или изградиле енергетски ефикасен објект. Тука спаѓаат и оние кои инвестирале во алтернативни извори на енергија: хидроцентрали, фотоволтаични централи за производство на струја, поставиле сончеви колектори и веќе се независни енергетски субјекти.



Капитал број 791/792 26.12.2014

28

www.kapital.mk

Политика

Sledi godina na protesti, partiski igri i po

Koj i kako politi ]e ja pre@ivee 20 пишува:

С

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

осема е неприродно на крајот на годината во којашто на предвремени парламентарни избори премиерот Никола Груевски доби уште еден четиригодишен мандат, анализата за тоа што на политички план ќе не очекува во 2015-та да се почне со можноста за уште едни, нови предвремени избори, но речиси е општо познато дека логиката и македонската политика одамна не одат заедно. Оттука, токму предвремените избори коишто се повеќе се наметнуваат како можна разврска на политичката криза со која ја дочекуваме новата година, се дел од нашата анализа. Самиот премиер, неодамна при еден

јавен настап критикувајќи ги политиките на СДСМ, порача дека тие ја водат политичката борба на несоодветно ниво и дека „секако избори ќе има наскоро“ па таму ќе се видат на мегдан. Тешко дека „наскоро“ се трите години коишто реално му преостануваат на Груевски во овој мандат. Но, зошто ново трошење на околу 6 милиони народни евра и ново гласање воопшто се наметнува како опција? Кризата на македонската политичка сцена е евидентна и длабока, иако многу политички фактори сакаат истата да ја релативизираат. Парламентот функционира без најголемата опозициска партија внатре, се носат не само законски, туку и уставни измени, се креираат нови законски решенија, предлози за промена на државни симболи, без да има вистинска дебата во законодавниот дом како што би прлегало на една современа демократија. Политичкиот дијалог на власта и

опозицијата е сведен на некакви тајни средби на коишто се што обичниот човек може да заклучи, е дека се токми пазар околу начинот и времето на објавување на сега веќе фамозната „бомба“ (сет информации за кои СДСМ најавува дека ќе го стресат и турнат Груевски од неговата позиција). Со фактот што Зоран Заев решава да калкулира со тајмингот за објавување на вака чувствителни информации, а притоа бидува поштеден од јавниот обивнител (да поседуваш докази за некакво кривично дело, а да не ги објавиш е дело само по себе) се отвораат дилеми за евентуалните (пре) договарања што тој ги прави со власта. Оттука, кризата само се продлабочува, раскопувајќи ги можеби и внатрешно – опозициските редови, но и самата политичка стабилност. Меѓуетничките односи, од друга страна, се вечно актуелна тема. Бомбата на Заев како што тој вели во голем дел се однесувала токму на кревките


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

Политика

oliti^ki bombi

i^ki 015-ta?

интеретнички релации, па оттука никој не може да претпостави како истата (или нејзиното необјавување) може да се одрази врз обичниот човек и неговата затегната етничка свест, поточно до каде политичарите ќе умеат да ја контролираат играта со оган за да си го згрејат рејтинот, а од каде натаму, оганот веќе ќе може да ја запали и целата држава. Кај меѓуетничките односи, единствено што е стабилно е владината коалиција на ВМРО – ДПМНЕ и на ДУИ, па иако партијата на Али Ахмети реши да

Тешка година е пред главните политички ликови во Македонија, а тешка ќе биде и за граѓаните коишто ќе сведочат на серија потези како дел од партиските тактики за освојување или задржување на власта. Уморни од овие партиски евтини игри, граѓаните веќе отворено го манифестираат револтот преку протести коишто според најавите ќе продолжат и во годината што следува. Тука некаде, според очекувањата, треба да се појави и таканаречената „бомба“ на СДСМ, серијалот информации коишто наводно опозицијата ги поседува како докази за криминал во владините редови. Иако анализите се дека многу нешта ќе зависат од квалитетот на „експлозивниот“ материјал, потресите коишто ќе се случуваат, а многу лесно можат да доведат и до нови предвремени избори, ќе се неминовност со или без опозициски „бомби“ не го испочитува претседателот Иванов оставајќи го во Парламентот да го држи новогодишниот говор во полупразна сала, отворената владина седница набрзо потоа покажа дека владината машинерија и тоа како е подмачкана. Министрите на Ахмети и тоа како се дел од владините решенија и колку и наводно да има несогласувања во нивните меѓупартиски односи, тешко е да се верува дека во следната година би можеле да сведочиме на некаков владин распад, оти ако се верува на челниците на ДУИ, нивната решеност да бидат на власт е отпорна дури и на експолозивни материјали. „Заев најавува бомба. Ама треба да знае дека битно е од каков вид му е бомбата. Со кашикара не се урива Влада“ изјави за “Капитал” Рафиз Алити.

29

Неспорен факт е дека за прв пат по толку години толпа граѓани искажаа јавен револт против реформските решенија на Владата. Притоа револтот не е насочен кон само една политика. Најсимптоматичен пример веројатно е еден постар господин, којшто дојден на протестот на студентите наиде на телевизиска камера на една провладина медиумска куќа. Новинарите сакаа да го деградираат неговото присуство, како човек во години дојден на студентски протест, но тој кажа нешто многу јасно во одговорот: „Тука сум заради општо незадоволство“. Колкав е патот од студентско до „општо незадовлство“?

А се урива ли со демонстрации? Веројатно одговорот е да, но секако битен е бројот на незадоволните луѓе излезени со транспаренти на улица, моменталната консталација на политичките сили на општестевната табла и секако – тајмингот. Во последниов месец во Македонија се случија три последователни протести на коишто неколку илјади граѓани се собраа против владините решенија за реформи во образовниот систем, но и во даночната политика. За денеска е најавен нов протест на Студентскиот пленум, но и на професори и невладини организации коишто не се задоволни од тоа како Владата ги води реформите. Без разлика што преку медиумите во анализите на овие протести се одеше во крајности, па оние блиски до власта го релативизираа нивното значење преку намалување на бројката на излезени или дефокус на нивните јасно артикулирани барања, а оние блиски до опозицијата славеа небаре тие ја урнале владата на избори, со гласање и добивање на поддршка од народот, неспорен факт е дека за прв пат по толку години толпа граѓани се мобилизираа и кренаа глас против власта на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ. Најсимптоматичен пример за ова веројатно е еден постар господин, којшто дојден на протестот на студентите наиде на телевизиска камера на една провладина медиумска куќа. Новинарите сакаа да го деградираат неговото присуство, како човек во години дојден на студентски протест, но тој кажа нешто многу јасно во одговорот: „Тука сум заради општо незадоволство“. И додека новинарите не сфатија дека


Капитал број 791/792 26.12.2014

30

www.kapital.mk

Политика

оваа изјава на господинот е пострашна од тоа да е дојден да даде поддршка само за студентите, бројот на општо незадоволните се повеќе расте. Како ова го доживеа владините челници? Како се соочија со, за прв пат во олкав размер, изразениот револт? Ако се суди според одлуките, сосема им е сеедно, оти ниеден министер не отстапи од реформите кои го кренаа народот на нозе, но тешко е да се верува дека комодитетот не е нарушен од секоа „уа“ кон нивните чекори. Дополнителен проблем за Владата е што според најавите овие протести ќе продолжат и низ 2015-та.

Илија Димовски

координатор на пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ

П

риоритет за нас е подобрување на економската состојба. Главен фокус во 2015-та ќе биде економијата и инфраструктурата, отворање на нови фабрики, градење на автопати, експресни патишта, болници, училишта, водоводи. Свесни сме дека опозицијата ќе сака да креира неконструктивна клима и омраза за да го покрие очигледното подобрување на состојбите во повеќе сфери. Тоа не е во интерес на граѓаните и нема да дозволиме да се занимаваме со нив, наместо со потребите на народот.

Петре Шилегов портпарол на СДСМ

Ј

Операција „бомба“

А до што ќе доведат? Како ќе се движи нивниот развој и што би била нивната ескалација? „Веројатно многу нешта ќе зависат од таканаречената бомба на СДСМ. Доколку се работи не за една афера, туку за вистински серијал, тогаш е можно да дојде до големи последици во актуелната структура на политиката, и владејачката, и опозициската, како на внатрешен, така и надворешен план.“ смета поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин. Но, каков серијал и да има Заев, тој би требало да е свесен дека евентуалните докази за аферата (аферите) треба да бидат такви што нема да остават ниту најмал простор за ескиважа на институциите што треба да ги процесираат, ниту, пак, за дилеми во јавноста, знаејќи како досега поминуваат аферите во оваа држава. И што му дава на Заев доверба да верува дека овој пат ќе има епилог? Тука доаѓаат на ред и вистинските прашања - кој му ги дал доказите, зошто му ги дал, зошто токму сега? Кој и да е изворот, тој секако заедно со опозицијата има одредени очекувања од објавувањето на аферите. Ако е целта (макар да се почне со) „демонтирањето“ на власта на Груевски, тоа може да се постигне со силата на такви докази што би го принудиле премиерот да прифати, односно да понуди избори, нови предвремени парламентарни, под услови што би ја успокоиле опозицијата. На вакви избори, доколку бомбата го даде резултатот што го најавува Заев, опозицијата предводена од СДСМ би настапила од многу поповолна позиција од претходно. Можеби не би победила, но би имала многу подобар резултат од последниот, и силен ветер во едрата за понатаму. Ваков развој на настаните предвидува професорот Јове Кекеновски, кој во својата последна колумна пишува дека „светскиот полицаец број 1, во содејство со некои европски сили, пред с$ Германија и нејзината разузнавачка

асно е дека прекипува незадоволството кај граѓаните и се ближи крајот на нивното трпение. Однесувањето на СДСМ во последните месеци, непоколебливоста и цврстиот став секако дека одат во прилог на сите вакви иницијативи. Ние не сме директни организатори на ниту еден од овие протести, но апсолутно ги поддржуваме. Што се однесува до бомбата, не би кажувал временска рамка кога може да се активира, но можам на најавам жешка политичка пролет.

Рафиз Алити

потпретседател на ДУИ

Ш

то ќе се случува, зависи од тоа каква бомба има Заев. Ако има кашикара во рака, со кашикара не се урива влада. Која и да е опозиција, во која и да е земја, ако има некоја информација што не ја знаат граѓаните, во секој момент би излегла и би ја соопштила пред нив - тоа & е во интерес. Ако опозицијата во Македонија има таква информација, немаше зошто да тактизира, и јас не гледам дека имаат нешто сериозно да соопштат пред граѓаните, со што би ја натерале Владата да даде оставка.

служба, решил да спроведе операција со која треба да се спречи с$ поагресивното автократско владеење на Никола Груевски, кое е на чекор до тоталитаризам, како и енормното богатење на неколку луѓе од власта“. Според Кекеновски не треба да има дилеми дали ваквата операција би одела преку нови предвремени избори: „Дефинивно ситуацијата ќе заврши со предвремени парламентарни избори. Веќе напролет. Ќе биде како мартовскиот договор кога дојде Штефан Филе. Претпоставувам, и сега ќе дојде „чуварот“, и ќе ги собере нашиве. Едните ќе речат - еве ние се враќаме за да го распуштиме Собранието, а другите - ние прифаќаме, не се плашиме од избори, за да се прикажат како победници. И ќе се распишат нови избори“, изјави Кекеновски за „Капитал“. На ова совршено се надоврзува последната реченица објавена во, како што јавноста го смета, провладиниот „Вечер“, во текст

уште од 16 октомври, во која се вели: „Според дел од информациите низ политичките кругови не се исклучува и можноста опозицијата да се врати во Законодавниот дом со барање за доверба на Владата на Груевски“.

Кој ја воскресна УЧК?

Во одредени кругови може да се слушне и една поконспиративна хипотеза, која цели многу подалеку од обичното решавање на внатреполитичката криза со подобрување на рамнотежата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Оваа хипотеза предидува прво создавање предуслови што ќе бараат, односно наметнат потреба од влада на национален спас, широка владина коалиција, техничка влада, како и да се нарече. А потоа ваквата влада би го решила спорот со името, без одговорноста да натежне на некоја од страните. Воведот би бил посериозна дестабилизација, во која освен бомбата на Заев, своја улога би имала и владејачката ДУИ. Овде станува јасно дека притисокот



Капитал број 791/792 26.12.2014

32

www.kapital.mk

Политика Нано Ружин

Стојан Андов

М

С

поранешен амбасадор во НАТО

поранешен претседател на Собранието

ногу нешта ќе зависат од таканаречената бомба на СДМ. Доколку се работи не за една афера, туку за вистински серијал, тогаш е можно да дојде до големи последици во актуелната структура на политиката, и владејачката, и опозициската, како на внатрешен, така и надворешен план. Уверен сум дека ако се работи за аргументирани докази за состојби кои во минатото создале големо влијание врз јавното мислење во државата, ќе има многу непријатни последици за сите актуелни политички играчи, пред с$, за оние од власта. Неблагодарно е да се прогнозира, зашто може да се работи за тези кои се опасни по живот за некого. Затоа постои такво молчење, а можеби постои и договор, с$ е можно. од бомбата би требало да го натера и премиерот, Никола Груевски, да игра синхронизирано. Неговиот албански партнер, Али Ахмети, остава впечаток дека не прави ништо друго освен што се среќава со меѓународни претставници, наводно, с$ со цел да им се сочува перспективата на евроатланските интеграции на Македонија. А во хипотезата, сценариото за дестабилизација би предвидувало умножување на инцидентите како гранатирањето на Владата, протестите поврзани со случајот Монструм, луѓето во црни униформи кои легитимираат во

итуацијата во државата не е добра, изгубени се нашите патишта, има талкање за многу важни државни прашања, и мислам дека решение не може да очекуваме од дневно -политичките битки какви што гледаме. Заев сигурно си оценил колку корист може да има од бомбата, и која ќе биде нејзината улога во покренувањето на клучните прашања во државата. Сепак, најодговорните политичари несериозно се однесуваат кон судби-ната на овој народ и на државата, или не & се дораснати на задачата.

тетовско. На меѓуетничкото конто одат и асистираните од полицијата контроли на Управата за јавни приходи - тајмингот кога се почна со оваа практика е индикативен. Како и неколкуте предупредувања на американскиот амбасадор во земјава, Пол Волерс, дека двете најголеми етнички групи во Македонија се оддалечуваат. Дестабилизацијата нужно би довела до предвремени избори, во околности како погоре опишаните. А дека на избори се мисли и во година што требаше да биде неизборна покажува буџетот на Државната изборна комисија планиран

за 2015. Имено, од целиот буџет на Комисијата (околу 1,2 милиони евра), повеќе од половина (650 илјади евра) се предвидени за изборни активности. За какви изборни активности се работи, го прашавме потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи: „Новото законско решение предвидува идентификација на гласачите преку прст, биометриски. Средствата се за купување на потребните апарати и на софтверот. Ќе може да се гласа само откако системот вака ќе го регистрира гласачот. За тоа се одвоени 40 милиони денари“, изјави Јакупи за „Капитал“.



Капитал број 791/792 26.12.2014

34

www.kapital.mk

Деловно знаење

10 biznis trendovi za 2015 Новите трендови во бизнисот се појавуваат речиси секој ден. Секој бизнисмен кој сака да гледа подолгорочно мора да ги следи трендовите за да може да го управува бизнисот. Магазинот Форбс направи избор на 10 трендови кои ќе одбележат 2015 година.

1.Нов вид на продавачи

Купувачите денес повеќе не сакаат трговци од стар ков. Бидејќи се многу поинформирани, сакаат и продавачот да биде добро информиран и запознаен со производот кој го купуваат. Тие мора да бидат нешто како деловен советник. Исто така мора да бидат културни и софистицирани. Компаниите во иднина ќе вложуваат уште повеќе во оспособување на луѓето за продажба.

интегрираност помеѓу 2.Тесна продажбата и маркетингот

Според спроведените истражувања, уште пред да поразговара со трговецот, купувачот е на половина пат да одлучи кој производ го сака. Тоа е причина заради која продажбата и маркетингот ќе мораат да бидат уште повеќе интегрирани, доколку сакате да водите успешен бизнис.

присутност на 3.Почеста деловните консултанти

Порано деловните советници се појавуваа еднаш годишно, ќе го кажеа своето и

повеќе не доаѓаа во компанијата. Тоа не носи никакви резултати. Во иднина компаниите ќе мора тесно да соработуваат со деловните консултанти, не на годишна, туку на неделна основа.

презентација 4.Поинаква на цена и вредност

Постојат два начини како може најдобро да се презентираат производите кои не се од првата лига на светски бендови. Еден е да се намали цената, а другиот е производот да се направи интересен и корисен, и да се создаде впечаток дека не станува збор за светски познат производ. Многу фирми прават грешки и своите уникатни производи ги продаваат и презентираат како второкласни, само заради тоа што уште не се глобално познати.

Клиентот ќе плати висока 5. цена само за производ со проверени резултати

Трговците од стар ков сметаа дека е успех да се продаде производ по што повисока цена, независно од степенот на задоволство што купувачот ќе го има откако ќе го купи производот. Денес на продавачите им е важно купувачот да биде задоволен. Рецензијата на производот благодарение на технологијата се секаде достапни, а конкуренцијата е голема. 6.Едноставност и мобилност На компаниите често им се случува да имаат повеќе податоци отколку што имаат време и средства за правилно да ги искористат. Понекогаш тие податоци се и некорисни. Компаниите би требало да најдат златна средина помеѓу количината на податоци и наједноставниот изглед за нивен преглед. Пристапот треба да им биде достапен и преку мобилен телефон.

прецизни 7.Нови маркетиншки стратегии

Новите маркетиншки стратегии би требало да ги привлечат вистинските клиенти, односно оние клиенти за кои производот е првенствено и наменет и од кои на крајот ќе има и најголема корист. Само да се соберат голем број на кликови се покажа дека и не е толку вредна стратегија, а рекламната кампања работена за сите сегменти на луѓе се веќе работа на минатото. 8.Подобар однос со вработени Среќните вработени со повисоки плати и со подолг годишен одмор се одразува со поголема продуктивност и позитивна атмосфера за работа, што на крајот носи и подобри резултати за фирмата.

9.Контент маркетинг

Овој начин на маркетинг полека го заменува оној традиционалниот тип на маркетинг. Се работи за создавање и презентација на содржината на вашата работа на јавноста. Наместо само краток слоган, презентацијата или есејот стануваа се попожелен начин на рекламирање. Модерната технологија, каде што сте само еден клин одвоени од мултимедиумските содржини, кратки филмови или приказни, го забрза процесот на заживување на контент маркетингот.

10.Интердисциплинарни работилници

Во продажниот процес во иднина мора да бидат вклучени сите работници во компанијата. Отворање на вакви работилници е најдобар начин да се сослуша мислењето на сите работници и да се донесат најдобрите деловни одлуки.



Капитал број 791/792 26.12.2014

36

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

Balkanot vo 2015

Klu^no e regionalnoto povrzuvawe i zaedni^kiot nastap na stranskite pazari

М

ожеби формулата за успех и придвижување на иднината на Западен Балкан лежи во комбинација на источната мудрост и западната организација". Tака смета директорот на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана, Зијад Бечировиќ, кој вели дека економијата се покажала како силен фактор за поврзување во регионот. „Интересно, поврзувањето го замени долгогодишниот национален- верски романтизам. Меѓутоа, економското поврзување не може да биде одлучувачки за севкупниот напредок на поедините земји, потребно е да се креира подобар амбиент, вклучувајќи го и економскиот“, додава тој. Економската ситуација во сите балкански земји е тешка и сите држави и во 2015 ќе се занимаваат со фискалната

Економската ситуација во сите балкански земји е тешка и сите држави и во 2015 ќе се занимаваат со фискалната консолидација и спроведување на структурни реформи. Се очекува првите позитивни резултати од реформите граѓаните да ги осетат на крајот од 2015 година и во 2016. Клучно за поголем успех за земјите од регионот и понатаму е поврзувањето и заедничкиот настап на странските пазари. Како ја оценуваат годината која завршува и што очекуваат во 2015 година, запрашавме аналитичари од земјите од поранешна Југославија. консолидација и спроведување на структурни реформи. Се очекува првите позитивни резултати од реформите граѓаните да ги осетат на крајот од 2015 година и во 2016. Клучно за поголем успех за земјите од регионот и понатаму е поврзувањето и заедничкиот настап на

странските пазари. Бечировиќ, економските услови во поголемиот број од земјите од Западен Балкан ги оценува како послаби отколку што биле пред распадот на некогашната заедничка држава. „Ако се потсетиме на Европа после Втората


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

Балкан бизнис и политика и што очекуваат во 2015 година, запрашавме аналитичари од земјите од поранешна Југославија.

СЛОВЕНИЈА:

Јоже П. Дамијан

професор на Економскиот факултет во Љубљана

светска војна, тогаш 2015 би можеле да ја споредиме со 1965 година. Тогаш Европа беше во целост обновена и во голем инвестициски бран. Европа беше во целиот свој сјај“, вели тој и додава дека сегашните услови за економско закрепнување и економска обнова на државите од западен Балкан се неспоредливо подобри отколку што биле после 1945 година. „Место претерување во националното, да го нагласуваме рационалното“, повикува Бечировиќ. „Западен Балкан е богат со бројни ресурси. Тешко може да се каже дека Запад е подобар и попаметен од Балканот, но сосема сигурно е поорганизиран и поуспешен. Можеби формулата на успехот и подобрување на иднината на Западен Балкан е во комбинацијата на источната мудрост и западната организација“. Како ја оценуваат годината која завршува

XX Важно ќе биде реструктуирањето На почетокот на 2014 година споменав пет настани кои би требало да ја обележат оваа година: санација на банките и финансиско реструктуирање, промена во економската политика на ЕУ, воспоставување на заеднички европски надзорен банкарски механизам и механизам на ЕСМ, паневропски стрес тестови за банките и повлекување на квантитативното попуштање на американските централни банки. Некои работи веќе се потврдија, некои ќе продолжат и во наредната година, а последната се покажа како претерана грижа. XX Нов стратешки сопственик идеално решение За најзадолжените компании треба да се најде системско решение за финансиско реструктуирање. Идеалното решение би вклучило и нов стратешки партнер, кој би ја докапитализирал компанијата и истовремено би гарантирал за репрограмирање на обврските на должниците. Таков беше примерот на Меркатор. Но, прашање е дали е можно да се најдат слични стратешки сопственици и за Меркур, Туш, Пивара Лашко, Т2, АЦХ, Перутнина Птуј, Адриа Аирвејс и слични. XX Одржување на чудото на економскиот раст Во Словенија во последното тримесечје од минатата година се појави чуден економски раст, во најголем дел поттикнат од локалните комунални инфраструктурни инвестиции, кофинансирани од европските фондови. Главен предизвик за словенечката економска политика е како да се одржи растот, во услови кога доволно не се зајакнати приватните инвестиции, трошокот на домаќинствата и извозот. Тоа може да се постигне со претпазливо дозирани јавни инвестиции во инфраструктурата, енергетиката, енергетска обнова на зградите, планско искористување на енергијата и слично. XX Главната несигурност доаѓа од надвор Ако минатата година бевме најмногу загрижени поради домашната несигурност и на крај конечно се појави зрак на оптимизам, сега потенцијалните препреки на словенечката економија доаѓаат повеќе од надворешната неизвесност. Следната година нас мора да не загрижува пред се колку ќе биде успешна ЕУ во поттикнување на болното евро и колку ќе ескалира политичкиот судир на САД и ЕУ со Русија. Ништо од тоа не создава доверба.

ХРВАТСКА:

37

Љубо Јуричиќ

професор на Економскиот факултет во Загреб

XX Малку надеж за излез од кризата Владата за жал ја изгуби и 2014 година. Со оглед на тоа дека не презеде никакви активни мерки во економската политика кои би делувале на намалување на падот во производството и намалување на невработеност и во 2014 година ќе имаме пад на економијата во однос на 2013 година. Оваа година последиците се од политиките од 2012 и 2013 и последица на временските услови во Хрватска. Временските услови се однесуваат доминантно на третиот квартал, односно на земјоделството и туризмот. Нас третиот квартал би можел да ни биде на нула ако временските услови би биле умерени односно да не штетеа многу ниту на туризмот, ниту на земјоделството. А со оглед на тоа дека временските услови во третиот квартал беа негативни за вкупното производство затоа и тоа е негативно. Во Хрватска главно производството во третиот квартал зависи од временските услови, а не од условите кои ги контролира политиката. XX Без потребните мерки негативно е влијанието на буџетот врз економијата 2015 година ќе биде под негативно влијание на кратењата на буџетот доколку не се преземат активни политички мерки за поттикнување на производството. Со оглед на тоа дека малку го скратија буџетот, а нема никакви активни политики кои би го покренале стопанството, кои би го покренале производството, вработеноста, платите итн. самото влијание на буџетот на стопанството ќе биде негативно. Тоа не е лошо за средување на буџетот, но само доколку постојат други инструменти на економската политика кои би се користеле за надоместување на падот на буџетските трошоци и за уште малку да го подигнат домашното производство. Такви политики не се преземени па така сме повторно препуштени на движењата на состојбите во нашето опкружување пред се во Европа и Русија што се однесува за 1, 2 и 4 квартал, а што се однесува на 3 квартал, препуштени сме на временските услови. Хрватскиот брод се плаши од бура Стопанството е оставено на спонтан развој, не може да се каже дека е на автоматски пилот оти автоматскиот пилот вози по некој програмиран пат. Хрватска е како брод на море, ако нема бура ќе бидеме на некое ниво како оваа година, но ако дојде бура и неповолни временски или економски услови, тогаш повторно ќе бидеме негативни. Така што ние не сме на автоматски пилот туку сме без мотор и волан на отворено море на сред океан. Раст и закрепнување можеме да очекуваме најрано во текот


Капитал број 791/792 26.12.2014

38

www.kapital.mk

на 9 или 10 месец откако ќе се донесат соодветни економски мерки и политика. Без паметна политика која е прилагодена на специфичната хрватска ситуација нема да можеме да излеземе од кризата.

МАКЕДОНИЈА: Марјан Петрески

професор на Американ колеџ во Скопје

XX Државата ќе гради и во 2015 Како што превидов кон крајот на минатата година, закрепнување на македонското стопанство продолжи и во 2014 година и очекувам тој тренд да продолжи и во 2015 година. Економскиот раст се темелеше на два фактори: на градежната активност која ја поттикнуваше државата и странските инвестиции што си пробиваат пат за работење во Македонија, како и на извозот кој го направија овие странски фирми со производството. Најголем придонес за растот во БДП од 3,5 отсто во 2014 година имаше и експанзијата на изградба на јавни објекти и инфраструктурата, а проектите главно ги финансира државата. XX Државните инвестиции главна причина за растот Очекувам дека економското закрепнување на Македонија ќе продолжи и во 2015 година. Судејќи според некои од водечките показатели во следната година може да се очекува умерено забрзување на растот. Меѓутоа, тоа во голема мера ќе зависи пред се од надворешните побарувања и како еврозоната ќе се соочува со растот на дефлаторниот притисоци. На домашна сцена ќе продолжи инвестицискиот циклус, главен двигател на растот и понатаму ќе бидат започнатите државни инвестициски проекти, особено оние на подрачјето на патната инфраструктура.

Србија: Горан Николиќ

економист од Институтот за европски студии

XX Судбината ќе биде одлучувачка за 502 фирми За 2014 година од една страна најавив раст на индустриското производство, извозот и градежништвото, а од друга страна контракција во секторот за услуги, оти Владата најави намалување на платите во јавниот сектор- а со тоа и пад на потрошувачката односно на животниот стандард и малопродажбата. XX Мајските поплави го ослабија српскиот ивоз На крајот од оваа година резултатот ќе биде значајно поразличен од претходните најави кои и јас ги проценував за годината што доаѓа, а на тоа кумуваат и

неколку фактори, пред се поплавите кои во Србија значајно го зголемија увозот и го ослабија извозот кој остана на исто ниво како и во 2013 година, место да расте. Исто така, индустријата падна за седум отсто, а вкупниот пад на БДП ќе биде околу два отсто. Треба да се има предвид и лошиот амбиент во самата Европска унија чија економија живурка, а тие се нашиот најзначаен надворешно трговски партнер. XX Сигурно следи поголем пад на вработеноста Стопанството сигурно ќе падне, само прашање е колку. Проценките се движат дека БДП ќе падне од 0,5 до еден отсто, цените малку ќе пораснат но можеби за околу четири отсто во однос на оваа година, што не е драматично. Извозот и индустријата би можеле да пораснат за околу 5 отсто, а секако треба да има и голем пад на вработеноста која не очекува поради решавање на статусот на 502 фирми во кои има вкупно вработено околу 110 илјади лица. XX Пари од приватизација ќе нема Веќе се знае дека околу 200 фирми ќе згаснат, а тоа значи дека дел од овие вработени ќе останат без работа, а секако пари од остатокот од приватизацијата на тие фирми ќе нема. Станува збор за лоши фирми и ако се оспособат 100 од нив да работат и да се развиваат, тоа ќе биде голем успех. Што се однесува до приватизацијата, може да се очекува прилив по основ на приватизацијата на Телеком, но тоа е процес на продажба кој не знаеме колку може да трае.

ЦРНА ГОРА: Ана Нивес Радовиќ економски аналитичар

Во текот на 2014 година, кога станува збор за прогнозите, во најголема мера се покажаа точни оној дел од прогнозите кои се најмалку поволни, оти немаше закрепнување, ниту веројатно може да дојде до изненаден пресврт во економските текови, што би довело до раст. Даночниот долг и понатаму се трупа до ниво во кое неговиот најголем дел е прогласен за ненаплатлив, поради недостаток на механизми, па место прилив на средства во буџетот по основ на даноци, до пари се доаѓа преку задолжување, поради што јавниот долг е зголемен за речиси 70 отсто од БДП. Кога станува збор за вмрежување во областа на енергетиката, продолжуваат преговорите со италијанската компанија А2А, но почетокот на работата од многу причини доцни, додека другите проекти и понатаму се само во најава. XX 2015 година на изборни и предизборни ветувања Постои многу мала веројатност дека во 2015 може да дојде до подобрување, што е веќе и најавено со нацрт буџетот, кој е, како и претходните два, особено рестриктивен и чиј ребаланс би било



Капитал број 791/792 26.12.2014

40

реално да се очекува. Со оглед на тоа дека сепак е во прашање изборна година, клучните активности ќе бидат насочени на создавање на слика која во статистичка смисла изгледа добро, поради што ребалансот би можел да се избегне, а остатокот од годината да се помине во многу скромни околности, со драстично намалување на јавната потрошувачка. Дека станува збор за продолжување на состојбата во која не се надзираат промени ќе биде видливо и преку надгледување на стандардот на граѓаните за кој не постојат реални изгледи да се очекува закрепнување. XX Најголемо влијание на јавните финансии ќе биде почетокот на изградбата на автопатот Она што во најголема мерка ќе влијае на јавните финансии е почетокот на изградбата на автопатот, односно начинот на неговото финансирање. Конкретна корист од овој проект Црна Гора ќе има дури по неговото завршување, што значи дека во 2015 година сите прашања поврзани со неговата изградба, од кои најголем број се неизвесни, и понатаму ќе бидат меѓу трошоците. Останатите инвестиции кои се очекуваат во 2015 може да донесат само подобрувања на локално ниво. Во овој момент речиси е незамисливо да се најавува раст поголем од 2,5 отсто. Сегашните капацитети и расположливи мерки укажуваат на можност дека и

www.kapital.mk

јавниот и даночен долг дополнително ќе порасне. Ова е причината поради која 2015 година е всушност година која нуди шанса за реформски пристап кој би се обезбедил со создавање предуслови за раст во наредните години, односно година во која е неопходно да ја пратат огромни напори со цел нивните резултати во иднина да бидат видливи.

БиХ: Дамир Милјевиќ економски аналитичар

XX Годините што доаѓаат нема да бидат спектакуларни По сите економски параметри оваа 2014 година на сите економски полиња беше изгубена година од една единствена причина што ништо не се случи во смисла на реформски процеси и подобрување на состојбата на економијата од една страна, и од друга страна како последица на катастрофалните поплави во мај, па оваа година нивото на растот на бруто домашен производ ќе биде нула или ќе биде дури и негативен, зависи кој ќе ги презентира податоците. Така што во суштина ова беше навистина една изгубена година. Јас не сакам кога сум во

право, но за жал моите предвидувања се исполнија. XX Нереално е да се очекува поголем успех при вработување Каква ќе биде 2015 година во прв ред зависи од тоа дали во БиХ ќе се покренат било какви реформски процеси. Со оглед на заинтересираноста на ЕУ работите да се помрднат од мртва точка, очекувам и од гледна точна на развој на општеството и развој на економијата, во 2015 дека може да се влезе во реформските процеси и тоа во прв ред во доменот на намалувањето на трошоците во економијата со цел да се олесни работењето на постоечкото стопанство. Не е реално во наредната година да имаме било каков посериозен успех во нови вработувања. Мислам дека ќе биде доволно ова состојба на економијата на некој начин да се одржи, по седум- осум години слободен пад на економијата надолу. XX Важно е да се направат првите чекори во вистински правец Не може да се каже дека нешто спектакуларно ќе се случи, ќе се случуваат позитивни работи, но тие нема да имаат толкав одѕив на подобрување на економската и социјална состојба на граѓаните од една причина- кога ќе ги покренете мерките во економијата, потребни се шест до осум месеци за да се добие било каков посериозен резултат, но би било важно да тргнеме во тој правец.



www.kapital.mk

exclusive 42

Branko Rogli]

сопственик на Групацијата Орбико, најголем дистрибутер во Европа

Profitot sekoga[ go investirav vo kompanijata

Б

ранко Роглиќ, сопственикот на Орбико групацијата и почесен генерален конзул на Словенија во Сплит важи за многу конзервативен претприемач. Во неговото работење тешко може да се најдат неплатени сметки или зависност од капиталот на банките. Бизнис царството го изградил скоро исклучиво на сопствениот профит. Иако својата бизнис приказна ја почнал во Швајцарија, развојот на неговото работење всушност почнува во Словенија со

купувањето на Унис Елкос и со настанокот на Орбико Љубљана. Денес Роглиќ има 18 компании во 17 земји, а со неодамнешното преземање на полската Наво група стана водечки европски дистрибутер со приход поголем од милијарда евра. И покрај големиот бизнис успех, Роглиќ останал скромен човек, кој, како што вели, живее во реалноста. Тврди дека основата за развој на неговиот бизнис била ставањето на вработените на прво место, и што не се расфрлал со заработените

пари, туку ги реинвестирал во компанијата. Роглиќ смета дека политичките елити мораат да сфатат дека темел на секоја држава е нејзиното стопанство. Тој е еден од најголемите заговорници на зајакнувањето на регионалната соработка, и смета дека без тоа ниту една од државите на подрачјето на поранешна Југославија нема да успее да биде конкурентна. Синергиите мора да се бараат во регионот, а најголема можност за поврзување гледа во секторите енергетика и туризам.

XX Дали можете на македонската јавност да и објасните што во суштина работи Орбико и како се развиваше компанијата за која денеска слободно може да се каже дека е своевидна регионална бизнис империја? Ние не сме веќе само регионални. Како што знаете, изминатава година ја презедовме полската компанија Наво, која има 610 вработени и обрт од 216 милиони евра. Така да со обрт од милијарда и 70 милиони евра годишно сме


www.kapital.mk

По последната аквизиција на полската фирма Наво Група, хрватската компанија Орбико стана најголема дистрибутивна компанија во Европа. Капитал направи интервју со нејзиниот основач и сопственик Бранко Роглиќ во кое тој зборува за почетоците во бизнисот, за стратегијата за раст на неговата компанија, за начинот на кој го води бизнисот, за регионалната соработка и за идните инвестиции. најголем дистрибутер во Европа. Значи, повеќе тоа не е регионална приказна, тоа е сега европска приказна. Добро е што на темелите кои ги презедовме во Полска, во наредните две години двојно ќе го зголемиме прометот. Тоа е добро за Орбико, но и за хрватските и словенските компании, како и останати регионални произведувачи и преработувачи, бидејќи преку каналот на Орбико ќе можат да ги извезуваат своите производи во Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, кои се многу големи пазари во Европа. Во минатото ја застапував компанијата Варта, прво во поранешна Југославија, а потоа и во Бугарија. Во 1987 година, почна да се наѕира распадот на социјализмот, односно банкротот на социјализмот. Во тоа време со 60.000 марки во Швајцарија, заедно со еден пријател основав мала трговска фирма Орбико. Износот од 60.000 марки е почетокот на целата оваа приказна. Тогаш 60.000 марки беа пари, сигурно како што сега се 150.000 евра. Мене платата во 87 ма ми беше 1.300-1.400 марки и тоа беше пристојна плата, а можеа да се заштедат околу 500 марки месечно. Орбико

Капитал број 791/792 26.12.2014

Интервју значи: Роглиќ Бранко и компанија. Робико звучеше лошо па ги пермутирав првите две букви. После две години заработивме тогашни 300-400 илјади марки и тогаш во Словенија врз стечајот на компанијата Унис Елкос, која беше во сопственост на Унис Сараево, основав втор Орбико. Во тоа време Орбико работеше со „Елен Бетрикс“ козметика и „Вартин“ батерии. После тоа, „Проктер енд Гембл“, голема меѓународна компанија, го купи во Германија мојот принципал Елен Бетрикс и така, ни крив ни должен дојдов во контакт со една од најголемите светски компании. Таа шанса никогаш не сум ја испуштил. Сфатив што значи да си партнер на „Проктер енг Гембл“, а и на таа соработка учев за време на војната во Словенија, Хрватска и Босна. Станав нивни најзначаен партнер уште на самиот почеток. После тоа кога видоа дека сум поверлив, ми ги доверија и Бугарија, потоа Молдавија и Романија. Подоцна следеа и Германија, Австрија, Унгарија, Чешка, Словачка и неодамна Полска. Така го развив својот бизнис и во соработка со „Проктер енд Гембл“. Меѓутоа, кога сте вие нивен дистрибутер, после тоа ви доаѓаат и други меѓународни производители како „Шел“, „Мател“, „Нестле“, „Болтон“, „Доктор Еткер“, „Филип Морис“, „Фруктал“ и други. Во овој момент Орбико Група функционира во 17 држави, со 18 компании и со обрт од околу 850 милиони евра. Ако додадеме уште 216 милиони евра промет на нашата полска аквизиција, оваа година ќе завршиме со реализација од милијарда и 70 милиони евра. XX Како обезбедивте финансии за развој на компанијата? Дали и колку користевте кредити? Кога нешто ќе остварите тешко, тогаш тоа е многу цврсто. Орбико е денес цврста компанија, бидејќи сум традиционален и не сакам да се задолжувам. Фирмата ја развивав исклучиво со сопствените профити и не земав кредити иако ми беа достапни. Од секогаш сакав да сум помалку задолжен, бидејќи учев од постарите колеги и од татко ми дека долгот не е добар. За преземање на Наво Група земав кредит и со таа аквизиција во Полска нашите вкупни долгови се 10%-11% од годишниот промет.

Регионалната соработка е услов без кој не можеме да се развиваме. Ниту една од овие мали држави нема да може сама да опстане ако не се воспостави регионална соработка. XX Имате ли некој бизнис во Македонија? Кои се вашите планови и како гледате на македонскиот пазар? Секако дека имаме. Имаме Орбико во Скопје, кој се занимава со дистрибуција на козметика, но и светски компании како Shell, Varta, Mars, Bonum, Lashko, Invej и така натаму. Прометот во Македонија во моментов е околу 9 милиони евра. На македонскиот пазар има многу сива економија и имаме проблем со наплата на побарувањата, но мислам дека полека се движи и дека државата полека се зацврстува, така што ќе може бизнисот добро да се одвива. XX Планирате ли нови инвестиции во Македонија? Изградивме стовариште и компанија со околу 70 луѓе. Таа е стабилна компанија и сигурно дека е во состојба да инвестира. Но, во овој момент не можам да кажам некоја конкретна нова инвестиција, освен тоа што ќе донесеме некои нови брендови, а тоа ќе бара да обезбедиме пари и секако ќе го зголеми приходот на Орбико во Скопје. Мора да нагласам дека сме дистрибутери и на една од најзначајните македонски фирми, Тиквеш, во Хрватска со која имаме одлична соработка. XX Кој е според Вас најперспективен пазар во регионот со најголем

43

потенцијал за развој? Полската аквизиција покажа што мислам за тоа. Таа е земја која има 40 милиони жители, економски раст од 3%, за разлика од сите други што се соочија со пад и се надевам дека во Полска, Чешка, Унгарија и Словачка ќе оствариме еден значаен раст. Исто така, мислам дека и во Хрватска и во регионот на поранешна Југославија, ќе оствариме нов исчекор и подобар раст. XX Силно се залагате за јакнење на регионалната соработка. Каде гледате простор за најголеми синергии во регионот? Синергиите мора да се бараат во регионот, бидејќи без тоа нема подобрување. Ако не можете да имате хидроцентрали во Словенија, можете да ги имате во Босна и Херцеговина. Според тоа, треба да дојдеме во ситуација Хрватска и Словенија, како увозници на електрична енергија, да инвестираат во хидроцентрали во БиХ, и на тој начин да обезбедат електрична енергија за свои потреби. Истото се однесува и на јагленот кој го има во БиХ, а го нема во Хрватска и Словенија. Од друга страна, преработувачката индустрија е посилна во Словенија и во Хрватска, па тие производи ќе се продаваат во БиХ. Значи, синергија мора да постигнеме. Има уште една интересна работа. Кога производите од Србија се пласираат во Руската федерација се без царина. Тоа е една голема можност за влез на огромниот руски пазар. Регионалната соработка е услов без кој не можеме да се развиваме. Ниту една од овие мали држави нема да може сама да опстане ако не се воспостави регионална соработка. XX Но, што всушност можеме да сториме денес? Гледаме дека Србија е пред банкрот, во БиХ не се знае кој пие, а кој плаќа,


Капитал број 791/792 26.12.2014

44

www.kapital.mk

Интервју

Хрватска е на колена, Словенија се наоѓа во се полоша економска ситуација, а некој мал напредок единствено може да се види во Црна Гора и Македонија... Никаде нема голем напредок, ниту во Македонија, ниту во Црна Гора. Таму и нивото на сива економија е огромно, како и во Албанија. Луѓето ќе мора да се свртат кон регионалната соработка без оглед што мислат за тоа, затоа што глобалната ситуација е многу тешка, а овој регион ќе мора да побара помош од ЕУ. Затоа мораме да инсистираме, ние Хрватска и Словенците, остатокот на регионот што побргу да влезе во ЕУ, бариерите и границите меѓу државите во регионов да се избришат, за да парите, стоката и идеите можат подобро да циркулираат. Она што го гледам како основна предност е тоа што регионот има ресурси. XX Што државата треба да направи за да на

инвеститорите им го олесни влезот на пазарот и да ги привлече да дојдат? Мислам дека би требало на пет години да се ослободат од данок на новоотворена фирма, да се среди администрацијата, и да се намалат даноците, фискалните и парафискалните, за да се овозможи профитабилност на секој проект. Затоа што ако проектот нема профитабилност, никој нема да сака да вложува. Ако остане нула, тогаш одиш во друга земја каде што бизнис климата е поинаква, каде што цената на капиталот е пониска, каде што данокот е понизок, за да може да се инвестира и каде што вложените пари се враќаат. Капитал имаат луѓето што се паметни, кои што развивале бизнис долго време и тие луѓе тешко е да ги измамиш. Не може еден чиновник да измами таков човек. XX Кои сектори се според

Фирмата ја развивав исклучиво со сопствените профити и не земав кредити иако ми беа достапни. вас со најголема шанса за поврзување? Туризмот и енергетскиот сектор. Се надевам дека сите ќе сфатат дека јадранскиот брег е излог за целиот регион и дека производите кои се прават од Македонија до Словенија, ќе може да им се продаваат на странските туристи и така да се запознаат со брендовите од регионот. Тогаш ќе биде многу полесно тие производи да се пласираат во Западна Европа затоа што купувачите веќе ги запознале кога биле на летување овде. XX Како ги донесувате важните одлуки за Орбико? Кој е вашиот стил на раководење? Уживам во својата работа и го сакам овој бизнис. Го сакам пред се бидејќи преку него овозможив многу луѓе да живеат добро. Имам прекрасен однос со своите вработени. Немам синдикати во својата фирма, оти секој човек може да ми се јави и со мене да разговара за своите проблеми. Затоа и им замерувам на синдикатите оти ги бранат оние кои не придонесуваат за конкурентноста на компаниите. Ги бранат оние кои или се извлекуваат на боледувања или се мрзливи на работните места. Јас сум „воркохолик“ и не можам да поднесам мрзеливи луѓе кои не придонесуваат и не го уважуваат работењето на своите колеги. Тоа не можам да го поднесам и тука сум можеби малку остар, но такви луѓе немам многу и можеби во животот такви сум имал 5 или 6. Го сакам односно кој го имам со своите вработени и со менаџерите. Во Орбико нема многу флуктуации и луѓето не си заминуваат често од компанијата. Кај нас просечната плата е над просекот, што е доста пристојна плата. Тоа не е плата од кој работникот може добро да живее, но моите работници знаат

дека повеќе не можеме да исплатиме оти мораме да обезбедиме долгорочен развој на компанијата за работникот да може да земе кредит и за десет години да го отплати. Мојата идеја не е да направам една компанија која ќе трае година или две, секогаш сум работел долгорочно и на тој начин и се создаде Орбико групата онаква каква е денес. Имам два сина и тие уште додека ја имав фирмата во Љубљана доаѓаа и работеа во стовариштата како студенти. Мојот помлад син ги направи преговорите во Полска, а јас го следев оддалеку, а кога беше се готово само дојдов и потпишав. Јас сум човек кој има 70 години и мислам дека нема уште многу да работам. Кога ќе се уверам дека моите синови и менаџери може да работат на високи ниво, ќе речам: „Драги господа, мои драги синови, еве ви, нека ви е со среќа! Одам јас во Макарска на свој брод, да ловам риби и во Жупа да правам вино!“ XX Каков е вашиот однос спрема работата? Дали сега од оваа позиција само „газдувате“ или активно сте вклучен во секојдневната работа на вашите фирми? Не сум баш вклучен во секојдневното работење, но моите синови и моите менаџери знаат што треба да ме прашаат, а што не. Ако се работи за нови партнери, за кредити или некаде каде треба да се вложат пари, за тоа ме прашуваат, но кој ќе го вработат во стовариштето или на местото референт... на тоа ниво не се мешам. Имаме доста добра аналитика. Секој три месеци имаме детално обработување на секоја од фирмите и кога тоа ќе го погледнам, по 15 минути гледам дали фирмата има проблеми или добро се развива. Ако фирмата има проблеми, ги повикувам луѓето кои се врзани за тој проблем и тогаш се договараме што ќе правиме и како тој проблем ќе се реши. Мислам дека уште една- две години, до три најмногу ќе бидам вклучен. Многу сум блиску до тоа да оценам дека моите синови можат без мене. За 30 години работа изградив статус на пазарот во регионот и луѓето ме познаваат. Затоа морам да останам уште некое време и кога ќе дојде нивната генерација во банките и во фирмите со кои соработуваме, тогаш мене ќе ми биде полесно да заминам.


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

Интервју XX Важите за еден од најбогатите бизнис луѓе во Хрватска. Знаете ли да уживате во стекнатиот капитал? Моите пари се сите во бизнисот и во моите фирми. Не сум сиромашен човек, тоа не можам да го кажам. Јас сум богат, но не сум од оние луѓе кои тоа го покажуваат. Ние сме сиромашна земја и опкружувањето е такво какво што е и не можам да се „расфрлам“ со пари ниту пред моите вработени, ниту пред соседите. Да се биде богат кога сите околу вас се сиромашни нема поента. Човекот ужива кога сите околу него се здрави, сити, весели и кога знаат дека животот им има некаква смисла. Кога околу себе гледате луѓе кои пребаруваат по кантите, а ти се „расфрлаш“ со јахти и најскапи автомобили... Не ми е тоа драго и не гледам на тоа како некаков успех. XX Како го поминувате слободното време? Имам три големи хобија: прво риболов- луд сум за море и риболов, второ е колекција на слики, а трето е винарството.

45

Прометот во Македонија во моментов е околу 9 милиони евра. На македонскиот пазар има многу сива економија и имаме проблем со наплата на побарувањата, но мислам дека полека се движи и дека државата полека се зацврстува, така што ќе може бизнисот добро да се одвива. Мојата фамилијарна куќа под Свети Јуре е стара околу 250 година. Ја обновив и таму имам лозја каде побегнувам во секое мое слободно време. Така го поминувам слободното време и тоа ме зајакнува. XX Што ќе ги советувате младите претприемачи?

Мора да сфатат дека кредити не смеат да се земаат за вила или за автомобили. Може да го земат само за работа. Оти кога првиот ануитет нема да го платите на време, тогаш повеќе не сте сопственик, туку сопственик е банката! Младите мора да водат

сметка дека може да дојде криза, дека производите нема да се продаваат според очекувањата, дека нивниот проект може да дојде до проблем и дека нема да можат да ги сервисираат кредитите, па ќе дојде банката и ќе им земе се.


Капитал број 791/792 26.12.2014

46

www.kapital.mk

свет

Svetot vo 2015

@e[kite to^ki te[ ]e se oladat, pred пишува

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Н

е треба човек да е јасновидец, за да увиди, ако барем малку следи што се случува во светот, дека настаните со глобално значење што од 2014 се преносоа во новата година главно ќе ја формираат и рамката за геополитичката слика во 2015. Што, пак, конкретно ќе се случува, ќе зависи од успехот, односно неуспехот на едните фактори, кои со сила, па, макар била и политичка, сакаат да го променат светот според нивните уверувања или интереси; или на другите (фактори), кои се креатори на светскиот поредок, и, како такви, се грижат да не им се остварат плановите на првите. Во контекстот,„Блумберг“ направи „Песимистички водич за светот во 2015 година“, консултирајќи надворешно-политички аналитичари, воени експерти, економисти и

Годината зад нас ја одбележаа кризи од таква природа што прашање е дали ќе има некаков напредок кон нивното решавање и во 2015. Конфликтот во Украина повторно ја донесе војната во Европа, а Русија и Западот с$ похрабро ја тестираат меѓусебната толеранција. Исламската држава, пак, ја испорача високата сметка за политиките на САД за Блискиот исток, која светот можеби тукушто почна да ја исплаќа, а нови глобални ризици демнат уште од неколку жешки точки. Оттука, јасна е агендата на меѓународната заедница и во новата година - моќта на креаторите на актуелниот светски поредок да го издржи предизвикот што го претставуваат факторите кои сакаат да го променат светот според нивните уверувања или интереси

инвеститори, за да ги идентификуваат најлошите сценарија за разврска на актуелните глобални конфликти. Веројатно биле водени од логиката - подобро е да ти го демантираат песимизмот, отколку оптимизмот. Како и да е, анализата на „Блумберг“ јасно

покажува која ќе биде агендата на меѓународната заедница во 2015 година, за да се спречи остварувањето на овие можеби претерано песимистички, но, не и невозможни сценарија, чии главни акциски моменти, секако, се поврзани со пошироко прелевање на


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

свет

47

[ko deka dovolno da se pojavat novi случувањата на Блискиот исток и во Украина, а паралелно дејствие од втор план се стравува дека може да наметнат кинеско-јапонскиот територијален спор околу Источно/Јужното кинеско море, исламистичката група Боко Харам во Нигерија, некој непредвидлив потег на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ... На Блискиот исток експертите на „Блумберг“ (а и секој што барем

малку следи што се случува) лоцираат неколку жешки точки со експлозивен потенцијал. Најпесимистичкиот развој на настаните би бил конфликтот од Сирија да се прелее во Либан, во Јордан, во Турција ... откако Исламската држава и режимот на Асад, иако спротивставени, заеднички би одработиле за пораз и на последните остатоци од умерената опозиција - единствената во која може

да се бара постабилна перспектива за решение на сириската криза. Следна голема ескалација би можела да се случи по предвремените парламентарни избори во Израел (се очекува дека по изборите премиерот Бенјамин Нетанјаху би добил подесно ориентираната владина коалиција, што би можела да ги намали шансите за продолжување на преговорите за


Капитал број 791/792 26.12.2014

48

www.kapital.mk

свет

постигнување изралеско-палестински мир). Ново палестинско востание против Израел по изборите, покрај досега најжестокиот конфликт меѓу растечките фундаменталистички палестински елементи и израелските сили, дополнително ќе го раздразни регионот. Израел би бил и дел од сценариото кое претпоставува дефинитивен неуспех на преговорите на Иран со светските сили околу нуклеарната програма на Техеран, што би значело стравување дека шиитската исламска република продолжува со развојот на нуклеарно оружје. „Песимистите“ за „Блумберг“ оценуваат дека Израел во таков случај (за да го спречи тоа) би можел да почне регионална војна. Кога е, пак, во прашање проблемот со Исламската држава, експертите на американскиот медиумски сервис стравуваат од сценариото во кое саудискиот крал Абдула, кој е деведесетгодишен, би умрел (не е млад и неговиот престолонаследник, Салман Бин Абдулазиз Ал–Сауд, кој има 79 години), зашто трансферот на власта би требало да се случи во чувствителниот момент кога саудиските воздушни сили бомбардираат позиции на ИДИС, а на верност на Абу Бакр ал-Багдади му се заколнале илјадници млади Саудијци, што, опасноста од освета на Калифатот ја прави сразмерно голема. Исламската држава би можела да го прошири своето

влијание благодарение на американското редуцирање на трупите распоредени во регионот, што, во најлош случај, би успеале да го искористат Талибанците за регионите доминантно населени со Паштуни од Авганистан и од Пакистан да ги припојат кон Калифатот. Сценариото предвидува напредување на Талибанците кон Кабул и Исламабад.

Путин ќе остане еден од главните актери на глобалната сцена

Кога е во прашање Европа, аналитичарите консултирани од „Блумберг“ сметаат дека најлошиот правец во кој можат да тргнат работите во 2015 година е рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ја открие крајната точка на толеранцијата на НАТО, со тоа што ќе предизвика посериозни бранувања на руските малцинства во членките на Алијансата, како Естонија или Летонија. Не дека и Западот со санкциите, во комбинација со падот на цената на нафтата и соодветно на рубљата, не прави Путин да почувствува „чешање“ во раката со која засега својата воена моќ со нуклеарен предзнак ја држи во зоната на превентивна дипломатија. Не е исклучено дека рускиот претседател може да се одлучи и на поекстремен потег во обид да го оттргне вниманието на Русите од економските проблеми. А во самата Украина, проруските

сепаратисти поддржани од руски воени сили, да продолжат во правец што би создал копнен коридор за поврзување со анектираниот Крим. Секако, ваквиот развој на настаните значајно би ги продлабочил економските санкции на САД и на ЕУ кон Русија, и би ја забрзал западната воена помош за властите на Украина. Путин е еден од причинителите и на растечките тезнии помеѓу неговата земја, САД, Норвешка, Данска и Канада, околу правото на природните ресурси на Арктикот. Конфликтот околу териториите како Свалбард добива на жештина заедно со климатските промени што колку повеќе го топат арктичкиот мраз, толку го зголемуваат комерцијалниот потенцијал на регионот. „Блумберг“ во своите „црни“ сценарија ја вметнува и грчката криза, заклучувајќи дека ако тамошната Влада падне, а на власт дојде анти-ЕУ лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, тоа ќе го ослаби статусот на Грција меѓу ЕУ-членките, од кои дел и самите имаат екстремистички (така ги нарекува „Блумберг“) движења. Во случај да нема соодветна реакција од европските политички лидери, американскиот медиумски сервис предупредува дека „заразата може да се прошири на регионалните пазари на обврзници (да не може или да не сака Грција да ги сервисира своите обврски кон меѓународните кредитори, н.з.), што би ја распалило кризата во евро-зоната“.



Капитал број 791/792 26.12.2014

50

www.kapital.mk

Tehnolo[ki trendovi za 2015 технолошки трендови за 2015

IT se seli vo "oblacite", 3D printerite kaj "masit ]e im raste " IQ-to " na ma пишува:

Максим Ристески

Д

maksim.risteski@kapital.mk

ека иднината е веќе тука, барем што се однесува до технологијата, сведоци сме сите, но, поради брзината со која се случуваат дури и големите промени во овој контекст, можеби и не сме доволно свесни колку всушност е точно ова тврдење. Затоа BuzzFeed (еден од најпопуларните интернет извори на вести) неодамна објави „докази“, изложени преку 22 GIF-ови, дека 2014 година била „иднината“ во наведената смисла. BuzzFeed се повикува на апликациите кои преведуваат од еден на друг јазик во реално време, на холограмот во апликација за сладолед, на растот на капацитетот на Micro SD картичките од 128 MB во 2005 година, на 128 GB во 2014 ... А кога иднината е веќе тука, лесно е да се предвидат технолошките трендови за наредната година - компаниите специјализирани за истражување и анализа на пазарот на информатичка технологија излегоа и со конкретни бројки за мерење на трендовите што ќе ги донесе 2015 година. Значи, кои технологии ќе експлодираат во новата година, носејќи им милијарди евра или долари на компаниите кои работат во соодветните области?

XX Клауд компјутингот ќе стане стандард

Изнајмувањето на потребната

технологија, наместо нејзиното купување и инсталирање на локалните компјутери и мрежи, ќе продолжи да расте и во 2015 година. Според International Data Corporation (IDC), американската компанија за истражување и анализа на пазарот, специјализирана за информатичка технологија, телекомуникации и потрошувачка електроника, до 2017 година повеќето (60%) од технологијата што ја купуваат компаниите за своите центри за податоци ќе биде во некоја форма на „обработка во облак“. На „облаците“, во 2015 година, бизнисот ќе

потроши 118 милијарди долари.

XX Интернетот на нештата ќе „закачува“ на интернет с$ повеќе предмети

Веќе во 2015 значајно ќе се зголеми присуството на интернетот на нештата (IoT - Internet of things), односно, покрај апаратите за домаќинствата чипови ќе добијат и многу други уреди, за да може да им биде пристапено преку интеренет. Наредната година, според IDC, ќе бидат во употреба 4,9 милијарди вакви паметни геџети. Засега производството, комуналните услуги и транспортот ќе го разгазуваат патот, но веќе за


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

односно супер-моќните анализи на податоци, с$ подлабоки, пошироки, и понезабележливи за корисниците, како во рамки на мрежите, така и надвор од нив. Овие системи ќе го разбираат контекстот и соодветно ќе реагираат на барањата и на потребите на корисниците, со што ќе добиваме попрецизни одговори и регулирано количество и квалитет на инфорамциите. И, секако, прецизно таргетирани, односно персонализирани реклами.

XX Ќе расте „IQ-то“ на машините

ite", a[inite пет години сите индустрии ќе ставаат сензори и чипови во с$ и сешто. Ова се смета дека ќе креира голем пазар за клауд компјутингoт, и се очекува до 2018 година компаниите 40% од нивните IoT податоци да ги хостираат во нечиј туѓ облак.

XX Контекстно-свесните системи ќе предизвикаат експолизија на буџетите за дигитален маркетинг

Ова особено добро ќе се одрази на бесплатните апликации чие опстојување зависи од рекламите. А ќе го овозможат контекстните системи,

И просечниот, барем повремено ажуриран корисник на благодетите на модерната технологија, лесно може да ги фати конците што водат до она што ќе се случува на технолошки план во новата година. Водечките светски аналитички фирми, IDC, Gartner, Forrester, трендовите ги измерија и во бројки, за да нема сомнеж во која технологија да инвестирате за најдобро да ви се врати

Анализите во комбинација со разбирањето на контекстот создаваат услови за појава на паметни машини. Напредните алгоритми ќе доведат до појава на системи кои се самообучуваат и функционираат автономно. Веќе постојат протитипови на автономни превозни средства, интелигентни роботи, виртуелни лични асистенти, кои, секако, ќе продолжат да се развиваат. Големи имиња на технологијата периодов предупредија на опасноста од потценувањето на брзината со која се развива вештачката интелигенција.

XX Да се видат податоците, с$ повеќе ќе се сфаќа буквално

Пазарот на алатки кои овозможуваат визуелизација на податоците во 2015 година ќе расте 21 дo 22 пати побрзо од остатокот на пазарот за бизнис истражување (Business intelligence -BI), предвидува IDC. Технологиите што доаѓаат ќе овозможат континуирана анализа при стримувањето на податоци, благодарение на IoT.

XX Ќе мора да се зголемува сајбер-безбедноста

Она што им се случи на Target, Home Depot, Sony ... со хакерските напади, е само најава на она што ќе се случува во 2015 година. На хакерски напади ќе бидат изложени и над 60% од големите бренд имиња, предвидува Forrester Research, независната компанија за истражување на техонологијата и на пазарот. Компаниите ќе трошат двојно повеќе на компјутерска безебдност од претходно, и ќе купат 100 милиони долари вредни полиси за сајбер-безбедност.

XX Отпечатокот од прст ќе ги замени пасвордите

Биометриско скенирање, наместо „внеси пасворд“, ќе нудат с$ повеќе уреди во 2015 година. Проценките на IDC се дека 15% од сите мобилни уреди во новата година ќе добијат можност да читаат отпечаток од прст. Ќе порасне и понудата на интернет услуги за безбедност на вашиот уред. 15% од безбедноста ќе ја испорачуваат апликации што не се инсталирани на вашиот уред.

XX Паметните часовници ќе им го земат пазарот на фитнес геџетите

Gartner, компанијата специјализирана за следење и за анализи на подрачјето на информатичката технологија, предвидува дека во 2015 година дури половината од корисниците на дигитални фитнес алки ќе преминат на паметни часовници. Според математиките на

51


Капитал број 791/792 26.12.2014

52

www.kapital.mk

технолошки трендови за 2015

Gartner продажбата на фитнес алките ќе падне од 70 милиони во 2014, на 68,1 милион во 2015. Во наредната година се очекува во котегоријата паметни часовници Apple Watch да биде неприкосновен владетел.

XX За нашето здравје ќе се грижат апликации

Во 2015 година болниците похрабро ќе влезат во дигитализација. Проценките се дека до 2018 година 65% од комуникацијата со здравствените

организации луѓето ќе ја прават преку своите мобилни уреди, а дури 70% од нив ќе имаат апликации, заедно со додатоци за ставање на прст, на рака ... кои ќе овозможат далечинско следење на здравјето, па, во одредени случаи, дури и витруелна нега.

веќе ги менуваат сфаќањата во сферата на производство, но ќе станат изгледна опција за секој бизнис што има потреба од изработка на прототипови.

XX Масовноста на 3Д печатачите ќе го демократизира производството

На светско ниво потрошеното на информатичка технологија ќе порасне за 3,8% во 2015 година, односно на 3,8 илјади милијарди долари, предвидуваат IDC и Gartner.

Продажбата на 3Д печатачи се очекува во 2015 година да порасне за 98%. Тие

XX Генерално, бизнисот ќе троши повеќе пари на техологија од кога и да е претходно

Последни денови за надоградба на Вашиот AutoCAD Можноста за надоградување на повеќето AutoCAD производи престанува да важи на 31-ви јануари 2015 година. Реагирајте веднаш за да заштедите. Преминете на актуелните софтверски верзии и заштедете при купувањето на AutoCAD софтверите. Опцијата за надоградување на софтверот ќе престане да важи на 31-ви Јануари 2015 год. Заштедете на надоградба додека е сеуште возможно. Купете AutoCAD претплата за годишно одржување (Maintenance Subscription) и имајте ги секогаш актуелните верзии.

Reseller

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

A: Атинска 12 - Скопје T: 02/ 3090.625 E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk



Капитал број 791/792 26.12.2014

54

www.kapital.mk

на руЧек со...

Тодор Чепреганов историчар

Nema polo[o od selekt pikawe pod tepih na o^igledni istoriski f


www.kapital.mk

Капитал број 791/792 26.12.2014

на руЧек со... Чепреганов за разлика од останатите свои колеги има многу посмел и поотворен пристап особено кон проблематичните бели петна од нашето минато. Тој е полн со различни интересни приказни од различни временски периоди, а неговите познавања за односот на големите сили кон македонското прашање се навистина големи. Не е ни чудно ако се знае дека преку 30 пати ги има посетено Велика Британија и САД со единствена цел-наградување на своето историско знаење.

Нашето мени Од богатото мени на Арабеска одбравме телешка чорба и фурнаринки

tivnoto

fakti

разговарал и фотографија:

Дејан Азески

Д

dejan.azeski@kapital.mk

олгогодишниот директор на Институтот за национална историја и актуелен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип е уште еден од низата историчари во рубриката На ручек со. Иако генерално ги дели најголем дел од ставовите на своите колеги, Чепреганов има многу посмел и поотворен пристап особено кон проблематичните бели петна од нашето минато. Тој е полн со различни интересни приказни од различни временски периоди, а неговите познавања за односот на големите сили кон македонското прашање се навистина извонредни. Не е ни чудно ако се знае дека преку 30 пати ги има посетено Велика Британија и САД со единствена цел , наградување на своето историско знаење.

Се отпишав од медицина за да се запишам на историја

Чепреганов потекнува од една од најпрочуените фамилии од штипско Ново Село која само во последната генерација има извадено шест доктори на науки. За селото од кое ги влечи своите корени вели дека допрва не само историчарите, туку и биолозите ќе истражуваат зошто токму од тука потекнува толкав процент истакнати Македонци. За извонредниот успех на неговото семејство тој дава едноставно објаснување. „После Втората светска војна кога комунистите им одзеле скоро се што имале моите предци ја изгубиле можноста да се занимаваат со нивниот генерациски бизнис-трговијата. Морале да побараат алтернатива и ја нашле во науката. Веројатно затоа е толку големата концентрацијата на силни кадри во семејството Чепреганови“. Со оглед дека во семејството имаат научници од скоро сите области, моравме Чепреганов да го прашаме како тој се одлучи токму за историјата. „Секој човек има свој интерес. Мене отсекогаш ме интересирала историјата. Кога бев и осмолетка и гимназија, историјата ми беше еден од најинтересните предмети и едноставно во тие години трајно ме привлече оваа наука. Колку тоа привлекување беше јако најдобро зборува податокот дека јас полагав приемен испит за медицина, и откако ме примија, кога дојде денот да почнат предавањата јас си ги повлеков документите и отидов на Филозофски факултет и се запишав на историја. Мене едноставно повеќе ме интересираше историјата и се одлучив целиот живот да го посветам на оваа наука која бара многу читање и истражување“.

Образованието може да изгради, но и да уништи една држава

Професорот Чепреганов во нефункционалниот и погрешно поставен систем на образование гледа многу поголема опасност отколку онаа која се пропагира на дневно ниво. Според

55

него, иако во периодот 1945-1991 година образовниот систем бил очигледно обременет со идеологија и политика, тој сепак вадел квалитетен кадар. За денешниот систем вели дека не само што не е продуктивен, туку е и опасно контрапродуктивен за целиот опстој на државата ваква каква што ја познаваме. „Ако сакате да имате систем кој што ќе биде цврст столб на државата, треба да имате образование кое што ќе биде заедничко за сите. За жал кај нас се случи еден процес каде што дојде едно чудно организирање на школскиот систем каде што Албанците учат во свои школи, Македонците во свои. Нашите деца едноставно не се гледаат еден со друг. Точно е дека секој сака да го учи својот јазик и да учи на својот јазик, но ако вие сакате да градите граѓанска држава тогаш мора да делите некои заеднички работи и вредности. Ние во моментов имаме две реки кои што течат паралелно и едноставно на долг рок го губиме контактот. Затоа имаме толку проблеми и ќе имаме уште толку. Затоа што децата имаат предрасуди и стереотипи кон другата заедница“. Го прашавме Чепреганов каде е решението на сето ова. „Јас секогаш сум се застапувал дека решението е во образованието. Кога ние учиме сите заедно од градинка, училиште, се до факултет, се зближуваме со пријатели од другите националности. После тоа, кога јас ќе имам пријател Албанец и често ќе одам кај него дома и ќе немам никаков проблем и сакал нејќел ќе стекнам некоја доверба. Младите генерации едноставно не го прават ова и не се блиски помеѓу себе. Денеска тоа е тешко. Јас имам такви пријатели и Турци и Роми, но моите деца немаат. Тој јаз со годините станува се поголем. И на долг рок резултатот е ова што ни се случува денеска“. Како продолжение на ова тој додава дека недозволиво е во Македонија да се изучува историја на друга држава како домашна историја. Според него, сето ова испраќа погрешна порака. „Научно и историски е да се изучува историјата на народите и малцинствата кои живеат на македонска територија. Но, албанската историја не е историја на албанското малцинство или народ во Македонија. Албанската историја треба да се изучува на исто ниво со бугарската и со грчката во делот за балканската историја. Македонската домашна историја е онаа што се случувала на територијата на географска Македонија, а во која учество имале сите националности кои тука живеат заедно со векови“.

Крајно време е сите историски вистини да излезат на површина

Чепреганов ја потврдува тезата дека нашите соседи не се во право кога си присвојуваат делови од заедничката регионална историја. Според него, самиот факт што Александар, Јустинијан и Самоил владееле и регрутирале војска од овие простори е доволно Македонија да има право да ги смета како дел од


Капитал број 791/792 26.12.2014

56

www.kapital.mk

на руЧек со...

Потекнувам од семејство кое само досега дало шест доктори на науки

Политичарите да ги тргнат рацете и да ја остават историјата на историчарите

Видовме кои се резултатите од намерни прикривање на историски факти

Опасноста од соседите се уште не е помината

И

ако со Чепреганов зборувавме претежно за минати настани тој е убеден дека тие имаат реперкусии врз случувањата и до ден денеска. „И денеска истите пропаганди се присутни во Македонија и повторно го разнебитуваат македонски народ. Во Грција, на пример, секоја година организираат семинари и летни школи за деца кои ги земаат од Македонија, каде што со месеци се индоктринираат дека тие се Грци. Слични случаи има и со српската црква. Понатаму, огромни рефлексии може да има земањето на бугарски пасоши. Може да се случи Бугарите да излезат со списоци пред европскиот совет со сите овие 60-70.000 што се зборува дека земале бугарски пасоши, па да бараат права, училишта и да бараат да бидат трета најголема етничка заедница во Македонија“. Според Чепреганов, тоа е тоа својата историја или историјата на овој географски простор. Но, ја обвини и македонската страна што одредени проблематични прашања буквално ги затскрива под тепих. „Во историјата на секој народ има настани кои што сакаме да ги потиснеме од колективната меморија, кои што не биле добри и кои што не ни се допаѓаат. Колку и да не ни се допаѓаат тие работи се дел од историјата на нашиот народ. Едноставно, бегањето од сопствената историја е нешто најлошо. Ние видовме од сопствениот пример како Ченто, Шарло, Шатев, Брашнаров, Пирузе, личности кои беа неправедно избришани

што го разјадува македонското ткиво и државата мора да најде начин да се спротивстави на ваквите аспирации. Како еден од клучните елементи на тоа Чепреганов ја смета одбраната на Македонската православна црква. „Ако тоа изгледа така наивно воопшто не е безопасно, особено на долг рок. Не е случајна поговорката дека тивка река брег рони. Македонија е самостојна држава и сите држави имаат национални цркви. Таа црква е наша македонска со македонски попови македонски владици и сите достоинственици кои што се во црквата, ги има сите одлики на една национална црква и таа црква ни припаѓа нам. И историјата покажала дека црквата е клучна во борбата против пропагандите. Познато е што ни се случи во 19 и 20 век после укинувањето на Охридската Архепископија“.

од историјата со помош на колективната меморија повторно го добија своето место. Дополнително поради ваквата практика, социјализмот како систем беше колективно осуден и за работи кои ги направил и за работи кои не ги направил или ги направил добро. Затоа ништо не смее да се прикрива и брише од историјата. Тие работи што побрзо ги сватиме, полесно ќе се прочистиме и полесно ќе се видиме и ќе не видат каде сме“. Чепреганов предупредува и дека историјата како наука е многу привлечна за злоупотреба од политичките елити и дека морална одговорност на

историчарите е да ја заштитат и да го заштитат народот од нејзиното неточно толкување. „Се работи за работи кои што многу умешно се политизираат од страна на политичарите. Или се користат историски настани само за да се добијат некои политички поени. Сведоци сме дека кога има некој одредени случувања и кога е потребно да се дигне тензијата кај народот, се поставуваат некои историски тези со кои едната страна предизвикува реакции од другата страна. Една од најлошите работи е да се политизираат историските настани. Историјата треба и мора да им се остави на историчарите“.



58

Капитал број 791/792 26.12.2014

светот на виното

ПРАЗНИЧНИ ВИНА

Neizbe@niot penlivec

Z

а да се проценат на најдобар начин истенчените ароми на пенливото вино, треба да се проба на празен стомак или пак претходно добро да се прочистат непцата. Затоа, шампањското веќе и престана да се пие само со десерт и тоа се наметна како аперитив, без оптоварувања, вешто, со леснотијата на своите меурчиња, ги буди и носот и устата. Неговото свежо и лесно вовлекување дарува живо задоволство кое повикува и ве подготвува за други. Тоа не значи дека треба да се отфрлат другите аперитиви како што е белото вино, порто, вермутот, природните меки вина, коктелите и така натаму, секој има слобода како да го почне јадењето - но секогаш се чини дека доброто пенливо вино најдобро го отвора грлото. Без пенливец не може да се замислат ни прослава за стапување во брак, ни прослава со саканата личност, ниту промоција или унапредување, годишнини, ниту повторна средба, ниту одењето во пензија. Пенливецот задолжително ги следи сите големи збиднувања во животот матура, возачка дозвола, полнолетство, дипломирање, вработување, за секоја гордост и среќа. Затоа што искри, врие, се пени, затоа што веселото пенливо вино традиционално се врзува за исполнувања и за успеси, за победи и за потфати. Автомобилистите и моторциклистите, учесниците на трки, кои со него се прскааат на победничките тронови, како и фудбалерите во соблекувалните, создаваат за пенливецот слика која е повеќе бучна отколку гурманска. А сепак се чини дека тоа е сјајно за репутацијата на пенливите вина кои се врзуваат и со младешкото расположение и со шампионската слава. Веќе одамна шише шампањско се жртвува со кршење на трупот на новите бродови. Кога парабродите го поминувале Екваторот, шампањското се леело по брановите. Вакво вино задолжително пие и Џемс Бонд. Некој ќе помисли дека пенливите вина се банализирани поради нивното рутинско трошење, како да е тоа пијалак како и секој друг, кој се сервира како и секој друг, се пие како и

секој друг, во бучавата пред огромните бифеа, нема на долга патека да му штети на неговата изградена слика како возвишено и исклучително. Може да се ужива и во обичните пенливи вина од малку познатите марки, со два предуслова: да бидете сигурни дека го следат квалитетот и да ги оставите шишињата да одлежат во визбата, за да ја изгубат почетната киселост. Потрошувачот мора да го прави она што производителот не го прави, најчесто заради недостаток на финансиски средства или простор. Пенливите вина се сериозни вина, добиени со посебна постапка која подразбира втора ферментација во шише. Во светот се води сметка за исклучително добрите години на берба кои даваат специфични, моногамни, оригинални вина. Тие носат ново и непознато. Играат на изненадување. Всушност, поблиску се до некое благородно вино отколку до традиционалното пенливо од типот шампањско. И бидејќи се поскапи од обичните мешани, па макар да е тоа поради тоа што се присилени подолго да стареат во подрумите, потемелно се нудат на оценка на потрошувачите отколку нивните конкуренти. Маркизата од Помпадур со право тврдела дека шампањското е “единственото вино со кое жената,

Празниците кои доаѓаат се време за пенливи вина со фасцинантните меурчиња. Популарното шампањско, иако само вината од Шампања можат така да се нарекуваат, се сака, се воспева... За него пишувале и зборувале многу големи имиња на литературата и уметноста кога ќе го испие, останува убава.” И навистина, разумниот вишок на меурчиња дава некоја лежерност, некоја човечка слобода, извесна живост. Кога се пие шампањско, се нема склоност кон тешки теми, афери, ниту за политика. Тоа повеќе н$ влече кон опуштена конверзација, кон филозофирање со насмевка, кон ситници. Се избираат теми кои по природа се слични на шампањското, лесни и искричави, духот се пени, зборовите се меурчиња, разговорот лета. Исклучителни моменти. Патем, пенливото вино не е за намќори.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.