850 kapital magazin

Page 1

директор на бизнис сектор на ПроКредит Банка

ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ПЛАСИРААТ 10 МИЛИОНИ ЕВРА КРЕДИТИ ЗА ИНОВАТИВНИ ИНВЕСТИЦИИ!

АНАЛИЗА

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ЗЕМЈОПОСЕДНИЦИ ВО ПОЛИТИКАТА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

СТРАТЕГИИ

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ЕВТИНАТА НАФТА ЗА ИНДУСТРИЈАТА КОЈ ДОБИВА, А КОЈ ГУБИ?

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ

COVER STORY

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ТУРБУЛЕНЦИИ

КОНДИТОРСКА ИНДУСТРИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

К Ј

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? ЈА ЗАГ ОРЧУВА

МАКЕДОНСКАТА

?

ШЕЌЕРНА ПРИКАЗНА

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

DOSSIER: КАКО ПРОПАДНА

CARREFOUR ВО МАКЕДОНИЈА?

WWW.KAPITAL.MK

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ КОНДИТОРСКА ИНДУСТРИЈА

ДОЛГОВИТЕ НА CARREFOUR ДВОЈНО ПОГОЛЕМИ ОД ИМОТОТ!

ФИРМИТЕ БАРААТ ДА СЕ ИСПИТА ДАЛИ ИМА НЕЗАКОНСКО ОДЛЕВАЊЕ НА КАПИТАЛ! МЕДИУМИТЕ СТИСНАТИ ОД ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА

НЕМА СЛОБОДА КОГА ЗА МЕДИУМИТЕ РЕШАВААТ ПАРТИСКИТЕ ПАРИ!? БРОЈ 850 | ЦЕНА 100 ДЕН. 12 ФЕВРУАРИ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

Што ги мачи македонските стартапи?



3

Капитал број 850 12.02.2016

СодРжиНА

18 04

08 10 16

STAND BY Љупчо Зиков Случај “слобода” на медиуми и “независни” уредници: Опасно е кога на “мал човек” ке му дадете улога во голем филм!

32 18

коМпАНии и пАЗАРи

кои се најголемите земјопоседници во политиката? Стотина функционери поседуваат 6% од земјиштето во Македонија вредно над 7 милиони евра

НАвиГАТоР

24

STArTup

cover STorY

30

iNTerview

во Македонија има избори на секои година и девет месеци Избори се ближат, субвенции ќе се нижат Dossier: како пропадна Carrefour во Македонија? Фирмите бараат да се испита дали има незаконско одлевање на капитал!

кАпиТАлНо БиЉАНА ЗдРАвковСкА СТојчевСкА водење бизнис во матно

претприемачите, државата и инвеститорите се собраа на едно место ШтО гИ МачИ МаКедОнСКИте СтартапИ? СТевче куЗМАНовСки

35

иЗвоЗНи СТРАТеГии

Што ќе донесе евтината нафта за македонската индустрија?

СпецијАлеН пРилоГ коНдиТоРСкА иНдуСТРијА n Расте производството и

46 49

директор на бизнис сектор на проКредит Банка

во Македонија ќе се пласираат 10 милиони евра кредити за иновативни инвестиции

32

46

54

извозот на кондиторите, но... Кој ја загорчува македонската “шеќерна приказна“?

иНТеРвју

МАкСиМ диМиТРиевСки член на Извршен одбор на СдСМ

опозицијата е силна зашто е производ на граѓаните, а не желба на политичката елита

МедиуМи

Медиумите стиснати од вМРо-дпМНе, СдСМ, дуи и дпА нема слобода кога за медиумите решаваат партиските пари!?

лидеРи

АМАНСио оРТеГА сопственик на модната империја Inditex

јас сум сопственост на мојот бизнис, а не обратно

доСие Carrefour

чифликСАјБии

ШТо Ги МАчи СТАРТАпиТе?

Бројот на фирми на кои маркетот Carrefour им останал должен секојдневно се зголемува, па вкупните долгови по затворањето сигурно ќе бидат над 10 милиони евра. Она што засега е извесно е дека овој случај ќе се решава многу долго и ќе влијае на работењето на десетици фирми кои изгубија и стока и пари и време, кои тешко дека некогаш ќе може да ги наплатат.

најмалку 7,2 милиони евра се проценува земјиштето кое заедно го поседуваат министрите, пратениците и градоначалниците во земјава. Според податоците од нивните имотни листови, анализата на Капитал покажува дека овие функционери поседуваат 1,6 милиони м2, 44.8 хектари,56 декари и 32 ари – земјоделско и/или градежно земјиште, ливади, пасишта, шуми, овошно градини ...

Што е клучот за успехот на еден стартап? дали е тоа тимот? дали се парите? добриот тајминг? Македонските стартапи сонуваат на големо, но колку реално имаат шанси да ги остварат своите соништа: бирократија, недостаток на финансии, мал пазар, предизвик во наоѓање добри кадри, немање добри ментори... се само дел од пречките на нивниот пат.

XX Стр. 10

XX Стр. 18

XX Стр. 24

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 11.02.2016


Z пишува: Љупчо Зиков

Случај “слобода” на медиуми и “независни” уредници: Опасно е кога на “мал човек” ќе му дадете улога во голем филм! ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov

Закон за медиумите во Македонија не е воопшто потребен. Не е решение. Не е потребна регулација на медиумите! Потребна е дерегулација. Ендемска е во Македонија корупцијата кај новинарите, кај мал број уредници и газди кои “киднапирале” национални телевизиски концесии и работат само за една партија (или за двете партии од власта и опозицијата), во улога на партиски комесари, кои брутално ги одработуваат своите јадно стекнати позиции и црните пари. Да тргнеме од почеток ... Постои една вистина, спакувана во анегдота, од времето на комунистичка Албанија под водство на Енвер Хоџа. Комунистичкиот диктатор, имал навика често да вика во својот кабинет разни “спорни ликови” опасни по албанската комунистичка благосостојба, фундаменталистички проектирана единствено во мислите на диктаторот ... При разговорот ги прашувал “гостите на кој претходно веќе им пресудил”, за нивниот став по одредени прашања, а тие одговарале: “Да претседателе имам свој став”! Хоџа реагирал: Како тоа имаш свој став, не разбирам ... Гостинот: “Имам свој став, но јас не се согласувам со мојот став”!!!??? гласел одговорот од гостинот ... Џабе му било ... По ваквата реплика гостинот неминовно завршувал во дупка. Или, во ендек ... По ново во македонската општествена стварност, проектирана од зградата покрај Вардар !? Главните уредници на двете телевизии со национални концесии кои неделава направија интервју, најнапред со министерот за внатрешни работи (кај позната уредничка на Канал 5, телевизија која “ничим изазвана” без инвестиции, и без посебна интелегенција, поседува национална концесија со години само заради тоа што е во сопственост на ликови коалициони партнери на партијата на власт, и еден од најбогатите луѓе во Македонија, кој своето богатство го стекнал низ годините на сомнителна транзиција во Македонија). Другото интервју е на лидерот на опозицијата, кај познатиот уредник на Сител, кој во средата навечер, пред очите на целата македонска јавност, едноставно беше врзан со динамит околу појасот, и беше програмиран во еден момент да експлодира. Сам да се разнесе, но и да го разнесе лидерот на опозицијата. Сепак, општиот заклучок е дека погрешно беше програмиран. Носам лично чувство, кое е слично на чувството на илјадници македонски граѓани дека уредникот се разнесе, “професионално загина за џабе”, без да направи значителна штета по целта што му беше пред нос. Тоа некако му доаѓа како кога на вистински човек-бомба на Блискиот исток, динамитот околу појасот ќе му експлодира предвреме и ќе се заебе. Во таков случај неговите учители не предвиделе дали “душата ќе му оди во рајот каде има се во изобилие и многу жени се разбира”, или ќе му оди во пеколот, на буништето на неспособните за остварување на каузата. Таа вечна дилема.


stand by Многу јадно изгледа, а и опасно е кога на “мал човек” ќе му дадете важна улога во голем филм!?

Зошто е сево ова вака во Македонија? Како функционираат медиумите овде?

Јавна тајна е дека неколку македонски телевизии, и воопшто медиуми, во последните години, па и во последните децении, повеќе служат како пералници на пари, и одлично платени одработувачи на валкани дворски агенди на владини центри на моќ. Така е тоа во сите 25 години од независноста. Преку криминалната транзиција, полна со корупција, изнуда, шверц на цигари, дрога и оружје, служење на интересите на Слободан Милошевиќ во девдесеттите години. Така беше и во времето на владите на Бранко Црвенковски, и во време на Љубчо Георгиевски, и пак на Црвенковски, па се до денес во десетгодишната влада на Никола Груевски. Во сите години едни исти ликови во бизнисот, во политиката и во медиумите останаа. Истите се и на местото сопственици на медиумите. Замислете, ниту еден сериозен странски инвеститор не се појави да купи македонска телевизија! Знаеше како е овде – дека нема пазар оти пазарот е киднапиран од монополи финансирани преку корупција директно од државата! Затоа, останаа едни исти уредници пет шест на број. Овие телевизии и денес, како што слушаме, читаме и гледаме примаат огромни суми во милиони евра годишни дотации од Владата, на име откуп на рекламен простор. Тие средства влегуваат во телевизиите, ги корумпираат сопствениците и уредниците, а дел од нив неповратно и нејасно се одлеваат на некои острови, од каде потоа се враќаат како некакви инвестиции овде. Или не се враќаат. Тоа ќе го видиме наскоро, откако ќе почнат истрагите за корупција, криминал и перење пари од државните буџетски фондови. Овој круг секако е многу криминален, но проблемот е што во оваа земја нема кој да јави. Оној што ќе јави, завршува на суд со однапред позната пресуда ... Прашањата се: за какви трансфери станува збор кога Владата плаќа реклами? Кои лица новинари и уредници се на платните списоци на владата, поедини министерства, фондови за здравство, особено, платниот список на министерството за внатрешни работи? Како се плаќаат новинари и уредници од фондови на државната безбедност, партиски штабови ... Станува збор за проблемот со ендемската корупција во македонските медиуми. Таа постои долго време во времето на оваа влада, но и во владите порано. На пример, многу е познат фактот дека повеќе новинари и уредници од медиумите во воената и крвава 2001 година беа на

Носам лично чувство, кое е слично на чувството на илјадници македонски граѓани, дека уредникот се разнесе, “професионално загина за џабе”, без да направи значителна штета по целта што му беше пред нос. Тоа некако му доаѓа како кога на вистински човек бомба на Блискиот исток, динамитот околу појасот ќе му експлодира предвреме и ќе се заебе. Во таков случај неговите учители не предвиделе дали “душата ќе му оди во рајот, каде има се во изобилие, и многу жени се разбира, како што ги подучуваат тие што треба да загинат” ... Или ќе му оди во пеколот, на буништето на траљавите, неспособните и глупавите за остварување на каузата. Таа вечна дилема, што никогаш и нема да добие објаснување и одговор. Оттука, многу јадно изгледа, а и опасно е, кога на “мал човек” ќе му дадете важна улога во голем филм!?

тајните платни списоци на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Дури и од сегашните истурени главни уредници на владините телевизии, споменати погоре во текстот, некои јавно се фалеа дека му се пријатели на тогашниот министер за внатрешни работи (тогаш ВМРО ДПМНЕ), дека одат на журки во неговиот дом и дека дури и возат џипови купени од пари добиени од тајните фондови на министерството за внатрешни работи и службата за државна безбедност. Една госпожа, пак, таканаречена национална новинарка, за сите власти и сите времиња, која е предодредена од Господ и неговите ангели да не спасува од секаква и секоја геополитичка закана и катастрофа, својата новинарска кариера во деведесеттите години, кога беше постојана икебана во кабинетите на Црвенковски и Глигоров, кои ликови низ нејзините текстови беа луѓето од Бога пратени да ја спасат Македонија, како што е денес Никола Груевски во нејзините текстови (и за тие зборови дебело финансиски кешираше и тогаш и денес), своите најсилни текстови ги направи од Извештаите што и беа на маса давани од службите на државната безбедност! Особено за тоа што мислат и

како делуваат албанските лидери. И сега ... Ова ние овде го нарекуваме новинарство? И ова е слободно новинарство, кое нели не е спречувано да си ја работи работата!? Како што напишав и погоре, корупцијата кај новинарите, уредниците и сопствениците во Македонија е длабока. Таа не се искажува со зборови. Овде и нема новинарство, овде има само скапо платена пропаганда. Овој проблем се решава во два правци ... Прво, истраги и санкции, и второ, паралелно на првото, одговор на прашањето како се финансираат и како ќе се финансираат медиумите во Македонија. Прво. Потребно е да отпочне со истраги за корупција и секако перење пари, затоа што овие две дела одат заедно. Во медиумскиот бизнис во Македонија сепак се вртат многу пари. Проблемот е во тоа што во голем дел тоа се “црни” пари. Немањето ниту една истрага, а следствено и завршеток на суд, всушност не прави сиромашни за здрава судска пракса во оваа област на криминалот. Затоа и следните кога ќе дојдат на власт продолжуваат со истата пракса. Ниту еден медиум, или сопственик, новинар или уредник во оваа држава со вакво


6 stand by криминализирано општество не е осуден. Ова по дефиниција креира нови коруптивни очекувања, за иднината, откако ќе се дојде на власт. Оваа порака силно треба да одекне и во СДСМ, кои среде преговори за условите од Пржино, организираат вечери со своите новинари и уредници на јавни места среде Скопје. Тоа, не може да се третира никако на друг начин, освен како креирање на идно коруптивно очекување. Кој го смислил овој ПР ангажман на лидерот на опозицијата го зезнал секако. Или можеби така треба да биде!? Во секој случај, таквиот акт пред неколку дена е само несмасен сигнал до јавноста дека СДСМ и не се залага за суштинско решение на проблемот со поданичкиот и корумпиран однос на медиумите, туку се залага за проста персонална смена на врвот на институциите кои ја регулираат оваа сфера. Второ. Можеби најважниот момент во решавањето на проблемот со медиумите е нивното финансирање. И како функционира медиумскиот бизнис овде. Клучниот момент за анализа овде е фактот што Владата преку буџетот и партијата на власт, преку свои буџети до своите неколку медиуми, добро распоредени (во отсуство на укинатата А1 тв) лиферува количини пари кои се поголеми од вкупниот рекламен колач во она што го нарекуваме комерцијален сектор на рекламирање на компаниите. Тоа е скандалозно и деструктивно, затоа што создава ситуација да главните пропагадистички телевизии, примајќи пари од Владата во за нив практично “неограничени количини”, не се заинтересирани за вистинската пазарна цена кај комерцијалното рекламирање на компаниите. Така тие ја уриваат ценовната логика на рекламирањето, на ист начин како што тоа своевремено го правеше Велија Рамковски со А1 телевизија, кога долго во годините наназад и кај сегашната влада и кај владите на СДСМ, беше врзан во тесни коруптивни релации. Оттука, сите оние што одлучиле д работат само пазарно и на отворен пазар ги губат пазарните позиции поради нереално урнатите понуди и ценовници. Избраните три- четири телевизии и уредници, со се корумпираните сопственици и главни уредници, примаат многу кеш, возат џипови, купуваат вили по две-три на Халкидики. Не се толку интелегентни (сите тоа го знаме и гледаме) за да ги заработат на чист пазар тие пари. Медиумскиот пазар во Македонија и за најголемиот играч, не може да обезбеди за неполни три години три вили на Халкидики. Тоа се прави единствено со одработување на тесно партиски агенди за по неколку милиони евра годишно. Дел од тие пари се враќаат секако на друго

место и по друга основа. Оттука, единственото нешто каде што треба законски да се интервенира е во делот на финасирањето од државата кон медиумите. Овде можни се два модели: во едниот Владата да рекламира во комерцијалните медиуми и вториот Владата да не рекламира. Лично го застапувам вториот модел, во кој на Владата треба да и се забрани рекламирање во комерцијалните

Во сите години едни исти ликови останаа во бизнисот, во политиката и во медиумите. Истите се и на местото сопственици на медиумите. Замислете, ниту еден сериозен странски инвеститор не се појави да купи македонска телевизија! Знаеше како е овде – дека нема пазар, оти пазарот е киднапиран од монополи финансирани преку корупција директно од државата! медиуми. Таа и така своите активности дневно ги прави пред камери и фотоапарати, а новинарите известуваат за тоа. Таа на располагање има и прес конференции. Но, ако се одбере првиот начин во кој Владата сепак ќе распределува пари низ медиумите, тогаш мора да се води сметка за начинот како тоа се прави. По која формула ќе се распределуваат парите? Дали ќе се води сметка за тоа каква целна група информира медиумот? Колкава целна група опфаќа, и кои огласи за која целна група се насочени. Се работи за јавни пари од сите даночни обврзници во Македонија !! Има и други форми на олеснување на бизнис климата за медиумите. На пример, намалување на даночната стапка ДДВ со која се фактурираат огласите и рекламите од 18% на 5%.

Наместо заклучок

Македонија е намерно направена како земја без карактер. Лишена од својата едноставна причина за постоење. Од својата кичма. Таа, од самиот нејзин почеток до денес, е проектирана самата да не знае што е. Македонија да биде еден човек, самиот живее во Европа,

самиот е причина да постои “селото” на јадниот со искината гуња, кој краде кокошки за да преживее, прави семејно насилство во селото, ги изнајмува своите деца да работат на туѓи имоти, го продава наследството, на секое задолжување му приоѓа расипнички како да му е последно, никој не го вика на слава и венчавка, за литро ракија копа дупки на селските гробишта, и пијан пее и се “курчи” по селските сокаци. Овде недостасува историска аналогија. Никогаш, ниту еден европски режим, за релативно кратко време како што е ова македонското, не прокоцкал толку надежи и шанси, не прокоцкал толку голема доверба на луѓето, значајна енергија на граѓаните ... за да еден слој на скотови, за една тесна генерација класични социјални случаи, реализираат социјална револуција во своја корист!!?? Исправени сме пред реалноста дека по толкав криминал направен во годините наназад, еден дел засекогаш ќе останат криминално и непристојно богати, а друг дел ќе остане неописливо сиромашен. Не треба да се биде многу интелегентен да се утврди дека владините претставници, по десет години владеење, или оние од претходните 15 години, пред 2006 тата, и буквално живеат во филмот создаден од сопствените телевизии, со наслов “Моќта претставува афродизијак за елитата”! Со полна ароганција. Слепо, ниско, деструктивно и без знаења и вештини на уредниците на овие медиуми, се штити пирамидата на возвишената моќ во која кружат фантастични количини на сомнителни пари. И секоја демократска институција е деформирана под удар на парите и стравот. Оружјето со кое тоа е направено се македонските медиуми ....!? Штета е што овие луѓе ништо не научија од диктаторските режими во околните држави на Балканот кои, еден по еден, се уриваа и уриваат во овие 25 години транзиција. А се им се случуваше пред очи. И ќе се случи и овде. Затоа што станува збор за приореден закон. Некои од тие балкански режими смртоносно пактираа со мафијата, и видовме што се случи. Оттука, овие неколку јадни уредници, супер богати, со се нивните налогодавачи некаде горе во “небото” се само повторувачи на историјата. Повеќе од јасно е дека тие се разорени од функцијата, затоа што функцијата ги надраснала! Затоа, опасно е кога “мал човек” ќе добие улога во голема приказна!? на истава тема читајте на страна 48:

Нема слобода кога за медиумите решаваат партиските пари!?



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

6,7% E порасната трговската размена со странство во 2015 во однос на 2014

АНГелА МеРКел

НАТО треба да се вклучи во решавање на бегалската криза. Апелираме за создавање на безбедни маршрути низ Европа. Ние сакаме да обезбедиме безбедни и легални маршути за бегалците

канцелар на Германија

ГРчКАТА ГРАдежНА КОМпАН ОТВОРИ фИРМА ВО МАКедОН

Г

рчката градежна фирма Intrakat (Intracom Constructions Societe Anonyme Technical and Steel Constructions) отвори фирма во Македонија. Станува збор за подружница која грчката фирма Intrakat ја отвара во Македонија на 10 години, а која ќе се занимава со изградба на станбени и нестанбени згради. Градежната фирма Intrakat една од најголемите градежни компании во Грција. Таа е дел од групацијата Intracom Holdings, чиј основач и најголем сопственик е грчкиот милијардер

победник на неделата

Во Македонија иМа изБори на секои година

МАТе РИМАц

+

Основачот на “Римац автомобили“, производител на најбрзиот електричен автомобил на светот, не знае да застане. Младиот претприемач од Хрватска, има само 28 години, а веќе има големи планови за проширување на неговиот бизнис. Компанијата штотуку воведе нов ИТ систем, креиран исто така од хрватска фирма, со кого што ќе го усоврши своето производство и ќе го зголеми капацитетот. “Римац автомобили е еден од хрватските технолошки бисери, каде што во иднина ќе се случуваат уште поголеми и повозбудливи нешта, затоа сме горди што нè одбраа да се грижиме за нивната ИТ структура“, изјави Роко Бабиќ, шефот на Блинк, шефот на компанијата што го вгради новиот ИТ систем на Римац. Римац во моментов вработува 150 луѓе, а планот е тој за кусо време да се удвои. Мате Римац стана легенда во својата земја и регионот кога пред три години го склопи и испорача првиот електричен автомобил, всушност првиот автомобил некогаш извезен од Хрватска. Признанија стигаа од целиот свет, а пред Bloomberg го стави меѓу личностите на годината. Римац не сопре кај автомобилите, туку во 2013 година ја основаше компанијата Greyp Bikes, со намера да произведува високотехнолошки електрични велосипеди.

изБори се Ближат, суБВенции ќе се ниж искуството од последните неколку години покажа дека во предизборните периоди, властите трошат најголем дел од парите што ги позајмуваат. Во кампањата пред две години, од јануари до март, направен е буџетски дефицит од 181 милиони евра, половина од планираниот за цела година.

Б пишува:

александар јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Без оглед колку сме блиску или далеку до датумот на предвремените парламентарни избори, граѓаните и бизнисмените уште од сега може да се навикнат на идејата дека ќе сведочиме на најжестоката предизборна кампања досега. А веројатно и на најскапата?! Буџетот на Државната изборна комисија (ДИК) предвидува дека за организација на изборите годинава ќе се потрошат вкупно 8 милиони евра, меѓутоа, сумата што ја трошат партиите и власта во предизборниот период е многукратно поголема. Искуството од последните неколку години покажа дека во предизборните периоди, властите трошат најголем

дел од парите што ги позајмуваат. Пред две години, на пример, за претседателските и предвремените парламентарни избори во април, од јануари до март направен е буџетски дефицит од 181 милиони евра, половина од планираниот за цела година. Претходно, за локалните избори на крајот на март во 2013 година, од почетокот на годината до изборите, власта потроши две третини од буџетскиот дефицит за цела година, односно 186 милиони евра повеќе отколку што имало приходи во државната каса, а ги обезбеди со задолжувања. Пред изборите се исплаќаат субвенции, се плаќаат заостанати долгови кон фирмите што добиле тендери од државата, се трошат повеќе пари на социјални трансфери, затоа што Изборниот законик забранува, за време на изборната кампања, да се троши надвор од редовните исплати. Историјата од 25 години независност на државата покажа дека Македонија досега поминала низ 14 изборни циклуси (сосе најавените предвремени парламентарни избори годинава), што значи дека политички избори има во просек на секои година и девет месеци. Искуството досега покажа дека изборните кампањи неофицијално почнуваат уште во моментот кога се објавува датумот за изборите, а сите бизнис


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

9

ниЈа Intrakat ниЈа Сократис Кокалис, кој од 2009 година е неизвршен член во бордот на директори на Intrakat.Кокалис, исто така е основач и претседател на Intralot, грчка компанија која обезбедува опрема и интегрирани системи во коцкањето, игрите на среќа, спортски обложувалници на многу компании низ светот. Intrakat, која е градежната рака на групацијата Intracom Holdings, e основана во 1992 година и досега има реализирано повеќе градежни проекти во областа на телекомуникациска инфраструктура, изградба на базни станици, изградба на патишта, ветерни паркови, проекти во енергетиката…

мисла на неделата

> БроЈКа

8,8% Е зголемен извозот на земјава во изминатата година во однос на претходната 2014

лидери

Еврозоната е како титаник. Луѓето од најниските класи први ги чувствуваат последиците од тонењето и имаат најголеми шанси да се удават

Јанис Варуфакис

поранешен министер за финансии на Грција

губитник на неделата

а и дЕВЕт МЕсЕци

жат

Сундар Пичаи

Извршниот директор на Google стана најплатениот директор во САД, откако компанијата го награди со акции вредни 199 милиони долари.

нарендра Моди

Премиерот на Индија може да е горд на економскиот раст на земјата во 2015 од 7,5%, повисок од тој на Кина

не им беше неделата

ниКола тодоров

активности во тој период замираат. „Проблематично во предизборието е што не работат државните институции. Тоа значи дека се запира вадењето на градежните дозволи, лиценци или концесии за земјиште што значи дека ќе се одолжат и инвестициите. Особено ќе бидат погодени компаниите што произведуваат за домашниот пазар и кои што работат за државата“, вели Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори на Брако. Бизнисмените што ги анкетираше Капитал, јасно посочија дека изборите не се нивен сојузник и најголем дел од нив, одговорија дека најголем ризик за нив годинава ќе биде политичката нестабилност. nnn

Граѓаните повторно излегоа на улица барајќи одговорност од Тодоров за смртта на малата Тамара , година дена после нејзината смрт.

иСа МуСтафа

Се уште нема решение за повеќе месечната политичка криза која владее во Приштина и која полека ја води земјата кон анархија

_

Хилари Клинтон Исходот од вторите предизбори во САД, одржани во Њу Хемшир, на кои се избираат партиските кандидати за американските претседателски избори, го покажуваат она што донеодамна беше незамисливо. Заговорникот на „социјалната револуција“, Берни Сандерс, во трката за претседателски кандидат на демократите, прилично уверливо ја доби Хилари Клинтон во Њу Хемшир (во Ајова загуби многу тесно). Тој ова го објасни како доказ дека Американците сакаат „вистински промени“. „Луѓето порачаа дека со оглед на големите кризи што ја зафатија нашата земја, веќе нема место за истата политичка елита, за истата економска елита. Луѓето сакаат вистински промени“, изјави Сандерс по објавувањето на неговата победа. Со други зборови, Хилари Клинтон, засега ја промашува кампањата, во која го потенцира своето искуство како државен секретар во првиот мандат на Барак Обама, додека луѓето сакаат промени. И ако Американците за Сандерс сметаат дека е „човек кој верува во тоа што го зборува и го кажува од срце“, за Клинтон се на став дека ја интересира само „какви се резултатите на анкетите“, и оти го кажува „само она што нејзините политички/PR советници и го осмислиле“.


Капитал број 850 12.02.2016

www.kapital.mk

DOSSIER: КАКО ПРОПАДНА CA

10

COVER STORY

ДОЛГОВИТЕ НА CARREFOU ДВОЈНО ПОГ ОД ИМОТОТ!

ФИРМИТЕ БАРААТ ДА ДАЛИ ИМА НЕЗАКОН ОДЛЕВАЊЕ НА КАПИ


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

ARREFOUR ВО МАКЕДОНИЈА?

11

2013 2014 вкупни обврски во милиони евра

7,6 9,7 загуба

2,2 1,0 имот

5,2 6,2 капитал

-2,5 -3,5

UR ГОЛЕМИ

А СЕ ИСПИТА НСКО ИТАЛ

!

коеф. на задолж.

1,44 1,58 Бројот на фирми на кои маркетот Carrefour им останал должен секојдневно се зголемува, па вкупните долгови по затворањето сигурно ќе бидат над 10 милиони евра. Фирмите кои имаат големи неплатени побарувања преку бизнис коморите се се погласни дека во разрешување на случајот Carrefour мора да се вклучи и државата, бидејќи не станува збор за чисто должничко - доверителски односи, туку дека нивните сознанија упатуваат дека има и незаконско работење и незаконско одлевање на капиталот. Она што засега е извесно е дека овој случај ќе се решава многу долго и ќе влијае на работењето на десетици фирми кои изгубија и роба и пари и време, кои тешко дека некогаш ќе може да ги наплатат.


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

12

cover story

П пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Повеќе од 50 македонски фирми се изгорени во должничката пајажина на маркетот Carrefour, чии вкупни долгови кон фирмите и банките надминува над 10 милиони евра. Но, бројот на фирми на кои овој маркет им должел секојдневно се зголемува, па сигурно и долговите ќе бидат уште поголеми. Иако двата маркети на Carrefour во Скопје и Тетово се и официјално затворени, засега нема официјални информации ниту од сопственциите, ниту од државните институции за вистинските причини заради кои затвори Carrefour. Фирмите кои имаат големи неплатени побарувања преку бизнис коморите се се погласни дека во разрешување на случајот Carrefour мора да се вклучи и државата, бидејќи не станува збор за чисто должничко - доверителски односи, туку дека нивните сознанија упатуваат дека има и незаконско работење. „Секојдневно има поплаки од фирмите кои се наши членки и нивниот број постојано се зголемува. Нашите информации говорат дека не станува збор за чисти должничко доверителски односи, туку дека има индиции за криминални дејства, што значи дека во целиот спор многу поактивно треба да се вклучи државата. Кога велиме вклучување на државата мислиме и на вклучување во наоѓање начин ваквите работи да не се повторат и во иднина”, вели Фатмир Бетичи, извршен директор на комората на Северозападна Македонија. Она што засега е извесно е дека овој случај ќе се решава многу долго и ќе влијае на работењето на десетици фирми кои изгубија и роба и пари и време, кои тешко дека некогаш ќе може да ги наплатат.

Носител на франшизата за Carrefour во Македонија е фирмата ЦМБ Балканс Скопје, која е основана во август 2011 година со капитал од 405 илјади евра и со жиро сметка во Алфа банка Скопје. Како сопственик на ЦМБ Балканс се јавува фирмата ЦМ Балканс Б.В со седиште во Холандија. Тоа е истата фирма која е сопственик и на маркетите Carrefour во Бугарија. Управители во скопската фирма ЦМБ Балканс се Георгиос Вогиатзикас и Леодинас Маринопулос (претседател на грчката Marinopoulos Group). Но, кон крајот на септември минатата 2015 година, ЦМ Балканс Б.В. во Скопје отворила уште една фирма ЦМБ СЕРВИЦЕС, во која како управител се јавува Георгиос Вогиатзакис, истиот управител и на ЦМБ Балкан Скопје, фирмата која управува со маркетот Carrefour. Новата фирма е основана со помал капитал од 5 илјади евра, со жиро сметка во Охридска банка и со седише на Димитрија Чуповски 4-2/3, кола е различна од адресата на маркетот во Сити Мол. Инаку, на оваа адреса на фирмата ЦМБ Сервисес, случајно или не, има регистрирано и адвокатско друштво Кнезовиќ и соработници. Анализата на податоците за работењето на маркетот покажуваат дека тој работел со огромни загуби, неговите обврски секоја година станувале се поголеми. Маркетот Carrefour во Македонија во 2014 работел со вкупни приходи од 11 милиони евра, кои се зголемени за 8,4% за една година. Истата 2014 година Carrefour пријавил расходи од 12 милиони евра, па на крајот на 2014 година прикажал загуба од 1 милион евра. Загубата на ЦМБ Балканс за 2013 година, пак, била двојно поголема или околу 2,2 милиони евра. Што значи дека само за две години Carrefour направил загуба од три милиони евра во Македонија. Големите загуби го “изеле” и капиталот на компанијата. Така, во билансите за 2014 година стои дека капиталот и реервите имаат негативна вредност од -3,5 милини евра. Имотот, пак, на скопската ЦМБ Балканс изнесува околу 6 милиони евра, што ни оддалеку не ги покрива вкупните обврски на фирмата кои се уште никој не знае точно колкави се, но сигурно се поголеми од 10

Кој стои зад Carrefour во Македонија ?

Маркетот Carrefour беше отворен во 2012 година, во рамки на трговскиот центар Сити Мол. Беше помпезно најавен како еден од најголемите маркети во земјата. Но, во изминативе неколку месеци сликата која се гледаше во Carrefour беше се попразни рафтови, се помал асортиман и се помалку купувачи, што упатуваше на заклучок дека е прашање на време кога тој ќе затвори.

Фатмир Бетичи

извршен директор на комората на Северозападна Македонија.

Carrefour должи дестици милиони евра и во Бугарија

Б

угарските производители во последниве неколку месеци на неколку пати јавно се пожалиле дека ланецот супермаркети Carrefour им должат над 90 милиони лева, или 45 милиони евра. Carrefour маркетите во Бугарија се управувани од страна на CM BALKANS BV, која се јавува како сопственик и на маркетот во Македонија. “КМБ во Бугарија има 8 хипермаркети и 6 супермаркети. Компанијата доцни со плаќањата кон добавувачите кои, според бугарските доставувачи, достигнуваат и 50 милиони евра. Во последниов период често се зборуваше дека во компанијата ќе влезе нов партнер и ќе внесе свеж капитал што ќе помогне во решавањето на проблемитe”, пишува бугарски Капитал. Проблемите со доцнење во плаќањата на Carrefour во Бугарија започнале уште во 2013 година, кога за прв пат бугарските производители на храна почнаа јавно да реагираат за доцнење во плаќањата. “Овој случај е типичен пример за тоа какви се шеми се можни во Бугарија”, вели Лукан Луканов, претставник на Унијата на мали и средни претпријатија во Бугарија. Проблеми со неплатени обврски Carrefour има и во Албанија, каде франшизаа ја има истата фирма која ги управува маркетите во Бугарија и Македонија. На почетокот на 2014 година беше објавено дека ЦМБ Бугарија планира во следниве две години да отвори суpермаркети во Србија, поточно во Белград и Нови Сад, но досега се уште е почната изградбата на маркетите. До 2012 година француската компанија екојдневно има поплаки од Carrefour и грчката фирмите кои се наши членки Маринополус груп и нивниот број постојано се заедно ги управуваа зголемува. Нашите информации маркетите Carrefour на говорат дека не станува збор за Балканот преку заедничка чисти должничко доверителски фирма. Во 2012 година односи, туку дека има индиции познатиот француски за криминални дејства, што ланец на супермаркети значи дека во целиот спор многу објави дека излегува од поактивно треба да се вклучи тоа партнерство и дека државата. Кога велиме вклучување влогот му го продал на на државата мислиме и на грчки Маринопулос, кој од вклучување во наоѓање начин тогаш ја има есклузивната ваквите работи да не се повторат и франшиза за маркетите во иднина. Carrefour на Балканот.

С



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

14

cover story

милиони евра. Последните официјални податцои покажуваат дека неговите вкупни обврски на крајот на 2014 година достигнале 9,7 милиони евра и само за една година се зголемени за 28,45%. Или само во 2014 година маркетот ги зголемил обврските за нови 2 милиони евра. Но, овие долгови се сигурно поголеми, бидејќи податоците за работењето на маркетот за 2015 година се уште не се објавени, а токму оваа година беа највидливи проблемите во неговото работење.

Фирмите се сомневаат во сомнително одлевање на капиталот !?

Од Стопанската комора на Македонија за Капитал потврдуваат дека имало средба на која присуствувале околу 50 фирми кои побарале помош за наплата на побарувањата од овој маркет. “Веќе се обративме до владата, односно до вицепремиерот Владимир Пешевски, до министерот за финансии и до финансиска полиција, каде што им укажуваме дека би требало да се вклучат и да помогнат ако се оцени дека не се работи само за двострани должничко доверителски односи, туку дека е нешто повеќе од тоа. Треба да се види дали има некое сомнително одлевање на капитал надвор. Државата во секој случај треба да испита се за да може да се најде решение за проблемите”, вели Елена Милевска Штрбеска, оперативен директор од Стопанската комора на Македонија. Тие не сакаат да шпекулираат која е сумата која сега веќе затворениот маркет им ја должи на фирмите, бидејќи во моментот никој не ја знае точната сума. Еден од поголемите проблеми во случајот Carrefour e што многу фирми постапувале многу наивно или настапувале со доверба кон брендот и сметале дека со големи фирми не може да настане голем проблем. Но, очигледно Керфур во пракса нашол начин како да ги заобиколи законите и да не ги врати долговите на фирмите. Некои од фирмите велат дека прифатиле да му дадат производи на Carrefour без да бараат цврсто обезбедување за побарувањата, верувајќи дека станува збор за силен бренд и голема странска инвестиција, која на голема врата беше најавена и помпезно отворена во присуство на македонскиот политички врв. На прашањето зошто досега не се одлучиле да побараат отварање на стечајна постапка врз маркетот Carrefour, тие велат дека не им била целта тој да оди во стечај, туку да си ги наплатата побарувањата по легален пат. Но,

во меѓувреме листата на фирми на кои им должел маркетот станувала се поголема. Некои од фирмите со кои контактиравме раскажуваат како Carrefour ги таложел долговите кон фирмите. На почетокот маркетот им доцнел со плаќања неколку месеци по ред. По неколку предупредувања од фирмите дека ќе сопрат да доставуваат производи, од маркетот плаќале дел од долгот, и со ветувања ги убедувале фирмите да склучуваат нови анекси на договорите за одложување на плаќањата, за потоа повторно да продолжат да ги таложат долговите со ветување дека наскоро ќе им бидат платени. За таквите двострани односи потоа се надлежни судовите, нотарите и слично. Неофицијално, затворањето на маркетот се случило откако Комерцијална банка ја активирала хипотеката врз деловниот простор каде што се наоѓа маркетот, која ЦМБ Балканс го ставила како хипотекарно обезбедување на кредитот кој го земале од банката. Но, никој во моментот не сака да зборува повеќе за ова, бидејќи станува збор за деловни односи помеѓу два субјекти. Освен фирмите, побарувања од Carrefour имаат и вработените. Во маркетот работат околу 157 лица и тие сега најавуваат дека судски ќе си ги бараат платите кои не им се исплатени. Но, во оваа фаза се чини многу тешко ќе биде фирмите и вработените да си ги наплатат своите побарувања. Податоците покажуваат дека вкупните обврски на маркетот се за над 60% поголеми од целиот негов имот, што укажува на огромните наталожени долгови заради нередовното плаќање. Коефициентот на задолженост на фирмата ЦМБ Балканс, преку која се управува маркетот Carrefour на крајот на 2014 година изнесувал 1,58%, што е далеку повисок од нормалната вредност на овој коефициент. Како ќе се одвива приказната со Carrefour во Македонија сега е тешко со сигурност да се предвиди. Но, тешко дека некоја фирма би се нафатила да ја преземе франшизата и да продолжи да го работи маркетот под тоа име, бидејќи во тој случај би требало да ги преземе и сите долгови на маркетот кои надминуваат 10 милини евра. Оттука, многу извесно е дека ова ќе биде уште еден случај во кој македонските фирми ќе “изгорат” во намерен или ненамерен стечај на големите трговски ланци.

Како да се стави крај на убивањето на фирми од страна на големите трговци?

Прашањето околу тоа како да се реши

овој проблем во иднина е многу тешко да се одговори. Од Стопанската комора потенцираат дека во иднина фирмите треба да се попретпазливи и да наоѓаат начини како да ги обезбедат побарувањата. “Никој не може да контролира какви услови им се наметнуваат на фирмите, бидејќи тие се договараат меѓусебно. Фирмите треба да сфатат дека никој не може да ги натера да потпишуваат штетни договори. Ако тие настапуваат заедно нема таков супермаркет или бренд кој ќе им наметне лоши услови”, велат од Стопанската комора. Но, факт е дека во Македонија веќе со години се случува големи трговци користејќи ја доминантната позиција на пазарот да им наметнуваат многу неповолни услови за работа на малите фирми добавувачи и да не им плаќаат со месеци и со години. Како резултат на ваквото однесување и хаосот во плаќањата, десетици фирми во Македонија досега имаат банкротирано. Еден од неодамнешните примери е ланецот маркети Тедико, кој во 2014 година се соочуваше со големи проблеми и тогаш се објави дека тој должи на над 50 фирми, меѓу кои беа многу големи и познати домашни и странски фирми и дистрибутери. Капитал на неколку пати досега пишуваше дека македонските фирми се буквално заробени од страна на големите трговски ланци. Многу фирми за Капитал отворено тврдат дека најголем дел од супермаркетите плаќаат кога сакаат, колку сакаат и како сакаат. Иако станува збор за стар проблем со кој се запознаени и коморите и институциите никој не може да реагира, бидејќи ниту една институција реално и во пракса не го контролира спроведувањето на Законот за финансиска дисциплина со кој се утврди рокот за плаќање да биде максимални 120 дена. Многу од маркетите во договорите им наметнуваат разни екстра услови како ретроактивни праќања, плаќања за подобра позиција, за каталози, за одложување на плаќањето, прунуден поврат на роба, што во пракса се сведува на чиста изнуда. Експертите сугерираат дека би помогнало доколку се формира некое здружение на добавувачи, кое ќе има поголема моќ да им спротивстави на доминацијата на супермаркетите. Што се однесува до државата, таа може најдобро да помогне ако го среди хаосот во плаќањата, односно ако го следи спроведувањето на Законот за финансиска дисциплина. nnn



пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Водење бизнис во матно Во нормалните држави е ретка појава некој голем маркет преку ноќ да затвори и да остави во долгови многу фирми и добавувачи, а за тоа да нема ниту едно јавно објаснување, реакција или акција од надлежните институции. Во земји како Македонија, Бугарија, Албанија и некои слични на нас, се случуваат секакви шеми од кои на kрај единствени виновници излегуваат фирмите, кои ете, наивно верувале на големиот бренд, на помпезно најавуваната многу голема странска инвестиција, дека не си ги обезбедиле своите побарувања...А зошто тогаш фирмите воопшто плаќаат даноци на државата? Кога излегува дека таа не може да обезбеди ниту основни услови да си го наплатат она што го произвеле и продале?! biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

Z

Затворањето на маркетите Carrefour во Македонија, како и да заврши, е пример за тоа дека институциите во земјава не функционираат. Пример за тоа колку е тешко да се води бизнис во услови на хаос. Повеќе од 50 македонски фирми најверојатно ќе изгорат заради тоа што маркетот кој работи непочни четири години им должи милиони евра. Станува збор за фирми производители на храна, дистрибутери и други фирми, кои биле доставувачи на производи и услуги на овој маркет.Сучајот Carrefour во Македонија на површина вади неколку проблеми кои постојат со години наназад и кои го убиваат бизнисот, а за кои институциите упорно молчат и не ги решаваат. Тоа се хаосот во плаќањата, неефикасноста на институциите да ги заштитат фирмите од намерните незаконско работење или одлевање на капитал од страна на големи и моќни фирми, непазарното и уценувачко однесување на големите компании кон малите фирми. Добро е што финансиската полиција влезе да го прочешла работењето на компанијата во Македонија, откако фирмите кои имаат огромни побарувања преку бизнис коморите побараа помош и укажаа дека имаат сомневања за незаконско работење. Но, прашањето е каде биле институциите досега и зошто дозволиле маркетот да набилда толкави долгови кон домашните фирми? Сега во оваа фаза може само да констатираат ако некој работел незаконски? Во оваа фаза кога долговите на фирмата станале двојно поголеми од имотот нема што друго повеќе да се направи. Прашањата на кои допрва треба да одговорат институциите се зошто и како се дозволило Carrefour да не плаќа толку долго? На кој начин успевал да ги заобиколи законите? Случајот Carrefour на многу сликовит начин покажува каде води и како завршува завршува хаосот во плаќањето кој владее во Македонија веќе неколку години. Бидејќи, овој, и еден куп слични случаи покажуваат дека Законот за финансиска дисциплина стои само на хартија, а во пракса никој не го следи неговото спроведување, ниту, пак, ги санкционира оние кои не плаќаат со месеци. Фактичката ситуација покажува дека некои големи фирми користејќи ја својата доминантна позиција на пазарот на малите фирми им наметнуваат услови на плаќање и работа кој се погубни за нив. Малите и мирко фирми, какви што се 98% од сите фирми во земјава, немаат кондиција, ниту пари да издржат некоја голема фирма да не им плаќа 120 дена, како што им се дозволи со закон, а не, пак, со месеци или години, како што гледаме дека се случува во пракса. А немаат ниту можност да земат кредит од банка за да преживеат додека нивниот клиент им плати. Големите фирми со многу кеш оттука натаму ја преземаат играта и условите за водење бизнис во Македонија. Ова е посебно изразено кај големите трговци и ланци на маркети


КапиталНО

низ земјава. Капитал досега не неколкупати има пишувано за притисоците и уцените кои мора да ги трпат фирмите ако сакаат нивните производи да се продаваат во маркетите. Истите приказни кои сега ги кажуваат фирмите кои останале заглавени со затворањето на Carrefour. Уцени за намалување на цените на производите, за доцнење во плаќањето и огромни рокови на плаќање, прелевање на трошоците за рекламирање на добавувачите, ретроактивни намалувања на цените на производите ако не се продавале како што се очекувало. Услови кои фирмите мора да ги прифатат ако сакаат нивните производи да се најдат на полиците во маркетот. Во меѓувреме фирмите мора редовно да испорачуваат производи, а за наплата да чекаат откако производите ќе се продадат. Фактични излегува дека малите фирми ги финансираат големите трговци, кои само ја собираат маржата. Некои фирми не ги прифаќаат овие услови на големите трговци, па затоа и во маркетите доминираат странски производи. Многу домашни производители на храна не можат да си го дозволат тој луксуз да пропаднат. И овие притисци и уцени во време на криза и хаос во плаќањата кој владее во економијата само се иразија уште повеќе. Големите трговци ланци се однесуваат како де факто олигопол, го контролираат пазарот и наметнуваат сопствени услови, но истовремено го пореметуваат пазарот, но и целата економија.

Ако фирмите се принудени да водат бизнис во матно, тогаш нема смисла да плаќаат даноци. Вака излегува дека државата им е само партнер во бизнисот кога треба да се дели профитот и заработката, а не придонесува ама баш со ништо во бизнисот. Некако нема логика. Некој маркет да затвори со долгови од над 10 милиони евра кон фирмите и банките е голем удар за економијата. Некои фирми можеби и ќе мораат да банкротираат после ова, ќе должат на некоја друга фирма, ќе доцнат и ќе намалуваат кај платите на вработените....Така должничкиот круг се продлабочува и вовлекува уште повеќе фирми...Многу фирми досега изгореа и банкротираа во овој круг. Државата мора да најде начин како да се стави крај на ова непазарно работење и заработување на грбот на малите фирми. Македонија не е единствена земја во која ова се случува. Непазарното работење на големите трговци и уценувањето на добавувачите се случува и во многу други посредени и поразвиени земји. Но, државите наоѓаат начини како да се намалат овие практики, преку вклучување на антимонополските комисии, со посилно организирање на добавувачите и со обезбедување на услови за фер конкуренција. Но, во нормалните држави

е навистина ретка појава некој голем маркет преку ноќ да затвори и да остави во долгови многу фирми и добавувачи, а за тоа да нема ниту едно јавно објаснување, реакција или акција од надлежна иснтитуција. Во земји како Македонија, Бугарија, Албанија и некои слични на нас, се случуваат секакви незаконски шеми кои на крајот не можат никако да се објаснат. Па виновни на крај излегуваат фирмите, кои ете наивно верувале на големиот бренд, на помпезно најавуваната многу голема странска инвестиција, дека не си ги обезбедиле своите побарувања...А зошто тогаш фирмите воопшто плаќаат даноци на државата? Кога излегува дека таа не може да обезбеди ниту основни услови да си го наплатат она што го произвеле и продале?! Ако мораат да водат бизнис во матно, тогаш барем нека не плаќаат даноци. Вака излегува дека државата им е само партнер на фирмите во бизнисот кога треба да се дели профитот и заработката, а не придонесува ама баш со ништо во бизнисот. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

18

Компании бизнис и политиКа и пазари

Кои се најголемите земјопоседници во политиКата?

Стотина функционери поСедуваат

6%

од земјиштето во маКедонија

вредно над

7

милиони евра

најмалку 7,2 милиони евра се проценува земјиштето кое заедно го поседуваат министрите, пратениците и градоначалниците во земјава. според податоците од нивните имотни листови, анализата на Капитал покажува дека овие функционери поседуваат 1,6 милиони м2, 44.8 хектари,56 декари и 32 ари – земјоделско и/или градежно земјиште, ливади, пасишта, шуми, овошно градини ... притоа, најголем земјопоседник меѓу нив е министерот за земјоделство михаил Цветков, додека највредно земјиште има пратеникот на Вмро-ДпмнЕ, сашо Василевски. меѓу поголемите земјопоседници се и техничкиот министер за внатрешни, оливер спасовски како и градоначалникот на општина Центар, андреј Жерновски


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

19


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

20

Компании и пазари

O пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Околу 6% од вкупното земјиште во Македонија е во рацете на само 117 функционери. Анализата на Капитал, направена според податоците од имотните листови на пратениците, градоначалниците и пратениците, покажува дека сите заедно поседуваат најмалку 1.6 милиони метри квадратни земјиште, во вкупна вредност од најмалку 7,2 милиони евра. Притоа многумина од нив не навеле вредност или големина на земјиштетот што го поседуваат, а не се малку и таквите кои иако навеле дека поседуваат земјиште не ја навеле ниту вредноста на истото, ниту, пак, големината. Гледно според типот на земјиште, најголем дел од нив поседуваат земјоделско земјиште, по што следи градежно земјиште, потоа шуми, овошни градини, ливади, пасишта и паркинзи. Од нив, најголема вредноста има земјоделското земјиште кое се проценува на 5,9 милиони евра, по што следи градежното во вкупна вредност од 785 илјади евра, шумите во вредност од 295 илјади евра, овошна градина - 96 илјади евра, ливади 42 илјади евра, паркинг простор - 20 илјади евра и пасишта во вкупна вредност од 11 илјади евра.

Кои се најголемите земјопоседници политичари?

Според податоците на имотните листови од оние функционери кои ги дале сите податоците, најголем замјопоседник е министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветковски кој раполага со вкупна земја нешто повеќе од 136 илјади метри квадратни. Станува збор за земјиште во село Железница, Кратово, кое е негов личен имот стекнат со наследство. По него следи лидерот на Демократскиот сојуз, пратеникот Павле Трајанов, кој поседува земјиште од 126 илјади метри квадратни. Според податоците од имотниот лист станува збор за земјоделско земјиште од 125 илјади метри квадратни во село Радеш, Радовиш и за земјоделско земјиште (имот на брачен другар) од нешто повеќе од илјади метри квадратни во село Горно Соње, Скопје.

Г

ледано по вредност, пак, највредното земјиште од страна на функционерите го има пратеникот Василевски, Сашо чија земја се Василевски проценува на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ 925 илјади евра.

технички министер за внатрешни (СДСМ)

Муса Ибраими пратеник од ДУИ

Име презиме

ЕВРА

Сашо Василевски

915.000

Муса Ибраими

600.000

Иван Франгов

394.024

Андреј Жерновски

350.000

Васил Пишев

286.982

Емил Дончев

243.902

ехничкиот министер Спасовски се најде петти на листата функционери кои поседуваат најмногу земјиште. Имено, Спасовски располага со 70 илјади метри квадратни земја во Куманово и Старо Нагоричане.

Шпреса Хадри

200.000

Невзат Бејта

200.000

Марта Томовска

182.926

Оливер Спасовски

123.890

рет на листата најголеми земјопоседници во политиката е Муса Ибраими, пратеник од ДУИ. Тој располага со земјиште од 99 илјади метри квадратни кое се наоѓа во Прилеп, а е запишано како имот на неговите родители.

Т

Оливер Спасовски

КОИ ФУНКЦИОНЕРИ ИМААТ НАЈВРЕДНО ЗЕМЈИШТЕ?

Т

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИ ЗЕМЈОПОСЕДНИЦИ? Име презиме

метри2

Михаил Цветков

136.418

Павле Трјанов

126.381

Муса Ибраими

99.000

Стојан Миланов

73.455

Оливер Спасовски

69.936

Јулија Силјановска

40.000

Емил Дончев

40.000

Рафис Аљити

35.839

Нурхан Изаири

28.152

Благој Јованов

26.946

Функционерите инвестираат во земјиште и во другите држави

М

еѓу функционерите има и такви кои купуваат земјиште и во другите држави. Таков е примерот со пратеникот Васил Пишев од ВМРОДПМНЕ, кој располага дури со два паркинг простори во Благоевград, Бугарија. Станува збор за паркинг простори од по 100 метри квадратни, а во вкупна врдност од 19,5 илјади евра. Трет на листата е Муса Ибраими, пратеник од ДУИ. Тој располага со земјиште од 99 илјади метри квадратни кое се наоѓа во Прилеп, а е запишано како имот на неговите родители. Со нешто помалку метри квадратни, како четврт на листата се јавува Стојан Миланов, пратеник од редовите на Социјалистичката партија на Македонија, инаку дел од владината коалиција, кој располага со 73,5 илјади метри квадратни. Станува збор за земјоделско земјиште и пасиште во Кратово. Земјоделското земјиште Миланов го пријавил како личен имот, додека пасиштето како имот на деца. Петти на листата е техничкиот министер

за внатрешни работи, кој доаѓа редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, а кој во свои раце поседува речиси 70 илјади метри квадратни земја. Заведени како имот на родители, Спасовски располага со земјиште во Куманово и со земјиште и шума во Старо Нагоричане.

Чие земјиште е највредно?

Ако се анализираат податоците според вредноста на земјиштето, ситуацијата е поразлична. Податоците од имотните листови покажуваат дека највреден имот меѓу овие три категории на функционери (од оние кои ги навеле сите податоци) го држи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,

Градежно земјиште: 25.284 м2 е во рацете на овие функционери



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

22

Компании и пазари

најголем замјопоседник е министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, михаил Цветковски кој раполага со вкупна земја нешто повеќе од 136 илјади метри квадратни. Станува збор за земјиште во село Железница, Кратово, кое е негов личен имот стекнат со наследство. Сашо Василевски. Вредноста на неговото земјиште според имотниот лист во моментот изнесува 915 илјади евра. Станува збор за земјиште во Охрид кое тој го пријавил како имот на родители, а кое го стекнал со наследство. Следен според вредноста на земјиште е пратеникот од ДУИ, Муса Ибраими. Неговата земја од 99.000 м2 во Прилеп „тежи“ 600 илјади евра,а според имотниот лист станува збор за имот стекнат со наследување од неговите родители. Трет според вредноста на земјиштето е Цветомир Угриноски, градоначалник на Општина Вевчани. Меѓу пријавеното земјиште, освен земјоделско има пријавено и пасиште и четири земјишта на кои се изградени станбени згради. Вредноста на целото негово земјиште е речиси 569 илјади евра. Станува збор за негов личен имот и имот на неговите деца. Со нешто помалку вредно земјиште, располага градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов. Неговото земјиште, кое се наоѓа во Гевгелија и гевгелиското село Стојаково, се проценува во вкупна вредност од 402 илјади евра, а станува збор за земјоделско и градежно земјиште . Земјоделското земјиште му е имот наследен од родителите, додека градежното се води како заеднички имот. Петти на листата фунционери со највредно земјиште е градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновси. Според неговиот имотен лист тој поседува земјиште во вкупна вредност од 350 илјади евра кое се наоѓа во Скопје и е на површина од

576 метри квадратни. Земјиштето му е пријавено како заеднички имот, а е стекнат со наследство.

Кој функционер поседува најмногу градежно земјиште?

Највредно градежно земјиште има градоначалникот на Општина Вевчани, Цветомир Угриновски. Вкупната вредноста на неговото градежно земјиште се проценува на 564 илјади евра. По него е министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, чиј имот од 2.119 м2 се наоѓа во Долно Палчиште а станува збор за земјиште стекнато со купопродажба. Трет е Јован Пејковски, градоначалникот на Општина Чучер-Сандево во вкупна вредност од 57 илјади евра. Станува збор за имот на брачен другар кој се наоѓа во Стенковец, село Бразда и во Кавадарци. Меѓудругото, тој располага и со најмногу метри квадратни градежно земјиште , вкупнов 13 илјади.

највредна шума има градоначалникот на Струга, зијадин Села

Во однос на поседување шуми, највредната парцела ја има градоначалникот на Струга, Зијадин Села која се наоѓа во струшко Ново Село, во вкупна големина од 30 илјади метри квадратни а вредна речиси 180 илјади евра. Станува збор за шума стекната со наследство. По него следи Благој Јованов, градоначалникот на Општина Конче, кој поседува неколку шуми во селото Долни Липовиќ, а кои според имотниот лист му се стекнати

преку наследство. Вредноста на неговите парцели се проценува на 48,6 илјади евра. Трет на листата е Алим Билали, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Во своја сопственост тој има неколку шуми во вкупна вредност од 19 илјади евра, кои се ноѓаат во Село Скудриње. Шумите, Билали ги пријавил како имот на родители добиени со наследство. Гледано по површина, пак, со најмногу шуми располага Маријанчо Колевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој располага со шума од речиси 32 илјади метри квадратни во село Кнежево, Кратово. Највредни ливади има Крсто Мукоски во вредност од речиси 15 илјади евра, а според површина пак, најголем ливадопоседник е Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Општина Крушево, кој располага со нешто повеќе од 12 илјади метри квадратни ливади. Пратеникот на НСДП Горан Мисоски, има највредни овошни градини во вкупна вредност од 49 илјади евра, додека пак највредни пасишта има Цветомир Угриновски (градоначалник на Вевчани) во вкупна вредност од 4 илјади евра. Според површина пак, со најмногу метри квадратни (23 илјади) пасиште располага Благој Јованов, градоначалникот на општина Конче, кој поседува четири парцели на пасишта во селото Долни Липовиќ , додека најголема површина овошни градини има Ѓоко Срезовски, градоначалникот на Ресен кој раполага со 13, 2 илјади метри квадратни во Царев Двор. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

24

Startup

Претприемачите, државата и инвеститорите се собраа на едно место

Што ги мачи македонските стартапи? пишува:

Ш Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

то е клучот за успехот на еден стартап? Дали е тоа тимот? Дали се парите? Добриот тајминг? Или сето тоа треба да се искомбинира во совршен баланс за да стартапот ги преживее “детските болести“ и тргне на патот кон некој следен Facebook

или Uber можеби? Да, македонските стартапи сонуваат на големо, но колку реално имаат шанси да ги остварат своите соништа: бирократија, недостаток на финансии, мал пазар, предизвик во наоѓање добри кадри, немање добри ментори... се само дел од пречките на нивниот пат. Овие дилеми и уште мал милион прашања во главите на младите претприемачи требаше да добијат одговор на “StartUp Europe Week” што се одржа минатата недела во Скопје. Еден од ретките настани што на

едно место ги собира трите засегнати страни во стартап приказната: самите претприемачи, инвеститорите и државата како поставувач на правилата за игра. Но, како што истакна еден од учесниците, и самиот млад “стартапџија, не постои ништо совршено кога се “крчка“ идејата за лансирање на нов производ или услуга. “Не чекајте премногу со подготовки за лансирање на вашиот производ или услуга, никогаш нема да бидете совршено спремни за излез на пазар.

Препораки: Властите да ги чујат претприемачите, а инве


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

25

Петар Ниновски

Митко Цабевски

Теди Пејоски

Перфекцијата е замка!

Имање европски партнер си има добри и лоши страни

Добар автомобил или добар сметководител?

Brainster

Н

икогаш нема да бидете совршено подготвени за излез на пазарот. Ако многу долго време се задржите за лансирање на производот, може да загубите интерес и да ви падне самодовербата. Пазарот ќе ви ги каже недостатоците што ќе ги исправите попатно и ќе понудите подобар производ.

U:Plug

В

о ЕУ има повеќе пари и поразвиена стартап култура, не случајно мојата компанија ја основав со партнер од Хрватска. Но, нема да верувате колку бирократија знае да постои и ЕУ членките. Јас имав намера да вработувам луѓе, а тие ме сметаа за имигрант што дошол да бара работа!?

Перфекцијата е замка. Ако многу долго време се задржите во делот на подготовките, може да загубите интерес и да ви падне самодовербата. Пазарот ќе ви ги каже недостатоците што ќе ги исправите попатно и ќе понудите подобар производ.“, порача Петар Ниновски, основач на платформата за офлајн курсеви. Тој вели дека пристапот на т.н. lean startup што тој го следел, дал одлични резултати досега. За четири месеци преку Brainster се организирани преку 35 обуки за најразлични вештини, како моден дизајн, сликање, дигитален маркетинг, итн. , а Ниновски има амбициозни планови да ја прошири платформата и во Атина, Берлин и други европски метрополи. Во меѓувреме успеал да добие пари и од една локална мрежа на бизнис ангели.

За тоа што не го знаете, ангажирајте професионалци

Уште неколкумина млади претприемачи ги кажаа своите искуства на конференцијата организирана на иницијатива на Европската комисија, како финале на Европската недела на стартапи што се одржа паралелно во триесетина европски држави изминатава седмица. Митко Цабевски од стартапот U:Plug, кој што заедно со партнер од Хрватска

GSIX

З

а она што немате доволно знаење во компанијата, ангажирајте професионалци. Дали ви треба добар автомобил или добар сметководител: не смее да имате дилема. Стартапот не е само компанија, тоа е процес, фаза во развојот кон одржлив бизнис и затоа не смеете да штедите на работите што ве носат кон таа одржливост.

го создадоа производ – паметен штекер, зборуваше за тоа што значи да имате ко-основач што доаѓа од ЕУ и какви погодности, но и проблеми прави основањето стартап во земја од ЕУ. “Верувајте ми, бирократијата е страшна во Хрватска, ви бараат дозволи за сe’ и сешто, но затоа пак имаат пристап до големи ЕУ фондови и стартап сцената е поразвиена. А, особено кога едниот содружник е од земја што не е членка на Унијата, па имате проблем со регулирање на престојот и сл.“, вели Цабевски. Теди Пејовски, ко-основач на G6, креатори на мобилни и веб платформи, порача да не се штеди на ангажирање професионалци за работи за кои што стартап тимовите немаат доволно знаење и капацитет. “Добар сметководител или добар автомобил, тоа не треба да е дилема. Не се расфрлајте со заработката доколку ги немате квалитетно покриено позициите за кои што немате доволно експертиза во тимот. Тоа подоцна може да ви се удри од глава“, рече Пејоски, чија што компанија за девет месеци од шест вработени стасала до 20. Дарко Булдиоски од New Media MK зборуваше за тоа кои се главните фактори за (не)успех на стартапите. Неговата презентација беше

Кои правни замки да ги избегнете кога формирате компанија, како да регистрирате фирма за четири часа, на што не треба да штедите во бизнисот, кои домашни и европски извори на пари постојат за македонските стартапи...Сето ова, заедно со искуствата на претприемачите од прва рака, на конференцијата - финале на Европската недела на стартапи

составена од 7 прашања поврзани со основните фактори за успех на еден стартап. Факторите се преземени од анализата на Бил Грос, познат американски финансиски менаџер и инвеститор, претставена во март минатата година на TED настан. Од неговата анкета што ја направи на лице место со присутните во салата, главно млади претприемачи, излезе дека најголем дел (62%) сметаат дека тимот е најбитниот фактор за успехот на еден стартап, пред тајмингот (44%), бизнис моделот (23%), идејата (11%) и финансирањето (11%).

Заштитете ги иновациите на време

На конференцијата беа присутни и претставници на Централниот регистар, Управата за јавни приходи, Агенцијата за претприемништво и Агенцијата за вработување, како и искусни правници од областа на деловното право кои што ги претставија аспектите поврзани со работата на стартапите, и програмите за финансирање на претприемништвото, секој од својот домен. Мирјана Марковска од адвокатската канцеларија “Марковска – Андревски“ ги советуваше младите претприемачи на што да внимаваат при формирањето и работењето на

еститорите да ја разберат локалната стартап заедница


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

26

Startup

стартапот. “Заштитете ги иновациите на време, водете документација, направете проценка на правните и финансиските ризици. Несогласувањата помеѓу содружниците околу донесувањето одлуки, правата на индустриска сопственост, процесот на регрутација кадри и околу визијата за развојот на компанијата се најчестите пречки што стојат на патот на секој стартап“, истакна Марковска. Претставници од државниот Фонд за иновации и технолошки развој, CEED, европскиот фонд за ризичен капитал SC Ventures и уште неколку организации за поддршка на стартапите, ги претставија изворите на финансирање и останатите можности што им стојат на располагање на претприемачите, како инкубатори, акцелератори, платформи за социјално претприемништво, итн. На глобално и регионално ниво има многу пари за добри идеи, но она што фали е реализирањето на добрите идеи, односно нивно квалитетно претставување пред инвеститорите, истакнаа учесниците на конференцијата во делот посветен на можностите за финансирање стартапи и други начини на нивна поддршка. Ивана Станковиќ од фондот за ризичен капитал SCV, кој што почна со работа пред неколку месеци, објасни дека тој е продолжение на работата на словенечкиот инвестициски фонд RSG, кој што зад себе има искуство со инвестиции во успешни стартапи во Словенија и Хрватска, а сега, со поддршка на институционални и приватни финансиери од ЕУ и регионот, ја проширува својата дејност во седум држави од Балканот, меѓу кои и Македонија. “Нашиот фонд е во потрага по стартапи кои што имаат продукт или услуга наменети за глобална експанзија. Имаме на располагање 40

милиони евра вкупно за сите земји што ги покриваме, во рок од пет години треба да ги инвестираме, остануваме 3-5 години како малцински сопственици на удел до 49% и потоа планираме излегување од тие компании“, објасни Станковиќ. Таа додаде дека она што бараат кај стартапите за да бидат квалификувани за парите од фондот, е пред се’ одличен тим, производ/ услуга/решение со уникатна конкурентска предност, висок потенцијал за раст, разработен бизнис модел, издржана маркетинг стратегија.

Поддршка и за социјалното претприемништво

На панелот зборуваа и претставници на организации и проекти кои што нудат и други форми на поддршка на стартапите, освен извори на финансии. Даниела Милошеска, основач на Coffice, го претстави овој co-working простор во Скопје што почна да работи минатата година. Тоа е деловен простор во кој стартапи, фриленсери и креативци можат да работат, и

Игор Маџов

Ева Пиперевска

Не дозволувајте егото да ви го води бизнисот

Запомнете ги овие два збора: Growth Hacking!

NewMan’s акцелератор

GSIX

С

С

овети за стартапите од нашиот акцелератор: l запишете ги вашите цели на хартија l читајте минимум по 30 минути на ден l инвестирајте минимум 5% од вашата годишна заработка во едукација l не дозволувајте егото да ви го води бизнисот l вашиот најдобар пријател може да е најдобриот, но и најлошиот бизнис партнер l најдете ментор.

тартапите обично немаат пари за класичен маркетинг, затоа запомнете ги овие два збора: growth hacking! Тоа се нестандардни методи за раст на бизнисот: ‘хакирање’ на социјалните медиуми, користење вебсајтови на креативен начин, вирални видеа...Секој стартап треба да знае кои му се главните корисници и да ги користи онлајн платформите каде што тие се наоѓаат.

Совети од адвокат

Што треба секој стартап да направи на почетокот l Најдобро е да основате Д.О.О. l Направете проценка на финансиските и правните ризици l Регулирајте ги правата од индустриска сопственост l Заштитете ги иновациите l Водете документација и уредна архива l Практикувајте стандардни и стабилни форми

на правни акти – договори

Мирјана Марковска

адвокатска канцеларија Марковска-Андревски

Н

есогласувањата помеѓу содружниците околу донесувањето одлуки, правата на индустриска сопственост, процесот на регрутација кадри и околу визијата за развојот на компанијата се најчестите пречки што стојат на патот на секој стартап.

каде што, како што вели Милошеска, таа имала намера креира заедница на стартапи кои ќе можат да соработуваат во поевтин заеднички простор, наместо да изнајмуваат скапи

канцеларии. Весна Кардалеска од програмата за развој на претприемништво и менаџерски вештини, CEED, го промовираше новиот проект за поддршка на

стартапите, HUB Skopje, место каде што стартапите може да добијат простор, инкубатор, акцелерација, пристап до фондови, итн. За важноста на социјалното претприемништво и

Финансирање: Пари никој не дава затоа што сте “кул“ стартап


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

ТЕЛЕкОмуНИкАЦИИТЕ вО 2016

19

февруари

2016

Пазарот ПретрПе окруПнување

што носи тоа за оПераторите, а што за корисниците? наместо три големи играчи, македонскиот телекомуникациски пазар сега има два – спојувањето на вип и оне треба да се комплетира во првата половина на годинава, а во меѓувреме операторите продолжуваат со инвестиции во развој на инфраструктура, напредна технологија и иновативни услуги, очекувајќи позитивни трендови во работењето. капитал подготвува специјален прилог за телекомуникацискиот пазар, каде што ќе се осврнеме на тоа што можеме како индивидуални и бизнис корисници да очекуваме од телеком операторите во периодот што следи. Меѓу другото во “телекомуникациите во 2016“ ќе одговориме на следниве прашања:

l По окруПнувањето на Пазарот: Кои се плановите, надежите и очеКувањата на маКедонсКите телеКом оператори за оваа година? l Глобалната консолидација на секторот и влијание врз реГионов: Кој е Кој на пазарот сега? l анализа на домашниот телекомуникацискиот Пазар: Кој КолКав дел од телефонсКиот, интернет и тв Колачот поседува? l како се менуваат навиките на Потрошувачите и како со тоа се носат телеком иГрачите на Пазарот? Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА мИХАЈЛОвСкА


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

28

Startup

Што е најважно за успехот на еден стартап Според македонските претприемачи:

l Тим (62%) l Тајминг (44%) l Бизнис модел (23%) l Идеја (11%) l Финансирање (11%)

Според истражувањето на Бил Грос на преку 200 светски стартапи: l Тајминг (42%) l Тим (32%) l Идеја (28%) l Бизнис модел (24%) l Финансирање (14%)

Извор: komunikacii.net

поддршката што се нуди за стартапите ангажирани во проекти што ја имаат вградено компонентата на општествена одговорност во себе, зборуваше Димитар Трајанов, деканот на Факултетот за информатички технологии – ФИНКИ, кој што е лидер на платформата Social Innovation Hub, направена во соработка меѓу факултетот и UNDP, и каде што се помагаат тимови на млади претприемачи, програмери, студенти, под менторство на искусни професори, за развој на технолошки решенија што ќе имаат како крајна цел некаков социјален импакт, како на пример, апликацијата што преку СМС порака им јавува на фармерите

Совети од фонд

Еве што ќе ги избрка инвеститорите од вашиот стартап l Проблеми во тимот l Недостаток на фокус l Пласман само на локален пазар l Нема можност за скалирање, многу бавен раст l Без потенцијал за излез од инвестицијата l Силна конкуренција на таргет пазарот l Ниски профитни стапки l Проблеми со интелектуалната сопственост

Ивана Станковиќ

SCV инвестициски фонд за ризичен капитал

Б

араме производ, услуга или решение со уникатна конкурентска предност, поклопување со потребите на пазарот, разработен бизнис модел, издржана маркетинг стратегија, разумна валуација на бизнисот и можни патишта за излез од инвестицијата.

во Преспа, за тоа кога временските услови се најпогодни за прскање на јаболката. “Со помош на оваа апликација, им помогнавме на фармерите да не трошат залудно пестициди, односно,

го намалија количеството на пестициди со кои ги прскаат јаболката за 30%, а 82% од одгледувачите на јаболка ја користат апликацијата“, истакна проф. Трајанов. Star tup Europe Week се одржа на иницијатива на

Digital Agenda EU, во коорганизација на StartupSelfie, Brainster, NewMan’s Business Accelerator, Inception Entreprise, COseed, Madi Group и Бизнис конфедерацијата на Македонија, а со поддршка на Европската комисија.nnn



Капитал број 850 12.02.2016

30

www.kapital.mk

Интервју

на 28 јануари во Германија беше потпишан договорот помеѓу еИФ (европскиот инвестиционен фонд) и прокредит Групацијата со кој ќе се пласираат 250 милиони евра за поддршка на мали и средни претпријатија преку програмата InnovFin. проектот во југоисточна европа за сега се реализира единствено само преку Групацијата прокредит, како групација со специјализирани банки за Мсп. со стевче кузмановски, директорот на бизнис секторот на прокредит банка разговараме за условите под кои може да се користат овие кредити.

стевче кузМановскИ директор на бизнис сектор на прокредит Банка

во МакедонИја ќе се пласИраат 10 МИлИонИ евра кредИтИ за ИноватИвнИ ИнвестИцИИ

кузМановскИ: Фокусот е на олеснет прИстап


www.kapital.mk

К

XX Како дојде до соработката со ЕИФ? Соработката со ЕИФ дојде како резултат на заедничкиот фокус на делување на нашите банки-дел од меѓународната Групација ПроКредит и стратешкиот интерес на ЕИФ во доменот на финансиска поддршка на на малите и средни претпријатија како и ориентацијата кон иновации и модерни тегхнологии. Групацијата ПроКредит е интернационална групација на банки со седиште во Франкфурт, Германија која делува во земјите во економски подем. ПроКредит Банките, преку модерни банкарски технологии специјализирано опслужуваат прогресивни мали и средни претпријатија во 11 земји од Југоисточна Европа. Од друга страна, Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), осмислува и развива форми на вложување и раст на капиталот, гаранции и инструменти за финансирање кои посебно го таргетираат овој дел од пазарот и истите ги пласира преку комерцијални банки со добра репутација и клучно влијание врз клучниот сегмент - мали и средни претпријатија. Имаме претходно искуство со ЕИФ и преку нивните фондови сме пласирале финансиска поддршка во форма на кредити на растечки бизниси на кои им се потребни финансиски средства. Во рамки на оваа соработка сме фокусирани на олеснет пристап до финансии за компаниите кои сакаат да инвестираат во иновативни проекти. Покрај Македонија, и ПроКредит банките во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Молдавија, Романија и Србија ќе бидат поддржани со гаранција обезбедена од ЕИФ согласно „Хоризонт 2020“, Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ со истата намена. XX На кој начин ќе се пласираат средствата во Македонија? Во Македонија ќе се пласираат 10 милиони евра во форма на кредити за инвестиции и во фиксни и во обртни средства. Средствата се достапни за претпријатија кои сакаат да инвестираат во купување на нови машини, опрема, воведување на нови производи или услуги, со кои ќе ја подобрат конкурентноста и ефикасноста во работењето или ќе отворат нови пазарни можности. XX Станува збор за кредити за иновативни компании. Каков

Капитал број 850 12.02.2016

31 интерес од старна на компаниите и каков придонес очекувате да има ваквиот пристап до средства за компаниите и домашната економија? Во Македонија има голем број на претприемачи кои со своите идеи и иновации ги развиваат нивните бизниси, постојано инвестираат за поголема ефикасност во работењето, како и проширување на бизнисот на нови пазари. Знаеме дека модерната технологија, иновативното размислување и бизнис делување кое е насочено кон грижа за животната средина се клучни фактори за понатамошен развој и носат долгорочна перспектива. Очекуваме интерес од страна на претпријатија кои се занимаваат со производство, извезуваат во странство или планираат проширување на дејноста со нови и иновативни производи. Како единствена специјализирана банка за мали и средни претпријатија сакаме да ги поддржиме токму таквите бизниси и за нив секогаш сме подготвени да понудиме најсоодветна финансиска услуга. Пристапот до финансии за иновации веруваме дека ќе стимулира иновативни идеи и инвестиции кај бизнисите и на тој начин ќе им овозможи да ја зголемат нивната конкурентност, што секако ќе има позитивно влијание врз домашниот економски развој. XX Кои проекти ќе се сметаат за иновативни? За какви намени ќе можат да се користат средствата? Иновативноста како збор наведува на нешто ново и уникатно-или за самиот бизнис поединечно или на пазарот. Овие средства ќе можат да се искористат за финансирање на инвестиции кои до сега не биле секојдневна бизнис активност на компанијата. Вложувањата во нови машини кои се попродуктивни од постоечките, нова опрема, воведување на нов произод или услуга, маркетинг, вложување во енергетска ефикасност на објектот или процесите. Сето она кое се очекува значајно да придонесе за подобро работење, освојување на нови пазари, поголема конкурентност. Секој бизнис план се разгледува засебно и се анализираат ефектите од инвестицијата. Целта е преку модернизација и воведување новости да се прошири постоечкиот капацитет и да се искористи нов потенцијал. XX Кои се поволностите и условите под кои клиентите може да ги искористат средствата од оваа програма и од кога може да аплицираат ? Најголемата предност е во делот на обезбедувањето на кредитот. Компаниите сега ќе имаат пристап до кредити за инвестиции за кои е потребно помало обезбедување отколку претходно. Практично компаниите кои ги одложувале своите долгорочни проекти заради обезбедувањето кое најчесто го бара банката при инвестиции на долг рок сега ќе можат похрабро да влезат

п до финансии на компаниите

во истите со помало обезбедување. Гарантната шема ќе го балансира ризикот со кој како банка се соочувавме при поголемите инвестиции. Со ова ќе можеме засилено да кредитираме и да ги поддржиме компаниите кои имаат одржливи и иновативни . XX Дали фактот што сте германска банка Ви помага во остварувањето на соработки со фондови како ЕИФ и во можноста да понудите поповолни кредити за МСП? Германското потекло, нашата силна позиција на пазарите во Југоистрочна Европа и стратешката определба на банката за развој на приватниот бизнис сегмент-малите и средни бизниси се значајни предности во градењето на клучни соработки со фондови како ЕИФ. Успешната работа е дел од нашата репутација и во бизнис заедницата и помеѓу соработниците, а сето тоа носи придобивки за клиентите и од аспект на каматните стапки, обезбедувањето, а пред се во сигрноста дека добиваат услуга од специјализирана банка која го разбира нивниот бизнис. XX Што друго ПроКредит како Групација може да им понуди на компаниите? Фактот што сме дел од силна Групација во Југоисточна Европа носи повеќе придобивки за клиентите, особено за оние кои имаат меѓународна соработка со партнери во странство. Сме едиствена банка која нуди фиксна цена за дознаки кон Банките во ПроКредит Групацијата и кон сите останати банки во светот. Благодарение на нашата банка во Германија, сите бизниси кои добиват приливи од странство имаат можност да го добијат својот прилив без провизија. Со тоа што нивниот партнер во странство ќе ја одбере ПроКредит Германија како коресподентска банка, македонскиот бизнис ќе добие прилив без никакви трошоци од било која земја од светот. Практично нашите клиенти со меѓународни бизниси може побрзо, поефтино и поефикасно да соработуваат со нивните корпоративни партнери во земјите каде ние како групација имаме банка. Секој бизнис кој работи во повеќе земји во кои ПроКредит има своја банка добива меѓународен финансиски лимит. Тоа значи комплетна финансиска поддршка за потребите на сите меѓународни претставништва од еден и единствен партнер, особено за меѓународните подружници на бизнис кој е во фаза на почетни вложувања во клучните развојни фази, кога инвестицијата е во старт-ап фаза. ПроКредит банка нуди и повеќе од само финансирање. Клиентите кои работат со нас може да остварат бизнис контакти со клиенти на ПроКредит Банките од нашата мрежа преку регионални Б2Б средби помеѓу клиенти. Тоа е вистинска афирмација на еден бизнис и поддршка за неговото ширење и развој. nnn


Капитал број 850 12.02.2016

32

www.kapital.mk

Извозни стратегии

Што ќе донесе евтината нафта за македонската индустрија?

Кој добива, а кој губи?

Засега од ниту еден сектор не добивме потврда дека се чувствуваат поголеми ефекти од намалената цена на нафтата. Сите тие оставаат простор дека доколку продолжи ваквата состојба работите на терен можат да се сменат во догледно време, но децидно се дека засега влијанието е минорно или никакво.

Прогноза: неопходно е време за да се почувствуваат ефектите


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

33

Н Антони Пешев

претседател на Собрание на СКМ

е очекувам поголеми ефекти врз работењето на македонските компании. Како прво транспортот учествува со многу мал процент во завршната цена, плус најголем дел од нашиот извоз кој е подложен на транспорт доаѓа од зоните кои не се зависни од македонските транспортери и македонската цена на нафтата. Второ останаа многу малку производствени капацитети кои се зависни од нафтата, а и тие имаат зголемени трошоци за другите инпути што значи намалувањето на нафтата само ги носи на нула.

Н

П

Биљана Муратовска претседател на МАКАМ Транс

40%

пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Најголем дел од бизнисмените во земјава се уште не ги почувствувале ефектите од намалената цена на нафтата на светските берзи. Ова во изјави за Капитал го тврдат претставниците на различни сектори кои наменски ги анкетиравме за оваа анализа. Сите тие оставаат простор дека доколку продолжи ваквата состојба работите на терен можат да се сменат во догледно време, но децидно се дека засега влијанието е минорно или никакво. Производителите и преработувачите на пластика и полиестер би требало да се најзасегнати од цената на нафтата бидејќи енергенсот покрај за транспорт и загревање го користат и како инпут во

ревозниците кои што се движат низ Македонија се генерално задоволни од пониските цени на горивата. Но во меѓународниот сообраќај не е така оти секоја земја си има формирано своја цена. Па така просечната цена на горивата не им дава простор на транспортерите да се радуваат многу. За да се почувствуваат позитивни влијанија во формирање на транспортната цена, овие позитивни состојби ќе треба да се задржат барем два месеци.

поевтини нафтата на светските берзи од јануари 2015 до сега

производството. Но извршниот директор на Унипласт од Струга Кристијан Ковачески вели дека ефектите од поевтините инпути веројатно се одложени во македонскиот случај. „Точно е дека ние во производството користиме материјали кои се врз база на нафта но нашите добавувачи се уште ја немаат намалено цената на овие суровини што значи дека и ние не можеме да ја намалиме излезната цена на нашиот производ. Тоа не значи дека во иднина ова нема да се промени но засега ние ефекти

не чувствуваме. Веројатно ако не слушаме на телевизија за нафтената војна нема ни да знаеме колку се е падната цената на нафтата“ вели Ковачевски. Неговите ставови ги потврдува и Антони Пешев претседател на собранието на


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

34

Извозни стратегии

Н

10-15%

Поевтино се продаваат горивата на бензиските станици во земјава

Кристијан Ковачевски Унипласт

Цената е иста и за македонските фирми и за странската конкуренција

В

о услови на глобална економија берзанските цени на нафтата се пресликуваат на малопродажбата скоро во сите земји во светот. Зависно од степенот на оданочување на енергенсите тоа некаде се чувствува помалку некаде повеќе но факт е дека она што би го добиле македонските компании како поевтинување нивната конкуренција во странство веќе би го имала. „Намалената нафта не е само за нас туку и за нашата конкуренција во целиот свет. Тоа е глобална берзанска цена и не гледам како ние тука би можеле да стекнеме некаква предност“ вели Кристијан Ковачески од Унипласт. И останатите негови колеги од различни сектори се со сличен став како Ковачески, а најголем дел од нив не веруваат и дека вака ниската цена на нафтата ќе остане во сила уште многу долг период. Стопанската Комора на Македонија која обединува бизниси од најразлични сектори. „Засега нема поголеми ефекти врз македонското стопанство, а такви не очекувам ни во претстојниот период“

Зошто не се чувствуваат ефектите

Ако се анализира каде би требало најбрзо да се почувствуваат евентуалните ефекти од ниската цена на нафтата тоа е секако транспортниот сектор од кој се зависни најголем дел од македонските компании. Но од асоцијацијата на шпедитери МАКАМ

Транс веќе неколку пати излегоа со став дека е потребно повеќе време за цените на транспортот да се снижат. „Превозниците кои што се движат низ Македонија се генерално задоволни од пониските цени на горивата. Но во меѓународниот сообраќај не е така оти секоја земја си има формирано своја цена. Па така просечната цена на горивата не им дава простор на транспортерите да се радуваат многу. За да се почувствуваат позитивни влијанија во формирање на транспортната цена, овие позитивни состојби ќе треба да се задржат барем

амалената нафта не е само за нас туку и за нашата конкуренција во целиот свет. Тоа е глобална берзанска цена и не гледам како ние тука би можеле да стекнеме некаква предност.

два месеци“ изјави Биљана Муратовска претседател на МАКАМ Транс. Останатите претставници од транспортниот сектор кои ги консултиравме потврдуваат дека вредноста на суровата нафта е на најниско ниво во последниве 13 години и дека тоа ќе ги намали трошоците во нивните претпријатија но и дека нема да го поефтинат превозот. Според нив реалната причина за тоа е фактот дека транспортетите со години работат со минимални цени и дека вакви периоди традиционално се чекаат за да се покријат старите загуби. Антони Пешев пак е со став дека транспортот учествува со многу мал процент во завршната цена, плус најголем дел од нашиот извоз кој е подложен на транспорт доаѓа од зоните кои не се зависни од македонските транспортери и македонската цена на нафтата. Пешев не очекува промени ниту во оние индустрии во кои нафтата е директна суровина. „ Второ останаа многу малку производствени капацитети кои се зависни од нафтата, а и тие имаат зголемени трошоци за другите инпути што значи намалувањето на нафтата само ги носи на нула. И како трето оние индустрии кои ја користат нафтата како директна суровина, мислам на петрохемиската индустрија или да речеме производството на пластика, учествуваат со многу мал процент во целокупното македонско производство така да и од нив нема да почувствува некои поголеми промени“. nnn

Очекувања: ниската нафта нема да трае вечно


WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

специјален прилог ТУРБУЛЕНЦИИ

КондиторсКа индустрија НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

к ј

КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? ја заг орчува

македонската

?

шеќерна приказна

ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА

ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА

БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK


Капитал број 850 12.02.2016

36

www.kapital.mk

Кондиторска индустрија

Расте производството и извозот на кондиторите, но...

Кој ја загорчува македонската “шеќерна приказна“?

Производството и извозот на кондиторски производи растат од година во година, но потенцијалот на оваа индустрија не е исцрпен до крај: капацитетите се користат до кај 60%, а компаниите се соочуваат со истите проблеми како и останатите извозници. Бараат заштита од нелојалната конкуренција, полесен пристап до кредити и поддршка за учество на светски саеми.

Проценка: со мала државна подршка конд


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

специјален прилог

З

П

Савка Димитрова

генерален директор на Европа

роблемите на кондиторите воопшто не се различни од оние на остатокот на македонската индустрија и општо економија. Затоа ние се приклучуваме кон стандардните барања на останатите сектори. Факт е дека во минатото се соочивме и со поголеми проблеми кои за среќа беа надминати. Сега се залагаме за општо подобра бизнис клима која ќе ни донесе бенефит на сите.

пишува:

М Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Македонската кондиторска индустрија бележи континуиран раст на производството и извозот последниве неколку години, но и покрај тоа, нејзиниот потенцијал не е докрај исцрпен. Околу 40% од капацитетите на кондиторските фабрики не се искористени, а бизнисмените од оваа бранша бараат поголема системска поддршка и отстранување на пречките што го кочат растот на нивните компании. Во специјалниот прилог “Кондиторска индустрија“ ќе ја анализираме моменталната состојба

37

Сашо Наумоски

извршен директор на Витаминка

во оваа индустриска гранка, како и што предлагаат бизнисмените за нејзино поголемо учество во вкупниот БДП и извоз на државата.

Клучни проблеми

Долги процедури за увоз на суровини; нелојална конкуренција од увоз; протекционизам на странските пазари... ова се дел од проблемите на македонските производители на кондиторија. Според долгогодишниот раководител на Европа од Скопје, Савка Димитрова проблемите на кондиторите воопшто не се различни од оние на остатокот на македонската индустрија и општо економија. „Затоа ние се приклучуваме кон стандардните барања на останатите сектори. Факт е дека во минатото се соочивме и со поголеми проблеми кои за среќа беа надминати. Сега се залагаме за општо подобра бизнис клима која ќе ни донесе бенефит на сите“ Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија поконкретно ни ја наведе целата лепеза од секојдневни проблеми со кои се соочуваат кондиторите. „Тешка наплата, проблем и со обезбеду-

а 2016 година почнуваме со новите квалитетни чоколади. Токму во моментов интензивно работиме на тој проект и ја инсталираме новата опрема. Уште позначајно за нас е инвестирањето во нова фабрика за флипс кое е исто така планирано за 2016 година. Ние веќе неколку години работиме со 100% капацитет на производство и во тој дел навистина ни е потребен еден ваков вид на проширување.

вањето средства за модернизација на производството, особено кај малите и микро претпријатијата, долготрајните чекања при контролата на суровините, различното дозволено ниво на микротоксините во Македонија и останатите земји“. Дополнително според кондиторите во Македонија во најголем дел српските, хрватските, па и другите кондиторски фабрики имаат отворена врата на македонскиот пазар, без какви било дискриминации во однос на домашните фабрики. „Доколку ги погледнете полиците во супермаркетите, ќе заклучите дека можеби кондиторските производи од регионов имаат и своевиден приоритет во изложувањето на нивните производи. Исто така, на пазарот во Македонија многупати ќе сретнеме кондиторски производи од соседните земји Бугарија, Грција, Албанија, Косово или Турција со сомнителен квалитет кои ги немаат ни основните елементи на декларацијата, немаат текст на македонски јазик и податоци за увозникот. Сепак во Македонија потрошувачите традиционално ги сакаат и им веруваат на домашните производи како безбедни и квалитетни производи. Увозните производи главно

Кондиторите инвестираат и покрај проблемите

О

д Витаминка од Прилеп уште минатата година најавија сериозен инвестициски бум за претстојната 2016 година. „За 2016 година почнуваме со новите квалитети на чоколадо. Токму во моментов интензивно работиме на тој проект и ја инсталираме новата опрема . Уште позначајно за нас е инвестирањето во нова фабрика за флипс кое е исто така планирано за 2016 година. Ние веќе неколку години работиме со 100% капацитет на производство и во тој дел навистина ни е потребен еден ваков вид на проширување“ најави Наумоски. Од Макпрогрес пак веќе најавија дека до 2020 година планираат двојно да го зголемат производствениот капацитет што значи дека и оваа година се движат во таа насока. Компанијата неодамна ја пушти во редовно производство новата

линија за производство на кондиторски производи, во која се имплементирани сите новитети во производство на кондиторски производи. Исто така беше планира и пуштање во употреба на новата фабрика за преработка и пакување на зрнести и прашкасти земјоделски производи под брендот Сончева Долина. Новитет кај Макпрогрес од неодамна е и on-line продажба на нашите производи во Кина. Станува збор за продажба на дел од асортиманот на Винчини и Армониа на најголемата on-line компанија во Кина. „Динамичниот начин на живот на поединецот налага се поголема примена на светките трендови и практики за on-line продажба со која се овозможува потрошувачите побрзо и полесно да дојдат до посакуваните производи“ велат од таму.

диторите можат да направат извозно чудо


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

38

КондиторсКа индустрија бројКи

се уште не можеме да ги достигнеме бројКите од Пред три децении

с

поред познатите статистички податоци расположивите кондиторски капацитети изградени во ср македонија (1944-1991) изнесувале 33.000 тони и биле проектирани и изградени за високо заштитен пазар од 24 милиони потрошувачи на поранешна југославија. со производство од над 24.00028.000 тони годишно во 1991 година, расположивите капацитети биле користени просечно годишно 70% во периодот по екс југославија, неповолните општествено политичките збиднувања, економските блокади на север и југ од земјата и претесниот македонски пазар условија перманентно опаѓање на производството од година во година, така што во периодот од 1992 година до 1998 година производството опаднало и се задржало на 14.000-16.000 тони или 45-50% помалку во однос на 1991 година, при што капацитетите се користеле 30-36%. од 1996 година започнува

конкурираат со поголеми буџети за промоција, додека регионалните со нивната пониска цена“ велат тие.

Како да се зголеми производството и извозот?

Потребни се мали државни интервенции за да се постигне навистина огромен на раст на најперспективната домашна индустрија. Кондиторската индустрија

процесот на либерализација преку договорите за слободна трговија, најпрво со земјите од поранешна југославија, односно земјите од регионот. со овој единствен потег вкупното годишно производство се намали на 12 500 тони во 2002 година, за околу 50% во однос на 1991 год. кога изнесуваше 24.000 тони, и покрај новите над 30 микро субјекти во кондиторската индустрија. Производтвото во 2014 година достигна 24.000 тони, при што расположивите капацитети се користат над 60%. При тоа, вкупното производство во 2014 во однос на 2010 година е поголемо за 12%, а одделно по производи најголем пораст е забележан кај други кондиторските производи кои содржат какао (за 6,5 пати), слатките бисквити 119%, вафлите 126%, итн. споредено со 1998 година, кога започна засилената либерализација на пазарот, производството во 2013 година е поголемо за 73%. иако забележува повеќе годишен раст на производството и извозот се уште не користи повеќе од 60% од своите капацитети, што укажува на фактот дека се уште постои огромен потенцијал за развој во оваа област. Претставниците на индустријата преку Капитал ја потсетија државата дека со стимулативен пристап кон фирмите од овој докажан сектор корист би имале и бизнисмените и граѓаните и

50

компании работат во кондиторската индустрија во македонија

85% 45.000

од нив се микро и мали фирми

тони годишно е производниот капацитет на кондиторската индустрија

60%

е искористеноста на капацитетот на кондиторската индустрија самата држава. Александра Димитриевска ВИА Пром Охрид ни даде листа од конкретни барања. „Наши сугестии се следните: да се интензивираат досегашните напори и активности во зголемувањето на експертизата на малите компании во делот на технолошките процеси; да се обезбеди поддршка при учество на саеми од светски размери, да се организираат повеќе настани на кои би имале можност да се сретнеме со странски релевантни професионалци и да добиеме реални совети и насоки за тоа како да се пробиеме надвор од Балканските простори со посебен фокус на големите интернационални синџири на маркети“.

2000

2002

2005

2008

2009

2010

1.181

846

2.048

2.389

2.699

4.033

2012 5.168

2014 6.868

551

515

508

522

516

563

572

681

1.556

1.777

2.000

2.816

2.688

2.853

2.632

2.677

1.441

1.275

1.412

2.773

2.353

2.657

2.536

2.994

4.729

4.413

5.968

8.500

8.256

10.106

10.908

13.220

2000

2002

2005

2008

2009

2010

2012

7.927

8.170

9.047

8.789

7.864

6.710

6.100

2014 5.607

131

120

334

301

207

141

99

85

1.190

1.560

1.942

1.909

1.741

1.789

1.701

1.627

2.142

2.430

2.445

6.272

7.818

7.648

4.600

3.456

11.390

12.280

13.768

17.271

17.630

16.288

12.400

10.775

Проблем: немање на ниКаКво домашно Производство на шеќер



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

40

КондиторсКа индустрија

н

К

ВасКо ристоВсКи

Стопанска Комора на Македонија

ондиторите се соочуваат со тешка наплата, тежок пристап до кредити за обртни средства и инвестиции, особено кај малите и микро претпријатија, долготрајните чекања при контролата на суровините, различното дозволено ниво на микротоксините во Македонија и останатите земји.

алеКсандра диМитриесКа Виа Пром

Нејзините колеги од останатите кондиторски компании додаваат и дека, не би било на одмет да се иницира и: поедноставно аплицирање и добивање средства преку ИПАРД програмата, поголемо финансиско учество на државата во

аши сугестии се следните: да се интензивираат напорите за зголемување на експертизата на малите компании во делот на технолошките процеси; да се обезбеди поддршка при учество на саеми од светски размери; да се организираат повеќе настани со странски релевантни професионалци и да добиеме совети и насоки за тоа како да се пробиеме надвор од балканските простори....

Ц олгиЦа стојчеВсКа

Генерален менаџер на Свисслион -Агроплод

ИПАРД програмата до 70%, создавање посебна стратегија за помош на фирми кои забрзано се развиваат ивработуваат, субвенционирање на новите инвестиции и сл. Сепак ова е само дел од долгата листа на забелешки, предлози и идеи кои ни ги

елта ни е како и на другите производители освојување на нови пазари каде би ги пласирале нашите производи. Планирано е за 2016 година пуштање во продажба на нов производ со различни вкусови кој ке биде наменет за сите генерации и кој ќе биде нов на пазарот. Продолжуваме со инвестициите и со работа на усовршуванје на постоечките производи и како што наведовме на нови интерсесни производи.

дадоа кондиторите за нашата анализа околу подобрување на состојбите во оваа индустрија која и онака е една од најперспективните и најбрзо растечките во Македонија и заслужува поголемо внимание од државата. nnn

ГОДИНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

П.И.К.Ко ДООЕЛ 15 години успешна приказна водечки регионален овластен увозник и дистрибутер на голем број светски брендови производители на суровини и функционални додатоци во сите области на прехранбената индустрија следење на најнови трендови и технологии кои се предлагаат на нашите клиенти иновативни решенија за производството на здрави и безбедни производи стручна помош и комплетен совет за решавање на специфичните технолошки проблеми

... ОД НАША СУРОВИНА ДО ВАШ ДОБАР ПРОИЗВОД ... ул. Франклин Рузвелт бр.5А 2/1 1000 Скопје, Р.Македонија тел: (+389 2) 30 60 081 факс: (+389 2) 30 60 083 e-mail: contact@pic-co.com.mk



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

42

Кондиторска индустрија

Кондиторите споделуваат скапоцено знаење

Know – how: Како се прави извоз?

з пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

„За да направиш извоз прво треба да имаш нерви, потоа да си коректен, а дури на крај добиваш шанса да ги покажеш професионалноста и добриот производ кои практично и се подразбираат во светот на извозниците“... ова е сублимат од ставовите на повеќето извозници кои ни го објаснуваа макотрпниот процес на извозот. Македонски слатки се присутни во преку 50 држави во светот. Кондиторската индустрија

Македонски слатки се присутни во преку 50 држави во светот. Кондиторски производи made in Macedonia стигнаа и до егзотичните островски држави во Атлантскиот и Тихиот океан. Разговаравме со најголемите извозници на слатки од земјава околу за тоа како го прават својот извоз и го споделуваме ова скапоцено знаење и искуство со вас. се покажа дека најуспешно продира до поблиските и подалечните пазари и најбрзо се развива во извозниот сегмент.

Искуството на Макпрогрес: како се таргетираат купувачите?

Фабриката за кондиторски производи Макпрогрес извезува на преку 30 пазари, и својот развој го темели токму на извозот. Најпрво ги таргетирале соседните држави, па регионот на централна и источна Европа, за подоцна да се прошират на западноевропските пазари. “Таргетирањето го правиме врз основа на потенцијалот на пазарот, но повеќе пати

се случило и потенцијалните купци да нè таргетираат нас.“, вели Глигор Цветанов, генерален менаџер и сопственик на фабриката. Тој објаснува како оди процесот на извозот откако ќе направите конкурентен производ што ги исполнува барањата и спецификите на одреден пазар. “Понатаму е потребно заедно со локалниот дистрибутер да креирате политика на лансирање на производите – да дефинирате краткорочни и среднорочни цели на продажба, позиционирање и рекламирање на производите. Во Макпрогрес имаме практика да соработуваме само со еден

Извоз: долгорочен и макотрпен процес за кој вр


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

специјален прилог увозник од секоја земја, кој воедно е и дистрибутер и со него се дискутира отворено, во партнерски однос кој може да донесе корист и за двете страни“, објаснува Цветанов. Кога се обидувате да направите извоз, мора да сте свесни за трошоците на тој пробив на вашите стоки или услуги. Секое влегување на надворешен пазар чини, иако понекогаш може и да не ве чини практично ништо, ако клиентот вас ве таргетира како потенцијален добавувач и ако има сопствена малопродажна мрежа, како што објаснува Цветанов од Макпрогрес. “Но, во принцип треба да сте подготвени на следниве трошоци: за саемско претставување или директно таргетирање; трошоци за лансирање на производите; трошоци за позиционирање, како и трошоци за реклама и промоција.“, вели Цветанов.

некои принципи од трговијата остануваат засекогаш исти

Савка Димитрова како долгогодишен прв човек на Европа има собрана големо искуство во поглед на извозот на производи во регионот, но и на подалечни пазари. Таа ги потврдува ставовите на Цветанов дека е потребен професионален и претпазлив пристап кон извозот, плус на тоа додава дека се потребни некои од вештините кои традиционалните трговци кои користеле со векови. „Како прво тој што сака да извезува треба да е спремен на неуспеси. Од сто контакти кои ќе ги остварите, ако со пет успеете да започнете сериозна соработка тоа е навистина добар просек. Понатаму доаѓаат макотрпните преговори, праќање мустри повеќе пати, договарање околу цена и други процеси кои некогаш знаат да траат со години. Кога ќе го поминете сето ова дури тогаш ќе дознаете дали вашиот производ може да се пробие на овие пазари“ Според Димитрова кога станува збор за извоз во предвид треба да се зема предвид и фактот дека се соработува со компании и бизнисмени од различни култури. „Во регионот каде што извезуваме бизнис културата е приближно иста со нашата. Но на пример за да оствариме извоз во Кина моравме да поминеме низ повеќегодишни напорни преговори. Веројатно ни самите не знаеме колку пати имаме праќано мустри и колку контроли на квалитет или општо технички преговори сме поминале. Едноставно нивната култура на работа е таква и ако сакате да извезувате таму ќе ги прифатите нивните правила“ Димитрова сепак е со став дека на крај сè се сведува на добри меѓучовечки односи. “Едноставно треба да ги доведете клиентите во ситуација да сакаат да соработуваат со вас и тоа да им е пријатно искуство. Нормално дека мора да задоволите квалитет и цена но во светот денеска има многу такви фирми, а малку се фирмите кои воспоставуваат долгогодишни коректни односи со клиентите.“ nnn

43

мора да ги “шармирате“ трговските синџири на развиените пазари

г

лигор цветанов во поглед на прехранбената индустрија, каде што припаѓа неговата компанија, вели дека секој пазар е карактеристичен на свој начин и многу зависи од степенот на организираноста и развиеноста на малопродажбата. има земји каде што повеќе од 80% од целиот промет се прави преку национални и меѓународни синџири на маркети, а во некои држави овој тип на малопродажба е многу неразвиен или пак е во самите почетоци на развој. “на пример, во развиените западно европски и американскиот пазар изразито е присуството

на високо конкурентни и организирани трговски синџири на маркети во многу најразлични форми – дисконти, долар продавници, супермаркети, хипермаркети итн. ако сакате да бидете присутни на ваков тип на пазар, мора да ги прифатите правилата на игра и стандардите кои ги бараат овој тип на трговски синџири. во помалку развиениот свет сè уште е присутна традиционалната мала продавница која купува од производителите или увозниците во зависност од актуелноста на производот и најповеќе од неговата цена. “, објаснува цветанов.

глигор цветанов Макпрогрес

т

аргетирањето го правиме врз основа на потенцијалот на пазарот, но повеќе пати се случило и потенцијалните купци да нè таргетираат нас. понатаму е потребно заедно со локалниот дистрибутер да креирате политика на лансирање на производите – да дефинирате краткорочни и среднорочни цели на продажба, позиционирање и рекламирање на производите. и на крај кога се обидувате да направите извоз, мора да сте свесни за трошоците на тој пробив на вашите стоки или услуги.

реди да се бори секој производител во земјава


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

44

Кондиторска индустрија

Кој е кој на пазарот за кондиторија

Витаминка и Макпрогрес остануваат на врвот Според последните финансиските извештаи на кондиторските компании објавени на Македонската берза и податоците од едицијата ТОП 200 најголеми и најуспешни на Капитал работењето на најголемите кондиторски компании во минатата година изгледа вака: Напомена: До затворањето на текстовите за овој специјаленприлог, на располагање ни беа годишните финансиски резултати за 2014 година

ВИТАМИНКА ПРИЛЕП n 67 најголема компанија n 123 најпрофитабилна

компанија “Витаминка” Прилеп минатата година ја заврши со намалена добивка. Според Билансот на успех на компанијата објавен на Македонската берза профитот во 2014 изнесува 977 илјади евра и е за 55% помалку споредено со профитот од 1,9 милиони евра реализирани во 2013 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите од основна дејност, остварени од продажба на сопствени производи и услуги кои во споредба со остварените во 2013 година бележат пораст од 8%. При тоа приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за 11% на вкупно 15 милиони евра, додека продажбата на странски пазари е зголемена за 6% на 11 милиони евра. Учеството на приходите од домашен пазар во вкупните приходи е 57%, а учеството на приходите од странски пазар во вкупните приходи е 43%.

МАКПРОГРЕС ВИНИЦА

ЕВРОПА n 175 најголема

компанија “Европа” од Скопје која воедно е и најстара кондиторска компанија минатата 2014 година ја заврши со намалување на добивката за 29%. Според податоците од Билансот на успех компанијата ја заврши со добивка од 290 илјади евра.Во 2014 година остварени се вкупни приходи во износ од 12 милиони евра и се намалени за 3% во однос на истите од претходната година. Приходите на домашен пазар изнесуваат 5,8 милиони евра а приходите од странски пазар се намалени за 5% и истите изнесуваат 6 милиони евра. Во 2014 година остварени се вкупни трошоци на износ од 11 милиони евра и во однос на 2013 година намалени се за 2%. Намалување на трошоците има кај потрошокот за материјал и енергија за 3% и бруто платите за 1%. Овие трошоци во вкупните трошоци учествуваат со 77%. Зголемување кај трошоците има кај услугите за 52% и амортизација за 4%.

СВИССЛИОН СКОПЈЕ n 155 најпрофитабилна компанија

„Свисслион“ 2014 ја заврши со 32,9 милиони евра приходи, што претставува раст од 6% во однос на претходната година. Профитот на компанијата изнесува 2,4 милиони евра, што повторно претставува раст од 33%. Вкупната актива на Свисслион изнесува 23 милиони евра, а капиталот на компанијата се мери во 19,5 милиони евра. n Свисслион вработува 145 лица.

n 78 најголема компанија

n 24 најпрофитабилна компанија

“Макпрогрес” од Виница која воедно е и една од најбрзо растечките компании во оваа индустрија минатата 2014 година ја заврши со зголемување на добивката за цели 83%. Според податоците од Билансот на успех компанијата ја заврши со добивка од 2,7 милиони евра.Во 2014 година остварени се вкупни приходи во износ од 23,6 милиони евра и се зголемени за 20% во однос на истите од претходната година. Активата на оваа компанија за 2014 година се проценува на 16,3 милиони евра со 16,7% поврат од истата актива. Од друга страна вкупниот капитал со кој располага оваа компанија изнесува 13 милиони евра, а компанијата има остварено 25% поврат од него. n Макпрогрес вработува 398 лица од кој 58 се ново вработени.

СВИССЛИОН АГРОПЛОД РЕСЕН n 188 најголема компанија

“Агроплод” Ресен остварила вкупни приходи од 11 милиони евра што претставува раст од 11 проценти. Истовремено компанијата остварила профит од 740.000 евра што претставува пад од 29%. Активата на компанијата изнесува 11,5 милиони евра додека капиталот 11,1 милиони евра. n Свисслион вработува 314 вработени.



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

46

Интервју

Максим Димитриевски член на Извршен одбор на СДСМ

Опозицијата е силна зашто е производ на граѓаните, а не желба на политичката елита пишува:

Максим Ристески

О

maksim.risteski@kapital.mk

д Договорот од Пржино според ВМРО-ДПМНЕ останува уште крајната цел, изборите, пред кои само треба да се егзекутираат „формалностите“ околу Избирачкиот список и медиумите, а за СДСМ, очигледно, амбиентот е многу далеку од оној во кој се надеваа дека ќе се чека на следните избори. Дали Пржинскиот Договор се покажува како решение за политичката криза во Македонија? Неодговорно е однесувањето на власта, чии претставници самовоздигнати до ниво на полубожества ја доведоа суверена Македонија во чувство на (полу)протекторат. Постојаниот политизиран приватен систем со строго лична намена е неиздржлив и неопстоив, молкот беше повеќе од понижување и народот се освести, а должноста наша беше да го одважиме секој граѓанин. Резултатот е Пржино, неминовна е целосна имплементација, обврската е на сите, прочистен список и непристрасни медиуми ќе резултираат со изразена слободна волја на избори за подобар живот, достоинство и просперитет. Штом не можете да се договорите сами, ќе ви помогнат од страна, за жал истовремено сите паѓаме на тестот за државноста. Да, договорот е реална основа за разрешување на кризата. Пописот е основата за надминување на сите проблеми, неминовно е пребројување. XX Сметате ли дека Договорот од Пржино, особено гледано од страна на опозицијата, го одрази вистинскиот потенцијал, односно, крајниот дострел на „бомбите“ со Вистината за Македонија? Чест беше да се учествува во овој проект

за вистината, со канонада од "бомбите на Заев" допревме до секое домаќинство, власта почна да ретерира и во агонија реализираше штетни и репресивни сценарија за дестабилизација. Одеднаш ги заборавија странските служби и применија метод на самоизолација - дефокусирај, цензурирај и заплашувај. Тргнаа против сопствениот народ, ударија на студентите, невладиниот сектор и слободоумниот граѓанин, процесот го заокружија со Кумановските настани. Резултатот беше 100.000 граѓани на протест и "Кампот на слободата" пред влада. Поминавме тешки моменти кои нè сплотија во идејата за достоинствен живот. Во зрели демократски општества на вакви аргументи власта абдицира, кај нас Груевски и фамилијата решија да се борат до крај. Очекувам дека бомбите ќе го доживеат својот епилог во Специјалното јавно обвинителство. Правдата мора да се спроведе до крај! XX СДСМ вината за проблемите од спроведувањето на Договорот од Пржино целосно ја префла на власта. Има ли простор дел од одговорноста да барате во сопствените редови? Направени се многу отстапки, обелоденет е невиден криминал, разговаравме со луѓе без морален легитимитет, но државниот и граѓански интерес беше во прв план. Овој затворен должничко-доверителски систем креиран од ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи сите нивоа на власт во процесот на растурање на опозицијата. Лукративните ги изолираа професионалците и ги ставија во ќош, партиските послушници и секогаш прилагодливите ги активираа во проектот за растурање на опозицијата. Медиуми финансиски мотивирани преку владини проекти атакуваат по опозицијата величајќи ја власта која длабоко зачекори во Потемкините села. Епилогот е јасен, преродбата се распаѓа, системот трокира. Можеби бевме премногу умерени , дополнителна дестабилизација ќе генерираше нови поделби, нам ни е повеќе

од потребно национално обединување. XX Ќе има ли опозиција во Македонија ако на следните избори СДСМ доживее уште еден пораз? Со граѓаните заедно ќе ја победиме оваа власт, токму поради тоа градиме партнерски однос со секој поединец и група во интерес на иднината на државата. Граѓанскиот концепт е патот за успехот, но при тоа обединувајќи го македонскиот народ и сите етнички заедници, давајќи им можност на посветените и чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободиме од узурпаторите кои во континуитет го анатемисуват ВМРО како историски симбол во борбата за нашата самобитност. Македонија е реалност, на митинзите извикуваа дека не сме македончиња, наеднаш патриотот ја промени реториката во народ на Македонија. Нарачаните интервјуа на Груевски во грчки весници се само дополнителен популизам пред избори и лажен патриотизам кој што се растече како ботокс во пижами. Им го срушивме концептот за креирање на фиктивна опозиција, ги придобиваме граѓаните со цел да им служиме и заедно чекориме кон промени. Опозицијата е производ на граѓаните, а не желба на политичката елита.

„Пријателите на Македонија прават разлика меѓу политичката и бегалската криза“ XX Синтагмата „стабилна влада“ претставниците на власта сè почесто ја повторуваат пред странците, а во контекст на потребата што посоодветно да бидат пресретнати заканите од бегалската криза. Колкава улога игра бегалската криза во однос на курсот што го зазема меѓународната заедница за разрешувањето на политичката криза во Македонија?

Димитриевски: Пописот е основата за надминува


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

47 Бегалците се глобален проблем, потребна е кооперативност со соседите и Европските пријатели да го надминеме, превенирајќи повторување на историјата да станеме бегалци во сопствената држава. Војната во Сирија се распламтува, Африка гладува, глобалниот тероризам во експанзија, ООН не е егзекутивна, оваа состојба генерира дополнителен број мигранти. Обидите на Груевски да манифестира подготвеност се апсурд, токму неговите погубни политики ја ставија армијата и безбедноста на дното во општеството. Додека соседите пред две години градеа заштитни огради, тој градеше барок и купуваше мерцедеси. Манипулации ќе има, нема да поминат, само чесни луѓе можат одговорно да го менаџираат овој проект на транзитирање. Пријателите на Македонија прават разлика помеѓу политичката и бегалската криза, народот исто така, стабилна влада е резултат на регуларни избори, сегашнава влада е техничка. XX Ќе се оствари ли сценариото за Македонија (и Србија) што го најави неименуван европски функционер за EurActiv, дека бегалците ќе бидат задржувани во кампови и во Македонија? Што сè може да значи ваквиот развој на настаните? Македонија е коридор, можност и капацитет за долгорочен престој немаме. Вакви наводни сценарија како решение се погубни за нас и балканските соседи не само од социо-економски, туку првенствено од демографскиот аспект кој што и во моментов е сериозно разнишан, во ваков случај националната безбедност ќе биде целосно загрозена. Европа мора да биде крајно солидарна и да ни помогне со сите расположиви ресурси. Вистинското решение и заштита е итно интегрирање во ЕУ на државите од Западен Балкан, на тој начин ќе се обезбеди целосна контрола и евиденција на влезот, непречен транспорт и објективна распределба и времен престој низ сите земји членки од ЕУ. XX Српскиот премиер, Александар Вучиќ, реагираше на објавеното од EurActiv изјавувајќи дека Србија нема да биде паркинг за мигранти. Од Македонија немаше никаква официјална реакција. Покажуваме ли, кога сме веќе некаков фактор од кој Западот бара кооперативност, дека

знаеме да се пазариме во интерес на државата? Пазарења во хумани мисии нема, овде се работи за реални материјално, логистичко, безбедносни потреби на една сиромашна држава која мора да се справи со еден наметнат проблем. Потребен е одржлив систем на контрола и прием, времен престој во камп, обезбеден коридор на транзитирање и потврден излез, сето тоа бара логистика и многу проверки и оспособен кадар, оградата и ѕидовите на границата не се трајно решение. Евентуалните злоупотреби кои произлегуваат од кризата како лесна заработка и манипулација на поединци потребно е да се искоренат, државата треба да плати за транзитот и да побара надомест од меѓународната заедница. Реакција на изјавата на г-дин Вучиќ нема ни да има, истата е нереална, едноставно мора да бидеме партнери во овој процес во спротивно ќе се соочиме со исти последици.

} Зоран Заев неодамна

„Овој затворен должничкодоверителски систем креиран од ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи сите нивоа на власт во процесот на растурање на опозицијата. Но, сега, со граѓаните заедно ќе ја победиме оваа власт на која и го срушивме концептот за креирање фиктивна опозиција, ги придобиваме граѓаните со цел да им служиме и заедно чекориме кон промени. Опозицијата е производ на граѓаните, а не желба на политичката елита“, вели претседателот на Советот на Општина Куманово, кој е член и на Извршниот одбор на СДСМ, Максим Димитриевски, во интервју за „Капитал“, во кое се осврнува на внатрешната политичка ситуација со „пржинска“ одредница, која ја разгледува во контекст на бегалската криза и на Кумановските настани

изјави дека има докази оти кумановските настани ги организирала врхушката на власта. Ако е така, има ли поитен начин, и поитна потреба на државата за смена на власта? Сè тргна од караулата Гошинце, четири заробени полицајци и веднаш ослободени, а притоа украдена голема количина на оружје и муниција, доволно да се опреми една чета војници. Полициски специјалци со налог за претрес на куќа дочекани со рафали и експлозии, тензично известување на дел од медиумите за кои слушнавме дека ден по настаните им се исплатени над два ипол милиони евра од владата. Снимки и разговори на наши луѓе од службите со некои од терористите. Наместо командна одговорност илјадници евра поделени на началници и секретарки во МВР кои во канцеларија пред телевизор реализираа наводно „успешна" акција додека специјалците беа живо месо. Тоа се само дел од аргументите кои му даваат право на претседателот Заев да покаже со прст на власта. По сценаристот сè уште трагаме, а режисерите се наѕираат, Куманово не го заслужи ова. Благодарни сме на безбедносните сили за неутрализирањето на терористичката група, мирот и безбедноста ја сочува трезвеноста на кумановчани, бидејќи едноставно чувствувавме дека сè беше едно големо сценарио. Изгубените осум млади животи на нашите специјалци нè обврзуваат да трагаме по вистината. Случајот конечно влегува во суд, оваа власт треба да си замине веднаш, а виновните да одговараат. nnn

ање на сите проблеми, неминовно е пребројување


Капитал број 850 12.02.2016

48

www.kapital.mk

медиуми

Медиумите стиснати од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА

Нема слобода кога за медиумите решаваат партиските пари!?

Договорот од Пржино заглави за медиумите. Всушност, политичката криза на крај се сведе на тоа кој ќе ги контролора медиумите. Тоа е отсуство на лидерство. Неспособност. Телевизиите и весниците, порталите и радијата се ставени во ситуација да се правдаат за своите приходи од Владата или од соросовата фондација. Двете страни – вмровската и сдсмовската (исто е и во албанскиот кампус) голем дел од својот пропагандистичко медиумски опстанок го должат на незаработени пари. На грантови без покритие, на отсуство на пазарни принципи во работењето. Оваа логика, ги бетонираше партиите во уредничките тимови на медиумите, го суспендираше здравиот професионален разум во правењето вести, ја искомпромитира целокупната активност на разни меѓународни организации во последните 20 години за професионализација на медиумите. Како директна последица на тоа, дојдевме во ситуација денес, во 2016, година во 21 век, да зборуваме за слобода на јавното изразување и за слобода на новинарите!? Овој проблем не се решава со реформа на медиумите, туку со отворена борба со корупцијата и перењето пари во медиумите. Ова се решава со примена на сосема други закони. Овој проблем нема врска со медиумите

Селмани: Медиумите да се насочат кон реалн


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

49

П пишува:

Екипа на Капитал kapital@kapital.mk

Постои фабрички дефект, кога станува збор за темата за тоа како функционираат македонските медиуми. Тој дефект е вграден во таканеречената реформа на македонската медиумска сфера, онака како што е замислена во таканаречениот Договор од Пржино, потпишан од четирите лидери на најголемите партии во Македонија, Никола Груевски, Зоран Заев, Алија Ахмети и Мендух Тачи. Повеќе пати Капитал посочи, во овој период, дека македонските медиуми со Договорот од Пржино никако не ја добиваат својата “ослободителна пресуда”, туку се потврдува нивната пресуда – да останат приклештени во четириаголникот на овие партии, кои според многу меѓународни извештаи, всушност се проблемот и причината за назадувањето на демократијата во Македонија. И имаат сериозни проблеми со корупција во сопствените редови. Токму и затоа, се чини, и овој Договор од Пржино кој е сочинет по око на евопскиот комесаријат од Брисел, претставен овде во лицето на Јоханес Хан, прави суштински проблем, затоа што на медиумите, преку самите партиски преговори се гледа само низ призмата на нивното политичко и изборно значење. И ништо повеќе. За еднократна употреба. Во ваква ситуација, максимумот до кој некако може да се стигне, ако на крајот победи најмалку лошиот од сите лоши и криво насадени предлози, е следниот резултат: стерилна политичка неутралност (за сè ќе се молчи), суспендирање на потребата од коментирање и изразување на волјата на она што се вели јавен интерес. А тоа е сериозно загрозување на слободата на медиумите. Можеби уште посериозна отколку што е сега. Тогаш прашањето е – кому ќе му служат таквите медиуми во Македонија? Можеби најблиску до она што сака да го порача и овој текст е ставот

на новинарот Горан Михајловски, доскорешен уредник на Вест, кој смета дека на македонските медиуми не им е потребна регулација, туку дерегулација. „Јас би бил среќен ако партиите наместо за „регулирање“ разговараат за „дерегулирање на медиумите“. Вака само оставаат сомнеж дека единствената промена што ја сакаат е промената на субјектот што ќе ги контролира медиумските бизниси, а со тоа и медиумските содржини. Во ситуација кога Владата е потенцијален и најголем огласувач и најголем клиент во медиумите, јасно е дека не може да стане збор ниту за слободен пазар, ниту за слободни медиуми. Сметам дека на Македонија не и треба закон за медиуми. Имаме Устав кој ја гарантира слободата на изразувањето и правото на информација, а си останато во врска со финансиите и водење на компаниите, меѓу кои се и медиумските компании, перење пари, заштита на работнички права, меѓу кои и правата на новинарите како работници, граѓанска одговорност за клевета и навреда е веќе регулирано со други закони. Сè додека политичарите сакаат да го регулираат слободното изразување со закон и со казни, во Македонија нема да има ни слободни медиуми, ни вистински медиумски бизнис“. Главниот уредник на ТВ Нова, Билјана Василева Трендафилова, сигурните приходи што за некои медиуми доаѓаат од владините реклами се причина за летаргичност (на медиумите), што најдобро се огледува во нивниот пристап „по линија на помал отпор“ во планирањето на програмата (пушти турски серии и уживај). „Основната идеја на јавното рекламирање беше насочено токму во тој правец, да ги мотивира медиумите, да биде еден вид на субвенција на квалитетна македонска продукција и така барем да се вратиме на патот на кој што застанавме во далечната 1990 година, но наместо тоа добивме летаргични медиуми чии сигурни приходи ја стави под тепих целата нивна иновативност и не заглавија во светот на реалните шоуа, губејќи ги комерцијалните огласувачи. Дополнително за ваквата ситуација придонесе и појавата на дигиталните медиуми и социјалните мрежи, кои отворија нови можности за огласување на пазарот и уште повеќе го истакна неквалитетот и летаргичноста во „традиционалниот“ медиумски простор“, вели Трендафилова. Оттука, темелот на кој би требало

Како Шведска ја регулира слободата на медиумите?

К

апитал неодамна беше во посета на неколку медиуми во земјата број еден по слобода на изразувањето – Шведска. Ваквата слобода се должи на многу нешта, но пред сè на добро уредениот закон донесен уште во далечната 1766 година, со кој цензурата беше веднаш забранета, а слободата на медиумите гарантирана. А тој на кратко гласи вака: „Сè што политичарите зборуваат, пишуваат или дискутираат е јавно и секој има право да биде информиран за тоа“. Она што е интересно за оваа земја е дека информативната агенција како што е МИА кај нас е во приватна сопственост (а не државна) и од 1920 е единствена информативна агенција во оваа држава. За разлика од информативната агенција, јавниот сервис, кој вклучува радио и телевизија е во сопственост на државата. Овој сервис се финансира од радиодифузната такса која ја плаќаат граѓаните, а од притисоците се брани со договор кој го има потпишано со државата. Ова подразбира ослободување од секакви притисоци не само од политичарите, туку и од компаниите и другите лоби групи. И во радиото и во телевизијата како незамислив го сметаат обидот за било каков притисок врз новинар или самиот медиум од било која од погоре наведените групи. Потврда за тоа, велат тие, е фактот што токму јавниот сервис не само што е меѓу најгледаните и најслушаните телевизии односно радија, туку е и сервис на кој граѓаните најмногу му веруваат. За односот, пак, меѓу владата, политичките партии и медиумите, состојбата е следна: Во Шведска речиси секој медиум е политички определен. Не во смисла на поддршка на политичка партија, туку идеологија. Социјадемократија, либерализам, социјализам, конзервативизам... Освен во делот на коментарите, во кои најчесто се обраќаат уредниците и каде може да се сретне пофалба или критика за одредени политичка одлука, во останатиот дел од весникот се известува професионално според етичките и професионални новинарски стандарди. Во однос на предизборните кампањи, пак, обраќањето на политичарите најчесто се прави преку ТВ дебати. Митингување по плоштади или пак интегрално емитување на секојдневните обраќања на политичарите, воопшто нема. Рекламите по печатените и електронските медиуми исто така изостануваат или се минимални. На прашањето зошто е тоа така, тие одговараат „партиите немаат пари да си дозволат реклами“ (?!). Примерите за големите попусти што медиумите им ги даваат на политичарите, карактеристична пракса кај нас, таму беа дочекани со неверување.

ниот пазар, а не да чекаат владини кампањи


www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

50

медиуми

да стои една вистинска реформа на медиумите во Македонија е начинот на финансирањето на медиумите (телевизии, радија, весници, веб портали...). Токму во добрата дерегулација и уредувањето на пазарните услови за функционирање на медиумите, треба да се бара решавањето на проблемот со денешната корупција во медиумите, клиентелизмот, непринципиелното, криминално и деструктивно изнудување трансфер на финансии од централниот буџет до некои провладини медиуми, кои во многу случаи го штитат владино-партискиот интерес, а помалку јавниот интерес на сите граѓани. Во Македонија всушност мора да профункционира пазарниот систем, урнат уште од времето на владите на Бранко Црвенковски во деведесеттите години, преку сите други влади, до денес (во последните десет години Владата на Никола Груевски не го подобри медиумскиот систем во правец на дерегулација, туку напротив го поклопи со сериозни милионски во евра буџетски трансфери до „своите медиуми”, со што ги претвори во портпароли и пропагандистички мегафони, а и сериозно ги искорумпира, така да тие сега и да сакаат да се отргнат од владиниот (партиски) чадор, всушност и не смеат оти им се заканува „сериозен судир со законот”!? Она што Вахауте и Хан мора да го разберат е дека ако медиумите функционираат пазарно - да приходуваат на пазар отворен за конкуренција со подобра програма во битката за гледачите и рекламите - ќе нема никаква потреба политичарите да се борат за нивната политичка „неутралност“ - зашто ќе нема потреба ниту поданички да се одработува за власта. Во отсуство на ваква логика кај домашните актери, Ванхауте го предложи тоа што го предложи, пласирајќи теза дека македонските медиуми не се исти како оние од средината од која доаѓа тој. Олеснувачот, додуша, нафрли и еден пазарно ориентиран момент во неговиот

предлог - намалувањето на ДДВ-то за медиумите од 18% на 5%.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ лутаат со своите предлози за медиумите. Тие не се искрени!

Да се вратиме на натегањето на партиите „за“ медиумите, што се сведува на - ВМРОДПМНЕ колку што може помалку да загуби од контролата, а СДСМ колку што може повеќе да добие. Така, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за „независност“ на јавниот сервис, на Македонската радиотелевизија, е 100 дена пред избори опозицијата да постави дополнителен уредник во МРТ (?!), што „не смее да ја загрози независноста на МРТ (?!), ниту смее да го загрози принципот на поделба на времето“. Апсурден е овој предлог, ако се знае дека оваа владејачка партија во исто време предлага било кој европски закон за медиуми да се донесе и во Македонија! Ова што го предлагаат за МРТ веројатно го нема никаде во Европа! Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не ги зема во предвид професионалните иднини и судбините на новинарите/уредниците, како фактор што би требало да обезбеди некаква независност. Овој предлог за МРТ на најбрутален начин ги дели уредниците на вмровски и сдсмовски! Кога сме веќе кај поделбата на времето што би го добивале партиите за предизборно претставување, ВМРО-ДПМНЕ предлага партиите да бидат застапени во информативниот дел на МРТ согласно бројот на освоени пратеници на последните парламентарни избори (па токму тој број на пратеници и се оспорува како неточен според последните избори, и токму заради тоа опозицијата и не влезе во Парламентот!?). Предлогот бил по углед на германско-словенечки модел. Знае ли ВМРО-ДПМНЕ дека и во Германија и во Словенија никој нема против резултатите од тамошните избори?! Од другата страна се соочуваме со друга небулоза! СДСМ, пак, тврдејќи дека поаѓа од предлогот на олеснувачот Питер Ванахуте, изнесе „решенија“ што во

суштина целосно во судир со предлозите на Белгиецот кој бараше „зајакнување на независноста на уредувачката политика“. СДСМ за целта, во својот предлог-закон користи фраза „политички плурализам“. Како е можно да се зборува за политички плурализам кај медиумите, а во исто време да се зборува за професионализам во креирање на веста, во анализата, во споредбените анализи, во коментарите, како и во прогнозите. Прогнозите се една од поновите професионални вредности на производите кои денеска се тренд во светскиот медиумски бизнис!? Како е можно, да сте против „новинарите, во вестите и во дневно-информативните програми, да изразуваат нивни лични гледишта“ (?!). Тие коментираат, анализираат, денеска има разлика меѓу коментар на уредништвото на меидумот и колумна напишана од главниот уредник. Оттука, сè е дозволено, сè додека не го прекрши законот – клевета, навреда, оддавање државна тајна, други класифицирани информации! СДСМ треба да знае, ако не знае треба да научи, дека во светот постојат и класични партиски телевизии (можеби некои од македонските национални концесионери станале партиски телевизии, сигурно има такви). Ако е така, а поинаку сигурно не е, тогаш и право на тие телевизии или весници е дали некого ќе поканат на емисија или не! Ова сигурно не важи за јавниот сервис МРТ, кој МОРА да биде биде реформиран и уреден на поинаков начин! Оттука, со вакви, и слични предлози, СДСМ длабоко загази во сфери како новинарската етика, што не-се-регулираатсо-закон. Насер Селмани, претседател на ЗНМ (Здружението на новинарите на Македонија), вели дека „партиите, како од власта, така и од опозицијата, се обидуваат со сите сили да ги опструираат вистинските реформи во медиумскиот систем. „Верувам дека нема да можат лесно да ја избегнат обврската за реформи во медиумите, зашто тоа е дел од Договорот од Пржино,



www.kapital.mk

Капитал број 850 12.02.2016

52

медиуми

од извештајот на Прибе, и од годишниот извештај на Европската комисија“. И според него, за реформи во медиумската сфера може да се зборува само ако тие имаат за цел создавање услови за реален медиумски пазар. „Медиумите треба да се насочат кон реалниот медиумски пазар, а не да очекуваат да се финансираат со владини кампањи. Оваа форма на финансирање ги претвора медиумите во паразити што живеат на грбот на државата, и ја убива смислата на постоење на медиумите во едно демократско општество, точно и навремено да ги информирааат граѓаните, да ја контролираат работата на секоја власт и да поттикнат дебата за прашања од јавен интерес. За жал, владиното рекламирање ги претвори медиумите во огласна табла

на власта и пропагандно средство за манипулација на јавноста“, вели Селмани, кој во контекстот го подвлече предлогот на Ванхауте за намалување на ДДВ-то за медиумите од 18% на 5%. „За нас се прифатливи даночните олеснувања за медиумите. Таква форма на помагање на медиумите има во сите европски земји. Доночните олеснувања треба да се применат неселективно на сите медиумите“, смета претседателот на ЗНМ. Предлогот за намалување на ДДВ-то на медиумите ја поддржува и аналитичарот Петар Арсовски. „Може медиумите да набавуваат со 18% ДДВ, а да издаваат фактури со 5%. Така ќе бидат ослободени медиумите од разликата - трошоците ќе им се признаваат, ќе можат да си

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

одбијат 18% на трошоците, ама ќе издаваат фактури со 5%, што е субвенција за ДДВ“, вели Арсовски. Извршниот директор на Советот за етика во медиумите, Марина Тунева, смета дека клучно е самите медиуми да поверуваат во идејата за создавање пазар на идеи без централизирана (читај владина) контрола. „Професионалните и квалитетни содржини се сегашноста и иднината за опстанок и развој на пазарот и моќта на медиумите треба да биде искористена токму на тој начин. Мислам дека медиумите веќе конечно треба да поверуваат во идејата за создавање пазар на идеи каде што централизираната контрола ќе биде минато. И каде што зборувањето на вистината, иновацијата и креативноста нема да значат дека пазарот е само мит. Медиумите што се наоѓаат во вистинските раце може да бидат моќна сила за остварување добри цели. А тука нема простор за сомнеж околу успехот“, вели Тунева.

Деструкција и ретардација! Половина од приходите на телевизиите доаѓаат од Владата

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

Приходите на сите радиодифузери (комерцијални медиуми и јавниот сервис) во 2014 година изнесувале околу 52 милиони евра. Половина од нив, односно 26 милиони евра, дошле од владините реклами. Ова е заклучокот од последниот извештај на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) кој се повика на официјалните податоци од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од 2008 до 2013 година Владата најчесто била меѓу првите пет огласувачи на рекламниот пазар, освен во 2010 кога била на 18 место. Дополнително, владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се појавува и на листата на 50 најголеми огласувачи во медиумите. Во 2014 година, Владата на својата веб-страница објави дека во периодот 20122014 година, нарачала 27 кампањи „за информирање

на граѓаните“ (од јавен интерес) за што биле потрошени приближно 18 милиони евра. И додека ова се официјалните податоци што може да се добијат од соодветните институции, она што на виделина го изнесуваат партиите во меѓусебните пресметки, дава уште подраматична слика. Така, опозициската партија СДСМ неодмна посочи дека само во телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони евра пари на граѓаните (кај Сител 5 милиони евра, кај Канал 5 речиси 4 милиони и кај Алфа над 4 милиони евра), додека новата телевизија која почна да зрачи во етерот пред една недела - ТВ Нова, според тврдењата на опозицијата добила 700.000 евра од Владата. Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администртација, Александар Кирацовски, пак, посочи дека освен овие 13 милиони евра што Владата ги инвестирала во Сител, Канал 5 и Алфа, дополнителни 2,6 милиони евра, истите тие медиуми добиле на своја сметка ден по инцидентот во Куманово. Владата, за истиот период од три години, за реклами префрлила на телевизија Алсат-М околу 200.000 евра, а на Телма 160.000 евра, односно 35 пати помалку во однос на првите три телевизии. Но, освен владејачката партија, според информациите кои лани беа пласирани во провладините медиуми, и СДСМ преку Фондацијата СОРОС инвес тирала во „свои“ медиуми. Според информациите објавени на порталот Курир, весникот „Слободен печат“ во својата прва година од постоењето, добил грант од 60.000 евра, додека порталот Плусинфо 47.706 евра. Порталот а1.он, пак, од СОРОС добил 49.706 евра, а над 36.000 евра за само 6 месеци земал неделникот Фокус. СОРОС инвестирал и во порталот Либертас, на чија сметка префрлил 26.686 евра. Грантови меѓу 16 - 18 илјади евра земале и Скај, Окно, Мојот град, Глобус. nnn


Уписите се во тек!!!

ВЛЕЗЕТЕ ВО СВЕТОТ НА АНИМАЦИЈАТА И ДИЗАЈНОТ! КУРСЕВИ ЗА:

3Д АНИМАЦИЈА l 2Д АНИМАЦИЈА l ВЕБ ДИЗАЈН (Adobe PhotoshoP) l ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН (Adobe IlustrAtor) l АУДИО И ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА Без разлика дали сте вработени или сакате да започнете кариера како freelancer, нашите курсеви за 3Д и 2Д анимација, веб дизајн, графички дизајн и аудио и видео продукција се совршен избор за развој на Вашата кариера. Преку уникатно креирани програми, ќе ја добиете комплетната едукација и знаење коишто Ви се потребни за квалитетно совладување на Autodesk MAYA, Adobe FLASH, Adobe Photoshop, Adobe Illustrator… Предавачите низ високо професионални предавања, практична работа и вежби, симулации и интерактивност, како и соодветна литература ќе Ве внесат во светот на анимацијата и дизајнот.

КОНТАКТ:

l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


Капитал број 850 843/844/845 12.02.2016 25.12.2015

www.kapital.mk

лидери лидери 54 54

амансио ортега сопственик на модната империЈа IndItex

Јас сум сопственост на моЈот бизнис, а не обратно

Ш

Шпанецот Амансио Ортега се родил во семејство на железничар, а сега е еден од најбогатите луѓе на светот, со проценето богатство од 65 милијарди долари во 2015 година. Основач е на модниот бренд Zara во 1975 година, со долната облека и бањарките што тој и жена му Розалиа Мера ги сошиле во нивната дневна соба. Денес Zara е дел од неговото царство Inditex, кое што под својата капа има уште десетина познати модни брендови како Massimo Dutti, Pull & Bear, итн.

Компаниите се сочинети од луѓе без чии што напор, професионализам и мотивација, не може да има никаков напредок

Животот е серија од колизии со иднината; тој не е збир на она што сме биле, туку она што ќе бидеме

Се обидуваме да го заведеме потрошувачот со најнова мода, најфин дизајн и најдобра услуга

Мора три пати да се појавите во весник: кога ќе се родите, кога ќе се венчате и кога ќе умрете

Јас сум сопственост на мојот бизнис, а не обратно

Најголем предизвик? Да мотивирате 90.000 луѓе да работат за остварување на една единствена цел

Проблемот со наследувањето во бизнисот насекаде во светот произлегува од фактот што не сите законски наследници се погодни за водење бизнис




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.