837 kapital magazin 1

Page 1

БАНКИ И БИЗНИС ЛОШИТЕ КРЕДИТИ КАЈ ФИРМИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ 2,5 ПАТИ ЗА 5 ГОДИНИ!

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ КАКО ДО JOINT VENTURE ВО МАКЕДОНИЈА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ПРЕТПРИЕМНИШТВО СО ДОБРА ИДЕЈА ДО БИЗНИС И СО МАЛКУ ПАРИ

WWW.KAPITAL.MK

3,2% 2,7%

2,3%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

3,8%

ПОРАСТ НА БДП

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ НА ЕВРОПСКИОТ

СПЕЦИЈАЛЕН ТЕЛЕКОМ ПРИЛОГ ПАЗАР

БРЕНДОВИ

И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

БОРБАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ БРЕНДОВИ ИЗВОЗ? КАКО ПРОТИВ КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

СВЕТСКАТА КОНКУРЕНЦИЈА? ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН

ОД ДРЖАВАТА СЕ  КОЛКАВИТРЕТМАН  НАЈМОЌНИТЕ

-0,5%

ЈАВЕН ДОЛГ

2010

2011

2908,80

2414,90

1936,30

( милијарди евра )

2012

2014

2013

2015*

3941,40

2013

3921,30

2012 2 012

3281,40

2011

2014

COVER STORY ЗА ШТО СЕ ЗАДОЛЖУВА МАКЕДОНИЈА?!

 ПЕТ НАЧИНИ ДА ШАНСИТЕ НА КАКВА ИДНИНА СВЕТСКИ ЗАШТИТИТЕ БИЛДЕРБЕРГ: КРОИ СВЕТСКАТАЈАВЛАДА? МАКЕДОНСКИТЕ БРЕНДОВИ ОНЛАЈН КОМПАНИИ ВО APPLE РЕПУТАЦИЈАТА НЕКОЈ “АДРИА“ НЕПРИКОСНОВЕН НА ВАШИОТ БРЕНД? НА ВРВОТ БРЕНД БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

СПЕЦИЈАЛЕНПРИЛОГ

БРЕНДОВИ БОРБАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ БРЕНДОВИ КАКО ПРОТИВ СВЕТСКАТА КОНКУРЕНЦИЈА?

ЗА ПЕТ ГОДИНИ ЕКОНОМИЈАТА ПОРАСНА 11,7%, А ЈАВНИОТ ДОЛГ ЗА 103%!

INTERVIEW

ГЛИГОР БИШЕВ

претседател на Европската бизнис асоцијација и претседател на УО на Шпаркасе банка БРОЈ 837 | ЦЕНА 100 ДЕН. 13 НОЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ИДЕЈАТА И ИНОВАТИВНОСТА СЕ КЛУЧОТ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ И ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

Крај на вечната власт на ХДЗ и СДП во Хрватска



3

Капитал број 837 13.11.2015

СодРжИНа

40

20 04

Profile

Главниот економист во МоСТ е за радикални економски реформи во Хрватска

08 НавИГаТоР од пржинскиот договор ни зависи европската перспектива

10

cover story

18

капИТалНо

20

ИНТеРвју

За што се задолжува Македонија?! Фирмите тонат во “лоши” кредити ГлИГоР БИшев

претседател на Европската бизнис асоцијација и претседател на УО на Шпаркасе банка

Идејата и иновативноста се клучот за просперитет и економски напредок

24

пРеТпРИеМНИшТво

европска недела на мали и средни претпријатија

28

БаНкИ И БИЗНИС

Македонските фирми заглавија во банките Лошите кредити кај фирмите зголемени 2,5 пати за пет години!

32

коМпаНИИ И паЗаРИ

36

БалкаН

40

ФИлМ

42

42 47

Борбата на македонските брендови Како против светската конкуренција? n Колкави се шансите на македонските компании во некој “Адриа“ бренд? n Најмоќните светски брендови Apple неприкосновен на врвот n Пет начини да ја заштитите онлајн репутацијата на вашиот бренд n Совети за маркетинг директорите Каде треба да се фокусира вашиот тим за да изгради бренд што трае

Трендот на уривање на бипартизмот продолжи во Хрватска Мост ја укина вечната власт на ХДЗ и на СДП

МеНаџМеНТ

како да менаџирате како Сер алекс Фергусон?

БРеНдовИ n

јoint venture во Македонија Македонските бизнисмени тешко се договараат за заеднички бизнис

последниот Македонец патот до истребување Порака за иднината да не се повтори минатото

СпецИјалеН пРИлоГ

77 лИдеРСТво Рекоа за...

Инвестирањето

78

лИдеРИ

елоН МаСк

претприемач и иноватор

Не се плашете од неуспехот

Задолжување

деН На пРеТпРИеМачоТ

поСледНИоТ МакедоНец

Владата и нејзините институции, општините и јавните претпријатија денес должат над 100% или два пати повеќе пари отколку во 2010 година, а во истиот период економијата порасна само 11,7%. Толкава е економската преродба што и се случи на Македонија во време кога властите потрошија 2 милијарди евра земени како кредити.

Ако имате добра идеја може да се претвори во бизнис и со малку пари, изјави претседателот на Европската бизнис асоцијација (ЕБА), Глигор Бишев, одбележувајќи го Европскиот ден на претприемачот и Европската недела на мали и средни компании. Тој истакна дека од 101.600 регистрирани компании во Македонија, дури 98.000 се мали и средни.

Освен извонредната и квалитетна екранизација, повеќе од одличната медиумска промоција и уникатниот начин на рекламирање, сепак она што најмногу импонира во однос на овој филм е приказната која ја разработува: приказната која на најсликовит можен начин го прикажува најстариот и најпознат македонски “квалитет“- поделбите и неслогата.

XX Стр. 10

XX Стр.24

XX Стр.40

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 12.11.2015


profile

www.kapital.mk

иван ловриновиќ, професор и поранешен декан на економскиот факултет во загреб, кој е дел од мост и се смета за еден од креаторите на економските реформи, смета дека погрешната монетарна политика и погрешната политика на девизниот курс во изминативе години го скршија рбетот на хрватскиот извоз.

Главниот економист во мост е за радикални економски реформи во Хрватска

Против стабилен курс и девизна клаузула, а за Печатење Пари!


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

5

profile

С

толбот на предизборната програма на партијата Мост е даночното растеретување на фирмите и бизнисмените и п р е фр л у в а њ е н а д е л од даночниот товар врз сопствениците на недвижности. Монетарната политика во изборната програма не се споменува многу во детали. Но, Иван Ловриновиќ, поранешниот декан на Економскиот факултет во Загреб, кој е еден од изборните победници и главен економски стратег во Мост има прилично радикални ставови и е голем противник на монетарната политика која Хрватска ја води во изминативе две децении. Во програмата не пишува како би изгледал новиот даночен систем, ниту како би се пополнила празнината која би се случила со намалување на даноците. Тука веројатно би стапиле на сцена реформите и политиката на штедење за кои зборува првиот Човек на Мост, Божо Петров. Од сите 19 пратеници кои победија во Мост, јавноста најмногу знае за Иван Ловриновиќ, професор и поранешен декан на Економскиот факулет во Загреб, кој се приклучи на оваа партија во август, а во март годинава влезе во политиката основајќи своја политичка партија.

Порадикално не може да биде

Ива Ловриновиќ веќе подолго време го разработува својот влез во политиката. Јавноста го знае исто така и како лидер за Здружението Франак, односно како човек кој ја сруши девизната клаузула во Хрватска. Веќе е повеќе од извесно дека со победата на Мост, тој ќе игра важна улога во новата извршна власт. Ловриновиќ е професор по Монетарна политика кој веќе подолги години заговара флексибилен курс и поинаква монетарна политика во Хрватска. Според него, Хрватската народна банка (ХНБ) треба директно да го финансира државниот буџет, да отвори големи кредитни линии за компаниите, да се определи за таргетирана инфлација, да ја укина девизната клаузула или со еден збор да оди со експанзивна монетарна политика. Ова се прилично радикални ставови кои ретко се слушаат јавно од некој економски експерт во Хрватска. Досега на сите негови сугестии од ХНБ одговараа дека тоа би било чиста лудост со која во државата би се срушил и единствениот столб на стабилноста, која би придонела за одлив на капиталот и ќе ја врати земјата во времето на висока инфлација. “Тенденција во хрватската економија е дека курсот на куната самиот ќе се сруши заради значително посилниот раст на побарувачката за девизи во споредба со понудата на девизи. Токму тоа ќе доведе до вистинска девалвација, и веќе нема да треба никој да ја бара. Водењето на погрешна политика на девизниот курс со години наназад го скрши рбетот на хрватскиот извоз, бидејќи за целото време се занемаруваше промената на односите помеѓу домашните и странските релативни

какви економски реформи ќе бара мост?

П

рограмата на хрватската партија мост, која најверојатно ќе го добие премиерското место при евентуална коалиција било со Хдз или сдП, е прилично реформска, но и радикална во делот на економските мерки кои тие сметаат дека треба да се спроведат. еве што може да се очекува:

XX помали даноци за фирмите и претприемачите XX поголеми даноци за големите сопственици на имот XX експанзивна монетарна политика XX флексибилен девизен курс XX повеќе кредити за извозниците XX поддршка на домашното производство цени”, нагласува Ловриновиќ. Тој смета дека економските програми на двете најголеми партии ХДЗ и СДП се исти како јајце на јајце. “Кога малку човек подобро ќе размисли, тоа и не е чудно, бидејќи тие две партии, односно нивните влади, од 1993 година до денес спроведуваат потполно ист модел на економска политика”. Тој модел во својата суштина е антиинфлациски, кој по успешното совладување на високата инфлација во 1993- 1994 година, требаше да биде заменет. Како таков тој во себе има вградени прорецесиски механизми. Неговиот главен столб и темел се фиксниот девизен курс на куната во однос на еврото и стабилноста на цените. На СДП и ХДЗ во изминативе години не им ни падна на памет да ја променат филозофијата на своите економски програми”, објаснува Ловриновиќ, додавајќи дека во сите овие години овие две партии немале сила јавно да кажат дека треба да се реформира монетарниот и банкарскиот систем во смисла на значително намалување на каматните стапки и зголемување на ликвидноста на компаниите. Тој смета дека во Хрватска двете најголеми партии не зборуваат ниту за погрешната кредитна политика на банките, која пред се е насочена кон поттикнување на потрошувачка и финансирање на увозот, а не на развојот

на домашното производство.

Програмите на сдП и Хдз против извозниците и домашните производители

Според Ловриновиќ, во програмите на ХДЗ и СДП се вградени истите оние интересни лоби групи на кои од 1993 година до денес единствено им е добро. “Од друга страна, извозниците и сите домашни производители со години беа притискани со нереалниот девизен курс на куната, скапите кредити и останатите пречки кои ја рушеа нивната конкурентност. На овој голем терет врз домашната економија, уште треба да се додаде и гломазната и неефикасна администрација”, вели Ловриновиќ. Според него, треба да се даде одговор на тоа како да се реши дефлацијата која ги намалува приходите на претпријатијата, а со тоа ја зголемува невработеноста? “За тоа е потребна експанзивна монетарна политика која би резултирала со з н ач и те л ч н и н а м а л у в а њ е н а каматните стапки на кредитите и со тоа би се поттикнале инвестициите. За тоа СДП и ХДЗ не зборуваат ништо со години, бидејќи со тоа ќе се отвори прашањето на функционирањето и мисијата на Хрватската народна банка. Тие немаат сила и волја за такво барање, а ниту решенија кои би биле конзистентни”, смета Ловриновиќ nnn


6

Капитал број 837 13.11.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

И

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

WWW.KAPITAL.MK

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

10

денари, заштедете

...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

 ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

 ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС

 ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ

ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

WWW.KAPITAL.MK

СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

 НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ

70

МИЛИОНИ ЕВРА ОХРИД – ПЕШТАНИ

60

МИЛИОНИ ЕВРА

 ОТКУП НА СТАЖ

НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

50

МИЛИОНИ ЕВРА

 АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА

ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија

ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!

45

МИЛИОНИ ЕВРА

WWW.KAPITAL.MK

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот

БЕТОН Б ЕТОН ДОБИТНИ НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

евра 200 милиони Од каде пари?

 МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО

ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ

ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?  КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ

НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

INTERVIEW

ГРАДСКО - ПРИЛЕП

 ЕКСПРЕСЕН ПАТ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ПОЛИТИКА

12 месечна претплата 4.100 денари

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА

ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?

ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!

специјален прилог - семејни бизниси

COVER STORY

6 месечна претплата 2.200 денари

COVER STORY

ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

19,7%

е зголемен бројот на издадени одобренија за градба во септември 2015 во однос на истиот месец лани

БИл ГеЈТС

американски милијардер

Ќе се посветам на решавање на енергетската криза во светот и за таа цел ќе вложам две милијарди долари. Слободниот пазар нема финансиски поттик за развивање на алтернативни извори на енергија со брзина, која ни е потребна.

АлКАлОИд СО РАСТ НА ИЗВОЗ

Ф

армацевтската компанија Алкалоид во првите девет месеци годинава остварила вкупни консолидирани продажби од 95,5 милиони евра (5,8 милијарди денари), што е раст од 6% во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата во истиот период достигна 56,7 милиони евра, и тој е зголемен за 10% во споредба со истиот период лани. Зголемување од 1% е забележано и

победник на неделата

Ќе иМаМе препОрака или не Ќе се знае пО изб

Од пржинскиОт дОгОв ни зависи еврОпската БОжО ПеТРОВ

+

Биполарноста на хрватската политичка сцена после 25 години независност е конечно скршена. Мост е првата либерална партија која ја крши доминацијата на ХДЗ и СДП и која освои доволен број на пратеници за да може да одлучува кој ќе ја формира новата хрватска влада. Успехот на Мост е уште поголем ако се знае дека програмските начела на партијата изобилуваат со либерални доктрини кои традиционално тешко поминуваат на овие простори. Интересен е и фактот дека партијата е формирана само пред три години од луѓе кои скоро никогаш не се занимавале со политика. Домашни, но и странски аналитичари и познавачи на хрватската политичка сцена веќе го коментираат успехот на Мост како голема победа на демократијата во Хрватска која неминовно позитивно ќе се одрази на претстојните политички текови во земјата и на општиот демократски амбиент. Со оглед на либералните сфаќања на раководството на оваа партија граѓаните очекуваат и прв сериозен економски скок на земјата после неколку кризни години. Ваквите надежи дополнително ги подгреваат и смелите најави за Петров за големи реформи во делот на администрацијата и непродуктивните трошоци на државата. Прашањето кое се поставува е дали Хрватска во овој нов лидер конечно ќе добие визионер кој ќе гледа малку подалеку од популистичкиот резултат на следните избори.

Засега, Европската комисија ќе ја задржи препораката за датум за преговори со Македонија, меѓутоа, напролет, по завршувањето на изборите закажани за 24 април, Комисијата преку пролетниот извештај ќе соопшти дали сега условената препорака останува да важи или не. Тоа пак, како што рече еврокомесарот Јоханес Хан, најмногу ќе зависи од политичката волја на сите актери во земјава да спроведат длабоки реформи и слободни и фер избори

М

Македонија, барем до крајот на април 2016 година, за кога се закажани предвремените парламентарни избори, останува со препораката за датум за преговори од Европската унија. Дали по изборите истата ќе биде продолжена или не, ќе зависи од имплементацијата на Договорот од Пржино и волјата на политичарите да ги ослободат институциите од своите

политички влијанија. Ова е пораката што ја пренесе еврокомесарот Јоханес Хан за време на презентацијата на Извештајот за напредокот на Македонија. Од ваквата одлука, јасно станува дека Комисијата, по неколкуте одложувања на Извештајот, сепак одлучи да и даде „жолт картон“ на Македонија и можност да ги поправи политичките состојби до одржување на изборите. Дали, дотогаш, како што беше случај и до сега, Комисијата преку своите претставници повторно ќе гаси „пожари“ и ќе мора да интервенира и прави притисок за исполнување на реформите, останува да се види. Ова, веројатно најмногу ќе зависи од тоа како властите ќе ги читаат забелешките во Извештајот, но и како истите ќе ги спроведуваат. Токму поради тоа, како што рече еврокомесарот Хан, од оваа година Комисијата има нов пристап во Извештајот


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

9

зоТ од 10% И 79 НоВИ ВраБоТуВаЊа кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација или ЕБИТДА, која во првите девет месеци годинава достигнува 13,6 милиони евра (841 милиони денари).Нето консолидираната добивка на компанијата во истио период изнесува 7,5 милиони евра (462 милиони денари)и е зголемена за 5% во споредба со истиот период лани, покажува консолидираниот Биланс на успех на Алкалоид. Алкалоид во првите девет месеци инвестирал вкупно 8,6 милиони евра (530.367илјади денари), а во истиот период компанијата направила 79 нови вработувања.

мисла на неделата

> Бројка

2,9

милијарди евра извезла Македонија во првите девет месеци од 2015 година

лидери

замката на богатење на сметка на сиромашните е во тоа што без разлика во каков бизнис да го вложите вашето богатство ќе нема кој да ги купи вашите производи и услуги, бидејќи потенцијалните потрошувачи се веќе осиромашени

Џефри Сакс

американски економист

губитник на неделата

бОрите

вОр а перспектива каде сите забелешки и барања ги пишува на попрецизен и појасен начин, со цел место на толкување на истите, властите да се насочат кон нивно имплементирање. До тогаш, сумирано, ова се 1о-те главни реформи кои Брисел бара Македонија да ги исполни до април: XX Партиите посветено да работат и да ги имплементираат сите договорени реформи од Договор од Пржино XX Властите да демонстрираат вистинска политичка волја да обезбедат целосен независен судски систем XX Да се обезбеди непречено работење на новоназначениот специјален обвинител XX Буџетот треба да биде повеќе насочен кон раст и вработување, а создавањето на буџетот да се прави потранспарентно XX Политички и правни акции, наспроти само донесување закони, се многу потребни за да се адресираат предизвиците во однос на изборите и изборниот законик XX Не е преземена доволна одговорност од страна на властите за сериозните прекршувања во Управата за безбедност и контраразузнавање со цел да се заштити незаконско преслушување на приватната комуникација на граѓаните XX Да се стопира и да се направи ревизија на спроведувањето на Законот за трансформација на привремените договори во постојани во администрацијата се додека принципот на вработување по заслуга целосно не е обезбеден XX Потребна е силна политичка волја која ќе гарантира независност на администрацијата во однос на принципот на транспарентност, заслуга и еднаква застапеност XX Потребна е силна политичка волја за борба со корупцијата и организираниот криминал. XX Да се обезбеди целосна транспарентност на владините реклами и да се создаде механизам кој ќе утврди дали неплатените огласи навистина се од јавен интерес nnn

алексаНдар ВучИќ а алекса

Србија има најголем напредок и е најдобро оценета од сите земји кандидатки за членство во ЕУ

доНалд фрИс

Сопственикот на „C.R. Laurence“ во облик на бонуси им подели 80 милиони долари на неговите вработени.

не им беше неделата

дИлМа русеф

Половина Бразил е блокиран од демонстранти незадоволни од економската политика на актуелната претседателка.

МарИаНо рахој

Секоја наредна недела е се по извесен референдумот за отцепување на Каталонија најбогатиот регион на Пиринејскиот полуостров од матичната Шпанија.

_

НурхаН ИзаИрИ Воздух со десетпати поголемо загадување од ПМ10 честички дишеа неделава скопјани. Алармантно беше нивото на загадување и во Тетово, Битола и Кавадарци. Податоците кои се објавуваат на веб страницата на Министерството за животна средина покажуваат дека енормното загадување се повторува секоја вечер во текот на изминатата седмица, за да кулминира во Тетово, ноќта меѓу вторникот и средата. Тогаш беа измерени дури 830 микрограми ПМ10 честички на кубен метар, или за речиси 17 пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Овие поразителни статистики на најдобар можен начин укажуваат дека сите мерки кои досега ги презеде Владата во оваа насока се неефикасни. Се потврди и предупредувањето на експертите дека не се доволни само инвестициите на индустриските капацитети во нови филтри, туку потребен е системски пристап на решавањето на проблемот на загаденоста. Веројатно е крајно време да се отворат и другите носечки причини за загадувањето како неконтролираната градба особено во центарот на Скопје, масовниот увоз на стари возила со минимални еколошки стандарди и непостоење на соодветен јавен превоз кој би го користеле повеќе луѓе. Доволно време топката се префрлаше и вината се фрлаше на несоодветни места и на граѓаните конечно им станува јасно зошто дишат (според разни статистики) можеби и најзагаден воздух во светот.


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

STORY 10 COVERSTORY COVER ЗА ШТО СЕ ЗАДОЛЖУВА 3,8%

ПОРАСТ НА БДП

3,2% 2,7%

2,3%

Н О Л А Б А) (Н -0,5%

ЈАВЕН ДОЛГ

2010

2011

2908,80

2414,90

1936,30

( милијарди евра )

2012

2014

2013

2014

2015*

Проценка на ММФ и Светска банка Извор: Државен завод за статистика

3941,40

2013

3921,30

2012 2 012

3281,40

2011

Извор: Министерство за финансии

ЗА ПЕТ ГОДИНИ ЕКОНОМИЈАТА ПОРАСНА 11,7% ЈАВНИОТ ДОЛГ

ЕКОНОМИСТИ: ДОЛГОТ РАПИДНО СЕ ЗГОЛЕМУВА ЗА Т


www.kapital.mk

А МАКЕДОНИЈА?!

СЕ Т О Н А! )ДУВ

И ,А ЗА 103%!

Капитал број 837 13.11.2015

11 Владата и нејзините институции, општините и јавните претпријатија денес должат два пати повеќе пари отколку во 2010 година, а во истиот период економијата порасна само 11,7%. Толкава е економската преродба што и се случи на Македонија во време кога властите потрошија 2 милијарди евра земени како кредити. Јавниот долг заклучно со септември годинава достигна 3,94 милијарди евра што е 43,9% од бруто домашниот производ (БДП), а со новата еврообврзница од 500 милиони евра, Владата ќе ја згазне и црвената линија од 50% од БДП што ја нацрта ММФ во последниот извештај. За споредба, на крајот на 2010 година, сите државни институции должеле вкупно 1,94 милијарди евра, односно 27,2% од БДП. Економистите се загрижени што најголем дел од парите што ги позајмува Владата ги троши неполезно, односно за плати на јавната администрација, пензии, субвенции, а во исто време ефектот од кредитите врз економскиот раст е послаб, така што таквото финансиско поведение ја доведува во прашање способноста на државата еден ден да го врати долгот.

ТЕКОВНИ ТРОШОЦИ И ТОА СОЗДАВА ФИСКАЛЕН МЕУР


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

12

cover story

В пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Владата и нејзините институции, општините и јавните претпријатија денес должат два пати повеќе пари отколку во 2010 година, а во истиот период економијата порасна само 11,7%. Толкава е економската преродба што и се случи на Македонија во време кога властите потрошија 2 милијарди евра земени како кредити. Јавниот долг заклучно со септември годинава достигна 3,94 милијарди евра што е 43,9% од бруто домашниот производ (БДП), а со новата еврообврзница од 500 милиони евра, Владата ќе ја згазне и црвената линија од 50% од БДП што ја нацрта ММФ во последниот извештај. За споредба, на крајот на 2010 година, сите државни институции должеле вкупно 1,94 милијарди евра, односно 27,2% од БДП. Економистите се загрижени што најголем дел од парите што ги позајмува Владата ги троши неполезно, односно за плати на јавната администрација, пензии, субвенции, а во исто време ефектот од кредитите врз економскиот раст е послаб, така што таквото финансиско поведение ја доведува во прашање способноста на државата еден ден да го врати долгот. Новото задолжување со половина милијарда евра се случува на неколку месеци пред најавените предвремени парламентарни избори. Искуството досега покажа дека токму во предизборните периоди се создаваат најголемите буџетски дефицити, односно власта троши најголем дел од парите што ги позајмува и оттука и сомнежите во јавноста дека задолжувањата на државата се прават и за изборни цели, со што се создава нелојална конкуренција во изборниот натпревар меѓу владејачката и останатите партии кои што не располагаат со народни пари. Меѓутоа економистите велат дека не е толку проблем моментот на задолжувањето, колку што е намената на парите. „Со новиот долг, задолженоста ќе се доближи до 50% од БДП, што иако се уште не сместува во умерено-задолжени земји, создава загриженост поради фактот што дел од долговите се користат за тековна потрошувачка, односно не влијаат на капацитет на економијата утре да го вратиме тој долг. Значи, во извесна смисла,

ДОЛГ Еврообврзницата не е доволна, ќе има уште задолжувања

П

ресметките од Буџетот за следната година покажуваат дека на власта ќе и требаат вкупно 658,6 милиони евра за да го покрие буџетскиот дефицит и да се раздолжи кон кредиторите, така што колку пари и да останат од еврообврзницата нема да бидат доволни да се намират сите обврски. Според планот за следната година, предвидени се задолжувања и од странство но и на домашниот пазар преку издавање на државни записи и обврзници. Од банките и пензиските фондови во земјава, Министерството за финансии планира да позајми 307 милиони евра. тој е непродуктивен долг. Дел од позајмените пари ќе се искористат за отплата на долговите што доспеваат, а остатокот за сите буџетски зголемувања кои беа најавени порано годинава. Зголемувањето

на тие тековните трошоци е поголемо од растот на вкупната економија и таа разлика мора од некаде да се финансира. Сето тоа рапидно го зголемува долгот и создава фискален меур, кој што мислам

Економисти: Најважно е за што ги трошиме позајмените пари



www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

14

cover story

С Марјан Петрески универзитетски професор

о новиот долг, задолженоста ќе се доближи до 50% од БДП, што иако се уште не сместува во умеренозадолжени земји, создава загриженост поради фактот што дел од долговите се користат за тековна потрошувачка, односно не влијаат на капацитет на економијата утре да го вратиме тој долг. Значи, во извесна смисла, тој е непродуктивен долг. Дел од позајмените пари ќе се искористат за отплата на долговите што доспеваат, а остатокот за сите буџетски зголемувања кои беа најавени порано годинава. Зголемувањето на тие тековните трошоци е поголемо од растот на вкупната економија и таа разлика мора од некаде да се финансира. Сето тоа рапидно го зголемува долгот и создава фискален меур, кој што мислам дека веќе станува загрижувачки.

дека веќе станува загрижувачки“, оценува професорот Марјан Петрески и додава дека не би го гледал нивото на задолженост во однос на Мастришкиот критериум, или долгот на друга земја, туку само во контекст на тоа колку тој го подобрува или не нашиот отплатен капацитет утре. Економистите се согласни дека клучната работа кога станува збор за јавниот долг е колку е тој одржлив и дали државата може навреме да ги намирува обврските, без оглед дали тој е 40% или 50% од БДП. Велат дека умереното ниво на долг што го има Македонија, не може да биде алиби за нерационални задолжувања на Владата, бидејќи дури и еден милион евра да не можете да ги вратите на денот кога доспеваат обврските, државата е банкрот. Тоа всушност се докажало неколку пати низ историјата. Албанија на пример, во 1990 година се довела во ситуација да не може да го отплаќа долгот кој изнесувал само 16,6% од БДП. Еквадор во 2008 година се најде во слична ситуација кога дојде пред банкрот со 20% од БДП јавен долг, а Турција во далечната 1978 година станала несолвентна со јавен долг од 21% од БДП. Дека брзото темпо на акумулирање на долгот во текот на последните неколку години е загрижувачко предупредува и претставникот на ММФ во Македонија, Патрик Житон. „Високиот јавен долг може да го ограничи капацитетот на фискалната политика за

В Патрик Житон претставник на ММФ во Македонија

исокиот јавен долг може да го ограничи капацитетот на фискалната политика за заштита на економијата ако се случи нешто лошо и неочекувано. Македонија беше во можност да ја користи фискалната политика за да се бори против рецесија по глобалната финансиска криза, бидејќи нивото на јавен долг на крајот на 2008 година беше на многу ниско. Оттогаш јавниот долг се удвои. Земјата, исто така, се соочува со поголеми потреби за трошењето поради неповолната демографија, како што се трошоците за здравствена заштита и пензии. Тоа е причината зошто ние препорачавме да се ограничи буџетскиот дефицит, кој е најголем извор на акумулација на долгот, и да се создаде простор за фискалната политика.

Светска банка оценува дали народните пари се трошат ефикасно

В

еќе повеќе од една година Светска Банка со своја техничка поддршка врши анализа на јавните финансии-Public Finance Review, како од аспект на правни регулативи и постапки, така и од аспект на ефикасност и економичност на користење на јавните финансии. Од канцеларијата на Светска банка во Скопје изјавија дека проектот се уште трае и засега не можат да дадат никакви детали од наодите. „Ваквата активност со Светската банка ќе даде добра основа за понатамошно унапредување на процесот на управување со јавните финансии“, пишува во Стратегијата. заштита на економијата ако се случи нешто лошо и неочекувано. Македонија беше во можност да ја користи фискалната политика за да се бори против рецесија по глобалната финансиска криза, бидејќи нивото на јавен долг на крајот на 2008 година беше на многу ниско. Оттогаш јавниот долг се удвои. Земјата, исто така, се соочува со поголеми потреби за трошењето поради неповолната демографија, како што се трошоците за здравствена заштита и пензии. Тоа е причината зошто ние препорачавме да се ограничи буџетскиот дефицит, кој е најголем извор на акумулација на долгот, и да се создаде простор за фискалната политика“, вели Житон. ММФ во последниот извештај предупреди дека Македонија треба да прикочи со задолжувањата за да не надмине буџетски

дефицит од 3% од БДП и јавен долг поголем од 50% од БДП иако Мастришките критериуми дозволуваат 60% од БДП. „ММФ препорачува фискална консолидација што ќе го задржи нивото на јавен долг под границата од 50% од БДП. Властите се обврзаа дека буџетскиот дефицит исто така ќе се намали под 3% од БДП, меѓутоа допрва треба да се видат мерките како ќе се направи тоа. Имајќи ги предвид ниските даноци и отсуство на поголема ревизија на јавните финансии, ММФ препорачува тоа да се постигне преку поголема ефикасност на наплатата на даноците од една страна, но и кратења на трошоците. Јавните финансии се во голема мера насочени кон плати и социјални трансфери што не е добро за земја во развој која што има значајна потреба од инвестиции во инфраструктура“,

ММФ: Јавниот долг да остане под 50% од БДП



www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

16

cover story

забележа ММФ во извештајот. Европската Комисија во најновата есенска прогноза исто така нотираше дека оваа и наредната година буџетскиот дефицит ќе биде повисок отколку што претходно се очекуваше и оти јавниот долг ќе надмине 50% БДП. Комисијата е загрижена за фискалната консолидација и за одржливоста на долгот. „Вкупниот долг на државата се зголемува. Властите остануваат посветени на постигнувањата за буџетскиот дефицит под 3% до 2017 година. Но, сепак, среднорочната фискална стратегија на македонската Влада се чини премногу оптимистичка“, наведува Европската комисија. Дека долгот на Владата се зголемува брзо предупреди и Standard & Poor’s во најновиот извештај, нотирајќи дека „задолжувањата за финансирање на буџетските дефицити до 2018 година ќе го оптоварат јавниот долг и покрај тоа што од почетокот на годината Македонија се раздолжи предвреме кон ММФ“. Неодамнешните уставни измени ги нормираа буџетскиот дефицит и јавниот долг да не може да надминуваат 3% односно 60% од БДП, наспроти препораките на ММФ долгот да се одржува на комотно ниво под границата од 50% од БДП. Меѓутоа, економистите повторно сугерираат дека поважно за нас е уставните одредби да гарантираат дека парите за кои што се задолжува државата ќе се трошат за да ги изградиме патиштата и железниците низ државата, отколку да ограничуваат колкава ќе биде моќта на фискалната политика во развојот на економијата.

Како да се трошат парите од кредитите?

Во јавноста нема јасна слика како се трошат парите што ги позајмува државата, освен кредитите кои што ги зема наменски за изградба на одредени проекти. Парите со кои што се финансира буџетскиот дефицит значи дека се трошат за сите ставки од буџетот, односно 87,2% за тековни потреби и само 12,8% за капитални инвестиции. Економистите велат за капитални инвестиции во нови патишта, железнички пруги, хидроцентрали, кои носат економски

Со еврообврзници позајмени се 1,325 милијарди евра

О

ва е четврта по ред еврообврзница што ја издава Македонија. Првата беше во 2005 година со рочност од десет години, а во износ од 150 милиони евра со камата од 4,5%. Потоа втората беше издадена во 2009 година со рочност од три и пол години, а со износ од 175 милиони евра со камата од 9,8%. Третата еврообврзница беше издадена лани, со рочност од седум години, а во износ од 500 милиони евра, со камата од 3,97%, додека последната еврообрзница владата ја издава сега со рочност од десет години, а каматата дополнително ќе се знае. Од 2005 година до сега, со еврообврзници земјата е задолжена 1,325 милијарди евра.

развој, а не за непродуктивни инвестиции во музеи, споменици и тековни трошења за плати, социјални надоместоци и пензии да се задолжува државата . Тоа се нарекува паметно задолжување - докажана економска теорија кога земјите свесно се задолжуваат и прекумерно, а за сметка на тоа доживуваат инвестициски бум. Економистите коментираат дека токму во развојот на инфраструктурата Македонија најмногу заостанува и тоа е главната пречка што економијата со години стагнира со просечна стапка на раст од само 3%. Фискалната стратегија на државата до 2017 година само малку открива за што конкретно ќе се трошат парите што ќе се позајмуваат.

Како и во претходните документи на Министерството за финансии од минатите години, и во оваа стратегија пишува дека „странското задолжување како извор на финансирање ќе се користи од страна на буџетските корисници за реализација на конкретни проекти“. Понатаму во стратегијата, се наведува дека во следните три години вклучувајќи ја и годинава, се очекува реализација на инвестициите во областа на патната и железничка инфраструктура, водовод и канализација, спортски објекти, инвестиции во областа на образованието, здравство, како и останати проекти кои се во согласност со програмата на Владата. nnn

Европска комисија: Загрижени сме за одржливоста на долгот


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

МЕНАЏЕР

27

НОЕМВРИ

2015

ШТО ГО МАЧИ МАКЕДОНСКИОТ МЕНАЏЕР: ТОП 10 ПРОБЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ! Во овие турбулентни времиња секој менаџер во Македонија се соочува со барем еден од овие предизвици: КАКО ДА СЕ ИЗВЕЗЕ ПОВЕЌЕ  КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПРОДУКТИВНОСТА  КАКО ДА СЕ ДЕЛЕГИРА ОДГОВОРНОСТ  КАКО ДА СЕ ВРАБОТАТ КВАЛИТЕТНИ ЛУЃЕ  КАКО ДА СЕ МОТИВИРААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА... За да ви помогнеме, во Капитал го спремаме специјалниот прилог “Менаџер“ што ќе излезе на 27 ноември годинава, каде што ќе понудиме решенија за најгорливите дилеми на компаниските лидери. Еве само дел од тоа што ќе може да прочитате во “Менаџер“:

 СТРАТЕГИИ...  Од менаџери за менаџери: стратегии за поголем извоз  Делегирање: како да креирате конкурентска предност со доделување јасна одговорност на вашите соработници и членови на бордот

 РАНГИРАЊА...  Кој е кој на Балканот: ранг листа на најмоќните бизнисмени  Кои се најуспешните извршни директори во светот и зошто

 ТЕХНОЛОГИЈА...  Менаџер “во облаци“: Водич за cloud computing за секој менаџер  Лекции по социјални медиуми за секој СЕО

 ИНТЕРВЈУА...  Интервјуа со најуспешните македонски, балкански и светски менаџери

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Фирмите тонат во “лоши” кредити За каква економска слобода може да се зборува во Македонија кога државата на една страна е најголем работодавач и најголем вработувач, која троши речиси 40% од се што се произведува во земјава, а од друга страна јавноста нема никакви податоци за тоа како се трошат тие пари. Што е уште пострашно нема никакви нагони да знае. Оти така убаво е успана во државните јасли. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

E

Економската слобода е практичен израз и срж на секоја друга слобода. Ако не сме слободни да ги продаваме нашите производи и трудот, да трошиме и да инвестираме заработките како што ни одговара, не сме доволно слободни да правиме ништо друго освен да се жалиме и приговараме како власта не третира. И ако немаме точна информација за власта и за тоа како нејзините потези ги уништуваат пазарите, економска слобода имаме исто колку и жртвата во некој грабеж што има слобода да избере дали да биде ограбен. И можеби некој ќе забележи дека капитализмот не е најхуманиот систем според кој едно општество треба да биде организирано. Дури и да е така. Тој е единствен систем кој на прво место ја става економската слобода. Затоа, сите оние кои зборуваат за човекови права и слободи, треба да имаат на ум дека најпрво треба да се изборат за економската слобода. Но, на оние кои се најгласни за човековите права некако тешко им паѓа гласно да побараат да се намали јавната администрација, да се намалат платите на буџетарите, да се намалат пензиите, да се прекине зависноста на компаниите од државните тендери, да се прекинат клиентелистичките врски, да се намали буџетот .... За каква економска слобода може да се зборува во Македонија кога државата на една страна е најголем работодавач и најголем вработувач, која троши речиси 40% од се што се произведува во земјава, а од друга страна јавноста нема никакви податоци за тоа како се трошат тие пари. Што е уште пострашно нема никакви нагони да знае. Оти така убаво е успана во државните јасли. Деновиве се објави дека Македонија ќе се задолжи за уште 500 милиони евра. Толку изнесува еврообврзницата што македонските власти ќе ја издадат на меѓународните финансиски пазари до крајот на годинава со цел да обезбедат пари за покривање на буџетскиот дефицит. Ако се земе задолжувањето од минатата година од 500 милиони евра, тогаш за две години Македонија ќе се задолжи за една милијарда евра. А вкупниот јавен долг е близу 4 милијарди евра. Очигледно Македонија се задолжува забрзано. И не е толку проблематично


КапиталНО

Додека државата се презадолжува со неподнослива леснотија, приватниот сектор, односно оној кој треба да го носи економскиот раст и да го полни буџетот ја губи кондицијата и се повеќе заглавува во банките. Лошите кредити кај фирмите веќе достигнуваат 395 милиони евра, или 16,2% од сите кредити кои банките ги одобриле на компаниите. Овој износ на лоши кредити за изминативе пет години е зголемен за два и пол пати, или за цели 233 милиони евра во споредба со крајот на 2009 година задолжувањето. Има земји кои се навистина многу позадолжени од нас. Но, проблемот е во тоа што никој не знае зошто се задолжува земјата и за што ќе се трошат тие пари. Економскиот раст од тие задолжувања го нема. И логично би било домашната економска јавност, но и меѓународната финансиска јавност да се подзамислат дали Македонија има економија која има капацитет да ги враќа овие долгови кои во изминативе години се зголемуваат со прилично брзо темпо. Долгови кои се прават за да се дојде до пари кои потоа неодговорно се трошат за да се зголемуваат плати, пензии и социјални трошења, а не да се поттикнува економски раст. Каде е црвената линија зад која една земја со слаба економија како Македонија е презадолжена? Во меѓувреме, додека државата се презадолжува со неподнослива леснотија, приватниот сектор, односно оној кој треба да го носи економскиот раст и да го полни буџетот ја губи кондицијата и се повеќе заглавува во банките. Лошите кредити кај фирмите веќе достигнуваат 395 милиони евра, или 16,2% од сите кредити кои банките ги одобриле на компаниите. Овој износ на лоши кредити за изминативе пет години е зголемен за два и пол пати,

или за цели 233 милиони евра во споредба со крајот на 2009 година кога лошите кредити изнесувале 160 милиони евра или 8,6% од вкупните кредити одобрени на компаниите. И во услови кога профитите на фирмите паѓаат, кога им паѓа обемот на работа и кога мака мачат да си го наплатат тоа што го одработиле, комерцијалните банки сосема логично го замрзнуваат кредитирањето на фирмите. А зошто тие би се грижеле за тоа ако не се грижи државата? Европската комисија во последниот извештај повикува да се преземат мерки со кои ќе се надмине проблемот со високиот износ на лоши кредити кои го ограничуваат кредитирањето на фирмите. Но, дали банките, дури и да им се намалат лошите кредити, полесно и повеќе би ги кредитирале фирмите во услови кога од другата страна ја имаат државата како сигурен и неризичен клиент? Во вакви услови тешко дека ќе се одмрзне кредитирањето на фирмите. Во меѓувреме, многу мали и средни фирми кои имале добар проект и кои добиле кредит од банка секојдневно умираат. Немаат кондиција да ги издржат долгите период на наплата. Никој не ги прашува дали проектот за бизнис им бил добар. Добрите проекти веќе се заглавени во лоши кредити. nnn


Капитал број 837 13.11.2015

20

www.kapital.mk

Интервју

Бишев: Старт ап компаниите не чукаат на вр


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

21 interview

Глигор Бишев

претседател на Европската бизнис асоцијација и претседател на УО на Шпаркасе банка

Идејата и иновативноста се клучот за просперитет и економски напредок Европската бизнис асоцијација (ЕБА) изминатата недела прослави 10 години од своето основање во рамки на што беше одржана јубилејната недела на претприемништво во Македонија. За досегашните активности на ЕБА и следните проекти кои може да ги очекува бизнис секторот разговаравме со актуелниот претседател Глигор Бишев.

ратите на банките, почнуваат со малку пари


Капитал број 837 13.11.2015

22

www.kapital.mk

Интервју

Г разговара:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

XX Г-не Бишев, после 10 години од основањето на Европската бизнис асоцијација во Македонија, колку е успешна нејзината мисија на поттикнување на претприемништвото и развојот на економијата? Минатата недела се одржа 10-тата, јубилејна недела на претприемништво, во организација на Европската Бизнис Асоцијација. Тоа беше последна фаза на активности што се одвиваа во текот на целата година. Перцепциите кај младата генерација на претприемачи е во склад со онаа во развиените земји: се повеќе почнува да доминира ставот наместо да се бара вработување, преку реализација на сопствените идеи да се отвораат работни места за други. Според податоците на Државниот завод за статистика во периодот 2010 - 2012 година 42,8% од македонските компании се оценети за иновативни што е значаен напредок во однос на претходниот период. Од вкупниот број иновативни фирми во Македонија, 24,7% имаат воведено иновација на производ и процес, 46,4% организациски и маркетиншки иновации и 18,2% од иновативните фирми ги вовеле сите типови иновации. Кај младите генерации, иновациите стануваат стил на живеење. XX Кои беа главните пораки од Европскиот ден на претприемачот и Европската недела на мали и средни претпријатија што ги одбележавте минатиот четврток? Идејата и иновативноста се клучот за просперитет и економски напредок. Тоа бара добро образование, професионализам и отвореност. Капиталот на тој план има подредена улога. Најголемите и најуспешните компании во светски рамки и во Република Македонија се основани во последните 20-тина години, со многу малку средства, во просек со околу 700 долари. XX Статистиката покажува дека лани

се отвориле 6.380 нови компании, 100 милиони денари, мора да извезувате, што е 23% помалку отколку во а ако сакате да имате приход над 400-500 2013 година. Зошто во Македонија милиони денари, мора да извезувате над се отвораат се помалку бизниси, 50% од вашето производство. Колку поголем иако според рангирањата на приход, толку поголем извоз. Затоа, вашата Doing business сме на второ место идеја, производ, по квалитет, ефикасност, во светот според брзината на дизајн, функционалност и сл. мора да е регистрирање фирма? меѓународно конкурентен. Овој податок сам по себе не е доволен за Македонските компании и идеи се релевантен заклучок. Клучно е колку од тие конкурираат со идеи и компании од компании ќе бидат долгорочно одржливи? регионот, од ЕУ, на светско ниво. Тоа Колку нивните производи, цели и стратегии значи конкуренција на сите нивоа, се иновативни и прифатени од страна на бидејќи во производот е вградено знаењето, образованието, пристапот до потрошувачите. По правило, во првата година се тестира пазарите, инфраструктурата, културата идејата, колку истата е пазарно прифатлива. и вредносните системи, лојалност при Дури потоа, отпочнува вистинскиот живот работа, професионализам, ефикасноста на на компанијата, нејзиниот раст и развој. институциите, почитувањето на договорите Од тој аспект дали 2014 година, била и нивно извршување и слично. подобра или полоша година во однос на Од тој аспект, успехот на компаниите не претходните ќе знаеме во периодот од 2016 зависи само од нивните напори. Иако тоа до 2018 година, кога ќе знаеме колку од нив е клучниот елемент. опстанале и продолжиле да растат. XX Каква е според Вас поддршката од државата за малите и средни XX Какво е Вашето искуство како компании, има ли доволно банкар со претприемачки и државни фондови да им старт ап компании? За да помогнат на овие фирми Спремни ли сте да полесно да дојдат до кредитирате почетни остварувате свежи пари? бизниси? приход во Старт ап компаниите по Финансиските средства и Македонија правило не чукаат на вратите пристапот до финансирање на банките за корпоративни над 100 милиони се значаен елемент за кредити. Таквите компании на малите и денари, мора просперитет немаат соодветни биланси, средни компании, но не да извезувате, е одлучувачки. Како што а и немаат потреба од голем износ на средства. а ако сакате да претходно истакнав, идеите, Што всушност се случува? ефикасноста имате приход храброста, Претприемачот има на институциите се многу иновативна идеја, за чија побитни од расположливоста над 400-500 имплементација не се на финансиски средства. милиони потребни многу средства. Денес, во Европа, а и во Во првата година вие денари, мора да Македонија, воопшто не тестирате дали идејата извезувате над се проблем финансиските ј а п р и ф а ќ a п а з а р о т. Доколку имате 50% од вашето средства. Потребните средства се добра идеја, добар проект производство. што го верификувал пазарот, минимални – по правило од 30.000 до 600.000 денари. финансирањето било преку Немате потреба од многу пазарите на капитал, опрема, обртни средства, промоција кредитниот пазар или од државните и сл. Затоа во оваа фаза идејата ја фондови, или одредена комбинација се реализирате со сопствени средства, или обезбедува. едноставно, многу лесно аплицирате и Меѓутоа, како компаниите докажуваат дека земате потрошувачки кредит, вие или друг имаат добра идеја во која тие веруваат? член од вашето семејство. Тоа сите банки Доказ за тоа во пазарните економии е во Македонија го прават многу брзо во рок акционерскиот капитал на компанијата. од најмногу еден ден. Потоа доаѓаат кредитите. Нереално е да Кога идејата ќе се потврди и пазарот ја се очекува кредитот да ја замени улогата прифати, тогаш правите бизнис план и ви на капиталот. требаат финансиски средства – капитал XX Какви Ви се очекувањата од и кредит. По правило тоа е 2-3 години државниот Фонд за иновации? До од стартот на компанијата. Тогаш, веќе сега од овој фонд се финансирани располагате и со соодветни финансиски само 16 нови бизниси со околу показатели. 460.000 евра. XX Кои се најголемите проблеми со Тоа е нов инструмент во Македонија кои се соочуваат малите и средни за поттикнување на иновативното компании во земјава? размислување. Она што го видов Прво, ограничување е малиот пазар. За изминатата недела каков интерес има кај да остварувате приход во Македонија над младите генерации, како размислуваат

Бишев: Ќе продолжиме да бидеме амбасадор


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

23

Како компаниите докажуваат дека имаат добра идеја во која тие веруваат? Доказ за тоа во пазарните економии е акционерскиот капитал на компанијата. Потоа доаѓаат кредитите. Нереално е да се очекува кредитот да ја замени улогата на капиталот. и се натпреваруваат, јас верувам дека средствата на фондот целосно ќе бидат искористени. XX Едно истражување кај младите во Македонија покажува дека најголем дел од нив се гледаат како дел од јавната администрација, а не во приватниот сектор. Како може да се поттикне претприемачки дух кај помладите генерации? Нормално е во услови на криза и неизвесност, оптимизмот да не доминира во економијата и да се бара сигурност. Склоноста за прифаќање на ризик се намалува. Интервенционизмот на државата се зголемува и сите очекуваат таа да ги реши сите проблеми. Тоа се обрасци на однесување на економските субјекти на

светско ниво. Во услови на просперитет и оптимизам, се отвораат нови работни места, платите во приватниот сектор растат побргу, а економските субјекти се склони на прифаќање на повисок ризик и отпочнување со сопствен бизнис. Истражувањето го потврдува процикличното расположение кај младата генерација во Македонија. Поттикнувањето на размислување кон сопствен старт ап бизнис, прво значи враќање на оптимизмот и верување дека периодот на економски просперитет е пред нас. XX Какви се плановите на Европската бизнис асоцијација за следниот период? Ќе продолжиме да бидеме амбасадори на македонската економија во странство

но и на нашите матични компании во Македонија. Од 16 ноември, ја отпочнуваме и web blog дискусијата на одредени економски теми во смисла како Македонија може да оствари повисок економски раст и просперитет? Дали брзото приближување кон ЕУ ќе го зголеми економскиот раст или не? Дали приближувањето кон ЕУ е бесплатно или поврзано со одредени трошоци? Дали трошоците и бенефитот се со иста временска динамика? Каков треба да биде изборот на носителите на економските политики? Овие и слични теми ќе бидат дискутирани на web blog-от на Европската Бизнис Асоцијација. На тој план, ги каниме читателите на Капитал, и македонската јавност да бидат активни учесници и дискутанти на блогот. nnn

ри на македонската економија во странство


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

24

ПретПриемништво

евроПскА неделА нА мАли и средни ПретПријАтијА

добрА идејА може дА стАне биЗнис и со мАлку ПАри во главите се раѓаат брилијантни идеи но ако не преземете акција тогаш тие остануваат само залудно потрошени мисли, истакнаа учесниците на одбележувањето на европскиот ден на претприемачите и европската недела на малите и средни фирми и потенцираа дека за тоа не треба многу пари. меѓутоа, за да успее идејата да прерасне во успешен бизнис, побараа подобра бизнис клима преку професионализација на јавната администрација, подобрување на инфраструктурата, намалување на корупцијата.

A пишува:

Александар јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Ако имате добра идеја може да се претвори во бизнис и со малку пари, изјави претседателот на Европската

бизнис асоцијација (ЕБА), Глигор Бишев, одбележувајќи го Европскиот ден на претприемачот и Европската недела на мали и средни компании. Тој истакна дека од 101.600 регистрирани компании во Македонија, дури 98.000 се мали и средни. „Една од највредните компании во светот денес, Apple на пример е стартувана со само 500 долари. Она што е највредно е идејата. Сакаме да ги поттикнеме и охрабриме младите претприемачи со иновативни идеи да ги развиваат бидејќи денешните мали бизнис по 10 години стануваат големи компании. На тој начин може да се динамизира економскиот раст. Европската бизнис асоцијација им стои на располагање на младите претприемачи да им овозможи да се стекнат со пракса

во компаниите во Македонија или пак во нивните матични компании во ЕУ“, истакна Бишев. Шефот на кабинетот на претседателот на Европскиот економски и социјален совет, Руди Аерноудт, пак, изјави дека ако сакаме овие 98.000 мали и средни фирми да растат мора да им се обезбеди добра бизнис клима за да успеат во тоа. „Рамните даноци се предност во земјава, лесно е да се отвори компанија, меѓутоа мора да се мисли и на растот на бизнисот откако ќе се отвори. За тоа се потребни многу подобри услови, потребна е професионална јавна администрација бидејќи според истражувањата во регионот, околу 40% од конкурентноста на компаниите е директно поврзана со ефикасноста на јавната администрација. Друга важна работа е

Аерноудт: ЗА дА ПорАснАт мАлите комПАнии требА добри биЗнис услови



www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

26

ПретПриемништво

времето за затворање на бизнисот. Некој ќе рече зошто е тоа битно, но ако вие не можете некогаш да се разведете, ќе размислите два пати дали воопшто да се ожените. Така ќе се премислувате и дали да почнете бизнис ако знаете дека е толку тешко да се затвори компанија во земјава. И секако модерна физичка инфраструктура и помалку корупција“, изјави Аерноудт. Според него, во светот на бизнисот има и поволности и пречки, меѓутоа претприемачот е тој што треба сите нив да ги претвори во свои предности. „Тоа е mind set на еден претприемач и тоа е основниот фактор на кој што треба да се работи“, потенцираше Аерноудт. Членот на Европскиот економски и социјален совет, Мади Шарма изјави дека многу често во главата се раѓаат брилијантни идеи, но тоа се само залудно потрошени мисли ако не се преточат во акција. Таа рече дека се чувствува како како претставник на повеќе од половина од граѓаните во Македонија. Зошто? „Бидејќи немам никакви квалификации, немам никакви признати вештини, обуки или тренинзи. Жена сум, од Азија, жртва на семејно насилство како и секоја трета жена во Македонија. И почнав во мојата кујна со само четири производи а денес водам осум меѓународни компании и организации. Забораваме да го вреднуваме најважниот капитал во една компанија, а тоа е човечкиот капитал. Ако сите овие граѓани во земјава имаат барем по една идеја, тоа е огромна основа за постигнување на економскиот раст што толку го посакуваме“, изјави Шарма. Професорот Радмил Поленаковиќ, изјави дека светот на претприемништвото може да се гледа како еден голем мозаик, а за да дојдат сите камчиња на место, секој мора да си ја заврши работата. „Почнувајќи од родителите така што ќе ги воспитуваат децата дека е добро да да студираат за да започнат бизнис, а не да ја гледаат својата иднина исклучиво во јавната администрација. Мора прво да се смени менталитетот на родителите па потоа тие да иницираат промени и кај своите деца. Образованието исто така е многу важно за да ги насочува младите да размислуваат про бизнис и во овој дел се спроведуваат реформи, но допрва треба да видиме колку воведувањето на овие предмети поврзани со претприемништво уште во деветто одделение, ќе ги дадат потребните ефекти“, изјави Поленаковиќ. Од Фондацијата Конрад Аденауер како организатор, истакнаа дека се силно посветени на поддршка на претприемништвото бидејќи тоа е главен двигател на секоја национална економија. „Убедени сме дека овој концепт кој што е утврден и како основен економски принцип може да биде рамка што ќе гарантира и економски раст и социјална правда. Само способноста на претприемачот не

Европската бизнис асоцијација одбележа 10 години од основањето

е доволна за еден бизнис да порасне и да прави профит. Потребна е поголема поддршка во сите развојни фази на бизнисот за да биде тој успешен. За старт ап компаниите особено е потребна финансиска поддршка“, изјави Даниела Поповска од Фондацијата. Претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Јаромир Левичек изјави дека Европската комисија ја води оваа кампања за поттикнување на претприемништвото бидејќи малите и средни компании се главниот столб на економијата како извор на нови вработувања. „Европската недела на претприемништвото има за цел да им даде доволно информации на идните претприемачи за поддршката што им е на располагање и да охрабри што повеќе млади луѓе да почнат свој бизнис“, изјави Левичек. Тој истакна дека проектите кои што поттикнуваат самовработувања се особено важни за земјите во развој. „Промовирањето на претприемачката култура не е воопшто лесна задача. Од една страна тоа бара мерки што ќе ги поттикнат граѓаните да станат претприемачи, но и да се стекнат со потребните квалификации за да станат успешни бизнисмени. А тоа бара реформи во образовниот систем. Исто така, мора да се создаде бизнис околина во која претприемачите ќе може да растат. Од Владата се очекува да ги отстрани сите

пречки за новите старт ап бизниси преку административни олеснувања. Исто така, многу е важен пристапот до бизнис поддршка за новите компании“, изјави Левичек. Тој истакна дека Европската комисија спроведува проект за мали и средни претпријатија во Западен Балкан и веќе следната година во април ќе објави детален Индекс за политики за мали и средни фирми што ќе прикаже појасна слика за ефикасноста на националните политики за поттикнување на овие компании. Во рамките на одбележувањето на Европскиот ден на претприемачите, во натпреварот „Ајде во рингот“, наградени се тројца претприемачи со најдобри идеи за бизниси. Прво место е идејата на Игор Христов за компанија која што е во почетна фаза на производство на производ кој ќе ја контролира потрошувачката на гориво од страна на возачите на камионите во транспортните компании. Александар Димески е втор со компанија во почетна фаза на изработка на прототип на производствен капацитет на електрична енергија базиран единствено на сончевата светлина. Андреа Кулаков е трет со компанија создавач на мобилната апликација ARLOPUS - The Synchronous Music Social Network со која е возможно продуцирање на една песна на илјадници мобилни уреди во еден момент. nnn

Поленаковиќ: образованието треба да ги насочи младите Про бизнис


НАСКОРО!!! ШТО ГО ЧЕКА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ВО 2016 ГОДИНА?

СИЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО!  ТРКАЛЕЗНА МАСА 

ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!  НАЈГОЛЕМИТЕ Како во 2016 година! Најголемите градежни проекти! Почнати проекти и проекти кои ќе се завршат! Кои проекти почнуваат?

И ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ!  БАНКИТЕ Има ли простор за партнерства во инвестициите?

Кои се најпрофитабилните сегменти во македонската градежна индустрија? Колку се заработува? Перспективи!

ГРАДБА!  СТАНБЕНА Колку е продадено? Како да се продаде се што е се изгради?

Станови и куќи, туристчки капацитети, деловни капацитети или шопинг центри?

МАКЕДОНИЈА ИЗВЕЗУВА ГРАДЕЖНИШТВО?  ДАЛИ Ако не - зошто? Ако е да, како да извезуваме повеќе?

Имаме ли капацитет како индустрија да не увезуваме градежништво? Што да сториме?

НА ТРГОВИЈАТА СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ?  ПЕРСПЕКТИВИТЕ Колку извезуваме, колку увезуваме? Кој е кој во трговијата со градежни материјали во Македонија, Што е наше - македонско!?

И ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА?  ДРЖАВАТА Кој на што се обврзува во функција на развој и зголемување на пазарот?

НАСКОРО!!! ДАТУМ И ЛОКАЦИЈА ЗА ОВАА ВАЖНА ДЕБАТА Повеќе информации во врска со настанот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

28

Банки и Бизнис

160

180

Дек-09

Дек-10

225

266

326

359

394

Извор: Народна банка на РМ

Дек-11

Дек-12

Дек-13

Дек-14

Септември 2015

макЕдонскитЕ фирми заглаВија Во БанкитЕ

лошитЕ крЕдити кај фирмитЕ зголЕмЕни 2,5 пати за пЕт години! дури 500 милиони евра или 11,4 % од сите кредити кои банките ги одобриле на граѓаните и фирмите се проблематични за наплата. најголем е проблемот кај фирмите, каде дури 395 милиони евра не можат да се наплатат, а овој износ е дури два и пол пати поголем во споредба со пред пет години. Бизнисмените предупредуваат дека намалената профитабилност на фирмите и намалената економска активност може дополнително да го влошат нормалното враќање на кредитите во банка и следната година. пишува:

Биљана здравковска стојчевска

Л

biljana.zdravkovska@kapital.mk

ошите кредити кои банките ги одобриле на фирмите и граѓаните, а кои не можат да ги наплатат, достигна 500 милиони евра, што е 11,4% од вкупно одобрените кредити на крајот на

септември, покажуваат податоците на Народната банка. Проблемот со лошите кредити е многу поизразен кај фирмите, отколку кај граѓаните. Дури 395 милиони евра дадени кредити на фирмите не можат да бидат наплатени, што е 16,3% од вкупните кредити што банките ги имаат одобрено на стопанството. Она што е загрижувачки е што износот

на лоши кредити од година во година е се поголем и фирмите се потешко ги враќаат земените кредити од банка. Во споредба со пред пет години износот на лоши кредити кај фирмите се зголемил за близу 2,5 пати или за цели 233 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека на крајот на 2009 година лошите кредити кај фирмите изнесувале 160 милиони евра, а нивното учество во

Ек: Високото ниВо на лоши крЕдити го ограничија крЕдитирањЕто



www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

30

Банки и Бизнис

Регионот бара спас во основање “лоши банки”

Г

рчките власти, уште додека министер за финансии беше Јанис Варуфакис, објавија дека планираат да основаат т.н. “лоша банка”, која би ги превземала ненаплативите кредити од комерцијалните банки. нивото на лоши кредити во Грција надминува 115 милијарди евра, а во новата банка според проценките би биле пренесени најмалку 30% од ризичните кредити, со цел да се надминат проблемите во финансискиот сектор. според првичните планови, приоритет требаше да биде даден на корпоративните кредити, кои ќе можат да се продаваат на трети лица по дисконтна цена, а за што заинтересираност покажале и странски финансиски фондови. Можноста за основање на лоша банка ја разгледува и словенија. Во изминатиот период словенија превзема повеќе мерки за намалување на лошите кредити од билансите на банките, чие ниво сега изнесува 3,56 милијарди евра или 11,4% од вкупните кредити. Во првиот круг на санација на банките беа намалени лошите заеми кај големите компании, додека сега се размислува за основање на посебна лоша банка која би управувала со лошите кредити кај малите и средните претпријатија кои имаат многу потежок пристап до кредити. Во оваа новоформирана банка би се префрлиле лошите кредити кои не надминуваат 500 илјади евра.

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

вкупно одобрените кредите на фирмите било 8,6%. Дека проблемот со лошите кредити станува алармантен покажува и фактот што Европската комисија во најновиот извештај за напредокот за Македонија повикува на итна акција за да се надмине овој проблем што го закочува кредитирањето. “Високото ниво на лоши кредити ја ограничи понудата на кредити од банките и потребно е да се делува за негово надминување”, се вели во Извештајот за напредокот на Македонија што ЕК го објави во вторникот. Проблемот со редовно сервисирање на кредитите е многу поголем кај фирмите, отколку кај граѓаните. Имено, дури 78% од вкупните нефункционални кредити отпаѓаат на фирмите. Заради тоа многу банки во изминатите неколку години го замрзнаа кредитирањето на фирмите и се насочија главно кон кредитирање на населението. Проблемот со растот на лошите кредити, кој почна после светската економска криза во 2008 година, го констатира и Народната банка. “Растот на нефункционалните кредити продолжи во наредниот период и сè уште трае, што е веројатно последица на поизразената чувствителност на домашните претпријатија на негативните ефекти и општата неизвесност поврзани со одделни кризни случувања, од различна димензија и природа”, велат од Народната банка. Најголем дел од лошите кредити се во преработувачката индустрија. Податоците на Народната банка покажуваат дека меѓу нефункционалните кредити на претпријатијата, дури 36% се кредити одобрени на фирми од преработувачката индустрија. Во трговија на големо и мало се 26,6% од лошите кредити, додека 9,5% од вкупните проблематични кредити се во градежништвото. Освен овие дејности, во кои се сконцентрирани 72% од лошите кредити на фирмите, во изминатите неколку години се зголемени лошите кредити одобрени на хотели и фирми кои се занимаваат со недвижен имот. Она што е интересно е што најголем дел од лошите кредити се сконцентрирани кај фирми кои имаат земено големи кредити од банките. На пример, дури 64,5% од лошите кредити отпаѓаат на фирми кои имаат кредити поголеми од 1 милион евра. Или 50-те најголеми лоши кредити кон правни лица се околу 60% од вкупните лоши кредити на фирмите. Голема концентрација има во градежништвото, каде дури 68% од сите лоши кредити во оваа дејност отпаѓаат на шест градежни фирми кои имаат добиени кредити над 1 милион евра. Според податоците на Народната банка дури 28.190 фирми се задолжени во банка. Лошите кредити најмногу растеле кај 300-те најголеми клиенти на кои отпаѓаат близу 60% од вкупните лоши кредити на фирмите.

Банкарите признаваат дека наплатата од тешко

Банкарите потврдуваат дека наплатата на кредитите оди многу тешко бидејќи компаниите се финансиски исцрпени и нивната платежна способност не се подобрува. „Наплатата на кредитите е отежната, а тоа влијае на порестриктивниот пристап при одобрувањето на новите кредити“, велат од Комерцијална банка. Иако банкарите признаваат дека наплатата на кредитите ќе остане еден од најголемите предизвици годинава и следната година, и тоа може да влијае на промена на кредитната политика на некои банки, особено оние кои што имаат најголем удел на нефункционални пласмани во своето портфолио, потенцираат дека сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор воопшто не е доведена во прашање. Капиталната позиција на банките е двојно повисока од законски пропишаниот минимум од 8%, а покриеноста на нефункционалните пласмани со резервации, се движи некаде околу 100%. nnn


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

МАшкО здРАвЈЕ

20

ноември

2015

Петте најчести Причини за смрт на мажите и како да ги Превенирате една од причините зошто жените во просек живеат подолго од мажите е поголемата грижа за нивното здравје, велат светските истражувања. во овој специјален прилог нудиме совети за “посилниот пол“ за тоа како да ја подобрат оваа статистика: кои се најголемите опасности за здравјето на мажите, како да се превенираат, кои се топ пет намирници за машкото здравје и уште многу корисни совети за подобар имунитет на мажите.

l инфаркт l рак на белите дробови l ненамерни Повреди l хронични ресПираторни болести l мозочен удар ова се петте најчести причини за смрт кај мажите: n Совети за превенција од

срцеви заболувања n Ракот на белите дробови не ги напаѓа само пушачите n Загадениот воздух го зголемува ризикот од бронхитис, астма и воспаление на белите дробови: како да си помогнете во магливите зимски денови n Високиот крвен притисок е главна причина за мозочните удари: како да се заштитите

l TоП 5 намирници за подобро здравје на мажите

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА МИХАЈЛОвСкА


Капитал број 837 13.11.2015

32

www.kapital.mk

Компании и пазари

Јoint Venture во Македонија

Македонските бизнисмени тешко се договараат за заеднички бизнис

Светската пракса на здружено основање фирма и водење бизнис на компаниите во Македонија е многу малку застапена. И покрај низата општо познати и докажани предности, македонските бизнисмени како воопшто да не се заинтересирани за оваа проблематика. Според експертите и бизнисмените менталитетот кој преовладува во бизнис заедницата, како и малку присутното долгорочно планирање на компаниите се двата клучни фактори за тоа.

Joint Venture: Користна алатка од која може д


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

33

П

Стојан Дебарлиев

универзитетски професор по менаџмент

реку осмислувањето јасна концепција и стратегија за поттикнување на користењето на заедничките вложувања како кај домашните компании, така и кај потенцијални странски партнери, државата би можела да извлече огромна корист не само за својот економски раст, туку и за подолгорочниот развој на стопанството.

И пишува:

Дејан Азески

Dejan.azeski@kapital.mk

Иако заедничкото вложување Joint Venture има голем број на предности за компаниите, во Македонија оваа практика не е премногу развиена. Капитал направи истражување за да ги најде малкуте позитивни примери на ваквиот начин на работа. Со нив разговаравме за тоа дали и како може успешно да се води заеднички бизнис и добивме навистина интересни мислења и одговори. „Нема заедничко вложување бидејќи нема доволно добри партнери. Ако нешто сме научиле од нашето искуство тоа е дека добриот партнер во оваа работа е неопходен“, вели Арбен Абдурахмани сопственик на Везе Шари компанија која по принципот јoint venture заеднички со германската компанија Лехер инвестира во фабрика за месни преработки. Тој додава дека нивното искуство од сето ова повеќегодишно партнерство е крајно позитивно и затоа сопственикот го препорачува и на останатите компании. „Заедно со германските партнери увидовме дека од месото што останува од нашите несилки може да се направат квалитетни месни преработки по највисоки светски стандарди. Така и бидна. Ние го дадовме објектот и суровината, а германските партнери ни го пренесоа нивното искуство технологија и долгорочно гледано пазар“, раскажува Абдурахмани. Уште еден ваков позитивен пример е и кумановската компанија Стилкон која

Г Бобан Тодоровски

бизнисмен и поранешен сопственик на Стилкон

ерлико груп е присутна во Стилкон од 2010 година, откако откупија удел од 50% од фирмата. Оттогаш, целата инвестиција е во вредност од 3,5 милиони евра. Што се однесува на партнерството, тоа беше многу полезно и тоа резултираше со отворањето на нови пазари, нови искуства, ново know-how. Генерално пораката е дека заедничкото инвестирање секогаш се исплатува.

Како тоа се прави во светот?

П

остојат голем број на примери на светски познати компании кои ги користат заедничките вложувања како форма на колаборативна стратегија. Тие на тој начин заеднички работат на развој на нови технологии, но она што е поважно за растечките економии и земјите во развој е можностите кои се создаваат за економски расти развој, преку настапот и заедничкото делување на развиените мултинационални компании со локални компании во овие земји. Особено успешни во овој домен се брзо растечките економии како што се Кина и Индија, како и земјите од Централна и Источна Европа. Според професорот Дебарлиев ваквата пракса има предности од секој можен аспект.

повеќе години работеше како јoint venture со холандската компанија Герлико која подоцна задоволна од соработката одлучи да го откупи целиот бизнис. Поранешниот сопственик на Стилкон, Бобан Тодоровски ни ја објасни целата ситуација и начинот на функционирање подетално. „Герлико груп е присутна во Стилкон од 2010 година, откако откупија удел од 50% од фирмата. Оттогаш целата инвестиција е во вредност од 3,5 милиони евра. Што се однесува на партнерството, тоа беше многу полезно и тоа резултираше со отворањето на нови пазари, нови искуства, ново knowhow. Делумно заедничко го сменавме и асортиманото на производство. Основна дејност на фирмата беше производство на челични конструкции, а од влегувањето на странскиот партнер паралелно отпочнавме со конфекционирање на арматурата односно изработка на арматурни детали според проектната документација како и вградување на арматурата на објектите. Генерално пораката е дека заедничкото инвестирање секогаш се исплатува“, вели Тодоровски. Еден од најпознатите примери на успешно

„Прво, странската компанија го користи знаењето и искуството на домашната компанија во однос на условите на работење, културата, јазикот, политичкиот систем и секако специфичното знаење во одредена дејност. Второ, кога трошоците и ризикот за настап на странски пазар се високи, странската компанија го дели ризикот заедно со домашната компанија. Трето, во одредени земји, политичките услови и регулативи ги прават заедничките вложувања дури и како единствен начин за настап на странски компании на нивните пазари“, објаснува тој и додава дека и за домашните компании, заедничките вложувања претставуваат можност за раст и развој на нивното работење.

заедничко вложување е партнерството на градежната компанија Гранит и конзорциумот Фероинвест во врска со заедничките хидроцентрали. Сопственикот на Фероинвест Кочо Анѓушев вели дека не се сложува со констатацијата дека во Македонија нема и не може да има успешни партнерства. „ Пола од електраните ни се заеднички со Гранит, бидејќи тој едноставно е најискусен градител во државата. Ние бевме свесни дека мора да имаме партнер градител ако сакаме тоа брзо и добро да го направиме. Во моментот работат 19 електрани, во изградба се 5, што значи декание на крај ќе имаме 24 електрани. Со други зборови, Феро Инвест ќе има 24 сопствени и некаде околу 20 електрани за други инвеститори, а за кои ќе има одговорност да ги управува и одржува. Значи ако има обостран интерес во Македонија може да функционираат партнерствата“, вели Анѓушев. Тој и подетално ни ја објасни постапката околу тоа како функционираат сите овие партнерства со други компании. „ Ние бевме пионери во оваа работа. Кога

да профитираат и бизнисмените и државата


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

34

Компании и пазари

а

Кочо анѓушеВ сопственик на Фероинвест

н

псолутно не би се сложил дека нема партнерства во македонија, бидејќи ние имаме исклучително добро партнерство со Гранит. пола од електраните ни се заеднички со Гранит, бидејќи тој едноставно е најискусен градител во државата. Во моментот работат 19 електрани, во изградба се 5, што значи дека ние на крај ќе имаме 24 електрани. Со други зборови, Феро инвест ќе има 24 сопствени и некаде околу 20 електрани за други инвеститори, а за кои ќе има одговорност да ги управува и одржува. значи, ако има обостран интерес во македонија може да функционираат партнерствата.

никој не сакаше да влезе во овие проекти, ние влеговме. Но, сега неколку години подоцна работата е поинкава. Сега има многу поголем интерес за нашиот бизнис и влегуваме во партнерство со компании кои не се од оваа област, туку сакаат да инвестираат. Ние покрај изградбата и пуштањето во употреба им нудиме и целосно одржување на централата во која тие инвестирале“, објаснува Анѓушев.

Како заеднички да се води бизнис?

Според универзитетскиот професор по менаџмент Стојан Дебарлиев не треба да се направи некоја подлабока анализа

ема заедничко вложување бидејќи нема доволно добри партнери. ако нешто сме научиле од нашето искуство тоа е дека арбен абдурахмани добриот партнер сопственик на Везе Шари во оваа работа е неопходен.

за да се заклучи дека ниту македонските компании, ниту пак странските компании не ги користат заедничките вложувања за привлекување и настап на ваков вид на делување на македонскиот пазар. Бидејќи и од теоријата и од праксата веќе ни е јасно дека при заеднички вложувања македонските компании би имале многу повеќе можност да ги користат своите ресурси, способности, знаења и конкурентски предности, го прашавме професорот Дебарлиев што треба да се направи за подобрување на состојбите во оваа насока. Тој точно и конкретно предлага што може да направи

државата за да го поттикне ваквиот начин на претприемништво. „Секако дека поединечни случи на заеднички вложувања можат да се најдат и во Македонија, но големата слика на оваа тема води кон размислување дека преку осмислувањето јасна концепција и с тратегија за пот тикнување на користењето на заедничките вложувања како кај домашните компании, така и кај потенцијални странски партнери, државата би можела да извлече огромна корист не само за својот економски раст, туку и за подолгорочниот развој на стопанството“вели Дебарлиев. nnn

Įĩļ ĮĴĩĨĬĶ

Œň

ŎńŐńŖőń ŕŖńœŎń

5

,90%

ĸĬĮĵıĤ ĮĤİĤĶıĤ ĵĶĤijĮĤ īĤ ijĴĦĤĶĤ ħIJĨĬıĤ ĤĨİĬıĬĵĶĴĤĶĬĦĩı ĶĴIJļIJĮ ijĴIJİIJĶĬĦĩı ijĩĴĬIJĨ ĨIJ Ň

ĵĦĶ ŋń œŔņńŖń ŇŒňŌőń Ōŋőʼnŕŗņń Œň ń ŋń ŒŕŖńőńŖŌŒŖ œʼnŔŌŒň Œň œŔʼnŕŐʼnŖńőŒ őń Ň ŋń ŎŔʼnňŌŖ ŕŒ ŎŔʼnňŌŖőŒ ŊŌņŒŖőŒ ŒŕŌŇŗŔŗņńŮʼn ŕŒ őńŬņŌŕŒŎ ŌŋőŒŕ Œň İĮĨ Ō ŕŒ őńŬňŒŏŇ ŔŒŎ őń ŒŖœŏńŖń Œň ŐʼnŕʼnŚŌ ĶŔŒŜŒŚŌ! ŋH ŐʼnőŌŚń ¶ İĮĨ ŋń ńœŏŌŎńŚŌŬń ¶ İĮĨ ŋń ŒňŔŊŗņńŮʼn ŖŔńőŕńŎŚŌŕŎń ŕŐʼnŖŎń ¶ İĮĨ ŐʼnŕʼnśőŒ VŕŌŇŗŔŌŖʼnŏőń œŔʼnŐŌŬń ŇŒňŌŜőŒ Œň ŌŋőŒŕŒŖ őń ŎŔʼnňŌŖŒŖ İʼnŕʼnśőńŖń ŔńŖń ŋń œŔņńŖń ŇŒňŌőń Ōŋőʼnŕŗņń İĮĨ ń ŋń ŒŕŖńőńŖŌŒŖ œʼnŔŌŒň İĮĨ ĦŎŗœőŌŒŖ ŌŋőŒŕ ŜŖŒ ŇŒ œŏńŰń œŒŖŔŒŜŗņńśŒŖ Ōŋőʼnŕŗņń İĮĨ ĮńŐńŖőńŖń ŕŖńœŎń ʼn ŘŌŎŕőń ŋń œŔņńŖń ŇŒňŌőń Ō Ōŋőʼnŕŗņń Œň ĦŒ ŒŕŖńőńŖŌŒŖ œʼnŔŌŒň ʼn œŔŒŐʼnőŏŌņń œŒ ŒňŏŗŎń őń ĥńőŎńŖń ń ŐŒŐʼnőŖńŏőŒ Ōŋőʼnŕŗņń Œň ĮńŐńŖőŌŖʼn ŕŖńœŎŌ Ō ńňŐŌőŌŕŖŔńŖŌņőŌŒŖ ŖŔŒŜŒŎ ŕʼn ŔńŋŏŌśőŌ ŋń ŔńŋŏŌśőŌ ŇŔŗœŌ ŎŏŌʼnőŖŌ īń œŒņʼnŰʼn ŌőŘŒŔŐńŚŌŌ ŒŅŔńŖʼnŖʼn ŕʼn ňŒ ʼnŎŕœŒŋŌŖŗŔŌŖʼn őń IJřŔŌňŕŎń ŅńőŎń ĬőŘŒŔŐńŚŌŌŖʼn ņŒ ņŔŕŎń ŕŒ œŒŎŔŌʼnőŌŖʼn ŔŌŋŌŚŌ ŋń ŎŔʼnňŌŖőŒ ŊŌņŒŖőŒ ŒŕŌŇŗŔŗņńŮʼn ŕʼn ŕŒňŔŊńőŌ ņŒ IJœŜŖŌŖʼn ŗŕŏŒņŌ őń İńŕŖʼnŔ œŒŏŌŕńŖń ķŕŏŒņŌŖʼn ŕʼn ņńŏŌňőŌ Œň Ň ňŒ Ň



www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

36

балкан бизнис и политика

тренДот на уривање на бипартизМот проДолжи во Хрватска

Мост ја укина вечната власт на ХДз и на сДп нема никакво изненадување во однос на тоа како Хрватите ја изразија својата изборна волја, давајќи го клучот за формирање на новата влада во рацете на Мост, која едногласно беше прогласена за вистински победник на изборите во Хрватска, иако имаше трет резултат. незадоволството од тоа што продложува бетонирањето на двопартискиот систем во, најблаго кажано, кревките балкански демократии, долго се акумулира

O

Од неделата ч е с то се повторува дека е изненадување резултатот на новооснованата партија Мост во нејзиното прво појавување на изборите во Хрватска. Но, кога се вели изненадување, тоа може

да се однесува само на фактот што Мост успеа да ги пробие бариерите, системски поставени од двете големи хрватски партии, ХДЗ и СДП, кои, како што рече лидерот на Мост, Божо Петров, се една интересна група, во која едните попрво би им ја препуштиле власта на другите, иако им се декларирано најголеми непријатели, отколку да му дозволат на некој трет да влезе во затоврениот круг од кој се претендира на власта. Инаку, нема никакво изненадување во однос на тоа како Хрватите ја изразија својата изборна волја, давајќи го клучот за формирање на новата влада во рацете на Мост, која едногласно беше прогласена за вистински победник на изборите во Хрватска, иако имаше трет резултат. Незадоволството

од тоа што продложува бетонирањето на двопартискиот систем во, најблаго кажано, кревките балкански демократии, долго се акумулира. Најсилно пукна во Грција, каде Неа Демократиа и ПАСОК се збришани од СИРИЗА на Алексис Ципрас. Мост само го потврди трендот на разбивање на бипартизмот, на политиката во која на власт со децении се менуваат само две партии. Долго овие партии, со помош на системот што самите го создадоа, и покрај неможноста/неспособноста/немањето волја да одговорат на очекувањата на граѓаните, не дозволуваа(т) незадоволството на гласачите да се артикулира во нова политичка опција. Во Хрватска тоа му успеа на Мост. Вакво нешто лидерот на оваа нова партија, Божо Петров, најавуваше уште во

Мост: ХДз и сДп не Може Да се Менуваат на власт 100 гоДини


ПОКАНА На 10 декември 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 19. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 30 ноември 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 7 декември (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 505; и електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА БОЈА СЕГА И НА ВАШИОТ

LENOVO 305 LAPTOP IdeaPad 305-15IBD Intel® Core™ i5-5200U Processor 4GB DDR3 1TB 5400rpm 15,6" HD AG + Camera ATI EXO PRO R5 M330 DDR3L 2G DVD-RW/ Wi-Fi/ HDMI Card reader/ Bluetooth 2,1kg / Windows 10 Home/ 24m. Warranty цена:

INet

Services

ИНЕТ - АВТОРИЗИРАН ЛЕНОВО СЕРВИС e-mail: services@inet.com.mk

41.990 денари со ДДВ

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ: A: Атинска 12 - Скопје E: sales@inet.com.mk W: www.inet.com.mk T: 02/ 3090.625


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

38

балкан бизнис и политика

тек на кампањата: „За нас се ХДЗ и СДП иста интересна група што не можеше, ниту сакаше да спроведе реформи последниве дваесет години“. Уште попрецизен беше кандидатот на Мост, Иван Ловриновиќ, кој во интервју во изборната ноќ, вака одговори на прашањето кому Мост е идеолошки поблиска – на ХДЗ или на СДП? „Тие се за нас две исти фракции. Се гледа што правеле во Хрватска 20 години. Време е ХДЗ и СДП да сфатат дека не може да се менуваат на политичката сцена 100 години. Ние посетувајќи ја Хрватска видовме дека луѓето сакаат промени, граѓаните сакаат нови луѓе, чесни, сериозни и стручни луѓе, а Мост има токму такви луѓе“, изјави Ловриновиќ. Кредибилитетот на Мост досега беше граден на локално ниво имено, лидерот на партијата Божо Петров е актуелен градоначалник на Метковиќ, каде прави потези толку различни од она што може да се очекува од типичниот балкански политичар, што може да се споредат само со најдобрите примери на поведение на фукнционер, на пример, во скандинавските држави. Во тој контекст се и барањата што Мост ги испорача пред преговорите со СДП и ХДЗ. Од ентузијазмот со кој од двете големи партии ќе реагираат на овие барања, ќе зависи дали Зоран Милановиќ (СДП) ќе остане премиер или Томислав Карамрако (ХДЗ) ќе му ја осуети намерата и тој ќе застане на чело на новата хрватска влада. Откако од Мост порачаа дека бидејќи без нив нема да може да се оформи новата влада, тие ќе го предложат идниот мандатар (и дека тоа нема да биде ниту Милановиќ, ниту Карамарко), од партијата ги испорачаа следниве барања. Намалување на бројот на општини и на локални функционери. Мост бара општините да имаат по минимум 5.000 жители, односно, актуелните (општини) кои се помалку населени, да се припојат кон поголемите. Бараат и промена во изборниот систем. Наместо 140 пратеници во Саборот (хрватскиот парламент), да има 110, и да се спроведе референдум за тоа дали треба да се укине правото на глас на дијаспората. Партијата на Петров бара да престанат вработувањата по политичка линија, директорите на јавните претпријатија да се избираат на јавни конкурси, во перспектива сите кредити да бидат во куни, даночно да се растовари бизнисот, да се укинат сите парафискални давачки, вториот пензиски фонд да се претвори во доброволен, да се продаде нефункционалниот државен имот, во наводнување да се вложат 2,3 милијарди евра, природните ресурси, како шумите и водите, да може да се продадат само ако граѓаните се сложат на референдум. Бара и повеќе пари за борба со корупцијата, односно за УСКОК. Мост во преговорите кои почнаа во средата ќе се фокусира на реформите на државната и локалната (само)управа, како и на даночниот систем. Наводно се

кои се клучните луѓе на Мост? XXтриесет и шест годишниот лидер на Мост, божо петров, е совршен пресек на карактеристиките на екипата што во 2012 година ја претворила својата политичка платформа во партија – се работи за млади луѓе кои никогаш активно не учествувале во политичкиот живот, но и тоа како биле општествено ангажирани на други позиции. петров по професија е лекар, специјалист по психијатрија, и како таков работел во универзитетската клиничка болница во Мостар. на локалните избори во Хрватска во 2013 година, петров како кандидат на Мост стана градоначалик во родниот град Метковиќ, победувајќи го дотогашниот градски татко, стипе Габриќ Џамбо, кој на позицијата бил цели 16 години, како еден од најдолговечните политичари во Хрватска. веднаш по преземањето на должноста, петров ги скрати своите примања и оние на градската управа на минималец. за седум месеци долгот на градот го намалил за 36%. замениците на градоначалникот работат волонтерски, советниците симболично добиваа по 1 куна секој месец, трошоците за репрезентација се намалени 10 пати, а патните трошоци 8 пати. подоцна, откако го преполовил градскиот долг, петров ги зголемил платите на градската управа, но тие останале 30% пониски во однос на моментот кога ја презел градоначалничката должност. XXиван ловриновиќ е економски експерт, професор, поранешен декан на економскиот факултет на универзитетот во загреб. на хрватската јавност и е познат како долгогодишен критичар на пристапите на ХДз и на сДп кон економските, и особено монтарните прашања. XXДраго пргомет е специјалист оториноларинголог. тој беше дологогодишен член на ХДз, партијата во која во 2012 година беше избран и за заменик-претседател. поради несогласувања со претседателот на ХДз, томислав карамарко, пргомет поднесе оставка на партиската функција и ја напушти партијата. во септември годинава се приклучи на Мост. заинтересирани за три министерства што ги покриваат овие реформски подрачја - за управа, за правосудство и за финансии Како главни цели во програмата на Мост (идеолошки се економски либерали и припаѓаат на центарот) со која одеа во кампањата се истакнуваат раст на БДП со над 4% годишно, значајно зголемување на вработеноста, ресуверенизација на монетарниот систем (поттикнување на куната во однос на странските валути), намалување на јавниот долг, реформа на јавниот сектор (оптимизирање на трошоците, зголемување на ефикасноста,

мерливост на трудот, формирање систем на стимулација и напредување во државната управа, редукција на дел од државните агенции), трговската економија да се трансформира во доминантно производна, долгорочно врамнотежување на приходите што економијата може да ги продуцира и на вкупните расходи на сите јавни серивиси, реформа на даночниот систем (даночно растоварување на бизнисот, поедноставување на даночните прописи, даночен над зор главно советодавен, па дури кај повторените случаи и санкциски). nnn

Мост: Хрватите сакаат нови луѓе, чесни, сериозни и стручни


TÜV

®

TÜV®

ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ во соработка со TÜV AUSTRIA CERT ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ во соработка со TÜV AUSTRIA CERT организираaт еднодневна обука за: организираaт еднодневна обука за: “ТРАНЗИЦИЈА НА НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015, “ТРАНЗИЦИЈА НА НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015, СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ“ КВАЛИТЕТ“

Целта на обуката заквалитет Системот за управување со квалитет ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ СО TÜV AUSTRIA ЦелтавО на СОрабОТКа обуката за Системот за управување соCERT според барањата на 9001:2015, е кандидатите да стекнат според барањата на ISO 9001:2015, е кандидатите даISO стекнат ОргаНИзИраAТ ЕдНОдНЕвНа ОбУКа за: солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за

солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за

ТРАНЗИЦИЈА НА НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015, барања на меѓународниот ISO Стандард. СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО9001:2015 КВАЛИТЕТ Сите учесници на обуката ќе добијат:

1 декември 2015 година (вторник), 09:00-17:00 часот, Институт КОНЦЕПТ, Скопје

оценување/проверување на усогласеноста на системот за 1 декември 2015 година (вторник), Рок за оценување/проверување на усогласеноста на системот за управување на Компанијата/Организацијата, според новите 09:00-17:00на часот, пРијавување: управување Компанијата/Организацијата, според новите барања на меѓународниот ISO 9001:2015 Стандард. Институт КОНЦЕПТ, Скопје

27 НОемврИ 2015

Сите учесници на обукатаl ќе09:00-17:00 добијат: година (вторник) часот Сертификат од TÜV AUSTRIA за успешно положен испит l 1 декември 2015 Сертификат од TÜV AUSTRIA заИнтерни успешно положен испит за за управување со квалитет. Проверувачи за Систем во просториите на Институт Концепт, Скопје l Интерни Проверувачи за Систем за управување со квалитет.

за

Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

Рок за пријавување: 27.11.2015

Предавач:

Г-дин Хрвоје Видалина (Lead Auditor) од Загреб, Република Предавач: Рок за пријавување: Хрватска. Според барањата27.11.2015 на ISO 9001:2015, е кандидатите даВидалина стекнат (Lead Auditor) Г-дин Хрвоје од Загреб, Република

СИТЕ УчЕСНИЦИ НА ОбУКАТА ќЕ ДОбИЈАТ:

солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни Хрватска. l Сертификат од информации TÜV AUSTRIAпосетете за успешно За повеќе ја положен нашата веб страна: за оценување/проверување на усогласеноста на системот за испит за www.koncept.com.mk управување на Компанијата/Организацијата, според новите За повеќе информации посетете ја Интерни нашата Проверувачи веб страна: за Систем за управување со квалитет. барања на меѓународниот ISO 9001:2015www.koncept.com.mk Стандард.

ПРЕДАВАч: КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ: Г-ДИН ХРВОЈЕ ВИДАЛИНА

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:

l Сертификат од Институт за Зикова учество на  м-р Ирена БогоевскаКОНЦЕПТ и м-р Ленче обуката.  е-маил: institut@koncept.com.mk • 02 3216 962

 м-р Ирена Богоевска и м-р Ленче Зикова   е-маил: institut@koncept.com.mk 02 3216 962 посетете ја нашата веб страна: за повеќе•информации (Lead Auditor) од загреб, република Хрватска.  www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962

!"#


Капитал број 837 13.11.2015

40

www.kapital.mk

Филм

последниот македонец - патот до истребуВање

порака за иднината да не се поВтори минатото и покрај извонредната и квалитетна екранизација, повеќе од одличната медиумска промоција и уникатниот начин на рекламирање сепак она што најмногу импонира во однос на овој филм е приказната која ја разработува. приказната која на најсликовит можен начин го прикажува најстариот и најпознат македонски синдром од кој страдаме до ден денешен . а тоа е синдромот на поделбите.

Визија: уметноста секогаш предупредуВа на о


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

41

и

мало луѓе, непријатели кои не напаѓале, со различни методи, со различни цели само за да не раздвојат, но во исто време имало луѓе кои не бранеле, пролеале крв и загинале за оваа земја и денес македонија е држава благодарение токму на тие луѓе. овој филм им го илија на сите луѓе кои пиперкоски посветувам направиле нешто добро за режисер македонија и на сите кои ја сакаат оваа земја.

и снежана лупеВска

продуцент и новинар

ако филмот е сместен во периодот пред Букурешкиот договор она за што се говори слободно може да се каже дека важи и денеска. македонија не е интегрирана во еу и нато, името на државата е оспорено, имаме проблем со соседите и за црквата. но, она што најмногу боли е разединетоста на овој народ. ако тогаш било заради влијанието на соседите сега е поради политичарите и политичките партии. Филмот е порака за иднината, за да не се повтори минатото.

со оглед дека филмот веќе имаше свои многу успешни претставувања во сите поголеми градски центри низ државава , со помош на двајцата фронтмени на истиот ви ја пренесуваме тајната на неговиот успех.

M пишува:

дејан азески

dejan.azeski@kapital.mk

Македонската публика во текот на изминатиот месец имаше можност премиерно да го проследи филмот „Последниот Македонец Патот до истребување“ во режија на Илија Пиперкоски и продукција на Снежана Лупевска. Овој играно - документарен филм преку факти и докази ја пренесува приказната за крвопролевањето, за поделеноста на македонскиот народ, за разделените семејства, моќта на соседите и желбата за уништување на Македонија. Временски тој е сместен во периодот пред Букурешкиот договор со кој Македонија се распарчува на многу делови. Со оглед дека филмот веќе имаше свои многу успешни претставувања во сите поголеми градски центри низ државава , се обидовме со помош на двајцата фронтмени на истиот ви ја пренесуваме тајната на неговиот успех.

Филм кој потсетува но и предупредува

И покрај извонредната и квалитетна екранизација, повеќе од одличната медиумска промоција и уникатниот начин на рекламирање сепак она што најмногу импонира во однос на овој филм е приказната која ја разработува.

Приказната која на најсликовит можен начин го прикажува најстариот и најпознат македонски синдром од кој страдаме до ден денешен . А тоа е синдромот на поделбите. Според режисерот на филмот Илија Пиперковски филмот е посветен на луѓе кои ја сакаат оваа земја. „Имало луѓе, непријатели кои не напаѓале, со различни методи, со различни цели само за да не раздвојат, но во исто време имало луѓе кои не бранеле, пролеале крв и загинале за оваа земја и денес Македонија е држава благодарение токму на тие луѓе. Овој филм им го посветувам на сите луѓе кои направиле нешто добро за Македонија и на сите кои ја сакаат оваа земја“. Познатата новинарка Снежана Лупевска која што е продуцент на филмот вели дека иако филмот е сместен во периодот пред Букурешкиот договор она за што говори слободно може да се каже и денеска. „Македонија не е интегрирана во ЕУ и НАТО , името на државата е оспорено, имаме проблем со соседите и за црквата .Но она што најмногу боли е разединетоста на овој народ .Ако тогаш било заради влијанието на соседите сега е поради политичарите и политичките партии. Филмот е порака за иднината да не се повтори минатото“. Лупевска, како дообјаснување на овој свој став додава: „Поделбите тогаш биле заради влијанието на грчката српската бугарската црква. Заради апетитите на соседите. Имало кодошења и братоубиства заради туѓ интерес. Сега се поделбите исто така присутно- народот е под влијание на политичките партии кои го разединија до таа мера да се делат на наши и ваши, платеници и соросоиди...Сето тоа не прави цврста нација ниту национално единство туку е само подлога за да можат и понатаму да влијаат оние кои не и мислат добро на Македонија“. nnn

зошто е толку значаен токму овој период?

к

рајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век е еден од најтешките период во познатата македонска историја. се поизвесната пропаст на големата отоманска империја ги подгрева амбициите на соседите дека токму сега е време да се интензивира кампањата за одродување на македонците и припојување на истите кон една од соседните држави. за методите и интригите со кои тие се користат веќе се напишани, а и допрва може да се пишуваат уште повеќе романи, но останува фактот дека пропагандите не би имале толкав ефект македонците да биле со малку поинаков менталитет и со малку поголема самосвест. преку книгите на стале попов , претставите на Владо малески, па се до најновиот филм „до Балчак“ од столе попов оваа тематика постојано се одржува актуелна во јавноста, но за жал македонците никако да научат од грешките кои се повторуваат веќе цели два века. да научат дека поделбите се погубни не само за нашиот квалитет на живот туку и за нашето идно постоење.

она што не чека Во скора или долга иднина


Капитал број 837 13.11.2015

42

www.kapital.mk

Менаџмент

Формулите за успех на еден од најтрофејните менаџери во историјата на фудбалот

Како да менаџирате како Сер Алекс Фергусон?

Сер Алекс Фергусон, еден од најголемите менаџери во историјата на фудбалот, во својата долга кариера во Манчестер Јунајтед се сретнал со предизвици какви што имаат менаџерите без разлика на бизнисот во кој работат. Одговорите како извлекувал максимум од своите играчи, и што тие добивале за возврат, за конечно витрините на клубот со децении да се полнат со трофеи, прочитајте ги во овој текст

Сер Алекс: Бидете искрени со вработените, тоа функционира


www.kapital.mk

л

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, отиде во пензија откако витрините на клубот ги наполни со повеќе есцајг од што може да се види во антикварница, вклучувајќи 13 титули во Премиер лигата, пет трофеи од ФА Купот, два од Лигата на шампионите ... Шкотланѓанецот презема „крш“ тим, и го претвори во шампион, а потоа ова ниво на извонредност го одржуваше повеќе од две декади. Во интервју (направено од новинарот Бил Сапорито) за магазинот Inc, Фергусон добил прашања поврзани со неговата кариера во фудбалот, но дал одговори полни со совети применливи во која и да е сфера во бизнисот. XX Еден од најголемите предизвици за младите компании е составувањето на тимот. Вие избиравте играчи за тимот и за стартната постава секоја недела. Кој беше вашиот метод? Од суштинско значење е играчите, членовите на тимот, да си ги знаат способностите едни на други, во што се добри, а во што не. И да сфатат дека понекогаш играчот може да има лош ден, кога е подобро да оди на плажа. Во смислата на фудбалскиот меч, вообичаено осум, девет играчи го добиваат натпреварот, а двајца или тројца имаат лош ден, едноставно не играат добро. Важна работа е да го водите тимот според одредени стандарди, така што тимската етика да се поедностави, во смисла, играчите да ги знаат своите цели. XX Како ги востановивте овие стандарди за играчите? Најважна работа како менаџер на Манчестер Јунајтед е да знаеш да живееш со она што го очекуваат од тебе. Истото важи и за играчите кои имаат одговорност со која треба да живеат. Тие треба да живеат

Капитал број 837 13.11.2015

43

Премиерлигашкиот трофеј Фергусон го креваше рекордни 13 пати Со последната генерација што ја водеше Фердинанд, Јанузај, Валенсија, Гигс За да се одржи летвичката на стандардите високо крената, секој момент се користи за усовршување

на нивото на стандардот, и јас како тренер да ги потсетувам силно за стандардите што сме ги поставиле. Летвичката во Манчестер Јунајтед е високо поставена. XX Познато е дека бевте прилично отворени, в лице им кажувавте на играчите кога не беа на височината на стандардот. До кој степен менаџерот треба да се конфронтира со вработените? Првата работа што треба да ја направите е јасно да ставите до знаење кој сте вие како личност. На пример, без разлика колку пати и каква и агресија да покажев кон играчите, таа беше заборавана веднаш. Следниот ден е друг ден. Значи тие ме разбираа како личност, немаше лоши чувства. Таа доверба и разбирање се навистина важни. Ако играчите не живеат со очекувањата на Манчестер Јунајтед мојата работа беше да ги потсетувам што од нив се очекува. Ние не смееме да си дозволиме играчи кои мислат дека поразот е само дел од

животот. Зашто не е само дел од животот. Пораз во натпревар за Манчестер Јунајтед е многу важно прашање, зашто кога ќе загубиме ние сме на насловните страници во медиумите. А кога ќе победиме сме на последната страница. Јас не сакам да бидеме на првите страници. XX Требаше да изберете 11 играчи за секој натпревар. Но, модерен клуб мора да има 25 или 30 играчи со сè тие на клупата, што значи повеќето од нив нема да играат. Како успевавте да го направите секој од нив среќен? Кога при избирањето на тимот ќе изоставев 14 играчи, требаше да направам тие да разберат дека тоа е само тимот за конкретниот ден. Тие можеби ќе бидат вклучени следната недела. Јас од нив барав доверба, во смисла, дека без разлика кој тим ќе го одберам, тој е доволно добар за да победи. Ако не ми веруваа и јас не им верував дека како избран тим треба


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

44

Менаџмент „Не смее да се дозволи играчите да мислат дека поразот е само дел од животот“ „Ако играчите не живееја со очекувањата на Манчестер Ј., мојата работа беше да ги потсетувам што од нив се очекува“

да го одиграат конкретниот меч, зошто се тогаш тие Манчестер Јунајтед? Зошто тие воопшто се во мојот фудбалски клуб ако не ги достигнуваат стандардите што ни се потребни? XX Сепак, треба на некои играчи да им дозволите да си отидат. Да ги отпуштите. Секогаш бев искрен со играчите и тоа функционираше. Искреноста функционира. Ако требаше да прекинам соработка со играч поради возраста, поради неможноста да ги подигне стандардите до нивото што јас го барав, тогаш морав да му ја кажам вистината. Имав двајца играчи кои беа доведени во клубот кога имаа по 13 години, Фил Невил и Ники Бат - фантастични луѓе. Но, во што беше мојот проблем? Дојдов до точка кога си велев себе си: „Мразам да му кажам нему дека повторно нема да игра“. Тоа е тешко, навистина. И го викнав Фил Невил кај мене дома за да му објаснам. Тој не сакаше да дојде. Беше со неговата сопруга. Таа седеше во колата плачејќи. Јас не знаев дека е таму. Мојата сопруга рече: „Знаеш дека Џули е во колата?“. И реков: „Па, нека влезе дома“. Таа не сакаше да влезе, па, Кети (сопругата на Фергусон, н.з.) и однесе шоља чај. „Ние не сакаме да си одиме од Манчестер Јунајтед“, и рекла на жена ми. На Фил му објаснив дека страдам секогаш кога треба да му кажам дека повторно нема да игра. Исто како и на

Ники Бат. Ова е страшно крвава работа. Но, мора да се направи, за нивно и за мое добро, и за доброто на клубот. XX Кога првпат дојдовте во Манчестер Јунајтед тоа беше регионален тим, а во лигата скоро целосно играа Британци. Сега лигата воглавно е од не-Британци, и Манчестер Јунајтед е глобален бренд. Како транзицијата од моно-културен фудбал, кон глобална култура, влијаеше на начинот на кој го водевте тимот? Тоа беше голем предизвик за мене. Го сакав предизвикот што го донесоа европските, и другите странски играчи. Сè почна со телевизиската зделка на Премиер лигата која промени сè. Имаше многу пари на располагање, и Премиер лигата почна да примамува играчи од Шпанија, од Италија. Но, морам да кажам, овие големи странски играчи беа голем бенефит за Манчестер Јунајтед едноставно зошто нивната култура е комлетно различна во смисла на исхраната, на начинот на размислување, на навиките поврзани со тренингот ... Тоа беше фантастично. Имаше и чудни работи. Странските играчи знаеја да седат во трпезарија - Срби, Холанѓани, Бразилци, Португалци, Шпанци ... , и тие сите се смееја и се шегуваа, комуницирајќи и покрај различните

јазици. На друга маса седевме со играчите Англичани кои зборуваа само англиски. Знаев да им речам: „Треба да научите, да соберете нешто од колегите“. Некои француски, шпански, италјански зборови. Но, тоа беше многу тешко со оглед на нивниот англиски менталитет и култура. За мене беше голем предизвик да можам да комуницирам. Понекогаш со по малку француски, со по малку германски; доста тешко на шпански и португалски. XX Сер Алекс, вие за вашата работа зборувате како за добивање дополнителни пет отсто од играчите. Тоа е важно без разлика на индустријата. Кој е најдобриот начин да ги добиете тие екстра пет отсто од луѓето? Да им верувате, што е прво. Да ги инспирирате да бидат најдобри што можат, и исто така да ја креваат летвичката постојано, да се трудат да ги подобрат нивните можности. Тоа може да се постигне со тренинг, секако, но исто така може да се направи со мотивација дека тие се најголемиот клуб во светот, и за да остане така, мораат да бидат најдобри. Но, ова понекогаш може да биде застрашувачко за играчите. Како и да е, во предизвикот да можат да го направат тоа што се бара од нив и да останат со Манчестер Јунајтед, беа помогнати од довербата што им ја укажував. nnn



Рок за пРијавување: 17 НОемврИ 2015

Eднодневен семинар на тема:

ПоПис на средствата, Побарувањата и обврските, aмортизација и ревалоризација кај трговските друштва, буџетските корисници и неПрофитните организации l 19 ноември 2015 година (четврток) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт Концепт, скопје

Попис на средствата, побарувањата и обврските кај трговските друштва, буџетските корисници и непрофитните организации: l Законска регулатива, поодделно за трговските друштва, буџетските корисници и непрофитните организации, l Фази на спроведување на пописот, l Чија е одговорноста за целосно и навремено спроведување на пописот…

амортизација и ревалоризација: l Законска регулатива, поодделно за трговските друштва, буџетските корисници и непрофитните организации,

l дефиниции (амортизирачки износ, метод на амортизација, корисен век на употреба), l Кои средства се исклучени од пресметка на амортизација…

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk Предавач: бранислав гулев

вработен во државниот завод за ревизија, еден од основачите на оваа институција.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 837 13.11.2015

77

Лидерство

Рекоа за... Инвестирањето

И

зобилието на евтини пари во глобалниот финансиски систем го поттикна најголемиот раст на мега спојувања и преземања на компании од светската финансиска криза во 2008 година, при што нивната вредност до крајот на септември годинава е речиси 90% поголема во споредба со истиот период лани. Издвоивме 10 легендарни изјави на тема инвестирање во компании, од луѓето што служат како инспирација на менаџерите за спојувања и преземања низ цел свет.

Најбезбедниот начин да ги удвоите вашите пари е да ги превиткате еднаш и да ги ставите в џеб

Френк МекКини Хабард карикатурист, хуморист и новинар

Понекогаш вашата најдобра инвестиција е онаа што нема да ја направите

Доналд Трамп

бизнис магнат и кандидат за американски претседател

Бил Хамбрехт

претседател на WR Hambrecht & Co

Познавај си го својот бизнис и индустријата подобро од било кој друг. Сакај го тоа што го работиш ли не го работи воопшто

Марк Кјубан

бизнисмен, инвеститор и филантроп

Волстрит е единственото место каде што луѓето кои возат Ролс Ројс доаѓаат да земат совет од оние што се возат со метро

Не треба никој купувач да се чувствува измамен. Па, затоа сите добиваат иста цена на нашите услуги за инвестициско банакрство

Ендрју Карнеги

Луѓето кои што не можат да се мотивираат себеси мора да се задоволат со просечност, без огле колку се импресивни нивните останати таленти

индустријалист и филантроп

Никогаш не се оптоварував со тоа колку нешто чини; ме интересира колку тоа вреди

Ворен Бафет инвеститор

Ари Емануел

директор на William Morris Endeavor

Влези во бизнис што секој идиот може да го води, затоа што кога -тогаш некој идиот веројатно и ќе го води

Питер Линч

бизнисмен и инвеститор

Тимоти Слоун финансиски директор на банката Wells Fargo

Нашиот бизнис е навистина едноставен. Ако ја загледаш зделката и нејзината структура ќе ти заличи на октопод или пајак, па затоа не ја загледувај


www.kapital.mk

Капитал број 837 834 13.11.2015 23.10.2015

78

лидери

елоН Маск претприеМач и иНоватор

Не се плашете од Неуспехот иновациите не се лесни. потребна е напорна работа, одличен тајминг и храброст да се делува. елон Маск, мозокот кој стои зад многу компании како Tesla и SpaceX, ги има сите три особини, затоа и не е изненадување што тој денес е еден од претприемачите и менаџерите од кои сакаат да учат и најдобрите, но и оние кои почнуваат во бизнисот. еве некои од неговите совети за тоа како полесно да се иновира и како да се успее во бизнисот. Постојано прашувајте се како можете да ги наравите работите подобро и преиспитувајте се за тоа. Упорноста е многу важна. Никогаш не треба да се откажувате, освен ако се принудени да се откажете.

Ако нешто е доволно важно, дури и ако се е против вас, треба да продолжите да го правите тоа”

Во ред е да ги чувате сите јајца во една кошничка, се додека контролирате што се случува во кошничката.

Кога Хенри Форд направил евтини коли достапни до сите, луѓето се прашувале “Што им фали на коњите?”. Тоа бил голем облог кој тој го добил.

Ако сте ко-основач или директор треба да ги правите и сите видови работи кои можеби не ги сакате. Без тоа компанијата нема да успее. Нема обврски кои не се значајни.

Големите компании се изградени на “големи” производи.

Кога се обидуваш да изградиш компанија, тоа е многу слично како да правиш торта. Мора да ги имате сите состојки во точни пропорции.

Неуспехот е опција. Ако работите не пропаѓаат, тогаш не иновирате доволно.

Кога се почнува и создава бизнис, иновацијата, волјата и упорноста на луѓето кои се зад тој бизнис е подеднакво важно како и производот кои го продаваат.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.