839 kapital magazin 1

Page 1

COVER STORY ЦРВЕН АЛАРМ! МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ ПАЃА, ШТО ОЧЕКУВААТ ИЗВОЗНИЦИТЕ?

КАПИТАЛ АНАЛИЗА ДАВАЧКИТЕ ЗА МАЛИТЕ ФИРМИ МОРА ДА СЕ НАМАЛАТ!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ЛЕКЦИИ ЗА СЕКОЈ МЕНАЏЕР ШТО ГО МАЧИ МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ЛИДЕР?

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

АНДРЕЈ КУКУ

генерален директор на ЛУКОИЛ Македонија

ИЗМИНАТИВЕ 10 ГОДИНИ ПОКАЖАВМЕ ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ПОТРОШУВАЧИ НИ СЕ НА ПРВО МЕСТО СЕ БЛИЖИ ЛИ КРАЈОТ НА ВЛАДЕЕЊЕТО АНГЕЛА НА ЧЕЛИЧНАТА МЕРКЕЛ: КАНЦЕЛАРКА? БРОЈ 839 | ЦЕНА 100 ДЕН. 27 НОЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

Кои се најмоќните бизнисмени на Балканот?



3

Капитал број 839 27.11.2015

СОДРЖИНА

24 04 PROFILE СЛАВОЈ ЖИЖЕК

36 И ПАЗАРИ 24 КОМПАНИИ Другите намалуваат

словенечки филозоф

даноци во време на криза, Македонија вози во спротивен правец Давачките за малите фирми мора да се намалат!

08 НАВИГАТОР Следи трето продолжение

на бескрајната приказна “Светска економска криза“

10

56

COVER STORY

Црвен аларм Извозот на Македонија паѓа два месеца по ред Грчката криза и поевтините метали удрија по извозот. Што очекуваат извозниците?

16 КАПИТАЛНО Осмели се. И умри. 20 INTERVIEW АНДРЕЈ КУКУ

30 35

Државниот завод за статистика објави дека извозот се намали и во август и во септември за 6,5% и 5,4% споредено со истиот период лани. Народната банка предупреди дека се влошуваат условите за извоз на метали и поради тоа веќе ја ревидираше кон понегативна својата проценка за економскиот раст. Анализираме што очекуваат македонските извозници за 2016 година.  Стр. 10

INTERVIEW: Кире Христовски

АРИЉЕМЕТАЛ Семејните вредности успешно ги инкорпориравме во бизнисот

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Моја најважна цел е да останеме број еден на автомобилскиот пазар  Најмоќни бизнисмени во регионот

Kомпанија во “облаци“ Водич за cloud за секој менаџер

56

СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

60 62

ЛИДЕРСТВО

МЕНАЏЕР

генерален менаџер на Порше Македонија

ИЗВОЗ

Со нашите принтинг решенија ја зголемуваме добивката на клиентите

БИЗНИС ПРОФИЛ

Што го мачи македонскиот менаџер: Лекции за секој CEO  INTERVIEW: д-р Златко Муцунски

Изминативе 10 години покажавме дека македонските потрошувачи ни се на прво место

Интервју со топ менаџментот на Адора инженеринг генерален менаџер на КРЕАТИВА.инк

генерален директор на ЛУКОИЛ Македонија

И Ангела Меркел ја стигнува "Правилото 10" Се ближи ли крајот на владеењето на Челичната канцеларка? Рекоа за... успехот

ЛИДЕРИ

ЏЕФ БЕЗОС

основач на Амазон

Потрошувачот е секогаш на прво место

МАЛИ ФИРМИ, ГОЛЕМО БРЕМЕ

АРИЉЕ МЕТАЛ

Во услови кога малите и микро бизниси тонат во неликвидност и во загуби, а бројот на новоотворени фирми секоја година е се помал, Македонија мора да размислува како да ги растовари новооснованите микро и мали фирми, а не да ги зголемува оптоварувања како во изминатите неколку години. Ги прашавме даночните експерти што предлагаат во таа насока.

Да почнеш бизнис пред 23 години со тогашни 800 марки и денес да си извозник на метални врзувачки елементи во десетина држави, е приказна што моравме да ја чуеме изворно – од сопственикот и основач на Ариље метал, Богослав Ангелоски, кој што заедно со синот и ќерката е столбот на компанијата која денес рани четириесетина семејства.

 Стр. 24

 Стр. 30

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје  Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31  П. ФАХ 503, 1000 Скопје  Основач и директор: Љупчо Зиков  Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска  Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје  Тираж: 3.000 примероци  Датум на печатење: 26.11.2015


profile

www.kapital.mk

Според Жижек, реториката на солидаризација со Парижаните и дека овие напади се “напад врз сите нас” не се протега подалеку од западот, бидејќи такви напади се реалност за луѓето во Сирија веќе пет години. но, тој го критикува и ставот “Бегалците се како нас” на левичарите, бидејќи не се поставува прашањето кои ќе бидат последиците ако дознаеме дека не се како нас?

Славој ЖиЖек, Словенечки филозоф

евроПа е “каПут”. Да Живее евроПа!


www.kapital.mk

С

Капитал број 839 27.11.2015

5

profile

Славој Жижек денес е еден од најангажираните планетарни филозофи. Некој го обожава, некој го мрази. Тој има широк распон на интереси – од Хегел до психоанализа, па до фил и поп култура. А неговите главни теми се големи: иднината на капитализмот, природата на идеологијата, искуството на реалноста...Тој има напишано над 60 книги и учествувано во десетици документарци, а во изминативе години е чест гостин на разни дебати во кои се обидува да наметне размислување надвор од капитализмот и либералната демократија како единствена рамка во нашите животи. Многумина го сметаа за најопасниот филозоф на Западот. Изминатата недела тој беше учесник во една дебата која се одржа во Лондон посветена на нападите во Париз, Исис, Европа и бегалската криза, насловена Europe is kaput. Заедно со него настапуваа и поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, кој себеси се нарекува радикален марксист, a преку видео врска учествуваше и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Во овој клучен момент тие се согласуваат дека во време на голема економска криза, огромните предизвици пред кои се наоѓа европското централизирано управување, немањето на консензус околу бегалската криза, Европа се соочува со најголемиот предизвик од основањето. “Јасно е дека оние кои ќе бидат најголеми жртви од нападите на Париз се оние кои се веќе вклучени во хуманитарната криза - бегалците. Посебно оние кои бегаат како жртви на Исис од Сирија, кои се по втор пат жртви на оваа група. Она што не треба да биде игнорирано е дека во моментот постои неверојатно високо ниво на насилство во светот, многу луѓе ги губат животите во еден ден како она што се случи во Париз, кое што поминува незабележано во западните медиуми”, вели Жижек. Според него, реториката на солидаризација со Парижаните и дека овие напади се “напад врз сите нас” не се протега подалеку од Западот, бидејќи такви напади се реалност за луѓето во Сирија веќе пет години. Тој го критикува и ставот “Бегалците се како нас” од страна на левичарите и другите, бидејќи не се поставува прашањето кои ќе бидат последиците ако дознаеме дека не се како нас. “Но, дали тоа значи дека треба да ги оставиме да се удават? Мора да се најде друга основа за да се помoгне. Мора да сфатиме и да престанеме да зборуваме дека станува збор за културна

како трЕба Да изглЕДа уСпЕшната Држава?

ж

ижек важи за еден од најгласните критичари на капитализмот и на либералната демократија. тој смета дека реалноста со глобалниот капитализам е што секој ги прекршува правилата. “живееме во ера на идеологија. неолиберализмот е мит. улогата на државата и интервенции во економијата стануваат се позначајни”. успешната држава, според жижек, треба да биде комбинација на пазарот и многу силна држава. “како што е тоа во Сингапур, јужна кореја, па ако сакате и во германија.тоа се успешни економии денес. тоа веќе не е либерализам во стилот само пазарот и никој друг. тоа е либерален капитализам, но со многу актива и динамична држава. Државата мора да биде силна и да интервенира во економијата. Сега, повеќе од било кога ни е потребна ефикасна држава.

Со тајната полиција мора Да управува хуманиСт!

м

алкумина знаат дека жижек во 90-те години бил кандидат за претседател на Словенија. “тогаш бев во либерално-демократската партија, но не бев сериозен околу тоа, иако многу не ми веруваат. после смртта на тито, политиката стана реален бизнис. тоа не ме интересираше многу, зошто со сите ќе бев искаран. Единствено што навистина ме интересираше е да станат министер за внатрешни работи или шеф на тајната полиција”, објаснува жижек. вака тој го објаснува поделба, и да признаеме дека Париз, Исис, Палестина...се само делови од една иста борба. Потреба е реакција на насилството од сите нас, а не само од оние кои се инволвирани”, вели Жижек. Тој вели дека не е утопист по прашањето дали Европа треба да постави ѕидови или не. “Не сум глупав лево ориентиран либерал кој вели: “Знаете, ова е хорор, луѓето се дават во Медитеранот, треба да им ги отвориме вратите”. Не тоа е глупост. Ако Европа ги отвори границите, за половина година ќе имате популистичка анти-имиграциона револуција. Тоа уште повеќе ќе го зголеми проблемот”. Жижек смета дека Западот мора да интервенира, бидејќи тој ја креирал

неговиот порив: лесно е да бидеш апстрактен хуманист. но, некој конкретно мора да биде министер за внатрешни и шеф на тајната полиција. тоа е хероизам. Да се бориш против сталинизмот не значи дека ти и само декларативно против тајната полиција. никогаш не сум ги сакал оние либерални лепотани, кои се држат до своите принципи, а пуштаат другите да ги завршат валканите работи. Со тајната полиција мора да управува хуманист. така се менува општеството”, вели жижек. ситуацијата. “Но, постои и т.н темна страна на оваа “економска неоколонијална” реторика. Не само што Исис се поврзани со профитите од нафтата, туку во тоа и глобални економски интереси. Прашање е како, кога и до кој степен треба да интервенираме?”, смета Жижек. Воспоствување на контрола на бегалската криза, според него, подразбира најнапред разбивање на левичарските табуа. “Правото на слободно движење би требало да биде ограничено, ако на за друго, барем заради фактот дека тоа право не постои помеѓу бегалците, чија слобода на движење зависи од нивната класа. Затоа критериумите за прифаќање и населување на бегалците мора да бидат јасни”. nnn


6

Капитал број 839 27.11.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

И

WWW.KAPITAL.MK

Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?

WWW.KAPITAL.MK

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

10

денари, заштедете

...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

www.kapital.mk

 ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

 ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС

 ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ

ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

WWW.KAPITAL.MK

СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

 НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ

70

МИЛИОНИ ЕВРА ОХРИД – ПЕШТАНИ

60

МИЛИОНИ ЕВРА

 ОТКУП НА СТАЖ

НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

50

МИЛИОНИ ЕВРА

 АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА

ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија

ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!

45

МИЛИОНИ ЕВРА

WWW.KAPITAL.MK

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот

БЕТОН Б ЕТОН ДОБИТНИ НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

евра 200 милиони Од каде пари?

 МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО

ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ

ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?  КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ

НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

INTERVIEW

ГРАДСКО - ПРИЛЕП

 ЕКСПРЕСЕН ПАТ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

со вклучени 20% попуст

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ПОЛИТИКА

12 месечна претплата 4.100 денари

ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА

ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?

ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!

специјален прилог - семејни бизниси

COVER STORY

6 месечна претплата 2.200 денари

COVER STORY

ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?

ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> бРОЈкА

27,9%

е намален бројот на превезените патници во градскиот превоз во третото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година

ЏО кАЈЗеР

извршен директор на Siemens

Терористичките напади во Париз и политичката нестабилност во Европа ги отвраќаат компаниите од инвестиции. Кај инвестициите многу сметка се води за довербата и за иднината, а кога ќе се случат вакви настани, луѓето се одлучуваат да почекаат

МАкпРОГРес пОчНА сО ИЗВО

М

акпрогрес започна со извоз и на Малдиви, соопштуваат од компанијата чии производи се веќе присутни во многубројни држави во светот. „Благодарение на квалитетот и прифатливите цени успеавме да ги придобиеме Малдивите. Следејќи ги потребите на пазарот нашата компанија секојдневно расте, инвестира и одржливо опстојува. Нови пазари и можности на локации кои некогаш можеше само да ги

победник на неделата The economisT ПредуПредува

Следи трето Продолжение Приказна “СветСка еконо МАРк ЗАкеРбеРГ

+

Основачот и CEO на Facebook, Марк Закерберг, одново посегна во својот сопствен џеб воден од филантропија во делот на едукацијата, и одвои 20 милиони долари за непрофитната организација Education Super Highway што им помага на училиштата да обезбедат побрз интернет. Закерберг и со ова покажа колку е доследен на неговата заложба за подобрување на образованието, за зголемување на неговата ефикасност преку користење на различни, персонализирани софтвери и онлајн алатки за учење, кои бараат брз интернет. Колку се сериозно посветени основачот на Facebook и неговата сопруга Присила Чен на каузата за образованието покажува и тоа што ова не е првпат да ја помагаат организацијата Education Super Highway, на која и во 2013 година и донираа 3 милиони долари. Во 2010 година Закерберг и Чен помогнаа со 100 милиони долари јавни училишта во Њуарк, Њу Џерси. Во 2014 година со дополнителни 120 милиони долари училишта околу Сан Франциско. „Еден дека ќе го поврземе светот и ќе овозможиме персонализирано учење за сите ученици, и ќе останеме посветени на ова додека не се случи“, изјави Закерберг

По кризата на американскиот пазар на недвижнини и европската должничка криза, на глобалната економија и се заканува ново, трето продолжение на кризата, што ќе зафати дел од земјите во развој, пишува угледниот британски неделник.

П

Поминаа речиси 10 години откако пукна хипотекарниот балон на американскиот пазар на недвижности. Поминаа шест години откако инсолвентноста на Грција предизвика европска должничка криза. Тоа што ги поврзува овие епизоди е рапидниот раст на долговите, по што следеше пукање на балонот, пишува угледниот неделник во анализата под наслов “Бескрајна приказна“. Третото продолжение од должничката хроника штот уку почна да се разоткрива. Овој пат во земјите во

развој. Инвеститорите веќе ги намалија портфолијата во овие земји, но целосна агонија на забавувањето на растот на тие економии допрва ќе следи. Во сите три продолженија на оваа должничка трилогија циклусот почнува со одливот на капитал преку границите, предизвикувајќи пад на каматните стапки и зголемен раст на кредитирањето. Во САД, најголемата дестинација на глобалниот капитал, најмногу од Азија, тоа се прели во криза на секундарни хартии од вредност, деривати од хипотекарните кредити, што предизвика катастрофални последици. Во еврозоната пак, штедливите Германци помогнаа во дувањето на цените на недвижностите во Ирска и во преголемата јавна потрошувачка на Грција. А, кога балоните во богатите земји се распрснаа, повлекувајќи ги каматните стапки на најниски нивоа во историјата, текот на капиталот го промени правецот. Парите се одлеваа од богатите во посиромашните земји. Тоа беше добра насока, но предизвика нова пијанка: премногу задолжување за


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

9

оз и на Малдиви замислиме. Макпрогрес успешно чекори кон врвот во светски рамки“, соопштуваат од компанијата. Инаку, Макпрогрес во моментов извезува во педесетина земји од светот, а планот на сопствениците е до 2020 година двојно да го зголемат производниот капацитет на компанијата. “За таа цел оваа јубилејната 2015 година ја одбележуваме со нашата најголема инвестиција досега - 4,5 милиони евра во нови производни хали и опрема за производство“, изјави Глигор Цветанов, извршен менаџер на Макпрогрес во неодамнешното интервју за Капитал.

мисла на неделата

> БроЈка

5,1%

е намален откупот и продажбата на земјоделски производи во однос на истиот период лани

лидери

ие на беСкрајната ОмСка криза“ прекусо време, а многу кредити зедоа компании за финансирање на неразумни проекти или купување скап имот. Резултат – долговите во земјите во развој скокнаа од 150% од бруто домашниот производ (БДП) во 2009 година на 195%. Корпоративните долгови пак, скокнаа од помалку од 50% од БДП во 2008-та, на речиси 75%. Но, сега тој залет се ближи кон крајот. Забавувањето на растот на кинеската економија и ниските цени на суровините ги помрачија изгледите, додека високиот курс на доларот и зголемувањето на каматите што се најавува во САД ќе го намалат приливот на евтин капитал. Сметката стигнува за наплата. Колкави ќе бидат штетите ќе зависи од локалните фактори, на пример, од тоа колку се прилагодувале девизните курсеви, а во основа земјите во развој може да се поделат во три категории, вели The Economist. Во првата група влегуваат земји во кои што по кредитниот бум ќе следи подолг мамурлак, но не и инфаркт. Тука влегуваат Кина, Јужна Кореја, Сингапур...Тие земји и понатаму имаат силно оружје за заштита од одливот на капитал, како и големи вишоци на тековните биланси. Властите во тие земји имаат средства за помагање на презадолжените и нема да дозволат нивен банкрот. Во втората категорија влегуваат поризични земји кои што немаат исти средства за поддршка на презадолжените компании и немаат силна одбрана против одливот на капитал. Од поголемите економии тука влегуваат Бразил и Турција, кои што имаат дефицити на тековните биланси и големи долгови во странска валута. Третата група, во која меѓу другите, се Индија, Аргентина и Русија, се земји што или ќе избегнат посериозни проблеми, или веќе ги поминале. Ако се занемарат некои посветли точки, сето останато најавува уште една бедна година за глобалната економија. Меѓународниот монетарен фонд, сепак очекува забрзување на растот на економиите во развој следната година, но лекциите од минатите должнички циклуси сугерираат дека поверојатно е забавување на растот, пишува The Economist. nnn

Добрите учители предаваат економија. Одлучните улители ја трансформираат економијата

Кралицата Раниа од Јордан

губитник на неделата

ГлиГор Цветанов Гли

Макпрогрес започнува со извоз на своите производи на пазарот на Малдиви, како една од ретките компании која таргетира вакви пазари.

тиМ кук

Голдман Сакс проценува дека цената на акциите на Епл би можела да порасна дури 43% во наредната година.

не им беше неделата

илон Маск

Тесла Моторс најави повлекување на сите 90 примероци од моделот С, поради технички неисправности.

реџеП таиП ердоГан

Турција во сомнителни околности собори сојузнички руски воен авион, во клучната фаза од борбата против ИСИС.

_

Мишел Платини Етичкиот комитет на меѓународната фудбалска федерација ФИФА побара првиот човек на УЕФА Мишел Платини да биде доживотно суспендиран. На почетокот на неделава Комисијата соопшти дека Судската комора отворила постапка против Платини и против, исто така суспендираниот, шеф на ФИФА Сеп Блатер. Претходно, двајцата беа суспендирани за период од 90 дена. Станува збор за постапка која е отворена по сомневањата за „нелојална исплата“ и малверзации во ФИФА, во склоп на истрагата на швајцарските и американските власти. Имено, станува збор за исплата од 1,8 милиони евра од Блатер на Платини за консултантски услуги. Парите биле префрлени во 2011 година, односно речиси 10 години по завршувањето на наводните консултантски услуги од страна на Платини. Првиот човек на Европската куќа на фудбалот во моментот ја издржува тримесечната суспензијата поради вмешаност во корупциски скандал. Тој лично се надеваше дека одлуката ќе биде сменета и дека ќе може да остане еден од петте кандидати за претседател на ФИФА на изборите закажани за 26 февруари 2016 година. Но, очигледно аргументите на неговата одбрана повеќе ја немаат доволната специфична тежина. Иако неговиот адвокат Тибо Д’Алеш одлуката ја нарече „прекумерна и скандалозна“ малкумина веруваат дека ФИФА ќе се повлече од можноста принципиелноста да ја тестира токму врз претседателот на УЕФА.


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

COVER ЦРВЕН АЛАРМ - ИЗВОЗОТ НА М STORY 10 COVERSTORY БУГАРИЈА

Проценки за најголемите извозни партнери

2,8%

1,9%

4,5% ГЕРМАНИЈА

1,6% 4,0% ИТАЛИЈА

1,3%

3,7% ГРЦИЈА

-1,3%  Пораст на БДП  Пораст на увоз

СРБИЈА

1,5%

ГРЧКАТА КРИЗА И ПОЕВТИНИТЕ МЕТАЛИ УДРИЈА ПО ИЗВОЗОТ. Ш ОЧЕКУВААТ ИЗВОЗНИЦ


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

МАКЕДОНИЈА ПАЃА ДВА МЕСЕЦА ПО РЕД Странска побарувачка (годишна промена)

1,4%

1,3%

11 1,5%

0,8% -0,1% 2013

3,0%

ШТО ЦИТЕ?

2014

2015

Извозните компании во последните два месеца поминуваат низ нова фаза на слабост. Државниот завод за статистика објави дека извозот се намали и во август и во септември за 6,5% и 5,4% споредено со истиот период лани. Народната банка предупреди дека се влошуваат условите за извоз на метали и поради тоа веќе ја ревидираше кон понегативна својата проценка за економскиот раст. Грчката економија се уште бавно закрепнува и поради тоа македонскиот извоз таму постојано паѓа. Имуни на овие ризици се само странските инвеститори кои што работат во технолошко индустриските развојни зони. Тие за десет месеци годинава направија извоз од 1,2 милијарди евра, што е повеќе од целиот извоз лани. Бизнисмените велат дека годинава е една од најтешките што ја паметат, но имаат попозитивни очекувања за догодина. Побарувачката за македонски производи од странските пазари следната година ќе биде 1,4% поголема отколку годинава како што проценува Народната банка, а извозот ќе се зголеми за 9% како што проектира ММФ.

2016

П

2017

пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Побарувачката за македонски производи од странските пазари следната година ќе биде 1,4% поголема отколку годинава како што проценува Народната банка, меѓутоа, колку ќе биде тоа доволно за извозниците да го зголемат производството и п р о д а ж б а т а ?! П р о ц е н к и т е з а закрепнувањето на економијата во еврозоната каде што всушност и најмногу се извезуваат македонските производи се ревидираат кон понегативни, темпото на закрепнување на грчката економија забавува и тоа дополнително влева песимизам кај извозниците. Односно, не кај сите. Народната банка во својот најнов Квартален извештај проценува дека извозот во следните две години солидно ќе се зголеми „главно поради зголемената извозна активност од новите капацитети на странските инвеститори“. Според податоците од Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, заклучно со октомври извезени се стоки вредни 1,2 милијарди евра, со што е надмината вредноста на целокупниот извоз минатата година. За споредба, во истиот период, вкупниот извоз од земјава изнесува 2,96 милијарди евра, што значи дека уделот на странските инвеститори што работат во зоните во вкупниот извоз е поголем од третина. Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, изјави


www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

12

cover story

В Сашо Наумоски

генерален директор на Витаминка

о последните неколку месеци има пад на извозот, а и до крајот на годината не останува многу време за да се надомести бидејќи сезоната завршува со божикните празници во декември. Ова беше тешка година за бизнисот, како поради домашните проблеми, така и поради промените што се случуваа во повеќе балкански земји. Следната година очекувам да биде подобра, веќе имаме преговори за нови нарачки од Бугарија, Србија и Хрватска така што ние како компанија проценуваме дека ќе го зголемиме извозот.

за медиумите дека до крајот на годината извозот од зоните ќе достигне 1,4 милијарди евра. Од друга страна, домашните извозно ориентирани компании се соочуваат со повеќе проблеми. Народната банка предупреди дека се влошуваат условите за извоз на метали и поради тоа дури и ја ревидираше проекцијата за економскиот раст кон понегативна. Во последниот Извештај на Народната банка пишува дека „состојбата во домашната метална индустрија и понатаму е неповолна, во услови на сè уште ниски цени на металите на светскиот пазар“. Народната банка анализира дека цените на металите забележале поголем пад од очекуваниот како последица на забавувањето на растот во Кина и девалвацијата на јуанот, како и на постојаното зголемување на понудата во глобални рамки. „Се очекуваат натамошни неповолни движења кај цените на металите и во четвртиот квартал. Гледано по одделни метали, сега се проектира поголем пад на цената на никелот и железото и пад наместо раст на цената на бакарот и челикот, во време кога постојат солидни залихи и пониска побарувачка од Кина. Имајќи

Г

Ангел Димитров

генерален директор на Мода

БРОЈКИ

6,5% падна извозот на производ од Македонија во септември годинава споредено со истиот месец лани

5,4% е помал извозот во август, на годишна основа

ги предвид проекциите за натамошно забавување на кинеската економија и задржување на поволните изгледи на страната на понудата за повеќето метали, во 2016 година е извршена надолна ревизија на цените на никелот, бакарот и челикот, при што се очекува дека тие ќе се движат во зоната на негативни промени“, предупреди Народната банка. Менаџерите на компаниите од металната индустрија чиј што удел во вкупниот извоз е над 13%, потврдуваат дека поминуваат низ

одинава бележиме мало намалување на извозот главно поради проблемите со кои што се соочуваше нашиот единствен партнер од Германија, меѓутоа, очекувам дека ситуацијата ќе се смени до крајот на годинава. Веќе обезбедивме нарачки и за следната сезона што значи дека имаме обезбедено работа до април. Какви ќе бидат нарачките за текстилните компании во целина ќе зависи главно од тоа што ќе се случува во Германија и другите наши најголеми трговски партнери во Европа.

тешка криза и дека се неопходни конкретни мерки за спас на оваа индустрија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, рече дека металната индустрија не само што не е заштитена, туку е нападната и оневозможена да биде природната локомотивата која ќе не извлече од криза. “Иако оваа гранка е една од носечките индустрии, бројот на фирмите во оваа индустрија е мал, па често се смета дека тие повеќе зборуваат од лични интереси. Најновата студија покажува со бројки дека она што го зборуваме и бараме како мерки не се лични интереси, туку реална потреба на целата економија”, вели Азески, која најави дека Стопанската комора на Македонија ќе застане целосно зад барањата на оваа индустрија. “Ако сите заедно не ги поддржиме барањата за основните, базните индустрии, никогаш не можеме да го достигнеме растот од 7% кој ни е потребен”, смета Азески. Минчо Јорданов од Макстил изјави дека фокусот на економските политики во време на криза мора да се насочат кон металопреработувачката индустрија и кон отворање на работни места. “Никој не бара мерки и социјалистички

ММФ: Извозот од Македонија догодина ќе порасне 9%



www.kapital.mk

Капитал број 838 20.11.2015

14

cover story

начин за пумпање вработувања. Напротив, овие базни индустрии секаде во светот добиваат адекватна поддршка. Ние сме единствена земја во светот каде што оваа индустрија е исфрлена од енергетскиот систем, додека секаде во светот таа има адекватна поддршка како индустрија која создава многу работни места. Исто така плаќаме поскап транспорт. Секаде во светот им се даваат бенефиции на вакви масовни индустрии, додека кај нас обратно, мораме да плаќаме повеќе и во транспортот и во енергетиката”, изјави Јорданов. Според последната студија која ја направи Стопанската комора на Македонија, металната индустрија индиректно преку синџирот на снабдувачи и купувачи, создава и поддржува над 27 илјади работни места.

Извозот паѓа два месеца по ред

Д ржа в н и о т з а в о д з а с та т и с т и ка во последните два месеца повторно регистрираше фаза на слабост кај македонските извозници. Податоците покажуваат пад на извозот во август и септември за 5,4% и 6,5%. За сите девет месеци, пак, евидентиран е раст на извозот за 8,3%. „Во последните неколку месеци има пад на извозот, а и до крајот на годината не останува многу време за да се надомести бидејќи сезоната завршува со божикните

празници во декември. Ова беше тешка година за бизнисот, како поради домашните проблеми, така и поради промените што се случуваа во повеќе балкански земји“, коментира генералниот директор на Витаминка, Сашо Наумоски. „Следната година очекувам да биде подобра, веќе имаме преговори за нови нарачки од Бугарија, Србија и Хрватска така што ние како компанија проценуваме дека ќе го зголемиме извозот“, додава Наумоски. Менаџерите на компаниите од текстилната индустрија пак, велат дека обезбедиле нарачки и за следната сезона што значи дека веќе имаат работа до април. „Годинава бележиме мало намалување на извозот главно поради проблемите со кои што се соочуваше нашиот единствен партнер од Германија, меѓутоа, очекувам дека ситуацијата ќе се смени до крајот на годинава. Веќе обезбедивме нарачки и за следната сезона што значи дека имаме обезбедено работа до април. Какви ќе бидат нарачките за текстилните компании во целина ќе зависи главно од тоа што ќе се случува во Германија и другите наши најголеми трговски партнери во Европа“, вели Ангел Димитров, генерален директор на текстилната компанија Мода од Свети Николе, но според него, текстилната индустрија ќе се соочи со сериозни

проблеми на среден рок. „Земјите од Далечниот Исток стануваат поконкурентни поради евтината работна рака, така што македонските компании кои што работат лон производство се помалку ќе имаат работа. Тоа значи дека ќе мора да се фокусираме на сопствено текстилно производство и во тој дел потребна е сериозна поддршка од властите“, вели Димитров. Една од компаниите кои што се исклучок на негативните трендови кај извозот е Факом. „Ние успеавме да го зголемиме извозот повеќе од двојно освојувајќи нови пазари како што се Јапонија, Кореја, Виетнам, добро соработуваме со традиционалните партнери во Италија и Хрватска каде што бродоградбата се интензивира и поради тоа и нарачките од овие земји се зголемија“, вели директорот на Факом, Златко Симоновски, меѓутоа, вели дека како и другите компании од металопреработувачката индустрија, се уште се соочуваат со проблеми во работењето и од тој аспект очекуваат државата да застане зад цела оваа индустрија која вработува многу луѓе, а компаниите се едни од најголемите полначи на буџетот. Проценките на ММФ се дека следната година, извозот ќе се зголеми за 9%.nnn


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ДЕЛОВНА 2016

25

декември

2015

каква година очекуваат македонските бизнисмени? крајот на годината е време кога секоја компанија ги сумира резултатите на својата работа и се анализира тоа што е направено во текот на годината, што е пропуштено да се направи, се прават планови и се проектираат насоки по кои треба да се движи и управува бизнисот во текот на следната година. за да му помогнеме на бизнисот подобро да се ориентира и постави кон настаните и случувањата кои ги носи новата 2016 година, капитал подготвува специјално издание деЛовна 2016, во кое ќе можете да прочитате многу интересни теми, анализи, колумни и интервјуа во кои луѓето кои се на чело на малите, средните и големи бизниси во македонија ги споделуваат своите очекувања и прогнози за следната 2016 година:

l Што очекуваат македонските бизнисмени кои се најголемите предизвици и потенцијали за 2016 година? l кои се фирмите и индустриите кои ќе го носат растот? l бизнис ПЛановите македонските бизнис Лидери l каква година очекуваат банкарите? l кои мерки треба итно да се донесат за да заживее бизнисот? l гЛавните трендови во маркетингот и рекЛамирањето во македонија? l бизнис Прогнози за регионот и светот? во рамки на изданието деЛовна 2016 ќе бидат објавени и резултатите од најновата анкета која магазинот капитал ја прави помеѓу бизнисмените, сопствениците и директорите на големите, средните и мали фирми во македонија за нивните очекувања, бизнис планови и деловните потезите кои планираат да ги реализираат во следната 2016 година. Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Осмели се. И умри. Според податоците од Централниот регистар минатата 2014 година во Македонија се отвориле околу 6.400 нови фирми. Ако се направи споредба со 2008 година тогаш излегува дека лани се отвориле двојно помалку фирми во споредба со 2008 година кога биле отворени 13.500 нови бизниси. Ова е убедливо најмал број на новоотворени бизниси во Македонија во изминатите седум година. И покрај тоа што во последниве неколку години стартуваа разни владини програми за самовработување. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

D

Деновиве беше објавено едно истражување на меѓународна консултантска куќа кое покажува дека Кина го надминала остатокот од светот според растот на новоотворени бизниси. Ова истражување открива дека во Кина секој ден се основаат по 4 илјади нови бизниси. Во споредба со 2010 година кога кинеската економија растеше со стапка од 10%, бројот на старт-апи или новоосновани бизниси во Кина е двојно зголемен. Зад Кина, следат Велика Британија и Индија. Кинезите веќе одамна го сменија курсот во економијата и очигледно не се веќе големата евтина фабрика на светот. Бидејќи традиционалната кинеска економија која базира на ниски трошоци веќе почна да успорува, Кина се трансформира и преобразува во старт ап нација. Кинеските власти во обид да ја поддржат успорената економија се насочија кон поттикнување на нови бизниси, посебно до ИТ секторот. Прилично комунистички? Напротив. Кинезите сфатиле дека ослободувањето од даноци и намалувањето на разните давачки за малите стартапи е единствениот начин на кои овие фирми можат утре да пораснат во успешни големи компании. Тоа е кинеската нова генерација на фирми. Компанијата Бизноде исто така пред неколку недели објави истражување за бројот на новоотворени и згаснати фирми во Централна Европа, според кое сите земји во регионот, освен Унгарија и Словачка, имаат раст на бројот на новоотворени фирми. Најголем раст на бројот на новоотворени фирми имаат Хрватска, Србија и Полска. Во Македонија ситуацијата е обратна. Народната банка неодамна предупреди на трендот на намалување на претприемачката иницијатива во земјата. Бројот на новоотворени фирми во Македонија веќе неколку години по ред се намалува, а расте бројот на фирми над кои е отворена стечајна постапка. Според податоците од Централниот регистар минатата 2014 година во Македонија се отвориле околу 6.400 нови фирми. За споредба, во Хрватска во истиот период се отвориле близу 16 илјади нови бизниси. Ова е убедливо најмал број на новоотворени бизниси во Македонија во изминатите седум година. Ако се направи споредба со 2008 година тогаш излегува дека лани се отвориле двојно помалку фирми во споредба со 2008 година кога биле отворени 13.500 нови бизниси. И покрај тоа што во последниве неколку години стартуваа разни владини програми за самовработување, со кои според надлежните институции се отворени околу 6.700 нови микро бизниси во периодот од 2007 до 2014 година. Уште еден уште полош показател кој покажува каде оди македонската економија е податокот кој покажува дека најголем број од новоотворените бизниси во земјава се кафани, ресторани и сендвичари, а по нив следуваат занаетчиски работилници... Ова ли е нашата нова индустрија на иднината


КапиталНО Неликвидноста е најголема токму кај микро фирмите, кои имаат најголема задолженост, кои имаат најдолги рокови на наплата, кои имаат најдолг период на врзување парите и најголем дел од нив работат со загуба. И се тоа се случува во услови кога ниту една банка не сака да си има работа со нови бизниси, а реално нема никакви други фондови кои би сакале финансиски да им помогнат. Ете тоа е бизнис амбиентот во кој работат новоотворените микро бизнисите во Македонија. Колкава е веројатноста тие да прераснат во големи фирми? што треба да ја повлече македонската економија? Ова ли е најпрофитабилниот сегмент од македонската економија кој привлекува најмногу претприемачи? Или единствено сигурно во оваа државата остана тоа дека овој народ мора да јаде и да пие!? Податоците покажуваат дека најголем дел од новоотворените бизниси се со промет до 1 милион денари или околу 16 илјади евра. Тоа е границата со која во Македонија од годинава се станува ДДВ обврзник. И тоа е најниската граница во Европа, со која практично сите фирми, вклучувајќи ги и новоотворените фирми се ДДВ обврзници. Потег, кој според многу даночни експерти, ги турка во неликвидност и загуби малите бизниси уште од самиот почеток. Еве зошто е тоа така. Точно е дека ДДВ-то е данок кој не го плаќаат фирмите, туку крајните купувачи. Но, сите овие новоотворени услужни фирми, кафанчиња, бербери, занаетчии уште од кога ќе ја отворат фирмата ќе бидат поголеми плаќачи на данок кон државата. Најголем дел од нив имаат многу мали влезни набавки и трошоци, малку ДДВ на влез, а мора на секој излез, односно на секоја услуга да плаќаат ДДВ од 18%. Со што државата им станува де факто партнер во бизнисот. Фискалниот ефект од потегот со кои 10 илјади нови фирми станаа ДДВ обврзници сигурно не е голем. Но, сигурно е дека ќе се зголеми бројот на микро фирми кои ќе потонат во загуби и неликвидност. Ова е само еден пример за тоа каков е бизнис амбиентот во кои работат новите бизниси во Македонија. Амбиент, кој според извештајот за Финансиска стабилност на Народната банка, е очајно лош токму за микро

фирмите. Според Народната банка, неликвидноста е најголема токму кај микро фирмите, кои имаат најголема задолежност, кои имаат најдолги рокови на наплата, кои имаат најдолг период на врзување парите, и најголем дел од нив работат со загуба. И се тоа се случува во услови кога ниту една банка не сака да си има работа со нови бизниси, а реално нема никакви други фондови кои би сакале финансиски да им помогнат. Ете тоа е бизнис амбиентот во кој работат микро бизнисите во Македонија. И многу е мала веројатноста тие да преживеат и да прераснат во средни и големи фирми. Колку за споредба Кина одобрува огромни даночни ослободувања на венчр фондови кои треба да го олеснат финансирањето на стартапите во првите години од основањето на бизнисот. Кинеските власти вложија над 6,5 милијарди долари во грантови, даночни ослободувања и субвенционирани технолошки паркови создавајќи вистински стартап бум. Ете тоа е начинот како се создава новата економија. Големи даночни ослободувања за бизнисите, посебно за оние бизниси и индустрии кои треба да ја носат економската иднина на земјата. Засега даночни ослободувања имаат само странските инвестиции. Кои гледаме дека по завршување на периодот да даночни субвенции и ослободувања си одат назад во матичната земја или во некоја земја која ќе им понуди пониски трошоци. Каде се во целата приказна новата генерација на новоосновани бизниси кои од мали треба да пораснат во големи? Ги нема. Умираат уште пред да застанат на нозе. nnn


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БАНКИтЕ И БИзНИСОт

11

декември

2015

кој е кој во банкарскиот бизнис? крајот на годината е време кога секоја компанија ги сумира резултатите на својата работа – колку продала, колку заработила, колку нови пазари освоила изминатите 12 месеци... а, колкав удел во успехот на македонските бизниси имаат домашните банки, меѓу другото, ќе анализираме во специјалниот прилог “банките и бизнисот“ што ќе излезе на 11 декември годинава. Ќе направиме рангирање за тоа кој е кој во македонскиот банкарски сектор:

} кои банки одобрија најмногу кредити за фирмите? } кои банки најмногу кредитираа население? } кои банки одобрија најмногу станбени кредити? } најиновативните банки во 2015 година: какви новитети Понудија на Пазарот? } трендовите во картичното работење Во прилогот подготВуВаме и:

} интервјуа со македонски, регионални и светски банкари } Прогнози за економијата и банкарскиот сектор во 2016 година Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА



Капитал број 839 27.11.2015

20

Интервју

interview

андреј КуКу

генерален директор на ЛуКоИЛ македонија

ИзмИнатИве 10 годИнИ поКажавме деКа маКедонсКИте потрошувачИ нИ се на прво место

www.kapital.mk


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

21 ЛУКОИЛ Македонија во моментов во делот на малопродажба на нафтени деривати држи 16% од пазарот, а во делот на големопродажба 9%. Наша основна цел е да достигнеме 20% од малопродажниот пазар. Не планираме да бидеме монопол на нафтениот пазар, туку ја поддржуваме лојалната конкуренција

За нас основна задача не е само бројот на бензинските станици, туку приоритет ни е квалитетот на горивото кое го нудиме, особено брендираното моторно гориво „EKTO од Лукоил“, а исто така и квалитетот на услугата која ја нудиме. Филозофијата на нашата дејност е многу едноставна - ние се трудиме да работиме подобро од конкуренцијата. И веќе 10 години сме успешни во тоа.

Л

ЛУКОИЛ Македонија периодов го прославува својот јубилеј – 10 години постоење на македонскиот пазар. Компанијата која досега вложи 46 милиони евра во земјава, воведе повисоки стандарди во работењето, нудејќи им на македонските граѓани многу поквалитетни горива и ниво на услуги, со што стана вистински пример за другите странски и домашни компании во Македонија.

Влегувањето на македонскиот нафтен пазар во јавноста беше доживеано како „свеж ветер на промени“ и „локомотива во привлекувањето на инвестиции“. Со генералниот директор на ЛУКОИЛ Македонија, г-н Андреј Куку разговаравме за тоа кои се клучните фактори на успехот и зошто токму оваа компанија два пати е прогласена за најдобра надвор од границите на Русија, каде што матичната фирма има 24 свои фирми-ќерки. XX Г-не Куку, колку бензински станици отвори ЛУКОИЛ во Македонија за овие 10 години? Колкава е вкупната инвестиција на компанијата досега во земјава и колку луѓе вработувате во моментов? За изминативе 10 години ЛУКОИЛ Македонија отвори современа нафтена база и 27 бензински станици и во моментов сме во подготовка на изградба на уште 3 нови бензински станици. Но, јас би сакал да напомнам дека повеќе од 12 бензински станици постојано се снабдуваат со моторното гориво од ЛУКОИЛ - како трети

лица. За изминатиот временски период, ние имаме продадено повеќе од 1 милион тони нафтени деривати на македонскиот пазар. Исто така, како дополнителен важен параметар е дека во текот на изминатите неколку години се наоѓаме меѓу 10-те најголеми даночни обврзници во Македонија. Според резултатите за 2014г. се најдовме на 4 место. Во 2014-та ЛУКОИЛ Македонија кон државата има исплатено 46 милиони евра за даноци, давачки и придонеси. XX Колкав дел од пазарот на нафтени деривати во моментов држи ЛУКОИЛ во Македонија? ЛУКОИЛ Македонија во моментот во делот на малопродажба на нафтени деривати држи 16% од пазарот, а во делот на големопродажба 9%. Наша основна цел е да достигнеме 20% од малопродажниот пазар преку развој на високо ефективна модернизирана малопродажна мрежа на компанијата. Би сакал уште еднаш да истакнам дека - ЛУКОИЛ не планира да биде монопол на нафтениот пазар во земјата. Ние ја поддржуваме лојалната конкуренција.


Капитал број 839 27.11.2015

22

www.kapital.mk

Интервју

XX Ги остваривте ли зацртаните цели на компанијата за овие 10 години и кои се вашите планови и цели за освојување на пазарот во следните 5 до 10 години? За нас основна задача не е само бројот на бензинските станици, туку приоритет ни е квалитетот на горивото кое го нудиме, особено брендираното моторно гориво “ЕКТО од ЛУКОИЛ“, а исто така и квалитетот на услугата која ја нудиме. Филозофијата на нашата дејност е многу едноставна - ние се трудиме да работиме подобро од конкуренцијата. И успешни сме во тоа. На бензинските на ЛУКОИЛ нашите посетители освен што можат да наточат високо квалитетно гориво, можат во секое време да се одморат, да се напијат вкусно кафе, на бензинските станици во Куманово и Гевгелија во ресторанот можат да пробаат од вкусната храна што се нуди и на сите бензински станици можат да купат производи од широкиот асортиман кој го нудиме на нашите објекти. Исто така на нашите бензински станици, сите посетители може да користат и бесплатен интернет. XX Каков ќе биде финансискиот резултат на ЛУКОИЛ Македонија за годинава, со оглед на падот на цената на нафтата на светските берзи? Каква стратегија има компанијата за понатамошно менаџирање на ваквата ситуација на ниски цени на енергенсите? Да, падот на цената на нафтата на светските берзи значително ги намали нашите финансиски резултати. Во таква ситуација стратегијата е едноставна: преземените мерки за оптимизација на трошоци не треба да влијаат негативно на платата на персоналот и на квалитетот на услугите кои ги нудиме. Довербата на граѓаните е наша најважна задача. Би сакал да напомнам дека во овој момент брендираното моторно гориво ЕКТО кое по набавна цена е поскапо од стандардното гориво, на нашите бензински станици го нудиме по иста цена. Со ова сакам да потенцирам дека ЛУКОИЛ дури и во сложени ситуации презема мерки да не се зголемат цените на брендираното моторно гориво, и убеден сум дека нашите потрошувачи го ценат нашиот труд. Им благодариме за тоа. И во една сложена финансиска криза ЛУКОИЛ ги презема сите неопходни мерки тоа да не се одрази на мотивациската програма за вработените и секако на прво место да не се одрази на стабилноста на платата, која е мотив за добро работење на вработените. XX Ниската цена на нафтата значи и забавување на светската економија.. Како бизнисмен, што мислите за тоа што ќе се случува во глобалната економија на среден рок, а што секако има

Поставивме нови стандарди во нафтениот бизнис во Македонија XX Како го одбележавте 10-годишниот јубилеј во Македонија? Што може да очекуваат потрошувачите во периодот што следува? ЛУКОИЛ Македонија го прослави својот јубилеј – 10 години постоење на македонскиот пазар со свечен настан организиран на 9-ти октомври во МНТ. Горди сме што успеавме да ги поставиме стандардите за најефикасна и најквалитетна услуга во Македонија. И во иднина ќе продолжиме да работиме на осовременување на продажните места и да ги следиме светските трендови, за да им понудиме врвно искуство на сите наши потрошувачи. Највисока оценка за нашиот труд претставува токму нивната доверба. А, тоа е најголем мотив за да работиме уште подобро и секогаш да бидеме први во сè, да не остануваме само на она што веќе е постигнато и да ја следиме нашата девиза - „ЛУКОИЛ секогаш во движење“. За изминатите 10 години колку што ЛУКОИЛ Македонија постои на нашиот пазар се валоризираат успехот и достигнувањата во работењето, квалитетот на услугите, проширувањето на мрежата и финансиските резултати. За сето тоа најзаслужни се менаџментот и целиот колектив со нивниот упорен труд. Компанијата која претставува една од 10-те најголемите странски инвеститори во земјава, во изминатиот период во многу наврати покажа дека е навистина сериозен бизнис партнер, со вложени повеќе од 46 милиони евра во македонскиот енергетски сектор досега. Јас би сакал да им се заблагодарам на сите граѓани во Македонија, на нашите моментални и идни потрошувачи дека колективот на ЛУКОИЛ Македонија ќе ги вложи сите сили за да создава комфорни услови на нашите бензински станици. Ние секогаш ќе се трудиме да бидеме најдобри. компании, амбасади и сите оние кои ја влијание и врз кондицијата на имаат стекнато довербата кон ЛУКОИЛ. балканските економии? Според мислењето на нашата компанија Како клиенти (правни субјекти) во таквата ситуација кога цените се на ниво картичниот систем се над илјада. Еден од на 40-50 долари за барел може да трае во важните сегменти во картичниот систем е дека имаме онлајн пристап следните 2-3 години. Затоа преку кој во секое време во моментот ископувањето на нафтата ја надминува Неколку години можете да ја проверите по ред се состојбата на тековната побарувачката. Се надеваме сметка, кој, каде, кога и колку дека прогнозите од страна наоѓаме меѓу литра гориво наточил. Ова е на Владата за пораст на БДП (бруто домашен 10-те најголеми многу важно за компаниите даночни да водат уредна контрола производ) ќе го стимулира и евиденција на своите и растот на продажбата. обврзници во трошоци. Инаку, годишното ниво на Македонија. продажба на компанијата: ЕКТО Дизел за зима Во 2014г. се во делот на малопродажба е нашиот нов адут е околу 75 илјади тони, а во најдовме на XXПонудивте нов делот на големопродажба 4-то место, и концепт на работење 25 илјади тони. на бензинските станици само лани кон XX Колку успеавте да во земјава, брендирано државата имаме се наметнете кај гориво ЕКТО на бизнис корисниците исплатено 46 пазарот, со еден на горива во милиони евра за збор ја размрдавте и Македонија, односно Кои даноци, давачки конкуренцијата... колкав дел од се следните нешта што продажбата на и придонеси. може да ги очекуваме гориво отпаѓа на од ЛУКОИЛ? компании, институции Убеден сум дека читателите и други организации, ја знаат девизата на ЛУКОИЛ - „Секогаш во однос на вкупната продажба? во движење“. Компанијата ЛУКОИЛ Имаме голем број на корпоративни постојано работи на подобрување клиенти кои се избрани врз основа на на квалитетот на моторните горива, а тендерска процедура. Меѓу нив се голем особено на брендираното. Компанијата го број на министерства, странски и домашни пласираше новиот производ на пазарот

Признание: "Два пати до сега сме прогласени за најдобра


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

23

Андреј Куку доделува благодарници на Архиепископот Г.Г.Стефан градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и министерот за економија Бекир Незири

„Нов ЕКТО Дизел”. Оваа зима ние на нашите потрошувачи ќе им обезбедиме специјално зимско дизел гориво. Убеден сум дека клиентите позитивно ќе го оценат овој новитет кој го нудиме на македонскиот нафтен пазар. Согласно со модернизираниот корпоративен стил, ЛУКОИЛ работи и на продажба на високо квалитетното брендирано моторно гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, за кое имаме голема побарувачка како во земјите од Источна така и во оние од Западна Европа (Белгија, Холандија, Финска и др.). XX Каква ќе биде вашата понатамошна стратегија за јакнење на брендот во Македонија? Сигурно имате забележано дека освен што продолживме со изградба на нови бензински станици, започнавме со реконструкција и воведување на нови технологии и на постоечките бензиските станици. Во Скопје прва бензинска станица според новите стандарди беше БС „Камник”, а потоа продолживме во Битола и во други градови низ Македонија, согласно новиот корпоративен стил. Сметам дека нашите клиенти веќе го оценија овој новитет. Ние се трудиме постојано нашите клиенти да бидат задоволни од услугата која ја нудиме на нашите бензински станици. XX На почетокот имавте извесни проблеми при реализирањето на

инвестициите, околу земјиштата и сл. Како сега ја оценувате бизнис климата во Македонија од позиција на странски инвеститор? Во почетниот период на нашите инвестиции (2005 година), во Македонија сè уште се водеше процесот на денационализација на земјиштата, се формираше катастар на сопственост, во земјата се применуваа стари стандарди за моторни горива, не беа прецизирани јасни процедури во процесот на урбанизација и слично. Сепак, во текот на изминатите години во Македонија се направени значајни реформи, со кои се штитат интересите и правата на странските инвеститори, а исто така е создадена и пријатна бизнис - клима. Сите процедури се јасно дефинирани и транспарентни. XX Вие сте тука од почетокот на инвестирањето на ЛУКОИЛ, и неколку пати бизнисот на корпорацијата во Македонија беше прогласуван за најдобар надвор од границите на матичната Русија. На што првенствено се должи овој успех, односно, што ве мотивира најмногу и придонесува за успешните потези што ги влечете? Јас се гордеам што Компанијата ЛУКОИЛ ми ја укажа честа да го водам нивниот инвестицискиот проект во Македонија. Со поддршка на Владата, локалните власти, и други државни органи ние создадовме совршена малопродажна мрежа, која нескромно можам да кажам дека е на

XX Како го планирате натамошниот раст и развој на ЛУКОИЛ во Македонија, дали исклучиво преку отворање на нови бензински станици, или во опција се и преземања на некои постоечки компании? Натамошниот раст и развој го гледаме преку изградба на нови модерни бензински станици на атрактивни локации, а исто така и преку соработка и ребрендирање на бензински станици со трети лица, доколку ЛУКОИЛ смета дека се интересни за понатамошно инвестирање за нас, како и за нашите партнери. „премиум” ниво. Се гордеам што два пати досега нас (ЛУКОИЛ Македонија) нè прогласија за најдобро претпријатие, од вкупно 24 кои се наоѓаат надвор од границите на Русија. Нашиот успех се должи на високо професионалниот тим што го имаме, кој секојдневните задачи ги исполнува беспрекорно, а со самото тоа имаме и континуиран развој на компанијата. Основата на нашиот успех се темели на висококвалитетниот кадар на вработените. Во моментов во ЛУКОИЛ Македонија работат 400 вработени. И тие се нашата гордост. nnn

а компанија во рамки на групацијата надвор од Русија"


Капитал број 839 27.11.2015

24

www.kapital.mk

Компании и пазари

другите намалуваат даноци во време на Криза, маКедонија вози во спротивен правец

давачКите за малите Фирми мора да се намалат! во услови кога малите и микро бизниси тонат во неликвидност и во загуби, а бројот на новоотворени фирми секоја година е се помал, македонија мора да размислува како да ги растерети новооснованите микро и мали фирми, а не да ги зголемува оптеретувањата како во изминатите неколку години. даночните експерти предлагаат новите фирми да бидат ослободени од плаќање даноци во првите неколку години по основањето, а границата за данокот на добивка од 10% за малите фирми да се подигне од сегашните 50 илјади евра годишен приход, што е премалку и за фирма од македонски размери.

ФаКт: малите бизниси тонат во нелиКвидност и загуби


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

25

И пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Изминатиов период целиот регион пишуваше за потегот на албанскиот премиер Еди Рама, кој одлучи од следната година да го укине данокот за добивка за малите и микро фирми. Потегот на албанскиот премиер многумина го карактеризираа како ветар во грб на технолошките стартапи и малите бизниси и обид да се наметне како поволна дестинација во регионот кој во изминативе неколку години е во трка за привлекување инвестиции. Рама, кој инаку е социјалист, најави дека сите мали бизниси кои имаат приходи до 36.400 евра ќе бидат ослободени од плаќање на данок на добивка, додека фирмите кои имаат приходи од 36.400 до 58 илјади евра ќе плаќаат намалена даночна стапка од 5%, наместо досегашните 7,5%. Потегот на Рама е само дел од низата мерки кои во период на забавување на економиите го направија многу земји во обид да ја заживеат забавената домашната економија. А најефикасната помош на државата за бизнисите се докажува дека се ниските даноци. Македонија, барем според извештите на Светска банка, важи за земја со добри услови за водење бизнис и земја со ниски даноци. Но, искуствата на бизнисмените од терен покажуваат дека секоја година станува се потешко да се води бизнис, бидејќи давачките кон државата се зголемуваат, а економската активноста им опаѓа. Најголем е товарот кај малите и микро бизниси, и кај новооснованите и старт ап фирми. И покрај тоа што власта во изминатава година почна со активни мерки и програми наменети за зголемување на вработеноста, од типот на

програми за самовработување, финансиска поддршка на микро и мали претпријатија и занаетчии за отворање нови работни места, програми за субвенционирано вработување, програми за подготовка за вработување, податоците на Народната банка покажуваат дека претприемачката иницијатива во Македонија се намалува веќе неколку години по ред. “Бројот на новоосновани фирми веќе четири години по ред бележи пад, а во 2014 година се намали за 1,4%, што предизвика и намалување на нивното учество во вкупниот број активни фирми во Македонија”, се вели во Извештајот за финансиска стабилност на Народната банка на Македонија. Истиот извештај покажува дека малите и микро фирми имаат најлоша ликвидност, имаат најголем пад на профитабилноста, а голем дел од нив лани работеле со загуба. А статистиката покажува дека дури 98,1% од активните фирми во Македонија се мали и микро фирми. Што значи дека речиси сите фирми во Македонија, со исклучок на големите и странските инвестиции тонат во неликвидност и загуби. Ако на лошите услови во кои работи приватниот сектор се додаде и високата невработеност, тогаш станува сосема јасно зошто Македонија во последните неколку години се соочува со масовно иселување. Она што сега го најавува албанскиот премиер Рама веќе го прават многу земји. Односно малите и новоосновани фирми целосно ги ослободуваат од даноци и инспекции во првите неколку години, додека не зајакнат и не ги поминат критичните почетни години од основањето.

Македонија оди во спротивна насока

Во Македонија стапката на данок на добивка е 10% и таа е една од најниските стапки во регионот. Во Македонија сите фирми кои имаат вкупни приходи до 3.000.000 денари или до 49 илјади евра се ослободени од плаќање на данок на добивка. Оние кои имаат приходи од 49 илјади евра до 98 илјади денари имаат избор да плаќаат данок на добивка од 10% или данок на вкупните годишни приходи од 1%. Ова ослободување од даноците на малите и микро фирми во Македонија кои имаат приходи до 49 илјади евра се воведе во 2011 година. Претходно фирмите беа ослободени во првите три години од плаќање на данок

на добивка без разлика колку приходи ќе остваруваат. Даночните советници велат дека границата од 49 илјади години приходи е поставена многу ниско и фирмите кои прават волку мал годишен приход се всушност микро мали фирми. Тоа е или фирма која работи неполна година или, пак, е толку незначително мала што не треба да биде земена во даночната база, бидејќи тоа ќе биде само оптеретување и трошок како за фирмата, така и за даночните служби, а фискалниот ефект од наплатата речиси никаков. Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници вели дека државата треба да размисли и да ја зголеми границата за плаќање на данок на добивка или, пак, за целосно ослободување од овој данок за фирмите во првите пет години од основањето. “Мислам дека Македонија треба да размисли да ја зголеми границата за плаќање на данок на добивка од досегашните 3 милиони денари барем двојно, односно сите фирми кои имаат вкупни приходи од 6 милиони денари (околу 100 илјади евра) да бидат ослободени од плаќање на овој данок. Сметам дека фирмите кои имаат годишен обрт од 100 илјади евра не се сериозни фирми и се уште не се знае дали ќе ги биде или на, па така и треба да бидат третирани”, вели Гацов. Според него, Македонија треба да размисли да воведе даночно ослободување и кај новооснованите фирми. “Почетните старт ап фирми во Македонија треба да се поддржат со даночно изземање барем во првите пет години од основањето и да се продолжи ослободувањето кај персоналниот данок при вработувања на пет од досегашните три години. Тоа е некој нормален период во кој новите фирми можат да добијат финансиска сила по што може да плаќаат некаков данок”, вели Гацов. Статистиките покажуваат дека дури 80% од новооснованите фирми и стартапи пропаѓаат во првите три години од основањето. Во Македонија досега нема ниту едно истражување колку намалувањето на даноците за бизнисот придонесува за раст на економијата. Но, затоа Европјаните пресметале дека намалувањето даночното оптоварување за 25% во бизнисот, ќе биде трансформиран во раст на европскиот БДП за 1,5%, што во вредност изнесува над 150 милиони евра.


Капитал број 839 27.11.2015

26

www.kapital.mk

Компании и пазари

п

паВЛе ГаЦоВ

претседател на Здружение на даночни советници

очетните старт ап фирми во македонија треба да се поддржат со даночно изземање барем во првите пет години од основањето и да се продолжи ослободувањето кај персоналниот данок при вработувања на пет од досегашните три години. Тоа е некој нормален период во кој новите фирми можат да добијат финансиска сила по што може да плаќаат некаков данок”.

Радмил Поленаковиќ, професор и раководител на Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење смета дека првите три години од основањето на еден бизнис се сметаат за почетни и клучни за тоа дали ќе опстане и ќе се развие или ќе пропадне. “Во почетната фаза клучно е знаењето, многу повеќе од даночни или други административни и бирократски оптеретувања. Оние кои основаат бизнис можеби се добри специјалисти за една област, но често немаат доволно знаење за другите области потребни за развој на еден бизнис, како финансии, маркетинг и слично”, вели Поленаковиќ. Според него, инкубаторите во Македонија даваат резултати и се голема поддршка за ново формираните бизниси, не толку од аспект на намалувањето на трошоците, колку од аспект на менторингот и поддршката која бизнисите ја добиваат во развојот и управувањето со фирмите. Даночните советници велат дека Македонија во последниве неколку години оди во обратен правец од оној по кој се движеше до пред некоја година, и по кој се движат останатите земји, односно наместо да се ослободуваат, на малите фирми им се зголемуваат давачките и даночните оптеретувања. Така на пример од годинава почна да важи измените во Законот за данок на добивка со кои нераспределената добивка не се оданочуваше со 10%. Сега сите фирми кои остваруваат над 6 милиони денари мораат да плаќаат данок на добивка од 10% на целата добивка, а од даночната основа се одзема само реинвестираната добивка. Исто така од минатата година се симна границата за максимален износ на приходи по кои фирмите стануваат ДДВ обврзници, па сега сите фирми кои имаат годишни приходи од 16 илјади евра мораат да регистрираат како даночни обврзници, наместо претходната граница од 32 илјади евра. Оваа граница според многумина даночни експерти е многу ниска и претставува многу големо административно оптеретување за новоотворените микро бизниси. Овој потег на власта значително го зголеми бројот на даночни обврзници, но, во услови на голема неликвидност во економијата, овој потег значително им го усложни работењето на малите фирми. Бидејќи иако ДДВ е данок кој фирмите не го плаќаат фирмите, тие се даночни обврзници кои мора да го платата на државата. Или ДДВ-то секогаш го плаќа купувачот, но ако купувачот не ви плати го плаќа фирмата која е обврзник. На пример, оние фирми кои мораат да работат на фактура, таа

Која е границата за ДДВ обврзник? XXмакедонија – прагот е 16.000 евра годишен приход XXЦрна Гора - годишен приход од 18.000 евра XXСрбија - годишен приход од 65.000 евра XXХрватска – прагот е годишен приход 30.000 евра XXСловенија - годишни набавки од 50.000 евра XXобединето Кралство - прагот е 79.000 фунти годишен приход XXФранција- прагот е 81.500 евра годишни набавки во сите сектори освен услужните дејности каде прагот е 32.600 евра годишни набавки XXГерманија - вкупните годишни набавки минатата година изнесувале до 17.500 евра, а годинава нема да надминат 50.000 евра XXЛитванија - вкупни годишни набавки од околу 44.000 евра XXЛатвија - вкупни годишни набавки од околу 50.000 евра (извор: KPMG)

според законските прописи доспева за наплата после 120 дена, а обврската за ДДВ по издадената фактура доспева за наплата со самото издавање на фактурата без разлика дали е таа наплатена или не, па многу често сопствениците на малите фирми мораат од свој џеб да извадат пари за да ја подмират обврската кон државата. Тоа само ја влошува неликвидноста. Настрана, што обврските и трошоците за евидентирање и сметководство им се зголемуваат. Според податоците на Народната банка, ликвидноста е најлоша токму кај малите и микро бизниси, многу поголема во споредба со средните и големите фирми.

Какви даночни поволности имаат малите бизниси?

Романија неодамна најави даночни реформи кои имаат за цел да се поттикне инвестирањето и отворањето на нови работни места. Со реформите кои треба да стартуваат од 2016 година се предвидува кај малите и микро фирми даночните стапки да бидат сведени од 1% до 3% во зависност од бројот на вработени, за разлика од досега кога сите мали фирми плаќаа 3%. На пример, фирмите кои имаат најмалку двајца вработени ќе плаќаат 1% данок на добивка, а тие со само еден вработен ќе плаќаат 2% данок на добивка. Во истовреме границата на приходите до која романските фирми се ослободени од плаќање на данок на добивка ќе биде подигната од 65.000 евра на 100.000 евра. Грузија во 2011 година воведе нов даночен режим за малите бизниси. Сите фирми кои имаат годишен обрт до 55 илјади евра плаќаат стапка од 5%, но стапката може да им се намали до 3% ако успеат со документи да докажат дека трошоците на работењето им се до 60% од вкупните приходи. Исто така микро бизнисите се ослободени и од персонален данок на доход. Сличен даночен режим воведе и Ерменија. Во Косово стапката на данок на добивка е 10%. Сите фирми кои имаат годишни приходи до 50 илјади евра имаат опција да плаќаат 10% данок на добивка или 3% од вкупните годишни приходи. Во Црна Гора данокот на добивка изнесува 9%. Во Литванија стапката на данок на профит е 15%, а микро бизнисите со промет до 300 илјади евра и до 10 вработени плаќаат 5% данок на добивка. nnn



TÜV

®

TÜV®

ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ во соработка со TÜV AUSTRIA CERT ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ во соработка со TÜV AUSTRIA CERT организираaт еднодневна обука за: организираaт еднодневна обука за: “ТРАНЗИЦИЈА НА НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015, “ТРАНЗИЦИЈА НА НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015, СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ“ КВАЛИТЕТ“

Целта на обуката заквалитет Системот за управување со квалитет ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ СО TÜV AUSTRIA ЦелтавО на СОрабОТКа обуката за Системот за управување соCERT според барањата на 9001:2015, е кандидатите да стекнат според барањата на ISO 9001:2015, е кандидатите даISO стекнат ОргаНИзИраAТ ЕдНОдНЕвНа ОбУКа за: солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за

солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за

ТРАНЗИЦИЈА НА НОВИОТ СТАНДАРД ISO 9001:2015, барања на меѓународниот ISO Стандард. СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО9001:2015 КВАЛИТЕТ Сите учесници на обуката ќе добијат:

1 декември 2015 година (вторник), 09:00-17:00 часот, Институт КОНЦЕПТ, Скопје

оценување/проверување на усогласеноста на системот за 1 декември 2015 година (вторник), Рок за оценување/проверување на усогласеноста на системот за управување на Компанијата/Организацијата, според новите 09:00-17:00на часот, пРијавување: управување Компанијата/Организацијата, според новите барања на меѓународниот ISO 9001:2015 Стандард. Институт КОНЦЕПТ, Скопје

27 НОемврИ 2015

Сите учесници на обукатаl ќе09:00-17:00 добијат: година (вторник) часот Сертификат од TÜV AUSTRIA за успешно положен испит l 1 декември 2015 Сертификат од TÜV AUSTRIA заИнтерни успешно положен испит за за управување со квалитет. Проверувачи за Систем во просториите на Институт Концепт, Скопје l Интерни Проверувачи за Систем за управување со квалитет.

за

Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

Рок за пријавување: 27.11.2015

Предавач:

Г-дин Хрвоје Видалина (Lead Auditor) од Загреб, Република Предавач: Рок за пријавување: Хрватска. Според барањата27.11.2015 на ISO 9001:2015, е кандидатите даВидалина стекнат (Lead Auditor) Г-дин Хрвоје од Загреб, Република

СИТЕ УчЕСНИЦИ НА ОбУКАТА ќЕ ДОбИЈАТ:

солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни Хрватска. l Сертификат од информации TÜV AUSTRIAпосетете за успешно За повеќе ја положен нашата веб страна: за оценување/проверување на усогласеноста на системот за испит за www.koncept.com.mk управување на Компанијата/Организацијата, според новите За повеќе информации посетете ја Интерни нашата Проверувачи веб страна: за Систем за управување со квалитет. барања на меѓународниот ISO 9001:2015www.koncept.com.mk Стандард.

ПРЕДАВАч: КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ: Г-ДИН ХРВОЈЕ ВИДАЛИНА

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:

l Сертификат од Институт за Зикова учество на  м-р Ирена БогоевскаКОНЦЕПТ и м-р Ленче обуката.  е-маил: institut@koncept.com.mk • 02 3216 962

 м-р Ирена Богоевска и м-р Ленче Зикова   е-маил: institut@koncept.com.mk 02 3216 962 посетете ја нашата веб страна: за повеќе•информации (Lead Auditor) од загреб, република Хрватска.  www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

БИзНИС ПОдАРОЦИ

4

декември

2015

како да ги израдувате деЛовните Партнери со стиЛ новогодишните и божиќните празници се ближат, а вие треба да одлучите што да им подарите на своите деловни партнери, клиенти, вработени... за да ви помогнеме во изборот, капитал подготвува специјален прилог “бизнис подароци“ што ќе излезе на 04 декември, каде што нудиме комплетен водич за справување со празничната треска на купување подароци. во соработка со нашите консултанти за бизнис стил предлагаме интересен избор на адекватни деловни подароци за оваа сезона:

l рачни часовници l модни додатоци l Луксузен накит и бижутерија l канцеЛариска гаЛантерија l екскЛузивни ПијаЛаци и Пури l табЛети, ЛаПтоПи и останати “гаџети“ За оние што сакаат да бидат помалку конвенционални, одбравме и некои покреативни типови на подароци:

l иновативни бизнис Подароци l Подароци што ги отсЛикуваат вашите корПоративни вредности l уникатни дизајни и Пакувања на комПаниски Производи како деЛовни Подароци l екоЛошки Подароци Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

30

Бизнис профил

ариљеметал

семејните вредности успешно ги инкорпориравме во Бизнисот ариљеметал е компанија со уникатен начин на работа кој во секојдневните за македонски прилики дава несекојдневни резултати. иако скоро целото раководство, инженерски и комерцијален сектор се во најголем дел составени од луѓе од истата фамилија, дисциплината и залагањето во рамките на компанијата е на највисоко можно ниво. ако му се верува на основачот на компанијата Богослав ангеловски, со ваков тип на менаџмент можно е 40 луѓе да вредат повеќе од 400.

рецепт за успех: постојана надградБа и ин


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

31

е

богослав ангелоски основач и генерален менаџер

дноставно во критичната 1992 година врз база на навистина големото знаење кое го стекнав во рамките на Железара и Мзт, одлучив дека не сакам да тагувам по социјализмот со сите негови предности, туку дека сакам и можам самиот да направам нешто многу повеќе. Чувствувам дека имам одговорност и кон себе и кон фамилијата да створам нешто кое не само што ќе ни гарантира егзистенција туку и иднина. тоа нешто беше приватниот бизнис на кој сум посветен секој ден и час, од тогаш се до ден денешен.

Р пишува:

дејан азески

dejan.azeski@kapital.mk

Ретки се компаниите во Македонија кои можат да се пофалат со сопствени капацитети надвор од границите на земјата и кои сопственото производство го извезуваат во преку десет земји. Овој, за македонски стандарди голем бизнис, е започнат пред 23 години со позајмени осумстотини марки и никаков дополнителен капитал. Оваа изјава на Богослав Ангелоски, основач, сопственик и раководител на скопската компанија за производство, трговија и развој на врзувачките елементи Ариљеметал, не поттикна и привлече да ја посетиме неговата компанија и да дознаеме нешто повеќе за тоа како тој успеал во бизнисот. Ги посетивме производните погони и складишните простори на Ариљеметал кои се распространети на 2.400 метра квадратни во рамките на индустриската зона МЗТ, која некогаш ја претставуваше срцето на македонската машинска индустрија." Нивниот програм денеска опфаќа производи изработени според најстрогите DIN и ISO стандарди, а исто така и специјални производи изработени според потребите на нивните купувачи како што се завртки, навртки, подлошки, нитни и др Тие подолго време работат и соработуваат со најпознатите светски компании како Simens, ThyssenKrupp, Linde Refineries и други. Сепак и покрај многуте производи, квалитети, успеси и слично она што е најинтересно за оваа компанија е нејзината приказна и специфичниот начин на развивање која на најсликовит можен начин ни го илустрира

трновитиот пат до успехот.

вреди да се осмелите со сопствен бизнис

Она што треба да се истакне на почетокот е дека основачот на Ариљеметал, Богослав Ангелоски немал никаква привилегирана стартна позиција во однос на илјадниците инженери во многубројните социјалистички компании. Но, се чини сепак поседувал нешто што другите очигледно го немале, а тоа е огромна желба за докажување и успех. „Едноставно во критичната 1992 година врз база на навистина големото знаење кое го стекнав во рамките на МЗТ – ОЗТ Сопирачка Опрема, одлучив дека не сакам да тагувам по социјализмот со сите негови предности, туку дека сакам и можам самиот да направам нешто многу повеќе. Чувствував дека имам одговорност и кон себе и кон фамилијата да створам нешто кое не само што ќе ни гарантира егзистенција, туку и иднина. Тоа нешто беше приватниот бизнис на кој сум посветен секој ден и час, од тогаш се до ден денешен“, раскажува Богослав Ангелоски. Бизнис приказната на Ариљеметал почнува без средства, без ресурси,сам против се уште големите и во одредена кондиција југословенски гиганти во браншата, но со огромна желба,ентузијазам и понесен од инстиктот за преживување. „На почетокот буквално немав што да продадам освен моето искуство и инженерско знаење. И тоа им го продавав на многу компании со кои соработував на почетокот. Нормално започнав и со трговија, но

морам да потенцирам дека како на искусен инженер, производството од секогаш ми беше во прв план и после кусо време навистина започнав со сопствен производ“, раскажува Ангеловски. Во сопствената компанија тој го има вклучено целото семејство, неговата сопруга Драгица, неговиот син Трајан и ќерката Маријана, потоа неговиот брат и семејството на неговиот брат и уште многу други роднини. На нашето стереотипно прашање како се тоа може да функционира, Богослав ни даде едноставен одговор: “Може перфектно да функционира, но, само ако се сака”. „За тоа колкав кредит има семејството кај мене ќе ви го илустрирам само преку еден пример кога самиот сум плачел будејќи го синот во три часот наутро за да заврши некоја работа или да оди на службен пат уште од најмали нозе. Затоа, знам да кажам овие четириесет вработени за мене вредат

нвестиРање во кадРовскиот потенцијал


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

32

Бизнис профил

В Трајан ангелоски заменик генерален менаџер

о Македонија буквално нема објект каде што не е вграден барем еден наш производ. Технологијата за производство која ја поседуваме, иако е составена од стари и нови машини како комбинација, веројатно е една од најдобрите во регионот. нашиот магацин во скопје ја содржи веројатно најголема колекција врзувачки елементи на Балканот. покрај целосната покриеност на македонскиот пазар, ние извезуваме и во преку десет држави.

како четиристотини за друга компанија според нивната ефикасност, затоа што многу се внесуваат и придонесуваат за работата. Најголем доказ за моите тврдење се резултатите и успесите кои ги остваривме до сега“, вели Ангеловски. А успесите на Ариљеметал се навистина бројни. За нив повеќе ни зборуваше Трајан Ангелоски, неговиот син, кој е заменик генерален менаџер на компанијата. „Во Македонија буквално нема објект каде што не е вграден барем еден наш производ. Технологијата за производство која ја поседуваме иако е составена од стари и нови машини како комбинација веројатно е една од најдобрите во регионот. Нашиот магацин во Скопје ја содржи веројатно најголема колекција врзувачки елементи на Балканот. Покрај целосната покриеност на

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

п

оборници сме и го пропагираме концептот на константно учење и надградување на вработените. искуството не научи дека за добрите кадри нема алтернатива, а за да се постигне тоа не е доволен ниеден факултет, магистратура или докторат. значи тој што сака кариера во нашата мора постојано да се Маријана компанија надградува. и таквата пракса, ангелоска колку и да е тешка, засега ни дава заменик генерален извонредни резултати“. менаџер

развојот не запира тука...

п

ри посетата на ариљеметал констатиравме дека малку останатиот непокриен простор од комплексот на компанијата сега се подготвува за нова производствена хала која барем за третина ќе го зголеми капацитетот на компанијата. истовремено во завршна фаза е новиот деловен простор на ариљеметал кој ќе опфаќа нови 750 метра квадратни и ќе овозможи идеални услови за работа и понатамошен развој на менаџментот, комерцијата и академијата на оваа компанија. Менаџментот заеднички ни најави дека во претстојниот период планираат уште посериозно да се посветат на развојот и окрупнувањето на компанијата, што значи дека ќе се пишува и чита уште многу тоа за ариљеметал. македонскиот пазар ние извезуваме и во преку десет држави“, вели Трајан Ангелоски. Тој ни раскажа и околу планот во реализација на Ариљеметал за ширење, не само на дистрибуцијата, туку и на производството на српскиот пазар. „Уште од 2000 година благодарение на визијата на мојот татко ние поседуваме сопствени капацитети и во Белград. Иако засега таму имаме само дистрибутивен центар, одамна планираме и се надеваме што побрзо да прерасне и во уште еден производствен погон на Ариљеметал. Едноставно ги препознавме предностите на српскиот пазар и планираме максимално да ги искористиме“, раскажува младиот Ангелоски.

Вработените се најголемото богатство

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

Од вкупно четириесет вработени во Ариљеметал дури 15 се инженери. Маријана Ангелоска, заменик генерален менаџер на компанијата најбуквално го следи принципот кој го воспоставил нејзиниот татко и најмаксимално вложува во нејзиното образование и образованието на кадрите во компанијата. „Поборници сме и го пропагираме концептот на константно учење и надградување на вработените. Искуството не научи дека за добрите кадри нема алтернатива, а за да се постигне тоа не е доволен ниту еден факултет, магистратура или докторат. Значи, тој што сака кариера во нашата компанија мора постојано да се надградува. И таквата пракса, колку и да е тешка, засега ни дава извонредни резултати“, вели Ангелоска. Таа и со личен пример ги мотивира вработените постојано да се надградуваат. Одамна има магистрирано на Машинскиот факултет во Скопје, а моментално работи на својот докторат. „Опседнатоста“ на менаџментот на Ариљеметал со добрите кадри не застанува тука. Компанијата по примерот на многу поголеми од нив компании, планира да инвестира и во сопствена академија за обука на кадри. „Во рамки на проширувањето на деловниот простор на компанијата планираме дел и за сопствена академија во која ќе ги едуцираме нашите кадри, но и ќе оставиме простор за едукација на луѓе однадвор. Значи акредитирани сме во Министерството за образование како образовна установа и наскоро очекуваме да започнеме со работа“, вели Ангелоска. nnn


ШТО ГО ЧЕКА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ВО 2016 ГОДИНА?

СИЛАТА НА МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВОТО!  3ти

декември 2015   Скопски саем, Конгресен центар - Дипломатик сала   модератор: Љупчо Зиков  ВО ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!  НАЈГОЛЕМИТЕ Како во 2016 година! Најголемите градежни проекти! Почнати проекти и проекти кои ќе се завршат! Кои проекти почнуваат?

И ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ!  БАНКИТЕ Има ли простор за партнерства во инвестициите? Кои се најпрофитабилните сегменти во македонската градежна индустрија? Колку се заработува? Перспективи!

ГРАДБА!  СТАМБЕНАТА Колку е продадено? Како да се продаде сè што ќе се изгради? Станови и куќи, туристчки капацитети, деловни капацитети или шопинг центри?

МАКЕДОНИЈА ИЗВЕЗУВА ГРАДЕЖНИШТВО?  ДАЛИ Ако не - зошто? Ако е да, како да извезуваме повеќе?

Имаме ли капацитет како индустрија да не увезуваме градежништво? Што да стoриме?

НА ТРГОВИЈАТА СО ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ?  ПЕРСПЕКТИВИТЕ Колку извезуваме, колку увезуваме? Кој е кој во трговијата со градежни материјали во Македонија, Што е наше - македонско!?

И ГРАДЕЖНАТА ИНДУСТРИЈА?  ДРЖАВАТА Кој на што се обврзува во функција на развој и зголемување на пазарот?

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ВО КАПИТАЛ  11 декември 2015 Повеќе информации во врска со настанот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

ЛИЦE ЗА КОНТАКТ:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА




Капитал број 839 27.11.2015

56

www.kapital.mk

Свет бизниС и финанСии

и ангела Меркел ја Стигнува "Правилото 10"

Се ближи ли крајот на владеењето на ЧелиЧната канцеларка? "Правилото 10" е извлечено од досегашното искуство со владеењето на европските лидери во поновата историја, кои не траат повеќе од една декада. во случајот на германската канцеларка ангела Меркел, исполнето е времето, но што е уште поважно, таа е соочена со голема криза

Independent: Меркел е во "Auf WIedersehen" зона


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

57

E

Есенва германската канцеларка обележува десетта годишница од своето владеење со Германија, моќната држава преку која

За неа и за нејзиното поведение во овие десет години власт и во најсложените европски и глобални проблеми, можеше да се чуе дека е „студена како мраз“, „шампион на консензусот“, „свесна за својата моќ“, но по данокот што и го зема бегалската криза консезусот на аналитичарите е - „Меркел е во проблеми“

владее и со европската политика. Но, можно е овој јубилеј за Ангела Меркел да биде тажен, односно, на нејзиното владеење да му дојде крајот. Имено, канцеларката место да издава наредби за Европа, како што успешно правеше години наназад, таа сега ги моли останатите членки на Европската унија да го поделат товарот на бегалската криза. Нејзината поставеност во случајот лошо поминува и во самата Германија, највлијателната нација во Европа, која полека и врти грб на својата „владетелка“. Откако Меркел ќе совлада една инстанца

на отпорот, се јавува следна. Од канцеларката одеднаш се одрекуваат коалициските партнери, германските бизнис и работнички синдикати кои тврдат дека не можат во економијата да го интегрираат приливот на мигранти, како и локалните функционери кои предупредуваат дека немаат каде да сместат толку голем број бегалци. Кризата во Германија за Меркел би можела да биде она што даночните стапки што ги воведе Маргарет Тачер во Велика Британија беа за Челичната лејди. Овие новововедени даночни стапки го


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

58

Свет бизниС и финанСии

затресоа претходно стабилниот трон на доминантната лидерка, Тачер. Ка к о ш т о п и ш у в а а т с в е т с к и т е медиуми, Меркел веќе сега влегува во таканаречената „Auf Wiedersehen“ зона, а не треба да се заборави ниту погоре споменатата статистика дека нема доминантен европски лидер кој се задржал на власт повеќе од 10 години, односно, кому не се случила некоја сериозна криза. Илустративен пример е еден од претходниците на Ангела Меркел, и нејзин ментор, Хелмут Кол, кој на почетокот на деведесеттите години од минатиот век, а на крајот од своите десет години власт, сè уште беше врховен владетел. Тој ја водеше Германија при распаѓањето на Советскиот Сојуз, потоа, при спојувањето на сопствената држава, за време на силниот економски раст со извесен напредок на социјалната правда и раѓањето на „зелената“ политика. И тогаш сето тоа се урна. Трошоците за обединувањето на Западна и на Источна Германија беа огромни и бараа болно оданочување (во широка смисла) на државата што не беше дел од комунистичкиот блок. Кол се соочи со обвинувања за незаконско собирање пари за партијата (CDU), што во многу земји би довело до апсење и до

правосуден процес. Канцелар от немаше одговор за конфликтите на Балканот и дури и неговата млада штитеничка, Ангела Меркел, јавно почна да го критикува. За само неколку години Кол се сведе на бледа сенка на некогашната доминантна фигура на германската политика, што му овозможи на Герхард Шредер лесно да победи на изборите во 1998 година.

Преку „десетката“ не поминаа ниту де Гол, Митеран, Гонзалес ...

Правилото за десетгодишното владеење може да се провери и на други примери од европското соседство. Имено, десет години откако Шарл де Гол го презема водењето на Франција во 1958 година, угледниот весник Le Monde неговата земја ја опиша како „здодевна“. Неколку недели подоцна, во мај 1968 година, дојде до граѓански немири што ескалираа. Неснаоѓањето на де Гол во настаната ситуација доведе до неговото заминување од власта во 1969 година, откако пропадна референдумот за уставните реформи што тој ги иницираше. И Франсоа Митеран имаше десет добри години владеење, но неговите последни 12 месеци, до 1995 година, беа катастрофални. И најуспешниот шпански премиер, Фелипе

Гонзалес, имаше десетлетие на славна модернизација на општеството по 1982 година, но инсистираше да продолжи да ја води државата и откако беше јасно дека Шпанците бараат промени. Последната година од владеењето Гонзалес ја помина во светлината, или поточно во сенката на политичката корупција што сè повеќе ја потресуваше земјата. Секако, најподатливо во контекстот е споменувањето на Маргарет Тачер, која доминираше со политичката сцена, но набрзо почна стрмоглаво да паѓа, бидејќи не можеше да ја контролира страста за владеење. Актуелната германска канцеларка, Ангела Меркел, можеби мисли дека може да го заобиколи овој „железен“, иако непишан европски закон, таканареченото „правило 10“, и се надева дека ќе биде успешна и натаму. Ако успее/инсистира да владее подолго од Конрад Аденауер чиј канцеларски мандат траеше 14 години, или како Хелмут Кол, Меркел ќе стигне дотаму што ќе владее долго скоро колку кралицата Викторија. Како и да е, ако се одлучи да загази во второто десетлетие од владеењето, канцеларката треба да се подготви и за многу можното разочарување. nnn


ПОКАНА На 10 декември 2015 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 19. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 30 ноември 2015 година (понеделник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 7 декември (понеделник) 2015 година на тел. +389 2 3298 505; и електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.

Lenovo® C470

Заштедете простор со се во едно компјутер 21.5" Lenovo® C470 Се-Во-Едно компјутер го редефинира прифатливиот домашен или канцелариски компјутер во опции со повеќе бои, уникатно комбинирајќи ги паметниот дизајн кој заштедува простор и најновата процесорска технологија.

ЗОШТО ТРЕБА ДА КУПИТЕ LENOVO® C470

Применлив

Заштедува буџет, но задржува перформанси и функционалност.

Извонредно аудио

Dolby® Advanced Audio™ сертифицирани звучници за одличен звук.

Лесно надградлив Лизгачки заден капак за надградба на меморија и за дополнителен диск.

ЦЕНИ IdeaCentre C470 Бел

IdeaCentre C470 Црн

Intel® Core™ i3-4005U Processor (3M Cache, 1.70 GHz)

Intel® Celeron® Processor 2957U (2M Cache, 1.40 GHz)

31.890,oo ден.

24.870,oo ден. ИНет доо A: T: W: E:

Атинска 12 - Скопје 02/ 3090.625 www.inet.com.mk sales@inet.com.mk

ИНет доо

Services

Lenovo Авторизиран Сервисен Партнер E: services@inet.com.mk


www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

60

Лидерство

Рекоа за... успехот

Н

ајбогатите и најуспешните луѓе во бизнисот не дошле до таму случајно. Дали преку паметни инвестиции или остра бизнис интуиција, или со исклучителна комбинација на талент, упорност, вистински тајминг, овие милијардери сигурно

направиле нешто исклучително добро. Барем, најголемиот дел од нив. Кога некогаш ќе ви треба нешто да ве подигне и да ве натера да продолжите по патот до успех во бизнисот, можете да се потсетите на овие инспиративни изјави од некои од најуспешните и најбогати луѓе на планетава.

Успехот е лош учител. Ги заведува паметните луѓе да мислат дека тие не можат да изгубат

Ако го менувате светот, тогаш работите на значајни работи и возбудени сте кога станувате рано наутро

Бил Гејтс Од мојот татко научив дека промените и експериментирањето се константни и многу значајни. Мора секогаш да се обидувате и правите нови работи

американски милијардер и филантропист

Америка за мене е земја, во која ако имате да понудите нешто добро, ќе бидете многу високо вреднувани

ко-основач на Гугл

Не ги мешајте личните интереси со развојот на компанијата

С.Робсон Валтон

Ванг Јаинлин

Џорџ Сорос

Стив Џобс

американски бизнисмен

Еднаш кога ќе разбереме дека несовршеното разбирање е човечка состојба, човек не треба да се срами ако не е во право, туку ако не успее да ги корегира своите грешки

Лери Пејџ

американски инвеститор

Тадаши Јанаи

кинески бизнисмен и милијардер

кинески бизнисмен и филантропист

Единствен начин да имате успех во работата е да го сакате тоа што го работите. Ако се уште не сте го нашле, продолжете да го барате. Како и за се што е поврзано со срцето, ќе знаете кога ќе ја најдете

ко-основач на Епл.

Ричард Брансон

англиски бизнисмен и инвеститор

За мене бизнисот не во тоа да носите скапи одела и да ги задоволувате акционерите, туку во тоа да бидете искрен со себеси, со вашите идеи и да се фокусирате на суштината


ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ вО СОрабОТКа СО Ernst & Young sErvicEs ОргаНИзИраaТ ЕдНОдНЕвНа ОбУКа за:

ДЕЛОВНИ И ДАНОЧНИ АСПЕКТИ КАЈ ПОВРЗАНИ СУБЈЕКТИ И ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ l 3 декември 2015 година (четврток) l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје

СОДРжИНА НА ОБУКАТА:

l вовед во трансферни цени l деловни аспекти на формирање на трансферни цени l Политика на формирање на трансферни цени l Третирање на спогодби за двојно оданочување l Методи за утврдување на трансферни цени l Преглед на потребната документација за трансферни цени l Македонската перспектива – предизвици и трендови l даночни аспекти на формирање на цени (ддв, царински давачки и формирање на цени за поврзани страни)

Рок за пРијавување: 01 ДеКември 2015

ЗА КОгО Е НАмЕНЕТА ОБУКАТА:

Обуката е наменета за широк спектар на корисници (финансиски работници, менаџери, сметководители, трговски друштва, трговци поединци и други деловни субјекти) коишто сакаат да се запознаат со методите и политиката за формирање на трансферните цени.

ПРЕДАВАЧИ: ВИКТОР мИТЕВ

менаџер во Ернст & Јанг Софија, член на acca

ДУшКО СТЕВЧЕСКИ

постар консултант во Ернст & Јанг Македонија

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962

!"#


Капитал број 839 834 27.11.2015 23.10.2015

62

www.kapital.mk

лидери

Џеф Безос основач на амазон

Потрошувачот е секогаш на Прво место најголемиот он-лајн продавач амазон е основан пред околу 20 години. на почетокот се продавале само книги, а денес буквално се. Џеф Безос, основач и извршен директор на амазон, за овие години успеа да изгради компанија со пазарна капитализација од над 200 милијарди долари исклучително со неговиот паметен и иновативен начин на размислување. еве некои од неговите размислувања за повеќе области од животот кои можат да ви помогнат да го подобрите управувањето со бизнисот.

Ако конкуренцијата е вашиот мотиватор во бизнисот, тогаш треба да чекате да се појави конкурент за да ги подобрите работите. Кога сте ориентирани кон потрошувачите, тоа ви дозволува да бидете пионер во многу работи.

Потрошувачот е секогаш на прво место. Иновирај. И биди трпелив. Овие три идеи се најважните причини за нашиот успех.

Компаниите не треба да бидат зависни од сјајот. Затоа што се што сјае кратко трае.

Оскудноста ја поттикнува иновацијата, како и секоја друга ограниченост. Еден од начините да излезете од тесната кутија и да измислите начин како да излезе.

Животот е премногу краток за да се дружите со луѓе од кои не можете ништо да научите.

Сите бизнис мора да биде засекогаш млад. Ако вашиот потрошувачки таргет старее и вие со него, тогаш ќе пропаднете.

Во стариот свет, посветувате 30% од вашето време за градење одлична услуга, а 70% од времето на дигање врева за тоа. Во новиот свет, тоа е обратно. Ако никогаш не сакате да бидете критикувани, тогаш не правете ништо ново.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.