ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА НАПЛАТА ОД ДРЖАВЕН ТЕНДЕР СЕ ЧЕКА ВО ПРОСЕК ПО ОСУМ МЕСЕЦИ!
СВЕТ БИТКОИНОТ СТАНА ЛЕГИТИМНА ВАЛУТА ВО ЕВРОПА
ПОНЕЖНИ, НО НЕ ПОНЕВАЖНИ ДАМИТЕ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ВРВНИОТ МЕНАЏМЕНТ НА ГРАДЕЖНИОТ БИЗНИС
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ
МЛЕКАРА БИТОЛА КАКО ПРИМЕР ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ТОП МЕНАЏМЕНТОТ ПЕТТЕ ДАМИ БЕЗ КОЈ УСПЕХОТ НА БИМИЛК НЕ БИ БИЛ ЦЕЛОСЕН
САМО 8,5% ОД ДИРЕКТОРИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЖЕНИ
ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ СО КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
INTERVIEW
COVER STORY ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА КУЛМИНИРА ВО РЕЦЕСИЈА?!
НЕВЕНА ВЕСЕЛИНОВСКА – ЛОШКОВ РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖБА ВО ОФИС ПЛУС
ОТВОРЕНАТА МИСЛА И ХРАБРОСТА Е ОНА ШТО МЕ ВОДИ КОН УСПЕХОТ!
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ
INTERVIEW
ЈОВАНКА ЈОЛЕСКА ПОПОВСКА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПРОКРЕДИТ БАНКА МАКЕДОНИЈА
СО НОВАТА ЕКСПОЗИТУРА ВО СОЛУН, ПРОКРЕДИТ Е БАНКА СО НАЈМОЌНО ПРИСУСТВО ВО РЕГИОНОТ INTERVIEW
проф. д-р
АТАНАС КОЧОВ ДЕКАН НА МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УКИМ
БРОЈ 863 | ЦЕНА 100 ДЕН. 13 МАЈ 2016 | ПЕТОК | ГОДИНА 17
“СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ МОРА ДА СЕ РАЗВИЕ ВО ВО ПРЕТПРИЕМАЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ!
СТРАТЕГИИ: КАКО ДА ПЛИВАТЕ ВО СИН ОКЕАН?
3
Капитал број 863 13.05.2016
сОДРЖИНА
20 04 06
profile
Бегалскиот договор со Турција е мртов Ердоган ќе ги пушти бегалците кон Европа
НАВИГАТОР
Иако домашните компании 4 пати повеќе учествуваат во македонскиот БДП Државата потрошила 110 милиони евра на странските инвеститори за пет години
08
Cover story
14
INtervIeW
Политичката криза ќе кулминира во рецесија?!
24 20 24 29
ЈАВНИ НАБАВкИ
Истражување на Центарот за граѓански комуникации За наплата од државен тендер се чека во просек по осум месеци
сВеТ
Најпознатата криптовалута во подем Биткоинот стана легитимна валута во Европа, за плаќање со биткоин во Македонија се оди во затвор
сПеЦИЈАлеН ПРИлОГ ЖеНИТе ВО БИзНИсОТ n Послаб пол за
ЈОВАНкА ЈОлескА ПОПОВскА
генерален директор на Прокредит Банка Македонија
со новата експозитура во солун, Прокредит е Банка со најмоќно присуство во регионот
посилни перформанси Само 8,5% од директорите на најголемите фирми во Македонија се жени n само 5% од врвните менаџерски позиции во светот ги држат претставничките на понежниот пол
50 42
INtervIeW
Проф. д-р АТАНАс кОчОВ декан на Машинскиот факултет при УКИМ
„св. кирил и Методиј“ мора да се развие во претприемачки универзитет!
46
кОлуМНА
д-р кОчО АНѓушеВ универзитетски професор и директор на ЕДС
Хармонизација на енергетскиот пазар со стандардите на еу
50
сТРАТешкИ МеНАџМеНТ
54
лИДеР
стратегија Blue ocean Пливајте каде што немате конкуренција џОН чеМБеРс
извршен директор на Cisco
Првиот знак за стабилизирање на бизнисот е време е за промена!
РеЦесИЈА?!
БИТкОИН
сИН ОкеАН
Кога има политичка криза на која не и се гледа крајот, граѓаните не трошат, а бизнисмените не инвестираат. Песимизмот надвладува и ја малаксува економијата и според најновите процени на економистите, тоа неминовно ќе не доведе до нова рецесија годинава. Народната банка веќе го објави своето сценарио кое предвидува политичката криза да трае цела година и според гувернерот Димитар Богов, ова засега е најреално очекување.
Платформата за тргување со биткоини доби ЕУ-лиценца за платежна институција; претходно судот на Унијата ја ослободи од ДДВ размената на традиционална за дигитална валута, што Wall Street Journal го искоментира како јасен показател дека биткоинот е легитимна валута во Европа; во регионот се отвораат сè повеќе биткоин банкомати, а и творецот на најпознатата криптовалута оцени дека е време да престане да се крие зад псевдонимот Сатоши Накамото.
Дали знаете што е заедничко за Apple, Tesla Motors, CNN, Southwest Airlines, ING Direct, Federal Express, Starbucks, Ikea, eBay….? Во прашање е стратегијата наречена Blue Ocean. Синиот океан е простор во кој конкуренцијата е се уште слаба или дури и не постои, а можностите за раст на бизнисот и создавање на профит се практично неограничени, така да можете слободно да пливате каде што сакате.
XX Стр. 10
XX Стр. 24
XX Стр. 50
Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Основач и директор: Љупчо Зиков l Одговорен уредник: Биљана Здравковска Стојчевска l Печати: Графички центар Скопје, ул. Скупи бб, 1000 Скопје l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 12.05.2016
www.kapital.mk
profile
Бегалскиот договор со Турција е мртов
Ердоган ќе ги пушти бегалците кон Европа
Европските лидери уште кога го потпишуваа договорот со Турција добиваа предупредувања колкав е ризикот на Ердоган да му се остави да биде клучен фактор во контролата на бранот бегалци. Сега се случува токму тоа - турскиот претседател е во позиција да уценува, и го прави тоа.
Ердоган: Европа има потреба од Турција м
Капитал број 863 13.05.2016
П
Претседателот на Турција со амбиција да го промени уставот на државата за да ја има целосната контрола над власта, го избрка премиерот и лидер на неговата партија, Ахмет Давутоглу, а потоа пред своите егзалтирани приврзаници објави дека секој треба да оди по својот пат Европската унија по својот - Турција по нејзиниот. Ова во ситуација и на потпишан договор меѓу ЕУ и Турција, за Европејците може да значи само едно - дека одново треба да бараат сопствени решенија за бегалската криза. Без да се чека натамошниот развој; зашто Ердоган прави сè погруби провокации. Од неговиот табор (од поранешниот советник на Ердоган, Бурхан Кузи) дојде изјавата дека Турција ќе испраќа бегалци во Европа, доколку Европскиот парламент донесе „погрешна одлука“, разгледувајќи ги предлозите за визниот режим за турските државјани. На крајот на краиштата, Ердоган уште во фазата на преговорите со ЕУ уценуваше. Зимоска изјави дека Турција ќе се сложи да прима бегалци од Турција само ако во замена ЕУ прифати да го смени визниот режим за турските граѓани. Во друг случај, се закани тогаш турскиот претседател, Турција ќе прати толку бегалци, што ќе ја потопат Европа. Уцената беше дадена сосем отворено, и без Ердоган воопшто да најави дека е свесен оти за отфрлање на визниот режим треба да се исполнат одредени услови. Заклучоците на аналитичарите од Европа се дека на европските лидери морало да им биде јасно оти „кој става рака во змиско гнездо ќе биде каснат“, и дека со луѓе како Ердоган не може да се прават политички договори. Германската канцеларка Ангела Меркел играше на картата на премиерот Давутоглу, со надеж дека тој ќе победи во битката за власт со Ердоган, и потоа ќе ја приближи Турција до Европа. Денеска е јасно дека Меркел одигра на погрешна карта, поради што сега договорот за бегалците е на смртна постела. Освен ако Европа не е подготвена во името на овој договор да ги затвори очите, да ги погази принципите, и да испрати погрешна порака на повеќе адреси, и без исполнети услови од страна на Турција да и го либерализира визниот режим. Ердоган веќе објави дека нема да го промени својот
profile
5
Во Брисел веќе гледаат со ужас кон уште едно, ново лето, на кризни средби и полноќни седници. Но, ЕУ нема друг избор - Унијата ќе мора да бара сопствено решение за бегалската криза - Ердоган отпаѓа како партнер
антитерористички закон, а токму тоа е еден од европските услови - да се смени законот така што под негов прогон да не бидат новинари или дисиденти. Најтазе примери во контекстот се петгодишните пресуди против главниот уредник и уште еден новинар од опозицискиот весник „Џумхјуриет“, кои беа осудени не за друго, туку за тоа што си ја вршеле работата. Информациите што осудените и ги пренеле на јавноста биле непријатни за Ердоган, и иако е нејасно кој закон конкретно го нарушиле новинарите, пресудите им се изречени. Значи, станува збор за целосно одземена слобода на медиумите, што е нарушување на основните европски вредности и права, поради што Турција не може да ги исполни условите за безвизен режим. Овде нема место за интерпретации - работите се јасни - Европа може да и даде визна либерализација на Турција само како подарок за Ердоган да се држи до договорот за бегалците. Инаку, мнозина европратеници веќе потврдија дека ќе нема никакви отстапки за Турција во однос на условите за безвизно патување. Ако тие не останат на својот збор, аналитичарите предупредуваат дека Ердоган ќе продолжи да провоцира, за да види (и да ги натера) Европејците да
ги жртвуваат своите вредности. Од сè ова е јасно дека бегалскиот договор со Турција е мртов, и затоа има потреба од план Б (Меркел ова го отфрлаше во пресрет на потпишувањето на договорот, и тврдеше дека „земјитечленки на Европската унија со сите сили го поддржуваат заедничкиот план со Турција за ограничување на приливот на бегалци во Европа“). Притоа треба да се искалкулира што би можел да направи Ердоган по евентуално откажување на ЕУ да го либерализира визниот режим за граѓаните на Турција. Секако дека не може да се исклучи турскиот претседател да ги отвори вратите за нов бегалски бран кон Европа. Дотолку повеќе што според Ердоган Европа има потреба од Турција многу повеќе, отколку Турција од Европа. Од геополитичка гледна точка јасно е дека ваквата теза е сосем погрешна, но од аспектот од кој гледа Ердоган (во кој аналитичарите ја потенцираат психолошката димензија), се чини дека нему му е сеедно. Во Брисел веќе гледаат со ужас кон уште едно, ново лето, на кризни средби и полноќни седници. Но, ЕУ нема друг избор - Унијата ќе мора да бара сопствено решение за бегалската криза - Ердоган отпаѓа како партнер. nnn
многу повеќе, отколку Турција од Европа
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
6 НАВИГАТОР
ИЗЈАВА НА НеделАТА
ЗА 1,2 мИлИОНИ еВРА пРОд
> БРОЈКА
32.345
денари му се потребни на едно семејство месечно, а најмногу од нив - 13.414 (41,5%) се трошат на храна и пијалаци, покажуваат податоци на Сојузот на синдикати на Македонија
фРедеРИКА мОГеРИНИ
претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност
Егзистенцијалните закани доаѓаат од внатрешноста на нашите граници. Нашата Унија е во опасност кога градиме ѕидови наместо да ги уриваме, и кога се однесуваме како „Европјани на одредено време.
3
а 1,2 милиони евра неделава е продадена Алфа банка. Потврда за тоа е блок трансакцијата на Македонска берза која покажа дека сите 10.305 акции на Алфа банка, што е 100% од основната главнина на друштвото, се продадени по цена од 7.183 денари по акција. Неофицијално, нов сопственик на банката е швајцарскиот фонд „Силк роуд капитал аг“ со седиште во Цирих. Овој фонд, e познат по вложувања во
Иако доМашнИте коМпанИИ 4 патИ повеќе учеСтвуваат во Макед
Државата потрошила 110 на странските инвестито
З
За пет години странските инвестиции ја чинат државата 110 милиони евра. Трошокот е уште поголем ако се има предвид дека за истиот период државата би собрала 37 милиони евра од данокот на добивка и персоналниот данок од кои се ослободени странските инвеститори, и дополнителни 68 милиони евра доколку земјиштето во зоните наместо за изградба на фабрики би се користело како земјоделско земјиште. Ова се резултатите од најновото истражување на Здружението на млади аналитичари и истражувачи(ЗМАИ) на тема „Влијанието на владините субвенции за СДИ, наспроти нивниот ефект врз економскиот раст“. Според истото истражување резултатот од инвестициите на домашните компании врз бруто домашниот производ (БДП) е за четири пати поголем отколку резултатот на странските инвеститори врв македонскиот БДП. Имено,анализата на ЗМАИ на квартални податоци за период од 2008-2015, покажуваат дека еден денар странски инвестиции го зголемува БДП во истиот квартал за 0,2 денари, еден денар
владата потрошила 55 милиони евра само за организирање на владините „роуд-шоуа“ за привлекување инвестиции во период од 2009-2014 година. но и покрај тоа, Македонија останува претпоследна од земјите во регионот по бруто странските инвестиции. Иако општиот впечаток е дека странските инвестиции имаат позитивен ефект врз економијата на земјата, сепак повеќе од половина од испитаниците сметаат дека парите што се трошат за странските инвеститорите и поволностите што ги добиваат се неоправдани.
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
7
дадена е алфа банка банки и финансиски компании и управување со средства и недвижен имот. Претседател на управниот одбор е Анисур Рахман Кан, основач на компанијата „Лонестеп Гмбх“. Алфа банка Скопје е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата, под името Кредитна банка Скопје. Во 2000 година Алфа банка – Атина го откупи управувачкиот пакет акции и стана доминантен акционер во банката а две години подоцна грчката банка стана 100 % сопственик.
мисла на неделата секогаш мора да почнувате со вистината. вистината е единствениот пат кој ќе ве доведе некаде. оти секоја одлука што е базирана на лага или незнаење не може да води до добар успех
Џулиан Асанж основач на Wikileaks
> бРојка
0.7%
се намалиле трошоците за живот во април оваа година споредено со истиот месец лани, покажува последниот извештај на државниот завод за статистика
лидери
донскИот Бдп
милиони евра ори за пет гоДини вложен од страна на домашните приватни инвеститори води до зголемување на БДП за 0,9 денари, додека еден денар вложен од страна на државата го зголемува БДП за 1,3 денари. Оттука, се чини оправдана реакцијата на домашните инвеститори кои посочуваат дека придобивките што ги добиваат странските инвеститори во земјава не се оправдани. Дури 66,7% од сопствениците на приватните бизниси сметаат дека поволностите што ги добиваат странските инвеститори не се оправдани, наспроти 53,6% од вработените во јавната администрација кои сметаат пак дека поволностите се оправдани. Интересен е и податокот дека мнозинството испитаници – 85,2% - сметаат дека македонските инвеститори треба да ги имаат истите поволности како и странските инвеститори. Меѓутоа и покрај ваквите поединечни податоци, општиот впечаток на граѓаните е дека ефектот на странските инвестиции врз економијата е позитивен. Имено дури 56% од испитаниците имаат позитивен став кон нив, наспроти 21% кои ефектот го оценуваат како негативен. Инаку, истражувањето на ЗМАИ покажува дека вкупниот број на вработени во сите 19 компании кои се во сопственост на странските инвеститори е 12.423 вработени или 1,7% од вкупно вработените во земјата. Во просек платите пак, според анализата на ЗМАИ изнесуваат 250 евра месечно. Повеќе од пола од испитаниците, сметаат дека платите што ги нудат странските инвеститори се ниски.
58 „роуд- шоуа“ за две години – ефектите краткорочни
Најголем број на посети се направени од страна на официјални владини претставници во 2012 и 2013 година. Посетени се вкупно 31 земја, а остварени се 58 посети. Најчеста
дестинација на владиниот тим е САД, а посетите најчесто опфаќаат посети на индустриски зони и капацитети, како и презентирање на поволностите за инвестирање во Македонија пред странската бизнис-заедница. Оценките добиени од регресијата покажуваат дека постојат статистички значајни показатели дека секоја дополнителна посета во просек и носи 3,25 милиони евра на Македонија во форма на инвестиции, додека секое зголемување на трговскиот биланс за 1 милион евра со земјите опфатени со анализата, на Македонија, во просек и носат скоро 102 илјади евра помалку странски инвестиции. Оттука од ЗМАИ заклучуваат: „По спроведеното истражување можеме да ја оправдаме поделеноста на стручната јавност кога станува збор за оправданоста на владините промотивни посети со цел привлекување на странски капитал. Податоците покажуваат одредени позитивни ефекти, но истите се краткорочни и немаат статистички значајна долгорочна одржливост. Односно, владините промоции даваат позитивен ефект врз инвестициите, но не постојат статистички значајни индикации дека тие се оправдани за долгорочно развивање на трговските односи помеѓу Македонија и 28-те земји опфатени со истражувањето“. Токму поради тоа тие предлагаат за да се намалат трошоците за промотивни патувања, во иднина повеќе треба да се користат веќе постојните ресурси кои ги има земјата на располагање - дипломатски претставништва и економски промотори - како и интензивно да ги користи поволностите кои ги нудат новите комуникациски технологии кои дозволуваат конференциско поврзување без притоа да се трошат огромни средства за патувања на владини тимови. nnn
Садик кан
муслиманот градоначалник поради кој лондончани ја победија исламофобијата е пример за успех постигнат само со сопствените квалитети
илон МаСк
Space X одново успешно го спушти Falcon 9 на океанска платформа и покажа рутинираност потребна за натамошниот развој на ракета за повеќекратно користење
не им беше неделата
РеЏеп Таип еРдоган
Поради незаситните амбиции, турскиот претседател остана без поддршката и од најблискиот соработник, премиерот во оставка, Ахмет Давутоглу
Џон кејСик
Иако остро се противеше на тоа, со повлекувањето од кампањата му го отвори патот на Трамп за победа меѓу републиканците
cover story
Капитал број 863 13.05.2016
8
www.kapital.mk
cover story
Бизнисмените не инвестираат, граѓан
Политичката кри кулминира во рец
Кога има политичка криза на која не и се гледа крајот, граѓаните не трошат, а бизнисмените не инвестираат. Песимизмот надвладува и ја малаксува економијата и според најновите проценки на економистите, тоа неминовно ќе не доведе до нова
рецесија годинава. Народната банка веќе го објави своето сценарио кое предвидува политичката криза да трае цела година и според гувернерот Димитар Богов, ова засега е најреално очекување. Проценката на централната банка е дека
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
9
ните не трошат
иза ќе цесија?! економскиот раст ќе забави до 1,6%. Меѓународните финансиски институции како ММФ и Светската банка, исто така најавија дека ги следат политичките ризици и дека ќе ги вкалкулираат во нивните најнови прогнози за економскиот раст.
Н пишува:
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Неизвесност, песимизам, недоверба кај граѓаните, па поради тоа повлекување на депозитите од банките под перниците, намалена потрошувачка. Недоверба и кај бизнисмените, помалку инвестиции, и домашни и странски, помало производство и извоз, отпуштања на вработените.Ова се првите знаци што покажуваат дека во сценариото на пролонгирана политичка криза, економијата ќе малакса до фаза на рецесија. Откако политичките тензии се продлабочија до точка во која целосно неизвесна е разврската на кризата, економистите проценуваат дека најпесимистичките проценки засега се и најреални. Претседателот на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), Таки Фити, оцени дека песимизмот надвладува и тоа неминовно води кон длабока економска криза. „Кога сте во политичка криза и кога очекувате и натаму лоши времиња, едноставно инвеститорите, менаџерите и претпримачите не инвестираат. Домаќинствата не трошат. И во таква ситуација рецесијата нужно ќе дојде. Во лоши времиња тој оптимизам што го имавме малаксува и инвеститорите стануваат песимисти. Ќе има потреба од ребаланс, бидејќи како ќе се намалува економската активност (ако продолжи кризата) тогаш и приливите во буџетот ќе се намалуваат. Мора да има финансиска консолидација, прво мора да се крати од непродуктивните трошоци. А имаме многу непродуктивни трошоци. Почнувајќи од вложувања во административни з гр а д и, спомениц и, кои и натаму се завршуваат, а не се приоритетни. Не знам што ќе се
случува со платите на јавната администрацијата. Тие се огромна буџетска ставка, и ако дојде до сериозна ситуација не ќе можат да растат, туку едноставно да се намалуваат. Се разбира приоритет треба да останат крупните инфраструктурните проекти. Тука не треба да се крати“, порача претседателот на МАНУ, Фити. И финансиските институции веќе почнаа да ги преиспитуваат своите проценки за економскиот раст годинава. Народната банка го објави своето најново сценарио за македонската економија според кое доколку политичката криза продолжи до крајот на годината што е засега најреално очекување, економскиот раст наместо 3,5%, ќе достигне најмногу 1,6%. Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов изјави дека како што сега стојат работите, оваа проценка е најреална. Сценариото предвидува продлабочување на недовербата на граѓаните и како последица на тоа зголемена побарувачка за девизи, повлекување на депозитите од банките и намалена приватна потрошувачка. „Во исто време, според ова сценарио се очекува зголемување на недовербата и на инвеститорите, како на странските така и на домашните, што значи помал прилив на инвестиции бидејќи политичката нестабилност влијае на инвеститорите. Освен тоа, предвидуваме понеповолни движења на пазарот на труд како и зголемени ризици за финансирање на економијата. Сето тоа ќе доведе до забавена кредитна активност, помал извоз, намалување на девизните резерви и секако помал економски раст“, изјави гувернерот Богов. Според ова поцрно и во исто време пореално сценарио на Народната банка, приливот на странски директни инвестиции годинава ќе биде само 1,7% од БДП, што би било еднакво на околу 140 милиони евра, банките годинава ќе одобрат само 3% повеќе кредити отколку лани, додека пак во основното сценарио без ефектите од политичката криза, се очекува кредитниот раст да достигне до 6,8%. Депозитите пак, се очекува да се зголемат за 2,3%. Меѓународните финансиски институции исто така веќе почнаа да ги калкулираат политичките ризици во своите најнови
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
10
cover story
К
А
Димитар Богов гувернер на Народна банка
лтернативното сценарио што го направи Народната банка предвидува оваа политичка криза да трае цела година и како што сега стојат работите, ова е најреално очекување. Нашата проценка е дека растот годинава ќе биде 1,6%, што е за речиси 2 процентни поени пониско од основната прогноза која претпоставува брзо стабилизирање на политичкиот контекст. Според ова сценарио се очекува зголемување на недовербата и на инвеститорите, како на странските така и на домашните, што значи помал прилив на инвестиции бидејќи политичката нестабилност влијае на инвеститорите. Освен тоа, предвидуваме понеповолни движења на пазарот на труд како и зголемени ризици за финансирање на економијата. Сето тоа ќе доведе до забавена кредитна активност, помал извоз, намалување на девизните резерви и секако помал економски раст.
прогнози, меѓутоа, засега не се објавуваат ревидирани проценки. Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Македонија, Патрик Житон, смета дека тензичната политичка состојба досега немала забележително негативно влијание врз економскиот раст базирано на достапните економски податоци. „Нашето предвидување за раст на БДП од 3,5% ги рефлектира случувањата до сега. Сепак, доколку се пролонгираат, политичките тензии најверојатно ќе влијаат врз одлуките на домашните и странските приватни инвеститори. Исто така, можно е да видиме намалување на обемот на кредитирањето на домаќинствата поради зголемената каматна стапка и намалената доверба. Сите овие случувања можно е да имаат негативно влијание врз нашите проекции во наредните месеци“, изјави Житон. Последната проценка на Светска банка за растот во Македонија исто така е направена во контекст на најновиот полугодишен извештај кој што беше објавен на почетокот на април и ги зема предвид случувањата само до март.
Таки Фити претседател на МАНУ
„Оваа проценка не ги зема предвид најновите политички случувања и зголемените надолни ризици за економијата. Нашето искуство покажува дека пролонгираната политичка криза има тенденција да остави економски последици. Неизвесности околу политичките потези делуваат на довербата и очекувањата на сите економски субјекти и според тоа влијаат на потрошувачката и одлуките за инвестирање“, оценуваат од Светска банка и додаваат дека освен актуелната политичка криза, македонската економија оперира и во контекст на бавен раст во Европа и неизвесности што произлегуваат од глобалната економија. „Оттука, очекуваме дека надолните ризици за македонската економија се зголемени во последно време и негативно ќе влијаат на проценката за економски раст годинава“, изјавија од Светската банка.
Бизнисот парализиран од политиката
Загриженост кај извозниците од ескалирањето на политичката покажа и анкетата на Стопанската комора спроведена меѓу 1.000 компании според која секоја
Contact: 022/401-985 | 070/380-755
ога сте во политичка криза и кога очекувате и натаму лоши времиња, едноставно инвеститорите, менаџерите и претпримачите не инвестираат. Домаќинствата не трошат. И во таква ситуација рецесијата нужно ќе дојде. Во лоши времиња тој оптимизам што го имавме малаксува и инвеститорите стануваат песимисти. Ќе има потреба од ребаланс, бидејќи како ќе се намалува економската активност (ако продолжи кризата) тогаш и приливите во буџетот ќе се намалуваат. Мора да има финансиска консолидација, прво мора да се крати од непродуктивните трошоци. А имаме многу непродуктивни трошоци, почнувајќи од вложувања во административни згради, споменици, кои и натаму се завршуваат, а не се приоритетни.
трета компанија се соочува со конкретни најави од своите долгогодишни деловни партнери за откажување на веќе воспоставените договори за соработка. Според анкетираните бизнисмени, тоа може значително да влијае врз производниот процес, намалување на бројот на вработени и нивната ликвидност. „Веќе имаме примери од компании на кои во контакти со странски партнери им е наведено дека како земја сме окарактеризирани како ризично подрачје и затоа кај странските партнери, се јавува резервираност во соработката поради постоење ризик од ненавремена испорака на производи и услуги или неможност за реализирање на планираниот извоз поради ненавремено снабдување со потребните суровини кои се увезуваат“, оценија од Стопанската комора. Според проценките на Стопанската комора, ова сценарио најмногу би ги загрозило компаниите кои соработуваат и извезуваат во ЕУ, пред сè металската и електро индустријата, текстилот, прехранбената индустрија и земјоделскиот сектор. „Има откажување на посети кои биле
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
11 најавени од потенцијалните странски партнери, што предизвикува губење или одложување на нови потенцијални нарачки кои ќе предизвикаат сериозни проблеми во однос на пополнување на прозводствените капацитети на компаниите за наредниот период“, се наведува во оценката на Стопанската комора. Бизнисмените велат дека во последниот месец, буквално немаат нарачки ниту од странство, ниту пак на домашниот пазар. „Нашите партнери од регионот со кои што соработуваме подолг период сега веќе изразуваат загриженост околу испораката на производите, особено во последниот месец откако политичката криза ескалираше. Неодамна на пример, нè исфрлија од игра од два тендери во Србија без некое логично објаснување. Во исто време нема побарувачка ниту на домашниот пазар, сите инвестиции се буквално стопирани така што ситуацијата е загрижувачка. Нè плаши наредниот период особено тоа што не очекуваме брзо разрешување на политичката криза“, оценува Горан Антески, генерален директор на Раде Кончар ТЕП. Претседателот на Одборот на директори на компанијата Брако од металската индустрија, Кочо Анѓушев, вели дека засега
„Нашата последна проценка не ги зема предвид најновите политички случувања и зголемените надолни ризици за економијата. Нашето искуство покажува дека пролонгираната политичка криза има тенденција да остави економски последици. Неизвесности околу политичките потези делуваат на довербата и очекувањата на сите економски субјекти и според тоа влијаат на потрошувачката и одлуките за инвестирање. Освен актуелната политичка криза, македонската економија оперира и во контекст на бавен раст во Европа и неизвесности што произлегуваат од глобалната економија. Оттука, очекуваме дека надолните ризици за македонската економија се зголемени во последно време и негативно ќе влијаат на проценката за економски раст годинава“
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
12
cover story
Патрик Житон претставник на ММФ во Македонија
Меѓународните финансиски институции ги калкулираат политичките ризици
Н
ашето предвидување за раст на БДП од 3,5% ги рефлектира случувањата до сега. Сепак, доколку се пролонгираат, политичките тензии најверојатно ќе влијаат врз одлуките на домашните и странските приватни инвеститори. Исто така, можно е да видиме намалување на обемот на кредитирањето на домаќинствата поради зголемената каматна стапка и намалената доверба. Сите овие случувања можно е да имаат негативно влијание врз нашите проекции во наредните месеци.
НИЕ СМЕ ВРСКАТА СО СИТЕ ДЕЛОВНИ ПОДАТОЦИ КОИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ
#1
ЗА БИЗНИС ИНФОРМАЦИИ
ЗА ПАМЕТНИ ДЕЛОВНИ ОДЛУКИ!
02 / 3117 100 info@targetgroup.mk www.targetgroup.mk
нема откажување на нарачките од постојните партнери, меѓутоа, до нови нарачки многу тешко се доаѓало. „Нашите партнери покажуваат загриженост за ситуацијата во Македонија и поради тоа сега трошиме многу време на објаснување што се случува овде, да ги увериме дека политичката криза нема да влијае на нашето работење, д е ка ќе го и с п о р ач а ме договореното, дека цената ќе остане стабилна. Меѓутоа, и покрај тоа тие покажуваат одредена резервираност за понатамошната соработка и чувствуваме дека веќе си бараат алтернативи. Ако ситуацијата продолжи да се влошува, јасно е дека партнерите ќе ни избегаат. Од друга страна, многу тешко се доаѓа до нови договори за нови нарачки. Дури и да сме најконкурентни со цени, странските партнери предност им даваат на партнери од стабилни земји, без неизвесност“, вели Анѓушев. Главниот извршен директор на компанијата Макпрогрес, Глигор Цветанов, пак, вели дека продлабочувањето на политичката криза засега нема влијание на извозот и нема сигнали за откажување или редуцирање на нарачките од странство, меѓутоа и тој потврдува дека странските партнери ги следат случувањата кај нас ги интересира дали ќе можат да ги испорачаат производите навремено. „Не очекувам политичката криза да има негативно влијание на нашиот извоз, но сум сигурен дека веќе има и ќе има негативно влијание врз потрошувачката на домашниот пазар“, вели Цветанов. Половина од германските инвеститори во Македонија исто така изјавиле дека очекуваат полоша економска состојба годинава отколку лани, а само 10% од испитаниците се оптимисти според најновата анкета на Германската стопанска комора спроведена меѓу 59 менаџери на германски компании во земјава. Најлоши оценки тие даваат на неколку клучни услови за водење на бизнис во Македонија, и тоа политичката и правната несигурност како прв приоритет. Претседателот на Комората, Мартин Кнап, изјави дека во екот на политичката криза, нема
ниту една германска компанија што пројавила интерес да инвестира во Македонија и да отвори фабрика што би вработила 500 или 1.000 луѓе. „Политичарите мора да сфатат дека капиталот е како плашлива срна, тој лесно може да избега“, истакна Кнап и додаде дека голем проблем за Македонија и за сите земји во Југоисточна Европа е што премногу енергија се троши на политиката и изборите а во исто време страда бизнисот. „Преголем фокус на изборите се одразува на економската активност. Тајната на успехот на западно европските земји е што бизнис секторот се интересира за политика само на маргините. За нив резултатите од изборите се информации од втор ред“, истакна Кнап. Освен тоа што е загрозен извозот и побарувачката на домашниот пазар, анкетата меѓу бизнисмените на Стопанската комора покажа дека се продлабочуваат и ликвидносните проблеми на компаниите. Дури 45% од анкетираните бизнисмени одговориле дека не можат да си ги наплатат побарувањата, пред сè од државните институции. „Покрај тоа што е намалена наплатата на побарувањата од странските партнери и од домашните компании, речиси невозможна е наплата од јавниот сектор. Од една страна домашните компании авансно плаќаат за набавки на суровини и репроматеријали, а од друга, пак купувачите се почесто бараат одложено плаќање кое се оправдува со намалениот промет“, истакнаа од Комората. Официјалните статистички податоци засега не покажуваат негативни последици од политичката нестабилност. После првите три месеци од годината, индустриското производство е зголемено за 10,7% во однос на првиот квартал лани. Извозот пак, од јануари до март годинава порасна 5,7% во споредба со првите три месеци лани. Кварталните финансиски извештаи на некои од компаниите извозници кои што ги доставија до Македонската берза, исто така покажуваат зголемување на продажбата на странските пазари во периодот од јануари до март. nnn
Капитал број 862 06.05.2016
14
www.kapital.mk
Интервју
INTERVIEW
Јованка Јоле ПоПовска генерален директор на Прокредит Банка Македонија
Со новата екСпо во Солун, прокре е Банка Со најмо приСуСтво во рег Настан со европско внимание - Под покровителство на претставници од Европска Комисија и Министерство за економски развој на Р. Германија, се реализираше значајна бизнис-со-бизнис средба и се обележа отворањето на новата ПроКредит Банка во Солун, Грција. Со свое претставништво во Солун, отсега ПроКредит Банка ќе биде достапна и во најјужниот дел од Балканот и ќе нуди комплетна банкарска услуга за малите и средни претпријатија. За Македонските претпријатија, ПроКредит Банка нуди големи предности: најбрзи и најповолни трансфери со сите соседни земји, регионално вмрежување и крос-бордер финансирање. Станува збор за регионално вмрежување на клиентите на овие банки и уникатна бизнис услуга која ПроКредит ја нуди за сите бизниси кои имаат потенцијал за развој и делуваат надвор од границите на Македонија. Повеќе од 750 бизнис клиенти на ПроКредит банките во групацијата беа присутни на настанот и имаа можност да реализираат до 7 состаноци во еден ден и да запознаат потенцијални партнери за соработка од сите земји каде ПроКредит Банка има свое претставништво. Педесет бизнисмени, клиенти на ПроКредит Македонија, остварија успешни состаноци, собраа значајни контакти и добија информации од прва рака за трговските и стопански можности во Европа.
www.kapital.mk
еска
озитура едит оќно гионот
Капитал број 862 06.05.2016
15
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
16
Интервју Димитрис Аврамопулос, Европски комесар за внатрешни работи ја отвори средбата со "Европските инвестиции"
разговарала:
O
Биљана Здравковска Стојчевска biljana.zdravkovska@kapital.mk
Огромна предност за македонските бизнисмени XX На 09.05.2016 год во Солун, Р.Грција се одржа свечено отварање на нова филијала на ПроКредит Банка. Со тоа ПроКредит Групацијата е присутна во 11 европски земји и има најраспространето регионално присуство на Балканот. Какво значење има ова за клиентите на ПроКредит Банка? Отворањето на нова филијала на ПроКредит Банка во Солун беше обележано со сериозно значаен настан специјално за клиентите од сите земји каде е присутна ПроКредит Банка, и во присуство на највисоките претставници на ПроКредит Холдинг, Германија, како и високи претставници на Европските тела: Димитрис Аврамопулос, Европски комесар за внатрешни, Ханс Јоаким Фухтел, Државен секретар при Министерството за економски развој на Р. Германија и
Европската јавност е заинтересирана за дејноста на ПроКредит Банките поради мисијата за развој и поддршка на претпријатијата и поради тоа што не се работи за традиционална банкарска групација со комерцијален карактер. Константинос Михалос, Претседател на Унијата на грчките стопански комори на Р. Грција. Со нова филијала на ПроКредит Банка во Солун, го заокружуваме нашето присуство во 11 земји во Југоисточна Европа, но и го комплетираме присуството на ПроКредит во сите соседни земји на Македонија. Ова е огромна предност за соработката и трговските релации на клиентите од целата групација, посебно за македонските бизнисмени. Фокусирани на мали и средни претпријатија можеме целосно да ги поддржиме нашите бизнис клиенти кои соработуваат со компании во Грција. А со филијала во уште една држава која има блиски економски релации со голем дел од Европските земји, придонесуваме за проширување на економските односи и нивото на меѓусебна соработка на бизнисите. XX Какви предности уживаат клиентите од соработката со банка која има регио-налното присуство во сите Балкански земји и дополнително земји од Југоисточна Европа ? Работењето и фокусот на групацијата се
насочени кон мали и средни претпријатија и активно ги поддржуваат бизнисите на локално и регионално ниво. Бизнис клиентите кои соработуваат со банките од нашата групација имаат целосна поддршка за развој на нивниот бизнис и професионална советодавна услуга од нашите вработени. Групацијата континуирано вложува во унапредување на банкарските услуги за своите бизнис клиенти и креира голем број на поволности за регионални клиенти. Нашите бизнис клиенти имаат можност за меѓународен финансиски лимит во рамки на Групацијата, можност за кредитирање директно од ПроКредит Германија, како и најповолни услови за меѓународни плаќања. Ние сме банка за претпријатијата кои имаат бизнис надвор од границите на Македонија, како и за сите бизниси кои имаат потреба од банка-партнер за своето тековно работење. XX Во рамки на свеченото отварање на ПроКредит во Грција, беа организирани бизнис-со-бизнис средби за клиентите од ПроКредит Банките во Групацијата. На кој начин функционират овие средби
Поповска: ПроКредит Банка нуди можност за финансис
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
17
Oгромен интерес и преполна сала со повеќе од 750 бизнисмени од Југоисточна Европа, меѓу кои 50 македонски клиенти на ПроКредит Банка Eкспозитура на ПроКредит Банка - Солун Средбата се отвори со склучувањето на договор за гарантен фонд за поддршка на иновативните компании во Грција, помеѓу ПроКредит Банка и ЕИФ, со потписниците Борислав Костадинов-член на Управен одбор на ПроКредит Холдинг, Франкфурт на Пјер Луиџи Жилберт, Директор на Европски Инвестициски Фонд, и во присуство на Димитрис Аврамопулос Европскиот комесар за внатрешни работи. Ханс Јоаким Фухтел, Државен секретар при Федеративното министерство за економски развој на Р Германија за улогата на ПроКредит Банка во поддршката на малите и средни претпријатија
и дали досега се вродиле заемни соработки помеѓу клиенти од различни држави ? Бизнис-со-бизнис средбите е иницијатива со потпис на ПроКредит Банка која ја практикуваме неколку години наназад, коja резултира со голем број позитивни искуства од нашите клиенти.
Согласно претходното вмрежување на компатабилни, сродни или исти индустрии на клиентите им овозможуваме средби со 5 до 7 потенцијални бизниси – клиенти на сестринските ПроКредит Банки. Заинтересираноста кај клиентите е голема, пред сè поради можноста за пронаоѓање сигурен партнер од странска
држава, како и размена на искуства, шансата за понатамошни соработки и проширување на пазарните можности. На настанот во Солун присуствуваа околу 50 македонски компании – наши клиенти, за кои однапред организиравме вмрежување со потенцијални бизнис партнери од друга држава. Се надева дека овие средби се
иски лимит кој ќе се користи надвор од нашите граници
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
18
Интервју
Б2Б со минимум 7 координирани состаноци и бројни контакти во 1 динамичен ден само почеток на долгогодишни успешни соработки помеѓу овие компании. За нас претставува предизвик да бидеме нивен помагател и партнер во проширувањето и унапредувањето на бизнисот.
Уникатна услуга XX Можноста за меѓународен финансиски лимит и директно финансирање од Германија претставува поволност која би значела голема поддршка за претпријатијата кои го прошируваат својот бизнис надвор од границите на Македонија. Кои клиенти на банката имаат можност за оваа услуга и кои поволности ќе ги имаат бизнисите со оваа услуга? Голем број на бизниси кои веќе подолг период работат и се развиваат во Македонија имаат можност за проширување на бизнисот надвор на нашите граници. Станува збор за бизниси кои се етаблирани на македонскиот пазар и имаат финансиска и бизнис способност за развој и во странство. Во било која држава каде за прв пат ќе ги пласираат своите производи и услуги овие бизниси ќе бидат разгледувани како старт-ап компании и нема да имаат лесен пристап до финансии. ПроКредит Банка нуди можност за финансиски лимит кој ќе се користи надвор од нашите граници. Врз основа на досегашната соработка со ПроКредит Банка и финансиската анализа за бизнисот ние може да им оозможиме финансиски средства кои бизнисите ќе ги користат за развој на бизнисот во било која друга земја каде ПроКредит Групацијата има свое претставништво. Свесни сме дека овие бизниси имаат потенцијал и сакаме да бидеме нивен интернационален партнер.
XX Како Германска Банка која делува на Македонскиот пазар и постојано вложува во практично банкарство за своите клиенти, од неодамна воведовте фиксни провизии за меѓународните плаќања. Кои клиенти може да процесираат меѓународни дознаки со овие провизии ? Фиксни и ниски провизии за меѓународните плаќања на бизнисите е уникатна поволност која може да им ја понудиме на сите наши клиенти кои ги процесираат своите дознаки електронски. Нашето електронско банкарство овозможува клиентите директно од својата канцеларија да ги процесираат плаќањата без потреба од чекање ред во банка. Како дел од Германска групација на Банки со регионално присуство во 11 земји во Европа постојано вложуваме во меѓусебно вмрежување на сестринските банки. Комуникацијата помеѓу банките од Групацијата и заедничките соработки ни даваат голем број на можности кои ги преточуваме во предности за нашите клиенти. Процентуалното пресметување на провизија за меѓународни дознаки го заменуваме со фиксна провизија без разлика на износот на дознаката, а приливите процесирани преку ПроКредит Банка Германија пристигнуваат автоматски со 0% провизија. Дознаките процесирани кон било која земја во светот имаат максимум 25 евра фиксна провизија, а плаќањата кон ПроКредит Банките во Групацијата само 2,5 евра еднократна провизија по дознака. XX Единствен сопственик на ПроКредит Банка е ПроКредит Холдингот од Германија. Колкав дел од Германскиот начин на работење
и стандардите за одговорно банкарство е преточено во ПроКредит Банките во групацијата? Германската култура за одговорно банкарство и модерниот начин на работење на германските банки е целосно преточен во работењето на сите банки од ПроКредит Холдингот. Нашите интерни политики се прилагодени согласно германските стандарди за банкарско работење. Организираме голем број на обуки за нашите вработени и горди сме на нашиот професионален персонал со високи етички норми. Поддржуваме култура за штедење и се стремиме кон одговорно кредитирање. Не ги пласираме нашите средства во ризични инвестиции и сме сигурен избор за штедење на секое физичко лице. Процентот на нефункционални кредити во нашата банка е за четири пати подобар во однос на банкарскиот систем во Македонија, со што се потврдува нашиот став за одговорно кредитирање. Неодамна воведовме 24/7 зони во кои им овозможуваме целодневна услуга на нашите клиенти. Депозитарите имаат пристап до своите средства 24 часа на ден – 7 дена во неделата. На нашите банкомати може да се повлекуваат и депонираат средства и на трансакциските и на штедните сметки на клиентите и тоа и во денари и во евра. Бизнисите може во било кое време да го внесат својот дневен промет на банкомат и да повлечат материјални и патни трошоци и брзо и ефикасно да ги завршат сите обврски во банка. Чекање во ред и зависност од работното време на банката не е карактеристика за нашата банкарска услуга. Зад нас имаме поддршка од Германски Холдинг и гарантираме сигурност и професионалност при испорака на нашата услуга. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
20
јавни набавки
Истражување
За наплата од државен тендер се чека во просек по осум месеци
Компаниите што учествуваат на тендери чекаат просечно по осум месеци за наплата на побарувањата, што е зголемување на рокот за наплата за два месеци во споредба со 2014 година, покажа најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки е проблем за 39,4% од испитаните фирми. Загрижувачки резултати покажа истражувањето за присуство на корупција во јавните набавки. Дури 79% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Во однос на формите на корупција според анкетираните фирми, на прво место се политички врски, на второ место е поткупот, а на трето место се роднинските врски. пишува:
К
Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk
Компаниите што учествуваат на тендери чекаат просечно по осум месеци за наплата на побарувањата, што е зголемување на рокот за наплата за два месеци во споредба со 2014 година, покажа најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето покажува дека четвртина од фирмите што учествуваат на тендерите чекаат меѓу 3 и 6 месеци за наплата на побарувањата, 21,8% чекаат по 6 до 9 месеци, а 19,8% чекаат од 1 до 3 месеци.
17,5% чекаат од 9 до 12 месеци, 9,3% меѓу 1 и 2 години, а 4,7% изјавиле дека на наплата на побарувањата чекаат и по повеќе од 2 години. Задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки е проблем за 39,4% од испитаните фирми. И пред година и половина кога последен пат е спроведена ваква анкета меѓу приватните компании, со овој проблем се соочувале 39,3% од испитаните фирми. Сепак, најголем дел од фирмите, односно повеќе од половина од нив во анкетата одговориле дека за нив најголем проблем е најниската цена како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки. „Техничките спецификации не ја играат својата улога на гарант на квалитетот во услови кога најниската цена е единствен критериум за избор. Кога најниската цена е единствен критериум според којшто се доделуваат договорите за јавните набавки, на договорните органи им останува единствено преку изработка на подетална техничка спецификација да го дефинираат квалитетот на она што
сакаат да го купат преку јавните набавки. Но, најголем дел од испитаните фирми, исто како и во претходното истражување, сметаат дека техничките спецификации не се изработуваат доволно детално за да го гарантираат квалитетот на набавките“, пишува во Извештајот за мониторингот на јавните набавки што го направи Центарот за граѓански комуникации. Дури 81% од анкетираните фирми сметаат дека тендерските спецификации ретко или никогаш не содржат детали за попрецизно определување на квалитетот на јавните набавки. Загрижувачки резултати покажа истражувањето за присуство на корупција во јавните набавки. Дури 79% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел од фирмите, односно 37%, сметаат дека во јавните набавки често има корупција, 10% велат секогаш, а 32% ретко. Само 21% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција. Во однос на формите на корупција според
ЦГК: За 39,4% од фирмите наплатата од тендерите е проблематична
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
22
јавни набавки
анкетираните фирми, на прво место се политички врски, на второ место е поткупот, а на трето место се роднинските врски. Доминантен дел од испитаните фирми се изјасниле дека во тендерите на кои учествувале, почесто или поретко сведочеле непочитување на Законот за јавни набавки. Кога станува збор за сведочење на ситуации кога во јавните набавки не бил почитуван Законот за јавни набавки, 7% од анкетираните фирми велат дека тоа се случувало секогаш, според 19% од фирмите тоа се случува често, а според најголем дел од фирмите (47%) прекршувањата се случувале ретко. Дека никогаш не сведочеле на непочитување на Законот за јавни набавки во постапките во кои учествувале, се изјасниле 27% од испитаниците. Меѓу другите наоди на Центарот за граѓански комуникации од мониторингот на јавните набавки се и дека државните институции потрошиле 2,2 милиони евра за стручните лица кои ги ангажирал Советот за јавни набавки при давањето согласности за тендерите во 2015 година. За големината на овој износ говори податокот дека над 60 општини во Македонија годишно за јавни набавки имаат на располагање помалку од 2 милиони евра. „Високите трошоци што се генерираат со ангажирање на стручните лица не се оправдани, со оглед на ефектите во однос на конкуренцијата на тендерите“, оценува ЦГК. „Потребно е надлежните институции да изработат детална анализа за оценка на ефектите и целисходноста од воведувањето на Советот за јавни набавки како дополнителен административен и финансиски товар во системот за јавни набавки. Очигледно дека е потребен посистемски пристап во решавањето на проблемот со малата конкуренција, со фокус врз намалување на ризиците од корупција како предуслов за враќање на загубената доверба на бизнис-секторот во фер избор на најдобрата понуда во текот на тендерите, вели Сабина Факиќ од ЦГК. Истражувањето за лани покажа и дека секој четврти мониториран тендер е со еден понудувач. Ниското ниво на конкуренција дополнително е нарушено со исклучување на фирмите од евалуација. Во 2015 година се склучени договори за јавна набавка без објавување оглас во вкупна вредност од 29 милиони евра. Вредноста на овие договори е за речиси половина помала од 2014 година. Најголемиот договор склучен со преговарање без претходно објавување
оглас е анекс-договорот за изградба на објектот Градска куќа, во вредност од 3,2 милиони евра. Вкупно во 2015 година, поништени се петтина од постапките за јавни набавки. Најчеста причина за поништување на тендерите е поради тоа што не е поднесена ниту една понуда. Анализите покажуваат дека уделот на поништувањата на тендерите расте како што расте и нивната вредност многу почесто се поништуваат поголемите отколку помалите тендери. „Нивото на поништени постапки во Македонија во континуитет е многу високо и секако говори за сериозен проблем во системот на јавни набавки, којшто делумно произлегува од отсуството на контрола врз институциите. Потребно е натамошно намалување на уделот на поништени тендери бидејќи и стапката од 19,9% е неразумно висока. Доколку во блиска иднина стапката не се спушти под 10%, останува потребата од воведување санкции за оние договорни органи кои имаат висок удел на поништени тендери“, оценува ЦГК во последниот извештај . Мониторингот на ЦГК покажа и дека за повеќе од 18 илјади спроведени тендери во 2015 година, доставени се само 523 жалби, што е исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од само 2,8%. Притоа, 43,6% од жалбите се усвоени, а одбиени се 37,3% од вкупно примените жалби. Доминантен дел односно, 67% од жалбите се доставени против одлуките за избор на најповолна понуда. Дури 93% од испитаните фирми одговориле дека никогаш или ретко се жалат на тендерите во коишто учествуваат, главно поради високиот надомест за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон Државната Комисија за жалби по јавните набавки. Само 7% од испитаните фирми одговориле дека често или секогаш (доставуваат жалба до Комисијата. Од друга страна, висок е процентот на фирми коишто велат дека никогаш (67%) или ретко (26%) поднесуваат жалби кога се незадоволни од постапките за јавни набавки. Генералната оценка за процесот на јавни набавки според анкетата меѓу фирмите учесници на тендерите за минатата година е 2,88 при што 1 е најнегативната оценка, додека 5 е најдобрата можна оценка. Притоа, 5% од испитаните фирми дале оценка 1 за процесот на јавни набавки, оценка 2 (едвај доволно) дале 26% од испитаните фирми, оценка 3 (добро) дале 48% од испитаните фирми, оценка 4 (многу добро) дале 19% од испитаните фирми,
додека со оценка 5 (одлично) процесот на јавни набавки го оцениле само 2% од испитаните фирми.
Фирмите со предлози за подобрување на јавните набавки
Користејќи ја можноста да дадат свои согледувања, насоки и конкретни предлози за промена на регулативата во јавните набавки во насока на нивно унапредување, фирмите во анкетата понудиле стотина сугестии. Доминантен дел од предлозите се однесува на измена на сегашните законски одредби според кои единствен критериум за избор на најповолната понуда е најниската цена, а електронската аукција е задолжителна за сите тендери. Анкетираните фирми предлагаат укинување на примената на критериумот „најниска цена“ и воведување на критериумот „економски најповолна понуда“ со следните образложенија: најниската цена, како единствен критериум, ги елиминира квалитетните и компетентни понудувачи. „Во никој случај како единствен критериум не смее да се зема најниска цена. Со ова се врши дискриминација на фирмите кои секојдневно вложуваат во своето усовршување и осовременување со нови машини, просторно реновирање, обнова на возниот парк, секојдневна едукација на вработените, воведување новитети“, одговориле од компаниите. Во однос на електронската аукција, од анкетираните фирми велат дека е потребно нејзино укинување или изменување. „Потребно е укинување на е - аукцијата бидејќи се постигнуваат нереално ниски цени и тие се генератор на неквалитет. Електронската аукција не ги исполнува целите за кои е осмислена“, изјавиле најголем дел од анкетираните фирми. Освен тоа, од приватните фирми побарале негативната референца да не биде мерка за едногодишна забрана за учество на тендери на економскиот опреатор, туку да се однесува само за тој предмет на набавка и за тој договорен орган каде што се прекршени одредени одредби; приложувањето документација при поднесување на понудите да се сведе на минимум, за потоа фирмата што ќе ја добие работата да си ја докаже својата способност; целосно да се укине банкарската гаранција за понуда. „При изготвување на банкарската гаранција за понуда профитираат само банките на штета на фирмите, а се губи и многу време до нејзино добивање“, објасниле од компаниите. nnn
Капитал број 863 13.05.2016
24
www.kapital.mk
свет
Најпознатата криптовалута во подем
Биткоинот стана легитимна валута во Европа, за плаќање со биткоин во Македонија се оди во затвор Платформа за тргување со биткоини доби ЕУ-лиценца за платежна институција; претходно судот на Унијата ја ослободи од ДДВ размената на традиционална за дигитална валута, што Wall Street Journal го искоментира како јасен показател дека биткоинот е легитимна валута во Европа; во регионот се отвораат сè повеќе биткоин банкомати, а и творецот на најпознатата криптовалута оцени дека е време да престане да се крие зад псевдонимот Сатоши Накамото. Очигледно по хакерските скандали што влијаеа на неговата вредност, биткоинот запловува по мирни води и со поволен ветар во едрата таму каде што целат оние што го водат проектот
Wall Street Journal: По одлуката на ЕУ-Судот, јасн
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
25 пишува:
Д Максим Ристески
maksim.risteski@kapital.mk
Дигиталната валута биткоин, неодамна, на крајот на април, доби нов голем замав, односно многу важна лиценца од Европската унија. Министерството за финансии на Луксембург одобри биткоинот да стане платежна валута во рамките на ЕУ. Неспорно, една од главните цели на потегот на Унијата е да добие увид во движењето на валутата, која сега ќе остава траг што ќе можат да го „читаат“ и по потреба (според прочитаното) да постапуваат европските челници. Веднаш дојде одговорот од дел од традиционалниот финансиски систем, од кој, како репрезентативна во случајот, и за регионот, ја пренесуваме реакцијата на Народната банка на Србија. Оттаму соопштија дека една платформа за тргување со биткоини (словенечки Bitstamp) навистина добила лиценца за платежна институција во Луксембург, но оти (според НБС) станува збор само за лиценца за давање платежни услуги, „а не за какво и да е признание дека биткоинот е валута рамноправна со другите валути, зашто тој во својата основа и не е валута“. Од Народната банка на Србија понатаму предупредија дека „вложувањето во биткоин или во другите таканаречени виртуелни валути е ризик што може да доведе до финансиски загуби, зашто не ги издаваат централни банки и не гарантираат за нивната вредност“. Но, очигледно и во нашиот регион, откако биткоинот одново стана „жешка“ тема во Европа, биткоин ентузијастите ваквите реакции на банките ги сметаат само како нивно стравување од заканите што за традиционалниот финансиски систем ги претставуваат криптовалутите. Најсвеж пример за подемот на биткоин претприемништвото даде хрватскиот стартап Bspend, кој деновиве постави биткоин банкомат во центарот на Сплит, што е втор (банкомат) во Хрватска, и вкупно петти на Bspend, по оние во Грција, во Виетнам и во Тајланд. Основачот на компанијата, Ведран Кајиќ, рече дека причините за поставувањето на банкоматите во Сплит и во Загреб се различни. Ако во Загреб главно се целело да им се овозможи на жителите поедноставен начин за купување и за продавање биткоини, во Сплит првенствената намена е туристите и иселениците да можат полесно да префрлаат пари.
Не е исклучено дека и излегувањето од анонимност на творецот на биткоинот, Крег Рајт, е поттикнато од последните охрабрувачки случувања околу неговата дигитална валута
Во Хрватска со биткоин плаќаат 25 илјади граѓани, покажа неодамнешното онлајн истражување (што заеднички го спроведоа BUG, Perpetuum Mobile, Symantec и PBZCard), на примерок од 6.800 испитаници, а овие 25 илјади се многу солиден еден отсто од хрватските онлајн купувачи. Дури и основачот на Bspend, Кајиќ, кому, секако, не му недостасува верба во иднината на биткоинот, призна дека е пријатно изненаден од оваа бројка, на која веројатно стимулативно влијаела и јануарската најава на Европскиот парламент дека ќе разгледа дали треба да се напише пакет препораки околу криптовалутите, особено биткоинот, до регулаторите и до стартапите од соодветен вид. Меѓу поновите добри вести за „фановите“ на биткоинот е и решението на судот на ЕУ од крајот на 2015 година, со кое размената на традиционална во дигитална валута (биткоин) е ослободено од ДДВ (како и размената меѓу традиционалните валути), за што Wall Street Journal искоментира дека се работи за силна поддршка на оние кои тврдат дека на територијата на ЕУ биткоинот е легитимна валута (наспроти горното тврдење на Народната банка на Србија), а не стока (за која треба да се плаќа ДДВ). „Овие трансакции се исклучени од ДДВ според одредбите што се однесуваат на трансакции поврзани со „валута, банкноти и монети, користени како легално платежно средство““, заклучи Европскиот суд. Не е исклучено дека и излегувањето од анонимност на творецот на биткоинот е поттикнато од последните случувања околу неговата дигитална валута. Австралискиот претприемач Крег Рајт дури преку три светски медиуми (за да нема никаков сомнеж) - BBC, Economist и GQ, откри дека тој е човекот кој досега се криеше зад псевдонимот Сатоши Накамото. За доказ, Рајт пред медиумите приложи криптографски клучеви користени во почетната фаза на развојот на биткоинот, за кои се знае дека се сопственост на творецот на криптовалутата. А тој, откако се откри, порача дека сака да биде „оставен на мира“ (некои
протолкуваа дека ова значи оти Рајт не сака јавноста да му води сметка како ќе ги троши претпоставените дека ги има еден милион биткоини, еднакви на 450 милиони долари). Кога веќе го споменавме Рајт, да потсетиме дека тој, додека беше познат само под псевдонимот (Сатоши Накамото), објасни (преку добро заштитена „меил“ комуникација), оти при создавањето на биткоинот бил воден од идејата за поевтинување на платниот промет, преку децентрализација, односно, така што верификациите и гаранциите за успешно спроведување на трансакциите ќе бидат во рацете на членовите на мрежата. Самиот, пак, поим криптовалута, упатува дека за создавање на биткоините и за бележење на трансакциите се користат криптографски механизми со јавни и приватни клучеви, што прави страните кои немаат доверба едни во други, да му веруваат на децентрализираниот систем. Последниот подем на биткоинот (и во регионов), кога веќе ги спомнавме банкоматите за оваа валута, се гледа и по бројот на АТМ-и во соседството. Според Coin ATM Radar, Словенија има дури 11 биткоин банкомати, Романија 4, Србија и Бугарија имаат по 2 ...
Биткоин сцената во Македонија
Во Македонија ваков банкомат сè уште нема, што не значи дека овде нема развиена биткоин сцена. „Капитал“ неодамна пишуваше дека кај нас има и технолошкибиткоин ентузијасти кои се подлабоко навлезени „рударејќи“ во дигиталните окна од каде што се „ископуваат“ биткоините, како и претприемачи кои немаат некоја идеолошка врска со биткоинот и со бранот криптовалути што тој го покрена, но кои тука препознаа пазар со силни потенцијали, на кој прават пари. „Во Македонија има луѓе кои ги интересира кодот на биткоинот, значи длабоко навлезени во проблематиката, потоа има други, кои прават/копаат биткоини; има и трета категорија, кои ги интересира само можноста да заработат, и има четврта категорија, кои не ги интересира
но е дека биткоинот е легитимна валута во Европа
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
26
свет
претходното, туку само услугата, во која биткоинот е платежно средство“, гласи една изјава на активен припадник на македонската биткоин сцена што ја пренесе „Капитал“. За оние што во овој правец ги провоцира/ води претприемачкиот инстинкт, познавачите што ги консултиравме совету-ваат дека најсигурен начин да се заработи е ако човек има пари да купи биткоини што може да ги „заборави“ и да чека да им се качи цената. „Сите паметни инвеститори купуваат биткоини, а опрема (за „копање“ биткоини) се купува од љубов, од технолошка страст. Во Македонија има луѓе кои изнакупија убави суми биткоини, кога беше цената 200 долари, и сега парите им се удвоени. Но, ова нема да заврши и паметно е уште да чекаат“. Ако сепак се одлучите да „копате“, за тоа ви требаат „асици“ (чип за вршење специјални задачи, н.з.) (ASIC – application specific integrated circuit), и има луѓе кои копаат со ваква опрема во Македонија. Колку треба да се вложи за да биде исплатливо копањето зависи од повеќе фактори, но, според нашите соговорници, ако човек вложи 10.000-20.000 евра во „асици“, повратот на инвестицијата со пресметани трошоци, како за струја (2 kW, на пример, троши еден ASIC miner), би се случил за околу две години, според
сегашната цена на биткоинот. Но, еден од факторите од кои зависи повратот на инвестицијата е тежината на копање (difficulty rate). Како се зголемува бројката на извадени/ископани биткоини, сè е потешко понатаму да се копа, а вредноста на биткоинот не значи дека го следи растот на тежината на копањето, односно, најчесто не ја следи. Тука е најголемиот проблем со опремата. Калкулаторите за тоа колку ќе копаш/ заработиш дневно со одредена опрема ја земаат предвид моменталната тежина на ископување, која се менува. Биткоините што веќе ги имате можете да ги претворите во денари на следниов едноставен и брз начин (ако имате друга криптовалута препораката е да ја смените во биткоини на берза за криптовалути како Poloniex, Cryptsy, BTC-E, Bitstamp, Coinbase …, и потоа ги префрлите во вашиот паричник на „блок чеинот“ - базата на податоци во која учествуваат сите кои се дел од системот). Има повеќе сервиси (како MoneyPolo) што овозможуваат претворање на биткоини во пари, кај кои, исто така, треба да отворите сметка. Таму може да ставите пари на сметка и од електронски валути. По малку понизок курс од моменталниот на биткоинот (мора од нешто да живее сервисот) биткоините се претвораат во пари, што веднаш ги имате на сметка. На
картичката порачана од MoneyPolo за 15 долари, што може да ви ја испратат во Македонија, ги ставате парите од сметката (3 евра чини услугата), и можете да одите на банкомат да си ги извадите.
За плаќање со биткоин во Македонија може да се оди во затвор
Плаќањето со биткоин во Македонија е забрането и секој кој ќе ја користи за било каква трансакција го крши законот, за што се предвидени не само паричлни казни, туку и казни затвор. Користењето на биткоин во Македонија е во спротивност со Законот за платен промер и Законот за девизно работење, според кои единствена валута за плаќање и промет во земјава е денарот. Секое правно и физичко лице кои ќе ги прекршат овие закони може да биде казнето со затворска казна од неколку месеци до пет години, или да плати парична казна од 7.000 до 10.000 евра. Народната банка на Македонија и официјално им порача на македонските граѓаните да не инвестираат во биткоини, бидејќи тоа не е дозволено во Македонија и дека станува збор за ризична и шпекулативна валута. За разлика од Македонија, во многу земји од регионот како Словенија, Хрватска, Србија, има ресторани, кафулиња или приватни гимназии кои го примаат како валута за плаќање. nnn
ПОНЕЖНИ, НО НЕ ПОНЕВАЖНИ ДАМИТЕ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ВРВНИОТ МЕНАЏМЕНТ НА ГРАДЕЖНИОТ БИЗНИС
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ЖЕНИТЕ ВО БИЗНИСОТ
МЛЕКАРА БИТОЛА КАКО ПРИМЕР ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО ТОП МЕНАЏМЕНТОТ ПЕТТЕ ДАМИ БЕЗ КОЈ УСПЕХОТ НА БИМИЛК НЕ БИ БИЛ ЦЕЛОСЕН
ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ СО КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
INTERVIEW
САМО 8,5% ОД ДИРЕКТОРИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ФИРМИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЖЕНИ
НЕВЕНА ВЕСЕЛИНОВСКА – ЛОШКОВ РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖБА ВО ОФИС ПЛУС
ОТВОРЕНАТА МИСЛА И ХРАБРОСТА Е ОНА ШТО МЕ ВОДИ КОН УСПЕХОТ!
Капитал број 863 13.05.2016
30
www.kapital.mk
Жените во бизнисот
Послаб пол за посилни перформанси
Само 8,5% од директ на најголемите фир во Македонија се ж
Директорки: Најголемите домашни компании што ги раков
www.kapital.mk
торите рми жени
Капитал број 863 13.05.2016
специјален прилог
31
Светското искуство и пракса во бизнисот покажува повеќе предности што ги имаат жените како вработени: тие не се склони кон чести промени на работната средина, за разлика од мажите; се истакнуваат со креативност и организациски способности, педантност, точност и доследност и добро се прилагодуваат кон корпоративните правила и услови. Сепак, жените сè уште каскаат прилично зад мажите кога станува збор за нивната застапеност во врвниот менаџмент на компаниите. Исклучок не е ниту Македонија, каде што на пример, од 200-те најголеми компании, само 17 имаат жена за главен извршен директор.
Е пишува:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Е днаквоста на половите во бизнис светот честа е и секогаш актуелна тема на бројни истражувања и расправи. Новото истражување што го спроведе консултантската куќа Ernst & Young (EY) спроведено меѓу 350 раководители во 200 големи компании од 7 различни индустрии во 51 земја, открива дека само 13% од испитаните очекуваат значително зголемување на бројот на жени на раководни позиции во наредните пет години. Во Македонија според неколку досегашни истражувања, бројката на жени на менаџерски позиции во компаниите варира од 10-15% во зависност од изворот на истражувањето и годината кога е направено. Пред извесно време, на конференцијата „Жени на лидерски позиции: Предизвици и стратегија за нивно надминување“, што се одржа во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, беше истакнат фактот дека над 30% од новите фирми во приватниот сектор се отворени од жени, кои се застапени пак со 12 % на менаџерски позиции. “ Бизнисот не може да се дели на машки
бројки
17
од 200-те најголеми компании во Македонија според приходи, ги раководат жени
30%
од новите фирми во Македонија се отворени од жени
12%
од менаџерските позиции во македонската економија ги држат жени
26%
помала плата земаат директорки во домашни производни компании, во однос на нивните машки колеги и женски“, вели Валентина Дисовска претседател на Здружението на бизнис жени.“ Меѓ у тоа сите с тереотипи, фамилијарното, грижата за семејството, грижата за децата сето тоа ни прави родово неизбалансирано општество за да може жените да прават развој во бизнисот“, наведува Дисовска.
водат жени се претежно од секторите фармација и трговија
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
32
Жените во бизнисот
Таа додава дека иако околу 12% се жени на менаџерски позиции, меѓутоа “ако земеме предвид дека повеќето се во институции и установи, како што се школи, градинки итн., ќе сфатиме дека во приватниот сектор ни недостасуваат жени на управувачки позиции, а уште помалку имаме жени на раководни позиции во поголемите компании“. Според претседателот на Бизнис конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, во Македонија суштински и законски не постои никаква поделенос т во поглед на машкиот и женскиот бизнис. Жените, смета тој, треба да преговарат за еднаковост и во платите и во функциите. “Во Управниот одбор на Бизнис конфедерацијата на Македонија има повеќе жени и горди сме на тоа. Некои истражувања на Меѓународната организација на трудот покажуваат дека има разлики во однос на платата меѓу мажите и жените, меѓутоа сметам дека треба да преговараат за еднаквост и во платите и во
функциите“, вели Бошков.
тинекс најголема компанија со извршен директор жена
Светското искуство и пракса во бизнисот покажува повеќе предности што ги имаат жените како вработени: тие не се склони кон чести промени на работната средина, за разлика од мажите; се истакнуваат со креативност и организациски способности, педантност, точност и доследност и добро се прилагодуваат кон корпоративните правила и услови. Сепак, жените с$ уште каскаат прилично зад мажите кога станува збор за нивната застапеност во врвниот менаџмент на компаниите. Исклучок не е ниту Македонија, каде што на пример, од 200-те најголеми компании, само 17 имаат жена за главен извршен директор, или пак жени ја делат директорската функција со некој друг. Според последната едиција Топ 200 што Капитал ја објави лани во септември, најголема компанија според приходи
СВеТСКИ еКоНоМСКИ форУМ:
Родова еднаквост во бизнисот ќе се постигне за 117 години !?
и
стражувањето на EY под назив “Navigating disruption without gender diversity? Think again“ спроведено е на еднаков број жени и мажи, а од резултатите видлив е јасен несклад помеѓу машката и женската перцепција кога се говори за еднаквоста на половите во деловниот свет. така, 43% мажи и само 7% жени сметаат дека недостигот на женски кандидати претставува најголема препрека за постигнување рамноправна застапеност на половите на раководните позиции. според истражувањето на EY, најголем дел од испитаниците, 69%, веруваат дека еднаквоста на половите во рамки на својата бранша ќе се постигне во следните 25 години. овие резултати се многу пооптимистични од предвидувањата на светскиот економски форум, кој што проценува дека ќе требаат дури 117 години до еднаква застапеност на половите во вкупната работна сила на планетава. одговарајќи на прашањето кои се најголемите кочници за рамноправна застапеност, жените испитанички на прво место ја истакнале корпоративната култура што не ги поттикнува доволно, како и организациската пристрасност, додека на трето место ја ставаат проблематиката што произлегува од основањето на семејство. “на жените кои што покрај кариерата се подготвуваат да засноваат и семејство, или веќе можеби се сопруги и мајки, неизмерно е важна поддршката на работодавците за да може да ги усогласат своите деловни и приватни обврски. ако вашиот работодавец основањето семејство и паралелната желба за работа и напредување ја гледа како најнормална работа и притоа ви овозможува флексибилност во работата, тогаш не постојат бариери за развој на кариерата“, коментираат од EY. кога се работи за корпоративната култура, жените и мажите се согласуваат дека е потребно да се создаде поттикнувачка атмосфера. така, дури 59% мажи и 40% жени сметаат дека токму корпоративната култура е она што примарно овозможува напредување и развој на кариерите на жените. на истата листа високо котира и важноста на менторството од страна на корпоративните раководители, како и силни женски примери.
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
специјален прилог каде што извршен директор е жена, е синџирот супермаркети Тинекс, со Кристина Тодоровиќ - Николиќ на чело, кој што е на 11 место според приходите. Следат Кам маркети и Супертрејд, фирми за кои што во Централниот регистар стои дека управители се жени. Жени самостојно или заедно со уште еден или повеќе директори ги раководат и Империјал тобако, Македонијалек, Феникс фарма, Стокомак, Адора инженеринг, Еурофарм, Крка фарма, К и К, АВТ Интернацинал, Европа, Свислион Агроплод, Нестле адриатик Македонија и Комфи Ангел. Од списокот се гледа, дека најмоќните жени во македонскиот бизнис претежно раководат компании од секторите трговија и дистрибуција и фармација. Единаесет од 17-те фирми што се најдоа на Топ 200 листата се од овие два сектори.
Сите 14 секторски раководители во Комерцијална банка се жени
Од спроведеното истражување во вкупно 17 банки во Македонија објавено на порталот bankarstvo.mk, се дошло до податок дека вкупното учество на жените во одборите на банките во земјава изнесува приближно 23% што не е задоволувачки
процент, но е значително повисок во однос на минатите години. Во надзорните одбори пак на банките, од вкупно 96 членови само 20 од нив се жени односно процентуалната застапеност на жените во надзорните одбори изнесува 21%, додека пак, во управните одбори од вкупно 49 членови само 13 се жени односно 27% од членовите се жени. Во Македонска банка за обнова и развој има најмногу жени во надзорен одбор дури 4 од 5 членови се жени, додека во Централна Кооперативна Банка, Халк Банка, Стопанска Банка АД Скопје и ТТК Банка нема воопшто жени во надзорните одбори. Од друга страна, во Про Кредит има најмногу жени во управнот одбор, односно од 3 членови сите 3 се жени. Додека пак во банките Централна Кооперативна Банка, Еуростандард, Капитал Банка, Македонска банка за обнова и развој, Поштенска банка, Шпаркасе и Уни Банка нема жени во управните одбори. Кога сме кај банките, апсолутен шампион пак во процентуалната застапеност на жени во топ менаџментот, тука апсолутен шампион е Комерцијална банка, каде што
33
во Управниот одбор од тројца членови, една е жена, а во остатокот од топ менаџментот, односно сите шефови на секторите во банката, вкупно 14, се жени. Жените се и помалку платени за истата работа, покажува и државната статистика. Според податоците на Заводот за статистика објавени во декември лани, просечната бруто годишна заработувачка во Македонија изнесувала 397.739 денари, но кај мажите таа била 419.999 денари, додека кај жените вработени оваа сума е пониска за 12%, односно 369.711 денари. Во категоријата “директори на производни компании и институции за специјализирани услуги“, јазот помеѓу платите кај мажите и жените е уште поголем, односно кај првите изнесува 1.007.626 денари годишно во бруто износ, додека кај нивните колешки директорки таа сума е за дури 26% помала. Нешто поповолна ситуација за жените раководители е во редот на државните функционери, раководители и дипломати, каде што мажите заработуваат 782.045 денари бруто годишно, а жените на истите позиции 737.390 денари, или за 5,7% помалку. nnn
ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ СО КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
Ж
енското претприемништво е важен сегмент за развојот на целокупната економија на земјата. Жените секојдневно ги докажуваат своите сестрани вештини и способности, справувајќи се со обврските, задачите, задолженијата и менаџирањето, воспоставувајќи притоа рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот. Сè повеќе жени во Македонија се уверени и докажуваат дека имаат добра бизнис идеја и се охрабруваат да започнат свој бизнис, но најголемиот предизвик со кој најчесто се соочуваат е пристапот до финансиски извори и капитал за финансирање на нивниот бизнис. Охридска банка Сосиете Женерал од почетокот на оваа година, преку соработката со Европската банка за обнова и развој, е дел од регионалната програма за јакнење на женското претприемништво. Договорот на Охридска банка Сосиете Женерал со Европската банка за обнова и развој за средства за финансирање во висина од 3.000.000 евра е наменет токму за промовирање на женското претприемништво и учество на жените во бизнисот. Програмата вклучува две компоненти: пристап до финансии на микро, мали и средни бизниси за соодветни корисници на кредит и техничка поддршка, односно развој на бизнис план од страна на Европската банка за обнова и развој. Основниот предуслов за аплицирање е сопственик или менаџер на претпријатието
НИНА НЕДАНОСКА
Директор на сектор за Корпоративно и Инвестициско Банкарство
да биде жена/жени, а максималниот износ кој го обезбедува Охридска банка Сосиете Женерал по клиент е 300.000 евра, со каматна стапка одредена во согласност со пазарните услови и со рок на отплата од 36 месеци за обртен капитал, со можност за грејс-период до 6 месеци, односно до 84 месеци за инвестиции со можност за грејс-период до 12 месеци. Досега Охридска банка Сосиете Женерал финансираше три проекти на жени претприемачи во Македонија и тоа од областа на транспортот, текстилната индустрија и услужните дејности. Сево ова докажува дека жените претприемачи
со сигурност ги иницираат, планираат, организираат и ефикасно ги раководат своите деловни вложувања. Меѓутоа, предноста на оваа кредитна линија не се состои само во финансиската поддршка што ќе ја добие фирмата. Дополнително, секоја фирма што ќе аплицира за средства од линијата добива можност за изработка на бизнис план, физибилити студија, маркетинг истражување, имплементација на стандарди, софтвер и сл., од страна на консултанти ангажирани од ЕБРД, со дополнителни 20% кофинансирање од ЕБРД.
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
34
Жените во бизнисот
д-р ДрАгАнА ЧифлигАнец извршен директор на Адора инженеринг
н
е е едноставно да се спојат во една позиција повеќе менаџерски функции, како раководител на продажниот сектор и маркетингот и извршната менаџерска позиција, што е од комплексна природа и подразбира широк дијапазон на познавања, постојано усовршување на вештините на управување со процесот на работа и со кадрите. за менаџирање со вработените е потребно и пошироко гледање на нештата, многу трпение и разбирање и пред сè човечност, зошто ние сите сме првенствено луѓе, потоа сè друго. во Адора инженеринг не ги делиме работните обврски на женски и машки и иако по природата на нештата оперативниот сектор е во најголем дел со припадници на „посилниот пол“, горда сум што во менаџерската структура се значително застапени дамите, кои во нашиот случај докажаа дека успешно се справуваат со предизвиците кои навидум бараат „посилни перформанси“.
КАтеринА Коршул дипл. инженер, менаџер за недвижности
у
ште кога влегов во бизнис сферата на високата градба, знаев дека ќе се соочам со големи предизвици, жртви и откажувања, но се уверив дека оваа навидум машака професија е подеднакво широко поле за докажување и за женскиот пол. Можам да потврдам од моето повеќегодишно менаџерско искуство во Адора инженеринг, дека најдобрите деловни зделки ги имам направено со економски субјекти, каде управувањето го контролираат жени. тоа веројатно се должи на нашите генетски предиспозиции, работата од старт да ја позиционираме во вистинска насока и бргу да се договараме. Како личност што не ги прифаќа родовите сепарации во општеството, за мене бизнисот е најширокиот фронт каде многу жени покажуваат исклучителни резултати, што во случајот на моќна компанија како Адора инженеринг, ни овозможува стекнување непроценливи искуства и успешна професионална и лична реализација.
Понежни, но не
ДАМИТЕ НА АДОРА ВО ВРВНИОТ МЕ ГРАДЕЖНИО
Н
Жените, кои во оваа градежна компанија раководат со повеќето значајни се
аспроти сфаќањето дека градежната индустрија е традиционално машка, примерот на Адора инженеринг, поаѓајќи од менаџерските позиции, покажува значително присуство на дамите кои водат различни сектори, на чии менаџерски знаења, професионалност, умешност, сила и моќ, во голема мера се потпира оваа најуспешна компанија во високоградбата во Македонија. Извршниот менаџер во Адора инженеринг е млада, образована и докажано успешна дама, која е одлучна, храбра жена што знае да се носи со тешки одлуки и сериозни обврски со комплексен обем на работа и огромна одговорност. Во носечкиот сектор за продажба, каде се пласираат
на пазарот на недвижности станбено деловните објекти на овој водечки градежен бренд, 90 % од менаџерите се дами, кои се справуваат со сите предизвици на преговарање, разговарање и продажба на изградените домови, како еден од најскапите производи. Жените, кои во оваа градежна компанија се потврдуваат како „силен пол“, раководат со значајните и одговорни сектори за комерција, инвестиции, развој и аналитика, правни работи, маркетинг и односи со јавност, службата за организација и контрола за сервис, архива и внатрешна контрола, кабинет на генералниот директор и протокол, а во проектантското биро поголемиот дел од архитектите се дами, кои сепак за дефинирање на сите финеси во проектирањето редовно се консултираат со колегите архитекти.
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
35 ИвАнА БАјковА ШАљА
дипл. инж. архитект, менаџер за недвижности
к
ако архитект, со специјална стручност за енергетската ефикасност и дел од менаџерскиот продажен тим на компанијата, сум повеќе ангажирана на терен, каде работам со инженерите, градежните работници и мајсторите. Предност да се биде жена на градилиште е карактеристиката за добра организација, што е во нашиот генетски код, како и умешноста да се стави ред како во семејството, така и во работата. во мојата функција на координатор на работите на градежните објекти, многу е важно да се има изострено и балансирано чувство кога треба некој да се пофали, а кога да се искритикува, за да има соодветен ефект и работата да тече беспрекорно, да се воспостави коректна релација и да се почитува секој надворешен соработник, а секако најмногу да се посвети внимание на купувачите и клиентите.
ЕлЕнА ПЕтровскА
дипл. економист, менаџер за недвижности
Поневажни
А ИНЖЕНЕРИНГ ЕНАЏМЕНТ НА ОТ БИЗНИС
а се потврдуваат како „силен пол“, ектори во Адора инженеринг.
П
олот не го гарантира индивидуалниот и професионалниот успех, туку вложувањата во надградба на личноста. Да се биде добар менаџер во било кој бизис значи да се има добра иницијатива, будно да се следат случувањата, новите трендови и промените и со добра комбинација на личната интуиција, стручните знаења и сопствено усовршување, да се стремиме, амбицијата да ја претвориме во видливи дела. кредибилитетот на жената менаџер, особено во бизнис како што е градежништвото е од комплексен и специфичен карактер. Да му се обездеди некому посакуваниот дом, а притоа да се најде и најдобриот начин тоа да се овозможи, значи дека треба да бидете вешти во тоа што го работите, да минете еден сложен процес, каде сепак сопсвената личност е таа која ве води.
нАтАША ПоПовА Адора создава привлечен амбиент за амбициозните дами менаџери
Заложбите за родова еднаквост во Адора инженеринг, во практиката се потврдуваат со рамноправноста при селекцијата на работните кадри при пополнувањето на менаџерските позиции, при што единствен критериум за одлучување е професионалноста, стручноста, искуството, иновативноста и визијата на кандидатите. Еднаквите можности за напредок во работата, за подигнување на нивото на едукација и развој на кариерата, за остварување на жената во професионална смисла, но и приватно, како личност, семејна жена, сопруга
и мајка, создаваат привлечен и пријатен амбиент за реализација на менаџерските амбиции на дамитеменаџери и вработени во Адора инженеринг. Покрај стручноста, принципиелноста и одговорноста што како деловен и етички кодекс владеат во оваа компанија, за надградба и просперитет на дамите менаџери и за нивно комплетно остварување, од особена важност се слухот, разбирањето и флексибилноста што мора да постојат секогаш кога е во прашање човечкиот фактор, зошто само среќните, задоволни и исполнети вработени се носители на продуктивноста, развојот и корпоративниот успех, е мото во Адора инженеринг. nnn
дипл инженер, менаџер за недвижности
н
е е едноставно да се балансираат деловните и приватните обврски, особено кога станува збор за амбициозна професионална кариера во компанија со динамичен развој како Адора инженеринг, каде роковите за извршување на работните обврски се кратки, а професионалноста, квалитетот и ажурноста се највисок приоритет и сето тоа умешно да се балансира со бројните обврски во домот, грижата за семејството и личниот развој. сметам дека за успехот во мојата менаџерска работа во секторот за продажба, не е значаен полот, туку пресуден фактор е љубовта кон професијата и мојата определба за работа во градителската дејност, за што сум се одлучила на млада возраст и тоа трае до ден денес.
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
36
с
Жените во бизнисот
Со прашањето „Зошто јас заработувам помалку од моите машки колеги?“ холивудската актерка Џенифер Лоренс (Jennifer Lawrence), на сите нам најдобро позната од серијалот „Игра на гладните“ (Hunger Games) целосно го привлече вниманието на Холивуд - местото каде „цвета“ најдобриот бизнис за забава и филмска индустрија токму поради тоа што по прв пат, некој во овој „луксузен свет“ ја адресираше родовата нееднаквост која постои таму. Но Холивуд не е единственото место каде родовата нееднаквост постои. Иако, светската бизнис пракса покажува дека жените можат да бидат многу подобри организатори, покреативни и поголеми перфекционисти од мажите, а многу често и нивната лојалност кон фирмите за кои што работат е поголема во однос на нивните машки колеги, сепак, статистиките покажуваат дека едвај 5% од врвните менаџерски позиции во глобалната економија ги држат жени. Најновата анализа на угледниот магазин Forbes пак покажува дека само 20 извршни директори од 500-те најдобри компании во светот, рангирани оd Standard &Poor’s (S&P), се жени. Според истата, овие 20 жени заедно заработуваат вкупно 363,2 милиони долари на годишно ниво, што значи дека нивната годишна плата во просек изнесува 14,8 милиони долари. Чисто за споредба, друга студија на Equailar/ Аssociated Press, пак покажува дека средната плата на годишно ниво на 350 извршни директори од 500-те компании на S&P за 2014 изнесува 10.6 милиони долари. Ова само покажува дека 5 од овие 20 жени на позицијата извршни директори земаат плата пониска од средната плата (10.6 милиони долари) утврдена во студијата, што пак упатува на тоа дека нееднаквоста во платите меѓу мажите и жените, се уште останува горчлив проблем во трката за родова еднаквост. Најплатената жена на позиција извршен директор е Сафра Кац (Safra Katz) од
Само 5% од врвните менаџерСки позиции во Светот ги држат претСтавничките на понежниот пол
жените Се Сè уште помалку еднакви!
иако борбата за родова еднаквост бележи повеќе од век, сепак застапеноста на жените, особено на високите позиции во бизнис светот е на самите зачетоци. Предрасудата дека жената не може да биде одличен менаџер како посилниот пол- мажите, не само што се преточува преку се уште малиот број жени кои се поставени на високите позиции во компаниите, туку и преку нееднаквоста во платата - на иста позиција честопати нејзиниот колега маж зема повисока плата од жената. Дека работите, и покрај силниот активизам, се уште бавно се менуваат, зборуваат и светските статистики кои покажуваат дека само 5% од врвните менаџери на светско ниво ги држат жени Oracle, која на годишно ниво заработува 53.2 милиони долари. Најниска плата пак, на годишно ниво, зема Лорали Мартин (Lauralee Martin) извршен директор на HCP Inc на која и билe исплатени 6.9 милиони долари во 2015 година. Истата анализа покажува дека во овие 500 компании, жените се добро претставени, но отсуства нивно поголемо учество во повисоките ешалони од компаниите. Жените претставуваат 45% од работната сила во овие компании, 39% се на позиции кои се дел од среден менаџмент, а само 25% од нив се на високи извршни позиции. Најмал е бројот на жените (19%) кои се дел од бродовите на компаниите.
Меѓутоа, статистичките истражувања покажуваат дека, поставување на жени на раководни функции не треба да се прави само поради задоволување на светските трендови кои промовираат родова еднаквост, туку и дека жените навистина можат да бидат успешни колку и мажите, а во одредени моменти тие можат да придонесат и за подобри резултати на компанија, особено кога станува збор за профит. Имено, истражувачите од Петерсон Институтот за Меѓународна економија, преку испитување 21,980 јавни компании ширум светот добиле резултат дека компаниите каде жените пополнуваат 30% од лидерските
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
специјален прилог
Разбивање на митовите
К
онсултантската куќа KPMG UK во соработка со YSC – глобална фирма на бизнис психолози и 30% Club – британската компанија промотор на родова еднаквост во менаџерските структури на компаниите, направија опсежно истражување во 2014 година за тоа кои се најчестите предрасуди и заблуди во врска со лидерската улога на жените во компаниите низ светот. Ви ги претставуваме 10-те најголеми митови на оваа тема, каква е всушност реалноста и препораки што треба да се направи за да светскиот бизнис добие повеќе жени на менаџерски позиции.
Мит 1: Жените немаат аспирации за лидерски улоги XX реалност: Како напредува нивната кариера, така и жените стануваат поамбициозни за лидерскитe позиции XX Што да се напраВи: не ги отпишувајте жените од список за лидерски позиции. нивната амбиција расте напоредно со нивното искуство
Мит 2: Жените не остануваат во компанијата за да стигнат до врвот XX реалност: на менаџерските нивоа, жените многу почесто остануваат во компанијата и ги пропуштаат унапредувањата кои доаѓаат однадвор XX Што да се напраВи: покажете дека ја поддржувате жената менаџер и дека го поддржувате нејзиниот прогрес.
Мит 3: грижата за деца се кочница за жените да дојдат до врвот XX реалност: децата им ја забавуваат кариерата само маргинално. позиции имаат 6% повисок нето профит. Оттука од овој Институт заклучуваат дека не е доволно да имате само една жена на висока лидерска позиција, туку да ги
посериозните јазови во унапредувањето настануваат многу порано (пред жените да станат мајки н.з.) XX Што да се напраВи: создадете еднакви можности за наградување на кариерата и за мажите и за жените уште во раните фази од нивната кариера. следете ја индивидуално кариерата на секој од нив ефикасно.
Мит 4: Жените не стигнуваат до врвните позиции поради недостаток на самодоверба. XX реалност: Жените јасно знаат кои се нивните можности и се внимателни да не се „продаваат“ повеќе од тоа што навистина сè. XX Што да се напраВи: не ја заменувајте балансираната самопромоција на жените со недостаток на самодоверба
Мит 5: Жените ги немаат лидерските квалитети за да бидат на врвот XX реалност: однесувањето на мажите и жените лидери кај мнозинството лидери, без разлика на полот, е исто XX Што да се напраВи: проверете дали можеби некои маргинални разлики во лидерското однесување треба да се зајакнат
Мит 6: Жените немаат доволно контакти што ќе им ги отворат вратите до врвот XX реалност: Жените преферираат формални отколку неформални контакти кога бараат поддршка XX Што да се напраВи: охрабрете ги лидерите од топ менаџментот да ги споделуваат своите професионални контакти со своите колешки негувате и поддржувате развојот на жените во кариерата. „Не е толку важно дали имате жена како извршен директор. Она што се чини
37
Мит 7: Жените на високи позиции забораваат како стигнале до врвот XX реалност: Жените активно им помагаат на другите жени да им се придружат на врвот XX Што да се напраВи: направете топ менаџментот кај двата пола, да биде одговорен за поддржување на прогресот на жените во кариерата
Мит 8: Жените не можат да ги следат високо потенцијалните програми XX реалност: Жените не ги гледаат програмите за развој како врвен стимулатор за успех во кариерата XX Што да се напраВи: Кога сте во можност, инвестирајте во развој на активности кои се адаптирани за индивидуален развој. следете го и мерете го повратот од оваа инвестиција
Мит 9: Формална и флексибилна работна околина го олеснува патот на жената до врвот XX реалност: неформални и индивидуални состаноци кои се прават директно со нивните менаџери се она што жените го ценат XX Што да се напраВи: инвестирајте во подобрување на квалитетот на линиските менаџерски вештини
Мит 10: Бизнис клаузулата за родова диверзификација функционира XX реалност: личниот напредок е многу помоќен мотиватор за промена и за родова диверзификација XX Што да се напраВи: раскажете лични приказни за тоа зошто родовата диферзификација е значајна за одредени индивидуалци поважно е да имате извор на поголем број квалификувани жени кандидати за овие позиции“, вели Маркус Ноланд, директор на Институтот Петерсон. nnn
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
interview interview 38
НевеНа веселиНовска – лошков РаКОВОДитЕЛ На маЛОПРОДажба ВО ОфиС ПЛуС
ОтвОрената мисла и храбрОста е Она штО ме вОди кОн успехОт!
О
фис плус веројатно е првата асоцијација која ви паѓа на памет кога размислувате з а о пр емув ањ е н а вашата канцеларија, за обезбедување на квалитетни „аксесоари“ и прибори за вашите деца, но и како идеално место каде може да најдете совршени подароци за вашите деловни клиенти. Капитал разговараше со раководителот на малопродажба во Офис Плус, Невена Веселиновска – Лошков, која не само што ги најавува новитетите кои ќе следат од овој успешен македонски бренд, туку ја раскажува и приказната што значи да се работи за семеен бизнис и што значи да се биде жена – менаџер во успешна компанија како што е Офис Плус. XX Г-ѓо Веселиновска – Лошков, кои се вашите одговорности и задачи во Офис Плус? Опишете ни го накратко вашиот професионален бекграунд. Со моите 25 години најголема одговорност и обврска е - секој ден да се научи што
повеќе. Растејќи покрај двајца родители економисти, кои патем водат две различни компании, логично беше мојата едукација да се насочи кон економијата. Дипломирав на Економскиот факултет, отсек финансии, а понатаму и магистрирав на отсекот Претприемништво. Во Офис Плус првиот сериозен работен ангажман беше - асистент во нашето сметководство, а по неколку години преминав во секторот малопродажба. Денес работам како раководител на малопродажбата, која во моментов брои 17 продажни места (осумнаесеттото во Гостивар е пред отворање). Се грижам за снабденоста, изгледот, асортиманот и материјално-финансиското работење. XX Колку е предност, а колку можеби е дополнителен предизвик и товар фактот што сте наследник во семејна компанија, сега на менаџерска позиција? Од малечка сум научена, овој факт, да биде товар и голема одговорност. Да се грижиш за нешто кое што друг го негувал и создал е голема обврска. Но, и предизвик како за мое
лично докажување дека јас тоа го можам, така и за да го искористам потенцијалот кој што таа одговорност ми го нуди. Да водите тим составен од 120 вработени е комплексно. Предност е што сите се кооперативни, со дадената позиција, автоматски добивате авторитет. Јас буквално растев и созревав со дел од вработените кои и до денес се дел од тимот на Офис Плус – присутни сме на пазарот цели 20 години. Од друга страна, тоа претставува и голем товар, бидејќи таквиот статус секогаш носи и поголема одговорност за докажување пред многу поискусните од мене колеги. Но, јас навистина се трудам да не им се наметнувам на луѓето како наследник, туку пред се како ученик. XX Кои се основните вредности што ги научивте од основачот на компанијата, што ви помагаат и вам во градењето како менаџер? Отворената мисла и храброста кон секој предизвик се она што ме води во мојот пат и патот на компанијата кон успехот. Да осознаеш и приватно (од родител) и деловно (од директор), од некој толку
ВесеЛинОВсКа – ЛОшКОВ: МОјата рабОта за Мене не ПретстаВуВа са
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
39 да осознаеш и приватно од родител и деловно - од директор, од некој толку близок, дека светот нема граници, туку дека самите ние си ги поставуваме, е можност која ретко кој млад човек ја добива од прва рака. близок, дека светот нема граници, туку дека самите ние си ги поставуваме, е можност која ретко кој млад човек ја добива од прва рака. Од мали нозе сум научена дека не постои зборот „не може“. Трудољубивоста, постојаното учење и професионалниот однос кон колегите и работата, ми се наметнати автоматски и хиерархиски и од мојот родител и од мојот претпоставен. Така на пример, од мојот прв работен ден ми забрани да го викам ,,тато” и морав да го викам ,,директоре”, што ми беше многу чудно и тешко. Дури после три години ми беше дозволено да донесувам помали одлуки кои се во мојот домен на работење. Но, како и во секое семејство, недоразбирањата се неизбежни, особено на ,,фронтот” каде се судруваат долгогодишниот систем на работа поставен од основачот (татко ми) и новата енергија на млади колеги со кои сакаме да донесеме свежина и осовременување на работата на ниво на цела компанија. XX Кои се најголемите предизвици со кои што се соочува сега компанијата; како се движи пазарот во кои што сте лидери во земјава? Во мојата релативно кратка деловна кариера, имам забележано дека колку е потешко опкружувањето (економско, политичко, социјално...), толку предизвикот е поголем. Да, многу е тешко. Но, во лесното сите можат. Ликвидноста е секако најголемиот предизвик. Постојаната борба да се наплатат навремено побарувањата и да се избалансираат со обврските е многу тешка, поради несовршените законски решенија. Понатаму, ниската куповна моќ на македонскиот просечен потрошувач, прави постојан притисок врз цените, а квалитетот како критериум сè помалку се зема во предвид. Од друга страна, ние како застапници на најголемите брендови во нашата дејност однапред сме се одредиле да продаваме квалитет, што во ситуацијава е исклучително тешко. Постојано се трудиме да ги информираме и едуцираме потрошувачите зошто некои производи се поскапи, но економски пак поисплатливи. На располагање им се нашите каталози, отворениот маркетинг, социјалните мрежи, понатаму настапите на саеми, но пред сè, на располагање им е нашиот продажен
персонал кој е лицето на нашата компанија. Знаете, македонскиот потрошувач знае да го препознае и цени квалитетот, но не секогаш може да си го дозволи. Голем предизвик со кој постојано се соочуваме е флуктуација на нововработени. Исклучително е тешко да се пронајдат вредни и едуцирани кадри кои се амбициозни, лојални и посветени, особено на повисоките позиции. Што се однесува пак до пазарот, тука сè уште ,,царува” неквалитетот и фалсификуваните производи. Но, имајќи предвид дека сме ,,трендсетери” во оваа дејност, постојано се обидуваме да ги донесеме најквалитетните производи, најновите лиценци, кога се работи за школските производи, што особено ќе се почувствува во претстоечката школска сезона. Вреди да се напомене дека сме чиста автохтона компанија со 100% домашен капитал. XX Каква е вашата визија за идниот развој на компанијата, како ја гледате Офис Плус да речеме за 5 или 10 години? 21 век е век на заедништво, микрокосмосот станува сè. Општествената одговорност е дел од агендата на секоја современа компанија. Ако во 20-от век на крајот од патот беше само профитот, сега еднакво место завземаат луѓето и добробитот на општеството. Свесна сум за тоа, и како иден менаџер, сметам дека успехот на компанијата е успех на секој вработен, мој успех, но и успех на општеството, каде Офис Плус делува. Ќе продолжиме со инвестирање во човечкиот капитал, со проширување на продажната мрежа. Планираме да се обидеме со еден нов концепт - да ги анимираме другите продавници ширум Македонија, каде се јавуваме како добавувачи - со примамлив рабaтен систем и иновативна поддршка на повеќе нивоа. Многу полагаме во интернет продажбата, која треба да го приближи Офис Плус до секој македонски потрошувач. Ќе продолжиме да ги носиме најпознатите брендови како кај канцеларискиот и школскиот материјал, така и кај промотивниот. И секако, кај патната програма, каде исто така сме лидери на пазарот. Веќе можам гордо да се пофалам дека потпишавме ексклузивен дистрибутерски
договор со докажаниот по квалитет бренд ,,Samsonite” и веќе од јуни ќе го пласираме за продажба. XX Како вие лично успевате да направите баланс помеѓу професионалниот ангажман што го бара менаџерската позиција и обврските што од вас се очекуваат како жена (сопруга, мајка) во приватниот живот? Колку успевате да најдете време за лична професионална надградба, но и едноставно, уживање во секојдневни нешта, хоби и сл.? Среќна сум што сега за сега, животот ми се одвива ,,by the book” – завршив студии, магистрирав, работам, создавам ново семејство и со самото тоа ги проширувам сопствените капацитети на секое поле. И мојот сопруг работи заедно со мене на слична проблематика, па така приватното и професионалното се испреплетуваат. Ние сме од утро до мрак со проблемите и успесите на Офис Плус. Многу сакаме да патуваме. Ја имаме можноста редовно да ги посетуваме најголемите светски саеми на кои се претставуваат брендовите кои ги застапуваме. Така, ги спојуваме убавото и корисното. Додека сме на службено патување размислувам и барам нови можности како би ја унапредила работата, да видам на кој начин останатите компании работат и во одредени сегменти да го вметнам тоа во работата. Секако ,,крадам” време и за оние работи во кои јас приватно уживам – во малку „шопинг“, на пример. Знаете, јас навистина си ја сакам работата која ја работам па така многу лесно се создава синергија помеѓу приватниот и професионалниот ангажман. Како што велат моите родители, „сè што се сака се може“ и јас се трудам најдобро што умеам да ги избалансирам и усогласам професионалните ангажмани и обврските како сопруга. Морам да признаам дека често ова балансирање ми паѓа многу тешко, но убаво ми е кога размислувам на повеќе нивоа и приватно и деловно. Сега вистински ја разбирам тежината на ангажманот на мојата мајка - подеднакво пожртвувана како родител и како претприемач. Мојата работа за мене не претставува само учество во семеен бизнис, туку и градење на сопствена кариера. nnn
аМО учестВО ВО сеМеен бизнис, туКу и градење на сОПстВена Кариера
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
40
Жените во бизнисот
Млекара Битола како пример за родова еднаквост во топ менаџментот
Петте дами без кој успехот на БиМилк не би бил целосен
На работа се извонредни професионалци, во секојдневна борба за баланс помеѓу деловните обврски и приватниот живот. Велат дека моментите поминати со најблиските се изворот од кого што ја црпат енергијата за сите предизвици во кариерата. Со добра организација и менаџмент, со поставување приоритети и со целосна посветеност успеваат да бидат добри на сите полиња. Тоа се топ менаџерките на најголемата млекарница во земјава, битолската БиМилк.
В
Во најголемата млекарница во Македонија велат дека исклучително внимаваат на родовата еднаквост при пополнувањето на менаџерските позиции, но и воопшто при креирањето на корпоративен амбиент привлечен за жената согласно нејзината специфична улога во општеството –како мајка, сопруга и професионалец на работа. Уште повеќе, во БиМилк истакнуваат дека континуираниот успех на компанијата, меѓу другото, се должи и на забележливото присуство на жени на високите менаџерски позиции. Како што вели директорката одговорна за човечки ресурси во БиМилк, Лидија Буревска, нивното присуство во менаџерскиот врв за нив како компанија е непроценлив спој на енергии и размислувања од повеќе аспекти при донесување на квалитетна одлука. “Дел од овие менаџерки се девојки полни со енергија, спремни да ризикуваат, брзо да реагираат, емотивни... дел се мајки, кои што пак, во себе носат и можеби несвесно пренесуваат на своите одлуки доза на грижливост, преиспитување, поголемо ниво на сигурност... Ваков тим е секако драгоценост за БиМилк“, вели Буревска. Во БиМилк покрај Буревска, има уште неколку жени на високи менаџерски позиции. Радмила Василевска управува со погонот кај што се прави сирење, како и со системите за квалитет. Веќе 17 години е дел од тимот на млекарницата, а нејзината цел и задача е обезбе-
дување стандарден производ со врвен квалитет. “Самиот производ на кој што работам претставува една интересна трансформација и многумина во нашиот бизнис велат дека сирењето е уметничката страна од млечната индустрија. Моја цел е да произведеме сирења со додадена вредност и функционалност, а во интерес на здравјето на консументите“, истакнува Василевска.
Владеат со процесите во компанијата
Она што ќе се произведе, треба и да се продаде, а тоа не може без добар маркетинг. Токму за маркетингот и комуникациите со јавноста во БиМилк е задолжена Полексена Ристеска, која што е всушност првиот член на овој сектор од пред шест години. Сега веќе води еден одлично уигран тим, како што вели, посветен на развој и одржување на вредностите што ги комуницираа брендовите на БиМилк. „Темпото е динамично, но ние сме млади и енергични, па така успеваме да владееме со процесите во компанијата и на пазарот да ги пресретнеме и одговориме на сите потреби и желби на нашите потрошувачи.“, вели Ристеска. Додава дека млекото и млечните производи како основни и незаменливи прехранбени производи, изложени се на секојдневни тестирања и контрола од страна на потрошувачите, а особено во услови на целосно отворен пазар и голема конкуренција. “БиМилк успеа да изгради и одржи одличен бренд имиџ и највисока свесност кај купувачите, преку континуиран и систематски пристап кон сите инволвирани страни: кооперанти, купувачи, дистрибутери, медиуми и регулатори. Токму индустријата во која работам налагаат во работата да настојувам да бидам брза и флексибилна. Ги ценам луѓето кои се позитивни, кои имаат капацитет за промена и поседуваат
интегритет на личност која држи до етичките начела на работење. Сметам дека ова последново се’ повеќе добива на вредност.“, вели Ристеска. Марија Јанкуловска е менаџер на финансии и сметководство во БиМилк, уште еден член на тимот менаџерки во млекарницата. За својата позиција смета дека во било која компанија има централно место од аспект на тоа дека мора истовремено да биде и сервис и контрола на сите останати сектори. “Главна цел на финансиското известување е да им ја прикаже точната слика од работењето на друштвото и да им обезбеди информации на сите заинтересирани субјекти. Најважните задачи на овој сектор се анализата на работењето и предлагање на мерки и активности за континуирани подобрувања, одржување на ликвидноста на компанијата, добра наплата на побарувањата, одржување на оптимално ниво на залихи и редовно сервисирање на обврските кон добавувачите, вработените и државата.“, објаснува Јанкуловска. За неа најголем предизвик со кој се соочува секој менаџер е квалитетно и навремено извршување на работните задачи во една добра и тимски ориентирана работна средина.
Времето со најблиските им дава сила
За искористување на придобивките на современата технологија, односно софтверските и другите ИТ алатки во секојдневното работење на компанијата се грижи Магдалена Милеска, менаџер за управување и развој на апликативни програми и бази на податоци. Нејзините одговорности се во имплементирање на ИТ проектите, координација на корисниците од различни сектори за имплементација на софтверите за планирање на ресурсите, воведување нови решенија
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
специјален прилог
41
лидија Буревска
менаџер на човечки ресурси, правни и општи работи
К
онтинуираниот успех на БиМилк искуствено ми потврдува дека, покрај другото, се должи и на забележливото присуство на жени на високите менаџерски позиции. Нивното присуство во менаџерскиот врв за една компанија е непроценлив спој на енергии и размислувања од повеќе аспекти при донесување на добра одлука.
Радмила Василевска
менаџер на сирењара и управување со системи за квалитет
Т
ајна за успех нема, а предуслов е континуирано професионално надградување. Технологијата и управувањето се динамични процеси кои бараат следење во чекор со најдобрите, но некогаш се бара да се биде и чекор пред нив. Тоа е и мисијата на Бимилк и моја задача како менаџер во компанија која е лидер.
Полексена Ристеска маркетинг менаџер
С
амата позиција – менаџер, бара знаење, одлучност, тимска работа, непогрешлива проценка и донесување брзи одлуки. Ги ценам луѓето кои се позитивни, кои имаат капацитет за промена и поседуваат интегритет на личност која држи до етичките начела на работење. Сметам дека ова последново се повеќе добива на вредност.
Марија Јанкуловска
Д
менаџер на финансии и сметководство
за олеснување на работата, итн. На прашањето како би го опишала својот менаџерски стил, вели дека се обидува секогаш да биде достапна за своите колеги. “Мојата врата е секогаш отворена, освен ако не сум на некој состанок, се разбира. Способноста да препознаете што е она што го мотивира секој поединец е можеби најважна за еден успешен менаџер. Ориентираноста кон резултати е задолжителна, како и квалитетот на решението, затоа секој треба да се стави на местото на клиентот - внатрешен или надворешен - и да се осигури дека крајно го поедноставил пред да го испорача.“,
вели Милеска. Сите пет топ менаџерки во БиМилк се согласни дека големиот број на работни ангажмани го отежнуваат балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот, а моментите со своите најблиски се изворот од каде што ја црпат енергијата за сите следни животни предизвици. “Една успешна личност мора да има активности и вон работниот ангажман, време за себе, семејството и пријателите, како би го одржала темпото кое го носи животот. Како во професионалниот живот, така и во приватниот, со добра организација и менаџирање, со поставување приоритети и со целосна посветеност се постигнува саканото.“, велат нашите соговорнички. nnn
обро организираното секторско и меѓусекторско работење, во кое на вработените им се дадени јасни насоки и цели во поглед на нивните задачи и одговорности овозможува создавање на пријатна атмосфера за работа во која стресот е сведен на минимум.
Магдалена Милеска
менаџер за управување и развој на апликативни програми и бази на податоци
С
пособноста да препознаете што е она што го мотивира секој поединец е можеби најважна за еден успешен менаџер. Ориентираноста кон резултати е задолжителна, како и квалитетот на решението, затоа секој треба да се стави на местото на клиентот и да се осигури дека крајно го поедноставил пред да го испорача.
Капитал број 863 13.05.2016
42
www.kapital.mk
Интервју
INTERVIEW
проф. д-р
АтАнАс Кочов
декан на Машинскиот факултет при укиМ
"Св. Кирил и Методиј" Мора да Се развие во претприеМачКи универзитет!
Интерес: МодернИте И Меѓународно прИзнатИ студИскИ п
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
43 Не само за нас како Машински факултет, туку општо за целиот универзитет е потребно да се воведат промени со кои што тој ќе стане претприемачки насочен, согласно најновите текови за развој на високото образование во Европа и глобално, и соодветно на најдобро рангираните универзитети во светот. За нас како факултет, а и за сите останати од техничките науки, претприемачки универзитет со зајакнување на соработката со бизнис секторот преку формирање центри на знаење, компетенции, трансфер на технологии кои реално ќе постојат и извршуваат својата функција во целост се добро решение за дополнителни финансиски средства.
П разговара:
Игор Петровски
igor.petrovski@kapital.mk
Професорот Атанас Кочов држи неколку предмети и го привршува својот втор мандат како декан на Maшинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Потписник на многу научни и стручни трудови, меѓународно активен, член на бордот на гувернери на Европскиот истражувачки центар, член на бордот на директори на Европската асоцијација
на Фулбрајт алумни, веќе десетина години е консултант на Обединетите нации (агенцијата УНИДО), човек кој за себе смета дека е посветен на целосна интернационализација и издигање на нивото на високото образование во Македонија. Разговаравме со него, меѓу другото, за моменталната позиција на Машинскиот факултет во сферата на високото образование во земјава, како и за неговите идеи за натамошен развој на Универзитетот, доколку биде дел од менаџмент тимот на Универзитетот во мандатниот период 2016 – 2020 година. XX Како го оценувате успехот на Болоњскиот систем на високо образование во Македонија?Ја постигна ли целта? Во однос на Болоњскиот систем на образование, не само кај нас, туку и во Европа постојат различни мислења и методологии на имплементација. Мислам дека е време универзитетите во Македонија, во соработката со Министерството за образование и наука (МОН) да направат една сеопфатна темелна анализа на досегашните искуства и практики од примена на Болоњскиот процес, целосна евалуација на процесите и дури тогаш да се отвори темелна дебата или конференција на тема Болоња и нејзина примена и перспективи. Секоја друга дискусија и коментари не би се темелеле на аналитичност! Имено, Болоњскиот систем меѓу другото, подразбира и хоризонтално поврзување на европските универзитети и факултети. Затоа, и нашиот факултет и универзитет мора да обезбедат поширока и пореална соработка со европските универзитети, со цел унапредување на образовните стандарди во високото образование од една страна и подобрување на студентскиот стандард од друга страна, преку зголемена мобилност на студентите на други универзитети од странство. Во суштина тоа е и темел на Болоњскиот систем. На тој начин ќе се придонесе кон создавањето на единствен европски образовен систем во кој Македонија ќе
биде нераздвоен дел. Болоњскиот процес, после 10 години примена во Македонија, на основа на темелни анализи треба да се одредат правците на идните процеси на имплементација. А всушност тоа мора да биде и вградено во нов Закон за високото образование во Република Македонија, закон кој ќе обезбеди услови за уште поголемо унапредување на капацитетите на Универзитетот, унапредување и осовременување на наставните планови и програми, воспоставување на систем за обезбедување на висок квалитет и подобрување на наставно - образовниот процес, спроведување на процес на целосна внатрешна евалуација на студиските програми, системи на квантификација на активностите на високообразовните институции и спецификите на образовниот и научно - истражувачкиот простор во Македонија. Мислам дека Стратегија за образование и наука – Македонија 2030 е решение за тоа! XX Доколку станете дел од новиот менаџмент тим на УКИМ, кои ќе бидат вашите заложби за поквалитетен систем на високо образование? Како што спомнав, мора да се донесе нов Закон за високото образование - ЗВО во земјава и Стратегија, усогласени и хармонизирани со eвропските. Со таков пристап, ќе се обезбедат услови за уште поголемо унапредување на капацитетите на Универзитетот, унапредување и осовременување на наставните планови и програми, воспоставување на систем за обезбедување на висок квалитет и подобрување на наставно - образовниот процес, спроведување на процес на целосна внатрешна евалуација на студиските програми. Нов и квалитетен ЗВО донесен на основа на анализи, мерки и историјат на високото образование во Македонија и во светот, преку искуствата на Универзитетот како носител на таа активност, ќе гарантира континуриано подобрување на наставно - образовниот процес и научно - истра-
програми привлекуваат сè повеќе студенти на Машински
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
44
Интервју
жувачката работа за да се обезбеди уште подобар и поквалитетен кадар во Македонија. Истовремено, добри законски решенија за квалитетна интернационализација на студиските програми мора да придонесе да се зголеми бројот на странски квалитетни студенти во Македонија. Основниот приоритет во однос на наставно - образовниот процес за наредниот период е подигање на нивото на реализација на наставната дејност на сите циклуси на студии, преку поголемо ангажирање и вклученост на наставниот кадар и соработничкиот кадар, како и студентите во наставните програми, домашните научноистражувачки, меѓународните - билатерални и мултилатерални проекти, објавувањето на научни трудови во списанија соодветни за секоја научна област, како и применувачките, односно апликативните дејности. Во таа насока, не само за нас како Факултет, туку општо за целиот универзитет е потребно да се воведат и промени со кои што тој ќе стане претприемачки насочен, согласно најновите текови за развој на високото образование во Европа и глобално, и соодветно на најдобро рангираните универзитети во светот. За нас како факултет, а и за сите останати од техничките науки, претприемачки универзитет со зајакнување на соработката со бизнис секторот преку формирање центри на знаење, компетенции, трансфер на технологии кои реално ќе постојат и извршуваат својата функција во целост се добро решение за дополнителни финансиски средства. А ЗВО тоа го овозможува и секој треба да биде во можност научноистражувачката дејност да ја имплементира во бизнис заедницата и да се направи трансфер на технологии од академскиот свет до малите и средни претпријатија.
u Како Машинскиот факултет се позиционира во целокупната слика на високото образование: колку успеавте да воведете наставни програми што се во чекор со најновите светски трендови на науката и праксата? Со целосна одважност можам да констатирам дека Машински факултет во Скопје во текот на 57 годишното постоење, отсекогаш бил и ќе продолжи да биде фактор во високото образование во нашата држава. Имено, секогаш Машински факултет се поставува во позиција да биде напреден факултет, да нуди современи и меѓународно признати дипломи, а на своите студенти да им понуди наставен процес кој е во тек со современите токови на технолошки развој. Машинскиот факултет во Скопје уште во 2004 година воведе нови студиски програми согласно Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и Болоњскиот концепт. И тогаш, како и претходно, посебно се внимаваше да се воведат студиски програми кои во целост се компатибилни со студиските програми на реномирани европски и американски универзитети. Но, истовремено, посебно внимание се прави на следење и на светските трендови и промени кои настануваат на глобално ниво и затоа, во 2012 година, направена е реконструкција на студиските програми на Факултетот со цел да се постигне уште поголема компатибилност на програмите со светски реномираните универзитети. Сега сме во фаза на подготовка за реакредитација на истите и доколку се увиди дека има потреба од дополнителни измени, истото ќе биде направено соодветно. Истовремено, како резултат на голем број договори потпишани од страна на Универзитетот, а на предлог на нашиот Факултет во рамките на Еразмус програмата, како и големиот број европски проекти во кои учествуваше Факултетот во изминатиот период, проекти финансирани од Европската комисија, а наменети за креирање на нови современи студиски програми, Факултетот во соработка со странските универзитети, како што се универзитетите во Ахен, Фиренца, Торино, Грац, Карлсруе, Виена, на младите во Македонија им понуди современи, атрактивни студиски програми. Сите тие програми по кои се студира се меѓународно признати и овозможуваат да се профилира кадар кој може и мора да биде во состојба да одговори
на барањата на современите општественоекономски токови во државата. Токму затоа и мотото на нашиот Факултет е: Да бидеме ВО ЧЕКОР СО ВРЕМЕТО - да водиме процес на создавање - креирање на квалитетен високообразован кадар, полн со ИНОВАТИВНОСТ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО, ЗНАЕЊЕ, XX Колку отворањето на нови индустриски капацитети од странските инвеститори го зголеми интересот за студирање на МФ? Колку лесно или тешко наоѓаат работа сега дипломираните машински инженери? Морам да потврдам дека како резултат на понудените современи и меѓународно признаени студиски програми, интересот за студирање на Факултетот од година во година е сè поголем. Истовремено, дополнение на тоа е и зголемениот број на странски инвестиции во нашата држава. Согласно анализите и евалуацијата која ја спроведува Факултетот, почнувајќи од 2005 година па сè до денес, во секоја нова академска година запишуваме не помалку од 350 студенти на 11 различни студиски програми кои ги нуди Факултетот! Морам да напоменам дека дипломата за завршени студии од сите смерови на Факултетот е призната и во Европа и во САД без никаква нострификација! Тоа за нас претставува значителен успех и признание за решеноста на Факултетот да биде меѓу првите факултети по машинство во регионот. Сметам дека на тој начин продолжуваме по патот кој е трасиран од нашите претходници, а кој е насочен кон главната цел да придонесеме во процесот на поставување повисоки академски критериуми на образование и наука, апликативна дејност која ќе придонесе за побрз технолошки развој на Македонија. Истовремено, согласно последната анкета спроведена при промоција на дипломираните студенти минатата година, 74.3% од дипломираните во претходната академска година, заклучно со јуни месец наредната година, имаат обезбедено работа како дипломирани машински инженери. Тоа е индикатор кој покажува дека побарувањето за дипломирани машински инженери е големо. Фактот дека младите во Македонија се
Дипломата за завршени студии од сите смерови на Машинскиот факултет е призната и во Европа и во САД без никаква нострификација. Истовремено, согласно последната анкета спроведена при промоција на дипломираните студенти минатата година, 74.3% од дипломираните во претходната академска година, заклучно со јуни месец наредната година, имаат обезбедено работа како дипломирани машински инженери.
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
45
“
Нов и квалитетен Закон за високо образование донесен на основа на анализи, мерки и историјат на високото образование во Македонија и во светот, преку искуствата на Универзитетот како носител на таа активност, ќе гарантира континуриано подобрување на наставно образовниот процес и научно - истражувачката работа со цел да се обезбеди уште подобар и поквалитетен кадар во Македонија.
претприемачки расположени и се ориентираат на отпочнување на сопствен бизнис, исто така претставува добар индикатор дека потребата од инженерско знаење од година во година е се поголемо. Тоа само по себе значи дека младите се ориентираат на индустриски развој како еден од важните токови за техничко технолошки и индустриски развој на нашата држава. XX колку е МФ квалитетно вмрежен на меѓународен план – учество во истражувачки проекти, пристап до европски фондови и сл.? како вие сметате дека треба да се зголеми меѓународната соработка на целиот универзитет? Периодот кој престои мора да биде насочен кон подготовка и апликации за новата програма на ЕУ, Хоризонт 2020! Без наука и истражување не можеме да очекуваме технолошки и севкупен развој на Факултетот, на Универзитетот и на државата. Но, за да го постигнеме тоа, најпрво мора да се мобилизираме интерно во рамките на Универзитетот и мора да бидеме многу “поагресивни” на меѓународен план во вмрежување, подготовка на меѓународни проекти и подобрени апликации за наука и истражување. Новите стратегии за развој на образованието донесени или се во тек на донесување од страна на ЕК: Стратегија за паметна специјализација 2030; Стратегија за одржливо образование 2030; Стратегија за на научен развој и иновации 2050; треба да бидат предизвик за уште поголемо вмрежување со европските факултети и универзитети за да се дојде до одобрени меѓународни проекти. Не е цел само да се потпишуваат договори со универзитети за меѓусебно разбирање и соработка, мора да тежнееме истите тие договори да бидат ефективни, да бидат темел за заеднички меѓународни научноистражувачки проекти, посебно во новите програми на ЕУ. Притоа, треба да се користат сопствените и останати искуства на Универзитетот и единиците, и да се постигне состојба на децентрализација на процесот на подготовка и апликација на меѓународни проекти од страна на единиците на Универзитетот, а во насока на искористување на погодностите кои произлегуваат од меѓународните проекти, мрежата на веќе воспоставената соработка со странските универзитети, меѓународните организации кои ја поддржуваат и потпомагаат мобилноста на наставно-научни кадри, стручни кадри и студенти. Обезбедувајжи поголема слобода и децентрализацијата на процесот на подготовка на меѓународни проекти, а зголемена поддршка од специјализирани тимови, ќе овозможи поголема успешност во апликациите и добиените проекти, а со тоа и дисеминација на стеканатото искуство и трансферот на знаење и ќе придонесе за подобрување на квалитетот на наставно образовниот процес. Се разбира на тој начин и поголемо ангажирање на нов и млад кадар во наставниот процес. Имено, и програмата на ЕУ за сите меѓународни проекти во рамките на Хоризонт 2020, предвидува средства за вработување на млади истражувачи што може да биде добро решение. nnn
Приоритети: Нов закоН и стратегија за високо образоваНие
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
46
колумна
Хармонизација на енергетскиот пазар со стандардите на еУ д-р кочо анѓушев
M универзитетски професор и директор на ЕДС
М а ке д о н и ј а ка ко д е л о д позитивните регулативи за пристапување кон Европската Унија (ЕУ) презема одредени обврски и во облас та на енергетиката. Тоа се поголем б р о ј н а о б в р с к и, н о д в е мерки се исклучително важни за енергетскиот пазар во Македонија: u Либерализацијата на пазарот на електрична енергија u Обновливите извори на енергија во Македонија и Европа и нивно влијание на пазарот на електрична енергија Секоја од овие области има свое влијание во енергетската сфера, но и пошироко врз целокупната економија. Либерализација на пазарот на електрична енергија е процес што подразбира конкуренција во делот на снабдување со електрична енергија односно слобода на фирмите да изберат снабдувач на слободниот пазар. При тоа сметките за електрична енергија се поделија на два дела и тоа една за користење на мрежата која се плаќа кон операторот на мрежата и не е предмет на слободен пазар, односно оваа цена е регулирана од Регулаторна комисија за енергетика (пошироко објаснување има на eds.com.mk) и вториот дел за електричната енергија која ја троши компанијата. Овој втор дел е на слободен пазар и компаниите може да избираат помеѓу повеќе снабдувачи. Како
либерализација на пазарот на електрична енергија е процес што подразбира конкуренција во делот на снабдување со електрична енергија, односно слобода на фирмите да изберат снабдувач на слободниот пазар. и што своевремено (пред април 2014 година) беше најавувано, овој процес предизвика промена на односот кон клиентите со поголема коректност од страна на снабдувачите, но пред се и најважно со значително намалување на трошоците за електрична енергија на овие компании. Во првиот чекор на либерализацијата на слободен пазар излего а околу 20 0 компании. Тоа се компаниите кои имаа над 50 вработени и над 10 милиони евра приход. Тие сите заедно трошеа околу 700 GWh енергија годишно и нивната просечна цена во тој момент изнесуваше 96 евра/MWh. После либерализацијата просечната цена на овие компании (со вклучена мрежарина) изнесува помалку од 70 евра/Mwh. Значи нивната заштеда беше во прв чекор просечно околу 26 Eвра/ MWh или во апсолутни бројки тие сите заедно заштедија повеќе од 18 милиони евра. Тоа се пари кои останаа во овие компании и ја зголемија нивната конкурентност, отворија простор за да бидат пренасочени кон инвестиции. Притоа со ништо не се намали квалитетот на снабдување, напротив поради конкуренцијата клиентите беа со поголемо внимание третирани од страна на снабдувачите.
Следниот чекор на либерализација
Следниот чекор на либерализацијата е од 1-ви јули 2016 година и на слободен пазар ќе бидат нови 190 компании и уште еден одреден број на општини и јавни претпријатија. Сите овие заедно трошат околу 250 GWh енергија и можат да ја очекуваат истата заштеда како и првата група што значи нови 6,5 милиони евра ќе останат во македонските компании за зголемување на нивната конкурентност и можност за
инвестиции. Во овој момент сите компании кои трошат повеќе од 1000 MWh годишно треба да се заинтересираат за овој процес пред се заради нивни финансиски бенефит. Преку овие бројки конкретно се прикажува какво е значењето на овој процес пошироко за економијата во Македонија. Ова посебно важи за дејностите кои се значително зависни од електрична енергија односно каде електричната енергија влегува со голем процент во цената на нивниот производ. Секако на оваа погодува и намалувањето на цената на електричната енергија која дополнително во последната година им донесе заштеда на фирмите па така сега цената на електричната енергија (во зависност од напонското ниво на приклучок) за најголем дел од клиентите со најновите договори е веќе на ниво близу до 60 евра/ MWh. Ако тоа се спореди со нивната цена кога беа на тарифа од 96 евра/MWh, ќе мораме да признаеме дека разликата е многу значителна. Улогата на ЕДС тука е голема, со тоа што направи сериозна конкуренција на пазарот на постојниот снабдувач. Без таа конкуренција веројатно процесот немаше да биде толку ефикасен и бенефитен. Останува прашањето дали овие фирми ќе го видеа овој бенефит доколку не беше либерализацијата на пазарот на електрична енергија? Мислам дека одговорот сите го насетуваме.
обновливи извори на енергрија
Вториот сегмент што има големо влијание врз пазарот на електрична енергија се обновливите извори на електрична енергија. За тие кои го следат пазарот на електрична енергија во Европа (кој се разви благодарение на Европската енергетска регула-
тива) нема да биде изненадување намалувањето на цената на електричната енергија на европските берзи. Тоа се должи на повеќе параметри како што се намалувањето на цената на нафтата и гасот, но и многу мерки кои ја намалуваат потрошувачката на енергија на пазарот и со тоа се создава вишок на енергија. Тоа се следните состојби и мерки: намалување на активноста на економијата посебно во индустријата која троши многу енергија, како на пример, металургијата, користењето на технологии кои се енергетски поефикасни, зголемувањето на енергетската ефикасност во домовите. Секако, сето ова влијае на цената, но сепак не објаснува како цената на електричната енергија падна до неверојатните 25 евра/MWh на годишно ниво. Тоа е и под производната цена на електрична енергија во термоелектраните на јаглен. Ова беше изненадување за многу актери на пазарот, но не и за тие кои ја кројат енергетската политика во Европа и точно тоа беше целта која се сакаше да се постигне долгорочно, како што впрочем и треба да се размислува во енергетиката. Тие кои се занимаваат со енергетика ако немаат план и прогноза за следните 10 години тие воопшто и го немаат. Тајната на ова намалување лежи во обновливите извори на енергија во Европа. Кој имал прилика да патува низ западноевропските земји или да ги надлетува со авион, ќе забележи огромен број ветерници, фотоволтаични електрани и мали хидроелектрани. Што навистина се случи? Државите согласно Европската регулатива за поттикнување на обновливите извори воведоа бенифицирани цени за откуп на електричната енергија од обновливи извори. Тоа беше н е о п хо д н о з а то а ш то в о
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
47 спротивно немаше можност овие капацитети да се изградат и да бидат конкурентни со цена на термоелектраните на јаглен кои беа главниот извор на енергија но воедно и главни загадувачи. Тоа во даден период ја оптовари цената на електричната енергија за сите потрошувачи. Но, паметните држави тоа го гледаа како инвестиција во иднината и д олгор очна ен ер гетска стратегија. После истекувањето на периодот на бенифицирани цени денес обновливите извори во Европа се генератори на ниските цени. Обновливите извори немаат можност да ја складираат енергијата, па затоа нивните сопственици мораат да произведуваат и за ниски цени, а во спротивно ќе ја изгубат енергијата. Фотоволтаичните електрани произведуваат кога има светлина, малите хидроелектрани немаат брани и езера, па доколку истече водата не може да се врати во планина, а ветерниците ако има ветер имаат и технички проблем ако не произведуваат. Сопствениците
на овие капацитети во периодот на бенифицирана цена ги имаат исплатено инвестициите, па сега и со ниски цени ги покриваат оперативните трошоци. На тој начин тие ја „туркаат” цената на електричната енергија ниско. Со тоа се постигна посакуваната цел. А тоа беше прво да се замени „нечистата” енергија со чисти извори на енергија и второ да се намали цената на енергијата да се обезбеди конкурентност на Европската економија наспроти конкуренцијата во светот, на пример Кина и Русија, каде енергијата беше драстично поевтина. Заклучокот од сето ова е дека обновливите извори не се само влог во почиста животна средина, туку и стратешка определба за обезбедување на долгорочни евтини извори на енергија и придонес на создавање на услови за конкурентност на својата економија. А како влијаеше градењето на малите хидроелектрани пошироко на економијата во Македонија? Во Македонија
се пуштени во работа 58 мали хидроелектрани. Многу веројатно со проектите кои се во изградба на крајот од инвестицискиот циклус ќе бидат околу 100 електрани. Сите тие заедно ќе имаат повеќе од 120 MW инсталирана снага. Значи исто колку Св. Петка и Козјак заедно и ќе произведуваат количество на електрична енергија како овие две електрани заедно. Овие две големи електрани се најголемите инвестициски потфати во енергетиката во Македонија во последните 15 години и коштаат заедно околу 400 милиони евра. Изградени се со странски кредити каде државата се појавува како гарант. Ги градеа странски фирми кои во главно го земаа бенефитот додека македонските фирми беа само подизведувачи и конечно производната цена на електричната енергија од овие електрани е 120-130 евра/MWh. За разлика од нив, малите електрани ги градат македонски фирми. Сега и опремата се произведува во Македонија
(Фероинвест и БРАКО), државата не презема никакви финансиски гаранции, напротив има земено повеќе од 20 милиони евра за концесиски надокнади што ги имаат уплатено концесионерите. И конечно цената на електричната енергија просечно кошта цца 75 евра/MWh. Од сето горе кажано, заклучокот кои проекти се подобри е јасен, иако сакам да потенцирам дека за Македонија е добро да се изградат и малите и големите хидроелектрани. За крај само да кажеме дека инвестицијата во изградените 58 мали хидроелектрани е повеќе од 120 милиони евра, што е сериозен генератор на економијата а посебно е важно што најмалку 70% од овие средства остануваат во Македонија. Се ова дава јасна слика како овие две активности кои потекнуваат од хармонизацијата на македонскиот енергетски пазар со правилата на ЕУ позитивно краткорочно, но уште поважно, долгорочно влијаат на македонската економија во целост. nnn
www.vw-komercijalnivozila.com.mk
ГРАТИС ПАКЕТ � АВТООДГОВОРНОСТ � ПРВА РЕГИСТРАЦИЈА � КАСКО ЗА ПРВАТА ГОДИНА
ПОДГОТВЕНИ ЗА АКЦИЈА! Caddy, Transporter T6, Crafter и Amarok. Направете ја Вашата работа полесна од било кога! Моќноста на нашите дизел мотори, приспособливоста на товарниот простор според потребите на Вашиот бизнис, како и суперповолните цени што ги нудиме, ВИ ГАРАНТИРААТ БЕСПРЕКОРНО ЗАВРШЕНА РАБОТА. За понудата да биде уште подобра се погрижи Порше Лизинг, кој овозможи одличен пакет во соработка со Порше Брокер со кој добивате: прва регистрација, автоодговорност и каско за првата година. Порше Скопје бул. Босна и Херцеговина 4, 1000 Скопје 02-26 26 266 / 02 / 26 26 466
АБ Ауто ул. Гоце Делчев бр. 107 2400 Струмица 034 325 443 / 034 325 443
АЛ & ДО Охрид Св.Еразмо Оровник-Дебарца 6000 Охрид 046 261 599 / 046 262 374
БИС Ауто Краварски пат бб 7000 Битола 047 236 314 / 047 231 507
Колевски Палмиро Тољати бб 1000 Скопје 02 521 454 / 02 25 21454
Старт ул. Борис Кидрич 1, 1442 Демир Капија 043/366-207; 366-504
Центрум Маршал Тито бб 1200 Тетово 044 351 333 / 044 351 335
СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
Брендови
27 мај
2016
Брендовите и социјалните медиуми Социјалните медиуми им овозможуваат на бизнисите да ги заобиколат традиционалните медиуми и да изградат директна релација со своите потрошувачи. Многу компании во светот инвестираа милијарди долари за да ја исполнат оваа мисија, но малку се брендовите, како што пишува Harvard Business Review во своето најново издание, кои што креираа значителен интерес кај интернет заедницата. Каде е проблемот? Во специјалниот прилог “Брендовите и социјалните медиуми“ ќе анализираме што треба да се направи за успешна промоција на брендот на социјалните мрежи и што можат македонските компании да научат од светските искуства на оваа тема. Ќе споделиме светски примери на успешни стратегии за брендирање во време на социјалните мрежи и дигиталните медиуми, а со домашните компании и експерти за дигитален маркетинг разговараме за искуствата на домашните брендови. Во специјалниот прилог што ќе излезе на 27.05. 2016 меѓу другото ќе може да прочитате:
l Кои се најдобрите начини за создавање верна група следбеници на брендот со помош на социјалните медиуми? l Какви ефекти даваат брендираната содржина и спонзорствата? l Успешни македонски примери на брендирање преку социјалните мрежи l Капитал на Бренд Форумот во Загреб: Не купуваме производи, туку брендови! l Интервјуа со македонски бизнисмени и експерти на темата брендирање во дигиталното време l Правиме преглед на најмоќните светски и регионални брендови Повеќе информации во врска со прилогот и за претставување во истиот можете да добиете на е-мail: marketing@kapital.com.mk l gordana.mihajlovska@kapital.mk или на телефонскиот број ++ 389 2 3298 505
Лицe за контакт:
ГОРДАНА МИХАЈЛОВСКА
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
50
Стратешки менаџмент дали знаете што е заедничко за apple, Tesla MOTOrs, cnn, sOuThwesT airlines, inG DirecT, FeDeral express, sTarBucks, ikea, eBay?
Стратегија
Blue Ocean Пливајте каде што немате конкуренција
во прашање е стратегијата наречена Blue Ocean (Син океан). Синиот океан (blue ocean) е простор во кој конкуренцијата е се уште слаба или дури и не постои, а можностите за раст на бизнисот и создавање на профит се практично неограничени, така да можете слободно да пливате каде што сакате.
Грешка: најГолем број фирми пливаат во црвен океан
www.kapital.mk
Капитал број 863 13.05.2016
Д 52
Стратешки менаџмент
Дали знаете што е заедничко за Apple, Tesla Motors, CNN, Southwest Airlines, I NG Direct, Federal Express, Starbucks, Ikea, eBay? Во прашање е стратегијата наречена Blue Ocean (Син Океан). Станува збор за менаџмент концепт или пристап во управувањето со бизнисот кој го осмислиле Чан Ким (W.Chan Kim) и Рене Моборн (Renee Mauborgne), професори на познатата бизнис школа INSEAD. Нивниот пристап е базиран на десетгодишното истражување во кое вклучена и студијата за над 150 стратешки одлуки во последните 100 години во 30 различни области и прв пат е објавен во списанието Harvard Business Review во октомври 2004 година. Според авторите на оваа стратегија, најголем број од компаниите “пливаат” во црвен океан, кој е преполн со конкуренција од фирми кои нудат слични или скоро исти услуги и производи, и каде постојат мали шанси да остварите деловен раст и да го унапредите работењето. Во црвениот океан борбата трае цело време, профитот е се помал, како и уделот на пазарот. А океанот е се поцрвен од “крвта која е пролеана од таа борба”. Компаниите во црвениот океан најчесто ги освојуваат и задржуваат купувачите со намалување на цените или диференцијација на производите и услугите. Од друга страна, синиот океан (blue ocean) е простор во кој конкуренцијата е се уште слаба или дури и не постои, а можностите за раст на бизнисот и создавање на профит се практично неограничени, така да можете слободно да пливате каде што сакате. Она што треба да го направите е да креирате или да откриете нови простори на пазарот каде не постои конкуренцијата.
Како да создадете син океан ?
Сини океани можете да креирате на два начина. Преку воспоставување на целосно нови индустриски гранки, како на пример
eBay во сферата на онлајн аукции или преку нивно креирање во рамки на постојните црвени океани кога компанијата го шири работењето надвор од границите на својата област на работење. Треба да се нагласи дека компанијата не треба да ја промени својата област на работење или да изврши реорганизација за да стане blue ocean компанија. Всушност, најчесто во прашање е нов производ или услуга која купувачите утре ќе го сакаат иако денес можеби не се ни свесни за своите потреби или желби. Или поинаку кажано, во сините океани побарувачката се креира, за разлика од црвените океани во кои постојано морате да се борите за побарувачката. Во едно интервју, еден од авторите на оваа стратегија Чан Ким изјавува дека поголемиот дел од компаниите денес се фокусирани само на бројки и постојана компаративна анализа што ги спречува да ја видат вистинската можност. Заради тесниот фокус на конкуренцијата, овие компании постојано ќе пливаат во црвен океан За да испливате од црвениот океан, како прво, морате да се откажете од една лоша навика и да престанете само да го применувате бенчмаркингот, кој подразбира постојано пратење и споредување со конкуренцијата и опседнатост со нејзините резултати и начинот на кој ги постигнува. Ако тоа постојано го правите, се повеќе ќе личите на другите и ќе бидете само една од многуте компании кои нудат слично, што дефинитивно не е она што сакате да го постигнете, барем не на долгорочен план. Она што го нудите на пазарот и на купувачите не треба да биде класична трампа, односно да им нудите толку колку што платиле. Наместо тоа, треба да им понудите што поголема вредноста со пониски трошоци и на тој начин да креирате син океан. Како што велат авторите на оваа стратегија, со пристапот на value innovation на купувачите ќе им дадете повеќе отколку што очекуваат, а од друга страна ќе ги намалите трошоците на пазарот, бидејќи на пазарот и на купувачите ќе им нудите производи и услуги кои порано не биле нудени и немаат конкуренција. Како резултат на сето тоа ќе можете да си обезбедите нови пазари нови купувачи. Истражувањата покажуваат дека компаниите кои пливаат во сините океани се 2 до 3 пати попрофитабилни во споредба со оние во црвените океани. Следен многу важен чекор е да се обидете наместо на постојните купувачи да се фокусирате на оние кои се уште не се ваши купувачи или корисници а услуги. Тоа е вистински почеток кон креирањето на син океан идеја. Една од најчестите предрасуди кога е во прашање стратегијата Blue ocean е дека таа е заснована исклучиво на технолошки иновации. Истражувањата
кои ги објавија авторите на оваа стратегија покажаа дека новите технологии ретко биле клучен фактор. Почесто било случај дека се користеле постојни технологии со цел редизајнирање на производите или услугите.
Како да ја одберете вистинската стратегија?
Стратегијата не е аспирација, ниту визија, ниту цел. Стратегијата е она што еден бизнис го прави конкурентен и му дава конкурентска предност, му дава правец, ја гради репутацијата на брендот, создава супериорни перформанси, ја дефинира пазарната позиција и креира уникатна вредност. Затоа при формулирање на стратегијата на почетокот мора добро да се одбере што еден бизнис ќе работи, а што не, кои потрошувачи ќе ги таргетира, кои нивни потреби ќе ги задоволува и по која цена. Факт е дека повеќето стратегии се фокусираат главно на конкуренцијата. Многу е јасно и зошто е тоа така – пазарите во извесна смисла се веќе заситени и многу често понудата на одредени производи или услуги далеку ја надминува побарувачката. Генерално, тоа условува појава на поголема чувствителност на потрошувачите на цени, што значително влијае на висината на профитните маржи. Во наведените околности компаниите главно усмерени на стратегијата за управување со трошоците (евтин производител), стратегијата на диференцијација (единствен бренд) и стратегијата на фокус (опслужување на тесен сегмент на пазарот). Но, покрај овие стратегии, Blue ocean стратегијата која нуди сосема различен пристап кон освојувањето на пазарот и потрошувачите.
Има ли простор за blue ocean стратегија во Македонија?
Како и сите стратегии, и оваа има свои критичари. Оние кои ја оспоруваат најчесто велат дека во прашање е класична сегментација на пазарот кој води кон микросегментирање и барање на свои пазарни ниши. Други, пак, велат дека преку процесот на латерален маркетинг се создава повеќе иновации. Многумина се прашуваат како е можно blue ocean компанија да креира нов пазар или нова индустриска гранка, а конкуренцијата да не реагира и да не понуди иста услуга или производ во најкратко време. Денес е практично невозможно со создавање на некој иновативен производи или услуга да доминирате на пазарот десет или повеќе години. Но, многу работи кои се типични за развиениот свет и пазарните економии се уште не важат и за Македонија. Затоа е прилично сигурно дека во Македонија има и тоа како и простор и време да се размислува и делува по принципот на создавање на син океан, односно понудување на пазарот на производ или услуга кои ги нема, а за кои ќе има потреба и побарувачка. nnn
Разлика: Фирмите во синиот океан се попрофитабилни
Рок за пРијавување: 16 мАј 2016
ЕдноднЕвнa обука на тЕма:
ПРАВИЛА И ПРИНЦИПИ ВО ВИЗУЕЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА l 18 мај 2016 (среда) l 10:00-16:00 часот l во просториите на Институт концепт, Скопје СОдРжИНА:
l основни принципи во визуелната комуникација l анализа на најчестите форми на визуелна
комуникација
l Изработка и реализација l Success story - преглед на успешни дизајн приказни
ПРЕдАВАч:
ТАТЈАНА КОЦЕВА
со повеќегодишно работно искуство во сферата на графичкиот дизајн таа сега работи на различни проекти со многу домашни и претежно странски клиенти ширум светот изработувајки брендинг и визуелни идентитети, вебсајти, постери и принт материјали За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.koncept.com.mk
КОНТАКТ: м-р Ленче Зикова и м-р Ирена Богоевска l e-mail: institut@koncept.com.mk l 02 3216 962 l02 3216 963
Капитал број 863 13.05.2016
54
www.kapital.mk
лидери
Џон Чемберс извршен директор на CisCo
Првиот знак за стабилизирање на бизнисот е време е за Промена!
Џ
он Чемберс, до лани ја извршуваше функцијата на извршен директор на мултинационалната компанија за технологии - Cisco systems. оттогаш ја извршува само функцијата извршен претседател во оваа
Постојат два стабилизатори во животот – интернетот и образованието. И тие мора да се надополнуваат заемно
Донесуваме одлуки за промена во време кога почнуваме да гледаме знаци дека нашиот бизнис се стабилизира
Она што всушност преставува ова индустрија е враќање назад кон основите на новата Интернет економија, а тие основи се профитабилност, проток на пари, продуктивност и поголем удел на пазарот
Справувај се со светот според тоа каков е, а не според тоа како ти посакуваш да биде
компанија. оваа компанија е една од најуспешните компании во светот во својот сектор, а многу од успесите што ги достигна компанијата му се препишуваат токму на Чемберс. еве дел од неговите размислувања за тоа како треба да се води еден успешен бизнис: Ние секогаш се трудиме да гледаме три до пет години напред при носењето на одлуките и затоа нема сомнеж дека брендот Cisco, нашите можности на комерцијалниот пазар и еволуцијата на нашите лидери ќе не донесе до следен успех
Интернет револуцијата ќе одлучи кои од компаниите ќе преживеат а кои не ... На долг рок, интернетот ќе биде клучен управувач на глобалната економија
Ако не се стремите кон иновативност, правење промени во вашата индустрија, да се променувате и самите себе, тогаш ќе останете позади сите останати
Има два вида на компании: тие што се хакирани, и тие што се уште не знаат дека се хакирани
Работа на лидерите е да се фокусираат на долгорочните цели. Тоа е она што новата генерација на лидери треба да го прави
Ние целиме да биде најпредвидливата и компанија која досадно расте