859 kapital magazin

Page 1

АМНЕСТИЈАТА НА ИВАНОВ

НЕПРОМИСЛЕН ДРЖАВЕН УДАР ИЛИ КООРДИНИРАН ПЛАН ?! КАДЕ ОДИ МАКЕДОНИЈА?

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

КАКО МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ГИ ДРЖАТ ТРОШОЦИТЕ ПОД КОНТРОЛА?

СВЕТ БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКО СЕ ИЗБИРА НОВИОТ ГЛАВЕН СТАНАР НА БЕЛАТА КУЌА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ТОНЕ ВО БЕЗИДЕЈНОСТ СЕ ОТВOРААТ КАФEАНИ, НЕВЛАДИНИ, МАРКЕТИ И ФРИЗЕРНИЦИ! стр.

10

INTERVIEW

ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА член на Управен одбор на ПроКредит банка

БРОЈ 859 | ЦЕНА 100 ДЕН. 15 АПРИЛ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ГРУПАЦИЈА НА БАНКИ ИМА СВОИ ПРЕДНОСТИ

АГРОКОР ЌЕ ГО ОСВОЈУВА ОНЛАЈН ПРОСТОРОТ СО АБРАКАДАБРА



3

Капитал број 859 15.04.2016

сОдржина

38

34 04

profile

08

наВигатОр

10 16 18

Кристин Лагард

извршен директор на ММФ

Македонија има речиси двојно повеќе судии од европскиот просек

22

пОЛитиКа

28

Луѓе и КОМпании

Cover story

Македонската економија тоне во безидејност Се отвoраат кафeани, невладини, маркети и фризерници!

КапитаЛнО

34

Биљана ЗдраВКОВсКа стОјчеВсКа спасители

интерВју еМиЛија спирОВсКа член на Управен Одбор во ПроКредит Банка

проКредит Банка – да се биде дел од интернационална групација на банки има свои предности

38

амнестијата на иванов непромислен државен удар или координиран план ?! Каде оди Македонија? Македонските компании и држењето на трошоците под контрола Како да станете управувачи, а не “секачи“ на трошоци

46 42

КОМпании и паЗари

46

сВет БиЗнис и пОЛитиКа

50

претприеМништВО

54

Лидер

трОшење јаВни пари

Како најголемите македонски општини ги трошат буџетите? 10-те најголеми општини годишно трошат 200 милиони евра. Повеќе за плати, помалку за капитални инвестиции

ЗдраВје

ре-Медика прослави 11 години Грижата за здравјето на нашите вработени и нашите пациенти останува наш императив!

агрокор и A007 го претставија новиот онлајн мол абракадабра Балканскиот гигант Агрокор го освојува и онлајн просторот

Одново најскапи претседателски избори во сад Кој плаќа и како се избира новиот главен станар на Белата куќа? 5 бизнис модели за успех на пазарот чарЛс КОК

американски индустријалец и милијардер

приберете си го егото, оти може да ви ја уништи кариерата!

пиљарсКа еКОнОМија

"уБиВање на трОшОци“

Општини

Ако се анализира домашната економија според дејностите во кои најмногу се основаат фирми тогаш во Македонија најмногу и најлесно се отвораат кафеани и ресторани, невладини организации, минимаркети, фризерски салони и салони за разубавување, сметководствени бироа, кафулиња... Производни фирми се отвораат се’ помалку. Експертите се согласни дека овие фирми, кои не создаваат речиси никаква нова и додадена вредност, едвај се носат самите себеси, а камоли да ја носат македонската економија.

Кратењето на трошоците најчесто е во фокусот на македонските бизнисмени дури откако работата ќе тргне на лошо. Тогаш се вклучува алармот и се штеди на сè што може да се заштеди. Но, не смее да биде така, велат бизнис консултантите. Со трошоците треба да се управува постојано, а особено во добрите времиња. Тогаш се создаваат резервите за “црни денови“, а тоа е овозможено со контролингот на трошоците.

Преку 200 милиони евра изнесуваат вкупно буџетите за 2015-та година на 10-те најголеми општини гледано по население. Од овие средства, нешто повеќе од 51 милиони евра, или четвртина од парите, се потрошени на плати и надоместоци, додека нешто помалку - 45,6 милиони евра на капитални расходи. Повеќе од половина милион евра општините потрошиле на телефонски услуги, додека пак 360 илјади евра на привремени вработувања.

XX Стр. 10

XX Стр.28

XX Стр. 34

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 14.04.2016


profile

www.kapital.mk

Кристин Лагард извршен директор на ММФ

Јавниот долг на рекордно високо ниво. Економскиот раст забавува! Јавниот долг во развиените земји во светот порасна на највисоки ниво од Втората светска војна, бидејќи владите на тие земји се борат со низок економски раст и дефлација, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот најнов извештај насловен објавен по повод на годишните пролетни средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон.


Капитал број 859 15.04.2016

Ј

Јавниот долг во развиените земји, според Извештајот на ММФ, сега го надминува нивото забележано во текот на Големата депресија и се приближува до нивото од периодот после Втората светска војна. Во развиените држави, јавниот долг пораснал на над 1007% од БДП, а во Јапонија на речиси 250% од БДП. Земјите во развој се во подобра состојба, бидејќи нивниот долг се уште е под 50% од БДП, но нивните потреби константно растат и многу држави се соочени со големи предизвици, меѓу кои и значително високи буџетски дефицити. “Развиените економии се соочени со тројна закана, во вид на низок економски раст, ниска инфлација и висок јавен долг”, се наведува во Извештајот на ММФ. Темпото на задолжување на владите, како што се наведува е забрзано од финансиската криза и ќе продолжи да расте, бидејќи економските сили како Јапонија и Европа, заглибиле во многу ниски стапки на раст, додека многу земји во развој и сиромашни земји се соочени со пад на приходите од продажба на суровини, како нафта и метали. Поголемото задолжување им го отежнува на владите издвојувањето на пари за поттикнување на економски раст, оценува ММФ. Задолженоста на земјите извознички на нафта, кои силно се погодени од падот на цените на суровата нафта, нагло расте со цел да се надомести загубата на приходи, се истакнува во Извештајот на ММФ. Според нивната проценка, задолженоста на производителите на црно злато од земјите од Магреб и Блискиот исток во следните пет години се проценува да порасне за 2000 милијарди долари. “Јавните финансии имаа тешка година. Се случува нова реалност”, заклучува Витор Гаспар, главен автор на извештајот кои предупредува на последиците на забавување на светската економија. Јавниот долг во Јапонија се проценува годинава да достигне до 250 % од БДП, во Италија 133% од БДП, во САД 107% од БДП и нешто над 98% во Франција, предвидува ММФ. ММФ уште еднаш ги повикува земјите членки да бидат подготвени за брза реакција како би поттикнале економскиот раст и би ја намалиле ранливоста која ги поттикнува нивните задолжувања, признавајќи сепак дека нивниот политички маневарски простор е многу стеснет. “Изборниот календар и политичките блокади би можеле во 2016 година да ја отежнат примената на мерките и да ги

profile

5

Развиените економии се соочени со тројна закана, во вид на низок економски раст, ниска инфлација и висок јавен долг”, се наведува во Извештајот на ММФ.

Brexit може да нанесе сериозна штета

М

еѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија може да предизвика сериозна регионална и глобална штета. Излегувањето на Британија од ЕУ или т.н Brexit ќе ги загрози постојните трговски односи и ќе нанесе големи предизвици и на Велика Британија и на остатокот од Европа, наведува ММФ, кој предупредува дека референдумот закажан за 23 јуни донесе неизвесност за инвеститорите и дека гласањето за излегување тоа дополнително ќе го зголеми. Во случај на референдумот да се изгласа излегување на Британија од ЕУ, ММФ очекува дека преговорите со Лондон ќе бидат долги, што би можело значително да влијае на инвестициите, посебно во време кога владее нестабилност на финансиските пазари. Проценките на ММФ велат дека излезот на Британија од ЕУ би можело да ја чини британската економија и до 100 милијарди фунти и речиси милион изгубени работни места. забават амбициозните политики во некои големи економии”, заклучува ММФ.

ММФ по трет пат ја крати прогнозата за светскиот раст

ММФ е многу загрижен за состојбата во глобалната економија, заради што повторно ги намали проценките за растот. ММФ отворено уште еднаш ги повика земјите на итни акции на владите заради поттикнување на растот. Во третото по ред намалување на прогнозите за раст во последните шест месеци, ММФ соопшти дека светската економија оваа година ќе оствари раст од 3,2%, што е за 0,2 процентни поени пониско во однос на

проекциите од јануари. Проценките за економскиот раст на европските земји во развој, во кој влегуваат Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Турција, Албанија и Косово, се зголемени на 3,5% за 2016 година од јануарските 3,1%, додека за 2017 година се прогнозира раст од 3,3%. “Економските активности во овој регион имаа бенефит од ниските цени на нафтата и постепеното опоравување на еврозоната, но зголемениот корпоративен долг ги загрозува приватните инвестиции”, се вели во Извештајот на ММФ. nnn


6

Капитал број 859 15.04.2016 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

Претплатете се на КАПИТАЛ...

АНАЛИЗА

И

ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ГОДИНИ

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА

специјален прилог

АВТОМОБИЛИ

КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА

 АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?

денари, заштедете

УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.

ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ

600.000

ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!

COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА

ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

SKI & SPA

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!

ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

АНАЛИЗА

2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?  НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ  НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ

 НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА  ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА  WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

МЕСЕЦИ

 СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016

1,1

МИЛИЈАРДИ ЕВРА

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

PROFILE

МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК

Истанбул станува “мека” за стартапи

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...



www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

8 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

> БРОЈКА

ГОдИНАВА ТРОЈцА ИНВесТИТ

Светската економија расте премногу бавно, премногу долго. Светот се соочува со ризик од стагнација која што може да биде опасна и од политички аспект

48.2%

Е зголемен бројот на издадени одобренија за градба во февруари 2016 во однос на истиот месец минатата година

мОРИс ОБсТфелд главен економист на ММФ

Џ

онсон Контролс Струмица, и домашните компании Хајтек Асембли Центар и Технопласт се трите компании кои од почетокот на годинава добиле ослободувања од даноци во следните 10 години и државна помош за инвестиции заради тоа што ќе инвестираат во слободните економски зони. Но, тајна е колку изнесува државната помош што ја добиле овие компании. Во извештаите кои се достапни на веб страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата стои дека компаниите имаат добиено ослободување на данок на добивка

проблЕМот со правдата нЕ Е дЕка ни фалат судии

МакЕдонија иМа рЕчиси двојно повЕќЕ судии од Европскиот просЕк

в пишува:

Габриела делова

gabriela.delova@kapital.mk

Во Македонија речиси и да нема бизнис или инвеститорски форум на кој меѓу главните проблеми не се истакнува правната несигурност и бавното решавање на судските предмети во земјава. Всушност и Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на Македонија забележува дека функционалноста на судскиот систем и неговата независност се доведени во прашање. „Постојат повторени извештаи за селективна правда и политичко мешање кај одредени високопрофилни или политички чувствителни судски предмети што фрла сенка врз вообичаено функционалниот судски систем“, стои во Извештајот. Токму на тема ефикасност на судски систем, ЕУ неодамна го издаде најновиот

извештај за состојбите во областа на правосудството во ЕУ, каде за секоја од државите членки на ЕУ постои податок за вкупно вработени судии по земја, за вкупната судска администрација како и за бројот на нерешени предмети. Македонија, бидејќи се уште не е членка на ЕУ, не е дел од овој извештај, но врз основа на податоците кои ни беа достапни од годишните извештаи на судовите, Капитал направи пресметка за тоа каде се наоѓа Македонија по овие параметри на ниво на ЕУ. Споредбата покажа дека земјава има речиси двојно повеќе судии од европскиот просек, а исто толку над просекот располага и со несудски персонал. Имено, Извештајот од статистичкото биро на ЕУ, покажува дека европскиот просек е 21 судија на 100 илјади жители, додека Македонија има 37 судии на 100 илјади жители. Меѓутоа, Македонија не е земјата

со најмногу вработени судии на ниво на ЕУ. Пред нас се наоѓа Словенија со 46,1 судија на 100 илјади жители, по што следи Хрватска со 44 судии на 100 илјади жители. Најмалку судии на ниво на ЕУ пак има Ирска – 3,2 судии на 100 илјади жители. Слична е состојбата и во однос на несудскиот персонал, односно технички и помошен персонал кој работи во судовите. Европскиот просек на ваков персонал е 66.6 на 100 илјади жители, додека Македонија има 105 судски персонал на 100 илјади жители. Пред нас, повторно се Словенија и Хрватска. Хрватска со 161 судски персонал и Словенија со 157,2 на 100 илјади жители. Најмалку несудски персонал пак има Луксембург (36 на 100 илјади жители). И додека македонските судови се


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

9

тори Добиле ДржАвнА помоШ и персонален данок на доход во следните 10 години, како и ослободување од плаќање на ДДВ при увоз на суровини и производи кои не се наменети за крајна потрошувачка, други царински ослободувања и олеснувања, ослободување од плаќање на надомест за уредување на градежно земјиште, надомест на трошоците за изградба на производната хала. Исто така, овие три фирми добиваат и парична помош од буџетот за секое отворено работно место. Но, деловите каде што стои колку работни места ќе се отворат и колку пари државна помош ќе добијат за секое отворено место се пречкртани.

мисла на неделата Секој кој јавно, тајно или на било каков друг начин подржува тероризам и самиот е терорист

Милош Земан

Земја

Македонија Хрватска Бугарија Романија ЕУ просек Австрија Белгија Кипар Чешка Данска Естонија Финска Франција Германија Грција Унгарија Ирска Италија Латвиа Литванија Луксембург Малта Холандија Португалија Словачка Словенија Шведска

Судија по 100.000 жители

Несудски персонал на 100.000 жители

Буџет за судски систем по жител во евра

Адвокати на 100.000 жители

37,0 44,0 30,2 22,6 21,0 18,4 14,4 11,8 29,1 6,3 17,2 18,1 10,7 23,9 35,0 28,4 3,2 11,0 23,8 26,2 41,3 9,9 14,1 19,4 24,8 46,1 11,7

105,0 161,0 82,2 48,3 66,6 55,4 47,8 49,8 86,6 31,1 75,2 40,3 33,3 66,0 48,6 81,0 20,1 38,5 78,8 88,4 36,0 106,0 43,3 57,6 83,0 157,2 48,9

23,0 57,0 27,0 25,0 63,0 98,6 86,8 52,5 43,8 75,2 35,8 67,5 62,0 108,9 40,8 43,3 50,2 73,7 34,3 28,2 142,7 33,2 128,6 63,0 41,3 88,2 108,7

128,5 103,8 165,8 117,0 164,9 94,3 159,6 337,5 97,6 107,6 66,7 36,9 91,5 201,4 381,3 131,6 243,7 379,0 66,0 67,5 400,5 261,4 102,8 275,9 102,3 74,2 56,2

„превработени“, сепак остануваат да бидат најсиромашни на ниво на ЕУ. Односно, буџетот што земјата го одвојува за македонската судска власт е тројно помал од просекот на Европската унија, а воедно и најмал. Статистичките податоци покажуваат во ЕУ се одвојуваат 63 евра по жител за буџетот на судски систем, а пак Македонија располага со тројно помал буџет, односно одвојува само 23 евра по жител. Ова е воедно е и најнискиот буџет на ниво на ЕУ. Најголем буџет, пак, на ниво на ЕУ за судската власт одвојува Луксембург, вкупно 142,7 евра по жител. Во однос пак на нерешените случаи, состојбата е следна: според статистиките во Македонија има во просек по 7.1 нерешени предмети на 100 жители. Просекот на ЕУ во однос на ова прашање е 4.2 нерешени предмети на 100 жители, што покажува дека Македонија се уште има проблем со бавноста и неажурноста на судството. Освен официјалните бројки, оваа забелешка за Македонија ја даде и

58,8%

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, се наменети за објекти од високоградба

Претседател на Чешка

ПЕРСОНАЛ ВО ПРАВОСУДСТВО

> бројКА

Наспроти „превработеноста“ во судството, од статистичките податоци слободно може да се заклучи дека македонските судови се најсиромашни на ниво на ЕУ. Ова значи дека судската власт во Македонија добива најмал буџет споредено со останатите европските земји, и истиот е тројно помал од просекот на Европската унија.

официјален Брисел во последниот Извештај за напредокот. „Буџетот за 2015 за судовите е 30,2 милиони евра, а 7 милиони евра за обвинителската служба. Во поглед на буџетското трошење по жител, ова е значително помалку во споредба со европскиот просек. Бројот на судии и судски кадар на 100 000 жители е значително поголем од европскиот просек“, стои во Извештајот. Во однос на адвокатите пак, состојбата е многу по различна, односно Македонија има значително помалку адвокати од европскиот просек. Ако просекот во ЕУ е 164,9 адвокати на 100 илјади жители, Македонија има 128,5. Од земјите во регионот само Бугарија го запазува европскиот просек со 165,8 адвокати на 100 илјади жители, додека Хрватска, Романија и Словенија, исто како и Македонија се под европскиот просек. На ниво на ЕУ, со најмногу адвокати располага Луксембург, дури тројно повеќе од просекот, додека со најмалку Финска каде има само 36,9 адвокати на 100 илјади жители. nnn

лидери

Џон Кери

прв американски државен секретар кој ја посети Хирошима, и даде пример за свесност за заканите од нуклеарното оружје

Џонг-Киун Шин

Samsung одново има успешен „флегшип“ (S7), па очекува раст на оперативната добивка за 10%

не им беше неделата

ЃорЃе ивАнов

Ја брани Македонија од странците така што ги аболицира домашните политичари од криминал.

Димитрис АврАмопулос

неефективноста на договорот ЕУ-Турција резултира со криза во Идомени и тензии меѓу Македонија и Грција


cover story:

Капитал број 859 15.04.2016

10

www.kapital.mk

cover story

Македонскат еконоМија то во безидејно Се отвoраат кафeани, невладини, маркети и фризерници! Едно непишано во економијата вели дека економијата расте онолку колку што отвора нови бизниси и работни места. Ако се анализира македонската економија според дејностите во кои најмногу се основаат нови бизниси, тогаш заклучокот е дека во Македонија најмногу и најлесно се отвораат кафеани и ресторани, невладини организации, минимаркети, фризерски салони и салони за разубавување, сметководствени бироа, кафе барови... Станува збор за фирми кои обично вработуваат малку луѓе и кои не создаваат никаква дополнителна вредност во економијата. Дали овие фирми можат да бидат носители на македонската економија, во услови кога тие едвај се носат самите себеси?


www.kapital.mk

11

% во вкупниот бРој на отвоРени ФиРми

бРој на отвоРени ФиРми (Од 2011 дО 2015) РестоРани и објекти за подготовка и послужување на хРана

невладини оРганизации

7%

тРговија на мало во пРодавници, со хРана, пијалоци и тутун

4%

ФРизеРски салони и салони за Разубавување

3%

тРговија на мало со облека подготовка и послужување на пијалоци

товаРен патен тРанспоРт

такси служба

3% 3% 3%

Основани 8.528

Основани 8.318

Основани 8.194

2014

Згаснати 5.157

2013

Згаснати 9.141

2012

2%

Згаснати 9.396

Згаснати 6.426

Згаснати 7.157

Основани 8.614

3%

2%

изгРадба на згРади

2011

2.917 2.484 1.883 1.496 1.459 1.446 1.281 1.117 1.089 1.077

6%

помошни деловни услуги (сметководство)

Основани 8.653

та оне ост

Капитал број 859 15.04.2016

2015

бРој на отвоРени и затвоРени ФиРми


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

12

cover story

БРОЈ НА ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА 2011

2012

2013

2014

2015

(2011-2015)

2015/2014

Вкупно

73.118

74.424

71.290

70.659

70.139

-2.979

-520

Трговија на големо и мало

27.468

27.307

25.429

24.674

23.843

-3.625

-831

Преработувачка индустрија

8.155

8.251

7.918

7.675

7.639

-516

-36

Транспорт и складирање

6.380

6.445

6.095

5.919

5.820

-560

-99

Стручни, научни и технички дејности

5.369

5.707

5.817

6.095

6.261

892

166

Градежништво

4.400

4.541

4.322

4.349

4.429

29

80

Други услужни дејности

4.257

4.232

4.147

4.212

4.265

8

53

Дејности на здравствена и социјална заштита

3.246

3.298

3.315

3.322

3.313

67

-9

Земјоделство, шумарство и рибарство

2.963

3.072

2.866

2.842

2.827

-136

-15

Информации и комуникации

1.419

1.515

1.446

1.475

1.524

105

49

Административни и помошни услужни дејности

1.319

1.438

1.514

1.554

1.553

234

-1

Уметност, забава и рекреација

1.213

1.176

1.179

1.185

1.212

-1

27

Образование

986

1.020

1.025

1.064

1.098

112

34

Дејности во врска со недвижен имот

450

493

485

507

516

66

9

Финансиски дејности и дејности на осигурување

420

413

390

400

416

-4

16

E пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Едно непишано во економијата вели дека економијата расте онолку колку што отвора нови бизниси и работни места. Ако се анализира македонската економија според дејностите во кои најмногу се основаат нови бизниси, тогаш заклучокот е дека во Македонија најмногу и најлесно се отвораат кафеани и ресторани, невладини организации, минимаркети, фризерски салони и салони за разубавување, сметководствени бироа, кафе барови... Во овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите пет години. Дополнително во првите 15 нај актуелни дејности за почнување на бизнис, кои претставуваат над 45% од новите компании, нема ни една дејност на производство. Ова го покажува анализата на податоците за отворени и затворени фирми во изминативе пет години кои специјално за оваа анализа на магазинот Капитал ги обезбеди и обработи фирмата Таргет груп. Станува збор за фирми кои обично вработуваат малку луѓе и кои не создаваат никаква дополнителна вредност во економијата.

Експертите објаснуваат дека ваквата слика е резултат и на ВКУПНО ОСНОВАНИ ФИРМИ ПО ГРАДОВИ тешкиот пристап до кредити ВО ИЗМИНАТИТЕ 5 ГОДИНИ во услови кога банките Скопје 15.500 35% одбиваат да финансираат Битола 2.693 6% почетни бизниси, така што во Тетово 2.235 5% услови кога немаат кредитна Охрид 1.860 4% поддршка, најлесна опција Гостивар 1.854 4% е отворање на мал бизнис, а изборот во тој случај Прилеп 1.808 4% вообичаено паѓа на трговијата Куманово 1.732 4% или услугите. Струмица 1.383 3% Податоците покажуваат Струга 1.377 3% дека во периодот од 2011 до Велес 1.129 3% 2015 година во Македонија Останати 12.933 29% се отворени вкупно 42.307 фирми, а затворени се 37.277 фирми. кога биле отворени 8.194 фирми, додека Најголем дел од новоотворените фирми истата година згаснале 9.141 фирма. или 35% се отворени во Скопје, а потоа Следната 2015 година во Македонија следат Битола, Тетово, Охрид, Гостивар биле отворени 8.528 фирми, а згаснале и Прилеп. 5.157 фирми, за да веќе во првиот квартал од 2016 година бројот на згаснати фирми Се отвораат фирми кои не создаваат нова вредност достигне близу 13.000 фирми. Ако се анализира бројот на отворени Ако се анализираат причините заради фирми во изминатите пет години, може кои најчесто згаснуваат фирмите во да се види дека најмногу фирми биле Македонија, тогаш најчести причини се отворени во 2011 година, а во следните заради одење на фирмата се стечај и три години бројот на новоотворени фирми блокада од страна на Управата за јавни бележи намалување, за да во 2015 година приходи (УЈП). тој број повторно се зголеми. Бојан Џиков, оперативен директор на Во здрава економија со нормални услови фирмата Таргет Груп вели дека овие за водење бизнис е нормално да се податоци само покажуваат дека на отвораат повеќе фирми, отколку што се просечниот македонски претприемач му затвораат. недостасува креативност. На пример, во 2011 година во Македонија “Доколку ги погледнеме новооснованите биле отворени најмногу фирми во субјекти во последните пет години ќе изминатите пет години, 8.653 фирми, заклучиме дека најактуелни дејности биле а затворени биле 7.157. Во следната дејностите во угостителството, невладините 2012 година биле отворени 8.614 нови организации, малопродажбата на фирми, а згаснале 6.426 фирми. Веќе во храна и облека, како и салоните за следната 2013 година почне тренд на убавина. Во овие дејности се основани повеќе згаснувања, отколку на основања над 25% од вкупниот број на новите на фирми. Податоците покажуваат дека во компании во Македонија во изминатите 2013 година биле отворени 8.318 фирми, а години. Дополнително, во првите 15 нај истата година згаснале 9.396 фирми. актуелни дејности, кои претставуваат Овој тренд продолжува и во 2014 година, над 45% од новите компании, нема ни

Тренд: За пет години се отворени 1.117 фирми од пат


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

13

М

Н Бојан Џиков

оперативен директор на Таргет груп

а македонската економија и е потребен претприемачки дух кој ќе биде насочен кон производство, обработка и доработка. На економијата и требаат бизниси кои ќе ја искористат евтината работна сила и географската позиција и ќе се насочат кон извоз, а не кон борба со конкуренцијата на и онака малиот македонски пазар. Малите и средни бизниси се носители на секоја економија, но мали и средни бизниси кои зависат од вработените на државната администрација и неколкуте големи компании, не можат да се носат самите себе, а камо ли економијата”, смета Џиков.

една дејност на производство. Процентот на компании кои се регистрирани во било која од производствените дејности односно во сите дејности на преработувачката индустрија изнесува 9,71%, додека 14% од новите фирми се основани во дејностите на земјоделство, шумарство и рибарство и дејностите на рударство и вадење на камен овој процент изнесува неполни 14%. Овие проценти само укажуваат на фактот дека претприемачите се одлучуваат да инвестираат во бизниси кои не се креативни и не создаваат додадена вредност. Токму напротив, пазарот станува толку заситен што голем дел од нив и едвај егзистираат”, вели Бојан Џиков, од Таргет Груп, фирма која ги подготви и обработи податоците за потребите на оваа анализа на македонската економија. Според Џиков, на македонската економија и е потребен претприемачки дух кој ќе биде насочен кон производство, обработка и доработка. На економијата и требаат бизниси кои ќе ја искористат евтината работна сила и географската позиција и ќе се насочат кон извоз, а не кон борба со конкуренцијата на и онака малиот македонски пазар. “Малите и средни бизниси се носители на секоја економија. Но, мали и средни бизниси кои зависат од вработените на државната администрација и неколкуте големи компании, не можат да се носат самите себе, а не, пак, целата економијата”, смета Џиков. Доколку се анализира профилот на фирми кои најмногу се отвораат во Македонија, може да

се заклучи дека тоа се наjчесто фирми во трговијата и услужните дејности. Ако се анализира каде се отвориле најмногу се отвориле фирми во изминатите пет години, на прво место се ресторани и други објекти за послужување на храна каде за овој период се отвориле 2.917 компании или 7% од вкупно отворените фирми во земјата. Втора дејност која е најатрактивна за отворање на фирми се невладини организации и други организации на база на зачленување, каде за период од пет години се отвориле 2.484 фирми или 6% од вкупно отворените фирми. Трговијата на мало во продавници или отворањето на минимаркети е трета дејност во која во изминатите пет години се отвориле 1.883 фирми или 4% од вкупно отворените нови фирми. Потоа следат фризерски салони и салони за разубавување, помошни деловни услуги, трговија на мало со облека, подготовка и послужување на пијалаци, товарен патен транспорт, такси служби и изградба на згради. Интересно е што за изминатите пет години во Македонија се отвориле 1.117 фирми од областа на патниот товарен транспорт и 1.077 фирми за високоградба. Експертите велат дека во трговијата и другите услужни дејности може најлесно да се започне бизнис бидејќи е потребно најмалку почетен капитал, но во овие дејности има најголеми шанси да се пропадне. Имено, пазарот е веќе презаситен од кафеани, кафе барови, фризерници и маркети и конкуренцијата е

тниот товарен транспорт

Павле Гацов

претседател на Здружението на даночни советници

акедонија треба да размисли за воведување на даночни ослободувања за поттикнување на претприемачката иницијатива. Сметам дека почетните старт ап фирми во Македонија треба да се поддржат со даночно изземање барем во првите пет години од основањето и да се продолжи ослободувањето кај персоналниот данок при вработувања на пет од досегашните три години. Тоа е некој нормален период во кој новите фирми можат да добијат финансиска сила по што може да плаќаат некаков данок.

премногу висока, така што ова се дејности и во кои најмногу пропаѓаат фирми. Ваквата практика, според експертите е особено изразена во време кога се заострени условите на банките за кредитирање. Поголемото про-изводство бара повеќе пари,

маркетинг-истражувања, барање пазари, а банките се уште се строги за одобрување кредити за почетниците. Затоа и највозможна варијанта е отворање мал бизнис, а најлесен сектор е трговијата бидејќи за почеток и не треба голем капитал, сметаат

НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

14

cover story

експертите.

Се намалува бројот на фирми во индустријата

Анализата, пак, на податоците од Државниот завод за статистика за активните фирми во земјава покажуваат дека се намалуваат фирмите во индустријата и преработувачката индустрија и земјоделието. Во Македонија изминатата 2015 година имало 70.139 активни фирми и нивниот број за една година е намален за 520. Бројот на активните фирми во Македонија е во постојан пад изминатите три години, а минатата година имало најмалку активни фирми во изминатите пет години. На пример, во 2011 година во Македонија имало 73.118 активни фирми, следната 2014 година бројот на активни фирми се зголемил на 74.240, за да после почне да опаѓа три години по ред. Па така лани во Македонија имало 2.979 помалку активни фирми во споредба со 2011 година. Најголем дел од активните фирми работат во трговијата на големо и мало, каде лани имало 23.843 фирми. Во трговијата има и најголемо намалување на бројот на фирми, па така бројот на активни фирми кои работат во трговијата лани е намален за 831 за една година, а во споредба со 2011 година е помал за 3.625. Втора е преработувачката индустрија каде лани работеле 7.639 активни фирми. И кај преработувачката индустрија има континуиран пад на бројот на активни фирми во изминатите пет години, па така бројот на фирмите во оваа дејност лани е помал за 516 фирми во споредба со 2011 година, односно за 36 во споредба со претходната 2014 година. Трета дејност со најмногу активни фирми во Македонија е транспортот и складирање, каде лани работеле 5.820 фирми. И тука има континуиран пад на бројот на активни фирми во изминатите пет години. Бројот на активни фирми во оваа дејност лани бележи пад од 99 за една година, односно за 560 фирми за период од пет години. Континуирано намалување има и кај бројот на активните фирми во земјоделието, каде на крајот на 2015 година работеле 2.827 фирми, чиј број е намален за 15 за една година, односно за 136 во споредба со 2011 година. Ако се анализираат фирмите во Македонија според бројот на вработени, тогаш

Масовно се бришат неактивните фирми

Ц

ентралниот регистар од минатата година почна со масовно бришење на фирми кои до крајот на 2014 година не поднеле годишна сметка до Централниот регистар за деловната 2013 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена, во согласност со членот 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица. Постапката на бришење од регистарот на деловни и неактивни субјекти се спроведува во согласност со Законот за трговски друштва. Според податоците од Централниот регистар, во текот на февруари по овие основи се избришани околу шест илјади фирми, а во март се избришани дури 9.800. 90% од фирмите имаат до помалку од 10 вработени. Дури 80% од активните фирми имаат од 1 до 9 вработени, само 231 фирма имаат повеќе од 250 вработени, а 7.329 фирми во Македонија се со нула вработени. Според критериумите на Државниот завод за статистика во активни фирми се вбројуваат сите оние фирми кои имаат некаква економска активност или вработени, односно сите оние фирми кои поднеле годишна сметка до Централниот регистар и сите новоформирани фирми кои во изминатата година имале некакви активност или вработени.

Малите бизниси едвај се носат самите, а не, пак, економијата

И покрај тоа што речиси 98% од фирмите во Македонија се микро и мали, реалноста покажува дека македонската економија ја носат 200 големи компании. Тие се тие кои остваруваат најмногу приходи, на извозот, добивката, и кои се носители на растот и на вработувањето. Многу очекувања од изминатите години дека малите и средни претпријатија ќе бидат носители на растот и вработувањата

за жал остануваат само на ниво на желби. Секторот на мали фирми не остварува ниту приходи, ниту вработувања во обем кој би можел да не спореди со најразвиените земји. За разлика од кај нас, каде поголемиот дел од економијата ја носат 200 големи фирми, во Германија на пример, околу 70% од приходите, прометот и добивката го создаваат малите и средни фирми и тие се вистинска основа на економијата. Експертите сметаат дека Македонија во следниот период мора да ги подобри условите за работење на овие најмали бизниси кои се во почетна фаза со цел тие да станат посилни и да може да прават инвестиции во својот развој. Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници вели дека државата треба да размисли даночни ослободувања за малите и микро фирмите во првите пет години од основањето за да се поттикне претприемачката иницијатива и да се олеснат условите за работа на овие фирми. “Мислам дека Македонија треба да размисли да ја зголеми границата за плаќање на данок на добивка од досегашните 3 милиони денари барем двојно, односно сите фирми кои имаат вкупни приходи од 6 милиони денари (околу 100 илјади евра) да бидат ослободени од плаќање на овој данок. Сметам дека фирмите кои имаат годишен обрт од 100 илјади евра не се сериозни фирми и се уште не се знае дали ќе ги биде или на, па така и треба да бидат третирани”, вели Гацов. Според него, Македонија треба да размисли да воведе даночно ослободување и кај новооснованите фирми. “Почетните старт ап фирми во Македонија треба да се поддржат со даночно изземање барем во првите пет години од основањето и да се продолжи ослободувањето кај персоналниот данок при вработувања на пет од досегашните три години. Тоа е некој нормален период во кој новите фирми можат да добијат финансиска сила по што може да плаќаат некаков данок”, вели Гацов. До 2011 година малите фирми не плаќаат данок на добивка во првите три години од основањето, а оттогаш сите фирми со годишен промет над 49 илјади евра мора да плаќаат данок на добивка. nnn

Статистика: Се намалува бројот на фирми во индустријата



пишува: Биљана Здравковска стојчевска

Спасители Државата мора да се тргне настрана и да создаде услови приватниот бизнис самостојно за да се развива без да зависи од субвенции од државниот буџет. Користењето на државниот буџет за привидно да се одржуваат стапки на економски раст само дополнително ги уништуваат сите здрави бизнис иницијативи и идеи. И не доведуваат до ситуација во која ќе треба политичарите на власт јавно да ги славиме како спасители за секое субвенционирано новоотворено работно место со државни пари. biljana.zdravkovska@kapital.mk facebook.com/biljana.zdravkovska

P

Позната изјава “Државата тоа сум јас” му се припишува на францускиот крал Луј XIV кој бил познат по тоа што бил апсолутистички владетел, кој се ставал себеси над сите институции. Овој порив се чини го имаат и денес многу политичари, кои веруваат и прават се да бидат над институциите и законите. Или едноставно институциите и законите очигледно им сметаат во нивните замисли и идеи според кои наумиле да ја “реформираат” државата и да му го подобрат животот на народот. Пред некој ден српските медиуми објавија една прилично трагикомична вест дека српскиот премиер кој бил гостин на свеченото отворањето на фабрика во јужниот дел на Србија, добил на подарок слика на која е насликан тој, заедно со света Петка и новоотворените фабрички хали. Можеби е небитен настан, но многу пластично покажува како граѓаните ги доживуваат своите политички лидери. Тие се во состојба да ги слават своите лидери, како што слават чудата на светците во религијата, кога се отвораат работни места. За кои згора на се биле дадени субвенции од државниот буџет. Но, некако станува нормално партијата и политичарите на власт да се поистоветуваат со државата. Одвојувањето на партијата од државата е клучно за да може земјата да продолжи нормално да се развива на политички, но и на економски план. Но, има еден проблем. Во Македонија за мнозинството луѓе е нормално државата да биде исто што и партијата на власт. Во целата оваа циркузијада, која ја нарекуваме демократско уредување, најслаба карика по се изгледа дека е државата. Државата им припаѓа на сите граѓани. Ако е наша, на сите граѓани, тогаш логично би било да не се краде од државата. Или во најмала рака граѓаните кои живеат во оваа држава да реагираат со осуда кога ќе дознаат дека некој краде од државата. Наместо ова, во Македонија е речиси нормално секој да краде и да уништува нешто што е државно, како што е нормално да не се реагира на тоа дека некој крадел од државата. Реакциите од типот мене не ме интересира политика, се додека имам плата или пензија, се само одраз на тоа колку во суштина Македонецот кој бил долго под некој вид на автократска власт има проблем да ја разбере државата како сопствена и на неа да гледа како на производ на сопствениот труд, работа, вложување. Деспотизмот, вазалството, комунизмот, па и овој систем кој го живееме изминативе децении, се системи кои го користат државниот апарат за некој вид репресија, што е незамисливо за демократија. Во демократијата државната пирамида почнува од поединецот кој е темел на државата, а никако премиерот, или претседателот. Тие се на врвот на државниот апарат со цел да му служат на народот кој ги ставил на тоа место. Демократската држава и припаѓа на народот. Она што денес го разјадува


КапиталНО

Во Македонија во изминативе пет години најмногу се отворале невладини организации, кафеани, кафиќи, бутици за облека и фризерски салони. Поразително е што во првите 15 дејности во кои најчесто се отворале фирми во изминатите 5 години, нема ниту една производствена дејност. Ова ли се фирмите кои ќе ја развиваат македонската економија? Ова ли се фирмите од кои се чека да отвораат нови работни места? македонското општество е јазот помеѓу државата и народот кој се случува заради тоа што граѓаните едноставно не сакаат да поверуваат дека тие се власта и одбиваат да се вклучат во нејзиното функционирање. И оваа состојба во која ни се наоѓа државата има голема врска со состојбата во која ни е економијата. Во држава во која владее политичка нестабилност, корупција, малодушност, недоверба во институциите и апатија не постојат услови за подигнување и изградба на силни и долгорочни осмислени производни капацитети и инвестиции. Компаниите исплашени од политичката нестабилноста и неизвесноста оправдано се плашат да влезат во инвестиции и истите ги одложуваат за некои посигурни и подобри времиња. А бизнисмените се реални, па велат дека во Македонија, од нејзината независност до денес, никогаш немало добро време за водење бизнис. Бизнисот веќе три децении чека некои подобри времиња. Економијата на чекање стана наша реалност. Долги години ги чекавме и странските инвеститори кои никако не доаѓаа во Македонија. Еве последниве неколку години почнаа да

доаѓаат, но не го донесоа економскиот спас кој го чекавме. Македонија сиве овие години не создава нова вредност. Сите иницијативи во бизнисот се краткорочни и без идеја како да се направи поголема вредност. Поразително е што се помалку се отвораат производни фирми. Анализата покажува дека во Македонија во изминативе пет години најмногу се отвораат невладини организации, кафеани, кафиќи, бутици за облека и фризерски салони. Поразително е што во првите 15 дејности во кои најчесто се отворале фирми во изминатите 5 години, нема ниту една производствена дејност. Ова ли се фирмите кои ќе ја развиваат македонската економија? Ова ли се фирмите од кои се чека да отвораат нови работни места? Затоа и не треба да не чуди дека трендовите во последните години покажуваат дека во Македонија повеќе фирми се затвораат, отколку што се отвораат. Секој кој се обидел во приватен бизнис знае колку е лесно да се израсне успешен приватен бизнис во Македонија. Како последица на оваа леснотија за водење бизнис, се поголем е бројот на оние кои се осмелиле и пропаднале во бизнисот.

И како што се зголемува бројот на затворени фирми и убиени бизнис идеи, така се зголемува бројот на оние кои се повеќе веруваат во семоќната држава и кои се убедени дека државата е таа која единствено може да обезбеди сигурна иднина и работа. А партијата е најкраткиот пат до вработување во државна служба. Се поголем е бројот на луѓе кои веруваат дека приватниот бизнис е само непотребно мачење и кои на оние кои работат во приватниот бизнис гледаат со сожалување. Ова е поразителна состојба која е многу штетна за сите процеси. Државата мора да се тргне настрана и да создаде услови приватниот бизнис самостојно за да се развива без да зависи од субвенции од државниот буџет. Користењето на државниот буџет за привидно да се одржуваат стапки на економски раст само дополнително ги уништуваат сите здрави бизнис иницијативи и идеи. И не доведуваат до ситуација во која ќе треба политичарите на власт јавно да ги славиме како спасители за секое субвенционирано новоотворено работно место со државни пари. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

INTERVIEW 18 Интервју

Емилија Спировска член на Управен Одбор во ПроКредит Банка

ПроКредит Банка

да се биде дел од интернационална групација на банки има свои предности Со можноста за меѓународен финансиски лимит, бизнис-со-бизнис средбите на клиенти од регионот и брзите и економични провизии нудиме комплетна поддршка за интернационален развој на бизнисите. За прв пат во банкарскиот систем во Македонија, воведовме нов начин на тарифирање на меѓународните трансфери. Процентуалната цена на приливите и одливите се заменува со фиксни и еднократни провизии. Бизнис клиентите може да добиваат девизни приливи со 0% провизија и да вршат плаќањата во рамки на Групацијата со само 2.5 евра фиксна провизија по дознака.

XX ПроКредит е Германска Банка која веќе 13 години години работи на македонскиот пазар, кои предности ги има Вашата банка пред другите банки во Македонија? ПроКредит Банка е специјализирана банка за мали и средни бизниси, која нуди модерна, авторизирана услуга 24 часа 7 дена во неделата. Фокусирани сме на професионална услуга за бизнисите и можеме да понудиме комплетна банкарска поддршка почнувајќи од домашниот и меѓународниот платен промет, се до депозити и кредитирање на нови инвестиции за развој и иновации. Како 100% германска банка се придржуваме кон принципот на одговорно банкарство, кој заедно со високо обучените вработени во доменот на кредитна анализа, ни овозможува да имаме најквалитетно кредитно портфолио. Рејтингот БББ- што ПроКредит Банка го има добиено од


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

19

меѓународната агенција Fitch Ratings е највисока оценка која може да ја има една банка во Македонија, што претставува потврда дека сме сигурна и стабилна банка. XX ПроКредит Банка е дел од ПроКредит Групацијата. Што значи за една банка да се биде дел од една ваква добро позиционирана мрежа на банки во регионот на Европа? ПроКредит Групацијата е интернационална групација на банки присутна во 11 земји во Европа, со централа во Франкфурт, Германија. Како групација специјализирана за бизниси, сите банки на групацијата работат во ист сегмент од пазарот – мали и средни претпријатија и се раководат според принципите на одоговорно банкарство. Групациската поддршка и стручност, како и искуствата стекнати од работењето ја носат со себе професионалната банкарска услуга за клиентите. Меѓусебната

соработка на сестринските банки ни овозможува да организираме настани за вмрежување на клиентите кои се развиваат интернационално, да ги поддржуваме бизнисите кои сакаат да се шират меѓународно преку обезбедување меѓународен финансиски лимит и да им ги понудиме најповолните услови за меѓународни трансфери. XX Интернационално вмрежување на клиенти преставува одлична можност за проширување на бизнисот за македонските претприемачи, за што поточно станува збор? Знаејќи дека пронаоѓањето на партнер од доверба во странска земја е едно од најзначајните работи за бизнисите кои работат надвор од границите, ПроКредит групацијата организира средби каде клиентите од различни држави ќе може меѓусебно да се запознаат. Настаните овозможуваат претпријатија со сродни,

исти или комплементарни бизниси да разменат искуства и контакти. На овие бизнис со бизнис средби (B2B) нашите клиенти остваруваат соработки за увоз и извоз или соработки за набавка и имплементација на посовремена опрема и искуства. За ПроКредит е голем успех што покрај советодавната експертиза и банкарските услуги, за своите клиенти овозможува дополнителна вредност за бизнисот и можност да соработуваат со проверени и сигурни партнери. Покрај оваа можност, за клиентите кои планираат да се шират меѓународно може да обезбедиме меѓународен финансиски лимит во рамки на нашата групација и финансирање директно од нашата банка во Германија. XX Меѓународен финансиски лимит е нешто ново и уникатно во банкарскиот сектор во Македонија, кои бизниси имаат можност да ја користат оваа услуга и како


www.kapital.mk

Капитал број 858 08.04.2016

20

Интервју

функционира оваа поволност? Со можноста за меѓународен финансиски лимит, нудиме комплетна финансиска поддршка за интернационален развој на бизнисите. Оваа можност е голема предност за компаниите, бидејќи новите претставништва во другите земји се разгледуваат како старт-ап бизниси и многу тешко доаѓаат до финансиска поддршка од локалните банки. Врз основа на финансиските резултатите и успехот од работењето во Македонија креираме финансиски лимит, кој овие бизниси може да го користат за потребите на своите претставништва. Дополнително за поголеми инвестициски проекти постои и можност за кредитирање директно од Нашата банка во Германија. Отворени сме за партнерски односи со бизнисите кои не одбираат за сопствена матична банка. XX ПроКредит Групацијата има сопствена Коресподентна Банка во Германија, дали ова поврзување на ПроКредит Банките со останатите банки во светот носи свои поволности за бизнисите во регионот? Поради меѓусебната комуникација и вмреженост на банките од групацијата, бизнис клиентите кои користат електронско банкарство може да вршат плаќањата кон нашите сестрински банки со многу поефтини провизии. За прв пат во банкарскиот систем во Македонија, воведовме нов начин на тарифирање на меѓународните трансфери. Процентуалната цена на приливите и одливите се заменува со фиксни и еднократни провизии. Клиентите кои ќе ја одберат ПроКредит Германија како Коресподентна Банка добиваат приливи со 0% провизија, а клиентите кои плаќаат кон било која земја во странство имаат максимум 25

евра фиксна провизија. Плаќањата во рамки на банките од нашата Групација се со најповолни услови, истите се процесираат во рамки на еден ден и се со само 2.5 евра фиксна провизија. Со овие провизии нудиме најекономични и најбрзи можности за меѓународни трансфери процесирани преку електронско банкарство. XX ПроКредит е првата банка во Македонија која по пример на западноевропските банки воведе модерни, автоматизирани зони, каде клиентите на банката можат во било кое време самостојно да извршат голем дел од банкарските услуги. Кои услуги може да се користатво овие зони 24/7? Како дел од секоја експозитура на ПроКредит, на 21 локациja во Македонија, може да се пронајдат нашите 24/7 зони. Станува збор за простор каде клиентите во било кое време од денот или ноќтта, за викендите или неработните денови може самостојно да си вршат голем дел од банкарските услуги. Зоните 24/7 се опремени со банкомати за уплата и исплата, сефови за дневен промет, инфо терминали и телефони за остварување на директен контакт со нашиот контакт центар. Граѓаните во овие зони може во било кое време да си депонираат или да извадат средства од своите трансакциски или штедни сметки и тоа и во денари и во евра, а бизниисте може да го уплатат својот дневен промет или да повлечат материјални и патни трошоци. Користејќи го токенот за електронски потпис клиентите може да извршуваат елетронски трансфери во зоните. Практичното и модерно банкарство е предност која ја ценат клиентите и може да ја комбинираат со нивните целодневни обврски околу бизнисот. nnn

Имаме зони 24/7 на 21 локациja низ Македонија

К

ако дел од секоја експозитура на ПроКредит, на 21 локациja во Македонија, може да се пронајдат нашите 24/7 зони. Зоните 24/7 се опремени со банкомати за уплата и исплата, сефови за дневен промет, инфо терминали и телефони за остварување на директен контакт со нашиот контакт центар. Граѓаните во овие зони може во било кое време да си депонираат или да извадат средства од своите трансакциски или штедни сметки и тоа и во денари и во евра, а бизниисте може да го уплатат својот дневен промет или да повлечат материјални и патни трошоци



Капитал број 859 15.04.2016

22

www.kapital.mk

Политика

аМнестијата на непромислен државен удар или координиран план?!

Каде од МаКедон

Хан: ако работите Продолжат вака, се сомнев


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

23

иванов

ди нија?

Државен удар, е фразата што најгласно одзвучи по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за општа амнестија на политичарите, на која едногласно, со осуда, реагираа сите фактори, дури и ВМРО-ДПМНЕ. Но, во тезата дека Иванов би направил потег што би и наштетил на партијата што го кандидираше никој не верува. А другата теза, што се прочита во поттекстот на одредени реакции, е дека евентуалниот план на владејачката партија чиј дел е одлуката на Иванов, е направен за да се пресретне уште поопасна ситуација за ВМРО-ДПМНЕ од актуелното соочување со демократската јавност на Македонија, која жестоко протестира за суспендирањето на правната држава што го направи претседателот

П пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

По одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за општа амнестија на политичарите, со која, како што рече самиот, „се извршува општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници или поддржувачи од спротивствавените страни“, едно е јасно, како рамка за сценариото по кое ќе се случуваат следните настани: и онака

ВАМ ДЕкА ОВА ќЕ бИДАт ИзбОРИ зА зЕлЕНО сВЕтлО


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

24

Политика

Зоран Заев претседател на СДСМ: Ако Иванов не поднесе оставка државата ја доведува во вонредна состојба, на граница на експлозија. Судските процеси мора да продолжат и да има правна разрешница - криминалците да одговараат за криминалот. Невините да имаат можност да ја докажат својата невиност.

ВМРО-ДПМНЕ Со фрапираност и неверување ја проследивме прес-конференцијата на претседателот Ѓорге Иванов. Не може да не одговараат луѓето кои повеќе од година и пол ја држеа Македонија во заложништво, ги кршеа законите, ги уриваа институциите на државата и го закрвуваа народот.

Али Ахмети претседател на ДУИ: Сметам дека одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и таквата одлука од таканаречениот претседател, нелегитимен претседател, за нас нема легитимност. Барам итно повлекување на одлуката од таканаречениот претседател Иванов.

длабоката политичка криза дополнително се продлабочи - нејасни се правците во кои може да се развива, а за нив има повеќе од доволно причини да се очекува дека ќе бидат опасни. Иванов, кој е претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, одлуката која не може да се поверува дека не знаел какви реакции ќе предизвика, ја донесе во ситуација кога се чинеше дека работите одат во прилог на владејачката партија, максимално што ситуацијата дозволува. На прв поглед изгледа дека претседателот и направи штета на ВМРО-ДПМНЕ, чие распуштање на Парламентот што стави силен печат на изборите на 5 јуни, меѓународниот фактор, може слободно да се каже, премолчно го одобри. Странците се сложија со избори на споменатиот датум, со тоа што бараа исполнување на обврските што треба да обезбедат кредибилни избори. Во ваквата теза, дека Иванов би и направил штета на ВМРО-ДПМНЕ, никој не поверува (иако претседателот рече дека „никого за овие одлуки не информирав, ниту пак побарав согласност“). Излегоа текстови базирани на анонимни извори, дека Иванов дејствувал координирано, по претходен договор со најмоќните луѓе во ВМРО-ДПМНЕ. Тука доаѓаме до уште една јасна работа во ситуацијата -евентуалниот план на владејачката партија чиј дел е одлуката на Иванов, е направен за да се пресретне

уште поопасна ситуација за ВМРО-ДПМНЕ од актуелното соочување со демократската јавност на Македонија, која жестоко протестира за суспендирањето на правната држава што го направи претседателот. Планот, односно стравувањата на оние на кои им треба одлуката на Иванов, може да е поврзан со информациите што ги објавија неколку медиуми повикувајќи се на свои извори, дека Уставниот суд деновиве ќе ја прифати на разгледување инцијативата за оценување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство. А доколку со одлуката на Иванов целта била да се пренасочи развојот на настаните, јасно е колку тој развој би бил опасен за ВМРО-ДПМНЕ, штом партијата (гледано во рамките на ваквата теза) прифатила да и даде толку добар повод на опозицијата да поентира, да мобилизира, и на голема врата да влезе во она што го посака претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со повикот за „широк граѓански фронт за слободна Македонија против Никола Груевски“. Токму реакцијата на Заев на одлуката на Иванов беше нејжестока и мобилизирачка. „Лицето Ѓорѓе Иванов, човекот кој на криминални избори Никола Груевски го постави за претседател на државата, денеска го заокружи државниот удар врз Македонија“, изјави Заев по пресконференцијата во Вилата Водно. Претседателот на СДСМ обвини дека

„криминалната банда на Никола Груевски, уништувајќи ја судбината и загрозувајќи ја иднината на Македонија, се обидува да се спаси од злосторството и криминалот што и го направија на сопствената земја, на сопствените граѓани“, и заклучи дека „од денеска нема правна држава“, и оти „денеска е погребан Договорот од Пржино“. Заев рече и дека со одлуката на Иванов бил даден и крајниот повод за „заедно со граѓаните да го вратиме правото и правната држава“. „Јас, Зоран Заев, на чело на демократска Македонија, ќе ги предводам граѓаните во битката за враќање на уставниот поредок и државноста на Република Македонија, на улици, на протести, во градовите и селата низ цела Македонија“, изјави Заев. Тој побара итна оставка од Иванов, а во случај тоа да не го стори, рече дека (Иванов), „државата ја доведува во вонредна состојба, на граница на експлозија“. Заев рече и дека „во името на целата демократска и правдољувива јавност судските процеси мора да продолжат и да има правна разрешница - криминалците да одговараат за криминалот. Невините да имаат можност да ја докажат својата невиност“. И од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека „со фрапираност и неверување ја проследиле прес-конференцијата на претседателот Ѓорге Иванов“. Од партијата изразија „силно несогласување со постапката на

Заев: Лицето Ѓорѓе Иванов го заокружи државниот удар врз Македонија!


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

25 Иванов“, зашто „не може да не одговараат луѓето кои повеќе од година и пол ја држеа Македонија во заложништво, ги кршеа законите, ги уриваа институциите на државата и го закрвуваа народот“. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ја оцени одлуката на Иванов како избрзана и непромислена, и тоа го стави во контекст на „нелегитимноста“ (според ДУИ) на претседателот на државата. „Сметам дека одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и таквата одлука од таканаречениот претседател, нелегитимен претседател, за нас нема легитимност“, изјави Ахмети , а набрзо потоа „твитна“, барајќи „итно повлекување на одлуката од таканаречениот претседател Иванов“. Од претседателот на ДПА, Мендух Тачи, немаше изјава до затворањето на овој број на „Капитал“, но, тој, како што пренесе Телма, неформално рекол дека не е исклучено Иванов да се решил на ваков чекор во договор со ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, беше еден од најактивните кои реагираа, со став дека „со одлука за аболиција претседателот Ѓорге Иванов практично го разора целокупниот правен поредок во земјава и ја загрози

перспективата и иднината на Република Македонија“. Трајанов најави дека до Собранието ќе биде доставена иницијатива за свикување вонредна седница на која ќе се донесе одлука за поништување на одлуката за распуштање на Собранието и ќе се почне постапка за испитување на одговорноста на Иванов. За оваа иницијатива веќе биле собрани потписи од 37 пратеници - повеќе од минимумот (20 пратеници) потребен согласно собранискиот деловник и Уставот. „Иванов фрли канта бензин врз огнот што гореше во земјава и на тој начин ја вовлекоа земјава во целосен хаос и блискост до вонредна сосотјба“, изјави Трајанов, во вториот дел од изјавата, каде употреби множина („вовлекоа“), алудирајќи дека претседателот на државата не е осамен во планот чиј дел е одлуката за општа аболиција.

Странците сепак бараат избори на 5 јуни?!

Осуда за одлуката за „општа амнестија“ од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов стигна и од целата меѓународна заедница. Сепак, од вордингот на меѓународните претставници може да се заклучи дека и покрај хаосот што се сака да се предизвика

со оваа одлука на Иванов, која упатува на заклучок дека нема никакви услови за одржување на фер избори, странците сепак остануваат на ставот дека предвремени избори на 5 јуни треба да има. „Во принцип, изборите ќе се одржат во секој случај, бидејќи тоа е според на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија. Сега кога Парламентот е распуштен, тие ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница. (... ) Не можам да го предвидам исходот од изборите и начинот на кој ќе бидат спроведени, бидејќи тоа ќе се случи за два месеци. Но, има многу меѓународни набљудувачи, почнувајќи од ОДИХР, Европскиот парламент ќе има своја делегација на терен и многу други меѓународни организации. Тоа зависи од крајната оценка. Но, ако работите продолжат како во моментов, се сомневам дека ова ќе бидат избори по кои меѓународната заедница ќе може да каже дека тие го подготвиле патот на евроатланската перспектива на земјата и лидерите ризикуваат перспективите на земјава да бидат ставени во изолација“, изјави Хан во интервју за Радио Слободна Европа.


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

26

Политика

Јоханес Хан еврокомесар за преговори и проширување: Не можам да го предвидам исходот од изборите и начинот на кој ќе бидат спроведени, бидејќи тоа ќе се случи за два месеци. Тоа зависи од крајната оценка. Но, ако работите продолжат како во моментов, се сомневам дека ова ќе бидат избори по кои меѓународната заедница ќе може да каже дека тие го подготвиле патот на евроатланската перспектива на земјата и лидерите ризикуваат перспективите на земјава да бидат ставени во изолација.

Ричард Ховит европратеник и медијатор Ние сме длабоко загрижени од последниот развој на настаните во Скопје и не можеме доволно да ја искажеме важноста дека главните политички партии треба да останат посветени на Договорот од Пржино. Договорот мора целосно да се почитува, вклучително и обврските поврзани со заштита и засилување на владеењето на правото во земјата и да се обезбеди дека ќе се одржат кредибилни предвремени парламентарни избори. Џес Бејли амбасадор на САД Општа аболиција без соодветен судски процес ги заштитува корумпираните политичари и нивните соработници. Оставете ги Специјалното јавно обвинителство и судовите да ја вршат својата работа.

Многу сличен е ставот и на официјален Берлин преку кој се бара политичките партии да ги засилат напорите за создавање минимум предуслови за избори. „Очекуваме, принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни. Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана. Освен тоа, Сојузната влада се надева на брзо разјаснување на правните и политички прашања, кои произлегуваат од најавата на Претседателот на државата. Покрај тоа, сите партии би требало да ги засилат своите напори за создавање на минимум предуслови за избори, соодветни на европските стандарди,“ стои во соопштението од германската влада. Враќање на обврските од пржинскиот договор бараат и европратеницте Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан кои имаа итен состанок со еврокомесарот Хан во врска со случувањата во земјава. Според нив, само тоа е „единствениот начин за надминување на кризата“.

„ Ние сме длабоко загрижени од последниот развој на настаните во Скопје и не можеме доволно да ја искажеме важноста дека главните политички партии треба да останат посветени на Договорот од Пржино. Договорот мора целосно да се почитува, вклучително и обврските поврзани со заштита и засилување на владеењето на правото во земјата и да се обезбеди дека ќе се одржат кредибилни предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението испратено од Вајгл, Ховит и Кукан. Освен повикот за враќање на преговарачка маса и продолжување со исполнувањето на критериумите кои ќе создадат предуслови за фер и демократски избори, меѓународната заедница уште еднаш ја потенцираше и потребата од непреченото функционирање на Специјалното јавно обвинителство, чие постоење, пак, по вчерашната изјава на Иванов, е целосно доведено во прашање, со оглед на тоа дека амнестијата која што тој ја предложи се однесува токму на лицата опфатени од прислушуваните разговор, што всушност е и единствената надлежност на

ова обвинителство. „Многу важно е Специјалното јавно обвинителство, како што е предвидено со Договорот од Пржино, да може непречено да ја продолжи „својата исклучително важна работа за институционално стабилизирање на државниот систем, која многу се цени од голем дел од македонското општество и од меѓународната заедница“, потенцираа од германската влада. Порака за продолжување на непреченото работење на Специјалното јавно обвинителство испрати и амбасадорот на САД, Џес Бејли. „Општа аболиција без соодветен судски процес ги заштитува корумпираните политичари и нивните соработници. Оставете ги СЈО и судовите да ја вршат својата работа“, стои во твитер пораката на Бејли. Од изјавите на официјалните претставници на меѓународната заедница се добива впечатокот дека странскиот фактор се обидува да го врати на колосек Договор од Пржино, но дали ќе успее во тоа, останува да се види. nnn



Капитал број 859 15.04.2016

28

www.kapital.mk

Луѓе и компании

Македонските компании и држењето на трошоците под контрола

Како да станете управувачи, а не “секачи“ на трошоци Кратењето на трошоците најчесто е во фокусот на бизнисмените дури откако работата ќе тргне на лошо. Но, не смее да биде така, велат бизнис консултантите. Со трошоците треба да се управува постојано, а особено во добрите времиња. Тогаш се создаваат резервите за “црни денови“, а тоа е овозможено со контролингот на трошоците.

Закон за бизнисмените: Со трошоците треба да се у


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

29

Б пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Бавното закрепнување на светската економија и намалените нарачки од странство минатата година, предизвикаа тежок амбиент за македонските извозници, односно намалување на нивните приходи од продажба. Помалите нарачки носат и помали трошоци за набавка на суровини и репроматеријали, што се виде на расходната страна на компаниите, односно нивното намалување во 2015 беше карактеристично за добар дел од нив, барем според она што можевме да се види од нивните годишни биланси доставени до Берзата. Со цел да извадат што подобар резултат на крајот, компаниите мораат да менаџираат и со останатите трошоци како знаат и умеат. Тоа неретко значи и дополнително инвестирање, со цел на среден и долг рок да донесе поголема ефикасност и заштеди. Кратењето на трошоците најчесто е во фокусот на бизнисмените дури откако работата ќе тргне на лошо. Но, не смее да биде така, велат бизнис консултантите. Со трошоците треба да се управува постојано, а особено во добрите времиња. Тогаш се создаваат резервите за “црни денови“, а тоа е овозможено со контролингот на трошоците. Компаниите, за жал, се уште се претежно фокусирани на линеарното намалување на трошоците и штедат на погрешни сегменти. Фокусот би требало да биде на трошоците на калкулација, односно цената на чинење на производите. Да погледнеме како неколку македонски компании, извозници, но и оние што работат претежно на домашен пазар, се справуваат со трошоците во време на намалени продажби.

Седум добри начини за заштеда

1

Анализирајте ги сите свои односи и договори

Најмногу внимание заслужуваат договорите со банките, адвокатите, консултантите или книговодствените бироа. Многумина менаџери пропуштаат да ги ревидираат долгорочните договори, а добриот деловен однос ги спречува да побараат поевтини решенија. Тоа што сте задоволни со нечија услуга не значи нужно дека нејзината цена е прилагодена на пазарната ситуација.

2

Поттикнете ги вработените да ви заштедат пари

3

Секогаш трудете се да добиете поповолна цена

Вработените на пониските нивоа често имаат добри идеи за тоа како може да се заштеди, но не ги пренесуваат понатаму. Наградите (кои што не мора да бидат парични) може да се добар поттик тие идеи да дојдат до менаџментот кој што практично може да ги спроведе.

Големите компании од многу даватели на услуги добиваат големи попусти, затоа што заради својата величина и количината на услуги што ги користат преговараат за цената на секоја услуга. Малите компании често грешат и не се поставуваат така, пропуштајќи ја приликата да остварат поповолни услуги. Независно од големината на компанијата, секогаш обидувајте се да добиете поповолна цена.

Примери од македонските компании

Производителот на челик Макстил, на пример, презеде неколку чекори: целосна реконструкција на електролачната печка заради поефикасен производен процес, подобрување на енергетската ефикасност, компензација на реактивната електрична енергија во погонот Валавница, инсталирање на автоматски секатор, итн. Заради бавното закрепнување на светската економија, фирмата лани имала намалени приходи од продажба за 18%, додека расходите од редовното работење се намалени за 21%. “Драматичните нарушувања на пазарните прилики резултираат со дисконтинуирано

4

Почнете да штедите енергија

Гаснењето на светла, темелно планирање на производството, ограничување на потрошувачката на хартија, штедливи возила... Енергенсите се сè поскапи, а паметно трошење на оние што најмногу се искористуваат е добар, но често потценет извор на

заштеди. Во канцелариите во кои што има изобилство на природна светлост често непотребно се расфрла електричната енергија; и користењето на печатачот е често непотребно, а за бензинот и да не зборуваме.

5

Почнете да користите современа технологија

6

Скратете на службени автомобили и картички

7

Внимателно прегледајте ги трошоците за човечки ресурси

Употребата на “компјутерски облаци“ за софтвер, серверски решенија или пак паметни технологии на печатење овозможуваат големи заштеди. Многу менаџери се свесни за тие можности, но се колебаат да ги воведат, заради што секој месец всушност губат пари.

Егото на менаџерите често најмногу пати за повластици, како што се службени автомобили и кредитни картички, но непријатни времиња бараат и непријатни мерки. Со укинувањето на 2-3 службени автомобили може многу да се заштеди во текот на една година. Поголемата контрола на трошоците за репрезентација нужна е за сите. Дојде време и директорите да покажат дека штедливоста се однесува на сите.

Многу компании го скратија бројот на вработени, замрзнаа нови вработувања и плати. Сепак, во некои случаи подобро е платата да ја поделите во фиксен и варијабилен дел кои што ќе зависи од резултатите. Понекогаш повеќе се исплатува да вработите уште еден човек отколку да плаќате прекувремени часови, а некои задачи може да ги извршуваат невработени млади луѓе или студенти што се спремни да волонтираат. Извор: Forbes

управува постојано, а особено во добрите времиња


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

30

Луѓе и компании

производство со сите последици врз трошоците на работењето (особено фиксните) заради намалената побарувачка и падот на продажните цени“, објаснуваат од компанијата. Скопски пазар пак, имал намалени приходи од редовното работење за 27%, како што образложи компанијата, заради општата економска состојба, деловното окружување и нелојалната конкуренција. Истовремено, компанијата ги намалила расходите за 29%, благодарение на “економичното работење и засилената контрола на трошоците“. Од Скопски пазар објаснуваат дека примениле концепт „профитни деловни единици“ со што го засилиле “притисокот за остварување на оптимален промет со воспоставени превентивно / детективни мерки за контрола на расходите по сите основи“. МЗТ Пумпи од Скопје во отежнати услови за бизнис извршила измени во нормалниот режим на работење со воведување мали производни кампањи, со цел да ги рационализира трошоците. Вкупните расходи на фирмата лани се намалени за 23%, а приходите од продажба успеала да ги зголеми за 10%. Фершпед лани исто така ги намалил расходите, за 15%, односно, оперативните расходи за 19%, но во услови кога се намалиле приходите од работењето за 16%. Компанијата вели дека годинава очекува раст на оперативните приходи за 3,8%, а кај расходите за 3,8%. “Заложба на друштвото е намалување на трошоците до моментот кога не би се загрозил квалитетот на работењето, но не и на оние трошоци кои се директно поврзани со обемот на работење. Тоа треба да доведе до раст на оперативната добивка од 18,5%“, се вели во бизнис планот на Фершпед за 2016 година.

Кратењето на трошоците не смее да го загрози квалитетот на работењето

Иако во тешки времиња фирмите гледаат да скратат сè што може да се скрати, кога приходите паѓаат има граница над која веќе и не може повеќе да се крати, како што вели финансискиот консултант и даночен советник Павле Гацов од ПроАгенс. “Во билансите на македонските компании најголема трошочна ставка се платите. Кај компаниите со значителен машински парк, опрема и сл., има и амортизација. Цената на чинење на производите, односно набавната вредност на суровините и репроматеријалите се пренесува на крајниот купувач. Каде да штедат компаниите? Платите не може да ги намалат, и онака голем број од индустриските компании даваа минимална плата, така што и законски не смеат да одат подолу.“, вели Гацов. Тој додава дека агресивното кратење на трошоците, т.н. “cost killing“ стана карактеристично за западните компании откако почна големата финансиска криза пред 8 години, но голем број економисти

Три основни стратегии за контрола на трошоците

1

Намалување на вкупните оперативни трошоци

Оваа стратегија се спроведува во оперативниот дел на бизнисот и најмногу се однесува на оперативниот менаџмент, односно намалување на хиерархиските нивоа на одлучување. На тој начин се забрзува протокот на информации што на крајот значи поефикасно и побрзо работење од една страна, но и целосна ангажираност и преземање одговорност за одлуките на останатите вработени.

2

Контролирање на фиксните трошоци на компанијата

Преку контролирање на договорите што компанијата ги има со добавувачи и сл., се менаџира со фиксните трошоци. Овие договори се обично повеќегодишни

и со своите елементи не ги следат промените што настануваат на пазарот. Затоа со анализа треба да се утврди кои договори се штетни за фирмата и со нови преговори да се унапредат или заменат постоечките договори.

3

Намалување на вишоците

Оваа стратегија во рамки на сите оддели на фирмата е најкомплексна. Се однесува на системско и одговорно управување со трошоците во сите сегменти на работењето. Подразбира контрола, како на режиските трошоци, така и на тековните трошоци на работењето. Оваа стратегија се спроведува со правилници, деловна клима и едукација на вработените за важноста на рационалното користење на ресурсите.

Компаниите, за жал, се уште се претежно фокусирани на линеарното намалување на трошоците и штедат на погрешни сегменти. Фокусот би требало да биде на трошоците на калкулација, односно цената на чинење на производите. го нападнаа тој режим затоа што носи краткорочни резултати. “На крајот треба да кажеш: кратевме трошоци, но што постигнавме со тоа? Во компанијата може да кратиш трошоци што ќе направат ефект на краток или среден рок... на пример, нема да поправиме некоја машина годинава. Тоа ли е економија? Ќе

го ставиме тоа во билансот, но дали е тоа критериум дека сме успешни? И како тоа ќе се одрази врз квалитетот на нашите производи? Исто така, не може да кратиме до ниво на апсурд – на пример, може да скратиме трошоци за хартија ако сме преминале на електронско работење со документи, но да штедиме на тонери со тоа

Болка: Фиксните трошоци и залихите најголем проблем


Дозволено пречекорување за правни лица - Overdraft

Поддршка за Вашиот бизнис! Дозволеното пречекорување Ви овозможува одржување на ликвидноста и задоволување на потребата од дополнителни средства во даден момент. Аплицирајте во експозитурите на НЛБ Тутунска банка по брза и едноставна процедура или оn-line преку веб страната на Банката: www.nlbtb.mk

www.nlbtb.mk

Контакт центар: 02/15-600


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

32

Луѓе и компании

што ќе печатиме од двете страни на листот, а се работи за јавни документи и сл., тоа е веќе неразумно“, објаснува Гацов.

Фиксните трошоци и залихите – најголем проблем

Како најчести проблеми на домашните компании, од консултантската пракса, се истакнуваат менаџирањето со фиксните трошоци и залихите. Во време на криза потребно е да се кратат првенствено оние трошоци кои имаат мало или никакво влијание врз квалитетот на производот или услугата. Најчесто на тапет се т.н. *non core или несуштински сектори од компанијата. “Простор за понатамошно кратење на трошоците има секогаш, па доколку некоја компанија смета дека ги презела сите мерки, следен чекор може да биде спојување со компанија од истата или компатибилна дејност, при што извесно е да се очекува дополнително намалување на фиксните трошоци. Како додадена вредност за новата компанија би била зголемената конкурентска предност, можност за полесно пребродување на кризниот период, секако и подобар кредитен рејтинг“, сметаат консултантите. Кратењето на трошоците треба да е постојан процес. Ниту аутсорсирањето, ниту работењето без залихи, ниту било кои мерки, не треба да се резултат на работењето само во кризен период. Кризите само го забрзуваат процесот

Кратењето на трошоците треба да е постојан процес. Ниту аутсорсирањето, ниту работењето без залихи, ниту било кои мерки, не треба да се резултат на работењето само во кризен период. Кризите само го забрзуваат процесот на донесување одлуки за непопуларни мерки за штедење. на донесување одлуки за непопуларни мерки за штедење. По брзите резови што помагаат да се преживее, треба да следат кратења на трошоци што носат зголемена ефикасност и конкурентност Ако на компаниите им падне продажбата за повеќе од 20%, мора да ги идентификуваат најголемите извори на неефикасноста во продажбата и маркетингот, па и да ги отпуштат продавачите со најслаби резултати, да ги стопираат промотивните активности што не се ориентирани на краткорочна продажба, но и под итно да почнат да преговараат за заштеда во договорите со маркетиншките агенции и агенциите за истражување на пазарот. Во секој случај, управувањето со трошоците, треба да почне од топ менаџментот, советуваат и светските консултантски куќи, како McKinsey. Тие мора да го пренесуваат на вработените. “Психолошки гледано, поимот ‘намалување на трошоци’, веројатно лошо ќе влијае на моралот на вработените, што на крајот на

денот може и да не донесе позитивни ефекти. Затоа на компаниите им препорачуваме акциите поврзани со намалување на трошоците да ги преименуваат како “зголемување на продуктивноста. Продуктивноста може да се поттикне и со вреднувањето на работниците“, вели студијата на McKinsey. Продолжувањето со вложувањето во клучните луѓе и нивно задржување е суштинско кога ситуацијата ќе се подобри. Наместо да се фокусираат исклучиво на намалување на трошоците, компаниите мора да ги ангажираат сите свои потенцијали, особено креативните, во развој на бизнисот. Кризата е и прилика, тоа веќе сите би требало да го знаат, а фирмите што размислуваат долгорочно, таа прилика може да ја искористат за развој на нови производи, нови пазар, особено пак за развој на човечките потенцијали, на што во кризните времиња обично им се дава премало значење, велат консултантите. nnn

ПОКАНА На 9 јуни 2016 година (четврток) во просториите на НБРМ, на 8. кат, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 21. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да го презентирате Вашиот работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да нè известите најдоцна до 31 мај 2016 година (вторник). Се надеваме дека ќе предизвикаме интерес кај Вас и кај Вашите колеги за учество на Клубот на истражувачите. Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите најдоцна до 7 јуни (вторник) 2016 година на тел. +389 2 3298 505; електронска пошта: marketing@kapital.com.mk Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на следнава врска: www.nbrm.mk/Клуб на истражувачи.


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

Lifestyle

33

СПА – ЦЕНТРИТЕ

ОСВЕН ЗА УЖИВАЊЕ, СЕ ДОБРИ И ЗА ЗДРАВЈЕТО

П

остојат многу причини за посета на Спа центар. Покрај уживање, една од главните причини за да одвоите време за спа е и ослободување од стрес и подобрување на здравствената состојба. Општо познато е дека стресот и нервозата можат да предизвикаат лоша здравствена состојба. Иако повеќето луѓе спа центрите ги доживуваат како луксуз, место за уживање, тие обезбедуваат многубројни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Спа центарот во Хотел Руссиа веќе година дена се труди да го смени мислењето со тоа

што во своите услуги покрај релакс масажи нуди и целосни медицински третмани. Во првата година од работењето, 40 000 лица го искусиле непроценливото уживање во Спа центарот Анне Семонин во хотел Руссиа, дел од истоимениот реномиран францускиот бренд, основоположник на спа – концептот на светско нивo. Центарот содржи внатрешен базен, руска сауна, инфра црвена сауна, финска сауна, парна бања, турска бања- Хамам, хидромасажа, топлотни кревети и соби за третмани и масажи и сето тоа надополнето со непроценливо знаење и вештина на вработените. Тимот во Анне Семонин се одликува со професионализам, искуство и

секојдневно применување на најдобрите светски масажи и третмани при тоа со користење на врвна медицинска козметика од истоимениот бренд која овозможува единствено уживање. За врвниот квалитет, професионалната услуга и високите стандарди на Спа центарот Анне Семонин говори и наградата за најдобар СПА на Балканот. Не дозволување стресот кој го носи брзото темпо на животот, проблемите, секојдневни обврски и брзиот биоритам да владее со Вашиот живот. Дозволете си кратко бегство од обврските и искористете ги благодетите кои ги нуди Спа центарот Анне Семонин. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

34

Трошење јавни пари

Како најголемите македонски општини ги трошат буџетите?

најголеми општини годишно трошат милиони евра.

Повеќе за плати, помалку за капитални инвестиции

Патишта: На изградба на патишта и реконструкција, 6 од ов


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

35

Општина Карпош располага со најголем буџет од 10-те најголеми општини од 33,6 милиони евра, од кои нешто повеќе од половина се троши на капитални инвестиции. За реконструкција и изградба на патишта, шест од 10-те најголеми општини во Македонија потрошиле вкупно 13,8 милиони евра

КАКО ОПТШИНИТЕ ГИ ТРОШАТ ПАРИТЕ? Рсходи по ставки Буџет плати и надоместоци капитални расходи дотации од буџет јавни набавки

п

Битола 26.000.000 10.343.041 9.490.564 9.955.186 4.419.387

пишува:

Габриела Делова

gabriela.delova@kapital.mk

Преку 200 милиони евра изнесуваат вкупните буџети за 2015 година на 10-те најголеми општини во Македонија според бројот на жители, во кој живее третина од вкупното население на земјава, или вкупно 777.700 граѓани. Капитал се обиде да направи анализа како овие најголеми општини ги трошат буџетите и колку ги подобруваат условите за живот на граѓаните кои живеат во нив. Но, заклучокот е дека транспарентноста се уште е проблем кај некои општини. Само седум од 10-те најголеми општини во Македонија на своите веб страни ги имаат објавено своите буџети со сите ставки, две од нив имаат објавено буџети, но без детали за приходите и расходите, додека една општина воопшто не го ставила буџетот

Прилеп 16.341.463 8.178.065 2.056.796 8.799.447 2.231.518

Аеродром 16.030.926 5.231.575 4.578.882 4.871.609 2.326.480

Карпош 33.605.089 5.553.804 17.831.723 5.072.699 1.518.843

Гостивар 18.257.056 9.167.560 4.198.813 8.992.000 2.901.550

Гази Баба 15.577.235 5.345.040 5.312.682 5.466.487 7.621.668

Струга 14.369.170 7.933.056 2.135.300 7.313.365 1.463.390

Преку 200 милиони евра изнесуваат вкупно буџетите за 2015-та година на 10-те најголеми општини во Македнија според бројот на жители. Од овие пари, нешто повеќе од 51 милиони евра, или четвртина од парите, се потрошени на плати и надоместоци, додека 45,6 милиони евра се потрошиле на капитални расходи. Повеќе од половина милион евра најголемите општини потрошиле на телефонски услуги, а 360 илјади евра се потрошени на привремени вработувања. Нетранспарентноста се уште останува голем проблем на општините. Само седум од 10-те најголеми општини во Македонија на своите веб страни ги имаат објавено своите буџети со сите ставки, две од нив имаат објавено буџети, но без детали за приходите и расходите, додека една општина воопшто не го ставила буџетот на својата интернет страна. на својата интернет страна. Од вкупните пари со кои располагаат, нешто повеќе од 51 милиони евра, или четвртина од парите, лани се потрошиле на плати и надоместоци, додека 45,6 милиони евра на капитални расходи. Овие бројки би била поголема, доколку сите 10 општини јавно го имаа објавено својот буџет. Од овие 10, само седум општини на својата официјална страна го имаат јавно доставено буџетот со расходи по сите

ставки. Останатите три (Гостивар, Чаир и Тетово) немаа детали за расходите од своите буџети, а општина Чаир воопшто нема информации, барем не на страницата на македонски јазик за која пишува дека уште е во изработка. Со најголем буџет располага Општина Карпош која во 2015 година на својата сметка имала 33,6 милиони евра. Најмал буџет пак, има Општина Прилеп, која во 2015 година располагала со 16,3 милиони евра.

вие 10 општини заедно лани потрошиле 13, 8 милиони евра


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

36

Трошење јавни пари Бројки

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОПШТИНИТЕ Општини Куманово Битола Тетово Гостивар Прилеп Гази Баба Аеродром Чаир Струга Карпош

Население 105.484 95.385 86.580 81.042 76.768 72.617 72.009 64.773 63.376 59.666

Тоа значи дека во просек, секоја од овие 10 општини троши по 281 евра по жител. Најмногу, притоа, троши Карпош – 563 евра годишно по жител, најмалку, пак, Прилеп -212 евра. Гледно по дотациите што ги добиваат од Централниот Буџет, пак, најмногу средства се слеваат во општина Тетово, вкупно 13,7 милиони евра, а нешто помалку, 13,1 милион евра во општина Куманово и тие прават речиси половина од вкупниот буџет на овие две општини. Најмалку средства од Централниот буџет добива општина Аеродром, вкупно 4,8 милиони евра, или четвртина од вкупниот буџет со кој располага оваа општина.

За плати најмногу троши Прилеп, за капитални инвестиции лидер е Карпош

Најмногу пари за плати од својот буџет троши општина Прилеп. Од вкупниот буџет кој е нешто повеќе од 16 милиони евра, дури 8 милиони, или половина до средствата се трошат на плати и надоместоци. Тоа е исто толку колку што оваа општина добива како дотации од Централниот буџет. На капитални расходи, пак, општина Прилеп во 2015 година потрошила само 2 милиони евра, или осмина од својот вкупен буџет. Слична е статистиката и за општина Гостивар и за општина Струга. Половина од нивните буџети одат на плати и надоместоци,

Дотации од Централен буџет во евра 13.190.943 9.955.186 13.764.894 8.992.000 8.799.447 5.466.487 4.871.609 5.555.382 7.313.365 5.072.699

Буџет за 2015 вo евра 26.000.000 27.499.702 28.213.077 18.257.056 16.341.463 15.577.235 17.000.000 нема податок 14.396.170 33.605.089

што е исто така еднакво на дотациите кои ги добиваат од централниот буџет, а нешто повеќе од осмина од средствата ги трошат на капитални инвестиции. Единствена општина, од овие 10, што потрошила повеќе пари на капитални инвестиции отколку што потрошила на плати и надоместоци, е само општина Карпош. Во 2015 година општината Карпош располагала со вкупен буџет од 33,6 милиони евра. Од нив нешто повеќе од половина, односно 17,8 милиони се потрошени на капитални инвестиции, додека само 5,5 милиони евра (приближно колку дотациите од Централниот буџет) се потрошени на плати и надоместоци, што е помалку од шестина од вкупниот Буџет. На изградба на патишта и реконструкција, 6 од овие 10 општини (за останатите нема податоци) заедно потрошиле 13, 8 милиони евра. Меѓу нив, најмногу пари за оваа намена потрошила општина Карпошвкупно 5,1 милион евра. Најмалку, пак, потрошила Гази Баба односно 182 илјади евра. Гледно по жител состојбата е следна. За изградба на патишта и нивна реконструкција најмногу потрошила општина Карпош или 86 евра по жител, следи општина Битола со 43 евра по жител, потоа Гостивар – 27 евра по жител, Струга – 20 евра по жител, Прилеп – 10 евра по жител и Гази Баба потрошила

½

од парите во буџетите на Тетово и Куманово се полнат од Централниот буџет

500

илјади евра потрошиле лани 10-те најголеми општини на телефонски услуги

½

од буџетите на Прилеп, Струга и Гостивар се трошат на плати и надоместоци

2,5 евра по жител за реконструкција и изградба на патишта.

На јавни набавки потрошени 22,5 милиони евра

На јавни набавки овие 10 општини потрошиле 22,5 милиони евра, или 29 евра по жител. Најмногу набавувале материјали за реконструкција на патишта, изведување на градежни работи, превоз за ученици, зимски одржувања, асфалтирање итн, но трошеле пари и на телефонски услуги, гориво за службени возила, привремени вработувања и хотелски услуги. Сите општини заедно потрошиле нешто повеќе од пола милион евра ( 540 илјади евра) на телефонски услуги, додека за гориво пак, заедно потрошиле 234 илјади евра. Најмногу пари за телефонски услуги потрошила општина Карпош, вкупно 128 илјади евра, но станува збор за договор од две години. Речиси 161 илјада евра потрошиле општините на хотелските и угостителските услуги, а пак за привремени вработувања потрошиле 320 илјади евра. Општина Куманово потрошила најмногу средства за привремени вработувања – вкупно 120 илјади евра. nnn

281 евра: толку овие 10 општини трошат во просек по жител


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Софтверска индустрија

22 април

2016

Програмирани за успех Во специјалниот прилог “Софтверска индустрија: програмирани за успех “ што ќе излезе на 22.04 годинава, ќе се осврнеме на развојот на овој бизнис сектор во Македонија и кои се потенцијалите за негов уште поголем раст. Ќе анализираме на што се должи континуираниот пораст на извозот на софтвер последниве пет години, колку од целите на стратегијата за развој на софтверската индустрија донесена пред шест години досега се исполнети, како и кои се најголемите предизвици што стојат на патот за подинамичен развој и раст на овој сектор.

Во специјалниот прилог ќе може да прочитате:

l Анализа на македонскиот информатички пазар: расте извозот на софтвер l Каков софтвер работат македонските компании: аутсорсинг Vs сопствени решенија l Хроничниот недостиг на програмери ја мачи софтверската индустрија: ако да се надмине јазот l Државна поддршка за иновативните софтверски стартапи l Софтверски решенија за поголема ефикасност и профитабилност на бизнисите l Македонски компјутерски услуги за Холивуд: како тоа го прават домашните махери Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


Капитал број 859 15.04.2016

38

www.kapital.mk

здравје

Ре-Медика прослави 11 години

Грижата за здравјето на нашите вработени и нашите пациенти останува наш императив! Првата приватна општа болница Ре-Медика годинава слави 11 години од своето постоење. По тој повод беше пуштен во употреба новоизградениот објект што е проширување на зголемениот капацитет на болницата во партнерството со Министерството за здравство на Македонија. Дополнително, како и секој претходен роденден, и годинава роденденот кој се поклопува со Светскиот ден на здравјето, беше одбележан и со хуманитарна крводарителска акција, во која учествуваа најголем дел од вработените на оваа болница

Јорданова: Годинава ја одбележуваме со пуштање во употреба на новоизг


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

39

Ре-Медика низ бројки

11

години постои болницата Ре-Медика

П

Првата приватна општа болница Ре-Медика, пред точно 11 години, ја започна својата работа во функција на испорачување квалитетна и достоинствена здравствена услуга на сите граѓани на Република Македонија и пошироко. Здравјето по дефиниција на СЗО не е само отсуство на болест и слабост, туку и благосостојба на

6.609

секој човек, па оттука и нашата заложба е да се фокусираме исклучиво на благостостјбата на секој вработен, секој пациент, во смисла на физичка, ментална па и социјална благосостојба. Грижата за здравјето на нашите вработени и нашите пациенти е наш императив. Целата таа грижа допринесува до заедничкиот успех на болницата воопшто. „Оваа година ја одбележуваме со пуштање во употреба на новоизградениот објект и проширување на зголемениот капацитет на болницата, официјализирање на партнерството со Министерството за здравство на Македонија. По својата концепција оваа соработка е единствена од ваков вид во нашата држава. Осовременување на постоечката медицинска опрема и воведувањето на нови

родени бебиња

408.072

направени амбулантски прегледи

14.232

гинеколошки интервенции

13.094

хируршки интервенции

градениот објект и проширување на зголемениот капацитет на болницата


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

40

здравје

инвестиции во опрема, и секако најважната, инвестија во стручен кадар, се нашата заложба, ставени во функција на потребите на сите наши пациенти.“, изјави Елица Јорданова, директорка на болницата. Таа додаде дека сите активности се насочени во благодарна работа што ги прави сите успешни. „Целата таа грижа допринесува до заедничкиот успех на болницата чие реноме ја преминува границата на нашата земја и привлекува пациенти надвор од Македонија. На вредниот персонал на Ре-Медика му благодарам за секојдневното неуморно и пожртвувано работење“, рече Јорданова. За успешноста на болницата зборуваат и статистичките податоци. За 11 години постоење ,во болницата се родени 6.609 бебиња, направени 408.071 амбулантски прегледи, 14.232 гинеколошки интервенции, 13.094 хируршки интервенции. Во овој период се направени 19.165 рентген снимања и 9.114 снимања со компјутерски томограф. „Никогаш не отстапивме од нашата единствена цел, етаблирање нови методи кои донесуваат прогрес во решавањето на проблемите со кои секојдневно се соочуваат сите граѓани. Кај нас, пристапот, негата и лекувањето кон секој пациент е индивидуален. Сето ова не прави посветени, квалитетни и професионални. Подари подарок кој живот значи, е и оваа година значајна водилка за сите нас, па оттука по традиција роденденот го одбележуваме со хумана крводарителска акција“, вели проф. д-р Андреја Арсовски, медицински директор на болницата. Имено, роденденот на Ре-Медика се поклопува со Светскиот ден на здравјето – 7-ми април. Оваа година, како и секоја претходна, Ре-Медика и Црвениот крст го одбележаа овој ден со хуманитарна крводарителска акција. nnn

Н

Г

Елица Јорданова директорка на Ре-Медика

рижата за здравјето на нашите вработени и нашите пациенти е наш императив. Целата таа грижа допринесува до заедничкиот успех на болницата воопшто. Тоа пак, допринесува до заедничкиот успех на болницата чие реноме ја преминува границата на нашата земја и привлекува пациенти надвор од Македонија.

проф. д-р Андреја Арсовски медицински директор во Ре-Медика

икогаш не отстапивме од нашата единствена цел, етаблирање нови методи кои донесуваат прогрес во решавањето на проблемите со кои секојдневно се соочуваат сите граѓани. Кај нас, пристапот, негата и лекувањето кон секој пациент е индивидуален. Сето ова не прави посветени, квалитетни и професионални.

Светски ден на здравјето: Ре-Медика го одбележа со крводарителска акција

Contact: 022/401-985 | 070/380-755


Рок за пРијавување: 18 АпрИЛ 2016

ЕдноднЕвнa обука на тЕма:

ПОБЕДЕТЕ СЕ СЕБЕСИ!!! СОВЛАДАЈТЕ ГИ ТЕХНИКИТЕ НА ЈАВЕН НАСТАП!

(MаксимизирањЕ на вашиот успЕх при прЕзЕнтирањЕ на вашитЕ идЕи, работа и ангажмани прЕд колЕгитЕ, прЕтпоставЕнитЕ, иднитЕ партнЕри и соработници и прЕд мЕдиумитЕ)

l 20 април 2016 (среда) l 10:00-16:00 часот l во просториите на институт концепт, скопје СОДржИНА НА ОБуКАТА: ТЕОрЕТСКИ ДЕЛ прв дел: подготовка на презентација l психолошки моменти на говорникот l подготовка на говор l принципи на јавно говорење при презентација втор дел: настап пред претпоставени и колеги трет дел: настап пред партнери и инвеститори четврти дел: настап пред медиуми

ПрАКТИчЕН ДЕЛ петти дел: интерактивна вежба МЕТОДОЛОГИЈА НА ИзВЕДуВАњЕ НА ОБуКАТА: предавањата се состојат од поединечни практични вежби и индивидуална работа со секој од учесниците за сегменти на презентациски вештини и јавен настап, со користење на соодветна техничка опрема за снимање, камера и микрофон.

ПрЕДАВАч:

СНЕжАНА ЛуПЕВСКА СОзЕН

за повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


Капитал број 859 15.04.2016

42

www.kapital.mk

Компании и пазари

Агрокор и A007 го претставија новиот онлајн мол Абракадабра

Балканскиот гигант Агрокор го освојува и онлајн просторот A007, компанија во состав на Агрокор концернот ја отвори виртуелната врата на Абракадабра, нов онлајн Мол, во кој на хрватската и светската јавност и се достапни најпознатите домашни и светски брендови. Абракадабра онлајн Мол е замислена како ново искуство во купувањето кое на многумина ќе им ги поедностави процесите на купување и ќе го скрати времето кои би им требало за одење во шопинг центри, правејќи ги зелените артикли достапни на само еден клик оддалеченост.

Агрокор: компанија која се обидува да ја пред


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

43

А

И Анте Тодориќ

потпретседател на Агрокор

ма случаи и кога ќе се направи добро брендирање после одредено време компанијата да доживее неуспех. Таков е случајот со американски Walmart чиј пазар беше преземен од Amazon. Бидејќи не сакаме да ни се случи ситуација како на Walmart основавме наша компанија за електронска трговија Абракадабра. Сега нашата цел е да се поставиме како најголеми во интернет трговијата и затоа ги повикуваме сите произведувачи да се јават и да го всврстат својот асортиман во нашата нова платформа и на тој начин да станеме подостапни на купувачите.

Хрвоје Краљевиќ

директор на А007

грокор и овој пат потврди дека ги препознава трендовите и вложува во нови технологии, градејќи лидерска позиција на пазарот, истовремено исполнувајќи очекувања на потрошувачите и бизнис партнерите. Тако во проектот А007 тргнавме со јасна визија на изградба на нови регионални онлајн платформи, инвестирајќи до сега скоро 40 милиони куни. Особено сме горди на нашиот тим на водечки експерти од е трговија.

И пишува:

Дејан Азески

dejan.azeski@kapital.mk

„Има случаи и кога ќе се направи добро брендирање после одредено време компанијата да доживее неуспех. Таков е случајот со американски Волмарт чиј пазар беше преземен од Amazon. Бидејќи не сакаме да ни се случи ситуација како на Волмарт основавме наша компанија за електронска трговија Абракадабра. Сега нашата цел е да се поставиме како најголеми во интернет трговијата и затоа ги повикуваме сите произведувачи да се јават и да го всврстат својот асортиман во нашата нова платформа и на тој начин да станеме подостапни на купувачите“, ова го најави потпретседателот на Агрокор, Анте Тодориќ на минатонеделната конференција на Бизнис Плус во Загреб, а веќе неколку часа подоцна онлајн платформата излезе на пазарот. A007, компанија во состав на Агрокор концернот ја отвори виртуелната врата на Абракадабра, нов онлајн мол, во кој на хрватската јавност и се достапни најпознатите домашни и светски брендови. Абракадабра онлајн мол е замислена како ново искуство во купувањето кое на многумина ќе им ги поедностави процесите на купување и ќе го скрати времето кои би им требало за одење во шопинг центри, правејќи ги зелените артикли достапни на само еден клик оддалеченост.

Што се нуди Абракадабра?

Сто илјади артикли, нови бесплатни облици на достава и бескаматно плаќање за беспрекорно уживање во онлајн купувањето, брендови како :Red Bull, Mad Pax, Colmar, Bellabeat Leaf, Greyp, Kisha, F&F и Intersport за прв пат достапни на една онлајн продавница во регионот. Ова се само дел од бомбастичните најави за почетоците на Абракадабра. Абракадабра моментално на домејнот www. abrakadabra.com нуди 100.000 артикли, прилагодени на потребите и можностите на сите потрошувачи од категориите: Авто Мото, Бела техника, Градина и алати, Компјутери и периферија, Играчки, Книги, Убавина и Нега, Мода, Опрема за бебе, Потрошувачка електроника, Спорт и додатоци за исхрана, односно скоро илјада брендови кои доаѓаат од повеќе од 200 партнери. Една од специфичностите на Абракадабра секако е Avenue de CRO – единствено онлајн место на кое се наоѓаат преубави облеки од хрватски дизајнери како Александра Дојчиновиќ, Неба, Крие, Елфса, Зигман, Борис Павлин, А Мари, Хипи гарден, Локомотива и други. Исто така, за прв пат

на хрватскиот веб шоп, тука се и брендовите Red Bull fashion, Colmar и Bellabeat Leaf, кои на хрватскиот пазар ексклузивно се достапни на Абракадабра, потоа Mad Pax, кој го дизајнирале Бред Пит и Анџелина Џоли, плус Greyp, Kisha, F&F и Intersport асортиманот, кои по прв пат се достапни за онлајн купување, а уште многу други се во фаза на припрема.

Услуга со додадена вредност за клиентите

Но тука не е крајот на новитетите кои ги нуди Abrakadabra.com, бидејќи тимот на Абракадабра за купувачите обезбеди нови, единствени облици на бесплатна достава, кои овозможуваат уште поголема флексибилност, сигурност, но и брзина. Хрвоје Краљевиќ, директор на А007 и директор на Тисак смета дека Агрокор и овој пат потврди дека ги препознава трендовите и вложува во нови технологии, градејќи лидерска позиција на пазарот, истовремено исполнувајќи очекувања на потрошувачите и бизнис партнерите. „Тако во проектот А007 тргнавме со јасна визија на изградба на нови регионални онлајн платформи, инвестирајќи до сега

двиди и да си ја обезбеди иднината


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

44

Компании и пазари

скоро 40 милиони куни. Особено сме горди на нашиот тип на водечки експерти од е трговија. Нашиот тим континуирано расте, а до крајот на годината планираме да го учетвостручиме. До сега докажавме дека знаеме и можеме и онлајн продажбата да ја вдомиме еднакво успешно како и нашето традиционално работење, што е потврдено и со успешното лансирање на Конзум клик. Ова е нашиот следен чекор во развојот на онлајн работењето, во кое целта ни е да се создаде нова додадена вредност и да пружат уште еден избор на нашите потрошувачи и бизнис партнери. Така ќе продолжиме и понатаму спремно да одговараме на предизвиците, што се вклучува и регионално ширење, во почетокот на пазарите во Словенија и Србија, а потоа и на останатите пазари во Југоисточна Европа“. Според Анита Лацмановиќ, оперативна директорка на А007: низата погодности кои ги нуди Абракадабра се новитети на нашите пазари. „Сакавме на своите купувачи да им овозможиме единствено искуство на онлајн купување низ богата понуда на брендови, од кои некои се прв пат достапни на хрватската јавност на овој начин, нови модели на испорака како пример испоракатана повеќе од 1300 киосци на „Тисак“ и на повеќе од 50 пакетомати ширум Хрватска. Исто така нудиме различни модели на плаќање како што се купување картици до 12 рати без камата и плаќање кај преземање на пакети, додека нашите купувачи очекуваат и додатна корист од обединувањето во MultiPlusCard програмот за верност, најголем во регионот со повеќе од 5.000.000 членови. Покрај сето тоа, на своите корисници сме достапни 24 часа дневно“. Таа додава дека горди сме што Абракадабра е единствена платформа за електронска трговија во регионот која подржува дури четири бизнис модели: CrossDock, Marketplace, Deposit i Dropshipment – што ним им овозможува голема флексибилност во соработката со бизнис партнерите. Според менаџментот на А007 Посебна

Како Amazon го загрози Wallmart и од што се плаши Агрокор?

Д

олги години Wallmart беше најголем светски ланец на хипермаркети кој доминираше на пазарите особено во САД. Но развојот на новата технологија отвори простор за нов вид на конкуренција како онлајн продавницата Amazon. За само десетина години Amazon не само што стана главна конкуренција на Wallmart туку и на средината на минатата година го надмина и по обрт и по профит. Имено пазарната капитализација на Amazon во текот на изминатата година скокна од 40 милијарди долари, на скоро 265 милијарди потврда дека изборот на SAP Hybrisa како технолошко решение беше исправна одлука, е и неодамнешната номинација за САП наградата за квалитет за Европа, Блискиот Исток и Африка, која препознава компании кои постигне перфекција во планирањето и извршувањето на САП проекти и програми, осигурувајќи додатна

долари во текот на 2015, што е многу повеќе од пазарната капитализација на Wallmart од 234 милијарди долари. Според експертите сето ова е последица на тромоста на старите компании базирани на традиционалните услуги кои не дека не го препознаваат новото време но едноставно не можат да го натераат своите вработени и својот менаџмент брзо и ефикасно да се трансформираат што често може да биде и погубно за цели компании и глобални корпорации. Токму тоа Агрокор сака да го избегне. вредност за својата компанија. Се очекува дека Бизнис моделите кои ги носи Абракадабра ќе отворат значајни можности за сите постоечки и идни партнери на платформата, така што на едноставен начин ќе им се овозможи пристап на големите пазари и голем број на потенцијални корисници. nnn

Очекувања: се поголем дел од светската трговија се сели на интернет



www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

46

свет бизнис и политика

Одново најскапи претсе

Кој плаќа и како с главен станар н

В пишува:

Максим Ристески

maksim.risteski@kapital.mk

Во САД, во државата што е отелотворител на слободниот пазар без (голема) државна регулација освен во случаите кога треба да се спречат незаконските работи, и финансирањето на предизборните кампањи е пример за функционирањето според оваа логика. Понов, илустративен пример за дерегулацијата на финансирањето на кампањите, во прилог на слободниот пазар, е одлуката на Врховниот суд на САД од јануари 2010 година во случајот Citizen United v Federal Election Commission (Обединети граѓани против Федералната изборна комисија), кој тесно, со пет наспрема четири

Американците својот претседател го избираат по сложен систем, стар два века, но, во кој се пребројуваат гласовите ако разликата некаде е помала од еден отсто, а некои места и ако е малку поголема, дури и покрај компликациите што ги прават и над стоте различни начини за гласање на ниво на САД. Истата прецизност се бара и во следењето на финансирањето на предизборните кампањи, што е особено важно кога доминантната улога на парите и на крупниот капитал во американската политика сè повеќе доаѓа до израз со драстичното зголемување на трошоците за кампањите со секои следни избори

судии, пресуди дека администрацијата на државата нема право да ги ограничува корпоративните донации за политичките кампањи. Со пресудата за неуставен беше прогласен законот со кој им се забрануваше секаква форма на политичко огласување на профитните и непрофитните корпорации или синдикати. Петмината судии објаснија дека со ограничувањата што ги наметнуваше законот се крши правото на корпорациите

на слобода на говор (заштитено со првиот амандман на американскиот Устав), односно, го изедначија гласот на корпорациите со оној на луѓето поединци. Од оваа пресуда на Врховниот суд на САД настанаа таканаречените Super Political Action Committees - Super PACs (Специјални комитети за политичко дејствување) кои можат да собираат неограничени парични средства од донаторите, кои, ако сакаат, можат да останат анонимни. Super PACs

Сумата е иста: „социјалистот“ Сандерс ја собира


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

47

едателски избори во САД

се избира новиот на Белата куќа? не смеат да имаат директна координација со кандидатите или со политичките партии, а рестрикцијата е за да се оневозможи „супер паковите“ да водат дополнителни или паралелни кампањи на кандидатите кои ги поддржуваат, и да спречат пазарења меѓу донаторите и кандидатите. Приговорите на одлуката на Врховниот суд по која настанаа „супер паковите“ беа (и се) дека слободата на говор на корпорациите (во контекст на изборите) прави истата слобода на поединците/граѓаните, односно, нивниот глас, потешко да се слуша, поради силата на гласот на корпорациите што се финансиски посупериорни од повеќето граѓани. Одредени правници, пак, објаснија, дека Врховниот суд во својата интерпретација на првиот амандман се водел од либертаријанскиот, а не од демократскиот поим за слобода на говор, односно, од првиот, кој дава предност на заштитата на интересот на поединецот на изразување, што бара и жртвување на одредени вредности, како еднаквата можност за пристап до јавниот дискурс, односно, подеднаквата распределба на политичкото влијание. Демократскиот пристап, поблизок на некои европски држави, настојува да најде начини да

вклучи што повеќе страни рамноправно (да го наречеме тоа позитивна дискриминација) да учествуваат во јавната расправа, за на граѓаните да им се овозможи да добијат повеќедимензионален увид и аргументи за политиките за кои се расправа, пред да ја формираат својата изборна волја. Како и да е, доминантната улога на парите и на крупниот капитал во американската политика е тука, а ова особено доаѓа до израз со драстичното зголемување на трошоците за кампањите со секои следни избори, што ги прави кандидатите сè позависни од корпорациите, од организациите, од поединците ... кои се подготвени да одвојат огромни суми за финансирање на нивниот фаворит. Секако, овие пари не се даваат (само) поради верба во политичките идеи/визии на кандидатите, туку сè поголемите износи значат и сè поголем притисок (и покрај погоре наведените рестрикции за „супер паковите“) врз нив (врз кандидатите) да ги исполнат очекувањата на своите најголеми донатори, што, веројатно нема потреба ниту да се споменува, јасно е дека неретко се различни/спротивни од барањата на масата од избирачкото тело. Подолгото останување на вака поставената политичка сцена

јасно е дека е условено со добивањето на долгорочна поддршка од одредени лобистички групи, главно корпорации и професионални здруженија, кои бараат соодветно на парите што ги вложуваат да бидат промовирани/застапувани нивните интереси во законодавната и во извршната власт. Во актуелната кампања во САД, која е во фаза на предизбори, односно на избор на кандидати за претседател на државата на републиканците и на демократите, најавите се дека повторно ќе биде урнат рекордот, односно, оти ќе има најскапи избори во историјата. Досега се остваруваат ваквите очекувања на аналитичарите. Според официјалниот пресек на собраните донации од крајот на јануари, кампањите од малите и големите донатори привлекле 494 милиони долари - 229 милиони за демократите и 265 милиони за републиканците. „Супер паковите“ и другите надворешни групи собрале вкупно уште 400 милиони долари. Иако сумите за демократите и реубликанците се слични, тие се добиени на многу различен начин. Демократите, особено сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, најмногу добива мали донации, додека републиканците

а од мали - Тексшанинот Круз од големи донации


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

48

свет бизнис и политика

најголем дел од парите ги привлекле во големи суми, како и од „супер паковите“. Америка и географски е поделена на републикански и демократски градови, па, така, ултралибералните градови, како Вашингтон, Кембриџ, Масачусетс, даваат финансиска поддршка за во Белата куќа да остане сопартиец на Барак Обама, а од јужните градови (да не ги наречеме конзервативни), како Далас и Мајами (од каде доаѓаат Тед Круз и Марко Рубио, кој се откажа од трката откако беше победен од Доналд Трамп во својата Флорида) многу пари стигнуваат за републиканците. За разлика од Сандерс кој како „социјалист“ не ја финансира кампањата од донации на супер-богатите, туку од милиони граѓани (кои според американското изборно право можат да дадат не повеќе од 2.700 долари, а во случајот на Сандерс просечната донација изнесува скромни 27 долари, но, како што рече самиот, „собрани од 3,5 милиони луѓе“), на Хилари Клинтон најголеми дарители и се адвокатите и правните компании (голема сума добила и од банкарите од Волстрит). Овие адвокати се претставници на големи корпорации, банки, инвестициски фондови ... Тед Круз 43% од парите ги добил од неговите Тексашани, а најголеми донатори му се браќата Ден и Фарис Уилкс, кои направиле богатство со извлекување нафта и гас од шкрилци, и кои на Круз му дале 59.050 долари како директна донација, но донирале и 15 милиони долари на „супер пак“ што го поддржува сенаторот од Тексас. Милијардерот Доналд Трамп не е многу интересен во однос на донаторите, бидејќи ја има предноста да може сам да си ја финансира кампањата, а, се чини, и не мора многу да троши за закуп на телевизиско време, со оглед на медиумското внимание што го добива поради неговите изјави/ставови.

Избори по амандман усвоен во 1804 година

Системот за избор на претседател на САД можеби е сложен, но, во најмала рака е анахрон, зашто произлегува од

амандман (дванаесетти) на американскиот Устав, стар цели два века, усвоен во 1804 година. Американците го избираат својот претседател преку електорски колегиум, а не преку директно гласање на граѓаните (иако двете форми на изборно изјаснување се нужно поврзани), што е реликт од времето на нивната борба за независност, кога се стравувало за безбедноста на изборниот процес. Споменатите електори (делагати) се претставници на секоја од педесетте сојузни држави и на федералниот дистрикт Колумбија (нив државите ги избираат за да гласаат за претседател и за потпретседател во име на жителите на секоја сојузна држава), а бројот на електори од секоја држава е еднаков на нивите претставници во Конгресот на САД. Гласајќи за претседател и за потпретседател, гласачите во секоја држава ги определуваат електорите, а нив (кандидатите за електори), политичките партии ги номинираат на партиски конгреси на ниво на сојузна држава или преку гласање во централата на партијата. Вкупниот број на електори, на гласови во електорскиот колегиум, изнесува 538, а за да стане кандидатот претседател, треба да освои 270 од нив. Во сите држави, освен во две, се користи мнозински систем, што значи дека кандидатот кој ќе добие најголем број гласови на директното гласање на избирачите во сојузната држава, ги

добива сите електорални гласови од истата. Мнозинскиот систем во теорија дава можност во одреден број држави кандидатот да победи со само еден глас разлика, а во другите да не освои ниту еден (глас), и на крајот и така да ги добие изборите. Инаку, електорите имаат задача во електорскиот колегиум кој де факто го избира претседателот на САД, да го дадат својот глас на кандидатот од својата партија. Самиот избирачки процес во САД е сериозно комплициран поради големиот број методи за гласање на различни места - во одредени сојузни држави се гласа на десетина различни начини, а од почетокот на веков на ниво на САД на сила се дури над сто различни системи за гласање. Тоа значи проблеми при дополнителните пребројувања на гласовите; а во САД резултатите обврзно се пребројуваат ако разликата некаде е помала од еден отсто, а некои места и ако е малку поголема; и еден од кандидатите, ако се сомнева, има право да побара пребројување. Пример во контекстот што најчесто се споменува е случајот на Флорида, од 2000 година, кој на крајот заврши со 537 гласови предност за Џорџ „Двојно В“ Буш (против Ал Гор), но и со неверојатен број (111.251) на неважечки ливчиња (бројката на последниве се објаснува токму на комплицираниот систем, односно, преголемото мени за начини на гласање). nnn

Изборно мени: над сто методи за гласање во САД


Audi Напредок низ техника

а з а н о з е с е ш а г о к Се

! o r t t a u q

ОДИНА Г А Т А В Р СКО ЗА П А К | А Н Т КАМА ТРАЦИЈА С И Г Е Р А | ПРВ СТАПКА

ИЗИНГ ПОРШЕ Л

4.5%

АКЕТ ГРАТИС П

www.audi.mk

Audi Македонија Бул. Босна и Херцеговина 4 1000 Скопје Т. 02 26 26 266 Ф. 02 26 26 266


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

50

Претприемништво

5

бизнис модели за успех на пазарот

Секој модел на работење има свои предности и недостатоци, како и специфичности во однос на конкуренцијата на пазарот. Потребно е постојано да се слуша ритамот на пазарот, да се следи однесувањето на купувачите и клиентите, и да се има на ум дека на пазарот денес победуваат оние кои се брзи и прилагодливи, што им дава шанса и на малите бизниси да ги остварат своите цели, а на претприемачите така да ги остварат своите соништа.

С

Станува посебно тешко на пазарот да се понуди нешто ново, нешто поинакво и посебно. Многу фирми постојано водат битка

со промените, а потрошувачите се помалку се заинтересирани за комуникација која не е инспиративна или која во основа нема приказна која поттикнува емоции. Купувачите и клиентите се фокус на секое работење, а секоја организација треба да донесе одлука со кои сегменти на купувачи и клиенти сака да се занимава. Иако поимот таргетирање или избор на целниот таргет веќе одамна ни има влезено во уво, многу се уште размислуваат за сериозноста на таа стратегија на сегментација. Во соработка со купувачите и клиентите, организациите пронаоѓаат начини да воспостават односи, да понудат разни

производи и услуги, да осмислат специфилни дустрибуциски канали и да осмислат нови извори на заработка. Секој модел на работење подразбира различни економски предуслови. Но, клучно е организациите и менаџментот да ги разберат за да можат непречено да го развиваат бизнисот и да го освојуваат пазарот. Кај малите бизнисмени тоа е особено важно, бидејќи е клучно својот бизнис да не го водат само со емоции и инспирации. Ако ги познаваат бизнис моделите, тоа ќе им помогне да си го олеснат работењето, полесно да ги препознаваат ситуациите во

Клучно: е менаџментот да ги разберe бизнис модел


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

51 пракса и да знаат како да реагираат на одредени предизвици на пазарот.

Иновативен производ или услуга

Некои организации се одлучуваат за иновативен производ или услуга, кои имаат нови карактеристики и задоволуваат специфични потреби на пазарот. Тука станува збор за талент, креативност и сила да се спротивстават на вообичаениот начин на размислување. Малите претприемачи можат да влезат на пазарот користејќи го овој модел на работење, а основата е фокус на квалитетни вработени или основачи, и вложување во креативно размислување. Во овој случај производот или услугата зборуваат сами за себе, со својата иновативност и единственост на пазарот. Клучно е да се знае дека во првата фаза многу ќе се заинтересираат за таквите производи и услуги, медиумите веројатно ќе објават интересни приказни, но клучно е да се поднесе предизвикот за развој на таков бизнис и да се имплементира квалитетна стратегија за развој, со цел бизнисот да успее и на подолгорочен план.

Однос со пазарот

Одредени организации одлучуваат да достигнат што поголем број на купувачи и клиенти, фокусирајќи се на односите на пазарот. Цел на таквото работење е проширување на што поголем пазарен сегмент фокусирајќи се на давање на на дополнителни услуги каде купувачот станува центар на работењето. Во тој случај, клучно е да се истражи однесувањето на потрошувачите, да се дознае на кој начин размислуваат, како дознаваат за производите и услугите, како се одлучуваат за одредена категорија на производи и услуги, и на кој начин очекуваат дека понудувачите ќе се однесуваат кон нив. За успешни односи со клиентите, клучна е понудата која ќе ги задоволи купувачите повеќе отколку што очекувале дека може да добијат од продавачите.

Ниски цени

Поголемите играчи на пазарот се одлучуваат на производство или понуда на поголеми количини на производи и услуги, а заради постигнување на цени оп единица производ или услуга. Во таква битка на пазарот, тешко можат да се впуштат малите играчи бидејќи фокусот на работење е на намалување на трошоците и на зголемување на ефикасноста. Малите бизнисмени често мислат дека можат да успеат со многу ниски цени, борејќи се на пазарот со другите мали и големи играчи. За успех на моделот на ниски цени клучна е големата количина на продадени производи и услуги, што малите бизниси често не можат да го постигнат. Со намалување на цените, едноставно останува премала заработка од која не може да се вложува во развој на работењето ии некакви иновации, заради што често се случува производот

или услугата кон купувачите да остане на ниско ниво.

Единствени различни производи

Некои организации се фокусираат на продажба на поголем број на единствени различни производи во помали количини. Станува збор за понуда на специфични производи за кои нема голема побарувачка, но вкупната продажба на такви проивзоди може да резултира со успех на пазарот. Ваквото работење овозможува на фирмите полесно да управуваат со залихите, но клучно е да имате платформа преку која специфичните производи ќе можат да допрат до доволен број на заинтересирани поединци заради специфичната содржина на понудата. Со оглед на тоа дека станува збор за артикли кои можат да заинтересираат само специфична клиентела, клучно е да се вложи повеќе во маркетиншки комуникации со цел понудата успешно да се приближи до специфичните корисници. Ако организацијата не успее со маркетиншките активности, тешко е да се очекува дека овој бизнис модел ќе успее.

Бесплатни услуги

Во некои фирми деловната политика е таква што на купувачите им се овозможуваат бесплатни услуги и ги спојуваат со дополнителни содржини или услуги кои не им се наплаќаат. Во овој модел фирмите

користат големи бази на податоци и заинтересирани клиенти кои консумираат бесплатна содржина или услуги и им овозможуваат дополнителни погодности или понуда. Таквата дополнителна услуга ја прифаќа и плаќа само околу 10% од вкупниот број на учесници кои ги користат бесплатните содржини. Клучно е понудата да се приближи до што поголем број на корисници, а нејзиниот квалитет континуирано да се подобрува. Кај бесплатната понуда, се случува често да се случи омаловажување на понудата, бидејќи корисниците ретко го ценат она што е постојано достапно во бесплатен облик. Затоа, самиот квалитет на содржината и понудата на фирмите кои ќе го одберат овој модел. можат да им донесат раст на корисниците, а со самото тоа и зголемување на приходите од оние кои би се одлучиле да платат дополнителна услуга. Секој модел на работење има свои предности и недостатоци, како и специфичности во однос на конкуренцијата на пазарот. Потребно е постојано да се слуша ритамот на пазарот, да се следи однесувањето на купувачите и клиентите, и да се има на ум дека на пазарот денес победуваат оние кои се брзи и прилагодливи, што им дава шанса и на малите бизниси да ги остварат своите цели, а на претприемачите така да ги остварат своите соништа. nnn

лите за да може непречено да го развива бизнисот


СТЕКНЕТЕ СЕ СО ЕCDL (EUROPEAN COMPUTER DRIVING LICENCE) СЕРТИФИКАТ! НАјРАСпРОСТРАНЕТ СвЕТСКИ СЕРТИФИКАТ зА КОмпјуТЕРСКИ вЕшТИНИ

(Забелешка: ИнстИтут кОнЦеПт ОрганИЗИра бесПлатнИ ПОдгОтОвкИ За ПОлагање За ECDL)

l Датум на полагање: 27 април (среда) l во просториите на Институт концепт, скопје Институт за бизнис образование КОНЦЕпТ Скопје, oвластен ECDL тест центар организира полагање за ЕCDL (European Computer Driving Licence) сертификат, кој е вендорски и независен стандард кој на ниво на Еу и целиот свет потврдува дека сопственикот на сертификатот во потполност е компетентен за користење на компјутери и основни програмски апликации во секојдневните задачи на своето работно место и дома.

ECDL сертифицираниот програм е:

Рок за пРијавување: 22 април 2016

l Меѓународно признат l Заснован на примени на високи стандарди за квалитет l усогласен со потребите на пазарот на труд и технолошкиот напредок l независен во однос на оперативни системи.

за сите кандидати кои ќе полагаат во тест центарот на Институт КОНЦЕпТ, се обезбедени бесплатни обуки за подготовка за полагање кои ќе се реализираат 2 дена пред полагањето. За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТаКТ: м-р ленче Зикова и м-р ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962


ДЕКАДА НА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Единствена меѓународна акредитирана програма во Македонија • Професори со сертификат од Харвард бизнис школата

www.uacs.edu.mk ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета македонска бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 (0) 2 2463 156

Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk Веб страна: www.uacs.edu.mk


www.kapital.mk

Капитал број 859 15.04.2016

54

лидери

Чарлс КоК

америКансКи индустријалец и милијардер

Приберете си го егото, оти може да ви ја уништи Кариерата!

е

Еден од политички највлијателните милијардери во САД, Чарлс Кок заедно со својот брат Дејвид го предводат конгломератот Koch Industries, кој што годишно прави преку 115 милијарди долари приходи. Чарлс Кок е познат по својата борба за што помало државно влијание во бизнисот и економски слободи, која што ја споредува со борбата за човекови права. На листата на најбогати луѓе на Forbes, Чарлс Кок е на 9-то место во 2016 година, со проценето богатство од 42 милијарди долари.

Ароганцијата е само еден чекор понапред кон губење на интегритетот, затоа што ако мислиш дека си подобар од другите луѓе и дека знаеш повеќе од нив, ќе си помислиш, како и многумина лидери, дека правилата не се однесуваат на нив – па така го губат својот интегритет

Што е полошо: малку да бидете навредени заради некој негативен фидбек, или да си продолжите по погрешниот пат и на крајот да доживеете катастрофа? Приберете си го егото, оти може да ви ја уништи кариерата

Ако сите добиваат нешто од ништо, наскоро никој нема да има ништо, затоа што никој нема ништо да произведува

Татко ми сакаше да ми всади работна етика уште од мал. Тој знаеше дека ако не учиш да бидеш попродуктивен, поефикасен и да соработуваш со другите уште од најрана возраст, можеби никогаш нема да ги стекнеш тие навики

Постојаното барање за владина помош ги поткопува темелите на општеството преку уништување на иницијативата и одговорноста. Тоа е исто така фатален удар за ефикасноста, а го корумпира и политичкиот процес

На опасен терен сме кога владата одбира победници и губитници во економијата кога субвенционира фаворизирани индустрии и производи

Ако никогаш не сте доживеале неуспех, веројатно и не сте правеле ништо посебно




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.