КАКО РАБОТЕА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ И КОМПАНИИ ВО 2015
ПРОДОЛЖУВА ВРАБОТУВАЊЕТО ВО АДМИНИСТРАЦИЈА
КАЈ ИНДУСТРИЈАТА ПРОМЕНЛИВО, БАНКИТЕ СО ГОЛЕМ РАСТ НА ДОБИВКИТЕ
ПРЖИНСКИОТ ДОГОВОР НЕ ГИ СОПРЕ ПРИВРЕМЕНИТЕ ВРАБОТУВАЊА
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
WWW.KAPITAL.MK
СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЛАНИ ОДЛЕАЛЕ ОД МАКЕДОНИЈА
187,6
милиони евра дивиденди
ИНВЕСТИЦИСКИ
ТРИАГОЛНИК
УМЕТНОСТ
ДОАЃААТ ОД БЕРМУДА, А ОД МАКЕДОНИЈА СЕ ОДЛЕВААТ ВО ФРАНЦИЈА И БРИТАНИЈА
БРОЈ 853 | ЦЕНА 100 ДЕН. 4 МАРТ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
ПОМИНАТ ДЕН СО ВЕРА И ОЛИВЕР ОД ЉУБОЈНА
15 ГОДИНИ НА СЦЕНА
ЉУБОЈНА Е ИДЕЈА ЗА МУЗИКА
HUB СКОПЈЕ: Идеално место за да започнете со бизнис
3
Капитал број 853 04.03.2016
сОдржИнА
24 04
profile
08
нАВИгАТОр
АнгелА Меркел кој е планот Б на Меркел за мигрантите? И покрај големите субвенции Извозот на тутун на најниско ниво во изминатите 5 години
10
cover story
16
кАпИТАлнО
18
како работеа македонските фирми во 2015 Кај индустријата променливо, банките со голем раст на добивките БИљАнА ЗдрАВкОВскА сТОјчеВскА светската банка откри дека јавните пари се трошеле неефикасно
ИнВесТИцИИ
38 24
АнАлИЗА дебата: ефектот на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија Без повеќе домашни инвестиции и странските немаат никаква вредност
28
држАВнО упрАВуВАње
30
сТАрТАп сценА
34
еВОпскА унИјА
странските инвеститори лани одлеале од Македонија 187,6 милиони евра дивиденди
договорот од пржино не ги стопира привремените вработувања Над 3 милиони евра потрошени на привремени вработувања за една година Акцелаторот Hub скопје e новотo креативно место за македонските стартапи европскиот парламент изгласа нови правила Незаконски стекнатите пари да им се одземат на криминалците
50 36
преТпрИеМнИшТВО
38
уМеТнОсТ И кулТурА
44
ИсТОрИјА
50
Фонд за поддршка на жени и млади претприемачи ден поминат со Оливер и Вера од групата љубојна: 15 години на сцената Љубојна e идеја за музика група интелектуалци на чело со живко попов предлагаат На MаКедоНИја И ТреБа ИзВореН зеМСКИ ГрБ
нАукА Откритие што може радикално да го ревидира досегашното знаење за вселената ГраВИТацИСКИ БраНоВИ просторот сепак се витка
54 лИдер Џек дОрсИ
извршен директор на Twitter
успехот никогаш не е случаен
кАкО рАБОТеле ФИрМИТе лАнИ
БерМудскИ ТрИАгОлнИк
грАВИТАцИскИ БрАнОВИ
Светската криза донесе уште една тешка година за металургијата, најголемиот производител на лекови со стабилен раст на продажбата и извозот, телекомите се надеваат дека минатата е последна година на пад на заработката, а банките се во ренесанса: вкупниот профит на овој сектор е за безмалку 50% поголем! Направивме анализа на финансиските извештаи на македонските компании што котираат на Берза.
Странските инвеститори што работат во Македонија минатата година одлеале 187,6 милиони евра во вид на исплатена дивиденда кон матичните компании во странство. Во исто време, тие реинвестирале само 12,4 милиони евра од добивката. Траекторијата на странските инвестиции прави магичен триаголник, доаѓаат од Бермуда и Сент Винсент и Гренадини, а потоа од Македонија се одлеваат во Франција и Велика Британија.
детектирањето на гравитациските бранови изненади дури и некои научници кои ова предвидување на ајнштајн го сместуваа во научна фантастика, зашто и ним, како и нам, не им легнувало во глава она што сега е јасно - дека просторот кога во него ќе „влета“ масивен објект се витка како платно и се бранува како вода.
XX Стр. 10
XX Стр. 18
XX Стр.50
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 03.03.2016
profile
www.kapital.mk
Ангела Меркел
Кој е планот Б на Меркел за мигрантите?
Потезите кои ќе ги преземе Меркел и нејзиниот план Б во голем дел ќе зависат и од резултатите од изборите во Германија закажани за 13 март, кои ќе бидат своевиден тест за политиката на германската канцеларка кон бегалците.
Капитал број 853 04.03.2016
С
5
фото: Игор Бансколиев
Следната недела во понеделникот ќе се одржи специјален самит ЕУ – Турција на кои ќе се разгвара за следните чекори кои ЕУ ќе ги превземе околу мигрантската криза. Датумот на овој самит коинцидира со ултиматумот кој минатиот месец го даде министерот за внатрешни на Германија. Овој датум беше даден како период во кој треба да се имплеметираат мерките за намалување на бројот на имигрантите од Турција, а доколку овој план не дава резултати Германците најавија нови мерки за спас на Шенгенот. Некои аналитичари веќе најавуваат дека наскоро ќе може да почне да се спроведува планот Б на Меркел, иако таа јавно уверува дека нема никаков план Б за бегалската криза. Она на што ќе се фокуира Меркел, и за што ја бара отворената поддршка и од Франција, е заштита на надворешните граници на ЕУ, борба против причините заради кои бегалците бегаат од своите земји и намалување на бројот на илегални имигранти. Овој самит ќе се случува под притисокот на десетиците илјади мигранти кои се натрупуваат секојдневно во Грција. Проблем кој само посочува колку е итно да се донесе некакво решение. Ситуацијата во Грција покажува дека едностарното затворање на границите не го решава проблемот. Но, потезите кои ќе ги преземе Меркел и нејзиниот план Б во голем дел ќе зависат и од резултатите од изборите во Германија закажани за 13 март, кои ќе бидат своевиден тест за политиката на германската канцеларка кон бегалците. Во меѓувреме бегалската криза се заканува да прерасне во хуманитарна криза, откако некои европски земји, меѓу кои и Македонија, одлучија да ги затворат границите. Моментално над 25 илјади бегалци се наоѓаат блокирани во Грција, а тој број во следниот период ќе достигне и 70 илајди. Меркел сега бара мигрантите кои доаѓаат од Турција во Грција прво да се регистрираат во бегалските центри, што е сосема различна политика од онаа која се спроведуваше до минатата година, и со која на бегалците им се дозволуваше да патуваат слободно низ Балканската рута и да се регистрираат во Германија. Но, оваа политика наидува на се поголе отпор во Германија, каде се почесто се счучуваат и протести насочени кон се побројните бегалски кампови низ германските градови. Минатата година Германија примила повеќе од еден милион бегалци. Власта проценува дека во секоја од наредните пет години се очекува да пристигнуваат по половина милион бегалци. nnn
profile
Според податоците од UNHCR во бегалскиот камп кај Идомени околу 10 илјади мигранти од Сирија и Ирак се блокирани на македонско-грчката граница, кои чекаат да бидат пропуштени низ Македонија за да стигнат до Германија или Шведска. Дневно се пропуштаат неколку десетици бегалци, а истовремено секој ден пристигнуваат нови групи од Турција од по 900 до илјада луѓе.
Бегалците имаат нова рута кон Европа
Г
ерманскиот весник Шпигл објавува дека откако Македонија ја затвори границата бегалците нашле нови рути за да стигнат во Европа. Една од тие рути вклучува поминување низ Албанија, Црна Гора и БиХ, а потоа долж далматинското крајбрежје кон Италија и другите европски земји. Другата рута е слична на онаа по која веќе поминуваат бегалците со месеци наназад, која минува преку Македонија, Србија и преку централна Хрватска со Словенија. Според податоците од UNHCR во бегалскиот камп кај Идомени околу 10 илјади мигранти од Сирија и Ирак се блокирани на македонско-грчката граница, кои чекаат да бидат пропуштени низ Македонија за да стигнат до Германија или Шведска. Сега засега границата не е целосно блокирана, но дневно се пропуштаат по неколку десетици бегалци, истовремено пристигнуваат нови големи групи од Турција од по 900 до илјада луѓе. Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск , кој неделава беше во посета на Македонија, Грција и Турција, изјави дека намалувањето на бројот мигранти кои патуваат од Турција до грчките острови е клучот за избегнување на хуманитарна катастрофа.
“Референдум“ за политиката на Меркел кон бегалците На 13 март граѓаните на три сојузни покраини во Германија излегуваат на избори, кои уште се нарекуваат и “супер недела”, и на кои се покажува расположението на граѓаните која политичка опција ја поддржуваат. Според германските аналитичари, овие избори ќе бидат свовиден референдум за политиката на Меркел кон бегалците.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск , кој неделава беше во посета на Македонија, Грција и Турција, изјави дека намалувањето на бројот мигранти кои патуваат од Турција до грчките острови е клучот за избегнување на хуманитарна катастрофа.
6
Капитал број 853 04.03.2016 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
АНАЛИЗА
И
ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ГОДИНИ
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА
специјален прилог
АВТОМОБИЛИ
КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА
АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
4.100 20%
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?
денари, заштедете
УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.
ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ
600.000
ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!
COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!
6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА
ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!
со вклучени 15% попуст
АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!
КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД
ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
SKI & SPA
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!
ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
АНАЛИЗА
2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ
НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
МЕСЕЦИ
СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016
1,1
МИЛИЈАРДИ ЕВРА
ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА
PROFILE
МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач
СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК
Истанбул станува “мека” за стартапи
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
> БРОЈКА
АлКАлОИд СО РАСТ НА ИЗВ
157
милиони евра странски инвестиции влегле во Македонија во 2015 година според податоците на Народната банка.
во фокус
дИмИТРИС АВРАмОпулОС
Заради приливот на бегалци, Грција ќе се соочи со хуманитарна криза доколку во следните денови сите страни не ја преземат својата одговорност
еврокомесар за миграции
Ф
армацевтската компанија Алкалоид објави дека минатата година ја завршила со консолидирани продажби од 7,86 милијарди денари или околу 128 милиони евра, што е годишен раст од 6%. Дури 60% од вкупните продажби на Алкалоид минатата година се на странски пазари. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата лани изнесувал 4,62 милијарди денари или 75,2 милиони евра, што е годишно зголемување за 10%. Добивката пред финансиски трошоци,
и покрај голеМите субвеНции
извозот На тутуН На На Ниво во изМиНатите 5 г
в пишува:
Дејан азески
dejan.azeski@kapital.mk
Во 2015 година Македонија извезла тутун во вредност од 96,6 милиони евра, што е значително помалку од 109,5 милиони евра извезени во 2014 година, а уште помалку од извозот на тутун вреден 137,3 милиони евра. Минатогодишниот извоз на тутун е најмал во изминатите пет години,
а само за две години извозот на тутун е паднат за цели 30%. Она што е симптоматично е што падот на извозот се случува во период кога производителите на тутун добиваат огромни субвенциите од Владата, со кои се покрива значителен дел од трошоците за производство. Тутунската индустрија е една од традиционалните македонски извозни индустрии која учествува со 3,2% во БДП, со 3,9% во вкупното индустриско производство, а 4,1% од вкупните вработувања во индустријата се токму во оваа индустрија.
Зошто опаѓа извозот на тутун?
„Домашната тутунска индустрија е длабока зависна од случувањата во примарното производство. Тоа значи дека многу работи зависат од квалитетот и квантитетот во примарното производство, кое пак е поврзано со временските услови. Затоа не би можело како во другите индустрии да се зборува за
96,56
2011 2012 2013 Извор: Народна банка на Македонија
109,50
114,53
111,24
(во милиони евра)
137,34
ИЗвоЗ на тутун
2014
2015
некаков тренд, туку за моментална појава која со некоја наредна добра реколта би можела да се промени и на подобро“. Ова е ставот на Струмица Табак, една од најголемите тутунски компании во земјава, во врска со намалениот извоз на тутун. Сепак нивниот оптимизам во поглед на состојбите во тутунската индустрија не го делат сите. Според Васко Ристовски од Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија ова што го забележува македонската статистика во суштина е светски тренд кој во наредниот период само ќе продолжи да се интензивира. „Сите тие силни кампањи против тутунот и пушењето кои се промовираат со години и децении конечно почнаа да даваат резултати. Па така почна да се намалува и побарувачката на ориенталниот тутун на светските пазари. Многу веројатно
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
9
воЗот оД 10% и раСт на Добивката оД 8% даноци и амортизација (ЕБИТДА) за минатата година изнесува 1.157 милиони денари и таа е зголемена за 2%. Консолидираната нето добивка на Алкалоид минатата година изнесува 666 милиони денари или 10,8 милиони евра, што е раст од 8% во споредба со претходната година. Неконсолидираните продажби, пак, на Алкалоид минатата година достигнаа 6 милијарди денари или околу 98 милиони евра, и тие бележат годишен раст од 4%.
Неконсолидираната нето добивка, пак, за минатата година изнесува 645,6 милиони денари или околу 10,5 милиони евра, и таа лани е зголемена за 3%. Во текот на минатата година Алкалоид инвестирал во основни средства вкупно 986,8 милиони денари или 16 милиони евра. Во текот на минатата 2015 година во Алкалоид имало 102 нови вработувања, а на сите акционери компанија лани им исплатиле дивиденда од 189 денари по акција.
мисла на неделата успехот и на приватен и на професионален план не може да се оствари ако сте делумно или воопшто нефокусирани. во менаџментот фокусираноста е се
Тим Кук
главен извршен директор на Епл
лидери
ајнИско годИнИ на светскиот пазар има идеални услови за пласман на ориенталниот тутун
П
рилепскиот крај од поодамна е познат по идеалната микроклима за одгледување на ориенталниот тутун. станува збор за една од основните состојки во Бленд цигарите кои покриваат најголем дел од светскиот пазар. Регионот на Балканот конкретно грција, турција, Бугарија и македонија веќе подолго време важат за најголеми производители на овој тутун. според експертите кои ги консултиравме овие три соседни држави во последниве неколку години рапидно го намалиле производството на ориентален тутун што отвора огромен простор за македонските произведувачи. Иако најавите од овие земји се дека повторно ќе се оди на зголемување на производството, факт е дека тие нема да се вратат на старото високо ниво. доктор кирил Филиповски долгогодишен раководител на Институтот за тутун во Прилеп вели дека за македонскиот квалитетен тутун секогаш имало пласман на светските пазари, но дека сега моментот е особено поволен. „европска унија ги намали или целосно ги укина субвенциите за ориентален тутун во Бугарија и грција, а турција површините со тутун ги заменува со маслинки. тоа природно значи дека цената на светскиот пазар на овој вид култура ќе оди нагоре, а македонија како најголем производител по глава на жител во регионот тука треба да ја гледа својата шанса“ вели Филиповски. според него тутунот бил и ќе остане број еден земјоделски сектор во македонија и било какви обиди за пренамена на површините засадени со тутун во друга култура ќе останат економски неоправдани.
во 2015 година македонија извезла тутун во вредност од 96,6 милиони евра, што е значително помалку од 109,5 милиони евра извезени во 2014 година, а уште помалку од извозот на тутун вреден 137,3 милиони евра. минатогодишниот извоз на тутун е најмал во изминатите пет години, а само за две години извозот на тутун е паднат за цели 30%. она што е симптоматично е што падот на извозот се случува во период кога производителите на тутун добиваат огромни субвенциите од владата, со кои се покрива значителен дел од трошоците за производство. е дека ваквиот тренд ќе продолжи и во наредните години, а македонската индустрија веројатно треба да се задоволи на стабилизирање на некое ниво на преработка и извоз од 17 до 20 милиони тони“, вели Ристовски. Од Институтот за тутун во Прилеп, најстарата институција од овој тип на Балканот, побаравме одговори зошто и покрај субвенциите за производство на тутун, извозот се намалува. „Потребно е стимулирање на производителите, но не само по килограми произведен тутун, туку и по квалитет. Исто така е потребно окрупнување на поширокото производно балканско подрачје, со комерцијализирање на сорти погодни за соодветни производни реони на соседните земји за поголема конкурентност на светскиот пазар со поголемо и постабилно производство“, смета Гордана Мицевска, директор на Институтот за тутун во Прилеп. nnn
Дитер Зетче
Мерцедес ќе вработува луѓе наместо роботи во своите фабрики, за да го промени трендот кој масовно ја поттикнува невработеноста во светот.
марк ЗакерберГ
Повеќе од 48% од Американците го сметаат Закерберг за најдобар шеф од ИТ индустријата.
не им беше неделата
елена Гошева
Не престануваат реакциите за контроверзната одлука на Уставниот суд со која на Претседателот на државата му се дава за право да помилува за изборен криминал.
Хашим тачи
И покрај бројните противења во јавноста Хашим Тачи на „мускули“ беше избран за претседател на Косово, факт кој дополнително ја зовре политичката тензија во Приштина.
Капитал број 853 04.03.2016
www.kapital.mk
COVER STORY: КАКО РАБОТЕА МАКЕД STORY 10 COVER
КАЈ ИНДУСТРИЈАТА ПРОМЕНЛИВО, БАНКИТЕ СО ГОЛЕМ РАСТ НА ДОБИВКИТЕ Светската криза донесе уште една тешка година за металургијата, најголемиот производител на лекови со стабилен раст на продажбата и извозот, телекомите се надеваат дека минатата е последна година на пад на заработката, а банките се во ренесанса: вкупниот профит на овој сектор е за безмалку 50% поголем!
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
ДОНСКИТЕ БАНКИ И КОМПАНИИ ВО11 2015
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА нето приходи од камата милиони евра +12,4%
51,7 14,9 8,5
нето приходи од провизии милиони евра
-0,3%
нето добивка милиони евра +436%
СТОПАНСКАБАНКА–Скопје нето приходи од камата милиони евра +7,7%
54,8 15,2 34,8
нето приходи од провизии милиони евра
-2,9%
нето добивка милиони евра +26,7%
КАКО РАБОТЕА ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ БАНКИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2015 НЛБ ТУТУНСКА БАНКА нето приходи од камата милиони евра +22%
39,6 14,9 13,5
нето приходи од провизии милиони евра нето добивка милиони евра
ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ нето приходи од камата милиони евра +14,8%
16,1 4,3 6,5
нето приходи од провизии милиони евра нето добивка милиони евра
+15,8% +72%
-0,5%
+24%
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
12
Ф
Како работеше македонската индустрија во 2015
Алкалоид
пишува:
Игор Петровски
фармација
igor.petrovski@kapital.mk
Финансиските резултати на македонските компании излегуваат еден по еден на Македонската берза, и од она што до сега го гледаме (сите извештаи на котираните фирми треба да излезат до 15 март) заклучокот е дека во индустријата е променливо – некои со одлични резултати, некои стагнираат, кај некои има загуби, но затоа банкарскиот сектор е стабилен и профитабилен како никогаш. Ќе направиме преглед на резултатите на неколку домашни банки и компании од индустријата, за кои што беа излезени резултати до затворањето на овој текст, вторник, 01 март. Стопанска банка, на пример, во 2015 г. имала нето приходи од камата во износ од 54,8 милиони евра, што е за 7,7% повеќе од претходната година, додека од провизии и надоместоци спечалиле 15,2 милиони евра, или за 2,9% помалку од 2014. Се намалиле и приходите од тргување и од курсни разлики, додека за 19% пораснале приходите во графата “останати приходи од дејноста“. Банката лани имала за 19% помали расходи по основ лоши пласмани, во износ од 8,3 милиони евра, и за 34% помала загуба поради оштетување на нефинансиски средства, 1,19 милиони евра. На крајот, нето добивката на Стопанска банка за 2015 година изнесува 34,8 милиони евра што е за 26,7% повеќе од 2014, а заработката по акција е 109,8 денари. Претходно, Комерцијална банка објави дека лани работела со нето добивка од 8,53 милиони евра. Тоа е речиси шесткратен раст во споредба со претходната 2014 година кога банката работела со добивка од 1,5 милиони евра. Од Комерцијална банка информираа дека остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 26,8% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата и зголемувањето на останатите приходи од дејноста, при истовремено намалување на останатите расходи од дејноста. Во текот на изминатата година Комерцијална банка имала и подобрувањето на кредитното портфолио и зголемената наплата на побарувања, поради што е намален износот на издвоени дополнителни исправки на вредност по основ на кредити.
Приходи од продажба милиони евра
+6%
нето добивка милиони евра
+8%
128 10,8
Макстил металургија
Приходи од продажба милиони евра
59,5 4
-19%
нето добивка илјади евра
-75%
ВВ Тиквеш вино
Приходи од продажба милиони евра
19,4 595
+11%
нето добивка илјади евра
-6%
Европа
кондиторија Приходи од продажба милиони евра
12,3 543
нето добивка илјади евра
+5%
+62%
Мода
текстилна индустрија Приходи од продажба милиони евра
3,3 -300 нето загуба
до
45%
одат профитните маржи на домашните банки НЛБ Тутунска банка лани од камати заработила 39,7 милиони евра, што е за 22% повеќе во однос на 2014-та, а од
-21%
илјади евра
провизии и надоместоци 14,9 милиони евра, речиси идентично како и претходната година. Расходите заради лошите пласмани пораснале за 9,2% на 16 милиони евра, а останатите расходи од дејноста се поголеми за 8,8% и изнесуваат 13,2 милиони евра. На крајот, нето добивката на НЛБ Тутунска изнесува 13,5 милиони евра што е за 23,6% повеќе во однос на 2014. И Охридска банка лани имала голем раст
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
13 на нето добивката, од 72%, на 6,5 милиони евра. Приходите од камати на Охридска банка лани бележат намалување, додека нето - приходите на банката од провизии и од надоместоци лани се зголемени 15,8%, а нето - приходите од курсни разлики се зголемени за 21,7%. Најголемо зголемување има кај останатите приходи од дејноста, во кои се вклучени реализираната капитална добивка од продадени основни средства, продадени преземени средства за наплата на побарувања и приходи од дивиденда по основ на капитални вложувања, кои лани се зголемени за шест пати.
капитални добивки по тој основ, објаснуваат во Стопанска банка – Битола. Расходите поради отпис на лоши пласмани се намалиле за 5,8% на околу еден милион евра, додека останати расходи од дејноста биле речиси исти како и во 2014, 2,5 милиони евра. Нето добивката на Стопанска Битола лани изнесува 127,5 илјади евра и е за 95% помала од 2014. Уни банка, има пораст на приходите од камати за 3,4% и од провизии за 0,9%, а ги намалила оперативните расходи за 4,1%. Нето добивката на банката за 2015 година е 1,33 милиони евра и е зголемен за 20,4%.
Речиси 50% поголема добивка за цел банкарски сектор
80%
Во делот на средните и малите банки, Стопанска банка - Битола има намалување на нето приходите од камата за 42% на 4,3 милиони евра, што се должи на наплата на претходно отпишани побарувања по камати кои биле значаен извор на вонредни приходи од камати за банката. Пораст е забележан кај приходите од провизии и надоместоци за 12%, на 1,5 милиони евра. Останатите приходи од дејноста се пониски заради помалиот износ на капитални добивки од продажба на преземен имот за разлика од 2014-та кога беше продаден значителен дел од преземениот имот, по што бил исцрпен голем дел од можностите за остварување на
од профитот е направен во четирите најголеми банки Како што објавивме претходно, сите банки во Македонија лани заработија 75,4 милиони евра, што е зголемување на профитот за 47,3% за една година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор лани, односно околу 80% е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 59,7 милиони евра. Средните банки заработија 16 милиони евра, додека пак кај малите банки значително е намалена и загубата, од 1,5 милиони евра на само
околу 200 илјади евра. Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што инкасирале 233,4 милиони евра, што е за 9,7% повеќе отколку годината претходно. Зголемени се и приходите од провизии и надоместоци при што се наплатени 68,8 милиони евра.
Металургијата во криза речиси цела деценија
Да видиме сега како работеле компаниите во индустријата лани. Во металургијата, ситуацијата не е добра. Светската криза доведе до помала побарувачка за суровини и метали, што доведе до рекордно ниски берзански цени на металите и преработките. Сето ова се одрази и на работата на македонските металуршки компании, кои што речиси целото производство го пласираат за извоз. Макстил, производителот на челик, лани имал оперативни приходи од 59,5 милиони евра, за 19% помали од 2014 година, оперативната добивка била 1,1 милиони евра, за 10% помала, бруто добивката е помала за речиси 50%, а нето добивката изнесува само 251 илјада денари (4.000 евра), или за цели 75% помала во однос на годината претходно, и тоа првенствено заради повремените финансиски интервенции на акционерите за покривање на зголемените трошоци од работењето.
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
14
9
cover story
години безмалку трае кризата за производството на челик
“Крајно неповолните прилики се одржуваат речиси деветта година по ред“, велат во Макстил. “Почна со глобалната светска криза, на која се надоврзаа проблемите со јавните финансии во Европа, па ембаргото кон Русија и најново падот на економската активност на кинеската економија. Тука се и редица специфични проблеми од системска природа како забраната за увоз на старо железо од странство, цените на енергенсите и транспортот и сл. како и дополнителните трошоци поврзани со инсталираниот систем за заштита од емисиите од електролачната печка.“, објаснуваат во компанијата.
Вториот по големина производител на лекови во Македонија, Реплек, лани имал намалување на приходите од продажба за 28%, на 13,5 милиони евра. Приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 22%, а приходите од продажба на домашен пазар се намалени за 47% во однос на 2014. Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 48% во вкупните оперативни приходи. Значителниот пад на продажбата на домашниот пазар во компанијата го објаснуваат со завршувањето на договорот за испорака на инсулин склучен со Министерството за здравство, кој што завршил во август 2014 година. Оперативните расходи на Реплек лани биле помали за 33%, а оперативната добивка изнесувала 1,75 милиони евра, што е за 17% повеќе во однос на претходната година.
Алкалоид со поголем извоз за 10%
Европа и Тиквеш со раст на приходите
Кај фармацевтскиот сектор ситуацијата е следнава: Најголемата домашна фармацевтската компанија Алкалоид минатата година ја завршила со консолидирани продажби од 128 милиони евра, што е годишен раст од 6%. Дури 60% од вкупните продажби на Алкалоид минатата година се на странски пазари. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата лани изнесувал 4,62 милијарди денари или 75,2 милиони евра, што е годишно зголемување за 10%. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) за минатата година изнесува 18,8 милиони евра и таа е зголемена за 2%. Консолидираната нето добивка на Алкалоид минатата година изнесува 10,8 милиони евра, што е раст од 8% во споредба со претходната година.
60%
од продажбата на Алкалоид е за извоз
Во основни средства Алкалоид лани ин-вестирала 16 милиони евра, вкупните консолидирани обврски по кредити на 31.12.2015 година изнесуваат 5,8 милиони евра и во споредба со состојбата на 31.12.2014 година бележат намалување од 31%.
Финансиски резултати на Берза деновиве објави и ВВ Тиквеш, најголемиот производител на вино во Македонија, чиишто приходи од продажба лани пораснале за 11% на 19,4 милиони евра, при што продажбата на странски пазар е поголема за 14% и учествува со 41% во вкупните приходи. Продажбата на домашен пазар изнесува 11,4 милиони евра и е поголема за 8% во однос на 2014-та. Иако растот на вкупните приходи е значителен, бруто добивката бележи пад од 3% што се должи на зголемените откупни трошоци за основната суровина – грозје, објаснуваат во компанијата. Зголемувањето на трошоците за продажба и маркетинг (дистрибуција) и останатите оперативни расходи, резултираа со оперативна добивка од 1,93 милиони евра, што е намалување за 2%. Нето добивката од редовното работење пред оданочување на износ од 48 мил. денари е на исто ниво како и претходната година. Во прехранбената индустрија, поточно кондиторијата, еден од најголемите производители Европа од Скопје, лани направила продажби во вредност од 12,3 милиони евра, за 5% повеќе од претходната година. На домашен пазар (47% од продажбата) приходите пораснале за 2%, а на странски за 8%. Оперативните расходи на фабриката останале на исто ниво, 11,6 милиони евра, па оперативната добивка изнесува околу 656 илјади евра, што е за 62% повеќе од 2014. Чистата добивка на Европа по оданочување лани била 460 илјади евра.
Милион кошули премалку за добар резултат
Од текстилната индустрија, засега два поголеми производители ги објавија резултатите, Тетекс од Тетово и Мода од Свети Николе. Тетекс имал подобра година од претходната, односно вкупен приход поголем за 22%, на 4,9 милиони евра, што се должи на зголемување на приходите од продажба, зголемување на капитализираното сопствено производство како и на останатите оперативни приходи. Приходи од продажба се 3,8 милиони евра, што е зголемување од 10% споредено со истиот период 2014година. Значително влијание врз финансискиот резултат во 2015 имале и приходите од дивиденди, објаснуваат во Тетекс. Оперативната добивка на фирмата е негативна, односно има загуба од 285 илјади евра, што е големо намалување на загубата од претходната година, од 2,8 милиони евра. Заради финансиските приходи од преку еден милион евра, Тетекс покажува нето добивка од 767 илјади евра, што е шест пати повеќе во однос на 2014.
1
милион евра приходи од дивиденди ја спасија добивката на Тетекс
Мода од Свети Николе пак, лани забележала пад на приходите од продажба за 21%, на 3,3 милиони евра. На странски пазар (87% од продажбите) приходите паднале за 22%, а на домашен за 11%. Компанијата има загуба од редовното работење во износ од 18 милиони денари, а загубата по оданочување на непризнатите расходи изнесува 18,5 милиони денари. “Остварената загуба е резултат на фактот што приходите од работење се намалени за 21,6%, додека во истиот период расходите од работењето се намалени за само 6%. Ова главно се должи на намалените работни часови, поради нередовното снабдување со репроматеријали, особено во првата половина од годината и намалувањето на цените на извезените производи.“, објаснуваат во компанијата. “Мода“ имала послаба продуктивност изразена преку остварен девизен прилив на 1 работен час за 10%, на 3,68 евра. Обемот на продуктивни часови во 2015 бил 791.064 и е за 14% помалку во однос на 2014. Компанијата лани извезла речиси еден милион машки кошули во вредност од 2.9 милиони евра, што е за 22,5% послабо од 2014. nnn
Комфор: банките најдобро “пливаат“ во криза
пишува: Биљана Здравковска стојчевска
Светската банка откри дека јавните пари се трошеле неефикасно Анализата на ефикасноста на јавните трошења во однос на резултатите добиени од овие трошења, во споредба со другите земји од регионот, сугерира дека Владата можела да ги постигне истите резултати со значително помали трошења, како на пример, трошењата кои биле направени во образованието, инфраструктурата и социјалната заштита. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska
N
Неодамна Светската банка објави извештај, во кој се објавени резултатите од анализата на јавните трошења на Македонија. Експертите на Светската банка ги анализирале сите јавни трошења на Македонија во изминативе неколку години и дошле до прилично интересни заклучоци и уште поинтересни препораки колку ефикасно, однодно неефикасно се трошат јавните пари. Основното прашање на кое Светската банка се обидува да даде одговор е како Македонија да ги задоволи своите потреби за инвестирање, без да ја загрози фискалната одржливост. За да не дојде до рапидно зголемување на јавниот долг, јавните инвестиции треба да бидат проследени со фискална консолидација од страна на власта. Што се однесува, пак, до фискалната консолидација, Светската банка предлага неколку извори преку кои би можеле да се остварат заштеди во буџетот, како на пример, одржување на пензиските трошоци на констатен удел во БДП, намалување на субвенциите во земјоделоието, намалување на трансферите кон локалните власти, но и намалување на некои капитални проекти на централно ниво. Анализата на ефикасноста на јавните трошења во однос на резултатите добиени од овие трошења, во споредба со другите земји од регионот, сугерира дека Владата можела да ги постигне истите резултати со значително помали трошења, како на пример, трошењата кои биле направени во образованието, инфраструктурата и социјалната заштита. На пример, Македонија троши околу 4,1% од буџетот на образование, што е највисок износ во целиот регион, а индикаторите за квалитет за образованието се под регионалниот просек. Иако бројот на лица кои се запишуваат во високото образование се зголемува, квалитетот на високото образовани останува низок, констатираат експертите на Светската банка. Што се однесува, пак, до трошоците за здравството во Македонија тие се на ниво од 7,1% од БДП и се пониски во однос на некои земји од регионот и европскиот просек. Но, овој Извештај открива и еден податок кој досега не беше познат во јавноста. Имено, од Светската банка посочуваат дека во изминатите неколку години во здравството се натрупани неплатени обврски и долгови кои достигнуваат 0,6% од Бруто домашниот производ. Тоа би значело дека долговите на здравството надминуваат 50 милиони евра. Неплатени обврски исто така има натрупано и кај
КапиталНО
За да се зголеми ефикасноста на трошењата за субвенции во земјоделието, Светската банка предлага да се намали нивото на субвенции во земјоделието, да се зголеми уделот на субвенции кои ќе бидат насочени кон зголемување на продуктивноста, да се подобри таргетирањето на земјоделските субвенции и наместо да бидат поддршка на приходите, субвенциите да се насочат кон фармерите кои имаат вистинска потреба за субвенции. локалните власти и општините, посебно за неплатени комуналии. Светската банка предлага Владата да размисли за намалување субвенциите во земјоделството. “Македонија спроведува многу дарежлива програма на земјоделски субвенции која што опфаќа околу 90% од целиот буџет за земјоделството. Земјоделските сунбенции во Македонија по хектар се над просекот во ЕУ. Буџетот за земјоделие беше зголемен од 130 милиони евра во 2013 година на 150 милионои евра во 2015 година. Целта на програмата на земјоделски субвенции е да се зголеми конкурентноста, но најголем дел од парите одат за поддршка на приходите, додека само мал дел се инвестираат. Во некои сектори, како на пример кај тутунот, субвенциите покриваат значителен дел од трошоците за производство, што прави дисторзија во инвестициските одлуки. Многу мал дел од субвенциите се користи за поддршка на производи кои имаат голем удел во извозот”, се вели во Извештајот. За да се зголеми ефикасноста на трошењата за субвенции во земјоделието, Светската банка предлага да се намали нивото на субвенции во земјоделието, да се зголеми уделот на субвенции кои ќе бидат насочени кон зголемување на продуктивноста, да се подобри
таргетирањето на земјоделските субвенции и наместо да бидат поддршка на приходите, субвенциите да се насочат кон фармерите кои имаат вистинска потреба за субвенции. Во исто време, нивото на јавното финансирање на развојот на иригацијата и водната инфраструктура е незначително и тоа во иднина мора да се зголеми и на тоа да се гледа како на јавно добро од кое корист ќе имаат сите земјоделци. Многу се конкретни предупредувањата што Светска банка ги дава за пензискиот систем. Имено, ако не се направи некоја промена во однос на пензиите, тоа ќе води до зголемување на јавниот долг за 10 процентни поени до 2019 година. “Светската банка предупредува дека Македонија е општество кое брзо старее, и дека заради тоа трошоците за пензии значително ќе се зголемуваат. И покрај тоа што земјата во изминатите две децении направи неколку успешни реформи на пензискиот систем, тие не се доволни за да се спречи идното зголемување на трошоците поврзани со пензиите”. Во 2014 година трошоците за пензии биле 9,6% од БДП, што е блиску до трошењата кои ги имаат и други транзициони земји. Но, трошоците за пензии на долг рок значително ќе се зголемуваат. За зголемување
на дефицитот во пензискиот фонд придонесе и намалувањето на придоенсите за пензиско од страна на власта. Па така дефицитот во пензискиот фонд се зголеми од 2,9% од БДП во 2009 година на 4,5% од БДП во 2013 година. Без дополнителни пензиски реформи, трошоците во македонскиот пензиски систем може да пораснат до 15% од БДП, а дефицитот во пензискиот фонд да се искачи до високи 10,5% од БДП до 2030 година. Се чини дека дека е невозможно земјата да обезбеди фискална одржливост без дополнителни пензиски реформи, заклучуваат експертите на Светската банка. Иако основните проекции се јавниот долг да се зголемува умерено, Светската банка предупредува дека согласно трошењата кои се планирани со владината програма 2014 - 2018 година, долгот може значително и побрзо да се зголемува до ниво кога ќе биде доведена во прашање неговата одржливост. А во оваа програма има ставено прилично многу ставки и предизборни ветувања за поголеми плати, пензии, социјална помош, кои веќе почнаа да се реализираат. Затоа е непходно да се постават приоритети и фокусот да се стави кон инвестициски проекти кои ќе имаат висок економски поврат. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
18
Анализа
Странските инвеститори лани одлеале од Македонија
187,6
милиони евра дивиденди
инвестициски Триаголник доаѓаат од Бермуда, па од Македонија се одлеваат во Франција и Британија Странските инвеститори што работат во Македонија минатата година одлеале 187,6 милиони евра во вид на исплатена дивиденда кон матичните компании во странство, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Во исто време, странците во Македонија реинвестирале само 12,4 милиони евра од добивката. Салдото на странски инвестиции, пак, е намалено за четвртина и изнесува само 157 милиони евра. Траекторијата на странските инвестиции прави магичен триаголник, доаѓаат од Бермуда и Сент Винсент и Гренадини, а потоа од Македонија се одлеваат во Франција и Велика Британија. Капитал анализира кои се причините заради кои странците одлучуваат да ги одлеат профитите од Македонија, иако власта ги ослободува од данок кога би ги реинвестирале кај нас. Топ 3 земји инвеститори
евра 181,1 милиони милиони Сент Винсент евра 49,5 и Гренадини Германија евра 32,5 милиони Бермуда
Топ 3 земји по одлив на странски капитал
Франција Велика Британија Унгарија
евра 164,1 милиони евра 45,4 милиони евра 31,2 милиони
НБМ: Странските инвестиции лани се нама
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
19
С пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Топ 3 сектори по одлив на странски капитал
евра 103,7 милиони милиони Финансиски евра 33,0 сектор Производство на евра 25,0 милиони моторни возила Рударство
малени за 23,5%
Странските инвеститори што работат во Македонија минатата година одлеале 187,6 милиони евра во вид на исплатена дивиденда кон матичните компании во странство, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Во исто време, странските инвеститори во земјава реинвестирале само 12,4 милиони евра од добивката. Најголем дел од парите, дури 164,1 милиони евра минатата година се одлеале во Франција, 45,4 милиони евра во Велика Британија и 31,2 милиони евра се трансферирани во Унгарија. Не се знае кои се компаниите што ги одлеваат профитите надвор од Македонија, меѓутоа, по одделни сектори во економијата, најголем дел од нив, односно 103,7 милиони евра се одлеани од рударски компании, 33 милиони евра од финансискиот сектор, 25 милиони евра од компании што произведуваат моторни возила и приколки. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов објаснува дека износот на исплатените дивиденди лани е двојно понизок во споредба со 2014 година кога беа исплатени 364,2 милиони евра како дивиденди во странство. „Реинвестираната добивка која претставува разлика помеѓу новосоздадената вредност и исплатените дивиденди е позитивна, за разлика од 2014 година кога беше негативна. Распределбата, односно реинвестирањето на финансиски резултат се деловни одлуки на претпријатијата и се одраз на повеќе фактори кои меѓу другото ја рефлектираат и деловната стратегијата на економските субјекти“, објаснува гувернерот Богов. Меѓутоа, 2014 година беше рекордна по одлив на дивиденди бидејќи токму тогаш властите направија измени во оданочувањето на добивката, односно го укинаа ослободувањето од данок на добивка кога компанијата одлучуваше да ја задржи добивката на сметка, без да ја реинвестира. Така, во 2014 година странските компании ги распределија дивидендите од сите претходни години кога го задржувале профитот за да не плаќаат данок на добивка. Сега компаниите не плаќаат данок на добивка само во случај кога целиот профит го реинвестираат. Дел од инвестициските советници оценуваат дека репатрирањето на профитот кон компаниите мајки е резултат и на самиот мотив да се има поврат на инвестицијата. „Извлекувањето на дивидендите од страна на странските инвеститори е очекувано, односно нормална економска логика е да се распредели профитот кај сопствениците на компаниите. За нас ќе биде добро ако дел од профитите сепак се реинвестираат за да може бизнисите да растат и да отвораат нови работни места, но сигурно не може да очекуваме дека се што ќе заработат, тие ќе го реинвестираат“, оценува Верица Хаџи Василева Марковска, консултант во ААГ. Инвестицискиот советник Џон Јоновски, вели дека одлуките странските инвеститори да ги одлеат дивидендите кон матичните компании доаѓаат и во време кога негативни трендови во глобалната
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
20
Анализа
Р Димитар Богов
гувернер на Народната банка
еинвестираната добивка која претставува разлика помеѓу новосоздадената вредност и исплатените дивиденди е позитивна, за разлика од 2014 година кога беше негативна. Распределбата, односно реинвестирањето на финансиски резултат се деловни одлуки на претпријатијата и се одраз на повеќе фактори кои меѓу другото ја рефлектираат и деловната стратегијата на економските субјекти.
економија се засилуваат. „Во време кога повеќето развиени економии повторно се соочуваат со слаб економски раст, компаниите не сметаат дека
И
звлекувањето на дивидендите од страна на странските инвеститори е очекувано, односно нормална економска логика е да се распредели профитот кај сопствениците на компаниите. За нас ќе биде добро ако дел од профитите Верица Џон сепак се реинвестираат Хаџи Јоновски за да може бизнисите да инвестициски Василева растат и да отвораат нови советник Марковска работни места, но сигурно консултант во ААГ не може да очекуваме дека се што ќе заработат, тие ќе го реинвестираат.
е време да ги реинвестираат добивките во дополнителни капацитети, бидејќи и онака побарувачката за производите се намалува. Мислам дека поради тоа
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
странските инвеститори што веќе работат во Македонија, одлучиле да ги распределат дивидендите на сопствениците, односно нивните матични компании во странство“, вели Јоновски. Делумно, причините за одлевањето на странскиот капитал и слабиот интерес на странците да го прошират бизнисот, односно да ја реинвестираат добивката овде, може да имаат и политичка позадина. Претседателот на Германската стопанска комора во Македонија, Мартин Кнап, уште лани предупреди дека „капиталот е како срна, при првиот шум ќе избега“. Претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер исто така алармираше дека политичката криза и неизвесноста околу исходот ги воздржуваат инвеститорите да донесат донесат одлука дали ќе ги вложат своите пари во Македонија. Освен тоа, економистите оценуваат дека бегалската криза е уште една причина плус поради која што Македонија а и останатите балкански држави станаа неатрактивни во очите на странските инвеститори од Запад.
Многу црвени ленти пресечени, 23,5% помалку инвестиции привлечени
Одливите на дивидендите надвор од земјата лани го намалија и салдото на странски инвестиции.
В
о време кога повеќето развиени економии повторно се соочуваат со слаб економски раст, компаниите не сметаат дека е време да ги реинвестираат добивките во дополнителни капацитети, бидејќи и онака побарувачката за производите се намалува. Мислам дека поради тоа странските инвеститори што веќе работат во Македонија, одлучиле да ги распределат дивидендите на сопствениците, односно нивните матични компании во странство.
Според статистиката на Народната банка, нето приливот на странски директни инвестиции лани изнесува 157 милиони евра, што е дури 23,5% помалку во споредба со 2014 година. Бројките покажуваат дека привлекувањето на странските инвестиции лани доживеа фијаско, особено ако се анализираат проценките на Народната банка и Владата според кои салдото на странски инвестиции во 2015 година требаше да изнесува од 400 милиони евра во најоптимистичкото сценарио, до 240 милиони евра според најпесимистичките очекувања. Најголем дел од инвестициите лани дошле од островот Бермуда, од каде што Народната банка евидентираше прилив од 181,7 милиони евра. Втор најголем инвеститор во Македонија е исто така егзотичен остров, лоциран јужно од Бермуди. Со прилив од 49,5 милиони евра, тоа е Сент Винсент и Гренадини, кој што со години котира на врвот на ранг листата од каде што доаѓаат најмногу странски инвестиции во Македонија. Германија исто така важи за еден од најголемите инвеститори во земјава, со прилив од 32,5 милиони евра лани. Намалувањето на странските инвестиции од една страна, и одливите на дивидендите од друга страна, без притоа странците да ја реинвестираат добивката за што би биле ослободени
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
22
Анализа
од плаќање данок, повторно отвораат сомнежи колку е навистина Македонија рај за инвеститорите како што ја преставуваат властите низ светот. Економистите коментираат дека несомнено дел од причините за помалото салдо на инвестиции и одливот на капитал од странските фирми што работат овде може да се лоцира и во условите за водење бизнис. Претседателот на МАНУ, Таки Фити, коментирајќи ја бизнис климата во интервју за Капитал оцени дека подобрувањето на клучните сегменти на бизнис климата е одговорност на централната влада, но и на локалните влади (единиците на локалната самоуправа). Според него, скратувањето на времето за регистрација на фирми, т.н. “регулаторна гилотиња“, подобрувањето на ефикасноста на катастарот, рамниот данок, се сфери во кои во последниве години е постигнат напредок, „но други значајни сегменти на бизнис климата и понатаму се проблематични. „Тоа особено се однесува на хипертрофираната и неефикасна јавна администрација, слабостите во судскиот систем и ефикасноста на извршување на договорите, корупцијата, инволвирањето на политиката во бизнисот, лошата состојба со регионалната и локалната инфраструктура (лоши патишта, лоша комунална инфраструктура и сл.)“, изјави академик Фити. Од друга страна, Светска банка ја
рангираше Македонија на високото 12 место во најновиот извештај Doing business 2016. Со 80,18 поени, Македонија е највисоко рангирана од сите земји во регионот, па дури и од Германија, Канада или Австралија. Во однос на лани, забележан е скок нагоре за 18 места. Најдобри оценки од Светска банка Македонија доби за „стартување бизнис“ и во оваа категорија е рангирана на второ место со 99,86 поени, а во категоријата „плаќање даноци“ се наоѓа на седмото место со 94,17 поени. Земјата е најлошо рангирана во категориите „издавање градежни дозволи“ и „пристап до кредити“. 65.00, со што се наоѓа на 42 место. Меѓутоа, академик Фити објаснува дека Doing Business, состојбата на бизнис климата ја искажува преку т.н. композитни индекси кои даваат некаква апроксимација за напредокот во оваа сфера и ваквата методологија има одредени слабости за кои се свесни и нејзините креатори. „Ако направите модерна законска регулатива во одредена сфера, на пример, рангот на земјата можете значајно да го подобрите. Но ако отсуствува имплементација на регулативата (што е слабост на многу земји од Југоисточна Европа), работите суштински не се промениле. Ако го споредувате квалитетот на одделни сегменти на бизнис климата, на пример даночното оптоварување, Македонија со рамен данок, т.е. ниско оптоварување на бизнисот и на доходот
на граѓаните, ќе покаже подобра позиција од Германија. Но тоа не значи дека имаме поповолна инвестициона клима од Германија, бидејќи според други релевантни сегменти на бизнис климата (антимонополска контрола, пристап на фирмите до средства за финансирање на растот, софистицирани мерки за поддршка на малите бизниси, кредибилитет и ефикасност на институциите итн. итн.) Германија стои неспоредливо подобро не само во однос на Македонија, туку и во однос на многу други земји членки на ЕУ“, оценува Фити. Релевантноста на извештајот Doing Business ја оспори и лондонски Economist кој напиша дека е нереален и има многу недостатоци, кои го доведуваат во прашање рангирањето на земјите според условите за водење бизнис. Во текстот се проблематизираат повеќе аспекти на извештајот, особено фактот што не ги зема предвид критеритумите како што се безбедноста, корупцијата, големината на пазарот, финансиската стабилност и што ги фаворизира економиите со ниски даноци. Проценките на Народната банка за годинава, пак, се дека приливот на странски инвестиции ќе достигне 2,7% од БДП, што би било околу 270 милиони евра. Доколку овие проценки се остварат, тоа значи дека салдото на странски инвестиции ќе се зголеми за дури 80% во споредба со лани. nnn
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Ве известуваме дека на 20. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 10 март 2016 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8 кат, со почеток во 14:00 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови: „Долгорочни лузни на пазарот на труд при исклучително висока невработеност на младите: Докази од Македонија“, автори: Никица Мојсоска-Блажевски и Марјан Петрески; и „Предвидување на пресвртните точки на македонскиот бизнис-циклус со примeна на квалитативниот векторско-авторегресивен модел“ автори: Магдалена Петровска, Анета Крстевска и Никола Наумовски. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на 20. сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 8 март 2016 година на тел. +389 2 3298 505 или на е-пошта: marketing@kapital.com.mk. Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер и подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.
Капитал број 853 04.03.2016
24
www.kapital.mk
Анализа
Дебата: Ефектот на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија
Без повеќе домашни инвестиции и странските немаат никаква вредност
Странските инвестиции не може да бидат замена за домашните, беше констатирано на конференција на тема „Ефектот на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија“ во организација на Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) кои го презентираа изтражувањето од ефектот на СДИ во Македонија. Економистите кои учествуваа во дискусијата, порачаа државните институции да бидат транспарентни при давањето субвенции на странските инвеститори бидејќи тајноста на сумите што им се дваат како субвенции отвораат простор за многу сомнежи.
Едногласно: транспарентноста е итна и повеќе од неопходна
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
26
Анализа
Е Сашо Арсов
универзитетски професор
фектот на субвенционирани странски директни инвестиции врз македонската економија е дискутабилен, бидејќи нема јавна информација за бројката за исплатени странски субвенции. Секоја земја што има голема потреба од СДИ мора да понуди некој вид поддршка. Прашањето е до кој степен да биде таа и дали се добиваат очекуваните ефекти. Не сум сигурен дека инвестициите ги даваат екстерните, очекувани ефекти.
Н Љупчо Зиков
основач и директор на Капитал Медиа Груп
пишува:
Дејан Азески
С
dejan.azeski@kapital.mk
транските инвестиции се пропаднат бизнис модел кој не може да профункционира и поради непостоење на домашни фирми со кои би соработувале во поголема мерка. За да започне решавањето на целиот проблем со странските инвестиции неопходно е да се обезбеди транспарентност за секое евро кое се троши на нивното привлекување. Неопходна е кост бенефит анализа која ќе каже дали милионите вложени во привлекување на странски инвеститори не би можеле да се искористат на друго место со многу поголем поврат. Ова се дел од главните заклучоци на конференција на тема „Ефектот на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија“ која минатата недела се одржа во организација на Здружението на млади аналитичари и истражувачи. Според истражувањето на Здружението на млади аналитичари вкупните трошоци за привлекување на инвестиции од странство во периодот од 2009 до 2014 година изнесуваат 109,8 милиони евра. Според нивната анализа, странските компании кои работат во слободните економски зони минатата година извезле производи во вредност од 1,5 милијарди евра. Истовремено, увозот достигнал 1,37 милијарди евра што според истражувачите е и потенцијал за домашните компании кои можат да станат нивни доставувачи.
Странски инвестиции треба да има но приоритет на државата мора да се домашните
Според основачот на Капитал Медиа Груп , Љупчо Зиков кој беше еден од дискутантите на дебатата, не само патриотизмот, туку сите економски показатели говорат дека енергијата на државата целосно мора да се сврти од странските кон домашните
е само патриотизмот, туку сите економски показатели говорат дека енергијата на државата целосно мора да се сврти од странските кон домашните инвеститори. Нас ни е неопходен квантен скок во домашните инвестиции за да можеме да видиме корист и од странските. Овој бизнис модел мора да се промени. Мора да се создаде силна домашна економија која на големо ќе соработува, ќе се спојува и заеднички ќе работи со тие странски инвестиции. Во спротивно ефектот ќе продолжи да биде ист како и до сега се до некое идно укинување на државните стимулациите кога странските инвеститори веднаш ќе си заминат и нема да остават апсолутно ништо.
инвеститори. Зиков врз база на меѓународни искуства предупреди и дека странските инвеститори во прв момент на криза би ја напуштиле земјава. „Треба да се извлечеме од темата странски инвестиции и да се прашаме зошто немаме повеќе домашни инвестиции. Нас ни е неопходен квантен скок во домашните инвестиции за да можеме да видиме корист и од странските. Овој бизнис модел е пропаднат и мора да се промени. Мора да се создаде силна домашна економија која на големо ќе соработува, ќе се спојува и заеднички ќе работи со тие странски инвестиции. Во спротивно ефектот ќе продолжи да биде ист како и до сега се до некое идно укинување на државните стимулациите кога странските инвеститори веднаш ќе си заминат и нема да остават апсолутно ништо“, вели Зиков. Дека тезата на Зиков е точна најдобро говорат следниве податоци од истражувањето на Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ), за ефектот на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија. Имено еден денар странски инвестиции го зголемува домашниот бруто-производ (БДП) во истиот квартал за 0,2 денари, а потоа ефектот е никаков. Еден денар вложен од страна на домашните приватни инвеститори води до зголемување на БДП за 0,9 денари, а еден денар вложен од државата го зголемува БДП за 1,3 денари. Ова значи дека државните пари што биле потрошени на привлекување странски директни инвестиции би имале многу поголем ефект врз економскиот пораст, доколку биле потрошени на директни државни инвестиции.
Неопходна е квалитатативна анализа на ефектите од странските инвестиции
Професорот на Економскиот факултет, Сашо Арсовски, вели дека ефектот на субвенционирани странски директни инвестиции врз македонската економија е дискутабилен, бидејќи нема јавна
Н Кире Наумов
дополнителен заменик министер за финансии
ајголем проблем во врска со странските инвестиции е што никој во земјава не смее да знае под кои услови се тие дојдени тука што автоматски асоцира на можнa корупција. Случајно дознавме дека владата финансира 70% од инвестицијата на Ван Хол, бидејќи самиот менаџмент тоа го кажа. Колку пари се дадени за другите инвестиции е најстрого чувана тајна. Кај нас нема систем на одлучување како се делат субвенциите.
информација за бројката за исплатени странски субвенции. Потребен е поголем ангажман на македонските компании во однос на опслужување на странските компании, за ефектите врз економијата и од субвенционирањето да бидат поголеми. „Секоја земја што има голема потреба од СДИ мора да понуди некој вид поддршка. Прашањето е до кој степен да биде таа и дали се добиваат очекуваните ефекти. Не сум сигурен дека инвестициите ги даваат екстерните, очекувани ефекти“, смета Арсов. Арсов, сугерира да се направи квалитативна анализа на субвенциите и врз основа на тоа да се постапува селективно. nnn
Нетранспарентноста околу странските инвестиции отвара сомнеж за корупција
Д
ополнителниот министер за финансии Кире Наумов потенцираше дека најголем проблем во врска со странските инвестиции е што никој во земјава не смее да знае под кои услови се тие дојдени тука што автоматски асоцира на можно корупција. „Случајно дознавме дека владата финансира 70% од инвестицијата на Ван Хол бидејќи самиот менаџмент тоа го кажа. Колку пари се дадени за другите инвестиции е најстрого чувана тајна. Кај нас нема систем на одлучување како се делат субвенциите. Јасно е дека секоја земја треба да има странски инвестиции но тие треба да дојдат како шлаг на тортата. А не во привлекувањето на странските инвестиции државата да ја јаде целата торта“ смета Наумов.
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
28
Државно управување
Договорот од Пржино не ги стопира привремените вработувања
Над 3 милиони евра потрошени на привремени вработувања за една година
Р пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Речиси три милиони евра потрошиле лани државните и јавните институции за вработување на привремени кадри. Меѓу нив, најмногу вработувале јавните претпријатија, а по нив следат општините и министерствата. Притоа 1.600 вработени се со статус – седат дома, а земаат плата,
но нив никој не ги ангажира, оти истите чекаат трансфер во институциите и јавните претпријатија и веќе се водат како редовно вработени. Најмногу пари за ангажирање привремени ка д р и л а н и п от р о ш ил о Ј а в н ото претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје, кое одвoило нешто повеќе од 800 илјади евра за привремени вработувања. Меѓу општините, потреба за привремени работници лани имале Општина Куманово, Општина Ѓорѓе Петров, Струмица, Карпош, Кочани, Делчево, Брвеница, Демир Капија, Центар и Охрид. Сите заедно потрошиле речиси 619 илјади евра, а најмногу потрошила Општина Куманово- вкупно 120 илјади евра. Од министерствата, пак, привремени кадри ангажирало Министерството за правда, Управата за јавни приходи, Министерството за земјоделство и Министерството за животна средина. Сите заедно потрошиле 125 илјади евра, а најмногу пари потрошило Министерството
за земјоделство – речиси 49 илјади евра. Од почетокот на годинава, пак, веќе се потрошени 290 илјади евра за ангажирање на привремени работници. Потреба од ваков кадар имале Општина Конче, Велес, Гази Баба и Кривогаштани, потоа Министерството за земјоделство, како и неколку јавни претпријатија.
Не се знае колку вкупно привремено вработени работат во јавниот сектор
Освен парите потрошени за привремени вработувања, во Македонија се уште не постои точен податок за тоа колку вкупно привремено вработени кадри работат во државните институции и во јавните претпријатија или претпријатијата каде мнозински акционер е државата. Токму поради тоа, Брисел во последниот Извештај за напредокот на Македонија, бара државата да обезбеди точни податоци не само за редовно вработените на државна сметка туку и за привремено ангажираните.
Факт: 1.600 лица седат дома, а земаат плата
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
29 Неколку милиони евра годишно се трошат за ангажирање на привремено вработени кадри во услови кога се уште има такви кои седат дома и земаат плата. Последниот податок кој дојде од владата е дека дури 1.600 луѓе се со ваков статус. Но, и покрај тоа, само лани се потрошени речиси 3 милиони евра за ангажирање на привремен кадар. Годинава, пак, само во првите два месеци се потрошени 290 илјади евра, а според проекцијата во Буџетот за привремени работници само буџетските институции ќе потрошат 1,7 милиони евра
Буџетот за привремени годинава 1,7 милион евра, „потежок“ за 350 илјади евра од лани
П
о потпишувањето на Договорот од Пржино, беше донесена одлука дека сè до изборите, ќе нема вработувања во државните институции и јавните претпријатија. И додека такви навистина отсуствуваат, очигледно за привремените вработувања тоа не важи. Не само што не важи, туку и буџетот за нивно ангажирање бележи зголемување. Буџетот за 2016 година открива дека само за годинава за привремени вработувања државата одвоила 1,7 милиони евра. Тоа е за 350 илјади евра повеќе од лани, кога само од буџетот биле одвоени 1,35 милиони евра. Според податоците од Буџетот, во 2016 година, привремени вработувања ќе ангажираат Собранието, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, Министерството за образование, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за животна средина. Од нив, најмногу пари ќе потроши Министерството за здравство - вкупно еден милион евра, по што следи Министерството за финансии кое за ангажирање на привремени кадри од државата добило 187 илјади евра.
„Вкупниот број на постојани и привремено вработени, Кои буџетски институции ќе трошат од сите видови, треба да годинава за привремени вработувања Вкупно (во евра) биде јавно достапен на Институции редовна основа.(..) Декла- Министерство за образование 1 милион рираната заложба за Министерство за финансии 187 илјади транспарентност, отчетност 163 илјади и заслуги во јавната адми- УЈП нистрација е загрозена од МАНУ 114 илјади ад-хок мерките кои овоз- Собрание 76 илјади можуваат вработување во Министерство за труд 68 илјади јавна служба како социјална 49 илјади мерка, или масовното Министерство за земјоделство претворање на привре- Министерство за здравство 45 илјади мените вработувања во постојани вработувања. Ова исто така ја ограничува 4 институции кои потрошиле финансиската одржливост на најмногу пари во 2015 (во илјади евра) Институција/Претпријатие Вкупно поширока агенда за реформа на јавната администрација“, ЈП Комунална хигиена Скопје 806 стои во Извештајот. Неодамна, ЈКП Дервен Велес 284 Министерството за информатичко ЈЗУ Клиника за Реуматологија 199 општество и администрација (МИОА) почна да излегува со Општина Куманово 120 официјален податок за тоа колку брои јавната администрација, но кадри, лани беше донесен и Закон не беше објавен точен податок за бројот на привремено вработени. Тогаш за трансформација во редовен работен Министерството соопшти дека јавниот сектор однос, според кој државните институции и во Македонија брои 127.139 вработени во јавните претпријатија треба да им понудат редовен работен однос на неопределено вкупно 1.266 институции. Според соопштението од МИОА, најмногу време на волонтерите, хонорарците, вработени има во секторот образование ангажираните со договори на дело и и наука, 34.200, и во здравството, 19.826, вработените само на одреден период. додека најмалку во судството и културата. Решенија за трајно вработување треба Во институциите на централно ниво, како да добијат сите кои биле ангажирани собрание, влада, министерство, фондови, најмалку три месеци, заклучно со 30 агенции,… се вработени 17.077 лица, во ноември 2014 година, а во моментот на стапување во сила на законот се полицијата 11.359, а во одбраната 7.825. Но, освен обврската да се даде и точниот уште се на своите позиции, пишува во податок на привремено вработени Законот. nnn
Капитал број 853 04.02.2016
30
www.kapital.mk
Стартап сцена
Акцелаторот Hub Скопје e новотo креативно место за македонските стартапи
Hub Скопје: Идеално место за компании во рана
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.02.2016
31
В
H
Џејмс Стајн
директор на мисијата на УСАИД во Македонија
ub е креиран во духот на соработка. Им честитам на сите наши партнери денес: Проектот за микро и мали претпријатија, имплементиран од CEED и кофинансиран од Владата на Швајцарија, кој обезбеди финансии, Млади инфо и SWTA, кои ни помагаат да стигнеме до младите претприемачи и Impact Hub Global, мрежа која ќе ни помогне да обезбедиме врвни услуги.
С
Катарина Штокер
заменик шеф на мисија од Амбасада на Швајцарија
о последните осум години, во Швајцарија се отворени 50 нови коворкинг простори и бројот расте. Се надевам дека Македонија многу брзо ќе се најде на мапата земји со завиден број на коворкинг простори и бизнис акцелератори.
H
ub ќе нуди содржини како обуки за младите претприемачи, вмрежување, програма за менторство и пристап до извори на финансии, како што се клубот на Бизнис Ангели Весна на CEED (а преку Кардалевска него и пристап до Центар за развој EBAN), инвеститорски на претприемачи и менаџери платформи и инвестициски фондови.
пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Сакате да почнете нов бизнис или имате бизнис идеја за која уште не сте сигурни дека може да биде успешна. Тогаш акцелераторот Hub Скопје е вистинското место за вас. Овој акцелератор, минатата недела беше промовиран во Скопје, а Капитал разговараше со иницијаторите за да им помогнеме на сите македонски стартапи полесно и побрзо да се информираат за сите поволности кои ги нуди истиот. Станува збор за акцелератор, кој има кандидатски статус за членство во мрежата на Impact Hub Global, а е наменет за сите млади претприемачи кои имаат старт-ап бизнис, или пак бизнис идеја која сакаат да прерасне во старт-ап бизнис. „Услугите се нудат преку неколку различни пакети – пакет за инспирација, пакет за закуп на работен простор, пакет за акцелерација – секој од нив, во зависност од потребите на корисниците, нуди соодветни активности кои ќе го инспирираат корисникот, ќе му овозможат физички простор за работа или пак ќе го забрзаат развојот и растот на стартап компанијата, вклучувајќи и фонд за акцелерација. Покрај ова, Hub ќе нуди содржини како обуки за младите
Hub Скопје, кој има кандидатски статус за членство во мрежата на Impact Hub Global, е наменет за сите млади претприемачи кои имаат старт-ап бизнис, или пак бизнис идеја која сакаат да прерасне во старт-ап бизнис. Hub Скопје нуди креативна работна околина и совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент кои ќе ви помогнат да ја почнете успешно вашата бизнис приказна претприемачи, вмрежување, програма за менторство и пристап до извори на финансии, како што се клубот на Бизнис Ангели на CEED (а преку него и пристап до EBAN), инвеститорски платформи и инвестициски фондови“, вели Весна Кардалевска од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED) Македонија, кој е имплементатор на оваа програма.
Работна околина во духот на соработката!
Овој акцелератор нуди иновативна и инспиративна работна околина за
претприемачи и компании во рана фаза од развојот, фриленсери и индивидуалци кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Оваа работна средина вклучува – биро, пристап до интернет и сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување – совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент.
а фаза од развојот, фриленсери и индивидуалци
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.02.2016
32
Стартап сцена
Процесот на регрутација е во тек!
П
роцесот на регрутација е во тек – сите заинтересирани можат да ја посетат Facebook страницата HUB Skopje за да закажат состанок со вработените во Hub Скопје кои ќе им дадат детали за услугите и активностите кои се нудат. Притоа, во следните три месеци услугите ќе бидат достапни по промотивни цени. Инаку, овој проект е финансиран од Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, а е имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија.
“Hub е креиран во духот на соработка. Им честитам на сите наши партнери денес: Проектот за микро и мали претпријатија, имплементиран од CEED и кофинансиран од Владата на Швајцарија, кој обезбеди финансии, Млади инфо, кои ни помагаат да стигнеме до младите претприемачи и Impact Hub Global, мрежа која ќе ни помогне да обезбедиме врвни услуги”, рече директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн на отворањето на акцелераторот. Госпоѓа Катарина Штокер, заменик шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија која е кофинансиер на проектот, изрази надеж дека
овој акцелератор ќе биде поттик за отворање на дополнителни простории и акцелелератори за соработка. “Во последните осум години, во Швајцарија се отворени 50 нови коворкинг простори и бројот расте. Се надевам дека Македонија многу брзо ќе се најде на мапата земји со завиден број на коворкинг простори и бизнис акцелератори”.
Грантови за студенти со идеја за социјален бизнис
Социјалното претприемништво е формата на претприемништво кое ќе има посебен третман во овој акцелератор. Токму поради тоа, ќе се овозможува инкубација
и грантови за студенти со ваква идеја. „Hub Скопје ќе нуди активности кои го поттикнуваат и поддржуваат социјалното претприемништво кај младите. Така на пример, Млади Инфо, еден од патнерите во Hub Скопје се носители на програмата позната како Наградата за социјално претприемништво. Оваа програма се имплементира во 10 европски земји меѓу кои и Македонија, по принципот на доделена лиценца за одреден курикулум. Преку неа се овозможува инкубација и грантови за студенти со идеја за социјален бизнис која ќе се одвива во Hub Скопје“, објаснува Кардалевска. nnn
www.volkswagen.com.mk
КВАЛИТЕТОТ НЕМА КОМПРОМИС!
КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕН СО: - START/STOP систем
- ESP систем за контрола на стабилноста
- Мултифункционален управувач обложен во кожа
- Електронска блокада на диференцијал XDS
- Алуминиумски фелни
- 7 воздушни перничиња за врвна безбедност
- Металик боја
- Автоматски двозонски клима уред Climatronic
- Систем за детекција на замор
- Аудио систем со екран во боја, осетлив на допир
- Електрична паркирна сопирачка со Auto Hold
- Патен компјутер
КЕТ
ЗИНГ ПА
ОРШЕ ЛИ
ГРАТИС П
ја гистраци - Прва ре ина д о г рва п а з о к с - Ка
217€ месечна
та лизинг ра
GOLF TSI Trendline
14.990€ �926.382 ден�
ƎƭƯƷƤ ƐƩƭƮdžƤ ƠƲƪ ƀƭưƬƟ Ƨ ƔƤƯƵƤƢƭơƧƬƟ ƐƩƭƮdžƤ
ſƀ ſƲƱƭ Ʋƪ ƂƭƵƤ ƃƤƪƶƤơ ƠƯ ƐƱƯƲƫƧƵƟ
ſƊ ƃƍ ƍƴƯƧƣ Ɛơ ƄƯƟƦƫƭ ƍƯƭơƬƧƩ ƃƤƠƟƯƵƟ ƍƴƯƧƣ
ƀƇƐ ſƲƱƭ ƉƯƟơƟƯưƩƧ ƮƟƱ ƠƠ ƀƧƱƭƪƟ
ƉƭƪƤơưƩƧ ƎƟƪƫƧƯƭ ƑƭLJƟƱƧ ƠƠ ƐƩƭƮdžƤ
ƐƱƟƯƱ Ʋƪ ƀƭƯƧư ƉƧƣƯƧƶ ƃƤƫƧƯ ƉƟƮƧdžƟ
ƕƤƬƱƯƲƫ ƋƟƯƷƟƪ ƑƧƱƭ ƠƠ ƑƤƱƭơƭ
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.02.2016
34
Евопска унија
Европскиот парламент изгласа нови правила
Незаконски стекнатите пари да им се одземат на криминалците
Денес помалку од 1% од парите стекнати од криминални дејствија се враќаат назад во националните економии, стои во најновиот предлог текст доставен до Европскиот парламент во однос на борба со организираниот криминал и корупција. Затоа, Парламентот на ЕУ затоа изгласа нови правила со чија помош ќе биде полесно да се замрзне и заплени илегалниот имот на ниво на ЕУ.
С
л е д е њ е т о н а т е ко т н а незаконски стекнатите пари и нивна заплена можеби е поважен процес од самиот прогон на криминалците. Имено, денес помалку од 1% од парите стекнати од криминални дејствија се враќаат назад во националните економии, стои во најновиот предлог текст доставен до Европскиот парламент во однос на борба со организираниот криминал и корупција. Парламентот на ЕУ затоа изгласа нови правила со чија помош ќе биде полесно да се замрзне и заплени илегалниот имот на ниво на ЕУ. Нацрт- законот бара од државите членки да овозможат одземање на криминално стекнатиот имот по правосилната
пресуда. Тоа исто така им овозможува на властите да запленуваат имот, дури и ако осомничените или оптужените се болни или избегале, на пример по пат на „постапка во отсутност“. Новите правила ќе им овозможат на државите членки да го одземаат имотот стекнат преку слични криминали, како во случаите со активна и пасивна корупција во приватниот сектор, активна и пасивна корупција во која учествуваат претставници на институциите на Европската унија или државите членки на ЕУ, нивно учество во криминално здружување, детска порнографија и сајбер криминал. Одземањето на имотот ќе биде можно во случај на стекнување на имотна корист, кога третата страна знаела за нејзиното незаконско стекнување или во недостаток
на такво сознание, разумна личност кога во таква ситуација би се посомневала дека неговото потекло е незаконско, на основа на конкретни факти и околности. Со цел ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал и тежок облик на криминал, а во согласност со стекнатото искуство, државите членки би требало во своите казнено – поправни институции да воведат казнено дело на основа на која би се казнувало и прогонувало однесување чија цел е привидно пренесување на сопственоста и расположливоста на имотот на трето лице со цел да се избегнат мерките за заплена и одземање. Европскиот парламент по овој повод објави и интервју за европратеничката Моника Луис Маковеи. Еве што во интервјуто вели таа за овој предлог закон:
Маковеј: Да се воведе можност за заплена без пресуда
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.02.2016
35 Нацрт- законот бара од државите членки да овозможат одземање на криминално стекнатиот имот по правосилната пресуда. Тоа исто така им овозможува на властите да запленуваат имот, дури и ако осомничените или оптужените се болни или избегале, на пример по пат на „постапка во отсутност“. XX Кои се главните предности на предлогот? Ќе можат ли националните буџети да почувствуваат разлика? Националните буџети ќе имаат корист оти незаконски стекнатите пари ќе бидат вратени назад во буџетот. Ако не го направиме ова, парите повторно ќе бидат вложени во организиран криминал, веројатно испран и засекогаш изгубен за буџетските благајни. Според тоа, корист ќе имаат и националните буџети и европскиот буџет. Едноставно – луѓето ќе станат побогати, а не посиромашни. XX Колку е важно да се координираат мерките помеѓу државите членки и која е улогата на Парламентот? Некој може да има незаконски имот во друга држава членка на Унијата,
па тие држави ќе мора да соработуваат ако сакаме тој имот да биде запленет. Државите веќе можат да запленат имот после пресуда и тоа ќе мора да го зајакнеме. Меѓутоа, многу е важно да воведеме можност на заплена која не е последица на пресуда, нешто што денес постои само во некои членки. Ако имотот е резултат на криминални активности, државите ќе можат тоа да го докажат без да бараат таа личност да се смести позади решетки. Значи, не е потребна казнена пресуда, туку се бара судот да пресуди за стекнатите пари, што е многу поважно од затварање на криминалците кои ги задржуваат сите
МоНиКА МАКовеј Ако парите не се одземат о вратат во националните буџети, тие пари повторно ќе бидат вложени во организиран криминал, веројатно испрани и засекогаш изгубени за буџетските благајни
нелегално стекнати пари. XX Ако заплената биде без казнена пресуда, некои се грижат дека се работи за начело спротивно од човековите права. Предложениот текст е во согласност со членот 6 од Европската конвенција за човекови права, која гарантира фер судење и вклучување на останатите мерки. Секогаш судот и судијата ќе одлучуваат. nnn
Капитал број 853 04.03.2016
36
www.kapital.mk
Претприемништво
ФОНД ЗА ПОДДРШКА НА ЖЕНИ И МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ Како уникатен модел на соработка меѓу УСАИД и Ecolog International прави голема разлика врз локалниот економски развој
К
ога ќе се спомне зборот „претприемач“, кај многумина од нас несвесно се јавува слика на маж. Оваа појава веројатно не е изненадувачка во општиот контекст на полова нееднаквост во светот, ниту пак во контекстот на ниската застапеност на жените како бизнис лидери во Македонија. Иако половина од вработените во Македонија се жени, последните проценки покажуваат дека само 15-30% од сите претприемачи се жени. Во Полог, каде што само 20% од жените се официјално економски активни, таа бројка е многу помала. Полог е втор регион во Македонија по густина на население и по природниот прираст на населението. Од макро-економска гледна точка, овие фактори значително придонесуваат во зголемувањето на побарувачката за секаков вид на добра и услуги. Истовремено, Полог бележи најнизок бруто домашен производ по глава на жител, што укажува на потреба од намалување на јазот меѓу понудата и побарувачката. Во оваа приказна жените од регионот се наоѓаат растргнати меѓу нивната традиционална општествената улога и економскиот притисок врз нивните семејства. Голем број на жени гледаат на претприемништвото како потенцијален излез од оваа ситуација – начин за зголемување на семејните примања во земја во која е тешко да се стигне до работно место. За жал, патот на овие жени претприемачи не е лесен. Дури и кога жените се прифатени како еднакви на полето на претприемништвото, одржувањето на нов бизнис додека стане профитабилен е голем предизвик во сегашната економска клима. Сепак, добрата вест е дека во последните две години се јавуваат нови можности за надминување на овие пречки. Проектот за експанзија на мали бизниси е проект на УСАИД кој со кофинансирање од Владата на Швајцарија работи на стимулирање на локалниот економски развој во Македонија преку иницијативи за поддршка на мали бизниси. Една од овие иницијативи се фокусира токму на жените претприемачи. „Во 2013 година ја започнавме иницијативата Жени во бизнисот која цели да го олесни проширувањето на бизнисите предводени од жени во Полог кои имаат добар потенцијал за раст. Во пилот фазата беа одбрани неколку постоечки мали бизниси кои со помош на наменски грантови во износ до 5.000 долари успеаа да се прошират, да создадат нови работни места и да го зголемат профитот,“ објаснува Мирјана Македонска, директорката на Проектот за експанзија на мали бизниси. Вредноста на поддржувањето на жените претприемачи ја потврдуваат и економските истражувања. Истражувањето „Global Entrepreneurship Monitor 2012“ заклучува дека жените во
Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи поддржува најразлични бизниси, од традиционални до модерни.
пазарите во развој реинвестираат дури 90% од својот профит во „човечки ресурси“ – образованието, здравјето и прехранувањето на своите фамилии , што води до намалување на сиромаштијата, особено во руралните заедници. Во поширок контекст, според истражување на Министерството за интеграција и родова еднаквост на Шведска, родовата еднаквост позитивно варира со бруто домашниот производ по глава на жител кај земјите членки на Европската унија. Со други зборови, кога жените имаат прилика да ги работат истите работи како мажите без дополнителни пречки, економските придобивки можат да се почуствуваат на макроекономско ниво.
Еколог и УСАИД го отворија Фондот во март 2014 година. Љазим Дестани, претседател на Советодавниот одбор на Еколог (лево) и Пол Волерс, поранешен Амбасадор на САД во РМ (десно).
Благодарение на првичниот успех на иницијативата Жени во бизнисот и потребата од дизајнирање на одржлив механизам за поддршка на жени и млади претприемачи, во 2014 година Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси склучи партнерство со групацијата Еколог – интернационална компанија со главно седиште во Дубаи, која во 18 години прерасна во глобален играч на пазарот на инфраструктурни услуги, синџири на снабдување, логистички решенија и услуги за животната средина. Со таа цел УСАИД и Еколог го основаа Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи со заедничка почетна инвестиција од 30.000
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
37 американски долари. Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи е развоен фонд кој има за цел содавање на нови работни места и зајакнување на локалната економија од една страна, и подобрување на социјалната инклузија на особено ранливите групи како што се жените и младите од руралните заедници од друга страна. „Иницијативата за поддршка на развојот на малите бизниси е блиска до нашата филозофија на компанијата и ја поддржуваме оваа идеја за помагање на специјални групи во заедницата како што се жените и младите,“ вели г-динот Љазим Дестани, претседател на Советодавниот Oдбор на Еколог. „Многу сме среќни што сме во партнерство со УСАИД за заедно да можеме да ги поддржиме жените и младите претприемачи во имплементирање и проширување на нивните бизниси.“ Од Еколог додаваат дека филозофијата за иницирање, мотивирање и подршка на микро и фамилјарни бизниси преку социјални финансирања пртеставува основа на CSR стратегијата на групацијата. Преку вакви програми на бизнис ангели најдобро може да се потикне вработувањето на посебните таргет социјални групи, меѓу кои и жените. Во полошкиот регион е потребна институционална подршка и интензивна „позитивна дискриминација“ за да се забрза промената на социјалната култура во насока на инклузивност. Оттука соопствениците на Еколог своите почетни чекори ги започнале со сличен концепт, замислено и стратешко создавање на инструменти за подршка на другите. Од Еколог објаснуваат дека корпоративната социјална одговорност (CSR) не треба да се гледа само како милостина или алатка за односи со јавноста, туку како начин за обезбедување одржлив развој на една компанија. Младите генерации кои денес се дел од работната сила се позагрижени за социјалното влијание на нивната работа отколку нивните претходници, па затоа една компанија со добра стратегија за корпоративна одговорност и тројна добивка (triple bottom line – фокус на луѓето, планетата и профитот) ќе може полесно да привлече нови кадри. Што се однесува на Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи, тој бележи континуиран раст на средства благодарение на партнерството и инвестициите на општините Боговиње, Брвеница, Тетово и Гостивар, како и компаниите Фриготехника, Ас мобеланд, Универзал аутопартс. Ова јавноприватно партнерство доведе до зголемување на средствата во Фондот во вредност во износ над 140.000 американски долари заклучно со 2015 година. Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи е раководен од фондацијата Егалите. Санела Шкријељ, извршната директорка на Егалите, е задоволна од досега постигнатите резултати. „Фондот во својата двегодишна работа има исплатено 55.000 долари во мали грантови за поддршка на 22 бизниси предводени од жени и млади. Задоволство ми е да кажам дека со оваа релативно скромна сума поддржаните бизниси отворија 43 директни и 39 индиректни нови работни места и ги зголемија нивните примања за околу 40%,“ вели таа.
Апликациите за поддршка од Фондот се разгледуваат на редовни седници на одборот на фондацијата Егалите
Фондот, заедно со своите партнери, постојано работи на идентификување на нови економски активности и бизниси, управувани од жени и млади, кои имаат потенцијал за раст и
дополнителни вработувања. Тоа се и главните предуслови кои треба да ги исполнуваат бизнисите за да може да аплицираат во програмата. Овој модел, создаден преку партнерството меѓу УСАИД и Еколог, е пример дека и со мали износи, кога има институционална подршка, може да се успее во подобрување на локалниот и регионалниот економски развој, чија основна надлежност е на централните и локалните институции. Институциите можат и треба да направат повеќе обезбедување на економска поддршка на специјални целни групи, особено преку создавање на одржливи модели на финансирање во соработка со приватниот сектор.
Сопственичката на Реа, г-ѓа Ќаније Селими (центар) со вработените
РЕА – детска градинка од Тетово, беше еден од првите бизниси кои ја искористи поддршката од Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи. Пред да го добие грантот од Фондот кој и овозможи купување на нова опрема, градинката била сместена во мала куќа, работела со 3 негувателки кои се грижеле за само 15 деца. Поради големиот природен прираст, во Тетово има голема побарувачка за едукативно-воспитни установи за деца од претшколска возраст, но без средствата од Фондот, справувањето со оваа побарувачка ќе претставувал многу поголем предизвик. Две години подоцна, градинката има многу поголеми простории и вработува 12 негувателки кои се грижат за 90 деца. Според г-ѓа Шкријељ, двете најсилни страни на Фондот се развиената методологија чија ефективност е тестирана и докажана во заедниците за која е наменета, и фактот дека Фондот е производ на пресекот на интереси на приватниот и јавниот сектор. „Иако во кратко време успеавме значително да ги подобриме можностите за жени и млади претприемачи во Полог, за Фондот да продолжи да ги унапредува условите за овие групи претприемачи, тој ќе треба да расте. Фондот е отворен за контрибуции од сите заинтересирани кои работат во полошкиот регион, а особено го охрабрувам приватниот сектор да го интегрира овој пристап во стратегиите за корпоративна социјална одговорност,“ вели таа. „Сите сме запознаени со поговорката која вели дека ако му дадете на човек риба, ќе биде сит еден ден, но ако го научите да лови риба, ќе биде сит цел живот. Можеби звучи како клише, но инвестициите во Фондот навистина го постигнуваат овој ефект. Со одредена инвестиција им помагаме на овие бизниси да си обезбедат посигурна иднина за себе, но и за целата заедница. Поготово, Фондот поттикнува и иновативни идеи кај нашата младина, разбудувајќи ја нивната креативност и охрабрувајќи ги за сериозно залагање за постигнување на очекувањата што општеството ги има кон нив, како генерација на блиската иднина.“ заклучуваат од Еколог Интернационал. Сите организации и компании кои сакаат да придонесат за подогрување на можностите за жени и млади претприемачи во Полог можат да стапат во контакт со фондацијата Егалите на следната e-mail адреса: infofondacija@gmail.com За повеќе информации, следете ја нивната Фејсбук страна: https://www.facebook.com/FoundationEgalite/
Капитал број 853 04.03.2016
38
www.kapital.mk
Уметност и култура поминат ден со
вера и Оливер од групата
Љубојна
15 години на сцената
Љубојна e и за музика
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
39
идеја
фото: кире Галевски
Длабочината на пораката која ја испраќа и мудроста која ја зрачи „Љубојна“ преку своите музички фрази, невозможно е да опише со еден новинарски текст па дури и со цела авторска книга. Затоа она што ќе се обидеме да го направиме е да ви го приближиме начинот на размислување, творење и општо живеење на Оливер Јосифовски и Вера Милошевска Јосифовска кои се изворот на инспирацијата на сета енергија која ја зрачи „Љубојна“. Преку изворно запознавање со нивните идеи, навики и карактери ќе ви се одгатнат многу мистерии околу успехот на феноменот„ Љубојна“.
З пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
“Златна бубамара на популарноста“ е манифестација која секогаш не насмева до солзи. Станува збор за навистина оригинален проект за македонски прилики кој на уникатен начин знае да ги извлечи најпозитивните емоции кај своите гледачи. Но, Златна бубамара некогаш знае да предизвика и многу поемотивни солзи попрецизно оние солзи кои ни доаѓаат кога сме длабоко трогнати од нешто или некого. Еден од таквите моменти на овогодинешната Златна бубамара беше секако и брилијантниот настап на наградената група Љубојна која и после петнаесет години на сцена како да не го достигнала врвот на популарноста. Популарност која постојано расте и расте без јасни граници до каде се може да се шири овој уникатен етно модернистички вирус кој како гром ја стресе нашата музичка сцена.
Не постои стара и нова само добра и лоша музика
Со мислите обидете се да се вратите во осумдесеттите години од минатиот век (и неколку децении претходно) кога вашите родители на сабајле ве буделе со втората програма на радио Скопје. Останете на истото место и замислете ја младата Верче Милошевска како секое утро се расонува и ги трие очите во ритамот на брилијантните народни мелоси кои зрачеа од утринската програма на радио Скопје. Денес таа самата раскажува дека уште од најмали нозе почнала да се интересира за овој вид на музика која во тој период беше близу до изумирање. „Во еден период беше срамота да кажеш дека слушаш народна музика. И тоа кај мене имаше инспиративен ефект кој во еден момент премина во луд занес дека ако ја учиш таа музика можеш да направиш голем пресврт и да ја донесеш на ниво да го „освојува“ светот по примерот на црнечката музика. Тој занес на истражување потоа те внесува во сфера на бескрајниот извор на музиката. Тоа е многу широко поле на кое треба да ја поставите сопствената музика и да направите еден концепт како сето тоа да го разберете и по емоција и како структура и како уметност, за потоа тоа да добие ваш личен печат. Во сите тие размисли
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
Уметност и култура
се прашуваш зошто оваа музика нема своја современа форма како сите останати светски музики. Се прашуваш како е можно една толку торжествена, а толку емотивно густа музика да запрела некаде по пат, како е можно да нема свој развој и да нема свој наследник. Имав потреба да се спротивставам на концептот на она што се нарекува популарната музика постојано да се гради само по референца на музика со туѓо потекло“. Но, вистински одговор на овие тези нема да добие се додека не го запознава нејзиниот најпознат колега и подоцнежен животен сопатник Оливер Јосифовски кој во тие години (почеток на 21 век) е штотуку дипломиран инструменталист на престижната Музичка академија во Софија. Со оглед на фактот дека Оливер потекнува од Битола, кoj e дефинитивно најуметничкиот град во земјава, а младоста ја поминал во Софија регионално највдахновениот културен центар, не изненадува случајноста дека и тој е заинтересиран за изворните македонски вредности поконкретно богатото македонски народно музичко наследство. “Уште од почеток ми беше многу јасно дека треба да направиме нешто во поглед на градење на македонската нова музичка мисла. Уште од тогаш сакав мојот „сетап“ да го прегрупирам во нешто друго што ќе биде интересно за мене. Тоа беше една голема провокација дека нешто треба најдиректно да се прави со македонската музика. Бидејќи таа за мене е најголема мамка, како изворното да стане ултрамодерно.. Значи тоа ми беше една преслатка мамка за да почнам да ја работам оваа работа. Да работам нешто што се вика надградба, живеење и творење со таа музика, нешто кое што мислам дека не се случува често. Значи се обидов да живеам со таа музика како ромите што живеат со својата музика, како џезерите што живеат со својата музика, црнците и сите останати кои многу си го сакаат творештвото. Моја филозофија уште од почетокот беше дека музиката има единствена шанса да преживее ако живееш со неа секој ден“, раскажува Оливер Јосифовски.
Мисијата на Љубојна е да направи мост помеѓу изворното и модерното
Македонија буквално е преплавена од варијации на странска музика кои во малку преработена или воопшто не преработена форма се пласираат на пазарот. Познавачите и љубителите на музиката одамна предупредуваат дека ваквата состојба сериозно ќе се одрази не само ретроспективно на перцепцијата на изворното македонско творештво, туку и на современата популарна музика. За жал нивниот глас слабо се слуша во професионалните води. Поради тоа Вера Милошевска Јосифовска
Во годината кога „Љубојна“ одбележува петнаесет години работа на македонската и регионалната музичка сцена е вистинскиот момент да се направи една добра ретроспектива. Не хронолошко потсетување на сите успеси и производи на оваа група туку ретроспектива на бројните извори на инспирацијата која го роди, одржа и продолжи да го развива овој бренд од посебно значење за македонската музика и култура.
фото: Жарко Иванов
40
Изградба на успешен музички бренд е најкомплициран менаџмент
С
екој оној кој видел барем еден сценски настап на „Љубојна“ или, пак, во рацете држел било кој омот од нивните бројни албуми ќе сфати прво дека кај оваа музичка група навистина нема ништо едноставно и исто со другите. Народен вез, Италијанска овошна салата Македонија, Мерцедес С класа од 1967 година ... се само дел од низата мотиви кои се појавуваат на нивните албуми. Нашето логично прашање беше од каде извира сето ова? „Многу е важно кога работиш нешто, а особено кога вадиш производ да учествуваш во целиот процес на неговата изработка. Ние учествуваме во секој дел од графичкиот дизајн. За среќа имаме графички дизајнери и пријатели околу нас, кои ја разбираат естетиката на Љубојна. Но, сепак за секој детал дословно, дури и за избор на фонт, позиција, постојано се консултираме и анализираме.“ Оливер и Верче велат дека некогаш и тие не се докрај сигурни и треба многу да се самоистражуваат пред да донесат било каква одлука. „Сценскиот настап или графичкиот изглед на вашиот албум кажува многу работи или треба да кажува многу работи. Во него треба да е содржан самиот извор на инспирацијата за вашата работа. Треба илустративно да е преставен интензитетот на песните кои доминираат во тој албум, од омотот треба да зрачи и топлината со која ве привлекува конкретниот албум. Правиме нешто од кое вистинскиот наш фан или слушател би можел да дознае илјада различни работи кои го очекуваат во самото цд“.
директно се обраќа до нејзините колеги со едно хипотетичко и многу логично прашање. „Ако увезувате странска музика и ја пласирате на домашниот пазар прашањето е што ќе извезете назад? Ние тука имаме популарна македонска музика која е буквално пресликана од други музички
сцени како британската и американската на пример. Се имаат направено триста испрекршувања на говорниот јазик, за тој да се влезе во „туѓите чевли“. Ние тоа го разбравме така што сакавме преку личен пример да ja споделиме една порака, дека музика се прави од сè. Нема стара и нова музика, постои добра и лоша.
Визија: да се воскресне изворното и исконското во сосема нова форма
11 2016
ИноВатИВност
МарТ
специјален прилог
Компаниите во Македонија што имаат подолго искуство имаат поголеми шанси да се квалификуваат за банкарските кредити наменети за иновативни проекти, но што станува со мноштвото стартапи кои имаат добри идеи, а немаат кредитна историја? Колку “држи вода“ тезата на банките и фондовите дека пари има, но нема доволно понуда на добри проекти? Какви се’ извори на финансии има за добрите идеи во Македонија?
анализа
специјален прилог
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ИНОВАТИВНОСТ
CROWDFUNDING или прибирање пари од голем број непознати донатори: Како функционира ова во Македонија? Како со иновативни проекти да аплицирате за пари од европските фондовии?
КАКО ДО ПАРИ ЗА ДОБРИ ИДЕИ?
КОИ СЕ ИЗВОРИТЕ НА ПАРИ ЗА ИНОВАТИВНИ ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА банки инвестициски фондови фондови на ЕУ меѓународни проекти и грантови бизнис ангели
Во специјалниот прилог “Иновативност: Како до пари за добри идеи?“ што ќе излезе на 11 март годинава, анализираме: l КоИ се ИзВорИте на парИ за ИноВатИВнИ проеКтИ Во МаКедонИја: • банки • инвестициски фондови • фондови на ЕУ • меѓународни проекти и грантови • бизнис ангели l Crowdfunding ИлИ прИбИрање парИ од голеМ број непознатИ донаторИ: како фУнкционира ова во МакЕдонија l КаКо со ИноВатИВнИ проеКтИ да аплИцИрате за парИ од еВропсКИте фондоВИ l КоИ се МаКедонсКИте шаМпИонИ Во ИноВатИВноста
Кои се македонските шампиони во иновативноста?
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
УМЕТНОСТ И КУЛТУРА
Може да исползува различни начини на изразување, да се угледува на различна музичка и жанровска естетика, да бара нивен пандан во сопствената појавност, но суштината на музиката не може да биде стара и нова и тоа може да го каже само некој кој што не разбира музика. Но уште поголем проблем е што во Македонија има многу образовани луѓе кои не размислуваат така. Истражувањата на музичките генијалци во светот, тргнете да речеме од Брајан Ино, Дејвид Боуви, Стинг... , кои направија трансформација на светската музиката, се секогаш со појдовна точка од конкретен музички јазик. Дури и во експериментирањето како музичка хибридизација, секојпат се однесуваат со огромен респект кон музичката на која и се пристапува. Цела една наука на творење, која и тоа како, и даде печат пред сè на музичка „поп“ естетика во светот. Ако не се впуштиш да пливаш во тоа море на слободата и креативноста нема ни да стасаш до целта. Притоа не лекоумно, туку со сиот сопствен музички наследен багаж“. И конечно дојдовме до делот каде што од „Љубојна“ почнаа транспарентно да ни ја откриваат тајната на нивниот успех. „Концептот на Љубојна може да се примени во секоја сфера. Многу е важно ние да разбереме каде живееме во која држава во која земја и со кои можности, ресурси и убавини располагаме. Кај “Љубојна“ беше најважно да го направиме тој мост. Ние знаеме кое време го опфаќаме и кое време ни исчезна од таа нишка од творештвото на народниот генијален ум до младиот човек и младиот композитор. Има групи кои и пред нас го правеле тоа но ние навистина сакаме да направиме еден мост со таа стара музика и условно речено нова музиката која што треба да биде така препознаена. Тоа е тоа кое го прави Љубојна. Ги отвори сите очи за да ги сруши сите бариери“. Но, сиот овој макотропен и долгорочен процес на Оливер и Верче им се исплаќа преку одекот кој го имаат кај нивната публика. Тие за тоа ќе кажат... „Кога на три или пет различни концерти и настапи ќе забележите иста група на луѓе која буквално крстосува низ Македонија за да не слуша повторно и повторно знаете дека сте направиле нешто вистински. Често знаеме и да ги прашаме нашите фанови зошто доаѓаат на неколку концерти во една иста недела, а нивниот одговор е дека секој наш настап има различна енергија. И навистина ретко се случуваат концерти на кои никој не седи и сите учествуваат во креирање на заедничката убава атмосфера. Ние тоа го почувствуваме на последниот нас настап во Штип, во винаријата Стоби, во Скопје и уште на стотина места каде што наназад хронолошки сме настапувале“.
О
на што никогаш читателите не можеле да го претпостават е дека Вера и Оливер од Љубојна се вљубеници во тишината и мирот. Тие се со став дека секој има потреба да одмори од она што го работи, а дека музичарите не можат да одмараат со дополнителна музика. „Дома никогаш не слушаме музика, а кога се возиме во автомобил пуштаме цд или радио само доколку тоа од нас го бараат нашите деца. Мозокот и инспирацијата се како мускулите мора да се одмораат од
ОД ТИШИНАТА ЈА ЦРПИМЕ КРЕАТИВНАТА ЕНЕРГИЈА интензивните напори за да можат да се регенерираат“. И двајцата се со став дека она што не може да се направи е да седнеш и да напишеш песна во конкретно одредено време. „Инспирацијата е работа која се појавува на најразлични места и во најразлични околности. Гледаме што повеќе време да поминеме во прошетки и во слободни активности кога мозокот не е оптеретен, а каде што инспирацијата е најинтензивна. Тоа досега ни дава резултати и така успешно функционираме веќе цели 15 години“. Оливер дури ни го посочи и неговиот мобилен телефон како еден од позаслужните за успесите на Љубојна. „Едноставно е новите телефони
нудат опции да прибележиш и зачуваш многу работи и идеи кои доколку веднаш не ги запишеш ќе ти испарат во воздух. Затоа моја навика е секоја можна идеја која ќе ми дојде на било кое место веднаш да ја запишувам, а за време на часовите одредени за работи и да ја реализирам“. Вера на тоа почна да ги надополнува и најчудните места каде се раѓаат некои идеи. „Додека правиш ручек, додека пазариш, додека ги носиш децата во прошетка, разговараш со некого... Едноставно нема граница каде што може да се роди една идеја. Ваше е да ја препознаете и да сте доволно спремни и храбри, истата да ја преточите во нешто оригинално и нешто убаво“
НАДЕЖ: ДЕКА ИДЕЈАТА НА ЉУБОЈНА ЌЕ ЈА РАЗБЕРАТ И ПРИМЕНАТ ШТО ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ
фото: Жарко Иванов
42
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
44
ИсторИја
според иницијаторите станува збор за земски грб на Македонија на кој е прикажан жолт лав на црвен штит со специфична круна која го одбележува земскиот карактер на грбот. дополнително на него можат да се најдат два натписи на кирилица и латиница. на долниот латиничен натпис јасно може да се прочита „Macedoniae“, а на горниот кириличен натпис „цимери Македонске земље“ или симбол на македонската земја. Факти кои според иницијаторите ќе ја сврстат земјава на хералдичката карта на европа и ќе помогнат во потенцирање на македонската засебност во однос на грција и бугарија. пишува:
дејан азески
dejan.azeski@kapital.mk
С
о оглед на повторната актуелизација на темата промена на државниот грб, редакцијата на Капитал ја контактираа група интелектуалци од најразлични области кои според нивните зборови со оваа проблематика се занимавале уште од 2001 година. Група интелектуалци од најразлични области, кои според нивните зборови со оваа проблематика се занимавале уште во 2001 година, иницираат дебата за воведување на земски грб. Според кажувањата и документите кои тие ни ги приложија се гледа дека уште во ноември 2001 година делегација составена од сега починатиот Акад. Томе Бошевски, Акад. Живко Попов, Проф.Перко Колевски (поранешен министер за здравство) и арх. Вангел Божиновски, предале декларација лично до тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија Стојан Андов. Иницијативата тогаш била
ГРупА ГРуп Р А ИНТЕлЕКТуА Руп ИНТЕлЕКТуАлцИ уАлц уА АлцИ НА ч чЕлО ЕлО л лО
НА МАКЕДОН ИЗВОРЕН ЗЕ применба, но до овој момент 15 години подоцна, тие немаат никаков одговор од ниедна државна институција за нивната иницијатива. Капитал ја пренесува до јавноста нивната иницијатива.
како настанала иницијатива за лав на македонскиот грб?
Академик Живко Попов, истакнат професор од областа на урологијата и трансплантацијата на бубрези, Професор на 12-иот Париски Универзитет Вал де
Марне, во тоа време Координатор на Хируршките Клиники во Скопје и Директор на Клиниката за урологија, како и на Центарот за трансплантација на бубрези, вели дека како и многу други Македонци повеќе години се интересирал и сонувал лавот како симбол кој ги спојува сите македонски историски периоди да се избере како државен грб на Македонија. Во 2001 година при една слична актуелизација на темата како денешнава, неговата идеја му ја пренесува на неговиот пријател и познат
ИнИцИјатИва: Предлогот за државен грб на 70 вр
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
45
Л Живко Попов
главен покренувач на иницијативата
Оригиналната иницијатива испратена до собранието во 2001 Македонскиот земски грб на кој се базира иницијативата на интелектуалците
о со Живко Попов предлагаат
НИЈА И ТРЕБА ЗЕМСКИ ГРБ архитект-истражувач Вангел Божиновски, во тоа време советник на генералниот директор на МРТВ. „Така почна сé. Сметавме дека Република Макединија, заедно со Белорусија, е последната бивша социјалистичка земја, која се уште го користи државниот грб кој претставува стилизиран цртеж произлезен од државниот грб на комунистичкиот Советски Сојуз. Желбата беше како и сите држави во регионот и пошироко, така и ние, овој идеолошки симбол на едно историско време, секако значаен во моментите на
настанувањето на НРМ и ФНРЈ, да го испратиме во историјата, поставувајќи го како експонат во музејска витрина во Собранието на РМ. Ги разменивме првичните идеи, и со Вангел Божиновски ја напишавме првата верзија на идната декларација за грбот на Република Македонија. Таа подоцна со текот на времето со приклучување на нови личности во иницијативата претрпе извесни измени и подобрувања. Од почеток, со оглед на мојата професија хирург, најголема беше поддршката на моите колеги професори по
огично е барањето токму оригиналниот и најстар синтетизиран цртеж на македонскиот земски грб да биде земен за државен грб на Република Македонија без многу стилизирање и без многу промени, колку пооригинално, толку повредно. Пред сé овој грб содржи круна која што хералдичарите ја сметаат за земска круна. Значи се работи за земски грб кој што може да биде обединувачки фактор за сите народи и националности во Република Македонија.
Решението се крие пред се во најстарите зачувани т.н.илирски грбовници и тоа оној на КорениќНеориќ од 1595 година кој се чува во универзитетската библиотека во Загреб и оној кој се чува во универзитетската библиотека во Болоња, наречен Алтханов од 1614 година, и секако во останатите европски грбовници кои со векови го легализирале грбот на Македонија и се чуваат во библиотеките во Париз, Виена, Берлин и др. хирургија, интерна медицина и др., но после тоа веднаш се приклучија и други истакнати личности како писателот Јордан Плевнеш, во тоа време Амбасадор на РМ во Франција, Академик Никола Кљусев,тогашен Министер за одбрана и поранешен Премиер на Владата на Р.М., Академиците Томе Бошевски, Глигор Каневче, Цветан Грозданов, Томе Серафимовски и Анте Поповски, професорот Горазд Росоклија од Универзитетот Колумбија во Њујорк, надворешен член на МАНУ, познатиот кардиохирург Жан Митрев, Професорот Нинослав Ивановски, познат интернистнефролог и трансплантолог и многу други. Работевме скоро една година во две насоки, прво одбирање на најадекватно решение за македонски државен грб, а второ прибирање на што повеќе истакнати личности во иницијативата. При тоа, посебно го анализиравме изданието на МАНУ ,,Грбовите на Македонија,, од Академик Александар Матковски. Тука посебно би сакал да истакнам дека Акад.Кљусев до својот потпис на иницијативата напиша: “ Предложениот грб е и предсмртната желба на Акад.Матковски, еден од најтемелните
рвни интелектуалци е уште од 2001 година
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
46
ИсторИја
коИ се потпИснИцИте на ИнИцИјатИвата ?
п
окрај веќе споменатите неколку истакнати личности на иницијативата за државен грб од 2001 се потпишани навистина многу познати и етаблирани личности од научниот, уметничкиот и јавниот живот во Македонија. на иницијативата се наоѓаат и потписи на истакнати луѓе од уметноста, архитектурата, археологијата и историјата на уметност како: дипл.инг.арх. вангел Божиновски, Милош коџоман, сега починат академски сликар, дипл.инг.арх. јован стефановски- Жан, проф. Жарко Башевски акад.вајар, проф.валериј стефановски, пијанист, проф. Лепша пиперковска, пијанист, проф. стела слејанска,пијанист, јован кондијанов,нумизматичар, проф. драги Митревски археолог, археолог паско кузман, дипл.инг.арх.васил Иљов, проф.дипл.град.инг. Љупчо Лазаров, дипл.инг. арх.Митко пренџов, м-р по графика чулаковски ЃоргиЃото, јордан плевнеш,писател, акад.томе серафимовски, акад.цветан Грозданов, акад. анте поповски, раде сиљан,писател, проф.виктор Лилчиќ археолог, проф. наде проева археолог и др. една цела колонија професори од медицината: Живко попов, Илија панговски, чедомир димитровски, самуел садикарио, перко колевски, ангел пеев, ристо Џеков, Жан Митрев, Марија Христова, Љубомир василев, кирил Лозанче, кочо чакалароски, нинослав Ивановски, Мане Грличков, кочо серафимов, александар ношпал, Горазд росоклија, Истакнати поединци од другите општествени сфери како: трифун костовски дипл.ек. бизнисмен, александар Бошњаковски тогашен судија во врховниот суд, слободан пренџов –професор на технолошко Металуршки Факултет, кирил самарџиоскибизнисмен и сопственик на прилепска пивара, јордан десковски познат адвокат и тогашен претседател на републичкиот судски совет, владимир величковски – професор на Филолошки факултет, аристотел тентов професор на електротехничкиот факултет, никола кљусевакадемик и прв македонски премиер, ставре Џиков, адвокат, поранешен јавен обвинител на рМ, Ѓенерал ристо дамјановски, поранешен министер за одбрана, проф.арх. Ѓеорѓи константиновски, академик Глигор каневче и др. на декларацијата може да се најде и своерачниот потпис од тогашниот и сеуште актуелен поглавар на Македонската православна црква Господин Господин стефан. истражувачи на нашата хералдика”. Академик Попов додава дека не било тешко да се убедат луѓето во идејата бидејќи, според него, лавот е симбол кој доминира на етногеографскиот простор на Македонија уште од антиката до денес и дека овој предлог претставува единствено решение кое има поткрепа како во науката, така и во традицијата. „Се работи за еден знак кој што со милениуми опстојува на овие простори. Знак на моќ и на почит во сите слоеви на македонската цивилизација. Ако ги погледате написите уште од време на Херодот од 5-ти век п.н.е. ќе видите дека и тој тврди дека во македонската земја е специфична почитта кон лавот како
l Почетокот на долната листа на рачни потписи за подршка на оваа иницијатива која Капитал ја поседува во целост
според кажувањата на академик Живко попов собирањето потписи е наменски прекинато, бидејќи според нивното тогашно мислење, иницијативата не била замислена како масовна или општонародна, туку како „придонес на интелектуалците од Македонија во кристализирање на аргументите околу македонскиот државен грб“. „Интелектуалците често се обвинувани дека ништо не прават за оваа држава. еве нудиме доказ дека иницијативи постојат, но дека јавноста и општеството ги занемарува и не ги третира соодветно на тежината“ заклучува попов.
симбол на моќ, но уште пред неговото време, а и после него ние имаме археолошки и особено нумизматички докази на разни монети ковани од пајонски и македонски кралеви, дека лавот се употребувал на овие простори. Од ваквата древна основа во чие средиште е лавот, во вековите на соочување со османлиската опасност е востановен познатиот грб од жолт лав на црвена основа како хералдички знак на македонската земја, често употребуван на знамињата на комитските чети за време на Илинденското и други востанија Сметавме дека сериозна земја како Македонија неможе да си дозволи во 21 век по Исус, да измислува симболи кога веќе постои
верификувана хералдика во нејзиното древно минато “.
Зошто баш грбот од 1595 година?
Најстар зачуван грбовник е оној на Корениќ-Неориќ од 1595 година што се чува во загрепската универзитетска библиотека, за кој се смета дека авторите го прецртале од оригиналот на Охмучевиќ и во него меѓу бројните земски грбови се наоѓа и македонскиот. Исто така во универзитетската библиотека во Болоња се чува богато украсен грбовник наречен Алтханов, кој всушност претставува препис од друг постар грбовник или стара книга од Света Гора, направен во Виена во 1614 година за младиот фелдмаршал грофот
очекување: МакедонИја да постапИ како останатИте европскИ ЗеМјИ
ДЕКАДА НА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Единствена меѓународна акредитирана програма во Македонија • Професори со сертификат од Харвард бизнис школата
www.uacs.edu.mk ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета македонска бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 (0) 2 2463 156
Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk Веб страна: www.uacs.edu.mk
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
48
Историја
Адолф Алтхан. И во овој грбовник насловите на грбовите се напишани и со кирилица и со латиница, а самите грбови вклучувајќи го и македонскиот се убаво уметнички нацртани и стилизирани, скоро идентични со оној на Корениќ-Неориќ од 1595 година. Ние се одлучивме сепак да го предложиме оној првиот од 1595 година, сметајќи дека грбот колку е постар толку е пооригинален истакнува Попов. Погоре споменатата група од интелектуалци излегла и со конкретен предлог за државен грб кој е вметнат во самата декларација доставена до Собранието. Станува збор за земски грб на Македонија од т.н.”илирски грбовници” на кој е прикажан жолт лав на црвен штит со специфична круна која го одбележува земскиот карактер на грбот. Дополнително на него можат да се најдат два натписи на кирилица и латиница. На долниот латиничен натпис јасно може да се прочита „Macedoniae“, а на горниот кириличен натпис „Цимери Македонске Земле“ или симбол на македонската земја. Во декларацијата на групата интелектуалци од 2001 стои: „Се залагаме да престанат сите расправи и предлози кои имаат за цел да измислат нова хералдика за Македонија, со оглед на фактот дека Македонија во светската хералдичка литература е регистрирана со грб кој е синтизиран во XVI век. Се залагаме за почитување на еднаш веќе востановените симболи зошто на тој начин се легитимираме како етика и естетика во цивилизациската почит спрема минатото на Европа и светот. Се залагаме за безусловно прифаќање на Македонскиот Земски Грб со натписот „цимери македонске земле“ на средновековно-македонско кирилично писмо од 1595, бидејќи со тоа го афирмираме демократскиот принцип за самоопределување и државност на Македонија низ милениумите и застанувањето на патот против негативниот фолклор кој веќе извесно време не урива кон себе непочитување“ Академик Попов на ова додава дека логично е барањето токму оригиналниот и најстар синтетизиран цртеж на македонскиот земски грб да биде земен за државен грб на Република Македонија без многу
И
Јордан Плевнеш еден од првите потписници на иницијативата
ницијативата што академик Попов ја лансираше во 2001 година е и денеска актуелна за перспективата на Македонија во европскиот историски пејсаж. Хералдичките истражувања на академик Александар Матковски и предлогот за грб што тогаш имав можност да го презентирам и во Париз и во Мадрид и во Лисабон и на многу мултилатерални асамблеи во УНЕСКО предизвикуваше голем интерес за местото на Македонија во хералдичката позиција на Европа. Во таа смисла оваа иницијатива која што ја подржаа стотина истакнати личности од тој период и денес може да биде основа за дефинитивното законодавно правно пласирање на тој хералдички симбол во европскиот и светскиот пејсаж.
стилизирање и без многу промени, колку пооригинално, толку повредно. „ Пред сé овој грб содржи круна која што хералдичарите ја сметаат за земска круна. Значи се работи за земски грб кој што може да биде обединувачки фактор за сите народи и националности во Република Македонија. Исто така, општо е познато дека половина Европа како: Србија, Австрија, Германија, Албанија, Полска, Русија и др. го користи орелот, а другата половина: Англија, Холандија, Швајцарија, Чешка, Бугарија и др. го користи лавот во своите државни грбови. Европската хералдика во своите грбовници, македонската земја ја перцепира преку лавот како симбол, што исто така би требало да биде фактор на обединување. Сметавме дека и натписот „Цимери македонске земле“ треба да стои над штитот во неговата оригинална форма, бидејќи тоа значи дека Европа во 16-тиот век ја перцепира Македонија преку употребата на средновековен македонски јазик и неговото кирилично писмо. Тоа зборува за вековниот континуитет на македонскиот народ, јазик и писмо. Сето ова претствавува непроценливо богатство кое би можело да биде употребено во преговорите со Грција пред ООН и ЕУ сведочејќи дека Македонскиот народ и јазик не се коминтерновска творба. Исто така сметавме дека треба да остане и долниот натпис ,,Macedoniae", на латинично писмо и јазик, кои биле во официјална употреба
во тоа време во комуникацијата помеѓу Ватикан и кралските и други благороднички семејства, што значи дека Европа и тогаш за македонската земја го употребувала нејзиното денешно име. Во истите грбовници исто така за соседните земји има различни грбови, кои тие после падот на комунизмот, а некои и претходно, ги земале за свои државни грбови, така да не постојат објективни причини некој да го оспори овој предлог.“ Македонскиот земски грб ги има сите елементи што ги бара хералдиката и затоа претставува вистински и наполно оформен грб кој не се сретнува во друг вид освен со лав, опстојувајќи со векови во својата оригинална форма. Македонскиот земски грб од неговата појава во 1595 година па се до XXI век е употребуван прво во т.н.”илирски грбовници”, а потоа во разни хералдички трудови и истории, на воени и востанички знамиња, се зографирал по цркви и манастири, се ставал на печати и документи како во Македонија така и надвор од неа, што значи дека бил во употреба преку 400 години, означувајќи го народот и етногеографскиот простор каде што тој живее. За нас секако дека се важни овие факти, бидејќи во хералдиката секој грб по долга употреба станува сопственост, и тука не смее да има исклучоци како за сите Јужни Словени и други балкански народи, така и за македонскиот народ, заклучува Попов. nnn
18 2016
фарМација
МарТ
специјален прилог
Фармацевтскиот пазар претрпе “потреси“ изминативе години –кој навистина доби, а кој загуби во “борбата“ помеѓу здравствените власти и веледрогериите. Колку навистина е профитабилен бизнисот со лекови и зошто “традиционално“ предизвикува контроверзии околу наводните огромни екстрапрофити што се прават во него? Како светските фармацевтски гиганти продаваат на македонскиот пазар: кои се најпродавани фармацевтски брендови во земјава?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
WWW.KAPITAL.MK
анализа специјален прилог
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ НА ЕВРОПСКИОТ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР
ФАРМАЦИЈА
И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ
20 18 МАРТ 2015
МАРТ
2016
ПОЛИТИКА
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?
КОЈ Е КОЈ НА ПАЗАРОТ ЗА ЛЕКОВИ
ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА
ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА
БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
Во специјалниот прилог за пазарот на лекови во Македонија што ќе излезе на 18-ти март ќе може да прочитате: l Кој е Кој на пазарот за леКоВи: ги рангираме најголемите производители, дистрибутери и синџири на аптеки во македонија l КаКо голеМите сВетсКи фарМацеВтсКи Куќи доаѓаат на МаКедонсКиот пазар: кои се нивните дистрибутери во земјава l КаКВи леКоВи пијат МаКедонсКите граѓани: топ светски брендови или помалку квалитетни алтернативи l КолКу се профитабилни доМашните произВодители и тргоВци со леКоВи и разни додатоци Во исхраната l Веледрогериите го шират бизнисот: продажбата на здрава храна е еден од новите сектори за освојување l од прВа раКа: интервјуа со најголемите играчи на пазарот
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
50
наука
Откритие што може радикално да го ревидира досегашното знаење за вселената
Гравитациски бранови
просторот сепак се витка
Детектирањето на гравитациските бранови изненади дури и некои научници кои ова предвидување на Ајншајн го сместуваа во научна фантастика, зашто и ним, како и нам, не им легнувало во глава она што сега е јасно - дека просторот кога во него ќе „влета“ масивен објект се витка како платно и се бранува како вода пишува:
Максим Ристески
О
maksim.risteski@kapital.mk
ткако научниците од обсерваторијата LIGO (Lser Interferometer Gravitational-Wave Observatory) на 11 февруари објавија дека детектирале гравитациски бранови, светските медиуми не претстануваат да пишуваат за револуцијата во светот на науката и за значењето што таа ќе го има за идното проучување/разбирање на вселената. Но, впечаток е дека она што може да се прочита на темата во најголем дел е или упростено дотолку што не може да се разбере значењето на моментот, или, пак, е толку сложено што за да се чита бара
многу солидни познавања од физиката. Без да претендираме дека добро ќе го објасниме успехот на LIGO и последиците од него, во овој текст ќе се повикаме на најрелевантите научни извори кои се потрудија гравитациските бранови да бидат разбрани не само од познавачите на ајнштајновата општа теорија за релативноста. Имено, тие велат дека до Ајнштај, за гравитацијата сме го знаеле она што Исак Њутн ни го објасни/докажа за оваа искуствена појава, а имено, дека гравитација е меѓусебно привлекување на објектите предизвикано од нивната маса. Знаевме дека постои гравитација, знаевме како дејствува, дека и онаа (гравитација) што потекнува од најголемите објекти слабее на далечина, но оти Сонцето и на оддалеченоста на која се наоѓа од
Земјата со сопствената гравитација ја држи планетава во орбитата. Она што не го знаевме е што е гравитацијата. Тоа ни го објасни Алберт Ајнштајн во општата теорија за релативноста. Таа е всушност теорија за гравитацијата, и во неа оваа појава е опишана како последица на закривеноста на просторот. Во општата теорија за релативноста просторот се третира како физички ентитет што има својства, а не како обична празнина во која се сместени објектите. Според тоа, (а како што американскиот теоретски физичар и соработник на Ајнштај, Џон Арчибалд Вилер, наједноставно го објасни во една реченица), масивното (небеско) тело одредува како околниот простор ќе се закриви, а овој закривен простор одредува како другите тела во него ќе се движат, односно, како ќе делува
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
52
наука
гравитациската сила. Со промената на распоредот/распределбата на масата во просторот, се менува и неговата закривеност. Кога научниците за илустрација велат дека тоа е како кога ќе фрлиме камен во дотогаш мирна вода, па, се менува закривеноста на површината на водата, предупредуваат дека закривеноста (во случајот на водата ) поради фрлениот камен е минлива појава, додека во Универзумот закривениот простор што го предизвикала некоја голема поместена маса е траен феномен. Како ако наместо во вода, каменот го фрлиме во еластично платно оптегнато како на трамполина - тој (каменот) ќе направи вдлабнатина во платното што ќе остане таква сè дури е тука каменот. Но, да се вратиме на примерот со водата, преку кој сликовито ги објаснуваат гравитациските бранови. Имено, каменот фрлен во водата шири бранови на сите страни, а на ист начин пореметувањето кај закривеноста на просторот предизвикано од нагла промена на распределбата на големи маси во релативно мал простор се шири на сите страни, а токму тоа е гравитацискиот бран - набирањето на просторот кое се шири од центарот на пореметувањето. Гравитациските бранови се предвидени со општата теорија за релативноста уште пред еден век, а сè до нивното детектирање во LIGO, науката го потврдуваше нивното постоење само индиректно, преку влијанието што го имаат врз одредени космички појави.
Зошто е значајно детектирањето на гравитациските бранови?
Со директното детектирање на гравитациските бранови научниците велат дека без претерување може да се каже оти е отворен нов широк прозорец во вселената. Она што науката досега го знаеше за космосот главно потекнува од честички емитирани во најразличните вселенски процеси и детектирани од соодветни инструменти. Првооткриени се фотоните или квантите на електомагнетното зрачење (квант е најмалата количина енергија што може да се емитира на
Обсерваторијата LIGO (Lser Interferometer Gravitational-Wave Observatory) која на 11 февруари објавија дека детектирале гравитациски бранови одредена фреквенција). Фотоните со различни енергии или фреквенции прават различни интеракции со материјата и бараат различни методи за да бидат забележани. Оттука електромагнетските бранови се делат на радиобранови, микробранови, инфрацрвено зрачење, видливи светлина, ултравиолетово зрачење, гама-зрачење... Од забележувањето на видливата светлина од вселената, најпрво со голо око, а потоа со сè посложени и посложени инструменти, се развила оптичката астрономија. Од детекцијата, пак, на космичките радиобранови настанала радиоастрономијата. Инструментите поставени на сателити овозможија да се појават инфрацрве-ната, ултравиолетовата, рендгентската, гама-астрономијата. Но, научниците велат дека со детектирањето на гравитациските бранови почнува ерата на една нова астрономија, што ќе отвори досега најспектакуларен прозорец во вселената и радикално ќе го ревидира досегашното знаење за неа. Одредени научници дадоа изјави дека со усовршувањето на детекцијата на
гравитациските бранови ќе може да се „види“ и Големата експлозија. „Користејќи се со електромагнетните бранови можеме да гледаме само до 400 илјади години по Големата експлозија. Младиот космос е невидлив преку светлината, но не е невидлив за гравитациските бранови“, изјави директорот на Иститутот за теоретска физика Периметар во Ватерло, Канада, Нил Турок. Детектирањето на гравитациските бранови од страна на LIGO беше можно благодарение на интензивноста на емисијата (на брановите) што ја дава судирањето на две црни дупки. Овој процес на паѓање на црните дупки трае милиони години, но последната фаза самото нивно спојување - трае неколку секунди. Црните дупки биле оддалечени 1,3 милијарди светлосни години од Земјата, но во страотниот удар меѓу едната - со маса 35 пати поголема од онаа на Сонцето, и другата, која била само нешто помала, настанала нова црна дупка. Судриот во еден многу краток миг ослободил повеќе енергија од светлината на сите видливи ѕвезди во вселената. nnn
LIGO: Преку ноќ станавме туристичка атракција
ДвоДневна обука на тема:
ПАКЕТ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА И ДЕЛОВНИ КОМБИНАЦИИ l 10-11.03.2016 l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје ЦЕЛ НА ОБуКАТА: Целта на обуката е да обезбеди знаење и вештини за подготовка на консолидирани финансиски извештаи. ПРЕДАВАчИ: МАЈА АТАНАСОВСКА, Сениор менаџер за ревизија Грант торнтон македонија
БОЈАН ПЕТРЕСКИ, менаџер за ревизија Грант торнтон македонија
Рок за пРијавување: 8 мАрТ 2016
СОДРжИНА НА ОБуКАТА: l мСС 27 – Поединечни и консолидирани финансиски извештаи l мСФИ 10 – консолидирани финансиски извештаи l мСС 28 – вложувања во придружени ентитети l мСС 31 / мСФИ 11 – учество во заеднички вложувања l мСФИ 12 – обелоденување на учество во други ентитети l мСФИ 3 – Деловни комбинации
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
www.kapital.mk
Капитал број 853 04.03.2016
54
лидери
Џек дорси извршен директор на TwiTTer
Успехот никогаш не е слУчаен
Џ
Џек Дорси е американски претприемач и програмер кој на јавноста најмнагу и е познат како извршен директор на Twitter. Тој исто така е основач и на компанијата Square за мобилни плаќања, а член е
Можете да се грижите за конкуренцијата...или можете да се фокусирате на тоа што допрва ве очекува и да возите посилно напред
Многу е комплексно да се направи нешто едноставно. Отсекогаш бев фасциниран од градовите и како тие функционираат. И си мислев како да програмирам за да можам да разберам како функционираат градовите
Направете го секој детал префектен и лимитирајте го бројот на детали до перфекција Не мора да почнете од ништо, за да направите нешто сериозно кое ќе може да влијае на светот Секоја има идеја. Но, работата е да ја реализираш таа идеја и да привлечеш други луѓе да ти помогнат околу таа идеја
Основач не е работа. Тоа е улога, став. И тоа е нешто што може да се случи повторно и повторно
Twitter не беше стартуван со тоа што основавме фирма, туку бидејќи имавме добра идеја
Очекувај го неочекуваното. И кога и да е можно, обидете се вие да бидете неочекуваното
Успехот никогаш не се случува случајно
и на Управниот одбор на компанијата Wall Disney. Во 2012 година Дорси беше награден од страна на The Wall Street Journal за Иноватор на годината од областа на технологијата.
¦ v ¢ IJ www.vincinni.com