848 kapital magazin 1

Page 1

САМО МАГИОНИЧАР МОЖЕ ДА НЕ СПАСИ ОД БАНКРОТ. И СТАВРЕСКИ ТОА ГО ЗНАЕ

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ

САМО 39 ИЗВОЗНИЦИ ЛАНИ ОСИГУРИЛЕ НАПЛАТА НА ИЗВОЗОТ

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

нафта:

145

долари / барел

еуросупер 95:

77,5 денари

нафта:

29

долари / барел

еуросупер 95:

57,5 денари

ЗА МАКЕДОНИЈА

WWW.KAPITAL.MK

НАФТАТА НАЈЕВТИНА ВО ПОСЛЕДНИВЕ

14 ГОДИНИ

НИ ЌАР, НИ ЗИЈАН!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

КИРЕ НАУМОВ дополнителен министер за финансии

COVER STORY

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ

МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА ПОЛИТИКА

АНАЛИЗА НА ПАЗАРОТ: КОЛКУ МЛЕКО СЕ ПРОИЗВЕДУВА ВО МАКЕДОНИЈА, КАПИТАЛ КОЛКУ СЕSPECIAL ПРЕРАБОТУВА, А КОЛКУ УВЕЗУВА? ПРОИЗВОДИ ТОП 100СЕИЗВОЗНИ

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? "МЛЕЧЕН ПАТ"  ШТО ЈА ОЧЕКУВА МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА ВО 2016 И ПОКРАЈ ПРОБЛЕМИТЕ, “МЛЕКАРИТЕ“ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ИНВЕСТИЦИИ

 УВОЗОТ НА МЛЕКО И ПРЕРАБОТКИ ТРОЈНО ПОГОЛЕМ ОД ИЗВОЗОТ ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ?  КОЈ Е КОЈ ВО МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА: ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА НАЈГОЛЕМИ ИГРАЧИ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА МАКСТИЛ НА ПАЗАРОТ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ И ПОКРАЈ  РУСКИОТ ВОПАЗАР ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ПРОБЛЕМИТЕ ОСТАНУВА СО ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ МЛЕЧНА ИНДУСТРИЈА

TРГОВЦИТЕ СО БЕНЗИН РЕПОРТАЖА

ТРИЈАТ РАЦЕ

БРОЈ 848 | ЦЕНА 100 ДЕН. 29 ЈАНУАРИ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

ИНВЕСТИЦИЈА НА ЗК ПЕЛАГОНИЈА ВО БИОГАСНА ЕЛЕКТРАНА ПОКРАЈ МЛЕКО, КРАВИТЕ ЌЕ “ПРОИЗВЕДУВААТ“ И ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Давос 2016: Предвидувањата на светската елита



3

Капитал број 848 29.01.2016

содРжиНА

40 04 06 08 16 18

STAND BY

Љупчо Зиков Медиумите се “убиени” во пржино!?

42 25

Што ја очекува млечната индустрија во 2016 И покрај проблемите, “млекарите“ не се откажуваат од инвестиции n Македонскиот “млечен пат“ Увозот на млеко и преработки тројно поголем од извозот што треба да се направи?

Европската комисија бара: Затворање на грчкомакедонската граница за да се спаси Шенген

cover STorY

34

коМпАНии и пАЗАРи

40

РЕпоРТАжА

кАпиТАлНо

БиЉАНА ЗдРАвковскА сТојчЕвскА долина на солзите

иНТЕРвју

киРЕ НАуМов

дополнителен министер за финансии

само магионичар може да не спаси од банкрот. и ставрески тоа го знае

МлЕчНА иНдусТРијА

42

n

НАвиГАТоР

Нафтата најевтина во последниве 14 години За Македонија ни ќар, ни зијан! Освен за трговцитесо бензин...

спЕцијАлЕН пРилоГ

50

извозниците со минорна поддршка од државата Само 39 извозници осигуриле наплата на побарувањата лани

НовА БиоГАсНА ЕлЕкТРАНА во НовАци покрај млеко кравите можат да “произведуваат“ и електрична енергија ЗК Пелагонија почна да прави струја од кравји измет

иНТЕРвју

виолЕТА АНГЕлковскА

генерален директор на хотел Руссиа

Хотел Руссиа не е само дом на спортистите, туку и пријател на бизнисот

46

ceo profile

жАН клод БивЕР

извршен директор во Tag Heuer

Мидас на пазарот на луксузни часовници

50

свЕТ БиЗНис и полиТикА

52 54

лидЕРсТво

На давос повеќе разочарување, отколку оптимизам Светот во 2016 низ очите на светската елита РЕкоА ЗА... технологијата

лидЕРи

МАјкл БлуМБЕРГ

основач на Блумберг и екс-градоначалник на Њујорк

Напорната работа е најдобар рецепт за успех

кој овдЕ пиЕ НАфТА?

иЗвоЗНо осиГуРувАњЕ

дАвос

Нафтата поевтини на светските берзи за над 40% од јануари 2015 до сега, а горивата на бензинските станици чинат за само 10-15% поевтино. Доларот во меѓувреме не претрпи значителни промени во курсот, ниту пак акцизите и другите давачки се смениле – зошто тогаш регулаторот ја држи цената на бензините на сè уште високо ниво?

Само 39 компании ја осигуриле наплатата на побарувањата за продадени производи во вредност од 45,6 милиони евра лани. Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), која е единствена во земјава што им нуди на компаниите осигурување на наплатата, минатата година осигурила наплата на извоз во вредност од 39,4 милиони евра, а 6,2 милиони евра на домашниот пазар.

Фактот што на овој собир оваа година отсуствуваше германската канцеларка Ангела Меркел, но и други важни политички лидери, покажува дека од Давос и не се очекува многу. А завршните заклучоци, всушност и го покажаа тоа. Освен нејасни и не многу позитивни прогнози и повици за итно справување со проблемите, тешко може да се пронајдат конкретни решенија кои ќе гарантираат стопирање на светските проблеми.

XX Стр. 08

XX Стр. 34

XX Стр. 50

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 28.01.2016


[ пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ

Медиумите се “убиени” во Пржино!? Кога во политиката ќе воведеш “расипана потсвест”, ирационалност, егоизам, митолошки талог од многу с’клет, ниски страсти и инстинкти, стрес и страв од она што следи, па сето тоа го вкрстиш со презирот кој го носиш кон едноставните и универзални морални и чисти норми, што во принцип требало да ги асполвираш, и интегрираш во себе кога си превзел управување со државата, а можеби и многу порано ... и понатаму ... упорно ја стимулираш онаа најниска човечка страст за мразење, зло и деструкција, ги разбиваш сите институции и ја воведуваш “насилната политичка и правна смрт”, како нормална политичка придобивка во секојдневните разговори и преговори ... тогаш ... го добиваш портретот на денешна македонска политичка, партиска, медиумска, бизнис и културна сцена. ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov

Што актерите од средбите во Пржино, удавени во своите тесни и мизерни партиски математики треба да слушнат и прочитаат? Еве една мала вистинска приказна ... Кон крајот на 2014 година, заедно со уште неколкумина, што уредници, што директори на медиуми, бев викнат во една наша институција задолжена за бавење и контрола на медиумите и медиумскиот бизнис во Македонија. Ни беше кажано дека ке мораме да ги пријавуваме печатените тиражи на начин што цифрите ќе ги запишеме во инпресумот ...!? Пукнав од смеење. Си реков ... до каде оди оваа параноја! Подоцна слушајќи ги дел од “бомбите” ми стана јасно дека сите во Владата по две третини од своето време се бавеле со медиумите, ги знаеле сите новинари по име и презиме, ручале, вечерале и се пијанчеле со уредници и уреднички ... Имало овде сè и сешто ... На “сточниот пазар”, како што можевме и да слушнеме, највисока цена цело време постигнувале “магарињата” уредници и “кравите” судијки!? И така, ден по ден, месец по месец, македонското новинарство и медиумите стигнаа овде каде што се. Денес, највлијателните медиумски газди се лидери на политички партии, владини коалицони партнери ... и од нив чекате нормални медиумски закони! Да се вратам на приказната ... На нашето укажување дека, иако ние немаме никаков проблем да ги објавиме тиражите на весниците, сугерирав лично дека барањето е крајно небулозно, од неколку причини ... Прво, не е јасна целта зошто тоа државата го бара од нас!? Ако го бара заради тоа што мисли дека некои издавачки фирми кријат ДДВ, тогаш контролата низ понормална процедура може многу појасно и поквалитетно да ја изврши надлежната институција. Второ, секаде во светот тиражите се транспарентно истакнати, но не со принуда на државата која е толку многу заинтересирана. Што е крајно скандалозно. Во нормалните држави, на пример, сите весници со добра волја и ентузијазам трчаат да ги пријават своите дневни и неделни печатени изданија, но не кај државата, туку кај своите еснафски здруженија или комори. Затоа што пазарот го бара тоа.Не заради тоа што владата така сака, туку поради тоа што тоа е важно за маркетинг агенциите и компаниите кои огласуваат. Оти им е важен и тиражот и целните групи на читатели. Ете затоа печатените медиуми се многу заинтересирани да го пријават тиражот. Тој што не сака да го пријави пазарно губи. Но, не е под принуда. Едноставно, како велат ... “ти си знаеш” ! Трето, во Македонија ова барање и наредба од владиниот орган, е принуда. Оти во “опомените” што ги добивавме во тој период стоеше “ако тоа и тоа не го направите во рок од 15 дена следуваат казни ...” На една од моите средби со надлежните чиновници, партиски апарати, поставени за малтретирање на медиумите, на едниот од нив му реков: “Ова ви е многу застарен пристап. Дали си свесен дека медиумската индустрија драматично се менува. Денеска опасноста по твојата параноична партија не ти доаѓа од класичните медиуми телевизии и весници, туку од интернет порталите! Го прашав зошто не ги регулирате порталите!? Каде што по цел ден “тече крв” во неограничени количини! Во коишто содржините се подготвуваат на еден компјутер, и од спална соба, и каде секојдневно на најбизарен начин се урива пазарот! Каде што не се плаќаат даноци, каде што


stand by прашање е кој е основач, кој директор, а кој уредник и новинар!? Во доверба, “партискиот апарат” ми вели... “свесен сум што зборуваш, ама таму не ни одговара да регулираме ... таму е фронт гради во гради ... ние и тие. Ние ќе победиме, оти нашите новинари се повеќе ‘подмачкани’ и помотивирани од нивните. Телевизиите ни се под контрола, а на весниците маваме оти кај нив има ‘непосредно производство’ кое има конкретна цена на печатење која мора да се плати”. Тоа боли. Бев запрепастен што слушам. Од човек кој не се ни потруди да ме излаже. Трагично е, драги мои, што таа многу строго насочена негативна и деструктивна политика кон слободата на медиумите во Македонија денес го доживува својот врв на невкусот, со тоа што стана и најглавната точка од Договорот од Пржино!? Денес шефовите на овој лик од почетокот на текстот треба да испорачаат фер медиумски закон! А ние чекаме. Јадооо... Мизерно е чувството, кога ќе помислите дека медиумите, барем тие што останаа такви, се ставени како мезе на масата на Ванхојте. Погледнете кој треба да одлучува за судбината на медиумите во Македонија, некаде во бавчите на Клубот на пратеници, во дебата крајно изместена надвор од сите нормални политички процеси, без присуство на оние за кои е наменета оваа реформа. Па зарем требаше десет години да поминат, или ако сакате 25 години да поминат, за да сфатат дека ДДВ за приходите од реклами кај телевизиите и весниците треба да се намали од 18% на 5%, со цел медиумскиот бизнис стане поатрактивен. Но, чекајте да видиме дали и ќе се случи тоа ... На ликовите од Клубот на пратеници не им е целта да ги сменат состојбите во медиумите. Тие не сакаат слободни медиуми. Напротив. Тие сакаат од медиумите да направат бомби со силна разорна моќ. Затоа неколкуте главни уредници на најгледаните телевизии во суштина и не живеат од тие плати заработени на работното место, оти таму реално денес, во чисти пазарни услови, и нема бизнис. Сè е изедено во Македонија во претходните години. Тие живеат од корупција преку тендери. А тоа мора да го одработат на екранот. И затоа денес во Македонија практично нема медиуми. Има само гола пропаганда. И затоа оние кои треба да одработат од позиција на сопственици на медиумите се лидери на политички партии и коалициони партнери во власта или елитни имиња со “надимаци” на луксузни шпански возила кои допрва ќе се појават со прескапи телевизиски остварувања.

Битката за медиумите одамна е загубена!

Вистината е дека, битката за македонските медиуми е загубена во оној момент кога за нив почнаа да решаваат партиите!? Бев еден од малкуте кои пред четири години, тврдев, а денес времето ме потврди, дека беше сосема погрешно што многу новинари, а и ЗНМ (Здружението на новинари) бараа, и добија, декриминализација на клеветата.

Чесните професионалци, во врвот на македонските медиуми се малку. И тоа е најголемиот проблем на ова труло општество. Тие со тоа што одбиваат дресура на медиумите, всушност одбиваат соучесништво во дресурата на граѓаните и јавноста. Не дека немаат одбрано страна. Имаат одбрано. Тоа е страна на јавноста и јавниот интерес. И тие секако се подгтовени да платат онолку колку што таа ориентација во суштина чини. И точка. А слободата е најскапа! Многу новинари, и медиуми и на Балканот, а можеби и во Македонија, таа своја ориентација ја платија и со животи. Дали умреа залудно?” И денес тврдам дека тоа беше погрешно барање. Медиумите беа вовлечени во замка. Затоа што, многу пострашни се денешните финансиски казни кои се делат од ракав. Затоа што во корумпираниот судски систем, и партиски притиснати судии, се знае кој ја добива “правдата”. Во тоа време некои новинари и лидери на новинарски асоцијации тераа свои политички агенди. Денес епилогот е: замолчени медиуми (таман такви какви што на сите им требаат), исплашени сопственици, уредници и новинари. Мотивацијата е на најниско ниво, освен во медиумите каде што Владата секојдневно вбризгува средства на најразлични начини! Корумпираните новинари и уредници одработуваат пропаганда, а за возврат добиваат тендери. Гледаме бескрајни турски серии во ударни термини како награда за “утепаните” по долината на Вардар, “општи точки” за затупување на народот! Кога ова ќе се реформира? Никогаш. Па и, сега веќе поранешниот премиер, изјави дека медиумите се приватни.Приватни, во сопственост на некакви квази холдинзи каде се слеани финансиските интереси на задолжената до гуша директорско партиска олигархија, на која опстанокот и зависи единствено ако остане на купче и на “орото” и во пропаганда! Провидно и евтино.

Понатаму ...

На “партискиот апарат” од почетокот на текстов, на излегување од просторијата му порачав, парафразирајќи еден интелигентен српски колумнист: “Кога во политиката ќе воведеш ‘расипана потсвест’, ирационалност, егоизам, митолошки талог од многу гледање деструктивни филмови, ниски страсти инстикти, стрес и страв од она што следи, па сето тоа го вкрстиш со презирот кој го носиш кон едноставните и универзални морални и чисти норми што во принцип требало да ги асполвираш и интегрираш во себе кога си презел управување со државата, а можеби и многу порано ... и понатаму ... упорно ја стимулираш онаа најниска човечка

страст за мразење, зло и деструкција, ги разбиваш сите институции и ја воведуваш ‘насилната политичка и правна смрт’, како нормална политичка придобивка во секојдневните разговори и преговори ... тогаш ... го добиваш портретот на денешна македонска политичка, партиска, медиумска, бизнис и културна сцена”. Еејј ... Ми се смее во фаца... Немоќта, неспособноста, арoганцијата, отсуството на допирот со реалноста и некомпетентноста на владејачките елити е нашето секојдневие. Од нив чекаме промена. А може ли еж кој на патот е прегазен од автомобил, да сфати што е мотор со внатрешно согорување? Таков е односот на историјата и македонските власти, државата и граѓаните. Чесните професионалци, во врвот на македонските медиуми се сè помалку. И тоа е најголемиот проблем.Тие со тоа што одбиваат дресура на медиумите, всушност одбиваат соучесништво во дресурата на граѓаните и јавноста. Не дека немаат одбрано страна. Имаат одбрано. Тоа е страна на јавноста и јавниот интерес. И тие секако се подгoтвени да платат онолку колку што таа ориентација во суштина чини. И точка. А чини скапо. Слободата е најскапа! Многу новинари, и медиуми и на Балканот, а можеби и во Македонија, таа своја ориентација ја платија и со животи. Дали умреа залудно?” Мислам дека Македонија ја помина црвената линија на поделба на две нации, поделба која ја воведоа и ја одржуваа сите политички елити во 25 години независна Македонија, поради своите тесни алчни интереси. Само за сопствениот газ.Поделбата која оди во правец - поголемиот дел на мнозинската Македонија составена од сите етнички заедници која сака Македонија да опстане поради добрите перспективи за сите нас во неја, и другиот, за среќа, малцински дел, кој сака Македонија да умре поради оние кои глупаво веруваaт оти се поголеми од Македонија”!? Се зезнале... nnn


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

6 НАВИГАТОР

ИзЈАВА НА НеделАТА

ХРВАТсКА „АГРОфРуКТИс ГР НОВ сОпсТВеНИК НА ТРИ м

> БРОЈКА

6,8% Изнесуваше кредитниот раст во изминатата 2015 година

Падот на цените на нафтата ќе предизвика силен удар врз индустријата за електрични автомобили

елОН мАсК основач на Тесла

Х

рватската „АгроФруктис група“ денеска соопшти дека ги преземала фирмите „ВАНТ“ дооел, Струмица, „Еуро-агрија“, Ново Село и „ВБА ФУТУРА“ дооел, Струмица, кои годишно откупуваат околу 20 илјади тони свежо овопје и зеленчук, со пазарна вредност од околу 6,5 милиони евра. „АгроФруктис група“ е сопственик на најголемиот и најмодерниот откупно-

победник на неделата Европската комИсИја бара:

ЗатворањЕ на грчко-м гранИца За да сЕ спас Џеф БезОс

+

Фактот што на последниот Bloomberg индекс на милијардери, на кој губитници се и формати како Карлос Слим, Ворен Бафет и Бил Гејтс, а уверлив добитник е сопственикот на Amazon, Џеф Безос, покажува дека бизнис моделот на последниот се покажува најрезистентен во однос на случувањата на најзначајните светски берзи, на слабата лична потрошувачка во многу држави, на економското забавување на Кина ... Бесос во 2015 година го зголемил своето богатство за 31 милијарди долари, на 59,3 милијарди, со подемот на акциите на Amazon од 117,5%. Нему како сè да му оди од рака. По втор пат неделава беше лансирана и успешно вертикално спуштена ракетата New Shepard од проектот Blue Origin на Безос, со што се направи голем чекор за усовршување на технологијата што ќе биде потребна за планираното повторно користење на веќе лансирани вселенски летала. Amazon најави и дека во Европа планира да отвори дополнителни неколку илјади работни места, откако лани на континентот вработи дури 10.000 луѓе. Ова откако за компанијата одлично помина празничната продажба и сега намерата е да се прошири европската мрежа на складишта и дистрибуција. Дека иднината е на лидерите како Безос, зборува и податокот дека дел од нововработените ќе бидат дел од истражувањата на Amazon за испорака преку дронови.

E

Европската комисија (ЕК) го поддржува барањето на словенечкиот премиер Миро Церар за зајакнати контроли на грчко-македонската граница за да се сопре бранот на бегалците на нивниот пат кон ЕУ. Според британскиот весник “Financial Times”, претседателот на ЕК ЖанКлод Јункер му испратил писмо на

Церар во кое ја дава својата поддршка и во кое пишува дека Јункер ја поздравува “сугестијата дека сите земји членки на ЕУ треба да им помогнат на властите на поранешната југословенска Република Македонија за поддршка на контролата на границата со Грција преку полициска асистенција и снабдување со опрема”, пишува во писмото на Јункер до Церар. Според “Financial Times”, ЕК ја потврдила вчера оваа информација и додала дека тукушто е завршена проценката на потребите на Македонија во оваа насока. Планот предвидува пренасочување на контролата на бегалскиот пат кон северната граница на Грција каде што грчката влада има проблеми со менаџирањето на протокот на бегалците кои ги има и по 2.000 дневно. Според планот, треба да се испратат полициски сили на грчко-македонската граница. Но, грчкиот министер за миграција не се


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

7

рупа“ МаКедонсКи ФирМи дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук на подрачјето на Македонија. “Со оваа аквизиција ќе ја зајакнеме нашата позиција на набавниот пазар и дополнително ќе ги пополниме капацитетите со проширување на сировинската база. Очекуваниот ефект е зголемување на обемот на производство, а исто така и ширење на нови пазари”, рече претседателот на Управата на „Агрофруктис група“ Денис Матијевиќ.

> бројКа

мисла на неделата

470

верувам дека политичарот треба да ја врати вербата во политиката помеѓу граѓаните и со помош на тоа да направи разлика во општеството

милиони евра достигна износот на лоши кредити на крајот на јануари годинава

лидери

македонската си ШенГен Планот предвидува пренасочување на контролата на бегалскиот пат кон северната граница на Грција каде што грчката влада има проблеми со менаџирањето на протокот на бегалците кои ги има и по 2.000 дневно. согласува со овој план кој значи затворање на границата со Македонија: “Ние немаме намера да се претвориме во гробишта на души. Не разбираме каква политика е затворањето на границата со Грција. Ние немаме време да експериментираме со работи кои можат само да ја влошат траумата”, изјавил министерот за “Financial Times”. Тој тврди дека никој не ја прашал Атина што мисли за овој план, кој, според него, нема да ги спречи мигрантите да продолжат кон западна Европа. Овој план бил дискутиран и на овонеделниот состанок на ЕУ во Амстердам откако огромен број земји членки инсистираа Грција подобро да ја контролира својата северна граница. Истите земји членки бараат од ЕК да им дозволи продолжување на контролите во Шенген зоната во текот на наредните две години. ЕК смета дека нешто мора итно да се направи за да се спречи продолжувањето на граничните контроли во Шенген зоната. Ова беше и предупредувањето на Доналд Туск, претседател на Советот на ЕУ, од минатата недела кога тој изјави дека на ЕУ и остануваат одвај уште два месеци да најде излез од бегалската криза а ако тоа не се случи, тоа ќе значи крај на Шенген. Словенија и земјите кои го поддржуваат планот на Церар и Јункер како Унгарија, Австрија и Полска, сметаат дека само планот за силни контроли на грчко-македонската граница е спас за Шенген. nnn

Џастин Трудо премиер на Канада

губитник на неделата

МарК ЗаКерберг

Facebook продолжува да освојува сe што може од таргет групите - последно, љубителите на спортот, преку Sports Stadium

хасан рохани

на иранскиот претседател не му се чека по падот на санкциите - изведе европски поход по милијарди евра инвестиции

не им беше неделата

ЏеК дорси

Twitter се соочува со сериозен проблем поради катастрофалниот пад на акциите, што кулминираше со заминување на дури пет директори од оваа компанија

Фахрудин радончиќ

Поради попречување на работата на судовите, СИПА (аниткорупциското тело во БиХ) го уапси Фахрудин Радончиќ ,сопственикот на најмоќниот медиум во БиХ, „Аваз“

_

Ли Кечијанг Вестите за Кина деновиве ги тресат светските берзи. По информацијата дека кинеската економија бележи големо забавување на економската активност, кинеските власти само во еден ден вбризгаа дури 67 милијарди долари во својот финансиски систем за да ги спречат притисоците и да ја одбранат домашната валута јуанот. Тоа е втора најголема интервенција во само една недела и најголема интервенција во изминатите 13 години. Цените на акциите на кинеските берзи паднаа на најниско ниво во изминатите 13 месеци. Најлошото е што кога Кина забавува, тоа значи дека сите ќе го почуствуваат тоа забавување. Помалото производство и потрошувачка на челик веќе создава пореметување во цените на метали. Намалената продажба на нови автомобили веќе го чуствуваат германската и американската автомобилска индустрија. Кинеската економија лани порасна за 6,9%, што е најниска стапка на раст во изминатите 25 години, а се соочува со намалување на извозот, зголемување на степенот на задолженост и намалување на инвестициите. Светските аналитичари очекуваат економскиот раст годинава да биде помал од 6,5%. Иако кинеските власти забавувањето на растот го објаснуваат со тоа што економијата се наоѓа во процес на структурална трансформација кон економија базирана на услуги, а не како досега на индустриско производство и извоз, светските аналитичари ова го доживуваат како приземјување на кинеската, но и светската економија.


Капитал број 840 848 29.01.2016 04.12.2015

COVER STORY 8 COVERSTORY

www.kapital.mk

НАФТАТА НАЈЕВТИНА ВО

ЗА МАКЕДОНИЈА

НИ ЌАР, НИ ЗИЈАН!

TРГОВЦИТЕ СО БЕНЗИН ТРИЈАТ РАЦЕ цена на нафта

145 2008 јуни

долари/барел курс на денар

1 долар =

42 77,5

денари

еуросупер 95

денари


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

9

ПОСЛЕДНИВЕ 14 ГОДИНИ

цена на нафта

29

2016 јануари

долари/барел курс на денар

1 долар =

57,5 денари 56 еуросупер 95

денари


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

10

cover story Не очекувам којзнае какви ефекти за бизнисот

Сè на сè, позитивно за економијата

М

К Антони Пешев

Стопанска комора на Македонија

ако прво, транспортот учествува со многу мал процент во завршната цена. Второ, останаа многу малку производни капацитети кои се зависни од нафтата, а и тие имаат зголемени трошоци за другите инпути. И како трето, оние индустрии кои ја користат нафтата како директна суровина, учествуваат со многу мал процент во целокупното македонско производство.

в пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Во Македонија рекордно евтината нафта засега не значи никаков “спектакл“, барем од она што го чувме од бизнис заедницата досега. Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија не очекува поголеми ефекти врз работењето на македонските компании. “Како прво, транспортот учествува со многу мал процент во завршната цена, плус најголем дел од нашиот извоз кој е подложен на транспорт доаѓа од слободните индустриски зони кои не се зависни од македонските транспортери и македонската цена на нафтата. Второ, останаа многу малку производни капацитети кои се зависни од нафтата, а и тие имаат зголемени трошоци за другите инпути што значи намалувањето на нафтата само ги носи на нула. И како трето, оние индустрии кои ја користат нафтата како директна суровина, мислам на петрохемиската индустрија или да речеме производството на пластика, учествуваат со многу мал процент во целокупното македонско производство, така што и од нив нема да се почувствуваат некои поголеми ефекти“, вели Пешев. Транспортерите, за кои што горивото е клучна ставка во бизнисот, велат дека со години работеле на работ на рентабилноста, па дури и со загуби, заради високата цена на нафтата. Дизелот, горивото што претежно

Марјан Петрески универзитетски професор

го користат транспортерите за една година поевтини за 8-9 денари за литар, за разлика од бензинот, од 4-5 денари. “Ние подолг период не ги кревавме цените на своите услуги, па сега само може да се вратиме во некаква нормала, додека за некакво големо профитирање од ниските цени на горивото не може да станува збор. Во нашите цени не влегува само горивото, туку и други ставки што низ годините поскапуваа“, вели Билјана Муратовска од Здружението на транспортери “Макамтранс“.

“Евтината нафта е позитивна вест за Македонија“

За да ги анализираме ефектите од падот на цената на нафтата, треба да го знаеме причинителот, а тоа е ниската побарувачка на нафта, наспроти понуда која не се намалува, вели професорот на Американ колеџ – Скопје, Марјан Петрески. “Дополнително, САД го зголемија сопственото производство, со понови технологии, што исто така влијае врз поефикасно производство. Но, првиот ефект се случува поради тоа што светската економија сè уште забележува кревок раст (плус, поради напредокот на технологијата која стана поефикасна во потрошувачката на енергија). Проекциите за глобалниот раст беа ревидирани надолно во неколку наврати. Развиените земји сега се на постабилна патека на растот, но растот во земјите во развој изгуби на сила“, вели Петрески. Во такви околности, падот на цената на нафтата Петрески го смета како позитивна вест за Македонија. “Малопродажните цени немаат раст веќе втора година, а и инпутите за производството се со пониски цени. Не треба да се заборави дека кај инпутите и малопродажните цени имаме и преносни ефекти, односно не мора компаниите да набавуваат нафта директно, туку пониските цени на нафтата како енергенс се веќе вградени во други интермедијарни продукти што тие ги вградуваат во производниот процес. Сè на сè, ова е позитивно за економијата”, смета Петрески.

алопродажните цени немаат раст веќе втора година, а и инпутите за производството се со пониски цени. Кај инпутите и малопродажните цени имаме и преносни ефекти, односно не мора компаниите да набавуваат нафта директно, туку пониските цени на нафтата како енергенс се веќе вградени во други интермедијарни продукти. Сè на сè, ова е позитивно за економијата. Од друга с трана, потенцијалното намалување на побарувачката за македонскиот извоз заради забавениот раст на европската и светската економија, може да го намали овој ефект. “Но, тоа не очекувам да биде значајно, со оглед дека побарувачката за нашиот извоз, кој главно оди во ЕУ, е потисната во еден подолг временски период. Растот на нашиот извоз во последниве 2-3 години е главно генериран од производството во технолошко - индустриските зони и тоа не е неопходно и директно поврзано со цената на нафтата“, заклучува професорот Петрески.

Зошто бензинот не поевтинува во чекор со нафтата на светските берзи?

Сепак, домашните потрошувачи почувствуваа некој денар повеќе во џебот заради поевтиниот бензин – но не во пропорција со поевтинувањето на нафтата последнава година. Најновата максимална цена на литар Еуросупер 95 што ја одреди Регулаторната комисија за енергетика (а, трговците во принцип ја применуваат максималната цена) е 57,5 денари, само 4-5 денари помалку во однос на лани ова време, додека во меѓувреме цената на нафтата на светските берзи падна од 50 долари на помалку од 30 долари во првиот месец годинава, што е цели 40%. Објаснувањата на домашните трговци со нафтени деривати е дека малопродажната цена на горивата не ја следи во чекор светската цена на нафтата (набавките на големо обично се случуваат три месеци однапред), односно, бензинот што се продава сега на бензинските е произведен од нафта која е купена во октомври лани, кога била 40 - 42 долари за барел. Оттаму, треба да очекуваме дека допрва малопродажната цена на бензинот ќе паѓа дополнително, затоа што во јануари годинава нафта се купуваше и по 28 долари за барел. А, во меѓувреме курсот на доларот не се промени, односно се движи од 56-57 денари. Курсот на доларот, валутата во која што Македонија купува нафта, покрај набавната цена и акцизите,

Процени: 60 долари за барел е цена добра за сите


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

11 145

ЦЕНА НА НАФТА ( ДОЛАРИ / БАРЕЛ )

105 78

81,5

77,5

61 49

2005

78 49

50,5

42

2006

ЦЕНА НА ЕУРОСУПЕР 95

47

( ДЕНАРИ / ЛИТАР )

57,5 56 48

44

КУРС

( ДОЛАР / ДЕНАР )

29

2007

2008

2009

2010

2011

2012

2013

2014

2015

2016

64,00 104

145

47

85

96

105

100

98

48

29

цена на нафта

42

44

46

44

48

46

46

55

56

долар/денар

45

42

61,00 57,50 65,50 77,50 50,50 64,00 74,50 81,50 79,50 78,00 59,00 57,50 Еуросупер 95 53,50 50,00 59,50 76,00 43,00 50,50 65,50 71,00 70,50 69,00 48,50 39,00 Еуродизел НАЈВИСОКА ВРЕДНОСТ

НАЈНИСКА ВРЕДНОСТ

Нафтата поевтини на светските берзи за 40% од јануари 2015 до сега, а горивата на бензинските станици чинат за само 10-15% поевтино. Доларот во меѓувреме не претрпи значителни промени во курсот, ниту пак акцизите и другите давачки се смениле – зошто тогаш регулаторот ја држи цената на бензините на сè уште високо ниво? Додека потрошувачите очекуваат бензините допрва да одат уште подолу со цените, бизнисот вели дека нема да има поголем ефект врз економијата заради рекордно ниската цена на нафтата. инаку, е еден од клучните факторите што влијае врз цената на нафтените деривати во земјава и обично служи како оправдување на регулаторите и трговците за тоа зошто горивото на бензинска не е поевтино во толкава мета колку што е нафтата поевтина на светските берзи. Еве, за илустрација, иста цена како сегашната, 57.5 денари за литар, бензинот имал во јануари 2007 година, кога барел

нафта чинел 64 долари, а доларот бил 45 денари. Сега, нафтата е повеќе од 50% поевтина, а доларот е 57 денари, односно 27% поскапен во однос од пред девет години. Акцизите во меѓувреме останале безмалку исти, исто така и останатите давачки што влегуваат во малопродажната цена, кои што и онака имаат минорно значење. Највисоката цена на бензинот изминативе десетина години во Македонија беше над 81

денар за литар, и тоа кога барел нафта на светските берзи чинеше околу 105 долари, пред точно четири години. Иако на прва, би требало да заклучиме дека рекордни цени на бензинските станици би требало да бидат оние во средината на 2008 година, кога нафтата на светско ниво достигна историски максимум од 145 долари. Но, тогаш литар бензин беше за 4-5 денари поевтин од 2012, и повторно и тука улога


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

12

cover story БРОЈКИ

30

долари за барел последен пат нафтата чинела во февруари 2012-та

75%

поевтини нафтата во последните 18 месеци

40%

поевтини нафтата на светските берзи за една година

10-15%

се поевтини бензините во малопродажба во Македонија од пред една година

има курсот на доларот, односно, еден долар во 2008 година чинеше 42 денари, а во 2012 48 денари, односно 14-15% повеќе.

Евтина нафта: добро или лошо за светската економија?

“Зависи од тоа зошто цените се ниски“, вели Џулијан Џесоп, аналитичар од лондонската Capital Economics за Reuters. “Ако цената паѓа затоа што се најдени нови наоѓалишта на нафта, обично тоа им помага на економиите да растат, а пазарите прилично добро се држеа кога нафтата падна од 100 долари во 2014 на помалку од 50 долари за барел минатата година. “На долг рок, евтината нафта може да биде позитивна или во најлош случај неутрален фактор за светската економија, затоа што, најпросто кажано, приходот од производителите на нафта ќе се пренесе кај потрошувачите“, објаснува Џесоп. Изминативе 18 месеци цените на нафтата паднаа за 75%, од 110 долари/барел на помалку од 29 долари. Но, користа за светската економија сега е дискутабилна. Иако потрошувачите ќарија преку поевтиниот бензин, производителите трпат големи болки. Ефектите се прелеваат на финансиските пазари, и можат да ја намалат довербата на потрошувачите. Можеби, користите од вака ултра – евтината нафта сè уште ги надминуваат штетите, но пазарите досега паднаа до таа мера што и ова веќе не е кристално јасно. Последниот пад на нафтата до цена под 30 долари за барел ги загрижи инвеститорите дека тоа се случува заради тоа што глобалната побарувачка забавува, затоа што бизнисите и потрошувачите во многу земји во развој, особено Кина, намалуваат со трошењето. Брус Касман, главен економист во JPMorgan Chase, вели дека

Клучни прашања и одговори во врска со нафтата денес XX Зошто нафтата е толку евтина?

Затоа што светот се дави во нафта. Саудиска Арабија црпи под полна пареа, и не е тајна дека Саудијците сакаат да ги истиснат од индустријата производителите со повисоки трошоци. Тука влегуваат и некои од производителите на нафта од шкрилци во САД, кои што го зголемија дневното производство на нафта на оваа земја од 5 милиони барели на ден во 2008-та на преку 9 милиони барели денес. Саудиска Арабија ќе трпи и допрва, кога од почетокот на февруари Иран се враќа на нафтениот пазар, откако му беа укинати санкциите, со производство од околу 3-4 милиони барели дневно. И покрај ниската цена на нафтата, американските и останатите производители не го намалија производството, барем не значително. Резервите на нафта во САД се на највисоко ниво во последниве 80 години, а Меѓународната енергетска агенција прогнозира дека во првата половина годинава светската понуда на нафта ќе ја надмине побарувачката за 1,5 милиони барели на дневна основа. Побарувачката на нафта изминативе години имаше стабилен раст, но, Кина, вториот најголем потрошувач на нафта после САД, ќе има помал раст од очекуваното, што значи ќе падне и потрошувачката на нафта. Прогнозирањето на цената на нафтата е неблагодарна работа, но малкумина очекуваат цената да почне да закрепнува позначително пред 2017 година. Некои прогнозираат и уште поголемо тонење на цената, дури до 10 долари за барел. XX Зошто ниските цени на нафтата ги рушат светските берзи?

Профитите на нафтените компании одат во амбис, па и нивните акции исто така, а тоа ги влече надолу целите берзи. Аналитичарите од Wall Street прогнозираат дека профитот на сите компании заедно чии акции влегуваат во S&P 500 индексот ќе биде помал за 5,8% за 2015-та, штом се појават финансиските извештаи периодов. Но, доколку енергетските компании би биле изземени од таа математика, профитот на S&P 500 компаниите би бил сосема солидни 5,7% повисок во однос на 2014-та. Инвеститорите исто така, се ослободуваат од акции на компании што имаат некаква врска со нафтената индустрија, како извесни банки, на пример. А, цената на нафтата падна толку ниско, што инвеститорите се загрижени дека глобалниот економски раст ќе биде понизок одошто очекувањата, што значи дека ќе ги погоди сите индустриски сектори. XX Дали може ова да доведе до голема економска криза, како во 2008 година?

Големата финансиска криза почна како хипотекарна криза во САД, па потоа се прелеа н глобално ниво. Во моментов ниската цена на нафтата веќе има некои штети направено на берзанските пазари, но енергетскиот пазар не е голем како пазарот на недвижности. Кога цените на нафтата беа високи, многу банки, заедно со најголемите на Wall Street, позајмуваа обилно на енергетските компании за да финансираат дупчења на нови извори во Тексас, Северна Дакота и надвор од САД. Аналитичката куќа Dealogic од Њујорк проценува дека нафтените компании должат околу 500 милијарди долари на банките. Според Федералните резерви на САД, сите хипотекарни кредити вредат околу 11 илјади милијарди долари. Но, сепак, некои го осетија падот на цените на нафтата многу силно врз својот грб. Ликвидноста на нафтените компании е загрозена и тие с$ потешко ќе ги враќаат своите долгови. Расте бројот на банкроти во овој сектор, а најголемите американски банки – JPMorgan Chase, Wells Fargo, Citigroup и Bank of America – мораа да отпишат добар дел од побарувањата кон енергетски компании и да резервираат огромни средства за да ги покријат загубите. XX Каква цена треба да има нафтата за да биде добро и за потрошувачите и за производителите?

Според аналитичарите на JPMorgan Chase цена од 60-тина долари за барел би завршила работа. Доволно висока да ги одржи главните производители во бизнисот, но доволно ниска за да биде благодат и за џебовите на потрошувачите. Аналитичарите очекуваат цената да се врати до ова ниво до крајот на следната година, откако нафтените компании ќе редуцираат со истражувањата на нови извори и залихите пополека ќе се исчистат.



www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

14

cover story

22,275

16,694

21,784

12,327

0,890

0,300

0,080

0,030

3,200

3,200

8,690 57,500

острите падови во цената историски биле знак за слабеење на светската економија. Исто така, американските потрошувачи се повеќе претпазливи одошто порано кога станува збор за трошењето на екстра парите што им останале заради поевтиното гориво. Тие заштедиле 5,5% од нивните приходи во ноември, речиси цел процентен поен повеќе одошто една година претходно, покажуваат официјалните статистики на САД. “Нема сомнение дека растот на потрошувачката на граѓаните разочара во Америка, Европа и Јапонија“, вели Касман.

Додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува

Како и да е, уште од првиот нафтен шок во 1973 година, светот научи дека ненадејните скокови на цената предизвикуваат економски хаос. Од друга страна пак, кога цените паѓаат заради обилната понуда, како во 1986 година, тоа на светската економија и донесе благодат. Како што пишува The Economist, правилото е дека 10% пад во цените на нафтата го забрзува економскиот развој за 0.1-0.5 процентни

5,860 39,000

поени (за земјите чии што главен извозен производ не е нафтата, секако). Што поевтино, подобро, би помислиле на прва. Евтината нафта ги поттикна економиите на земјите увознички, од Европа до јужна Азија. Меѓутоа, ова ниско ниво на цената предизвикува и загриженост кај светските аналитичари. Срушените приходи носат политичка нестабилност во чувствителните делови од светот, како Венецуела, Мексико, или пак конкурентите извозници на нафта од Блискиот Исток. Земјите извознички на нафта ги стегаат ремените, додека во златните времиња трошеа екстравагантно. Русија објави дека ќе скрати 10% од јавната потрошувачка. Дури и Саудиска Арабија го крати својот буџет за да излезе на крај со буџетскиот дефицит кој стигна до 15% од БДП.

Евтината нафта ја влече надолу и цената на гасот, што значи истиснување на јагленот, кој што е многу понечисто гориво. Но, на долг рок, евтините фосилни горива ги кочат иницијативите за зелена енергија, што го прави поголемо загадувањето на планетата. nnn

Млакост: Домашните бизниси не се многу возбудени од ниската цена



пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Долина на солзите Наместо Вардарска силиконска долина Македонија 10 години подоцна наликува на Долина на волците. Реалноста која денес ја живееме многу наликува на сценариото од оваа турска серија, која неодамна се емитуваше и во Македнија, а која изобилуваше со мафијашко-разузнавачки акции, скриени тајни како функционира политиката, за вмешаноста и врските на политичарите со мафијашите во трговијата со оружје, дрога, луѓе, органи.. Работи за кој обичниот народ само шепоти, а не смее да зборува гласно. Денес по улиците имаме еден куп умислени мафијаши и агенти кои наводно работат за доброто на државата. И се борат против тајните сили кои сакаат да ја срушат државата. Целата креативна енергија се троши да се смислат вакви сценарија и скриени игри. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

E

Еден од првите проекти со кои ВМРО ДПМНЕ ја почна власта уште во далечната 2006 година беше проектот за формирање на Вардарска силиконска долина. Со проектот во кој беше вклучена македонската асоцијација за Интернет технологија МАСИТ се предвидуваше формирање на развоен центар за информатичка технологија или технолошки инкубатори преку кои ќе се поддржуваат промотивни идеи за отворање нови ИТ- бизниси, кои би работеле во една заедничка индустриска зона наречена Вардарска силиконска долина. Целта на овој проект беше до 2010 година двојно да се зголеми работата на македонските ИТ компании и да се отворат нови работни места во овој сектор. Проверен концепт, кој одамна функционира и дава одлични резултати во Иразел, а во изминативе некоолку години и во се поголем број земји од регионот. Дури и од денешен аспект овој проект звучи прогресивно, модерно и бомбастично. Но, за жал 10 години подоцна македонските ИТ фирми едвај преживуваат. Наместо нови иновативни идеи, тие се сведоа на евтин аутсорс за странски ИТ компании. За сите поголеми проекти и јавни набавки финансирани од државата се ангажираат фирми од странство, додека домашните фирми не можат да помислат да допрат, бидејќи не успеаа да стекнат ниту искуство, ниту референца. Денес, 10 години подоцна, главниот економски концепт на Македонија не е да создава индустриски зони во кои ќе поддржуваат прогресивни и иновативни идеи на домашната индустрија. Главниот економски концепт е да трошиме туѓи пари и да даваме огромни кеш субвенции и секакви ослободувања на странски фирми за да ги убедиме да дојдат и да отворат фабрика во нашите зони. Тие да ги вработат луѓето кои се без работа и да го зголемуваат македонскиот извоз. Наместо зони со технолошки инкубатори, изградивме зони со евтина работна рака за странските фирми. Денес, 10 години подоцна Македонија ни оддалеку не наликува на силиконска долина. Македонија денес наликува на Долина на волците. Реалноста која денес ја живееме многу наликува на сценариото од оваа турска серија, која неодамна се емитуваше и во Македнија, а која изобилуваше со мафијашко-разузнавачки акции, скриени тајни како функционира политиката, за вмешаноста и врските на политичарите со мафијашите во трговијата со оружје, дрога, луѓе, органи..Работи за кој обичниот народ само шепоти, а не смее да зборува гласно. Денес по улиците имаме еден куп умислени мафијаши и агенти кои наводно работат за доброто на државата. И се борат против тајните сили кои сакаат да ја срушат државата. Целата креативна енергија се троши да се смислат вакви сценарија и скриени игри. Но, секоја серија, колку и таа да е добро режирана, има крај, или, пак, продолжение. Крајот на нашата Долина на волците можеби се уште не се гледа јасно. Но, ако се види како оваа приказна се развива во земјите од регионот, кој исто така забегаа во слични сценарија и приказни, не е тешко и да се претпостави.


КапиталНО

Реалноста која ја живее Грција веќе наликува на долина на солзите. Во Црна Гора главниот јунак веќе го смени сценариото за новото продолжени. Во Хрватска, откако главните јунаци завршија во затвор, на новите актери им се нуди продолжение на приказната. Имено, на новата хрватска коалиција која едвај ја состави владата, неодамна им беше доставен еден документ составен од угледни германски експерти, со клучни чекори кои треба политичарите на власт да ги направат за да ја спасат државата. Имено, документот на угледниот германски институт UFO, направен наводно по нарачка на партијата на власт ХДЗ, веќе се наметнува во јавноста како новата економска програма на новата власт. Германските експерти тврдат дека за да се спаси државата од банкрот, Хрватска мора да помине низ долината на политичка смрт. Структурните реформи кои и се нудат се речиси исите кои и се наметнаа на Грција. “Структурните реформи кои треба да се направат ќе бидат болни на краток рок и ќе водат кон потенцијална “долина на политичка смрт”. Но, на Хрватска и е потребно храбро лидерство со доволно државна способвност да се соочи со неизбежната долина на политичка смрт”, се вели во програмата на германските економски експерти. Тоа бил единствениот пат да се извлече земјата од провалијата на преголема задолженост во која заглиби во изминатите десетина години заглиби. И нормално сега кога доаѓа времето

Кога доаѓа времето за отплата на долговите на странство, односно до соочување со реалноста дека економијата нема доволно капацитет да ги враќа преголемите долгови во кои ја заглавиле политиките елити кои предолго гледале мафијашки серии, тогаш се вклучува црвениот аларм. Тогаш долината на волците, обично продолжува со долина на политичка смрт. Тука се бараат јунаци кои треба да направат самоубиство. Кои ќе ги намалат платите во јавната администрација, ќе ја стават крај на сивата економија, кои ќе ги кратат пензиите, кои ќе ја зголемат возраста за пензионирање... за отплата на долговите на странство, односно до соочување со реалноста дека економијата нема доволно капацитет да ги враќа преголемите долгови во кои ја заглавиле политиките елити кои предолго гледале мафијашки серии, тогаш се вклучува црвениот аларм. Тогаш долината на волците, обично продолжува со долина на политичка смрт. Тука се бараат јунаци кои треба да направат самоубиство. Кои ќе ги намалат платите во јавната администрација, ќе ја стават крај на сивата економија, кои ќе ги кратат пензиите, кои ќе ја зголемат возраста за пензионирање...Интересно, германските експерти за прв пат и многу отворено предлагаат дека Хрватска мора да почне со постепена, контролирана девалвација на куната за 7% до 13%

годишно, за да ја обнови конкурентноста на економијата. Сите тие потези и реформи кои со години наназад беа буткани под тепих, кои политичките елити не ги ни споменуваа затоа што можеа лесно да се задолжуваат, лажно создавајќи впечаток дека работата за доброто на народот и државата, додека во истовреме царуваше корупцијата и сивата економија, додека големата држава го гушеше бизнисот со наводните многу важни капитални инвестиции и проекти. Патот по кој се движи Македонија е ист. Долината на волците многу брзо ќе се замени со нова серија долина на солзите, која неминовно ќе заврши со политичка смрт. Која народот ќе мора да ја проголта со објаснување дека сега тоа мора да се направи за да се спаси државата. nnn


Капитал број 848 29.01.2016

interview 18 Интервју

www.kapital.mk


Капитал број 848 29.01.2016

19 Кире Наумов е помалку од два месеци на функцијата дополнителен министер за финансии. Функција кој беше предвидена со политичкиот Договор од Пржино, со цел опозицијата да има некаква контрола на предизборното задолжување и трошење на власта. Но, освен при задолжувањето со евброобврзницата, за сите други задолжувања на домашниот пазар кои забрзано се прават, тој нема никаков глас. Наумов смета дека сегашното ниво на задолжување е веќе алармантно и дека мора да се стави крај на овој погубен концепт на власта кој не носи во банкрот. Во интервјуто за Капитал тој зборува за можните сценаријата во кој ќе влезе Македонија, за следните потези на опозицијата, за политиките и мерките за помош на домашните фирми и за поголем економски раст.

interview

Кире Наумов дополнителен министер за финансии

Само магионичар може да не спаси од банкрот. И Ставрески тоа го знае

В разговара:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

XX Во каква состојба е буџетот на Македонија? Јавно предупредивте дека власта забрзано се задолжува и забрзано се остварува буџетскиот дефицит предвиден за годинава? Најдобар индикатор во каква состојба е буџетот е наплатата на ДДВ. Минатата година наплатата на ДДВ се реализирала со 93,71% од планираното. Државниот завод за статистика може да испорачува било какви резултати за

економски раст, но наплатата на ДДВ најдобро покажува во каква состојба е економијата. Кога ќе потфрлите со наплатата на ДДВ, кој учествува со 46% во вкупните даночни приходи во буџетот, ништо друго не може да ги надополни тие ненаплатени прихoди. Минатата година дел од помалата наплата на приходите од ДДВ се компензираше со зголемената наплата на приходите од данокот на добивка, пред се заради законските измени кои се направија. Според календарот на аукции, во првата половина на 2016 година речиси секој вторник има закажно аукции на државни записи. Само во првите две недели од јануари има екстра задолжување од околу 30 милиони евра, што е околу 10% од буџетскиот дефицит за целата 2016 година кој треба да изнесува околу 307 милиони евра. Очигледно дека намерата на власта е, како и досега во сите изборни години, поголем дел од буџетскиот дефицит да се “испумпа” пред изборите. На пример, во 2013 година која беше изборна година, само во првите три месеци од годината е реализиран 60% од целиот буџетски дефицит. Веќе станува се поочигледно е дека парите од задолжувањето на домашниот


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

20

Интервју

пазар не се користат за тековни исплати и раздолжувања. XX Но, вие бевте назначен за дополнителен министер за финансии со цел да имате некаква контрола и да спречите предизборни задолжувања на власта. Во овој краток период додека сте на функцијата, власта продолжува да се задолжува и тоа прилично забрзано... Има ли реална смисла вашата функција? На почетокот на мојот мандат успеавме да го преполовиме износот со кој Македонија требаше да се задолжи преку еврообврзница на странските пазари од 500 милиони евра, на 250 милиони евра. Странските банки и меѓународните институции сфатија дека само со потпис од министерот за финансии и дополнителниот министер за финансии може да биде одобрено задолжување на државата. Во тогашните разговори со министерот за финансии стигнавме до разумен договор дека на Македонија и се доволни 250 милиони евра задолжување на странскиот пазар со кои може да се покрие дефицитот и тековните плаќања во првата половина од годинава. Што се случи во меѓувреме? Сите клучни рокови договорени за имплементација на Договорот од Пржино беа пробиени. Државната изборна комисија (ДИК) не беше навреме формирана. Власта го искористи тој момент и кога дојде првото задолжување на домашниот пазар, јас тврдев дека на Македонија не и се потребни нови екстра задолжувања, бидејќи сите тековни потреби се покриени со парите од еврообврзницата. Но, стариот состав на ДИК донесе одлука дека тие задолжувања на домашниот пазар нема да влијаат на изборите и дека министерот за финансии може сам без потпис на дополнителниот министер за финансии да одлучува колку и кога ќе се задолжува. Неодамна и Светската банка и германска државна КфВ банка одучија дека сите средства кои и се одобруваат на Македонија ќе бидат оперативни после изборите. Очигледно сите полека сфаќаат дека предизборниот период власта го користи за корумпирање на гласачите со државни пари. Меѓународните финансиски и банкарски институции имаат пристап многу поразличен од домашните финансиски институции. Третирањето на законите како палома хартии е за жал домашна карактеристика на оваа власт. Дури и темата за задолжувањето се обидуваат да ја претстават како лична битка на Наумов против двоецот Груевски-Ставрески. Односно, еве Владата на ВМРО ДПМНЕ ветува и бара пари за проекти, а СДСМ дури и исплатата на тековните обврски се обидува да ја закочи. XX Но, се додека власта може да се задолжува и редовно да исплаќа

Ќе мора да се бара аранжман од ММФ

М

ожеби е можно може уште една еврообврзница да биде издадена и потоа доаѓаме до сценарио во кое ќе мора да се бара аранжман со ММФ. Тоа подразбира мерки кои ќе значат или зголемување на стапката на ДДВ, но истовремено и кратење на расходите во буџетот, односно намалување на плати, пензии, субвенции и сл. Тоа е страшно лошо сценарио. Но, ако сега не се стави крај на овие политики, тоа е сценариото кон кое одиме. пензии и субвенции, нема проблем... До кога може да трае ова? Кои се црвените линии? Тоа ќе трае се до денот кога ќе се објави дека земјата е банкрот. Еве за момент да го оставиме на страна темпото и брзината со која се задолжува Македонија, односно фактот дека во изминативе осум години долгот на земјата е зголемен двојно. Да го земеме само фактот дека јавниот долг на Македонија е 43.9% од БДП, иако податоците кои наскоро ќе ги добиеме ќе покажат дека долгот до крајот на годината ќе наближи до 50% од БДП. Владата оди со тезата дека во споредба со другите држави, Македонија е една од најмалку задолжените држави во Европа. Но, клучно е колку земјата е во можност да ги враќа долговите. Единствен извор од каде сега и во иднина ќе се враќаат долговите се вкупните приходи во буџетот. Во 2008 година на Македонија за да го исплати целиот јавен долг и биле потребни шест месечни приходи од буџетот. Во 2014 година за да го исплати целиот јавен долг на земјата и се потребни 20 месеци да прибира приходи, без никакви исплати. За споредба на Бугарија и се потребни само 9 месечни буџетски приходи за да го врати целиот долг, на Чешка и се потребни 13 месечни приходи, на Данска 9 месечни приходи, на Романија 14 месечни приходи да го исплати долгот.. Задолжувањето мора да се гледа во контекст на способноста на економијата да генерира приходи со кои може да се отплаќа долгот. Јас тврдам дека за Македонија ова ниво на задолженост од 20 месечни приходи за исплата на целиот долг е веќе преголемо. Овој податок за нивото на задолженост на Македонија е нешто што мора да ги запали сите аларми дека е невозможно да се продолжи понатаму со ова темпо на задолжување. XX Што ќе се случува во втората половина од годинава? Парите од еврообврзницата се доволни само

за покривање на потребите за финансирање до јуни...Што може да се очекува? Ако владата не се промени до јуни, според сите параметри, Македонија до крајот на годината ќе биде високо задолжена земја. Ако не дојде до промена на власта, веднаш по формирањето на новата влада ќе одат на издавање на нова еврообврзница од најмалку 500 милиони евра за да се надополнат парите кои во овој период ќе бидат “испумпани”. XX Како би се сменила власта до јуни ако изборите бидат одложени и не се одржат на 24 април? Видете, избори во 2016 година мора да има. Она што е важно е да бидат исполнети сите предуслови за да има фер и демократски избори. СДСМ како партија јасно кажа кои се тие предуслови кои мора да се исполнат пред да се одржат изборите. Можеби јуни е прерано, но дефинитивно за 24 април нема никакви услови за да се одржат избори. Во месеците потоа може да се размислува за избори, секако ако постои кооперативност. Еден од значајните услови, барем во економскиот дел, кои треба да бидат исполнети за да може да се каже дека на некој начин ја контролираме власта е Управниот суд да донесе одлука со која ќе биде ставено јасно до знаење дека петходниот состав на ДИК немал правна основа да носи одлуки за ветото на дополнителниот министер за финансии. И да се даде можност новиот состав на ДИК да одлучува за ветото и така да дојдеме до ситуација која што беше договорена и со договорот во Пржино, во која министерот и дополнителниот министер за финансии заедно да одлучуваат кога и колку ќе се задолжува државата, онака како што беше направено и при задолжувањето на странскиот пазар со издавањето на еврообврзницата. XX Да се свртиме малку кон реалната состојба во која работи приватниот сектор додека Македонија се наоѓа во целосна политичка неизвесност. Рековте дека приходите од ДДВ потешко се наплаќаат...Во каква состојба е македонската економија? Секој кој малку повеќе се движи низ бизнис круговите знае во каква состојба е приватниот сектор, каква е неликвидноста и како оди исплатата на доспеаните обврски од страна на државата. Како и секогаш досега, така и сега министерот за финансии тврди дека сите институции навреме си ги исполнуваат своите обврски. Но, многу од компаниите се плашат јавно да зборуваат за тоа, па доставуваат анонимни податоци и информации дека тоа не е така. И пред неколку години министерот за финансии тврдеше дека државата нема никаков долг кон приватниот сектор, се до денот кога премиерот ги собра сите бизнисмени за официјално да им каже дека владата

Наумов: Криминално стекнатите пари мора


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

21 Овој начин на привлекување на странски инвестиции е погубен за Македонија

ќе се раздолжи со стопанството. Според мене, целиот дефицит кој се прави во овие месеци е со цел позасилена исплата на сите субвенции, трансфери, како и за исплата на заостанат невратен ДДВ од претходниот период. Неофицијално, фирмите добиваат и известувања од одредени буџетски корисници со кои им се најавува дека повратот на ДДВ ќе стане поинтензивен во февруари и март, со што фирмите се на некој начин ставени во позиција да бидат зависни од власта.  Како може да се надмине оваа ситуација? Како СДСМ планира да им го олесни работењето на фирмите? Во овој момент државата е почетната алка во синџирот на огромната неликвидност во економијата. Практиката на повластена страна на владата во договорните односи со правните субјекти мора да престане. Најдобар начин да им се помогне на фирмите е целосна реализација на капиталните инвестиции. Ако погледнеме наназад тие ниту една година не се реализираат во целост и во сите години до сега, почнувајќи од 2008, реализацијата се движи околу 70% до 80% од првично планираните капитални инвестиции во буџетот. Исто така, во Визијата за Македонија една од основните цели ни е да им помогнеме на домашните мали и средни претпријатија. Тие, според нас, треба да бидат движечката сила за реален раст на македонската економија. Веќе во првата година кога ќе

Амнестија не е можна. Криминално стекнати пари мора да бидат запленети!  А што со онаа нееднаквост која се создаваше со тоа што одредени луѓе и фирми блиски до власта незаконски добивале големи зделки и пари од буџетот, кои потоа се враќаат во економијата и создаваат нееднаквост. Каков статус ќе имаат тие приходи и богатства? Дали тие ќе бидат амнестирани? Амнестија не е можна. Вистината на Македонија не би се објавувала и не би стигнала до овде ако некој помислил дека е можна амнестија. И не само преку Вистина на Македонија, што е само 10% од она што се случува. Идната влада мора да се најде начин како тие пари да се вратат назад во економијата и буџетот. Криминално стекнати средства мора да се запленат, се разбира низ правни процедури, можеби и специјални, зошто ние и онака сме во специјална ситуација одамна. Затоа е донесен и специјален закон за специјално обвинителство баш за ваквите дејства. Нормално дека не можете сите случаи да ги докажете и процесирате, но во еден голем дел мора да завршат со конфискација и никако поинаку. дојдеме на власт ќе им доделиме на фирмите 20 милиони евра државна поддршка. Целта ни е во четвртата година од мандатот оваа поддршка да изнесува 50 милиони евра. Со овие средства очекуваме реален економски развој, отворање на нови работни места во приватниот сектор, преку кои меѓу другото ќе се санира и состојбата во пензискиот фонд со зголемен прилив на средства по однос на придонеси.  Колку е опасна оваа ситуација во која Фондот за пензиско осигурување е целосно зависен

од трансферите од буџетот за да исплати околу половина од пензиите? Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ) се наоѓа во многу лоша состојба. Да ги погледнеме наназад трансферите од буџетот кои се прават кон Фондот. Во 2008 година 27% од вкупните приходи на Фондот биле трансфери од државниот буџет. Сега трансферите од буџетот достигнуваат 42% од вкупните приходи на Фондот. За да биде уште појасна сликата за тоа

ДА СЕ ЗАПЛЕНАТ И ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЕКОНОМИЈАТА


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

22

ИНТЕРВЈУ

колкави се тие трансфери кон Фондот ќе го кажам и следниов податок. Дури 51,57% од вкупните приходи од ДДВ, кој е најголем полнач на буџетот, одат како трансфери кон Фондот за ПИОМ. Во 2008 година трансферите за државниот фонд било околу 27% од приходите од ДДВ. Значи, во услови кога се намалуваат приходите од ДДВ во буџетот, се поголем дел оди за трансфери за пензии. Тоа е многу проблематична ситуација која наложува дека државата ќе мора да се задолжува за да може редовно да исплаќа пензии. Мислам дека целиот концепт на оваа власт, кој се базира на привлекување на странски инвестиции по секоја цена, преку евтина работна сила и со огромни субвенции, а целосно заборавање на домашните компании, не остава на дното. Стапките на економски раст се мали, а заради преголемите субвенции и ослободувања кои им се даваат на странските инвеститори, фактички нема кој да плаќа придонеси. Мислам дека овој начин на привлекување на странски инвестиции е погубен за Македонија.  Како го коментирате фактот што во време кога според податоците на власта невработеноста е историски најмала, Фондот за пензиско има се помалку приходи? Тоа е економската нелогичност на целата политика. Како е можно да имаме најниска невработеност, а фондот за ПИОМ секој месец да бара се поголеми трансфери. Можеби се зголемува бројот на луѓе кои се вработуваат во странските компании, но фактот што тие не плаќаат никакви даноци и придонеси создава дупки, односно дефицити во буџетот и во сите фондови, кои стануваат се поголеми. Тоа е тој магичен круг кој може да потрае уште некое време, но во еден момент неминовно ќе пукне. - Колкави стапки на раст ќе ни требаат за да можеме да ги отплаќаме долговите ? Просечниот годишен економски раст на Македонија од 2009 досега е само 2%. Кога се задолжувате надвор со каматни стапки поголеми од растот, како што тоа го прави Македонија, се задолжуваше со стапки од 10% за една еврообврзница, потоа со околу 4%, сега со 5,125%, а имате раст од само 2%, само магионичар може да ве спаси од банкрот. Ако продолжиме, банкротот е неизбежен. Економистот Ставрески тоа го знае. За Македонија неопходен е раст кој пред се ќе биде одржлив во подолг период и не помал од 6% годишен раст. Основно е дека стапките на раст мора да бидат поголеми од каматните стапки на кредитите со кои државата се задолжува.  Дали Македонија оди кон ситуација во која ќе биде неизбежно склучување на аранжман со ММФ и зголемување на пример на стапката на ДДВ или големи кратења на расходите за да може редовно да ги исплаќа долговите кон странство ?

Мора да има правна завршница на злоупотребите кои ги слушнавме

Н

е смее да се дозволи повеќе ваква злоупотреба на системот од неколкумина кои мислеле дека можат се и се им е дозволено. Во наредниот период ќе се донесат низа законски мерки кои ќе оневозможат во иднина да ни се повтори ваква или слична состојба, без разлика кој е на власт. Заштитата на основните демократски права и секако правната завршница за сите злоупотреби што ги слушнавме преку проектот „Вистината за Македонија” се моите главни очекувања за 2016 година. Да, тоа е многу реално сценарио. Покрај засиленото задолжување на власта на домашниот пазар, на почетокот на годинава веќе имаме зголемување на каматните стапки на државните записи, кај некои и до 10%, за тие да се направат поатрактивни за банките. Кога ќе се види дека не може повеќе да се зголемуваат каматните стапки и да се исцицува домашниот пазар, ќе дојдеме до неминовна ситуација кога ќе мора да се бараат пари на странскиот пазар. Можеби е можно може уште една еврообврзница да биде издадена и потоа доаѓаме до сценарио во кое ќе мора да се бара аранжман со ММФ. Тоа подразбира мерки кои ќе значат или зголемување на стапката на ДДВ, но истовремено и кратење на расходите во буџетот, односно намалување на плати, пензии, субвенции и сл. Тоа е страшно лошо сценарио. Но, ако сега не се стави крај на овие политики, тоа е сценариото кон кое одиме.  Една од основните столбови во економската програма на СДСМ е прогресивното оданочување со цел да се намали нееднаквоста меѓу граѓаните? Дали е тоа начинот кој

ќе ја намали нееднаквоста? Нееднаквоста меѓу граѓаните, во обем во кој што е кај нас присутна, не може да се намали само со една промена. Многу е важно, пред било каква промена, да се осигура исполнување на неопходни услови кои ќе гарантираат ефикасна реализација и резултати на промените. Тука во прв ред е департизација и независност на институциите кои треба да обезбедат транспарентност во процесите. Транспарентноста е главниот коректив на понатамошната праведна прераспределба на доходот. За да се намали екстремниот јаз кој постои во Македонија и да се дојде до некаков конкретен резултат, е потребно да се дејствува во две насоки. Прво, да се направи поправеден начинот на собирање на средства преку воведување на прогресивно оданочување и врзување на висината на даноците на имот со големината, односно вредноста на имотот, и второ, да се осигура дека тие поправедно собрани средства ќе бидат прераспределени кај најсиромашните слоеви на граѓани, на оние што најмногу им се потребни. 

НАУМОВ: ДРЖАВАТА МОРА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА ЗА РЕДОВНИ ПЕНЗИИ




СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ОСИГуРувАњЕ

5

февруари

2016

Година на раст: Што Го движи осиГурителниот Пазар во Македонија? осигурителниот сектор расте во континуитет последниве години: само во првите три квартали лани вкупната осигурителна премија се зголемила за речиси 8%, додека животното осигурување продолжува да расте со двоцифрени стапки: заклучно со септември 2015 вкупната полисирана премија пораснала за дури 21%! сепак, и понатаму задолжителното осигурување на моторни возила останува убедливо водечки продукт во секторот со преку 50% учество. тоа укажува дека има уште многу простор за развој на осигурителниот пазар, а пред осигурителите уште многу работа за подигање на свеста за доброволните продукти. во специјалниот прилог “осигурување“ ќе анализираме што ја движи осигурителната индустрија, кои се продуктите со најголем пораст и каде е најголемиот потенцијал за иден развој на овој бизнис. Меѓу другото, во прилогот ќе може да прочитате:

l кој е кој во осиГурителниот бизнис во Македонија: компании со најголем раст на премиите изминатава година l интервјуа со Менаџерите на најусПеШните осиГурителни коМПании l животното осиГурување расте со двоцифрени стаПки: колкав е просторот за иден развој? l доброволното осиГурување сè уШте со ГолеМ Потенцијал за раст: ниска свесност кај граѓаните за заштита на своите имоти l анализираМе за вас: кои се најдобрите осигурителни продукти за бизнисите? кои се иновативните продукти што се појавија на пазарот изминатиов период? l осиГурување од одГоворност, Менаџерски осиГурувања... странските инвеститори најголеми корисници на новите осигурителни услуги

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОвСКА


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

34

Компании и пазари

Извозниците без никаква поддршка од државата

Само 39 извозници о наплата на побарува Македонските компании го губат пазарниот натпревар во странство без доволна поддршка од државата која што ќе им гарантира наплата на побарувањата од извоз. Само 39 компании ја осигуриле наплатата на побарувањата за продадени производи во вредност од 45,6 милиони евра лани. минатата година. Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), која е единствена во земјава што им нуди на компаниите осигурување на наплатата, минатата година осигурила наплата на извоз во вредност од 39,4 милиони евра, а 6,2 милиони евра на домашниот пазар. Тоа значи дека за помалку од 1% од македонскиот извоз лани била осигурена наплатата на побарувањата. За споредба, во Словенија на пример, повеќе од 15% од извозот лани бил осигурен. Менаџерите на извозните компании велат дека извозното осигурување е исклучително важен механизам за поддршка на извозот, особено во времиња кога најголем дел од нашите трговски партнери се уште тешко се справуваат со економската криза и од тој аспект, наплатата на побарувањата е прилично неизвесно, а тоа во нашата држава е недоволно организирано преку МБПР.

С пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Само 39 компании ја осигуриле наплатата на побарувањата за продадените производи минатата година. Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), која е

единствена во земјава што им нуди на компаниите осигурување на наплатата, минатата година осигурила производи во вредност од 45,6 милиони евра, што е речиси идентично како и во годината претходно. Од нив, осигурени се производи извезени на странски пазари во вредност од 39,4 милиони евра, а 6,2 милиони евра на домашниот пазар. Тоа значи дека за помалку од 1% од македонскиот извоз лани била осигурена наплатата на побарувањата. За споредба, во Словенија на пример, повеќе од 15% од извозот лани бил осигурен, а таму веќе и приватни осигурителни друштва им нудат на извозниците осигурување на наплатата. Во Европа, просекот на осигурување на извозот изнесува 5% од вкупната продажба на странски пазари. Интересно е што извозот во последните неколку години се зголемува, но интересот за осигурување на наплатата на побарува-

МБПР: Помалку од 1% од извозните побарувања се оси


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

35

осигурaле ањата лани

њата напротив, останува ист. Од МБПР објаснуваат дека вкупниот извоз од Македонија се зголемува пред се поради продажбите на странските инвеститори што работат во слободните економски зони, кои создаваат околу четвртина од вкупниот македонски извоз. „Странските инвеститори – извозници извезуваат пред се кон свои поврзани компании, така што продажбата не може да се осигури поради поврзаноста на извозникот и купувачот во странство“, велат од МБПР. Од државната банка велат и дека најголем дел од извозниците, лани побарале осигурување на наплатата за извоз кон земјите од регионот, како Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, но и за Германија. Од лани се зголемил и интересот за осигурување на извоз за Русија. По одделни индустрии, извозниците што лани ја осигуриле продажбата на

странските пазари се од фармацевтската, прехранбената, текстилната, металната, винската индустрија, производство на цевки. Македонските компании го губат пазарниот натпревар во странство без доволна поддршка од државата која што ќе им гарантира наплата на побарувањата од извоз. Менаџерите на извозните компании велат дека извозното осигурување е исклучително важен механизам за поддршка на извозот, особено во времиња кога најголем дел од нашите трговски партнери се уште тешко се справуваат со економската криза и од тој аспект, наплатата на побарувањата е прилично неизвесно, а тоа во нашата држава е недоволно организирано преку МБПР. „Кога би имале осигурување на наплатата на извозот, македонските фирми би биле похрабри во настапот на пазарите во

другите држави затоа што знаат дека ќе наплатат без проблем. Ќе можат похрабро да дадат производи на одложено плаќање како што тоа го прават фирмите од државите кои имаат осигурување. На тој начин ќе бидат исто конкурентни како тие фирми. Затоа што во конкурентноста освен цената, квалитетот секако, и условите на плаќање се фактор за странскиот партнер. Доколку има осигурување на наплатата, македонскиот извозник би платил премија за осигурување (што вообичаено е процент од износот на фактурата) но за тоа би добил сигурност во наплатата и би биле похрабри во давањето на подолги рокови за наплата и на тој начин би ја зголемиле конкурентноста. Секако нема целиот ризик да го носи МБПР туку тие треба да се реосигурат кај поголемите компании за кои таа дејност е нормална секојдневна активност“, вели Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори на компанијата Брако.

сигурени, најголем интересот за наплата од регионот


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

36

Компании и пазари

И

К Кочо Анѓушев претседател на Брако

ога би имале осигурување на наплатата на извозот, македонските фирми би биле похрабри во настапот на пазарите во другите држави затоа што знаат дека ќе наплатат без проблем. Ќе можат похрабро да дадат производи на одложено плаќање како што тоа го прават фирмите од државите кои имаат осигурување. На тој начин ќе бидат исто конкурентни како тие фирми. Затоа што во конкурентноста освен цената, квалитетот секако, и условите на плаќање се фактор за странскиот партнер. Доколку има осигурување на наплатата, македонскиот извозник би платил премија за осигурување (што вообичаено е процент од износот на фактурата) но за тоа би добил сигурност во наплатата и би биле похрабри во давањето на подолги рокови за наплата.

Менаџерите на извозните компании коментираат дека интересот за оваа услуга се уште е слаб бидејќи и премиите што ги наплатува МБПР за осигурување на извоз во одредени земји се високи. „Износот на премиите што ги наплатува МБПР за некои држави знае да биде висок, но она што најмалку ни одговара е што се осигуруваат извозните побарувања само за една година. Многу пати ни се случи да користиме осигурување на извоз за одреден купувач во период од три - четири години непрекинато за потоа следната година МБПР заради одредени параметри или ризици да ни го одбие понатамошното осигурување на клиентот. Во ваков случај ние на долгогодишен клиент не можеме да му откажеме соработка и продолжуваме да извезуваме но со неосигурени побарувања“, вели Глигор Цветанов, главен извршен директор на Макпрогрес. Тој сугерира да се намалат висините на премиите за да бидат поприфатливи и да се релаксира односно олабави политиката на одобрување на осигурувањето. „Ова особено поради тоа што сме имале случаи кога други компании добиле

Глигор Цветанов

извршен директор на Макпрогрес

осигурување на извоз за купувач за кој ние сме добиле негативен одговор на барањето на осигурување“, вели Цветанов. Од МБПР пак, велат дека условите за користење на кредитното осигурување се поволни и самата процедура е кратка. „Во изминатиов период МБПР перманентно прави напори за намалување на трошоците за користење на кредитното осигурување. Намалени се трошоците за одобрување на кредитен лимит (бонитет) од 75 на 65 евра. Воведени се дополнителни бенефиции (значително намалување на премиските стапки) за малите и средни компании кои осигуруваат 60% од нивните годишни продажби или најмалку 5 милиони евра за големите извозни компании“, вели Дарко Стефановски, директор на секторот за осигурување во МБПР. Од МБПР објаснуваат дека за класификацијата на ризикот на одредена земја МБПР ја користи класификацијата на земјите според ОЕЦД (според ова класификација земјите се класифицирани во 7 групи). За земјите од повисоки категории на ризик согласно ОЕЦД класификацијата, важат повисоки премиски стапки. „Висината на премиските стапки зависи

зносот на премиите што ги наплатува МБПР за некои држави знае да биде висок, но она што најмалку ни одговара е што се осигуруваат извозните побарувања само за една година. Многу пати ни се случи да користиме осигурување на извоз за одреден купувач во период од три - четири години непрекинато за потоа следната година МБПР заради одредени параметри или ризици да ни го одбие понатамошното осигурување на клиентот. Во ваков случај ние на долгогодишен клиент не можеме да му откажеме соработка и продолжуваме да извезуваме но со неосигурени побарувања. Има и случаи кога други компании добиле осигурување на извоз за купувач за кој ние претходно сме добиле негативен одговор на барањето за осигурување.

од ризикот на земјата каде е лоциран купувачот, рокот на плаќање (подолг рок значи повисока премија) и дисперзијата на ризикот односно бројот на купувачите кои извозниците ги осигуруваат во МБПР. За илустрација, премиските стапки за земјите кои се класифицирани во 1 категорија на ОЕЦД се движат околу 0,33% од вредноста на побарувањето кое е со рок на плаќање 30 дена (Германија, Холандија, Англија, Франција и др). За земјите кои се класифицирани во полоша категорија според ОЕЦД, премиските стапки се движат 0,8% - 0,9% ( Србија, Хрватска, Бугарија, Русија и др) и од 1% - 1,4% (Албанија, Црна Гора, Косово , Белорусија, Казахстан и др)“, објаснуваат од МБПР. Од таму велат дека континуирано прават напори за промовирање на кредитното осигурување преку директни посети на компаниите, презентации пред членките на коморите, кластерите, здруженијата. Во соседните земји, пак, формирани се специјализирани агенции кои што им нудат на извозниците осигурување на наплатата и поддршка на извозот. Во Србија, на пример, пред десетина години е основана Агенција за осигурување и финансирање


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КОНдИтОРСКА ИНдуСтРИЈА

12

февруари

2016

Кој ја загорчува маКедонсКата

шеќерна ПриКазна? македонската кондиторска индустрија бележи континуиран раст на производството и извозот последниве неколку години, но и покрај тоа, нејзиниот потенцијал не е докрај исцрпен. околу 50% од капацитетите на кондиторските фабрики не се искористени, а бизнисмените од оваа бранша бараат поголема системска поддршка и отстранување на пречките што го кочат растот на нивните компании. во специјалниот прилог “Кондиторска индустрија“ ќе ја анализираме моменталната состојба во оваа индустриска гранка, како и што предлагаат бизнисмените за нејзино поголемо учество во вкупниот БдП и извоз на државата.

l Кои се најголемите Производители и извозници на КондиторсКи Производи? l КаКо да се зголеми Производството и извозот на КондиторсКи Производи? што Бараат Бизнисмените. l долги Процедури за увоз на суровини l нелојална КонКуренција од увоз l ПротеКционизам на странсКите Пазари... ова се дел од проблемите на македонските производители на кондиторија. l најголемите КондиторсКи фаБриКи инвестираа значително изминатиов Период: КаКви се нивните Бизнис Планови? l маКедонсКи слатКи се Присутни во ПреКу 50 држави во светот:

КаКо се Прави извоз? нудиме скапоцено знаење за малите производители

l интервјуа со менаџерите на најусПешните КондиторсКи КомПании во маКедонија. Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРдАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

38

Компании и пазари броjки

39,4

милиони евра побарувања од извоз биле осигурени лани од страна на МБПР, што е помалку од 1% од вкупниот извоз

6,2

милиони евра биле осигурени за наплата од домашниот пазар

5%

на извозот, која што им нуди на српските извозници услуга со која им гарантира наплата на побарувањата од извоз. Оваа агенција е во целосна државна сопственост и располага со капитал од 60 милиони евра. Сепак, последните податоци покажуваат дека само околу 150 милиони евра од српскиот извоз има осигурена наплата на побарувањата, што е околу 1,5% од вкупниот извоз на земјата. Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР), која освен осигурување на наплатата, им нуди на извозниците и кредити и гаранции за поддршка на извозот, според првичните податоци, лани одвоила 750 милиони евра за оваа намена.

Извозот неизвесен

Она што загрижува на почетокот на годината, што беше главна тема на разговор и на Светскиот економски форум во Давос е што кинеската економија со соочува со големо забавување на економскиот раст и тоа директно ги погодува сите нејзини партнери. Македонија секако не е на листата најголеми извозници во Кина, меѓутоа загрижува што нашиот најголем извозен пазар, Германија, се навикна на растечка побарувачка од Кина, а сега е неизвесно колку германски машини ќе им испорача на кинеските фабрики и колку

луксузни автомобили ќе им продаде на директорите на кинеските компании. Освен во Германија, неизвесна е и размената со Грција, каде што продолжува нова епизода од серијата „Рецесија“. На агендата на грчкиот премиер Алексис Ципрас годинава несомнено ќе се најдат реформата на платите во јавниот сектор, концептот за реформа на пензискиот систем, кои што подразбираат радикално штедење. Тоа според економистите значи дека Грците помалку ќе купуваат, односно побарувачката за производи ќе се намалува. Менаџерите на македонските компании што извезуваат во Грција, коментираат дека не очекуваат дека ќе го зголемат извозот, а се надеваат дека нема ниту да се намали. „Иако Грција е исправена пред сериозни реформи што предвидуваат кратење и штедење на пари, сепак, како членки на Европската Унија добиваат значителна помош, особено во делот на изградбата на јавната инфраструктура и тоа е она што не интересира нас бидејќи нашите производи ги користат во јавните инвестиции. Од тој аспект, нашиот извоз во Грција не е загрозен, но исто така не очекуваме ниту дека ќе се зголеми. Добро е што сега нема проблеми со плаќањата, како што се појавија кога банкарскиот систем

е европскиот просек на осигурување на побарувањата во вкупниот извоз

се затвори во екот на кризата“, вели Васко Сепетовски, извршен директор на гевгелиската компанија Конти Хидропласт, која четвртина од производството го продава токму на грчкиот пазар. За шест години, извозот во Грција е повеќе од преполовен. Ако во 2008 година, во на грчкиот пазар биле продадени производи во вредност од 535 милиони долари, лани вредноста на извозот во Грција изнесуваше 226 милиони долари. Сепак, Грција е меѓу петте најголеми извозни пазари за македонските производи. Од останатите значајни извозни пазари, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за годинава прогнозира економски раст од 1,9% во Бугарија, 1,5% во Србија и 1,3% во Италија. Една од компаниите што најголем дел од извозот го пласираат во регионот, е прилепска Витаминка. Генералниот директор на компанијата, Сашо Наумоски, вели дека веќе склучиле договори за нови нарачки од Бугарија, Србија и Хрватска. „Ние како компанија проценуваме дека ќе го зголемиме извозот во регионот и очекуваме дека следната година ќе биде подобра од оваа“, додава Наумоски. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

40

Репортажа: Нова биогасна електрана во Новаци

Покрај млеко кравите можат да “произведуваат“ и електрична енергија

ЗК Пелагонија почна да прави струја од кравји измет Македонија доби биогасна електрана од 3 мегават часови. ЗК „Пелагонија“ преку својата фирма „Пелагонија Енерџи“ од Битола инвестираше околу 20 милиони евра во реализација на биогасна електрана и современа фарма во пелагонискиот регион. Капитал имаше ексклузивна можност да присуствува на свеченото отворање на истата и да направи репортажа од едно од најсовремените земјоделски стопанства на Балканот.

Н пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

На бројните љубители на култните филмови „Меклинток“ и „Чисум“на легендарниот Џон Вејн повеќе од сигурно ќе им се допадне атмосферата на најновата мега фарма за крупен добиток на ЗК Пелагонија во Новаци. Таму во една сосема модерна атмосфера ќе можете да почувствувате

како е да се живее помеѓу 2.000 грла крупен добиток и уште толку нивни младенчиња. Идилата е толку поголема што ЗК Пелагонија успеала да најде решение и за единствената негативност која доаѓа од многуте крави- т.е. нивниот обилен измет. За да го реши овој проблем и притоа да заработи пари земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола минатиот петок во Новаци пушти во употреба биогасна централа со капацитет од 3 мегавати на час. Ова најсовремено технолошко решение го претвора изметот на 2.000 молзни крави во електрична енергија која може да ги задоволи потребите на едно помало населено место. Станува збор за вкупна инвестиција од околу 20 милиони евра, пари кои во најголем дел се обезбедени од редовното работење на ЗК Пелагонија. Биогасната централа нуди најсовремено еколошко решение за справување со арското ѓубриво од фармата, со чија преработка и заедничко ферментирање со

Биогас: додадена вредност од иднината на сто


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

41 фуражната пченка се добива биогас.

О

Биогасна централа е најсовремено еколошко решение Во Македонија ова е само втор објект од ваков тип кој започнува со работа. Поради тоа земјава нема ниту кадри ниту технологија за примена на вакви современи производствени процеси. Затоа ако се смета целокупната проектна документација, технологијата и опремата се набавени од италијанската фирма „Рота Гвидо“, додека од „Џенерал електрикс“е купена опремата за производство на електрична енергија. Според Драган Китановски, директор на ДООЕЛ „Пелагонија- Енерџи“ изградбата на биогасни централи претставува најсовремено еколошко решение во развиените земји во светот за справување со арското ѓубриво од фармите, а според него и ЗК Пелагонија воопшто не заостанува зад тоа. „Ние воопшто не заостануваме зад тој светски тренд. Напротив, можеме да се пофалиме дека сме една од најголемите фирми во Европа кои се занимаваат со производство на „зелена“ енергија, односно струја произведена од биогас“, изјави Китановски. Освен биогасната централа во Новаци, ЗК Пелагонија инвестира и во втор капацитет кај фармата во селото Породин, а наскоро планира да гради и трет. Со тоа ќе го заокружи вкупното производството на 6 мегавати електрична енергија на час, инвестиција вредна 10 милиони евра во прва фаза. Во втората фаза планирана е изградба на стакленици за двете централи на површина од 10 хектари, за да може целосно да се искористи топлината која се добива од ладење на генераторитe.

Иднината на македонското земјоделство е во заокружениот производствен процес Со оглед дека најголем проблем во македонското земјоделство претставува негова расцепканост и неинтегрираност, ЗК Пелагонија со овој проект очигледно одлучила да отстапи од стереотипите. Затоа остатокот од инвестицијата (до 20 милиони евра) во комплексот на ЗК Пелагонија во Новаци отпаѓа на изградените современи штали. Комплетна сточарска технологија која обезбедува производство на здрава храна. На овој начин компанијата си обезбедува целосно заокружен производствен процес кој не е зависен од никакви идни потреси на пазарот. Извршниот директор на ЗК Пелагонија, Томе Давков на лице место ни ги претстави капацитетите и сите нови технолошки придобивки кои се применети во Новаци. „Тука можат да се сместат 2.000 молзни крави и уште 1.000 грла од помладите категории. Притоа соврмената фарма доби нов толчарник и ново молзилиште

Михаил Цветков

министер за земјоделство шумарство и водостопанство

вој проект дава пример како треба да се развива и остатокот од земјоделството во земјава. Класичен пример за тоа што значи еден заокружен процес од почеток до крај. Ова е патот по кој треба да се движи македонското земјоделие и за што во иднина да се аплицира за средствата од ЕУ фондовите.

И Џес Бејли

амбасадор на САД во Македонија

зградбата на биогасната централа во Новаци е вин-вин за бизнисот, за заедницата но и за животната средина. Како амбасадор сум горд што американски компании се вклучени во проектот со кои се обезбедува чиста енергија, која не е од јаглен, што за жителите на Битола е многу важно. Централата го решава и проблемот со отпадот, особено со гасот метан, кој придонесува за глобалното затоплување.

Како да измолзите две илјади крави во денот? Лесно со помош на “рингишпил“ !

А

ко досега немате слушнато за поимот „ротолактор молзилиште“ треба да ја посетите ЗК Пелагонија. Таму во целосно затворена зграда е поставен најголемиот „рингишпил“ во Македонија кој има капацитет да измолзи 300 крави на час. Навистина несекојдневно извонредно изгледа овој процес каде што кравите сами се качуваат на ротолакторот поттикнати од благ млаз вода насочен кон нивните задни нозе за после свртениот круг и целосно завршеното молзење, повторно поттикнати од друг млаз ротолактор со капацитет од триста крави на час“, изјави Давков. Според министерот за земјоделство Михаил Цветков ЗК Пелагонија со овој проект дава пример како треба да се развива и остатокот од земјоделството во земјава.

вода во предните нозе сами да го напуштаат „рингишпилот “ и да отстапуваат место за следните крави кои чекаат во редот. На ваков начин за само едно осумчасовно работно време без никаков проблем можат да се измолзат сите неверојатни 2.000 крави кои живеат во Новаци. Персоналот кој се грижи за кравите задоволно ни искоментира дека лесно е да се работи во вака современа фарма, но дека сепак станува збор за жив добиток кој не смее да се испушта од вид во никој случај. „Класичен пример за тоа што значи еден заокружен процес од почеток до крај. Ова е патот по кој треба да се движи македдонското земјоделие и за што во иднина да се аплицира за средствата од фондовите“. nnn

очарството во најразвиените земјоделски земји


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

42

Интервју

самата појава на спортскиот центар јане сандански и хотелот руссиа во негов состав, донесе во скопје и македонија нови ветришта на интегрирана хотелско, угостителско и рекреативната понуда. понуда која ги принудува и другите играчи на пазарот да напредуваат и да прават промени. околу самата идеја за ваквиот начин на угостителство и околу тоа како се менаџира еден од најсовремените угостителски комплекси во македонија и пошироко, разговаравме со виолета ангелковска, генерален директор на хотел руссиа.

вИолета ангелковска генерален директор на хотел руссиа

Хотел руссИа не е само дом на спортИстИте, туку И прИјател на бИзнИсот

Хотел руссИа: комплетната понуда И асортИман за за


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

43

К пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

XX Кога зборуваме за хотел Руссиа кажете ни дали станува збор за оригинална идеја за интегрирање на рекреацијата и луксузната угостителска понуда или пак е пресликана од некоја од поголемите европски и светски метрополи? Хотелиерството е еден од главните сегменти во туристичката индустрија, која пак е една од гранките кои најбргу се развиваат во областа на услужната индустрија. Многу е важно да се забележи дека хотелската понуда се дефинира според потенцијалите на државата за развивање на одредени видови на туризам. Врз основа на тоа ќе бидат задоволени основните услови за создавање на туристички промети и зголемување на потенцијалот за развој на туризмот. Значи, понудата постојано се проширува, односно прилагодува на барањата и потребите на клиентите, бидејќи со ефективно организирање на хотелските објекти може да се креира понуда која ќе биде соодветна на желбите на туристите, што пак, ќе доведе до зголемена потрошувачка. Токму затоа хотел Руссиа е нова современа интегрирана содржина на Балканот. XX Хотел Руссиа уште во првата година од своето постоење собра многу награди за хотелско работење и стекна углед на еден од најдобрите угостителски објекти во земјава и регионот. На што конкретно се должат овие признанија и што е она што ве разликува од конкуренцијата? Хотел Руссиа е дом на спортистите и пријател на бизнисот. Нашиот хотел на спортистите им ги нуди сите потребни услови. Тоа се спортска сала, фитнес центар, удобно сместување, како и специјализирана храна наменета за спортисти, а и спортско медицинскиот центар каде спортистите ги добиваат сите потребни услуги во медицинскиот дел. За бизнис секторот ги нудиме содржините на спа центарот, каде гостите може да се релаксираат, потоа, фитнес центарот каде добиваат високо

професионални тренинзи, тениски терени и скај бар каде можат да ги поминат ноќните часови со прекрасна храна и пијалак. Она што го прави хотел Руссиа различен и уникатен е комплетната понуда и асортиман за задоволување на желбите и барањата на современиот посетител. Меѓу наградите што ги доби хотел Руссиа во изминатиов период ќе ги спомнам: награда за најдобра архитектура за 2014 година, награда за најдобар промотор за 2015, награда за Гранд Спа инвестиција за 2015, најуспешен хотел за 2015 година, нов квалитет во туризмот во југоисточна Европа и Златно туристичко срце во 2015 година. Мултифункционалноста на целиот објект, односно спојот на бизнисот со спортот е она по што е познат хотел Руссиа.

XX Од бројните содржини кои ги нуди вашиот комплекс, за која конкретно имате најголем интерес? Посетителите покажуваат голем интерес за сите сектори. Клиентите ги користат спа услугите и масажите, посебно во зимскиот период. Исто така, фитнес центарот има голем број на месечни како и дневни клиенти. Отворањето на најновата содржина во хотел Руссиа, скај барот ни донесе уште повеќе посетители. А секако, тука се и гостите на хотелот, како странски, така и домашни, а и спортски клубови. XX Современото угостителство сè повеќе е насочено кон содржините кои се нудат надвор од хотелот. Што вие им препорачувате и нудите на вашите гости кои сакаат да го

адоволување на барањата на современиот посетител


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

44

Интервју

напуштат луксузниот комплекс на Хотел Руссиа? Република Македонија со својата местоположба претставува природен мост помеѓу исток и запад, север и југ. Таа изобилува со природни убавини и раритети. Нашата земја опфаќа голем број на културни и историски знаменитости: цркви, манастири, археолошки наоѓалишта, џамии, стари книги и други артефакти. Националниот фолклор и традиционалната уметност и ракотворбите исто така се интересни за посета од страна на туристите. Македонија е позната по изобилие на здрава храна, која е особено посакувана од страна на странските гости. XX Долго време се коментира дека во Скопје нема гости за толку луксузни хотели, а бројот на луксузни легла и понуди е неколкукратно зголемен. Дали има доволно гости за сите? Странските туристи што доаѓаат во Македонија понекогаш не бараат луксузни хотели, туку евтин одмор во различна и за нив интересна дестинација, наспроти нив се и гостите од повисока класа кои пак си бараат врвна услуга на генерално ниво. Во денешно време, брз начин на живот, динамично темпо на работа, зголемена конкуренција на пазарот сметам дека само со новитет и иновативност во услугите може да се постигне зголемување и привлекување на странските и домашните гости. За македонските претпријатија е важно да се справат со конкуренцијата на пазарот, но исто така и да ја зајакнат соработката со одредени корпорации. Ќе кажам дека Македонија треба да ги следи европските трендови и примери и да ги обучи своите кадри во подобрување на услугите кои ги нудат на клиентите. XX Kои се проблемите со кои генерално се соочува угостителството во Македонија и што би сугерирале да се направи со цел да се подобрат состојбите во оваа област? Гостите од повисоките класи што престојуваат во луксузни хотели внимаваат и на најситните детали во поглед на услугата. На пример, дали и во колкава мера ќе им ги исполните и најмалите барања, дали сте љубезни со нив, каква е хигиената, дали ќе им дадете информации за временската прогноза, општи информации за Скопје или на изглед мали нешта, но суштински за нивното задоволство. Сметам дека сите хотели треба да се подобрат во тој аспект, како и во делот координација и соработка меѓу самите вработените. Во периодот што нè очекува планираме да бидеме уште поиновативни, уште покреативни, понапредни со услугата и со многу задоволни клиенти и гости. Уште еднаш ќе ја спомнам изреката на Хенри Форд: „Собирањето заедно значи почеток, останувањето заедно значи прогрес, работењето заедно значи успех“. nnn

Дали секогаш масажата е правилен избор и решение?

A

ко некогаш лежењето во џакузи или топла лежалка беше првата асоцијација за една префинета навика, денес е секојдневна техника за ослободување од стресот на сè повеќе граѓани. Посетата на спацентрите стана една од редовните дестинации на помладата генерација на менаџери. Луѓето се почесто практикуваат да се почестат со некое спа- уживање како што е парна бања, сауна, третман за заштита на лице, ароматерапија. Со стресното секојдневие, брзиот начин на живот, спацентрите станаа дури и зависност за многумина. Идеален начин, за создавање на баланс помеѓу работата и здравјето е масажата. Масажата на повеќе начини помага при ревитализирање на вашето тело и дух: релаксација на цело тело, ублажување на хроничната болка, подобрување на циркулацијата, елиминирање на токсините од телото, подобрување на спиењето, намалување на крвниот притисок, го намалува стресот и нервната напнатост, подобрува имунитет, забрзува закрепнување по болеста, ја подобрува концентрацијата и ја затегнува кожата. Масажите се убедливо најстара физиотерапевтска техника која се уште е во употреба. Иако во последните десетлетија се произведени помалку или повеќе софистицирани апарати за масажа, уште ниеден не успеал да ги замени рацете на искусниот терапевт. Меѓутоа често клиентите посетувајќи ги другите центри добиваат услуги кои не се професионални и им оставаат делумни последици на здравјето. Доколку се користи таков тип на услуги може да се добие и невролошко пореметување. Со посебен акцент би сакала да истакнам дека во Спа центарот Анне Семонин се вработени високо квалификувани и професионални кадри кои освен својата професионалност, завршен медицински факултет и претходно искуство во рехабилитациони центри, располагаат и со лиценци во делот на биохемијата, кардиологијата и физиологијата. Спа центарот Анне Семонин во хотел Руссиа располага со затворен базен кој нуди можност и за професионално пливање. Тука се и двата вида сауни – инфраред и финската, кои освен што ќе ви помогнат да се ослободите од токсините, ќе го стопат и стресот и напнатоста. Спа-центарот нуди широка палета масажи изработени од рацете на најдобрите физиотерапевти и претставува совршено место каде можете целосно да се опуштите и да заборавите на секојдневните обврски. Центарот ви нуди најразлични погодности и ви пружи совршени услови за вистински одмор и релаксација.

Странски туристи: бараат евтинa и за нив интересна дестинација



www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

46

ceo profile

Жан Клод Бивер извршен директор во Tag Heuer

Мидас на пазарот на луксузни часовници

З

За малку индивидуалци може да се каже дека навистина го имаат освоено полето во нивната избрана професија, а уште помалку се оние за кои може да се каже дека успеале да ја сочуваат компанија од работ на колапсот и да ја трансформираат во услови на разбранувана индустрија. Токму поради овие причини, и многу повеќе, Жан Клод Бивер е жива легенда, толку многу што неговото име стана синоним за висок квалитет во изработка на часовници. Иако е во неговите поодминати 60-ти години, и веќе постојат гласини дека размислува да се пензионира, Бивер е продуктивен како и секогаш; а неговиот глас на пазарот за швајцарските часовници

Познат како човекот кој го сочува механичкиот часовник, психолошкиот печат на Жан Клод Бивер на швајцарската индустрија за часовници Tag Heuer е толку втемелен, како и неговиот бизнис успех низ годините. останува и важен и моќен, можеби денес дури повеќе отколку порано. „Неговото влијание врз оваа индустрија нема граници. Тој е најголемата причина зошто ние имаме толку успешна индустрија. Без неговите интервенции во време на критичните периоди, не би сакал ниту да помислам што би ни се случило“, рече Стефан Хелер, извршен директор и основа на Watchmaster.com, водечка он - лајн продавница за швајцарски часовници. Ентузијазмот на Бивер за уметноста на швајцарските часовници е толку познат како и неговиот интуитивен талент за маркетинг и тенденција кон неконвеционалност. Како таков, после неговото пионерство и неверојатен успех во Blancpain, Omega и Hublot, Бивер беше назначен како нов претседател на одделот за часовници во LVMH во 2014. Оваа челна позиција му

даде на Бивер да ги надгледува и Hublot и Zenith, додека истовремено е и извршен директор во Таг Хојер. Предизвикувач на новата ера Во Таг Хојер, Бивер можеби ги нема обврските за реанимирање на брендот, но заедно со зголемената продажба во секогаш конкурентната индустрија, овој пат тој има нов предизвик во неговите раце – тој за паметни часовници, нова технологија која уште еднаш се заканува да ја доведе индустријата на швајцарските часовници на свои колена.

Сепак, со Бивер на чело, таков исход не би бил можен.

„Швајцарците го одржаа својот квалитет, услуги, иновации, инвестиции и силна дистрибуција и маркетинг мрежа. Благодарение на овие напори, тие беа во можност да ја зголемат важноста и

Бивер: Човекот кој успеа да го спаси механичкиот часовник



www.kapital.mk

48 Tag Heuer низ бројки

1860 170 16.000 283

е основана компанијата

бутици има оваа компанија

вработени

милиони евра приходи во 2014 година

Часовниците Tag Heuer важат за спортски престиж во класата луксузни спротски часовници, авангардна технологија и бескомпромисна изведба

доминантноста на „Swiss made“ етикетата кај поскапите часовници“, рече Бивер. „Тие не треба да се грижат се додека нивните продукти се направени да траат вечно“, рече тој. Бивер во неговата автобиографија со наслов: Човекот кој го спаси Механичкиот Часовник, напиша: „Кога произведуваш технологија, произведуваш старомодност. Технологијата секоја година носи нови иновации. Но за разлика од технологијата, уметноста никогаш не застарува. Слика од Matisse или Renoir можеби нема да им се допадне на новата генерација, но таа никогаш нема да биде старомодна“. Поентата на Бивер е да алудира на високата привлечност на швајцарските часовници: иако се скапи и се потпираат на старата технологија, тие се уште се посакувани како и некогаш, дури можеби и повеќе од тогаш. „Мислам дека уште еднаш дојдовме до моментот кога часовниците не се само артикл, туку се нешто што вреди да се цени и негува, а во исто време се и многу функционални со силна конекција кон тие што ги носат. Дополнително, во изминатите години сите ние видовме дека светот станува се помал, границите и океаните веќе не делат“, објасни Хелер. „Не само што светот стана помал, туку и пазарот за луксузни часовници сега е многу подостапен за сите. Тие (луксузните часовници) не се веќе достапни само во добро ситуираните продавници, туку за сите љубители насекаде низ светот“.

Кралот на пресвртот

Само кога во детали се гледа кариерата на Бивер

може да се разбере влијанието што тој го има врз индустријата на швајцарски часовници. Не само што тој ја зачува традиционалната уметност од кварцното движење, туку тој директно ги обликуваше некои од најголемите имиња познати до ден денес. Еден по еден, тој им донесе живот назад на Blancpain, Omega и Hublot, создавајќи цврста основа и правејќи ги нивните продукти многу посакувани. „Тој е Мидас (грчки бог кој се претвора во злато) на пазарот на луксузни часовници“, рече Хелер. “За белегот кој тој го остави, нема начин како да му возвратиме, освен да му заблагодариме“. Бивер го достигна и невозможното, и она што изгледаше невозможно, го достигна преку неоспорлива пасија кон неговата индустрија и природните афинитети кон маркетингот. Неговиот успех е исто така резултат на неговото силно разбирање за релевантноста на традицијата, додека симултано ги цени и потребите за промена и иновативност – успешно соединување на старото и новото што е невидено во речиси сите други индустрии. Бивер употребува многу техники, како таа што сакаат славните личност, техника на ексклузивност и сместување на продуктот на таков начин што луѓето не може, а да не го сакаат неговиот продукт. Но заедно со сето ова, тој го разбира значењето на квалитетот кој го става над маргините за профитот, особено кога станува збор за луксузни добра. Одржувањето на елементите на уметност и финеси, додека ги следи новите трендови и желбите на новите генерации, е доста редок талент, а тој што ќе сака да го направи тоа ќе мода да го привлече вниманието на Бивер. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

50

Свет бизнис и политика

На Давос повеќе разочарување, отколку оптимизам

Светот во 2016 низ очите на светската елита

Геополитичките театар, барем како што го нарекуваат многу луѓе во светот ваквото случување во Давос, кое преку 40 години на едно место ги собира најмоќните и најбогатите, веројатно останува да биде само тоа- театар, луксузно зимување на богатите на швајцарските алпи, каде меѓу другото разговараат и за светските проблеми. Фактот што на овој собир оваа година отсуствуваше германската канцеларка Ангела Меркел, но и други важни политички лидери, покажува дека од Давос и не се очекува многу. А завршните заклучоци, всушност и го покажаа тоа. Освен нејасни и не многу позитивни прогнози и повици за итно справување со проблемите, тешко може да се пронајдат конкретни решенија кои ќе гарантираат стопирање на светските проблеми кои од ден на ден стануваат се поголеми

Г

Големите умови се чини немаат јасни решенија за тешките проблеми кои го стигнаа светот. Барем таков е впечатокот од Самитот во Давос каде преку 2.500

учесници, меѓу кои светски лидери, големи научници, славни и богати пробаа да дадат решенија, во најмала рака прогнози, за проблемите со кои се соочува светот. А проблемите се многу. Освен економската криза (најголема досега од Големата депресија во 1930) со која веќе повеќе од 8 години се справуваат најголемите економски лидери и политичари, се поголема закана стануваат геополитичките настани кои за почеток предизвикаа голема бегалска криза за која светот не е подготвен. Тука секако е и се уште нејасната иднина на Европа, особено со се поголемата поддршка меѓу јавноста во Велика Британија за излез од Унијата, но и забавувањето на

Кинеската економија што секако ќе има силни последици по светската економија. Во услови на нејасна иднина, ова се дел прогнозите кои произлегоа од Давос во однос на тоа како светот ќе се справува со овие големи кризи.

Кинеската економија ќе забави, но тоа нема да предизвика последици какви што некои очекуваат

Ако се погледне Кина во неколкуте претходни години, може да се заклучи дека ќе нема ниту тешко, ниту лесно слетување и приземјување. Во Давос се користеше фразата „непријатно слетување“. И според директорката на ММФ, Кристин Лагард,

Давос 2016: Елитата нема решенија за светските


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

51 Кина ќе продолжи со економските реформи, растот можеби ќе биде забавен, но сепак ќе биде околу 6,5%.

Можен ветувачки договор за Кипар

По деценија упорен конфликт, во 2016 би можело да се види спокој и на Кипар. Претседателот на државата, Никос Анастасијадис, на Давос рече дека годинава ќе биде пресудна за мир, односно, ќе има „одлучувачки моменти за Кипар, за поширокиот регион, и за светот“. И лидерот на кипарските Турци истакна дека и тие мотивирано работат на постигнување обострани решенија.

Бегалската криза во Европа ќе се влоши, пред да се подобри ситуацијата

Европските лидери лани не успејаа да ја исконтролираат оваа криза, проблемот со големиот број мигранти, што се чини се влошува. Како што беше кажано во Давос, тешко е да се справиш со толку голем број мигранти.

Обновливите извори на енергија ќе бидат поевтини

„Дојде до фасцинантен развој и голем

пад на цените на обновливите извори на енергија“, изјави Ал Гор на Давос. Голема веројатност е дека трендот ќе продолжи. „Овој пад на цените ќе продолжи до точка кога во контекстот ќе го имаме најевтиниот извор на електрична енергија за сите“, рече Гор.

Цените на нафтата ќе се враќаат назад

Колапсот на цените на нафтата е „ирационален“, рече во Давос претставник на една од водечките нафтени компании во Саудиска Арабија. Дури и доколку производителите на нафта одржат високо ниво на продуктивност, постои само еден исход, а тое е цените да растат во 2016.

Светот станува подобар и ќе продолжи во тој правец

„Понекогаш фокусот се поместува на негативните приказни и така се заборава колку голем напредок всушност сме направиле“, изјави Бил Гејтс. „Прилично е неверојатно дека последниве 25 години се преполовила стапката на смртност кај децата, а иновациите го обезбедуваат овој брз напредок“, рече Гејтс, кој смета дека светот во суштина станува подобар.

Папата: Обезбедете одржлив и интегриран развој за нашиот заеднички дом – земјата!

Економската криза ќе има, но нема да биде со ист интензитет како тој во 2008

Професорот Нуриел Рубини, кој уште го нарекуваат „Доктор на пропаста“ поради тоа што ја предвиде минатата светска криза (2007-2008), смета дека овој пат светот нема да се соочи со уште една таква криза. Барем, вели тој, тоа нема да биде така драматично како тогаш, оти како што тврди, светот не е во така лоша состојба како пред кризата која се случи пред неколку години. „Ќе нема реприза на 2008 година. Нема да има толку голем финансиски крах како минатиот пат“, тврди Рубини во своето обраќање на Давос, но предупредува дека 2016 година ќе донесе ризик на кој набрзо мора да одговорат централните банки. „Она што треба да се случи е Кина да стане поозбилна и да тргне со некои конкретни стуктурни реформи“, порачува Рубини. Меѓутоа, тој, е загрижен за се поголемото влијание на паметната технологија. „Расте нееднаквоста поради технологијата оти таа е во рацете на елитите кои купуваат и продаваат. Се штеди на работната сила, а со тоа се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните“, рече Рубини. nnn

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

Д

одека моќните, богатите и славните уживаа во швајцарското гратче Давос, папата Францис од Ватикан испрати силна порака до нив, преку кога побара веднаш да ја запрат нееднаквоста во светот. „Во услови на епохални промени, светските лидери се соочени со предизвикот да гарантираат дека „четвртата индустриска револуција“ која доаѓа, роботите и научните и технолошките иновации, нема да донесат до уништување на човекот на личност – кој ќе биде заменет со бездушна машина“, рече папата Францис и додаде: „Ве повикувам, да ја обновите комуникацијата за тоа како треба да се изгради иднината на земјата, „нашиот заеднички дом“ и барам од вас да донесете обединети напори да обезбедете одржлив и интегриран развој“, рече тој.

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

проблеми

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk


www.kapital.mk

Капитал број 848 29.01.2016

52

Лидерство

РЕКОА ЗА ... технологијата

Т

Технологијата ни ги промени животите, некои велат на подобро, други пак се ужаснуваат од последиците што информатиката, роботизацијата, социјалните мрежи и останатите револуционерни технолошки достигнувања ги оставија врз современиот начин на живеење. Како да направиме технологијата да ни служи нам, а не ние нејзе, останува клучното прашање што треба да си го одговори секој, а во меѓувреме прочитајте што познатите личности од светот на бизнисот, политиката, науката рекле за технологијата.

Tие што мислат дека Google е премногу моќен, нека не забораваат, дека, кај интернет пребарувачите се' што треба е еден клик на тастатурата и веднаш може да одите кај конкуренцијата.

Има менаџери толку преокупирани со нивните e-mail пораки што никогаш не гледаат подалеку од компјутерските монитори, па да дознаат што се случува во недигиталниот свет

Ако нешто е скапо да се развива, а некој нема да биде платен за тоа, тогаш нема да се развива. Па, одлучете: сакате да биде напишан софтверот или не?

Сè уште го имам лаптопот, но не сум го употребил. Јас сум човек на хартијата, не на електрониката.

Сергеј Брин

еден од основачите на Google

Михали Чиксентмихали унгарски психолог, професор и автор

Карлос Слим

мексикански бизнис магнат

Гордон Мур ко-основач на Intel

Денес е многу неверојатно дека било кој што дипломирал на технички факултет ќе почне да работи во една област и ќе остане таму. Денес студентите имаат возбудлива шанса за 3-4 кариери во животот

Не сакам да заостанувам зад технологијата. Всушност, сакам да бидам на местото уште пред да почне акцијата.

Бил Гејтс

основач на Microsoft

Кери Пекер

австралиски медиумски магнат


Рок за пРијавување: 16 февруАри 2016

ДвоДневна обука на тема:

КАКО ИНОВАТИВНОСТА ВО НАБАВКАТА ЈА УНАПРЕДУВА УСПЕШНОСТА НА РАБОТЕЊЕТО? (Mаксимизирање на вреДноста на набавката низ процес на континуирано поДобрување и иновација) l 18-19 февруари 2016 (четврток и петок) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт концепт, скопје целта на оваа обука е да се подигнат капацитетите на вработените во набавната функција. оваа обука би требало на менаџерите и вработените во набавката да им помогне: да остварат подобри договори за набавка на производи/услуги; да се заштитат во услови на прекршување на договорите; да развијат ефективни преговарачки стратегии при набавка на производи и услуги; да ја стимулираат иновативноста во набавната функција; да направат промени во набавната функција со цел унапредување на иновативноста и успешноста; да ја подигнат мотивираноста кај вработените во

набавната функција; да ги намалат конфликтите помеѓу вработените во набавката и интерните клиенти во компанијата (другите функции); да го намалат стресот кај вработените во набавната функција; како и да развијат ефективен тим во набавката кој ќе соработува крос-фунцкионално со своите интерни клиенти.

ЗА КОгО Е НАмЕНЕТА ОБУКАТА:

за претставници од сите трговски друштва, со посебен акцент ставен кон вработените во сектор набавки и човечки ресурси.

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


www.kapital.mk

Капитал број 848 843/844/845 29.01.2016 25.12.2015

лидери лидери 54 54

Мајкл блуМберг

осНовач На блуМберг и екс-градоНачалНик На Њујорк

НапорНата работа е Најдобар рецепт за успех

М

Мајкл блумберг, енигматичниот милијардер и поранешен градоначалник на Њујорк се споменува како еден од можните кандидати за претседател на сад, кој би се кандидирал како независен кандидат. без разлика дали тој ќе влезе во политиката или не, тој ќе остане успешен човек, кој на 73 годишна возраст направил богатство од над 40 милијарди долари и кој самиот успеал во тоа. еве некои од неговите ставови за бизнисот и политиката.

Не можете да носите одлуки за трошење, за инвестирање, за вработување кога не знаете што ќе се случува.

Без разлика кој си, ако веруваш во себе и својот сон, Њујорк секогаш ќе биде место за тебе.

Не е баш интересно да се протестира со празен стомак.

Ако треба да дадам само еден совет за успех, тоа би било напорна работа. Најтешките и најкомплицирани работи во бизнисот секогаш ги давам на луѓето кои имаат најмногу работа. Тоа е најдобар индикатор за тоа кој е најдобар.

Да се биде претприемач не е само да се основа и почне бизнис. Тоа е начин на гледање на светот, да се видат можности онаму каде што другите гледаат пречки, да се преземат ризици кога другите се повлекуваат.

Отсекогаш сум ги ценел оние кои се обидуваат да го сменат светот на подобро, отколку само да се жалат за тоа.

Сигурно е мизерно секој ден да стануваш и да правиш нешто што го мразиш. Оди си и прави нешто друго. Никогаш не можеш да успееш во нешто ако не сакаш тоа да го правиш.

Даноците не се добра работа. Но, ако сакате државни услуги, некој мора да плати за нив. Даноците се нужно зло.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.