857 kapital magazin

Page 1

КАПИТАЛ АНАЛИЗА

МАРКЕТИНГ ЗА СТАРТАПИ

КОЈ ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА?

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ПАРИ СО ТРИК?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

СВЕТ

КОЛКУ НОВАТА РЕАЛНОСТ ПО НАПАДИТЕ ЌЕ ЈА ПРОМЕНИ ЕВРОПА?

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

ИВАН ШТЕРИЕВ главен извршен директор на Македонска берза

20 ГОДИНИ

МАКЕДОНСКА БЕРЗА

EXCLUSIVE

АЛЕХАНДРО ПЛАТЕР ГЛАВЕН ИЗВРШЕН И ГЛАВЕН ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР НА ТЕЛЕКОМ АВСТРИЈА

НОВАТА МОБИЛНА МРЕЖА НА ОНЕ.ВИП ЌЕ БИДЕ НАЈДОБРА ВО ЦЕЛАТА НАША ГРУПАЦИЈА!

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА

КАКО СЕ СОЗДАВААТ БРЕНДОВИ ВО ИНДУСТРИЈАТА ТРАДИЦИОНАЛНО ПОЗНАТА ПО НИСКАТА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ? САМО КВАЛИТЕТ + ЗНАЕЊЕ + ИНВЕСТИЦИИ МОЖЕ ДА Е ЕДНАКВО НА БРЕНД

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА БРОЈ 857 | ЦЕНА 100 ДЕН. 1 АПРИЛ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

ГОДИНА НА РАСТ ЗА ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ: КАКО ДА СЕ ЗАДРЖИ ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД?

ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКАТА КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА АКО СЕ САКА МОЖЕ ДА СЕ ИЗВЕЗУВА И ВО ДУБАИ И АВСТРАЛИЈА

ГОДИНА НА РАСТ ЗА ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ: КАКО ДА СЕ ЗАДРЖИ ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД?

БИЗНИСОТ БАРА РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО!



3

Капитал број 857 01.04.2016

СОдРжИНА

06 04

НАВИГАТОР

06

Cover story

12 16 18

Се намалува бројот активни фирми во индустријата, трговијата и земјоделието Невработеноста на историски најниско ниво – статистика или реалност Кој вработува во Македонија?

ИНТеРВју

АлехАНдРО ПлАТеР

главен извршен и главен оперативен директор на Телеком Австрија

Новата мобилна мрежа на оне.Вип ќе биде најдобра во целата наша групација!

кАПИТАлНО

БИљАНА ЗдРАВкОВСкА СТОјчеВСкА Македонија вработува

кОМПАНИИ И ПАЗАРИ 20 години од првиот удар на ѕвоното на Македонската берза

46 24 32 37

ИНТеРВју ИВАН ШТеРИеВ

главен извршен директор на Македонска берза за

52 46

кОМПАНИИ И ПАЗАРИ

49

ИСТРАжуВАње

52

СВеТ

58

лИдеР

20 години Македонска берза Го продолжуваме развојот со регионална интеграција

луѓе И кОМПАНИИ еден поинаков маркетинг за стартапи Growth hacking како да направите пари со трик

СПецИјАлеН ПРИлОГ кОНЗеРВНА ИНдуСТРИјА n Година на раст за

преработувачите на зеленчук и овошје Како да се задржи позитивниот тренд? n како се создаваат брендови во индустријата традиционално позната по ниската додадена вредност? Само квалитет + знаење + инвестиции може да е еднакво на бренд

”дуални принципи“ во образованието ќе им помогнат и на учениците и на бизнис заедницата Бизнис заедницата бара образование според потребите на бизнисите клуб на истражувачи Промовирани уште две нови истражувања во Народната банка Je suis Charlie, Paris, Bruxellois ... Колку „новата нормалност“ ќе ја поремети Европа? РИд хАШТИНГС

извршен директор во Netflix

Многу идеи на почетокот звучат луди и глупави, но на крајот се добри!

кОј ВРАБОТуВА ВО МАкедОНИјА?

едеН ПОИНАкОВ МАРкеТИНГ

Македонската статистика лани измери дека невработеноста во земјава падна на историски најниско ниво, а се отвориле нови 15.803 работни места само за една година. Стапката на невработеност од 26,1% во 2015 година, иако висока во светски рамки, за Македонија е досега најниска. Анализираме на што се должи ова намалување на невработеноста.

Дефиниран како термин пред 5-6 години, “growth hacking” или “хакирање на растот“ е маркетинг алатка што стартапите, особено од технолошката сфера, сè повеќе го користат. Основното правило: се промовираат продуктите или услугите на една компанија со мал буџет користејќи иновативни алтернативни начини - социјалните медиуми и виралниот маркетинг.

Европа ќе се обиде да смогне сили за да остане каква што е, да си ги зачува граѓанските слободи да не се затвораат поединечните држави, да не донесе на власт националисти/популисти... Европа по Брисел не може да живее спокојно дека барем до утре ќе биде безбедна - во неа е на сила, како што ја нарекоа медиумите, „новата нормалност“ под закана од следни терористички напади.

XX Стр. 6

XX Стр. 32

XX Стр. 52

НОВА НОРМАлНОСТ

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 31.03.2016


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

4 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

НАЈПлАТеНА ПРОФеСИЈА ВО ЗеМ

> БРОЈКА

38,3% e зголемено производството на краставици за минатата 2015 година споредбено со 2014

МИлОш ЗеМАН

Чешка се ослободи од политичкото влијание на САД и ЕУ за повторно да стане независна земја. Сега сами ја формираме својата надворешна политика врз основа на нашите сопствени интереси.

претседател на Чешка

Р

еалната нето плата во јануари била за 1,9% повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Според овие податоци, во јануари просечно била исплатена плата од 22.254 денари. По одделни сектори, раст од 14,5% е евидентиран кај платите во земјоделството, 8,7% во градежништвото, 5% во рударството, 4,3% во трговијата, 3,3% во преработувачката индустрија. Според висината на исплатените просечни плати во јануари, најплатени со месечни примања од 45.051 денари биле вработените во секторот маркетинг

и покрај раСтот на економијата

Се намалува бројот активни индуСтријата, трговијата и з

в

Во Македонија изминатата 2015 година имало 70.139 активни фирми и нивниот број за една година е намален за 520, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Бројот на активните фирми во Македнија е во постојан пад изминатите три години, а минатата година имало најмалку активни фирми во изминатите пет години. На пример, во 2011 година во Македонија имало 73.118 активни фирми, следната 2014 година бројот на активни фирми се зголемил на 74.240, за да после почне да опаѓа три години по ред. Па така лани во Македонија имало 2.979 помалку активни фирми во споредба со 2011 година. Најголем број на фирмит има во трговијата на големо и мало, каде лани имало 23.843 фирми. Во трговијата има и најголемо намалување на бројот на фирми, па бројот на активни фирми кои работат во трговијата лани е намален за 831 за една година, а

бројот на активни фирми во преработувачката индустрија, трговијата и земјоделието во 2015 година е најмал во изминатите пет години. во споредба со 2011 година е помал за 3.625. Втора е преработувачката индустрија каде лани работеле 7.639 активни фирми. И кај преработувачката индустрија има континуиран пад на бројот на активни фирми, па така бројот на фирмите во оваа дејност лани е помал за 516 фирми во споредба со 2011 година, односно за 36 во споредба со претходната 2014 година. Трета дејност со најмногу активни фирми во Македонија е транспортот и складирање, каде лани работеле 5.820

фирми. И тука има континуиран пад на активните фирми во изминатите пет години. Бројот на активни фирми во оваа облкаст лани бележи пад од 99 за една година, односно за 560 фирми за период од пет години. Континиурано намалување има и кај бројот на активните фирми во земјоделието, каде на крајот на 2015 година работеле 2.827 фирми, чиј број е намален за 15 за една година, односно за 136 во споредба со 2011 година. Најгололемо зголемување на брјот на активни фирми има кај стручните,


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

5

мЈава стана маркетинГ менаЏер и истражување на пазарот. Во воздухопловниот транспорт, просечната плата во јануари е 43.851 денари, во финансискиот сектор 42.478 денари, додека пак компјутерските програмери во јануари со просек заработувале по 41.120 денари. Најмалку платени во земјава според податоци за просечните плати во јануари се вработените во кожарската индустрија со месечни примања од 11.187 денари, потоа во текстилната индустрија со плата од 11.926 денари, во дрвната индустрија со 13.519 денари, хигиеничарите одржувачи на згради со 13.746 денари и вработените во ресторани и сендвичарници каде што се служи храна со плата од 14.157 денари.

мисла на неделата

> БрОЈка

30%

не треба за сите наши денешни проблеми да ја обвинуваме глобализацијата. таа сепак е само плод на развојот на технологијата и правилните идеи

e намалено производството на пченица во 2015 година. ова го покажуваат споредбените податоци на државниот завод за статистика.

Џефри Сакс американски економист

лидери

и фирми во земјоделието

ПаПата Францис

Доследен на хуманите пораки што не престанува да ги испраќа, папата им ги изми и бакна нозете на бегaлците по примерот на Христос

2013

70.139

71.290 2012

70.659

2011

74.424

73.118

Вкупно број на активни фирми

2014

2015

мате римац

Хрватскиот Илон Маск наскоро ќе почне соработка со Apple со тоа што ќе изработи електричен автомобил за потребите на оваа компанија

Број на активни фирми по дејности 2011

2012

2013

2014

2015

27.468

27.307

25.429

24.674

23.843

Преработувачка индустрија

8.155

8.251

7.918

7.675

7.639

Транспорт и складирање

6.380

6.445

6.095

5.919

5.820

Градежништво

4.400

4.541

4.322

4.349

4.429

Земјоделство, шумарство и рибарство

2.963

3.072

2.866

2.842

2.827

Трговија на големо и мало

научни и технички дејности, каде лани работеле 6.261 фирма, што е раст од 166 за една година, односно за 892 за период од пет години. Зголемување на бројот на активни фирми има и кај администривните и помошни услужни дејности, каде на крајот на 2015 година работеле 1.552 фирми, што е зголемување за 234 фирми за период од пет години. Ако се анализираат фирмите во Македонија според бројот на вработени, тогаш дури 90% од фирмите имаат до помалку од 10 вработени. Дури 80%

Извор: Државен завод за статистика

од активните фирми имаат од 1 до 9 вработени, само 231 фирма имаат повеќе од 250 вработени, а дури 7.329 фирми во Македонија се со нула вработени. Според критериумите на Државниот завод за статистика во активни фирми се вбројуваат сите оние фирми кои имааат некаква економска активност или вработени, односно сите оние фирми кои поднеле годишна сметка до Централниот регистар и сите новоформирани фирми кои во изминатата година имале некакви активност или вработени. nnn

не им беше неделата

владимир Путин

Од кабинетот на Путин најавија дека западните медиуми започнуваат хајка против рускиот претседател

Оливер сПасОвски

За министерот во скопскокумановскиот регион немало акција и покрај тоа што граѓаните беа видно вознемирени од присуството на специјалците


6 COVER STORY: Капитал број 856 25.03.2016

COVER STORY

НЕВРАБОТЕНО СТАТИСТИКА www.kapital.mk

МАКЕДОНИЈА СО НАЈНИСК

С

тапката на активност го претставува учеството на населението кое работи или активно бара работа во вкупниот работоспособен контингент, кој пак го сочинува населението со возраст од 15 до 64 години. Стапката на активност во Македонија е ниска во европски рамки. На пример, просекот во ЕУ изнесува 71,8%, додека стапката на активност во Македонија лани изнесуваше 57%, што е една од најниските во ЕУ. Ако се гледа наназад, стапката на активност е намалена во споредба со 2014 година, кога таа изнесувала 57,3%.

КОЈ ВРАБОТ ВО МАКЕДО


ОСТА НА ИСТОРИСКИ НАЈНИСКО НИВО 7 КОЈ ВРАБОТУВА А ИЛИ РЕАЛНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА www.kapital.mk

Капитал број 856 25.03.2016

КА СТАПКА НА АКТИВНОСТ ВО ЕВРОПА

10.859

Шведска 81,50%

Словенија 70,90%

Романија 65,70%

Полска 67,90%

Хрватска 66,10%

Грција 67,40%

Ирска 69,80%

Естонија 75,20%

Германија 77,70%

Чешка 73,50%

13.453

Бугарија 69,00%

Македонија 57,00%

е зголемен бројот на вработени во преработувачката индустрија за изминатите 5 години

ТУВА ОНИЈА?

лица се вработиле во трговијата за само една година

3.793

се намалил бројот на вработени во земјоделието за само една година

12.737

е зголемен бројот на вработени во градежништвото за пет години

9.762

е зголемен бројот на вработени во јавната управа и одбрана за една година

57 %

е стапката на активност во Македонија, што е меѓу најниските во Европа

19%

од вкупно вработените работат во преработувачката индустрија

60.906 работни места се отворени во последните пет години

42,10%

е стапката на активност во Македонија, што е една од најниските во Европа

26,1%

е стапката на невработеност во 2015 година, што е најниска досега стапка

22.000 работни места се креирани во изминатите две години со владините мерки

Статистиката покажа дека македонската невработеност лани била историски најниска од независноста па досега. Само лани бројот на невработени за е намален за 19.876, што е рекордно годишно намалување на бројот на невработени, додека истата година во Македонија се отворени нови 15.803 работни места. Ако се знае дека вработувањата во преработувачката и земјоделието се намалени, а во трговијата лани се вработиле 13.453 лица, што е трипати повеќе отколку сите вработувања во претходните четири години, тогаш станува појасно кој и како вработува во Македонија.


www.kapital.mk

Капитал број 856 25.03.2016

8

cover story

Р

Н

Марјан Петрески

професор на Американ Колеџ

амалувањето на невработеноста се должи во еден дел на генерираните нови работни места, главно од странските фабрики, а во еден друг голем дел се должи на субвенционираните вработувања на млади и повозрасни лица, каде што веројатно станува збор и за формализација на постојни работни места.

М пишува:

Биљана Здравковска - Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Македонската статистика лани измери дека невработеноста во земјава падна на историски најниско ниво. Стапката на невработеност од 26,1% во 2015 година, иако висока во светски рами, за Македонија е досега најниска. На што се должи ова намалување на невработеноста? Дали македонската економија навистина го надминува еден од најголемите структурни проблеми? Дали македонската индустрија конечно почна да вработува и да го зголемува производството? Дали новите работни места кои ги создаваат странските инвеститори го менуваат македонскиот пазар на работна сила? Или, пак, ова намалување е резултат на дарежливите субвенции кои државата ги дава за вработување? Капитал ги анализираше бројките за вработеноста и невработеноста во Македонија во изминатите пет години, и консултираше повеќе експерти за подобро да објасниме на што се должат овие трендови и да дадеме одговор кој

Влатко Поповски

директор на Агенција за вработување

вработува во Македонија.

Каде се отвораат работни места?

во преработувачката и н д ус т р и ј а л а н и се спореди со бројот на луѓе кои работеле во оваа дејност во 2011 година, тогаш излегува дека за периодот од пет години во преработувачката индустрија се отворени 10.859 лица. Ако се земе предвид дека во преработувач-ката индустрија влегуваат речиси сите вработувања во фабриките кои ги отворија странските инвеститори во зоните, тогаш зголемувањето на бројот на вработени во оваа дејност од само 10.859 лица за само пет години е многу мал и упатува на заклучок дека освен зголемените вработувања кај странските инвеститори, во останатиот дел од компаниите од преработувачката индустрија има постојано намалување на вработеноста и отпуштања на работници. Уште еден поразителен заклучок се добива ако зголемувањето на бројот на вработени во преработувачката индустрија за пет години од само 10.859 лица се спореди бројот на вработени во јавниот сектор, кој за пет години е зголемен за 9.762 лица. Што значи дека јавната управа отвора речиси исто работни места како и преработувачката индустрија, во кои влегуваат сите клучни индустрии. Годишен пад на вработувањата има и кај земјоделието. Лани бројот на вработени во земјоделие за само една година е намален за дури 3.793, што е најголемо намалување на вработени во сите дејности лани. Бројот на вработени во земјоделието лани е најмал во изминатите три години и се намалува трета година по ред. Најголемо зголемување на бројот на вработени има во трговијата. Лани во оваа дејност биле вработени 102.284 лица, што е зголемување од 13.453 само за една година. Ако се спореди со вкупното зголемување на бројот на вработени кој лани изнесувал 15.803, излегува дека најголемиот дел се токму во трговијата. Ланското зголемување во трговијата е најголемо во споредба со изминатите пет години. Имано, од 2011 до 2014 година во трговијата се отвориле вкупно 4.142 работни места. Тоа значи дека ланската 2015 година во оваа дејност има невообичаено

аботодавачите во изминатите две години ги користеа и поволностите за вработување на млади лица до 29 години, како и поволностите за вработување преку проектот ‘Македонија вработува’. Во изминатите две години со овие два проекти се креирани повеќе од 22.000 работни места.

Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија лани имало вкупно 705.991 вработени, што е зголемување за 15.803 за една година. Вкупниот број на невработени лани пак е намален за 19.876 лица, со што на крајот на 2015 година вкупниот број на невработени достигна 248.933. Овие бројки покажуваат дека лани бројот на невработени е намален повеќе отколку што се отвориле работни места. Ако се гледа по индустрии најголем број од вработените лица дури 20% или вкупно 136.475 работат во преработувачката индустрија. Втора дејност со најмногу вработени е земјоделието каде се вработени 123.456 луѓе или дури 17,5% од вкупниот број на вработени во земјава. Според податоците од статистика, 555.759 од вработените се во фирми во приватна сопственост, додека 159.999 се во фирми во друга сопственост. Во трговијата на големо и мало, пак, лани работеле 102.284 луѓе, што е 14,4% од вкупно вработените во земјава. Јавната управа и одбраната се четврта дејност која најмногу вработува, каде на крајот на 2015 година работеле 53.295 луѓе, или 7,55% од вкупно вработените. Интересни податоци се одбиваат ако се спореди и анализира како се движел бројот на вработени во овие дејности во споредба со претходната 2014 година, но и во изминатите пет години. На пример, бројот на вработени во преработувачката индустрија во споредба со претходната 2014 година е намален за 229. Ако бројот на вработени



www.kapital.mk

Капитал број 856 25.03.2016

10

cover story

ВРАБОТЕНИ ВО 10 ДЕЈНОСТИ КОИ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВААТ Дејност

2.011

Преработувачка индустрија Земјоделство, шумарство и рибарство Трговија на големо и трговија на мало Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување

125.616 118.065 84.689 43.533

2012

2013

2014

2.015

122.557 133.557 136.704 112.504 129.391 127.249 92.742 94.483 88.831 44.894 45.930 51.092

136.475 123.456 102.284 53.295

Вработени Промена од 2015 2015/2011 /2014 10.859 -229 5.391 -3.793 17.595 13.453 9.762 2.203

Градежништво Образование Транспорт и складирање Дејности на здравствена и социјална заштита Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

37.696 42.794 28.882 34.180 23.685

43.892 43.110 33.937 36.922 25.541

47.647 40.562 36.604 38.485 23.063

49.663 40.601 38.499 35.367 26.025

50.433 42.389 39.279 37.470 26.509

12.737 -405 10.397 3.290 2.824

770 1.788 780 2.103 484

Други услужни дејности

12.248

13.855

10.059

11.011

15.032

2.784

4.021

Вработеност и невработеност во Македонија во изминатите пет години 2011

2012

2013

2014

2015

Активно население

940.048

943.055

956.057

958.998

954.924

Вработени

645.085

650.554

678.838

690.188

705.991

Невработени

294.502

292.502

277.219

268.809

248.933

Стапка на вработеност

38,90%

39,00%

40,60%

41,20%

42,10%

Стапка на невработеност

31,40%

31,00%

29,00%

28,00%

26,10%

Стапка на активност

56,80%

56,50%

57,20%

57,30%

57,00%

1.673.494

1.676.659

Вкупно работоспособно население

1.656.215

1.669.965

1.672.460

Извор: Државен завод за статистика

зголемување на вработувањата од дури 13.453, што три пати повеќе отколку што се отвориле за четири години претходно. Според експертите, зголемувањето на вработувањата во трговијата се резултат на владините субвенционирани вработувања. “Намалувањето на невработеноста се должи во еден дел на генерираните нови работни места, главно од странските фабрики, а во еден друг голем дел се должи на субвенционираните вработувања, на млади и повозрасни лица, каде што веројатно станува збор и за формализација на постојни работни места. Тоа јасно може да се забелжи од две тенденции во последните податоци од анкетата за работна сила: прво, стапките на невработеност на младите и повозрасните лица забележуваат поголемо намалување, односно динамика која не била претходно толку нагласена; и второ, на годишно ниво, падот на невработеноста е најголем во секторот трговија, што е најкарактеристичен сектор по неформални вработувања, односно сива економија”, вели Марјан Петрески. Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување смета дека намалувањето на невработеноста е резултат на политиките за вработување насочени кон отворање на нови работни места и на отворените нови работни места од странските и домашните компании. “Стапката на невработеност во четвртиот квартал од 2015 година од 24,6% укажува на позитивните ефекти од реализацијата на политиките за вработување, насочени кон отворање на нови работни места, позитивните ефекти кои ги даваат новокреираните работни места од страна на домашните компании и странските инвеститори, како и зголемената соработка

меѓу странските и домашните компании која дополнително ја поттикнува потребата од нова работна сила”, вели Поповски. Во изминатиот период, поточно во периодот од 2007 година од кога се спроведуваат годишните оперативни планови за активни програми и мерки за вработување, отворени се околу 47.000 работни места, вели Поповски. Овие вработувања се реализирани како резултат на активните програми и мерки за вработување, како што се самовработување, субвенционирање, различни програми кои водат до подигање на вештините на невработените лица заради нивно побрзо вработување, како обуки, практикантство, обуки за напредни ИТ вештини и др. Според Поповски, интересот за учество во владините програми за вработување голем, за што покажуваат и постигнатите резултати. На пирмер, со програмата „Самовработување“ од 2007 до 2015 година се регис трирани 7.722 нови правни субјекти, а се вработени 7.912 лица. Со „Самовработување со кредитирање“ од 2008 година се регистрирани 3.595 нови правни субјекти, вработени се 5.625 лица, од кои 1.327 се индивидуални земјоделци. Со програмата „Субвенционирано вработување“ од 2007 година се постигнати 5.937 нови вработувања. Поповски објаснува дека работодавачите во изминатите две години ги користеа и поволностите за вработување на млади лица до 29 години, како и поволностите за вработување преку проектот Македонија вработува, кој стартуваше во април 2015та година, како проект за дополнително раздвижување на економијата, отворање нови работни места за луѓе на различна возраст и со различен статус, преку поддршка од државата со намалување

вработување.

н а т р о ш о ц и те з а работа. “Во изминатите две години со проектот Македонија вработува и Вработување на млади лица до 29 години, креирани се повеќе од 22.000 работни места”, објаснуваат од Агенцијата за

Иселувањето ја намалува и невработеноста ?!

По објавувањето на бројките за историски најниска невработеност, се погласни се дебатите дека невработеноста се намалува заради забрзуваното иселување од Македонија. Вистина е дека никој точно не знае колку луѓе има во Македонија., Оттука, сите експерти кои ги консултиравме велат дека без попис не може точно да се одреди колку намалената невработеност се должи на намалениот број на население кое живее во Македонијa, заради сè помасовното иселување од земјата. Пред неколку месеци Еуростат објави дека во последните 13 години од Македонија си заминале 230 илјади граѓани, кои имаат регулиран престој во странство. Но, тој број сигурно е поголем бидејќи има и иселени кои живеат во странство без регулиран престој. Според професорот Петрески, таков заклучок не може да се изведе така лесно, бидејќи едно невработено лице кое би се иселило, излегува и од невработените и од активните лица. “Бидејќи стапката на невработеност е количник од тие две категории, произлегува дека иселувањето нема значајно да влијае на тој количник.Сепак, ако методолошки, пресметувањето на бројот на невработени и брјот на активни од ниво на анкета на ниво на популација се разликува, тогаш има простор иселувањето да влијае врз стапката на невработеност на статистички значаен начин.Затоа, за да ова се разреши, мора да спроведеме попис. Ниедна анкета не може да биде замена за податоци добиени со попис”, вели Петрески. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

12

Интервју

АлехАндро ПлАтер главен извршен и главен оперативен директор на телеком Австрија

нашата компанија во Македонија, оне.вип, интензивно работи на изградба на нова мобилна мрежа која ќе им овозможи на корисниците најдобра покриеност и достапност на 4G LTE услуги на целата територија на земјата до крајот на 2016 година. За таа цел инвестираме многу, најголема сума што сме ја инвестирале во една година досега во Македонија. До крајот на годинава преку 90% од нашите корисници ќе бидат покриени со 4G мрежа, а тоа ќе биде најдобрата 4G LTE мрежа во рамки на сите пазари на телеком Австрија! разговара:

Н

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

а 1 oктомври минатата година македонскиот телекомуникациски пазар доживеа нова етапа во развојот. Се формираше новата телекомуникациска компанија оне.Вип како резултат на спојувањето на двата оператори на пазарот, Оне и Вип. Телеком Австрија Групацијата, сопственикот на Вип,

поседува 55% и целосна контрола врз новата компанија, а деновиве во Скопје престојуваше г. Алехандро Платер, првиот човек на групацијата со седиште во Виена. Капитал имаше ексклузивна можност да разговара со Платер, кој што ги држи двете топ менаџерски позиции - главен извршен и главен оперативен директор во Телеком Австрија, компанија со приходи поголеми од 4 милијарди евра годишно, која пак од пред две години, беше купена од Америка Мовил, телекомуникациски гигант во сопственост на Карлос Слим, мексиканскиот бизнисмен кој што е еден од најбогатите луѓе на светот.

XX вие дојдовте на средината од 2015 на чело на телеком Австрија, финансискиот извештај за 2015 покажа знаци на стабилизација за групацијата по неколкугодишниот пад на приходите и профитот. на што првенствено се должеше ова закрепнување? Минатата, 2015, беше година на интензивни промени и раст за Телеком Австрија Групацијата. Имавме тежок пат, требаше да се направи многу за да се справиме со промените во опкружувањето. Но, сепак Телеком Австрија Групацијата ги има своите предности кои произлегуваат


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

13 24% и изнесуваше 3.4 милиони корисници. Исто така, свој придонес имаа и големата побарувачка на широко - појасни услуги и постојаниот раст на користењето на податочни услуги и во мобилниот сегмент, солидниот раст од 4% и опслужување на речиси 21 милион корисници. Корисниците на ТВ услуги покажа стапка на пораст од 7% достигнувајќи до 1.1 милиони корисници. Се на се, Телеком Австрија Групацијата, за првпат во историјата се искачи во број на корисници над 24 милиони. Овој успех можеше да се исполни благодарение на сите вработени во Групацијата. Сепак, нашата индустрија моментално се соочува со огромни предизвици на глобално ниво. Затоа, ние мораме да инвестираме во инфраструктура, нови технологии и знаења и вештини за да се движиме понатаму. Ова бара и солидна финансиска основа, а пред сè, понатамошен раст.

од партнерството со Америка Мовил, како на корпоративно, така и на ниво на акционери. Резултатите во 2015 година покажаа дека нашите напори се исплатеа, бидејќи бевме во можност да прикажеме нето профит од околу 400 милиони евра за целата 2015 година, со највисок нето профит од 2010 година наваму - не само што направивме пресврт, туку и двојно ги зголемивме резултатите оттогаш, со што постигнавме најдобар сет од годишни резултати во минатите пет години. Зголемувањето на приходите и споредбената ЕБИТДА беа резултат на нови корисници, подобри продукти – особено на страна на фиксните услуги, како и заради оперативната ефикасност. Кон тоа, заедничката платформа со Америка Мовил и синергиите при преговорите за набавки, финансиската поддршка и меѓународната експертиза, исто така, во голема мерка го поддржаа успехот. Значаен придонес за нашиот раст во 2015 година дојде од страна на сегментот на фиксни услуги, при што беше постигнато зголемување од

XX Што очекува од вас мнозинскиот сопственик на Телеком Австрија, какви резултати треба да испорачате следните три години? Кои ќе бидат вашите клучни стратешки потези за да ги остварите тие резултати? Нашата цел е да станеме релевантен играч во Европа, а нашиот раст ќе се заснова на три стратешки столба. Во основа, најпрво зборуваме за тоа да бидеме најдобри во нашиот основен бизнис со тоа што ќе и понудиме повеќе услуги на нашата постојна корисничка база, преку фаворизирање на нашата конвергентна стратегија и искористувајќи го целиот наш потенцијал. Напорно ќе работиме и на креирање на ново портфолио каде ќе се обратиме не само на поединечниот корисник, туку на целото домаќинство, задоволувајќи ги сите комуникациски потреби на сите членови на домаќинството. Исто така ќе работиме попосветено и на cloud решенијата за нашите корисници. Дирекцијата во Виена, ја гледам како еден вид на иновациски инкубатор со цел да ги рашириме иновациите низ Европа. Ќе имаме големи инвестиции во ширoко - појасниот интернет, модернизација на податочниот центар и на мобилната мрежна инфраструктура, како и на модернизација на главниот бизнис во фиксниот сегмент, мобилниот бизнис и ТВ услугите и сите наши корисници ќе имаат придобивки од тоа. И секако, ова се столбовите за нашиот органски раст, но исто така ги разгледуваме можностите за раст преку спојувања и аквизиции, кои имаат за цел да обезбедат конвергентност на сите наши пазари, како и да обезбедат проширување и раст во регионот на Централна и Источна Европа. И последно, но не и неважно, нашата клучна стратегија продолжува – а тоа е извршување (еxecution). Нема да правиме големи промени во стратегијата во наредните години. Треба да стануваме подобри и поефикасни секој ден – не како програма, туку како дел од нашата корпоративна култура и како дел од ДНК на сите наши вработени.

оне.Вип гради и супериорна фиксна и кабелска мрежа

П

окрај супериорна нова мобилна мрежа, корисниците на оне.Вип ќе добијат и најмодерната кабелска технологија и најдобро искуство во фиксните услуги. Новата кабелска ТВ технологија, HFC Docsis 3.3. ќе понуди 2.5 пати поголеми брзини од 300 Mbp/s, а до крајот на оваа година очекуваме истата да биде достапна за 85% од домаќинствата каде Близу има своја инфраструктура. XX Какви се вашите прогнози во врска со европскиот телекомуникациски пазар на краток и среден рок: кога ќе почне повторно да расте оваа индустрија во поглед на приходи, добивки, итн.? Телекомуникациската индустрија во основа, во текот на минатите години и денес, се соочува со предизвиците на огромен раст на податочниот волумен и корисничките побарувања за истото, а моменталната инфраструктура треба дополнително да се развива и бара огромни инвестиции за да им излезе во пресрет и да ги задоволи овие кориснички побарувања. Еден од најголемите предизвици ќе биде употребата на податочни волумени заради cloud услуги, видео преноси и М2М (machine-to-machine, т.е. Internet of things - Интернет на нештата). Во 2018 година, ќе има повеќе од 10 егзабајти (10 милијарди гигабајти, н.з.) волумен на податочен сообраќај месечно само во Австрија. Европскиот телекомуникациски пазар е исто така во специфична состојба бидејќи не е консолидиран, што значи лимитирани се капацитетите за инвестиции кои би ги задоволиле барањата за нова инфраструктура. Европскиот континент има околу 150 мобилни оператори. Во исто време корисниците и економскиот развој се споредливи со оние во САД. Сепак, таму има помеѓу три и шест оператори. Затоа, телекомите во САД можат да имаат обем кој ги прави поконкурентни и им дозволува да реализираат големи инвестиции. Тоа е и причината зошто околу 95% од иновациите доаѓаат од САД, како што може да видиме од бројните примери – Фејсбук, Гугл, Убер итн. Да се постигне голем обем со 150 оператори е невозможно. Затоа, пазарот треба да биде консолидиран со неколку оператори, но навистина големи. Само во тој случај, може да создадеме екосистем и да го поттикнеме степенот на иновации. Во моментот ова речиси и не постои во Европа. XX Што треба да донесе кластерското организирање на операциите што се случи минатата година во рамки на Телеком Австрија групацијата во Адриа регионот, кога Македонија и Хрватска влегоа


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

14

Интервју

4G ги поврзува луѓето, 5G ќе ги поврзува машините XX Неодамна Cisco излезе со процени дека до 2020 година, повеќе луѓе на планетава ќе имаат мобилен телефон, одошто струја во домовите. Ние во Македонија се уште не ја искористивме ниту 4G мрежата целосно, а во Европа веќе се зборува за 5G. Што значи ова? Што може да очекуваме од мобилната технологија во блиска иднина? Дигитализацијата продолжува со зголемено темпо: според предвидувањата до 2020 година ќе има повеќе од 20 милијарди поврзани уреди. Пред две недели, го имавме првиот 5G Show case во Австрија, заедно со нашиот партнер Нокиа. Можам да го кажам ова: 4G LTE е моменталната технологија, а 5G е иднината, која не се насочува толку кон поврзување на луѓето, туку повеќе кон поврзување на машините.

во еден, а Словенија и Србија во друг кластер? Речиси пред една година, почнавме со овој нов организациски модел во Телеком Австрија Групацијата, кој е сличен на организацискиот модел кој успешно функционира во Америка Мовил: помалите компании се управувани во кластери со цел да бидат пофлексибилни, побрзи и прилагодени за понатамошен раст. Овие кластери споделуваат определени услуги за да имаат побрзо време за “маркетирање“, особено преку побрзо воведување на нови продукти. Во пракса, ова значи дека двата конвергентни оператори Випнет и оне. Вип го формираат кластерот Хрватска и Македонија, а двата мобилни оператори Вип мобиле и Си.мобил го формираат кластерот Србија и Словенија. Оваа организациска промена, исто така, донесе и промена во управувањето, со што секој од кластерите е воден од менаџмент тим кој се состои од Главен извршен директор/ Главен маркетинг директор, Главен технички директор, Главен финансиски директор и Извршен директор, кој е одговорен за секојдневниот бизнис во дадената компанија. Правните ентитети на компаниите остануваат како што се. XX Што да очекуваме сега како корисници, откако се случи спојувањето на Оне и Вип во една компанија во Македонија? По консолидацијата, и двата главни оператори ветуваат подобри услуги заради големите инвестиции, но дали тоа ќе значи и повисоки цени? Заедно, го создадовме најсилниот оператор на македонскиот пазар кој ќе продолжи да

Според ова, оваа технолошка инфраструктура одигрува пионерска улога бидејќи овозможува стапки на пренос од еден гигабит во секунда. Првите 5G тестирања почнуваат да се одвиваат во светски рамки, а Европа, Азија и САД се натпреваруваат да го добијат приматот за најуспешни. Денешниот развој, на пример, во областа на роботиката и автономните автомобили, поставува високи барања за мобилната комуникација во однос на меѓусебна интеракција на објектите што 4G технологиите (достапни во денешните мобилни стандарди) не се дизајнирани да ги поддржат. Важна цел на 5G мрежите е минимизирање на латенцијата или времето на одговор кое го бараат апликациите во реално време. Времето за одговор за размена на информации меѓу автономните возила

Има премногу телеком оператори во Европа

Е

вропскиот телекомуникациски пазар не е консолидиран - има околу 150 мобилни оператори, а корисниците и економскиот развој се споредливи со оние во САД. Сепак, таму има помеѓу три и шест оператори. Затоа, телекомите во САД можат да имаат обем кој ги прави поконкурентни и им дозволува да реализираат големи инвестиции и иновации.

им нуди најдобри услуги на корисниците, правејќи го најпосакуван избор за сите наши корисници во Македонија. Оне.Вип постојано ќе работи на тоа да им донесе повеќе вредност на сите – на корисниците, вработените, акционерите, пазарот и општеството во целина. Постојните брендови и продуктни линии остануваат како што се за корисниците во моментот. И покрај предизвиците кои ги носи самата интеграција, тоа исто носи и многу можности за оне.Вип за да понуди нови продукти, услуги и нови содржини, истовремено фокусирајќи се на потребите на корисниците. Компанијата интензивно работи на изградба на нова мобилна мрежа која ќе им овозможи на корисниците најдобра покриеност и достапност на 4G LTE услуги на целата територија на земјата до крајот на 2016 година. За таа цел инвестираме многу, најголема сума што сме ја инвестирале во една година досега во Македонија. До крајот

или интеракции во роботиката треба да биде во рамките на опсегот на милисекунда. Покрај ова, размената на информации меѓу бројни движечки објекти во споредбено тесни простори даваат зголемување на големи податочни волумени во краток временски рок. Затоа, дополнителен критериум за развој на 5G е достапноста на повисоки мулти - гигабити во секунда во мобилна мрежна ќелија. 5G мрежите ќе бидат достапни почнувајќи од 2020 година, но сепак соодветните подготовки се неопходни уште денес. Како водечки оператор во Австрија и важен играч во Европа, Телеком Австрија Групацијата го има предвид технолошкиот развој кој доаѓа, преку забрзано имплементирање на мрежата и понатамошен развој на неопходните мрежни технологии.

на годинава преку 90% од нашите корисници ќе бидат покриени со 4G мрежа, а тоа ќе биде најдобрата 4G LTE мрежа во рамки на сите пазари на Телеком Австрија! оне.Вип исто така интензивно работи и на надградба на својата фиксна мрежа, и корисниците ќе ја имаат најсовремената кабелска технологија и најдобро искуство и во фиксните услуги од најдобриот конвергентен оператор во земјата. оне.Вип сега опслужува над 1.3 милиони корисници со услуги во мобилниот и фиксниот сегмент, интернет и ТВ. Создадовме силна компанија со поголем инвестициски капацитет и со поголем обем, која ќе продолжи да им обезбедува на нашите корисници во Македонија најдобри продукти, услуги и корисничко искуство кое се заснова на врвна технологија. XX Дали консолидацијата на оне. Вип ќе значи и отпуштање на вработени? Локалниот менаџмент најави големи инвестиции во нова мрежа, што значи дека најверојатно ќе бидат потребни и дополнителни кадри во техничките оддели. Но, во секторите каде што има големи преклопувања (администрација, продажба, итн.) неминовно ќе се појави вишок на кадри. Што планирате со нив – отпремнини и сл.? Согласно со обврските објавени при спојувањето, компанијата ќе ги задржи вработените во текот на една година од датумот на спојување (1 октомври 2015г.), така што во моментот немаме отпуштања. Напротив, дури и вработуваме на некои работни места и бараме професионалци во неколку области од

Не застануваме: Телеком Австрија и понатаму е заинтересиран


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

15 кој е алехандро платер?

а

лехандро платер е роден во 1967 година во аргентина. Дипломирал економија на универзитетот во Буенос аирес, а потоа го заокружува своето образование со постдипломски студии во областа на продажба и бизнис развој на Columbia University и Wharton School во саД, како и на London Business School во в. Британија. ја почнува својата кариера во 1991 година како аналитичар за ризици во "Sud America Seguros" пред да се приклучи на тимот на Ericsson во 1997 година како Директор на продажба за аргентина. Набргу потоа ја превзема функцијата раководител на бизнис развој за неколку земји во јужна америка. во 2004 година се сели во седиштето на компанијата во стокхолм, Шведска како директор за продажба на американските пазари. Две години подоцна е назначен за директор на продажба за мексико, а следната година за потпретседател и главен менаџер за големи корисници. од 5 март ,2015 година, алехандро платер е главен оперативен директор на телеком австрија Групацијата, а од 1 август ги превзема одговорностите на Главен извршен Директор и истите ќе ги извршува во наредните три години со можност и за продолжување за уште две. работењето и во оне.Вип и во Близу. Како што најавивме и при спојувањето, компанијата планира да воведе извесни новини во работењето, особено во каналите за продажба, и ќе ни бидат потребни луѓе со соодветни вештини и знаења. Во оваа динамична телекомуникациска индустрија која брзо се менува и во ова опкружување полно со предизвици, сите ние мора да продолжиме да учиме и да ги обновите нашите компетенции. Ќе инвестираме во развој на компетенциите на нашите вработени за да можат да ги пресретнат потребите на телекомуникацискиот бизнис во иднина. XX оне.вип сега како една компанија веќе го престигна најголемиот конкурент во пазарниот удел кај мобилната телефонија, во фиксната и интернетот се уште предводи тој, а во телевизијата борбата е остра. кои ќе бидат адутите на оне.вип за освојување на поголем дел од колачот, особено во сегментите каде повеќе заостанува?

Вистина е дека оне.Вип е лидер во делот на мобилната корисничка база и ќе работиме да го задржиме тоа. Истовремено, силно веруваме дека нашиот дел во фиксниот сегмент, во однос на бројот на корисници и во однос на приходите, може да го зголемиме, па така нашето работење во Македонија ќе биде силно насочено и кон конвергентните услуги. Убедени сме дека сега оне.Вип има капацитет и економија од обем за да обезбеди повеќе можности за инвестиции, со што ќе стане вистински конкурент на доминантниот оператор и по однос на понудата на продукти и по однос на квалитетот. Зборуваме за сериозни инвестиции во инфраструктурни проекти и технологии што ќе донесат бројни придобивки за корисниците. оне.Вип работи на надградба на својата фиксна мрежа, и следната година корисниците ќе ја имаат најмодерната кабелска технологија и најдобро искуство во фиксните услуги од најдобриот конвергентен оператор во земјата. Новата кабелска ТВ технологија, HFC Docsis 3.3. ќе понуди 2.5 пати поголеми

брзини од 300 Mbp/s, а до крајот на оваа година очекуваме истата да биде достапна за 85% од домаќинствата каде Близу има своја инфраструктура. XX До каде е активноста за носење на виртуелен оператор, што оне.вип го има како обврска заради заштита на конкурентноста на пазарот? Процедурата за влез на нов виртуелен мобилен оператор се одвива според очекуваната динамика. Во почетокот на февруари 2016 година, оне.Вип доби одобрение од Комисијата за заштита на конкуренција да склучи договор со партнер – мобилен виртуелен оператор и истиот се потпиша согласно одобрениот текст на договорот. Во тек се подготовки околу реализација на втората фаза која се однесува на имплементација на техничкото решение, со цел најдоцна до средина на годинава виртуелниот оператор да почне со комерцијална работа. оне.Вип е во блиска комуникација со Комисијата за заштита на конкуренција и доследно ги почитува и исполнува наметнатите обврски. nnn

На за спојувања и аквизиции во цеНтралНа и источНа европа


пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Македонија вработува За сите овие вработувања кои се случуваат преку владините субвенции и во фабриките на странците во слободните економски зони, а тоа се најголем дел од сите вработувања во земјава, не се плаќаат никакви придонеси во фондовите за пензиски и здравствено осигурување. Нормално, никој не размислува дека ако некој е ослободен од некоја давачка, некој друг ќе треба да плаќа и за него. Затоа дупките во овие фондови стануваат секоја година се поголеми, заради што државата мора да се задолжува за да може редовно да се исплаќаат пензии и за да може здравството нормално да функционира. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

V

Во американската популарна серија House of Cards, претседателот Френк Андервуд воведе програма America works (Америка вработува) која има за цел да обезбеди масовни вработувања во Америка и да ја намали невработеноста. Планот е годишно да се отвараат по 10 милиони работни места, а за таа цел да се скратат социјалните придонеси, придонесите за здравствена заштита... И додека ова е програма која се спроведува во американска серија, македонските власти уште лани почнаа со вистинска програма за вработување наречена “Македонија вработува”. Дали сличноста е само случајна или навистина овој лик е инспирација за водење политика на некои македонски политичари, можат да проценат оние кои ја гледале оваа серија. Кога беше промовиран овој проект, првиот синдикалец Живко Митревски нарече како пресврт со борбата со невработеноста со кој ќе се вработеле 120.000 невработели лица. Инаку проектот „Македонија вработува“ кој беше презентиран пред една година опфаќа вработување на невработени до 35 години, невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лица постари од 50 години, невработени од ранливи категории граѓани, и лица постари од 58 години. За нивното вработување државата ќе ги покрива придонесите во период од една до шест години, зависно од тоа за која категорија невработени се работи. Да се вратиме на македонската реалност. “Македонија вработува” не е единствена програма со која власта сака да ја зголеми вработеноста во Македонија. Покрај овој проект во изминативе неколку години во Македонија се спроведуваа и уште неколку други активни програми и мерки за вработување, како програма за вработување на лица до 29 години, потоа програми за самовработување, субвенционирање, различни програми за подигање на вештините на невработените лица заради нивно побрзо вработување, како обуки, практикантство, обуки за напредни ИТ вештини... Сите овие мерки се сведуваат на намалување на трошоците на фирмите за да се поттикнат повеќе да вработуваат. Па така, многу фирми во изминативе две години се осмелија да вработат млади луѓе, бидејќи државата за нив ги ослободува од плаќање на придонеси за здравствено и социјално осигурување. Покрај тоа, околу 8 илјада лица досега имаат добиено грантови за самовработување од 3 до 4 илјади евра.


КапиталНО

Од Агенцијата за вработување потврдуваат дека во изминатите две години само со проектите Македонија вработува и Вработување на млади лица до 29 години, се отворени повеќе од 22.000 работни места. Ако на тоа се додадат и самовработувањата преку грантови, таа бројка сигурно е поголема. И така доаѓаме до објаснувањето на бројката што неодамна ни ја соопшти Државниот завод за статистика дека Македонија има најниска невработеност во историјата на независноста. Имено, македонската статистика лани измери дека стапката на невработеноста во 2015 година изнесува 26,1%, а во последниот квартал таа е уште пониска и изнесува 24,6%. На што се должи ова намалување на невработеноста? Ако малку се анализираат податоците од статистика за тоа кој најмногу вработувал во изминативе неколку години, тогаш сликата станува многу појасна. Статистиката покажува дека само лани бројот на невработени е намален за 19.876, што е рекордно годишно намалување на бројот на невработени, додека истата година бројот на вработени во Македонија е зголемен за 15.803 работни места. Вработувањата во преработувачката, земјоделието, транспортот се намалиле, а во трговијата лани се вработиле 13.453 лица, што е трипати повеќе отколку сите вработувања во оваа дејност во претходните четири години. Ако се знае дека трговијата е дејност со најмногу сива економија, тогаш може да се претпостави дека многу фирми се осмелиле да вработат нови луѓе и да ги пријават и официјално да ги вработат своите вработени, бидејќи во следните шест години нема да мора за нив да плаќа придонеси, туку може да им ја плаќаат само нето платата. И секако тука се странските фирми кои отвараат нови работни места во преработувачката индустрија, во која во 2015 година бројот на вработени е намален за околу 200 лица. Тоа значи дека отпуштањата кај останатите фирми од оваа дејност биле поголеми од вработувањата во зоните. Засега никој не знае точно колку ќе ја чини државата проектот Македонија вработува. Пред една година кога беше промовиран овој проект, власта немаше направено таква пресметка, бидејќи тогаш не можело да се знае колку работодавците ќе ја искористат мерката за субвенционирано вработување. И еве сега се гледа дека интересот е голем. Кој не сака да вработи работник за кој нема да мора да му плаќа придонеси шест години?

Она што секако се поставува како дилема е зошто, иако во Македонија придонесите и трошоците за работна сила се меѓу пониските во регионот, многу малку фирми се одлучуваат да вработуваат нови вработени, односно вработуваат само ако државата им ги плаќа трошоците. Тука навистина има проблем. И тој треба да се бара на друго место. Кога фирмите би имале повеќе работа, и би имале поголема побарувачка и пазар за тоа што го работат и продаваат, тогаш тие сигурно би вработувале повеќе работници и без да добиваат субвенции од државата и невработеноста би се намалувала. Нормално, сега никој не размислува дека ако некој е ослободен од некоја давачка, некој друг ќе треба да плаќа и за него. Или ајде попластично. За сите овие вработувања кои се случуваат преку владините субвенции и во фабриките на странците во слободните економски зони, кои исто така се субвенционирани, а тоа се најголем дел од сите вработувања во земјава, не се плаќаат никакви придонеси во фондовите за пензиски и здравствено осигурување. Затоа, дупките во овие фондови стануваат секоја година се поголеми, заради што државата мора да се задолжува за да може редовно да се исплаќаат пензии и за да може здравството нормално да функционира. Тоа задолжување на крајот го плаќаме сите, затоа што тие кредити кои се земаат од странство, па и од домашните банки, мора да се враќаат. Покрај тоа, Светската банка неодамна јавно порача дека без одредени реформи во пензискиот систем (во кој влегуваат зголемувањето на возраста на пензионирање или намалување на пензиите) тој е неодржлив. Сега засега никој не поставува прашање што ќе се случува со вработените откако ќе заврши периодот за кој државата ги покрива трошоците за нив. Или дека ако луѓето мора подолго да работат пред да одат во пензија, ќе се вработуваат помалку млади луѓе. Тоа сега изгледа многу далеку. Но, сега засега невработеноста се намалува. Или да речеме дека проектот Македонија вработува ги дава посакануваните ефекти. Односно, невработеноста се намалува и се

зголемува бројот на вработени, кои нели се очекува дека сега повеќе ќе трошат. Секако под претпоставка, да се работи за нови и реални вработувања, а не на формализирање на вработувања кои постеле, ама на црно. Но, она што секако може да се постави како дилема зошто во Македонија, која важи за земја во која придонесите и трошоците за работна сила се меѓу пониските во регионот, многу малку фирми се одлучуваат да вработуваат нови вработени, а вработуваат само ако државата им ги плаќа трошоците. Тука навистина има проблем. Но, тој треба да бара на друго место. Кога фирмите би имале повеќе работа, би имале поголема побарувачка и пазар за тоа што го работат и продаваат, тогаш тие сигурно би вработувале повеќе работници и без да добиваат субвенции од државата и невработеноста би се намалувала. Но, македонската невработеност е висока премногу долго и е структурен и хроничен проблем, кој и покрај наводните високи рекордни стапки на економски раст кој земјава ги остваруваше, таа остануваше висока со години наназад. Засега анализите за тоа дека невработеноста се намалува бидејќи многу луѓе се иселуваат од Македонија ќе ја оставиме за некое друго време. Бидејќи без попис на населението не може да знаеме ама баш ништо. Ни останува да и веруваме и да ја анализираме официјалната статистика. Иако како што рекол Бизмарк, статистиката, законите и колбасите се нешта за кои е подобро никогаш да не дознаете како се подготвуваат. nnn


Капитал број 857 01.04.2016

18

www.kapital.mk

Компании и пазари

20 години од првиот удар на ѕвоното на Македонската берза

Инвестирањето во акции во регионот стана реалност, берзите од регионот се спојуваат

Македонските граѓани веќе може легално да купуваат акции од компании од Бугарската и Хрватската берза откако неделава официјално почна да работи единствената платформа за тргување со хартии од вредност SEE Link. Оваа платформа ги поврза Македонската, Бугарската и Хрватската берза, а се очекува наскоро да се приклучат и берзите од Словенија и Србија. Се преговара дури и со Романската берза. Иницијаторите на оваа идеја, директорите на регионалните берзи оценија дека платформата SEE Link на среден рок ќе ја зголеми ликвидноста на регионалните најтргувани акции, ќе го зголеми прометот на секоја берза поединечно и позитивно ќе влијае на нивната економска вредност.


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

19

m

Македонските граѓани веќе може легално да купуваат акции од компании од Бугарската и Хрватската берза откако неделава, на Годишната конференција на Македонската берза која што одбележа 20 години постоење, официјално почна да работи единствената платформа за тргување со хартии од вредност SEE Link. Оваа платформа ги поврза Македонската, Бугарската и Хрватската берза, а се очекува наскоро да се приклучат и берзите од Словенија и Србија. Се преговара дури и со Романската берза. Иницијаторите на оваа идеја, директорите на регионалните берзи оценија дека платформата SEE Link на среден рок ќе ја зголеми ликвидноста на регионалните најтргувани акции, ќе го зголеми прометот на секоја берза поединечно и позитивно ќе влијае на нивната економска вредност. „Оваа платформа ќе ја зголеми визибилноста на македонскиот пазар на хартии од вредност во регионот и со тоа ќе привлече нови странски инвеститори на берзата со сите позитивни импликации од тоа. Со функционирањето на оваа платформа, македонските граѓани за прв пат ќе може легално да вложуваат во хартии од вредност на странски пазари. За нас е ова особено важно бидејќи законски Македонците досега беа ограничени да вложуваат во странски акции, а сега вратите кон странските пазари се отвораат. Од аспект на Македонската берза можеби ова не е бенефит бидејќи зборуваме за потенцијален одлив на инвестиции надвор од земјата но ова е неизбежен процес и ова ќе им даде на нашите членки нови можности за приходи“, истакна извршниот директор на Македонската берза, Иван Штериев. Директорката на Загребската берза, Ивана

Гажиќ, оцени дека поврзувањето на берзите во една платформа е создавање добра инфраструктура за инвеститорите како што е потребно да се градат и добри патишта за да има побрз и полесен транспорт. „Се одлучивме за најефикасниот начин на поврзување на нашите берзи без да правиме спојување кое што проценивме дека ќе не чини повеќе, бидејќи сепак имаме различни валути и легислатива што би биле големи предизвици во таков процес. Овој модел ни изгледаше како најлогично решение. Засега и самите ние сме изненадени од интересот на пазарот за оваа платформа“, истакна Гажиќ. Извршниот директор на Бугарската берза, Иван Такев, истакна дека има повеќе слични проекти во светот кои што чинат милиони евра, додека платформата SEE Link засега се покажува како најисплатлива. „Оваа платформа ќе ги доближи компаниите од сите три земји кај потенцијалните инвеститори. Сигурен сум дека бугарските компании, на пример, не знаат ништо за некои котирани компании во Хрватска или во Македонија, што значи дека ќе мора да направат мало истражување на пазарот. Веќе го дискутиравме ова со брокерите и тие покажаа голем интерес да го истражат потенцијалот за инвестирање на овие пазари“, вели Такев. „Со години претходно инвеститорите од регионот покажуваа голем интерес да создадеме нешто регионално, имаше коментари дека сме премал пазар за да имаме 5 одделни берзи но тоа сепак е тешко остварливо, така што сега конечно направиме инфраструктура што ги поврзува нашите берзи. Досега инвестициите од регионот доаѓаа ад хок, на пример, за време на бумот пред 7-8 години многу хрватски инвеститори вложуваа во хартии од вредност од Македонија, но тоа помина а денес странските инвеститори ги нема, делумно поради тоа што тие немаат јасна слика односно едноставен начин да мониторираат на дневна основа што се случува на секој од пазарите“, истакна Штериев. SEE Link платформата претставува електронски систем за пренасочување на налозите за тргување за околу 400 акции котирани на трите берзи. Платформата

е финансиски поддржана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со грант од 540 илјади евра, а сопственичко учество од вкупно 80 илјади евра имаат и трите берзи. Претставникот на ЕБОР од Секторот за развој на пазарите на капитал, Јацек Кубас изјави дека ЕБОР со гордост поддржала толку добра иницијатива како што е платформата SEE Link. „Платформата е значајна поради неколку причини, пред се поради развојот на пазарите на капитал во регионот кој што е високо на агендата на ЕБОР. Ова е една од ретките иницијативи на регионално ниво. Со ова исто така го ставаме овој регион на мапата на инвеститорите а тоа е многу важно за развојот на пазарите на капитал и економијата во регионот воопшто. Ова иновација каква што не е направена во овој дел од светот, и како решение е одлично кое што е само прв чекор во натамошниот развој на пазарите на капитал од регионот“, изјави Кубас. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност, потенцираше дека како регулатори интензивно работеле на идејата за поврзување на регионалните пазари на хартии од вредност. „Свесни сме дека унапредувањето на пазарите на хартии од вредност е базен елемент за развојот на националната економија. Нашиот пазар има мал број на котирани компании, ниско ниво на пазарна капитализација и мала ликвидност, со тешкотии ги остварува своите стратешки цели и планови за да одговори на сите предизвици на техничко технолошкиот развој. Сепак се покажа дека најекономичниот и најефикасниот начин за понатамошен развој на пазарот е токму поврзувањето со пазарите од регионот. Предностите како што се диверзификацијата на ризикот, намалувањето на трошоците на работењето, поголем поврат на вложените средства и интензивен прекуграничен слободен проток на капитал може во голема мера да влијаат во насока на развој на нашиот пазар“, истакна Чингаровска. Од 1 април се очекува да се воведат два берзански индекса SEE LinX i SEE LinH EWI коишто ќе придонесат за зголемување

Штериев: SEE Link ќе ги врати странските инвеститори


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

20

Компании и пазари

на видливоста на регионалните пазари. Индексите се составени од акциите на 5 компании од Хрватска, 3 од Бугарија и 2 од Македонија. “Како што SEE Link ќе расте, очекуваме компании од останатите берзи што ќе ни се приклучат да ги додадеме во овие два индекси“, истакнаа диреткорите на трите берзи.

Има ли интерес за акции од Македонската берза?!

За да се вратат странските инвеститори на Македонската берза, потребно е брокерите да им дадат релевантни податоци на нивните колеги од Бугарија и Хрватска, оценија директорите на регионалните берзи. Директорот на Бугарската берза, Такев, истакна дека клучен елемент што ќе пресуди колкав ќе биде интересот на хрватските или бугарските инвеститори за македонските хартии од вредност е всушност истражувањето на пазарот.

„Потребно е македонските брокери да им дадат прецизни и адекватни информации на своите колеги во Бугарија или во Хрватска, што ќе помогнат во донесувањето одлука дали да се инвестира во некоја акција или не. Јас би рекол дека менаџерите на фондовите засега покажаа голем интерес за инвестирање во регионот, не можам да кажам дали конкретно во Македонија, но интересот за оваа платформа е голем и се однесува и на Словенија, Хрватска па дури и Романија. Осум водечки брокери од Бугарија решија да се приклучат кон платформата што зборува дека интересот на нивните клиенти за инвестирање во регионот е голем“, истакна Такев. Претседателот на Управата на Загребската берза, Гажиќ истакна дека сите три се многу блиски и поврзани економии и компаниите и инвеститорите веќе се познаваат. „Забележав дека има многу хрватски производи на македонскиот пазар, а исто така и македонски на нашиот пазар.

Инвеститорите ги познаваат македонските компании но сепак ќе биде многу важно да разменуваме постојано вести и ценовно чувствителни информации за да може на дневна основа да знаеме што се случува на пазарите. Тука голема ќе биде и улогата на медиумите редовно да ги следат случувањата во бизнис секторот во регионот за да може сите учесници на пазарот да бидат добро информирани пред да инвестираат“, истакна Гажиќ. Таа вели дека има голем потенцијал како да се зголеми обртот на пазарите на хартии од вредност, особено преку процесот на приватизација но и со правење иницијални јавни понуди. „Нам ни требаат нови можности за инвестирање. Ќе наведам само еден пример дека хрватските пензиски фондови имаат потенцијал за вложување од 9 милијарди евра“, истакна Гажиќ.

Каква берза ни е потребна?

На конференцискиот панел за тоа каква берза ни е потребна, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов истакна дека изминативе 20 години е направена солидна основа за подинамичен развој на пазарот на капитал во земјава, но дека интересот на инвеститорите зависи од повеќе фактори, меѓу кои и економската и политичката стабилност на земјата, квалитетот на информациите за одредена индустрија или компанија, транспарентноста на акционерските друштва, итн. “Компаниите треба да бидат транспарентни,

Гажиќ: Ни требаат нови можности за инвестирање



www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

22

Компании и пазари

отчетни и чесни кон акционерите и јавноста. Да се запрашаме само: Колку акционерски друштва имаат добро корпоративно управување? Колку компании имаат добар финансиски менаџмент? Колку компании направиле иницијална јавна понуда на акции до сега? Колку друштва има каде што на менаџментот му е грижа за моменталната цена на акцијата? Колку друштва има каде што менаџментот е сменет заради слаби резултати? Одговорот на сите овие прашања е малку или николку, и мора уште многу да работиме за пазарот на капитал да го подигнеме на повисоко ниво на развој“, рече Богов. Академикот Таки Фити се надева дека новата платформа за регионално тргување со хартии од вредност, СЕЕ Линк, ќе придонесе за подинамичен развој на Македонската берза и партнерските берзи во проектот, како и за општиот економски развој на земјите во регионот. “Очекувам да се зголеми понудата и побарувачката на акции и обврзници, а македонските фирми ќе станат повидливи на регионалниот пазар“, рече академик Фити.

Тој смета дека треба да се направи истражување за причините зошто примарниот пазар на капитал, односно берзата, речиси воопшто не се користи од страна на компаниите за прибирање на свеж капитал, иако трошоците за емисии на нови акции се намалени. “Речиси да немаме IPO досега, но исто така нема и емисии на нови акции од големите, веќе етаблирани компании. Нема иницијативи за корпоративни обврзници, а нема ниту интерес од општините со добар кредитен рејтинг за емитување обврзници со кои би се финансирале разни проекти. Можеби некои компании сметаат дека немаат добра репутација за да емитуваат акции? Или пак некои не ја разбираат добро логиката на функционирање на емисиите на акции? Мораме да истражиме зошто е тоа така и соодветно на причините да се делува“, вели академик Фити. За релацијата помеѓу пазарот на капитал и банкарскиот сектор зборуваше членот на Управата на Стопанска банка - Скопје, Тони Стојановски, кој што смета дека на берзата не треба да се гледа како на

конкуренција на банките во делот на обезбедување финансии за развој на компаниите. “Берзата и банкарскиот сектор се всушност комплементарни чинители на пазарот, и треба да дејствуваат синергиски во насока на развој на бизнисот“, порача Стојановски. Тој го истакна фактот дека македонските банки имаат прибрано 5 милијарди евра депозити, а пласирале 4,5 милијарди евра во кредити, што значи 500 милиони евра се слободни ликвидни средства што можат дополнително да се пласираат во бизнис секторот. “Во земјава има многу добри компании, израснати од мали семејни бизниси, но кои што имаат закочен раст и развој заради ниското ниво на капитал вложен од сопствениците. Ако овие компании бидат похрабри, се трансформираат во акционерски друштва и преку Берзата се докапитализираат, ќе порасне и нивниот капацитет за задолжување преку кредити и ќе може да се искористат слободните средства што ги имаат банките“, смета Стојановски. nnn

ТаКев: маКедонсКиТе броКери ќе ни КажаТ во Кои аКции да инвесТираме


Elegance is an attitude Simon Baker

The Longines Master Collection


INTERVIEW 24 Капитал број 857 01.04.2016

www.kapital.mk

Интервју

Иван ШтерИев главен извршен директор на Македонска берза

20 години Македонска берза

Го продолжуваме развојот со реГионална интеГрација Македонска берза прославува 20 години од основањето. За разлика од пред 20 години, кога очекувањата биле многу оптимистични, денес берзата е пред голем предизвик како да го продолжи својот развој. во интервју за Капитал, директорот на Македонската берза, Иван Штериев зборува за предизвиците кои стојат пред македонскиот пазар на капитал, и за начините и идеите како тој да се заживее .“ третата деценија од нашето постоење влегуваме и со конкретно остварување на нашата стратегија за регионална интеграција. тоа е голем чекор напред, имајќи предвид дека според многу аналитичари малите берзи мора да најдат нов бизнис модел за да опстанат – да најдат начин како да соработуваат меѓу себе, бидејќи во спротивно или ќе бидат проголтани од големите играчи или едноставно ќе престанат да работат. Значи, основите за иднината на Берзата се поставени. Останува да бидеме максимално посветени на остварување на нашите оперативни и стратегиски цели”, вели Штериев.


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

25


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

26

Интервју

м разговарала:

Биљана здравковска стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

XX македонската берза прославува 20 години од основањето. вие сте вклучени околу Берзата за целиот овој период. можете ли од денешен аспект да кажете кој се најголемите придобивки за економијата и дали се исполнети очекувањата и целите кои тогаш беа поставени? Плановите пред 20 години беа амбициозни и базираа на нашиот ентузијазам и убедувањата на странските експерти. Се сметаше дека градењето на новиот економски систем врз пазарни принципи автоматски ќе доведе до создавање на ефикасен пазар на хартии од вредност што ќе ги привлекува финансиските вишоци и ќе врши оптимална алокација на капиталот. Набрзо моравме да се соочиме со реалниот транзициски амбиент и со вистинските потреби на економските агенти за постоење на функционална берза. Се појавија низа ограничувачки фактори што го лимитираа побрзиот развој на берзата. Следеше поинтензивна приватизација и консолидација на креираните сопственички структури, дооформување и модернизација на правната, институционалната и техничката пазарна инфраструктура, по што се случи големиот берзански бум подигајќи ги превисоко очекувањата. Оваа епизода заврши со драстична пазарна корекција. Развиените пазари поминувале повеќе циклуси од овој вид, но за нас ова беше прво вакво искуство. Дојдоа кризни години, за денес сите пазарни учесници пореално да го осознаат местото на берзата во создадената хибридна економско-општествена структура. Генерално, берзата ефикасно ја вршеше функцијата на спојување на понудата и побарувачката на домашните хартии од вредност и континуирано испорачуваше пазарни цени што потоа различните економски субјекти соодветно ги користеа. Од друга страна, функцијата на алтернативно прибирање на капитал од страна на компаниите и покрај многубројните заложби и активности се уште не заживеа како што треба, што е феномен присутен многу пошироко од Македонија. Како и да е, впечаток е дека во јавноста,

перформансот на Македонската берза се оценува низ екстремна диоптрија од несоодветно големи очекувања до прелесна резигнираност од премалите остварувања во посткризните години. XX како фирмите денес гледаат на котирањето на македонската берза, ако се направи споредба со периодот на почетоците на берзата? Дали транспареноста пред јавноста се уште им е проблем? На берзата моментално речиси сите компании се котирани како производ на приватизацијата (во кој процес истите се корпоратизирани) и нормативна присила (двата брана на задолжителна котација). Значи, историски гледано, акционерството и котацијата не се прифатија доброволно и поради опиплив економски интерес. Впрочем, слично беше и на многу други берзи во повеќето европски „пазари во појавување“. Може да се каже дека сето тоа беше своевиден процес на учење за компаниите, но и за инвеститорите. Во меѓувреме транспарентноста од еден вид баук се претвори во нешто релативно нормално, иако на овој план очекувањата на инвеститорите се секогаш поголеми од преовладувачката пракса. Паралелно со ова, обелоденувањето на компаниите стана високорегулирана законска материја. Наша оценка е дека денес причината за некотирање на берзата на поголемите домашни, успешни, семејни компании, коишто и тоа како би биле добредојдени на пазарот, не е примарно стравот од транспарентноста, туку дека се уште доминира аверзијата од разводнување на сопственичките структури, недостаток на деловна агресивност и неприфаќање на ризиците генерално. XX на неколкупати досега имаше законски решенија за задолжителна котација на компании на македонската берза. Имаше ли берзата некаква корист од овие потези и дали овие законски решенија го зголемија тргувањето на берзата? Од процесот на задолжителна котација во 2013 година не очекувавме големо зголемување на берзанскиот промет. Тоа и јавно го соопштувавме пред, за време и по завршувањето на процедуралниот дел на задолжителната котација. Тоа го потврдува и статистиката во изминатите неколку години. Масовноста на котацијата не придонесува за позначајно зголемување на прометот поради тоа што инвеститорите сакаат да вложуваат во големи акционерски друштва во стабилни или перспективни индустрии, со доволен free float на акции, релативно диверсифицирана сопственичка структура и можност за брз излез од инвестицијата. Јасно е дека во мали економии нема многу компании коишто ги исполнуваат овие критериуми.

XX Штериев: регионалната платформа сее линк ќе отвори нови можности за домашните инвеститори и посредници причина за некотирање на берзата на поголемите домашни, успешни, семејни компании, коишто и тоа како би биле добредојдени на пазарот, не е примарно стравот од транспарентноста, туку дека се уште доминира аверзијата од разводнување на сопственичките структури, недостаток на деловна агресивност и неприфаќање на ризиците генерално. - со отпочнување на функционирањето на платформата сее линк македонските граѓани за прв пат ќе можат легално да вложуваат во хартии од вредност на странски пазари. тргувањето ќе се врши преку домашни брокерски куќи и банки, кај кои инвеститорите ќе ги даваат своите налози, и кои потоа ќе ги пренасочуваат налозите за извршување кај своите партнери на странските пазари. на овој начин на домашните инвеститори и на финансиските посредници им се отворат нови бизнис можности.

Она што задолжителната котација го направи е дополнително зголемување на транспарентноста во работењето на новокотираните компании. Тој извонредно позитивен ефект по малку се потценува. Како резултат на задолжителните котации Берзата стана релевантен и лесно достапен, бесплатен јавен извор на финансиски и нефинансиски ценовно чувствителни информации за работењето на најзначајните македонски акционерски друштва. Од тоа полза имаат сите –акционерите, инвеститорите, деловните луѓе, новинарите, истражувачите итн. XX ако се спореди тргувањето на македонската берза со периодот од 2007 година кога беше своевиден врв, сега тргувањето

ШтерИев: на наШИот пазар му е нужно враќање н


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

27

е замрено. На што се должеше таа еуфорија тогаш? Има ли начин или мерки со кои би се зголемило тргувањето со хартии од вредност и каде го гледате потенцијалот? Берзанската еуфорија од периодот 20052007 година беше резултат на повеќе фактори кои комбинирано влијаеа на таквиот тренд - наглиот прилив на странски портфолио инвеститори, зголемената локална побарувачка, најави за стратешки преземања, голем број котирани банки во услови на нагласена раздвиженост во банкарскиот сектор, атрактивен даночен амбиент. Потоа, дојдоа негативните ефекти од светската криза коишто на Берзата се почувствуваа пред сe како забавување на приливот и повлекување на регионалните странски портфолио инвеститори, што

се надоврза на состојбата на и онака прегреаната пазарна конјуктура. Домашната побарувачка на пазарот одеднаш драстично се намали, а еуфоријата беше заменета со песимизам. Негативната колективна меморија на инвеститорите после тие настани е се уште присутна. Во многу краток период забележавме екстремни негативни ценовни промени, по што следуваше долгогодишна стагнација и дефетизам. Берзанските ценовни движења ги определуваат две групи фактори. Првата група фактори, што влијае среднорочно и долгорочно, се перформансите на емитентите. Втората група фактори влијае краткорочно, а тоа се моменталните односи на понудата и побарувачката на пазарот и психолошките моменти. На

психологијата на инвеститорите големо влијание имаат неекономските случувања, а кај нас тие перманентно предизвикуваат негативен левериџ. Оттука, во изминатиот период упорно потсетувавме дека берзите не функционираат во излоација – сe што се случува во сите сфери од економскиот и општествениот живот, интерно и екстерно, се одразува на берзата. За да дојде до подобрување на состојбите на берзата треба да се создаде позитивен микс на економско, регулаторно и политичко окружување. Она што е аксиома е дека доколку инвестирате во акции на водечките домашни компании всушност на некој начин вложувате во целокупната национална економија и така на долг рок ги уживате бенефитите од остварениот економски

на странските портфолио инвеститори


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

28

Интервју Голем импулс за берзата би било котација и на државни компании XX Како гледате на идејата јавни претријатија и државни компании да излезат да котираат на Македонската берза? Колку тоа би го зголемило тргувањето на берзата и кои би биле придобивките за компаниите? Динамичниот развој на повеќе берзи во поширокиот регион беше последица на успешни приватизации. Нов ваков бран на приватизации пред изборите се најавуваше во Хрватска. Во очекување сме да видиме што ќе се случува таму на овој план. Голем импулс за македонскиот пазар на капитал би бил некоја од преостанатите приватизации да се спроведе целосно или делумно преку јавна понуда на берза, а не единствено преку директна продажба на стратешки инвеститор. Делумната приватизација ја отвора и можноста за паралелна берзанска котација на компанијата што ќе остане во доминантна државна сопственост – во ваков случај позитивниот ефект за пазарот на хартии од вредност не е еднократен, туку долгорочен. Ова, на пример, е стандрадна пракса во Русија и Кина. За се ова кај нас се уште има потенцијал, како што се резидуалните државни акции во Телекомот или, пак, другите акционерски друштва во државна сопственост, јавните претпријатија итн. Постои консензус во стручните кругови дека пазарот на хартии од вредност во една држава, особено ако не е многу голема, не може да се развива без систематска државна поддршка.

раст. Услов е секако да се оствари раст и да имате можност на берзата да вложите во финансиски инструменти издадени од носителите на тој раст. XX Кои се според Вас причините заради кои интересот за тргување на берзата е многу мал, иако каматите за штедење во банка сега се многу ниски? Реакциите на нашата берза, но и на другите регионалните пазари, во настанатото окружување на историско ниски каматни стапки, ги демантираат сите постулати што би требало да се случува во вакви услови. Вообичаено при ниски каматни стапки доаѓа до формирање на т.н. меури, односно во трката по поголеми приноси инвеститорите необјективно ги пумпаат цените на определени активи во економијата, во прв ред на акциите. Тоа, всушност, и се случи на развиените берзи по кризата. Но, во регионов берзанската динамика не се раздвижи. Овие состојби отвораат многу прашања што треба детално да се анализираат и врз основа на што треба проактивно да се реагира. Овој феномен е уште една потврда дека е создаден економски и финансиски систем што појавно наликува на развиените пазарни економии, но всушност е своевиден хибрид со специфични карактеристики. XX Свечено се пушти регионалната

платформа СЕЕ Линк во која се приклучени неколку берзи од регионот. Може ли да објасните кои се причините заради кои се формираше оваа платформа и кои се вашите очекувања? Што конкретно тоа ќе значи за македонските инвеститори? Долгиот посткризен период јасно покажа дека на нашиот пазар му е нужно враќање на странските портфолио инвеститори како катализатор за поинтензивна динамика, но и како искра што ќе вбризга нов оптимизам кај домашните пазарни учесници. Поради тоа, многу пати сме нагласувале дека наш приоритет се различните форми на институционално вмрежување со други пазари. Македонската берза беше голем поборник на овој модел и може да се каже дека имавме многу значајна улога во актуелниот проект за регионално поврзување на берзите, односно т.н. СЕЕ Линк платформа. Платформата, како што е познато, иницијално ќе ги поврзе членките на берзите од Хрватска, Бугарија и Македонија. Белградската и Љубљанската берза веќе се придружија на СЕЕ Линк и ќе бидат оперативно приклучени до крајот на оваа година. На почетокот на март и берзата од Бања Лука достави барање за пристапување кон СЕЕ Линк. Заинтересирани се и други берзи што континуирано придонесува за зголемување на атрактивноста на оваа

платформа, која е прва од ваков вид во Европа. Покрај тоа што за очекување е дека СЕЕ Линк ќе ја зголеми визибилноста на македонскиот пазар на хартии од вредност и градуално ќе привлече нови странски инвеститори на берзата, со отпочнување на функционирањето на оваа платформа македонските граѓани за прв пат ќе можат легално да вложуваат во хартии од вредност на странски пазари. Тргувањето ќе се врши преку домашни брокерски куќи и банки, кај кои инвеститорите ќе ги даваат своите налози, и кои потоа ќе ги пренасочуваат налозите за извршување кај своите партнери на странските пазари. На овој начин на домашните инвеститори и на финансиските посредници им се отворат нови бизнис можности. XX Како го оценувате потенцијалот на институционалните инвеститори? Колку тие се активни на Македонската берза? Приватниот пензиски систем добро се развива, но тоа е за очекување со оглед на тоа што вториот столб е нормативно задолжителен. Двата приватни пензиски фонда во вториот столб имаат под управување околу 650 милиони евра, што за македонски услови е респектабилна бројка, но во просек само нешто над 3,5% од овие средства се вложени во домашни акции. Процентот на нивните пласмани во домашни обврзници е многу поголем



www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

30

Интервју

и изнесува околу 60%, но тие воглавно се купуваат на примарниот пазар, се чуваат до достасување и не влијаат на берзанската динамика. Приватниот пензиски систем е најзначајниот автономен домашен фактор којшто може да го раздвижи нашиот пазар. Секако, во врска со ова веднаш се отвора дебата кои се приоритетите на пензиските фондови и какви ризици од поагресивно вложување во акции би се појавиле за пензиските осигуреници, но неискористен простор дефинитивно има. Инвестициските фондови, од друга страна, споро се развиваат. Почнаа за време на финансиската криза и никако помасовно да го привлечат вниманието на инвеститорите. Моментално под управување имаат нешто над 47 милиони евра. Тие успеаа да опстојат преку воведување на паричните фондови на коишто отпаѓа над 35 милиони евра од фондовската актива. Ова е добро за фондовите. Но, во делот на класични акциски или хибридни фондови прибирањето на средствата не е како што се очекуваше. Доколку класичните инвестициските фондови започнат да растат и управуваат со повеќе средства сигурно дека ќе има позитивен ефект и за Берзата. XX Како политичката ситуација во земјата и економските проблеми низ кои минуваат фирмите се одразуваат врз Берзата?

Она што е интересно кај нас е што влијанието на политичкиот процес врз домашната берзанска динамика во последно време не е толку директно изразено како кај развиените пазари. Веројатно тоа се должи на фактот што берзанските случувања се мошне хибернирани веќе подолг временски период. Или, пак, дека живееме континуирано во турбулентни политички состојби. Може само да претпоставиме дека за време на берзанскиот бум во 2007 година политички настани како тековните ќе влијаеа многу посилно на пазарот. Ова е поврзано и со состојбата на намалено присуство на странците и резигнираноста на домашните инвеститори. Што се однесува до економските перформанси на котираните компании може да се констатира дека тука постои висока корелација помеѓу тоа што се случува во компаниите, директно или индиректно, и ценовните движења на берзата. Тоа, меѓу другото, е показател за поголема зрелост на пазарните учесници, односно поголема ефикасност на целиот пазар согласно теоријата на ефикасна пазарна хипотеза. XX Како ја гледате Македонската берза за неколку години од сега? Македонска берза ќе продолжи успешно да функционира без оглед на неповолните околности во коишто работи веќе одредено време. Таа ќе продолжи да обезбедува квалитетни и современи услуги за сите

пазарни учесници и ефикасно да ја врши својата основна функција на спојување на понудата и побарувачката и формирање на цените на хартиите од вредност. Берзата ќе биде во секое време подготвена да им асистира на издавачите што ќе се осмелат финансирањето на својот развој да го реализираат преку пазарот на капитал. Во третата деценија од нашето постоење влегуваме и со конкретно остварување на нашата стратегија за регионална интеграција. Тоа е голем чекор напред, имајќи предвид дека според многу аналитичари малите берзи мора да најдат нов бизнис модел за да опстанат – да најдат начин како да соработуваат меѓу себе, бидејќи во спротивно или ќе бидат проголтани од големите играчи (кои наспроти очекувањата покажаа дека не се грижат премногу за националниот пазар), или едноставно ќе престанат да работат. Значи, основите за иднината на Берзата се поставени. Останува да бидеме максимално посветени на остварување на нашите оперативни и стратегиски цели. XX Неодамна се објави дека Лондонската и Германската берза се спојуваат? Како гледате на овој процес на регионализацијата на берзите и како би можел да заврши? Спојувањата на берзите на глобално ниво не се случуваат преку ноќ. Мора да се решат многу дилеми што се јавуваат кај сите инволвирани страни. Поради тоа во минатото многу започнати трансакции не се финализирани, а и оваа најнова иницијатива, што не е прва по ред, за спојување на Лондонската и Германската берза сеуште е само најава. Помеѓу берзите истовременото постои и конкуренција и потреба за соработка. Глобализацијата и либерализација на финансиските текови придонесе за жестока конкуренција помеѓу големите берзи. Од друга страна, постоењето на национални берзи значи фрагментација. Одговорот на берзите често е во спојувања или меѓусебни превземања. Но, тоа не е лесен процес. Се појавуваат многу деликатни прашања и различни стaвови на сите засегнати – самите берзи, нивните сопственици, финансиските посредници, компаниите, инвеститорите, регулаторите, стручната јавност и политичките елити. Мора да се разрешат бројни регулаторни аспекти и да се анализираат и финансираат интеграциските трошоци. Моментално се водат засилени дебати и во Германија и во В.Британија дали ова спојување е добар потег, при што некако на двете страни мислењата се поделени. Ќе видиме што ќе кажат најпрвин акционерите на берзите, па регулаторите, дали ќе има и контрапонуди од другата страна на Атлантикот итн. Ако трансакцијата помине ќе се создаде најголемата берза во светот според приходи и втора по ранг според пазарната вредност. Тоа сигурно ќе има понатамошни импликации во светот на берзите. nnn



Капитал број 857 01.04.2016

32

www.kapital.mk

Луѓе и компании

Еден поинаков маркетинг за стартапи

Growth hacking како да направите пари со трик

Дефиниран како термин пред 5-6 години, “growth hacking” или “хакирање на растот“ е маркетинг алатка што стартапите, особено од технолошката сфера, сè повеќе го користат. Основното правило: се промовираат продуктите или услугите на една компанија со мал буџет користејќи иновативни алтернативни начини - социјалните медиуми и виралниот маркетинг и избегнувајќи ги скапите традиционални рекламирања како радио, ТВ и принт реклама. Психологија: Growth hacking-от ги користи особините и емоциите на луѓето


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

33 речено, тоа е “финта“ која ја завршува целата работа. Со тоа што, не се работи за никаква нелегална активност, туку сè е потполно легално и може да предизвика коментари од типот “е секоја им чест, како се сетиле“.

Како Uber привлекува патници

l Основачите на Airbnb (лево) и на Uber користеа нестандардни маркетинг

техники за привлекување на голем број корисници за кратко време

Овој човек го скова терминот “growth hacking”

А

мериканецот Шон Елис се смета за творец на кованицата “growth hacking“, која што за првпат ја спомнал на својот блог во 2010 година. Елис е претприемач, бизнис ангел и ментор на стартапи. Основач е и директор на CatchFree, подоцна Qualaroo, креатор на софтверски решенија што им помагаат на компаниите како да заработат повеќе од посетите на нивните сајтови. Елис бил одговорен за маркетинг во неколку стартапи што постигнале планетарен успех, како Dropbox, Lookout, Xobni, LogMeIn и др. Тој пишува за магазинот Entrepreneur и весникот Wall Street Journal.

С пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Сè повеќе популарен термин во маркетингот на стартап компаниите е “growth hacking” (хакирање на растот). Тоа е магичната состојка заслужна за успехот на компаниите како што се Uber, Airbnb, Facebook, Linke-

din, Tinder и многу други. Growth hacking претставува всушност нестандарден вид на маркетинг, што се осмислува преку анализа на специфичните карактеристики на една целна група потрошувачи, и пронаоѓање некаква “дупка во системот“ што овозможува добивање голем број корисници за многу кратко време, со никакви или минимални вложувања. Тоа може да биде со користење на некаква психологија на луѓето, или на пример, така што ќе се закачиме на некоја тема што е меѓу најпопуларните во земјата. Повеќето познати компании што имале некаков “growth hack” всушност го имале тоа како примарен вид на маркетинг што ги подигнал до огромен успех, а сите други, конвенционални облици на маркетингот, како билборди, реклами, интернет банери, итн., им биле од секундарно значење или дури и воопшто не ги ни имале. Едноставно

Сите сме слушнале за Uber, алтернативата за такси превозот, која направи метеж во светската такси индустрија и практично ја урна во сите држави кај што се појавува. Компанијата на крајот од 2015 година беше проценета на 60 милијарди долари, а нејзината популарност секојдневно расте. Во нивниот случај, постојат два “growt hackови“ што ги користат за да стекнат голем број корисници за кратко време. Првиот hack се бесплатните возења за оној што првпат во животот користи Uber, но и за оној што го препорачува. Во праксата тоа функционира вака: Ако вие веќе користите Uber, тие ви велат: “еј, дали знаете дека може да добиете бесплатно возење за секоја нова личност што ќе ја наговорите да користи Uber? Не само тоа, ќе ви дадеме бесплатно возење и вам и на таа личност! Ова е вашиот код: ххх123, кога некој од вашите пријатели првпат во животот ќе повика наше возило, нека го впише тој код и возењето ќе му биде бесплатно, а вам ќе ви биде бесплатно првото следно возење“. Вака поставениот систем му донесе на Uber експлозивен раст, а колкав е трошокот за воведување на нов корисник во приказната со помош на овој “hack”? Прво, тоа бесплатно возење е ограничено, не може да влезете во таксито и да му речете “вози ме мајсторе до Куманово за беспари“. Отприлика нив ги чини нешто помалку од 10 евра за некој да почне да ги користи нивните услуги. Некои од луѓето можеби нема никогаш да се врата како корисници, но мнозинството ќе почне да го користи Uber и ќе потроши многу повеќе на среден и долг рок. Другиот “growth hack” што го има Uber e што во секоја држава предизвикуваат лавина текстови во медиумите, веднаш штом се појават. “Ова дури и не го осмислува, ова се случува само од себе. Сценариото е секогаш исто: таксистите почнуваат да протестираат, а по медиумите се појавуваат вести со следнава содржина: ‘Злата компанија Uber ги загрозува нашите таксисти. Иако е поевтин од таксито, овој тип на превоз не е законски, и се заканува да остави без работа илјадници наши таксисти’. Што просечниот човек гледа во овој текст?


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

34

Луѓе и компании

‘Поевтино од такси’. Во тој момент неговиот ум почнува да рационализира: ‘па добро, ќе се снајдат таксистите, а законот и треба да се промени, јас секогаш сум бил за напредок на човештвото и новите технологии, дај да го пробам тој Uber’. Ете, ова е уште еден ‘growth hack’ што не чини ништо, а носи огромен број нови корисници“, вели Исток Павловиќ, маркетинг менаџер и автор од Србија, кој што меѓу другото, ја обработува и темата за growth hacking во своите написи. Тој вели дека кај сите “growth hack” тактики принципот е ист. Треба добро да размислите: Што да направам за да ги погодам луѓето во центар? Како можам да ја искористам психологијата на луѓето – нивната суета, алчност, срамежливост, мрзливост, така што овие човечки несовршености да работат за мене? “Пред сè треба да имаме чувство за луѓето и нивните мисли. Потоа, треба да сме информирани – да знаеме што сè е актуелно сега, кои теми, кои социјални мрежи и каде се неискористените канали што никој не ги забележува. Класичното рекламирање – билборди, реклами, реклами, сето тоа им се исплатува на големите компании. Ним не им е потребен никаков ‘growth hack’, тие веќе пораснале и само треба да се појавуваат“, вели Павловиќ.

Airbnb ја искористи конкуренцијата за да порасне

Компанијата Airbnb денес е најголема во светот за изнајмување станови на краток временски период, и сериозно ја загрозија хотелската индустрија. Во голем број градови во светот може да добиете супер наместен стан по цена 2-3 пат пониска од хотелска соба. Вредноста на Airbnb денес се проценува на преку 25 милијарди долари. Кој е нивниот “growth hack” што доведе до критична маса на корисници? За да го разбереме ова, мора да знаеме што е Craiglist. Тоа е најпопуларниот вебсајт за мали огласи во САД, а проширен е и во Европа, Азија, итн. И до неодамна огромен дел од огласите за издавање станови биле концентрирани претежно таму. Airbnb е неспоредливо поубав сајт од Craiglist кој што е непрегледен и грд (често прогласуван за најгрд сајт на интернет), но луѓето го користеле од навика. Но, Airbnb вовел една интересна опција, и тоа бил нивниот “growth hack”: секогаш кога некој кај нив би отворил налог и поставил слика од станот, тие би му дале опција со еден клик истовремено да го постави огласот и на Craiglist. Наместо да ги спречуваат луѓето да одат кај конкуренцијата, тие згора и ги туркале да го постават огласот и таму. На Craiglist потоа би се појавил оглас за стан, во кој што секогаш пишува “ако сакате да ги видите сликите од овој стан можете овде, на сајтот Airbnb. Така, тие го преплавиле Craiglist со своите огласи, и милиони луѓе што пребарувале станови, порано или подоцна би кликнале и би дознале дека постои Airbnb, кој што е неспоредливо помодерен, полесен за користење и има богата понуда. nnn

Македонски примери на Growth Hacking

Ц

елта на growth hacking маркетинг техниките е да се промовираат продуктите или услугите на една компанија со мал буџет користејќи иновативни алтернативни начини - социјалните медиуми и виралниот маркетинг и избегнувајќи ги скапите традиционални рекламирања како радио, ТВ и принт реклама. Многу често growth hacking тактиките се дел од дигиталниот маркетинг затоа што се користи SEO - search engine optimization, Google analytics, контент маркетинг и А/B тестирање. “Кога се зборува за growth hacking најчесто се мисли за група на маркетинг техники создадени за технолошки стартапи кои користат креативност, аналитичко мислење и социјални метрики за да ги продаваат своите производи и да добијат поголема визибилност за краток период.“, објаснува Ева Пиперевска, маркетинг специјалист во македонската софтверска компанија GSIX, која што во неколку прилики ги користела growth hacking техники за маркетинг целите на GSIX и производите на нивната компанија, како и за други клиенти. Таа посочи и неколку други интересни примери на “growth hacking” применет од домашни фирми.

кои го привлековме вниманието на нашите потенцијални корисници и им дадовме можност да се регистрираат и први да ја пробаат платформата уште пред да биде официјално лансирана. Taка добивме преку 800 лајкови за само неколку недели.

З

латна книга - направија многу интересна Твитер кампања која беше иновативна и го привлече вниманието на целата македонска твитер заедница, па и пошироко.

С З

а Vozime - македонска платформа за споделено патување која ќе биде пуштена за употреба наскоро. Во рамките на настанот Стартап Викенд Скопје, ние направивме постери - како патокази и сообраќајни знаци, од главниот влез на земја залепивме трака како патни ленти кои водеа до еден мал простор каде беше поставен Xbox и мало катче каде учесниците и гостите на настанот можеа да се натпреваруваат во трки со автомобили. На тој начин сакавме да го промовираме проектот и да го поврзаме со возење на автомобили. Исто така во рамките на Фејсбук страницата на платформата објавивме серија од интересни постови поврзани со патувања со

алонот за мебели Мак Примекс од Струмица за овогодишниот Св. Валентин направија многу интересна кампања кога поставија кревет на плоштадот во Струмица и им дадоа можност да струмичани да се сликаат седејќи на него во романтичен и удобен амбиент.

М

акедонската хостинг компанија МК Хост имаше интересна кампања со теглички ИТ зимница кои ги поделија на неколку настани. Тие во самата тегла имаа неколку подароци и промоција на своите услуги во форма на порака.

Трошоци: GH техники што не бараат големи вложувања




СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА

КАКО СЕ СОЗДАВААТ БРЕНДОВИ ВО ИНДУСТРИЈАТА ТРАДИЦИОНАЛНО ПОЗНАТА ПО НИСКАТА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ? САМО КВАЛИТЕТ + ЗНАЕЊЕ + ИНВЕСТИЦИИ МОЖЕ ДА Е ЕДНАКВО НА БРЕНД ПРОФИЛ НА МАКЕДОНСКАТА КОНЗЕРВНА ИНДУСТРИЈА АКО СЕ САКА МОЖЕ ДА СЕ ИЗВЕЗУВА И ВО ДУБАИ И АВСТРАЛИЈА

ГОДИНА НА РАСТ ЗА ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ: КАКО ДА СЕ ЗАДРЖИ ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД?


Капитал број 857 01.04.2016

38

www.kapital.mk

Конзервна индустрија

Година на раст за преработувачите на зел

Како да се зад позитивниот т

Суровини: основата која мора да и биде гаранти


www.kapital.mk

ленчук и овошје

држи тренд?

Капитал број 857 01.04.2016

специјален прилог

39

Иако производството и извозот на преработки од зеленчук и овошје расте, потенцијалот на оваа индустрија сè уште е огромен – само да го земеме предвид фактот дека капацитетите на конзервните фабрики се искористени со 35-40%!?

М пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Минатата година беше извонредна за преработувачите на зеленчук и овошје – климата беше најдобра последните пет години, така што земјоделските производи имаа и квалитет и квантитет. Ваквата состојба позитивно се одрази и на вкупното производство и извоз. Како што вели извршниот секретар на Македонската асоцијација на преработувачи – МАП, Сашо Ристески, извозот во 2015 година е зголемен и вредносно и количински, но до моментот на затворање на овој текст сè уште ги немаа верификувано точните бројки. Во 2014 година преработувачите на зеленчук и овошје извезоа 46,5 илјади тони производи, во вредност од 51,2 милиони евра, што беше за 3% повеќе во однос на годината претходно. Од домашните производители ни изјавија дека за 2016 очекуваат да биде уште подобра од претходната и да продолжи позитивниот тренд. „Очекуваме да се повтори добрата сезона од 2015 година дури можно е и да забележиме пораст. Има повеќе фактори за повторно да имаме добра година. Првиот е добриот квалитет на зеленчукот односно на суровината, вториот е планското проширување на капацитетите односно етапното зголемување на производството. Секако сето тоа повторно би било неможно доколку не би биле подржани од примарните произведувачи“,

ирана на секоја индустрија па и на конзервната


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

40

Конзервна индустрија

о

М

виКтор Петров ВИПРО

акедонија согласно своите потенцијали би требало да има неколкукратен раст на конзервната индустрија . но, со моменталните состојби таков исчекор е тежок бидејќи не сум убеден дека имаме одржливи купувачи, ниту имаме сигурен извор на суровина кој во случај на недостаток на суровини и зголемена меѓународна побарувачка може целиот да замине во околните држави.

диМитар атанасов ДИЕМ

ИЗВОЗ НА ПРЕРАБОТКИ ОД ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ 2010 2011 2012 2013 2014

тони 39.000 39.200 40.500 43.500 46.500

евра 39.000.000 42.300.000 46.100.000 48.100.000 51.200.000

Извор: Македонска асоцијација на преработувачи *Трендот на раст е задржан и во 2015, но конечните бројки сe' уште не се објавени.

Вели Димитар Атанасов од конзервната фабрика ДИЕМ. Тој ни го објасни и проблемот, односно вечното прашање зошто конзервната индустрија има толку мала искористеност на капацитетите која секогаш се движи околу бројката од 35%. „Капацитетите не се искористени до крај зошто оваа индустрија е сезонска. Кај нас ајварот е со најголема стапка на искористеност од два милиони единици, но тоа не значи ништо, бидејќи тој може да се прави само три до четири месеци во годината зошто само тогаш има суровина за него. Инаку, за на нас секако би ни било полесно да можеме тоа да го правиме во текот на целата година, така би ги задоволиле и потребите на купувачите кои од година во година сè повеќе растат. Во другите месеци се работат помалку атрактивни и поевтини производи кои што суровината ја имаат во тој одреден месец. Да можеше да се прави ајвар секој месец верувам дека сите капацитетите кои произведуваат ајвар ќе беа не само 100 туку и 150% искористени“, вели Атанасов.

Потребна е поддршка од државата за стабилна суровинска база и поголем извоз

Полека дојдовме до клучниот проблем со кој со децении се бори конзервната индустрија во Македонија, а тоа е секако недостатокот на суровина неопходна за работа на капацитетите.

Според Виктор Петков сопственик на компанијата ВИПРО, проблемот со стабилна суровинска база и одржлив пазар се круцијални за оваа индустрија, а Македонија во оваа област е сè уште полузатворена економија. Според него, преработувачите на зеленчук речиси во целост се зависни од домашната суровина и од пазарите на поранешна Југославија, како и од дијаспората од Југоисточна Европа населена во развиените земји. „Некаков поголем исчекор е тешко да се направи, бидејќи не сум убеден дека имаме одржлива, односно, растечка база купувачи, ниту имаме сигурен извор на суровина кој во случај на недостаток на суровини и зголемена меѓународна побарувачка може целиот да замине во околните држави. Во Македонија извозот на суровини – зеленчук потребен за нашата индустрија е пожелен односно стимулиран додека увоз на истите е рестриктивен и има 50% царина“ , вели Петков. Според Петков ова е особено проблематично ако се знае дека во околните држави имаат исто слободен извоз но и слободен увоз со минимална или царина од 0 %. „Во околните држави вообичаено се стимулираат преработувачите поради форсирање на производство со повисока додадена вредност, наместо извоз на непреработени суровини. Тоа просто кажано значи дека се стимулира извоз и на истите, но дури откога ќе се задоволи домашната индустрија за нејзина преработка.

чекуваме да се повтори добрата сезона од 2015 година, дури можно е и да забележиме пораст во 2016. има повеќе фактори. Првиот е добриот квалитет на зеленчукот односно на суровината, вториот е планското проширување на капацитетите односно етапното зголемување на производството. секако, сето тоа повторно би било неможно доколку не би биле подржани од примарните произведувачи.

Понатаму развојот на преработувачките капацитети за зеленчук и овошје исто е круцијален во сите држави кои имаат потенцијал во истата. За истото се користат редица фондови (европски и национални), посредни извозни стимулации - покривање трошоци за превоз , покривање трошоци за промоција, брендирање , етикетирање, ослободување од ДДВ, се ослободуваат од царини, и други погодности. Сè во функција на остварување единствена цел - повеќекратно мултиплицирање на оваа продукција и извоз“, објаснува нашиот соговорник .

Форсирање на договори помеѓу фармерите и преработувачите

И останатите производители кои ги контактиравме велат дека ако нема системска организација на примарното производство усогласено со потребите на преработувачите, се прави и лоша услуга спрема примарното производство бидејќи излегува дека земјоделците повеќе “се коцкаат” отколку развиваат современо производство. „Примарните производители чекаат евентуален недостиг и ѕидање на цени поради релативно затворениот домашен пазар, отколку да развијат современо масовно производство односно договорно исто така по светски цени“, велат нашите соговорници од конзервната индустрија. Тие сметаат дека отворен пазар , нормална заштита до пристојни 18%, со лепеза други мерки како економска арондација, соодветни субвенции и сл. ќе придонесат за нивно подобро развивање, одржливост и сите придобивки од тоа. Сашо Ристески од МАП вели дека договорното производство се уште останува големо поле каде има шанса за подобрување. “Бројот на договори расте, но тој систем сè уште не е идеално поставен. Неопходна е подобра соработка со земјоделците, подобра координација со институциите, можности за подобрување на условите на примарните производители да произведат повеќе, поуспешно и поквалитетно, а на крајот за тоа да има бенефит не само производителот, туку и индустријата и државата во целост“,смета Ристески. nnn

раст: се должи на неКолКу добри сезони на зеленчуКот



www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

42

Конзервна индустрија профил на маКедонсКата Конзервна индустрија

40-50% 22 од потребните суровини за индустријата се однапред договорени и се испорачуваат од производителите/ трговците

70-75

илјади тони суровина во последните неколку години индустријата откупува во просек на годишно ниво

80%

од вкупното производство на оваа индустрија оди за извоз

45.000

тони преработки годишно се произведуваат во целата конзервна индустрија во македонија

35%

компании преработуваат само зеленчук, 4 се занимаваат само со преработка на овошје додека 17 претпријатија имаат комбинираната преработка (овошје и зеленчук).

91%

од сите активности опфаќаат преработка на зеленчук, додека само околу 9% се преработка на овошје.

29

од преработувачите се занимаваат со конзервирање,

2

компании се капацитети за сушење

7

од расположливите производни капацитети на годишно ниво користи оваа индустрија

капацитети за замрзнување

43

компании се класифицирани како микро

компании вкупно во секторот

1.165 вработени.

16

21

компанија е класифицирана како мала

очеКувања: претпазливи поради немањето сигурно снабдување


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Градежништво и недвижнини

8

април

2016

Што ја движи градежната индустрија? Градежниот бизнис пораснал за речиси 17% лани, најмногу од сите индустрии во Македонија и е двигател на економскиот раст од 3,7%, како што покажа официјалната статистика.

Во специјалниот прилог “Што ја движи градежната индустрија“ што ќе излезе на 08.04. 2016 ќе може да прочитате:

l Раст од 17% во 2015: Што го движеше градежништвото и што ќе се случува во овој сектор до крајот на 2016 l Како работеа градежните компании лани: кој е кој на пазарот според приходи и добивки l Кои се најзначајните проекти што ќе ја ангажираат градежната оператива годинава l Анализа на пазарот за недвижности: станови и деловен простор l Како работеше индустријата за градежни материјали и кои се нивните очекувања за периодот што следи l Интервјуа со менаџери на градежни компании

Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

44

Конзервна индустрија

Како се создаваат брендови во индустријата традиционално позната по ниската додадена вредност?

Само квалитет + знаење + инвестиции може да е еднакво на бренд пишува:

Дејан Азески

Б

dejan.azeski@kapital.mk

рендот „Мама’с“ е добитник на меѓународната награда „Креатори на столетието“ за развој на идеи, иновации и инвестиции во бизнисот. Ова е само последната во низа признанија кои ги добива не

само „Мама’с“ туку и останатите македонски брендови од оваа индустрија. Сепак експертите кои Капитал ги консултираше на оваа тема се децидни дека може да се направи многу повеќе и дека не се користи ни десеттина од можностите. „Иако имаме многу поголем потенцијал, ние не го искористуваме. Во Македонија многу малку се занимаваме со „брендинг“. Ние честопати го споредуваме развојот и стратешкиот маркетинг за некој бренд, со рекламирање. Ако се рекламираме

значи дека работиме на нашиот бренд. Или, најлошо е ако мислиме дека само со развој на пакување на нашиот производ, завршивме со делот што го викаат „брендинг“. Сепак тие се искрени и признаваат дека без соодветен квалитетен производ не може да се прави никаква бренд стратегија. Истите потенцираа дека менаџерите во Македонија се спремни повеќе да дадат за непотребни машини и погрешни одлуки, отколку да му дадат

Извоз: пробивот на странските пазари е директно


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

специјален прилог

П

Б Крсте Ѓоргиев Бест Фуд

ест фуд околу 70% од производството го пласира како извоз. Ние ги извезуваме нашите производи авионски за Дубаи, Австралија и други далечни дестинации . Пример е киселата зелка која има излезна цена од нашата фабрика од едно евро, а таму се продава за пет евра. Авионскиот транспорт е само едно евро но на крај пак профитот е голем. Значи ако најдеш купувач кој ќе ти го купи по таа цена се исплаќа. Во богатите развиени земји стандардот е десет пати повисок од нас така да можеш барем пет пати поскапо да продаваш.

Петар Лазаров Македонија Експорт

Производителите велат дека со многу мака успеале да ги убедат домашните потрошувачи дека ајварот и другите индустриски произведени преработки не се воопшто помалку квалитетни од домашните. Но, истите се децидни дека за тоа да се направи и на меѓународните пазари неопходно ќе е многу многу повеќе труд, знаење и инвестирање во делот на брендирањето на производи. соодветен идентитет на својот производ. Компанијата Дием и нивниот веќе меѓународно познат ајвар се една од фирмите или еден од брендовите кои веќе е пробиен на пазарите во странство. Околу тоа колку е тешко и како се прави извозот разговаравме со маркетинг менаџерот на компанијата Димитар Атанасов. „Во секоја индустрија е тешко да се изгради бренд. Во Македонија со нашите производи тоа е уште потешко. Значи најтешко е луѓето да стекнат доверба во оној производ кој што не е произведен дома, иако тој е произведен на истиот начин и по истата рецептура. И секако како и во секоја друга индустрија за лансирање и пласирање на производ има свои предизвици. Во секој случај не е ни малку лесно да се пробиеш на пазарот, И секако за сите тие чекори да поминат успешно треба малку среќа, доста знаење и голема упорност“. Што се однесува до меѓународните пазари Атанасов е со став дека ајварот е традиционален производ со кој што треба да се гордееме барабар со висококвалитетните вина. Сепак тој потенцира дека засега неговите купувачи во странство се многу ограничени и потребно е многу работа на брендирањето за да се промени ваквата состојба. „Точно е тоа дека тој е кавијар од пиперки но на странските пазари се уште главните потрошувачи се оние иселеници кои што претходно биле запознаени со неговиот вкус и со неговиот квалитет. Меѓутоа според мене не се за потценување ни локалните потрошувачи кои сакаат да пробаат некоја

45

нова храна. Странците не го перцепираат ајварот како намаз за леб туку како додаток или гарнир со месо или друга храна. Во секој случај потенцијал има многу и мислам дека треба уште малку поактивна работа посебно во промотивниот дел за да дојдеме во ситуација овој бренд да станува се повеќе препознатлив“. Искуство во создавањето и менаџирањето сопствен бренд има и тимот од консултантската фирма Македонија Експорт која стои зад создавањето на брендот на ајвар Mama’s. Петар Лазаров, член на тимот, вели дека речиси пет години инвестираат во развој на брендот, обидувајќи се да изградат меѓународен бренд. “Затоа и одбравме такво име за ајварот. Целта ни е ајварот да го јадат, не само од балканската дијаспора по светов, како што е обично со производите што доаѓаат од Балканот, туку и сите останати Американци, Австралијци или Канаѓани. Затоа и се позиционираме во премиум сегментот, со помали пакувања, повисоки цени, но зад сето тоа мора да стои квалитет што го гарантира брендот. Што е нашата приказна? Рецепт за ајвар 100% оригинален како што го правеле нашите мајки и баби, без никаква хемија, додатоци што го зголемуваат волуменот и сл. Затоа и нашиот производ е поскап и ние сакаме да го пробиваме на највисоките полици во светските супермаркети“, објаснува Лазаров. Тој смета дека проблемот на македонската економија која има недостиг од силни брендови не е само во парите. “И во менталитетот е. Генерално, домашните

роблемот на македонската економија која има недостиг од силни брендови не е само во парите. И во менталитетот е. Генерално, домашните бизнисмени се затворени за ново знаење. Не инвестираат во сопствената и едукацијата на вработените. Не прочитале ниту една книга за маркетинг. Затоа сме на ова ниво кај што сме.

Ако се сака може да се извезува и во Дубаи и Австралија

П

огоре споменатите ставови на Атанасов ги потврдува и Крсте Ѓоргиев од Бест Фуд од Радовиш. Станува збор за една од ретките компании кои извезува конзервирани производи на егзотични дестинации како Дубаи, Австралија, Северна Африка и сл. Најинтересно од приказната на Ѓоргиев ни беше фактот кој ни го потенцира неколку пати дека транспортните трошоци не мора да се пресудни за остварување или не оставарување на извозот. „Бест фуд околу 70% од производството го пласира како извоз. Ние ги извезуваме нашите производи авионски за Дубаи, Австралија и други далечни дестинации. Пример е киселата зелка која има излезна цена од нашата фабрика од едно евро, а таму се продава за пет евра. Авионскиот транспорт е само едно евро но на крај пак профитот е голем. Значи ако најдеш купувач кој ќе ти го купи по таа цена се исплаќа. Во богатите развиени земји стандардот е десет пати повисок од нас така да можеш барем пет пати поскапо да продаваш“. бизнисмени се затворени за ново знаење. Не инвестираат во сопствената и едукацијата на вработените. Не прочитале ниту една книга за маркетинг. Затоа сме на ова ниво кај што сме“, вели тој. nnn

о условен од развој на моќни брендови


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

46

Компании и пазари

”Дуални принципи“ во образованието ќе им помогнат и на учениците и на бизнис заедницата

Бизнис заедницата бара образование според потребите на бизнисите “Дуалноста” во суштина се однесува на наизменично учење и во компанијата и во училиштето, односно на начинот на соодветна комбинација и на теоријата и на праксата. Целта на ова е да се произведат профилирани кадри за бизнис заедницата. Оваа пракса е успешно применета и докажана во повеќе европски држави како Германија, Австрија и Швајцарија. пишува:

С Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Стопанската комора на Македонија за 2016 година ќе иницира унапредување на системот на образование во согласност со

потребите на бизнисот, преку втемелување на дуалните принципи на образование (кои се веќе докажани во повеќе европски земји) во средното стручно образование. На македонското образование му е неопходна рационална дискусија за реформи на актуелниот систем на средното стручно образование со цел сето тоа да биде во согласност со потребите на бизнисзаедницата. Според Стопанската комора на Македонија воведувањето на дуалните принципи во образованието е докажана пракса која веќе фунционира во повеќе развиени држави. „Дуалноста” во суштина се однесува на наизменично учење и во компанијата и во училиштето, односно на начинот на

соодветна комбинација и на теоријата и на праксата. Целта на ова е да се произведат профилирани кадри кои стекнатото теоретско знаење во училиштето ќе го унапредат, проверат и спроведат и практично, преку директна практична работа во компаниите, притоа водејќи сметка за потребите на работна сила на пазарот“ вели Елена Милевска Штрбевска оперативен директор на Стопанска комора на Македонија Според неа, обезбедување на квалификувана работна сила за потребите на стопанството е еден од клучните предизвици во Македонија. „Притоа, средното стручно има потенцијал да го подобри преминот од училиште во

Иднина: целосна ускладеност помеѓу образованието и стопанството



www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

48

Компании и пазари

С Елена Милевска Штрбевска

оперативен директор на Стопанска комора на Македонија

ето тоа би значело и наш конкретен придонес во усогласувањето на наставните програми со потребите на бизнисот, што ќе има директни импликации и врз намалувањето на стапката на невработеност. Имено, факт е дека во земјите каде што функционира системот на “дуално образование” стапката на невработеност е помала од 10%.

работниот свет и да им понуди на младите перспектива за планирање на кариерата, а со самото тоа и за пронаоѓање на сопствената улога во општеството. Заради тоа иновациите и вложувањата во средното стручно образование се клучни предуслови за подготовка на општествата за иднината“, вели Милевска. Затоа и основното барање во иницијативата на бизнис заедницата е премин од системот на средното стручно образование кое се заснова на училиште, кон втемелување на т.н. “дуални принципи” на средно стручно образование.

Како да профункционира дуалното образование?

Стопанската комора во нивната анализа има направено и конкретно мапирање на работите кои треба да се менуваат и можат да се идентификуваат како постојни недостатоци за воведување на дуално образование. Тоа се мал број ученици во помалку атрактивните профили, кои се барани на пазарот на трудот; неусогласеност на понудата и побарувачката на работна сила, што влијае и на зголемување на стапката на невработеност; голем број образовни профили не се ажурирани согласно постојните трендови и потреби; недостасува пракса во компаниите; компаниите не се подготвени или се делумно

Во земјите каде што функционира дуалното образование невработеноста е помала од 10%

И

наку, во областа на дуалното образование, особено развиени и функционални системи се воспоставени во Германија, Австрија и Швајцарија. Од досегашните искуства, може да се претпостави дека не постои лесен и брз начин системот на средно стручно образование да се пренесе од една во друга земја но факт е дека кога еднаш ќе се пренесе тоа има огромни позитивни ефекти.

Според Милевска Штрбевска ефектите на дуалното образование врз намалување на невработеноста се докажани со конкретни примери. „Ќе има директни импликации и врз намалувањето на стапката на невработеност. Имено, факт е дека во земјите каде што функционира системот на “дуално образование” стапката на невработеност е помала од 10 отсто“ вели Милевска Штрбевска.

Мал број ученици во помалку атрактивните профили, кои се барани на пазарот на трудот, неусогласеност на понудата и побарувачката на работна сила, што влијае и на зголемување на стапката на невработеност, голем број образовни профили не се ажурирани согласно постојните трендови и потреби, недостасува пракса во компаниите, компаниите не се подготвени или се делумно определени за прифаќање на практична обука на поголем број ученици. Ова се само дел од состојбите кои треба да се променат за стручното образование конечно да почне да функционира како вистинска корисна алатка на бизнис секторот, по иницијатива на Стопансата комора на Македонија определени за прифаќање на практична обука на поголем број ученици и слично. Сепак и во нивната анализа се признава дека за да се изведат овие промени ќе биде потребен подолг временски период. „Имајќи ја предвид потребата од учество на повеќе засегнати страни во оваа крупна реформа (органи на државната управа -министерства и други органи и тела), средни училишта, комори, ученици, стручен кадар), несомнено е дека за нејзина реализација ќе биде потребен подолг временски период со точно дефинирани активности за реализација на дефинираните стратешки цели“.

Тоа го потврдуваат и изготвените студии на изводливост на ваквите проекти во земјите од регионот. Во една од нив се идентификува и проблемот со кревката структура на националното стопанство, што воопшто не е поволна основа за реформи во областа на образованието, каде што голема и значајна улога треба да преземат и компаниите. Но, според странските експерти и согласно теориите за промени, посебно се нагласува дека промените многу полесно е да се преземат во тешки времиња, отколку во времиња на просперитет и успех. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

Истражување

49

Клуб на истражувачи

Промовирани уште две нови истражувања во Народната банка

Клубот на истражувачи на Народната банка промовираше два нови стручни трудови. Авторите Никица Мојсоска - Блажевски и Марјан Петрески го претставија трудот „Долгорочни лузни на пазарот на труд при исклучително висока невработеност на младите: Докази од Македонија“, а авторите Магдалена Петровска, Анета Крстевска и Никола Наумовски „Предвидување на пресвртните точки на македонскиот бизнис циклус со примeна на квалитативниот векторско - авторегресивен модел“.

Т

Трудот „Долгорочни лузни на пазарот на труд при исклучително висока невработеност на младите: Докази од Македонија“ на авторите Никица Мојсоска - Блажевски и Марјан Петрески ги оценува факторите што влијаат врз должината на транситорната невработеност од образование до работа, како и ефектот од истата врз изгледите за вработување и идната плата. Според истражувачите, овие ефекти се познати како лузни на пазарот на труд, бидејќи колку е подолга невработеноста по завршување на образованието, толку се очекува

веројатноста за наоѓање работа да се намалува, и тоа негативно да влијае врз платата кога тоа лице евентуално ќе се вработи. „Македонија се одликува со висока невработеност, која е особено нагласена кај младите: еден од двајца млади не можат да најдат работа. Времето што овие лица го поминуваат од моментот на завршување на образованието, па до наоѓањето задоволителна работа е, во просек, околу шест години, што е многу долг период. На индивидуално ниво, должината на оваа невработеност, или транзиторен период од образование до работа, може да значи ерозија на стекнатите вештини, изгубен доход што лицето можело да го прима, што пак може да доведе и до социјално непосакувани ефекти, како што се психички проблеми. Секако, губи и општеството, во смисла на развојниот потенцијал кај младите, кој постои но е неискористен“, вели професорот Марјан Петрески.

Тој објаснува дека во трудот се користени ново - достапните податоци на Меѓународната организација на трудот, т.н. Анкета за премин од училиште кон работа од 2012. „Наодите укажуваат дека комбинација од индивидуални, социо - економски фактори и работни преференции ја детерминираат должината на невработеноста на младите лица. Работните преференци се покажуваат како најзначајни, а тоа се: платата под која лицето не би прифатило работа, фактот што лицето учествувало во пракса во текот на школувањето и кариерната ориентација во животот. Од втора важност се социо - економските фактори, особено образованието на таткото и финансиската ситуација на семејството, од кои двата може да се поврзат со социјалните мрежи на родителите, односно колку е веројатно тие да може да им помогнат на своите деца да најдат работа. Индивидуалните фактори беа најдени најмалку важни“, вели Петрески, и додава дека резултатите

Факт: Македонија се одликува со висока невработеност кај младите


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

50

Истражување

укажуваат на силно присуство на лузна на вработувањето: младите лица кои остануваат невработени подолго време, имаат помали шанси да најдат работа потоа. Според резултатите од истражувањето, лице со краткорочна невработеност (од една недела до една година) по завршувањето на образованието има помала веројатност за 28,4% да се вработи од лице кое се вработило веднаш. Лузната за лица со среднорочна и долгорочна невработеност е 42,6% и 61,8%, соодветно. Ефектот на лузна расте со должината на невработеноста, односно таа значајно ги поткопува можностите за вработување на младите. „Од друга страна, студијата не наоѓа докази за постоење на лузна на плата. Ова значи дека и покрај тешкотијата да се најде работа (лузна на вработеноста), откако младите лица ќе најдат работа, нивната плата не е значајно различна поради должината на претходната невработеност. Ова е во линија со некои размислувања за ниската важност на должината на невработеноста за следствената плата, сврзана со ниската сигнална вредност на невработеноста во земји со висока младинска невработеност“, објаснува Петрески. трудот “Forecasting Macedonian business cycle turning points using Qual VAR model” на авторите Магдалена Петровска, Анета Крстевска и Никола Наумовски

Целта на трудот “Предвидување на пресвртните точки на македонскиот бизнис - циклус со примeна на квалитативниот векторско - авторегресивен модел“ на авторите Магдалена Петровска, Анета Крстевска и Никола Наумовски е сумирање на корисноста на т.н. водечки индикатори од аспект на нивната моќ во предвидувањето на пресвртните точки на бизнис циклусот. „Имајќи предвид дека предвидувањето на фазите на бизнис циклусот е еден од клучните елементи за ефикасно делување на креаторите на монетарната и фискалната политика, економските аналитичари прават константни напори за изнаоѓање на комбинација на макроекономски индикатори коишто би можеле релевантно да ги сумираат и предвидат флуктуациите на економските услови. Во тој поглед, емпирискиот дел на трудот претставува адаптација на т.н. квалитативен векторскоавторегресивен модел, иницијално поставен од Dueker, 2005 година. Интуитивно кажано, станува збор за стандарден векторскоавторегресивен модел проширен со пробит равенка за веројатноста од рецесија“, објаснува Петровска. Според неа, како и во стандардните пробит модели, и овој пристап претпоставува дека во основата на бинарна зависна променлива којашто има вредност 1 во рецесии и 0 во експанзии лежи латентна варијабла (т.е. варијабла којашто не е директно мерлива). Петровска објаснува

Contact: 022/401-985 | 070/380-755

дека оваа латентна варијабла, којашто економски се интерпретира како индекс на близина на бизнис циклусот до пресвртна точка, е во фокусот на овој труд. „На историски хоризонт, секоја точка од индексот покажува колкав шок (искажан во стандардни девијации) е потребен за да ја промени насоката на бизнис циклусот. Насоката пак на индексот во идниот период, доколку е нагорна упатува на подобрување на економските услови, и обратно, надолна насока сигнализира нивно влошување (приближување на економијата кон рецесија или пак нејзино навлегување во уште подлабока рецесија). Трудот заклучува дека реалниот БДП, индикаторот за економскиот сентимент продуциран како анкетен податок од страна на Европската комисија, заедно со степенот на искористеност на капацитетите во домашниот преработувачки сектор се разумно добри индикатори за навремено и прецизно апроксимирање на фазите на бизнис циклусот во Македонија“, вели Петровска и додава дека сепак, нивната предвидувачка моќ е сконцентрирана на движењето на бизнис циклусот на краток временски хоризонт. „Дополнително, ex-post сознанието за движењето на реалниот БДП во 2015 година упатува на коректно предвидување од страна на овој индекс за континуирано подобрување на бизнис циклусот во овој период“, оценува Петровска. nnn



www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

52

свет

Je suis Charlie, Paris, Bruxellois ...

Колку „новата нормалност“ ќе ја поремети Европа? пишува:

A

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Ако го парафразираме Тито, при пресметана можност ова да биде сфатено како парола од некои други времиња, многу различни од сегашниве - за да живееме како сто години дека ќе биде мир, треба да се подготвуваме оти утре ќе избие војна. Европа по Брисел не може да живее спокојно дека барем до утре ќе биде безбедна - во неа е на сила, како што ја нарекоа медиумите, „новата нормалност“ под закана од следни терористички напади. Аналитичарите се едногласни дека службите и полицијата не беа на нивото

на ситуацијата. Не дека се очекува полицијата да го спречи во намерата токму секој „самотен волк“ кој одлучил да умре разнесувајќи се со дома „склепан“ експлозив, но, не може да и „промакнуваат“ напади што бараат подолго планирање, сериозна логистика, особено во случаи како последниот, кога информациите биле тука, а не им било посветено потребното внимание за да се развијат до ефикасен план за дејстување/спречување. Причините што нападите во Брисел не беа спречени, и мораше со „Je suis Bruxellois“ да продолжи серијата слогани на солидарност по трагедиите - „Je suis Paris“ и претходно „Je suis Charlie“, покрај во неверојатните пропусти на белгиската полиција, се бараат и во непотценливата бројка луѓе отворени за пропагандата на Исламската држава поради лошата социјална ситуација на

муслиманите во Европа, што е прашање за решавање на подолг рок, исто како и бегалската криза и причините за неа. Но, како апел за итна реакција деновиве често се потсетува на познатата изјава на Ирската републиканска армија, дадена по неуспешниот обид за атентат на тогашната британска премиерка Маргарет Тачер: „Вие треба да имате среќа цело време ние треба да имаме среќа само еднаш“. А Исламската држава „среќата“ ја послужи неколкупати едно-по-друго - нападите во Брисел се случија само четири месеци по париските, организирани од истата џихадистичка мрежа, во кои загинаа 130 луѓе. Сега ќе се прави што се може за да се спречи она на што американскиот Стејт департмент предупреди веднаш по нападите во Брисел, а имено дека „терористичките групи

Еленовски: Македонија реагира доста брзо на п


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

53

Европа ќе се обиде да смогне сили за да остане каква што е, да си ги зачува граѓанските слободи, да не се затвораат поединечните држави, да не донесе на власт националисти/популисти ..., знаејќи дека само така џихадизмот ќе ја загуби војната која нема да трае кратко. Но, ова по нападите (и) во Брисел повеќе звучи како прокламација, што во доживувањето на луѓето отстапува пред „новата нормалност“ на закани од терористички напади, со сите последици по вредностите на континентот

продолжуваат да планираат непосредни напади ширум Европа, а цел им се спортски настани, туристички места, ресторани и јавниот транспорт“, но, прашањето дали ќе треба да се научиме да живееме под постојана закана, веќе стана реторичко, на кое нема аналитичар кој не одговара со „да“, без дилеми. Прашањето - ќе треба ли да се научиме да живееме под постојана закана? - му го поставивме на македонскиот амбасадор во Белгија и поранешен министер за одбрана во македонската Влада, Лазар Еленовски. „Комплексно е прашањето, но очигледно е дека има големи проблеми во Европа. Тоа особено се гледа во ситуацијата во НАТО. САД одамна и кажува на Европа да вложува повеќе во безбедноста, кое прашање беше потценето по падот на

предизвиците

Берлинскиот ѕид. Значи ова чии трагични последици ги гледаме сега не е од вчера - тоа е резултат на дваесетгодишно занемарување на прашањата поврзани со безбедносните предизвици. Што да кажеме за ситуацијата во која браќата бомбаши самоубијци од Брисел во САД се водат како терористи, а во Белгија како криминалци? Катастрофална некоординираност на службите. Итно е потребна реформа на безбедносниот сектор во Европа“, изјави Еленовски за „Капитал“.

На прашањето за ситуацијата во Македонија, во светлината и на изјавата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека „во Македонија имаме 72 повратници, од лица кои учествувале на боиштата, отишле како екстремисти, се вратиле како терористи“, амбасадорот успокојува, односно смета дека „Македонија реагира доста брзо на предизвиците“, и потсетува дека на македонските државјани кои учествувале во странски армии или паравојски им следуваат законски санкции.

Лазар Еленовски

амбасадор на Македонија во Белгија

И

тно е потребна реформа на безбедносниот сектор во Европа, на која САД одамна и кажува да вложува повеќе во безбедноста, кое прашање беше потценето по падот на Берлинскиот ѕид. Значи ова чии трагични последици ги гледаме сега не е од вчера - тоа е резултат на дваесетгодишно занемарување на прашањата поврзани со безбедносните предизвици.


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

54

свет

Последиците ќе ги одредува дејствителноста на заканите

Повиците дека Исламската држава напаѓа во паника, притеснета од фактот што од 2012 година кога контролираше територија скоро колку Велика

Британија, по воздушните напади, копнените операции на Курдите, на војската лојална на Башар ал-Асад ..., сега е преполовена, во моментов не нудат утеха. Како ни апелите Европа да смогне сили и да успее да остане каква што е, да си ги зачува граѓанските

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

слободи, да не се затвораат поединечните држави, теророт и стравот да не донесат на власт националисти/популисти ..., зашто само така џихадизмот ќе ја загуби војната, која, секому е јасно, нема да трае кратко. Стравот, односно значително зголемените безбедносни ризици се тука, и не може да не влијаат негативно на обидите за враќање на отворените Шенген граници; на спроведувањето на договорот меѓу Европската унија и Турција за справување со бегалската криза; да не ја засилат кампањата за излегување на Велика Британија од ЕУ ... Во однос на растечкиот меѓународен тероризам, Европа долгорочно ќе остане ранлива, откако се виде дека полицијата и тајните служби, и покрај силната активност по нападите во Париз, не успејаа да ги осуетат бриселските напади, напиша New York Times. Односно, како што вели Даниел Бајман од американскиот тинк-тенк Brookings, цитиран од споменатиот весник, нападите во Брисел се само уште едни во серијата „терористички активности на еден континент што почнува да гледа на насилството како на нова реалност“. Интересно е што дури и начинот на кој реагираат светските берзи, иако тој е позитивен во смисла на брзината со која пазарите на капитал се враќаат на старо, укажува дека терористичките напади стануваат „нова нормалност“. Имено, на денот на нападите во Брисел индексите во Лондон, Париз, Франкфурт, Брисел ..., паднаа за околу и над еден процент, но само ден подоцна пазарите видливо се успокоија. Слично беше и по нападите во Париз, а причината во еден

дел е, сметаат аналитичарите, што недостасува факторот на изненадување, па нема ни поголема финансиска паника, за разлика од вознермиреноста и хаосот од социјална и политичка природа, кај луѓето кои можат да ја прифатат како факт, но не и да се навикнат на „новата реалност“. Како и да е, влијанија врз европската економија ќе има, прашањето е во колкава мерка, што, пак, ќе зависи од тоа колку дејствително тероризмот ќе станува закана за континентот. Истиот ден со нападите во Брисел излегоа податоците за активноста во еврозоната, која го завршила првото тромесечие со раст, по сè изгледа поради стимулациите од Европската централна банка; се зголемил и и индексот на менаџерските нарачки. Аналитичарите сметаат дека ова по Брисел можеби и нема значајно да се промени, но терористичките напади во комбинација со другите ризич-ни фактори предвидуваат потемни сценарија. Засилените терорис тички закани на Британците им даваат дополнителна причина да гласаат за излегување од ЕУ, со сите последици за европската и за светската економија. Последиците, пак, од бегалската криза, засилени со заканите, најавуваат натамошно затворање на границите во Шенген, што го зголемува чекањето на стоките да поминат, на расходите на компаниите, и продолжува да ја урива довербата во единствениот пазар. Седум држави од ЕУ, вклучително и Белгија, досега побараа привремено ставање вон сила на дел од шенгенскиот договор. Она што најдиректно ќе ги


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

55

погоди граѓаните, најверојатно ќе бидат зголемените контроли на аеродромите, што може значително да ги забави процедурите за патниците. Во првите две експлозии во Брисел загинаа луѓе на аеродромот Завентем, каде бомбашите самоубијци се разнесоа во зоната за заминување, и каде секој има непречен пристап. Деновиве експерти на ЕУ ги разгледуваат начините за зголемување на безбедноста на аеродромите, и најстрогите мерки за

безбедност што можеби ќе бидат донесени се поставувањето на скенери на главните влезови на аеродромите на терминалите за полетување и пристигнување на авионите, а не само на излезите по чекирањето, како што е сега. Во ваков случај европските аеродроми ќе заличат на израелските - Израел е под постојана закана, а за да се стигне до аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се поминуваат 11 пунктови за безбедност,

што почнуваат на над километар од комплексот. Кога сме веќе кај најголемиот аеродром во Израел, таму се инсталирани и илјадници камери и моќни сервери како услов за да профукционира софтвер за идентификување лица, односно, за навремено откривање терористи. Иако ваквите системи сè уште имаат несовршености - за да бидат „прелажани“ доволно е тој што сака да се скрие да стави очила за сонце или подлабоко да „натегне“ безбол капа, технолошките компании бараат само политичка волја/согласност од политичарите, за да препорачаат и термокамери што реагираат на зголемена температура кај луѓето, која може да е знак на напнатост на терорист пред напад, но, може и да им направи непријатност на луѓето кои се едноставно настинати. Израелската компанија Suspect Detection Systems (SDS), бара решение и кое предвидува камерите на смартфоните на луѓето кои се во близина на локација под терористичка закана да бидат користени од безбедносните служби, но од SDS се свесни дека за ова е потребна согласност од луѓето, „кои во Израел имаат чувство дека се на линијата на фронтот, но прашање е дали истото може да важи и за Европејците“, коментира Шабтај Шовал од SDS. nnn


ЕдноднЕвна обука на тЕма:

ПАКЕТ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ ЗА ЗАЛИХИ СОГЛАСНО МСС 2 l 15.04.2016 l 09:00-16:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје Рок за пРијавување: 13 АприЛ 2016

ЦЕЛ НА ОбуКАТА: Целта на обуката е да обезбеди знаење и вештини за правилна евиденција и вреднување на залихите во сметководствената евиденција и финансиските извештаи. СОДРжИНА НА ОбуКАТА: l мСС 2 – Залихи l Практични примери за вреднување и мерење на залихите l усогласување на сметководствена и фактичка евиденција на залихи

ПРЕДАВАчИ: бИЛјАНА МИТРЕВСКА

менаџер за ревизија Грант торнтон македонија

МАРИјА СИМОСКИ ЛИНИН

менаџер за даноци и аутсорсинг Грант торнтон македонија

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


ДЕКАДА НА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Единствена меѓународна акредитирана програма во Македонија • Професори со сертификат од Харвард бизнис школата

www.uacs.edu.mk ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета македонска бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 (0) 2 2463 156

Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk Веб страна: www.uacs.edu.mk


www.kapital.mk

Капитал број 857 01.04.2016

58

лидери

рид Хаштингс извршен директор во Netflix

Многу идеи на почетокот звучат луди и глупави, но на крајот се добри!

и

Извршниот директор на денеска можеби најгледаната платформа за он - лајн видео содржини Netflix, Рид Хаштингс е човек кој знае како да изгради успешен бизнис. После неколку добри бизнис проекти, денеска тој сигурно е најпознат по создавањето

Со секој неуспех учите една од 99 работи кои во иднина треба да ги избегнете. Па затоа според мене сопствените неуспеси не се толку добри. Според мене многу подобро е да можете да научете од неуспесите на другите.

Во Netflix се трудиме да изградиме чувство на одговорност каде луѓето се грижат за компанијата. Тешката работа, како останување и после работното време, нам не ни смета. Она за што ние се грижиме е да завршиме одлична работа.

Одговорните луѓе се стремат кон слобода и тие ја заслужуваат таа слобода. Тие се мотивирани, го собираат сметот кој е оставен на подот, се однесуваат како сопственици во компанијата во која работат... Затоа нашиот модел е да ја зголемиме слободата на вработените со тек на време, место истата да им ја ограничуваме.

на Neflix, платформата на која може да се гледат можеби најдобро рангираните твсерии и филмови. Токму ваквиот успех го смести Хаштингс меѓу 30 најдобри извршни директори во 2015 година. Еве што тој има да каже за претприемништвото:

Многу претприемачки идеи на почетокот ќе звучат луди, глупави или неисплатливи, но на крајот од денот ќе се покажат како добри.

Во светот се случува револуција и сметам дека за неколку години Wi-Fi и Netflix ќе бидат составен дел од секој телевизор.

За мене особено беше важно да завршам факултет. Во моето семејство јас бев еден од првите со диплома. Ниту мајка ми, ни татко ми немаа завршено факултет.

Понекогаш огромно богатство се прави за кратко време, но во голем дел тоа е резултат на среќа. Затоа треба да размислувате дека ќе ја градете вашата компанија преку многу работа. Тоа можеби може, но и не мора, да се претвори во големо богатство.




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.