858 kapital magazin

Page 1

COVER STORY: БАНКАРИТЕ ИГРААТ НА СИГУРНО

РЕКОРДНИ ПРОФИТИ И ПОМАЛКУ КРЕДИТИ ЗА ФИРМИТЕ

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ГРАДЕЖНИШТВО

ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОЧЕКУВААТ РЕКОРДНО УСПЕШНА ГОДИНА!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

СЕ ЗА АФЕРАТА “ПАНАМСКИ ДОКУМЕНТИ” ПРОТЕКОА ОФШОР СМЕТКИТЕ НА СВЕТСКАТА ЕЛИТА

WWW.KAPITAL.MK

INTERVIEW

INTERVIEW

ФААДИС РЕЏЕПИ

ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКА ПОШТА

МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА

главен финансов директор на Комерцијална банка и член на Управен одбор

Комерцијална банка се врати во кондиција, годинава ќе направиме уште поголем профит!

МАКЕДОНСКА ПОШТА РЕШИТЕЛНО И СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЧЕКОРИ НАПРЕД КОНФЕРЕНЦИЈА НА БИЗНИС ПЛУС 7-МА МЕЃУНАРОДНА

НА ПАЗАРИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ ПРОДАВААТ ПРОИЗВОДИ, ТУКУ БРЕНДОВИ.

БРОЈ 858 | ЦЕНА 100 ДЕН. 8 АПРИЛ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

СЕКОЈ ПЕТТИ ВРАБОТЕН РАБОТИ НА ДРЖАВНА СМЕТКА!



3

Капитал број 858 08.04.2016

содРжИна

30 04

profile

08

наВИГаТоР

10 16 18

Мајкл Хадсон

уредник на Меѓународниот конзорциум за истражувачко

секој петти вработен во земјава работи на државна сметка!

22

коМпанИИ И паЗаРИ

26

ИнТеРВју

капИТално

домашните компании бараат инфраструктура за да користат гас

30

БИљана ЗдРаВкоВска сТојчеВска сите патишта водат преку панама

главен финансов директор на Комерцијална банка и член на Управен одбор

комерцијална банка се врати во кондиција, годинава ќе направиме уште поголем профит!

n Градежниците очекуваат

сВеТ

ана јоРданоВа

46

Балкан БИЗнИс И полИТИка

Да препознаете добра идеја е клучно во бизнисот александРа сРБИноВска-дончеВскИ

50

сВеТ

54

лИдеР

генерален директор на Македонска Пошта

ИнТеРВју

главна винска уредничка во винарницата „Стоби“

Кризата на убавиот говор е општа појава во нашето општество ЦВеТанка јоВаноВа

Маја сТеВкоВа ШТеРИеВа

И недВИжнИнИ

40

ФаадИс РеџепИ

професорка на ФОН

INtervIeW

пРИлоГ 31 спеЦИјален ГРадежнИШТВо рекордно успешна година!

Македонска пошта решително и со јасна визија чекори напред

Cover story

Банкарите играат на сигурно Рекордни профити и помалку кредити за фирмите

50

46

академска уметница

Поттикнувањето на слободниот дух има највисок приоритет

Тајните од “панамски документи” го тресат светот Откриени офшор тајните на светската елита

седма меѓународна конференција на Бизнис плус

по историската посета на обама на куба Oбнова на бизнисот меѓу САД и Куба ФИл најТ

основач на Nike

Во ред е да си Голијат, но секогаш “играј“ како давид!

БанкаРскИ пРоФИТИ

Гас

панаМскИ докуМенТИ

На сигурна карта одиграле поголем дел од банкарите лани во време на политичка и економска криза, па наместо приватните фирми, повеќе ги кредитирале граѓаните, покажуваат годишните податоци на Народната банка. По одделни банки, најголем дел од нив значително го зголемиле кредитирањето на населението, додека само малку од нив одобрувале повеќе кредити за бизнисот.

Македонија користи само 17% од капацитетот на постоечкиот гасовод. Ова го потврдуваат официјалните податоци на АД ГА-МА единствен носител на лиценците за пренос и управување со системот за пренос на природен гас. Според експертите, клучниот проблем е цената на гасот која е многу висока, што пак влијае и на вториот проблем – развојот на секундарната мрежа.

Аферата Panama Papers или Панамските документи го тресе целиот свет. Милионите документи кои протекоа во јавноста од панамската адвокатска фирма “Мосак Фонсека”(Mossak Fonseka) на виделина извадија како светската бизнис и политичка елита ги користи офшор фирмите од даночните раеви за да го сокрие богатството, да плаќа помалку даноци, да затајува данок...

XX Стр. 10

XX Стр. 22

XX Стр. 50

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 07.04.2016


www.kapital.mk

profile

Мајкл Хадсон

уредник на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство

Интересите на моќниците ги спречуваат реформите во офшор работењето Офшор работењето е длабоко вкоренето меѓу политичката и финансиската елита низ целиот свет, заради што, имајќи ги во предвид личните интереси на најмоќните, ќе биде многу тешко да се спроведат било какви реформи, вели за Слободна Европа, Мајклс Хадсон, уредник на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство по повод објавувањето на “Panama papеrs”.


М

Мајклс Хадсон, уредник на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство деновиве се најде во центарот на вниманието на светската јавност откако протекоа над12 милиони документи од адвокатската фирма од “Mossak Fonseka” кои открија како речиси целата богатата светска елита го крие своето богатсво по даночните раеви. Уште со самото објавување на податоците веднаш почна да се лицитира кој стои зад ова досега најголемо протекување на доверливи податоци. Според неговите зборови, германски дневен весник Зидојче Цајтунг ги добил материјалите уште пред една година од страна на “свиркач” (whistleblower) кој им соопштил дека има неправилности во работењето на адвокатската фирма во Панама, Мосак Фонсек, и дека би сакал тоа да се разоткрие. Овие информации Германците ги споделиле со Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, кој формирал тим во кој учествувале 370 новинари од над 100 медиумски организации од повеќе 70 земји кои во изминатава година ги обработувале сите добиени податоци за да потврдат дека тие се веродостојни. И во неделата за прв пат јавноста дозна за Панамските документи откако светските медиуми коррдинирано почнаа да ги објавуваат имињата на сите политичари, бизнисмени, славни личности кои ги ккористеле услугите на панамската адвокатрска фирма за да отвараат фирми во даночните раеви низ Пацификот. “Мосак Фонсека не може едноставно да негира дека не се виновни. Тие беа вмешани во работи со многу сомнителни клиенти, вклучувајќи лица и компании кои веќе биле на црната листа на американските власти поради вмешаноста во незаконски работи како што се мексиканските нарко дилери и терористичките организации како Хезболах и држави од типот на Северна Кореја и Иран. “Мосак Фонсека” како посредник беше обврзан спрема законот да води сметка кои се неговите клиенти”, вели Хадсон. Според него, овие документи покажуваат дека политичката и финансиска елита ширум светот масовно ги користи офшор системите. “Тука не се работи само за една земја или лидер, туку како елита, најбогати и најмоќни луѓе ширум светот користат офшор за своите работи- кои не мора секогаш да биде незаконит- како посебен, подземен систем како дел од глобалниот финансиски поредок. Офшор работењето, им овозможува на моќниците тајно да основаат фирми и да префрлаат

Капитал број 858 08.04.2016

profile

5

Зошто баш сега се објавени податоците?

О

фицијален Кремљ негира било каква вмешаност на рускиот претседател Владимир Путин и смета дека во позадина е настојувањето на Западот да ја разниша Русија односно да доведе до промена на режимот на изборите закажани за есен. “Можам да ви кажам дека американските власти немаат ништо со објавувањето на овие извештаи. Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство има долга историја на критикување на Вашингтон. Јасно ми е дека во поедини земји не можат да сфатат дека постојат независни медиуми кои не се под притисок на власта како што е организацијата во која работам. Улогата на медиумите не е само да презентираат познати факти, туку и да истражуваат”, смета Хадсон.

Викиликс против Панамаликс

Деновиве се поставуваат многу прашања за британските прекуморски територии, како и централната улога на Лондон во движењето на парите низ многу сложената офшор мрежа.

пари, што значително со самото тоа им се отежнува на надлежните институции да утврдат состојба и според тоа да докажат и делуваат. Ни САД не се имуни на таква врста на работење. Иако во САД се крева голема прашина околу офшор механизмот, па дури и најавуваат негово значително ограничување, пресметката со преку граничното избегнување на данокотвистина е дека многу Американци тоа итекако го користат”, објаснува тој. Оваа афера извади на виделина уште еден друг факт. Дека Британија е во срцето на меѓународното избегнување даноци дозволувајќи им на овие мали остатоци на империјата да применуваат тајни закони за даноци и да воспостават офшор компании кои работат без транспарентност. Деновиве се поставуваа многу прашања за британските прекуморски територии, како и улогата на Лондон во движењето на парите низ многу сложена офшор мрежа. Се поставуваат и многу сериозни прашања околу функционирањето на овој механизам во САД, поточно како преку офшор компаниите се купуваат луксузни недвижности во Њујорк или Мајами, затоа тајните патишта на парите од трговијата со дрога, избегнувањето даноци и други нелегални финансиски трансакции кои се

“САД го финансира скандалот предизвикан со објавувањето на Панамските документи, обвинија претставници на WikiLeaks, како одговор на интервјуто на директорот на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, Џерард Рајли, за магазинот Wired. Најголемата огранизација што објавува тајни, класифицирани документи, беше испровоцирана откако Рајли во интервјуто, на прашањето зошто од Панамските документи се засегнати многу малку Американци, одговори дека нема план да се обајави целиот сет од податоци, како што тоа го прави WikiLeaks. „Ние не сме WikiLeaks. Се обидуваме да покажеме дека новинарството може да биде одговорно“, рече Рајли. префрлаат преку големите американски банки. Кога ќе се споменат офшор териториите, луѓето обично мислат на мали острови „на крај на светот“ во Карибите или Пацификот. Меѓутоа, во секоја истрага пресудна е улогата на големите компании, пред се банките и другите моќни институции кои заработуваат огромни количини пари низ офшор системот поради што тешко е да се спроведат реформите. Можеби звучи како претерување, но многу политичари од левицата деновиве тврдат дека токмуи офшор работењето значително придонесло за избивање на глобалната економска криза во 2008 година и за продлабочување на нееднаквостите помеѓу најбогатите и останатите. nnn


6

Капитал број 858 08.04.2016 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

Претплатете се на КАПИТАЛ...

АНАЛИЗА

И

ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ГОДИНИ

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА

специјален прилог

АВТОМОБИЛИ

КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА

 АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?

денари, заштедете

УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.

ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ

600.000

ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!

COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА

ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

SKI & SPA

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!

ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

АНАЛИЗА

2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?  НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ  НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ

 НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА  ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА  WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

МЕСЕЦИ

 СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016

1,1

МИЛИЈАРДИ ЕВРА

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

PROFILE

МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК

Истанбул станува “мека” за стартапи

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА Излегувањето на В.Британија од ЕУ ќе биде “скок во непознатото“, кој ќе има негативно влијание врз животниот стандард, работните места и трговските можности на европскиот пазар.

7,5%

e пораснат извозот на стоки кон странство во периодот јануари- февруари 2016 година во споредба со истиот период лани

деЈВИд КАМеРОН британски премиер

ФИТИ: дА Се СКРАТАТ ВлАдИН ОТИ Ќе ТРеБА дА Се ЗГОлеМА

Н

е смееме да продолжиме со ова темпо на задолжување а властите брзо треба ги скратат непродуктивните трошења на народни пари пред да дојде потребата да се зголемат даноците, порача претседателот на Македонската академија на науки на уметности (МАНУ), академик Таки Фити. „Владата мора брзо да почне процес на фискална консолидација, што просто кажано значи да ги намали трошењата и задолжувањата да ги сведе на ниски буџетски

Што открива региСтарот на вработени во јавениот Сектор?

Секој петти вработен во земј работи на државна Сметка!

С пишува:

габриела делова

gabriela.delova@kapital.mk

Согласно Регистарот на вработени во јавниот сектор во Македонија во 2015 година работеле 128.347 вработени. Ако се земе предвид дека во 2015 година, Државниот завод за статистика избројал вкупно 705.991 вработени, тогаш тоа значи дека секој 5-ти вработени во земјава работи на сметка на државата. Со оваа официјална бројка конечно се става точка на проценките кои со години се оценуваа само како шпекулација за тоа колку брои јавниот сектор во државата. Освен вкупниот број на вработени во јавниот сектор, Регистарот го открива и вкупниот број на државни и јавни институции кои постојат во земјава, а каде се вработени сите овие 128.237 службеници. Според овие информации во просек во секоја институција работат 99 службеници. Ако бројот на вработени во јавниот сектор се одземе од вкупниот број на вработени во земјава, излегува дека во приватниот сектор работат 557.644 луѓе,

ЗА едНА ГОдИНА ЈАВНИОТ СеКТОР Се ЗГОлеМИл ЗА чеТИРИ пАТИ?!

з

а разлика од годишнешниот регистар за вработени во јавниот сектор во 2015 година, кој во голема мера беше објавен под притисок на европските претставници, но и поради забелешките од извештајот на прибе, од 2010 година па се до 2014 година, министерството за информатичко општество објавуваше податоци за вработените во државните и јавните институции, податоци кои значајно се разликуваат од годинешниот, што во голема мера ја доведува во прашање транспарентноста и точноста на дадените податоци од министерството. Само за илустрација, согласно регистарот за вработени во државните и јавните институции, во 2014 година на државна сметка работеле вкупно 33.167 вработени, што е 3.8 пати помалку од вработените во јавниот сектор во 2015 година. односно, во 2014 година во државните институции работеле 16.212 службеници, додека во јавните 16.955. Слични се податоците и од регистрите наназад се до 2010 година, кога за прв пат министерството си даде обврска да објавува податоци за вработените во државните и јавните институции.


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

9 мисла на неделата

нИТе ТроШеЊа аТ даноцИТе! дефицити од најмногу 2% од БДП. Другата алтернатива е да ги зголеми даноците. Науката сугерира властите да ги скратат сите непродуктивни трошоци од буџетот оти има многу непродуктивни трошења каде што треба да се направат заштеди. Освен тоа, голем дел од задолжувањата се прават за да се покриваат тековните трошоци на власта, кои што вклучуваат и зголемувања на платите на јавната администрација, на пензиите, енормни и нерационални субвенции, и затоа ние имаме проблем. Тоа е многу опасен концепт“, истакна Фити.

ниските каматни стапки се голема можност за инвестирање. но, парите да влезат во реалната економија, а не на финансиските пазари.

Карлос Слим

мексикански бизнисмен и милијардер

> БроЈка

7,4%

e зголемен увозот за првите два месеци од 2016 година, според податоците на државниот завод за статистика

лидери

јава Регистар на вработени во јавен сектор број на по област вработени јавни установи 64,168 органи на државна власт 40,196 јавни претпријатија 18,239 локална власт 5,744 вкупно: 128,347 10 институции кои најмногу вработуваат Број на вработени Институција МВР 11330 Одбрана 7895 Македонски Шуми 2324 Секретарија за рамковен 1791 ЈСП 1440 УЈП 1310 МЖ Инфраструктура 1199 Комунална хигиена Скопје 1153 Водовод и Канализација 1149 Здравствен дом Скопје 1145

односно дека секој петти вработен во земјава работи на државна сметка.

МВР е институција со најмногу вработени

Гледано по бројот на вработени по институции, пак, Регистарот открива дека најмногу вработени од јавниот сектор има Министерството за внатрешни работи, каде работат 11.330 службеници. По него, следува секторот одбрана, каде работат вкупно 7.895 вработени. Трета институција со најмногу вработени е јавното претпријатие „Македонски шуми“ каде работат вкупно 2.324 луѓе. Нешто над илјада вработени, пак, има Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор (1.791), каде патем, мнозинството се вработени кои седат дома, а земат плата,

пет години откако беше ветен регистарот на вработени во јавен сектор, министерството за информатичко општество и администрација деновиве конечно го лансираше истиот. Согласно објавените податоци, јавниот сектор во македонија во 2015 година броел 128.347. ако се земе предвид дека во 2015 година, статистичкото биро избројало вкупно 705.991 вработени, тогаш тоа значи дека секој 5-ти вработени во земјава работи на сметка на државата. потоа Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП (1.440 вработени), Управната за јавни приходи (1.310), МЖ Инфраструктура (1.199), Јавното претпријатие Комунална хигиена –Скопје (1.153 вработени), Јавното претпријатие Водовод и Канализации (1.149), Здравствен дом Скопје (1,145) и Царинската управа (1.116 вработени). Вредно за споменување исто така е дека најголем број од институции во земјава се основани од страна на Владата на Македонија вкупно 429 институции, потоа од Република Македонија 71, Град Скопје 37, Општина Куманово 36, Општина Битола 27 ... Гледано по сектори пак, најголем број од институциите се во областа образование -538, потоа следи секторот здравство -117 институции, па управата која брои 115 институции... nnn

ИвИца ТодорИќ

Агрокор го лансираше оналјн молот со над 100.000 производи, со амбиција да биде регионален Амазон

Илон маСк

За новиот Tesla, Model 3, со попопуларна цена од 35.000 долари, стигнаа дури 276.000 нарачки за само еден викенд

не им беше неделата

СИгмундур давИд гунлогСон

премиерот на Исланд по Панамските документи се најде под притисок од илјадници луѓе да поднесе оставка

алИ ахмеТИ

испрати лоша порака за партијата, а збунувачка за јавноста пред изборите, со смената на сите свои кадри во Владата


10 cover story:

www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

cover story

Како работеа македонските банки?!

Бан игра сигу

Рекорд профи помал креди за фир

Кредити на фирми (милиони евра) Годишна промена (%) Кредити на граѓани (милиони евра) Годишна промена (%)

2015 2015

СТОПАНСКА БАНКА 408,0 8,4 597,5 7,3

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА 722,2 -1,3 221,3 19,7

ШПАРКАСЕ БАНКА 104,1 -3,1 73,2 27,5

ХАЛК БАНКА 185,4 21,3 155,5 22,8

АЛФА БАНКА 31,7 -1,5 36,2 -0,1

ЦЕ КООПЕРАТИВН


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

11

нкарите аат на урно

На сигурна карта одиграле поголем дел од банкарите лани во време на политичка и економска криза, па наместо приватните фирми, повеќе ги кредитирале граѓаните, покажуваат годишните податоци на Народната банка. По одделни банки, најголем дел од нив значително го зголемиле кредитирањето на населението, додека само малку од нив одобрувале повеќе кредити за бизнисот. Оваа зихерашка банкарска стратегија е очекувана ако се знае дека граѓаните важат за подисциплинирани клиенти и поредовно ги отплатуваат земените кредити за разлика од приватните компании. Освен што наплатата е подобра, кредитите на населението им даваат поголема можност за заработка на банките затоа што каматните стапки за кредитите за населението се повисоки, особено за потрошувачките кредити и кредитните картички кои што се и најбарани од граѓаните.

рдни ити и лку ити ирмите

ЕНТРАЛНА НА БАНКА 18,5 10,1 54,2 25,7

УНИ БАНКА 46,1 12,0 88,6 14,2

НЛБ ТУТУНСКА БАНКА 397,2 9,8 400,4 15,3

ОХРИДСКА БАНКА 233,1 17,9 141,5 14,4

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА 75,2 9,2 30,7 27,8

КАПИТАЛ БАНКА 23,3 16,4 6,5 47,7

МБПР 2,9 0,8 0,0

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА 75,2 22,2 15,1 21,6

ПРОКРЕДИТ БАНКА 200,1 12,3 51,7 -8,9

ТТК БАНКА 33,7 -12,4 27,4 13,9


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

12

cover story 2015

Н пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

На сигурна карта одиграле поголем дел од банкарите лани во време на политичка и економска криза, па наместо приватните фирми, повеќе ги кредитирале граѓаните, покажуваат годишните податоци на Народната банка. По одделни банки, најголем дел од нив значително го зголемиле кредитирањето на населението, додека само малку од нив одобрувале повеќе кредити за бизнисот. Оваа зихерашка банкарска стратегија е очекувана ако се знае дека граѓаните важат за подисциплинирани клиенти и поредовно ги отплатуваат земените кредити за разлика од приватните компании. Лошите кредити кај населението изнесуваат само 105 милиони евра, во споредба со 390 милиони евра спорни за наплата од бизнис секторот, меѓутоа, банкарите коментираат дека сепак

на среден рок, оваа кредитна политика е неодржлива, оти граѓаните сепак работат во фирми и за да ги враќаат кредитите мора да земаат плати. Освен што наплатата е подобра, кредитите на населението им даваат поголема можност за заработка на банките затоа што каматните стапки за кредитите за населението се повисоки, особено за потрошувачките кредити и кредитните картички кои што се и најбарани од граѓаните. За да го спречи ризикот од прекумерно задолжување на граѓаните во банките и со тоа влошување на наплатата на кредитите, Народната банка донесе неколку мерки со кои се обиде да ги дестимулира банките да одобруваат потрошувачки кредити и кредитни картички, а наместо тоа, парите да се пренасочат во фирмите. Сепак, првите два месеца од годината не покажуваат дека растот на овие кредити е запрен. Банкарите објаснуваат дека политичката криза и стопирањето на инвестиции во реалниот сектор ги натерале повеќе да одобруваат кредити на граѓани за да ги израдуваат акционерите со добивки, а не да работат со загуби. „Во услови кога голем број инвестициски проекти се одложија моравме да направиме делумна промена на стратегијата за во тој момент да не гo изгубиме чекорот на пораст. Од овие причини се засили кредитирањето на населението“, објасни Владимир Ефтимоски, генерален директор на Стопанска банка Битола. Сепак, последната анкета помеѓу банкарите за нивните очекувања покажа дека

85,9 29,7 212,7 110,4

2,9 31,0 -5,9 27,4

134,3

0,0

256,2 104,1 157,8

-6,0 14,4 3,9

9,1

60,0

435,3 1.039,4 208,5 69,7 45,5 103,7 64,8 38,1 23,2 38,7 25,3 7,3 0,0 27,6

8,6 11,6 14,1 23,2 0,4 14,5 6,3 0,3 -9,5 37,0 21,2 5,4 0,0 249,5

тие ќе ги затегнат кредитните услови за потрошувачките кредити во наредниот период, што е прва ваква промена по 2009 година. Тие потврдуваат дека ќе го следат сигналот на Народната банка за забавување на кредитирањето со потрошувачки кредити, меѓутоа, од друга страна признаваат дека фирмите се недоволно капитализирани и според тоа, ризични за одобрување поголеми кредити. „Голем број македонски компании се недоволно капитализирани, а со тоа ризични за поголеми износи на кредити. Многу проблеми кои се јавуваат кај компаниите се поврзани со нивната ранливост на најразлични екстерни шокови. Со оглед дека задолженоста им е многу голема во однос на капиталот, тие воопшто немаат капитална заштита и се подложни на проблеми кои може да произлезат од доцнење со наплатата, неможност за измирување на обврските, неможност за набавка на репроматеријали и продолжување на производството. Во вакви околности се очекува банките да кредитираат со зголемен интензитет, кредитно да поддржуваат големи проекти и да не прашуваат многу за работењето на компанијата, се` доколку имаат хипотека. Тоа е една превртена пирамида, која на долг рок не може успешно да функционира“, оценува Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор на Комерцијална банка. Претседателот на Здружението за банкарство и генерален директор на Уни банка, Коста Митровски, вели дека банките

Факт: Просечната камата на кредити е 6,1%, на депозити 1,6%


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

13 постојат и опстојуваат да ја извршуваат својата основна функција, а тоа е да кредитираат. „Кој колку ќе кредитира, кои фирми ќе ги кредитира, зависи индивидуално од секоја банка, од нивните можности, од нивните зацртани планови во годишните буџети, од нивните проценки на ризикот и слично. Она што треба сите да го знаат е дека нема банка која не сака да кредитира, затоа што од тоа зависи и нејзината профитабилност, а со тоа и нејзиното опстојување на банкарскиот пазар“, истакна Митровски. Податоците на Народната банка покажуваат дека разликата меѓу каматите што ги плаќаат банкарите за депозитите и каматите што тие ги наплатуваат за одобрените кредити лани се зголемила. Во јануари лани просечната камата на одобрените кредити била 6,1% и на исто ниво се задржала и во февруари годинава, додека пак каматите на депозитите во истиот период паднале од 2% на 1,6%. Тоа меѓу другото, им донесе рекордни добивки на банките лани.

Рекордни профити по кризата од 2008 година

Сите банки во Македонија лани заработија 75,4 милиони евра, што е зголемување на профитот за 47,3% за една година, покажаа

податоците на Народната банка. Профитабилноста на банкарскиот сектор мерена преку стапката на поврат на капиталот (ROE) на крајот на 2015 година достигна 10,4%, што е најголема стапка од 2008 година кога почна економската криза. Економистите коментираат дека банките се меѓу ретките исклучоци во економијата кои најбрзо ја совладаа економската криза и се вратија на старите патеки да остваруваат високи профити. Најголем дел од профитот во банкарскиот сектор лани, односно околу 80% е направен во големите банки, во чии сефови остана добивка од 59,7 милиони евра. Средните банки заработија 16 милиони евра, додека пак кај малите банки значително е намалена и загубата, од 1,5 милиони евра на само околу 200 илјади евра. Најголем дел од приходите на банките доаѓаат од камати од кои што инкасирале 233,4 милиони евра, што е за 9,7% повеќе отколку годината претходно. Зголемени се и приходите од провизии и надоместоци при што се наплатени 68,8 милиони евра. Банкарите објаснуваат дека зголемените профити не се поради зголемувања на каматите на кредитите, туку напротив, во услови на рекордно ниски камати и со кратење на непотребните трошоци. „И банките во услови на економска и

политичка криза нитy можат да бидат имуни, ниту беа имуни. Тие веднаш пристапија кон внатрешна реорганизација на сопствените трошоци, што се вели го стегнаа каишот, почна да се анализира секој внатрешен трошок на кој порано можеби и не се обрнуваше толкаво внимание, но сега тоа беше нужно да се направи. Со еден збор домаќинското работење придонесе во голем дел, место да се прикажат трошоци целото тоа да се заштеди и да се прикаже како приход“, вели претседателот на Здружението за банкарство и генерален директор на Уни Банка, Коста Митровски и додава дека не може да се каже дека сега банките прават прават профити на сметка на некакви високи камати. „Како што знаете каматите по кредитите се на историско најниско ниво од осамостојување на државата па наваму. Каматата од 5% за кредити беше незамислива пред неколку години, а сега е тоа реалност, па дури веќе и помалку од тоа. Профитите не се резултат на некакви високи камати, туку сето тоа се должи како што кажав на едно добро осмислено домаќинско работење, каде што се води сметка сите чинители, и банките и кредитокорисниците да бидат подеднакво задоволни“, вели Митровски. По одделни банки, Стопанска банка лани имала нето приходи од камата во износ од


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

14

COVER STORY

Централна кооперативна банка Стопанска банка Битола

ТТК банка Уни банка

Охридска банка Комерцијална банка НЛБ Тутунска банка

-0,78 26,7% 0,13 26,7%

8,54 26,7%

37,6

2013

1,33 26,7% 26,7%

51,2

2014

0,62 26,7%

6,5

75,4

2015 ГОДИШНА ПРОМЕНА

2012 ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ (МИЛИОНИ ЕВРА)

13,5 26,7%

Стопанска банка

54,8 милиони евра, што е за 7,7% повеќе од претходната година, додека од провизии и надоместоци спечалиле 15,2 милиони евра, или за 2,9% помалку од 2014. Се намалиле и приходите од тргување и од курсни разлики, додека за 19% пораснале приходите во графата “останати приходи од дејноста“. Банката лани имала за 19% помали расходи по основ лоши пласмани, во износ од 8,3 милиони евра, и за 34% помала загуба поради оштетување на нефинансиски средства, 1,19 милиони евра. На крајот, нето добивката на Стопанска банка за 2015 година изнесува 34,8 милиони евра што е за 26,7% повеќе од 2014, а заработката по акција е 109,8 денари. Претходно, Комерцијална банка објави дека лани работела со нето добивка од 8,53 милиони евра. Тоа е зголемување од речиси шест пати во споредба со претходната 2014 година кога банката работела со добивка од 1,5 милиони евра. Од Комерцијална банка информираа дека остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 26,8% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата и зголемувањето на останатите приходи од дејноста, при истовремено намалување на останатите расходи од дејноста. Во текот на изминатата година Комерцијална банка имала и подобрувањето на кредитното портфолио и зголемената наплата на побарувања, поради што е намален износот на издвоени дополнителни исправки на вредност по основ на кредити.

34,8 26,7%

2011

23,8 19,2 37,5

2010 2009

НЛБ Тутунска банка лани од камати заработила 39,7 милиони евра, што е за 22% повеќе во однос на 2014 година, а од провизии и надоместоци 14,9 милиони евра, речиси идентично како и претходната година. Расходите заради лошите пласмани пораснале за 9,2% на 16 милиони евра, а останатите расходи од дејноста се поголеми за 8,8% и изнесуваат 13,2 милиони евра. На крајот, нето добивката на НЛБ Тутунска изнесува 13,5 милиони евра што е за 23,6% повеќе во однос на годината претходно. И Охридска банка лани имала голем раст на нето добивката, од 72%, на 6,5 милиони евра. Приходите од камати на Охридска банка лани бележат намалување, додека нето - приходите на банката од провизии и од надоместоци лани се зголемени 15,8%, а нето - приходите од курсни разлики се зголемени за 21,7%. Најголемо зголемување има кај останатите приходи од дејноста, во кои се вклучени реализираната капитална добивка од продадени основни средства, продадени преземени средства за наплата на побарувања и приходи од дивиденда по основ на капитални вложувања, кои лани се зголемени за шест пати. Во делот на средните и малите банки, Стопанска банка - Битола има намалување на нето приходите од камата за 42% на 4,3 милиони евра, што се должи на наплата на претходно отпишани побарувања по камати кои биле значаен извор на вонредни приходи од камати за банката. Пораст е забележан кај приходите од провизии и надоместоци за 12%, на 1,5 милиони евра. Останатите приходи од дејноста се пониски заради помалиот износ на капитални добивки од продажба на преземен имот за разлика од 2014 година кога беше продаден значителен

27,3

ПРОФИТИ НА БАНКАРСКИ СЕКТОР (МИЛИОНИ ЕВРА)

дел од преземениот имот, по што бил исцрпен голем дел од можностите за остварување на капитални добивки по тој основ, објаснуваат во Стопанска банка – Битола. Расходите поради отпис на лоши пласмани се намалиле за 5,8% на околу еден милион евра, додека останати расходи од дејноста биле речиси исти како и во 2014, 2,5 милиони евра. Нето добивката на Стопанска Битола лани изнесува 127,5 илјади евра и е за 95% помала од 2014 година. Уни банка, има пораст на приходите од камати за 3,4% и од провизии за 0,9%, а ги намалила оперативните расходи за 4,1%. Нето добивката на банката за 2015 година е 1,33 милиони евра и е зголемена за 20,4%. ТТК банка минатата година од камати на нето основа спечали 4,37 милиони евра, што е 8,4% помалку отколку во 2014 година, но заработката од провизии и надоместоци на годишно ниво е поголема за 23,7%, на 2,54 милиони евра. Вкупната добивка по оданочување на ТТК банка за лани изнесува околу 620 илјади евра. Централна кооперативна банка пак, минатата година прикажа загуба од 785 илјади евра. Од камати банката лани заработи 3,57 милиони евра на нето основа што е речиси идентично како и во 2014 година, додека пак ка приходи од провизии има зголемување од 25,2% на 1,13 милиони евра. Намалување во билансот на успех е евидентирано и во ставката останати приходи од дејноста за 65,7%, додека трошоците се речиси исти како и во 2014 година кога исто така банката прикажа загуба. 

ФАКТ: СИТЕ БАНКИ ЗАЕДНО ЛАНИ ЗАРАБОТИЈА 75,4 МИЛИОНИ ЕВРА



пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Сите патишта водат преку Панама Аферата Панамски документи, во која во јавноста протекоа над десетина милиони документи од панамската адвокатска фирма Мосак Фонсека, на виделина го извади она што со години е јавна тајна. Она што е интересно да се следи по објавувањето на оваа афера се реакциите на содржината во објавените документи. Тие се од една до друга крајност. Многу земји експресно отворија истрага во која ќе се испитуваат сите факти објавени во документите. Но, има и земји во кои не само што не се најавува отварање на истрага, туку сите протечени документи се отфрлаат априори како чиста измислица, како дел од поширока теорија на заговор на Западот кон Истокот. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

A

Аферата Панамски документи, во која во јавноста протекоа над десетина милиони документи од панамската адвокатска фирма Мосак Фонсека, на виделина го извади она што со години е јавна тајна. Дека политичката и финансиската елита масовно ги користи даночните раеви и офшор сметките за да го сокрие своето богатство од очите на јавноста и институциите, за да плати помалку даноци на заработените пари. Овие документи потврдуваат и дека овие офшор фирми многу често можат да се користат за нелегални активности, за финансирање на трговија со дрига и оружје, за перење на пари добиени од криминални активности. Самиот факт дека во овие даночни оази и офшор зони е законски дозволена можноста некој да основа фирма без да се знае неговиот идентитет и само да си назначи про-форма директор отвара можност многу валкани пари и криминалци да ги одберат токму нив за да отворат фирма и сметка. Во документите кои протекоа се најдоа имиња на 12 актуелни политички лидери и 60 лица кои се со нив роднински или пријателски поврзани, меѓу кои се соработници и пријатели на рускиот претседател Владимир Путин, роднини на кинескиот лидер Денг Сјаопинг, таткото на британскиот премиер Дејвид Камерун, исландскиот премиер Гунлагсон, украинскиот претседател Порошенки, аргентинскиот претседател Марси, сирискиот диктатор Башар ал Асад, и уше многу, многу други познати личности од бизнисот, политиката, спортот од целиот свет. Панамските документи покажуваат дека сите патишта воделе преку Панама. Панамските адвокати заедно со светските банкари биле толку добро уиграни што на секој побогат клиент му се нудела пакет услуга - фирма во Панама со сметка во Луксмбург или Швајцарија. Она што е интересно да се следи по објавувањето на оваа афера се реакциите на содржината во објавените документи. Тие се од една до друга крајност. Главните актери кои беа дел од документите, веднаш по објавувањето на документите реагираа дека не правеле ништо незаконско. Многу земји експресно отворија истрага во која ќе се испитуваат сите факти објавени во документите. Но, има и земји во кои не само што не се најавува отварање на истрага, туку сите протечени документи се отфрлаат априори како чиста измислица, како дел од поширока теорија на заговор на Западот кон Истокот. Русија на пример уште една недела пред да се објави ги отфрли како смислена кампања за да се деградира личноста на претседателот Путин. Кина забрани пребарување на фразата Панама пејперс и на секое впишување на овие зборови се појавува порака дека е забрането отварање на оваа содржина согласно законите на државата. Е сега на другата страна е Исланд. Панамските документи открија дека премиерот на Исланд бил сопственик на офшор фирма отворена преку панамската адвокатска фирма, која фирма имала огромни побарувања од трите најголеми банки во Исланд кој банкротираа во екоот на финансиската криза која ја потресе оваа земја. Само 24 часа по објавувањето на


КапиталНО

Проблемот е што во некои држави со слаби институции, а со силни политичари, речиси никогаш не се отвараат вакви истраги за да се испита дали некој прави нелегални активности преку офшор фирми. Во такви држави јавна тајна е дека некои фирми имаат офшор фирми и сметки во разни даночни оази преку кои незаконски испумпуваат многу пари, но едноставно тие се оставени непречено да го работата тоа што го работат. За такви држави, објавувањето на вакви документи не е доволно да се покрене истрага, бидејќи има конзенсус дека истрага не смее да се покрене. Затоа е полесно овие афери експресно да се објаснат како дел од некој поширок заговор. овие документи пред зградата на владата во Рејкјавик имаше десетици илјади луѓе кои бараа премиерот веднаш да поднесе оставка. И во следните 24 часа, премиерот си поднесе оставка. Без да се отвори никаква истрага, дали овие документи се вистините или не, без да се утврдува дали има нелегални активности, јавноста во Исланд очигледно не може да помине преку фактот дека нивниот премиер имал тајни сметки на кои го криел своето богатство од јавноста. Е сега малку околу офшор фирмите. Работењето преку офшор фирми и отварањето на офшор сметки може да се гледа од законски и морален аспект. Самиот факт дека некој бизнисмен има офшор фирма и сметка, преку кои врши дел од деловните активности не е доказ дека тука има нешто незаконско или криминално или дека тие се користат за перење пари. Но, фактот дека некој политичар има офшор фирма или сметка на која има тешки милиони, а истите ги нема пријавено во соодветните институции во земјата, пред кои го нема докажано потеклото на тие милиони е и тоа како нелегално.

И додека основањето и користењето на офшор фирми и сметки не е нелегално, трансферите на пари, кои вклучуваат и лажни договори и фатури помеѓу офшор фирми и подигање на огромни кредити кои никогаш не се враќаат и на кои им се губи секаква трага, и тоа како е нелегално. Но, тоа треба да го докажат соодветните институции и тела за борба против даночно затајување или огранизиран криминал во една држава преку отварање на соодветни истраги во кои тоа ќе се докаже. Проблемот е што во некои држави со слаби институции, а со силни политичари, речиси никогаш не се отвараат вакви истраги за да се испита дали некој прави нелегални активности преку офшор фирми. Во такви држави јавна тајна е дека некои фирми имаат офшор фирми и сметки во разни даночни оази преку кои незаконски испумпуваат многу пари, но едноставно тие се оставени непречено да го работата тоа што го работат. За такви држави, објавувањето на вакви документи не е доволно да се покрене истрага, бидејќи има конзенсус дека истрага не смее да се покрене. Затоа е полесно овие афери експресно да се објаснат како дел од некој

поширок заговор. Но, додека масовното протекување на овие документи докажува дека даночното затајување веќе станува глобален проблем, тоа е моќен сигнал дека веќе никој не може да биде сигурен и безбедно да ги сокрие од јавноста парите и богаството. Оваа афера е најголем досега удар врз даночните оази и секако голема помош во борбата против глобалното даночно затајување која последните неколку години ја водат економски најразвиените земји. Очигледно на обичните луѓе не им значи ништо правото на приватност и законската можност да работа преку офшор фирми и сметки, а многу бурно реагираат на моралниот аспект на бизнисмените и политичарите кои одлучиле да не плаќаат даноци во својата земја, како сите други смртници и да стануваат побогати на сметка на попразните државни буџети. Прилично непазарно и некапиталистички, но реален тренд кој станува се посилен во последниве неколку години. Она што сега може со сигурност да се заклучи дека премиерот на Исланд нема да биде единствената жртва од оваа афера. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

INTERVIEW 18 Интервју

маја стевКова штериева главен финансов директор на Комерцијална банка и член на Управен одбор

Комерцијална банКа се врати во Кондиција, годинава ќе направиме уште поголем профит! разговарал:

александар јанев

Г

aleksandar.janev@kapital.mk

-ѓа Штериева, комерцијална банка минатата година оствари профит од 8,53 милиони евра што е шест пати повеќе отколку годината претходно. како успеавте да ја зголемите добивката во година на политичка и економска криза? Добивката остварена во 2015 година во најголема мера се должи на интензивните активности за наплата на проблематичните кредити, продажба на веќе преземениот имот, зголеменото кредитирање на населението и понатамошно подобрување

на квалитетот на кредитното портфолио. Се` што претходно наведовме влијаеше на реализираниот позитивен финансиски резултат, но посебно влијание имаше подобрувањето на кредитното портфолио во текот на годината и зголемената наплата на побарувањата. Поради ова, износот на издвоени дополнителни исправки на вредност по основ на кредити е намален во однос на претходната година. Политичката и економската криза, пак од своја страна, непосредно влијаеја на слабиот раст на кредитното портфолио. Остварениот резултат секако би можел да биде повисок, доколку постои постабилно политичко и економско опкружување. XX какви се вашите проценки за работењето годинава? која е

целта што сака комерцијална да ја оствари до крајот на 2016 година? За 2016 година, добивката пред оданочување се планира да изнесува околу 980 милиони денари, што е 67% повеќе од 2015 година. Ова е планирано во услови на очекувано натамошно расчистување на квалитетот на кредитното портфолио и во текот на 2016 година, така што планираната нето-исправка на вредност на кредитите и понатаму ќе претставува значителен износ, кој зафаќа повеќе од 50% од нето каматните приходи. Покрај тоа, планираниот финансиски резултат за 2016 година, е определен и од ефектот од евидентираната загуба за оштетување на имотот преземен до 01.01.2010 година и по 01.01.2010 година. Што се однесува до растот на билансните

ШтерИева: во постабИлнИ економскИ И полИ


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

19 За 2016 година добивката пред оданочување се планира да изнесува околу 15,9 милиони евра, што е 67% повеќе од 2015 година. Ова е планирано во услови на очекувано натамошно расчистување на квалитетот на кредитното портфолио и во текот на 2016 година, така што планираната нето-исправка на вредност на кредитите и понатаму ќе претставува значителен износ, кој зафаќа повеќе од 50% од нето каматните приходи. Покрај тоа, планираниот финансиски резултат за 2016 година, е определен и од ефектот од евидентираната загуба за оштетување на имотот преземен до 01.01.2010 година и по 01.01.2010 година. позиции, планирано е зголемување на активата за 3,9%, што за позначајните позиции би значело зголемување на вкупните депозити за 4,4%, зголемување на капиталот преку зголемување на резервите за 240 милиони денари по основ на распределба на дел од нетодобивката за 2015 година. Со зголемување на резервите дополнително ќе се зајакне капиталот на Банката и стапката на адекватност на капиталот ќе се одржи над 12%. Вкупните нето-кредити на комитенти се планира да се зголемат за околу 1,8%, при планиран пораст на бруто-кредитите на правни лица од околу 2% и на физички лица од околу 9,5%. Притоа, не се планира промена на рочната и валутната структура

на бруто-кредитите на комитентите. XX Колку е реално да се очекува зголемување на кредитирањето годинава? Може ли приватните компании да очекуваат дека полесно ќе одобрувате кредити и од што ќе зависи тоа, односно како го проценувате капацитетот на бизнис секторот за кредити? Неодамна, еден колега банкар јавно проговори за недоволната капитализација на компаниите и ограничувањата што таквата состојба ги предизвикува во поглед на кредитирањето. Целосно се согласувам дека голем број македонски компании се недоволно капитализирани, а со тоа ризични за поголеми износи на кредити. Многу проблеми кои се јавуваат

кај компаниите се поврзани со нивната ранливост на најразлични екстерни шокови. Со оглед дека задолженоста им е многу голема во однос на капиталот, тие воопшто немаат капитална заштита и се подложни на проблеми кои може да произлезат од доцнење со наплатата, неможност за измирување на обврските, неможност за набавка на репроматеријали и продолжување на производството. Со основачки капитал од 5.000 евра и кредити што се повеќекратно поголеми, не е возможно компанија да биде отпорна на проблеми кои се јавуваат во нестабилни опкружувања како нашето, па и на други пазари. Ова го земам како пример, но во реалноста се појавува во најразлични неповолни односи меѓу капиталот и

итички услови би работеле уште подобро


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

20

Интервју Овогодишната добивка беше антиципирана како сигнал дека ќе следи дивиденда уште веднаш по објавување на резултатите во јануари. Оваа објава имаше свое влијание на цената по која акциите се тргуваа на Берзата. Неисплатата на дивиденда претходните две години беше прекин на долгогодишната традиција на солидна дивидендна историја, па затоа и износот на дивиденда за 2015 година предизвика позитивни реакции. Овогодишната дивиденда не само што е за 25% поголема од последната исплатена, туку е и потврда дека банката се враќа во својата кондиција. Дивидендниот принос, како сооднос меѓу дивидендата и пазарната цена со цената реализирана со 31.03.2016 година, изнесува 5,48%, што е неспоредливо повеќе од која и да било пазарна каматна стапка во моментот.

долгот. Наспроти тоа, речиси никој не сака да ја докапитализира компанијата, или тоа го прави преку механизми кои не обезбедуваат подобри готовински текови во компанијата. Во вакви околности се очекува банките да кредитираат со зголемен интензитет, кредитно да поддржуваат големи проекти и да не прашуваат многу за работењето на компанијата, се` доколку имаат хипотека. Тоа е една превртена пирамида, која на долг рок не може успешно да функционира. Впрочем, затоа и во Македонија кредитната интермедијација е слаба, а на ниво на банкарски систем коефициентот кредити/ депозити ретко бил околу 80%. XX Каква е стратегијата на Комерцијална банка за кредитирање на граѓаните? Ќе го следите ли сигналот од Народната банка да се прикочи со потрошувачките кредити за граѓаните и колку според Вас е загрижувачка задолженоста на населението со вакви кредити? Гледате ли опасност да се влоши наплатата? Во последните неколку години Комерцијална банка го интензивираше кредитирањето на населението. Притоа, водеше политика на умерено реласкирани услови за кредитирање, но истовремено и со ниски каматни стапки. Секако дека ќе го следиме сигналот на НБРМ за забавување на растот на потрошувачките кредити. Кредитната активност на Банката во сегментот на работа со население во 2015 година забележа пораст во однос на 2014 година, следено според бројот и

износот на искористени кредити, а истиот беше за 20,5% повеќе во однос на 2014 година. Доколку ја следиме структурата на кредитите, се забележува дека готовинските кредити беа доминантна категорија во вкупно искористените кредити со учество од 47%. Сепак, нивното учество беше намалено за сметка на зголемување на учеството на станбените кредити кај кои имаше најголем пораст, пред сè поради поволните услови, ниските каматни стапки и продолжените промотивни периоди. Во 2016 година, Банката продолжува со промотивниот период за одобрување на станбени кредити со валутна клаузула, со конкурентни каматни стапки од 2,9% фиксна за првите три години и 6,85% променлива за остатокот од периодот. Исто така, продолжуваме со промоција на готовинскиот кредит до 10.000 евра - без надомест за одобрување и користење, потоа со склучување договори за деловна соработка со нови фирми продавачи на недвижен имот и продолжување на соработката со постоечките. Наша цел е да им овозможиме поповолни услови, како на клиентите така и на стопанствениците. Секако дека ќе следат и други измени и придобивки кои ќе бидат атрактивни за населението. XX На Собранието на акционери беше донесена одлука за рапределба на дивиденда и овие денови се последните денови на тргување со право на дивиденда. Според ваши сознанија каква е ракцијата на инвеститорите и акционерите? Со оглед дека Банката не исплати дивиденда две години по ред, за 2013 и

за 2014 година, како резултат на ниското ниво на нето добивка, овогодишната добивка беше антиципирана како сигнал дека ќе следи дивиденда за 2015 уште веднаш по објавување на резултатите во јануари. Оваа објава имаше свое влијание на цената по која акциите се тргуваа на Берзата. Неисплатата на дивиденда претходните две години беше прекин на долгогодишната традиција на солидна дивидендна историја, па затоа и износот на дивиденда за 2015 година предизвика позитивни реакции. Овогодишната дивиденда не само што е за 25% поголема од последната исплатена, туку е и потврда дека банката се враќа во својата кондиција. Дивидендниот принос, како сооднос меѓу дивидендата и пазарната цена со цената реализирана со 31.03.2016 година, изнесува 5,48%, што е неспоредливо повеќе од која и да било пазарна каматна стапка во моментот. Значајно е да спомнеме дека акцијата на Комерцијална банка е и најликвидната хартија од вредност во Република Македонија, која може да се продаде во секој момент, а за оваа акција постои и континуирана побарувачка. Ако се погледне прегледот на најликвидни акции, што е објавен на веб страната на берзата од почетокот на годината, акцијата на Комерцијална банка е најтргувана акција и според сите три параметри таа е на врвот на списокот на ликвидни хартии. Сепак, мора да се истакне дека на Берзата има и други квалитетни акции со многу солидни дивидендни приноси, кои имаат континуирана ликвидност и преставуваат добра инвестициска алтернатива. nnn



Капитал број 858 08.04.2016

22

www.kapital.mk

Компании и пазари

Македонија користи само 17% од капацитетите на гасоводот кон Бугарија!

Домашните компании бараат инфраструктура за да користат гас

Македонија иако посакува да биде дел од некој од новите гасоводи, реалноста покажува дека користиме многу малку од капацитетите од гасовдоот кон Бугарија кој веќе го имаме. Главниот проблем лежи во недоизградената инфраструктура која не им овозможува да користат гас ниту на фирмите кои сакаат да го користат. Според сегашните состојби, државата не може да гарантира изградба на оваа инфраструктура ниту во наредните пет години. Според експертите, на тој начин и понатаму ќе купуваме мали количини на гас по скапи цени – состојба од која најголеми жртви ќе биде македонската индустрија, секако само оние компании кои имаат пристап до гасоводната мрежа, кои и понатаму ќе користат скап гас и ќе бидат помалку конкурентни од нивните конкуренти.


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

23

Г

С

о зголемување на потрошувачката се очекува намалување на цената на гасот, што ќе предизвика соодветно позитивно поместување во влезните трошоци кај корисниците на овој енергенс што ќе значи поевтино производство и зголемена конкурентност на производот. За да се зголеми потрошувачката мора побрзо Зорица се направи гасоводната мрежа Мешковска да низ цела Македонија за што повеќе Стопанска Комора на Македонија компании да го трошат гасот.

M пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Македонија користи само 17% од капацитетот на постоечкиот гасовод. Ова го потврдуваат официјалните податоци на АД ГА-МА единствен носител на лиценците за пренос и управување со системот за пренос на природен гас. Имено, според нивните бројки вкупните количини на природен гас пренесени до потрошувачите во 2015 година изнесуваат 135.946.902 nm3 што во споредба со капацитетот од 800.000.000 nm3 е навистина мал процент. Многумина сметаат дека ваквиот процент на искористеност на гасоводот се должи на лошата состојба во која се наоѓаат клучните индустрии кои го користат гасот во Македонија и на нивното намалено производство. Но, ако се гледаат статистиките повеќе години наназад ќе се заклучи дека искористеноста на гасоводот во Македонија никогаш не била поголема од 20% кои се регистрирани во 2013 година. Статистиката за 2010 регистрира искористеност од 15%, а во 2006 од едвај 10%.

Туркер Дишо Супер Груп

олем проблем и голем минус за нас е гасоводот. Во индустриска зона да нема гасовод е нелогично. Најстрашно од се е тоа што гасот е донесен до Пинтија, тој со цевки се транспортира до комплексот на Охис, а за компаниите кои се на самата ограда на фабриката Охис нема гас. Тоа е голема пречка за да правам евтин производ. Сега градам нова хала со нови машини кои нормално се на нафта бидејќи немам друга опција, што значи дека за некое време ако се воведе гас ќе треба да ја менувам целата производствена техника и сите машини.

Варијациите во искористеноста на гасоводот од година во година се минимални што значи дека лошата состојба во која се наоѓа индустријата не е причина за ниското искористување на гасоводот бидејќи ваквите ниски бројки датираат десетици години наназад. Според експертите, клучниот проблем е цената на гасот која е многу висока, што пак влијае и на вториот проблем развојот на секундарната мрежа. Во Македонија засега ретко кој сака да инвестира во развој на мрежа со скапа цена на гасот. Според Зорица Мешкова од Стопанска комора на Македонија и државата и компаниите се свесни за причините за ваквата состојба но за жал она што е неопходно да се направи засега оди многу бавно. „Со зголемување на потрошувачката се очекува намалување на цената на гасот, што ќе предизвика соодветно позитивно поместување во влезните трошоци кај корисниците на овој енергенс што ќе значи поевтино производство и зголемена конкурентност на производот. За да се зголеми потрошувачката мора побрзо да се направи гасоводната мрежа низ цела Македонија за што повеќе компании да го трошат гасот“, вели Мешкова. Досега во Македонија гасифицирани се само две поголеми општини: Струмица и Куманово. Последните информации за изградба на гасоводната мрежа во Скопје до кои дојде Капитал велат дека засега две

компании имаат доставено понуда но дека до летото нема да се знае која од нив ќе ја гасифицира метрополата. Колку за потсетување, за изведување на вака комплициран проект потребни се повеќе години и инвестиции вредни повеќе од 100 милиони евра и сето оваа доколку не пропадне и овој тендер како и многу други слични претходно. Засега единствен извезен проект кој е целосно е завршен магистралниот гасовод Клечовце- Штип , а низ овие цевки гасот треба да протече во јуни. Но, тоа не значи дека автоматски компаниите во Штип веднаш ќе добијат гас, туку дека допрва треба да се гради гасоводната мрежа низ овој град. Постојат најави и дека тринаесет компании во четири конзорциуми се во трка за изграба на гасоводот Скопје- Гостивар , во должина од 76 километри. Според МЕР (компанијата која во иднина треба да управува со гасоводната мрежа) во конкуренција се и домашни и странски фирми. Како што информираа од таму , најдоцна за два месеци ќе се знае кој конзорциум ќе биде избран да го гради гасоводот. Од МЕР најавија и дека интерес има и за

Заклучок: не треба да го чекаме Јужен тек за да изградиме инфраструктура


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

24

Компании и пазари

Штип- Неготино. Седум фирми доставиле понуда за изградба на гасоводниот крак во должина од 36 километри. За трасата од Неготино до Битола, пак, најдоцна до април треба да биде објавен тендер. Вкупниот капацитет на магистралниот гасовод во земјава би изнесувал околу 2,5 милијарди нормален кубен метар природен гас, од кои 500 милиони ќе бидат транзитирани за Косово. Студијата за развој на магистрален гасоводен систем во Република Македонија предвидува два приоритетни правци за развој на магистралниот гасовод. Првиот се протега од Клечовце - Штип - Неготино - ТЕЦ Неготино со должина од 96 километри, додека вториот правец почнува од Скопје - Тетово - Гостивар во должина од 75 километри, со можност за продолжување до Кичево со должина од 39 километри.

Компаниите сакаат да користат гас

Бидејќи секогаш постојат скептици околу тоа колку би се искористила скапата гасна инфраструктура која според некои проценки би вредела повеќе од 500 милиони евра, решивме да ги контактираме компаниите и да видиме колку тие би биле заинтересирани за потенцијално користење на гасот. Нивниот став е скоро едногласен. „Ако не дојде до некои поголеми турбуленции на цените ние никогаш не би се вратиле на користењето мазут. Манипулацијата на гасот е многу поедноставна. Финансискиот бенефит е голем во однос на струјата. Од друга страна, инвестицијата за компаниите е минимална и за неколку месеци се враќа“, вели Савка Димитрова од Европа, компанија која е лоцирана во индустриската зона на Скопје и која една од првите во Македонија воведе гас во своето производство. Оние, пак, кои немаат гас очајно го бараат. Тоа ни го потврди Абдулаи Ремзи- извршен директор на Вардар Доломит од Гостивар кој уште еднаш посочува дека енергенсите ги прават македонските компании далеку неконкурентни.

Абдулаи Ремзи Вардар Доломит

И

маме пристап само до скапа струја и мазут и никаков пристап до природен гас. Енергенс кој го имаат сите наши конкуренти. Со тоа тие имаат стартна предност во секоја трка со нас- пречка која ние ја надоместуваме само со перфектно квалитетен производ и ниски цени. Доколку би ги имале само истите услови кои ги имаат и тие нашата успешност на пазарот ќе биде многу многу поголема.

Дали во вакви геополитички услови вреди да се инвестира во гасот?

З

апирањето на изградбата на Јужен Тек и општо напнатата геополитичка состојба во врска со гасот, за многумина значи дека во скоро време Македонија нема да може да дојде до стабилни извори на гас од надвор што значи дека не треба да се инвестира ниту во националната гасоводна мрежа. Но, ако се знае дека во моментов светските резерви на гас се проценуваат на повеќе од 100 милијарди кубни метри кои со проектираната растечка потрошувачка на овој енергенс во наредниот период се доволни за 130 години користење, тогаш реалноста добива сосема друга слика. Според многумина, ваквите факти кажуваат дека цената на овој енергенс на светски рамки ќе оди надолу барем во наредните половина век, обратно пропорционално од цената на нафтата и електричната енергија. „Имаме пристап само до скапа струја и мазут и никаков пристап до природен гас. Тоа е енергенс кој го имаат сите наши конкуренти. Со тоа тие имаат стартна предност во секоја трка со нас- пречка која ние ја надоместуваме само со перфектно квалитетен производ и ниски цени. Доколку би ги имале само истите услови кои ги имаат и тие нашата успешност на пазарот ќе биде многу многу поголема“, вели Ремзи. За потврда на овие две погоре наведени тези се јавивме и во индустриските зони кои немаат обезбедено пристап до природен гас. Таков е случајот со индустриската зона Пинтија, каде работи кондиторската компанија Супергруп која ја контактиравме. Сопственикот Дишо Туркер вели дека не

треба да си многу пометен за да констатираш дека гасот може да предизвика револуција во поглед на конкурентноста на овие компании особено на странските пазари. „Голем проблем и голем минус за нас е гасоводот. Во индустриска зона да нема гасовод е нелогично. Најстрашно од се е тоа што гасот е донесен до Пинтија, тој со цевки се транспортира до комплексот на Охис, а за компаниите кои се на самата ограда на фабриката Охис нема гас. Тоа е голема пречка за да правам евтин производ. Сега градам нова хала со нови машини кои нормално се на нафта бидејќи немам друга опција, што значи дека за некое време ако се воведе гас ќе треба да ја менувам целата производствена техника и сите машини“, констатира Туркер. nnn

Приоритет: најбрзо да се заврши националниот гасовод

Contact: 022/401-985 | 070/380-755



www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

26

Интервју

Фаадис Реџепи генерален директор на Македонска Пошта

МАКЕДОНСКА ПОШТА РЕШИТЕЛНО И СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЧЕКОРИ НАПРЕД

XX Господине реџепи, АД „Македонска пошта“ долги години постои на пазарот на поштенски услуги. тоа е голема компанија со долгогодишна традиција во своето работење. Што значи да се има доминантна улога на пазарот на поштенски услуги? АД „Македонска пошта“ е компанија којашто минатата година го славеше 70от роденден, што значи дека токму толку години сме верни на нашите корисници.

На пазарот на поштенските услуги во Република Македонија фунционираат над 25 оператори од кои само АД „Македонска пошта“ е давател на универзална услуга и согласно Законот за поштенски услуги има добиено индивидуална дозвола за вршење на дејноста. Со добивањето на дозволата АД „Македонска пошта“ се обврзува постојано на целата територија на државата со определен квалитет и пристапни цени да обезбедува пакет од определени поштенски услуги (поштенски

пратки со тежина до 2 кгр; пакети со тежина до 10 кгр; препорачани и вредносни пратки). Во рамките на вака утврдениот пакет на услуги Македонска пошта има и ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги, односно да врши прием, сортирање, пренос и дистрибуција на пратки за кореспонденција (писма, поштенски картички) и пратки за директна пошта со тежина до 50 грама. Така што, обврската на менаџерскиот тим и на вработените е голема, бидејќи токму оваа

реџеПИ: 90% оД ПрАвнИте лИцА кАко ПрИорИтетен По


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

27 Македонска пошта минатата година прослави 70 години од своето постоење. Сегашниот директор Реџепи во интервју за Капитал зборува за идните планови за развој на Македонска пошта

долгогодишна традиција обврзува постојано да се прилагодуваме кон новите пазарни предизвици, задоволувајќи ги потребите на корисниците и нудејќи им вредности кои ниту една друга компанија не ги нуди. Освен угледот и традицијата, предуслов за да се постигне сето за кое претходно говорев е раширената и добро опремена поштенска мрежа, асортиманот на услугите и нивното постојано прилагодување на потребите на пазарот и високо мотивирани и посветени вработени кои преку задоволување на

потребите на корисниците ќе придонесат и за остварување на стратешките приоритети на компанијата.Тоа што не радува е фактот дека и после повеќе од 70 години од постоење на пазарот на поштенски услуги и во конкуренција со други оператори сепак истражувањата покажуваат дека 83% од физичките лица корисници на нашите услуги се задоволни, додека 90% од правните лица како приоритетен поштенски оператор ја гледаат Македонска пошта. XX Во поштенската работа постојано има тек на пратки кои треба соодветно да се ракуваат и достават. Со која инфраструктура и капацитети располага Македонска пошта за да одговори на барањата на пазарот? И покрај технолошкиот развој, сепак поштенската дејност останува во групата на трудоинтензивни дејности во која потребно е да се ангажира значителна работна сила и претставува најважна компонента за успешно организирање и реализирање на деловните активности. Во Македонска пошта ангажирани се над 2.400 вработени, а целата територија на Република Македонија е покриена со над 320 единици на поштенска мрежа, во кои се врши прием и испорака на пратки како и извршување на услуги на платен промет. Доставата на пратките е организирана во 825 доставни реони и секој е покриен со пошторазнесувач. Македонска пошта располага со над 6.400 поштенски фахови и истите почнувајќи од месец мај 2015 година на корисниците им се даваат на користење бесплатно. Транспортот на пратките во внатрешниот поштенски сообраќај се одвива секојдневно по однапред утвреден возен ред кој се одвива преку седум главни линии кои сообраќаат до центрите за регионален поштенски сообраќај и 35 локални линии во рамки на центрите. Возниот парк го сочинуваат над 170 возила. Успехот на компанијата е во рацете на сите вработени. Менаџментот на компанијата согласно финансиските можности постојано се ангажира за подобрување на условите за работа на вработените. Во тек е постапка за набавка на нови работни униформи. Управниот одбор донесе Одлука за исплата на регрес на вработените за 2016 година, и истата е спроведена. XX Дали успевате да бидете во чекор со потребите на пазарот и потребите на вашите корисници? Пазарите стануваат се подинамични. На

Македонска пошта има иницијатива за формирање на Асоцијација на ниво на ИТ менаџери за сите поштенски оператори од Југоисточна Европа. Целта на ова здружување е трасирање на патот за ИТ развој на поштенското работење, а таквиот развој е главниот двигател за развој на поштенскиот пазар. тоа влијае брзиот технолошки развој и потребите на корисниците. Се трудиме максимално да бидеме покрај нашите корисници, постојано се ангажираме да го подобриме квалитетот на постојните услуги и да воведеме нови. Со цел за подобрување на квалитетот на доставата ангажирани се дополнителен број на пошторазнесувачи и зголемени се теренските контроли на цела теритотија на Република Македонија. Исто така, воведен е системот за следење на пратките и во внатрешен поштенски сообраќај track and trace преку кој се следи приемот, транспортот и доставата на сите книжени пратки. Веќе е организирана доставата на дом на пакетите до 10 кгр. во сите градови на државата. Во Центарот за хибридна пошта е набавен data read систем со кој на услугите на хибридна пошта им е дадена нова вредност, а сето тоа поради задоволување на новите потреби на корисниците. Правните лица кои периодично или еднократно имааат потреба да се обратат писмено до нивните корисници, доставата на фактури, решенија, известувања и сл. и истите треба да ги печатат со променливи податоци, тоа можат да го прават користејќи ги услугите на Центарот за хибридна пошта (печатење, адресирање и автоматско ковертирање). Преку новиот data read систем ќе добиваат и детален извештај со податок за секоја пратка поединечно која е ковертирана, а извештајот ќе може да го имаат во печатена или електронска форма. Набавени се 120 мопеди кои директно ќе влијаат во подобрување на условите за работа на пошторазнесувачите и квалитетот на доставата. Во тек е инсталација на деве нови набавени машини за жигосување во Центарот за големи корисници со капациетет од 40.000 пратки на час. Ова значи зголемување на капацитетите за прием на пратки во овој центар за 16 пати. Зголемувањето на капацитетите за прием значи елиминирање на тесните грла во технолошкиот процес кои би се појавиле

оштенски оператор ја гледаат Македонска пошта


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

28

Интервју

во одредени периоди во месецот. Со тоа директно се влијае на скратување на времето потребно од прием на пратка до нејзина достава. Шалтерската мрежа на Македонска пошта веќе е целосно автоматизирана и воспоставен е on line режим на работа. Ова претставува основен предуслов за понатамошен развој на нови услуги и подобрување на квалитетот на постоечките. Активностите во овој дел се перманентни и сеопфатни без разлика дали се работи за универзални услуги, надвор од универзални услуги или финансиски услуги – услуги од платен промет. XX Извештајот за квалитет на услугите за 4-от квартал од 2015 година на EMS Кооперативата на Светскиот поштенски сојуз, EMS услугите на Македонска пошта ги рангирала на 55 место. Што значи тоа за вас и за компанијата? За мене како генерален директор тоа претставува големо задоволство бидејќи најрелевантните меѓународни институции веќе го препознаваат нашето работење во насока на подобрување на квалитетот на постоечките услуги, а резултатите од тоа работење веќе се мерливи. Од вкупно 201 рангирана земја ние сме рангирани на 55 место. Во извештајот од првиот квартал за 2015 година бевеме рангирани на 137 место. Скокот од 82 места е многу значаен за компанијата, а тоа се должи на ангажманот на менаџментот, вработените, и експертот од EMS Кооперативата кој претстојуваше во работна посета на Македонска пошта, една недела во текот на месец февруари 2015 година. При оцена на квалитетот на услугите се зема во предвид: приемот, обработката и отпремата на EMS пратките до одредишната земја, прегледот на пратките во царина, навремената достава на меѓународните пратки, следење на пратките преку track and trace системот, навремена информација до одредишната земја за испратена пратка. Со една реченица, овој постигнат резултат е гордост за сите вработени во Македонска пошта, и истиот им го посветуваме на нашите ценети корисници. XX Со каквои резултати ја завршивте деловната 2015 година ? Македонска пошта 2015 година ја заврши со бруто добивка од 6,2 милиони денари и со солидна ликвидносна состојба која претставува одлична основа за понатамошен развој и опремување на компанијата. Реализиран е вкупен обем на поштенски услуги од 44,8 милиони, а ако се додадат и останатите услуги, како што се финансиските, услугите од хибридна пошта и други услуги таа бројка достигнува до 72,1 милиони услуги. Освен одржувањето на трендот на приходите со светскиот тренд на движење на приходи од традиционални поштенски

услуги, значаен ефект врз резултатот имало економизирањето со расходите и набавките. Од сите спроведени набавки за 2015 година, постигнато е просечно намалување на цените за 23%, додека најголемото намалување на цената е 90%. Ова покажува дека и добавувачите на стоки и услуги во Македонска пошта препознале сериозен деловен партнер со стабилна ликвидносна состојба. Во 2015 година поднесени се вкупно 3.230 рекламации што претставува 0,01% во однос на вкупниот обем на пратки, од кои 3.026 биле неоправдани, додека 204 биле оправдани и корисниците се обештетени согласно законските прописи. XX Покрај ангажираноста за подобрување на квалитетот на услугите и постигнување на добри финансиски резултати, дали и колку посветувате време и ресурси и за општествената одговорност на компанијата? Со цел да го поттикнеме спортското дружење и здравиот начин на живот Македонска пошта беше генерален покровител на „Првиот поштенски маратон“ кој се одржа во Прилеп на 1 ноември 2015 година. На него учествуваа над 500 натпреварувачи од Македонија и регионот. Во соработка со Црвениот крст на Македонија во периодот од 10 до 15 август 2015 година, Македонска пошта организираше хуманитарна акција „Недела на хуманоста“ за настраданите од поплавите во тетовскиот регион. Во акцијата собрани се над 3.000 килограми производи и парични средства од вработените во износ од над 130.000 денари. Во соработка со Агенцијата за пошти, Македонска пошта ја реализираше хуманитарната акцијата „Збор за надеж“ за настраданите региони од поплавите во Источна Македонија. Македонска пошта преку донација на 19.000 новогодишни честитки во основните училишта учествуваше во едукација на учениците како да испраќаат писма и како истите да ги адресираат. Исто така, учествувавме во проектот од Министерство за труд и социјална политика за донации на книги до социјално ранливите групи, при што бесплатно се доставени повеќе од 2.500 книги. Нашата компанија е добитник на наградата „Бронзен подржувач“ од страна на Црвениот крст на Република Македонија. XX Македонска пошта е членка на Светскиот поштенски сојуз и Post Europ. Како ја оценувате соработката со овие две релевантнни меѓународни организации од областа на поштенското работење? Македонска пошта има одлична соработка со Светскиот поштенски сојуз и Post Europ. Нивната подршка за нас е многу значајна. Наши претставници редовно учествуваат на конференции, семинари и работилници организирани од нивна страна. Светскиот

поштенски сојуз во соработка со Агенцијата за пошти на Република Македонија во Скопје организираше Регионална конференција на тема „Поддршка на земјите од Европа и CIS (земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа) за изработка на развојни поштенски програми во процесите на реформите и развојот во поштенскиот сектор преку IPDP (планови за интегрирана поштенска реформа и развој) методологијата на Светскиот поштенски сојуз“. Експерти од Светски поштенски сојуз во соработка со претставници од Македонска пошта, Агенција за пошти и Министерство за транспорт и врски согласно IPDP методологијата на Светски поштенски сојуз изработија интегрирана „Национална програма за развој на поштенскиот пазар во Република Македонија“. Изработената програма е во фаза на финално разгледување и усвојување од трите наведени државни институции. Од големо значење за Македонска пошта беше организирањето на работилницата во месец февруари 2015 година, на тема „Поштата во дигиталната ера“ на која предаваше и ги пренесуваше своите искуства меѓународниот експерт Дерек Озборн. Македонска пошта на меѓународен план успешно соработува и со други поштенски управи. Во месец септември 2015 година, во Романија, Брашов се одржа Конститутивен состанок на поштенските оператори од Југоисточна Европа каде се потпиша Меморандум за соработка на стратешката група на поштенски оператори од Југоисточна Европа, на кој учествуваа и претставници од нашата компанија. Во услови кога во Македонија во високото образование нема студиска програма на насока поштенски сообраќај, слободно можам да кажам дека искуствата што Македонска пошта ги зема од меѓународната соработка и соработката со други поштенски управи е од огромно значење. Како еден од главните учесници на поштенскиот пазар во Македонија се надеваме дека во блиска иднина ќе ја имаме можноста во системот на високото образование да има и студии за поштенски сообраќај, што ќе значи поддршка за понатамошен развој на поштенскиот пазар, работењето на чинителите на поштенскиот пазар, а сето тоа засновано и на научна основа која ќе дојде од образовниот систем. Ексклузивно за вас ќе ја кажам и скорешната иницијатива на Македонска пошта за формирање на Асоцијација на ниво на ИТ менаџери за сите поштенски оператори од Југоисточна Европа. Целта на ова здружување е трасирање на патот за ИТ развој на поштенското работење, а таквиот развој е главниот двигател за развој на поштенскиот пазар. XX Сите статистики покажуваат дека на светско ниво има пад на обемот на писмоносни пратки. Дали тоа

Реџепи: Набавени се 120 мопеди кои директно ќе в


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

29

значи дека замира поштенската дејност? Напротив, технолошкиот развој и Интернетот влијаеле за намалување на обемот на писмоносните пратки, но од друга страна преку Интернет продажбата и другите ИТ услуги кои може да се нудат во поштенската мрежа даваат големи можности за развој на поштенската дејност во нови сегменти. За да го искористат овој предизвик поштенските оператори треба да се преструктурираат и да инвестираат во ИТ развојот. Овој процес е тежок и скап особено за поштенските управи на земјите со помалку развиена економија. Токму затоа, ја даваме иницијативата за здружување на поштенските оператори на ниво на ИТ менаџери со цел заедно да одговориме на пазарните предизвици. Овој пат не е лесен, но може лесно да се изоди со постојана обука на вработените, со соодветни инвестиции и максимална професионализација на менаџерските тимови. Поштенските оператори кои на овој пат се пред нас крупните чекори ги направиле со поддршка на владите и министерствата за транспорт и врски. Македонска пошта гледа голема можност за развој преку интернет продажбата. Имаме склучено договори со домашни фирми кои својата продажба ја реализираат преку интернет. Исто така, во преговори сме за соработка и со меѓународни компании кои исто

својата продажба ја реализираат преку интернет. Во овој контекст сакам да ја споменам и иницијативата од наша страна и подготвеноста од Турска пошта за користење на нивната ИТ платформа за интернет продажба од страна на Македонска пошта. Учеството на Македонска пошта во реализација на меѓународната интернет продажба ќе значи и зголемување на обемот на поштенските пратки реализирани во меѓународниот поштенски сообраќај. Токму затоа, реализирани се инвестиции во насока на зголемување на капацитетите на Македонска пошта поврзани со меѓународниот поштенски сообраќај. Проширен и реновиран е Центарот за меѓународен сообраќај, во тек е проширување и реновирање на просториите на Царинската испостава сместена во Главниот центар за поштенски сообраќај, се преговара со Светски поштенски сојуз IPS системот за следење на меѓународните пратки да го користиме како cloud сервис од нивна страна, со што ќе добиеме поголема ефикасност и сигурност на системот за следење на меѓународните пратки. За нормално одвивање на меѓународниот поштенски сообраќај од големо значење е добрата соработка помеѓу Македонска пошта и Царинската управа на Република Македонија. Свесни за ова двете институции потпишаа Меморандум за соработ-

ка и разбирање, со цел во рамките на постоечките законски рамки да се поедностави протокот на меѓународните пратки во царинските контроли и постапки. Очекуваме дека ова ќе има значително влијание во подобрување на квалитетот на поштенските услуги. Ја користам можноста, да им се заблагодарам на менаџментот и директорката на Царинската управа на Република Македонија за меѓусебната соработката. За поздравување е иницијативата на Агенцијата за пошти за зголемување на прагот за бесцаринско купување преку интернет и тоа од 45 евра на 150 евра. Ова очекуваме да влијае на зголемување на обемот на пратки во дојдовниот меѓународен поштенски сообраќај. XX Што може корисниците да очекуваат од Македонска пошта во следниот период? Македонска пошта повеќе од 70 години е нивен верен партнер, и со својата верност ќе продолжи и во иднина. Знаеме дека со нашите услуги се уште не сме идеални, но силно и решително работиме кон таа цел. Бројката од околу 90% задоволни корисници ни дава сила, додека 10% на кои се уште не сме стигнале да им ги исполниме очекувањата ни даваат мотив за понатамошен развој. И едните и другите ни се подеднакво драги. Тие тоа го знаат, ние сме постојано со нив, а нашите поштари се меѓу нив како најдраги гости. nnn

влијаат во подобрување на условите за работа


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

30

ИНТЕРВЈУ

КАПИТАЛ ОБЈАВУВА И ПОДРЖУВА: ГОЛЕМ ДЕН НА УБАВИОТ ГОВОР И ОРАТОРСТВОТО

ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 14 АПРИЛ ВО ФОН УНИВЕРЗИТЕТОТ

"БЕДНА Е ОНАА ПРАВДА ШТО МОРА ДА СЕ ПРАВДА"!

Г

олем настан по ораторство ке се одржи во просториите на ФОН на 14 Април годинава (идниот четврток). Станува збор за прв настан од ваков вид во поново време, а толку важен за моментот што го живееме сите ние. Моќта на убавиот говор е главна инспирација за организирање на првите Ораторски вечери насловени „Предизвик на убавиот говор". Духот на манифестацијата ке може да се почувствува низ мотото за годинава Бедна е онаа правда што мора да се правда ...

"Недостаток на убавиот говор е општа појава во нашето општество. Сето ова почнува од телевизијата, а завршува во парламентот. Почнува од семејството, а завршува во јавниот живот. Оттука, Потребата за убав говор мора да се издигне на ниво на општа потреба, а самото говорништво да го достигне врвниот домет во севкупниот развој во општеството", вели Александра Србиновска Дончевски, професорка на ФОН. Ана Јорданова, главна винска уредничка во винарницата „Стоби“ вели дека "Сите сме свесни за значењето на учењето на странски јазици, но не и за учењето на говорништвото. Реториката е неопходна во животот на секој човек и нејзината улога е значајна во многу ситуации, од оние сосема неформалните како што се здравици па се` до политичките говори или говори во медиумите". Кај човекот, зборот е извор на моќ. Со зборови можете да создавате, да инспирирате и да уништувате. Зборовите може да одбележат епоха, да оцрнат или осветлат нечие делување, зборовите живеат години. Повеќе од неопходно е негување на реториката, која укажува на аргументација и логика, која ја означува и објавува вистината. Ораторски натпревари вообичаено тука и во светот предизвикуваат голем интерес меѓу младите и амбициозни луѓе.

ИНТЕРВЈУ

О

aвтор на интервјуата: Весна Дамчевска

Од каде идејата за организирање на Ораторски вечери на универзитетот ФОН?

Моќта на убавиот говор е мојата главна инспирација за одржување на првите Ораторски вечери насловени „Предизвик на говорникот“ на универзитетот ФОН. Намалувањето на интересот за реторика, нејзината целосната маргинализација што на крајот се манифестира во криза на убавиот говор е општа појава во нашето општество. Сето ова почнува од телевизијата, а завршува во парламентот. Почнува од семејството, а завршува во јавниот живот. Со други зборови, не се негува убавиот говор. Потребата за убав говор мора да се издигне на ниво на општа потреба, а самото говорништво да го достигне врвниот домет во севкупниот развој во општеството. Навистина ми е драго што оваа моја идеја е кажана во вистинско време и на вистински луѓе што ми дадоа целосна подрша за реализација на настанот. Во спротивно се` ќе останаше на лист хартија во фиока. Огромна благодарност до мојата матична куќа универзитетот ФОН, до генралниот покровител на настанот винарницата „Стоби“ и спонзорите „Капитал“, издавачката куќа „Култура“, Академијата за протокол на РМ и радио МОФ.  Ораторски натпревари вообичаено тука и во светот предизвикуваат голем интерес меѓу младите и амбициозни луѓе. Очекувате ли полн амфитеатар и успешни учесници?

Како што брановите на морето предизвикани од бурата и ветерот не може никој да ги спречи, така ни младите и амбициозни луѓе не може да ги спречите, а да не го кажат своето мислење за луѓето и времето во кое живеат. Младите треба да се слушаат и тогаш кога не се во право, да размислиме зошто не се во право и зошто ние возрасните сме секогаш во право. Да им дозволиме на младите да ни го осветлат образот преку овој ораторски натпревар во две дисциплини - подготвен говор на зададена тема и импровизиран говор. Темата на подготвениот говор е „Бедна е онаа правда што треба да се правда“, а импровизираниот говор е омилен во модерната реторика и е најголем предизвик за говорникот. Неговата предност е фактот на непосредност и искреност. Истовремено ги охрабруваме и им даваме шанса на младите со посебни потреби, кои се на студии, да се пријават на конкурсот, да бидат дел од овој настан и да ги покажат своите ораторски способности. Оваа манифестација е уште еден чекор напред кон современите светски едукативни трендови. И покрај тоа што е насловена „Предизвик на говорникот’ повеќе од сигурна сум дека ќе биде и вистински предизвик за аудиториумот. Покрај убавиот говор аудиториумот во еден дел од настанот ќе има можност да ужива во изведбата на класичната музика, дегустација на вина на винарницата „Стоби“, да направат вистински избор на книга од издавачката куќа „Култура“ и да бидат сведоци на создавање на ново уметничко дело од познатата академската уметница Цветнака Јованова, која ќе изработи слика испирирана од говорниците.


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

31

Александра Србиновска-Дончевски професорка на ФОН

Кризата на убавиот говор е општа појава во нашето општество XX Студентите на ФОН во рамките на своите студии имаат можност да го изучуваат предметот реторика. Какви се вашите искуства од досегашните предавања, колкав е интересот за овој предмет?

Предметот реторика и аргументација на ФОН се изучува на Факултетот за политички науки и на Факултеот за правни науки. Но, секогаш на часовите имам посетеност и од студенти од другите факултети, кои доаѓаат на предавања на теми за кои сметаат дека имаат потреба да се доизградат. Најголем интерес предизвикуваат темите за тремата, стравот од јавен настап, како треба да настапите на говорница, говорнички стил, како да ја прилагодите терминологијата за публиката, аргументација, колку е важна невербалната комуникација... Всушност и идејата на Ораторските вечерите е тие да не постојат сами за себе, туку да поттикнат и т.н. апликативно ораторство, односно од настанот да произлезат и низа обуки за убаво говорење и вештини на комуникација. XX Концептот за изучување на реториката како еден вид клиничко образование сега отвора можност студентите и практично да ги применат стекнатите сознанија. Колку е важен овој практичен дел?

Една латинска изрека вели: „Со ковање се станува ковач“. Не може некој да научи да

плива доколку му се покажат сите техники на движењето на рацете и нозете, а да не влезе во вода. Нема ниту едно големо остварување без труд и пот. На пример кога го прашале Бернард Шо, еден од најдуховитите писатели и говорници, како станал добар говорник, тој одговорил: „На истиот начин на кој го научив скијањето, упорно правејќи будала од себе се` додека не го научив“. Еден од начините за стекнување на говорничко искуство е учеството во натпревари за ораторство. XX Подготовките за ораторски настап се карактеризираат со многучасовно дружење и ангажман, во кои доаѓаат до израз храброста, желбата за фер и чесна борба, решеноста да се успее. Каков е бенефитот за студентите од ова значајно практично искуство?

Бенефитото за студентите е огромен. Кога се во прашање комуникациските вештини важно е да се биде свесен на своите предности и ограничувања за говорничките вештини, бидејќи тоа е еден од клучните успеси во секоја работа. Да знаете да комуницирате со помош на говорот значи да ги пренесувате своите идеи и мислења на другите луѓе на непосреден начин. Вештината и начинот на кој комуницираме често ја одредува разликата помеѓу успехот и неуспехот во речеси сите сегменти на нашиот живот.

XX Ќе има ли некои правила што ќе треба да се почитуваат во смисла на Сократовата мисла: „Да не дозволиме моќта на зборовите да биде злоупотребена“? И дали тоа значи дека говорите ќе треба да имаат етичка вредност?

Говорникот мора да подготви оригинален говор што е информативен, интересен и убедлив, говор што е аргументиран и логичен, кој е олицетворение на вистината. Говорникот ќе има можност да го поведе аудиториумот на ментална турнеја. XX Ќе бидат ли прифатени говори што ќе содржат алузија на дневно – политичките настани?

Практична цел на реториката е уверување на соговорнкот, а легитимноста на оваа дисциплина со која најмногу се занимавал Аристотел е фактот дека ,,Помеѓу вистината и заблудата постои простор во кој владее неизвесноста, веројатноста и веродостојноста“. Целта на политичкиот говор е избегнување на штетното, а приближување на корисното. Во политичките говори треба да се истакнe етосот како цврстина со која се постигнува уверливост, а примерите и споредбите се важни при аргументација. Нема да дозволиме тривијализација и разнишување на убавиот збор во ниту еден сегмент од секојдневието, вклучувајќи ги и дневно политичките настани.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

32

Интервју

Ана Јорданова главна винска уредничка во винарницата „Стоби“

Да препознаете добра идеја е клучно во бизнисот

о

Ораторските вечери имаат и генералено спонзорство винарница „Стоби“. Зошто како компанија одлучивте да дадете поддршка на оваа идеја?

Да умеете да препознаете добра идеја е клучната алка за успех во бизнисот. Винарница „Стоби“ даде целосна подршка бидејќи станува збор за проект што сè уште е чекор напред кон современите светски едукативни трендови. Моќта на убавиот говор, младите оратори, особено охрабрувањето да се пријават на конкурсот студенти со развојни потешкотии, уметноста, класичната музика и можноста да се вкуси традиционалното македонско вино говорат многу за првите Ораторски вечери на ФОН. XX Негување на реториката е основата на овој настан. Колку таа се негува денес воопшто во јавната комуникација кај нас?

Сите сме свесни за значењето на учењето на странски јазици, но не и за учењето на говорништвото. Реториката е неопходна во животот на секој човек и нејзината улога е значајна во многу ситуации, од оние сосема неформалните како што се здравици па сè до политичките говори или говори во медиумите. Кај човекот, зборот е извор на моќ. Со зборови можете да создавате, да инспирирате и да уништувате. Зборовите може да одбележат епоха, да оцрнат или осветлат нечие делување, зборовите живеат години. Повеќе од неопходно е негување на реториката, која укажува на аргументација и логика, која ја означува и објавува вистината.

XX Зад себе ги имате студиите по филмска режија на „Њујорк филм академи“, а потоа и студиите по филм и продукција на „Њујорк њу скул“. Колку овие искуства и знаења ќе ги примените при конципирање на програмата на ораторските вечери?

Еден од постулатите на њујоршкиот стил на работа е практичноста, успехот не го гарантираат високите буџети туку креативни решенија. Поената е да се реализира визијата бескомпромисно, да се најде решение што ќе биде во границите на поставениот буџет, но во никој случај да не ја обезвреднува финалната визија на режисерот. XX Ја завршивте и Интернационалната школа за филм и за телевизија во Париз, Франција, каде што добивте претстава за европските стандарди на работа. Ќе биде ли настанот на ФОН на високо европско ниво по поглед на организацијата?

Француската школа е навистина многу покласична и префинета, туку е многу поважно чуството и атмосферата во екипата за време на работењето, како и кај публиката за време на случувањето. Овој тип на искуство ќе придонесе настанот да го направиме класичен, но во исто време и поразличен. XX На Ораторските вечери ќе има и дегустација на вина од „Стоби“. Неодамна се закитивте со престижната титула главна винска уредничка, кажете ни нешто повеќе за овој дел од вашата работа?

Главниот вински уредник се грижи за

изгледот на брендот, за неговата презентација пред јавноста, тоа е личност која има улога на бренд амбасадор, заштитно лице но и многу повеќе од тоа. Јас лично се погрижив за изгледот на новата линија „Privatе Reserve“ како и за реименувањето на самите вина, исто така директно сум иноволвирана во промоција на виното и винарницата, организирање на настани и сл. XX Предвидено е настанот на ФОН да биде традиционален. Ќе останете ли верен партнер како компанија и во наредните години?

Ние сме целосен партнер во овој проект, во неговата ораганизација и секако продолжуваме понатаму. Морам да напоменам дека ова не е наша прва заеднчка соработка. Заедно со професорката Александра Србиновска –Дончевски од универрзитетот ФОН зад себе имаме успешно реализирано низа проекти. По повод меѓународниот ден за борба против рак на дојката, ФОН во соработка со првата приватна општа болница Ремедика, организираше стручно предавање со цел подигнување на свеста и превентивна заштита од болеста од која заболува една од осум жени на европскиот континент. Во декември 2015 г. организиравме екс-пертско предавање и трибина на тема „Образование по мерка“ наменети за деца со посебни поттреби. Од овој проект потекна и идејата на ораторските вечери да бидат поканети и охрабрени и младите луѓе со развојни потешкотии, кои се на студии, да се пријават на конкурсот на ФОН. Стојам на ставот дека секоја добра идеја треба да биде подржана. Општествената одговорност и подигањето на јавната свест треба да бидат дел од секој успешен бизнис во заедницата. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

33

Цветанка Јованова академска уметница

Поттикнувањето на слободниот дух има највисок приоритет

о

Ораторските вечери ќе бидат збогатени со изведба на класична музика, дегустација на вината на винарницата „Стоби“, уживање во ораторските способности на учесниците, но и уметничко создавање. Од каде потекна ваквата идеја?

Како дел од тимот на винарницата „Стоби“, извршниот одбор одлучи да го искористат корисното со креативното или комерцијалното со добробитното, бидејќи покрај мојата уметничка професија што ја негувам од најрана возраст, „Стоби“ ми е љубов осум години и се чувствувам како дел од тоа семејство. Идејата не е моја, но реализацијата и дел од организацијата со задоволство ја прифатив како еден од ретките предизвици од овој вид во нашата земја. XX Дали Ораторските вечери како најчист израз на студентската енергија и слобода може да бидат предизвик и инспирација за создавање уметничко дело, во случајов слика?

Јас не би ја дефинирала енергијата на тој начин. Енергијата нема идентитет, ниту групација, ниту форма. Само се доживува. Или те движи или не. Предизвик е слободата што во случајов поттекнува од младите, неуморни, амбициозни и тврдоглави умови, кои се инспирација за секое битие. Во мојов случај тој бунтовнички елан е единствена инспирација за која копнеам. XX Како ќе ги претставите на сликарско платно говорниците, кои обично знаат да бидат многу луцидни, прецизни, издржани во критиката и неверојатно храбри?

Јас сум уметник – сензитивец по природа, кој делува на лице место при инспирација. А инспирација не секогаш се самите говорници. Голема улога игра самиот амбиент, тонот на нивниот глас, трепетот на рацете, подголтнувањето, потта на нивните дланки штп се слуша... Публиката, музиката, атмосферата, возбудата, џагорот, вкусот на виното, милионите различни мириси... Сето ова има големо влијание во потезот на мојата четка, во движењето на линијата во пластот на боите. И сама

не знам каква композиција ќе излезе, но сигурна сум дека таа ќе ги содржи сите елементи. Најверојатно ќе треба да дојдете и да го доживеете делото на свој начин. Дефинирањето го оставам на вас. XX Ораторските вечери треба да претставуваат силен израз на слободата. Колку е важно да се поттикнуваат слободниот дух и мисли, негувањето на културата на интелектуалната дебата, но истовремено и младешкиот бунт?

Слободниот дух, слободните мисли, слободата во себеизразување и слободата во интелектуалното презентирање имаат заеднички содржател, кој се нарекува СЛОБОДА. Слободата е уметност, а уметноста е слобода. Сите сме родени како слободни битија кои треба да се реализираат слободно, за да учат, надградуваат и воздигнуваат во човечни полносвесни битија, за крајна цел – здраво просветлено општество. Поттикнувањето на слободниот дух има највисок приоритет. Само така можеме да дишеме со полни гради негувајќи културни вредности за пример на поколенијата. nnn


ЕдноднЕвна обука на тЕма:

ПАКЕТ СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТАНДАРДИ ЗА ЗАЛИХИ СОГЛАСНО МСС 2 l 15.04.2016 l 09:00-16:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје Рок за пРијавување: 13 АприЛ 2016

ЦЕЛ НА ОбуКАТА: Целта на обуката е да обезбеди знаење и вештини за правилна евиденција и вреднување на залихите во сметководствената евиденција и финансиските извештаи. СОДРжИНА НА ОбуКАТА: l мСС 2 – Залихи l Практични примери за вреднување и мерење на залихите l усогласување на сметководствена и фактичка евиденција на залихи

ПРЕДАВАчИ: бИЛјАНА МИТРЕВСКА

менаџер за ревизија Грант торнтон македонија

МАРИјА СИМОСКИ ЛИНИН

менаџер за даноци и аутсорсинг Грант торнтон македонија

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Бојана Делидинкова l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


специјален прилог

Градежништво и недвижнини

Државните инвестиции ја Движат граДежната инДустрија Градежниците очекуваат рекордно успешна Година! Патиштата го “возат“ граДежништвото, но не заостанува ниту високограДбата и покрај Големата понуда на станови, инвеститорите очекуваат стабилни цени инДустријата за граДежни материјали трие раце производителите Го зГолемија и извозот Ќе се зголеми ПонуДата на Деловен Простор а класа

што ја Движи граДежната инДустрија?


Капитал број 858 08.04.2016

32

www.kapital.mk

Градежништво и недвижнини

Државните инвестиции ја движат градежната индустрија

Градежниците очекуваат рекордно успешна година! Градежните компании очекуваат годинава да биде уште поуспешна за нив од 2015-та, затоа што крупните инфраструктурни проекти – новите автопати финансирани од државата - ќе влезат во фаза на полн ек во реализацијата.

Раст: Во последните пет години вредноста на градежниот бизни


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

специјален прилог

33

Н

О

чекуваме 2016 да биде своевидна рекордна година за градежниот сектор автопатите Кичево - Охрид, Демир Капија – Смоквица и Штип – Свети Николе ќе дојдат во точка каде што градежните работи ќе бидат во полн ек, односно во средишна накај крајна фаза. Ние како градежна фела сме среќни Андреа што најавите за нови проекти Серафимовски не стивнуваат – се очекуваат Здружение за тендерите за уште неколку градежништво при Стопанска комора патни правци, рехабилитација на постоечки регионални и магистрални патишта, а и во високоградбата претстојат уште неколку значајни проекти.

а тековните големи инфраструктурни проекти се ангажираат сериозни градежни компании, кои преку конструкторските предизвици од овој тип созреваат со искуство и опрема. Македонската градежна оператива изминатите години назадуваше до степен да целосно ја изгуби способноста самостојно да реализира вакви капитални објекти. Некои од фирмите успеаjа да се одржат со проекти надвор од Македонија. Ова е шанса да се врати оперативноста и искуството кај преживеаните и да се формираат нови имиња.

Благоја Дончев Адинг

ДВИЖЕЊЕ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ВО ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ Вредност (милиони евра) Годишен раст (%) Учество во БДП (%)

2006 285,97 11,58% 5,49%

2007 338,78 18,47% 5,70%

2008 329,40 -2,77% 4,92%

2009 343,25 4,21% 5,16%

2010 413,17 20,37% 5,99%

2011 464,88 12,51% 6,36%

2012 505,46 8,73% 6,78%

2013 653,25 29,24% 8,47%

2014 545,95 -16,43% 5,85%

2015 642,03 17,60% 7,04%

Извор: Државен завод за статистика

Г пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Градежништвото минатата година достигнало вредност од 642 милиони евра и учествува со 7% во вкупниот бруто домашен производ (БДП) на Македонија. Неговиот пораст во однос на 2014 година е 17,6% и највисок меѓу сите бизнис сектори, па претставува всушност главниот двигател на економскиот раст на земјата, што минатата година изнесуваше 3,7%. Како што покажува државната статистика, градежните компании и годинава ќе ја движат домашната економија. Само во првиот месец од годината, тие добиле дозволи за градење на двојно повредни објекти отколку истиот месец лани. Од вкупно 50,5 милиони евра, колку што се проценува вредноста на објектите за кои што се издадени градежни дозволи во јануари, 29,1 милиони евра ќе се инвестираат во згради, 17,7 милиони евра во нискоградби и 3,7 милиони евра за реконструкции. Освен тоа што го најавува статистиката, дека градежништвото ќе продолжи да расте годинава претскажуваат и плановите на државата да инвестира повеќе пари од

буџетот во изградба на капитални објекти. За јавните инвестиции годинава властите испланираа да одвојат околу 410 милиони евра, меѓутоа, од градежниот сектор велат дека најважно е колку планот на државата ќе се реализира. Градежниците очекуваат годинава да биде уште поуспешна за нив од 2015-та, затоа што крупните инфраструктурни проекти финансирани од државата ќе влезат во фаза на кулминација. “Очекуваме 2016 да биде своевидна рекордна година за градежниот сектор автопатите Кичево - Охрид, Демир Капија – Смоквица и Штип – Свети Николе ќе дојдат во точка каде што градежните работи ќе бидат во полн ек, односно во средишна накај крајна фаза. Ние како градежна фела сме среќни што најавите за нови проекти не стивнуваат – се очекуваат тендерите за патните правци Гостивар – Кичево, Блаце до граница со Косово, потоа ќе има и зафати на рехабилитација на постоечки регионални и магистрални патишта, а и во високоградбата претстојат уште неколку значајни проекти: новата зграда на Народната банка, Драмскиот театар во Скопје, доизградба на античкиот театар Скупи, итн.“, вели Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија. Тој додава дека изградбата на станови продолжува со досегашната динамика и годинава се очекува приближно иста бројка на изградени станови, а цената нема да паѓа, затоа што побарувачката е на задоволително високо ниво. “Но, не се само станбените објекти во високоградбата, да не ги заборавиме и

деловните и индустриските објекти, особено во слободните економски зони каде што се лоцирани странските инвестиции, кои што изминативе неколку години исто така, забележаа експанзија во градењето“, вели Серафимовски.

Приходите и добивките на градежниците зголемени

Градежната експанзија се гледа и преку билансите на најголемите градежни компании во земјава, акционерски друштва кои што доставуваат извештаи до Македонската берза. “Гранит“, компанија што е ангажирана на патните правци Кичево – Охрид и Миладиновци- Штип, лани имала вкупни приходи од 93,5 милиони евра, за 17% повеќе во однос на годината претходно, покажува консолидираниот финансиски извештај. Приходите од продажба, односно од реализирани градежни проекти изнесува 81,6 милиони евра и се за 17% повисоки. Од нив, на домашен пазар се реализирани 62% или 50,7 милиони евра, и бележат пораст од 9%, додека приходите од проекти во странство се зголемиле за 32% во 2015 и изнесуваат 30,9 милиони евра. Во странство “Гранит“ е ангажиран на изградба на автопатот Бања Лука – Добој во Република Српска. Чистата добивка на компанијата лани е шест милиони евра, што е за 61% повеќе од 2014. Бетон - Скопје, која што пак, меѓу другото, беше изведувач на голем број објекти од проектот “Скопје 2014“, но и на комерцијални објекти низ Македонија, лани има вкупни приходи од 47,6 милиони евра, за 7% повеќе во однос на 2014, а приходите од продажба се 45,2 милиони евра, а оперативната добивка изнесува 1,48 милиони евра, за 31% повеќе во

нис пораснала за 40% на 642 милиони евра и учество во БДП од 7%


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

34

Градежништво и недвижнини

С Сеад Кочан Трансмет

о оглед на тоа дека автопатите се во полн ек на реализација, а во исто време се во постапка и јавни повици за нови капитални инфраструктурни проекти како автопатите Кочани - Делчево, Делчево - Штип, Ранковце - К.Паланка, разни реконструкции и санации на магистрални и регионални патишта, проширување на постоечките технолошки индустриски зони, најава за изградба на акумулации и брани во југоисточниот дел на државата како и изградба на болници во целата држава, сето тоа дава оптимизам дека градежниот сектор во Македонија не само што ќе биде стабилен, туку ќе доживее и уште поголем развој.

ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРЕНИ И ИЗВРШЕНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ Договорени (милиони евра) Извршени (милиони евра)

2010 406,93 189,30

2011 444,60 254,31

2012 512,11 279,24

2013 613,82 406,23

2014 721,09 392,49

2015 1195,71 458,63

ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРЕНИ И ИЗВРШЕНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО СТРАНСТВО Договoрени (милиони евра) Извршени (милиони евра)

2010 65,58 40,28

2011 41,04 36,76

2012 86,91 15,09

2013 81,01 31,07

2014 117,22 18,31

2015 55,48 43,35

Извор: Државен завод за статистика

однос на годината претходно. Компанијата работи и на неколку инфраструктурни објекти, како патот од Миладиновци до Штип, и од Миладиновци до Свети Николе, хидротехнички објекти, итн. Одлични резултати лани покажа и Трансмет, градежната компанија чиј што ко-сопственик и генерален директор е Сеад Кочан, која што лани имала приходи од 34,5 милиони евра и добивка од околу три милиони евра. Трансмет е ангажирана на повеќе инфраструктурни проекти во високо и нискоградбата низ Македонија, меѓу кои и автопатот Кичево – Охрид, а нејзиниот директор вели дека градежништвото останува стабилна економска гранка, а најавите за нови проекти може да донесат уште поголем развој. “Во постапка се јавни повици за нови капитални инфраструктурни проекти како автопатите Кочани - Делчево, Делчево - Штип, Ранковце - К.Паланка, разни реконструкции и санации на магистрални и регионални патишта, проширување на постоечките технолошки индустриски зони, најава за изградба на акумулации и брани во југоисточниот дел на државата како и изградба на болници во целата држава, и сето тоа дава оптимизам за градежниот сектор“, вели Кочан.

Фокусот се сврти кон нискоградбата

Капиталните инфраструктурни објекти што во моментов се реализираат во Македонија, ја променија структурата на градежниот бизнис. Ако до пред година – две, во вкупното градежништво доминираше високоградбата, пред сè заради проектот “Скопје 2014“, станбената

експанзија и фабриките на новите странски инвестиции, сега тежиштето е пренесено кон нискоградбата, односно неколкуте нови автопати што се реализираат. “Радува што нискоградбата оди напред, затоа што таа носи развој на целата економија. Можеби не влече со себе толку многу индустриски гранки како што е тоа високоградбата, но новите автопати придонесуваат за развој на туризмот, транспортот, логистиката...“, вели Марија Петроска, секретар на Здружението за градежништво при Стопанската комора. За тоа колкав е соодносот помеѓу нискоградбата и високоградбата во последнава година во вкупните градежни активности, директорот на Адинг, Благоја Дончев, вели дека се работи за едноставна математика базирана на статистички податоци. “Високоградбата во изминатите години, финансиски гледано според големината на инвестициите, заземаше значајно место во градежните активности во Македонија. На тоа допринесе изградбата на деловните, административни и станбени објекти, особено во Скопје. Изградбата на инфраструктурните објекти значително го поместија тежиштето во нивна корист. Адинг во својата производна програма има производи кои се со специфична намена и доколку ја анализираме продажбата во 2015.г. ќе заклучиме дека во Македонија помалку од 30% се пласирани во високоградбата. Наша проценка е дека во моментов тој е односот и на инвестициите на овој пазар“, објаснува Дончев.

Домашниот пазар посигурен

Карактеристично за моменталниот градежен

Лична карта на градежниот сектор

4.429

активни градежни компании има во Македонија

5,7%

од градежните компании се средни и големи

94,3%

од градежните компании се микро и мали (0-20 вработени)

90%

во градежниот БДП учествуваат големите фирми

75%

од вработените во градежниот сектор се во големите фирми

19.306

денари е просечната нето плата во градежништво за 2015 – 13% пониско од државниот просек бум, е што опаѓа интересот на домашните компании за добивање работа на странските пазари, што според познавачите на пазарот е и логично, со оглед на изобилството работа што се нуди на домашен терен. Сепак, компании, како Гранит на пример, која што традиционално беше многу присутна на странските пазари, и сега учествува на проекти надвор од Македонија, иако во помала мера одошто пред 5 или 10 години. Нивните приходи од странски пазари лани биле околу 30 милиони евра, а и годинава тече реализацијата на автопат во Босна и Херцеговина каде што Гранит учествува. Од градежната индустрија велат дека капиталните инфраструктурни проекти што се во тек, им овозможуваат на домашните компании да созреваат со искуство и опрема. Македонската градежна оператива изминатите години назадуваше до степен да речиси целосно ја изгуби способноста

Структура: 70%-30% е однос нискоградба – високоградба



www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

36

Градежништво и недвижнини

ИндустрИјата за градежнИ матерИјалИ трИе раце

ПроИзводИтелИте го зголемИја И Извозот

Г

радежната експанзија ги зголеми нарачките за градежни материјали, па и оваа индустрија бележи добри резултати изминатиов период. Цементарница “Усје“ минатата година ја завршила со вкупни приходи од 72,9 милиони евра, за 8% повеќе во однос на 2014, а приходите од продажба биле 65,4 милиони евра, на исто ниво како претходната година. но, затоа, извозот на производи од цементарницата пораснал за дури 56% лани, на 13,6 милиони евра. Чистата добивка на “Усје“ лани изнесува 20,6 милиони евра, и е за 13% помала во однос на 2014, заради зголемените оперативни и финансиски расходи на компанијата. адинг, уште еден значаен производител на градежни материјали во земјава, лани ја завршил годината со продажба од 7,5 милиони евра, за дури 29% повеќе во однос на годината претходно, а оперативната добивка на компанијата изнесува 229 илјади евра и е двојно поголема во однос на 2014. адинг е присутен и на странски пазари, каде што продажбите исто така пораснале, за 9%. “надминувањето на планираниот

самостојно да реализира вакви капитални објекти, сметаат нашите соговорници. “Некои од фирмите успеаја да се одржат со проекти надвор од Македонија. Ова е шанса да се врати оперативноста и искуството кај преживеаните и да се формираат нови имиња“, смета Дончев од Адинг. Андреа Серафимовски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, вели дека нивна задача како еснафска организација не е само да обезбедат работа

пласман во 2015г. се должи на зголемените инвестиции во инфраструктурни објекти на неколку пазари каде сме традиционално присутни. особено би ја истакнал Македонија како наш домашен пазар, но добри резултати дадоа и продажбите во Србија и Казахстан каде исто така се работи на изградба на патната инфраструктура“, вели генералниот директор на адинг, Благоја дончев. адинг е присутен со своите производи во сите држави од југоисточна европа,

Казахстан, русија, Украина, иран, итн. Лани имале пласман и во Либија, шведска и Германија. “Минатата година влеговме во инвестиција за проширување на производниот капацитет во нашата фабрика во Бугарија, што планираме да ја финализираме во првото полугодие од оваа година. Плановите за оваа година ни се да го зголемиме извозот во Казахстан но и да ја подобриме и обновиме продажната мрежа во земјите од нашиот регион.“, вели директорот на адинг.

и приходи за градежните компании, туку истовремено да се грижат и за квалитетот на тоа што се гради, како и за развојот на компаниите. “Кога една економска гранка доживува нагла експанзија, постои ризик да се загрози квалитетот и развојот. Затоа ние укажуваме на државните институции каде може да има евентуални слабости, интервенираме со законски измени, сугерираме насоки во кои што треба целиот градежен бизнис да

се движи. Нашата крајна цел е да добиеме домашни компании кои што во иднина ќе може самите да бидат главни изведувачи на крупни проекти, не само во Македонија, туку и во странство, благодарение на својата експертиза, искуство и техничка опременост. Сега во моментов, на тековните проекти се користи и странска експертиза, за оние специфични зафати што не може да ги реализираат домашните градежници.“, вели Серафимовски. nnn

КУЛМинаЦија: инфраСтрУКтУрните ПроеКти Годинава во врвна тоЧКа



www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

38

Градежништво и недвижнини

пишува:

И Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Иако главниот дел на градежните работи во Македонија во моментов се однесува на капиталните инфраструктурни проекти, односно нови автопати, не значи дека високоградбата намалува со динамиката од претходните години. Во делот на јавните објекти, проектот “Скопје 2014“ е практично завршен, но остануваат уште неколку објекти што допрва се планирани за градење, меѓу кои новите згради на Народната банка и Драмскиот театар. Државата и општините последниве години финансираа и изградба на училишта, градинки и сл., па градежниците очекуваат и тука да продолжи интензитетот на нови инвестиции што ќе обезбедат работа за нив. Што се однесува до комерцијалниот сегмент на високоградба, инвеститорите велат дека годинава ќе продолжи темпото на изградба од претходните години. Тоа може да се види и од официјалните статистички податоци, според кои во јануари месец се издадени 155 дозволи за градење на објекти во високоградба, додека лани во истиот месец биле издадени 153 вакви одобренија. Градителите на станови што ги контактиравме велат дека побарувачката на станови не стивнува и дека годинава можно е да се изградат дури и повеќе станови од лани. Адора инженеринг, која што во моментов е најголем градител на станови во Македонија и според нивните процени учествува со 20% во вкупната изградба на станови, лани почна изградба на 900 нови станови во Скопје. Годинава продолжува реализацијата на нивниот најмаркантен објект досега, станбено -деловниот комплекс Адора Flatiron, но и станбениот комплекс во Аеродром, а почна и изградбата на најновиот објект Diamond Garden во скопски Карпош – Тафталиџе. “Согласно општиот растечки тренд на цените на недвижностите, се очекуваат извесни промени со зголемување на цените на становите во Македонија, како и на цените на м² квалитетен станбен и деловен простор во Адора инженеринг, кои минатите години беа на исто ниво и покрај зголемените цени на градежните материјали, услугите, трошоците за квалитетна градба и порастот на курсот на американскиот долар.“, вели генералниот директор на компанијата, проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Инаку Адора годинава ќе ги предаде

Патиштата го “возат“ градежништвото, но не заостанува ниту високоградбата

И покрај големата понуда на станови, инвеститорите очекуваат стабилни цени Од само две компании годинава ќе бидат пуштени речиси 800 нови станови во Скопје, а вкупниот број на изградени станови во градот за 2016 ќе изнесува околу 3.000. Инвеститорите велат дека побарувачката и понатаму расте, па очекуваат стабилни цени.

клучевите на сопствениците на 434 станови во објектот во Аеродром, а 279-те станови во комплексот Flatiron ќе бидат готови во првата половина на 2017 година.

Уште еден голем играч ги пушта првите станови годинава Од консултантската компанија за недвижно-

сти Фортон очекуваат интересот за купување на станови да продолжи да расте и во идниот период, ако се има предвид бројот на реализираните трансакции во последните 18 месеци. “Најновите податоци објавени од страна на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2015 година во Скопје се издадени

Деловен простор: Во моментов има 4 сериозни проекти во изградба


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

специјален прилог 947 одобренија за градба или 3.667 нови станови во Скопје во наредниот период, и според досегашното искуство не се очекува 100% реализација на сите одобренија на градба во разумен рок за изградба. Со оглед на бројот на реализирани трансакции (купопродажби на пазарот во Скопје на годишно ниво), ни дава за право да веруваме во стабилен резиденцијален пазар во 2016 год.“, вели Влатко Богоевски, директор на Фортон Македонија. До крајот на годинава, уште еден голем играч на станбениот пазар ќе го пушти својот прв објект во употреба. Џевахир холдинг кој што го гради комплексот од четири висококатници во скопски Аеродром вреден 300 милиони евра, во октомври годинава ќе ја пушти првата кула во употреба, а целиот комплекс треба да биде готов до крајот на 2017 година, како што изјави за Капитал членот на УО на Џевахир холдинг, Есер Џевахир. Целиот комплекс Џевахир Скај Сити има вкупно 1.376 станови во четирите кули високи по 42 спрата, а засега во продажба се пуштени само становите од кулата што ќе биде прва изградена. “Досега се продадени 62% од становите во Блокот А“, вели Џевахир, кој што очекува стабилна побарувачка на станови на пазарот следниот период. “Анализирајќи ги најновите движења на

39

Ќе се зголеми понудата на деловен простор а класа

Ш

то се однесува на деловниот простор, анализата на Фортон покажува дека продолжува трендот на намалување на слободниот простор за издавање на бизнис центрите од класа „а”. за изнајмување на деловен простор биле заинтересирани најмногу компаниите од телеком, ит и аутсорсинг индустриите. цените во овој сегмент останале стабилни, закупнините за бизнис центрите на примарни локации се движат од нето 11 до 15 евра за еден метар квадратен. според Фортон, се очекува и зголемување на понудата на деловен простор во класа „а” сегментот. во моментов има 4 сериозни проекти во изградба кои ќе доведат до зголемување на понудата на канцелариски простор

пазарот, цените со најголема веројатност ќе останат стабилни во 2016 год, со оглед на трендовите на каматните стапки на депозитите

за дополнителни 32.400 м2 до крајот на 2017 година. “генерално, нема значајни промени во миксот на закупци кај трговските центри. слободниот простор бележи благ пораст пред с$ како резултат на зголемениот слободен простор во гтц, што делумно беше компензиран со зголемената исполнетост на Ramstore Mall и Capitol Mall. најактивни на пазарот на малопродажен простор остануваат супермаркетите, малопродажните модни и спортски брендови како и аптеките кои имаа најголема експанзија на новозакупен простор”, додава Богоевски. нова понуда на модерен малопродажен простор се очекува во 2017 година, со најавените отворања на Emporio Mall и Cevahir Sky City Mall во скопје. како и движењата на приносите на другите облици на инвестирање како разни хартии од вредност.“, смета Џевахир. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

40

свет бизнис и финансии

Тајните од “Панамски документи” го тресат светот

Откриени офшор тајните на светската елита

A пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Аферата Panama Papers или Панамските документи го тресе целиот свет. Милионите документи кои протекоа во јавноста од панамската адвокатска фирма “Мосак Фонсека” (Mossak Fonseka) на виделина извадоа како светската бизнис и политичка елита ги користи офшор фирмите од даночните раеви за да го сокрие богатството, да плаќа помалку даноци, да затајува данок...

Меѓу имињата кои се споменуваат во протечените документи се соработници и пријатели на рускиот претседател Владимир Путин, роднини на кинескиот лидер Денг Сјаопинг, таткото на британскиот премиер Дејвид Камерун, исландскиот премиер Гунлагсон, украинскиот претседател, аргентинскиот претседател, сирискиот диктатор Башар ал Асад, и многу други познати личности од целиот свет, кои веднаш по објавувањето на документите демантираа дека не правеле ништо лошо. Во протечените документи се најдоа над 200 илјади офшор фирми поврзани со панамската адвокатска фирма Мосак Фонсека, која има свои канцеларии низ целиот свет, и која досега е поврзувана со многу корумпирано олигарси и диктатори низ целиот свет. Аферата Панамски документи е најголема досега афера од овој вид, со која во јавноста протекоа повеќе од 11,5 милиони документи, поголема дури од аферата поврзана со Едвард Сноуден во 2013 година. Околу 370 репортери од 100 медиумски

организации кои се дел од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари во изминатата година анализирале и верифицирале милиони документи кои протекоа во јавноста со аферата Панама документи. Едногодишната истрага на овој конзорциум, која се однесува на период од близу 40 години од 1977 година се до декември 2015 година, покажува дека некои фирми кои се регистрирани во даночните оази се користени за перење на сомнителни пари, финансирање на трговија со оружје и дрога, како и за даночно затајување. Многу институции од целиот свет отворија истраги за активностите на светски моќни политичари и бизнисмени откако документите од Панамската адвокатска фирма протекоа во јавноста и покажаа можни негелани активности преку офшор компании. Франција, Австралија, Нов Зеланд, Австрија, Шведска и Холандија се меѓу земјите кои отворија истраги, а уште многу други земји најавија дека ќе отворат истраги. Кина, пак, го лимитираше

Прва жртва на Панамската афера: премиерот на Исл


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

41 Поранешниот премиер на Грција и лидер на партијата Нова демократија, Антонис Самарас е првиот балкански политичар чие име се споменува во „Панама документите“. Американскиот претседател Барак Омаба изјави дека масовното протекување податоци, односно аферата наречена „Панамски документи“ е доказ дека светските лидери мора да направат повеќе во борбата против затајувањето данок.

Според Гардијан, иако името на рускиот претседател не се наоѓа на ниту еден документ, тие откриваат дека негови пријатели заработиле милиони од бизниси кои не би можеле да поминат без покровителство на Путин.

Аферата "Panama Papers" го тресе целиот свет. Милионите документи кои протекоа од панамската адвокатска фирма “Mossak Fonseka" покажаа дека светската бизнис и политичка елита масовно користи офшор фирми за да го сокрие богатството, да плаќа помалку даноци...Многу светски лидери се најдоа во оваа афера, кои веднаш реагираа дека не правеле никакви незаконскми активности. Но. веќе се отворени истраги со кои допрва ќе се истражува кој и дали затајувал даноци и криел пари во офшор фирми. Досега “падна” една оставка од еден премиер, но жртвите од оваа афера ќе бидат многу поголеми. пристапот и известувањето за информации поврзани со оваа афера, а државните медиуми оваа афера ја објаснуваат дека е политички мотивирана и насочена кон не-западните политички лидери.

Кој се се најде во “Панамските документи”?

Аферата “Панамските документи” (Panama papers) извади на површина многу финансиски договори и сложени трансакции и активности на високи политичари и јавни личности преку офшор компании. Мрежата на тајни офшор договори и вртогаво високи кредити во износ од две милијарди долари води до рускиот претседател Владимир Путин, пишува британскиот весник “Гардијан”. Иако името на рускиот претседател не се наоѓа на ниту еден документ, тие го откриваат следниот образец: неговите пријатели заработиле милиони од работи кои изгледа не можеле да поминат без покровителство на Путин.

Како што наведува Гардијан, офшор трагите на парите на Путин тргнува од Панама, проаѓа кон Русија, Швајцарија и Кипар. Докумантите од Панама посебно се поврзани со најдобриот пријател на Путин Сергеј Ролдугин, кој рускиот претседател го запознал со неговата сопруга Људмила и кој е кум на нивната најстара ќерка Марија. Ролдугин, кој по професија е музичар, заработил вистинско богатство. Портпаролот на Путин, Дмитри Песков ги отфрли обвинувањата како дел од координирана завера против Русија која има за цел да го дискредитира Путин пред претстојните парламентарни избори. Премиерот на Исланд Сигмундур Давид Гунлогсон е првиот лидер кој си поднесе оставка, под силниот притисок од јавноста да поднесе оставка, откако во т. Панамски документи беше објавено дека тој и неговата сопруга се поврзани со офшор компании. Премиерот на Исланд Гунлогсон се јавува како ко-сопственик на офшор фирмата

“Wintris Inc” која, пак, имала огромни побарувања вредни вредни неколку милијарди долари во три банки на Исланд, кои колабираа во текот на финансиската криза во 2008 година. Панамските документи исто така открија дека аргентинскиот претседател Маурисио Марси и неговиот брат биле директори на фирма на Бахамите, основана од фирмата Мосак Фонсека, додека Марси бил градоначалник на Буенос Аирес. Во документите се појави и името на починатиот татко на британскиот премиер Дејвид Камерун, кој бил претседател на фондација со седиште во Панама со цел да плаќа пониски даноци. Поранешниот премиер на Грција и лидер на партијата Нова демократија, Антонис Самарас е првиот балкански политичар чие име се споменува во „Панама документите“. Според информациите објавени во грчките медиуми, неговото име со поврзува со неколку фирми кои имале пари во Панама. Во Панамските документи се најдоа и многу познати и богати луѓе, меѓу кои глумци, спортисти, кои користеле офшор фирми за да плаќаат помалку даноци. Меѓу оние кои досега се објавени се популарниот кинески актер Џеки Чен, фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, шпанскиот режисер Педро Алмодовар, суспендираниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, сегашниот претседател на Фифа, и уште многу други. Ако се има во предвид дека досега се објавени нешто повеќе од третина од протечените документи, впечатокот е дека буквало ситеги користеле овие сложени

ланд си поднесе оставка под притисок од јавноста


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

42

свет бизнис и финансии

финансиски шему за да плаќаат помалку даноци или да го сокријат своето богатство од очите на јавноста и институциите.

Основањето на офшор фирми и сметки не е криминал

Основањето на офшор фирми и работењето преку офшор сметки е дозволено со закон, и тие фирми може да се користат и за легални деловни цели. Многу светски експерти, како и домашните експерти кои ги консултираше Капитал, тврдат дека основањето и користењето на офшор фирми и сметки не е нелегално, но дека трансферите на пари, кои вклучуваат и лажни договори помеѓу сомнителни комании и подигање на огромни кредити на кои им се губи секоја трага, и тоа како е нелегално. Физички лица и компании можат да имаат сметки и да основаат фирми во офшор зони, под пропишани со закон услови, што обично се прави заради плаќање на помали даноци, но и заради сокривање на вистинскиот идентите на вистинските сопственици. Тоа го прават многу луѓе и фирми од целиот свет веќе четири децении. Она што може да биде нелегално, но треба да се испита од страна на националните даночни служби и другите надлежни институции, е кога фирмите незаконски испумпуваат пари во офшор фирмите на даночите раеви преку лажни фактури со напумпани износи како трошоци, со што ја намалуваат сумата на која треба да се плати даноци. Тоа е затајување или избегнување на плаќање на данок. Она што сигурно е нелегално и неморало е политичари да имаат офшор сметки во странство. Посебно кога тие политичари тоа го немаат пријавено во матичните земји, каде треба да го докажат и потеклото на парите. Но, досегашната практика покажува дека офшор фирмите можат да се користат како алатка за затајување данок и за перење пари од криминал, бидејќи офшор сметките дозволуваат сокривање на вистинскиот идентитет на клиентите и сопствениците со про-форма директори.

Сите светски банки нуделе офшор сметки

Според „Панама документите“, банки ширум светот помагале и и натаму помагаат за посредување офшор фирми на клиенти, како и за отворање сметки на ваквите фирми. “Повеќе од 500 банки, нивни подружници и филијали регистрирале над 15.000

Зошто Панама е даночен рај?

П

анама е една од најбрзорастечките економии во Латинска Америка. Има 3,5 милиони жители и стапка на невработеност од 4,5%, додека 26% од популацијата живее под во сиромаштво. Панама имала БДП од 47 милијарда долари во 2015 година со годишен раст од 6%. Околу три четвртини од панамската економија се базира на услуги, како транспорт, логистика, трговија, банкарски и финансиски услуги, слободни трговски зони, осигурување, туризам. Има одлична местоположба, a Панамскиот канал, кој е изграден во периодот од 1904 до 1914 година, кој го поврзува Пацификот со Атлансткиот океан, и дава на Панама одлична позиција како меѓународно значајно трговско пристаниште. Панама сити е главен град на Панама со околу 880 илјади жители. Турзимот, трговијата и банкарските услуги носат најголеми приходи. Во градот има 80 банки, од кои 15 се национални, а останатите се меѓународни банки од целиот свет. Панама сити создава 55% од целиот БДП на Панама. Многу светски познати хотелски брендови имаат изградено луксузни хотели во Панама сити. офшор фирми преку адвокатската фирма “Мосак Фонсекa”, а најголем дел од нив се основани од 90-те години наваму”, свелат од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари. Во документите кои протекоа се гледа дека панамската “Мосак Фонсека” соработувала со речиси сите угледни светски банки како HSBC, Societe Generale, Credit Suisse, Deutche Bank… Во “Панамските документи” се појавуваат имињата на 28 германски кои се поврзани со панамската адвокатска фирма и кои имале интензивен бизнис со офшор фирми, кои основале или управувале со повеќе офшор сметки. На клиентите често им се нудел комплетен пакет: панама-фирма

заедно со банкарска сметка во Швајцарија или во Луксембург. Credit Suisse и HSBC, двете најголеми институции во менаџирање со парите на богатите, веднаш ги отфрлија обвинувањата дека тие активно ги користеле офшор аструктурите низ целиот свет за да им помогнат на клиентите да го сокриваат богатството и да избегнуваат плаќање на даноци. Во системот на офшор-индустријата банките имаат клучна улога, бидејќи офшор фирми без сметка немаат смисла. Затоа, банките носат и особена одговорност кога станува збор за спречување на затајувањето данок и перењето пари. nnn


ƤƦƷƳƱƳƥƭư ƲƤ ƧƳƩƭƲƤƷƤÚ ƲƳƦƭƳƷ ȖÕ

~yn{k ȗl}r n 21.900Ď ìĖÕĘĚĘÕęėĕ ǘǙǡí ŠKODA SUPERB ǕǙǘǡǓǬ ǣǢ ǟǓǡǥǜǤǓǽǙǦǢ ǡǓ ǥǕǙǦǥǞǜǢǦ ǣǓǛǓǤ ǖǜ ǢǥǕǢǜ ǥǜǠǣǓǦǜǜǦǙ ǡǓ ǔǤǢǻǡǜǦǙ ǼǧǔǜǦǙǟǜ ǡǓ ǕǜǥǢǞǢǞǕǓǟǜǦǙǦǡǜ ǓǕǦǢǠǢǔǜǟǜÖ ǣǤǜ ǬǦǢ ǖǜ ǘǢǔǜ ǠǓǞǥǜǠǓǟǡǜǦǙ ǣǙǦ ǸǕǙǛǘǜ ǛǓ ǔǙǛǔǙǘǡǢǥǦ Ǣǘ ~{x ȗ Õ SUPERB ǡǙǥǢǠǡǙǡǢ ǜǠǣǤǙǥǜǢǡǜǤǓ ǧǬǦǙ ǣǤǜ ǣǤǕǓǦǓ ǥǤǙǘǔǓ ǥǢ ǡǙǖǢÕ ƦǤǕǡǓǦǓ ǦǙǩǡǢǟǢǖǜǻǓÖ ǣǤǢǖǤǙǥǜǕǡǜǢǦ ǘǜǛǓǻǡÖ ǜǡǢǕǓǦǜǕǡǢǥǦ ǜ ǥǦǜǟ ǥǢǕǤǬǙǡǢ ǥǣǓǞǧǕǓǡǜ ǕǢ ǙǘǙǡ ǙǟǙǖǓǡǦǙǡ ǣǓǞǙǦ ǖǢ ǣǤǓǕǓǦ ǡǢǕǜǢǦ SUPERB ǧǬǦǙ ǣǢǠǢǘǙǤǙǡ ǜ ǣǢǥǓǠǢǧǕǙǤǙǡÕ ƴǢǕǙǟǙǦǙ ǡǓ ǦǙǥǦ ǕǢǛǙǽǙ ǕǢ ǥǓǟǢǡǜǦǙ ǡǓ Utxmj ǜ ǘǢǛǡǓǻǦǙ ǛǢǬǦǢ SUPERB Ǚ ǓǕǦǢǠǢǔǜǟ ǡǓ ǖǢǘǜǡǓǦǓÕ

www.skoda.mk ƴƳƵƽƪ ƶƯƳƴnjƪ ǔǧǟÕ ƥǢǥǡǓ ǜ ƺǙǤǪǙǖǢǕǜǡǓ ę ƶǞǢǣǻǙ ǦǙǟØ ĕė ėě ėě ėěě

facebook.com/skodamacedonia Ʃƪ ưƸƯƶ ƤƸƷƳ ǧǟÕ Ěĕĕ ǔǤÕĚĚ ƯǧǠǓǡǢǕǢ ǦǙǟØ ĕĘĖ ęęę ĞĞĞ

ƤƸƷƳ ǧǟÕ ƧǙǡǙǤǓǟ ƥǢǤǢ ƴǢǪǞǢǕ ǔǔ ƶǦǤǧǠǜǪǓ ǦǙǟØ ĕĘę Ęė ĘĘ Ęę

ƶƯƶ ƤƸƷƳ ǔǧǟÕ ƧǙǕǖǙǟǜǻǓ ǔǔ ƧǙǕǖǙǟǜǻǓ ǦǙǟØ ĕĘę ėĖě ĘĕĖ

njƳƶƭƹƳƦ ƤƸƷƳ ƩǢǕǟǙȁǜǞ ǔǔ ƥǜǦǢǟǓ ǦǙǟØ ĕęĜ ėęĖ ĚĖĚ


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

44

свет бизнис и финансии

Koj стои зад панамската адвокатска фирма Mossack Fonseca?

П

анамската адвокатска фирма Mossack Fonseca, која е во центарот на оваа досега најголема афера, досега основала повеќе од 240 илјади офшор компании за клиенти од целиот свет. Тие тврдат дека немаат направено никакви нелагални дејствија и сметаат дека се жртви на кампањата против приватноста, уверувајќи ја јавноста дека медиумите погрешно ја интерпртеираат природата на нивниот бизнис. Панамската Mossack Fonseca е четврта најголема компанија која обезбедува услуги поврзани со офшор фирми.Таа работела за над 300 илјади компании. Седиштето на оваа адвокатска фирма е во главниот град на Панама, Панама сити, а фомирана е преку спојување на две правни фирми во 1986 година. Тоа било многу незгодно време за почнување на таков бизнис со оглад дека тогаш Панама била под лупа заради диктатурата на Мануел Нориега и оптужби за перење на пари и масовно производство на дрога. Јирген Мосак, кој со својот партнер со години наназад ги чувал тајните на богатсвото на глобалната елита, е син на Ерхард Мосак, нацист и припадник на злогласната СС единица, која се сметала за елитна единица на Хитлер. Тој е роден во 1948 година во Германија, но на почетокот на 60-те години со своето семејство се сели во Панама, каде го завршил своето образование. Оваа двојка во 1987 година отвориле филијала на Британските девствени острови, каде само неколку години порано бил донесен закон според кој земјата нема обврска да открие

податоци за офшор фирми, за нивните сопственици и за клиентите. Денес, Британските девствени острови се дома на дури 40% од сите офшор компании во светот. “Мосак и Фонсека практично ја измислија таа шема. Први дојдоа на островот и развија длабоко вкоренета мрежа. Останатите само ги копираа”, вели Розмери Флакс, долгогодишен менаџер на Мосак и Фонсека на Девствените острови. Откако САД го ставила островчето Нију на црната листа, тие во 2003 година не потпишале нов договор со адвокатската фирма Мосак Фонсека, што било прв сигнал дека треба да побараат нов даночен рај за својот бизнис, по што се селат на островот Самоа. Во 2006 година адвокатската фирма го проширила обемот на својот бизнис, па покрај водење грижа за финансиите на своите клиенти, додале и дополниотелни услуги, кои опфаќале обезбедување на јахти, приватни авиони и други лукзусни предмети и постапки за своите клиенти. Инаку, Рамон Фонсека покрај успешната кариера во правото и бизнисот, важи и за успешен писател. Тој ја напишал книгата “Мистер Политикус”, политички трилер за амбициозен човек кој се бори за моќ во светот на политиката. Фонсека е роден во 1952 година, а студирал право и политички науки на Панамскиот универзитет и на Лондонската економска школа. Како млад сакал да го спаси светот.

Рамон Фонсека

ко-основач на “Mossak Fonseka”

“Ова е злочин, казнено дело. Ова е напад на Панама, бидејќи на некои не им се допаѓа што сме толку конкурентни во привлекување на компании”. Пет години работел во Обединетите нации. “Кога видов дека јас сум само мал штраф кој не може ништо да промени, а не пак да го спаси светот, се посветив на посериозни работи: професијата, семејството...Што сте постари, тоа повеќе се вртите кон материјализмот”, изјавил Фонсека во едно свое интервју во 2008 година.



Капитал број 858 08.04.2016

46

www.kapital.mk

Балкан бизнис и политика

Политичка и Бизнис Елита на заедничко дружење во просториите на Краш во Загреб

Седма меѓународна конференција на Бизнис Плус

на пазарите веќе не се продаваат производи, туку брендови

Според учесниците колку е важен брендот, покажува успешното работење на се повеќе мултинационални компании во целиот свет. Тие додадоа и дека во денешното забрзано општество, преполно и преплавено со многу производи , се бара она што би ги поттикнало купувачите да го одберат баш тој производ помеѓу многу други.

Предвидување: брендовите ќе се се позначаен факто


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

47

пишува:

В Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

Во современи бизнис услови успешна компанија е онаа која успеала да постигне поголема вредност на брендот од вредноста на самата компанија која го произведува. Ова е еден од главните заклучоци на седмата меѓународна конференција на бизнис клубот на Бизнис Плус (ZAGREB BREND FORUM 2016) која минатата недела се одржа во Загреб. Помеѓу другото на форумот се дискутираше и на следните теми: Како да се измери вредноста на брендот и колку вреди неговиот нематеријален дел (goodwill)? Да се гради бренд или да се работи за бренд? Како да им се конкурира на глобалните брендови? Како настануваат, траат и исчезнуваат брендовите? Дали во последниве 20тина години направивме нови брендови или ги позиционираме старите? Дали фрнашизингот и лиценцирањето се добри за нов развоен живот на брендот? Како

стартап револуцијата отвора простор за побрза препознатливост? Главни организатори на настанот беа најпознатите регионални бизнис медиуми: Капитал од Скопје, Finance од Љубљана, Oslobodjenje од Сараево, Vijesti од Подгорица и Нови Магазин од Белград кои што повеќе од три години се обединети во регионалниот медиумски и бизнис бренд Бизнис Плус. Настанот се одржа во деловната зграда на прехранбената индустрија „Краш“ каде што е сместен КРАШ Аудиториумот еден од најдобрите модерни, мултифункционални, конференциски простори на Балканот, а на истиот се појавија повеќе стотици најзначајни претставници на бизнис заедницата од целиот регион.

Иновативноста и силните брендови се неопходни за успех во современиот бизнис

На петте подготвени панели учество зедоа познати бизнисмени и консултанти од регионов, меѓу кои и Анте Тодориќ од Агрокор (Хрватска), Дамир Булиќ од Краш (Хрватска), Петар Ќорлука од Виолета (БиХ), Јасмина Милановиќ од Еликсир група (Србија), Минчо Јорданов од Макстил (Македонија) и др. Тие на наједноставен можен начин ги пренесоа искуствата на своите успешни компании во поглед на брендирањето од кои навистина многу може да се научи. Според Анте Тодориќ, потпретседател на групацијата Агрокор нивната тајна е во начинот на размислувањето.

„Како да опстанеме и да бидеме подобри од конкуренцијата е прашање со кое одиме на спиење и се будиме. Тоа е нашата тајна на градење успешен бренд која засега ни дава резултати. Кога го презедовме Конзум имаше 30 милиони евра приходи, а денеска со Меркатор остваруваме три милијарди евра. Иновативноста и силните брендови се клуч за успех. Доказ за тоа не е само на Агрокор туку и многу други компании од целиот регион. Впрочем примерите на Бајадера, Домачица , Виолета и многу други се најдобар доказ за тоа“. Тодориќ е со став дека и во поглед на брендирањето не треба да се размислува само во една насока, т уку мног у пошироко. “Сега е време за градење силни менаџерски тимови, кои ќе ги градат нашите брендови и ќе бидат поддршка за засилување на веќе постојните брендови во нашата производствена програма. Исто така, време е за вмрежување на компаниите во регионот на сосема нов начин на работа и на нови производствени платформи, кои ќе обезбедуваат “победа” на светскиот пазар. Компаниите на просторот на поранешна Југославија, од Македонија со Словенија, како и пошироко на балканскиот простор, треба да препознаат заедничка нова шанса за продор на меѓународните пазари. Но, треба да најдат соодветни форми на регионална соработка. Токму тоа е и нашата преокупација во системот на повеќе компании кои јас ги управувам. Постои

ор не само за развој туку и за опстој на компаниите


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

48

Балкан бизнис и политика

С

К

Анте Тодориќ

потпретседател на групацијата Агрокор

ако да опстанеме и да бидеме подобри од конкуренцијата е прашање со кое одиме на спиење и се будиме. Тоа е нашата тајна на градење успешен бренд која засега ни дава резултати. Кога го презедовме Конзум имаше 30 милиони евра приходи, а денеска со Меркатор остваруваме три милијарди евра. Иновативноста и силните брендови се клуч за успех. Доказ за тоа не е само на Агрокор, туку и многу други компании од целиот регион. Впрочем, примерите на Бајадера, Домачица , Виолета и многу други се најдобар доказ за тоа.

Минчо Јорданов претседател на Макстил

добра иднина, но потребна е посветеност во креирањето на нови производи кои утре ќе бидат силно конкурентни на широкиот меѓународен пазар. Денеска пазарите стануваат мали, а компании има се повеќе. Како никогаш досега, конкуренцијата станува немилосрдна.Тоа бара висока продуктивност и енергичност во водењето на компаниите и процесите. Ќе потенцирам дека регионалната соработка на едно рамноправно ниво меѓу компаниите, за нас на Балканот станува клучна”, изјави Минчо Јорданов, претседател на Макстил на меѓународниот бизнис форум Zagreb Brend Conference 2016, која се одржа минатата недела во Загреб. „Има случаи и кога ќе се направи добро брендирање после одредено време компанијата да доживее неуспех. Таков е случајот со американски Walmart чиј пазар беше преземен од Amazon. Бидејќи не

ега е време за градење силни менаџерски тимови, кои ќе ги градат нашите брендови и ќе бидат поддршка за засилување на веќе постојните брендови во нашата производствена програма. Исто така, време е за вмрежување на компаниите во регионот на сосема нов начин на работа и на нови производствени платформи, кои ќе обезбедуваат “победа” на светскиот пазар. Компаниите на просторот на поранешна Југославија, од Македонија со Словенија, како и пошироко на балканскиот простор, треба да препознаат заедничка нова шанса за продор на меѓународните пазари.

сакаме да ни се случи ситуација како на Walmart основавме и брендираме наша компанија за електронска трговија Abrakadabra. Сега нашата цел е да се брендираме како најголеми во интернет трговијата и затоа ги повикуваме сите произведувачи да се јават и да го всврстат својот асортиман во нашата нова платформа и на тој начин да станеме подостапни на купувачите“. Слично интересна приказна раскажа и Петар Чорлука извршен директор и основач на Виолета. „Љубичица како гласник на пролетта е добра позитивна асоцијација и затоа нејзиното латинско име Виолета го зедовме за име на брендот на нашата компанија. Проектот почна од мало место во Херцеговина кое нема ниту пет илјади жители, а влезе во бизнис со кој се занимаваат едвај неколку интернационални компании. Личната самодоверба во комбинација со поддршка

С Петар Чорлука

основач и извршен директор на Виолета

амо еден од конкурентите годишно за маркетинг потроши 10 милијарди долари. Цифра која не можевме да ја следиме. Но, она што можевме да направиме подобро од нив е на породилиштата во регионот да поделиме пелени во вредност од милион евра и на секое дете уште да му го честитаме првиот роденден. Никого не копиравме, туку настојувавме да бидеме поинакви. Големите системи се троми, а нашата предност е брзината и флексибилноста.

на семејството и вработените од Виолета во краток период создаде бренд препознатлив од Словенија до Македонија“ Чорлука посочи уште поинтересни конкретни примери на брендирање. „Само еден од конкурентите годишно за маркетинг потроши 10 милијарди долари. Цифра која не можевме да ја следиме. Но она што можевме да направиме подобро од нив е на породилиштата во регионот да поделиме пелени во вредност од милион евра и на секое дете уште да му го честитаме првиот роденден. Никого не копиравме туку настојувавме да бидеме поинакви. Големите системи се троми, а нашата предност е брзината и флексибилноста“. Претходниот бизнис форум на Бизнис плус се одржа во октомври минатата година во Скопје, а следниот во јуни ќе се одржи во Виена, со што Бизнис плус за прв пат излегува надвор од границите на Балканот. nnn

колку е важно брендирањето?

Н

а конференцијата беше нагласено дека потрошувачите во светот денеска се помалку купуваат производи, а се повеќе брендови. Според учесниците колку е важен брендот, покажува успешното работење на се повеќе мултинационални компании во целиот свет. Тие додадоа и дека во денешното забрзано општество, преполно и преплавено со многу производи , се бара она што би ги поттикнало купувачите да го одберат баш тој производ помеѓу многу други. „Некој можеби смета дека е претерано да се каже дека живееме во свет на брендови, но свесни сме дека и државите се брендираат, тоа може да се направи и со регион, град, место, манифестација, институција, производ, услуга, компанија, идеја, а да не зборуваме за личен бренд, истакна Дарко

Буковиќ главен и одговорен уредник на Привредни вјесник од Загреб еден од главните организатори на настанот. Тој напомена и дека феноменолошки може да се изрази создавањето на поедини бизнис брендови кои само на нашите простори успеале да ги задржат имињата на лица за кои многумина денеска не знаат апсолутно ништо. „Околу нас постојат плејада брендови кои ја надживеале идеологијата. Се шират на европските пазари, а во иднина веројатно и надвор од нив што дава основа за многу заеднички делувања. Сега е вистинскиот момент за јасен, отворен и втемелен разговор со оние кои се општествено најодговорни да ја коментираат состојбата на работите и промените“, истакна Буковиќ.



www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

50

свет

По историската посета на Обама на Куба

Oбнова на бизнисот меѓу САД и Куба

П

о 88 години претседател на САД, во случајов Барак Обама, беше во историска посета на Куба, во друштво на сопругата Мишел и на ќерките Саша и Малија, со цел да ја обнови економската

соработка меѓу двете држави. Можностите на соработката ги најави тоа што само неколку часа пред Air Force One да слета во Хавана, Куба ја потпиша првата зделка во последниве 60 години со американски хотелски синџир. Starwood Hotels е хотелскиот синџир што се договори со Кубанците за водење на три престижни хотели во Хавана. Овој сектор

на американскиот бизнис го напушти кубанскиот пазар по револуцијата на Фидел Кастро од 1959 година. Кога сме и кај апсењето на дисидентите на Куба, и тоа во пресрет на посетата на Обама, што властите во Хавана секако го направија со цел да испратат порака како таму се владее (и ќе се владее), тоа ќе биде сериозен предизвик за отворањето

Куба: Не може да помине секој проект погод


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

51

Раул Кастро одбивајќи ја прегратката на Обама симболично покажа дека обновата на бизнисот меѓу САД и Куба нема да оди лесно како тангото на американскиот претседател

на кубанскиот пазар. „Ако пораката на Обама е дека ги отвора вратите за големите американски компании во Куба, но се пикаат под тепих проблемите со почитувањето на човековите права, тоа ќе испрати многу чудна порака за имиџот на претседателот“, вели за Financial Times експертот за Латинска Америка на Columbia University, Кристофер Сабатини. Дури и очекувањата за реки од туристи на Куба што значат порој од приходи не ги заслепуваат инвеститорите и бизнисмените од САД , смета The Wall Street Journal. Според весникот овие планови може да се судрат со „револуционерната крв што тече во вените на кубанските лидери, која се вжештува од сомневања, до отворен отпор кон бизнисот и правењето пари“. Не помалку важно во контекстот е трговското ембарго на САД, кое и покрај напорите на Вашингтон во последните повеќе од 15 месеци, продолжува да наложува тесни

Резервите на кубанските власти кон промените ги изрази и координаторката на кубанската влада за странски инвестиции, Дебора Ривас: „Не сме во процес на забрзување на приватизацијата на кубанската економија“

Настрана од препреките како нивото на демократијата на Куба, аналитичарите сметаат дека најголем проблем за големо бизнис отворање на островот ќе биде „револуционерната крв што тече во вените на кубанските лидери, која се вжештува од сомневања, до отворен отпор кон бизнисот и правењето пари“ ограничувања за трговијата и инвестициите во Куба.

Американските бизнисмени порачуваат: Ќе брзаме бавно

Многу од бизнисмените во САД, кои ги познаваат можностите на карипскиот Остров на слободата, сега, на почетокот на одмрзнување на односите, сметаат

дека не треба да се брза со влегувањето на кубанскиот пазар, покажува истражувањето спроведено меѓу 437 бизнис лидери. „Не станува збор за бирократијата. Тука зборуваме за претставата што ја има кубанската власт за економскиот, социјалниот и политичкиот систем на земјата“, вели претседателот на

ден за семоќните странски инвеститори


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

52

свет

Можностите на соработката ги најави Starwood Hotels кога само неколку часа пред Air Force One да слета во Хавана, потпиша зделка со Куба

американскиот економски совет што лобира за крај на ембаргото, Џон Кавулич. Официјална Хавана се надева да привлекува по две милијарди долари годишно преку странски инвестиции во следните години. Во моментот чекаат понуди за над 250 проекти, проценети на

вкупно 9 милијарди долари. Проектите се во сфери како хотелиерство, пристаништа за јахти, терени за голф, како и биотехнологија, фармација, производство на стакло. Влегувањето на Starwood, чие портфолио вклучува синџири како Sheraton, Westin и W, е

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

пионерскиот момент. Веднаш потоа Priceline Group се договори со Куба да нуди хотелски соби на клиенти во САД преку Booking.com. Досега клиентите од САД не можеа да резервираат ноќевање на Куба директно, а само преку т уристичка агенција. Договорот на Priceline Group е соодветен на значајно пораснатата побарувачка за ноќевања на Куба од туристи од САД. Откако Обама објави на 17 декември 2014 година обнова на дипломатските односи со Куба, цените на вкупно 63 илјади хотелски соби на Куба постепено почнаа да растат. Многу од нив се резервирани со месеци однапред. Во 2015 година Куба забележа рекордни 3,52 милиони туристички посети, што е за 17,4% повеќе во однос на 2014 година. Во истиот период посетите од САД пораснале за дури 77%, на вкупно 161 илјади луѓе, без да се сметаат стотиците илјади со кубанско потекло, кои ја посетувале татковината.

Хавана нема да брза со приватизацијата

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

И покрај еуфоријата, откако Куба донесе нов закон за инвестициите во 2014 година, само 36 од вкупно 200 одобрени проекти се со странско учество. „Прашањето не е да го реализираме секој проект што е погоден за семоќните странски инвеститори“, е ставот што го пренесе координаторката на кубанската влада за странски инвестиции, Дебора Ривас, дополнувајќи дека владата „не е во процес на забрзување на приватизацијата на кубанската економија“. Со оваа политика се соочуваат групите инвеститори кои ги

полнат последниве години лоби баровите на хаванските хотели, раскажува за The Wall Street Journal амбасадорот на Канада во Хавана во деведесеттите години, Марк Ентвисл. Од времето кога тој ја претставувал својата држава, во Куба останале малкумина од некогашните канадски бизнисмени. Ентвисл сега има консултантска компанија за инвеститори со намера да влезат на Куба. Инаку, некои од добро позиционираните странци на Куба со долгогодишно искуство се во затвор по обвиненија што тие ги одрекуваат и тврдат дека се фалсификати. Канадскиот бизнисмен Сај Токмаџијан, со над 20 години искуство од бизнисот на островот, во 2011 година е уапсен под обвиненија за корупција, во 2014 осуден на 15 години затворска казна, но беше ослободен лани како дел од отворањето на Куба кон Северна Америка. „Законите во државата се менуваат секој ден и не е сосем јасно што е законско и допуштено“, вели денес Токмаџијан. „Идните инвеститори треба да знаат дека Куба е сепак ризично место“. И покрај ваквите случаи, Verizon Communications веќе нуди роаминг за клиентите на Куба. Големите авиокомпании од САД до крајот на годината ќе имаат летови до Хавана и до другите големи градови на островот. Western Union, која од 1995 година има дозвола од кубанската влада да праќа пари од САД кон островот, доби одобрување од Вашингтон услугата да ја нуди за секој дел од светот. И Marriott International и AT&T секој момент треба да влезат на островот. nnn



Капитал број 858 08.04.2016

54

www.kapital.mk

лидери

Фил Најт осНовач На Nike

во ред е да си Голијат, Но секоГаш “иГрај“ како давид!

П

Поранешен сметководител, Најт открил за време на постдипломските студии дека сака да биде претприемач. Почнал со продажба на јапонски спортски обувки во САД, а заедно со бизнис партнерот Бил

Не мислам дека треба да ги сакам своите конкуренти. Сакам моите вработени да сфатат дека кога и да успеат нашите конкуренти во нешто, ние ќе имаме помала можност да ги направиме работите што сакаме да ги направиме

Им велам на сите оние што не сакаат да навредат никого во своите реклами: ќе имате многу, многу тешка работа да создадете адвертајзинг што ќе имаат смисла

Моја задача е да слушам туѓи идеи, можеби да нафрлам некои мои, и да донесам одлуки врз основа на тоа што е добро за акционерите и компанијата Проблемот во Америка е не што правиме премногу грешки, туку премалку

Во ред е да си Голијат, но секогаш ‘играј’ како Давид

Во животот и работата постои вечен конфликт помеѓу мирот и хаосот. Нема победник, но начинот на кој што ќе се справуваш со тоа е клучот на успехот

Бауерман ја основаат Blue Ribbon Sports, подоцна преименувана во Nike. Останатото е историја: Nike е денес најмоќен спортски бренд на планетава, а Најт 24-ти најбогат човек на светот, според листата на Forbes. Сакавме Nike да стане најдобриот спортски бренд на светот. Еднаш штом си го рековме тоа, веќе имавме фокус

Играј според правилата, но биди остар




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.