СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ОЧЕКУВААТ ВЛОШУВАЊЕ НОВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ И ВРАБОТУВАЊА НА STAND BY
АНАЛИЗА ЗОШТО “УМИРА“ ЛИЗИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА?
ИНТЕРВЈУ: БЕСА АРИФИ
универзитетски професор
ИЗЛЕЗОТ ОД КРИЗАТА Е ВО ПОНЕСУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ!
Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...
КАКО РАБОТЕА ДРЖАВНИТЕ КОМПАНИИ ЛАНИ!?
СЕКОЕ ЧЕТВРТО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ЗАГУБА!
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ КОН ГРЦИЈА БЛОКИРАН НАД 30 ДЕНА БИЗНИСОТ ТРПИ ШТЕТИ
СЕ БАРА ПРИТИСОК ВРЗ ГРЧКАТА СТРАНА! БРОЈ 861 | ЦЕНА 100 ДЕН. 29 АПРИЛ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
СЕДУМ ЛЕКЦИИ ЗА ИНОВАЦИИ ОД ХАРВАРД
3
Капитал број 861 29.04.2016
СодржИНа
04 04
profile
06
НавИГатор
08 10 16
32 22
Среќко Хорват
филозоф и соосновач на движењето DiEM25
ИНтервју
БеСа арИфИ
универзитетски професор
48 40
меНаџмеНт
44
ПретПрИемНИштво
46
здравје
48
уметНоСт
Излезот од кризата е во понесување на одговорност!
26
комПаНИИ И ПазарИ
Борбата против затајувачите на даноци запна уште на почеток Европа се подели околу одговорот на “Panama Papers”
30
Луѓе И комПаНИИ
Cover story
32
Политичката криза кулминира Европа се заканува со санкции погубни за државата
во фокуС
како работеа државните компании лани!? Секое четврто јавно претпријатие во загуба!
БИзНИС И екоНомИја Странските инвеститори очекуваат влошување
36
Пругата за Солун блокирана над 30 дена Бизнисот трпи штети Се бара притисок врз грчката страна! македонскиот лизинг пазар со голем пад Од “златната“ 2008 до сега 3,5 пати е помала вредноста на склучените лизинг договори
Новата генерација раководители во семејните бизниси Сакаатпромени,нотешкоможат да се изборат за нови идеи Седум лекции за иновации од Харвард
Ласерски зрак наместо хируршки скалпел во ”ре-медика” Петар ПоПЧев АКАДЕМСКИ СЛИКАР
БаЛкаН БИзНИС И ПоЛИтИка
вучиќ доби нов силен мандат две години пред истекот на претходниот
ПретПрИемНИштво
кои се најголемите стартап компании во европа?
Приказните од мојата страна на улицата
52 54
ЛИдерСтво
рекоа за... Протестите
ЛИдер
еЛИ Брод
американски бизнисмен и филантроп
заГуБарИ
БеСа арИфИ
едНорозИ
Едно од четири претпријатија во државна сопственост во Македонија лани работело непрофитабилно, покажаа податоците од најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Вкупно 29 од 113 државни фирми минатата година направиле загуба од 31,3 милиони евра. Интересно е што дури 30 државни фирми од кои повеќето на хартија прикажаа добивки, се најдоа на црната листа на Управата за јавни приходи со неплатен даночен долг од 19,2 милиони евра.
Помилувањето на 56 лица во еден ден претставува крах на правниот систем и замена на демократското владеење со политичко самоволие – вака професор Беса Арифи ја толкува одлуката на Претседателот Иванов кој неодамна прогласи општа аболиција за сите вклучени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство. За помилувањата, за протестите, за независноста на судството и граѓанската одговорност, разговаравме со професор Арифи.
Трета година по ред Wall Street Journal, заедно со Dow Jones Venture Source, ја претставуваат светска листа на стартап компании со највисока пазарна проценка. Бројката на стартап „еднорозите“ од почетокот на минатата година, досега, пораснала двојно - 148 стартап компании во светот се со пазарна проценка над една милијарда долари. Листата е збогатена и со примери од Европа, па, запознајте се накратко со најуспешните од нив.
XX Стр. 10
XX Стр. 22
XX Стр. 36
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 28.04.2016
profile
www.kapital.mk
среќко Хорват филозоф и соосновач на движењето DiEM25
Ние сме во војНа што ја водат баНките, а Не теНковите Хрватскиот философ и активист, Среќко Хорват, кој заедно со поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, го основа движењето DiEM25, вели дека денес во светот може да се видат симптоми на нешто што не може да се определи никако поинаку освен како војна. Проблемот е, смета тој, што парадигмата на војувањето се променила, додека нашиот критериум останал во деведесеттите години од минатиот век, односно, кога ќе се каже „војна“, прва асоцијација ни се бомбардирања и тенкови, а денес понаку се војува
ХорВат: Стариот СВет уште не умрел, а ноВ
Капитал Капитал број број860 861 22.04.2016 29.04.2016
Х
Хрватскиот философ и активист, Среќко Хорват, заедно со поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, го основа движењето Демократија во Европа (Democracy in Europe Movement 2025 DiEM25). Бројката на нивни поклоници/ истомисленици продолжува да расте, додека во актуелната ситуација во Европа, на нивните трибини, тие предупредуваат дека континентот мора да се демократизира и трансформира, да се сузбие растот на десницата и национализмот, или ќе се распадне. Хорват смета дека живееме во историски период, што „не почнал пред два месеци, ниту пред неколку години, но дека денес гледаме симптоми на нешто што не може да се определи никако поинаку освен како војна“. „Кога Адорно (станува збор за познатиот германски социолог и философ, Теодор Адорно, н.з.) во едно интервју за Spiegel во 1969 година го прашале: Господин професор, се чинеше дека светот пред два месеци сè уште беше во ред?“, тој кратко одговорил: „За мене не беше“. Периодот во кој денес живееме навистина е историски. Тој не почна ниту пред два месеци, ниту пред неколку години, а денеска гледаме симптоми на не што што не може да се определи никако поинаку освен како војна“, вели Хорват во интервју за Al Jazeeru. Тој смета дека проблемот е што денес парадигмата на војувањето се променила, додека нашиот критериум е останат во деведесеттите години од минатиот век, односно, кога ќе се каже „војна“, прва асоцијација ни се бомбардирања, тенкови и сето она што се преживеа на екс-ЈУ просторите по распаѓањето на заедничката држава. Но, смета Хорват, денес се наоѓаме во една поинаква војна, кога за да биде фрлена бомба повеќе не е потребен ниту авион, ниту пилот, а доволно е беспилотно летало, дрон, за и „дете во Лас Вегас со далечински управувач да убие 1.600 луѓе во Пакистан“. „Но, и ова веќе стана „класично војување““, продолжува Хрватот: „За да освоите некоја држава, доволна ви е финансиска инвазија, а наместо тенкови, имате банки. И ако во целата оваа слика го вклучите тероризмот во европските престолнини, бегалската криза, новите мерки за штедење и осиромашувањето на цели генерации, ќе добиете една нова парадигма за војувањето, што најдобро ја опиша италијанскиот философ Џорџо Агамбен во една од своите последни книги
profile
5
Хрватскиот философ и активист, Среќко Хорват, кој заедно со поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, го основа движењето DiEM25, чие основно мото е дека ЕУ мора да се демократизира пред да се распадне
под името Стасис. Стасис е антички поим што ја опишувал борбата меѓу олигархиските и демократските фракции во грчките државиградови, кои, да речеме, Тукидид ги опишал во Историјата на Пелопонеската војна. Накратко, тоа е одговор на државата на внатрешниот револт. Денес токму „стасис“ - граѓанската војна, стана нова политичка парадигма“, вели Хорват. Соосновачот на DiEM25 смета дека и мерките што европските држави ги преземаат по терористичките напади, за да спречат следни, не само што не создаваат поголемо чувство на безбедност кај граѓаните, туку дури и дополнително ги застрашуваат. Хорват кажаното го илустрира со личен пример, кога неодамна, при слетување во Виена, кога ја поминувал граничната контрола, првото што го дочекало биле четиримина потполно маскирани специјални полицајци со оружје со долги цевки. „Дали се чувствував посигурно? Не, токму спротивното. Внимавајте, тоа веќе не е така само во градовите што неодамна искусија тероризам, во Париз и во Брисел, туку во поголем дел од Европа. И покрај сета таа контрола, неколку „клинци“ со мобилни телефони и екплозив од сопствената гаража, сеедно успеваат одново да посеат жртви и страв. Борбата против тероризмот е импотентна, бидејќи „менаџментот со стравот“ како прва жртва ги зема нашите сопствени граѓански слободи, додека терористите и натаму ќе удираат по цивили, од месец во месец“. На прашањето - кој би бил можниот одговор на граѓаните, и што во контекстот може да помогне движењето Демократија во Европа, Хорват вели дека претпоставката од која DiEM25 тргнува е дека Европската унија или ќе се демократизира или ќе се распадне. „Доволно е да ја погледнете економската
стагнација на целиот овој континент, пропаднатите мерки за штедење, приватизациите што водат исклучиво кон приватно богатење, перење пари во Панама, потоа бегалската криза, тероризмот, враќањето на екстремната десница од Унгарија до Полска, сè до Хрватска - сите оние симптоми што Антонио Грамши во своите Затворски тетратки убаво ги опиша како „морбидни симптоми“ што се раѓаат кога стариот свет уште не умрел, а новиот уште не може да се роди“, вели Хорват. Тој смета дека во ваквата ситуација во која денес живееме, и без претерување може да се каже дека „на тоа чудовиште или ќе му погледнеме во очи, или многу брзо ќе се најдеме во ситуација што се изродила од 1930-тите години, кога демократите низ Европа - од радикалните левичари, преку либералите, до социјалдемократите - со сопствената импотенција и неможноста да се обединат во заеднички фронт ја отворија вратата за фашизмот. „Денеска сме пред онаа ситуација во која Ајнштајн и Фројд, на почетокот на триесеттите години од минатиот век, почнале размена на писма по прашањето - Чуму војна?. Половина година подоцна на власт во Германија, на 30 јануари 1933 година, доаѓа Хитлер“. Хорват смета дека ЕУ сега греши, кога наместо да ги нахрани бегалците, со шест милијарди евра храни „еден османски диктатор, кој апси новинари и академици, ги истребува Курдите и и дава оружје на Исламската држава“. Хрватот, партнер на Варуфакис, прашува што е друго европската помош за Турција, освен „аутсорсинг“ на бегалците на периферијата, со истовремено пролонгирање на кризата која одново може да се врати како бумеранг, во вид на тероризам, нови граници, екстремна десница ... nnn
овиот уште не може да Се роди
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
6 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА
ЗА ЕДНО РАБОТНО МЕСТО ВО ДР
> БРОЈКА
70,8%
oд бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија во февруари е од домашно производство
АНДЖЕЈ ДУДА
Европската унија покажува премалку солидарност и разбирање за ситуацијата во државите на Централна и Источна Европа, кои неодамна пристапија во ЕУ и се обидуваат да фатат чекор со богатите земјите од Западот.
претседател на Полска
З
а едно работно место во државниот сектор, лани аплицирале 45 граѓани, додека за едно работно место во јавниот сектор аплицирале 32 граѓани, покажува најновиот Извештај за работата на Агенцијата за администрација за изминатата година (2015). Според истиот Извештај, лани Агенцијата објавила вкупно 216 јавни огласи за 1.059 извршители за нови вработувања, а за истите до неа стигнале вкупно 47.740 пријави за вработување по пат на јавен оглас, или во просек 45,08 пријави за еден извршител.
ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА КУЛМИНИРА
ЕВРОПА СЕ ЗАКАНУВА СО САНКЦИИ
П
Претставници на Европската Унија преку најпознатите светски медиуми како што се Financial Times, Reuters и Wall Street Journal им прати порака на македонските власти дека разгледува санкции кон земјата откако политичката криза од преговарачката маса излезе на улиците а пропадна и обидот за повторно преговарање во Виена. Иако нема конечна одлука за конкретни мерки од ЕУ, медиумите пишуваат дека во игра е одземање на препораката за преговори на Македонија со ЕУ за членство, забрана за патувања на одредени политичари кои што го блокираат решавањето на кризата, како и замрзнување на нивните сметки и имоти. Во исто време, како една од опциите за казна на Македонија е и финансиска изолација. Светската банка, како што објави БИРН повикувајќи се на дипломатски извори, ја прекинала втората фаза од Програмата за подобрување на општинските услуги во Македонија се додека не заврши политичката криза во земјава со кредибилни избори и легитимна власт признаена од меѓународната заедница. Подоцна од Светската банка исто така потврдија дека кредитот од 25 милиони евра за оваа намена, ќе може да се
Иако нема конечна одлука за конкретни мерки и санкции од ЕУ, светските медиуми веќе пишуваат дека во игра е одземање на препораката за преговори на Македонија со ЕУ за членство, забрана за патувања на одредени политичари кои што го блокираат решавањето на кризата, како и замрзнување на нивните сметки и имоти. Во исто време, на државата и се заканува и финансиска изолација преку запирање на кредитите од меѓународните финансиски институции. користи само по завршување на изборниот циклус. Економските аналитичари исто така предупредуваат дека меѓународните финансиски кредитори, како што се ММФ и Светската банка кои што со седишта во Вашингтон се под „контрола“ на САД и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ) над кои што влијание има Европската Унија, ќе
ги запрат кредитите за Македонија се додека политичката криза не добие разврска. Економистите велат дека политичкиот ризик на земјата значително се зголеми и тој испорачува негативни сигнали кон странските инвеститори и кон потенцијалните кредитори, концесионални и комерцијални. „Концесионалните кредитори може да го стопираат финансирањето, а комерцијалните да го вградат политичкиот ризик во цената
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
7
РЖАВЕН СЕКТОР АПЛИЦИРААT 45 ЛИЦА Од вкупно пристигнатите и обработени пријави, пишува во извештајот, 8.104 се пријави за вработување на државни службеници за огласи објавени во 2015 година, од кои 1.104 за вработување во општините и градот Скопје, а 7.000 за потребите на државните органи. Во споредба со претходната 2014 година, се бележи мал пад на лица кои аплицирале за работа во државна служба. Односно, во 2014 година за едно работно место во овој сектор аплицирале 65 лица, додека лани 45. Од вкупно пријавените лица, 9% се избрани за раководни функции, 64% за стручни функции и остатокот (27%) за стручно- административни функции.
мисла на неделата
Измислените потреби на потрошувачкото општество ги плаќаме со дел од реалното и ограничено време од нашите животи кое го трошиме заработувајќи измислени пари.
Хозе Мухика поранешен претседател на Уругвај
> БРОЈКА
52%
е намалено производството на електрична енергија од хидроцентралите во февруари годинава во однос на истиот месец лани
лидери
И ПОГУБНИ ЗА ДРЖАВАТА
на финансирањето, односно во повисока каматна стапка. Неизвесноста за идните економски и даночни политики ги одлага одлуките за инвестиции како на домашните така и на странските инвеститори“, оценуваат од Институтот Finance Think. Универзитетскиот професор Марјан Петрески вели дека ескалацијата на состојбите е многу сериозна закана за економијата. „Инвестициите веќе страдаат, ефекти ќе
има и врз потрошувачката. Целосно воздржаниот приватен сектор веројатно и понатаму ќе го компензира Владата, со нагласено извршување на буџетот, и со капиталните инвестиции и преку алиментирањето на сите зголемувања на тековни расходи што ги ветила. Тоа притиска на долгот, тој е моментално на горната опасна граница и отплатната способност е под голем ризик. Гледаме воздржаност од меѓународните финансиски институции, во смисла прво да се сочека разрешница на кризата пред евентуално да се одобруваат нови кредити, па макар тие биле и наменски“, оценува универзитетскиот професор Марјан Петрески. Од банкарскиот сектор исто така предупредија дека е извесно намалување на кредитирањето по најавата за можни санкции од страна на Европската унија но и продлабочената политичката криза. Банкарите велат дека засега штедните влогови на граѓаните се сигурни во банките, но порачуваат политичките партии сериозно да ги сфатат најавите за можни санкции од ЕУ и воздржаноста на меѓународните кредитори. Бизнисмените предупредуваат дека најавата за можни санкции од Европската унија ќе ја наруши трговската размена со земјите членки на ЕУ. Укажуваат дека тоа може да се одрази негативно и на проектираниот економски раст за оваа но и за следната година. Од бизнис секторот посочуваат дека евентуалните санкции може да значат крај за европските кредитни фондови, а во тој случај домашните банки ќе треба да ги сервисираат државните потреби за пари, што значи дека ќе нема кредити за реалниот сектор.
АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ
Александар Вучиќ и неговата партија СНС обезбедија уверлива победа на предвремените избори во Србија
АНГЕЛА МЕРКЕЛ
Меркел е добитник на медалот „Четири слободи“ за лидерство во справување со проблемите на Европа
не им беше неделата
САТИЈА НАДЕЛА
Мајкрософт во првиот квартал годинава бележи пад на приходите и на добивката на компанијата
РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН
Турција продолжува со апсење на странски новинари кои ја критикуваат владата во Турција и претседателот Ердоган
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
8
Во фокус
Борбата против затајувачите на даноци запна уште на почеток
Европа се подели околу одговорот на “Panama Papers”
Многу европски здруженија на претприемачи предупредија дека има голем ризик за нивната репутација, ако некои податоци станат јавни или се интерпретираат неправилно. Покрај тоа, нивните конкуренти надвор од ЕУ може на тој начин да се здобијат со значителни информации за европските фирми, што би им дало конкурентска предност.
Г
ерманскиот министер за финансии Волфганг Шојбле се изјасни против идеите на колегите од Европската комисија за принудување на мултинационалните корпорации да разоткријат детално држава по држава какви даноци плаќаат. Причината зошто е против, според него, е тоа што оваа мерка ќе имала спорен ефект. “Понекогаш има противречност помеѓу транспарентноста и ефикасноста. Треба да бидеме претпазливи бидејќи принудувањето некого на јавно споделување на информациите може да има спротивен ефект. Многу физички и правни лица се повеќе склони да ги споделуваат информациите кога не им се наложува и не им се прави притисок”, изјави Шојбле на средбата на министрите за финансии која се одржа минатата недела во Амстердам. Претседателот на Екофин, холандскиот министер за финансии Иерун Деиселблум потврдува дека има поделба во рамки на Европската унија кога станува збор за плановите за поголема транспарентност кои беа претставени од Европската комисија на 12 април Според Комисијата, ова е клучен елемент во борбата против затајувањето на даноци, особено по разоткривањето на скандалот Panama Papers. Лондон, Париз и Европарламентот официјално се “за” за ваквите идеи за поголема транспарентност, но засега се воздржуваат од повици за уште построги мерки со цел разоткривање на дополнителни информации од бизнисот.
Кој е против и зошто?
Агенцијата Reuters објавува дека неколку министри, вклучително на Австрија, Малта и Белгија, на средбата во Амстердам повикале да не си играат реакциите за Panama Papers. “Не треба да претеруваме. Претпочитаме како прв чекор податоците за корпоративните даноци да бидат достапни за соодветните даночни власти, а не на масовниот аудиториум”, изјавил министерот за финансии на Малта Едуард Шиклун. Многу европски здруженија на претпримачи предупредија дека има голем ризик за нивната репутација, ако некои податоци станат јавни или се интерпретираат неправилно. Покрај тоа, нивните конкуренти надвор од ЕУ може на тој начин да се здобијат со значителни информации за европските фирми, што би им дало конкурентска предност.
Волфганг Шојбле
министер за финансии на Германија
Понекогаш има противречност помеѓу транспарентноста и ефикасноста. Треба да бидеме претпазливи бидејќи принудувањето некого на јавно споделување на информациите може да има спротивен ефект. Многу физички и правни лица се повеќе склони да ги споделуваат информациите кога не им се наложува и не им се прави притисок.
Едуард Шиклун
министер за финансии на Малта
Не треба да претеруваме. Претпочитаме како прв чекор податоците за корпоративните даноци да бидат достапни за соодветните даночни власти, а не на масовниот аудиториум. На минатонеделната средба во Амстердам само се предложија овие идеи за поголема транспарентност како дел од мерките за борба против даночното затајување, а преговорите се очекува да продолжат во почетокот на мај.
Список на офшор фирми
На средбата во Амстердам претставниците на земјите од ЕУ се договорија да се отпочне процедура за изработување на еден “црн список” на земји и територии со офшор статус и големи даночни поволности. До крајот на летото треба да се постигне компромис, вклучително и за санкциите, на кои треба да бидат подложени посочените земји кои ќе одбијат да соработуваат. Во моментот има различни национални практики и разнообразни списоци со подобни држави, кои не ги објавуваат целосно даночните и финансиските информации. Соодветно, секоја од 28-те
земји членки на ЕУ сама решава дали и какви санкции ќе им наложи на земјите кои не соработуваат. Плановите тоа да се промени и да се изработи еден список не се нови, но досега пропаѓале заради неможноста да се постигне консензус заради различните национални интереси на земјите членки на ЕУ. Во Амстердам европските министри се договорија автоматски да разменуваат информации кои се сопствениците и претставниците на секоја компанија или фонд, мерка која дополнително може да ја зголеми транспарентноста и да го намали затајувањето на даноци. Во следните месеци, Европската комисија ќе претстави и некои нови идеи за регулација и законски измени, насочени кон банки и даночни консултанти кои им помагаат на клиентите да ги кријат парите во офшор сметки. nnn
10 cover story Капитал број 861 29.04.2016
www.kapital.mk
cover story
Како работеа државн
Секое четврт претпријати
Е
дно од четири претпријатија во државна сопственост во Македонија лани работело непрофитабилно, покажаа податоците од најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Вкупно 29 од 113 државни фирми
минатата година направиле загуба од 31,3 милиони евра. Останатите 84 компании од јавниот сектор опфатени со истражувањето, пак, заработиле 40,14 милиони евра. Интересно е што дури 30 државни фирми од кои повеќето на хартија прикажаа
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
11
ните компании лани!?
то јавно ие во загуба! добивки, се најдоа на црната листа на Управата за јавни приходи со неплатен даночен долг од 19,2 милиони евра. Според даночните експерти тоа е доказ дека нешто во нивните финансиски извештаи не штима. Велат, „ако имаат пари од акумулираните добивки, зошто не ги
плаќаат даноците кон државата?!“ Директори на јавни претпријатија и самите сведочат како се штелувале финансиските извештаи за на хартија да прикажат добивки од нереални и ненаплатени побарувања, а всушност во нивните каси пари нема.
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
12
cover story
10 најголеми државни компании според приходите
10 најголеми државни компании според приходите Јавно претпријатие АД ЕЛЕМ Скопје Јавно претпријатие за државни патишта АД МЕПСО Скопје Јавно сообраќајно претпријатие Скопје Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми МАКЕДОНСКИ ШУМИ П.О.-Скопје Македонски железници Транспорт АД - Скопје АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката Јавно претпријатие ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА-Скопје АД Македонска пошта Скопје Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје
Е
финансиски резултат од околу 820 илјади евра, Македонија Пат со загуба од околу aleksandar.janev@kapital.mk 800 илјади евра, Македонски Железници Транспорт со минус од околу 770 илјади евра, ЈП за Водостопанство Лисиче од Јавно претпријатие Велес со загуба од околу 470 илјади евра и скопското претпријатие Паркови и Јавно претпријатие за извршување наЗеленило, водостопански со загубадејности од нештоХС повеќе од ЗЛЕТОВИЦА Пробиштип 300 илјади евра. Дел од директорите на јавните претпријатија Јавно претпријатие за железничка инфраструктура објаснија како ги направиле загубите Македонски железници - Скопје минатата година. Јавно претпријатие СТРЕЖЕВО БитолаДиректорот на Водовод и канализација, Јавно претпријатие ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА-Скопје Александар Атанасов откри дека загубата лани е последица на тоа наместените Акционерско друштво за аеродромски услуги АЕРОДРОМИ НА добивки во претходните години. Тој МАКЕДОНИЈА во државна сопственост Скопје декасо ова јавно Меѓуопштинско јавно претпријатие заобелодени снабдување вода запретпријатие пиење, во периодот од 2010 до 2014 година ги одведување и пречистување на отпадни и атмосферски води на општина местело финансиските извештаи – не се отпишувале побарувања Охрид и Струга за заштита на Охридското Езеро ненаплатените ПРОАКВА Струга за да не се како трошок, Јавно за одржување наприкажат магистралните и со тоа Едно одпретпријатие четири претпријатија во државнаи заштита се избегнувало и плаќањето на данок од сопственост во Македонија лани работело регионалните патишта МАКЕДОНИЈА ПАТ - Скопје ц.о. непрофитабилно, покажаа податоците од 10%, сè со цел крајниот резултат да биде Македонски железници - Скопје најновото истражување на Транспорт Центарот заАДпрофит. покренал Јавно претпријатие водостопанство ЛИСИЧЕ Велес и финансиска истрага граѓански комуникации.за Вкупно 29 од 113 Атанасов против неговите државни фирми минататаПАРКОВИ година направиле Јавно претпријатие И ЗЕЛЕНИЛО - Скопје претходници, а како последица на неоптужени и застарени загуба од 31,3 милиони евра. Меѓу најголемите државни загубари, на побарувања што морало да се отпишат, врвот на ранг-листата е Јавното претпријатие претпријатието лани пријави загуба од 3 за извршување водостопански дејности, ХС милиони евра. Злетовица Пробиштип чиј што биланс на „Загубата од минатата година е последица успех покажува минус од дури 10,9 милиони на фиктивни и наместени добивки на евра. За споредба, ова претпријатие претпријатието во претходните години. во 2014 година работело со добивка од Претходните директори не ги оптужувале неплатените сметки на граѓаните, ниту пак приближно 10 илјади евра. Со загуба од речиси 8 милиони евра, ги отпишувале како застарени ненаплатени второ на листата со најголеми загуби е побарувања. Со тоа затајувале и данок од Македонски железници- инфраструктура, а 10% што според закон мора да се плати за трето рангирано е претпријатието Стрежево секое отпишано побарување за да не го прикажат трошок, односно загуба, туку Битола со загуба од 3,6 милиони евра. Потоа следува Водовод и Канализација – напротив, за да прикажат дека работат Скопје со загуба од околу 3 милиони евра профитабилно, со добивки“, вели Атанасов и Аеродроми на Македонија со минусно и додава дека претходните директори од 2010 до 2014 година подлежи под кривична салдо од 2,2 милиони евра. Во првите десет најголеми загубари се одговорност и против него веќе се водат рангирани и Проаква Струга со негативен финансиски истраги за злоупотреба на пишува: 10 најголеми загубари
Александар Јанев
Остварени приходи *во евра 2015 261.388.726 94.902.115 85.163.062 30.084.174
Годишна промена во % 8,49 18,80 28,58 -6,11
28.896.084 27.191.327
10,49 28,22
25.966.914 23.239.988 22.320.540
60,37 19,45 -0,13
20.881.549
-3,18
службената должност. „Не ја исклучувам веројатноста и годинава да прикажеме загуба токму поради истите Загуба Годишна причини“, вели Атанасов и додава дека веќе направиле договор УЈП за плаќање на *восо евра промена заостанатиот данок на 12 рати. 2015 во % Директорот на претпријатието Македонија Пат, Гајур Кадриу, објасни дека загубата -10.894.112 е по с лед ица на аморт из ир аната механизација што ги прави неефикасни во работењето.-7.988.035 2,23 „Нашата механизација е премногу стара, -3.603.734 -9,46 во просек над 20 години, освен тоа премногу -3.010.979 е експлоатирана што значи постојани дефекти и слаб капацитет за работа. Тоа не чини многу. Поради тоа работиме -2.192.738 -71,86 неефикасно, со поголеми трошоци отколку приходи. Јас неколку пати барав од властите да се обнови механизацијата, меѓутоа, досега-823.543 одговор на тоа-11,06 нема“, вели Кадриу. Освен тоа, според него, друг проблем е -808.244 -0,58 што обемот на работа е премногу мал за претпријатието. -771.079 -89,59 „Имаме работа само во одредени периоди -474.057 -51,84 од годината, односно во зима кога паѓа снег. -305.143 Во лето обемот на работа е помал и од тој аспект повторно правиме загуби. Нам ни треба постојан ангажман континуирано, а не периодично. Кога би се зголемил обемот на работа за 50% на пример, би работеле балансирано, ниту со загуба ниту со добивка“, потенцира Кадриу.
Зголемени добивките на државните фирми
Останатите 84 компании од јавниот сектор опфатени со истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, пак, заработиле 40,14 милиони евра. За споредба, една година порано, добивки прикажале десет државни фирми помалку, односно 74 компании. Во 2014 година, профитот што го оствариле сите јавни претпријатија изнесувал 29,5 милиони евра. По одделни државни претпријатија,
Факт: Во државните фирми лани работеле вкупн
АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката Јавно претпријатие ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА-Скопје АД Македонска пошта Скопје www.kapital.mk Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје
25.966.914 60,37 23.239.988 19,45 22.320.540 -0,13 Капитал број 861 29.04.2016 20.881.549
13
Загуба *во евра 2015
Годишна промена во %
-3,18
10 најголеми загубари
10 најголеми загубари Јавно претпријатие Јавно претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС ЗЛЕТОВИЦА Пробиштип Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници - Скопје Јавно претпријатие СТРЕЖЕВО Битола Јавно претпријатие ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА-Скопје Акционерско друштво за аеродромски услуги АЕРОДРОМИ НА МАКЕДОНИЈА во државна сопственост Скопје Меѓуопштинско јавно претпријатие за снабдување со вода за пиење, одведување и пречистување на отпадни и атмосферски води на општина Охрид и Струга за заштита на Охридското Езеро ПРОАКВА Струга Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта МАКЕДОНИЈА ПАТ - Скопје ц.о. Македонски железници Транспорт АД - Скопје Јавно претпријатие за водостопанство ЛИСИЧЕ Велес Јавно претпријатие ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО - Скопје најпрофитабилно лани било АД МЕПСО, со добивка од 11,5 милиони евра, што е за 40,6% повеќе отколку во 2014 година. Ова е единствено државно претпријатие што остварило профит над десет милиони евра. Од останатите на листата со најголеми добивки, второ е Јавното претпријатие за државни патишта, со профит од 8,9 милиони евра што е за третина помалку од 2014 година. Потоа следува АД ЕЛЕМ со добивка од речиси 6,7 милиони евра, претпријатие кое во 2014 година имаше загуба од над 14 милиони евра. Во првите десет со најголеми добивки се рангирани и АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со профит од 3,5 милиони евра, ЈСП со 1,18 милиони евра што е зголемување на добивката за десет пати за една година. Потоа следува Македонски Шуми со добивка од 1,16 милиони евра со што ова претпријатие излезе од листата загубари на која беше рангирано во 2014 година, Македонска Радиодифузија со двојно поголема добивка, од околу 920 илјади евра, Македонска Радиотелевизија со околу 840 илјади евра, Комуналец Гостивар со добивка од 735 илјади евра и скопското претпријатие Улици и Патишта со заработка од нешто повеќе од 560 илјади евра. Сите државни фирми заедно инкасирале приходи од 780,4 милиони евра што е за 10,8% повеќе отколку во 2014 година, а приходите им се движеле од околу 25 илјади евра па до над 260 милиони евра. На врвот на ранг листата на државни претпријатија според големината на приходите што ги оствариле во 2015 година убедливо е АД ЕЛЕМ со приходи од 261,4 милиони евра кои што се зголемени за 8,5% во однос на 2014 година.
Второ по големина според приходите, е рангирано ЈП за државни патишта, со инкасирани 94,9 милиони евра, што е за 18,8% повеќе отколку во 2014 година. На трето место е АД МЕПСО со приходи од 85,1 милини евра кои се поголеми од претходната година за 28,6%. На четврто место е Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје со приходи од 30,1 милиони евра, а по него Македонски шуми со приходи од 28,9 милиони евра. Во првите десет најголеми државни компании се рангирани и Македонски железници Транспорт со инкасирани 27,2 милиони евра, АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и деловен простор со приходи од околу 26 милиони евра, Водовод и Канализација со 23,2 милиони евра, Македонска пошта со 22,3 милиони евра и Македонска Радиотелевизија со приходи од 20,9 милиони евра. Седум од десетте најголеми државни фирми лани ги зголемиле приходите, додека кај три инкасираната сума е помала на годишно ниво. Приходите на првите десет државни фирми зафаќаат речиси 80% од вкупната инкасирана сума кај сите 113 претпријатија. В к у п н и о т б р о ј н а в р а б о те н и в о претпријатијата во државна сопственост во 2015 година, според податоците доставени во Централниот регистар, изнесува 27.767 и е зголемен за 1,2% на годишно ниво. Како што може да се види од ранг-листата на претпријатија според бројот на вработени, најголем работодавач е АД ЕЛЕМ со вкупно 4.527 вработени, меѓутоа на листата има и претпријатија со само 1 вработен. Во десетте најголеми претпријатија според бројот на вработени, работат 62% од сите вработени во 113-те анализирани државни фирми.
-10.894.112 -7.988.035 -3.603.734 -3.010.979
2,23 -9,46
-2.192.738
-71,86
-823.543
-11,06
-808.244 -771.079 -474.057 -305.143
-0,58 -89,59 -51,84
Во првите 10 претпријатија во државна сопственост според бројот на вработени доминираат претпријатија во државна сопс т в ено с т наспр от и локалните претпријатија каде се најдоа само скопските ЈСП, Комунална хигиена и Водовод и Канализација.
30 државни фирми имаат даночен долг
Вкупно 30 државни фирми се наоѓаат на црната листа на Управата за јавни приходи со неплатен даночен долг од 19,2 милиони евра, а повеќето од нив лани, на хартија прикажаа профити. На црната листа на Управата за јавни приходи (УЈП) која што покажува колкав даночен долг имаат граѓаните и фирмите, меѓу државните фирми се најде Комуналец Гостивар со неплатени даноци од 2,6 милиони евра иако во исто време котира високо на листата на најпрофитабилни јавни претпријатија со добивка од 735 илјади евра. Јавното комунално претпријатие Тетово има неплатен долг кон УЈП од речиси 1,8 милиони евра а лани прикажа добивка од околу 24 илјади евра, МРТ има исто така неплатен даночен долг од околу 1,8 милиони евра, а сепак позитивен финансиски резултат во 2015 година од 840 илјади евра. Меѓу останатите најголеми „профитабилни“ должници кон државата се Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, со долг од околу 550 илјади евра, кое пак лани прикажа профит од 41 илјади евра; Македонска радиодифузија која што лани прикажа профит од 920 илјади евра а и должи на државата 310 илјади евра; Комуналец Струмица со неплатен долг од 150 илјади евра, а сепак со позитивен финансиски резултат, односно добивка од
но 27.767 луѓе, што е 1,2% повеќе на годишно ниво.
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
14
cover story
10 најпрофитабилни државни претпријатија 10 најпрофитабилни државни претпријатија Јавно претпријатие АД МЕПСО Скопје Јавно претпријатие за државни патишта АД ЕЛЕМ Скопје АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката Јавно сообраќајно претпријатие Скопје Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми МАКЕДОНСКИ ШУМИ П.О.-Скопје Јавно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА - Скопје Јавно радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје Јавно претпријатие за комунални дејности КОМУНАЛЕЦ Ц.О. Гостивар Јавно претпријатие УЛИЦИ И ПАТИШТА Скопје 100 илјади евра. Голем дел од даночниот долг на државните фирми е натрупан со години, што значи дека државата пресметува годишна камата од 10% што дополнително ќе ги подјаде добивките на јавните претпријатија. Даночните експерти велат дека случајот што го откри директорот на скопското Водовод и канализација, ја покажува практиката што ја применуваат повеќе директори на јавни претпријатија кои иако на хартија прикажуваат добивки, всушност имаат големи даночни долгови што според нив е доказ дека нешто во нивните финансиски извештаи не штима. Велат, „ако имаат пари од акумулираните добивки, зошто не ги плаќаат даноците кон државата?!“ „Одговорот е јасен. Не ги плаќаат даноците затоа што ја немаат ниту добивката. Директорите претставуваат лажна слика во своите финансиски извештаи дека имаат приходи кои што се всушност нереални односно произлегуваат од застарени побарувања кои не можат да ги наплатат, искажуваат финансиски резултат за кој државата им пресметува данок што треба да го платат, но не можат затоа што немаат пари повторно поради неможноста да ги наплатат своите побарувања“, вели претседателот на Здружението на даночни советници на Македонија, Павле Гацов и додава дека кога државата би го наплатила
даночниот долг, би бил загрозен опстанокот на овие државни фирми. „Со целосната примена на меѓународните стандарди за финансиско известување поголемиот дел од државите компании што искажале профит, би станале загубари“, вели Гацов. Даночните експерти велат дека директорите прикажуваат нереални приходи и притоа креираат даночен долг што немаат пари да го платат и со тоа да си ја сочуваат „фотелјата“ оти во Законот за јавни претпријатија јасно стои дека „ако се утврдат загуби во работењето, директорот е должен истите да ги отстрани во наредните шест месеци. Ако загубата не се покрие во овој период, директорот ќе биде разрешен“. Меѓутоа, овој член од Законот е веројатно „подзаборавен“ од основачите на јавните претпријатија. Македонија Пат е прва на листата на УЈП меѓу државните фирми со најголем даночен долг од 6,9 милиони евра, меѓутоа како што објаснува директорот Кадриу, поради загубата претпријатието нема капацитет да ги плати натрупаните даноци. „Ние се обидуваме да ги плаќаме даноците кон државата, но работиме со загуби и немаме капацитет да го платиме целиот акумулиран долг. Поради тоа веќе подолго време нашата сметка е блокирана“, вели
Добивка/ Загуба *во евра 2015 11.466.357 8.910.010 6.669.002
Годишна промена Во % 40,63 -34,63
3.494.584 1.186.660
111,83 922,67
1.162.541 921.460
106,08
840.657 735.728 564.482
20,20 128,52 102,51
Кадриу. Директорот на Македонски Шуми, Жарко Караџоски, објаснува дека даночниот долг на претпријатието е натрупан од претходни години, а добивката остварена лани ќе ја искористел годинава за да го плати долгот кон државата. „Повеќе од половина од долгот е по основ на камати што УЈП ги пресметува секој ден и тоа е реален трошок што треба да го плати нашето претпријатие. Дел од долгот лани го плативме и сега поднесовме барање до УЈП за репрограмирање на преостанатиот долг. Со оглед на тоа што лани работевме профитабилно со добивка од околу 1,16 милиони евра, во текот на годината сета оваа заработка ќе ја искористиме за пребивање на нашите даночни обврски. Правиме напори целосно да го подмириме долгот кон државата, бидејќи не сакаме да не ставаат на црни листи од кои што потоа не можеме да учествуваме на тендери“, вели Караџоски и додава дека сметката на претпријатието не е блокирана „пред се поради добриот дијалог со УЈП но и посветеноста редовно да се плаќаат тековните обврски“. Доколку Македонски Шуми го платело долгот лани со парите од добивката, претпријатието ќе покажеше негативен финансиски резултат односно ќе имаше статус – загубар.
Факт: 29 државни фирми лани биле во загуба, 84 со профит
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
15 Како да се реформираат државните фирми?!
Јавноста малку знае како работат државните компании бидејќи најголем дел од нив воопшто не даваат отчет ниту пак објавуваат финансиски извештаи. Нетранспарентноста ја чува комотната атмосфера во државните фирми, нема притисок за нивно реформирање од загубари натрупани со партиски кадри во здрави компании што ќе работат со солидни резултати. Експертите сметаат дека за успешно функционирање на јавните претпријатија не треба промена на законите, туку политичка волја. Тие велат дека државата треба повеќе да се насочи кон концесии и јавно приватно партнерство, каде што ќе делегира дел од своите овластувања за вршење дејности од јавен интерес на приватниот сектор. „Со тоа би се намалила можноста од форсирање кадри подобни првенствено по политичка, отколку по професионална основа. Приватниот капитал е профитно мотивиран и не трпи импровизации. Но, за ова е потребна политичка волја“, коментираат експертите.
Дел од нив оценуваат дека е потребно да се промени Законот за јавни претпријатија и членовите на управните одбори и директорите да се одбираат на јавен конкурс. „Досега изборот на директори се одвиваше или преку оглас објавен од управниот одбор на претпријатието или на предлог на Владата. За поголема транспарентност сметам дека би било добро да се смени законот за јавни претпријатија и за јавни установи каде и управниот одбор и директорите ќе се одбираат на јавен оглас“, сметаат професорите. Академик Абдулменаф Беџети, смета дека клучната реформа за јавните претпријатија треба биде во концептот на управување. “Властите мора да ги департизираат раководствата на овие државни компании. Доколку продолжи да именува директори само по партиски клуч, некои кои слепо ќе ги извршуваат нивните наредби, јавните претпријатија ќе продолжат да тонат во проблеми. Директорите на јавните претпријатија треба да се именуваат преку јавен конкурс, а клучен критериум да биде нивниот квалитет и успешност, а не партиската
книшка. Потоа на директорите да им се постави програма на која што фокусот ќе и биде јавниот интерес, па потоа врз основа на пос-тигнатите резултати ќе оценуваме дали раководството било успешно или не. Тие што работат со загуби мора веднаш да понесат одговорност и да бидат разрешени”, оценува академик Беџети кој вели дека дури и во комунизмот неуспешните директори на компаниите со општествен капитал кои на крајот на годината прикажувале загуби, биле разрешувани. Економистите се согласни дека најголемиот проблем со јавните претпријатија е тоа што ниту една власт досега не спровела реформи. Тие коментираат дека во западно - европските општества постојат начини како тоа се прави, а без притоа тие да се приватизираат. Еден од основните принципи е да се евалуираат завршните сметки на претпријатието, да се следи системот на плати и наградувања, бројот на вработени и тоа колку секој од нив е соодветен за работната позиција. Со еден збор, јавните претпријатија целосно да се потпираат на принципите на пазарната економија. nnn
Капитал број 861 29.04.2016
16
www.kapital.mk
БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА
ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ГИ ПЛАШИ СТРА
СТРАНСКИТЕ ИНВЕ ОЧЕКУВААТ ВЛОШ НОВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ И ВРАБОТУВАЊА НА STAND BY Политичката криза, која во најизострена форма трае повеќе од една година, а која во изминативе неколку недели кулминира, се одрази и врз очекувањата на странските инвеститори. Повеќето се загрижени и уплашени како политиката криза ќе влијае врз водењето бизнис во Македонија. Очекуваат влошување на економската состојба годинава и следната година. Никој засега нема конкретни проценки колку политичката криза влијае врз бизнисот на странците, но засега се воздржуваат од нови инвестиции, вработувања и будно ги следат состојбите на политичкиот терен.
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
17
АНЦИТЕ
ЕСТИТОРИ ШУВАЊЕ
ВО ЈАНУАРИ САМО 1,98 МИЛИОНИ ЕВРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
С
поред статистиките на Народната банка на Македонија, салдото на директни инвестиции во државава во јануари изнесува 1,98 милиони евра. Споредбено со истиот период, минатата година во јануари, покажано е намалување од преку 30 милиони евра, со што ова ниво е најниско за последните пет години. Странските директни инвестиции во јануари 2011 година изнесувале 35,16 милиони евра, во 2012 истиот период изнесувале 38,48 милиони евра, во 2013 година 36,78 милиони евра, во 2014 и 2015 година 23,23 и 32,84 милиони евра, додека пак во 2016 година тие доживуваат енормен пад од преку 30 милиони евра и истите изнесуваат 1,98 милиони евра. Економските аналитичари велат дека политичката криза го зема данокот и очекуваат темпото на странски инвестиции во земјава да продолжи да забавува.
пишува:
П
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Политичката криза, која во најизострена форма трае повеќе од една година, а која во изминативе неколку недели кулминира, се одрази и врз очекувањата на странските инвеститори. Повеќето се загрижени и уплашени како политиката криза ќе влијае врз водењето бизнис во Македонија. Очекуваат влошување на економската состојба годинава и следната година. Никој засега нема конкретни проценки колку политичката криза влијае врз бизнисот на странците, но засега се воздржуваат од нови инвестиции, вработувања и будно ги следат состојбите на политичкиот терен. Најавата за можни санкции од страна на Европската унија, како и одлуката на Светска банка за стопирање на средства за финансирање на проекти на општините, за после изборите, дополнително може да ја усложнат состојбата на економски план. Светска банка уште во јануари реши дека парите за општински проекти ќе ги пласира по изборите, а засега не се знае дали ќе има дополнително пролонгирање и на други проекти поддржани од меѓународните финансиски институции, ќе дознаеме деновиве. Како ќе се одрази тоа на идните странски инвестиции во земјава и врз извозот засега не може да се процени. Но, статистиката бележи пад на странските инвестиции во Македонија од почетокот на годинава, во споредба со лани. Извозот од зоните засега не бележи пад, бидејќи повеќето компании имаат склучено договори за извоз. Извозот од компаниите во слободните економски зони заедно со јавните инвестиции се главните носители на економскиот раст на земјата во изминатиов период. Во првите два месеци македонскиот извоз бележи раст од 7,5 %, а увозот е зголемен за 7,4% споредено со истиот период лани. Според последните податоци на Државната статистика вкупната вредност на стоки и услуги кои од Македонија завршиле на странските пазари надминала 633 милиони евра, а вкупниот збир на увезени производи достигнал 829 милиони. Растот на извозот е резултат пред се на работењето на странските инвеститори во слободните зони. Само оттаму во првиот квартал биле извезени производи вредни речиси 430 милиони евра со што е остварен раст од 33%.
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
18
Бизнис и економија
М
Ј
ас сум длабоко загрижен за македонската економија, прво заради бегалската криза која се провлекува веќе некој период, а во последниве денови на тоа се надодава Сума криза Чакрабарти икојполитичката се продлабочува, директорот на Европската банка за а кои креираат обнова и развој атмосфера на голема загриженост кај странските инвеститори.
Странците загрижени за македонската економија
Глигор Бишев
претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка
Сума Чакрабарти, директорот на Европската банка за обнова и развој вели дека е длабоко загрижен за македонската економија, бидејќи политичката, заедно со бегалската криза во Македонија, креираат атмосфера на голема загриженост кај странските инвеститори. „Јас сум длабоко загрижен за македонската економија, прво заради бегалската криза која се провлекува веќе некој период, а во последниве денови на тоа се надодава и политичката криза кој се продлабочува. Македонија стори многу во последниве години и се најде високо на листата „Дуинг бизнис“ – каде се рангираат земјите по погодност за инвестиции. Мислам дека бегалската и политичката криза на едно место многу ќе ги загрижат странските инвеститори. Прво нешто што треба да се стори е да се реши политичката состојба колку што е можно побрзо, и тоа со помош на Европската Унија“, изјави Чакрабарти за Гласот на Америка. Поголемиот број на банките во Македонија се со странски капитал, кои деновиве, откако меѓународните фактори ја заострија реториката и најавија и можни санкции, ги ревидираат своите деловни политики. Банкарите сметаат дека доколку се случат најавите за продлабочување на кризата и санкции врз
ожни се две излезни решенија. Политичките субјекти да најдат одредено решение за да овие најави за санкции не се имплементираат и второто е доколку ова ескалира во што не се надевам, тогаш финансиските систем да почне да превзема интерни мерки од аспект на тоа да има помал прилив на девизни средства.
П
ридобивките на демократијата, транспарентноста и слободата на говорот треба да бидат насочени кон подобрување на земјата во оние области кои заостануваат во споредба со функционалните демократии кои имаат развиени економски Мајк системи и пазари. Македонија Зафировски 2025 смета дека кризата штети Македонија 2025 на процесот на намалување на невработеноста, промовирањето на извозот и привлекувањето на странски инвестиции во Македонија.
земјата, тоа прво ќе удри врз кредитирањето на компаниите и намалување на приливот на странските дознаки. Банкарите сепак уверуваат дека засега депозитите на граѓаните се сигурни, но порачуваат политичките партии сериозно да ги сфатат најавите за можни санкции од ЕУ и воздржаноста на меѓународните кредитори. “Тука се можни две излезни решенија, политичките субјекти да најдат одредено решение за да овие најави не се имплементираат и второто е доколку ова ескалира во што не се надевам, тогаш финансиските систем да почне да превзема интерни мерки од аспект на тоа да има помал прилив на девизни средства”, вели Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка, која е со доминантно австриски капитал. Бишев објаснува дека прва реакција кога доаѓа до намалување на депозитната база на банките е тие да се усогласат со активата и со својата кредитна активност. “И нормално е дека ќе дојде до забавување на кредитирањето на фирмите. Да се надеваме дека нема да биде екстремна контракција да имаме пад на кредитната активност, а дека ќе дојде до забавување мислам дека веќе е очигледно. Доколку е од краток рок нема во голема мерка да ги погоди компаниите“, изјави претседателот на Управниот одбор на австриската Шпаркасе банка, Глигор Бишев,
кој се надева дека оваа политичка криза нема да има негативни долгорочни ефекти на фундаменталните фактори на македонската економија. “Се разбира на краток рок тоа ќе има влијание, меѓутоа моја оценка е и верувам дека долгорочно фундаментите би требало да останат здрави", вели Бишев. Но, некои банкари неофицијално велат дека доколку сепак политичката криза ескалира, ќе бидат принудени да ги менуваат своите политики, посебно ако се намали приливот на девизи и ако дојде до сериозен недостаток на девизи на македонскиот пазар.
Германските и австриски бизнисмени песимисти за македонската економија
Политичката криза која трае повеќе од една година веќе ги влошува условите за водење на бизнис во Македонија. Фирмите со германски капитал тоа јасно го ставија до знаење во најновата анкета на Германската стопанска комора во Македонија во која предупредија на влошување на состојбите споредено со минатата година. Како што истакнаа од Герман-ската стопанска комора во Македонија, за сега нема најави за нови инвестиции во поголеми капацитети, оние кои би вработувале по 500 или повеќе лица. За Македонија германските инвеститори се особено важни. Во земјава има околу
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
20
Бизнис и економија
200 компании со делумно и л и ц е л о с н о ге р м а н с к и капитал, кои вработуваат околу 15.000 лица. Но, уште позначајни се податоците во меѓусебната размена, која достигна околу 2,5 милијарди евра, при што последните три години македонскиот извоз во Германија е двојно поголем од увозот од таму, што се должи на големото производство на германски фирми кои во земјава произведуваат за германскиот пазар. Оттаму и мислењето на овие бизнисмени за деловната клима и за состојбите во стопанството треба да се земат со сериозно внимание. Покрај вложувањето на бизнис климата, во новата анкета има и забелешки за корупцијата, владеењето на правото, наплатата на побарувањата, каде што воопшто нема промени. Тешко може да се очекува дека надлежните институции во земјава во наредниот период
воопшто ќе смогнат сили да се зафатат со решавање на посочените проблеми, со оглед дека нивниот фокус е сосема изместен поради политичките настани. Но, сепак и покрај политичката криза, дури 75% од анкетираните изјавиле дека повторно би инвестирале во Македонија, пред се заради поволните услови и ослободувања кои ги добиваат од државата како странски инвеститори во слободните економски зони. Но, од Комората предупредуваат дека таквата доверба, која се градела со години, не треба да се прокоцка. Како што истакнаа од комората, „капиталот е плашлив како срна“. Затоа и нивните пораки до политичарите дека е потребно брзо решение на политичката криза, не треба да остане мртва буква на хартија. И останатите инвеститори посочуваат дека решавањето
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
на политичката криза е најголем приоритет кој треба да се реши. Во анкетата направена од страна на Австриската амбасада, бизнисмените од Австрија посочиле дека постои огромен јаз меѓу бизнис приоритетите и она што е реалноста во земјава. „Една општа забелешка е дека иако резултатите оваа година се полоши во споредба со минатата година, сепак оваа анкета е еден доказ за партнерството меѓу Македонија и Австрија и како партнер од доверба некогаш треба да ја кажеме и вистината“, изјави Герхард Шлатл, трговско аташе на Република Австрија во Република Македонија. Шлатл посочува дека она што е сега особено важно е политичката стабилност на земјата, и токму на тоа укажале и австриските инвеститори во Македонија. „Најважниот фактор е политичката стабилност. А таа има влијание врз долгорочното планирање на австриските компании и безбедноста во планирањето“, вели Шлатл. Иако, австриските инвеститори посочиле дека домашните добавувачи, квалитетот на работната сила и достапност на човечки ресурси може да се оценат со високи оценки, сепак се посочува на проблемите со кои се соочуваат при водењето бизнис. Една четвртина анкетираните австриски инвеститори, генерално, се песимисти за 2016 година во однос на минатата година, иако покажуваат оптимизам кога станува збор за состојбата во нивната компанија. Австриските бизнисмени станале и песимисти во однос на нивните ставови за тоа дали Македонија прави доволно за привлекување на странски инвеститори. Австриските бизнисмени, меѓу другото во анкетата посочуваат и дека за нив е особено важно, и приоритет на државата, покрај борбата против корупцијата и политичката стабилност, треба да биде и правната сигурност.
Странските инвеститори бараат подобра бизнис клима
Странските инвеститори неодамна предложија мерки за подобрување на бизнис амбиентот. Компаниите кои функционираат во технолошко-
индустриските развојни зони (ТИРЗ) и другите странски инвеститори на седницата на Економскиот совет која се одржа минатата недела доставија 21 предлог со кој сметаат дека нивната работа ќе биде поефикасна, а воедно ќе се поедностават одредени административни процедури. Странците покренале иницијативи за одредени услуги кои се овозможуваат да ги користат компаниите во ТИРЗ, понатамошно унапредување во делот на меѓународните трговски договори на Македонија, како и работењето во индустриските – зелени зони лоцирани во општините. Но, поголемиот дел велат дека во суштина сите деловни активности се ставени на stand by. Сите чекаат да помине кризата за да направат проценки за тоа како ќе се движи нивниот бизнис и колку политичката криза. Одборот на директори на Македонија 2025 минатата недела изрази загриженост поради продолжувањето на политичката криза, која е бариера за економскиот развој. “Сите политички фактори во земјата треба да се фокусираат на создавање работни места, подобрување на јавните услуги и создавање на еднакви можности за сите граѓани. Во време на големи предизвици, луѓето треба да делуваат смирено и да бидат воздржани од чинови кои се штетни за благосостојбата на народот. Придобивките на демократијата, транспарентноста и слободата на говорот треба да бидат насочени кон подобрување на земјата во оние области кои заостануваат во споредба со функционалните демократии кои имаат развиени економски системи и пазари. Македонија 2025 смета дека кризата штети на процесот на намалување на невработеноста, промовирањето на извозот и привлекувањето на странски инвестиции во Република Македонија”, велат од Македонија 2025. Македонија 2025 ги повика сите страни инволвирани во политичката криза да го стават на прво место добробитот на земјата и на народот и да работат кон решавање на проблемите на демократски начин кој ќе ги гарантира стабилноста и просперитетот во земјата. nnn
Време е за нешто несекојдневно.
1ВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА КЛАСИКА 1ВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈА ХРОНОГРАФ
TISSOT CHEMIN DES TOURELLES AUTOMATIC.
ЕКСКЛУЗИВЕН ЧАСОВНИК, ИМЕНУВАН ПО УЛИЦАТА КАДЕ ШТО СЕУШТЕ СЕ НАОЃА СЕДИШТЕТО НА TISSOT ВО LELOCLE, ЛУЛКАТА НА ЧАСОВНИЧАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ШВАЈЦАРИЈА. СО POWERMATIC 80 МЕХАНИЗАМ СО 80 ЧАСА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА, ЗАОБЛЕН САФИРЕН КРИСТАЛ ОТПОРЕН НА ГРЕБЕЊЕ И ТРАНСПАРЕНТНА ПОЗАДИНА
ОВА Е ВАШЕТО ВРЕМЕ СКОПЈЕ � УЛ. МАКЕДОНИЈА И ТЦ РАМСТОР БИТОЛА � ШИРОК СОКАК WWW.BOZINOVSKI.COM.MK
TI S S OT WATC H E S .CO M
Капитал број 861 29.04.2016
INTERVIEW 22 ИНТЕРВЈУ
www.kapital.mk
БЕСА АРИФИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
ИЗЛЕЗОТ ОД КРИЗАТА Е ВО ПОНЕСУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ!
АРИФИ: ДРЖАВЕН ИНТЕРЕС Е ЛИЦАТА КОИ ИЗВРШ
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
23 разговарала:
Габриела Делова
gabriela.delova@kapital.mk
П фотографија:
Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Почитувана професорке Арифи, претседателот Иванов истакна дека постојано е во консултации со правни експерти околу одлуката за аболиција и дека до сега не е најден правен основ за повлекување на одлуката за помилувања. Како ја коментирате ваквата изјава на претседателот Иванов и каде Вие го гледате излезот? Изјавата на претседателот Иванов дека безуспешно бара правен основ за повлекување на одлуките за помилувања е крајно несериозна и неодговорна, како и самите негови одлуки за помилувања кои ја ставија земјата во уште подлабока криза, наместо да помогнат да излезе од истата. Господинот Иванов како професор доктор на Правен факултет должен е да покаже знаење во врска со институтот на помилување. Самиот факт што тој ја основa својата одлука на веќе непостоечки член од Законот за помилување, притоа дрско злоупотребувајќи ја неговата положба како шеф на држава кој во настанатите услови многу тешко е да се повика на одговорност, кажува дека уште на почетокот тој постапил на незаконски, погрешен и непринципиелен начин. Каква правна основа може да се бара за повлекување на одлука која е незаконска? Може ли од неправото да настане право? Постапката за помилување е уставно и законско регулирана постапка. Според сегашната состојба во Законот за помилување што е во сила, не постои можност за помилување од страна на претседателот без претходна постапка. Според членот 3 од Законот за помилување, постапката за помилување за ослободување од кривично гонење се поведува само по службена должност и исклучиво од страна на Министерот за правда. Доколку таквата постапка би се реализирала на начин кој е предвиден во Законот и според целите на самиот институт на помилување, што би требало да се рефлектира во правната основа на секој поединечен акт на помилување, на казненото дело за кое што лицето се помилува како и на деталното образложение на таквото
Помилувањето на 56 лица во еден ден претставува крах на правниот систем и замена на демократското владеење со политичко самоволие , вака професорката Беса Арифи ја толкува одлуката на Претседателот Ѓорѓе Иванов кој неодамна прогласи општа аболиција за сите вклучени во истрагите на Специјалното јавно обвинителство. За помилувањата, за протестите, за судството и граѓанската одговорност, разговаравме со професор Арифи, која, излезот од „хаосот“ во кој се наоѓаме го гледа во понесувањето одговорност - лицата кои извршиле кривични дела мораат да понесат одговорност. постапување, единствено тогаш би можело да се утврди дека таквото регуларно помилување не може да се отповика од страна на претседателот. Во конкретниов случај не се работи за регуларно, туку за незаконско помилување. Тоа значи дека сега господинот Иванов не може да каже дека нема како да ја повлече својата одлука, па да бара правни експертизи за тоа бидејќи помилувањето било неотповиклив институт. Не може правото да не важи за основата на помилувањето, а да важи за неотповикливоста на истото. Целиот тој процес или е законски или не е законски. Така, погрешно е да се бара правна основа за повлекување на правно неоснована одлука. Претседателот едноставно треба да ја прогласи сам својата незаконска одлука за ништовна, да објасни дека згрешил во однос на правната основа на истата, да се извини за направената еклатантна грешка и да даде оставка за таквиот енормен гаф од правен аспект заради кој, земјата која тој ја претставува се соочува со големи и штетни последици во национален и меѓународен аспект. Малкумина од вкупно 56 помилувани лица официјално и јавно побараа повлекување на одлуката за помилување од претседателот Иванов. Дали тие што не бараат повлекување на аболицијата, би можело да се заклучи дека ја признаваат вината за делата? Помилувањето за ослободување од кривично гонење секогаш го носи со себе ризикот дека врз помилуваното лице ќе остане сомнежот дека е виновен за делото за кое се помилува. Токму поради тоа таквото помилување и според сегашното решение на законот не е постапка која го спроведува само еден орган туку се вклучуваат истовремено повеќе државни органи, министерството за правда која поведува постапка и шефот на државата кој донесува конечна одлука после определената постапка. Има
многу автори кои самата таква можност за помилување во текот на постапката со право ја гледаат како неправеден начин на мешање на извршната врз судската власт кога знаеме дека вината се докажува единствено во судска постапка. Во некоја нормална иднина, кога ќе се расправа во Собрание за исполнувањето на правните празнини настанати со укинувањето на Закон за измени и дополнувања (ЗИД) на Законот за помилување од страна на Уставниот суд, треба да се преиспитува самото помилување од кривично гонење, особено заради можностите за злоупотреба на овој институт. Така што, разбирливо е што некои од помилуваните лица во овој случај не се согласуваат на таков арбитрарен начин да им се одземе правото нивната невиност во однос на делото кое им се товари да ја докажат пред суд. Исто така разбирливо е дека тие кои не се жалат, на одреден начин покажуваат дека не се спремни или пак не би сакале судот да се произнесе за нивната можна вина. Така, на ниеден начин не може да се докаже дека тие навистина биле невини, бидејќи не се дава можност надлежниот орган, во случајов судот, на законски начин да одлучи за нивната одговорност. Селективноста на правдата во земјава долго време беше само перцепција на поединци, експерти, граѓански организации. Меѓутоа со „бомбите“ кои ги презентираше опозицијата, а и со извештаите на САД и ЕУ, она што беше јавна тајна и официјално се потврди. Што треба да се направи, какви реформи се потребни, со цел владеењето на правото конечно да надвладее? Владеењето на правото е многу широк и повеќедимензионален поим. Најпрвин, таквиот поим нема смисла во земја во која суштествените демократски принципи се под сомнение дека се непостоечки. Кога се доведува во прашање легитимитетот на изборниот процес, се доведува во прашање вољата на граѓанинот со која тој преку
ШИЛЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА ДА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
24
Интервју
регуларен процес на избори ја делегира надлежноста за одлучување по неговите интереси на носителите на државната власт. Ако се утврди дека тој процес на делегирање на моќта од суверенитетот на граѓаните до носителите на јавни функции бил нерегуларен, тогаш се утврдува дека главниот столб на владеењето на правото е скршен. Владеењето на правото значи дека граѓанинот има контрола врз власта, а не обратно. Владеењето на правото значи дека човековите слободи и права се неприкосновени и се спроведуваат на неселективен начин и без дискриминација. Владеењето на правото значи дека има поделба на власта и дека посебните форми на власта се контролираат меѓу себе според познатиот систем на checks and balances. Владеењето на правото не може да постои без својот суштински елемент, а тоа е независноста на судството. Владеењето на правото значи дека за кривичната одговорност на секое лице ќе се постапува на правен, законски и принципиелен начин, а не на арбитрарен и самоволен начин преку упади на извршната во судската власт со незаконски и необразложливи помилувања. Во однос на ова што се случува, разбирливо е дека сите овие постулати на владеењето на правото се под сериозно сомневање во оваа држава и тоа се огледува во селективноста на правдата во реалноста во која живееме. Јасно е дека се спроведени повеќе реформи во однос на концептот на владеење на правото, ама во реалноста се покажува дека тоа биле единствено формални и површински, а не суштински реформи за кои што најнапред е потребно не само политичка волја, туку и општ ангажман и согласност на граѓаните и граѓанскиот сектор за да истите бидат спроведени. Така што останува уште многу да се направи и поправи од тоа што е направено, бидејќи е очигледно дека владеењето на правото нема само по себе да се спроведува, ниту пак само по себе да профункционира. XX Специјалното јавно обвинителство се чини во моментот останува единствена правна институција во земјава (иако дел не ја признаваат и ја сметаат за неуставна) која ја ужива довербата од мнозинството граѓани. Меѓутоа, како обвинителство, истото не може да ги води и затвори постапките, за тоа се потребни судовите. Сметате ли дека нашите судови го имаат капацитетот да ги надминат притисоците, и да ги водат овие случаи согласно правата и законите во државата? Да се потсетиме дека на една од судијките во еден предмет отворен токму од СЈО, за време на распитот и се слоши, и сослушувањето на сведоците беше одложено... Неслучајно реков дека независноста на судството е меѓу најсуштинските
побарувања на принципот на владеење на правото. Мислам дека со тоа што со договорот од Пржино се одлучи да се формира СЈО, без притоа да се инсистира до крај за формирање на специјално судско одделение за решавање на предметите по кои постапува СЈО, меѓународниот фактор сакаше да даде можност на судсвото во Македонија да докаже дека исполнува одредени критериуми на независност. Знаете, да се каже дека целиот судски систем не функционира, дека не постои независно судството, е најсериозната критика за една нормална држава која тврди дека е демократска, така што е разбирливо тоа што се сакаше да се постигне, да се даде можност судството да докаже дека таквата претпоставка е невистинита. Како поминуваше времето така се повеќе се нагласуваше впечатокот дека првичната претпоставка дека немаме независно судство е за жал точна. Тоа се огледува во низа одлуки на судските совети во врска со барањата на СЈО, во неможноста судиите да се справат со притисоците па така им се слошуваше за време на распити, па дури и во скандалозните одлуки на Уставниот суд донесени со тесно мнозинство како Одлуката за укинување на ЗИД за Законот за помилување. Секако дека постојат исклучоци и дека има судии кои ја вршат својата работа на достоинствен начин и не подлегнуваат на било какви закани и притисоци и се спремни да ги сносат последиците на таквиот интегритет, сепак, важен е крајниот разултат, а тоа е правната разврска на целата криза во која се наоѓаме. Според впечатокот кој се формираше во изминатата година, веќе е време да се основа тоа специјално одделение на судот каде би им се давало можност на таквите одредени хероини и херои на сегашното судсво да го кажат своето и да ставаат крај на ова состојба која повеќе личи на некој средновековен режим одколку на некоја модерна демократија. XX Во едно истражување што го правеше Капитал, се виде дека Македонија во рамките на Европа е земја со најмногу помилувања. Што ваквата пракса зборува за нас како држава и за нашиот правен систем воопшто? Повторно ќе се вратам на една од главните карактеристики на помилувањето како инструмент на правдата, а тоа е нејзиното спроведување единствено по исклучок. Ако помилувањето станува редовен начин на решавање на судските предмети, тоа веќе не претставува исклучок туку правило. Ако во еден ден се помилуваат вкупно 56 лица и Претседателот кој тоа го прави наложува дека ќе продолжи истото да го прави и во иднина со сите слични случаи кои ќе се појават, тогаш тоа не е исклучок тоа е крах на целиот правен систем кој веќе дефинитивно е заменет со политичко самоволие и не претставува демократско владеење. Би се повикала на едно интервју
со Романската јавна обвинителка Laura Codruta Kövesi која прашана од новинарката дали се случило во Романија претседателот да помилува лице кое се гони за корупција и за незаконско владеење, таа кажа дека тоа во изминатите 10 години никогаш не се случило. Мислам дека станува повеќе од јасно со каков облик и размер на злоупотреба на власта се соочуваме. XX Пред неколку дена владата донесе одлука за покачување на платата на судиите и јавните обвинители? Дали ова може да се гледа како форма на притисок, особено бидејќи доаѓа во момент кога специјалното јавно обвинителство излегува со податоци за вмешаност на високи функционери во многу коруптивни и криминални случаи во земјава? Секако дека таквата одлука може и мора да се смета како притисок врз судството! Независноста на судсвото како концепт кој е исклучително важен за владеењето на правото има повеќе елементи. Би се задржала на две особено важни формални елементи: доживотниот мандат на судиите и гарантираната судиска плата. Доживотниот мандат значи дека на судијата треба да му се гарантира не само мандатот туку и неговата положба, така што судијата треба да биде сигурен дека нема да биде разрешен од своето работно место заради одлуките кои ги носи, ниту пак може да биде “интерниран” на друго место или пак да му се одземе повисоката положба која ја стекнал. Од друга страна, платите на судиите треба уставно да бидат поставени, а не да се менуваат од месец на месец да се покачат или намалат според волјата на извршната власт со јасна цел да се влијае во нивното постапување и одлучување. Притоа, би сакала да се повикам уште на најзначајната компонента на независноста на судсвтото, а тоа е самиот интегритет на судијата кој што е суштински и без кој ниеден од другите елемени на независноста на судството нема смисла. XX Посетата за Виена е откажана. Неофицијално се зборува дека ќе следуваат и санкции, меѓу кои, одземање на препораката, непризнавање на изборите доколку се одржат на 5-ти јуни. Тоа не доведува речиси до целосна изолација. Каде го гледате излезот од оваа состојба? Излезот е во понесување на одговорност. Лицата кои извршиле кривични дела мораат да сносат одговорност. Тоа е државниот интерес на кој се повикува господинот Иванов. Државен интерес е сите кои се обвинети за криминал да одговараат пред независен и непристрасен суд за делата за кои се обвинуваат. Државен интерес во ниеден начин не е селективната правда, каде што на затвореничките од Идризово претседателот им кажува дека не помилува криминалци, а со своите одлуки го прави токму тоа. Состојбата е крајно сериозна и
Арифи: Владеењето на правото значи дека граѓа
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
25 Погрешно е да се бара правна основа за повлекување на правно неоснована одлука. Претседателот едноставно треба да ја прогласи сам својата незаконска одлука за ништовна, да објасни дека згрешил во однос на правната основа на истата, да се извини за направената еклатантна грешка и да даде оставка за таквиот енормен гаф од правен аспект заради кој, земјата која тој ја претставува се соочува со големи и штетни последици во национален и меѓународен аспект. Кога се доведува во прашање легитимитетот на изборниот процес, се доведува во прашање вољата на граѓанинот со која тој преку регуларен процес на избори ја делегира надлежноста за одлучување по неговите интереси на носителите на државната власт.
треба да се покаже исклучителна зрелост во постапувањето. Заканите се реални и очекувани бидејќи ваквиот начин на “решавање” на кризи и проблеми не само што е неприфатлив, туку е и закана за целокупниот концепт на демократско владеење и правна држава. Доколку не сме во можност да докажеме дека сме спремни да прифатиме процес на правна разврска, тогаш се плашам дека излез од ваквата ситуација нема да има. Можно е само привремено затишје, но неразјаснетите и до крај неразрешените проблеми ќе не гонат до бескрај и повторно ќе излезат на виделина како нерешени работи. Што поскоро ги решаваме и наоѓаме сила до крај да ги разјасниме тие работи, толку побрзо ќе се излезе од кризата. Со оглед на тоа дека пропадна лидерската во Виена, веројатно единствената опција што останува е излегување на улица, односно продолжување со протестите – и на оние што бараат враќање на владеење на правото, но и на оние што застануваат, како што велат самите, во одбрана на Македонија. Вие и самите во својата последна колумна цитирајќи го Џеферсон, велите дека “Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност”, со што давате поддршка на граѓанските активисти кои се борат против селективната правда. Мислите ли дека овој пат, протестите навистина може да донесат коренити промени?
Една работа треба да биде јасна, а тоа е дека суверенитетот во секоја држава која сака да се нарекува демократска им припаѓа на граѓаните. Граѓаните треба секогаш јасно и гласно да ги искажат своите несогласувања со начинот на владеење. Затоа правото на јавно искажување на таквото несогласување преку мирни протести е едно од најзначајните човекови права. Инаку, во состојба кога никој не реагира кон селективната правда, во состојба кога е јасно дека постојат основани сомненија за корумпирано владеење, а се поставуваат секакви пречки таквите сомненија да се разјаснат на судски процес, во состојба кога работењето на државните институции видно оди во спортивност со интересите на граѓаните, седењето со вкрстени раце и очекувањето дека работите сами по себе ќе се сменат не е само погрешно туку истовремено претставува посебен вид на лицемерие. Во состојба кога целиот правен, политички и морален систем е во криза, човекот не може да остане неутрален, ниту пак може да си дозволи да биде незаинтересиран за тоа што се случува, бидејќи со таквото делување станува соучесник во таквиот вид на владеење. Граѓаните во оваа држава биле претерано трепеливи до сега, па секој од нас на некој начин дозволил да се стигне до оваа кризна состојба во која се наоѓаме. Па дури и во овој процес на решавање на кризата се покажа незамисливо трпение со тоа што се даде можност за преговори, па се дојде до договор, па се даде можност
истиот да почне да се спроведува. И што добивме на крај? Крах на системот крунисан со незаконска аболиција! Така што разбирливо е тоа што се случува на улиците како и разновидиот излив на несогласувањето со овој начин на владеење. И трепеливоста има свој крај, особено кога власта, која треба да работи за интересите на сите граѓани, е решена таквата трпеливост да ја злоупотреби до недоглед. Ако одлучиме да бидеме трпеливи и понатаму, тогаш немаме право да се жалиме кога тој систем работи спротивно од нашите интереси. Во однос на тоа што треба да се очекува од протестите и дали истите ќе вродат со плод или со некакви коренити промени, мислам дека како граѓани не можеме да си дозволиме да калкулираме во однос на тоа што ќе се случи кога ќе се случи, па на тој начин да се ограничиме на тоа кој е интересот да се излезе на протести или контрапротести, што точно ние лично придобиваме од тоа. Должноста за спротивставување кон било какво криминално однесување и кон толерирањето на таквото однесување е повеќе од јасно поставено во темелите на вистинското демократско владеење. Таа должност се сведува на многу едноставно прашање: Дали сме спремни и дали сакаме ваквиот начин на “владеење на правото” да продолжи или сакаме нешто суштински да се измени? Тоа е прашање кое што треба да допира до сите нас, сами да одлучиме за тоа и потоа сами да ги сносмие последиците од таквата одлука.
АНИНОТ ИМА КОНТРОЛА ВРЗ ВЛАСТА, А НЕ ОБРАТНО
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
26
фото: Игор Бансколиев
Компании и пазари
Пругата за Солун блокирана над 30 дена
Бизнисот трпи штети
Се бара притисок врз грчката страна!
Македонските бизнисмени бараат што побргу да се одблокира железничкиот сообраќај на македонско-грчката граница, бидејќи штетите што ги трпат се многу големи. Тие имаат сериозни проблеми со навремената испорака на производите во странство, посебно оние кои го користат Солунското пристаниште. Но, големи проблеми имаат и во набавката на суровините потребни за производството. Единствениот излез според нив е да се примора грчката полиција да си ја работи работата. Цел која е тешко остварлива ако им се верува на многуте теориите дека грчката страна ги злоупотребува бегалците за блокада на Македонија. пишува:
П Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk
Пругата Скопје-Солун е блокирана за сообраќај повеќе од 30 дена бидејќи бегалците остануваат на граничниот премин Идомени во знак на протест против затворањето на бегалската рута. Мигрантите на шините на граничниот премин имаат поставено шатори и големи камења кои го
оневозможуваат железничкиот сообраќај. Грчката полиција за целото време останува нема на барањата и притисоците да ги отсрани бегалците од пругата. Поради сето ова многу македонски извозни компании имаат сериозни проблеми со навремената испорака на производите во странство, посебно оние кои го користат Солунското пристаниште. Но, големи проблеми имаат и во набавката на суровините потребни за производството.
Фирмите се отсечени од единственото достапно пристаниште
Солун е единствено морско пристаниште преку кое е исплатливо да се извезува од Македонија. До алтернативните пристаништа во Драч, Бар и Варна нема железничка врска и се најмалку три пати подалеку од Солунското. Поради сето ова компаниите кои
користат железнички транспорт се сериозно загрозени од ваквата состојба. Според комерцијалниот директор на Макстил Јане Адамчевски, повеќе од триесет дена пругата е континуирано блокирана, а ако се сметаат и претходните проблеми и штрајкови ваквата состојба трае со година. „Секако дека имаме големи проблеми бидејќи не можеме да ги испорачаме веќе направените производи на нашите клиенти. Сега се гледа колку сме хендикепирани што немаме алтернативни коридори. Среќни сме што досега клиентите имаат некакво разбирање за состојбата во земјава но прашање е колку долго тоа ќе трае. Најголем проблем е што нашите производи воопшто не се погодни за камионскиот транспорт, нивните димензии се специфични. Неопходна ни е функционална железница.“ Адамчевски додава дека решението треба
Апсурд: воз за Солун имало пред век и половина, а нема денес
ВЕСЕЛИ ЈАЈЦА ЗА ВЕС
Е ЛИ ЛУЃЕ
Високо-квалитетно млечно чоколадо полнето со фин крем од лешници кое е вистински избор за Вас и Вашите најблиски. Нивната форма и шарено пакување ќе ви разбудат насмевка на прв поглед! За која боја и да се одлучите (жолта, црвена или зелена) ефектот е ист: се топат во уста. Штом пробате едно од нив, нема да можете да му одолеете на искушението да изедете уште едно.
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
28
Компании и пазари
да се бара во континуиран притисок врз грчката страна. „Македонски железници како и досега прифаќаат секаков тип на транспорт бидејќи од македонска страна пругата е проодна што значи дека проблемот лежи на грчката страна. Без разлика дали се точни или не теориите дека се злоупотребуваат бегалците за намерно да се отсекува Македонија од единственото достапно пристаниште, нашите власти треба да направат се што е можно за да ја одблокираат пругата“. Од Македонските железници Транспорт веќе излегоа со став дека како компанија трпат огромни штети од блокадата и дека веќе интервенирале до повисоките Европски инстанци, но засега нема никаква информација за исходот од нивните апели и иницијативи.
Вкупните штети допрва ќе се сумираат
Засега ниту една институција нема излезено со проценки за штетите, но доколку наскоро не се отвори железничката пруга Скопје-Солун, тие ќе се мерат во милиони евра . Она од што најмногу се плашат македонските компании е да не ги изгубат зделките со странските партнери, кои би можеле да ги раскинат договорите заради тоа што не можат производите да се испорачаат во договорените рокови. Според претседателот на здружението на Металурзи Митко Кочовски штетата би била многу поголема доколку индустријата би работела со полн капацитет. „Сега е период во кој поради претходно познати причини Металургијата која најмногу ја користи железницата работи со мал капацитет. И затоа штетите колку и да се големи засега не се проблематизираат премногу во јавноста. Инаку ваква блокада во нормални услови би била рамна на катастрофа“ Според Кочовски проблемот со македонските железници е многу подлабок од сегашната бегалска криза. „Во моментов слабиот капацитет на железница е прикриена со неработењето на индустријата. Во спротивно веднаш би се покажало дека нема доволно капацитет на превоз на сета роба. Веројатно затоа ни е потребна либерализацијата на
С Митко Кочовски претседател на Здружение на металурзи
ега е период во кој поради претходно познати причини металургијата која најмногу ја користи железницата работи со мал капацитет. И затоа штетите колку и да се големи засега не се проблематизираат премногу во јавноста. Инаку ваква блокада во нормални услови би била рамна на катастрофа.
Д
околку има пруга за Бугарија и доколку цената на транспортот е подостапно односно нормално најголем дел од компаниите би користеле железница. Затоа Николајчо значајно за една Николов држава и економија заменик генерален е да има повеќе директор на Бучим алтернативни коридори и пристаништа и функционална и евтина железница.
Подобра и пофункционална железница нема да добиеме уште десетина години
А
лтернатива на коридорот 10, подобрување на техничките карактеристики на македонските пруги и до изградба на веќе планираните коридори, либерализација на железничкиот транспорт во Македонија и изградба на интермодални јазли(простор каде што поврзува камионскиот и железничкиот транспорт) се клучните карактеристики кои ги детектираат сите експерти подеднакво како услов за подобрување на состојбата во железничкиот транспорт во Македонија. Сепак официјалните најави во врска со овие проекти не
железничкиот транспорт“. И другите познавачите на состојбите велат дека проблемот со мигрантите е само шлагот на проблемите со кои се соочуваат компаниите на кои им е неопходна соработката со македонската железница. Според нив железницата покрај тоа што е ограничена само на Коридорот 10, односно со нејзе не може да се стигне во Бугарија и Албанија, таа нуди нелогично високи цени. Според заменик генералниот директор на
се ни малку оптимистички. Доизградбата на Коридорот 8 до Бугарија може да се очекува дури после 2022 година, за единствениот засега планиран интермодален јазол кај Миладоновце Скопско отприлика се предвидува истиот период, а либерализацијата на железничкиот сообраќај барем според досегашните најави ќе биде дури после влезот на земјава во ЕУ. Иако до електрификацијата на пругите е најавена за нешто порано прашање е колку таа ќе биде корисна без адекватни современи електрични локомотиви кои чинат помеѓу 3,5 до 5 милиони евра секоја. Бучим Николајчо Николов цените кои за транспорт ги нуди Македонската железница се поскапи од камионскиот транспорт што е преседан и на европско и на светско ниво. „Доколку има пруга за Бугарија и доколку цената на транспортот е подостапна односно нормално најголем дел од компаниите би користеле железница. Затоа значајно за една држава и економија е да има повеќе алтернативни коридори и пристаништа и функционална и евтина железница“. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
30
Луѓе и компании
Македонскиот лизинг пазар со голем пад
Од “златната“ 2008 до сега 3,5 пати е помала вредноста на склучените лизинг договори
Во 2008 година, која што е рекордна за лизинг пазарот, биле направени над 3.500 договори за лизинг (возила, опрема , машини) во вредност од 70 милиони евра, додека во 2014 година, биле склучени само 1.100 договори за лизинг на возила, вредни околу 20 милиони евра. Вкупните приходи пак, на лизинг компаниите изнесуваат околу 31 милион евра. За 2015 година сè уште ги немаме на располагање годишните финансиски извештаи на лизинг компаниите, но бројката веројатно ќе биде уште помала, затоа што три компании, НЛБ Лизинг, Хета Ассет Резолушн (поранешна Хипо Алпе Лизинг) и Еуролизинг подолго време не склучуваат повеќе нови договори. пишува:
П Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
азарот за лизинг услуги во Македонија доживува промени изминативе неколку години – најстарите играчи пополека заминуваат од сцената, а приматот го зедоа нови, додека секторот лизинг сè повеќе ја губи и онака малата улога и значење
за домашната економска активност (0,8% во БДП). Ова го покажува и последниот годишен извештај за финансиската стабилност што го објавува Народната банка, а обемот на работењето на овој сектор се намалува во последните три години. Во 2008 година, која што е рекордна за лизинг пазарот, биле направени над 3.500 договори за лизинг (возила, опрема , машини) во вредност од 70 милиони евра, а потоа заради влијанието на светската финансиска криза, лизинг пазарот почна да паѓа: во 2009 “тежеше“ 43 милиони
евра, во 2010 околу 28 милиони евра додека во 2014 година, биле склучени само 1.100 договори за лизинг на возила, вредни околу 20 милиони евра. Вкупните приходи пак, на лизинг компаниите изнесуваат околу 31 милион евра. За 2015 година сè уште ги немаме на располагање годишните финансиски извештаи на повеќето лизинг компании, но бројката веројатно ќе биде уште помала, затоа што три компании, НЛБ Лизинг, Хета Ассет Резолушн и Еуролизинг извесно време не склучуваат повеќе нови договори, туку само ги одработуваат веќе склучените.
Неизвесност: Со оглед на затворањето на двете некогашни најголе
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
31 По Хипо Алпе Лизинг и Еуролизинг, и НЛБ Лизинг го напушта пазарот
НЛБ Лизинг, која што е прва и своевремено најголема лизинг компанија во земјава, од 2015 година веќе не склучува нови договори, заради одлуката на словенечката групација НЛБ, компанија мајка на НЛБ Лизинг, во рамки на нејзиното реструктуирање да ги прогласи за нестратешки бизниси своите лизинг друштва во Словенија и регионот и следствено, да ги стопира нивните операции. Од пред неколку години договори престана да прави и Хипо Алпе Адриа Лизинг, која што како дел од австриската Хипо Алпе групација почна со лизинг во Македонија на почетокот од 2007 година, но кон средината на 2009 групацијата западна во проблеми, и следната година нејзината компанија – ќерка воземјава го прекина склучувањето на нови договори. Неколку години подоцна, поточно во март лани, Хипо Алпе Адриа Лизинг Скопје го промени името во HETA Asset Resolution Leasing. Ребрендирањето е како резултат на одлука на групацијата Хипо Алпе Адриа донесена во 2014 година. Тоа значи дека канцелариите на групацијата во Југоисточниот блок на Европа, во кои спаѓа и Хипо Алпе Адриа Лизинг Скопје, официјално го променија својот оперативен бизнис модел преминувајќи од лизинг финансирање во ремаркетинг и продажба на финансираното портфолио од претходните оперативни години. Ова бизнис реструктуирање предизвика и ребрендирање и промена на името на компанијата во HETA Asset Resolution AG. Приходите на HETA Asset во 2014 година изнесувале 2,33 милиони евра, што е за 15,5% помалку во однос на годината претходно.
Банките се силна конкуренција на лизингот
Престанувањето на склучување нови договори на овие компании, т.е. нивно згаснување за некоја година, уште повеќе ќе направи удар врз лизинг пазарот, особено врз делот на оперативниот лизинг со опрема и машини. И НЛБ Лизинг и Хипо Алпе Лизинг во своето портфолио имаа околу 20-30% учество на лизинг со опрема, покрај доминантниот удел на лизингот на возила. Сега на пазарот останува доминантен играч Порше Лизинг, кој што се занимава исклучиво со лизинг на возила, и С – Лизинг, која што нуди и лизинг на опрема и машини. Останатите помали компании се занимаваат исклучиво со лизинг на возила, а е компанија ќерка на Шпаркасе групацијата од Австрија, која што е сопственик и на Шпаркасе банка во земјава. “Ако гледате само како број на лизинг компании кои оперираат на македонскиот пазар може да извлечете заклучок дека има простор за дополнителна конкуренција“, вели Марјан Манчев, директор на
Порше лизинг држи половина од лизинг пазарот
С
поред регистарот на лизинг компании објавен на сајтот на Министерството за финансии, во моментов има осум регистрирани лизинг компании на домашниот пазар, од кои што само четири се активни, односно склучуваат договори со клиенти, додека за една компанија не располагаме со податоци со што конкретно се занимава . Најголема според приходите е Порше лизинг, со приходи од 14,5 милиони евра во 2014 година, безмалку половина од вкупниот приход на сите лизинг компании, која што ги работи возилата од програмата на автодилерот Порше Македонија, односно Фолксваген, Ауди, Сеат, Порше и Шкода. Втора по големина е С - Лизинг, со 8,6 милиони евра приходи во 2014, за 49% повеќе од годината претходно. Трета е НЛБ Лизинг, со 3,7 милиони евра приходи, што е пад од 54% во однос на 2013. На пазарот се активни и Евролиз Ауто, компанија основана од Еврохолд Софија, која што е сопственик и на Евроинс осигурување, како и Мастер лизинг, компанија ќерка на дилерот на автомобилите Мерцедес и Мицубиши во земјава, Мак Аутостар, која што ги нуди на лизинг возилата од нивната програма, како и брендовите Џип, Крајлсер, Доџ и Сетра. КОЈ Е КОЈ НА ЛИЗИНГ ПАЗАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА Компанија Порше лизинг С-Лизинг НЛБ лизинг ** Хета Ассет Резолушн ** Мастер лизинг Евролиз ауто Еуролизинг **
Приходи (евра) 14.552.069 8.641.207 3.734.696 2.339.346 916.021 510.005 194.653
Годишна промена 15,5% 49,0% -54,0% -15,5% -17,0% -49,0%
Добивка (евра) 847.229 141.871 -382.141 -653.166 31.324 -42.080 -83.992
Годишна промена -19% -40% 75% -43% 167%
*Приходите се за 2014 година. Со податоците за 2015-та се уште не располагаме. **НЛБ Лизинг, Хета Ассет и Еуролизинг престанаа со склучување нови договори, и досега само го расчистуваат сопственото портфолио. Извор: www.biznismreza.mk
С-Лизинг, во неодамнешно интервју што го пренесоа повеќе домашни медиуми. “Но, С-Лизинг работи во сегментите на бизнисот каде се конкурира со деловните банки, и тоа со оние кои имаат најатрактивни понуди. На нашиот пазар не постои некој сегмент кој банките не го таргетираат и кој би можел да биде цел само на лизинг компаниите. Напротив, високата ликвидност и малиот број на квалитетни проекти ги тера банките да оперираат во сите сегменти, со што ни претставуваат и нас силна конкуренција.“, вели Манчев.
Лизингот за опрема недоволно се разви, а за недвижности пак, воопшто
Лизингот е релативно млад производ во македонскиот финансиски систем, кој профункционира пред 15 –тина години. Во овој период тој беше најприфатлив за граѓаните за купување нови автомобили. Тој остана недоволно развиен во другите сегменти, како што е одобрувањето финансиска поддршка за набавка на опрема и машини, зашто остана проблемот со гаранцијата за одобрените заеми за малите и за средните фирми. Најчесто побаруваа средства луѓе - почетници во бизнисот, кои немаа други средства
да гарантираат за одобрениот лизинг. Самата машина или опрема не можеше да биде земена за гаранција, бидејќи тоа е специфична и за одредена намена, која тешко може да му се продаде на друго лице во случај на одземање поради нередовно исполнување на обврските кон лизинг – компанијата. Во прометот со недвижности, а особено на купување станови, лизингот воопшто и не почна. Причината што лизингот на недвижности за физички лица е неатрактивен се големите даночни оптоварувања, коментираат упатените во лизинг индустријата. Тие објаснуваат дека секоја купопродажба на недвижен имот подлежи на оданочување, т.е. плаќање данок на промет на недвижен имот, а поради природата на лизингот, во таа зделка се случуваат две купопродажби – еднаш кога лизинг-компанијата ја купува недвижноста со цел да се даде на лизинг и вторпат кога ќе се исплати договорот и кога сопственоста на недвижноста ќе се пренесе на корисникот на лизинг. Во согласност со тоа се плаќа два пати данок на промет на недвижност и данок на додадена вредност. Правните лица можат да извршат поврат на ДДВ, но физичките не можат и тоа дополнително ја прави целата зделка неатрактивна. nnn
еми лизинг компании, иднината на лизинг пазарот не е баш розова
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
32
балкан бизнис и политика
Вучиќ доби нов силен мандат две години пред истекот на претходниот
Ќе ја оправда ли и западната поддршка "проевропски ориентираниот напредњак"? Уверливата победа на „проевропски ориентираниот напредњак“, како што светските агенции го оценија Александар Вучиќ, кој ги збришал „проруските сили“ (напиша американски Асошиејтед прес), е причина што тој доби честитки од западниот фактор за силината/доминацијата на неговиот резултат, а досега на примерите од регионот се покажува дека наместо како сила за приближување кон ЕУ, ваквите силни влади завршуваат со автократија
пишува:
Максим Ристески
А
maksim.risteski@kapital.mk
лександар Вучиќ, очекувано, ја докажа доминацијата на политичката сцена во Србија, постигнувајќи ја предвидената цел да освои близу 50% од гласовите на Србите, и си обезбеди нов четиригодишен мандат на две години пред истекот на претходниот. Секој, макар и малку послаб резултат, за него ќе беше пораз во овие околности. Вучиќ по објавувањето на првичните резултати изјави дека се работи за историска победа, извојувана после влегувањето на неговата Влада во тешки реформи. Рече дека лично му било многу тешко да поминува низ кампањата, во која „многумина му предвидувале помалку гласови отколку
во 2014 година“ (не се знае кои се овие „многумина“, а сите истражувања на јавното мислење најавуваа околу 50% за Вучиќ) . „Некои новинари не ни предвидуваа повеќе од 40%, а ние (Српската напредна странка, СНС, н.з.) добивме повеќе и во проценти и во гласови, и тоа при поголема излезност. Победивме во над 90% од местата во Србија, некаде и со 90% од гласовите“, изјави Вучиќ. Од оваа позиција на демантирање на наводните кои ја потцениле поддршката за неговата партија, лидерот на СНС одржа говор на морален победник. „Ова е голема чест што со себе повлекува голема одговорност. Знам каде треба да одиме, знам како да ја обезбедиме иднината и како напорно да работиме за да стигнеме таму“, изјави Вучиќ понесен од изборниот резултат на кој целеше свику-
вајќи предвремени избори. Тој оцени дека „сите претходни избори во Србија биле за стабилизација, а последниве се за просперитетна иднина“. „Србија ќе го продолжи европскиот пат, сакаме и да го забрзаме, нема да правиме компромиси, а ќе продолжиме да одржуваме традиционално пријателство со Русија, со Кина, но и со САД“, рече лидерот на „напредњаците“, за потоа, како што популистички знае, да предупреди дека и покрај големата победа „нема време за славење, зашто наскоро почнуваме со работа“. Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан, уште вечерта на изборниот ден, му испрати честитка на Вучиќ, каква што последниот можеше само да посака. „Само силна влада може да ги спроведе реформите неопходни за иднината на
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
34
балкан бизнис и политика
државата, за нејзината економија и за граѓаните“. На Twitter, Хан напиша дека „се радува на соработката со новата влада под водство на Вучиќ по прашањето на интеграциите во Европската унија“. Комесарот додаде и дека е сигурен оти премиерот Вучиќ „ќе ја искористи силната поддршка на граѓаните на одговорен начин што ќе ја зајакне европската перспектива на Србија“. Рано во понеделникот по изборите, Вучиќ доби честитка и од известувачот во Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер, во кој се поздравува „демократскиот дух на српскиот народ“. „Србија игра клучна улога во обезбедувањето стабилност на Западниот Балкан. Конструктивниот пристап на премиерот Вучиќ во односите со соседните земји овозможи значаен напредок, како во регионалната соработка, така и во поблиските односи со ЕУ“, се наведува во соопштението од Мекалистер во кое се чита, исто така, силен европски ветер за владеењето на Вучиќ. „Со нов поттик во вид на толку значаен број на гласови, Србија сега може да се фокусира на натамошно зајакнување на владеењето на правото, на борбата со корупцијата, на реформа на јавната администрација, на воведување економски реформи и гарантирање на медиумиските слободи, за уште повеќе да се приближи до ЕУ“, наведува известувачот за Србија. Што се однесува до забелешката на Вучиќ дека нема време за славење и треба да се почне со работа, економските аналитичари испратија неколку пораки до премиерот. Една од нив е дека Србија треба да ги усогласи трите вида на администрации кои постојат во неа - онаа што е наследена од комунистичкиот период, потоа транзициската и на крајот, проевропската, кон која треба да оди усогласувањето, зашто „на Србија и треба проевропска администрација, а формирањето на влада што ќе успее да го оствари тоа е сè само не лесно“, како што изјави српскиот економист Миодраг Зец. Неговиот колега Мирослав Прокопијевиќ, пак, на Вучиќ му советува државата да престане со задолжувањето и да почне со раздолжувањето. „Јас не гледам кој ќе може тоа да го изведе. Екипата на власт ги доби гласовите на транзициските губитници. Тие се поголеми даноци, за прераспределба и за поголема
улога на државата. Тоа не е правец што води кон решение“, изјави Прокопијевиќ. Франс прес напиша дека „пред моќниот Вучиќ сега е задачата да ги реформира неефикансните државни компании и гломазниот јавен сектор“.
Ако владее сам, Вучиќ сега ќе има побројна опозиција
Останатите карактеристики на предвремените избори во Србија се што Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ остана на нивото на поддршката што ја имаше и покрај „политичкото цунами на Вучиќ што ги уништи сите други партии“ (како што рече самиот Дачиќ). СПС останува втора сила со околу 12% од гласовите на Србите, што е „помалку отколку што најавував“, изјави Дачиќ, „но, е резултат што го консолидира нашето гласачко тело и го цементира на нивото што го имаме последниве три изборни циклуси“. Без разлика, за Дачиќ и за СПС се смета дека се губитници на изборите, зашто и покрај резултатот се свесни за својата заменливост во плановите на Вучиќ, за разлика од изборите во 2012 година, кога Дачиќ по победата на СНС (Вучиќ) можеше да изјави: „не знам кој ќе биде претседател, но знам кој ќе биде премиер“ (Дачиќ, иако неговите социјалисти имаа трет резултат на изборите, беше избран за премиер на коалициската Влада со СНС). На тукушто одржани избори во Србија за одбележување е и враќањето на радикалите на Војислав Шешељ во Парламентот. Ослободениот од Хаг, Шешељ, и покрај тоа што не успеа да освои двоцифрена поддршка (далку е од оптимистичните 20% што ги очекуваше), задоволен е од враќањето во Парламентот, а во своите изјави по објавата на резултатите не пропушти да каже дека не исклучува коалиција со Вучиќ, односно со СНС. Според прелиминарните резултати што ги објави Републичката изборна комисија на Србија (обработени 97,45% од избирчките места до моментот на затворање на текстот), во српскиот Парламент ќе седат пратеници од дури 11 листи, за разлика од изборите во 2014 година, кога во Скупштината влегоа само седум листи. Вучиќ, односно СНС, и сега ќе имаат мнозинство во српскиот Парламент, но во случај овој пат да немаат партнер во владата, против себе ќе имаат побројна опозиција. СНС, според последните
резултати, ќе има 131 пратеник (27 помалку од оние што ги освои во 2014 година, а кои делумно сега се загубени поради враќањето на радикалите на Шешељ во Собранието, кои ќе бидат застапени со 21 пратеник). Социјалистите на Дачиќ, кои се втора сила, ќе имаат 30 пратеници (14 помалку од претходниот состав на Парламентот). Иако во тек на изборната ноќ сите други партии, со исклучок на Демократската странка, се вртеа околу цензусот (дали ќе го поминат, а тој е 5% во Србија), во Парламентот места сепак ќе имаат и движењето Доста беше („Доста је било“), листата на Демократската странка (ДС) на Србија (ДСС) - Српскиот покрет Двери, и листата на Либерално демократска партија (ЛДП; на Чедомир Јовановиќ) – Српската демократска странка (СДП; на Борис Тадиќ) – Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ). Движењето Доста беше, на Саша Радуловиќ (беше министер во коалициската Влада на Вучиќ, кога Дачиќ беше премиер, а Радуловиќ поднесе оставка во 2014 година, во образложението пишувајќи дека главен кочничар на реформите бил токму Вучиќ) кое е вистинско освежување на изборите за артиклуација на расположението против Вучиќ, дури ќе има ист број на пратеници со ДС, дури 16. Инаку, Србите во неделата гласаа по невообичаено мирна кампања, според одредени аналитичари и здодевна (веројатно поради очекуваниот размер на победата на Вучиќ), а ниту изборната ноќ не изобилуваше со возбуда. Изјавите од партиските штабови стигнуваа подоцна од што се очекуваше, но најнеобично беше што Републичката изборна комисија која речи си воопшто ја немаше во тек на вечерта, се појави со први резултати дури половина час после полноќ. Од ДС обвинија дека однесувањето на Комисијата е поради „очигледна манипулација со податоците што телото треба да ги изнесе“, по изборите „обележани со бројни неправилности, купување гласови, малверзации, притисоци и уцени на гласачите“. Обвинувањата за нерегуларност на изборите беа голема тема од почетокот на изборниот ден, и главно стигнуваа од ДС, на кои потоа се надоврзаа и другите пертставници на опозицијата Доста беше, ДСС-Двери, ЛДП-СДП-ЛВС, за на крајот да биде свикан и состанок на опозициските лидери. nnn
Хан: Само силна влада може да ги спроведе реформите неопходни за Србија
13
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
мај
Жените во бизнисот
2016
“Послаб” пол за посилни перформанси Светската бизнис пракса покажува дека жените можат да бидат многу подобри организатори, покреативни и поголеми перфекционисти од мажите, а многу често и нивната лојалност кон фирмите за кои што работат е поголема во однос на нивните машки колеги. Сепак, статистиките покажуваат дека едвај 5% од врвните менаџерски позиции во глобалната економија ги држат жени. Во специјалниот прилог “Жените во бизнисот: ‘Послаб’ пол за посилни перформанси“ ќе се фокусираме на хероините на македонскиот бизнис жените кои што само потврдуваат дека компаниите треба многу повеќе да се потпрат на нивниот талент и способности при донесувањето одлуки. Ќе претставиме дел од најуспешните, и секако најмоќни жени на македонската деловна сцена – ако се земе предвид обртот и добивките на компаниите што ги предводат од позиција на менаџери или членови на управните одбори. Во прилогот “Жените и бизнисот“ што ќе излезе на 13.05.2016, ќе може да прочитате:
l Кои се најмоќните жени во македонскиот бизнис, според големината на компаниите што ги предводат l Кои индустрии имаат најголем процент на жени на менаџерски позиции: ќе ги истакнеме и компаниите што предничат на ова поле l Жените како претприемачи: спешни македонски приказни l Од прва рака: интервјуа со менаџерки и сопственички на македонски компании за нивниот пат до успехот l Светски искуства: родовата и секоја друга разноликост во компаниите донесува најмногу иновации l Кои се најмоќните жени во бизнисот во регионот и светот Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
36
Претприемништво
Кои се најголемите стартап компании во Европа? На врвот на глобалната листа се американските компании Uber и Airbnb, и кинеската Xiaomi, но пописот е збогатен и со примери од Европа чија пазарна проценка надиминува една милијарда долари
У
Успешните компании секогаш се стимул и извор на идеи за младите претприемачи кои тукушто почнуваат или планираат да почнат сопствен бизнис. Тоа што кај нас соодветните успешни приказни на компании основани со скромен почетен капитал, вложени иновации,
потоа собрани големи инвестиции и позиционирање на глобалниот пазар, не се многу, не значи дека нашите претприемачи не треба да стремат високо, по примерот на големите светски стратап компании. Последниве во светот ги нарекуваат „едонорози“, или компании што успеваат да постигнат проценка од над една милијарда долари уште при собирањето приватно финансирање. Трета година
по ред Wall Street Journal, заедно со Dow Jones Venture Source, ја претставуваат светска листа на стартап компании со највисока пазарна проценка. Бројката на стартап „еднорозите“ од почетокот на минатата година, досега, пораснала двојно - 148 стартап компании во светот се со пазарна проценка над една милијарда долари. Листата е збогатена и со примери од Европа, па, запознајте се накратко со најуспешните од нив.
Еднорози: бројката на стартапи проценети н
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
37 4 HelloFresh
И
1 Spotify
Ш
ведската платформа за стриминг на музика е со пазарна проценка од 8,5 милијарди долари, а им овозможува на корисниците да слушаат плејлисти со омилените песни директно на интернет, наместо да ги купуваат. Досега компанијата привлекла инвестиции од една милијарда долари.
2 Global Fashion Group
П
ретприемачите од Луксембург за само две години ја издигнаа компанијата до пазарна оценка од 3,4 милијарди долари. Тие развиваат онлајн платформа што обединува големи модни трговци, што ги насочиле своите бизниси кон различни пазари во развој. Меѓународните брендови ги вклучуваат Armani Jeans, United Colors of Benetton, DKNY, и многу други, а дел од пазарите на кои работат се Бразил, Чиле, Колумбија, Индија ... Global Fashion Group досега привлекла инвестиции од 1,5 милијарди долари.
3 Delivery Hero
В
о овој случај сè почнало како платформа за порачување и достава на пица, и се развило до компанија со пазарна проценка од 3,1 милијарди долари. Германската компанија развива онлајн платформа за локални ресторани, овозможувајќи широк достап до клиенти, олеснето плаќање и постојани попусти на порачките. Delivery Hero досега привлекла инвестиции од 1,3 милијарди долари.
овојпат се работи за Германци, чија компанија нарастува дотаму што доставува храна на клиенти од седум држави, и има пазарна проценка од 2,9 милијарди долари. Стартапот нуди пакети храна што вклучуваат месо, риба, зеленчук, овошје ... И покрај големата конкуренција на пазарот, HelloFresh има собрано 279 милиони долари инвестиции.
5 Powa
К
омпанијата за мобилно плаќање се проценуваше на 2,7 милијарди долари во 2014 година и е пример за тешко пробивање на пазар со веќе позиционирани големи играчи. Има седиште во Велика Британија, а услугите и се најразлични - од ПОС терминали за трговците, преку софтвер за оналјн продажба, до мобилна апликација за плаќање. Powa, сепак не успеа да излезе на крај со конкуренти како Apple и Google, и во 2014 година објави банкрот. Со 156 милиони долари привлечени инвестиции, компанијата се продава.
6 Adyen
Х
оландската компанија пристапува на сосем различен начин кон плаќањето. Таа, исто така, развива систем за онлајн и мобилно плаќање и ПОС терминали, но успеава да ги привлече како свои клиенти некои од најголемите компании во светот, како Facebook, Dropbox, Airbnb, Netflix, Spotify ... Adyen соработува со Visa и со Master Card. Пазарната проценка и е 2,3 милијарди долари, а има 266 милиони долари собрани инвестиции.
над милјарда долари пораснала двојно
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
38
Претприемништво
7 Oxford Nanopore
К
омпанијата од Велика Британија развива медицински производи и е со пазарна проценка од 1,5 милијарди долари. Тимот нуди апарати за електронска биолошка анализа на ДНК, РНК и протеини. Привлечените инвестиции на Oxford Nanopore се 344 милиони долари.
9 Klarna
Ш
ведската компанија развива систем за онлајн купување. На пример, клиентите разгледуваат каталог на артикли, ги порачуваат оние што ќе ги изберат, и плаќаат преку платформата на Klarna. Разликата е што компанијата му плаќа на продавачот пред да ги добие парите од порачките на купувачите. Klarna е проценета на 1,4 милијарди долари, со 299 милиони долари привлечени инвестиции.
8 BlaBlaCar
Ф
ранцуската компанија десет години оперира платформа за споделени патувања. Пазарната проценка и е 1,5 милијарди долари, со 312 милиони долари привлечени инвестиции. Платформата работи на принцип - поврзување возачи и патници кои патуваат во ист правец, во исто време, и тие ги делат трошоците за гориво. Услугите на компанијата може да се користат покрај во Франција, и во Мексико, во Индија и во Турција.
10 Auto1 Group
У
ште едно место за Германците на листата за оваа компанија што развива бизнис за продажба и купување автомобили „на старо“. Во нејзината платформа ги поврзува продавачите и купувачите, или пак само ги купува возилата што потоа им ги продава на компаниите што продаваат автомобили. Компанијата работи во над 20 држави, и е проценета на 1,2 милијарди долари, со 190 милиони долари привлечени инвестиции.
Contact: 022/401-985 | 070/380-755
Капитал број 861 29.04.2016
40
www.kapital.mk
Менаџмент
Новата генерација раководители во семејните бизниси
Сакаат промени, но тешко можат да се изборат за нови идеи И покрај сè поголемата самоувереност и јасните идеи за тоа каде сакаат да го насочат работењето на компанијата, припадниците на новите генерации и понатаму ги кочи „товарот од минатото“. Тие сакаат револуција, но засега предвидуваат, во најдобар случај, само еволуција.
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
Н 42
Менаџмент
Најновото истражување на консултанстката фирма PwC во рамки на кои се испитувани 268 помлади членови на семејствата кои имаат семеен бизнис од 31 земји во светот, а кои за неколку години веројатно ќе го преземат управувањето со компаниите, покажува дека дури 60% од нив сакаат да го прошират работењето на нови географски пазари. Новата генерација раководители во семејните компании ја прават добро подготвени и самоуверени поединци кои пред се имаат големи амбиции за себе и за своите компании. Дури 88% сакаат да направат нешто посебно со компанијата. Тие не сакаат само да го зголемат и зајакнат, туку и да го прошират својот бизнис на меѓународни пазари, да го диверзифицираат и да го модернизираат. Тие разгледуваат нови идеи, нови производи па дури и нови бизнис модели. Истражувањето “Големи очекувања: Следната генерација лидери на семејни бизниси“ истовремено покажува дека припадниците и новите генерации на овие бизниси се соочуваат со повеќе предизвици како во компанијата, така и во поширокиот бизнис контекст. PwC го прави ова меѓународно истражување за семејни бизнис 9 години по ред, а во 2014 година по прв пат во него е вклучено и истражување направено меѓу раководителите кои допрва треба да ги преземат овие компании, или како што во извештајот се нарекуваат раководители „на чекање“. Во тоа истражување, припадниците на новите генерации раководители на овие фирми беа прашани за нивните лични амбиции, планови за иднината на компанијата и предизвиците со кои очекуваат да се соочат како синови или ќерки на актуелните шефови. Одговорите на овие прашања, откриваат три клучни „јаза“ кои се закана за успешно предавање на бизнисот од една генерација на друга: XX Генерациски јаз: сегашната генерација не е секогаш уверена дека нивните деца се подготвени и способни да го преземат бизнисот XX Вредносен јаз: новата генерација смета дека мора да работат повеќе од другите во компанијата со цел да ја докажат својата вредност XX Комуникациски јаз: семејните компании мора да се носат и со личните и со професионалните односи кои носат можности за судири
Новата генерација раководители во семејните компании ја прават добро подготвени и самоуверени поединци кои пред се имаат големи амбиции за себе и за своите компании. Дури 88% сакаат да направат нешто посебно со компанијата. Тие не сакаат само да го зголемат и зајакнат, туку и да го прошират својот бизнис на меѓународни пазари, да го диверзифицираат и да го модернизираат. Тие разгледуваат нови идеи, нови производи и нови бизнис модел, но се соочуваат со поголеми проблеми при нивното имплементирање. Самоуверена генерација подготвена да остави свој печат
После две години сликата значајно се промени и тоа во позитивен правец. Порасна самодовербата на припадниците на новите генерации, нивните видици се проширија, а се подобро и подготовката за преземање на посериозната улога. На пример, 70% од припадниците на новата генерација се стекна со корисно работно искуство надвор од семејните компании и го премости вредносниот јаз дури и пред да им се придружат на семејните компании. Испитаниците одговорија дека не сакаат да бидат само „чувари“, туку дека сакаат да остават свој печат во компанијата и не се плашат да донесат помош однадвор со цел да ги постигнат своите цели. Дури 69% од нив би вработиле искусни менаџери надвор од членовите на своето семејство со цел да помогнат да го модернизираат/ професионализираат работењето на компанијата. „Еден од трендовите во работењето со семејните компании е дека талентираните припадници на новите генерации стануваат се поселективни во однос на улогите кои сакаат да ги преземат“, рече Хенрик Штајнбрекер, глобален лидер задолжен за претприемништво на PwC. „Тие сакаат работа која одговара на нивните вештини и во која ќе можат да се истакнат. Имаат подлабоко и поистенчено разбирање за тоа што ќе биде потребно за успешно управување на семејниот бизнис во иднина и се прашуваат што сè можат тие да понудат за да помогнат во напредување на компанијата“, објаснува Штајнбрекер.
Револуција или еволуција?
И покрај сè поголемата самоувереност и јасните идеи за тоа каде сакаат да го насочат работењето на компанијата, припадниците на новите генерации и понатаму ги кочи „товарот од минатото“. Тие сакаат револуција, но засега предвидуваат, во најдобар случај, само еволуција. 40% од нив признава дека ги фрустрира кога се обидуваат да ја уверат актуелната генерација да ги прифати новите идеи, а 52% од нив велат дека се плашат дека ќе мора да трошат време на борба против испреплетеноста на семејниот живот и бизнис животот.
Иако семејните компании можат да се преструктуираат, а тоа и го прават, не му успева на секој ваквото брзо прилагодување, а притоа може да дојде до напнатост помеѓу задржување на постоечките процеси (и производи) и искористување на можностите кои новите генерации ги гледаат во иднина. Имено, 59% припадници од новите генерации би сакале да го дицерзифицираат портфолиото на нивните производи, но 68% од нив сметаат дека нивната компанија тоа нема да го направи дури ни во следните десет години. „Јасно е дека дигиталните технологии се едно од подрачјата во кои се уште се чувствува генерацискиот јаз. Многу припадници на новите генерации се борат да ги уверат своите родители дека мораат повеќе да направат во поглед на дигиталната технологија. Само 41% сметаат дека стратегијата на компанијата се вклопува во дигиталниот свет, додека 29% сметаат дека семејната компанија побавно фаќа чекор со новите технологии од другите видови компании“, објаснува Штајнбрекер.
Наследување
Наследувањето е грижа која ги изморува оние кои ја преземаат семејната компанија. Уште голема улога игра непознатоста како што е прашањето околу тоа дали актуелната генерација ќе се прилагоди како и дали новата генерација ќе биде доволно добра. Исто така проблем е што актуелната генерација се спротивставува на препуштање на компанијата. 61% сметаат дека актуелната генерација ќе има големи потешкотии со целосно препуштање на компанијата на следната генерација. Стефани Хајд, членка на извршниот одбор на PwC во Велика Британија и глобална партнерка задолжена за програмата за новата генерација вели: “Клучно е да се запомни дека наследувањето на компанијата е процес, а не настан. Новата генерација мора да биде целосно подготвена на преземања со поддршка од родителите, а после формалното преземање родителите и понатаму можат да нудат помош и насоки се додека го прифатат фактот дека тие не се повеќе оние што носат одлуки”. nnn
PwC: Новите генерации сакаат да остават свој печаt
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
44
Претприемништво пазарот значи дека некој друг веќе имал иста идеја и дека успеал да најде пазар за нејзе. За да успеат, ќе треба само да бидат подобри од конкуренцијата. Лабараторијата на Харвард исто така им дава на студентите реални проблеми со кои веќе се соочува некој друг и се формираат тимови кои треба да го најдат најдоброто решение. Овој вид на креативни вежби и работење во тимови во конкурентна средина може да развие посебни вештини ориентирани кон решавање на проблеми, што го поттикнува иновативното размислување.
Идеите се одлични, но реализацијата е најважна
Многу луѓе може да имаат навистина добра идеја. Но, вистинската можност за иновација зависи од тоа како ќе ја реализирате таа идеја, односно од тимот кој ќе успеете да го составите, од тоа како ќе го формирате производот или услугата, како тие ќе бидат испорачани...
седум лекции за иновации од Харвард Еве што студентите на престижниот универзитет на Харвард учат за тоа како да креираат околина во која иновациите можат да се развиваат.
џ
оди Голдстајн знае малку повеќе работи за иновациите. Со повеќе од 20 години искуство како претприемач и инвеститор во хај-теч бизниси со фокус на потрошувачката технологија, таа има лидерски позиции во неколку стартапи, вклучувајќи ги PlanetAll, сајт за социјални контакти кој во 1989 година се продаде на Amazon за повеќе од 100 милиони долари. Таа сега ја раководи Harvard Innovation Lab (I-Lab) или Лабараторијата за иновации на престижниот Универзитет Харвард, која е основана вo 2011 година со цел да се поттикне интересот кај студентите за иновации и претприемништво и да се поддржат да развиваат креативни идеи кои ќе ги реализираат. “Има многу различни идеи. Моментално претприемачите на лабораторија на Харвард работат на идеи од креирање на иновативна храна и закуски па се до подобрување на животите на оние вклучени во армијата”. Оваа Лабараторија за иновации досега послужила како инкубатор за повеќе од 600 стартапи откако е основана. Во сите овие години, Голдстајн научила некои важни лекции за тоа како да создадете атмосфера каде што иновациите се реализираат и растат. Еве седум од најважните лекции кои би можеле да им помогнат оние кои влегуваат во бизнисот со добра бизнис идеја.
Бидете како сунѓер
Иноваторите се интелектуално љубопитни и се трудат да апсорбираат нови информации кои можат да им помогнат во реализацијата на нивните идеи. Лабараторијата за иновации во Харвард има редовни мониторинг програми за да им помогне на иноваторите да учат онолку колку што сакаат. Дури и кога немате бенефит од лабораторијата, постојаното барање на информациите кои ви се потребни и луѓе кои можат да ве научат на клучни вештини е многу важен дел од иновативноста..
Бидете фокусирани
Големите идеи се добри, но поголемиот дел од нас имаат лимитирани ресурси. Обидувањето да се биде следниот Амазон или Гугл од самиот почеток само ќе доведе до пребрзо прегорување и фрустрација. Наместо тоа, обидете се со пофокусиран пристап и почнете од таму да растете. Ако сакате да ги поставите основите за голема идеа, фокусирајте се на развивање на еден сегмент од таа идеја се додека тоа не пушти цврсти корења. “Одберете фокус и бидете едноставни”, вели Голдстајн.
Конкуренцијата е добра
Конкуренцијата може да создаде чувство на важност и мотивација која може да поттикне иновации. Голдстајн им вели на студентите дека фактот што имаат конкуренција на
Поминувајте време со луѓе кои се различни од вас
“Бекграундот и искуството кои ги имате се апсолутно критични”, вели Голдстајн. Ако имате група на луѓе кои имаат исто искуство, погледи и бекграунд, потенцијалот за иновации прилично се ограничува. Лабараторијата на Харвард има мултидисциплиниран пристап и обединува луѓе кои инаку никогаш не би се ни сретнале. На пример, студент по јавни политика може да работи заедно во тим со доктор по хемија.
Да се биде подобар е прилично хаотично
Оние кои студирале или студираат на Харвард не се баш навикнати на неуспеси. Голдстајн ги охрабрува да ги надминат неуспесите. Да се биде креативен и иновативен значи дека ќе се обидете на направите многу работи кои не функционираат. Мора да развиете повеќе прототипи кои не функционираат и да се обидете со повеќе различни пристапи. Ако дозволите вашите чувства да бидат повредени заради тоа што вашиот прв обид бил очаен, тогаш нема да бидете во состојба да се ослободите и да бидете вистински иновативен.
Иновацијата е светлина
Кога Голдстајн ги донела основачите на Лабараторијата за ионовативност да зборуваат со студентите, не сакала тие да ги споделат своите “си живееле среќно” приказни и искуства. Таа им посочила да зборуваат за се она што тргнало како што не треба и како го менаџирале и средиле. Повеќе се учи од грешките и неуспесите, отколку од успесите. Голдстајн сака студентите да знаат дека зад приказните за успех за една ноќ обично им претходната долги периоди на фрустрација и неуспешни обиди. “Сите треба да знаеме дека брзиот успех е исклучок, а не правило”, вели Голдстајн. nnn
Голдстајн: Брзиот успех е исклучок, а не правило
Рок за пРијавување: 4 мАј 2016
ЕдноднЕвнa обука на тЕма:
ПРИМЕНА И ТОЛКУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА УКАЖУВАЧИ l 6 мај 2016 (петок) l 10:00-15:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје l Што претставува заштитено надворешно и внатрешно
СОдРЖИНА НА ОбУКАТА:
пријавување
l Што претставува заштитеното пријавување l Лица кои можат да се јават во својство на укажувачи l Законски гаранции за заштита на укажувачите;
l Што претставува заштитено јавно пријавување l Заштита на идентитетот на укажувачот l Правилник за заштитено внатрешно и надворешно
l објаснување на изразите
заштитено пријавување
l Институции надлежни за постапување по овој закон
l Изготвување на акти за заштитено пријавување
l обврски на институциите од јавниот сектор
l Прекршочни санкции за постапување спротивно на законот.
l обврски на правните лица од приватниот сектор l како да се воспостави процедура за заштитено
пријавување внатрешно пријавување
ПРЕдАВАЧ:
д-р СЛАѓАНА ТАСЕВА
За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 l02 3216 963
! " !! # $ % & &' ! ( ) '! !
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
46
здравје
Ласерски зрак наместо хируршки скалпел во ”Ре-Медика” Првата приватна општа болница „Ре-Медика”, хируршкиот скалпел за низа здравствени и естетски проблеми, го менува со ласерски зрак и преку користењето на новиот Фотона ербиум јаг-ласер (Ер: Ѕаг ласер), уште еден во низата што се употребуваат за да им се помогне на пациентите. Автор:
Наташа Бошковска-Златкова
Н
еволно истекување на урината, опуштени вагинални ѕидови по породувањето на жените, подмладување, несакани влакна на кожата, акни, лузни, брчки, проши-
рени крвни садови на нозете, лицето, носот, зголемена пигментација, се само дел од проблемите на пациентите што се решаваат со ласерски третмани. Ефектите се чувствуваат веднаш, закрепнувањето е брзо, не се нарушува квалитетот на животот, а третманите заменуваат инвазивни интервенции. Првата приватна општа болница „Ре-
Медика”, хируршкиот скалпел за низа здравствени и естетски проблеми, го менува со ласерски зрак и преку користењето на новиот Фотона ербиум јаг-ласер (Er: Yag laser), уште еден во низата што се употребуваат за да им се помогне на пациентите. Примената на ласерите во естетската дерматологија е последното поглавје што
Марини: Сакаме на пациентите да им ово
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
47
значи „помалку е повеќе”, вели проф. д-р Леонардо Марини, дерматолог и хирург во „Скин докторс центар” во Трст, Италија. Тој како специјален гостин учествуваше на стручниот состанок „Ласерска примена во дерматовенерологијата и гинекологијата” во „Ре-Медика”, сертифициран од Лекарско друштво и Лекарска комора на Република Македонија. “На пациентите сакаме да им овозможиме добри резултати за кратко време со малку нусефекти. Сакаме тие да уживаат во животот благодарение на оваа технологија. Новиот тренд е комбинирање на техниките. Не употребуваме само еден ласер и само една техника, туку сакаме да ги комбинираме нежно сите техники”, вели д-р Марини. Тој објаснува дека сега ја користат новата технологија на „Фотона”, која произведува мошне фина линија производи, приспособлива, ефикасна, прецизна како скалпел во раката на добар хирург. “Оваа технологија всушност е зрачен скалпел. Нема контакт со кожата, а дејствува врз неа, ја модифицира со зрак. Но, со овој ласер не може секој да работи, бидејќи мора да си обучен, да ги селектираш пациентите”, рече доктор Марини. Д-р Душан Малетиќ од поликлиниката „Д-р Малетиќ” од Хрватска, објаснува дека ласерите даваат фантастични, трајни резултати во решавањето на хиперхидроза или прекумерно потење и липолиза,
третман што се први по липосукција, отстранување масни наслаги и со него се решава вишокот кожа. Д-р Лидија Бисеркоска Атанасовска, дерматовенеролог во „Ре-Медика” вели дека искуството од неколку месеци, а претходно и пробното работење со новиот ласер, зборува дека имаат моќна алатка за задоволство на пациентите. Не само во естетскиот дел во дерматологија, ласерската технологија се употребува и во ме-дицински цели. Покрај естетските интервенции, подмладувањата, кои се многу популарни, отстранување петна, несакана пребоеност на лицето, несакани лузни, овој ласер ни е алатка за третман и на акни, на пример, и покажа големи успеси. Задоволни сме што го имаме и се надеваме на уште поголеми успеси што ќе може и понатаму да ги презентираме - вели д-р Бисеркоска. Д-р Наташа Теовска Митревска, исто така дерматовенеролог во „Ре-Медика”, вели дека ре-зултатите и бројот на потребните третмани зависи од тоа што се третира. Секој пациент добива индивидуален протокол и за закрепнувањето и за ефектите на ласерот. Меѓутоа тие се видливи веднаш - вели таа. Д-р Симонида Котларова-Попоска, гинеколог во „Ре-Медика”, ласерот го употребува за да им помогне на пациентките со релаксирани вагинални ѕидови и за
неволно истекување на урината по породувањето. Овие третмани нудат големи олеснувања за нив. “Тие се без никаква траума, без посебни предоперативни подготовки, без нарушување на нејзиниот секојдневен животен ритам. Вообичаено се прават три-четири третмани на растојание од 4 до 6 недели и резултати има веднаш. Досега со сите пациентки имаме позитивно искуство. Како лекари сме среќни што имаме нови методи за третман”, вели д-р КотлароваПопоска. Ласерската технологија во „Ре-Медика” се користи од самото нејзино основање, додава проф. д-р Андреја Арсовски, медицински директор во болницата. Оваа технологија нуди неколку предности во однос на конвенционалните начини на лекувања. “Пред сè тука е минимално инвазивниот пристап, а се избегнува голем дел од компликациите и нусефектите. Ја користиме во гинекологијата, хирургијата, дерматовенерологијата. Во текот на нашиот развој се трудиме да ги усовршуваме техниките и знаењата со поддршка од одредена опрема, со што ги следиме трендовите во светската медицина. Се работи за технологија, која многу брзо продира во гранките на медицината, а од која ефектите се многу бргу видливи”, вели професор Арсовски.
nnn
озможиме добри резултати за кратко време
Капитал број 861 29.04.2016
'' Пред затемнувањето ''
48
уметност
www.kapital.mk
www.kapital.mk
уметност
Капитал број 861 29.04.2016
49
ПЕТАР ПОПЧЕВ АКАДЕМСКИ СЛИКАР
Приказните од мојата страна на улицата Мојот свет е плод на една автентична митска ликовна имагинација и не е стварниот свет што не опкружува во катадневницата, туку еден виш свет во кој се е понакво, во кој нема каузалитет и т.н. причинско – последичен однос во кој нема фабула, а се е сведено на симбол, знак и сигнал. Симболот е врска меѓу два света, знак на друг свет врз овој. Клучот за тајната што ќе ги дешифрира знаците е толкувањето низ симболот. И секако доаѓаме до она претпоставена инстанца од која се почнува, која ја уредува вселената... и се другото, па и нашите животи.
П
Приказните од мојата страна на улицата Создавањето на сопствени приказни, инспирирани од традицијата и од детството со елементи на магичен реализам и архаични симболи со спирални кругови што ја збогатуваат содржината и формата на овие слики на кои работам последниве години. Насловите на приказните се измислени, но приказните се вистински и идејата за приказните ме ослободува бидејќи можам да исмислувам, а јас пак обожувам да измислувам нешта. Можеби приказните и не се револуционерни самите по себе и не го менуваат светот, но без сомнеж тие се ,, генерална проба ,, за нови лични револуции каде што радоста на творењето не може да се засени со пад во некакви си депресивни зони, ниту пак со тивката елиминација на илузиите која доаѓа со животната километража, дури ни тогаш кога ќе се посомневате дека вашите херои се претворени во духови. Мојот свет е плод на една автентична митска
ликовна имагинација и не е стварниот свет што не опкружува во катадневницата, туку еден виш свет во кој се е понакво, во кој нема каузалитет и т.н. причинско – последичен однос во кој нема фабула, а се е сведено на симбол, знак и сигнал. Симболот е врска меѓу два света, знак на друг свет врз овој. Клучот за тајната што ќе ги дешифрира знаците е толкувањето низ симболот. И секако доаѓаме до она претпоставена инстанца од која се почнува, која ја уредува вселената... и се другото, па и нашите животи. Спасот секогаш го наоѓам назад кон детството и моите тајни светови во кој играм главна улога цапкајќи бос по топлата летна кал, барајќи ги бисерите од кој се прават најубавите гердани кој ќе проискрат и блеснат на сонцето, и тогаш во галоп се упатувам назад кон звездите враќајки се триумфално со моќта на сопствената вистина. А, таа пак, вистината, е и повисока категорија од реалноста, таа е космичка и не е можно со ништо да се задскрие. Е, тоа е возбуда за која вреди да се дадеш себе си, не очекувајќи дека нешто треба да ти се врати. Само таквите патувања без стари долгови се вистински. Мојата вистинска љубов во сликарството одсекогаш беше сонот кој ме спасуваше така што ми дозволуваше да сонувам, но непослушниот ред на сонот не ми дозволува секогаш да бидам присутен, а сликајќи на мој начин се трудам како да исчезне стварноста, а сопствената претстава за
светот ја градам почнувајќи и завршувајчи со мислата дека светот и приказните би биле поинакви без сликарството. Обожувам кога енергиите ќе те стокмат, ‘’дотеран’’ да излезеш пред луѓето со добра изложба.... и тогаш нема бегање.
Спасот секогаш го наоѓам назад кон детството и моите тајни светови во кој играм главна улога цапкајќи бос по топлата летна кал, барајќи ги бисерите од кој се прават најубавите гердани кој ќе проискрат и блеснат на сонцето, и тогаш во галоп се упатувам назад кон звездите враќајки се триумфално со моќта на сопствената вистина ...Можеби, реков можеби, змејовите се мојата погонска сила на која јавајќи се чувствувам убаво и силно, а на нивните крилја јас се чувствувам бестрашен. Боже, колку ја сакам непредвидливата возбуда на ваквиот начин на сликање, каде што со секој нареден потез имам сосема друга состојба, со која си или на врвот или на дното. Сликата или ќе ја биде или нема никаква потреба да постои. Сликите на оваа изложба не се врамени, многу нормално, затоа што приказните не можат да се врамат и ограничат во еден простор. Тие слободно продолжуваат да
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
уметност
'' Велигденска ''
'' Паднатиот анѓел ''
50
Сè е во давањето и земањето.... во сликарството мораш да дадеш се, а ако си подготвен да дадеш малку, а тоа е само 50%, нема да добиеш ништо.... или пак со тоа “ништо,, се занесуваш дека ете ти си добар сликар, но си не разбран од консументите. Доста слики нема да бидат на оваа изложба и неколку добри парчиња ќе останат во моето атеље, затоа што според моите критериуми тие се конкурентни една со друга. Исто како Мојата вистинска љубов во и во фудбалот, не можете да имате сликарството одсекогаш беше сонот кој двајца голмани или двајца центарфора ме спасуваше така што ми дозволуваше заедно, а играте во финале. Жал ми да сонувам, но непослушниот ред на е што една добра слика, насликана сонот не ми дозволува секогаш да на Вевчанската колонија 2015 год. бидам присутен, а сликајќи на мој начин поради технички причини (големината и се трудам како да исчезне стварноста, транспортот ) нема да биде изложена на а сопствената претстава за светот ја оваа изложба, но еве во оваа прилика градам почнувајќи и завршувајчи со ќе компензирам со нејзина фотографија мислата дека светот и приказните би “Вевчански прикаски,, 2015. биле поинакви без сликарството. Внатрешното пулсирање на сликата во голема мерка неконтролирано, освен ако сте среќник кој господари со енергиите кој во неидентификуваните сфери како што е имагинацијата, а Скопските галерии, но без да имам големи тука е и опремата што го наоѓа патот очекувања или изневерени критики од до космичката авантура, наречена компетентните фактори - критичарите кои уметност. во уметничкиот свет или се кријат или се Е, тука некаде, не сум баш најсигурен е продирањето на светлината, скриените потплатени од лошите уметници. се раскажуваат и да патуваат во други простори надвор од реалноста, во нашата имагинација. Силно се трудев да мојата работа биде една од подобрите изложби кои се тркалаат по
бои, тонови и обличја. Зависноста колку си вдахновен и вешт да ги пронајдеш, пренамениш и преформулираш овие содржини е мошниот пат кон себенаоѓањето. И тогаш, само тогаш, низ магијата на создавањето изнедрува уметничкото кое е во слава на наддимензионалното – вселенско се, а тоа е светлината - илуминантност за оние кои се со духовен вид и за нас сликарите понудена ни е шанса да се приближиме до вистината.
Зошто секогаш Византија?
Секој човек треба да има свој избор и самиот да одлучи каков живот ќе живее, каква жена ќе сака и на кој начин ќе се изразува. Мојот избор беше од ова тло со нашите традиции и одлики на еден интелигибилен свет, надчулен, но сепак сензибилен како контра тежа. Во секој случај Византиската уметност, гледано формално несомнено е фигуративна, мегутоа, како и низата други ликовни системи во неа е инкорпориран внатрешен код, шифра со чија помош е можно да се достигнат сферите на метафизичкото и спиритуалното преку поместување на значењето на феномените какви што се просторот, светлината и бојата. И кога во моите слики изчезнува предметот, тие не ги раскинуваат врските со емпириската стварност. Иако апстракни,
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
51
'' Стариот долап '' тие не се непредметни.
За детството и како се справуваш со него
На мое огромно задоволство се враќам во детството како човек – автор кој се забавува сликајќи...и на крајот на приказните доаѓам до констатација дека животот е неправеден, детството и младоста се полни со радости, стравови и дилеми, несигурност, а требаше само да живееме. Секако многу работи не се детски, сериозниот пристап кон моето сликарство, размислувањата, потезите, дилемите и одлуките како понатаму, воопшто не се наивни и детски. Многу е тешко да се разбере дека уметноста е крајно сериозна работа каде што случајностите ни случајно не поминуваат. Во моето детство реалноста беше почудесна и од митологијата, а читајќи за Том Соер и Хакл Берифин кој не беа ништо посебно затоа што ние тоа го имавме во живо. Бегањето од часовите кои без досадни и трчајќи боси по ливадите, јавајќи неоседлани, украдени коњи, и кога ќе го почувствуваш нивниот топол грб на твоите тркалца, а нозете ти висат на ветерот... верувавме дека сме бакнати од бога. И одеднаш некој паметен го удира коњот и тој се дава во галоп, а ти сеуште не знаеш
да јаваш, набрзо си на земјата искршен и со модринки, па дома мамиш дека е од фудбалот, демек оние од другото мало играат грубо во цокули.
покажува кој си и што си за да на крајот дојде до израз твојот тврдоглав став за докажување, а сето тоа мораш да го правиш со голема страст и посветеност.
Како, зар крадевте коњи?
Не, не, тоа го правеа Циганите, а нас ни наплаќаа цигара, крукче, а ние моравме да се снаоѓаме крадејќи скришно од родителите, и кога цената почна да расте, дојде до неминовно фаќање како крадци и нормално казни. Главниот испит за машка зрелост беше жаба во гаќите, нормално со гласно броење. Но, имавме среќа, жабите немаа заби.
Како ја создаваш сликата?
Сликата сакам доста долго да отспие во моите мисли... да ја откријам и таа да ме открие и освои мене. Тоа е неверојатно блиска состојба на посветеност, енергиите и духот кој истовремено се преплетуваат и проискруваат во нови кристализации...се до границите на издржливост и заслепеност од човечката фантазија. Борбата за превласт помеѓу интелектот и интуицијата и како капак на се доаѓа непослушниот лет на сонот кој те средува до даска, но сепак ти дозволува да се чувствуваш на божемски како победник... а утрото отрезнуваќки ти
Бегањето од часовите кои без досадни и трчајќи боси по ливадите, јавајќи неоседлани, украдени коњи, и кога ќе го почувствуваш нивниот топол грб на твоите тркалца, а нозете ти висат на ветерот... верувавме дека сме бакнати од бога.
И на крајот, ова се приказни од мојата страна на улицата кој можат да бидат и твои со можност да ги прераскажеш, пренамениш и пресоздадеш како твои со дадена форма на лично доживеана творба. nnn Изложбата се отвара на 05.05.2016 во 20 ч. во Културно информативен центар, Скопје.
www.kapital.mk
Капитал број 861 29.04.2016
52
Лидерство
Рекоа за...
Протестите
П
Протести против аболицијата, протести против корупцијата и криминалот, протести против протестите... Тивки или гласни, шарени или сиви, насилни или мирни....Македонската реалност периодов ја одбележуваат протести, па да видиме што големите светски луѓе имаат кажано за протестите...
Секогаш мора да заземеме страна. Неутралноста му помага на насилникот, никогаш на жртвата. Молкот го охрабрува тиранинот, никогаш угнетениот.
Понекогаш граѓаните не треба да бидат едноставно ‘ОК’. Треба да се остави простор за несогласување, вистинско несогласување.
Ели Визел
американски новелист и политички активист
Шери Тркл
американски професор и автор
Вистински патриот мора секогаш да е спремен да ја брани својата држава од нејзината влада.
Ништо не го зајакнува авторитетот како што тоа го прави молкот.
Леонардо да Винчи италијански ренесансен уметник
Едвард Ејби
американски автор и анархист
И така доаѓа моментот кога протестот не е веќе доволен; по филозофирањето мора да следи акција; силната рака го довршува она што идејата го начна.
Должноста на младината е да се спротивстави на корупцијата.
Курт Кобејн
фронтмен на рок бендот Нирвана
Виктор Иго француски писател
Ја сакам Америка повеќе од било која земја на светот, и токму заради тоа, инсистирам на правото да ја критикувам постојано.
Еден единствен шепот може да биде прилично вознемирувачки кога остатокот од публиката молчи.
Ентони Мара американски автор
Џејмс Болдвин
американски автор и критичар
Рок за пРијавување: 18 мАј 2016
ИнстИтут КОнЕПт ОрганИзИра Курс:
“Научете сè за Facebook“
(Facebook ПлатфОрма – штО Е нОвО, сe за фан страна, рЕКламИрањЕ И КрЕИрањЕ ИзвЕштаИ) l Почеток на курс: 23 мај (понеделник) 2016 година l два пати неделно (понеделник и среда) 17.00 до 20.00 часот l во просториите на Институт Концепт, скопје По завршување На курсот учесНикот ќе биде сПособеН: l да се поврзува со и да ги вклучува клиентите во маркетирањето на брендот на Facebook. l да креира, управува и одржува ефикасни Facebook фан страни. l да развие план за креирање на Facebook кампањи. l да гради целна публика и да таргетира специјални настани. l да закупува основни и Facebook премиум реклами.
l да гради содржина на реклама на Facebook
(зборови, рамка, големина, форма на слика).
l да управува со пристапот до повеќе страници
и апликации.
l да одбере соодветна опција за рекламирање
(cPc, cPM и cost Per action).
l да креира Facebook извештаи за реклами. l да креира Facebook извештаи за апликации. Предавачите се од PIkSeL.Mk брзорастечка компанија која се занимава со веб дизајн и дивелопмент, како и дигитален маркетинг. за повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 l 02 3216 963
Капитал број 861 29.04.2016
54
www.kapital.mk
лидери
ели Брод неспосоБноста да делегираат оБврски е најголемиот проБлем на менаџерите денес американски Бизнисмен и филантроп
е
Ели Брод, е еден од најуспешните претприемачи во светот. Не само во бизнисот туку во филантропијата, исто така. Тој годинава се најде меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот, што минатата недела ги објави угледниот магазин “Time”. Тој е основач на повеќе компании, меѓу кои две кои се дел од листата Fortune 500 компании – Kb Home и SunAmerica Inc. Еве дел од неговите совети:
Добротворност е само кога се пишуваат чекови и не се вклучувате во милосрдието што го правите. Додека филантропијата, за мене, е да се биде ангажиран, вклучен, не само со вашите ресурси туку и на тој начин што ќе ги направите луѓето околу вас и вие самите навистина да бидат вклучени во правење на работи кои претходно не биле направени
Мојот прв сон беше да завршам факултет. Затоа го завршив факултетот за само три години, а дополнително посетував и летни училишта
Неспособноста на менаџерите да делегираат работи е еден од најголемите проблеми што според мене ги имаат менаџерите на сите нивоа
Кога ќе ме прашате зошто го правам ова што го права – одговорот е дека сакам да направам разлика. Не сакам да држам статус кво. Сакам да им помагам на луѓето, да работам со институции или да креирам институции какви што не постојат Многу извршни директори се однесуваат како нивното време да е најважно од било чие друго време. Но јас секогаш ги почитувам вработените кои се грижат за своето време и успешно го организираат
Никогаш не уживам во одржување на статус кво ситуација. Јас секогаш барам нови идеи, без разлика дали се во бизнисот или филантропијата
Не сакам да губам време на бескрајни состаноци зборувајќи за работи што никаде не можат да не однесат. Моите состаноци се кратки, брзи и стрикно кон целта
Уметниците никогаш не прават иста работа. Уметноста е во правењете нови дела, или правење на уметност на нов начин
Audi Напредок низ техника
а з а н о з е с е ш а г о к е С
! o r t t a u q
ГОДИНА А Т А В Р П КАСКО ЗА | А Н Т А М КА РАЦИЈА Т С И Г Е Р | ПРВА СТАПКА
ИЗИНГ ПОРШЕ Л
4.5%
АКЕТ ГРАТИС П Audi Македонија Бул. Босна и Херцеговина 4 1000 Скопје Т. 02 26 26 266
www.audi.mk
Ф. 02 26 26 266