836 kapital magazin 1

Page 1

ГОДИНИ

COVER STORY ДАЛИ И ЗОШТО БОГАТИТЕ ДА ПЛАЌААТ ПОГОЛЕМ ДАНОК? PRO & CONTRA ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ НА ЕВРОПСКИОТ

ТЕЛЕКОМ ПАЗАР ПРЕХРАНБЕНА И МАКЕДОНИЈА ИНДУСТРИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ИГРАЧИ ВО ПРЕХРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА? ЗОШТО МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ХРАНА НЕ СЕ РЕГИОНАЛНИ ИГРАЧИ? WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

УПРАВНИОТ ОДБОР НА НЛБ ТУТУНСКА БАНКА ПОРАЧУВА:

COVER STORY СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

НАШАТА УСПЕШНА ПРИКАЗНА ЌЕ ПРОДОЛЖИ

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ КОРПОРАТИВНА ТЕЛЕКОМ ПАЗАР ОПШТЕСТВЕНА И МАКЕДОНИЈА ОДГОВОРНОСТ ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ КОИ СЕ ШАМПИОНИТЕ ИЗВОЗ? ЗА ОПШТЕСТВЕНА Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

РУСКИОТ ПАЗАР ОСТАНУВА

ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

КАПИТАЛ SPECIAL

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

ОДГОВОРНОСТ МЕЃУ КОЈ ГО ВЛЕЧЕФИРМИ МАКЕДОНСКИТЕ ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

МАКЕДОНСКИОТ  ИЗВОЗ?

ОДРЖЛИВ РАСТ ПРЕКУ ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ КАКО СЕ СТАНУВА ГОЛЕМ:НЕ Е СÈ ВО ПРИХОДИТЕ И БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПРОФИТОТ! КАКО ДА СЕ ПРОИЗВЕДУВА И ИЗВЕЗУВА ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ВО ОВОA ИЗДАНИЕ

WWW.KAPITAL.MK

ПОВЕЌЕ ХРАНА СО ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ  ОПШТЕСТВЕНО

КОЛКАВА Е СИЛАТА НА МАКЕДОНСКАТА ХРАНА?

ОДГОВОРНО КРЕИРАЊЕ НА БАНКАРСКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА ОДАТ  КАДЕМАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА СВЕТОТ И ЕВРОПА ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПЕТ ТОП КОО ТРЕНДОВИ ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ЗА 2016 ГОДИНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА?  ГРИЖА ЗА ЗАЕДНИЦАТА ПРЕКУ ГРИЖАТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ СЕ ДНК НА КОМПАНИЈАТА БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

 СПЕЦИЈАЛНИ ПРИЛОЗИ

 КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ  ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

АНАЛИЗА: КАКО НАЈДОБРО ДА СЕ МЕНАЏИРААТ ПАРИЧНИТЕ ТЕКОВИ? БРОЈ 836 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 6 НОЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK



3

Капитал број 836 06.11.2015

содржина

66

26 04

STAND BY

“Пијани анестезиолози” конец фиљма!?

31

08 навигаТор Македонија ќе се задолжи

со нова еврообврзница од 500 милиони евра

10

cover STorY

18

каПиТално

20 26

дали и зошто богатите да плаќаат поголем данок? Pro & Contra прогресивниот данок

45

отсуство на храброст и визија!

инТервју

управниот одбор на нлБ Тутунска банка порачува: Нашата успешна приказна ќе продолжи!

луѓе и коМПании како да ги менаџирате паричните текови?

61

сПецијален Прилог ПрехранБена индусТрија n Колкава е силата на македонската храна? n Кои се најголемите играчи во прехранбената индустрија? n Зошто македонските производители на храна не се регионални играчи? n За силни извозници треба да има силна државна логистика! n Рускиот пазар останува неискористена можност

сПецијален Прилог корПораТивна оПшТесТвена одговорносТ n Кои се шампионите за

општествена одговорност меѓу македонските фирми n сТоПанска Банка ад скоПје Општествената одговорност е дел од нашиот бизнис модел

Прогресивен данок

нлБ ТуТунска Банка

Дали сиромашните ќе бидат помалку сиромашни само ако богатите плаќаат повисоки даноци?! Економистите имаат поделени ставови на оваа тема, која што опозицијата ја актуелизира периодов како еден од адутите на нивната економска програма. Во Европа, 22 земји применуваат прогресивни даноци, а само шест од нив модел на рамно оданочување. Ги анализираме про и контра аспектите на овој концепт.

НЛБ Тут унска банка бележи 30 години од основањето и истовремено смена на врвот – доаѓа замена за долгогодишниот директор Ѓорѓи Јанчевски кој заминува во пензија. Со Јанчевски и тројцата членови на Управниот одбор разговаравме за новата стратегија и целите во следниот период, за најголемите предизвици кои стојат пред Банката, македонската економија и банкарскиот систем како и за многу други работи.

XX Стр. 10

XX Стр. 20

n адора инженеринг

Заедно градиме похумано, поздраво и посреќно општество n коМерцијална Банка ад скоПје Општествено одговорно креирање на банкарски производи и услуги n евн: Прва награда за општествена одговорност n виТаМинка Нашите вработени се ДНК на компанијата

61

Профил

66 68 70

МенаЏМенТ

кој е Џастин Трудо, новиот лидер на канада? година на мега спојувања

МенаЏМенТ

Парите и бизнисот

лидери Џак Ма

основач на Алибаба

никогаш не влегувајте во брак со власта!

исПравка

во претходниот број на магазинот капитал број 835 во текстот со наслов “компаниите и индустриите со највисоки профитни маржи” е направена ненамерна грешка при техничката обработка на табелата за најпрофитабилни компании во Македонија. компанијата Макпрогрес е со седиште во виница, а не во скопје, како што беше објавено.

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 05.11.2015


1 пишува: Љупчо Зиков

“Пијани анестезиолози” - конец фиљма!? Во долината на Вардар договорот од Пржино е реанимиран, но ногата на коњот на Крали Марко во Прилеп се скрши, пред да биде поставен среде градот! Се си има своја цена се разбира... Нека се збие на ногата на коњот на Крали Марко... Среќа во несреќа е што реанимацијата на “пржинскиот договор” овој пат не ја извршија пијани анестезиолози од државните македонски клиники производ на длабоката здравствена реформа во која “сите реформатори останаа живи, освен пациентите”!? ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov

Во долината на Вардар договорот од Пржино е реанимиран, но ногата на коњот на Крали Марко во Прилеп се скрши, пред да биде поставен среде градот! Се си има своја цена, се разбира ... Нека се збие на ногата на коњот на Крали Марко ...Среќа во несреќа е што реанимацијата на “Пржинскиот договор” овој пат не ја извршија пијани анестезиолози од државните македонски клиники производ на длабоката здравствена реформа во која “сите реформатори останаа живи, освен пациентите”!? Oд друга страна, веќе е сосема јасно дека Договорот од Пржино не е тоалет хартија, туку “вистинска шмиргла”. Нека се обидат нека се избришат со неа ... Ќе боли газот... Значи советот на јавни обвинители капитулираше. Петар Јаневски претседател на Советот, ја информираше јавноста дека внимавајте – “специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го убедила Советот дека е потребно специјалното обвинителство да брои 12, наместо 7 обвинители”. Иако еден ден пред тоа изјавуваа дека “нема шанси такво нешто да помине”. И обично, како што бидува, на крајот на соопштението, затскриено, стои суштината: “Обемот на работа на обвинителката Јанева во меѓувреме е зголемен (!?), ќе се сослушуваат многу повеќе лица од првичните сознанија, и ќе има поголем број на предмети од тие 28 што таа ќе ги превземе од Обвинителството за организиран криминал”! Такааа ... Мала анализа. Три клучни преломни точки има политичката криза во Македонија од нејзиниот почеток. Криза најголема од независноста до денес, и која, како што сега веќе е сосема извесно би требало да се развие во суштинска реформа на владата (влез на опозицијата) со тоа што тоа повеќе нема да биде влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од 18 партии, туку техничка преодна Влада. Ова наскоро ќе претсатвува и симболичен крај на “преродбеничкиот период на Македонија”, таа длабока македонска ренесанса, во која како “пијани анестезиолози после операција на породување” уживаме во убавините на животот без грам морал и совест за тоа колкава неспособност и немоќ како нација произведовме и покажавме на светската сцена на цивилизациски вредности во последнатава деценија”! И докажавме исто така, дека вака било и во 1912 и во 1913 година ... !? Ништо поразлично. И ништо да не не чуди ... И сега веќе полека станува јасно дека македонската политичка криза ќе финишира со оставка на премиерот кон крајот на годината, или евентуално меѓу Нова година и Божиќ. Па ќе следи неизвесен предизборен и изборен период ...!? Првa преломна точка, настаните во Диво насеље Куманово во кои загинаа повеќе македонски полицајци како и криминалци од странски држави (оставки на тројца високи државни функционери). Ова е настан кој уште долго во иднината ќе се анализира. За Куманово и судски ќе се процесуира. Овде има се и сешто ... Судовите ќе ги добијат своите докази. Втора преломна точка, потпишувањето на Договорот од Пржино (со кој договор се навестија текот на настаните во Македонија). Со овој договор Владата дефакто стана техничка, оти доби една единствен план за работа, а тоа е


stand by “да се развласти и “самоубие” за да може Македонија да добие, “нормален, логичен и мирен политички процес” ... Тек на разрешување со криминалот, промена на управата и секако нормални избори”. Трета преломна точка, е средата 4 Ноември, 2015 година (експресно конституирањето на специјалното обвинителство и добивањето на бараниот Буџет како и простории за работа за дружината на Катица Јанева). Со ова конечно им се скрши кичмата на оние невидливи сили низ институциите кои беа надлежни за спроведување на пржинскиот договор, а командувани од реални видливи полови на моќ. Сега почнува големото шоу – сакате “Пинкове звезде”, сакате “звезде Гранда” ...бирајте телевизија ...!? И после се останува дилемата зошто беше потребно толку пимплање и губење време, со што беа загрозени и некои фундаментални определби на сите македонски граѓани, а тоа е определбата за евроатлански интеграции. Па и самите анкети во кои е заробена ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат над 85% определба на граѓаните за ЕУ и НАТО!? Зошто тогаш со крајна ароганција се доведува во прашање европската иднина на Македонија преку можноста за губење на препораката за почеток на преговорите со ЕУ и македонско бламирање среде ЕУ и на отворена светска сцена? Ке ја превземе ли некој одговорноста за овој јавашлук? Но, разбирливо е. Со Македонија одамна (25 години) не владее некоја длабоко фундирана власт која својата силина и моќ ја црпи од суштински дефинирана идеологија, која енергијата ја црпи во историјата во која се колнат, и за која потрошија милиони евра да ја овековечат низ музеи и документарни филмови. Оваа власт во последните десет години не е ниту некој NEW WAVE- нов бран... Напротив. Како што гледаме и слушаме кешот е во прашање. Оваа вака поставена власт е технички збир на интересни групи и ликови клиентелистички поврзани меѓу себе, и со концентричните кругови околу нив по принципот на должничко-доверителски односи. Ги менуваат своите интересни цели во зависност од моменталниот распоред на фигурите на шаховската табла ... Нема избори, па има избори, нема договор во Пржино, па има договор, нема оставки на министри - има оставки на министри, нема специјално обвинителство - има специјално обвинителство, нема потреба од толку обвинители-сега одеднаш има потреба од обвинители... !? Тоа што Советот на обвинители капитулираше, во суштина само покажа дека станува збор за најава за солиден пакет на потенцијално криминални предмети за високи функционери во државата, кои допрва ќе се процесуираат (Советот во своето соопштение признава). Ова, пак, значи дека и дефинитивно се потврдува дека македонската Влада “е тргната на пат” со “билет во еден правец”. A требаше да го

Една млада девојка од Букурешт на цел глас извикува: “протестирам да си оди оваа Влада која е корумпирана затоа што дала дозвола да има дискотека на група која платила мито да добие дозвола, а не смеела да добие оти ова место е опасно за концерти. Видовте се запали… Протестирам против градоначалникот на 4-ти реон на градот Букурешт кој е корумпиран и дозволил да се даде дозвола за работа …Поради корупција во Романија почнаа да гинат луѓе…”. Премиерот Виктор Понта, осомничен за корупција, даде оставка, во државата која сепак смогна сили да не го допре дното, и да не продолжи до својот тотален морален крај… а тоа е да дозволи пијани анестезиолози да породуваат жена која со насмеано лице исчекувајќи го најубавото нешто во животот, умира со се нејзиното бебе. Македонскиот криминален и морален завршеток. Нема оставка, ниту од Министерот за здравство, ниту од Владата, туку има уште четири мртви низ болницте за само три дена… случаевите се забораваат и се покриваат со откази за пијаните анестезиолози…!? Пијани анестеолози среде операциона сала!? И среде Европа. Има разлика… Има!


6 stand by

Некој пак дигна “црвен телефон“... Советот на јавни обвинители капитулираше послушаат Бојко Борисов, кој уште пред Пржино договорот им предложи оставка на Владата, па потврда на избори!? Зошто не го послушаа? Tоа е разликата меѓу Бугарија и Македонија. Се чини Груевски тука ја направи својата најголема стратешка грешка. Првата добра прилика за оставка му беше после Куманово, втората после Пржинскиот договор, трета добра прилика за оставка е деновиве после конституирањето на јавното обвинителство, и веројатно скорото поставување на министрите на СДСМ и опозицијата, со што практично владата ќе биде толку разобличена што таа веќе не е влада на ВМРО-ДПМНЕ!? Но, да не даваме овде бесплатни совети. Затоа што Владата одамна е обвиена со arrogance, out of touch and incompetence.

2.

Истиот ден 4 ноември, 2015, кога Советот на јавни обвинители во Македонија по долго “тртљање” ги прифати сите услови на специјалната јавна обвинителка Јанева, и во период кога македонската Влада деновиве ќе добие министри од опозицијата, и со тоа ќе продолжи да се “тртља” како, демек влада на

ВМРО-ДПМНЕ, а со неа и ние сите ќе се “тртљаме” низ времето и просторот и тапо загледани во небото, Виктор Понта, премиерот на Романија поднесе оставка. Формално оставката е поднесена поради големата несреќа во дискотека среде Букурешт во која загинаа 26 млади луѓе кои се забавувале на рок концерт. Неофицијално, пак, Понта е под силна истрага за корупција негова и на членови на неговата влада. Романските судови му го имаат блокирано имотот уште од порано, а тој исто така, по долго “тртљање” поднесе оставка и сега ќе се соочи со повеќе обвинителни акти. Сега почнува процесот на расчистување за стотици милиони евра наводно проневерени во разни проекти, како домашни, така и проекти финансирани со европски пари… На денот на оставката Понта се соочи со демонстрации на над 50 илјади романски граѓани на кои излегол и лично романскиот претседател Клаус Јоханис. Престедателот на државата силно побара од Понта и Владата да понесат одговорност за загинувањето на 26 млади животи, кои на концерт дошле во објект, поранешна фабрика за чевли, која ги немала дозволите за да организира ваков тип на настани.

Една млада девојка од Букурешт во демонстрациите изјави: “протестирам да си оди оваа Влада која е корумпирана затоа што дала дозвола да има дискотека на вакво место на група која платила мито да добие дозвола за дискотека, а не смеела да добие оти ова место е опасно место за концерти. Видовте се запали местово…Ние младите сме мислеле дека е безбедно… Протестирам против градоначалникот на 4-ти реон на градот Букурешт кој е корумпиран и дозволил да се даде дозвола за работа … Протестирам затоа што корупцијата во Романија почна да коси невини животи. Поради корупција во Романија почнаа да гинат луѓе … Неколку од загинатите беа мои најдобри другари…”. Сосема доволно да проработат совеста и европските вредности. Ај не дај оставка де…! И премиерот Виктор Понта даде оставка, во државата која сепак смогна сили да не го допре дното, и да не продолжи до својот тотален морален крај, а тоа е да дозволи, пијани анестезиолози да породуваат жена која гине со се нејзиното бебе (македонскиот криминален и морален завршеток). А потоа не само што нема оставка, ниту од Министерот за здравство, ниту од Владата, туку случајот се заборава… Има разлика… nnn



www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

16,1

милијарди евра е обртот на сите активни фирми минатата 2014 година

ЈОЗеФ ШТИГлИЦ

Финансиската индустрија ги голта парите од нашите џебови. Имаме многу технолошки промени, имавме процес на глобализација - се она што треба да ги подобри перформансите на економијата, а резултатите се напротив – полоши.

нобеловец и економист

победник на неделата

ФОНдАЦИЈАТА "ТРАЈЧе муКА

Ч

етириесетнови стипендии и годинава традиционално по осми пат доделува Фондацијата „Трајче Мукаетов“, основана од фармацевстката компанија „Алкалоид“- Скопје . Стипендиите се доделуваат на 20 студенти од Фармацевтскиот и 20 студенти од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје и се во висина од 6.500 денари месечно во текот на целата година. Почнувајќи од учебната 2007/08 година, Фондацијата стипендираше 244 студенти

По ЛанСката еВрообВрЗница од 500 МиЛ

Македонија Ќе Се Задо еВрообВрЗница од 500 М ТИм КуК

+

Компанијата Apple годинава не престанува да дава поводи за нејзиниот прв човек, Тим Кук, да гостува во рубриката победник. Актуелниот голем повод e последниот квартален резултат на Apple, патем речено, остварен и во најуспешната фискална година за компанијата досега, како што рече самиот Кук. Имено, приходите на Apple во минатото тромесечие скокнале за 22% (во однос на истиот период лани), на 51,5 милијарди долари, а профитот пораснал дури за 31%, на чиста добивка од 11,1 милијарди долари. Ова најмногу поради силниот раст на продажбата на iPhone, oд 22%. Но, овде на завршува темата осетен раст кога е во прашање Apple. Деновиве компанијата објави дека во 2016 година за дури 33% ќе ги зголеми капиталните инвестиции, на неверојатни 15 милијарди долари што ќе бидат вложени во инфраструктура (во дата центри, во фабрики, во продажни салони ...). Овој раст (на капиталните инвестиции) повеќе од јасно кажува дека џинот од Купертино амбициозно работи на нови проекти, односно, оти планира раст на производството и, секако, на продажбата. Никому веќе не е чудно зошто Apple цврсто стои на врвот на листата на Interbrand за највредни брендови во светот.

В

Владата до крајот на годината повторно ќе издаде еврообврзница на меѓународниот пазар со што ќе ја задолжи државата за 500 милиони евра. Парите ќе се користат за покривање на буџетските дефицити оваа за следната година и за рефинансирање на старите долгови.

Рокот на достасување на еврообврзницата ќе биде до 10 години, а ќе биде издадена преку лондонското претставништво на Deutsche bank. Одлуката за издавање на еврообврзницата е веќе објавена во „Службен весник“. „Еврообврзницата се издава за буџетска поддршка во 2015 и 2016 година и за рефинансирање на обврските што достасуваат за отплата на државниот долг на Македонија. Вкупната номинална вредност на еврообврзницата изнесува до 500 милиони евра или противвредност во американски долари. Министерството за финансии плаќа камата на еврообврзницата еднаш годишно“, стои во одлуката. Ова е четврти пат Македонија да се задолжува со еврообврзница. Последен пат лани Владата со еврообврзница позајми 500 милиони евра со камата од 3,97% и рок на


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

9

аетов"ДоДели 40 Нови стиПеНии по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 40. Од нив, 124 студенти по фармација и 92студенти по медицина се веќе дипломирани. Од 2009 година до денес, својата кариера во Алкалоид АД Скопје, во одделите на сегментот Фармација ја започнале 34 од стипендираните студенти на Фондацијата“, изјави генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов. Освен овие 40 стипендии, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува и еднократна парична награда на првенците на генерациите на двата факултетиМедицинскиот и Фармацевсткиот, во вредност од 1.200 евра во денарска противвредност.

> Бројка

мисла на неделата

3,4

За разлика од многу мои колеги, јас верувам дека државата може да одигра многу голема улога во одржување на стабилната економија. историјата го покажала тоа, но не секоја влада, знае ова да го изведe

милијарди евра е додадената вредност која ја создале македонските фирми минатата година

лидери

Нуриел Рубини

Американски економист

губитник на неделата

Лиони евра

оЛЖи Со нова МиЛиони евра рокот на достасување на еврообврзницата ќе биде до 10 години, а ќе биде издадена преку лондонското претставништво на Deutsche bank.Последен пат лани владата со еврообврзница позајми 500 милиони евра со камата од 3,97% и рок на доспевање од седум години. доспевање од седум години. Во 2009 година беше издадена еврообврзница од 175 милиони евра, која достаса по 3,5 години. Првата еврообврзница е издадена во 2005 година на износ од 150 милиони евра и таа беше отплатена. Вкупното салдо на задолжување на државата со еврообврзници од 2005 година до сега (сосе четвртата најавена) е 1,325 милијарди евра. Јавниот долг на Македонија заклучно со третиот квартал годинава изнесува 3,9 милијарди евра, односно 43,9% од БДП. Сосе планираните задолжувања до крајот на 2017 година, Фискалната стратегија открива дека јавниот долг ќе достигне до 50% од БДП, односно ќе надмине сума од 5 милијарди евра. Дека долгот на Владата ќе се зголемува предупреди и Standard & Poor’s во најновиот извештај, нотирајќи дека „задолжувањата за финансирање на буџетските дефицити до 2018 година ќе го оптоварат јавниот долг и покрај тоа што од почетокот на годината Македонија се раздолжи предвреме кон ММФ“ nnn

ли ЏиаксиаНг л

Кина го произведе својот прв патнички авион кој ќе може да пренесува 168 патници

стјуарт гуливер

Профитот на најголемата европска банка HSBC порасна за 32% како резултат на стабилната политика на менаџментот.

не им беше неделата

аНгела Меркел

Меркел се соочува со се поголеми критики околу несоодветното справување со бегалската криза

Никола саркози

Мобилните телефони на Саркози по налог на судот му се одземени заради поврзаност со скандалот за шверц на 680 килограми кокаин

_

Никола ПоПоски Дури пет од петнаесетте земји членки на ЕУ, ја напуштиле групата Пријатели на Македонија во ЕУ. Меѓу нив се Шведска, Данска, Финска, Белгија и една од најголемите сили во Европа, Велика Британија. Инаку станува збор за неформална група, која си зема за обврска да ги застапува и да лобира за интересите на Македонија во Европската институција. Оттука и повеќе алармира фактот што овие пет земји одлучиле веќе да не се на списокот пријатели на Македонија, без разлика што групата има неформален карактер. Ова е вистински дипломатски пропуст за кој треба да се бара одговорност во Министерството за надворешни работи. Секако, политичката криза, односно немањето волја меѓу политичарите да ја надминат истата, е веројатно најголемата причина за ваквата одлука на овие пет земји, но истовремено е и голем дипломатски пропуст на претставниците во Брисел и во амбасадите во овие земји, кои не ги увериле тамошните официјални лица дека Македонија прави се за надминување на кризата. Со политичката криза и со се помалиот круг пријатели кои лобираат за Македонија, европската перспектива на земјата не само што не е несигурна, туку и се подалечна.


Капитал број 836 06.11.2015

www.kapital.mk

story Дали и зошто богати 10 coverstory cover

Pro & Contra

прогресивниот д Го има ли левицата решението за системскиот проблем на македонската метаморфоза на капитализмот кој што богатите ги прави побогати, а сиромашните уште посиромашни?! Претставувајќи ја Визијата за Македонија, најголемата опозициска партија СДСМ претстави пред граѓаните поинаква даночна политика каква што и се очекува од левичарска партија,

според која најбогатите 5% од граѓаните ќе плаќаат поголем персонален данок на доход. Оние што имаат имот повреден од 400.000 евра, исто така ќе плаќаат за 0,1 процентен поен поголем данок на имот. Меѓутоа, тука неминовно се отвора дилемата дали сиромашните ќе бидат помалку сиромашни само ако богатите плаќаат повисоки даноци?! Економистите имаат поделени ставови на оваа тема.

СДСМ: Најбогатите 5% од граѓаните ќе плаќ


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

11 ите да плаќаат поголем данок?

Г пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

данок Во Европа, 22 земји од ЕУ применуваат прогресивни даноци, а само шест од нив модел на рамно оданочување. Последни Албанија и Словачка воведоа прогресивни даночни стапки.

Го има ли левицата решението за системскиот проблем на македонската метаморфоза на капитализмот кој што богатите ги прави побогати, а сиромашните уште посиромашни?! Претставувајќи ја Визијата за Македонија, најголемата опозициска партија СДСМ пред граѓаните најави поинаква даночна политика каква што и се очекува од левичарска партија, според која најбогатите 5% од граѓаните ќе плаќаат поголем персонален данок на доход. Оние што имаат имот повреден од 400.000 евра, исто така ќе плаќаат за 0,1 процентен поен поголем данок на имот. Томас Пикети на македонски начин. Претседателот на Комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, вели дека „рамниот данок во Македонија е од корист за малата група на власт којашто енормно се збогати на сметка на егзистенцијата на најголем дел од граѓаните“. „Бидејќи голем дел од граѓаните во Македонија живеат на линијата на сиромаштија или под неа, ние сме фокусирани на решение на овој проблем. За 95% од граѓаните, останува постојната стапка од 10% на персоналниот данок, а на оние што имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, ќе им се враќа се враќа платениот данок. Само на граѓаните во групата на 5% со највисока годишна даночна основица им се воведува дополнителна даночна стапка од 18%, покрај стапката од 10%, за износот на дополнителниот доход“, вели Тевдовски и додава дека во овие 5% со највисок доход влегуваат граѓани со наследено богатство, богатство врз основа на претходни или тековни економски ренти што се поврзани со монопол или други привилегии, односно граѓани кои не заработуваат со активности на труд. Меѓутоа, се отвора дилемата дали сиромашните ќе станат побогати само ако богатите плаќаат повисоки даноци?! Економистите имаат поделени ставови на оваа тема. Професорот од Економскиот факултет, Трајко Славески, кој што како министер за финансии во 2007 година и го воведе

рамниот данок во Македонија, иако вели дека можеби ќе звучи субјективно, сепак и денес не отстапува од овој даночен модел. Тој смета дека рамниот данок добро и служи на Македонија бидејќи „земјите во развој со висока стапка на невработеност и мал економски раст е подобро да применуваат ниски и едноставни наспроти високи и комплицирани даноци“. „Искус твото на Македонија со прогресивниот данок од пред 2007 година покажа дека иако имаше три стапки на данок, од 15%, 18% и 24%, сепак најголем дел од граѓаните плаќаа персонален данок по најниската стапка. Тоа значи дека побогатите наоѓале разни начини да го избегнат оданочувањето по повисоки стапки, така што при прогресивен даночен модел, ризикот од даночна евазија е многу поголем“, коментира Славески. Тој вели дека СДСМ во менувањето на даночната политика има козметички пристап, односно мерки кои што се сведуваат на поголемо оданочување на богатите граѓани. Според него, причините за нееднаквоста само делумно може да се бараат во отсуството на прогресивни даноци. „Дури и во земји кои што применуваат остра прогресија во оданочувањето како на пример САД, економската нееднаквост кај граѓаните и понатаму расте. Главна причина е што економскиот раст не се распределува подеднакво. Од друга страна, со мерки како социјалната помош или земјоделските субвенции кои што завршуваат главно кај граѓани со пониски приходи, се прераспределува значителен дел од доходот“, вели Славески. Професорот Марјан Петрески исто така смета дека прогресивниот данок нема многу да смени, бидејќи тој ќе ги направи богатите помалку богати, но нема да ги направи сиромашните помалку сиромашни. „Нема гаранција дека ре-дистрибутивната функција на буџетот ќе работи за сиромашните, особено во услови на недоволна буџетска ефикасност и транспарентност. Се отвора прашањето на кој начин ќе се искорени сиромаштијата ако буџетот има повеќе пари кои ги зафатил од богатите. Со зголемување на социјалната помош? Мислам дека е сосем погрешен пристап, бидејќи нејзиниот пораст стимулира неактивност и долгорочно им наштетува на примателите во смисла на нивната неспособност да се вклучат на пазарот на труд и да заработуваат пазарен доход. Напротив, нив треба да им се помогне на начин на кој полесно ќе излезат од сиромаштија, наместо да им се доделува незаработен доход“, вели Петрески. Тој сугерира државата да вложува повеќе во образованието за да се зголеми веројатноста дека децата кога ќе пораснат нема да живеат во сиромаштија, а од

аат поголем данок за екстра приходите


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

12

cover story

Г Драган Тевдовски

претседател на Комисија за економија на СДСМ

олем дел од граѓаните во Македонија живеат на линијата на сиромаштија или под неа и ние сме фокусирани на решение на овој проблем. Воведувањето прогресивен данок на доход е само еден од елементите за намалување на нееднаквоста меѓу граѓаните. За 95% од граѓаните, останува постојната стапка од 10% на персоналниот данок, а на оние што имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минималната плата, ќе им се враќа се враќа платениот данок. Само на граѓаните во групата на 5% со највисока годишна даночна основица им се воведува дополнителна даночна стапка од 18%, покрај стапката од 10%, за износот на дополнителниот доход.

друга страна, кај возрасните, според него, потребно е да се применат различни социјални политики, како условени парични трансфери, субвенции за обука и преквалификација, додаток на пазарен доход до одреден износ и други активациски политики кои ќе поттикнат да бараат работа. Од друга страна, аналитичарот Бранимир Јовановиќ е еден од оние кои што ја поддржуваат идејата за воведување на прогресивни стапки на персонален данок на доход. Тој смета дека „треба да се намали даночниот „товар“ на луѓето со пониски доходи, а да се зголеми на граѓаните со повисоки доходи. Сега оние со минимална плата и даваат на државата околу една третина од своите примања (како персонален данок и придонеси), додека оние со максималната плата и даваат само една десетина. Треба да се воведе систем според кој „товарот“ на оние со минимална плата ќе се намали (на пример, на 20%), а на оние со највисоки плати ќе се зголеми (на пример, на 45%). Германија, на пример, има вакви стапки“, оценува Јовановиќ. Полскиот економист Лешек Балцерович, кој што се смета за архитект на полската трансформација од социјализам во капитализам, неодамна во интервју за Капитал призна дека не требало да го

И

Трајко Славески универзитетски професор

32%

од доходот во 2010 година е во рацете на најбогатите 10% од луѓето во земјава, што е за 6,3 п.п повеќе од пред десет години

послуша ММФ кој сугерирал прогресивен данок наместо рамно оданочување. Тој вели дека ММФ нема јасна позиција околу моделот на оданочување на приходите, но на некој начин поддржува прогресивно оданочување. „Мислам дека сиромаштијата не може

скуството на Македонија со прогресивниот данок од пред 2007 година покажа дека иако имаше три стапки на данок, од 15%, 18% и 24%, сепак најголем дел од граѓаните плаќаа персонален данок по најниската стапка. Тоа значи дека побогатите наоѓале разни начини да го избегнат оданочувањето по повисоки стапки, така што при прогресивен даночен модел, ризикот од даночна евазија е многу поголем. Дури и во земји кои што применуваат остра прогресија во оданочувањето како на пример САД, економската нееднаквост кај граѓаните и понатаму расте. Главна причина е што економскиот раст не се распределува подеднакво.

1,9% од доходот им припаѓа на најсиромашните 10% од граѓаните, што е за 0,5 п.п помалку од пред десет години

да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Тоа се прави преку отворање на нови работни места. Сиромашните нема да станат побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Но, ако приходите на богаташите всушност

Факти: 22 земји во ЕУ применуваат прогресивни даноци



www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

cover story

од СдСМ објаснуваат дека воведувањето прогресивен данок на доход е само еден од елементите за намалување на нееднаквоста меѓу граѓаните. „на земјава и треба систематски пристап во борбата со нееднаквоста. ние сметаме дека тоа е можно со поставување пет столба во општеството во Македонија коишто имаат за цел корекција на нееднаквоста. Прво, воведување максимална транспарентност во трошењето на парите на граѓаните од страна на власта. ова е особено значајно бидејќи секогаш луѓето на власт ќе најдат начини како парите да завршат главно кај нив, а сите останати да добијат по многу малку или речиси ништо. Второ, механизми на прераспределба на доходот, пред се преку даноците и социјалните трансфери. Во земјава, даноците и социјалните трансфери воопшто не ја коригираат нееднаквоста. ова не е случај со останатите земји. на

34,4

35,4

37

38

30,9 24,4 Србија

Потребен е системски пристап во борбата против нееднаквоста

Gini коефициент (2013 година)

Македонија

доаѓаат од нивните врски со властите, тогаш тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста во можностите во едно општество, односно еднакво талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование“, вели Балцерович. од персоналниот данок на доход, минатата година се слеаја 200 милиони евра во државната каса. нема проценки колку дополнителни приходи ќе се слеат во Буџетот доколку се воведе прогресивна стапка.

Бугарија

универзитетски професор

Грција

Марјан ПетреСки

П

рогресивниот данок е дефинитивно првата мерка која треба да се воведе за да се намалат разликите меѓу богатите и сиромашните. треба да се намали даночниот „товар“ на луѓето со пониски доходи, а да се зголеми на граѓаните со повисоки доходи. Сега оние со минимална плата и даваат на државата околу една третина од своите примања БраниМир (како персонален данок и придонеси), јовановиќ додека оние со максималната плата и економски даваат само една десетина. треба да аналитичар се воведе систем според кој „товарот“ на оние со минимална плата ќе се намали (на пример, на 20%), а на оние со највисоки плати ќе се зголеми (на пример, на 45%). Германија, на пример, има вакви стапки.

Хрватска

н

ема гаранција дека редистрибутивната функција на буџетот ќе работи за сиромашните, особено во услови на недоволна буџетска ефикасност и транспарентност. Се отвора прашањето на кој начин ќе се искорени сиромаштијата ако буџетот има повеќе пари кои ги зафатил од богатите. Со зголемување на социјалната помош? Мислам дека е сосем погрешен пристап, бидејќи нејзиниот пораст стимулира неактивност и долгорочно им наштетува на примателите во смисла на нивната неспособност да се вклучат на пазарот на труд и да заработуваат пазарен доход. напротив, нив треба да им се помогне на начин на кој полесно ќе излезат од сиромаштија, наместо да им се доделува незаработен доход.

Словенија

14

Извор: Евростат

пример, во Словенија нееднаквоста на доходот сериозно се намалува откога даноците ќе зафатат доход од побогатите групи на населението, а социјалните трансфери тој доход го распределуваат на ранливите граѓани“, вели Тевдовски. најголем дел од земјите членки во ЕУ применуваат прогресивен персонален данок на доход. Само шест од 28 земји од ЕУ тековно применуваат рамен данок. Тоа се источно европските земји Естонија, Литванија, Летонија, Романија, Бугарија и Унгарија. Во последните две години неколку земји го заменија рамниот данок со воведување

прогресивен. Словачка во 2013 година го замени рамниот данок со прогресивен данок на доход со две даночни стапки 19% и 25%, а истото го направи и албанија минатата година со воведување на персонален данок на доход со воведување на три стапки, 0%, 13% и 23%.

економскиот раст ги полни џебовите на газдите, не на работниците

Факт е дека раслојувањето во Македонија веќе поприма загрижувачки размери. Економистите објаснуваат дека порастот на економијата не го чувствуваат сите граѓани бидејќи тој нееднакво се распределува


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БРЕНдОвИ

13

ноември

2015

БорБата на македонските Брендови:

сами или Под регионален “кров“ количините на вино, кондиторски производи или текстил од балканскиве простори се светски нерелевантни ако се настапи од позиција на индивидуален производител. најголемите регионални играчи уште пред неколку месеци предложија своевиден “кровен“ бренд што ќе обедини повеќе производители од адриа регионот за поефективен пробој на светските пазари. оваа заложба уште еднаш беше потврдена од учесниците на 6 -от Бизнис форум што го организираше капитал на почетокот од октомври. колку е оваа идеја остварлива, меѓу другите теми, анализираме во специјалниот прилог Брендови:

l Борбата на македонските брендови: како против светската конкуренција

l најголемите балкански компании предложија создавање регионален бренд: колку е тоа остварливо? како тоа го направи италија на национално ниво, интегрирајќи конкурентски производители?

l Know-how: како да ја заштитите онлајн репутацијата на вашиот бренд l еве на што мора да се фокусира вашиот маркетинг тим за да создаде цврст и траен бренд l кои се највредните, а кои најмоќните светски брендови Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА МИХАЈЛОвСКА


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

16

cover story

М

ислам дека сиромаштијата не може да се искорени или барем намали преку зголемување на давачките за побогатите. Тоа се прави преку отворање на нови работни места. Сиромашните нема да станат побогати ако државата одзема поголем дел од доходите на побогатите. Но, ако приходите на богаташите всушност доаѓаат од нивните врски со властите, тогаш тие врски мора да се прекинат. Според мене, клучно е да се надмине нееднаквоста Лешек Балцерович во можностите во едно општество, односно еднакво полски економист талентирани луѓе да имаат ист пристап до образование. помеѓу различните слоеви. Универзитетскиот професор Марјан Петрески вели дека посиромашните г р а ѓа н и н а ј м а л к у ч у в с т в у в а а т подобрување на животниот стандард бидејќи најголем дел од доходот што се создава завршува во џебовите на газдите на компаниите, а сосема мал дел кај работниците. „Ако го гледаме економскиот раст низ перспектива на факторите на производство, тогаш ќе забележиме дека поголем дел од новосоздадената вредност

е распоредена кај сопствениците на капиталот, а помал дел кај трудот. Тоа значи дека богатите стануваат побогати, а сиромашните помалку го чувствуваат економскиот раст на сопствена кожа“, коментира Петрески. Економскиот аналитичар, Бранимир Јовановиќ оценува дека од растот во периодот 2010-2014 година, односно од градежната експанзија финансирана од страна на државата, и од приливот на странски инвестиции, полза имале пред сè малкумината „газди“. „Во

градежништвото, вкупните средства кои завршуваат кај работниците во овој период пораснале за 25%, додека во индустријата, за 10%. Во исто време, профитите на сопствениците на капиталот во градежништвото пораснале за 90%, а во индустријата за 100%“, вели Јовановиќ. Евиденцијата на Светската банка покажува дека во периодот од 2000 до 2010 година, најбогатите луѓе во земјава станале уште побогати, а најсиромашните уште посиромашни. Ако во 2000 година најбогатите 10% од луѓето во земјава поседувале 25,7% од вкупниот доход, десет години подоцна нивното учество се зголемило на 32%. Во исто време, учеството на најсиромашните граѓани во националниот доход се намалило од 2,4% на 1,9%. Уште еден показател што покажува дека разликата меѓу оние што имаат и немаат е огромна е Gini коефициентот кој во 2013 година во Македонија изнесува 37. Колку што е овој индекс повисок, толку е понерамномерна распределбата на доходот. Според податоците на Евростат, само Србија има повисок Gini коефициент од Македонија. Од останатите земји во регионот, во Бугарија изнесува 35,4, во Грција 34,4, во Хрватска 30,9 додека пак во Словенија е најнизок и изнесува 24,4. nnn


НАСКОРО!!! ШТО ГО ЧЕКА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ВО 2016 ГОДИНА?

СИЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО!  ТРКАЛЕЗНА МАСА 

ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!  НАЈГОЛЕМИТЕ Како во 2016 година! Најголемите градежни проекти! Почнати проекти и проекти кои ќе се завршат! Кои проекти почнуваат?

И ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ!  БАНКИТЕ Има ли простор за партнерства во инвестициите?

Кои се најпрофитабилните сегменти во македонската градежна индустрија? Колку се заработува? Перспективи!

ГРАДБА!  СТАНБЕНА Колку е продадено? Како да се продаде се што е се изгради?

Станови и куќи, туристчки капацитети, деловни капацитети или шопинг центри?

МАКЕДОНИЈА ИЗВЕЗУВА ГРАДЕЖНИШТВО?  ДАЛИ Ако не - зошто? Ако е да, како да извезуваме повеќе?

Имаме ли капацитет како индустрија да не увезуваме градежништво? Што да сториме?

НА ТРГОВИЈАТА СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ?  ПЕРСПЕКТИВИТЕ Колку извезуваме, колку увезуваме? Кој е кој во трговијата со градежни материјали во Македонија, Што е наше - македонско!?

И ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА?  ДРЖАВАТА Кој на што се обврзува во функција на развој и зголемување на пазарот?

НАСКОРО!!! ДАТУМ И ЛОКАЦИЈА ЗА ОВАА ВАЖНА ДЕБАТА Повеќе информации во врска со настанот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Отсуство на храброст и визија! Колку газди имаат храброст да си признаат дека компаниите на чие чело седат со години, се останати заглавени во минатиот век заради тоа што тие немале храброст и визија во фирмата да донесат некој кој е попаметен и похрабар од нив , убедени во тоа дека се најпаметни и дека знаат се? На една рака се бројот и фирмите кои за целава независност на Македонија имаат направено аквизиции на други фирми низ регионот. Што е уште попоразително уште помалубројни се фирмите кои се мета на интерес за превземање од страна на некои големи странски или регионални компании? Веројатно заради тоа што имаат многу слаба пазарна позиција и моќ, и никого не загрозуваат за да бидат купени, дури и кога се многу евтини. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

H

Хрватскиот бизнисмен Емил Тедески пред десетина дена по покана од Универзитетот Харвард имаше чест приказната за неговиот успех во бизнисот да ја сподели со студентите од овој престижен американски универзитет. Медиумите од целиот регион го пренесоа неговото инспиративно обраќање за тоа како ја основал и изградил компанијата. Нема збор дека овој настан беше искористен за голема маркетиншка промоција на неговата компанија во целиот регион и во светот. И самиот тој го признава тоа, потенцирајќи дека често е гостин на предавања на најдобрите универзитети, бидејќи, како што вели, ги сака најдобрите студенти во својата компанија. Но, настрана п-р ефектот, многу поважни се пораките кои тој ги сподели со студентите по бизнис на Харвард во текот на неговото инспиративно и неконвенционално предавање, од кое имаат што да научат и многу бизнисмени од Македонија. Без никаква презентација и бројки, Тедески на студентите им пуштил само две песни преку интернет, преку кои им ја пренел пораката дека претприемачот никогаш не треба да застане и дека секогаш треба да се труди да ги унапредува работите и да генерира нови идеи. Но, клучот е во тоа како да се мотивирате за нови успеси, откако ќе постигнете некој успех. “Секогаш е полесно да одите по веќе изоден пат, но за да се создаде нешто големи вели тој, потребно е да се излезе од т.н. комфорт зона”, вели Тедески. Според него, клучно за успех во бизнисот е бизнисмените и менаџерите да прифатат дека некој кој е поинаков може да помогне да се надгради компанијата и да се создаде нова додадена вредност. И да, Тедески тоа го прави во својата компанија. На секоја позиција има вработено професионалци, а целото управување на компанијата е поставено според највисоките стандарди за корпоративно управување и транспарентност, иако тој е најголем газда во компанијата. “Атлантик Група денес вреди неспоредливо повеќе затоа што имав храброст да вработам луѓе кои се попаметни и похрабри од мене. Да не го направев тоа, компанијата би останала заглавена некаде во минатиот век", им кажа Тедески на студентите на Харвард. И факт е дека денес Атлантик Група вработува 5.500 луѓе, а почнала со осум луѓе, и дека досега има направено над 30 аквизиции и купувања на други фирми од регионот. Тоа би му дошло дека секоја година Тедески преземал некоја друга фирма, што му овозможувало да расте и да се шири во бизнисот. Па така неговата фирма денес е сопственик на многу силни брендови кои откако беа преземени доживеаа вистинско препородување. Колку македонски газди и менаџери имаат храброст


КапиталНО За многу македонски бизнисмени Тедески е само уште една фрустрација која ги посетува на нивната немоќ и слабост. Тие ја немаат храброста за успех во бизнисот за која зборува Тедески. Заради тоа, многу македонски компании, како и целата македонска економија се така мали и заостанати во минатиот век. Потонати во нивната комфорт зона и умислени дека се многу големи и умни на локалните директорски заседавања во маалските кафани. и ги прават потезите кои ги прави Тедески? Многу се малку, се бројат на една рака. Колку газди имаат храброст да си признаат дека компаниите на чие чело седат со години, се останати заглавени во минатиот век заради тоа што тие немале храброст и визија во фирмата да донесат некој кој е попаметен и похрабар од нив , убедени во тоа дека се најпаметни и дека знаат се? На една рака се бројот и фирмите кои за целава независност на Македонија имаат направено аквизиции на други фирми низ регионот. Што е уште попоразително уште помалубројни се фирмите кои се мета на интерес за превземање од страна на некои големи странски или регионални компании? Веројатно заради тоа што имаат многу слаба пазарна позиција и моќ, и никого не загрозуваат за да бидат купени, дури и кога се многу евтини. И веројатно заради тоа што голем дел од македонските компании, текстилни и прехранбени, веќе работат за странските и регионалните преку производство на приватни марки, кои зафаќаат дури и повеќе од половина од нивното вкупно производство. Поради тоа, големите компании немаат никаква причина да влегуваат со свој капитал на овој пазар. Тоа би им било џабе трошок, кога пазарот им е веќе многу добро освоен со продажба на нивните производи на македонскиот пазар. Уште една многу голема причина зошто македонските компании немаат ниту моќ да излезат надвор, а ниту се во фокусот на странските

компании, е што се технолошки многу уназадени поради целиот процес на деиндустријализација што и се случува на Македонија повеќе од 20 години. Тоа го покажуваат и бројките, според кои индустриското производство е преполовено за 30 години, учеството на индустријата во БДП е сведено од 50% во 80-те години на минатиот век на 15% во 2012 година. Уште пострашно е што од вкупниот обем на инвестиции во основни средства во економијата само околу 25% отпаѓаат на индустријата, што е двојно помалку од пред 90-те години. Затоа Македонија стана евтина суровинска база, пред се, во аграрот, а текстилната индустрија се сведе на лон-производство. Некои македонски компании, иако имаа(т) огромен потенцијал, едноставно ги јаде времето затоа што менаџментот не може да се носи со него. Кога имаа можност не сакаа да прифатат стратешки партнер, а сега нема ни кој да ги купи, а очигледно сами ниту можат, а ниту имаат идеја како можат да се развиваат. За многумина од нив Тедески е само уште една фрустрација која ги посетува на нивната немоќ и слабост. Тие ја немаат храброста за успех во бизнисот за која зборува Тедески. Заради тоа, многу македонски компании, како и целата македонска економија се така мали и заостанати во минатиот век. Потонати во нивната комфорт зона и умислени дека се многу големи и умни на локалните директорски заседавања во маалските кафани. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

20

Интервју

управнИот одбор на нлб тутунска банка по

нашата успеш прИказна ќе п

дамИр кудер

антонИо аргИр

Влезот на НЛБ значеше многу за развојот на НЛБ Тутунска банка, бидејќи ни се отворија границите кон европските банкарски пракси. Преносот на знаење и технологија, како и искуството кое НЛБ како банка го создаваше со долгогодишното работење ни овозможија многу брзо да го збогатиме портфолиото со нови продукти и услуги особено за населението, и да се одвоиме од другите како иновативна, ефикасна и банка од современ тип, која на клиентите им нуди нешто поразлично.

Целите за следниот петгодишен период се насочени кон се поголем фокус кон микро, мали и средни претпријатија и население, кон инвестирање во дигитални технологии, кон одржување на стабилноста, солвентноста и профитабилноста на Банката, кон креирање добра и стимулативна работна средина во која вработените ќе се чувствуваат како значаен дел на тимот кој ја реализира поставената стратегија и ќе ги дадат најдобрите резултати како за Банката, така и за нивниот кариерен развој.

член на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка

нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

21

орачува:

шНа продолжи

ЃорЃи ЈаНчевски

Љубе раЈевски

Во 2000 година склучивме стратешко партнерство со НЛБ д.д. Љубљана и станавме членка на НЛБ Групацијата. Во овој период направивме целосен подем на Банката, билансната сума е зголемена на над 1 милијарда евра, направивме профит од над 100 милиони евра, изградивме мрежа на 50 експозитури, изградивме системи за електронски плаќања, имаме над 600 илјади клиенти, над 800 вработени и што е најважно успеавме да одржуваме континуиран раст и развој.

Ние учествуваме со пазарен удел од 15% до 40% во различни пазарни сегменти, што значи сме значително инволвирани во поддршка на македонската економија. И во следниот петгодишен период Стратегијата е насочена кон активна поддршка на малите и средни претпријатија, миркобизнисот и населението, како преку финансирање на проекти така и преку советодавни услуги за клиентите.

претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка во заминување

член на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

22

Интервју

Н разговара:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

XX НЛБ Тутунска банка прославува 30 години од основањето. Ако треба да се издвојат неколку клучни работи како најголем успех на досегашното работење на Банката кои би биле тие? Јанчевски: Јас веќе кажав на прославата на нашиот јубилеј, најголемиот успех е што создадовме традиција на банка која ќе трае. Ние успеавме да направиме модерна банка, систем што беспрекорно функционира, да внесеме новини и позитивна енергија во македонскиот банкарски систем. Изградивме корпоративна култура и наши квалитетни кадри кои се гаранција дека нашата успешна приказна, која трае 30 години, ќе продолжи. Може да кажам дека по основањето во 1985 година, прв голем успех беше што во 1993 година се трансформиравме во акционерско друштво кое доби лиценца од НБРМ да работи како комерцијална банка од универзален тип и тука почна банкарската приказна. Тоа беа години кога тутунските компании доминираа во портфолиото на Банката, но некаде од 1996 година одлучивме да ја промениме стратегијата и од доминантно корпоративна банка се пренасочивме кон малите и средни претпријатија, микробизнисот и населението, во кои препознавме сегмент со голем потенцијал за раст. Во 2000 година склучивме стратешко партнерство со НЛБ д.д. Љубљана и станавме членка на НЛБ Групацијата. Во овој период направивме целосен подем на Банката, билансната сума е зголемена на над 1 милијарда евра, направивме профит од над 100 милиони евра, изградивме мрежа на 50 експозитури, изградивме системи за електронски плаќања, имаме над 600 илјади клиенти, над 800 вработени и што е најважно успеавме да одржуваме континуиран раст и развој. XX Што можеше да биде направено повеќе и подобро за овие 30 години? Во каква состојба е сега Банката и колкав потенцијал има да ја поддржи македонската економија?

НЛБ Тутунска банка прослави 30 години јубилеј од основањето. Овој јубилеј симболично беше одбележан и со смена на врвот во управувачкиот тим на Банката. Досегашниот долгогодишен директор на НЛБ Тутунска банка Ѓорѓи Јанчевски си заминува во пензија, а од Нова Година управувањето со Банката ќе го продолжат Антонио Аргир, кој е назначен за претседател на Управниот одбор заедно со Љубе Рајевски и Дамир Кудер како членови во Управата. Со директорот во заминување и тројцата членови на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка разговаравме за новата стратегија и целите во следниот период, за најголемите предизвици кои стојат пред Банката, македонската економија и банкарскиот систем како и за многу други интересни работи. Рајевски: Секогаш може и повеќе и подобро. Ако не е така, немаше да има развој. Ние со секоја нова деловна стратегија утврдувавме нови цели за Банката, многу поамбициозни од претходните, усвојувавме нови технологии на работа, нови методи… Тоа е дел од формулата за успехот. Банкава во моментот има потенцијал од над 1 милијарда евра средства, од кои 873 милиони евра се депозити кои се на располагање за кредитирање заедно со 70 милиони евра кредитни линии. Од расположливите средства, моментално 361 милион евра се вложени кај претпријатијата, а 393 милиони евра кај населението. Ние учествуваме со 15% во кредитирањето на претпријатијата во Македонија и со 20% кај населението што значи сме значајно инволвирани во поддршка на македонската економија. И во следниот петгодишен период Стратегијата е насочена кон активна поддршка на малите и средни претпријатија, микробизнисот и населението, како преку финансирање на проекти така и преку советодавни услуги за клиентите. XX Колку и како влезот на словенечката НЛБ помогна за развојот на Банката? Кудер: Влезот на НЛБ значеше многу за развојот на НЛБ Тутунска банка, бидејќи ни се отворија границите кон европските банкарски пракси. Преносот на знаење и технологија, како и искуството кое НЛБ како банка го создаваше со долгогодишното работење ни овозможија многу брзо да го збогатиме портфолиото со нови продукти и услуги особено за населението, и да се одвоиме од другите како иновативна, ефикасна и банка од современ тип, која на клиентите им нуди нешто поразлично. Не можам, а да не ги споменам и праксите во делот на управувањето со ризиците кои ни помогнаа многу, навремено да изградиме современ и функционален систем за надзор и управување со ризиците, да го развиеме Кеш центарот кој е единствен од ваков тип во Македонија, да изградиме организациона структура од современ тип. Во последниве години по кризата особено

голема помош и стручност добивме во делот на организирање Intensive Care сегмент во Банката кој се грижи за клиентите кои доцнат во отплатата на доспеаните обврски спрема Банката. Овој сегмент има улога преку најразлични мерки, како на пример реструктурирање на пласманот, изготвување стратегии за намалување на изложеноста кон Банката, советодавни услуги како да се излезе од неликвидноста и изнаоѓање клиенти за купување на дел од обезбедувањата, да им помогне на клиентите да се справат во проблемите и да ја подобрат нивната ликвидност и солвентност. XX Овој јубилеј симболично се одбележува и со смена во менаџерскиот тим кој ќе ја управува НЛБ Тутунска банка во следниот период. Кои се целите кои си ги поставува новиот тим на среден рок? Во која насока ќе продолжи да се развива Банката? Аргир: Целите на Банката се определени во Стратегијата на Банката за следниот петгодишен период и се насочени кон се поголем фокус на сегментот микро, мали и средни претпријатија и населението, кон инвестирање во дигитални технологии кои ќе овозможат брз и лесен пристап до услугите во Банката, кон одржување н а с та б и л н о с та, сол в е н т н о с та и профитабилноста на Банката, кон креирање добра и стимулативна работна средина во која вработените ќе се чувствуваат како значаен дел на тимот кој ја реализира поставената стратегија и ќе ги дадат најдобрите резултати како за Банката, така и за нивниот кариерен развој. Имајќи предвид дека Банката се повеќе се насочува кон сегментот банкарство н а ма л о, од н о сн о ко н се гме н тот население, мали и средни претпријатија и микробизнисот, во иднина развојот ќе оди во правец на се побогата понуда на продукти и услуги специјализирани за одделни подсегменти од пазарот, кон обезбедување небанкарски продукти како што се животното осигурување, неживотното осигурување, доброволно

Јанчевски: Многу компании успеавме да ги спасиме од бан


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

23

пензиско осигурување, продукти кои се базираат на новите дигитални технологии како што се безконтактните плаќања, развој на електронските платни сервиси (е-банкинг, м-банкинг), развој на лојалти шемите со трговската мрежа, издавање кобрендирани картички во соработка со наши клиенти правни лица каде може да се искористи синергијата од деловното партнерство (B2B), продажба на продукти на трети лица преку деловната мрежа. Интензивно работиме на развој на услугите за нерезидентите правни и физички лица кои работат во Македонија, но и на развој на продукти за наши државјани кои работат во странство било преку Интернет или со престој во други држави, а сакаат парите да ги вложат во Македонија. Овој сегмент е мошне интересен за нас, имајќи предвид дека Македонија се повеќе се интегрира со светскиот пазар, се повеќе странски фирми инвестираат и работат тука, а и се повеќе наши луѓе работат во странство. За да може оваа богата понуда на продукти и услуги правовремено, брзо и ефикасно да биде достапна на една широка маса клиенти и притоа да биде персонализирана спрема профилот и потребите на секој поединечен клиент, Банката планира значителни инвестиции во набавка на софтверски решенија, како што е на пример проектот CRM коj ќе ни овозможи брз и целосен преглед на профилот на еден клиент, продуктите кои ги користи и афинитетите кои ги има, како и инвестиции во развој на продажните канали, како електронските (webпристап, Call центар) така и традиционалниот канал - деловната мрежа која планираме во следниот период да ја прошириме со дополнителни експозитури, но и да ги трансформираме експозитурите во продажни и советодавни

места за клиентите. XX Кои проекти и сектори НЛБ Тутунска банка ќе ги поддржи и кредитира во следниот период? Рајевски: Во следниот период Банката ќе биде насочена кон кредитирање на стопанството и тоа првенствено ќе се фокусира на малите и средни претпријатија и микробизнисот, бидејќи кај нив гледаме и најголем развоен потенцијал. Во поглед на индустриите и секторите, кај Банката се застапени компании од сите индустрии кои почиваат на органски раст на пазарот, не се шпекулативни ниту, пак, базираат на високоризични берзански ресурси. Во последно време од посебен интерес се сегментите на производство на енергија од обновливи извори и проекти на енергетска ефикасност, земјоделството, транспортот на добра, преработувачка индустрија и ИТ развој на софтвер. Во поглед на кредитирање на сегментот население, продолжуваме со финансирање на комерцијалните потреби на населението преку понуда на најразлични видови потрошувачки кредити, кредити преку картички како и инстант кредити, а во голем дел фокусот останува и на станбеното кредитирање односно кредити за купување или за изградба на домови на граѓаните. XX Каде ги гледате најголемите предизвици со кои ќе се соочат НЛБ Тутунска банка и македонската економија во следниот период? Јанчевски: Растот на стопанството, растот на приватната потрошувачка на домашни производи и притисокот од вишокот на штедење се главните предизвици со кои ќе се соочи македонската економија и банките кои работат тука, бидејќи банките имаат значаен удел во економската

активност. Трендот на ниски каматни стапки, поради ниската економска активност, и глобално и кај нас, како и акумулирањето на огромни вишоци на средства кои стојат неискористени ќе потрае и следната година поради што ќе биде мошне важно банките да најдат начин и канал, дали преку надолно ревидирање на риск апетитот или преку поголемо инволвирање во финансиски консалтинг за компаниите кои имаат идеја за бизнис, а немаат знаење и пари, да ги пласираат тие средства во економијата и да покренат нов инвестициски циклус. XX Како прогнозирате дека ќе се развива ситуацијата со неликвидноста и несолвентноста во македонската економија, посебно во услови кога многу компании имаат проблеми со намалени приходи и тешка наплата, и имаат потреба главно од обртни кредити, кои банките, пак, од друга страна ги гледаат како ризични клиенти? Како може да се надмине оваа ситуација? Јанчевски: Состојбата со компаниите по глобалната финансиска криза е далеку полоша од пред кризата и тоа е сосема јасно ако се има предвид дека кризата ги затекна компаниите во фаза кога многу од нив имаа земено кредити за проширување на производството, за набавка на нови машини и технологии, за нови извозни договори, за освојување нови пазари. Кризата беше удар за нив и за банките кои се јавуваат во улога на финансиери. Ние како банки се обидовме да ја релаксираме оваа ситуација со тоа што кај поголем дел од фирмите кои се најдоа во вакви потешкотии им ги намаливме трошоците за камата и им го пролонгираме

нкрот, но има и такви кои се уште имаат големи проблеми


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

24

Интервју

рокот на враќање на кредитите. Многу компании успеавме да ги спасиме од банкрот, но има и такви кои се уште имаат големи проблеми. Но, не се откажуваме. Банката и понатаму ќе нуди финансиска поддршка за компаниите без оглед дали се бараат обртни или трајни средства, бидејќи само преку работа на компаниите може да се надомести она што е изгубено во кризата. XX Во услови кога банките во Македонија имаат и преголема ликвидност, а компаниите им се премногу ризични за кредитирање каде гледате простор за остварување на поголем раст? Аргир: Во моментот, како што и податоците за банкарскиот сектор покажуваат, простор за поголем раст има кај населението. Од почетокот на годината порастот на кредитите на населението е 10,1%, наспроти компаниите каде растот е 1,4%. Кај Банката ситуацијата е слична, растот на кредити на население е 12,8%.

Очекувам дека следната година ситуацијата на пазарот ќе биде слична на оваа и дека ќе имаме поинтензивен раст во сегментот население, особено во делот на станбеното кредитирање, како и кај микробизнисот (мали понови фирми) кој во себе носи развојна компонента и голем потенцијал за успех на пазарот. Станува збор најчесто за фирми кои тргнуваат од идеи, кои наоѓаат сегменти од пазарот што не се покриени со услуги и продукти, кои ги следат потребите на потрошувачите и најчесто успеваат многу брзо да се наметнат. Во тој брз раст и развој на таквите фирми им треба не само стручна финансиска помош, туку често пати и советодавна помош како да го развијат бизнисот и од микро-фирма да оформат претпријатие, бидејќи најчесто станува збор за млади луѓе кои немаат искуство со водење бизнис. Ваквите микрофирми се креатори и на нови работни места дали преку самовработување или преку вработување со искористување на поволностите кои ги нуди државата за овој

тип на претпријатија, и тука ние го гледаме потенцијалот на пазарот кон кој ќе го насочиме во голем дел фокусот на нашата стратегија во следниот период. XX Како политичката неизвесност се одразува врз работењето на НЛБ Тутунска банка и банкарскиот сектор и економијата? Дали компаниите ги одложуваат планираните инвестиции и проекти? Јанчевски: Секоја криза го одлага или забавува инвестирањето бидејќи инвеститорите сакаат сигурност за поврат на средствата и релаксиран амбиент за бизнис. Одлагање можеби на некои проекти кај домашните компании има, но јас многу повеќе би рекол дека политичките кризи влијаат на одвлекување на фокусот на бизнисот и населението од пазарот, а пазарот е тој што може да Ви даде идеја каков бизнис може да водите, какви иновации може да понудите, кои сегменти може да ги покриете со своите производи и да остварите профит. nnn

Аргир: Очекувам раст во делот на станбеното кредитирање



Капитал број 836 06.11.2015

26

www.kapital.mk

Луѓе и компании

БорБа против неЛиквидноста

како да ги менаџирате паричните текови? домашните компании често паѓаат во стапицата да го имаат профитот во билансите, а да ги немаат парите на сметка. со анализа на паричните текови точно знаеме колку пари имаме во секој момент, и затоа оваа алатка ја препорачуваат консултантите за финансии.

пЛанирање: Лоша Ликвидност е посЛедица на Лошо пЛанирање


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

27

П пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Приближно 85% од сите новоосновани компании пропаѓаат во првите пет години од работењето, а најмногу од нив заради недостаток на готовина, велат светските статистики. Според истражувањата на Ернст и Јанг (Ernst & Young), во услови на криза фирмите се однесуваат на следниов начин: отпуштаат вработени и очајно бараат кредити со ниски каматни стапки. И кога кризата ќе помине, се разбира, очекуваат да го продолжат сопствениот раст и развој. Најчесто не се свесни колку е нешто вредно и колку им е важно сè до оној момент кога ќе го загубат. Истата работи важи и за готовината. Големата неликвидност или недостатокот на готовина со која што се соочуваат многу македонски компании во моментов, може да е последица и на недоброто планирање на бизнис процесите, велат домашните стручњаци. Особено малите и средни компании, заради ограничените капацитети често го прескокнуваат правењето на краткорочни и долгорочни планови. Проблем со ликвидноста имаат токму затоа што не испланирале од кои извори ќе го финансираат развојот на производството и продажбата на нов производ, или пак дури и обезбедувањето пари за плати на вработените и намирување на снабдувачите. “Финансиското планирање значи детална анализа на приходите и трошоците, согледување на нужните трошоци без кои фирмата не може да функционира, па анализа на трошоци што може да се намалат без сериозни последици по работењето, и на крајот, да се види дали има трошоци што може целосно да се отстранат“, вели Катерина Бошевска, директор на ЕОС Матрикс и експерт за финансиски менаџмент.

РецеПт за намалување на болката од нелИквИдноста

научете го обРтот на своИте ПобаРувања

Ф

ирмите мора да научат да пресметаат во кој момент е точката каде што треба да престанат со кредитирање на своите клиенти, односно продавање стока или услуга што ја наплаќаат по извесен временски период. треба да знаат кој е обртот на нивните побарувања и како со него да управуваат. зголемената продажба може да има негативни капитални последици по компанијата. таа може да рече, имам побарувања, па ќе земам

кредит за во меѓувреме да се исфинансирам, на крај ќе ми платат и ќе биде сè во ред. но, што ако земете кредит, а побарувањата не ги наплатите. Фирмите одат пребргу со продажбата, мислат дека ако продадат, го решиле проблемот. а, доколку немате наплата, тогаш немате пари да ги платите своите вработени, за маркетинг, за истражување и развој, значи станувате неконкурентни и едноставно пропаѓате, советуваат консултантите.

ПРашања што тРеба да сИ гИ ПоставИте ако сте нелИквИднИ XX каде се нашите пари? XX каде се изворите на (не) ликвидноста? XX дали е проблемот само во недоволната продажба или има и други причини? XX дали недостатокот на готовина се решава само со намалување на трошоците на работењето?

Финансиското планирање е особено важно во време на криза, вели таа, кога е загрозена ликвидноста, па тоа мора да подразбира ревидирање на договорите со снабдувачите и клиентите, во смисла на подобро позиционирање.

XX дали неликвидноста се лекува со земање на краткорочни кредити (макар и со ниски каматни стапки) или кредити за рефинансирање или тоа претставува лекување на срцеви проблеми и висок крвен притисок со помош на шумливи таблети? XX кои се последиците од неликвиднoста?

“Во време на неликвиднос т сите преговараат за роковите на испорака и плаќање, сè со цел да ги задржат клиентите. Најлошо во услови на криза е да се губат клиенти. Но, мора внимателно да одредите до која мера ќе бидете флексибилни.


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

28

Луѓе и компании

В катерина БошеВска директор на ЕОС Матрикс

о компанијата некој мора секојдневно да ги обработува паричните текови и тие долгорочно да се следат. конкретно, во услови на влошена ликвидност треба да се практикува следење на паричните текови на секои 15 дена, а во период на стабилизирање на ликвидноста, доволно е и еднаш во месец дена.

Клиентите што подолго време се лоши плаќачи носат повеќе штета одошто корист на вашата компанија“, истакнува Бошевска.

профитот е тука, но реално ги немате парите

Во рамки на финансиското планирање во компанијата, е планирањето на паричните текови и оваа алатка е многу корисна за подобрување на ликвидноста велат стручњаците за финансии. За жал, таа се користи претежно во поголемите компании, но следењето на паричните текови треба да е секојдневен процес во сите фирми.

сопственикот не ја гледа фирмата исто како професионалниот менаџер

е

дна од причините што отсуствува квалитетно бизнис планирање кај македонските мали и средни компании, а со тоа и планирање на финансиите, според стручњаците, е и концентрацијата на сопственоста и менаџирањето во една иста личност. кај домашните бизниси многу често не се прави разграничување на тоа што е сопственик, а што менаџер. основачот - сопственикот на компанијата, обично се грижи за сè, и често не сака да признае дека му фали знаење и искуство за одредени процеси, како што е планирањето на паричните текови.

Подготовка и објавување на извештајот за паричните текови кај македонските компании, е неопходен за целосно согледување на работењето на фирмата за периодот на известувањето, и особено за планирањето на идното работење, сметаат стручњаците. “Во компанијата некој мора секојдневно да ги обработува паричните текови и тие долгорочно да се следат. Конкретно, во услови на влошена ликвидност треба да се практикува следење на паричните текови на секои 15 дена, а во период на стабилизирање на ликвидноста, доволно е и еднаш во месец дена“, вели Бошевска, од ЕОС Матрикс.

Една работа е колкава е добивката, а друго е колку е компанијата ликвидна. Компаниите водени од мислата да бидат профитабилни, не водат сметка колку од тој профит имаат на својата сметка. Профитот е суштината на бизнисот, точно, но тој треба да е расположив откако ќе ги намириме сите трошоци. Фирмите многу често несвесно влегуваат во проблеми заради неправилното дефинирање на роковите на наплата и рокови на исплаќање обврски. Ако се наруши тој баланс, тогаш се јавуваат проблемите на ликвидноста. Профитот е тука, но вие реално ги немате парите. n n n



СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

МАшкО здРАвЈЕ

20

ноември

2015

Петте најчести Причини за смрт на мажите и како да ги Превенирате една од причините зошто жените во просек живеат подолго од мажите е поголемата грижа за нивното здравје, велат светските истражувања. во овој специјален прилог нудиме совети за “посилниот пол“ за тоа како да ја подобрат оваа статистика: кои се најголемите опасности за здравјето на мажите, како да се превенираат, кои се топ пет намирници за машкото здравје и уште многу корисни совети за подобар имунитет на мажите.

l инфаркт l рак на белите дробови l ненамерни Повреди l хронични ресПираторни болести l мозочен удар ова се петте најчести причини за смрт кај мажите: n Совети за превенција од

срцеви заболувања n Ракот на белите дробови не ги напаѓа само пушачите n Загадениот воздух го зголемува ризикот од бронхитис, астма и воспаление на белите дробови: како да си помогнете во магливите зимски денови n Високиот крвен притисок е главна причина за мозочните удари: како да се заштитите

l TоП 5 намирници за подобро здравје на мажите

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА МИХАЈЛОвСкА


Рок за пРијавување: 18 НОември 2015

Eднодневен семинар на тема:

ИНСТРУМЕНТИ НА НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКИОТ СИСТЕМ l 20 ноември 2015 година (петок) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт Концепт, скопје

СОДРжИНА: 1. ТРГОВСКИ ИНСТРУМЕНТИ Директни l Квалитативни (царини, увозно – извозни такси, авансен депозит при увоз и субвенции - переференции и премии) l Квантитативни (стоковен контингент, доброволна извозна квота, забрана за увоз и извоз и увозно-извозни дозволи) Индиректни l Државна трговија (увозно-извозни монополи) l Рестриктивна деловна практика l Антидампиншки мерки l Потекло на стоката 2. НЕТРГОВСКИ бАРИЕРИ Нецарински наспроти нетрговски бариери l Технички стандарди l Стандарди за квалитет l Еколошки стандарди l Ознаки за органски производи

ОЕЦД - монитринг за откривање и елиминирање на нетрговските бариери во ЦЕФТА – 2006 l Рамка на ОЕЦД за оценка на техничките стандарди во ЦЕФТА-2006 l Рамка за оценка на санитарните и фитосанитарните стандарди на ОЕЦД l Рамка за оценка на административните бариери на ОЕЦД бали-пакет на Светската трговска организација – Спогодба за олеснување на трговијата

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОбУКАТА:

За сите економски оператори активно инволвирани во надворешно-трговското работење, како и за сите оние кои планираат да започнат со пласирање на своите производи на странски пазари. ПРЕДАВАч Д-Р ИРЕНА КИКЕРКОВА

редовен професор и шеф на Катедрата по надворешна трговија на економски факултет при УКим.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962



www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

61

пРофил

кој е ЏасТин ТРудо, новиоТ лидеР на канада?

од боксеР до пРемиеРска фоТелја

Р

Роден во времето кога неговиот татко Пјер Трудо беше на премиерската функција, новиот лидер на Канада преку заобиколени патеки влезе во политичките води. Сепак, четири децении подоцна, Трудо за кратко време го доби светското внимание на своја страна, а Канада со години претходно не била тема од светски интерес, како што е

со изјавите за легализација на марихуаната и повлекување на борбените авиони од ирак и сирија, новиот премиер на канада стана најозборуваниот политичар во светот. канаѓаните со нетрпение ги очекуваат реформите кои во предизборната кампања ги најави Трудо, додека останатиот дел од светот ги мери евентуалните последици/ придобивки доколку новиот лидер на канада навистина стави крај на воените мисии на истокот. денес. Само пред неколку месеци, беше тешко да се поверува дека Џастин Трудо ќе биде новиот премиер на Канада. Заземајќи го третото место на анкетите за време на кампањите, поголемиот дел од јавноста гледаше на Трудо како на млад човек (тој има 43 години) и многу неискусен да успее

да ја помести неговата Либерална партија на прво место, по дебаклот кој оваа партија го доживеа за време на изборите во 2011 година, кога освои најслаб можен резултат добивајќи само 34 места во 338 члениот Парламент. Сепак, на изненадување на многумина, Трудо успеа да го освои тронот и да ја

ТРудо: За мене моеТо поЗнаТо пРеЗиме е и благослов и каЗна


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

62

Профил

Кои се промените кои за почеток ги најави Трудо? XXВладата на Канада да биде транспарентна XXЌе обезбеди Канаѓаните и понатаму да ја добиваат поштата пред нивните врати XXЌе ги направи даноците по фер со тоа што ќе го скрати даноците за средната каласа XXЌе инвестира повеќе во јавниот транспорт и во зелената инфраструктура XXЌе ги отвори одново вратите на Канада за имигрантите, особено оние кои веќе имаат семејства во Канада, а во земјата ќе бидат добредојдени и повеќе бегалци од Сирија XXЌе ги намали трошоците за војската, прес се преку повлекување на борбените авиони од ирак, мисија на која вети дека ќе стави крај XXЌе ги зајакне мерките за контрола на оружје XXЌе ја легализира, регулира и ќе го ограничи пристапот до марихуана. Доколку го направи тоа, Канада ќе биде втора држава во светот после Уругвај која целосно го легализира пазарот со канабис

наследи функцијата што пред 40 години ја извршуваше неговиот татко- премиер на Канада. Но популарноста на Трудо, не доаѓа само поради фактот што поранешниот син на канадски премиер успеа да стави крај на децениското владеење на Стивен Харпер и на Конзервативната партија, туку поради прогресивните и радикални реформи кои вети дека ќе ги направи во земјата, насочувајќи го компасот на оваа држава кон сосема нов курс. Со изјавите за легализација на марихуаната и повлекување на борбените авиони од Ирак и Сирија, новиот премиер на Канада стана најозборуваниот политичар во светот. Така, Канаѓаните со нетрпение ги очекуваат реформите кои во предизборната кампања ги најави тој, додека останатиот дел од светот ги мери евентуалните последици/ придобивки доколку новиот лидер на Канада навистина стави крај на воените мисии на Истокот.

Кој е навистина Трудо?

На 43 годишна возраст, тој го нема политичкото досие на неговиот познат татко, но ниту она не неговиот претходник Стивен Харпер, човекот од кој ја наследи

Со семејството Боксот е неговата пасија Трудо пред фановите за време на предизборната кампања

премиерската функција. Всушност, многумина во Канада го опишуваа како ново лице на политичката сцена кое не ги поседува потребните карактеристики за да се најде на ваква важна функција. Но, Трудо покажа дека знае да изненади. Особено за време 78- дневната кампања за изборите која му ја донесе победата. Роден во 1971 година, како прво дете на премиер Пјер Трудо, многумина денес ја раскажуваат анегдотата според која наводно поранешниот претседател на САД Ричард Никсон предвидел дека токму Џастин ќе биде премиер на Канада. Според раскажувањата, Никсон во 1972 година (неполна година од раѓањето на Џастин) бил во официјална посета на Канада, кога на неформалната вечера во куќата на канадскиот премиер Пјер Трудо наздравил со зборовите: „Би сакал да направам здравица за идниот премиер на Канада- Џастин Пјер Трудо“. Но, ако се суди според работните места кои Џастин ги имал се до пред неколку години, Никсон не можел да биде повеќе грешка. И покрај тоа што раните детски години ги поминал во фокусот на политичката јавност, поради тоа што татко му бил

ШТо рече за: ДаноциТе: "Ќе се покачат даноците на богатите за 1% со цел да се финансира укинувањето на даноците за средната класа" МарихУанаТа: "Ќе ја легализираме и регулираме употребата на марихуаната" аборТУСоТ: "ниту една владата нема право да одлучи што една жена сака да прави со нејзиното тело"


www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

63 премиер, подоцна, по завршувањето на мандатот на неговиот татко, Џастин сосема се повлекол од јавноста. Всушност и изборот на образование, а подоцна и работни места кои ги имал немале никако допир со јавниот, уште помалку со политичкиот живот. Додека студирал англиска и француска литература на Универзитетот МекГил во Монтреал, Џастин работел како инструктор за сноуборд, но и како обезбедување во еден ноќен клуб. Подоцна, тој станува професор во средно училиште во Ванкувер. Според пишувањата на светските медиуми, освен како професор Џастин работел и како тренер по банџиџампинг, глума, а она по што многумина го познаваат и тврдат дека му е пасија на сегашниот премиер е боксувањето кое честопати го правел и за хуманитарни цели. Вниманието на јавноста, после детството, повторно го добива дури во 1998 година, кога неговиот брат Мајкал ќе загине во снежна лавина. Две години подоцна пак, неговиот говор од погребот на татко му бил пренесуван во живо. Симпатиите на јавноста тој ги добива по смртта на брат му и татко му, кога се погласно почнал да ги застапува прашањата поврзани со екологијата и климатските промени. Особено поради фактот што неговиот брат загинал од снежна лавина. Токму поради тоа тој дури сакал

да формира и Центар во кој ќе се адресираат проблемите поврзани со вакви и други климатски проблеми. Сепак, неговата политичка ка р и ер а з а п оч ну в а години подоцна, во 2007, со неговата успешна кампања за време на локалните избори. Но, дури во 2013 година тој седнува на лидерското место на Либералната партија, точно 45 години и една недела откако неговиот татко го освоил тоа место. За време на кампањата во 2013 година, тој тврдеше дека тоа што има така познато име и презиме во исто време за него било и благослов и казна. „Секогаш знаев дека ако и јас запливам во политичките води, тоа ќе биде многу подоцна во мојот живот. Знаев дека предизвикот со кој ќе се соочува целиот мој живот ќе ги прави луѓето да мислат дека очекувам се да ми биде дадено на тацна во политиката поради моето презиме, дека ете имам право да бидам во политиката бидејќи и мојот татко и мојот дедо беа во политиката“. Како и да е, веќе во 40-тите години од неговиот живот Трудо конечно ја наследи

10 03 November - bitola, hotel “epinal” 05 november - skopje, hotel “aleksandar palace” 06 november- skopje MBC skopski saem, cityhall more info on: www.facebook.com/European-Business-Association

професијата што претходно ја извршувале неговиот татко, но и неговиот дедо. За почеток, радикалните реформи кои ги најави, брзо и молскавично му ја донесоа славата што некогаш ги имале и неговиот дедо и неговиот татко. Дали ветувањата кои го донесоа на власт, ќе го направат и првиот човек по подолго време кој ќе ја внесе Канада во нов правец, останува да се види. Засега тој има се што му е потребно за да го направи она што го вети. Огромното мнозинство што го има во Парламентот му го дава таквиот луксуз. Дали ќе го искористи, ќе покажат годините пред него. nnn




www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

66

менаџмент

Евтините пари им се најпривлечни на директорите кои сакаат да купат раст, наместо самите да го создаваат

време за евтино купување фирми

Година на меГа спојувања изобилието на евтини пари во глобалниот финансиски систем го поттикна најголемиот раст на мега спојувања и преземања на компании од светската финансиска криза во 2008 година, при што нивната вредност до крајот на септември годинава е речиси 90% поголема во споредба со истиот период лани

О

д јануари до септември годинава во светот се договорени 45 спојувања и аквизиции на компании во вредност од над 10 милијарди долари. Вкупната вредност на спојувањата достигна 1.200 милијарди долари и е поголема за 89% во споредба со истиот период лани. Последниот пример е минатонеделната информација од страна на американскиот фармацевтски див Pfizer дека планира да го купи Allergan, најпознатиот производител на ботокс, чија пазарна вредност надминува 110 милијарди долари. Новиот бран на спојувања почна во САД за да во 2014 година премине во Европа. “На располагање има огромна количина на кеш, каматите се многу ниски и можат да се добијат кредити по многу добри услови”, велат од консултантската куќа Aurel BGC. Според нив, растот преку спојувања и преземања може да биде лесна опција, но може да вклучува и големи ризици за големите структури. “Тешко е да се спојуваат култури”, велат од Aurel BGC, потсетувајќи на спојувањето помеѓу Nokia и Alcatel Lucent. Оваа констатација се потврдува и преку спојувањето на AOL и Time Warner во првата деценија на 21 век, договорено за време на интернет балонот, кое подоцна беше откажано. Евтините пари им се најпривлечни на директорите кои сакаат да купат раст, наместо самите да го создаваат, посебно во период на умерен економски раст. Заради ниската инфлација на компаниите им е многу тешко за постигнат органски раст, бидејќи инфлацијата околу нулата ги притиска приходите. Кај преземањата, најактуелното е во секторот на производство на пиво, каде гигантот Anheuser-Busch InBev, во чие портфолио се Beck’s, Budweiser, Stellа Artois …, се подготвува да го преземе конкурентот SABMiller во трансакција вредна над 120 милијарди долари кога ќе се вклучи и долгот. И покрај погоре споменатите ризици, големиот бран на спојувања и преземања, се чини ќе потрае, сметаат аналитичарите, кои очекуваат и во 2016 година да има умерен, но добар почеток на глобални активности на спојувања и аквизиции, по рекордната 2015. Уште еден тренд на кој посочуваат аналитичарите е зголемениот интерес на инвеститорите кон развиените економии како САД, Германија и Англија. И покрај ризиците, се чини дека бранот на големи спојувања ќе потрае. Аналитичарите предвидуваат дека по рекордната 2015 година, и следната 2016 година ќе биде добра за глобалните активности на спојувања и аквизиции. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 836 06.11.2015

68

МенаџМент

П

Парите и бизнисот

арите се важни во секој бизнис. Кој ќе заборави на нив, може лесно да пропадне. Но, оној кој во бизнисот главна цел му се парите никогаш нема да порасне доволно голем. Многу од најуспешните и најбогатите луѓе сметаат дека никогаш не треба да се трча по парите, зошто така никогаш нема да ги стигнете. Ако се работи напорно и квалитетно со посветеност на тоа што се работи, тогаш парите неминовно ќе дојдат.

тони Шеј

диркетор на Zappos

не се вратив во Apple за да правам пари. Моето богатство на 25 години изнесуваше околу 100 милиони долари. одлучив дека нема да дозволам парите да ми го уништат животот. никогаш не го гледам богатството како нешто кое ја вреднува мојата интелигенција

1

ако не сакате да бидете критикувани, тогаш никогаш не правете нови работи

стив џобс основач на Apple

џеф безос

основач на Амазон

Добро е да славите за успехот, но многу поважно е да ја научите лекцијата од неуспехот

2

4

5 заработените пари делуваат поснажно делува од парите кои сте ги добиле во наследство

бил Гејст

основач на Мајкрософт

КирК КерКоријан американски бизнисмен

6

Мојата цел никогаш не беше да направам купишта пари. Целта беше да направам подобри компјутери

3

стив возниаК ко-основач на Apple

секогаш следете ја визијата, не ги бркајте парите. на крајот парите ќе ве следат вас

ДејвиД КарП Tumblr

7

има многу богати луѓе во светот. но, има ногу малку луѓе кои имаат привилегија да иновираат работи кои милијарда луѓе ќе ги користат


!"#

Đ˜Đ—Đ‘Đ•Đ Đ•ТĐ• ĐˆĐ? Đ’Đ?ШĐ?ТĐ? ĐžĐœĐ˜Đ›Đ•Đ?Đ? Đ‘ĐžĐˆĐ? ĐĄĐ•Đ“Đ? Đ˜ Đ?Đ? Đ’Đ?ШĐ˜ĐžТ

LENOVO 305 LAPTOP IdeaPad 305-15IBD IntelÂŽ Core™ i5-5200U Processor 4GB DDR3 1TB 5400rpm 15,6" HD AG + Camera ATI EXO PRO R5 M330 DDR3L 2G DVD-RW/ Wi-Fi/ HDMI Card reader/ Bluetooth 2,1kg / Windows 10 Home/ 24m. Warranty цона:

INet

Services

Đ˜Đ?Đ•Т - Đ?Đ’ТĐžĐ Đ˜Đ—Đ˜Đ Đ?Đ? ЛЕĐ?ОВО ĐĄĐ•Đ Đ’Đ˜ĐĄ e-mail: services@inet.com.mk

41.990 донаŃ€и Ń Đž ДДВ

Đ—Đ? Đ&#x;ĐžĐ’Đ•ĐŒĐ• Đ˜Đ?ФĐžĐ ĐœĐ?ĐŚĐ˜Đ˜: A: Đ?Ń‚Đ¸Đ˝Ń ĐşĐ° 12 - ХкОпŃ˜Đľ E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk T: 02/ 3090.625


www.kapital.mk

Капитал број 836 834 06.11.2015 23.10.2015

70

лидери

Џак Ма

осНовач На алибаба

Никогаш Не влегувајте во брак со власта!

кинескиот претприемач Џек Ма е еден од пионерите во електронската трговија. во 1999 година ја основаше страницата alibaba.com со кој внесе вистинска револуција во начинот на купување преку интернет. Минатата година кога Alibaba излезе на берза и ја направи својата прва јавна емисија на акции во која собра близу 22 милијарди долари, вредноста на компанијата беше проценета на 231 милијарди долари. тој денес е еден од најбогатите луѓе во светот и еден од најуспешните претприемачи кои имаат многу корисни совети за сите оние кои сакаат да успеат во бизнисот.

Никогаш не се откажувајте. Денес е тешко, утре ќе биде полошо, но денот после утре ќе биде сончев.

Никогаш не недостигаат пари. Ни недостигаат луѓе со соништа, луѓе кои се подготвени да умрат за тие соништа.

Никогаш не конкурирајте со цена. Конкурирајте се со услуга и иновација.

Ако сме добар тим и знаеме што сакаме да постигнеме, тогаш еден од нас може да ги победи десетмина од нив.

Се трудам да се направaм себеси среќен. Бидејќи знам дека ако јас не сум среќен, моите колеги не се среќни, ниту моите акционери и моите потрошувачи не се среќни.

Никогаш не правете бизнис со владата. Бидете во љубов, но никогаш немојте да склопувате брак со нив.

Кога сте мали, морате да бидете многу фокусирани и да се потпрете на вашиот ум, не на вашата сила.

Во бизнисот ви се потребни вистинските, не најдобрите луѓе.

Ако сакате да бидете голема компанија, размислете кој социјален проблем можете да го решите.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.