829 kapital magazin 1

Page 1

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

+ 6 БИЗНИС ФОРУМ 1 oктомври 2015 -ти

Македонски народен театар Скопје

COVER STORY МОНОПОЛИ И КАРТЕЛИ ЈА ГУШАТ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

ПОЛИТИКА INTERVIEW

АНДРЕАС МАИЕРХОФЕР ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ

Единствениот Т бренд ќе ја зацврсти лидерската позиција на Mакедонски Телеком на пазарот

СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЌЕ ОТВОРА ГОЛЕМИ КОРУПЦИСКИ СЛУЧАИ И ОД НЕОБЈАВЕНИ “БОМБИ“?!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

специјален прилог

ЗДРАВЈЕ

СТРЕС

!

НЕ МОЖЕ ДА ГО ПОБЕДИТЕ, НО МОЖЕ ДА ГО КОНТРОЛИРАТЕ!

ФИТНЕС  ВЕЛОСИПЕДИЗАМ  СПА ТРЕТМАНИ...

ШТО СÈ ВИ СТОИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА РЕЛАКСИРАЊЕ ПО НАПОРНИОТ ДЕН?

А: АПИЈ ОТЕР време ПСИХ добростручна е а те Кога бара борбт? ресо да помош во по отив ст пр

Како најуспешните бизнисмени во светот се справуваат со стресот?

ГЛАВНИ ПРИЧИНИ ЗА СТРЕСОТ: Aко не може да ги елиминирате, како да ги менаџирате?

Ко

и забосе најо ги лува паснит е ст пред ња што нездресот –извикува здра ра превви начи ви и енци ни на ја.

Која храна е добра за вас ако имате стресен начин на живот?

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ЗДРАВЈЕ СТРЕСОТ КАКО ТИВОК УБИЕЦ: АКО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ЕЛИМИНИРАТЕ, КАКО МОЖЕ ДА ГО МЕНАЏИРАТЕ?

КОНДОМИНАС: ИГРАЧ ЗА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ БОИ, И ОВДЕ, И ВО ГРЦИЈА БРОЈ 829 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 18 СЕПТЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK



www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

содржина

24 анализа Македонија нема со што да го освои 150

04 08

профил

10

cover story

и пазари 32 Компании Македонските извозни фирми советуваат

капитално

36 Регионален форум ECDL ECDL сертификатот

16 18

Катица Јанева

навигатор

Шести Бизнис форум на Капитал и Бизнис плус Капитал анализира Невидливи монополи и картели ја гушат македонската економија Алармот е вклучен !

милионскиот руски пазар

Како да склучите зделка на саем?

им заштедува време и ресурси на компаниите при вработување

Интервју

Андреас Маиерхофер

3

Монополи Сведочењето на екс разузнавачот Слободан Богоевски во кое тврди дека поранешен премиер и други високи политичари земале мито за да и овозможат на една компанија да остане монопол на пазарот, всушност исфрла на површина длабок дефект на македонската економија. Сосема логично се поставува прашањето, ако ова се случувало и се толерирало со години на телекомуникацискиот пазар, дали истото се случува и се уште се толерира и на другите пазари? XX Стр. 10

Главен извршен директор на македонски Телеком

Единствениот Т бренд ќе ја зацврсти лидерската позиција на Mакедонски Телеком на пазарот

Корупција Покрај редовната агенда што ја има во политичкиот договор, Специјалниот обвинител паралелно со случаите што произлегуваат од објавеното со „бомбите“, неофицијално ќе се зафати и со големи корупциски случаи, слични на Маѓар Телеком, кои досега не излегoa во јавноста. XX Стр. 38

Кондоминас Ако досега грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас во Македонија се доведуваше во врска со дискутабилни бизнис релации со властите, по документот од сведочењето на Слободан Богоевски во Њујорк, јасно е дека нам добро познатиот Грк стана повеќе од сомнителен. XX Стр. 45

10 38 политика Специјалниот обвинител ќе отвора големи корупциски случаи и од необјавени "бомби"?!

40

Балкан бизнис и политика

45

профил

50

IFA 2015

53

специјален прилог

Анализа на Deloitte: 500 најголеми во Средна Европа Димитрис Кондоминас Играч за сите политички бои, и овде, и во Грција Вртоглав раст на резолуциите на „малите“ екрани, IoT визијата станува сè поконкретна

Млеко Без разликата на историската шанса која ни се пружа за освојување на рускиот пазар со млечни производи, македонското млекопроизводство нема капацитет да заземе ниту еден промил од овој огромен пазар. Причините за ваквата состојба лежат во неповолните бизнис услови во кои работат македонските млекарници и секако погрешно поставената стратегија за развој на примарното производство. XX Стр. 24

24

Здравје

n Стресот како тивок убиец n Изедете го стресот! n Најуспешните светски

бизнис лидери и стресот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 17.09.2015


Капитал број 829 18.09.2015

PROFILE 4 ТУРИЗАМ

МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ СПЕЦИЈАЛНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

КОЈА Е КАТИЦА ЈАНЕВА И ШТО ТРЕБА ДА РАБОТИ?

Д

www.kapital.mk

Дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева успеала да одговори на големиот предизвик што е пред неа, ќе биде јасно ако таа и нејзиниот тим станат суперѕвезди за народот и страшила за корумпираните, каква што е сликата за борците против корупцијата во Романија чие најпознато лице е Лаура Ковеши, главен обвинител на Националната дирекција за борба со корупцијата (НДБК) во земјата. За илустрација на тоа кој сè во Романија престана да биде недопирлив откако таму почна вистинската борба со корупцијата, ќе цитираме еден нивен весник: “Министрите осудени за корупција се доволно бројни за да си направат влада во затворот“


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

5 пишува:

Максим Ристески

К

maksim.risteski@kapital.mk

атица Јанева за неполни 24 часа од шеф на Основното јавно обвинителство во Гевгелија стана првиот Специјален обвинител во Македонија проектиран со Договорот од Пржино. Рокот во кој меѓународните посредници во јуриш го совладаа отпорот на домашните преговарачи од четирите партии, кажува многу за намерите на странците и за поддршката што од нив ќе ја добива Јанева. Во вторникот, во раните утрински часови веќе се знаеше името, истиот ден предлогот и Законот за Специјалниот обвинител поминаа во Собранието, Законот авионски му беше испратен во Црна Гора на претседателот Ѓорѓе Иванов на потпис, и петнаесетина минути пред полноќ, за да се запази рокот (15 септември), собраниот Совет на Јавните обвинители ја избра Јанева на функцијата.

најважни факти што треба да се знаат за она што ќе следува наредниот период XX Мандатот на Јанева ќе биде 4 години со право на реизбор. XX Таа ќе се занимава со предмети што произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите, односно од аферите „Пуч“ и „Прислушување“. XX Ниту еден обвинител, меѓу кои и Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, нема право на никаков начин да се меша во работата на Специјалниот обвинител. XX Јанева сама ќе го избере својот тим на соработници и сама ќе изготви финансиски план кој немаат право да го менуваат ниту Министерството за финансии, ниту пак Собранието, ниту Владата ... XX Јавните обвинители во рок од 8 дена ќе треба да го предадат кој било предмет по кој постапуваат за да се одлучи дали предметот спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител. XX Од моментот кога ќе отвори предмет, Јанева има 18 месеци или да покрене обвинение или да ја прекине истрагата, што одредени правни експерти го сметаат за краток рок за целта, со оглед на комплексноста на случаите што се очекуваат. XX Јанева може да побара меѓународна помош и соработка по прашања кои се под нејзина надлежност. XX Платата на Специјалниот јавен обвинител ќе биде 10% пониска од платата на Зврлевски. XX Специјалниот јавен обвинител има обврска секои шест месеци да дава извештај за активностите и работата, со тоа што може да ги изостави материјалите кои ќе оцени дека треба да се чуваат како доверливи. XX Законот за Специјалниот обвинител ќе биде на сила 5 години од денот на усвојувањето, но со 2/3 мнозинство во Собранието може да се продолжи.

Како работи „специјалната“ обвинителка Лаура Ковеши, од која се тресат елитите на Романија

В

о пресрет на периодот кога треба да се докажува специјалната јавна обвинителка во Македонија, КОВЕШИ: Катица Јанева, заедно со нејзиниот Три се важните иден тим што таа рече дека ќе биде претпоставки комплетиран за еден месец и спремен за неопходни за работа, издвоивме неколку факти поврзани постигнување со досегашната работа на нејзината романска колешка, Лаура Ковеши, главен добри резултати обвинител на Националната дирекција за во борбата со борба со корупцијата (НДБК). корупцијата – XX Поранешниот премиер, Адриан на прво место Настасе, е осуден на 4 години независноста на затвор за корупција. обвинителите, на XX Истрагите на НДБК доведоа до 743 второ адекватното осудителни пресуди во 2012 година, законодавство, 1.041 во 2013, над 1.500 во 2014. и на трето XX Над 1.100 актуелни и поранешни ефикасноста државни функционери досега се во истражната судени благодарение на НДБК. дејност на XX Лаура Ковеши за прв човек обвинителите. Во на НДБК беше предложена од Романија никој не тогашниот премиер и министер за правосудство, Трајан Басеску. може да се меша во истрагите – XX Неговиот брат Мирча Басеску по истрага што ја нареди Ковеши ниту претседател, помина во притвор шест месеци по ниту премиер, обвинение за тргување со влијание ниту министер и земање поткуп од 250.000 евра. за правосудство, XX Во затвор заврши и миленичката на ниту главниот Трајан Басеску, Елена Удрја, која е обвинител. поранешен министер за туризам, поранешен пратеник и кандидат за Над 1.000 од претседател. делата завршија XX Главниот импулс за реформите што со носење доведоа до формирањето на НДБК осудителна го даде поранешната министерка пресуда, а за правосудство, познатата Моника само 9% со Маковеј. ослободителна. XX Во Романија е воведена многу тесна компетентност на оваа институција, која се занимава само со корупциски престапи од одредено ниво нагоре. Смислата е да се фатат виновници за десетина дела годишно, но тие навистина да се најголемите.

Продолжува на страна 38


6

Капитал број 829 18.09.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

И

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

WWW.KAPITAL.MK

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

10

денари, заштедете

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

 ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

 ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС

 ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

WWW.KAPITAL.MK

СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

 НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ

INTERVIEW

ГРАДСКО - ПРИЛЕП

70

МИЛИОНИ ЕВРА

 ЕКСПРЕСЕН ПАТ

ОХРИД – ПЕШТАНИ

60

МИЛИОНИ ЕВРА

 ОТКУП НА СТАЖ

НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

50

МИЛИОНИ ЕВРА

 АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА

ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија

ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!

45

МИЛИОНИ ЕВРА

WWW.KAPITAL.MK

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот

БЕТОН ДОБИТНИК НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

евра 200 милиони Од каде пари?

 МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО

ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ

БАНКАРИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ФИРМИ ШТО ЌЕ ГИ КРЕДИТИРААТ

НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК ПАРИ ИМААТ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?  КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ

НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ

ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?

ПОЛИТИКА

12 месечна претплата 4.100 денари

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА

СЕМЕЈНИ КОМПАНИИ

ЗОШТО СЕ ВАЖНА АЛКА ВО РАЗВОЈОТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!

специјален прилог - семејни бизниси

COVER STORY

6 месечна претплата 2.200 денари

COVER STORY

ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...


+ ...ПРЕКУ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИЗВОЗНИ ПРОЕКТИ, ПРОЕКТНИ ИНТЕГРАЦИИ, И БАРАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ИЗВОЗЕН НАСТАП НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ ДО СОЗДАВАЊЕ СИЛНИ РЕГИОНАЛНИ КОМПАНИИ... 6 -ти БИЗНИС ФОРУМ / 1 oктомври 2015 / Македонски народен театар Скопје

АГЕНДА

Почитувани, …Партнери и пријатели на Капитал магазин, деловни луѓе, претприемачи, инвеститори, основачи, покренувачи, мисловни луѓе, интелектуалци, сопственици и извршни директори, креатори на нови бизниси и проекти…

 Преку нови инвестиции во извозни проекти, нови компании, проектни поврзувања и интеграции и барање можности за заедничко извозно продирање на светските пазари до создавање силни регионални компании (каде грешиме и што е потребно?)

Ние: Капитал од Скопје, Финанце од Љубљана, Ослобоџење од Сараево, Привредни вјесник од Загреб, ве покануваме на 6-тата (шестата) бизнис-конференција на деловните компании кои го основаа Регионалниот деловен и бизнис клуб на Бизнис плус. Годинава таа се одржува во Скопје (Република Македонија).

 Успешни поврзувања, конкретни реализирани проекти со примери и примери на иновации…  Транспорт, логистика, инфраструктура и комуникации. Имаме ли балкански рути на развојот? Колку сме поврзани? Финансирање на градежни проекти за инфраструктура. Можеме ли да се интегрираме и да настапиме пред европските фондови?  Производството на храна, дистрибуцијата и трговијата и агроиндустријата како простор за интеграција и влез на светските пазари. Индустрија со огромни можности;

Очекуваме над 300 директори, сопственици и претседатели на управни одбори од целиот регион (Балканот и Југоисточна Европа). Досега се одржани пет конференции во: Загреб, Сараево, Будва, Белград и Мостар. Овие форуми беа посетени од над илјада компании и инвеститори од целиот регион и од светот…

 Турција – деловна дестинација за сите нас во регионот. Можност за повеќе инвестиции и трговија  Посебен лидерски панел на успешните од регионот...

Прием по повод 15 години од основањето на Капитал. лица за контакт: Гордана Михајловска /Gradient тел. +389 2 3298 505 / моб. +389 70 346 376 / gordana.mihajlovska@kapital.mk Љупчо Зиков / ljupco.zikov@kapital.mk C30 C40 C40 C60 C30 Повеќе конференцијата можете да најдете на: M0 M0 M0 детали за M0 M0 Y100 Y100 Y100 Y100 Y100 K0 K0 K0 K0 K0 www.kapital.mk www.biznis-plus.com

Gradient 2

C100 M40 Y0 K0

C100 M70 Y0 K0

C100 M80 Y0 K15

C100 M70 Y0 K0

C100 M40 Y0 K0

поддржувачи на форумот:

официјална вода: PANTONE 286 C

C64 M0 Y100 K0

www.o3.com.mk PRIRODNA MINERALNA VODA N AT U R A L M I N E R A L W AT E R NEGAZIRANA · NON CARBONATED

големи партнери на Бизнис плус:


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА неделата

> БРОЈКА

2,6%

порасна БДП во вториот квартал годинава

Македонија меѓу земјите кои Европа повторно направи будала од себеси. Она што сега го доживуваме со бегалаците ја загрозува Европа многу повеќе од грчката криза

Зигмар Габриел

вицеканцелар на Германија

победник на неделата

С

поред отвореноста на буџетот, односно според количината на информациите кои граѓаните ги имаат за тоа како власта ги троши нивните пари, Македонија се најде на ранг листа полошо рангирана од Авганистан, Руанда и Конго. Македонија во извештајот кој го објави Непрофитната организација Интернешнл Буџет Партнершип (IBP) со седиште во Вашингтон, е рангирана во групата земји кои на граѓаните им обезбедуваат многу малку информации за тоа како се троши

Шести Бизнис фору на Капитал и Бизн

Питер Ванхоуте

+

Белгискиот дипломат Питер Ванхоуте успеа да ги натера македонските лидери да да не се противат на интересот на државата и на граѓаните, што е изборот на Специјалниот јавен обвинител, кому ќе му треба не помала поддршка и понатаму за да ја изврши мисијата - вистинска лустрацијата на самостојна Македонија. Ванхоуте ги разувери и најголемите оптимисти кои сметаа дека има нешто што може да ги натера македонските политичари сами да го стават државниот пред личниот/партискиот интерес. Покажа дека тоа може да се направи само со извонредна доза меѓународен притисок (Ванхоуте на крајот мораше да биде засилен од други дипломати). Белгиецот наспроти сите опструкции успеа да издејствува во рокот (15 септември) да биде избран Специјалниот обвинител, и тоа така што (барем засега) сите страни се задоволни. На Ванхоуте веројатно многу благодарен му е и еврокомесарот Јоханес Хан, кому експертот што ги олеснуваше преговорите меѓу четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, му заштеди многу енергија што ќе ја потрошеше за да издејстува задоцнет избор на Специјален обвинител.

С

Само уште десетина дена нè делат од големиот настан што ќе се случи во Македонскиот народен театар во Скопје. На први октомври Капитал заедно со партнерите од балканската медиумска платформа Бизнис плус го организира Шестиот бизнис форум, кој што ќе собере преку 400 деловни луѓе, претприемачи, инвеститори, основачи, покренувачи, интелектуалци,

сопственици, директори, креатори на нови стартапи, на едно место. Ќе се дискутира за нови инвестиции во извозни проекти, нови компании, проектни поврзувања и интеграции, и барање можности за заеднички извозен продор на светските пазари, до создавање силни регионални компании. Ќе бидат истакнати успешни поврзувања, конкретни реализирани проекти со примери, и примери на иновации. Ќе се осврнеме и на едно од најбитните прашања за развој на економиите – инфраструктурата. Имаме ли балкански рути на развојот? Колку сме поврзани? Можеме ли да се интегрираме и да настапиме пред европските фондови? “Нашата медиумска мрежа силно ја остварува својата поставена мисија .... урна многу бариери и создаде услови за многу деловни контакти меѓу компаниите од Балканот и Југоисточна


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

9

кои кријат како се троши буџетот буџетот. Индексот на отвореност на буџетот за Македонија изнесува 38 од можни 100 бодови. Овој податок покажува дека на граѓаните им се даваат многу малку информации кои би им овозможиле квалитетно да го надгледуваат трошењето на парите кои и ги даваат на државата . Македонија има најлоша оцена во делот на учество на јавноста во подготовка на буџетот, каде е оценета со вредност 6. Македонија бележи значително влошување во делот на отвореноста на буџетот кон граѓаните, посебно ако се спореди со истражувањето од 2008 година.

мисла на неделата

> БРОЈКА

41,7% е стапката на вработеност во вториот квартал годинава

лидери

ум нис плус

Први октомври, Македонски народен театар, Скопје. Одбележете го овој датум во своите календари и спремете си повеќе визитки. Преку 400 бизнис лидери од Балканот и пошироко ќе се соберат на едно место. Капитал и Бизнис Плус го организираат Шестиот регионален бизнис форум.

Европа. За Бизнис плус се зборува, а за неговите конференции и форуми се известува на територијата на Европската Унија и надвор од неа, сè до Турција ...Многу компании преку Бизнис плус се здружија на проекти со кои навлегоа на трети светски пазари. За тие искуства ќе се зборува и на самата конференција во Скопје“, вели Љупчо Зиков, директор и главен уредник на Капитал Медиа Гроуп. Производството на храна, дистрибуција и трговијата, и агробизнисот како простор за интеграција и влез на светските пазари, ќе земе посебно место на конференцијата. Тоа е индустрија со огромни можности. Турција – деловна дестинација за сите нас во регионот. Прилика за повеќе инвестиции и трговија. Ова се клучните на кои што ќе дискутираат, дебатираат и полемизираат бизнис лидерите од регионот, оние што се секојдневни корисници на информациите што ги пласира Бизнис плус преку шесте регионални портали. Истиот ден Капитал ќе прославува 15 години од своето постоење, за што подготвуваме гала коктел за нашите партнери, поддржувачи и пријатели со специјално подготвена програма. Повеќе информации за настанот може да најдете на нашиот веб портал www.kapital.mk и на www.biznis-plus.com nnn

Лидерот на една земја не смее ниту да помисли на одмор се додека неговите граѓани се гладни. Реалноста навистина може да се смени и сите ние сме платени за да го направиме тоа

Дилма Русеф

претседател на Бразил

губитник на неделата

Тим Кук

Изминатата недела во Сан Франциско, Apple ги престави долго очекуваните Iphone6s, IPAD PRO и новиот Apple TV

Елон Маск

Авангардниот бизнисмен интензивира со конкретните проекти за истражување и колонизација на Марс.

не им беше неделата

Реџеп Таип Ердоган

Турција продолжува со нападите врз медиумите. Tурската полиција заплени цел тираж на еден весник поради насловна со Ердоган

Доналд Трамп

Дури 60% од Американците рекле дека не веруваат оти Трамп е квалификуван за претседател на САД, покажува последната рејтинг анкета

_

Виктор Орбан Деновиве Унгарија ја заврши изградбата на оградата на границата со Србија која има за цел да го спречи влезот на мигрантите и бегалците на територија на оваа држава. Според последните официјални информации од оваа држава, дури и голем број на припадници на полицијата се распоредени долж границата да спречат било каков обид нелегално да се премине оградата. Ваквата политика на Орбан го покажува грдото лице на Европа и се она што всушност не треба да биде Унијата, чиј основен темел и право е слобода движење на, меѓу другото, и луѓе. Лошата слика што Орбан ја создаде за Европа не успеаја да ја поправат ниту останатите земји членки кои останаа длабоко поделени во однос на политиката што треба Унијата да ја преземе за справување со мигрантите. Оттука, ваквиот несериозен пристап кон беглаците на ЕУ , не само што ги засилуваат заканите за укинување на Шенген зоната и повторно затворање на стариот континент, туку поттикнува незадоволство меѓу бегалците кое лесно може да прерасне во бес и да создаде целосен неред во Европа.


Капитал број 829 18.09.2015

10

www.kapital.mk

КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА COVER STORY

НЕВИДЛИВИ МОНОПОЛИ И КАРТЕЛИ ЈА ГУШАТ МАКЕДОНСКАТ ЕКОНОМИЈА


www.kapital.mk

ТА

Капитал број 829 18.09.2015

С

11

Сведочењето на екс разузнавачот Слободан Богоевски во кое тврди дека поранешен премиер и други високи политичари земале мито за да и овозможат на една компанија да остане монопол на пазарот, всушност исфрла на површина длабок дефект на македонската економија. И отвора многу дилеми. Сосема логично се поставува прашањето, ако ова се случувало и се толерирало со години на телекомуникацискиот пазар, дали истото се случува и се уште се толерира и на другите пазари? Капитал истражува – имаме ли денес слободен пазар и вистинска конкуренција енергетскиот сектор, телекомуникациите, железничкиот транспорт, поштенските услуги?! Можно ли е истото сценарио од аферата „Телеком“ да го играат и други актери од поновата генерација?!


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

12

cover story

Д

Д

ејностите како телекомуникации, енергетика, железнички транспорт, по својата економска природа не обезбедуваат многу простор за конкуренција преку влез на нови играчи на пазарот (се нарекуваат и природни монополи). Но заради тоа, од клучна важност е регулацијата на овие сектори, со цел да спречи злоупотребата на монополската положба на постојните големи фирми. Регулаторните тела треба да Владимир се независни од регулираните фирми, а што е Филиповски многу важно, независни и од извршната власт, професор на односно од политичките кругови. Имено, во Економски факултет овие сектори постои опасност од поврзување на бизнис интересите и политичките интереси, на кои во крајна линија и не им одговара либерализација на секторите, т.е. отворање на секторите за влез на нови играчи, кои би ја загрозиле доминантната позиција на постојните економско - политички интереси“

С пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Сведочењето на екс разузнавачот Слободан Богоевски во кое тврди дека поранешен премиер и други високи политичари земале мито за да и овозможат на една компанија да остане монопол на пазарот, всушност исфрла на површина длабок дефект на македонската економија. И отвора многу дилеми. Сосема логично се поставува прашањето, ако ова се случувало и се толерирало со години на телекомуникацискиот пазар, дали истото се случува и се уште се толерира и на другите пазари? Капитал истражува – имаме ли денес слободен пазар и вистинска конкуренција енергетскиот сектор, телекомуникациите, железничкиот транспорт, поштенските услуги?! Го играат ли истото сценарио од аферата „Телеком“ и други актери од поновата генерација?! Либерализацијата на пазарот на електрична енергија која требаше да стартува за сите фирми на почетокот на годинава се одложи да почне во средината на следната година со образложение дека ќе го наруши стандардот на граѓаните. Од ЕУ отворено предупредија дека либерализацијата се одложува за да се продолжи монополската позиција на еден голем играч на енергетскиот пазар. На пазарот на снабдувањето со гас и

Лешек Балцеровиќ професор на Варшавската економска школа

топлинска енергија и понатаму доминираат поединечни снабдувачи. Железницата, водоводот и поштенските услуги се исто така под управување на државните претпријатија без најава за нивна либерализација. Некои пазари формално се либерализираа и отворија за конкуренција, но фактички постојат еден куп законски пречки за влез на други фирми на пазарот. Економистите коментираат дека одложувањето на процесот на либерализација на неколку пазари, кој што требаше да обезбеди влез на нови играчи на пазарот покажува дека државата свесно ги штити монополите на штета на граѓаните бидејќи монополската положба на компаниите продуцираше нереално високи цени на производите и услугите од една страна, и слаб квалитет од друга. Наспроти потезите на државата што наидоа на силни критики од Европската унија, Уставот ги гарантира слободниот пазар и конкуренцијата во земјата. Во членот 55 стои дека „се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето”. Професорот од Економскиот факултет, Владимир Филиповски, вели дека дејностите како телекомуникации, енергетика, железнички транспорт, по својата економска природа не обезбедуваат многу простор за конкуренција преку влез на нови играчи на пазарот и тие поради тоа се нарекуваат и природни монополи, но поради тоа тој смета дека од клучна важност е регулацијата на овие сектори, со цел да спречи злоупотребата на монополската положба на постојните големи фирми. „Регулаторните тела треба да се независни

ржавната сопственост е лоша идеја. Ако има уште компании во државна сопственост би требало да се приватизираат, но тој процес мора да биде транспарентен. Освен тоа, ова прашање е поврзано и со државната регулација. Ако има преголема регулација на пазарот, мора да се преземат мерки за негова дерегулација. Клучно е државните институции и администрацијата да бидат независни од која било политичка партија за да немаат негативно влијание ниту врз економијата ниту врз демократијата.

од регулираните фирми, а што е многу важно, независни и од извршната власт, односно од политичките кругови. Во овие сектори постои опасност од поврзување на бизнис интересите и политичките интереси, на кои во крајна линија и не им одговара либерализација на секторите, т.е. отворање на секторите за влез на нови играчи, кои би ја загрозиле доминантната позиција на постојните економско - политички интереси“, коментира Филиповски. Професорот Трајко Славески, пак, вели дека преголемата конкуренција на пазарот може да биде дури и деструктивна бидејќи натпреварот меѓу компаниите може да доведе и до нереално ниски цени на пазарот, неодржливи за опстанок на фирмите. Тој исто така смета дека во такви случаи клучна е регулацијата на пазарот од страна на државата. Дел од економистите пак сугерираат дека е подобро државата да не се меша и да претендира да создаде пазарна економија ослободена од голема регулација. Капитал анализира дали и каква конкуренција постои во клучните економски сектори, кои се секторите кои се заштитени од конкуренција и колку македонските фирми имаат еднакви шанси и можности за водење на бизнис.

Либерализацијата на пазарот на струја одложена до 2020

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија, почна, но беше прекината и одложена пред целосно да се отвори за конкуренција. Според последните измени на Законот, либерализацијата ќе заврши дури во 2020 година до кога се пролонгира целосното отворање на пазарот за струја кое требаше да ги опфати домаќинствата и малите фирми. Се воведоа нови пет фази, од кои првата ќе започне во 2016 година, а целосно либерализиран пазар на електрична енергија Македонија ќе добие дури во 2020 година. Како што објаснија од Владата, одлуката била донесена по спроведени низа анализи и пресметки кои покажале дека доколку


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

13 либерализацијата започне на 1 јануари 2015 година струјата за домаќинствата ќе поскапи за околу 20%. Компаниите снабдувачи со електрична енергија кои што требаше да им доставуваат струја на малите фирми коментираа дека „очигледна е заштита на домашниот енергетски монопол“. Експертите коментираат дека во наредните пет години над 70.000 мали компании во Македонија за струјата што ја трошат ќе платат неколку десетици милиони евра повеќе, со што ќе имаат поголеми трошоци во работењето, помала конкурентност, помалку нови вработувања и поголем ризик за отпуштања. „Сите граѓани во Македонија ќе имаат индиректна штета, затоа што во наредните пет години до кога е пролонгирано либе-рализирањето на пазарот над 70.000 мали компании во Македонија ќе плаќаат поскапа струја за неколку десетици милиони евра повеќе, со што нивните производи ќе бидат поскапи и понедостапни за граѓаните“, коментираат експертите. За илустрација, втората фаза од либерализирањето на пазарот на електрична енергија со која беа опфатени околу 200 големи компании им обезбеди во просек по 20% поевтина струја отколку порано.

Се формира дуопол на пазарот на телекомуникации

Вториот и третиот телекомуникациски оператор по големина, ВИП и ОНЕ, откако добија дозвола да се спојат станаа поголем играч на пазарот од досегашниот лидер Македонски Телеком. Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди дека спојувањето на Оне и Вип ќе доведе до значително нарушување на ефективната конкуренција, а за да им даде дозвола за спојување им нареди тие самите да си обезбедат конкуренција односно влез на нов трет мобилен виртуелен мрежен оператор на пазарот кој ќе нуди услуги од мобилната телефонија најмалку во период од 15 години. До неговото влегување на пазарот, Комисијата забрани менување на цените на услугите на овој пазар.

Конкуренција во железничкиот транспорт дури по влезот во ЕУ

Одложувањето на либерализацијата на железничкиот до влезот на Македонија во ЕУ, значи дека до тогаш јавното претпријатие МЖ Транспорт ќе биде единственото на пазарот што ќе ги обезбедува овие транспортни услуги. Иако Владата пред неколку години тврдеше дека земјата е подготвена да го либерализира железничкиот транспорт, а четири компании од кои две македонски

и две странски покажаа интерес да му конкурираат на јавното претпријатие, сепак неочекувано процесот беше стопиран. Објаснувањето од Владата беше дека одлучиле да остане државниот монопол, бидејќи железничкиот транспорт сè уште не бил подготвен за приватна конкуренција. Поточно, ако влезеле приватни компании, многу вработени во јавното претпријатие кое го управува железничкиот транспорт ќе останеле без работа! Па, затоа е најдобро било либерализацијата да се случи дури откако Македонија ќе стане дел од Европската унија. Тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески изјави дека со одложувањето на либерализацијата го штителе МЖ Транспорт од конкуренција и од нови финансиски проблеми. Фирмите што аплицираа и две години чекаа да им се дозволи влез во товарниот железнички сообраќај беа шокирани од ваквата владина одлука. Меѓу нив беше и државната железничка компанија на Словенија, Словенечки железници, и компанијата Локо транс од Чешка, која отвори и претставништво во Скопје. Експертите исто така коментираат дека монополот на МЖ Транспорт намерно се дозволува, бидејќи секое влегување на приватен оператор, особено на


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

14

cover story

странска поголема компанија, како што се Словенечки железници и Локо транс, ќе значи дополнителен удар на јавното претпријатие, кое со години е во проблеми и тоне во долгови. Менаџерите на компаниите кои ги користат услугите на железничкиот транспорт велат дека ваквата одлука ќе донесе штети за целиот железнички транспорт. Извозниците, кои се директно зависни од железницата, тврдат дека користат најскап, а најбавен железнички транспорт. Цените на товарниот железнички транспорт е дури и 50% поскап споредено со цените во соседството. Според пресметките, доколку влезат приватни оператори, цените на транспортот ќе се намалат во просек за 10% до 15%, а ќе се зголеми и квалитетот на услугите. Бизнисмените се децидни дека без економичен и брз железнички товарен сообраќај тие не можат да обезбедат поголемо производство и поконкурентен извоз. Со тоа македонските компании би добиле поевтин превоз, а нивните производи би станале поконкурентни на странските пазари.

Пошта останува монопол до 2017 година

Државната Македонска пошта и во следните две години ќе има ексклузивно право да доставува писма до 50 грама низ земјава и во странство, во кои најчесто спаѓаат писма, честитки и сметки. Целосната либерализација на поштенскиот пазар во земјава се одложи за 2017 година. Дотогаш приватните компании од оваа дејност нема да смеат да вршат достава на писма, туку само на пратки потешки од 50 грама. Прет ходно беше предвидено дека Македонска пошта во јануари годинава ќе добие конкуренција за доставување на мали пратки. Но, сепак овој рок се продолжи за уште две години. Ова е второ одложување на рокот за либерализација на поштенскиот пазар, кое првично требаше да се случи во почетокот на 2012 година. Но, Владата тогаш реши да го продолжи до 2015 година. Од Министерството за транспорт и врски, кое е предлагач на законот, објаснија дека рокот се продолжува по барање на АД Македонска пошта, во кое Владата е акционер. Од компаниите што се занимаваат со доставување на пратки беа разочарани од владината одлука, коментираа дека државата повторно ги става во подредена

положба во однос на Македонска пошта. „Иако ги исполнуваме сите услови за доставување на сите видови пратки, оневозможени сме да го правиме тоа поради фаворизирањето на Македонска пошта. Има многу компании, кои што бараат од нас доставување на писма наместо од Македонска Пошта, но, ние сме ограничени во тој поглед. Државата треба да го либерализира пазарот, па тој што нуди поквалитетни услуги нека излезе во преден план“, коментираа приватните поштенски оператори. Агенцијата за пошти исто така не се согласи со предложените измени . Надлежните од Агенцијата сметаа дека продолжувањето на рокот за либерализација на поштенскиот пазар нема да донесе ништо позитивно во работењето на Македонска пошта, туку само ќе ги оштети граѓаните. Во мислењето испратено до Владата, директорот на Агенцијата, оцени дека изминатите 12 години Македонска пошта не успеала да го искористи поштенскиот монопол со „резервираната услуга“ за да обезбеди одржлива стабилност. Со оглед на тоа дека Македонска пошта досега не ги искористи придобивките од монополот, Агенцијата смета дека продолжувањето на рокот не значи оти и во следните години компанијата ќе го смени својот настап на пазарот и ќе успее да ја искористи предноста. Дополнително, не се знае каков ефект ќе има одложувањето на либерализацијата врз потенцијалните купувачи на Македонска пошта, која Владата планира да ја приватизира. Но, се знае дека ќе има негативно влијание врз граѓаните, кои и понатаму ќе треба да ги користат монополските услуги на Пошта во овој дел од дејноста. „Укинувањето на резервираната област ќе значи поголема конкуренција и поквалитетни поштенски услуги, што е една од основните цели на постоењето на поштенската легислатива “, сметаат во Агенцијата за пошти.

Пазарот на нафта и гас либерализиран на хартија

Оние кои имаат малку подолго паметење се сеќаваат дека битката за отварање и либерзализација на нафтениот пазар беше многу тешка и траеше многу долго. Европските комесари на глава ни се качија дека мораме да го либерализираме пазарот и да ги смениме законите, кои во пракса обезбедуваа монопол на нафтената рафинерија Окта, кој беше зацементиран

со купопродажниот договор на грчката државна нафтена компанија Хеленик Петролеум. Македонија, како држава дури мораше да плати и казна од неколку десетици милиони евра на грчките газди заради тоа што го прекршила ветениот монопол и донела закони кои дозволуваат влез и на нови играчи на нафтениот пазар. Уште долго потоа, влезот на новите играчи во нафтениот бизнис беше ограничуван со разни уредби и подзаконски акти, детализирани прописи за тоа колку големи складишта треба да има секој оној кој сака да увезува нафтени деривати...Долги години Макпетрол имаше монопол во дистрибуцијата со нафтени деривати, а денес од вкупно 280 бензински станици 124 се во сопственост на Макпетрол. За да влезе некој во трговијата на големо со нафтени деривати се уште е потребна лиценца од Регулаторната комисија за енергетика, додека за влез во трговијата со нафтени деривати на мало не е потребна лиценца. Денес во Македонија има 39 трговци на големо со нафтени деривати. Најголеми играчи во македонскиот нафтен бизнис се Окта, Макпетрол и Лукоил, но на пазарот се присутни и други трговци како Супертрејд, Црна Река, Минка Оил, Пуцко Петро... И покрај поголемиот број на трговци на мало, дилемата која се поставува е колку навистина има конкуренција на овој пазар. Посебно, во периодот кога имаше пад на нафтата на светските берзи, кој не е соодветно следен со намалување на малопродажните цени на нафтените деривати на пазарот. Бизнисот со гас е уште еден сегмент кој е либерализиран на хартија, но во пракса конкуренцијата во овој сектор се уште не е отворен. Според информациите од Регулаторната комисија досега се издадени 29 лиценци, од кои 15 се однесуваат на трговија со природен гас. Но, во делот со преносот на гасот и управување со гасоводниот систем, единствена лиценца има ГА-МА, во која сопственици се јавуваат државата и Макпетрол, кој исто така се јавува и како најголем трговец со гас во земјава. Во 2011 година Макпетрол формираше посебна фирма за трговија со гас-Макпетрол пром гас кој ги снабдува големите тарифни потрошувачи. Заради отсуството на вистинска конкуренција македонските фирми се принудени да плаќаат многу повисоки цени на гас во споредба со нивните западни конкуренти.

nnn



www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

16

Капитално

Алармот е вклучен !

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Странците по се изгледа решиле да ја истераат работата докрај во Македонија, па постои веројатност парите кои Македонија ги добива од надвор да бидат замрзнати и ставени на располагање дури после предвремените изборите закажани за следната година. Ако ова се случи, тогаш тоа би било прв поконкретен и јасен потег на меѓународната заедница дека не се согласува со политика која ја води власта, поточно со начинот на кои се трошат парите од државниот буџет. Тоа би било прво запалување на црвените светла за аларм.

М

Македонија годинава може да се соочи со проблем да обезбеди пари од надвор за поддршка на буџетот. Странците по се изгледа решиле да ја истераат работата докрај во Македонија, па постои веројатност парите кои Македонија ги добива од надвор да бидат замрзнати и ставени на располагање дури после предвремените изборите закажани за следната година. Ако ова се случи, тогаш тоа би било прв поконкретен и јасен потег на меѓународната заедница дека не се согласува со политика која ја води власта, поточно со начинот на кои се трошат парите од државниот буџет. Тоа би било прво запалување на црвените светла за аларм. Досегашната практика со која огромни пари од буџетот се користеа за “одоброволување” на гласачите беше преќутно одобрувана. За проблематичниот начин на кој се трошеа парите од државниот буџет меѓународните финансиски институции досега не зборуваа јавно. Или дури и кога зборува, тоа го правеа во завиена форма, со речник кој не е разбирлив за обичниот народ, или критиката се наоѓа некаде на крајот на извештајот.... Па се оставаше простор клучните пораки од тие извештаи секој да ги толкува како

што сака. Еве на пример последниот извештај на ММФ. За власта ова беше уште еден позитивен извештај од ММФ, а за критички настроените експерти или политичари тоа бил многу негативен извештај. Премногу сложени зборови и констатации, за нешто што треба да биде кажано јасно и едноставно. Но, веројатно власта го предвидела навреме ова свртување кај меѓународните институции, па со последниот ребаланс на буџетот во август годинава, предвиде дека најголем дел од парите потребни за покривање на поголемите буџетски трошења ќе ги обезбеди со задолжување на домашниот пазар, кое годинава ќе биде поголемо дури за над 400%. Или според планот до крајот на годината во ребалансот беа предвидени нови задолжувања на домашниот пазар за над 300 милиони евра. Со овој ребаланс, кој пратениците го изгласаа во сред летни одмори, се скрои буџет кој е најголем во историјата на Македонија. И со него само се предвидеа ветувањата кои во првата половина годинава на партиските трибини ги даваше премиерот. Само за потсетување на неколкуте партиски трибини кои власта ги организираше паралелно со објавувањето на бомбите, беа дадени ветувања тешки над 200 милиони евра. Покачување на пензии, субвенции за вработување на невработени лица, зголемување на социјалната помош, покачување на платата на администрацијата, нови вработувања во јавна администрација, изградба на нови локални и регионални патишта, изградба на нови автопати, нови водоводи и канализациони мрежи, зголемување на студентски стипендии, нови таблети за студентите, откуп на пензиски стаж...


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

Капитално

Ако се анализира наназад, државата во изминативе осум години за покривање на буџетските дефицити, односно за да се покријат нејзините поголеми трошења, се задолжила за над 1,6 милијарди евра. Со тоа државниот јавен долг е зголемен двојно, и сега достигнува 3,2 милијарди евра или 43,7% од БДП. Македонија полека но сигурно се наближува до црвената линија, која според ММФ изнесува 50% од БДП. Тоа е товарот кој македонската економија реално може да поднесе редовно да го враќа. Ова беа ветувања со кои од партиски трибини целосно и без законски ребаланс се прекрои годинешниот буџет, а пратениците требаше само да дигнат рака за тие ветувања и фактички да се најдат во буџетот. Ако се анализира наназад, државата во изминативе осум години за покривање на буџетските дефицити, односно за да се покријат нејзините поголеми трошења, се задолжила за над 1,6 милијарди евра. Со тоа државниот јавен долг е зголемен двојно, и сега достигнува 3,2 милијарди евра или 43,7% од БДП. Македонија полека но сигурно се наближува до црвената линија, која според ММФ изнесува 50% од БДП. Тоа е товарот кој македонската економија реално може да поднесе редовно да го враќа. Да, точно е дека македонската економија остваруваше повисоки стапки на економски раст во споредба со другите земји од регионот, па и од цела Европа. Но, пофалбите за високиот економски раст од страна на меѓународните финансиски институции се кажуваа гласно, а критиките за начинот на кој е поттикнат тој раст и начинот на кој се трошат парите

од буџетот се кажуваа тивко или неофицијално. Многу е веројатно дека како што земјата ќе доближува до црвените линии на задолжување, така овие забелешки и критики ќе стануваат погласни. Дополнителен голем ризик за економијата се настаните кои во следниот период ќе се случуваат на политички план. Најавените избори за април следната година дополнително ќе го парализираат бизнисот, што од друга страна може да направи сериозни проблеми во полнењето на буџетот. Пораките кои ги праќа ММФ се дека во следниот период ќе биде неопходно или да се намалат буџетските трошења или да се зголемат буџетските приходи, ко се знае како се прави-или преку поголема наплата или зголемување на даноци И двата потега се тешки. Но, веројатно ќе бидат направени кога земјата ќе биде донесена до работ на провалијата. Како што се прави секоја потребна реформа. Се одлага до недоглед, кога веќе е премногу доцна и нема што друго да се прави, а тогаш цената на таа реформа е обично многу висока. nnn

17


Капитал број 829 18.09.2015

18

www.kapital.mk

интервју

Андреас Маиерхофер Главен извршен директор на македонски Телеком

Единствениот Т бренд ќе ја зацврсти лидерс позиција на македон Телеком на пазарот

magenta 1: е врвен пакет на услуги на ниво на Дојче телеко


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

19

O разговара:

Консолидацијата што се случува на македонскиот телекомуникациски пазар е добра работа и нема да ја намали конкуренцијата во поглед на услугите и цените и е дел од светскиот тренд. Со два големи и доволно силни оператори за да можат да продолжат со големи инвестиции во технологија и инфраструктура, ќе се одржи високото ниво на квалитет на услугите што се нудат. Единствениот Т бренд ќе продолжи да биде супериорен на пазарот и може да очекувате „експлозија“ на количината и брзината на проток на податоци на вашите уреди во иднина.

д ската нски

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

во било кое време, на било кое место. Мобилната и фиксната телефонија не можат повеќе да опстојат секоја сама за себе и ова е логичен чекор што ќе донесе поголема ефикасност во работањето и подобра понуда на фиксната и мобилната телефонија, интернет, ИП ТВ и сите останати содржини и услуги на Телеком. XX Како ќе го одбележите спојувањето во еден бренд, дали подготвувате некаков настан за јавноста? Како лидер на пазарот, мораме да поставуваме стандарди и за тоа што значи компаниска општествена одговорност, односно како на нашите корисници да им се оддолжиме за нивната лојалност и доверба. Како и за сите претходни значајни случувања за компанијата, така и сега организираме голем музички хепенинг кој ќе се случи на 19 септември,на кој ќе има големи ѕвезди од Македонија, регионот и светот. Се надеваме на убаво време и дека сите ќе уживаат.

Од први јули годинава Македонски Телеком и Т- Мобиле, двете компании ќерки на Дојче Телеком во земјава се обединија во една компанија, Македонски Телеком. XX Што значи понудата Magenta 1 Процесот којшто е најавуван неколку што ја најавувате за септември? години, а на оперативно ниво се заокружи Објаснете ни малку подетално. уште лани, сега е и формално - правно Magenta 1 e нов концепт на портфолио на завршен. За тоа што ќе значи спојувањето производи кој беше воведен во Германија за самата компанија, за и којшто пр етс тавува телекомуникацискиот пазар, Формално интегрирана понуда на односно за корисниците и правното спојување ус луги од ф иксн ата и што сé може да очекуваме во нема да значи мобилната телефонија. блиска иднина како понуда Стратегијата на Дојче отпуштања на од Телеком, разговаравме Телеком е овој концепт на вработени. Ние уште со Андреас Маиерхофер, да биде воведен лани завршивме производи Главниот извршен директор и на други пазари во Европа на Телеком. со спојувањето на каде што е прису тен . оперативно ниво, Македонија е дел од Европа XX Објаснете ни што ќе значи за компанијата, односно со новата и нејзините потрошувачи а што за корисниците, заслужуваат ниво на услуги систематизација спојувањето на со изедначени стандарди на менаџерските Македонски Телеком како потрошувачите во и останатите и Т- Мобиле во една Герма ниј а, Хр в атска, позиции. Уште пред компанија, под еден Унгарија или било каде. Ова бренд „Т“? Кои се тоа спроведовме нуди можност корисници да главните придобивки програма за изберат мобилна и фиксна што корисниците телефонија, интернет и ТВ доброволно ќе ги добијат од согласно со своите потреби, заминување од спојувањето во еден компанијата, при по мошне конкурентни бренд? цени. што понудивме Ова е сигурно еден од најважните проекти на XX Спојувањето беше многу поволни најавено уште пред компанијата во последниве пакети на неколку години. Зошто неколку години, проект отпремнини. толку се одолговлечи којшто бараше подолго процесот? време на подготовки и, иако Да, процесот траеше нешто оперативно компаниите беа споени нешто порано, на први јули повеќе одошто планиравме, но мора да годинава и формално-правно почнавме да имаме предвид дека Телеком е една од најголемите компании во Македонија функционираме како една компанија. Ова спојување е во согласност со трендовите во поглед на приходи, профит и број во Европа кои почнаа пред извесно време на вработени и има значаен удел во кај голем број играчи на пазарот кои ги домашната економија. Имаше голем споија своите мобилни и фиксни операции. број правни, администравни и технички Пред сé, заради тоа што мобилната и аспекти што мораа да бидат беспрекорно фиксната телефонија одат една со друга, реализирани за да се заштитат интересите како од технолошка гледна точка, така и на сите засегнати страни и компанијата заради тоа што корисниците сакаат да непречено да го продолжи своето успешно ги користат услугите без ограничувања, функционирање.

ом што наскоро и македонските корисници ќе го уживаат


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

20

интервју

Телеком индустријата во Европа се соочува со големи предизвици. Вкупните приходи и приходите по корисник паѓаат, а експоненцијално растат инвестициите што треба да се направат за да се држи чекор со сè поголемиот проток на податоци што го овозможуваат паметните телефони. Затоа спојувањата се неизбежни. XX Дали ќе има отпуштања во Македонски Телеком? Во вашата сестринска компанија во Хрватска, кога минатата година дојде нов Главен извршен директор направи рационализација на менаџерскиот кадар, од 300 на 200 позиции. Дали слично нешто ќе се случи и во Македонија? Формално-правното спојување не подразбира отпуштања на вработени. Уште пред да се случи тоа, значи минатата година, ние завршивме со спојувањето на оперативно ниво, односно со новата систематизација на менаџерските и останатите позиции. Уште пред тоа спроведовме програма за доброволно заминување од компанијата, при што понудивме многу поволни пакети на отпремнини. Како менаџмент остануваме фокусирани на тоа да имаме што е можно помала администрација во компанијата, што значи дека можни се промени во доменот на одговорностите и позициите на некои менаџерски нивоа. Но, не се предвидуваат масовни отпуштања на вработени во однос на спојувањето.

Два силни оператори се доволно за Македонија XX Како Македонски Телеком ќе ја одржува и зголемува својата профитабилност во услови кога паѓаат приходите од говор и смс пораки? Кои ќе бидат главните извори на приход на компанијата? Како ќе се борите сега против еден силен оператор? Како што е веќе познато во јавноста, последниве пет години Телеком бележи значителен пад на приходите и добивката, за што постојат неколку причини од кои најбитни се намалените цени на интерконекцијата, роамингот и зголемената конкуренција. Македонија е мал пазар и за целосно развиени телекомуникациски оператори постоеше едноставно преголема конкуренција. Изминативе години цените на телекомуникациските услуги, особено во мобилната телефонија, драстично паднаа што, се разбира, е одлично за корисниците, но од друга страна, за нас операторите значи сè помалку пари за инвестиции заради помалите приходи. Затоа, оваа консолидација што се случува на

телекомуникацискиот пазар е добра и нема да ја намали конкуренцијата во поглед на услугите и цените. Со два големи и доволно силни оператори за да можат да продолжат со големи инвестиции во технологија и инфраструктура, ќе се одржи високото ниво на квалитет на услугите што се нудат. Телекомуникациската индустријата во Европа се соочува со големи предизвици. Вкупните приходи и приходите по корисник паѓаат, а експоненцијално растат инвестициите што треба да се направат за да се држи чекор со сè поголемиот проток на податоци што го овозможуваат паметните телефони. Затоа спојувањата се неизбежни. XX Велите дека два оператори се отпимумот што и треба на Македонија? Да, ако го споредите нашиот пазар со големите светски пазари, на пример, толку голема држава како САД има пет мобилни

оператори. Два оператори што поседуваат и развиваат инфраструктура се доволно за Македонија, а има простор за повеќе виртуелни оператори што ќе ја користат таа инфраструктура и ќе си најдат свој интерес во одредени пазарни сегменти и целни групи на потрошувачи. XX Што ќе се случи на телекомуникацискиот пазар во следните две години, на пример? Ако се сетиме само дека до пред три години ретко кој знаеше што е cloud, што може да очекуваме допрва? Ова е индустрија што брзо расте. Колку за илустрација, јас кога почнав да работам пред 20 години во телекомуникацискиот сектор бевме среќни што може да пуштиме смс порака од нашите мобилни телефони, а сега сите носиме смартфон со себе, кој што е практично еден компјутер во мало. Смартфонот значи дека имаме слобода,

Бизнисите: сакаат во нас да гледаат партнер што ќе


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

21 Клучни фактори за успешен бизнис лидер

Јасна визија, стратегија за нејзино остварување и баланс на работата иприватниот живот!

XX Малку за вашиот личен и менаџерски профил... Кои клучни квалитети ги барате од вашите соработници? Сакам ангажирани луѓе околу мене, желни за работа и предизвици, луѓе што сакаат да придонесат за развој и раст на компанијата, но и за себе како индивидуи. Понекогаш можеби поставувам цели што се тешки на прв поглед, но својата улога ја гледам и како мотиватор и тренер, односно човек што ќе им помогне на своите соработници да ги оствариме тие цели. На оперативно ниво тоа значи дека сакам да раководам врз основа на поставени рамки, секој да сфати какви таргети треба да исполни, а менаџментот на чело со мене да следи како сето тоа се одвива. Лидерството е клучно, не само на ниво на висок менаџмент, туку како се оди подолу во хиерархијата, мотивирањето на вработените е пресудно за да се исполнат компаниските визија и мисија. XX Како се справувате со стресот што го носи работата, кои се ваши „издувни вентили“? За да бидете успешен бизнис лидер потребен ви е добар баланс помеѓу работата и приватниот живот, да имате стабилност и поддршка во семејството, да се занимавате со физички активности за да ја одржите физичката и менталната кондиција. Јас практикувам трчање, велосипедизам и слично, секогаш кога имам време. Најуспешните директори во светот имаат јасна визија, долгорочна стратегија како да ја остварат и одличен баланс помеѓу работата и приватниот живот. Тоа е клучно за успех во која било индустрија.

односно можност да користиме каква сакаме услуга во било кое време, на било кое место. Како дел од Групацијата Дојче Телеком , Македонски Телеком имал можност на македонскиот пазар прв да ги воведе технолошки најсупериорните платформи и услуги, ИП телевизијата, 4G мрежата, итн. А уште еднаш ќе потсетам дека Македонија е првата земја во Европа со мрежа целосно базирана на интернет протокол, благодарение на Македонски Телеком. Без супериорна технологија не се можни сите овие привлечни услуги што денес ги користиме. Кога ќе дојдам на скопскиот аеродром и го вклучам својот смартфон, имам супер брз интернет, одлично искуство, на него можам да правам буквално што сакам. А тоа не би било можно ако не се големите инвестиции што ги споменав претходно. Исто така, ќе се развиваме во насока на поголема интеракција. Што значи

тоа. ОТТ (over the top) играчите на пазарот (Twitter, Viber, Facebook, итн., н.з.) покажаа како се нудат услуги на потрошувачите, а користејќи ја инфраструктурата на телекомуникациските оператори. Наша определба е да понудиме слични услуги директно на корисниците при што ќе можат уште повеќе да ги искористат предностите на нашата супериорна инфраструктура.. Да сумирам, сé ќе оди побрзо, со повеќе податоци и ние ќе бидеме тие што ќе ја менаџираат таа експлозија во брзината и количината на податоци што ќе ја добиваме на нашите уреди. XX Ги споменавте ОТТ играчите... Како телекомуникациската индустрија се справува со фактот што тие земаат дел од вашиот колач нудејќи алтернативни опции за стандардните телекомуникациски услуги?

Еве еден пример. Имаме пад на приходите од смс услугите, не само во Европа, во цел свет телекомуникациската индустрија има загуби заради користењето на Viber, Skype и сличните апликации. Овие компании имплементираат една услуга во цел свет со една единствена апликација и не се регулирани како нас. Ние треба да имаме инфраструктура и опрема на секој пазар каде што сме присутни, да развиваме еден ист производ или услуга за секој пазар поединечно десетици пати одново, да инвестираме огромни пари во развој на таа инфраструктура, а тие ја користат нашата инфраструктура и скоро и да не се регулирани. XX Кога сме кај регулацијата... Процесот на спојувања и консолидации во Европа наоѓа на отпор во регулаторните тела на ЕУ – тие тврдат дека се зголемува опасноста од монополизација на пазарот, додека телекомуникациските оператори велат дека мора да се окрупнуваат заради поголеми инвестиции, одржување на профитабилноста и сл. Каков е вашиот коментар на оваа ситуација? Регулаторите се важни во секоја земја, имаат свој значаен удел во либерализацијата на пазарот што се случи во Европа. Но, од друга страна, нашиот свет, светот на телекомуникациите се промени. Токму за ова Ви говорев во врска со ОТТ играчите на пазарот. Во цела Европа ние сме строго регулирани учесници на пазарот, а ОТТ компаниите скоро и да не се регулирани, а ја користат нашата инфраструктура. . Во однос на ова регулаторите мора да најдат баланс. Заради падот на приходите во нашата индустрија, во голема мера предизвикани и од овој нов тип на конкуренција, ние не сме во можност да инвестираме како порано. Токму затоа се потребни и спојувањата, односно консолидацијата на пазарите во Европа. Не може да ги избегнеме тие процеси. На пазарот во Европа постојат голем број на оператори. Видете само колку пати е помал бројот на оператори во САД или Кина на многу поголем број на жители или корисници. Без овие спојувања некои оператори ќе банкротираат, а тоа не е во интерес ниту на државите, односно регулаторите, ниту на корисниците. Мора да се најде баланс меѓу регулацијата на телекомуникациските оператори и ОТТ играчите.

Телеком – општествено одговорна компанија, партнер на бизнис заедницата во Македонија XX Што ќе се случува во делот на понудата за бизнис корисници? Колку овој сегмент од вашиот бизнис допрва ќе биде значаен за одржување на вашата профитабилност? Услугите за бизнис корисниците се значаен дел од нашите вкупни приходи и тие секако се соодветно застапени во нашите пакети на понуди. Фирмите сакаат да имаат партнер што им ги задоволува сите потреби – фиксна и мобилна телефонија, интернет, ТВ, cloud… Тие не сакаат да се грижат за тоа кај се наоѓа нивниот

се грижи за сите нивни телекомуникациски потреби


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

22

интервју

Во цела Европа ние сме строго регулирани учесници на пазарот, а ОТТ компаниите скоро и да не се регулирани, а ја користат нашата инфраструктура. Во однос на ова регулаторите мора да најдат баланс. интернет домејн, серверот за мејлови, кој го прави хостирањето на веб страницата и сл. Ние одиме во насока да понудиме решенија т.н. „скроени по мерка“ (taylor made) и plug and play (едноставни за користење) опции за малите и средни компании. Телеком да биде партнер на бизнис заедницата, на пример, ако вие сте компанија на која и треба готово телекомуникациско решение кое вклучува хардвер, софтвер и соодветни услуги - ние да сме тие што буквално сé ќе ви испорачаме. XX Македонски Телеком е дел од глобалниот натпревар организиран од Дојче Телеком за најуспешни IoT решенија. Каков одѕив имаше кампањата во Македонија? Стигнаа ли доста квалитетни решенија од македонските девелопери кои што може да конкурираат за главната награда? Дојче Телеком игра важна улога во поддршка на новите компании (стартап) на глобално ниво. Тоа се паметни млади луѓе коишто на почетокот се водени првенствено од своите креативни идеи и визии да понудат нешто ново, нешто што ќе им го олесни животот на луѓето. Потоа доаѓаат парите и славата. Ние сме отворени за сите овие свежи и креативни идеи, затоа и го направивме глобалниот натпревар што го нарековме Business Wall of Fame. Со тоа испративме јасен сигнал до јавноста и до новите стартап компании, еве, ние ве поддржуваме, дајте ни добри идеи и ќе се обидеме да ви помогнеме да ги претставите на пазарот. Вакви иницијативи ќе се организираат и во иднина. Од Македонија беа испратени интересни предлози и идеи во областа на Internet of things (Интернет на нештата), нешто што ќе станува сé позначаен дел од нашите животи во блиска иднина. Наградата од 20.000 евра што ја доби новата компанија Смарт електроникс се надеваме ќе придонесе да се одржи нивниот ентузијазам и желба да продолжат со смислување решенија што на сите нам ќе ни го направат животот полесен и поинтересен. XX Некои телекомуникациски компании од регионот влегуваа во сосема нови бизнис подрачја за да го компензираат намалувањето на приходите: трговија со струја, итн. Дали Македонски Телеком планира слични потези? Како Главен извршен директор секогаш размислувам визионерски за тоа што ќе се случува во следните 5 или 10 години. За мене е важно да се фокусираме на нашиот основен бизнис, а тоа се

Кој е Андреас Маиерхофер

А

ндреас Маиерхофер e Главен извршен директор на Македонски Телеком oд 1 февруари, 2014. Г-динот Маиерхофер доаѓа во Македонија од позицијата Главен извршен директор на Мобител, Бугарија, каде бил на чело на компанијата од 2009 година до 2013 година. Во истата компанија бил на позицијата Главен маркетинг директор од 2007 до 2009 година. Во 2011/2012 година бил претседател на Надзорниот одбор на M-Networks. Од 2004 до 2007 година работел во Si.mobil Словенија, на позициите Главен оперативен директор од 2004 до 2006 и Главен извршен директор од 2006 до 2007 година. Маиерхофер има искуство во телекомуникацискиот бизнис повеќе од 20 години. Во својата успешна кариера бил и Директор за кориснички услуги, Раководител на Сектор за наплата и билинг, како и сопственик и менаџер на проект за односи со корисници. Роден e во Виена, Австрија, каде и се школувал на Правниот факултет, a дипломирал на факултетот за менаџмент во Св.Гален, Швајцарија. телекомуникациските услуги, како и сé што е поврзано со оваа технологија – cloud услугите, електронските билети и останатите проекти што партнерски ги развиваме со други компании и институции. Во Унгарија на пример, Маѓар Телеком веќе започна со продажба на струја, во тој сегмент пред извесно време влезе и Хрватски Телеком, а и други оператори размислуваат во слична насока. Ние се разбира сме отворени кон вакви бизнис идеи, ако видиме можност за профит и одржливост на бизнисот. Претходно ќе направиме детални испитувања колку нам ќе ни се исплати влегување во бизнис сегменти што не се наш основен бизнис. Засега немаме таква опција во најава, но ништо не е исклучено во иднина. XX Каква ќе биде стратегијата на Македонски Телеком за враќање кон заедницата, односно компаниската општествена одговорност. Познато е дека сте една од водечките компании на

тоа поле во Македонија, но што понатаму? Новите светски концепти се дека донациите и спонзорствата не се единствените начини да се покаже грижа за заедницата? Досега покажавме дека навистина се грижиме за заедницата, а под мое водство ќе продолжиме да го правиме тоа. Како едни од најголемите инвеститори во земјата, од приватизацијата до денес имаме преку 700 милиони евра инвестиции, тренд којшто секоја година продолжува. Ние сме компанија која има вложено и вложува најмногу средства во општествено одговорни проекти. Клучни сектори каде што ги насочуваме нашите спонзорства и донации се образованието, здравството и спортот и културата. Не би навлегувал сега во детали, но битно е дека нашиот план за инвестиции во општествено одговорни проекти е направен и за следната година и повторно ќе продолжиме да го следиме тој тренд. nnn


годишна едиција

25

септември

2015

Почитувани читатели, Капитал Медиа Гроуп ја подготвува традиционалната годишна едиција КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Во Едицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2014 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други показатели и коефициенти за успешноста и ефикасноста во работење. Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите. Во Едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании од различни индустрии, како и повеќе анализи: l Кои се компаниите и индустриите кои ќе го носат растот следната година? l Плановите и целите на најголемите компании l Најголемите предизвици за компаниите за 2016 година l Кои се најголемите компании во регионот? Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии: l Прехранбена индустрија l Индустрија за пијалаци и вино l Металопреработувачка индустрија l Градежна индустрија и индустријуа за градежни материјали l Трговија и дистрибуција l Телекомуникации l Енергетика, нафта и гас

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 829 18.09.2015

24

www.kapital.mk

Анализа

Што може да се очекува од отворањето на рускиот пазар за македонското млеко?

Македонија нема со што да го освои 150 милионскиот руски пазар


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

25 Без разликата на историската шанса која ни се пружа за освојување на рускиот пазар со млечните производи (во време на руско ембарго кон запад) едногласна констатација во земјава е дека македонското млекопроизводство нема капацитет да заземе ниту еден единствен процент од огромниот пазар на Руската Федерација. Причините за ваквата состојба лежат во неповолните бизнис услови во кои работат македонските млекарници и секако погрешно поставената стратегија за развој на примарното производство.

Т пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Три македонска компании од млечната индустрија, „Здравје Радово“, Балканска млекара од Скопје и „Бучен Козјак“ од Куманово, неодамна добија дозвола за извоз во Руската Федерација. Во наредните 60 дена се очекува уште 11 компании од млечната индустрија да добијат иста таква дозвола што ќе значи дека скоро сите позначајни фирми од македонската млечна индустрија ќе можат да извезуваат на 150 милионскиот руски пазар. Неофицијално дознаваме дека се очекува истата пракса во скоро време да се повтори и со дел од компаниите од македонската месна индустрија, а трговскиот советник при Руската амбасада Кирил Бобров во однос


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

Анализа

С

на прашањето за склучување договор за слободна трговија со Руската Федерација, истакна дека чекаат да биде испратено официјално барање до Евроазиската царинска унија. Ова значи дека преку ноќ македонскиот извоз ќе добие можност од соништата бидејќи рускиот пазар веќе со месеци е затворен за конкурентските производи од Западна Европа што значи дека македонските компании таму ги очекува делумно бришан про с тор. Сепак

Јован Дабевски

млекара Здравје Радово

очекувањата на бизнисмените кои ќе настапат таму не се премногу еуфорични и оптимистични....

Македонските компании немаат големи очекувања

Јован Дабевски од компанијата Здравје Радово која со двата погони во Струмица и Скопје доби дозвола за настап на рускиот пазар за Капитал ги пренесе неговите скромни очекувања за рускиот пазар. „Ова дефинитивно е голема можност за

нашата компанија и за целата македонска млечна индустрија. Но треба да сме реални дека прво ништо не може да се направи преку ноќ, а второ дека сепак се соочуваме со пазар каде што има некои различни цени, трошоци за транспорт, различни пречки кои допрва треба да ги совладуваме. Согласно тоа ние очекуваме многу брзо да почнеме со извоз од неколку камиони со сирење и кашкавали што е многу мал процент од огромниот руски пазар. Тоа значи дека немаме преголеми

извоз на млечни производи

Увоз на млечни производи

( во милиони долари )

2009

2010

2011

2012

2013

12,21

11,29

10,94

7,92

6,43

41,65

43,73

56,13

56,31

( во милиони долари )

57,78

Македонско руска стопанска комора

Н

ие и целото наше производство да го однесеме на рускиот пазар тоа повторно ќе е малку. Едноставно нашите капацитети и можности на ниво на држава и индустрија се ограничени. За се треба време. Можеби токму рускиот пазар ќе ни даде повеќе можности да се развиваме и шириме во делот на производството и капацитетите.

58,80

Дејан Бешлиев

е надеваме дека ова ќе значи зголемување на бизнис плановите на овие компании, осовременување на нивното производство и окрупнување на нивниот сточен фонд. Значајно е што овие три компании кои имаат шанса за извоз, може да извезуваат и на територијата на Евроазиската царинска унија каде се вклучени Казахстан и Белорусија, како и новите две земји Киргистан и Ерменија.

9,52

26

2014

Увезуваме петпати повеќе млеко отколку што извезуваме

У

возот на млеко и млечни производи од 2009 до 2014 година пораснал од 42 милиони долари на 58 милиони. За целокупниот период од шест години Македонија потрошила 314 милиони евра за увоз на млеко. За потполно истиот период се извезени само 58 милиони евра млеко,

а вкупниот извоз по години од 2009 наваму растел минимално односно од 6 милиони долари во 2009 година на 11 во 2012 и само 12 милиони долари во 2014. Кварталните податоци за 2015 година кажуваат дека во првата половина од годината се увезени 26 милиони долари млеко од земјава што е за 3

милиони долари помалку во однос на истиот период минатата година. Извозот во однос на првата половина од минатата година пораснал од 6 на 8 милиони долари. Извозот на млеко учествува само со 3% во вкупниот извоз на храна од земјава или со само 0,24% од вкупниот македонски извоз.

Потенцијали: Рускиот пазар може да ја препороди млечната индустрија



www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

28

Анализа

В

12

милиони евра е вкупниот извоз на млеко од земјава во 2014 година што претсавува највисок извоз во историјата

Мирко Велковски експерт

о овој момент единствено што може да направи државата како траен влог за стабилно млекопроизводство е максимално да ги подржи малите млекарници кои се се поброијни. Кога тие ќе прераснат од мали во средни капацитети тогаш ќе може да престаниме да се плашиме за иднината на домашното производство на млеко и иднината на целиот сточен фонд како основа за овој бизнис. Дури тогаш ќе може да размислуваме за евентуално зголемување на извозот.

3%

од македонскиот извоз на храна

Кршното домашно производство на млеко барем засега се покажува недораснато на големите пазари Tрговската соработка ни се движи само во една насока

очекувања на краток рок“ На нашето прашање дали пропуштаме историска шанса да се пробиеме на рускиот пазар во услови кога тој е скоро целосно затворен кон екстра конкурентните производи од Западна Европа, Дабевски има свое толкување кое веројатно е најблиску до реалноста која досега сме ја слушнале. „Ние и целото наше производство да го однесеме на рускиот пазар тоа повторно ќе е малку. Едноставно нашите капацитети и можности на ниво на држава и индустрија се толкави. Затоа велам за се треба

време. Можеби токму рускиот пазар ќе ни даде повеќе можности да се развиваме и шириме во делот на производството и капацитетите“

Џабе ни е пазар кога немаме сила да го освојуваме

Со сличен но многу пооптимистичен став е и извршниот директор на Македонско руската стопанска комора Дејан Бешлиев. „Се надеваме дека ова ќе значи зголемување на бизнис плановите на овие компании, осовременување на нивното производство и окрупнување на

нивниот сточен фонд. Значајно е што овие три компании кои имаат шанса за извоз, може да извезуваат и на територијата на Евроазиската царинска унија каде се вклучени Казахстан и Белорусија, како и новите две земји Киргистан и Ерменија“ Но без разлика на Бешлиев и на целокупната јавноста најголем дел од компаниите од млечниот бизнис не се во можност ниту да ги зголемат бизнис плановите, ниту да го осовременат нивното производство ниту да го окрупнат нивниот сточен фонд. Еве зошто: Сервет Казими од млекарницата Алпи



www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

30

Анализа

која има капацитет за преработка на околу 75 тони млеко дневно вели дека во една сериозна млекарница мора да се инвестира повеќе од сериозна сума на пари. „Инвестицијата е навистина голема. Јас инвестирам со години така да навистина е тешко да се пресмета вкупната сума. Но мислам дека доволно е да ви кажам само дека имаме две машини кои чинат по 1,8 милиони евра секоја. Овој е скап и опасен бизнис кој зависи од многу фактори. Рокот на повраток на средствата е секако и секаде долг, а во Македонија каде што има и други непредвидени пречки може да биде и бесконечен, односно никогаш да не се исплати инвестицијата“ Неговиот колега Владо Јанкуловски од млекарницата Лабрадор од Охрид вели дека растот на цените на инпутите најмногу им го отежнува животот на малите млекари. „Во последните 10 години цената на нафтата е зголемена тројно, на струјата двојно, а излезната цена на млечните производи од фабриките останала скоро иста.Тоа ние како мали млекари многу тешко го издржуваме“ Експертско мислење на оваа тема побаравме и од долгогодишниот раководител на Млекара Битола Мирко Велковски. Тој ни даде едноставен одговор.

Рускиот пазар нуди неограничени можности но прашање е кој може да ги искористи

"Во овој момент единствено што може да направи државата како траен влог за стабилно млекопроизводство е максимално да ги подржи малите млекарници кои се се почести. Кога тие ќе прераснат од мали во средни капацитети тогаш ќе може да

престаниме да се плашиме за иднината на домашното производство на млеко и иднината на целиот сточен фонд како основа за овој бизнис. Дури тогаш ќе може да размислуваме за евентуално зголемување на извозот ". nnn

ПРОМОЦИЈА НА

THINKCENTRE EDGE 73

СО ДЕДИЦИРАНА NVIDIA QUADRO K620 2GB DDR3!!!

ThinkCentre Edge 73 Tower Intel® Core™ i7-4770S Processor ( 8M Cache, up to 3.90 GHz ) 4GB DDR3 500GB HDD DVD_RW Keyboard + Mouse Lenovo NVIDIA Quadro K620 2GB DDR3

цена:

44.690 денари со ДДВ

* во цената не е вклучен мониторот

INet

Services

ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС e-mail: services@inet.com.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: A: Атинска 12 - Скопје E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk T: 02/ 3090.625


Рок за пријавување: 22 септември 2015

Еднодневна обука на тема:

НОВ ЗАКОН ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА l 24 септември 2015 година (четврток) l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје

Неодамна изгласаниот нов Закон за општа управна постапка - ЗОУП овозможува зачувување на традиционалните вредности и добрите страни на стариот ЗОУП, но се овозможува и примена на нови и иновативни технолошки и идејни решенија. Со примената на новиот ЗОУП несомнено ќе се обезбеди побрзи, поедноставни и поефикасни управни постапки. Сето ова ќе доведе до подобра и олеснета комуникација помеѓу странките, односно граѓаните и институциите, со што значително ќе се намалат административните трошоци и ќе се скратат роковите за донесување на актите.

Предавачи:

Експерти од областа на работењето на јавните установи и институции

Содржина на обуката:

l Сличности и разлики помеѓу новиот и стариот ЗОУП. l Општ осврт на Законот за општа управна постапка. uЦели на новиот ЗОУП (транспарентност во управните постапки, зголемување на довербата на граѓаните во јавната администрација, управна пракса ориентирана кон услуги, ефективно и етичко однесување на државните и јавните службеници, подобрување на ефикасност на донесување на управните акти, е-администрација и усогласување на јавната администрација во РМ со стандардите на ЕУ). l Основни начела на новиот ЗОУП. l Надлежност во водење на управната постапка и овластено службено лице. l Комуникација помеѓу јавните органи и странките. l Тек на управната постапка. l Е-администрација - придобивки. l Приказ на жалбената постапка. l Прашања и дискусија.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


Капитал број 829 18.09.2015

32

www.kapital.mk

Компании и пазари

Македонските извозни фирми советуваат

Како да склучите зделка на саем?

Саемите се уште се најефикасниот начин на маркетинг промоција кој за жал малку македонски компании го препознаваат. Експертите и бизнисмените кои имаат искуство со саеми се децидни дека ваквата пракса се исплаќа, но и дека постојат правила според кои мора да се игра за да се биде успешен на саем. Покрај компаниите во поглед на саемите има затаено и самата македонска држава која не ги следи примерите на поразвиените земји за субвенционирање на заеднички настапи на македонските фирми на приоритетните саеми за нашите индустрии.

Потврден факт: На саемите може да продадете се само


www.kapital.mk

В пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Во ера на интернет поврзаност на бизнисите, во ера на Али Експрес и И- Беј, многумина од нашите бизнисмени се прашуваат зошто би трошеле пари и време на промовирање на една многу стара бизнис форма како што е саем. Според нив, саемите се за компании кои дошле во таа фаза да не размислуваат за опстанок, туку само за развој и најголем дел од македонските компании немаат што да бараат таму. Сепак експертите и мал авангарден дел од бизнисмените не размислуваат така. За нив саемот е ефикасен облик на промоција кој на вашата компанија може да и обезбеди многу многу повеќе од скромните трошоци кои треба да се потрошат на него. Според Миха Чебуљ, директор на Експогрупата и регионален претставник на Берлинскиот саем и покрај сето ова саемите се уште се најефикасниот облик на промоција „Иако пристапот до информациите преку Интернет е најбрз и најефикасен, анкетата на меѓународниот регистар на саеми АУМА покажа дека 80% од експертите сметаат дека саемите се уште се најефикасен облик на маркетинг комуникација“. Ваквите статистики и размислувања на меѓународните експерти до некаде ги имаат согледано и нашите бизнисмени. Сопственикот на Фероинвест групацијата Кочо Анѓушев саемот е добар начин да се воспостави првиот контакт со компаниите со кои теоретски би можеле да соработувате. „Сублимирано патот за да извезувате е долгорочен но факт е дека почнува со првиот контакт. Македонија е мала земја и никој нема да дојде во Македонија сам за да ве побара вас како производител, ако вие не отидете во странство и сами не се промовирате. Затоа не треба да ви биде тешко и скапо да патувате, да се презентирате и да ги остварувате тие контакти. Не дека секој контакт што ќе го остварите ќе заврши со резултат. Од 10 контакти само 1 завршува со резултат. За тоа имаше една најдобра поговорка, таман работа ако рибарот секое фрлање со јадица вади риба. Но за да се фати и таа една риба мора вашата компанија

Капитал број 829 18.09.2015

33 Миха Чебуљ

директор на Експогрупата и регионален претставник на Берлинскиот саем

И

ако пристапот до информациите преку Интернет е најбрз и најефикасен, анкетата на меѓународниот регистар на саеми АУМА покажа дека 80% од експертите сметаат дека саемите се уште се најефикасен облик на маркетинг комуникација. Најважно од се учесникот на саемот да издржи барем три пати бидејќи правите резултати се покажуваат дури после неколку настапи“.

да оди и да се промовира во странство. А саемот е добар почеток на таа промоција. Значи не е никаква гаранција дека ќе направите сигурен бизнис и тоа не треба да се очекува туку само да се знае дека од првиот контакт на саем подоцна можат да се изродат многу големи бизниси“ Истражувањето на Капитал покажа дека на меѓународните саеми не настапуваат само големите бизнисмени и компании туку таму и тоа како има простор и за помалите бизниси. Најдобар пример и доказ е компанијата Бест Фуд од Радовиш која статистички е помеѓу најактивните од Македонија во оваа категорија. Сопственикот Крсте Ѓоргиев вели дека теоријата која цел живот слушал за саемите преку бизнисот му се потврдило и во пракса и дека тие навистина се одлучен начин за ширење на бизнисот и креирање на извоз. „Дефинитивно најголем дел од странските партнери ни се обезбедени преку Б2Б средби на бројните светски саеми на кои изложуваме. Историски секоја година имаме поголем буџет за саеми, од 2002 па наваму имаме излагано десетина пати само на Новосадски саем, кој со години беше број еден на Балканот. Исто така имаме излагано во Келн на Нуга најголемиот светски саем за храна три или четири пати, потоа на саеми во Франција и САД како Фенси Фуд Шоп во Њујорк и др“. Ѓоргиев додава дека генерално средствата кои се инвестираат во саеми се огромни за мала компанија. „Не се скапи само 2.000 евра кои ги даваме за штандот но има барем уште три пати поголем трошоци за транспорт, престој и слично. Но повторно ќе повторам и покрај сето ова ваквата инвестиција во вашиот бизнис и извоз дефинитивно се исплатува “

Како да настапите колку ќе ве чини и на што да внимавате кога ќе одите таму?

Според правилата претпријатието мора околу година дена порано да знае на кој саем сака да се претстави. Рокот за пријавување на светските саеми е од шест до девет месеци, кај локалните саеми тој рок мора да биде краток. На пример за ИФА кој ќе се одржува од 4 до 9 септември пријавите завршија на 15 јануари, додека за водечкиот саем на железничка транспортна технологија Инотранс на крајот на септември 2016 рокот за пријава е 7 јануари 2016.

Саеми на кои мора да се присутни македонските извозни компании Индустрија за храна u Fancy Food Show

(26-28 јули Њујорк САД)

u Сиал

(16-20 октомври Париз Франција)

u Ануга

(10-14 октомври Келн Германија)

u Новосадски пољопривредни велесаем (9-15 мај Нови Сад – Србија)

Градежништво u Хоми

(12-15 септември Милано Италија)

u World of Concrete

(1-5 февруари Лас Вегас САД)

u БАУ

(16-21 јануари) Минхен Германија

Фармацеутска индустрија u АСХП

(април Лас Вегас- САД)

u Pharmacy Show

(октомври Бирмингем Обединето Кралство)

Металопреработувачка индустрија u МЕТЕК

(јуни Дизелдорф Германија)

u АНКИРОС

(септември Истанбул Турција)

u Metal+ Metallurgy (мај Пекинг Кина)

Туризам u ИТБ

(март Берлин-Германија)

u SALON DES VACANCES

(февруари Брисел- Белгија)

u ТУР

(март Гетеборг- Шведска)

u БИТ

(февруари Милан Италија)

о ако знаете како најдобро можно да се презентирате


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

34

Компании и пазари

Д

С Кочо Анѓушев

сопственик на Брако

аемот е добар начин да се воспостави првиот контакт со компаниите со кои теоретски би можеле да соработувате. Сублимирано патот за да извезувате е долгорочен, но факт е дека почнува со првиот контакт. Македонија е мала земја и никој нема да дојде во Македонија само за да ве побара вас како производител, ако вие не отидете во странство и сами не се промовирате.

Нашиот соговорник Миха Че буљ препорачува бизнисменот прво да го посети саемот на кој сака да настапува па после основа на тоа да оцени дали одговара на неговото претпријатие и да види која е конкуренцијата и како се презентира. „Зависно од големината на закупениот простор, би ги советувал да излагачот не ги презентира премногу најновите постигнувања. Проспекти на пултот треба да има што е можно помалку и на посетителите да се делат само на нивно барање, бидејќи во спротивно ќе ги фрлат во најблиската корпа за ѓубре. Еден или

Крсте Ѓоргиев

сопственик на Бест Фуд

ефинитивно најголем дел од странските партнери ни се обезбедени преку Б2Б средби на бројните светски саеми на кои изложуваме. Историски секоја година имаме поголем буџет за саеми, од 2002 година наваму имаме излагано десетина пати само на Новосадски саем, кој со години беше број еден на Балканот. Исто така имаме излагано во Келн на Нуга најголемиот светски саем за храна три или четири пати, потоа на саеми во Франција и САД како Фенси Фуд Шоп во Њујорк и др.

два различни проспекти се доволно, презентацијата нека биде на УСБ клуч, имајте и визит карти со адресата на веб страната. Интернет страницата е неопходна и мора да биде на англиски јазик, бидејќи претпријатието без нејзе не претставува потенцијал и не е во чекор со времето“ Чебуљ потенцира дека исто така многу важен е и личниот контакт односно дека на штандот мора да бидат компетентни личности. „Најчесто тоа се раководители на извозот или комерцијалисти кои се одговорни за одредени пазари. Кај одлучувањето за настап на саем треба да се размисли и з а д о п ол н и те л н и те промотивни активности, кои ги нудат и организаторите на саемот, за евентуално огласување во стручните часописи, известување на постоечките бизнис партнери, организирање на посебни презентации и прес конференции и слично“. Според Чебуљ најважно од се учесникот на саемот да издржи барем три пати бидејќи правите резултати се покажуваат дури после неколку настапи. Според истражување кое го направивме наемот на просторот на сите поголеми светски саеми се плаќа о д н а п р е д . П р о се ч е н квадратен метар изложбен простор чини 200 евра, а трошоците на местење на штандот зависат од стандардната опрема и почнуваат од 150 евра по квадратен метар. Тоа се само почетни трошоци на кои треба да им се додадат најмалку трошоците за превоз на изложбените е кс п о н а т и и п а т н и те трошоци на претставниците на штандот. Се проценува дека вкупните трошоци се движат помеѓу 400 и 500 евра по метар квадратен за настап на европски саем. Цената за настап на саем

на Блискиот или Далечниот Исток, САД или Австралија се зголемува во зависност од одалеченоста и трошоците за транспорт.

Кои се пречките за македонските компании да бидат позастапени на светските саеми?

Како што погоре кажавме на прсти се бројат компаниите од Македонија кои имаат свои штандови на најголемите регионални и европски саеми. Во овој параграф директно ги прашавме компаниите зошто е тоа така? „Дефинитивно финансискиот дел е главниот проблем зошто македонските компании секоја година сè послабо одат на саеми. Едноставно просечни 10.000 евра се премногу за да издвои една македонска компанија. Мора да се смени моделот, да се настапува заеднички преку коморите или општо како држава. Компаниите од соседните држави се субвенциионирани за да доаѓаат на саем. Ние македонските компании настапуваме раштркано секој во своја сала и секој по своја цена без никаква организација и помош “, вели Боро Маровчев од битолската компанија Киро Дандаро со децении настапува по регионалните саеми. За ваквата состојба ја прашавме и од Стопанската Комора на Македонија која има организирано бројни посети на саеми. И тие делумно ги потврдија истите констатации кои ги кажуваат и компаниите и даде слични предлози за надминување на состојбата. „Колку и да изгледа чудно за меѓународни стандарди за најголем дел од нашите компании многу се неколку илјади евра кои мора да ги вложите за да настапите на било кој саем. Нашето искуство покажува дека секаде каде што има некаква субвенција или попуст настапуваат повеќе македонски компании од колку таму каде што нема. Тоа зборува што треба да се направи. Само треба да се следи примерот на поразвиените земји и како држава да се одвои поголем буџет за покривање на дел од трошоците за здружено настапување на македонските компании на клучните европски и светски саеми. Познато е кои се саемите од кои македонскиот извоз би можел да има бенефит и треба да се најде начин да бидеме присутни таму“ велат нашите соговорници директно инволвирани во оваа проблематика. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

36

Регионален форум ECDL

ECDL серти заштедува компании

Прв регионален ECDL форум во Скопје

Верувате ли дека поседувате добри дигитални вештини? Веројатно се лажете!

Европската комисија предвидува дека до 2020 година ќе има дури 825.000 слободни работни места поврзани со ИКТ вештини. Доколку и вие сакате да бидете конкурентни на пазарот на работна сила, тогаш вам ви е потребен ECDL сертификат. Истиот е наменет за студенти, раководители, вработени во приватниот или во јавниот сектор

Д

ури 98% од луѓето сметаат дека имаат доволно добри дигитални вештини, а од нив неверојатни 49% веруваат дека поседуваат многу добри. Меѓутоа, последното истражување направено во Швајцарија покажува дека само 7% од луѓето после тестирање навистина покажале многу добри резултати, наспроти 75% кои покажале лоши или многу лоши. Директорот на ECDL Фондацијата, Дамиен О’Суливан, вели дека голем број од популацијата има искривена самоперцепција за тоа со колку добри дигиталните вештини располага. „Самиот факт дека поседувате и работите на паметни уреди не ве прави експерти во дигитални вештини“, вели тој. Затоа, вели О’Суливан, потребно е да се тестира знаењето со цел да се потврди реално какво е нашето познавање. Исто така вели тој, треба да се прави голема разлика меѓу вештините кои ги користиме секојдневно и оние што ни се потребни во работната околина. Според податоците кои ги посочи, дури 39% од работната сила во ЕУ нема доволно дигитални вештини, а 14% од нив воопшто не поседуваат вакви вештини. Наспроти тоа, 90% од новите работни места кои се отвораат на пазарот на труд, ќе бараат некое ниво на дигитални вештини. Оттука вели О’Суливан, освен

самосвесноста и потребата за постојано унапредување, потребно е овие вештини да станат и политички приоритети, односно да станат дел од законодавните регулативи како во однос на образовниот систем така и при вработувањето. Европскиот менаџер за развој од Фондацијата ECDL, Јакуб Кристов, пак, вели дека до 2020 година според пресметките на Европската комисија на европскиот пазар на труд ќе има дури 825.000 слободни работни места кои ќе бараат одредено ниво на дигитални вештини. Истите пресметки проценуваат дека 1,3 илјади милијарди долари се губат на глобално ниво поради недостиг од поседување дигитални вештини. „Токму поради ова Европа полека ја губи конкурентноста“, вели Кристов. Оттука, отворањето на ECDL центар во Скопје, има токму за цел да ги тестира и да ги подобри дигиталните вештини на сите заинтересирани во земјава кои бараат ново вработување или напредок во својата кариера. Директорката на ECDL Македонија, Цветанка Коцева, детално ги објасни бенефитите од објаснување на овој сертификат и како и каде може да се здобиете со истиот. Повеќе за овој сертификат може да прочитате во интервјуто што следи, а кое Капитал го направи со неа. nnn

XX Почитувана г-ѓа Коцева, деновиве во Скопје се одржа регионален форум ECDL подобрување на дигиталните вештини во државните институции и образованието. На кратко, може ли да ни кажете која беше целта на форумот? Kако што споменавте, деновиве се одржа РЕГИОНАЛЕН ECDL ФОРУМ 2015 во Скопје. Овој форум се одржува секоја година на регионално ниво, и секоја година е во различна држава од регионот. Целта на овој форум беше промовирање на ECDL сертифицирањето кое во Македонија е присутно од февруари 2014 год. Исто така сакавме да ги запознаеме луѓето како да се стекнат со ECDL сертификат и кои се бенефитите од поседување на истиот. XX Што всушност преставува ECDL? ECDL (European Computer Driving Licence) е вендорски и независен стандард со кој на ниво на ЕУ и целиот свет се дефинира единствена рамка на основни информатички знања и вештини за крајните корисници на компјутерите. ECDL сертификатот потврдува дека сопственикот на сертификатот во потполност е компетентен за користење на персонални компјутери и основни програмски апликации во секојдневните задачи на работа и дома. XX На форумот слушнавме дека овие вештини наоѓаат одлична примена во државните институции и во образованието. Може ли да ни кажете кои се бенефитите од поседување на ваков сертификат? ECDL стандардот може да се користи како ефикасен критериум за дефинирање на потребното ниво на знаење и вештини за секое работно место кое подразбира користење на компјутер. ECDL се користи за утврдување на постојното ниво на знаење на вработените и потребите за нивното понатамошно усовршување. Со усвојување на ECDL како еталон на информатичката писменост на ниво на претпријатија обезбедува заштеда на време и ресурси при вработување на нови кадри. Стекнување на ИКТ вештина во текот на редовното школување ученици/студенти овозможува по квалитетно образование, поголем број на информации како и подобра подготвеност

О’Суливан: Самиот факт дека поседувате и работите на па


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

ификатот им а време и ресурси на ите при вработување во животот, работа и понатамошното школување. Ученици/студенти кој посетуваат ИКТ вештини и користат технологии во процесот додека учат постигнуваат подобри резултати и мотивирани се за учење. ИКТ вештините на студентите им овозможува своите писмени задачи брзо, лесно и ефикасно да ги презентираат со помош на програмата за обработка на текст, така што своите проекти да ги прикажат во вид на презентација како и во поголем број на предмети користат апликација за табеларни калкулации. Дигитално писмени ученици/студенти во поголема мера користат информации достапни на интернет, користат можност за е-учење и мултимедијални содржини. Стекнување на нови знаења на ваков начин го потекнува нивното критичко размислување и позитивен став кон концептот на целиот живот додека учат. Тимската работа е исто така важна вештина во образовниот систем, а примената на модерните технологии потикнува комуникација со окружувањето. Развивајќи сеопфатен сет на дигитални вештини, учениците/студентите учат како да ги користат технологиите за комуникација со наставниците и своите врсници, да ги делат задачите и да работат групни задачи и проекти. ИКТ вештините ги потикнуваат и наставниците интезивно да ги користат технологиите во образовниот процес што значајно го зголемува квалитетот на наставата и начинот на пренесување на знаењето на студентите и учениците. Компјутерските вештини им овозможуваат на наставниците: l Креирање и поставување лекција и образовни содржини на мрежа l Прилагодување на содржини со различни стилови на учење и способност l Зголемување на мотивација на ученик/ студент низ употреба на ИКТ во училниците l Размена на искуства и зголемена соработка во внатрешноста помеѓу училиштата l Размена на наставна програма, наставни планови и програми со колегите и вработените l Професионален развој преку професионални мрежи и поголемо задовослтво на работното место. Користењето на софтверските апликации значајно ги поедноставува рутинските задачи и го намалува трошењето на време на административни обврски низ: l Електронското управување податоци со

ученици/студенти на делотворен начин Добивање и поправка на домашни задачи/проекти во електронски облик l Подобра комуникација со учениците и родителите l Следење и надзор на доаѓање на ученици/студенти и нивни перформанси l Зголемување на продуктивноста низ интезивна примена на ИКТ XX Кој се може да аплицира за ваков сертификат? ECDL сертификатот е потребен на сите граѓани кои сакаат по ефикасно да ги извршуваат секојдневните обврски, бараат вработување или сакаат напредок во кариерата во приватниот или јавниот сектор. Како таков наменет е за студенти, раководители и вработени во приватнот или јавнот сектор. XX Колку работодавачите се запознаени со овој вид на сертификат и колку бараат посетување на истиот при вработување? За жал во Македонија работодавачите не се многу запознаени со ECDL сертификатот и кои се неговите бенефити при работата .Додека пак во Европа и светот многу е важно луѓето што се вработени да имаат можност на ефикасно и ефективно користење на технологиите. Работодавачите очекуваат од потенцијалните каднидати за работа да однапред поседуваат основни компјутерски вештини. Сертифицираните знаења и вештини по светските стандарди ги прави по атрактивни на работодавачите. Вработените со прави вештини имаат потенцијал за понатака да напредуваат. Работодавачите знаат дека вработените со компјутерски вештини: l Се продуктивни l поефикасни во извршување на задачите l користат технологија за поефикасно комуницирање l помалку време торшат за решавање на проблемите во врска со IT Работодавачите сакаат поединците кој се квалификувани и кој ќе придонесат во остварување на целите во работата на најефикасен, најефективен и најпродуктивен начин. Со ECDL сертификат ја потврдува својата постоечка или потенцијална вештина на работодавецот дека поседува вештини потребни за работното место во склад со меѓународени признаени стандарди. Се надевам дека во Македонија ќе се зголеми свеста на работодавачите за сертифицирање

37

l

Цветанка Коцева директор на ECDL Македонија

на нивните вработени, како би се зголемила продуктивноста во самите фирми или институции. XX Како и каде може да се пријават сите оние што се заинтересирани за добивање на овој сертификат? Кандидатите кои сакаат да добијат диплома можат да се пријават за полагање на испит во било кој овластен ECDL тест центар во светот, да полага по редослед по кој сака и по положените сите испити добие сертификат кој е признат во целиот свет. Испитниот материјал, е креиран од страна на ECDL Фондацијата во соработка со голем број на стручни лица од целиот свет,и е идентичен во сите земји. Во зависност од постоечкото ниво на знаење, кандидатот може да посетува обука во овластениот ECDL тест центар, самостално да се припрема со помош на авторизирана литература или да пристапи на тестирање без претходна обука. Во Македонија досега се отворени 10 тест центри, во кој кандитетите може да се пријават на тестирање за добивање на ECDL сертификат. nnn

аметни уреди не ве прави експерти во дигитални вештини


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

38

политика

Што се ќе се најде на агендата на новата обвинителка Катица Јанева!?

Специјалниот обвинител ќе отвора големи корупциски случаи и од необјавени "бомби"?!

К пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Меѓународниот притисок, односно волјата да се избере Специјалниот обвинител како суштина на Договорот од

Пржино што конечно треба да го расчисти политичкиот терен за демократска, фер-плеј игра, успеа да си го направи своето. Специјалниот обвинител е тука, и има закон што му гарантира целосна автономија во работата (со што се сложи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев), а јасно е и дека ќе може да смета на сесрдна меѓународна поддршка. И откако јавноста за почеток легитимно се позанимава со прашањето која е Катица Јанева, па се мереше колку е недостаток, а колку предност тоа што Специјалната обвинителка е релативно непозната за пошироката јавност, време е да се потсетиме за што конкретно е таа избрана. Договорот од Пржино и Законот (популарно наречен) за Специјален јавен обвинител, предвидуваат надлежностите на оваа институција да се исцрпат во „гонење на кривични дела поврзани,

и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите (од „бомбите“ на Заев, н.з.)“. Јанева и нејзиниот тим се очекува да почнат од најзрелиот случај, најдобро индицираниот во содржината/материјалите на „бомбите“. „Во однос на случаите со кои Специјалниот обвинител ќе се зафати, сметам дека ќе зависи од тоа кој од случаите колку е зрел, и, според тоа, колку може да се одработи. Очекувам дека ќе се направи добар план и дека ќе има ефект од тоа“, вели претседателката на Транспаренси Интернешнл - Македонија, Слаѓана Тасева, потенцирајќи дека улогата на Специјалниот обвинител е клучна во овие моменти на политичко-институционална криза. Извори на „Капитал“, пак, откриваат, дека Специјалниот обвинител во наредниот период паралелно со

Закон: Никој не може да го менува фи


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

39 с лучаите што произлег уваат од објавеното во проектот на опозицијата „Вистината за Македонија“, ќе се зафати и со случаи слични на Маѓар Телеком, кој ја доби пресудната сила откако во јавноста се појави сведочењето на екс-разузнавачот Слободан Богоевски со целата релевантност што му ја дава фактот дека е дадено пред суд во Њујорк. Нашите информации се дека за големи корупциски случаи, слични на Маѓар Телеком, и странци ќе му доставуваат докази на Специјалниот обвинител, со тоа што дел од овие афери досега не излегоа во јавноста преку „бомбите“, туку се дел од необјавениот материјал што го поседува Заев. На извесен начин ова го потврдува и Тасева, која вака одговори на прашањето: Дали очекува Специјалниот јавен обвинител да го преземе случајот Маѓар Телеком за кој деновиве се дозна дека по допрен глас одново е отворен предмет во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „Не очекувам случајот Маѓар Телеком да го преземе Специјалниот обвинител, зашто во неговиот мандат е она што е објавено во снимките. Освен доколку во материјалите што не сме ги слушнале има елементи што ќе доведат до врска со овој случај или до други слични за него“, вели Тасева. За какви случаи се работи може да се претпостави ако се знае дека се слични на случајот во кој, според сведочењето на Богоевски, се поткупувани високи (и владини) функционери прво на СДСМ и на ДУИ за да се спречи либерализацијата на телекомуникацискиот пазар, а потоа и на ВМРО-ДПМНЕ, за да се повлечат потерниците против директорите на Маѓар Телеком.

„Специјалниот“ ќе биде недопирлив за Зврлевски, а и финансиски независен

Законот, со цело име - за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, му гарантира целосна автономија на Специјалниот обвинител. Во него е регулиран односот на „специјалниот“ со постојното Јавно обвинителство. Законот предвидува дека ниту еден јавен обвинител во Јавното Обвинителство на Република Македонија, вклучувајки го и Марко Зврлевски, не може да влијае на работата на Специјалниот обвинител, или да бара извештаи поврзани со неговите предмети или со предмети на обвинителите во рамките на Специјалното обвинителство. „Специјалниот“ и обвинителите кои ќе работат со него нема да бидат повикувани на колегиумите во проширен состав во Јавното обвинителство, и

Покрај редовната агенда што ја има во политичкиот договор, Специјалниот обвинител во наредниот период паралелно со случаите што произлегуваат од објавеното со „бомбите“, неофицијално ќе се зафати и со големи корупциски случаи, слични на Маѓар Телеком, кои досега не излегoa во јавноста (со „бомбите“), но се дел од необјавените материјали што ги поседува Заев

Катица Јанева собирала корисни искуства и на Сицилија

П

рофесионалната кариера на Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева почнала во 1998 година, кога се вработила како соработник во Основниот суд во Гевгелија. Во 2003 година е избрана за помошник Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во 2009 е именувана за обвинител. Од 2010 година со одлука на Советот на јавни обвинители шефува со Основното јавно обвинителство Гевгелија, што е функцијата на која ја затекна изборот за Специјален обвинител. За одбележување во контекстот на новата страница од нејзината кариера е студиски престој што го имала во разни институции во Сицилија во 2008 година, како дел од проект за борба против организираниот криминал и корупцијата. Во 2013 година Јанева била на студиски престој и во САД, на обука за Закони за кривична постапка. Таа работи и како предавач на Академијата за судии и јавни обвинители на Македонија.

таму нема да се разгледуваат стручни, како и други прашања од надлежноста на Специјалниот обвинител. Јавните обвинители од Обвинителството на Република Македонија (вклучително и Зврлевски) не можат да преземаат истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на Специјалниот обвинител без негова/нејзина писмена согласност. Специјалниот обвинител има право да побара од јавните обвинителства во рок од најдоцна 8 дена да му го предадат кој било предмет по кој постапуваат за да се одлучи дали предметот спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител. Во делот на финансирањето, Специјалниот обвинител, исто така, има целосна автономија. Во Законот е предвидено тој сам да поднесе општ работен, персонален и финансиски план до Владата (во рок од 30 дена од назначувањето), а ниту Јавното обвинителство, ниту Министерството за финансии и ниту Собранието на Македонија, не можат да го менуваат финанскиот план, а треба да го вградат во Буџетот на Јавното обвинителство на Република Македонија. Како тривијалност од Законот ќе споменеме дека платата на Специјалниот обвинител се определува во висина од 10% пониска од платата

на Јавниот обвинител на Република Македонија. Специјалниот обвинител има целосна автономија и во однос на изборот на соработници - колеги - обвинители, кои ќе работат во Специјалното обвинителство. Законот предвидува Специјалниот обвинител да предложи листа на кандидати за соработници до Советот на Јавни обвинители од редот на постојните јавни обвинители. Советот ќе ги избере овие „специјални“ соработници. Специјалниот јавен обвинител може да вработи и стручни соработници, експерти, советници, истражители и административен персонал во неговиот истражнен центар. Со Законот е предвидено и Специјалниот јавен обвинител да бара меѓународна правна помош и соработка по прашања кои се во негова/нејзина надлежност. Во делот на отчетноста пред јавноста за неговата работа, Специјалниот обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за своите активности, вклучувајќи и опис за напредокот во која било истрага или гонење преземено од него. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали кои според „специјалниот“ треба да се чуваат како доверливи, но тој/ таа ќе обезбеди соодветни информации за да ги оправда трошоците. nnn

инансискиот план на "специјалниот"


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

40

Балкан бизнис и политика Естонија Латвија Литванија

Полска Украина

Чешка

Словачка Хрватска

Унгарија

Романија

Словенија Босна и Херцеговина

Бугарија

Србија Македонија

Анализа на Deloitte: 500 најголеми во Средна Европа

Хрватски Агрокор граби кон топ десетката!

Само една компанија од Македонија, Технологија,Џонсон Мети, со приход од Производство 927,5 милиони евра во 2014 година се наоѓа медиуми и на листата 500 најголеми од телекомуникации регионот на Енергетика среднаии источна Европа, што јаФармација прави Deloitte за вкупно ресурси 18 земји. Полските компании продолжуваат со доминацијата, Јавен заземајќи една третина од рангираните, додека од Адриа регионот доминираат Словенија сектор Потрошувачки и Хрватска со 32 фирми од вкупно 43. сектор и транспорт

Градежништво и недвижности

Доминација: Речиси 40% од вкупниот приход на 500-те најго


Македонија

www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

41 бројки

682

милијарди евра приход имаат 500-те најголеми фирми во Средна Европа

Производство Енергетика и ресурси

Технологија, медиуми и телекомуникации

Потрошувачки сектор и транспорт

Фармација

39,4%

од вкупните приходи отпаѓа на секторот Енергетика и ресурси

Јавен сектор Градежништво и недвижности

260

е бројот на компании чиишто приходи растеле

174

С пишува

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Само една компанија од Македонија, британската инвестиција Џонсон Мети (Johnson Matthey) се наоѓа меѓу 500-те најголеми компании од регионот на Средна Европа годинава, покажува анализата на ревизорско – консултантската компанија Дилојт (Deloitte), што ја спроведува веќе деветта година по ред. Идентификувани се најголемите компании од 18 земји на Средна и Источна Европа, кои што заедно оствариле 682 милијарди евра приход во 2014 година, што е за 1,8% помалку во однос на годината претходно. Последната, 500-та компанија на ранг листата има приход од 459 милиони евра. Ниту оваа година нема позначајни промени на врвот од ранг листата, па првите три позиции повторно ги зазедоа две компании од секторот енергетика – полската ПКН Орлен (PKN Orlen) и унгарската МОЛ

(MOL) – додека на трето место се најде чешката Шкода. Полските компании продолжија да доминираат на листата 500 на Дилојт, чинејќи една третина од вкупниот број на компании што се најдоа таму. Резултатите на овие 500 компании за 2014 година покажуваат дека е поголем процентот на оние што ги зголемиле приходите (52%) во однос на 49,8% такви компании во 2013 година. Ако кон тоа ги придодадеме резултатите од првиот квартал во 2015-та вкупното зголемување на приходите е отприлика 2% во евра, а 3,7% во локални валути, што покажува неповолна динамика на валутните пазари. “Средна Европа гледана во контекст на окружувањето може да се каже дека е силен придвижувач на растот на целиот европски континент, подинамичен регион е во однос на Европа како целина , а она што треба да се нагласи е дека растот е одржлив на среден рок. Дополнително, ако ги споредуваме политичките разлики во Јужна Африка, Турција, Нигерија, Бразил, Мексико, Русија (изземајќи ја Украина) политичкиот ризик на регионот на Средна Европа е прилично низок. Општата перцепција на деловната заедница е дека регионот на Средна Европа изгледа како релативно сигурно уточиште во турбулентно окружување“, велат аналитичарите на Дилојт.

Словенија и Хрватска предничат во Адриа регионот

На листата 500 најголеми компании во Средна Европа оваа година се пласираа 43 компании од Адриа регионот. Словенија и понатаму има најмногу претставници

најмногу фирми се од секторот Потрошувачка и транспорт

170

компании се од Полска, најмногу од сите земји (20), следи Хрватска со 12 компании, додека Србија оваа година забележа пад од ланските 10 на сегашни шест. За разлика од минатата година кога имаше три претставници на листата, Босна и Херцеговина сега има 4, а Македонија има еден претставник исто како и лани, тоа е Џонсон Мети, британската инвестиција во слободната зона Бунарџик, со 927,5 милиони евра приход во 2014 година. Три најголеми компании од Адриа регионот оваа година се Агрокор со 4,6 милијарди евра приходи од продажба, словенечката Петрол група со 4 милијарди евра и нафтената индустрија Ина од Хрватска со 3,11 милијарди евра приход во 2014 година. Освен листата од 500 најголеми компании, Дилојт направи и ранг листа на 50 најголеми банки, како и осигурителни друштва. Како и минатата година, водечка позиција зазеде полската ПКО БП (PKO BP) банка, со актива од 58 милијарди евра во 2014 година. Загребачка банка највисоко котира од хрватските банки, на 12 место, со актива од 15,7 милијарди евра. Во првите шест години од објавувањето на овие анализи на Дилојт, Хрватска и Словенија имаа во

големи во Средна Европа отпаѓа на енергетските компании


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

42

Балкан бизнис и политика

Најголеми во Средна Европа

П

олската нафтена компанија PKN Orlen, на чело со извршниот директор Дариуш Кравиец е најголема во Средна Европа со приходи од 25,5 милијарди евра во 2014 година, помали за 5,5% во однос на годната претходно, кога исто така беше на прво место меѓу 500 најголеми. просек седум банки меѓу 50 водечки, додека последниве три години на листата влегуваат само четири. Привредна банка Загреб е на 25 место со актива од 9,5 милијарди евра, Ерсте банка на 27 место со актива од 9,1 милијарди евра, додека од Словенија НЛБ Група е на 18 место со 11,9 милијарди евра актива. “Меѓу осигурителите веќе четврта година по ред нема позначајни промени во структурата на најголемите играчи. На листата и понатаму предничи полската ПЗУ, со остварени четири милијарди евра вкупна бруто пресметана премија. Од Адриа регионот највисоко котира Триглав групацијата од Словенија на шесто место, со 888 милиони евра бруто пресметана премија, следат Сава Ре од истата земја на 13 место (468 милиони евра б.п.п) и Кроација осигурање од Хрватска на 19 место (76 милиони евра б.п.п)“, објаснува Теа Бажант, менаџерка во одделот за ревизија на Дилојт Хрватска за Лидерпрес.

Последица на падот на цените на нафтата и јагленот

Врз вкупните резултати на 500 -те анализирани компании, каде што 39,4% се приходите од секторот енергија и ресурси, влијаат падот на цените на нафтата и јагленот, и видливиот пад на

приходите од продажба на електрична енергија и гас во 2014 година. Всушност речиси 60 компании од Средна Европа од секторот енергетика забележале пад на приходите, кои што, гледани на ниво на средна вредност на секторот, паднале за 3,3%. Наспроти тоа, компаниите од секторот производство оствариле стабилен раст од 3,1%, како и оние од секторот потрошувачка и транспорт, каде што растот е 1,9%. Покрај тоа, средната вредност на приходите на сите 500 компании во првиот квартал од 2015 година пораснала за 1,7%, мерено во евра, за разлика од падот од 3,1% забележан во истиот период лани. Секторот на широка потрошувачка и транспорт со 174 компании е далеку најзастапен на ранг листата. Покрај водечката компанија Џеронимо Мартинс (Jeronimo Martins) од Полска со 8,6 милијарди евра, на високото второ место од овој сектор е и хрватскиот Агрокор со 4,6 милијарди евра приходи. Агрокоровото преземање на словенечки Меркатор ќе му обезбеди уште повисоко место на вкупната ранг листа, затоа што за 2015 година ќе се зема предвид консолидираните биланси на компанијата, кои што ќе изнесуваат над седум милијарди евра, со што Агрокор ќе биде меѓу првите 10 најголеми фирми во Средна Европа. nnn

Најголеми од Адриа регионот

Х

рватски Агрокор на Анте Тодориќ е најголема компанија од Адриа регионот, на 22 место со 4,6 милјарди евра приход за 2014 година. Догодина, кога во билансот ќе влезат и резулатите од преземениот словенечки Меркатор, со над 7 милијарди евра, Агрокор ќе биде меѓу првите 10 на Средна Европа.

Единствените од Македонија

Б

ританската инвестиција Џонсон Мети во слободната економска зона Бунарџик крај Скопје, под водство на Џатин Такрар за кусо време стана најголемиот извозник од Македонија, а ланскиот приход од 927,5 милиони евра ја смести на 214 место меѓу 500 најголеми во Средна Европа, за разлика од 373 место една година претходно.



ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!

СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156

Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

Профил

45

Димитрис Кондоминас

Играч за сите политички бои, и овде, и во Грција

Ако досега грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас во Македонија се доведуваше во врска со сомнителни бизнис релации со властите, по документот од сведочењето на Слободан Богоевски во Њујорк, на кое тешко може да му се одрече релевантноста, јасно е дека нам добро познатиот Грк стана повеќе од сомнителен. А ако тој веќе не е само сомнителен, каков статус сега (ќе) добиваат неговите овдешни бизнис-политички партнери?

Факт: Кондаминас со години има бизниси во Македонија


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

И 46

Профил

И мето на еден од најуспешните грчки бизнисмени, како што некои го сметаат, Димитрис Кондоминас, со години се провлекува низ македонските медиуми во најблаго кажано сомнителни бизнис-политички контексти. Но, деновиве, по објавувањето на документот од случајот со поткупот во Маѓар Телеком што се води пред суд во Њујорк, се чини неговата улога во македонските работи е расветлена. На сведочењето на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски пред претставник на Американската комисија за хартии од вредност која го води судскиот спор против Маѓар Телеком тешко може да му се одрече релевантноста (наспроти заканите со тужби за клевета од засегнатите). Повеќе од јасно е дека њујоршкиот суд не го повикал туку-така Богоевски да сведочи, а уште помалку би го прифатил неговиот исказ ако немало соодветни докази добиени на друг начин. Според документот (јавно достапен) од сведочењето на Богоевски, лично од него (од Богоевски) во 2004 година Кондоминас побарал да го поврзе со тогашен висок функционер во владата на СДСМ и со челниците на владиниот коалициски партнер ДУИ. Со цел тие да се поткупат за да се спречи либерализацијата на македонскиот телекомуникациски пазар, односно, за што подолго да се задржи монополот на Телекомот каде Кондоминас имал дел од сопственоста. За исплатите на поткупот биле користени фирми на Кондоминас - Чаптекс и Космотелко. Од сумата за поткупот што ја планирале директорите на Маѓар Телеком - 10 милиони евра, 2,5 милиони евра добил функционерот на СДСМ, а по толку поделиле и двајца челници на ДУИ. Според Богоевски, последната четвртина од парите ја задржал моторот на проектот, Кондоминас. Патот на поткупот од Македонски Телеком до исплатата во кеш одел преку Нетфон (зад кој стоеше Космотелко), скопска компанија

на која Телекомот и плаќал за лажни консултантски договори, а таа (Нетфон) ги префрлала парите на кипарски Чапекс, од каде била вадена готовината и преку луѓе на Кондоминас доставувана до споменатите. Но, според Богоевски, Кондоминас како бизнисмен кој игра за сите бои, случајот продолжил да го брани и со новата власт во Македонија, со ВМРО-ДПМНЕ, кога се поднесени меѓународни потерници за поранешните директори на Македонски Телеком. Имено, Емануел Малелис - Маноли (исто така, добро познат во Македонија) уредил состанок во Солун меѓу Кондоминас и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ на кој било побарано да бидат повлечени

До изборите во Грција (20 октомври), Alpha TV на Кондоминас ќе го напушти својот забавен карактер и ќе се фокусира на предизборната кампања. Хостесата Константина Спиропулу на телевизијата дотогаш ќе одмара во друштво на бизнисменот Самсоненко продолжува кај што застана Кондаминас со хотелот на плоштад и Офицерскиот дом

споменатите потерници. Функционерот услугата ја наплатил два милиони евра, и за да биде сумата сооветна на претходната за поткупот на тројката од СДСМ и од ДУИ, побарал уште 500.000 евра за правни услуги, односно, за адвокатската фирма што ќе ги изврши. За подобро да се врзе со новата власт во Македонија, Кондоминас пред функционерот на ВМРО-ДПМНЕ излегол и со нови бизнис предлози - а Богоевски сведочел дека тука спаѓа и размената на дури три згради на Македонски Телеком за една на плоштадот во Скопје, тогаш сè уште во фаза на карабина. За да не испадне дека карабината била продадена „евтино“, Телекомот од своја страна во зделката додал



www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

48

Профил

уште 16 милиони евра. Дека Кондоминас нашол заеднички јазик со власта на ВМРОДПМНЕ се покажа од придонесот што беше подготвен да го даде за проектот Скопје 2014. Имено, Гркот во 2011 година купи 6.300 квадратни метри државно земјиште на скопскиот плоштад (за 100 евра по квадрат), и зема обврска на местото да го обнови Офицерскиот дом (урнат по земјотресот во 1963 година), и да изгради хотел што ќе кореспондира со архитектонските вредности на Скопје 2014. Но, овој проект во меѓувреме испадна дека ќе го реализира еден друг

бизнисмен, русинот Сергеј Самсоненко, кој ја презема фирмата ДЦ прајм пропертис од Кондоминас. Од последниот засега нема коментар зошто му го препуштил овој бизнис на Самсоненко. Инаку, за Димитрис Кондоминас, иако, како што кажавме на почетокот, се смета дека е еден од најуспешните грчки бизнисмени, малку може да се најде на интернет - дури и на Википедија за него има артикл само на грчки јазик. Таму се вели дека бизнисменот роден во 1939 година во Атина, е разгранет во осигурителниот, во медиумскиот, во кино

бизнисот, како и во малопродажбата. За неговите почетоци пишува дека работел како агент за осигурување во American Life (ALICO), а во 1969 ја основал својата осигурителна компанија Interamerican. Ги основал или презел банката Interbank (потоа преземена од Eurobank), Intertech (претставник на Panasonic), Euroclinic Athens, банката Novabank (во 2013 преземена од Piraeus Bank); поседува флота авиони и хеликоптери на компанијата InterJet, компанија за органско производство GreenFarm, а негови се и кино салите Village Roadshow; од 1998 до 2001 бил сопственик на фудбалскиот клуб Арис од Солун, а можеби најпознат е по неговата телевизија Alpha TV, која ја продаде (како Alpha Media Group) на германски RTL во 2008 година за 125,7 милиони евра, за четири години подоцна, во 2012, да си го откупи делот назад, и повторно да стане стоотстотен сопственик. Во медиумскиот бизнис, покрај делот на Alpha Media Group, Кондоминас ја поседува и телевизиската станица Channel 9 во Атина и во Солун. Наградуван е од Вселенската патријаршија од Константинопол (Истанбул) како „голем добротвор“. А за Кондоминас лани, на почетокот на годината, беше издаден налог за апсење како дел од истрагата за сомнителните кредитирања од страна на грчката Поштенска банка која од 2007 до 2012 година загубила близу 500 милиони евра. Бизнисменот кого налогот за апсење го затекна во болница бил еден од најголемите корисници на овие кредити, а во грчкиот печат се пишуваше дека Кондоминас „се збогатил преку нив (преку кредитите), а меѓу другото и купил и куќа на ќерка си“. Сето ова не ги изненади Грците кои долго беа сведоци на кредити добиени под криминално поволни услови со кумување на државата, што покажува, во случајот на Кондоминас, дека тој добро игра со политичарите и на домашен терен. Кондоминас налогот за апсење не го одведе во затвор, туку со рекордна кауција за грчки поим, од 5 милиони евра, беше пуштен да се брани од слобода. Грчките медиуми пред неколку дена јавија дека Димитрис Кондоминас решил „тешката артилерија“ на својата Alpha TV да ја стави на располагање на предизборната трка во Грција. До денот на изборите (20 октомври) оваа телевизија ќе го напушти својот забавен карактер и ќе се фокусира на информативни профили на 35 политички програми и стотици гости кои ќе парадираат низ студијата на каналот. Бизнисот, се чини, повторно добро му оди, зашто грчкиот печат јавува и дека Кондоминас деновиве го засилува и својот осигурителен бизнис со нови технологии, за подобра услуга на клиентите. nnn



E

www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

50

IFA 2015

"Еден од најуспешните IFA саеми во историјата со неочекувано голем раст на бројот на посетители“, вака организаторите на најголемиот европски саем за потрошувачка електроника што секоја година се одржува во Берлин ги сумираа впечатоците од овогодинешното издание на IFA. Во периодот меѓу 4 и 9 септември, колку што траеше саемот, изброиле околу 245.000 посетители, на кои 1.645 изложувачи на лице место им ги покажале своите нови производи. „Со примени нарачки во износ од околу 4,35 милијарди евра, IFА уште еднаш ја потврди својата позиција на водечки светски саем за индустријата и малопродажбата пред пикот на годишната продажба во пресрет на Божик“, соопштија организаторите на затворањето на IFA 2015. Ако, пак, се сумираат впечатоците на медиумите, особено на оние чија специјалност е технологијата, ќе се добие целата слика за тукушто завршениот саем - револуционерни иновации всушност немаше - светските премиери на одредени уреди покажаа дека иновативност не недостасува, но таа е искористена за подобрени верзии на веќе постоечките производи, а не за нешто навистина револуционерно. Изложувачите не се штеделе, што беше евидентно од нивните штандови, а на IFA 2015 можевме да видиме што значи кога не штедат на презентација најголемите играчи во индустријата за потрошувачка електроника - Samsung, Sony, LG, Panasonic ...

Sony Xperia Z5/Z5 Premium/Z5 Compact Кај смартфоните најмногу внимание привлече премиерата на фаблетот Xperia Z5 Premium, првиот мобилен уред со 4К резолуција на екранот. Се работи за 3.840 x 2.160 точки распоредени на 5,5-инчниот екран, кои резултираат со невидена густина на кој и да е дисплеј, од 806 ppi. Sony истовремено го претстави и „обичниот“

Вртоглав раст на резолуциите на "малите" екрани, IoT визијата станува сè поконкретна

Револуционерни иновации на IFA 2015 немаше светските премиери на одредени уреди покажаа дека иновативност не недостасува, но оти била искористена за подобрени верзии на постоечките производи, а не за нешто навистина револуционерно. Како и да е, подобрувањата се импресивни - го имаме првиот смартфон со 4К екран, таблет за филмофили со автономија за 18 часа гледање видео, лаптоп со 4К дисплеј чии пиксели се за третина погусти од оние на Retina MacBook ... Xperia Z5 со Full HD резолуција на IPS екранот, како и неговата компактна верзија Xperiа Z5 Compact со HD резолуција. Хардверот кај сите три уреди е идентичен - опремени се со осумјадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор и Adreno 430 графика. Двата поголеми модели имаат 3 GB RAM, а компактот 2 GB. Камерите на сите три уреди фотографираат со 23 мегапиксели, а имаат и читач на отпечаток од прст вграден во страничното powerкопче. Нормално, најголем интерес од сè

наброено за Z „петките“ предизвика 4К екранот на премиум моделот. Острината му е зачудувачка, а со право се поставува прашањето чуму толкава резолуција кога поединечен пиксел со голо око не може да се види на QHD, па дури ниту на Full HD екрани. Заклучокот е дека во Sony покрај тоа што со Xperia Z5 Premium демонстрираат сила и престиж, овој уред го дизајнирале имајќи предвид специфични примени, како употреба со очила за виртуелна реалност или за гејминг.

IFA 2015: 245.000 посетители, 1.645 изложувачи во Берлин


www.kapital.mk

Капитал број 829 18.09.2015

51 При секојдневните активности на овој фаблет 4К резолуцијата дури и претставува проблем поради неприлагоденоста на голем број од содржините - за илустрација, Sony користи upscaling за гледање видеа на YouTube.

Huawei Mate S Два дена пред официјалниот почеток на IFA, но во Берлин и во контекст на саемот, и кинески Huawei го претстави својот досега најнапреден уред, Mate S, кој привлече внимание со иновацијата Force Touch. Станува збор за технологија за препознавање на силата со која со прстот се притиска екранот (во случајов екран со Full HD резолуција на 5,5 инчи). Huawei кај овој модел ја подобрил и Knuckle Control технологијата за користење на зглобовите на пристите при „типкањето“. Имено, сега корисникот може да прави движења по екранот со зглобот, а уредот истите ќе ги препознае како различни од оние направени со врвот на прстот. Оваа опција овозможува напишаната буква со зглобот да отвори одредени апликации (W=weather, C=camera ...).

Samsung Gear S2 Свое шоу приреди и Samsung кој на IFA го претстави Gear S2, својот прв кружен smartwatch. Gear S2 има 1,2-инчен Super AMOLED екран со резолуција 360 x 360 пиксели, со густина од 302 ppi. Резултатот е слика со острина, сатурација на боите, и контраст со натпросечен квалитет, типичен за флегшип смартфоните на Корејците. Чипсетот на овој „паметен“ часовник е Qualcomm Snapdragon 400, со две јадра на такт од 1 GHz. Располага со 512 MB RAM и 4 GB интерна меморија. Батеријата со капацитет од 250 mAh на часовникот што нема SIM картичка и 3G конекција (има и таков модел - со SIM, кој има батерија од 300 mAh) е доволна за повеќе од два дена автономија, тврдат од Samsung. Предност на Gear S2 секако е тоа што може да се користи во комбинација со кој и да е смартфон со Android OS (не само со Samsung).

Lenovo Yoga Tab 3 Pro Во категоријата таблети најинтересен беше Yoga Tab 3 Pro на Lenovo. Се работи за 10,1-инчен таблет кој се очекува дека ќе ги одушеви филмофилите и останатите кои често „вртат“ мултимедијални содржини на мобилните уреди. Yoga Tab 3 Pro има вграден pico-проектор што може да репродуцира 70-инчна слика на ѕид, но, не помалку импресивна карактеристика е екранот на уредот кој со резолуција од 2560 x 1600 пиксели (што при оваа дијагонала прават густина од 299 ppi) дава беспрекорна острина, и изненадувачки жив приказ на боите. Овој таблет на Lenovo доаѓа со батерија од извонредни 10.200 mAh, доволни (според производителот) за дури 18 часа гледање видео. И тоа флуидно (гледање) благодарение на Intel чипсетот Atom x5-Z8500 (четвојадрена платформа што работи на такт од 2,24 GHz), 2 GB RAM и 32 или 64 GB меморија што може да се прошири со microSD картичка.

Toshiba Satellite Radius 12 Кај преносните компјутери најинтересен на IFA беше конвертибилниот лаптоп на Toshiba, Satellite Radius 12, со 12,5-инчен екран со 4К резолуција, односно густина на пиксели од 353 ppi. За ориентација, тоа е за третина погуста вредност од онаа на Retina MacBook. За комфорна работа на Satellite Radius 12 се грижи шестата генерација Intel процесори (сè до Core i7), а RAM-от може да се надградува до 8 GB, и со меморија за складирање податоци до 512 GB SSD. Преносникот на Toshiba, како што кажавме, е конвертибилен, односно, може да се преклопи за 360 степени и да се употребува како таблет.

Кога веќе ги споменавме процесорите на Intel од шестата генерација, и тие беа претставени на овогодинешната IFA. Базирани се на архитектурата Skylake и на 14-нанометарска производна технологија, а подобрувањата во однос на претходната генерација се кај перформанските и потрошувачката на енергија. Во 4К трендот вреди да се издвои и првиот OLED телевизор на Panasonic, TX-65CZ950. OLED матрицата на овој уред (65-инчна) значи врвна интерпретација на боите, врвен контраст и динамика, какви што се недостижни за класичните LCD панели пикселите кај OLED-от сјаат и се обојуваат на индивидуално ниво.

Samsung SmartThings IFA 2015 беше избрана и за ново претставување на визијата на Samsung за Интернетoт на нештата (IoT). Корејците претставија повеќе производи и најавија партнерство меѓу различните индустрии. Новиот Samsung SmartThings Hub (уред за модерните домови што може да ги поврзе сензорите и другите IoT уреди на различни производители) има многу посилен процесор што овозможува видео надзор и има дополнителни батерии што траат до десет часа во случај да снема струја. Видео надзорот овозможува снимање само доколу во домот се случи нешто неочекувано, како, на пример, отворање на влезната врата. Беше претставен и Smart Home Monitor кој нуди обединет пристап и контрола во случај на кражба, пожар, дефект на инсталациите ..., за сето, во случај на потреба, известувајќи го корисникот во реално време, со пораки, и со видео записи од надзорната камера, кои стигнуваат на мобилниот телефон. Samsung и автомобилите ги смета за важен дел од екосистемот на Интернетот на нештата, и објави дека во контекстот соработува со неколку од водечките светски производители на возила. Samsung SmartThings набрзо во автомобилите на BMW ќе праќа податоци од SmartThings Hub-от, како и обратно апликацијата ќе може да го следи техничкиот статус на возилото, и далечински да го заклучува и отклучува. nnn


Рок за пријавување: 5 oктомври 2015

Дводневна обука на тема:

Извештаи за менаџмент SUCCESS®

l 12 и 13 октомври 2015 година (понеделник и вторник) l 09:00-17:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје Обуката се базира на SUCCESS® правилата кои се развиени од професорот Хичерт. SUCCESS® правилата даваат јасни насоки и правила како треба да изгледа добриот Извештај. Ефектниот извештај е функционален, едноставен, прегледен и со јасно пренесена порака за публиката. Врз основа на тој извештај публиката може да донесе одлука благодарение на јасната комуникација. На обуката ќе биде образложено кој вид на графикони (chart) треба да се користат, каде и зошто. Ќе бидат образложени конкретни правила за креирање на табели во Excel и како табелата јасно да ја пренесе пораката. Примерите се од различните сектори (банкарство, телекомуникации, FMCG, градежништво, ИТ ...). Во вториот дел на обуката ќе подготвиме SUCCESS® правила во Excel и PowerPoint. Ќе ве научиме со неколку трикови како Вашиот извештај да ја остави публиката без здив. Со SUCCESS® правилата како и Excel триковите, ќе бидете во состојба да направите магични графикони, табели и дијаграми.

Учесниците на обуката ќе можат да ги донесат своите извештаи кои ќе можат да се променат, прилагодат и подобрат. На овој начин SUCCESS® концептот ќе се примени веднаш во пракса.

Содржина на обуката:

Прв дел: SUCCESS® правила Втор дел: Примена на правилата во Excel и PowerPoint

За кого е наменета обуката:

l Менаџментот, кои секојдневно добида голем број на извештаи. l Controlleri, кои секојдневно дизајнираат извештаи. l Професионалци, кои имаат потреба да направат квалитетен извештај.

Предавач: Бојан Шчепановиќ

генерален менаџер на MCB – Menadzment Centar Beograd, специјализирана компанија за едукација на менаџери и личен развој.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.