838 kapital magazin 1

Page 1

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ КРИЗАТА ГИ СКРАТИ И МЕНАЏЕРСКИТЕ ПЛАТИ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

КАПИТАЛ АНАЛИЗА 9 ПРЕПОРАКИ ОД ЕУ КАКО ДА СЕ ПОДОБРИ БИЗНИС КЛИМАТА

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ КОЈ И КАКО МОЖЕ ДА ДОБИЕ ГАРАНЦИИ ЗА КРЕДИТИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО?

COVER STORY

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ТУРБУЛЕНЦИИ

МАШКО ЗДРАВЈЕ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? ВО МЕСЕЦОТ НА МАШКО ЗДРАВЈЕ КАПИТАЛ ВЕ СОВЕТУВА

НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА СМРТ НА МАЖИТЕ И КАКО ДА ГИ БИЛДЕРБЕРГ:ПРЕВЕНИРАТЕ КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

TOП

WWW.KAPITAL.MK

НАМИРНИЦИ ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ НА МАЖИТЕ НЕ Е МАШКИ ДА СЕ ЈАДЕ СÈ!

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

INTERVIEW

МАШКО ЗДРАВЈЕ

НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА СМРТ НА МАЖИТЕ

ЈАНКО РАЛИЦА НИКОЛОВ ГУБЕРОВА

КАКО ДА ГИ ПРЕВЕНИРАТЕ?

извршни директори на Евроинс

ЕВРОИНС ЌЕ ОСТАНЕ ЛИДЕР ВО ИНОВАЦИИТЕ ВО ОСИГУРИТЕЛНИОТ БИЗНИС INTERVIEW

ЈАНИС ВАРУФАКИС

поранешен министер за финансии на Грција БРОЈ 838 | ЦЕНА 100 ДЕН. 20 НОЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ДЕФЛАЦИСКА ЕВРОПА Е БОЛНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА

Светот нема да биде ист по нападите во Париз



3

Капитал број 838 20.11.2015

СОДржиНа

10 04

Profile

зошто Еди рама ги укина даноците за малите фирми?

08 НаВиГаТОр Банките со добивка од

60,3 милиони евра, 54,2% поголема од лани!

10

cover story

16 18

КапиТалНО

Странските инвестиции не ја спасуваат економијата. Кризата допрва ќе удри по економијата! Уште една изгубена година

28

аНализа

34

БаНКи и КОмпаНии

38

иНТЕрВјУ

Евроинс ќе остане лидер во иновациите во осигурителниот бизнис

42

лУѓЕ и КОмпаНии

македонските директори ќе ја завршат 2015 година со помали заработки

48 44

лУѓЕ и КОмпаНии

УСаиД и проКредит банка со нов начин за помош на земјоделците Гаранциите ќе ги олеснат кредитите за земјоделието. Кој и како може да дојде до гаранција за кредит?

48

СВЕТ

иНТЕрВјУ

53 55

9 препораки од ЕУ како да се подобри бизнис климата

јаНиС ВарУфаКиС поранешен министер за финансии на Грција

Дефлациска Европа е болниот човек во светската економија!

јаНКО НиКОлОВ и ралица ГУБЕрОВа

извршни директори на Евроинс

24

34

Од производител на евтина електроника до светски водечки бренд Како Samsung ја направи револуцијата во дизајнот Светот нема да биде ист по нападите во париз На испит западноцивилизираниот одговор на терористичките закани

лиДЕрСТВО

рекоа за... Кoрупцијата

СпЕцијалЕН прилОГ машКО зДраВјЕ Во месецот на машко здравје Капитал ве советува Најчести причини за смрт на мажите и како да ги превенирате n Кожни инфекции со HPV (човечки папиломен вирус) n ToП намирници за подобро здравје на мажите n

КОлУмНа

иВаН лОВриНОВиќ

професор по економија и пратеник од партијата МОСТ

Ни на СДп, ни на ХДз не им ни падна на памет да ја променат економската филозофија

Криза

мЕНаџЕрСКи плаТи

шТО пО париз?

Намалувањето на проекцијата за економскиот раст од планираните 4,1% на 3,2% е само прво официјално признание дека македонската економија е во проблеми. Ако се знае дека следната година е година на избори, а светската економија се соочува со слаб раст и огромни неизвесности, може со сигурност да се претпостави дека македонската економија допрва ќе се соочи со пад во повеќето клучни извозни индустрии.

Во Македонија платите на топ менаџерите годинава опаѓаат со мал процент, покажува студијата на хедхантинг компанијата Пердерсен и Партнерс (Pedersen & Partners), спроведено на светско ниво. Тоа се должи на многу причини, но можеби најважно е тоа што економијата во земјата е повеќе фокусирана на поддршката на нови инвестиции, со што и бројот на менаџери се зголемува, вели истражувањето.

По Париз, можно ли е покажаната голема ранливост на европската безбедност да придонесе за посериозно напукнување на либерализмот и толеранцијата на Стариот континент, чиј западно - ц и в и л и з и р а н о д го в о р н а тероризмот на ИСИС, во очите на терористите не е манифестација на силата/вредностите на Западот, туку на негова слабост?

XX Стр. 10

XX Стр. 24

XX Стр. 48

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 19.11.2015


profile

www.kapital.mk

ослободувањето на малите фирми од плаќање на данок на добивка е добар потег со кој албанија сака да им остави повеќе простор за дишење на малите фирми кои се 85% од сите фирми, и да ги привлече старт-апите и новоформирани мали бизниси од целиот регион. но, се чини дека ова беше единствен логичен потег на кој Рама беше принуден од ммф во услови кога земјата се соочува со најниска стапка на собирање на даноци во светот.

Зошто Еди Рама ги укина даноцитЕ За малитЕ фиРми?

ги скРати дРжавнитЕ тРошЕња, За малитЕ биЗниси да дишат


П www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

5

profile

Премиерот на Албанија, социјалистот Еди Рама минатата недела објави дека ги укинува данокот на добивка за малите фирми кои имаат обрт до 36.400 евра, а сите фирми со обрт до 58 илјади евра ќе плаќаат намалена даночна стапка од 5%, наместо досегашните 7,5%. Овој потег го направи Рама вистински херој во регионот. Сите регионални медиуми објавија дека намалувањето на даноците во време на криза е вистински потег и дека тоа треба да го следат сите земји. “Сите компании кои годишно остваруваат приход од 36.000 евра се изземаат од системот за наплата на даноци. Сите други бизниси кои остваруваат приходи помеѓу 36.000 и 58.200 евра ќе подлегнат на оданочување, а според новите стапки данокот се намалува од 7,5% на 5%“, објави Рама. Според најавите на албанскиот премиер, околу 83.300 мали бизниси, кои изнесуваат околу 85% од вкупниот број претпријатија во државата ќе бидат ослободени од данок на добивка. Инаку, во моментот, микро бизнисите во Албанија со годишен обрт од 14.370 евра плаќаат фиксен данок на добивка од 180 евра, оние што имаат обрт од 14.370 евра до 57.484 плаќаат данок на добивка од 7.5%, а сите што прават обрт од 57.484 евра плаќаат 15% данок на добивка.

Што се крие зад потегот на Рама?

Но, што навистина се крие зад потегот на Еди Рама и зошто албанскиот премиер социјалист се одлучи да ги намали даноците токму сега? Потегот на албанскиот премиер многу економски експерт го окарактеризираа како паметен чекор од Албанија да понуди добра бизнис средина и да привлече нови стартапи и претприемачи од регионот, во време кога целиот регион на Источна Европа, како и најблиските соседи на Албанија, Македонија и Косово се натпреваруваат да понудат што поповолни услови за да привлечат повеќе странски инвестиции. И веројатно ќе има ефект. Но, за да си го дозволи овој чекор Албанија прифати драстично да ги скрати државните трошења и задолжувањата. Си чини дека ова беше единствениот логичен чекор на Еди Рама. Имено, Албанија е една од земјите со најслаба наплата на даноци во светот. Стапката на

Рама во средината на 2013 година ги зголеми персоналниот данок и корпоративниот данок за оние кои заработуваат повеќе и за големите бизниси.

Р

ама во септември годинава почна широка кампања за зголемување на наплатата на даноци и контроли за борба против избегнувањето на плаќање на даноци. Но, истовремено направи големи кратења на државните расходи со што Албанија од буџетски дефицит годинава од 4% од БДП, следната година се обврза да има двојно помал буџетски дефицит 2,2 од БДП. Истовремено, јавниот долг на државата од годинешните 72,6% на 70,9% од БДП. наплата на даноци е само 27%, што е една од најниската стапка во светот. Заради слабата наплата на даноци, ММФ соочи Албанија со два избори или да ги зголеми даноците или да ги намали расходите, односно трошењата на државата. За да не ги изгуби парите и аранжманот со ММФ и за да не ги зголеми даноците, Рама во септември годинава почна широка кампања за зголемување на наплатата на даноци и контроли за борба против избегнувањето на плаќање на даноци. Но, истовремено направи големи кратења на државните расходи со што Албанија од буџетски дефицит годинава од 4% од БДП, следната година се обврза да има двојно помал буџетски дефицит 2,2 од БДП. Истовремено, јавниот долг на државата од годинешните 72,6% на 70,9% од БДП. Според експертите од ММФ, намалувањето на државните расходи било неминовно за да се остави простор за повеќе инвестиции

од приватниот сектор. Треба да се има во предвид дека Рама во средината на 2013 година ги зголеми персоналниот данок и корпоративниот данок за оние кои заработуваат повеќе и за големите бизниси. Сега Рама објаснува дека кратењето на даноците на малите фирми следува по позитивните ефекти на националната кампања против даночна евазија која од јули годинава досега помогнала да се озаконат илјадници бизниси и да се пријават многу работници. Но, според многу експерт овој чекор е повеќе дел од кампањата на Рама за борба против даночната евазија, односно маркетиншки чекор со кој фирмите ќе се ослободат од данокот на добивка, додека истовремено даночните служби преку инспекции во пракса ќе ја зголемуваат наплатата на другите даноци кој реално се многу поголеми полначи на буџетот од данокот на добивка. nnn


6

Капитал број 838 20.11.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

И

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

WWW.KAPITAL.MK

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

10

денари, заштедете

...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

 ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

 ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС

 ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ

ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

WWW.KAPITAL.MK

СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

 НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ

70

МИЛИОНИ ЕВРА ОХРИД – ПЕШТАНИ

60

МИЛИОНИ ЕВРА

 ОТКУП НА СТАЖ

НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

50

МИЛИОНИ ЕВРА

 АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА

ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија

ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!

45

МИЛИОНИ ЕВРА

WWW.KAPITAL.MK

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот

БЕТОН Б ЕТОН ДОБИТНИ НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

евра 200 милиони Од каде пари?

 МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО

ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ

ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?  КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ

НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

INTERVIEW

ГРАДСКО - ПРИЛЕП

 ЕКСПРЕСЕН ПАТ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ПОЛИТИКА

12 месечна претплата 4.100 денари

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА

ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?

ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!

специјален прилог - семејни бизниси

COVER STORY

6 месечна претплата 2.200 денари

COVER STORY

ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НЕдЕлАТА

> БРОЈКА

100

долари за барел нафта до крајот на 2017-та прогнозира Bloomberg

СЈу ЏИНпИНГ претседател на Кина

Светот под итно мора да пронајде нови извори за економски раст. И покрај завршувањето на глобалната финансиска криза, светот искуси многу слабо економско закрепнување. Повеќе мора да биде направено, со цел да се обезбеди нова ера на глобален просперитет

мАСИТ ОРГАНИЗИРА КОНфЕР "ИНфОРмАТИчКИ ТЕхНОлОГИ

С

о цел да се соберат сите чинители од Информатичките технологии (ИТ) и агробизнис индустријата на едно место, да се претстават трендовите во двете индустрии, да се идентификуваат можностите за соработка, размена на искуства и најдобри практики, како и да се олесни и поттикне меѓусебната соработка, МАСИТ- Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии на 25 – 26 овој месец организира конференцијата со наслов

победник на неделата Махери за правење пари

Банките со доБивка од евра, 54,2% поголеМа од ЕдИ РАмА

Финансиски резултати на Банките

+

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека целосно ќе ги укине даноците за малите компании што имаат обрт помал од 36.400 евра. Така се прави тоа за да се поттикнат малите компании да пораснат поголеми, да отвораат нови работни места и да бидат столб на кој што ќе се потпира економијата во време на криза. Освен за малите фирми, Албанија ги намалува и даноците за компаниите што остваруваат годишен обрт меѓу 36.400 евра и 58.200 евра. Од сега тие ќе плаќаат данок на добивка од само 5%. Со новите даночни олеснувања што ги воведува за малите компании според западноевропскиот модел, Албанија демонстрира голема поддршка за бизнис секторот и основа за враќање на албанската економија на старите патеки од пред кризата кога остваруваше економски раст и по 6% годишно. Меѓутоа, албанската економија продолжи да расте дури и во време кога најголем дел од европските земји паднаа во рецесија. Економскиот раст, односно приливот на странски инвестиции овозможи бројот на нови работни места во приватниот сектор во Албанија од 1999 до 2013 година да се зголеми двојно. Со тоа стапката на сиромаштија во земјата се сведе на само 12%.

(јануари - септември) (во милиони евра)

60,3

39,1 21,9 15,4 2009

2010

19,3 4,2

10,5

2011

2012

2013

2014

2015

Извор: Народна банка на РМ

a пишува:

александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Ако за некој може да се каже дека е махер во бизнисот годинава, тоа се банкарите. После првите девет месеци од годината, сите банки во земјава

остварија добивка од 60,3 милиони евра што е дури 54,2% поголема отколку истиот период лани. Најновите податоци од Народната банка покажуваат дека профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот на банкарскиот сектор во периодот јануари – септември годинава достигна 11,1% што е највисоко ниво од 2008 година наваму. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор во првите девет месеци од годината е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 51,7 милиони евра. Средните банки заработија 9 милиони евра, а значително е намалена и загубата на малите банки, од 3,2 милиони евра на само 470 илјади евра. Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што во периодот од јануари до септември годинава инкасирале 171,2 милиони евра, додека


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

9

реНЦија ии Во агроБизНис"

„ИКТ во Агробизнис’. Основни теми ќе бидат како двете индустрии да соработуваат поблиску во секојдневното работење и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка. На Конференцијата ќе присуствуиваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министер за информатички и комуникациски технологии и администрација, директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Директор на УСАИД мисија во Македонија.

> БројКа

мисла на неделата

1

Треба на одговорност да се повикаат и банкарите, не само банките. Повикувањето на поединци на одговорност поради несовесно работење би било важен елемент на процесот на подигнување на етичките стандарди.

милион хотелски соби ќе поседува компанијата што настана со спојувањето на Marriott и Starwood.

лидери

д 60,3 милиони д лАни! Ако за некој може да се каже дека е махер во бизнисот годинава, тоа се банкарите. После првите девет месеци од годината, сите банки во земјава остварија добивка од 60,3 милиони евра што е дури 54,2% поголема отколку истиот период лани. Профитабилноста мерена преку стапката на поврат на капиталот достигна 11,1% што е највисоко ниво од 2008 година наваму. пак од провизии и надоместоци се наплатени 50,8 милиони евра. По одделни банки, од оние што досега ги објавија финансиските извештаи, најголема добивка оствари Стопанска банка од околу 26,1 милиони евра, што е 18,8% повеќе отколку лани. Билансот на успех на НЛБ Тутунска банка покажува добивка од 15,3 милиони евра што е дури 52,8% поголема од лани. Добивка од околу 6 милиони евра оствари Охридска банка, која што исто така влегува во групата големи банки. Комерцијална банка од големата четворка во првите девет месеци годинава успеа да ја надмине загубата од лани и прикажа добивка од 5,1 милиони евра. Од малите и средните банки, речиси сите што доставуваат финансиски извештаи до Берзата со исклучок на ТТК банка, остварија загуби. Централна кооперативна банка во периодот јануари – септември направи загуба од околу 900 илјади евра, Стопанска банка Битола прикажа минус во билансот на успех од 855 илјади евра, додека пак загубата на Уни банка изнесува 740 илјади евра. ТТК банка после првите девет месеци од годината оствари добивка од околу 130 илјади евра. nnn

Кристин Лагард

директор на ММФ

губитник на неделата

алеКсис Ципрас а але

После неколку дневните тешки преговори, Ципрас успеа да постигне договор со кредиторите за новата транша од спасувачкиот пакет

Владимир пуТиН

Пред Г-20 ги разобличи и западните земји кои ги финансираат терористите купувајќи нафта од ИСИС

не им беше неделата

ЃорЃе иВаНоВ

Прво најави ограда за мигрантите, а потоа рече дека со бегалската криза ќе научиме да живееме со најдлабоките религиски и културни разлики

НиКола ТодороВ

Последните статистики покажуваат три пати поголема смртност на новороденчиња во Македонија споредено со земјите од регионот и ЕУ

_

Кадри Вејсели Седницата на Собранието на Косово на која требаше да се разгледува Нацрт законот за буџет за 2016 година беше прекината откако опозицијата го блокираше парламентот со фрлање солзавец и прскајќи со бибер-спреј врз министрите. Тоа е четврти по ред инцидент во рок од 2,5 месеци откако опозицијата ја блокира работата на парламентот барајќи откажување од Договорот за заедници на српските општини како и демаркација на границата со Црна Гора. Целата оваа ситуација пренесува една јасна порака дека актуелните власти во Приштина, а најконкретно претседателот на Собранието Вејсели не ја контролираат состојбата во земјата. Со оглед на специфичноста на косовското прашање, експертите предупредуваат дека евентуалната понатамошна дестабилизација на состојбата во Приштина многу лесно може да ја доведе во прашање безбедноста на целиот регион. Познато е дека на територијата на Косово се уште царуваат вооружени групи кои чекаат токму вакви погодни моменти за да направат нов локален или регионален судир. Веројатно челниците на младата држава која долго време се бореше за независност немале во предвид дека високите државни функции не носат само привилегии и одговорности. Одговорности како онаа која сега ја има, а не ја извршува Вејсели, итно да ја стабилизира ситуацијата во парламентот, а со тоа да ја спаси земјата и целиот регион од понатамошна дестабилизација и евентуални несакани последици.


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

story 10 coverstory cover

ПолитичКата Криза и Падот н

поРаст На Бдп извор: државен завод за статистика

3,8% 3,2%

3,2%

2015

2016*

2,7%

2,3%

2011

2012

2013

2014

*ПроценКа на ммФ

-0,5%

стРаНскитЕ иНвЕс НЕ ја спасуваат ЕкоНоМијата. кРизата допРва ќ по ЕкоНоМијата!

НБРМ: ЕкоНоМ ЕкоНоМскиот оМскиот оМ Мскиот Р Раст годи годиНава Нава ќЕ


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

11 на извозот на метали ја забавија еКономијата

стиции

ќЕ удРи

Намалувањето на проекцијата за економскиот раст од планираните 4,1% на 3,2% е само прво официјално признание од официјалната статистика дека македонската економија е во проблеми. големиот раст во извозот на странските инвеститори и милионските задолжувања на државата за наводни инвестиции во капитални инвестиции, очигледно не се доволни за да го одржат економскиот раст и да го надополнат лошото работење на фирмите во останатите области. ако се знае дека следната година е година на избори, а светската економија се соочува со слаб раст и огромни неизвесности, може со сигурност да се претпостави дека македонската економија допрва ќе се соочи со пад во повеќето клучни извозни индустрии.

г пишува:

Биљана здравковска стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Гувернерот димитар богов изминатата недела излезе со проценка дека економскиот раст годинава нема да биде 4,1%, како што се предвидуваше, туку 3,2%. најголемите причини за забавувањето на македонската економија гувернерот ги лоцираше во политичката нестабилност, но и намалувањето на извозот на метали. речиси никој не е изненаден од објавата на гувернерот дека економијата помалку ќе расте, бидејќи бизнис секторот со месеци наназад предупредува на намалување на економската активност. но, ова е прв пат да се спомене извозот на метали како причина за намалување на економскиот раст, иако металната индустрија веќе подолг период е во криза. овој намален економски раст од 3,2% се должи пред се на инвестициите на државата и на позитивните ефекти од новите извозно ориентирани капацитети во слободните економски зони. Гувернерот уверува дека економскиот раст за 2016 година и за 2017 година ќе бидат повисоки и ќе изнесуваат 3,5% и 4%. но, засега малку се оптимисти. дури ни ммФ не верува дека македонската економија ќе има сила да расте повеќе. Проценките на ммФ се дека економскиот раст на земјава за следната 2016 година ќе остане 3,2%, за да во следната 2017 година порасне со стапка од 3,3%. „растот во следните две години ќе забрза врз основа на засилувањето на извозот и инвестициската активност, но и зголемување на личната потрошувачка. добро за нашата економија е што и очекувањата за растот на економијата во европската унија во следните две години се оптимистички. единствено, негативен ефект врз странската побарувачка може да има влошувањето на економијата во Грција“, изјави богов. но, она што не влева оптимизам е фактот што освен странските инвеститори кои субвенционирано произведуваат во зоните, останатиот дел од економијата има

Е БидЕ Е 3,2%, НаМЕсто МЕсто пла МЕ плаНиРаНитЕ 4,1%


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

12

cover story

Р Димитар Богов

гувернер на Народната банка на Македонија

астот во следните две години ќе забрза врз основа на засилувањето на извозот и инвестициската активност, но и зголемување на личната потрошувачка. Добро за нашата економија е што и очекувањата за растот на економијата во Европската унија во следните две години се оптимистички. Единствено, негативен ефект врз странската побарувачка може да има влошувањето на економијата во Грција.

М

Бранко Азески

претседател на Стопанската комора на Македонија

прилично лоши очекувања за тоа како ќе се развива нивниот бизнис. Многу од компаниите со кои контактиравме велат дека ова е една од најлошите години за водење бизнис од воениот конфликт во 2001 година. Многу од нив се целосно истоштени од намалените приходи и отежната наплата на побарувањата, па предупредуваат дека нема да можат да преживеат уште долго во услови кога не можат да дојдат до кредити од банките. Иако банкарските кредити годинава се зголемени за 7,7%, тоа пред се должи на растот на кредитирањето на домаќинствата кој изнесува високи 20,8%, додека растот на кредитирањето на фирмите на ниво на цел банкарски сектор е 5,5%. Уште еден податок кој укажува дека македонската економија е на преживување е ниската инфлација. НБМ предвидува дека годинава ќе ја завршиме со инфлација од 0%, иако веќе подолг период имаме дефлација. Економистите се согласни околу тоа дека полошо за економијата од инфлацијата е дефлацијата или намалувањето на цените, бидејќи индиректно ги намалува приходите на фирмите и ја зголемува невработеноста. Дефлацијата во Македонија само го потврдува она што го зборуваат бизнисмените дека во економијата нема пари, дека опаѓа обемот на работа и дека

еталната индустрија не само што не е заштитена, туку е нападната и оневозможена да биде природната локомотивата која ќе не извлече од криза. Ако сите заедно не ги поддржиме барањата за основните, базните индустрии, никогаш не можеме да го достигнеме растот од 7% кој ни е потребен.

ликвидноста на фирмите е многу мала.

Паѓа извозот на метали. Металната индустрија бара спас

Според Богов, најголемите закани за успорувањето на економијата после политичката криза, доаѓаат од намалениот извоз на метали. Додека НБМ објаснува дека намалениот извоз се должи на влошувањето на светската конјуктура и намалувањето на цените на металите, компаниите од металната индустрија велат дека целата индустрија е во тешка криза и дека се неопходни конкретни мерки за спас на оваа индустрија, која според нив, може да ја извлече македонската економија од криза. Компаниите од металната индустрија сметаат дека оваа индустрија има огромен придонес во домашната економија, но неправедно се занемарува, па дури и напаѓа. Тие бараат конкретни мерки со кои компаниите од оваа индустрија би имале исти услови како оние кои ги имаат компаниите од металната индустрија во Европа и светот. Металопреработувачките компании побараа нормални цени на транспортот и енергенсите, стимулации како за индустрија која отвора најголем број работни места по примерот на развиените држави, поголема толеранција во однос на еколошките

Н Минчо Јорданов

претседател на Борд на директори на Макстил

икој не бара мерки и социјалистички начин за пумпање вработувања. Овие базни индустрии во светот добиваат поддршка и бенефиции, додека кај нас плаќаат повеќе и во транспортот и во енергетиката. Металната индустрија мора да добие поддршка и во делот на инфраструктурата и енергетиката за да дојде во нормална состојба во која работат компании од истата дејност низ светот.

БРОЈКA

20,8% е растот на кредитите на домаќинствата за годинава

стандарди...Ова се само дел од барањата кои ги истакнаа претставниците на металуршката и металопреработувачката индустрија во Македонија која создава над 13% од вкупниот извоз и индиректно создава над 27 илјади работни места во Македонија. Во металната индустрија во 2014 година биле вработени 6.392 луѓе, што е намалување во споредба со бројот на вработени во оваа индустрија во 2007 година. Заради намалениот обем на работа и лошите финансиски резултати многу компании од оваа индустрија беа принудени да отпуштат дел од вработените. Според последната студија која ја направи Стопанската комора на Македонија, металната индустрија индиректно преку синџирот на снабдувачи и купувачи, создава и поддржува над 27 илјади работни



www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

14

cover story

места. Бранко А зески, претседателот на Стопанската комора на Македонија смета дека металната индустрија не само што не е заштитена, туку е нападната и оневозможена да биде природната локомотивата која ќе не извлече од криза. “Иако оваа гранка е една од носечките индустрии, бројот на фирмите во оваа индустрија е мал, па често се смета дека тие повеќе зборуваат од лични интереси. Најновата студија покажува со бројки дека она што го зборуваме и бараме како мерки не се лични интереси, туку реална потреба на целата економија”, вели Азески, која најави дека Стопанската комора на Македонија ќе застане целосно зад барањата на оваа индустрија. “Ако сите заедно не ги поддржиме барањата за основните, базните индустрии, никогаш не можеме да го достигнеме растот од 7% кој ни е потребен”, смета Азески. Минчо Јорданов од Макстил смета дека фокусот на економските политики во време на криза мора да се насочат кон металопреработувачката индустрија и кон отварање на работни места. “Никој не бара мерки и социјалистички начин за пумпање вработувања. Напротив, овие базни индустрии секаде во светот добиваат адекватна поддршка. Ние сме единствена земја во светот каде што оваа индустрија е исфрлена од енергетскиот систем, додека секаде во светот таа има адекватна поддршка како индустрија која создава многу работни места. Исто така транспортот многу не погаѓа. Ние како затворена земја имаме потешкотии да дојдеме и до најблиското море и плаќаме поскап транспорт. Секаде во светот им се даваат бенефиции на вакви масовни индустрии, додека кај нас обратно мораме да плаќаме повеќе и во транспортот и во енергетиката”, објаснува Јорданов, кој потенцира дека металната индустрија мора да добие огромна поддршка во делот на инфраструктурата и енергетиката за да дојде не во бенефицирана, туку во една нормална состојба во која работат и останатите компании од истата дејност низ светот. Toj потенцира дека тие како компании плаќаат најскап гас во светот. “Ако имаме цени на транспорт и гас како во светот Макстил би имал 7 до 8 милиони евра заштеди”, вели Јорданов.

Рекордниот раст на извозот од слободните зони не може да го надомести падот во сите други извозни индустрии

Според него, отворањето на новите работни места може да се поттикне само со нов процес на реиндустријализација. Има огромни перспективи за овој процес, но основен проблем е немањето обртни средства и средства за инвестиции. Ние како држава мора да најдеме и создадеме инструменти и фондови за да ги помагаме сите приватни иницијативи во отворање на индустриски капацитети”, потенцира Јорданов.

Кој ќе го носи економскиот раст во време на криза?

Намалувањето на проекцијата за економскиот раст од планираните 4,1% на 3,2% е само прво официјално признание од официјалната статистика дека македонската економија е во проблеми. Големиот раст во извозот на странските инвеститори и милионските задолжувања на државата за наводни инвестиции во капитални инвестиции, очигледно не се доволни за да го одржат економскиот раст и да го надополнат лошото работење на фирмите во останатите области. Ако се знае дека следната година е година на избори, а светската економија се соочува со слаб раст и огромни неизвесности, може со сигурност да се претпостави дека македонската економија допрва ќе се соочи со пад во повеќето клучни извозни индустрии. Тој тренд на пад на извозот е веќе воочлив кај металната индустрија, која има најголем придонес во економијата. Неизвесноста на домашниот пазар се

БРОЈКИ

5,5% е растот на кредитите на фирмите за годинава

13% од македонскиот извоз го прави металната индустрија

чини е уште поголема. Потрошувачката на домаќинствата која годинава била поткрепена со значителен раст на банкарските кредити, може да се намали, бидејќи гувернерот веќе најави одредени мерки со кои ќе го ограничи ова кредитно пумпање на потрошувачката, кое според него, веќе станува ризично. Имајќи ја во предвид политичката ситуација во која се наоѓа Македонија и фактот што следната година во април се закажани предвремени парламентарни избори, неизвесноста за фирмите ќе биде уште поголема и може со сигурност да се очекува влошување на ликвидноста и проблемите со плаќањата. Очигледно ова е време кога мора да се менува нешто во економската политика која ја води Македонија. nnn

Факт: Паѓа извозот на метали



пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Уште една изгубена година Народната банка на еден месец пред истекот на годинава објави дека економскиот раст годинава нема да бил 4,1%, како што се планираше, туку 3,2%. За речиси еден процентен поен промашен прогноза. И речиси никој не е изненаден од оваа надолна проекција на Народната банка. Бидејќи тоа е само констатација, и тоа прилично задоцнета, за она што бизнисмените го зборуваат со месеци наназад. Дека политичката криза, во која земјата се наоѓа од почетокот на годинава, сериозно ја влоши и онака лошата состојба во која се наоѓаа фирмите. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

N

Народната банка на еден месец пред истекот на годинава објави дека економскиот раст годинава нема да бил 4,1%, како што се планираше, туку 3,2%. За речиси еден процентен поен промашен прогноза. И речиси никој не е изненаден од оваа надолна проекција на Народната банка. Бидејќи тоа е само констатација, и тоа прилично задоцнета, за она што бизнисмените го зборуваат со месеци наназад. Дека политичката криза, во која земјата се наоѓа од почетокот на годинава, сериозно ја влоши и онака лошата состојба во која се наоѓаа фирмите. Многу мали и средни фирми се соочија со огромен пад на обемот на работа, откажани нарачки од странство, замрзнати плаќања на домашен пазар, неможност да се земе креди од банка за да се преживее овој период... Многу беа принудени драматично да ги кратат трошоците и да отпуштаат работници. Само власта беше слепа за реалноста во која живеат фирмите, па со ребалансот дури и се зголемија платите и пензиите. Демек буџетот бил во одлична состојба, дека ќе имало повеќе приходи, па затоа мора да се зголемат и расходите. Тоа беше во јули. За да неколку месеци Народната банка соопшти дека приходи всушност ќе има помалку. Зошто логично е ако е помал економскиот раст, и во буџетот да се слеат помалку приходи. Бидејќи сега нема време да се крати од расходната страна, веројатно многу обврски ќе останат за плаќање за следната година. Што значи дека скриениот буџетски дефицит е многу поголем. Но, веројатно државата ќе има повеќе пари за да се раздолжи кога ќе ги земе парите од новата еврообврзница од 500 милиони евра, која треба да се издаде наскоро. Оваа година е веќе завршена и изгубена. Она што е побитно е што ќе се случува со економијата следната година. Ќе има ли сила Македонија да го одржи економскиот раст од околу 3%, кој неколку години наназад се пумпаше со драматично зголемување на задолженоста на земјата, како и со скапо платените и субвенционирани странски инвестиции? Народната банка соопшти дека покрај политичката криза, голем удел во намалувањето на економскиот раст има и намалувањето на извозот на метали. Светската конјуктура била лоша. Но, ова е само прво официјално признание дека извозот на останатиот дел од индустријата, со исклучок на слободните зони, се намалува веќе неколку месеци наназад. Металната индустрија


КапиталНО

Многу мали и средни фирми се соочија со огромен пад на обемот на работа, откажани нарачки од странство, замрзнати плаќања на домашен пазар, неможност да се земе креди од банка за да се преживее овој период... Многу беа принудени драматично да ги кратат трошоците и да отпуштаат работници. Само власта беше слепа за реалноста во која живеат фирмите, па со ребалансот дури и се зголемија платите и пензиите. Демек буџетот бил во одлична состојба, дека ќе имало повеќе приходи, па затоа мора да се зголемат и расходите. Тоа беше во јули. За да неколку месеци Народната банка соопшти дека приходи всушност ќе има помалку. има најголем придонес и учество во економијата и во извозот, па затоа тоа се одразува и врз економскиот раст. Но, намалување има и кај извозот на текстил, кај извозот на тутун и пијалаци, извозот на храна, кај извозот на нафтени деривати...Веќе подолг период паѓа извозот во земјите од Западен Балкан, кои традиционално и со години се најголеми извозни пазари на домашните извозни компании. Во исто време, речиси цела година Македонија живее со дефлација. Тоа значи дека цените паѓаат, но индиректно укажува на ниската ликвидност во економијата и алармира за состојба во кома во која се наоѓаат фирмите. Ниту ланскиот пад на профитабилноста на фирмите од 40%, ниту рекордниот износ на лоши кредити кај фирмите не се доволни за некој да предложи или побара промена на овој економски модел. Професорите и економските експерти се преокупирани со проекти и предавања за апстрактни економски теми, буткајќи ја во песок главата како ноеви од актуелните горливи проблеми

во кој тоне Македонија. Неодамна Светската банка, кога ги презентираше економските резултати за регионот, потенцираше дека на Македонија и треба повисок економски раст од оној што е пресметан за регионот во процесот на приближување кон Европската унија. Така, ако Македонија има годишен економски раст од 4,2%, под претпоставка дека растот во ЕУ, пак, е само 0,5%, нам ќе ни требаат 30 години за да и се приближиме на Европската унија. Македонија во изминативе седум години го нема нит у еднаш ни приближно остварено тој економски раст. А задолженоста на земјата за тој период е зголемена двојно. Џабе изедени пари.

Ќе се најде ли конечно некој кој на царот ќе му каже дека е гол? Очигледно, Македонија може да се спаси само со нов економски модел, кој за приоритет ќе ги стави повисокиот економски раст, инвестициите и вра ботувањата. nnn


Капитал број 838 20.11.2015

18

www.kapital.mk

Интервју

interview Јанко Ралица Николов Губерова извршни директори на Евроинс

Евроинс ќе остане лидер во иновациите во осигурителниот бизнис Евроинс е присутна на македонскиот пазар веќе седум години со бруто полисирана премија од 9 милиони евра, околу 150 вработени и 50 канцеларии низ целата држава со кои се покриени скоро сите градови во Македонија. Ако треба да се издвои едно нешто по кое Евроинс се препознава од македонскиот осигурителен пазар, тоа се новитетите во производите и услугите кои ги воведуваат во работењето, и кои ги издвојуваат од другите осигурителни компании. Целите на Евроинс се поврзани со реализирање на профитабилен бизнис и подобро рангирање на пазарот за неживотно осигурување, но најголем приоритет е да биде вистински партнер и еталон за сигурност и стабилност на своите клиенти. Со менаџерскиот тим на Евроинс, составен од Јанко Николов и Ралица Губерова во ова интервју разговараме за тоа каде ги гледаат потенцијалите за раст и во која насока ќе се развива македонскиот осигурителен пазар.


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

19


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

20

Интервју

E разговара:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

XX Евроинс Осигурување АД Скопје повеќе од седум години е дел од холдингот Евроинс Иншуранс Груп (EIG) од Бугарија. Како се развиваше Евроинс во овој период и кои се предностите што компанијата ги доби што е дел од еден голем холдинг во осигурителниот бизнис? Евроинс дојде на пазарот во Македонија во 2008 година со превземање на една од постоечките компании чија бруто полисирана премија тогаш изнесуваше неполни 5 милиони евра. Со воведување на нов начин на работење, се прошири продажната мрежа со што се опфатија скоро сите градови во Македонија. До овој момент тој концепт го имаа застапено само неколку од најголемите осигурителни компании во државата. Главната цел беше максимално да се доближиме на клиентите, а се со цел поедноставно да пристапат до нашата услуга. Новиот концепт веднаш даде резултат и само во првата година Евроинс оствари раст од преку 30% на бруто полисираната премија, а бројот на вработените од 60 се зголеми на 140. Сето ова се изведе во период кога се менуваше легислативата и се зголеми потребата од капитал за осигурителните друштва. Финансиската моќ што Евроинс Иншуранс Груп (EIG), како дел од Еврохолд, холдинг чии акции се тргуваат на две европски берзи – Варшава и Софија, овозможи да се изведе оваа одредба во законски пропишаните рокови. Сакавме како најголема инвестиција во Македонија во 2008 година да бидеме добар пример и да ги покажеме нашите сериозни намери во регионов. Веќе EIG имаше осигурителен бизнис во Бугарија, Романија, Србија, а со влегувањето во Македонија, стана најголемата регионална осигурителна компанија. Идејата уште од тоа време беше да се стави акцент на балканскиот регион. Како што се вели, си ја знаевме големината на чергата до каде може да се распростреме. Денес, работејќи напорно и во континуитет со

оваа стратегија, Евроинс Иншуранс Груп има скоро 300 милиони евра полисирана премија преку осигурителните компании што ги поседува во Бугарија, Романија и Македонија! XX Каква компанија е денес Евроинс, ако се гледа според учеството на осигурителниот пазар, според бруто полисираната премија, финансиските резултати...? Моментално, Евроинс е цврсто рангирана во средината на табелата на осигурителниот бизнис во Македонија со околу 9 милиони евра полисирана премија на годишно ниво. Има скоро 50 канцеларии распространети низ целата држава, а со продажните места се покриени скоро сите градови во Македонија. Евроинс е една од ретките осигурителни компании која исплаќа мали штети до 10.000 денари во рок од еден ден. Евроинс е компанија која во соработка со брокерските друштва и другите набавувачи, најкоректно и навремено си ги подмирува своите обврски. XX Кои производи и услуги се дел од палетата на Евроинс денес? Во изминатиот период се

промовиравте со прилично нови и иновативни производи и услуги на пазарот? Овде сте наполно во право. Како што знаете пред две недели го промовиравме нашиот нов пакет ОДЛИЧЕН 7 во соработка со најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров. Тоа е семеен пакет кој вклучува домаќинско осигурување, осигурување од незгода за целата фамилија и патничко осигурување за целиот свет. Уникатноста на овој пакет се содржи и во називот ОДЛИЧЕН 7 поради фактот дека тоа е најквалитетниот пакет на пазарот во моментот, кој ги покрива сите ризици, без франшиза и со многу конкурентна цена. Освен тоа, Евроинс нуди и осигурување од одговорност, незгода, карго, имотно осигурување, каско и се разбира и задолжителна автомобилска одговорност. Како што се трудиме да нудиме најквалитетни пакети во Македонија, исто така во нашата гама на услуги ги имаме и најевтините Еврокаско и Евродом. Тоа се полиси што ви ја штитат колата при мала штета за само 300 денари и го штитат вашиот дом од основните ризици за цена под 1.000 денари.

Николов: Целта е да бидеме сигурен и ста


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

21

Уникатноста на пакетот ОДЛИЧЕН 7, кој го промовиравме неодамна, се содржи и во самиот назив, поради фактот дека тоа е најквалитетниот пакет на пазарот во моментот, кој ги покрива сите ризици, без франшиза и со многу конкурентна цена. Со еден збор, се трудиме да нудиме услуги за сите категории на клиенти. XX Во изминатите неколку години Евроинс внесе некои нови и оригинални принципи и стандарди во работењето на македонскиот осигурителен пазар. Кој е вашиот таргет и како ги оценувате деловните потенцијали на македонскиот осигурителен пазар? Да, факт е, дека Евроинс се труди секогаш да биде пионер во новитетите на работење. Ние први во Македонија инвестиравме во продажна мрежа со цел максимално да им се приближиме на клиентите. Ние први во Македонија јавно влеговме со сериозна поддршка на македонскиот спорт – бевме еден од главните спонзори на кошаркарската репрезентација која го освои 4-тото место на Европското првенство во Литванија. Први сме и во поддршка на аматерското маратонско трчање и први во Македонија јавно ја покажавме нашата припадност кон социјалните потреби на децата преку СОС детското село. Секогаш сакавме на македонската јавност да и покажеме дека нашите намери се

долгорочни. Таргетот за бруто полисирана премија во следните 3 до 5 години е околу 670 милиони денари и да се позиционираме во првата половина на табелата на најголеми осигурителни компании. После тоа, ќе продолжи периодот на стабилно работење на нашата компанија во Македонија. Искрено се надеваме дека во текот на овој период на македонскиот пазар ќе има доволно слух за новите производи и услуги што ги нудиме и тоа најмногу во осигурувањето на домаќинствата. Таму е и големиот потенцијал на осигурителниот бизнис во државата. XX И покрај влезот на странски капитал и зголемувањето на конкуренцијата, се чини дека македонскиот осигурителен пазар се развива многу бавно, посебно ако се следи понудата на производи и услуги. На што се должи тоа? За жал, тоа е така и иако има тренд на зголемување на пазарот на неживотно осигурување за околу 5% на годишно ниво, се уште најголем дел, околу 50%, од

осигурителното портфолио припаѓа на задолжителната автомобилска одговорност. Согласно последните истражувања на осигурителните пазари во Европа, податоците за Македонија кажуваат дека пенетрацијата на домаќинското осигурување при физички лица е 1% - 2%, од што директно се гледа дека се уште не сме го достигнале потребното ниво на осигурителна култура, посебно кога станува збор за доброволно осигурување на домот и на предметите. Мислам дека тоа се уште е еден балкански менталитет типичен за нашите простори да не мислиме однапред за ризиците кои е можно да затропаат на нашата врата. Тоа е чудно и од еден друг аспект – цената на домаќинското осигурување е прилично ниска овде. И доброволното здравствено осигурување покажува тренд на пораст, кое мислам е нормално ако се земе во предвид начинот на кој функционира здравствениот систем овде. Присуството на се повеќе странски инвеститори овде исто е еден вид на катализатор, бидејќи дополнителното доброволно здравствено осигурување е препорачан дел од пакетот на секој еден странец кој работи на територијата на Македонија.

абилен партнер за нашите клиенти


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

22

Интервју

Податоците за Македонија кажуваат дека пенетрацијата на домаќинското осигурување при физички лица е 1% - 2%, од што директно се гледа дека се уште не сме го достигнале потребното ниво на осигурителна култура, посебно кога станува збор за доброволно осигурување на домот и на предметите. XX Како што веќе споменавте осигурувањето на домовите во Македонија е на многу ниско ниво. Дали и како Евроинс размислува да го освои овој пазарен сегмент кој се чини дека има најголем потенцијал? Секако тоа е неспорен дел од долгорочната стратегија на Друштвото особено имајќи го предвид фактот дека Евроинс поседува многу мал дел од постоечкиот пазар на осигурувањето на домови. Како што веќе спомнавме дел од оваа стратегија е и пуштањето на пазарот на семејниот пакет ОДЛИЧЕН 7, каде со помош на еден од националните херои во спортот во Македонија, Кирил Лазаров, ќе успееме да ја издигнеме свеста на граѓаните за тоа што е осигурување на домот и фамилијата и да им понудиме едно долгорочно стратешко и квалитетно партнерство заедно со Евроинс. XX Колку македонските компании се свесни и користат услуги од осигурителните компании? Што е најважно за компаниите да осигураат и што нуди во овој дел Евроинс? Може с лободно да се каже дека македонските компании имаат култура да ги користат услугите на осигурителните компании. Не сите редовно си ги подмируваат навреме обврските за

плаќање, но тоа не е новина за целокупниот развој на бизнисот во Македонија. Ние не сме исклучок за услугите што ги нудиме на фирмите во државата во споредба со останатите осигурителни компании. Но, во ист момент се трудиме да станеме најдобри за одредени видови на осигурување. На пример, веќе 7-ма година ние го осигуруваме транспортот на парите на Македонија преку довербата која ја имаме добиено од НБРМ, за која сметаме дека е најдобрата референца за работењето во една држава. XX Пред неколку месеци ракометарот Кире Лазаров стана бренд амбасадор на Евроинс, со кој започнавте еден многу добар проект за поддршка на млади таленти во спортот. Кој е мотивот на Евроинс за отпочнување на еден ваков проект? Корпоративната социјална одговорност од секогаш била не само модерен збор во речникот на Евроинс, туку свесно поставена цел да го дадеме својот придонес за развојот на општеството, каде и ние функционираме како дел. Иако повеќе пати сме поддржувале мноштво хуманитарни и добротворни проекти, мислам дека нашата корпоративна култура најдобро се препознава по поддршката и развојот на спортот во Македонија. Размислувајќи каде да ги насочиме нашите

приоритети, а базирајќи се на претходната соработка со ракометниот камп на Кирил Лазаров, некако најприродно се стигна до остварувањето на подолгорочна соработка со најдобрата светска седмица во ракометот. Бидејќи ги препознавме нашите заеднички вредности - професионалност, надежност, квалитет, мислам дека беше сосема природен чекор да го започнеме проектот „Потрага по Одличните 7„. XX Кои се визиите за развој на Евроинс на македонскиот пазар и што ново може да се очекува во следниот период? Евроинс е на многу сериозна раскрсница во својот развој, бидејќи ги поминавме првите седум години од нашето “раѓање” и сега сите очекуваат од нас да покажеме стабилност и сигурност на овој премал, но многу конкурентен пазар. Иако нашите квантитативни цели се поврзани со реализирањето на профитабилен бизнис и подобро рангирање на пазарот за неживотно осигурување, нашите квалитативни цели имаат најголем приоритет, а тоа е да докажеме дека Евроинс може да биде вистински партнер за своите клиенти и да биде еталон за сигурност и стабилност за нив. Притоа, без да забораваме дека секогаш ќе се трудиме да бидеме лидери во новитетите на македонскиот осигурителен пазар. nnn

Губерова: Најголемиот потенцијал е во осигурување на домаќинствата


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

МЕНАЏЕР

27

НОЕМВРИ

2015

ШТО ГО МАЧИ МАКЕДОНСКИОТ МЕНАЏЕР: ТОП 10 ПРОБЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ! Во овие турбулентни времиња секој менаџер во Македонија се соочува со барем еден од овие предизвици: КАКО ДА СЕ ИЗВЕЗЕ ПОВЕЌЕ  КАКО ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПРОДУКТИВНОСТА  КАКО ДА СЕ ДЕЛЕГИРА ОДГОВОРНОСТ  КАКО ДА СЕ ВРАБОТАТ КВАЛИТЕТНИ ЛУЃЕ  КАКО ДА СЕ МОТИВИРААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА... За да ви помогнеме, во Капитал го спремаме специјалниот прилог “Менаџер“ што ќе излезе на 27 ноември годинава, каде што ќе понудиме решенија за најгорливите дилеми на компаниските лидери. Еве само дел од тоа што ќе може да прочитате во “Менаџер“:

 СТРАТЕГИИ...  Од менаџери за менаџери: стратегии за поголем извоз  Делегирање: како да креирате конкурентска предност со доделување јасна одговорност на вашите соработници и членови на бордот

 РАНГИРАЊА...  Кој е кој на Балканот: ранг листа на најмоќните бизнисмени  Кои се најуспешните извршни директори во светот и зошто

 ТЕХНОЛОГИЈА...  Менаџер “во облаци“: Водич за cloud computing за секој менаџер  Лекции по социјални медиуми за секој СЕО

 ИНТЕРВЈУА...  Интервјуа со најуспешните македонски, балкански и светски менаџери

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 838 20.11.2015

24

www.kapital.mk

Луѓе и компании

македонските директори ќе ја завршат 2015 година со помаЛи заработки

конкуренцијата ги скрати менаџерските пЛати

во 2015 година има тренд на благо намалување на просечната плата на топ менаџерите во македонија, покажува истражувањето на Pedersen & Partners. на светско ниво, просечната плата на топ менаџерите пораснала за 3,8% на 1.45 милиона евра.

конкуренција: новите инвестиции носат повеќе менаџери


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

25

В

А

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Во Македонија платите на топ менаџерите годинава опаѓаат со мал процент, покажува студијата на хедхантинг компанијата Пердерсен и Партнерс (Pedersen & Partners), спроведено на светско ниво. “Тоа се должи на многу причини, но можеби најважно е тоа што економијата во земјата е повеќе фокусирана на поддршката на нови инвестиции, со што и бројот на менаџери се зголемува. Тоа на долг рок сигурно ќе ја донесе земјата на ниво каде што ќе може да ги следи светските тенденции по ова прашање, а тоа е движење на платите во зависност од големината на профитите и бројот на вработените, но засега, тие механизми и формули сè уште се повеќе правило за поголемите и поразвиени економии, отколку за останатите.“, објаснува Конрад Прамбок, менаџер на Консалтинг за награди во Pedersen & Partners, автор на студијата.

Само две-три компании јавно ги објавуваат платите на топ менаџментот

Инаку, околу 50.000 евра на годишно ниво во бруто износ, или нешто над 4.000 евра месечно, е просечната плата на компаниските шефови во Македонија, вклучително и бонусот, кој што во просек учествува со 20% во оваа сума. Ова се неофицијални податоци базирани врз искуството што аналитичарите од Pedersen & Partners го имаат истражувајќи го македонскиот пазар. Тие не можат да дадат официјален податок од нивното истражување, како за другите земји од Европа, бидејќи истражувањата на оваа тема во земјава одат малку потешко

КОНРАД ПРАМБОК

Pedersen & Partners

ко се земат предвид големината на профитите и зголемувањето на бројот на вработени, како основни при формирањето на менаџерските плати, во Македонија не се забележува значително зголемување на наградите на менаџерите. Може со сигурност да се каже дека постои и тенденција на намалување на истите со мал процент. Тоа се должи на многу причини, но можеби најважно е тоа што економијата во земјата е повеќе фокусирана на поддршката на нови инвестиции, со што и бројот на менаџери се зголемува. Тоа на долг рок сигурно ќе ја донесе земјата на ниво кадешто ќе може да ги следи светските тенденции по ова прашање, но засега, тие механизми и формули сеуште се повеќе правило за поголемите и поразвиени економии, отколку за останатите.

во споредба со другите пазари. Пред сè заради високото ниво на доверливост во компаниитеоколу овие податоци, односно нивната затвореност по тоа прашање. “Платите на главните извршни менаџери во Македонија се разликуваат од сектор до сектор и во зависност од големината на компанијата. Некои менаџери заработуваат помалку, некои пак многу повеќе од просекот“, вели Прамбок од Pedersen & Partners. Платите на топ менаџерите во Македонија, како и на сите останати вработени, се меѓу најниските во Европа. Колку за споредба, годишна плата од 50.000 евра заработува поискусен личен асистент во Германија или инженер со три години работно искуство. Во Македонија платите на оние што ги водат компаниите се чуваат како најстрога деловна тајна. Дури и акционерските друштва кои што според Законот за трговски друштва во годишниот извештај за работењето треба да известат за примањата на топ менаџментот ја избегнуваат таа обврска. Платите на раководството ги објавуваат во ставката расходи, односно во трошоци за вработени, каде што е ставена вкупната сума што компанијата ја одвојува за плати и надоместоци, или пак некои друштва објавуваат вкупна сума за примањата на членовите на управниот и надзорниот одбор (УО и НО) за една година. Законот за трговски друштва вели дека треба да се објават и примањата на секој член на одборот на директори и члена на УО, како и на членовите на НО. Фирмите велат дека платите на секој директор поединечно

основна плата

EUR 109,000

бонус

опции за акции

EUR 470,000

EUR 681,000

EUR 880,000

EUR 743,000

EUR 628,000

ЗАПАДНА ЕВРОПА

САД

се деловна тајна на компанијата. Правниците кои што ги консултиравме околу ова, велат дека доколку не е предвидена казнена одредба во законот за необјавување на податоците за плати и надоместоци, а во случајов не е, тогаш практично и нема санкција за оние компании што така се однесуваат. Едвај две - три компании што котираат на Македонската берза известуваат за платите на своите топ менаџери, односно за членовите на управниот и надзорниот одбор, за секој поединечно. Уште неколку компании во годишните извештаи ги наведуваат збирните суми за надоместокот на своето раководство. Правниците што ги консултиравме велат дека од акционерската структура во друштвата зависи дали воопшто акционерите ќе реагираат на годишните собранија за било која ставка што е наведена во извештајот за компаниското работење. “Ако сте акционер што е вработен


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

26

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Rotary Club of Skopje West

Во рамки на своите стратегии и приоритети за промовирање на македонското материјално и духовно културно наследство и за негување на свеста дека тоа е нераскинлив дел од балканското, европското и светското културно наследство, Ротари Клубот Скопје Запад срдечно Ве поканува на донаторскиот настан: ОТВОРЕНО СО РОТАРИ КЛУБОТ СКОПЈЕ ЗАПАД

ГЛАГОЛИЦАТА

СПОДЕЛЕНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Просечна плата на топ менаџмент на светско ниво (во евра) Топ менаџерски пакет

2015г.

2014г.

Промена

Основна плата

711.600

681.000

4,50%

Бонус

738.400

719.000

2,70%

1.450.000

1.400.000

3,80% Промена

Вкупно кеш Инфо за компанијата

2015г.

2014г.

133.300

133.000

0,20%

Годишен промет

€ 42.7 млрд.

€ 42 млрд.

1,60%

Профит на компанијата

€ 4,08 млрд.

€ 4,1 млрд.

-0,40%

Број на вработени

Еве како Европа во светските корпорации просечно се Западна vs САД (во евра) менуваат бонусите во зависност од резултатите Опции за Основна Движење на EBIT плата (добивка предод даночење) Западна Европа EBIT намален претходна год. 109.000

САД зголемување до 20% EBIT

Бонус Движење на бонус акции 681.000 743.000 -32,90%

470.000

EBIT зголемување над 20%

880.000 2,70%

628.000

34,70%

Извор: Pedersen & Partners

Глаголицата, како едно од двете познати и признати старословенски писма (покрај кирилицата), е образец за споделено културно наследство меѓу народите и земјите во коишто се одвивала дејноста на Светите Кирил и Методија, ширум Европа. Имајќи ја предвид важноста на глаголицата во развојот на европското заедништво и духовност, Ротари Клубот Скопје Запад ја организира оваа специјална мултимедијална вечер на којашто ќе се лицитираат врвни уникатни уметнички дела инспирирани од глаголичката азбука. Датум и време: 27-ми ноември 2015, 19:00 ч. Место: Македонска Академија на Науките и Уметностите бул. Крсте Мисирков 2, Скопје Кодекс на облекување: Формален Цена на влезницата: Гости и ротаријанци - 1200 ден. Ротаракт членови - 800 ден. Со секоја купена влезница следува специјален поклон Програма 19:00 Добредојде и Регистрација 19:30 Глаголица – Света вредност за многу нации низ Европа и светот:  Акад. Катица Ќулавкова  Членови на Академијата 20:00 Разгледување на делата за аукција 20:30 Аукција со добротворна цел 21:30 Коктел забава со жива музика: Клуб бенд

Rotary Club of Skopje West

Највисока плата има американскиот CEO

К

омпаниите од Западна Европа и САД им предлагаат на своите топ менаџери слични пакети во смисла на основна плата и бонуси. Во просек, вкупната парична награда (вклучувајќи ги краткорочните бонуси) е помеѓу 1.4 и 1.5 милиона евра. Најголемите разлики во структурата на пакетите се гледа во долгорочните придобивки, коишто се најмногу во формата на опции за акции (stock options). Компаниите од САД им доделуваат опции за акции на своите топ менаџери со вредност од 470 000 евра во просек, додека топ менаџерите во Европа добиваат опции за акции со вредност од само 109 000 евра во просек. Од глобална гледна точка, платата на топ менаџер е највисока во САД и Западна Европа. Во просек платите на топ менаџерите во најголемите компании во пазарите во развој, како што се Кина, Индија и Јужна Африка, се значително под нивото на западните држави, но нивните покачувања се повисоки. „Моментално, платите на високо поставените менаџери се зголемуваат за просечно меѓу 3 и 5% во западните земји, и меѓу 7 и 10% во пазарите во развој.“ истакнува Прамбок од Pedersen & Partners.


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

27 во компанијата, или поранешен акционер па сега вашето дете работи во фирмата, зошто би си правеле проблем прашувајќи работи кои што раководството не сака да ги открива. Во добар дел акционерски друштва, менаџментот, дури и да не поседува значителен дел од акционерскиот капитал, го контролира потребниот број гласови за да може секој годишен извештај мазно да помине на собранието“, велат нашите соговорници. Според нив, КХВ треба да инсистира од компаниите во годишните извештаи да ги наведуваат сите податоци што се пропишани во Законот за трговски друштва.

Бонусот колку основната годишна плата

Најновата студија на Pedersen & Partners покажува дека средната парична награда за високо поставен менаџер во голема, глобална корпорација изнесува бруто 1.45 милиони евра со средно покачување од 3.8% споредено со минатата година. Оваа сума вклучува 711 600 евра основна плата и 738 000 евра краткорочен бонус, бруто, годишно. Во просек основната плата се покачи за 4.5.%, а варијабилната компензација за 2.7%. Истражувањето на Педерсен и Партнерс

е спроведено меѓу 1800 менаџери во 380 компании и 18 држави. Истражувањето покрива високо поставени менаџери во најголемите светски компании со просечно 133 300 вработени, промет од 42.7 милијарди евра и профит од 4.1 милијарди евра. Американските менаџери добиваат повисоки покачувања од тие во Западна Европа “Стагнирачката економија диктираше платите на топ менаџерите во повеќето западни држави да растат релативно благо, обично 3 – 4% на година,” вели авторот на студијата. “Американските компании се голем исклучок тука, со плати на топ менаџери коишто се покачија со 5.6 % во просек, споредено со минатата година. Нема објективни причини за тоа, бидејќи и профитите на компаниите и бројот на вработени се намалија за малку“. Збирот на одговорности е решавачки фактор за определување на нивото на пакетот на топ менаџерот. Во сите индустрии, платите на топ менаџерите во поголемите компании се доста повисоки од тие на менаџерите во помалите компании. Во просек, топ менаџерската плата се зголемува за 650 000 евра со секои 50 000 вработени. Краткорочниот бонус е

Движење на платите во зависност од големината на профитите и бројот на вработените – засега тие механизми и формули сè уште се повеќе правило за поголемите и поразвиени економии, отколку за македонската. важна компонента на топ менаџерскиот пакет, при што бонусот за постигнати таргети обично е колку и основната годишна плата. Бонусот на повеќето топ менаџери се премерува со профитот на компанијата, особено EBIT, односно добивката пред оданочување. Генерално кажано, намалувањето на профитите на компанијата доведува до значително намалување на бонусите на топ менаџерите, додека растечките профити водат до значително повисоки бонуси. 

БОНУС: ЗА ОСТВАРЕНИ ЦЕЛИ СЛЕДИ НАГРАДА КОЛКУ ГОДИШНА ПЛАТА

4

Œň

ĵĶĤıĥĩı ĮĴĩĨĬĶ

ŎńŐńŖőń ŕŖńœŎń

ĸĬĮĵıĤ ĮĤİĤĶıĤ ĵĶĤijĮĤ īĤ ijĴĦĬĶĩ ħIJĨĬıĬ ĤĨİĬıĬĵĶĴĤĶĬĦĩı ĶĴIJļIJĮ ijĴIJİIJĶĬĦĩı ijĩĴĬIJĨ ĨIJ Ň

ĮńŐńŖőńŖń ŕŖńœŎń ʼn ŘŌŎŕőń ŋń œŔņŌŖʼn ŇŒňŌőŌ ń ĵĦĶ Ōŋőʼnŕŗņń Œň ijŒ ŌŋŐŌőŗņńŮʼn őń œŔņŌŖʼn œʼnŖ ŇŒňŌőŌ ŎńŐńŖőńŖń ŕŖńœŎń ʼn œŔŒŐʼnőŏŌņń œŒ ŒňŏŗŎń őń ĥńőŎńŖń ĦŒ ŐŒŐʼnőŖŒņ ŎńŐńŖőńŖń ŕŖńœŎń œŒ ŖńŖń ŇŒňŌőń Ōŋőʼnŕŗņń Œň ń ĵĦĶ Ōŋőʼnŕŗņń Œň ĮńŐńŖőŌŖʼn ŕŖńœŎŌ Ō ńňŐŌőŌŕŖŔńŖŌņőŌŒŖ ŖŔŒŜŒŎ ŕʼn ŔńŋŏŌśőŌ ŋń ŔńŋŏŌśőŌ ŇŔŗœŌ ŎŏŌʼnőŖŌ īń œŒņʼnŰʼn ŌőŘŒŔŐńŚŌŌ ŒŅŔńŖʼnŖʼn ŕʼn ňŒ ʼnŎŕœŒŋŌŖŗŔŌŖʼn őń IJřŔŌňŕŎń ŅńőŎń ĬőŘŒŔŐńŚŌŌŖʼn ņŒ ņŔŕŎń ŕŒ œŒŎŔŌʼnőŌŖʼn ŔŌŋŌŚŌ ŋń ŎŔʼnňŌŖőŒ ŊŌņŒŖőŒ ŒŕŌŇŗŔŗņńŮʼn ŕʼn ŕŒňŔŊńőŌ ņŒ IJœŜŖŌŖʼn ŗŕŏŒņŌ őń İńŕŖʼnŔ œŒŏŌŕńŖń ķŕŏŒņŌŖʼn ŕʼn ņńŏŌňőŌ Œň Ň ňŒ Ň


Капитал број 838 20.11.2015

28

www.kapital.mk

АнАлизА

европската комисија во последниот извештај за напредокот на македонија оценува дека развивањето на функционална пазарна економија е добро, ги фали макроекономската стабилност, поволните услови за влез на нови играчи на пазарот, меѓутоа критикува за транспарентноста и дисциплината во трошењето на народните пари. комисијата забележува дека парите од буџетот се трошат главно за социјална помош, плати во јавниот сектор и пензии и сугерира наместо тоа, со народните пари да се поттикнува економски раст и вработувања во приватниот сектор. во извештајот се забележува дека долговите на владата кон приватните компании се уште влијаат на нивната ликвидност и покрај донесувањето на законот за финансиска дисциплина, а честите законски измени, нееднаквата примена на законите и тешкото спроведување на договорите, ги оптоваруваат деловните активности. на адреса на владата се упатуваат и сериозни критики за попречување на конкуренцијата на пазарот преку субвенциите, државната помош особено за странските инвеститори, одложувањето на либерализацијата на пазарот на струја.

извештАј зА нАпредокот нА мАкедонс

9

препорАки од еУ подобри бизни

европскА комисијА: долговите нА влАдАтА се Уште


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

Б

29

пишува:

Александар Јанев

Препораки u

u

u

u

u

u

u

u

u

Да се подобри менаџирањето со народните пари од буџетот преку ригорозно исполнување на таргетот за буџетски дефицит од 2,9% од БДП до 2017 година Да се подобри начинот на трошење така што приоритетни да бидат инвестиции со продуктивен потенцијал Да се подобри фискалната транспарентност со целосни податоци за долговите на државата Да се подобрат вештините на работниците преку развој на образовниот систем Да се направата обиди за поврзување на странските и домашните компании со цел зголемување на продуктивноста и вработеноста Да се зголемат напорите за наплата на лошите кредити за да се отстранат пречките за поголема кредитна активност Да се ревидира транспортната стратегија со фокус на основните инвестициски приоритети Да се подобри бизнис климата преку попредвидлива правна рамка, примена на договорите, дисциплина во плаќањата Да се подобри пристапот до пари за мали и средни фирми и да се забрза процедурата за затворање фирма

ската економија

У како да се ис климата

aleksandar.janev@kapital.mk

Бројни се забелешките на Европската комисија за условите за водење бизнис во Македонија што ги напиша во последниот Извештај за напредокот. Иако развивањето на функционална пазарна економија е оценета како добра, сепак за разлика од минатите години не е воочен напредок. Комисијата оценува дека македонската економија е “делумно подготвена за справување со конкурентните притисоци и пазарни сили во Унијата.” Во Извештајот во кој годинава се потрошени неколку страници за недоволната фискална дисциплина и транспарентност се забележува дека долговите на Владата кон приватните компании се уште влијаат на нивната ликвидност и покрај донесувањето на Законот за финансиска дисциплина. Честите законски измени, нееднаквата примена на законите и тешкото спроведување на договорите, според Комисијата, ги оптоваруваат деловните активности. Потоа, Европската комисија нотира дека соработката меѓу властите и приватниот сектор е намалена во последните неколку години. На пример, забележува дека објавувањето на нацрт верзиите на законите на електронскиот систем ЕНЕР значително е намалено, а бројот на закони што се изменуваат или се донесуваат без консултации во јавноста се зголемил. Од друга страна, улогата и влијанието на државата во економијата расте, особено преку регулацијата и субвенциите во одредени сектори. „Има широк спектар на политики и инструменти преку кои владата го зголемува влијанието врз конкуренцијата, како што се субвенциите, даночните ослободувања особено за странските инвеститори, непредвидливите инспекции и казни за фирмите, јавните гаранции за заеми за државните фирми, јавните инфраструкутурни проекти како и активните програми за самовработување“, пишува во Извештајот. Европската комисија забележува дека правната рамка за државната помош е зајакната во последните неколку години, меѓутоа се уште информациите за сумите што се одделуваат и другите бенефиции од државата се ограничени.

влијаат на ликвидноста на приватните компании


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

30

Анализа

Комисијата укажува на попречување на слободната конкуренција од страна на државата и со одложувањето на либерализацијата на пазарот на струја планирана за јануари годинава. „Цените на струјата за домаќинствата и малите компании, како и на природниот гас и на нафтата се регулирани од Регулаторната комисија за енергетика. Администрираните и регулирани цени зафаќаат околу 15% од потрошувачката кошница. Најмногу се регулирани цените што вообичаено опфаќаат трошоци за производство“, пишува Комисијата. Бројот на целосно државни фирми се потенцира дека останува 15, откако во јануари лани почна да работи државното претпријатие за патишта. Се проценува и дека околу 20% од сите вработени во земјава, земаат плата од државата. Кога станува збор за сопственоста на економските средства, Комисијата проценува дека државата поседува околу 15% од БДП, а, големиот удел на земја во државна сопственост го истакнува како пречка за развојот на земјоделскиот сектор и одобрување банкарски кредити врз основа на колатерал. Како една од причините за нарушување на конкуренцијата Европската комисија ја истакнува и големата сива економија.

Најголеми критики за нетранспарентното трошење

Европската комисија изразува загриженост за континуираното зголемување на јавниот долг. Уште позагрижувачки се проценките дека на среден рок, долгот на државата и нејзините институции уште повеќе ќе расте. „Зголемувањето на потребите за финанси-рање на државните компании преку кои што се одвиваат големи инфраструктурни проекти придонесе кон пораст на јавниот долг до ниво од 46%

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

од БДП, а на краток и среден рок се очекува долгот да продолжи да расте поради планираните инвестициски проекти“, пишува во Извештајот. Комисијата забележува дека лани летото владата го изменила Законот за јавен долг со што е ограничено задолжувањето на државните компании со државни гаранции а за сметка на тоа се поддржуваат задолжувања без гаранции. „Како резултат на тоа, податоците за јавниот долг ќе бидат помалку транспарентни“, укажува Комисијата. Меѓутоа, транспарентноста на трошењето на народните пари во целост е една од најголемите грижи на Европската комисија за Македонија. Оваа година, Комисијата утврдува назадување во фискалната дисциплина и управувањето на јавните финансии, особено во однос на транспарентноста. „Власта треба да го подобри менаџирањето и транспарентноста на јавните финансии, да практикува ригорозна фискална дисциплина и да ја зголеми фискалната транспарентност“, сугерира Комисијата. Во Извештајот се нотира дека фискалната дисциплина во последните две години повторно се намалила и се потенцира потребата да се подобри планирањето на трошењето на народните пари на среден рок. „Со ребалансот во текот на летото, власта повторно ги зголеми тековните расходи преку поголеми трошоци за социјална помош, платите на полицијата и капиталните инвестиции. Структурата на трошењето на народните пари не се подобри. Инвестициите од буџетот се само 10%, па дури и помалку при реализирањето. Од друга страна, 45% од парите оди на социјални трансфери вклучувајќи ги и пензиите кои што властите ги зголемија минатата година, без претходна правна обврска и покрај намалувањето на цените. Платите во јавниот сектор и земјоделските субвенции исто така се зголемија“, нотира ЕК. Комисијата изразува загриженост и околу новото на буџетски дефицит изразувајќи сомнеж дека властите ќе успеат да го сведат дефицитот на 2,9% од БДП во до 2017 година. „Имајќи го предвид ребалансот на буџетот за 2015 година и зголемувањето на трошењата во следниот предизборен период се чини сека целта е преамбициозна“, забележува Комисијата. Поради зголемувањето на јавниот долг и делумно поради меѓу компаниски задолжувања на странските инвеститори од нивните матични фирми, Комисијата предупредува дека порасна и надворе-шниот долг на 70% од БДП, за 5 процентни поени повеќе од претходната година главно. Од друга страна, странските директни инвестиции потфрлија на само 3,3% од БДП во споредба со годишниот просек од претходно на ниво од 4,3% од БДП. Се наведува и намалувањето на дознаките од странство, но според Комисијата, нивото е сепак значајно.

Инфраструктурата да се модернизира

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

„Јавната инфраструктура мора да се модернизира. Транспортната и енергетската инфраструктура продолжија да го попречуваат развојот на бизнисот“, пишува во Извештајот за напредокот на Македонија. Европската комисија понатаму пишува дека Владата се обидува да го пресретне овој предизвик преку повеќе јавни инвестиции, а како резултат, инвестициската активност во последните две години се зголеми така што една петина од сите инвестиции во преработувачката и градежната индустрија се од државата. Од друга страна, Комисијата пишува дека одржлив раст на економијата може да се постигне само ако домашниот приватен сектор продолжи да се развива и да придонесува повеќе кон растот. Комисијата сепак не штеди зборови и кога треба да пофали одреден напредок. Се нотира забрзувањето на економскиот раст од 3,8% лани, а истиот тренд продолжил и во првите три месеци годинава. Растот е предводен главно од домашната побарувачка. Евидентирано е и благото намалување на невработеноста, меѓутоа, Комисијата потенцира дека структурните препреки сè уште се присутни на пазарот на труд забележувајќи дека креирањето на нови работни места главно е во ниско продуктивни сектори и земјоделството, поддржани од субвенциите на државата и активните мерки за вработување.



Капитал број 838 20.11.2015

32

Анализа

За индустриското производство, Комисијата пишува дека продолжи да расте, преводено главно од преработувачката индустрија која зафаќа три четвртини од индустријата иако податоците од првиот квартал беа разочарувачки. Генерално, макроекономската стабилност се оценува како зајакната дополнително, со одредени слабости како извор на загриженост. Како еден од ризиците се спомнува и кризата во Грција, иако според Комисијата „ризикот за домашната економија од Грција преку трговскиот канал и финансиските врски засега е лимитиран. Сепак, уделот на извозот во Грција од 10% во 2008 година, е сведен на само 5% лани, додека пак увозот е зголемен“. На среден рок, Европската комисија проценува дека кризата во Грција може да влијае на економијата преку намалување на дов ер б ата на инв е с т иторите, намалување на извозот и поскапување на надворешното задолжување на владата. Оценките за монетарната политика се позитивни. Банкарскиот сектор се оценува како стабилен и покрај високите нивоа на лошите кредити. Комисијата препорачува да се преземат дополнителни мерки за намалување на нивото на лоши кредити бидејќи ја ограничува кредитната активност на банките. nnn

www.kapital.mk


ШТО ГО ЧЕКА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ВО 2016 ГОДИНА?

СИЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВОТО!  3ти

декември 2015   Скопски саем, Конгресен центар - Дипломатик сала   модератор: Љупчо Зиков  ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!  НАЈГОЛЕМИТЕ Како во 2016 година! Најголемите градежни проекти! Почнати проекти и проекти кои ќе се завршат! Кои проекти почнуваат?

И ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ!  БАНКИТЕ Има ли простор за партнерства во инвестициите? Кои се најпрофитабилните сегменти во македонската градежна индустрија? Колку се заработува? Перспективи!

ГРАДБА!  СТАМБЕНАТА Колку е продадено? Како да се продаде сè што ќе се изгради? Станови и куќи, туристчки капацитети, деловни капацитети или шопинг центри?

МАКЕДОНИЈА ИЗВЕЗУВА ГРАДЕЖНИШТВО?  ДАЛИ Ако не - зошто? Ако е да, како да извезуваме повеќе?

Имаме ли капацитет како индустрија да не увезуваме градежништво? Што да стoриме?

НА ТРГОВИЈАТА СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ?  ПЕРСПЕКТИВИТЕ Колку извезуваме, колку увезуваме? Кој е кој во трговијата со градежни материјали во Македонија, Што е наше - македонско!?

И ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА?  ДРЖАВАТА Кој на што се обврзува во функција на развој и зголемување на пазарот?

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ВО КАПИТАЛ  11 декември 2015 Повеќе информации во врска со настанот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

34

Банки и компании УСАИД и ПроКредит банка со нов начин за помош на земјоделците

Гаранциите ќе ги олеснат кредитите за земјоделието. Кој и како може да дојде до гаранција за кредит?

У пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

УСАИД неодамна потпиша пет годишен договор за заемски гаранции со ПроКредит банка со кој ќе се олесни пристапот на македонските земјоделци до кредити за инвестиции и надградба на оперативното работење со намалување на колатералот што се бара од нив. Овие банкарски заеми треба да им помогнат и на земјоделците и учесниците во преработувачката индустрија кои сакаат да аплицираат за финансиската поддршка од ИПАРД и Националната програма за поддршка на земјоделството, програми кои функционираат на база на поврат на инвестираните средства што значи дека земјоделците сами треба да ја финансираат набавката на опрема пред да ја добијат финансиската помош. “Нашата цел е да работиме заедно со банките како ПроКредит за да овозможиме финансирање на мали, индивидуални земјоделци кои имаат добри бизнис планови за проширување на нивното земјоделско производство, а ги немаат средствата за обезбедување на кредитот кои вообичаено се потребни”, вели Џејмс Стајн, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија. Според Милан Дамчески, бизнис советник во Прокредит банка на македонскиот земјоделски сектор генерално му се потребни многу повеќе и поголеми инвестиции. „Сметаме дека за развој на оваа гранка се потребни поголеми инвестиции кои што ќе придонесат кон модернизирање на производството и зголемување на приносите и квалитетот на земјоделските

Во следните 5 години, ПроКредит банка очекува да издаде кредити во вкупен износ од над 6 милиони долари. УСАИД со поддршка на Владата се надева дека оваа соработка ќе ја прошири и со другите заинтересирани банки. Овие банкарски заеми треба да им помогнат и на земјоделците и учесниците во преработувачката индустрија кои сакаат да аплицираат за финансиската поддршка од ИПАРД и Националната програма за поддршка на земјоделството.

Визија: Во земјоделството лежи огромен пазар за банките



www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

36

Банки и компании

Н Џејмс Стајн

директорот на мисијата на УСАИД во Македонија

ашата цел е да работиме заедно со банките како ПроКредит за да овозможиме финансирање на мали, индивидуални земјоделци кои имаат добри бизнис планови за проширување на нивното земјоделско производство, а ги немаат средствата за обезбедување на кредитот кои вообичаено се потребни.

производи. Со тоа би можело да се очекува зголемување на конкурентноста на Македонските производи со што покрај Македонскиот би ни се отвориле и вратите на странските пазари“, вели Дамчевски. Тие заеднички очекуваат со лесно достапните и прифатливи кредити на ПроКредит банка во соработка со УСАИД земјоделците ќе бидат во можност да го модернизираат работењето и со тоа да ја зголемат продуктивноста и профитабилноста. Во следните пет години, ПроКредит банка очекува да издаде кредити во вкупен износ од над 6 милиони долари. УСАИД со поддршка на Владата на Македонија се надева дека оваа соработка ќе ја прошири и со другите заинтересирани банки. Сите заинтересирани земјоделци треба директно да ја контактираат ПроКредит банка.

Како да се добие гаранција за кредит?

Целна група на ПроКредит и УСАИД се идивидуални земјоделци, мали и средни приватни претпријатија, земјоделски задруги и фарми кои работат во Македонија било каде во синџирот на земјоделието, вклучувајќи ги покрај сите видови на земјоделско производство и процесирање и откуп и трговија на земјоделски производи. „Во однос на намената на кредитите ќе бидат поддржани капитални инвестиции, како што се инвестиции за купување на нова опрема и технологии (вклучувајќи наводнување капка по капка), проширување / замена на плантажи, купување на земјоделско и градежно земјиште за целите на бизнисот, оранжерии, проширување на стадо, изградба и модернизација на производствените капацитети, воспоставување на откупни центри за откуп на земјоделски производи како и пренамена и инвестиции во куќи со цел развој на руралниот туризам“, вели Милан Дамчески, бизнис советник за клиенти од ПроКредит банката. Сепак, според информациите до кои дојдовме најголема поволност за кредитобарателите се олеснувањата и поголема флексибилност во делот со покриеност за обезбедување на кредитните изложености. „Гарантниот фонд ќе покрива одреден процент од потребното обезбедување за кредитите, а тоа значи дека со ова фирмите од Агро секторот ќе може полесно да добијат финансиска поддршка, која би била во согласност со финансискиот капацитет на бизнисот“, велат од ПроКредит Банка. nnn

Кредитите имаат поголем ефект од субвенциите

З

емјоделските субвенции станува се поболна тема како во јавноста, така и во самиот сектор. Веќе е стара приказната дека стотиците милиони евра субвенции даваат минимален или никаков ефект во македонското земјоделство, кое се соочува со пад на производството. Иако обемот на земјоделски кредити кој се користи е многу помал во однос на вкупните средства кои се даваат за субвенции, состојбите на теренот кажуваат дека кредитите имаат многу поголем ефект. „Како прво и основно, земјоделски кредит зема оној кој навистина има визија, желба и јасна намера да се развива. Од друга страна, субвенции зема секој оној кој ќе успее да ја пополни “папирологијата”. Како второ, кога ќе земете кредит, кој, без разлика на какви и да се поволности, морате да го вратите, тогаш природно многу поодговорно се однесувате кон тие пари. Тогаш тие пари ги инвестирате во нешто што навистина ќе донесе поврат, а не во годишен одмор или нов автомобил“, вели нашиот соговорник кој цел живот е во секторот земјоделско производство. Сите соговорници кои ги консултиравме велат дека примерот на ПроКредит банка и УСАИД треба да го следи и државата во многу поголем обем, и преку соодветна кредитна политика да ги разграничи вистинските земјоделци од оние кои се во секторот само поради моментален интерес.



www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

38

Интервју

јанИс варуфакИс

поранешен мИнИстер за фИнансИИ на грцИја

дефлацИска европа е болнИот човек во светската економИја! поранешниот грчки министер за финансии јанис варуфакис не е веќе на функција, нo тој се уште не заминал од политиката. со неговите книги, предавања и говори, варуфакис се надева дека ќе влијае на актуелната дебата за иднината на европа, вели тој во неодамнешното интервју за дојче веле.

варуфакИс: како европеец сум горд на ангела м


Г www.kapital.mk

XX Господине Варуфакис, вие напишавте книга со наслов „Време за промени“, во која се обидувате да ја објасните економијата на вашата ќерка тинејџер. зошто? Да бидам сосема искрен со вас – мојот публицист го сугерираше ова, и тоа мене ми звучеше како добра идеја. Ако не можете да ги објасните комплицираните идеи на тинејџер на начин кој е лесно разбирлив и информативен, тогаш тоа веројатно значи дека и вие самиот не ги разбирате добро тие идеи. Така, ова за мене беше тест на некој начин да видам дали јас можам да го направам ова, а истовремено овој процес им дава можност на возрасните да се сoкријат позади детскатa наративност, а истовремено да бидат многу информирани, што, според мене, е многу значајно. XX Во Грција, се чини дека работите повторно стануваат комплицирани. земјите од Еврозоната не се среќни со брзината со која Грција ги прави реформите и поради тоа се закануваат дека ќе го одложат трансферот на финансиската помош. како Вие ќе и објасните на вашата ќерка дека и покрај сите кризни самити, ситуацијата во Грција се уште не е промената многу? О, тоа не е тешко. Ние сите можеме ова да го објасниме на нашите деца и на нас самите. Ако некој е во банкрот и ако се преправаш дека тоа не е така, тогаш ти му позајмуваш повеќе пари, кои тој овие нови заеми ќе ги употреби за да ги плати старите. Ако дополнително создадеш услови кои ќе го намалат неговиот приход, тогаш дури и осум годишно дете ќе знае дека тоа не е добро.

ципрас нема да успее XX Грчкиот премиер алексис ципрас вети дека ќе ги имплементира реформите со кои се согласи претходно преку програмата за спасување. Што очекувате дека ќе се случува во месеците и годините што доаѓаат? Ципрас нема да успее, и ние тоа го знаеме. Јас си дадов оставка бидејќи не

Капитал број 838 20.11.2015

39

бев подготвен да се согласам со оваа реформска програма која е невозможно да се имплементира. Ципрас јасно рече дека тој беше присилен да ја прифати оваа програма, иако и тој не верува дека ќе може да ја имплементира. Ние сега имаме луда ситуација каде силите кои се во Европа – вклучувајќи го и Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка, германската и грчката влада – сите тие се преправаат дека имплементираат програма која и самите знаат дека не може да биде спроведена. Јас одбив да бидaм дел од оваа шарада, и токму поради ова дадов оставка. XX Вие и ципрас еднаш делевте исти погледи. но, после референдумот во јули за програмата за штедење, ципрас направи голем пресврт и ги прифати барањата на кредиторите, додека вие не. како ќе и го објасните разочарувањето на вашата ќерка кое вие сигурно сте го почувствувале? Таа би знаела, бидејќи оваа оставка подели добри пријатели и соработници. Оставката не беше воопшто лесна одлука за мене, а не беше лесна одлука ниту за Ципрас. Никогаш не е лесно да се прифати пораз. Ова беше навистина тажен момент. Но, јас воопшто не жалам за тоа што го направив, бидејќи јас влегов во политиката не со цел да бидам професионален политичар, туку за да направам тоа што, според мене, е правилно да се направи. Кога тоа стана невозможно, јас излегов од политиката. XX каков е вашиот однос со ципрас сега? Алексис и јас никогаш не си рековме лоши зборови, никогаш не се каравме. Дури и таа вечер кога јас ја поднесов мојата оставка, сето тоа беше направено на пријателски начин. Ние се согласивме дека не се согласуваме. Оттогаш, се видовме на неколку настани, но не сме разговарале. Да бидеме реални – нема што да се разговара

кога тој е посветен на програма која јас ја сметам за трагична и катастрофална. XX можете ли да ја разберете неговата одлука? Можам да ја разберам напнатоста во моментот кога тој морал да ја донесе одлуката. Можам да разберам колку му било тешко да биде премиер кога банкарскиот систем ти е исклучен од Европската централна банка која се обидува да те доведе до колена. Можам да ја разберам агонијата низ која поминувал за да ја донесе одлуката пензионерите да немаат пристап до своите банкарски сметки. Јас разбирам дека ова бил тежок избор, но не се согласувам со него. XX колку долго сметате дека актуелната грчка влада ќе трае? Навистина тоа не е важно. Во последните пет години, ние имавме три влади и сите се обидуваа да имплементираат програма која не е можно да се спроведе. Сега кога моите поранешни соработници и пријатели ја следат оваа нелогична програма од последните пет години, резултатите ќе бидат исти. XX кога ќе се свртите наназад на времето кога бевте министер, има ли нешто што би направиле поинаку? Ако одговорам „не“ тоа ќе значи дека сум бил фанатичен будала и многу опасна личност. Секако дека има многу работи кои би ги направил поинаку. Но, основната позиција ми беше секогаш таа – јас не би потпишал ниту еден договор за заем, каде јас, во име на грчкиот народ, ќе прифатам од европските даночници друга голема сума пари, пред грчкиот долг и грчката социјална економија да ги реконструирам доволно со цел да ја направам Грција солвентна повторно.

"Европа мора да се промени" XX твојата книга е со наслов „Време за промени“, и на некои од конференциите на кои ти имаше

мЕркЕл за нЕјзината политика кон бЕГалцитЕ


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

40

Интервју

свое обраќање носеа слогани како „Друга европа е можна“. но, вие не успеавте да ја донесете таа промена додека бевте на функција. Зошто мислите дека тоа може да се направи сега? Ние имавме можност. Но, не ја искористивме на најдобар начин. Но, Европа е многу поголема од нас – од Ципрас, од мене и од Грците. И Европа мора да се промени. Сегашните институции во Европа и особено во Еврозоната не се веќе одржливи. Ние формиравме монетарна унија без влада, но со централна банка која нема федерална влада што ќе ја поддржува. Имаме национални влади без централни банки да ги поддржуваат. Тоа е навистина лоша конструкција. Единствениот форум каде се носат одлуки на европско ниво е Еврогрупата, кој, како што ми беше кажано, е неформална група која дури и не е создадена преку законите на Европската спогодба. Затоа, постои итна потреба од вистинска промена. И ако не ја донесеме таа промена на демократски начин и преку дијалог, таа сама по себе ќе се случи, а тоа ќе биде промена на полошо. Ние немаме форум каде ќе имаме

чувствителни разговори за овие прашања. Па така завршивме со авторитаризам и со обид да се создадат правила кои не се базираат на реалност. Резултатот е дефлациска Европа која е болниот човек во светската економија, што е лошо за Европејците и за целиот свет. XX Германија веројатно нема да ја постигне целта за балансиран буџет поради растот на трошоци за беглаците. Позицијата на Германија во преговорите со Грција ова лето беше многу цврста, дали мислите дека тоа е резултат на актуелната бегалска политика? Како Европеец, јас сум навистина горд на канцеларката Ангела Меркел за нејзината принципиелна политика по прашањата за беглаците. Ова е пример колку всушност е нереална критиката кон Германија како извор на проблеми за Европа, што е доста распространета во Грција, но исто така и во Франција, Италија и Шпанија. Јас верувам дека политиката на Меркел може да биде почетна точка за добри работи да почнат да и се случуваат на Европа. Кога некој гладен или повреден ќе тропне на вашата врата,

имате морална обврска – и јас верувам дека Меркел го разбира тоа - да ја отворите вратата, без разлика на цената, и да го засолните. Со ова, ние само го потврдуваме нашиот европски хуманитаризам. XX вие сега патувате на многу места и имате предавања насекаде низ европа. Дали сметате дека некогаш повторно би се вратиле во политиката? Тоа ќе дојде кога ќе постои можност за промена на нештата. Ние ја конструиравме Европа на таков начин што тие што се на функцијата можеби се во владите, но немаат моќ. Затоа ни е потребен разговор да одлучиме што ние Европејците сакаме да направиме. Сакам да учествувам во овој разговор и да придонесам во тоа.

Јасни Варуфакис, економист, беше министер за финансии на Грција од 25 јануари до 6 јули 2015 година, и беше член на владејачката партија Сириза до 20 септември 2015. Неговата последна книга „Време за промени. Разговори со мојата ќерка за економијата“ се уште не е преведена на англиски. Германската верзија е објавена од Хансер Верлаг. nnn


TÜV

®

TÜV®

ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ во соработка со TÜV AUSTRIA CERT ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ во соработка со TÜV AUSTRIA CERT организираaт еднодневна обука за: организираaт еднодневна обука за: “ТРАНЗИЦИЈА НА НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015, “ТРАНЗИЦИЈА НА НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015, СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ“ КВАЛИТЕТ“

Целта на обуката заквалитет Системот за управување со квалитет ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ СО TÜV AUSTRIA ЦелтавО на СОрабОТКа обуката за Системот за управување соCERT според барањата на 9001:2015, е кандидатите да стекнат според барањата на ISO 9001:2015, е кандидатите даISO стекнат ОргаНИзИраAТ ЕдНОдНЕвНа ОбУКа за: солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за

солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за

ТРАНЗИЦИЈА НА НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015, барања на меѓународниот ISO Стандард. СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО9001:2015 КВАЛИТЕТ Сите учесници на обуката ќе добијат:

1 декември 2015 година (вторник), 09:00-17:00 часот, Институт КОНЦЕПТ, Скопје

оценување/проверување на усогласеноста на системот за 1 декември 2015 година (вторник), Рок за оценување/проверување на усогласеноста на системот за управување на Компанијата/Организацијата, според новите 09:00-17:00на часот, пРијавување: управување Компанијата/Организацијата, според новите барања на меѓународниот ISO 9001:2015 Стандард. Институт КОНЦЕПТ, Скопје

27 НОемврИ 2015

Сите учесници на обукатаl ќе09:00-17:00 добијат: година (вторник) часот Сертификат од TÜV AUSTRIA за успешно положен испит l 1 декември 2015 Сертификат од TÜV AUSTRIA заИнтерни успешно положен испит за за управување со квалитет. Проверувачи за Систем во просториите на Институт Концепт, Скопје l Интерни Проверувачи за Систем за управување со квалитет.

за

Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

Рок за пријавување: 27.11.2015

Предавач:

Г-дин Хрвоје Видалина (Lead Auditor) од Загреб, Република Предавач: Рок за пријавување: Хрватска. Според барањата27.11.2015 на ISO 9001:2015, е кандидатите даВидалина стекнат (Lead Auditor) Г-дин Хрвоје од Загреб, Република

СИТЕ УчЕСНИЦИ НА ОбУКАТА ќЕ ДОбИЈАТ:

солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни Хрватска. l Сертификат од информации TÜV AUSTRIAпосетете за успешно За повеќе ја положен нашата веб страна: за оценување/проверување на усогласеноста на системот за испит за www.koncept.com.mk управување на Компанијата/Организацијата, според новите За повеќе информации посетете ја Интерни нашата Проверувачи веб страна: за Систем за управување со квалитет. барања на меѓународниот ISO 9001:2015www.koncept.com.mk Стандард.

ПРЕДАВАч: КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ: Г-ДИН ХРВОЈЕ ВИДАЛИНА

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:

l Сертификат од Институт за Зикова учество на  м-р Ирена БогоевскаКОНЦЕПТ и м-р Ленче обуката.  е-маил: institut@koncept.com.mk • 02 3216 962

 м-р Ирена Богоевска и м-р Ленче Зикова   е-маил: institut@koncept.com.mk 02 3216 962 посетете ја нашата веб страна: за повеќе•информации (Lead Auditor) од загреб, република Хрватска.  www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

42

Балкан бизнис и политика

Иван Ловриновиќ професор по економија и пратеник од партијата МОСТ

Иван Ловриновиќ е професор по монетарна економија на Економскиот факултет во Загреб, каде бил и декан. Тој е еден од избраните пратеници од листата на хрватската трета опција МОСТ, која на последните парламентарни избори освои неочекуван голем успех и освои 19 пратенички места, наручувајќи ја со тоа долгогодишниот дуопол во хрватската власт. Тој важи за еден од креаторите на економската политика на МОСТ, која сигурно ќе биде дел од новата хрватска власт, откако ќе завршат преговорите со ХДЗ или СДП. Но,условот за коалицирање кој го поставува МОСТ за коалицирање со било кој партија е да се прифатат економските реформи за кои тие се залагаат, а кои се прилично радикални. Непосредно пред изборите професорот Ловриновиќ напиша колумна во хрватскиот магазин Национал, во која објасни дел од постулатите на економската програма на МОСТ.

Ни на СДП, ни на ХД да ја променат еко

Е

Економските проблеми, односно депресијата во Хрватска која се одолговлекува од 2009 година го зема својот данок во кумулативниот пад на БДП од 15%, огромната невработеност, посебно кај младите луѓе од околу 44%, и растот на јавниот и надворешниот долг, а посебно задолженоста на граѓаните. Во таков амбиент логично би било на прво место во сите расправи и настапи да се токму економските програми и решенијата кои се нудат. Но, економските програми на партиите кои се натпреваруваат на парламентарните избори, се слични како јајце на јајце. Посебно тоа се однесува на СДП и ХДЗ. Кога човек малку подобро ќе размисли, тоа и не е чудно, бидејќи тие две партии, односно нивните влади, од 1993 година до денес спроведуваат потполно ист модел на економска политика. Тој модел во својата суштина е антиинфлациски, кој по успешното совладување на високата инфлација во 1993- 1994 година, требаше да биде заменет по успешното совладување на инфлацијата во 1993-1994 година. Меѓутоа, тој е на сцена до ден денеска и како таков во себе има вградени прорецесиски механизми. Неговиот главен столб и темел се фиксниот девизен курс на куната во однос на еврото и стабилноста на цените. Зошто на самиот вовед накратко ја опишав оваа програма за која сите знаат или би требало да ја знаат? Токму заради тоа што треба да се нагласи дека ни на СДП, ниту на ХДЗ во изминативе години не им ни падна на памет да ја променат филозофијата на нивните економски програми. Во нивните програми се вградени интересите на истите оние интересни лоби групи на кои од 1993 година па досега единствено им беше добро. Од друга страна извозниците и сите домашни производители со години беа притискани со нереалниот девизен курс на куната, скапи кредити и останатите пречки кои ја рушеа нивната конкурентноста. Секако, голем терет на стопанството е и гломазната и неефикасна бирократија. ХДЗ има програма обележен со 5+, од што веднаш се гледа дека тој маркетиншки

е подготвен како инстант програма која јавноста само треба да ја испие без сериозно распрашување за содржината. А каква е таа содржина? Целите во таа програма се конфликтни. Велат дека ќе обезбедат стапки на раст на БДП од 5%, а истовремено сакаат на пензионерите и на социјалните групи да им ги зголемат примањата. Од каде? Но, клучното прашање на кое не е понуден одговор е: со кои инструменти и мерки ХДЗ планира да оствари ваква стапка на раст од 5%? Додуша, се наведуваат инвестиции во различни сектори, раст на личната потрошувачка и слично. Се поставува прашање: од што ќе се финансираат така големи инвестиции и како ќе се поттикне потрошувачката кои немаат што да трошат или на оние кои имаат , а се во страв од неизвесната иднина? На тоа не се дава одговор, иако се вели дека од ЕУ ќе се привлечат 5 милијарди евра. Токму тука се гледа вистинската немоќ на ХДЗ, бидејќи зависнички се потпира само на помош од надвор, бидејќи повлекувањето на пари од ЕУ фондовите стана зависничка мантра со која се може да се реши. Тоа е целосно неодговорно и со многу краток интелектуален домет. Немаат сила да кажат дека треба да се реформираат монетарниот и банкарскиот систем во смисла на значително намалување на каматните стапки и зголемување на ликвидноста на претпријатијата. Не зборуваат ниту за погрешната кредитна политика на банките која пред се е свртена кон потрошувачката и финансирање на увозот, а не на развој на домашното производство. Тој клучен дел тие и понатаму не го допираат, исто како и СДП. И двете партии сакаат високи стапки на раст на БДП, што е разбирливо и оправдано, бидејќи на Хрватска само за камати на јавниот долг годишно мора да плаќа над 10 милијарди куни (1,4 милијарди евра), што е околу 3,2% од БДП на Хрватска. Според тоа, секоја стапка на раст под 3,2% оди во правец на ширење на должничкото ропство. СДП се удира во гради со стапка на економски раст на БДП од 0,5%, што е инцидентна и привремена појава. За стапка на раст од 0,5% не треба воопшто да се има влада, бидејќи работниците и бизнисмените самите се снаоѓаат и се однесуваат рационално. Дури би можело да се каже би било подобро таква влада и да ја нема, бидејќи би имало помалку трошоци и грешки кои го оптеретуваат приватниот сектор. Предизборното мото на СДП “Хрватска расте” помалку е тажен и му пркоси на здравиот разум. Значи, како да се реи дефлацијата која ги намалува приходите на претпријатијата, а


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

43

ДЗ не им ни падна на памет ономската филозофија со тоа ја зголемува невработеноста? За тоа е потребна поекспанзивна монетарна политика која би резултирала со значително намалување на каматните стапки на кредити и со тоа би ја поттикнала потрошувачката, но и инвестициите. За тоа двете партии ништо не зборуваат, бидејќи со тоа би го отвориле прашањето на функционирањето на Хрватската народна банка (ХНБ)?. Тие немаат сила за такво барање, ниту за решенија кои би биле конзистентни. Дури и кога би го побарале тоа, не знаат тоа оперативно да го спроведат, а нема да им дозволат ниту интересните лоби групи кои со нив управуваат веќе 20 години. Без монетарни реформи и репозиционирање на ХНБ во рамки на вкупната економска политика, не може да стане ниту збор за излегување од депресија. Никогаш не бил помал бројот на вкупно вработени во Хрватска, не бил толку висок јавниот и надворешниот долг, немало толку долг период на пад на БДП и толку невработени млади луѓе. Токму затоа треба да се покренат механизмите и инструментите на економската политика кои ќе ја зголемат агрегатната побарувачка, инвестициите, производството, вработувањето и на крајот БДП. Во тој затворен и чувствително поврзан ланец, за секоја варијабла е потребно да се дефинираат мерки. Поединечни зафати и козметички промени ништо не можат значајно да променат. Бескрајното копање само по државниот буџет исто така не носи решение. Не е клучниот проблем во тоа што имаме дефицит, туку што стапките на раст со години наназад се ниски или негативни. Во таков амбиент сите клучни показатели стануваат негативни. Наместо да се свртат кон други решенија, СДП и ХДЗ остануваат на позицијата на интерна девалвација како единствен начин за решавање на кризата. Интерната девалвација оди на штета на работниците, им го руши животниот стандард, ја намалува мотивацијата и го зголемува бројот на невработени. Тој ригиден неокласичен или неолиберален концепт никаде не успеал, па нема да успее ниту во Хрватска. За успешно излегување на Хрватска од кризата е потребен договор помеѓу синдикатите како претставници на работниците од една, и работодавците од друга страна. Но, како на една маса да се седнат претставници на 314 синдикати и 54 задруги на работодавци? Тој дел мора да се заврши за да можеме во Парламентот конечно да дефинираме кој облик на капитализам сакаме да го развиваме. На тоа прашање нема одговор од стекнувањето на независноста на државата. Затоа ова што го имаме не е капитализам, туку crony

капитализам во кој најголемите бизнисмени се претопиле со политичките структури. Ова е најопасниот и најболен систем кој го оневозможува развојот на пазарот, демократијата и слободата. Обидете се да почнете некој бизнис во Хрватска, па ќе видите што останало од слободниот пазар и како суптилно се развиени механизми на контрола и оневозможување на конкуренцијата. Економската програма на МОСТ поаѓа токму од дефлацијата и невработеноста како главни ограничувања на растот и развојот. Се мора да се подреди на ова. Ќе се насочиме кон инвестиции во енергетскиот сектор, неколку хидроелектрани), две термоелектрани и алтернативни извори на електрична енергија. Покрај тоа, ќе се инвестира во наводнување на земјоделските површини од сегашните 5% на 15% до 20% за период од четири години. Подготовката на необработено земјоделско земјиште исто така ќе донесе значајни инвестиции. Во сегментот на инфраструктура ќе се заврши автопатот од Дубровник до Пељешки мост, што ќе го заживее градежниот сектор. Приватниот сектор ќе ги следи државните инвестиции, бидејќи ќе биде вклучен во нив и ќе биде охрабрен за тоа, преку обезбедување на евтини извори на финансирање. Значително ќе го намалиме данокот ма репроматеријали во земјоделието и се она што им е потребно на земјоделците и нивните услови за работа ќе ги изедначиме со условите кои ги имаат нивните конкуренти во земјите од ЕУ. Досега се одеше против нашите земјоделци, од скапите инпу ти до прескапото финансирање, што уништи добар дел од земјоделските стопанства. Ќе основаме Агробанка која ќе биде специјализирана за финансирање на земјоделието. Ќе ги вратите стоковните

резерви, ќе ги гарантираме основните цени на одредена култура, и тоа за малите производители. Ќе формираме претпријатие во мешовита сопственост кое ќе се занимава со дистрибуција и промоција на земјоделското производство. Ова е политика која ќе го спаси селото и ќе ја поправи демографската слика. Кратко кажано, ќе работиме спротивно од она што го работеа досегашните влади и ќе направиме позитивен пресврт. Со активирање на споменатите инвестиции, со растот на потрошувачката на граѓаните и државата (исклучиво во производни цели) и со поттикнување на извозот, ќе обезбедиме стапки на раст на БДП над 3,5, кои за почеток се доволни да не вратат во нормален живот. Со даночната политика ќе го зголемиме износот на неоданочени приходи на 5.500 куни (околу 720 евра) за четворочлено семејство со само еден вработен. Со тоа ќе го заштитиме семејството и ќе овозможиме подостоинствен живот, а со тоа ќе ја зголемиме и нивната потрошувачка. Фирмите кои повторно ќе ја реинвестираат својата добивка ќе ги ослободиме од плаќање на даноци. На секој работодавец кој ќе вработи приправник нема да му плаќаме надомест од државниот буџет, туку неговите трошоци ќе ги одбиеме од бруто добивката и ќе му ја намалиме основицата за оданочување. Минималната плата ќе ја зголемиме на 3.500 куни (460 евра). Со успешната комбинација на поекспанзивна монетарна и фискална политика, и уште со многу мерки кои овде не можат да бидат наброени, конечно ќе ја поттикнеме хрватската економија, а на луѓето ќе им ја вратиме самодовербата, сигурноста и оптимизмот. Ние никогаш досега сме немале шанса да покажеме што знаеме и можеме, сега е моментот за тоа. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

44

Луѓе и компании

Од производител на евтина електроника до светски водечки бренд

Како Samsung ја направи револуцијата во дизајнот

Д

До пред 20-тина години јужнокорејски Samsung произведуваше евтина електроника за други компании. Компаниските лидери ја ценеа брзината, обемот на работата и пред сè поверливоста. Продавачите ја одредуваа цената и развојните можности спрема желбите на компаниите кои и

На почетокот на 1996 година претседателот на Samsung групацијата Ли Кун Хи, незадоволен од недоволната иновативност во компанијата , заклучува дека итно им е потребна експертиза на дизајнот за кој верувал дека може да стане ултимативна основа во глобалниот натпревар на дваесет и првиот век. Тој одлучил да постави култура фокусирана на дизајн кој ги следи светските технолошки иновации. понатаму ја користеа нивната електроника. Инженерите правеа само производ спрема пропишаната цена и зададените перформанси. Едвај неколкуте дизајнери, колку вкупно имала компанијата, биле распоредени во развојниот сектор, додека останатите

ги следеле веќе наметнатите методи. Во компанија која инсистира на ефикасност и инженерска ригидност, дизајнерите имале многу мало влијание. Меѓутоа, на почетокот на 1996 година претседателот на Samsung групацијата Ли Кун Хи, незадоволен од недоволната

Пркос: Samsung често знае да биде многу различен од с


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

45 Од средината на 90-те Samsung почна интензивно да вработува дизајнери, за денес да има преку 1.600 луѓе во тој сектор

Ли Кун Хи, претседателот на Samsung, познат по својата изјава од 1990-те: “Променете сè освен вашите жени и деца“, укажувајќи им на соработниците дека компанијата мора да се менува од корен

иновативност во компанијата , заклучува дека итно им е потребна експертиза на дизајнот за кој верувал дека може да стане ултимативна основа во глобалниот натпревар на дваесет и првиот век. Тој одлучил да постави култура фокусирана на дизајн кој ги следи светските технолошки иновации. Гледано во секоја смисла на зборот тој ја постигнува својата цел. Samsung денеска вработува повеќе од 1.600 дизајнери. Нивниот процес на иновација започна токму со истражување кое е спроведено од мултидисциплираниот тим составен од инженери, продавачи, етнографи, музичари и писатели кои ги истражувале потребите на крајните корисници и се обиделе да ги идентификуваат културолошките, технолошките и економски трендови. Компанијата изгради неверојатен дизајнерски успех заради што во последните неколку години се наградувани повеќе од било која друга компанија. Дизајнот на нивните телевизори често им пркоси на стандардниот стил. Со својата Samsung Galaxy Note серија претставија потполно нова категорија на смартфон- таблет, која подоцна ја пресликаа многу конкурентски компании. Дизајнот денеска стана составен дел од ДНК на компанијата, па нивните сопственици во целост се ослонуваат на помошта на дизајнерите за време на осмислувањето на понатамошниот развој на компанијата. Но сепак тоа бил трнлив пат. Иако имале голема поддршка од менаџментот, дизајнерите и понатаму се соочувале со големи предизвици кои се длабоко вкоренети во компанијата која долго

била насочена само кон ефикасност. Префрлањето на фокусот на иновации не бил ни малку едноставна задача. Тоа подразбира управување во услови на голем притисок.

Дизајнерските правила на размислување во сите корпоративни функции

Почетокот на Самсунговиот успех во дизајнот навистина може да се гледа уште од моментот кога е одлучено дизајнерскиот тим да се развива внатре во компанијата, а не да биде преземен од некој друг. Како што ќе објасниме во продолжение, Samsung одлучува да развие зголемен и доверлив тим на дизајнери кој би можел да осмисли како да ги надмине внатрешните пречки, применувајќи ги истите методи кои се користеле во пласирањето на иновации на пазарот. Компанијата помогнала дизајнерските правила на размислување да се воспостават во сите корпоративни функции како би се направила рамка за големи технолошки промени. Една од најголемите технолошки компании на светот и водечки дел на Samsung групацијата, Samsung Electronics, започна да биде се повеќе присутна во јавноста кога се прошири на полето на потрошувачката електроника и кога одлучи да застане рамо до рамо со Apple. Самсунговите мобилни телефони се единствени преживеани во правата пазарна револуција која започна со појавата на ifon, а продажбата на смарт телефони и донесе на компанијата рекордна заработка во 2013 година. И не само тоа Samsung од 2006 година е апсолутен лидер на пазарот на телевизори, и тоа со модели како што се Bordeaux, Touch of Colour, One

Design и Curved Smart. Овие скокови во дизајнерските решенија започнале баш тогаш кога Ли во 1996 година ги воведе промените во секторот иновации, со што се предизвика права дизајн револуција внатре во Samsung. За да ја подржи својата револуција во дизајнот, Samsung мораше да побара првокласна експертиза вон својата компанија. Тоа секако бил најбрзиот пристап, а менаџментот бил принуден да прифати дека еден од најпризнатите корејски дизајнери ќе го заземе местото на водечки дизајнер во компанијата. Но сепак го убедиле Ли дека останатите дизајнери внатре во системот ќе продолжи да се занимава со долгорочни, а не само со брзи решенија. Во рамките на понатамошниот развој на своите дизајнерски можности Samsung зел неколку експерти од водечки универзитети. Една од програмите подразбирала дека дизајнерите од системот ќе бидат на обука две години и тоа вон компании. Ли осмислил дека овие програми ќе станат личен приоритет на дизајнерите кои се на обука, што предизвикало и дополнителни проблеми поради фактот дека менаџерите биле многу бесни бидејќи ги изгубиле работниците на цели две години. Голем број на раководители во Samsung сега се согласуваат дека би било голема штета сами да се ослонеле на надворешната експертиза. „Кога го добивме своето место во рамките на системот и ние почнавме да се грижиме за иднината на компанијата“ изјави д своевремено Јанг Лин, потпретседател на секторот за стратегија на дизајн. Преку развивање на овој сектор дизајнерите

стандардните дизајни на потрошувачка електроника


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

46

Луѓе и компании

научиле да размислуваат стратешки и да го надминат отпорот спрема долгорочни проекти. Сега со сигурност може да се каже дека ниедна друга група на дизајнери кои се вон Samsung не би можела тоа да го изведе, колку год да се брилијантни и колкава год поддршка на менаџментот да имаат.

Разбирање на целиот систем

Во големите компании воведувањето на иновации е долг и тежок процес. Дури и кога дизајнерскиот тим добива согласност за некој нов концепт од самите челници на компанијата, тој концепт сепак ќе мора да го усвојат и сите кои се ниско на скалата: од програмери, па се до продавачи. Мислењето на секој член на скалата може понекогаш да го загрози новиот проект што поради некој друг приоритет, што понекогаш и поради фактот дека секоја иновација со себе носи и голем ризик како ќе биде прифатен на пазарот. Потпретседателот на Samsung и креативен директор на отсекот Samsung ТV Канг Јун Је смета дека сите не дизајнери мислат дека поголем профит може да се направи само ако стариот модел се разубави. Дури и компаниите кои ги прифатиле дизајнерските принципи, мораат да го пратат секој понатамошен чекор како би се осигуриле дека нивните идеи ќе се спроведат до крај. За тоа да би успеале тие

мораат да дишат како еден со останатите доносители на одлуки. Пример Ли Мин Хок, креативниот директор на Samsung Mobile Phones кој требаше да го развие концептот на т.н. бенз телефон. Тоа беше прв Flip Cover телефон, без надворешните антени. Ли, кој во тоа време бил млад дизајнер сфатил дека доколку сака да ги убеди инженерите да ја скријат антената ќе мора да најде некоја подобра причина од фактот дека има желба телефонот да изгледа подобро на лик. Ли излегол од улогата на дизајнерите и почна да размислува како инженер, до таа мерка што почнал да истражува различни начини за прием на сигнали без видливи антени. „Морав да смислам дизајн кој ќе помине и кај дизајнерите и кај корисниците“, се присетува Ли. На крајот и дизајнерите се победени, а овој модел е продаден во повеќе од 10 милиони парчиња.

Предвидување на иднината

Дизајнерите исто така мораат да добијат и поддршка од добавувачите бидејќи некои пазари се многу тешки за усвојување на новите идеи. Кога Samsung почна да работи на осмислување на телевизорите со рамен екран се соочи со голем отпор на произведувачите на делови кои до тогаш работеле на надворешни панели

за ЛЦД телевизори. Од нив се барало да го променат надворешниот страничен панел како би се забележувал помалку и како би се вклопил во новата идеја за Самсунговиот дизајн. „Но тие не сакаа да не слушаат. Тие продаваа стандарден ЛЦД панел за голем број компании и не сакаа да променат начин на изработка само поради нас“, наведува Јунг Хун Јун, потпретседател во ТВ секторот Samsung. Затоа дизајнерите на Samsung морале да работат деноноќно со инженерите како би осмислиле модел кој би бил прифатлив и за добавувачи, а во кој пак не би отстапиле премногу од идеите за тенкиот телевизор. На крајот, трошоците остануваат поделени помеѓу Samsung и добавувачите, но и Samsung сепак ја истурка својата идеја и ја пушти на пазарот на флет телевизори. Менаџерите се обучени врз основа на работните искуства да ги осмислат идните проекти. Од друга страна, дизајнерите никогаш не се ослонуваат на искуствата од минатото. Но доколку сакаат раководството да ги прифати нивниот визии, мораат да влезат во мозокот на менаџерот. Доброто претставување на визиите е силно оружје кое помага од заколнати скептици да се дојде до поддршка за нови идеи. Преземено од : Nacionalna poslovna revija



www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

48

Свет бизнис и политика

Светот нема да биде ист по нападите во Париз

На испит западноцивилизираниот одговор на терористичките закани Франција ја користи прогласената вонредна состојба што законски и овозможува на полицијата да ги земе работите во свои раце, како што треба, по нападите во Париз. Но, можно ли е покажаната голема ранливост на европската безбедност да придонесе за посериозно напукнување на либерализмот и толеранцијата на Стариот континент, чиј западно-цивилизиран одговор на тероризмот на ИСИС, во очите на терористите не е манифестација на силата/вредностите на Западот, туку на негова слабост?

П

Прашањата од видот, зошто воопшто беше можно да се случат терористичките напади во Париз на 13 ноември, и тоа втор пат во истиот град и во истата година (по масакрот во редакцијата на Шарли Ебдо),

својот прв глобален одговор најверојатно ќе го имаат во политичките последици за Европа, со воведување делумна и привремена промена во слободата на движење во шенгенскиот простор. Властите на државите ќе ги зголемат средствата што ги одвојуваат за безбедност, а ставовите за бегалците ќе станат уште поконтрастни. Главните светски сили - САД, Русија, Европската унија, заедно со најзначајните партнери - како Турција и Саудиска Арабија, најверојатно ќе ги приближат ставовите (како по прашањето за иднината на сирискиот претседател Башар ал Асад), и војната со самопрогласената Исламска држава на Ирак и Сирија би требало да стане поефикасна. Франција веќе најави дека на денешниот состанок (петок, 20 ноември) на министрите за внатрешни

работи на ЕУ, ќе побара да се воведе итна внатрешна контрола на границите и привремена сунспензија на Шенгенскиот договор. Претседателот Франсоа Оланд пред францускиот Парламент побара да се одвојува повеќе за безбедност и за одбрана, како и промени во Уставот на државата што ќе овозможат адекватно справување со кризни ситуации како нападите во Париз. Според него, на лицата со двојно државјанство, осудени за тероризам, треба да им се одземе француското државјанство, а на истата категорија луѓе да и биде забранет влез во државата. Оланд најави дека во следните две години ќе бидат создадени нови 5.000 работни места во полицијата, и нема да има никакви кратења кај армијата до 2019 година. Тој уште побара засилено

Меркел: Не само воено, со мноштво мерки против ИСИС


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

49

обезбедување на надворешните граници на ЕУ, „зашто инаку Унијата ќе исчезне“, како и создавање, до крајот на годинава, единствен европски регистар на лица кои патуваат авионски. Одредени аналитичари споменуваат и воведување американска практика за поседување и носење лично оружје за самоодбрана, што, сепак, во Европа многу тешко дека ќе се случи. Напротив, Стариот континент се очекува да реагира со уште

порестриктивни мерки за пристапот до оружје, и да воведе поголеми мерки за безбедност, какви што се применуваат во земји под постојана безбедносна закана (Израел), со детални проверки на влезовите на сите јавни објекти и собири за спречување на можноста да биде внесено оружје. Меѓу тие кои сепак сметаат дека не треба да се исклучи и посериозно напукнување на европскиот либерализам и толеранција, е англискиот

новинар и политички коментатор Ник Коен, кој во колумна за the Guardian оценува дека западно-цивилизираниот одговор на тероризмот на ИСИС, во очите на терористите не е манифестација на силата/вредностите на Западот, туку на негова слабост. Тој смета, да ја искористиме библиската фраза, дека со ваквиот пристап Западот „фрла бисери пред свињи“. „И покрај темните прогнози европските демократии не одговорија на тероризмот


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

50

Свет бизнис и политика

така што ќе се претворат во полициски држави. Но, за радикалните исламисти ова не е пројава на сила, туку на слабост. Европа продложува да се однесува како пред 20 години, иако реалностите во неа веќе одамна се различни, а од Нигерија до Авганистан постои една религиозна фашистичка доктрина, која поттикнува и оправдува масовни убиства и самоубиства, што доведоа цели региони од планетата до граѓанска војна“, вели Коен. За да ја заобиколи „слабоста“ на европската демократија за која зборува Коен, Франција ја користи прогласената вонредна состојба, што и овозможува проширување на просторот за полициски интервенции. „ Ја користиме правната рамка на вонредната состојба за да ги испитаме луѓето што им припаѓаат на радикалните исламистички движење и сите оние што пропагираат омраза кон Републиката“, изјави во контекстот францускиот премиер, Мануел Валс. Министерот, пак, за внатрешни работи, Бернар Kазнев, спомена предлог за укинување на радикализираните џамии во Франција, кој наскоро треба да биде предаден на разгледување во Владата. „Цврсто и решително треба да се пристапи кон протерување на оние што проповедаат омраза во Франција, без оглед дали учествувале или се осомничени за учество во активности со терористички обележја. Тоа значи и затворање на џамиите во кои поединци шират омраза или повикуваат на неа“, изјави Kазнев, и најави дека ќе се спроведуваат сите мерки што ги предвидува вонредната состојба, од ставање поединци во домашен притвор до претреси на станови и куќи. Слично на Коен, и градоначалникот на Шартре, ЖанПјер Горге, кој го идентификуваше напаѓачот Исмаил Омар Мостефај, предупреди дека продолжува безбедносниот ризик од несразмерот меѓу демократијата што ја негува Франција и можноста властите да ја гарантираат безбедноста на своите граѓани во такви услови: „Франција се докажа како земја на човекови права, но овој ужас јасно покажува дека нашите лидери, освен во своите

говори, не се способни да ја гарантираат безбедноста на Французите во нивната сопствена земја. Терористите, како и оние во јануари, зборувале на течен француски јазик. Тие биле Французи, барем некои од нив. Проблемот, значи, лежи овде“, изјави Горге.

Ќе има ли нови напади?

Францускиот премиер, Мануел Валс, предупреди дека Франција треба да биде подготвена за нови напади, што може да се случат и во други европски земји, веќе следниве денови и седмици. „Нападите во Париз биле организирани, обмислени и планирани на територијата на Сирија. Знаеме дека сè уште постојат операции што се подготвувале и што се подготвуваат, не само во Франција, туку и во другите европски земји“, изјави Валс. Лондонски The Economist во првите реакции по нападите на 13 ноември, напиша дека „сега многу нешта ќе зависат од големина и времето во кое ќе се случи следниот крвав атентат во Европа“. Конкретната закана доаѓа од претпоставената бројка од 400500 луѓе кои од боиштата во Ирак и во Сирија се вратиле во џихадистичките мрежи во Европа. На нив треба да се додаде и непознатиот број „борци од внатрешниот фронт“ - радикализираните луѓе кои (можеби и) никогаш не ја напуштиле својата (западна, во однос на Блискиот исток) држава, или дури се гетоизирани во реонот од градот каде што живеат. „Осамените волци“ ги вршат нападите што е тешко да бидат предвидени и пресретнати, зашто бројот на оние што треба да бидат следени и контролирани во контекстот е очигледно голем. Светските експерти за безбедност предупредуваат и дека по нападите во Париз станува јасно дека се има работа со „многу добро организиран непријател“ (како што се изрази и францускиот премиер Валс). Нападите од 13 ноември барале и добиле многу сериозно планирање, подготовки, обука, обезбедување оружје и експлозиви, детално обележување на целите, внимателен избор на таканаречени маченици (идни шехиди, како што се надеваат во ИСИС) кои ќе ги извршат

акциите. Сето ова поминало под радарите на специјалните служби. Испраќањето копнени сили на Блискиот исток да ја сузбијат ИСИС се чини сè уште ќе нема. Барем ако се заклучува од она што го кажа човекот од кој најмногу се очекува во контекстот, американскиот претседател Барак Обама. Тој на самиот на Г-20 во Турција, неколку дена по париските напади, оцени дека би било погрешно да се испратат американски копнени сили на Блискиот исток. Застана зад стратегијата со воздушната кампања против ИСИС, и рече дека САД иако би можеле да испратат 50.000 копнени трупи во Сирија, тоа не би довело до крајно решение зашто Сирија не е под окупација на САД, а терористички закани има и на други места на Блискиот исток и во југоисточна Азија. Обама со ова одговори и каква е позицијата на Белата куќа за повиците на републиканските претседателски кандидати да се ангажираат нови трупи на Блискиот исток по нападите во Париз. „Нема да преземам чисто политичка акција, за Америка да изгледа силна, или да изгледа дека јас сум силен. Стратегијата што ја употребуваме е вистинската“, изјави Обама. За последните закани од ИСИС дека следна цел се и САД, тој рече дека не ги потценува, зашто „ако имате само неколкумина подготвени да умрат, тие можат да убијат многу луѓе“. На Г-20 светските лидери се заложија да го засилат споделувањето доверливи информации меѓу државите, како и контролите на границите, и да се обидат да ја прекинат финансиската поддршка на терористите. Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека лидерите се сложиле оти „овој предизвик не може да биде совладан само со воена сила, туку со мноштво мерки“. Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека итна потреба на моментот е „да се изнајде политичко решение што ќе донесе мир во Сирија и ќе им овозможи на милионите бегалци да се вратат дома“. Рускиот претседател Владмир Путин побара заедничка акција во „борбата со ова зло, нешто што требаше да биде направено многу одамна“. nnn

Валс: Имаме работа со многу добро организиран непријател



ПОКАНА На 10 декември 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 19. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 30 ноември 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 7 декември (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 505; и електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

Lenovo® C470

Заштедете простор со се во едно компјутер 21.5" Lenovo® C470 Се-Во-Едно компјутер го редефинира прифатливиот домашен или канцелариски компјутер во опции со повеќе бои, уникатно комбинирајќи ги паметниот дизајн кој заштедува простор и најновата процесорска технологија.

ЗОШТО ТРЕБА ДА КУПИТЕ LENOVO® C470

Применлив

Заштедува буџет, но задржува перформанси и функционалност.

Извонредно аудио

Dolby® Advanced Audio™ сертифицирани звучници за одличен звук.

Лесно надградлив Лизгачки заден капак за надградба на меморија и за дополнителен диск.

ЦЕНИ IdeaCentre C470 Бел

IdeaCentre C470 Црн

Intel® Core™ i3-4005U Processor (3M Cache, 1.70 GHz)

Intel® Celeron® Processor 2957U (2M Cache, 1.40 GHz)

31.890,oo ден.

24.870,oo ден. ИНет доо A: T: W: E:

Атинска 12 - Скопје 02/ 3090.625 www.inet.com.mk sales@inet.com.mk

ИНет доо

Services

Lenovo Авторизиран Сервисен Партнер E: services@inet.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

53

Лидерство

Рекоа за... Кoрупцијата

Р

оманскиот премиер Виктор Понта, под силен притисок на јавноста неодамна поднесе оставка, како чин на морална одговорност заради големиот пожар во една дискотека во Букурешт, при што загинаа педесетина луѓе. Меѓутоа, јавноста сметаше дека самата трагедија е последица на високото ниво на корупција во државата, што се

одразило и на ниското ниво на безбедност и стандарди во самата дискотека. Понта претходно поднесе оставка и од претседателската функција на владејачката Социјалдемократска партија, откако беше обвинет за перење пари, фалсификување на документи и даночно затајување. Токму на темата корупција, прочитајте што мислат неколку значајни луѓе на планетава.

Борбата против корупцијата не е само дел од доброто управување. Тоа е самоодбрана. Тоа е патриотизам Корупцијата е полоша од проституцијата. Оваа втората може да го загрози моралот на една личност, додека првата го упропастува моралот на цела држава Во исто време мораме да се бориме и против тигри и против муви: да ги решаваме случаите на корупција на високи функционери, но и искрено да се бориме против корупцијата што се појавува секаде околу нас Три години по страшната криза предизвикана од финансиски измами ниту еден банкар не е во затвор, и тоа е катастрофа

Џо Бајден

актуелен потпретседател на САД

Мишел Бахман американска политичарка

Не може парите на даночните обврзници да ги извадите од буџетот за да им вратите на своите политички донатори. Тоа е невидена корупција.

Луѓето зборуваат за имиграција, но не зборуваат за корупцијата што всушност постои на релација САД-Мексико.

Карл Краус

австриски писател и новинар

Си Ѓинпинг

актуелен претседател на НР Кина

Крег Фергусон

автор на документарецот “Inside job“, за финансиската криза од 2008 година.

Роберт Родригез

американски режисер од хиспанско потекло

Михаил Ходорковски

Го познавав претседателот Јелцин добро. Тој никогаш не би толерирал владини функционери јавно да се расфрлаат со милионите стекнати со корупција, како што тоа се прави денес

поранешен руски олигарх

Тревис Каланик

ко-основачот на Uber, алтернативата за такси превоз

Има толку многу корупција и непотизам во такси индустријата, и толку многу регулаторни стеги, што ако побарате дозвола за нешто што е веќе легално, никогаш нема да ја добиете


Пријавувањето е во тек !!!

КУРС ПО ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО И СМЕТКОВОДСТВЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА l 15 декември 2015 година (вторник) l во просториите на Институт Концепт, Скопје Доколку имате свое претпријатие, сакате да работите како сметководител или сакате вашето теоретско знаење да го преточите во практична примена тогаш оваа обука ќе Ве оспособи за тоа! Курсот е наменет за почетници во областа на сметководството, студенти и вработени лица коишто се на позиција сметководствена администрација, како и оние лица коишто имаат допирна точка со сметководство или пак сакаат теоретски и практично да го научат. Предавањата ќе се одржуваат во текот на месец декември 2015 година, во попладневните часови од 16.30 до 20.00 часот, во просториите на Институт КОНЦЕПТ. Учесниците преку високо професионални предавања, практична работа и соодветна литература за 42 часови ќе го научат основното ниво на сметководство.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962

!"#




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.