КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД
WWW.KAPITAL.MK
КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
SKI & SPA
ВОДИЧ ЗА ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ ЗИМУВАЊЕ 2015/2016 КАПИТАЛ SPECIAL
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ
НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ МЕСЕЦИ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
SKI & SPA
ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016
1,1
МИЛИЈАРДИ ЕВРА
PROFILE
МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК
Истанбул станува “мека” за стартапи
3
Капитал број 842 18.12.2015
соДржинА
26
18 04 profile АлексАнДАр Вучиќ :
Србија ги почнува преговорите со Европската унија
и пАЗАри 48 32 коМпАнии Дали руското ембарго ќе ги преплави Македонија и Балканот со евтини турски производи?
08 нАВигАТор странците изнесоа
36
БиЗнис и нАукА
10
38
профил
152,9 милиони евра дивиденди од Македонија
18 24 26
cover story За три години државата треба да врати долг од 1,1 милијарди евра
кАпиТАл АнАлиЗА
ефектот од земјоделските субвенции во последните девет години
19. сесија на клубот на истражувачите при нБрМ Мате римац меѓу 28-те највлијателни луѓе во европа Европскиот Илон Маск
партиски монополи
коМпАнии и пАЗАри не се очекува ниту подобра 2016: Македонските производители се спремаат за црни сценарија
Долг Владата во следните три години треба да врати долг од 1,1 милијарди евра, повеќе од половината кон домашните банки, додека останатиот дел кон странските кредитори, покажува најновата Фискална стратегија до 2018 година што е доставена на разгледување во Собранието. За да го врати овој долг, но и за да го покрие дефицитот во буџетот во истиот период, власта ќе мора повторно да се задолжи. XX Стр. 10
50 51
претседател на Асоцијацијата на мрежи на бизнис ангели на Турција
46 клучот за успех на земјата ноВи ТренДоВи
со најлиберални политики Уругвај, земјата каде 95% од струјата е од чиста енергија
суБВенции Повеќе од половина милијарда евра има исплатено Владата за земјоделски субвенции во последните пет години. Износот на пари кои од буџетот се трошат за поддршка на земјоделците постојано се зголемува од година во година. За увоз на храна, Македонија во 2014 година потрошила близу 550 милиони евра. Тоа е раст од 10% во однос 2013 година, или двојно повеќе од увозот од 260 милиони евра во 2006 година. XX Стр.18
иноВАции кои се 50-те најиновативни компании во светот?
луѓе и коМпАнии станавте менаџер? Еве совети како да ја преживеете новата функција
специјАлен прилог ski & spa n Водич за зимување
2015/2016 Време е за празнично уживање! Кои се најдобрите ски и спа ресорти во регионот?
42 interview БАјБАрс АлТунАш
истанбул е најдобар екосистем за регионалните стартапи
кАпиТАлно
42
60 62
лиДерсТВо рекоа за..... Банките
лиДери Џек Дорси
ко-основач и директор на Twitter
не мора да почнувате од нула за да направите нешто значајно!
цени нА суроВини Нафтата е најевтина во последниве седум години, што на прв поглед е добро за производителите на метали и други суровини во светот, каде што таа е сериозна ставка на трошочната страна. Но, падот на цената на нафтата и силниот долар, во комбинација со послабата побарувачка од најголемиот потрошувач на суровини на планетава, Кина, ги урна цените на суровините на рекордно ниски нивоа. XX Стр.26
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 17.12.2015
profile
www.kapital.mk
На свечениот прием во Брисел, Вучиќ им го честита овој голем ден на граѓаните и им порача дека веќе не мораат да сонуваат сонови за Европската унија, бидејќи тие ќе станеле јаве ако продолжат тешко и напорно да работат. “Напорната работа не доведе до таму да успееме да направиме разлика помеѓу митска Србија на небото и Србија во реалноста, во Европа”, порача Вучиќ.
Србија ги почнува преговорите со Европската унија
Вучиќ: Ова е најреволуционерен ден за Србија
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
5
profile
И
И покрај сите критики за неговото владеење на домашен терен, српскиот премиер Александар Вучиќ на меѓународна сцена прима пофалби за начинот и правецот по кој ја води Србија. Пред да замине во Брисел тој објави своја авторска колумна во српскиот весник Телеграф во која отворањето на преговарачките поглавја ги гледа како најреволуционерен ден во поновата српска историја. Српскиот премиер зборува за тоа дека земјата стигнала до на крајот на патот кој траел полни 200 години. И веќе му замерија дека во најмала рака е политички некултурно отворањето на преговорите со ЕУ да го претстави како лично негов успех, бидејќи за тоа имаат заслуга и опозицијата и претходните српски влади. На свечениот прием во Брисел, Вучиќ им го честита овој голем ден на граѓаните и им порача дека веќе не мораат да сонуваат сонови за Европската унија, бидејќи тие ќе станеле јаве ако продолжат тешко и напорно да работат. “Напорната работа не доведе до таму да успееме да направиме разлика помеѓу митска Србија на небото и Србија во реалноста, во Европа”, порача Вучиќ. И во ова свечено расположение прашањето за Косово како да се бутка под тепих. Само, претседателот Томислав Николиќ постојано повторува дека ако влезот во ЕУ подразбира признавање на Косово, од таа работа нема ништо да биде. При тоа никој од актуелните актери на политичката сцена не мисли сериозно дека Косово е дел од Србија. Сите знаат дека Косово е изгубено,
И покрај сите критики за неговото владеење на домашен терен, српскиот премиер Александар Вучиќ на меѓународна сцена прима пофалби за начинот и правецот по кој ја води Србија.
Ѓаволски е тешко да се води проевропска политика на Балканот, па затоа е нормално што Вучиќ се менува побрзо од своето гласачко тело, смета црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ а знаат и дека не постои никаков план да се реинтегрира во Србија. И ЕУ побрза веднаш да стави до знаење дека заостанувањето во реализација на поглавјето 35 кое подразбира целосна нормализација на односите на Србија и Косово би го стопирало отворањето и на другите поглавја и би го блокирал преговарачкиот процес. Јавна поддршка на премиерот и неговата политика изрази и американскиот амбасадор во Србија, Мајкл Кирби, кој изјави дека САД се зад Србија во овој процес, а пред околу еден месец Вучиќ беше во официјална посета на САД. Во исто време Вучиќ договара посета во јануари на рускиот потпретседател Димитриј Рогозин, во посета на Србија пред неколку месеци беше и претседателот на Русија Владимир Путин. Очигледно, Вучиќ успева да балансира меѓу интересира на големите сили и истовремено
да ги турка српските интереси. И барем кај него е евидентна промената во правците по кој ја води Србија откако е премиер, во споредба со периодот пред да стане премиер, кога застапуваше прилично националистички и патриотски ставови. Но, како што вели црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, нормално е лидерот да се менува побрзо од структурата која го поддржува, односно побрзо од неговото гласачко тело. Ѓукановиќ сигурно на своја кожа почувствувал кој се позитивните и негативните страни кога од позиција на власт во една мала и немоќна држава сакаш да изигруваш голем лидер патриот. Па затоа сега вели дека е ѓаволски тешко да се води проевропска политика на Балканот.Патриотскиот модел во кој Македонија е заглавена и во кој лидерите им угодуваат на гласачите секоја година ја носи земјата се подалеку од европските интеграции. nnn
6
Капитал број 842 18.12.2015 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
И
WWW.KAPITAL.MK
Претплатете се на КАПИТАЛ... Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КАПИТАЛ SPECIAL за Капитал пред повеќе од 15 години. Со ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ макотрпна и посветена работа на својот тим, магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?
WWW.KAPITAL.MK
4.100 20%
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
10
денари, заштедете
...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
www.kapital.mk
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?
ПЕЧАТНИЦА „АНС“, БИТОЛА КАКО ЉУБОВТА КОН ФОТОГРАФИЈАТА СТАНА СЕРИОЗЕН БИЗНИС
ДИЛЕМИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ДОБАР ПЛАН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДОМАШНИТЕ БИЗНИСМЕНИ
ШТО КОГА СЕМЕЈНАТА ФИРМА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД „ГАРАЖАТА“?
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
WWW.KAPITAL.MK
СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!
НОВ ЕКСПРЕСЕН ПАТ
70
МИЛИОНИ ЕВРА ОХРИД – ПЕШТАНИ
60
МИЛИОНИ ЕВРА
ОТКУП НА СТАЖ
НА РАБОТНИЦИ ОД ПРОПАДНАТИ ФИРМИ
АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!
50
МИЛИОНИ ЕВРА
АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА ТРЕБЕНИШТЕ – СТРУГА
ПАТРИК ЖИТОН претставник на ММФ во Македонија
ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ КРАТИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА СМЕТКА НА СИТЕ НОВИ НАЈАВЕНИ ТРОШЕЊА!
45
МИЛИОНИ ЕВРА
WWW.KAPITAL.MK
ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА
Буџетот се прекрои на партиски трибини. Новите ветувања на Груевски тежат над
ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ специјален прилог - Банките и бизнисот
БЕТОН Б ЕТОН ДОБИТНИ НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА
евра 200 милиони Од каде пари?
МАКЕДОНЦИТЕ ТЕШКО
ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ СО “ПЛАСТИКАТА“ СО КАРТИЧКИТЕ НАЈМНОГУ СЕ ВАДИ КЕШ ОД БАНКОМАТ
ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ? КАКВИ ТЕХНОЛОШКИ
НОВИТЕТИ НУДАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ СЕГА?
СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
INTERVIEW
ГРАДСКО - ПРИЛЕП
ЕКСПРЕСЕН ПАТ
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
со вклучени 20% попуст
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 815 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 12 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ПОЛИТИКА
12 месечна претплата 4.100 денари
ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИ ПОЧНАА ДА РАСТАТ. ИНВЕСТИТОРИТЕ БАРААТ СИГУРНА ОАЗА
ТУРЦИJA: ЕРДОГАН ОСТАНА, НО “СУЛТАН“ НЕ СТАНА. ШТО СЛЕДИ?
ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!
со вклучени 15% попуст
АНАЛИЗА
СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СЕ ПРЕМИСЛУВААТ И ОДБИРААТ ДРУГИ ЗЕМЈИ!
специјален прилог - семејни бизниси
COVER STORY
6 месечна претплата 2.200 денари
COVER STORY
ПОТЕЗИ КОИ ЈА УНИШТИЈА КОНКУРЕНЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
БРОЈ 809 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 30 АПРИЛ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
БЕСКОНТАКТНИ КАРТИЧКИ И 24/7 ЕКСПОЗИТУРИ, НА РЕД Е МОБИЛНОТО ПЛАЌАЊЕ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ БАНКИТЕ И БИЗНИСОТ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ВИШОК КАЈ БАНКИТЕ. ЌЕ ГИ ДАДАТ ЛИ ЗА КРЕДИТИ?
ПОЛИТИКА: ПРОТЕСТИ КАКО ЖЕСТОКА НАЈАВА ЗА 17 МАЈ
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
> БРОЈкА
29,4% Пораснал секторот градежништво за третото тримесечје од 2015 година во однос на истиот период минатата година
НОАМ ЧОМскИ
американскиот лингвист, филозоф и политички активист
победник на неделата
ИСИС не може да биде поразена со воена сила. Западот треба да се занимава со причините за терористичките напади во Париз. Причините се инвазијата на Ирак и на Авганистан, како и вахабизацијата на сунитскиот ислам.
екОНОМскИ РАсТ Од 3,5% В
С
тапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува 3,5%, објави Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите: градежништво, 29,4% стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности, 15,9%, финансиски дејности и дејности на осигурување, 11,7% и трговија на големо и трговија на мало,
СтранСките инвеСтитори не ја реинвеСтираат д
Странците изнеСоа 15 евра дивиденди од ма АНГелА МеРкел
+
Неспорно е дека канцеларката на Германија, Ангела Меркел е постојано во фокусот на јавноста. Особено во последните неколку месеци, поради нејзините изјави и понудени решенија за справување со бегалската криза за што, од многумина беше и многу фалена, но и силно критикувана. Но, годинава, дефинитивно може да се рече дека е нејзина година. Меркел не само што беше прогласена од угледниот магазин Time за личност на годината, туку недела подоцна истата титула ја доби и од угледниот британски магазин Finanacial Times. Но потврдата за добро лидерство на Меркел не се мери само по признанијата од угледните магазини. Во една од можеби најтешките години од нејзиниот мандат, барем таков го оценија многу од светските аналитичари поради кризите со кои е соочена Унијата, таа преку емотивниот, но истовремено силен и јасен говор, успеаја силно да ги обедини членовите од нејзината партија – ЦДУ, за време на конгресот кој се одржа неделава, а кои почнаа веќе длабоко да се делат по фракции. Оттука, воопшто не е изненадување што таа за свое мото го избра „Ќе успееме“. Меркел, навистина успева.
С пишува:
александар јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Странските инвеститори што работат во Македонија за девет месеци годинава одлеале 152,9 милиони евра надвор од земјата во вид на исплатена дивиденда кон матичните компании во странство, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Во истиот период, салдото на реинвестирана добивка е во минус од 2,9 милиони евра. Прашањето е зошто странските компании што работат
во земјава немаат интерес да ја реинвестираат добивката иако Владата во тој случај ги ослободува од плаќање корпоративен данок?! Економистите коментираат дека извлекувањето на добивките надвор од земјава всушност покажува дека странските инвеститори немаат економски интерес да го шират бизнисот овде, без оглед на сите даночни олеснувања што им ги нуди државата. Делумно причините за одливот на капитал може да се лоцираат и во условите за водење бизнис. Ако се анализираат извештаите на меѓународните институции како на пример Doing business на Светската банка, во нив Македонија е рангирана многу високо како топ реформатор. Според овие извештаи се добива претстава дека бизнис климата во земјава е одлична. Но, и покрај тоа, салдото на странските инвестиции се намалува, што упатува на заклучокот дека веројатно има други пречки кои ги одвраќаат инвеститорите да ја реинвестираат добивката во Македонија.
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
9
Во третиот кВартаЛ поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и објекти за сместување и сервисни дејности со храна, за 7%. Финалната потрошувачка на домаќинствата во третиот квартал годинава бележи номинален раст за 3,4%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 64,4%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 3,3%, а увозот забележал зголемување во номинален износ од 2,9%.
> Бројка
мисла на неделата
3,3%
она што сум го научил низ годините е дека оптимизмот е одлика која секој лидер мора да ја има. никој нема да следи лидер без идеи и без ентузијазам и желба нив да ги исполни“
е зголемен извозот на стоки и услуги во третиот квартал годинава во споредба со истиот период лани
лидери
добивката
52,9 Милиони акедонија Странските инвеститори што работат во Македонија за девет месеци одлеале 152,9 милиони евра надвор од земјата во вид на исплатена дивиденда, а салдото на реинвестирана добивка е во минус од 2,9 милиони евра. економистите коментираат дека извлекувањето на добивките надвор од земјава всушност покажува дека странските инвеститори немаат економски интерес да го шират бизнисот овде, без оглед на сите даночни олеснувања што им ги нуди државата. Како главни пречки економистите и бизнисмените ги наведуваат политичката стабилност на земјата, различни дозволи за работа што им се бараат на фирмите за работа, корупција во институциите и лошата инфраструктура што им е особена важна на инвеститорите. Статистиката на Народната банка не открива кои се странските компании што ги повлекле добивките како дивиденда, ниту, пак, во кои земји најмногу се одлевал капиталот што се создава во земјава. Кога ќе се одземат одливите на пари, салдото на странски инвестиции што остануваат во земјава, за деветте месеци годинава изнесува 116 милиони евра и е за 24,7% помало отколку истиот период лани. Проценките на Народната банка за следната година се дека приливот на странски инвестиции ќе достигне 2,7% од БДП, што би било околу 270 милиони евра. Претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, изјави дека е наивно да се верува дека политичката криза не влијае на економијата и на привлекувањето на странските инвеститори овде. „Но мислам дека инвеститорите што ќе носат одлуки дали да инвестираат во Македонија, освен политичката ситуација, ќе ги разгледаат и сите други аспекти на бизнис климата“, изјави тој. nnn
Боб Игер
CEO на The Walt Disney Company
губитник на неделата
аЛександар Вучиќ
Премиерот на Србија официјално ги започна преговорите за пристап кон Европската Унија
дејВид каМерон
ММФ процени дека засилениот економски раст на Британија стабилно ќе продолжи и во наредниот период
не им беше неделата
ахМед даВитогЛу
Меѓународната заедница ги примора турските сили да се повлечат од Ирак, додека бројот на жртви во судирот со Курдите продолжува да расте.
иса Мустафа
Нередите од косовскиот Парламент се пренесоа и на улиците во Приштина, а на политичката криза не и се гледа крајот.
_
Марин Ле Пен Иако на првиот круг од локалните избори во Франција, Националниот фронт на Марин Ле Пен победи во шест од 13 региони, во вториот круг оваа националистичка партија не беше прва во ниту еден од регионите. Со ова се покажа дека претходниот резултат на екстремно десниот Национален фронт бил остварен од гласови дадени не поради доверба во партијата, туку под првичното силно влијание врз Французите од нападите во Париз на 13 ноември и од растечкиот бран бегалци и мигранти. Со поразот во неделата паднаа во вода надежите на Ле Пен дека со победа на локалните избори ќе добие силна отскочна штица за атак на претседателската функција во земјата на изборите во 2017 година. Екстремниот популизам и овојпат се покажа дека не може да биде рецепт за успех. Марин ле Пен откако ја презеде партијата од нејзиниот татко, успеа во голема мерка да го неутрализира радикалниот имиџ (на партијата) создаден во времето на Жан-Мари ле Пен, но проблемите поради кои Французите понекогаш се одлучуваат да го дадат гласот за Националниот фронт, како невработеноста, истите не веруваат дека може да им ги реши партија чија програма е всушност популистичко пресретнување на состојбите што ги создаваат грешките на актуелната власт во земјата.
www.kapital.mk
Капитал број 840 842 18.12.2015 04.12.2015
cover story cover story 10
Кој и да биде н неКа му ја мис отпплата кон домашни кредитори 2016 2017 2018 Вкупно
отплати кон странски кредитори
149,3 204,5 265,7 619,5
буџетски дефицит
201,3 148,9 168,1 518,3
308,7 289,9 276,3 874,9
(во милиони евра)
49,1
јавен долг КаКо удел во бдП
46 %
*Проценки на Министерство за финансии
51,3 %
52,4 %
%
43,9 %
40,3 38,3
%
2012
2013
%
32% 27,2 %
2010
2011
2014
2015 3 кв.
2016*
2017*
2018*
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
11
на власт, сли вкупно задолжување 308,7 289,9 276,3 874,9
659,3 643,3 710,1 2.013
659,3 643,3 710,1 2.013
За три години државата треба да врати долг од
1.1
милијарди евра
владата во следните три години треба да врати долг од 1,1 милијарди евра, повеќе од половината кон домашните банки, додека останатиот дел кон странските кредитори, покажува најновата Фискална стратегија до 2018 година што е доставена на разгледување во собранието. За да го врати овој долг, но и за да го покрие дефицитот во буџетот во истиот период, власта ќе мора повторно да се задолжи. Планот е да се позајмат 2 милијарди евра со што јавниот долг до 2018 година да достигне 52,4% од бруто домашниот производ (бдП), што значи дека владините институции, општините и јавните претпријатија ќе должат вкупно 5,6 милијарди евра. со тоа власта ќе ја прегази црвената линија на јавен долг од 50% од бдП што ја исцрта меѓународниот монетарен фонд (ммФ) во последниот извештај за македонија. економистите велат дека задолжувањето нема да оди толку глатко, особено ако политичката криза и предвремените парламентарни избори се пролонгираат, а овој ризик може значително да ја зголеми каматата на задолжувањата. се проценува дека македонија ќе може да се задолжи со камата до 6%.
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
12
cover story
У
словите за задолжување на финансиските пазари нема значително да се променат ниту следната година. Каматата по која ќе може да се задолжи Македонија ќе зависи од тоа колку е одржлив јавниот долг. Се додека инвеститорите сметаат дека земјата има капацитет да ги враќа долговите, ќе ни позајмуваат пари, но во цената ќе го вкалкулираат Горан ризикот од вложување во поризични Марковски хартии од вредност издадени од земја извршен директор со шпекулативен кредитен рејтинг на КБ Публикум Инвест како Македонија. Каматата за новите задолжувања ќе се движи околу 5% до 6%.
В пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Владата во следните три години треба да врати долг од 1,1 милијарди евра, повеќе од половината кон домашните банки, додека останатиот дел кон странските кредитори, покажува најновата Фискална стратегија до 2018 година што е доставена на разгледување во Собранието. За да го врати овој долг, но и за да го покрие дефицитот во буџетот во истиот период, власта планира да се задолжи за 2 милијарди евра и со тоа јавниот долг до 2018 година да достигне 52,4% од бруто домашниот производ (БДП), што значи дека владините институции, општините и јавните претпријатија ќе должат вкупно 5,6 милијарди евра. Со тоа власта ќе ја прегази црвената линија на јавен долг од 50% од БДП што ја исцрта Меѓународниот
З
Марјан Петрески универзитетски професор
монетарен фонд (ММФ) во последниот извештај за Македонија. Планот на Министерството за финансии открива и дека од вкупно 2 милијарди евра, над 1 милијарда ќе позајми од домашните банки, пензиските фондови и осигурителните компании, а останатите 950 милиони евра од странските кредитори со издавање на еврообврзници. Економистите коментираат дека станува збор за огромна сума пари што треба да ја позајми земја со шпекулативен кредитен рејтинг, така што според нив задолжувањето нема да се одвива толку глатко, особено што се очекува дека и каматите на пазарот ќе растат откако Американски ФЕД за прв пат после 10 години најавува дека ќе ја зголеми основната камата. Последното задолжување на државата на меѓународниот пазар со еврообврзница за 270 милиони евра постигна камата од 5,125%. Економистите велат дека ова е висока цена на задолжување споредено со очекуваниот економски раст од 3,2%. „Задолжувањето е одржливо само кога растот на БДП е повисок од каматата што се плаќа за позајмените пари“, велат финансиските аналитичари. Во исто време, земјите во Западна Европа позајмуваат пари со камата од 0%. Во некои земји како Германија на пример, каматните стапки станаа негативни, што значи дека инвеститорите треба дури и да платат за да и позајмат пари на државата. Финансиските аналитичари велат дека се очекува благо зголемување на каматите на американскиот пазар поради најавената одлука на ФЕД прв пат после 10 години
а цената и условите по кои ќе се позајмуваат парите клучно е оваа политичка криза во која се наоѓаме сега што поскоро да заврши и веднаш по изборите да видиме јасна намера за стабилизација и реформа на институциите без оглед која ќе биде политичката партија што ќе формира влада, односно убедување дека тие им припаѓаат на граѓаните, а не на политичките елити. Во спротивно, финансиските пазари ќе го вкалкулираат политичкиот ризик и надворешното финансирање за Македонија ќе станува поскапо. да ја зголеми основната камата, додека пак во Европа, Европската централна банка продолжува со експанзивната монетарна политика и не планира да ја зголемува основната камата. Тоа според нив значи дека условите за задолжување на странскиот пазар нема значително да се променат, односно Македонија ќе може да се задолжи со камата од околу 5% до 6%. „Каматата по која ќе може да се задолжи Македонија ќе зависи од тоа колку е одржлив јавниот долг. Се додека инвеститорите сметаат дека земјата има капацитет да ги враќа долговите, ќе ни позајмуваат пари, но во цената ќе го вкалкулираат ризикот од вложување во поризични хартии од вредност издадени од земја со шпекулативен кредитен рејтинг како Македонија“, вели Горан Марковски, извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови, КБ Публикум Инвест. Универзитетскиот професор Марјан Петрески, вели дека политичката криза, односно надминувањето на политичките проблеми ќе бидат клучни за инвеститорите во одредувањето на цената на капиталот. „За цената и условите по кои ќе се позајмуваат парите клучно е оваа политичка криза во која се наоѓаме сега што поскоро да заврши и веднаш по изборите да видиме јасна намера за стабилизација и реформа на институциите без оглед која ќе биде политичката партија што ќе формира влада, односно убедување дека тие им припаѓаат на граѓаните, а не на политичките елити. Во спротивно, финансиските пазари
Факт: Во следните три години власта ќе се задолжи за над 2 милијарди евра
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
14
cover story Извор: Државен завод за статистика
Пораст ораст на БДП
3,8
*Проценки на ММФ
%
2,7 1,8
3,2
3,2
3,3
3,4
%
%
2015*
2016*
2017*
2018*
%
%
%
2,3 %
%
2010
2011
2012
-0,5 %
ќе го вкалкулираат политичкиот ризик и надворешното финансирање за Македонија ќе станува поскапо“, коментира професорот Петрески. Дел од економистите не ја исклучуваат и алтернативата да тропнеме на вратите на ММФ за нов аранжман. Меѓутоа, освен на меѓународниот финансиски пазар, Фискалната стратегија покажува дека власта офанзивно ќе позајмува пари и од домашните банки, пензиски фондови и осигурителни компании. А токму задолжувањето на државата кај домашните банки ги загрижува бизнисмените кои стравуваат дека помеѓу безризичните државни обврзници и кредитирање на фирмите, банкарите ќе ја одберат првата, побезбедна опција. „Интензивирањето на задолжувањата на државата на домашниот пазар брзо ќе придонесе да се намали потенцијалот кај банките за кредитирање на стопанството. Ако се случи тоа, во време кога компаниите се соочуваат со голема неликвидност, ќе биде погубно за целиот бизнис сектор. Ние како претставници на бизнис заедницата ја замолуваме Владата да ја преиспита оваа одлука и наместо на домашниот пазар, парите да ги обезбеди преку задолжувања исклучиво на странскиот
2013
2014
Во периодот од 2010 година до годинава, властите потрошија 2 милијарди евра позајмени пари, а просечниот економски раст е само 2,2% годишно.
пазар. Ако остане на ставот оваа сума да ја обезбеди од домашните кредитори, немам дилема дека банките ќе изберат да вложуваат во државни обврзници со помал ризик отколку да даваат кредити на фирмите. Ова стопанство ќе пропадне ако банките не застанат зад компаниите“, изјави неодамна Горан Рафајловски, член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Банкарите, пак, објаснуваат дека имале доволно вишок пари во исто време да го поддржат и стопанството со повеќе кредити и да и позајмат на државата над 1 милијарда евра. „Банките секогаш ќе даваат предност на кредитирањето на граѓаните и фирмите пред вложувањата во државни хартии од вредност, но ако нема доволно побарувачка за кредити, а депозитите продолжат да се зголемуваат, тој вишок пари мора некаде да се инвестира. За нас е поисплатливо да кредитираме бидејќи имаме поголема заработка од камати, додека каматите на државните обврзници и записи паѓаат“, вели претседателот на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски. Економистите се загрижени што најголем дел од парите што ги позајмува Владата ги троши неполезно, односно за плати на
јавната администрација, пензии, субвенции, а во исто време ефектот од кредитите врз економскиот раст е послаб, така што таквото финансиско поведение ја доведува во прашање способноста на државата еден ден да го врати долгот.
Буџетскиот дефицит ќе се намалува
Според бројките во Фискалната стратегија до 2018 година, власта планира да го намали буџетскиот дефицит до 2,6% од БДП во 2018 година. Сепак, во следните три години, Владата ќе потроши 875 милиони евра повеќе отколку што ќе собере во државната каса од даноци и придонеси, така што овие пари ќе мора да ги позајми. Економската политика на оваа власт и во следните три години не отстапува од досегашните правци. И во најновата Фискална стратегија, планирани се зголемувањата на платите во јавниот сектор, на пензиите и на социјалната помош. „Ќе продолжи стриктната контрола на новите вработувања“, се обврзува власта во Фискалната стратегија иако во последните осум години, бројот на вработени во јавниот сектор е зголемен за четвртина. Властите во Стратегијата не кажуваат
Економисти: Долгот Е оДржлив ако растот на БДП Е Повисок оД каматата
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
16
cover story
колку ќе ги зголемат платите на административците, туку објаснуваат дека „планираното зголемување на платите ќе биде резултат на детални пресметки за секоја фискална година, согласно можностите на Буџетот, а во зависност од фискалната кондиција и ефектите од надворешните економски движења“. За пензиите пак, најавено е годишно зголемување од по 5%, односно 650 денари линеарно, и исто толкаво зголемува од 5% и на социјалната помош. „ З го л е му в а њ е т о н а т и е тековните трошоци е поголемо од растот на вкупната економија и таа разлика мора од некаде да се финансира. Сето тоа рапидно го зголемува долгот и создава фискален меур, кој што мислам дека веќе станува загриж ув ачки“, оценув а професорот Марјан Петрески и додава дека не би го гледал
нивото на задолженост во однос на Мастришкиот критериум, или долгот на друга земја, туку само во контекст на тоа колку тој го подобрува или не нашиот отплатен капацитет утре. Во Стратегијата пишува и дека „ќе продолжи спроведувањето на дисциплинирана буџетска потрошувачка со нагласен акцент на рестриктивност и ригорозна контрола на помалку продуктивните трошоци, за сметка на зголемување на инвестиционите вложувања во капитални проекти“. Влас тите во Фискалната стратегија пишуваат дека јавните инвестиции кои ја претставуваат развојната компонента на фискалната политика, ќе продолжат да имаат приоритетно и доминантно значење. „Во рамки на буџетските средства наменети за капитални расходи предвидени
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
се значајни инвестициони вложувања за доизградба на преостанатиот дел од автопатот на Коридорот X и железничката инфраструктура, енергетската и комунал-ната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во образовниот, социјалниот и здравс твениот сис тем, земјоделието, заштитата на животната средина и правосудството. Ефикасното користење на парите од буџетот и парите обезбедени со заеми ќе претставува основа за низа инвестициони активности и реформи кои ќе овозможат креирање на нови работни места и поволно деловно окружување“, пишува во Фискалната стратегија. Економистите велат дека е позитивно е што буџетскиот дефицит се проектира со о п а ѓач ки т р е н д д о 2018 година, како и тоа што многу поголем акцент во стратегијата се става на проекти кои ќе ја зголемат продуктивноста и конкурентноста на економијата, особено на инфрастуктурните проекти, меѓутоа, предупредуваат дека претходните искуства покажаа значајно отстапување во реализацијата, односно голем јаз меѓу напишаното во стратегијата и остварувањата.
Долг од 2 милијарди евра за економски раст од 2,2%
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
Јавниот долг заклучно со септември годинава достигна 3,94 милијарди евра што е 43,9% од БДП. За споредба, на крајот на 2010 година, сите државни институции должеле вкупно 1,94 милијарди евра, односно 27,2% од БДП. Во овој период, додека властите потрошија 2 милијарди евра позајмени пари, просечниот економски раст е само 2,2% годишно. Не е познато која е просечната камата на овој долг, но економистите се согласни дека клучната работа кога станува збор за јавниот долг е колку е тој одржлив и дали државата може навреме да ги намирува обврските, без оглед дали тој е 40% или 50% од БДП. Велат дека умереното ниво на долг што го има Македонија, не може да биде алиби за нерационални задолжувања на Владата, бидејќи дури и ако еден милион евра не може да ги врати на денот кога доспеваат обврските, државата е банкрот.
Дека брзото темпо на акумулирање на долгот во текот на последните неколку години е загрижувачко предупредува и претставникот на ММФ во Македонија, Патрик Житон. „Високиот јавен долг може да го ограничи капацитетот на фискалната политика за заштита на економијата ако се случи нешто лошо и неочекувано. Македонија беше во можност да ја користи фискалната политика за да се бори против рецесија по глобалната финансиска криза, бидејќи нивото на јавен долг на крајот на 2008 година беше на многу ниско. Оттогаш јавниот долг се удвои. Земјата, исто така, се соочува со поголеми потреби за трошењето поради неповолната демографија, ка ко ш то се т р о ш о ц и те за здравс твена заштита и пензии. Тоа е причината зошто ние препорачавме да се ограничи буџетскиот дефицит, кој е најголем извор на акумулација на долгот, и да се создаде простор за фискалната политика“, вели Житон. Европската Комисија во најновата есенска прогноза исто така нотираше дека оваа и наредната година буџетскиот дефицит ќе биде повисок отколку што претходно се очекуваше и оти јавниот долг ќе надмине 50% БДП. Комисијата е загрижена за фискалната консолидација и за одржливоста на долгот. „Вкупниот долг на државата се зголемува. Властите остануваат посветени на постигнувањата за буџетскиот дефицит под 3% до 2017 година. Но, сепак, среднорочната фискална стратегија на македонската Влада се чини премног у оптимистичка“, наведува Европската комисија. Дека долгот на Владата се зголемува брзо предупреди и S t a n d a r d & P o o r ’s в о најновиот извештај, нотирајќи дека „задолжувањата за финансирање на буџетските дефицити до 2018 година ќе го оптоварат јавниот долг и покрај тоа што од почетокот на годината Македонија се раздолжи предвреме кон ММФ“. Неодамнешните уставни измени ги норми-раа буџетскиот дефицит и јавниот долг да не може да надминуваат 3% односно 60% од БДП, наспроти препораките на ММФ долгот да се одржува на комотно ниво под границата од 50% од БДП.
nnn
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
18
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
113
112
101 87
102
Исплатени земјоделски субвенции
64
(во милиони евра)
45 17 2006
22
2007
2008
2009
2010
2011
2012
2013
2014
ЕФЕКТОТ ОД ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СУБВЕНЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ
НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН
ЗА 80%
Земјоделските субвенции во Македонија се воведоа пред речиси десет години. Но, засега нема некое поголемо истражување каков е нивниот ефект врз производството на земјоделски производи и дали тие на некаков начин успеаа да го намалат увозот на храна од кој Македонија станува се позависна. Ако се тргне настрана дневно политичката терминологија која ги оптеретува субвенциите, еве што покажуваат бројките за земјоделското производство и увозот на храна во Македонија во изминативе девет години.
МОДЕЛ НА СУБВЕНЦИИ: УПОРНО И ЕНТУЗИЈАСТИЧКИ ОДИМ
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
43,73
56,31
56,13
58,80
57,78
19
2010
2011
2012
2013
2014
увоз на млеко
(во милиони УСД)
394.334
472.368
403.233
429.400
436.256
Растително производство (во тони)
2010
2011
2012
2013
2014
Производство на млеко (во илјади литри)
П пишува:
дејан азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Повеќе од половина милијарди евра или 516 милиони евра има исплатено Владата за земјоделски субвенции во последните пет години. Износот на пари кои од буџетот се трошат за поддршка на земјоделците постојано се зголемува од година во година. Ако во 2010 година за земјоделски субвенции се потрошиле 87 милиони евра, веќе во наредната 2011 година овој износ е зголемен на 102 милиони евра, за да во 2012 година и 2013 година продолжи да расте на 112 милиони евра, односно на 113 милиони евра, за на крај во 2014 година да се намали повторно на 102 милиони евра. Ако се тргнат настрана дилемите дека овие бројки се далеку от тоа што реално се исплатува, заради тоа што субвенциите се планираат, а никогаш не се исплаќаат во целост и дека постојано се префрлаат за наредната година, факт е дека огромни
Произведена пченица Произведена пченка Произведен ориз Производство на тутун Произведен компир
2010 243.137 129.045 25.700 30.280 200.125
2011 256.103 126.096 26.964 26.537 192.675
износи на пари се излеваат од буџетот за поддршка на земјоделието. Засега нема некое поголемо истражување каков е ефектот на исплатените субвенции врз производството на земјоделски производи и дали тие на некаков начин успеаа да го намалат увозот на храна од кој Македонија станува се позависна. Ако се тргне настрана дневно политичката терминологија која ги оптеретува субвенциите, еве што покажуваат бројките за земјоделското производство и увозот на храна во Македонија во изминативе пет години.
каков е ефектот на субвенциите врз производството?
Кај домашното производство на месо може да се констатира дека во 2014 година тоа е зголемено од 20.856 тони во 2013 година на 22.146 тони што претставува раст од 6%, што е навистина позитивно. Но, гледано пошироко сликата не е толку позитивна. На пример, 2013 година споредено со претходната 2012 година, кога имало производство од 23.124 тони, тогаш вкупното производство на месо е намалено за 9.8% при што производството на говедско месо е во пораст, а производството на овчо, свинско и живинско месо бележи пад. Најголем е падот на производството на свинско месо од цели 16,5%, по што следува овчото со 15,6% и живинското со 7,4%. Пострашното е што падот на производството на месо се случува неколку години во континуитет. Производството на месо, на пример, во 2012 година било помало за 7% во однос на претходната 2011 година, кога имало производство на месо од 21.632 тони, во која исто така имало пад од 7% во однос
2012 214.963 115.928 24.361 27.333 168.859
2013 258.960 131.043 27.921 27.859 189.590
2014 287.954 136.930 30.500 27.578 198.943
на 2010 година, кога биле произведени 23.271тони. Бројките не се ништо подобри ниту кај производството на млеко. Во 2008 година во Македонија се произвеле 439 милиони литри млеко. Ова бројка во наредните две години 2009 година и 2010 година, паѓа етапно на 395 и 394 милиони литри. Годината 2011 година со произведени 417 милиони литри може да се смета повторно за добра година но според експертите ова најмногу се должи на подемот на малите млекари кои не беа толку моќни во 2008 година и 2009 година. Во 2012 година и 2013 година се произведени 403 милиони евра, односно 423 милиони литри млеко. За изминатата 2014 годна во Македонија се произвеле 429 милиони литри млеко, што е поголемо производство од она во 2013 година, но далеку помало на пример од количните млеко кои се произведувале во 2008 година. Што се однесува до растителното производство може да се каже дека состојбите се малку подобро, но не во сите гранки. На пример, во делот на производство на компир и тутун, количините наместо да растат тие стагнираат или се намалуваат. Производство на компир во последните пет години од 2010 година до 2014 година е намалено од 200.125 тони на 198.943 тони. Слична е состојбата и кај тутунот каде произведените 30.280 тони во 2010 година се намалени на 27.578 тони во 2014 година. Зголемува на производството има кај оризот (од 25.700 тони во 2014 година на 30.500 во 2014 година), кај пченката (од 129 илјади тони во 2010 година на 137 илјади тони во 2014
Ме со главата во ѕид и вооПшто не ја сМетаМе штетата
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
20
Капитал анализа
Мал и незначителен раст на производството во одредени сектори, стагнација или назадување на приносите во други и зголемен увоз во речиси сите земјоделски сектори. ова е генералната констатација од обемната анализа на сите достапни податоци поврзани со земјоделското производство, увоз и субвенционирање за последните пет години. овие бројки дефинитивно ја потврдуваат тезата дека во субвенционирањето нешто не функционира . експертите предлагаат дека е време за конкретни чекори и промени во начинот на кој се делат субвенциите година) и кај пченица (од 243 илјади тони во 2010 година на 288 илјади тони во 2014).
увозот на храна вртоглаво расте
Близу 550 милиони евра потрошила Македонија за увоз на храна во 2014 година. Тоа е раст од 10% во однос на увозот од 490 милиони евра во 2013 година. Или двојно повеќе од увозот од 260 милиони евра во 2006 година. Гледано по категории Македонија само за увоз на месо потрошила 595 милиони евра во последните пет години. Тоа е повеќе од вкупната бројка на земјоделски субвенции исплатени за истиот период. Најстрашно од се е што вкупната бројка гледано по години континуирано расте. Ако во 2010 година за увоз на месо се потрошиле 114 милиони евра, веќе во 2012 оваа бројка се зголемила на 120 милиони евра, а во 2014 година сумата се зголемила на рекордни 144 милиони евра. Увозот на млеко иако во дефинитивни бројки е помал, според податоците расте уште побрзо. Ако во 2010 година за оваа намена сме потрошиле 43 милиони долари, увозот на млеко во 2012 изнесувал 56 милиони долари, а веќе во 2014 година се зголемил на 57 милиони долари. Експертите предупредуваат дека овие бројки треба да се земаат со резерва со оглед на нестабилниот курс на доларот во последните години, што оневозможува конвертирање на овие бројки во евра.
проблемот е во тоа како се делат субвенциите
Капитал веќе подолго време пишува за
субвенциите и секогаш во разговорите со повеќето земјоделци и експерти се издвојуваат две главни причини поради кои субвенционирањето не функционира. Првата причина е врзувањето на субвенциите со засадените површини наместо со добиените количини на земјоделски производи. На овој начин се поттикнуваат земјоделците, но и луѓе надвор од секторот, да сеат што поголеми количини по било каков квалитет интересирајќи се само делумно или воопшто неинтересирајќи се за квалитетот на производот кој ќе се произведе. На тој начин, наместо квалитет се стимулира квантитет со послаб квалитет, и во секторот се навлекуваат луѓе кои немаат никаква намера да се занимаваат со вистинско земјоделство, туку само да го злоупотребат системот на исплата на субвенциите. Втората причина е политиката на субвенционирање на мали земјоделски стопанства која е обратно пропорционална и погубна за заложбите за окрупнување на земјоделските парцели кои ги форсира Министерство за земјоделство во изминативе години. Ова е особено проблематично ако се знае дека структурата на македонското земјоделство во најголем дел денес ја сочинуваат семејните земјоделски стопанства со многу мал земјишен посед, дополнително расцепкан на неколку помали парцели. Просечниот македонски земјоделец земјата ја работи со застарена техника и технологија и со многу мали приноси. Според Васко Ристевски од Стопанската комора на Македонија скалестото функционирање на субвенционирање е
навистина голем проблем. „Проблем е и тоа што субвенционирање е скалесто и најголемите фирми добиваат најмалку, а тие се движечката машина, или локомотива на земјоделието и треба да добиваат исто субвенциите како и малите земјоделци. Впрочем големите земјоделски компании се секогаш поврзани со малите производители, бидејќи им го откупуваат производство, преработуваат, преку нив се извезува и сл)“, објаснуа Ристевски. Останатите експерти кои ги консултиравме предупредуваат дека Македонија со ваква раситнета структура на земјоделски стопанства и со ваков модел на субвенционирање кој наместо да одвраќа, поттикнува на дополнителни раситнувања, ќе доживее вистинска катастрофа на долг рок. Тие единствениот спас го гледаат во евентуалниот влез во Европската Унија за која однапред се знае дека би се спротивставила на ваквите политики. Сите политики и напори на Европската унија во земјоделието се насочени кон окрупнување на земјоделството. Тоа значи дека неминовно ќе ни биде наложено да субвенционираме само парцели и земјоделци кои произведуваат на површини над пет или повеќе хектари. Тоа значи дека автоматски 80% од нашите земјоделци ќе останат без субвенции и ќе мора да се бара нов поадекватен начин да се стимулираат. За жал, според реалните состојби во пракса, предвидувањата на експертите нема да се остварат уште долго, бидејќи пристапувањето на Македонија кон ЕУ е одложено на неопределено време. nnn
Субвенции: поттиК, а не Кочница за развој
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
21 Увоз на месо (во милиони евра)
Какви промени се потребни?
Д
72 75 84
2007 2008 2009
114
2010
94
2011
120 123
2012 2013
144
2014
Производство на месо (во тони) 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Говедско 7.307 6.082 5.301 4.981 5.485 5.522
Свинско 8.291 8 292 8.340 10.598 8.845 9.886
Овчо 5.225 4.786 6.370 5.600 4.725 4.727
Живинско 3.319 3.236 1.621 1.945 1.801 2.011
Вкупно 25.362 23.271 21.632 23.124 20.856 22.146
еканот на Земјоделскиот факултет Драги Димитриевски смета дека мерките на финансиската поддршка на доходот на производителите потребно е и натаму да се одржува најмалку на сегашното ниво, но покрај тоа тој го предлага и следново: „Да продолжат со посилен интензитет активностите за окрупнување на земјишните парцели. Да се зајакнат мерките кои ќе поттикнуваат договорно производство. Мерките на финансиската поддршка на доходот на производителите потребно е и натаму да се одржува најмалку на сегашното ниво, да се зајакнува програмата за рурален развој да се зајакнува со што ќе се модернизира земјоделството, но и прехранбената индустрија која дополнително треба го повлече развојот на примарното производство“, објаснува Димитриевски. Според Димитриевски, во иднина неопходно ќе биде повеќе време да се посвети и на модернизирање на земјоделскиот сектор со оглед на се попребирливите барања и стандарди на странските пазари кон кои се стремиме.
Įĩļ ĮĴĩĨĬĶ
Œň
ŎńŐńŖőń ŕŖńœŎń
5
,90%
ĸĬĮĵıĤ ĮĤİĤĶıĤ ĵĶĤijĮĤ īĤ ijĴĦĤĶĤ ħIJĨĬıĤ ĤĨİĬıĬĵĶĴĤĶĬĦĩı ĶĴIJļIJĮ ijĴIJİIJĶĬĦĩı ijĩĴĬIJĨ ĨIJ Ň
ĵĦĶ ŋń œŔņńŖń ŇŒňŌőń Ōŋőʼnŕŗņń Œň ń ŋń ŒŕŖńőńŖŌŒŖ œʼnŔŌŒň Œň œŔʼnŕŐʼnŖńőŒ őń Ň ŋń ŎŔʼnňŌŖ ŕŒ ŎŔʼnňŌŖőŒ ŊŌņŒŖőŒ ŒŕŌŇŗŔŗņńŮʼn ŕŒ őńŬņŌŕŒŎ ŌŋőŒŕ Œň İĮĨ Ō ŕŒ őńŬňŒŏŇ ŔŒŎ őń ŒŖœŏńŖń Œň ŐʼnŕʼnŚŌ ĶŔŒŜŒŚŌ! ŋH ŐʼnőŌŚń ¶ İĮĨ ŋń ńœŏŌŎńŚŌŬń ¶ İĮĨ ŋń ŒňŔŊŗņńŮʼn ŖŔńőŕńŎŚŌŕŎń ŕŐʼnŖŎń ¶ İĮĨ ŐʼnŕʼnśőŒ VŕŌŇŗŔŌŖʼnŏőń œŔʼnŐŌŬń ŇŒňŌŜőŒ Œň ŌŋőŒŕŒŖ őń ŎŔʼnňŌŖŒŖ İʼnŕʼnśőńŖń ŔńŖń ŋń œŔņńŖń ŇŒňŌőń Ōŋőʼnŕŗņń İĮĨ ń ŋń ŒŕŖńőńŖŌŒŖ œʼnŔŌŒň İĮĨ ĦŎŗœőŌŒŖ ŌŋőŒŕ ŜŖŒ ŇŒ œŏńŰń œŒŖŔŒŜŗņńśŒŖ Ōŋőʼnŕŗņń İĮĨ ĮńŐńŖőńŖń ŕŖńœŎń ʼn ŘŌŎŕőń ŋń œŔņńŖń ŇŒňŌőń Ō Ōŋőʼnŕŗņń Œň ĦŒ ŒŕŖńőńŖŌŒŖ œʼnŔŌŒň ʼn œŔŒŐʼnőŏŌņń œŒ ŒňŏŗŎń őń ĥńőŎńŖń ń ŐŒŐʼnőŖńŏőŒ Ōŋőʼnŕŗņń Œň ĮńŐńŖőŌŖʼn ŕŖńœŎŌ Ō ńňŐŌőŌŕŖŔńŖŌņőŌŒŖ ŖŔŒŜŒŎ ŕʼn ŔńŋŏŌśőŌ ŋń ŔńŋŏŌśőŌ ŇŔŗœŌ ŎŏŌʼnőŖŌ īń œŒņʼnŰʼn ŌőŘŒŔŐńŚŌŌ ŒŅŔńŖʼnŖʼn ŕʼn ňŒ ʼnŎŕœŒŋŌŖŗŔŌŖʼn őń IJřŔŌňŕŎń ŅńőŎń ĬőŘŒŔŐńŚŌŌŖʼn ņŒ ņŔŕŎń ŕŒ œŒŎŔŌʼnőŌŖʼn ŔŌŋŌŚŌ ŋń ŎŔʼnňŌŖőŒ ŊŌņŒŖőŒ ŒŕŌŇŗŔŗņńŮʼn ŕʼn ŕŒňŔŊńőŌ ņŒ IJœŜŖŌŖʼn ŗŕŏŒņŌ őń İńŕŖʼnŔ œŒŏŌŕńŖń ķŕŏŒņŌŖʼn ŕʼn ņńŏŌňőŌ Œň Ň ňŒ Ň
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ДЕЛОВНА 2016
25
декември
2015
каква година очекуваат македонските бизнисмени? крајот на годината е време кога секоја компанија ги сумира резултатите на својата работа и се анализира тоа што е направено во текот на годината, што е пропуштено да се направи, се прават планови и се проектираат насоки по кои треба да се движи и управува бизнисот во текот на следната година. за да му помогнеме на бизнисот подобро да се ориентира и постави кон настаните и случувањата кои ги носи новата 2016 година, капитал подготвува специјално издание деЛовна 2016, во кое ќе можете да прочитате многу интересни теми, анализи, колумни и интервјуа во кои луѓето кои се на чело на малите, средните и големи бизниси во македонија ги споделуваат своите очекувања и прогнози за следната 2016 година:
l Што очекуваат македонските бизнисмени кои се најголемите предизвици и потенцијали за 2016 година? l кои се фирмите и индустриите кои ќе го носат растот? l бизнис ПЛановите македонските бизнис Лидери l каква година очекуваат банкарите? l кои мерки треба итно да се донесат за да заживее бизнисот? l гЛавните трендови во маркетингот и рекЛамирањето во македонија? l бизнис Прогнози за регионот и светот? во рамки на изданието деЛовна 2016 ќе бидат објавени и резултатите од најновата анкета која магазинот капитал ја прави помеѓу бизнисмените, сопствениците и директорите на големите, средните и мали фирми во македонија за нивните очекувања, бизнис планови и деловните потезите кои планираат да ги реализираат во следната 2016 година. Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
пишува: Биљана Здравковска стојчевска
Партиски монополи Интересните спреги на триаголникот партија-држава-бизнис ги саботираат многу силно сите измени кои би можеле да го нарушат функционирањето на ова свето тројство кое веќе има пуштено корења во Македонија. А ако тоа не биде срушено, Македонија не може никогаш да стане нормална држава. Бидејќи во оваа спрега е вградена системска корупција која го блокира развојот на државата како на политички, така и на економски план. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska
p
Партиите почнаа со своето предизборно додворување на гласачите. Враќање на евтината струја, укинување на радиодифузната такса, уште поголеми субвенции од буџетот, бесплатни возења и бањи, ветувања за поправање на дупки по улиците...Какви не идеи за трошење на државните пари се со цел партиите да добијат повеќе гласови. Класична трговија со моќ и пари. Македонија е навистина интересен феномен. Има толку многу незадоволни од државата, а во исто време има толку големи очекувања од државата. На пример, голем е бројот на оние кои јавно зборуваат дека државата не треба да ни се меша во работата и во животот, а аплаудираат на тоа што државата конечно со закон ги натерала алчните газди да им плаќаат К-15 на работниците. Процесите на приватизација и транзиција кои требаше да ја сменат претходната структура на функционална заслепеност од државата, се чини сега се заглавени во партиската држава кој го блокира развојот и модернизацијата на државата. И понатаму се се сведува на размена на моќ, влијание и пари. Партијата и денес го има монополот во целиот државен систем, иако навидум постои партиски плурализам. Прикриените сојузи на политичките и бизнис елити и партиското владение над јавниот сектор оневозможуваат воспоставување на институционална контрола која би ја оневозможила оваа размена на пари за гласови, моќ за пари, која ни се случува пред очи и на која очигледно мнозинството граѓани веќе не ни реагира. Тоа им доаѓа како сосема нормална работа. Интересните спреги на триаголникот партија-држава-бизнис ги саботираат многу силно сите измени кои би можеле да го нарушат функционирањето на ова свето тројство кое веќе има пуштено корења во Македонија. А ако тоа не биде срушено, Македонија не може никогаш да стане нормална држава. Бидејќи во оваа спрега е вградена системска корупција која го блокира развојот на државата како на политички, така и на економски план. Притисоците за вработување во државните и буџетски служби во Македонија се уште се многу големи. Тоа е најсилниот индикатор колку економијата е силна. Во ситуација кога приватниот сектор би бил посилен и би отворал повеќе и
КапиталНО
За почеток е неопходна промена на изборниот модел и целосна јавност во финансирањето на партиите. Следејќи ги случувањата во регионот, прашање на време е кога политичките елити ќе добијат готови законски решенија и за овие прашања. Како што во изминатиов период добиваат готови законски решенија за се она што го бутаа под тепих со години наназад за да се одржи монополот на политичкиот клиентелизам во управување со државата. Процесот на демонтажа на системот на киднапирање на државата од страна на партиите е веќе почнат. подобро платени работни места, тогаш државата не би била толку интересен работодавач. И не би имала со што да тргува за гласови. Или поточно да корумпира гласачи ветувајќи им вработување во јавните служби. Оваа ситуација нема лесно да се промени. Веројатно и по изборите во април ќе бидеме сведоци како ми н и с те р с т в ата и д ржа в н ите институции се делат како партиски плен и со нив се управува како да се нивна партиска или приватна сопственост. Ова веќе не е ни монопол, туку заличува на феудализам. А кога партиските раководства ќе ги окупираат државните институции и функции, тука веќе настапува на сцена политизацијата која спречува тие институции да делуваат неутрално и со кои се оневозможува ефикасно делување на контролните институции. И ова е накратко рецептот по кој Македонија се однесе во овој ќорсокак во кој е денес. И за разлика од класичната партиска држава од поранешниот систем, чиј монопол на државата бил загарантиран со идеолошката легитимација, владејачките партии и коалиции кои досега ги имала Македонија не држат многу до своите политички идеологии, туку се насочени кон отворена картелизација во присвојувањето на јавните добра, институции и јавни служби. И овој
систем на интереси, како по правило секогаш се оправдува со потребата за единство околу државните и националните интереси, и од него, прилично парадоксално за повеќе партиски систем, се исклучува политичката конкуренција. Дуополот во владеењето Македонија се уште е на сила, но многу земји од регионот како на пример Грција, сега и Хрватска се соочуваат со распад на досегашниот систем на картелизација на политиката и државата од двете најголеми партии. Иако на многумина случувањата во Хрватска и Грција им наликуваат на хаос, конкуренцијата во политиката е веројатно првиот чекор кон воспоставување на нормална држава. Тоа мора да се случи и во Македонија. За почеток е неопходна промена на изборниот модел и целосна јавност во финансирањето на партиите. И прашање на време е кога политичките елити ќе добијат готови законски решенија и за овие прашања. Како што во изминатиов период добиваа готови законски решенија за се она што го бутаа под тепих со години наназад за да се одржи монополот на политичкиот клиентелизам во управување со државата. Процесот на демонтажа на системот на киднапирање на државата од страна на партиите е веќе почнат. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
26
Компании и пазари
нафтата е најевтина во последниве седум години, што на прв поглед е добро за производителите на метали и други суровини во светот, каде што таа е сериозна ставка на трошочната страна. но, падот на цената на нафтата и силниот долар, во комбинација со послабата побарувачка од најголемиот потрошувач на суровини на планетава, Кина, ги урна цените на суровините на рекордно ниски нивоа, а за 2016-та светските аналитичари не очекуваат некакво значајно закрепнување. Како во оваа депресија ќе се снајдат македонските производители на метали и руда?
з ниКолајчо ниКолов Бучим
асега не планираме отпуштања, направивме план за да ја преживееме 2016-та со овие цени на бакарот. но, ако продолжи падот на цените, ќе мора да направиме нова стратегија. ова е најтешката криза за рударската и металуршката индустрија од осамостојувањето на македонија досега. само во секторот рударство работат околу 540 компании што учествуваат со 18% во индустриското производство на земјава .
цените на суровините во амбис годинава
не се очеКува ниту подобра 2016:
маКедонсКите производители се спремаат за црни сценарија
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
27
н
ашата предност е што во текот на изминатите години многу инвестиравме во иновативни трошочно - ефективни технологии, што нé прави многу пофлексибилни и поотпорни на овие ценовни шокови во споредба со повеќето производители на никел кои се присилени да размислуваат за сценарија на затварање. очекувам 2016 година да биде КонстанИнос голем предизвик, особено во првите шест ДасКалаКИс месеци, но на ниво на компанија веќе имаме Фени Индустри превземено бројни потребни дејствија, а и други прилагодувања се во тек, со цел да го премостиме критичниот период.
пишува:
У Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Ужасна година за светските производители на суровини е оваа 2015-та што се ближи кон крајот. Но, дали ќе биде крај и на нивните маки? Цената на нафтата се спушти под 35 долари неделава, за првпат од февруари 2009 наваму. Нејзината просечна цена е под 55 долари годинава, речиси двојно пониска од лани, додека бакарот, железото и јагленот потонаа до нивоа блиски го историски најниските вредности. И другите индустриски метали како алуминиум, челик, никел, платина, паладиум, забележаа голем пад на цената. Големите светски нафтени и рударски компании почнаа да затвораат голем дел од производните капацитети и отпуштаат илјадници вработени. Само Anglo American, еден од најголемите светски производители на железо и други метали, најави кратење на 85.000 работни места. За тоа колку се поевтинети суровините годинава, сведочи и вредноста на Thomson Reuters/Core Commodity CRB индексот – кошничка од цените на 19 берзански суровини (од кафе, какао, шеќер, до алуминиум и никел) – кој што загуби 25% од вредноста од почетокот на годинава, а 60% од неговиот рекорд во јули 2008 година. Кина, која што троши 40% од светското производство на бакар ја намали побарувачката заради забавената економија, а го намали апетитот и за останатите суровини за кои што е огромен потрошувач (види график, н.з.). Оваа намалена побарувачка на Кина ја чувствуваат и македонските компании.
Б МИнчо ЈорДанов Макстил
азните индустриски гранки како металургијата, нудат иднина. ние сме единствена земја каде што оваа гранка е исфрлена од енергетскиот систем. секаде им се даваат бенефиции на овие масовни индустрии, а ние обратно: плаќаме најскап транспорт и енергија. оваа гранка мора да добие огромна поддршка во делот на инфраструктурата и енергетиката за да дојде, не во привилегирана, туку во нормална состојба.
ПаДот на ценИте на светсКИте сУровИнИ во 2015 енергенсИ
35% нафта
40%
Природен гас
25% Јаглен
МеталИ
45% Железо
30%
50%
30%
челик
Бакар
Платина
алуминиум
20%
40%
30%
10%
11%
цинк
олово
никел
Злато
ПрогноЗИ За ценИте на сУровИнИте во 2016
нафта
Јаглен
стагнацИЈа: просечна годишна цена
натаМошен ПаД: просечна годишна цена
$/Барел
$/тон
50-55
40-45
МеталИ
МИнИМален раст:
3-5%
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
28
Компании и пазари
зошто суровините потонаа со цените? Природен гас Нафта Паладиум Хидроенергија Платина Железо Олово Цинк Бакар Никел Алуминиум Јаглен
8% КинесКа потрошувачКа 15% на светсКите суровини 20% 25% 30% 44% 44% 45% 45% 46% 48%
ЕвЕ зошто кога кина “ќЕ сЕ накашла, сЕ разболува цЕл свЕт“
70% Извор: Business insider
The Economist: нафтата, доларот и Кина се главни “виновници“ за падот на цените на металите
в
о неодамнешниот извештај на Economist Intelligence Unit се прогнозира минимален раст на цените на суровините следната година. индексот на цени на девет клучни суровини според EIU ќе порасне за само 3,3% во 2016-та. и прогнозите на инвестициската банка Merrill Lynch не се нешто порозови. во нивната анализа за 2016-та се очекува просечен пораст на цените на суровините за 3,7%. за цената на нафтата прогнозираат дека ќе почне да закрепнува во втората половина на годината, со можност да достигне 55 долари за барел. основните метали ќе останат на ниско ценовно ниво, со тоа што златото ќе продолжи да се “мачи“ заради силниот долар и растот на каматните стапки. инаку, The Economist посочува три клучни фактори што влијаат врз падот на цените на суровините годинава: тонењето на цената на нафтата, апрецијацијата на доларот и напорите на Кина да ја транзитира својата економија од производство кон услуги. иако револуцијата на производството на нафта од шкрилци во сад донесе големи количини на нафта на светскиот пазар, саудиска арабија, најголемиот светски производител, не го намали своето производство. резултат – изобилство на нафта на светскиот пазар и следствено, намалување на цените. повеќето суровини се деноминирани во долари. но, вредноста на доларот порасна годинава, што направи да биде поскапо тргувањето со суровини во однос на локалните валути. Како резултат, пазарите во развој, кои што обично одржуваат конкурентни девизни курсеви во однос на доларот, беа погодени од неговата апрецијација. последица на тоа е намалување на светската побарувачка за суровини. и на крајот Кина. последниве две децении, големиот економски раст на земјата и бројните инфраструктурни и производни проекти одржуваа високо ниво на побарувачка за сите видови суровини. истовремено, суровините станаа инструмент за да се заобиколат контролите врз текот на капиталот, односно банкарските позајмувања, што ги наметнаа владите како последица од претходната финансиска криза. во оваа шема, трговците купуваа суровини на кредит користејќи банкарски заеми, и ги продаваа потоа за профит. оваа практика доведе до наплив на суровини во Кина. голем дел од овие залихи останаа неискористени, затоа што кинеската економија забави со стапките на раст. ова имаше домино ефект врз земјите производители на суровини, како Бразил, чија што економија влезе во рецесија овој квартал.
Бучим, рудникот за бакар чии што извоз во голема мера е зависен од кинескиот пазар, се има големи тешкотии и покрај високите производни резултати. “Во рудниците со посиромашна содржина на метал, како што се Бучим, Злетово и др., продажната цена стана помала од производната.“, изјави деновиве за Фактор директорот на Бучим, Николајчо Николов. Тој алармираше дека рударската и металуршката индустрија во земјава се соочуваат со една од најголемите кризи забележана од осамостојувањето. “Ова е поголема криза од онаа во 2008/2009 година, затоа што тогашната беше главно финансиска криза која за среќа траеше кратко време. Денешната криза е комплексна:политичка, економска, а со тоа и финансиска, како последица на нарушените односи на големите сили Америка, Европа, Русија и Кина“, смета Николов. Кина е голем потрошувач и на никел, речиси 50% од светското производство, а нејзината помала побарувачка во комбинација со други фактори, доведе до пад на цената на никелот за повеќе од 40% од почетокот на годинава. Во изминативе два месеци се соочуваме со најниски цени на никелот во последнава деценија, вели Константинос Даскалакис, главниот извршен директор на Фени индустри, производителот на никел од Кавадарци. “Меѓутоа никелот не е исклучок, сите берзански стоки бележат ценовен пад исто така, но уште поважно исто и горивата, јаглените и другите енергенси и суровини, и поврзаните индустрии, што всушност оди во прилог на металите, бидејќи тие го сочинуваат најголемиот дел од производната цена. Проблематично е што падот на цените на вториве не го следи во чекор падот на цените на металите, оттука загубите се неизбежни, но сепак во прашање е само време кога повторно ќе се воспостави еквилибриумот цена наспроти трошок.“, вели Даскалакис за Капитал. Бизнисменот Минчо Јорданов, претседател на Управниот одбор на челичарницата Макстил смета дека металургијата е неправедно запоставена од државните политики и покрај нејзиното големо значење за економијата. Сега, со ниските цени на металите на светските берзи, уште повеќе е доведен во прашање опстанокот на оваа гранка и затоа тој бара системска поддршка од државата. “Ние сме единствена земја каде што оваа гранка е исфрлена од енергетскиот систем. Секаде им се даваат бенефиции на овие масовни индустрии, а ние обратно: плаќаме најскап транспорт и енергија. Оваа гранка мора да добие огромна поддршка во делот на инфраструктурата и енергетиката за да дојде, не во привилегирана, туку во нормална состојба“, вели Јорданов.
не се очекува значаен раст на цените во 2016
Овој “слободен пад“ на цените на суровините наведува на тоа дека глобалната економија оди кон рецесија, но според некои
Криза: нисКите светсКи цени ги погодија домашните производители
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
30
Компании и пазари Ед ЈардЕни
Фатих Бирол
астот на средната класа во економиите во развој како Кина, Бразил и индија доведе до верување дека галопирачката побарувачка за суровини ќе трае со децении – и затоа се креираше т.н. супер-циклус на високи цени на суровините, од кој што сега тешко може да се излезе.
ените на нафтата би можеле да продолжат со падот и во 2016 година. не гледам што би направило притисок врз цената од страна на побарувачкатa. таа е сè послаба, а можеме да го очекуваме и иран да се врати на светскиот пазар, што значи ќе има многу нафта догодина.
аналитичар, Yardeni Research
претседател, Меѓународна енергетска асоцијација
р
аналитичари ова повеќе има врска со претерано проектираниот капацитет на производителите, одошто со економската “здравствена состојба“ на планетава. “Многу големи производни капацитети беа пуштени во погон заради очекувањата на константна голема побарувачка на суровини и овој пад што се случува годинава не е знак за катастрофа“, рече аналитичарот Ед Јардени на Глобалната конференција на Reuters одржана во Њујорк кон крајот на ноември. Тој додаде дека растот на средната класа во економиите во развој како Кина, Бразил и Индија доведе до верување дека галопирачката побарувачка за суровини ќе трае со децении – и затоа се креираше т.н. супер-циклус на високи цени на суровините, од кој што сега тешко може да се излезе. Клучното прашање за 2016-та е дали годинешново сивило што се надвило над секторот нафта и суровини е своевиден крај на маките или едноставно е префрлање на колосек што некои би го нарекле “нова нормалност“, што ќе значи години и години на преголема понуда и слаба побарувачка. Со други зборови дали цените го допреа дното или ќе останат ниски, па и уште пониски, за подолго време? Ако се прашува претседателот на
Меѓународната енергетска агенција (IEA), Фатих Бирол, цените на нафтата би можеле да продолжат со падот и во 2016 година. Тоа ќе им зададе тешкотии на државите што се трудат да стимулираат употреба на релативно скапата енергија од обновливи извори. “Не гледам што би направило притисок врз цената од страна на побарувачката“, рече Бирол за CNBC деновиве. “Таа е сè послаба, а можеме да го очекуваме и Иран да се врати на светскиот пазар, што значи ќе има многу нафта догодина“, додаде Бирол. Што се однесува до цените на металите, Констанинос Даскалакис од Фени индустри, се согласува дека “од денешна песпектива јасно е дека се создаде ценовен балон врз база на нереални проекции за раст на глобално ниво што не се остварија“. “Но, сето тоа резултираше во вишок на понуда, така што сега пазарот се движи кон друга крајност што налага ребаланс на соодносот цена - трошок, како и на соодносот понуда и побарувачка, што значи неопходно е намалување на производството, кое што производителите нерадо го прават, но е неизбежно. Поради ова не очекувам дека цените ќе ги достигнат нивоата што ги имаа во изминатите три-четири години, туку очекувам воспоставување на нов пазарен
Ц
баланс кој ќе значи пониски цени и трошоци, а на крај ќе резултира во економско заздравување кое што ни е потребно. Исто така треба да се земе предвид тоа што американскиот долар е прилично силен, што повторно оди во прилог на бизнисите и на целокупниот процес на заздравување“, вели Даскалакис. Сепак, истакнува тој, бидејќи времето е клучниот збор во оваа равенка, во меѓувреме опстанокот налага сериозно кратење на трошоците на производство и воведувае на иновативно трошочно ефективни технологии. “Нашата предност е што во текот на изминатите години остваривме значајни инвестиции во такви технологии, така што сега припаѓаме во групата на “low cost“ односно производители со низок трошок, што нé прави многу пофлексибилни и поотпорни на овие ценовни шокови во споредба со повеќето производители на никел кои се присилени да размислуваат за сценарија на затворање. Очекувам 2016 година да биде голем предизвик, особено во првите шест месеци, но на ниво на компанија веќе имаме превземено бројни потребни дејствија, а и други прилагодувања се во тек, со цел да го премостиме критичниот период.“, вели Даскалакис. nnn
прогноза: наФтата и мЕталитЕ нЕма многу да посКапат во 2016
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
32
Компании и пазари
7
милијарди долари е вкупната вредност на производите кои ги извезува турција кон русија
20-30% се паднати цените на зеленчукот и овошјето во турција после воведувањето на руското ембарго
314
милиони долари увезува македонија од турција
русКо -турсКата еКономсКа војна ги руши цените на турсКите производи
дали русКото ембарго ќе ги преплави маКедонија и балКанот со евтини турсКи производи? доколку продолжи руско- турската економска војна, зголемен увоз на турски производи по намалени цени може да се очекува и во македонија. најголем притисок се очекува во делот на овошјето и зеленчукот, засегнат ќе биде и текстилот и другите останатите сектори од трговската соработка со турција. засега цените на турските производи кои се извезуваат во русија се намалени за 20-30%, но ако блокадата продолжи може да се очекува тие да се намалат и до 50%
надеж: арапсКите пазари КаКо супституци
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
33 dejan.azeski@kapital.mk
Рускиот премиер Дмитриј Медведев пред десетина дена го потпиша декретот со кој се забранува увоз на храна и секакви други производи од Турција. Економското ембарго доаѓа како одговор на тоа што турските воени авиони минатиот месец го урнаа рускиот авион „су24“ на територија на Сирија. По руското економско ембарго, турските производители на овошје и зеленчук веќе бележат сериозни загуби, а санкциите предизвикаа значителен пад на цените на домашниот пазар. „Оваа сезона беше одлична за производителите на овошје и зеленчук, но потоа дојде кризата. За само два-три дена цените паднаа за 20% до 30%”, изјави претседателот на турската Федерација на трговци со овошје и зеленчук Бурхан Ер за агенцијата Доган. Тој како пример наведува дека цената на мандарината и доматот на домашниот пазар паднала за третина и додава дека во случај на продолжение на кризата во односите со Русија, се очекува пад на цената и до 50%
Што се турција извезува за русија?
ија со руските
Првиот научно-технолошки парк на Балканот (Technology+Innovation Network, T+IN) ги отвори вратите на 11 декември во Софија, Бугарија. Како стратешки проект на бугарската држава и Европската унија, T+IN е место каде што науката, образованието и бизнисот си подаваат рака, за да ги остварат и развијат своите проекти. Масивниот центар е изграден на поранешен воен терен, со површина од 250 000 метри квадратни. Тој опфаќа: - Инкубатор за стартап и spin-off компании кои ќе работат под еден покрив со акселераторски и venture capital фондови. - Лабораториски комплекс со 11 лаборатории во трите фокусни области на научно-технолошкиот парк: Информациски и комуникациски технологии (ИКТ), Наука за живи организми и Чиста енергија. - Иновациски форум – место за состаноци и размена на знаења, искуство и идеи. - Експериментариум или интерактивен научен центар кој е отворен за надворешни посетители вклучувајќи и деца. Тоа е место, кадешто учиш преку игра, а додека се забавуваш, откриваш нови хоризонти за развој. Функционалните елементи на T+IN се лоцирани меѓу опширен парк со водена површина, алеи за прошетка и џогирање, клупи со уреди за полнење, репрезентативни површини. Целата територија на комплексот е потчинета на идејата за синергија и таа обезбедува погодности за состаноци, работа и отворени настани, тестирање на прототипи, презентирање на нови технологии и пронајдоци. Во програмата на T+IN се вклучени и повеќе форуми со авторитетно меѓународно учество. „T+IN ќе биде средиште за претприемачи, научници, иновативни умови од Бугарија и регионот. Очекуваме оваа интеракција да роди нови технологии и иновативни компании, кои ќе бидат конкурентни на светските пазари“, вели извршниот директор г-ѓа Елица Панајотова. T+IN веќе има партнерства со водечки академски институции, како и со бизнис кластери и невладини организации. Во иновативната мрежа ќе се вклучат и експерти од двата акселераторски фондови кои од 2012 г. работат на бугарскиот пазар - Eleven и LAUNCHub. Создавањето на првиот научно-технолошки парк во Бугарија, е финансирано од Оперативната програма „Развој на конкурентноста на бугарската економија“ 2007–2013 г. T+IN е отворен за заеднички регионални проекти и нови партнерства со истражувачки центри и компании од целиот регион, кои би биле од корист за сите.
Повелете на адресата на иновациите! http://sofiatech.bg/ ИНВЕСТИРАМЕ ВО ВАШАТА ИДНИНА ЕВРОПСКА УНИЈА ЕВРОПСКИ ФОНД ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ
НАЦИОНАЛНА СТРАТЕШКА РЕФЕРЕНТНА РАМКА 2007 – 2013
КУ
Н
Со вкупна трговска размена од 442 милиони долари Турција е осми трговски партнер на Македонија, со учество од 3,6% во вкупната размена во 2014 година. Како што стојат сега работите, трговски дефицит на наша страна сега изнесува 242,8 милиони долари. Вредноста на увозот од Турција изнесува 314,5 милиони долари, а на македонскиот извоз само 71,7 милиони долари. Според официјалните податоци Македонија од Турција најмногу увезува: предива и други ткаенини од памук 33,1 милиони долари, прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) 14 милиони долари, електрична опрема и бела техника 12,9 милиони долари, моторни возила за превоз на лица и стока 7,3 милиони долари, руди од никел 7,3 милиони
Првиот научно-технолошки парк на Балканот ги отвори вратите во Бугарија
КО
Веќе познато е дека Русија е најголемиот пазар за широк асортиман на турското овошје, зеленчук,облека и кожа. Но, ако се знае дека Турција е 17 светска економија по обем која креира 820 милијарди долари бруто домашен производ, од кои 163 милијарди од извоз, тогаш повеќе од јасно е дека лепезата на производи кои се погодени од оваа криза е многу, многу поширока. Глобалните статистики кажуваат дека Турција е најголем светски производител на лешници, црешни, смокви, кајсии, дуњи, портокали. Исто така втор најголем производител на лубеници, краставици и леблебии, а трет најголем производител на домати
како ќе биде погодена македонската трговија со турција ?
долари, лекови и козметика 5,6 милиони долари, жици од рафиниран бакар 5,4 милиони долари, портланд цемент 3,4 милиони долари и друго. Како што може да се забележи голем дел од овие производи се поклопуваат со оние кои Турција ги извезува на рускиот пазар. Тоа значи дека во моментов нивните берзански цени се значително опаднати што природно би требало да значи дека и на македонскиот пазар ќе почнат да пристигаат по намалени цени. „Ембаргата во принцип се рај за шпекулантите кои овој момент долго го чекаат за максимално да ги урнат откупните цени“, вели Киро Шошев, директор на земјоделскиот комбинат Душан Ќириќ и еден од најголемите трговци со земјоделски производи.
А
дејан азески
и пиперки. Турција најмногу извезува храна, текстил, метални мануфактурни производи и транспортна опрема. Конкретно Русија е шести најголем извозен пазар за Турција каде оди 4,4% од извозот на нејзините производи. Пред Русија на листата најголеми извозни партнери се само Германи (8,6% од извозот), Ирак (8,6%), Иран (6,5%) и Обединетото Кралство (5,7%). Иако ембаргото на увоз на овошје и зеленчук во Русија од Турција официјално ќе стапи на сила на 1 јануари, турските превозници уште од сега се жалат дека имаат проблеми со цариниците на влезот во Русија. „Извезуваме голема количина овошје и зеленчук во Русија. Со последните одлуки на Русија, цариниците не дозволуваат робата да влезе во земјата и ги запираат превозниците. Не делува дека проблемот наскоро ќе биде решен”, вели претседателот на индустриската и трговската комора на регијата Мугла во југозападна Турција, Булент Каракуш. Претставникот на производители на овошје и зелечнук, Атабеј Акгун рекол дека регионалната индустрија дневно губи околу 350 илјади долари и додал дека од почетокот на кризата околу 30 камиони секој ден ја возат робата од Турција кон Русија, но дека запирањето на границата со Русија предизвикало голем губиток. Сепак статистички гледано треба да се напомене и дека штетата од ваквото ембарго веројатно ќе е поголема за Русија, ако се знае дека тоа е земјата од каде Турција најмногу увезува производи или учествува со 11,3% од вкупниот турски увоз вреден 228 милијарди долари.
ИЈ
р пишува:
РЕН
Т Н А БУ
Р ГА
Овој документ е создаден со финансиската поддршка на Оперативна програма „Развој на конкурентноста на бугарската економија“ 2007 – 2013, кофинансирана од Европската унија преку Европскиот фонд за регионален развој. Целата одговорност за содржината на документот ја носи Софија Тех Парк АД, во својството на корисник на проект BG161PO003-1.2.05-0001-C001 „Создавање на научно-технолошки парк“ и во никакви околности не може да се претпостави, дека овој документ го одразува официјалниот став на Европската унија или на Министерството за економија.
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
34
Компании и пазари
о
бурхан ер
претседател на Федерација на трговци со овошје и зеленчук на Турција
ваа сезона беше одлична за производителите на овошје и зеленчук, но потоа дојде кризата. за само два-три дена цените паднаа за 20% до 30%. Цената на мандарината и доматот на домашниот пазар падна за третина и во случај на продолжение на кризата во односите со русија, се очекува пад на цената и до 50%.
од ситуацијата може и да се искористи
п
риродно и очекувано има и такви земји кои ваквата ситуација гледаат да ја искористат на максимално можен начин. на пример египетските власти веќе побарале од руските власти да им го достават списокот со увозни стоки, кои се забранети или се ограничени за увоз од Турција, за да ги замени со египетски стоки, соопшти во неделата министерството за трговија на египет. „египет е заинтересиран да ги задоволи потребите на рускиот пазар на стоки, особено на оние кои доаѓаат од Турција, по одлуката на русија да го ограничи турскиот увоз на рускиот пазар на овошје и зеленчук до 66 отсто, како и на пазарот на облека и кожа“, се наведува во соопштението на египетското министерство. македонија за жал се уште нема потпишано договор за слободна трговија со русија и нашите производи на рускиот пазар се оданочуваат двојно. Според него, многу понеопасна е фактичката состојба од она што го прават и што ќе го прават моќните трговци на меѓународниот пазар. „Јас ви гарантирам дека најголем дел од турските производи кои биле наменети за рускиот пазар ќе бидат испорачани таму и покрај санкциите. Веројатно ќе се користат белоруски, казахстански и слични трговци за да се направи реекспортот, но крајниот потрошувач во Русија ќе ги добие турските
о
Киро ШоШев
сопственик на земјоделскиот комбинат Душан Ќириќ
ние производи кои веќе се увезуваат во македонија може да почнат да доаѓаат со дисконт. Тоа ќе значи притисок и за домашните производители и за нас откупците. не верувам дека ќе се појави вишок на производи на нашиот пазар, туку намалување на цените поради фактот дека турските производи сега ќе доаѓаат по пониски цени.
производи. Е сега големите трговци ќе ја искористат оваа можност за да направат екстра профит откупувајќи од Турција по најниски можни цени“, вели Шошев. Според него, Македонија може да биде засегната само во поглед на цената на производите кои веќе биле наменети за извоз на нашиот пазар. „Бидејќи кажавме дека вишок најверојатно нема да се створи, а цените можно е да паднат, оние производи кои веќе се увезуваат во Македонија може да почнат да доаѓаат со дисконт. Тоа ќе значи притисок и за домашните производители и за нас откупците. Не верувам дека ќе се појави вишок на производи на нашиот пазар туку намалување на цените поради фактот дека турските производи кои досега доаѓале по полни цени сега ќе доаѓаат по пониски“, објаснува Шошев. За да ја провериме ситуацијата до крај контактиравме и еден негов колега од струмичкиот регион кој уште попластично ни ја објасни ситуацијата. „Прво треба да се знае дека Македонија како држава е многу мал играч во целиот случај. Се согласувам дека цените би можеле да паднат, но не толку драстично бидејќи сепак и во Турција има некој лимит под кој не може да се продава. Се зависи од тоа колку ќе трае целава компликација од економски аспект и колку брзо турските производители ќе најдат алтернатива за рускиот пазар. Засега во зимскиот период не е проблем нивните производи да се складираат и по неколку месеци, но ако кризата се одолговлечи и напролет, а во меѓувреме Турција не најде алтернативни пазари или евентуално бајпас за извоз во Русија, тогаш навистина ќе имаме наплив на поевтини производи не само на нашиот пазар, туку и на пазарите во половина Европа“, вели нашиот соговорник од Струмица.Најголем оптимист од сите контактирани страни е бизнисменот и Конзулот на Турција во Македонија, Ајдован Адемовски е оптимист кој од руското економско ембарго кон Турција
а
лтернативен пазар за турските производи кои се извезуваа кон русија веќе е најден. Катар и саудиска арабија купуваат буквално се што може да се произведе. ајдован Тоа значи дека адемовсКи трговијата помеѓу конзул на Република Турција во Македонија македонија и Турција ќе остане на исто ниво како и досега, по слични цени кои ќе варираат нормално како и секоја година.
руско-турскиот конфликт нема лесно да се реши
а
ко се суди според последните информации од теренот, руско турските односи нема за брзо да се опорават. минатата недела рускиот воен брод „сметлив“ употребил оружје за да избегне судир со турски брод кој се приближил на 600 метри и не одговарал на предупредувањата. во меѓувреме русија и постави три главни услови кои Турција треба да ги исполни за односите меѓу двете земји да се вратат во нормала. првиот услов е Турција да се извини за соборувањето на рускиот авион су-24 во кој загина руски воен пилот. исто така, се очекува турските власти да ги најдат и да ги казнат одговорните за инцидентот, како и да и платат надомест на штетата на русија. следејќи ја реториката на официјалните турски власти засега малку веројатно е да се очекува дека воопшто има простор за исполнување на овие услови. не очекува никакви посериозни претумбации на пазарот. „Алтернативен пазар за турските производи кои се извезуваа кон Русија веќе е најден. Катар и Саудиска Арабија купуваат буквално се што може да се произведе. Тоа значи дека трговијата помеѓу Македонија и Турција ќе остане на исто ниво како и досега по слични цени кои ќе варираат нормално како и секоја година“. nnn
Цени во ТурЦија: паѓааТ без да се знае Каде е дноТо
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
МЛЕчНА ИНдуСтРИЈА
29 јануари
2016
маКедонсКиот “млечен Пат“ бизнисот со млеко и млечни производи предизвикува прилично контроверзии во домашната јавност изминативе години: субвенциите во млекопроизводството растеа, а резултатот е сè помало производство и поголем увоз. во специјалниот прилог “млечна индустрија“ што ќе излезе на 29 јануари, ќе анализираме каква ќе биде 2016 година за овој бизнис сектор и што треба да се направи за поголемо производство и извоз на млечни преработки. во прилогот ќе може да прочитате:
l анализа на Пазарот: КолКу млеКо се произведува во маКедонија, КолКу се преработува, а КолКу се увезува? l КаКва стратегија имаат домашните КомПании за “борба“ Против огромната странсКа КонКуренција... l КаКви се Прогнозите и Плановите на бизнисмените од млечната индустрија за 2016 година l Кој е Кој во млечната индустрија: најголеми играчи на пазарот l КолКав е извозот на млечни Производи и Кои Пазари се најголема шанса за домашните Производители Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРдАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
36
Бизнис и наука
19. сесија на клуБот на истражувачите При нБрм
Што да очекуваме кај Понудата на кредити во македонија, а Што од Поврзување на транзициските економии со еврозоната?
јадрото на еврозоната нема силни магнетни својства за конвергенција на шоковите во периферните и транзициски економии и шоковите на понудата на кредити немаат ефект врз нивото на кредити и каматните стапки, како и врз економската активност и цените се двата главни заклучоци од 19 сесија на клубот на истражувачи при нБрм.
П пишува:
дејан азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Понудата на кредити во Македонија: Естимација на структурен ВАР со ограничувања на знаците преку Бајесов метод и „Поврзување на периферните вагони кон локомотивата на јадрото на евро зоната: Невозможна мисија?“, ова беа двете теми кои се презентираа на последната (19 та) сесија на Клубот на истражувачи која се одржа минатиот четврток. „Јадрото на Евро зоната нема силни магнетни својства за конвергенција на шоковите во периферните и транзициски економии“. Ова е главниот заклучок на презентираниот труд на авторите Игор
Величковски, (директор на Дирекција за платни системи во Народна банка на Република Македонија, Александар Стојков, вонреден професор на Правен факултет “Јустинијан први” и Ивана Рајковиќ, аналитичар во Дирекција за финансиска стабилност во Народна банка на Србија. Според нивното сублимирано резиме, должничката криза во Европа, пропратена со економска стагнација и дивергентни одговори од страна на носителите на политиките, го отвори прашањето за одржливоста на евро зоната како монетарна унија од аспект на разликите помеѓу земјите од јадрото и периферијата. Во тој контекст, резултатите од истражувањето на овие тројца автори сугерираат дека јадрото на еврозоната нема доволно силни “магнетни” својства во однос на конвергенцијата на шоковите кај периферните и транзициските економии. Според нив, поврзувањето на периферните вагони кон локомотивата на јадрото на евро зоната може да се претвори во невозможна мисија.
Шоковите на понудата на кредити немаат ефект врз нивото на кредити и каматните стапки
Понудата на кредити во Македонија: Естимација на структурен ВАР со ограничувања на знаците преку Бајесов метод беше
второто истражување презентирано на последната сесија од авторите Рилинд Кабаши и Катерина Сулева. Овој труд ги анализира ефектите на шоковите на понудата на кредити, како и на шоковите на агрегатната побарувачка, агрегатната понуда и на монетарната политика меѓу 1998 и 2014. „Главните резултати, анализирани преку одговори на импулсите (impulse responses), укажуваат дека шоковите на понудата на кредити немаат ефект врз нивото на кредити и каматните стапки, како и врз економската активност и цените. Mонетарната политика има одредени ефекти врз кредитната активност, иако тие се релативно ограничени, при што дополнителните анализи укажуваат дека монетарната политика влијае врз активните каматни стапки повеќе отколку врз износите на кредити“, велат авторите на ова истражување. Според нив, шоковите на монетарната политика имаат силни ефекти врз инфлацијата, што укажува на тоа дека Централната банка е ефикасна во исполнувањето на основната цел. Останатите резултатите од Истражување укажуваат дека кредитната активност го поддржувала економскиот раст пред и за време на кризата, додека во посткризниот период ефектите се обратни. nnn
Mонетарната Политика: одредени ограничени ефекти врз кредитната активност
Капитал број 842 18.12.2015
profile 38 profile
www.kapital.mk
бРоjки:
70
милиони евра вреди компанијата на Римац
8
електрични автомобили произведува Римац годишно
900
илјади евра чинат 8-те негови автомобили
Мате РиМац Меѓу 28-те највлијателни луѓе во евРопа
евРопскиот илон Маск
угледниот европски портал “Politico.eu” ги избра највлијателните личности во европа за оваа година. таму, се најде и Хрватот Мате Римац кој овој магазин го нарекува „европскиот илон Маск“. Младиот претприемач почна буквално од неговата гаража пред пет-шест години, а денес има технолошка фирма која не само што успеа да развие супер брз електричен автомобил, туку нуди и други високо технолошки решенија и услуги за кои се тепаат да вложат пари многу светски инвеститори. неговата претприемачка приказна е навистина импресивна.
РиМац: се надеваМ дека светот ќе се обедини и
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
39
profile
Х
Хрватот Мате Римац, човекот кој го измисли најбрзиот електричен автомобил на светот Concept One и кој важи за тврдоглав хрватски претприемач, кој без разлика на одличните понуди да го пресели својот развој во странство, тоа редовно го одбива, е еден од највлијателните 28 луѓе во Европа денес, пишува европскиот портал “Politico. eu”. Римац се најде на листата меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговите реформи, генијалниот чешки математичар Карл Јанечек, кој ја создаде Demokracia 2.1, и холанѓанската принцеза Мабел од Orange – Nassau, заслужна што ООН донесе одлука да ги забрани браковите меѓу децата до 2030 година, пишува Politico.eu. Станува збор за медиум зад кој стои американскиот политички медиум Politico и еден од најголемите европски издавачи Аксел Спрингер. Токму овој портал, го опиша Римац како европскиот пандан на американскиот Илон Маск. „Едно е да се работи со диструптивна иновација (иновација што прави турбуленција на пазарот) во автомобилската индустрија со користење на електричен погон, ако сте Илон Маск, мултимилјардер
Што СпоРед Римац нè очекува во иднина?
в
о иднина нема да поседуваме сопствени автомобили, оти овој ресурс во поголем дел од времето е неискористен, а сообраќајната гужва во светските метрополи не дава други опции освен развој на автономни електрични возила кои ќе ги употребуваме по потреба, тврди Римац. од Силиконската долина со влијателни врски на светскиот пазар со брилијантни дизајнери и научници. Но што ако сте од Хрватска, мала европска држава со ограничено педигре во индустријата?“, пишува Politico.eu опишувајќи зошто Римац се најде меѓу избраните. Во текстот се додава дека многумина сметаат дека Римац бил луд кога на негова 27 годишна возраст, зборуваше дека во Хрватска сака да го произведува најбрзиот електричен автомобил на светот. Но денес, пишува порталот, истите тие луѓе стојат во ред со цел да соработуваат со него. Politico додава дека визијата на Римац, неговата упорност и резултати кои ги има постигнато со производството на супербрзиот автомобил, кој, пак, според карактеристиките ги надминува Bugatti, Maclaren и Lamborghini ги заинтригира автомобилските индустрии насекаде низ светот. Уште повеќе, Римац стана симбол на хрватската старт - ап сцена, пишува овој портал. Римац за Politico изјави дека инспирацијата ја наоѓа во Никола Тесла, и дека освен што е Хрват, тој се чувствува и како граѓанин на светот.
тој додава дека денес речиси сите ние имаме автомобил, а малку ги користиме. тогаш кога возењето автомобил ќе стане автономно, автомобилите ќе станат подобро искористени, оти сите ќе можеме да ја користиме таа технологија, истакнува Римац. „Се надевам на иднина во која светот ќе биде едно нешто и во кој националноста ќе стане минато“, вели Римац. Според она што го пишува порталот Politico, критериумите при изборот, биле не со цел да се изберат луѓе исклучиво по влијателни позиции, оти така ќе требало да направат листа од најпопуларните луѓе во Унијата, туку листа од оние кои се влијателни во областа во која работат. Оттука, сосема во ред е да се заклучи дека во Европа највлијателен во автомобилската индустрија денес е Мате Римац. „На луѓето им поставивме прашање кој најмногу им влегува во око во секоја од 28-те земји членки, од Австрија до Велика Британија“, вели извршниот уредник на европското издание на Politicо, Метју Камински. Признанието на Римац доаѓа неколку дена откако Google на листата 100 најголеми иноватори во средна и источна Европа стави четири Хрвати: Матеј Копач, Јана Јилек, Валент Турковиќ и Мирослав Вракич. По изборот, Римац веќе при крајот на јануари, повикан е да зборува на светски реномираниот Stanford University.
дека националноСта ќе Стане минато!
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
40
profile
Големиот сон стана јаве
Мате Римац уште во 2012 година се најде на листата човек на годината на Forbes, заради глобалниот познат стартап кој го произведе најбрзиот електричен автомобил со импресивни перформанси: брзина до 100 километри на час постигнува за 2,8 секунди, а може да вози со брзина од 300 километри на час. Кога во 2011 година на Франкфуртскиот саем за автомобили го откри она на што работеше во својата гаража, својот електричен автомобил Concept One, сите ги остави без здив, но многумина не веруваа дека тој може да ја стави Хрватска на листата на производители на автомобили. Но, тој не застана и упорно го развиваше својот стартап. Минатата година младиот претприемач Римац со неговата фирма успеа да собере 10 милиони евра капитал, до крајот на годинава планира да вработува вкупно 160 луѓе, а најави и дека е во преговори со инвеститори да отвори свој погон за производство на автомобили. “Ми беше многу тешко додека стигнав до првата инвестиција. Сега сме во ситуација кога можеме да бираме бидејќи инвеститорите не натрупуваат со понуди”, вели 27 годишниот Мате Римац. Според него, оваа 2015 година почнуваат да ги берат плодовите на сето она што досега го работеле. “Производството на нашиот автомобил веќе тргна и се подготвуваме за поголеми серии, но имаме и големи проекти за други компании, на кои им развиваме автомобили, батерии...Овие businessto-business проекти се навистина многу комплексни, па нашите работници кои се ангажирани на проекти за други компании не можат истовремено да работат и на нашите сопствени проекти. Затоа мораме да се шириме”, објаснува Римац. Неговата визија е до 2020 година да вработува 1.000 луѓе. Тој оптимистично најавува дека инвестициите во неговата фирма од 2014 година до 2016 година ќе достигнат вкупно 20 милиони евра. Оваа година почна и со масовно вработувања, а веќе истражува каде ќе биде најпогодно да изгради нова фабрика. За ова ширење најверојатно ќе аплицира за бесповратни пари од фондовите на ЕУ, а веќе бара и користи пари од европската програма за иновативни компании Хоризон 2020 за понатамошен развој на батерии. Годинава Римац очекува приходи од 6 милиони евра, што е огромен раст од приходите од еден милион евра кој ги остварил изминатата 2014 година. Но, тоа изгледа само како загревање, барем според неговите амбициозни планови. До 2017 година, вели Римац, ќе има значителни приходи кои ќе се мерат во десетици милиони евра, а до 2020 година и во стотици милиони евра. Кон тоа е целосно насочен и делува прилично сигурен и самоуверен, сметајќи притоа на заработката од планираните нови модели
Римац: сакам со конкуренцијата заедно да растеме, а не да војуваме
Н
ие сме секогаш отворени, нашите конкуренти, купувачи и сите останати, можат да поминат низ целата компанија со фотоапарат. сакаме оваа индустрија да расте и сите заедно да растеме, а не да сме сите едни против други. ова го вели Римац прашан што мисли за конкуренцијата.
На иНоватоРите им НеДостасува смисла за Реализација На пРоектите
Г
лавен проблем со иновациите е тоа што на иноваторите им недостасува смисла за реализација на проектите, вели Римац. „треба се повеќе да се фокусираме на реализација. Додека јас одев на суперавтомобили. “Моментално го произведуваме само Concept One, а следниот hypercar, кој ќе биде во истата ценовна категорија е веќе наголемо во развој. Планираме да го претставиме во 2016 година во Женева на Саемот за автомобили. За новиот автомобил се уште немаме ништо објавено, само можам да кажам дека ќе се произведува во поголема серија, од 15 до 20 автомобили. Потоа планот е следниот модел да го произведуваме во 60 до 80 примероци, а четвртиот модел во околу 300 примероци, со тоа што цените ќе паѓаат надолу. Но, тоа и понатаму нема да биде автомобил за просечниот купувач. Тоа ќе биде автомобил во класата на Ferrari, а цената ќе се спушта на околу 300 илјада евра по автомобил.
на натпревари една жена донесе салата од грашок и за тоа доби награда за иновација. треба повеќе да се фокусираме на стартапи, на комерцијализација, значи не на идеи, туку на комерцијализација на производот“, тврди тој. Сите три модели на автомобили треба да бидат развиени до 2020 година”, најавува Римац, што практично значи дека ќе има фабрика и ќе ја впише Хрватска на глобалната карта на производители на автомобили. Но, тие по дефиниција се вистински стартап. Кој сега е под притисок на големиот раст и кој заради тоа мора да гради структури и процеси на зрела компанија. Римац секако има причини да биде задоволен. Колку е реален останува да се види. Бидејќи во автоиндустријата нема баш многу фирми како неговата, а во последните 30 години во оваа бранша се основаа само три слични фирми: италијанскиот Pagani, шведскиот Koenigsegg и американскиот Tesla. nnn
Римац: До 2020 ќе вРаботувам илјаДа луѓе
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
42
interview
бајбарс Алтунаш е претседател на Асоцијацијата на мрежи на бизнис ангели на турција (TBAA) и потпретседател на европската мрежа на бизнис ангели (EBAN). тој изминатата недела беше во Хрватска како гостин на стартап конференцијата Pioneers of the Balkans. го пренесуваме неговото интервју за хрватскиот весник пословни дневник, во кое тој зборува за растечкиот стартап екосистем во турција и за начините на кои оваа земја се наметнува како водечки регионален центар со најдобри услови за стартап и иновативни компании.
А
Алтунаш е во Турција вистинска инвестициска ТВ ѕвезда, ангел инвеститор и ментор а многу претприемачи и бизнисмени. Тој е единствен претприемач кој американскиот претседател Барак Обама го повикал на приватен разговор за време на Глобалниот самит за претприемништвото во Белата куќа. Добитник е на наградата на EBAN за најдобар промотор на претприемништвото во светот во 2014 година и 2015 година, и прогласен е за амбасадор на Глобалниот самит за претприемништво за Југоисточна Европа. XX не сте амбасадор за претприемништво за балканот, туку за цела југоисточна европа?
бАјбАрс АлтунАш
претседател на Асоцијацијата на мрежи на бизнис ангели на Турција
истАнбул е нАјдобАр екосистем зА регионАлните стАртАпи зарем и во турција не го сакате зборот балкан исто како што не го сакаат во Хрватска? Да, ниту ние во Турција овој регион не го викаме Балкан, туку Југоисточна Европа. Мотивите за тоа се нешто поинакви од вашите. Замислете секој ден на телевизија да гледате временска прогноза каде водителката ви вели : “Снегот ноќеска ќе дојде од Балканот”. Или “Убавото време во Истанбул во изминатите неколку дена утре ќе го замени студен и влажен бран кој
доаѓа од Балканот”. После 40 години такви прогнози, кои би го сакал зборот Балкан? XX сепак не бегате од регионот, туку се обидувате да се наметнете како лидери. зошто? Како иницијатор на вториот Глобален самит за претприемништво, кој се одржа во Истанбул благодарејќи на мојата молба до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој го повика американскиот претседател Барак Обама овој Самит почнат од Белата куќа да го пренесе на
АлтунАш: Во турцијА имА поВеќе од 750 бизнис Ангели
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
43 остатокот од светот, забележав дека има многу гости од Црна Гора, Србија и Грција останаа изненадени од големината на екосистемот во Истанбул. Можеби го очекував тоа од гостите од некои подалечни земји, но тоа само покажа колку малку знаеме за локалните екосистеми во регионот. XX Каков е стартап екосистемот на Турција? Истанбул е најблизок егзит за регионалните стартапи. Мислам дека претприемачите во регионот не се ни свесни дека се на источниот раб на овој регион се наоѓа град со големина колку Лондон. Во Истанбул се наоѓа најголемиот технолошки парк во регионот кој се простира на 24,5 илјади метри квадратни, во две згради, а неодамна е најавена изградба и на третата зграда. Во него државата има вложено 50 милиони долари. Во него моментално работат 160 истражувачки фирми, во кои има повеќе од пет илјади вработени. Турција има една од најголемите мрежи на бизнис ангели, исклучително добри услови за инвестирање, а многу полесно им е на претприемачите од регионот да дојдат до Истанбул, отколку до Лондон, Сингапур или Силиконската долина.
Турција има голем внатрешен пазар од околу 77,7 милиони луѓе. Потоа повеќе од 750 бизнис ангели, голем број на венчр фондови, а од лани и приватен пазар во рамки на Истанбулската берза на кој стартапите можат да бараат капитал и да се подготвуваат за ИПО (почетна јавна емисија на акции). XX Колку е голема турската мрежа на бизнис ангели? Ние немаме само една бизнис мрежа. Јас ја раководам Асоцијацијата на бизнис ангели TBAA, која се состои од 15 мрежи на бизнис ангели. Секоја од тие мрежи има по барем 50 членови и активни инвеститор. Вкупно има повеќе од 750 бизнис ангели во Турција. Сега ги шириме своите активности во регионот. Прво бевме во Албанија, Косово
и Македонија. Кон крајот на февруари во Хрватска ќе донесам околу десетина бизнис ангели од Турција, директорот на технолошкиот парк во Истанбул и директорот за стартапи на Истанбулската берза. Сакаме да разговараме и, се надеваме, да инвестираме во пет најдобри стартапи во Хрватска. Подготовките за тоа се веќе во тек. Во Хрватска веќе договоривме соработка со хрватската мрежа на бизнис ангели. XX По што е посебен стартап екосистемот на Турција? Турција има голем внатрешен пазар од околу 77,7 милиони луѓе. Потоа повеќе од 750 бизнис ангели, голем број на венчр фондови, а од лани и приватен пазар во рамки на Истанбулската берза на кој стартапите можат да бараат капитал и да се подготвуваат за ИПО (почетна јавна емисија на акции). XX Дали тоа значи дека Турција има еден вид берза за стартапи? Дали е тоа нешто слично како Seeders, кој нуди crowd investing? Тој пазар кој функционира како дел од Истанбулската берза е замислен како вбризгувач на ликвидност во стартап заедицата. Таму може да се котираат турски, но и хрватски стартапи и да собираат
4
Œň
ĵĶĤıĥĩı ĮĴĩĨĬĶ
ŎńŐńŖőń ŕŖńœŎń
ĸĬĮĵıĤ ĮĤİĤĶıĤ ĵĶĤijĮĤ īĤ ijĴĦĬĶĩ ħIJĨĬıĬ ĤĨİĬıĬĵĶĴĤĶĬĦĩı ĶĴIJļIJĮ ijĴIJİIJĶĬĦĩı ijĩĴĬIJĨ ĨIJ Ň
ĮńŐńŖőńŖń ŕŖńœŎń ʼn ŘŌŎŕőń ŋń œŔņŌŖʼn ŇŒňŌőŌ ń ĵĦĶ Ōŋőʼnŕŗņń Œň ijŒ ŌŋŐŌőŗņńŮʼn őń œŔņŌŖʼn œʼnŖ ŇŒňŌőŌ ŎńŐńŖőńŖń ŕŖńœŎń ʼn œŔŒŐʼnőŏŌņń œŒ ŒňŏŗŎń őń ĥńőŎńŖń ĦŒ ŐŒŐʼnőŖŒņ ŎńŐńŖőńŖń ŕŖńœŎń œŒ ŖńŖń ŇŒňŌőń Ōŋőʼnŕŗņń Œň ń ĵĦĶ Ōŋőʼnŕŗņń Œň ĮńŐńŖőŌŖʼn ŕŖńœŎŌ Ō ńňŐŌőŌŕŖŔńŖŌņőŌŒŖ ŖŔŒŜŒŎ ŕʼn ŔńŋŏŌśőŌ ŋń ŔńŋŏŌśőŌ ŇŔŗœŌ ŎŏŌʼnőŖŌ īń œŒņʼnŰʼn ŌőŘŒŔŐńŚŌŌ ŒŅŔńŖʼnŖʼn ŕʼn ňŒ ʼnŎŕœŒŋŌŖŗŔŌŖʼn őń IJřŔŌňŕŎń ŅńőŎń ĬőŘŒŔŐńŚŌŌŖʼn ņŒ ņŔŕŎń ŕŒ œŒŎŔŌʼnőŌŖʼn ŔŌŋŌŚŌ ŋń ŎŔʼnňŌŖőŒ ŊŌņŒŖőŒ ŒŕŌŇŗŔŗņńŮʼn ŕʼn ŕŒňŔŊńőŌ ņŒ IJœŜŖŌŖʼn ŗŕŏŒņŌ őń İńŕŖʼnŔ œŒŏŌŕńŖń ķŕŏŒņŌŖʼn ŕʼn ņńŏŌňőŌ Œň Ň ňŒ Ň
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
44
interview
капитал, без тоа да го прават јавно, како компаниите кои се листирани на првата официјална котација на Берзата. Заради конкуренцијата, инвеститорите можат да добијат добри услови. Од тоа имаат корист и инвеститорите и основачите, кои со тоа добиваат повеќе начини за излез од инвестицијата. Значи, добиваат една нова излезна (exit) стратегија. XX Дали во Турција постојат поттикнувања или ослободувања за инвестициите на бизнис ангелите, како, на пример, во Хрватска каде секоја куна инвестиција државата ја помага со една куна поддршка? Во Турција постои Закон за бизнис ангели. Тој ги пропишува критериумите за акредитација на бизнис ангели. Според овој Закон, на бизнис ангелите им се одобрува посебен даночен број и опција на секои инвестирани 100 илјада долари да добијат 75% одбивка од данокот за следната година. Тоа е наголемо олеснување за бизнис ангелите во целиот свет. Во Велика Британија бизнис ангелите добиваат даночно олеснување од 30%. И тоа е исто така причина зошто во Турција во последните три години никнаа 13 мрежи на бизнис ангели и сега постојат вкупно 15 мрежи.
Во Истанбул се наоѓа најголемиот технолошки парк во регионот кој се простира на 24,5 илјади метри квадратни, во две згради, а неодамна е најавена изградба и на третата зграда. Во него државата има вложено 50 милиони долари. XX А зошто не се организирани како една голема мрежа на бизнис ангели? Зошто мора да работат 15 посебно мрежи на бизнис ангели? Сите инвеститори се разликуваат и секој го одбира своето друштво. Тоа е добре и за стартапите. Добиваат подобри услови кога преговарате со 15 мрежи на инвеститори кои меѓусебно си конкурираат, отколку да мораат да преговараат само со една мрежа. XX Со колкав капитал располагаат турските бизнис ангели? Минатата година тој капитал изнесуваше 400 милиони евра. Најголем егзит на некој
турски стартап во мај годинава направи една фирма за онлајн трговија со храна и пијалак Yemeksepeti, која за 589 милиони долари беше превземена од германскиот трговски ланец Delivery Hero. XX Зошто разговаравте со претседателот Ердоган и го поттикнавте да го викне Обама да направи Самит за претприемништво во Истанбул? Пред педесет години ваков самит би се викал Глобален иновациски самит, но денес се вика претприемнички Самит. Тоа е затоа што владите денес се помудри. По кризата тие сфатија дека само најиновативните успеваат. Иновациите се тие кои ги движат државите, а не изумите. Не е доволно само изуми, туку морате да имате иновации, морате тоа што сте го изумиле да го комерцијализирате за да успеете. Со комерцијализација се занимаваат претприемачи и затоа денес се става голем акцент не само изумите, туку и на оние кои од изумот создаваат корист за својата заедница, а тоа се претприемачите. За претприемачите да можат тоа да го прават, морате да им изградите екосистем во кој тоа ќе им биде олеснето и овозможено. Првиот проблем се финансиите, па потоа луѓето и знењето. Тоа мора глобално да се осмислува. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
46
Нови треНдови
Клучот за успех На земјата со НајлибералНи политиКи
уругвај, земјата Каде 95% од струјата е од чиста еНергија
д
Додека светот во Париз дебатираше како да го замени јагленот и тешките горива со обновлива енергија една мала држава од другата страна на Атлантикот прави историски чекор кој за многумина изгледа детски наивен и многу недостапен. За помалку од десет години државата драматично го намалила емитирањето на јаглерод без законски промени или повисоки даноци, тврди националниот директор за енергија Рамон Мендез. Всушност тој кажува дека сега кога
обновливите извори осигуруваат 94,5% од струјата на државата, цените се пониски отколку претходно од гледна точка на инфлација. Сигурноста на оваа енергија е исто така поголема бидејќи миксот од различни извори ја држи земјата енергетски обезбедена дури и за време на суша. Ситуацијата во моментов сериозно се разликува од таа пред 15 години. На почетокот на векот, бензинот учествувал 27% од увозот на Уругвај, а се планирал и нов гасовод кој би требало да доставува гас од Аргентина. Најголема ставка од увозот во моментов се ветерните турбини, кои што ги полнат пристаништата секојдневно пред да бидат инсталирани. Енергијата од биомаса и сончевата енергија исто така добиваат се поголема популарност. Во комбинација со стандардната водена енергија тие сочинуваат 55% од целиот енергетски микс на државата, во ситуација кога овој процент на глобално ниво не е поголем од 12%. И покрај релативно малата територија и население од само 3,4 милиони луѓе Уругвај си заработи значителна светска
слава во последните неколку години. Државата промовираше револуционерно законодавство во однос на марихуаната, воведе строга контрола на тутунот и ги претстави некои од најлибералните политики во Латинска Америка во однос на абортусот и еднополовите бракови. Сега напредокот насочен во намалување на јаглеродните емисии на економијата исто така е меѓународно признат. Државата добива пофалби од Светска банка и Економската комисија за Латинска Америка и Карипскиот басен на ООН, а Глобалниот фонд за природа (WWF) минатата година го вклучи Уругвај помеѓу лидерите во зелената енергија, оправдувајќи ја ваквата одлука со зборовите: „Државата определува светски тенденции во инвестиции за обновлива енергија“ Надградувајќи ја таа репутација, Мендез кој ја раководи и политиката за клима, отиде на преговорите во ООН минатата недела со еден од најамбициозните национални предизвици во светото: намалување на јаглеродните емисии за 88% до 2017 година. За тоа да се оствари Уругвај не направи никакви технолошки чуда, напротив само поентузијастички ги применува идеите на другите земји. Според експертите, клучот
Клучот На успехот: отвореНоста На државата за Нови идеи
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
47 на успехот е во отвореноста на државата за нови идеи, стимулативната регулаторна политика и силното партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор. Како резултат на тоа енергетските инвестиции во Уругвај од кои повеќето се наменети за обновливи извори, но и за гас, во последните пет години достигнале 7 милијарди долари или 15% од годишното БДП на земјата. Тоа е пет пати повеќе од просекот во Латинска Америка и три пати повеќе од глобалниот просек препорачан од климатскиот економист Николас Стерн. „Тоа што научивме е дека обновливата енергија е прост финансиски бизнис“, вели Мендез. „Расходите за градба и одржување се ниски, затоа додека инвеститорите имаат сигурен профит, секторот е многу атрактивен“. Само покрај патот од Монтевидео кон северниот дел на земјата има три заводи од секторот аграрна иновативност, кои што работат на биогориво, и три ветерни паркови од кои најголемиот е изграден од Германска Enercon. Освен поради силниот ветер кој во просек дува со 13 км на час, интерес на меѓународните инвеститори како Enercon побудува и фиксираната цена за наредните 20 години, гарантирана од државата. Дополнително ниските и стабилни расходи за подршка гарантираат добра печалба.
За помалку од десет години Уругвај драматично го намали емитирањето на јаглерод без да прави чуда Како резултат на тоа странските компании чекаат во ред за да си гарантираат договори со ветерните паркови. Конкуренцијата ги намалува цените на понудите, редуцирајќи ги расходите за генерирање електрицитет со над 30% во последните три години. Кристиан Шефер, надзорен техничари во Enercon вели дека компанијата се надевам да се прошири, а друга германска компанијата Nordex веќе гради поголем институт на северот. Споредено со повеќе други мали земји со висок процент на обновливи извори, Уругвај е многу понапред. Додека Парагвај, Бутан и Лесото целосно се потпираат на водните извори , а Исланд на геотермални, Уругвај има многу поширок избор на извор кој го прави поотпорен на климатски промени. Ветерните фарми сега ги снабдуваат и хидроелектричните централи, за браните да можат што подолго да ја сочуваат водата за сушните периоди. Според Мендез, тие
ја редуцираат ранливоста до 70% што е особено важно ако се знае дека сувите години ја чинат земјата скоро 2% од БДП . Сепак постојат уште многу работи кои можат да се направат. Транспортниот сектор се уште се потпира на нафта (која учествува со 45% во вкупната потрошувачка на енергија). Како и да е, индустрија која главно се состои од преработка на земјоделските производи, сега е главно придвижувана од интерно компаниски централи кои работат на биомаса. Мендез успехот на Уругвај го базира на три главни фактори: доверба (стабилна демократија која никогаш нема рапидно да ја смени својата политика и на тој начин претставува гарант за долгорочните инвеститори) , одржливи природни услови (добар ветар, солидно сонце и многу биомаса од агрокултурата) како и силни јавни компании (кои се сигурен партнер на приватните компании и кои се во можност да работат со државата за да креираат функционирачка деловна средина). Иако секоја земја во светот не може да го прекопира овој модел, според Мендез Уругвај докажал дека обновливите извори можат да ја намалат цената на струјата и да задоволат 90% од барањата без користење на јаглен и нуклеарна енергија, и дека приватниот и јавниот сектор можат да работат заеднички ефикасно во овој сектор. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
48
ИновацИИ
коИ се 50-Те најИноваТИвнИ компанИИ во свеТоТ?
За 80% од компанИИТе ИновацИИТе се најважнИоТ прИорИТеТ
И
Иновациите продолжуваат да заземаат огромна важност. Во 10-тиот по ред глобален извештај направен од консултантската група The Boston Consulting Group, 79% од анкетираните лица ги рангирале иновациите или како топ најважен приоритет или меѓу првите три
првите 10 најиновативни компании на листата 50 најиновативни комании вo светот се брзите технолошки компании и компаниите кои вложуваат во истражување и развој
топ приоритети за нивната компанија, што е најголем процент од почетокот на спроведување на ова истражување, кога 66% одговориле дека иновациите се меѓу трите нивни топ приоритети. Во исто време, науката и технологијата исто така станува многу важен сегмент во развојот на иновациите, кои им даваат на извршните директори четири атрибути кои тие ги сметаат за критични: фокус на брзината, доброто управување со RD процесите, употребата на технолошките
платформи и систематско истражување на регионалните пазари. Важноста на овие четири атрибути – и во науката и во технологијата – не е нешто ново. Ако се поглед наназад во извештаите од изминатите 10 години, она што може да се забележи дека компаниите кои се дел од листата 50 најиновативни компании, од нив најмалку девет од десет уште тогаш се базираат на овие четири атрибути. Такви се Apple, Google, Microsoft, Samsung, Toyota, BMW, Amazon, IBM, Hewlett-Packard,
Тренд: наукаТа И ТехнологИјаТа сТанувааТ многу важен сегменТ
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
49 General Electric, Cisco Systems, Nike, Sony, Intel, Procter&Gamble и Walmart.
50-те најиновативни компании
Важноста на овие атрибути може да биде видена и во овогодишнешната листа. Apple и Google повторно ги држат врвните позиции. Тесла Моторс, кој се искачува на листата со огромна брзина, дојде на третата позиција. Брзите технолошки компании и компаниите кои вложуваат во R&D се првите 10 најиновативни компании на листата. Со оглед на силното влијание на развојот на технологиите особено мобилната технологија и социјалните медиуми во последните десет години, би се очекувало технолошките компании да ги остават позади себе нивните потрадиционални колеги. Сепак, од листата се гледа дека многу традиционални компании се уште се високо на листата. Тие, исто така ги употребуваат технолошките придобивки за нивни своевидни иновативни цели. Пет од 10 компании во 2015 не се технолошки компании, што е ист број со истражувањето направено пред десет години. На поголемата листа од 50 најиновативни компании, 38 (што е 76%) се компании кои не се од технолошкиот сектор. Во листата топ 50, 29 компании се од САД, 11 од Европа и 10 од Азија. Новите пазари исто така полека се појавуваат на листата: има три компании од Кина и една од Индија.
Фактори од големо значење најиновативни за 2015: XX Apple XX Google XX Tesla Motors XX Microsoft Corp XX Samsung Group XX Toyota XX BMW XX Gilead Sciences XX Amazon XX Daimler
Четирите атрибути кои ја даваат иновацијата се внатрешно поврзани, па е тешко да се истражи само еден од нив без да се земат предвид другите. Брзината долго време беше приоритет и е еден од најголемите извори на диференцијација за вистинските иноватори. Всушност, процентот на анкетираните во 2015 година за кои голема важност е брзото прифаќање на новите технологии скокна за 22% споредено со лани. Р&Д процесот има голем ефект на брзината – исто како и на многу други области. Не е изненадување, дека процентот на анкетираните кои сметаат дека подобрувањата во оперативните процеси се круцијални за иновациите, се зголеми во споредба со лани. Во многу компании, технологиите се прават во ИТ одделот. Но денес, дигиталните, мобилните
и другите технологии се употребуваат да ги поддржат и овозможат иновациите и во другите сектори, од развој на нов производ во производството до стратегија за негово излегување на пазарот во повеќе индустрии. Конечно, многу компании кои се соочуваат со намален раст во нивниот основен бизнис сакаат да се прошират на регионалните пазари. За да се направи тоа, тие често ги надминуваат постоечките можности во брзината и технолошките платформи со цел да овозможат иновации.
„иновациска агенда“
Иновацијата е една од стратегиите за раст кои компаниите ги земаат предвид. Кај некои компании, тоа е примарната стратегија. Една таква е компанијата Gilead Sciences, која е дел од 50 најиновативни компании оваа година, односно се најде на позицијата осум. Gilead развива лек за една од најпроширените болести – хепатитис Ц, но оваа компанија, веќе е во значајна напредна фаза и во развој на лек за друга болест – ХИВ инфекцијата. Gilead се потпира на атрибутите кои ние ги прегледуваме во овогодинешниот извештај. Како нивната годишна продажба достигнува до 30 милијарди долари, така компанијата се повеќе е одлучна да го задржи иновативниот процес поефикасен и без запирања. Gilead покажа дека не се плаши да излезе на регионалните пазари штом ќе види можност од висока вредност – таков доказ е нивното свртување кон болеста хепатит Ц. Џон Милиган, оперативниот претседател на Gilead, вака ја објаснува нивната стратегија: „Не мислам дека Gilead има агенда за раст; ние имаме агенда за иновации – трошиме многу време на тоа како да ги подобриме лековите, а истовремено иновацијата ни носи раст“. Иновативните способности на оваа компанија доаѓаат од менаџерскиот тим кој прави комбинација од длабоки научни и технички експертизи во областа која е од нивен фокус со инвестирање еднакво време во продлабочување на знаењата за потребите на пазарот. Резултатот од тоа е одличната способност да се идентификуваат силните потенцијални можности во третирање на сериозните болести и посветеноста да се достигне тоа. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
50
Луѓе и компании
Станавте менаџер?
еве Совети како да ја преживеете новата функција да се дојде на менаџерска позиција или на ново работно место е возбудливо, но и застрашувачко искуство. првите три месеци се клучни за успехот, а 46% од нововработените менаџери не траат повеќе од 18 месеци, покажало истражувањето на Leadership IQ, a пренесено од Guardian.
С
Студијата нагласува дека техничките вештини не се главната причина за (не)успех, туку лошите комуникациски вештини. Ова се неколку совети што на новите вработени и менаџери може да им помогнат да ги пребродат тие критични 18 месеци. XXДа ги научите имињата на соработниците и што е тоа што ги мотивира е најдобар начин како да се создаде силен прв впечаток. Новиот менаџер мора да биде воочлив и да комуницира со сите.
XXНа состаноците, како и на XXПрашајте ги соработниците, работа, како менаџер мора да претпоставените и деловните дојдете пред останатите. Така ќе партнери како тие би сакале се покажете како посветена и да комуницирате со нив – амбициозна личност. лично, телефонски, по мејл и колку често. XX Да го запознаете сопствениот тим е многу важно. Ручеци или кафиња XXНикој не сака изненадувања, се одличен начин да дознаете а особено не оние што се над што се случува во средината и вас. Ако проектот не оди како може да одиграат клучна улога што сте планирале и ветувале, во развивањето доверба помеѓу од клучна важност е на шефот и вработените. претпоставените што порано да им го јавите тоа. Мора да XXСекоја канцеларија си има своја сте спремни дека работите политика и култура, а важно е да нема да одат како што сте се разберат правилата на игра замислувале, но она што мора што е можно побрзо. да го имате, е план “Б“. XXПрво слушајте и посматрајте, X X Луѓето можат да го загубат а потоа делувајте. Мислењето кредибилитетот многу формирајте го дури откако сте брзо ако не ги исполнат имале време да ја проучите очекувањата. Затоа бидете културата и политиката внимателни и кога ви се чини на фирмата. И начинот на дека работите се одвиваат облекување прилагодете го кон совршено. nnn останатите во канцеларијата.
ШанСи: 46% од новите менаџери “траат“ до 18 меСеци
www.kapital.mk
Капитал број 842 18.12.2015
60
Лидерство
Рекоа за... банките
К
ога ќе се спомне банка, обично сите околу вас добиваат намуртен лик, почнуваат да колнат, пцујат и сл. Не можеме да ги смислиме, а од друга страна не можеме без нив. Нивните пари ни требаат за да ги купиме работите што инаку не може да си ги дозволиме, за да инвестираме во раст на бизнисот, или пак едноставно за да врземе крај со крај во месецот. Да видиме што познатите ликови на планетава искоментирале на тема “банки“.
Кевин Митник
еден од најпознатите хакери на светот, сега консултант
Банка е место каде што ќе ти позајмат чадор кога надвор е сончево, а ќе ги ти го побараат кога ќе заврне.
Роберт Фрост американски поет
Банкарските неуспеси се предизвикани од вложувачите што не депонираат доволно пари за да се покријат загубите направени од лошото менаџирање.
Не мислам дека може да ги оставиш банкарите да се контролираат себеси. Тие се како зависници од хероин.
потпретседател на Berkshire Hathaway
Регулација е потребна, особено во сектор како банкарскиот, кој што ги изложува државите и луѓето на ризик.
Ден Квејл
потпретседател на САД за време на претседателот Џорџ Буш постариот
Да ми дадеше Господ некаков јасен знак! Како на пример, да направи голем депозит на мое име во швајцарска банка.
Чарли Мангер
Му верувам на онлајн банкарството. Знаете зошто? Бидејќи ако некој ми ја хакира сметката или кредитната картичка, погодете кој ќе ја трпи штетата? Банката, а не јас.
Вуди Ален
американски режисер и глумец
Кристин Лагард директор на Меѓународниот монетарен фонд
Вејн Грецки
легендарен канадски хокеар
Едноставно, сакам да си ги чувам парите во банка, не сум некој голем ризикувач. Не знам ништо за берза... се држам подалеку од работи што не ги разбирам.
ИНСТИТУТОТ КОНЦЕПТ вО СОрабОТКа СО Httpool ОргаНИзИраaТ ЕдНОдНЕвНа ОбУКа На ТЕма:
Зошто, КаКо и Кога! "огласување и присуство на интернет Каналите За КомуниКација!" l 25 декември 2015 година (петок) l 09:00-16:15 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје Обуката ги опфаќа најпопуларните аспекти на интернет присуството, стартувајќи од се попопуларните социјални мрежи, преку останатите конвенционални канали на интернет комуникација, завршувајќи со преглед на идните правци во онлајн огласувањњето, разгледани преку интегриран пристап на присуство на повеќе канали и огласување. Преку согледување и анализа на светските и локалните трендови во ова поле, на присутните ќе им се разјасни концептот на онлајн огласувањето и ќе им се приближи можноста за и самите да го вметнат во маркетинг миксот во организациите од кои доаѓаат, овозможувајќи нивните огласни пораки да стигнат до што е можно повеќе луѓе и да се постигне внатрешна ефикасност.
Рок за пРијавување: 23 ДеКември 2015
За Кого е наменета обуКата:
Професионалци чиј примарен делокруг на активности ги опфаќа полињата на маркетингот, адвертајзингот и работата со медиуми, вработени во компании и невладини организации, чии работни позиции вклучуваат комуникации и промоција.
предавачи: јане бајалџиев, м-р по медиуми и комуникации, директор на македонската канцеларија на групацијата Httpool Филип младеновсКи, дипломиран економист на департманот е-бизнис, account manager во Httpool
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
Капитал број 842 834 18.12.2015 23.10.2015
www.kapital.mk
лидери лидери 62 62
Џек дорси
ко-осНовач и директор На TWiTTer
Не мора да почНувате од Нула за да Направите Нешто зНачајНо! пред два месеци, Џек дорси, еден од четворицата основачи на онлајн социјалната мрежа Twitter, по втор пат го презеде кормилото на компанијата која од 2006 година наваму го промени начинот на комуникација со својата платформа на кратки пораки, до 140 знака. дорси, беше првиот директор на Twitter, позиција што ја држеше 16 месеци. 38годишникот е шеф и на Square, компанија за интернет плаќања, а седи и во бордот на гигантот Walt Disney. вебсајтот за технологија Cnet, издвои некои од најпознатите мисли изречени од дорси.
Навистина е комплицирано да направите нешто да биде едноставно...Секогаш сум се фасцинирал од градовите и како тие функционираат. Самиот научив како да програмирам, па сега може да разберам и како градовите функционираат.
Може да се грижите за конкуренцијата...или може да се фокусирате за она што е пред вас и да ‘возите’ брзо Kако претприемач не се надевајте на среќа, туку градете ја способноста да препознаете поволни ситуации кога ќе се појават Не мора да почнувате од нула за да направите нешто интересно. Треба да имате добра идеја и да убедите други луѓе дека идејата е добра. И да дејствувате што побрзо
Основач не е работна позиција, ниту функција. Тоа е нешто што може да се случува повторно и повторно и повторно, и всушност треба да случува повторно и повторно и повторно, инаку нема да се движиме напред Очекувајте го неочекуваното. И гледајте што почесто вие да сте неочекуваното Идеја што може да го промени курсот на компанијата може да дојде од било каде
Успехот никогаш не е случаен