КАПИТАЛ АНАЛИЗИРА: ЗА ШТО НАЈМНОГУ ТРОШАТ ПАРИ МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ?
ПОЛИТИКА: МАКЕДОНИЈА ОДИ КОН ИЗОЛАЦИЈА
ИНВЕСТИЦИСКИ ВОДИЧ: ВО ШТО Е НАЈДОБРО ДА ГИ ВЛОЖИТЕ ПАРИТЕ ГОДИНАВА?
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
ФИРМИТЕ ДОБИВААТ ПОМАЛИ НАРАЧКИ И ТЕШКО НАПЛАТУВААТ
ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ГО ПАРАЛИЗИРА БИЗНИСОТ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
СОФТВЕРСКА ИНДУСТРИЈА
МАКЕДОНСКАТА СОФТВЕРСКА ИНДУСТРИЈА:
КАКО ДА СЕ ПРОГРАМИРА УСПЕХОТ
РАСТАТ ПРИХОДИТЕ И ИЗВОЗОТ, НО И ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ!
МАКЕДОНСКИ КОМПЈУТЕРСКИ УСЛУГИ ЗА ХОЛИВУД
КАКО ТОА ГО ПРАВАТ ДОМАШНИТЕ МАХЕРИ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ СОФТВЕРСКА ИНДУСТРИЈА
INTERVIEW
КАТИЦА ЌУЛАВКОВА АКАДЕМИК
БРОЈ 860 | ЦЕНА 100 ДЕН. 22 АПРИЛ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
БЕЗ ГРАЃАНСКИ КОНЦЕПТ И ДОБРИ ОДНОСИ СО СОСЕДИТЕ, МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗВИВА
КАКО ДУБАИ СЕ ГРАДИ ВО МОДЕРЕН БИЗНИС ЦЕНТАР?
3
Капитал број 860 22.04.2016
сОдРжИНА
38
10 04 06 08
22
profile Нова криза во најава
НАВИГАТОР Најавите се конкретни околностите уште повеќе Што може да ја спаси Македонија од изолација?
БИзНИс И пОлИТИкА Германските инвеститори очекуваат влошување
10
Cover story
16
кОмпАНИИ И пАзАРИ
Академик
Без граѓански концепт и добри односи со соседите, македонија не може да се развива
29
спецИјАлеН пРИлОГ
44 48
ОБРАзОВАНИе И НАукА
52
НАукА
54
лИдеР
сОФТВеРскА ИНдусТРИјА индустрија: како да се програмира успехот Растат приходите и извозот, но и проблемите за домашните компании! n македонски компјутерски услуги за Холивуд Како тоа го прават домашните махери
40
јАВНО упРАВуВАње
привилегиите на државните функционери На што најмногу трошат пари македонските политичари?
сВеТ БИзНИс И ФИНАНсИИ Нафтата останува минато Дубаи станува модерен бизнис центар
n македонската софтверска
Инвестициски водич: Во што е најдобро да ги вложите парите? До 5.000 евра во инвестициски фондови, повеќе од 5.000 евра во сè по малку Фирмите добиваат помали нарачки и тешко наплатуваат Политичката криза го парализира бизнисот
ИНТеРВју кАТИцА ЌулАВкОВА
52
први ораторски вечери на ФОН Бедна е онаа правда што треба да се правда Нано-сателити ќе се движат 1000 пати побрзо од сегашните вселенски летала Почнува ерата на патување до ѕвездите лОјд кРеГ БлАНкФАјН
извршен директор на Голдман Сакс
само компаниите кои растат создаваат богатство!
ИмАТе ВИшОк пАРИ?!
пАРАлИзА НА БИзНИсОТ
пАТ дО ѕВездИТе
Ниските камати на депозитите во банките кои што се доближуваат до нула од една страна и негативните приноси што ги остварија повеќето инвестициски фондови лани, ги премислуваат дури и најостроумните инвеститори како најпаметно да одиграат со вишокот пари. Финансиските советници што ги контактиравме сугерираат неколку алтернативи за инвестирање, во зависност од тоа колку имате пари и време за чекање.
Кулминацијата на политичката криза почнува сериозно да се чувствува кај бизнис секторот. Компаниите се жалат дека се' потешко ја одржуваат довербата кај странските партнери, имаат проблем да ги наплатат веќе старите побарувања, а дека најстрашно е кога ќе се обратат кај институциите за кои што велат дека практично како и да не функционираат.
Англискиот теоретски физичар и космолог, Стивен Хокинг, и рускиот милијардер Јуриј Милнер кој, исто така, е физичар, ги обединуваат силите во нов заеднички проект за продлабочување на разбирањето на вселената. Нивната нова мисија наречена Breakthrough Starshot, вредна 100 милиони долари, ќе се обиде да развие нано – летала, чија цел ќе биде да стигне до најблиската ѕвезда до Сончевиот систем, Алфа Кентаур, и оттаму да испрати фотографии.
XX Стр.10
XX Стр. 16
XX Стр. 52
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 21.04.2016
PROFILE
www.kapital.mk
АНКАРА: ОДРЖЕТЕ ГО ВЕТУВАЊЕТО ИЛИ ГИ ПУШТАМЕ БЕГАЛЦИТЕ ВО ЕВРОПА
НОВА КРИЗА ВО НАЈАВА
T
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека Анкара нема да мора да го почитува договорот за емигрантите ако Европската унија (ЕУ) не го испочитува ветувањето и до јуни не воведе безвизен режим за турските граѓани. Претседателот, пак, на Европската комисија Жан Клод Јункер возврати дека Турција мора прво да ги исполни сите барања за патувања без визи во земјите членки на ЕУ. “Овие ветувања се обострани. Ако ЕУ не ги преземе потребните чекори, би било незамисливо Турција тоа да го направи”, изјави Давутоглу. Тој е дециден дека Турција ќе се повлече од договорот со ЕУ за емигрантите, ако Брисел не го одржи зборот. Одговорот на ЕУ стигна многу брзо. “Турција мора да ги исполни сите преостанати услови со цел Комисијата да може да го усвои предлогот во наредните
месеци. Тие критериуми нема да бидат разводнети”, дециден е Јункер. М.Н- Нема попуштања Во првиот извештај на Европската комисија за примена на Европската унија и Турција од 18 март за намалување на приливот на емигранти се наведува дека е остварен добар напредок, но потребни се повеќе ресурси и посветеност за да може да одржлив начин да се спроведува враќањето на емигрантите од Грција кон Турција, како и директниот трансфер на сириските бегалци од Турција во Европа. “Европската комисија на 4 мај ќе го објави четвртиот извештај за напредокот на Турција на полето на визната либерализација и ако Турција не ги превземе неопходните мерки за да ги исполни и преостанатите критериуми, тогаш со Извештајот ќе биде објавен и официјален предлог Турција да се стави на листата на земји на чии граѓани не им е потребна виза во ЕУ”, се наведува во Извештајот на ЕК. Комисијата не наведе колку од 72 услови за визна либерализација Турција треба да ги исполни, но укажа на неколку подрачја на кој има уште многу работа.
Во извештајот се наведува дека меѓу проблематичните подрачја се застој во обработката за барања за азил, овозможување на законски пристап на пазарот на работна сила за сите бегалци, заострување на визните условите за земјите со висок ризик и крај на дискриминацијата против граѓаните на членката на ЕУ, Кипар. Европската комисија исто така апелираше Турција да ја унапреди реадмисијата на граѓани со цел да може од 1 јуни Договорот на ЕУ и Турција за реадмисија да се почитува во целост. За да стапи на сила, предлогот за воведување на безвизен режим за Турција треба да го одобри мнозинството на земјите членки на ЕУ и мнозинството на пратеници во Европскиот парламент. Овој предлог се смета за контроверзен во Германија и Франција, каде постои страв дека тоа ќе доведе до голем прилив на турски емигранти, иако воведувањето на безвизниот режим нема да им овозможи ниту работа, ниту престој подолг од три месеци во ЕУ. Лидерите на Европската унија на самитот во
Капитал број 860 22.04.2016
PROFILE
5
фото: Игор Бансколиев
Лидерите на Европската унија на самитот во Брисел кој се одржа на 18 март договорија заедничка позиција за планот за враќање на десетици илјади емигранти во Турција, што предвидува сите илегални емигранти кои на грчките острови доаѓаат од Турција да бидат вратени во оваа земја.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека Анкара нема да мора да го почитува договорот за емигрантите ако Европската унија (ЕУ) не го испочитува ветувањето и до јуни не воведе безвизен режим за турските граѓани. Претседателот, пак, на Европската комисија Жан Клод Јункер возврати дека Турција мора прво да ги исполни сите барања за патувања без визи во земјите членки на ЕУ. Брисел кој се одржа на 18 март договорија заедничка позиција за планот за враќање на десетици илјади емигранти во Турција, што предвидува сите илегални емигранти кои на грчките острови доаѓаат од Турција да бидат вратени во оваа земја. Планот има осум точки со кој треба да се стави крај на нерегуларната миграција од Турција во Унијата. Планот предвидува за секој вратен емигрант во Турција, ЕУ да прими по еден сириски бегалец кој ќе биде распореден меѓу државите на Унијата. Турција треба да ги преземе сите неопходни мерки за да спречи нови
морски и копнени рути за нелегалните мигранти, а за целта ќе соработува и со околните земји. Откако ќе се запре или барем сведе на одржливо ниво илегалната миграција, ќе се активира „План за доброволен хуманитарен прием“, а земјите членки на ЕУ, според оваа шема, ќе даваат придонес на доброволна основа. Одредени точки од договорот меѓу ЕУ и Турција се однесуваат на визната либерализација што ја бара Анкара, на отворањето поглавја во преговорите за членство во ЕУ, како и на забрзување на
исплата на три милијарди евра за Турција, за помош на бегалците, после што ќе бидат издвоени (од страна на ЕУ) нови три милијарди, до 2018 година. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека без разлика на договорената заедничка позиција на лидерите на ЕУ, преговорите со Турција нема да бидат лесни. Таа подвлече дека ЕУ мора да биде подготвена да почне брзо враќање на мигрантите од Грција во Турција за да се избегне „факторот привлекување“ пред новиот систем да стапи во сила.
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
6 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
> БРОЈКА
200
илјади евра изнесува вкупниот промет на Македонската берза оваа недела, од кои над 60% е со акцијата на Алкалоид АД Скопје.
фАТИМе феТАИ јавен обвинител
Јас како јавен обвинител треба да бидам пример за правичност и затоа инсистирам да одговарам за моите постапки, како што и ќе инсистирам секој да одговара за своите, без исклучок. Ова последното е потсетување дека не сум од класата на Вашите ’политичари’ на кои несебично им ја поделивте Вашата ’милостина’”
МАКедОНсКИОТ лАНец МАР ќе ОТВОРИ 20 МАРКеТИ ГОдИ
М
акедонскиот ланец на маркети КАМ до крајот на годинава планира да отвори 20 маркети во Софија, а до крајот на 2018 година бројот на маркети треба да достигне 60”, oбјавува бугарскиот магазин Капитал. Маркетите ќе бидат од типот “хард дисконт”, но нема да бидат со огромна големина како конкурентите на бугарскиот пазар. Инвестиција се проценува на 2 до 3 милиони евра, бидејќи првите објекти ќе бидат под наем. Интересно ќе биде да се види дали
нАјАвите Се конкретни - околноСтите уШте повеќе
Што Може ДА јА СпАСи МАкеД
и пишува:
Максим ристески
Maksim.risteski@kapital.mk
Исходот од преговорите во Виена нема да ги запре протестите во Скопје и низ Македонија што се сигурен знак дека граѓаните сега многу јасно и конкретно знаат што треба да се случува за да се направи просторот за излез од кризата, и оти нема да прифатат решенија што ќе оставаат и најмала можност за релативизирање. Од Виена не може да се очекува дека ќе бидат испорачани решенија во контекстот, зашто на преговори секогаш се оди по компромис. ВМРО-ДПМНЕ безмалку сигурно во главниот град на Австрија ќе патува со подготвена карта - „жртва“ за компромисот - а имено, ќе понуди да го „увери“ претседателот Ѓорѓе Иванов да ја повлече одлуката за аболицијата. Одлуката што (и кога се работи за Македонија) ја изненади и ја натера меѓународната заедница отворено да порача дека „сериозно се поткопува владеењето на правото и се создава опасна атмосфера на неказнивост“ (Орав), односно, „оти се заштитуваат корумпираните политичари и нивните соработници“ (Бејли).
и евентуалното повлекување на одлуката за аболиција, како „жртва“ за компромисот во виена, нема да ги запре протестите, зашто истата беше само непосреден повод за нив, а нивниот потенцијал беше создаден од одеците на „бомбите“ во Договорот од пржино, во извештајот на прибе, кога, макар на моменти, изгледаше дека има можност набрзо да се одржат кредибилни избори. Сега ваквата можност изгледа толку нереално, колку што се реални заканите за изолација на Македонија по изборите Но, и евентуалното повлекување на одлуката за аболиција нема да ги запре протестите, зашто истата беше само непосреден повод за нив, а нивниот потенцијал беше создаден од одеците на „бомбите“ во Договорот од Пржино, во извештајот на Прибе, кога, макар на моменти, изгледаше дека има можност набрзо да се одржат кредибилни избори.
Сега, во Виена, може да се очекува повлекување на одлуката на Иванов и испраќање јасна и конкретна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство (во контекстот најверојатно ќе се издејствува и Уставниот суд да се „воздржи“ од разгледување иницијативи спротивни на овој дух). Но, важно е што ќе бара, односно добие ВМРО-ДПМНЕ со евентуалното
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
7 мисла на неделата
РКеТи Кам инава во софија
влезот на КАМ на бугарскиот пазар ќе биде успешен, бидејќи досега сите маркети од Балканот, како словенечки Roda и српскиот Maxi, имаа неуспешен обид и ги продадоа своите бизниси. Најголемиот дел од производите кои КАМ ќе ги продава во бугарските маркети се од увоз, додека 40% се сопствени марки (private labels) произведени за КАМ во Македонија, Германија, Швајцарија и Италија. Кон крајот на минатата година КАМ го купија ланецот Диамбе, со 15 објекти во Косово и 10 во Албанија, а во Бугарија почнуваат годинава. Сопственици на КАМ се Гоце Камчев и Тања Камчева, а компанијата е создадена во 90-те години.
Работата ви дава значење и смисла. Без неа животот е празен и безначаен
Стивен Хокинг
американски научник
> БРојКа
8.7%
се пониски продажните цени на индустриските производи на странски пазари
лидери
донија од изолација?
„жртвување“ на одлуката за аболиција (и некои други карти на кои се претпоставува дека може да одигра, но, бараат премногу простор за образложение, и со нив не се занимаваме во овој краток текст)? Ако добие доволно, компромисот секако ќе биде преголем за опозицијата - ситуацијата ќе продолжи да се комплицира. Исто како и ако ВМРО-ДПМНЕ не го добие минимумот од она што ќе го побара, со што ќе се дојде до момент кога нема да
биде лесно да се отфрлат како претерувања опасните сценарија што ги најавува „блиска до ВМРО“ провениенција. Тоа ќе значи избори на 5 јуни под услови изгласани на седница на Државната изборна комисија на која не присуствуваше претседателот Чичаковски, ниту членовите од СДСМ, Дума и Милев, односно, со Избирачки список со податоци од Министерството за внатрешни работи на кои го нема потписот на министерот Спасовски. Односно, изборите на 5 јуни ќе доведат до остварување на прогнозата на еврокомесарот Јоханес Хан: „Ако не работат заедно и не останат фокусирани на фер избори, новата влада нема да биде меѓународно прифатена и признаена“. Изолацијата на државата, во ваков случај, не е тешко да се претпостави што сè ќе значи, но, одредени нејзини аспекти конкретно објасни американскиот експерт за Балканот, со неколкукратни престои во Македонија, Даниел Сервер, кој по одлуката на Иванов (за аболицијата) рече дека „она што е сигурно, е дека Европската унија и САД не би го пречекале македонскиот претседател со црвен тепих“. Сервер понатаму очекува санкции за поединци, во форма на забрана за патувања и замрзнувања на нивните имоти. Тој е уверен дека „Брисел и Вашингтон ќе поддржат веродостоен обид да се расчисти со коруптивното однесување и да се застане на патот на авторитарноста на Балканот“, зашто „и ЕУ и САД сакаат да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ“. Но, според американскиот експерт, успехот на Брисел и на Вашингтон тесно зависи од тоа „дали македонските граѓани ќе ја натераат Владата да го стори она што е потребно за земјата да се квалификува за членство“. А се чини дека ситуацијата е созреана за пословично флексибилниот македонски народ да покаже дека условите се такви што повеќе не може да им се прилагоди.
nnn
Гоце Камчев
Македонската компанија „Кам - маркет“ својот бизнис го прошири во Бугарија, со план до 2018 да има 60 маркети во Софија
Тим КуК
Во Apple не недостасуваат идеи за нови извори на приходи - од стари телефони извадија злато вредно 40 милиони долари
не им беше неделата
ЃоРЃе иванов
Останува на одлуката за аболиција и покрај тоа што неговото образложение „за излез од кризата“ реалноста брутално го демантира
Дилма Русеф
Долниот дом на бразилскиот Парламент гласаше за импичмент на претседателката која е осомничена за злоупотреба на државни пари
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
8
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
ОЦЕНКИ НА УСЛОВИТЕ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС ОД ГЕРМАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
Борба против корупција Политичка сигурност Правна сигурност Платежна дисциплина 1 - најдобро Транспарентност на јавни набавки 5 - најлошо Јавна администрација Пристап до јавна финансиска поддршка Инфраструктура Даночно оптоварување
2,91
3,09
3,3
3,55 3,46 3,4
3,74 3,74 3,74
ПОЛИТИЧКАТА НЕСИГУРНОСТ И КОРУПЦИЈАТА ЈА "РУШАТ" БИЗНИС КЛИМАТА
ГЕРМАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ОЧЕКУВААТ ВЛОШУВАЊЕ Половина од германските инвеститори во Македонија очекуваат полоша економска состојба годинава.
П
оловина од германските инвеститори во Македонија очекуваат полоша економска состојба годинава отколку лани, а само 10% од испитаниците се оптимисти, покажа најновата анкета на Германската стопанска комора спроведена меѓу 59 менаџери на германски компании во земјава. Најлоши оценки тие даваат на неколку клучни услови за водење на бизнис во Македонија, и тоа политичката и правната несигурност, борбата против корупцијата, дисциплината при наплата на побарувањата, транспарентноста во јавни набавки и непредвидливоста во политиката која се води во стопанството. Од друга страна, најдобри оценки германските бизнисмени даваат на условите на пазарот на труд. „Всушност задоволството повеќе е поврзано со работната сила додека пак незадоволството главно е поврзано со државата“, изјави претседателот на Германската стопанска комора, Мартин Кнап посочувајќи ги продуктивноста и работниот капацитет на вработените, нивните квалификации, нивното академско образование и ниските трошоци за придонеси. Со позитивна оценка е оценет и даночниот систем и даночните оптоварувања, како
и квалитетот и достапноста на локалните добавувачи. Загрижувачки е негативниот тренд во последните три години. Ако во 2014 година, само една четвртина од германските инвеститори ја оцениле бизнис климата како лоша, денес тој процент е двојно поголем. Се намалува и бројот на германски инвеститори што кога би одлучувале, повторно би ја избрале Македонија за нивните фабрики. Пред три години дури 85% од нив повторно овде би ги вложиле парите, додека денес тој процент е 75%. Важно е да се каже дека анкетата е спроведена во периодот меѓу февруари и март годинава додека се уште решението на политичката криза се бараше на маса, а не на улица. Претседателот на Комората Кнап, вели дека во екот на политичката криза, нема ниту една германска компанија што пројавила интерес да инвестира во Македонија и да отвори фабрика што би вработила 500 или 1.000 луѓе, но тоа било случај со цел регион а не само со Македонија. „Политичарите мора да сфатат дека капиталот е како плашлива срна, тој лесно може да избега“, истакна Кнап и додаде дека голем проблем за Македонија и за сите земји во Југоисточна Европа е што премногу
енергија се троши на политиката и изборите а во исто време страда бизнисот. „Преголем фокус на изборите се одразува на економската активност. Тајната на успехот на западно европските земји е што бизнис секторот се интересира за политика само на маргините. За нив резултатите од изборите се информации од втор ред“, истакна Кнап. Истражувањето на Германската комора покажа и дека бизнисмените многу попозитивно ги оцениле состојбите во својата дејност и во сопствените компании отколку општата економска состојба. Сопствената деловна состојба скоро половина од оценетите компании ја оценуваат како добра, 47% како задоволителна, а само 8% ја оценуваат како лоша. Скоро идентични како и минатата година се плановите на компаниите во врска со отворањето на нови работни места и плановите за инвестиции: 40% од компаниите планираат да го зголемат бројот на вработените во однос на минатата година, а само 13% од компаниите планираат кратење на работните места. Слично како и измината година, односно третина од компаниите планираат годинава да ги зголемат своите инвестиции, а 14% од испитаните компании планираат кратење на средствата за нови инвестиции.
АНКЕТА: ЗА ГЕРМАНСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ НАЈДОБРИ СЕ УСЛОВИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
10 cover story Капитал број 860 22.04.2016
www.kapital.mk
cover story
ИнвестИцИскИ водИч: Во што е најдобро да ги Вложите парите?
до 5.000 евра
Во инВестициски фонд
повеќе од 5.000 Во сѐ по малку Ниските камати на депозитите во банките кои што се доближуваат до нула од една страна и негативните приноси што ги остварија повеќето инвестициски фондови лани, особено оние што инвестираат во акции, ги премислуваат дури и најостроумните инвеститори како најпаметно да одиграат со
вишокот пари. Финансиските советници што ги консултиравме, сугерираат дека за вложувања до 5.000 евра најисплатлива комбинација е парите да се стават во инвестициски фондови, бидејќи трансакциските трошоци за директно вложување во акции се преголеми и непотребно би го оптовариле инвеститорот. За
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
11 движење на мби 10 9000 8000 7000 6000
-
+ 109,1%
5000
72,9%
4000 3000
+ 61,5%
-
+ 31,3%
2000
-
17,2%
-
13,4%
+ 6%
+ 0,4%
12,3%
0,6%
8%
1000 0 2005
2006
2007
2008
2009
2011
2012
2013
5,2%
2016
3,9%
3.0%
девизни
3% 2,5%
2.0%
0 евра
2015
денарсКи
4,2%
4.0%
доВи,
2014
Камати на депозити во банКите
6.0%
5.0%
2010
1,6% 1.0%
0.0% 2009
инвестирање на поголеми суми од 5.000 евра, пак, според нив, најдобро е да се направи комбинација од директни вложувања во акции, фондови и депозити. Капитал ги анализира сите приноси што ги носат алтернативите за инвестирање во Македонија.
1,3%
2010
0,9% 2011
0,7%
0,5%
2012
2013
2%
1.7%
0,3%
0,3%
2014
2015
Годишни приноси на инвестициски фондови (на 17.04.2016) Илирика Југоисточна Европа Илирика Глобал - Растечки пазари
-8,36
Иново Статус Акции
-0,66
-5,88
КД БРИК
-17,44
КД Нова ЕУ
-10,21
КБ Публикум - Балансиран
1,66
КБ Публикум - Обврзници
0,24
КБ Публикум Паричен
2,82
КД Кеш Депозит
2,29
Илирика Кеш Фонд
2,27
КД Топ Брендови ВФП Премиум Инвест ВФП Кеш Депозит
-6,55 -10,03 2,10
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
12
cover story
Н
Н
пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Ниските камати на депозитите во банките кои што се доближуваат до нула од една страна и негативните приноси што ги остварија повеќето инвестициски фондови лани, особено оние што инвестираат во акции, ги премислуваат дури и најостроумните инвеститори како најпаметно да одиграат со вишокот пари (оние што ги имаат). Финансиските советници што ги консултиравме, сугерираат неколку алтернативи за инвестирање, во зависност од рокот на кој што ќе ги доверите парите, ризикот што сте спремни да го преземете и сумата што ја имате. За вложувања до 5.000 евра најисплатлива комбинација е парите да се стават во инвестициски фондови, бидејќи трансакциските трошоци за директно вложување во акции се преголеми и непотребно би го оптовариле инвеститорот, коментираат аналитичарите. За инвестирање на поголеми суми од 5.000 евра, пак, според нив, најдобро е да се направи комбинација од директни вложувања во акции, фондови и депозити. „При формулирање на конкретното портфолио на инвеститорот, треба да се земат предвид низа аспекти а пред се возраста на инвеститорот, очекуваниот принос, нивото на ризик што е спремен да го преземе, временскиот хоризонт на инвестирањето. Доколку се работи за поконзервативен инвеститор, секако дека вложувањата треба во поголем дел да бидат насочени во обврзнички фондови и депозити а помалку во акции и акциски фондови. Доколку се работи за помлади инвеститори кои се спремни да преземат поголем ризик, вложувањата траба да бидат насочени кон акции, акциски и балансирани фондови кои би оствариле конкурентен принос во однос на поконзервативните алтернативи“, велат финансиските советници.
Банкарските камати продолжуваат да паѓаат
Банките секако важат за најсигурни места за орочување на парите. Зихерашите, кои не сакаат да ризикуваат, вишокот пари ги депонираат во банките, меѓутоа, каматите на депозитите паднаа на историски
Петар Андреевски
главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови, ВФП Фонд Менаџмент
е се очекува поголема економска криза во светот што би довела до значителен пад на цените на акциите. Од тој аспект, очекувам дека приносите на инвестициските фондови ќе растат. Тие се добра алтернатива за инвеститорите, особено на оние што сакаат да вложуваат на подолг рок. Фондовите овозможуваат да инвестирате во портфолио од стотина акции во кои што вложуваат и најбогатите луѓе во светот, а притоа ризикот се дисперзира во различни земји и различни индустрии. За пократкорочни вложувања, најдобро е парите да се инвестираат во т.н. кеш фондови, кои што пак вложуваат во депозити и државни обврзници. Тие имаат пониски приноси, но и ризикот е помал.
минимум, а за одредени видови на депозити, веќе се доближуваат до нула. Просечната камата на денарските и девизните депозити според податоците на Народната банка во февруари годинава изнесуваше 1,6%, што е намалување за 0,5 процентни поени во споредба со истиот месец лани. За денарските депозити без валутна клаузула банкарите се уште нудат поатрактивни камати кои се движат меѓу 3,9% и 1,5% во зависност од рочноста на штедењето. За депозитите во денари со валутна клаузула, пак, каматите се пониски и се движат околу 1,9%. За депозити во странска валута, може да добиете камата од 1,8% единствено за влогови во евра орочени над две години, додека пак на пример за штедење во долари, каматата е само 0,3%. Она што е важно е што банкарите очекуваат дека негативниот тренд кај пасивните камати ќе продолжи уште некое време. „Намалувањето на каматите за штедење во банките ќе продолжи уште кратко време а потоа очекуваме падот да запре. Висината на каматните стапки зависи од понудата и побарувачката на пазарот, така што се додека не се појават добри инвестициски алтернативи, односно исплатливи проекти во кои што луѓето ќе може да ги инвестираат парите, банкарските камати на депозитите ќе паѓаат. Се уште има голем интерес кај граѓаните да штедат во банките, особено на подолг рок бидејќи токму тие камати се повисоки“, велат банкарите. Сепак, и покрај тоа што каматите во банките имаат негативен тренд, ако се анализира депозитниот раст од 5,3% во февруари годинава во споредба со истиот месец лани, тогаш тој податок е доволен показател дека интересот на граѓаните за банкарските депозити се зголемува. Вкупните депозити достигнаа 4,93 милијарди евра. Од аспект на валутната структура, денарските депозити се основниот двигател на годишниот раст
Горан Марковски извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови, КБ Публикум Инвест.
на вкупните депозити а причина за тоа се повисоките камати за штедење во денари отколку во странска валута.
Приносите на фондовите паднаа
Падот на најзначајните берзански индекси во светот лани што го испровоцираа неколку фактори, како ескалирањето на грчката криза до ниво на технички банкрот, разочарувањето на инвеститорите од перформансите на кинеската економија, намалувањето на цената на нафтата повеќе отколку што можеше и да се претпостави, ги намали и приносите на македонските инвестициски фондови, особено на оние што инвестираат во акции. Ако се анализираат приносите на сите 13 инвестициски фондови, 7 од нив за една година на инвеститорите им донеле негативни приноси. Меѓутоа, аналитичарите велат дека приносите што ги остваруваат инвести-циските фондови би требало да се анализираат на подолг рок бидејќи тоа се подолгорочни вложувања што носат солидни приноси за инвеститорите. „Најновите анализи покажуваат дека не се очекува поголема економска криза во светот што би довела до значителен пад на цените на акциите. Од тој аспект, очекувам дека приносите на инвестициските фондови ќе растат. Тие се добра алтернатива за инвеститорите, особено на оние што сакаат да вложуваат на подолг рок. Фондовите овозможуваат да инвестирате во портфолио од стотина акции во кои што вложуваат и најбогатите луѓе во светот, а притоа ризикот се дисперзира во различни земји и различни индустрии. За пократкорочни вложувања, најдобро е парите да се инвестираат во таканаречените кеш фондови, кои што пак вложуваат во депозити и државни обврзници. Тие имаат пониски приноси, но и ризикот е помал“, вели Петар Андреевски, главен извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови, ВФП Фонд Менаџмент. Дека интересот за вложување во инве-
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
13
Р
Ф
армацевтскиот сектор и понатаму важи за сигурен и стабилен и дава можност за генерирање на дивиденден принос на ниво од 5-10%. Исто така, очекувам позитивниот тренд во работењето на банкарскиот сектор кој беше забележан во текот на минатата година да продолжи и оваа година. Во прилог на банкарскиот сектор одат и постепеното намалување на акумулирани превземени имоти од кои во изминатите три години веќе голем дел е амортизиран што остава простор за зголемување на профитабилноста во наредниот период и соодветно да обноват воспостават или ја унапредат исплатата на дивиденда.
стициски фондови се зголемува покажува и податокот дека за една година, капиталот со кој управуваат тие се зголемил за 13%. Сега сите 13 фондови управуваат со 50,4 милиони евра. Инвестициската политика на фондовите во голема мера го определува типот на инвеститорите. Оние што не сакаат многу да ризикуваат, се одлучуваат да
Лазе Камчев
извршен директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови, КД Фондови
егионалното поврзување на берзите се очекува да придонесе за дополнителна атрактивност на македонските хартии од вредност, особено кај оние кои покажуваат добри перформанси во работењето, имаат високо ниво на транспарентност, како што се акциите кои го сочинуваат МБИ 10 индексот а притоа предничат со ликвидноста. Истото се однесува и за компаниите во регионот, како на пример Крка, Горење, Заваровалница Триглав, Хрватски Телеком, Подравка, Адрис Група, Ериксон Никола Тесла од Словенија и Хрватска. Од Српската и Бугарската берза најатрактивни би биле следниве компании, Комерцијална банка Белград, НИС, Аеродром Никола Тесла, Софарма, Централна Кооперативна банка.
инвестираат во парични или обврзнички фондови кои што имаат и најниски приноси и тие опфаќаат речиси 85% од сите средства со кои што управуваат инвестициските фондови. Аналитичарите велат дека во паричните фондови најмногу вложуваат фирмите и други финансиски институции и на тој начин управуваат со ликвидноста, додека
пак граѓаните најчесто се одлучуваат за инвестиции во акции и обврзници.
Регионално поврзување на берзите – нови алтернативи
Минатата година не смени ништо на Македонската берза. Основниот индекс МБИ 10 загуби 0,6% од својата вредност, а од почетокот на годината до сега уште 3,6%.
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
14
cover story
И покрај тоа што каматите во банките паднаа на историски најниски нивоа, директорот на Македонската берза, Иван Штериев неодамна изјави дека во Македонија, сите претходни минати искуства па дури и теории од литературата се демантираа оти интересот за инвестирање во акции на берзата не порасна. „Инвеститорите со една внимателна селекција на акциите коишто се тргуваат на берзата можат да најдат добра можност за вложување на парите и да остварат поголем принос од моменталните каматни стапки“, изјави Штериев. Економистите сугерираат тоа да бидат акциите на домашните компании кои исплат уваат дивиденди. Неколкуте компании (што се бројат на прстите од двете раце) кои што објавија дека годинава ќе поделат дивиденди, на инвеститорите што пред некое време купиле акции или допрва ќе купат (од оние
што се уште се тргуваат со право на дивиденда), ќе им донесат принос од 4% до 11%, што е далеку подобра заработка од која било камата во банка. Финансиските аналитичари велат дека годинава, предност им даваат на компаниите од фармацевтскиот и банкарскиот сектор со најголема перспе-ктива за заработка. „Фармацевтскиот сектор и понатаму важи за сигурен и стабилен и дава можност за генерирање на дивиденден принос на ниво од 5-10%. Исто така, очекувам позитивниот тренд во работењето на банкарскиот сектор кој беше забележан во текот на мина-тата година да продолжи и оваа година. Во прилог на банкарскиот сектор одат и постепеното намалување на акумулирани превземени имоти од кои во изминатите три години веќе голем дел е амортизиран што остава простор за зголемување на профитабилноста во наредниот период и соодветно да обноват
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
воспостават или ја унапредат исплатата на дивиденда“, вели Горан Марковски, извршен директор на друштвото за управување со инвестициски фондови, КБ Публикум Инвест. Освен акциите на домашните компании, со поврзувањето на Македонската берза со Бугарската и Хрватската берза, македонските граѓани веќе може легално да купуваат акции од компании што котираат на овие три берзи преку единствената платформа за тргување со хартии од вредност SEE Link. Извршниот директор на Друштвото за управување со инвестициски фондови, КД Фондови, Лазе Камчев, оценува дека поради зголемената понуда на компании кои ќе се најдат на платформата и ќе бидат достапни на граѓаните од овие земји, значаен фактор при одлуката за тргување во услови на зголемена конкуренција ќе биде токму работењето на компаниите и нивините перформанси во однос на другите, нивната транспарентност, ликвидност. „Се очекува целиот проект да придонесе за дополнителна атрактивност на македонските хартии од вредност, особено кај оние кои покажуваат добри перформанси во работењето, имаат високо ниво на транспарентност, како што се акциите кои го сочинуваат МБИ 10 индексот а притоа предничат со ликвидноста. Истото се однесува и за компаниите во регионот, како на пример Крка, Горење, Заваровалница Триглав, Хрватски Телеком, Подравка, А дрис Група, Ериксон Никола Тесла од Словенија и Хрватска. Од Српската и Бугарската берза најатрактивни би биле следниве компании, Комерцијална банка Белград, НИС, Аеродром Никола Тесла, Софарма, Централна Кооперативна банка“, оценува Камчев. Платформата СЕЕ Линк која што се очекува да стане оперативна од идниот месец, во прво време ќе понуди вкупно 387 хартии од вредност од компании (109 котирани на Бугарската берза, 127 котирани на Македонската берза и 151 котирани на Хрватската берза).
Цените на недвижностите растат
Недвижностите не губат од
атрактивност за инвестирање а тоа го покажуваат и податоците на Народната банка на Македонија според кои, во последниот квартал лани, цените на становите се зголемиле за 3,1% на годишно ниво. Сепак, споредено со 2010 година која што НБМ ја смета базна година, цените на становите се намалиле за 4,6%. Од градежните компании велат дека побарувачката на станови не стивнува и дека годинава можно е да се изградат дури и повеќе станови од лани. “Согласно општиот растечки тренд на цените на недвижностите, се очекуваат извесни промени со зголемување на цените на становите во Македонија, како и на цените на м² квалитетен станбен и деловен простор во Адора инженеринг, кои минатите години беа на исто ниво и покрај зголемените цени на градежните материјали, услугите, трошоците за квалитетна градба и порастот на курсот на американскиот долар“, вели генералниот директор на компанијата, проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Од консултантската компанија за недвижности Фортон очекуваат интересот за купување на станови да продолжи да расте и во идниот период, ако се има предвид бројот на реализираните трансакции во последните 18 месеци. “Најновите податоци објавени од страна на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2015 година во Скопје се издадени 947 одобренија за градба или 3.667 нови станови во Скопје во наредниот период, и според досегашното искуство не се очекува 100% реализација на сите одобренија на градба во разумен рок за изградба. Со оглед на бројот на реализирани трансакции (купопродажби на пазарот во Скопје на годишно ниво), ни дава за право да веруваме во стабилен резиденцијален пазар годинава“, вели Влатко Богоевски, директор на Фортон Македонија. Финансиските советници пак, оценуваат дека инвестирањето во недвижности (станови) не е најпрепорачливо, бидејќи „понудата на нашиот пазар е презаситена, а се работи и за многу неликвидна инвестиција“.
nnn
Elegance is an attitude Simon Baker
The Longines Master Collection
Капитал број 860 22.04.2016
16
www.kapital.mk
Компании и пазари
Фирмите добиваат помали нарачки
Политичката криза го Парализира бизнисот
предвидувања: ниту еден од бизнисмените не оч
www.kapital.mk
и и тешко наплатуваат
Капитал број 860 22.04.2016
17 Македонските компаниите велат дека со ескалацијата на политичката криза, нивните странски партнери се многу попретпазливи во соработката, наплатата на побарувањата на домашниот пазар повторно станува многу тешка, а институциите се блокирани од разните сценарија во кои може да се развива кризата. Најстрашно од се е што бизнисот очекува понатамошно продлабочување на кризата, што ќе донесе уште поголеми негативни ефекти за целата економија.
K пишува:
дејан азески
Dejan.azeski@kapital.mk
Кулминацијата на политичката криза почнува сериозно да се чувствува кај бизнис секторот. Компаниите се жалат дека се потешко ја одржуваат довербата кај странските партнери, имаат проблем да ги наплатат веќе старите побарувања, а дека најстрашно е кога ќе се обратат кај институциите кои малтене не функционираат. Ваквата состојба бизнисменот и потпретседател на Стопанската комора, Горан Рафајловски ја објаснува како општа апатија која од ден на ден се повеќе се продлабочува. „Кризата и тоа како има сериозни влијанија кон бизнисот. На теренот се случува една апатија која на фирмите не им овозможува нормално да работат и да се занимаваат со бизнис, а таа апатија сериозно влијае
чекува брза разрешНица На Политичката криза
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
18
Компании и пазари
Н
К
ризата и тоа како има сериозни влијанија кон бизнисот. На теренот се случува една апатија која на фирмите не им дозволува нормално да работат, а таа апатија сериозно влијае на бизнис климата и на способноста на луѓето да се справат со проблемите предизвикани од целата криза. Тоа што во последно Горан Макледонија е толку често Рафајловски време прозивана од меѓународната потпретседател на Стопанска Комора на заедница и ја има по сите весници, Македонија не носи ништо добро за бизнисот.
на бизнис климата и во деструкцијата на луѓето да можат да се справат со проблемите предизвикани од целата криза. Тоа се психолошки предизвикани проблеми. Кога една земја ќе почне да се прозива од меѓународната заедница и да ја има по весници тоа не носи ништо добро за бизнисот“, вели Рафајловски. Најстрашно од се е што сите проценки говорат и за понатамошно продлабочување на кризата кое неминовно ќе донесе уште понегативни ефекти за целото работење на компаниите. Според бизнисменот Неби Хоџа, се навестуваат уште подраматични последици по економијата, „Реагираме на последните непромислени политички одлуки кои го загрозуваат владеењето на правото, а без тоа не може да се замисли бизнис. Ние зборуваме за непосредни ефекти кои произлегуваат од овој неред и на среден рок ќе имаме економска стагнација, а ко не се преземат итни и ефикасни мерки, ќе имаме регрес во економијата, рангирањето во меѓународните институции ништо не значи, ако реално имаме политичка криза и правна несигурност“. Според Хоџа, не е доволно да бидеме дванаесетти во листата на „Дуинг бизнис“ кога сигналите за водење на бизнис се очигледно лоши.
Се руши довербата кај странските партнери
Бизнисмените предупредуваат дека фактот што Македонија е постојано во јавноста прозивана од меѓународната заедница
Неби Хоџа
претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија
а среден рок ќе имаме економска стагнација, а ако не се преземат итни и ефикасни мерки, ќе имаме регресивни процеси во економијата. Рангирањето во меѓународните институции ништо не значи, ако реално имаме политичка криза и правна несигурност.
Џемаили Даути
сопственик на Даути Комерц
Се шират и шпекулации дека на пазарот недостасуваат девизи
П
овеќе сопственици на менувачници кои ги контактиравме тврдат дека на пазарот многу тешко се доаѓа до девизи што им се одразува на нормалното работење. „Се јавувам на сите колеги низ Македонија и едвај успевам да обезбедам девизи за нормално работење. Едноставно сите сакаат да купат девизи, луѓето веројатно се плашат дека политичката криза може да предизвика девалвација на вредноста на денарот“, вели еден сопственик на менувачница од внатрешноста. Според него, со вакви ситуациите менувачниците веќе се соочиле за време на гостиварските настани од 1997 година, косовската криза од 1999 година, војната 2001 година, и други нестабилни периоди низ годините наназад.
Туризам: доколку не беше политичката криза ќе имавме супер сезона
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
19
С
С
транските партнери се плашат да се впуштат во нови зделки со компании од Македонија. Никој не сака да инвестира во земји каде што има ризици и во земја во која стопанствениците се соочуваат со волунтаризам на системот во услови на политичката криза во која институциите не функционираат нормално. На теренот компаниите кои сакаат да инвестираат и кои поднесуваат најразлични барања до институциите чекаат многу долго на одговори.
не носи ништо добро за бизнисот, особено на оние бизниси кои се занимаваат со лонизработка. Според нив, тоа е формула за намалување на порачките и сврстување во друштвото на нестабилни пазари и земји во кои не се знае дали компаниите и утре ќе може да одговорат на порачките кои со години ги испорачувале најнормално. Ова го потврдува и бизнисменот Џемаили Даути кој воопшто не ги обвинува странските партнери за нивниот моментален скептицизам во работењето со Македонија.
Аце Антески
сопственик и раководител на Раде Кончар
транските партнери едноставно се исплашени и тој нивни страв е оправдан, бидејќи никој не знае како ќе се развива ситуацијата во Македонија и и колку долго сето ова може да трае.
Б Дончо Танески хотелиер
„Странските партнери се плашат да се впуштат во нови зделки со Македонија. Никој не сака да инвестира во земји каде има ризици и во земја каде што стопанствениците се соочуваат со волунтаризам на системот во услови на политичката криза, и каде институциите не функционираат нормално. На теренот компаниите кои сакаат да инвестираат и кои поднесуваат најразлични барања до институциите чекаат многу долго на одговори“ , вели Даути. Долгогодишниот раководител и сопственик
егалската криза и политичката нестабилност веќе се детектирани од нашите партнери од Холандија и тие почнаа да ги намалуваат аранжманите и чартер летовите. Доколку, пак, дојде до дополнително заострување на ситуацијата, налик на тоа од минатата година, јасно е дека бројот на странски туристи рапидно ќе падне. Нашата надеж е дека домашната политичка криза ќе се разреши во првите месеци од летото.
на Раде Кончар исто така е со став дека недовербата од странските партнери кон Македонија е нормална. „Ние работиме со сервисирање на скапа роба која има вредност по парче од неколку стотици илјади евра. Странските партнери едноставно се исплашени и според мене тој нивни страв е оправдан, бидејќи никој не знае кон каде оди работата и колку долго сето ова може да трае“, вели Даути.
Институциите се закочени
Најавите на Даути околу намалениот
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
20
Компании и пазари
ка п а ц и те т н а фу н к ц и о н и р а њ е то на институциите го потврдуваат и од Стопанската Комора на Северозападна Македонија. Според извршниот директор Фатмир Битиќи ваквиот проблем е особено видлив во институциите каде што има одредени промени предизвикани од политичката криза, а особено во оние каде што во моментов функционира двојно раководење. „Има доста голем проблем со добивање на елаборати, дозволи решенија и други мали работи кои што им ги кочат тековните активности на компаниите. Од друга страна, во овој период се носат некои нелогични одлуки со нови правила. На пример сега одеднаш почнаа да функционираат обврски со кои се бара 100% контрола на било која увезена роба. Тоа е повеќе политичка отколку принципиелна одлука. Пред кризата на десет шлепери во принцип се земаа мостри од еден шлепер. Тоа е доцнење од четири или пет дена додека робата дојде на пазарот и на крај во доста случаи освен што доцнат кон клиентите треба да го преземат ризикот да веќе испорачаат друга роба од други земји што ги чини двојно, а оваа роба која што ја имаат или ќе им пропадне или целосно ќе треба да ја вратат. Се ова е поврзано и е последица на фактот дека контролата на функционирањето на институциите малтене ја нема“, вели Битиќи.
Наплатата е тешка или невозможна
„Денот кога се објави аболицијата од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, наплатата ни падна за 70%, а таквиот тренд продолжи и во наредните денови без најави дека ќе се подобри“, на вакви одговори новинарите на Капитал наидуваат постојано во редовните контакти со бизнисмените. Според Горан Рафајловски наплатата генерално на државно ниво оди навистина тешко. „Наплатата на услугите оди многу тешко со многу молење едвај. Тоа е нормално во време на вакви кризи и ние веќе го имаме видено повеќе пати. Само прашањето е колку долго бизнисот во Македонија тоа може да го издржи“, вели Рафајловски. nnn
Туризмот трпи најмногу во криза
Х
отелиерството и туризмот се дежурна жртва на сите политички, безбедносни или кризи од било каков тип. Токму во овој сектор најбрзо се менуваат состојбите и можно е преку ноќ да се испразнат хотелите и така да останат цела сезона. Конкретно за 2016 години туристичките работници имаа големи очекувања со оглед на лошата безбедносна состојба во Египет и Турција, но како што одат работите политичарите уште еднаш ќе им ги поматат сметките . Долгогодишниот претседател на ХОТАМ, Дончо Танески не информира дека веќе се зборува дека туристите од Холандија ќе доаѓаат со смален интензитет, а при евентуално заострување на кризата тој очекува радикален пад на бројот на гости. „Бегалската криза и политичката нестабилност веќе се детектирани од нашите партнери од Холандија и тие почнаа да ги кратат аранжманите и чартер летовите. Доколку пак дојде до дополнително заоштрување налик на тоа од минатата година јасно е дека бројот на странски туристи рапидно ќе падне“, вели Танески. Според Танески, голема штета е што Македонија не се труди да го искористи моментот со откажаните аранжмани во Турција и Египет и да направи туристички бум. „Нашата надеж е дека домашната политичка криза ќе се разреши во првите месеци од летото за потоа да може да ги пречекаме туристите кои ова лето нема да одат во Турција и Египет и така да ја спасиме сезоната. Ова лето потенцијалот е многу голем, но не и ако има нереди, пукање и други немили настани“
Наплата: традиционално најголем проблем на секој криза
Капитал број 860 22.04.2016
INTERVIEW 22 Интервју
www.kapital.mk
катица Ќулавкова АкАдемик
Без граѓански кон и доБри односи с соседите, Македо не Може да се раз
Ќулавкова: ДемократИјата поДразбИра смена на вл
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
23 треба се свртиме кон граѓанската опција на уредување на државата и градење државна стратегија од интерес за секој граѓанин и за сите заедници кои живеат во р. македонија. така ќе го обновиме процесот на изградба на македонска нација, наместо државата да ни биде дисхармонична композиција од изолирани етнички и други заедници. треба да го истакнеме она кое нè поврзува сите нас, а не она кое нè двои, како што правевме во последниве децении од осамостојувањето. само заедничкиот егзистенцијален и развоен интерес може да нè сплоти и да ја одржи македонија како држава на подолг рок. Во спротивно, отворени се сите опции/сценарија.
нцепт со онија звива
В разговарал:
Дејан азески
dejan.azeski@kapital.mk
XX Вие важите за човек кој секогаш знае да излезе со свој став во поглед на актуелните случувања во државата. како ја оценувате и како би ја прокоментирале сегашната состојба? која е вашата порака до политичарите за надминување на истата? Политичката и државната криза во Македонија, за голема жал, ескалира. Ова се случувало и порано, и секогаш е последица на недостаток на морален капацитет на политичарите и на лидерите. Во Македонија немаме политичка култура и немаме кредибилни политичари. Особено оние кои се на власт покажаа дека немаат морален кредибилитет. Дури и под претпоставка дека тие не се виновници за кризата во којашто се наоѓа Македонија и за се она за што ги обвинува опозицијата, тие требаше да се повлечат од политичката сцена за да се создадат услови низ еден подолгорочен процес на техничко и експертско реорганизирање и консолидирање да дојде до демократски избори. Доколку и понатаму имаме лажни демократски избори со непрочистен список и со овој закон на избори кој не и’ одговара на Македонија, тогаш ништо нема да се промени. Сметам дека Македонија треба да биде една изборна единица, за изборите да бидат реално огледало на волјата на граѓаните на територијата на целата држава, за да нема прелевање на гласовите од малите партии во големите, со што, пак, ќе дојде до израз идеолошката плуралност на политичката сцена, бидејќи ние навистина сме заробени во етнополитичките кампуси. Доколку не се создадат услови навистина да се деетнизира политиката и демократијата, доколку не се укине овој изборен закон според кој се создаваат и понатаму политички партии со етнички предзнак, што апсолутно се коси со демократскиот граѓански принцип, доколку вистински не го прочистиме избирачкиот список и доколку не направиме попис, во Македонија не може да се носат соодветни развојни изборни политики и стратегии. Уште поголем проблем е што власта не сака да се откаже од она што го има стекнато и се однесува како да не е свесна дека демократски режим подразбира промена на секој циклус од четири, евентуално повеќе години, туку настапуваат со мислата дека тие се вечни, незаменливи и без нив ќе биде пропаст во државата. Затоа, имаме
македонија треба да биде една изборна единица, за да може да дојде до израз и некаква идеолошка плуралност на политичката сцена, бидејќи ние навистина сме заробени во етнополитичките кампуси. Доколку не се создадат услови навистина да се деетнизира политиката и демократијата, доколку не се укине овој изборен закон според којшто се создаваат, систематски, политички партии со етнички предзнак, што апсолутно се коси со демократскиот граѓански принцип. Доколку суштински не го прочистиме избирачкиот список и доколку не направиме попис, во македонија не може да се носат другите развојни изборни политики и стратегии. ситуација во којашто власта арогантно и дрско и ја злоупотребува реториката на инверзија, цело време зборува во име на народот, ама работи против народот, затоа што поголемиот дел од граѓаните размислуваат различно од нив, но тие тоа не го почитуваат. Цело време зборуваат во име на националниот интерес, а го рушат националниот интерес. Да биде јасно, ДПМНЕ е само декларативно „партија за македонско национално единство“. Во суштина, оваа партија е пример за партија која работи против националните интереси на Македонците како народ и на македонските граѓани. Парадокслно, ама неспорно, ДПМНЕ е извор на раздор меѓу македонските граѓани. Според тоа што гледаме, тие не планираат и не можат да го сменат своето мислење и затоа преземаат сè што е неопходно за да ја одржат моменталната неодржлива ситуација. Што се однесува до опозицијата, прво и најважно мисламдека треба да биде апсолутно обединета. Денес во ова време нема место за делење и фрагментација
ласта на четири или осум гоДини, а не Вечна Власт
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
24
Интервју
на политичките партии посебно во услови на „Донтовиот“ модел, според којшто, сите мали партии работат за власта и во интерес на владејачката партија. Доколку имаме избори со непрочистен список, како и според овој проблематичен закон, сите мали партии ќе дадат голем придонес за опстанок на квази-демократијата. Сметам дека СДСМ, која во моментов е лидерска партија во опозицијата треба да ги обедини сите помали партии и да настапат заедно. Ризикот е голем, затоа што денес, впрочем не само во Македонија, демократската процедура се злоупотребува од богатите центри на моќ, така што изборите не се толку одраз на слободната волја на граѓаните, колку што ја покажуваат бескрупулозната моќ на парите. Ние знаеме кој денес располага со парите во РМ. Она што е најважно е да дојде до промена за да сфати народот дека нормална е промената на тој систем на партии, дека природно и нормално е сите да си ги поднесат консеквенциите од своето неморално незаконско или несоодветно работење. Треба сите да сфатат дека во Македонија мора еднаш да почне чесно и пожртвувано да се работи, дека институциите и судовите мора да работат независно и чесно, дека ќе мора сите на заден план да ги остават своите лични и партиски интересни, а во преден план да се постави државниот и општествениот интерес. Во Македонија недостасува јасно изграден колективен интерес и развојна стратегија на државата зад којашто ќе застанат сите, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми, и општо сите граѓани на државата. Кога би имале утврден стратешки државен интерес, не би било толку катастрофално или трагично ако дојде едната или другата партија на власт, бидејќи ќе мора да го следи тој план. Кај нас борбата за власт се сведува на лични или партиски интереси на еден затворен круг на луѓе. Политичките партии се претворија во обични профитни организации. Ако сега не дојде до демократска промена во насока на воведување на полиберален и почесен систем на управување, ќе ги изгубиме сите млади луѓе од Македонија. Одливот на цели семејства и млади луѓе од Македонија е огромен и ако вака се продолжи со колапсот на економијата и на слободата, ќе станеме држава на старци и држава без перспектива. Мислам дека во овој момент можеби најдобро за Македонија е да имаме една техничка структура, која ќе ги подготви условите за демократска процедура на избори. Сметам дека не треба да се политизира составот на владата, бидејќи искуството со чисто политички влади води само до поделба и федерализација на државата на два кампуса, две развојни стратегии, до бинационално уредување на државата, на штета на мултикултурализмот... Видовме неодамна дека македонската влада нема еден мандатор, туку два. Од тоа, на крајот, ќе страдаат интегритетот и унитарноста на македонската држава.
XX македонија се соочува со идентитетска криза. тотално поделени се мислењата околу тоа како македонија треба да се постави во поглед на негирањето на нејзиното име, идентитет и суверенитет. кој е вашиот став во ова прашање и кои се според вас најголемите закани за идентитетот и суверенитетот на македонија? Веќе 20 години се занимаваме со погрешна приказна. Прво и основно, сами прифативме да влеземе во преговори со јужниот сосед во рамки на ОН, и ако веќе сме прифатиле, тогаш треба да стигнеме конечно до некаков договор. Околу тоа сите сме свесни, сите зборуваат, вклучително и актуелниот претседател и бившиот премиер, дека постои подготвеност за некаков „разумен компромис“, иако токму тие никогаш не дефинираа што значи тој разумен компромис. Мислам дека во последниве 15 години македонскиот идентитет многу повеќе е загрозен од интерната политичката стварност, отколку од евентуалната формална модификација на името на нашата држава. Многу повеќе идентитетот на Македонија го загрози промената на Уставот направена во 2001 година, со којашто се прифати државата да биде само привидно унитарна, а фактички бинационална во многу елементи. Со овие промени ги дестабилизиравме темелите на македонската држава, што наскоро може да се рефлектира врз нашиот статус во личната карта во Обединетите нации. Едно од можните решенија би можел да биде називот ’Држава Македонија’, така што ќе се избегне наводното дуплирање на името на нашата држава со името на регионот во Грција и така ќе се направи прецизна дистинкција. На Грција треба да и’ се укаже дека таа го искористила своето историско право на самоопределување во 19-от век кога се конституира како национална држава и кога во Уставот се декларира народот на државата под називот Грци, некогашни Хелени и Ромеи. Тогаш тие не спомнаа ни М од Македонците и од Македонија. Нашата цврста и крута позиција околу името придонесе да се радикализира, до недопустливи граници, позицијата на албанската заедница, така што полека се поткопува сè она кое е стекнато како национална и културна придобивка од поранешна Југославија и од историјата. Мислам дека токму најрадикалните ДПНЕовски „преродбеници“ на македонската национална култура најмалку се залагаат за македонските национални интереси, но со помош на герила пропагандата успеаја да создадат обратен впечаток од којшто многу луѓе не можат да се ослободат. Треба конечно да се фати дека Македонија не може да биде Швајцарија на Балканот, затоа што во Швајцарија сите кантони се направени врз база на население кое што си има своја матична држава во соседството. Тоа кажува дека имаат државни институции кои се грижат за нивната култура јазик и слично. Македонскиот народ моментално,
“
Научниците не би се бунеле дури и ако буџетот за наука се сведе на минимум, ако тоа е дел од една принципиелна политика да се штеди во сите области. Но да се скратува буџетот за науката, а да инвестира во квази-култура и квази-архитектура е навистина понижувачки
“
Супституирањето на книжевноста со турски серии е наменски направено за да се создадат пасивни луѓе со ропски ум, рамнодушни на општествената стварност
во таа смисла, го има изгубено тој контакт со државните институции, нормално го нема сосема изгубено, но го има дестабилизирано, а доколку ние и понатаму ја радикализираме оваа состојба на поделеност, ќе дојдеме во ситуација и навистина да останеме, како во минатото, без институционална поддршка. А култура и уметност без национална, државен и институционална поддршка не може да се развива. XX Се чини дека македонија сè потешко може да ги препознае и да се обедини околу националните интереси. што е според вас клучно за македонија да може да продолжи да се развива во функционирална и суверена држава и кој е нашиот најголем државен интерес во ова време околу мора да постои конзенсус? Мора да имаме државна развојна стратегија која ќе има надетнички карактер. Македонија мора да биде граѓанска држава, да изгради општограѓански консензус и, во таа смисла, да се свртиме кон формирање македонска нација која ќе биде надетничка категорија. Кај нас спецификата е што македонското домородно население, уставно со статус на народ, има право на свои институции, право кое е легитимно не само во регионални, туку и во европски и светски околности. Тоа прво го имаат остварено Албанците, Србите, Бугарите, Грците, Косоварите,
Ќулавкова: СИте парИ коИ Се потрошИја за пропаганда, да Се вложе
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
25
тоа право не треба да им се оспорува и одзема на Македонците. Кога зборувам за граѓански концепт, сепак сметам дека македонскиот јазик треба да биде јазик на разбирање на сите, како што стои впрочем и во Уставот на Македонија иако тоа не се почитува. Треба се свртиме кон граѓанска опција и градење на државна стратегија од интерес на секој граѓанин и на сите заедници кои живеат тука. Но, сепак статусот на македонскиот народ треба да остане како повластен, иако на граѓанско ниво треба да прифатиме дека треба да бидеме сите еднакви и да прифатиме да имаме навистина демократија која подразбира прво пред се процедура. Во спротивно, со непочитување на процедурите ние ја загрозуваме иднината на демократијата како концепт. Ние сме во многу сериозна ситуација и треба да се преиспитаме, дали одиме кон нешто што е анти-демократија или ќе бидеме вистинска демократија. Сметам дека граѓанскиот концепт и добрите односи со соседите се услов без кој не може да се развива Македонија. Во таа смисла, улогата на науката и на уметниците е многу важна, затоа што тие треба да понудат една интерпретација на реалноста која што ќе биде похумана, поблагородна, некоја култура на праведност, ама не праведност која утре ќе се злоупотребува за да се добијат гласачите на електоратот,
туку навистина сите да се чувствуваме како неотуѓиви граѓани на оваа држава и сите да ја сакаме таа држава, нејзините симболи и нејзините институции. XX по подемот на некои посовремени уметности како киното и телевизиските серии убавиот пишан збор на светско ниво се повеќе се враќа во игра. за жал впечатокот во јавноста е дека во македонија се уште не е вратен тој читачки тренд. зошто нашата земја назадува во овие процеси и дали сте оптимисти дека тоа наскоро ќе се промени? Станува збор за една културна политика која промовира такви облици на медиумска култура, посебно телевизиска, кои ќе го пасивизираат интелектот и духот на луѓето, а во меѓувреме ќе понудат илузија за релаксација и за заборав на сето она што се случува во нашата груба реалност на девастираната егзистенција во Македонија. Поради таквата културна политика, на луѓето им се сервираат бесконечни серии од турски происход (порано шпански) со помош и – буквално - се влијае врз нивниот поглед на свет, воедно се влијае луѓето да бидат пасивни и рамнодушни спрема политичката стварност и отсуството на слободен амбиент во државата. Македонскиот случај е специфичен бидејќи ние во последните неколку години сме под силно турско влијание со елементи на
возобнова или ренесанса на отоманската култура, за што сметам дека не е добро. Од друга страна, младите ја супституираат книжевноста и литературата и убавата уметност со квази облици на читање. Тие постојано читаат, но читаат Твитер, Фејсбук, Инстаграм, преку коишто се регресира или се сведува на минимум општењето и живеењето во културата и за културата. Сепак, и денес има луѓе кои читаат добри книги. Но, тука се појавува и вториот проблем, освен културната политика која ни се сервира преку телевизиите ние имаме и соодветна провинциска култура во областа на издавачката дејност, во смисла дека таа стана омасовена, популистички конципирана и без вистински вредности. Денес секој може да објави книга, книгата повеќе не е светост, книгата не е вредност сама по себе. Од друга страна, многу се инвестира во објавување и преведување на светските бисери со ужасно слаб превод. Иронично, но некогаш сме принудени да ги избегнуваме македонските преводи и се свртуваме кон оригиналите, потем кон хрватските и српските. Треба итно да се зајакнат неколку професионални издавачки куќи со добра издавачка програма, па да почне да се преведува постапно и квалитетно. XX ваквата пракса од литературата се пренесува и во журналистиката, односно македонците се помалку читаат весници. Сега на цена се интернет портали кои објавуваат препишана жолта содржина од странските таблоиди. како сето ова се одразува на општеството? Овој тренд има долгорочни последици, бидејќи населението се претвора во пасивно, безлично и неутрално во однос на политичката, општествената и културната реалност. Имаме ропски и заробени умови, неутрални граѓани односно гласачи така што само привидно имаме демократски режим. Ваквата културна политика ја уништува демократијата и придонесува културата да служи само како параван за нови облици за либерална доминација, да не речам на феудализам и робовладетелство. Може да издвоиме три категории на луѓе, едните се оние кои воопшто ништо не читаат, полуписмени или со елементарно образование, кои се опседнати со опстанок или гола егзистенција. Тие не читаат, ништо не ги ни интересира и за нив не постои уметност. Другата група е контраст или антипод на првата. Станува збор за одбрани интелектуални кругови кои можат да си допуштат да читаат и во оригинал, и на англиски, и на други јазици, и преводи на македонски и на други јазици, тие се во тек со книжевните вредности во светот. Но, постои и оној трет, среден слој, кој е промотор и произведувач на медиокритетска култура. Тој слој е опасен, бидејќи главно е во мнозинство. Тој е влијателен, бидејќи е дел од администрацијата, дел од некоја квази интелегенција, а неа ја имаме насекаде во државава. Тука спаѓаат и
еа во науката, ние Ќе бевме една од најразвиените држави во европа
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
26
Интервју
дел од бизнисмените и менаџерите кои се со некоја псевдо култура и некоја кич култура. Уште поголем проблем е што меѓу овие луѓе се создаваат затворени кругови на комуникации. А вие ако не излегувате од сопствениот круг на којшто му припаѓате, не можете да имате објективен или критичен став кон другите, бидејќи вие и не ги познавате другите. И токму поради тоа, во Македонија имаме вакви хибридни и конфузни услови на замена на добрата книжевност со кич и со некоја делумна уметност, полукнижевност. Она што ме загрижува дополнително е што на порталите има ужасно лоша јазична култура, дури не се трудат ни печатните грешки да ги поправат. Мислам дека разочарува фактот што не се почитува таа цела процедура на објавување на текстот. Едно е да говорите усно, а сосема друго е да пишувате. Пишаниот збор обврзува со одреден стил и одредена култура. Сепак, не тврдам дека сите портали се такви, има и позитивни професионални примери. XX Академиците и општо научните работници често ја обвинуваат државата дека издвојува премалку пари за научно-истражувачката дејност. Какви се состојбите во овој домен и како тоа да се надмине? Во независна Македонија, науката не била, за жал, примарен и приоритетен интерес на ниту една власт, но сега тоа дојде до апсолутен израз. Проблемот е што со тек на време се трупаат и акумулираат проблемите и ситуацијата станува се посериозна и посериозна. Ние научниците не би се бунеле дури и ако буџетот за наука се сведе на минимум, но ако тоа е дел од една принципиелна и времена политика да се штеди во сите области. Но, да се скратува буџетот за науката, а да инвестира во квази-култура и квази-архитектура е навистина понижувачки. Ние имаме ситуација кога енормни суми се одвојуваат секоја година за најнепродуктивни цели, за квази-култура, квази-уметност и квазинаука, а за научни истражувања нема доволно пари. И тоа е она што погодува. На овој начин создаваме култура на потценет и дестимулиран научен труд. XX Македонија се соочува со масовно отселување на младите луѓе. Колкава штета ќе има државата од овој тренд и како да се спречи? За да се спречи овој тренд, прво мора да создадеме една атмосфера на нормално и слободно човечко живеење. Во Македонија има атмосфера на страв и загрозено политичко живеење. Младите не чувствуваат амбиција за нешто да променат. На крај, секој треба да се избори за својата слобода, но тие се препуштени сами на себе. Понатаму луѓето или немаат работа, или ако имаат работа, тоа е работа која недоволно се цени и се плаќа. Мислам дека треба да се инвестира повеќе во младите и да се поттикнуваат индивидуални и колективни иницијативи за развој на креативноста и иницијативите на младите. И наместо да се затвораат пари во цемент, бронза и
“
Македонскиот идентитет е многу повеќе загрозен од штетните политики на ДПМНЕ, од уставните промени во 2001 и од законот за територијална реорганизација, одошто од евентуална формална модификација на името на државата
слично, да се инвестира во бизнис, работа и образование кои од една мала Македонија ќе можат да направат навистина успешна приказна. Во светот има држави со помал капацитет од Македонија, и популациски и природен, но се многу поразвиени, затоа што го користат умот, знаењето, интелигенцијата, инвенцијата и креацијата на младите. Ако ги изгубиме, тогаш нашите млади луѓе ќе развиваат други држави, а ние тука ќе останеме да се расправаме со сенките од минатото или со цврстата рака на диктатурата. XX јавноста често ја обвинува академијата и академиците за стерилност во однос на клучните прашања кои го преокупираат општеството. Од друга страна, бевме сведоци кога претседателот на МАну беше жестоко нападнат од власта заради еден критички осврт кон задолжувањето на државата.Зошто е тоа така и кој е вашиот став околу улогата на академијата во креирањето на јавното мислење? Mислам дека секој член на МАНУ кој чувствува морална, национална или научна побуда, треба да го каже својот став за кризата во којашто се наоѓа Македонија, со цел да даде свој придонес за надминување на кризата од којашто се засегнати државата, општеството, јазикот и културата. Своите ставови членовите на МАНУ секако може да ги искажуваат и целосно индивидуално, и тоа не бара никаква колективна процедура. За жал, тоа право малку од нас го користат. Делумно, јас имам разбирање за ставот на оние академици кои не припаѓаат на сферата на општествените и хуманистички науки и кои
се посветени на својата тесна специјалност и стручна експертиза. Но, проблем е што кај нас веќе се направи култура на однесување според којашто се очекува неутралност од сите научници и уметници. Затоа македонската научна и уметничка фела денес не е водечка и авангардна. Чест на исклучоците. Мојот личен став е дека во одредени сериозни општествени ситуации, и научниците и уметниците, се должни да го кажат својот став, како што тоа го правеле многу врвни научници во светот. Најсвеж пример е Умберто Еко, кој секогаш кога имаше нешто важно, се сметаше повикан и одговорен да го даде својот став, личен и филозофски. Не е важно дали тој став подоцна ќе се преточи во некаква политичка или безбедносна стратегија, важно е тој став да изврши влијание врз јавноста во својата матична средина и пошироко во светот. Што се однесува до колективното градење ставови во МАНУ, не сме биле толку анемични, бидејќи постоеле иницијативи од одредени одделенија да се излезе со појасен став. Но, од причини на некаква политичка коректност во даден момент, постојано се одлагаат тие ставови за некој подобар миг, миг кој никако да дојде. И така, подоцна, тие иницијативи не го вршат своето влијание, својата општествена културна и политичка функција. На крај, политикологијата и културологијата се научни дисциплини. Ако МАНУ се искаже за некои прашања кои имаат политичка конотација, тоа е легитимно право на науката и на научниот ум. Нашиот проблем е што го носиме багажот на академиите од соседните држави, кои во минатото излегоа со проблематични платформи и декларации. Најголемиот страв и изговор е - да не заличиме на нив и да не бидеме трајно обвинети за политичка некоректност. nnn
СОвет: дА СОЗдАвАМе пОвеќе СлОбОднИ, А не рОпСКИ уМОвИ
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
СОФТВЕРСКА ИНДУСТРИЈА
МАКЕДОНСКАТА СОФТВЕРСКА ИНДУСТРИЈА:
КАКО ДА СЕ ПРОГРАМИРА УСПЕХОТ
РАСТАТ ПРИХОДИТЕ И ИЗВОЗОТ, НО И ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ!
МАКЕДОНСКИ КОМПЈУТЕРСКИ УСЛУГИ ЗА ХОЛИВУД
КАКО ТОА ГО ПРАВАТ ДОМАШНИТЕ МАХЕРИ
Капитал број 860 22.04.2016
30
www.kapital.mk
Софтверска индустрија
Македонската софтверска индустрија:
како да се програмира успехот
Растат приходите и извозот, но и проблемите за домашните компании! Секојдневно расте бројот на софтверските компании во земјава, затоа што расте потребата за софтверски продукти и услуги на светскиот пазар. Расте и извозот на софтверски услуги, каде што главен збор имаат аутсорсинг услугите, а предизвик за компаниите е како да направат повеќе сопствени производи, и да ја зголемат вредноста на својот бизнис. Истовремено расте и цената на програмерите, а и нивниот одлив во странство, па домашните фирми сè потешко наоѓаат кадри. Доаѓаат странски компании што добиваат поволности од Владата, и можат да понудат повисоки плати на своите вработени, со што дополнително им го отежнуваат задржувањето на добрите софтверски инженери. Државната поддршка на иновативните софтверски стартапи се сведува на Фондот за иновации, но од софтверските фирми велат дека и тука има слабости во политиката на финансирање.
Лизинг на кадар: Расте аутсорсингот на софтверските услуги - изн
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
специјален прилог
31
пишува:
С Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Софтверската индустрија е една од најбрзо растечките во Македонија последниве неколку години. Само извозот на софтверски услуги, односно компјутерски услуги како што ги забележува Народната банка во својата статистика за надворешна трговија, достигнал 70 милиони евра во 2015 година. За тоа колку тежи вкупниот пазар на софтверски услуги нема официјални податоци, односно анализи од релевантни извори. Како што велат во МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, последните податоци што ги имаат за целокупниот информатичко - комуникациски пазар се за 2013 година. Според нив, ИКТ пазарот таа година вредел околу 450 милиони евра, од кои што 100 милиони евра само пазарот за информатички производи и услуги. Најголемиот дел, сепак, отпаѓа на телекомуникациските компании, каде што доминираат главните телеком оператори. Од тие 100 милиони евра, 62 милиони евра се за хардвер, 26 милиони евра ИТ услуги и 12 милиони евра спакуван софтвер. Но, да повториме, овие бројки се за 2013 година, а во меѓувреме софтверската индустрија има значителен раст, ако земеме предвид само колку вреди извозот на софтвер за минатата година, односно 71,4 милиони евра. Во 2013 година, за која што се последните официјални податоци со кои што располага МАСИТ, 95% од договорите во софтверската индустрија се субконтракторски, односно македонските фирми практично се подизведувачи на нарачателите од странство. Тоа е всушност аутсорсингот што доминира во македонскиот извоз на софтвер, наспроти само 5% од договори што се поврзани со софтверски продукти произведени од страна на домашните ИТ компании. Во 2010 година на национално ниво беше донесена Стратегија за унапредување на извозот на македонската индустрија за софтвер, со помош на ГТЗ – Германската техничка соработка. Со учество и помош и од МАСИТ, како што вели извршната директорка на Комората, Анита Никова, дефинирани беа главните предности, но и слабости што ги има македонската софтверска индустрија, во насока за нејзино поголемо етаблирање на меѓународниот
Што значи аутсорсинг во софтверската индустрија
Р
азговаравме со менаџерите на најголемите македонски софтверски компании, оние што работат претежно аутсорсинг, што всушност значат овие услуги, што влегуваат со преку 90% во извозот на софтверски услуги од Македонија. Во принцип, постојат два главни типови на аутсорсинг софтверски услуги: Првиот значи изнајмување на кадар за потребите на клиентот, кој што своите ИТ, односно програмерски капацитети ги аутсорсира, ги ангажира надвор од својата компанија, односно својата земја. На пример, компанија од Англија, која може да е информатичка, но и некоја голема банка, на пример, решава наместо да вработи луѓе таму, да ги ангажира во Македонија. Со македонска ИТ фирма ќе се договори за ангажирање на одреден број програмери, со различно искуство и експертиза, сè во зависност какви è се потребите. Кога ќе се увери во нивниот капацитет, почнува буквално да ги рента, па во овој контекст веќе е и пазар, односно зголемување на додадената вредност што оваа индустрија ја креира, а тоа значи што поголем број на сопствени софтверски решенија наспроти аутсорсинг услуги. “Голем дел од домашните ИТ компании работат со најнови технологии, поседуваат знаење за нив, располагаат со млад, но искусен кадар, културолошки се поблиску до Западот одошто главните аутсорсинг дестинации на Далечниот исток, ги воведуваат најновите светски стандарди за ИТ индустријата, имаат помали трошоци и конкурентни се на западните пазари, итн. Но, од друга страна пак, имаме и
прифатен терминот “body leasing”, односно, лизинг, изнајмување на луѓе. Овој тим на професионалци се под директен надзор на менаџер од конкретната странска фирма. Вториот тип аутсорсинг е проектно ориентиран, што значи дека странска фирма има потреба од тим програмери за да развие или доврши некој проект и одлучува наместо интерно да го прави, да најми компанија што ќе го сработи тоа. Разликата во однос на првиот тип аутсорсинг е што овде локалната фирма ја зема одговорноста да го заврши целиот проект по договорените услови: функционалности на продуктот, рокови, цени, итн. Да речеме, странски клиент сака да изработи вебсајт за електронска трговија: ги поставува своите функционални барања, а аутсорс фирмата треба да даде понуда – за колку време и за колку пари може да го изработи тој вебсајт. За да се добиваат вакви зделки, аутсорс компанијата треба да има доволно експертиза, искуство и завршени проекти зад себе. извесни слабости што ја намалуваат нашата конкурентност како софтверска индустрија. Компаниите се претежно во рангот на микро и мали, потежок е пристапот до потенцијални клиенти и до поголеми проекти, слаба е соработката помеѓу самите компании, недостасуваат вештини за проект менаџмент и индустриско производство на софтвер, вештини за меѓународен маркетинг, мал број на познавачи на германскиот јазик заради што Германија е слабо искористена како дестинација за аутсорсинг и извоз, лимитиран пристап до финансии за раст и развој на бизнисите и уште неколку
најмувањето на програмери за потребите на странски корпорации
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
32
СофтверСка индуСтрија
з
ГераСим ванчев генерален директор на Семос
а да оди македонската софтверска индустрија напред мора да ги искористи своите најдобри кадри, оние што заминале во странство и заработуваат по 10.000 евра месечно. нив треба да ги вратиме назад, да им ја дадеме истата плата и да ги ставиме за лидери на проекти што ќе бидат поддржани од државата во некакви технолошки паркови и сл. десет вакви стручњаци да успееме да вратиме и да им ги дадеме 100-те најдобри студенти по информатика, тие ќе направат софтверски продукти што десеткратно ќе ги вратат парите вложени во нив.
слаби точки што ги идентификувавме. “, вели Никова.
ветерани и свежа крв
На македонскиот пазар функционираат неколку големи и повеќе десетици средни и помали играчи во софтверската индустрија. Тука имаме искусни играчи од редот на Семос, Ултра, Некстенс, Асеко (поранешен Пексим), Сеавус, итн, компании присутни на пазарот повеќе од 15-20 години, кои што креираат сопствени продукти наменети за
п
роблемот со недостиг на ит кадар веројатно ќе биде продлабочен следниве години за балканските земји и земјите од источна европа. ние како компанија го предвидовме пред неколку години, уште кога ја отворивме првата канцеларија во Србија и кога почнавме да се шириме и на другите пазари каде што сме денес. тоа беше едниот начин за да ја избалансираме коСтандина големата флуктуација на кадри што се зафировСка случува во оваа индустрија и да дојдеме главен оперативен до потребните ит експерти. исто така, директор на Seavus со нашиот едукативен центар веќе од поодамна образуваме кадри преку талент програми специјално креирани за нашите потреби.
бизнис корисници од различни индустрии, но работат и во делот на аутсорсингот, но и помлади компании кои што последниве 5-10 години заради големата побарувачка за аутсорсинг услуги пораснаа до рангот на 100-200 вработени. Исто така, карактеристично е што последниве 2-3 години на пазарот влегоа и странски компании кои што апсорбираа значителен број програмери и работат аутсорсинг или готови решенија. Netcetera на пример, швајцарска софтверска фирма, која има
свои канцеларии и во неколку други земји, само во Македонија вработува околу 120 луѓе, тука е и англиската Endava, која доби и поволности од државата како странски инвеститор, која што е најактивна во делот на аутсорсингот, а има претставништва и во Србија, Молдавија, Романија, итн., потоа Cosmic Development, и уште неколку странски компании што се активни на македонскиот пазар. Меѓу најголемите софтверски компании, Асеко, на пример, кој што е дел од голема
колку заработува македонСката СофтверСка индуСтрија најголемите софтверски компании во македонија имаат годишен приход во рангот од 10-20 милиони евра. профитите на овие фирми се движат од 1-3 милиони евра. платата на искусен програмер достигнува и до 1.500-2.000 евра, а просечната плата во софтверскиот бизнис според државната статистика надминува 50.000 денари.
З
а тоа колку заработ ува ма ке д о н с ка та со фт в е р с ка индустрија нема официјални податоци. Во Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии -МАСИТ не располагаат со бројки понови од 2013 година, според кои вкупниот ИТ пазар таа година вредел околу 100 милиони евра, од кои што софтверскиот дел генерирал околу 20 милиони евра приход. Но, ако се земе предвид дека најголемата софтверска компанија во земјава, во 2014 година имала приходи од околу 16 милиони евра (бројките за 2015 сè уште не се достапни на вебсајтот на biznismreza.mk, од каде што ги добиваме овие податоци), втората
ИЗВОЗ И УВОЗ НА СОФТВЕРСКИ УСЛУГИ ВО МАКЕДОНИЈА година 2010 2011 2012 2013 2014 2015
увоз (милиони евра) 41,1 37,0 35,9 33,9 31,8 37,0
извоз (милиони евра) 37,3 40,7 50,9 52,4 58,6 71,4
Извор: НБРМ
по големина имала околу 10 милиони евра, а има барем уште 2-3 компании на пазарот што се во рангот на обрт не помал од 3-5 милиони евра, тогаш јасно е дека софтверските компании во земјава вкупно прават многу поголеми приходи од 20 милиони евра. Да не заборавиме дека во овој сектор работат уште десетици помали фирми, кои што со аутсорсинг или свои продукти остваруваат годишни приходи што не се за потценување. Извозот на софтверски услуги, или компјутерски услуги како што ги води статистиката на НБРМ, во 2015 година изнесувал 71,4 милиони евра и во однос на 2014 е пораснат за 22%, додека во однос на 2010 година е речиси двојно
зголемен, односно за 92%. Со растот на софтверскиот бизнис расте и побарувачката за програмери, а со тоа и нивната цена. Од компаниите со кои што разговаравме велат дека сè потешко може да најдат и да задржат квалитетни софтверски инженери, заради самата флуктуација на пазарот, но и одливот на овие професионалци во странство. Платата на искусен сениор програмер знае да стигне и по 1.500-2.000 евра, додека според Државниот завод за статистика, во периодот ноември 2015 – јануари 2016 просечната нето плата во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности стигнала до 51.000 денари.
СопСтвени продукти: иСклучително напорен, Скап и ризичен процеС
Рок за пРијавување: 3 мАј 2016
ЕдноднЕвнa обука на тЕма:
Методологија на истражувања
научЕтЕ како да спровЕдЕтЕ истражувањЕ за потрЕбитЕ на бизнис цЕлитЕ и да изработитЕ научно истражувачки студии за бизнис и мЕнаџмЕнт l 5 мај 2016 (четврток) l 09:00-16:00 часот l во просториите на институт концепт, скопје содржина на обуката: l вовед во истражувачкиот процес l пристапи на бизнис и научни истражувања; l важност на истражувањата. l карактеристики и квалитети на истражувачот l Методологија на истражување l дизајн на истражување и методолошки приод
избор и дефинирање на проблем; l поставување на цели; l креирање на хипотези; l
дизајн на примерок; дизајн на истражувачки инструмент (прашалник); l собирање на податоци; l анализа на податоци; l подготовка на извештај; l правни аспекти на извештаите од спроведените истражувања. l l
Предавач:
м-р никола сПасов директор на агенција за истражување и комуникации „рејтинг“ за повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 l 02 3216 963
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
34
Софтверска индустрија
Како функционира македонската со
С
о помош на нашите соговорници, искусни професионалци во софтверската индустрија, ќе пробаме да објасниме како всушност функционира пазарот на софтверски производи и услуги во земјава. Во суштина, не е благодарно да се прави каква било класификација на ИТ компаниите, велат тие, бидејќи бизнисите на овие компании се испреплетуваат и менуваат во текот на времето, сепак има неколку карактеристични типови на активности. XX Најпрво, тука се таканаречените систем интегратори и/ или solution provider-и. Тие се концентрираат на ИТ решенија од типот „клуч на рака“, со тоа што првите најчесто се пофокусирани на инфраструктурниот дел од решенијата, а вторите на софтверскиот дел. Овие компании често соработуваат на поголеми проекти. Добар дел од овие компании се основани во 90-те години и имаат голема „километража“ на пазарот. XX Kомпании што нудат аутсорсинг услуги. Тоа е најголемиот дел од аутпутот на софтверската индустрија и од извозот на услуги што произлегуваат од неа, преку 90% од додадената вредност се создава со овие услуги. Моделот функционира вака: македонската компанија наоѓа партнери во странство, кои што имаат потреба од кадри за нивните ИТ операции или за развој на софтверско решение, а домашната фирма ги обезбедува програмерите и локалните
проект менаџери. ИлијанчоГаговски, основач на софтверската компанија PrymApps вели дека аутсорсингот е модел што може да донесе добра заработка за македонските софтверски компании и добри плати за нивните вработени, но има и свои слабости. “Овој модел е одлична можност за македонските фирми, но ризикот е во континуираното обезбедување на проекти и конкуренција од земји со поевтина работна сила. Заради тоа, во ваквите фирми често има флуктуации во бројот на вработени. Исто така, создадената интелектуална сопственост оди кај нарачателот, заедно со долгорочниот профит од неа.“, вели Гаговски, кој што има 22 – годишно искуство во софтверската индустрија, на јавноста најмногу познат како директор на Мајкрософт Македонија повеќе од 10 години.
XX Value Added Resellers или компании што нудат софтверски решенија произведени од големи светски софтверски корпорации, но со локално прилагодување. Тоа може да биде софтвер за аналитика, сметководство, финансии, релации со клиенти, банкарски софтвер, итн. Локалната компанија најчесто го прилагодува софтверот на странскиот вендор за конкретниот купец и/или има и свој extension на софтверската платформа. Ова е добар бизнис модел, но локално има ограничен број купци, а регионално има голем број „играчи“. Освен тоа, VAR-от многу зависи од тоа колку добро котира производот на вендорот (светскиот софтверски бренд) глобално, што е ризик кој не му е под контрола. XX Креатори на сопствени софтверски производи. Овие компании се трудат продуктите да им бидат
ИТ групација со седиште во Полска, на домашниов пазар е познат пред сè по софтверот за банкарско работење, иако групацијата нуди решенија и во индустријата за картично плаќање, телеком, како и јавни услуги и администрација. Некстенс е исто така познат по своите софтверски решенија за различен тип на индустрии, што го подобруваат работењето на фирми од рангот на стартапи, па сè до големи корпоративни системи. Семос, веќе ветеран на македонската ИТ сцена, со почетоци уште во 80-те години, изгради препознатливост по своите софтверски продукти за финансискиот
сектор, како мобилно плаќање, буџетирање, правна служба, потоа документ менаџмент софтвер и електронска архива, но и решенија за менаџирање со човечки ресурси, ERP (софтвер за менаџирање со ресурси), итн. Еден од основачите на Семос, и директор, Герасим Ванчев, вели дека македонските софтверски компании се вртат кон аутсорсингот затоа што домашниот пазар е премал за пласирање на ИТ услугите. “Ако сакаме да опстанеме и да одиме напред, мора да излеземе надвор од нашите граници. Да направиме сериозни решенија за cloud, мобилни и таблет
апликации. Од нашите факултети мора да излезе поквалитетен кадар. На сите што ќе се фокусираат на домашниот пазар, лично не им предвидувам големи шанси за успех, а оние што своите продукти и услуги ќе ги пласираат надвор од државата, имаат неограничени можности и треба да бидат поддржани“, вели Ванчев. Во насока на зголемување на додадената вредност на софтверската индустрија, односно поголемиот удел на сопствени решенија во вкупните приходи, Ванчев предлага потпирање на најквалитетните програмери што се заминати надвор, односно, нивно враќање во Македонија
Brain drain: Постојано расте бројот на програмери што заминуваат во
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
специјален прилог
офтверсКа индустрија за глобалниот пазар – тоа може да бидат бизнис апликации, игри, мобилни апликации, итн. овој е дел што има најголема додадена вредност, но исклучително е напорно и скапо да се развиваат сопствени продукти што ќе имаат глобален успех. Фамозните angry birds на финската софтверска фирма rovio, на пример, биле дури 50-та игра по ред што тие ја креирале, а која што постигнала успех. македонскиот пазар е премал за да се фокусирате исклучиво на него, вели илијанчо гаговски од Prymapps, компанија која што, инаку, развива три cloud базирани продукти: софтвер за тајм менаџмент во компании, софтвер за менаџмент со човечки ресурси, како и нов концепт за т.н. crowd sourced истражување на пазарот. според него, една шанса за развој на сопствен производ е да се на прави производ по нарачка за некој купец, кој што го плаќа развојот. ако софтверската фирма успее да се договори со нарачателот околу задржувањето на интелектуалната сопственост, може и понатаму да заработува од производот. но, проблемот е што кога се прави софтвер за конкретен корисник се јавуваат многу специфики, кои што за други корисници се ирелевантни. “за да се пласира таков софтвер на поширокиот пазар треба да се направат измени, да се воопшти на некој начин. затоа ние во Prymapps се трудиме од старт да се апстрахираме од конкретен корисник и креираме решенија што може да бидат користени од голем број клиенти. тоа е ризик, но можната добивката е поголема ако ви успее. нашата идеја е своите производи да ги продаваме преку cloud
и вклучување во софтверски проекти наменети за светскиот пазар. “За да оди македонската софтверска индустрија напред мора да ги искористи своите најдобри кадри, оние што заминале во странство и заработуваат по 10.000 евра месечно. Нив треба да ги вратиме назад, да им ја дадеме истата плата и да ги ставиме за лидери на проекти што ќе бидат поддржани од државата во некакви технолошки паркови и сл. Десет вакви стручњаци да успееме да вратиме и да им ги дадеме 100-те најдобри студенти по информатика, тие ќе направат софтверски продукти што десеткратно ќе ги вратат
35
ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ВО СОФТВЕРСКА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА година 2011 2012 2013 2014 2015 2016 (јануари)
Износ (денари) 33.183 33.232 38.125 45.159 47.258 51.483
Извор: Државен завод за статистика
бројки
ИлИјанчо ГаГовскИ
основач и директор на PrymApps
секогаш ме иритирала изјавата ‘...ова е добро за наши услови..’, затоа што во денешниот поврзан свет, не постои такво нешто – или производот е добар или не е. Развивањето на сопствени производи наменети за глобалниот пазар е тежок и ризичен процес – потребна е добра идеја, перфектна реализација, сериозна инвестиција, добар тајминг и по малку среќа. ние во PrymApps работиме на креирање на спој на сите овие елементи за производите кои ги развиваме.
инфраструктура, по принципот ‘многу корисници со ниска месечна претплата’. идејата е да заиграме на глобалниот пазар за производите кои ги развиваме, каде што и пазарен удел од една десетинка од процентот може да обезбеди раст и просперитет на фирмата“, вели гаговски. парите вложени во нив“ Една од најголемите софтверски компании на македонскиот пазар, според бројот на вработени и остварените приходи, Seavus, е присутна и во двата сегменти на оваа индустрија – сопствените решенија и аутсорсингот. Аутсорсинг услугите во моментов носат повеќе од 50% од приходите на компанијата, која што има преку 650 вработени вкупно, во девет развојни центри во Македонија, Србија, Белорусија и Шведска, од кои што половината се стационирани во земјава, нè информира главниот оперативен менаџер на Seavus, Костандина Зафировска.
92%
пораснал извозот на софтверски услуги за пет години
16
милиони еврае годишниот приход на најголемата софтверска фирма во македонија
51.000
денари достигна просечната плата во софтверската индустрија Seavus има четири клучни сопствени производи: два во делот на проект менаџментот, еден во делот на т.н. mind mapping технологија, како и решенијата за онлајн казина и обложувалници и социјалните видео игри. Најпознатиот продукт на компанијата, е секако Seavus Project Viewer, изграден врз платформата на Microsoft, присутен на пазарот повеќе од 10 години, кого што го користат преку 3.500 клиенти од цел свет, вклучувајќи неколку мултинационални корпорации со десетици илјади вработени. “Секако дека поголемата додадена вредност се создава преку сопствените решенија и ние се стремиме да го подобриме соодносот во приходите во корист на сопствените продукти. За нас е добро што отсекогаш сме имале свое истражување и развој, односно способност да инвестираме во нови производи кои што ќе имаат успех на пазарот. Пред година и половина се појавивме и со нашите први решенија во гејминг индустријата, и тука полагаме
во странство и тоа ја крева цената на оние што остануваат во земјава
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
36
Софтверска индустрија
Е
С Анита Никова извршен директор на МАСИТ
транските софтверски компании што дојдоа на македонскиот пазар придонесоа за општото кревање на нивото на овој сектор – преку нивното knowhow, современите стандарди, едукацијата... Меѓутоа, некои од нив како странски инвеститори имаат добиено доста погодности, како што е ослободување од плаќање придонеси и сл., што им дава голема предност на пазарот во однос на домашните компании. Сметаме дека тоа не создава фер односи на пазарот и на среден и долг рок може многу да и наштети на домашната софтверска индустрија.
големи надежи. Засега резултатите се одлични, само во делот на онлајн казино и обложувалниците имаме 15-тина клиенти, и очекуваме оваа гранка значително да ги зголеми нашите приходи во следниот период.“, вели оперативната директорка Зафировска.
Расте цената на програмерите
Со зголемување на бројот на ИТ компании во Македонија, континуирано се зголемува и бројот софтверски проекти наменети за странските пазари. Поради големата побарувачка на нови софтверски решенија расте извозот на софтвер на македонскиот информатички пазар, велат нашите соговорници, претставници на софтверската индустрија. Клучни причини за овој раст се финансиската исплатливост за аутсорсинг во Македонија и квалитетот кој се нуди на овој пазар. Секако очекувано е овој број и понатаму да се зголемува со што би се зголемила вредноста на македонскиот информатички пазар во целина. “Со оглед на трендот на раст на отворени проекти за различни софтверски решенија, денес дел од македонските компании се ориентираат кон аутсорсинг во комбинација со сопствени решенија“, вели Бранко Трајковски, основач и генерален менаџер на Брансис групација, компанија која веќе осум години развива сопствени софтверски решенија, но работи и аутсорсинг со странски клиенти. Во делот на развој на сопствени решенија, Брансис е фокусиран на софтвер, за менаџирање, следење и контрола на флота возила. “Решенијата како мобилни и веб апликации за следење, рутирање, контрола на трошоци и менаџирање, се огромен фактор во зголемувањето на продуктивноста и ефикасноста на многу бизниси од делот на дистрибуција, транспорт, логистика и сл. Минатата година ги претставивме најновите мобилни решенија EZtoTrack и EZtoRoute. Првата е web апликација, со cloud решение, соодветно на светските трендови, која овозможува целосен преглед
Бранко Трајковски
основач и директор на Bransys
динствената државна поддршка за иновативни софтверски решенија во моментов е од Фондот за иновации, кој што неколку пати во годината отвора повици за пријавување според три категории, зависно од фазата на развој на стартап фирмите. Сепак, при намената на средствата, фокусот се става на технолошкиот развој, а се занемаруваат останатите делови, како на пример, маркетинг трошоците. Факт е дека секоја добра идеја доколку не се презентира добро пред публиката и не направи круг на корисници, на крај ќе биде неуспешна, без разлика колку се инвестирало во технолошкиот развој на истата.
на сите важни податоци за следење, контрола и координација на флотата возила во компаниите, додека пак, EZtoRoute, е мобилна апликација достапна за Android и iOS. Тој вели дека добар дел од компаниите имаат свои водечки решенија кои ги пласираат на пазарот, што им овозможува да ја зголемат нивната стручност во одредена област и да понудат специјализирани решенија со поголема вредност во споредба со аутсорсингот каде сегментацијата и специјализацијата за одредено решение е доста ограничена. Аутсорсингот зема замав и ако до пред неколку години Индија, Кина или Малезија беа најинтересни офшор дестинации за аутсорсирање на ИТ услугите, сега трендот се менува и земјите од регионов, со сè Македонија, стануваат сè поголеми даватели на аутсорсинг услугите. Прво, заради поголемата култ уролошка блискост со западниот менталитет, но и заради конкурентната цена на трудот, што за западните клиенти претставува одлична вредност за дадените пари. Но, зголемената побарувачка на аутсорсинг услуги предизвикува постепено да снемува квалификувани софтверски инженери на пазарот и следствено нивната цена да расте. Настрана фактот што голем дел од овие кадри ги напуштаат земјите од регионов, и заминуваат да работат на Запад. Костандина Зафировска од Seavus вели дека проблемот со недостиг на ИТ кадар веројатно ќе биде продлабочен следниве години за балканските земји и земјите од источна Европа. “Тоа ние како компанија го предвидовме пред неколку години, уште кога ја отворивме првата канцеларија во Србија и кога почнавме да се шириме и на другите пазари каде што сме денес. Тоа беше едниот начин за да ја избалансираме големата флуктуација на кадри што се случува во оваа индустрија и да дојдеме до потребните ИТ експерти. Исто така,
со нашиот едукативен центар веќе од поодамна образуваме кадри преку талент програми специјално креирани за нашите потреби“, објаснува Зафировска. Директорката на МАСИТ, Анита Никова, смета дека треба да се внимава како “се продава“ македонската софтверска индустрија. “Македонската софтверска индустрија не нуди евтина работна сила. Немаме капацитет ниту со бројност на луѓе, ниту со цени, за да бидеме дестинација со евтина работна сила - тоа може да бидат големите нации, кои што лансираат илјадници нови инженери секоја година. Можеби сме ‘good value for the money’, но никако ‘cheap labor force’. Платите на програмерите растат од година в година, и според официјалната државна статистика во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, просечната нето плата веќе премина 50 илјади денари. Ова е предизвикано од зголемениот обем на работа на софтверските фирми, односно растот на нарачките за аутсорсинг, но и постојаниот одлив на кадри во странство. Ова ќе биде предизвик на среден и долг рок, затоа што ќе опадне конкурентноста на македонската софтверска индустрија на меѓународниот пазар за аутсорсинг услуги заради сè повисоката цена на трудот“, вели Никова. Никова истакнува и дека странските софтверски компании што дојдоа на македонскиот пазар, иако придонесоа за општото кревање на нивото на овој сектор – преку нивното know-how, современите стандарди, едукацијата - некои од нив како странски инвеститори имаат добиено доста погодности, како што е ослободување од плаќање придонеси и сл., што им дава голема предност на пазарот во однос на домашните компании. “Сметаме дека тоа не создава фер односи на пазарот и на среден и долг рок може многу да и наштети на домашната софтверска индустрија.“, вели Никова. nnn
Извоз на софтвер: Пораснат двојно во последниве пет години
13
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
мај
Жените во бизнисот
2016
“Послаб” пол за посилни перформанси Светската бизнис пракса покажува дека жените можат да бидат многу подобри организатори, покреативни и поголеми перфекционисти од мажите, а многу често и нивната лојалност кон фирмите за кои што работат е поголема во однос на нивните машки колеги. Сепак, статистиките покажуваат дека едвај 5% од врвните менаџерски позиции во глобалната економија ги држат жени. Во специјалниот прилог “Жените во бизнисот: ‘Послаб’ пол за посилни перформанси“ ќе се фокусираме на хероините на македонскиот бизнис жените кои што само потврдуваат дека компаниите треба многу повеќе да се потпрат на нивниот талент и способности при донесувањето одлуки. Ќе претставиме дел од најуспешните, и секако најмоќни жени на македонската деловна сцена – ако се земе предвид обртот и добивките на компаниите што ги предводат од позиција на менаџери или членови на управните одбори. Во прилогот “Жените и бизнисот“ што ќе излезе на 13.05.2016, ќе може да прочитате:
l Кои се најмоќните жени во македонскиот бизнис, според големината на компаниите што ги предводат l Кои индустрии имаат најголем процент на жени на менаџерски позиции: ќе ги истакнеме и компаниите што предничат на ова поле l Жените како претприемачи: спешни македонски приказни l Од прва рака: интервјуа со менаџерки и сопственички на македонски компании за нивниот пат до успехот l Светски искуства: родовата и секоја друга разноликост во компаниите донесува најмногу иновации l Кои се најмоќните жени во бизнисот во регионот и светот Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
38
СофтверСка индуСтрија
развивачи на апликации за мобилни телефони, креатори на видео игри, но и аниматори на визуелни ефекти за холивудските филмови – сето ова го има на македонскиот пазар за софтверски производи и услуги
“The Revenant, оскаровецот со Леонардо ди Каприо, е еден од филмовите на чии што ефекти лани работеше македонската фирма FX3X
пишува:
н игор петровски
igor.petrovski@kapital.mk
На овогодинешните доделувања на Оскарите, во категоријата за најдобри визуелни ефекти во кандидатите за номинација за најголемата награда во индустријата, од 10 филмови кои беа на листата, македонската компанија за анимација и визуелни ефекти „FX3X“ работеше на 5: "Ant Man" ,"Avengers: Age of Ultron", "The Martian", "The Revenant" и "Tomorrowland"„. Останатите филмови на кои работеа во изминатава година се: Into The Woods, Jupiter Ascending Cindarrela, Furious 7, Terminator Genisys, Mission Impossible, Fantastic Four, Bond : Spectre, Mockinjay Part 2, Goosebumps, Victor Frankeinstain и Zoolander 2. Многупати досега сме пишувале за оваа македонска компанија, која што иако не спаѓа буквално во редот на производители на софтвер, со своите услуги што и ги нуди на холивудската филмска индустрија претставува уникатен пример на извоз на македонски ум во светот. Во 2011 се прогласени за Европски шампиони во претприемништво, и тим на професори од Универзитетот Американ Колеџ во соработка со своите ментори од Универзитетот во Кембриџ изработуваат показен пример (study case) за FX3X како пример за успешна компанија. Во 2015 „FX3X“ се најде во академскиот учебник „Кршење на мраз на претприемачки начин - Процеси и студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа", каде за првпат една македонска компанија се појавува како успешен пример за младите претприемачи од целиот свет. На иницијатива на Универзитетот Американ колеџ Скопје, ФХ3Х беше номиниран и прогласен за Европски шампион за
маКедонсКи КомпјутерсКи услуги за холивуд
КаКо тоа го прават домашните махери
претприемништво од Меѓународниот академски совет при Европска фондација за претприемачки развој во Варшава во 2011 година, заедно со уште 24 компании од Централна и Источна Европа. „Во моментов сме 250 луѓе, до крајот на годината планираме да станеме 300. Како и да е имаме огромен прогрес, имаме фантастични луѓе кои работат овде, и интересни проекти. Во изминатата година работевме на 18 филмови, оваа година ветува барем исто толку, во моментов работиме и на две анимирани серии, исто така работиме како главна компанија на независно продуциран филм, кој се надеваме дека до крајот на мај ќе биде готов. Компанијата расте и горди сме на нашата работа и на работата на целиот тим„, вели Кристијан Даниловски, еден од основачите и менаџер на FX3X.
видео игри made in bitola
Во Македонија работат и многу софтверски компании кои што развиваат видео игри и мобилни апликации. Најчесто се од редот на микро и малите фирми, со по неколку програмери, но нивните амбиции се големи. Камај Медиа од Битола е студио за развивање видео игри, основано во 2011 година, прво со еден вработен, сега се десетина програмери. “Главен проект на нашето студио е видео играта ‘Sonder’, која што е иновативна
во технолошка смисла и дефинира еден нов жанр на видео игри – каде што изборот што го прави главниот карактер има големо влијание врз приказната на играта и на нејзиниот конечен исход. Камај Медиа работи повеќе од три години на технологијата што овозможува изработка на ваква игра, но и на самата игра“, вели Петар Котевски, основачот на компанијата. Играта ја претставиле на повеќе странски саеми досега и имале доста преговори со потенцијални партнери од САД, Британија и Шведска. Бидејќи се работи за исклучиво иновативна идеја, како што вели Котевски, за која што досега нема пример на пазарот, и бидејќи нивното студио е стартап кој оперира од Македонија – не успеале да договорат голем повеќегодишен проект. “Затоа ние се префокусиравме на епизоден формат на издавање на играта, во 6 епизоди од 20 минути. Парите што ги добивме од Фондот за иновации ќе ни помогнат да ги доведеме првите две епизоди до странскиот дигитален пазар, односно за оперативни трошоци на студиото, посета на саеми и промоција на продуктот“, објаснува Котевски. Нивниот план е да ја пораснат фирмата до еден пристоен тим за изработка на висококвалитетни игри за компјутери и играчки конзоли. Таквиот тим брои околу 70-тина луѓе. nnn
амбиции: Ќе Се појават ли македонСки “Angry birds“ или “TAlking Tom”
Капитал број 860 22.03.2016
40
www.kapital.mk
јавно управување
Привилегиите на државните функционери
На што најмногу трошат пари македонските политичари?
Службени телефони, возила, авиобилети, хотелски сместувања, обезбедување... привилегиите на државните функционери ја чинеле државата нешто повеќе од 13 милиони евра во текот на 2015 година. Од нив најмногу пари, повеќе од 6 милиони евра се потрошени за телефонски сметки
Вучиќ: само четворица од вкупно 19 владини функционе
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.03.2016
41
ПРИВИЛЕГИИ НА ФУНКЦИОНЕРИ Телефонски услуги Службени автомобили (купување, осигурување, поправка, миење) Обезбедување Авиобилети Хотелски сместувања Репрезентација и сувенири Таблет комјутери Фитнес опрема ВКУПНО
6,3 милиони евра 3,5 милиони евра 3,5 милиони евра 320 илјади евра 10 илјади евра 62 илјади евра 99 илјади евра 43 илјади евра 13,8 милиони евра
*Извор: Биро за јавни набавки за 2015 година
П пишува:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
Преку 13,5 милиони евра потрошиле лани државните функционери на службени телефони, службени возила, авиобилети, хотелски сместувања, репрезентативен материјал, обезбедување ... Анализата на Капитал која ги опфаќа трошоците на владата, министерствата, претседателот и собранието, покажува дека најмногу средства се потрошени на телефонски услуги и тоа во вкупен износ
од 6,3 милиони евра. Речиси 3,5 милиони евра, пак, чини нивната привилегија за поседување на службени автомобили. Од нив, речиси 1 милион евра се потрошени за снабдување на службените возила со гориво, пола милион евра за нивно сервисирање, речиси 2 милиони евра за изнајмување на возила и нешто повеќе од 22 илјади евра за миење на службените возила. Исто толку пари (3,5 милиони евра) чини и обезбедувањето на функционерите. Податоците од Бирото за јавни набавки покажува дека Службата за општи и заеднички работи (СОЗР)која ангажира обезбедување за сите државни органи, лани склучила договор во вредност од 10,7 милиони евра за период од три години, односно 3,5 милиони евра по година за обезбедување. Од тие пари, речиси 200 илјади се трошат само на физичко обезбедување. За резервација на авиобилети, пак, функционерите потрошиле 320 илјади евра и дополнителни 10 илјади за хотелско сместување. За репрезентативен материјали и сувенири
Македонските функционери најмногу пари трошат на телефонски разговор, службени автомобили и обезбедување Александар Вучиќ, Премиерот на Србија уште во средината на 2013 година побара намалување на службените возила и нивната употреба. Тој тогаш порача: „Функционерите имаат добра плата, нека седнат во свое возило и нека дојдат на работа“.
се потрошени речиси 62 илјади евра. Освен овие т р ошоци, државните функционери од народната каса купиле и таблет комјутери и фитнес опрема. Притоа, за фитнес опрема се потрошени 43 илјади евра, додека, пак, за таблети се потрошени речиси 99 илјади евра. И додека во регионот, и Хрватска и Србија, најавија кратење на парите кои се трошат за привилегиите на функционерите, во Македонија воопшто не се споменуваат такви иницијативи од ниту една партија, а уште помалку од некој политичар. Единствена слична иницијатива од политичката партија „Левица“. Непосредно пред нова година од Иницијативниот одбор на Левица соопштија дека оваа партија во 2016 година ќе се потруди да оневозможи пратениците и функционерите да уживаат во привилегии и во високи плати додека народот тоне во сиромаштија. „Додека народот се дави во сиромаштија – народните претставници пливаат во лој. И тоа мора да престане“, изјавија оттаму. „ Тука сме да им порачаме на народните претставници дека кога ќе влезе во Собранието, Левица ќе поднесе закон
ери имаат право на 24/7 користење на службени возила
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.03.2016
42
јавно управување
со кој ќе се укинат привилегиите на пратениците и ќе се намалат нивните драстично високи плати од 80.000 денари. Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, со седење дома земаат 100.000 денари од државниот буџет, додека невработените лица земаат 50% од паричниот надомест, со оправдување дека ќе биле дестимулирани да бараат работа. Функционерите, на нивната висока плата, земаат цела сума. Значи, вакви привилегии едноставно мора да бидат укинати, бидејќи граѓаните, без разлика дали се функционери или не, се еднакви пред законот“, изјави тогаш Здравко Савевски од Левица.
Хрватска најави драстично кратење на привилегиите
Хрватската партија МОСТ, која е дел од власта, на почетокот од овој месец изготви предлог закон за радикално кратење на правата и трошоците на министрите, нивните заменици и помошници, како и за другите државни функционери и службеници со цел годишно да се заштедат преку 1,3 милиони евра на мобилни телефони, користење на службени автомобили, патувања, авионски карти, хотели ... Според анализите на оваа партија, само во 2013 година овие функционери потрошиле 53 милиони евра на службени автомобили (лизинг, гориво, сервис, осигурување). Намалување во овој дел МОСТ планира да се направи преку предлог препорачана километража што може да се помине за година дена, вградување на GPS систем со цел да се види како навистина и за кои цели се употребуваат овие возила. Исто така, МОСТ предлага министрите веќе да немаат неограничено право на службен возач и автомобил кој им е достапен 24 часа дневно во текот на цела година. Според новите правила, министрите ќе имаат право на возач и службено возило во текот на работните денови од 6 до 22 часот, а за време на викенди и празници исклучиво за службени потреби. Од МОСТ предлагаат и лимит на службените телефони, односно неограниченото користење се укинува со тоа што службените лица ќе имаат право месечно на државна
Хрватската партија МОСТ, која е дел од власта, најави драстично намалување на привилегиите и правата на државните функционери со цел да заштеди пари. Според анализите на оваа партија само во 2013 година овие функционери потрошиле 53 милиони евра на службени автомобили
сметка да потрошат 40 евра. Единствено, неограничувањето останува да важи само за премиерот, вицепремиерите и министрите. Во однос на хотелите пак, сместувањето не смее да биде повисоко од 65 евра по ноќевање за хотел во Хрватска, односно 131 евро по ноќевање за хотел во странство.
Вучиќ: Функционерите имаат добра плата, нека седнат во свое возило и нека дојдат на работа
Српскиот премиер Александар Вучиќ уште од средината на 2013 година најави ограничување на привилегиите на државните функционери, особено драстично намалување на непотребните службени патувања и намалување на бројот на службени возила. Оваа негова одлука доаѓа и поради неговите сознанија дека службените возила се користат и за приватни цели. „Разбирам сите сме зафатени, работиме државни работи, но не сме сите толку многу зафатени. А потоа во слободното време се
исто така зафатени, но не за активности околу државата, туку со приватен бизнис. И тоа не со приватен бизнис во најдобра смисла на зборот, туку во искористување на фактот дека се наоѓаат на државна функција“, рече Вучиќ. Според тогашните пресметки на премиерот Вучиќ, Србија троши 6 милиони евра само за службени возила, а пак одржувањето на тие возила, според неговата математика, чини повеќе од самото возило. Затоа тој најави дека не само што ќе го намали бројот на тие возила туку размислува и да укине сè, освен кога станува збор за итни потреби. „Функционерите имаат добра плата, нека седнат во свое возило и нека дојдат на работа“, рече тогаш Вучиќ. Со тогашните промени, Вучиќ дозволи само четворица од вкупно 19 владини функционери да имаат право на 24/7 користење на службени возила и тоа премиерот, вицепремиерот, министерот за внатрешни работи и министерот за одбрана. nnn
Обебзедување: 200 илјади евра годишно се трошат на физичко обезбедување
Капитал број 860 22.04.2016
44
www.kapital.mk
Свет бизнис и финансии
Нафтата останува минато
Дубаи станува модерен бизнис центар
Дубаи: Дури 70% од БДП на Дубаи се создава во
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
45
Повеќе од 25% од 500-те најголеми светски компании веќе ги одбрале Обединетите Арапски Емирати за нивно оперативно седиште од каде го покриваат Блискиот Исток и регионот на Северна Африка.
Н
Од мал и традиционален град, Дубаи во изминативе две декади прерасна во глобален центар на трговијата и туризмот. Дубаи успешно ја користи стратешката локација помеѓу Азија, Европа и Африка, и изгради светска инфраструктура која го претвори во регионален центар за трговија, логистика, бизнис, финансии, услуги и туризам.
Ниските цени на нафтата создадоа услови кои ги принудија Обединетите Арапски Емирати да гледаат малку подалеку од нафтата. Дубаи е особено успешен во овој поглед. Уште од основањето во 1971 година, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) бележи импресивен економски раст и политичка стабилност. Во текот на овој период, Дубаи прерасна од мал, традиционален град во глобален центар на трговијата и туризмот. Дубаи успешно ја користи стратешката локација помеѓу Азија, Европа и Африка, и изгради светска инфраструктура за да прерасне во регионален центар за трговија, логистика, бизнис, финансии, услуги и туризам. Според податоците за меѓународна трговија за 2015 година објавени од Светската трговска организација, ОАЕ успева да го одржи високиот ранг на светската трговска мапа, искачувајќи се на 16 место според извозот, и на 20 место според увозот на стоки. Во областа на услугите, ОАЕ е рангирана на 19 место во светот според
увозот на услуги и на 42 место според извозот на услуги. Дополнителни, минатата година земјата беше признаена како најсилен бренд во Заливот и сега е трет најсилен бренд на држава во светот, според консултантската куќа Brand Finance.
Најголемите светски компании се лоцираат во Дубаи
Лидерот на транзицијата на ОАЕ во одржлива и модерна економија е Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, Емирот на Дубаи и вице-премиер на Обединетите Арапски Емирати. Најголемите напори се насочени кон целосна диверзификацијата на економијата од нафтата до 2021 година, со цел земјата да не биде изложена на ценовните флуктуации на нафтата. Во 2015 година Министерството за економија објави дека 70% од Бруто домашниот производ (БДП) на земјата се создава од сектори кои не се поврзани со нафтата. Вредноста, пак, на надворешната трговија која не е поврзана со нафта во 2015 година достигна 476,4 милијарди долари, што е годишно зголемување од 10%. Преку креирањето на бизнис околина која обезбедува економска и социјална стабилност, Обединетите Арапски Емирати станаа многу атрактивна дестинација за странските инвеститори. Повеќе од 25% од 500-те најголеми светски компании веќе ги одбрале Обединетите Арапски Емирати за нивно оперативно седиште од каде го покриваат Блискиот Исток и регионот на Северна Африка.
о сектори кои не се пoврзани со нафтата
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
46
Свет бизнис и финансии
Според Agility Emerging Markets Logistics Index за 2016 година, ОАЕ е на врвот на рангирањето како пазар со најдобри бизнис услови од сите земји во развој. Извештајот, пак, на консултантската компанија New World Wеalth покажува дека само минатата година околу 2.000 милионери се преселиле во Дубаи
Лидерот на транзицијата на ОАЕ во одржлива и модерна економија е Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, Емирот на Дубаи и вице-премиер на Обединетите Арапски Емирати.
Пример за модерен еко-град
Претстојниот настан EXPO 2020 исто така ја промовира меѓународната позиција на Обединетите Арапски Емирати како глобална бизнис арена. Клучните индустриски сектори на земјата, како логистиката, туризмот, недвижностите нудат огромни можности за бизнис, во кои се планира да се креираат 270 илјади нови места до 2020 година. Прелиминарните проценки покажуваат дека економските ефекти кои ќе се генерираат од претстојниот EXPO 2020 ќе достигнат над 17,7 милијарди долари. Главните теми на EXPO 2020 година веќе го позиционираат Дубаи како носител на одржливиот развој и зелената економија. Властите на ОАЕ се обврзани да ја направат земјата успешен глобален модел кој ќе докаже дека еко-градовите можат да бидат оперативни и функционални. Во 2016 година ОАЕ ќе продолжат да ја зацврстуваат својата позиција како глобален трговски центар дистанцирајќи се од трговијата со нафта и поттикнувајќи ги странските инвестиции во обидите да се изгради успешна, одржлива и модерна економија. Обединетите Арапски Емирати се рангирани како 15 најдобра инвестициска дестинација во светот. Минатата година Дубаи имаше економски раст од 4% и покрај падот на цените на нафтата, и неизвесноста во Европа, Кина и Русија. Проценките се дека економијата на ОАЕ во следната декада ќе расте со просечна стапка од 3,5% годишно, благодарение на туризмот, трговијата, логистиката и другите услужни дејности. nnn
Во Дубаи ќе се гради нова зграда уште повисока од Бурџ Калифа
В
о Дубаи наскоро ќе почне да се гради нова зграда која ќе биде повисока од Бурџ Калифа, моментално највисоката зграда на светот. Градежната компанија Емар, која стои зад овој проект, објави дека проектот ќе чини една милијарда евра. Мохамед Алабар, претседател на Управниот одбор на Емар објави дека компанијата планира да ја изгради зградата и да ја поклони на градот Дубаи пред 2020 година кога Дубаи ќе биде домаќин на претстојниот изложбен саем Expo 2020. Моментално највисока зграда во светот е Бурџ Калифа која е висока 828 метри, а изградбата чинеше 1,5 милијарди долари. Во Дубаи во изминатите години се изградија неколку футуристички облакодери, кои целосно го променија изгледот на градот.
Brand Finance: Дубаи е трет најсилен бренд на држава
Contact: 022/401-985 | 070/380-755
Капитал број 860 22.04.2016
48
www.kapital.mk
Образование и наука
Први ораторски вечери на ФОН
“Бедна е онаа правда што треба да се правда”
Момчето со Даунов синдром Александар Матовски-Цако својот говор го почна со зборовите: „Јас сум среќен човек!“. Сепак Матовски проговори и за личното чувство на онеправданост како човек со посебни потреби, поради неможноста да има нормален живот, љубов, врски и пријателства
Србиновска: Кризата во убавиот говор почнува
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
49
Б
фото: Игор Бансколиев
Идејата на ораторските вечери е тие да не постојат сами за себе туку да поттикнат и апликативно ораторство, односно од настанот да произлезат и низа обуки за убаво говорење и вештини на комуникација.
„Бедна е онаа правда што треба да се правда“ беше темата на првите ораторски вечери што се одржаа минатата недела на Универзитетот ФОН, на кој учествуваа 11 студенти од државните и приватните универзитети во земјава. Ова е прв настан од ваков вид во Македонија, во кој покрај негувањето на ораторските квалитети,
го промовира и концептот на инклузија со својата отвореност и за студенти со потешкотии во развојот. Меѓу учесниците беше и Александар Матовски-Цако, момче со Даунов синдром од Педагошкиот факултет. „Јас сум среќен човек!“. Со овие зборови Цако го почна својот говор во кој проговори и за личното чувство на онеправданост како човек со посебни потреби, поради неможноста да има нормален живот, љубов, врски и пријателства. Студентите зборуваа за правдата во контекст на бегалската криза, акутните кршења на правото и правдата кај нас од страна на политичарите, апсурдното и буквалистичко толкување на правото во случаите како оној на дедо Милорад и неговата казна од 150 евра за продавање неколку страка коприви и марули. Зборуваа за затајувањето на правото во случајот со малата Тамара, за социјалната правда и неправда, за чувството на осакатеност и онеправданост на сите оние млади луѓе принудени да ја напуштат земјава. Не го заобиколија ни неправедното затворање на новинарот Кежаровски, избирањето на судиите по партиски тефтер, ниту загрижувачкото непрепознавање на правдата во овој свет на превртени вредности. Говорниците кои учествуваа на овој настан ја дадоа својата ораторска визија
во време кога во Македонија не се знае дали правдата е војна или смиреност и присебност и се погласно се поставува прашањето дали може да постои правото без да имаме лично чувство за правда? Во програмата беше вклучен и импровизиран говор за кој учесниците имаа само петнаесет минути време да се подготват. Темата „Правдата и моќта“, која ја зададе Љупчо Зиков, уредник на „Капитал“, која во моментов е повеќе од горлива, ги инспирира ораторите на импресивни говори. Идејата и концептот за организирање на ораторските вечери поттекна од професорката на ФОН Александра Србиновска-Дончевски и Ана Јорданова, извршна директорка на „Луминари продукција“ и винска уредничка во винарницата „Стоби“. “Намалувањето на интересот за реторика, нејзината целосната маргинализација, што на крајот се манифестира во криза на убавиот говор, е општа појава во нашето општество. Сето ова почнува од телевизијата, а завршува во парламентот. Почнува од семејството, а завршува во јавниот живот. Се обидуваме да ги охрабриме и да им дадеме шанса и на младите со посебни потреби, кои се на студии, да се пријават на конкурсот, да бидат дел од овој настан и да ги покажат своите ораторски способности”, вели Србиновска-Дончевски, која на универзитетот ФОН го предава предметот
а од семејството, а завршува во јавниот живот
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
50
Образование и наука
Д
Н
амалувањето на интересот за реторика, нејзината целосната маргинализација, што на крајот се манифестира во криза на убавиот говор, е општа појава во нашето општество. Сето ова почнува од телевизијата, а завршува во парламентот. Почнува од семејството, а завршува во јавниот живот. Се да ги охрабриме и да Александра обидуваме им дадеме шанса и на младите со Србиновска- посебни потреби, кои се на студии, да Дончевски се пријават на конкурсот, да бидат дел професор на Универзитетот ФОН од овој настан и да ги покажат своите ораторски способности.
реторика и аргументација. Идејата на ораторските вечери е тие да не постојат сами за себе туку да поттикнат и апликативно ораторство, односно од настанот да произлезат и низа обуки за убаво говорење и вештини на комуникација. “Да умеете да препознаете добра идеја е клучната алка за успех во бизнисот. Винарница „Стоби“ даде целосна поддршка, бидејќи станува збор за проект што сè уште е чекор напред кон современите светски едукативни трендови. Охрабрувањето да се пријават на конкурсот студенти со развојни тешкотии, како и акцентот на уметноста, класичната музика и можноста да се вкуси традиционалното македонско вино, говорат многу за првите ораторски вечери на ФОН”, вели Ана Јорданова. Покрај универзитетот ФОН и генералниот покровител, винарницата „Стоби“, поддршка на овој настан дадоа и магазинот „Капитал“, издавачката куќа „Култура“, Академијата за протокол на РМ и Радио МОФ. Првата, втората и третата награда за најдобрите оратори се состојат од стипендија за студирање на ФОН, комплет книги од издавачката куќа „Култура“ и награди од генералниот покровител, винарницата „Стоби“. Во текот на настанот завчера, академската уметница Цветанка Јованова изработи слика инспирирана од говорниците и зададените теми, која и ја подари на професорката Србиновска-
Ана Јорданова извршен директор на „Луминари продукција”
Дончевски. Предвидено е настанот на ФОН да биде традиционален и да се одржува секоја година. За најдобра ораторка беше прогласена Емилија Манасијева од Факултетот за економски науки - ФОН, која ја доби првата награда. Втората награда ја поделија Валерија Крстева од правниот факултет
а умеете да препознаете добра идеја е клучната алка за успех во бизнисот. Винарница „Стоби“ даде целосна поддршка, бидејќи станува збор за проект што сè уште е чекор напред кон современите светски едукативни трендови. Охрабрувањето да се пријават на конкурсот студенти со развојни тешкотии, како и акцентот на уметноста, класичната музика и можноста да се вкуси традиционалното македонско вино, говорат многу за првите ораторски вечери на ФОН.
„Јустинијан Први“ од Скопје и Елена Орцева од правниот факултет на „Универзитетот Гоце Делчев“ од Штип. Третата награда ја доби Александар Матовски-Цако од педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, со што оваа манифестација дава дополнителен стимул за учество на студенти со развојни тешкотии. nnn
Јорданова: Да се препознае добра идеја е клучно за успех во бизнисот
Капитал број 860 22.04.2016
52
www.kapital.mk
наука
Нано-сателити ќе се движат 1000 пати побрзо од сегашните вселенски летала
Почнува ерата на патување до ѕвездите
Стивен Хокинг, и неговиот колега физичар, но и милијардер, Јуриј Милнер, ќе се обидат со мисијата Breakthrough Starshot, вредна 100 милиони долари, да го продлабочат досегашното сфаќање за вселената. За да стигнат до најблиската ѕвезда со Сончевиот систем, Алфа Кентаур, се откажаа од горивото, наместо кое за погонот на нано-леталата ќе се користи светлината. Вака ќе се постигне брзина еднаква на 20% од брзината на светлината, благодарение на која може да се стигне до ѕвездите во рамките на еден човечки живот
Хокинг: За до ѕвездите ни треба многу поголема брзина од сега можната
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
А
Англискиот теоретски физичар и космолог, Стивен Хокинг, и рускиот милијардер Јуриј Милнер кој, исто така, е физичар, ги обединуваат силите во нов заеднички проект за продлабочување на разбирањето на вселената. Нивната нова мисија, наречена Breakthrough Starshot, ќе се обиде да развие нано-летало(летала), чија цел ќе биде да стигне до најблиската ѕвезда до Сончевиот систем, Алфа Кентаур, и оттаму да испрати фотографии. Инвестицијата во иницијативата е 100 милиони долари, а во случај да биде успешна, науката ќе може да каже дали системот на Алфа Кентаур содржи планета слична на нашата, на која може да има живот, пренесе Reuters. Секако, работата на еден ваков проект може да трае години, без да има гаранција дека ќе биде успешен, заклучува агенцијата. Конкретното соопштение за Breakthrough Starshot доаѓа неколку месеци откако Милнер објави дека ќе инвестира други 100 милиони долари во десетгодишниот проект Breakthrough Listen, за потрага по разумен вонземен живот, со помош на некои од најголемите радиотелескопи на светот. Стивен Хокинг е дел и од овој проект, а новата иницијатива, Breakthrough Starshot, пак, е поддржана и од основачот на Facebook, Марк Закерберг, кој е член на бордот на директорите (на Breakthrough Starshot). Овој проект предвидува користење мали, придвижувани од светлината транспортни средства, што ќе пренесат до саканата дестинација опрема како камери, комуникациска техника ... Научниците се надеваат дека минијатурните летала, или нанокрафтите, ќе бидат во состојба да се движат со брзина еднаква на 20% од
53
брзината на светлината, што е над 1000 пати побрзо од современите вселенски летала. „Тие ќе наликуваат на чиповите од мобилните телефони, со многу тенко тело“, објасни поранешниот директор на истражувачкиот центар на NASA Ames, Пит Ворден, кој го раководи проектот. Тој предвидува испраќање на поголем стандарден вселенски брод, што би содржел илјадници нанокрафти, во орбитата, и потоа нивно лансирање еден по еден во Космосот, пишува Reuters. Меѓу предизвиците со кои ќе треба да излезе на крај екипата од проектот, е и тој, како ќе се гарантира опстојувањето/ „преживувањето“ на минијатурните вселенски летала при нивното истрелување и летот нив вселенскиот простор. Ако тие успеат да стигнат до ѕвездениот систем на Алфа Кентаур и направат фотографии, нивното праќање до Земјата ќе трае околу четири години. „Некогаш Алберт Ајнштајн си замислувал како би било да се јава на сончев зрак, и овој мисловен експеримент го довел до специјалната теорија на релативноста. Нешто повеќе од век подоцна имаме
можност да стигнеме до значаен дел од оваа брзина - 100 милиони милји на час. Само со оваа брзина можеме да стигнеме до ѕвездите во рамките на еден човечки живот“, напиша на Facebook, Стивен Хокинг. За патувањето до ѕвездите да биде можно, потребно беше откажување од идејата за гориво за погонот на вселенските летала, и да се воспостави нов начин за движење со поголема брзина. Според брзината на нанолеталата планирани во проектот на Хокинг и Милнер, до Плутон не би се летало девет години (како сега, со најбрзото актуелно летало на NASA), туку само четири дена. Алфа Кентаур е најсветла ѕвезда во соѕвездието Кентаур која може да се види само од јужната земјина полутопка, и таа е двојна ѕвезда, каде околу ѕвездата B кружи планета Алфа Кентаур Bb. Масата на оваа планета е многу ниска, но таа кружи околу ѕвезда што е слична на Сонцето, а нејзината година трае 3,2 дена. Планетата е на многу помала оддалеченост од својата ѕвезда отколку што Меркур кружи околу Сонцето, што значи дека најверојатно на Алфа Кентаур Bb не постои живот. Барем не таков каков што очекуваме како Земјани, поради огромната топлина на планетата. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 860 22.04.2016
54
лидери
лојд Крег БланКфајн извршен диреКтор на голдман СаКС
Само Компаниите Кои раСтат Создаваат БогатСтво!
л
Лојд Крег Бланкфајн е познат американски бизнисмен кој во моментот е на чело на познатата групација за мултинационално инвестициско банкарство „Голдман Сакс“. Според магазинот Forbes Бленкфајн во 2015 година се најде на листата на десетте најдобри извршни директори во светот, држејќи ја седмата позиција, оставајќи го извршниот директор на Apple, Тим Кук позади себе, кој пак лани се најде на 10-та позиција. Во 2009 година пак Financial Times го прогласи Бланкфајн за „Личност на годината“. Еве дел од неговите познати и инспиративни изјави за водење бизнис и за градење кариера.
Во вашиот живот вие треба да најдете луѓе кои ќе сакат да работат со вас и кои ќе сакаат да ви помагаат. Организациската структура, според мене, воопшто не е важна. Да, потребна е добрата волја од вашите претпоставени, но многу повеќе е потребна добрата волја од вашите подредени.
Јас почнав да работата како адвокат, од каде потоа направив трансфер во Голдман Сакс. Тоа ме научи дека животот е непредвидлив. Дека вие навистина, во рамки на вашата кариера, треба да се обидете да бидете одлични во сè она што правите. Според мене, доколку се фокусирате на вашата работа, доколку се фокусирате на тоа да ги проширите вашите видици на работното место, следната ваша работа ќе биде само последица од таквото искуство.
Дали е можно да правиме премногу пари? Дали е можно да сте преамбициозни? Дали е можно да сте премногу успешни? Јас не сакам луѓето во оваа фирма да мислат дека постигнале сè за себе доколку успеат да си дозволат да одат на патување.
Компаниите кои растат создаваат богатство. Ова, од друга страна, дозволува луѓето да имаат работни места, да се креира уште повеќе раст и уште повеќе богатство. Тоа е тој достоинствен круг.
Финансиската криза ви дозволи да научите многу за мене и за мојата фирма. Но, од оваа оваа криза многу научив и јас за себе. Ете, сега научив дека имам многу повеќе нерви, отколку што сум претпоставувал.
Ние мора да ја толерираме нееднаквоста како начин да постигнеме поголем просперитет и можности за сите