COVER STORY
КОЈ ГО “БИЛДА” ЕКОНОМСКИОТ РАСТ? ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ИМА ГРАДЕЖНА ФАСАДА
МАРЈАН ХРИБАР
ИСТОРИСКА СРЕДБА НА ОБАМА ВО КУБА
ЕКСПЕРТ ЗА ТУРИЗАМ
ДРЖАВАТА ТРЕБА ЗАЕДНО СО ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ ДА РАБОТИ НА ПРОМОЦИЈА И РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ПОЧНУВА ТРКАТА ЗА КУБАНСКИOТ ПАЗАР
WWW.KAPITAL.MK
INTERVIEW
КОСТА МИТРОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА БАНКАРСТВО ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРОФИТИТЕ НА БАНКИТЕ СЕ РЕЗУЛТАТ НА УСПЕШНОТО РЕОРГАНИЗИРАЊЕ, А НЕ НА ВИСОКИТЕ КАМАТИ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ
КАКО ДА ПРОЦЕНИТЕ КОЛКУ ВРЕДИ ВАШАТА СЕМЕЈНА КОМПАНИЈА
СПЕЦИЈАЛЕН ДИЛЕМИ НА ПРИЛОГ СОПСТВЕНИЦИТЕ:
СЕМЕЈНИ БИЗНИСИ БРОЈ 856 | ЦЕНА 100 ДЕН. 25 МАРТ, 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
ДАЛИ ДА СЕ ПРЕДАДЕ ИЛИ ПРОДАДЕ БИЗНИСОТ?
АКО БИЗНИСОТ ОСТАНЕ ВО СЕМЕЈСТВОТО, КАКО ДА СЕ НАПРАВИ КВАЛИТЕТЕН ПРОЦЕС НА НАСЛЕДУВАЊЕ: ШТО ВЕЛАТ ИСКУСТВАТА ВО ЕУ
ДИЛЕМА
ДАЛИ ДА СЕ ПРЕДАДЕ ИЛИ ПРОДАДЕ БИЗНИСОТ? KNOW-HOW ЗА СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ: ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН ПРОФЕСИОНАЛЕН МЕНАЏМЕНТ
ШТО ЗНАЧИ ИТАЛИЈАНСКИ, А ШТО ГЕРМАНСКИ МОДЕЛ НА РАБОТА НА СЕМЕЈНИТЕ КОМПАНИИ
СЕ ФОРМИРА ЕВРОПСКИ БЕРЗАНСКИ ЏИН
3
Капитал број 856 25.03.2016
СодРжиНА
38 04
STAND BY
08 10
НАвиГАТоР
18
22
Љупчо Зиков Судовите, институциите и изборниот модел!? (1) Романската обвинителка со лекција за Јанева и Зврлевски
42 24
коМпАНии и пАЗАРи
29
СпециЈАлеН пРилоГ Дали да се предаде или продаде бизнисот?
38
иНТеРвЈу
претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија
кАпиТАлНо
БиЉАНА ЗдРАвковСкА СТоЈчевСкА Земјата со најниски даноци што сака да биде Шведска
40
42
СвеТ
44
СвеТ
50
иНТеРвЈу
иНТеРвЈу МАРЈАН ХРиБАР
Специјален советник на Генералникот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации
до подобра промоција преку јакнење на капацитетите на Агенцијата за туризам
коСТА МиТРовСки
профитите на банките се резултат на успешното реорганизирање, а не на високите камати
СеМеЈНи БиЗНиСи n дилеми на сопствениците
cover STorY
Градежниците го ѕидаат економскиот раст, индустријата го урива Градежната фасада на економската криза
во македонскиот мебел само дрвото е домашно, се друго е од увоз
44
СвеТ БиЗНиС и фиНАНСии
Се спојуваат London Stock Exchange и Deutsche Börsa Се раѓа нов европски берзански гигант да им конкурира на американските берзи
по 88 години американски претседател официјално на куба Обама означи старт на трката за кубанскиот пазар Сирискиот конфликт во дипломатска фаза Сирија после кампањата на Путин... по Женева, а можеби и по Асад АНеТА кокАлеСкА пеТРуШевСкА
специјалист дерматолог и директор на ординација на д-р Анчевски
Eдна деценија посветеност на здравјето и убавината на кожата
54
лидеР БРАЈАН екТоН
ко-основач на WhatsApp
Ние сме најнетипичниот стартап што може да го најдете
ГРАдежНици
МеБел
оБАМА НА куБА
Економскиот раст минатата година достигна 3,7% како што покажаа податоците на Државниот завод за статистика, меѓутоа, речиси половина од овој раст е генериран од градежништвото. Без градежниот бум финансиран главно од страна на државата, со народни пари, произлегува дека економскиот раст лани би бил само 2%.
Нелојална конкуренција, недостиг од домашни репроматеријали и големи транспортни трошоци се дел од проблемите со кои се соочуваат производителите на мебел. За Капитал велат дека со домашно производство на суровини ќе можат да произведуваат поевтин и поконкурентен мебел за странски пазари.
Историска, а поинаква и не може да биде кога се случува по 88 години, е посетата на Куба на американскиот претседател Барак Обама, што е кулминација на процесот на зближување меѓу двете земји, официјално објавен во декември 2014 година, од страна на споменатиот и на неговиот кубански колега, Раул Кастро.
XX Стр. 10
XX Стр. 24
XX Стр. 42
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 24.03.2016
C пишува: ЉУПЧО ЗИКОВ
Судовите, институциите и изборниот модел!? (1) Не ми е сосема јасно зошто мораше таква хајка да се води против Уставниот суд, кога постои општа пракса дека одлуките на судовите не се коментираат. Тие се носат независно во друг правен систем, а не политички!? Е сега ...Иванов мора да биде свесен дека неговата политичката судбина, како Претседател на државата, ќе биде доведена во прашање, во зависност како ќе го користи правото за аболиција!? Земајќи ја во предвид тежината на аболицијата како чин, во контекстот на македонското криминализирано општество, моментот во кој сега се наоѓаме со запалени рефлектори на меѓуннародната заедница кон Македонија, и во случај, на пример, Специјалното обвинителство добро да ги докаже обвиненијата што треба да ги соопшти во блиска иднина, го става Ѓорге Иванов во позиција да ризикува зголемена лична претседателска одговорност, па и импичмент во Парламентот, ако даде аболиција.
ljupco.zikov@kapital.mk facebook.com/ljupco.zikov
Ценам дека треба во овој денешен текст да се позадржам на одредени позиции што ги искажав во мината колумна и затоа ќе цитирам делови од истата ... ПРВО: “... Многумина велат власта (режимот) кај и да е ќе падне. Криминалците ќе одат во затвор. Па се бара тоа да се случи што побрзо. Но, никој, не сака да погледне во длабочината на македонскиот проблем. Дека производството на вакви режими, како овој, во оваа држава е системски модел. Режимот сам се произведува, и не зависи од тоа кој е на власт – ВМРОДПМНЕ или СДСМ, со своите албански сателити. Оттука, тоа што режимот ќе падне (ќе падне секако), не докажува дека режимот е мртов, ниту пак покажува дека сме ние живи. Можеби го докажува спротивното – дека тој сепак ќе преживее, а многу од нас нема “да преживеат”. Затоа македонскиот граѓанин мора да се соочи со вистината – што правевме во тоа време, кога биравме и одлучувавме за татковината на нашите деца. Кого биравме? И зошто по нашите избори ништо ново не се случуваше? Зошто дозволивме да бидеме “интелектуално стрелани”, а претходно “тепани и повредувани”. Како дозволивме да ни ја купат душата!? За сендвич со салама?!”. ВТОРО: “... Никогаш, ниту еден европски режим, за релативно кратко време како што е ова македонското од 25 години, не прокоцкал толку надежи и шанси, не прокоцкал толку голема доверба на луѓето, значајна енергија на граѓаните ... за да еден слој на скотови, за една тесна генерација ликови класични социјални случаи од редот на политичари, партиски апарати, директори и мали директорчиња, новинарчиња, судии, лекари ... куп искомплексирани, реализираат “своја, и за своја корист социјална револуција”!!?? Да опљачкаат цел еден народ, кој упорно сака да му ја докаже на светот својата колосална глупоќа. И така да влезат во учебниците по социологија во графата “висока класа”!
Настаните околу Уставниот суд …
Минатонеделните настани пред Уставниот суд, со протестот и контрапротестот, организирани од партиски лидери, директно укажува на длабок политички дефект во Македонија. Мора да се каже дека протестот на СДСМ и некои невладини организации, на чудење на многумина, мистериозно заврши!? Без помпа, говори, и објаснување!? Ден потоа Уставниот суд одлучи (со 5:4) да ја врати можноста Претседателот на државата да помилува и аболицира неколку категории престапници на македонските закони. Она што остана да виси е што, никој по долината на Вардар, не се ни обиде да одговори на прашањето зошто толку тесен резултат – пет судии “за”, а четири “против” !!?? На што тоа укажува? Зошто петте што беа “за” одлучија така. Но, и зошто четворицата што беа “против” одлучија токму така!!?? И како ќе се спинуваше во јавноста евентуалниот обратен резултат
stand by
5 судии “против”, а 4 судии “за”!!?? Не ми е сосема јасно зошто мораше таква хајка да се води против Уставниот суд, кога постои општа пракса дека одлуките на судовите не се коментираат. Македонската понова историја памети случај, ако добро се сеќаваме, дека судовите не го коментираа актот на аболиција на лидерот на СДСМ Зоран Заев, од страна на тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски (сето тоа се случува исто така во време кога власта во Македонија ја имаше ВМРО-ДПМНЕ). Постои општ впечаток дека Црвенковски одлуката ја донел, политички, но законски овозможена. Зоран Заев никогаш не доби можност да докаже дека е невин во случајот со струмичкиот трговски центар Глобал. Коментарите понатаму одат во правец на тоа дека Црвенковски во моментот кога ја носел одлуката за аболиција на Заев, и не размислувал на политичките штети на партијата на следните избори. Особено, не размислувал на можноста дека тогашниот градоначалник на Струмица, може да стане
Овој изборен модел (Донтов модел) што сега го имаме во Македонија лежи во темелот на македонската партиско-политичка деструкција. Ги препознава само шупливите платформи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, заедно со платформите на двата албански сателити ДУИ и ДПА. Се друго е суспендирано. Овој композит во основа е недемократски. Оттука, крајно време е Изборниот модел во Македонија да се менува. Нема правда и демократија без промена на моделот на избори. Ако не се промени, во Македонија за брзо време ќе се создаде мафија која, навистина, живи луѓе ќе јаде по улици ако и се спротивставите. иден кандидат за премиер на Македонија и со тоа, одлуката за аболиција во политичка суштина е дамка за изборите. Оттука, мора да се заклучи дека еден дел од штетата на лошите изборни резултати на СДСМ, низ годините наназад, лежи и во фактот дека Претседателот на државата со
сдсмовска провиниенција аболицирал член на СДСМ, кој денес е лидер на партијата и кандидат за иден премиер.
Зошто го пишувам ова?
Затоа што одлуките на судовите не се коментираат. Особено кога се разликите тесни, како во случајот. Постојат судови,
6 stand by закони, процедури, правилници. И, секако, постојат судии. Проблемот секако не е во судовите и законите кои се столб на една демократија кон која се стремиме да се изградиме како општество. Може да се каже дека проблемот лежи во живите луѓе кои се подложни на корупција и лоша карма. Значи, проблем има во судиите, но и во партиските лидери и воопшто политичарите. Тоа е спрега, мрежа, злосторничко здружение, како сакате дефинирајте. Но, во основа тоа се живи луѓе …!? Она што е клучно за актуелната ситуација, по “бомбите” на Заев, и идните акции на Специјалното обвинителство, кое покрај Основното обвинителство е легална македонска институција, е како ќе одлучува претседателот на државата Ѓорге Иванов, на кој сега му е овозможено правото на аболицирање за дела кои се предмет на “бомбите” и истрагите на тимот на Катица Јанева. Сегашниот претседател на Македонија е со “вмровска провиненција”, а лицата кои може да бидат доведени на тапет на законска одговорност, претпоставуваме се вмровци (повеќето). Тие се на власт. Значи иста ситуација од претходниот пример со Заев и Црвенковски. Или како што нашиот народ безобразно се изјаснува “исти к…ц, во различно пакување”!!?? Оттука, како ќе одлучува претседателот на државата во конкретните обвиненија против престапниците, што ќе ги поднесуваат двете јавни обвинителства – основното и специјалното, таква ќе биде и политичката судбина на партиите на избори. Или барем така треба да биде, освен ако нема изборни криминали и крадење на гласови!!?? Но, Иванов мора да биде свесен дека и неговата политичката судбина, како претседател на државата, ќе биде доведена во прашање, затоа што земајќи ја во предвид тежината на аболицијата како чин, во контекстот на македонското криминализирано општество, моментот во кој сега се наоѓаме со запалените рефлектори на меѓуннародната заедница кон Македонија, и во случај, на пример, Специјалното обвинителство добро да ги докаже делата, го става Иванов во позиција да ризикува зголемена лична претседателска одговорност и импичмент во парламентот, ако даде аболиција. И сега доаѓаме до круцијалната поента на овој текст. Вака некако треба да функционира системот. Секој со своето законско и политичко право! Но, и голема одговорност! А не функционира така! Кај нас ова функционира режимски. Лидерот на партијата одлучува за се. Вградена е “срцева маана на системот”, системот сам од себе создава режим. Тоа се заклучоци кој ќе ви ги каже речиси секој во Македонија. Корупција во правниот систем, и кај судовите, корупција кај пратениците и
министрите, корупција кај директорите на јавните претпријатија, и газдите на приватните фирми, корупција кај новинарите и медиумите, корупција кај професорите, корупција кај лекарите. Секаде корупција. Зошто е тоа така во Македонија?
Изборниот модел!?
Повеќе пати сум напишал дека, во основа, сите деструктивни процеси на македонската политичка сцена се резултат на лошиот пропорционален изборен модел, таканаречен Донтов модел. Се прашувате што има врска изборниот модел и функционирањето на судовите на сите нивоа. Секако дека има голема взаемна врска, затоа што во Македонија изборниот модел, е така поставен да произведува режим и авторитарни лидери. Моќни поединци и цели умрежени групации, кои редовно го изместуваат целиот политички процес надвор од уставните институции. Таков пример се и самите договори од Охрид (Охридскиот рамковен договор во 2001 година) како и (Пржинскиот договор во 2015 година), кои се потпишани под притисок на претставници од меѓународната заедница, и тоа на локации кои Уставот не ги познава! Вила на водно, Клуб на пратеници... Не се договорени и потпишани во Парламентот (таму само се само изгласани). И сега, кога ќе видите кои ликови го потпишале договорот, и кога ќе видите дека и во основното и во специјалното обвинителство се се врти околу истите тие ликови, тогаш можете и да ја разберете мојата теза дека политичкиот процес во Македонија е киднапиран. Тој се одвива меѓу четири лидери – двајца Македонци и двајца Албанци. Зад нив стојат групации на корумпирани, пратеници, министри, директори на јавни претпријатија, блиски до партиите директори на приватни компании кои работат на тендери од Буџетот – како од централниот, така и од локалните. Затоа е и борбата-партијата на власт да ги собере сите општини, сите нивоа на власта. Секаде има буџети за трошење, а неприкосновен распределувач на моќта не е систем демократски креиран, по принципот на сменливост и надградба. Неприкосновен во овој процес едноставно е лидерот на партијата. Од него зависи буквално се. А таа неприкосновена моќ да одлучува му ја дава изборниот модел и начинот на гласање на избори. Македонските партии се диктаторски поради самиот изборен модел. Донтовиот модел генерира состојба на бесконечна моќ на лидерот, кој ја кумулира моќта со секои избори. Бидејки е премиер, тој ги има сите лостови и алатки да ги врзува луѓето околу себе, да ги држи во близина или на пристојна
оддалеченост, и самиот да го составува списокот на 20 кандидати на пратеници во една изборна единица. Потоа, поради постоењето на системска корупција во економијата и општеството, во Македонија лесно може да се препознаат целните групи на која страна се. Лидерот на партијата застанува на чело, и целната група гласа за него и неговите 120 кандидати топтан (но без да видат кои се кандидатите). Тие што влегуваат во Парламентот потоа се претвораат во зомби и кеш машини. Не одговараат пред никого затоа што за нивното име и личност не гласал никој. Сите гласале за листата на лидерот. Оттука, македонскиот изборен модел во основа, на самиот старт на власта, по изборите, произведува корумпирани политички елити. Пратениците како гласачка машинерија, на разни начини ги наплатуваат своите услуги кон партијата и лидерот. Стануваат финансиски моќни преку ноќ, автомобили, станови, хотели, големи бизниси, големи парични обрти ... Многу пари, уште поголема моќ ... На пример, еден од нив, еден архаичен и смешен македонски лик – пратеник во Собранието, чиј цел бизнис е во Бугарија, а е пратеник во Македонија покажува среден прст, среде седница, пред камери и пред очите на целата македонска јавност! Друг пратеник, пред неколку дена не му дава на новинар ниту да прокоментира одговор на пратеникот, ниту асално да постави прашање. Се однесува како телевизијата да е на дедо му. Таа јавна манифестација на ароганција, отсуство на допир со реалноста, и изразувањето на висока некомпетентност, во суштина е клучниот невидлив притисок врз македонските институции на сите нивоа. Каде е тука принципот на отчет!!?? И сето тоа е поради фактот што лидерот одлучува за се. Поентата е, ако не сте лидерот, тогаш најдобро е да сте блиску до него или неговите пет најдоверливи луѓе. Премногу “мафијашка корпоративна шема”. Овој изборен модел што сега го имаме во Македонија лежи во темелот на македонската партиско-политичка деструкција. Ги препознава само шупливите платформи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ заедно со платформите на двата албански сателити ДУИ и ДПА. Се друго е суспендирано. Овој композит во основа е недемократски. Оттука, крајно време е Изборниот модел во Македонија да се менува. Нема правда и демократија без промена на моделот на избори. Ако не се промени, во Македонија за брзо време ќе се создаде мафија која живи луге ќе јаде по улици ако и се спротивставите. nnn ( продолжува на истата тема во следниот број )
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
8 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
> БРОЈКА
8,7%
е зголемено кредитирањето на граѓаните и фирмите во февруари
ПОРАсТ НА КРедИТИТе И
МАНуел ВАлс
Европа е во војна и потребна е мобилизација. Од пред повеќе месеци изложени сме на воени акти и опасноста е поголема одошто пред нападите во Париз.
премиер на Франција
К
редитирањето на граѓаните и фирмите во февруари се зголеми за 8,7% споредено со истиот месец лани, покажаа најновите податоци што ги објави Народната банка. За приватните компании, банките одобриле 5,8% повеќе кредити, додека пак кај населението, кредитирањето се зголемило дури 12,8%. По одделни видови на кредити, евидентиран е пораст и на
романската обвинителка со лекција за јанева и зврлевски
Уапсивме еден премиер, пет министри, 16 пратеници...
Е
Џес Бејли, амбасадро на сАД Корупцијата е опасна, но не толку колку нејзиното неистражување и неказнување.
ден уапсен премиер, пет министри, 16 пратеници, 97 градоначалници, 15 претседатели на општински совети и 32 директори на национални компании. Ова е само дел од билансот на работата на специјалното јавно обвинителство на Романија предводено од веќе добро познатата обвинителка Лаура Кодрута-Ковеси. Ваквиот нејзин резултат е причината поради која во Романија таа важи за херој на народот и страшило за функционерите
– поранешни и актуелни – без разлика на која партија припаѓаат. Во деталното експозе кое таа го сподели пред македонската јавност за време на конференцијата „Ефективна борва против корупцијата на високо ниво, прашање на личности или на системи?“ таа рече дека само во 2015 година ова обвинителство се занимавало со 1.250 предмети поврзани со корупција на средно и високо ниво, од кои 970 предмети се целосно затворени, а побарано е и конфискација на имот вреден 500 милиони евра.
Ковеси само во изминатата година отворила случаи во кои упасила еден премиер, пет министри, 16 пратеници и други функционери. Зврлевски исто така посочи дека и неговото обвинителство води постапки против поранешни премиери, министри и функционери но овие предмети, некои од нив стари веќе и 10 години, се уште не дочекале судска разрешница Токму поради тоа, таа повика дека освен отворањето на постапките, многу поважно е и нивно целосно затворање. Со тоа, вели таа се зголемува и довербата што јавноста ја има во овие институции. „Нашето обвинителство има голема доверба од народот. Дури 87% од пријавите се поднесени од граѓаните, што е резултат на промената на менталитетот на граѓаните, која дојде откако тие сфатија дека може да имаат доверба во нас“, рече романската обвинителка.
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
9 деПозитите во февруари потрошувачките кредити, кај кредитните картички, станбените кредити, додека намалување има само кај автомобилските кредити. Вкупната кредитна поддршка заклучно со вториот месец од годинава изнесува 4,5 милијарди евра. Од нив, 487 милиони евра се лоши кредити кои што се спорни за наплата. Во исто време, регистрирано е и зголемување на депозитната база за 5,3% на годишно ниво, на 4,9 милијарди евра.
мисла на неделата тајната на нашиот успех е многу едноставна. секогаш се трудиме на пазарот да излеземе со најдобриот производ од нашата класа и со најдобриот дизајн. резултатите се очигледни
Џонг Кјун Шин Извршен директор на Самсунг
во работата на обвинителството не е доволно само да се отвори предметот, туку истиот и да се затвори. Џабе ви се храбри обвинители, ако тие немаат соодветни законски алатки и независност и слобода во работата. Ова го порача познатата обвинителка од романија, Лаура Ковеси на конференција „ефикасна борба против високата корупција: прашање на личност или на систем“, што се одржа во хотелот „Холидеј ин“ во скопје. Токму транспарентноста, рече амбасадорот на САД, Џес Бејли, е таа што гради доверба во институциите. „ Моќта и алчноста се лоша комбинација која корупмира сè, дури и САД не е имуна на вакви нешта. Корупцијата е опасна, но не толку коклку нејзиното неистражување и неказнување. Токму транспарентноста ја открива корупцијата и гради доверба. Затоа борбата со корупцијата бара храбри и независни медиуми кои ќе можат да кажат за овој проблем. Поделените медиуми во Македонија ја намалуваат довербата на граѓаните“, истакна Бејли. Тој додаде дека законите мора да се применуваат и да важат за сите и дека казните не смеат да се сведуваат на политичка казна. После впечатливото излагање на ромската обвинителка Ковеси и амбасадорот Бејли, следуваа излагањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и јавниот обвинител Марко Зврлевски, кои се сведоа на читање на извештаите за работата на овие обвинителства во мандатите на двајцата обвинители. И едниот и другиот посочија дека во нивните постапки сите граѓани се третираат како еднакви пред законот. Зврлевски исто така истакна дека и ова обвинителство има покренато постапки за поранешни премиери и министри и други функционери, но она што го разликува него од Ковеси е фактот што овие предмети се отворени уште од пред речиси десет години, но истите се уште немаат правна завршница Јанева, пак, најави дека веќе се подготвува обвинението за преметот “Титаник“ и дека во наредниот период истото ќе биде
> БроЈка
5,3% е зголемена депозитната база, на 4,9 милијарди евра
лидери
Бранка Павловиќ
Охридска Банка Сосиете Женерал е прогласена за најдобра банка од Македонија за 2016 година од светски познатиот магазин Глобал Фајнанс
резУЛтати Од рабОтата на рОмансКат ОбвинитеЛКа КОвеси: XX 1 Уапсен премиер XX 5 уапсени министри XX 16 уапсени пратеници XX 97 уапсени градоначалници XX 500 милиони евра конфискуван имот доставено до судот, каде како што рече ги очекува „посебна борба“. „Со доказите со кои располагаме во случајот „Титаник“ 80% се докажува обвинението на осомничените и дека во наредниот период обвинението ќе биде доставено до судот. Воопшто не се плашам од судот дали ќе го прифати нашето обвинение или не. Таму ќе има посебна борба. И кога ќе дојде на ред тоа, ќе видиме како ќе се одвива. Се уште го работиме овој случај и имаме намера да го прошириме за други лица“, соопшти Јанева. Во однос на предметот „Пуч“ пак таа додаде дека доказите се уште незаконски се држат во судот и не се доставуваат до Специјалното јавно обвинителство. Во однос на покренување постапка против јавниот обвинител Марко Зврлевски кој го имаше во дел од „бомбите“ на опозицијата – Јанева рече дека ќе постапува по сите обвинети подеднакво и дека се уште не знае уште дали против него ќе има постапка. „Има предмети за сите лица, сите се еднакви пред законот, не можам да кажам дали за господинот Марко ќе има преистражна постапка“, рече специјалната јавна обвинителка. nnn
Барак оБама
Претседателот на САД направи историска посета на Куба, првпат после шест децении
не им беше неделата
ахмет давитоглу
Бројот на туристи во Турција се очекува да опадне за 40% оваа летна сезона, а последиците од политичката нестабилност се чувствуваат во целата економија
алдемир Бендине
Бразилскиот нафтен гигант „Petroleo Brasileiro SA“, кој беше силно погоден од корупциски скандал (Petrobras), ја завршува 2015 со загуба од 8,6 милијарди евра.
10 COVER STORY: Капитал број 856 25.03.2016
COVER STORY
ГРАДЕЖНИЦ ИНДУСТРИЈА www.kapital.mk
ГРАДЕЖНА Ф НА ЕКОНОМСК
Економскиот раст минатата година достигна 3,7% како што покажаа податоците на Државниот завод за статистика, меѓутоа, речиси половина од овој раст е генериран од градежништвото. Без градежниот бум финансиран главно од страна на државата, со народни пари, произлегува дека економскиот раст лани би бил само 2%. Додека градежништвото достигнуваше нови висини со раст од 16,8% лани, преработувачката индустрија на пример, повторно го проби дното со пад од 2%, а кај земјоделството падот изнесува 0,7%. Градежните компании и годинава ќе бидат главни двигатели на економскиот раст. Како што покажуваат последните статистички податоци, само во првиот месец од годината, тие добиле дозволи за градење на двојно повредни објекти отколку истиот месец лани. Од Градежната комора проценуваат дека ќе има многу работа, и за големите и за помалите градежни фирми, ако властите ги реализираат најавените планови за јавните инвестиции.
ЦИТЕ ГО ЅИДААТ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ, 11 АТА ГО УРИВА www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
ФАСАДА КАТА КРИЗА
33,7% 29,4% ПОРАСТ НА ГРАДЕЖНИШТВО
5,8%
1 кв.
2-2,9% кв.
-1,5% 3 кв.
2014
5,6%
5,4%
4 кв.
1 кв.
2,8%
2 кв.
3 кв.
2015
4 кв.
Извор: Македонска Берза
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
12
cover story
А
А
Никола Велковски претседател на Здружение за градежништво при Стопанска комора
ко судиме според најавите на властите за годинава, очекувам дека ќе има многу работа за градежните компании, и за големите кои ќе бидат ангажирани за изградба на големите инфраструктурни објекти, меѓутоа и за помалите фирми како подизведувачи. Најважно за нас е тоа што е најавено навистина да се реализира, односно властите да обезбедат пари за предвидените капитални проекти и со тоа ќе гарантираат дека инвестициите ќе се реализираат.
Бранимир Јовановиќ аналитичар
ко се анализира двигателот на растот лани, градежништвото, може да се види дека тоа генерирало 39,5 милијарди денари нова вредност. Но, од овие 39,5 милијарди, само 11,5 милијарди денари завршиле кај работниците. Или, гледано низ призма на растот, околу 84% од растот на новододадената вредност (т.е. доходот) во градежништвото во 2015 година завршил во рацете на сопствениците на градежните фирми, а само 10% во рацете на градежните работници (остатокот е амортизација).
Г пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Градежните компании и годинава ќе ја движат домашната економија. Како што покажуваат последните статистички податоци, само во првиот месец од годината, тие добиле дозволи за градење на двојно повредни објекти отколку истиот месец лани. Од вкупно 50,5 милиони евра, колку што се проценува вредноста на објектите за кои што се издадени градежни дозволи во јануари, 29,1 милиони евра ќе се инвестираат во згради, 17,7 милиони евра во нискоградби и 3,7 милиони евра за реконструкции. Освен тоа што го најавува статистиката, дека градежништвото ќе продолжи да расте годинава претскажуваат и плановите на државата да инвестира повеќе пари од буџетот во изградба на капитални објекти. За јавните инвестиции годинава властите испланираа да одвојат околу 410 милиони евра, меѓутоа, од градежниот сектор велат
3,7% 50,5 е порастот на бруто домашниот производ лани, но без градежништвото, тој би изнесувал само 2%
милиони евра се проценува вредноста на објектите за кои што се издадени градежни дозволи во јануари годинава
Факт: Порастот на градежништвото е 16,8% лани
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
14
cover story
дека најважно е колку планот на државата ќе се реализира. „Ако судиме според најавите на властите за годинава, очекувам дека ќе има многу работа за градежните компании, и за големите кои ќе бидат ангажирани за изградба на големите инфраструктурни објекти, меѓутоа и за помалите фирми како подизведувачи. Најважно за нас е тоа што е најавено навистина да се реализира, односно властите да обезбедат пари за предвидените капитални проекти и со тоа ќе гарантираат дека инвестициите ќе се реализираат“, вели Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора. Годинава продолжува изградбата на двата автопати од Кичево до Охрид и од Миладиновци до Штип на кои што како подизведувачи на кинеската компанија Sinohydro Corporation Limited Beijing се ангажирани домашните компании Бетон, Гранит и Трансмет, со договори во вкупна вредност од околу 300 милиони евра. До септември се очекува да заврши и изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10 што ја гради грчката градежна компанија Актор. Велковски вели дека приватните компании се уште немаат финансиска моќ да ги зголемат инвестициите и токму затоа градежниот сектор се потпира на државните проекти. „Приватните инвестиции во градежништвото најмногу се насочени во станбената изградба, меѓутоа, продажбата на станови се намалува и поради тоа, можно е овие инвестиции да стагнираат. Според сите проценки, на пазарот има околу пет до шест илјади празни станови што не се продадени, а од друга страна куповната моќ на граѓаните е слаба и ако нема поддршка од банките со кредити, продажбата на станови би била речиси целосно неизвесна“, вели Велковски.
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
Без градежништвото растот би бил преполовен
Економскиот раст минатата година достигна 3,7% како што покажаа податоците на Државниот завод за статистика, меѓутоа, речиси половина од овој раст е генериран од градежништвото. Без градежниот бум финансиран главно од страна на државата, со народни пари, произлегува дека економскиот раст лани би бил само 2%. Додека градежништвото достигнуваше нови висини со раст од 16,8% лани, преработувачката индустрија на пример, повторно го проби дното со пад од 2%, а кај земјоделството падот изнесува 0,7%. Статистиката покажува дека во првата половина, додадената вредност во градежништвото пораснала за околу 4%, а во втората, за околу 32%. Растот целосно се должи на нискоградбата, односно градењето патишта од страна на државата, кое се интензивираше во вториот дел од годината. Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, вели дека уште полоша е распределбата на економскиот раст. „Ако се анализира двигателот на растот лани, градежништвото, може да се види дека тоа генерирало 39,5 милијарди денари нова вредност. Но, од овие 39,5 милијарди, само 11,5 милијарди денари завршиле кај работниците. Или, гледано низ призма на растот, околу 84% од растот на новододадената вредност (т.е. доходот) во градежништвото во 2015 година завршил во рацете на сопствениците на градежните фирми, а само 10% во рацете на градежните работници (остатокот е амортизација). Или, работниците, кои всушност ги изградиле патиштата со нивниот труд, добиваат само трошки, а сопствениците на фирмите, го собираат кремот. Слична е состојбата и во трговијата, другата дејност која има позитивни движења во 2015 година. Таму, околу 8% од растот завршил кај работниците, а 74% кај сопствениците“, анализира Јовановиќ. По одделни компании од градежниот сектор, од оние што доставија финансиски резултати до Македонската берза, може да се види дека имале добра 2015 година. Градежниот гигант, Гранит, минатата година остварил приходи од продажба од 51,5 милиони евра, што е за 4% повеќе од годината претходно. Вкупната добивка по оданочување на компанијата, пак, лани изнесува 3,58 милиони евра и е за 17% поголема отколку во 2014 година. Компанијата Бетон, минатата година оствари приходи од продажба од 45,2 милиони евра, што е за 6% повеќе отколку годината претходно. Сите приходи лани, Бетон ги остварил на домашниот пазар. Добивката по оданочување на компанијата изнесува речиси 1,5 милиони евра и е за 31% поголема отколку во 2014 година. Намалување на приходите и добивката пријави само штипски Бетон. Оваа компанија минатата година инкасирала од продажба вкупно 12,3 милиони евра, односно 9% помалку отколку во 2014 година, додека пак добивката за една година е помала за 48% и изнесува околу 790 илјади евра.
Битно (е што) се гради
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
Статистиката во последните неколку години во услови на криза покажа дека градежништвото преку проектите финансирани од државата со народни пари беше главниот столб на домашната економија. Меѓутоа, меѓународните финансиски институции забележаа дека поголем дел од парите што ги вложија властите биле наменети за помалку продуктивни проекти, како на пример споменици, фонтани, плоштади, фасади и сите други барокни зданија кои што го сочинуваат Скопје 2014, чија вредност според последните истражувања се проценува на околу 640 милиони евра. „Инвестициите во транспортната инфраструктура се клучни за економскиот развој на Македонија“, изјави неодамна Елен Голдстајн, директор на Светска банка за Југоисточна Европа. Светската банка во својот најнов извештај нотираше дека нивните прелиминарни проценки укажуваат дека само 40% од главните патишта во земјава се во добра или задоволителна состојба, но „по неколку години на релативно ниско ниво на инвестиции, се очекува инвестициите во патната инфраструктура значително да пораснат“. Светска банка нотираше дека има значителен раст на инвестициите
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
16
COVER STORY
ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ (МИЛИОНИ ЕВРА) ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА
ГРАНИТ СКОПЈЕ
БЕТОН АД СКОПЈЕ
БЕТОН ШТИП
ГОДИШНА ПРОМЕНА
ДОБИВКА
ГОДИШНА ПРОМЕНА
51,45 4% 3,58 17% 45,20 6% 1,48 31% 12,25 -9% 0,79 -48%
извор: Државен завод за статистика
во патната инфраструктура и дека од 2015 година, планираните расходи претставуваат повеќе од 2,2% од БДП, што е повеќе од двапати од историскиот просек од десет години. „За Јавното претпријатие за државни патишта, тоа значи годишни расходи од околу 221 милиони евра во 2016 година, 266 милиони евра во 2017 година и 232 милиони евра во 2018 година, што е три пати поголема од големината на своите претходни инвестициски програми,“ стои во извештајот на Светска банка. Ова зголемување во голема мера се должи на новите градби и тоа може да се спореди со нивото на новите земји - членки на ЕУ, кои во периодот на пристапување во ЕУ достигнаа нивоа на инвестиции во копнената транспортна инфраструктура
на 2% од БДП. Но, од Светска банка заклучуваат дека, успехот на оваа програма ќе биде во значителна мера определен од квалитетот на планирањето на инвестициите и одржувањето. Светска банка заклучува дека како што Владата ги интензивира инвестициите во патната инфраструктура, ќе стане особено важно да се зајакне и планирањето на патните инвестиции. „Подобреното планирање ќе им овозможи на властите да направат добар баланс помеѓу капиталните инвестиции наспроти трошоците за одржување, географските области, сиромаштијата и економските влијанија и зголемувањето на ефикасноста на јавната потрошувачка. Спроведувањето на рамката за управување со средствата за патишта ќе и овозможи на владата
да обезбеди објективни и квантитативни информации, кои се потребни за солидно патно - инвестициско планирање и да ги базира инвестициските одлуки на холистичка анализа на животниот циклус на трошоците за градба, трошоците за одржување и за учесниците во сообраќајот“, оценуваат од Светската банка. Дека инвестициите во патната инфраструктура се исплатливи покажа и најновата кост – бенефит анализа за изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица на институтот Finance Think според која по 30 години, кога ќе се соберат трошоците и бенефитите, нето сегашната вредност е позитивна и поради тоа, сугерираа властите што повеќе пари од буџетот да инвестираат во изградба на автопати.
ФАКТ: БЕЗ ГРАДЕЖНИШТВОТО, РАСТОТ НА БДП БИ БИЛ САМО 2%
Капитал број 856 25.03.2016
18
www.kapital.mk
Интервју
interview
Коста Митровски претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија
Профитите на банките се резултат на успешното реорганизирање, а не на високите камати Коста Митровски неодамна беше избран за нов претседател на Здружението за банкарство. Во интервју за Капитал тој зборува кои се неговите планови како да се подобри работењето на ова банкарско здружение со цел гласот на банките погласно да се слушне и да се подобри нивното работење. “Ова функција за мене значи огромна одговорност, воедно и престиж и поттик да дадам свој придонес со помош од страна на сите членки, и да предложам одредени новини кој ќе придонесат да нашето дружење таму го подигнам на еден повисок квалитет, посебно со присуство на членовите на Управните одбори кога ќе се разговара за значајни прашања од делокругот на нашето заедничко дејствување”, вели Митровски.
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
19
Капитал број 856 25.03.2016
20
Интервју
Сметам дека целосно нов правилник за работа на Здружението на банкарство ќе даде нов имулс во работењете.
www.kapital.mk
Н
XX Неодамна бевте избрани за претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора. Што за Вас значи оваа нова функција ? Кој и да беше избран на оваа функција,мислам на колегите, председатели на Управните одбори од сите петнаесет банки кои стопанисуваат во Република Македонија, подеднакво ќе се носат со оваа функција и достојно ќе ги претставуваа интересите на банкарскиот сектор. Подолго време се заговараше дека после завршување на мандатот на Ѓорѓи Јанчевски треба да се промени досегашната практика Здружението за банкарство да избира Претседател само од редовите на големите банки, и дека наредниот Претседател треба да се избере од редот на средните банки. Моето име како потенцијален кандидат во банкарските кругови се вртеше подолго време. Се направија две консултативни состаноци на кој присуствуваа големите банки и се донесе заклучок дека ќе поддржат кандидат од средните банки. Потоа се испрати писмо со мојата номинација на кое се потпишаа скоро сите банки и на закажаниот состанок за избор на Претседател, сите банки гласа за предлогот во нар ед ниот
ц е т р и го д и ш е н ма н д а т д а б и д а м Претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Република Македонија. Ова функција за мене значи огромна одговорност, воедно и престиж и поттик да дадам свој придонес со помош од страна на сите членки, да предложам одредени новини кој ќе придонесат да нашето дружење таму го подигнам на еден повисок квалитет, посебно со присуство на членовите на Управните одбори кога ќе се разговара за значајни прашања од делокругот на нашето заедничко дејствување. XX Кои се вашите планови, како ќе ја извршувате оваа функција со цел да се подобри работењето на банкарскиот сектор? Најпрвин ќе пристапиме кон донесување на целосно нов деловник за работа на Здружението за банкарство. Досегашниот деловник е застарен и не е во духот на времето во кое стопанисуваме. Неколку пати досега е менуван и дополнуван, но сметам дека целосно нов правилник за работа на Здружението на банкарство ќе даде нов имулс во неговото работење. Новина која сакам да ја воведам во работата на Здружението на банкарство е во текот на годината, покрај редовните соостаноци на кој присуствуваат претставници од банките и одговорните лица на пооделните комисии што се формирани во истото, барм три до четири пати годишно да закажам средби само со Претседателите и членовите на Управните одбори на банките на кои ќе се дискутираат прашања што претходно ќе ги договориме за дискусија. XX Колку како банкар сте задоволни од тоа колку се слуша гласот на банките во Македонија и од соработката со Народната банка и Министеството за финансии и како планирате таа да се подобри? Генерално, Здружението за банкарство е задоволно од досегашната сооработка и со Народната банка на Република Македонија и со Министерството за финансии. И двете
Профитите на банките се заради домаќинското работење
К
ако што знаете каматите по кредитите се на историско најниско ниво од осамостојување на државата па наваму. Каматата од 5% за кредити беше незамислива пред неколку години, а сега е тоа реалност, па дури веќе и помалку од тоа. Така да не може да се каже дека ете сега банките прават прават профити на сметка на некакви високи камати. Сето тоа се должи како што кажав на едно добро осмислено домаќинско работење, каде што се води сметка сите чинители и банките и кредитокорисниците да бидат подеднакво задоволни.
Митровски: Банките постојат и опстојуваат да ја извршув
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
21 институции имаат големо разбирање за нашите предлози, забелешки и слично, за што во оваа прилика јас како нов Претседател им изразувам голема благодарност. И во наредниот период оваа добра и плодна соработка ќе ја негуваме и уште повеќе ќе ја продлабочуваме. Посебно ќе инсистираме да бидеме вклучени на почеток при подготовката на секој закон кои го допира делокругот на нашето работење, за да можеме со наши сугестии да придонесеме при донесување на истите. XX Во изминатиот период има тренд на забавено кредитирање на компаниите заради тоа што тие се поризични за банките. Како може да се зголеми кредитирањето на фирмите? Може ли приватните фирми да очекуваат повеќе кредити? Банките постојат и опстојуваат да ја извршуваат својата основна функција, а тоа е да кредитираат. Кој колку ќе кредитира, кои фирми ќе ги кредитира, зависи индивидуално од секоја банка, од нивните можности, од нивните зацртани планови во годишните буџети, од нивните проценки на ризикот и слично. Она што треба сите да го знаат е дека нема банка која не сака да кредитира, затоа што од тоа зависи и нејзината профитабилност, а со тоа и нејзиното опстојување на банкарскиот пазар. XX Банкарскиот сектор минатата година оствари рекордно најдобри финансиски резултати – профит од 75,4 милиони евра, а профитабилноста е највисока од 2008 година наваму. Како банките во услови на економска и политичка криза останаа имуни на проблемите и какви се очекувањата за работењето годинава? И банките во услови на економска и политичка криза нитy можат да бидат имуни, ниту беа имуни. Според моето мислење, банките веднаш пристапија кон внатрешна реорганизација на сопствените трошоци, што се вели го стегнаа каишот, почна да се анализира секој внатрешен трошок на кој порано можеби и не се обрнуваше толкаво внимание, но сега тоа беше нужно да се направи. Со еден збор домаќинското работење придонесе во голем дел, место да се прикажат трошоци целото тоа да се заштеди и да се прикаже како приход. Како што знаете каматите по кредитите се на историско најниско ниво од осамостојување на државата па наваму. Каматата од 5% за кредити беше незамислива пред неколку години, а сега е тоа реалност, па дури веќе и помалку од тоа. Така да не може да се каже дека ете сега банките прават прават профити на сметка на некакви високи камати. Сето тоа се должи како што кажав
на едно добро осмислено домаќинско работење, каде што се води сметка сите чинители и банките и кредитокорисниците да бидат подеднакво задоволни. XX Колку мерките од Народната банка до банките да прикочат со потрошувачките кредити за граѓаните и на местoто за да ги насочат парите кон фирмите ќе дадат ефект? Народната банка воведува мерки за ограничување на долгорочните потрошувачки кредити преку изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот. Mерките се воведуваат за да се ограничат потенцијалните ризици за наплата од забрзаниот раст на долгорочните потрошувачки кредити, односно да се влијае превентивно не само за квалитетот на кредитното портфолио на банките, туку и за нивото на задолженост на населението. Со мерката се зголемува капиталното барање за банките за долгорочните потрошувачки кредити со рок еднаков или подолг од осум години. За да не се предизвикаат поголеми потреси на пазарот на потрошувачкото кредитирање, а сепак
Банките мора да бидат вклучени во подготовка на законите
П
осебно ќе инсистираме да бидеме вклучени на почеток при подготовката на секој закон кои го допира делокругот на нашето работење, за да можеме со наши сугестии да придонесеме при донесување на истите. стапките на раст да се сведат на умерено ниво, оваа мерка е насочена само кон новоодобрените долгорочни потрошувачки кредити, односно кредитите со рок еднаков или подолг од осум години одобрени од јануари оваа година. Оваа мерка не значи дека банките ќе престанат да даваат потрошувачки кредити со подолги рокови, но реално е да се очекува дека банките ќе го следат сигналот на Народната банка и ќе придонесат за забавување на брзиот раст на овие кредити. nnn
ваат својата основна функција, а тоа е да кредитираат
пишува: БИЉАНА ЗДРАВКОВСКА СТОЈЧЕВСКА
Земјата со најниски даноци што сака да биде Шведска Ниските даноци се добра политика за поттикнување на економската активност. Но, оваа политика дава ефект само ако е придружена со намалување на трошењата на јавните расходи. Во Македонија во последниве неколку години се случува политика на ниски даноци, а истовремено државата троши мегаломански на се и сешто. Македонија сака да биде и Сингапур и Шведска. Резултатот го имаме - за пет години задолженоста на државата е зголемено двојно, а економскиот раст во државата не може да мрдне погоре од 3%. Ако се изземат странските инвестиции, на кои се трошат десетици милиони од буџетот и изградбата на автопатиштата, за кои државата се задолжи во странство, веројатно економскиот раст би бил многу, многу помал. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska
M
Македонија е земја со најниски даноци во светот. Ова го покажува истражувањето кое го направило еден интернет портал Business Insider. Што би се рекло вистински бизнис рај на светот. Точно е има фирми и бизниси за кои Македонија е вистински рај. Но, да беше Македонија навистина бизнис рај инвестициите ќе растеа, извозот ќе растеше, ќе се отвараа нови работни места, ќе растеа платите, буџетот лесно ќе се полнеше...На многу фирми и покрај ниските даноци, трошоците за бизнис секоја година им се зголемуваат. Односно, секоја година се помалку им останува чиста добивка од бизнисот. Тоа е така зошто ниските даноци не значат секогаш и добра бизнис клима за водење бизнис. Ако некој бизнисмен прашате дали ниските даноци му ги намалиле трошоците за водење, ќе добиете одговор дека даноците се најмал проблем. Она на што тие се погласно се жалат се другите парафискални давачки и трошоци, кои од година во година се зголемуваат. Тие никој не ги мери и никој не знае колку трошоци имаат фирмите по овој основ. А бизнисмените велат дека во последниве неколку години се воведeни многу такви парафискални давачки и трошоци, кои веќе почнуваат да го гушат бизнисот. Но, да се вратиме на даноците. Ниските даноци се нешто што го сака секој бизнисмен. Но, целата поента со даноците е тоа што тие се главен полнач во буџетот од кои се финансираат сите расходи на државата. Ако се намалуваат даноците, се одобруваат ослободувања од даноците или се даваат субвенции, тоа значи обилчно намалување на приходите во буџетот, па државата мора да најде начин како тие приходи да ги надополни и наплати од некое друго место. Еве да речеме дека властите донеле одлука колку и на што ќе трошат и кој со кои даноци тоа ќе го плати. За да на некои му се одобри субвенција или ослободување од даноци, тоа значи дека на некој друг му е наплатен некој друг данок или поголема давачка. Како се оправдуваат субвенциите и ослободувањата од данок? Најчесто се вели дека со нив се поттикнува приливот на странски инвестиции. Значи ако на некој му се даде субвенција за да се поттикне да инвестира, кај некој друг се зголемила некоја друга давачка која го ограничила и одвратила да инвестира или повеќе да троши. Но, зголемувањето на даноци не е баш популарна мерка. Па затоа властите во услови на намалени приходи во буџетот, расходите ги покриваат преку задолжување во странство. Ниските даноци се добра политика за поттикнување на економската активност. Но, оваа политика дава ефект само ако е придружена со намалување на трошењата на јавните расходи. Во Македонија во последниве неколку години се случува политика на ниски даноци, а истовремено државата троши мегаломански на се и сешто. Зголемува пензии, зголемува плати во јавниот сектор, зголемува социјална помо, гради патишта, гради деловни објекти...Македонија од една страна сака да биде даночен бизнис рај и да биде
КапиталНО земја со најниски даноци во светот, а во истовреме сака да биде дарежлива социјална држава, која ќе се грижи за сите невработени, социјалци, ќе ги праќа пензионерите на бања и на скијање...Македонија сака да биде и Сингапур и Шведска. Овие две однесувања на државата не одат едно со друго. Класичен конфликт на цели. Резултатот го имаме - за пет години задолженоста на државата е зголемено двојно, а економскиот раст во државата не може да мрдне погоре од 3%. Ако се изземат странските инвестиции, на кои се трошат десетици милиони од буџетот и изградбата на автопатиштата, за кои државата се задолжи во странство, веројатно економскиот раст би исчезнал. Економскиот раст минатата година достигна 3,7% како што покажаа податоците на Државниот завод за статистика, меѓутоа, речиси половина од овој раст е генериран од градежништвото. Без градежниот бум финансиран главно од страна на државата, со народни пари, произлегува дека економскиот раст лани би бил само 2%. Додека градежништвото достигнуваше нови висини со раст од 16,8% лани, преработувачката индустрија на пример, повторно го проби дното со пад од 2%, а кај земјоделството падот изнесува 0,7%. Статистиката покажува дека во првата половина, додадената вредност во градежништвото пораснала за околу 4%, а во втората, за околу 32%. Растот целосно се должи на нискоградбата, односно градењето патишта од страна на државата, кое се интензивираше во вториот дел од годината. Истиот тренд се гледа и ако се анализираат вработувањата, односно кој вработува во Македонија. Имено, лани бројот на вработени во преработувачката индустрија, земјоделието и рударството се намалил,а најголемо зголемување на вработени имало во трговијата. И тоа веројатно се должи на субвенционираните вработувања на млади повозрасни лица од страна на владата, каде што веројатно станува збор за формализација на постојни работни места. Односно, оние кои дотогаш работеле на црно, газдите се одлучиле да ги пријават заради тоа што придонесите им ги покрива и субвенционира државата. Она што е поразително во целиот овој наш македонски даночен рај е што на бизнисите не им се исплатува да прават дополнителни вработувања, ако тие не се субвенционирани од државата. Затоа работни места отвараат само кај странските инвеститори и само кај бизнисите кои ги искористиле субвенциите за вработување од власта. Останатите отпуштаат работници и намалуваат плати. Тоа ни оддалеку не личи на бизнис рај. Но, тие субвенции не можат да траат вечно. Ефектите од субвенционираните вработувања се ограничени, посебно во услови кога приходите во буџетот се потешко се наплатуваат. Што е алтернативата? Алтернативата на зголемување на задолжувањата на државата е да се намали јавната потрошувачка и дополнително да се намалат давачките за фирмите и трошоците за водење бизнис. Но, изминативе години гледаме дека власта нема намера да ја скрати јавната потрошувачка, туку напротив, продолжи со зголемување на плати за администрација, со зголемување на пензии, со изградба на згради за државните институции... Власта е свесна дека ако ја намали потрошувачката сега, тоа може да ја чини губење на многу гласачаи. Оттука, изборот е многу јасен. Изборите се сега, а долговите ќе треба да се враќаат подоцна. Но, долговите кои сега ги трупа државата ќе мора да се враќаат исто така од даночни приходи. Или од задолжувањата. Задолжувањето во иднина ќе биде ограничено бидејќи Македонија веќе ги достигнува црвените линии. Оттука, остануваат малку алтернативи за оние кои ќе управувават со јавните финансии во следниот период. Она што е повеќе од јасно е дека политиката на ниски даноци има своја цена. А таа е многу висока кога државата сака да биде и бизнисмен и социјална институција. nnn
Ако на некој му се даде субвенција за да се поттикне да инвестира, кај некој друг треба да се зголеми некоја друга давачка, која ќе го ограничи и одврати да инвестира или повеќе да троши. Но, бидејќи зголемувањето на даноци не е баш популарна мерка, власта во услови на намалени приходи во буџетот, расходите ги покриваат преку задолжување во странство. Оти е свесна дека ако ја намали потрошувачката сега, тоа може да ја чини губење на многу гласачи. Оттука, изборот е многу јасен. Изборите се сега, а долговите ќе треба да се враќаат подоцна.
Капитал број 856 25.03.2016
24
www.kapital.mk
Компании и пазари
Како работи домашната индустрија за мебел?
Во македонскиот мебел само дрвото е домашно, се друго е од увоз Нелојална конкуренција, недостиг од домашни репроматеријали и големи транспортни трошоци се дел од проблемите со кои се соочуваат производителите на мебел. За Капитал велат дека со домашно производство на суровини ќе можат да произведуваат поевтин и поконкурентен мебел за странски пазари. Нивното предвидување е дека увозот и натаму ќе го истиснува домашниот производител од домашниот пазар и затоа според нив императив се услови за обезбедување повисок степен на конкурентност на домашните производи од оваа гранка.
www.kapital.mk
Н пишува:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Најголема среќа за производител на мебел е кога ќе види како се гради нова куќа или зграда која ќе треба да се наполни со мебел. Кај нас за среќа во последните години се гради навистина многу и на тоа се должи раздвижувањето и малиот раст кој го имаа оваа индустрија“. Вака состојбата на теренот ни ја опиша Крсте Иванов од Интерекспорт Струмица една од најстарите приватни компании за производство на мебел во земјава. Ставот на Иванов го потврдуваат и официјалните статистики според кои во 2015
Капитал број 856 25.03.2016
25 кај индустријата за мебел има зголемување на производството за 12.9% година. Не чуди ваквиот сумарен резултат ако се знае дека кај најголем дел од финалните преработки од дрво во 2015 година се забележува благ пораст и тоа кај производството на спални соби за 8% и кај кујнскиот мебел за 12%. Ваквата состојба се пресликува и кај извозот во 2015 година кој бележи пораст кај спалните соби за 24%, тапацираниот мебел за 8%. Сепак се забележува и намалување на извозот кај другите производи од индустријата на мебел додека кај производството на дневни соби и канцелариски и школски мебел се забележува опаѓање од 10%, односно за 9%. Исто така, на страната на увозот, пораст има кај канцелариски мебел од метал 112%, канцелариски мебел од дрво 6%, и кај спалните соби од 11%. Статистиките и искуствата на бизнисмените несомнено говорат дека простор за развој на оваа индустрија има и на домашниот и на меѓународниот пазар. Но,падот на производството и извозот кај одредени категории исто така говори дека некои проблеми неприродно ја кочат оваа
индустрија. Проблемите како недостаток на домашно примарно производство, немање доволно работна сила, скап транспорт, нелојална конкуренција се само некои од клучните проблеми кои производителите на мебел ги посочија во оваа анализа на Капитал.
Недостиг на домашни репроматеријали
Производителите отворено се жалат дека речиси сите материјали што ги користат во производството се увозни. Според нив, кожата ја увезуваат од Италија, сунѓерите доаѓаат од Србија или од Унгарија, штофовите од Белгија, Германија и од Кина. Еко-кожата исто така е од Кина. „Од домашно производство во нашиот мебел е само дрвото или буката, сè друго е увозно“, децидни се тие. Ваквите констатации на колегите ги потврдува и Влатко Тасев комерцијален директор на Мебел Ви Виница кој додава дека најстрашно од се е што во Македонија пред 25 години имало од каде да се набави евтина и достапна домашна суровина, а сега тоа го нема. „Скоро цел живот увезуваме суровини и се бориме со ваквите проблеми. До 1992 година
ЗАклучок: овАА иНДустријА имА поголем перспективеН кАпАцитет
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
26
Компании и пазари
П Влатко Тасев Комерцијален директор Мебел Ви Виница
роблемот е што најголем дел од суровините се од увоз. Нема овде никаква суровина сем основното дрво и тоа е огромен хендикеп. Скоро цел живот увезуваме суровини и се бориме со ваквите проблеми. До 1992 година имало фабрика за производство на мебел штоф во Радовиш, а во Крива Паланка имало фабрика за производство на иверица. Сега нема ништо од тоа. Доколку би го имале тоа би било многу поевтино и полесно за водење бизнис.
Д Абедин Мурати
сопственик на Молика Мебел Тетово
имало фабрика за производство на мебел штоф во Радовиш, а во Крива Паланка имало фабрика за производство на иверица. Сега нема ништо од тоа. Доколку би го имале тоа би било многу поевтино и полесно за водење бизнис. Како прво зошто ја имаш суровината во самата држава, а сега доаѓаат репроматеријалите од Чешка, од Бугарија од Турција, од Италија и сите тие транспортни трошоци не само што ја зголемуваат цената на чинење на производот туку и ни прават потешкотии околу организацијата се тоа што е неопходно да стигне и да се обезбеди на време“, вели Тасев. Тасев додава и дека минатата година проблем станало да се набави и домашна бука која и така е единствената суровина на оваа индустрија која доаѓа од Македонија. „Последните три години шумско стопанство направи малку застој во делот на производство на дрво и лани 2015 година беше проблематична за снабдување со дрво. Затоа што ставија квоти и поради лошите временски услови не можеа да ги исполнат тие квоти на време и затоа дојдоа многу големи проблеми со таа суровина. Не се знае ни оваа година дали ќе се подобрат состојбите бидејќи тендерот само што заврши“ .
имаме стока што е волуменозна. Доколку се произведуваат материјалите кај нас, производството ќе биде поедноставно, ќе се олеснат транспортот и пријавувањето на стоката на граница“, велат производителите. Крсте Иванов од Интерекспорт кој работи во оваа индустрија повеќе од 35 години вели дека никогаш немале вака крупен проблем како одливот на работната сила. „Најголем и најкрупен проблем кој го имам разговарано буквално со сите мои колеги од целата држава, е работната рака. Многу голема мака е што ние имаме 12 месеци во годината отворени огласи за вработување. Последното што го правиме е почнуваме со нашите вработени да правиме договори, кој ќе донеси човек и на нему му нудам поголема плата. Буквално врбувам луѓе за да вработам кај мене. Во глобални рамки нема работна сила. Младата работна сила е во странство “. Иванов додава дека истата состојба е и во Бугарија и во целиот регион. „Таму ЕУ им дава помош и опрема на домашните фирми, а сепак работат со 50% капацитет само заради немање работна сила. И во Бугарија се што е квалитетно, си бега на запад“.
Што ја кочи индустријата за мебел?
Увозот продолжува да го истиснува извозот
Суровините од увоз им наметнуваат и повисоки транспортни трошоци, што домашните производители ги прави неконкурентни. „Голема ставка во нашето производство е транспортот до европските земји, бидејќи
Ако се анализира увозот на мебел во 2015 година, најголем пораст има кај канцелариски мебел од метал од 112%, кај канцелариски мебел од дрво 6%, и кај спалните соби од 11%. Според Сашо Деспотоски од Стопанската Комора на Македонија за да не спречи
ржавата треба да стимулира создавање на домашна индустрија за репроматеријали за индустријата за мебел. На тој начин ќе се надомести огромниот увоз и одливот на девизи кон странство. Убеден сум дека ефектите ќе се многу поголеми отколку кај парите кои се фрлаат ненаменски во земјоделството. Моето искуство од странство зборува дека секоја држава која ги помага извозниците на било кој начин е успешна и богата држава. ваквиот т р енд не опходно е да се преземат соодветни мерки со цел да се зголеми конкурентноста на домашното производство“. „Имајќи ги предвид наведените неповолни движења во дрвната индустрија, како во производството, така и во надворешнотрговската размена во последниве две години, оценка е дека увозот и натаму ќе го истиснува домашниот производител од домашниот пазар. Оттаму, императив се услови за обезбедување повисок степен на конкурентност на домашните производи од оваа гранка, со дефинирање на мерки и активности за позитивна динамика“, вели тој. „Нашата роба условува поголеми транспортни трошоци и затоа најдобро е да извезуваме во регионот и да го држиме тој пазар“, вели Крсте Иванов од Интерекспорт објаснувајќи ги ограничувањата кои се својствени за оваа индустрија. Но, тој на ова додава дека и во регионот постојат сериозни пречки. „Околу 90% од нашиот извоз беше во Грција. За жал знаете каква е состојбата таму што значи и нашиот извоз опадна за скоро 90%. Се обидуваме тоа да го надоместиме со Србија и Црна Гора, но работата оди потешко. Се тоа е резултат на скапите транспортни трошоци и затоа со години сме ограничени со 60% од производството на домашниот пазар“ Иванов сепак признава дека со оглед на кондицијата во која се наоѓа оваа индустрија во моментов и доколку би опаднале транспортните трошоци на краток рок работите бавно ќе се менуваат.
nnn
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
Конзервна индустрија
1
април
2016
Година на раст за преработувачите: како да се задржи позитивниот тренд? Минатата година беше извонредна за преработувачите на зеленчук и овошје – климата беше најдобра последните пет години, така што земјоделските производи имаа и квалитет и квантитет, истакнаа неодамна претставниците на оваа индустрија во земјава. Во специјалниот прилог за конзервната индустрија што ќе излезе на први април годинава, меѓу другото, ќе анализираме и како да се зголеми производството и извозот во бизнисот што користи само околу 35% од своите капацитети, а придонесува со околу 4% во вкупниот БДП на Македонија.
Во “Година на раст за преработувачите: како да се задржи позитивниот тренд?“ ќе може да прочитате:
l Кој е кој на пазарот: најголеми производители и извозници на земјоделски преработки во Македонија l Што значи рекордната година за конзервната индустрија колку тежеше извозот на оваа индустрија лани и какви се очекувањата за годинава? l Преработувачите бараат поддршка од државата за стабилна суровинска база и поголем извоз l Како се создаваат брендови во индустријата традиционално позната по ниската додадена вредност l Интервјуа со лидерите на најуспешните преработувачи во Македонија
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
специјален прилог
Семејни бизниСи
како да процените колку вреди вашата семејна компанија ако биЗнисот остане во семејството, како да се направи квалитетен процес на наследување: што велат искуствата во еу
дилема
дали да се предаде или продаде биЗнисот? Know-how за семејните бизниси: Зошто е потребен професионален менаџмент
што Значи италијански, а што германски модел на работа на семејните компании
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
30
Семејни бизниСи
дилеми илеми на сопствениците
Дали Да се предаде или продаде бизнисот?
Преку 80% од семејните бизниси во европа сметаат дека квалитетен план за наследување е еден од најважните услови за одржливост на компанијата на долг рок. македонските сопственици на семејни бизниси велат дека не постои едноставен рецепт за тоа како да се направи успешно предавање на управувачката палка во фирмата. Велат дека најважно за следната генерација е да го познава добро процесот на работа, а во фирмата веќе да е направен преминот од фаза на претприемништво во фаза на менаџирање, односно да е поставена организациска структура, да се знае кој за што одлучува и за што носи одговорност.
б пишува:
игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Богослав Ангелоски е човек во своите доцни 60-ти години, основач и лидер на Ариљеметал, компанија од Скопје специјализирана за производство и трговија на врзувачки елементи од челик и
месинг, како и алати за дупчење и режење на навој. Следната година неговата компанија ќе слави 25 години од основањето, впрочем, како и многу други домашни компании што своите почетоци ги имаа во раните 90-ти, кога транзицијата на економскиот систем предизвика лавина од приватна иницијатива и отворање на нови компании. И за Ангелоски, и за сите останати претприемачи што успеаја до ден денешен да ги одржат своите компании во бизнисот, еден од клучните предизвици беше како да направат добар план за наследување, односно како успешно да ја предадат компанијата на следната генерација. Ангелоски е машински инженер, а истата струка ја имаат и неговите син и ќерка, кои што во меѓувреме преземале раководни
функции во фирмата. Кога почнувал со бизнисот, Ангелоски бил млад човек, во своите 40-ти години и неговите деца биле сè уште во училишните клупи, но, како што вели самиот, кај нив дома никогаш не постоела дилемата со што тие ќе се занимаваат во животот. “Децата уште од мали нозе беа запознаени со тоа што го работи фирмата. Планот за тоа кој ќе ме наследи во бизнисот не беше плод на некаква моментална одлука, не беше своевиден одговор на прашање што ќе се случува со компанијата во иднина. Тоа беше процес што траеше со години, и кај нас во семејството никогаш не се ни помислувало да се доведе во прашање кој ќе ја наследи компанијата и што ќе студираат моите деца. Тоа не значи дека јас со сила сум им наметнал со што да се занимаваат во животот, туку, едноставно,
ПредизВик: како да Се Предаде лидерСтВото Во ко
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
специјален прилог
31
Бројки
2/3
од сите бизниси во светот се семејни
70-90%
од светскиот БДп е создаден од семејните бизниси
50-80%
од работните места во најголем број земји од светот се создадени од семејните бизниси
85%
од стартап компаниите во светот се формираат со пари од семејството
растејќи цело време покрај родители што беа ангажирани во семејниот бизнис, гледајќи како всушност семејството заработува за живот, учејќи за самиот бизнис – природно си дојде одлуката дека и тие ќе бидат инженери и ќе го водат понатаму развојот на компанијата “, вели Богослав Ангелоски. Тој смета дека темелната подготовка на следната генерација за преземање на бизнисот е клучен фактор за одржливост на компанијата на долг рок. Подготовката на наследник пред всушност и да се случи наследување на лидерството, е меѓу петте најважни фактори за успех на семејните бизниси, сметаат 82% од анкетираните семејни бизниси во ЕУ, во истражувањето што лани во септември го објави ревизорско – консултантската куќа KPMG.
сопствениците лажат кога велат дека им е доста од бизнисот
Но, “среќата“ на Ариљеметал да имаат совршено јасен план за наследување ја немаат сите семејни бизниси во Македонија. Не, само кај домашните, кај сите семејни бизниси во светот доаѓаат предизвиците на тоа што понатаму со компанијата, кога кариерата на основачот, односно актуелниот лидер, неминовно доаѓа во својот залез. Што ако децата не се заинтересирани за водење на бизнис, имаат сосема други професионални афинитети и сл.? Што ако во управувањето се вклучуваат и зетовци, снаи и останати членови на потесното и поширокото семејство? Дали да се донесуваат професионални менаџери однадвор? Овие дилеми ги мачат сите бизнис лидери
на семејните бизниси, особено на оние, што како во случајот на македонските компании создавани во транзицијата, треба да ја направат првата смена на генерациите. Клучот на предизвиците е во рацете на основачот, вели Борис Вукиќ, партнер во Adizes South East Europе и сертифициран консултант, кој што досега им помогнал на многу семејни компании од регионот да транзитираат во успешни мултимилионски бизниси “Основачот мора да реши да направи од својата компанија сериoзна компанија како што ја доживува опкружувањето. А, не негова играчка која благодарение на неговиот претприемачки дух остварува сјајни резултати. Сопственикот мора да одлучи кога и како ќе го препушти водењето на компанијата. И што ќе прави потоа. И уште поважно: што нема да прави, односно како нема да се меша во оперативното работење на компанијата“, вели Вукиќ. Тој додава дека често основачите можете да ги чуете како говорат ‘Едвај чекам да одам на риболов на раат’, но уверува дека тогаш не ја говорат вистината. “Лагата е свесно изговорена невистина. Сопственикот може да управува со капиталот на компанијата, но мора помеѓу своите 60-ти и 70-ти години да го препушти раководството на компанијата.
омпанијата и Да се поДготви наслеДник навреме
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
32
Семејни бизниСи
н
П
богоСлав ангелоСки Ариљеметал
ланот за тоа кој ќе ме наследи во бизнисот не беше плод на некаква моментална одлука, не беше своевиден одговор на прашањето што ќе се случува со компанијата во иднина. Тоа беше процес што траеше со години – моите деца растеа цело време покрај родители што беа ангажирани во семејниот бизнис, учеа за самиот бизнис – природно си дојде одлуката дека и тие ќе бидат инженери и ќе го водат понатаму развојот на компанијата.
За тоа подготовката на фамилијата е во неговите раце. Додека пак подготовката на наследниците не е исклучиво во неговите раце. Таа прво зависи од тоа што другата генерација сака да работи, меѓутоа и тука влијанието на основачот е големо. Тука големо значење има начинот на којшто основачот го има воспоставено односот помеѓу неговите биолошки деца и неговите ‘чеда’ – омилени вработени, кои ги има развивано со години. Сите овие предизвици можат да се надминат, меѓутоа, на нив треба да се работи и за нив треба да се комуницира и со наследниците и со членовите на фамилијата.“, објаснува Вукиќ.
Судир на емоции
Околу предизвиците за наследување на управувањето со компанијата разговаравме и со уште неколку домашни компании кои што се формирани во раните
Робин зимбаков Солопром
90-ти и процесот на смена на генерациите е во тек или допрва ќе се случува. “Прашањето за наследувањето на бизнисот е комплексна работа и носи со себе еден момент на судир на емоции. Можеби за третата или четвртата генерација тој чин е наследување само на бизнис, но втората генерација наследува емоции од основачот“, вели Робин Зимбаков, основач и сопственик на Солопром, компанија од дрвната индустрија, која што годинава прославува 25 години од основањето. Тој вели дека наследниците прво мора да расчистат со себеси, дали воопшто сакаат да го наследат бизнисот. “Јас ја основав Солопром многу млад, на 19 години, во 1991 година, и заедно со родителите, и сестра ми работев деноноќно за да ја доведам до фирма од преку 50 вработени, со четири сектори, и нормално е дека не ми е сеедно дали моите деца, од кои што најстарото е веќе
ормално е дека не ми е сеедно дали моите деца, од кои што најстарото е веќе студент, се гледаат себеси во компанијата или не. мора да се разговара со нив, а ако се одлучат дека сакаат да го наследат бизнисот, да се работи многу со нив, пополека да се воведуваат во процесите, затоа што според некои светски пракси и економската теорија, потребни се минимум од 5 до 7 години за да се изоди патот на наследување на управувачките функции.
студент, се гледаат себеси во компанијата или не. Мора да се разговара со нив, а ако се одлучат дека сакаат да го наследат бизнисот, да се работи многу со нив, пополека да се воведуваат во процесите, затоа што според некои светски пракси и економската теорија, потребни се минимум од 5 до 7 години за да се изоди патот на наследување на управувачките функции“, вели Зимбаков. Тој истакнува дека особено е важно наследниците да влезат во работните процеси постепено, на почетокот од пониските нивоа. “Ако бизнисот сè уште е во претприемачка фаза, односно сè уште сите конци ги држи основачот, со евентуално 2-3 менаџери што му помагаат, тогаш во ред е наследникот да влезе во компаниските процеси во второто управувачко ниво. Но, ако има развиено структура, со посебни оддели, тогаш подобро е да се влезе во трето ниво, па потоа да се напредува. Мора добро
Не го ставајте НаследНикот ведНаш за директор, туку градете го постепеНо!
б
боРиС вукиќ сертифициран консултант и партнер на Adizes South East Europе
орис вукиќ, партнер на Adizes South East Europе и сертифициран консултант на многу семејни бизниси од регионот, дефинира четири клучни работи што треба да се направат за една семејна компанија да има успешен план за наследување.
велам со наводници „оди во пензија“ бидејки основачите никогаш не одат во пензија, нивниот претприемачки дух никогаш не оди во пензија и мораат да направат свој нов кариерен план.
Подгответе ја компанијата
По подготовка на наследникот, од оние денови на детството и младоста кога доаѓаат на „пракса кај тате“, преку задолжителното образование, до правилен и постепен влез во семејната компанија. вистинскиот начин е не да го именувате наследникот веднаш за директор, туку да го градите постепено.
Првиот е дека е потребно да ја подготвите компанијата да може да функционира без својот основач.
Подгответе го основачот
вториот предизвик е да се подготви основачот да може да живее без својата компанија. Додека првиот предизвик подразбира професионализација на компанијата, воспоставување на јасни планови и одговорности, вториот подразбира да се подготвиосновачот, односно да одреди што ќе прави откако ќе „отиде во пензија“.
Подгответе ги наследниците
Подгответе го семејството
Дефинирајте одговори на прашањата: XX кој колкав дел ќе наследи? XX Што доколку едното дете работи, а другото не? XX Што ќе правиме со снаите и зетовите?
ТРанзиција: ТРанзициСкиТе Семејни комПании ПоПолека СТ
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
специјален прилог
В ВикТор пеТкоВ Випро
о бизнисот од пред две години е вклучена и мојата ќерка, заедно со зетот, додека мојот син е во сосема други води. секако дека сум се соочувал со дилемите што ако моите деца не се заинтересирани за бизнисот и сл. и сум размислувал за можни решенија: продажба на компанијата, поделба на акции на професионален менаџмент и договор за понатамошна дивиденда на членовите од семејството, итн.
33
В глигор цВеТаноВ Макпрогрес
о управувањето со мојот татко александар, основачот на компанијата, ги имаме поделено одговорностите. Тој се грижи за финансиите и за човечките ресурси, а јас за останатите сектори како продажба, маркетинг, производство, развој... За секоја побитна одлука имаме пракса да се консултираме и ставовите ги надополнуваме и усогласиме. нема некој да пресече на несогласување на другиот, секогаш наоѓаме компромис и заеднички став.
да се научат процесите, а не подоцна да се оспорува компетенцијата, во смисла дека е дадена функција само заради тоа што некој е член на семејството. Но, од друга страна, и основачот треба да е спремен да го предаде управувањето. Попусто е ако поминат тие 5, 7 или колку и да се години на подготовка, доколку тој само формално го предаде кормилото, а реално останува донесувач на одлуките и ја поднесува одговорноста“, објаснува Зимбаков.
јасна поделба на обврските и надлежностите
Виктор Пектов, кој што својата компанија за преработка на овошје и зеленчук “Випро“ ја формирал исто така пред четврт век, вели дека транзицијата во управувањето со неа, ја извршува со неговата ќерка, која што заедно со зетот е вклучена во менаџмент процесите. Неговиот син е во сосема други води, Петков вели дека е повеќе заинтересиран за ИТ секторот. “Секако дека сум се соочувал со дилемите што ако моите деца не се заинтересирани за бизнисот и сл. и сум размислувал за можни решенија: продажба на компанијата, поделба на акции на професионален менаџмент и договор за понатамошна дивиденда на членовите од семејството, итн. “, вели тој. Глигор Цветанов, генерален менаџер на Макпрогрес, кондиторската фабрика од Виница, е втората генерација во семејниот бизнис, основан од неговиот татко Александар во 1990 година. Тој е вклучен во работата на компанијата уште од своја 17-годишна возраст и како што вели, ги поминал сите работни позиции, од магационер до директор. “Процесот на наследување на управување со компанијата не е завршен, бидејќи во водењето на компанијата со мојот татко Александар ги имаме поделено одговорностите, но за многу нешта меѓусебно се консултираме и надополнуваме. Тој се грижи за финансиите и за човечките ресурси, а јас за останатите сектори како продажба, маркетинг, производство,
Топ 5 бизнис приоритети на семејните бизниси во Европа 1. подобрување на профитабилноста (59%) 2. Зголемување на приходите (37%) 3. освојување на нови пазари (23%) 4. Зголемување на иновативноста (23%) 5. Воведување нови производи (21%) Извор: Fourth European Family Business, EFB-KPMG
Топ 5 фактори за успех на семејните бизниси 1. Добри управувачки структури и процеси (85%) 2. подготовка на наследник и пред всушност да се случи наследување на лидерството (82%) 3. одржување на семејна контрола врз бизнисот (80%) 4. Финансиска писменост на членовите на семејството (73%) 5. Балансирање помеѓу семејните приоритети и бизнис интересите (72%) Извор: Fourth European Family Business, EFB-KPMG
развој... За секоја поглавна одлука имаме пракса да се консултираме и ставовите ги надополнуваме и усогласиме. Нема некој
да пресече на несогласување на другиот, секогаш наоѓаме компромис и заеднички став.“, објаснува Цветанов. nnn
ТасуВааТ на реД За сопсТВенаТа ТранЗиција на упраВуВањеТо
Капитал број 856 25.03.2016
34
www.kapital.mk
Семејни бизниСи
Know-how За семејните биЗниси
Зошто е потребен професионален менаџмент најдобро сценарио за семејна компанија е на чело на компанијата да застане менаџерски писмен наследник опкружен од страна на професионални менаџери во уредена и средена компанија
Разлика: ако оСновачите Се потпиРаат на пРетпРиемачкото Сетил
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
специјален прилог
35
П пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Покрај планот за наследување, финансирањето на бизнисот останува предизвик за сопствениците и во голема мера зависи од перспективите и визијата што ја има сопственикот. Доколку постои добар бизнис план, финансирање со докапитализација или иницијална понуда е модел што може да обезбеди одржлив раст. “Диверзификацијата на сопственоста ќе наметне потреба за отчетност на сработеното, за ефектите наспроти потрошените ресурси, поставување и реализација на плановите, поставеност на системот навреме да реагира (интерни контроли), раководство кое ефикасно ќе управува со дадените ресурси, итн.“, вели Лидија Нануш, директор на ревизорско - консултантската куќа Deloitte Македонија. Според неа, ако природата на бизнисот е таква да не бара комплексна структура и финансирање, управувањето со него останува главен предизвик. “Од начинот на управување ќе зависи опстанокот. Тука главно прашање е во кој тајминг да се предаде или продаде, зашто многу брзо и лесно работите може да излезат од контрола со несоодветно управување.“, додава Нануш.
Различна перцепција за компанијата Продавач
Купувач
XX Тековните приходи/парични текови се стабилни и одржливи XX Раст со мали инвестиции XX Конкурентска предност XX Верност на клиентите XX Цена на капиталот XX “Чисти“ биланси XX Солиден менаџерски тим XX Синергија за сите купувачи
XX Намалување на тековните приходи XX Развој преку иновации, инвестиции или моќ на купувачот да придобие нови клиенти XX Клиентите и влијанието на економијата и конкуренцијата XX Неможност за пристап до финансирање XX Преценети средства, стари средства XX Просечен менаџмент XX Синергија за одредени купувачи
Италијански и германски модел
Меѓутоа, проблемот со македонските семејни бизниси е што тешко одлучуваат да внесат и професионален менаџмент однадвор, а не пак да дозволат влегување на нови сопственици во компанијата. Оваа
неволност да се примаат надворешни инвеститори, или пак менаџери во бизнисот не е карактеристична само за македонските семејни компании кои што имаат не повеќе од 25 години искуство и една или сè уште ниту една смена на генерациите
Дилеми и околу дефиницијата
Што е всушност семеен бизнис
С
амото дефинирање на тоа што е семејна компанија, особено во делот на светските индустриски гиганти, може да е скокотлива работа. Ако го ограничите изборот на компании што се и поседувани и управувани од членови на семејство, ќе добиете многу малку на број. Ако, пак ги вклучите фирмите што се управувани од основачите, ќе ги добиете технолошките гиганти Google или Facebook, кои што ретко кој би ги гледал како семејни фирми. Угледната американска консултантска куќа Boston Consulting Group (BCG) направи разумна дефиниција за семеен бизнис составена од два елементи: семејство мора да поседува мнозински дел од компанијата и да може да влијае врз носење важни одлуки, особено на избор на директор или претседател; и
мора да имало транзиција од една на друга генерација до сега, или пак, во случај ако сопственик е основачот на фирмата, да постои план за таква транзиција. Според таа дефиниција, BCG пресметала дека семејните бизниси претставуваат 33% од американските компании и 40% од фирмите во Германија и Франција со приход поголем од една милијарда долари годишно. Во Азија и Бразил тој процент е уште поголем. Консултантите од McKinsey прогнозираат дека до 2025 година 4.000 семејни компании, само во пазарите во развој, ќе достигнат годишни приходи од најмалку една милијарда евра. Тоа значи дека семејните фирми од овие земји ќе сочинуваат 40% од најголемите светски компании до 2025, во споредба со 15% во 2010 година.
ло, наследниците треба да ги користат повеќе менаџмент алатките
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
36
Семејни бизниси Проценка на бизнисот
Различни дефиниции за вредноста на компанијата Вредност на компанијата XX Вредност на средствата на компанијата XX Вредност на правата на средствата на компанијата вклучувајќи ги обврските и капиталот
Вредност на капиталот XX Вредност на вкупниот капитал минус обврски, приоритетни акции и сл.
Книговодствена вредност XX Вредност на капиталот според Билансот на состојба
Пазарна капитализација XX Пазарната вредност на капиталот на компанијата Извор: Deloitte Македонија
во управувањето. Во светската теорија и пракса познато е разграничувањето на два модели на работа на семејните компании – италијански и германски. Кај Италијанците е карактеристично настојување по секоја цена управувањето да остане во рацете на семејството, додека германските компании се отворени за ангажирање професионални менаџери. “Италијанскиот модел вели: каков е, таков е наследникот, мој е и тој ќе ги наследи и сопственоста и раководењето со компанијата. Германскиот модел подразбира за почеток раздвојување на сопственоста и раководењето со компанијата. Дали децата ќе ја наследат сопственоста е една тема, а сосема друга е дали ќе раководат со компанијата. За да раководат, во екстремни ситуации подразбира дека мора да бидат најдобри меѓу сите кандидати за да добијат прилика да бидат генерални директори или претседатели на управите. “, вели Борис Вукиќ, консултант и експерт за семејни бизниси. Според него, најдобро сценарио за семејна компанија е на чело на компанијата да застане менаџерски писмен наследник опкружен од страна на професионални менаџери в о ур ед ен а и ср ед ен а компанија. “Не еднаш имам чуено од основачите дека не би сакале нивните деца да проаѓаат низ сето тоа што тие го поминале. Но, важно е да сфатат дека не само што не треба, туку и не смее да се случи. Децата треба да ја водат компанијата на сосема поинаков начин отколку што тоа го правеле основачите. Не помага користење на претприемничкото сетило, туку потребно е користење на веќе потврдената алатка, која е наречена менаџмент.
Менаџмент може да се научи. И сето тоа не мора да биде некој далечен сон. Потребна само разум, прво кај основачите, а потоа и кај децата. Само тогаш оваа промена на генерациите може да биде одлична можност.“, смета Вукиќ.
Кога да се продаде бизнисот и како се вреднува?
Животниот век на семејните компании се скратува заради глобализацијата, новите технологии што прават дополнителен притисок врз буџетот, а предизвици за
Што очекуваат семејните бизниси од професионалните менаџери XX Стратешко размислување XX Експертиза XX Резултати XX Развивање на човечки потенцијал XX Претприемачки дух XX Посветеност кон компаниската мисија и визија
Што очекуваат професионалните менаџери од семејните бизниси XX Можност за развој XX Конкурентска предност XX Да дадат свој придонес XX Награди и признание за направениот придонес
сопствениците се малиот пазар, интерни компаниски предизвици, а прашање е и какви ќе бидат афинитетите на децата. Како добри причини за продажба на бизнисот експертите го истакнуваат моментот кога обемот на работата стигнал до ниво при што сопственикот не се чувствува повеќе способен за понатамошно водство, потоа високата валуација во секторот, страв од надоаѓачка криза, како и сознанието дека поголемите играчи развиваат стратегија на ширење со аквизиции или пак силен конкурент од странство доаѓа на домашниот пазар. Освен при евентуалната продажба на компанијата, проценка на вредноста на бизнисот е потребна и при купување или продажба на удели на менаџментот, трансфер и продажба на останати членови на семејството, сметководствени барања, итн. При проценка на вредноста на бизнисот, експертите за финансии разликуваат неколку методи: трошковен метод (нето средства, трошоци на замена), метод на пазарна споредба (пазарни цени на акции, пазарни цени, претходни трансакции/понуди), приходен метод (дисконтирани паричен тек, капитализација на приноси). При вреднување на бизнисот се разликуваат: објективна (фер) вредност, што значи размена на парични средства помеѓу спремни и доволно информирани страни – купувач и продавач во трансакција под комерцијална услови; инвестициска вредност, или вредност на бизнисот за одреден инвеститор – наследник или конкурент што сака да ја купи компанијата; ликвидациска вредност: претпоставка дека бизнисот не е веќе одржлив и основачот е принуден да ги продава средствата поединечно. nnn
Трендови: Животниот век на семејните компании се скратува
Капитал број 856 25.03.2016
38
www.kapital.mk
Интервју
марјан ХрИбар Специјален советник на Генералникот секретар на Светската туристичка организација при Обединетите нации
До поДобра промоцИја преку јакнење на капацИтетИте на агенцИјата за турИзам
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
39 разговарал:
Дејан Азески
Г.
dejan.azeski@kapital.mk
Хрибар престојуваше во Македонија на покана на Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите како дел од тимот кој работи на развивање на стратешки план на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите, имплементирана од Детра Центар, втора година по ред го поддржува развојот на капацитетите на седум организации кои се клучни за економските, образовните и демократските процеси во државата. XX Кој е вашиот најголем успех во промоција на туризмот во Словенија и другите земји во развој за кои што имате работено? Од кога станав генерален директор на словенечката Агенција за туризам во 2005 година до 2015 година буквално го дуплиравме значењето и придонесот на туризмот во Словенија. Од милијарда евра девизен прилив од туризмот, дојдовме до девизен прилив на 2,4 милијарди евра и така станавме една од европските држави со најголема стапка на раст на туризмот. Со нашата кампања „I feel Slovenia“ освоивме многу големи награди на сите поголеми саеми и овој наш брендинг се покажа како еден успешен пат и резултатите се она на што ние се гордееме. Заедно со тоа многу важен фактор е што направивме долгорочно стратешко партнерство со приватниот сектор. Тоа ми беше една од најголемите мисии во кои верував, бидејќи јас доаѓам од приватниот сектор каде што бев директор на маркетинг во еден од најголемите хотелски синџири во Словенија. Според мене, за да се постигне ова, првата метода која треба да се направи е подеднакво вложување инфраструктурата, како и во квалитет на услугите. Во мојот период Словенија само за промоција инвестираше од 7-9 милиони евра, а во последно време инвестициите за промоција се зголемија на 12 милиони евра. Дополнително за поттикнување на инвестиции вложувавме околу 25 милиони годишно со помош на европските проекти. Значи тајната е 20% да оди на администрацијата, а остатокот од 80% на промоција. Во никој случај тоа не треба да е обратно. XX Како ја оценувате состојбата на туризмот во која се наоѓа Македонија? Во Македонија дефинитивно се забележува голем потенцијал и голема амбиција на Владата за поддршка на туризмот. Има многу голема амбиција и на малиот приватен сектор. Тоа е нешто што и бројките го потврдуваат. Македонија се повеќе и повеќе почнува да станува атрактивна туристичка дестинација. Тоа што сега недостасува е подеднаков регионален развој во сите осум региони во Македонија и нормално недостасува да се вложува уште многу капитал во туризмoт.
Според долгогодишниот прв човек на словенечкиот и европски туризам, Македонија треба да продолжи и уште повеќе да ги интензивира инвестициите и брендирањето на Македонија како една уникатна нова европска држава, со неверојатни ресурси и богата традиција. Според него, доколку тоа се направи во соработката со приватниот сектор кој може да даде најголем придонес, Македонија сигурно ќе стане една уникатна земја каде што сите со задоволство ќе доаѓаат. Според моето гледање, во новата финансиска перспектива Македонија ќе има големи пари на располагање, дури мислам дека ако во овој момент Македонија би влегла во Европската Унијата би имала на располагање сигурно два пати поголем буџет од Словенија, а тоа би значело неколку стотина милиони евра само за развој на туризмот. И тоа според мене е идеална основа за носење на странски инвестиции. XX Македонските туристички работници често се жалат на немањето на соодветна инфраструктура, немањето на адекватна поддршка од финансиските институции... Како светскиот туризам го надминува овој проблем и кои се начините преку кои државата може најдобро да му помогне на туризмот? Јас не би се сложил дека македонската држава работи помалку од другите, напротив јас мислам дека системот на субвенции кој постои во Македонија е една директна мерка за поттикнување на туризмот. Но, според мене може уште повеќе да се направи со изградбата на инфраструктура, со изградбата на дестинациски организации во сите осум региони, подобро искористување на сите ресурси како македонските вина, храна и општо македонската култура. За сето ова ќе треба уште поголема компетенции и во Aгенцијата и во коморите. Значи првата работа е приватниот и јавниот сектор да почнат да работат заедно и нормално во едукацијата да се вложува максимално можно енергија. Ова се работи за кои секогаш има место да се поправат, не само во Македонија и Словенија, туку и во
Австрија, па дури и во Швајцарија. XX Какви и кои искуства од развиените економии се апликативни за Македонија во однос на развојот на туризмот? Кои примери/искуства би ги посочиле како најефективни и најапликативни за Македонија? Првата работа се инвестиции. Значи, треба да се продолжи со поттикнувањето на инвестициите, веројатно тоа ќе бидат странски инвестиции. Во септември ќе се организира првиот туристички инвестициски форум, кој ќе се одржи во Скопје под покровителство на Светската туристичка организација. Следно е продолжување на брендирањето на Македонија. Сигурно треба да се издржи и на патот на политичкото признавање на Македонија како држава. Иако тоа е политичко прашање и не е моја надлежност, мислам дека тоа е многу важно, државата Македонија мора што побрзо да стане бренд Македонија и да биде една уникатна нова европска држава, една држава со неверојатни ресурси и богата традиција и една уникатна земја каде што сите со задоволство ќе доаѓаат. Значи, најважно е Македонија стратешки да го постави туризмот како еден од приоритетите и врз тоа да се изгради модерна туристичка организација која со помош на јавно-приватно партнерство ќе биде еден од главните фактори за понатамошен развој на туризмот. Имајќи ги предвид ресурсите цврсто сум убеден дека туризмот во Македонија ќе расте побрзо од просекот во ЕУ. Што се однесува до иднината на македонскиот туризам, јас сум голем оптимист. XX Во која насока ќе се развива светскиот туризам во наредната деценија ? Што е тоа што ќе се бара и за што ќе им најголем интерес? Светскиот туризам ќе расте во просек секоја година по 4%. Новите трендови се многу интересни. Во иднина нема повеќе да има толку многу одмори на принципот сонце и плажа, туку повеќе ќе има активни одмори, многу повеќе ќе се бараат уникатни производи, ќе се бараат квалитетни ресурси како што се квалитетна храна, вода и воздух. Ќе се намали делот на интерконтинентални авио гости, бидејќи луѓето повеќе ќе патуваат, по неколку пати годишно по неколку дена, наместо на еден голем одмор во годината од 15 дена. Сите овие трендови јас мислам дека би требало да и бидат во прилог на Македонија. Значи повеќе ќе има туризам внатре во регионот во наредните 20 - 30 години. Кина е единствен исклучок и таа дефинитив-но ќе стане прва светска велесила и сите треба да се подготвиме за тоа. Големи ќе бидат бројките веројатно и заработката, и мислам дека ќе има голем потенцијал и за Македонија, бидејќи треба да се знае дека за Кинезите поранешна Југославија е нешто што тие сакаат да го посетат. Повеќе од 100 милиони Кинези секоја година излегуваат од Кина, а тој број се очекува да се дуплира во следниот период. Плус се повеќе ќе излегува една друга клиентела од Кина, која нема да е концентрирана само на Париз, Лондон и Виена, туку ќе гледа многу пошироко. И според мене, тоа ќе биде можност и за за Словенија и за Македонија. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
40
Свет бизнис и финансии
Се спојуваат London Stock Exchange и Deutsche Börsa
Се раѓа нов европски берзански гигант да им конкурира на американските берзи
Г
Германската Deutsche Börsa и британската групација London Stock Exchange (LSE) се согласија да се спојат со договор вреден 30 милијарди долари. Со тоа се креира најголемата европска берза што ќе биде силна конкуренција за американските ривали. Преговорите за спојување на двете брзи финишираат во време кога на политички план расте неизвесноста околу исходот од британскиот референдум за отцепување од Европската унија и со тоа, спојувањето меѓу Лондон и Франкфурт преку берзите и
тоа како има политичка последица. Пред неколку недели во преговорите се обиде да се вмеша и американскиот берзански оператор Intercontinental Exchange (ICE) кој што е сопственик на Њујоршката берза (NYSE), меѓутоа, сепак се чини излезе од игра откако претходната недела, речиси 16 години по првиот обид на Deutsche Boerse да ја преземе LSE, тие објавија дека дискутираат за целосно спојување на двете компании. Акционерите на Deutsche Boerse ќе имаат учество од 54,4% во капиталот на новата берза, а акционерите на LSE ќе учествуваат со 45,6% во новата компанија. Со ова се креира единствена можност за Франкфурт, кој секогаш бил на второ место по Лондон како глобален финансиски центар. Доколку сè оди според планот, со спојувањето ќе се креира најголемата берза во светот според приходите, кои се предвидуваат на околу 4,7 милијарди евра годинава од акции, обврзници и деривати. Спојувањето на двете берзи има смисла
бидејќи со тоа би требало годишно да се заштедат околу 450 милиони евра што е приближно петтина од оперативните трошоци од вкупно 2,2 милијарди евра што ги имаа двете компании лани. Лондонската берза инаку е сопственик и на Миланската берза, како и на британските клириншки куќи кои се всушност и причина за преземањето. Имено, голем дел од напнатоста меѓу Велика Британија и Европската унија произлегува токму од тоа што финансискиот центар на единствената европска валута – лондонски City е надвор од еврозоната. Во соопштението од двете компании се наведува дека „комбинацијата Лондонска, Франкфуртска и Миланска берза ќе создадат платформа за финансирање и промовирање на економски раст на европските компании, а ќе биде активирана и понуда за азиските и американските компании кои бараат пристап до инвеститори и капитал“. Двете берзи на корисниците – банките и менаџерите на фондови кои плаќаат такси
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
41 Германската Deutsche Börsa и британската групација London Stock Exchange (LSE) се согласија да се спојат со договор вреден 30 милијарди долари. Со тоа се креира најголемата европска берза што ќе биде силна конкуренција за американските ривали. Спојувањето на двете берзи има смисла бидејќи со тоа би требало годишно да се заштедат околу 450 милиони евра што е приближно петтина од оперативните трошоци од вкупно 2,2 милијарди евра што ги имаа двете компании лани. Преговорите за спојување на двете брзи финишираат во време кога на политички план расте неизвесноста околу исходот од британскиот референдум за отцепување од Европската унија и со тоа, спојувањето меѓу Лондон и Франкфурт преку берзите и тоа како има политичка последица. за да тргуваат и компаниите кои плаќаат за да бидат листани на берза – им ветуваат големи бенефити, но не се наведуваат конкретни бројки. Со цел да се убедат европските политичари во позитивните ефекти од ваквата паневропска берза, извршниот директор на Deutsche Boerse, Карстен Кенгетер, истакна дека со овој потег ќе се забрза растот на европските пазари на капитал. Ова е во согласност со плановите на Европската унија за формирање „унија од пазарите на капитал“ за поголема конкурентност во однос на САД и Азија.
Deutsche Boerse досега беше под постојан притисок бидејќи европскиот пазар беше природна опција за ширење на северноамериканските и азиските ривали, па зделката ќе ја обезбеди потребната критична маса за Германија и Велика Британија во целина да го возвратат ударот. Сè уште не се споменува кога ќе се одржи гласањето за спојувањето, но од германската берза не се воопшто загрижени поради влијанието кое може да го има најавата на Обединетото Кралство да ја напушти Унијата. „Исходот од оваа зделка ќе биде позитивен без оглед на одлуката на Обединетото Кралство“ вели Кенгетер.
Бран на берзански спојувања
Новосоздадената компанија ќе ги задржи седиштата и во Лондон и во Франкфурт но новата холдинг компанија UK TopCo ќе има седиште во Лондон. Сега се чека одобрување од Европската Комисија која мора да даде благослов и да утврди дали со ова спојување би дошло до нарушување на пазарниот натпревар и преголема концентрација на сопствеништвото. Инаку, Deutsche Borsa пред пет годни се обиде да ја купи Њујоршката, меѓутоа сето тоа го прекина Европската Комисија
со аргумент дека таквото спојување би довело до монопол со тргувањето со деривати во Европа. Берзанско спојување, додуша ни приближно не толку големо, неодамна се случи и во овој дел од Европа. Македонската, Бугарската и Загребската берза се поврзаа во една платформа за тргување. Заедничкиот проект СЕЕ Линк е со цел креирање на регионална инфраструктура за тргување на хартии од вредност котирани на овие три берзи. Во мај 2014 година беше основано заедничко друштво СЕЕ Линк ДОО, со седиште во Скопје, со кое беше и формализирана соработката на овие берзи. Системот за регионално пренасочување на налозите за тргување е планиран да стане оперативен во кон крајот на овој месец. Во исто време, ќе биде воведен индексот SEE LinX кој ќе ги опфати најликвидните котирани компании на овие берзи и кој ќе придонесе за зголемување на видливоста на регионалните пазари. Се очекува потенцијално 8 членки на берзата од Бугарија, 10 од Хрватска и 10 членки на Македонската берза од првиот ден на работа да се приклучат на платформата на која вкупно 387 хартии од вредност ќе бидат достапни за тргување. nnn
ГОЛЕМ ПОПУСТ НА КОЗМЕТИКАТА НА АННЕ СЕМОНИН. 20% ПОПУСТ НА СИТЕ ПРОИЗВОДИ НА АННЕ СЕМОНИН. ДОКОЛКУ ИСКОРИСТИТЕ НЕКОЈА УСЛУГА НА СПА ЦЕНТАРОТ (СПА УСЛУГА ИЛИ МАСАЖА), ДОБИВАТЕ 30% ПОПУСТ НА ПРОИЗВОДИТЕ. *понудата трае од 01.03 до 31.03.2016 година.
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
42
свет
По 88 години американски претседател официјално на Куба
Обама означи старт на трката за кубанскиот пазар
И
сториска, а поинаква и не може да биде кога се случува по 88 години, е посетата на Куба на американскиот претседател Барак Обама, што е кулминација на процесот на зближување меѓу двете земји, официјално објавен во декември 2014 година, од страна на споменатиот и на неговиот кубански колега, Раул Кастро. Обама на крајот од својот мандат го направи овој следен чекор од
преземањето на товарот за решавањето на конфликтот што датира уште од времето на претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер, кој првите санкции на Куба и ги наметна уште во 1958 година, а ги прекина дипломатските односи во 1961. Намерата на Обама е обновата на односите да биде трајна, неповратна, но има уште пречки во САД, особено од тамошните критичари, дека посетата на претседателот е избрзана. Во негативно светло настанот го
вклучи во својата кампања и досегашниот фаворит за републиканска номинација за претседател на САД, Доналд Трамп. „Претседателот Обама тукушто стапна на Куба, тоа е голема работа, а кубанскиот претседател Раул Кастро не беше таму да го пречека. Тој го пречекуваше папата и други. Никаква почит“, напиша Трамп на Twitter. Навистина, може да се протолкува како доза на резервираност тоа што
Обама: Овде ќе се случат промени и тоа Раул Кастро го разбира
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
43 Постигнувањето конзензус со властите на Куба за укинување на економското ембарго е една од најважните причини за првата посета на еден американски претседател на Хавана. Секако, заедно со решавањето на комплексната проблематика што произлегува од кршењето на човековите права и политичките слободи, што, во принцип, е дел од милјето на пазарната економија на аеродромот во Хавана, Обама место Кастро го пречекаа кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, и кубанскиот амбасадор во САД, Хозе Кабаназ. Од Белата куќа одговорија дека прашањето дали Кастро ќе биде на аеродромот „никогаш не било поставено или разгледувано“. Чудно, ако се има предвид минуциозноста со која се подредуваат сите детали за вакви настани од страна на Американците. Најверојатно се работи за претстава одиграна по барање на Раул Кастро, за тој да не изгледа премногу „контрареволуционерно“ во очите на Кубанците, ако му укаже таква чест - лично да го пречека претседателот на државата што досега беше „заколнат“ непријател на Куба. Веднаш по пристигањето Обама се сретна со дипломатите од амбасадата на САД на Куба, и таму изјави дека „ова е историска посета и можност“. „Отворањето на амбасадата на САД во Хавана значи дека ние можеме поефективно да ги охрабруваме нашите вредности и интереси, и да ги разбираме подобро грижите на кубанскиот народ“, рече американскиот претседател. Обама се обидува да ја промени кон подобро сликата на Куба и на цела Латинска Америка, за САД. Една од поставките на Музејот на револуцијата во Хавана е посветена токму на карикатури на најголемите непријатели на кубанскиот комунистички режим, меѓу кои се и Роналд Реган, кој е е прикажан како вооружен каубој, Џорџ Буш, виден како римски император, и неговиот син Џорџ „дупло В“ Буш, кој има шлем со нацистичка свастика
и чита книга свртена наопаку. Барак Обама, секако, не е меѓу нив - тој се ракуваше со венецуелскиот лидер Хуго Чавез, се сретна со претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, во Салвадор посети гроб на херој од граѓанската војна убиен од ексадроните на смртта, а во Чиле говореше за грешките на превратот преку кој диктаторот Августо Пиноче своевремено дојде на власт.
Бизнисот е во фокусот - кој прв до кубанскиот пазар?
Тоа што доведе до неодамнешното укинување на санкициите за Иран, а имено економската неисплатливост на изолационистичката политика, и кумува и на обновата на односите меѓу Вашингтон и Хавана. На Куба и претстои свртување кон пазарната економија, влез на странски производи во земјата, што досега беше невозможно. Карипската држава, секако се очекува дека ќе привлече и инвеститори, со своите природни убавини и поради многу што друго што ја прави туристички атрактивна. Борбата е кој прв да влезе на пазарот. Токму постигнувањето конзензус со властите на Куба за укинување на економското ембарго е една од најважните причини за првата посета на еден американски претседател на Хавана. Заедно со решавањето на комплексната п р о б л е м а т и ка ш то п р о и з л е г у в а од кршењето на човековите права и политичките слободи, што, во принцип, е дел од милјето на пазарната економија. Кон кубанскиот пазар веќе целат телекомуникациската индус т рија и хотелиерите. AT&Т и хотелиерските
синџири Starwood и Marriott нема да чекаат - најверојатно првите договори ќе ги потпишат уште додека Обама е на Куба. Starwood Hotels & Resorts Worldwide објавија намера за инвестиција во милиони долари, во водењето на два хотели во Хавана, и амбиција за оперирање со трет ваков објект. Согласно уште активното ембарго на САД, ваква зделка е забранета, но Starwood доби специјална дозвола од министерството за финансии во Вашингтон. А американскиот телекомуникациски гигант Version веќе има роаминг договор со кубанската државна компанија ETECSA. Раце тријат и авиокомпаниите кои ќе воведуваат дополнителни комерцијални линии, и нови правила со кои ќе им се олесни патувањето на Американците на Куба - досега таму можеа да одат само во групни тури. Дури и самата најава за затоплување на односите меѓу Вашингтон и Хавана, следена од намалувањето на рестрикциите во патничкиот сообраќај, резултираше со 70% повеќе посетители, од кои најголем дел сакаат Куба да ја доживеат „пред да се промени“. „Бизнисот од декември не се зголеми за 50%“, вели сопственикот на хаванскиот ресторан Atelier, Ниурис Хигуерас. Кога сме кај туризмот, вреди да се одбележи и тоа што неколку часа пред пристигнувањто на Обама во Хавана, Airbnb, базираната во Сан Франциско онлајн платформа за издавање сместување под наем, доби дозвола од властите на САД да прима резервации за Куба од клиенти од целиот свет. Дозволата од американското министерство за финансии е за резервации за 4.000 објекти расположливи на карипската држава. Ескпанзијата на економската соработка би била значајно поголема кога не би биле пречките од двовалутниот кубански монетарен систем (пезос и конвертибилен пезос), ригидниот пазар на работна сила и нетранспарентниот правен систем, пишува Reuters. На отстранувањето на овие препреки, набргу, секако, ќе почне да се работи. Кубанската економија, според проценките, вреди 121 милијарди долари. nnn
Капитал број 856 25.03.2016
44
www.kapital.mk
свет
Сирискиот конфликт во дипломатска фаза
Сирија после кампањата на Путин... по Женева, а можеби и по Асад Руското повлекување од Сирија, усогласено со мировните преговори во Женева, јасно го внесе сирискиот конфликт во фаза на дипломатија, колку и други дилеми да отвори потегот на Путин. Толкувањата се дека Русија со воената кампања добро одработила за своите интереси, на кои понатаму Башар ал-Асад само им пречи, и сирискиот претседател е ставен во позиција да мора да преговара. Ако дипломатијата сепак потфрли, опциите што се разгледуваат предвидуваат и федерализација на Сирија, односно, преку евентуални автономни региони со меѓународна поддршка да се ослабува улогата на Асад и да се истиснува Исламската држава
Кери: Руското повлекување можеби е најдобр
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
45
С пишува:
Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Ситуацијата во Сирија, од која зависат многу нешта, а од кои за Европа е особено важна бегалската криза, влезе во нова фаза, уште еднаш по предизвик што го упати Русија, олицетворена во нејзиниот претседател Владимир Путин, со неговата непредвидливост. Тој настапи воено во Сирија во септември лани - излезе оттаму кон средината на овој март, и го остави Западот/САД да се чуди околу поттекстот на неговиот нов потег. Кога нареди руските трупи да се повлечат од Сирија, Путин рече дека повеќето цели на Русија се постигнати, и оти неговата земја ќе ги зголеми напорите да се постигне мировен договор на преговорите во Женева што се одвиваат под покровителство на Обединетите нации. Репутацијата на непредвидлив лидер на рускиот претседател му ја даде комотната позиција (важна за неговиот „мачо“ имиџ) да не стравува дека повлекувањето од Сирија противниците ќе го сфатат како слабост - на Запад експресно беше протолкувано оти потегот најверојатно крие задни намери, но, останува фактот дека не може да се игнорира и значењето на руското повлекување како конкретен чекор кон влегување на сирискиот конфликт во фаза на дипломатија. Инаку, меѓу дилемите што ги остави потегот на Путин се дали снема пари за кампањата во Сирија поради санкциите и уривањето на цената на нафтата (руската операција во Сирија траеше 167 дена и чинеше 464 милиони долари, откри Путин, со коментар дека „не барала огромни расходи за буџетот“); дали се работи за тактика во која повлекувањето е само еден чекор; дали Русија брзо ќе се врати на теренот, и тоа за само неколку часа, како што рече Путин, ако има потреба, односно, ако ситуацијата се развива во несакан правец за интересите на Москва ... Во поглед на можното смирување на конфликтот во Сирија, едни толкувања се дека ако целта на руската интервенција била создавање нов воен баланс во кој би се засилиле позициите на сирискиот претседател Башар ал-Асад пред да
Ќе се покаже ли дека Башар ал-Асад за Путин бил само карта за непречен влез во Сирија, каде Русија издејствува позиција за парирање на САД, и може да биде конструктивен фактор во решавањето на кризата откажувајќи се од поддршката за Асад, што би било клучен исчекор во мировниот процес?
се постигне политички договор, тогаш кампањата на Пу тин до неговото повлекување има одреден успех, но во мерка што ќе ја покажат преговорите во Женева. Фактите се дека руските акции во Сирија ги засилија позициите на Асад; и Москва се засили како фактор на Блискиот исток, односно во преговорите за мир; за кампањата има обвинувања дека однела цивилни жртви, го засилила приливот на бегалци кон Европа, и најмногу, оти удрила повеќе по поумерената опозиција на режимот на Асад, отколку по Исламската држава. Посебен и особено важен дел е создадениот длабок руски конфликт со Турција, со непредвидливи последици. Условите за политички договор ги најави договорениот меѓу САД и Русија прекин на огнот во Сирија (што, секако, не важи за ИД или за Џабат ал-Нусра), пред да почнат мировните преговори во Женева. Американскиот државен секретар, Џон Кери, искоментира дека руската одлука за повлекување од Сирија „можеби е најдобрата можност“ за ставање крај на конфликтот, кога најави и оти неделава ќе ја посети Москва за да разговара на темата (во моментот на завршување на овој текст посетата уште трае). Дека повлекувањето на Русија ќе се одрази позитивно на преговорите за мир во Сирија, смета и специјалниот пратеник на ОН (за Сирија), Стефан де Мистура. Тој, и покрај сериозните проблеми во преговарачкиот процес - на третиот ден во Женева претставниците на официјален Дамаск одбија директни средби
со опозицијата, е оптимист, особено зашто, како што рече, „не постои алтернатива за преговорите - опцијата Б значи само враќање на војната и на конфликтот“. „Ако преговорите на профункционираат, ова прашање ќе го вратиме кај оние кои можат да влијаат - Руската Федерација, САД, Меѓународната група за поддршка на Сирија и Советот за безбедност на ОН“, изјави де Мистура.
Ако не оди поинаку, ал-Асад ќе се ослабува со федерализација на Сирија
Наспроти сè од погоре кажаното за руската воена кампања во Сирија во прилог на позициите на Башар ал-Асад, многумина во реакциите на сирискиот претседател по објавата на повлекувањето на Путин видоа „кисела“ согласност. Одредени аналитичари дури се уверени дека Асад за потегот на рускиот претседател дознал од медиумите, а оти телефонскиот разговор во кој Путин го информирал за повлекувањето се случил откако работата била завршена. Оттука и тезата дека Москва всушност досега ја држела страната на Асад само за да може легитимно воено да влезе во Сирија, и оти откако со кампањата ја остварила својата цел - факторизирањето на Блискиот исток, сега сака да оди понатаму кон тоа да се врати порамноправно во парирањето на САД (да се оживее биполарниот американско-руски модел), и да се покаже конструктивен фактор во решавањето на кризата, откажувајќи се
рата можност за ставање крај на конфликтот
Рок за пРијавување: 31 мАрТ 2016
Научете како се подготвува апликација за ипаРд 2 пРогРамата! (куРс за изготвување На пРоекти за аплициРање На повици од ипаРд 2 пРогРамата) l 4 април - 6 мај 2016 (три пати неделно) l 17:00-19:30 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје курсот ќе даде образложение за тоа како да ја кофинансирате вашата идеја и бизнис односно ќе ви покаже како: l Да ги изградите вашите бизниси по европски стандарди l Да бидете дел од ЕУ и создадете профит во современи услови на работа l Да започнете нови инвестиции или ги обновите веќе постоечките капацитети l Да инвестирате во нови градби и опрема и да повратите 65% од вложените пари веднаш по завршетокот на инвестицијата
за време на курсот детално ќе биде објаснето и прикажано: l Како да пополните барање за апликација за средства l Кои документи ви се потребни за апликација l Како да го направите деловниот план и техничкотехнолошкиот проект l Примери од кофинансирани проекти
пРедавач: иНг. маРија васкова, сертифициран тренер на тренери за ИПАРД и акредитиран советник за развој на мали и средни претпријатрија на Р. Македонија За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
47 од поддршката на Асад, што може да биде клучен исчекор во мировниот процес. Во блага форма вакво гледиште изнесе и германскиот министер за надоврешни работи, Франк-Валтер Штајнамер, веднаш по објавувањето на веста за повлекувањето на Русија: „Ако се оствари најавата за повлекување на руските трупи, тоа ќе го засили притисокот врз асадовиот режим, за тој конечно и сериозно да пристапи кон преговорите за мирната политичка транзиција“. Во случај Асад, сепак, одново да се покаже како камен на сопнување (ова важи ако позицијата на Русија е и натаму да го подржува сирискиот претседател со изговор дека е партнер во сузбивање на опасноста од ИД, и фактор на консолидација на Сирија), опцијата што се разгледува ја најави Рожава - сириски Курдистан, односно, федералниот регион на северот на Сирија што го прогласија Курдите. Имено, дипломати чии изјави ги пренесува Ројтерс (без име и презиме) тврдат дека идејата за федерализација на Сирија се разгледува од „сили блиски до мировните преговори“, како опција за да се сочува единството на државата преку давање широка автономија на регионалните власти. На ваков начин, евентуалните федерални региони, со меѓународна поддршка би
можеле да ја ослабуваат улогата на Асад и да ја истиснуваат ИД. Очекувањата се дека ако дипломатските средства за мир се исцрпат, варијаната за федерализација ќе изгледа сè поприфатливо. Секако, на сирискиот Куридистан жестоко се противи Турција, што Анкара не може да не го сфати како тенденција што може да доведе и до автономен курски регион во самата Турција. За да профункционира план за федерална Сирија, Реџеп Таип Ердоган треба да добие многу сериозни гаранции дека нема опасност во перспектива да
биде откинато прилично парче од неговата земја. Во меѓувреме, за да не долеваат масло на огнот, САД објавија дека не ја признаваат автономијата на северниот курдски федерален регион во Сирија. Ако ситуацијата налага, и ако се создадат потребните предуслови, во Сирија би можело да постојат три главни покраини покрај Курдистан, тука се и танакаречените Сунистан и „Космополистан“. Сунистан, самото име кажува, би бил покраина на сунитите, а „Космополистан“ на алавитите, христијаните, друзите ... nnn
www.vw-komercijalnivozila.com.mk
ГРАТИС ПАКЕТ � АВТООДГОВОРНОСТ � ПРВА РЕГИСТРАЦИЈА � КАСКО ЗА ПРВАТА ГОДИНА
ПОДГОТВЕНИ ЗА АКЦИЈА! Caddy, Transporter T6, Crafter и Amarok. Направете ја Вашата работа полесна од било кога! Моќноста на нашите дизел мотори, приспособливоста на товарниот простор според потребите на Вашиот бизнис, како и суперповолните цени што ги нудиме, ВИ ГАРАНТИРААТ БЕСПРЕКОРНО ЗАВРШЕНА РАБОТА. За понудата да биде уште подобра се погрижи Порше Лизинг, кој овозможи одличен пакет во соработка со Порше Брокер со кој добивате: прва регистрација, автоодговорност и каско за првата година. Порше Скопје бул. Босна и Херцеговина 4, 1000 Скопје 02-26 26 266 / 02 / 26 26 466
АБ Ауто ул. Гоце Делчев бр. 107 2400 Струмица 034 325 443 / 034 325 443
АЛ & ДО Охрид Св.Еразмо Оровник-Дебарца 6000 Охрид 046 261 599 / 046 262 374
БИС Ауто Краварски пат бб 7000 Битола 047 236 314 / 047 231 507
Колевски Палмиро Тољати бб 1000 Скопје 02 521 454 / 02 25 21454
Старт ул. Борис Кидрич 1, 1442 Демир Капија 043/366-207; 366-504
Центрум Маршал Тито бб 1200 Тетово 044 351 333 / 044 351 335
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
Градежништво и недвижнини
8
април
2016
Што ја движи градежната индустрија? Градежниот бизнис пораснал за речиси 17% лани, најмногу од сите индустрии во Македонија и е двигател на економскиот раст од 3,7%, како што покажа официјалната статистика.
Во специјалниот прилог “Што ја движи градежната индустрија“ што ќе излезе на 08.04. 2016 ќе може да прочитате:
l Раст од 17% во 2015: Што го движеше градежништвото и што ќе се случува во овој сектор до крајот на 2016 l Како работеа градежните компании лани: кој е кој на пазарот според приходи и добивки l Кои се најзначајните проекти што ќе ја ангажираат градежната оператива годинава l Анализа на пазарот за недвижности: станови и деловен простор l Како работеше индустријата за градежни материјали и кои се нивните очекувања за периодот што следи l Интервјуа со менаџери на градежни компании
Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
ДЕКАДА НА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Единствена меѓународна акредитирана програма во Македонија • Професори со сертификат од Харвард бизнис школата
www.uacs.edu.mk ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета македонска бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 (0) 2 2463 156
Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk Веб страна: www.uacs.edu.mk
Капитал број 856 25.03.2016
50
www.kapital.mk
Интервју
Анета Кокалеска Петрушевска специјалист дерматолог и директор на ординација на д-р Анчевски
Eдна деценија посветеност на здравјето и убавината на кожата
Полето на дерматологијата особено естетската дерматологија е најбрзо растечко поле во смисла на воведување нови третмани и технологии. Голема предност е на пациентите и клиентите да им се овозможи користење на вакви новитети во сопствената земја. Инвестирање во новитети е наша ориентација уште од самиот почеток и е еден од клучните фактори доколку една фирма цели да остане на врвот на дејноста која ја извршува.
Петрушевска: По многу нешта сме и ќе ост
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
51
“
Горди сме исто така и на тимот кој го градевме сите овие години со кој е вистинско задоволство да се работи заради посветеноста и залагањата на секој поединец.
н
XX неодамна ординацијата д-р анчевски прослави 10 години постоење. овој јубилеј го одбележавте со преку 70.000 задоволни пациенти. што точно за вас значи една деценија постоење на македонскиот пазар? Една деценија постоење е значаен јубилеј за секоја фирма, па и за нашата. Eдна деценија посветеност на здравјето и убавината на кожата. Бевме насочени да ги оствариме нашата мисија за обезбедување на врвна услуга од областа на дерматовенерологијата, како и естетско корективната дејност преку континуирано едуцирање и техничко-технолошко и кадровско надоградување и нашата визија да бидеме признаени од страна на пациентите и клиентите, како и од колегите лекари како најдобро место, да се добие здравствена услуга за било која состојба на кожата. XX важите за ординација која постојано е во чекор со
современите третмани, апарати и пристапи кои се важни во вашата област. дел од нив се техники кои ги има единствено кај вас на ниво на цела македонија. колку е важно да се инвестира во новитети? Полето на дерматологијата особено естетската дерматологија е најбрзо растечко поле во смисла на воведување нови третмани и технологии. Голема предност е на пациентите и клиентите да им се овозможи користење на вакви новитети во сопствената земја. Најмногу ни значи што тие залагања ни биле признаени од колегите лекари од сите специјалности кои ги упатуваат своите пациенти на консултации, дијагностика и лекување во нашата ординација, како и
од самите пациенти-клиенти. Дел од палетата на новини низ овие 10 години се воведувањето на компјутеризирана дерматоскопија за анализа и следење на бемки и други пигментни промени на кожата, отстранување на разни кожни израстоци и промени со помош на радиобранова фреквенција без шиење, со минимална траума и брза регенерација, озонотерапија за подигање имунитет и телесно рејувенирање, ласерско отстранување влакна со најновиот ласер со диодна технологија, како и други ласери за подмладување лице, отстранување флеки и капилари, за топење на масти и целулит, потоа палета на третмани
танеме единствени на Пазарот
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
52
Интервју
“
Сметам дека наш најголем успех се големиот број пациенти и клиенти кои ја посетуваат нашата ординација, за кои постоиме и за кои се трудиме да сториме се што можеме за успешно да ја решиме нивната кожна состојба.
за ремоделирање лице со ботокс и филери со кое се добива ефект на нехируршки лифтинг, третманот со плазма (ПРП) за освежување на лице, како и спречување на опаѓање и поттикнување на нов раст на коса. Инвестирање во новитети е наша ориента-ција уште од самиот почеток и е еден од клучните фактори доколку една фирма цели да остане на врвот на дејноста која ја извршува. XX Што е она што во иднина може да го очекуваме од вас? И во иднина ќе продолжиме да чекориме по истиот професионален пат и да се залагаме за континуирано усовршување на тимот и константно подобрување и збогатување на понудата со нови техники и третмани во интерес на бројните задоволни пациенти - клиенти. XX Ако се свртите наназад, кој е вашиот најголем успех кој ве прави најмногу горди и што ве одвојува од другите на пазарот? По многу нешта сме единствени на пазарот. Најпрво по двојната дејност која ја извршуваме, а тоа е дерматовенерологија и естетско корективна дерматологија. Потоа по комплетноста во понудата во двата сегменти односно по дијагностичките и тераписките можности на сите кожни заболувања, како и многу широка палета третмани за лице, тело и коса, на која ни е оддадено признание од
колегите од многу светски центри кои дошле во посета на нашата ординација. Горди сме на врвната технологија, ласери, третмани, кои секогаш први ги промовираме, а не ретко остануваат и единствени во нашата земја, како и на бројните едукации кои ги обавуваме надвор од нашата земја. Горди сме исто така и на тимот кој го градевме сите овие години со кој е вистинско задоволство да се работи заради посветеноста и залагањата на секој поединец. Сметам дека наш најголем успех се големиот број пациенти и клиенти кои ја посетуваат нашата ординација, за кои постоиме и за кои се трудиме да сториме се што можеме за успешно да ја решиме нивната кожна состојба. XX кои третмани се најпопуларни? Што најмногу користат и за што најмногу ве консултираат жените, а за што мажите во Македонија? Кога се во прашање болестите на кожата подеднакво помош бараат жените, мажите и децата. Естетските процедури пред една деценија кога
почнавме со работа беа повеќе резервирани за жените и тоа најповеќе се бараше ласерската епилација на влакна. Сега рамнотежа е постигната и со процедурите за корекција на брчки и ремоделирање на лице со ботокс и различни филери исто колку и ласерската епилација за која не стивнува интересот. Мажите се се повеќе присутни и ги прават истите процедури, во малку помал број од жените. Мажите повеќе бараат третмани за одржување на косата и спречување на нејзино опаѓање, како и отстранување на разни кожни израстоци со радиобранова техника. Пред неколку месеци ја надополнивме палетата на ласерски третмани со неколку нови техники: освежување на лице со Clearlift, нов ласер за топење на масти и целулит, ласерско отстранување на тетоважи, ласерско третирање на габични инфекции на нокти и третирање на попуштени вени и капилари кои исто така се доста барани третмани. XX Што е она што ќе им го препорачате на нашите читатели? На читателите на Вашето реномирано списание им препорачувам грижата за здравјето и убавината на нивната кожа да ја препуштат на тимот дерматовенеролози на ординација др Анчевски. Било да е во прашање медицинска состојба на кожата или естетски проблем, секогаш ќе ви биде дадено соодветно стручно мислење и предложено индивидуализирано решение за Вашата состојба. nnn
ПетруШевскА: ИнвестИрАње во новИтетИ е нАША орИентАцИјА
www.kapital.mk
Капитал број 856 25.03.2016
54
лидери
Брајан ектон ко-основач на Whatsapp
ние сме најнетипичниот стартап што може да го најдете
р
Работел во Yahoo, па бил одбиен од Facebook. Потоа, заедно со Јан Кум го основаат WhatsApp, стартап, односно апликација за праќање пораки преку мобилен телефон. За неполни пет години,
ја продаваат WhatsApp, погодете кому? На Facebook! За 19 милијарди долари! Да видиме што има да каже Брајан Ектон, очигледно паметен инженер и претприемач.
Ние сме најнетипичен стартап од Силиконската долина што може да го сретнете. Го формиравме триесет и кусур годишници, се фокусиравме на бизнис одржливост и приходи наместо на брз раст, и речиси цело време бевме инкогнито
Традиционалните SMS пораки се за никаде. Мртва технологија, налик на некаква факс машина од 70-те, што служи како крава молзница за телеком операторите
Да, бев голем математички и компјутерски ‘бубалица’. Секогаш ме привлекуваше схоластичката страна на нештата. За мене, најважно беше да знам што може да се направи со математиката и компјутерите
Ние сакаме да знаеме што помалку за нашите корисници. Не го знаеме нивното име, полот...Го дизајниравме нашиот систем да биде што поанонимен. Не сме фокусирани кон реклами, така што не ни требаат бази со лични податоци на луѓето
Да си имаш работа со реклами е депресивно. Не му го правиш некому животот поубав со тоа што ќе направиш рекламите да имаат поголем ефект
За мене особено беше важно да завршам факултет. Во моето семејство јас бев еден од првите со диплома. Ниту мајка ми, ни татко ми немаа завршено факултет
Ние не сакавме да направиме апликација со која што ќе најдете некој чудак и ќе си правите муабет. Не нè интересира тоа. Ние се грижиме за вашите интимни врски, со блиските луѓе