828 kapital magazin 1

Page 1

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

+ 6 -ти БИЗНИС ФОРУМ 1 oктомври 2015

Македонски народен театар Скопје

COVER STORY ШЕСТИ БИЗНИС ФОРУМ НА КАПИТАЛ И БИЗНИС ПЛУС ПРЕСКОКНАВМЕ ГРАНИЦИ, СПОИВМЕ БИЗНИСИ, ДОДАДОВМЕ ВРЕДНОСТ НА БАЛКАНОТ!

АНАЛИЗА

НЕМА КРАЈ НА КРИЗАТА

INTERVIEW ЛЕШЕК БАЛЦЕРОВИЧ професор на Варшавска економска школа

СИРОМАШТИЈАТА НЕ СЕ ИСКОРЕНУВА СО ПРОГРЕСИВЕН ДАНОК, ТУКУ СО ОТВОРАЊЕ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА!

две од три компании работат полошо од лани

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

специјален прилог

ПАЗАР НА НЕДВИЖНОСТИ

КАКО ДО КВАЛИТЕТЕН ДЕЛОВЕН ПРОСТОР?  ДИЛЕМА НА БИЗНИСМЕНИТЕ ДАЛИ ДА СЕ ИЗНАЈМИ ИЛИ КУПИ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР?

ДЕЛОВЕН

 АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

НУДИ НАЈГОЛЕ НАЈГОЛЕМ НАЈГОЛЕМА А ВРЕДНОСТ ЗА ВАШИТЕ ПАРИ ПАРИ

 ПОБАРУВАЧКАТА РАСТЕ,

А ОД ФОРТОН МАКЕДОНИЈА СОВЕТУВААТ ВЛОЖУВАЊЕ ВО СТАНОВИ Е НАЈДОБРА ОПЦИЈА ВО МОМЕНТОВ!

Н СКОПЈЕ С ПЈЕ СКО П МУ Ф ФАЛИ ДЕЛОВЕН П ПРОСТОР ОД  НА

ПРВА КЛАСА ЦЕНИТЕ ЌЕ РАСТАТ, ДОБРА МОЖНОСТ ЗА ИНВЕСТИТОРИ ВО КВАЛИТЕТНИ КАНЦЕЛАРИИ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПРОСТОР НА СКОПЈЕ МУ ФАЛИ ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ПРВА КЛАСА, А ПОБАРУВАЧКА ИМА

ФОРТОН: ВЛОЖУВАЊЕ ВО СТАНОВИ Е НАЈДОБРА ОПЦИЈА! БРОЈ 828 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 11 СЕПТЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK



www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

содржина

04 08

STAND BY

Да бараме преговори со ЕУ, а на нашиве корумпирани да им го покажеме местото!?

навигатор

Ќе се најде ли јунак да отвори истрага за аферата Телеком во Македонија?

10

cover story

20

капитално

22

анализа

30 туризам Успешните менаџери во туризмот советуваат: Како да го наполните вашиот хотел во текот на целата година?

36 Ексклузивно Лешек Балцерович

професор на Варшавска економска школа и архитект на полската економска транзиција од комунизам во пазарна економија

Сиромаштијата не се искоренува со прогресивен данок, туку со отворање нови работни места!

Шести бизнис форум на Капитал и Бизнис плус Како се убиваа пазарот и конкуренцијата во Македонија?

3

Три во едно Први октомври е денот кога во Скопје ќе се случат три големи работи: 15-ти роденден на Капитал, 3-ти роденден на Бизнис плус, проектот во кој Капитал е основач и партнер, како и 6-ти Бизнис форум на Капитал и Бизнис плус, на кои што поканивме преку 300 бизнис лидери од Македонија и регионот. Темата: како заедно на Балканот да направиме силни компании за светски натпревар. XX Стр.10

Две од три компании работеле полошо од лани! Нема крај на кризата!

10

Офис спејс Овој пат за вас подготвивме специјален прилог за недвижнини, со акцент на деловниот простор: кои се топ локациите за квалитетен канцелариски простор, дали да изнајмите или купите, како да се уреди работен простор на 21 век...

прилог 41 специјален ПАЗАР НА НЕДВИЖНОСТИ n На Скопје му фали деловен

простор од прва класа

n Адора инженеринг нуди

XX Стр. 42

најголема вредност за вашите пари

54 58

Специјален Во пресрет на сè поизвесното пробивање на рокот за специјалниот обивинител, странците преку соодветни ликови испраќаат пораки да не се мисли дека „бомбите“ на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се издишани, како што можеби се има впечаток во дел од македонското општество. XX Стр. 54

политика

И ако пропадне рокот 15-ти септември ... Хан доаѓа за да порача дека специјалниот обвинител можеби ќе доцни, но ќе стигне

свет бизнис и политика

Доналд Трамп

Криза Финансиските извештаи за првите шест месеци покажаа дека бизнисот се уште поминува низ економска криза иако има и бизнисмени за кои може да се каже дека пливаат добро и во немирно море. Такви алхемичари се банкарите кои во првото полугодие направија 78,8% поголеми добивки отколку лани. Сега сите надежи на бизнисмените се вперени во последниот квартал од годината. XX Стр. 22

22

милијардер, риалити ѕвезда, претседателски кандидат

62

Шоуто на Трамп засега успева, но далеку е Белата куќа

Менаџерска училница

5 работи кои успешените претприемачи ги прават различни

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 10.09.2015


STAND BY

Капитал број 821/822 24.07.2015

4

STAND BY

ДА БАРАМЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, А НА НАШИВЕ КОРУМПИРАНИ ДА ИМ ГО ПОКАЖЕМЕ МЕСТОТО!? пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ

ljupco.zikov@kapital.mk

C

Сите овде треба многу гласно да викнеме кон Берлин и Брисел: Дајте преговори! Оваа генерација македонски граѓани не бараат ништо повеќе од тоа што сте го дале на другите европски нации! Затоа што овде, како сакате разберете, сепак не живеат зомби и експериментални жаби. Оваа нација бара достоинствено да прегова со ЕУ, како што тоа го прават Србите и Црногорците, како што тоа го направија Хрватите, Бугарите и Романците... Што сме ние полоши од нив?! Пораката за новото раководство на ЕУ, на чело со Германецот Јункер од сите целни групи во Македонија (студенти, младите, земјоделците, бизнисмените и инвеститорите, работниците и уметниците и спортистите) треба да биде: држејќи ја Македонија со „пиштол на главата„, ЕУ не се става себе во позиција на кредибилна институција која решава проблеми, туку само


Капитал број 828 11.09.2015

stand by

5

Во Брисел ќе речат: вашиот проблем е друг и голем - правете реформи, борете се против корупцијата и организираниот криминал, судството ви е корумпирано... средете го судството, развивајте економија и отворајте работни места и ќе нема никаков проблем!? Па што... Еве имаме договор од Пржино, кои го потпишаа, како што гледаме сите партиски страни. Но, што правиме што изгледа сите страни што потпишаа во суштина, транзициски гледано се корумпирани во последните 24 години независна Македонија!!?? Очигледно е дека ги штитат сите финансиски трансакции направени во функција на продажбите и околу продажбите на македонскиот ‘рбетен столб составен од најважните јавни претпријатија: Телекомот (државен Дојче Телеком), ОКТА (државен Хеленик Петролеум), Електростопанство на Македонија – Дистрибуција (државна ЕВНАвстрија)...!? Сите три компании, големи и влијателни и со седиште во Европската Унија. Погледнете и слушајте што се случува деновиве!? Што е најмачно ... уште немаме преговори со ЕУ и не сме членка на НАТО, а посиромашни сме од што бевме. Единствената смисла на договорот од Пржино е всушност неговата заштитна функција. Но, да видиме... страна и соучесник во тивкиот егзодус на македонската нација. Идната европска управа, но и Ангела Меркел и Оланд (во чие време Франција се трансформираше во безначајна европска земја, која е само ортопедско помагало на Германија), мора да разберат еднаш засекогаш дека овде јужно од Србија и северно од Грција, живеат луѓе кои во еден глас порачуваат “дајте ги преговорите, потоа ќе цените нè бива или не”. И уште нешто треба да разберат ... Кога ќе ни дадат преговори, кога ќе ги отвораме глава по глава, и кога ќе дојдеме до глава 24 и глава 25, борба со организираниот криминал и реформа на правниот систем (со специјалниот обвинител овие две глави се отвораат на мала врата сега), тогаш ова општество и оваа држава и нејзините институции ќе покажат што знаат и умеат и колку се цврсти. И сами ќе расчистиме тоа што треба да го расчистиме... Ќе ги истребиме „вошките од сопствените глави„ како би станале убави за прием во големото европско семејство ...

Некој сака Македонија да прогласи еутаназија

Оттука, прашањето до ЕУ е: што вие всушност во Брисел сакате од Македонија? Да прогласиме еутаназија ли? Оваа дезинтегрирачка компонента која подолго време наназад, како кукавичко јајце, ни ја вградува Грција и неколку европски партнери како Франција, на пример...

По завршувањето на “виенските ракувања” на Ангела Меркел со “балканските фудбалери и голгетери”, овде треба да се постави прашањето – што сака Европа од нас? На германската канцеларка треба да и се порача следново: Политиката на ЕУ кон Македонија е дефетистичка и без концепт! Кога станува збор за клучното прашање за опстанокот на Македонија, евроатланските интеграции (читај решавање на проблемот со името) нејзината политика се сведува на тоа едната страна во спорот за името, ако е можно да “цркне“, и потоа да нема причина за преговарање!? со апсурдноста на нивната позиција околу името (а во услови кога Европа која е заробеник на своето „солидарно одлучување со консензус„ упорно молчи), а ова во Македонија се заканува да стане главниот конфликтен фактор! За да денес се случи нешто спектакуларно, граѓаните мора да веруваат во повисоки цели и да очекуваат нови нивоа... Македонските граѓани предолго време се дават во во овие безперспективни неколку стотици километри ... Повисоките цели во овој период од векот се евроатланските интеграции ...

И не заради тоа што Унијата е некое среќно „решение без фрустрации„. Европа е пред сè егзистенцијален, развоен технолошки модел на напредок на секој поединец. Модел кој поради големината и вредностите што ги создал нуди реализација и квалитативно различен модел на искажување на секој професионалец со дарба нешто да каже и да живее од својата професија, бизнис, инвестиција, уметност ... Па нека е во прашање и „сомнителен Балканец и Македонец тесни во паметот„ за какви веројатно не сметаат во Брисел, Париз, Берлин, Софија, Атина, Белград ...


Капитал број 828 11.09.2015

6

stand by

Во време кога Македонија го чека својот специјален јавен обвинител, рекомпонирање на Владата и нов премиер од декември натаму, како и нови избори во април (а може и во октомври), и се дави во корупција, изнуда, рекети, разни криминали, притисната од партиските картели, ЕУ не им подава рака на македонските граѓани со тоа што ќе ги отвори преговорите со земјата, туку, напротив, распишува огласи за работни места во Германија и другите земји на унијата, за граѓаните на Македонија. Има ли Меркел капацитет да пресече и ЕУ на Македонија да и даде преговори, наместо милостина!? Ова што го пишувам не е без покритие! Оти политиката на Грција кон Македонија околу името во основа не е проблемот на името? Овде, веројатно проблемот е многу подлабок и посуптилен ... а играта е многу поголема? Како на друг начин да се разбере, на пример, отворената, недипломатска и вулгарно јасна подршка на Франција за Грција во континуитет. Знаеме дека Франција и Германија се главната спрега на ЕУ. Поради оваа и вакви слични јасни пораки и поддршки грчките премиери порачуваат дека „Скопје нема проблем со Грција, туку со Европската Унија„. Европа одмолчува. Пред дванаесет години Јоргос Папандреу, тогашен министер за надворешни работи на Грција (ПАСОК), Ибер Ведрин министер за надворешни работи на Франција, Јошка Фишер министер за надворешни работи на Германија, на Азорските острови, на неформална средба се солидаризирале околу „стравот на Папандреу од преголемото учество на муслиманско население во Скопје„!? Ова го извести грчката новинаска агенција АНА. Буквално така стоеше во соопштението, и тоа со додавка дека „населението во Македонија е 40 и повеќе посто муслиманско„. Непосредно потоа Фишер за загребски Глобус даде интервју во кое вели дека во наредните дваесет години Балканот го гледа како во времето на Хабсбуршката монархија! Силна доминација на Хрватска на запад, и силна доминација на Србија на исток и југ. Македонија не ја спомена во тоа интервју. Висок функционер на ПАСОК во 2001 година,

на авторот на овие редови, среде Атина, му објасни дека „Грција нема проблем со името Македонија. Грција има проблем со тоа кого и што признава под името Македонија. Оти Грција стравува дека после 20 години некој нов Алија Ахмети може, во името на друга кауза, да рече Солун е наш„!? Ве упатувам исто така да ја гледате и српската емисија „Кирилица„ од 17 јуни (17-06) 2013 година (you tube.com). Особено слушнете што во таа емисија зборува еден лик со брада, и без многу коса, кој е претставен како најистурениот советник на Слободан Милошевиќ (по десет саати на ден) повеќе од десет години. Видете што зборува отприлика на 1 час од емисијата. (Свртете на 1, 00 час и гледајте до 1, 15 минути)!? Интересна емисија. Човекот се си кажува за правецот на движење на Македонија. Сево ова на Македонија и се случува во време кога македонските граѓани даваат огромна поддршка на зачленувањето на својата земја во ЕУ! Над 70%. Брисел го игнорира овој момент. Но, македонските граѓани многу добро знаат зошто сакаат членство на Македонија во ЕУ! Членството на земјата во ЕУ денес се наметнува како единствена опција и за спас и за развој на општеството и државата. Апсурдно е, но е така. Само преговорите со Брисел за членство (го чекаме датумот упорно) се можност светлото во македонската темница да се запали и да се видиме кој сме, кај сме и зошто сме ... “Македонцките работи“ на Крсте Мисирков денес зависат исклучиво од овој момент. Сите ние овде сакаме, а на домашните

„битанги од сите партиски бои и професии„ да им порачаме, дека преговори со ЕУ сакаме, за да конечно „запалиме светло„ и да се видиме кои сме. Пазарно да се измериме – овде по дома. Македонските инвеститори, деловни луѓе, претприемачи, иноватори, научници, студенти, спортисти, режисери, сценаристи, писатели ... Сите тие ... не се „удрени во главите“, иако некој во Брисел можеби мисли дека се! Што е крајно потценувачки и нефер. Оваа генерација македонски граѓани од сите етнички групи овде заслужуваат шанса чесно да преговараат за членство на својата земја во ЕУ. Но, таму молчат. Сите молчат! Пред кого бре молчите? Пред банкротираната, а сè уште богата Грција ли? Пред вашите европски олигарси кои во спрега со грчките олигарси и со корумпираните Неа Демократија и Пасок цела деценија крадеа европски фондови, па денес се заложници на таа колосална „изнуда„ и не можат правилно да пресечат за Македонија ли? Кој е овде корумпиран? Оттука, сосема е легитимен заклучокот и чувството дека некои сили во Европа чекаат да скапеме од внатре!? Сами да си пресудиме. Затоа треба на еден глас сите овде по долината на Вардар да викнеме: Доста е ова! Дајте преговори оти сме дел од Европа, и оти ги заслужуваме. Овде сепак не живеат само домашни животни, туку и луѓе живеат. Дајте ги преговорите, потоа ќе цените нè бива или не. Доста е од инфузија. Или ќе живееме или ќе “умреме”! nnn


+ ...ПРЕКУ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИЗВОЗНИ ПРОЕКТИ, ПРОЕКТНИ ИНТЕГРАЦИИ, И БАРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИЗВОЗЕН НАСТАП НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ ДО СОЗДАВАЊЕ СИЛНИ РЕГИОНАЛНИ КОМПАНИИ... 6 -ти БИЗНИС ФОРУМ / 1 oктомври 2015 / Македонски народен театар Скопје

АГЕНДА

Почитувани, …Партнери и пријатели на Капитал магазин, деловни луѓе, претприемачи, инвеститори, основачи, покренувачи, мисловни луѓе, интелектуалци, сопственици и извршни директори, креатори на нови бизниси и проекти…

 Преку нови инвестиции во извозни проекти, нови компании, проектни поврзувања и интеграции и барање можности за заедничко извозно продирање на светските пазари до создавање силни регионални компании (каде грешиме и што е потребно?)

Ние: Капитал од Скопје, Финанце од Љубљана, Ослобоџење од Сараево, Привредни вјесник од Загреб, ве покануваме на 6-тата (шестата) бизнис-конференција на деловните компании кои го основаа Регионалниот деловен и бизнис клуб на Бизнис плус. Годинава таа се одржува во Скопје (Република Македонија).

 Успешни поврзувања, конкретни реализирани проекти со примери и примери на иновации…  Транспорт, логистика, инфраструктура и комуникации. Имаме ли балкански рути на развојот? Колку сме поврзани? Финансирање на градежни проекти за инфраструктура. Можеме ли да се интегрираме и да настапиме пред европските фондови?  Производството на храна, дистрибуцијата и трговијата и агроиндустријата како простор за интеграција и влез на светските пазари. Индустрија со огромни можности;

Очекуваме над 300 директори, сопственици и претседатели на управни одбори од целиот регион (Балканот и Југоисточна Европа). Досега се одржани пет конференции во: Загреб, Сараево, Будва, Белград и Мостар. Овие форуми беа посетени од над илјада компании и инвеститори од целиот регион и од светот…

 Турција – деловна дестинација за сите нас во регионот. Можност за повеќе инвестиции и трговија  Посебен лидерски панел на успешните од регионот...

Прием по повод 15 години од основањето на Капитал. лица за контакт:

Gradient

Гордана Михајловска / тел. +389 2 3298 505 / моб. +389 70 346 376 / gordana.mihajlovska@kapital.mk Љупчо Зиков / ljupco.zikov@kapital.mk C30 C40 C40 C60 C30 M0

M0

M0

M0

M0

C100 M80 Y0 K15

C100 M70 Y0 K0

C100 M40 Y0 K0

Y100 Y100 Y100 Y100 Y100 Повеќе детали за конференцијата можете да најдете на: K0 K0 K0 K0 K0 www.kapital.mk www.biznis-plus.com Gradient 2

C100 M40 Y0 K0

C100 M70 Y0 K0

поддржувачи на форумот:

PANTONE 286 C

големи партнери на Бизнис плус:

C64 M0 Y100 K0


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

РУСИЈА ГО ОТВОРА ПАЗАРОТ З

3,6%

поевтиниле течните горива во месец август во однос на месец јули. Според државниот завод за статистика најголемо намалување има кај цената на течните горива за домаќинство од цели 10,7%.

Со доаѓањето на големиот број мигранти Германија ќе се промени. Ние сакаме таа промена да биде позитивна. Веруваме дека ќе биде така

Ангела Меркел

канцелар на Германија

победник на неделата

З

дравје Радово“, Балканска млекара од Скопје и „Бучен Козјак“ од Куманово се трите македонска компании од млечната индустрија кои добија дозвола за извоз во Руската Федерација. Ова е одлуката на Службата за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија „Россељхознадзор“ чии инспектори во изминатиов период вршеа контроли во Македонија. Извршниот директор на Македонскоруската стопанска комора Дејан Бешлиев

Ќе се најде ли јунак да о за аферата Телеком во М

Тим Кук

+

Само Тим Кук и тимот околу него знаеше точно што сè ќе лансира Apple како новитет во понеделникот навечер по македонско време. До моментот на затворање на овој текст сè уште не беше почнал големиот настан што ќе го пренесуваа во живо светски ТВ мрежи, но дотогаш во јавноста протекоа информации за речиси сите адути на Apple за следниот период: новите верзии на iPhone 6, 6s и 6s Plus, новиот iPad Pro, iPad Mini 4пробивот во светот на телевизијата - Apple TV, нов оперативен систем iOS, освежувања и додатоци во делот на часовникот iWatch... Веројатно немаше да бидат лансирани новите iPod плеери, новите компјутери iMac, Apple автомобилот и другите работи околу кои се шпекулира периодов, но како и да е, понеделничката промоција беше најавувана како најголема во историјата на компанијата. Инвеститорите со нетрпение ги очекуваа новитетите од лабораторијата во Пало Алто, спремни да ја кренат акцијата на компанијата до рекордните 130 кусур долари од мај месец годинава. Технолошкиот гигант само за последниве 5-6 години за десет пати ја зголеми својата пазарна вредност која сега изнесува преку 620 милијарди долари, а пред неколку месеци и рекордните 700 милијарди долари.

O

Објавеното сведочење на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски пред окружниот суд во Њујорк, во кое со име и презиме споменува македонски високи функционери кои наводно земале 7,5 милиони евра мито од Телеком во 2006 година за да ја одложат либерализацијата на телекомуникацискиот пазар отвара

многу дилеми во Македонија. Се уште е нејасно дали обвинителството воопшто ќе отвори истрага за оваа афера во Македонија?! Од друга страна, се чини дека преку овој случај е се појасна пораката од американската администрација дека е време да се расчисти еднаш засекогаш со корумпираните политичари која се толерира со години во Македонија?! Во сведочењето што деновиве го објави Судот во Њујорк, поранешниот шеф на македонската тајна служба Богоевски, вели дека мито за да му обезбедат привилегирана позиција на Телеком, мито зеле поранешниот премиер Владо Бучковски и функционерите од ДУИ Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. Бучковски веднаш одговори дека Богоевски лаже и прави тенденциозни конструкции, а ДУИ


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

9

ЗА ТРИ МАКЕДОНСКИ МЛЕКАРНИЦИ се надева дека ова ќе значи зголемување на бизнис плановите на овие компании, осовременување на нивото производство и окрупнување на нивниот сточен фонд. „За нас ова претставува отворање на нови можности за извоз на македонските производи во Руската Федерација. Овие три компании кои имаат шанса за извоз, може да извезуваат и на територијата на Евроазиската царинска унија каде се вклучени Казакстан и Белорусија, како и новите две земји Киргистан и Ерменија“, вели Бешлиев.

> БРОЈКА

мисла на неделата

5%

Бизнисот и политиката се слични на природата. Таму комарците убиваат илјадници луѓе секој ден, а ајкулите за само неколку жртви годишно добиваат цели телевизиски емисии и не се симнуваат со н едели од тв екраните

порасна извозот во јули во споредба со истиот период минатата година

лидери

отвори истрага Македонија? Се уште е нејасно дали обвинителството воопшто ќе отвори истрага за оваа афера во Македонија ?! Од друга страна, се чини дека преку овој случај е се појасна пораката од американската администрација дека е време да се расчисти еднаш засекогаш со корумпираните политичари кои се толерираат со години во Македонија?! реагираше дека сведочењето е конструкција на непостоечки настани и околности, дека е апсолутно невистинито и дека е во функција на претстојните избори. Експертите коментираат дека е неминовно отварање на истрага за овој корупциски скандал, а држењето настрана на македонското обвинителство би било во најмала рака скандалозно. СДСМ пред три години поднесе кривична пријава против непознат сторител во случајот Телеком, поради сомневања за поткуп на високи владини функционери, како и одделни политички партии, меѓутоа, досега нема обвинение за ниту еден македонски политичар. Оваа афера официјално беше затворена во 2011 година со спогодба. Американските иследници го обвинија Маѓар Телеком дека им платил околу 4,88 милиони евра на македонски официјални претставници во текот на 2005 и 2006 година за да го одолговлекуваат отворањето на пазарот за безжична телекомуникација во земјата за нова конкуренција. За да избегнат судска тужба, Дојче Телеком и Маѓар Телеком се согласија да ја платат паричната казна од 95 милиони долари при што не мораа да ја признаат вината. nnn

Бил Гејтс сопственик на Мајкрософт

губитник на неделата

Петро Порошенко

Украина доби силни пофалби од директорката на ММФ, Кристин Лагард за реформите кои ги покренаа украинските власти за да се спаси од банкрот

Хосе Мухика

Уругвајскиот претседател, Мухика својот дом го отвори за стотици сирачиња од Сирија, кои поради војната таму останале без своите родители

не им беше неделата

Владо Бучковски

Името на поранешниот македонски премиер се најде меѓу функционерите кои екс разузнавачот Слободан Богоевски ги посочи дека земале мито

Виктор Орбан

Неговите ксенофобични изјави на никаков начин и на никого не му помогаат во разрешување на кризата со бегалците со која се соочува Европа.

_

Алексис Ципрас Некогашниот омилен лик на политичката сцена во Грција, кој брзо ги освои и симпатиите ширум Европа, Алексис Ципрас, по неполна година, откако седна на власт во Грција, повторно е во битка да го освои грчкиот електорат. Меѓутоа, на само недела дена од одржувањето на предвремените парламентарни избори во Грција закажани за 20-ти септември, анкетите во оваа земја покажуваат драстичен пад во однос на поддршката на Грците кон неговата партија Сириза, со што разликата со неговиот најголем противник Неа Демократија, се стопи на 0.5%. Ваквиот неуспешен резултат е најмногу поради неискрените политики на Ципрас- предизборните ветувања, само 9 месеци подоцна, целосно паднаа во вода, а Грција и покрај ветувањата дека ќе се спротиви на мерките на штедење, се уште е зависна од меѓународните кредитори. Во меѓувреме го напушти и неговиот долгогодишен пријател, со кога ја почнаа приказната за „спасување на Грција од кредиторите“, Јанис Варуфакис, а голем дел од членството се отцепи, формирајќи нова партија чија програма се темели на првичните ветувања што Ципрас ги имаше непосредно пред изборите во јануари. Со ваков пад во однос на популарноста ќе биде целосно изненадување доколку Ципрас повторно успее да ја освои власта во Грција, толкуваат тамошните медиуми.


Капитал број 828 11.09.2015

10

www.kapital.mk

ШЕСТИ БИЗНИС ФОРУМ НА КАПИ COVER STORY

ПРЕСКОКНАВМЕ Г СПОИВМЕ БИЗНИ ДОДАДОВМЕ ВРЕД НА БАЛКАНОТ!


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

11

ИТАЛ И БИЗНИС ПЛУС

ГРАНИЦИ, ИСИ, ДНОСТ

П

Први октомври, 2015. Запаметете го овој датум! Ден кога во Скопје ќе се случува досега нешто невидено – Капитал слави 15 години постоење, регионалната медиумска платформа Бизнис плус каде што сме основачи и партнери го одбележува третиот роденден, а најголемиот подарок за вас почитувани читатели, поддржувачи и пријатели и на двата проекта е Шестиот бизнис форум на Бизнис плус и Капитал, кој што ќе собере преку 300 лидери од целиот Балкан и пошироко.


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

12

cover story

Од Четрвтата

регионална конференција на Бизнис плус во Белград, март 2015

Во Скопје во септември 2013-та се најави формирањето на деловниот клуб на Бизнис плус

Неформално дружење

С пишува:

Љупчо Зиков

ljupco.zikov@kapital.mk

Само уште дваесетина дена нè делат од големиот настан што ќе се случи во Македонскиот народен театар почитувани читатели. На први октомври Капитал заедно со партнерите од балканската медиумска платформа Бизнис плус го организира Шестиот бизнис форум, кој што ќе собере преку 300 деловни луѓе, претприемачи, инвеститори, основачи, покренувачи, интелектуалци, сопственици, директори, креатори на нови стартапи, на едно место.

Нашата медиумска мрежа силно ја остварува својата поставена мисија .... урна многу бариери и создаде услови за многу деловни контакти меѓу компаниите од Балканот и Југоисточна Европа. За Бизнис плус се зборува, а за неговите конференции и форуми се известува на територијата на Европската Унија и надвор од неа, сè до Турција ... Многу компании преку Бизнис плус се здружија на проекти со кои навлегоа на трети светски пазари. За тие искуства ќе се зборува и на самата конференција во Скопје. За што сè ќе дискутираат присутните бизнис и политички лидери на Шестиот бизнис форум/конференција на Бизнис плус? Ќе се дискутира за нови инвестиции во извозни проекти, нови компании, проектни поврзувања и интеграции, и барање можности за заеднички извозен продор на светските пазари, до создавање силни регионални компании. Ќе бидат истакнати успешни поврзувања, конкретни реализирани проекти со примери, и примери на иновации. Ќе се осврнеме и на едно од најбитните прашања за развој на економиите – инфраструктурата. Имаме ли балкански рути на развојот? Колку сме

меѓу панелите на БП конференцијата во Будва, мај, 2014

поврзани? Можеме ли да се интегрираме и да настапиме пред европските фондови? Производството на храна, дистрибуција и трговијата, и агробизнисот како простор за интеграција и влез на светските пазари, ќе земе посебно место на конференцијата. Тоа е индустрија со огромни можности. Турција – деловна дестинација за сите нас во регионот. Прилика за повеќе инвестиции и трговија. Ова се клучните на кои што ќе дискутираат, дебатираат и полемизираат бизнис лидерите од регионот, оние што се секојдневни корисници на информациите што ги пласира Бизнис плус преку шесте регионални портали. Истиот ден Капитал ќе прославува 15 години од своето постоење, за што подготвуваме гала коктел за нашите партнери, поддржувачи и пријатели со специјално подготвена програма.

Како всушност почна приказната за Бизнис плус

А, како тргна приказната со Бизнис плус? Сè тргна од нас тројцата пријатели, колеги и соработници, мојата малекнкост, Мујо Селимовиќ, сопственикот на сараевско Ослобоѓење и Петер Франкл, директор и главен уредник на љубљански Финанце, кои што разговаравме како би било да

Поентата на БП: поголема комуникација, повеќе бизнис


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

13 Како се развиваше Бизнис плус 2010 година u Идејата е родена

О

сновачот и директор на Капитал, Љупчо Зиков, директорот и уредник на Финанце од Љубљана, Петер Франкл и сопственикот на сараевско Ослобоѓење, Мујо Селимовиќ, соработници, но и добри пријатели, при едно од своите неформални дружења ја нафрлаат за прв пат идејата да се направи некаква регионална медиумска платформа на која би се вклучиле и медиуми од останатите поранешни ЈУ републики. Целта е да се разменуваат и интегрираат информации што ќе им помогнат на бизнисмените од регионот да донесат вистински одлуки. 2011 година u Поставени темелите на проектот

И

дејата почнува пополека да ги добива своите контури и да се претвора во проект. Во почетокот на септември, во Охрид се среќава тројката погоре спомната, во проширен состав со претставници од црногорскиот весник Вијести, хрватскиот Бизнис.хр и срспкиот Нови магазин, со своите тимови, да разговара за тоа како технички да се постави платформата која го добива името Бизнис плус. Следат уште неколку состаноци на работната група на БП на различни локации. 2012 година u Бизнис плус и официјално промовиран

Н

а 21 септември, на Викенд медиа фестивалот во Ровињ, Хрватска, и официјално и е презентиран на јавноста медиумскиот проект Бизнис плус. Капитал од Скопје, Финанце од Љубљана, Бизнис.хр од Загреб, Ослобоѓење од Сараево, Нови магазин од Белград и Вијести од Подгорица ги здружија силите и првиот регионален интернет бизнис портал со редакции во шест земји почна со работа. За почесен претседател на проектот беше избран избраа Љупчо Зиков, директор и главен уредник уредник на македонскиот неделник „Капитал“. 2013 година u Најавен деловниот клуб на Бизнис плус

В

о ноември се одржа средба на бизнисмени од шест држави во Порторож, Постојна и Љубљана, Словенија, која што беше вовед во регионалниот деловен клуб Бизнис

клуба на проектот Бизнис плус. На оваа средба партнерите на Бизнис плус најавија дека во иднина ќе следат големи регионални конференции, односно бизнис форуми на кои што бизнис и политичките лидери од цел Балкан ќе зборуваат за најбитните економски теми што го засегаат ова подрачје, но исто така, овие настани ќе бидат место каде што сопствениците и менаџерите на регионалните компании ќе може да се поврзат, да разменат искуства и информации, како и да направат договори за нови бизниси и заеднички настапи. 2014 година u Одржани три конференции на деловниот клуб на Бизнис плус 06-07.03 – Загреб, Хрватска Прва конференција на Регионалниот деловен клуб на Бизнис плус: Важно е да сфатиме дека треба да работиме заедно! 29-30.05 – Будва/Бечиќи, Црна Гора Втора конференција на Регионалниот деловен клуб на Бизнис плус: Бизнисмените ја сфаќаат поентата на Бизнис плус, паѓаат и првите договори за соработка. 29-30.10 – Сараево, Босна и Херцеговина Трета конференција на Регионалниот деловен клуб на Бизнис плус: Односите помеѓу регионот и Блискиот исток, да се подигнат од ниво пријателски на деловни. Во меѓувреме од Бизнис плус проектот излегува еден од основачите, Бизнис. хр од Загреб, а влегува Привредни вјесник, најстариот деловен магазин во Хрватска. 2015 година u Бизнис плус продолжува да ги обединува компаниите од Балканот 26.03 – Белград, Србија Четврта конференција на Регионалниот деловен клуб на Бизнис плус: Бизнисот посилен од балканската судбина! 03.07 – Мостар, Босна и Херцеговина Петта конференција на Регионалниот деловен клуб на Бизнис плус: Мостовите ги гради економијата 01.10 – Скопје, Македонија Ќе се одржи Шестата конференција на Регионалниот деловен клуб на Бизнис плус и Капитал: Преку нови инвестиции во извозни проекти, заеднички извозен настап до силни регионални компании...


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

14

cover story

“Нетворкингот“ е неизоставен елемент на конференциите на Бизнис плус

Високи гости од политиката и бизнисот

се редовни учесници на настаните што ги организираат партнерите во Бизнис плус

направиме една регионална медиумска платформа, која за почеток ќе ги опфати поранешните републики на СФРЈ, кои што ионака памтат што значело да се прави бизнис меѓу себе, само да го обновиме сето тоа и да се прошириме и на други држави од југоисточна Европа. Мујо Селимовиќ, се сеќава на тие моменти на раѓање на идејата за Бизнис плус: “Кога настануваше Бизнис плус, Љупчо, Петер и јас немавме големи амбиции, туку само да ги прескокнеме границите, тој балкански проблем голем како Берлинскиот ѕид. И секако, сакавме луѓето да се запознаат и дружат на начин на кој што ние тројца уживавме во секоја средба, колку и да беше таа од деловен карактер“, вели Селимовиќ. Како што се придружуваа и останатите партнери во проектот, Селимовиќ вели дека сфаќал колку всушност мотивот бил добар. “Сега Бизнис клубот на Ослобоѓење во Босна и Херцеговина собра навистина респектабилен број на бизнисмени кои што самиот весник и Бизнис плус ги препознаваат како простор за придвижување на земјата во економска смисла, и зошто не, како медиуми што им отвориле врата од регионот на еден поинаков, пријателски начин“, додава тој. Денес, кога повеќе од секогаш е потребна информација на секој што се занимава со бизнис, одлучивме медиумите да ги поставиме во еден проактивен пристап, каде што фирмите не ги доживуваме само како огласувачи и објекти/извори на

Од Конференцијата на Бизнис плус во Белград, во март годинава

Шестата конференција на Бизнис плус и Капитал ќе биде најголема досега

В

о духот на она што го зборувавме на сите претходни конференции, дека само со меѓусебна соработка помеѓу балканските компании тие може да бидат поконкурентни на трети пазари, Капитал со партнерите од Бизнис плус на први октомври годинава, ќе ја организира 6-та Регионална конференција, на која што повтороно ќе се дискутира за потецијалите на повеќе бизнис сектори од регионот. Со задоволство сакаме да најавиме дека овој пат ќе го прошириме бројот на учесници од регионот, односно ќе дојдат бизнисмени и од Албанија, Косово, Бугарија, Романија и Турција. Со тоа уште повеќе ќе се зголемат можностите за запознавање, поврзување и евентуална соработка меѓу нив и ние како организатори се надеваме и на нови зделки и заеднички проекти. Според нашите проценки ова би требало да е најголемата конференција на Бизнис плус досега, со преку 300 учесници, а најоптимистичкото сценарио е дека ќе бидат и околу 400.

Бизнис форум: Капитал носи преку 300 бизнис лидери


годишна едиција

25

септември

2015

Почитувани читатели, Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2014 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во Едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании од различни индустрии, како и повеќе анализи: l Кои се компаниите и индустриите кои ќе го носат растот следната година? l Плановите и целите на најголемите компании l Најголемите предизвици за компаниите за 2016 година l Кои се најголемите компании во регионот? Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: l Прехранбена индустрија l Индустрија за пијалаци и вино l Металопреработувачка индустрија l Градежна индустрија и индустријуа за градежни материјали l Трговија и дистрибуција l Телекомуникации l Енергетика, нафта и гас

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

16

cover story

Во Загреб се одржа

првата Конференција на Бизнис плус

Во Будва/Бечиќи паднаа и првите договори за соработка меѓу компаниите членови на Бизнис плус

Мостарската

конференција на БП од ова лето со јасна симболика: мостовите ги гради економијата!

нашите текстови, туку како и субјекти, наши партнери на кои што им обезбедуваме додатни контакти, вмрежување и соработка. На членовите на Бизнис плус им се нуди медиумска промоција во целиот регион, но и многу повеќе од тоа. Инсистираме

на вмрежување на компаниите во што постигнуваме извонредни резултати, со оглед на фактот што нашите членови досега меѓусебно имаат договорено милионски зделки и нови партнерства благодарение на средбите што ги организираме за време на конференциите и форумите на

деловниот клуб на Бизнис плус. Бидејќи на конференциите доаѓаат исклучиво лидери, односно сопственици и директори на компании, договорањето на бизнисите е дотолку полесно и подиректно, а реализацијата поизвесна и поефикасна. За дополнителната вредност на Бизнис

Партнерите водачи на проектот Бизнис плус Редакција Финанце

Редакција Капитал

Редакција Ослобоѓење

(Časnik Finance, d. o. o., Љубљана, Словенија)

(Капитал Медиа Гроуп, ДОО, Скопје Македонија)

(Oslobodjenje d.o.o., Сараево, Босна и Херцеговина)

агазинот Капитал е основан во 1999 година, а подоцна стана составен дел од компанијата Капитал Медиа Гроуп. Читателската публика на Капитал главно ја сочинуваат претставници на бизнис секторот и политичката сцена во земјата, дипломатскиот кор, невладините организации и сите позначајни донесувачи на одлуки во македонското општество. Во изминатите 16 години, Капитал прерасна во медиумска групација, која што освен магазинот, издава и периодични специјализирани публикации и прилози, а последните неколку години разви и посебен оддел за едукација и тренинг, како и организирање настани.

слобоѓење е дневен весник со најдолга традиција во Босна и Херцеговина. Имено, првиот број излегол на 30 август 1943 година, како антифашистички весник. Оттогаш добиле и повеќе европски и светски награди, а во текот на четиригодишната опсада на Сараево (1992-1995 година) на тамошните колеги им успеало со натчовечки напори секој ден да го издаваат весникот, освен еден ден кога бомба ги уништила машините во печатницата. Во рамките на редакцијата денес се уредува и интернет порталот Oslobodjenje.ba, кој е меѓу најчитаните медиумски портали во БиХ.

Č

asnik Finance е фирма која може да се пофали со дводецениска медиумска традиција и дел е од шведската издавачка групација Bonnier. Нејзин главен продукт е весникот Финанце (Finance), единствен словенечки бизнис дневник, со многу спрецијализирани прилози. Покрај тоа ги издаваат уште и ревиите Manager, Moje finance, Finance Trendi и Stotka, како и двонеделникот Medicina danes и двомесечникот Medicina in ljudje. Во состав на Бизнис академијата Finance организират бројни семинари и конференции, а словенечките читатели се најдобро информирани за тамошните случувања преку интернет поратлот Finance.si.

Петер Франкл

директор и главен уредник на Finance

“ Нашата мисија не е завршена – следат уште многу проекти!“ “Бизнис плус е мисија која сè уште трае. Исполнивме повеќе цели, како што е информираноста, поврзувањето, нови бизниси, претставување на нови можности, но искрено речено во таа мисија може уште многу нешта да се направат. И верувам дека ќе ги направиме“

М

Љупчо Зиков

директор и главен уредник на Капитал Медиа Гроуп

“ На почетокот им сервиравме информации на бизнисите, сега ги поврзуваме!“ “Пред три години почнавме со желба и елан да разменуваме и интегрираме информации од шесте балкански земји, и да им помогнеме на бизнис лидерите од регионов во донесувањето вистински одлуки. Подоцна, идејата прерасна во нешто многу поголемо: со Бизнис клубот на Бизнис плус ги поврзуваме компаниите од овој дел на Европа со цел повеќе бизнис и нивно заедничко излегување на трети пазари“

О

Мујо Селимовиќ

сопственик на весникот Ослобоѓење

“ Постојаните нови идеи се гаранција за развојот на овој проект“ “Морам да признам дека сум горд кога ги слушам партнерите собрани во Бизнис клубот на Ослобоѓење: секогаш кога ќе се сретнеме имаат некоја нова идеја за тоа како да напредува Бизнис плус и навистина верувам дека е тоа најсилна гаранција оти проектот и понатаму ќе се развива на задоволство на сите нас, нашите членови и читатели“.



www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

18

cover story

плус доста сликовито објаснува Дарко Буковиќ, директор и уредник на магазинот Привредни вјесник од Загреб, кој што е еден од партнерите на проектот. “Кв а л ите тот и р е л е в а н ц и ј ата н а информациите е поважна од количината. Во време на борба за секоја фактура, секојдневна трка во која има сè повеќе

препреки, деловните луѓе не стигаат да ги ‘сварат’ огромните количини на информации. Затоа и нашата улога, мислам на сите партнери, е да доставиме релевантна информација на своите членови, но таа информација да стане веродостојна и надвор од границите на делување на секоја фирма“, вели Буковиќ

и додава дека деловните луѓе се желни за размена на идеи, отворање нови проекти, ширење... “Ние, како платформа на која што треба тоа да се случува, мораме да обезбедиме секој собир да биде поразличен, ние да бидеме ДДВ – на Деловните луѓе Додадена Вредност. nnn

Партнерите водачи на проектот Бизнис плус Редакција Нови Магазин

Редакција Вијести

Редакција Привредни вјесник

(Agenda 2020 d.o.o, Белград, Србија)

(Daily Press, d. o. o., Подгорица, Црна Гора)

С

( Privredni vjesnik d.o.o., Загреб, Хрватска)

еделникот Нови Магазин е весник што се занимава со најширок спектар на општествени теми релевантни за Србија, регионот и пошироко. Тој има за цел да задоволат интересите и потребите за информирање на повисокиот среден слој на жителите на Србија, особено бизнисмените, а воедно и жените и младата популација. На истоимениот интернет портал Novimagazin.rs, покрај свежи информации, на кои им додаваат и видео - содржини, обработуваат и пошироки социјални теми.

поред сите истражувања, независниот весник Вијести е највлијателниот медиум во Црна Гора. Во редакцијата се уредува и истоимениот интернет портал Vijesti.me, кој од основањето пред пет години, брзо стана најчитаниот медиумски портал во државата. Под истото име Вијести функционира и телевизија, која може да се пофали дека е меѓу најгледаните, а нејзините информативни емисии имаат најголем углед меѓу црногорските гледачи.

динствен по содржината и изгледот, а силен заради својот сеопфатен досег и прифатеност кај сите активни хрватски компании, Привредни е најчитан и најцитиран економски весник во Хрватска. Гордо го држи епитетот “весник на оние што одлучуваат“ и покрај неговите редовни броеви и неделни прилози, продолжува да објавува специјални изданија како “400 најголеми“, “Финансиска индустрија“, “Деловни очекувања“ и бројни други. Формиран е во далечната 1953 година, како прв хрватски деловно-финансиски весник и прв деловен неделник во регионот.

Надежда Гаќе

Рајко Милиќ

Дарко Буковиќ

“ Ќе продолжиме да го слушаме гласот на нашите членови“

“ БП да не остане само регионален проект. Ние гледаме до Турција, Русија, Полска...“

“Треба да продолжиме да ги слушаме потребите на нашите членови и да се трудиме со нови услужни пакети да ги инспирираме да останат во Бизнис плус, но и да привлечеме нови членови, а тоа можеме само со програми кои што се атрактивни и корисни“.

“Верувам дека проектот Бизнис плус може на поширокиот регион да му ги претстави можностите што постојат, не запирајќи на територијата на земјите во кои што делуваат медиумските партнери на БП. Затоа мојот поглед оди и до Австрија, Турција, Русија, Полска...затоа што за добар бизнис треба добро да се познаваме.“

Н

директор и главен уредник на Нови магазин

“ Длабоко веруваме во добрите економски врски на целиот регион“ “Многу сум среќна што сме од самиот почеток во Бизнис плус, бидејќи длабоко верувам во добрите врски на простор на целиот регион. Докажавме дека од пријателско дружење и соработка меѓу новинари и уредници, може да произлезе сериозен проект што носи додадена вредност во економијата на целиот регион”

директор на бизнис академија Вијести и водител на проектот Бизнис плус за Црна Гора

Е

директор и главен уредник на Привредни вјесник



www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

20

Капитално

Како се убиваа паза конкуренцијата во

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk Вистината е дека монополизацијата и картелизацијата во македонската економија се директна пречка за растот на многу мали и големи фирми, причина за рекордната задолженост и неликвидност во економијата и високата невработеност. Затоа, овој случај мора да има судска и правна завршница и најголема политичка одговорност на било која следна власт мора да биде создавање на амбиент за целосна демонополизација и целосно отворање на пазарите за конкуренција. Пазарот мора да се ослободи од бизнисполитичките спреги! Само така ќе се раздвижат економијата, извозот, инвестициите и само така ќе почнат да се отвараат нови работни места.

А

Аферата Телеком која повторно се отвара преку јавното објавување на сведочењето на екс разузнавачот Слободан Богоевски, која очигледно е повеќе од прецизно темпирана, најавува интересна политичка есен. Ако се покажат како вистинити шпекулациите кои го следат отворањето на оваа афера, тогаш во следниот период кој ќе биде набиен со политички натегања и договори, можно е да се отворат уште неколку корупциски скандали во кои ќе бидат вмешани високи политички функционери. Можеби ова е сигналот дека на Македонија и се дојдени времето и редот да расчисти со корупцијата во високите политички структури, кои се толерираа со години. Тоа се просеци од кои не остана настрана ниту една земја од регионот. Секоја земја како што се приближуваше до НАТО или ЕУ мораше да покаже подготвеност и капацитет да се справи со корупцијата во високите политички структури. И додека јавноста чека разврска и конкретни потези по објавувањето на корупцискиот скандал во аферата Телеком, во Македонија владее чуден и синхронизиран молк по оваа тема. И од судските инстанци, и од сите политички партии, двете македонски и двете албански. Молк кој станува многу гласен. Она што е уште пострашно е што корупцискиот скандал поврзан со аферата Телеком на виделина вади еден многу болен и суштински дефект на македонската економија- отсуството на слободна конкуренција и заробеноста на пазарите од страна на приватни и

државни монополи и картели, за кои јавна тајна дека со годни наназад се одржувани со носење на закони по нивна мерка. Овој случај многу јасно и индиректно ги посочува причините зошто и како многу пазари со години остануваа затворени за конкуренција, зошто либерализацијата на некои пазари се одложувала со години, а дури и кога тоа законски ќе се случеше, реалниот влез за нови субјекти остануваше затворен преку носење на разни подзаконски акти и уредби, зошто цените на многу производи и услуги во Македонија се нереално високи споредено со било која друга земја од регионот.... Јавна тајна е дека македонската економија е предолго заробена од бизнис-политичка структура која преку изградениот политичкиот клиентелизам ја убива секоја претприемничка иницијатива и која македонските компании и бизнисмени ги претвори во неконкурентни економски субјекти надвор од границите на оваа држава. На виделина излегува како во оваа ретардирана бизнис атмосфера, на овој мал и затворен профити, се правеле големи профити од страна на клиентите кои ја имале заштитата на политичките патрони и заштитници. Како што можеме да прочитаме во сведочењето на екс разузнавачот во ваквите релации патрон-клиент имало и многу корупција и тешки милиони за политичарите кои ќе им овозможат некој пазар да остане што е можно подолго затворен. Па со години наназад мала група на професори пишуваа и пишуваат закони по мерка и нарачка за пазарите да останат на хартија либерализирани, а во пракса затворени и картелизирани. Очигледно имало за сите и очигледно да бидеш во Македонија на власт била многу доходовна професија. Многу подоходовна отколку што може да си замисли еден обичен смртник кој во Македонија живее од плата. Но, ова е прв случај за кој се говори и пишува јавно. И сосема оправдано е да се постави прашањето, ако ова се случувало и се толерирало со години, дали истото се случува и можеби се


www.kapital.mk

Капитал број 819/820 10.07.2015

Капитално

зарот и Македонија? Корупцискиот скандал поврзан со аферата Телеком на виделина вади еден многу болен и суштински дефект на македонската економија- отсуството на слободна конкуренција и заробеноста на пазарите од страна на приватни и државни монополи и картели, за кои јавна тајна дека со годни наназад се одржувани со носење на закони по нивна мерка. Овој случај многу јасно и индиректно ги посочува причините зошто и како многу пазари со години остануваа затворени за конкуренција, зошто либерализацијата на некои пазари се одложувала со години, а дури и кога тоа законски ќе се случеше, реалниот влез за нови субјекти остануваше затворен преку носење на разни подзаконски акти и уредби, зошто цените на многу производи и услуги во Македонија се нереално високи споредено со било која друга земја од регионот.... уште се толерира и во други пазари, за што јавноста нема кој да ја информира за бизнис-политичките спреги? Дали денес имаме вистинска конкуренција во нафтениот сектор, енергетиката, банкарството, телекомуникациите, бизнисот со гас, железничкиот транспорт...? Уште колку други пазари се “штителе” или се “штитат” на овој начин? Економската реалност која ја живее Македонија, очигледно нема врска ниту со пазарна економија, ниту со корпоративно управување. Ако ова се покаже како вистина, тогаш навистина ќе се докаже како една голема лага и заблуда она што сите политички структури го повторуваа во овие повеќе од две децении - дека Македонија гради пазарна економија во која главни носители на развојот ќе бидат малите и средни претпријатија и претприемачите кои ќе се обидат да почнат свој бизнис. Вистината е дека монополизацијата и картелизацијата во македонската економија е директна пречка за растот на многу мали и големи фирми, причина за рекордната задолженост и неликвидност во економијата и високата невработеност. Затоа што

отпочнувањето и водењето бизнис во монополизирана и картелизирана економија е премногу скапо. Уште поголема штета е што бизниспартиските релации градени во последните дваесет години, на крајно грд клиентелистички начин и со многу корупција во тоа, за краен резултат создадоа слаби и неконкурентни компании, кои во годините додека биле штитени од слободна конкуренција се обезвреднети, со неквалитетни и скапи производи и услуги, со застарени менаџерски структури и системи на управување, кои најдобро знаат да работат со државата и кои бегаат од регионалната и светската конкуренција, исцрпени од долгите исплати на кеш кон своите патрони... Затоа овој случај мора да има судска и правна завршница. Најголема политичка одговорност на било која следна власт мора да биде создавање на амбиент за целосна демонополизација и целосно отворање на пазарите за конкуренција. Пазарот мора да се ослободи од бизнис-политичките спреги! Само така ќе се раздвижат економијата, извозот, инвестициите и само така ќе почнат да се отвараат нови работни места. nnn

21


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

22

анализа

0,2%

изнесува растот на индустриското производство за седум месеци годинава споредено со истиот период лани

2,3%

пораст прикажа производството во прехранбената индустрија од јануари до јули годинава

40,9%

се намали производството во тутунската индустрија што е најголем пад по одделни индустрии

Како работеа приватните фирми во првото

Две од три компан работеле полошо од Нема крај на криз

Две од три компании произведувале и продавале помалку во првото полугодие споредено со истиот период минатата година, покажува анализата на финансиските извештаи на фирмите доставени до Берзата. Извозот во првите шест месеци настрадал повеќе отколку продажбите на домашниот пазар. Податоците покажуваат дека бизнисот се уште поминува низ економска криза иако има и бизнисмени за кои може да се каже дека пливаат добро и во немирно море. Такви алхемичари се банкарите кои во првото полугодие направија 78,8% поголеми добивки отколку лани. Сега сите надежи на бизнисмените се вперени во последниот квартал од годината кога вообичаено се динамизира економската активност.

Статистика: Десетте најголеми котирани компа


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

23 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

о полугодие?!

ании д лани! зата! пишува:

Д

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

ве од три компании произведувале и продавале помалку во првото полугодие споредено со истиот период минатата година, покажува анализата на финансиските извештаи на фирмите доставени до Берзата. Извозот во првите шест месеци настрадал повеќе отколку продажбите на домашниот пазар.

Окта Макпетрол Македонски Телеком Алкалоид Арцелор Митал ЦРМ Гранит Цементарница Усје Макстил Фершпед Пекабеско

Приходи од продажба (милиони евра)

147,7 146,2 81,9 65,8 47,7 29,9 29,2 28,8 27,5 25,3

Податоците покажуваат дека бизнисот се уште поминува низ економска криза иако има и бизнисмени за кои може да се каже дека пливаат добро и во немирно море. Меѓу најголемите десет котирани компании, дури седум прикажаа помали приходи од продажбата од лани. Компанијата со најголеми приходи меѓу котираните на Берзата е ОКТА, со инкасирани 147,7 милиони евра. Меѓутоа, споредено со истиот период лани, ОКТА годинава продала 9% помалку нафта и нафтени деривати. Продажбата на домашниот пазар е всушност непроменета, додека пак на странските пазари е намалена за 39%. Компанијата прикажа добивка од 1,9 милиони евра. Макпетрол исто така инкасираше помалку пари од продажба на нафта после првите шест месеци. Компанијата оствари приходи од 146,2 милиони евра, што е намалување од 8% на годишно ниво. Најголем дел од приходите на Макпетрол или дури 140 милиони евра се од продажба на домашен пазар, каде компанијата има пад на приходите од 10%, а околу 6,4 милиони евра се од продажби на странски пазари. Намалувањето на приходите на домашниот пазар Макпетрол го објаснува со намалувањето на цените на нафтените деривати во однос на истиот период минатата година. Компанијата во овој период направи двојно поголема загуба од лани од 4,1 милиони евра а како главна причина за овој негативен резултат од Макпетрол ја посочуваат ниската профитна маржа која ја пропишува Регулаторната комисија за енергетика при набавката на нафтените деривати, која според компанијата била “неоправдано ниска и недоволна за рентабилно работење”. Од друга страна пак, на командитното друштво Оилко во кое Макпетрол поседува 35,16% од капиталот, во првите шест месеци му одело многу подобро. Приходите од продажба изнесуваат 3,1 милиони евра и се зголемени за 16% во споредба со лани. Наспроти загубата на Макпетрол, Оилко прикажа добивка од околу 700 илјади евра што е повеќе од седум пати зголемување во однос на лани. Од Оилко објаснуваат дека „растот на добивката се должи на зголемените приходи заради зголемениот обем на извршен

Годишна промена -9% -8% -6% 9% 40% -11% -9% -15% -10% 18%

Нето добивка /загуба (милиони евра)

1,9 -4,1 8,9 4,9 -3,6 3,5 8,4 0,027 -1,25 0,58

Годишна промена

200% 5% 10% -34% 73% -6%

транспорт, на фактот што оперативните расходи биле задржани на ниво од минатата година, како и на намалените финансиски расходи заради намалените расходи за камата“. Во металската индустрија се чувствуваат поповолни ветришта, барем ако се суди според податоците за пораст на индустриското производство од 6,9% во првите шест месеци од годината. Производителот на челични производи Арцелор Миттал ЦРМ ги зголеми приходите од продажба за 40% на 47,7 милиони евра. Најголем дел од нив се направени преку извоз на странски пазари, и тоа дури 39,8 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар изнесува 7,9 милиони евра и е зголемена за 37%. Сепак компанијата после првите шест месеци прикажа загуба од околу 3,6 милиони евра поради зголемени трошоци, особено за набавка на суровини и други материјали. Челичарницата Макстил од друга страна прикажа намалување на приходите за 15% на 28,8 милиони евра. Извозот на Макстил во првата половина од годината е намален за четвртина на 21,2 милиони евра, но компанијата успеала делумно да ги надомести послабите перформанси на странските пазари со домашниот пазар каде е забележано зголемување на приходите за 45% на 6,9 милиони евра. Факом, како компанија во дејноста на повисока додадена вредност во металургијата, односно проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и производи, пак, прикажа двојно повисоки приходи во првите шест месеци споредено со лани, од 10,8 милиони евра. Од нив, 3,8 милиони евра се направени на домашниот пазар што е 91% повеќе од лани и 7 милиони евра од извоз кој што забележа раст од 121%. Компанијата ја надмина загубата од лани објавувајќи годинава добивка од 57 илјади евра. Во фармацевтската индустрија, Алкалоид ја зголеми продажбата за 9% и инкасираше 65,8 милиони евра. Растот на приходите главно се должи на зголемениот извоз за 15% од што компанијата наплатила 39,4 милиони евра. Добивката на компанијата изнесува 4,9 милиони евра и е за 5% повисока од лани. Реплек пак, оствари приходи од 6,5 милиони

ании имаат вкупни приходи од 630 милиони евра


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

24 10% 8% 6% 4% 2% 0% -2% -4% -6%

анализа Индустриско производство

9,7

9,1 4,9

7,5

5,9

6,4

5,8

1,3

0,7

1,1

3,1

0,6 -0,9

-2,7 -5

мај

јуни

јули

авг.

септ.

2014

евра и се за 37% помали од лани. Од продажбата во домашните аптеки, компанијата инкасирала 55% помалку приходи од лани, односно 3,4 милиони евра, додека пак извозот се зголемил за 11% на 3,1 милиони евра. Добивката на компанијата изнесува околу 515 илјади евра што е 43% помалку од лани. Компаниите од градежниот сектор прикажаа полоши резултати од работењето отколку лани. Најголемата компанија меѓу нив, Гранит, инкасираше 29,9 милиони евра што е 11% помалку од лани. На домашниот пазар извршени се градежни работи во вредност од 28,2 милиони евра и тоа е речиси четвртина повеќе од лани, меѓутоа, зделките во странство во првите шест месеци изнесуваат 1,8 милиони евра или 84% помалку од истиот период лани. Сепак, билансот на успех на Гранит покажува добивка за овој период од 3,5 милиони евра, 10% поголема од лани. Скопски Бетон пак, оствари 5% повисоки приходи од 19,7 милиони евра, сите остварени на домашниот пазар. Добивката на компанијата изнесува околу 700 илјади евра, 14% повеќе од лани. Бетон Штип прикажа за 16% помали приходи од 4,5 милиони евра, додека пак добивката е намалена за дури 93% на околу 32 илјади евра. Од компаниите производители на градежни материјали, Цементарница Усје оствари приходи од 29,2 милиони евра но споредено со лани тие се помали за 9%. Компанијата прикажа добивка од 8,4 милиони евра, за третина пониска од лани. Мермерен Комбинат Прилеп инкасираше 7,5 милиони евра приходи што е за 19% помалку отколку лани и речиси сите приходи на компанијата доаѓаат од извоз. Добивката изнесува 2,5 милиони евра, 30% помалку од лани. Уште една компанија од овој сектор, која што произведува градежни материјали, Адинг ги зголеми приходите од работењето. Од извештајот на компанијата може да се види дека приходите во првото полугодие изнесуваат 2,7 милиони евра и се за 15% поголеми од лани. Од нив, 1,7 милиони евра се инкасирани од продажби на

окт.

ноем.

дек.

јан.

фев.

март

апр. 2015

мај

јуни

јули

5,7%

е поголемо производството на метали во првите седум месеци годинава споредено со лани

домашниот пазар и околу еден милион евра од извоз. Н а ј го л ем д е л о д ком п а н и и те о д прехранбената индустрија пак, прикажаа поголеми продажби од лани. Меѓу нив, највисоки приходи оствари компанијата од месната индустрија Пекабеско, со 25,3 милиони евра што е 18% повеќе од лани. Од нив, дури 22,8 милиони евра доаѓаат од продажбите во домашните супермаркети. Компанијата во полугодишниот биланс на успех прикажа добивка од 585 илјади евра, што е 6% помалку од лани. Витаминка од Прилеп забележа мало намалување на приходите од 2% и после првите шест месеци инкасираше 12,9 милиони евра. Извозот на производите на Витаминка е зголемен за 9%, додека пак на домашниот пазар продадени се производи во вредност од 6,7 милиони евра, 10% помалку од лани. Добивката на компанијата изнесува околу 700 илјади евра.

Компанијата која што исто така произведува кондиторски производи, Европа, продаде 10% повеќе од лани и со тоа оствари приходи од 5,6 милиони евра. Извозот на компанијата е зголемен за 14% со што се наплатени вкупно 2,9 милиони евра, додека пак на домашниот пазар продажбите изнесуваат 2,7 милиони евра, 6% повеќе од лани. Жито Лукс од продажба на леб и бели печива оствари приходи од 9,1 милиони евра, само 1% повеќе од лани. Од земјоделските комбинати, Пелагонија оствари приходи од 7,1 милиони евра кои што се зголемени за дури 79% во однос на лани, додека пак Оранжерии Хамзали има пад на приходите за една година од 22%, на 3,4 милиони евра. Прилепска пиварница ги зголеми приходите од продажба за 10% во првата половина од годината и изнесуваат 11,4 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар се зголемила за 8%, додека пак извозот во

Статистика: Седум од десетте најголеми со пониски приходи



ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!

СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156

Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

27 истиот период е тројно зголемен. Прилепска пиварница остварила добивка од 1,85 милиони евра што е речиси два и пол пати поголема отколку истиот период лани. Пелистерка, пак, инкасираше 9% помалку приходи од продажба, односно 3,6 милиони евра. На домашниот пазар продажбата се намалила за 8%, додека пак извозот за дури 28%. Винарницата Сковин оствари приходи од 1,7 милиони евра, што се за 34% помалку од лани, додека пак Тиквеш во истиот период инкасираше 8,2 милиони евра, 14% повеќе од лани.

Банкарите како алхемичари

Не секому не му оди бизнисот годинава. Банкарите во првата половина од годината остварија добивка од 33,3 милиони евра што е за дури 78,8% поголема отколку во истиот период лани. Најновите податоци од Народната банка покажуваат дека профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот на банкарскиот сектор после првите шест месеци годинава достигна 9,4% што е највисоко ниво од 2008 година наваму. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор во првата половина од годината е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 28,5 милиони евра. Средните банки заработија 6,5 милиони евра, а значително е намалена и загубата на малите банки, од 3,2 милиони евра на само 700 илјади евра. Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што во периодот од јануари до јуни годинава инкасирале 112 милиони евра, што е за 10,7 милиони евра повеќе отколку лани. Зголемени се и приходите од провизии и надоместоци при што се наплатени 34 милиони евра , додека од капитална добивка остварена од продажба на средства се инкасирани речиси 7 милиони евра. По одделни банки, од оние што досега ги објавија полугодишните финансиски извештаи, најголема добивка оствари Стопанска банка од околу 18 милиони евра, што е 34,9% повеќе отколку лани. Но ако се спореди со лани, најголем успех оствари Охридска банка која прикажа двојно поголема добивка, од 4,2 милиони евра и влезе во групата големи банки. Билансот на успех на НЛБ Тутунска банка

1,8%

порасна производството на облека во истиот период

покажува добивка од 8,3 милиони евра што е 44,3% поголема од лани. Единствено Комерцијална банка од големата четворка после првите шест месеци годинава прикажа загуба од 2,95 милиони евра. Од средните банки, ТТК банка ја надмина загубата од лани и во првата половина од годината прикажа добивка од околу 50 илјади евра. Загубата од лани ја намали и Стопанска банка Битола, од околу 1 милион евра на 215 илјади евра. Банките во земјава се меѓу ретките компании што останаа имуни на економската криза во последните неколку години. Тие постојано работат со добивка, а нивната профитабилност од година в година се повеќе расте.

Сите надежи во последниот квартал

Анкетата на Државниот завод за статистика покажува дека обезбеденоста на производството со нарачки во јули во споредба со претходниот месец била подобра, меѓутоа сепак индустриското производство во тој период се намали за 2,7% на годишно ниво. Очекувањата на бизнисмените се вперени во последните

три месеци од годината, кога вообичаено се динамизира економската активност. Потпретседателот на Стопанската комора, Горан Рафајловски, вели дека е нереално да се очекува дека во следните месеци ќе се зголемат нарачките од странство и дека домашните компании одеднаш ќе почнат да извезуваат повеќе. „Нашиот најголем трговски партнер, Германија, се соочува со проблеми, гледаме дека се ревидираат кон понегативни проценките за економскиот раст и производството таму, што значи дека нема основа да се надеваме дека извозот од Македонија ќе расте. Тоа е клучно бидејќи околу 40% од се што извезуваме оди во Германија. Од друга страна, добивме уште еден сиромашен сосед кој што не може да реши финансиските проблеми и иако извозот во Грција веќе е незначителен, не може да се надеваме ниту дека може да продаваме нешто повеќе таму“, вели Горан Рафајловски, потпретседател на Стопанската комора. Дека нарачките од Германија се намалуваат потврдува и генералниот директор на компанијата Факом, Златко Симоновски.


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

28

анализа

„Во последно време се чувствува дека германската економија стагнира. Најголем дел од инвестициите таму се одложуваат и поради тоа се помалку нарачки добиваме за извоз на германскиот пазар. Но во исто време, се отворија некои нови пазари. На пример, склучивме договор за извоз на челични конструкции во Хрватска за тамошната бродоградба за следните 15 месеци. Соработуваме со 9 бродоградилишта во Италија, а правиме

конструкции за ролеркостери во неколку земји како Холандија, Полска, Англија, Мексико. Од друга страна, нема никакви активности на домашниот пазар. Обемот на работа не е намален, меѓутоа навистина ова се турбулентни времиња и не можам со сигурност да кажам дека последните неколку месеци од годината ќе бидат значително подобри“, вели Симоновски. Кога станува збор за челичната индустрија, генералниот директор на Макстил, Иван

Бановски вели дека пазарните услови се крајно неповолни и сосема неизвесно е обезбедувањето нарачки за следниот период. „Проблемите со пласманот, особено на пазарите на земјите членки на ЕУ се силно изразени, дополнително на тоа се и сезонските осцилации, особено каракте-ристични за летниот период. Голема е неизвесноста во поглед на обезбедувањето на нарачки за целосно искористување на капацитетите во догледен период. Ваквите состојби во континуитет се одржуваат веќе седма година. Најлошо од се е што не постои еластичност на побарувачката во зависност од цената, туку побарувачката е на историски најниско рамниште“, оценува Бановски додавајќи дека во наредниот период работењето ќе биде дисконтинуирано, во помали производни кампањи со осетно влијание на трошоците и на очекуваниот деловен резултат. Од менаџментот на компанијата Витаминка велат дека продажбата на странските пазари е неизвесна пред се поради засилување на конкуренцијата во одредени земји, а извозот во Грција е на стенд бај поради продлабочувањето на кризата таму. „Ако на крајот на годината резултатот е барем ист како лани, ќе кажеме дека сме оствариле успех во услови на внатрешна политичка криза и глобални тектонски пореметувања на пазарите“, вели Љупчо Велевски, директор за извоз во Витаминка. Претседателот на Бордот на директори на Брако, Кочо Анѓушев, вели дека бизнис климата од почетокот на годината е нарушена и поради тоа, тешко се склучуваат договори за извоз на нови пазари или за нови клиенти, но тој вели дека сепак после првите шест месеци бележи пораст на извозот за 7%. „Како последица на политичката нестабилност странските партнери се воздржуваат да склучуваат договори за соработка. Ние имаме нарачки за производство но од стандардните партнери кај кои што сме стекнале доверба во изминатите години. Кога преговарате со нови клиенти, тие ве дефинираат ка ко р из ич н и п а рт н ер и и во тој случај тешко се д о г о в а р а с о р а б о т к а “, вели Анѓушев. nnn


+ ...ПРЕКУ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИЗВОЗНИ ПРОЕКТИ, ПРОЕКТНИ ИНТЕГРАЦИИ, И БАРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИЗВОЗЕН НАСТАП НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ ДО СОЗДАВАЊЕ СИЛНИ РЕГИОНАЛНИ КОМПАНИИ... 6 -ти БИЗНИС ФОРУМ / 1 Oктомври 2015 / Македонски Народен Театар Скопје

АГЕНДА

Почитувани, ...Партнери и пријатели на Бизнис плус и Капитал Медиа Гроуп, деловни луѓе, претприемачи, инвеститори, основачи, покренувачи, мисловни луѓе, интелектуалци, Сопственици извршни директори, креатори на нови бизнис стартапи...

 Преку нови инвестиции во извозни проекти, нови компании, проектни поврзувања и интеграции, и барање можности за заеднички извозен продор на светските пазари, до создавање силни регионални компании. (каде грешиме и што е потребно)

Ние, Капитал од Скопје, Финанце од Љубљана, Ослобоџење од Сараево, Привредни вјесник од Загреб, Вијести од Црна Гора и Нови Магазин од Србија, Ве каниме на 6-ата (шестата) бизнис конференција на деловните компании кои го основаа Регионалниот деловен и бизнис клуб на Бизнис плус. Годинава таа се одржува во Скопје (Република Македонија).

 Успешни поврзувања, конкретни реализирани проекти со примери, и примери на иновации ... Транспорт, логистика, инфраструктура и комуникации. Имаме ли балкански рути на развојот? Колку сме поврзани? Финансирање на градежни проекти за инфраструктура. Можеме ли да се интегрираме и да настапиме пред европските фондови?  Производството на храна, дистрибуција и трговијата, и агроиндустријата како простор за интеграција и влез на светските пазари. Индустрија со огромни можности.

Очекуваме над 300 директори, сопственици и претседатели на управни одбори од целиот регион (балкански и југоисточна европа).

 Турција – деловна дестинација за сите нас во регионот. Прилика за повеќе инвестиции и трговија.

Досега се одржани пет конференции: Загреб, Сараево, Будва, Белград, Мостар. Овие форуми беа посетени од над илјада компании и инвеститори од целиот регион и од светот...

 Посебен лидерски панел на успешните од регионот...

Прием по повод 15 години од основањето на Капитал. лица за контакт:

Gradient

Гордана Михајловска / тел. +389 2 3298 505 / моб. +389 70 346 376 / gordana.mihajlovska@kapital.mk Љупчо Зиков / ljupco.zikov@kapital.mk C30 C40 C40 C60 C30 M0

M0

M0

M0

M0

C100 M80 Y0 K15

C100 M70 Y0 K0

C100 M40 Y0 K0

Y100 Y100 Y100 Y100 Y100 Повеќе детали за конференцијата можете да најдете на: K0 K0 K0 K0 K0 www.kapital.mk www.biznis-plus.com Gradient 2

C100 M40 Y0 K0

C100 M70 Y0 K0

поддржувачи на форумот:

PANTONE 286 C

големи партнери на Бизнис плус:

C64 M0 Y100 K0


Капитал број 828 11.09.2015

30

www.kapital.mk

туризам

Успешните менаџери во туризмот советуваат:

Како да го наполните вашиот хотел во текот на целата година? Најинтензивна можна соработка со туристичките агенции, хотелска услуга без никаков простор за грешка, крајна флексибилност на цените во и вон сезона, секојдневна иновативност за анимирање на гостите во и вон хотелот, организирано настапување на хотелиерите и вршење притисок врз властите за подобра инфраструктура и подобри услови за туристите вон хотелите. Ова се само дел од факторите кои хотелиерите ги сметаат клучни за постигнување на крајната цел односно работење на хотелите во текот на целата година.

Непобитен факт:

Туристичките агенци


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

31

В пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Во услови кога должината на туристичката сезона во Македонија се повеќе се скратува и во ситуација кога шпицот на истата се сведува само на неколку викенди, во земјава постојат и хотели кои успеваат да работат во текот на целата година и да одржат добар дел од капацитетите исполнет. Со оглед дека оваа вештина е на голема цена во туризмот насекаде во светот, решивме да контактираме дел од поуспешните менаџери во хотелиерството за тие самите да ни кажат како успеваат во тоа. Помеѓу останатите ситни и крупни потези

кои ги влечеле со годините тие ги посочуваат најинтензивната можна соработка со туристичките агенции, хотелска услуга без никаков простор за грешка, огромна флексибилност на цените во и вон сезона, секојдневната иновативност за анимирање на гостите во и вон хотелот, организирано настапување на хотелиерите и вршење притисок врз властите за подобра инфраструктура и подобри услови за туристите вон хотелите.....

Направете бизнис план за дванаесет, а не за три месеци

Претседателот на ХОТАМ и сопственик на хотелот Дрим од Струга- Крис Блажески смета дека бизнис планот на најголем дел од македонските хотели со децении е несоодветно поставен. Според него, тотално погрешно воопшто да се размислува дека еден хотел може да опстане само од висока и евентуално средната сезона, а целосно да ја занемарува ниската сезона. „Треба да сфатиме дека во туризмот имаме висока, средна и ниска сезона. Многу од нас се стремат ниската да ја прескокнат. Тоа не е можно. Бидејќи тоа го има и во Дубровник и во Будва , цела Грција, а богами и секаде во светот. Едноставно треба да се знае дека еден хотел од високата сезона евентуално може само да преживее, а не да прави екстра профити кои евентуално

Беспрекорноста во понудата и услугата е нешто за кое не се дискутира во модерниот светски туризам. Тоа едноставно мора да го има, а хотелиерите треба да се посветат во иновирање на останатите содржини за анимирање на гостите.

би му гарантирале понатамошен развој“, објаснува Блажески. Според него, ваквата поставеност на хотелите прави пречки и во нивното техничко функционирање. „За работа од неколку месеци тешко е да се дојде и до соодветен и сериозен кадар. Кој е тој квалитетен менаџер или квалитетен работник кој би сакал да биде вработен само четири месеци, а останатите да не знае што да прави. Затоа, прво начело на секој хотелиер треба да биде како да го одржи хотелот полн или делумно полн и во ниската сезона. Кај нас е створена фама дека тоа е невозможно. Јас напротив сметам дека е апсолутно возможно и исплатливо, и дека сите треба да се стремиме да го постигнеме тоа“, вели Блажески. Хотелиерите имаат и конкретни предлози и искуства како тоа да се постигне.

Мора да најдете начин да се наметнете кај агенциите

„Менаџер на хотел кој сака да живее од ненамерници во денешно време си потпишал карта за сигурен неуспех“. Вака дел од хотелиерите го коментираат основното начело кое е неопходно за снаоѓање во денешното современо хотелиерство. Според нив, клучот не само на успехот туку и на опстојот на еден современ хотел денеска е во соработката

ии никако не можат да се заобиколат


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

32

туризам

Т Крис Блажески

сопственик на хотел Дрим Струга

реба да сфатиме дека во туризмот имаме висока, средна и ниска сезона. Многу од нас се стремат ниската да ја прескокнат. Тоа не е можно. Бидејќи тоа го има и во Дубровник и во Будва , цела Грција, а богами и секаде во светот. Едноставно треба да се знае дека еден хотел од високата сезона евентуално може само да преживее, а не да прави екстра профити кои евентуално би му гарантирале понатамошен развој.

со големите, но и со помалите туристички агенции. Според Даниела Христова, менаџер во хотелот Тино од Охрид се што направил овој хотел во поглед на зголемување на бројот на гости како во, така и вон сезоната е поврзано со добрата соработка со агенциите. „Во соработката со тур операторите вложуваме навистина голема енергија. Тоа вклучува повеќе годишна активност по големите туристички саеми. После тоа директни маил, телефонски, па и тет а тет контакти со сите можни агенции до кои сме можеле да стапиме. Нормално, после некое време правите избор на агенциите со кои сакате да соработувате. Покрај нивната веродостојност најмногу се цени и нивниот однос со туристите. Односно она што им го нудат надвор од хотелот во рамките на истиот аранжман што ги прави гостите дополнително задоволни и потенцијално ги враќа назад во нашиот град и хотел уште неколку пати“, раскажува Христова. Христова на ова додава дека ако хотелите се пребирливи кон агенциите со кои соработуваат многу поголема е пребирливоста во спротивна насока. „Токму поради ова најважната работа која важела во хотелиерството пред сто години, а важи и сега е добрата или поточно кажано идеалната услуга која еден хотел може да им ја понуди на гостите. Значи агенциите немаат многу време да анализираат зошто вие сте направиле грешка или зошто еден од нивни илјада гости кои дошле кај вас не бил задоволен. На така изоштрена понуда тие веднаш ќе си најдат друг хотел. Затоа недозволиво е да правите и наједноставни грешки. Хотелот без разлика дали е мал или голем мора да работи максимално професионално во секоја насока“, вели Христова.

На вашиот хотел му треба постојана иновативност

Во врска со оваа проблематика одговор побаравме и од туристичката агенција Компас, една од ретките во Македонија која е посветена на влезниот туризам, односно носење групи странски туристи во земјава.

Според нивното долгогодишно искуство сезоната може да се продолжи единствено со понуда на различни содржини од страна на угостителите. Но, од таму со жалење констатираат дека во многу малку хотели во Македонија може да се најдат придружни содржини од типот на дополнителни

активности, спа-центри, базен и друго. „Тоа е сосема мал дел од хотелите кои имаат некаква визија всушност, што треба да претставува хотелот. Македонија не е Турција, која нуди луксузен туризам од хотели со најразлични содржини. Немаме море, немаме Ајфелова кула, Биг Бен,

Што нудат хотелите на Блед во текот на целата година?

Б

изнис, политички и научни обуки, касина, ноќни клубови, веслачки регати, организирано искачување на Триглав со спиење во луксузен планинарски дом, организирани тури до најблиските скијачки центри, организирани тури до најдобрите спустови за летање со параглајдери...... Се само дел од долгата листа која успеавме да ја детектираме помеѓу бројните понуди на хотелите во регионот на Бледското езеро. Не треба да се биде премногу паметен за да се сфати зошто со ваква понуда туристите на Блед не доаѓаат само во сончевиот летен период, туку и во текот на целата година. Според познавачи на состојбите во тој регион, таму со децении веќе е создаден функционален врзан круг на хотелите со другите даватели на туристички услуги кој взаемно функционира во текот на целата сезона. Тие додаваат дека лесно им е на оние кои работат со алтернативен туризам успешно да работат во текот на целата година кога знаат дека имаат постојат прилив на гости од хотелите. Истото функционира и во обратна насока најголем дел од гостите во хотелите вон сезоната доаѓаат поради дополнителните атракции од алтернативниот туризам кои ги нудат приватниците.

совет: Мора да сте иновативни во хотелското работење



Рок за пријавување: 11 септември 2015

Еднодневна обука за реторика и јавен настап:

Како до успешен говор и јавен настап? (Обуката ќе се реализира со примена на современи техники и алатки за реторика и јавен настап) l 15 септември 2015 година (вторник) l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје Колку е важна умешноста на добар говор, најдобро знаат оние кои поради недостаток на таа вештина изгубиле важни деловни прилики или биле поразени од лице кое добро ги владее тие вештини. Кога веќе мораме да комуницираме зoшто тоа не го правиме на најдобар начин? Не е можно да се сокриете од јавното говорење. Никој не е роден како сјаен говорник. Научете како со зборoви се достигнува до сјајни предизвици. Вашите зборови може да инспирираат, да создаваат и да уништуваат. Прифатете го предизвикот и научете како да зборувате добро. Можете и да уживате во сето тоа! Основна цел на обуката е на неконвенционален начин, со примена на посебни техники на предавање и вежби учесниците да ги совладаат техниките на говорење, да ги научат пораките на говорот на телото и да ја контролираат тремата или стравот од јавен настап.

Содржина на обуката:

Значење и корист од реториката; поимот говор; видови на говор (подготвен говор, импровизиран говор); подготовка на говор (избор на тема и предмет, претставување на проблем, елементи на говорот, аргументирање, заклучок, користење на реквизити, вежбање на говор, држење на говор, слушање на говори - примери од говори на познати личности, вежби со импровизиран и подготвен говор); особини на добар говор; карактеристики на добар говорник; говорнички стил; страв од јавен настап и говор; трема од јавен настап и говор; невербална комуникација, аудиториум; реториски шумови; како и најголеми недостатоци и грешки во јавниот настап

Предавач:

Доцент д-р Aлександра Србиновска-Дончевски професор на ФОН Универзитетот

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

35 канали како Венеција или Таџ Махал како Индија, но имаме прекрасни природни убавини, еколошка средина, се уште неистражена и неоткриена. Хотелите во соработка со агенциите имаат што да понудат како екстра-содржини во нивните услуги, но во нашето секојдневие каде што секој кревет е важно да биде полн, каде што поддршката на државата се сведува на минимум во областа на туризмот, хотелиерите се борат да го задржат и овој стандард кој го имаат и да успеат да не ги затворат вратите“, велат од туристичката агенција Компас.

Цените мора да се флексибилни. Вие зависите од пазарот, а не обратно!

Според експертите, една од стартните предности кои ја имаат поголемите соседни туристички дестинации пред Охрид е видливата неколкукратна разлика во цените на сместувањето за време и надвор од туристичката сезона. Ова освен со помали амплитуди никогаш не било случај во Охрид. Професорот Стојан Велковски од Факултетот за туризам во Охрид овој феномен го објаснува како директна последица на целосно незаокружениот концепт на Охрид како вистинска туристичка дестинација. „Сите се согласуваме дека цените треба да се намалат надвор од сезоната како што е во сите туристички места каде цените вон сезона се пониски минимум 50%. Мислам дека и охридските хотелиери се свесни за тоа. Проблемот е што едно е поврзано со друго и Охрид со досегашните капацитети не може да привлече масовен вон сезонски туризам, а без полни капацитети спуштањето на цените на минимум може да значи и поголема загуба. Така да се треба да се прави паралелно и координирано“, тврди Велковски

Направете го вашиот хотел познат барем по еден крупен настан во текот на годината

Во светот има илјадници суперлуксузни хотели кои на овој или оној начин привлекуваат туристи. Но само мал дел од нив се светски познати, а грото од нив станале такви според големите настани на кои биле домаќини. Точно е дека не може секој хотел да биде Мажестик во Кан и да биде домаќин на најпознатите светски актери, па ниту Бернардин во Порторож како најпознат балкански конгресен центар но факт е дека и во Македонија постојат настани кои се препознатливи и кои можат на вашиот хотел да му дадат афирмација и многу поголема популарноста. „Кај организирањето на големите настани не станува збор само за профитот кој ќе го направите во текот на еден ден или викенд. Повеќе треба да се гледа на подолгорочниот ефект. Обичен тим билдинг на една поголема компанија може во остатокот од година теоретски приватно да ви ги донеси на гости најголем дел од вработените на таа компанија. Да не зборувам за импактот кој би го имал еден избор за мис или пак поголем настан од меѓународни размери. Затоа хотелиерите

Потребна е формална или неформална корелација помеѓу хотелите и сите останати понудувачи на услуги поврзани со туризмот. Секоја наредна година мора да се иновираат нови и се поиновативни услуги

треба да се трудат да бидат домаќини на што повеќе познати или непознати настани. Не е се само во моменталниот профит и исплатливост, хотелиерството сепак е долгорочен бизнис“, велат познавачите кои ги консултиравме на оваа тема.

Хотелиерите мора заеднички да се борат за стратешки проекти

Според Крис Блажески, хотелиерите заеднички постојано мора да се залагаат за проекти кои не се во нивна надлежност, а можат сериозно да им ја продолжат туристичката сезона.

„Таков проект е секако продолжување на чартер летовите од шест месеци на девет или пак на цела година. Таква најава сега имаме за линијата кон Лондон и сметаме дека тоа позитивно ќе се одрази на целото угостителство на охридското крајбрежје. Треба да се залагаме истото да го постигнеме и со останатите чартер линии. Ние знаеме дека имаме што да им понудиме на туристите и во зимскиот период, тоа веројатно го знаат и туристите но не вреди тоа ништо ако тие не можа да дојдат до тука “ nnn


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

36

Екслузивно Лешек Балцерович, кој сега е угледен професор на Варшавската школа, важи за архитект на трансформацијата на Полска од комунизам во капитализам. Балчеровиц, oд позицијата на вицепермиер и министер за финансии во 1989 спроведувал „шок терапија“ за да се справи со хиперинфлацијата и од плански водена да создаде современа пазарна економија целосно ослободена од шепите на државата. Високите стапки на економски раст што и во време на економска криза ги остварува Полска се доказ дека тој добро си ја завршил работата. Во интервју за Капитал, тој зборува за тоа што треба една држава да направи за да изгради стабилни темели за економски развој. „Државата е лош менаџер“, вели Балцерович и додава дека „ независноста на државните институции и администрацијата од политичките партии е клучна, бидејќи кога државата е окупирана од една политичка партија демократијата ја снемува и тоа вообичаено се одразува лошо на економијата“.

Лешек Балцерович професор на Варшавска економска школа и архитект на полската економска транзиција од комунизам во пазарна економија

Сиромаштијата не се искоренува со прогресивен данок, туку со отворање нови работни места!

Балцерович: Европските фондови нема да ви по


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

37

Г разговара:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

XX Г-не Balcerowicz, колку тешките реформи што ги спроведувавте во периодот на трансформацијата на Полска во пост комунизмот се заслужни што земјата е единствена во Европа што остана имуна на економската криза и не падна во рецесија? Нашето искуство покажа дека што повеќе реформи спроведете за владеење на правото и создавање пазарна економија, толку повисок економски раст ќе продуцирате. Тоа го докажа не само Полска, туку и Балтичките земји. Како што спомнавте, успеавме да избегнеме рецесија во последните 25 години а главната причина за тоа е конзервативната монетарна политика што мислам дека е добра страна и на македонската економија. Ниската инфлација е добра основа за раст на економијата но таа бара поголема фискална дисциплина во трошењето на парите од државниот буџет.

Кога партијата ја окупира државата и институциите, нема ни демократија ни економски раст XX Македонската економија остварува ниски стапки на економски раст, а после четврт век транзиција се уште се соочува со енормни стапки на невработеност и сиромаштија. Што може архитектот на подемот на полската економија да сподели со нас, какви структурни реформи може да продуцираат побрз економски раст? Не сум експерт за македонската економија и вообичаено немам навика да делам експертски совети за специфични прашања, но гледајќи ги статистичките податоци можам да кажам дека не изгледаат лошо. Кумулативниот економски раст од 2008 година до сега е втор највисок во Европа, после Полска, меѓутоа, мислам дека уште многу треба да се направи. Генерално, земјите од поранешна Југославија настрадаа многу поради војната, а во некои од нив како во Македонија тоа силно се одрази на извозот. Генерални препораки за да се

Генерални препораки за да се забрза економскиот раст би биле стабилен политички систем, независност на државата и нејзините институции од политичките партии бидејќи кога државата е окупирана од една политичка партија демократијата ја снемува и тоа вообичаено се одразува лошо на економијата. Понатаму, земјата треба да биде што поотворена, да се залага за задржување на ниски даноци, но во исто време да ја зајакне контролата на трошењето на народните пари. забрза економскиот раст би биле стабилен политички систем, независност на државата и нејзините институции од политичките партии бидејќи кога државата е окупирана од една политичка партија демократијата ја снемува и тоа вообичаено се одразува лошо на економијата. Понатаму, земјата треба да биде што поотворена, да се залага за задржување на ниски даноци, но во исто време да ја зајакне контролата на трошењето на народните пари. Дел од овие препораки Македонија веќе ги применува но дел се уште не. ММФ во својот најнов извештај ја фали земјата за ниската инфлација и стабилноста на банкарскиот сектор, но предупредуваат на опасности поврзани со фискалната политика, особено на растот на јавниот долг. XX Иако Македонија заврши со процесот на приватизација, меѓународните институции како ММФ, Светска банка, итн., постојано забележуваат за преголемата улога на државата во домашната економија. Кои се вашите клучни препораки за создавање на вистински слободен пазар? Државната сопственост е лоша идеја. Ако има уште компании во државна сопственост би требало да се приватизираат, но тој процес мора да биде транспарентен. Освен тоа, ова прашање е поврзано и со државната регулација. Ако има преголема регулација на пазарот, мора да се преземат мерки за негова дерегулација. Клучно е државните институции и администрацијата да бидат независни од која било политичка партија за да немаат негативно влијание ниту врз економијата ниту врз демократијата. XX Ниту по 24 години од осамостојувањето Македонија не е дел од Европската Унија, а членството се уште се чини далечна иднина. Колку влезот во ЕУ и помогна на Полска и што може Македонија да очекува кога ќе стане дел од европското семејство? Кога почнавме да ги спроведуваме реформите во Полска во втората половина на 1989 година воопшто немаше перспектива дека земјата набрзо ќе биде дел од Европската Унија, но сепак ги спроведовме потребните реформи. Години подоцна кога стана

јасно дека се движиме кон ЕУ, владите кои инаку избегнуваа да прават реформи за да си го задржат рејтингот, знаејќи дека народот ја гледа земјата како дел од ЕУ мораа да продолжат да спроведуваат реформи за членството во европското семејство да стане реалност. Има три основни критериуми што мора една земја да ги исполнува за да се придружи во Унијата, а прво и основно е функционирање на демократијата што подразбира регуларни избори. Ако натпреварот меѓу политичките партии е нефер, односно доминира една партија која ги окупира и медиумите и државните институции, значи дека земјата не ги исполнува основните критериуми за влез во ЕУ. Освен тоа, основни критериуми се и владеење на правото и функционирањето на економијата. Кога станува збор за економијата, Македонија ги исполнува критериумите што ги бара ЕУ, но уште многу реформи мора да се направат за да се исполнат останатите критериуми.

Европските пари мора да се трошат продуктивно XX Од искуство, колку европските фондови може да бидат поттик за компаниите и економијата воопшто? Европските фондови може значително да и помогнат на економијата но мора внимателно да се трошат. Ако ги користите за престижни проекти кои немаат никаква економска смисла, тогаш и нема баш да ви помогнат. Изборот на проектите што ќе се финансираат е најбитен фактор. Најдобро е европските фондови да ги употребите за изградба на инфраструктурата во земјата, за нови патишта, железници или енергетски капацитети. Дури и во Полска, имавме случаи кога финансиравме непрофитни проекти. Од друга страна, европските фондови не се најзначајниот фактор за економскиот раст. Она на што треба да се фокусирате е добра бизнис клима, макроекономска и политичка стабилност. XX Како може Полска и Македонија повеќе да се зближат на економски план? Со кои производи би можеле да ја зголемиме размената меѓу двете земји? Не би можел да кажам кои производи може да ја зголемат трговската размена меѓу

омогнат ако не ги инвестирате парите во развој


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

38

Екслузивно

Македонија и Полска, тоа би требало да го оставиме на претприемачите. Од државата се очекува да ги поттикнува извозниците, но сепак бизнисмените треба да најдат начин како да се пробијат на некој пазар. XX Спроведувајќи ја „шок терапијата“ во Полска одбивте да го следите Кејнз, туку вашата мантра беше „штеди“. Истата дебата е актуелна и денес. Може ли Европа да излезе од кризата после одлуката на ЕЦБ да вбризга 1.100 милијарди евра во економијата до септември 2016 година или сепак сметате дека подобро е „да се стегне ременот“? Во време кога Полска се соочуваше со хиперинфлација, не беше прашање на избор дали ќе го применуваме Кејнз или не. Моравме да го стопираме печатењето пари. Кога имате пожар, мора да го отстраните горивото за да не распламти уште повеќе. Тоа е елементарно. Меѓутоа, се согласувам дека со фискални стимулации не може да се решат долгорочни економски проблеми, туку напротив, само специфични структурни реформи може да бидат решение. Многу земји не ни можат да си дозволат големи фискални стимулации бидејќи веќе премногу должат. Печатењето повеќе пари што почна во Јапонија, па потоа го следеа и САД и Европа, не може да ги реши проблемите ако не се спроведат структурните реформи. Еве го примерот со Грција. Ниедна сума на пари не може да им помогне ако навистина не ја реформираат економијата. Ако подолго време применувате релаксирана монетарна политика ќе се создадат таканаречени балони, што всушност го гледаме во Кина. XX Но дали истата мантра „штеди“ треба да важи и за земјите во развој како Македонија? ММФ на пример сугерира земјите во развој да инвестираат повеќе во изградба на инфраструктурата. Може да инвестираат повеќе но ако заштедите се зголемуваат, а не со печатење поголемо количество пари. Тоа е рецепт што води кон пропаст. Националните заштеди се намалуваат ако дефицитот во буџетот се зголемува, бидејќи тоа значи дека Владата ги троши приватните заштеди. Еден основен чекор за зголемување на инвестициите е да се намали буџетскиот дефицит. Ако Владата се задолжува, тогаш значи одзема од

Сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Тоа се прави преку отворање на нови работни места. Сиромашните нема да станат побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. националните заштеди, а постои голем ризик тие пари да ги потроши за тековни потреби што е катастрофално за развојот на земјата. Помалку развиените земји имаат поголема потреба од инвестиции за креирање на нови работни места и забрзување на економскиот раст, но повторувам никако преку печатење повеќе пари. XX Во еден момент признавате дека не требало да го послушате ММФ кој сугерирал прогресивен данок наместо рамно оданочување. Зошто сметате дека прогресивниот данок е лоша идеја во време кога нееднаквоста меѓу граѓаните расте? ММФ нема јасна позиција околу моделот на оданочување на приходите. На еден начин поддржува прогресивно оданочување, но немаат ништо против и рамниот данок што се применува во неколку земји меѓу кои и Македонија. Мислам дека сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Тоа се прави преку отворање

на нови работни места. Сиромашните нема да станата побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Но, ако приходите на богаташите всушност доаѓаат од нивните врски со властите, тогаш тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста во можностите во едно општество, односно еднакво талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование. XX Какви се вашите очекувања за Балканот? Се прекршуваат ли интересите на САД и Русија во регионот на југоисточна Европа на начин што битно може да ја определи иднината на Македонија и соседите? Не сум експерт за Балканот а ова е всушност политичко прашање. Можам само да кажам дека историјата докажа дека е подобро доколку сте на иста линија со Западот отколку со Русија. Демократијата секогаш пред диктатурата, а слободниот пазар подобро функционира отколку контролираниот. nnn


ИЗВЕСТУВАЊЕ Ве известуваме дека на 18. сесија на Клубот на истражувачи што ќе се одржи на 17 септември 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови: l „Влијанието на даноците во Македонија мерено преку индексот Џини",

автори: Сашо Кожухаров, Владимир Петковски и Наташа Ристовска.

l „Ефектот на кредитите на претпријатијата и домаќинствата врз економскиот раст и динамиката

на реалниот девизен курс: наоди од земјите на ЈИЕ", од авторите: Тијана Анѓелковска, Егзона Хани и Милан Елисковски.

Ве молиме Вашето присуство на 18. сесија на Клубот на истражувачи да го потврдите најдоцна до 15 септември 2015 година на тел. +389 2 3298 505; и електронска пошта: marketing@kapital.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачи е од отворен карактер и подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

ПРИСТИГНА НАЈНОВИОТ МОДЕЛ НА

LENOVO IDEAPAD Z51

IdeaPad Z51-70 WHITE Intel® Core™ i7-5500U Processor 8GB DDR3 1TB 5400rpm 15,6 FHD (1920x1080) + Camera 1M HD AMD TROPO XT2 DDR3L 4G DVD-RW; Card reader; HDMI; 2,3kg JBL stereo speakers with Dolby® DS 1.0 Home Theater ®

цена:

46.490 ден.

INet

IdeaPad Z51-70 BLACK/WHITE Intel® Core™ i5-5200U Processor 8GB DDR3 1TB 5400rpm 15,6 FHD (1920x1080) + Camera 1M HD AMD TROPO XT2 DDR3L 4G DVD-RW; Card reader; HDMI; 2,3kg JBL stereo speakers with Dolby® DS 1.0 Home Theater ®

цена:

Services

ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС

38.990 ден.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: A: Атинска 12 - Скопје E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk T: 02/ 3090.625


Рок за пријавување: 15 септември 2015

Еднодневна обука на тема:

НОВ ЗАКОН ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА l 17 септември 2015 година (четврток) l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје

Неодамна изгласаниот нов Закон за општа управна постапка - ЗОУП овозможува зачувување на традиционалните вредности и добрите страни на стариот ЗОУП, но се овозможува и примена на нови и иновативни технолошки и идејни решенија. Со примената на новиот ЗОУП несомнено ќе се обезбеди побрзи, поедноставни и поефикасни управни постапки. Сето ова ќе доведе до подобра и олеснета комуникација помеѓу странките, односно граѓаните и институциите, со што значително ќе се намалат административните трошоци и ќе се скратат роковите за донесување на актите.

Предавачи:

Експерти од областа на работењето на јавните установи и институции

Содржина на обуката:

l Сличности и разлики помеѓу новиот и стариот ЗОУП. l Општ осврт на Законот за општа управна постапка. uЦели на новиот ЗОУП (транспарентност во управните постапки, зголемување на довербата на граѓаните во јавната администрација, управна пракса ориентирана кон услуги, ефективно и етичко однесување на државните и јавните службеници, подобрување на ефикасност на донесување на управните акти, е-администрација и усогласување на јавната администрација во РМ со стандардите на ЕУ). l Основни начела на новиот ЗОУП. l Надлежност во водење на управната постапка и овластено службено лице. l Комуникација помеѓу јавните органи и странките. l Тек на управната постапка. l Е-администрација - придобивки. l Приказ на жалбената постапка. l Прашања и дискусија.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962



Капитал број 828 11.09.2015

54

www.kapital.mk

политика

И ако пропадне рокот 15-ти септември ...

Хан доаѓа за да порача дека специјалниот обвинител можеби ќе доцни, но ќе стигне Специјален обвинител: Да е ситуиран-отпорен на притисоци


www.kapital.mk

К пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Како и пропаѓањето на секој друг поголем зафат што ветува дека во Македонија може нешто суштински да се смени за да тргнат работите на подобро, и сè поверојатниот неуспех да се избере специјален обвинител во неслучајно поставениот рок со Договорот од Пржино, се објаснува со немањето политичка волја, што засега се покажува дека не може да го смени никаков меѓународен притисок. А зошто во случајов недостасува политичка волја е повеќе од јасно, особено кај позасегнатата страна, онаа што веќе десетта година заборава како е да си во опозиција. Во пресрет на сè поизвесното пробивање на рокот за специјалниот обивинител, странците преку соодветни ликови испраќаат пораки да не се мисли дека „бомбите“ на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се издишани, како што можеби се има впечаток во дел од македонското општество. Порачуваат дека не само специјалниот обвинител, туку и постојниот судски систем по евентуална промена на власта, долго нема да може да здивне од работа по предмети детонирани со „бомбите“. И дека одредени судски спорови ќе отидат и преку границата, ќе станат меѓународни, зашто се поврзани со лица и компании од странство. Приближувањето на рокот од Пржино за избор на специјалниот обвинител - 15 септември, според она што е познато во јавноста, не ги забрзува меѓупартиските преговори. Ова јасно се виде од кажаното на оваа тема од лидерите Никола Груевски и Зоран Заев, во нивните пригодни говори дадени по повод 8-ми септември. Во изјавата на Заев освен неговата (пуста) желба обвинителот да биде избран во рокот - немаше ништо конкретно со што би бил поткрепен покажаниот оптимизам.

Капитал број 828 11.09.2015

55 Шекеринска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ во процесот за избор на специјален обвинител се обидува „да ја натера опозицијата да излезе од процесот, а тие (ВМРО-ДПМНЕ) да не носат вина дека престанале да преговараат“. Заев, пак, рече дека ако до 15-ти септември нема специјален обвинител, нема да биде валиден ниту Договорот од Пржино. Но, на 18-ти во Скопје доаѓа еврокомесарот Хан, за јасно да порача дека и доколку биде пробиен рокот специјален обвинител мора да има, и за целта ќе побара трпение од опозицијата за извесно пролонгирање, и за спас на Договорот „Специјалниот обвинител овие денови ќе се договори, да немате сомнеж, бегање од тоа нема, колку и да е болно за политичките противници, Македонија ќе има специјален обвинител, кој ќе отвори предистражна и истражна постапка за сите криминали коишто се направени сиве овие години наназад од власта“, рече Заев. Премиерот Никола Груевски, иако во моментот кога се обраќаше на свечената академија остануваа уште само седум дена до истекот на рокот за избор на специјалниот обвинител, не спомена ништо за временскиот теснец, туку акцентот го стави на тоа обврската да биде реализирана „онака како што е договорена“. Индицирајќи дека другата страна бара нешто надвор од она што Груевски смета дека е договорено, односно напишано во Договорот од Пржино, тој индиректно ги потврди информациите дека во преговорите со СДСМ уште не е усогласено ниту читањето/значењето на делот од Договорот што се однесува на специјалниот обвинител. „Како е договорено и потпишано, така треба да се реализира, без додавање или одземање. Тој обвинител треба да биде автономен и да има доволен број стручни и технички соработници, истражители и целокупната потребна логистика од човечки ресурски, средства за покривање на трошоците и техничка логистика, во смисла, на канцеларии, возила, и слично. Тој не смее да биде на никаков начин попречуван во неговата работа, ниту пак под внатрешни или надворешни влијанија. Треба чесно да си ја изработи својата работа и да донесе непристрасни одлуки“, рече Груевски. А партиите очигледно допрва ќе треба да ги решаваат сите овие

многу важни прашања што ги наброи Груевски, а поврзани со автономијата на обвинителот - начинот на финансирањето, кадровското екипирање, односот кон другите институции ... Дополнително, во опозициските кругови, на кои најмногу им се брза, сè погласно е барањето за воспоставување специјален суд, без кој, сметаат, би можеле да се изјаловат (при судењето) и најпоткрепените обвиненија на специјалниот обвинител. И на крајот доаѓа најтешкото - да се избере личноста која треба да добие потврда од сите четири партии потписнички на Договорот од Пржино (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА). Потврда, пак, дека многу од работите за специјалниот обвинител немаат добиено ниту груби контури, е тоа што работната група на четирите партии повеќе не се состанува, а медијаторот Питер ван Хоуте поединечно се среќава со претставници на партиите, „за да има попродуктивни разговори“, како што самите признаваат. И доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во Македонија, на 18-ти септември (три дена по истекот на рокот за обвинителот), може да значи пресретнување од страна на странците на кризата што би настанала по неуспехот на партиските преговори. Заев се закани дека ако до 15-ти нема специјален обвинител, ниту Договорот од Пржино нема да биде валиден. Се очекува дека Хан во Скопје ќе се обиде да го пролонгира евентуално пробиениот рок, да побара трпение од опозицијата, за да го одржи во живот Договорот. Одредени медиуми деновиве изглегоа и со тези дека меѓународната заедница нема да го чека доаѓањето на Хан, туку веќе на 14-ти септември странскиот фактор ќе предложи личност за функцијата специјален


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

56

политика

С Осман Кадриу професор

е покажува дека ние не сме кадарни, не сме способни да одговориме на надлежностите што се очекуваат од нас како држава. Како и да е, и да биде поставен од надвор, или од овде, мора да имаме специјален обвинител, за да може да се почне конкретно и суштински разрешувањето на политичката криза.

обвинител, за која секако ќе се обиде да ги убеди партиите дека е најсоодветна; на крајот сепак тие гласаат.

Странците да одредат потесни рамки за обврските на партиите околу специјалниот обвинител

И експертите поради нетранспарентноста на преговорите се во недоумица како ќе се одвиваат работите со специјалниот овинител понатаму. Професорот по правни науки, Осман Кадриу, смета дека роковите од Пржино мора да се почитуваат, за Договорот да продолжи

Г

руевски ќе се обиде да го одолговлече процесот, но од ова нема бегање. Овие состојби мора да се процесуираат и да добијат судска завршница. Без тоа никој повеќе нема да има верба во државата. Не само Маргарита од надвор, туку и Цаца ќе живееме Николовска внатре, во состојба на стрес. судија

да го ужива потребниот кредибилитет без кој не би можел да ги тера страните да ги прават потезите потребни за крајната цел. „Роковите за активностите што произлегуваат од политичкиот Договор од Пржино мора да се почитуваат. Во овој Договор, без никакво сомневање, со најголема тежина и најчувствителна активност е изборот на специјалниот обвинител. Тој треба да се занимава со аспектите што ги отворија емитуваните прислушувани разговори, а тука влегува еден комплекс од кривични дела, за кои постои сомнеж дека се сторени. Ако до 15 септември не биде избран специјалниот обвинител, се доведува во прашање и целиот политички Договор - ќе се опстои ли на него, или ќе се откажат некои од партиципиентите и од другите задолженија што произлегуваат од него“, вели Кадриу. На прашањето што ако рокот биде пробиен, како ќе ре агира меѓународната заедница, тој смета дека е можно и на странец да му биде дадена функцијата специјален обвинител, но, оти најдобро би било личноста да биде од нашите структури. „Сметам дека најдобро решение е специјалниот обвинител да се бира од структурите на нашата држава, а не да се именува од надвор. Но, како што одат работите јас сум песимист дека ќе има политичка волја обвинителот да се именува од нашите с т ру к т у р и . Се ко е именување на личност која е од странство претставува удар врз

суверенитетот на државата. Се покажува дека ние не сме кадарни, не сме способни да одговориме на надлежностите што се очекуваат од нас како држава. Како и да е, и да биде поставен од надвор, или од овде, мора да имаме специјален обвинител, за да може да се почне конкретно и суштински разрешувањето на политичката криза. Зашто политичката криза е недвосмислено условена со правната разврска на сè она што го слушнавме преходниот период, а во кое се смета дека има елементи на кривични дела сторени од конкретни структури од власта“, смета професорот. Тој очекува како се приближува 15септември меѓународната заедница во ваквата ситуација да врши притисок или со тоа што самата ќе назначи личност за функцијата, или ќе одреди потесни рамки за активности и обврски што треба да доведат до избор на специјален обвинител. И поранешниот судија во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, нема дилеми дека специјален обвинител мора да има. „Груевски ќе се обиде да го одолговлече процесот, но од ова нема бегање. Овие состојби мора да се процесуираат и да добијат судска завршница. Без тоа никој повеќе нема да има верба во државата. Не само од надвор, туку и внатре, ќе живееме во состојба на стрес“, вели Николовска. Таа потсетува дека Македонија не е прва земја каде за проблемите што ја кочат државата и што не можат да бидат решени поинаку се прибегнало кон специјален обвинител. „Специјален обвинител има во Италија, во Хрватска, во Романија. Организациски како тоа е поставено во овие држави е друго прашање, но, таму има специјален обвинител за одредени ситуации. Во Романија е за коруптивните дејствија на власта, во Италија за мафијата, во Хрватска е за состојби кои се слични на нашиве, а кој се најпознати по случајот Санадер“, вели судијата, која потенцира дека за да биде успешен проектот, со оглед на сегашната поставеност на обвинителството, специјалниот обвинител треба да биде сосем одвоен, а во неговата работа особено треба да се има предвид доктрината на таканаречениот „обџектив апиаренс“ - и тој од надвор што гледа да нема баш никаков сомнеж во неговата работа. На прашањето кои личности и паѓаат на памет како можни решенија, Николовска ги спомена Стеван Павлески и Јово Трпеновски, кои работеле и како обвинители, и во полицијата, и како адвокати, зашто таа смета дека профилот на специјалниот обвинител треба да се бара во човек што ја знае праксата, ја знае обвинителската и полициската работа, сите постапки. „На личноста која би прифатила да биде специјален обвинител треба многу работи во животот да и се средени, за да биде што помалку подложна на притисоци, да биде што помалку ранлива“, вели таа, објаснувајќи дека тука се мисли оти треба да е ситуиран тој/таа и неговото семејство, да ги има решено станбените прашања, да биде финансиски независен. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

58

Свет бизнис и политика

Доналд Трамп

милијардер, риалити ѕвезда, претседателски кандидат

Шоуто на Трамп засега успева, но далеку е Белата куќа Засега Трамп покажувајќи јазик побрз од умот ги демантира сите оние кои на објавата на неговата кандидатура за претседател на САД само се насмејаа и ја сфатија како уште едно реално шоу. Аналитичарите сметаат дека успехот на милијардерот на анкетите е одраз на незадоволството од актуелните политички елити на чија сметка одат блискоистичните дубиози, економските реформи што не ги чувствуваат обичните граѓани, нефункционалниот Конгрес ...

Трамп: Ќе бидам најдобар претседател за раб


E www.kapital.mk

Ексцентричен, со препознатлива фризура, милијардер, телевизиско лице - би гласел најкраткиот опис на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп. Поради провокативните изјави во кои не внимава на политичката коректност, и поради шоуто што почнува веднаш штом проговори, на почетокот ретко кој ја сфаќаше сериозно неговата кандидатура за наследник на Барак Обама во Белата куќа. Но, во меѓувреме Трамп се искачи на листите со рејтинзи на претенденти за добивање кандидатура за претседател на САД од Републиканската партија. Тој е магнат во бизнисот со недвижнини, а во слободното време се истакнува како риалити ѕвезда. Презимето што му го позајмува на брендот „Трамп“ стои на ресторани, на парфеми, на книги, на голф курсеви, и на што ли уште не. Доналд Трамп во пари „тежи“ повеќе од претседателот на САД, а куќата му е полуксузна од Белата, се пошегува британската BBC откако тој ја објави кандидатурата. „Државата има потреба од навистина голем лидер“, изјави милијардерот и вети дека ако седне во фотељата на Обама ќе ја направи Америка одново моќна. Но, патот до оваа цел Трамп го почна со скандали. Сексистички, расистички, навредливи вакви се описите на неговите изјави, од видот на онаа во која за имигрантите од Мексико рече дека се само криминалци, дилери и силеџии. Од овие причини во републиканскиот табор стравуваат дека однесувањето на Трамп само им олеснува на демократите, односно на неговата опонентка од Демократската партија, Хилари Клинтон. Дел од сопартијците се оградија од неговата кандидатура за претседателските избори во 2016 година. Тој им одговори дека ако не ја добие официјалната номинација на партискиот конгрес во Кливленд (на 18 јули догодина), ќе размисли и можеби ќе настапи како независен кандидат. Последново го носи ризикот за републиканците дека Трамп во таков случај (ако биде независен кандидат, и тоа упорен каков што е) би можел да украде доволен дел од нивните гласови (од нивниот официјален кандидат) за да го турне напред кандидатот на Демократската партија. Како и да е, анкетите засега покажуваат дека неговата практика да го кажува првото нешто што ќе му падне на

Капитал број 828 11.09.2015

59

Милијардерот е најпрепознатлив лик меѓу кандидатите - анкетите покажуваат дека за него не чуле само 1% од Американците, кои знаеме дека се слаби на „селебритис“

памет, без да го помине низ очекуваните „паблик рилејшнс“ филтри, им се допаѓа на не мал број гласачи. Популарноста му расте со секоја изјава што ги возбудува духовите. И со лесните „решенија“ за сложените проблеми што ги предлага. На пример, на прашањето како да се запре напливот од мексикански имигранти, Трамп одговори дека треба да се изгради ѕид на границата што ќе го плати владата на Мексико. И не почувствува потреба да објасни како тоа би се спровело.

Зошто Американците би гласале за претседател кој жените ги нарекува „дебели прасиња и кучиња“?

Еден од најновите скандали што Трамп ги предизвика се случи пред публика од 24 милиони луѓе, во предизборната дебата на која учествуваше заедно со други републикански претенденти за официјална кандидатура на партијата за претседател на САД. Во случајот жртва беше водителката на Fox News, Меган Кели, поради тоа што му поставувала „незгодни“ прашања. Таа го праша зошто гласачите би избрале претседател кој жените ги нарекува „дебели прасиња, кучиња, одвратни животни“, а по дебатата Трамп одговори дека водителката имала „крв

што и излегувала од очите, и од секаде“, што беше сфатено дека се однесува на нејзиното однесување, наводно под влијание на месечниот циклус. Сепак, после ова, милијардерот се обиде да го поправи впечатокот кај понежниот пол, зборувајќи за жените како за „неверојатни“, со кои имал „извонредни“ бизнис релации. Еден од неговите конкуренти за републиканската номинација - сенаторот Линдзи Грем, изјави дека со Трамп шансите неговата партија да се врати во Белата куќа се сериозно намалени. „Тој е автомобил надвор од контрола, а вози кон толпата републиканци. Некој треба да го симне од возилото“, изјави Грем за Washington Post. Републиканците се наоѓаат во неблагодарна ситуација кога не можат отворено да застанат против Трамп, стравувајќи дека ако целосно се оградат или го нападнат ќе ги изгубат неговите симпатизери, а ако остават работите да се одвиваат како досега, ризикот е дека нема да можат да најдат кандидат што би го победил на конгресот на 18 јули. Во случај Трамп да биде демистифициран, да падне, очекувањата се дека со тоа најмногу ќе добие поранешниот гувернер на Флорида и претендент за републиканска номинација, Џеб Буш, кој е прв избор на

ботните места кој Господ го создал


www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

60

Свет бизнис и политика

умереното крило на партијата.

Трамп успева поради револтот на гласачите кон актуелните политички елити

Причините за успехот на Доналд Трамп на анкетите аналитичарите ги бараат на неколку пункта. Сметаат дека добро му поминало тоа што на темата за имиграцијата и дал централно место во неговата платформа. По ова прашање ставовите на Трамп се радикални, но, се покажува дека им се допаѓаат на голем дел од гласачите на републиканците. Друг момент што се смета дека оди во прилог на Трамп е што тој е супер-успешен бизнисмен, и за што смета оти му дава право да ветува дека ќе биде „најдобриот претседател во однос на работните места кој Господ го создал кога и да е“. Милијардерот е, и ќе биде, најпрепознатлив лик меѓу кандидатите - анкетите покажуваат дека за него не чуле само 1% од Американците. А знаеме дека тие (Американците) ги сакаат познатите личности (селебритис). Меѓу причините за неговата популарност и како политичар се наведува и фактот што има чист републикански бекграунд, односно, нема ништо заедничко со старата републиканска елита. Во Трамп можеби се препознаваат оние 84% од републиканците кои според анкетите сметаат дека не се претставени во Вашингтон. „Популарноста на Трамп меѓу републиканците доаѓа од оние сегменти на партијата кои не се задоволни од традиционалните републикански политичари, и од политичарите воопшто. Имиграцијата е тема што ги загрижува. Тие бараат и силна личност, а Трамп е успешен бизнисмен и е познат од индустријата за забава. Со неговите ставови повеќе и се допаѓа на белата популација, отколку на средната и на работничката класа“, вели за софиски Капитал професорот Роберт Шапиро од катедрата за политологија на Универзитетот Колумбија. Професорот од Универзитетот во Охајо слично размислува, барајќи го клучот за прифаќањето на Трамп во насобраното незадоволство кај гласачите. „Очигледно е значително неодобрување за тоа како работи власта во САД,

со нефункционалниот и силно поделен Конгрес, со фрустрациите од развојот на ситуацијата на Блискиот исток, со економијата која не се подобрува доволно за обичните граѓани. Трамп привлекува многу од овие незадоволни луѓе, особено меѓу републиканското гласачко тело. Но, колку и да се високи неговите резултати на анкетите, треба да се има предвид дека тој придоби на своја страна само 20-25% од републиканците, а тоа е околу една третина од потенцијалните избирачи на првичните (партиските) избори. Всушност, Трамп е поддржан од одвај 6% од општеството“, вели Бек. Според него, и според овие податоци, милијардерот е на чело на големата редица републикански кандидати, но тоа не е така гледано во една поширока перспектива. Трамп во овој момент е дури и послаб од некои кандидати од 2012 година, кои на крајот не добија некоја поголема шанса за номинација. „Многу е рано и многу работи може да се случат, како што беше пред четири години. Трамп ја нема поддршката од мнозинството републиканци. Понатаму, малку се и оние во партијата на кои тој им е втор избор. Овие два фактори значајно му го ограничуваат потенцијалот

за понатамошен раст на анкетите“, вели професорот од Универзитетот во Охајо. Како и да е, она што досега го постигна Трамп одредени аналитичари ги потсети на пробивот на крајно десните партии во Европа кои „мешаат популизам и национализам во моќен антиестаблишмент коктел“. Но, бидејќи станува збор за Америка, очекуваат политичката ѕвезда на милијардерот да згаснува ако тој продолжи да зборува без да си дава сметка. Како и да е, досегашните резултатите на Трамп се повеќе од добри за кандидат кого критичарите го нарекуваат „кловн кој не би сакале да седне во претседателската фотеља и да го држи прстот на нуклеарното копче“. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 828 11.09.2015

62

Менаџерска училница Неколку работи кои успешните претприемачи ги прават различни:

Гледаат решение во проблемите 1. „Бизнисот претставува само идеја

која ги прави животите на другите луѓе подобри“, вели Ричард Брансон. Успешните претприемачи постојано смислуваат начин како најдобро да се справат со пречките и предизвиците со кои се соочуваат секојдневно – тие не гледаат проблеми, туку можности. Секој голем претприемач е во постојана потрага по начини за да создадат идеи и решенија за работа. Кога сте подготвени за пазарот, бидете сигурни дека вашето решение ќе се справи со вистинскиот проблем на она место кое сте го таргетирале.

да инвестираат во 2. Продолжуваат одржливи бизнис идеи

Големите претприемачи не знаат за крај. Тие не знаат што е „доволно“. Честопати, трошат помалку отколку што заработуваат или го инвестират профитот во нови потфати, или пак барат подобри начини да работат на истата идеја.

во 3. Инвестираат сопствените вештини

Бизнисот претставува само идеја која ги прави животите на другите луѓе подобри

5 работи кои успешените претприемачи ги прават различни Секој претприемачка приказна е различна и уникатна, но секоја започнува со „некој отпочна нешто“ и сега го живее сонот. Понекогаш излегуваат големи и кога нема да успеат. На којбило начин, тие продолжуваат напред и ја завршуваат работата.

Никогаш нема да згрешите доколку инвестирате во самите себе – и успешните претприемачи го знаат тоа. Претприемачите кои вредат, секоја седмица го инвестираат своето време во она што може да ги направи подобри. Тие знаат да менаџираат со своето слободно време за да ги подобрат вештините и знаењето. Исто така, тие знаат дека вредноста од константно учење е единствениот начин да останат релевантни со секоја промена во бизниссветот.

средства кои 4. Поседуваат можат да ги искомбинираат

Најефикасниот начин за да го заработите богатство е да поседувате дел од компанија со најмногу вредни претприемачи, кои поседуваат добар процент од нивните бизниси. Тие се откажуваат од секој значаен процент од сопственоста и продолжуваат да инвестираат во долготрајни средства кои во иднина ќе им се исплатат.

поигруваат 5. соСисвојата моќ

Успешните претприемачи се концетрирани на она што го знаат најдобро преку „поигрување“ со вашата слабост. Најдобрите претприемачи ги вработуваат некои од најпаметните луѓе во нивната индустрија за да работат на она што не го знаат добро, туку она што мораат. nnn

Совет: Никогаш нема да згрешите ако инвестирате во себе




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.