ПОЛИТИКА
ЌЕ ИМА ЛИ НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ?
СЛЕДУВААТ ОТПУШТАЊА И ПАД НА ИЗВОЗОТ
КАПИТАЛ АНАЛИЗА КОЛКУ ЧИНИ И ШТО ЌЕ ДОБИЕМЕ СО НОВИОТ АВТОПАТ КОН ГРЦИЈА? WWW.KAPITAL.MK
МЕТАЛУРГИЈАТА НА КОЛЕНА
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ НА ЕВРОПСКИОТ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР
ФАРМАЦИЈА
И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? АНАЛИЗИРАМЕ
КОЈ Е КОЈ НА ПАЗАРОТ ЗА ЛЕКОВИ
ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
WWW.KAPITAL.MK
ДОМАШНИОТ ПАЗАР НА ЛЕКОВИ СТАНУВА ПОМАЛКУ АТРАКТИВЕН
претседател на Фармабренд Нова – Асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови
ИНТЕРВЈУ: ДРАГАН КОНЕСКИ
ЗОШТО ЗАМИНУВААТ СВЕТСКИТЕ ФАРМАЦЕВТСКИ ГИГАНТИ ОД МАКЕДОНИЈА
ВО ПАРТНЕРСТВО СО ДРЖАВАТА САКАМЕ ДА ПРИДОНЕСЕМЕ ЗА МОДЕРЕН И ФИНАНСИСКИ ОДРЖЛИВ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ФАРМАЦИЈА
ГОЛЕМА АНАЛИЗА НА КАПИТАЛ
ПАЗАРОТ НА ЛЕКОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИ ИГРАЧИ ВО БИЗНИСОТ ТЕЖОК НАД
130 INTERVIEW
МИЛИОНИ ЕВРА
БРОЈ 855 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 МАРТ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
ЖАРКО КОРАЌ
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ВЛАДАТА НА ЗОРАН ЃИНЃИЌ
БЕЗ СЛОБОДНИ МЕДИУМИ НЕМА СЛОБОДНИ ИЗБОРИ!
ФАРМАЦЕВТСКИТЕ ГИГАНТИ СИ ОДАТ ОД МАКЕДОНИЈА!
3
Капитал број 855 17.03.2016
содРЖиНА
10 04 08 10 16
STAND BY Љупчо Зиков пролог за македонската “висока класа”!
18 18
НАвиГАТоР
Mакедонско-руската инвестиција во Бунарџик во проблеми Фабриката Продис за две години направила над 3 милиони евра загуба
cover STorY
Македонската металургија во најголема досега криза! Метaлурзите алармираат Без помош од државата, следат отпуштања и голем пад на извозот
кАпиТАлНо БиЉАНА ЗдРАвковскА сТојчевскА Бројчаникот престана, но долгот не престана да расте
26
46
АНАлиЗА
n
Cost – benefit на делницата демир капија – смоквица од коридорот 10 Новиот автопат кон Грција ќе го поттикне извозот и целата економија
полиТикА
сè поблиску до 5 јуни, а сè подалеку од условите за кредибилни избори Ќе има ли ново одложување на изборите?
31 фАРМАцијА
специјАлеН пРилоГ АНАлиЗиРАМе Кој е Кој На Пазарот за леКови n домашниот пазар на лекови станува помалку атрактивен зошто заминуваат светските фармацевтски гиганти од Македонија n кои лекови најмногу се купуваат во аптеките
iNTerview: ДраГаН КоНеСКи
претседател на Фармабренд Нова
во партнерство со државата сакаме да придонесеме за модерен и финансиски одржлив здравствен систем
44
јАвНо упРАвувАње
46
иНТеРвју
Што работат 2.229 вработени во Македонски Шуми?! Македонски Шуми потроши 9 милиони евра на приватни фирми за сечење на дрва ЖАРко коРАќ
професор и поранешен потпретседател на владата на зоран Ѓинѓиќ
Без слободни медиуми нема слободни избори
n
52
пРеТпРиеМНиШТво
54
лидеР
9 НАчиНи кАко дА сТАНеТе подоБАР лидеР МАРк пАРкеР CEO на Nike
Љубопитноста значи живот!
МеТАлуРГијАТА пРед колАпс
деМиР кАпијА – сМоквицА
ќе иМА ли иЗБоРи НА 5 јуНи?
Нарачки нема, комбинатите работат со намалено и непостојано производство,а трошоците постојано се зголемуваат. ова е состојбата во македонската металургија и после 8 години од светската економска криза од која претставниците на оваа индустрија се уште не можат да го најдат излезот. Металурзите бараат помош од државата за оваа гранка да не колабира тотално.
едно возило од Демир Капија до Смоквица ќе стигнува за 10 минути побрзо отколку сега, откако ќе заврши изградбата на овој дел од Коридорот 10 во Македонија. а времето е пари. ја споделуваме cost-benefit анализата на Finance Think која што покажува дека новиот автопат ќе почне да “печали“ после 30 години
за неполни три недели, на 7 април, Собранието ќе се самораспушти, ако има избори шеесет дена подоцна, на 5 јуни. велиме, „ако има избори“, зашто условите за одржување на истите, не само што не се подобри од оние поради кои беше одложен првичниот пржински датум (24 април), туку се и полоши. анализираме дали ќе има ново одложување на изборите.
XX Стр. 10
XX Стр. 18
XX Стр. 22
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 17.03.2016
I пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ
Пролог за македонската “висока класа”! Многумина велат власта (режимот) кај и да е ќе падне. Криминалците ќе одат во затвор. Па се бара тоа да се случи што побрзо. Но, никој, не сака да погледне во длабочината на македонскиот проблем. Дека производството на вакви режими, како овој, во оваа држава е системски модел. Режимот сам се произведува, и не зависи од тоа кој е на власт – ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, со своите албански сателити. Оттука, тоа што режимот ќе падне (ќе падне секако), не докажува дека режимот е мртов, ниту, пак, покажува дека сме ние живи. Можеби го докажува спротивното – дека тој сепак ќе преживее, а многу од нас нема “да преживеат”. Затоа, македонскиот граѓанин мора да се соочи со вистината – што правевме во тоа време, кога биравме и одлучувавме за татковината на нашите деца? Кого биравме? И зошто по нашите избори ништо ново не се случуваше? Зошто дозволивме да бидеме “интелектуално стрелани”, а претходно “тепани и повредувани”. Како дозволивме да ни ја купат душата!? За сендвич со салама. ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov
И Уставен суд пресуди! Судиите еден по еден клекнаа! Дел од нив се покакаа... Една мала драма тој ден (демонстрации на опозицијата и контрадемонстрации на власта и една седница на Советот за безбедност кај Иванов) и готово... Помина одлуката. Добредојдовте во новата реалност... Сега на сцената имаме потенцијални криминалци, но и шанса која се укажува еднаш на сто години (овде многу лесно дојде до тоа), а тоа е криминалците да бидат аболирани и помилувани. Аплауз! Правдина и право ами како ... Држава и народ ами како!? Зомби!!! А народ со толку многу споменици, сигурно заслужува многу подобра историја и сегашност! И иднина заслужува иако таа, денес гледано, е длабоко неизвесна ... Всушност слично вака било од секогаш во вечните времиња. Со други зборови – ниту било, ниту ќе биде! Оваа земја последната година ја живее својата најбизарна и најмизерна криза од своето постоење. Криза во која граѓаните се дават во немоќ да сторат нешто. Тие се заложници на група од десетина дваесет киднапери од познатите четири политички партии... Се е корумпирано овде – политичари, директори, судии, лекари, писатели, колумнисти, интелектуалци .... Отсуството на миним државнички менталитет дека, ајде и да немаме некој нагон за правење држава, иако на тацна други ни ја сервираа во 1991 година, овој простор сепак ќе мора да се интегрира во поширокиот европски географски контекст. Не знам, драги мои дали забележувате, но во ова што ние го викаме држава снема луѓе што ќе мислат за иднината. Ден во ден во оваа држава снемува физички и умствен капацитет за административна реализација на она што значи ред, поредок, правен, образовен, здравствен, безбедносен, економски и опшстевен систем ... Оттука, прашањето што секој македонски граѓанин мора да си го постави е кон што води оваа длабока политичка, економска и општествена криза води? Има ли воопшто решение за нашите длабоки проблеми? Или можеби на повидок е најсрамното сценарио кое ќе се одигра пред очите на седум и пол милијарди луѓе на планетата, а тоа е “севселенско харикири на оваа држава” на јавна светска сцена. Ќе биде ли Македонија предмет на показна вежба “стручно укинување на државата”!?
Порака
Пораката што треба да им се упати на оваа генерација македонски граѓани, особено младите меѓу 30 и 50 години, “чија чиста душа е киднапирана”, и кои во крајна нужда се повикани да ги променат работите, гласи: (користам делови од подолга реплика на голем балкански интелектуалец) “Кои сте, бре, вие луѓе? Кои се вредностите на вашата генерација? Која е вашата песна? Парола? Што пишува на вашиот беџ? Кому и во што верувате? Против што сте, а за што сте? Што менувате вие? Кои се вашите книги? На што се радувате? Кои се вашите идни класици? Која е причината за вашето постоење? Зар се помиривте со судбината дека вие сте само производ на троминутен аритметички судар на несреќниот сперматозоид и уплаканата јајце клетка!? Кому,
stand by колку и што отплатувате со оваа своја јадна судбина? ... Но, не сте само вие самите виновни што сте такви. Ничија генетика не е толку лоша. Вие сте само препарирани. Вие сте експонати. Заморчиња”! Комунизмот до 1990 година и долгата, мачна и криминална транзиција во Македонија го уништија генерацискиот и индивидуалниот интегритет на луѓето овде. Станаа “евтина роба”. А, без интегритет нема личност. Без личност нема граѓанска храброст и одговорност. Без граѓанска храброст и одговорност нема демократија. И на крајот, недостатокот на интегритет и писменост, како и купот ликови социјални случаи без идеја, а со многу криминал, го создаваат македонското секојдневие. Без перспективи. Зборуваат за медиуми. Па медиумите се надградба во секое општество. Оттука, македонското новинарство, така скроено, со дефетистички ентузијазам се вклучува во дресурата на македонското јавно мислење, придонесувајки на свој начин во општата македоска дефетистичка политичка атмосфера во која се е можно. Еден од епилозите е што луѓето, во услови на радикално губење на свеста и сопствениот став, дури и за личниот интерес, а не па за јавниот, капитулираат пред врховната моќ оградена со стиропор, и прифаќаат излезната врата на Македонија и македонскиот граѓанин да се затвори одвнатре! И затоа на едно место неодамна напишав и цитирав мисли на современи мудреци... Македонија е намерно направена како земја без карактер. Лишена од својата едноставна причина за постоење. Од својата кичма. Таа, од самиот нејзин почеток до денес, е проектирана самата да не знае што е. Македонија да биде еден човек! Самиот живее во Европа! Самиот е причина да постои “селото” на јадниот со искината гуња, кој краде кокошки за да преживее, прави семејно насилство во селото, ги изнајмува своите деца да работат на туѓи имоти, го продава наследството, на секое задолжување му приоѓа расипнички како да му е последно, никој не го вика на слава и венчавка, за литро ракија копа дупки на селските гробишта, и пијан пее и се “курчи” по селските сокаци. Никогаш, ниту еден европски режим, за релативно кратко време како што е ова македонското од 25 години, не прокоцкал толку надежи и шанси, не прокоцкал толку голема доверба на луѓето, значајна енергија на граѓаните... за да еден слој на скотови, за една тесна генерација класични социјални случаи, реализираат социјална револуција во своја корист!!?? Да опљачкаат цел еден народ, кој упорно сака да му ја докаже на светот својата колосална глупоќа. Слепо, ниско, деструктивно и без знаења и вештини, се штити пирамидата на возвишената, а празна, моќ во која кружат фантастични количини на сомнителни пари. И секоја демократска институција
Никогаш, ниту еден европски режим, за релативно кратко време како што е ова македонското од 25 години, не прокоцкал толку надежи и шанси, не прокоцкал толку голема доверба на луѓето, значајна енергија на граѓаните... за да еден слој на скотови, за една тесна генерација, ликови класични социјални случаи од редот на политичари, партиски апарати, директори и мали директорчиња, новинарчиња, судии, лекари... куп искомплексирани, реализираат “своја, и за своја корист социјална револуција”!!?? Да опљачкаат цел еден народ, кој упорно сака да му ја докаже на светот својата колосална глупоќа. И така да влезат во учебниците по социологија во графата “висока класа”... е деформирана по удар на парите и стравот. Оружјето со кое тоа е направено се македонските медиуми ...!? Затоа и не сакаат да ги менуваат. Но, нека, и не треба! Како што вели екс-премиерот, тоа се приватни медиуми. Како човек кој 25 години работи медиуми знам дека медиумите ќе бидат и “оружјето” на промената. Штета е што сите овие “наши” луѓе ништо не научија од диктаторските режими во околните држави на Балканот, кои еден по еден, се уриваа и уриваат во овие 25 години транзиција. А се им се случуваше пред очи. И ќе се случи и овде. Затоа што станува збор за приореден закон. Некои од тие балкански режими смртоносно пактираа со мафијата, и видовме што се случи. Оттука, овие неколку десетици јадни меѓу нас, супер криминалци, со се нивните налогодавачи, се само повторувачи на историјата. Повеќе од јасно е дека тие се разорени од функцијата, затоа што функцијата ги надраснала! Затоа и напишав дека е опасно кога “мал човек” одеднаш ќе добие улога во голема приказна!? Збуњола.
Многумина велат власта (режимот) кај и да е ќе падне. Криминалците ќе одат во затвор. Па се бара тоа да се случи што побрзо. Но, никој, не сака да погледне во длабочината на македонскиот проблем. Дека производството на вакви режими, како овој, во оваа држава е системски модел. Режимот сам се произведува, и не зависи од тоа кој е на власт – ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, со своите албански сателити. Оттука, тоа што режимот ќе падне (ќе падне секако), не докажува дека режимот е мртов, ниту, пак, покажува дека сме ние живи. Можеби го докажува спротивното – дека тој сепак ќе преживее, а многу од нас нема “да преживеат”. Затоа македонскиот граѓанин мора да се соочи со вистината – што правевме во тоа време, кога биравме и одлучувавме за татковината на нашите деца. Кого биравме? И зошто по нашите избори ништо ново не се случуваше? Зошто дозволивме да бидеме “интелектуално стрелани”, а претходно “тепани и повредувани”. Како дозволивме да ни ја купат душата! За сендвич со салама. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
> БРОЈКА
16.3% е зголемен бројот на туристите во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година.
ПИТеР ВАНхАуТе посредник за решавање на политичката криза
Шега е да се оди на избори со нула реформи. Нормално е, во една конфликтна ситуација, прво да ги решите проблемите, реалните проблеми, а потоа да се договарате за тоа кога да се организираат избори. Овде се прави сосем обратното.
лАНИ Се ОТВОРИле 19.712
Н
евработеноста до крајот на минатата година се намали на 24,6%, односно невработени биле 233.767 луѓе, објави Државниот завод за статистика. Ова е најниска стапка на невработеност во Македонија досега. Според истите податоци, лани се отвориле 19.712 работни места, со што бројот на вработени на крајот на 2015 година изнесува 715.758. Најголем дел од вработените или близу 20% се во преработувачката индустрија, додека втора дејност со најмногу вработени е
Mакедонско-руската инвестиција во бунарџик во Проблеми
Фабриката Продис за две го наПравила над 3 милиони
Приходи 2014 (евра)
400.387
Годишна промена (%)
-33,57%
Фин резултат 2014 (евра)
-1.708.278
Годишна промена (%)
33,63%
сопственици на фабриката Продис во слободната зона бунарџик се русинот вадим јакунин и македонецот коста димов. на отварањето во 2012 година, на кое присуствуваа премиерот и главните економски министри, Продис беше најавена како најголема фабрика за производство на хомеопатски лекови на балканот.
Ф
абриката на Продис во слободната зона Бунарџик само за две години, односно само за 2014 и 2013 година, направила вкупна загуба од над 3 милиони евра, покажуваат податоците од годишните извештаи кои компанијата ги доставила.
Продис во 2013 година работел со вкупни приходи од 600 илјади евра, кој следната година се намалиле за една третина, па фабриката во 2014 година имала вкупни приходи од 400 илјади евра и загуба од дури 1,7 милион евра, која била поголема за една третина во споредба со загубата од 1,3 милиони евра која Продис ја пријавил за 2013 година.
Податците за работењето на фабриката во 2015 година се уште не се јавно објавени, но извесно е дека и минатата година компанијата работеша со загуба и пад на приходите, бидејќи токму лани за прв пат беа обелоденети информациите дека компанијата се соочува со проблеми во работењето Фабриката во Бунарџик од неодамна целосно го стопираше производството
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
9 рабоТни месТа
земјоделието каде се вработени 123 илјади луѓе или дури 17% од вкупниот број на вработени во земјава. Според податоците од статистика, 555.759 од вработените се во фирми во приватма сопственост, додека 159.999 се во фирми во друга сопственост. Најголем дел од работните места, дури 13.453 се отвориле во секторот трговија на мало и големо. Стапката на вработеност во последниот квартал од 2015 година достигна 42,7%, додека стапката на активност изнесуваше 56,6%, што е намалување во споредба со стапката на активност во истиот квартал 2014 година кога таа изнесувала 57,4%.
мисла на неделата
> бројка
иднината на економскиот развој на една земја во услови на глобална економија зависи од желбата и храброста да се плови смело во бурните води на меѓународната конкуренција
28%
Шинзо Абе
премиер на Јапонија
е пораснат бројот на патници на двата аеродроми во скопје и охрид од почетокот на 2016 година
лидери
одини евра загуба Фабриката во бунарџик од неодамна целосно го стопираше производството и стави клуч на фабриката. вработените неодамна јавно се пожалија дека речиси една година не земале плата. засега не се знае дали Продис планира повторно да почне со работа, бидејќи последните информации од менаџментот беа дека се преговара со нов инвеститор кој би ја преземал фабриката. и стави клуч на фабриката. Вработените неодамна јавно се пожалија дека речиси една година не земале плата. Засега не се знае дали Продис планира повторно да почне со работа, бидејќи последните информации од менаџментот беа дека се преговара со нов инвеститор кој би ја преземал фабриката. Сопственици на фабриката Продис во слободната зона Бунарџик се русинот Вадим Јакуник и македонецот Коста Димов, кој е и управител на фабриката. Вадим Јaкунин инаку е сопственик на руската компанија Протек груп и важи за еден од најбогатите Руси. Но, во фабриката во Македонија како сопственик се јавува тој лично, а не компанијата Протек груп. Македонско-руската Фабриката Продис, која почна да се гради во 2011 година, се најавуваше како една од најголемите фабрики за хомеопатски лекови на Балканот, во која ќе се произведуваат и органски и неоргански производи од житарки, чаеви, витамини и минерали. “Ние влегуваме на пазарот на Македонија, ќе направиме најмодерна фабрика за хомеопатски лекови, органски и неоргански производи од растително потекло. Новото име на македонскиот пазар е Продис. Компанијата планира инвестиција од
висина од 5 милиони евра во две фази во период од пет години”, изјави Вадим Сергеевич Јакунин, сопственик на Протек груп при поставувањето на темелите на фабриката. Сопс¬тве¬ни¬кот на Протек Груп Јакунин тогаш изјави де¬ка го исполнил ветувањето што му го дал на премиерот Никола Гру¬ев¬ски, зашто за една година неговите производи ќе се најдат на пазарот во Ма¬ке¬до¬ни¬ја. "Се сретнав со премиерот Никола Груевски во Македонија, кога пред две го¬ди¬ни му го презентирав научното издание 'Илустриран летопис' од 17 век, во кое се опфаќа историјата од библиските денови до 16 век, а во кое го¬лем дел се одвојува за вашиот голем земјак Александар Македонски. Во таа пригода стана збор за тоа евентуално да изградиме фабрика во Ма¬ке¬до¬ни¬ја. Денес, со удирањето на камен-темелникот, почнувам да го ис¬пол¬ну¬вам моето ветување", изјави Јакунин. На отварањето на фабриката во Бунарџик во втората половина во 2012 година присуствуваше тогашниот премиер Никола Груевски и главните економски министри од власта, кога се објави дека станува збор за инвестиција од 8 милиони евра во која ќе се вработат 160 луѓе. nnn
Џеф Вајнер
директорот на LinkedIn се откажа од својот бонус од 14 милиони долари кои и им ги подари на вработените, за мотивација
Хана ал-Хроуб
Палестинката која израснала како бегалка и сега ги учи децата на бегалците ја освои светската награда за најдобар учител, вредна 1 милион долари
не им беше неделата
ангела меркел
германската канцеларка и нејзините конзервативци загубија на изборите за места во два од трите покраински парламенти
Дилма русеф
над милион Бразилци протестираа за оставка на претседателката во услови на длабока политичка криза и економија во рецесија
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
story 10 cover cover story: Македонската Метал
Метaлурзите аларМираат Без поМош од државата, следат отпуштања и голеМ пад на извозот Доколку државата не најде начин да и помогнe на домашната металургија, штетите ќе бидат многу повисоки отколку што првично се предвидуваше. Имено, податоците на најновите студии покажуваат дека овој сектор има релативно учество во БДП од 33,53% и учество во националниот извоз од 31,5%. Се смета дека металургијата како сектор индиректно генерира околу 25.000 работни места.
што Бараат Металурзите: l нормални цени на транспортот и енергенсите l стимулации како за индустрија која отвора најголем број работни места по примерот на развиените држави l поголема толеранција во однос на еколошките стандарди l разгледување на можноста за промена на фиксниот курс на денарот
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
11 лургија во најголеМа досега криза!
635
милиони евра изнесува вкупниот бруто аутпут на металуршката индустрија
100
милиони евра изнесува релативното директно учество на вкупната додадена вредност
485
милиони евра изнесува вкупниот извоз на оваа индустрија, додека нејзиното релативно учество во вкупниот национален извоз е 13%
6.393
луѓе биле вработени во оваа индустрија во 2014
12
милиони евра е контрибуцијата на компаниите од оваа индустрија преку плаќање на даноци
10
милиони евра во форма на придонеси за социјално и пензиско осигурување имаат исплатено металуршките компании
1%
од вкупните даночни приходи во државава се остваруваат од оваа индустрија
1,2
милиони евра изнесува вкупната вредност што овие компании ја имаат издвоено за општествено – корпоративна одговорност
26.211 5.7%
изнесува нето ефектот што индустријата за основни метали ја генерира во економијата дирекно или индиректно
фото: Филип Поповски
е вкупниот број на вработени што индустријата директно или индиректно ги создава или поддржува во националната економија
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
12
cover story
Н пишува:
Дејан Азески
„Нарачки нема, комбинатите работат со намалено и непостојано производство, а трошоците постојано се зголемуваат“. Ова се состојбата во македонската металургија и после 8 години од светската економска криза од која претставниците на оваа индустрија се уште не можат да го најдат излезот. Како дополнителни проблеми и кои им го отежнуваат производствениот процес ги посочуваат скапите енергенси, акцизата што ја плаќаат како и високите цени на железничкиот транспорт. Тие по илјадите пат ги преповторуваат погоре споменатите пречки кои мора да се надминат за секторот да опстане. „Металургискиот сектор е сериозно погоден. Во нормални земји, вакви ситуации се предмет на сериозни анализи на надлежните органи и изнаоѓање начини за помош барем додека состојбите не бидат надминати. Работиме на технолошки минимум, со мал процент на искористување на капацитетот што повлекува високи трошоци, додека многу честото кампањско производство за овој бизнис е погубно“, вели претседателот на Здружението на металургијата и директор за стратешко планирање на Макстил - Митко Кочовски. Владата вети дека ќе преземе мерки за надминување на кризата во металуршкиот сектор. Министерот за економија Беким Незири изјави дека ги следат проблемите, но дека кризата во оваа индустрија е поради лошата состојба во металургијата на светско ниво. „Ние како Влада и Министерство за економија активно ги следиме трендовите на движење во металургијата во светот. Се разбира дека ќе имаме состаноци со
фото: Филип Поповски
dejan.azeski@kapital.mk
Монетарната политика и екологијата ќе и ги зададат конечните удари на металургијата
З
горе на сево ова досега кажано државата во последните децении направи неколку крупни одлуки кои дополнително и го загорчија животот на домашната металургија. Прва од тие одлуки секако е „тврдоглавото“ држење на фиксниот курс на денарот кој не ги уништува само металурзите туку и целокупниот извоз на нашата држава. Според Златко Попоски од компанијата Железник доаѓа времето кога и ние треба сериозно да размислуваме за промена на монетарната политика. „Имаме проблем во однос на конкуренцијата која поради овој фактор оди со дампинг цени во однос на нас. Можеби не треба премногу да се брза но после 2018 и најавениот крај на кризата тоа може да се направи. Таман имаме доволно време да ги направиме сите можни анализи како тоа би се одразило на сите области од економијата. Првичните претпоставки кажуваат дека можеби ќе почувствуваат граѓаните минимално на својот стандард но на среден и долг рок компаните ќе ги вратат тие пари во економијата“. Како капак на кризата која со години ја тресе металургијата дојде минатогодишната одлука на Владата дека државата нема да го пролонгира рокот за добивање на интeгрираните еколошки дозволи кои индустриите кои загадуваат мора да ги обезбедат. Компаниите од металургијата преку своите коморски здруженија изминативе 2-3 години неколку пати побараа од државата да го продолжи овој рок, како своевидна анти кризна мерка, затоа што во услови кога поради кризата нивната продажба и цените на производите значително паднаа, не беа во состојба да ги реализираат потребните инвестиции поврзани со заштита на животната средина. Сепак поради одлучноста на влада кај секоја компанија поединечно се работи за различен обем на инвестиции ,а кај најголемите производители и извозници се работеше за суми од по 20 и 30 милиони евра и повеќе.
Нелогичност: Оваа индустрија 25 години се сатанизира
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
13 претставниците од металуршкиот сектор и ќе направиме максимум што треба за да им се излезе во пресрет и да им се помогне на компании во рамки на законите и буџетот на Македонија“, рече Беким Незири министер за економија. Бидејќи засега од најавите на Владата нема никакви поконкретни резултати неминовно се поставува прашањето што ќе биде ако дојде до евентуален крах на металуршкиот сектор.
кризата во металургијата може скапо да не чини
Иако официјалните податоци покажуваат дека поради проблемите со кои се соочува изминативе години, учеството на металуршката индустрија во вкупниот бруто-домашен производ од 5,73% во 2007 година, во 2014 година се намалил на 1,36%, (паралелно, се намалува и учеството во вкупниот извоз, кое од 31,5 % пред осум години, сега изнесува само 13,2%), квантификациите содржани во најновите студии покажуваат директно учество во БДП од 5,73% и релативно учество во БДП од 33,53% и учество во националниот извоз од 31,5%. Па така во најновата студија на Стопанската комора на Македонија
Митко кочовски
претседател на Здружението на металургијата при Стопанска Комора на Македонија
М
еталургискиот сектор е сериозно погоден. во нормални земји, вакви ситуациии се предмет на сериозни анализи на надлежните органи и изнаоѓање начини за помош барем додека состојбите не бидат надминати. Работиме на технолошки минимум, со мал процент на искористување на капацитетот што повлекува високи трошоци, додека многу честото кампањско производство за овој бизнис е погубно. („Идентификација на генерирачките потенцијали на носечките индустриски сектори во Македонија низ примерот на проучувањето на улогата и важноста на индустријата за основни метали во националната економија“) дополнително се проценува дека металургијата како сектор индиректно генерира околу 25.000 работни места. Ваквото повеќе од сериозно учество на металургијата во економските показатели го коментира и Мудалик Рустеми, член на менаџментот на Југохром според кој тешко е да се убеди јавноста дека ова е една од главните индустрии.
„Ретко кој сфаќа дека нашите компании бројат по илјада вработени и дека сериозно придонесуваат за целата економија. Се нема слух дека со отварањето на слободни економски зони се добива она што се добива, но дека со субвенционирање на оваа индустрија може да се добие многу повеќе. Треба да се знае дека една држава е толку развиена колку што произведува челик“, вели Рустеми. Кочовски на ова додава дека бројките покажуваат дека биле погрешни стереотипите според кои нивната индустрија долги години била карактеризирана како стара индустрија во изумирање.
Факти: РеиндустРијализацијата е актуелна и на светско ниво
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
14
cover story Беким Незири
Зорица Мешковска
ие како Влада и Министерство за економија активно ги следиме трендовите на движење во металургијата во светот. Се разбира дека ќе имаме состаноци со претставниците од металуршкиот сектор и ќе направиме максимум што треба за да им се излезе во пресрет и да им се помогне на компаниите во рамки на законите и буџетот на Македонија.
о скоро време ќе организираме нова средба на металурзите на која ќе детектираме уште поконкретни барања и мерки неопходни за помош на секторот. Од изјавата на министерот Незири наваму немаме добиено никакви дополнителни најави. Очекуваме да не повикаат на средба во најскор можен период
Н
министер за економија
„Напротив, јасно се укажува дека неосновано се форсираат услужните дејности ако зад нив не стои производството. Едноставно нема услуга без производство. И затоа нашето залагање, е ако веќе се субвенционираат бизниси во Македонија како што е случајот со странските компании кои минимално придонесуваат за нашата економија тогаш да се стимулираат и субвенционираат оние кои имаат навистина значаен придонес.“ Тој дообјаснува дека странските компании увезуваат најголем дел од суровина за да извезат производ без никакви давачки кои остануваат во државата. „Затоа наша заложба е ако веќе се субвенционираат компании да се субвенционираат тие кои допринесуваат повеќе за домашната економија како што се компаниите од овој сектор“, предлага Кочовски. Проценките на повеќето познавачи на оваа област кои го консултиравме се дека годинава само за нијанса може да биде подобра од лани, а првите добри знаци може да се очекуваат дури во 2017 година.
Како металургијата дојде дотука?
„Нормални цени на транспортот и енергенсите, стимулации како за индустрија која отвора најголем број работни места по примерот на развиените држави, поголема
В
Стопанска Комора на Македонија
Бројките контра реалните состојби на теренот
С
поред последните податоци производство на метали во 2015 година забележало раст од 6,3% што е скоро дуплирање во однос 3,5% раст остварени во 2014. Кај производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема каде растот изнесува 11,8% што е големо зголемување во однос на 5% во 2014 година. Податоците од терен говорат дека Фени на крајот на годината го запре производството на едната печка, а со другата работи на технолошки минимум. Југохром запре со производството, а најавено е уклучување на само две од седум печки, Бучим работи со загуби, Макстил со нецелосен капацитет, а леарниците забележуваат помал обем на работа. Во Арчелор Митал иако состојбите се за нијанса подобри, компанијата работи далеку под инсталираните капацитетни можности. толеранција во однос на еколошките стандарди“, се само дел од барањата кои со години и децении ги форсираат претставниците на оваа индустрија, а од кои не добија апсолутно ништо. Тие одамна предупредуваат дека нивниот сектор кој според сите статистики има огромен придонес во домашната економија, неправедно се занемарува па дури и напаѓа. Во разговорите со Капитал самите компании се повикаа на странски примери и искуства докажувајќи на таков начин дека Македонија води несоодветна политика кон металуршкиот сектор. „Ние плаќаме најскап гас, енергенси и транспорт, имаме законски пречки за
обезбедување на суровини, а еколошките проблеми државата ги решава со просто затворање на компаниите. Тоа е апсурд кој го нема никаде во светот, особено не кога се работи за индустрија со толкав огромен придонес како во финансискиот дел тако и во делот на вработувањата. Затоа по примерот на поразвиените економии бараме оваа индустрија да си го добиеме заслуженото место во целокупната економија со сите привилегии кои и следуваат. Конкретно во Македонија треба драстично да се зголеми поддршката на државата кон овој сектор за таа да добие само нормален, а не привилегиран третман како што во многу држави го има “ велат тие. nnn
Очекувања: опоравување може да дојде дури во 2017 ГОЛЕМ ПОПУСТ НА КОЗМЕТИКАТА НА АННЕ СЕМОНИН. 20% ПОПУСТ НА СИТЕ ПРОИЗВОДИ НА АННЕ СЕМОНИН. ДОКОЛКУ ИСКОРИСТИТЕ НЕКОЈА УСЛУГА НА СПА ЦЕНТАРОТ (СПА УСЛУГА ИЛИ МАСАЖА), ДОБИВАТЕ 30% ПОПУСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ. *понудата трае од 01.03 до 31.03.2016 година.
пишува: Биљана Здравковска стојчевска
Бројчаникот престана, но долгот не престана да расте Податоците кои беа објавувени со оваа апликација за мерење на долгот се јавно достапни податоци кои ги има во сите владини публикации, во извештаите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Точно е дека нема некој посебен научен пристап во апликација. Финтата е јавните податоци за долгот кој се тешко разбирливи и достапни до обичниот народ да му се направат поблиски. Да му се доближи поблиску проблемот со забрзаното зголемување на долгот. И тој ефект беше постигнат со самото тоа што сите по социјалните мрежи ја споделуваа оваа апликација. И еве сега бројчаникот е тргнат. И сега што? Мерењето на долгот не го гледаме, но тоа не значи дека долгот престана да расте. Тоа не значи дека проблемот со растечкиот долг веќе не постои. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska
B
Бројчаникот кој го мери државниот долгот во Македонија опстои само еден ден. Неговото објавување ја налути владејачката партија. За нив ова било политички, а не научен чин. Па удрија најсилно со деградација на личноста на претседателот на МАНУ, беше побарано итно МАНУ да се огради од овој бројчаник, оти во спротивно ќе ги сметале за клон на СДСМ и соросовите здруженија. Многу галама!? И тоа околу ништо посебно. Главното објаснување беше дека секој студент по економија знаел дека долгот не се мерел во релативна вредност, а не во апсолутна големина. Демек проблемот е во научниот пристап кон мерењето на долгот. И еве сега бројчаникот е тргнат. И сега што? Мерењето на долгот не го гледаме, но тоа не значи дека долгот престана да расте. Објавувањето на бројчаници на долгот кои јавно го мерат долгот на државите не е ништо ново ниту невообичаено. Во сред Њујорк, на најпрометниот плоштад Тајм Сквер стои еден ваков часовник или бројчаник кој го мери зголемувањето на американскиот национален долг во секоја секунда. Значи го мери апсолутниот долг и неговото зголемување, и колку долг отпаѓа на секое домаќинство. На Интернат можат да се најдат многу сајтови, што владини, што невладини, на кои може да се следи зголемувањето на долгот на многу земји во светот. Дури и во Србија, Институтот за индустриски односи, на почетокот на минатата година објави часовник на јавниот долг преку кој во живо се следи за колку се зголемува апсолутниот долг на Србија. На овие сајтови покрај апсолутните бројки за долгот и неговото зголемување, се објавуваат и годишната камата и каматата која се плаќа по секунда, уделот на долгот во БДП, вкупниот износ на БДП, износ на долгот по глава на жител, вкупниот број на население. Истите податоци кои ги имаше на бројчаникот кој го мереше долгот на Македонија. Податоците кои беа објавувени со оваа апликација за мерење на долгот се јавно достапни податоци кои ги има во сите владини публикации, во извештаите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Точно е дека нема некој посебен научен пристап во апликација. Финтата е јавните податоци за долгот кој се тешко разбирливи и достапни до обичниот народ да му се направат поблиски. Да му се доближи поблиску проблемот со забрзаното зголемување на долгот. И тој ефект беше постигнат со самото тоа што сите по социјалните мрежи ја споделуваа оваа апликација. Можеби проблемот е во тоа што оваа апликација за мерење на долгот ја објавува МАНУ. Која е врвна научна институција во државата од која се очекуваат научно издржани анализи, проекции како проблемите ќе влијаат и предлози како тие проблеми да се решат. Суштината е дека тие податоци за долгот во апликацијата се точни. Па апликацијата може слободно сега да ја објави некоја друга невладина организација.
КапиталНО
МАНУ јавно изјави дека овој бројчаник не е нејзин став и ја повлекоа апликацијата. Јавното објавување на податоците за јавниот долг на Македонија не ни можат да бидат нечиј став. Тие можат да бидат точни или неточни. Она што сега се очекува од МАНУ, како врвна научна институција, проблемот со долгот на државата да го објасни на научно поткрепен начин. Да објасни колку е тој голем и колку може да биде проблем за државата. И да даде решенија што треба Македонија како држава да прави за да не западне во должничка криза. МАНУ јавно изјави дека овој бројчаник не е нејзин став и ја повлекоа апликацијата. Јавното објавување на податоците за јавниот долг на Македонија не ни можат да бидат нечиј став. Тие можат да бидат точни или неточни. Она што сега се очекува од МАНУ, како врвна научна институција, проблемот со долгот на државата да го објасни на научно поткрепен начин. Да објасни колку е тој голем и колку може да биде проблем за државата. И да даде решенија што треба Македонија како држава да прави за да не западне во должничка криза. Од МАНУ исто така се очекува да се позанимава и со корелацијата помеѓу растот на јавниот долг и порастот на БДП. На пример, Светската банка неодамна објави дека јавниот долг на Македонија во 2008 година изнесувал 23% од БДП, а во 2014 година тој достигнал 46% од БДП. А во истиот тој периот Македонија имала вкупен економски раст од вкупно 13,2% или просечен годишен економски раст од 2,2%. За волја на вистината МАНУ прилично долго наназад молчеше за реалните и
тековните економски проблеми со кои се соочува Македонија и сега на првиот обид во јавноста да ја зголеми свесноста за растечкиот долг, доби шлаканица. Затоа ќе биде многу битно од МАНУ да слушнеме решенија како да се надминат економските проблеми на Македонија. Посебно сега во период кога станува се појасно дека државата нема да може да продолѓи неограничено да го поттикнува економскиот раст преку задолжување. Да слушнеме одговор и предлог како до повисоки економски раст . Јавниот долг не е единствен и најгорлив економски проблем со кој се соочува Македонија. Проблемот со преголемиот број на вработени во администрацијата станува се поголем товар на економијата, а никој не зборува за потребата од нејзина реформа. Сега наскоро ќе биде објавен и регистарот. Но, што со тоа? Ако економската наука остане нема и научно не објасни зошто преголемата администрација е голем економски проблем, тие ќе останат само голи бројки. Проблемите со пензискиот систем, барем
според она што го објави Светската банка, е темпирана бомба која може многу брзо да екслодира. Експертите на Светската банка јавно посочија дека пензискиот систем е неодржлив ако не се направат некои реформи. Бидејќи дупките во пензискиот фонд секоја година стануваат се поголеми и потребни се се повеќе пари од буџетот да се префрлаат за да може редовно да се исплаќаат тие пензии. Од МАНУ, од Економскиот факултет и од сите други високо образовни и научни институции се очекува да понудат издржано и научно објаснување и видување на економските проблеми со кои Македонија се соочува денес, на економските политики кои ги води власта, да понудат правец во кој може и треба подобро да се води економската политика. Ако е тоа научно издржано, тогаш власта може да се согласува или да не се согласува. Тогаш веројатно нема да може и економската наука толку лесно да се оградува од реалните состојби и економски проблеми, и да се правда дека тие не се нејзин став. nnn
Капитал број 855 18.03.2016
18
www.kapital.mk
анализа
Cost – benefit на делницата Демир Капија – Смокви
Новиот автопат кон ќе го поттикне изво целата економија Едно возило од Демир Капија до Смоквица ќе стигнува за 10 минути побрзо отколку сега, откако ќе заврши изградбата на овој дел од Коридорот 10 во Македонија. А времето е пари. Cost – benefit анализата на изградбата на оваа делница од Коридорот 10 на група истражувачи во рамки на проектот FISCAST: Градење капацитет и алатки за фискална одговорност,
одржливост и транспарентност во Македонија, спроведен од Finance Think, покажа дека пократкото време за патување ќе им заштеди на луѓето 308 илјади евра годишно време изразено во платени работни и неработни часови, по 2,3 милиони евра заштеди за гориво и помала амортизација, по 3,8 милиони евра дополнително во бруто домашниот
Cost - benefit: Нето сегашната вредност на делницата Демир Ка
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
19 R
R R R
590 2,3 3,8 8,7
бројки илјади часа ќе заштедат граѓаните по новиот автопат од Демир Капија до Смоквица или во пари, по платени работни и неработни часови околу 308 илјади евра годишно милиони евра се проценува годишно да се заштедат за гориво и помала амортизација милиони евра дополнително секоја година во ставката транспорт во БДП токму од оваа делница милиони евра се проценува да инкасира државата годишно од патарини
ица од Коридорот 10
н Грција озот и производ од транспортот по овој автопат. Истражувањето покажува дека по 30 години, кога ќе се соберат трошоците и бенефитите, нето сегашната вредност е позитивна и поради тоа, сугерираат властите што повеќе пари од буџетот да инвестираат во изградба на автопати.
пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
E фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Едно возило од Демир Капија до Смоквица ќе стигнува за 10 минути побрзо отколку сега, откако ќе заврши изградбата на овој дел од Коридорот 10 во Македонија. Наместо за 25 минути колку што се потребни за да се извозат сегашните 32,8 километри со максималната дозволена брзина од 80 км на час, по новиот автопат во должина од 27,3 километри, со максималната дозволена брзина од 110 км на час, од едното до другото место ќе се стигнува за приближно 15 минути, покажува cost – benefit анализата на група истражувачи во рамки на проектот FISCAST: Градење капацитет и алатки за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија, спроведен од Finance Think. Ако се знае дека дневно по овој автопат поминуваат во просек по 10.000 возила, сите тие по новиот автопат би заштедиле вкупно 97.000 минути. Доколку тоа се помножи со 365 дена во годината, се добива годишна заштеда од 590.083 часа. А времето е пари. Од сите 10.000 возила што дневно ја возат оваа делница од Коридорот 10, само 3.800 возила се на Македонци, и доколку заштедата на време се изрази во вредност на работен и неработен час во земјава, анализата покажува дека заштедата би била околу 308 илјади евра годишно. Освен заштеда на време, cost – benefit анализата покажува дека ќе се намалат и трошоците за гориво и амортизација на возилата, се проценува дека ќе се зголеми трговската размена со Грција а со тоа и економската активност. „Капиталните инфраструктурни проекти, и покрај тоа што се капитално интензивни во почетните години (во овој случај околу 9 милиони евра по километар) и за кои
е потребно понатамошно долгорочно задолжување на државата преку заеми од меѓународни финансиски институции, сепак се исплатливи на подолг рок и придонесуваат во зголемувањето на генералната социо - економска благосостојба во земјата, но и креираат потенцијал за понатамошен развој“, оценуваат истражувачите што ја спроведоа оваа анализа. Овие проценки ги потврдиле и менаџерите на 10 компании од овој регион кои што ги анкетирале истражувачите. Дури 70% од нив одговориле дека очекуваат да ги зголемат приходите откако ќе биде отворена оваа делница до крајот на годината, а 80% од нив потврдиле дека очекуваат да ги намалат трошоците за гориво и амортизација. Според очекувањата на сопствениците на компаниите од секторите транспорт, шпедиција и логистика, туристичките агенции и фирмите кои се занимаваат со малопродажба, со изградбата на автопатската делница нивниот профит ќе порасне над 20%. Сепак, економистите проценуваат дека дури и да се нивните очекувања преоптимистички, раст на профитот од 10% би бил сосема реален. Според податоците од Државниот завод за статистика, се проценува дека 40% од целата трговија во земјава се одвива преку Коридорот 10. Тоа значи дека ставката транспорт и складирање во бруто домашниот производ (БДП) токму по овој автопат зафаќа околу 95,9 милиони евра и растот од 10% би изнесувал 9,59 милиони евра годишно. Меѓутоа, истражувачите објаснуваат дека растот на БДП како вредност не може директно да се внесе во cost - benefit анализата, па така како приход го калкулирале врз основа на проектирана профитна маржа односно нето деловен вишок од 40% кое дава директен бенефит во растот на БДП. Односно, 40% од 9,59 милиони евра или 3,8 милиони евра би бил директниот бенефит на годишно ниво од патниот транспорт по Коридорот 10. Освен транспортот, истражувањето покажува дека со отворањето на новиот автопат се очекува значително да се зголеми трговската размена со Грција. Меѓутоа, засега е дискутабилно дали повеќе ќе порасне извозот од Македонија во Грција, или пак увозот. Според проценките на Царинската Управа, околу 80% од вкупниот извоз во Грција од 170 милиони евра се одвива преку граничниот премин Богородица, односно токму по овој автопат. Од друга страна,
апија - Смоквица по 30 години е позитивна, 9,7 милиони евра
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
20
анализа
Македонија увезува три пати повеќе од Грција, отколку што извезува и затоа според истражувањето, нејасно е дали новиот автопат ќе го зголеми нето-извозот или ќе го намали. „Претпоставуваме дека порастот на извозот и порастот на увозот ќе се компензираат, и токму затоа не се зема како бенефит, иако во некои од изјавите на политичарите, при официјалниот почеток на изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, како можен бенефит беше спомнат токму растот на нето извозот кон Грција“, велат истражувачите. Според една друга студија направена во 2010 година од грчкиот експерт Marios Miltiadou, со изградбата на новата автопатска делница Демир Капија – Смоквица, годишно на оперативни трошоци ќе се штеди околу 2,3 милиони евра. Според претходните претпоставки за намалување на должината на делницата, и ако се има предвид дека просечниот годишен дневен сообраќај е 10.000 возила, просечната цена на горивата од изминатата година за лесни и тешки товарни возила (сооднос 80% лесни и 20% тешки моторни возила), произлегува дека годишно за гориво би се штеделе речиси 2 милиони евра. Останатите 300 илјади евра би се заштедиле од помала амортизација. Тие 10.000 разни категории на возила што дневно поминуваат по оваа делница, на 2 планирани патарини од Демир Капија до Смоквица би плаќале годишно по 8,7 милиони евра што би бил приход за државата. Со изградбата на новиот автопат, cost benefit анализата покажува и дека бројот на загинати годишно ќе се намалува за 0,6 луѓе, бројот на повредени за 11,11 луѓе и материјалната штета ќе се намалува годишно за 176.811 денари, што значи дека годишно со новиот автопат ќе се заштедат 710 илјади евра на загинати, 930 илјади евра на повредени и 2.875 евра на материјална штета.
Половина милион евра годишно за одржување
Изградбата на оваа делница, која што
е во завршна фаза, е финансирана е неколку меѓународни кредитни институции. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит од 107 милиони евра кој опфаќа и инсталирање на електронски систем за наплата на постојните патарини и изградба на четири нови патарини на коридорот 10, потоа две транши од по 65 милиони евра во 2011 година и 35 милиони евра годинава од Европската инвестициона банка (ЕИБ), 45 милиони евра од претпристапните фондови на Европската унија (ИПА) и 6 милиони евра од Агенцијата за Државни Патишта. Каматата од договорите за заем со ЕБОР и ЕИБ е пресметана како 6 месечен Еурибор + 1% со што се се доаѓа до варијабилна годишна каматна стапка од 1,74%. Нема достапни амортизациони планови за исплата на кредитите, па се проценува дека кредитите после 3 годишниот грејс период ќе се исплаќаат на еднакви годишни ануитети (главница+камата) во текот на следните 15 години што е по 15,8 милиони евра годишно. Вкупните трошоци за камати се приближно 30 милиони евра за целокупниот 15 годишен период. За време на влечењето на траншите се плаќа еднократна провизија од 1% од вкупниот износ на кредитот или околу 2 милиони евра. За експропријацијата на земјиштето се потрошени 1,9 милиони евра, додека пак трошоците за проектната документација изнесуваат 6,2 милиони евра. Трошоците во врска со одржувањето се пресметуваат после десеттата година од изградбата на автопатот, бидејќи Актор има обврска, според договорот, до 2026 година да го одржува автопатот. Потоа трошоците ги превзема Агенцијата за Државни Патишта. Според податоците од Светска Банка, просечните трошоци за одржување на автопат би биле 505.650 евра годишно за должина од 27,3 километри, колку што е долга делницата која е во изградба. Сепак, кога ќе се вкалкулираат сите трошоци и бенефити од изградбата на оваа делница во период од 30 години, произлегува дека вкупната сегашна нето вредност изнесува 9,7 милиони евра. Нето сегашната вредност
е позитивна но сепак скромна во однос на иницијалната инвестиција од 252 милиони евра, а просечната стапка на поврат на инвестицијата е 0,13% на годишно ниво. Токму поради тоа, истражувачите им сугерираат на властите повеќе пари од буџетот да инвестираат во вакви капитални инвестиции. „Наша препорака е дека е потребно многу поголемо инвестирање во вакви капитални проекти во инфрсатруктурата, кои на долг рок се исплатливи и го зголемуваат обртот на целата економија. Капиталните проекти изминативе десетина години беа занемарувани на сметка на трошоци за социјални трансфери, плати за администрација и останати непродуктивни проекти. Доколку барем дел од нив се пренаменеа за изградба на јавната инфраструктура, како автопати, би се изградиле повеќе стотини километри автопат, кои би донеле раст на економијата, и би создале услови на долг рок со цел бизнисите да ги намалуваат трошоците на работење, на пример, преку заштеда на гориво, време за транспорт, и за сметка на тоа тие ќе работат со поголеми добивки, ќе отвораат нови работни места, па дури и ќе ги прошируваат своите бизниси“, велат од тимот на истражувачи што ја направија оваа анализа во рамките на проектот ФИСКАСТ на Finance Think. Колку се важни патиштата за развојот на економијата покажува и фактот што 93% од производите се транспортираат по патниот сообраќај. Во очекување целосно да заврши изградбата на автопатот, познато е дека ќе биде за 5,5 километри пократок од сегашната делница. Понатаму, рутата ќе има шест мостови со вкупна должина од 1.650 метри, од кои два ќе бидат долги над 600 метри и ќе бидат најдолги во Македонија. Ќе има два тунели со вкупна должина од 2.350 метри (должина на еден тунел околу 1.200 метри). Вкупната ширина на патот ќе биде 25,6 метри, односно ќе има две ленти од по 3,5 метри за секој правец и лента за застанување со ширина од два метри, како и зелен појас од три метри. nnn
Факт: 252 милиони евра е иницијалната инвестиција за делницата
Капитал број 855 18.03.2016
22
www.kapital.mk
политика
Сѐ поблиску до 5 јуни, а сѐ подалеку од условите за кредибилни избори
Ќе има ли ново одложување на изборите?
Ако до објавувањето на оценката на ЕУ и на САД по која беа одложени изборите сè уште имаше работни групи и преговори за создавање медиумски услови за порамноправен изборен натпревар, а дотогашната проверка на Избирачкиот список беше оценета како недоволна, сега воопшто нема преговори за медиумите, додека прогресот кај листата со гласачи само докажува колку биле оправдани досегашните нејзини проблематизирања - се чини повеќе од она што би им го дале за право и најголемите песимисти. Прашањето е - (ќе) има ли услови за избори на 5 јуни, ако не повеќе, тогаш барем подобри од оние поради кои беше одложен првичниот пржински датум, 24 април?
Шекеринска: нЕМа тајни преговори за медиумите
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
23
А
ко ситуацијата беше таква како што кажуваше Груевски, ако ништо друго, странците ќе молчеа. Никој од нив не сака да си ги плука сопствените зборови. Практично, Радмила немаше меѓународен Шекеринска фактор кој не го заменик претседател на демантираше СДСМ: Груевски: Ховит, амбасадата на САД, Хан...
З пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
За неполни три недели, на 7 април, Собранието ќе се самораспушти, ако има избори шеесет дена подоцна, на 5 јуни. Велиме, „ако има избори“, зашто условите за одржување на истите, не само што не се подобри од оние поради кои беше одложен првичниот пржински датум (24 април), туку се и полоши. Ако до 24 февруари (кога Собранието го изгласа новиот датум, а имено 5 јуни) имаше преговори во работните групи за спроведување на договореното во Пржино за подобрување на состојбата во медиумската сфера, сега имаме ситуација во која белгискиот олеснувач Питер Ванхауте не верува дека ќе има средби во овој формат до изборите (на 5 јуни) и зборува за некакви алтернативни опции за постигнување согласност меѓу партиите, за кои последните и „не знаат“. За потсетување, кога на 21 февруари амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, ја презентираше заедничката оценка на неговата земја и на Европската
М
Денко Малески професор
еѓународниот фактор може да процени дека предолго се влече кризата, и дека е полошо таа да продложи преку нови избори во кои ќе се нема доверба од сите, отколку повторно да се одложат изборите. И двете ситуации се со лоши консеквенци по стабилноста на државата.
А
Исмет Рамадани аналитичар
ко работата на Специјалното обвинителство резултира со нова бројка на функционери и на други луѓе кои се инкриминирани, за кои би имало обвиненија, тогаш постои можност и во самата ВМРОДПМНЕ да направат проценка, да пројават незадоволство што би значело ново одложување на изборите.
Од ВМРО-ДПМНЕ не успеавме да добиеме став, иако контактиравме повеќе претставници на партијата инволвирани во процесот унија дека нема услови за одржување фер и демократски избори на 24 април, меѓу причините за ставот наведе и оти „сè уште не е постигнат договор за медиумските реформи за да се осигура поле за еднаков пристап“. Другата главна причина за негативната оценка, што Бејли тогаш ја посочи, беше дека „резултатите од работата на Државната изборна комисија во однос на проверката на Избирачкиот список во оваа фаза не се доволни за да се одржат кредибилни избори на 24 април“. Во овој дел во меѓувреме има прогрес, но, тој засега само докажува колку биле оправдани досегашните проблематизирања на Избирачкиот список - се чини повеќе од она што би им го дале за право и најголемите песимисти. ДИК во моментот на пишување на овој текст требаше да ја почне теренската проверка, откако заврши вкрстувањето на податоците добиени од 10 институции. Теренски (ќе) се проверуваат лицата кои ги има во базата на Министерството за внатрешни работи, но чии податоци не се совпаѓаат во најмалку две други бази, а дали тие се на вистинското место во Избирачкиот список ќе се утврдува преку прашалници/формулари, со прашања од видот - колкумина живеат во едно живеалиште, колку влезови има зградата или куќата на кои им гласи адресата и т. н. За ова да го провери ДИК има еден
месец, кој ако почне на 17 март, треба да заврши на 17 април, кога главното изборно тело треба да го стави на увид Избирачкиот список. Во овој цајтнот ќе треба да се заврши и претпоставено најтешкиот дел, што се процедурите за поништување на решенијата за доделување на живеалишта/адреси и издавање лични карти, доколку се утврди дека во одредени случаи овие постапки (за доделување адреси и издавање лични карти) биле прекршени. За оваа цел, граѓанската асоцијација МОСТ, цени дека е потребно да се изменат неколку закони Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето, Законот за личната карта и, евентуално, Законот за општата управна постапка, за што од искусната асоцијација во однос на мониторирањето на изборните процеси препорачуваат да не се прави избрзано, туку врз база на сеопфатна анализа што ќе ги земе предвид резултатите како од административната, така и од теренската проверка, со цел да се изнајдат одржливи решенија кои ќе ги опфатат сите можни случаи.
СДСМ: Нема тајни преговори за медумите, а реформа мора да има
За дилемите околу условите да има кредибилни избори на 5 јуни, разговаравме со релевантните страни - од ВМРО-ДПМНЕ не успеавме да добиеме став, иако контактиравме повеќе претставници на партијата инволвирани во процесот.
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
24
политика
Оваа позиција на ВМРО-ДПМНЕ и некако е разбирлива, односно, во согласност е со ставот на претседателот на партијата, Никола Груевски, изнесен ноќта, непосредно откако Парламентот ги одложи изборите. „Претставниците на ЕУ и САД нè убедија во четири работи. Прво, дека ова е единствено поместување; второ, дека нема да има разно- разни преговори за организацијата на изборите, бидејќи и тие сега веруваат дека ДИК ќе има доволно време за прочистувањето на Избирачкиот список; трето, дека нема да има поставување на никакви други услови за одржување на изборите на 5 јуни, вклучувајќи го и законот за медиумите; и четврто, дека нема да има нови проценки за тоа дали земјата е подготвена за избори, од страна на ЕУ и САД“, изјави тогаш Груевски. Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, ја прашавме дали ќе има избори и ако нема договор за медиумите, со оглед на ставот на Груевски, дека странците му ветиле оти медиумите веќе не се услов. „Ако ситуацијата беше таква како што кажуваше Груевски, ако ништо друго, странците ќе молчеа. Никој од нив не сака да си ги плука сопствените зборови. Практично, немаше меѓународен фактор кој не го демантираше Груевски: Ховит, амбасадата на САД, Хан ... Одлуката кога и како ќе има избори ќе ја донесеме ние, Македонија - тоа го велиме и ние, и меѓународната заедница. Меѓутоа, не гледаме простор дека би се намалувале условите кои многу прецизно беа кажани. Прочистен список и слободни медиуми се елементарни услови за фер и демократски избори. Има многу други услови што се важни, како одвојување на партијата од државата, но ако овие два услови не се исполнат пред изборите, станува јасно дека Груевски сака да го повтори тоа што го правел години со ред, а тоа се изборни фалсификати“, изјави Шекеринска за „Капитал“. Таа ги отфрла обвинувањата што стигнаа од
одредени страни дека има(ло) заткулисни пазарења за медиумите, во кои и СДСМ нашла свој интерес. „Зошто ќе баравме медиумски реформи и зошто ќе инсистиравме на нив, ако после тајно се откажеме од нив? И како може да се договорат и реализираат медиумски реформи зад очите на јавноста? Медиумски реформи значат промена на закон, и многу други промени што не може тивко да се случат. Неколку пати имавме
Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот“, објави еврокомесарот Јоханес Хан по оценката на САД и на ЕУ дека нема услови за кредибилни избори на 24 април Ричард Ховит: ВМРОДПМНЕ тврдеше дека сме се договориле да нема натамошни медиумски реформи пред изборите и оти повеќе нема да има изборни процени, а тоа не беше предмет на никаков договор. „САД и ЕУ ќе продолжат да разговараат за реформите во медиумите со страните во Договорот“, одговори Амбасадата на САД на прашањето дали за изборите на 5 јуни медиумите не се предмет на преговори
такви изблици на стравови, но вистината е дека или ќе имаме медиумски реформи што ќе бидат јасни и видливи, или нема воопшто да има реформи. Нам слободните медиуми ни се прв приоритет, и ако некој има потреба од слободни медиуми тоа се сите што и се спротиставуваат на власта“, вели Шекеринска. Во однос на Избирачкиот список, заменик претседателот на СДСМ вели дека пресудна ќе биде егзекуцијата, зашто откривањето
Малески: Кој пат ќе го фатат странците ќе се знае таму некаде пред јуни
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
26
политика По теренската проверка ДИК и другите надлежни институции ќе треба да го завршат претпоставено најтешкиот дел, што се процедурите за поништување на решенијата за доделување адреси и издавање лични карти, ако се утврди дека во одредени случаи овие постапки биле прекршени
на големината на отстапките не е ништо ново. „Чекаме да излезе извештајот на ДИК, при што мора да се каже дека не е важно само да излезе извештајот, туку да се каже кога и како овие нелогичности, овој хаос и криминал во Избирачкиот список ќе се менуваат. Целта на проверката на базите е на само да знаеме колкави се отстапките, колку луѓе се повеќе или
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
помалку, туку повеќе да не фигурираат во списокот тие на кои местото не им е таму“, вели Шекеринска.
Странците пак ќе прават проценка дали е испорачано договореното
Аналитичарите, очекувано, порелаксирано зборуваат на темата - ќе има ли избори на 5 јуни, но, сметаат дека околностите го прават прогнозирањето неблагодарно. Професорот Денко Малески, повикувајќи се на своето искуство со западниот свет, смета дека меѓународниот фактор ќе инсистира да биде испорачано договореното како услов за зелено светло за избори на 5 јуни. „Ако е договорено да се постигне согласност околу улогата на медиумите, некаде во соодветно време пред 5 јуни ќе мора да се направи ревизија на постигнатото. Но, тоа се правила што тие ги применуваат кај себе и меѓу себе. Дали ќе бидат принудени овде да прогледаат низ прсти за неоствареното од наша страна, бидејќи си имаат работа со една политика што не функционира според западните стандарди, во име на некаква постизборна стабилност, е големо прашање. Не исклучувам дека ќе постапат и со поинакви критериуми, ако проценат дека предолго се влече кризата, и дека е полошо таа да продложи преку нови избори во кои ќе се нема доверба од сите, отколку повторно да се одложат изборите. И двете ситуации се со лоши консеквенци по стабилноста на државата. Да се мисли дека со избори, тука така ова може да се реши, без да се исполни договореното за медиумите и за останатото, е најблаго кажано големо прашање. Нема да знаеме кој пат ќе го фати меѓународната заедница, до таму некаде пред јуни. Многу е важно на овие избори да се оди така што сите страни ќе речат, да, постигнати се условите“, изјави Малески. И аналитичарот Исмет Рамадани смета дека е неблагодарно со сигурност да се прогнозира дека на 5 јуни ќе има избори, зашто „состојбите со неправилностите имаат преголем интензитет“. „Во Македонија секојдневно се случуваат работи што тешко даваат можност да се предвидуваат датуми или што и да е друго. Ние живееме во ситуација на политичка криза, каде главните актери, во случајов партиите од власта, го користат секој момент да ги опструираат институциите, да ги опструираат договорите за условите за кредибилни избори“, вели Рамадани. Според него проблемот со Избирачкиот список станува сè покомплициран, а за медиумите како да е сè замрено. Тој е безмалку сигурен дека ќе има нова меѓународна проценка за тоа дали ќе бидат исполнети условите за избори на 5 јуни. Рамадани посочува и дека ако во меѓувреме работата на Специјалното јавно обвинителство резултира со нова бројка на функционери и на други луѓе кои се инкриминирани, корумпирани, за кои би имало обвиненија, тогаш постои можност и во самата ВМРО-ДПМНЕ да направат проценка, да пројават незадоволство што би значело ново одложување на изборите. nnn
ȑȍȑȔĘȻȔĘɇȔȻȔȵȍȕĘȵȍȭȍȓȖ ȓȍĘȔȕȏȍȓȸȷȒȔȗ ģ ģɌȦȧģȦģɌɳȦɔȦģɕȥģɕȥɴɳȦɎɕɑģɖȦȫɕȨɓȨɍɑɑ ģɍȨɓȦɔɑģɑģɔȥɓɑģɥɑɐɕɑȩɑ ģɌɔɳȦɏȪɌȥɣȥ ģɕȦɌɑɎȦɕȥģɥɳɐɑɕȥģɕȥģɏɑɌȨɖȨɖģɑģȩȦɖȨģ ɖȨȥģöɐȥəɑɕȦɖȨ¥ģȩȨģɎȨɥɳȥģɎȨɐȥģȩɖɳȦȩ ģȞȥģȩɖɳȦȩģȩȦģɴȨɎɓȨɏɕɑģȩɑɖȦ ģɥȦɐģȨɍɓȦɎģɕȥģɴɳȨɗȦȩɑȰȥɖȥ ģɌȨɐɳȥȩɖȥ ģɴȨɓȨɖ ģȜȥȧȨģɴȨȩȦɥɕȥģ ȧȥɖȦɍȨɳɑȰȥģɓȪҬȦģȧȨɑģɏɑɌȦȥɖģɴȨɎģȧȨɕɖɑɕȪɑɳȥɕģȩɖɳȦȩģɔȨɏȦɔȦ ģɎȥģɍɑģɑɐɎɌȨɑɔȦģɔȦɕȥɩȦɳɑɖȦ ģȩȨɴȩɖɌȦɕɑɘɑɖȦģɕȥģɥɑɐɕɑȩɑģɑģɓȪҬȦɖȨģ ɕȥģɴȨɌɑȩȨȧɑģɳȥȧȨɌȨɎɕɑģɗȪɕȧɘɑɑ ģɒȨɌȦȱȦģȨɎģɴȨɓȨɌɑɕȥɖȥģȩȨɴȩɖɌȦɕɑɘɑģɕȥģɥɑɐɕɑȩɑģɑģɔȦɕȥɩȦɳɑģɕȥģɌɑȩȨȧɑģɴȨɐɑɘɑɑģȩȦģɴȨɎģ ɴȨȩɖȨȰȥɕģȩɖɳȦȩģȧȨȰģɑɔģȩȦģȨɎɳȥɐȪɌȥģɕȥģɳȥɥȨɖɕȥɖȥģȩɴȨȩȨɥɕȨȩɖģɑģɕȥģɐɎɳȥɌȰȦɖȨ ģȞȥģɴɳȥɚȥɣȦɖȨģɚɖȨģɑɔģɍȨģɴɳȥɌɑģɏɑɌȨɖȨɖģ ȩɖɳȦȩȦɕ ģȨɎɍȨɌȥɳȥȥɖ ģȦȧȨɕȨɔȩȧȥɖȥģȧɓɑɔȥ ģɗɑɕȥɕȩɑȩȧɑɖȦģȩɳȦɎȩɖɌȥģɑģȧȨɕȧȪɳȦɕɘɑȰȥɖȥ ģȞȨģɴȨȩɖȨɑģȪɚɖȦģȦɎȦɕģɔɕȨɍȪģɌȥɏȦɕģ ɗȥȧɖȨɳ ģȥģɖȨȥģȦģɎɑɳȦȧɖɕȥɖȥģȧȨɳȦɓȥɘɑȰȥģɔȦҬȪģȩɖɳȦȩȨɖģɑģȩɓȨɥȨɎɕȨɖȨģɌɳȦɔȦģȧȨȦģɍȨģɑɔȥɔȦģɕȥģɳȥȩɴȨɓȥɍȥɣȦģɐȥģɕȥȩģȩȥɔɑɖȦ ģȥģȩȨģ ɖȨȥģɑģɕȥəɑɕȨɖģȧȥȧȨģȩȦģȫɳȥɕɑɔȦ ģ ģ ȡɖɳȦȩȨɖģɕȦģȦģɥȨɓȦȩɖ ģɖȪȧȪģȩȨȩɖȨȰɥȥģȧȨȰȥģɔȨɏȦģɎȥģȩȦģȧȨɕɖɳȨɓɑɳȥ ģɒȨȩɖȨȰȥɖģɴȨɌȦȱȦģɕȥəɑɕɑģȧȥȧȨģɔȨɏȦɔȦģȩȥɔɑģɎȥģȩɑģ ɴȨɔȨɍɕȦɔȦģȧȨɍȥģəȪɌȩɖɌȪɌȥɔȦģɎȦȧȥģȱȦģɕmģɕȥɴȥɎɕȦģɕȨɌȥģɎȨɐȥģȩɖɳȦȩ ģɑɓɑģɎȦȧȥģɴȨȩɖȨȦəȧȥɖȥģȦģɌȦȱȦģɴɳȦɍȨɓȦɔȥģɐȥģɕȥȩ ģțɎɕȥģȨɎģ ȧɓȪəɕɑɖȦģȪɓȨɍɑģɑɍɳȥģɴɳȥɌɑɓɕȥɖȥģɑģɎȨɥɳȨģɑɐɥȥɓȥɕȩɑɳȥɕȥģȫɳȥɕȥģɴȨɎȦɓȦɕȥģɌȨģɳȦɎȨɌɕɑģȨɥɳȨɘɑ ģȨɎɔȨɳȨɖģɑģɳȦɎȨɌɕȥɖȥģɗɑɐɑəȧȥģ ȥȧɖɑɌɕȨȩɖ ģȞȦɔȥɣȦɖȨģɌɳȦɔȦģɑģɴȨȩɖȨȰȥɕɑȨɖģȩɖɳȦȩģɴɳɑɎȨɕȦȩȪɌȥȥɖģɐȥģɕȦɳȦɎȨɌȦɕģɑģɐȥɥȥɌȦɕģɔȦɖȥɥȨɓɑɐȥɔ ģȧȨȰ ģȨɎģȩɌȨȰȥģȩɖɳȥɕȥ ģ ɔȨɏȦģɎȥģɎȨɌȦɎȦģɎȨģɕȥɳȪɚȪɌȥɣȦģɕȥģɐɎɳȥɌȰȦɖȨ ģ ɒȨȩɖȨȰȥɖģɔɕȨɍȪģɕȥəɑɕɑģȧȥȧȨģɎȥģȪɏɑɌȥɔȦģɌȨģȫɳȥɕȥɖȥ ģɎȥģȧȨɕȩȪɔɑɳȥɔȦģɴɳȨɑɐɌȨɎɑģȧȨɑģȩȦģ ɗȪɕȧɘɑȨɕȥɓɕɑģɑģɎȥģɍȨģɐȥɎɳɏɑɔȦģɎȨɥɳȨɖȨģəȪɌȩɖɌȨģȧȨȦģȩȦģȰȥɌȪɌȥģɴȨģȨɥɳȨȧȨɖ ģɒɳȨɥɓȦɔɑɖȦģ ȩȨģɌȥɳȦɣȦɖȨģɑģɕȥɎȪȦɕɑȨɖģȩɖȨɔȥȧģɔȨɏȦģɎȥģȩȦģɕȥɎɔɑɕȥɖģɎȨȧȨɓȧȪģɑɔȥɔȦģɑɐɥȥɓȥɕȩɑɳȥɕȥģ ɑȩȫɳȥɕȥģɑģɌɕȦȩȪɌȥɔȦģɗȪɕȧɘɑȨɕȥɓɕɑģɴɳȨɑɐɌȨɎɑģȩȨģɴɳȨɥɑȨɖɑɘɑģɑģɴɳȦɥɑȨɖɑɘɑģȧȨɑģ ɔȨɏȥɖģɎȥģɕɑģɴȨɔȨɍɕȥɖ ģ
ȢȥȧɌɑɖȦģɴɳȨɑɐɌȨɎɑģɑɔȥȥɖģɴȨɐɑɖɑɌȦɕģȦɗȦȧɖģɌɳɐģɐɎɳȥɌȰȦɖȨ ģɍȨģȨɎɳɏȪɌȥȥɖģ ȨɴɖɑɔȥɓɕȨɖȨģɐɎɳȥɌȰȦģɑģɍȨģɕȥɔȥɓȪɌȥȥɖģɳɑɐɑȧȨɖģȨɎģɥȨɓȦȩɖɑ ģɒɳɌģɕȥģɓɑȩɖȥɖȥģȦģɀȥɓȥɕȩ
ģȰȨɍȪɳɖȨɖ ģȧȨȰģȨɌȨɐɔȨɏȪɌȥģȩȥɔȨģȩȨģȦɎɕȥģəȥɚȥģȰȨɍȪɳɖģɕȥģɎȦɕģɎȨɥɳȥģȩȨȩɖȨȰɥȥģɕȥģ ɎɑɍȦȩɖɑɌɕɑȨɖģɖɳȥȧɖ ģ ȵȚɈȚɊȞ ĘȥȝɂȟɩɋȝɋĘȞțĘɂɩɆɄɆĘɅȚĘȝɩɂȚɊɆɅɉȝɋ ĘɪȝɉȚɂȚĘɪɩɆĘɁȚɩțɘțɋȝĘɊȚĘ ȠɩȚɊȚɋȚĘɆĘɂȝĘɅȚɚɩɅȟɁȚĘɉțɋȚɚȝɈɆɅɉȝɋ ĘɇȝȞɋȝȥȚɋĘɆĘȜɈɆɊɆɎȜɆĘȞɋȟɃɆɆĘɅȚɃĘ ȞɆɋțĘȝɁɆțĘɚɈȚɂȝɃțɋɆĘȝɃĘȵȚɈȚɊȞ Ęȥȝɂȟɩɋȝɋ ɒɳɑȰȥɖȦɓȩȧɑɖȦģɥȥȧɖȦɳɑɑģȧȨɑģɍɑģȩȨɎɳɏɑģɀȥɓȥɕȩ ģȰȨɍȪɳɖȨɖģɕɑģɴȨɔȥɍȥȥɖģɴɳɑģ ɌȥɳȦɣȦɖȨģɕȥģȫɳȥɕȥɖȥģɑģȨɥȦɐɥȦɎȪɌȥȥɖģɴȨȦɗɑȧȥȩɕȨģȥɴȩȨɳɥɑɳȥɣȦģɕȥģ ȫɳȥɕɓɑɌɑɖȦģɔȥɖȦɳɑɑģȧȨɑģɍɑģɌɕȦȩȪɌȥɔȦ ģ ɒɳȨɥɑȨɖɑɘɑɖȦģȩȦģɔȦҬȪɕȥȰɌȥɏɕɑɖȦģɴɳȨɑɐɌȨɎɑģȧȨɑģȩȦģɴɳȨɔȨɌɑɳȥɕɑģɐȥģ ɔȦɎɑɘɑɕȩȧɑģɘȦɓɑģɴȨȩɓȦɎɕɑɌȦģɕȦȧȨɓȧȪģɍȨɎɑɕɑ ģȢȦɳɔɑɕȨɖģöɴɳȨɥɑȨɖɑȧ¥ģ ȩȦģȩȨȩɖȨɑģȨɎģɓȥɖɑɕȩȧɑɖȦģɐɥȨɳȨɌɑģOQNģɑģAHNRģȧȨɑģɌȨģɥȪȧɌȥɓȦɕģɴɳȦɌȨɎģ ɐɕȥəȥɖģɂȘģɁɃșȟȢ ģȡȥɔɑȨɖģɴȨɑɔģɴɳȨɥɑȨɖɑȧģɎȦɕȦȩģȩȦģȨɎɕȦȩȪɌȥģɕȥģ ɎȨɥɳɑɖȦģɥȥȧɖȦɳɑɑģȧȨɑģɕɑģȩȦģɴȨɖɳȦɥɕɑģɑģȩȦģȧȨɳɑȩɕɑģɐȥģɕȥɚȦɖȨģ ɐɎɳȥɌȰȦ ģȣȦɳɔȦɕɖɑɳȥɕɑȨɖģɔɓȦəȦɕģɴɳȨɑɐɌȨɎģɀȥɓȥɕȩ ģȰȨɍȪɳɖȨɖģ ȩȨɎɳɏɑģɴɳȨɥɑȨɖɑɘɑģɑģɴɳȦɥɑȨɖɑɘɑ ģɒɳȨɥɑȨɖȩȧɑɖȦģɗȦɳɔȦɕɖɑɳȥɕɑģ ɴɳȨɑɐɌȨɎɑģȩȦģɔɕȨɍȪģȧȨɳɑȩɕɑ ģȩȨģɖȨȥģɚɖȨģɎȦȰȩɖɌȪɌȥȥɖģȧȥȧȨģ ȦɗɑȧȥȩɕȨģɳȦɚȦɕɑȦģȧȨɍȥģəȪɌȩɖɌȪɌȥɖȦģɕȥɎȪȦɕȨȩɖ ģȧȨɍȥģɑɔȥɖȦģ ɓȨɚȨģɌȥɳȦɣȦģȧȥȧȨģɴȨȩɓȦɎɑɘȥģɕȥģɖȦɚȧȥɖȥģɑģɥɳɐȥģɑȩȫɳȥɕȥ ģ ɃɓȰȥɎɕɑɘɑģȧȨɕȩȪɔȦɕɖɑģɕȥģɀȥɓȥɕȩģ ģɔȦҬȪģȧȨɑģɑģɔȦɕȥɩȦɳɑ ģ ȧȨɑģɑɔȥȥɖģɴɳȨɥɓȦɔģȩȨģɎɑɍȦȩɖɑɌɕɑȨɖģɖɳȥȧɖģɴȨɳȥɎɑģ ɌɕȦȩȪɌȥɣȦģɍȨɓȦɔɑģȧȨɓɑəȦȩɖɌȥģɥɳɐȥģȫɳȥɕȥģɑģɑɔȥȥɖģ ɴɳȨɥɓȦɔģȩȨģɔȦɖȥɥȨɓɑɐɔȨɖģɴȨɳȥɎɑģȩȦȧȨȰɎɕȦɌɕɑȨɖģȩɖɳȦȩ ģ ɴȨɖɌɳɎȪɌȥȥɖģɎȦȧȥģɳȦɎȨɌɕȥɖȥģȧȨɕȩȪɔȥɘɑȰȥģɕȥģɀȥɓȥɕȩ ģ ȰȨɍȪɳɖȨɖģɑɔģȨɥȦɐɥȦɎȪɌȥģɎȨɥɳȨģəȪɌȩɖɌȨģɴȨģȨɥɳȨȧȨɖ
ȑȚȜȝĘɅȚȜɈȟɎȝȜ ĘɉȝɄțɉțĘɃȚĘȜȚɄțɉț ɃțȜȚĘȞȝĘɃțɊțɏɊȝɋȝĘɋțɉɪȝĘɊȚĘɄɆɁȝɋ ĘɋɩțɚȚ ɃȚĘȞțĘɚȚɩȚĘɚȚɈȚɊȞ ĘɚȚɈȚɊȞĘɁȝĘɆȞȠɩȚɊȚɋȚ ĘɁȝ ɪɩȝɌțȞɆȝɊȚɈɊɆȝɋĘɄɆɁȝɋ ĘɁȝĘȞțɉțȥȞɋɁȝɋȝ ɁȝĘɊȚȞĘȞȚɉɆɋț
VVV AHLHKJ BNL LJ
TÜV
®
ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ вО СОрабОТКа СО TÜV NORD GROup ОргаНИзИраaТ двОдНЕвНа ОбУКа за:
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ зА СИСТЕм зА УПРАВУВАњЕ СО кВАлИТЕТ И жИВОТНА СРЕдИНА, СПОРЕд бАРАњАТА НА мЕѓУНАРОдНИТЕ СТАНдАРдИ ISO 9001:2015 И ISO 14001:2015 l 24-25 март (четврток и петок) 2016 година l 09:00-17:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје
Целта на обуката е кандидатите, преку предавања, презентации и практични вежби, да стекнат солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за оценување/проверување на усогласеноста на системите за управување на Компанијата според барањата на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 Стандардите.
УЧЕСНИцИТЕ НА ОбУкАТА ќЕ дОбИјАТ:
l Сертификат од TÜV NORD за успешно положен испит (тестирање на крајот на обуката) за Интерни проверувачи за Систем за управување со квалитет. l Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.
Рок за пРијавување: 22 мАрТ 2016
ПРЕдАВАЧ: Г-дИН СТОјАдИН СТОјАНОВИќ
(Lead auditor) од Скопје, република Македонија, кој има 10 години специјалистичко и практично работно искуство како водечки Оценувач воедно и Предавач за ISO Системите. за повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 и 02 3216 963
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ НА ЕВРОПСКИОТ
специјален прилог ТЕЛЕКОМ ПАЗАР
фармација
И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?! АНАЛИЗА
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? АнАлизирАме
Кој е Кој на пазарот за леКови
ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА
ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА
БИЛДЕРБЕРГ: КАКВА ИДНИНА КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
Домашниот пазар на лекови станува помалку атрактивен
претседател на фармабренд Нова – асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови
интервју: Драган конески
зошто заминуваат светските фармацевтски гиганти оД макеДонија
во партнерство со Државата сакаме Да приДонесеме за моДерен и финансиски оДржлив зДравствен систем
Капитал број 855 18.03.2016
32
www.kapital.mk
фармација
Анализираме
Кој е кој на македонскиот пазар за лекови
Регулација: Државата ги одредува референтните и максималните
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
специјален прилог
33
О пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Зегин, Македонијалек и Феникс фарма се трите најголеми веледрогерии во Македонија според остварените приходи од продажба, додека Алкалоид е најголемата компанија на пазарот на лекови, ако се земе предвид продажбата на сопственото производство на лекови и препарати на домашниот пазар, заедно со прометот што го прави нејзината компанија ќерка – веледрогерија.
Околу 130 милиони евра се трошат за лекови во Македонија за една година – толку тежи колачот што го делат триесетина веледрогерии кои се позначајни играчи на пазарот, иако регистрирани компании за трговија и дистрибуција на лекови во земјава има многу повеќе. Според податоците што ги добивме од неколку веледрогерии, Фондот за здравствено осигурување – ФЗО, лани потрошил околу 95 милиони евра за лекови, од кои што 65 милиони евра за болнички потреби и 30 милиони евра за лекови издадени на рецепт во аптеките за кои што партиципира ФЗО. Меѓутоа, надвор од буџетот на ФЗО, односно од буџетот на државата се финансираат програмите за имунизација, дијабетес, ретки болести, итн., односно дваесетина програми каде што исто така се насочени државни пари за набавка на лекови, вакцини, инсулин, итн. Комерцијалната продажба на лекови изнесува околу 35 милиони евра, што значи за лекови што не одат на рецепт, односно ФЗО не партиципира. Во Македонија има три компании што произведуваат лекови, Алкалоид, Реплек фарм и Јака 80, кои што продаваат свои лекови на домашниот пазар, а Алкалоид и Реплек имаат регистрирано и веледрогерии, кои што се занимаваат со продажба и дистрибуција на лекови и други медицински препарати, главно од увоз. На пазарот функционираат и стотина веледрогерии што се занимаваат исклучиво со трговија и дистрибуција на лекови, а триесетина се со промет поголем од половина милион евра, според податоците во базата на www.biznismreza.mk, која што пак ги црпи од Централниот регистар. Алкалоид, како најголем производител на лекови во земјава, во 2014 година имал продажба на домашниот пазар во износ од речиси 40 милиони евра (вкупната продажба, со сè извозот е 96,5 милиони евра). Најновите расположливи податоци за сите веледрогерии и производители на лекови на biznismreza.mk се за 2014 година, затоа што резултатите за 2015 сè уште не се ревидирани и затоа ги земаме овие бројки предвид во анализата на пазарот. Реплек
е цени на лековите, како и профитните маржи во малопродажба
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
34
фармација
фарм имал продажба од 9,3 милиони евра, од кои што на домашниот пазар околу 45%, а Јака 80 во износ од 1,6 милиони евра (за оваа компанија немаме податок дали има извоз и колкав дел отпаѓа на него).
Се топат добивките на веледрогериите
Во делот на веледрогериите, најголем промет направила Зегин, 43,6 милиони евра, за 5,3% повеќе во однос на годината претходно. На второ место е Македонијалек, со 30,5 милиони евра (+21,6%), а зад неа е Феникс Фарма со продажба од 25,5 милиони евра (+17%). Во приложената табела може да се видат и останатите веледрогерии рангирани според остварениот приход, а најголем раст на приходите во 2014 година има веледрогеријата Галафарм 2, од 55,5% на 1,88 милион евра. Најголемите 20 веледрогерии имаат вкупен промет од 252,8 милиони евра или за 3,15% повеќе во однос на 2013 година. Вкупната добивка на овие веледрогерии е 7,33 милиони евра, што пак е помалку за 28% во однос на годината претходно. Најголема чиста добивка во 2014 година има веледрогеријата Реплек, од 1,78 милиони евра, пред Лек Скопје Сандоз со 1,45 милиони евра и Еуролек со 836 илјади евра. Зегин, Македонијалек и Феникс фарма, најголемите веледрогерии според
приход во 2014, имаат 260, 288 и 226 илјади евра добивка респективно. Меѓу 20-те најголеми веледрогерии, пет имале намалување на приходите во 2014, при што најголем пад на приходите имала Елбијор, од 28,4%, една веледрогерија има исти приходи, а останатите имале раст. Што се однесува на нето добивката, меѓу овие 20 компании, само пет имале раст, меѓу кои најголем раст на профитот имала Плива, од 31,5% на 168 илјади евра, пред Крка фарма (+29%) на 449 илјади евра, Лек Скопје
2014
2013
43.590.744 30.482.136 25.468.169 19.140.030 16.734.150 16.287.066 15.743.132 13.311.382 13.179.702 10.974.126 8.821.389 8.540.279 8.068.220 5.405.995 4.897.206 4.620.249 2.328.278 1.877.158 1.713.538 1.597.652
41.395.633 25.076.471 21.754.318 19.784.161 22.437.572 15.802.386 15.422.752 12.860.455 9.943.580 11.733.322 11.953.547 7.337.187 8.012.291 5.224.503 4.661.658 4.557.428 2.016.206 1.207.362 2.393.954 1.496.390
2014
2013
96.486.585 9.297.524 1.615.838
94.730.634 9.068.322 1.668.841
Сандоз (+27%; 1,45 милиони евра), Феникс Фарма (+13,7%; 199 илјади евра) и Фарма прима (+5,89%; 289 илјади евра). Најголем пад на добивките покажале Промедика, со дури 94% на 8.935 евра, Д-р Пановски со 76% пад на 279 илјади евра, и Септима, Варус и Виола трејд, сите со по околу 50% помали добивки, односно 256, 118 и 54 илјади евра респективно. Само
(%) 5,30% 21,56% 17,07% -3,26% -25,42% 3,07% 2,08% 3,51% 32,54% -6,47% -26,20% 16,40% 0,70% 3,47% 5,05% 1,38% 15,48% 55,48% -28,42% 6,77%
(%) 260.054 288.133 226.328 835.943 8.935 448.655 284.174 1.446.576 2.055 278.598 1.787.153 306.024 478.080 168.373 256.367 117.811 54.081 -29.089 112.439 509
1.054.377 300.834 199.133 1.146.288 146.865 348.516 361.380 1.142.364 -5.417 1.159.148 2.125.116 288.988 639.254 128.028 517.325 239.192 111.604 14.141 205.389 602
-75,34% -4,22% 13,66% -27,07% -93,92% 28,73% -21,36% 26,63% / -75,97% -15,90% 5,89% -25,21% 31,51% -50,44% -50,75% -51,54% / -45,26% -15,47%
10.229.712 950.417 -86.587
10.078.591 1.549.219 -726.955
3,00% -38,65% -88,09%
(%) 2,00% 2,53% -3,18%
(%)
Концентрација: Пет најголеми веледрогерии држат Половина од Пазарот
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
36
фармација
една веледрогерија покажала загуба од 29 илјади евра. Меѓутоа, треба да се истакне дека веледрогериите дистрибуираат и многу други препарати освен лекови – чаеви, козметика, додатоци во исхраната, ортопедски и други медицински помагала... Затоа е и разликата помеѓу нивниот вкупен приход и вредноста на пазарот на лекови во Македонија, што ја спомнавме на почетокот од текстов.
Строго регулиран пазар
Анализирајќи го пазарот на лекови во Македонија, треба да истакнеме дека тоа е строго регулиран пазар од државата, која што во изминативе 4-5 години воведе неколку мерки што сериозно влијаеја врз неговото движење. Фармацевтскиот пазар уште од осамостојувањето на Македонија предизвикуваше контроверзии кај јавноста, во смисла дека веледрогериите печалат екстра профити врз грбот на пациентите и на товар на државните финансии за здравството, напумпувајќи ги цените на лековите до плафон. Темата за трошењето на здравствениот денар, особено кога се работи за набавки што се одвиваат преку тендери, отсекогаш била незгодна за опсервација и влечела зад себе опашки на криминал и корупција. Да се потсетиме само, дека речиси и да нема директор на ФЗО во последниве 15-тина години што не добил кривична пријава, а некои одлежаа и затворски казни. Во 2011 година, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување ја ревидираа методологијата за референтни цени на лековите што одат на позитивната листа и почнаа да ги ажурираат на годишна основа – и за генеричките лекови, како и за оригинаторните. Македонија фаворизира генеричка политика на лекови, што значи дека се фаворизираат генерички лекови, не брендови. Регулацијата на цените се прави врз основа на генеричката состојка (хемиската формула на молекулот на лекот). Цените се формираат преку споредување со големопродажната цена на истиот лек во 12 референтни земји. Како референтна цена се зема просекот од двете најниски цени што може да се најдат за таа генерика во овие земји. Од Министерството за здравство во една прилика истакнаа дека од почетокот на 2012 година до средината на 2015 се извршени вкупно седум намалувања на цените на лековите и се опфатени над 4.500 лекови. Како што вели извештајот на Светска банка за трошењето на јавните финансии во Македонија, издаден во јули минатата година, само во 2012 и 2013 година овие мерки на Владата доведоа до просечно намалување на цените на лековите од преку 30% и заштедиле преку 30 милиони евра државни пари. Владата ги регулира и профитните маржи при големопродажните и малопродажните цени на лековите, а исто така, Министерството за здравство пропиша заеднички јавни набавки и
Кои лекови најмногу се купуваат во аптеките
За лек против притисок најмногу рецепти, а за лек против холестерол најмногу потрошени пари
С
поред податоците на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за првата половина на 2015 година, најмногу издаван лек на рецепт во македонските аптеки бил лекот со генеричко име Enalapril, лек против висок притисок, кој што учествува со 9,24% во вкупниот број на издадени рецепти за тој период, а тоа се 10,5 милиони рецепти за кои што се исплатени 19,6 милиони евра. На второ место е лекот за смирување Diazepam, со 4,77%, пред Lisinopril, исто така лек за третман на висок крвен притисок со 4,57%, Pentoxifylline (против болки во мускулите предизвикани од периферни артериски болести) со 4,24%, Metformin (за висок шеќер во крвта) тендерирање за лекови и медицинска опрема што ги купуваат болниците, што исто така генерираше одредени заштеди на пари. Трето, Министерството дозволи паралелен увоз на лекови што може да се набават по пониска цена во блиски држави, особено Турција (за паралелниот увоз повеќе во понатамошниот текст од прилогот, н.з.) “Сето ова доведе до намалување на цените на поедини лекови до точката каде што дистрибутерот веќе и нема заработка. Има еден лимит под кој цените не може повеќе да паѓаат. Затоа што ако при одредувањето референтна цена одите со
со 4,14%, итн. Во првата половина од 2015 година вкупното зголемување на бројот на реализирани рецепти изнесува околу 10 % во споредба со истиот период од 2014 година. Лек за кој што ФЗОМ во првата половина на 2015 година издвоил најголем износ на финансиски средства е лекот Atorvastatin (против висок холестерол во крвта) за кој се издвоени нешто помалку од еден милион евра со околу 4,9% учество во вкупниот износ. Втор според потрошениот износ е Tamsulosin (против болести на простата) 4,15% или 813 илјади евра, потоа Salmeterol+Fluticasone (астма и респираторни болести) – 3,7% или 720 илјади евра, итн. просек од двете најниски цени во околни држави, ја ограничувате можноста на пазарот да влегуваат препарати со повисок квалитет и од реномирани производители. Ние веледрогериите ако продаваме некој лек под цена, веднаш мора да најдеме алтернатива за да ја покриеме таа загуба. За еден добавувач што се труди да донесе лек од познат производител, реферирање со две најниски цени значи само намалување на добивката, следствено и намалување на можноста за влез на брендирани иновативни лекови“, вели претставник од една веледрогерија кој што сакаше да остане анонимен. nnn
Потрошувачка: Околу 130 милиони евра се трошат годишно за лекови
Ведра Интернешенал е една од најбрзо растечките фармацевтски компании на Балканот, која обединува професионалност и искуство во продажбата и маркетингот на фармацевтски производи. Присутна е во четири држави – Бугарија, Македонија, Србија и Романија. Менаџментот и тимот на Ведра има повеќе од 15 години искуство во градењето на корисни и стабилни партнерства со сите учесници на фармацевтскиот пазар во Македонија – фармацевти, лекари, производители, државни институции и пациенти. Вработените на Ведра бројат повеќе од 100 искусни лица, на македонскиот и регионалниот фармацевтски пазар. Ведра од санскрит значи знаење, огреано од сонцето. Мисијата на компанијата е да им достави на пациентите модерни, ефикасни и висококвалитетни производи и терапии од водечки меѓународни фармацевтски производители, за со нив да го подобри квалитетот на живот на луѓето и да им помогне да oстанат здрави. Од 2014г. Ведра Интернешенал има свое претставништво во Македонија со седиште во Скопје. Меѓу водечките производи од портфолиото на компанијата се Проспан и Трахисан на германскиот производител Engelhard Arzneimittel. Производителите се апсолутни лидери на пазарите во повеќето држави од Европа за лекување на кашлица и болно грло. Како поткрепа на терапијата за здраво грло се Isla пастилите со три различни вкусови - мус, минт и касис. Помагаат при сува кашлица и зарипнатост.
http://vedrainternational.eu
Година на основање: 2014г. Седиште на компанијата: Софија, Бугарија Број на вработени: 50-100 Борд на директори: Теодора Петрова Диан Димов Иван Иванов Диана Милушева
Партнери: Engelhard Arzneimittel Nelsons Apipharma Se-cure Pharmaceuticals Ahava Certmedica GmbH Theresienöl Dr. Niedermaier Pharma GmbH HERMES ARZNEIMITTEL Institut Allergosan
Nisita во облик на спреј и маст за нос го потпомага лекувањето во случаи на затнат нос и сува носна лигавица. Производите од серијата Rescue на англиската фирма Nelsons со универзалната комбинација од цветни есенции на д-р Бах се апсолутен хит во справувањето со стресот на секојдневието, стравот и паниката. На македонскиот пазар е присутен крем обликот на Rescuе за третирање на различни кожни проблеми: осипи со чешање, дерматити и е исклучително е ефикасен при убоди од инсекти. Истата компанија е производител на Arnicare гел и крем, погодни за третирање на трауми како шинувања, истегнувања, исчашувања и контузии. Производите на хрватската компанија Аpipharma во себе ги обединуваат корисните својства на пчелните производи со лековитите особини на билките, при што се произведени со методи кои ја запазуваат изворната природна форма на суровините. Ведра има особено задоволство да го претстави на македонскиот пазар број 1 производот за слабеење во Германија за 2013 г. – Formoline L112 на компанијата Certmedica. Formoline L112 е целосно природен и ја содржи материјата полиглукозамин L112, добиена од школките на черупкари. Таа како магнет ги привлекува мастите од храната во желудникот и цревата и ја спречува нивната апсорпција. Така се потпомага трајното намалување на прекумерната телесна тежина, се спречува апсорпцијата на лошиот холестерол од исхраната и се контролираат килограмите по ослабнувањето.
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
38
фармација
Домашниот пазар на лекови станува помалку атрактивен
Зошто заминуваат светските фармацевтски гиганти од Македонија
С пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Само два нови лекови, односно нови молекули како што се нарекуваат во фармацијата, се влезени на позитивната лис та н а Ф о н д от з а з др а в с т в ен о осигурување во последниве осум години, велат нашите соговорници, познавачи на пазарот за лекови, кои што не сакаат јавно да зборуваат на темава. Отсуството на нови, иновативни лекови на листата медикаменти за кои што државата целосно или делумно ги покрива трошоците, предизвикува неколку негативни ефекти, велат тие: пред сè, граѓаните имаат ограничена можност за лекување со најсовремени лекарства, а големите светски фармацевтски компании кои што се производители на тие лекови, пополека го губат интересот за македонскиот пазар и ги затвораат своите претставништва, или пак ги сведуваат на минимум операции, со по 2-3 вработени. Речиси сите големи светски фармацевтски производители, кои што ги лансираат новите молекули, односно формули на иновативните лекови на светскиот пазар, изминативе 20-тина години отворија свои претставништва во Македонија. Тие во пракса не се директни дистрибутери на сопствената производна програма, туку тоа го вршат веледрогериите, кои што се нивни застапници и партнери. Претставништвата претежно се занимаваат со постпродажни активности, спроведување на студии што ја следат употребата на некој лек, маркетинг активности и сл. Но, последниве години се забележува тренд на затворање на овие претставништва. Нашите извори наведоа дека фармацевтските гиганти Astra Zeneca, Actavis, Stada веќе ги затвориле своите канцеларии, а уште неколку компании го десеткувале бројот на вработени и се свеле на основните операции – околу регистрацијата на лековите и сл. Затворањето на претставништвата не
Регулирањето на цените на лековите, односно нивното намалување во неколку наврати, како и паралелниот увоз на лекови, доведоа до пад на интересот на големите светски фармацевтски компании за македонскиот пазар. Некои целосно ги затворија своите претставништва, некои ги сведоа операциите на минимум. Анализираме какви се последиците за домашниот пазар на лекови, и на крајот за самите пациенти. значи дека нивните лекови нема повеќе да бидат присутни на пазарот – можат евентуално да бидат повлечени лекови за кои што производителите немаат интерес да ги продаваат на македонскиот пазар, велат нашите соговорници. Тоа може да бидат некои поскапи лекарства, кои што не се наоѓаат на позитивната листа, а за комерцијална продажба не се исплатливи со оглед на малата количина. “Сите губиме од повлекувањето на светските фармацевтски компании од земјава. Здравствените работници немаат шанса да лекуваат со нови лекови и да ја видат предноста од тоа. Пациентите немаат шанса да учествуваат, макар и во спонзорирани студии, за да се види бенефитот од најновите тералии. Како што паѓаат цените на генеричките лекови (лекови што се
произведуваат откако истекува периодот на патентна заштита на оригиналната формула, обично десет години. Производната цена на овие лекарства е многу пониска затоа што во неа не се вградени трошоците за истражување и развој, н.з.), ќе се намалува профитот и ќе се губи онаа разлика во пари со која што може да се поткрепи увозот на иновативни лекови“, објаснуваат нашите соговорници.
Генериката е квалитетна, но како до повеќе иновативни лекови на позитивната листа?
Од горенаведеното се наметнува прашањето со какви всушност лекови се лекуваат македонските граѓани – дали доминираат застарени лекарства, чии што формули се синтетизирани пред 20,30
Зијан: сите губат од “бегањето“ на фармацевтските гиганти
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
Семејни бизниси
25 март
2015
Дилема на сопствениците: Дали да се предаде или продаде бизнисот? Семејните компании сочинуваат две третини од сите бизниси во светот и создаваат помеѓу 70% и 90% од светскиот БДП секоја година. Но, светските истражувања покажуваат дека нивниот животен век се скратува заради глобализацијата, брзиот развој на новите технологии, претесните домашни пазари, внатрешните проблеми околу наследувањето на компанијата... Овие предизвици стојат и пред македонските семејни бизниси, од кои што голем дел веќе го достигнаа моментот кога основачите мора да размислуваат што понатаму со компанијата: Дали да се остави на наследниците или да се продаде? Имаат ли нивните деца афинитети за бизнисот? Што ако поголем играч е заинтересиран за преземање? Ќе успее ли компанијата да преживее уште една криза?... Во специјалниот прилог „Семејни бизниси: Дали да се предаде или продаде бизнисот?“ што ќе излезе на 25 март годинава, ќе може да прочитате:
l Кои се најголемите семејни компании во Македонија l Дилема на сопствениците: дали и кога да се продаде семејната компанија l Како да процените колку вреди вашата семејна компанија l Ако бизнисот остане во семејството, како да се направи квалитетен процес на наследување: што велат искуствата во ЕУ l Што значи италијански, а што германски модел на работа на семејните компании l Растот не гарантира извонредност: зошто некои компании треба да останат мали за да го задржат квалитетот Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
40
фармација
Паралелниот увоз само долева масло на огнот
П
ред четири години државата дозволи паралелен увоз на лекови, што значи можност да се увезе лек што е веќе регистриран во Македонија, но кој што може да се најде поевтино во листа на земји од кои што е дозволен паралелен увоз. Објаснувањето на министерот за здравство Никола Тодоров тогаш беше дека со ова се зголемува конкуренцијата на пазарот, односно пациентите ќе добијат поевтини лекови. Претставници на веледрогерии со кои што разговаравме велат дека сè додека на оваа листа не се додадоа и Русија и Турција, немало некој поголем интерес за паралелен увоз, но заради големината на овие пазари и можноста да се најдат пониски цени на лековите, домашни веледрогерии почнале да увезуваат сè повеќе лекови со овој тип на увоз. Од неколку фармацевтски работници, менаџери во веледрогерии и претставништва на светски фармацевтски компании добивме сличен став околу последиците на овој паралелен увоз: Прво, се отежнува следливоста на лекот, од неговото излегување од производителот до крајниот корисник во Македонија; се зголемува и повеќе години, кои што сега може да ги произведуваа голем број на генерички компании во светот и може да се увезат многу поевтино? Фармацевтите со кои што разговаравме велат дека лековите во Македонија се квалитетни и безбедни, барем оние што влегуваат по легален пат, со сите законски процедури на регистрација, дистрибуција, складирање, итн. Агенцијата за лекови во повеќе наврати има изјавено дека граѓаните можат мирно да спијат – лековите што влегуваат на пазарот под нивна контрола се исправни од секој аспект. Генеричката политика не лекови што ја спроведува државата не значи дека лековите не се доволно квалитетни, објаснуваат фармацевтите. Тоа се лекови кои што се прават по формула што ја пронашле големите фармацевтски компании – иноватори на пазарот, кои што извесен период имале ексклузивни права за таа формула и за тоа време други компании може да ги произведуваат овие лекови само по лиценца. Овие, нови лекови, т.н. оригинатори, затоа и се скапи, затоа што само за истражувања и развој на нова молекула на лек се трошат по неколку милијарди долари и време од десетина години во просек. Откако ќе истече периодот на патентна заштита, сите генерички компании во светот може да произведуваат сопствен лек по таа формула, под свој бренд. Лекувањето со иновативни лекови е скапо, и затоа државите во светот, во принцип го регулираат пазарот на лекови, односно, спроведуваат политики на набавка и субвенционирање на иновативните лекови, за да може да бидат достапни за населението. Но, што е пониско нивото на развој на една економија, секако дека е и послаб капацитетот за
можноста за доаѓање на фалсификувани лекови, особено од пазари што се надвор од ЕУ, како рускиот и турскиот; се заобиколуваат претставништвата на големите фармацевтски светски компании со што им се дава дополнителен мотив за губење интерес за македонскиот пазар; Нашите соговорници сметаат дека регулатива за намалување на цените има доволно и дека не е потребен паралелен увоз за тоа да се прави дополнително, кога веќе и онака цените на голем број лекови се намалија до нивоа да веќе стануваат неисплатливи за производителите и веледрогериите. Инаку, за потребите на овој текст, навремено испративме во два наврати прашања до Агенцијата за лекови, за нивни став, меѓу другото и за тоа колку паралелниот увоз донесе или не донесе позитивни ефекти, како и за коментар околу невлегувањето на нови иновативни лекови на позитивната листа, но не добивме одговор.
светска банка ПреПорачува
со заштедените Пари од намалените цени да се куПат иновативни ПоскаПи лекови
с
ветска банка, во извештајот за трошењето на јавните финансии, во делот посветен на здравството, препорачува македонија да продолжи со намалување на трошоците за набавка на генерички лекарства преку референтните цени и системот на јавни набавки, додека истовремено да воведува иновативни пристапи во набавката на поскапи нови лекови. министерството за здравство и фондот за здравствено осигурување треба сè повеќе да се
поддршка на лекувањето со иновативни лекови. Прашањето е како да се зголеми учеството на овие лекарства на позитивната листа на ФЗОМ?
Предлози од страна на фармацевтските компании
Од Асоцијацијата на претставници на странски производители на иновативни лекови – Фармабренд Нова, велат дека можни решенија за поголема достапност на нови лекови до пациентите би биле следниве: заштедените средства од намалувањето на цените на лековите да се инвестираат во нови иновативни лекови; можност да се склучуваат одредени договори помеѓу Министерството за здравство,ФЗОМ и компаниите – во интерес на пациентите (она што во моментов го прави Агенцијата за лекови); дополнителни средства за
потпираат на cost-benefit анализи во насока на вклучување на нови поскапи третмани, процедури и нови патентирани лекови на позитивната листа, преку процесот на т.н. Health Technology Assessments - нта или слични механизми. затоа што е потребно подолго време да се развијат HTA капацитети, модифицирани HTA користејќи ги методологиите на развиените земји (британија или германија, на пример) се добар привремен избор, вели светска банка.
финансирање т.н. здравствен денар; да се зголеми процентот од буџетот што се троши за медикаменти. Од Фармабренд Нова истакнуваат дека во земјите на ЕУ, процесот на ревизија на позитивните листи е во распон од 85 до 365 дена. Во Бугарија, на пример, ако еден лек е на позитивната листа во 5 држави од ЕУ, автоматски влегува и на нивната позитивна листа. “Процесот на ревизија и проширување на позитивната листа кај нас, беше подолго време застанат, сè до минатата година, кога се формираше комисијата за хемато - онколошки лекови. После повеќе години, ова претставува позитивен сигнал за иновативните компании во планирањето на регистрациите на нови лекови во Македонија“, велат во Фармабренд Нова. nnn
решение: Позитивната листа на лекови мора да се Прочисти
41
Капитал број 855 18.03.2016
издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31
тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK
Претплатете се на КАПИТАЛ...
АНАЛИЗА
И
ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ГОДИНИ
дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА
специјален прилог
АВТОМОБИЛИ
КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА
АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.
4.100 20%
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
COVER STORY
ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?
денари, заштедете
УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.
ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ
600.000
ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!
COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!
6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст
24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст
КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА
ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!
со вклучени 15% попуст
АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!
КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!
WWW.KAPITAL.MK
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД
ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
COVER STORY
ТУРБУЛЕНЦИИ
НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА
SKI & SPA
ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!
ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ
СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ
КАПИТАЛ SPECIAL
ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ
АНАЛИЗА
2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ? НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ
НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
МЕСЕЦИ
СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016
1,1
МИЛИЈАРДИ ЕВРА
ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА
PROFILE
МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач
СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
WWW.KAPITAL.MK
ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ
WWW.KAPITAL.MK
БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16
ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК
Истанбул станува “мека” за стартапи
*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина
...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
42
interview Разговаравме со првиот човек на асоцијацијата на претставници на странски производители на иновативни лекови во Македонија, dr.med. Драган Конески, околу нивните предлози за тоа како да се збогати позитивната листа на ФЗО со најнови лекови, односно како овие фармацевтски компании може да помогнат во изградба на квалитетно и финансиски одржливо здравство во земјава.
О
interview
Драган Конески
претседател на Фармабренд Нова – Асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови
Во партнерство со државата сакаме да придонесеме за модерен и финансиски одржлив здравствен систем
бјаснете ни за Фармабренд Нова - кога и зошто е формирана Асоцијацијата? Во ноември 2012 година во Македонија е основана асоцијацијата на претставници на странски производители на иновативни лекови Фармабренд Нова. Асоцијацијата е претставничко тело на иновативните компании кои се организирани и работат во согласност со важечките прописи во земјава. Интернационалните иновативни фармацевтски компании се производители посветени на научно - истражувачка работа, откривање, регистрирање и овозможување на достапност на најсовремените лекови до пациентите. Како на глобално ниво, така и во Македонија, овие компании имаат значителни материјални и know-how инвестиции. Присуството на овие компании и на лековите кои тие ги откриваат и произведуваат го подигнаа нивото на здравствената заштита во земјата, квалитетот на лекувањето на пациентите, а воедно и на фармацевтскиот сектор. XX Кои се главните цели и интереси на Фармабренд Нова? Производителите на иновативни лекови здружени во Асоцијацијата Фармабренд Нова го препознаваат фактот дека во унапредувањето на работењето во Македонија имаат заеднички цели и интереси.
Нашите основни цели и задачи се: n Имплементација на професионален
кодекс на Асоцијацијата и принципите на етичко промовирање на лековите; n Креирање на модерен и финансиски одржлив здравствен систем согласно со економската состојба во државата, каде што граѓаните ќе имаат подеднаков пристап до здравствената заштита и навременa достапност до најдобрите, најбезбедните и најновите лекови, вакцини и медицински помагала;
Бенефит: Иновативните компании и нивните лекови го под
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
специјален прилог n Компетентно да се информираат и
едуцираат здравствените работници и целокупната популација за најновите достигнувања во подрачјето на лековите, вакцините и медицинските помагала; n Да промовира и практикува партнерство со сите заинтересирани страни заради унапредување на здравствениот систем; n Едукација на сите релевантни фактори за фармакоекономијата како клучен принцип на доброто претприемништво и одговорното управување со здравствената заштита и средствата што се издвојуваат за неа, при што на државата и на пациентите им се гарантира достапност, квалитет, ефикасност и сигурност за вложените средства; n Транспарентност во односите помеѓу релевантните државни институции и претставниците на фармацевтската индустрија и воспоставување на принципот на фармакоекономија како единствен релевантен критериум во процесот на јавни набавки и избор на лекови за позитивна листа; n Едукација и промовирање на здрави животните стилови, навики и активности кои придонесуваат за подобро здравје и квалитетен живот; n Висок степен на социјална одговорност кон заедницата; n Само единствени транспарентни стандарди на работење во етичка и професионална смисла за целокупната фармацевтска индустрија можат да бидат гарант за квалитетна здравствена заштита и контролирана и правилна употреба на лекови. XX Каква е застапеноста на нови лекови на позитивната листа на ФЗОМ? Како според вас треба да се постигне поголема застапеност на иновативните лекови на позитивната листа? Во земјите на ЕУ процесот на ревизија на позитивната листа е во распон од 85 до 365 дена. Во Бугарија, на пример, ако еден лек е на позитивната листа во 5 држави од ЕУ, автоматски влегува и на нивната позитивна листа. Процесот на ревизија и проширување на позитивната листа кај нас, беше подолго време застанат, сè до минатата година, кога се формираше комисијата за хемато -онколошки лекови. После повеќе години, ова претставува позитивен сигнал за иновативните компании во планирањето на регистрациите на нови лекови во Македонија. Од друга страна, недостапноста на понови лекови на позитивната листа го оневозможува лекувањето на пациентите со современа терапија, и затоа сметаме дека започнувањето на функционирање на комисиите за позитивна листа, ќе донесе прогрес во здравството на Македонија. XX Можете ли да понудите некакви решенија што би ја зголемиле достапноста на нови, иновативни лекови до пациентите?
Можни решенија би биле следниве: заштедените средства од намалувањето на цените на лековите да се инвестираат во нови иновативни лекови; Можност да се склучуваат одредени договори помеѓу Министерството за здравство,ФЗОМ и компаниите – во интерес на пациентите (она што во моментов го прави Агенцијата за лекови); Дополнителни средства за финансирање т.н. здравствен денар; Да се зголеми процентот од буџетот што се троши за медикаменти. XX Цените на голем број лекови се намалија последниве години, кај некои и неколкукратно. Што значи тоа за бизнис интересите на вашите членки? Дали Македонија станува сè помалку атрактивен пазар за големите светски фармацевтски компании, со оглед дека некои веќе ги затворија претставништвата или се сведени на минимум активности? Методологијата за формирање на цени во која се вклучени голем број на земји во и надвор од ЕУ, доведува до нереални промени на цените поради курсни разлики (особено кај државите со флуктуирачки девизен курс), референцирање на погрешно објавени цени (пр. Грција) или доколку цената е објавена на ниво различно од големопродажната цена. Има потешкотии и грешки во калкулацијата, бидејќи објавената производна или малопродажна цена треба да се изрази на ниво на големопродажна цена. Дополнителното референцирање со земји надвор од ЕУ или пак со цени на лекови кои се рефундираат и се утврдени во случај кога самата држава го покрива трошокот, доведува до преминување под границата на одржливост, а со тоа и повлекување на некои лекови од Македонија или пак, повлекување на претставништвата на производители на иновативни лекови од пазарот во земјава. Максималните цени се објавуваат два пати годишно на 15 март и 15 октомври. Сметаме дека, соодветно на големината на македонскиот пазар, како и бројот на лекови и компании на пазарот, доволно е само еднаш во годината да се прави ревизија на цените. Министерството за здравство ги зеде предвид нашите сугестии на оваа тема, и направен е чекор напред, со тоа што е формирана Комисија за разгледување на предлози за зголемување на цените на лековите. XX Паралелниот увоз воведен пред неколку години овозможува увоз на лекови од други дистрибутери што немаат големи трошоци за регистрација на лековите како што тоа го имаат претставништвата на компаниите. Објаснете малку повеќе за оваа ситуација, какви биле вашите реакции досега и одговорот од властите? Паралелниот увоз на лекови во Македонија не е усогласен со регулативата на ЕУ каде што всушност станува збор за јасно дефинирана паралелна трговија со лекови, односно движење на лековите во рамките на ЕУ. Со паралелниот увоз
43
на лекови и медицински помагала во Македонија се овозможува увоз на лекови не само од земјите на ЕУ, туку и од Турција и Русија. Интернационалните компании присутни во Македонија го планираат детално своето производство и навремено доставување на лекови за да ги задоволат потребите на пациентите во согласност со барањата пропишани во Законот за лекови и медицински помагала. Секоја интернационална фармацевтска компанија спроведува месечни и годишни планирања, централно и регионално контролирани насекаде во светот. Минималното време потребно за достава на лековите од нарачката е 4 до 6 месеци, а некогаш и повеќе.Иновативните фармацевтски компании, членови на асоцијацијата Фармабренд Нова користат менаџмент систем со кој гарантираат висок медицински квалитет и овозможуваат безбедност за пациентот.
Ние го гарантираме високиот медицински квалитет преку:
n јасна алокација на одговорностите и
преку овозможување на интензивна обука на вработените; n редовна контрола на добавувачите; n периодична контрола на инструментите и просториите кои се во употреба; n користење на ефективни процеси за рано откривање на потенцијалните проблеми со квалитетот кои овозможуваат брза реакција; Со паралелен увоз на лекови се усложнува процесот, а со тоа и се доведува во ризик системот на континуирано снабдување со лекови на граѓаните на Македонија. Можноста за појава на фалсификати на фармацевтскиот пазар е поголема. Нашите институции одговорни за откривање на фалсификати, досега реагираа на време и за среќа на пациентите, не е пријавен никаков проблем. XX Како иновативните фармацевтски компании може да придонесат за унапредување на здравствениот систем во Македонија? Нашиот придонес е преку инвестирање во здравствениот систем, односно, воведување нови дијагностички методи, едукација на здравствените работници, имплементација на научни и истражувачки достигнувања, како и клинички испитувања. Со примена на новите и современи терапии се овозможува подобар исход од терапијата за пациентите, заштеда во здравствениот систем, ако се следи целосниот тек на болеста и подобар квалитет на живот и враќање на луѓето на нивно продуктивно живеење. На крај би сакал да потенцирам дека нашата заложба е со Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за лекови заедно да воспоставиме дијалог, партнерство и соработка за да помогнеме во Македонија да има финансиски одржлив и модерен здравствен систем. nnn
одигнаа нивото на здравствената заштита во Македонија
Капитал број 855 18.03.2016
44
www.kapital.mk
јавно управување
Што работат 2.229 вработени во Македонски Шуми?!
Македонски Шуми потроши 9 милиони евра на приватни фирми за сечење на дрва Македонски Шуми за една година потроши 9 милиони евра за ангажирање на приватни фирми за сеча, дотур и транспорт на дрва, покажуваат податоците на Центарот за граѓански комуникации од мониторингот на сите јавни набавки на ова јавно претпријатие. Во периодот од април лани, до крајот на 2015 година, ова јавно претпријатие склучило 238 договори со 121 приватни фирми за шумарски услуги, иако е едно од најголемите во државата со вкупно 2.229 вработени. Директорот Жарко Караџоски објаснува дека најголем дел од вработените се пред пензија, а има само малку секачи, па така морал да ангажира сезонски работници за да го зголеми сопственото производство.
Факт: Во ЈП Македонски Шуми работат 2.229 луѓе, а се трош
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
45
Жарко Караџоски
генерален директор на Македонски Шуми
Н
ајголем дел од вработените во јавното претпријатие се пред пензија и од нив не можам да очекувам да сечат дрва. Лани успеваме да го зголемиме сопственото производство на третина во целиот обем на работа преку ангажирање на сезонски секачи и тоа се покажа како поисплатлива варијанта. Така речиси двојно помалку потрошивме за ангажирање на приватни фирми за шумарски услуги преку тендери отколку што планиравме.
М пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Македонски Шуми за една година потроши 9 милиони евра за ангажирање на приватни фирми за сеча, дотур и транспорт на дрва, покажуваат податоците на Центарот за граѓански комуникации од мониторингот на сите јавни набавки на ова јавно претпријатие. Во периодот од април лани, до крајот на 2015 година, ова јавно претпријатие склучило 238 договори со 121 приватни фирми за шумарски услуги, иако е едно од најголемите во државата со
вкупно 2.229 вработени. По одделни договори, најмногу работа од Македонски Шуми добила фирмата Гранде Тини, односно 3 тендери во вредност од 324 илјади евра. Проценетата вредност на договорите пак, од април лани до крајот на годината, е далеку поголема, односно претпријатието проценило дека за овие шумарски услуги ќе треба да им плати на приватните фирми дури 17 милиони евра. Директорот на јавното претпријатие, Жарко Караџоски, за Капитал, објаснува дека проценката колку пари ќе им требаат за ангажирање на приватни фирми за шумарски услуги се покажала погрешна, бидејќи Македонски Шуми лани го зголемило сопственото производство на третина во целиот обем на работа. „На почетокот на минатата година проценивме дека ќе ни требаат 17 милиони евра за шумарски услуги од приватни фирми, но во текот на годината успеавме да го зголемиме сопственото производство на 34% во целиот обем и поради тоа сумата потрошена на тендери е речиси двојно помала. На тој начин заштедивме околу 1,3 милиони евра. Ангажиравме околу 300
сезонски секачи на дрва и оваа варијанта се покажа како поевтина и попродуктивна за нас, бидејќи за околу 25% ги зголемивме и производството и продажбата на дрва лани“, објаснува директорот Караџоски. Тој вели дека планот е ова јавно претпријатие и во следните години да го зголемува сопственото производство а за сметка на тоа помалку пари да троши за ангажирање на приватни фирми за шумарски услуги преку тендери. Меѓутоа, годинава поради изборите, планот на Караџоски како што признава тој, тешко ќе се оствари. „Договорот на овие 300 сезонски секачи им истекува во јуни годинава, а поради изборите во тој период нема да успееме да добиеме согласност за повторно да ги ангажираме, така што не можам да кажам колку ќе успееме да го зголемиме сопственото производство годинава“, вели Караџоски. Тој вели дека воопшто не може да смета на неговите 2.229 вработени бидејќи најголем дел од нив имаат повеќе од 60 години и се пред пензија, а останатите се техничари и инженери и само околу 100 секачи кои би требало да одат в шума да сечат дрва. „Проблемот со преголемиот број на вработени е генериран уште од основањето на претпријатието. Од една страна, имаме проблем поради тоа што најголем дел од вработените се возрасни и просечната старост е многу висока, а од друга страна, малку од нив се стручни за дејноста во која што работат. Нам ни требаат шумарски инженери и техничари, секачи, а овие кадри на пазарот на труд се дефицитарни“, вели Караџоски кој на прашањето зошто не го реформира ова јавно претпријатие во поефикасно преку намалување на бројот на вработени, признава дека „за реформи во тој правец потребна е политичка волја“. „Овде работата е тешка, повеќето бараат да најдат лесна работа“, вели Караџоски.
Македонски Шуми со добивка по пауза од две години
Иако се уште не се објавени податоците за финансиското работење на јавното претпријатие Македонски Шуми лани, директорот Караџоски вели дека по пауза од две години, зголемувањето на производството и продажбата на дрва лани им донело добивка. „Завршната сметка покажува дека лани ЈП Македонски Шуми има добивка од околу 1,3 милиони евра. Тоа се должи на реформите што ги направивме односно зголемувањето на сопственото производство во услови кога побарувачката за дрва на пазарот се зголемуваше. Тоа ни донесе зголемување на приходите и добивка како краен финансиски резултат“, вели Караџоски. Загубата во 2014 година изнесуваше 2,1 милиони евра. Македонски Шуми е петта најголема државна компанија според приходите што ги остварува. nnn
шат 9 милиони евра за приватни фирми за сеча на дрва
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
46
Интервју
Жарко Кораќ
професор и поранешен потпретседател на Владата на Зоран Ѓинѓиќ
Без слободни медиуми нема слободни избори
„Степенот на демократија во една земја се мери со степенот на слобода на медиумите. Вучиќ може да зборува што сака, но факт е дека медиумската слика на Србија во време на неговата власт е повеќе од катастрофална. Големиот американски претседател, Томас Џеферсон, рекол дека слободата на медиумите е ѕвоното, звукот на демократијата. Неинформиран човек не може слободно да мисли, да гласа; не е рамноправен учесник во демократскиот процес“, вели во интервју за Newsweek, некогашниот потпретседател на Владата на Зоран Ѓинѓиќ (кој беше убиен на 12 март 2003 година), и професор на Филозофскиот фактулет во Белград, психологот Жарко Кораќ
Кораќ: Вучиќ успева на Запад зашто и ја „у
www.kapital.mk
Ш
XX Што се случува со оној дел од јавноста кој деведесеттите години не ја поддржуваше воената политика, а кој веќе долго молчи? Кораќ: Зошто јавноста молчи ... Факт е дека Александар Вучиќ го сфати она што не успеа Борис Тадиќ: патот на Србија кон Европската унија доминантно зависи од решението на косовскиот проблем. Во таа смисла, демократски ориентираните граѓани имаат сериозен проблем со власта на Вучиќ: од една страна ја поддржуваат проевропската ориентација на Србија, како и клучниот успех на оваа Влада мислам на Бриселскиот договор - додека, од друга страна, не можат да имаат разбирање за недемократскиот начин на владеење на премиерот. Со други зборови, поради одлучноста и флексибилноста што во таа смисла ја покажува, демократскиот интелектуален свет во Србија денес е наклонет за некои работи на премиерот да му прогледа низ прсти. Тие луѓе, на некој начин, се однесуваат како западните дипломати: во прв план го ставаат патот на Србија кон ЕУ, додека останатите проблеми ги оставаат за некој следен пат. Најпосле, не заборавајте и дека најголем број од демократски ориентираните граѓани на Србија се повлекоа откако за кратко време доживејаа два големи порази. XX Кои се тие порази? Кораќ: Прво е убиството на Зоран Ѓинѓиќ на 12 март 2003 година, а вториот е враќањето на власт на носителите на воената политика на деведесеттите. Србија е веројатно единствена држава во Европа, која по две децении на власт ги врати луѓето кои беа протагонисти на нејзиниот политички, економски и морален крах. Кога човек во рок од петнаесетина години ќе доживее вакви два силни удари, губи желба за какво и да е посериозно учество во јавниот живот. XX Претседателот Томислав Николиќ вели дека гестот
Капитал број 855 18.03.2016
47 на Филип Давид не бара никаква храброст (писателот Филип Давид на примањето на наградата за најчитана книга во 2015 година, јавно се огради од присуството на настанот на претседателот Николиќ. н.з.). Дали е така? Кораќ: Гестот на Филип Давид бара храброст. Српското општество се наоѓа во состојба на ступор: урнато е однатре, не реагира, а од летаргијата одвај повремено го тргнува некоја силна изјава или потег. Филип Давид прободе длабока и загноена рана; затоа реакциите се толку силни. Помалку-повеќе сите денес сме свесни за фактот дека Србија бавно се менува, и лично не верувам дека многу може да се поправи за кратко време. Секако, должност на лидерите е да внесуваат оптимизам ... Ѓинѓиќ, да речеме, беше парадигматски пример на човек кој на граѓаните секогаш им велеше - вие тоа го можете, историјата е на ваша страна, што е правилен пристап. Тоа ги мотивираше луѓето, внесуваше елан. И покрај жилавото наследство на деветнаесеттиот век, што го обнови Слободан Милошевиќ ... XX За што точно зборувате? Кораќ: За „народњаштвото“, што Никола Пашиќ го увезол од Русија, а што се одржало до денес. Притоа, Русија овде не се појавува само како голема словенска сила што ќе ја „заштити Србија“, туку, пред сè, како симбол на она руско јавно мнение што со мнозинството од Србија го дели односот кон либералните вредности и парламентарната демократија. Станува збор, значи, за иста политичка традиција. Погледнете го Владимир Путин! Иако е биран на избори, Путин е пример за самонаречен цар. Медиумите во Русија ги забрануваат како во време на цар; политичките противници се апсат како во царско
време; секој грабеж се толерира ако е „патриотски“ ... XX А сега зборувате за Путин или го опишувате владеењето на премиерот Вучиќ? Кораќ: Вучиќ несомнено оди по путиновата матрица на авторитарен лидер, кого, за разлика од рускиот водач, Западот засега го поддржува. Секоја своја реченица Вучиќ ја почнува со „јас“: јас ја донесов одлуката, јас одлучив ... Го чекам моментот кога ќе премине на „ние“, што е таканаречена кралска множина. Така за себе зборуваат кралевите и царевите. Во дваесет и првиот век не може така. XX Не може? Зарем Борис Тадиќ и денеска не повторува - јас како претседател, мојата влада, мојата одлука, моето време, мојата епоха? Па, не е Борис Тадиќ Александар Македонски. Или мисли дека е? Кораќ: И Ранко Кривокапиќ, претседателот на малата Социјалдемократска партија на Црна Гора, овие денови себе си се спореди со еден од најголемите политичари и државници на дваесеттиот век, Винстон Черчил. И што сега?! Тоа ви е Балканот. „Демократското опшество не е возможно да се гради со авторитарна структура на личноста и со авторитарно семејство“, говореше Вилхем Рајх. Никогаш нема да ја заборавам сцената на која како пратеник во Парламентот на Србија присуствував во 2012 година: Вучиќ, имено, со френетичен аплауз, како татко на нацијата, како врховен авторитет, во холот на Парламентот беше дочекан од буквално целиот пратенички клуб на Српската напредна партија. Се стресов, се уплашив од оваа с л и ка ! Д о то л к у повеќе што знаев дека Вучиќ, иако можеше, на тие луѓе не им објасни дека пристоен човек не прави такво нешто, дека тоа е срамота. Но, тоа е тој авторитарен
украде“ на опозицијата темата Србија во ЕУ
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
48
Интервју
модел. Не мислам притоа дека другите партии во Србија се нешто многу подемократски. Меѓутоа, овде тоа е најекстремно ... Знаете ли кој не беше таков? Зоран Ѓинѓиќ, па и Воислав Коштуница ... Во модерната историја на Србија, а тука мислам на целиот дваесетти век, Ѓинѓиќ беше еден од нашите најобразовани лидери. Притоа и многу непосреден во контактите со луѓето. Се сеќавате ли на сцената кога одговарајќи на напад од еден млад човек од публиката, место да влезе во полемика, да се лути и расправа, се обиде да објасни некои свои потези. „Ќе се сретнеме еднаш вие и јас во иднината“, рече Ѓинѓиќ на крајот. Луѓето не се плашеа да разговараат со Зоран Ѓинѓиќ, јавно да го критикуваат, што го правеше атипичен лидер на Србија. XX Како тоа, премиерот Александар Вучиќ, кој на почетокот често го
цитираше, па дури и се обидуваше да го имитира Зоран Ѓинѓиќ, и најмалата критика на Владата ја дожувува како лична навреда? Кораќ: Посматрајќи го подолга низа години во Парламентот - двајцата бевме пратеници - заклучив дека Вучиќ е човек кој многу тешко ги контролира своите нагони. За момент знае да стане ужасно агресивен, подготвен за конфликт. Станува збор за импулсивна личност, со типичен колеричен темперамент: лесно пламнува, но брзо се гасне. Ако со него сакате да разговарате, подобро почекајте да му помине гневот. Мислам дека во политиката овој вид импулсивност и не е особено добар. Повеќе постигнуваат оние кои полесно се контролираат. Таков беше Ѓинѓиќ. XX Дали Вучиќ е националист? wКораќ: Мислам дека интимно е, и оти
оттаму потекнуваат најголем дел од неговите проблеми. Иако себе си се обидува да се претстави како визионер секогаш подготвен да носи одлуки важни за иднината на државата и на народот, Вучиќ не ја покажува политичката храброст на Мило Ѓукановиќ, кој, без оглед на фактот дека историските врски на рускиот и на црногорскиот народ се можеби и посилни од српско-руските, без оглед на внатрешните турболенции, имаше храброст својата земја да ја постави на западниот колосек. Во таа смисла, мислам дека еден од најголемите неуспеси на Владата на Вучиќ е тоа што ја продолжи политиката на Воислав Коштуница и на Борис Тадиќ, според која Србија може да седи на две столици. А не може! Бидејќи така, меѓу другото, им се отвора пат на проруските сили кои во суштина се антинационални, и кои сакаат
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
50
Интервју
Србија да ја предадат во рацете на друга земја. Во што уште Вучиќ греши? Пред сè, во непочитувањето на институциите. Како и повеќето балкански лидери, и тој е уверен дека неговиот начин на владеење може да се нарече просветен апсолутизам: ги просветува граѓаните, ги води во посветла иднина, иако тие, жалните, не знаат што е добро за нив. Што личи на омалуважување. Притоа, нема просветен апсолутизам! Или е апсолутизам или е просветеност. Не може двете. XX Каква е ситуацијата со медиумите? Кораќ: Степенот на демократија во една земја се мери со степенот на слобода на медиумите и со статусот на малцинствата. Вучиќ може да зборува што сака, но факт е дека медиумската слика на Србија во време на неговата власт е повеќе од катастрофална. На запрепастување на пристојниот свет, Вучиќ како место каде што ќе го изрази својот став одбра еден опскурен таблоид, и неколку исти такви телевизии. Покрај тоа, евидентни се обидите за контрола на сите останати медиуми ... Големиот американски претседател, можеби дури и најголем во историјата на САД, Томас Џеферсон, рекол дека слободата на медиумите е ѕвоното, звукот на демократијата. Неинформиран човек не може слободно да мисли, да гласа; не е рамноправен учесник во демократскиот процес. Сè што претходно кажав докажува дека Вучиќ не го гледа патот на Србија во Европа како структурна промена на општеството, туку како цел до која се доаѓа така што таа цел ќе се негира. Создадена е атмосфера која е изворно недемократска, каде политичкиот живот почнува да личи на борба на живот или смрт. Токму затоа демократски ориентираните граѓани почнуваат да прават пактови и со оние антиевропски ориентирани поединци или групи, со шовинисти, кои, кога би биле на власт, би биле полоши и од Вучиќ. Колку и да се противам на политиката на Вучиќ, никогаш не би правел сојуз со оние со кои не се сложувам околу основните демократски и цивилизациски постулати.
XX Како ќе биде запаметен Александар Вучиќ? Кораќ: Ако историјата поради што и да е го памети Вучиќ, тоа ќе биде фактот дека бил премиер во најпарадоксалниот политички период во Србија: еден од носителите на антизападната, воената и подбуцнувачката политика стана „водечки миротворец“ и Европеец, кому пример се Германија и канцеларката Ангела Меркел. XX Колку е денес силна политичката алтернатива во однос на Вучиќ? Кораќ: Бидејќи постојано криминализирана, опозицијата во Србија немаше особена можност да се опорави и консолидира. А непостоењето на организирана алтернатива за власта на Вучиќ, на што интезнивно работи самата власт, Србија скапо ќе го плати. Од друга страна, за демократската опозиција објективно е стеснет просторот за дејствување во околности кога прокламираната цел на режимот на Вучиќ е влезот на Србија во Европската унија. Таа тема им е „украдена“ на опозициските партии! Тоа што им преостанува како можност е критика на состојбата во општеството, во медиумите, на ограничувањето на правата на луѓето, на лошата социјална ситуација, на економските промашувања на Владата ... Овој вид ангажман бара поголема сериозност и поголем напор. XX Мислите ли дека демократската опозиција е подготвена за тоа? Кораќ: Прво, Демократската партија секогаш тешко го поднесува шокот од губењето на власта. Нејзиниот проблем е сличен на оној што своевремено го имаше Социјалистичката партија на Србија: двете партии во еден момент се стопија со режимот. Борис Тадиќ самиот признава дека во своите раце имал премногу власт - од општините, преку покраините, до целата држава. Кога имате толкава власт, неминовно е со неа да се стопите. И покрај слабостите за кои зборувам, сакале ние да признаеме или не, на сите им е јасно дека Демократската партија денес е централна сила на демократски ориентираната алтернатива на власта на Вучиќ. Кога ДП
е во криза, во криза е целата опозиција. И тоа Вучиќ многу добро го знае. Она што не е добро, а што би требало да се очекува, е фактот дека Вучиќ, поради самиот карактер на својата власт, како и сопственото разбирање на политиката, во наредниот период ќе се обиде до таа мерка да ги заостри политичките односи, што изборите ќе ги претвори во некој вид референдум. XX Од каде и се на Спрската напредна партија парите за толку скапи кампањи? Кораќ: Тоа се теми што ќе се отворат дури откако Вучиќ и неговата партија ќе си отидат од власт. Бидејќи, кој и да се обидел на премиерот да му постави слично прашање, добил најбрутални навреди и името му се вртело по таблоиди. „На бајонети може да се дојде на власт, но на нив не може да се седи“, говорел Наполеон. Не велам дека Вучиќ на власт дошол на бајонети - дошол на избори - но на тоа место, секако, не може да опстане со нови спектакуларни апсења, со произведување некакви нови афери, со криминализација на политичките противници ... А за ова стравувам дека се подготвува. Бидејќи, токму поради тоа се и распишани изборите. XX Зошто конкретно? Кораќ: За да добие Вучиќ уште еден мандат и така да ја капитализира популарноста што ја стекнал со апсења. Каква е ситуацијата со останатите партии? Верувам дека вратата на Парламентот на Србија овојпат скоро сигурно ќе се отвори за антиевропската и антидемократската опозиција, за проруските и проклерикалните партии како радикалите на Шешељ. Сигурни се и социјалистите на Ивица Дачиќ, кои, поради опстанок на власт, би можеле да одат со секого. Партијата на Дачиќ одамна е испразнета од идеологија и е единствена партија што човек не може лесно да ја дефинира. Ако на сето ова ја додадете оптовареноста на Дачиќ со бројни афери, еве ви одговор на прашањето со кого таа екстремно прагматична партија ќе биде принудена да прави нова коалиција. nnn
www.passat.mk
ВАШАТА НОВА КАНЦЕЛАРИЈА! Новиот Passat.
Passat TDI Comfortline
22.990€ �1.420.782 ден.�
Предводникот на бизнис класата е технолошки лидер со новата генерација на TSI и TDI мотори со BlueMotion технологија, a 85 килограми олеснетата каросерија овозможува 20% пониска потрошувачка. Комплетно опремен со сериски вградени системи како трозонски автоматски клима уред, радио Compostion Media со екран во боја чувствителен на допир, Bluetooth поврзување, USB и читач на SD картички, мултифункционален кожен управувач, паркинг сензори напред и назад, LED задни светла, ErgoComfort возачко седиште, адаптивен темпомат и Front assist функција за итно сопирање, Passat B8 е Вашата нова подвижна канцеларија. ГРАТИС ЛИЗИНГ ПАКЕТ: прва регистрација, каско за првата година и автоодговорност. 335€ месечна лизинг рата. ƎƭƯƷƤ ƐƩƭƮdžƤ ƠƲƪ ƀƭưƬƟ Ƨ ƔƤƯƵƤƢƭơƧƬƟ ƐƩƭƮdžƤ
ſƀ ſƲƱƭ Ʋƪ ƂƭƵƤ ƃƤƪƶƤơ ƠƯ ƐƱƯƲƫƧƵƟ
ſƊ ƃƍ ƍƴƯƧƣ Ɛơ ƄƯƟƦƫƭ ƍƯƭơƬƧƩ ƃƤƠƟƯƵƟ ƍƴƯƧƣ
ƀƇƐ ſƲƱƭ ƉƯƟơƟƯưƩƧ ƮƟƱ ƠƠ ƀƧƱƭƪƟ
ƉƭƪƤơưƩƧ ƎƟƪƫƧƯƭ ƑƭLJƟƱƧ ƠƠ ƐƩƭƮdžƤ
ƐƱƟƯƱ Ʋƪ ƀƭƯƧư ƉƧƣƯƧƶ ƃƤƫƧƯ ƉƟƮƧdžƟ
ƕƤƬƱƯƲƫ ƋƟƯƷƟƪ ƑƧƱƭ ƠƠ ƑƤƱƭơƭ
www.kapital.mk
Капитал број 855 18.03.2016
52
Претприемништво
9
НАЧИНИ КАКО ДА СТАНЕТЕ ПОДОБАР ЛИДЕР
Л
идерството е релативно нов феномен, меѓутоа овој концепт многу брзо се наметна како многу значаен за постигнувањето на подобри економски резултати, како на ниво на команија, така и на ниво на држава. Лидерството се гледа како начин или облик на управување на однесувањето на луѓето како најзначаен ресурс во современото општество. Од 30-те години кога се појавиле првите студии за лидерството па се до денес се напишани многу текстови во кои се пишува како да стенете подобар лидер. Еве некои од тие совети:
1
Охрабрете ги вработени да не се согласуваат со вас
Компаниите влегуваат во неволја кога сите се исплашени да ја кажат вистината пред надредените. Ако се што слушате е колку добро работите, тогаш тоа е знак на опасност“.
2
Не правете микроменаџмент
Дадете им одговорности на луѓето што се под вас, и потоа оставете ги сами да ја завршат работата. Добар дел од лидерството е да отстапите и да
им дадете можност на другите. Добар лидер води од високите позиции па се до пониските.
3
Кога луѓето грешат, не уништувајте ги
Но бидете сигурно дека тие ќе научат било каква лекција од нивните грешки.
4
Споредете
5
Секогаш сакајте повеќе да научите и да бидете љубопитни
Развијте силни интерперсонални односи на работа, така што вработени ќе имаат поврзани со работата и она што го работат.
Преземајте ризици и прашувајте се: Што е она што не го знам, а треба да го знам? Како да го научам и да го тестирам тоа што ќе го научам во ситуација која и не е така сигурна или безбедна?
6
Познавајте се самите себе
Исто како што не можете да почнете програма за слабеење без да се качите на вага, вие мора да го почнете вашето патување преку тоа што ќе станете свесни за вистината за тоа кој сте вие. Ние најчесто сме најлошите оценувачи на нашето однесување. Еден од најголемите проблеми кои ги гледам е вистинско отсуство на самосвест.
Извршните менаџери често не се свесни какви личности се тие, како и за луѓето и за влијанието кое го имаат на другите.
7
Бидете фокусирани до детали
8
Ослободете се од слабите менаџери
9
Вежбајте вештини на лидерство на дневна основа
Задржете се на една цел. Лидерите честопати се фокусираат на повеќе цели. Дајте си ја себе си најголемата шанса за победа преку развој на една работа. Подобро е да направите прогрес во една област отколку да направите мал прогрес или ниеден во пет цели. Од 60 топ менаџери во Континентал, јас веројатно би заменил 40 кои не се тимски играчи“, вели пензионираниот извршен директор Гордон Бетун. “Не толерирајте фактографија, оговарање или прима дони. Или сите победуваат, или никој не победува“.
Количината на вежба зависи од самите вас и од тоа ќе зависи и вашето подобрување. Тоа е исто како да учите виолина. Треба да ги научите партитурите, да вежбате секој ден за да креирате убава музика. nnn
Капитал број 855 18.03.2016
54
www.kapital.mk
лидери
Марк Паркер CEO на NikE
ЉубоПитноста значи живот!
и
Извршниот директор на Nike, Марк Паркер минатата година од угледниот магазин Forbes беше прогласен меѓу 10-те најдобри извршни директори
Дизајнерите по природа повеќе љубопитни и повеќе поврзани. Тие „копаат“ малку подлабоко и повеќе забележуваат. Токму тие забелешки потоа ги претвораат во иновации. Таа конекција кон клиентите е навистина круцијална во водењето на иновациите. Многу важно е дизајнерите да не се потчинети во некоја соба позади, туку тие да бидат напред во целиот процес
Компанијата Nike секогаш за мене беше повеќе од работно место. Како и за многу вработени овде, и јас имам длабока конекција кон овој бренд и оваа компанија
Бидете сунѓер. Љубопитноста значи живот. Претпоставката смрт. Погледнете наоколу Улогата на дизајнот во компанијата и да се дозволи одново да се создадете себе си, да и дозволите на компанијата да најде начин за успех пред старите начини да ве доведат до пропаст Најдобрата иновација доаѓа од инклузивна работна околина која поттикнува различни идеи, се грижи за вработените кои се со различни таленти и позадина и создава силни врски со различните заедници Ние се соочуваме со предизвици но тие предизвици секогаш не прават и подобри и посилни
Оддржливоста во Nike значи да се биде фокусиран на развојот на нашиот бизнис модел кој треба да донесе профитабилен раст кој се потпира на моќта на ефикасноста која доаѓа од производството, преку минимизирање на влијанието на околината и преку употреба на достапните алатки кои треба да ни донесат позитивна промена во целиот синџир
во светот, а во 2011 година тој ја носеше титулата „најкреативен директор“. Еве како тој гледа на својата компанија и на тоа што е потребно за да се биде успешен: