862 kapital magazin

Page 1

COVER STORY СЕ ОТКАЖУВААТ НАРАЧКИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА. ИЗВОЗОТ ЗАГРОЗЕН!

КАПИТАЛ ВОДИЧ ВО КОЈ БИЗНИС Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СЕ ВЛОЖИ?

СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ 10 ГОДИШНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ДОМИНАЦИЈА НА FACEBOOK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

НАРОДНАТА БАНКА ГО ИСПУКА ПРВИОТ КУРШУМ

КАМАТИТЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ЗА ДА СЕ ОДБРАНИ ДЕНАРОТ!

INTERVIEW

ДИМИТАР БОГОВ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНАТА БАНКА НА МАКЕДОНИЈA

НАРОДНАТА БАНКА НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ДА СЕ СЛУЧИ ДЕВАЛВАЦИЈА

КОГА ГАЗДАТА СТАНУВА ПАРТНЕР СО ВРАБОТЕНИТЕ

ОСНОВАЧОТ НА ЧОБАНИ ПОДАРИ 10% ОД ФИРМАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ БРОЈ 862 | ЦЕНА 100 ДЕН. 6 МАЈ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17

КОИ СЕ 10-ТЕ НАЈМОЌНИ БРЕНДОВИ ВО СВЕТОТ?



3

Капитал број 862 06.05.2016

сОДРжИНА

32

24 04 06 10 16

profile

Германија се вклучува директно во македонската политичка криза Кој е Jоханес Хајндл – специјалниот германски претставник за Македонија?

НАВИГАТОР

Huffington post: Македонија: Враќање кон автократија?

20

iNTerVieW

ДИмИТАР БОГОВ

гувернер на Народната банка на Македонија

Народната банка нема да дозволи да се случи девалвација

Народната банка го испука првиот куршум Каматите се зголемуваат за да се одбрани денарот !

24

луѓЕ И КОмпАНИИ

32

iNTerVieW

Cover story

Ехото од политичките тензии ги плаши партнерите во странство Се откажуваат нарачките од Македонија, извозот загрозен!

КАпИТАл АНАлИзА

Во која услужна дејност е најисплатливо да се вложи? мАРИјА ТОмЕсКА претседател на УО на Еуролинк осигурување

со колективното здравствено осигурување добиваат и компаниите и вработените

36

пРЕТпРИЕмНИшТВО

40

сВЕТ БИзНИс

Газдата на Чобани им подари 10% од акциите на работниците Бизнис предизвиците на евентуалната пост-Еу Британија Кои се опциите на Лондон во случај на Brexit?

40 44

iNTerVieW

пАВлЕ НАшОКу

генерален менаџер на печатница АНС, Битола

Имаме најмодерна опрема во македонија, наша следна цел се странски пазари

46

сВЕТ БИзНИс

50 51

сВЕТ БИзНИс

52 54

лИДЕРсТВО

Десетгодишната визија на марк закерберг 10 најмоќни светски брендови

БИзНИс И спОРТ

НОВ ОБјЕКТ НА ФуДБАлсКА АКАДЕмИјА ФК ВАРДАР Рекоа за... стресот

лИДЕР

БЕРНАР АРНО

француски бизнис магнат

луксузните стоки се единствен бизнис кај што има ‘луксузни’ профитни маржи

КРИзАТА пРОТИВ ИзВОзОТ

ОДБРАНА НА ДЕНАРОТ!

мАлИ БИзНИсИ

Странски партнери откажуваат нарачки од Македонија бидејќи земјата веќе е посочена како ризично подрачје и се проценува дека тоа ќе доведе до извесно намалување на извозот, иако засега после првите три месеци, статистиката официјално во бројките не евидентира последици од политичката криза. Бизнисмените велат дека во последниот месец, буквално немаат нарачки ниту од странство, ниту пак на домашниот пазар.

Народната банка ја зголеми основната камата од 3,25% на 4%, што е потег кој укажува дека веќе веќе шпекулациите за девалвација создаваат посериозни нерамнотежи на девизниот пазар, но и силна порака дека постои подготвеност да се одбрани денарот од девалвација по секоја цена. Засега девизните резерви се на стабилно ниво, нема поголеми нарушувања на девизните приливи од извоз и странските инвестиции, а дознаките од странство се на стабилно ниво.

Повеќе од 25% од новоотворените бизниси во Македонија во последниве пет години се во услужни дејности – најмногу ресторани и други објекти за послужување храна, трговија на мало, итн. Со помош на банкарските кредитни референти анализиравме што значи да се влезе во следниве пет типови мал бизнис: пекара бурекчилница, бутик, трговија на мало – колонијал, месарница и трговија со обувки.

XX Стр. 10

XX Стр. 20

XX Стр. 24

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 05.05.2016


www.kapital.mk

profile

ГЕРМАНИЈА СЕ ВКЛУЧУВА ДИРЕКТНО ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА

КОЈ Е ЈОХАНЕС ХАЈНДЛ

СПЕЦИЈАЛНИОТ ГЕРМАНСКИ ПРЕТСТАВНИК ЗА МАКЕДОНИЈА? Потегот на Германија за назначување на специјален претставник за Македонија се толкува како решеност на најсилната европска земја директно да се вклучи во разрешување на политичката криза која трае веќе една година. Очекувањата се дека во следниот период ќе следуваат конкретни потези и решенија со кои ќе се забрза решавањето на политичката криза.

Берлин: ПОставувањетО на Хајндл е знак за ПОсветенОст н


Капитал број 860 862 22.04.2016 06.05.2016

profile

5

Политичката ситуација во Македонија предизвикува загриженост кај германската Влада. Заради тоа Министерството за надворешни работи Франк Валтер Штајнмер одлучи да го именува личен претставник за Македонија

Г

Германското министерство за надворешни работи на својот официјален Твитер профил објави дека го назначува Јоханес Хајндл за нов специјален претставник за Македонија, кој ќе посредува за решавање на длабоката политичка криза во земјава. Новиот претставник, како што објавува Министерството за надворешни работи на Германија, ќе работи во координација со претставниците на Европската Унија и на САД. "Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер назначи специјален пратеник за Македонија.

Хајндл од 2006 до 2009 година бил заменик амбасадор во амбасадата на Германија во сад, од 3 септември 2009 година до 2011 година бил амбасадор во Чешка, а од јули 2015 година е германски амбасадор во австрија.

Амбасадорот Хајндл ќе се координира одблиску со претставниците на ЕУ и на САД за поддршка на напорите за посредување“, пишува во твитот на германското МНР. “Политичката ситуација во Македонија предизвикува загриженост кај германската Влада. Заради тоа Министерството за надворешни работи Франк Валтер Штајнмер одлучи да го именува личен претставник за Македонија”, наведуваат германски дипломати. Претходно на должноста специјален претставник на Германија за Македонија, Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА, беше Ернст Рајхел, кој неодамна е назначен за германски амбасадор во Украина. Во објавата на германското Министерство за надворешни работи се наведува дека Хајндл ќе биде известувач само за Македонија, а не и за останатите држави и организации во кои делуваше неговиот претходник. Инаку, Јоханес Хајндл е актуелен амбасадор на Германија во Австрија, а иста така бил и амбасадор во Чешка и заменик амбасадор во германската

амбасада во САД. Хајндл на почетокот на кариерата работел како новинар, а потоа како дипломат. Од 1987 година се вработува во Министерството за надворешни работи во Бон и цели 30 години ја гради својата кариера во дипломатијата. Хајндл бил шеф на политичкиот оддел и претставник во Комитетот за политика и безбедност (ПБК) на Постојаната мисија на Германија во Европската Унија. Тој своевремено бил амбасадор на Германија во поранешна Југославија, потоа преку размена на претставници бил во американскиот Стејт департмент, а потоа и заменик-шеф на специјалните сили Западен Балкан при германското Министерството за надворешни работи. Цели 14 години работел како шеф на одделот за Југоисточна Европа и Турција и германското Министерство за надворешни работи. Хајндл од 2006 до 2009 година бил заменик амбасадор во амбасадата на Германија во САД, од 3 септември 2009 година до 2011 година бил амбасадор во Чешка, а од јули 2015 година е германски амбасадор во Австрија. nnn

на Германија за ПроГрес во македонија и заПаден Балкан


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

6 НАВИГАТОР

ИЗЈАВА НА НеделАТА

РеБРеНдИРАње: ОНе.ВИп сТАН

> БРОЈКА Асад и неговите сојузници имаат рок до 1 август да ја започнат политичката транзиција. Во спротивно ќе се соочат со последиците од новиот американски пристап во завршување на граѓанската војна во Сирија.

830

милиони евра наплатиле извршителите во Македонија за 10 години колку што постојат

ЏОН КеРИ

државен секретар на САД

П

о спојувањето во октомври 2015 година, кога беше формирана новата компанија оне.Вип и по припојувањето на Близу кон оне.Вип, компанијата најавува дека од 11 мај брендовите на компанијата ќе бидат обединети под брендот Вип. Ова значи дека од тој датум сите корисници на Вип, ОНЕ и Близу тарифните модели стануваат Вип корисници. Компанијата започнува кампања под мотото „Заедно е подобро“, и за таа цел One, Vip и Blizoo стануваат дел од Вип заедницата.

Huffington post :

Македонија: Враќање к

В

Во февруари 2015 година Зоран Заев, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, а воедно и лидер на најголемата опозициска партија, откри дека 20 илјади граѓани биле илегално прислушувани во период од повеќе години, почнувајќи од почетокот на 2011 година. Меѓу нив имаше и владини и опозициски претставници, академици, странски дипломати, граѓански асоцијации, новинари и други. Овие разговори открија корупција во владата, изборни нерегуларности, политички акти на одмазда, и прикривање на убиства кои се случиле во текот на 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку месеци по откривањето на скандалот со прислушувањата, во јули 2015 година, САД и Европската унија склучија договор заедно со лидерите на четирите најголеми партии, сите победници на изборите, да се избере специјален јавен обвинител за да ги истражи овие разговори. Договорот, познат како Пржино договор, исто така повикува на формирање на техничка влада со задача да подготви услови за слободни и фер избори. Повеќе месеци беа потребни за политичките партии да постигнат договор според кој требаше да се назначи Специјален јавен обвинител, и после маратонски преговори, на

15-ти септември минатата година, во пет часот наутро, ЕУ олеснувачот Питер Ванхауте објави дека Катица Јанева, обвинител од Гевгелија, ќе биде назначена на оваа функција. Ова специјално јавно обвинителство започна со работа во декември 2015 година, што резултираше со брза оставка на премиерот Никола Груевски во јануари оваа година. На 12 април, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов најави аболиција за 56 индивидуалци кои беа обвинети (или допрва треба да бидат обвинети) во најсериозните

случаи од прислушуваните разговори за изборни измами, прикривање на убиства и корупција. Оваа колективна аболиција го вклучуваше и Никола Груевски (со пет аболиции), Гордана Јанкуловска, поранешен министер за внатрешни работи (со 13 аболиции) и Миле Јанакиевски, поранешниот министер за транспорт и врски (со 16 аболиции). Изгледа, претседателот Иванов бил под силен притисок од тимот на Груевски да ги потпише аболициите, што пак предизвика масовни протести насекаде низ државата.


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

7

нува виП

оне.Вип ДОО Скопје е компанија која произлезе со спојувањето на Вип оператор и Оне во октомври 2015г., каде Телеком Австрија Групацијата има удел од 55% и целосна контрола над компанијата, а Телеком Словеније Групацијата поседува 45%. Со присоединувањето, пак, на Близу Македонија, затворено на 3 мај 2016г., го заокружува спроведувањето на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата. Во моментот оне.Вип ги нуди своите продукти и услуги под брендовите Вип, ОНЕ, Близу и Boom TV.

мисла на неделата

Човековите права, демократските опшества и одржливиот развој зависат од протокот на информации, а правото на информирање зависи од слободата на медиумите.

Бан Ки Мун

генерален секретар на Обединетите Нации

> бројка

881

илјада товарни возила поминале низ македонските гранични премини во 2015 година

лидери

кон аВтократија?

Сундар Пичаи

извршен директор на Google

Google Chrome првпат има најголем удел на пазарот на Интернет прелистувачи

СиМон ТрПчевСки

пијанист

Угледниот Guardian со максимални пет ѕвезди го оцени најновиот компакт диск на македонскиот најпознат пијанист Симон Трпчевски

Времето на прикривање на политичката корупција, теориите на заговор што ги манипулираат широките народни маси и непотизмот изминува на Балканот. Зајакнуваат силите спремни да се борат против овој стар канцер и да ги поведат нациите кон владеење на правото како предуслов за просперитет. Македонската актуелна криза не е од оние “предизвикани од надвор“, туку е попрво заради мрежата на корумпирани високи политичари што се плашат дека може да одговараат пред законот. Со најновиот развој на настаните, ова се чини дека е токму така. Теоријата на „меѓународен заговор“ на претседателот Иванов, со поддршка од Русија

На прес-конференцијата која се одржа на 15 април, претседателот Иванов убедуваше дека развојот на случувањата во Македонија не се под „наш мандат“. Тој додаде: „Оваа е нечија друга игра. Незаконски е да се стави под надгледување цело лидерство на земјата, новинари, медиуми, дипломати и потоа да се дадат овие фабрикувани материјали во рацете на само еден човек, на кој му се дава и силна поддршка да ги употреби. Овие

последователни случувања недвосмислено покажаа дека некој друг е сериозно вклучен во креирање на оваа криза. Македонија не е ниту првата ниту пак последната земја во светот во која се прават вакви сценарија. Оваа криза е за нечиј друг интерес. Нашите цели и интереси се доведени во прашање. Постои некој кој се обидува да добие нешто преку злоупотреба на политичарите, политичките лидери и нивните поддржувачи“. Политичарите во балканските земји, воопшто, се познати за манипулирање на јавноста со вакви сценарија на... u

не им беше неделата

Маријано рахој

премиер на Шпанија

По четири месеци преговори, досегашниот премиер Рахој не успеа да создаде влада, по што шпанскиот крал Фелипе распиша нови избори

николаС Мадуро

претседател на Венецуела

Венецуелската опозиција успеа да собере 1,85 милиони потписи за референдум преку кој се бара смена на претседателот Мадуро


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

8 НАВИГАТОР ... u „теории на заговор“, најчесто убедувајќи дека сите проблеми се „увезени“ однадвор. Но таквите маневри на политичарите функционираат добро во регионот, каде етнополитиката и етно- национализмот се уште се доминантни сили во политичкиот пејзаж. Играњето на картата на „меѓународен заговор“, заедно со се уште доминантната етно-политика во македонското мултиетничко и мултикултурно општество, е најдобар начин да се сврти вниманието од овој голем скандал во кој се опфатени неколку силни политички фигури. Рускиот министер за надворешни работи му понуди помош на претседателот Иванов за „обидите да се дестабилизира ситуација во Македонија“. Русија предупредува на „Украинско сценарио кое би можело да го дестабилизира целиот балкански полуостров“. Министерот Сергеј Лавров исто така ја засили својата изјава со тоа што рече дека протестите во Македонија се „оркестрирани однадвор“. Лавров смета дека поранешниот премиер Никола Груевски бил под притисок поради тоа што одбил да се приклучи на санкциите против Русија, но и поради неговата поддршка за изградба на гасоводот Јужен тек, проект кој веќе е откажан, а кој требаше да носи гас од Руската Федерација преку Црното море во Бугарија, преку Србија, Унгарија, Словенија па се до Австрија.

Изборите планирани за 5 јуни мора да се одложат

И американскиот Стејт департмент и ЕУ остро се спротивставија на одлуката на претседателот за аболиција, изјаснувајќи се дека претстојните избори во Македонија закажани за 5 јуни нема да бидат меѓународно признаени. Претседателот Иванов би требало да ја повлече аболицијата и да му дозволи на македонскиот правосуден систем да ја врши својата работа. Ова би испратило многу јасен сигнал дека Македонија планира да ги примени Поглавјата 23 и 24 од процесот за пристапување кон ЕУ, што значи пред се’ да обезбеди независно и непартиско судство, фер судски процеси и сигурност дека Владата и нејзините функционери одговараат пред законот. Неуспехот да се постигне ова би бил навистина штета за државата што досега направи многу да се реформира себеси од социјалистичкиот систем на поранешна Југославија.

Во последните девет години, Македонија постојано е меѓу најдобрите реформатори во светот

Според Светската банка и Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Македонија е рангирана како петти најдобар реформатор во светот изминативе девет години. Forbes ја пласираше како 36-та најдобра земја во светот за водење бизнис. Вкупната даночна стапка е многу ниска, 7,4%. Корпоративниот данок на добивка и персоналниот данок на доход е 10%, меѓу најниските во Европа. Македонија исто така е члена на Мултилатералната Агенција за гаранции на инвестициите (MIGA). Земјата има ниска инфлација, од максимум 2% годишно изминативе 13 години. Добивките што се реинвестираат не се оданочуваат,

Љупчо ЗИкоВ

основач и директор на магазинот Капитал

М

ислам дека решение е да се формира широка владина коалиција која ќе вклучи независни професионалци што би можеле да ја извадат земјата од оваа криза и да ги спроведат реформите. Во претстојните месеци, Македонија треба силно да се посвети на реформите за да се креираат оптимални услови за организирање избори. потребна ни е влада што е спремна да донесе тешки одлуки. Не гледам вакви луѓе во актуелнава влада.

а постојат договори за избегнување на двојното оданочување со многу европски земји. Нема даноци за бизнисите што се инсталирани во било која од 11-те технолошко – развојни индустриски зони што се отворени во земјата. Компаниите лоцирани во овие зони се ослободени и од царина и ДДВ на увезени репроматеријали и суровини, опрема и градежни материјали. Сите овие стимулации се во согласност со ЕУ регулативите. Даноците на недвижнини се од 0,1 до 0,2%, а ДДВ е 18% (5% на поедини ставки). За да се задржи динамиката на економскиот развој и ЕУ интегративниот процес на Македонија, освен потребата претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција и јунските избори да се одложат додека не се создадат услови за фер, слободни и кредибилни избори, ЕУ и НАТО треба сериозно да ги ангажираат Грција и Македонија да го решат проблемот со името и да се одблокира патот на македонскиот влез во НАТО, блокиран од Грција на Самитот во Букурешт во 2008 година. Потребни се нови политички ликови во Македонија, спремни да влезат во национален дијалог и со капацитет да ја закрепнат нацијата и да ја помрднат земјата напред. Како што вели Љупчо Зиков, основач и директор на магазинот Капитал од Скопје: “Демонстрантите се гневни граѓани од сите етнички групи. Тука има уметници, писатели, глумци, спортисти, академици... Не постојат услови за фер избори на 5 јуни. Претседателот мора да ја повлече аболицијата, граѓаните бараат негова оставка. Работата на Специјалното обвинителство практично е поништена и блокирана. Политичкиот договор што беше постигнат во септември минатата година и

вклучуваше реформа на изборниот закон и реформи за слободни медиуми, исто така сега е суспендиран. Актуелната техничка влада нема капацитет да се справи со сериозните проблеми на корупцијата. Владејачката коалиција го загуби кредибилитетот, затоа што повеќето високи функционери се вмешани во коруптивниот скандал. Најголемата опозициска партија објави дека ќе ги бојкотира претстојните извори, а политичките партии што ги застапуваат Албанците велат дека во моменталнава атмосфера избори не може да се одржат за еден месец. Илјадници граѓани што протестираат секој ден изминативе две недели ќе ги бојкотираат изборите исто така. Мислам дека решение е да се формира широка владина коалиција која ќе вклучи независни професионалци што би можеле да ја извадат земјата од оваа криза и да ги спроведат реформите. Во претстојните месеци, Македонија треба силно да се посвети на реформите за да се креираат оптимални услови за организирање избори. Потребна ни е влада што е спремна да донесе тешки одлуки. Не гледам вакви луѓе во актуелнава влада“, вели Зиков. Времето на прикривање на политичката корупција, теориите на заговор што ги манипулираат широките народни маси и непотизмот изминува на Балканот. Зајакнуваат силите спремни да се борат против овој стар канцер и да ги поведат нациите кон владеење на правото како предуслов за просперитет. Македонската актуелна криза не е од оние “предизвикани од надвор“, туку е попрво заради мрежата на корумпирани високи политичари што се плашат дека може да одговараат пред законот. Со најновиот развој на настаните, ова се чини дека е токму така. nnn



10 COVER STORY Капитал број 862 06.05.2016

www.kapital.mk

COVER STORY

ЕХОТО ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ТЕНЗИИ ГИ ПЛАШИ

СЕ ОТКАЖУВААТ НА МАКЕДОНИЈА, ИЗВОЗ Политичките тензии во последните неколку недели ги продлабочија проблемите со кои што се соочуваат бизнисмените. Странски партнери откажуваат нарачки од Македонија бидејќи земјата

веќе е посочена како ризично подрачје и се проценува дека тоа ќе доведе до извесно намалување на извозот, иако засега после првите три месеци, статистиката официјално во бројките не


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

11

И ПАРТНЕРИТЕ ВО СТРАНСТВО

АРАЧКИТЕ ОД ЗОТ ЗАГРОЗЕН! евидентира последици од политичката криза. Бизнисмените велат дека во последниот месец, буквално немаат нарачки ниту од странство, ниту пак на домашниот пазар.

П пишува:

Александар Јанев

aleksandar.janev@kapital.mk

Политичките тензии во последните неколку недели ги продлабочија проблемите со кои што се соочуваат бизнисмените. Странски партнери откажуваат нарачки од Македонија бидејќи земјата веќе е посочена како ризично подрачје и се проценува дека тоа ќе доведе до извесно намалување на извозот, иако засега после првите три месеци, статистиката официјално во бројките не евидентира последици од политичката криза. Бизнисмените велат дека во последниот месец, буквално немаат нарачки ниту од странство, ниту пак на домашниот пазар. „Нашите партнери од регионот со кои што соработуваме подолг период сега веќе изразуваат загриженост околу испораката на производите, особено во последниот месец откако политичката криза ескалираше. Неодамна на пример, нè исфрлија од игра од два тендери во Србија без некое логично објаснување. Во исто време нема побарувачка ниту на домашниот пазар, сите инвестиции се буквално стопирани така што ситуацијата е загрижувачка. Нè плаши наредниот период особено тоа што не очекуваме брзо разрешување на политичката криза“, оценува Горан Антески, генерален директор на Раде Кончар ТЕП. Претседателот на Одборот на директори на компанијата Брако од металската индустрија, Кочо Анѓушев, вели дека засега нема откажување на нарачките од постојните партнери, меѓутоа, до нови нарачки многу тешко се доаѓало.


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

12

cover story

В

Н

Кочо Анѓушев

претседател на Одбор на директори на Брако

ашите партнери покажуваат загриженост за ситуацијата во Македонија и поради тоа сега трошиме многу време на објаснување што се случува овде, да ги увериме дека политичката криза нема да влијае на нашето работење, дека ќе го испорачаме договореното, дека цената ќе остане стабилна. Меѓутоа, и покрај тоа тие покажуваат одредена резервираност за понатамошната соработка и чувствуваме дека веќе си бараат алтернативи. Ако ситуацијата продолжи да се влошува, јасно е дека партнерите ќе ни избегаат. Од друга страна, многу тешко се доаѓа до нови договори за нови нарачки. Дури и да сме најконкурентни со цени, странските партнери предност им даваат на партнери од стабилни земји, без неизвесност.

„Нашите партнери покажуваат загриженост за ситуацијата во Македонија и поради тоа сега трошиме многу време на објаснување што се случува овде, да ги увериме дека политичката криза нема да влијае на нашето работење, дека ќе го испорачаме договореното, дека цената ќе остане стабилна. Меѓутоа, и покрај тоа тие покажуваат одредена резервираност за понатамошната соработка и чувствуваме дека веќе си бараат алтернативи. Ако ситуацијата продолжи да се влошува, јасно е дека партнерите ќе ни избегаат. Од друга страна, многу тешко се доаѓа до нови договори за нови нарачки. Дури и да сме најконкурентни со цени, странските партнери предност им даваат на партнери од стабилни земји, без неизвесност“, вели Анѓушев. Загриженост кај извозниците од ескалирањето на политичката криза до точка во која се неизвесни и преговорите меѓу партиите и со тоа и договор за надминување на проблемите, покажа и анкетата на Стопанската комора спроведена меѓу 1.000 компании во која повеќе од третина од бизнисмените одговориле дека веќе имаат конкретни најави од своите долгогодишни

Горан Антески

генерален директор на Раде Кончар ТЕП

деловни партнери за откажување на веќе воспоставените договори за соработка. Според нив, тоа може значително да влијае врз производниот процес, намалување на бројот на вработени и нивната ликвидност. „Веќе имаме примери од компании на кои во контакти со странски партнери им е наведено дека како земја сме окарактеризирани како ризично подрачје и затоа кај странските партнери, независно дали се од ЕУ или од нашето поблиско опкружување, се јавува резервираност во соработката поради постоење ризик од ненавремена испорака на производи и услуги или неможност за реализирање на планираниот извоз поради ненавремено снабдување со потребните суровини кои се увезуваат“, наведува Стопанската комора во писмената оценка и додава дека ова би можело во голема мера да влијае на нашата надворешно - трговска размена со земјите од ЕУ. Според проценките на Стопанската комора, ова сценарио најмногу би ги загрозило компаниите кои соработуваат и извезуваат во ЕУ, пред сè металската и електро индустријата, текстилот, прехранбената индустрија и земјоделскиот сектор. „Има откажување на посети кои биле

о последниот месец буквално немаме нарачки ниту од странски партнери, ниту пак на домашниот пазар. Нашите партнери од регионот со кои што соработуваме подолг период сега веќе изразуваат загриженост околу испораката на производите, особено во последниот месец откако политичката криза ескалираше. Неодамна на пример, нè исфрлија од игра од два тендери во Србија без некое логично објаснување. Во исто време нема побарувачка ниту на домашниот пазар, сите инвестиции се буквално стопирани така што ситуацијата е загрижувачка. Нè плаши наредниот период особено тоа што не очекуваме брзо разрешување на политичката криза.

најавени од потенцијалните странски партнери, што предизвикува губење или одложување на нови потенцијални нарачки кои ќе предизвикаат сериозни проблеми во однос на пополнување на прозводствените капацитети на компаниите за наредниот период“, се наведува во оценката на Стопанската комора. Генералниот директор на Макстил, Иван Бановски, вели дека во компанијата засега не се чувствуваат директни последици од политичката криза, но и тој смета дека деловниот амбиент за подобра соработка со странските партнери е нарушен. „Кога во земјата се случуваат вакви политички турбуленции тоа сигурно создава одредена вознемиреност кај странските партнери и странските инвеститори и политичките актери тоа треба да го имаат предвид. Логично е експертите по меѓународно право да ги проучат сите можни облици на санкции и да ги предвидат евентуалните проблеми со кои би можеле да бидеме соочени“, вели Бановски. Освен тоа што е загрозен извозот, анкетата меѓу бизнисмените покажа дека се продлабочуваат и ликвидносните проблеми на компаниите. Дури 45% од анкетираните бизнисмени одговориле дека не можат да си ги наплатат побарувањата, пред сè од


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

13

К

Иван Бановски

генерален директор на Макстил

ога во земјата се случуваат вакви политички турбуленции тоа сигурно создава одредена вознемиреност кај странските партнери и странските инвеститори и политичките актери тоа треба да го имаат предвид. Логично е експертите по меѓународно право да ги проучат сите можни облици на санкции и да ги предвидат евентуалните проблеми со кои би можеле да бидеме соочени. После подолг временски период кај челичната индустрија се чувствува одредено раздвижување кога станува збор за пазарните прилики, особено на надворешните пазари. Тоа е секако резултат на меѓународниот контекст и првенствено притисокот врз Кина за намалување на производната и извозната активност.

државните институции. „Покрај тоа што е намалена наплатата на побарувањата од странските партнери и од домашните компании, речиси невозможна е наплата од јавниот сектор. Од една страна домашните компании авансно плаќаат за набавки на суровини и репроматеријали, а од друга, пак купувачите се почесто бараат одложено плаќање кое се оправдува со намалениот промет“, истакнаа од

Комората. Претседателот на Одборот на директори на Витаминка, Симон Наумоски, во неговото последно интервју потврди дека првата поголема тешкотија со која се соочува компанијата е доцнењето на враќањето на ДДВ. „Минатата година речиси и да немаше доцнење во враќање на ДДВ. Во моментов чекаме поврат на ДДВ од над 35 милиони

денари, па моравме да земеме кредит за тековно работење и одложивме некои плаќања по стасани обврски од инвестиции, што е непопуларно и невообичаено за Витаминка. На некој начин, привремено се справивме со проблемот, но до кога ќе биде вака? Нејасно е и не можеме да предвидиме што нè очекува“, изјави Наумоски. Според анкетата на Стопанската комора, странските инвеститори покажале одредена доза на резервираност за натамошно инвестирање во земјава. Статистиката на Народната банка за првите два месеца од годината исто така покажа намалување на салдото на странски инвестиции за 24,5%, на само 34,2 милиони евра. Економистите исто така коментираат дека ескалацијата на политичката криза ќе има големи последици врз економијата. „Политичкиот ризик на земјата значително се зголеми. Тој испорачува негативни сигнали кон странските инвеститори и кон потенцијалните кредитори, концесионални и комерцијални. Неизвесноста за идните економски и даночни политики ги одлага одлуките за инвестиции како на домашните така и на странските инвеститори. Политичката криза ги загуши бизнис секторот и економијата“, велат од Институтот Finance Think. Според нивните анализи, евидентно е


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

14

cover story

Анкета на Стопанска комора на Македонија

Секоја трета компанија се соочува со откажување нарачки од странство

З

агриженост кај извозниците од ескалирањето на политичката покажа и анкетата на Стопанската комора спроведена меѓу 1.000 компании во која повеќе од третина од бизнисмените одговориле дека имаат конкретни најави од своите долгогодишни деловни партнери за откажување на веќе воспоставените договори за соработка. Според нив, тоа може значително да влијае врз производниот процес, намалување на дека Владата бројот на вработени и нивната ликвидност. силно „Веќе имаме примери од компании на кои во реагирала на контакти со странски партнери им е наведено замирањето дека како земја сме окарактеризирани како на ризично подрачје и затоа кај странските активноста партнери, се јавува резервираност во на приватниот соработката поради постоење ризик од сектор во ненавремена испорака на производи и услуги или неможност за реализирање на планираниот Бранко Азески втората половина од извоз поради ненавремено снабдување со претседател на Стопанска 2015 година при комора на Македонија потребните суровини кои се увезуваат“ што учеството на растот на јавната потрошувачка во вкупниот раст на економијата во тој период е околу 50%. НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ „Без реакцијата на Владата ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ преку зголемено трошење со цел остварување на проектираниот раст, стапката на раст ќе изнесуваше околу 2.7% во 2015 година“, оценуваат од Finance Think.

Првиот квартал без негативни последици

#1

ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ

ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!

02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk

После првите три месеци од годината, статистичките податоци покажаа зголемување на индустриското производство за 10,7% во однос на првиот квартал лани. Извозот пак, во јануари и февруари годинава порасна 7,5% во споредба со првите два месеца лани. Кварталните финансиски извештаи на некои од компаниите извозници кои што ги доставија до Македонската берза, исто така покажуваат зголемување на продажбата на странските пазари во периодот од јануари до март. Најголемата фармацевтска компанија Алкалоид го зголемила извозот за 4%, Факом за 8%, текстилната компанија Мода за 18%, а Макстил за дури 358%. „После подолг временски период кај челичната индустрија се чувствува одредено раздвижување

кога станува збор за пазарните прилики, особено на надворешните пазари, зголемен обем на нарачки и можност за динамизирање на извозната активност. Тоа е секако резултат на меѓународниот контекст и првенствено притисокот врз Кина за намалување на производната и извозната активност“, објаснува Бановски. Од Стопанската комора објаснија дека дека политичката криза во земјава скоро и да немала влијание и на работењето на градежниот сектор кој во последно време се јавува како значаен сектор на стопанската активност. Во име на компаниите членки на Стопанската комора, нејзиниот претседател Бранко Азески порача дека е потребна акција. „Ни треба акција, да бараме нови пазари и од „петни жили“ да ја развиваме индустријата. Во бизнисот нема делење по никаква основа, верска, етничка, национална... Постои само еден интерес – создавање поголем профит за компаниите“, изјави Азески. Иако статистиката засега не ги калкулира негативните последици од политичката нестабилност, Европската комисија во својата најнова пролетна прогноза проценува дека инвестициите ќе бидат ограничени токму од пролонгирањето на политичката неизвесност. Народната банка исто така најави дека ќе ја ревидира својата прогноза за економскиот раст годинава врз база на сценарио кое предвидува политичката криза да трае цела година.

nnn



Капитал број 862 06.05.2016

16

www.kapital.mk

Интервју

INTERVIEW

Димитар Богов гувернер на Народната банка на Македонија

Народната банка нема да дозволи да се случи девалвација

Богов: Во таква претпоставена ситуација на девалвациј


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

17

ија, сите би биле губитници, граѓаните, бизнисот, банките


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

18

Интервју

разговарала:

Д

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

XX Дали политичката криза ја зголеми побарувачката за девизи и дали има недостаток на девизи на пазарот? Во јавноста веќе се шпекулира дека курсот расте и дека менувачниците тешко доаѓаат до евра за да ја задоволат побарувачката? Политичката криза во Македонија трае повеќе од една година, но побарувачката

“Политичката криза во Македонија трае повеќе од една година, но побарувачката за девизи освен накратко, после кумановскиот настан, беше нормална сето време. Во втората половина на април се соочивме со оркестрирани повици за повлекување на депозитите од банките и шпекулации за девалвација на курсот. Како последица на тоа дојде до зголемена побарувачка за девизи на менувачкиот пазар”, вака гувернерот Димитар Богов во интервју за магазинот Капитал ја објаснува зголемената побарувачка за девизи кој се случува изминативе две до три недели. Гувернерот уверува дека Народната банка има многу моќи инструменти за да не дојде до девалвација, од која сите ќе излезат како губитници, граѓаните, бизнисот и банките. за девизи освен накратко, после кумановскиот настан, беше нормална сето време. Во втората половина на април се соочивме со оркестрирани повици за повлекување на депозитите од банките и шпекулации за девалвација на курсот. Како последица на тоа дојде до зголемена побарувачка за девизи на менувачкиот пазар. За разлика од менувачниците, банките располагаат со доволно девизи и во секое време можат да купат од Народната банка со што делуваат стабилизирачки врз курсот на денарот. На девизниот пазар меѓу банките и фирмите побарувачката за девизи е нормална што ја отсликува поволната состојба во платниот биланс. XX Дали Народната банка делува на пазарот за да го надополни недостатокот од девизи? Колку оваа паника ја чини Македонија? Народната банка ги задоволува потребите на банките предизвикани од

повисоката побарувачка во менувачкото работење со граѓаните. Но, девизниот потенцијал на земјата не е променет. Продадените девизи од девизните резерви се пренесени кај граѓаните, во нивни сефови и под „перници“. Рано е да се измери вкупната штета од оваа паника, но првите парцијални проценки укажуваат дека поради разрочувањето на депозитите и конверзијата во евра граѓаните за две недели изгубиле близу два милиони евра од изгубена камата и платени курсни разлики. Тоа е цената што досега ја платија оние кои подлегнаа на оркестрираните шпекулации. XX Колкави се девизните резерви на Македонија и дали тие можат да бидат загрозени и да паднат под минималното ниво? Девизните резерви изнесуваат над две милијарди и двесте милиони евра и мерено според критериумите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) тие се значително над оптималното ниво. Девизните резерви се првата линија

Граѓаните за две недели изгубиле два милиони евра

Р

ано е да се измери вкупната штета од оваа паника, но првите парцијални проценки укажуваат дека поради разрочувањето на депозитите и конверзијата во евра граѓаните за две недели изгубиле близу два милиони евра од изгубена камата и платени курсни разлики. Тоа е цената што досега ја платија оние кои подлегнаа на оркестрираните шпекулации.

Богов: Народна банка


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

19

на одбрана во услови на шокови, но Народната банка на Македонија располага со многу моќни инструменти на монетарната политика со кои брзо ќе ја воспостави нарушената рамнотежа. Така што нема да чекаме тие позначително да се намалат. XX Некои македонски извозни компании веќе потврдуваат дека имаат откажувања на извозни зделки заради зголемениот ризик од кулминацијата на политичката криза?

Извозните зделки не се прават од денес за утре, така што со внимателност треба да се земат таквите вести. Во секој случај се зависи од идниот развој на настаните. XX Каква е состојбата со повлекувањето на депозитите од банките? Интензитетот е сличен на минатогодишниот по кумановскиот настан. Последните денови состојбата се стабилизира и се чини дека најголемиот удар веќе помина. XX Кои се Вашите проценки за случувањата на девизниот пазар и во економијата, во случај новата

Не би коментирал што ќе се случи ако власта избрана на 5 јуни не биде меѓународно призната XX Кои се Вашите проценки за случувањата на девизниот пазар и во економијата, во случај новата влада по изборите на 5 јуни да не биде меѓународна признаена, како што се најавува од некои официјални претставници на ЕУ и САД, и како последица на тоа да не

и биде дозволен пристап и задолжување на меѓународните финансиски пазари? Тоа е хипотетичка ситуација и не би ја коментирал. Во секој случај монетарната политика со своите инструменти може да воспостави рамнотежа на девизниот пазар во секакви услови.

влада по изборите на 5 јуни да не биде меѓународна признаена, како што се највува од некои офиц ијални претствници на ЕУ и САД, и како последица на тоа да не и биде дозволен пристап и задолжување на меѓународните финансиски пазари? Тоа е хипотетичка ситуација и не би ја коментирал. Во секој случај монетарната политика со своите инструменти може да воспостави рамнотежа на девизниот пазар во секакви услови. XX Како очекувате да се однесуваат банките во случај да дојде до недостиг на девизи? Народна банка нема да дозволи да дојде до недостиг на девизи. Неколкупати во последните деветнаесет години бевме соочени со шокови од различна природа и покажавме дека сме способни во секакви услови да воспоставиме рамнотежа на девизниот пазар. XX Кои би биле најголеми губитници од евентуална девалвација? Во таква претпоставена ситуација сите би биле губитници, граѓаните, бизнисот, банките. Токму затоа, Народната банка нема да дозволи тоа да се случи. nnn

а нема да дозволи да дојде до недостиг на девизи


Капитал број 862 06.05.2016

20

www.kapital.mk

Капитал анализа

Народната банка го испука првиот куршум

Каматите се зголемуваат за да се одбрани денарот! Народната банка ја зголеми основната камата од 3,25% на 4%, што е потег кој укажува дека веќе веќе шпекулациите за девалвација создаваат посериозни нерамнотежи на девизниот пазар, но и силна порака дека постои подготвеност да се одбрани денарот од девалвација по секоја цена. Засега девизните резерви се на стабилно ниво, нема поголеми нарушувања на девизните приливи од извоз и странските инвестиции, а дознаките од странство се на стабилно ниво. Но, довербата на секоја една валута, па и на денарот, се базира на довербата во државата, која е гарант на таа валута. Ако политичката криза продолжи да се продлабочува и ако се изгуби довербата во државата и нејзините институции, тогаш девалвацијата ќе треба само да се објави и констатира. За да не дојде до тоа, сите државни институции треба со своите постапки да ја бранат довербата во државата. Тоа е најефикасно оружје против шпекулациите за девалвација.

Finance think: Потегот на НБМ е последица н


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

21

Н пишува:

Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk

Неполн месец откако политичката криза во Македонија кулминираше, а стравот од неизвесност ги натера граѓаните да ги повлекуваат парите од банка и да ги претвораат денарите во евра, Народната банка го испука првиот куршум во одбрана на макроекономската стабилност. Гувернерот Димитар Богов во средата ја зголеми основната каматна стапка од 3,25% на 4%. Овој потег од Народната банка доаѓа по речиси две недели упорно смирување на јавноста дека нема простор за никаква паника и дека зад зголемената побарувачка за девизи стојат добро оркестрирани шпекулации за можна девалвација кои имаат за цел да ја нарушат макроекономската стабилност на земјата. Капитал анализира како овој потег на Народната банка ќе се одрази врз економијата и дали оваа мерка ќе биде доволна за да се смири побарувачката за девизи и повлекувањето на депозитите од банките? Основната логика за зголемувањето на каматните стапки на благајничките записи е обидот на Народната банка да стерилизира дел од зголемената понуда на денари во оптек, со цел да ги намали притисоците врз девизниот курс. Очекувањата се дека повисоките каматни стапки ќе ги мотивираат банките да запишуваат поголеми суми на денари во благајнички записи, но во исто време ќе им создаде простор да ги зголемат каматите на штедните депозити со цел да ги убедат да не ги повлекуваат депозитите од банка. Економските експерти кои ги консултираше Капитал велат дека оваа мерка покажува дека притисоците врз девизниот курс веќе создаваат посериозни нерамнотежи на девизниот пазар, но во исто време праќа сигнал дека Народната банка е решена со сите инструменти да го одбрани денарот од девалвација. Она што е извесно е дека ова е своевиден крај на периодот на евтини пари, па во следниот период во следниот период ќе

следи поскапување на каматите и на депозитите и на кредитите.

Шпекулациите за девалвација прават економски штети

Кире Наумов, дополнителен заменикминистер за финансии вели дека потегот на гувернерот Богов гледано од економски аспект е чуден. “Зголемување на каматата на референтната стапка во време кога земјата бележи дефлација е економски нелогичен. Од друга страна, денарот е фиксиран за еврото, а монетарната политика која ја води Македонија е целосно спротивна на онаа која ја води Европската централна банка, која во изминатиот период ги симна каматите на најниско ниво и секој месец вбризгуба 80 милијарди евра за да ја поттикне економија и да ја зголеми инфлацијата. Очигледно нерамнотежата која се создава на девизниот пазар не e ни оддалеку така безгрижна како што убедуваше Народната банка во изминатиов период”, вели Наумов. Oд Институтот за економски истражувања и анализи Finance Think велат дека шпекулациите за девалвација се причината заради која Народната банка посегна по зголемувањето на основната каматна стапка, која потоа може да поттикне пораст на останатите каматни стапки во банкарскиот систем, како што се каматите на кредитите со варијабилна каматна стапка “Зголемувањето на реферетната каматна стапка на благајничките записи е последица на шпекулациите на девизниот пазар за девалвација на вредноста на денарот во однос на еврото, што резултираше со засилена побарувачка на странски платежни средства и истовремена засилена понуда на денари. Со цел извлекување вишокот денарска понуда од системот, НБРМ реагира на начин на кој би го одбранила курсот, како што и претходно најави”, велат од Finance Think. Тие и понатаму остануваат на ставот дека нема економска оправданост од девалвација на денарот. “Продолжувањето со шпекулации и конверзија на денарите за девизи, единствено дополнително ќе ја притиска основната каматна стапка нагоре, и може да доведе до пораст на банкарските каматни стапки во скоро време”, велат од Finance Think. Ваква епизода на зголемување на каматните стапки во Македонија имаше и во 2009 година. Тогаш министер за финансии беше Трајко Славески, а гувернер Петар Гошев, кој во обид да ги намали притисоците врз денарот кои доаѓаа заради преголемото трошење на фискалната политика, односно на државата, се обидуваше да ги стерилизира вишоците на денари во оптек преку зголемување на каматите на благајничките записи кои тогаш се зголемија до 9%.

на шпекулациите за девалвација на денарот


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

22

Капитал анализа

З

Д

Димитар Богов

гувернер на Народната банка

евизните резерви се првата линија на одбрана во услови на шокови. Но, Народната банка располага со многу моќни инструменти на монетарната политика со кои брзо ќе ја воспостави нарушената рамнотежа. Така што нема да чекаме тие позначително да се намалат.

Дали државата ќе мора да се задолжува поскапо на домашен пазар ?!

Наумов не ја отфрла можноста дека оваа мерка на Народната банка е во координација со фискалната политика, односно со Министерството за финансии. Претпоставката е дека ова зголемување на референтната стапка ќе биде искористено од страна на Министерството за финансии да ги зголеми каматите по кои се задолжува на домашниот пазар за да ги мотивира банките да продолжат да ги купуваат државните записи, преку кои се задолжува државата за да може нормално да ги врши исплатите од буџетот. Дента кога Народната банка ја зголеми каматата стапка на благајничките записи, Министерството за финансии објави проспект за нова аукција на државни записи. Таа треба да се одржи на 10 мај и приносот кој го нуди Министерството за финансии за тримесечните записи е 1,5%. Интересно е што за период од неполни шест месеци Министерството за финансии распиша следното задолжување на државата ќе биде со девизна клаузула, што ги штити банките од ризик за девалвација. Интересно е што за период од неполни шест месеци ова е втор пат Министерството за финансии да распише аукции со девизна клаузула. Претходно девизна клаузула за три месечни записи не била ставена цели три години, односно цели три години.

Кире Наумов

дополнителен заменик-министер за финансии

големување на каматата на референтната стапка во време кога земјата бележи дефлација е економски нелогичен. Очигледно нерамнотежата која се создава на девизниот пазар не e ни оддалеку така безгрижна како што убедуваше Народната банка во изминатиов период.

Експертите овој потег го толкуваат како обид на Министерството за финансии да ги мотивира и убеди банките да продолжат да и позајмуваат на државата, за што е подготвено да им плати приноси и да ги заштити целосно од ризик од евентуална девалвација. На последната аукција на државни записи која се одржа на во вторникот државата не успеа од домашните банки, пензиски и осигурителни друштва да го добие износот кој го бараше, па позајми 48,9 милиони евра, што е за 21,7 милиони евра помалку од првично најавените 70,6 милиони евра. Воведувањето на девизната клаузула за задолжување на државата и на домашниот пазар сугерира дека и банките веќе подлегнуваат под притисоците за шпекулациите за девалвација, па сакаат пред време да се заштитат од било какви ризици од девалвација.

Колку е (не)веројатна девалвација?

Гувернерот Димитар Богов и повеќето банкари и економски експерти во изминатиов период ја уверуваа јавноста дека не постојат економски причини за девалвација на денарот. Нивото на девизните резерви е стабилно, нема пореметувања кај приливите од извозот и странските инвестиции, а девизните дознаки од странство се на нормално ниво. Засега ова се неколку гаранти дека нема потреба од никаква девалвација на денарот. Гувернерот Богов отворено обвини дека зад зголемената побарувачка за девизи и повлекување на депозити од банките стојат оркестрирани шпекулации од центри кои сакаат да ја нарушат макроекономската стабилност. “Политичката криза во Македонија трае повеќе од една година, но побарувачката за девизи освен накратко, после кумановскиот настан, беше нормална сето време. Во втората половина на април се соочивме со оркестрирани повици за повлекување на депозитите од банките и шпекулации

П Марјан Петрески Finance Think

родолжувањето со шпекулациите и конверзијате на денарите за девизи, единствено дополнително ќе ја притиска основната каматна стапка нагоре, и може да доведе до пораст на банкарските каматни стапки во скоро време.

за девалвација на курсот. Како последица на тоа дојде до зголемена побарувачка за девизи на менувачкиот пазар”, објаснува Богов. Девизните резерви изнесуваат над две милијарди и двесте милиони евра и мерено според критериумите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) тие се значително над оптималното ниво. Според гувернерот Богов, девизните резерви се првата линија на одбрана во услови на шокови, но Народната банка располага со многу моќни инструменти на монетарната политика со кои брзо ќе ја воспостави нарушената рамнотежа. “Така што нема да чекаме тие позначително да се намалат”, дециден е Богов. Банкарите велат дека ликвидноста на банките е многу силна и адекватноста на капиталот е двојно поголема од потребното ниво, а профитабилноста на банките е најголема во изминатите неколку години. Но, ако политичката криза продолжи без разрешница, буквално никој не може да предвиди во кој правец ќе се движи економската економија. Веќе многу извозни компании имаат притисоци од странските партнери кои се сомневаат дека тие можат да ги испорачаат нарачките во време на голема политичка неизвесност. Ако се реализираат заканите од меѓународната заедница за санкции, тогаш Македонија може да се соочи со проблем нормално да се задолжува на меѓународните финансиските пазари. Тоа засега е само хипотетичка ситуација, но повеќе од сигурно е дека би имала погубни ефекти врз економијата, посебно во ситуација Македонија. Во основа довербата на секоја една валута, па и на денарот, се базира на довербата во државата, која е гарант на таа валута. Ако се изгуби довербата во државата и нејзините институции, тогаш девалвацијата ќе треба само да се објави и констатира. За да не дојде до тоа, сите државни институции треба да се грижат и со своите постапки да ја бранат довербата на државата. nnn

Проценка: Ова е крај на периодот на евтини пари!?



Капитал број 862 06.05.2016

24

www.kapital.mk

Луѓе и компании

Капитал анализа

Во која услужна деј е најисплатл да се вложи


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

25

A пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

Повеќе од 25% од новоотворените бизниси во Македонија во последниве пет години се во услужни дејности – најмногу ресторани и други објекти за послужување храна, трговија на мало, итн. Анализиравме што значи да се влезе во следниве пет типови мал бизнис: пекара бурекчилница, бутик, трговија на мало – колонијал, месарница и трговија со обувки.

јност тливо и?

Ако се анализира во кои бизнис дејности најмногу се отвориле фирми во изминатите пет години во Македонија, на прво место се ресторани и други објекти за послужување на храна – во овој период се отвориле 2.917 компании или 7% од вкупно отворените фирми во земјата. Втора дејност која е најатрактивна за отворање на фирми се невладини организации и други организации на база на зачленување, каде за период од пет години се отвориле 2.484 фирми или 6% од вкупно отворените фирми. Трговијата на мало во продавници или отворањето на мини - маркети е трета дејност во која во изминатите пет години се отвориле 1.883 фирми или 4% од вкупно отворените нови фирми. Потоа следат фризерски салони и салони за разубавување, помошни деловни услуги, трговија на мало со облека, подготовка и послужување на пијалаци, товарен патен транспорт, такси служби и изградба на згради. Ова го покажува анализата на податоците за отворени и затворени фирми во изминативе пет години кои специјално за оваа анализа на магазинот Капитал ги обезбеди и обработи фирмата Таргет груп. Во сите овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите пет години. Дополнително во првите 15 најактуелни дејности за почнување на бизнис, кои претставуваат над 45% од новите компании, нема ни една дејност на производство. Штом се најпопуларни услужните дејности за основање, веројатно луѓето мислат дека и најлесно е да се води драгсторче, млечен ресторан или фотокопирница, односно почетните инвестиции се помали, а веројатно и ризикот помал, исто како и периодот на поврат на вложените пари. Разговаравме со луѓе, сопственици на мали бизниси од услужниот сектор, кои што успеале да ја преживеат првата критична година на пазарот, период во кој што според некои статистики, дури 8090% од новите бизниси пропаѓаат. Некои од нашите соговорници се присутни и повеќе од десетина години во бизнисот, успевајќи да развијат компании што веќе влегуваат и во рангот на средни бизниси, па информациите од нив околу почетниот капитал, обртните средства, периодот на поврат на инвестицијата и сите останати параметри поврзани со функционирањето на компаниите сметаме дека се најрелевантни.


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

26

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Слушај паталец, не гаталец!

Прва цел на посета ни беше една бурекчилница во строгиот центар на Скопје. Средновечниот газда кој цел живот се занимава со истата професија и како вработен и како сопственик уште веднаш ни стави до знаење дека и ваков, на прв поглед едноставен мал бизнис не е “гола вода“ како што повеќето од нас си мислиме. “Овој дуќан го имам отворено пред десет години. Во него имам инвестирано минимум 30.000 евра. Значи тоа се дополнителни инвестиции во опремување бидејќи за дуќанот плаќам кирија. Можеби оваа вложена сума ви звучи чудно но само двете маси за месење бурек според Хасап стандарди чинат 3.000 евра. Една печка за бурек е 1.200 евра, а за пецива е 12. 000 евра“ Според истиот човек потребни се големи обртни средства и за да може да функционира и најмал бизнис. „Потребни се пари за суровина, но многу повеќе за плата на вработените. Во мојава професија конкретно мораш да имаш мајстори за месење и печење. Таков човек не доаѓа на работа за плата помала од 500 евра. Значи јас имам две смени минимум 1.000 евра месечно плаќам за луѓето без кои не можам да работам. Дополнително мајсторите секако дека не работат други работи. Значи покрај нив плаќам уште тројца или четворица во смена“. На крај домаќинот ни кажа и дека никогаш повторно не би го почнувал истиот бизнис бидејќи после цели десет години деноноќна работа сè уште ги нема вратено средствата кои ги вложил. Според банкарите, бурекчилница би требало да ја поврати почетната инвестиција за период од 5-6 години. Толку покажува просекот што го извадивме од податоците што ги добивме од Шпаркасе банка, односно од нивниот сектор за кредитирање мали и средни бизниси. Банкарите обично во своите анализи за тоа дали вреди финансиски да поддржат некоја компанија или не, до детали ги имаат разработено клучните параметри поврзани

КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОСНОВА ФИРМА?

П

роцедурите за основање на фирма во Македонија се значително скратени во однос на времето од пред 15-20 години, велат сметководителите и даночните советници. За формирање на фирма со назив Д.О.О потребен е влог од 5.000 евра. Тоа се или парични средства или движен и недвижен имот. Законот нуди можност тие средства да не се платат веднаш туку да се вложат во компанијата во првата година од работењето, но во секој случај треба да се поседуваат. Понатаму секоја година се плаќа фирмарина на општината која изнесува седум или осум илјади денари. Секој месец се плаќа и радиодифузна такса од 160 денари.“ Трошоците за сметководствени услуги се варијабилни во зависност од дејноста на компанијата. Значи тука големината не секогаш игра улога. Може да има компанија со три милионски фактури во годината, а може и да има колонијал со илјадници мали фактури што за сметководителите значи многу работа. Во просек сметководствени услуги за една мала фирма би требало да чинат околу 300 евра годишно. Минимум е 1.500 денари месечно.



www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

28

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

ПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС - ТРОШ

Почнување Почнување нана бизнис бизнис - трошоци - трошоци и поврат и поврат нана инвестицијата инвестицијата

Основни Основнии и обртни обртнисредства средства

Фиксни Фикснитрошоци трошоци (карактеристики) (карактеристики)

Цена Ценананачинење чинењенана производите производите

Пекара Пекара - - Миксери Миксери заза тесто, тесто, фрижидери, фрижидери, топли топли бурекџилн бурекџилнстолови, столови, витрини, витрини, фурни, фурни, машина машина заза ица ица лиснато, лиснато, работни работни ростфрај ростфрај маси маси и др. и др. Залихата Залихата нема нема значајно значајно место место (истата (истата вово најголем најголем дел дел сесе состои состои одод брашното брашното како како најголема ставка) и истата редовно нана најголема ставка) и истата редовно дневна основа сесе обновува. дневна основа обновува.

Најзначајни Најзначајни сесе трошоците трошоците заза кирија, кирија, комуналии комуналии (трошок (трошок заза плин плин кајкај печките печките нана плин) плин) и плати. и плати. Некои Некои клиенти, клиенти, нана бурек бурек мајсторот мајсторот и пекарот и пекарот надоместокот надоместокот имим гого пресметуваат пресметуваат попо произведени произведени производи. производи.

Зависи Зависи одод квалитетот квалитетот ии цената цената нана потребните потребните состојки состојки заза производство. производство.

Бутик Бутик

Најизразен Најизразен фиксен фиксен трошок трошок е киријата е киријата (обично (обично бутиците бутиците тежнеат тежнеат дада бидат бидат нана атрактивна атрактивна локација). локација). Дополнително, Дополнително, трошок трошок заза комуналии, комуналии, плати плати ии транспортни транспортни трошоци. трошоци.

ЈаЈа вклучува вклучува набавната набавната цена цена нана производите, производите, вклучувајќи вклучувајќи гиги зависните зависните трошоци трошоци заза транспорт, транспорт, шпедиција шпедиција ии царина. царина.

Најзначајни Најзначајни фиксни фиксни трошоци трошоци сесе трошокот трошокот заза кирија, кирија, плати плати и струја. и струја.

СеСе однесува однесува нана набавната набавната вредност вредност нана производите. производите. Сепак, Сепак, поради поради карактеристиките карактеристиките нана производите производите што што сесе продаваат продаваат често често сесе случува случува робата робата дада калира калира и да и да имаат имаат трошок трошок заза кало кало и растур. и растур.

Месарниц МесарницНајчесто Најчесто сесе состојат состојат одод опрема опрема како како аа разладни разладни уреди, уреди, фрижидери, фрижидери, витрини, витрини, апарати апарати заза мелење мелење и сецкање и сецкање нана месо, месо, возила возила (со(со разладни разладни комори), комори), а поретко а поретко ии сопствени сопствени дуќани. дуќани. Залихата Залихата исто исто така така има има значајно значајно место, место, додека додека пак пак побарувањата побарувањата имаат имаат поголемо поголемо ниво ниво доколку доколку клиентите клиентите вршат и трговија нана големо, покрај вршат и трговија големо, покрај малопродажбата. малопродажбата.

Најзначајни Најзначајни сесе трошокот трошокот заза кирија, кирија, струја, струја, одржување одржување ии плати. плати.

СеСе однесува однесува нана набавната набавната вредност вредност нана производите. производите. Вообичаена Вообичаена појава појава е е залихата залихата дада калира, калира, односно односно дада сесе јавува јавува кало кало и растур и растур ии оваа оваа ставка ставка нана редовна редовна основа основа треба треба дада сесе калкулира калкулира како како трошок. трошок.

Трговија Трговија Фиксните Фиксните средства средства обично обично сесе состојат состојат одод сосо обувки обувки транспортно транспортно средство средство и поретко и поретко сопствен сопствен деловен деловен објект. објект. Залихата Залихата има има најзначајно најзначајно место, место, додека додека пак, пак, побарувањата побарувањата обично обично сесе нана ниско ниско ниво. ниво.

Најзначајни Најзначајни фиксни фиксни трошоци трошоци сесе трошокот трошокот заза кирија, кирија, плати, плати, комуналии комуналии ии транспортни транспортни трошоци. трошоци.

СеСе однесува однесува нана набавната набавната вредност вредност нана производите, производите, вклучувајќи вклучувајќи гиги зависните зависните трошоци. трошоци.

Пекара бурекџилница

Бутик

Транспортни Транспортни средства, средства, инвентар инвентар (биро, (биро, рафтови, рафтови, кукли кукли и сл. и сл. вово вредност вредност одод 2.000 2.000 додо 3.000 3.000 евра), евра), а во а во одредени одредени случаи случаи ии сопствен сопствен деловен деловен простор. простор. Главен Главен акцент акцент има има нивото нивото нана залиха, залиха, при при што што поради поради модниот модниот тренд, тренд, доколку доколку е со е со невообичаено невообичаено голема голема вредност, вредност, истата истата сесе соочува соочува сосо ризик одод некурентност. ризик некурентност.

Трговија Трговија Основните Основните средства средства вово најголем најголем дел дел сесе нана мало мало - - состојат состојат одод превозно превозно средство, средство, а во а во колонијал колонијалпоретки поретки случаеи случаеи и сопствен и сопствен дуќан. дуќан. Најзначајно Најзначајно место место има има залихата. залихата.

Трговија на мало колонијал

Месарница

Трговија со обувки

со работењето на различни типови мали бизниси (основни и обртни средства, периодите на обрт на побарувањата, на обврските, на залихите, нето маржата, бизнис потребите и проблемите, итн.). Конкретно, за потребите на оваа анализа, ни ги доставија податоците за малите бизниси од типот на пекара - бурекчилница, бутик, трговија на мало – колонијал, месарница и трговија со обувки.

Најниска маржа кај колонијалите, највисока во бутиците

Од нив се гледа дека најбрз поврат на вложените пари може да очекувате ако отворите бутик, колонијалче или продавница за обувки, каде што просечниот период на поврат на почетната инвестиција е три години, додека најтрпеливи треба да бидете во месарскиот бизнис, каде што по дури 8-10 години почнуваат да се исплаќаат парите што сте ги вложиле. Тоа и не е чудно ако се знае просечната стапка на поврат на инвестицијата, ROI (return on investment), која изнесува најниски

3,5% кај месарниците, 8% кај пекарите / бурекчилниците и по 16% за останатите три бизниси. Нето маржата, пак, е најниска кај трговијата на мало – колонијал, и изнесува 8%, а најголема е кај бутиците за облека, 26%. Што се однесува на основните потреби на бизнисот и проблемите што може да излезат пред сопствениците/менаџерите, според анализите на банкарите наједноставно изгледа дека е за малите колонијали, затоа што таму основните средства во најголем дел се состојат од превозно средство, а во поретки случаи и сопствен дуќан, додека


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

29

шоци и поврат на инвестицијата Нето Нето маржа маржа

21,6% 21,6%

ROI ROI поврат поврат нанаинвестицијата инвестицијата

8,0% 8,0%

26,0% 26,0% 16,0% 16,0%

8,0% 8,0%

14,0% 14,0%

16,0% 16,0%

3,5% 3,5%

22,0% 22,0% 16,0% 16,0%

Период Периоднанаповрат поврат нанапочетната почетната инвестиција инвестиција

5-6 5-6 години години

33 години години

Бизнис Бизнис потреби потребии и проблеми проблеми Потреба Потреба одод вложување вложување вово опрема опрема заза зголемување зголемување нана капацитетот капацитетот заза производство производство или или заза зголемување зголемување нана асортиманот асортиманот нана производи. производи. Набавки Набавки одод странство странство претежно претежно вово готово. готово. Наплата Наплата вово готово, готово, ретко ретко нана одложено. одложено. Високи Високи кирии кирии заза атрактивни атрактивни локации. локации. Потреба Потреба одод POS POS терминали. терминали.

Многу Многу ниски ниски маржи. маржи. Силна Силна конкуренција конкуренција одод големите големите маркети. маркети. Потреба Потреба одод платежни платежни гаранции. гаранции.

33 години години

8-10 8-10

Потреба Потреба заза сопствен сопствен деловен деловен објект објект ии опрема. опрема. Потреба Потреба одод платежна платежна гаранција. гаранција.

години години Потреба Потреба одод сопствен сопствен дуќан, дуќан, средства средства заза поголема поголема нарачка нарачка пред пред сезона. сезона.

33 години години

Извор на податоците: Шпаркасе банка

најзначајно место во секојдневното работење има залихата на производи. Но, затоа пак, во овој бизнис како предизвик се истакнуваат многу ниските маржи и конкуренцијата од големите маркети. Во поглед на основните средства, најтешко им е најверојатно на бурекчилниците и месарниците, затоа што за нив треба да се набави доста опрема (миксери за тесто, фрижидери, витрини, фурни, работни ростфрај маси, итн., кај бурекчилниците, како и разладни уреди, фрижидери, витрини, апарати за мелење и сецкање на месо, возила со разладни комори кај месарниците).

Кај овие бизниси потребно е вложување во опрема и зголемување на капацитетот на производство и асортиманот, но и потребата за сопствен деловен објект и опрема кај месарниците. Во поглед на набавките, најкомплицирано им е по сè изгледа на сопствениците на бутиците, затоа што тука се вклучени и набавки од странство, претежно во готово, а поретко на одложено плаќање. Кириите за атрактивните локации се високи, а треба да се инсталираат и POS терминали за плаќање со картичка, што не е неопходно кај бурекчилниците и месарниците, на пример.

Многу поевтино е да се почне трговија одошто производство

Уште во почетокот на 90-те, кога “сè живо и диво“ почна да тера бизнис, наједноставно изгледаше да се почне трговија. Подоцна, некои од малите трговски фирми кои што уво меѓувреме спеаја да станат средни, а некои и големи бизниси, ја проширија својата дејност и во секторот производство. Таква компанија е да речеме, Макпрогрес од Виница, која што трговијата подоцна ја замени со погон за кондиторски производи, за денес да е еден од најголемите македонски извозници во овој сектор. Или пак трговската фирма Рудине која се прошири во производство на храна, односно млечни производи. Има и примери на производни компании кои што почнале буквално во гаража, како мали работилници, предводени од поранешни вработени на фирмите кои што пропаднаа во транзицијата, или пак излегоа од нив пробувајќи си ја среќата во приватниот бизнис, а денеска се големи играчи во своите индустрии. Такви компании обично се во производството на делови за машини и апарати, процесна опрема, мебел, итн. Бизнисмените и консултантите што ги контактиравме, велат дека во принцип, многу е потешко да се стартува некакво производство одошто трговија и сл., затоа што и наједноставните машини во просек чинат многукратно повеќе одошто полиците за едно колонијалче, или пак фотокопир машина. „Во моментов ако сакате да направите млекара со сите законски стандарди и нишани, да обезбедите, кадар, обртни средства, минимален маркетинг и слично, потребни ви се 700.000 - 800.000 евра, ако нешто во меѓувреме не излезе па да биде и повеќе“, вели Ангел Николов, од велешката млекарница Милком. Според него, ретко кој од бизнисмените во Македонија знае колку вкупно вложил во сопствениот бизнис и колку од тоа е вратено, бидејќи сите се насочени или на постојана борба за преживување или евентуално на некакви доинвестирања кои се случувале во подобрите времиња. „До 2007-2008 година иако имавме само два или три производи, а и конкурентноста беше поголема, имавме пари за да си ја држиме ликвидноста, и да инвестираме во нови објекти кои ни беа потребни за имплементација и задоволување на новите стандарди. Вишок средства не ни остануваа бидејќи ги инвестиравме но барем можевме до 15 ти во месецот ги извршувавме сите наши обврски. Сега поради проблемите со наплатата кои ги имаме тешко го правиме и едното и другото“. nnn


30

Капитал број 862 06.05.2016 издава: Капитал Медиа Гроуп основан 1999 година основач: Љупчо Зиков бул. ВМРО бр.7, зграда 1, влез 1, кат 6, стан бр.31

тел. ++ 389 2 3280 910 www.kapital.mk www.facebook/KapitalMK

Претплатете се на КАПИТАЛ...

АНАЛИЗА

И

ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА: МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА СО ЗАРОБЕН ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАР!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

ГОДИНИ

дејата и визијата за тоа што сакаат да направат, беше највредниот капитал кој го COVER STORY поседуваа луѓето што ја почнаа приказната КОЈ УПРАВУВА СО за Капитал пред повеќе од 15 години. Со МАКЕДОНСКАТА макотрпна и посветена работа на својот тим, ЕКОНОМИЈА? магазинот се наметна како еден од најрелевантните извори на квалитетни информации во Македонија и регионот, значајни за приватниот, јавниот и невладиниот сектор. Да се биде лидер на пазарот во својот сегмент е голема чест и задоволство, но и голема обврска кон сите што секоја недела нетрпеливо го чекаат Капитал да ги информира за економските проблематики и актуелности, но, и да ги едуцира со своите содржини за најновите трендови. СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ АВТОМОБИЛИ Капитал се чита во директорски канцеларии, Капитал АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА се чита во кабинети на политичари, Капитал се чита КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА АНАЛИЗА: КОЛКУ “ТЕЖИ” СПЕЦИЈАЛНИОТ ТИМ НА ОБВИНИТЕЛИ? на универзитети, институти, “тинк-тенк” центри.... едноставно Капитал е секаде кај што се со годишна донесуваат одлуки и креираат п ретплата од политики и стратегии. БИЗНИС И ПОЛИТИКА КАКВА ВИЗИЈА ИМА СДСМ ЗА МАКЕДОНИЈА?

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

АВТОМОБИЛСКИОТ ПАЗАР УШТЕ СЕ БУДИ ОД КОМА

специјален прилог

АВТОМОБИЛИ

КОЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ, ЌЕ РАСКАЖУВА

 АВТО САЕМ ФРАНКФУРТ 2015 КОИ НОВИ МОДЕЛИ МОЖЕ ДА ГИ ВИДИМЕ НАСКОРО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА?

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 833 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 16 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

Во време кога квалитетната информација е најскапоцен ресурс, не дозволувајте да останете без најскапоценото. Станете и вие дел од семејството на редовни читатели на Капитал и искористете ги поволните пакети за претплата што ги подготвивме за вас.

4.100 20%

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

COVER STORY

ГОСПОДАРИ НА МАКЕДОНИЈА КОЈ Е ГАЗДА НА НАЈМОЌНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ? ВОДИЧ КАКО ДА ОТВОРИТЕ ФИРМА ВО РЕГИОНОТ?

денари, заштедете

УШТЕ 20 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА.

ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ

600.000

ДАЈТЕ НИ ПАТИШТА И СЛОБОДНИ ГРАНИЦИ, ЗА БИЗНИС ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ! РАМКОВЕН ДОГОВОР: ЗА ОСУМ ГОДИНИ ПОТРОШЕНИ НАД 73 МИЛИОНИ ЕВРА!

COVER STORY СЕКОЈА ТРЕТА ДРЖАВНА КОМПАНИЈА Е ВО ЗАГУБА. КОЈ ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ?!

6 месечна претплата 2.200 денари 12 месечна претплата 4.100 денари со вклучени 20% попуст

24 месечна претплата 6.100 денари со вклучени 40% попуст

КАПИТАЛ АНАЛИЗА ЦЕНИТЕ НА СУРОВИНИТЕ ВО АМБИС. МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ОЧЕКУВА ЦРНИ СЦЕНАРИЈА

ПОЛИТИКА ВИКТОРИЈА НУЛАНД ВО СКОПЈЕ НЕ ДОАЃА СО МАГИЧНО СТАПЧЕ... НО, МОЖНО Е ДА ДОЈДЕ СО БОКСЕРСКИ РАКАВИЦИ ?!

со вклучени 15% попуст

АНАЛИЗА ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ НИКАКО ДА СЕ НАПЛАТАТ ОД ДРЖАВАТА!

КАПИТАЛ АНАЛИЗА НАД 660 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ, А УВОЗОТ НА ХРАНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 80%!

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

КОМПАНИИ И ПАЗАРИ РУСКОТО ЕМБАРГО ЌЕ ГИ ПРЕПЛАВИ МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ СО ЕВТИНИ ТУРСКИ ПРОИЗВОДИ?!

WWW.KAPITAL.MK

Сите ние живееме во време кога ...само идејата е Капитал, сè друго е пари...

КОЈ И ДА БИДЕ НА ВЛАСТ, НЕКА МУ ЈА МИСЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ ДОЛГ ОД

ГРЧКОТО “НЕ” ГО СТАВИ НА ТЕСТ ЛИДЕРСТВО НА МЕРКЕЛ И ИДНИНАТА НА ЕВРОЗОНАТА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

COVER STORY

ТУРБУЛЕНЦИИ

НА ЕВРОПСКИОТ ТЕЛЕКОМ ПАЗАР И МАКЕДОНИЈА ЗАФАТЕНА ОД БРАНОТ ПОЛИТИКА

SKI & SPA

ШТО ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК?!

ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ

СУПЕРМАРКЕТИТЕ ПЛАЌААТ КОГА САКААТ, КОЛКУ САКААТ И КАКО САКААТ

КАПИТАЛ SPECIAL

ТОП 100 ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ

АНАЛИЗА

2015/2016 КОЈ ГО ВЛЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ?  НАЈДОБРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ И ВО РЕГИОНОТ  НАЈДОБРИ СПА И ВЕЛНЕС ЦЕНТРИ

 НАЈДОБРИТЕ РЕСОРТИ ЗА ОДМОР СО ДЕЦА  ЗИМСКИТЕ СПОРТОВИ: СКИИ, СНОУБОРДИ, САНКИ ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА НА  WELLNESS МАКСТИЛ ОД 22 МИЛИОНИ ЕВРА ИНСТРУКТОРИТЕ ЈОРДАНОВ: МЕТАЛУРШКИТЕ КОМПАНИИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМААТ ПОСЕБЕН ПРЕПОРАЧУВААТ: ТРЕТМАН ОД ДРЖАВАТА ВЕЖБИ И ХРАНА БИЛДЕРБЕРГ: КАКВАИИДНИНА ЗА РЕЛАКСИРАН ЗДРАВ КРОИ СВЕТСКАТА ВЛАДА? ПОМИН НА ЗИМСКИТЕ БРОЈ 817 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 26 ЈУНИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

МЕСЕЦИ

 СОВЕТИ КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ И ПРОДУКТИВНИ ОВАА ЗИМА

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

SKI & SPA ВОДИЧ ЗА ЗИМУВАЊЕ 2015/2016

1,1

МИЛИЈАРДИ ЕВРА

ЕУ МОРА ДА СЕ МЕНУВА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ Б НА РЕГИОНАЛНА БИЗНИС НАГРАДА

PROFILE

МАТЕ РИМАЦ хрватски претприемач

СВЕТ: ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЗА СВОЈАТА ГОДИШНИЦА УДРИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ ДВОБРОЈ 819/820 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 10 ЈУЛИ/17 ЈУЛИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 832 | ЦЕНА 100 ДЕН. | 9 ОКТОМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

WWW.KAPITAL.MK

ТРЕНД: СЛУЖБЕНИ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО ИСТО ВРЕМЕ

WWW.KAPITAL.MK

БРОЈ 842 | ЦЕНА 100 ДЕН. 18 ДЕКЕМВРИ, 2015 | ПЕТОК | ГОДИНА 16

ЕВРОПСКИОТ ИЛОН МАСК

Истанбул станува “мека” за стартапи

*Во цената е вклучен ддв и платена поштарина

...заеднички ја креираме додадената вредност на нашите животни проекти...


Рок за пРијавување: 13 мАј 2016

ЕдноднЕвЕн трЕнинг за:

ВреднуВање на компании и финансиско моделирање l 17 мај 2016 (вторник) l 10:00-15:00 часот l во просториите на институт Концепт, Скопје содржина

l релативно вреднување на компании l Моделирање на оперативни подобрувања l Планирање на капитални издатоци l Менаџмент со работен капитал l Промена на структура на капитал l градење на финансиски модел l Предвидување на приходите l Предвидување на добивките l Предвидувања на слободните готовински текови l Левериџ и слободни готовински текови l Проценка на трошок на капиталот

l вреднување на инвестицијата l Пристап на дисконтитран готовински тек за

континуираната вредност

l Пресметка на дисконтиран готовински тек од

континуираната вредност

l APV вреднување на сопствениот капитал l IRR и готовински мултипликатори l анализа на чуствителност

предаВач:

проф. д-р Зоран иВаноВски

редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 l02 3216 963

! " !! # $ % & &' ! ( ) '! !


Капитал број 862 06.05.2016

INTERVIEW 32 Интервју

www.kapital.mk

марија томеСка претседател на УО на Еуролинк осигурување

Со колективното здравСтвено оСигур добиваат и компани вработените

ПремИја: Почнува од само 300 денарИ По вработен месеч


www.kapital.mk

Колективното приватно здравствено осигурување им овозможува на компаниите да покажат дека се грижат за своите вработени преку обезбедување квалитетна здравствена грижа. Затоа ова осигурување е, пред сè, за сите вработени, но и за нивните членови на семејството кои може дополнително да се вклучат во осигурувањето.

рување иите и

E

Еуролинк осигурување од неодамна почна со новата услуга – колективно приватно здравствено осигурување, кое што, според зборовите на директорката на компанијата и претседател на Управниот одбор, е огромна придобивка и за компаниите и за вработените. “Во современата корпоративна култура здравјето и благосостојбата на вработените се приоритет на одговорните компании. Тоа најмногу се должи на фактот дека вработените се највредниот ресурс на компаниите, како и на фактот дека најдобрите кадри се задржуваат со континуирано овозможување дополнителни бенефити.“, вели Томеска. XX од кога почна еуролинк со понудата на колективното приватно здравствено осигурување и што опфаќа оваа услуга? Идејата, но и потребата за приватно здравствено осигурување постоеше од многу одамна. Голем дел од нашите потенцијални клиенти користеа приватни здравствени услуги на свој трошок и се интересираа за ова покритие, но законската регулатива во овој домен не ни дозволуваше да издаваме полиси за приватно здравствено осигурување. Откако тоа се смени, се појави предизвикот да се креира производ кој ќе им го подобри квалитетот на живеење на нашите клиенти и ќе ги покрие нивните приватни здравствени трошоци. Недостигот на искуство и know how во овој домен најпрво нè наведе на соработка со реномиран осигурувач со глобално искуство во делот на приватното здравствено осигурување. Така започна соработката со GBG (Global Benefit Group) – глобално присутен осигурител од САД, тесно специјализиран и за приватно здравствено осигурување, чиј што производ за приватно здравствено осигурување најпрво го понудивме. Соработката со GBG и искуството на нашите партнери во регионот беа од огромно значење при креирањето на нашиот најнов производ - колективно приватно здравствено осигурување, кое го понудивме во почетокот на оваа година. Нашето приватно здравствено осигурување е приспособено на платежната моќ на македонските компании и на реалните состојби во приватниот здравствен систем во земјава. Со приватното здравствено осигурување

Капитал број 862 06.05.2016

33 се овозможува покривање на трошоците за лекување во сите приватни здравствени установи во Македонија, вклучувајќи ги приватните болници, клиники, поликлиники и други специјализирани приватни здравствени установи. Тоа значи дека нашите клиенти имаат покритие за сите трошоци кои произлегуваат од амбулантно и болничко лекување во приватни здравствени установи во Македонија, исклучиво по нивен избор. XX за кого е наменето колективното приватно здравствено осигурување? Приватното здравствено осигурување е наменето за сите кои преферираат да користат приватни здравствени установи тогаш кога им е најпотребно. Кога е во прашање здравјето, нема простор за дилеми дека тоа ни е на прво место во животот. Здравјето влијае врз сите животни одлуки и дејствувања на приватно или на професионално ниво, па затоа и треба да се негува и да се внимава да не се загрози. Во современата корпоративна култура здравјето и благосостојбата на вработените се приоритет на одговорните компании. Тоа најмногу се должи на фактот дека вработените се највредниот ресурс на компаниите, како и на фактот дека најдобрите кадри се задржуваат со континуирано овозможување дополнителни бенефити. Колективното приватно здравствено осигурување им овозможува на компаниите да покажат дека се грижат за своите вработени преку обезбедување квалитетна здравствена грижа. Затоа ова осигурување е, пред сè, за сите вработени, но и за нивните членови на семејството кои може дополнително да се вклучат во осигурувањето. XX што значи овој тип осигурување за вработените, а што за работодавците? Посебен акцент ставаме на бенефитот за вработените бидејќи динамиката на денешното живеење наложува вложување огромен труд во секојдневното исполнување на професионалните и на приватните задачи и обврски. Оттука е потребата за брзо, лесно и квалитетно лекување без дополнително оптоварување на и онака динамичниот ден. Редовните превентивни здравствени прегледи и останатите интервенции, кои може да бидат комплицирани и да одземаат значителен дел од работното време, доведуваат до ситуации во кои потребата да се посети лекар е често занемарена од страна на вработените, а здравјето е на последно место на листата на обврски. Со нашето приватно здравствено осигурување вработените можат да користат брз и поедноставен пристап до приватните здравствени установи, да добијат амбулантно и/или болничко лекување во нив, при што се заштедуваат и нивното време и нивните средства.

чно и ги Покрива сите трошоци за болничко лекување


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

34

Интервју

Од друга страна, секој успешен менаџер и сопственик знае дека тајната на успехот во најголема мера е заслуга на вработените, односно богатството на секоја компанија е во човечкиот капитал. Оттука произлегува мотивот на секој работодавец кој се грижи за своите вработени да склучи договор за осигурување со кој ќе им овозможи најдобра здравствена заштита. Во светот, а во последно време и во Македонија, тренд е полисата за колективно приватно здравствено осигурување да се користи како клучна алатка за мотивација и наградување на лојалните, но и начин како да се привлечат, односно како да се задржат сите вработени, особено во секторите во кои постои висока флуктуација на вработените и поголема флексибилност на пазарот на труд. Со нашето приватно здравствено осигурување работодавецот ќе има позадоволни и поздрави вработени, помали отсуства од работа поради извршување лекарски прегледи, како и покритие на трошоците за лекување на вработените во кои не ретко самиот партиципира од сопствени средства. XX Од кој износ почнуваат премиите за ова осигурување и кои основни ризици ги покрива? Се работи за оптимално дизајниран производ за приватно здравствено осигурување со годишен лимит до 6.000 евра по секое осигурено лице - вработен. Производот се состои од 10 дела кои вклучуваат покритие на сите трошоци за болничко и вонболничко лекување, трошоци за лекови, дневен надомест за користење здравствени услуги во ЈЗУ, користење санитетско возило, итно стоматолошко и офталмолошко лекување, хемотерапија и радиотерапија, систематски превентивен преглед според барање на клиентот и можност за вклучување на ризикот од породување. Клиентот има опција да избере различни комбинации/пакет од горенаведените покритија кој најмногу му одговара. Премијата почнува од само 300 денари по вработен месечно, за најминималното покритие, кое ги надоместува сите трошоци за болничко лекување. Посеопфатните пакети ги надоместуваат и трошоците за амбулантно лекување, односно трошоците за специјалистички прегледи и дијагностика, како и трошоците за препишаната терапија. Главниот бенефит при користењето на овој осигурителен производ е што слободата на избор на лекар, клиника и термин е оставена исклучиво на желбата и потребата на нашиот осигуреник и, секако, можноста за директна исплата на трошоците за болничко лекување од страна на „Еуролинк осигурување“ директно на болницата каде што се лекувал нашиот осигуреник без да се оптовари неговиот домашен буџет.

XX Дали пакетите од ова осигурување покриваат хируршки интервенции во приватните клиники и до кој износ? Сите пакети за приватното здравствено осигурување покриваат болничко лекување, со што хируршките интервенции се опфатени. Важно е да напоменеме дека при болничко лекување кое може да биде проследено со хируршка интервенција, опфатени се сите трошоци, почнувајќи од трошоците за самата интервенција, трошоци за сместување, исхрана, сите дијагностички и специјалистички постапки во текот на болничкото лекување, користење услуги на медицинскиот персонал, како и интензивна нега. Со еден збор, кога зборуваме за болничкото лекување, значи дека ги покриваме сите можни трошоци кои би настанале притоа. Како што веќе споменавме, „Еуролинк осигурување“, по претходно одобрение, ќе им ги плати трошоците за болничко лекување (на пр., доколку е потребен одреден оперативен зафат) директно на приватните болници во име на осигуреникот. Со тоа, единствена обврска на осигуреникот е да се појави во закажаниот термин во болницата, додека регулирањето на трошокот до лимитот наведен во полисата е обврска на „Еуролинк осигурување“. XX Покрива ли полисата на ова осигурување трошоци во јавни здравствени установи? Да, доколку болниците овие услуги ги извршуваат како дополнителна дејност во согласност со Законот за здравствена заштита, „Еуролинк осигурување“ ќе ги покрие трошоците за болничко лекување иако тие не настанале во приватна здравствена установа. Дополнителен бенефит, кој е вклучен дури и во најосновниот пакет, а е поврзан со услуги во јавните здравствени установи, е во случај на болничко лекување во јавни здравствени установи кои се на товар

на ФЗОМ, осигурувачот да му исплати на осигуреникот специјален надомест во износ од 30 евра за секој болнички ден при хоспитализација во јавната здравствена установа и максимум до 150 евра во текот на осигурениот период. XX Дали осигуреникот учествува во трошоците за користените здравствени услуги? Како што веќе спомнав, за болничкото лекување во приватни здравствени установи, во согласност со условите за осигурување, осигурувачот во целост ги покрива трошоците за лекување, а осигуреникот не партиципира воопшто. Осигуреникот учествува со сопствени средства, обично во проценти од вкупниот износ, во настанатите трошоци за амбулантно лекување, во согласност со договореното учество во полисата за осигурување. XX Се покриваат ли хронични болести со ова приватно здравствено осигурување? Трошоците за хронични болести кои се веќе дијагностицирани не се предмет на осигурување, бидејќи се работи за веќе реализиран ризик кој, во принцип, не може да се осигури. Но медицинските трошоци настанати за дијагностицирање хронични болести кои првпат се појавуваат по почетокот на осигурувањето се покриени во полн износ. XX Дали може да се осигурат членови на семејството? Иако наш главен фокус со овој производ е групното осигурување на вработените, како ексклузивна можност за осигурување на индивидуална основа им се дава на вработените кои се веќе осигурени да склучат полиса за приватно здравствено осигурување и за членовите на своите семејства. Под членови се подразбираат брачен другар и деца, а возраста на осигурениците може да биде од 07 до 64 години. nnn

Ексклузива: може да се осигурат и членови на семејството



Капитал број 862 06.05.2016

36

www.kapital.mk

Претприемништво

Кога газдата станува партнер со вработените

Газдата на Чобани им подари 10% од акциите на работниците

Две илјади вработени на полно работно време во фирмата за производство на јогурт Чобани минатата недела добија големо изненадување кое може некој од нив да ги направи милионери. Хамди Улукаја, турски имигрант кој го основаше Чобани во 2005 година им кажа на работниците во фабриката во Њујорк дека ќе им додели дел од акциите во фирмата во вредност од 10% кога таа ќе излезе на берза или ќе се продаде. Целта, како што вели Улукаја е да се пренесе дел од богатството на оние кои помогнале да се изгради тоа богатство во изминатава декада од кога работи компанијата.

Завет: Улукаја вети дека по неговата смрт, поло


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

37

Д

Две илјади вработени на полно работно време во фирмата за производство на јогурт Чобани минатата недела добија големо изненадување кое може некој од нив да ги направи милионери. Хамди Улукаја, турски имигрант кој го основаше Чобани во 2005 година им кажа на работниците во фабриката во Њујорк дека ќе им додели дел од акциите во фирмата во вредност од 10% кога таа ќе излезе на берза или ќе се продаде. Целта, како што вели Улукаја е да се пренесе дел од богатството на оние кои помогнале да се изгради тоа богатство во изминатава декада од кога работи компанијата. Компанијата Чобани сега се проценува дека вреди неколку милијарди евра. “Изградив нешто за кое што никогаш не мислев дека ќе биде толку успешно, но не можам ниту да помислам дека Чобани ќе беше изграден без помошта на сите овие луѓе. Сега со овој потег работниците ќе работат уште повеќе, бидејќи истовремено ќе ја градат и својата иднина”, изјави Улукаја. Вработените во Чобани веста за акциите ја добиле минатата недела. Секој работник во фабриката добил писмо во коe имало информација за тоа колку акции добива.

Бројот на акции што секој работник го добива зависи од стажот, односно колку подолго е некој работник во компанијата толку повеќе акции ќе добие. Пред две години кога Чобани доби заем од TPG Capital во износ од 750 милиони долари, вредноста на компанијата се проценуваше над 3 милијарди долари. При оваа вредност на компанијата, секој вработен просечно би добил по околу 150.000 долари. Работниците пак кои се најдолго во компанијата би добиле многу повеќе акции, кои би имала вредност и над 1 милион долари. Рич Лејк, менаџер на проектот е еден од групата на пет вработени кои Улукаја ги најми кога ја основаше фабриката во Нов Берлин, кварт во Њујорк. Тој вели дека не очекува акциите од Чобани многу да му го променат животот. “Јас сум човек кој живее според своите можности. Акциите за мене се признание за тоа што тој лично и другите вработени имаат вложено во Чобани”, вели Лејк. “Ова е многу подобро отколку бонус или зголемување на платата. Ова е најдобро нешто, бидејќи добивате дел од компанијата која се градела со ваша помош”, им објаснил Лејк на американските новинари. Трансферот на акции од страна на Улукаја кон неговите вработени допира до една многу жешка економска тема во САД, но и во целиот свет – рапидно растечкиот јаз помеѓу платите на менаџерите и просечниот работник. САД имаат меѓу најголемите разлики во плати и оваа тема има значајна улога во кампањата за претседателските избори, посебно помеѓу Демократите. Во изминатиот период и некои други сопственици на фирми ветија слични работи. На пример, основачот на Gravity Payments, фирма за процесирање на плаќања преку кредитни картички со седиште во Сиетл им

вети на неговите 120 работници дека во рок од три години ќе им плаќа минимална плата од 70.000 долари годишно. Идејата за да се поделат акции на работниците во Чобани доаѓа лично од сопственикот и основачот на овој производител на јогурт Улукаја. Работниците имаат право да ги продадат акциите ако компанијата излезе да котира на берза или пак ако биде купена од некоја друга компанија. Засега ниту една од овие две опции не изгледа дека може да се случи во блиска иднина. Вработените можат да ги сочуваат акциите ако одлучат да се заминат или во случај да се пензионираат, или компанијата може да им ги откупи. Неодамна имаше шпекулации дека TPG Capital може да купи удел во Чобани, заради тоа што кратко откако беше одобрен заемот, се случија одредени несогласувања помеѓу Улукаја и приватниот кредитор, околу тоа како треба да продолжи да се управува компанијата Чобани. TPG Capital има гаранција да откупи 20% или повеќе од акциите на Чобани, во зависност од таргетите поставени во првичниот договор. Ваков трансфер на акции на вработените е навистина редок во индустријата за храна во која работи Чобани. Во еден од ретките примери, Боб Мур, основач на Bob’s Red Mill, компанија за производство за житарки во 2010 година им ја предаде на вработените целата контрола врз неговата компанија, основајќи програма на работничко акционерство. Технолошките компании често ги плаќаат своите вработени делумно во акции за полесно да ги придобијат или за да привлечат работници во почетните години. Така на пример, првите вработени во Google и Facebook преку ноќ станаа

овина богатство ќе го даде во хуманитарни цели


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

38

Претприемништво

Изградив нешто за кое што никогаш не мислев дека ќе биде толку успешно, но не можам ниту да помислам дека Чобани ќе беше изграден без помошта на сите овие луѓе. Сега со овој потег работниците ќе работат уште повеќе, бидејќи истовремено ќе ја градат и својата иднина. мултимилионери, токму заради таквите начини на компензација. Но, за разлика од многу технолошки компании, Улукаја им дава дел на своите вработени, во време кога вредноста на компанијата е веќе цврсто изградена и поставена. “Многу е необично и ретко, посебно во индустријата со храна, да се практикуваат вакви програми на компензација на вработените”, вели Џесика Кенеди, раководител во Mercer, консултантска компанија за човечки ресурси која работеше со Чобани на спроведувањето на програмата на компензација со акции. Основачот на Чобани за целиот период на работење ги плаќа работниците над минималната плата и им дава фул тај здравствени и други бенефиции. Пред неколку години, компанијата Чобани

западна во некои финансиски проблеми откако потроши половина милијарда долари за да ја изгради најголемата фабрика за производство на јогурт во светот, која се простира на огромен простор во Ајдахо. Новата фабрика дозволува фабриката да се прошири во производство на нови производи, како на пример јогурт за деца пакуван во туба, или мали пакувања на јогурт во облик на десерт. Компанијата направи многу напори за да се вратат работите во нормала и да продолжи нормално да работи, што беше проследено и со заем од TPG Capital, со кој практично бизнисот на Чобани беше спасен од банкрот. Во последните неколку години бизнисот на Чобани доживува нов развој, благодарение на новите производи кои се произведуваат во новата фабрика во Ајдахо.

Некои проценки велат дека вредноста на Чобани по сите овие инвестиции може да се зголеми и до 7 милијарди долари. Улукаја се уште ќе поседува најголем удел од компанијата, иако неговиот удел сега ќе се намали.Тој вели дека доделувањето на акции ан вработените бил еден од условите кои тој лично ги поставил при склучувањето на договорот за заем со TGP Capital. “За мене постојат два вида луѓе на светот. Луѓе кои работат во Чобани и луѓе кои не работат. На почетокот работевме заедно, а сега сме партнери”, вели Улукаја, кој како турски мигрант дошол во САД во 2005 година и заедно со пет работници ја основал фирмата Чобани, која по десет години вреди неколку милијарди долари. Производителот на јогурт Чобани само минатата година имал продажби во вредност од 1,6 милијарди долари. nnn

Улукаја: На почетокот работевме заедно, а сега сме партнери во бизнисот



Капитал број 862 06.05.2016

40

www.kapital.mk

Свет бизнис и финансии

Бизнис предизвиците на евентуалната пост-ЕУ Британија

Кои се опциите на Лондон во случај на Brexit?

Обама: Може да поминат и десет години пред


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

И

41

И претседателот на САД, Барак Обама, ја предупреди Велика Британија дека ако го избере Brexit, може да се најде „на крајот од долгата опашка“ што чека нов трговски договор. „Едноставно велам дека ќе биде тешко да се направи нов трговски договор. Многу време одзема, и Велика Британија може да не успее да се договори со САД побрзо отколку Европската унија“, изјави Обама во интервју за BBC за време на неодамнешната посета на Лондон. Во случај на 23 јуни Британците да гласаат за напуштање на ЕУ, „може да помнат пет или десет години пред реално“ да склучат нов договор со САД, објасни претседателот на САД. Аналитичарите оценија дека ефектот врз ставовите на Британиците на овие изјави бил минимален. А каков избор има официјален Лондон за предоговарање на трговските односи со светот во случај на излегување од ЕУ, анализираа Financial Times и Reuters.

Бесцаринска трговија наместо царинска унија

Велика Британија тешко дека би сакала да влезе во царинската унија на ЕУ по примерот на Турција. Со учество во неа државата би добила директен пристап до стабилните европски пазари, но нема да ги ужива предностите од другите договори што унијата ги склучува. Поверојатно изгледа да успее да склучи договор со ЕУ за бесцаринска трговија. Унијата веќе има многу вакви договори, а и британски стандарди се усогласени со европските, што ќе го олесни преодот. Од друга страна, вакви договори обично се дел од поголеми трговски договори. Освен ова, некои членки на ЕУ веќе се заканија со сериозни преговори ако Британија ја напушти Унијата. Тоа значи дека Лондон најверојатно ќе треба да преговара одделно за илјади производи со доскорешните партнери. Евентуалниот договор треба да ги уреди многуте прашања, како правилата за потекло на стоката, за да не се претвори Велика Британија во задна врата за увоз на производи од трети страни во ЕУ.

Слободна трговија или не?

Велика Британија сигурно ќе сака трговски договори со колку што може повеќе од стратешките играчи. Канада веќе применува сличен модел, но тој може да не

Наспроти извесните ризици што за британскиот извоз би ги преставувало напуштањето на ЕУ, приврзаниците на Brexit-от даваат аргументи зошто Велика Британија не треба да стравува од склучувањето нови трговски договори. Но, анализите покажуваат дека ниту едно трговско сценарио по евентуалното излегување од ЕУ не е без големи мани и компликации функционира добро за Британија, најмалку поради тоа што вклучува само делумно отворање на пазарот за финансиски услуги, кој, пак, прави огромен дел од британската економија. Приврзаниците на Brexit посочуваат дека државата има огромна предност во случај на „канадско сценарио“. Повеќето членки на ЕУ имаат негативен трговски биланс

со Велика Британија, а ЕУ како целина го купува скоро половината од извозот на земјата. На Островот, пак, завршуваат околу 10% од извозот на останатите 27 еврочленки. Министерот за финансии, Џорџ Озборн. неодамна изјави дека канадската варијанта би ја оставила економијата за 6,2% помала до 2030 година, во споредба со случајот на останување во ЕУ.

д Британија да склучи нов договор со САД


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

42

Свет бизнис и финансии

Швајцарска опција

Приврзаниците на Brexit често го посочуваат договорот постигнат меѓу Кина и Швајцарија, како пример и за Лондон. Но, во него Швајцарците не успејаа да договорат пониски кинески увозни царини за своите часовници. За пристап на Швајцарците до единствениот пазар на ЕУ, плус EFTA (European Free Trade Association), тие плаќаат годишно во буџетот на ЕУ, прифаќаат еден куп европски пазарни правила и слободно движење на граѓаните на ЕУ. Но, тие немаат право на трансгранични финансиски услуги. Британските политичари ќе треба да им објаснат на Британците зошто кога веќе гласале за излегување од ЕУ, државата ќе продолжи со непопуларниот трансфер на стотици милиони фунти, и нема да има целосна независност при регулациите. Освен тоа ќе треба да го уреди статусот на три милиони граѓани на државитечленки на ЕУ кои живеат на Островот, и на два милиони Британци во останатите ЕУ-држави.

И претседателот на САД, Барак Обама, ја предупреди Велика Британија дека ако го избере Brexit, може да се најде „на крајот од долгата опашка“ што чека нов трговски договор.

Услугите и финансиите

Секторот за услуги генерира 80% од британската економија. Barclays смета дека веќе во рок од десет години од овој сектор ќе доаѓа половината на британскиот извоз. Но, повеќето сегашни трговски договори изрично ги исклучуваат услугите. Лондон е светски финансиски центар, но малку е веројатно во случај на Brexit Европската централна банка да дозволи некои видови трговија во Сити. Поддржувачите на Brexit велат дека државата им е доволно голем играч за да постигне специјална зделка со ЕУ, и оти германските производители на автомобили или шпанските винари ќе ги пристиснат своите влади за таа цел. Крајна опција е повикување на правилата на Светската трговска организација во односите со ЕУ, поради кои царините меѓу богатите економии и онака се на многу ниски нивоа.Но, и во тој случај ќе претрпат удат британските производители на автомобили, секторот на услугите ... Најпосле, Лондон ќе треба да најде луѓе кои ќе седнат на маса за трговски

преговори не само со ЕУ, но и со скоро педесет клучни економии низ светот, со кои досега рамките се изработувани преку

Contact: 022/401-985 | 070/380-755

делегациите на Унијата. Велика Британија вакви преговори не водела самостојно од 1973 година. nnn


13

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

мај

Жените во бизнисот

2016

“Послаб” пол за посилни перформанси Светската бизнис пракса покажува дека жените можат да бидат многу подобри организатори, покреативни и поголеми перфекционисти од мажите, а многу често и нивната лојалност кон фирмите за кои што работат е поголема во однос на нивните машки колеги. Сепак, статистиките покажуваат дека едвај 5% од врвните менаџерски позиции во глобалната економија ги држат жени. Во специјалниот прилог “Жените во бизнисот: ‘Послаб’ пол за посилни перформанси“ ќе се фокусираме на хероините на македонскиот бизнис жените кои што само потврдуваат дека компаниите треба многу повеќе да се потпрат на нивниот талент и способности при донесувањето одлуки. Ќе претставиме дел од најуспешните, и секако најмоќни жени на македонската деловна сцена – ако се земе предвид обртот и добивките на компаниите што ги предводат од позиција на менаџери или членови на управните одбори. Во прилогот “Жените и бизнисот“ што ќе излезе на 13.05.2016, ќе може да прочитате:

l Кои се најмоќните жени во македонскиот бизнис, според големината на компаниите што ги предводат l Кои индустрии имаат најголем процент на жени на менаџерски позиции: ќе ги истакнеме и компаниите што предничат на ова поле l Жените како претприемачи: спешни македонски приказни l Од прва рака: интервјуа со менаџерки и сопственички на македонски компании за нивниот пат до успехот l Светски искуства: родовата и секоја друга разноликост во компаниите донесува најмногу иновации l Кои се најмоќните жени во бизнисот во регионот и светот Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505

Лицe за контакт:

ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

INTERVIEW 44 Интервју

павле нашоку генерален менаџер на печатница АНС, Битола

Имаме најмодерна опрема во македонИја, наша следна цел се странскИ пазарИ

в

Во своето 20 - годишно пос тоење, битолската печатница „АНС“ се води од непишаното правило: на секои три години да има иновации во работните процеси и машинскиот парк. Најновата, голема инвестиција во нова производна хала и најсовремена опрема за печатење треба да ги зацврсти нивните позиции на

домашниот пазар на печатарски услуги, но и да им отвори нови пазари надвор од земјава. Со Павле Нашоку, генерален менаџер на печатницата разговаравме за амбициозните планови на „АНС“. XX од кога постои печатницата „анс“ и каква е приказната за нејзиното формирање? Годинава славиме убав јубилеј – 20 години од почетокот со работа на печатницата, но приказната оди уште дваесетина години порано, во 1974-та, кога мојот татко Атанас Нашоку ја почнал својата кариера со фотографијата. Иако економист по образование, како љубител на фотографирањето, тој побарал дозвола од својот тогашен работодавец да го дизајнира и отпечати неговиот постер, по што бил ангажиран да работи на проектот

како фотограф. Следат три и пол децении на работа како уметнички фотограф, но и театарски фотограф. Татко ми шест години работел и како главен менаџер на секторот графички дизајн и печатење во една од најголемите печатници во Македонија, „Киро Дандаро“ од Битола. На неговите патувања во Германија научил како да ја вклопи неговата љубовфотографијата со печатењето и подоцна да го изгради својот уникатен бизнис. Во 1996 година го исполнува својот сон и ја основа компанијата „АНС“, која ја раководи до пензионирањето во 2013 година, предавајќи ја потоа во рацете на двајцата синови, јас и мојот брат Андреј. Ние сме во компанијата уште од самиот почеток, ги поминавме сите работни позиции стекнувајќи искуство и подготвувајќи се за моментот кога ја

ПредностИ: новата оПрема ќе И овозможИ на ПечатнИцата нај


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

45 Новата машина што ја купивме е од последната генерација печатарски машини – единствена во земјава, комплетно е онлајн, а исто така на нашите клиенти им нудиме можност за секоја нарачка која ќе ја направат до 10 часот во текот на денот, да им биде испорачана истиот ден, без разлика дали станува збор за плакати, етикети или кутии. Имаме најсовремено дизајн студио, како и опрема за офсет печатење од најновата генерација. Во списокот на наши клиенти влегуваат голем број на познати компании од Македонија од различни бранши, а веројатно најпознат проект на кој што работиме изминативе пет години е календарот на Пелистерка.

Годинава почнавме со инвестиција во производна хала од 300 м2 и со купување на нова машина KBA Б2 4 бои + лак од последната генерација на печатарски машини, единствена од ваков вид во Македонија. Со целата дополнителна опрема таа ни нуди можност за печатење до 30 работни налози во тираж од 50 табаци до 2.000 табаци во една смена, со беспрекорен квалитет.Нашата следна цел е отворање на нови пазари надвор од Македонија и достигнување на 50% од приходот од извоз. наследивме фирмата и станавме главни менаџери. XX Кои се услугите што ги нуди „АНС“ и кои се ваши најчести клиенти? Ние сме офсет печатница која што нуди секаков вид на офсет печатење – од блоковска стока до ексклузивни календари и секаков вид на прехранбена и фармацевтска амбалажа. Најголеми клиенти ни се компаниите што произведуваат вода (етикети на хартија и алу фолија), прехранбената и фармацевтската инду-стрија, со секаков вид на картонска амбалажа, како и збирна амбалажа на двослојна и повеќеслојна брановидна лепенка. Во последно време претежно работиме амбалажа, затоа нарачките за рекламен материјал се сведени на минимум, поради намалените маркетинг буџети на компаниите. XX Објаснете ни малку повеќе за новата опрема што ја имате

набавено: за каква машина се работи и кои се нејзините можности? Годинава почнавме со инвестиција во производна хала од 300 м2 и со купување на нова машина KBA Б2 4 бои + лак од последната генерација на печатарски машини, единствена од ваков вид во Македонија. Со целата дополнителна опрема таа ни нуди можност за печатење до 30 работни налози во тираж од 50 табаци до 2.000 табаци во една смена, со беспрекорен квалитет. Оваа опрема нуди и можност за репетирање на налогот со идентичен квалитет (ова е особено важно кај етикетите и амбалажата). Машината е комплетно онлајн, а исто така на нашите клиенти им нудиме можност за секоја нарачка која ќе ја направат до 10 часот во текот на денот, да им биде испорачана истиот ден, без разлика дали станува збор за плакати, етикети или кутии. XX Каква е вашата оценка за пазарот на печатени услуги во Македонија – на кое ниво на развој се домашните печатници во споредба со она што се нуди на Запад?

Печатарскиот бизнис во земјава полека се стабилизира и на пазарот опстануваат само големите печатници, што е добро, бидејќи се одржува конкуренцијата при повисоко ниво на квалитет. Македонските печатници се сeуште многу далеку со квалитетот на опрема за печатење и доработка во однос на западноевропските печатници. Не само со машинскиот парк, туку и со нивото на едукација заостануваме зад светските трендови. Иако во Битола, на пример, постојат средно графичко училиште и факултет за графика, таму се изучуваат веќе напуштени технологии, премногу општи предмети и недостасува пракса. XX Каква е визијата за понатамошен развој на компанијата, каде ја гледате „АНС“ за пет години? Нашата цел е отворање на нови пазари надвор од Македонија и достигнување на 50% од приходот од извоз. Во моментот сме фокусирани во подигнување на нашиот квалитет на максимално ниво и имплементација на сите стандарди како што се TUV и 5S. nnn

јбрза можна изработка и испорака на нарачаните материјали


Капитал број 862 06.05.2016

46

www.kapital.mk

Свет бизнис и финансии

Десетгодишната визија на Марк Закерберг

Facebook доминација

За време на мај 2012 година акциите на Facebook паднаа уште на вториот ден од излегувањето на социјалната мрежа на берзата. Тогаш инвеститорите, брокерите и новинарите изразуваа сомнеж за способноста на компанијата и основачот Марк Закерберг да ја материјализираат огромната база на корисници. Четири години подоцна Facebook се проценува на 315 милијарди долари што го прави четврта најголема технолошка компанија во светот. И одамна не се нарекува проста социјална мрежа. Денеска е еден од највлијателните технолошки гиганти, новински портал и рекламен колос. Амбициите на Зукерберг се уште поголеми за во иднина. Според кажаното за време на годишната конференција на Ф8, Facebook наголемо ќе се занимава со воведувањето на вештачка интелигенција, дронови, виртуелна реалност и други иновации.

Закерберг: Ако некој ми кажеше дека Facebo


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

47

В

Во моментов Facebook може да се пофали со огромен аудиториум, желба на секој маркетинг агент. Социјалната мрежа има 1,6 милијарди долари месечни корисници, од кои 83,6% се надвор од Северна Америка. Во исто време 900 милиони луѓе го користат Facebook Messenger додека WhatsUpчат услугата која што беше купена за 22 милијарди долари пред две години уште 1 милијарда луѓе. Корисничката база на Instagram e поголема од 400 милиони луѓе. Facebook навистина одамна не е социјална мрежа. „Повеќе е холдинг компанија за различни комуникациски платформи“. Според врвните светски аналитичари и медиуми нема друга компанија во светов со исклучок на

Извршниот директор на Facebook верува дека виртуелната реалност ќе го промени начинот на кој комуницираме и го гледаме светот. Во моментов во процес на проектирање е камера од 360 степени и сензори преку кои луѓето ќе можат да се сретнат со секого и во секое време во било кој дел на светот. Според Закерберг, сето тоа набрзо ќе биде возможно. Google, која што располага со толкав број корисници и знае толку многу за нивните онлајн навики и може да ги таргетира така успешно. Во истото време се забележува одлив од социјалните навики на корисниците на Facebook. Па така онлајн изданието The Information објави дека од средината на 2015 година досега обемот на споделени информации на Facebook е намален за 5%. Паѓањето на постирањето на лични информации е уште поголемо и изнесува 21% на годишно ниво. Официјалниот одговор на Facebook е дека корисниците се уште поминуваат многу време на платформата и дека статистиките се приближно еднакви на минатата години. И додека многумина сметаат дека има причина за загриженост, стратегијата на Зукерберг е далеку поамбициозна од контакти со пријатели, допаѓање на постови и приватни снимки. Десетгодишниот план на основачот на компанијата сака да ги промени комуникациите меѓу луѓето во светот. Тоа вклучува три етапи- првата е подобрување на целиот екосистем на Facebook во следните три години, вториот е окрупнување на Instagram, WhatsUp, Messenger и други продукти во следните пет години, а третиот

е разработка на виртуелна реалност, вештачка интелигенција и глобална поврзаност во следните десет години. Логично последната фаза привлекува најголем интерес.

Виртуелен од прв поглед

Закерберг јасно покажа доверба во иднината на виртуелната реалност уште пред две години кога плати две милијарди долари за Okulus, компанија која тогаш просто ветуваше револуционерна виртуелна реалност. Извршниот директор на Facebook верува дека виртуелната реалност ќе го промени начинот на кој комуницираме и го гледаме светот. Во моментов во процес на проектирање е камера од 360 степени и сензори преку кои луѓето ќе можат да се сретнат со секого и во секое време во било кој дел на светот. Според Закерберг, сето тоа набрзо ќе биде возможно. „Многу од работите кои ги гледаме како физички објекти денес, на пример, телевизорот во скоро време ќе бидат достапни за само еден долар, најавува основачот на Facebook. Според него, технологијата ќе биде помогната од создавањето на нови очила, кои по ништо не се разликуваат од сегашните обични наочари со диоптер.

ook ќе направи авион, ќе речев дека е луд


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

48

Свет бизнис и финансии

Вештачки интелигентни ботови

Според визијата на Закерберг во иднина корисниците ќе комуницираат со вештачка интелигенција преку Facebook Меssenger, таканаречени ботови кои ќе доставуваат секакви корисни информации за сообраќајот, времето или пазарењето. За прв пат таков бот веќе корист CNN Messenger и препорачува статии и новини според интересите на корисниците. Ботовите нема да имаат право да зборуваат со корисниците, ако тоа стриктно не се бара од нив. „Луѓето немаат ништо против да контактираат со фирми и различни услуги преку Messenger. Тоа ги прави продуктите поважен дел од животот на корисниците“. Ботовите ќе им предлагаат на клиентите различни можности, ќе можат да распознаваат снимки и ќе обработуваат нарачки. Првично Facebook нема да прави пари од системот во со време може да воведе бизнис модел.

Цел свет на Facebook

Најголемата и веројатно најтешко остварлива амбиција на Закерберг е да ги сврзе кон мрежата две третини од населението на планетата кое во моментот нема постојан пристап до интернет. За целта на компанијата ќе се користат дронови, ласери и бесплатна претплата. Facebook за таа намена создаде авион напојуван од сонцето кој тежи помалку од една кола и може да лета на височина од 20.000 метри со месеци и да шири бесплатен интернет сигнал преку ласери. „Ако некој некогаш ми кажеше, дека Facebook ќе направи авион ќе речев дека тој е луд“, изјави Закерберг.

Што ќе се случува во скоро време...

Некои од овие проекти може и да не се случат, но јасно ја покажуваат желбата на Закерберг да биде визионер како други технолошки магнати пред него. Во прво време компанијата секако треба да ја исполни првата фаза од десетгодишниот план. Дел од неа цели да ги задржи потребите кои ги имаат од социјалната платформа. А најсигурен начин да ги натераш луѓето да поминат повеќе време на Facebook е да ги

Најголемата и веројатно најтешко остварлива амбиција на Закерберг е да ги сврзе кон мрежата две третини од населението на планетата кое во моментот нема постојан пристап до интернет. За целта на компанијата ќе се користат дронови, ласери и бесплатна претплата. Facebook за таа намена создаде авион напојуван од сонцето кој тежи помалку од една кола и може да лета на височина од 20.000 метри со месеци и да шири бесплатен интернет сигнал преку ласери. привлечеш со разнообразни и интересни содржини. За време на таа година Facebook покажа нови две услуги од кои една од нив треба да биде центарот на новиот фокус на компанијата – стриминг на видео во реално време. Facebook толку многу се залага за овие услуги што дури им плаќа на водечките медиуми и извесни личности да создадат содржина. „Работиме со некои партнери и во некои од случаите тоа вклучува финансиски стимул“, вели Фиџи Симо директор за продукти на Facebook. Компанијата објави дека стриминг услугата веќе е достапна за сите корисници и се очекува да се популаризира во наредните месеци.

Од сето ова може да се заклучи дека во првата етапа од десетгодишниот план на Закерберг, целта на Facebook е да го запази статутот на главна социјална платформа. На таков начин иднината на социјалната мрежа е розова во услови кога луѓето остануваат на Facebook без разлика дали толку објавуваат лични информации како претходно. Од друга страна, ова не го загрозува бизнис моделот на Facebook да собира лични податоци од своите корисници, за да ги продава на маркетинг агенциите и ќе продолжи да го прави тоа. Со овој двоен бизнис модел патот кон глобална комуникациска доминација им е отворен. nnn

Фацебук: Tехнологијата ќе биде помогната од создавањеto на нови очила


ДЕКАДА НА ВРВНО ОБРАЗОВАНИЕ! • Престижна МБА програма за развој на вашата кариера • Единствена меѓународна акредитирана програма во Македонија • Професори со сертификат од Харвард бизнис школата

www.uacs.edu.mk ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Универзитет Американ Колеџ Скопје Трета македонска бригада 60, 1000 Скопје Тел: +389 (0) 2 2463 156

Е-пошта: graduate@uacs.edu.mk Веб страна: www.uacs.edu.mk


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

50

Свет бизниС вредност (млрд. долари)

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

10

Walt Disney

САД

31,67

Lego

Данска

4,50

L'Oréal

Франција

14,99

PWC

САД

18,57

McKinsey

САД

4,80

Nike

САД

28,04

Johnson's

САД

15,11

Coca-Cola

САД

34,18

NBC

САД

16,10

Google

САД

94,18 Извор: Brand Finance

најмоќни светски брендови

на годинешната листа на најмоќни брендови што традиционално ја подготвува консултантската компанија Brand Finance, на првото место меѓу 500 светски компании со најмоќни брендови, се најде Walt Disney. Компанијата Brand Finance својата листа на најсилни глобални брендови ја профилираше како многу важен извор за проценување на брендови.

Н

а годинешната листа на најмоќни брендови што традиционално ја подготвува консултантската компанија Brand Finance, на првото место меѓу 500 светски компании со најмоќни брендови, се најде Walt Disney. Brand Finance исто така објавува и листа на 500

најдобри банки со најсилни брендови, на чие чело се најде Wells Fargo. Компанијата Brand Finance својата листа на најсилни глобални брендови ја профилираше како многу важен извор за проценување на брендови.

Американска надмоќ

Подемот на Disney на листата на светски најмоќни брендови се должи буквално

на филмот Сила. На крилата на успехот на последниот седми по ред филм од низата “Војна на ѕвездите: Силата се буди”, освои најголема моќ. Слично се случи минатата година со брендот Lego заради филмот Lego се вивна меѓу 10-те најмоќни брендови. Надмоќта на брендот на Apple во светот продолжува да доминира со вредност од 145,9 милијарди долaри, но годинава не се наоѓа меѓу десетте најмоќни брендови. Според Brand Finance, Disneyм иако е на чело на листата најмоќни брендови, годинава се најде на 24 место на листата на највредни брендови. За него тоа е пад од дваесеттото место, за четири места подолу, иако вредноста на брендот се зголеми 3% и сега изнесува 31,8 милијарди долари. Банката со најмоќен бренд Wells Fargo, е десетта на листата највредни брендови со проценета вредност на брендот од 44,2 милијарди долари, што е скок за пет места погоре. Меѓу највредните 10 брендови има дури осум технолошки и телекомуникациски компании. Според Brand Finance, вредноста на 100те највредни светски брендови од 2006 година до 2015 година се зголемила на 3,3 милијарди долари или за 126%. Она што може да се заклучи на прв поглед е дека на врвот на листата на највредни и најмоќни брендови доминираат компании од САД. nnn


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

Бизнис и спорт

51

НОВ ОБЈЕКТ НА ФУДБАЛСКА АКАДЕМИЈА ФК ВАРДАР

П

о повод големиот христијански празник Велигден, ФК Вардар на најмладите во Македонија им подарува фудбалска академија со највисоки светски стандарди. Фудбалската академија ФК Вардар е институција за развој на млади фудбалски индивидуи кои директно треба да влијаат на фудбалската иднина во Македонија. Работата е организирана според стандардите на еминентните клубови кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите – која исто така е цел и план на ФК Вардар. Овој проект е од суштествено значење за националните интереси на Р. Македонија поради фактот што секое детенце кое е член на Фудбалската академија Вардар е со огромен потенцијал да стане македонски репрезентативец. Социјалниот аспект од реализацијата на овој капитален објект е директниот инпут кон развој на спортот и здрави спортски навики кон младите, а исто така овој проект е директна бариера на младите од актуелните пороци на 21-ви век кои се застапени насекаде на светот, па и во Република Македонија. Институција од овој тип е изградена за прв пат во историјата на Република Македонија и ќе биде локален и регионален лидер во креирањето на нови фудбалски надежи. Од компаративен аспект би сакале да потенцираме дека најблиску во регионот академија од ваков тип има фудбалскиот клуб Партизан, кој реално продуцира

По повод големиот христијански празник Велигден, ФК Вардар на најмладите во Македонија им подарува фудбалска академија со највисоки светски стандарди. фудбалски таленти и е дел од еминентните фудбалски натпреварувања како Лигата на Европа и групната фаза на Лигата на шампиони. “Објектот е проектиран од Балкан Груп Констракшн. Се работи за модерен дизајн во елипсовидна форма, согласно со просторот и во насока на визуелна адаптација со Националната Арена Филип Втори. Фудбалската академија ФК Вардар е со површина од 1.152 m2 во кој се сместени 6 соблекувални за децата и тренерите, простор за видео презентации, администатиен простор и други помошни простории. Сите останати простории се опремени централна вентилација со греење и ладење, како и со подно греење. Обезбедени се 50-тина паркинг места, за потребите на објектот. Објектот е осветлен со лед светилки, кои навечер даваат посебен ефект и амбиент. Во екстериерот и ентериерот на објектот доминираат црвената и црната боја и амблемите како симбол на ФК Вардар”, изјави Марио Кофилоски, директор на Фудбалската академија ФК Вардар на презентацијата на овој објект кој е од есенцијална важност

за развојот на фудбалот како спорт во Македонија. Денес во ФК Вардар професионално тренираат околу 500 млади деца, додека дел од регионалната фудбалската академијата се вкупно 1.000 деца. Со реализацијата на оваа институција се поттикна голем интерес кај јавноста и се подигна нивото на репутација од аспект на високи стандарди во едукација и напредок на фудбалери од најмладите категории како стартна основа за изградба на идни врвни поединци од светски калибар. “Терените се со вештачка трева поради можноста тренинзите да се одвиваат во разни временски услови. Сите услови што ги нуди академијата се одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Слободно можам да кажам дека академијата на ФК Вардар ги исполнува сите услови за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови“, изјави Павел Неделковски, координатор на детската школа ФК Вардар.

nnn


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

52

Лидерство

Рекоа за... Стресот

Г

Го нарекуваат тивок убиец на современиот човек. Нема човек што не се соочил со него, а повеќето од нас го чувствуваат како хронична болка. Тоа е стресот. Ни го загорчува животот, а како да не може да живееме без него. Да видиме што кажале некои славни луѓе за стресот и што да сториме околу него за да живееме поздраво и порелаксирано.

Најголемиот стрес што луѓето го чувствуваат не е заради тоа што имаат премногу работи да завршат. Тој доаѓа заради незавршување на тоа што го имаат почнато

Стресот е ништо друго освен општествено прифатлива форма на ментална болест

Дејвид Ален

американски автор и консултант

Ричард Карлсон

американски мотивациски говорник и автор

Стресот е предизвикан затоа што сме ‘овде’, а сакаме да бидеме ‘таму’

Ако секоја ситуација во животот ја третирате како ‘живот или смрт’, ќе умрете многу пати

Бесмислено е да се нервираш за работи врз кои немаш контрола, затоа што не можеш ништо да промениш. Бесмислено е да се нервираш и за работи врз кои имаш контрола, затоа што таму можеш да промениш. Значи, нема смисла да се нервираш за било што!. Еден од симптомите дека ви се ближи нервен слом е ако мислите дека вашата работа е ужасно важна

Дин Смит

Екарт Тол

Вејн Дајер

Гудјон Бергман

Бертранд Расел

Зиг Зиглер

легендарен американски кошаркарски тренер

американски мотивациски говорник и автор

британски филозоф и нобеловец

канадски мотивациски автор со германско потекло

американски автор со исландско потекло

американски автор и мотивациски говорник

Ако решите да се фокусирате на една работа, наместо да пробувате да решите сè одеднаш, и само да ја правите таа работа, веднаш ќе почувствувате намалување на стресот

Многу компании со години тврдат дека стресот дома предизвикува намалена продуктивност и загуби... и предизвикува. Но, стресот на работа предизвикува стрес дома. Со други зборови, тие се хранат еден со друг


TÜV

® ИНСТИТУТ КОНЦЕПТ вО СОрабОТКа СО TÜV NORD GROup ОргаНИзИраaТ ЕдНОдНЕвНа ОбУКа за:

БАРАЊА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011, СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА l 13 мај (петок) 2016 година l 09:00-17:00 часот l во просториите на Институт Концепт, Скопје

Целта на обуката за Системот за управување со енергија според барањата на ISO 50001:2011, е кандидатите да стекнат солидно знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за толкување на барањата и оценување/проверување на усогласеноста на системот за управување на Компанијата/ Организацијата, според барањата на меѓународниот ISO 50001:2011 Стандард. УчЕСНИцИТЕ НА ОБУкАТА ќЕ ДОБИЈАТ ДВА СЕРТИфИкАТИ ОДНОСНО: l Сертификат од TÜV NORD за учество (со кратко тестирање на крајот на обуката). l Сертификат од Институт КОНЦЕПТ за учество на обуката.

ПРЕДАВАч:

Рок за пРијавување: 11 мАј 2016

Г-ДИН СТОЈАДИН СТОЈАНОВИќ

(Lead auditor) од Скопје република Македонија, кој има 10 години специјалистичко и практично работно искуство како водечки Оценувач за ISO 50001:2011 воедно и Предавач за ISO Системите.

за повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk

КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 и 02 3216 963


www.kapital.mk

Капитал број 862 06.05.2016

54

лидери

Бернар арно француски Бизнис магнат

луксузните стоки се единстВен Бизнис кај што има ‘луксузни’ профитни маржи

В

еројатно најмоќниот човек во светот на луксузните добра, Бернард арно е на чело на империја од преку 70 брендови, меѓу кои Dom Perignon, Bulgari, Louis Vuitton, Tag Heuer, итн., со преку 3.700 продавници низ планетава и продажба од 34 милијарди долари годишно под капата на францускиот конгломерат LVMH. арно е директор на овој бизнис гигант од 1989 година и најголем дел од неговото богатство проценето од Forbes на 35 милијарди долари доаѓа од акциите во Christian Dior, преку кои го контролира управувачкиот пакет во LVMH. Мојата работа е да креирам желба и страст кај купувачите преку иновации, квалитет и врвна изработка

Луксуз по прифатливи цени - овие две работи не одат една со друга

Мојата релација со луксузните добра е навистина многу рационална. Тоа е единствена област кај што можеш да постигнеш ‘луксузни’ профитни маржи

Немам намера да ја изложам целата компанија на ризик воведувајќи нови производи цело време

Нашата групација произведува во Италија и Франција, па продава во Кина. Обратно од тоа што го направи глобализацијата

Во овој бизнис не е доволно само да имаш талентиран дизајнер; менаџментот мора да биде инспириран исто така. Креативниот процес е многу дезорганизиран; производниот процес мора да биде многу рационален

Ако треба да завршиш некоја работа, заврши ја! Во Франција сме полни со добри идеи, но ретко која се спровела во пракса

Филантропијата им дава чувство на луѓето дека не постојат само заради кешот, туку за нешто поголемо




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.