834 kapital magazin 1

Page 1

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ГОДИНИ

INTERVIEW

ГЕОРГИ ГОСПОДИНОВ писател

COVER STORY

ДРЖАВАТА ЌЕ СЕ (САМО)ДИСЦИПЛИНИРА ДА ПЛАЌА ЗА 60 ДЕНА?!

ДЕМОКРАТИЈАТА Е ДОБРА ЗА НАС, НО ДАЛИ СМЕ НИЕ ДОБРИ ЗА ДЕМОКРАТИЈА?

ЗАКОНСКА ШМИНКА ИЛИ СПАС ОД НЕЛИКВИДНОСТА

55%

од микро и малите фирми опфатени во најновата анкета на Центарот за граѓански комуникации се изјасниле дека имаат проблем да наплатат од државата

ИНТЕРВЈУ

ПЕТАР АНДРЕЕВСКИ И АРТОН ЛЕНА

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

специјален прилог

ФИНАНСИИ

КАМАТИТЕ НА ДЕПОЗИТИТЕ СЕ ДОБЛИЖУВААТ ДО НУЛА, БЕРЗИТЕ ПАЃААТ

директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент

ПРЕКУ НАШИОТ ФОНД СТАНУВАТЕ СОПСТВЕНИЦИ ВО НАЈМОЌНИТЕ СВЕТСКИ КОМПАНИИ НЕДВИЖНИНИТЕ КАКО АЛТЕРНАТИВА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАН ПОИСПЛАТЛИВО ОД ШТЕДЕЊЕ ВО МОМЕНТОВ

АКЦИИ, ОБВРЗНИЦИ, ДЕПОЗИТИ ИЛИ НЕДВИЖНОСТИ...

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ?!

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ФИНАНСИИ АКЦИИ, ОБВРЗНИЦИ, ДЕПОЗИТИ ИЛИ НЕДВИЖНОСТИ...

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ?!

ИСТРАЖУВАЊЕ: ЗОШТО ПРОПАЃААТ МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ? БРОЈ 834 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 23 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK



3

Капитал број 834 23.10.2015

сОдржиНа

20 04

Profile

алексаНдар Вучиќ еве како србија се справува со партиските вработувања

08 НаВиГатОр Македонците трошат 14 милиони долари

годишно за видео игри

10

26 31

cover story

18 заполовина буџет се троши пензии и социјала!

тука нема ништо развојно?!

луѓе и кОМпаНии

Најчести кобни грешки на домашните бизнисмени Зошто пропаѓаат македонските компании?

аНалиЗа

Бизнисмените со предлог за едно од најгорчливите енергетски прашања! Домашен конзорциум може да го изгради Чебрен!?

специјалеН прилОГ фиНаНсии

44

56 46

ГеОрГи ГОспОдиНОВ писател

52

сВет

56

сВет

62

лидери

БалкаН

Над 1000 фирми во србија имаат газди од оф-шор зони од кипар преку Маршалските острови до панама Зошто пропаѓаат македонските компании?

иНтерВју

Демократијата е добра за нас, но дали сме ние добри за демократија?

n Каматите на депозитите

се доближуваат до нула, берзите паѓаат n Недвижнините како алтернатива за инвестирање Изнајмување на стан поисплатливо од штедење во моментов

државата ќе се (само)дисциплинира да плаќа за 60 дена?! Законска шминка или спас од неликвидноста

капиталНО

20

44

Koj e Хамди улукаја? милијардерот чие кисело млеко ги освои американците "Овчарот" за кој се "тепаат" Pepsi и Coca-Cola Што ќе донесе спојувањето на двете најголеми пиварници AB InBev - SABMiller ќе го продава секое трето пиво во светот тајните за успех на Ворен Бафет

Наплата

БаНкрОт БлуЗ

ХидрОцеНтрали

Ретко кој верува дека државата ќе се одвикне од старите навики со задоцнување и по неколку месеци да им плаќа на фирмите откако од Нова Година ќе почнат да важат законските рокови за плаќање за 60 дена. Законските измени со кои државата се обврзува да се (само)дисциплинира се доставени до Парламентот во време кога за половина од фирмите најголем проблем е наплатата од државните институции.

Светските истражувања покажуваат дека во 95% од случаите, фирмите пропаѓаат поради лошиот менаџмент. Она што стои како главна причина за пропаѓањето на фирмите на Запад, во Македонија може да е само повеќе изразено и поопасно. Ви даваме совети што не смеете да правите за да не влезете во оние 75-80% новоотворени фирми што пропаѓаат во првите три години од работењето.

Ако се направи добар проект за Чебрен и Галиште, кој што ќе биде добар во смисла да не биде мегаломански, со вредност до околу 300 милиони евра, може да се најде домашен капитал помеѓу енергетски и градежни компании, кои што можат тоа да го исфинансираат. Со помош на банкарска поддршка, проектот би можел успешно да се реализира, сметаат домашни бизнисмени и експерти.

XX Стр. 10

XX Стр. 20

XX Стр. 26

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 22.10.2015


www.kapital.mk

PROFILE

АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ ПРЕМИЕР НА СРБИЈА

ЕВЕ КАКО СРБИЈА СЕ СПРАВУВА СО ПАРТИСКИТЕ ВРАБОТУВАЊА


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

5

profile

О

д оваа недела посебна буџетска инспекција во Србија ќе почне да ги “чешла” општините и локалните претпријатија за да провери дали вдомиле партиски паразити и дали вработувале спротивно на законите. Инспекцијата на Министерството за финансии ќе започне со посета на канцеларии на некои градоначалници или директори за кои се сомнева дека вработувале спротивно на законските прописи со кои во минатата, но и во оваа година се ограничи можноста за вработување на нови кадри. Според она што го пишуваат српските медиуми, буџетските инспектори ќе доаѓаат ненајавено, а од општините и службите во локалните претпријатија ќе бараат прецизни податоци за бројот на вработени во оваа година, но и во изминатите 2014 и 2013 година. Во случај да пронајдат неправилности, нема да имаат милосторганизациите кои вработувале ќе ги казнат парично со казни до 16 илјади евра. Толкава казна ќе мора да платат и нивните раководители. Ако со инспекциите а исто така Министерството за финансии ќе го сопре вентилот и привремено ќе го скрати финансирањето од буџетот. Жртвите кои ќе бидат посетени од буџетските инспектори ќе се бираат по дојава, сознание или основано сомневање дека одделни градоначалници и директори вработувале и покрај забрана за вработување. “Јавна тајна е дека има десетици вработени во општините и јавните претпријатија кои немаат што да работат и дека во државните фотелји дошле само заради партиските книшки. Освен тоа што не се стручни, за нив годишно се трошат огромни плати од буџетот”, пишува српски Блиц.

Србија ги намалува и платите на државните службеници

ММФ побара масовни отпуштања во администрацијата

Д

ополнително, интересно е да се додаде дека, поради аранжманот што Србија го има со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оваа држава се обврза да го намали бројот на вработени во јавниот сектор. Според последните информации од вкупно 680.000, Србија ќе мора да го намали овој сектор на 120.000, од кои 125.000 луѓе треба да се отпуштат во наредните две години. Од нив, пак, само до крајот на оваа година, 9.000 луѓе ќе мора да заминат. повикувајќи се на официјален податок објавен на тамошната Атникорупциска комисија, зема плата од 1.040 евра. Во Македонија, ниту еден функционер транспарентно не ја објавува својата плата, како што е тоа случај во Србија. Меѓутоа, согласно Законот за плати и привилегии на именувани лица, платата на премиерот е производ од последната просечна исплатена плата во Македонија помножена по коефициент 4,5. Нашата пресметка покажува дека премиерот Никола Груевски зема плата 1600 евра. Инаку, просечната плата во Србија е 370 евра, а во Македонија е 355 евра, односно за 15евра помала од онаа во Србија. Тоа значи дека во Србија и покрај тоа што просечната плата е поголема, платите во јавниот сектор се помали. Во Македонија споредено со Србија, пак, ситуацијата е обратна. При помала просечна плата, патите во јавниот сектор се повисоки. nnn

Неодамна Србија ги објави и новите намалени плати во државната администрација. Најмалата плата во јавниот сектор во Србија ќе изнесува 180 евра, а најголемата 1300 евра, предвидува новиот нацрт Закон за плати во јавниот сектор за 2016 година. За споредба, јавната администрација во Македонија, која исто така е превработена со партиски вработувања, има повисоки плати. Н а п р и м е р, в о М а ке д о н и ј а , според анализите кои ги направи Капитал, прибирајќи податоци од последните објавени огласи на Агенцијата за администрација, пак, најниската плата (за звање помлад референт инаку најниско звање во администрација) изнесува 217 евра, а највисоката плата, онаа на премиерот, претседателот и спикерот на собранието, пак, изнесува 1.600 евра. Ова значи дека платите во Македонија се повисоки за 40 до 300 евра во јавниот сектор споредено со Србија. Притоа, во Македонија на годишно ниво, платите во администрација се зголемуваат за 5%, оти од минатата година, влезе во сила законската одредба со која владата вети дека администрација ќе добива 5% повисоки плати секоја година. Тоа значи дека следната година, целата администрација во Македонија ќе има за 5% повисока плата од онаа што ја добива годинава. Разлика во висината на платите има КОРИ УДОВИЧКИ и меѓу премиерите на двете држави. МИНИСТЕР ЗА ДРЖАВНА УПРАВА Српскиот премиер Александар Вучиќ, И ЛОКАЛНА САМОУПРАВА како што пишуваат српските медиуми,

На кого се однесува законот l Чиновници (администрација) l Сите служби на сите нивоа на l власта l Просвета l Здравство l Локални јавни претпријатија

5%

намалување на бројот на вработени годишно

2% 3%

добиваат отказ

заминуваат во пензија или во приватен сектор

507.000 моментално вработени во јавен сектор

415.000 вработени на неодредено време


6

Капитал број 834 23.10.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

И

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

WWW.KAPITAL.MK

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

10

денари, заштедете

...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

 ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

 ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС

 ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ

ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

WWW.KAPITAL.MK

СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

 НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ

70

МИЛИОНИ ЕВРА ОХРИД – ПЕШТАНИ

60

МИЛИОНИ ЕВРА

 ОТКУП НА СТАЖ

НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

50

МИЛИОНИ ЕВРА

 АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА

ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија

ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!

45

МИЛИОНИ ЕВРА

WWW.KAPITAL.MK

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот

БЕТОН Б ЕТОН ДОБИТНИ НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

евра 200 милиони Од каде пари?

 МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО

ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ

ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?  КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ

НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

INTERVIEW

ГРАДСКО - ПРИЛЕП

 ЕКСПРЕСЕН ПАТ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ПОЛИТИКА

12 месечна претплата 4.100 денари

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА

ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?

ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!

специјален прилог - семејни бизниси

COVER STORY

6 месечна претплата 2.200 денари

COVER STORY

ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

ВлАдАТА дВОИ пОВеќе пАРИ

50,1%

уџетот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) во 2016 година ќе изнесува 18,8 милиони евра, што е зголемување за 68,6% во споредба со годинешниот буџет кој изнесува 11,1 милион евра, стои во предлог буџетот за 2016 година за кој деновиве дебатираат пратениците во Собранието. Најголем дел од зголемувањето на буџетот на Дирекцијата, е заради огромното зголемување на износите кои власта годинава планира да ги потроши на субвенции и трансфери, како и изградба на

од вкупните потреби на енергија, Македонија задоволува од домашното производство

Требаше да направиме повеќе за решавање на причините за најголемата бегалска криза после Втората светска војна БАН КИ МуН

генерален секретар на ОН

Б

победник на неделата

Македонците трошат долари годишно за В ИВИцА ТОдОРИќ

+

Мантрата на банкарите дека за добри бизниси секогаш има пари уште еднаш ја потврди најновата информација дека хрватски Агрокор добил 200 милиони евра кредит од меѓународните финансиери. Пет глобални банкарски гиганти – Goldman Sachs, J.P. Morgan, Credit Suisse, London Branch и BNP Paribas – склучија договор со компанијата на Ивица Тодориќ, за кредит што треба да го врати за 18 месеци, а гаранти за кредитот се неколку компании од неговиот концерн. До моментот на пишување на овој текст, сè уште не беше официјално објавено за која намена е кредитот, а хрватските аналитичари претпоставуваат дека е за затворање на некои краткорочни обврски произлезени од преземањето на словенечки Меркатор. Агрокор на Тодориќ во повеќе наврати досега ја добивал довербата од меѓународните комерцијални и институционални инвеститори, без оглед дали се работело за кредити наменети за инвестиции и развој на бизнисите на концернот, за финансирање на преземањата или пак за рефинансирање на постоечките обврски. И самиот процес на преземање на Меркатор го финансираа или учествуваа како советници преку 50 водечки банки од Европа и САД. Компанијата што тргна пред 40 години како производство и трговија со цвеќе, денес е меѓу најголемите фирми во југоисточна Европа, со годишен обрт од преку седум милијарди евра, сега по спојувањето со Меркатор.

на Балканов, најмногу пари индустријата за видео игри врти во грција, 96 милиони долари, а Србија е на прво место од екс ЈУ земјите, со 49 милиони долари.

В

Во Македонија годишно се вртат околу 13,9 милиони долари во индустријата за видео игри, покажува истражувањето на агенцијата Newzoo, која што се занимава пред сè со светскиот пазар на видео игри. На листата од 100 земји, за 2015 година, Македонија се наоѓа на 94 место, а Србија е највисоко пласирана од екс-Ју земјите, на 64 место, со годишен обрт од 49 милиони долари. Хрватска е 69та, Словенија 81-ва, БиХ 86-та и Албанија на 90-то место. Од земјите на Балканот, најмногу приходи од видео игри се прават во Грција,

која е на 53 место, со 96 милиони долари. Сите 100 земји на листата заедно трошат 91,2 милијарди долари на видео игри годишно. За прв пат, на прво место не се наоѓаат САД, туку приматот им го зеде Кина, која според податоците на Newzoo, годишно “врти“ 22,2 милијарди долари, односно околу 300 милиони повеќе од Американците. Јапонија е на трето место со 12,3 милијарди долари, додека следните на листата имаат доста помали пазари на видео игри – Јужна Кореа е четврта со нешто над 4 милијарди, а следат Германија, Велика Британија, Франција, Канада, Шпанија и Италија. Податоците во истражувањето се базираат на приходите што глобалните компании за видео игри ги остваруваат во секоја земја и во тука не влегуваат приходите од продажба на хардвер, даноците, business-tobusiness услугите, како и приходите


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

9

и од БуЏетот за слоБодните зони градежни објекти во зоните. Така на пример ставката “разни трансфери” за која во годинешниот буџет се предвидени да се потрошат околу 498 илјади евра, следната 2016 година ќе изнесува 4,8 милиони евра, што е деветкратно зголемување за една година. Големо зголемување на буџетот има и кај ставката “други градежни објекти” за која следната година ќе се потрошат 8,5 милиони евра, што е зголемување за 50% во споредба со годинава. Во Дирекцијата за ТИРЗ се вработени 75 вработени и за нивните бруто плати во 2016 година ќе бидат потрошени вкупно 556 илјади евра.

> Бројка

мисла на неделата

30%

ризикот секогаш постои. дури и за првата кола на Форд луѓето викале дека не е подобра од коњот. но, тоа во никој случај не значи дека не треба да се ризикува и напредува

од вкупната потрошувачка на енергија во Македонија отпаѓа на индустријата.

лидери

т 14 Милиони видео игри

90

милијарди долари се трошат годишно во светот за видео игри

од онлајн обложувањето. Под индустрија за видео игри (gaming industry) покрај традиционалниот начин на играње преки физички копии на видео игрите, влегуваат дигитални копии, онлајн игри со претплата, стриминг во реално време, а сè повеќе луѓе се заинтересирани за видео игрите, особено преки социјалните мрежи и паметните телефони и таблети. Во Македонија има дваесетина фирми кои што се занимаваат со развој на видео игри, а овој бизнис е во подем, со оглед дека интензивно се развива и пазарот за мобилни апликации, но нема официјални податоци за тоа колку пари годишно заработуваат македонските креатори на видео игри. За тоа колку сериозен може да е овој бизнис и за компании од овие простори, жив пример е фирмата Нордеус од Белград, креатор на видео игри, која што има канцеларии и во Скопје и уште четири градови во светот, и која минатата година имаше приходи од 60 милиони евра, а сега вработува 160 луѓе. nnn

Илон Маск

сопственик на Тесла

губитник на неделата

Џастин трудо

Либералот Џастин Трудо победи убедливо на изборите и стана нов премиер на Канада

Хенријет рекер

Рекер не само што стана првата жена градоначалник на Келн, туку е и херој во Германија оти само ден пред изборите беше избодена со нож

не им беше неделата

синиша Мали

Градоначалникот на Белград Синиша Мали допрва ќе има мака да објасни како купил 24 апартмани во Бугарија

иво санадер

Хрватскиот експремиер останува во затвор откако му беше одбиена кауцијата во вредност од 1,6 милиони евра

_

Мило Ѓукановиќ „Готов е“, „Мило крадецу“. Ова се паролите кои се извикуваа на минатонеделните протести во Црна Гора со кои опозицијата поддржана од дел од граѓаните побараа премиерот на оваа држава, Мило Ѓукановиќ да ја напушти премиерската фотелја, да поднесе оставка и да се формира преодна влада. Протесниот марш беше организиран поради акцијата на полицијата во која беа тргнати шаторите и бината пред Парламентот по речиси цел месец протести на приврзаниците на опозицијата. Инаку ова се едни од најжестоките и најодлучните протести во последните неколку години кои му се случуваат на Ѓукановиќ, а кој веќе 26 години владее со Црна Гора. Според лидерот на опозицијата, пак, планот е овие протести да прераснат во најважниот политички настан во историјата на Црна Гора. Само за потсетување, околу владеењето на Ѓуакновиќ се поврзани многу мистерии и наводи за корупција и криминал, а во Италија пред пет години се водеше и истрага за негова поврзаност со најголемите шверцери на цигари во Црна Гора. Ѓукановиќ се наоѓа и на листата на најбогати лидери во светот заземајќи го високото 20 место, податок кој самиот Ѓукановиќ го демантира. Дали протестите што се случуваат во оваа држава ќе го симнат Ѓукановиќ од власт, останува да се види. Всушност со минатонеделните протести дојдоа и првите шпекулации дека премиерот ја напуштил држава, но веднаш потоа оваа информација беше демантирана.


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

story 10 coverstory cover

во време коГа половина оД фирм

Државата ќе се (само)Дисциплини Да плаќа за 60 Дена законска шминка спас оД неликвиДн ретко кој верува дека државата ќе се одвикне од старите навики со задоцнување и по неколку месеци да им плаќа на фирмите откако од нова Година ќе почнат да важат законските рокови за плаќање за 60 дена. овој рок сепак нема да важи за повеќегодишните јавни набавки. законските измени со кои државата од микро и малите фирми се обврзува опфатени во најновата да се (само) анкета на центарот за граѓански комуникации дисциплинира се изјасниле дека имаат се доставени проблем да наплатат од државата до парламентот во време кога за половина од фирмите најголем проблем е наплатата од државните институции. за да даде ефект, бизнисмените велат дека „законот мора доследно да се применува“. “ќе бараме најбуквално спроведување на наплатата од државните институции како што пишува во законот“, велат тие.

55%


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

11 мите не можат Да наплатат оД Државните институции

ира на?! а или носта

за колку Дена плаќаат компаниите и јавниот сектор во европа Австрија Шпанија Португалија Италија Унгарија Полска

Германија Шведска

Норвешка Данска

Естонија Финска

32 25

103 70 94 70

144 80 42 28

33 32 19 17

32 21 32 27

27 25 21 20 22 23

Плаќања на државата и јавниот сектор Плаќања помеѓу компании

за колку Дена плаќаат компаниите и јавниот сектор во регионот Грција Бугарија БиХ Бугарија Словенија Србија

Хрватска

49

31 52

39 42 31 57 41 35 36

36 30 48 48

Плаќања на државата и јавниот сектор Плаќања помеѓу компании извор: Intrum European payment report 2015


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

12

cover story

Н

Горан Антески

генерален директор на Раде Кончар ТЕП

ајважно за бизнис секторот е дали ќе се применуваат законските одредби со кои и државата треба да плаќа во рок од 60 дена. Ако не се почитува законот, нема да има никакво фајде од неговото донесување. Потребно е внимателно да се следи неговата примена и да се одредат ригорозни казни за негово непочитување. Ние како компанија немаме големо искуство со јавни институции, но од малкуте тендери за некои општини можам да кажам дека наплатата е исклучително тешка. Чекавме со месеци да наплатиме за тоа што сме го продале. Лошото искуство со јавните набавки не одби да работиме со државата.

Д ишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Државата ќе мора да се одвикне од старите навики со задоцнување и по неколку месеци да им плаќа на фирмите откако од Нова Година ќе почнат да се применуваат одредбите од Законот за финансиска дисциплина кои предвидуваат државните органи, општините, и јавните претпријатија да плаќаат во рок од 60 дена. Законските измени што Владата ги достави до Парламентот се носат во време кога наплатата од јавните институции е најголем проблем за приватните фирми што добиваат тендери. Најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации спроведено меѓу 405 микро и мали фирми покажува дека дури 55% од нив имаат проблем да ги наплатат фактурите од државата. „Во деловна трансакција меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 дена во случај кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник“, пишува во најновиот предлог – Закон за финансиска дисциплина. Меѓутоа, она што ги прави бизнисмените скептични дека државата ќе се (само) дисциплинира и ќе ги скрати роковите на

К

Сеад Кочан

заменик претседател на Сојуз на стопански комори

плаќање на фактурите на 60 дена е членот од законот кој што вели дека “рокот за исполнување на паричните обврски може да биде подолг од 60 дена ако се работи за повеќегодишна јавна набавка“. Причина повеќе за песимизмот што владее во бизнис секторот се и резултатите од досегашната примена на Законот за финансиска дисциплина од мај минатата година кога стапи на сила, бидејќи во истиот период, просечниот рок за наплата на побарувањата изнесува 126 дена, што е за еден ден подолго од претходната година. „Наплатата не се подобрува. Ние како компанија немаме големо искуство со јавни институции, но од малкуте тендери за некои општини можам да кажам дека наплатата е исклучително тешка. Чекавме со месеци да наплатиме за тоа што сме го продале, а ние како приватна фирма не можеме лесно да се задолжиме за тековна ликвидност како што тоа го прави државата. Нам ако некој не ни плати, ни го блокира работењето. Лошото искуство со јавните набавки не одби да работиме со државата“, вели Горан Антески, генерален директор на Раде Кончар ТЕП. Тој потенцира дека „најважно за бизнис секторот е дали ќе се применуваат законските одредби со кои и државата треба да плаќа во рок од 60 дена. Ако не се почитува законот, нема да има никакво фајде од неговата измена. Потребно е внимателно да се следи неговата примена и да се одредат ригорозни казни за негово непочитување“, вели Антески. Дека примената на законот ќе оди тешко предупредува и потпретседателот на Стопанската комора, Горан Рафајловски. „Без оглед што законските рокови се сведуваат на 60 дена, речиси неверојатно е дека приватните фирми што добиваат тендери, ќе потегнат иницијатива за присилна наплата по истекот на тој рок доколку не ја наплатиле фактурата. Тоа автоматски ќе значи казна за државниот орган, но казна и за фирмата со тоа

е бараме најбуквално спроведување на наплатата од државните институции како што пишува во Законот. Засега состојбата со наплатата барем за мојата компанија е солидна, но роковите кои првично се договорени се долги. Ако и понатаму остане проблематична наплатата од општините и јавните претпријатија поради членот 211 од Законот за извршување, тогаш ќе мора тоа да се надмине со некои дополнителни правилници кои ќе овозможат неселективна примена на основниот закон. што нема да добие ниту еден тендер во иднина“, вели Рафајловски и сугерира да се спроведе поголема кампања за финансиско дисциплинирање и на приватниот и на јавниот сектор.

Казни од 10 илјади евра за тие што не плаќаат на време

Измените на Законот предвидуваат казни во износ од 10.000 евра и за приватните фирми и за државните институции за непочитување на законските одредби. За одговорните луѓе пак, казните се 30% од одмерената казна за фирмата или државниот орган. Сепак, ова се максималните парични казни кои што во согласност со Законот за прекршоци ќе се одредуваат во зависност од големината на компаниите, бројот на вработени. Измените на Законот за финансиска дисциплина предвидуваат и опомени, а не казни за прекршок што ќе биде по прв пат откриен од Управата за јавни приходи која што врши надзор на спроведувањето на законот што наиде на позитивни реакции меѓу бизнисмените. Заменик претседателот на Сојузот на стопански комори и сопственик на градежната компанија Трансмет, Сеад Кочан, вели „ќе бараме најбуквално спроведување на наплатата од државните институции како што пишува во Законот. Засега, состојбата со наплатата барем за мојата компанија е солидна, но роковите кои првично се договорени се долги“. Џемаили Даути, сопственик на компанијата Даути Комерц, вели дека наплатата од приватниот сектор се подобрува, но од државните институции се уште е проблем. „Има случаи на доцнење со плаќање и по 90 дена во нашиот сектор, а во другите сектори се зборува и за повеќе. Според тоа, очекуваме новиот закон да ги подобри работите иако се уште технички не ни е јасно како тоа ќе се изведе“, вели Даути. Она што е непознато е сумата што ја должи државата кон приватните фирми. Министерот за финансии, Зоран Ставрески,

Бизнисмени: Ќе бараме буквално да се почитуваат законските рокови



www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

14

cover story

Б

ез оглед што законските рокови се сведуваат на 60 дена, речиси неверојатно е дека приватните фирми што добиваат тендери од државата по истекот на тој рок доколку не ја наплатиле фактурата, ќе потегнат иницијатива кај нотар за наплата. Тоа автоматски ќе значи казна за државниот орган, но казна и Горан за фирмата со тоа што нема да Рафајловски добие ниту еден тендер во иднина. потпретседател на Мислам дека треба да се спроведе Стопанска комора поголема кампања за зголемување на свеста и кај фирмите и кај јавните институции за потребата од навремено плаќање.

во повеќе наврати кога новинарите настојуваа да добијат одговор на ова прашање, одговараше дека долгот на државата се менува секој ден. На истото прашање од страна на мисијата на ММФ, властите одговориле дека државата нема повеќе долгови, но сепак во последниот извештај, монетарците нагласија „властите да прават континуирани напори за скратување на задоцнувањето на наплатата, вклучувајќи ја и наплатата од јавниот сектор“. Не се знае колкав дел од јавните набавки што ги прават државните органи, јавните претпријатија и општините се плаќаат со задоцнувања, но се знае дека годишно се склучуваат тендери вредни близу една милијарда евра. Но, роковите за плаќање на фактурите во Македонија се меѓу најдолгите во Европа. Најновото истражување на шведската консултантска компанија, Intrum која го прави европскиот индекс на плаќања, покажува дека со рок на плаќање од 80 денови, најнедисциплинирани се италијанските компании. Во Португалија и Шпанија, минатата година во просек се чекало по 70 дена за наплата на побарување. Од земјите во регионот, најлошо е рангирана Хрватска каде што за наплата за чека 48 дена, во Бугарија 39 дена, во Словенија 36 дена, додека пак Босна и Србија се меѓу најдисциплинираните земји

И

Џемаили Даути сопственик на Даути Комерц

со рок на наплата до 30 дена. Кога станува збор за плаќања на обврските од страна на јавниот сектор, повторно Италија е на дното на табелата каде што за наплата се чека 145 дена. Ос танатите држави кои што бе а најпогодени од европската должничка криза, како Португалија и Шпанија, исто така ги пробиваат сите нормални рокови за плаќање на обврските. Во Македонија нема статистичка поделба на деновите на наплатата на побарувањата од приватниот и од јавниот сектор. Најголем дел од земјите во Европа проблемот со слабата наплата го решија со примена на Европската директива за рокови и обврски во плаќањата (2011/7/ ЕУ). Тоа е средство на Европската унија за борба против доцнењето во плаќањето на комерцијалните трансакции, која европските земји беа задолжени да ја воведат во националните законодавства најдоцна до март 2013 година. Главната цел беше да се заштитат малите и средните фирми кои не можат сами да се изборат за правото на навремена наплата, заради што беа доведени во опасност да банкротираат. Доцнењето создава големи трошоци и проблеми во ликвидноста. Европската директива предвидува дека јавните институции мораат да платат за стоките и услугите кои ги купиле или користеле во рок од 30 дена или во

ма случаи на доцнење со плаќање и по 90 дена во нашиот сектор, а во другите сектори се зборува и за повеќе. Според тоа очекуваме законските измени да ги подобрат работите иако се уште технички не ни е јасно како тоа ќе се изведе. Сите што работиме со државата имаме многу решенија за наплата со извршител кои никако не можеме да ги наплатиме. Мислам дека првично и најважно е да се измени Законот за извршување и да почне да функционира на еден нормален начин. Инаку ако остане вака ќе ни остане и нас како стопанственици еден навистина голем проблем.

исклучителни случаи најдоцна во рок од 60 дена. За компаниите е предвидено одредена договорна слобода. Плаќањата во комерцијалните трансакции да ги прават во рок од 60 дена, освен ако поинаку не се договорат и ако тој договор е праведен кон доверителот. Компаниите имаат право веднаш да бараат камата заради задоцнето плаќање и право да бараат надомест за сите преостанати разумни трошоци. Законската каматна стапка за задоцнето плаќање е поголема барем 8% од референтната каматна стапка на Европската централна банка, а јавните институции не смеат да договараат камата за задоцнето плаќање пониска од оваа камата. Значи, мерките од Директивата не се задолжителни за компаниите кај кои е дозволено во некои случаи да договорат и подолги рокови за плаќање, но мерките од Директивата се задолжителни за државата која на тој начин треба да постави пример за приватниот сектор како треба да се почитуваат договорите.

Наплатата со извршители останува проблем

Иако Законот за финансиска дисциплина ги обврзува и општините и јавните претпријатија од Нова Година да плаќаат во рок од 60 дена, сепак останува проблематична наплатата со извршители доколку не се почитува ниту овој законски рок. Како што е веќе познато, членот 211 од



www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

16

cover story

Законот за извршување им овозможува на претседателите на основните судови да имаат дискреционо право да го утврдуваат нужниот лимит на пари за функционирање на општините и јавните претпријатија од кои не може да се наплати побарување, а вообичаено тоа се највисоките лимити односно целите буџети на овие институции. Проблематично според експертите е толкувањето на овој член од Законот за извршување. „Никаде во членот 211 од законот за извршување не се споменати парични средства на кои не би можело да се спроведе извршување кога се во прашање државата, нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Членот 211 се однесува на предмети и права неопходни за вршење на дејноста на институциите. Ваквото толкување е противуставно бидејќи автоматски ги става во нерамноправна положба државните институции и приватните компании “, вели Јаневски. Спорниот член 211 од Законот за извршување буквално гласи: „Врз предмети и права на Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на парични побарувања, доколку тие се неопходни за вршење на нивната дејност, односно задачи. Кои предмети и права се неопходни за вршење на дејноста и задачите на должникот ќе определи претседателот на судот на чие подрачје се спроведува извршното дејство, ако во текот на спроведувањето на извршувањето, странките за тоа прашање не се согласат или инаку се укаже тоа како потреба“. Бизнисмените коментираат дека токму овој спорен член ја блокира наплатата од јавните институции. „Повеќе од пет години од кога е донесен Законот за извршување ние не можеме да наплатиме скоро ништо од државните институции. Не знам дали се работи за законска дупка или некој тоа намерно го вметнал, но државните институции кога работат со нас се заштитени како мечки. Само да ви покажам колку извршни решенија за наплата имам, а особено да ги видите датумите од кога тие се издадени и се ќе ви стане јасно“ вели сопственик на мала градежна компанија. Бизнисмени од поголемите компании додаваат дека моменталниот закон за

Стопанската Комора

Ќе ги следиме роковите за плаќање и ако има проблем ќе реагираме

С

о предложените одредби во Предлогзаконот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, се уредува прашањето кое беше истакнато како барање од бизнис заедницата за прецизирањето на роковите, во случаите кога е утврдено паричната обврска да се исполни на рати. Бизнис заедницата ги поддржува предложените измени кои се од превентивен карактер и се во насока на едуцирање и дисциплинирање, а не на казнување на субјектите, односно решението доколку од страна на органите на надзор се утврди дека прекршокот на одредбите на законот е направен по прв пат од страна на субјектот извршување вака како што е поставен е само залажување дека нешто воопшто може да се наплати од државните институции. „Проблемот е што државата ти го признава долгот но не кажува кога ќе го наплати. Официјално законот е поставен да го штити финансиското функционирање на институциите во секое време и тоа можеби е во ред. Но никој не гледа што се случува на другата страна кај приватниот сектор. Тие пари кои не можеме да ги наплатиме со години најчесто се клучни за опстанок или пропаѓање на нашите компании“, велат бизнисмените. Тие сугерираат властите веднаш да иницираат промена на овој член од законот. „Сите што работиме со државата имаме многу такви решенија кои никако не можеме да ги наплатиме. Мислам дека законот во тој дел првично и најважно треба да се измени и да почне да функционира на еден нормален начин. Инаку ако остане вака ќе ни остане и нас како стопанственици еден навистина голем проблем“, вели Џемаили

на надзорот, надзорните органи да донесат решение со укажување за отстранување на прекршокот во рок од 8 дена и се предвидува едукација за одговорното лице на субјектот каде е утврден прекршокот. Доколку субјектот на надзорот го отстрани прекршокот во дадениот рок од инспекторот, се запира постапката, а доколку не е отстранет во утврдениот рок, се предлага постапка на порамнување согласно одредбите од Законот за прекршоците. Ќе се следи и примената во практиката на одредбите кои се однесуваат на роковите за плаќање на обврските кај повеќегодишните јавни набавки, и доколку се забележат проблеми, Комората соодветно ќе реагира. Даути, сопственик на компанијата Даути Комерц. Сеад Кочан вели дека „доколку членот 211 од Законот за извршување повторно е проблем, тогаш ќе мора тоа да се надмине со некои дополнителни правилници кои ќе овозможат неселективна примена на основниот закон“. Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески предлага дискреционото право на судиите целосно да се укине или да се одреди колкав процент од буџетите на општините и јавните претпријатија точно може да биде одреден за нужен лимит, а од останатиот дел да се исплаќаат обврските. Според него тоа е во интерес и на јавните претпријатија, бидејќи ако ова продолжи вака ќе дојде до ситуација во која ниту една компанија нема да има интерес да работи со нив и тоа ќе им создаде голем проблем во работењето. Стопанската Комора на Македонија веќе доставила иницијатива за изменување и дополнување на членот 211 од Законот за извршување на која засега нема никаков одговор. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

18

Капитално

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

од буџетот од 3,18 милијарди евра, околу 45% или 1,4 милијарди евра ќе се потрошат за исплата на пензии и социјална помош. Ако на тоа се додадат и платите од 421 милион евра за натрупаната администрација, излегува дека близу две третини или 1,8 милијарди евра ќе се троши за нешто што не може да донесе никаков економски развој. И тоа е така со години наназад. Тука завршуваат сите дебати за тоа колку е развоен македонскиот буџет!

ПолоВИНА БуџеТ с ЗА ПеНЗИИ И соЦИ ТуКА НеМА НИшТо

А

Ако малку подетално се разгледа предлог Буџетот за 2016 година според тоа кој, колку и како ги троши парите од државната каса, може да се видат еден куп апсурди и нелогичности, кои објаснуваат зошто Македонија како држава е таму каде што е. Ако се анализира за што се трошат најмногу пари, тогаш од овие 3,18 милијарди евра што Владата планира да ги потроши следната година, дури половина или околу 45% ќе се троши за социјални трансфери. Тоа се 1,4 милијарди евра кои од буџетот се двојат за исплата на пензии и за корисниците на социјална помош. За земја како Македонија со огромна невработеноста и со приватен сектор кој не отвара нови работни места, тоа е сосема логично. Фактот што половина од буџетот се троши за пензионерите и за социјалните случаи многу јасно покажува кои се приоритетите во оваа држава и дава индиректен одговор за тоа зошто младите одбираат да си заминат од Македонија. Ако на оваа сума се додадат и платите на јавната администрација, тогаш излегува дека над 1,8 милијарди евра, што е околу 60% од буџетот за следната година оди за плати на администрација, пензионери и социјалци. На пример, за плати за јавната администрација се троши исто колку

и за капитални расходи. На пример, од буџетот во 2016 година дури 2,8 милијарди евра, или околу 87% од буџетот ќе се троши за тековни трошоци, а само 13% за капитални расходи. Или за капитални расходи од буџетот се троши исто колку што се троши за платите на јавната администрација кои достигнуваат 420 милиони евра. Затоа е логично што сите да сакаат да се вработат во јавната администрација, бидејќи платите во приватниот сектор се далеку пониски од платите на државните службеници. Нивните плати редовно се зголемуваат, а згора на тоа уживаат и еден куп поволности, а со законите се заштитени како бели мечки од откази. Но, уште пострашни заклучоци се добиваат кога ќе се разгледа буџетот по корисници. Покрај министерствата и клучните државни институции, кои во Македонија се во најголем број во споредба со земјите од поширокиот регион, во земјава постојат еден куп агенции, директорати, инспекторати, центри и какви се не уреди кои се закачени и живеат на државниот буџет. Имаат перверзно многу вработени и огромни буџети кои во најголем дел се трошат само за плати и за тековни трошоци. Во најголемиот дел од нив бројот на вработени постојано се зголемувал во изминатите девет години, иако според активностите кои реално ги вршат, тие може слободно да бидат укинати и нивните функции да бидат дел од некое постојно министерство. На пример, Дирекција за заштита и спасување, која е формирана во 2005 година има годишен буџет од 4,1 милион и во неа се вработени 288 луѓе. Во Центарот за справување со кризи, пак, се вработени дури 326 вработени и тој годишно троши 2,5 милиони евра државни пари.


www.kapital.mk

Капитал број 832 09.10.2015

Капитално

се троши ијала! о развојно?! Секоја дебата за буџетот дали тој бил развоен или социјален е тотално непотребна и беспредметна. Со ваква структура, буџетот е само проста форма преку која секоја власт префрла пари и ги одоброволува гласачите. Проблемот е во распределбата на парите, односно во критериумите на оној кој ја прави распределбата, без да води сметка за тоа дека оние кои го полнат буџетот стануваат се помалобројни и се посиромашни. Колку за споредба во овие две институции се вработени 614 луѓе, што е повеќе отколку што најголемата и најпрофитабилна компанија во земјата џонсон мети вработува во двете фабрики заедно (534 вработени на крај на 2014 година), повеќе отколку што се вработени во фабриката за производство на автобуси ван Хол каде на крајот на 2014 година работеле 485 луѓе. бројни вработувања има и во одделни министерства. на пример, во министерството, пак, за труд и социјала според буџетот за 2016 година се предвидува да има 1.924 вработени, а во 2006 година имало 288 вработени, што е шесткратно зголемување на бројот на вработени. ова темпо на вработувања не може да ги постигне ниту една приватна компанија, ниту домашна, ниту странска. но, во буџетот можат да се видат само вработувањата и трошењата за буџетските корисници. во овој документ ги нема зголемувањата на бројот на вработени во јавните претпријатија, кои во изминатите девет години се зголемени за фрапантни 100%. на пример, според податоци од

омбудсманот, во 2006 година во јавните претпријатија работеле 8.804 луѓе, а денес таму се сместени двојно повеќе, односно 17.201. Капитал во некои од следните броеви ќе објави подетална анализа колку се вакви уреди и агенции постојат во македонија, колкави буџети имаат, колку луѓе вработуваат... но, ва најголемиот дел од нив, во изминативе девет години се зголемени и бројот на вработени и буџетите кои ги трошат. и ова се случува во период кога нема ниту еден официјален податок колкав е бројот на вработени кои земаат плата на товар на буџетот. оттука секоја дебата за буџетот дали тој бил развоен или социјален е тотално непотребна и беспредметна. со ваква структура буџетот е само проста форма преку која секоја власт префрла пари и ги одоброволува гласачите. оние кои се најбројни, добиваат најмногу пари. Проблемот е во распределбата на парите, односно во критериумите на оној кој ја прави распределбата, без да води сметка за тоа дека оние кои го полнат буџетот стануваат се помалобројни и се посиромашни. nnn

19


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

20

Луѓе и компании

светските истражувања покажуваат дека во 95% од случаите, фирмите пропаѓаат поради лошиот менаџмент. она што стои како главна причина за пропаѓањето на фирмите во сад или западна европа, во македонија може да е само повеќе изразено и поопасно. ви даваме совети што не смеете да правите за да не влезете во оние 75-80% новоотворени фирми што пропаѓаат во првите три години од работењето, но и како од долгогодишен успешен бизнис да не се претворите во фирма пред банкрот.

најчести кобни грешки на домашни

о пишува:

игор петровски

igor.petrovski@kapital.mk

зошто про македонск компании

Околу 43.000 нови компании се отвориле во последните пет години, според податоците на Централниот регистар, додека во истиот период (2010-2014) година се затвориле нешто повеќе од 9.200 фирми. Што значи дека, отприлика, на секои пет ново отворени фирми, доаѓа една што затвора. Едно истражување од пред неколку години покажа дека 80% од новите бизниси во Македонија пропаѓаат во првите три години од работењето. И во најразвиените претприемачки средини, како САД, овие статистики се отприлика тука некаде. Според американското Статистичко биро, 75% од сите новоотворени бизниси во земјата пропаѓаат во рок од 2 до 5 години. Тоа значи дека секој мал бизнис има само 25% шанси да преживее. Но, пропаѓаат и компании кои што долго време важат за успешни, и на прв поглед се неприкосновени на пазарот. Во Македонија последниве неколку години имавме случаи кога пропаднаа големи компании кои што важеа за лидери во своите индустрии,

со сериозни пазарни удели, со по неколку стотини вработени, итн. Такви примери имаше во повеќе бизнис сектори: климатизација, месни преработки, производство на мебел...

најголем проблем е кај паричниот тек

Притиснати од товарот на долговите, македонските бизнисмени, обично во последен момент или кога е веќе предоцна, бараат спас кај доверителите, најчесто банките и снабдувачите, занемарувајќи го често одговорот на прашањето врз основа на што ќе се извлечат од амбисот. Доверителите пак, најмногу сакаат кога тој одговор ќе содржи долгорочен бизнис план кој што е гаранција за закрепнувањето. Првиот чекор во таа насока е нова зделка, уште и ако е на поголем пазар кој што е поголем и повеќе исплатлив од домашниот, намуртениот банкар кај кого бизнисменот отишол да бара спас можеби и ќе се насмевне. На крајот на денот само едно прашање останува клучно, велат

кЛучно прашање за опстанок: од каде ќе се генерир


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

21 за загуби и пропаст на Компаниите 10причини

Истражувањето на американската компанија Dun and Bradstreet што го цитираше српскиот портал kako.prodati.biz, покажало дека причината за пропаѓање на бизнисите во Америка, во дури 96% од случаите е лошиот менаџмент. Аналитичарите навеле 10 главни причини зошто компаниите најчесто банкротираат. Иако овие заклучоци се поврзани со американските компании, во македонски услови можат да бидат само повеќе изразени и поопасни. Причините се прикажани респективно во однос на влијанието што го имаат врз успешноста на работењето. наведениот процент значи во колкава мера споменатиот фактор влијае врз пропаѓањето на некој бизнис.

82%

проблеми со паричниот теК (cash flow)

недостатокот на готовина е рак рана и на македонските компании. недоволното разбирање за тоа како се управува со паричниот тек е главна причина за неликвидноста на повеќето домашни компании. особено кај малите фирми кои што под cash-flow подразбираат пари што ги држат во паричникот. управувањето со готовина е навика што се стекнува од мали нозе, што во македонија не е случај, затоа што без оглед на капиталистичката економија што ја градиме веќе 25 години, поединци со свеста сè уште се во стариот систем.

79%

стартување со премалКу готовина

ите бизнисмени

во сад на секој долар почетен влог, претприемачот има три долари на располагање (заради достапните извори на финансирање), додека во македонија само 30 центи (заради ризикот на работењето). а, колку мали компании во земјава пропаѓаат заради недоволната поддршка на почетокот, можеме само да замислиме.

опаѓаат Ките 73% и? 78%

недоволно истражување и планирање

Колку е важно да се промисли добро што треба да се направи можеби најдобро илустрира изреката:“не брзај ако одиш во погрешна насока“. за жал, заради недостаток на истражување и планирање, голем број компании во македонија не само што не напредуваат, туку и одат чекор назад. а, најлошо е што мнозинството сопственици на фирми воопшто не се свесни дека погрешно работат и не им паѓа на памет да побараат совет.

стручњаците за корпоративни финансии: од каде ќе се генерираат новите приходи, односно позитивниот паричен тек во иднина? Со други зборови, што ќе фактурира фирмата и кому? Одговорот на тоа прашање е и одговор на прашањето има ли фирмата иднина или не. Доверителите, бараат докази дека нивната евентуална отстапка на крајот ќе се исплати, а истото тоа ќе го бараат и потенцијалните инвеститори. “Пресудна за излекување од проблемите е стабилизацијата на ликвидноста, односно постигнувањето на позитивниот паричен тек. Тука е многу битен и односот со доверителите, а за уверливи преговори потребно е да имате и програма за реструктуирање и таа мора да покаже во кој рок доверителите ќе го наплатат долгот“, велат домашните

преголем оптимизам во врсКа со продажбата

за мнозинството компании во македонија продажбата е најслаба алка во деловниот синџир. многу компании и немаат вистинска продажба, туку главно испорачуваат стока што подоцна не може да ја наплатат. а, бидејќи испорачаната стока ја сметаат за продадена, тогаш преоптимистички ја планираат продажбата, па така посакуваните продажни резултати не ги базираат на реална основа.

72%

лошо и недефинирано Креирање на цени

бидејќи голем број фирми во македонија немаат адекватна продажба, исто така немаат ниту квалитетна ценовна политика. цените се формираат не според тоа колку е купувачот спремен да плати, а конкуренцијата да дозволи, туку според фабричко производната дена, па заради нерационалното снижување на цените повеќето фирми пропаѓаат, затоа што продавале под цената на чинење. а, што да кажеме на тоа што во земјава повеќето пазари се и понатаму монополизирани и дека цените и понатаму се местат по договор, а не според купувачот.

раат новите приходи, т.е. позитивниот паричен теК?


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

22

Луѓе и компании

70%

не увидување на пробЛемот, не барање помоШ

бидејќи кај нас сите се најпаметни, а особено сопствениците на бизнисот, никому не паѓа на памет да побара помош. попрво ќе пропаднат целосно одошто да се прашаат зошто им оди лошо, а во нашиот менталитет и онака секогаш некој друг е виновен – државата, бирократијата, кризата, глобализацијата...

64%

минимизирање на важноста на промоцијата

бидејќи голем број македонски фирми немаат адекватна продажба, немаат ниту соодветен маркетинг. и понатаму се верува дека најважно е да се произведе, а како ќе се продаде, ќе мислат потоа.

58%

не се деЛегира одговорност

според извештајот на светскиот економски форум, македонија е 113 од 140 земји во светот според степенот на делегирање на одговорност во бизнисот. колку микроменаџирањето (сопственикот да одлучува за сè) е успешен модел на управување со компаниите се гледа по нашата економија.

55%

не разбирање на конкуренцијата

како да разбирате нешто што до скоро не сте го ни имале? со години на прашањето дали имате конкуренција, еден домашен консултант како одговор од сопствениците на компаниите најчесто добивал “немаме“ или “имаме, ама не ни пречи“. за жал, сè уште голем дел од македонскиот пазар е монополизиран и картелизиран и сè уште владее договорна, а не пазарна економија.

47%

потпирање на еден кЛиент

во македонија голем број фирми и не стасуваат да создадат подолгорочни релации со еден купувач. до скоро принцип на работење беше “на препад“, влегуваш, излегуваш, и повеќе те нема. оние компании што негуваат долгорочни партнерства треба да внимаваат да “не ги ставаат сите јајца во една кошница“, односно да не се потпираат само на еден-двајца клиенти, затоа што проблемите кај тој клиент, ќе предизвикаат проблеми и кај продавачот, а не е едноставно во краток рок да се најде нов купувач.

бизнис консултанти. Најголемите грешки се прават уште на самиот почеток, во стратешкото планирање. Некои компании имаат погрешно поставена стратегија, некои пак немаат никаква. Има фирми со несоодветно поставени или пак недобро дефинирани функции. Општа пракса е да не се прави разлика помеѓу финансии и сметководство.

Што не смееШ да правиШ ако не сакаШ да си ја униШтиШ фирмата XX ортачки бизниси – кога ќе стивне еуфорија поради првичните успеси и кога секој ќе започне да ги тегне конците на своја страна, често сето тоа завршува со раскинување на партнерството и со пропаст на фирмата. XX испумпување пари од компанијата – купување скапи предмети за приватни потреби на сопственикот за сметка на нова машина, хала, маркетинг или плати. XX прегоЛемо инвестирање во рамки на една активност, неусогласено со потребите на пазарот. XX презадоЛжување, особено кога се работи за краткорочни кредити за долгорочни проекти XX конзервирање на фирмата и брендот, и необрнување внимание на пазарните промени XX распЛинување на многу страни, влегување во ризични бизниси, поради поголеми профити, без оглед на тоа што тоа нема врска со работата врз која се гради успехот и името на компанијата. XX запоставување на потребите на вработените, посебно оние најквалитетните, заради што тие во трк прифаќаат сè што им се чини подобро.

XX сЛаба контроЛа врз вработените, кои што за кратко време може да направат , ц Ле сЛуШај пата : непоправливи пропусти не гатаЛец или намерни прекршоци д како што се ставање вода препораки о и н е м с во пиво потплатени од и н з и б конкуренцијата. XX греШка над греШките, во македонија ретко кој може да ја избегне- кога една компанија ќе порасне до толку да што ги прераснува капацитетите на еден човек, сопственикот би требало да се повлече и да ја препушти работата на професионалните менаџери. во спротивно, во најголем број случаи, компанијата ќе “изгасне” кога и сопственикот, а тоа се случува често и многу порано.


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИкА

30

октомври

2015

Иако логистиката во Македонија долго време не беше сфаќана како исклучително важен бизнис, последниве години состојбата се подобрува. Со отворањето на пазарот, доаѓањето на странските компании и јакнење на домашните, се развива и логистичката пракса во земјава. Во специјалниот прилог за крајот на октомври анализираме: аква е перспективата на l каква логистичката индустрија во македонија? l Aнализа: Состојба на пазарот за транспорт и логистика. кои ои се најголемите играчи? l Совети за компаниите: како ако најдобро да извезете од македонија? акедонија? l Законски промени во транспортот и логистиката на кои што треба да внимаваат компаниите

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСкА


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

24

Луѓе и компании

Сите имаат сметководство, но не сите ги сфаќаат финансиите како алатка за менаџмент и одлучување. Уште една грешка што ја прават македонските сопственици на бизниси е несфаќањето дека компанијата пораснала до таа мера што ги надминува менаџерските капацитети на нејзиниот основач, а тој не го пушта кормилото ни за жива глава. Сите конци сам ги влече, не делегира посуштински обврски, не слуша совет од никого, мисли дека сè знае и дека најдобро може да ја води компанијата. Многу често македонските компании прават грешки затоа што не ги планираат добро своите залихи на суровини или енергенси, па се фаќаат во стапица да не може да испорачаат веќе договорени зделки.

на какви грешки паѓаат малите фирми

Сопствениците на фирмите кои што се развиваат и стануваат сè помоќни, исто така се чувствуваат дека можат да го освојат светот. Со моќен човек доаѓа и моќна кола, јахта, бизнис класа во авион, скапи летувања... Поголемите задоволства во Македонија, но и во останатите земји што уште се учат на капитализам се плаќаат “преку компанијата” од која парите се “испумпуваат” на сите можни начини за да се овозможи раскошен живот. Остануваат “тенки” даночните пријави на тие моќници,

кои, формално, бележат минимални профити. Парите се “реинвестираат” во луксуз, а не во развој на компанијата, која најчесто поради тоа гасне. Многу од сопствениците на д.о.о.е.л-и, самостојни трговски дуќани, работилници и останати мали фирми со префиксот “самостојни” имаат шанса еден ден да се презадолжат или поради јахтата да ја уништат својата фирма, но не дочекуваат до таму да пораснат. Грешки во нивните чекори прават додека се “во пелени”. Фармацевтот ново пристигнатите лекови ги става на почетокот на рафтовите, потиснувајќи ги подлабоко старите, оние блиску до рокот на истекување. Доколку се водело сметка за тоа, би се продале лековите пред рокот на истекување, а потрошувачите не би се жалеле и не би ја одминувале аптеката во иднина. Драгсторите уште почесто, заради оваа немарност, продаваат бајати кекси, сокови или салами. Поточно продаваат еднаш и ретко кога пак, затоа што потрошувачите не се враќаат повторно. Друга грешка во чекорите се и полупразните полици. Освен ако во продавницата не се продаваат Луј Витон торби или Армани чевли, ова е знак дека потрошувачите не влегуваат затоа што сигурно нема да го пронајдат тоа што им треба. Секогаш е подобро да се пополни мал простор отколку да се остават полиците неугледни

10 03 November - bitola, hotel “epinal” 05 november - skopje, hotel “aleksandar palace” 06 november- skopje MBC skopski saem, cityhall more info on: www.facebook.com/European-Business-Association

со неколку артикли на нив. Кога уште сопственикот има намера со високи цени да го надомести недостигот од потрошувачи, тогаш веднаш треба да почне да бара катанец со кој засекогаш ќе го заборави тоа што го работел. Ниту одлично снабдени продавници со високи цени не траат доколку на километар подалеку постои место каде што може да се заштеди некој динар. Изборот на трговец е еден од најбитните фактори за опстанок на компанијата. “Зошто би се мачел себеси два пати”, размислува просечен купувач кога ќе го испрати намуртеното лице на продавачот. Не е битен убавиот изглед, битен е пријатниот пристап. Непријатниот став на продавачката во бутик за луксузна облека која вели “ Немате вие пари за ова” ќе ги избрка сите луѓе кои се богати, но не изгледаат така. Пекара, во која работи бавна и неснаодлива продавачка, нема да заживее, особено ако од кај неа јадат вработените од околните фирми кога се на пауза. Фризерка, макар и да биде маестрална во својот занает, ако има валкана коса, лоша фризура или ги кубе клиентите додека ги чешла, никогаш нема да отвори академија за фризери. Сето тоа се ситници кои сопствениците можат лесно да ги превидат, но потрошувачите никогаш. nnn



Капитал број 834 23.10.2015

26

www.kapital.mk

АнАлизА

бизнисмените со преДлог зА еДно оД нАјгорЧливите енергетски прАшАњА!

ДомАшен конзорциум може ДА го изгрАДи Чебрен!? не мора да пропаѓаат тендерите за Чебрен ако се усогласат адекватни и приземни услови кои евентуалните инвеститори би можеле да ги задоволат. ова е главната порака од домашната бизнис заедница која тврди дека при вака усогласени услови горчливиот енергетски проект би можел да се изгради и со домашен конзорциум и домашни средства.

фАкт: пропАДнАА Десет тенДери зА Чебрен


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

27

а

КоЧо анѓушев сопственик на Фероинвест

ко се направи добар проект за Чебрен и Галиште, кој што ќе биде добар во смисла да не биде мегаломански, може да се најде домашен капитал помеѓу енергетски и градежни компании, кои што можат тоа да го исфинансираат. Поконкретно ако целиот проект е сведен на 300400 милиони евра и ако државата учествува со 30%, мислам дека со помош на банкарска гаранција може да се реализира сето ова.

д пишува:

дејан азески

Dejan.azeski@kapital.mk

„Доколку проектот за Чебрен се сведе во некои нормални рамки од 300-400 милиони евра тогаш во домашните компании има капитал и интерес за да се вклучат во изградбата на оваа хидроцентрала“, смета Кочо Анѓушев, сопственик на Феро инвест, фирма која е врќр вклучена во изградбата на мали хидроцентрали. Оваа изјава која Анѓушев ја даде на бизнис конференцијата на Капитал и Бизнис плус дава една сосема нова димензија на проектот стар повеќе

с

ниКола битраК АФ Консалт

ветските трендови и политики за заштита на животната средина, порастот на потрошувачката на електрична енергија и либерализацијата на пазарот на електрична енергија наложуваат изградба на хидро централи почнувајќи хидро централи со најмал капацитет до неколку kW до хидро централи со големи водни зафати и акумулации до неколку стотици или илјади MW.

од 50 години кој никако да почне да се реализира. „Ако се направи добар проект за Чебрен и Галиште, кој што ќе биде добар во смисла да не биде мегаломански, мислам дека може да се најде домашен капитал помеѓу енергетски и градежни компании, кои што можат тоа да го исфинансираат. Значи поконкретно ако целиот проект е сведен на 300- 400 милиони евра и ако државата учествува со 30%, мислам дека со помош на банкарска гаранција може да се реализира сето ова“ изјави Анѓушев. Ако се знае дека последните десет тендери за Чебрен пропаднаа токму поради мегаломанските услови на првичниот проект на браната и централата забелешката на Анѓушев дефинитивно држи вода. Но, дали намалувањето на перформансите Македонија губи од евент уалното намалување на перформансите на Чебрен. „Морате енергетиката да ја градите согласно реалните основи. Ако ги имате Нијагара или Нил тогаш се исплатува да направите голема централа, но ако тоа го немате, тогаш се исплати да го искористите тоа што го имате и така како што можете. И најважно е што поскоро да се почне со овие проекти бидејќи во енергетиката

у

словите на новиот тендер треба да се усогласени според барањата кои ги имаат понудувачите Константин на претходните. димитров енергетичар така да по таа логика не не би требало тендерите да пропаѓаат.

ништо не се прави од денес за утре“, вели Анѓушев.

Кој е најконкретниот проблем и зошто пропаѓаа тендерите за Чебрен?

Повеќе години и децении наназад пропаднаа вкупно десет тендери за оваа витална хидроцентрала поради неможноста да се усогласат условите помеѓу владата и малкуте заинтересирани компании. Во прилог ви ги доставуваме клучните кочници на Чебрен. Како прво изградбата на овој мега проект кој би требало да чини повеќе од 700 милиони евра и да трае минимум десет години се очекува да и донесе на Македонија годишно производство на струја од 333 мегавати што според многумина е неостварливо. Како второ последниот тендер иако беше прилагоден повторно предвидуваше висината на браната на ХЕЦ Чебрен да биде флексибилна помеѓу 182,5 и 192,5 метри со индикативен минимален вкупен инсталиран капацитет од 333 мегавати и можност за поставување на четири агрегати на ХЕЦ Чебрен. Дополнително се бараше да се овозможи изградба на прибранска хидроцентрала

Потреба: Приземен и реален тендер за хидроцентралата


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

28

АнАлизА

ДАли е реАлно можен ДомАшен конзорциум оД толкАв обем?

у

ште од периодот на поранешна Југославија, македонското стопанство нема формирано позначаен конзорциум за ниеден поважен проект. тоа е поврзано со повеќе економски фактори но секако и со самиот менталитет на македонските бизнисмени. можеби следната генерација стопанственици ќе го надмине овој комплекс, но засега нема такви посериозни најави, вели на оваа тема еден бизнисмен од градежниот сектор кој е долгогодишен познавач на состојбите. Сепак Анѓушев вели дека не треба да не загрижуваат на браната Орлов Камен со која нема да биде оневозможено градењето на ХЕЦ Галиште во иднина. Според последните услови не е предвидена изградбата на ХЕЦ Галиште, но се остава можност да се гради во иднина ако државата одлучи така. Една од најболните точки веројатно е фактот дека минималниот процент кој идниот концесионер треба да го понуди за АД ЕЛЕМ во заедничката компанија да не биде под 35 отсто. Една од позитивните точки планирани во тендерот беше и ХЕЦ Тиквеш де се отстапи на концесионерот три месеци

овие песимистички коментира, бидејќи како што вели фирмите знаат и можат да се обединат околу правите проекти. „Апсолутно не би се сложил дека нема партнерства, но ние имаме исклучително добро партнерство со Гранит кое резултираше со три партнерски хидроцентрали. вкупно како Фероинвест имаме 20 хидроцентрали од кои половината се изградени со конзорциум. значи ако има обостран интерес во македонија може да функционираат партнерствата“.

по потпишувањето на договорот за концесија.

колку е корисен Чебрен?

Дека неуспехот на сите досегашни тендери за Чебрен е директно поврзано со неадекватните услови се согласуваат и експертите. Енергетичарот Константин Димитров кој го прашавме за мислење смета дека за да биде успешен следниот тендер за Чебрен апсолутно треба да ги задоволува минималните услови кои ги нудат потенцијалните понудувачи. „Условите на новиот тендер треба да се усогласени според б а р а њ а та ко и г и имаат понудувачите на претходните. Така да по таа логика не не би требало тендерите да пропаѓаат“ вели Димитров. А ко и м а н е ка к в а дилема околу тоа како да се изгради Чебрен дефинитивно има усогласен став околу тоа дали треба да се гради. Според експертите трошокот за одрж ување на хидроцентралите е значително помал во споредба со трошокот неопходен за одржување и управување на термо и нуклеарните централи. И дека со планираните хидро централи кои се опфатени во стратегијата за развој на енергетиката во Р. Македонија ќе се покрие добар дел од неопходните потреби за домашно произведена енергија. Е н ер ге т ич а р от од меѓународната АФ Ко н са л т Н и кол а Битрак потенција дека со изградба на планираните хидро ц е н т р а л и те ќе се намалат и клучните

економски проблеми со кои е оптоварен енергетскиот сектор и дека со тоа ќе се намали енергетската дефицитарност како и неповолната структура на видовите енергија. „Флексибилноста и брзината со која хидро централата може да влезе во погон и да предава електрична енергија, балансирајќи ја активната и реактивната енергија хидро централите се исклучително значајни и од аспект на подобрување на напонски прилики, зголемување на стабилноста и доверливоста на електроенергетските системи, оптимизација на тековите на моќност низ електропреносниот и дистрибутивниот систем, а со тоа и намалување на технички загуби на електрична енергија“. Битрак додава и дека светските трендови и политики за заштита на животната средина, порастот на потрошувачката на електрична енергија и либерализацијата на пазарот на електрична енергија наложуваат изградба на хидро централи почнувајќи хидро централи со најмал капацитет до неколку kW до хидро централи со големи водни зафати и акумулации до неколку стотици или илјади MW. Поумерен во ставовите во со значењето и потенцијалите на Чебрен е Илија Андонов Ченто поранешен министер и експерт за хидрологија. Тој смета дека сепак не треба да претеруваме со очекувањата од ХЕЦ Чебрен со оглед дека потребите на Македонија од електрична енергија се многу поголеми. „Македонија увезува секоја година по 3 или 4 милијарди киловат часови електрична енергија. Чебрен теоретски може да произведува само триста милиони. Затоа не треба очекувањата да се преголеми и на Чебрен да се гледа како решение за сите наши проблеми во енергетиката “ вели Андонов Ченто. Според официјалните статистики, водниот потенцијал во Македонија е искористен со нешто повеќе од 26%, што е многу мала бројка. Од вкупно 8.863 гигават-часови теоретски потенцијал на македонските реки, досега се искористени само 1.471 гигават-час. Додека од вкупното производство на струја на ЕЛЕМ само 15% отпаѓа на хидроцентралите. Проценките на експертите велат дека ако се искористи максималниот воден потенцијал на Македонија тогаш земјава ќе нема потреба да ја увезува истата. nnn



Рок за пРијавување: 26 oКТОмври 2015

ЕдноднЕвЕн сЕминар на тЕма:

ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА И ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОДАЖБАТА ПО ПРОИЗВОДИ И ПРОДУКТНИ ЛИНИИ l 27 октомври 2015 година (вторник) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт Концепт, скопје СЕМИНАРОТ ТРЕБА ДА ОВОЗМОЖИ ДА СЕ ПОСТИГНАТ СЛЕДНИТЕ ЦЕЛИ:

воведување или ревизија на постојната политика на одложено плаќање(кредитна политика); дефинирање на постапката на прием на нов клиент и утврдување на продажните услови кон него; оптимизација на кредитната политика по сегменти на купувачи; подобрување на продажните договори на компанијата; зголемување на продажбата и маргината наспроти трошоците на кредитната политика; ограничување на ризикот од неуспех во наплатата на побарувањата; воведување или ревизија на постојната продажна политика по производи и производни линии; остварување на поголема продажба и профит со помалку финансиски средства; оптимизација на структура на продажба по производи и производни линии; подобрување на продажните договори на компанијата; зголемување на продажбата и профитната маргина; фокус кон вистинските производни адути на компанијата.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

За сопственици, директори,директори на продажба и финансови директори како и сите оние кои креираат политики во оваа проблематика.

ПРЕДАВАч: ДРАГАН НИКОЛОВ

дипломиран економист, со големо практично работно искуство во земјата и странство, на врвни работни места. Член на советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и манаџментскопје и предавач од стопанството на Фон, машински факултет и Европски универзитет.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962



Капитал број 834 23.10.2015

44

www.kapital.mk

Балкан Бизнис и политика

над 1000 фирми во срБија имаат газди од оф-шор зони

во србија работат над 100 фирми чии основачи се од најпознатите оф-шор зони, од кипар преку девствените острови и маршалските острови до панама. во македонија досега ниту една институција нема објавено јавно колку од сопствениците на фирми во македонија се од даночни раеви, иако најголем странски инвеститор во македонија е сент винсент и гренадини.

македонија: најмногу странски инвестиции доаѓа


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

С

45

Според најновите податоци од Агенцијата за економски регистри, најмногу вакви фирми се регистрирани на Кипар. ќ Од оваа оф-шор зона има ав мишкови мироСл 758 фирми кои се сопственици Делта Холдинг на фирми кои работат во Србија. 100% Б алекСиќ мироЉПуио Сопственик на Делта На Британските девствени острови нир има 147 фирми, а на Сејшелите од Капиталот наde Trading 66,87% 19 фирми. Сопственик на Пионир динг е Hemsla ипар ол Х Експертите велат дека не може од капиталот на Limited Лимитед” од К да се процени колку заради тоа е EMG Holding годишно губи српскиот буџет, но од Кипар некои проценки од 2011 година покажуваат дека овие фирми од Србија во даночните раеви годишно пренесуваат и над 3 милијарди евра. Оф-шор компаниите се легален начин на работење, но многу поевтин и полесен Супер начин отколку што е работењето во земјите кои не важат за даночни раеви. Неодамна богаташите од и ЕУ почна борба против нив, целиот свет ги “Оф-шор компанијата може да ви помогне користат офлегално да избегнете даноци и други шор структурите пречки во работењето. Без било какви за да може ограничувања, таму можете да подигате непречено неограничени износи на пари и да ги Кипар трансферирате на други сметки, да да купуваат купувате фирми и други производи недвижности, Девствени острови и услуги. Мотив за основање на јахти, уметнички компании во вакви зони може да Луксембург слики..., биде и прикривање на вистинскиот стекнувајќи се Лихтенштајн сопственик И се тоа за мали пари. Исто така, сопственикот на фирмата од на тој начин Панама оф-шор зона при нејзината продажба со даночни не плаќа данок на капитална добивка”, Сејшели бенефиции и објаснуваат експертите. анонимност Според експертите за работење во Маршалски Острови даночни раеви, Кипар е се помалку Кајмански острови привлечна дестинација заради влезот во ЕУ, бидејќи и таму фирмите мораат да милијарди евра фирмите чии плаќаат данок на добивка. газди се во даночните раеви Милан Ковачевиќ, консултант за странски годишно изнесуваат од Србија вложувања, смета дека Србија би можела да задржи добар дел од парите кои се (проценка од 2011 г.) одливаат во даночните раеви со тоа што би го поедноставила работењето. “На Кипар плаќате без ограничувања, а во Србија се потребни оправдувања и изјави за намената на парите и кога плаќате и кога праќате пари”, вели Ковачевиќ. nnn

Број на СрПСки фирми чии газди Се од даночни оази

3

785 147 89 39 35 19 11 4

ѓаат од оф-шор фирми од Сент винСент и гренадини


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

46

Интервју

кој е ГеорГИ ГоспоДИнов? Георги Господинов е роден во 1968 година во јамбол, бугарија и после 1989-та станува еден од најпреведуваните и најпознати бугарски поети и писатели. Иако има објавено 4 книги поезија, сите закитени со национални награди, тој својот литературен бум го доживува со објавувањето на “природен роман” во 1999-тата. романот во бугарија доживува десет изданија и огромен тираж, а истиот се преведува и на 21 јазик со што доживува светска слава и добива одлични критики во светските весници. најновата книга “Физика на тагата” е апсолутен светски хит во моментов, а книжевната критика го споредува со новиот маркез. во скопје книгата е во издание на “Или Или” а промоцијата беше минатата недела пред многубројна публика во Гем клубот во старата чаршија.

ГеорГИ ГоспоДИнов пИсател

ДемократИјата е Добра за нас, но ДалИ сме нИе ДобрИ за ДемократИја?

Инфантилноста на балканските општества, молчеливите народи кои во својот аутизам не успеваат да се изборат за подобри општества, ерозијата на семејството и семејните вредности, белезите што транзицијата ги остава врз обичниот човек, улогата на религијата, но и црквата во турбулентни времиња, местото на писателите во време на граѓански протести... за сето ова разговаравме со Господинов, најпопуларниот современ бугарски писател, којшто во специјално интервју за „капитал“ порачува дека само преку емпатија и меѓусебно поврзување на тажните луѓе и нивните приказни може да создадеме подобар свет

ГоспоДИнов: во буГарИја Има еДна култура


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

47

Н разговарала:

Катерина Синадиновска katerina.sinadinovska@kapital.mk

Н ационалните и интернационалните награди, коишто се трупаат во неговите витрини и критиките по светските весници коишто го споредуваат со новиот Маркез, беа само дополнителна причина за да посакаме Георги Господинов да го имаме на нашите страници. Главната е нешто друго - суштината на неговата литература, пораките коишто тој ги испраќа низ своите романи, тежината на мислата и леснотијата на нејзиното интерпретирање, хуморот во тагата и тагата во хуморот како обележје за нашево поднебје, фасцинацијата со менталитетот и раскошот во описот на балканскиот човек... Кога го читате Господинов, прво сигурно ќе се пронајдете себе си, а второ, веднаш ќе посакате да го запознаете човекот што успеал да ве опише Вас и вашите блиски толку добро. Ние имавме таква можност при промоцијата на неговата најнова книга „Физика на тагата“ во Скопје, градот во којшто како што вели иако не бил 25 години, има верна читателска публика. XX Какво е чувството да се биде најпопуларниот писател од својата земја? Товар ли ви е тој факт? Од два аспекта прашувам - прво, сигурно не е лесно да сте синоним за една цела национална литература, (кога ќе се спомене бугарската современа книжевност веднаш прво се помислува на вашето име), а второ, популарните писатели честопати се сметаат за „лесни“... Најтешко е за мене. После за моите блиски. Не дека сум популарен, туку воопшто, не е лесно да се живее со писател (се смее). Јас сум имунизиран од проблемите на популарноста. Не дека не сум суетен, суетен сум, но долго време живеев во едно мало гратче, со баба ми и дедо ми. Многу е важно како сте го поминале детството, јас си ја чувам таа територија на детството и мислам дека тој момент ме спасува. Моите баба и дедо ме научија на скромност. Јас сум срамежлив човек, иако тоа веќе не ми прилега. Во Македонија, да, се чувствувам како најсакан бугарски писател, покрај пораките што ги добивам од читателите, но

не е секаде така. На пример, во Италија, во Германија, во САД имам многу читателска љубов... Но, не насекаде. XX Каде не сте омилен? Во Норвешка. Таму не ме сакаат многу. XX Скандинавците не ги допира вашата меланхолија? Тие имаат доволно своја меланхолија. Кога ја промовирав „Природен роман“ во Исланд ми велеа: „леле колку весел роман, полн хумор“. Јас велев: „ама луѓе тоа е една трагична приказна“. Еднаш во Софија играв пинг-понг, а кога играм многу се предавам на играта и користам доста пцости. И едно време дојде една жена со моја книга во рацете и ми вели: „Вие сте Господинов?“. Велам: „Нееее, не, никако, можеби личам на него“ (н.з, се смее). Тоа е популарноста. Сега доста внимавам како се однесувам во јавност. XX Што мислите за бест - селерите? Дали бројот на продадени книги е сразмерен со нивниот квалитет? Има еден парадокс во моите книги. Тие воопшто не се лесни. Еден пријател неодамна ми рече: „како успеа да ставиш ваков грд наслов, во насловот да има и физика и тага, сите мразат физика, никој не сака тага, крајно непривлечен наслов“. Во моите книги ги има древните филозофи, цитати, Мишел Фуко, тие се тешка академска машина, а се продаваат одлично, народот ги бара. Но, не се бестселери од аспект дека стануваат блокбастери. Има автори коишто уште додека пишуваат во главата имаат сценарио и од тие книги може да се направи филм. Од моите не. XX Нели „Природен роман“ требаше да биде екранизиран? Имав понуда, и тоа токму од еден македонски режисер, нема да му го откријам името, но јас сметам дека тоа не е можно. Можеби Тарантино би можел, што знам. Ако се јави Тарантино ќе размислам. XX Каква е состојбата со бугарската книжевност во моментов? Колку книги се издаваат, носат ли заработка? Се живее ли од тоа да сте писател? Малку луѓе можат да си дозволат да живеат од тоа да бидат писатели, но се повеќе читатели се вртат кон бугарската литература. Второ добро нешто е што се отвораат многу книжарници. А има и еден тренд, се јави една голема желба кај сите да пишуваат роман, им се виде многу лесно. На сите страни се пишуваат романи, тоа не знам дали е добро или лошо, но таа желба постои, да се напише еден голем роман, бугарски роман. Споредено со македонските тиражи, поголеми се. „Природен роман“ не го анализирам, тој излезе во десет изданија, во голем тираж. Јас сега веќе да, можам да си дозволам да живеам од пишување. Но, претходно не. Плус, знаете, илузија е да мислите дека

може само да седите и пишувате. Јас сум активна личност. Па, кога беа и протестите низ минативе години, јас бев прв. Јас немам канцеларија, одам низ улиците и седнувам по кафулиња и собирам инспирација. Сега ми е тешко да најдам тајно место, кај што можам да имам мир за да пишувам. Во последно време најдов едно такво, еден манастир во Швајцарија. На почеток ви е срам да сте во манастир, но подоцна сфаќате дека тоа е вистинското нешто. Со никој не зборуваш и не мора да зборуваш, се враќаш кон својата историја. Едноставно е, ако не пишуваш во таква тишина, ќе полудиш.

Не може да сте среќен во несреќно општество XX Религијата ја опфаќате во вашите книги. Во „И други приказни“ зборувате за „Оној градинар“ кога зборувате за Бог. Колку поради коруптивните и разни други афери во црквата, луѓето се оддалечуваат од верата, па велат: „верувам во Бог, но не и во свештеници“. Нештата се токму такви какви што ги опишавте. Полно Бугари да прашате ќе ви речат дека не веруваат во Црквата. Меѓу првите спомени ми е како јас сум на пет-шест години, баба ми тајно ја чита Библијата, забранета во комунизмот и ја чита со шепот. Јас целата Библија ја знам преку шепотот на баба ми и за мене Бог и религијата е нешто многу интимно, гласот на Бог за мене е гласот на баба ми којашто шепоти, така Тој ми се јавува. Сето ова, па и оваа приказна е опишана во „Физика на тагата“. И кога веќе пораснав, се вратив во село и и реков на баба ми „Бабо знаеш дека Бог не постои!?“. Таа многу итро ми одговори: „Па, во Бугарија што ли има? Нема црвен пипер, нема нафта, нема леб, можно е да нема ни Бог“. Се во дефицит. Дефицит на физичко и метафизичко. Живеевме во дефицит на Бог и тешко е сега да се вратиш да веруваш. XX „Физика на тагата“ е тага за неможноста да се изживее животот онака како што сте го замислиле поради икс причини, географски, лични, политички... Како Вие ја доживувате книгата? Ова е книга - временска капсула. Внатре има многу списоци на нетрајни нешта кои херојот сака да ги закопа. Тоа е книга за 20 - от век. Има глава за дедо ми, за војната, нашите светогледи низ 60 -те, 70 -те, 80 -те години, за малите нешта. „Само она што ќе умре, треба да се погреба“. Се што е вечно не ме интересира. Основната фигура е на едно момче кое ја испитува смислата на емпатијата, затворено дома и на Минотаурот, кој тука е две-три годишно дете заклучено во подрумот на дворецот. Две паралелни истории за чувството да си сам и изоставен и да колекционираш приказни. Само приказните ни се шанса

а кон молкот и многу натрупан молк


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

48

Интервју

да го проживееме тоа што не можеме. Личи на „Илјада и една ноќ“ многу приказни, поврзани, со секоја од нив добиваш уште еден ден живот, уште еден, па уште еден. Многу, многу луда книга. Откачена. Но, добронамерна кон читателот. Има места каде што расказот сопира, разговараме со читателот, и потоа продолжуваме заедно низ лавиринтот. XX Но, законите на тагата не се резултат на математички равенки како оние на физиката. Колку среќата може да биде индивидуално достапна ако живееме во општо несреќни држави? Индексите на среќа што ги прави „Економист“ велат дека Бугарите се најтажниот народ на светот. Како да се биде среќен во тажно општество? Од тие анализи на „Економист“ тргна и романот. Бугарија е светски шампион во тага. Како да се биде среќен тука? Никако. Не може. Јас сакам да ја објаснам бугарската тага, но тука чувството на тага е низ сите земји. Се запрашав, има ли нешто специфично за бугарската тага!? Видете, јас го сакам тажниот човек. Јас сум си човек од 20- от век. Овој нов век не ми е многу јасен. Јас верувам во човекот од минатиот век, а тоа е еден колеблив, еден тажен човек. Не е лошо да си тажен. Тажниот човек нема да направи зло. Сите големи диктатори не се тажни. Не се колебаат. Сте виделе ли тажен диктатор? Замислете еден тажен Путин (н.з: се смее)... Ова е книга за тагата, но и книга за емпатија која ја испитуваш низ тагата. Низ нераскажаните приказни на другите луѓе. Романот излезе во 2012-та, тогаш ги немаше проблемите со мигрантите, но јас пишувам дека треба да имаме однос кон несреќните кон оние кои молчат. Во Бугарија има многу натрупан молк. Има една култура кон молкот, а кој таложи молк, таложи и тага. Низ моите приказни сакам да се ослободи тагата. Во момент како денешниот, мошне е важно низ туѓите истории да дојдеме до емпатија. Идеологиите работат со апстракции. Ако ми кажете 5000 Сиријци, тоа за мене ништо не е, но ако ја имам приказната на удавеното дете, тоа е приказна. Човек со приказна е човек, без приказна е само апстракција. Тоа е силата на литературата, од апстракции да прави лични приказни. XX Македонците според истите тие индекси се малку посреќни, но, кој знае, можеби ние сме понесвесни за реалноста, па и не е за фалење тој факт. Во збирката раскази "И други приказни" еден јунак вели дека се претпочита личното пред општото ... Природа ли е на човекот да се гризи само за својот двор или е само дефицит на свест? Ако е второто, како да очекуваме просперитет без личен ангажман на секој поединец за промени?

Инфантилните општества избираат лидери какви што заслужуваат XX Зошто имаме вакви држави? Властите се лоши? Корумпираните, диктаторските определени премиери, неспособните водачи? Но, кој ги избира нив? Имаат ли сите народи власти какви што заслужуваат? Морам да се определам за трагичната и тажна верзија – дека никаде не е до властите, до народот е. Многу нешта историски не расипаа, а последното е социјализмот. Таа шизофренија. Дома да си еден човек, смел, да тропаш по маса пред жена ти, а надвор да бидеш со наведната глава. Ние сме културно незрели. Има една граѓанска инфантилност. И тоа е многу страшно. Имаме многу историја и многу натрупани истории, но како граѓанско општество ние сме незрели. Граѓанското општество е обратно од фамилијарното. Социјализмот е само цреша на шлагот. Тоа општество во кое се е корумпирано и функционира преку врски. XX Што е различно во денешнава демократија? Ништо, ете ја трагедијата. Педесет години го градевме комунизмот и не успеавме, сакаме да ја изградиме демократијата за 25. Не бива. Демократијата е единствено правилно владеење, но како нашата инфантилност влијае врз тие процеси и како демократските процеси се спроведуваат во инфантилни општетсва тоа е прашањето. Со други зборови, демократијата е добра за нас, но дали сме ние добри за демократија!? Ако тагата произведе љубопитство кон другиот човек, тогаш може. Сега ни е потребна нова дефиниција на толеранцијата. Не само да сте толерантен. XX Нели кога си толерантен всушност игнорираш? Да, да. Тоа треба да се смени. Толеранцијата значи “правете што сакате, не ме замарајте! Не ми пречите, ама не ме замарајте да се инволвирам“. А активната љубопитност е друго, да сакаш да ја чуеш приказната на другиот. Видете, и ние за Западот сме мигранти. Ние одиме на запад и таму велат:

„ах, видете Балканци, друга класа на луѓе.“ Ние би требале најдобро да ги разбереме Сиријците. Проблемот е голем, не е само национален, европски е и не може да се реши само со економска или политичка логика. Потребно е просветлување. Навикнавме на теза дека се се решава со економија и економски термини. Има нешта кои не се мерат со БДП и со економски параметри. Тагата. А тагата ги прави и управува општествата. Ако економистите повеќе го читаа Чехов, Борхес, Кафка, економските кризи ќе ни беа поинакви....

Господинов: Моето место е меѓу луѓето што протестираат



www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

50

Интервју

Семејството е категорија од друг век XX „Детето на жена ми. Пример за граматички точна, но крајно нелогична реченица.“ (н,з. Жената на херојот е бремена од друг)... Вака почнува една глава во „Природен роман“, цитат што верувам дека кој и да го читал, му останал во сеќавање. Каде и како еродираше семејството како институција? Нормално е да се распаѓаат бракови, но што со семејните вредности воопшто? Тоа ли е човекот од 21-от век? Тој роман излезе во 1999- та и зборува за таа епоха. Крајот на векот беше и распад на многу бракови, двојки, пријателски кругови...Семејството и романот се бавни категории, старомодни. А се што не опкружува, од реклами до трендови е дека треба да е брзо, брза храна, брза заработувачка, брз успех... Мојата докторска теза е за 30-те и 40-те години на минатиот век и улогата на медиумите и уште тогаш се наметнува рекламното и бизнис правило дека секој производ треба да е подобар по своите перформанси од претходниот. Таман ќе купиш ај-фон 5, излегува, 6, па излегува 7, па 8... Што не направат ај- фон 100 и да ни скратат маки. И секогаш си во искушение. Сега, добра е жена ти, ама таму има уште една, две, три, сто други подобри... Сите медиуми ти велат – дозволи си го тоа, „купувај“, „живеј сега“... Погубно. Кој е тој квалитет? Семејството е од друг век, да.

Литературата мора да го подржи народот против властите, не обратно XX Преведувачите од светот мака измачија да најдат вистински синоним за „Т‘га“. Ние го имаме истиот збор - тага. Како луѓе што зборуваат исти јазици, имаат исти менталитет, исти обичаи, навики, кујна... можат толку да се мразат меѓу себе? Зборувам за сите балкански народи, природна ли е таа омраза или наметната? Уф, ова е многу тешко прашање. Ние не сме љубопитни за најблиските луѓе до нас. Тоа е најосновен општествен и семеен проблем. Ја знаете приказната за јунакот Ѓуро? Кога влегол со другарите во пештерата кај мечката и кога од таму сите излегле со глава, јунак Ѓуро без глава. Сите почнале да се чудат „имаше ли Ѓуро глава или немаше?“. Размислувале долго, долго, не успеале да се сетат, па отишле кај жена му да ја прашаат. Таа после долго размислување рекла „што знам, за Велигден купи шапка, сигурно имаше глава“. Толку сме отуѓени еден од друг. Ние сме толку блиски тука, што се замразивме пред да се засакаме. Ние многу сакаме да

зборуваме дека сме многу гостопримливи како народ. Доволна беше кризава со бегалците за да сфатиме дека не ќе да е баш така. А за жал не сме ни љубопитни, не си ги познаваме околностите, литературите, приликите, а тоа е затоа што мислиме дека сме недостижни, секој народ на Балканот смета дека е врв, а другиот народ дека не му е ни до колена. Еве сега се сетив на една идеја, да ја патентирам преку вашиов весник, да направиме една енциклопедија за сите стереотипи и искрени мислења на балканските народи за себе. Споменавте дека сте учествувале во протести. Бугарија излезе од комунизмот мирно... Можеби тоа е проблем... XX Друга ми беше поентата, во минативе години имаше и тоа какви протести, со луѓе што се самозапалуваа на плоштад, трагични судбини. Каде е местото на писателите во турбулентни времиња? И на уметниците, интелигенцијата? Многумина велат не се меша тоа со политика, веројатно како изговор да стојат настрана, го гледаме тоа и кај нас... Тоа е личен избор. Јас не можам да стојам

настрана. Просто не можам. Се јадосувам. Луѓето што протестираат, тоа се моите херои, јунаците од моите раскази. Тоа е човекот којшто долго молчел и решил да крене глас. Морам да сум со него. Моето место е на улица. Да, тоа троши време, тоа се неколку ненапишани романи. Јас сам по себе, сум сосема обратно од човек што носи транспарент и вика пред Влада или Парламент, не сум тој тип. И обично не ни викам. Но, битно е да сум таму. Да се знае на која страна сум. Моето присуство многу значи. За другите е важно да ме видат, им давам поттик. Два моменти ми биле најубави во целат кариера. Прво, на еден протест на студентите од софискиот Универзитет, имаше неколку транспаренти направени како штитови со корици од книги од сите бугарски класици и таму беше и мојата книга, прекрасна симболика, штит од корици наспроти штитовите на полицајците. И тоа беше прекрасен момент за мене. И вториот момент е писмо од една жена од болница која беше пред тешка операција и која ми пиша дека откако ја прочитала „Физика на тагата“ добила желба да живее. Какво чувство. Литературата мора да застане зад слабиот. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

51

кредитирање и осигурување

БаНка ПЛус осигурување На исто Место и во исто вреМе

З

а првпат на пазарот Охридска банка лансираше кредитно животно осигурување. Доколку се случи несакан осигурен настан, осигурителната компанија ќе ја подмири недоспеаната главница од кредитот што корисникот го должи во банката. Со целосниот пакет за кредитно животно осигурување за 0,85% годишна осигурителна премија, се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и на болест, како и ризикот од трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа. На апликантите за станбен и хипотекарен кредит на располагање им е и основен пакет на осигурување со кој за 0,44% осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа. Паралелно, Охридска банка воведе осигурување на платежни картички – иН кардс. Оваа нова карактеристика, инкорпорирана во картичките на Охридска банка вклучува сеопфатна листа на неживотно осигурување кое е бесплатно за корисниците на картичките. Предностите се сегментирани во зависност од типот на картичката.

Осигурителното покритие започнува од базична медицинска помош и помош при патување за дебитни и кредитни картички и се проширува на осигурување во случај на задоцнување на багаж, смрт како резултат на несреќа и траен инвалидитет за бизнис и голд картичките. Осигурувањето во случај на губење и кражба на багаж, смрт од незгода во земјата на живеење и откажување/прекин на патувањето важи за платинум картичките. Последен новитет во листата на производи со осигурување од Охридска банка е осигурувањето на пречекорување на сметка. Охридска банка им овозможува на клиентите осигурување на пречекорувањето на трансакциска сметка кое ги покрива ризиците од смрт како резултат на несреќа и на болест и трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа. Во случај на осигурен настан, осигурителната компанија ќе ги подмири обврските од пречекорувањето на сметката кои клиентот ги има кон Банката. Премијата изнесува 0,37 евра месечно, фиксен износ којшто се наплатува директно од трансакциската сметка на клиентот.

охридска банка, водена од најдобрите практики на сосиете Женерал групацијата и трендовите во банкарството, нуди широка палета на производи со едноставен концепт на осигурување. Ова се иновативни и современи услуги што го спојуваат концептот на банка плус осигурување. Користејќи ги придобивките од експертизата на Сосиете Женерал во банкарско осигурување, Охридска банка им нуди на клиентите финансиски услуги со осигурување на едно место. Со планираното збогатување на портфолиото на производи со осигурување во претстојниот период, Охридска банка дополнително го потенцира принципот на одговорно кредитирање и искрено советување во интерес на клиентите. nnn


Капитал број 834 23.10.2015

52

www.kapital.mk

свет бизнис и политика

Koj e Хамди УлУкаја?

милијардерот чие кисело млеко ги освои американците

"овчарот" за кој се "тепаат" PePsi и CoCa-Cola

многу точки кои поврзани го прават успехот на Хамди Улукаја и неговата Chobani се готови лекции по претприемаштво. вниманието што деновиве го привлекува брзо збогатениот милијардер преку интересот за неговата компанија од страна на Pepsi и на Coca-Cola, е добар повод да се потсетиме на неговата бизнис приказна

УлУкаја: имај едноставен производ, знај што


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

53

Фабриката е купена за еден милион долари во 2005 година, а голем дел од парите дошле од кредит од агенцијата за мали бизниси на сад

н

Chobani, компанијата на турскиот Курд, емигрант во САД, Хамди Улукаја, која произведува вид кисело млеко што Американците го викаат грчко, не само што за неколку години стана глобално препознатлив бренд, туку однеодамна за нејзината наклонетост се натпреваруваат и Pepsi и Coca-Cola. Шпекулациите се дека двата гиганти преговараат со Улукаја за инвестирање во Chobani, и тоа „тешко“ околу три милијарди долари. Pepsi е веќе познат играч кај млечните производи, а и Coca-Cola годинава почна со дистрибуција на својот млечен продукт FairLife. Многу точки кои поврзани го прават успехот на Улукаја и неговата Chobani се готови лекции

по претприемаштво. Вниманието што деновиве го привлекува брзо збогатениот милијардер е добар повод да се потсетиме на неговата бизнис приказна. Нејзиниот вовед е направен пред 26 години, кога грчката компанија Fage и Titan Foods на американскиот пазар го претставиле киселото млеко таму наречено грчко, различно од воденикавото што се продавало во тамошните продавници. Рекламата од уста на уста ја зголемувала продажбата двојно секој месец, но, бизнисот не направил бум, поради две причини - Fage не успевала да увезе доволно кисело млеко од Грција за да ја задоволи побарувачката, а не можела ниту да биде намалена цената на производот (повисока од онаа за обичното кисело млеко дури три пати) за да се направи достапен за масовниот пазар - грчкото млеко дури и не можело да се најде во обичните супермаркети, туку го имало само во полуксузните. Стореното дотогаш од Fage и Titan Foods е само отскочна штица за Хамди Улукаја и неговата компанија Chobani, која во 2007 година ги решава и двата проблеми на бизнисот со таканареченото грчко кисело млеко во САД. Прво, Chobani успева да произведе доволни количини во фабрика купена од Kraft, и второ, Улукаја ја намалува цената доволно, приближувајќи ја до онаа на традиционалното кисело

млеко во САД, што отвора можност и за позиционирање на неговиот производ на полиците со млечни производи во водечките супермаркети (наместо во оние за деликатеси). „Инсистиравме Chobani да се продава во обичните супермаркети наместо во специјализираните продавници, и нашиот производ да биде изложен на полиците со млечни продукти, наместо на оние со деликатеси. Ова е веројатно најважната одлука што сме ја донеле“, се вели во една изјава на Улукаја. Chobani, како што погоре кажавме, ја искористиле виралноста на рекламата од уста на уста, и благодарение на доброто, воочливо пакување, и секако, добриот производ, успеале без големи трошоци за маркетинг да го направат она за што обично се вели - „останатото е историја“. Веќе неколку години компанијата продава во вредност од над милијарда долари годишно, а медиумите пишуваат дека и големиот Kraft откако потрошил милиони на реклама и промоција на својот производ Athenos, се откажал од борбата со киселото млеко на „малечкиот“ Chobani. До пред појавата на компанијата на Улукаја, основана на 360 километри од Њујорк, но во местото Њу Берлин, за кое велат дека е „тешка пустелија“ (In the middle of nowhere), целиот пазар за грчкото кисело млеко правел само 60 милиони долари годишен

о правИш, И правИ го тоа најдобро


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

54

свет бизнис и политика

обрт, во државата со над 315 милиони жители. Хамди Улукаја чија компанија во 2011 година имаше продажба од 700 милиони долари, од Forbes го доби прекарот „Стив Џобс на киселото млеко“. Американскиот бизнис магазин забележа дека Chobani ужива популарност и лојалност кај потрошувачите како iPhone и iPad. Во 2012 година компанијата стана официјален спонзор и на олимпискиот тим на САД, а кога објави дека отвора втора фабрика во Ајдахо, огромна опашка од заинтересирани за работа чекала за интервју. Успехот на Chobani во анализите се припишува на способноста на основачот Улукаја да наоѓа алтернативни решенија кога традиционалните не функционираат. Тој е турски Курд, чија диплома на политолог од Универзитетот во Анкара открива колку му биле далеку мечтите од оние што ги претпоставувала семејната традиција на овчари. Во САД Улукаја допатувал во средината на деведесеттите години со идеја да го научи англискиот јазик, да магистрира бизнис администрација, и на крајот да се вработи во високотехнолошка компанија. Тој не станува MBA (Master of Business Administration), но сугурно не жали поради тоа. А на почетокот не сакал ниту да ги слушне предлозите на татко му за бизнис со млечни производи во САД. „Татко ми дојде да ме види во Америка и ми рече - Тука немаат добро сирење, зашто не почнеш да правиш добро сирење?“, раскажува Улукаја, и вели дека на овој предлог одговорил со револт на емигрант кој не дошол во „ветената земја“ за да прави сирење. Сепак, откако размислил, отворил мала компанија за производство на сирење која немала некој голем успех, но набргу во весник прочитал дека Kraft продава банкротирана фабрика во државата Њујорк. Легендата вели дека (и погоре) споменатата фабрика Улукаја ја купил откако прво го фрлил весникот, а потоа се премислил и го извадил од кантата за отпад. Фабриката е купена за еден милион долари во 2005 година, а голем дел од парите дошле од кредит од Агенцијата за мали бизниси на САД (SBA - Small Business Administration). Улукаја мајсторот за киселото млеко го донел од Турција, за да добие целосно автентичен производствен рецепт. Името

Основачот на Chobani во април ја доби титулата „глобален амбасадор на претприемаштвото“, од претседателот на САД, Барак Обама Chobani во 2012 година стана официјален спонзор на олимпискиот тим на САД Улукаја пред една од фабриките за неговото кисело млеко, што Американците го нарекуваат грчко

на производот (Chobani) доаѓа од турскиот збор за овчар. Покрај споменатата реклама од уста на уста, Улукаја со мали пари постигнал големи маркетинг резултати користејќи ги социјалните мрежи, блогерите, промотивниот камион што се појавувал на различни настани. Инаку, Улукаја годинава објави дека најмалку половина од своето богатство (што се проценува

на околу 1,5 милијарди долари) ќе го донира, во рамките на иницијативата „Давање завет“, што ја почнаа Ворен Бафет и Бил Гејтс. Улукаја сака неговата донација да се употреби за помош на бегалците низ светот. Основачот на Chobani во април ја доби и титулата „глобален амбасадор на претприемаштвото“, што му ја додели претседателот на САД, Барак Обама. nnn


Symantec Mail Security ̌̚ Microsoft Exchange ˁ̨̛̱̪̖̬̬̦̌ ̛̹̯̯̌̌̚ ̨̭ ̨̛̛̦̖̭̪̬̖̣̔̏ ̴̪̖̬ơ̬̥̦̭̌ ̌̚ Microsoft Exchange Server ̨̡̨̛̛̣̦ Symantec Mail Security ̌̚ Microsoft Exchange ̠̌ ̡̨̛̛̥̦̬̍̌ Symantec antimalware ;̛̹̯̯̌̌̚ ̨̔ ̨̣̦̥̖̬̖̦̌̚ ̴̨̭̯̖̬̏Ϳ ̵̨̨̛̯̖̦̣̠̯̐̌̌ ̨̭ ̛̦̪̬̖̦̯̖̌̔ ̵̡̛̛̛̖̱̬̭̯ ̌̚ ̔̌ ̨̛̖̖̍̍̔̚ ̛̹̯̯̌̌̚ ̦̌ ̡̨̡̖̣̖̯̬̦̭̯̌̌ ̨̪̹̯̌ ̨̔ ̛̛̬̱̭͕̏ ƐƉLJǁĂƌĞ͕ ̴̛̛̹̦̐ ̛ ̛̬̱̔̐ ̨̛̣̦̥̖̬̦̌̚ ̛̦̪͕̌̌̔ ̨̏ ̨̬̖̣̦̌ ̬̖̥̖͕̏ ̨̨̛̭̯̬̖̥̖̦̏ ̨̢̛̭̪̬̖̱̠̏̔̏̌ ̛̐ ̨̡̛̛̛̪̣̯̯̖ ̌̚ ̴̧̛̛̣̯̬̬̖̌ ̦̌ ̨̛̛̭̬̙̦̯̖̔ ̦̌ DŝĐƌŽƐŽĨƚ džĐŚĂŶŐĞ ^ĞƌǀĞƌ ϮϬϬϳ͕ ϮϬϭϬ ̛ ϮϬϭϯ͘ ʪ̨̨̨̛̪̣̦̯̖̣̦͕ Symantec Mail Security ̨̐ ̡̨̛̛̬̭̯ Symantec Premium Ŷƚŝ^ƉĂŵ ̨̏ ̸̨̛̖̹̯ ̶̭̬̖ ̖ BrighƚŵĂŝů Ρ ̵̨̨̛̯̖̦̣̠̯͕̐̌̌ ̌̚ ̔̌ ̪̬̖̌̚ ϵϵ ̶̨̛̪̬̖̦̯ ̨̔ ̨̨̛̠̦̯̖̔̔̏ ̭̪̥̌ ̨̡̛̪̬͕̌ ̨̭ ̨̡̪̥̣̱̌ ̨̔ ̖̦̔̌ ̣̙̦̌̌ ̨̛̛̪̯̏̌̚ ̨̏ ̖̖̦̔ ̨̛̛̥̣̦ ̨̡̛̪̬̌. ʽ̏̌ ̛̬̖̹̖̦̖ ̨̪̔​̬̙̱̔̏̌ ̵̨̛̛̭̯̬̦͕̌ DŝĐƌŽƐŽĨƚ ,LJƉĞƌ-sΠ ̛̛̣ sDǁĂƌĞΠ ̛̛̛̛̬̯̱̖̣̬̦̏̌̚ džĐŚĂŶŐĞ ̭̖̬̖̬̏ ̨̡̨̛̛̣̦. Symantec Mail Security ̌̚ Microsoft Exchange ̛̐ ̨̨̦̪̣̦̱̌̔̏̌ ̛̬̱̯̖̔̐ ̨̛̭̣̖̏ ̦̌ ̛̹̯̯̌̌̚ ̡̪̬̖̱ ̸̧̭̪̬̖̱̖̏̌ ̦̌ ̧̨̛̹̬̖̖̯ ̦̌ ̡̛̦̌̌̚ ̡̨̛ ̨̛̪̬̣̖̱̐̏̌̚​̯̌ ̨̔ ̡̨̡̖̣̖̯̬̦̭̯̌̌ ̨̪̹̯̌ ̛ ̡̪̬̖̱ ̨̧̭̪̬̖̱̖̏̔̏̌ ̦̌ ̨̡̛̛̛̪̣̯ ̌̚ ̛̹̯̯̌̌̚ ̨̔ ̨̧̣̖̖̔̏̌ ̦̌ ̶̨̨̛̪̯̔̌͘

ˁ̨̛̱̪̖̬̬̦̌ ̛̹̯̯̌̌̚

ʽ̛̛̛̪̯̥̬̦̌̚ ̌̚ Exchange

ͻ ʿ̨̨̛̬̖̦̔̍ ̛̦̯̭̪̥̌̌ ̛ ĂŶƚŝŵĂůǁĂƌĞ ̡̨̨̛̥̪̦̖̦̯ ̡̨̛

ͻ ˇ̡̨̨̛̛̣̖̭̣̦̯͕̍ ̨̦̪̬̖̔̌̔ ̨̨̛̛̭̪̬̬̥̬̦̐̌̌

ͻ ʺ̨̨̙̦̭̯ ̌̚ ̡̧̛̭̖̦̬̖̌ ̦̌ ̨̡̛̪̬̌ ̨̏ ̛̯̬̦̯̌̚ ̛̛̣ ̨̏

ͻ ˁ̡̧̨̛̖̦̬̖̯̌ ̨̏͞-̨̛̥̖̥̬̠̌͞ ̛ ̴̡̨̛̛̖̭̦̯̌

ͻ ˀ̨̛̖̹̖̦̖̯ ̖ ̨̛̬̦̍̌̌̚

ͻ ĚŐĞ ̛ ŚƵď ̴̨̡̨̨̛̱̭̬̦̯̌ ̡̧̛̭̖̦̬̖̌ ̨̐

̨̹̯ ̛̐ ̡̨̛̬̭̯̯̌ ̨̛̦̠̦̯̖̌̏ Symantec ̵̡̛̛̯̖̦ ̌̚ ̛̹̯̯̌̌̚

̨̡̨̪̹̯̖̦̭ ̸̭̦̖̌̔̌ ̨̭ ̶̖̣ ̛̹̯̯̌̌̚ ̨̔ ̡̛̦̌̌̚ ̡̨̛ ̨̛̪̬̣̖̱̐̏̌̚​̯̌ ̨̔ ̡̨̡̖̣̖̯̬̦̭̯̌̌ ̨̪̹̯̌

̦̌ Premium Ŷƚŝ^ƉĂŵ ̵̨̨̛̯̖̦̣̠̯̐̌̌ ̛ ̛̪̬̌̌̚ ϵϵ % ̨̔ ̭̪̥̌ ̨̡̛̪̬̯̖͕̌ ̨̭ ̨̡̪̥̣̱̌ ̨̔ ̖̦̔̌ ̣̙̦̌̌ ̨̛̛̪̯̏̌̚ ̨̏ ̖̖̦̔ ̨̛̛̥̣̦ ̨̡̛̪̬̌

ͻ ʥ̨̨̬̯̚ ̨̧̠̱̖̍̌̏̏̌ ̦̌ ̴̶̛̛̛̖̦̔​̛̯̖ ̛ ̛̦̪̬̖̦̯̖̌̔

̵̸̡̛̛̛̖̱̬̭̯ ̵̨̨̛̯̖̦̣̐​̛ ̨̖̖̱̍̍̔̏̌̚​̯̌ ̨̥̥̖̦̯̦̌ ̛̹̯̯̌̌̚

ͻ ʻ̨̨̪̬̖̦̯̌̔ ̴̧̛̛̣̯̬̬̖̌ ̦̌ ̨̛̛̭̬̙̦̔ ̛̐ ̛̛̹̯̯

̸̛̛̱̭̯̯̖̣̦̯̖̏̏ ̴̶̨̛̛̦̬̥̌​̛ ̡̨̢̛̛̬̭̯̖̠ ̴̛̛̛̪̬̖̖̦̬̦̔̌ ̨̡̛̛̛̪̣̯͕ ̛̭̯̦̬̦̌̔̌̔ ̛̛̬͕̌̚̚ ̡̛̛̛̬̯̖̬̱̥ ̨̛̪̬̦̏̌̚ ̨̭ ̸̡̛̛̪̬̖̦̌ ̨̡̛̱̥̖̦̯͕̔ true file ƚLJƉŝŶŐ͕ ̛ ̨̥̦̱̐ ̨̢̪̖̖̏͘ ˁ̨̧̨̪̬̖̱̖̯̏̔̏̌ ̦̌ ̨̡̛̛̛̪̣̯̯̖ ̡̪̬̖̱ Microsoft Active Directory® ̨̐ ̨̨̪̖̦̭̯̱̔̌̏̏̌ ̧̨̱̪̬̱̖̯̌̏̏̌ ̨̭ ̛̦̏ ˇ̡̛̛̣̖̭̣̖̦̍ ̛ ̣̖̭̖̦ ̌̚ ̡̨̧̛̬̭̯̖̖ ̷̥̖̦̥̖̦̯̌

ͻ ʿ̸̨̨̨̖̯̦̯ ̴̡̨̧̛̛̦̱̬̬̖̐̌ ̨̥̙̖ ̔̌ ̭̖ ̛̬̹̌̏̚ ̨̏ ̨̡̬ ̨̔ ϭϬ-̛̯̦̌ ̛̛̥̦̱̯ ̖̍̚ ̨̪̯̬̖̍̌ ̨̔ ̨̨̪̭̖̦̍ ̨̧̪̖̭̱̖̔̏̌ ̛ ̴̡̨̧̛̛̦̱̬̬̖̐̌ ̦̌ ̨̨̛̣̖̦̔̏̚ ̛ ̨̡̛̛̣̬̦̍̌ ̛̛̣̭̯ ͻ Ǩ̨̨̦̣̯̌̚ ̌̚ ̧̱̪̬̱̖̌̏̏̌ ̨̖̖̱̍̍̔̏̌̚ ̸̡̛̣̖̦̭̔̌̌ ̶̛̛̦̭̯̣̠͕̌̌̌ ̶̛̛̖̦̯̬̣̬̦̌̌̌̚ ̴̶̡̨̛̛̦̱̬̠̐̌̌ ̦̌ ̨̡̛̛̪̣̯̯̌̌ ̦̌ ̡̭̖̬̖̬̭̯̏̌̌ ̬̱̪͕̐̌ ̧̛̖̭̯̱͕̏̏̌̌̚ ̧̪̬̖̱̪̬̖̱͕̔̔̏̌̌ ̛ ̶̡̨̨̛̛̦̭̣̠̔̌̌ ̛ ̨̨̥̙̦̭̯ ̌̚ ̡̧̛̬̖̬̖̌ ̦̌ ̨̦̪̬̖̔̌̔ ̨̛̛̛̭̪̬̬̥̬̦̐̌̌ ̛̛̖̹̯̏̌̚ ͻ ʿ̨̔​̡̬̹̯̔̌̌ ̌̚ Microsoft Exchange ĂƚĂďĂƐĞ AvĂŝůĂďŝůŝƚy 'ƌŽƵƉ͕ ̨̖̦̌̔̚ ̨̭ DŝĐƌŽƐŽĨƚ ̛ sĞƌŝƚĂƐ ̡̣̭̯̖̬̌ ̛̭̖̬̖̬̏ ̨̏ Exchange 2007͕ ̨̐ ̛̛̛̛̥̦̥̬̌̚​̯̌ ̨̬̖̥̖̯̏ ̦̌ ̨̭̯̠̌̚ ̛ ̨̐ ̨̨̪̖̦̭̯̱̔̌̏̏̌​̯̌ ̨̧̨̬̙̱̖̯̔̏̌ ͻ ʰ̶̛̦̯̖̬̠̯̐̌̌̌ ̨̭ Microsoft Systems Center KƉĞƌĂƚŝŽŶƐ Manager ̨̨̨̥̙̱̏̏̌̚ ̡̨̨̥̪̣̖̯̦ ;end-to-ĞŶĚͿ ̧̭̣̖̖̖̔ ̦̌ ̹̯̏̌̌̌ ʰ˃ ̨̡̨̛̣̦̌

̛̛̣ ̨̥̦̱̖̣̦̌ ̡̧̛̭̖̦̬̖̌ ̨̏ ̨̬̖̣̦̌ ̬̖̥̖͕̏ ̨̖̖̱̍̍̔̏̌̚ ̴̡̛̖̭̦̌̌ ̛̹̯̯̌̌̚ multi-ƚŚƌĞĂĚŝŶŐ ̴̨̛̪̖̬̬̥̦̭̌

̨̖̖̱̍̍̔̏̌̚

̛̬̦̏̏

̡̨̛̛̬̭̯ ̛̦̯̌-̨̨̛̬̱̭̦̯̏ ̸̧̛̪̖̯̬̖̌̌ ̌̚ ̔̌ ̭̖ ̛̛̛̖̣̥̦̬̌ ̨̢̡̨̨̪̖̖̬̯̦̯̏̌ ̡̧̛̭̖̦̬̖̌ ̛ ̌̚ ̔̌ ̭̖ ̛̛̛̛̥̦̥̬̌̚ ̨̛̛̣̠̦̖̯̏̌ ̦̌ ̛̭̖̬̖̬̯̖̏ ̡̨̨̛̹̯ ̭̖ ̨̛̣̙̖̦̌̔̚ ̌̚ ̡̨̡̖̣̖̯̬̦̭̯̌̌ ̨̪̹̯̌

ͻ ʿ̨̔​̬̙̱̔̏̌ DŝĐƌŽƐŽĨƚ džĐŚĂŶŐĞ ϮϬϬϳ͕ ϮϬϭϬ͕

ϮϬϭϯ͕ DŝĐƌŽƐŽĨƚ ,ŽƐƚĞĚ džĐŚĂŶŐĞ͕ ϲϰ-ďŝƚ tŝŶĚŽǁƐ͕ sDǁĂƌĞΠ ̛ DŝĐƌŽƐŽĨƚ ,LJƉĞƌ-V® ̛̛̛̛̬̯̱̖̣̬̦̏̌̚ ̨̡̨̛̛̣̦

ʯ̛̛̛̦̯̖̬̖̭̬̦̌̌ ̭̯̖͍ ʻ̌ ̨̛̦̹̯̌ ̛̯̥ ̢̖ ̥̱ ̛̖̍̔ ̨̨̨̣̭̯̌̔̏̏̚ ̨̨̪̖̯̣̦̔̌ ̔̌ ̛̏ ̨̐ ̛̪̬̖̯̭̯̌̏ ̨̏̌ ̛̬̖̹̖̦̖͘ ˁ̨̨̨̣̦̍̔ ̡̨̡̛̦̯̯̬̠̯̖̌̌ ̦̖ ̌̚ ̨̛̣̍ ̡̡̨̌̏ ̧̪̬̹̖͕̌̌ ̶̡̨̛̦̭̱̣̯̌​̛͕ ̛̛̣ ̨̡̨̡̣̱̔ ̡̭̯̖̌̌ ̔̌ ̡̙̖̯̖̌̌̚ ̨̨̡̭̭̯̦̌ ̛̛̣ ̶̛̪̬̖̖̦̯̠̌̌̚͘ email: sales@smartsolutions.com.mk ̯̖̣. ;ϬϮͿ Ϯϳ ϳϳ ϯϴϯ͕ Ϯϳ ϳϳ Ϯϰϰ ^ŵĂƌƚ ^ŽůƵƚŝŽŶƐ- ˁ̡̨̪̠̖͕ ʺ̡̨̛̖̦̠̌̔̌ www.smartsolutions.com.mk

ʿ̨̢̖̖̏ ̴̶̨̛̛̦̬̥̌​̛ ̌̚ ̨̛̬̖̹̖̦̖̯͗ ŚƚƚƉ͗ͬ​ͬǁǁǁ͘ƐLJŵĂŶƚĞĐ͘ĐŽŵͬŵĂŝů-ƐĞĐƵƌŝƚLJ-ĨŽƌŵŝĐƌŽƐŽĨƚ-exchange


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

56

Свет бизниС и политика

Што ќе донеСе Спојувањето на двете најголеми пиварници

AB InBev - SABMIller ќе го продава Секое трето пиво во Светот þ мега Компанија со

продажба од 70 милијарди долари годишно þ уКинување на неКои лоКални брендови

þ водечКи позиции на

пазарите во сад (46%), бразил (63%), меКсиКо (57%), африКа (33%) þ посКапи пива


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПРЕхРАНбЕНА ИНдуСтРИЈА

6

ноември

2015

СИЛАтА НА мАкЕдОНСкАтА АкЕ кЕд кЕ ЕдОНСк ОНСкА кАтА т хРАНА хРАНА:: х кОЈ Е кОЈ НА ПАзАРО ПАзАРОт з зАРО т Едвај 1% од македонскиот бруто домашен производ го прави прехранбената индустрија, а во индустриското производство учествува со 13%. Само тоа е македонската храна со додадена вредност, а се друго што консумираме доаѓа од увоз. Во овој специјален прилог анализираме колкава е силата на македонската храна: l Кои се најизвезувани македонски прехранбени производи? Кои се пазарите каде што најмногу пласираме храна? l Како да се произведува и извезува повеќе храна со додадена вредност? l Кои се најголемите играчи во прехранбената индустрија? акедонија l има ли македонија производители на храна што можат регионално да се шират? l имиџот на македонските прехранбени производи: помеѓу брендот и приватните марки

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА мИхАЈЛОВСкА


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

58

Свет бизниС и политика кој навистина има ќар?

AB InBEv

бр.1

пиварница во светот

в

21% од светски пазар XX Создадена со спојување на Interbrew (белгија), AmBev (бразил) и Anheuser-Busch (СаД) XX Седиште: белгија XX приход (2014): 47 милијарди долари XX профит (2014): 11,3 милијарди долари XX вработени: 155.000 XX топ брендови: Budweiser, Corona, Stella Artois, Beck’s

SABMIllEr

во светот бр.2 пиварница

9,7% од светскиот пазар XX Создадена со спојување на South African Breweries (Ј.африка) и Miller (СаД) XX Седиште: в.британија XX приходи (2014): 22,3 милијарди долари XX профит (2014): 4,24 милијарди долари XX вработени: 70.000 XX топ брендови: Miller Genuine Draft, Peroni nastro Azzuro, Pilsner Urquell, Grolsch

С пишува:

игор петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Спојувањето на двата најголеми светски производители на пиво, Anheuser-Busch InBev NV и SABMiller PLC, ќе ја прекрои мапата на глобалната пивска индустрија и најверојатно ќе донесе повисоки цени на

пивото за потрошувачите во цел свет, пишува Wall Street Journal. Понудата на AB InBev, мултинационална корпорација со седиште во Белгија, за преземање на SABMiller, со седиште во Лондон, вредна 104 милијарди долари е четврта најголема во корпоративната историја, и најголема годинава, според Dealogic. Спогодбата би му донела на АB InBev доминантно присуство на речиси сите поголеми пазари во светот и околу 30% пазарен удел на глобално ниво, што е речиси три пати повеќе од најголемиот ривал, Heineken, според истражувачите на пивскиот пазар, Plato Logic. Зделката, која што начелно е прифатена од SABMiller, допрва ќе чека одобрување од регулаторите и најверојатно ќе подразбира дека мега компанијата ќе треба да ги продаде своите операции во САД, а можеби и во Кина. Но, и покрај тоа, најголемиот светски производител би имал водечки позиции на

о големите производни операции, економиите на обем може да бидат огромни, што значи дека пиварниците ќе мора да се фокусираат кон најголемите и најмодерните капацитети. производните операции каде што е поевтино да се произведува поголем асортиман производи заедно, одошто секој посебно – исто така ќе станат клучни. во смисла на работна сила, на пример, седиштата на компаниите и менаџерските тимови во земјите кај што се присутни и двете компании, најверојатно ќе бидат интегрирани. плус, зголемената куповна моќ на новата компанија исто така ќе донесе значителни заштеди. зделката ќе и отвори на InBev простор на растечките пазари на африка и латинска америка, каде што во моментов не е присутна. Менаџментот очекува да профитира затоа што ќе раководат со поголем бизнис, што ќе резултира со поголеми плати, моќ и статус. но, ако пивопијците се надеваат дека скратените трошоци ќе донесат поевтино пиво за нив, Forbes смета дека ќе останат разочарани. во пракса, големата пазарна моќ што произлегува од компаниските спојувања обично резултира со повисоки цени. исто така, спојувањето на двете најголеми светски пиварници допрва ќе треба да го помине филтерот на регулаторните тела на пазарите каде што има опасност од создавање монопол. во СаД, на пример, антимонополското тело веројатно ќе наложи новата компанија да продаде некој од брендовите. на пример, кога AB InBev ја презеде Grupo Modelo во 2013 година, мораше да продаде некои од бизнисите на Modelo во СаД, вклучувајќи го и брендот Corona. веројатно е и дека производниот асортиман ќе биде ревидиран и редуциран за да се овозможат поголеми инвестиции во маркетингот на брендовите што ќе останат.



www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

60

Свет бизниС и политика

пазарите во САД (46%), Мексико (57%), Африка (33%), Бразил (63%) и остатокот од Латинска Америка (62%), според Plato Logic.

Шест од 10-те најпродавани пива ќе бидат на новата мега компанија

Компанијата ќе ги поседува шест од 10-те најпродавани светски брендови, вклучувајќи ги:Bud Light (бр.3), Budweiser (бр.4), Skol (бр.5), Harbin (бр.8) и Brahma (бр.9) на AB InBev и Snow, кинеското пиво што е најпродавано во светот, а e дел од брендовите на SABMiller. Преземањето, исто така значи, дека најпознатото пиво од Чешка, Pilsner Urquell и италијанскиот бренд Peroni ќе бидат додадени во бренд портфолиото на AB InBev. Овие пива ќе им се придружат на Budweiser, Corona и Stella Artois, кои што ABInBev сака да ги пробие во сите краишта од светот, често по повисоки цени одошто на домашните пазари. AB InBev има историја на користење аквизиции за да ја зголеми профитабилноста преку кратење трошоци и насочување на потрошувачите кон поскапите пива. WSJ вели дека откако AB InBev купила неколку регионални пивари во Кина, ги елиминирала локалните пива и потоа ги пренасочила потрошувачите кон Budweiser, кое што е три пати поскапо пиво од кинеските, и кон сопственото кинеско, но во повисок ценовен сегмент пиво, Harbin.

каРлоС бРито CEO на ABInBev

Топ менаџментот на новата мега компанија секако ќе биде меѓу оние што ќе профитираат од спојувањето - поголема одговорност, поголеми плати, бонуси, моќ, статус...

Стратегијата на AB In Bev: аквизиции и насочување на потрошувачите кон поскапите пива

Стратегијата на AB InBev да ги насочува сите кон поскапите пива досега се покажа ефективна, па така, во моментов повеќе Budweiser се пие надвор од САД. Со купувањето на SABMiller, AB InBev се обидува да реши некои од своите најгорливи проблеми. После години на аквизиции, компанијата се најде заглавена на пазари со бавен раст или намалување на потрошувачката на пиво. Во САД и Бразил, кои што консумираат половина од вкупните продажби на AB InBev, потрошувачката на пиво падна за 3,9% во првата половина од годинава. Аналитичарите не очекуваат овие трендови да се сменат. Потрошувачката на пиво на развиените пазари толку забави, што целиот светски пазар се очекува да падне за 0,1% годинава, за прв пат по 30 години, според Plato Logic.

Дали AB InBev ќе плати премногу?

Како и со сите спојувања и аквизиции, идејата е дека со здружени сили, новата поголема-и-подобра компанија ќе може да имплементира економија на обем, односно да ги намали трошоците на производство и да ја зголеми конкурентноста како и да го зголеми пазарниот удел – што на крајот треба да резултира во повисок профит. Но, нема гаранции. Forbes вели дека глобалните истражувања покажуваат оти помеѓу 60% и 80% од

алан клаРк CEO на SABMiller

присуство во регионот

A

B InBev ги продаде своите бизниси во регионот на централна и источна европа во 2009 година, на инвестицискиот фонд CVC Capital, кој потоа во 2012 ги препродаде на американско- канадската Molson Coors за 2,65 милијарди евра. Molson Coors денес има операции во Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора и биХ. компанијата ги дистрибуира брендовите на AB InBev, како Stella Artois, Beck’s, Lowenbrau, Hoegaarden и Leffe на овие пазари. SABMiller не е присутен со свои пиварници на балканот, а има стратешко партнерство со турската пиварница Anadolu Efes за пазарите на турција, Русија и Украина. во европа има пиварници во Чешка, Унгарија, италија, полска, Романија, Словачка, Шпанија и Холандија. на големите пазари како в.британија и Германија, SABMiller ги извезува своите пива. аквизициите не успеваат да ги испорачаат очекуваните резултати и повеќе од 50% од нив ја уништуваат вредноста за акционерите. Причините обично се тоа што купувачот е принуден да плати премногу за компанијата што ја презема, интеграцијата е изведена лошо и преценети се придобивките од спојувањето. Белгиската пиварница AB InBev се

докажа како способна ефективно да заштеди пари кога купува нов имот (на пример, при преземањето на AnheuserBusch во 2008 година). Но, спојувањата и преземањата се скапа “игранка“ за акционерите на преземачот (и потенцијално за потрошувачите). Веројатно е дека акционерите на преземената компанија ќе извадат најмногу ќар. nnn


НАСКОРО!!! ШТО ГО ЧЕКА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ВО 2016 ГОДИНА?

СИЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО!  ТРКАЛЕЗНА МАСА 

ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!  НАЈГОЛЕМИТЕ Како во 2016 година! Најголемите градежни проекти! Почнати проекти и проекти кои ќе се завршат! Кои проекти почнуваат?

И ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ!  БАНКИТЕ Има ли простор за партнерства во инвестициите?

Кои се најпрофитабилните сегменти во македонската градежна индустрија? Колку се заработува? Перспективи!

ГРАДБА!  СТАНБЕНА Колку е продадено? Како да се продаде се што е се изгради?

Станови и куќи, туристчки капацитети, деловни капацитети или шопинг центри?

МАКЕДОНИЈА ИЗВЕЗУВА ГРАДЕЖНИШТВО?  ДАЛИ Ако не - зошто? Ако е да, како да извезуваме повеќе?

Имаме ли капацитет како индустрија да не увезуваме градежништво? Што да сториме?

НА ТРГОВИЈАТА СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ?  ПЕРСПЕКТИВИТЕ Колку извезуваме, колку увезуваме? Кој е кој во трговијата со градежни материјали во Македонија, Што е наше - македонско!?

И ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА?  ДРЖАВАТА Кој на што се обврзува во функција на развој и зголемување на пазарот?

НАСКОРО!!! ДАТУМ И ЛОКАЦИЈА ЗА ОВАА ВАЖНА ДЕБАТА Повеќе информации во врска со настанот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 834 23.10.2015

62

лидери

ТајниТе за успех на Ворен БафеТ Ворен Бафет е еден најуспешните инвеститори во историјата. денес тој има богатство од над 70 милијарди долари, што го прави трет најбогат човек во светот. Тој важи за човек кој отсекогаш ги правел работите на негов начин. селектиравме неколку изјави преку кои најдобро може да се допре до неговиот стил на живот и начинот на кој ги носи секојдневните одлуки.

Не треба да бидете научник за ракети. Инвестирањето не е игра во која оној кој има коефициент на интелигенција од 160 го победува оној кој има коефициент на интелигенција од 130.

Без разлика колку е голем голем талент имате или колку голем напор вложувате, за некои работи е потребно време.

Единствен начин да дознаете кој пливал гол е кога бранот ќе се повлече.

Потребни се 20 години за да се изгради репутацијата и само пет минути за таа да се уништи. Ако тоа секогаш го имате на ум, работите ќе ги правите поинаку.

Не можете да направите добар договор или добра зделка со лош човек.

Цената е нешто што го плаќаш, вредноста е тоа што го добиваш.

Отсекогаш знаев дека ќе бидам богат. За тоа не сум се сомневал никогаш ниту една минута.

Инсистирам одредено време од денот, и тоа секој ден, да одвојам и само да седам и да размислувам. Тоа е многу невообичаено во американскиот бизнис. Само читам и размислувам. И тоа помага да носам помалку импулсивни одлуки за разлика од многу други луѓе во бизнисот.

Бидете плашливи кога другите се алчни и алчни кога другите се плашливи.

Подобро е да се дружите со луѓе кои се подобри од вас. Одберете да се дружите со луѓе чие однесување или одлучување се подобри од вашето и ќе се движите во таа насока.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.