Cover story МаКедонија КаКо елдорадо кои се компаниите со највисоки профитни маржи? капитал советува: како да кратите трошоци во време на криза?
interview
диоМидис ниКолетопулос претседател на управен одбор на стопанска банка ад скопје
стопансКа банКа е во својата најдобра фаза досега! Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
специјален прилог
ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА
КАКВА Е ПЕРСПЕКТИВАТА НА ЛОГИСТИЧКАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА?
КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ИГРАЧИ НА ПАЗАРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКA НАЈГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ТОВАРНИ ПРЕВОЗНИЦИ 10 СОВЕТИ ЗА КОМПАНИИТЕ: КАКО НАЈДОБРО, НАЈЛЕСНО И НАЈБРЗО ДА ИЗВЕЗЕТЕ ОД МАКЕДОНИЈА? ЗАКОНСКИ ПРОМЕНИ ВО ТРАНСПОРТОТ И ЛОГИСТИКАТА НА КОИ ШТО ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ КОМПАНИИТЕ
специјален прилог ТранспорТ и логисТика КаКва е перспеКтивата на логистичКата индустрија во МаКедонија?
истражување: кои се најуспешните директори на светот? број 835 | цена 100 ден. | 30 октомври, 2015 | петок | година 16
www.kapital.mk
3
Капитал број 835 30.10.2015
сОДрЖина
20
10 04
Profile
синиша мали
градоначалник на Белград
32
08 наВиГаТОр Прогласени компаниите шампиони во општествена 35 одговорност 10 18 20
македонија како Елдорадо Компаниите и индустриите со највисоки профитни маржи
каПиТалнО
сите сме одговорни!
инТЕрВју
ДиОмиДис никОлЕТОПулОс
претседател на Управен одбор на Стопанска банка Ад Скопје
стопанска банка е во својата најдобра фаза досега!
26
луѓЕ и кОмПании како најдобро да кратите трошоци
60 ГОДини кОмЕрцијална банка
46
ПрЕТПриЕмнишТВО
сПЕцијалЕн ПрилОГ
50
биЗнис и кОмПании
54
биЗнис и ТЕхнОлОГии
58
мЕнаџмЕнТ
60
мЕнаџмЕнТ
62
лиДЕри
Заедно создаваме вредности
ТрансПОрТ и лОГисТика n Каква е перспективата
на логистичката индустрија во Македонија? n 10 Совети за компаниите: Како најдобро, најлесно и најбрзо да извезете од Македонија? n Законски промени во транспортот и логистиката на кои што треба да внимаваат компаниите
cover story
44
58
инТЕрВју
миТкО кОчОВски Макстил
ДаркО лаЗарОВ Економски факултет
успеваме ли да ги идентификуваме носечките индустриски сектори и нивните потенцијали за економијата?
Жените во бизнисот се уште тешко доаѓаат до пари Годишна конференција за цврст отпад на масВа шест идеи што можат да го унапредат светот
Aнализата на Harvard Business review открива: Кои се најуспешните директори на светот? 9 совети за управување со времето од успешните милијардери марк ЗакЕрбЕГ основач на Фејсбук
најголем ризик е да не ризикувате!
Ќар
краТки рЕЗОВи
ДирЕкТОришТЕ
Анализираме кои се 50-те најпрофитабилни компании во Македонија, во кои бизниси работат, дали профитот го темелат на монополските позиции на пазарот, какви производи произведуваат, дали работат на домашен пазар или се извозници, дали високиот профит им е резултат на некоја случајна зделка добиена заради блиските врски со државата која е најголем работодавач во Македонија.
Кратењето на трошоците треба да е постојан процес. Ниту аутсорсирањето, ниту работењето без залихи, ниту било кои мерки, не треба да се резултат на работењето само во кризен период. Кризите само го забрзуваат процесот на донесување одлуки за непопуларни мерки за штедење. По брзите резови што помагаат да се преживее, треба да следат кратења на трошоци што носат зголемена ефикасност и конкурентност.
За најуспешниот главен извршен директор во светот според Harvard Business Review веројатно никогаш не сте ни слушнале. Неговото име е Ларс Ребиен Соренсен од данската фармацевтска компанија Novo Nordisk. Тој е најуспешен челник меѓу двесте светски корпорации, а прочитајте зошто токму тој и неговите колеги се најдоа на списокот на угледниот американски економски магазин.
XX Стр. 10
XX Стр. 26
XX Стр. 58
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 29.10.2015
profile Градоначалникот на Белград Синиша Мали, кој важи за близок соработник на српскиот премиер александар вучиќ во својство на директор на две оф-шор фирми од Британските девствени острови купувал луксузни апартмани на бугарското црноморско крајбрежје вреди околу пет милиони евра. ако се докажат наводите, Мали може да биде сменет од функцијата, но засега не е сигурно дали власта ќе оди докрај да докаже дали имало и корупција.
Синиша Мали Градоначалник на БелГрад
Мали во ГолеМа корупциСка афера!
www.kapital.mk
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
5
profile
С
иниша Мали, градоначалникот на Белград се најде во сред корупциски скандал откако истражувачката мрежа КРИК објави дека тој како директор на две мистериозни фирми од Британските девствени острови купил 24 луксузни апартмани на бугарското крајбрежје на Црното море. Агенцијата за борба против корупција веќе покрена постапка во која треба да биде испитано дали тој бил во конфликт на интереси и дали вистински го пријавил својот имот. Откако антикорупционерите излегоа со став дека Мали не може да остане да ја извршува функцијата градоначалник на Белград, ако се докаже дека тој е директор во две оф-шор фирми, се шпекулира дека тој може да биде првиот застрелан функционер од владејачката партија заради корупција. Но, Мали во меѓувреме побрза да биде избришан од директорската функција на двете оф-шор фирми и на негово место е назначена неговата досегашна адвокатка Ана Иванова Панајотова од Бугарија, што за многу експерти е само доказ дека станува збор за малверзации. Мрежата за истражување на криминал и корупција Крик потенцира дека во периодот на 2012 година и 2013 година, кога се купувани апартманите, Мали работел како економски и финансиски советник на тогашниот потпретседател на Владата на Србија, Александар Вучиќ, кој денес е премиер. Мали во тој период бил задолжен за преговори со Обединетите Арапски Емирати околу вложувања во т.н.капитални проекти, односно приватизацијата на националната авио-команија и проектот Белград на вода. Вкупната квадратура на сите 24 апартмани во летувалиштето Свети Никола во близина на Созопол на Црното Море изнесува околу 3.100 квадратни метри, па новинарите пресметале дека нивната просечна вредност изнесува околу пет милиони евра. Како што се наведува во истражувањето, најголемиот дел од апартманите се купени од фирмата “Аклади” зад кој стои поранешниот директор на Лукоил во Србија, Срѓан Дабиќ и неговиот деловен партнер. Крик потсетува дека токму Дабиќ пред 12 години го застапувал Лукоил во приватизацијата на српскиот ланец на бензински пумпи “Беопетрол”, која од српскиот Совер за борба против корупција беше наречен коруптивен. Човекот кој ја надгледуваше оваа приватизација во име на државата бил токму Синиша Мали. “Бесмислена кампања насочена против мене”: Вака градоначалник Синиша Мали го коментираше истражувањето на Крик. Тој потврди дека на негово име има само еден стан во Бугарија, а целата приказна е од времето кога тој работел како консултант. “Тоа се работи врзани за мојата кариера пред да извршувам јавната функција кога имав приватна фирма и ги советував луѓето како да ги остварат своите бизнис цели”, објаснува Мали. Од Крик потенцираат д е ка Си н и ш а М а л и е должен да каже за кого ги купувал луксузн и те а п а р тма н и в о Бугарија и чии интереси зас тапува освен на граѓаните на Србија. Н и в н и те д о к уме н т и потврдуваат дека сите купопродажби на станови ги правел по 2012 година, односно откако стапи на функцијата.
Ова не е единствена афера на Мали
А
ферата со купување на луксузни апартмани во Бугарија не е единствената афера за која се врзува името на Синиша Мали. Додека деновиве сите медиуми пишуваат за аферата со луксузните апартмани во Бугарија, мрежата Крик објави уште една афера според која Синиша Мали и неговата фамилија бесплатно добиле 10 хектари државно земјиште. Станува збор за имот на некогашната фабрика Алфа протеин, чија сопственост во меѓувреме фамилијата на Мали ја сокрила зад оф шор фирма од Британските девствени острови. Минатата година црногорски весник “Дан” објави дека градоначалникот на Белград Мали бил консултант на фирмата на нарко-босот Дарко Шариќ.
nnn
Премиерот Александар Вучиќ пред да замине во официјална посета во Москва изјави дека ако се докаже дека Синиша Мали направил било што неморално или противзаконско нема повеќе да биде градоначалник на Белград.
Мали во периодот кога се купувани апартманите бил задолжен за преговори со Обединетите Арапски Емирати околу вложувањата во проектот Белград на вода. Најголемиот дел од апартманите се купени од фирмата “Аклади” зад кој стои поранешниот директор на Лукоил во Србија.
6
Капитал број 835 30.10.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
И
WWW.KAPITAL.MK
Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?
WWW.KAPITAL.MK
4.100 20%
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
10
денари, заштедете
...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
www.kapital.mk
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?
ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС
ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ
ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
WWW.KAPITAL.MK
СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!
НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ
70
МИЛИОНИ ЕВРА ОХРИД – ПЕШТАНИ
60
МИЛИОНИ ЕВРА
ОТКУП НА СТАЖ
НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ
АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!
50
МИЛИОНИ ЕВРА
АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА
ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија
ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!
45
МИЛИОНИ ЕВРА
WWW.KAPITAL.MK
ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА
Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над
ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот
БЕТОН Б ЕТОН ДОБИТНИ НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА
евра 200 милиони Од каде пари?
МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО
ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ
ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ? КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ
НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?
СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
INTERVIEW
ГРАДСКО - ПРИЛЕП
ЕКСПРЕСЕН ПАТ
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
со вклучени 20% попуст
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ПОЛИТИКА
12 месечна претплата 4.100 денари
ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА
ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?
ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!
со вклучени 15% попуст
АНАЛИЗА
СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!
специјален прилог - семејни бизниси
COVER STORY
6 месечна претплата 2.200 денари
COVER STORY
ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?
ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
> БРОЈКА
8%
ќе порасне извозот следната година, проценува Светска банка
дИмИТАР БОГОВ
Политичката неизвесност негативно ќе влијае на економскиот раст, бидејќи на економските агенти им е потребна извесност и стабилно опкружување за работењето
гувернер на НБМ
победник на неделата
АлКАлОИд сО пРесТИжНА Р НАГРАдА ЗА еНеРГеТсКА ефИ
Д
омашната фармацевтска компанија Алкалоид е наградена со престижно признание за „Најдобар регионален проект од областа на одржливата енергија“, за проектот „Надворешна реконструкција на објект за производство – Фармација“, финансиран од програмата WeBSEFF (Western Balkans Sustainable Energy Financing Facility), известија од компанијата. Наградата во
ПроглаСени комПании во оПштеСтвена одгово
ЏАсТИН ТРудО
+
Новиот премиер на Канада, Џастин Трудо пред само седум години влезе во политика, а веќе стана ѕвезда на меѓународната политичка сцена особено поради промените и реформите кои ги најави во Канада. Со победата на Либералната партија чиј лидер е тој, која дојде на власт како изненадување за многумина, Трудо не само што успеа да стави крај на десет годишното владеење на Конзервативната партија во оваа држава, туку најави план со кој како што вели целосно ќе ја реформира Канада. За почеток, тој реши да ги повлече сите борбените авиони кои Канада ги има испратено во Ирак и Сирија, а за тоа веќе го извести и претседателот на САД, Барак Обама. Освен по одлуката за прекинување на воените дејствија, тој ги наполни насловните страници на светски магазини и поради тоа што планира целосно да ја легализира употребата на марихуаната. Со тоа Канада ќе биде втората земја во светот, после Уругвај, која ќе донесе ваква одлука. Дополнително, овој либерал вети дека ќе го зголеми дефицитот на земјата за да финансира поголеми инфраструктури проекти, дека ќе го зголеми данокот на луксуз, дека ќе ја отвори Канада за да прими повеќе бегалци, но и дека ќе направи промени во системот на гласање. А со огромното мнозинство што го има во Парламентот, се чини Трудо ќе нема проблем да ги донесе овие нови како што вели тој прогресивни мерки со кои планира да ја реформира Канада.
капитал следната недела со повеќе детали за сите наградени добитници и нивните проекти во специјален прилог за корпоративната општествена одговорност.
T
Триесет и четири компании – 24 големи и 10 мали и средни - со вкупно 50 проекти конкурирале годинава за Националната
награда за најдобра општествено одговорна практика во 2014 година, што ја доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија. На “Оскарите за општествена одговорност“, како што го нарече претседателот на Координативното тело Александар Николов овој настан, веќе осма година по ред, беа доделени наградите во неколку категории, а најголем број апликации стигнале за наградата во категоријата “Вложување во заедницата“, вкупно 21. Најголем дел, дури 91% од поднесените апликации се од компании со седиште во Скопје. Годинава за првпат е воведена награда
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
9 мисла на неделата
региоНалНа икасНосТ
За мене бизнисот не е носење на костум и задоволување на акционерите. За мене бизнисот е искреност кон себеси и фокусирање кон вистинските идеи
категоријата „Енергетска ефикасност при реконструкција на деловни згради“ на Алкалоид и беше доделена на свечена церемонија во Загреб. Програмата WeBSEFF се реализира во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.Досега во „Алкалоид“ се реализирани четири проекти поврзани со кредитните линии на WeBSEFF I и WeBSEFF II, и тоа: три проекти на локалитетите во Скопје и еден во Србија.
Ричард Бренсон основач и сопственик на Вирџин
лидери
ите шамПиони орност за најинвентивна општествено одговорна практика, и ја доби Комерцијална банка за проектот “За исти права и можности“. Во категоријата “Етичко управување“, од редот на големите компании наградени се Макстил, за проектот “Сертифицирање за општествена одговорност, SA 8000“, и ЕВН Македонија за проектот “Идеја менаџмент во ЕВН“. Од малите и средни фирми, наградата ја зеде Раде Кончар ТЕП. Макстил доби и плакета во категоријата “Однос кон животната средина“, за својот проект “Инвестиција во филтри“, каде што пак, статуетката ја однесе Цементарница Усје, исто така за проектот инвестиција во намалување на штетните емисии во воздухот. Од малите и средни компании, наградата во оваа категорија ја доби Пакомак, за проектот “3Д интерактивна обука за ученици и наставен кадар“. Во категоријата “Однос кон вработените“, две големи компании добија награда, Витаминка за проектот “ДНК на компанијата“ и Градежниот институт – Скопје за проектот “Среќни вработени, успешна организација“. Во категоријата мали и средни фирми, немаше главна награда, а плакети добија Халк банка, Некстсенс и Гемак трејд. За општествено одговорен однос на пазарот како најдобра практика е одбрана онаа на Комерцијална банка, а во категоријата “Вложување во заедницата“, од големите компании за најдобра е прогласена Даути комерц, за активностите на нејзината “Фондација Даути“. Кај малите и средни компании во оваа категорија наградена е “Нова меѓународни училишта“ за проектот “Thinking humanity”. Во оваа категорија заради најголемиот број апликации и квалитетни проекти како што истакнаа организаторите, доделени се шест плакети на Комерцијална банка, Фени, Окта, Филип втори, Стопанска банка - Скопје. Во делот на малите и средни фирми плакети добија Адора инженеринг и Тинекс. nnn
губитник на неделата
лери Пејџ л
На Тwitter му требаа пет години, на Google Photos неколку месеци до 100 милиони корисници
ЖаН клод јуНкер
Со вклучувањето на мисијата Фронтекс, ЕУ понуди прво конкретно решение за справување со бегалската криза
не им беше неделата
ЃорЃе иваНов
На мини-самитот за бегалците не мораше да биде “ѕвезда“ поради гафови, ако имаше подобар протокол
аНгела Меркел
Поради неможноста ЕУ да се справи со бегласката криза, сe погласни се предвидувањата дека Унијата е пред распад
_
Никола Тодоров Дали се во прашање лошите реформи, дали партизираноста и на јавното здравство, што и да се причините за новата серија трагични случаи, како вина не може a да не се персонализираат во министерот за здравство, Никола Тодоров. Јавноста повторно е запрепастена од леснотијата со која Тодоров ги поднесува масовните и гласни барања за негова оставка, кои, за жал, министерот не ги слуша и не ги игнорира првпат. Претходниот голем повод беше случајот со деветгодишната Тамара Димоска, која почина чекајќи да добие одобрение за лекување во странство. Министерот остава впечаток дека крајните негови можности се да стражари да не заспале болничарите во некоја медицинска установа, да побара болниците да се исчистат од бубашваби, лебарки, глувци, да се офарбаат излупените врати, да се заменат дотраените апарати. Не дека ова не е потребно, но проблемот со здравството е на повисоко ниво, каде ако нема менаџерски капацитет да дејствува, Тодоров најмалку што може да направи е да си поднесе оставка. Состојбата во здравствениот систем во Македонија бара итни вистински реформи, зашто е дојдена до дереџе кога граѓаните наместо со надеж, во болниците влегуваат со страв дека преземаат ризик опасен по живот.
Капитал број 835 30.10.2015
cover story 10 cover story
Македонија
Компаниите и индустриите со највисоки профитни маржи
E
www.kapital.mk
Една компанија може да има супер бизнис идеја, добар производ, добро да продава и да се извезува, но ако не прави профит, целиот бизнис може да пропадне. Се е во последната линија или како што велат Американците It’s all about the bottom line. Но, сепак високиот профит и високите профитни маржи не се гаранција за дека некоја фирма има успешна иднина во бизнисот. Капитал во овој број анализира кои се 50-те најпрофитабилни компании во Македонија, во кои бизниси работат, дали профитот го темелат на монополските позиции на пазарот, какви производи произведуваат, дали работат на домашен пазар или се извозници, колку навистина се успешни во тоа што го работат или високиот профит им е резултат на некоја случајна зделка добиена заради блиските врски со државата која е најголем работодавач во Македонија...
www.kapital.mk
како Елдорадо
Капитал број 835 30.10.2015
11
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
12
cover story
У пишува:
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Упешните и ефикасните компании се познаваат по многу показатели, но еден од клучните, секако, е профитот. Или нетодобивката која & останува на компанијата откако од приходите што ќе ги оствари од работењето ќе ги одземе сите трошоци, ќе ги плати сите обврски, давачки и даноци. Секој сопственик или менаџер на фирма треба да има цел да оствари што е можно поголем профит во работењето. Од високиот профит ќар ќе имаат сите и менаџерите, и газдите, работниците и државата. Една компанија може да има супер бизнис идеја, добар производ, добро да продава и да се извезува, но ако не прави профит, целиот бизнис може да пропадне. Се е во последната линија или како што велат Американците It’s all about the bottom line. Но, сепак високиот профит и високите профитни маржи не се гаранција за дека некоја фирма има успешна иднина во бизнисот. Капитал во овој број анализира кои се 50-те најпрофитабилни компании во Македонија, во кои бизниси работат, дали профитот го темелат на монополските позиции на пазарот, какви производи произведуваат, дали работат на домашен пазар или се извозници, колку навистина се успешни во тоа што го работат или високиот профит им е резултат на некоја случајна зделка добиена заради блиските врски со државата која е најголем работодавач во Македонија... Податоците покажуваат дека во Македонија станува се потешко да се води профитабилен бизнис. Само минатата година профитот на сите фирми кои работата во Македонија е намален за 40%, а дури 37% од сите фирми работеле со загуба. Но, за некои фирми Македонија е вистински рудник за злато од кој можат да прават големи профити и профитни маржи од 90%. За разлика од нив, има и фирми за кои Македонија е бизнис рај во вистинска смисла на зборот, во која се прави огромен раст на профитите, незамисливи за светски рамки. Нивните профити растат десеткратно, со стапки поголеми од 100%, па и 1000%. Имаат профитни маржи од 90%, односно секој заработен денар им е чист профит, дури и кога немаат ниту еден вработен. По правило оние на кои бизнисот им прави
Нето профитни маржи по индустрии Дамодаран јануари 2015) Нето профитни маржи по(според индустрии (според Дамодаран јануари 2015) (според Дамодаран јануари 2015) Адвертајзинг Авио транспорт Авто делови Пијалоци Градежни материјали Лекови Изградба на станови Забава Земјоделие Небанкарски услуги и осигурување Преработка на храна Обновлива енергија Хотели и игри на среќа Инвестициски менаџмент Издаваштво и весници Ресторани Софтвер и апликации Телеком.опрема Тутунска индустрија
огромни профити не сакаат да го откријат рецептот за висока профитабилност во Македонија. Дали е тоа добрата и уникатна бизнис идеја, извозот или, пак, државните тендери. За другите обични смртници профитот во време на криза останува само сон. На јаве имаат чувство дека бизнисот им оди добро, работат повеќе, прават повеќе приходи, а резултатите на крајот повторно ги нема. Профитот постојано им паѓа, иако постојано кратат трошоци, се потешко им оди редовната исплата на обврските, доцнат со ратите за кредити кон банките.
Кои се најпрофитабилните фирми во Македонија?
Најпрофитабилните 50 компании во Македонија прават вкупен профит од 356 милиони евра, што е 71% од профитот кој лани го имале 200-те најпрофитабилни компании во земјава кои 2014 година ја завршија со вкупен профит од 497 милиони евра. Вкупните приходи, пак, на овие 50 најпрофитабилни македонски компании лани изнесувале нешто над 3,3 милијарди евра. Тоа значи дека просечната маржа со која работеле овие 50 најпрофитабилни компании во Македонија лани изнесувала 11%, или на секои 100 денари вкупни приходи од работењето на крајот им останувале по 11 денари чист профит. На чело на листата најпрофитабилни компании годинава за прв пат се искачи Џонсон Мети со вкупен профит од 56 милиони евра, која лани беше петта најпрофитабилна компанија во земјава. Профитот на Џонсон Мети за само една година е зголемен за 48,3%, а неговата профитна маржа била 5,91%, што е зголемување во однос на профитабилноста од 4,71% со која компанијата работела во 2013 година. Втора најпрофитабилна компанија годинава е рудникот Саса, кој лани работел
3,98% 9,32% 3,44% 12,66% 4,09% 15,95% 6,82% 12,59% 3,33% 34,14% 6,87% 0,36% 3,72% 19,11% 13,54% 9,40% 17,34% 14,51% 22,42%
со профит од 43,5 милиони евра, кој е зголемен за 34,57% за само една година, а профитната маржа на рудникот изнесува 51,47%. Саса минатата година беше четврта најпрофитабилна компанија, но сега овој рудник прави поголем профит од Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, кои се најдоа на третата и петтата позиција. Профитот на Македонски Телеком продолжува и годинава да се намалува, со што во 2014 година компанијата пријавила профит од 36,8 милиони евра, што е годишен пад од 16,7%. Цементарница Усје, иако лани имаше пад на профитот од 1,83%, на годинешното рангирање се искачи две места погоре, од шесто на четврто место, со вкупен профит од 23,7 милиони евра. Цементарница Усје работи со стапка на профитабилност од 34,4%, што значи дека повеќе од една третина од приходите од продажба и остануваат како чист профит. Мобилниот оператор Т-Мобиле Македонија со пад на профитот лани од 46,2%,падна две ме с та подолу, и сега е пет та најпрофитабилна компанија во земјава со вкупен профит од 20,1 милиони евра. Т-Мобиле има значително намалување на профитабилност, со оглед на фактот што во 2013 година ккомпанијата имала профитна маржа од 30,6%, која лани се намалила на 19,2%. Јавното претпријатие за државни патишта и годинава се најде меѓу десетте најпрофитабилни во Македонија, годинава на шестата позиција, за две места погоре од лани, со вкупен профит од 13,6 милиони евра, кој за една година е намален за 32%. Профитната маржа со која работело ова најпрофитабилно јавно претпријатие лани изнесува 17,06%. Пивара Скопје годинава е седма најпрофитабилна компанија со профит од 11,6 милиони евра, кој за една година е зголемен за 6,22% и профитна маржа од
Најпрофитабилните 50: Лани имале вкупен профит од 356 милиони евра
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
13
ТОП 50 НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ
ТОП 50 НАЈПРОФИТАБИЛНИ КОМПАНИИ Ранг 2014 КОМПАНИЈА 1
ЏОНСОН МЕТИ
Скопје
2 3
САСА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ
Мак. Каменица Скопје
4
ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ
Скопје
5 6 7 8 9 10 11 12 13
Т-МОБИЛЕ МАКЕДОНИЈА ЈП за државни патишта ПИВАРА СКОПЈЕ БУЧИМ АЛКАЛОИД ИМПЕРИАЛ ТОБАКО МЕПСО МАРКОВСКИ КОМПАНИ ВЕРОПУЛОС
Скопје Скопје Скопје Радовиш Скопје Скопје Скопје Битола Скопје
14
МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ
Прилеп
15
ЕВН
Скопје
16
ИГМ-ТРЕЈД
Кавадарци
17 18 19 20
КАМ ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ТИНЕКС-МТ ЕВН Македонија Електрани
Скопје Скопје Скопје Скопје
21
ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА
Скопје
22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32
ГРАНИТ ИТХР МАКЕДОНИЈА МАКПРОГРЕС ЖИКОЛ МЛЕКАРА МАКЕДОНИЈАТУРИСТ БАС ТУТИ ФРУТИ АЏИБАДЕМ СИСТИНА СВИССЛИОН РОБИ ТРАНСМЕТ
Скопје Скопје Скопје Струмица Битола Скопје Скопје Скопје Скопје Штип Скопје
33
КНАУФ
Скопје
34 35
НЕЛТ СТ ГОФИ
Скопје Скопје
Дејност Индустрија за автомобилски делови Рудник Телекомуникации Индустрија за градежни материјали Телекомуникации Јавно претпријатие Индустрија за пијалоци Рудник Фармација Тутунска индустрија Енергетика Градежна индустрија Рудник Индустрија за градежни материјали Енергетика Металопреработувачка индустрија Трговија Нафтена индустрија Трговија Енергетика Индустрија за автомобилски делови Градежна индустрија Трговија со текстил Прехранбена индустрија Градежна индустрија Прехранбена индустрија Хотели Пр-во на пластична амбалажа Приватна болница Прехранбена индустрија Кабелска телевизија Градежна индустрија Индустрија за градежни материјали Дистрибуција Трговија и услуги
36
КОНТИ ХИДРОПЛАСТ
Гевгелија
Пр-во на пластични профили
37
ДРЕКСЛМАЈЕР
Кавадарци
38
ПОФИКС
Тетово
39
ПЕЛИСТЕР ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА Р. МАКЕДОНИЈА
Битола
40
Град
Скопје
41
ИНТЕРТРЕЈД КОМПАНИ
Тетово
42 43 44
Скопје Скопје Скопје
46 47
КАРА АССЕКО СЕЕ АПЕКС МК ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС ЕДС РЕПЛЕК ВИП ОПЕРАТОР
48
ХУАВЕИ ТЕХНОЛОЏИС
Скопје
49 50
ПУЦКО ПЕТРОЛ АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВКУПНО
Кичево Скопје
45
Скопје Скопје Скопје
Индустрија за автомобилски делови Индустрија за градежни материјали Градежна индустрија Регистри Металопреработувачка индустрија Текстилна индустрија Информатичка индустрија Коцкање и игри на среќа Трговија со електрична енергија Фармација Телекомуникации Трговија со телекомникациска опрема Нафтена индустрија Градежна индустрија
Профит 2014 Годишна Профитна (евра) промена (%) маржа (%) 56.083.431
88,66%
5,99%
43.538.540 36.794.426
34,57% -16,69%
51,46% 27,67%
23.700.459
-1,83%
34,84%
20.173.337 13.629.525 11.987.888 10.773.833 10.229.712 9.522.689 8.153.692 7.405.337 7.146.467
-46,29% -32,05% 6,22% -49,98% 1,50% -34,88% 3138,51% 43,88% 7,58%
19,20% 17,06% 22,14% 20,33% 10,60% 18,12% 12,31% 53,00% 10,48%
6.863.428
614,47%
33,32%
5.419.409
131,67%
1,37%
4.222.252
-56,59%
6,76%
4.016.581 3.993.571 3.678.214 3.668.172
-23,03% -33,61% 3,88% -7,44%
4,73% 3,62% 4,08% 39,31%
3.352.253
527,44%
4,86%
3.059.506 2.900.688 2.708.625 2.629.184 2.601.749 2.456.628 2.451.978 2.351.681 2.351.204 2.262.461 2.241.455
-41,64% 0,77% 82,56% -36,16% 23,44% -21,84% 50,58% 89,20% 32,55% 12,50% 60,69%
4,61% 22,00% 11,49% 13,07% 6,72% 35,55% 20,66% 8,82% 7,15% 24,62% 10,27%
2.049.377
-38,27%
11,81%
2.008.828 2.000.848
0,06% 6760,86%
6,75% 34,15%
1.984.141
27,27%
6,27%
1.967.849
181,69%
4,53%
1.947.160
-42,43%
22,00%
1.946.042
-73,38%
14,43%
1.911.459
730,87%
30,13%
1.899.827
125,25%
16,96%
1.811.309 1.809.953 1.809.706
-39,41% -4,33% -9,33%
40,23% 10,58% 38,77%
1.789.161
-7,77%
2,36%
1.787.153 1.776.875
-15,90% -69,64%
20,26% 3,06%
1.767.576
5,63%
31,16%
1.713.872 1.707.915 356.057.424
-4,37% -72,35%
6,16% 8,47%
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
14
cover story
22,14%, со што компанијата се искачи од 11 на седмата позиција. Осма најпрофитабилна компанија е рудникот Бучим со профит од 10,7 милиони евра, која лани се намалил за близу 50%, додека профитната маржа му се намали на 20,3%. Фармацевтската компанија Алкалоид со профит од 10,2 милиони евра годинава има скок за три места нагоре од 12 на деветто место. Профитот на Алкалоид лани се зголемил за 1,5%, а компанијата лани работела со профитна маржа од 10,6%. Империал Тобако ја задржува десетта позиција, исто како и лани, со профит од 9,5 милиони евра, кој лани е намален за 34,8%, додека профитната маржа на компанијата минатата година лани изнесувала 18,12%.
Профитни маржи од кои “боли” глава
Најпрофитабилни 200 компании во 2014 година направиле вкупни приходи од продажба од 5,27 милијарди евра, што значи дека работеле со просечна профитната маржа од 9,43%, што е помала од профитната маржа на 200-те најпрофитабилни компании од минатогодишното рангирање. Стапката на профитна маржа всушност покажува дека секои 100 денари приходи од продажба, фирмите прават профит од 9,43 денари. Но, тоа е само просек. Бидејќи има и такви компании, и тоа прилично непознати за пошироката јавност, кои од секои направени 100 денари приходи околу 90 денари им останувале како чист профит. Дури 12 компании на листата најпрофитабилни имаат профитна маржа над 50%, што е речиси невозможно да се оствари од редовното работење на било кој нормален бизнис. Меѓу нив се новоосновани фирми кои веднаш добиле големи и профитабилни зделки, фирми кои постојат подолго, но токму лани добиле некаква голема вонредна профитабилна зделка, или, пак, фирми кои имале некаква привилегирана положба на пазарот. Дури 122 од 200-те најпрофитабилни компании лани имале профитна маржа поголема од 10%. Ако се анализираат 200-те најпрофитабилни компании според профитните маржи, тогаш на чело е консултантската фирма Камчев Консалтинг со профитна маржа од 89,68%. Втора е бензинската пумпа Петролгас со профитна маржа од 82,28%. Струмичката фирма Интер-Еврогенекс за производство
Кои индустрии се најпрофитабилни?
А
ко се анализираат најпрофитабилни компании според индустријата во која работат, тогаш дефинитивно најголем профит прави индустријата за автомобилски делови, која на листата 200 најпрофитабилни е застапена со 4 компании. Втора најпрофитабилна индустрија се телекомуникациите, кои на годинешната листа најпрофитабилни се застапени со четири компании, кои лани имале вкупен профит од 59,4 милиони евра. Рудниците се трети според профитот кој го прават трите компании кои годинава се најдоа меѓу најпрофитабилните, а кој изнесува 56 милиони евра. Индустријата за градежни материјали со профит од 37,7 милиони евра, која на листата е застапена со седум компании, е четврта најпрофитабилна индустрија. Следи градежната индустрија која на листата 200 најголеми компании е застапена со дури 27 компании, кои лани имале вкупен профит од 37,6 милиони. Градежните фирми истовремено се најбројни на листата 200 најпрофитабилни компании. Втора е дистрибуцијата од каде доаѓаат 14 од најпрофитабилните компании кои лани работеле со вкупен профит од 13, милиони евра. Од прехранбената индустрија на годинешната листа има 12Индустрии компании кои лани работеле со вкупен профит од 17 милиони евра. лидери во 200 најпрофитабилни Индустрија Индустрија за автомобилски делови Телекомуникации Рудник Индустрија за градежни материјали Градежна индустрија Енергетика Трговија Прехранбена индустрија Фармација и трговија со лекови Индустрија за пијалоци Дистрибуција Тутунска индустрија Коцкање и обложување Металопреработувачка индустрија Нафтена индустрија
на фармацевтски производи лани имала профитна маржа од 67,66%. Фирмата Марковски компани е фирма со највисока профитна маржа во градежната индустрија, која лани изнесувала 53%, што значи дека на секои 100 денари приходи во работењето, дури 53 денари и останувале како чист профит, што за многу градежниците е рамно на научна фантастика. Интересен е податокот дека меѓу 30-те компании со највисоки профитни маржи има дури четири текстилни компании чии профитни маржи се движат од 40% до 50%.
Број на компании 4 4 3 7 27 5 7 12 6 4 14 3 6 7 7
Профит (во евра) 62.231.481 59.469.328 55.995.652 37.739.846 37.640.581 19.134.521 17.781.962 16.924.798 16.102.983 14.688.311 13.811.762 12.570.026 6.946.429 10.291.889 10.555.983
Што кажуваат високите профитни маржи?
Во пазарна економија во која пазарот е слободен секој трговец има право да става колкава профитна маржа што сака. Токму високата профитна маржа и потенцијалот за голема заработка ги привлекува претприемачите и бизнисмените во одреден бизнис или одреден пазар. Но, со зголемувањето на конкуренцијата се намалуваат и цените и профитните маржи. Ако високите профитни маржи не привлекуваат конкуренција, тогаш тоа значи дека системот и пазарот не функционираат како што треба. Профитот е првото нешто што инвеститорите го гледаат кога сакаат да видат колку успешно работи некоја фирма. Но, нето профитот
Сигнал: Високи профитни маржи се знак за монопол или олигопол
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
16
cover story ТОП 30 КОМПАНИИ СО НАЈВИСОКИ ПРОФИТНИ МАРЖИ
ТОП 30 КОМПАНИИ СО НАЈВИСОКИ ПРОФИТНИ МАРЖИ 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
Ранг 2014 100 106 157 197 72 114 181 122 12 2 55 127 161 93 82 61 73 187 42 83 20 44 148 27 183 145 140 4 142 99
КОМПАНИЈА КАМЧЕВ КОНСАЛТИНГ ПЕТРОЛГАС ИНТЕР - ЕВРОГЕНЕКС АЛБАТРОС ТИМОХ САЦЦТА СЕДА - БРОКЕР ИНВИКТА МАРКОВСКИ КОМПАНИ САСА НИКО-2002 МОДНА ГРУПАЦИЈА ИНТ НИКОКОП 2012 АРМА СПК ПИРАМИДА ИНЖИНЕРИНГ ЕЛМАК - ЕЛБИТ СИСТЕМИ УНИВЕРЗАЛ ГРАДБА УНИЈА ФИНАНСИСКА СКОПЈЕ КАРА КБ Прво друштво ЕВН Македонија Електрани АПЕКС МК СОФИРА МАКЕДОНИЈАТУРИСТ ЦВЕТ - КОМПАНИ ТРГО ФЕР ЛОТКА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ ЕН-СА-ИНГ ЕКСТРА 03
не секогаш обезбедува јасна слика за компанијата. Ако нето профитната маржа се користи само како единствен индикатор за успешноста може да се добие и погрешна слика за тоа колку навистина е ефикасен основниот и редовен бизнисот на една фирма или, пак, можеби профитабилноста е заради некоја вонредна околност, привилегија на пазарот или, пак, преголемо задолжување. Кога компанијата остварува високи профитни маржи прв заклучок е дека таа сигурно има една или повеќе предности пред нејзината конкуренција. Дека поседува некој производ или услуга кои се уникатни или брендирани и заради тоа и носат на фирмата поголем профит во однос на другите компании во дејноста. Но, ова важи за пазарните економии кои имаат отворен и слободен пазар и конкуренција. Во земји кои се уште се далеку од слободна
Град Скопје Тетово Струмица Скопје Скопје Скопје Скопје Скопје Битола Мак. Каменица Штип Кочани Битола Гевгелија Скопје Скопје Струмица Скопје Скопје Скопје Скопје Скопје Валандово Скопје Скопје Велес Скопје Скопје Скопје Кавадарци
Дејност Консултантски услуги Нафтена индустрија Фармацевстка индустрија Трговија со училишни мат. и опрема Трговија и угостителски услуги Недвижности Финансиски услуги Ископ на руди и камен Градежна индустрија Рудник Текстилна индустрија Текстилна индустрија Ископ на руди и камен Градежна индустрија Градежна индустрија Трговија со одбранбени елек. сис. Градежна индустрија Финансиски услуги Текстилна индустрија Финансиски услуги Енергетика Коцкање и игри на среќа Текстилна индустрија Хотели Градежна индустрија Транспорт Транспорт и шпедиција Индустрија за градежни материјали Градежна индустрија Патнички транспорт
пазарна економија, каква што е и Македонија, високата профитна маржа, меѓу другото укажува дека компанијата работи во бизнис во кој има монопол или пак е дел од некој олигопол каде што може заеднички со уште неколку компании во бизнисот да договараат повисоки цени кои ќе им носат и поголема профитабилност. Во Македонија каде државата е најголем работодавач, високата профитна маржа може да значи и дека некоја компанија има тесни врски со државата и може лесно и без конкуренција постојано да ги добива големите и профитабилни зделки. Или, пак, дека компанијата работи во индустрија во која со закон е забранет влез за нови компании што компанијата ја штити од конкуренција и и овозможува затворен пазар во кој можат да се прават високи профитни маржи. Можеби профитната маржа покажува колку ефикасно менаџментот ја управува
Профит 2014 (евра) 1.029.908 970.654 725.528 578.708 1.294.467 897.823 632.738 857.029 7.405.337 43.538.540 1.648.227 845.931 708.010 1.080.979 1.223.082 1.505.415 1.290.037 607.483 1.811.309 1.214.417 3.668.172 1.809.706 769.599 2.456.628 626.650 780.029 790.508 23.700.459 787.056 1.030.464
Профитна маржа (%) 89,68% 82,28% 67,66% 66,66% 65,74% 62,00% 55,12% 54,05% 53,00% 51,46% 50,45% 50,22% 49,25% 48,96% 47,95% 43,04% 42,25% 41,04% 40,23% 39,60% 39,31% 38,77% 38,10% 35,55% 35,47% 35,15% 35,11% 34,84% 34,61% 34,45%
фирмата во еден одреден период, но таа не кажува ништо за иднината и перспективите на компанијата. Бидејќи високата профитна маржа може да се должи само на една профитабилна зделка која ја добила. Затоа кога се анализираат профитните маржи мора да се земат во предвид и индустријата во која работи компанијата и во кој бизнис циклус се наоѓа, дали е нова и иновативна компанија и слично. Профитната маржа, покрај профитабилноста на фирмата, ја покажува и состојбата со конкуренцијата во бизнисот. Во индустриите и бизнисите во кои има поголема конкуренција и во кои влегувањето во бизнисот е лесно и слободно, има помали профитни маржи. Од друга страна во индустриите во кои има монополи, државни или приватни или, пак, индустриите во кои е ограничено или многу скапо да се влезе, како на пример, железница, фиксна телефонија, има поголеми профитни маржи. nnn
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
БРЕНДОВИ
13
НОЕМВРИ
2015
БОРБАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ БРЕНДОВИ:
САМИ ИЛИ ПОД РЕГИОНАЛЕН “КРОВ“ Количините на вино, кондиторски производи или текстил од балканскиве простори се светски нерелевантни ако се настапи од позиција на индивидуален производител. Најголемите регионални играчи уште пред неколку месеци предложија своевиден “кровен“ бренд што ќе обедини повеќе производители од Адриа регионот за поефективен пробој на светските пазари. Оваа заложба уште еднаш беше потврдена од учесниците на 6 -от Бизнис форум што го организираше Капитал на почетокот од октомври. Колку е оваа идеја остварлива, меѓу другите теми, анализираме во специјалниот прилог Брендови:
Борбата на македонските брендови: Како против светската конкуренција
Најголемите балкански компании предложија создавање регионален бренд: Колку е тоа остварливо? Како тоа го направи Италија на национално ниво, интегрирајќи конкурентски производители?
Know-how: Како да ја заштитите онлајн репутацијата на вашиот бренд Еве на што мора да се фокусира вашиот маркетинг тим за да создаде цврст и траен бренд Кои се највредните, а кои најмоќните светски брендови Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
18
Капитално
СИТе СМе ОД
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
не може секој еден да спие потонат во својот прагматизам и да молчи кога во државата се случуваат настани какви што ни се случуваат. не може некој поединец да молчи кога се случува криминали или убиства во државата само заради тоа што е член или припадник на било која партија која е на власт или заради тоа што партијата го вработила. Вака поставениот систем не е во интерес на граѓаните, ниту на македонскиот народ и нација, ниту на државата. И одговорноста зошто ни се случува ова што ни се случува ја имаме сите!
П
Полека стануваме општество без никаква совест и одговорност за своите постапки. Без капацитет навреме да ги препознаеме и спречиме работите кои може некому да му нанесат штета. Без моќ да ги осудиме несовесните и неодговорни постапки. Ако се суди според резултатите и потеклото и структурата на моќта во Македонија, тогаш слободно би можела да се нарече друштво без одговорност. Поточно интересно друштво без одговорност. Овој заклучок произлегува од фактот дека на одредена група луѓе им се допуштени многу работи кои не произлегуваат од правните и општествени норми, а која со сите текови во државата управува без никакви одговорности. Дали е ова случајност? Не. Патот по кој оди Македонија е точно избран и точно се знае каде води. Непрезамањето на одговорност за ништо што се случува во оваа држава трае премногу долго. Јавноста е веќе навикната на неодговорност. Толку затупена што верува дека не е наша обврска да реагираме и бараме одговорност. И на тој начин стигнавме во оваа состојба на општо беззаконие. На оние кои ја туркаат таа состојба на неодговорност, им одговара токму тоа беззаконие и затупена јавност.
Луѓе се газат на пешачки, никој не одговара. Се носат закони кои создаваат дополнителни трошоци за луѓето и фирмите, кои подоцна се повлекуваат, никој не одговара. Мортус пијан анестезиолог усмрти млада жена на сред операција за породување. Ниту збор за одговорност од оние кои имале и имаат обврска да го постават системот во кој пијан лекар не треба да влезе во болница, а не, пак, да оперира. Пред две години во болница во Битола беше убиен човек на кој наместо физиолошки раствор му ставиле средство за чистење. Виновен излезе транспортерот во болницата, кој за несоодветна терапија беше осуден на шест месеци затвор. Ова се само два случаи кои покажуваат дека македонското здравство се распаѓа. Не може за овие случаи да бидат одговорни пијаниот анестезиолог или чистачот. Одговорен е оној кој не знае да го управува системот. Не може главен критериум за поставување на доктор или директор на болница да биде тоа дали тој е партиски кадар или не. А тоа за жал е главниот критериум при вработување не само во здравството, туку во целата држава. Во бомбите кои ги објавуваше опозицијата само го слушнавме она што со години е јавна тајна. Дека ако не си на партискиот список на кадри не можеш да влезеш буквално во ниту една државна и институција. Кој и го дал тоа право на една партија?! Та било која да е таа?! До толку ли се заслепени од власта, та не гледаат дека оваа држава со која управуваат не е имот кој им е оставен во сопственост од дедо им?! Та нели направивме музеј за жртвите од комунизмот за да го осудиме претходниот систем кој го изградиле “комуњарите” и кој бил многу неправеден?! И што е најтрагично и најапсурдно денес во
www.kapital.mk
Капитал број 832 09.10.2015
Капитално
говорни! не може главен критериум за поставување на доктор или директор на болница да биде тоа дали тој е партиски кадар или не. А тоа за жал е главниот критериум при вработување не само во здравството, туку во целата држава. Во бомбите кои ги објавуваше опозицијата само го слушнавме она што со години е јавна тајна. Дека ако не си на партискиот список на кадри не можеш да влезеш буквално во ниту една државна и институција. Кој и го дал тоа право на една партија?! Та било која да е таа?! македонија, во 21 век се управува со исти методи со кои управувал Сталин. во времето на комунизмот постоел т.н. систем на “номенклатура” кој претставувал попис на кадри во комунистичката партија, во општеството, во економијата, во управата...овој попис бил своевиден инструмент за долгорочно планирање на човечките ресурси. Се смета дека системот на номенклатура го вовел Сталин со цел да се спречи бирократскиот апарат на Советскиот сојуз да стане некаква пречка на Комунистичката партија. Па така се назначувале сите високи политички апаратчици, министри, дипломати...кои морале претходно да бидат на партиската кадровска листа. Сите други граѓани кои не биле на партиската листа немало шанса да дојдат до вработувања или позиција и покрај нивната стручност, знаење и способности. За сите кадри од листата следувале разни богати привилегии за да бидат послушни и лојални, кои, пак, од друга страна не бирале средства и начини за да ја докажат својата лојалност кон партијата. За нив не важеле истите правила како за обичните смртници кои не биле на партиската
кадровска листа. тие биле како држава во држава. има и премногу сличности со македонија!? Уште пожално е што има добар дел луѓе кои сметаат дека овој систем кој произведува само апатија и безнадежност е во ред. овој систем не е нормален. општество во кое неказнето поминуваат лажењето, крадењето и убивањето не може да се надева на никаква иднина. А за да се изгради општество во кое овие работи ќе се казнуваат, одговорноста ја имаме сите како поединци. не може секој еден да спие потонат во својот прагматизам и да молчи кога во државата се случуваат настани какви што ни се случуваат. не може некој поединец да молчи кога се случува криминали или убиства во државата само заради тоа што е член или припадник на било која партија која е на власт или заради тоа што партијата го вработила. вака поставениот систем не е во интерес на граѓаните, ниту на македонскиот народ и нација, ниту на државата. и одговорноста зошто ни се случува ова што ни се случува ја имаме сите! nnn
19
Капитал број 835 30.10.2015
20
www.kapital.mk
Интервју
Диомидис Николетопулос претседател на Управен одбор на Стопанска банка ад Скопје
Стопанска банка е во својата најдо фаза досега!
Николетопулос: Групацијата ја поддржува нашата ст
www.kapital.mk
а обра
Капитал број 835 30.10.2015
21 Групацијата дури и во најтешките периоди не повлекуваше дивиденда од добивката на Стопанска банка како поврат на големата инвестиција веќе 15 години. Напротив, сите одлуки кои НБГ ги носела за Стопанска банка биле со цел да се зајакне и поттикне присутството но и перформансот на Банката на домашниот пазар, по што покажани се исклучително добри резултати и Банката е во својата најдобра фаза досега. Оттука, сите идни одлуки поврзани со Стопанска банка ќе мора да се разгледуваат во овој контекст. Длабоко сум уверен дека иднината на Банката ќе биде повеќе од добра и дека Банката успешно ќе одговори на сите предизвици како и до сега, задржувајќи ја својата важна улога која со децении ја има во економијата и преку своите перформанси ќе обезбеди уште подобри резултати и вредности за своите акционери и сите останати учесници (заинтересирани страни).
Г
XX Г-не Николетопулос, Стопанска банка во првите 9 месеци од годината оствари рекордна добивка од речиси 26,1 милиони евра пред оданочување, значајно поголемо од лани. Овој тренд се забележува во последните неколку години. Како успевате да регистрирате зголемени профити во време кога повеќето банки и приватни фирми се во криза? Веќе со години зборуваме за „услови на криза“ само ги менуваме придавките локална, глобална, економска, политичка, регионална... Дефинитивно живееме во турбулентни времиња особено ако се обидуваме да имплементираме долгорочни стратегии, меѓутоа основните правила на деловно работење остануваат да важат, дури имаат и поголема вредност и посложено значење од порано. Еден успешен бизнис треба во исто време да го следи чекорот на клиентите кои имаат се поголеми апетити и амбиции, но и да создава услови во кои ќе се развиваат нови потреби со чие задоволување понатаму ќе се поттикне економската активност без оглед на предизвиците во опкружувањето на локално и глобално ниво. Одредени домашни компании почнаа
да го прилагодуваат работењето кон повисоки стандарди а и самото население е чекор поблиску до посакуваниот европски начин на живот. Во ваква деловна средина Стопанска банка е партнер од големо значење, а во исто време со членството во најголемата финансиска мрежа во Југоисточна Европа всушност Банката работи модерно и европски и може да го сподели драгоценото знаење и искуство со своите клиенти. Пристапувајќи поблиску до нашиот бизнис модел може лесно да се идентификуваат причините за успехот на Банката. Како што често истакнуваме, ништо не е случајно, напротив, зад нашиот успех стои долгорочен бизнис план, постојана и истрајна заложба на нашите вработени, темелно разбирање на потребите на нашите клиенти и одличната соработка со нив, иновативните производи и услуги и сето ова во рамка за управување со деловните ризици што ни овозможува раст без притоа Банката да преземе ризици кои нема да може да ги управува. Постојано се обидуваме да дадеме поддршка на компани кои ветуваат раст, проекти кои се одржливи, кои создаваат нови работни места, го зголемуваат извозот и создаваат подобар квалитет и поголеми вредности на целиот систем, но секако, како Банка со доминантна пазарна позиција во работењето со населението нудиме поддршка и на индивидуалните клиенти за сите нивни финансиски потреби. Комбинацијата на портф олијата, внимателниот пристап при кредитирање, добро балансираната ценовна политика и одржувањето на нефункционалните кредити на ниско ниво се главните атрибути кои придонесуваат кон нашата изразена профитабилност. За сите овие активности да се комбинираат и да функционираат беспрекорно, посебно внимание посветуваме на нашите вработени како клучен фактор: да ги имаат сите услови
тратегија со тоа што ги задржува профитите во земјата
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
22
Интервју
за работа, да располагаат со потребните алатки и да поминат соодветни обуки, да се чувствуваат сигурни и почитувани на работното место и да го препознаваат и мерат придонесот кој го даваат за успехот на Банката. Корпоративната култура која ја негуваме е проткаена на начин што овозможува поистоветување со целите и со вредностите кои брендот ги претставува. Одличните резултати се збир од помали успеси, доаѓаат редовно ден за ден, не ги креираме одеднаш и затоа за нас не се изненадување туку напротив очекувани и сосема заслужени. Уште повеќе, Групацијата ја поддржува нашата стратегија со тоа што ги задржува профитите во земјата и го зголемува капиталот на Банката, значително над задолжителното ниво. Оваа поддршка придонесува за уште подобра пазарна позиција на Банката во смисла на подготвеност за одговор на барањата на клиентите, со поголема флексибилност и подобра прилагодливост на условите на пазарот, со што Банката дава значајна поддршка на целата економија. XX Податоците покажуваат дека во првите шест месеци сте одобриле 5,9% повеќе кредити од лани, повеќе за граѓаните отколку за фирмите. Какви се очекувањата за кредитирањето до крајот на годината? Има ли интерес од фирмите за инвестициски кредити или се уште се бараат доминантно заеми за тековна ликвидност? Кои се главните причини што ве тераат вас банкарите да стиснете кочница кога треба да им одобрите кредити на приватните компании? Разните случувања на почетокот на годината предизвикаа кратко одлагање на некои инвестициски проекти или планови на компаниите за зголемување на капацитетите и продуктивната способност. Сметам дека овој тренд нема да се промени на краток рок, меѓутоа, домашната и меѓународната бизнис заедница е фокусирана на изнаоѓање продуктивни решенија со цел да ги реализира своите проекти и деловни цели и во таа смисла Стопанска банка ќе продолжи да дава поддршка за сите одржливи кредитни барања кои ги задоволуваат нашите стандарди и критериуми. Во однос на одобрувањето или одбивањето на кредитните барања нема новитети во однос на задоволување на деловните и кредитни критериуми. Знаеме дека бизнисот е динамична категорија, пазарот исто така е променлив и сите мора да се прилагодуваме преку надградба на клучните бизнис параметри ако сакаме да останеме успешни. Истото се случува и во нашата банка знаејќи дека успешен бизнис модел пред 10 години денес може да не функционира воопшто, а наскоро тоа ќе важи и за бизнис модели од пред 5 години. Во однос на компаниите, мислам
Разните случувања на почетокот на годината предизвикаа кратко одлагање на некои инвестициски проекти или планови на компаниите за зголемување на капацитетите и продуктивната способност. Сметам дека овој тренд нема да се промени на краток рок, меѓутоа, домашната и меѓународната бизнис заедница е фокусирана на изнаоѓање продуктивни решенија со цел да ги реализира своите проекти и деловни цели и во таа смисла Стопанска банка ќе продолжи да дава поддршка за сите одржливи кредитни барања кои ги задоволуваат нашите стандарди и критериуми. дека треба да имаат малку поголема визија, да размислуваат глобално иако делуваат локално, да преземаат иницијативи кои значително ќе ги подобрат нивните перформанси и ќе им отворат врати за соработка со партнери внатре, но особено и надвор од земјата, да развијат нови производи соодветни за денешните потреби и се разбира да преземаат ризици со кои ќе може да се справат, без да го загрозуваат постојното работење. Кога и да го забележиме ваквото однесување кај клиентите, повеќе од задоволни сме да учествуваме преку обезбедување поддршка и на долг рок да застанеме на нивна страна со тоа што ќе им обезбедиме пристап до нашите искуства, знаења и советодавни услуги. Банката е секако мотивирана покрај големи, да поддржува и мали и средни компании на кои ќе ги помогне во растот и созревањето не само поради нивните позитивни влијанија врз економијата туку и затоа што Стопанска банка се грижи компаниите да не пропаднат туку напротив да создадат успешни приказни. Тимот за корпоративно кредитирање кој го градиме континуирано е богат со искуство, но и постојано подмладуван и поттикнуван да ги прифати предизвиците и да го прилагоди секојдневното работење соодветно. XX Какво е салдото на депозитите во Стопанска банка? Салдото на депозитите за секоја банка е податок достапен во финансиските
извештаи кои редовно се објавуваат. Тоа што за нас е побитно е што довербата и лојалноста што клиентите ја имаат во Стопанска банка е и останува секогаш на највисо ниво, со што се обезбедува силна ликвидност, повеќе од доволна за да ги задоволи потребите за кредитирање и другите пласмани. Иако оваа година се соочувавме со различни комплексни ситуации на домашниот и меѓународниот пазар, особено со ситуацијата во Грција и економските предизвици кои произлегоа, депозитната база на Банката останува стабилна, а малото сезонско намалување кое се забележа за време на летото веќе е надминато и ситуацијата се стабилизираше за многу краток период без било какви сериозни влијанија. Клучен фактор во привлекувањето на депозитите е ценовната политика која секогаш треба да биде поврзана со цената на кредитите и нивото на пазарниот ризик, ризикот на земјата. Во нашиот случај, фактот што со години имаме стабилен курс на денарот во однос на еврото придонесува да се изгради доверба во домашната валута. Од друга страна, разликата помеѓу каматните стапки на депозитите во двете валути значајно е намалена во однос на претходните години што влијае врз побарувачката за производи во различните валути. Земајќи предвид дека дел од приливите доаѓаат од странство (дијаспората) важно е банкарскиот систем да остане атрактивен, нудејќи конкурентни каматни стапки а во исто време банките да можат да ги пласираат овие средства во кредити и други хартии од вредност кои ќе нудат каматни стапки соодветни на трошокот на ангажираните средства и другите трошоци поврзани со работењето. XX Кога веќе зборувавме за депозитите и за кредитите како основни производи што останува да се спомене од аспект на банкарското работење? Во основата на банкарското работење секако се депозитите и кредитите, меѓутоа далеку од тоа дека тука завршува нашата улога во општеството. Банката нуди сервис за управување со личните и деловните финансии на физичките и правните лица. На глобално ниво, покрај воспоставениот таканаречен традиционален начин на користење на банкарските услуги преку филијалското работење, постојано се воведуваат и алтернативни канали и се проширува нивната функционалност. Стопанска банка АД - Скопје како Банка со најдолга традиција на пазарот, располага со распространета мрежа на филијали и повеќе од 1 година работи на целосно трансформирање на филијалите од трансакциски во услужни/сервисни центри со оглед на тоа што афинитетот на клиентите се повеќе е на self service за основните банкарски услуги (пренос на средства,
Стопанска банка: Ќе продолжиме да даваме под
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
23
уплати). Во овие ново организирани простории Банката ќе продолжи да ги нуди традиционалните услуги, но во фокусот ќе биде советодавната улога на нашите вработени. Сакаме нашите клиенти да добијат врвна финансиска услуга и совети за да можат да ги изберат производите кои им се потребни и кои им одговараат на можностите и секако да се вратат во Стопанска банка и при следната потреба. Во поддршка на сето ова, постојано градиме нови тимови на млади и амбициозни банкари кои го акумулираат искуството и знаењето од своите колеги и со својата енергија го потврдуваат впечатокот дека Стопанска банка АД – Скопје е на страната на клиентите. Во филијалите од неодамна почна да се воведува и таканаречена digital signage платформа која ќе овозможи преку видео информативни содржини клиентите да се запознаат со повеќето наши производи и полесно да ги прифатат за користење. А како дел од нашата заложба да бидеме достапни за интеракција со заедницата преку сите современи канали, овие видео содржини ќе ги поставиме и на нашата веб платформа, на нашите профили на социјалните мрежи од каде ќе бидеме се
повеќе достапни и ќе ги идентификуваме навремено потребите на заедницата. Бидејќи сакаме комплетното искуство на клиентите да биде секогаш на подобрено и Банката да биде прв избор за финансиски услуги, вложуваме напори и следната година ќе имаме нова веб платформа и продлабочени услуги на мобилната платформа. Секако, како пионери во воведувањето на e-banking и во m-banking услугите наша обврска е да бидеме лидери на ваквите промени и да ги збогатуваме self service алатките. Во Банката постојано се подготвуваат и приоретизираат проекти кои го олеснуваат нашето позадинско работење и во исто време го подобруваат искуството на клиентите со нашите производи, а во заедничка спрега се различни профили на професионалци кои имаат предизвик од IT аспект, од организациски и материјален аспект, да воведат производ/услуга со кој ќе бидеме горди и ќе го промовираме не само во Стопанска банка туку и во групацијата, односно во регионот. XX Општесетвената одговорност се повеќе доаѓа до израз кај македонските компании, сите
бараат свое поле на делување и место за интеракција и поврзување со заедницата. Како Стопанска банка ги организира ваквите активности? Општествената одговорност според мене не доаѓа од компаниите, доаѓа од вработените и нивните секојдневни контакти со заедницата во која работат и живеат. Потребите на нашите сограѓани се и наши потреби, ги гледаме, ги слушаме, ги разбираме и каде можеме помагаме. Меѓутоа, тоа на што посебно внимаваме и отсекогаш се внимавало е да сме транспарентни, фер и да создадеме траен а не привремен бенефит за заедницата. Посебно се гордеам што Банката стои зад проекти кои им помагаат на децата, без разлика дали тоа биле проекти од едукација, здравство, рекреација, хуманитарни и слично. Мотивирани од големиот успех на минатогодишната кампања “ПОДАРИ НАСМЕВКА“ кога над 1 милион насмевки беа „донирани“ од јавноста во знак на морална поддршка за донацијата што Стопанска банка ја реализираше за повеќето регионални медицински центри во земјата оваа година актуелен беше проектот „ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО“.
ддршка за сите одржливи кредитни барања
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
24
Интервју
Имено, повторно преку интеракција со јавноста, која има потреба од градење на култура за користење на алтернативни форми на транспорт кои не загадуваат, реализиравме проект кој наскоро ќе биде комплетиран со отворањето на едукативниот сообраќаен/велосипедски полигон во Скопје. Со отворањето на полигонот ќе придонесеме кон целта на Град Скопје да гради сообраќајна култура кај најмладите и секако да ги потсети останатите учесници во сообраќајот за ефектите од користењето алтернативни форми на транспорт врз околината и врз граѓаните. Дополнително, како релевантен бизнис ентитет во земјата, Стопанска банка во ваквите обемни проекти вклучува и многу свои клиенти и добавувачи кои дополнително се ангажираат и придонесуваат во подобра реализација на проектите, а се во интерес на заедницата. Со тоа во проектите се вклучуваат и повеќе компании и граѓани и проектите добиваат и на вредност и на значење за заедницата, создавајќи долгорочни позитивни ефекти. XX Со оглед на тоа што во Грција политичката и економската криза се врти во круг, очекувате ли дека матичната банка, НБГ, ќе побара дел од „колачот“ кој го остварува Стопанска банка? Продлабочувањето на грчката криза годинава повторно го актуализира и прашањето за продажба на грчките филијали на Балканот? Колку е реално да се случи продажба на Стопанска банка? Како што е познато, ситуацијата во Грција почна да се нормализира и ризиците на економски и политички план значајно се намалија откако неодамна се постигна договор со Европската Унија кој го покрива периодот до крајот на 2017 година и комплетирање на изборниот процес. Значаен дел од договорот се однесува и на рекапитализацијата на банкарскиот сектор и прилагодување на плановите за реструктуирање на банките. Ова покрај другото, подразбира и активности за намалување на трошоците но и продажба на одредени подружници (особено тие што не остваруваат добивка) со што ќе се рационализира оперативното работење на банките и ќе се поддржи идниот нивен учинок. Како резултат на ваквите активности, капиталната база на нашата матична банка (НБГ) ќе биде значително зајакната што ќе придонесе за отворање на нови перспективи за членките на групацијата и позитивно ќе се одрази не само за Грција туку и за регионалните економиии. Од друга страна пак, многу добро познат факт е дека Групацијата дури и во најтешките периоди не повлекуваше дивиденда од добивката на Стопанска банка како поврат на големата инвестиција веќе 15
Во однос на компаниите, мислам дека треба да имаат малку поголема визија, да размислуваат глобално иако делуваат локално, да преземаат иницијативи кои значително ќе ги подобрат нивните перформанси и ќе им отворат врати за соработка со партнери внатре, но особено и надвор од земјата, да развијат нови производи соодветни за денешните потреби и се разбира да преземаат ризици со кои ќе може да се справат, без да го загрозуваат постојното работење. Кога и да го забележиме ваквото однесување кај клиентите, повеќе од задоволни сме да учествуваме преку обезбедување поддршка и на долг рок да застанеме на нивна страна со тоа што ќе им обезбедиме пристап до нашите искуства, знаења и советодавни услуги. години. Напротив, сите одлуки кои НБГ ги носела за Стопанска банка биле со цел да се зајакне и поттикне присутството но и перформансот на Банката на домашниот пазар, по што покажани се исклучително добри резултати и Банката е во својата најдобра фаза досега. Оттука, сите идни одлуки поврзани со Стопанска банка ќе мора да се разгледуваат во овој контекст.
Длабоко сум уверен дека иднината на Банката ќе биде повеќе од добра и дека Банката успешно ќе одговори на сите предизвици како и до сега, задржувајќи ја својата важна улога која со децении ја има во економијата и преку своите перформанси ќе обезбеди уште подобри резултати и вредности за своите акционери и сите останати учесници (заинтересирани страни). nnn
Николетопулос: Се гордеам што Банката ги поддржува граѓаните
НАСКОРО!!! ШТО ГО ЧЕКА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ВО 2016 ГОДИНА?
СИЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО! ТРКАЛЕЗНА МАСА
ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА! НАЈГОЛЕМИТЕ Како во 2016 година! Најголемите градежни проекти! Почнати проекти и проекти кои ќе се завршат! Кои проекти почнуваат?
И ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ! БАНКИТЕ Има ли простор за партнерства во инвестициите?
Кои се најпрофитабилните сегменти во македонската градежна индустрија? Колку се заработува? Перспективи!
ГРАДБА! СТАНБЕНА Колку е продадено? Како да се продаде се што е се изгради?
Станови и куќи, туристчки капацитети, деловни капацитети или шопинг центри?
МАКЕДОНИЈА ИЗВЕЗУВА ГРАДЕЖНИШТВО? ДАЛИ Ако не - зошто? Ако е да, како да извезуваме повеќе?
Имаме ли капацитет како индустрија да не увезуваме градежништво? Што да сториме?
НА ТРГОВИЈАТА СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ? ПЕРСПЕКТИВИТЕ Колку извезуваме, колку увезуваме? Кој е кој во трговијата со градежни материјали во Македонија, Што е наше - македонско!?
И ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА? ДРЖАВАТА Кој на што се обврзува во функција на развој и зголемување на пазарот?
НАСКОРО!!! ДАТУМ И ЛОКАЦИЈА ЗА ОВАА ВАЖНА ДЕБАТА Повеќе информации во врска со настанот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
26
Луѓе и компании
Капитал know-how
Како најдобро да кратите трошоци
П пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Преку 200 илјади работни места укинале неколку од најголемите американски компании во третиот квартал годинава, јавија светските медиуми деновиве. Ова дошло како последица од забавениот раст на глобалната економија, ниските цени на суровините и високиот курс на доларот. Загрижувачки е тоа што американските
Кратењето на трошоците треба да е постојан процес. Ниту аутсорсирањето, ниту работењето без залихи, ниту било кои мерки, не треба да се резултат на работењето само во кризен период. Кризите само го забрзуваат процесот на донесување одлуки за непопуларни мерки за штедење. По брзите резови што помагаат да се преживее, треба да следат кратења на трошоци што носат зголемена ефикасност и конкурентност
бизнисмени во анкетите претежно искажале став дека не очекуваат особено подобрување на бизнис климата и во 2016 година. Македонските бизнисмени исто така имаат причина да бидат загрижени, затоа што стагнацијата на светската економија, во комбинација со домашната политичка криза, не остава простор за оптимизам. Предвремените избори што се планирани за следната година, ќе ги стават на “low level“ сите активности на компаниите,
кои што во принцип ќе чекаат да помине бурата, за да ги рашират своите едра повторно. Во меѓувреме, треба да се преживее, треба да се продава, да се поделат плати, но кризата бара кратење на трошоците, повторно, по којзнае кој пат во последниве десетина години. Една од првите мерки по која што посегаат компаниите, како во американскиот пример, е отпуштањето вработени. Иако, консултантите велат дека
Постојаност: Кратењето трошоци не е само за во криза
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
27 со овој чекор треба да се внимава. “И да дојде до отпуштања, најнепопуларната мерка за штедење, тоа мора соодветно да се искомуницира во фирмата. Прво, не смеете да се ослободите така лесно од кадрите во кои што е вложено многу време и пари за да се обучат за задачите што ги извршуваат. Менаџерите/сопствениците треба да водат сметка дека отпуштањата не ги погодуваат само оние што заминуваат, туку и тие што остануваат во фирмата. Мора искрено да се соопшти дека тие мерки биле неизбежни за доброто на компанијата, за нејзиниот опстанок и иден развој. Не смее да се создаде атмосфера дека бродот тоне, затоа што тогаш можат и сами да си заминат најквалитетните кадри, од страв дека нема веќе иднина во таа фирма“, велат домашните консултанти што ги контактиравме.
Менаџирање со фиксните трошоци и залихите најпроблематично
Како најчести проблеми на домашните компании, од консултантската пракса, се истакнуваат менаџирањето со фиксните трошоци и залихите. Во време на криза потребно е да се кратат првенствено оние трошоци кои имаат мало или никакво влијание врз квалитетот на производот или услугата. Најчесто на тапет се т.н. non core или несуштински сектори од компанијата. “Простор за понатамошно кратење на трошоците има секогаш, па доколку некоја компанија смета дека ги презела сите мерки, следен чекор може да биде спојување со компанија од истата или компатибилна дејност, при што извесно е да се очекува дополнително намалување на фиксните трошоци. Како додадена вредност за новата компанија би била зголемената конкурентска предност, можност за полесно пребродување на кризниот период, секако и подобар кредитен рејтинг“, сметаат консултантите. Ако на компаниите им падне продажбата за повеќе од 20%, мора да ги идентификуваат најголемите извори на неефикасноста во продажбата и маркетингот, па и да ги отпуштат продавачите со најслаби резултати, да ги стопираат промотивните активности што не се ориентирани на краткорочна продажба, но и под итно да почнат да преговараат за заштеда во договорите со маркетиншките агенции и агенциите за истражување на пазарот.
7 нови начини за заштеда
1
Анализирајте ги сите свои односи и договори
Најмногу внимание заслужуваат договорите со банките, адвокатите, консултантите или книговодствените бироа. Многумина менаџери пропуштаат да ги ревидираат долгорочните договори, а добриот деловен однос ги спречува да побараат поевтини решенија. Тоа што сте задоволни со нечија услуга не значи нужно дека нејзината цена е прилагодена на пазарната ситуација.
2
Викнете преговарачи
Било да се работи за специјализирани консултанти или само за личност од другиот оддел која е навикната да преговара, веројатно во преговорите ќе постигне подобри услови од некого во одделот што инаку комуницира со снабдувачите. Секојдневната комуникација помеѓу луѓето од две компании што соработуваат така ќе остане негибната. Методот “добар полицаец, лош полицаец“ често се покажала добра во преговарањето.
3
Почнете да користите современа технологија
Употребата на “компјутерски облаци“ за софтвер, серверски решенија или пак паметни технологии на печатење овозможуваат големи заштеди. Многу менаџери се свесни за тие можности, но се колебаат да ги воведат, заради што секој месец всушност губат пари.
4
Почнете да штедите енергија
Гаснењето на светла, темелно планирање на производството, ограничување на потрошувачката на хартија, штедливи возила... Енергенсите се сè поскапи, а паметно трошење на оние што најмногу се искористуваат е добар, но
често потценет извор на заштеди. Во канцелариите во кои што има изобилство на природна светлост често непотребно се расфрла електричната енергија; и користењето на печатачот е често непотребно, а за бензинот и да не зборуваме.
5
Поттикнете ги вработените да ви заштедат пари
Вработените на пониските нивоа често имаат добри идеи за тоа како може да се заштеди, но не ги пренесуваат понатаму. Наградите (кои што не мора да бидат парични) може да се добар поттик тие идеи да дојдат до менаџментот кој што практично може да ги спроведе.
6
“Објавете војна“ на службените автомобили и картички
Егото на менаџерите често најмногу пати за повластици, како што се службени автомобили и кредитни картички, но непријатни времиња бараат и непријатни мерки. Со укинувањето на 2-3 службени автомобили може многу да се заштеди во текот на една година. Поголемата контрола на трошоците за репрезентација нужна е за сите. Дојде време и директорите да покажат дека штедливоста се однесува на сите.
7
Внимателно прегледајте ги трошоците за човечки ресурси
Многу компании го скратија бројот на вработени, замрзнаа нови вработувања и плати. Сепак, во некои случаи подобро е платата да ја поделите во фиксен и варијабилен дел кои што ќе зависи од резултатите. Понекогаш повеќе се исплатува да вработите уште еден човек отколку да плаќате прекувремени часови, а некои задачи може да ги извршуваат невработени млади луѓе или студенти што се спремни да волонтираат.
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
28
Луѓе и компании Колку може да се заштеди со следниве процеси
5-10% 10-20%
реорганизација и поедноставување на процесите
тактичко намалување на материјалните трошоци и стратегијата на набавки
15-25%
оптимизирање на портфолиото на проекти и технолошката инфраструктура
30-40%
стратешка промена на моделот на работење Извор: McKinsey
Брзи резови
Како да ги намалите трошоците во 30 чекори Намалете ги платите, но задржете ги вработените на полно работно време
2 2
Скратете ја работната недела
Пренасочете ги специјалистите во продажба на купувачите со висок потенцијал
16
само на 17 Настапувајте најважните саеми
Пратете ги вработените на “принуден“ годишен одмор
18
Пратете ги вработените на неплатено отсуство
19
3 4
Укинете ги бонусите за Нова година и регресите
5
Не продолжувајте ги договорите на вработените на определено време
6
Откажете ги договорите за работа на неопределено време
7
Поедноставете го известувањето и администрацијата Зголемете го варијабилниот дел од надоместокот за продажниот персонал на најдобрите продавачи со 20 Продолжете вложувања во
системот за управување со купувачите Насочете 2/3 од маркетиншкиот буџет на 30% најважни купувачи
21
ги 22 Форсирајте примарните
Преработете ги издатоците за маркетинг и продажба, на кои што обично отпаѓа 30% од вкупната продажба
брендови, а стопирајте ги инвестициите во секундарните и терцијарните брендови
Штедете на маркетинг, но подгответе храбри промотивни акции
медиумите
8
9
го 23 Променете рекламниот микс во се со 24 Користете виралниот маркетинг
Утврдете ги најголемите извори на неефикасност во продажбата и маркетингот
и новите медиуми
11 Продлабочете ги контактите
26
10
со најголемите и најпрофитабилните купувачи
12
Намалете ги цените
ги 13 Задржете потрошувачите со давање привремени попусти, а не со постојани намалувања
14
Aкцент во продажбата ставете на “ловците“ кои што носат нови зделки го бројот на 15 Намалете разни специјалисти, на пример, технички стручњаци за производ
ги 25 Камалете трошоците за
истражување на пазарот Продолжете со праќање на обуки на топ - менаџментот
27
Свртете се кон сопствените едукациски програми Подучувајте ги 28 топ – менаџерите за
тоа како да ги подучуваат другите (‘train the trainers’)
29
Топ – менаџерите треба да го учат средниот менаџмент како да се носи со промените менаџмент 30 Средниот треба да ја преземе
улогата на влевање доверба на останатите вработени
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
30
Луѓе и компании
неефективни примери на штедење
п
римери на кратење трошоци што може да донесат повеќе штета отколку корист има многу. Хрватскиот неделник Лидерпрес наведува случај кога во една тамошна голема државна компанија полуофицијално се донела одлука за штедење на хигиенски средства (конкретно, се намалила количината на тоалетната хартија на секој кат). уште една државна компанија “мудро“ ги преместила сите печатачи од канцелариите во ходниците, со цел да ја зголеми контролата врз трошоците за хартија и тонери. падот на продуктивноста предизвикан од таа глупава одлука никој не го мерел. во некои компании веќе подолго време се практикува вработените сами да собираат пари за резервоарите со вода што ја пијат на работа. За да се избегнат прилично смешни и неефективни мерки за штедење, треба да си поставите неколку прашања пред секоја одлука за намалување на трошоците: колку навистина се постигнува финансиски ефект, дали тоа ќе ги влоши условите за работа на вработените, и не најмалку важно, колкав негативен имиџ се создава на компанијата со таквите мерки?
култура на штедење
Во секој случај, управувањето со трошоците, треба да почне од топ менаџментот, советуваат и светските консултантски куќи, како McKinsey.Тие мора да ја пренесуваат на вработените. “Психолошки гледано, поимот ‘намалување на трошоци’, веројатно лошо ќе влијаена моралот на вработените, што на крајот на денот може и да не донесе позитивни ефекти. Затоа на компаниите им препорачуваме
акциите поврзани со намалување на трошоците да ги преименуваат како “зголемување на продуктивноста. Продуктивноста може да се поттикне и со вреднувањето на работниците“, вели студијата на McKinsey. Продолжувањето со вложувањето во клучните луѓе и нивно задржување е суштинско кога ситуацијата ќе се подобри. Наместо да се фокусираат исклучиво на намалување на трошоците,
компаниите мора да ги ангажираат сите свои потенцијали, особено креативните, во развој на бизнисот. Кризата е и прилика, тоа веќе сите би требало да го знаат, а фирмите што размислуваат долгорочно, таа прилика може да ја искористат за развој на нови производи, нови пазар, особено пак за развој на човечките потенцијали, на што во кризните времиња обично им се дава премало значење, велат консултантите. nnn
ПОКАНА На 10 декември 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 19. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 30 ноември 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 7 декември (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 505; и електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
32
60 години Комерцијална банКа
заедно создаваме вредности
Не постои подобар почеток на текст за Комерцијална банка и нејзиниот шеесетгодишен јубилеј од исказот на нејзиниот Главен извршен директор упатен до гостите на прославата по тој повод: „Шеесет години во животот на луѓето секогаш е добар повод да се завртите зад себе и да видите што сте постигнале. Тоа е обично периoд кога немате многу време за радикални пресврти, но имате доволно животна мудрoст да го сочувате тоа што сте го стекнале. Вашите наследници не ќе мора да почнат од нула, или со обврски да ги враќаат вашите долгови. Така е во животот на луѓето. Кај банките, иако има големи сличности, не важат
биолошките закони. Шеесет години искуство е големо богатство и одлична база за нови почетоци и пресврти, за нов голем натпревар да се остане на врвот на пазарот на парите и на финансиите во државата.“ Во изминатите 60 години постоење, Комерцијална банка работеше во услови на бројни политички и економски турбуленции кои претставуваа составен дел од историјата на нашата земја. Во такви променливи услови на работење Банката остана стабилна и со своето работење во континуитет потврдуваше дека претставува сигурен и доверлив партнер за своите клиенти; дури и во кризни времиња обезбедуваше континуирана поддршка на
македонското стопанство и воведуваше новитети со кои ја зацврстуваше својата лидерска позиција на банкарскиот пазар. Во услови на влошување на економските состојби во државата како резултат на влијанието на глобалната економска криза врз отворената домашна економија и големата зависност на домашните производни капацитети од нарачките од странските партнери, дојде до влошување на квалитетот на корпоративното портфолио. Дополнително, измените во регулативата од НБРМ поврзани со третманот на преземениот имот имаа исто така значително негативно влијание врз резултатите од работењето.
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
33 Гледано од оваа перспектива, во иднина се очекува стабилизирање на корпоративното портфолио, додека од аспект на исправката на вредност на преземениот имот и во следниот период се очекува корекција на вредноста на имотот со што би се завршила регулаторната обврска. Покрај тоа, Банката продолжува со реализација на активностите согласно донесените Програма на мерки и активности и Развојниот план, кои се во насока на остварување на годишните и на развојните цели и финансиски проекции. Еден од најголемите предизвици за наредниот период е подобрувањето на квалитетот на корпоративното портфолио, со цел да се постигне очекуваната профитабилност за акционерите, подобрување на управувањето со преземениот имот по основ на ненаплатени побарување со што ќе се постигне минимизирање на износите на оштетување кои доспеваат во следните 3-4 години и натамошно зајакнување на капиталната позиција како одговор на регулаторните барања, но и заради поддршка на растот на активата. Со оглед дека Комерцијална банка е една од најголемите банки во банкарскиот систем во Република Македонија, а во одредени билансни позиции го зазема првото место со речиси една третина пазарно учество, показателите за работењето на Банката несомнено имаат значајно влијание врз движењата и показателите за работењето на ниво на банкарскиот сектор и таа претставува системски значајна банка. Во моментот Комерцијална банка е претпазлива во одобрувањето нови кредити на корпоративниот сектор како резултат на актуелната состојба, но едновремено е насочена кон кредитирање на населението, за што има воведено повеќе модифицирани кредитни производи по поволни услови. Дел од вишокот ликвидни средства е насочен кон кредитирање на население, а дел од средствата се вложуваат во благајнички записи и државни хартии од вредност кои се нискоризични, што пред сè се должи на недостиг од издржани проекти од страна на фирмите. Притоа не смее да се заборави дека банките работат со средства на своите депоненти и дека поради тоа со истите треба внимателно да се управува. Комерцијална банка континуирано работи на унапредување на производите и услугите кои се нудат. Во второто полугодие од минатата година ја воведе услугата мобилно банкарство за физички лица за постојните корисници на електронското банкарство кои имаат претплати за плаќање и имаат паметни телефони со оперативни системи Android и IOS. До крајот на 2014 година, односно само за едно полугодие откако е достапна оваа услуга, 4.207 корисници успешно ја инсталираа апликацијата, а 536 од нив имаат направено трансакција, со што вкупниот број на налози извршен преку мобилното банкарство изнесува 9.909. Комерцијална банка АД Скопје е првата банка во Република Македонија која е подготвена за замена на постојните и за издавање нови транзитни царинскии гаранции, бидејќи преку своите добри
деловни контакти и соработници од својата разгранета мрежа на кореспондентски банки го исполни неопходниот услов за воспоставување агенти во сите земји членки на транзитната конвенција, т.е. адреси за потребите на достава на барањата за наплата на гаранциите и соодветна документација согласно условите на гаранцијата пропишани во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка. Како банка која ги следи сите светски трендови во новите технологии и иновативни начини на плаќање, Комерцијална банка е првата банка во Република Македонија која ги има успешно завршено сите надградби и соодветни сертификации за комплетно издавање и прифаќање на бесконтактни картички од двете најголеми меѓународни организации за работење со картички MasterCard® Worldwide и VISA International, базирани на глобалните стандарди за безбедност. Со тоа, на корисниците им овозможивме брзо и безбедно плаќање на секојдневните рутински трансакции за само една секунда и со наједноставно доближување на картичката. Во овој момент бесконтактното плаќање е овозможено со Debit MasterCard®, Debit MasterCard® World и Visa Electron дебитните картички на Комерцијална банка, при што корисниците на постари верзии на овие картички можат истите без надомест да ги заменат за бесконтактни. Банката го продолжи и траењето на промотивните услови за кредитот за купување или изградба на недвижен имот со ЕУР клаузула, со што ги следи
потребите на клиентите и тековните пазарни движење во делот на станбените кредити. Понудата продолжува до 31.03.2016 година, овозможувајќи им на клиентите да го решат своето станбено прашање по најповолни услови. Понудивме и нови бенефиции во управувањето со паричните текови на правните лица преку поволните промотивни услови за Visa деловните картички на Комерцијална банка. Промоцијата беше само надополнување на бројните придобивки кои овој практичен платежен инструмент редовно ги нуди на компаниите, без оглед на нивната големина или дејност. Преку воведувањето на иновативни производи и услуги кои се целосно прилагодени на потребите на клиентите и доследното реализирање на политиките за одржлив развој, Комерцијална банка останува на курсот кој во изминатите 60 години резултираше со создавање вистински и трајни вредности за општеството како целина. Ќе се погрижиме нашите наследници ниту да почнат од нула ниту да имаат обврски да враќаат наши долгови, туку да имаат достојна задача да ги надминат нашите успеси.
ПријАвувАњеТО е вО ТеК !!!
Курс по напредно сметКоводство и сметКоводствена администрација l 2015 година во просториите на Институт Концепт, Скопје
Со завршување на овој курс учесниците ќе се стекнат со напредни знаења во поглед на применетото сметководство, примената на МСС и МСФИ во бизнисот, ќе ги разбираат ефектите од сметководствените промени и вреднувањето, ефектите од висината на износот на данок на профит, како и составување завршна сметка, финансиски извештаи, и даночен биланс. Курсот е наменет за лица коишто имаат основни познавања во однос на сметководството и имаат потреба и желба
истото да го надградат. Курсот изобилува со практична работа и примери коишто се со цел, полесно разбирање и изучување на материјата. Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно во попладневните часови од 17.00 до 20.00 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ. Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 32 часови ќе го научат напредното ниво на сметководство
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
44
Интервју
УСПЕВАМЕ ИДЕНТИФИКУВА ИНДУСТРИСКИ СЕК ПОТЕНЦИЈАЛИ ЗА
С д-р
Митко Кочовски Макстил
Резултатите од емпириското истражување во рамките на студијата за економската импакт анализа на индустријата за основни метали само квантитативно ги потврди ставовите за извонредното значење на оваа индустриска гранка во дадената економска констелација на земјата. Оваа констатација е уште понагласена ако се земе во предвид силниот генерирачки потенцијал што оваа индустрија го поседува, а се рефлектира преку поврзаните индустрии и мултипликативните ефекти кои не досегаат само до нивото на директните снабдувачи и нарачатели на влезната и на излезната страна, туку се шират и понатаму допирајќи до крајната периферија на репродукциониот циклус, при што таа дифузија преку “backward“ индустриските врски генерира дополнителни акцелерирачки импулси во националната економија во целина и има силни рефлексии врз макроекономските перформанси на земјата.
XX Стопанска комора на Македонија ќе организира стручна дебата и расправа за индустриските констелации во Република Македонија базирана на претходно изработена студија од авторите д-р Дарко Лазаров и д-р Митко Кочовски како проект реализиран од страна на комората, а по првична иницијатива на здружението на металургија. Која е целта на дебатата и што беше предмет на истражување на самата студијата? Дизајнирањето на долгорочна стратегија за индустриски развој која ќе биде реално фундирана и оперативно применлива треба да биде заснована на претходно детално проучување на носечките индустриски структури во земјата и веќе изградените компаративни предности. Во тој контекст, идентификувањето на носечките индустриски фундаменти на кои треба да се гради и реализира процесот на структурни промени преку примена на научно верифициран методолошки пристап е првиот неопходен чекор. Ние како автори на студијата изработивме економска импакт анализа преку која беше квантифицирана улогата и важноста на индустријата на основни метали како базична индустриска гранка во Република Македонија преку примена на општо прифатен и научно потврден методолошки пристап базиран на инпут - аутпут модел. Нашата цел беше да го проучиме економското значење на индустријата за основните метали како носечка индустриска структура во националната економија, но уште повеќе да го наметнеме овој методолошки пристап
во квантифицирање на важноста и на останатите носечки индустриски гранки во националната економија. Меѓународната научна и стручната јавност се понагласено го истакнуваат фактот дека развојната динамика на светската економија во голема мера се поврзува со реиндустријализацијата на светската економија, при што на тој план светската металургија и првенствено челичната индустрија имаат нагласена улога. Новите елементи на техничко технолошкиот динамизам на индустријата на основните метали се повеќе почнуваат да доаѓаат до израз токму низ развојните трансформации на комплексот на металопреработувачката индустрија, електроиндустријата и машиноградбата, при што анализата на структурата на нивната потрошувачка во индустриски развиените Западноевропски земји на почетокот на новиот милениум укажува дека во вкупната потрошувачка само на челик како репродукционен материјал метало преработувачката индустрија учествува со околу 20%, машиноградбата со околу 19%, производството на транспортни средства со околу 22% и градежништвото со околу 18%, а токму тоа се индустриските сектори кои се и натаму во нагласен развоен тренд, кои се носители на техничкиот прогрес и кои делуваат пропулзивно врз останатите сектори во економијата XX Кои се сознанијата до кои дојдовте преку реализирање на оваа студија? Резултатите од емпириското истражување само ги потврдија ставовите за извонредното значење на оваа индустриска гранка во дадената економска констелација, но и во догледна перспектива. Имено, проучувањето на директниот импакт покажуваат дека релативното учество на индустријата за основни метали во БДП на земјата изнесува 5.73% и 1.36% во 2007 и 2014 година, респективно, додека релативното учество во индустријата е значително поголемо и изнесува 33.53% и 7.56% во 2007 и 2014 година, респективно. Релативното учество на извозот на индустријата за основни метали во вредноста на вкупниот извозот на земјата изнесува 31.5% и 13% во 2007 и 2014 година, респективно. Компаниите во индустријата на основни
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
45
Е ЛИ ДА ГИ АМЕ НОСЕЧКИТЕ КТОРИ И НИВНИТЕ А ЕКОНОМИЈАТА? Релативното учество на извозот на индустријата за основни метали во вредноста на вкупниот извозот на земјата изнесува 31.5% и 13% во 2007 и 2014 година, респективно. Компаниите во индустријата на основни метали вработуваат околу 6.500 вработени, што во релативен износ би значело 3.5% од вкупниот број на вработени во целата индустрија. метали вработуваат околу 6.500 вработени, што во релативен износ би значело 3.5% од вкупниот број на вработени во целата индустрија. Контрибуцијата на компаниите преку плаќање на даноци и придонеси, и нивната корпоративно – општествената одговорно се исто така дел од индикаторите преку кои го мериме директниот импакт. За илустрација, компаниите во рамките на индустријата на основни метали во форма на персонален данок на доход, корпоративен данок на добивка има исплатено кон државата вкупно 2.060 милиони денари и 730 милиони денари во 2007 и 2014 година, респективно. Дополнително во форма на придонеси за социјално и пензиско осигурување, придонеси за бенифициран стаж и други чланарини кон државните инстутуции и фондови овие компании имаат исплатено 373 милиони денари и 609 милиони денари во 2007 и 2014 година, респективно. Ако на сето ова го додадеме фактот што една од главните одлики на поголемиот дел од компаниите во оваа индустрија е општествено корпоративната одговорност и активната партиципација и подршка во реализирање на огромен број проект од општествен интерес како што се финансирањето на спортски клубови и спортски настани, финансирањето на различни културни и општествено значајни манифестации, стипендии, инвестиции во подобрување на животната средина, подобрување на животот на граѓаните, финансиска поддршка во реализација на проекти на локалните самоурави, проекти од национален интерес, може да заклучиме дека импактот на оваа индустрија за националната економија е значителен и не може во ниту еден случај да биде негиран или оспорен.
XX Дали таквиот директен импакт е единствениот канал преку кои индустријата за основни метали генерира позитивни ефекти во националната економијата? Се разбира дека не. Оваа индустрија има значителен генерирачки потенцијал, кој се рефлектира преку поврзаните индустрии и мултипликативните ефекти кои не досегаат само до нивото на директните снабдувачи и нарачатели на влезната и на излезната страна, туку се шират и понатаму допирајќи до крајната периферија на репродукциониот циклус, при што таа дифузија преку “forward“ релациите кон повисоките фази на финализацијата, како и кон претходните фази преку “backward“ индустриските врски генерира дополнителни акцелерирачки импулси во националната економија во целина и има силни рефлексии врз макроекономските перформанси на земјата. Во таа насока, мултипликативните ефекти кои се генерирани преку ланецот на снабдувачи и ефектите на потрошувачка се многу понагласени во однос на самиот директен импакт на индустријата. Само за илустрација, преку мултипликативните ефекти (идиректни и индуцирани) индустријата на основни метали иницира дополнителни 20.000 вработени во различни сектори, и поттикнува дополнителен круг на производство (преку ланецот на снабувачи и стимулирање на потрошувачката) што се рефлектира во зголемување на нејзиниот придонес во БДП на земјата за дополнителни 18.27% и 4.34% во 2007 и 2014 година, респективно. XX Дали покрај квантификација на директните и мултипликативните ефекти студијата имаше за цел идентификување на проблемите
Доц. д-р
Дарко Лазаров Економски факултет
Дизајнирањето на долгорочна стратегија за индустриски развој која ќе биде реално фундирана и оперативно применлива треба да биде заснована на претходно детално проучување на носечките индустриски структури во земјата и веќе изградените компаративни предности. Во тој контекст, идентификувањето на носечките индустриски столбови на кои треба да се гради и реализира процесот на структурни промени преку примена на научно верифициран методолошки пристап е првиот неопходен чекор. Таквиот чекор подразбира дијагностицирање на секторите каде можностите за создавање на компаративни предности базирано на постоечките индустриски констелации се најголеми. Фигуративно кажано, тоа би значело дека градењето на светла иднина е поверојатно да се случи ако се искористат сите постоечки предностите и потенцијални можности кои земјата ги поседува.
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
46
Интервју
и ограничувањата со кои се соочува компаниите во рамките на секторот? Втората задача на студијата беше насочена токму кон дијагностицирање на проблемите, ограничувањата и бариерите со кои се соочуваат компаниите во индустријата на основни метали. За таа цел, беше наравено детално анкетирање на секоја компанија, при што, резултатите укажуваат дека компаниите генерално ја оценуваат деловната бизнис клима во Република Македонија како добра. Сепак, нивните забелешки одат во насока на третманот што го имаат домашните компании, особено односот на државата кон индустријата за основни метали како базна индустриска гранка и основна полуга на процесите на нејзината реиндустријализација. Како најсериозни ограничувања компаниите ги посочуваат високите трошоци на енергенсите, првенствено поврзани со нивниот пренос до индустриските инсталации и одржувањето на електроенергетските системи, неквалитетната инфраструктура (патна и железничка) и ограничениот пристап до финансиските пазари. Имајќи ги предвид погоре нотираните проблеми со кои се соочуваат самите компании во секторот, нивните препораки се во насока
Преку мултипликативните ефекти индустријата на основни метали иницира дополнителни 20.000 вработени во различни сектори, и поттикнува дополнителен круг на производство, преку ланецот на снабувачи и стимулирање на потрошувачката на продолжување и интензивирање на инвестиции во транспортната инфраструктура, особено железничката и патната, реализирање на проектот за гасификација со цел обезбедување на поефтин и еколошки поприфатлив енергенс и значителни долгорочни инвестиции во енергетскиот сектор. XX Кои се клучните поенти кои треба да произлезат од дебата и кои се вашите идни чекори во таа насока? Клучната поента на дебатата е отварање на дискусија за спознавање на потребата за научно и квантитативно проучување на важноста на носечките индустриски сектори во земјата низ примерот на изработената економска имапкт анализа за индустријата на основни метали. Тоа понатаму ќе создаде една јасна слика за постоечката индустриска структура на земјата и можност за
10 03 November - bitola, hotel “epinal” 05 november - skopje, hotel “aleksandar palace” 06 november- skopje MBC skopski saem, cityhall more info on: www.facebook.com/European-Business-Association
проучување на развојните идустриски потенцијали во насока на отпочнување на структурните промени во економијата преку идентификување на секторите каде можностите за градење на компаративни предности се најголеми. За таа цел, со директна поддршка на Стопанска комора на Македонија и дел од компаниите во индустријата за основни метали и во репродукциски и деловно поврзаните индустрии, во наредниот период ќе биде изработена секторска анализа за развојниот потенцијал на оваа индустрија преку истражување на можностите за производна диверзификација и отпочнување на производство и извоз на производи со поголем степен на финализација и додадена вредност во металопреработувачката, електро индус тријата, градежништвото и индустријата за производство на машини и опрема. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
48
Претприемништво
Жените во бизнисот се уште тешко доаѓаат до пари
На прекрасната хрватска ривиера, во преубавата Опатија, преку 100-тина жени претприемачи, претставнички на асоцијации на бизнис жени, невладини и владини организации го заокружија проектот кој повеќе од четири години ги обединуваше најважните актери од девет земји во дискусијата околу предизвиците што стојат денес пред жените претприемачи и како истите да се надминат. Капитал ексклузивно ви ја пренесува атмосферата и препораките кои беа испратени оттаму
Д пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Дури 83 % поголем обрт остваруваат претпријатија водени од жени, наспроти 79% обрт кој го прават компаниите водени од мажи, покажува последната анализа на ЕБРД за мали и средни претпријатија за Западен Балкан. Истата студија покажува дека претпријатијата водени од жени обезбедуваат и
повисоко (57%) ниво на вработеност, односно ја поттикнуваат вработеност подобро од нивните машки колеги (53%). Жените имаат подобар резултат(73%) во однос на мажите(70%) и кога станува збор во однос на продуктивноста во компанијата. Сепак и со вакви резултатите женското претприемништво е се уште само во зародиш, барем кога станува збор за земјите од Западен Балкан. Токму овие предизвици беа и главната тема на минатонеделната конференција на тема „Жените во претприемништвото: Одговор од Југоисточна Европа“, во организација на SEECEL (Центар на југоисточна Европа за претриемничко учење) и GTF , поддржана од Шведската влада и Советот за регионална соработка од Босна и Херцеговина (БиХ). На прекрасната хрватска ривиера, во преубавата Опатија, преку 100-тина жени претприемачи, претставнички на асоцијации на бизнис жени, невладини и владини организации го заокружија проектот кој повеќе од четири години ги обединуваше најважните актери од девет земји (Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Турција, БиХ, Косово и Молдавија) во дискусијата
околу предизвиците што стојат денес пред жените претприемачи и како истите да се надминат. Подигнување на свеста за женското претприемништво, препораки за воспоставување и одржување на подобар однос со клиентите, лидерство и мотивација, пристап до учење и тренинг и обезбедување полесен пристап до финансии се само дел од пораките кои ги испратија жените до владините претставници, повикувајќи се на своите лични искуства. Анета Антова Пешева, основач и извршен директор на Унет- Ултранет од Македонија која зборуваше на панелот “Финансиска подготвеност“, за Капитал вели дека денес да се биде жена претприемач во Македонија е многу полесно отколку да се биде жена претприемач вчера т.е. пред скоро 28 години кога таа ја започнала својата кариера. „Генерално во Македонија е тешко да се биде претприемач и да се води компанија. Пристапот до капитал за работа, третманот кој го имаат, недоволно обучениот кадар за работа, перманентниот одлив на млади и талентирани деца.... Но никако не сакам ова да прозвучи песимистички, јас мислам
Студија: 83 % поголем обрт остваруваат претпријатија водени од ж
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
49
И Анета Антова Пешева
основач и извршен директор на Унет- Ултранет
натаму клучен проблем за приватниот бизнис е ригидната позиција на банките кои се конзервативни и заштитени од секаков можен ризик... Потребен е некаков нов поактивен приод кон финансиската поддршка на малиот бизнис, во кој ќе се земе во предвид и реалната позиција на компанијата и ќе и се помогне особено во почетокот кога компанијата нема големи имоти.
Валентина Дисоска претседател на Здружение на бизнис жени
Што му фали на женското претприемништво во Македонија? XX Стратегија и акциски план XX буџет за спроведување на активностите XX постојана едукација XX организирање обуки за водење финансии, однос према клиентите, како и лидерски вештини дека сепак тоа не смее да биде причина да не се влезе во водите на бизнисот, колкав и да е. Секој бизнис е вреден, особено ако се работи со идеа, со креативност, со посветеност и со заложба да се испорача квалитетен производ или некоја услуга. Не можам да го опишам задоволството кое ме прати сите овие години, дека правиме важна работа, дека луѓето го препознаваат тоа и дека како компанија бевме и сме пример за тоа дека треба да се преземе иницијатива, да се соочите со предизвиците и да зачекорите во просторот кој само наликува на неизвесност.... Денес мислам дека се повеќе се работи на тоа да се стимулираат малите и средни бизниси, се охрабруваат младите да зачекорат во овој правец, а и даночната политика на ниски даноци е далеку поприфатлива за отпочнување приватен бизнис од тоа што беше во минатото. И натаму клучен проблем за приватниот бизнис е ригидната позиција на банките кои се конзервативни и заштитени од секаков можен ризик по секоја цена, би рекла како да се работи за загрозен вид на бели мечки.... Потребен е некаков нов поактивен приод кон финансиската поддршка на малиот бизнис, во кој ќе се земе во предвид и реалната позиција на компанијата и ќе и се помогне особено во почетокот кога компанијата нема големи имоти“, вели Пешева. Валентина Дисоска, претседател на
Н
В
о Македонија недостасува стратегија за развој на женското претприемништво, како и акциски план, но и доделен буџет за спроведување на активностите. Од жените е потребна поголема заложба за себеинформирање за дадените можности кои постојат како грантови и обуки за жените претприемачи.
XX поголема заложба на жените за себеинформирање за дадените можности кои постојат како грантови и обуки за жените претприемачи XX поголемо вмрежување во земјава но и во регионот македонската Здружение на бизнис жени, која на терен организира едукација и обука на млади жени и жени кои сакаат да започнат свој бизнис, работи на јакнење на жените кои веќе имаат свој бизнис, преку едукација, обуки, вмрежување, менторирање и B2B средби, вели дека во земјава недостасуваат стратегии и акциски планови за женското претприемништво, но и поголема заложба на жените во себеинформирањето за можностите кои се нудат на ова поле. „Во Македонија недостасува стратегија за развој на женското претприемништво, како и акциски план, но и доделен буџет за спроведување на активностите. Од жените е потребна поголема заложба за себеинформирање за дадените можности кои постојат како грантови и обуки за жените претприемачи. Исто така сметам дека поголемо знаење за менаџирање на бизнисите, познавање за водење финансии, однос према клиентите, како и лидерски вештини се најосновниот пакет на дополнителна едукација потребна за водење на бизнис“, вели Дисоска. Директорката на SEECEL, Ефка Хедер рече дека со инвестирањето во претприемништвото, од кое дел е и женското претприемништво, се обезбедува мир и просперитет на овој дел од Европа и затоа повика повеќе да се инвестира на ова поле. „Зголемувањето на знаењето за прет-
Габриела Костовска Богоеска извршен директор на Фондација за менаџмент и индустриско истражување
еопходно е да се обезбеди соодветна поддршка на жените претприемачи, не само за основање туку и за развој на нивниот бизнис. Адекватната комбинација на владини мерки и програми за поддршка од неформалниот сектор се можеби најдобриот начин за справување со главните предизвици кај женското претприемништво: пристап до финансии, специјализирани тренинг програми, и платформи за вмрежување и интернационализација.
Како полесно до финансиски средства?
О
ва се советите кои претставниците на банкарскиот сектор ги испратија до жените претприемачи во однос на прашањето како полесно да се стигне до финансии: XX да се иновативни и конкурентни XX да придонесуваат во создавање нови работни места XX да се оддржливи и да обезбедуваат раст XX да вложуваат во нови знаења XX да се подготвени да ги споделуваат своите добри пракси со општеството приемништвото е одлична алатка за намалување на корупцијата во овие земји“, рече Хедер и додаде дека иднината на земјите ќе биде подобра доколку се обезбеди подобра и посилна поддршка на претприемништвото. Успехот од овој проект го сумираше Дисоска, која потенцира дека ако пред пет години не се споменуваше женското прептриемнитшво, денес тоа е топ тема. „Нè има во сите хоризонтални и вертикални поставености на легислативи, препораки, стратегии. Од стратегијата за економско јакнење на југоисточна европа, до развојот на индикаторите на национално ниво. Женското претрпиемништво е секаде присутно, сето тоа благодарение на овој сеопфатен проект, како и на многу други проекти кои се насочени кон развој на ова претприемништво“. nnn
жени, наспроти 79% обрт кој го прават компаниите водени од мажи
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
50
Бизнис и компании Годишна конференција за цврст отпад на масва
користењето на отпадот е инвестициска можност за македонија наместо македонија да увезува суровини може да се обиде добар дел од нив да супституира со помош на преработка на отпадот. така не само што ќе допринесе за почиста животна средина, туку ќе има и голем ефект за бизнис секторот. технологијата и техниките на рециклирање одамна се достапни, наше е само да ги примениме.
о пишува:
дејан азески
Dejan.azeski@kapital.mk
"Огромни финансиски средства фрламе во ѓубре. Бизнис потенцијалот од правилната употреба на отпадот е неограничен“. Ова е една од главните пораки на годишната конференција под наслов „Користење на отпадот како инвестициска можност во Македонија“ во организацијата на Македонската асоцијација за управување со цврст Отпад -МаСВА, која минатата недела се одржа во Скопје. Според претседателката на МаСВА Даниела Нелепа Дамеска преработка на секундарни суровини се повеќе прераснува во посебна индустриска стопанска гранка
со значителни производствени капацитети, обем на производство, кадровскиот потенцијал и со оправдана профитабилност во дејноста. Со постојано усовршување на техничко-технолошки достигнувања во работењето, реално е да се очекува дека оваа област на стопанството во наредниот период ќе има се позначајна улога на стопанскиот раст и развој на национални економии. „Главната цел на МаSWA - e промоција на современи принципи за управување со отпадот кои се економски одржливи, како и развој на правна и институционална
рамка која ќе го поддржи развојот на секторот за управување со отпад во Република Македонија. Во согласност со поставените цели е и оваа конференција на која ќе се вмрежат заедно ISWA претставниците, интернационалните експерти, претставниците на македонската централна и локална власт, компании и поединци како и воспоставување на директна поврзаност со светските текови на цврст отпад", вели Нелепа Дамеска. Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири кој ја отвори конференцијата се надева
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
52
Бизнис и компании
кристоф детЛер
координатор на Здружението на фламански градови и општини, БЕЛГИЈА
неБроени средства несфесно ги фрЛаме во ѓуБре
о
тпадот е голем проблем во сите земји кој погрешно се третира како локален и несоодветно се решава. има голем број на луѓе чив отпад не се третира на соодветен начин и тоа има многу големо влијание на човековиот живот и многу голем голем ефект врз човековото здравје. затоа многу брзо треба да најдеме решение што не значи дека треба да измислуваме топла вода туку само да го следиме примерот на земјите кои тоа веќе го направиле. значи во светот има многу земји со многу добри резултати и може да научиме многу од нив. треба да се знае дека ова не е проблем само за македонија туку и отпадот на половина од популацијата во светот не е третиран на соодветниот начин. тоа е неверојатно, тоа е премногу. многумина чекаат на технологијата и мислат дека таа ќе смени се. но тоа не е точно. технологијата е тука но неопходни се политичките одлуки. и навистина има добра прочина да ги направиме тие инвестиции сега или да знаеме дека правањето ништо ќе не чини пет или десет пати повеќе во иднината. плус тоа отпадот нуди неограничени можности на целиот производствен и општо бизнис сектор. наместо македонија која нема сопствени суровини, постојано да увезува од азија и африка слободно може да проба барем дел од нив да добие од отпадот и верувајте резултатот ќе е навистина извонреден. во Белгија денеска 70% од отпадот се рециклира и покрај тоа што не загадува повторно се користи како материјал и суровина. сепак најголемиот профит е во чистата околина која во иднината се повеќе ќе чини. затоа за мене тоа е најголема причина за владите да се постветат на оваа работа. Бидејќи навистина неброени средства ги фрламе во канта за ѓубре.
дека токму оваа конференција ќе придонесе во Македонија да зајакне секторот кој дејствува во управувањето со отпадот и дека ќе ги поттикне сите чинители од кои зависи успешната примена на поставените цели за подобрување на состојбите со отпадот. „Првиот чекор во насока на подобрување на состојбите со отпадот е поврзувањето помеѓу земјите и размена на искуствата. Затоа ваквите конференции даваат голем придонес во напредокот на оваа проблематика и очекуваме конкретни резултати од денешнава конференција“, рече Изаири. На Конференцијата на МаСВА се одржаа трите сесии посветени на Воспоставување на интегрирано управување со отпад во регионот на ЕУ, Медитеранот, Блиски исток и Југоисточна Европа, Искористување на отпадот како инвестициска можност
неБојша вранеш
член на одборот на СЕСВА Српска асоцијација за управување со цврст отпад, Србија
управувањето со отпад е трка Без крај
с
остојбата со ѓубрето секаде е иста. тоа мора да се чисти. законите исто така се многу слични и се во склад со оние на еу. она што треба да се направи е технологиите и технолошките процеси да се ускладат со новите трендови во светот што значи дека луѓето треба да се поврзат. значи зборувам за луѓето од науката и реалниот сектор кои навистина може да придонесат. тоа не е доволно да се направи еднаш, туку треба да се прави секој месец или барем секоја година. Бидејќи секогаш излегуваат некои нови материјали за кои треба да се најди начин за пренамена и рециклирање. тоа е еден незапирлив процес на кој треба да се работи и за кој нема опуштање. значи се води трка со произведувачите и постојано треба да се прилагодуваме. многумина сакаат да се споредуваат или угледуваат на развиените земји како оние од скандинавија. јас вела ако го споредуваме Балканскиот полуостров со напредните земји тогаш ќе ја убиеме секоја желба за напредок. мислам дека треба да го гледаме нашиот двор и него да го чистиме. инаку туѓото секогаш ќе биде почисто од нашето. како што туѓиот автомобил секогаш е подобар од нашиот. значи треба да се концетрираме на тоа што ние го правиме и што реално може да го направиме. исто така е и со најновите тези дека отпадот е само потенцијал за бизнис. јас се согласувам дека навистина потенцијал за бизнис, но напротив државата не смее да дозволи, тој да се претвори само во бизнис. Бидејќи секогаш ќе има отпад кој не е исплатлив и замислете како приватниците би се однесувале кон него ако нема регулација.
во РМ и Бизнис заедницата во областа на управување со отпад . Во текот на трите сесии свое излагање имаат 14 интернационални 4 домашни екперти и компании во доменот за Управување со отпад. Доран Сафин од Израел, член на Меѓународната организација за цврст отпад, рече дека Македонија прво треба да одреди дали ќе го раздвојува сувиот, органскиот или друг отпад и за што ќе се користи, па дури потоа се одлучи каков систем на селекција и преработка на отпадот ќе воведе. "Не можете да го одвојувате отпадот, без да ги знаете крајните решенија. Имаме простории каде што се рециклира и сувиот и влажниот отпад. Имаме голем објект за користење на отпадот за електрична енергија, а тоа го спроведуваат вработените, односно одделенијата кои се задолжени
на најефикасен начин да го искористат отпадот", рече Сафин. МаСВА, е формирана врз основа на европските трендови за промовирање на одржлив развој и реализација на одржливото управување со отпадот во Македонија, а преставува конзорциум од шест правни лица. Идејата е реализирана во декември 2013 година , со формирање на – МаСВА како невладина и непрофитна организација, со цел за доминација на практични стручни знаења и професионално управување со отпадот. Веќе во 2015 година МаСВA станува полноправен национален член и претс тавник на Македонија во Меѓународната организација за цврст отпад ISWA - International Solid Waste Association. Денеска МаСВА брои 20 активни члена со тенденција за рапидно проширување. nnn
отпадот: неисцрпен извор на суровини за индустријата
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ПРЕхРАНбЕНА ИНдуСтРИЈА
6
ноември
2015
СИЛАтА НА мАкЕдОНСкАтА АкЕ кЕд кЕ ЕдОНСк ОНСкА кАтА т хРАНА хРАНА:: х кОЈ Е кОЈ НА ПАзАРО ПАзАРОт з зАРО т Едвај 1% од македонскиот бруто домашен производ го прави прехранбената индустрија, а во индустриското производство учествува со 13%. Само тоа е македонската храна со додадена вредност, а се друго што консумираме доаѓа од увоз. Во овој специјален прилог анализираме колкава е силата на македонската храна: l Кои се најизвезувани македонски прехранбени производи? Кои се пазарите каде што најмногу пласираме храна? l Како да се произведува и извезува повеќе храна со додадена вредност? l Кои се најголемите играчи во прехранбената индустрија? акедонија l има ли македонија производители на храна што можат регионално да се шират? l имиџот на македонските прехранбени производи: помеѓу брендот и приватните марки
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРдАНА мИхАЈЛОВСкА
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
54
бизнис и технологии
Шест идеи што можат да го унапредат светот Патување со возови со скоро суперсонична брзина, преносни прочистувачи на вода, и гаснење на пожари не со вода, туку со звук, се меѓу шесте најинпресивни идеи што може да го променат светот, за кои пишува BBC Science Focus магазинот
на водороден погон и станици за 1Автомобили полнење на овој енергенс До крајот на оваа година се очекува на пазарот да се појави моделот Mirai на Toyota, што ќе се движи благодарение на хемиска реакција на гасовите водород и кислород, но се очекува автомобилот да биде прилично скап, и тоа не само во прво време, зашто водорот од безбедносни причини скапо се складира во робустни резервоари под висок притисок. За да се смени ова (за да се намали цената) научниците од британските Научни и технолошки установи (Science and Technology Facilities - STFC) развиваат евтин медод за извлекување на водород од амонијак. Според професорот Бил Дејвид, кој го предводи тимот на STFC, „доволно е мало количество водород помешан со амонијак за да се обезбеди согорување во
конвенционален автомобилски мотор“. Дејвид смета дека овде би се работело за реактор за разложување „не поголем од шише со капацитет од два литри“.
2 Скоро суперсонични возови
Патничкиот концепт воз на Илон Маск, Hyperloop, што го движат компресиран воздух и индукциски мотори сместени во вакуумска цевка, би требало да се движи со брзина поголема од 1.200 километри на час, што е многу побрзо од јапонскиот воз Maglev чија максимална брзина е 600 километри на час. Оваа година Маск најави натпревар за каросеријата на Hyperloop, на кој студенти и независни инженерски тимови изнесуваа свои дизајнерски предлози. Од над 1.700 пријавени тимови, неодамна се одбрани 300 кои одат во следниот круг од натпреварот. Победничката екипа ќе може да го испроба својот производ на тестирањата што би требало да почнат за две години.
3
Камиони што ќе патуваат без возач
Компанијата за луксузни автомобили Mercedes-Benz и технолошката компанија за автоматизирани возила Peloton, сакаат наскоро на патиштата да пуштат камиони на кои нема да им бидат потребни возачи. „Компјутерите не се заморуваат и немаат потреба од паузи“, наведува BBC Science Focus. Камионите без возач ќе бидат поевтини за употреба, зашто возењето во кое ќе бидат елиминирани несовршеностите на човечкиот фактор ќе значи помала потрошувачка на гориво, а товарните возила би можеле да возат едно зад друго за минимализирање на отпорот на ветрот, држејќи го беспрекорно растојанието. Порано годинава Daimler Trucks претстави прв камион без возач лиценциран за возење по јавни патишта, но проектот сè уште е во фаза на експеримент, како што изјави членот на бордот на Daimler, Волфганг Бернард.
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
56
бизнис и технологии
4 Интернет за секого
Како што пишува The Washington Post, Илон Маск чека на дозвола од властите на САД за да лансира 4.000 мали сателити во ниската орбита на Земјата. Сателитите би требало да праќаат сигнал со голема брзина до секого на планетата, вклучувајќи ги и оддалечените региони каде луѓето сè уште немаат пристап до интернет. Тестирањата на овој проект, според договорот со Федералната комисија за комуникации на САД, би требало да почнат догодина, а сè би профукционирало во неколкуте следни години.
системи за преработка на вода 6 Преносни
Според податоците на Обединетите нации, над 780 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода, а над две милијарди Земјани немаат соодветни санитарни услови. За да се реши овој голем проблем, истражувачите во Англија развиле преносен систем за преработка на водата. „Првата фаза од нашиот проект овозможи капацитет за производство на два кубни метри вода за пиење, во тек на период од 12 денови. Ова можеби не изгледа доволно, но треба да се има предвид дека човек има потреба од два литри вода за пиење дневно, што е помалку од еден кубен метар годишно“, вели професорот Дарен Рејнолдс, кој го предводи истражувачкиот тим.
5 Гаснење пожар со звук
Последниве години има сè повеќе шумски пожари, а овој тренд најверојатно ќе продолжи, па поради тоа двајца студенти од Универзитетот Џорџ Мејсон размислуваат како да го претркаат трендот. Имено, студентите Сет Робертсон и Вает Трен направиле уред што праќа многу гласен звук кон пламените јазици. „На вистинската фреквенција огнот едноставно стивнува“, пишува BBC Science Focus. Брановите што доаѓаат од уредот вршат притисок и го прекинуваат дотекот на кислород во огнот. Иако изумот на Робертсон/Трен сè уште не е испробан на големи пожари, тие се уверени дека нивната технологија функционира, и сметаат дека во случај на шумски пожари и на пожари во згради, уредот би било најдобро да се закачува на дронови.
Рок за пРијавување: 30 oКТОмврИ 2015
ЕдноднЕвЕн сЕминар:
Новиот ЗакоН За општата управНа постапка НовиНи и примеНа l 3 ноември 2015 година (вторник) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт Концепт, скопје содржиНа На обуката: општо за Законот за општа управна постапка. l предмет и примена на Законот l поимник l основни начела l Надлежност управната постапка пред првостепениот орган.
l управна соработка и правна помош l комуникација меѓу јавните органи и странките l поведување на управна постапка l изведување докази по службена должност l управен акт – форма, структура и задолжителни елементи l рокови за издавање на управен акт l управен договор, реален акт, услуги од општ интерес
управната постапка пред второстепениот орган. l жалба: содржина и форма, рок за изјавување и предавање на жалбата l постапување на првостепениот орган по жалбата l постапување на второостепениот орган по жалбата l мериторно одлучување на второстепениот орган l достава на решението по жалба l повторување на постапката l управен приговор l вонредни случаи на укинување и поништување на управни акти предавач: иреНа брЗаНова
претседател на државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
!"#
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
58
менаџмент
AнаЛизата на HARvARd Business Review Открива:
кОи се најусПешните директОри на светОт? за најуспешниот главен извршен директор во светот, според овој магазин, вие веројатно никогаш не сте ни слушнале. неговото име е Ларс ребиен соренсен од фармацевтската компанија ново нордиск. тој е најуспешен челник меѓу двесте светски корпорации.зошто токму тој, открива Harvard Business Review
П
Престижниот магазин за менаџмент Harvard Business Review направи избор на најуспешните директори на светот. Главен критериум, како што пишуваат, е финансискиот успех на компанијата, а од оваа година како критериум е додадена и општествена одговорност.
Листата се потпира на податоци кои се собирани во периодот од 1 јануари 1999 до крајот на април оваа година. Најуспешниот главен извршен директор во светот, според овој магазин, е шефот на данскиот произведувач на лекови за кој вие веројатно никогаш не сте ни слушнале. Неговото име е Ларс Ребиен Соренсен од фармацевтската компанија Ново Нордиск. Тој е најуспешен челник меѓу двесте светски корпорации. На листата на најуспешни директори следуваат Џон Чемберс од компанијата Cisco Systems и Пабло Исла од шпанската компанија Индитекс. Cisco Systems се занимава со производство на опрема за компјутерски мрежи, додека Индитекс е најпознат како матична компанија на трговскиот ланец за облека Зара. Во овој магазин, најуспешниот директор Соренсен тврди дека делумно за ваквиот успех придонесува и одлуката на неговата компанија да се фокусира речиси исклучиво
само на развој за лекови за дијабетес. Со оглед на тоа, дека оваа болест зазема силен замав во светот, неговата компанија Ново Нордиск постојано бележи раст на приходот и добивката.
не се битни само финансиските резултати
Овогодишната листа на најуспешни извршни директори која ја направи мага-зинот Harvard Business Review прилично се разликува од минатогодишниот. Изминатата година листата се правеше исклучиво на основа на долгогодишните финансиски податоци, додека оваа година по прв пат во обѕир се земаат и општествената и корпоративна одговорност на компаниите. Соренсен смета дека долгорочно, всушност се работи за една иста работа. „Општествената одговорност на компанијата не е ништо друго туку максимизирање на вредноста на вашата компанија на долг рок“, рече тој за овој магазин. Она што исто така ја прави оваа компанија
HBR: Од Ова гОдина ПО Прв Пат какО критериум се зем
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
59 лидер е фактот што на болните од оваа болест во земјите во развој им продава инсулин со доста големи попусти, многу малку оваа компанија се занимава со политичко лобирање и е многу транспарентна и одговорна во политиката која се работа за тестирање на лекови на животни.
шефот на амазон од минатогодишната прва позиција заврши на 87
Минатогодишниот победник Џеф Безос, шеф на Амазон, токму поради ова (новиот критериум- општествена одговорност), оваа година заврши дури на 87 позиција иако, ако се оценуваше како по минатогодишните критериуми, и оваа година тој би бил на првата позиција. Соренсен, пак, ако се гледа само преку финансиските податоци, би бил на 6-то место оваа година, меѓутоа до самиот врв го донесе општествената одговорност на компанијата што тој ја води. Инаку, целосната листа на најуспешни директори што ја објави овој магазин претставува мешавина од имиња на познати компании и менаџери и имиња на целосни анонимуси за јавноста. Податоците покажуваат дека најголемиот дел од нив, дури 86%, на челната позиција стигнале откако во компанијата поминале повеќе време, односно не се поставени однадвор. На пример, Соренсен во Ново Нордиск работи веќе 33 години. Интересно е и тоа што дури три четвртини од стоте најуспешни главни директори не ја поседуваат популарната дипломата МБА (Мастер во Бизнис администрација).
само две жени на листата 100 најуспешно главни директори
Меѓу стоте најуспешни главни директори се наоѓаат само две жени. На 47 место се наоѓа Дебра Кафаро која ја води американската компанија Вентас, додека Царол Мејровиц, шефица на компанијата TJX и сопственик на неколку малопродажни ланци, се наоѓа на 81 позиција. Листата на петте најуспешни, по споменатиот Соренсен, Чемберс од Cisco Sustems, и
Ларс Ребиен Соренсен кој е директор на данскиот производител на лекови Novo Nordisk, ако се гледа само преку финансиските податоци, би бил на 6-то место, меѓутоа до самиот врв на листата најдобри директори го донесе општествената одговорност на компанијата тој ја води. Дебра Кафаро, директорката на американската компанија Вентас е најдобро рангирана жена менаџер на 47 место на листата најдобри менаџери во светот Минатогодишниот победник Џеф Безос, шеф на Амазон, токму поради ова (новиот критериумопштествена одговорност), оваа година заврши дури на 87 позиција
Исла од Индитекс, ја заклучуваат и Елмар Дегенхарт од германската компанија Континентал која произведува автомобилски гуми и други делови за автомобили и Марин Сорел од британската компанија WPP која се занимава со огласување и односи со јавност. Од попознатите светски брендови меѓу најуспешните на листата се и Фуџио Митараи, челник на компанијата за производство на Canon камерите и фотоапаратите (кој се најде на 10-та позиција), Хаувард Шулц од светскиот ланец Starbucks (12 –та позиција), Марк Паркер од Nike (21 позиција) и неговиот конкурент Хербер Хајнер кој ја води Adidas (41 место). Шефот на BMW Норбер Раитхофер се наоѓа на 30-то место, а челникот на Даимлер кој го произведува Мерцедес, Диетер Ѕетше се наоѓа на 86 место. nnn
Ова се 10-те најуспешни директОри спОред HaRvaRd Business Review
XX Ларс ребиен соренсенnovo nordisk XXЏон Чемберс – Cisco systems XXпабло исла- inditex (Zara) XXелмар дегенхарт- Continental XXмартин сорел - wPP XXстефан Лузкоseagate Technology XXЏон Фредерик Баксас Telenor XXЏорџ скангос - Biogen XXмајкал волф - swedbank XXФуџио митараи - Canon
и шефот на volkswagen се најде на листата
с
екако, листата на овој магазин е далеку од совршено. таму јасно се посочува дека во најголем дел се потпираат на финансиските показатели, а успешност на некои челници зависи и од низа други фактори кои често е тешко да се квантифицираат. недостатокот на таков пристап можеби најдобро се покажува во случајот до мартин винтеркорн, до неодамна главен извршен директор на volkswagen. за време на изработката на оваа листа, која се потпира на податоците од 1 јануари 1995 до крајот на април оваа година, винтеркорн се наоѓа на високата 20-та позиција. во меѓувреме беше откриен скандалот со лажирање на податоците за издувните гасови, по што винтеркорн поднесе оставка. на светскиот пазар на кој во секој момент се испреплетуваат милиони различни фактори кои на разни начини влијаат на компанијата, за жал, не е можно да се донесат во апсолутни и конечни проценки. деловниот свет поради тоа останува и понатаму да се потпира на овие листи, без разлика колку несовршени да се тие.
На листата најдобри директори светот се најде и екс-директорот на Volkswagen, Мартин Винтеркорп рангиран на 20 место, но тој неодамна беше сменет заради скандалот со издувните гасови
ма и Општествената ОдгОвОрнОст на кОмпанијата
www.kapital.mk
Капитал број 835 30.10.2015
60
МенаџМент
9 В
совети за управување со вреМето од успешните Милијардери во еден ден има 1.440 минути. еве како најуспешните луѓе на светот ги користат најдобро што може.
о книгата “15 тајни кои успешните луѓе ги знаат за управувањето со времето” на авторот Кевин Крус има интервјуа со седум само остварени милијардери, 13 олимписки спортисти и 239 претприемачи. Еве неколку совети од успешните милијардери кои знаат како успешно да го менаџираат времето.
сопственик на Dallas Maverick, Magnolia Pictures и Landmark Theatres
еден од моите омилени трикови е најголемиот дел од моите состаноци да ги водам со стоење. ова е многу побрз начин да се премине на бизнис, да се одлучува и да се склучува договор. кога имам можност, често одам и чекор понапред и состаноците ги водам во одење.
1
ричард Брансон
6
основач на Virgin Group
дастин Москович
одберете еден ден во неделата во кој вие и вашиот тим можете да се фокусирате на индивидуално извршување на работите без прекинувања од типот на состаноци.
ко-основач на Facebook и на апликацијата за продуктивност Asana
ако треба да градам карактер во бизнис видео игра и имам 10 карактерни особини да ги распоредам, три од нив би ги ставил во интелигенција и седум од нив би ги ставил во самодисциплина.
утрото го резервирам за “вистинска работа”. Можам повеќе да се фокусирам наутро, отколку на крајот на денот кога ќе бидам бомбардиран со состаноци. обично, состаноците ги закажувам во втората половина на денот.
5
Марк куБан
никогаш не правите состанок, ако на него некој не потпишува чек.
3
разликата помеѓу успешните луѓе и многу успешните луѓе е што многу успешните луѓе велат “не” на речиси се.
2
ендрју Мејсон ко-основач и извршен директор на Groupon
нејтан Блечарџук ко-основач на Airbnb
ворен Бафет
американски инвеститор
7
Марк пинкус
ко-основач и директор на Zynga
8
правете една по една работа. престанете со мултитаскинг!
4 Мајкл какон Брукс ко-основач на Atlassian
едни Грув
поранешен претседател на Intel
ако сакате да изградите добри производи, посветете повеќе од 50% од вашата работа на тој производ. не прифаќајте никакви ангажмани ако не можете да ги оравдате дека се од корист за вашите клиенти и за вашата компанија.
9
Моите денови завршуваат кога сум уморен и подготвен да си одам дома, а не кога сум завршил со работа. секогаш има повеќе што треба да се направи, што секогаш е повеќе отколку што може да се заврши.
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
МАШКО ЗДРАВЈЕ
20
НОЕМВРИ
2015
ПЕТТЕ НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА СМРТ НА МАЖИТЕ И КАКО ДА ГИ ПРЕВЕНИРАТЕ Една од причините зошто жените во просек живеат подолго од мажите е поголемата грижа за нивното здравје, велат светските истражувања. Во овој специјален прилог нудиме совети за “посилниот пол“ за тоа како да ја подобрат оваа статистика: кои се најголемите опасности за здравјето на мажите, како да се превенираат, кои се топ пет намирници за машкото здравје и уште многу корисни совети за подобар имунитет на мажите.
ИНФАРКТ РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НЕНАМЕРНИ ПОВРЕДИ ХРОНИЧНИ РЕСПИРАТОРНИ БОЛЕСТИ МОЗОЧЕН УДАР ова се петте најчести причини за смрт кај мажите: Совети за превенција
од срцеви заболувања Ракот на белите дробови не ги напаѓа само пушачите Загадениот воздух го зголемува ризикот од бронхитис, астма и воспаление на белите дробови: како да си помогнете во магливите зимски денови Високиот крвен притисок е главна причина за мозочните удари: како да се заштитите
TОП 5 намирници за подобро здравје на мажите
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 835 834 30.10.2015 23.10.2015
62
лидери
марк закербег осНовач На Фејсбук
Најголем ризик е да Не ризикувате!
марк закерберг, основачот и директор на Facebook е вистински пионер во технологијата. во изминатите десетина години марк закерберг успеа да ја изгради најголемата социјална мрежа на светот и да стане еден од најголемите милијаредери во светот. Time го вбројува во најмоќните луѓе во светот. еве некои од неговите совети како да изградите силен бизнис.
Кога на сите ќе им дадеш право на глас и моќ, целиот систем обично завршува на добро место. Нашата улога е во тоа на луѓето да им ја дадеме таа моќ.
Мојата цел никогаш не била само да создадеме успешна компанија. Многу луѓе тоа погрешно го толкуваат дека не ми е гајле за приходите, профитот и сличните работи. Кога го велам тоа мислам дека секогаш ми била цел да направам нешто што ќе донесе големи промени во светот.
Рекламирањето функционира најефикасно кога е во линија со тоа што луѓето веќе сакаат да го прават.
Градењето на мисија и градењето на бизнис одат рака под рака”
Секогаш се раководиме од тоа дека не ја градиме мрежата за да создадеме пари, туку создаваме пари за да направиме подобра мрежа.
Ако имате јасна слика за тоа што сакате да направите и ако најдете добри луѓе кои можат да го реализираат тоа, тогаш можете да направите навистина многу како компанија.
Луѓето мислат дека иновацијата е само да се има добра идеја, но најголем дел е во брзото движење и во обидот да се направат многу работи.
Најголем ризик е воопшто да не ризикувате. Во свет кој се менува многу брзо, единствена стратегија која сигурно води до неуспех е да не се превзема никаков ризик.
Наскоро своите мисли нема да ги соопштуваме своите мисли писмено и гласовно, нашите мозоци ќе бидат “конектирани.
Прашањето не е “Што сакаме да знаеме за луѓето?”, туку “Што луѓето сакаат да кажат за себеси.