ЕКОНОМСКАТА КРИЗА СЕ ВИКА НЕЛИКВИДНОСТ
ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ БЛОКИРАНИ ФИРМИ ОД 2008 ГОДИНА!
МАКЕДОНИЈА ГО ГУБИ КОСОВО
КАПИТАЛ АНАЛИЗА
ПАЃА ИЗВОЗОТ НА НАФТА, МЕТАЛИ И ХРАНА
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОИ СЕ НАЈБАРАНИ И НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ ВО МАКЕДОНИЈА?
WWW.KAPITAL.MK
COVER STORY: СИТЕ КРИЗНИ ЖАРИШТА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ
INTERVIEW
СЕ ГРАДИ НОВ ПОРЕДОК!
БРОЈ 851 | ЦЕНА 100 ДЕН. 19 ФЕВРУАРИ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
НИКОЛА ЉУШЕВ
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА оне.Вип
ИНВЕСТИРАМЕ ВО КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ ЗА СУПЕРИОРНО КОРИСНИЧКО ИСКУСТВО
Утопијата на Варуфакис ќе ја спасува Европа
3
Капитал број 851 19.02.2016
СОДржина
20 04
profile ДејвиД Камерун
премиер на Велика Британија
26 26
Човекот кој може да го сруши европскиот сон
08 10 18
навиГаТОр
Пред Титаник, СуДииТе не ОДБиЛе БараЊе За ПриТвОр ОД јавнОТО ОБвиниТеЛСТвО Сите кризни жаришта кои го менуваат светот Се води кон катастрофа!
КаПиТаЛнО Биљана ЗДравКОвСКа СТОјЧевСКа Црни денови за бизнисот
и ПаЗари 20 КОмПании економската криза во македонија се вика неликвидност Три пати повеќе блокирани фирми лани отколку во 2008
анаЛиЗа
n
Кои се најбарани и најплатени професии во македонија? Се бараат мајстори, врие од правници и економисти
32
иЗвОЗни СТраТеГии
37
СПеЦијаЛен ПриЛОГ
cover story
48 директор на Актон-Скопје
Ние сме алтернативен телеком оператор фокусиран кон бизнис корисниците
Како да се зголеми извозот во Косово? Македонија го губи косовскиот пазар. Паѓа извозот на нафта, метали и храна...
ТеЛеКОмуниКаЦииТе вО 2016
48
БаЛКан БиЗниС и ПОЛиТиКа
52
винСКа инДуСТрија
54
ЛиДери
n Од три оператори
сега се два. Што следи? Телекомите очекуваат стабилизација и раст на приходите
n
interview: виКТОр риСТеСКи
interview: ниКОЛа љуШев
Извршен директор на оне.Вип
Инвестираме во капитални проекти за супериорно корисничко искуство
екс министерот за финансии на Грција го промовираше движењето Дием25 Утопијата на Варуфакис ќе ја спасува Европа Традиционално одбележување на Св.Трифун во винарија Стоби Винарите и гостите заеднички се помолија за бериќетна година рОБерТ КиОСаКи
претприемач и инвеститор
во секој проблем лежи можност
БЛОКирани
ПеКар, ЛеКар, аПТеКар...
варуфаКиС again
Неликвидност во бизнис секторот е вистинското име на економската криза во Македонија. Последните податоци што ги објави Народната банка заклучно со крајот на 2015 година покажуваат дека дури 44.542 фирми немале пари на сметките редовно да ги плаќаат обврските и поради тоа биле блокирани.
Најбараните и најплатените професии во Македонија не одат рака под рака. Се бараат работници што ќе мешаат малтер, шивачи, кројачи, пекари, месари, но платата е не повеќе од 200 евра. Од друга страна, меѓу најплатените се програмерите, фармацевтите, банкарите, но на пазарот врие од вакви кадри и ако веќе сте стекнале вакво образование, тешко ќе најдете работа.
Самопрокламираниот „неконвенционален Марксист“, поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис уште еднаш е во центарот на европското внимание. Овој пат како граѓанин на Европа, кој преку политичко движење сака да создаде нови промени во Европа, за која вели, дека каква што е денес не им служи на граѓаните.
XX Стр. 20
XX Стр.26
XX Стр.48
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 18.02.2016
profile
www.kapital.mk
Посебно прашање е како ќе фунционира секторот на финaнсиски услуги во велика Британија ако излезе од членството во еу. Сега Лондон е дефакто финансиски центар на европа. Другите земји може да не ја прифатат таа ситуација кога Британија би била надвор од еу. еврозоната може да инсистира сите трансакции деноминирани во евра да бидат преместени од Лондон.
ДејвиД Камерун премиер на велика Британија
Човекот кој може да го сруши европскиот сон европската унија се чини минува низ најтешкиот период од своето постоење. Покрај должничката криза, напливот на бегалци од Блискиот исток и африка, сега еу се соочува со уште една голема и реална опасност која се заканува да го уништи европскиот сон за заеднички пазар.
E
Европската Унија се чини минува низ најтешкиот период од своето постоење. Покрај должничката криза, напливот на бегалци од Блискиот Исток и Африка, сега ЕУ се соочува со уште една голема и реална опасност која се заканува да го уништи европскиот сон за заеднички пазар. “Под теретот на масовниот прилив на мигранти и компромисите неопходни за да се задржи Велика Британија да остане членка, Европската унија би можела да се распадне”, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Кога ваква тешка изјава ќе биде кажана од човекот кој треба да ја претставува обединета Европа, тогаш навистина се случува нешто многу опасно. “Ова е критичен момент. Последен час да ги слушаме аргументите и на другите, а не само своите”, предупреди Туск. Во четврток и петок во Брисел се одржува самит, кој според Туск, ќе биде клучен за иднината на Европската унија. На овој самит европските лидери треба отворено да се соочат со напливот на мигранти и можноста за излез на Велика Британија од Унијата. “Ризикот од распаѓање е голем и реален. Ова со што се соочуваме е многу кршливо и мора внимателно да ракуваме. Ако сега се скрши, никогаш нема да може повторно да се залепи”, вели Туск.
Камерун го држи клучот
Туск признава дека според последните консулатциите од самитот нема никакви гаранции дека членките на ЕУ ќе постигнат некаков договор со Лондон со кој би се спречил излезот на Велика Бритаија од Унијата. “Самитот во Брисел претставува пресуден момент за единството на Унијата и за иднинатата на Велика Британија во рамки на ЕУ”, предупреди Туск. Сега клучот е во рацете на Дејвид Камерун. Премиерот на Велика Британија се заканува дека ако на овој самит во Брисел не добие гаранции дека ќе се направат потребните реформи на ЕУ кои Британија ги бара како услов да остане членка, тогаш уште во јуни годинава ќе се закаже референдум. На овој референдум граѓаните на Велика Британија ќе гласаат дали Велика Британија треба да остане или да излезе од Европската унија. Светските пазари веќе се нервозни од реалната можност да се случи Брегзит (Brexit), термин кој веќе се употребува за излегувањето на Велика Британија од Унијата. nnn
Капитал број 851 19.02.2016
profile
5
Ангела Меркел Европската унија сигурно би морала да и наметне некои тешки мерки кои би можеле негативно да се одразат врз економијата, со цел да ги одврати другите земји кои би можеле да помислат да излезат од Унијата. "Под теретот на масовниот прилив на мигранти и компромисите неопходни за да се задржи Велика Британија да остане членка, Европската унија би можела да се распадне”, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск .
Зошто пазарите се плашат од Brexit?
И
нвеститорите и аналитичарите, кои само до пред неколку месеци беа приличо уверени дека нема шанси да се изгласа излез на Велика Британија од Унијата, сега се чини стануваат многу нервозни од реалната можност тоа навистина да се случи. Стравот доаѓа од таму што ако Велика Британија изгласа дека земјата треба да излезе, тогаш ќе треба одново да се предоговораат сите услови за бизнис и трговија кои оваа земја ги има со ЕУ. Тоа би бил процес кој сигурно би траел најмалку две години, според проценките на аналитичарите. Европската унија сигурно би морала да и наметне некои тешки мерки кои би можеле негативно да се одразат врз економијата, со цел да ги одврати другите земји кои би можеле да помислат да излезат од Унијата. Доколку Британија излезе од ЕУ многу е веројатно дека странските компании би имале помал интерес да вложуваат во оваа земја, бидејќи ќе имаат потежок пристап до огромниот европски пазар. Посебно прашање е како ќе фунционира секторот на финнсиски услуги во Велика Британија ако излезе од членството во ЕУ. Сега Лондон е дефакто финансиски центар на Европа. Другите земји може да не ја прифатат таа ситуација кога Британија би била надвор од ЕУ. Еврозоната може да инсистира сите трансакции деноминирани во евра да бидат преместени од Лондон. Банката HSBC веќе го најави тоа и посочи дека ќе мора над 1.000 вработени да ги премести од Британија ако одлучи да излезе од ЕУ. Потоа тука е прашањето со Шкотска. Ако Шкотите гласаат да останат во ЕУ, а останатиот дел на Велика Британија изгласа излегување од Унијата, барањата на Шкотска за независност сигурно ќе добијат поголема смисла и поддршка. Сите овие ризици ги упатуваат економистите на проценките дека ако се случи Брегзит тоа ќе има големи последици за економијата. Citigroup смета дека Брегзит ќе резултира со 4% понизок БДП на Велика Британија во следните три години. Германските аналитичари, пак, сметаат дека ќе има силен удар врз потрошувачката и бизнис довербата, што би можело да доведе до рецесија. Аналитичарите на Goldman Sachs сметаат дека фунтата ќе падне, што ќе има влијание на инфлацијата и монетарната политика на земјата.
ЗА ВРВНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НЕ МОРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО СТРАНСТВО!
СЕГА И ВО СКОПЈЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Рангирана помеѓу првите 100 во светот • Со тројна меѓународна акредитација која гарантира квалитет на наставата
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК! msm.uacs.edu.mk
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета Македонска Бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 2 2463 156
Е-пошта: globalmba@uacs.edu.mk Веб: msm.uacs.edu.mk
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
> БРОЈКА
52,7%
изнесува падот на извршените градежни работи во странство во 2015 година во однос на изминатата 2014
РОБеРТ ФИцО премиер на Словачка
победник на неделата
КАТИцА ЈАНеВА
+
Неопходно да се изготви план Б за заштита на границите на Бугарија и Македонија, во случај Турција и Грција да не можат да го задржат приливот на мигранти кон ЕУ. Се надеваме дека акциониот план меѓу ЕУ и Турција да даде позитивни резултати. Сакам да го видам и некои добри изненадувања од грчките ни колеги.
Ако нешто навистина ги најави промените во Македонија проектирани со пржинскиот Договор, а кои треба да резултираат така што секоја власт да и се потчинува на правната држава, а не обратно, тоа секако е пресконференцијата на Специјалното јавно обвинителство на која беше објавен првиот случај „Титаник“ со кој се отвара истрага за изборни измами и злосторничко здружување заради останување на власт. Дека е така потврди и меѓународната заедница, која даде целосна поддршка за работата на тимот на Катица Јанева, кој го направи првиот, и како што деновиве се покажува, тежок чекор за оддалечување од состојбите во македонското судство, жестоко критикувани во Извештајот на Рајхард Прибе. Наспроти забелешките кај оној дел од јавноста што е негативно засегнат од перспективите што ги отвори Специјалното обвинителство, а кои даваат надеж за враќање на правната држава во Македонија, правната фела во земјата ја пофалија стручноста и професионалноста на настапот на Јанева, и на обвинителките на Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи. Дека малку недостасуваше да ја загубиме оваа надеж, сведочи позитивниот шок во јавноста, кога слушнавме кои функционери се товарат во случајот „Титаник“, а имено тие што до само пред неколу дена се сметаше дека се над законот. Придонесот за правната држава е јасен. Процесот мора да продолжи.
КуРц: АКО ТРеБА ќе се О БеГАлсКИ КАмпОВИ ВО
А
ко има потреба и голем број на бегалци можно е да се отворат дополнителни бегалски кампови и прифатни центри во Македонија и во Грција, каде што ќе мора да се задржат бегалците. Тоа ќе зависи од политиките кои ќе ги водат земјите кои се целна дестинација”, порача австрискиот министер за
Специјалното обвинителСтво почнува иСтрага за изборни и
пред титаник, Судиит не одбиле барање за п од јавното обвинител
O
Откако Основниот суд 1 ги одби и барањата за притвор за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и генералниот се к р е та р н а В л а д а та , К и р и л Божиновски, а прет ходно и на Миле Јанакиески и Едмонд Темелко, експертската јавност е се погласна дека судиите прават преседан. Имено, податоците за работењето на Јавното обвинителство покажуваат дека досега судиите во периодот од
2011 година досега, не одбиле ниту една мерка притвор кога таа била побарана од обвинителите. Тоа го покажуваат и извештаите за работењето на Јавното обвинителство објавени на нивната веб страница. Извештајот за работењето на Јавното обвинителство за 2013 година, покажува дека јавните обвинители оваа година поднеле 278 барања за мерка притвор. Сите барања за притвор од надлежните судии им биле прифатени, при што за 275 лица била определена мерка притвор, а за три лица била определена мерка куќен притвор. Само во 2013 година имало зголемување на барањата од страна на Јавното обвинителство за изрекување на мерката притвор за дури 32%. Ако се анализира, пак, времетраењето на притворот, Извештајот покажува дека најголемиот дел од лицата кои добиле притвори во 2013 година или дури 107 лица, во притвор биле над 6 месеци. Само 64
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
9
оТвоРаТ о македониЈа и гРциЈа надворешни работи Себастијан Курц при минатонеделната посета на Македонија. Шефот на македонската дипломатија Никола Поповски за заблагодари на помошта во пари и луѓе која Македонија ја добива за да се справи со бегалската криза но истакна дека на македонската територија газди се македонски власти. “Ние одлучуваме какви мерки ќе преземеме”, вели Поповски.
мисла на неделата
> БРоЈка
7,1%
се пониски продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари
лидери
измами и злоСтроничко здружување
те притвор лСтво лица, или околу 20% биле во притвор до 30 дена, а кај сите останати мерката притвор траела од 30 дена до 90 дена. Најголем дел од мерката притвор била изречена за дела токму за злосторничко здружување, што е истото дело за кое што сега судиите од Основен суд 1 ги одбиваат барањата за притвор кои ги предложи Специјалното обвинителство. Така од вкупно 278 мерки за притвор определни во 2013 година, дури 75 биле за злосторничко здружување. Во текот на 2012 година, пак, сите 188 барања за определување мерка притвор кои ги поднело Јавното обвинителство биле прифатени од надлежните судии. Во 2011 година, пак, Јавното обвинителство поднело 221 барање за определување на мерка притвор и сите барања им биле прифатени од судиите. Извештаите за работењето на Јавното обвинителство во 2014 и 2015 година се уште не се јавно објавени, но според неофицијална анкета на обвинителите во Јавното обвинителство, и во текот 2014 година судиите не им одбиле ниту едно барање за определување на мерка притвор. Специјалното обвинителство на чело со Катица Јанева во петокот го отвори првиот предмет под наслов “Титаник”,кој се однесува на за злосторничко здружување, за повреда на избирачкото право, за повреда на слободата на избирачите, за поткуп при избори и гласање, за уништување на избирачки материјали, за злоупотреба на пари во изборна кампања. Обвинителката Фатиме Фетаи образложи дека за осоминичените во предметот, во својство на поранешни министер за внатрешни работи и министер за транспорт и врски, како и секретар на Владата и уште други пет лица, постои основано сомение дека го искористиле влијанието и на локално и на државно ниво, создале група за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите, како и да интервенираат во Избирачкиот список во корист на партијата од која доаѓаат. nnn
ако некој верува дека е право на избор е да се живее од кирии и камати, наше е да го натераме да се премисли и истите пари да ги инвестира во обрт и развој.
Џорџ Озборн Министер за финансии на Велика Британија
губитник на неделата
папаТа ФРанцис
Преку средбата со рускиот патријарх Кирил продолжуваат историските потези на папата Францис кои почнаа веднаш по неговиот избор на функцијата.
мило џукановиќ
Црна Гора и официјално ги почна преговорите за членство во НАТО алијансата со што направи уште еден чекор напред кон евроатланските интеграции.
не им беше неделата
ехуд олмеРТ
Олмерт е првиот израелски премиер обвинет и осуден за корупција што претставува преседан во 70 годишната историја на еврејската држава.
Љупчо геоРгиевски
Единствениот политичар надвор од власта кој го поздрави одбивањето на мерката притвор за обвинетите од Титаник.
_
Реџеп Таип еРдоган Бомбардирањето на позициите на сириските Курди од страна на Турција и натамошните намери на официјална Анкара во овој правец се закануваат сирискиот конфликт да го подигнат на уште поопасно ниво од досегашното, да прерасне во апсолутна војна. Турција, која е во коалицијата на САД, ги бомбардира истите оние Курди, на кои Западот интезивно им помага да се одбранат од Исламската држава, кои се среќаваат со официјални западни претставници во контекстот, и чии мотиви во сирискиот конфликт светот ги доживува како најразбирливи. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги игнорира и повиците од САД , од Франција ... да ги прекине нападите на курдските сојузнички сили на северот на Сирија. Напротив, се заканува дека ќе продложи да ги напаѓа курдските позиции, а ако Западот му се спротистави, се заканува дека ќе ја преплави Европа со стотици илјади беглаци.Тој и во својата земја се соочува со жестоки критики во контекстот. Пратеничката на опозициската партија Мир и Демократија, Селма Ирмак, изјави дека „Ердоган ја користи Исламската држава против Курдите“.
COVER STORY: СИТЕ КРИЗНИ ЖАРИ 10 COVER STORY Капитал број 851 19.02.2016
www.kapital.mk
СЕ ВОДИ КО КАТАСТРОФ
ИШТА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ 11 www.kapital.mk
ОН ФА!
Капитал број 851 19.02.2016
Годинава рекордно голем број на извештаи предупредуваат дека на светот му се заканува дестабилизација од толку големи размери, што многу лесно може да излезе од контрола и да прерасне во нова светска војна и колапс на сите форми на соработка кои досега ги познаваме. Тоа се гледа и „со голото око“ на јавноста. На мноу точки низ светот има отворено кризни жаришта и проблеми кои премногу долго траат и се потешко се контролираат, што од друга страна резултираат со намалување на довербата на јавноста во лидерите дека знаат и умеат како да го одвратат светот на нормални патеки. Овиe конфликти и проблеми ги диктираат и неповратно ги менуваат очекувањата и трендовите во светската економија и геополитика. Сите услови најавуваат дека сме многу блиску до катастрофа!
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
12
cover story
Г пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Годинава рекордно голем број на извештаи предупредуваат дека на светот му се заканува дестабилизација од толку големи размери, што многу лесно може да излезе од контрола и да прерасне во нова светска војна и колапс на сите форми на соработка кои досега ги познаваме. Тоа се гледа и „со голото око“ на јавноста. На мноу точки низ светот има отворено кризни жаришта и проблеми кои премногу долго траат и се потешко се контролираат, што од друга страна резултираат со намалување на довербата на јавноста во лидерите дека знаат и умеат како да го одвратат светот на нормални патеки. Неколкугодишниот воениот конфликт во Сирија и Блискиот Исток, бегалската криза, Исламската држава и заканите од тероризам, ниска цена нафтата, должничката криза во Европа, економското забавување на Кина, санкциите кон Русија...Ова се само дел од моменталните геополитички, воени и економски случувања, кои се закануваат да го променат светот, онаков каков што го познаваме. Овиe конфликти и проблеми ги диктираат и неповратно ги менуваат очекувањата и трендовите во светската економија и геополитика. Најновиот извештај на Светскиот економски форум за “Ризиците во светот во 2016 година”, направен со анкетирање на 750 светски лидери во бизнисот и политиката, покажува дека “политичките и социјалните нестабилности се на највисоко ниво од крајот на Втората светска војна и тие наметнуваат многу големи предизвици на економски, социјален и геополитички план”. Неодамнешното истражување, пак, на консултанската компанија PwC, во кое учествувале 1.400 извршни директори од најголемите компании од 83 земји во светот, покажува дека за дури 74% од директорите геополитичките ризици и неизвесности се најголема закана за нивниот бизнис. Експертите од PwC сметаат дека се случува голема промена, и наместо да станува поглобализиран, светот е соочен со се поголеми закани и неизвесности. Па така дури 75% од анкетираните менаџери изјавиле дека очекуваат зголемување на регионализацијата на трговијата и се поголеми разлики во законите и економскиите модели.
Сите очекуваат војна
Извештаите за случувањата на геополитички план се уште пострашни. Најдраматичен е извештајот на американската
Неодамнешното истражување, пак, на консултанската компанија PwC, во кое учествувале 1.400 извршни директори од најголемите компании од 83 земји во светот, покажува дека за дури 74% од директорите геополитичките ризици и неизвесности се најголема закана за нивниот бизнис. разузнавачка агенција, CIA, во кој се вели дека 2016 година би можела да биде „најопасна во историјата на човештвото“, а се предупредува и за напади на Исламската држава на територијата на САД. Секако дека многумина ќе речат оти CIA пишува вакви извештаи за да изнуди што поголем буџет за себе, но по последователните напади во Париз (случени во иста година, 2015 - на 7 јануари во редакцијата на Шарли Ебдо, со 11 убиени; и на 13 ноември, на неколку локации во главниот град на Франција, со 130 убиени) не е толку лесно да се потценат ваквите предупредувања. Во извештајот на CIA до Конгресот на САД, директорот Џејмс Клапер, ИД ја опишува како „надмоќна терористичка закана“, милитантна група со капацитет да инспирира и да раководи со напади на голем број цели низ светот. Поконкретен е еден од директорите на CIA, генерал полковникот Винсент Стујарт, кој предупредува дека ИД во 2016 година веројатно ќе изведе уште напади во Европа, а веројатноста, смета тој, не е помала ниту во САД. „Утврдено е дека во Исламската држава се одлучни во намерата да ги надминат „логистичките предизвици“ потребни за вакви напади“, рекол Стујарт, додавајќи дека лидерите на ИД во овие случаи засилено би биле вклучени во „режирањето“, а не само во поттикнувањето на „осамените“ напаѓачи. Функционерите на CIA го известиле
Конгресот и за нивните заклучоци поврзани со опасностите од сајбер-шпијунажата, која и досега го покажа својот габарит, пробивајќи ги заштитите околу воените, државните, корпорациските ... тајни. Не е многу поохрабрувачки и извештајот за безбедноста во светот што беше објавен пред тукушто завршената Минхенска безбедносна конференција. Додуша, во овој извештај авторите посочуваат и на неколку позитивни моменти, како потпишувањето на договорот за сузбивање на климатските промени во Париз и договорот за нуклеарната програма со Иран. Но, без да се потценува значењето на овие глобални постигнувања, тие не изгледаат многу утешно во ситуација на пораст на светските конфликти што е забележана во извештајот. Размерите на нивната опасност се еднакви на ширењето на конфликтите од земја во земја. Војната во Сирија заедно со пост-Садам ситуацијата во Ирак ги создадоа условите за пламнување на проектот Исламска држава. Целата блискоисточна ситуација, особено сирискиот конфликт, е главен двигател на бегалската криза, која во претходната, 2015 година, е најголема (според бројот на бегалци) од крајот на Втората светска војна. Во извештајот се предупредува на ширењето на Исламската држава во нови држави, што се нестабилни, со вакуум на власта, што може да значи многу опасен развој. За Европа, покрај оваа закана, тука е
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
13 Папата Францис: Во светот моментално се водат толку оружени конфликти. Тое е еден вид трета светска војна што се води во делови, а во контекстот на глобалната комуникација се доживува вистинска воена клима. Џејмс Клапер: Исламската држава е надмоќна терористичка закана со капацитет да инспирира и да раководи со напади на голем број цели низ светот. Илон Маск: Во 1912 година била прогласена нова ера на мир и просперитет, дека следува златна ера без војни. Но, имаше две светски и една студена војна едно-по-друго. Треба да ја прифатиме можноста и за трета светска војна, и оти ако таа се случи ќе биде многу потешка од сè досега. уште и нерешениот конфликт во Украина, како и разединетоста на членките на Унијата околу предизвиците на бегалската криза. Последната е фактор што му даде нов замав и на национализмот, сосем спротивен на концептот за слобода што го предвидува Шенген. Но, откако вака високо ги поставува проблемите, споменатиот извештај не спушта ниско, заклучувајќи дека до решение за сите овие кризи тешко ќе се дојде. Во него, како една од главните причини за негативниот развој на ситуацијата е наведено тоа што САД играат поповлечено од вообичаеното за нив. Овде треба да се потсети она што го изјави претседателот Барак Обама во своето последно годишно обраќање (во јануари): „Мисијата на Америка е да го направи светот побезбеден, но без да се претвора во светски полицаец. САД не можат да се обидуваат да ја подигнат секоја држава што е во криза, зашто тоа не е однесување на лидер, туку рецепт за хаос, за пролевање американска крв, што во крајна линија ќе нè ослаби, за што имаме поуки од Виетнам и од Ирак што досега требаше да ги научиме“. Но, додека САД одбраа во фаза кога се чека нов претседател да настапуваат поповлечено, Европа не успеа да ја преземе улогата на лидер во менаџирањето со опциите за решавање на
конфликтите низ светот. „Би можело да се каже дека од завршувањето на Студената војна никогаш немало ризик од неконтролирана ескалација“, вели еден од авторите на извештајот за безбедносната состојба во светот, Тобијас Бунде, кој го поставува прашањето дали се заканува и нов конфликт поврзан со блискоисточната ситуација. Околностите што ги разгледува се натамошната оптовареност на односите на Русија и на европските земји, растењето на напнатоста меѓу Русија и Турција, кулминирањето на анимозитетот меѓу Иран и Саудиска Арабија...
Сирискиот конфликт и синџирот реакции што го покрен(ув)а
Наспроти декларираните мотиви за учество во сирискиот кофликт, и полните усти со борба за демократија, за меѓународното право, за шеријатот - во зависност од тоа на кои од актерите им припаѓаат, таму всушност се случува сурова битка за геостратешки и економски интереси. Ако веќе мора да се поделат две страни, тогаш од едната се Западот и регионалните сунитски сили, значи САД, Франција, Велика Британија, Турција, Саудиска Арабија, Катар ..., а од другата страна се Истокот и регионалните шиитски сили - значи
Дмитриј Медведев: Сега јасно можеме да кажеме дека влеговме во нов период од Студената војна. Никола Саркози: Конфликот во Сирија е Трета светска војна. Сите терористи мора да бидат уништени. Џорџ Сорос: Најдобар начин да се разбие ЕУ е да се преплави со бегалци од Сирија. ЕУ и Русија се наоѓаат во трка со времето и прашање е само кој прв ќе се урне. Михаил Горбачов: Во случај на Трета светска војна може да биде неизбежно Владимир Путин да започне нуклеарна војна.
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
14
cover story
Извештајот на американската разузнавачка агенција, CIA, во кој се вели дека 2016 година би можела да биде „најопасна во историјата на човештвото“, а се предупредува и за напади на Исламската држава на територијата на САД.
Русија, Кина, Иран, Ирак. Во моментов парадигма за можниот развој на ситуацијата се турските артилериски напади преку сириската граница на позициите на сириските Курди. Врз истите Курди на кои Западот, чиј сојузник е Турција, веќе неколку години интензивно им помага да се одбранат од Исламската држава, и кои, се чини, имаат најчисти мотиви за учество во конфликтот. Реџеп Таип Ердоган Курдите ги смета за терористи (а покрај споменатата помош што ја добиваат од Западот, тие се среќаваат и со официјални западни претставници) и се заканува да ја задуши демократската револуција што се одвива на просторот на сириски Курдистан.
Stratfor предупредува дека Турција може да почне воени дејства и на територијата на северна Сирија, истовремено обидувајќи се да го засили своето присуство и влијание во северен Ирак, секако, под етикетата „борба со Исламската држава“, но всушност за да ја запре експанзијата на Курдите. Вакви обвинувања стигнаа и од министерството за одбрана на Русија: „Имаме сериозни основи да се сомневаме дека Турција врши интензивни подготовки за воена интервенција на територијата на суверена Сирија“. Не останаа должни ни Турците, чиј премиер, Ахмет Давутоглу, ја обвини Русија дека се однесува како „терористичка организација, која ако продоложи да ги тера цивилите да
Евтината нафта ќе сруши многу држави
О
д денешен асект е сосема невозожно да се предвиди цената на нафтата, што создава многу проблеми за целата светска економија. Најновиот договор за ограничување на производството кој го постигнаа Русија и Саудиска Арабија, внесуваат искра надеж дека падот на цените на нафтите може да се ограничи, но тоа засега не е така. Во суштина евтината нафта би требало да е добра за економијата, бидејќи со тоа се намалуваат трошоците на бизнисот. И точно, сите големи потрошувачи на нафта како САД, Европа, Индија, ќе имаат корист од евтината нафта. Но, ниските цени на нафтата се чини повеќе ефекти ќе имаат врз одржливоста и стабилноста на неколку земји во светот кои значително зависат од приходите кои ги остваруваат од нафта и гас, и од кои произлегува нивната моќ и легитимитет. Некои аналитичари проценуваат дека ако продолжат ниските цени на нафтата, Венецуела може да се соочи со банкрот за неколку месеци. Нигерија е една од земјите кои заради тоа наскоро ќе мора да бараат пари од ММФ. Русија се уште не е дестабилизирана, но даноците и цените веќе се покачуваат за да се пополнат “дупките” во буџетот. Некои проценки говорат дека ако продолжи ваквиот тренд руската економија ќе доживее колапс и ќе се извади на виделина фактот дека сите овие години живее како економија на исцрпување на ресурси и не успеа да изгради економија која создава висока додадена вредност. Најголемите закани се чини доаѓаат од петро земјите од Блискиот Исток кои се обидуваат да останат стабилни
во услови кога единствената работа која им обезбедува легитимитет им се распаѓа. На оваа ситуација треба да се додадат и укинувањето на санкциите кон Иран, кој се враќа на пазарот со големо производство на нафта, што дополнително ќе ги сруши цените. Сето ова упатува за заклучок дека ниските цени на нафтата ќе останат такви уште некое време, а тоа сигурно ќе предизвика економски шокови и банкроти во многу земји, кои ќе се почуствуваат врз светската економија. Но, со банкрот се соочуваат и многу нафтени компании. Консултантската куќа Deloitte објави дека на околу една третина од нафтени компании во светот им се закануваат големи ризици од стечаи ибанкрот, заради тоа што им се намалуваат приходите и запаѓаат во долгови. Последниот пад на нафтата до цена под 30 долари за барел ги загрижи инвеститорите дека тоа се случува заради тоа што глобалната побарувачка забавува, затоа што бизнисите и потрошувачите во многу земји во развој, особено Кина, намалуваат со трошењето. Изминативе 18 месеци цените на нафтата паднаа за 75%, од 110 долари/барел на помалку од 29 долари. Но, користа за светската економија сега е дискутабилна. Иако потрошувачите ќарија преку поевтиниот бензин, производителите трпат големи болки. Ефектите се прелеваат на финансиските пазари, и можат да ја намалат довербата на потрошувачите. Можеби, користите од вака ултра – евтината нафта сè уште ги надминуваат штетите, но пазарите досега паднаа до таа мера што и ова веќе не е кристално јасно.
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
16
cover story
Приватната разузнавачка корпорација Stratfor смета дека Владимир Путин нема да може да избегне турската директна провокација за конфронтација со Русија, иако би сакал, зашто би го дефокусирала од неговите вистински цели. Имено, според Stratfor, Москва во Сирија преку активностите оправдани со борбата со ИД ќе се обиде да постигне компромис со САД за да го забави натамошното освојување од страна на Западот на пост-советските простори. бегаат, на тоа Турција одлучно ќе одговори“. Давутоглу рече дека Русија и курдските сили ја затвориле хуманитарната граница северно од Алепо (најголемиот град во Сирија, многу значаен за конфликтот) (во некои конспиративни теории, со затворањето на границата кон Турција, Русија би одработила и за интересите на Европа, да се запре бранот бегалци што кон неа доаѓа од земјата на Ердоган). Според одредени аналитичари конфронтација меѓу Русија и Турција е неизбежна, но главно им противречи фактот што втората е членка на НАТО, а првата, секако, не би сакала да влезе во војна со Алијансата поради Сирија. Приватната разузнавачка корпорација Stratfor смета дека Владимир Путин нема да може да избегне турската директна провокација за конфронтација со Русија, иако би сакал, зашто би го дефокусирала од неговите вистински цели. Имено, според Stratfor, Москва во Сирија преку активностите оправдани со борбата со ИД ќе се обиде да постигне компромис со САД за да го забави натамошното освојување од страна на Западот на пост-советските простори. Во контекстот се толкува и неодамна постигнатиот договор за прекин на огнот во Сирија, што на заедничка прес-конференција во Минхен го објавија американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Но, колку и да се мотивите на учесниците во воената кампања против ИД второстепени, Stratfor смета дека борбените дејства ќе доведат до уривање на основата на „калифатот“ на Абу Бакр ал-Багдади. Што пак, се вели во анализата, нема да значи брз крај на ИД. Таа колку повеќе ќе се чувствува загрозена на домашен терен, толку повеќе
ќе ги активира своите келии за терористички напади далеку од пределите на Блискиот исток, за да си го задржи значењето што го има. Ваквата, пак, закана за Европа ќе ја засили исламофобијата, ќе ги затвори границите, и ќе го претвори Западниот Балкан во „тесно грло“ за мигрантите, а земјите на Балканот и онака се полни со етнички и религиозни противречности, пишува во анализатa на Stratfor.
Европа - „орекстар што свири на Титаник додека тоне“
Разузнавачка корпорација на Џорџ Фридман смета дека главна тема во Европа во 2016 година, сепак ќе бидат двата столба на ЕУ, Франција и Германија, кои и двете се подготвуваат за избори во 2017 година, па, се очекува да се подзаборави на одговорноста за предизивикот што го претставува бегалската криза, и да се крева прагот за толеранција за евроскептицизмот и национализмот. Се очекува ЕУ да ја зголемува контролата на движењето на луѓето, како и подоцна на трговијата. Бегалската криза, заедно со неуспехот на Европа да го менаџира решавањето на ситуацијата во Украина, ќе бидат фактори на фрагментацијата што ќе продолжи да доминира со Европа. Земјитечленки на ЕУ ќе ја зголемуваат својата автономија, и моќта на Унијата ќе се намалува. Матео Ренци, премиерот на Италија, која се очекува да биде следната голема адреса (после Грција) на економската криза, не се воздржа да ја нарече Унијата „орекстар што свири на Титаник додека тоне“. И според Stratfor, чкрапалто за нова голема ескалација е кај Турција, која ќе треба внимателно да се следи. Со погоре споменатите дејства на север на Сирија и на
Ирак за запирање на курдската експанзија, Анкара ќе сака да создаде безбедна зона за сириските бегалци на територијата на Сирија. На Реџеп Таип Ердоган целта му е да прима нови бегалци за да го зголеми неспокојот на Европејците од напливот мигранти, односно, за да ја придобие Европа на своја страна за воените дејства во Сирија. Ердоган уште во ноември се заканил дека може да ја „преплави Европа со бегалци“ (Турција на својата граница држи околу 80.000). Во равенката чиј резултат треба да биде ефикасна борба со ИД, не се сложува само улогата на Русија, која, според Stratfor, нема да отстапи од партнерството со Башар алАсад, што значи дека во исто време додека се бори со ИД (помалку-повеќе координирано со коалцијата собрана околу САД), Путин ќе војува и против сириската опозиција поддржана од САД, Турција, Саудиска Арабија ... Во овој контекст, со прилично радикален став, деновиве се огласи и милијардерот Џорџ Сорос, во текст објавен на Project Syndicate, насловен „Путин не е сојузник во борбата со ИДИС“. Сорос смета дека САД и ЕУ прават „голема грешка“ сметајќи го рускиот претседател за сојузник во борбата со терористите, зашто, смета милијардерот, вистинската цел на Путин е разбивањето на ЕУ. „Најдобар начин да се разбие ЕУ е да се преплави со бегалци од Сирија“, пишува Сорос. На претпоставениот приговор дека проблемот со бегалците постоеше и пред вклучувањето на Русија во оваа војна, тој одговара: „Нема причини да се верува дека Путин интервенираше во Сирија за да ја засили бегалската криза во Европа. Но, кога виде можност што би му помогнала за што побрзо разбивање на ЕУ, тој ја зграпчи“. Понатаму Сорос ја открива суштината на својата теза, а која поаѓа од претпоставката дека и ЕУ и Русија се свесни дека се борат за својот опстанок. „Ова е борба за опстанок меѓу ЕУ и Русија на Путин. ИДИС е закана и за едните и за другите, но не треба да се преценува. Нападите на џихадистите, колку и да се страшни, неспоредливи се со заканата што доаѓа од Русија“, смета Сорос. Според него, „ЕУ и Русија се наоѓаат во трка со времето и прашање е само кој прв ќе се урне“. nnn
пишува: Биљана Здравковска стојчевска
Црни денови за бизнисот Покрај големите ризици кои доаѓаат од надвор, за македонските бизниси најголемата закана доаѓа се чини од дома. Кризата кој им пресудува на македонските фирми е неликвидноста. Проблемот со блокирани фирми и со фирми кои не можат да си ги плаќаат своите обврски и редовно да ги враќаат кредитите кои ги должат кон банките се уште не го чувствуваме со целата силина и не го нарекуваме со вистинското име. Ако на ова се додаде и политичката криза во која влегува Македонија, а од која не се гледа скорешен излез, тогаш повеќе од извесно е дека следуваат црни денови за бизнисот и економијата. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska
O
Очекувањата во економијата се многу важни. Многу често очекувањата за иднината кои ги имаат луѓето и фирмите се пресудни и директно влијаат на економскиот раст и движењата во економијата. Очекувањата за иднината влијаат на одлуките за трошење и инвестирање, па така директно влијаат и врз многу економски варијабли, како на пример на формирањето на пазарните цени, на приходите, на добивката, на даноците... А очекувањата за иднинатата, кога станува збор за економијата, се прилично песимистични. Во последно време се поголем е бројот на извештаи во кои се посочуваат негативните очекувања на бизнисмените и менаџерите. За разлика од порано, негативните очекувања во бизнисот сега се под огромно влијание на геополитичките случувања и ризици. Така на пример, едно неодамнешно истражување на консултантската куќа PwC, во кое учествуваа 1.400 извршни директори од 83 земји во светот, покажува дека за дури 74% од директорите геополитичките ризици и неизвесности се најголема закана за нивниот бизнис. Геолитичката неизвесност е втор најголем ризик за водење на бизнис, после преголемата регулација. Ова е за прв пат менаџерите да ги истакнат геополитичките неизвесности како фактор кој ги загрозува нивното работење, покрај стандардните фактори како преголема регулација, променливост на курсот... Експертите од PwC сметаат дека се случува голема промена, и наместо да станува поглобализиран, светот е соочен со се поголеми закани и неизвесности.. Еден друг Извештај на Светскиот економски форум во кој учествувале 750 лидери во бизнисот и политиката покажува дека “политичките и социјалните нестабилности се на највисоко ниво од крајот на Втората светска војна и тие наметнуваат многу големи предизвици и промени на економски, социјален и геополитички план”. На пример, дури 75% од менаџерите изјавиле дека очекуваат зголемување на регионализацијата на трговијата и се поголеми разлики во законите и економскиите модели. Неможноста на светските лидери да се справат со овие трендови и да најдат вистинско решение за проблемите уште повеќе ги зголемува негативните очекувања. Па во вакви услови, многу лесно на сцена излегуваат авторитарните лидери и полулисти, кои во името на економскиот национализам посегнуваат по основните постулати на пазарната економија, односно на слободата на движење на луѓето, стоката, услугите и капиталот. За да ги заштитат своите економии, многу земји во изминативе неколку години воведоа разни бариери во трговијата, ги
КапиталНО
девалвираат своите домашни валути како одговор на валутната војна која ја водат многу земји, го ограничуваат извозот и увозот за да ги заштитат своите пазари... Санкциите на западниот свет кои беа воведени да се дисциплинира Русија, како и санкциите кои Русија ги воведе кон Турција за да ја казни за срушувањето на воениот авион само покажуваат колку далеку се отидени светските лидери во својата немоќ да ги решаваат политичките проблеми на вистински начин. Штетите од овие потези со кои се нарушува глобализацијата ги трпат сите земји, и граѓаните и фирмите. Патот по кој се движи глобализацијата во послендите неколку години е прилично нејасен и полн со пречки и предизвици. Некои консултантски куќи, како на пример, Credit Suisse, објавуваат студии во кои се анализираат штетите и последиците од крајот на глобализацијата, почнувајќи од намалената трговија и соработка, па се до затворањето на границите и меѓунационални војни. Патот по кој политичките елити го водат светот навистина води кон катастрофа. Единствена надеж е дека силината на економските загуби ќе ги принуди да го одвратат светот од тоа сценарио во кое сите ќе бидат губитници, дури и оние кои сега изгледаат како победници. И во анкетата која ја направи Капитал за специјаното издание Деловна 2016 година, а во која учествуваа над 200 македонски бизнисмени, неизвесноста на надворешен план беше многу силно изразена како
Неможноста на светските лидери да се справат со овие трендови и да најдат вистинско решение за проблемите уште повеќе ги зголемува негативните очекувања. Па во вакви услови, многу лесно на сцена излегуваат авторитарните лидери и полулисти, кои во името на економскиот национализам посегнуваат по основните постулати на пазарната економија, односно на слободата на движење на луѓето, стоката, услугите и капиталот. фактор кој ќе им го усложнува работењето во оваа 2016 година. Посебно од страна на бизнисмените кои управуваат со извозни фирми. Тие очекуваат намалена извозна побарувачка, загуби од валутните шпекулации, поголеми пречки и бариери за извоз, ценовни осцилации на суровините, кои работењето им го прави многу тешко. Првиот удар македонската економија ќе го има од намалените цени на металите на светските берзи, како последица на забавувањето на економијата. Падот на извозот на металопреработувачката индустрија, кој е една од најголемите домаши извозни гранки, ќе се почуствува силно. Но, покрај големите ризици кои доаѓаат од надвор, за македонските бизниси најголемата закана доаѓа се чини од дома. Кризата кој им пресудува на македонските
фирми е неликвидноста. Проблемот со блокирани фирми и со фирми кои не можат да си ги плаќаат своите обврски и редовно да ги враќаат кредитите кои ги должат кон банките се уште не го чувствуваме со целата силина и не го нарекуваме со вистинското име. Ако на ова се додаде и политичката криза во која влегува Македонија, а од која не се гледа скорешен излез, тогаш повеќе од извесно е дека следуваат црни денови за бизнисот и економијата. Ако се мери економијата на Македонија според очекувањата на бизнисмените, тогаш повеќе од извесно е дека не чекаат тешки денови во кои фирмите под влијание на намалениот обезм на работа ќе бараат начин како да се спасат и да не потонат во хаосот со неплаќањето и неликвидноста во која веќе потонаа многу мали и средни бизниси. nnn
Капитал број 851 19.02.2016
20
www.kapital.mk
компании и пазари
Економската криза во Македонија се вика неликвидност
Три пати повеќе блокирани фирми лани отколку во 2008 година Неликвидност во бизнис секторот е вистинското име на економската криза во Македонија. Последните податоци што ги објави Народната банка заклучно со крајот на 2015 година покажуваат дека дури 44.542 фирми немале пари на сметките редовно да ги плаќаат обврските и поради тоа биле блокирани. За една година, бројот на блокирани компании се зголемил за 5,5%, меѓутоа, во споредба со крајот на 2008 година, пред почетокот на економската криза, сега бројот на блокирани сметки на приватните фирми е тројно зголемен. На крајот на 2008 година, само 14.213 фирми биле блокирани поради некаков долг кон нивните партнери, банките или кон државата. Најчести причини за блокадите на сметките на фирмите се неплатени обврски по основ на радиодифузна такса, комунални трошоци, данок на имот, јавни давачки и дури на крајот доаѓаат долговите по кредити и други облигации. Од Народната банка, пак, велат дека трендот е стабилизиран и дека нема значително нарушување на ликвидноста во реалниот сектор.
НБМ: Третина од фирмите со блокирани сметки е релати
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
2010
2012
2013
2014
44.542
36.407 2011
42.220
2009
41.069
2008
39.863
14.213
22.518
БРОЈ НА БЛОКИРАНИ ФИРМИ
31.047
21
2015
БРОЈ НА ОТВОРЕНИ ФИРМИ 2009
2010
2011
2012
2013
2014
10.729 11.685 8.620 8.583 8.294 6.380
Н пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Неликвидност во бизнис секторот е вистинското име на економската криза во Македонија. Последните податоци што ги објави Народната банка заклучно со крајот на 2015 година покажуваат дека дури 44.542 фирми немале пари на сметките редовно да ги плаќаат обврските и поради тоа биле блокирани. За една година, бројот на блокирани компании се зголемил за 5,5%, меѓутоа,
во споредба со крајот на 2008 година, пред почетокот на економската криза, сега бројот на блокирани сметки на приватните фирми е тројно зголемен. На крајот на 2008 година, само 14.213 фирми биле блокирани поради некаков долг кон нивните партнери, банките или кон државата. Ова е статистичка потврда и на сите изјави на бизнисмените, кои постојано алармираат дека немаат пари да ги плаќаат ратите за кредити, ниту давачките кон државата, па дури ни за да поделат плати. Народната банка исто така потврдува дека неликвидноста во бизнис секторот кулминираше како последица од економска-та криза, меѓутоа, оттаму велат дека трендот на блокирање на фирмите во последно време е стабилизиран. „Повеќе од половината од ова тројно зголемување на блокираните компании е остварено во периодот меѓу 2009 - 2010 година. Во последните три години растот на блокираните сметки значајно забавува со стапка од 3,8% во просек споредено со 31% во просек за периодот 2009 2012 година. Факт е
дека бројот на блокирани депоненти расте и во последниот период, но она што е значајно е дека и бројот на новите фирми депоненти, со нови сметки во банкарскиот сектор, исто така се зголемува на годишна основа. Во 2015 година споредено со 2014 година, депонентите со блокирани сметки бележат раст на учеството од само 1 процентен поен и со тоа, соодносот останува стабилен, што е индикатор за отсуство на позначајни нарушувања со ликвидноста на приватниот сектор“, оценуваат од Народната банка. Меѓутоа, статистиката покажува дека иако се отвораат нови фирми, сепак во споредба со 2009 година, претприемачката иницијатива се намалува. Така во 2014 година (последни објавени податоци), отворени се вкупно 6.380 нови бизниси, што е дури 40,5% помалку отколку во 2009 година пред почетокот на економската криза, кога се отвориле дури 10.729 нови фирми. Од Народната банка добивме податок дека согласно статистиката на платниот промет, во 2015 година вкупниот број на депоненти правни лица изнесувал 127.243 и на годишна основа бил повисок
ИВНО ВИСОКО НИВО, НО Е ПОСЛЕДИЦА НА ГЛОБАЛНАТА КРИЗА
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
22
компании и пазари
П Димитар Богов гувернер на Народна банка
овеќе од половината од ова тројно зголемување на блокираните компании е остварено во периодот меѓу 2009 2010 година. Во последните три години растот на блокираните сметки значајно забавува со стапка од 3,8% во просек споредено со 31% во просек за периодот 2009 2012 година. Факт е дека бројот на блокирани депоненти расте и во последниот период, но она што е значајно е дека и бројот на новите фирми депоненти, со нови сметки во банкарскиот сектор, исто така се зголемува на годишна основа. Во 2015 година споредено со 2014 година, депонентите со блокирани сметки бележат раст на учеството од само 1 процентен поен и со тоа, соодносот останува стабилен, што е индикатор за отсуство на позначајни нарушувања со ликвидноста на приватниот сектор.
Расте и бројката на блокирани сметки на граѓани
П
одатоците на Народната банка покажуваат дека расте и бројот на блокирани граѓани. Заклучно со декември, дури 77.005 луѓе имале блокирани сметки. За споредба, на крајот на 2008 година, блокирани им биле сметките на само 1.620 граѓани. „Во однос на физичките лица, статистиката покажува умерен раст на бројот на блокирани депоненти коишто во 2015 година зафаќаат 4,9% од вкупниот број на депоненти во банкарскиот сектор. Притоа, стапката на раст на блокирани граѓани во 2015 година забави и изнесува 27,4%, споредено со 47,6% колку што изнесуваше во 2014 година. Колку за споредба, во периодот за време на и по акутната фаза на кризата во 20092010 година, бројот на блокирани депоненти физички лица растеше и за 1 до 3 пати на годишна основа“, објаснуваат од Народната банка.
Б
локираната фирма е неликвидна и само поради таа причина не се покренуваат други специјални правни постапки. Но, по правило многу бргу блокираните фирми стануваат непрофитабилни и неконкурентни. Агонијата ја продолжуваат со користење на пресметковни форми на плаќање, компензации, цесии. Иако Законот за платен промет ваквите Павле Гацов форми на плаќање не ги дозволува претседател на Здружение на даночни за фирмите со блокирани сметки, со советници постојани измени се одлага примената на оваа императивна одредба. Имено, фирмите со блокирани сметки кои плаќаат пресметковно успеваат да ги избегнат обврските заради кои се блокирани нивните сметки и да плаќаат за нови долгови.
за 2,4%. Меѓутоа, оваа бројка значително се разликува од бројот на активните фирми кои што доставуваат годишна сметка до Централниот регистар иако веќе три години се применуваат измените на Законот за трговските друштва со што требаше неактивните фирми да се избришат од евиденцијата. Така, произлегува дека третина од сите фирми депоненти (сосе неактивните) се блокирани, додека пак, ако се спореди со бројот на активни фирми кој што според Државниот завод за статистика изнесува 70.659, повеќе од половина од компаниите се со блокирани сметки. Уште еден податок со кој Народната банка сака да докаже дека „нема позначајни нарушувања со ликвидноста на приватниот сектор“ е зголемувањето на денарските депозити на претпријатијата од 2013 година до сега, што според монетарната власт, укажува на редовни парични приливи кај корпоративниот сектор. Дел од економистите, покрај ефектите од кризата, велат дека лошото планирање но и недомаќинското однесување на газдите на компаниите исто така ги доведува нивните бизниси до пропаст. „Секоја фирма е приказна за себе но има неколку најчести причини за
пропаѓањето на фирмите поради презадолженост. Една од причините секако е кризата. Иако номинално БДП расте со 3%, многу од стопанствениците постојано ја споменуваат. Евидентна е неликвидноста, падот на куповната моќ, па сите оние што планирале со оптимистички проекции сега се непријатно изненадени“, вели професорот од Економскиот факултет, Сашо Арсов. „Друга причина е лошото планирање. Секој проект кој се финансира со кредити треба да биде убаво анализиран, да се направат добри, конзервативни, проекции и да се предвидат стратегии за излез, односно надминување на проблемите со ликвидноста до кои може да дојде. Не помалку важна е и третата причина: многу од приватните стопанственици располагаат со луксузни имоти во услови кога нивните компании не можат да ги отплаќаат долговите. Тоа значи дека значителни износи на средства се извлекувани од фирмите, без да се размислува (можеби и намерно) дека со тоа фирмата се остава без средства за преживување“, вели професорот Арсов. Аналитичарите објаснуваат дека блокирањето на фирмите во Македонија
Експерти: Најмногу блокирани за неплатена радиодифузна такса
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
24
компании и пазари
во најголем дел произлегува од обврските по основ на радиодифузна такса, комунални трошоци, данок на имот, јавни давачки и дури на крајот доаѓаат долговите по кредити и други облигации. Претседателот на Здружението на даночни советници, Павле Гацов, вели дека фирма може да блокира секој доверител преку режимот на активирање на извршна исправа (нотар, извршител), присилна наплата, присилно извршување и со судска пресуда. „Блокираната фирма е неликвидна и само поради таа причина не се покренуваат други специјални правни постапки. Но, по правило многу бргу блокираните фирми стануваат непрофитабилни и неконкурентни. Агонијата ја
продолжуваат со користење на пресметковни форми на плаќање, компензации, цесии. Иако Законот за платен промет ваквите форми на плаќање не ги дозволува за фирмите со блокирани сметки, со постојани измени се одлага примената на оваа императивна одредба. Имено, фирмите со блокирани сметки кои плаќаат пресметковно успеваат да ги избегнат обврските заради кои се блокирани нивните сметки и да плаќаат за нови долгови“, објаснува Гацов, и додава дека блокадата на сметката често пати е и главна причина за искажување на загуба која може да предизвика активирање на механизмите од Законот за трговски друштва. Еден од бизнисмените што го прашавме дали се подобрува
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
финансиската дисциплина, односно колку редовно компаниите си ги плаќаат обврските само кусо одговори „никој никому не плаќа“. Последните податоците од Централниот регистар за 2014 покажаа дека во Македонија важат убедливо најдолги рокови за плаќање во цела Европа. Македонските фирми во просек ги плаќаат обврските за 172 дена. Тоа е за четири дена подолго споредено со 2013 година. Тие пак, своите побарувања ги наплатуваат во просек за 120 дена. Најновото истражување на шведската компанија Intrum која го прави европскиот индекс на плаќања, покажува дека со рок на плаќање од 80 денови, најнедисциплинирани се италијанските компании. Во Португалија и Шпанија, минатата година во просек се чекало по 70 дена за наплата на побарување. Од земјите во регионот, најлошо е рангирана Хрватска каде што за наплата за чека 48 дена, во Бугарија 39 дена, во Словенија 36 дена, додека пак Босна и Србија се меѓу најдисциплинираните земји со рок на наплата до 30 дена. Кога станува збор за плаќања на обврските од страна на јавниот сектор, повторно Италија е на дното на табелата каде што за наплата се чека 145 дена. Останатите држави кои што беа најпогодени од европската должничка криза, како Португалија и Шпанија, исто така ги пробиваат сите нормални рокови за плаќање на обврските.
Половина милијарда евра ненаплатлив долг кон банките
Неликвидноста во приватните фирми ја чувствуваат на сопствена кожа и банкарите, иако за нив може да се каже дека „пливаат во пари“. Нив ги мачи тоа што, како што покажуваат најновите податоци на Народната банка, не можат да наплатат 483,5 милиони евра одобрени кредити. Тоа значи дека 10,6% од сите кредити се спорни за наплата што е двојно повеќе од просекот на лоши кредити во Европа и дури четири пати повеќе од просекот во САД. Банкарите потврдуваат дека наплатата на кредитите
оди многу тешко бидејќи компаниите се финансиски исцрпени од долгата економска криза и нивната платежна способност не се подобрува. „Генерално условите во работењето во овој сегмент не се драстично променети споредено со минатата година. Затоа и сметам дека ќе останат исти и годинава. Политичката криза имаше многу негативно влијание во 2015 година со оглед на тоа дека започна уште на почетокот на годината. Кога велам негативно влијание, не сметам дека ги турна целата економија и финансискиот систем во негатива или наназад, но значително го забави или целосно го анулираше трендот на пораст, што во услови на инертност во работењето, како што се во Македонија, сметам дека ќе изгубиме најмалку уште една година пред да започнеме да се движиме повторно напред со пораст и во услови на стабилност“, оцени претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка Битола, Владимир Ефтимоски. Од Народната банка пак велат дека податоците покажуваат стабилизирање на трендовите во последниот период. „Учеството на лошите кредити во вкупните кредити во последните три години постојано се одржува околу нивото од 11% и е најниско во регионот. Во однос на претпријатијата, по растот предизвикан од кризата, учеството на лошите пласмани исто така се стабилизира и во периодот од 2013 до 2015 година се одржува околу нивото од 15%. Во исто време, забележан е забавен раст на нефункционалните кредити на претпријатијата којшто лани изнесува 6,6% на годишна основа, во услови кога растот на вкупното кредитирање кон корпоративниот сектор зајакнува во последните две години и на крајот на минатата година изнесува 7,1%“, објаснуваат од Народната банка. nnn
ƴƤƷƸƦƤǎƪ ƦƳ ƴƵƳƶƷƳƵ ƭ ƶƷƭưÚ
~yn{k ȗl}r n 21.900€ ìĖÕĘĚĘÕęėĕ ǘǙǡÕí ƴǤǢǥǦǢǤ ǜ ǥǦǜǟÕ ƦǢ ǡǢǕǜǢǦ SUPERB ǢǕǜǙ ǘǕǙ ǞǓǤǓǞǦǙǤǜǥǦǜǞǜ ǨǧǡǞǪǜǢǡǜǤǓǓǦ ǕǢ ǥǢǕǤǬǙǡǓ ǩǓǤǠǢǡǜǻǓÕ ƲǓǻǣǤǢǥǦǢǤǙǡ ǕǢ ǞǟǓǥǓǦǓ ǥǢ ǡǜǛǓ ǜǡǢǕǓǦǜǕǡǜ ǙǟǙǠǙǡǦǜ ǛǓ ǠǓǞǥǜǠǓǟǙǡ ǞǢǠǨǢǤÖ ǕǢ ǞǢǠǔǜǡǓǪǜǻǓ ǥǢ ǡǢǕǜǢǦ ǣǤǙǪǜǛǙǡ ǜ ǙǠǢǪǜǢǡǓǟǙǡ ǘǜǛǓǻǡÖ ǡǢǕǜǢǦ SUPERB ǿǙ ǖǢ ǡǓǣǤǓǕǜ ǥǙǞǢǙ ǣǓǦǧǕǓǽǙ ǥǢǕǤǬǙǡǢÕ ƲǢǕǜǢǦ SUPERBÕ ƭǘǙǓǟǙǡ ǜǛǔǢǤ ǛǓ ƦǓǬǜǦǙ ǥǙǠǙǻǡǜ ǜ ǔǜǛǡǜǥ ǣǓǦǧǕǓǽǓÚ ƧǤǓǦǜǥ ǟǜǛǜǡǖ ǣǓǞǙǦØ ǣǤǕǓ ǤǙǖǜǥǦǤǓǪǜǻǓÖ ǞǓǥǞǢ ǛǓ ǣǤǕǓǦǓ ǖǢǘǜǡǓ ǜ ǓǕǦǢǢǘǖǢǕǢǤǡǢǥǦÕ ĘĖĞĎ ǠǙǥǙǫǡǓ ǟǜǛǜǡǖ ǤǓǦǓÕ
www.skoda.mk ƴƳƵƽƪ ƶƯƳƴnjƪ ǔǧǟÕ ƥǢǥǡǓ ǜ ƺǙǤǪǙǖǢǕǜǡǓ ę ƶǞǢǣǻǙ ǦǙǟØ ĕė ėě ėě ėěě
facebook.com/skodamacedonia Ʃƪ ưƸƯƶ ƤƸƷƳ ǧǟÕ Ěĕĕ ǔǤÕĚĚ ƯǧǠǓǡǢǕǢ ǦǙǟØ ĕĘĖ ęęę ĞĞĞ
ƤƸƷƳ ǧǟÕ ƧǙǡǙǤǓǟ ƥǢǤǢ ƴǢǪǞǢǕ ǔǔ ƶǦǤǧǠǜǪǓ ǦǙǟØ ĕĘę Ęė ĘĘ Ęę
ƶƯƶ ƤƸƷƳ ǔǧǟÕ ƧǙǕǖǙǟǜǻǓ ǔǔ ƧǙǕǖǙǟǜǻǓ ǦǙǟØ ĕĘę ėĖě ĘĕĖ
njƳƶƭƹƳƦ ƤƸƷƳ ƩǢǕǟǙȁǜǞ ǔǔ ƥǜǦǢǟǓ ǦǙǟØ ĕęĜ ėęĖ ĚĖĚ
Капитал број 851 19.02.2016
26
www.kapital.mk
Анализа
Кои се најбарани и најплатени професии во
Се бараат мајст врие од правни економисти Најбараните и најплатените професии во Македонија не одат рака под рака. Најмногу се бараат работници што ќе мешаат малтер, шивачи, кројачи, пекари, месари, но платата што ќе ви ја дадат работодавачите за некое од овие работни места нема да биде поголема од двеста евра. Од друга страна, меѓу најплатените се програмерите, фармацевтите, банкарите, но на пазарот врие од вакви кадри и ако веќе сте стекнале вакво образование, тешко ќе најдете работа. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, до третиот квартал лани во земјава имало вкупно 7.155 слободни работни места. Сепак, бројката на невработени граѓани е 34 пати поголема отколку бројот на слободни работни места во земјава.
Статистика: Бројот на невработени е 34 пати по
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
Н пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
о Македонија?
тори, ици и 5
Најбараните и најплатените професии во Македонија не одат рака под рака. Се бараат работници што ќе мешаат малтер, шивачи, кројачи, пекари, месари, но платата што ќе ви ја дадат работодавачите за некое од овие работни места нема да биде поголема од двесте евра. Од друга страна, меѓу најплатените се програмерите, фармацевтите, банкарите, но на пазарот врие од вакви кадри и ако веќе сте стекнале вакво образование, тешко ќе најдете работа. Аналитичарите велат дека неусогласеноста на понудата и побарувачката создава хаос на пазарот на работна сила. „Од една страна имаме хиперпродукција на високо образовани кадри од општествените науки, како на пример, правници, економисти, филозофи, голем дел од нив стануваат и магистри и доктори на науки а такви кадри ниту ни требаат во моментот, ниту пак ќе ни требаат. Од друга страна, немаме мајстори, никој не сака да меша малтер или да носи цигли“, вели Раде Ненадиќ, сопственик на агенцијата за привремени вработувања Партнер. Тој вели дека само 2% од децата што завршуваат основно образование, одлучуваат да продолжат во средно стручно училиште, додека сите останати се запишуваат во гимназија, средно медицинско или средно економско. „Од денешна перспектива за младите звучи неатрактивно да станат мајстори,
најбарани професии на пазарот во Македонија
XX Работници во услужни дејности XX Ракувачи со машини и постројки XX Програмери XX Техничари (графички, машински, градежни, текстилни) XX Технолози (фармацевтски, машински)
27 односно ѕидари, бравари, лимари, и дел од тоа се должи и на ниските плати што ги нудат работодавците за овие работни позиции, иако не можат да најдат работници. Грчки Актор на пример увезе 500 работници од Грција за да го изградат автопатот Демир Капија – Смоквица затоа што на пазарот во Македонија ги нема. Нема механизам што ќе ги натера работодавачите да им даваат високи плати на работниците, меѓутоа, мислам дека ќе се свестат кога набрзо ќе почнат да се затвараат конфекциите затоа што нема да има шивачи и кројачи. Многу брзо ќе им стане јасно на менаџерите на компаниите дека со плата од двесте евра нема да ги мотивираат младите да бидат работници“, вели Ненадиќ. Според него, мора да се преврти системот на вредности, да се намалат платите за административни работи во канцеларија за да се демотивираат младите да сакаат да го работат тоа, а да растат платите на работниците. Ненадиќ вели дека се уште голема е побарувачката на пазарот за информатичари, односно програмери, но и во овој сектор се чувствува презаситеност од кадри, па така сега веќе се бара нивно доусовршување, односно познавање на напредни програмски јазици. Најновото истражување на пазарот што го направи Агенцијата за вработување исто така покажува дека први на листата најбарани професии со високо образование се информатичарите. Така, работодавачите што ги анкетирала Агенцијата, во периодот од октомври до ноември лани, рекле дека најголема потреба имаат да вработат програмер, систем администратор, развивач на софтвер, инженер на софтвер, графички дизајнер. Од останатите професии, се бараат и градежни инженери, машински инженери, архитекти, фармацевтски технолози, технолози за фармацевтски производи, машински технолози за одржување на процесна опрема, маркетинг агенти, сметководители, економисти (за
5
најплатени професии на пазарот во Македонија
XX Вработени во воздухопловен транспорт XX Компјутерски програмери XX Фармацевтски технолози XX Финансиски дејности XX Телекомуникации
оголем од бројот на слободни работни места
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
28
Анализа
финансии, за осигурување, за банкарство, за менаџмент), правници. Меѓутоа, освен дипломата, од агенциите за посредување при вработувањето објаснуваат дека новата реалност наметнува работодавачите се повеќе да бараат други вештини и познавања кај кандидатите. Така, освен познавање на странски јазици и компјутери, работодавачите од кандидатите се почесто бараат и сертификати за надградени и усвоени меки вештини, кои вклучуваат комуникациски и презентациски вештини, способност за преговарање, решавање конфликти и работа во тим, како и изградени продажни вештини. “Во врска со барањата за посебни знаења и вештини кои треба да ги поседуваат потенцијалните кандидати за вработување, особено за пополнување на работните места со високо образование, работодавачите најмногу ја нагласуваат потребата од познавањето на странски јазици, (англиски, германски, италијански),
познавање на основни компјутерски апликации (MS Office, Auto Cad), како и стекнати напредни знаења и вештини од областа на информациската технологија (Server administrator, CISCO, Java programmer, Oracle). Притоа ја нагласуваат потребата од задолжително поседување на сертификати за стекнатите знаења“, велат од Агенцијата за вработување. Од Агенцијата објаснуваат дека од кадрите со средно или вишо образование, се бараат техничари - технолози, администратори, систем оператори, оператори на телекомуникациска опрема, графички техничари, електротехничари, машински техничари, електромашински техничари, машински техничари за одржување на опрема, градежни техничари, текстилни техничари, комерцијалисти, медицински сестри, техничари за обувки, фармацевтски техничари. Од среднистите, на пазарот најголема потреба има од шивачи, ткајачи, крзнари кројачи, продавачи, заварувачи, бравари,
столари, магационери, возачи (на такси, на товарно возило, на камион, на автобус), месари, пекари, келнери, готвачи, ѕидари, чевлари. Меѓутоа, токму овие кадри се и најдефицитарни. Со завршено основно образование, компаниите најмногу барале работници за едноставни работи во производствена линија, чевларски работници, ѕидарски работници, дистрибутери (малопродажба), хигиеничари на станбен и деловен простор, работници во високоградба, овоштарски и лозарски работници. Истражувањето Агенцијата за вработување обезбедува одредени краткорочни показатели за очекувањата на работодавачите во однос на новите вработувања и потребите од вештини со кои треба да располагаат кандидатите, како истите би можеле да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Фирмите бараат профили што и не постојат во образовниот систем
Последното истражување на Стопанската
Аналитичари: Најплатените не се и најбарани професии
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
30
Анализа
комора на Македонија спроведено меѓу своите членки, покажа дека многу компании, особено од преработувачката индустрија, се соочуваат со проблем да најдат соодветни кадри на пазарот. На прашањето дали имале проблем при вработување нови работници, од металопреработувачката и електроиндустријата, градежништвото и прехранбената индустрија, одговориле дека не можат да најдат заварувачи, и тоа за сите типови заварување, бравари, монтери, ракувачи на вилушкари, оператор на кранови, металуршки техничари, лаборанти за испитување на градежни материјали... воглавно сите технички профили, меѓу кои и машински и градежни инженери, како и технолози, маркетинг менаџери или пак тим лидери на продажба, во прехранбената индустрија. Комората побарала од фирмите да ги наведат и причините зошто не можат да обезбедат соодветни кадри, па им понудиле неколку одговори, како на пример, несоодветно ниво на образование; недостаток на знаења и вештини; недостаток на работно искуство; итн. “Сите овие причини фигурираат во
Раде Ненадиќ
сопственик на агенцијата за привремени вработувања Партнер
Н
еусогласеноста на понудата и побарувачката создава хаос на пазарот на работна сила. Од една страна имаме хиперпродукција на високо образовани кадри од општествените науки, како на пример, правници, економисти, филозофи, голем дел од нив стануваат и магистри и доктори на науки а такви кадри ниту ни требаат во моментот, ниту пак ќе ни требаат. Од друга страна, немаме мајстори, никој не сака да меша малтер или да носи цигли. Менаџерите на компаниите мора да сфатат дека со плата од двесте евра нема да ги мотивираат младите да бидат работници
одговорите од компаниите, но кај некои наведено е дека не ни постојат во образовниот систем“, објаснија од Стопанската комора. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, до третиот квартал лани во земјава имало вкупно 7.155 слободни работни места. Најголем дел од нив, односно 2.269 работни места се слободни во преработувачката индустрија, 1.328 во секторот трговија на големо и мало, 725 во градежништвото, 553 во секторот транспорт, 471 во хотелите и
рестораните. По одделни занимања, најмногу се бараат, односно дури 2.000 работници во услужни дејности и продажба, 1.541 ракувачи со машини, 911 техничари, и од друга страна 769 службеници што би имале работа во канцеларија и само 35 менаџери. Сепак, бројката на невработени граѓани е 34 пати поголема отколку бројот на слободни работни места во земјава. Заклучно со третиот квартал лани, невработени се дури 243.230 граѓани.
nnn
31
Капитал број 851 19.02.2016
издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
АНАЛИЗА
И
ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ГОДИНИ
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА
специјален прилог
АВТОМОБИЛИ
КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА
АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
4.100 20%
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?
денари, заштедете
УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.
ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ
600.000
ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!
COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!
6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА
ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!
со вклучени 15% попуст
АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!
КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД
ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
SKI & SPA
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!
ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
АНАЛИЗА
2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ
НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
МЕСЕЦИ
СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016
1,1
МИЛИЈАРДИ ЕВРА
ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА
PROFILE
МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач
СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК
Истанбул станува “мека” за стартапи
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
32
ИзвознИ стратегИИ
541 438
Извоз од македонИја м македон Ија кон косово к
По годИнИ
315
2009
(во милиони долари)
392 276
2010
2011
2012
2013
231
2014
187
2015
како да се зголемИ Извозот во косово?
Македонија го губи косовскиот пазар. Паѓа извозот на нафта, метали и храна...
очајно: 70 км до ПрИштИна за шПедИтерИте зн
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
33
Г
Неби Хоџа
бизнисмен
о губиме косовскиот пазар. Држава со која немаме ниту една реална бариера, па дури ни јазична. Позитивниот трговски биланс кој беше препознатлив за нашата соработка веќе го нема. Македонија уште еднаш ја испушти шансата да биде економска локомотива за регионот. Позиција која реално можеше да ја има кон Косово и Албанија со оглед на напредниот процес на евроинтегрирање кој беше со децении пред овие две соседни земји.
Г пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
„ Граничните бариери, недоволната меѓусебна информираност, немањето почести контакти меѓу бизнисмените, незадоволителните ангажмани во креирањето на заеднички проекти за настап пред европските фондови и слаби и ретки иницијативите за заеднички настап на трети пазари“, се само дел од причините кои ги наведуваат македонските и косовските стопанственици за негативниот тренд на економска соработка кој резултира пад на трговската размена и извозот НА Косово. Македонските производи се традиционално застапени на косовскиот пазар со години наназад. За време на поранешна Југославија голем процент од македонските производи се пласирале токму во оваа тогашна покраина. Македонскиот извоз кон Косово позасилено почна да расте после 1999 година и НАТО интервенцијата. Тогаш оваа територија падна под меѓународен протекторат, и во годините подоцна увозот од Македонија континуирано растеше. После прогласувањето на независноста на Косово, трговската размена меѓу двете земји надмина рекордни половина милијарда долари, од кои најголем дел отпаѓа на македонскиот извоз. Ако се анализираат податоците за македонскиот извоз во изминативе години, статистиката покажува дека во 2009 година Македонија извезла роба на Косово во износ од 315 милиони долари при вкупен обем на
М
Фатмир Бетиќи
Комора на Северозападна Македонија
ора да вложуваме повеќе во промоција на извозот. Оваа фраза кај нас се сфаќа само делумно и на терен реално не се презема ништо. Искуствата од поразвиените држави велат дека не е ништо страшно да се поддржува извозот, бидејќи државата би имала само корист. Со ваква статус кво ситуација корист нема никој.
Македонските и косовските бизнисмени бараат владите да помогнат во стабилизирање на опаѓачкиот тренд на трговска размена. Тие конкретно предлагаат симнување на граничните бариери, односно нивно заедничко интегрирано менаџирање и подигнување на економската соработка на повисоко ниво, преку поголема меѓусебна информираност, почести контакти, поголеми ангажмани во креирање на заеднички проекти и заеднички настап на трети пазари. Иако наголемо се зборуваше дека падот се должи на неработењето на ОКТА, податоците покажуваат дека освен кај нафтените деривати, намалување на извозот бележат и металната и прехранбената индустрија. размена од 325 милиони долари. Во 2010 продолжува нагорниот тренд на трговска размена со 438 милиони долари извоз. Во наредната 2011 година обемот на трговска размена расте на рекордни 577 долари, од кои цели 540 милиони долари се извоз. Надолниот тренд започнува во 2012 година кога извозот паѓа на 392 милиони долари, за наредната 2013 веќе да изнесува 276 милиони евра и во 2014 конечно да падне на 230 милиони долари. Во 2015 година извозот на Македонија кон Косово изнесува 187 милиони долари. Многу од бизнисмените кои ги консултираше Капитал ваквиот пад на извозот го поврзуваат со растот на вредноста на доларот и запирањето на извозот на преработена нафта кон Косово. Но, ако се анализира структурата на извозот падот не е само кај нафтените деривати, туку општо кај сите ставки и категории. Што се однесува до доларот нашите брифери со право коментираат дека неговата вредност не е порасната за цели 300% колку од прилика е разликата помеѓу извозот во 2011 година и 2015 година. Ова го потврдува и бизнисменот Неби Хоџа, кој е и претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија и предупредува дека Македонија неповратно го губи косовскиот пазар. „Го губиме косовскиот пазар. Држава со која немаме ниту една реална бариера, па дури
ни јазична. Позитивниот трговски биланс кој беше препознатлив за нашата соработка веќе го нема. Македонија уште еднаш ја испушти шансата да биде економска локомотива за регионот. Позиција која реално можеше да ја има кон Косово и Албанија со оглед на напредниот процес на Евроинтегрирање кој беше со децении пред овие две соседни земји“, вели Хоџа.
Потребна е промоција на извозот
Конечно дојдовме и до решенијата кои ги предложија самите бизнисмени и нивните претставници од Стопанските комори. Според Фатмир Бетиќи, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, во извозот кон Косово ни фали една работа која ја зборуваме со години и децении, а никако да ја спроведеме. „Мора да вложуваме повеќе во промоција на извозот. Оваа фраза кај нас се сфаќа само делумно и на терен реално не се презема ништо. Искуствата од поразвиените држави велат дека не е ништо страшно да се подржува извозот од страна на државата, бидејќи таа тоа би го правела за сопствена корист која подоцна ќе ја добие од развојот на извозниците. Со ваква статус кво ситуација корист нема никој“, вели Бетиќи. Според останатите познавачи на состојбите кои ги консултиравме , тактиката која поминувала за извоз на Косово во минатото
начат десет и повеќе сати чекање по граници
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
34
Извозни стратегии
Н Абедин Мурати
Ројал Фрејзер Фуд
а Балканот има пазар, но треба да се најде, а за тоа треба да се подржуваме. Ако се работи квалитетно и по сите стандарди, и ако имаш добра организација, има и работа и успех. Пречките за регионално поврзување се границите. Треба конечно сите да влеземе во Европска унија и да не се занимаваме со застарени граници. Еден камион натоварен со роба ми патува исто време до Хрватска и исто време со Косово.
О
д Призрен до албанското или црногорското море буквално се стигнува за час или час и половина. Тоа никогаш не било и сега навистина претставува голема предност. Конечно, македонските бизнисмени на дофат имаат брз и евтин транспорт како низ регионот, така и кон Италија и цела западна Европа. Затоа мора што побрзо да ги поврземе Арбен нашите патишта со албанските и Абдурахмани косовските автопатишта. Везе Шари
се потешко ќе се применува . „Косово во минатото беше политички затворено и немаше многу избор во поглед на надворешно трговските партнери и разновидноста на производи за увоз. Тоа веќе не е така и Косово како и секоја друга држава сега има неограничен избор. Така да ќе треба се повеќе енергија за да се освои овој пазар“, смета Бетиќи.
Итно да се тргнат сите бариери
Сепак не е се само во тактиките и промоција на извозот. На теренот постојат и реални пречки на кои сериозни поплаки имаат самите бизнисмени. На пример од Македонија кон Косово постои само еден граничен премин за тешки товарни возила кој вечито е блокиран поради долгите камионски колони. Самите бизнисмени велат дека не е во ред патот од Скопје до Приштина кој нормално треба да трае два часа со камион да се поминува за осум десет, па дури и 24 часа. Поради тоа, бизнисменот Абедин Мурати од Ројал Фрејзер Фуд од Тетово е дециден дека пречките за извоз на Балканот и општо регионално поврзување се границите. „Тоа е јасно и треба конечно сите да влеземе во Европска унија и да не се занимаваме со застарени граници“, вели Мурати. Неговиот колега Арбен Абдурахмани од Везе Шари на ова додава и поконкретни предлози што треба да се направи. „Од Приз р ен д о ал б ан ското или црногорското море буквално се стигнува
Косово е пазар со голем потенцијал
К
осово поради слабото домашно производство секоја година увезува производи од над 2,5 милијарди долари. Оваа држава има постојана потреба од храна, нафта, огрев, хемикалии, машини, минерали, текстил, керамика, стакло, електрична опрема и многу други продукти. Македонските компании и производи имаат повеќе децениска традиција на пласман на овој пазар на кој традиционално се купуваат. Пазарот иако е ограничен на помалку од два милиони луѓе во најголем дел го сочинуваат помлади лица кои се традиционално најголеми потрошувачи на увозни производи. Земјата од пред неколку години е автопатски поврзана со пристаништето во Драч што ја прави отворена порта кон Италија и остатокот од Западна Европа по најкраток и најевтин пат. за час или час и половина. Тоа никогаш не било и сега навистина претставува голема предност. Конечно македонските бизнисмени на дофат имаат брз и евтин транспорт како низ регионот така и кон
Италија и цела западна Европа. Затоа мора што побрзо да ги поврземе нашите патишта со косовските автопатишта, а со тоа и со автопатиштата и кон цела Западна Европа “ nnn
Визија: конечно да паднат економските граници на Балканот
26 2016
Енергетска ефикасност
февруари
специјален прилог
Нафтата на светските берзи одамна не била толку евтина, но тоа и онака не ги остави нашите џебови многу пополни. Како вистински и на долг рок да се заштеди на трошоци за енергија кај домаќинствата и бизнисите е клучното прашање со кое што се занимаваме во специјалниот прилог за енергетска ефикасност што ќе излезе на 26 февруари.
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
WWW.KAPITAL.MK
анализа специјален прилог
COVER STORY
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ТУРБУЛЕНЦИИ
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ
20 26 МАРТ 2015
ФЕВРУАРИ
2016
ПОЛИТИКА
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?
ИНВЕСТИРАЈ, ЗАШТЕДИ, ПРОФИТИРАЈ! ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА
БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
l Како да скратите трошоци: Намалете ја потрошувачката на струја и за над 30% од канцеларии до индустриски погони l Искуства на македонски компании што примениле енергетски ефикасни решенија l Кои се изворите за финансирање на енергетската ефикасност на компаниите во Македонија l Како домашните градежни компании ги применуваат енергетски штедливите решенија во своите објекти l Совети за секој дом: енергија се штеди l Што прави светот: Запознајте ги енергетски ефикасните градови
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
Капитал број 851 19.02.2016
48
www.kapital.mk
балкан бизнис и политика
Дали нашето платформа е утопија? Секако дека е. Но не повеќе од изјавите дека ЕУ, ваква каква што е, може да преживее. Или дека демократијата може да оживее преку враќање кон националните суверенитети, а притоа задржување на единствениот пазар и лошите договори за слободна трговија.
екс министерот за финансии на грција го промоВираше дВижењето дием25
Утопијата на ВарУфакис ќе ја спасУВа еВропа
Варуфакис, силно поддржан од светските филозофи и активисти славој жижек, Џулијан асанж, брајан ино, од целата левичарска елита во европа и од голем број зелени партии од еу, во вторникот во берлинскиот театар Volksbühne го промовираше новото движење кое, како што тврди тој, е единствена алтернатива за опстанување на еу. иако засега е само движење, сепак, дием25 има тенденција да прерасне во партија и да биде силен опонент на следните избори во еу
Веруфакис: еВропа се Враќа назад Во 1930-тит
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
С
Самопрокламираниот „неконвенционален Марксист“, поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис уште еднаш е во центарот на европското внимание. Овој пат, не од функција на официјален претставник на држава, туку како граѓанин на Европа, кој преку политичко движење сака да создаде нови промени во Европа, за која вели, дека каква што е денес не им служи на граѓаните. „ЕУ или ќе биде демократизирана, или за десет години ќе ја снема“. Позади ова мото всушност лежи инцијативата на Варуфакис, за појавата и основањето на новото движење во Европа - со перспектива да прерасне во пратија - Демократија во Европа 2025 (Democracy in Europe Movement 2025 – DiEM25, кое во вторникот беше преставено во берлинскиот театар Volksbühne. Варуфакис, силно поддржан од светските филозофи и активисти Славој Жижек, Џулијан Асанж, Брајан Ино, од целата левичарска елита во Европа и од голем број зелени партии од ЕУ, од германски Die Linke и SPD, преку британските Лабуристи и Зелени, до шпански Podemos, ирскиот Sinn Fein и словенечката Združena levica, на кратко објасни дека целта на ова движење е да се понуди алтернатива на недемократските европски структури и на политиката на затворање на националните граници. „Идејата тргна од искуството што Јанис Варуфакис го доби како министер за финансии на Грција, како одговор на сознанието дека дури ниту премиерите, претседателите и министрите за финансии немаат релевантна политичка моќ во денешната ЕУ, каде најважните одлуки се носат зад затворени врати. Европскиот парламент одамна е фарса, таму не се носат никакви одлуки. Најважните одлуки ги носи Еврогрупата, која не одговора пред никого и не е под јавна контрола“, објасни Хрватот Сречко Хорват кој го водеше целиот настан. За време на претставувањето на Движењето, Варуфакис пак рече дека ДиЕМ25 ќе ја „потресе Европа – полека, но силно“. Европа ќе биде демократизирана или дезинтегрирана и тоа ќе се случи многу брзо“, рече тој предупредувајќи дека во моментот Европа се претвора во „посмодерната верзија од 1930-тите години кога со неа владееја нацистите“, пренесува
49 Силна поддршка Варуфакис добива и од светски познатите филозофи и активисти како што е Славој Жижек и Џулијан Асанж. Токму со нив, пред два месеца, Варуфакис во Лондон дебатираше на многу теми – меѓу кои и за иднината на Европската унија. Сите тогаш се согласија, дека Европа ваква каква што е денес, е „капут“
The Guardian. Освен Варуфакис и Хорват, во театарот Volksbuhne во Берлин каде беше претставувањето на движењето, се обратија и Мигел Урбан Креспо, член на шпанската партија Подемос, филозофот Славој Жижек како и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. „Кога парламентите ќе станат театри, ние треба театрите да ги претвориме во парламенти“, рече Мигел Урбан Креспо, член на шпанската партија Подемос. Само за потсетување, Варуфакис е жесток и гласен критичар на мерките за штедење, поради кои и излезе од грчката влада, односно поднесе оставка од функцијата министер за финансии во моментот кога неговиот премиер и пријател, Алексис Ципрас се сложи да почне преговори со Тројката(ММФ, Европска централна банка и Европската комисија) за нов финансиски пакет за помош на Грција.
зошто Варуфакис го иницира ова движење?
Велика Британија ги има сите оправдани причини зошто сака да излезе од Европската унија. Ова во својата последна колумна во The Guardian, објавена два дена пред промоцијата на движењето, го напиша Јанис Варуфакис од каде и тргнува да објаснува зошто тој, поддржан од многу други политичари и активисти од Европа го почнува ова пан - европско движење. Сепак, тврди тој, излезот од ЕУ воопшто не е доследен одговор за сите погрешни политики кои ги прави Унијата. „Аверзијата на многу Британци кон ЕУ доаѓа од вистински причини, но доколку тоа се случи, ќе води кон погрешен одговор. Несомнено, Брисел ја презира демократијата и неодговорно владее. Но
Каде оди Европа според Варуфакис? XX недемократска и неодговорна унија XX излез на Британија и други членки од еу XX нови и повисоки огради XX загрозена безбедност XX лоши договори за слободна трговија XX распад на европска унија
Која алтернатива ја нуди Варуфакис? XX демократизација на еу, преку признавање дека доколку не се направи тоа таа ќе се распадне XX целосна транспарентност во донесување на одлуките XX итно преорганизирање на постоечките институции на еу XX донесување политики кои искрено ќе ја адресираат должничката криза, банкарството, неадекватното инвестирање, растот на сиромаштијата и миграцијата.
те кога Со неа Владееја нациСтите
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
50
балкан бизнис и политика
обидот на Дејвид Камерон да ја реформира Европа со цел Британија да остане, не прави ништо посебно во адресирањето на ова клучно прашање (демократија). Истовремено, и гласање за излез на Британија на претстојниот референдум не е одговор“, тврди Варуфакис. Евр оп ската заед ница, објаснув а поранешниот министер за финансии на Грција, во времето на своето раѓање беше одличен чекор. Нејзиното создавање дозволи да заживеат националниот култури во духот на европскиот космополитизам, преку исчезнување на границите, преку заеднички институции и споделен просперитет. И покрај различните јазици и култури, Европа успеа да се обедини, во мир и привидна хармонија. Сепак, расипаното јајце почна да ги јаде основите на оваа унија. Нормалните држави, како Британија, еволуираа низ вековите и создадоа полички механизам со кој се превенираа социјалните и економските конфликти меѓу закараните групи и класи. Но вака воопшто не се развиваше ЕУ и нејзината Бриселска бирократија. Европа го започна животот како картел на тешка индустрија (јаглен и челик, потоа производство на автомобили, потоа почва за фармери, за hi-tech индустрии и друго). Како и сите картели, идејата беше да се манипулира со цените и да се редистрибуира профитот преку бирократијата базирана во Брисел, вели Варуфакис. Овој европски картел и бирократија успеа да го администрира својот страв од демосот (народот) и ја презираше идејата за „влада на народот“, исто како што тоа го презираат и членките на ОПЕК, или било која друга корпорација. Стрпливо и преку методи, процесот на деполитизирање на носењето одлуки беше донесен, на тој начин што успеа да го одземе „народот“ од „демократијата“. Националните политичари беа многу добро наградени за нивните успеси да ги претворат Комисијата, Советот, Еврогрупата и Европската централна банка во зона ослободена од политики и ослободена од демократија. Секој кој се спротивставуваше на овој процес беше наречен „не- Европеец““, објаснува иницијаторот на ДиЕМ25. Ова е, подлабоката причина за аверзијата што многумина во Британија ја имаат кон ЕУ. И тие се во право: цената на деполитизирање на политичките одлуки не беше само пораз за демократија на ЕУ, туку исто така резултираше со слаби економски политики насекаде низ Европа. Во еврозоната, за да ги одржат нивните неспроведливи фискални правила, технократите сместени во Брисел и Франкфурт, обезбедија економиите кои ја имаа заедничката валута- еврото полека да се свртуваат кон политика за штедење, што резултираше со перманентна рецесија во послабите земји и слабо инвестирање.
Што нуди ДиЕМ25?
В
истински единствен пазар, кој ќе биде поле на искрена конкурентна игра, бара единствена правна рамка, идентична индустрија, пазар на труд и стандарди за заштита на околината, како и судови кои ќе воведат единствено право. Но, ова исто така бара заеднички парламент кој ќе ги пишува законите кои треба да бидат имплементирани насекаде низ овој единствен пазар како и извршно тело што ќе обезбеди дека одлуките на судот се спроведуваат, објаснува Варуфакис Луѓето, какви што се Британците, каде сите политичари ја вреднуваат идејата за суверен национален парламент, не можат да прифатат да се создаде ваква институција. Но што е алтернативата? Ако не може да се вратат назад кон национална држава ниту пак да се создаде слободна ЕУ зона, тогаш постои ли трет начин? Да постои. Тоа е оној кој официјална Европа, и други локални елити не сакаат да ја видат поради нивниот авторитарен мајндсет: тие се против враќање на демократија и преземање на контролата од неодговорните технократи, а сакаат владеење на корумпирани политичари и ограничени институции. Една едноставна, но радикална идеја е нашата мотивирачка сила: да ја демократизираме ЕУ преку признавање дека доколку не се направи тоа таа ќе се распадне, а цената ќе биде прескапа од тоа. Нашиот итен приоритет е целосна транспарентност во донесување на одлуките и итно преорганизирање на постоечките институции на ЕУ, во потрага по политики, кои искрено ќе ја адресираат должничката криза, банкарството, неадекватното инвестирање, растот на сиромаштијата и миграцијата. Дали ова е утопија? Секако дека е. Но не повеќе од изјавите дека ЕУ ваква кавка што е може да преживее. Или дека демократијата може да оживее преку враќање кон националните суверенитети, а притоа задржување на единствениот пазар и лошите договори за слободна трговија. Да, нашето движење ни изгледа утописки и нас. Сепак, единствената алтернатива доколку не се направи ова е: пред наши очи да се распадне ЕУ и нови и повисоки огради да бидат изградени кои ќе родат небезбедност во името на безбедноста. Колку повеќе нивните политики не даваат резултати, тие стануваат по авторитарни и понерационални во однос на политиките кои ги наметнуваа. Во меѓувреме, државите членки на ЕУ како Британија кои имаа добра проценка и останаа надвор од еврозоната, беа исто така под влијание на, пропаѓањето на Европа во дефлација, па сега заедно бараат инспирација и партнери преку Атлантикот, или во Кина, каде само разочарување и големи загуби на суверенитетот чекаат (како што е договорот за слободна трговија на ЕУ со САД).
Денес Европејците насекаде, од Хелсинки до Лисабон, од Даблин до Крит, од Лајпциг до Абердин, се чувствуваат изневерено од институциите на ЕУ. Многумина ја поддржуваат идејата за распад на ЕУ, освен што сакаат да се задржи единствениот пазар. Поддржувачите на планот за излез на Британија од ЕУ им ветуваат на своите гласачи дека со таквиот чекор тие ќе може да го вратат суверенитетот, а истовремено да имаат и пристап на Европскиот единствен пазар. Но, ова е лажно ветување, заклучува тој. nnn
ДиЕМ25: По Берлин, ДиЕМ25 ќе биде претставена во Мадрид
ДвоДневна обука на тема:
ПАКЕТ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА И ДЕЛОВНИ КОМБИНАЦИИ l 10-11.03.2016 l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје ЦЕЛ НА ОБуКАТА: Целта на обуката е да обезбеди знаење и вештини за подготовка на консолидирани финансиски извештаи. ПРЕДАВАчИ: МАЈА АТАНАСОВСКА, Сениор менаџер за ревизија Грант торнтон македонија
БОЈАН ПЕТРЕСКИ, менаџер за ревизија Грант торнтон македонија
Рок за пРијавување: 8 мАрТ 2016
СОДРжИНА НА ОБуКАТА: l мСС 27 – Поединечни и консолидирани финансиски извештаи l мСФИ 10 – консолидирани финансиски извештаи l мСС 28 – вложувања во придружени ентитети l мСС 31 / мСФИ 11 – учество во заеднички вложувања l мСФИ 12 – обелоденување на учество во други ентитети l мСФИ 3 – Деловни комбинации
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
www.kapital.mk
Капитал број 851 19.02.2016
52
Винска индустрија
Традиционално одбележување на Св. Трифун во винарија Стоби
Винарите и гостите заеднички се помолија за бериќетна година
П пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Пред повеќе од илјада луѓе , со литургија, закројување на лозите и богата музичка програма во винаријата „Стоби“ беше одбележан празникот Св. Трифун, заштитникот на виното и на винарите. Целодневниот настан на на кој присуствуваат голем број претставници од бизниссекторот, вински витези и советници, почна со молитва, освет ување и закројување на лозите, а продолжи со настапи на популарниот бенд „Љубојна“ и трубачот Џамбо Агушев, диџејот Џон Антонио и гудачкиот секстет на Пламенка Трајковска. Гостите ужуваа во концертите и ги дегустираа новите премиум-вина на „Стоби“ кои беа промовирани во декември минатата година. Станува збор за вината од типот: „Акација“, „Аура“, „Аксиос“, „Аминта“, „Вердо“ и „Веритас“ кои го претставуваат „најдоброто од најдоброто“ создадено од стручниот тим на винаријата. Според Ана Јорданова, главен вински уредник во винаријата, од раководството се задоволни од тоа како се развива приказната на винарија Стоби и фокусирани се кон тоа да продолжат да чекорат по нагорна патека. „Минатата година добивме огромен број на препораки и пофалби од вински стручњаци од реномирани медиуми како „Вашингтон пост“, „Волстрит журнал“, од винскиот советник на кралицата Елизабета итн. Бевме на најстариот вински натпревар во светот кој се одржува во Словенија и се вративме со четири златни медали. Воедно голем чекор нанапред беше и промоцијата на вината од премиум-линијата кои во моментов се наш најсилен адут така што се надеваме дека Св. Трифун ќе продолжи
Бериќетна година беше една од желбите споменати во молитвата кон Св. Трифун. Раководниот тим на „Стоби“се надева дека 2016-та година ќе биде исто толку добра колку и ланската.
да нè штити и оваа година“, „Стоби“ е модерно конципирана македонска винарија, лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, од каде што го добива и своето име. Произведува повеќе од 15 различни типови на вино од кои дел се продаваат и на европскиот и американскиот пазар.
Севкупниот капацитет на „Стоби“ е 4,5 милиони литри висококвалитетно македонско вино годишно, распределено во 4 категории – премиум, елит, класик и традиционални. Производството се базира исклучиво на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од 600 хектари. nnn
Традиција: Стоби секоја година се помасовно го слави Св Трифун
Капитал број 851 843/844/845 19.02.2016 25.12.2015
лидери лидери 54 54
роберт киосаки претприемач и инВеститор
Во секој проблем лежи можност
A
Авторот на една од најпознатите и најпродаваните книги „Богат татко, сиромашен татко“, Роберт Киoосаки освен што е автор, тој е и претприемач, инвеститори, финансиски коментатор и радио лик. Како голем претприемач тој често зборува и дава совети за тоа како да продавате, да брендирате и рекламирате. Еве дел од советите кои тој ги споделува за сегашните, но и идните претприемачи:
Најчесто, во вистинскиот свет, оној што напредува не е паметниот, туку одлучниот
Кога времињата се лоши, тоа е моментот кога вистинскиот претприемач стапува на сцена
Ако сте личност која чека „вистинското“ нешто да се случи, вие веројатно ќе чекате долго. Тоа е како да чекате сите семафори да покажуваат зелено барем пет милји пред да почнете да возете
Најбогатите луѓе во светот гледаат да градат мрежи, сите други гледаат да работат Ако го избегнувате неуспехот, вие исто така го избегнувате и успехот Во секој проблем лежи можност
Откажувањето е најлесната работа што може да се направи
Kритиката само ве прави посилни. Вие треба да слушате што тие имаат да ви кажат. Понекогаш овој фидбек помага, а понекогаш е само врева, која ви го одвлекува вниманието.
www.kapital.mk